10

Click here to load reader

1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

Самоевалуација на училиштето: Подрачје Наставни планови и програми

Во евалуацијата на ова подрачје треба да одговорите на што е можно поголем број од главните прашања.

Можете да додадете и одговори на други прашања кои сметате дека се важни за вашето училиште а не се опфатени во рамката за самоевалуација.

Треба да направите обид да ги вклучите колку што е можно сите клучни фактори во вашето училиште и во локалната заедница и каде потребно да внимавате на родовите односи кои може да влијаат на квалитетот на учење и настава во вашето училиште.

Не се потпирајте само на пишани документи. Обезбедете да податоците собрани во оваа област исто така вклучуваат колку што е можно и пишани коментари, набљудувања и визуелни докази.

Оддели во рамките на подрачјето: 1. Организација и реализација на наставните планови и програми;

2. Квалитет на наставните планови и програми;

3. Вон-наставни активности.

1

Page 2: 1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

Самоевалуација на училиштето: Подрачје Наставни планови и програми

Собирање на податоци (Кои податоци се собрани: Кои методи се користени).(i) Обработка на документиНаведете ги сите документи кои се прегледани.

Кои информации се собрани?

Наставни планови и програми одобрени од МОН

Наставни планови и програми изготвени од наставниците

Целите и задачите зацртани во нас. планови и програми се реализираат во целост. Недостатоци постојат кај одредени наставни содржини ( се мисли на практичниот дел), по одредени наставни предмети кои поради немање на потребни услови и средства сите цели и задачи не се постигнуваат.Училиштето образованието за ХИВ/Сида, односи меѓу половите ги третира на одд. часови.

Одделенски книги(дневници)

Записници од родителски средби

Во училиштето се изведуваат посети во Домот на културата, посети во други локални претпријатија кои можат да придонесат за остварување напредок во воспитно-образовната дејност.

Родителите се информираат за напредокот на своето дете и родителите не се запознаени во потребната мера со наставните планови и програми.

Годишен извештај за работа на училиштето

Во училиштето се реализираат следните вон-наставни активности: детски концерти во соседна Р. Албанија,соработка со училиштето ,, Мустафа Ќемаили,, - Фушкруја Р. Албанија, Новогдишен концерт на плоштадот Скендербеу, уметнички програми за државни празници, посети во Домот на културата(театарски претстави идр.), општински натпревари по Техничко образование, регионални натпревари по Математика, курсеви по Англиски јазик од страна на претставникот на Мировниот корпус. Сите активност подеднакво им се достапни на машките и женските деца.

Протоколи за набљудувани часови од страна на педагошко-психолошката служба на училиштето

Посетени 22 чассово од кои 16 во нижа(одделенска настава) и 6 во вишата(предметна) настава. Се обавуваат консултации по секој час со наставниците кајо кои е изврешена посетата. Целите и задачите целосно се реализираат зацртани со наст.план и програм. На часовите има големи можности за корелација и таа е присутна на часовите, но за неа поголеми се можностите кај одделенската настава

Годишна програма за работа на ОУ,, Братство Единство“-Дебар

Изборни предмети се Информатика во VI и VII одд. и Техничко образовани во VII и VIII одд. Предметот Екологија се изучува факултативно, а преметот за човековите права-Граѓанско образование спаѓа во групата на задолжителни премети и во неговата област спаѓа образованието за човековите права.Наставниот план и програм се одвива во мошне отежнати услови кои се пред се од инвестиционо-градежна и материјлно-техничка природа.Училиштето во својата годишна програма за работа предвидува посета на културно-историски споменици во градот, работни организации, еколошки акции, уметнички програми, изложби идр.

2

Page 3: 1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

Самоевалуација на училиштето: Подрачје Наставни планови и програми

Собирање на податоци (ii) кои други методи се користени за собирање на податоци? (пр. прашалници, анкети, набљудувања...)

Наведете ги другите методи кои се користени за собирање на податоци

Учество: Кој беше вклучен во собирање на овие информации

Кои информации се собрани?

