68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 202 / ПЕТОК 08.03.2013 година IX Не е доволно само да се изградат брани Нови симболи на старите симболи и едно дрво марио аСCиСи: Инспирацијата е во магацините на секојдневниот живот

202

  • Upload
    porta3

  • View
    225

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

Page 1: 202

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

02 /

ПЕТ

ОК

08.0

3.20

13 го

дина

IX9090

дена

ри /

дена

ри /

БРО

Ј 202

/ БР

ОЈ 2

02 /

Не е доволно само да се изградат брани

Нови симболи на старите симболи и едно дрво

марио аСCиСи:

Инспирацијата е во магацините на секојдневниот живот

Page 2: 202

СУПЕР ШАНСАЗА НОВ ДОМ

3,2% НАЈПОВОЛЕН

СТАНБЕН КРЕДИТ СОСТОПАНСКА БАНКА

КВАЛИТЕТНО

02 30 93 200 / 02 5 215 215 072 204 024 / 070 365 738 075 240 003

www.adora.com.mk [email protected]

Скопје

Центар-Под Водно

Охрид Билјанини Извори

Аеродром-Ново Лисиче

Струмица-Парк

ДОМУВАЊЕ ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ!АДОРА ВЕ НАГРАДУВА

ПАТУВАЊЕ ВОСВЕТСКАТА АТРАКЦИЈА

-ДУБАИСО КУПЕН СТАН НА САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ-REALEXСКОПЈЕ 5-9 МАРТ 2013

Page 3: 202

26

10

3440

48

БРОЈ 202 ПЕТОК 08.03.2013 ГОДИНА IX

Опасностите од попуштањето на браните Слатино и Пишица, поради неконтролираното излевање на вода, отворија нова грижа за стари проблеми. Се покажа дека не е доволно само да се изградат брани. Неопходно е тие и правилно да се одржуваат. „Заборавените“ брани и вештачките акумулации се причината зошто сега ни се случува она што се случува - излевање, нарушување на нивната статика, отворање на процепи за кои е потребна добра и стручна санација. Станбениот објект во Бардовци, кој годинава доби пофалница за реализирано архитектонско дело за 2012 година, е оценет како инспиративен, фотогеничен и обид на еден автор да даде одговор на прашањето што e всушност архитектурата. Тоа беше повод за интервју со Марио Асcиси, архитект, автор на проектот, кој вели дека „инспирацијата се наоѓа во магацините на секојдневниот живот“. Неуредените интервенции и интеракции во нашите урбани средини, предизвикуваат трансформирачки реакции и тактики за нови, алтернативни визии за иднината. Така на пример, како одговор на таквите општествени несредености се нуди

колективот „Партизанинг“, кој веќе две години дејствува на територијата на Москва, користејќи ги основните принципи на т.н. партиципативен урбанизам. Шрија Малхотра, урбанист и уметник од Њу Делхи, а живее и работи во Москва, вели дека колективот „Партизанинг“ се обидува да ги предизвика граѓаните преку улична уметност во активен урбанизам, односно тие самите да учествуваат во создавањето на својата животна средина. Оваа година во светот на српското градежништво не се навестуваат никакви промени во однос на претходната, ниту пак тоа во овој момент се очекува. Некако со одредена доза на мрзливост и навиката на долгогодишна стагнација, стручната јавност не успева да ја квалификува моменталната ситуација, освен со некаква констатција дека е катастрофална. На специјализираните средби, саеми и здруженија сè поголем е бројот на оние што едни од други бараат работа, со желба „нешто да се помрдне“, но она што недостасува се секако парите. Но, тоа не значи дека во светот на архитектурата во Белград не се случува ништо.

од редакцијата

драги читатели,

Насловна страница: КОНЦЕРТНА САЛА „Харпа“, РЕЈКЈАВИК, ИСЛАНД

Автори: СТУДИО „Хенинг ларСен арХитекти“ И олаФур елиаСон

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ГРАДЕЖНИШТВО 10БРАНАТА „NAM GNOUANG“

НЕ Е САМО БРАНА

ГРАДЕЖНИШТВО 20НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА

СЕ ИЗГРАДАТ БРАНИ

ИНТЕРВЈУ 26МАРИО АСCИСИ:

ИНСПИРАЦИЈАТА Е ВО МАГАЦИНИТЕ НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

АРХИТЕКТУРА 30НОВИ СИМБОЛИ НА СТАРИТЕ

СИМБОЛИ И ЕДНО ДРВО

АРХИТЕКТУРА 34МАНИФЕСТ ЗА КОЛУМБИСКИОТ

МЕДЕЛИН

АРХИТЕКТУРА 40НАГРАДА „МИС ВАН ДЕР РОЕ 2013“

КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „ХАРПА“

ИНТЕРВЈУ 48ШРИЈА МАЛХОТРА:

НОВ КАТАЛИЗАТОР ЗА СОЦИОКУЛТУРНА ПРОМЕНА

НА ГРАДОВИТЕ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

02 /

ПЕТ

ОК

08.0

3.20

13 го

дина

IX9090

дена

ри /

дена

ри /

БРО

Ј 202

/ БР

ОЈ 2

02 /

Не е доволно само да се изградат брани

Нови симболи на старите симболи и едно дрво

МАРИО АСCИСИ:

Инспирацијата е во магацините на секојдневниот живот

,СУПЕР ШАНСАЗА НОВ ДОМ

3,2% НАЈПОВОЛЕН

СТАНБЕН КРЕДИТ СОСТОПАНСКА БАНКА

КВАЛИТЕТНО

02 30 93 200 / 02 5 215 215 072 204 024 / 070 365 738 075 240 003

www.adora.com.mk [email protected]

Скопје

Центар-Под Водно

Охрид Билјанини Извори

Аеродром-Ново Лисиче

Струмица-Парк

ДОМУВАЊЕ ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ!АДОРА ВЕ НАГРАДУВА

ПАТУВАЊЕ ВОСВЕТСКАТА АТРАКЦИЈА

-ДУБАИСО КУПЕН СТАН НА САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ-REALEXСКОПЈЕ 5-9 МАРТ 2013

Page 4: 202

ПОРТА 8 март 201334

4

инфо

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

Page 5: 202

8 март 2013 ПОРТА3 5

5

инфо

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

Page 6: 202

ПОРТА 8 март 201336

6

инфо Саем за градежништво 2013

Широка понуда на паметни решенија за домување

Паметни решенија со високи стандарди и енергетска ефикасност понуди годинaшниов Саем за градежништво, на кој по 10 пат се претставија над

300 компании со разновидна програма од градежништвото. Истовремено Скопски саем беше домаќин и на 3. Саем за недвижности и инвестиции RealExpo. На Саемот, во три изложбени хали на површина од 9.000 метри квадратни, се изложени градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепила, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозорци. Во надворешниот изложбен простор се претставуваат компании со програма од градежната механизација. Покрај домашни,

на саемот има компании од Србија, Турција, Италија, Словенија, Косово, Германија... „Градежништвото е двигател на економскиот раст и доказ за квалитетот на градежните компании. Изминатите четири години Македонија беше единствената земја каде што имаше константни позитивни резултати во градежништвото“, истакна вицепремиерот Зоран Ставрески кој се запозна со градежните активности на компаниите и со нивните намери да инвестираат повеќе на домашниот пазар како што е случајот и со „Адинг“. „Во моментов понудата на недвижности расте, додека побарувачката опаѓа. Кризата што сега се чувствува кај нас во странство беше уште многу порано. Затоа наша стратегија е повеќе да инвестираме на домашниот пазар, а во

странство да го задржиме она што го имавме и лани“, истакна Горан Јовановски оперативен директор во „Адинг“. Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите и трговците од Македонија и од странство. На саемот се нудеа и продаваа производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти. За време на саемот, а во соработка со Град Скопје и сите градски јавни претпријатија беше претставен и новиот проект „Урбан Еко Експо 2013“ во чии рамки се презентираа и промовираа активности на тема „Зелена урбана палета“.

К.С.Т.

Page 7: 202

8 март 2013 ПОРТА3 7

7

инфоЌе почне реализацијата на проектот ера Сити

Град во град на Скопскиот саем

Скопски саем и меѓународната групација Три Гранит за три до четири години ќе го реализираат проектот ЕРА Сити, чија вредност се проценува на 130 милиони

евра. Ова го најавија претседателот на Управата на групацијата ЕРА Гвидо Омладич и извршниот директор на Три Гранит Арпад Торок. „Договорот е заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата проектот беше забавен, но и покрај тоа ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за негова полесна реализација“, рече Омладич истакнувајќи дека очекува проектот да биде поддржан од банки и фондови. Главниот мотив за реализација на овој

проект, според Омладич, е потребата да се дадат сите потребни содржини на она што досега се реализира на Скопски саем, а тоа се над 200 изложби-манифестации во годината. Извршниот директор на Три Гранит, Арпад Торок потенцира дека Групацијата ќе може да го пренесе искуството во градењето што го има стекнато со реализација на проекти во 10 земји, чија вредност изнесува 2,5 милијарди евра. „За нас ова е предизвик бидејќи прв пат станува збор за проект каде може да го пренесеме нашето искуство и знаење од другите земји каде сме активни“, изјави Торок. ЕРА Сити, како што посочија Омладич и Торок, ќе биде еден од најголемите комплекси во Југоисточна Европа. Ќе содржи деловен центар, шопинг центар,

деловни објекти, хотел, катна гаража, забавен центар и се што е потребно за еден ваков комплекс. Договорот за соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари годинава. Покрај реализацијата на новиот проект, корпорацијата Три Гранит ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала. Три Гранит е едно од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, како и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и многу инвестиции со јавно-приватно партнерство.

Page 8: 202

ПОРТА 8 март 201338

8

региони штип

НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК ЌЕ ДОБИЕ И ФОНТАНА

По реализација на проектот за конструкција на нов кружен тек на улицата „Ванчо Прке“, лоцирана во строгиот центар на Штип, и поставувањето на асфалтот, одговорните

од ЈП „Стипион“ го завршија и проектот за конструкција на нови содржини на овој кружен тек. Според Тони Јовев, директор на ова јавно претпријатие, кружниот тек се

планира да биде разубавен со фонтана, која е прва од ваков вид во градот. „Сметаме дека големината на кругот, но и позицијата на кружниот тек се доволна причина да се направи нешто, односно да не остане само гола земја и трева, туку напротив да се разубави не само кружниот тек туку и центарот на градот. Наскоро ќе започне да се уредува фонтаната, која ќе има надворешен ред од цвеќиња, а внатрешниот

ќе содржи фонтански елементи со проток на вода во уреден базенски дел“, вели Јовев. Фонтаната ќе се наоѓа помеѓу улиците „Ванчо Прке“ и „Кирил и Методиј“. Околу фонтаната е предвиден прстен од цвеќе со широчина од 1 метар, со оглед на тоа што надворешниот круг е со радиус од 6 метри а внатрешниот од два метри. Коритото на фонтаната ќе биде длабоко околу 60 сантиметри. За да се

Драган РиСТов

Page 9: 202

8 март 2013 ПОРТА3 9

9

региони

НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК ЌЕ ДОБИЕ И ФОНТАНА

заштити столбот со македонското знаме кое се наоѓа во центарот на фонтаната, предвиден е и прстен за заштита обложен со вештачки мермер. Вкупната вредност на градежниот зафат ќе биде околу 1,6 милиони денари. Оваа локација е срцето на градот и дел од поширокиот проект за обнова на централното градско подрачје. Пред извесно време беше завршен проект кој е резултат на јавно-приватно партнерство со кој се обнови една од фасадите веднаш до кружниот тек, со што започна и процесот на уредување на овој дел од центарот.

Page 10: 202

ПОРТА 8 март 2013310

10

градежништво Брана "Nam GNouaNG", лаоС

БРАНА КОЈА НЕ Е САМО ТОАБраната "Nam Gnouang" во Лаос е вистинско достигнување за развојот на еден хидроенергетски проект во екстремни климатки услови и инволвирање на различни идеологии и култури

Браната “Nam Gnouang” (NG), еден од позначајните објекти во Лаос, e изградена со најнова технологија на валјан бетон, како дел од проектот за унапредување и експанзија на постоечкиот хидроенергетски систем “Theun Hinboun” (THXP). Објектот е лоциран по должината на границите

на провинциите Bolikhamxay и Khammouane, во јужен Лаос, a свечената инаугурација беше извршена неодамна, во месец јануари оваа година. Браната e изградена на реката Nam Gnouang, од каде што и го добила името, една од главните притоки на речниот систем Nam Kading, кој се слива во реката Меконг. Проектот беше имплементиран врз основа на затворена финансиската конструцкија, обезбедена со моделот на ивестирање на независни произведувачи на енергија (IPP – Independent Power Producers) од страна на THPC – “Theun Hinboun Power Company”, формирана од Електростопанство на Лаос 60%, и две приватни компании (Statkraft SF 20% и GMS Lao Company Limited 20%).

Реализацијата на проекот беше врз основа на моделот EPC (Engineering Procurement Construction - EPC), каде што менаџментот, проектирањето и изградбата беше обезбедено од страна на “CMC di Ravvena” – Италија како главен носител на градежните работи, во соработка со проектантските куќи “Coyne et Bellier” – Франција, и “Lombardi” – Швајцарија. Надзор и контрола на изградбата беше вршена од страна на шведската компанија “Sweco”, која воедно ги застапуваше интересите на Инвеститорот (THPC). Целиот проект преставува надградба и експанзија за развој на трета генерирачка едница на постоечкиот систем “Theun Hinboun”, вклучувајќи изградба на нова каскадна шема составена од брана и хидроцентрала на реката Nam Gnouang (Слика 1). Акумулацијата, спротиводно од браната покрива површина од 105 km2 и има бруто зафатнина од околу 2.450 милиони m3 . Водата ќе биде испуштана од акумулацијата, зa да се задоволат потребите на хидроцентралите од системот “Theun Hinboun”, кои се наоѓаат низводно од браната.

