20
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА “ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ -придружна членка- СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: Мотори и моторни возила ТЕМА: „Систем за кочење“ Ментор: Изработил: проф:Д-р Елениор Николов, доцент,полк. Пит.Темелковски Бобан

02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВОЕНА АКАДЕМИЈА

“ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ

-придружна членка-

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

Мотори и моторни возила

ТЕМА: „Систем за кочење“

Ментор: Изработил:

проф:Д-р Елениор Николов, доцент,полк. Пит.Темелковски Бобан

Скопје, мај , 2012 година

Page 2: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Содржина

Вовед.........................................................................................................................................3

Основни подсистеми................................................................................................................4

Компоненти на подсистемите.................................................................................................4

Фрикциони кочници................................................................................................................5

Систем за активирање на механизмот за кочење(преносен механизам)............................7

Механички систем....................................................................................................................8

Хидрауличен систем................................................................................................................8

Зрачен (пневматски) систем..................................................................................................11

Забавувач-дополнителен системза кочење..........................................................................12

Заклучок..................................................................................................................................14

Користена литература............................................................................................................15

2

Page 3: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

ВоведОд аспект на безбедноста во собраќајот,оредот за кочење е еден од

најважнитеуреди на моторното возило.Системот за кочење служи за намалување на

брзината на движењето на возилото до запирање или до некоја помала брзина. Задачата

на уредот за кочење е многу комплексна,па за да се оствари на возилото се вградуваат

системите:

Работна кочница

Помошна кочница

Паркирна кочница

Забавувачот

Возачот со рака или со нога делува на командата и на тој начин се реализира

кочењето. Активирањето на системот настанува помеѓу подвижните и неподвижните

делови на системот.Кинетичката енергија на возилото се претвора во

топлотна.Остварениот момент на кочење зависи од ангажираната сила измеѓу

пневматикот и подлогата.

3

Page 4: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Основни подсистемиКомплексната задача која што треба да ја исполни системот за кочење се

остварува со повеќе подсистеми и тоа со работна кочница, помошна кочница, паркирна

кочница и забавувач.

Работната кочница ги извршува најважните задачи на системот за кочење-

кочење со максимално успорување и благо успорување. Според тоа оваа кочница

претставува најодговорен дел од системот за кочење.

Помошната кочница има задача да обезбеди кочење на возилото во случај да

откаже работната кочница. Перформансите на помошната кочница можат да бидат

пониски од работната кочница.

Паркирната кочница има задача да обезбеди недвижност на паркираното

возило. Доколку оваа очница може да се активира во текот на движењето на возилото,

паркирната кочница се употребува како помошна кочница.

Забавувачот е наменета за благо,долготрајно успорување на возилото на долги

удолници, и се употребува кај тешките возила и автобусите.

Компоненти на подсистемитеСите спомнати потсистеми имаат три функционални компоненети: команда,

преносен механизам и механизам за кочење.

Командата служи за активирање на соодветниот подсистем. Секој подсистем за

кочење има своја команда која што ја активира возачот ,- за работната кочница тоа е

педалот, а за помошната и паркирната тоа е лостот.

Преносниот механизам има задача да добиениот импулс од командата го

пренесе до извршниот орган-кочницата. Овој механизам кај системите за кочење ја

користи енергијата на возачот или механизмот е со серво-засилувач. Оние системи кои

ја користат енергијата на возачот можат да бидат механички и хидраулични, а оние со

серво-засилувач можат да бидат вакумски; со компримиран воздух и со масло под

притисок(хидраулични).

Механиизмот за кочење (кочниците) претставуваат извршни органи на системот

за кочење , со чија помош се реализира неговата задача. Сите видиви на кочници кои

што денес се користат на моторните возила, со исклучок за забавувачите,

функционираат врз основа на триењето кое настанува меѓу подвижните делови врзани

за тркалото и неподвижните делови врзани за носечката структура на возилото. Според

4

Page 5: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

тоа, кочниците се фрикциони механизни кои со силата на триење ја придушевуваат

конетичката енергија на возилото кој се претвота во топлина. Кај возилата се користат

две основни изведби на кочници: барабан и диск кочници.

