53
Управен спор, прекршок и прекршочна постапка Поим, предмет, видови, надлежни органи, странки, постапка, фази, одлуки, правни средства

12 Spor i prekrsok

  • Upload
    avikom

  • View
    132

  • Download
    10

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 12 Spor i prekrsok

Управен спор, прекршок и прекршочна постапка

Поим, предмет, видови, надлежни органи, странки, постапка, фази,

одлуки, правни средства

Page 2: 12 Spor i prekrsok

Поим на управен спор

Управниот спор е форма на организирана, систематска судска контрола над законитоста на управните акти

Два система на судска контрола, односно управен спор – англосаксонски (САД, Англија и др., се применува common law и надлежност на редовно судство) и европско-континентален (Франција, Германија, Белгија, Италија, Скандинавски земји и др. европски држави, примена на посебни управно-правни норми и надлежност на специјализирани управни судови)

Page 3: 12 Spor i prekrsok

Предмет на управен спор

Систем на генерална (општа) клаузула

Систем на енумерација Систем на општа клаузула со

негативна енумерација

Page 4: 12 Spor i prekrsok

Систем на генерална (општа) клаузула Сите правни акти на

административните органи (општи и конкретни) претставуваат предмет на управно-судска контрола.

Нема поединечно набројување на актите кои можат да бидат предмет на управен спор во законот, туку со една одредба се опфатени генерално сите акти.

Page 5: 12 Spor i prekrsok

Систем на енумерација

Предмет на управен спор можат да бидат само оние акти на администрацијата кои се изрично во закон наброени.

Историски, овој систем прв настанува.

Системот на енумерација предвидува ограничен досег на судската контрола врз актите на административните органи.

Page 6: 12 Spor i prekrsok

Систем на генерална клаузула со негативна енумерација

Сите акти на административните органи се предмет на управен спор, со исклучок на актите наведени (наброени) во законска одредба кои претставуваат исклучок од општото правило.На пример, такви акти најчесто се оптите правни акти на административните органи, актите на законодавниот орган, на шефот на држава, на влада и сл.

Page 7: 12 Spor i prekrsok

Систем на позитивна енумерација Новиот Закон за управни спорови (ЗУС)

во РМ содржи систем на позитивно набројување

Изрично се наброени поединечните акти на Владата, на органите на е.л.с., други државни органи и организации со јавни овластувања, акти донесени во прекршочна постапка, изборна постапка, акти за именување и разрешување од вршење јавни функции, дури и општи правни акти кои уредуваат поединечни односи, споровите од управни договори и поединечни управни акти за кои за решавање во втор степен не е обезбедена друга правна заштита.

Page 8: 12 Spor i prekrsok

Видови управни спорови

Објективни и субјективни Спор на законитост и спор на

полна јурисдикција Претходни (спор на молчење

на администрација) и дополнителни

Page 9: 12 Spor i prekrsok

Објективни и субјективни управни спорови Објективен управен спор е спор

чиј предмет на решавање е објективна правна ситуација или општ правен акт

Субјективен управен спор е спор чиј предмет на решавање е субјективна правна ситуација или конкретен управен акт

Page 10: 12 Spor i prekrsok

Спор на законитост и спор на полна јурисдикција Спор на законитост е управен спор во

кој се врши контрола над законитоста на актот, при што судот може да го поништи незаконитиот акт и да го врати на неговиот доносител на повторно решавање

Спор на полна јурисдикција е спор во кој судот го поништува незаконитиот акт и истовремено мериторно го решава предметот со пресуда која во целост го заменува актот

Page 11: 12 Spor i prekrsok

Претходен и дополнителен спор Претходен спор е спорот на

молчење на администрација. Се води управно-судска постапка против акт кој не е донесен, токму поради неговото недонесување од страна на надлежниот орган, со што се повредени правата на странката

Дополнителен спор е управен спор кој се води против донесен конечен управен акт.

Page 12: 12 Spor i prekrsok

Органи надлежни за водење на управно-судска контрола во РМ

Управен суд на Република Македонија

Првостепен суд, соствен од 19 судии избрани од Судскиот совет на РМ

Решава во совет од тројца судии

Page 13: 12 Spor i prekrsok

Виш управен суд

„Вишиот управен суд е надлежен:  1) да решава по жалбите против одлуките на

Управниот суд; 2) да одлучува за судир на надлежности меѓу

органите на Републиката, меѓу општините и градот Скопје, меѓу општините на градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и градот Скопје и носителите а јавните овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита и 

3) да врши други работи определени со закон."