Многубројните ограничувања, кои беа надминати во текот на изградбата, беа вистинско достигнување на сите инволвирани страни во проектот. Изградбата на 75-метарската брана “Nam Gnouang” започна во месец март 2010 година, кога беа вградени првите количества на валјан бетон во темелната основата. Производството и вградувањето на валјан бетон заврши за само 22 месеци, сместувајќи ја браната во една од најбрзо изградените во регионот, земајќи ги предвид задоцнувањата што настанаа како резултат на екстремните поплави, кои се појавија на трипати во текот на градбата (Група на слики 2). Браната со интегрираниот прелив заедно со останатите објекти за евакуација и заштита од градежни води во текот на градбата беа димензионирани за поплавен бран со повратен период од 50 години. Првиот поплавен бран се појави кон крајот на месец август 2010 год., при што беше регистрирано зголемување на нивото на реката за 6 м во рок од 12 часа (спротиводно од браната). Дваесет и пет

Слика 1. Браната “Nam Gnouang” заедно со Хидроцентралата (65MW) како дел од ”NG” Проектниот пакет

Даниел ЦанКовСКи, дипл.град. инж. (QA/QC Manager, CMC di Ravenna - Laos Branch)

Page 11: 202

8 март 2013 ПОРТА3 11

11

метарската пред-брана наменета за заштита на телото на главната брана, комплетно се распадна откако нивото на водата спротиводно растеше дури и до 1 м/час после тропската бура која го имаше зафатено сливот на реката Nam Gnouang. Огромна количина на вода се прелеа преку телото на браната во која веќе имаше вградено околу 150.000 м3 на валјан бетон, и притоа беше формирана конфигурацијата на браната за преливање на вода преку централниот дел. Делумно изградената брана го издржа преливањето на надојдената вода со околу 2.000 м3 во секунда, додека опточниот тунел работеше со максимален капацитет од околу 200 м3 во секунда. Работите што веќе беа извршени на браната беа целосно потопени, а пред-браната лоцирна низводно, целосно разурната. Карактеристично е тоа што немаше оштетување на парцијално изграденото тело на браната, и работите поврзани со валјан бетон започнаа веднаш по повлекувањето на поплавниот бран. Вториот поплавен бран се појави кон средината на месец септември 2010 г., кога повторно реконструираната пред-брана беше потопена и повторно телото на браната претрпи поплава со волумен од 2.500 м3 во секунда. Третиот случај на поплавување на преградното место се случи кон средината на месец октомври 2010 г., при што беше предизвикана значајна ерозија на речното корито, низводно од профилот на браната. Браната од валјан бетон со интегрираниот прелив конфигуриран да прифати поплавен бран, пропуштија околу 3.000 м3 во секунда преку телото на браната во изградба. Поплавата и преливањето на вода траеја околу десетина дена. Инспекцијата на телото на браната што зазема место веднаш по повлекувањето на поплавниот бран, резултираше со занемарлива ерозија на површината од валјан бетон низ која струеја илјадници кубни метри вода, којшто беше вграден само десетина часа пред потопувањето. Доколку браната беше градена како каменонасипна или земјена, авторот верува дека штетите во однос на застој на работите и оштетување на телото на браната ќе беа катастрофални и неизбежни. Додека траеше поплавата, изведувачот на работите успеа да работи на соседните бокови од браната, кои се наоѓаат надвор од преливниот профил. Треба да се напомени дека сите три поплави, кои настанаа во текот на изградбата, беа контролирани т.е. предвидени и очекувани. Самата конфигурација и форма на телото на браната беше проектирана да ги прифати поплавните води во тек на градба преку преливен дел кој беше позициониран централно. Менаџментот на ризици одигра главна улога при изградбата на овој грандиозен објект, а рушењето на гореспоменатите пред-брани беше очекувано т.е. тие ја извршија функцијата за која беа наменти. Евакуација на преливните води во тек на експлоатација е решено со преливен орган интегриран во телото на браната, кој содржи 5 масивни радијални затворачи, кои имаат капацитет да испуштат 16.000 м3 вода низводно во ретензионен/смирувачки базен.

градежништво

Слика 2. Евакуација на градежни води во тек на градба – Брана “Nam Gnouang”

Page 12: 202

ПОРТА 8 март 2013312

12

Една од хидроцентралите, како дел од “NG” пакетот, е лоцирана на левиот бок од браната, со инсталирана моќност на два агрегати од 65 MW. Турбините ќе бидат снабдувани со вода од независна 75 метри зафатна градба спротиводно од браната, која преку 2 потисни тунели и потисен цевковод со дијаметар од 6 м ќе биде поврзана со хидроценталата. Електричната енергија генерирана од овој хидроенергетски објект ќе биде продадена на Електростопанство на Лаос (EDL – Electricite du Laos) за локална потрошувачка во рамките на државата. Вториот пакет од проектот наречен “TH3”, претставува развој на постоечкиот “Theun Hinboun” хидроенергетски капацитет со изградба на трета генерирачка единица со номинална инсталирана моќност од 220 MW. Оваа надградба на постоечката хидроенергетска шема вклучува

изградба на повеќе грандиозни објекти меѓу кои:- Зафатна градба со висина од 30 м, изградена како интегрален дел од веќе постоечка преливна брана, со демолирање на еден од преливните објекти и негово претворање во зафат; - 5,5 km хидротехнички потисен тунел пробиен и обложен со бетонска облога со помош на машина за избивање на тунели во карпа (Tunnel Borring Machine – TBM), кај нас позната како „кртица“ (Слика 6);- Повеќе од 1 км потисен цевковод, изработен од челик и обложен со бетонска облога користејќи ја методата “cut & cover”; - Изградба на нова хидроцентрала со инсталирана мќност од 220 MW, како дел од постоечкиот хидроенергетски систем “Theun Hinboun” (Слика 5).

Електричната енергија генерирана од овој хидроенергетски објект ќе биде продадена на агенцијата за производство на електрична енергија во Тајланд (EGAT – Electricity Generating Authority of Thailand), за да ги покрива барањата на конзумот на оваа брзорастечка економија во Југоисточна Азија.

(Податоци за поплавите се обезбедени во соработка со Ted Warren RCC presa Associates International LLC.)

градежништво

Слика 4. Испуштање на вода од браната “Nam Gnouang”

Слика 5. Поглед на постоечката и новата TH3 Хидроцентрала која е во тек на градба

Слика 6. Лансирање на кртица (TBM – Tunnel Boring Machine), за изградба на 5 км потисен хидротехнички тунел

Слика 3. Поглед на радијални затворачи, како дел од преливниот објект на браната

Б

Page 13: 202

8 март 2013 ПОРТА3 13

13

Б

Page 14: 202

ПОРТА 8 март 2013314

14

градежништво

Хидроенергетските проекти во дослух со животната средина?Изградбата на браните влијае и на човечките заедници, посебно на нивното раселување. Еколошките организации зборуваат за над 80 милиони раселени лица ширум светот само под директно влијание на изградбата на браните.

Користењето на хидроенергијата, и покрај тоа што претставува алтернативен, зелен извор на енергија, не е универзално прифатена. Ова е посебно акцентирано кај поборниците за

заштита на животната средина кои, водени од идејата дека изградбата на браните може да предизвика поплави на околното земјиште како и загрозување на одредени специфични

видови до истребување, се најголемите опоненти на иницијативите за користење на хидро потенцијалите на планетата Земја. Револтот против браните како инженерски објекти традиционално е изразуван во текот на одржувањето на Светскиот форум за водите. Последниот, кој беше одржан во Марсеј, Франција, беше еден од најмасовните, но во однос на одржаните протести. Слоганот „реките се живот, а не

браните“, како и илјадниците протестанти беа вообичаена слика за времетраењето на форумот во март минатата година. И покрај сите напори и заложувања за приближување на изградбата на браните кон одржливите постулати, се наметнува прашањето, дали браните сепак имаат неверојатен импакт кон растителниот и животинскиот свет, како и во менување на климата на територијата

Биљана СТојановиќ, дипл.град.инж.Протестанти пред зградата на Светскиот Форум за Водите

Page 15: 202

8 март 2013 ПОРТА3 15

15

градежништво

на која се врши градењето?! Проектот Бело Монте во Бразил е таков пример. Бразилските власти планираат да изградат една од најголемите брани во светот на реката Хингу со потопување на над 400 км2 шума, при што голем дел од постоечката флора и фауна би исчезнал. Со изведбата на овој зафат, аналитичарите калкулираат дека потенцијално би се ослободило толкаво количество на метан, колку што овој проект би уштедил на

фосилно гориво за неколку декади. Изградбата на браните условувачки влијае и на човечките заедници, посебно на нивното раселување. Еколошките организации зборуваат за над 80 милиони раселени лица ширум светот само под директно влијание на изградбата на браните. Најновите заложби за приближување на браните кон екологијата, се чини дека не влијаат врз цврстите ставови на вечните критичари. Таков пример е

Протоколот за проценка на одржливоста на хидроенергијата, кој прикажува колку хидроенергетските проекти се во дослух со животната средина. Овој Протокол, кој беше продуциран минатата година, е заеднички изработен од невладиниот сектор, со официјалните влади и министерства, банките за развој и бизнис секторот. Во ова истражување се прикажани влијанијата од изградбата на браните врз повеќе од 20 критериуми,

Брана на реката Јангце во Кина

Протести насочени против изградбата на браната Бело Монте во Бразил

Page 16: 202

ПОРТА 8 март 2013316

16

градежништво

од квалитетот на водите до јавното здравје, климатските промени и човековите права. Сепак, дел од аналитичарите сметаат дека овој протокол е обид за „озеленување“ на браните, а посебно се критизира делот каде самите компании кои се дел од овој бизнис, и самите партиципирале во изработката и спреведувањето на ова истражување. Во реалноста, брани се градат на сите континенти, а протести против нив има само кај еколошки посвесните граѓани. Таков пример е Турција, каде во 2008 година започна изградбата на најголемата брана во оваа земја, во југоисточна Анадолија, на реката Тигар. Со воведувањето во работа на браната, започнаа и масовните простести, најпрво во Турција, за потоа да се прошират и во Германија, Швајцарија и Австрија. Неколку европски финансиери, по притисоците извршени од јавноста, ја повлекоа својата

инвестиција на овој проект. Сепак, турските власти, и покрај сите критики и масовни демонстрации, ја продолжија изградбата на браната Илису, игнорирајќи ја волјата и заложбите на локалното население. Според иницијативата „Стоп Илису“, со изградбата на оваа брана би се уништиле околу 400 км од областа по должината на реката Тигар и нејзините притоки. Повеќе од 200 археолошки ископини би биле потопени, меѓу кои и Хасанкејф, познатиот антички град. Како резултат на изградбата, над 100 различни видови на риба би биле доведени до исчезнување, додека безброј луѓе би биле принудени да ги напуштат своите домови, кои би биле поплавени заедно со голем дел од обработливите плодни површини. Активистите на „Стоп Илису“, овој потег на турската влада го толкуваат како самоволен гигантизам. Според нив, секој проект, пред неговата

изградба, треба да задоволи неколку одржливи критериуми од социјален и од еколошки аспект. Сепак, најнапред градителите ќе мора да се консултираат со локалното население кое живее на подрачјето засегнато со изградбата. Друг пример за гигантизам е лоциран во Демократската Република Конго. Во 1992 година, хидроелектраната Инга 1 беше комплетирана со вкупно производство од 52 мегавати за по 10 години да биде изградена Инга 2 со вкупен капацитет од 178 мегавати. Во овој момент се гради Инга 3, со проектиран капацитет од 3.500 мегавати, но не се сопира на ова, мега проектот Гранд Инга се планира да биде завршен до 2025 година, со планиран капацитет од 45.000 мегавати, со што би претставувал и најголема хидроенергетска постројка во светот. Иронијата на афричкиот континент

Уништување на животинскиот свет со изградба на браните

Античкиот град Хасанкејф

Page 17: 202

8 март 2013 ПОРТА3 17

17

градежништво

оди до таа мера што и покрај мега хидро проектите, голем дел од населението немаат електрична енергија. Конго ја има најголемата брана во Африка, а сепак е една од земјите со најголем процент на популација која живее во мрак. Денеска, во светот има околу 40.000 големи брани, при што со нивната изградба комплетно е променета релацијата вода - копно, уништувајќи го постоечкиот екосистем кој бил создаван во текот на илјадници години. Во последните неколку години, негативните последици од изградбата на браните се подетално проучувани и веќе добро познати, така што повеќето од светските економии веќе не инвестираат во овој вид на енергија, а може слободно да се каже дека вложуваат единствено во отклонување на проблемите предизвикани од нивната изградба.

Освен климатските промени, ерозијата на почвата, исчезнувањето на видовите или пак социолошките последици, научниците додаваат уште една последица од изградбата на браните. Промените во земјината ротација ги проучува геофизичарот на НАСА д-р Бенџамин Фонг Чао, кој смета дека со изградбата на големи брани се врши промена на тежината на водата од океаните во резервоарите на овие објекти. Со големиот број на брани изградени во светот, и зголемувањето на моментот на инерција на водните маси, дневната ротација на Земјата би се продолжила за 0,06 микросекунди, додека двата Пола, Северниот и Јужниот, би се нивелирале за 2 см. Со ова, за прв пат во историјата на човештвото, човечката активност ефективно влијае врз движењето на планетата Земја.

Браните и секојдневниот живот на околното население

Page 18: 202

ПОРТА 8 март 2013318

18

градежништво

Реконструкција на булевар Јане Сандански од раскрсница со булевар Србија до раскрсница со улица Васко Карангелески

Булеварот Јане Сандански претставува дел од уличната градска мрежа, кој непосредно преку булеварот Кузман Јосифовски Питу ја поврзува населбата Аеродром

со централното градско подрачје.Поради зголемување на бројот на корисници на сообраќајницата што е во употреба повеќе од 30 години, се јавува потреба од нејзина реконструкција со цел да се задоволат потребите на корисниците што транзитираат во овој дел од градот. За потребите на изработка на проектот e извршена детална теренска проспекција на постоечката состојба на сообраќајницата, при што e констатирано дека истата содржи повеќе оштетувања од типот на ударни дупки, подолжни и попречни пукнатини, повеќекратни местимични санации, колотрази, крпења на постоечката коловозна конструкција и слично. Исто така извршени се и теренски испитувања (вадење на кернови од асфалтот), со цел да се анализираат постоечките слоеви на асфалтната конструкција . На двата коловози во делот на автобуските пострoјки констатирани се деформации на коловозната конструкција, како резултат на тешкото оптоварување од автобусите што сообраќаат по истата.

Проектираната состојба на булеварот Јане Сандански ги задржува постоечките геометриски карактеристики (должина, ширина како и радиуси на кривини). Должината изнесува L=1078 m, а ширината генерално изнесу-ва 33,5 m (два коловоза по 10,5 m и разделен зелен појас од 12,5 m). На двете страни на сообраќајницата

се наоѓа постоечки тротоар во ширина од 2,5 m на кој не е предвидена санација, со исклучок на местата на кои се јавува слегнување на истиот.На основ добиените потребни димензии за асфалтните слоеви, разгледувани се варијанти со дополнителна надградба на асфалтни слоеви како и дебелината на предвидените асфалтни слоеви. Во зоната каде што се најголемите оптоварување (претежно десната лента по која се движат автобусите како и средната лента, деловите пред семафорите, десните свртувања),

м-р Дарко илиевСКи, дипл.град.инжДраго КоТаРанин, дипл.град.инж.Жарко иваноСКи, дипл.град.инж.

Шенѓул МавМуДоСКа, дипл.град.инж.ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје

Page 19: 202

8 март 2013 ПОРТА3 19

19

градежништво

предвидено е да се изврши стругање со дебелина од 12-16 cм и надградба со БНС 22сА со д=7 цм и СМА 16 со д=5 цм. Асфалтниот слој СМА, согласно планираниот период за експлоатација дефиниран од Инвеститорот, за потешките оптоварувања и зголемен временски период, анализиран е и со примена на поли¬мер битумен еластомер – СБС во количина 2-5% додаток во битуменот, како и употреба на целулозни влакна во процент 0,3-1,5%. Воедно за зајакнување на коловозната конструкција особено на деловите каде

се регистрирани пукнатини и деформации кај стариот асфалтен слој, предвидена е примена на полимерна мрежа (може да се види поставувањето на следната слика). Изведувањето на проектот предвидено е да се одвива во две фази, од кои едната фаза е веќе изведена во должина од L = 715 m. На површина од приближно 21.200 m², на дел е поставена полимерна мрежа, а вграден е асфалтен слој од Сплит Мастикс – СМА16, со што се подобрува трајноста, стабилноста и вознодинамичките својства на коловозната конструкција. Втората

фаза во должина од L = 364 m останува да се изведе со цел да се комплетира проектираната рехабилитација на булеварот.

Со санирање на асфалтната конструкција на булеварот Јане Сандански во голема мера ќе се подобрат вознодинамичките услови на дадената сообраќајница. Ќе се подобри патната инфраструктура во тој дел на градот, имајќи предвид дека се работи за една од најоптоварените и најфреквентните сообраќајници, со примена на современи материјали и технологии за изведување коловозни конструкции. Со оваа рехабилитација ќе се овозможи поекономичен и пред сè побезбеден транспорт на корисниците што транзитираат низ истата.