Фрикциони кочнициФрикционите кочници можат да се поделат според изведбата на добош кочници

и диск кочници.

Фрикциониот механизам кој се наоѓа во точка работи на принцип триење кој се

остварува помеѓу добошот кој е цврсто врзан за тркалото и папучата којае врзана за

мост.основни делови на фрикционата кочница се покажани на слика1.

Слика 1. Основни делови на добош кочницата

На слика 2. Се прикажани типични конструкции на предна(а) и задна(б) добош

кочница на патничко возило. Активирањето на предната кочница се врши во

конкретениов случај со помош на цилиндарот(1) кој е цврсто врзан за носачот на

папучата (6). Така се одвојува папучата со залепена фрикциона облога(3) и притиска на

добошот, со тоа што мораат претходно да ги совладаат пружините.

5

носач

Фрикциона облога

Повратна пружина

,.

Сигурносна пружина

Главни составни делови на добош кочницата

Хидрауличен цилиндар

барабан

Навртка за регулирање

Кочна цевка

Page 6: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

слика 2. Конструкција на добош кочницаАктивирањето на задната кочница за работната кочница е по хидрауличен пат а за

парирната по механички пат. На овој цртеж прикажан е пресекот н добош(7),

цилиндарот за кочење е означен со (1), папучата со залепена фрикциона облога со (6),

повратната пружина со (5), елементи за аксијално водење на папучата(4) и екцентри за

подесување со (8). Елементите (2) и (3) се делови на механизмот за механичко

активирање на папучата, за рачно, односно паркирно кочење. Начините на активирање

на фрикционата добош кочница се многу различни и овде нема да се изнесуваат детали

за конструктивните решенија.Во пракса се сретнуваат следните типови на кочици, кои

се прикажани на слика 4. Слика4.Видови добош кочници

Кај овие кочници проблем претставува и подесувавањето на истрошениот

фрикционен елемент.Подесувањето може да биде рачно и автоматско.Покрај добош

6

А)предно тркало б) задно тркало1-цилиндар за кочење 1-цилиндар за кочење 2-пружина 2,3-елементи за механичко активирање3-фрикционен материјал и папуча 4-држач 4-држач 5-пружина5-екцентар 6-фрикционен материјал и папуча 7-добош 8-екцентар

Page 7: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

кочницата често се користи и фрикциона кочница со диск или диск кочница.

Принципот на работа и основните елементи се дадени на слика 5 и 6.

Систем за активирање на механизмот за кочење(преносен механизам)Системот за активирање на механизмот за кочење служи за да го оддалечи

папучите за кочење кој се приближуваат во добошот или дискот на командата зададена

од возачот.

Според начинот на пренос на командата до механизмот за кочење , системите за

активирање можат да се поделат на;

a) Механички

b) Хидраулични

c) Пневматски

d) Комбинирани

Кај возилата со вупна тежина од 40-50kN доволна е енергијата од возачот за да

се оствари кочење во режим на нагло кочење, тогаш како систем за активирање

се користи хидрауличниот систем. Кај возилата со вкупна тежина 80-100 kN,

системот за активирање е обично комбиниран; силата која ја дава возачот

обично се појачува со серво уред кој има посебен извор на енергија. Системот за

активирње е обично хидрауличен. Кај овие возила често се сретнува и

комбинација каде серво уредот е хидрауличен, а системот за активирање пнев

матски.

7

1-диск,2-стега,3-клипови,4-фрикциони плочки,5-осигурувачиСлика 6.Диск кочница-основни елементи

клип

стега

диск

плочкиМесто за поставување на тркалото

главчиња

Слика 5. Диск кочница-принцип на работа

Page 8: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Механички системПреносот на сила од папучата на главниот систем( ножната кочница) на оја

делува возачот до механизмот за кочење кај овие системи се врши преку систем на

полуги. Овој систем е потполно исфрлен како систем за активирање на главниот

системза кочење, додека останал во употреба кај систе системи за активирање на

паркирната кочница. Пример на шема за механичка кочница е дадена на слика 7.