Анкета за ученици Тим за собирање податоци од учениците

Користа од вон-наставните активности е: продлабочување на знаењата од одделни воспитно-образовни области и наставни предмети; спортување; рекреација;зближување; социјализација;стекнување нови пријателства; размена на мислењата; јакнење на натпреварувачкиот дух.Училиштето не дава можност за избор на наствни предмети.Учениците сметаат дека образованието за ХИВ/СИДА и зависностите од дроги не е застапено во обем што одговара на актуелноста на овие прашања.

Прашалник за наставници

Тим за собирање податоци од вработените

Родителите во недоволна мера се запознаени со наставните планови и програми, а учениците делумно се запознаени.Состаноците со родителите и тоа како се корисни и информативни.

Интервју со родители Наставниците, тим за собирање податоци од родители

Родителите многу малку се вклучени во образованието на нивните деца

Рзговор со стручната служба

Тим за собирање податоци од вработените

На наставнците им се овозможува советодавно-консултативна помош при изготвувањето на наставните планови и програми од страна на педагошко-психлошката служба.Учениците со посебни образовни потреби не се доволно вклучени во вон-наставните активности, затоа што нема адекватни материјални, човечки, просторни и др. ресурси.

Индивидуални средби со родители, ученици и наставници

Педагошко-психолшка служба

Наставниците сметаат дека родителите можат да влијаат врз начинот на реализација на наставните планови и програми, но и тоа дека тоа е релативно и се однесува на одредени подрачја од одредени наставни предмети.

Немањето наставни средства и помагала го отневозможува изборот на наставни предмети во училиштето

3

Page 4: 1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

Самоевалуација на училиштето: Подрачје Наставни планови и програми

Резултати: Овде треба накратко да ги образложите вашите клучни јаки страни и слабости

Клучни јаки страни Едуциран стручен наставен кадар (човечки ресурси) за реализација на наставните планови и

програми

Квалитетни и адекватно изготвени наставни планови и програми

Целосноста во реализирањето на наствните планови и програми

Добрата соработка со локалната заедница

Добра соработка и информирање на родителите

Ефективна комуникација помеѓу стручната служба и наставниците

Вон-наставните активности се реализираат на начин кој им овозможува отворен простор за

изразување и креативност на учениците

Слабости Родителите не се запознаваат со наставните планови и програми

Немањето наставни средства и помагала ја отежнуваат реализацијата на наставните

планови и програми

Образованието за ХИВ/СИДА, односи помеѓу половите, репродуктивното здравје и

зависностите од дроги не е застапено во обем што одговара на актуелноста на овие

прашања

Родителите многу малку се вклучени во образованието на нивните деца

Училиштето не дава можност за избор на наставни предмети

Учениците со посебни образовни потреби не се доволно вклу`ени во во-наставните

активности

4

Page 5: 1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

Самоевалуација на училиштата: Подрачје Наставни планови и програми

Анализа на резултатите:

Овде дадете подетална евалуација на ова подрачје

Наставните планови и програми кои ги изготвуваат наставниците во нашето училиште се во согласност со наставните

планови и програми одобрени од МОН и истите се изготвуваат квалитетно во соработка со стручната слуќжба на училиштето

со која редовно се остваруваат консултации. Родителите се информираат за напредокот на нивните деца, но многу малку се

запознаваат со наставните планови и програми иако постојат големи можности да влијаат врз начинот на реализација на

наставните планови и програми. Добрата ефективна соработка помеѓу наставниците овозможува корелација помеѓу

планирањата по разни наставни предмети. Образованието за ХИВ/СИДА, односи помеѓу половите, репродуктивно здравје и

зависноста од дроги иако е застапено претежно на одделенските часови сепак учениците сметаат дека треба многу повеќе да се

работи на тоа поле бидејќи тие прашања денес се многу актуелни. Вклученоста на учениците со посебни образовни потреби во

вон-наставните активности e многу мала, причини за тоа се немањето потребни услови(просторни, материјални, човечки идр).

Постои голема заинтересираност на учениците за вонаставните активности бидејќи им даваат можност на учениците слободно

и креативно да се изразуваат.

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

Подобрување на условите и наставните средства во училиштето со цел подобра реализација на наставните планови и програми Зголемување на учеството на родителите во образованието на нивните деца Зголемување на степенот на образованието за ХИВ/СИДА, сексуални врски, репродуктивно здравје, односи помеѓу половите и

зависноста од дроги

5

Page 6: 1 Podracje Nastavni Planovi i Programi Aleksandar

6