Page 20: 202

ПОРТА 8 март 2013320

20

градежништво Браните Слатино и пишица отворија нова грижа

Не е доволно само да се изградат брани

Несомнено, брани и акумулации треба да се градат, но неопходно е тие и правилно да се одржуваат. „Заборавените“ брани и вештачките акумулации се причината зошто сега ни се случува она што се случува - излевање, нарушување на нивната статика, отворање на процепи за кои е потребна добра и стручна санација Катерина СпаСовСКа-ТРпКовСКа

„Заборавените“ брани и вештачки акумулации се причината зошто сега ни се случува она што се случува - излевање, нарушување

на нивната статика, отворање на процепи, големи штети, опасност за населението. Последните случаи со излевањето на браните Слатино и Пишица ја потврдува констатацијата дека станува збор за опасни локации на кои треба час поскоро да се интервенира за да се избегне сегашната состојба. Состојбата е иста речиси на сите постари брани. Во годините наназад не е направена некоја соодветна интервенција или пак реконструкција, иако тие вештачки

езера се изградени со одредена цел. Нема анализи кој ги одржува и колку низ годините се проверувала нивната исправност. Се стравува дека состојбата е слична со останатите мали акумулации. Иако Македонија има Национална стратегија за води, впечаток е дека во земјата се мешаат надлежностите, а во вакви непогоди ретко кој сака да ја прифати одговорноста. Одржувањето на над дваесет вештачки акумулации се префрла меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, регионалните водостопански организации и локалните власти. Во случајот со браната на Слатинско Езеро, по барање на Дирекцијата за заштита и

спасување, поради недостаток на опрема за дејствување во такви околности, односно отворање на испусните вентили за одлив и намалување на нивото на водата, интревенираше Територијалната противпожарна единица при општина Охрид. Пожарникарите пристапија до блокираниот вентил, навреме го отворија, а со тоа обезбедија проток на вода од езерото и намалување на нивото на водата. Но големиот талог на дното на езерото беше пречка да се отвори главниот испустен вентил на браната. Искуствата од овој вид во Македонија зборуваат дека најчесто за таа намена се ангажираат стручно обучени нуркачи. Тие го отворија главниот испусен вентил на Пишичка

Page 21: 202

8 март 2013 ПОРТА3 21

21

градежништво

брана. Откако се направени огромни штети надлежните најавија санација на оваа брана. Поплавите сигурно ќе повлечат нови и темелни истражувања за состојбата на малите акумулации. Македонија има голема традиција во изградбата на браните. Една од најстарите е браната Матка изградена во 1936 година. Браната го издржала и земјотресот од 1963 година во Скопје. Високите брани во Македонија се во надлежност на Електрани на Македонија ЕЛЕМ и сите

тие се исклучително сигурни. Законски за сите брани е задолжително следење на нивното однесување со инструменти, а контролата на инструментите ја прават стручни лица. Браните треба постојано да се под контрола и да имаат низа сензори за следење на водениот притисок, ама и за останатите параметри, како што се поместувањата и температурите во одделни делови од браните. За состојбите со браните во Македонија зборува професорот Љубомир Танчев, кој е добро запознаен со состојбата на 27 бетонски и на над стотината мали брани. „Сите брани во Македонија се поделени на големи и мали. Во големи брани спаѓаат оние со висина поголема од 15 метри, но и оние со висина меѓу 10 и 15 метри, доколку ги исполнуваат потребните услови. Околу 20 брани, кои се големи, се третирани од посебен интерес за државата. Но тука има еден друг проблем. Има неколку брани кои се доволно високи и ги исполнуваат условите да бидат големи за да бидат од посебен интерес, но тие сепак се третираат за мали и за нив речиси никој не води грижа. Таков е случајот со браните Слатино и Пишица, но и неколку други. За сите укажувавме уште пред многу години дека треба да се води сметка, како да се големи, но нашите предлози не беа прифатени и ете сега што се случи“, објаснува професорот Танчев. „Големите брани“, додава тој, „се снабдени со инструменти

кои сигнализираат, но повеќето од нив со тек на времето откажале од работа, а имаше случаи кога инструментите се расипуваа уште при првото полнење на браната и така останаа. Кај малите брани, пак, проблемот е што не се направени како што треба. Најчесто се штеди на преливникот или тој е несоодветно направен. Поради тоа браната се полни со вода и кога ќе стигне до ниво на излевање

најново

проБиен дел од Браната во Село липа, неготинСкоПробиен е дел од браната во село Липа, Неготинско, и постои опасност целосно да попушти што може да предизвика катастрофални последици, човечки жртви и поплава врз околните земјоделски површини, алармираат претседателот на Месната заедница Јован Гелов и Здружението на граѓани од селото Липа. Според Гелов, проблемите со браната настанале како последица од поројните дождови. Липа е иселено, но постојано го посетуваат луѓе кои потекнуваат од таму и кои имаат обработливи земјоделски површини. Мал е бројот на оние што живеат во селото цела година. (МИА)

Љубомир Танчев: Мора барем еднаш годишно да се контролира во каква ситуација се помалите брани

Page 22: 202

ПОРТА 8 март 2013322

22

градежништво

нема што да ја спречи водата, затоа што преливникот или го нема или е многу мал и не може да ја собере водата. Таков беше сега случајот со Слатино и Пишица, но не е исклучена можноста истото да им се случи и на Новоселска, Иловица или друга брана. Сите тие потенцијално се опасни ако дојде голема вода, а сето тоа поради несоодветен прелив и неконтролирање“. Првичните процени се дека вкупното оштетување на браната Слатино е со должина 15 до 20 метри од круната на браната и со висина од околу 18 метри и при тоа висината на земјениот насип во зоната на оштетувањето не е поголема од еден метар од страната на водата. Професорот Танчев вели дека оваа зона најдобро е да се обложи со геомембрана, да се направи бетонски темел, а од горе да се обложи за да не продира вода. Браната е санирана пред точно 20 години. Во 1993 година езерото било целосно испразнето и откако била поправена браната, езерото повторно било порибено. Но, тоа не значи дека грижата треба да престане со секоја направена санација. Мора барем еднаш годишно да се контролира во каква ситуација се ваквите помали брани, кои низ Македонија ги има околу стотина. Слатинско Езеро е долго еден километар, а најголемата широчина изнесува околу 600 метри. Максималната длабочина е до девет метри и акумулира до милион кубни метри вода. Последен пат браната

во Слатино попушти во јануари 2011 година, кога земјениот насип пропадна на површина од околу 80 квадратни метри. Вештачката акумулација, направена во 1963 година, се полни со вода од Мраморечка Река. Вкупно собира 1,4 милион кубни метри вода, со кои се наводнуваат 420 хектари земјоделско земјиште во тој крај. Познавачите велат дека во Македонија има многу земјени насипи за акумулации кои се користат пред сè за наводнување, кои мора редовно да се одржуваат за да не се повтори ситуацијата со Гевгелиско, кога во поплавите во 2004 година засекогаш исчезнаа ваквите езерца. Гевгелиско ги загуби своите мали земјени брани за наводнување во големите поплави во 2004 година, но сега и Охридско може да биде во слична ситуација. Согласен со тоа дека браните не е доволно само да се изградат и да се остават на времето е и проф. д-р Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти на Градежниот факултет во Скопје и претседател на Комисијата за брани на Министерството за животна средина и просторно планирање. „Несомнено дека не е доволно само да се изградат браните, туку неопходно е и правилно да се одржуваат. Постојат четири фази во реализацијата на браните. Тие етапи се истражување, проектирање, градење и одржување. Во сите фази треба да се почитуваат строги стандарди зошто се работи за исклучително

сложени градежни објекти“, објаснува Петковски. Тој го објаснува начинот на одружување на браните, кој се состои од техничко набљудување, проценка на сигурноста и навремена санација на евентуални оштетувања. Во текот на експлоатацијата, со оскултацијата на браната се регистрира однесувањето на реалниот објект и се споредува со одговорот на моделот. Од споредбата се проценува степенот на регуларно

Љупчо Петковски: Неопходно е браните правилно да се одржуваат

Page 23: 202

8 март 2013 ПОРТА3 23

23

градежништво

однесување на реалниот објект. Доколку има отстапувања, надвор од предвидените граници, тоа би била прва индиција дека се случило некакво оштетување и дека е потребна санација на браната. Што се однесува до последната катастрофа, која се случи со излевањето на браните Слатино и Пишица, Петковски дава објаснување дека тоа е дојдено од неколку причини. Преградниот профил на браната Слатино не бил доволно истражен. Во левиот бок се застапени карстифицирани варовници, со големи понори и каверни, низ кои водата директно истекувала од акумулацијата. Со тек на време струењето на подземната вода во левиот бок прогресивно се зголемувало и дел од привилегираната филтрација завршувал во близина на низводната ножица на браната. Исто така не е изведена дренажна конструкција во низводниот дел, и дошло до интензивна механичка суфозија на земјениот материјал. Со изнесувањето на цврстите честици ослабнала долната зона и дошло до уривање на низводното тело на браната по кружни површини на лизгање, практично од круната до низводната ножица. Во средишниот дел на браната, во широчина околу 10 до 15 метри, остатокот од напречниот пресек на браната се наоѓа во состојба на гранична рамнотежа, со што во оваа фаза санирање на браната е со неприфатлив ризик, објаснува Петковски. Според него до катастрофата е дојдено и поради тоа што оштетен е затворачот на темелниот испуст, а и доколку се отвори, во услови на врнежлив период празнењето на акумулацијата до безбедна кота, поради недоволен капацитет може да се пролонгира на 20 до 30 дена. Како најзначајно, во фаза на експлоатација, целосно затаило одржувањето на хидросистемот. Така, нашата негрижа

довела до деструкција на овој драгоцен водостопански инфраструктурен објект, наследен од нашите претходници. Што се однесува, пак, до браната Пишица, Петковски вели дека податоците со кои располага се непотврдени, но сепак според него од интензивните врнежи генериран бил поплавен бран во сливот, за кој бил недоволен капацитетот на преливниот орган и ретензиониот простор во акумулацијата. Водното ниво во акумулацијата се подигнало над кота на круна на браната и дошло до течење по низводната косина. Оваа појава, која е недозволива кај браните и која не би се случила доколку биле запазени стандардите за хидролошка сигурност, довела до ерозија на низводната ножица. Оваа ерозија со тек на време се продлабочувала кон круната на браната. Завршниот облик на уривањето кај Пишица е сличен со формата кај браната Слатино, но причината за уривањето е целосно различна. Со уривањето на низводниот дел на браната од круната до ножицата, во средишниот пресек на браната дојде до директно истекување од акумулацијата. Во услови на површинско течење низ пробивот практично е невозможно да се интервенира во најоштетениот дел на браната, смета Петковски. Состојбата со стабилноста на двете брани е многу сериозна, а населението во низводните долини треба да биде предупредено и евакуирано. Санација на браните е можна само откако ќе се испразнат акумулациите. Двете брани се толку силно оштетени, што санациите практично ќе се сведат на изведба на нови брани, секако, доколку постои интерес на тие преградни профили и во иднина да постојат брани и акумулации за водокорисниците, вели Петковски.

излезе од печат „енциклопедија за езера и акумулации“

Во текот на минатата година, во издание на германската издавачка куќа „Шпрингер“ излезе од печат „Енциклопедија за езера и акумулации“, на англиски јазик. Се работи за обемно дело од околу 1000 страници А4 формат, луксузно опремено, во кое преку бројни одредници се прикажани природните езера и вештачките акумулации во светот. Уредници на Енциклопедијата се Л. Бенгтсон (Шведска), Р. Хершли и Р. Феабриџ (В. Британија), а автори на одредниците се преку 160 научници од 30 земји, меѓу нив и двајца од Македонија: Станислава Додева („Македонските езера“) и Љубомир Танчев („Браните и акумулациите во Македонија“).

Љупчо Петковски: Неопходно е браните правилно да се одржуваат

Page 24: 202

2012

Kingspan акустични панели Да ја запреме бучавата!Kingspan претставува ново решение за ѕидни и плафонски акустични панели.Акустичен панел KS1150 е наменет за акустична золација и за акустична апсорпција.Внатрешната страна на панелот е потполно перфорирана, модуларната ширина е 1150 мм, а стандарната должина е помеѓу 2 и 6 метри. Изолациското јадро е од ламелирана камена волна.Панелите се достапни во дебелина од 60 мм до 150 мм.Акустичкиот панел KS1150, заради брзото и едноставно вградување и одличните изолациски карактеристики, е најдобро решение за простори на кои им е потребна дополнителна звучна изолација.

s

Izmjerene karakteristike

S

Page 25: 202
Page 26: 202

ПОРТА 8 март 2013326

26

интервју марио аСCиСи, арХитект

Инспирацијата е во магацините на секојдневниот животНа некого му е потребно да помине мало растојание за да го најде својот пат, а нечија животна патека, пак, ги поминува границите на она што е предодредено од раѓање и се слева со светот, токму како онаа на архитектот Марио Ассиси, Македонец со италијанско потекло кој живее во Ферара. За него, разбирањето на современата архитектура е разгледување на дуалитети кои се движат од прагматично до утописко, од аналогно до дигитално, од секојдневно до монументално.

Живеете и работите во Ферара, а често навраќате и во родната Македонија. Како се случи да останете во италија? Во раното детство голем дел од времето го поминував со дедо ми, родум од Палермо, Италија, кој сосема спонтано ми внесе еден посебен куриозитет и желба за подетално осознавање на најзината култура, народ и традиција. Таа желба се конкретизираше со почетокот на моите студии во Ферара, мал град со голема душа, градот на Биаџио Росети, Џорџио Басании на Микеланџело

Антониони. Тука запознав прекрасни луѓе, ги започнав моите први професионални ангажмани и продолжив да соработувам со Факултетот за архитектура. Доста патувам во странство, но се навраќам и во Македонија, тука се моите најблиски и мојата фамилија. Номад по дух, ми се допаѓа идејата да не си граѓанин на едно место, туку да си граѓанин на Земјата.

INOUT е мултидисциплинарно студио, објаснете кои се вашите сфери на дејствување?

INOUT е основано од мене и од Валентина Милани со идеја за истражување на архитектурата како дејност меѓу различни дисциплини. Оваа наклонетост развиена со посебна методологија претставува алатка преку која креираме нови простори коишто соединуваат социјални, урбани, функционални и формални прашања. Тргнувајќи од креативни и прагматични задачи, INOUT се стреми да даде современи и елегантни одговори. Секој проект претставува нов предизвик и се развива без наметнат

Кате анТевСКа, историчарка на уметност

Ентериер на канцеларија, Ферара, Италија

Page 27: 202

8 март 2013 ПОРТА3 27

27

интервју

стил, и нуди решенија врз основа на истражување, концепт и материјали. Со свеж поглед и различна перспетктива, INOUT верува дека инспирацијата се наоѓа во магацините на секојдневниот живот.

Станбениот објект во Бардовци, кој годинава доби пофалница за реализирано архитектонско дело за 2012 година, е оценет како инспиративен, фотогеничен и обид на еден автор да даде одговор на прашањето што e всушност архитектурата. Кое е вашето мислење? Архитектурата мора да воспостави еден

дијалог или континуитет со контекстот (културен, социјален, временски или просторен) во којшто се наоѓа. Проектот во Бардовци е своевидна реинтерпретација на скопската модерна архитектура. Тaa e една заедничка фасцинација која брзо нè зближи со инвеститорот. Поврзаноста и односот меѓу тоа што се вика внатре и надвор, успеавме да го конкретизираме преку едно стратешко поставување на објектот и негова комплетна отвореност кон градината. Надворешниот изглед на куќата е енигматичен, сосема различен од околината. Затворените кубусни форми и бетонската фасада воопшто не ја откриваат

внатрешната благородност. Поминувајќи преку голема дрвена врата, посетителот влегува во комплетно нов внатрешен свет, една оаза на мирот во која надворешниот и внатрешниот простор целосно се спојуваат.

Меѓу другото, работите и на „лендскејп“ дизајн. предизвик е да се креира на отворено, на големи провршини? Фасциниран од големата димензија, од филмовите на Вернер Херцог и од квалитетот на просторот, повеќе отколку од функцијата, последната година од моите

студии ја поминав во TU Delft во Холандија каде што имав можност да работам теми поврзани со „лендскејп“ дизајн. Пејзажот е повеќе процес отколку производ. Проектот анализира и валоризира се што е поврзано со трагите на времето: циклусот на годишните времиња и на климата, циклусот на водата, менувањето на денот и ноќта, растот и опаѓањето. Отворените простори се простори на транзиции и секвенци во кои поважни се меѓусебните релации отколку перфекцијата на објектите и елементите што ги окупираат. Од таму заминав во Њујорк каде што ја работев мојата дипломска на тема Gateway National Recreational Area, наградена од IFLA (International Federation of Landscape Architects). Преку паралели со неформалната уметност проектиравме уреди коишто мониторираат промени во амбиентот и околината.