Слика 7. Механичка кочница

Хидрауличен системКај овие системи преносот на силата од педалата за ножна кочница кај

механизмот за кочење оди преку систем од течност кој е затворен (слиак 8). Работата

на системот се базира на закнот на хидростатика и се состои од главен цилиндар за

кочење(1), работен цилиндар(2) и цевки(3).

Слика 8. Шема на хидрауличен систем

8

1 -полуга; 2-рачка; 3-усмерувач; 4-оквир; 5,6,11- челичнно јаже; 7,8-двокракна полуга;9-спона; 10-зглоб на полуга; 12-пружина; 13-утврдвач;14-полуга за активирање;15-потисна полуга;16-зглобна врска на потисната полуга и полугара за активирање;17-зглобна врска на папучата и полугата за активирање

Page 9: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Ако се делува со одрфедена сила на педалата на ножната кочница, исти

притисок се пренесува на сите работни цилиндри и зависно од пречникот на

работниот цилиндар, се ствара сила која врши поместување на папучата за кочење.

Изгледот на главниот цилиндар за кочење е даден на слика 9.

На сликата 10 е прикажана врската на работниот цилиндан со главниот цилиндар во

случај на активиран главен цилиндар(а) и во случај на неактивиран главен

цилиндар(б).

9

1-клип2-меѓуклип3-погон за задни тркала4-погон за предни тркала5-испуст на клиповите6-површина за меѓуклип

Слика 9.главен цилиндар за кочење со елементи

Слика 10. Спој на главниот со работниот цилиндар

Отвор за изедначувањевентил

Главен цилиндар

Работен цилиндар

Педала за кочницата

Page 10: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Основни предности на хидрауличниот систем за активирање на механизмот за

кочење се;

1. Истовремено кочење на сите тркала.

2. Висок коефициент на корисно дејство.

3. Едноставна конструкција на системот за активирање.

Недостатоци се;

1. Намалување на коефициентот на корисно дејство при ниски

температури.

2. Можност да нефункционира доколку дојде до оштетување на цевоводот.

Во последно време овој недостаток е ублажен кај системите кои имаат

посебен довод за задниот и предниот дел(двокружен систем).

Пример за еден двокружен систем со серво уред како појачувач и главен

цилиндар за кочење е рпикажан на слика 11.

10

1-папуча за кочницата, 2-главен цилиндар за кочење, 3-приклучок за масло за серво уредот, 4,5,6,9- работен цилиндар, 7,8-серво уредСлика 11.Сервохидраулична инсталација на систем за кочење кај теретно возило

Page 11: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Воздушен (пневматски) системВоздушниот систем за активирање на механизмот за кочење користи енергија

од зрак. Возачот при кочење на возилото само го регулира доводот или одводот на

зракот. Овој систем се применува на тешките теретни возила и автобусите. Притисокот

во инсталацијата е од 5-7 бари. Системите кои користат компримиран зрак се

изработуваат како еднокружни и двокружни. Кај еднокружните едноводни системи

сите тркала се на исто ниво, а кај двокружните можат независно да работат предниот и

задниот дел од инсталацијата. Во случај на откажување на некој дел постои можност за

кочење на возилото со една осовина. Карактеристичната шема на пневматскиот систем

е дадена на слика 12. Овој систем се состои од 6 главни елементи.

Слика 12. Инсталација на пневматски систем за кочењеКомпресор(1)

Добива погон од моторот. Обично се употребува компресор со клипови.

Компресорот го потиснува зракот во резерварот.

Резервар(2)

Притисокот во резервоарот се движи од 7-8 бари. Бидејќи компресорот работи

кога работи моторот, треба да постои регулатор на притисок.

Регулатор на притисок(3)

11

Page 12: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Се уклучува кога во резервоарот се постигнува притисок измеѓу 7-8 бари.

Регулаторот на притисок е поврзан со компресорот и резервоарот. Кога ќе се постигне

потребниот притисок компресорот се исклучува од инсталацијатакоја го полни

резервоарот, а вишокот се препумпува од еден копресор во друг. Понекогаш

резервоарот има и сигурносен вентил. Кога притисокот во резервоарот опаѓа испод 7

бари, повторно регулаторот воспоставува врска помеѓу компресорот и резервоарот.