Page 14: 12 Spor i prekrsok

Органи надлежни за водење на управно-судска контрола во РМ

Врховен суд на Република Македонија

Одлучува по вонредни правни средства (обнова на судска постапка)

Решава во совет од тројца судии

Page 15: 12 Spor i prekrsok

Странки во управен спор

Тужител – незадоволна странка од конечниот управен акт. Кај управни договори може да биде било која страна – договарач

Тужен – доносителот на актот кој се оспорува (јавно-правен субјект). Кај управните договори може и приватниот субјект како содоговарач

Заинтересирано лице – лице на кое со поништувањето на оспорениот управен акт би му се нанело штета

Page 16: 12 Spor i prekrsok

Основи за покренување управен спор Неправилна примена на закон Ненадлежност на доносителот

на актот Погрешно и непотполно

утврдена фактичка состојба

Page 17: 12 Spor i prekrsok

Фази во управно-судска постапка Поведување на управен спор

со тужба: назив, седиште, име и презиме, адреса на тужителот; управен акт против кого се поднесува; причини; тужбен петит (навод) во кој правец и опсег се бара поништување; рок 30 дена

Page 18: 12 Spor i prekrsok

Фази во управно-судска постапка Претходна постапкаА) Се испитуваат формални

елементи на тужбата.Б) Решение за отфрлање на

тужбата. В) Решение за поништување на

актот заради тешки формални недостатоци.

Page 19: 12 Spor i prekrsok

Фази во управно-судска постапка Редовна постапка А) Одговор на тужба до 30 денаБ) Доставување на сите списи

на барање на судот В) Нејавна седница (судија

известител и двајца судии)Г) Усна расправа во случаи

предвидени со ЗУС

Page 20: 12 Spor i prekrsok

Судски одлуки во управен спор Решенија Пресуди

Page 21: 12 Spor i prekrsok

Судски решенија Отфрлање на тужба Запирање на управно-судска

постапка:А) откажување од тужбаБ) донесен нов управен акт во текот на

управниот спор Забрана на понатамошно вршење

на дејствие на службено лице со кое, спротивно на закон непосредно му се спречува или ограничува на поединец или правно лице остварување на слобода или право, а не е обезбедена друга правна заштита

Page 22: 12 Spor i prekrsok

Судски пресуди

Пресуда за анулација/пресуда во спор на законитост или поништувачка пресуда и пресуда во спор на полна јурисдикција

Пресуда во спор на молчење на администрација

Уважувачки и одбивачки пресуди

Page 23: 12 Spor i prekrsok

Редовни правни лековиЖалба

Жалба против решение на Управниот суд за забрана на натамошно вршење на дејствие на службено лице со кое, спротивно на закон непосредно му се спречува или ограничува на поединец или правно лице остварување на слобода или право, а не е обезбедена друга правна заштита

Жалбата се поднесува до Врховниот суд во рок од три дена од доставувањето на решението

Page 24: 12 Spor i prekrsok

Виш управен суд

декември 2010 Вишиот управен суд како второстепен против одлуките на Управниот суд

странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставување на одлуката преку Управниот суд до Вишиот управен суд, додека тужениот орган може да поднесе жалба преку Државниот правобранител на Република Македонија

Page 25: 12 Spor i prekrsok

Вонредни правни лекови

Повторување на постапка На барање (тужба) на странката се

повторува постапка окончана со пресуда или решение

Во рок од 30 дена од денот кога странката дознала за причината за повторување или од денот на доставување на одлуката (субјективен рок). Повторување не може да се бара по истекот на пет години од правосилноста на одлуката (објективен рок)

По тужбата за повторување на постапката решава судот кој ја донел пресудата (ја отфрла со решение или ќе ја прифати/одбие со пресуда)

Page 26: 12 Spor i prekrsok

Вонредни правни лековиПричини за повторување на постапка:Ако странката дознае за нови факти, или најде или

стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои спорот би бил поповолно решен за неа, доколку тие би биле изнесени или употребени во поранешната постапка

Ако до одлука на судот дошло поради кривично дело на судија или службеник во судот, или е издејствувана со измама на застапникот или полномошникот на странката

Ако одлуката е заснована врз судска пресуда која подоцна е укината

Ако одлуката се заснова врз лажен доказАко странката може да ја употреби поранешната

одлука донесена во ист управен спорАко на заинтересираното лице не му била дадена

можност да учествува во управниот спорПо одлука на Европскиот суд за човекови права

Page 27: 12 Spor i prekrsok

Поим на прекршок

Прекршок претставува противправно дело кое со закон е определено како прекршок, чии обележја се определени со закон и за кое е пропишана прекршочна санкција.