Добивте прва награда за дизајнот на археолошкиот парк на античкото наоѓалиште Клатерна. Тешко е да се работи на оживување на археолошки локалитети? Архитектурата и археологијата се еден бином, кој многу го

Проект за воден парк во Нинесхамн, Шведска

Станбен објект во Бардовци добитник на пофалница за реализирано архитектонско дело за 2012

Станбен објект во Бардовци

Page 28: 202

ПОРТА 8 март 2013328

28

интервју

развиваме во последниве неколку години. Учествувавме на неколку интернационални конкурси:Кампи Диомедеи - неолитски локалитет во Фоџиа, за кој добивме втора награда, Изморториус Нураге Диана - мегалитска конструкција од бронзено време, за која исто така добивме втора награда, и локалитетот Клатерна што потекнува од II в. пред н.е., за кој освоивме прва награда. Овие проекти постигнаа голем успех меѓу општинските администрации и жири комисиите формирани од експерти од повеќе области. Проектите се конципирани како отворени и флексибилни матрици без специфична статичка форма, коишто овозможуваат бескрајни конфигурации врз база на потребите и програмата на археолошките локалитети. Идентитетот е загарантиран преку повторување на едноставни стратешки елементи кои се мултиплицирани со одреден критериум и даваат една нестабилна, но јасна просторна вредност (треви со низок корен кои не ги компромитираат археолошките слоеви, тотеми кои ориентрираат и објаснуваат вредности и записи, лесни кровови со можност за демонтажа и поместување). За нивното одржувањебеа вметнати содржини поврзани со рекреација, преку кои локалитетот обезбедуваше дополнителни финансии. Оваа формула доста едноставно може да се реплицира и на нашите, македонски локалитети, адаптирајќи ги истите стратегии на специфичната морфологија и услови.

Што е за вас најважно во архитектурата, сеедно дали се однесува на проектирањето на објекти или дизајнирањето на надворешни површини? Како архитект мислам дека е битно да се продолжи да се трага по нешто ново.Разбирањето на современата архитектура води кон разгледување на една низа од различни позиции и дуалитети кои се движат од прагматично до утописко, од аналогно до дигитално, од секојдневно до монументално, често надминувајќи ги границите на сопствената дисциплина. Во ваков контекст од фундаментално значење е креирање на сопствени алатки и сопствен речник, од чиишто комбинации се раѓаат единствени нешта. Новите состојби бараат нов начин на размислување.

архитектура без останатите уметности, возможно или не? Секој објект поседува способност да претставува и нешто друго од она што тој е очигледно. Уметноста, литературата и филмот помагаат да се работи на ваквите претстави. Дисциплинарните ограничувања и регулаторните режими се обиди да се контролира будењето на креативниот живот. Нашата работа е да ги прескокнуваме оградите и да ги сечеме полињата. Евоцирањето на водата преку рефлексите на лимот во "Torri dell Acqua", работата со блесокот и рециклираното стакло во "Јardin de Metis", мултипликацијата на вегетативни елементи вo "Piantala" се теми во коишто наоѓаме доста интерференции со движењата во Land Art и Arte Povera.

велите дека објектите во Скопје изградени после земјотресот се највредните архитектонски остварувања на градот, но недоволно одржувани. Каква би била архитектонската интервенција што ќе ја врати нивната „свежина“? Не викам дека се највредните објекти, меѓутоа тоа се несомнено

Инсталација по повод отворањето на Музејот во кулите во Ферара, Италија

Добиена награда на интернационалниот натпревар за оживување на мегалитската конструкција Изморториус Нураге Диана,

Сардинија, Италија

Page 29: 202

8 март 2013 ПОРТА3 29

29

интервју

шармантни артефакти од македонскиот модернизмот. Скопје е единcтвената метропола во Eвропа со модерен мастерплан во строгиот центар на градот. Неуспехот да ги интерпретираме овие

траги како вредност, придонесува за креирање на еден банален дисконтинуитет во нашата современа архитектура. Без помнење иновацијата е само новост. Историјата му дава правец на растот. Да се работи на објетки со докажана архитектонска вредност е деликатна работа и бара посебен сензибилитет. Архитектот во случајов е еден вид на хирург, кој со мали интервенции во најкомпромитираните точки на објектот му дава еден нов сјај, зачувувајќи го духот и трагите од минатото, но во исто време давајќи една нова интерпретација за вредноста на самиот артефакт.

Добивте прва награда на меѓународниот конкурс за ревитализација на средновековниот локалитет Рошиоло де Марси во абруцо.

Со што вашето решение го заслужи ова признание? Рошиоло де Марси е еден прекрасен средновековен локалитет во Абруцо кој се наоѓа на падините на планината Гран Сасо.

Искористувањето на ваквите историски локалитети преку програмата Дифузен Хотел се воведува во почетокот на 90-тите години. Тоа е типична италијанска стратегија за ревитализација на постојните ресурси без нарушување на нивната структура и морфологија. Нашиот проект доби прва награда поради вметнувањето на еден храбар контраст меѓу постојната традиционална архитектура и новите современи елементи. Преку нивна деликатна и лимитирана употреба успеавме да изградиме еден посебен дијалог со структурите од минатото.

Привремена инсталација по повод отворањето на Spazio Grizu, поранешена пожарна во Ферара, Италија

Реновирање и проширување на апартман во Ферара, ИталијаПроект за ревитализација на средновековниот локалитет Рошиоло де Марси во Абруцо, Италија

Page 30: 202

ПОРТА 8 март 2013330

30

архитектура

Нови симболи на старите симболи и едно дрвоОваа година во светот на српското градежништво не се навестуваат никакви промени во однос на претходната, ниту пак тоа во овој момент се очекува. Некако со одредена доза на мрзливост и навиката на долгогодишна стагнација, стручната јавност не успева да ја квалификува моменталната ситуација, освен со некаква констатција дека е катастрофална. На специјализираните средби, саеми и здруженија сè поголем е бројот на оние што едни од други бараат работа, со желба „нешто да се помрдне“, но она што недостасува се секако парите. Но, тоа не значи дека во светот на архитектурата во Белград не се случува ништо. Еден шеик од Соединетите Арапски Емирати беше во Белград. Еден министер изјавил дека е заинтересиран за вложување во срушената зграда на Генералштабот. Едно министерство започна иницијатива на зградите од Генералштабот да им се укине статусот на културно наследство. Така, започнати се многу иницијативи, стучни мислења, петиции и идеи. Сепак, тоа е само почеток на една приказна за промените во Белград. Промени кои не се само архитектонски, наменски, туку пред сè и симболички.

м-р Ѓорѓе јоКиќ, дипл.инж.арх.

Во текот на големиот градежен замав, во шеесеттите години од минатиот век, на просторот на Нов Белград е изградена зградата на Централниот

комитет на Кумунистичката партија на Југославија. Се работеше за висока зграда со правоаголна основа, со едноставен изглед со дваесет и четири ката. Покрај кулата, по проект на архитектот Михаил Јанковиќ, требаше да биде реализиран и кружен павилјон со конференциска сала. Многу години, се до изградбата на „Генекс кула“, зградата на ЦК беше највисоката во Белград. Како симбол на комунистичката партија, пет години откако е завршена во 1970 година, зградата на ЦК беше дел од неуспешниот авио атентат, како

некоја најава на несреќната судбина која се случи скоро три денеции подоцна. Таа 1970 година, политичкиот емигрант Никола Каваја планирал со киднапираниот Боинг 747 да ја сруши зградата. Авионот беше киднапиран, но Каваја не успеа во својата намера. Осуден е на 60 години затвор, од кои зад решетки помина 23 години. Како дојде времето во кое исчезна комунистичката партија на Југославија, така и зградата се преименува во Деловен центар „Ушче“. Како објект со голем деловен простор, зградата Ушче стана седиште за голем број компании, политички партии, телевизиски и радио медиуми. Тоа и беше сè до 15 април 1999 година кога НАТО пактот испука 12 томахавк ракети и тешко ја оштети зградата, која во таа прилика не беше срушена.

„југоСлавија“Некогашниот ЦК, како што го викаа белграѓани, иако тој назив исчезна десетина години пред да е оштетена зградата, беше една од белградските рушевини после 1999 година, сè до 2002 година кога стана сопственост на приватна компанија и почна реконструкција која траеше три години. Тогаш, веќе и официјално под името Деловен центар „Ушче“, зданието е модернизирано и доградени се два ката, поточно простор на последниот кат со двојна висина. Денес тоа е највисок ресторан од затворен тип во Белград. Во опркужувањето, пред четири години, отворен е трговски центар со официјален назив Shopping Center UŠČE , во сопственост на истата приватна компанија. Трговскиот центар моментално е најголем таков

Зградата на ЦК некогаш

Page 31: 202

8 март 2013 ПОРТА3 31

31

архитектура

Нови симболи на старите симболи и едно дрвопростор во Белград, а по некои приказни и на Балканот. Три недели откако зградата „Ушче“ беше оштетена, истата судбина го снајде уште еден репрезентативен објект - хотел „Југославија“. Во ноќта меѓу 7 и 8 мај 1999 година, зградата е погодена со два проектили, според раскажувањето на луѓето, со прочуениот американски стелт бомбардер Б2. Таа ноќ било многу „интересно“ во тој дел на градот, имајќи предвид дека покај хотелот „Југославија“ е погодена и амбасадата на

Кина. Приказната за хотел „Југославија“ почнува со распишување на конкурс во 1947 година за „државен репрезентативен хотел“ на брегот на Дунав, покрај тогашната железничка станица Земун, која подоцна ќе биде отстранета, а победил трудот на проектантскиот завод на Хрватска. Заради политичката ситуација и изолацијата на Југославија, после разидувањето со СССР, за изградбата на објектот се чекало две децении и тој е завршен дури во 1969 година. Хотел „Југославија“ бил

најголем и најмодерен хотел во цела „Југославија“, со седум ката, 1100 лежаи, 1500 простории, ресторани од 600 и 200 места, како и придружни содржини. За своите триесет години, колку што хотелот работеше, угостил некои од познатите светски имиња како Ричард Никсон, Џими Картер, кралица Елизабета II, Тина Тарнер, Нил Армстронг и Вил Брант. Една година после нападот на хотел „Југославија“, авторот на овој текст имал можност да престојува во големата сала, посебен дел кој се наоѓа поблиску до реката. Тука беше прославата на мала матура на основното училиште. Поголем дел од салата бил пригодно уреден, додека еден дел бил затворен, на левата страна се наоѓала и затворена врата која водела во оштетениот дел на хотелот. Иако во 2006 година е купен за 31 милион евра со планови за реконструкција и изградба на додатна кула, хотелот и до денешен ден остана празен. Како главна причина за непокренување на инвестиции е регулативата што не дозволува изградба на високи кули во таа зона на Белград, што е една од замислите на инвеститорот. Сепак, еден дел од хотелот, големата сала, поблискиот дел до реката, преуреден е и моментално е најголема коцкарница во Србија - Гранд Казино.

СтокХолмСки СиндромСекако најголем и најзначаен објект од оваа приказна е комплексот згради на Генералштабот. Комплексот го карактеризираат два монументално

Зградата „УШЧЕ“ сега

Зградата на Генералштабот некогаш

Зградата на Генералштабот сега

Page 32: 202

ПОРТА 8 март 2013332

32

архитектура

степенасти завршени трактови, кои се спуштаат каскадно кон улицата Немањина. Според приказните, таков архитектонски израз како симболика ја има Сутјеска. Дело е на познатиот архитект Никола Добровиќ, градено помеѓу 1955 и 1965 година, и тоа е единствен објект од тој архитект во Белград. Овој комплекс на згради, со својата архитектонска форма стана едена од најмаркантните урбани слики на Белград и претставува еден од најдобрите примери на модернизмот на територијата на Србија. Она што ги поврзува на некој начин зградата на Генералштабот, хотелот „Југославија“ и зградата „Ушче“ е судбината на бомбардирани згради за време на НАТО бомбардирањата во 1999 година. НАТО пактот во два наврати ја погодуваше зградата на генералштабот, во ноќта помеѓу 30 април и 1 мај. Без разлика што во непосредна близина беа погодени уште многу згради, како зградата на Владата на Србија, Сојузниот МУП, Републичкиот МУП, зградите на Генералштабот станаа прав симбол на страдањата на Белград во 1999 година и ден-денес се најпознатите бомбардирани објекти во Белград. Години после тој чин, односот на српските власти имаше примеси на „стокхолмски синдром“, па во согласност со државната политика, просторот околу самите згради остана во потполност неуреден и без какви било информации за сите оние што тука поминуваа и се прашуваа како и зошто тоа се случи. Сепак, заради опасноста објектот да не биде продаден и срушен, државата дури во 2005 година донела одлука монументалното дело на Добровиќ да се прогласи за културно наследство, што значеше дека изгледот, во случај компексот да биде продаден, не може да биде променет, поточно дека изгледот мора да се врати во првобитната состојба. Годините поминуваа, ништо не се случуваше, минувачите негодуваа, едни сметаа дека зданието треба да остане какво што е, како потсетник на немилите случувања, други сметаа дека треба да се обнови, трети дека треба да се сруши. Пред неколку месеци, првиот потпретседател на владата на Србија, Александар Вучиќ изјави дека шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан бил заинтересиран за вложување во тој простор, и наместо рушевини тука ќе стои модерна зграда, најверојатно хотел. Набрзо после тоа, министерството за градежништво побара да се укине статусот на културно наследство. Дека државните органи не сакаат да чекаат покажува и фактот што Владата на Србија именувала

Зградата на Генералштабот сега

Макета од зградата на Генералштабот

Зградата на Генералштабот сега

Page 33: 202

8 март 2013 ПОРТА3 33

33

архитектура

нов управен одбор на Републичкиот завод за заштита на споменици, кој може да ја донесе одлуката за укинување на статусот. На целокупната идеја ѝ се спротивстави стручната јавност, Асоцијацијата на српските архитекти, како и голем број здруженија кои вклучуваат и генерали од бившата ЈНА. За сега петициите се пишуваат на Интернет, се отвораат страници на социјалните мрежи, а претставниците на струката најчесто се единствени во ставот дека монументалното Добровиќево дело мора да биде обновено или сочувано како што е сега, а никако срушено и заборавено. Колку иницијативите ќе бидат успешни, останува да се види. Одредена иронија постои во фактот што просториите на некогашната комунистичка партија на „Југославија“ денес се пополнети со претставници на странски банки, како и фактот што под нивните прозорци не се наоѓа „градот на самоуправувачите“ туку најголемиот трговски центар во Белград, кој во потполност ги има сите карактеристики на моделот на капиталистичкото потрошувачко општество. Во исто време, во непосредна близина се наоѓа најголемата коцкарница во Белград. Додека блескавите светла на коцкарницата повикуваат стотици луѓе кои тука секој ден доаѓаат во потрага по својата среќа, зад неа во тишина и во мрак се наоѓа „Југославија“. Напуштена, со испукани прозорци, препуштена на забот на времето, „Југославија“ тивко пропаѓа.

