25
СУГС-Гимназија ,, Орце Николов “-Скопје ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ТЕМА ,,Влијанието на странските инвестции на глобално ниво” Ментор : Павлина Пецанова-Штерјовски Изработила : Јована Николовска IV 7

26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

СУГС-Гимназија ,, Орце Николов “-Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ БИЗНИС И

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ТЕМА

,,Влијанието на странските инвестции на глобално ниво”

Ментор : Павлина Пецанова-Штерјовски

Изработила : Јована Николовска IV 7

Скопје , 2010

Page 2: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

Содржина

1. Вовед........................................................................................................................ 2

2. Странски вложувања –поим и дефинирање.................................................... 3

3. Ризици од кои се водат инвеститорите пред да донесат одлука каде ќе

инвестираат............................................................................................................5

3.1.Ризик на општи услови на работење-Индекс на економски слободи....5

3.2.Финансиски ризик на земјите-,,Standard and Poors”................................5

3.3. Ризик од корупција и транспарентност на процедурите-Индекс на

Транспарентност............................................................................................ 6

3.4. Ризик од заштита на правата на интелектуална сопственост............... 6

3.5. Ниво на достигнати законски реформи и подобрување на деловниот

амбиент –,,Doing business report 2010” на Светска банка..................... 4.

4. Мотиви на странските лица за инвестирање капитал ................................. 7

5. Позитивни и негативни ефекти од странските инвестиции ....................... 7

6. Странските инвестиции на глобално ниво –тренд........................................ 7

6.1.Историја на СДИ............................................................................................ 7

6.2.Видови СДИ ( Foreign Direct Investments )................................................ 8

6.3.СДИ и мултинационалните корпорации ................................................... 9

6.4. Анализа на СДИ на глобално ниво 1998-2008 г........................................ 9

6.5. Анализа на нивото на СДИ во одредени земји и региони

1988-1999 г...................................................................................................... 11

6.6. Значењето на СДИ за земјите во транзиција.......................................... 12

7. Фактори кои што влијаат на нивото на СДИ................................................ 13

8. Влијанието на глобалната рецесија и на светската финансиска криза

врз странските инвестиции............................................................................... 14

9.Странските инвестиции во Р.Македонија...................................................... 14

10.Заклучок............................................................................................................... 15

11.Користена литература........................................................................................16

2

Page 3: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

1. Вовед

Во време на глобална рецесија сериозните аналитичари имаат само една

дилема: Дали странските директни инвестиции повторно ќе се вратат на нивото

од пред светската криза .Разбирлива е важноста на оваа тема затоа што во време

на глобализација и испреплетеност на економските текови неразвиените земји

единствена шанса за побрз економски раст гледаат во привлекувањето поголеми

странски директни инвестиции. Сепак најновиот извештај на Конференцијата на

Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) покажува дека вкупниот

прилив на странски директни инвестиции во целиот свет во 2009-та е намален за

дури 39% во однос на годината пред тоа и не надминува 1000 милијарди долари.

Тоа воедно е и прво посериозно намалување на странските директни

инвестиции (СДИ) во земјите во развој во последните 6 години. На глобално

ниво пад на странските директни инвестиции беше забележан и во 2008 и тоа за

14% во споредба со 2007. УНКТАД предвидува дека годинава ни претстои

зголемување на нивото на странски директни инвестиции, но се предупредува

дека темпото на раст ќе зависи од брзината на заздравување на глобалната

економија. Затоа се важни странските директни инвестиции, особено за земјите

како Македонија, кои што тежнеат кон побрз економски развој. Притоа се

отвораат повеќе прашања:

- Кои се мотивите на странските компании да инвестираат надвор од

своите национални граници?

- Од кои ризици се водат инвеститорите пред да донесат одлука за

вложување?

- Кои фактори влијаат на нивото на СДИ?

- Какви ефекти предизвикуваат СДИ?

- Каков бил трендот на СДИ на глобално ниво во последните 10-15

години?

Има многу дилеми и прашања кои што се наметнуваат и бараат соодветен

одговор.

3

Page 4: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

2. Странски инвестиции - Поим и дефинирање

Инвестициите или инвестиционите средства служат за обновување и

проширување на производната основа на економијата. Во основа тие

произлегуваат од бруто домашниот производ издвоен како амортизација и од

ново создадената вредност издвоена како заштеда.

Со инвестирање се активираат природните ресурси на земјата, се отвораат нови

работни места, се врши модернизација на постојните капацитети, се прифаќаат

и применуваат нови знаења, се зголемува продуктивноста.

Доколку потребното ниво на инветиции не може да се обезбеди од домашното

штедење, како што е случај не само со Република Македонија туку и со другите

транзициони економии, тогаш се оди кон позајмување на капитал од надвор .

Инвестициите, односно капиталот се создава од домашната акумулација и од

позајмениот капитал од странство, во форма на кредити и странски директни

инвестиции .

Во основа инвестициите се јавуваат во два облика :

-Како кредитно задолжување на државата во странство и

-Како странски директни инвестиции, каде што државата не се задолжува.

Некои автори инвестициите ги делат на инвестиции насочени во основни и

вложувања насочени во обртни средства. Додека во однос на развојот ги делат

на демографски и економски.

Во однос на гранката во која се насочени разликуваме инвестиции во:

индустрија, енергетика, трговија, банкарство, туризам, сообраќај, екологија.