Page 28: 12 Spor i prekrsok

Прекршочни санкции

За сторен прекршок се изрекуваат:

1. Прекршочни санкции за полнолетни сторители

2. Прекршочни санкции за малолетни лица

3. Прекршочни санкции за правни лица

4. Посебни прекршочни мерки

Page 29: 12 Spor i prekrsok

Прекршочни санкции за полнолетни сторители Глоба (парична казна) од 15

до 1000 евра Опомена Престанок на важење на

возачка дозвола (една година и повеќе)

Забрана за управување со моторно возило (од 30 дена до една година)

Page 30: 12 Spor i prekrsok

Прекршочни санкции за полнолетни сторители Забрана за вршење професија,

дејност или должност (од 3 до 15 дена прекршочен орган, а суд од една до пет години)

Протерување на странец од земја (од една до десет години, само суд)

Задолжително лекување на алкохоличари или наркомани - лица со болести на зависности (до две години, само суд)

Page 31: 12 Spor i prekrsok

Услови за изрекување прекршочни санкции Глобата се пропишува и

изрекува како главна санкција Опомената се изрекува наместо

глоба кога се работи за полесен прекршок

Забрана за вршењепрофесија, дејност или должност се изрекува само кога на сторителот му е изречена глоба

Page 32: 12 Spor i prekrsok

Услови за изрекување прекршочни санкции Престанок на важење на возачка

дозвола или забрана за управување со моторно возило се изрекуваат со глоба, опомена или како самостојни санкции

Протерување на странец од земја се изрекува со глоба, опомена или како самостојна санкција

Задолжително лекување на алкохоличари или наркомани се изрекува заедно со глоба или како самостојна санкција

Page 33: 12 Spor i prekrsok

Прекршочни санкции спрема малолетни лица На малолетник помлад од 14

години (дете) не може да се примени прекршочна санкција

На малолетник од 14 до 16 години (помлад малолетник) можат да му се изречат само воспитни мерки

На малолетник од 16 до 18 (постар малолетник) може да му се изрече воспитна мерка, а по исклучок и глоба

Page 34: 12 Spor i prekrsok

Прекршочни санкции спрема правни лица Глоба од 200 до 5000 евра Привремена забрана за

вршење одделна дејност (судот може да изрече од шест месеци до пет години, органот на управа може да изрече од 3 до 30 дена)

Page 35: 12 Spor i prekrsok

Посебни прекршочни мерки

Конфискација на имот и имотна корист прибавени со прекршок

Одземање на предмети прибавени со прекршок (може да изрече и орган на управа покрај судот)

Page 36: 12 Spor i prekrsok

Мандатна (скратена) прекршочна постапка Кога службеното лице ќе утврди

дека е сторен прекршок, на сторителот ќе му врачи покана за плаќање на глоба, во рок од осум дена од врачувањето на поканата

Ако сторителот не ја плати доброволно глобата, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд односно прекршочен орган

Page 37: 12 Spor i prekrsok

Прекршочна постапка Поим: збир на процесни

дејствија за откривање и казнување на сторител на прекршок, преземени од страна надлежните органи

Page 38: 12 Spor i prekrsok

Прекршочна постапка

Надлежни органи: 1. основен суд (судија поединец) и 2. прекршочен орган:А) орган на управа или организација со

јавни овластувања;Б) друг орган што врши јавни овластувања

на надзор над спроведување на закони со кои се пропишани прекршоци;

В) апелационен суд (за судски прекршоци во втор степен);

Г) Управен суд (за прекршоци во втор степен изречени од прекршочен орган)

Page 39: 12 Spor i prekrsok

Надлежност на прекршочни органи Кога со закон му е пропишана исклучива

надлежност (општа) По сите прекршоци за кои е пропишана

санкција (позитивна енумерација):А) Глоба во точно определен износБ) Глоба за физичко лице до 500 евраВ) Глоба за правно лице до 1000 евраГ) Изрекување глоба на самото местоД) Забрана за управување со моторно

возило до 30 денаЃ) забрана за вршење дејност или

професија од 3 до 15 дена

Page 40: 12 Spor i prekrsok

Состав на прекршочен орган

Во прекршочниот орган се формира Комисја за одлучување по прекршок составена од овластени службени лица со соодветен степен на стручна подготовка и работно искуство, од кои најмалку еден е дипломиран правник со правосуден испит