Разводник(4)

Тоа е механизам кој го разведува зракот под притисок во комората за кочење

наместо во неподвижните плоча на тркалото.

Комора за кочење(5)

Делува на папучите на тркалото, која притиска на добошот и се остварува

кочење на возилото. Понекогаш наместо комора се употребува цилиндар.

Освен овие главни делови пневматскиот систем има и споредни уреди; манометар (6),

приклучок за приколица (7), уред за брзо откочување(8) и убрзувач на кочење и

откочување на задните тркала.

На сликата 13 е дадена инсталација на теретно возило со приколка, откаде можат да се

согледаат сите елементи.

Забавувач-дополнителен системза кочењеТранспортните возила со поголема маса, над 10 тона, имаат изразен проблем, со

оглед на долгото време при кочење особено на стрмни места. Силата на кочење е

12

1-компресор;2- регулатор на притисок; 3-сушач на зракот;4- заштитен вентил;5-резервоар за зрак;6-вентил за испуштање на вода;7-пневматски прекидач;8 вентил;9-АРСК вентил;10- тристоп цилиндар;11-мембрански цилиндар;12-неповратен вентил;11-вентил за рачна кочница;14-преливен вентил;15-пневматски прекидач;16-управувачки вентил за приколката;17-спојнички глави;18-пречистувач;19-вентил за кочење на приколката;20-вентил за прилагодување на силите;21-АРСК вентил;22-вентил;23-работен цилиндар;24-вентил

Слика 13.Пневматсла инсталација за кочење на теретно возило со приколка

Page 13: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

правопрпорционална со масата на возилото и профилот на патот при константна

брзина на возење. Може да се констатира дека во услови на експлоатација на

моторното возило, треба интезивно да се користи кочница на која се ослободува

голема количина на топлина.

Ослободената топлина која треба да се предаде на атмосферата, ја подигнува

температурата на на елементот. На овој начин се доведува во прашање

функционирањето на механизмот за кочење и пореметувањето на активната

безбедност. За да не се дојде во критична ситуација, се зработуваат уреди за

забавување кој го одржаваат возилото во стационарниот режим, при движење на

возилото по стрмни патишта. Во таа смисла се донесени и законски прописи за

вградување на забавувачи на моторните возила со маса над 7 тона. Во зависност од

вкупната маса на возилото се развиле различни успорувачи;

1. Лептир моторна кочница

2. Мотор- компресор забавувач

3. Електромагнетен забавувач

4. Хидрауличен успорувач

Наведените основни типови на забавувачи имаат свои специфичности во

конструкцијата и во категоријата на примена.

13

Page 14: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Заклучок

Можеме та приметиме дека системот за кочењето претставува еден од

најважните системи на моторните возила, ако не и најважен. Тој нас ни овозможува

безбедно учество во собраќајот, при што ја штити нашата безбедност и безбедноста на

останатите учесници во собраќајот. Овој систем ни овозможува да избегнеме опасни

ситуации кои секојдневно се слууваат во собраќајот. На системот за кочење потребно е

да му се посвети посебно внимание со цел да се избегне негово откажување и

загрозување на останатите учесници во собраќајот.

14

EleniorNikolov, 05/14/12,
Еден коментар. Во суштина семинарската е квалитетно изработена и концетуално за наведената тема е целосно опфатена. Останува да ја прегледаш и технички да ја искоригираш точно според упатството за изработка на семинарски што ви го пратив на Моодле. Погледни ја семинарската на Бобан Костовски како и насловната страница
Page 15: 02_sistem Za Kocenje-Boban Temelkovski

Литература

[1].Димитровски М, Давчев Т., Николов Е.„Мотори и моторни возила“ Скопје 1999.

[2].Интернет ?????

[3]. Josip Ć. Lenasi, Tomislav A. Ristanović, Motori i motorna vozila, zavod za udžbenike i

nastavna sredstva, Beograd 2005

[4].Давчев Т, ,,Автомобилски мотори,системи,компоненти,дијагностика и одржување“

Скопје 2004.

15