шеикЗа тоа време, политичарите, архитектите и инвеститорите водат „битка“ што ќе се случи со изрушените и запуштените згради на Никола Добровиќ. Сепак, колку е природата посилна од човечките раце, покажува и дрвото кое расте во рушевините на Генералштабот на последниот кат. Како и кога доспеало семето таму, не се знае. Рулетот се врти, „Југославија“ е во мрак, светлата на трговскиот центар горат секој ден, Централниот комитет тука веќе го нема, а едно дрво расте на последниот кат на зградата на Генералштабот. Се е нормално, дури и шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан во текот на својата посета беше во трговскиот центар „Ушче“, велат се прошетал, бил во продавница за домашна опрема, каде на сопругата и купил „нешто за готвење“, бидејќи многу сака да готви. Да беше и во Гранд Казино, шеикот секако индиректно би станал дел на новата симболика на старите симболи на Белград. Дали шеикот ќе остави своја трага со новите симболи на Белград, останува да видиме. До тогаш дрвото на кровот сигурно ќе продолжи да расте.

Хотелот „Југославија“ некогаш

Хотелот „Југославија“ по бомбардирањето

Новиот проект за „Југославија“

Page 34: 202

ПОРТА 8 март 2013334

34

архитектура

МАНИФЕСТ ЗА КОЛУМБИСКИОТ МЕДЕЛИН

Вистинската приказна за трансформацијата на Меделин започнува со граѓанското движење од средината на деведесеттите години на 20 век, на кое се приклучуваат политичари, индустријалци, архитекти со заедничка цел. Најважната работа која се случи во градот не е архитектурата, туку „социјалниот активизам“, креиран од политичари и претприемачи, кои треба да изградат поинаква иднина.

Да се направат мали интервенции, изведени на реален контекст и релација со зададениот контекст стана за архитектурата,

парадоксално, иновација која привлекува неочекувано внимание. Таков е случајот со градот Меделин, втор по големина град во Колумбија, чија урбана трансформација ја засени нејзината репутација од 90-тите години на град со највисока стапка на убиства, домот на Пабло Ескобар и завојуваните нарко картели. Денешниот Меделин е дел од

архитектонските списанија со своите нови објекти и урбаната инфраструктура како дел од поголема социјална и економска екологија. Паралелно со намалувањето на криминалниот рејтинг, во средиштата на фавелите раснат нови училишни центри, социјално домување, јавни простори и паркови. Традиционално, проектите за урбан развој во Колумбија се фокусираат на изнаоѓање на поединечни солуции за одредени физички проблеми или стануваат формални експерименти каде естетиката и социјалниот активизам меѓусебно се исклучуваат. Моделот

што овозможи успех во промените на урбаното ткиво во овој град е заедничката визија на социјалните организации, планери, архитекти и политичари за трансформирање на квартови кои долго време се маргинализирани од градот.

Социјален урБанизамПочнувајќи од 2000 година, политиката на Меделин се фокусира на реактивирање на дел од напуштените населби во градот. Нарекувајќи ја својата стратегија „социјален урбанизам“, градоначелникот Серџо Фахардо започнува со реализација на проекти за училишни објекти и паркови,

Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.

Фавела 'Santo Domingo' со поглед на Меделин

Page 35: 202

8 март 2013 ПОРТА3 35

35

архитектура

под слоганот „Едуциран Меделин“. Прв од низата реализации - објектот на библиотеката на архитектот Џанкарло Манзети, за овој градоначалник е симбол на новиот Меделин, кој треба да го рефлектира фактот што насилството, кое лимитира можности, може да биде конфронтирано преку знаење и социјален активизам. Како манифест кој ги поврзува решенијата на мобилност, развојот на населбите и едукацијата заедно со обновата на јавните простори и зелени простори, главните урбанистички планови стануваат катализатори за проекти за мали јавни простори и инфрастуктурни интервенции околу специфични локации. Транспортниот

систем е подобрен со изведбата на воздушната метро-жичара (со систем на гондоли) и подвижните ескалатори за најстрмните подрачја на градот, отворањето на нови метро станици и железнички линии. Освен општинската администрација и одделот за урбанизам кон реализација на проектите се приклучува нов огранок за урбан развој (Empresa de Desarrollo Urbano) и две независни организации (Comfenalco и Comfama) кои ги поддржуваат интервенциите за урбан развој преку фокусирање на едукациски, здравствени, станбени и културни сервиси. Покрај наследената архитектура на Модерната, која датира од 30-тите години на 20 век,

Меделин смета на агресивно промовираната генерација на млади архитекти и лојалноста на локалните компании кои ги подобруваат социјалите услови, каква што е најголемата од нив - Е.Р.М. Оваа државна компанија (Empresas Públicas de Medellín), која е задолжена за водоснабдувањето, гасоводот, телекомуникациските врски и снадувањето со електрична енергија е конституционално обврзана да ги снабдува со вода и електрична енергија дури и градските илегални фавели. И повеќе од тоа, нејзиниот профит се инвестира во изградба на нови училишта, јавни плоштади, метро линии и паркови, особено во интервенциите од последната декада.

проект „едуциран меделин“ како урБан катализаторХибридните едукативни објекти (библиотеки/паркови) се стратешки позиционирани на различни локации во градот. Бидејќи фавелите се сметаат за области со поголем дефицит на едукациски, културни и основни сервиси, овие комплекси се поставени во нивна близина или се вткаени во самото неформално урбано ткиво. Десет едукативни објекти се дел од првите проекти на урбаната трансформација на градот, чија цел е зајакнување на фавелите како центри за развој на социјалната култура. Џанкарло Мазанти ја предводи оваа промена. Овој архитект од Богота е дизајнер на библиотеката Espana - три поврзани монолитни структури, лоцирана во маргинализирано подрачје на градот (Comuna Santo Domingo). Предлогот е фрагментирање на програмата во три Библиотеката ’Espana’ - Џанкарло Мазанти

Библиотека "Leon de Greiff" - Џанкарло Мазанти Училиште Санто Доминго Савио

Page 36: 202

ПОРТА 8 март 2013336

36

архитектура

групи: библиотека, администрација со простории за едукација и аудиториум, и нивно поврзување со платформа која ќе овозможи флексибилност и автономија на секој од волумените. Со нејзината позиција овој извиткан објект-карпа со ирегуларна контура ги дефинира идентитетот и визурата на градот. Опкружувањето од мали куќи од тула, без озеленети зони, продуцира униформна текстура на градот како објект - пејзаж, како икона, задржувајќи ја тензијата што веќе постои. Географијата е елемент на хиерархија, а архитектурата како епитом на текстура. Во првите изведени проекти на едукативни објекти се вклучени библиотеката во комуна 13 - Сан Хавиер на архитектот Хавиер Вера, која нуди различитост во едуативните и забавни активности на населбата и училиштето La Independencia на "Udeb Arquitectos" од 2007 година. Објектот на училиштето Santo Domingo Savio, поделен во серија на тераси и променади кои надвисуваат над околиниот стрмен терен и му даваат на објектот јавен и отворен карактер. Неговата зелена рамна тераса е видиковец и место за средба како за учениците, така и за околното население или посетителите. Дел од амбициозниот урбанистички план е и библиотеката Fernando Botero на архитектонското студио ’G Ateliers Architecture’ , во населбата Сан Кристобал што долго време е игнорирана од државната политика и социјалните инвестиции. "Genius Loci" на ова полу-урбано подрачје е во силна врска со природата. Искршената површина и стрмната топографија

генерира урбана морфологија која ги изложува ѕидовите на објектите и нивните неправилно распоредени прозорци, како урбана текстура на „градска перфорација“. Тоа е причината зошто читливоста на отворите - перфорации како прозорци кон надворешноста се генезата на проектот на самата библиотека. Монолитниот изглед со игра на набори и празнини е во спротивност со нејзината скулптурална внатрешност, со комплексната анатомија на посакуван волумен, светлина и амбиент.

централен диСтриктНеколку проекти успеваат да отворат делови од централното градско подрачје, кои претходно биле третирани како затворени енклави и да бидат достапни на поширока публика. Една од нив, напуштената ботаничка градина која за своето повторно отворање го имплементира засолништето за одгледување на орхидеи - Orquideorama. Архитектурата на Камило Рестрепо и Филипе Меса - ’Plan:B Arquitectos’ се заснова на организационите модели на живите системи - дрвја/

растенија и хексагоналната ефикасност на саќе. Групата од метални дрвја и дрвена текстура создаваат неправилна листовидна површина околу шест страни на периметарот. Ова ново засолниште се отвора хоризаонтално и ја зајакнува постоечката атмосфера на градината. Двојниот мотив е содржан и во спортскиот комплекс Четири спортски сценарија на архитектите Џанкарло Мазанти и Филипе Меса (Felipe Mesa) - ’Plan:B Arquitectos’, изграден во 2010 година, за одржување на деветтите Јужноамериканските игри. Посетителот е соочен со модел од решетки, паралелни ленти и хоризонтални површини чии линии се превиткуваат од една страна кон друга, како да се влакна од поголема ткаенина која не можеме целосно да ја согледаме. Однадвор и навнатре лентите играат жонглирачки акт помеѓу дезинтеграција и растење. Тоа се парчиња на архитектура која ја задржуваат својата форма во суспензија, предвидуваат нови корисници и активности и затоа ја прошируваат нивната цел - да станат повитални и латентни. Перфорираната

„Orquideorama“ Камило Рестрепо и Филипе Меса - ’PlanB Arquitectos’

Спортски комплекс - Џанкарло Мазанти и Филипе Меса

Библиотека „Fernando Botero“ - ’G Ateliers Architecture’

Page 37: 202

8 март 2013 ПОРТА3 37

37

архитектура

фасада го контролира движењето на ветерот и ја намалува потребата од механичка климатизација во внатрешноста. Спроти салата за спортски активности е изведен и комплексот на базени на архитектонско студио ’Paisajes Emergentes’. Во склоп на урбаните проекти за ревитализација на финансискиот центар на Меделин се и соседниот Parque de los Deseos (босоногиот парк) на архитектот Фелипе Урибе де Бедоут и паркот Explora на архитектот Алехандро Ечевери, завршен во 2008 година. Во четири масивни, лебдечки форми облечени во црвен алуминиум е сместена програмата на интерактивниот научен музеј. Серијата на отворени простори, водни површини и долгото шеталиште се популарна дестинација за локалното население.

арХитектонСки активизамВистинската приказна за трансформацијата на Меделин започнува со граѓанското движење од средината на деведесеттите години на 20 век, на кое се приклучуваат политичари, индустријалци, архитекти со

заедничка цел. „Најважната работа која се случи во градот не е архитектурата, туку „социјалниот активизам“, креиран од политичари и претприемачи, кои треба да изградат поинаква иднина“, вели

Хорхе Перез, поранешен раководител на одделот за урбанистичко планирање на градот. Вистинскиот проект на Меделин припаѓа на социјалната организација, со дел од населението што заеднички се групира и решава повторно да ја напише сторијата на градот.Урбаната акупунктура која реорганизира градски сектори преку дизајнерска интервенција, се движи во опсег од долгорочна урбана обнова која дава предност на големи инфраструктурни промени до помали решенија кои вистински одговараат на потребата на населбите. Тоа секако бара детално разбирање на градот - неговите точки на ранливост, сервиси, потенцијални точки на поврзување и силна чувствителност кон населбата на која и служи. Сите овие акции имаат елемент на јавна партиципација во нивниот

развој, и се дефинирани во согласност со потребата на секоја околина. И бидејќи буџетот е лимитиран, менаџментот се фокусира на стратешки проблеми: нееднаквост, насилство, илегалност. Населението и помладата генерација на архитекти на градот се претпазливи за иднината на оваа обнова, на лесни решенија и погледот на оваа архитектура како крај на самата себе. Оваа скептичност може да се прочита како охрабрувачки знак во поглед на барање на уште поголеми кративни решенија преку хуманитрната улога на архитектонскиот активизам и надоврзувањето на постарата генерација на архитекти, и надминувањето на потрбата на иконски објекти од насловните страници на архитектонските списанија. Оваа неуморна енергија на претстоечката генерација, во град каде што луѓето веќе ја имаат целта за поголема еднаквост, ветува дека промената ќе продолжи.

Kомплекс „Четири спортски сценарија“

Парк „Explora“ - Алехандро Ечевери

Спортски комплекс - Џанкарло Мазанти и Филипе Меса

Page 38: 202

ПОРТА 8 март 2013338

38

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

архитектура

Заха Хадид ќе го проектира новиот центар на Братислава

Бирото на Заха Хадид ќе го проектира новиот станбено-деловен центар Culenova City во Словачка. Новиот центар го сочинуваат седум објекти кои ја опкружуваат напуштената електрична централа која, секако, ќе се претвори во уметничка галерија.

Page 39: 202

8 март 2013 ПОРТА3 39

39

архитектура

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Планот е околу централниот дел на новиот блок да се направат елипсести и овални згради кои ќе ги формираат новите платформи и простори со

невообичаен облик – што е многу карактеристично за Заха Хадид.Првата фаза на проектот, која моментално се изведува, е градење на кула висока

115 метри и ресторани. Втората и третата фаза вклучуваат изградба на деловни и станбени кули, како и конверзија на електраната во галерија.

Page 40: 202

ПОРТА 8 март 2013340

40

архитектура награда „миС ван дер рое 2013“

Културен и бизнис центар „Харпа“

Главната концертна сала има капаците од 1.800 седишта, додека целиот објект се простира на 28.000 квадратни метри. Овој комплекс со својот капацитет станува значајно место и симбол на исландскиот реновиран динамизам по големата економска криза.

Во главниот град на островот Исланд, Рејкјавик, блесна новата концертна сала „Харпа“ која произлезе како резултат од соработката на архитектите од данското

студио „Хенинг Ларсен Архитекти“ и локалниот уметник Олафур Елиасон. Објектот официјално се отвори на 4 мај 2011 година со концерт на Исландскиот симфониски оркестар, со многу гости и разновидна музичка програма прославувајќи ги исландските културни ноќи. Овој објект, исто така, е номиниран за престижната награда за најдобро архитектонско дело „Мис ван дер Рое“ за 2013 година. „Харпа“ е дизајнирана од архитектонското студиото „Хенинг Ларсен“, додека акустичниот инженеринг беше

дело на реномираната компанија „Артек“. Соработката со уметникот Елиасон најмногу се базираше на дизајнот на фасадата, која ја истакнува естетската и функционалната вредност на целиот објект. Овој објект е дом на Исландскиот симфониски оркестар и на Исландската опера, а со тоа ќе биде од огромно значење за подигнување на културата во Исланд и пошироко. Покрај културното значење на „Харпа“, програмата налага овој објект да биде и туристичка атракција како и бизнис центар. Името на овој објект е инспирирано од името на инструментот (Харфа), а воедно по стариот исландски календар го означува месецот кога започнува летото.

оБјектОбјектот е лоциран на главното

пристаниште во Рејкјавик точно помеѓу центарот на градот и Северниот Атлански Океан, со што ќе стане централен објект на градот. Според архитектите од студиото „Хенинг Ларсен“, внатрешната структура на градбата ја оформува нејзината функционалност. Гледано од фоајето, главната концертна сала, која доминира со нејзината големина и интензивна црвена боја, формира еден масив заедно со споредните помали сали кои се наоколу. Овој внатрешен масив тотално се разликува од експресивната отворена фасада со што се обликува внатрешниот меѓупростор, кој продолжува во надворешниот дел во вид на плоштад. Со ова, околината на објектот се вклопува во целокупниот архитектонски концепт. Во развивањето на просторниот и функционалниот концепт,

александар ЧеРепналКоСКи, дипл. инж. по дрвна индустрија

Page 41: 202

8 март 2013 ПОРТА3 41

41

архитектура

архитектите предност даваат на можноста во овој објект да се организираат и големи и мали збиднувања, кои би можеле да се одвиваат паралелно, без притоа да се попречуваат. Концертните сали, особено главната, и останатите простории се проектирани со најсовремените

технолошки решенија во областа на акустичниот дизајн. Главната концертна сала има капаците од 1.800 седишта, додека целиот објект се простира на 28.000 квадратни метри. Овој комплекс со својот капацитет несомнено станува значајно место и симбол на исландскиот реновиран

динамизам по големата економска криза.