Page 41: 12 Spor i prekrsok

Поведување на прекршочна постапка По службена должност, по

барање од овластено лице или овластен орган или по барање на оштетениот

Page 42: 12 Spor i prekrsok

Поведување на прекршочна постапка Барањето за поведување

прекршочна постапка содржи:1. Основни податоци за идентитетот

на сторителот;2. Фактички опис на прекршокот3. Правна квалификација на

прекршокот (освен кога подносител е оштетениот)

4. Докази што треба да се изведат5. Потпис на подносителот на

барањето

Page 43: 12 Spor i prekrsok

Донесување одлука Ако прекршочниот орган утврди

дека постојат законските услови за спроведување прекршочна постапка, должен е да ја спроведе и да донесе одлука за прекршок

Page 44: 12 Spor i prekrsok

Донесување одлука

Ако не се исполнети законските услови, прекршочниот орган е должен во рок од 30 дена писмено да го иавести подносителот на барањето за тоа дека нема да донесе одлука за прекршок, односно дека нема да поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд, како и за причините за таквата одлука

Page 45: 12 Spor i prekrsok

Содржина на одлука за прекршок Увод (назив на доносителот, име и

презиме на членовите на комисијата, име и презиме на сторителот и бранителот, прекршокот што е предмет на постапката)

Диспозитив (опис на прекршокот, санкцијата што се изрекува или дека постпката се запира)

Образложение (докази и околности на кои се заснова диспозитивот)

Поука за право на судска заштита (тужба)

Page 46: 12 Spor i prekrsok

Примена на закони

Закон за прекршоци (lex generalis)

Закон за општа управна постапка (lex specialis кога е надлежен прекршочен орган)

Соодветен закон со кој е пропишан прекршокот (материјален закон)

Page 47: 12 Spor i prekrsok

Второстепена постапка (судска заштита) Надлежен орган: Управен суд Поведување: тужба Рок: 8 дена од доставување на

одлуката Предмет: одлука за прекршок

(решение) донесена од прекршочен орган

Дејство: тужбата го одлага извршувањето на одлуката за плаќање глоба во износ од над 100 евра за поединец или 1000 евра за правно лице

Page 48: 12 Spor i prekrsok

Причини за поднесување тужба Повреда на материјален закон Повреда на процесен закон

заради ненадлежност или формални недостатоци на одлуката

Погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба

Page 49: 12 Spor i prekrsok

Причини за поднесување тужба Нови факти и докази кои

тужителот без вина не ги знаел или не бил во можност да ги предложи во постапката

Висина на изречената глоба Постоење на можност за

ослободување од санкција или ублажување на глоба

Изрешени санкции одземање на предмети

Трошоци на постапката

Page 50: 12 Spor i prekrsok

Постапување на второстепениот орган

Управниот суд при решавање по тужби поднесени против акти на прекршочен орган мора задолжително да го реши спорот во полна јурисдикција, т.е. мериторно со пресуда да ја реши прекршочната работа.

Page 51: 12 Spor i prekrsok

Литература Основна литература:1. Гризо, Гелевски, Давитковски,

Павловска Данева „Административно право“, 2011, стр. 587-644;

2. Закон за управни спорови од 2006;3. Давитковски, Павловска-Данева,

„Новата управно-судска контрола над управата во РМ“, Зборник на трудови на Правниот факултет, 2006;

4. Закон за прекршоците од 2006 година; Дополнителна литература:1. Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995,

стр. 391-403, стр. 422-466.

Page 52: 12 Spor i prekrsok

Прашања и теми за дискусија и есеи: Поим на управен спор Предмет на управен спор Видови управни спорови Органи надлежни за вршење на административно-

судска контрола во Република Македонија Странки во управен спор Основи за покренување на управен спор Фази во административно-судската контрола Поведување на управен спор Претходна постапка Редовна постапка Донесување судски одлуки Решенија Пресуди Постапка по правни лекови

Page 53: 12 Spor i prekrsok

Прашања и теми за дискусија и есеи: Поим на прекршок Прекршочни санкции Видови Услови за изрекување Мандатна (скратена) прекршочна постапка Прекршочна постапка Поим на прекршочна постапка Надлежни органи за водење прекршочна

постапка Надлежност на прекршочните органи Состав на прекршочен орган Поведување на прекршочна постапка Одлука за прекршок Примена на закони Второстепена постапка (судска заштита)