ФаСадаПовеќеслојната стаклена фасада, дизајнирана од уметникот Елиасон се базира на геометриски принцип и е реализирана во две и три димензии.

Page 42: 202

ПОРТА 8 март 2013342

42

архитектура

Инспирацијата за креирање на фасадата, Елиасон ја наоѓа во природните релјефи на Исланд и гејзерите, кои се чест прилог на дивите исландски предели. Тродимензионалната страна на фасадата потсетува на кристализирање на исландските базалтови карпи, додека пак дводимензионалната страна на фасадата ја рефлектира околината на градот формирајќи впечатлив одблесок. Природната светлина е клучен елемент

во дизајнот на фасадата, која драматично ја менува транспарентноста и боите во текот на денот и во текот на сите годишни времиња. Концептот на Елиасон токму тука доаѓа до израз креирајќи ново доживување при секое посетување на објектот. За долгите темни ноќи во зимскиот период, на стаклената фасадата се монтирани лед-светилки во различни бои. Изградбата на овој објект беше проследен со големи контроверзии и критики. Исланд, како земја

во која започна големата светска рецесија, изгради објект чија вредност достигнува 160 милиони долари. Според критичарите, големиот капацитет на објектот е исто така неоправдан во земја со популација од 320.000 жители. Големата цена го зголемува и притисокот за комерцијална исплатливост на објектот, со што може да се доведе во ситуација се повеќе да се користи за бизнис конференции отколку за културни настани, за што е и првичната намена.

Page 43: 202

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 44: 202

ПОРТА 8 март 2013344

44

архитектура инфо

л'аквила, италија

Објект: аудиториум L'aquila Архитект: Renzo Piano

Аудиториумот претставува објект формиран од три сегменти, дрвени, колоритни кубуси чија позиционираност изгледа како да се случајно сегрегирани една од друга, истовремено навалувајќи се во спротивни насоки. Централниот, најголем кубус, кореспондирајќи со самиот аудиториум, се навалува нанапред и создава впечаток како да се превртува во алузија на нестабилност. Закосувањето и неправилната поставеност на волуменот всушност произлегува од аголот на аудиториумското седење во внатрешноста. Апстракнтното конципирање на целината обликувана од трите кубуси го притајува присуството на постоењето на „вистински“ објект. Тие дефинираат нешто што не е форма, или пак чиста форма која се појавува како контраст на издолжената компактна маса на старата тврдина влијаејќи најненаметливо во однос на опкружувањето.

кагава, јапонија

Објект: резиденција Garden Tree House Архитектонско студио: Hironaka Ogawa Associates

Објектот Garden Tree House претставува минимален дом, изграден како екстензија на веќе постоечкиот објект стар 35 години. Во целокупниот концепт на проектот карактеристичен е сензитивниот пристап и третирање на две дрвја од специфичен тип кои претставувале составен дел од дворната површина, како и од веќе постоечкиот објект. Дрвјата, перципирани како значајни артефакти чие присуство буди најразлични сеќавања, наместо целосно да се отстранат, архитектот Hironaka Ogawa доаѓа до идеја да ги интегрира во внатрешноста на новиот објект. Така, по нивното сушење и преработка се искористуваат како главни структурални столбови за дневната соба, кујната и трпезаријата. И за приземјето и за поткровјето, дрвјата претставуваат визуелна фокална точка и доминираат над останатите органско обликувани елементи, како вечна скулптура која придонесува за создавање на природна, топла, пријатна атмосфера во внатрешноста.

Сури ХилС, авСтралија

Објект: општествен центар Архитекти: FJmT architects

Иновативен пристап за формирање на мултифункционален објект кој располага со специфични сервиси, непосредно поврзани со општествените потреби и интегрира локална библиотека, комунален центар и центар за грижа на деца.Комплексот е дизајниран на начин да ја постигне возвишеноста во самоодржливиот дизајн и воедно да постави нови стандарди од енвиронменталистички аспект при изградба на мултифункционални, јавни комплекси. Комплексот во себе инкорпорира голем број на самоодржливи дизајн иновации и се стреми кон нивно постепено интегрирање во архитектурата, проучувајќи го нивниот експресивен потенцијал.

Page 45: 202

8 март 2013 ПОРТА3 45

45

архитектура инфо

миСури, Сад

Објект: нова галериска зграда во музејот Sant Louis Архитектонско студио: David Chipperfield

Со ѕидови од темен, полиран бетон, камен и стакло, Источната зграда на музејскиот комплекс е дизајнирана како современа копија на инспиративниот италијански музеј проектиран од Cass Gilbert за светскиот саем во 1994 година.За да се создаде конекција помеѓу екстензијата и веќе постоечкиот објект, дизајнот на архитектот David Chipperfield вклучува нова пространа скалишна површина

Grand Stair, при што се воспоставува чиста и органска конекција помеѓу примарните циркулаторни оски на движење. Полираните темни бетонски ѕидови од фасадата се прошарани со агрегати од реката Мисури, додека во внатрешноста, во масивната бетонска таваница која се провлекува низ целиот објект е интегрирана мрежа од отвори кои овозможуваат природната светлина ритмично да се рефлектира на дабовиот под. ... Ремек-дело кое истовремено зрачи строгост и елеганција, дизајн кој нуди впечатливо нова перцепција за извонредната колекција на музејскиот комплекс и за улогата што еден музеј за уметности ја зазема во општеството.

квинСленд, авСтралија

Објект: резиденција Stamp House Архитекти: Charles Wright architects

Дизајн концептот за објектот се заснова на идејата за создавање на живеалиште чија емисија на јаглерод е сведена на оптимално ниво, со цел беспрекорно да се приспособи и соедини со специфичното природно тропско опкружување. Наместо чисто инженерски производ, целта на проектот претставува креирање на објект кој целосно би се интегрирал во пејзажот и би придонел за пријатно и комфорно доживување на природата. Дизајнот е формиран како иновативна комбинација од префабрикуван бетон и in-situ, цврста структура која би била отпорна на локалните, силни циклони. Објектот претставува комплетен одраз на начинот на поставување на спроведениот воден екосистем кој е резултат на долгорочна релација и соработка со Национални паркови, агенции за заштита на природата, како и државната и локална управа.

подготви: андреа јаМаКоСКа

Page 46: 202

ПОРТА 8 март 2013346

46

Георги Константиновски (1930-) по враќањето од студискиот престој во САД, се вклучува во обновата на Скопје, при што внесува нови идеи во архитектурата. Набргу потоа, тој го проектира Архивот на град Скопје (1966-1968) во вид на една скулптура во урбаниот простор, изведена од избразден натур-бетон. Овој пристап Константиновски го има видено во САД, каде што се запознава со делото на Пол Рудолф. На јужната страна од истиот кварт, тој го реализира студентскиот дом Гоце Делчев (1971-1975), со слична постапка во градењето и во обликувањето. Композицијата на овој ансамбл се состои од четири истоветни габарити со различна височина, кои меѓу себе формираат мал плоштад. Кон крајот на 70-тите години, Георги Константиновски повторно се јавува со два вонсериски објекти. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - ИЗИИС (1978-1980) со терасестиот распоред на волумените настојува што поуспешно да се вклопи во наклонетиот терен. На највисокото плато во овој ритам на геометриски

волумени доминира поголемиот кубус на лабораторискиот објект со својата белина, но и со второстепената пластика од репертоарот на постмодерната. Петар Муличкоски (1929-) покрај реката Вардар ја подига зградата на Општествено-политичките организации (1970, подоцна Влада на Р. Македонија), која се состои од неколку кубуси поврзани со заеднички холови. Секој од нив е изграден со централно бетонско јадро и со висечка челична конструкција, затворена со сендвич-панели, направени со алуминиумска површина и стакло. На другиот брег од реката Вардар, Муличкоски ја подига Народната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски (1971), користејќи

армиранобетонски скелет за да формира тремови и чардаци, врз чија фасадна површина аплицира пластика и колорит, инспирирани од традицијата. Ансамблот на Скопскиот саем (1972) на Б. Мицевски, С. Ѓуриќ, Д. Димитров и Ж. Гелевски е составен од неколку изложбени павилјони, со слични форми и со стремеж за нагласена експресија во силуетата. Во рамките на саемскиот комплекс, Димитар Димитров и Живко Гелевски (1931-1995) го подигаат хотелот

50 години оБнова и изградБа на Скопје

Михаил Токарев1963 2013

ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (4)

Архитектурата во 70-тите години

Георги Константиновски. Архивот на град Скопје (1966-68)

Петар Муличкоски. Зградата на општествено-политичките организации

(подоцна Влада на Р. Македонија, 1970)

Геогри Константиновски. Лабораториската сала при ИЗИИС (1978-80)

Page 47: 202

8 март 2013 ПОРТА3 47

47

Континентал, чија вертикала е обликувана со ленти на полно и празно. Благоја Мицевски (1931-2002) во текот на својот работен век создава мно-губројни и разновидни објекти, а е учесник и на голем број конкурси од областа на архитектурата и урбанизмот. Во соработка со Славко Ѓуриќ (1931-1980) тој ја подига Католичката црква (1973-77)

употребувајќи еден слободен пластичен израз со меки искривени линии, на сличен начин како што Кензо Танге тоа го има направено кај црквата Св. Марија во Токио (1964). По повод одржувањето на Шаховската олимпијада во Скопје, на падините на планината Водно е изградено Олимпиското село (1973) по проектот на група домашни архитекти. Неговите сместувачки единици според формата и обработката, директно се инспирирани од традиционалната народна куќа.

Градскиот трговски центар (1973) претставува голем ансамбл со повеќе просторни единици и со сплет на улички, тремови и чардаци, кои формираат еден вид нова градска чаршија. Кон разработката на оваа конкурсна идеја, на Живко Поповски (1934-2007) му се придружуваат: Ж. Гелевски, Л. Маркова, Т. Арсовски и други. Објектот е изграден од челична конструкција и бетон со крупни монтажни панели на фасадата.

Благоја Мицевски и Славко Ѓуриќ. Католичката црква (1973-77)

Петар Муличкоски. Народната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски (1971)

Живко Поповски и други. Градскиот трговски центар (1973)

Page 48: 202

ПОРТА 8 март 2013348

48

урбанизам интервју Со шрија малХотра, урБаниСт и уметник, Њу делХи - моСква

Нов катализатор за социокултурна промена на градовите Колективот „Партизанинг“ се обидува да ги предизвика граѓаните преку улична уметност во активен урбанизам, односно тие самите да учествуваат во создавањето на својата животна средина м-р александра ШеКуТКовСКа, дипл.инж.арх.

Неуредените интервенции и интеракции во нашите урбани средини, предизвикуваат трансформирачки реакции и тактики за нови, алтернативни визии за

иднината. Така на пример, како одговор на таквите општествени несредености се нуди колективот „Партизанинг“, кој веќе две години дејствува на територијата на Москва, користејќи ги основните принципи на т.н. партиципативен урбанизам. Почнувајќи од основната премиса дека изградената средина треба да се однесува педагошки врз архитектонскиот простор, колективот „Партизанинг“ дефинира нов пристап и стратегија за пресекот помеѓу уличната уметност и социјалниот активизам. Овој термин го развиле во Русија, каде што практикуваат „револуционерен“ начин во традиционалниот контекст - самомотивирани, алтернативни акции, кои можат да станат важни катализатори на социјална и културна промена. По тој повод, за „Порта3“ разговаравме со Шрија Малхотра од Њу Делхи, урбанист и уметник, која живее и работи во Москва, и е еден од основачите на колективот „Партизанинг“.

Како се роди „партизанинг“, какви беа вашите почетоци и дали соработувате со други архитектонски платформи? Вебсајтот што го поставивме се разви врз основа на желбата да ги преземеме во свои раце промената на нашата урбана средина и градот без тоа секогаш да се остава на општествените авторитети. Истовремено сакавме да споделиме примери и да предизвикаме дискусија со пошироката публика. Ова се случи во ноември 2011 година, кога многу луѓе излегоа на улица за да се изразат себеси. Ние постоиме како вебсајт, а од друга страна, „Партизанинг“ го гледаме како движење, кое продуцира социјално ориентирана улична уметност и DIYизам. Претставуваме мрежа на уметници кои работат на партизански проекти. Соработуваме со архитектонски платформи, честопати заедно работиме на повеќе интервенции во градот. Нашето мислење е дека луѓето што живеат во одреден простор имаат право да учествуваат во обликувањето на просторите околу нив. Почнувајќи од оваа премиса, ние не се потпираме на урбанистичко или архитектонско планирање, туку создаваме услови во

просторот за да се предизвика дијалог.

Кои се главните точки на вашиот манифест? Што би сакале да постигнете? Главната поента е да се замагли уметноста и секојдневниот живот преку користење

Page 49: 202

8 март 2013 ПОРТА3 49

49

урбанизам

на уметничкиот јазик, најчесто улична уметност како алатка за трансформација и ангажирање во градовите (повеќе детали за нашиот манифест можат да се најдат онлајн). Мислам дека се обидуваме да ги натераме луѓето да бидат повеќе ангажирани во нивните градови, да се чувствуваат повеќе како

карактери и личности и да бидат активни создавачи на нивната животна средина.

Какви типови на проекти имате спроведено досега, формални или неформални? Правиме секаков вид на проекти со интервенции во градот, кои вообичаено се несанкционирани-герила цртање на пешачки премини, инсталирање на клупи на место каде што не постоеле, поставување на јавни поштенски сандачиња и слично. Во неколку наврати имаме соработувано и со интституции за да изработиме истражувања во одредени дистрикти. На пример, за време на нашите работилници за Кооперативен урбанизам, идејата беше да се создаде експериментален дијалог помеѓу заедниците во повеќе дистрикти на Москва, помеѓу нас, како и со посетителите-експерти коишто носеа искуства од други контексти и земји. Тие можеа да придонесат со поинакво свежо гледање на одредена ситуација вклучувајќи истовремено и студенти, млади архитекти, граѓани активисти и се разбира заедницата.

Како одлучувате кој е вашиот следен проект, како планирате нови идеи? Генерално будно го следиме градот и интеракцијата што се случува во него, темите најчесто сами произлегуваат и ние

реагираме, одговараме на нив. Додека градот претставува контекст од комплексни проблеми, ние го гледаме и како место од коешто се црпи инспирација - тоа е она што ги прави градовите толку фасцинантни и прекрасни. Понекогаш ги планираме активностите и проектите во подолг временски период во зависност од темата. Еден од нашите проекти, кој се случува конзистентно е нашата инволвираност во маратонот Delai Sam на секои шест месеци.

Како реагираат граѓаните на вашите проекти? Дали имаат специфични идеи и одговори? Се случуваат секаков вид на реакции. Медиумите се генерално заинтересирани за она што го работиме и многумина млади луѓе црпат инспирација од нашите активности. Од друга страна, добиваме и поинакви рекации. Во еден дистрикт клупите што ги поставивме беа бојадисани и искршени. Пешачките премини, кои ги исцртувавме се бојадисани одозгора. Сепак, многу писма од различни луѓе не прашуваат како се финансираме. Нашата активност е иницирана од нашите идеи, таа не е финансиски поддржана.

Дали сте првата групација од ваков вид во Москва? Да, мислам дека сме.

Page 50: 202

ПОРТА 8 март 2013350

50

урбанизам

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

Постојат многу заедници, медиуми и вебсајтови кои се занимаваат со улична уметност, меѓутоа никоја од нив не го комбинира тоа со директно интервенирање, пробување да се вклучат граѓаните и да се воспостави дијалог со луѓе од Русија и други земји. Какви се вашите планови/проекти за следнава година? Планираме да патуваме и да работиме на повеќе проекти со мигранти и заедници на мигранти во градот, коишто сметаме дека се занемарени од популацијата тука. Би сакале да повториме и дел од проектите што ги изработивме во Москва и да се аплицираат низ цела Русија. Чувствуваме дека направивме многу проекти во Москва и би сакале да изработиме проекти и за други локации и помали руски градови. Би можеле да го направиме ова бидејќи нашите интервенции имаат одреден процес и се темелат на истражување, не се раководиме импулсивно доколку не го познаваме доволно контекстот и ситуацијата.

Како го дефинирате партиципативниот урбанизам и зошто мислите дека тој е важен? Патиципативниот урбанизам значи ре-обликување на градот на начин којшто е инклузивен и инволвира луѓе. Оној, каде што луѓето постепено работат заедно за да променат нешто, а не оној каде што одлуките доаѓаат одозгора. Исклучително е важен, бидејќи нашите градови почнаа да стануваат места не за луѓе, интеракција и живеење туку повеќе за коли, конзумирање и работа. Би сакале луѓето одново да се поврзат, да бидат инспирирани од местата каде што живеат и да не водат апатични животи. Би сакале да разберат дека ова се нивните места за живеење и дека тие треба да бидат дел од нив. Партиципативниот урбанизам значи да се активираат луѓето активно да ги обликуваат сопствените градови.

Page 51: 202

8 март 2013 ПОРТА3 51

51

урбанизам

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

на кој начин мислите дека се промени мислењето и иднината за современите градови? Мислам дека многу луѓе кои живеат во градовите се чувствуваат слично на глобално ниво, особено откога глобалната економска рецесија направи инфраструктурата и услугите да бидат ставени во сенка. Мислам дека постои чувство помеѓу луѓето дека градовите не се само места за работа и функција, туку и места за живеење кои можат да ги обликуваат. Гледаме движења како тактилниот урбанизам во САД и традицијата на југаад во Индија. Во Русија има традиција на „суботњик“ акција, односно граѓанска и цивилна одговорност изразена преку акции на млади пионери, и овие традиции имаат свои последици во многу пост-социјалистички градови. Партиципативниот урбанизам нуди промена на планирањето на традиционалниот град и дефинитивно промена која е позитивна.

Page 52: 202

ПОРТА 8 март 2013352

52

експерт

ЗБОГУВАЊЕ СО ОЛИМПИСКАТА АРЕНА ЗА КОШАРКАПлановите за објектот вреден околу 49 милиони евра, уште од почетокот биле со идеја дека по завршувањето на игрите, објектот ќе биде демонтиран, со надеж дека барем две третини од материјалите и елементите на арената ќе можат да се дислоцираат, пренаменат или рециклираат

Овој месец март го одбележува почетокот на крајот на едно поглавје во историјата на Олимписките и параолимписките игри: Лондон 2012, кога

доаѓа време да се збогуваме со една од архитектонските ѕвезди на изминатата олимпијада - Арена за кошарка (Basketball Arena). Во втората половина на месец февруари, додека вниманието на јавноста беше преокупирано со трагичните настани во домот на олимпиецот и параолимпиецот Оскар Писториус во Јужна Африка, од метеорскиот дожд врз Русија и од понатамошното продлабочување на економската криза во Обединетото Кралство, речиси незабележително во јавноста помина најавата за почетокот на демонтирањето на олимписката Арена за кошарка во Лондон. За олимписката Арена за кошарка уште и пред почетокот на Олимписките и параолимписките игри: Лондон 2012,

се знаеше дека нема да остане дел од трајното градителско наследство на овие игри, со оглед на тоа што станува збор за времен објект во којшто во рамките на игрите „Лондон 2012“ ќе се одржат натпреварите во кошарка, кошарка за лица во количка, рагби за лица во количка, како и дел од натпреварите во ракомет.

проектСамата изградба на објектот отпочнала во октомври 2009 година и завршила во јуни 2011 година со што Арената за кошарка станала четвртиот завршен олимписки стадион за овие игри. Со отпочнувањето на демонтирањето на објектот во март оваа година, завршува кусиот живот на објектот како олимписка арена со време на живот приближно подеднакво на времетраењето на градење на истиот. Објектот е исклучително софистицирана распната (шаторска) конструкција, долг 115 метри, широк 96 метри и 35 метри висок, со едноставна правоаголна форма и покривка

од ПВЦ. Капацитетот е од 12.000 седишта во портокалова и црна боја, инспирирани од боите на топката за кошарка. Објектот е со корисна површина од 11.500 метри квадратни и изграден на парцела со големина од 16.000 метри квадратни. Овој времен објект е покриен со 20.000 метри квадратни обвивка од бел ПВЦ, кој може да се рециклира, а која била поставена врз 1.000 тони тешка лачна челична рамовска конструкција, при што лаковите се изведени во три варијанти за преку растегање на обвивката преку различните форми на лакови да се обезбеди најоптималното затегање на обвивката на објектот. Начинот на поставување на обвивката на фасадата на објектот овозможил создавање на текстура на фасадата. Истовремено оваа надворешната обвивка на објектот послужи и како подлога за иновативни светлсони ефекти во текот на игрите.

транСФормацииСамиот објект бил испроектиран и

д-р владимир Б. лаДинСКи, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Page 53: 202

8 март 2013 ПОРТА3 53

53

експерт

изграден на начин кој овозможува брза трансформација на истиот од една во друга намена. Така, за време на олимписките игри, објектот во рок од 22 часа се пренамени од сала за кошарка во сала за ракомет, додека за време на параолимписките игри во рок од 12 часа се пренамени од сала за кошарка за лица во количка во сала за рагби за лица со количка. Рационалното користење на објектот не било само насочено на повеќенаменската примена на салата, туку и на помошните простории на објектот коишто за време на игрите биле споделени со уште две други арени за на најрационален можен начин да се искористат расположивиот простор и ресурси вклучително со просториите за медиуимите, за подготовка на храна, обезбедување, управување со отпадот, итн. Плановите за објектот од почетокот биле со идеја дека по завршувањето на игрите, објектот ќе биде демонтиран, со надеж дека барем две третини од материјалите и елементите на арената ќе можат да се дислоцираат, искористат или рециклираат. Едноставно, трајни објекти да се градат само во оние случаи кога со сигурност може да очекува дека ќе биде можно да се обезбеди долгорочна иднина за објектот по завршетокот на игрите.

нови локацииВо оваа смисла, медиумите најавуваа светла иднина за оваа арена по завршувањето на игрите „Лондон 2012“. Така, беше најавувана можноста објектот да се релоцира во Рио де Жанеиро во Бразил, каде што повторно би се користел во рамките на следните олимписки игри, или пак можноста истиот да се премести во рамките на Обединетото Кралство и особено во Шкотска, со негово повторно користење во рамките на наредните Дваесетти спортски игри на земјите на Коменвелтот, кои треба да се одржат во 2014 година во Глазгов. Или пак, можноста објектот да се пренамени и искористи како објект во рамки на центар за обука на тенисери, кој би се лоцирал во Шкотска, со оглед на тоа што објектот е доволно голем за во него да се сместат 15 до 20 тениски игралишта. Се разбира, објектот е доволно голем да се пренамени и во сала за конгреси, изложби и различни настани, но и како филмско студио. Сепак, фактот што арената е ставена на продажба говори дека до сега не е обезбедена иднината на објектот. Во моментов, се прибираат информации за оние заинтересирани да поднесат понуда за купување на објектот, по што

би се извршила селекција и би им се дала можност на селектираните заинтересирани заклучно со 30 април годинава да ги поднесат своите понуди за купување на објектот. Според проценките, изградбата на арената вклучително со сега отпочнатото демонтирање на објектот чини околу 49 милиони евра, така што најавата дека истиот е на продажба по цена од околу 2,9 милиони евра беше своевиден шок за јавноста, но додека не се разјасни дека трибините посебно ќе се понудат на продажба, при што за трибините се најавува продажна цена од околу 23 милиони евра. Арената за кошарка се смета за веројатно

најголемиот досега изграден времен објект за кои било досега одржани олимписки или параолимписки игри во светот. Официјално, во рамките на олимписките и параолимписките игри се користел само 29 дена, така што може да се рече дека објектот чинел приближно 1,7 милиони евра за секој ден од својот досегашен активен живот. Во овој контекст, продажната цена од околу 2,9 милиони евра се чини дека е навистина дисконтна, но која барем во теорија, ќе му овозможи на купувачот да се стекне преку ноќ со глобално препознатлив објект и врвно архитектонско дело за понатамошна употреба.

Page 54: 202

ПОРТА 8 март 2013354

54

еко инфо

моСква

огромна проневера во русијаРуското Министерство за внатрешни работи објави дека 33,2 милиони долари од државниот буџет се проневерени преку компанијата RusHydro. Оваа компанија ја ангажирала специјализираната фирма HidroStroj за изградба на хидроцентрали. Биле ангажирани и повеќе подизведувачи често без потребниот број луѓе и опрема, а четиригодишната истрага покажала дека се исплатувани фактури со нереално високи вредности, па дури и за работи кои воопшто не биле извршени.

(UPI)

волФСБург

Volkswagen XL1 хибридГерманскиот производител на автомобили објави дека првата серија од хибридот XL1 е подготвена да излезе на улиците, веднаш по официјалното претставување на овој модел во март оваа година на изложбата во Женева. Инженерите тврдат дека овој автомобил троши само 0,9 литри на 100 km, а емисијата на CO2 нема да биде повисока од 21g/km. Хибридниот погон на автомобилот се состои од: двоцилиндричен дизел мотор, електричен мотор и сет литиум јонски батерии. Првата серија ќе биде лимитирана на 100 примероци наменети главно за европскиот пазар.

(SEEbiz)

пекинг

кина воведува данок на Co2Кина, најголемиот загадувач на воздухот во светот, најави воведување на еколошки даноци меѓу кои и данок за јаглеродниот диоксид. Владата смета дека еколошките даноци се поефикасна форма за борба против загадувањето отколку казните. За наплатата на даноците ќе се грижи локалната администрација. Се разгледува и можноста за воведување данок кај некои производи, како на пример батериите. 66% од вкупната енергија во Кина се добива од јаглен.

(EMP)

Page 55: 202

8 март 2013 ПОРТА3 55

55

еко инфо

теХеран

нови наоѓалишта на ураниум во иранИран објави дека се пронајдени нови наоѓалишта со значителни експлоатациони резерви на ураниум, кои ќе послужат како гориво за амбициозната нуклеарна програма. Според официјалните тврдења, наоѓалиштата се во јужниот дел на земјата и придонесуваат за тројно зголемување на веќе постоечките резерви. Но, за овие резултати сè уште нема потврда од независни тела. Западните стручњаци од поодамна претпоставуваат дека Иран е на работ на исцрпување на своите резерви на ураниум.

(Voice of Russia)

лондон

и на велика Британија ѝ се заканува енергетска кризаПрвиот човек на британскиот енергетски регулатор (Ofgem) предупреди дека Британија е на работ од енергетска криза, која ќе ја направи земјата значително зависна од увоз на природен гас. Состојбата особено ќе ескалира по 2016 година кога стапува на сила Одлуката на ЕУ за затворање на највалканите централи на јаглен. Се прогнозира дека до 2020 година производството на електрична енергија од гас ќе се зголеми од сегашните 30% на 60-70%.

(EMP)

париз

почнува изградбата на најголемата ветроелектрана во африкаФранцуската компанија GdF Suez ќе го изгради најголемиот ветерен парк во Северна Африка, поточно во Tarfaya во јужниот дел на Мароко. Централата ќе има моќност од 300MW и ќе започне со работа кон крајот на 2014 година. Проектот вреди 450 милиони евра и ќе го зголеми вкупниот производствен капацитет на компанијата за 8%.

(Voice of Russia)

подготви: Даниела МлаДеновСКа

Page 56: 202

ПОРТА 8 март 2013356

56

екологија WWF во акција против ловокрадСтвото

Петиција за спас на африканските слоновиЕкологистите собираат потписи на Интернет и спроведуваат глобална акција за да се спасат африканските слонови од истребување и да се спречат ловокрадците. Проценките се дека заради слоновата коска, во Африка годишно се убиваат дури 30.000 слонови чија слонова коска завршува на црниот пазар.

Повеќе од 520.000 луѓе од сите делови на светот досега ја потпишале интернет-петицијата на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) за спас на

африканските слонови и за спречување на нелегалната трговија со слонова коска во Тајланд (http://wwf.panda.org). Од WWF се надеваат дека ќе соберат еден милион потписи, кои планираат да му ги предадат на тајландскиот премиер Јинглук Шинаватра со барање целосно да ја забрани трговијата со слонова коска во Тајланд, на Конференцијата на земјите потписнички на CITES - Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора, којашто моментално се одржува во Бангкок, а ќе трае до 14 март. На средбата, претставници од 176 влади разговараат за трговијата со див свет, вклучувајќи ја и кризата поради убивањето на слоновите. Последните проценки се дека заради слоновата коска, во Африка годишно

Сашо КузМановСКи

Page 57: 202

8 март 2013 ПОРТА3 57

57

екологија

се убиваат дури 30.000 слонови чија слонова коска завршува на црниот пазар. „Очите ќе бидат свртени кон Тајланд, а ние ќе му предадеме еден милион потписи на премиерот Шинаватра. Сериозно сме загрижени за рекордната стапка на ловокрадство и убивањето на слоновите во Африка. Побарувачката на нелегални производи од слонова коска може да го доведе овој вид пред истребување во Африка, а слоновите во Тајланд може да бидат следни. Ние може да ги спасиме. Бараме целосно да се забрани трговијата со слонова коска во Тајланд за да им дадеме на слоновите шанса да преживеат. За да ги заштитиме африканските слонови важно е Тајланд да ја затвори оваа законска дупка“, велат екологистите од WWF. Според Светскиот фонд за дивиот свет (WWF), огромни количини слонова коска завршуваат во продавниците во Тајланд од каде што различни производи од овој материјал им се продаваат на туристите. Но, за да биде иронијата поголема, во Тајланд слонот е свето животно. „Има една изрека според која Тајланд без слоновите не би постоел. Но, Тајланд е најголемиот нерегулиран пазар на слонова коска во светот. Во Тајланд е нелегално да се продава слонова коска од африкански слонови, но може да се продава слонова коска од домашни слонови. Како резултат на тоа, огромни количини нелегална

африканска слонова коска се протнува преку тајландските продавници“, пишува на интернет-порталот на WWF, http://wwf.panda.org, каде што заинтересираните може да го дадат својот глас за спас на африканските слонови. Од WWF нагласуваат дека ловокрадството на слоновите е поттикнато од побарувачката на производи од слонова коска во Азија каде што многу луѓе веруваат дека забите кај слоновите едноставно отпаѓаат и повторно растат без проблем. Вистината, потенцираат од WWF, е дека слоновата коска се добива од мртви слонови. Во светот постојат многу закони за заштита на слоновите, носорозите и на тигрите, но од WWF велат дека официјалните лица не прават доволно за да ги заштитат овие загрозени видови. Од WWF бараат постоечките закони засилено да се спроведуваат, да се воведат строги казни за прекршителите и да се намали побарувачката на продукти од загрозените видови. Од организацијата го нагласуваат и тешкиот живот на локалните заедници во средините каде што природно живеат овие загрозени видови, а кои се под закана од вооружени ловокрадци кои тргнале во лов на дивиот свет. Станува збор за организиран криминал, потенцираат од WWF, во кој се дистрибуира и оружје, се заплашуваат локалните заедници, а се поткупуваат и официјални лица.

меѓународна акција од 1975 година CITES - Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора е меѓународен договор. Стапила на сила на 1 јули 1975 година. Нејзината цел е да осигура дека меѓународната трговија на примероци од диви животни и растенија нема да го загрози нивниот опстанок. Според последниот развој на ситуацијата, ваква Конвенција на светот му е повеќе од потребна. Годишно, меѓународната трговија со див свет се проценува дека вреди милијарди долари и вклучува стотици милиони примероци од растенија и животни. Трговијата е разновидна, предмет се живи животни и растенија, но и нивни продукти, вклучувајќи храна, производи од егзотична кожа, дрвени музички инструменти, граѓа, сувенири и лекови. Степенот на трговија со некои видови заедно со загубата на нивните живеалишта претставува сериозна закана за опстанокот на овие видови, дури некои видови се доведени до раб на истребување. Конвенцијата регулира различни степени на заштита за повеќе од 30.000 видови животни и растенија. Конвенцијата CITES е меѓу договорите со најголем интерес кај земјите во светот и има 177 земји потписнички. Потписник на оваа конвенција е и Република Македонија.

Page 58: 202

ПОРТА 8 март 2013358

58

хортикултура

„Скопје градот на цвеќето - Скопје градот на розата“

На 21 март, по повод Денот на пролетта, се организира кампања под мотото „Скопје градот на цвеќето – Скопје градот на розата“, чија цел е засадување на

што е можно поголем број садници од рози вдолж булеварите и другите јавни зелени површини во централното градско подрачје. Покровител на оваа акција е Министерството за животна средина во соработка со град Скопје, скопските општини и бизнис секторот. Нормално, како и на сите акции, кои се од големо значење за подигнување на квалитетот на живеење, така и на оваа, учество може да земат сите заинтересирани правни и физички лица. Кампањата е плод на добиените резултати од студијата „Присутвото на олово и други тешки метали во животната средина на градот Скопје“, реализирана во две фази во 2002 година. Предмет на оваа студија биле испитување на почвите, розите, тревите, иглолисните и листопадните растенија. Како заклучок од студијата, наведени се најпожелните видови за фиторемедиација. Фиторемедиација е способност на одредени видови растенија да ги акумулираат штетните елементи од водата и воздухот од почвата. Според Локалниот еколошки акционен план на град Скопје, почвата е загадена со олово, никел, кадмиум, бакар, а загадувањето е најинтензивно вдолж големите сообраќајници и во околината на индустриските комплекси. Според направените испитувања во оваа студија

повеќе од 50% од испитаните примероци почва имаат поголема концентрација на олово, за разлика од референтната вредност според холандските стандарди кои изнесуваат 85 микрограми на килограм. Розите се повеќегодишни цветни грмушки кои апсорбираат огромни количини на олово и кадмиум. Тоа се тешки метали кои се исклучително штетни за здравјето на луѓето. За таа цел се препорачува засадување на рози вдолж сообраќајниците. Розите го извлекуваат оловото од почвата и го задржуваат во себе, оневозможувајќи го да се врати во

средината. Розите одлично вегетираат во климатските условите на ова поднебје. Со оваа акција не само што се подобрува квалитетот на живеење, туку во иднина розата може да претставува симбол на градот Скопје. Иако првенствената идеја е тоа да бидат исклучиво бели ползечки рози, не гледам причина во иднина да не се засадат повеќе бои со што би се зголемил колоритот на главниот град. Во секој случај станува збор за одлична идеја, која треба сите да ја поддржиме и масовно да се вклучиме во неа, засадувајќи рози во сите делови од градот.

Филип ФилипоСКи, дипл.шум.инж.

Од дискусијата по повод акцијата Скопје градот на розата

Page 59: 202

8 март 2013 ПОРТА3 59

59

И оваа година возбудувањата во најбрзиот циркус во светот наречен Формула 1 стартуваат од Австралија преку Малезија. Една од најновите и најексклузивни

патеки во календарот на ФИА е патеката „Сепанг“, официјално пуштена во употреба во 1999 година, дизајнирана од страна на германскиот дизајнер Херман Тилке, кој потоа работи и на изградбата на сличните објекти во уште неколку европски и азиски земји. „Сепанг“ се наоѓа 60 километри јужно од главниот град на Малезија, Куала Лумпур, а интересно, првиот голем спортски натпревар на новата патека беше одржан уште во 2000 година и тоа во рамките на светскиот шампионат во мотоциклизам. Движењето на патеката е во правец на стрелките на часовникот. Вкупната должина на патеката е 5.543 метри и е особено популарна по своите аглести свиоци и широки прави делови кои можат да се искористат за претекнување. Покрај настаните од областа на Формула 1 и мотоциклизам, „Сепанг“ редовно се користи и за мотокрос натпревари како и за трки во картинг. Во натпреварите на Формула 1, максималната брзина која може да се развие на правите делови е околу 300 км/ч, а обично се возат по 56 круга секоја година во рамките на календарот на трките на ФИА. Рекорден круг на патеката има Хуан Пабло Монтоја поставен уште во 2004 година со време од 1:34,223 минути. Стручњаците за Ф1 натпревари пронајдоа два критични дела на патеката, каде лесно може да се излета. Првиот е всушност првиот свиок по стартно-целната рамнина, каде има двоен свиок вo десно, а вториот доаѓа на сосема спротивната страна кон втората половина на патеката кога со голема брзина се доаѓа во аглест свиок каде лесно може да се загуби контролата над воланот. „Сепанг“ има трибински капацитет за околу 135.000 гледачи, од кои 53.000 се перманентни седишта, додека останатите се монтираат во зависност од настанот и интересот на публиката. Целата патека е издигната на простор од 70.000 м2, а натпреварувачите ги имаат највисоките стандарди за безбедност и непречено функционирање на едно натпреварување, без разлика на временските неприлики кои знаат да бидат многу непријатни во овој дел од светот.

ФаКТи за „СЕПАНГ“ - Сепанг, Малезија

површина на градба: 70.000 м2 Капацитет: до 135.000 местапостоечки капацитет со седишта: 53.000 места

период на изградба: 1998 - 2000 придружни објекти: Клинички центар, Медиа центар, административна зградаДизајн: Tilke GmbH, Германијаархитект: Херман Тилке

спортски храмови„Сепанг“, Сепанг, малезија

Скриена опасност при големи брзини Сашо КузМановСКи

Page 60: 202

ПОРТА 8 март 2013360

60

совети

Просторот за работа дома може да обезбеди добри резултати и мотивација за работа ако е осмислен добро да функционира. Новите технологии го променија изгледот и организацијата на канцеларијата од мал и тесен простор во комфорна домашна канцеларија. При планирањето на

работен простор во домот најважно е да се одреди положбата на просторот во однос на другите простории во станот. Идеално би било работниот простор да биде одделна целина одвоена од дневниот престој. Вас ви предлагаме собата најблиску до влезот да ја адаптирате во работна. Во тој случај во бањата ќе се влегува од ходникот преку гардеробниот простор. Доколку за работната соба изберете функционален, расклоплив мебел, собата ќе може да служи и за спиење. Елементи со складни димензии, статични или подвижни се идеални за работните соби. Гломазните маси не се функционални. Поставете полици и делови кои се извлекуваат по целата должина на ѕидот меѓу работната соба и бањата. Зоната за разговор сместете ја во предниот дел од собата и опремете ја со двосед на расклопување, седалка и клуб масичка. Секако, домашната канцеларија би требало да биде усогласена со остатокот на ентериерот, а со својот изглед да го стимулира корисникот да биде што покреативен. Се препорачуваат светли, пастелни тонови кои не изгледаат нападно. Дрвото е доминантен материјал, а мебелот мора да е функционален, мобилен и едноставен за одржување.

Билјана СТевКовСКа-Савиќ, дипл.инж.арх.,

[email protected]

ДОМАШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Наскоро се вселуваме во нова куќа. Во неа се предвидени три спални соби, кујна, трпезарија, дневна соба и две бањи. При планирањето не сметавме дека нашиот бизнис може да се одвива и од дома. Сега ни е потребна работна соба. Сметам дека ќе ни предложите каде да ја сместиме и како да ја уредиме.

Никола Хаџи-Бошков, Скопје

потоа

пред

Page 61: 202

8 март 2013 ПОРТА3 61

61

најчудни градби

ЕДНОСТАВНО И СОВРШЕНОДраган РиСТов

„Сити дизајн“ е инаугуриран во 2009 година на локација на поранешна фабрика за оружје во срцето на градот

Сент Етјен во Франција. Иако во 2005 година кога бил започнат, целиот концепт на преадаптација на бившата оружара, требало да претставува микс на различни средини, сепак е одлучено тој да биде синоним за културата, бидејќи под исти покрив се ставени јавната институција за културна соработка и училиштето за уметност и дизајн. Основна мисија на центарот е да ги истражува можните аспекти и наставните планови за изучување на модерниот дизајн, а самата област да ја претвори во современа економска локација во која ќе се изучуваат традициите на индустрискиот дизајн, искомбиниран со висок степен на образование за уметничкиот дизајн. За да се спроведе замислата за новиот дизајн на објектот, била потребна реконструкција на три постоечки објекти, паралелно со конструирањето на два нови модерни објекта, како и кула за набљудување.Вкупната површина на новиот центар за дизајн изнесува 33.300 м², а дизајнери на проектот се архитектите Фин Гипел и Јулија Анди од агенцијата „Лин“. Платиниумот како материјал е главната карактеристика на објектот, кој го

прави посебен, специфичен а пред сè, солидна основа за оваа „чудна“ градба.Иако има едноставен дизајн, проста коцка долга 193 метри, широка 31 метар, а висока пет метри, со полн капацитет на корисна површина од 7.400 м², суштината на уникатноста ја сочинува надворешноста на конструкцијата. Целиот објект е покриен со „кожа“ од триаголни панели со широчина од 1,2 метри, направени од платиниум. Во зависност од нивната позиција, тие имаат соодветна поставеност, транспарентност, фотоволтажа и фотосинтеза, а самиот материјал е доста лесен. Покрај трите реновирани објекти и двата нови, целиот комплкекс вклучува и објекти за семинар, аудиториум, пордавница за влезници, библиотека и друго, а минатата година бил вклучен и ресторан.

Page 62: 202

ПОРТА 8 март 2013362

62

арт инфо Скопје

„Небо во лицата“

Изложбата на Ване Костуранов насловена „Небо во лицата“ е отворена во галеријата МКЦ. Изложбата содржи триесетина платна работени во техниката акрил на платно. Ова е негова четврта самостојна изложба пред скопската публика. „Во сезоните кога се менуваат ветровите, кога градовите се наоѓаат зад дрвјата спремни да станат книги, се будат лицата, се будат нивните сонови. Ливада од лица. Планина од плач. Ѕвезди без ѕидови. Тоа е светот на врамените патници. Луѓе прегрнати од спомени, лица загледани во времето, неба загледани во очите“, ќе напише поетот Никола Маџиров за изложбата „Небо во лицата“. Ване Костуранов е самоук сликар, роден 1979 година во Струмица, каде што живее и работи. Досега учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и девет самостојни.

Page 63: 202

8 март 2013 ПОРТА3 63

63

арт инфо

париз

како создавале уметниците под дејство на дрогаПарискиот музеј на современа уметност „Ла мезон руж“ ја постави изложбата со наслов „Под влијание“, која ги тематизира уметничкиот однос и дрогата. Поставката содржи дела од 90 светски уметници, меѓу кои и звучните имиња како што се Жан Мишел Баскијат, Јајои Кусама, Демјан Хирст, Нан Голдин, Ирвинг Пен, Фансис Пикабиа, Такаши Мураками, Жан Кокто, а се под кураторство на Антоан Перпер. Изложбата, која ќе биде отворена до мај, предизвика голем интерес кај публиката, критичарите и медиумите. Делата за влијанието на дрогата во уметничкото изразување се поделени во три етапи: уметност која прикажува сцени поврзани со наркотични супстанции, дела кои ги тераат гледачите да се пробијат низ психоделичната и халуциногена имагинација и дела од уметници кои голем дел од својот творечки опус го реализирале под дејство на дрога. Музејот „Ла мезон руж“ има репутација на поставување провокативни изложби, со акцент на современите трендови во уметноста.

Скопје

ацо Станковски во мСуВо НУ Музејот на современата уметност во Скопје поставена е ретроспективната изложба на уметникот Александар Станкоски. Околу 140 сликарски дела се поставени низ целиот МСУ, дела работени во изминатите три децении од неговото творештво. Изложбата ја следи и луксузна монографија, чии автори се Александар Станкоски и Владимир Величковски.

Њујорк

„монарх“ на ренесансното сликарство Изложба на која јавноста ќе има можност да погледне седум дела на ренесансниот мајстор Пјеро дела Франческа (1415 - 1492), е отворена во Њујорк во организација на познатата њујоршка „Фрик колекција“. Пјеро дела Франческа во своето време бил познат како „монарх“ на сликарството, но по 16 век, неговото творештво тоне во заборав. Значењето на неговите дека било повторно потврдено во текот на 19 век oд страна на историчарите на уметноста и од британските и американските колекционери, кои ја потврдиле неговата репутација на еден од најзначајните основоположници на италијанската ренесанса.

Page 64: 202

ПОРТА 8 март 2013364

64

излог

1

3

4

Page 65: 202

8 март 2013 ПОРТА3 65

65

излог

2

1. Стакленo биро со дебелина 10 мм дизајнирано од Leonardo Gerussi.

2. Висечки лустери изработени од дрво од индустрискиот дизајнер marz Designs.

3. Ѕиден часовник во облик на сонце, направен од едно парче дрво, дизајнот е на таte anson.

4. Emmemobili е производителот на овие полици претставени во перспектива, со вратички на отворање на допир.

5. Дрвена столна ламба наречена „оо“ поради двете сфери од кои е составена. Дизајнирана е од Sverre uhnger.

6. Трпезариска маса од метални ногалки во X форма во комбинација со плоча од орев и јавор од Christopher Duffy.

подготви: Сандра ДонЧева ТеохаРова, дипл.инж.арх.

5

6

Page 66: 202

ПОРТА 8 март 2013366

66

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 24/2013

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ

НА СТАНБЕН КРЕДИТ

ЗАКОНЗА ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 25/2013

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 27/2013

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 04/2013Назив на договорниот орган:Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на објекти во комплексот Воспитно – поправен дом Тетово (Општина Брвеница).Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска.Јавно отворање на понудите на ден 21.03.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 28/2013

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 12/2013Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Вршење на стручно-технички надзор на изведба на реконструкција на основни и средни училишта во Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 3117-896, 02 3212-915, 02 3118-414, лице за контакт: Маја Симоновска.Јавно отворање на понудите на ден 19.03.2013 год.

БРОЈ: 03/2013Назив на договорниот орган:НУ Музеј на Македонија, ул. “Ќурчиска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Санација и реконструкција на изложбен простор за постојната музејска поставка “Граѓанската војна во Грција и децата бегалци“.Контакт тел/факс: 02 3116-439, лице за контакт: Ѓоре Давитковски.Јавно отворање на понудите на ден 14.03.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 30/2013

МЕТОДОЛОГИЈАЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА СОБИРАЊЕ,

ТРАНСПОРТИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАД

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 1/2013Назив на договорниот орган:ЈКП Комуналец – Прилеп, бул. “А. Македонски“

22б, 7500, Прилеп.ПРЕДМЕТ:Изградба на хала за преработка на комунален отпад – изведување на бетонски и армирачки работи за темели, темелни греди.Контакт те/факс: 048 428-992, лице за контакт: Ѕвонко Ивчевски.Јавно отворање на понудите на ден 18.03.2013 год.

БРОЈ: 2/2013Назив на договорниот орган:ЈКП Комуналец – Прилеп, бул. “А. Македонски“ 22б, 7500, Прилеп.ПРЕДМЕТ:Изградба на фабрика за преработка на комунален отпад – изведување на челична конструкција, столбови, рам конструкција, покрив и лимарски работи.Контакт тел/факс: 048 428-992, лице за контакт: Ѕвонко Ивчевски.Јавно отворање на понудите на ден 18.03.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 31/2013

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 23-348/3/2013Назив на договорниот орган:Општина Пробиштип, ул. “Јаким Стојковски“ бр. 1, 2210, Пробиштип.ПРЕДМЕТ:Изградба на изложбен павилјон за ретки метали во општина Пробиштип – минеролошка збирка.Контакт тел/факс: 032 483-131, 032 483-047, лице за контакт: Јованка Данева.Јавно отворање на понудите на ден 19.03.2013 год.

јавни набавки

Page 67: 202
Page 68: 202