Странските директни инвестиции претставуваат најважен инструмент со кој

една национална економија го: поттикнува производството, увозот на know-

how, растот на вработеноста, развојот на инфраструктурата, намалување на

сиромаштијата.

Директните странски инвестиции може да се дефинираат и како вложување на

капитал од странски претпријатија или мултинационални компании во

претпријатија или филијали во земјата домаќин.

Според формата на инвестирање Народна банка на РМ ја прави следната

класификација:

- Директни инвестиции, односно вложувања со кои инвеститорот има

намера да воспостави трајна економска поврзаност или пак да оствари

4

Page 5: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

право на управување со правното лице во кое инвестира . Притоа според

меѓународните стандарди потребно е минимално учество од 10% во

капиталот или одлучувачко право на глас во правното лице во кое се

инвестира .

- Портфолио инвестициите ги опфаќат вложувањата во должнички

хартии од вредност и во сопственички хартии од вредност, каде што

инвеститорот поседува помалку од 10% од акционерскиот капитал или

пак нема одлучувачко право на глас.

- Останатите инвестиции ги опфаќаат средствата и обврските врз

основа на краткорочни и долгорочни финансиски и трговски кредити и

заеми, валути и депозити и останати средства и обврски.

Со оглед на значењето и доминантното место што го заземаат, кога говориме за

странски инвестиции се подразбираат странски директни инвестиции .

3. Ризици од кои се водат инвеститорите пред да донесат

одлука каде ќе инвестираат.

Станува збор за стандардни ризици на работење кои инвеститорите ги земаат во

предвид при носење на одлука во која земја ќе инвестираат. Се однесуваат пред

се на политичката , макроекономската и фискалната стабилност .

3.1.Ризик на општи услови на работење-Индекс на економски слободи

Го изработува фондацијата Херитиџ од 2005-та година и во себе ги опфаќа

најзначајните макроекономски показатели :ниво на остварена трговија,

фискални оптоварувања,квалитет на монетарни политики, криминал и

корупција, слобода на инвестирање,права на вработените и сопственички права.

За годинава најдобро рангирана земја во светот е Хонг Конг,следува Сингапур

на второто место, а трета е Австралија. Од земјите во регионот најдобро

пласирана е Унгарија на 51-то место.Албанија е 53-та, додека Македонија е 56-

та. Во однос на лани земјата го подобри пласманот за 22 места .Зад нас се најдоа

Словенија на 61 место, Романија е 63-та, а Турција 67-ма. Црна Гора го зазеде

68-то место, а Грција е 73-та. Бугарија е на 75 место, а Хрватска на 92.

Последни од регионот се Србија и БИХ, на 104 и 110 место.

5

Page 6: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

3.2.Финансиски ризик на земјите -,,Standard and Poors”

Реномираната меѓународна агенција Стандард и Пурс изработува кредитен

рејтинг на скоро сите земји во светот.Тој претставува еден вид на водич на

инвеститорите .Се разликува кредитен рејтинг за странска и за домашна валута,

и кредитен рејтинг за негарантиран долг во странска и во домашна валута .

3.3. Ризик од корупција и транспарентност на процедурите - Индекс на

транспарентност

Овој индекс го објавува меѓународната организација Транспаренси

Интернешнел. Индексот на перцепција на корупција ги рангира земјите според

степенот на перцепција на раширеност на корупција меѓу државните

службеници и политичарите. Тој го отсликува ставот на деловните луѓе и на

аналитичарите од целиот свет , вклучувајќи ги и експертите од земјите што се

оценувани. Најдобро рангирани земји во светот за 2009 година се: Нов Зеланд,

Данска и Сингапур. Од регионот Словенија се најде на 27 место, Унгарија е 46-

та, а Хрватска 66-та. Македонија го дели 71-то место заедно со:Бугарија, Грција

и Романија .

3.4. Ризик од заштита на правата на интелектуална сопственост

Ризикот од заштита на правата на интелектуална сопственост не спаѓа во

конвенционалните ризици, но последниве години претставува ризик чија

перцепција меѓу инвеститорите е значително зголемена. Причина за тоа е

растечкиот тренд за инвестирање во развој и во истражувања, како и

отворањето голем број на филијали за управување со активностите на

мултинационалните компании во земјите во развој .

3.5. Ниво на достигнати законски реформи и подобрување на деловниот

амбиент –,,Doing business report 2010” на Светска банка

Овој извештај го објавува групацијата на Светска банка. Во него земјите се

рангирани според реализираните реформи во повеќе области:започнување

бизнис, пристап до кредити, запишување на сопственост во катастарските

регистри, плаќањето даноци, царинските процедури, заштита на инвеститорите,

вработувањето. Особено е интересна листата на 10 најреформски земји, кои што

6

Page 7: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

направиле најмногу успешни реформи во анализираните области. За 2010-та

најреформска земја е Руанда, втор е Киргистан, додека Македонија е трета .

4. Мотиви на странските лица за инвестирање

Мотивите за инвестирање можат да се согледаат од две страни: од гледна точка

на интересот на инвеститорот и земјата корисник на капиталот .

Основен мотив на странските компании да инвестираат надвор од националните

граници е желбата да остварат поголем профит. Останатите мотиви се

однесуваат на: намалување на производните трошоци, совладување на

царинските бариери, освојување нови пазари, трансфер на технологии.

Од друга страна земјата корисник на капитал има за цел да ја развие побрзо

домашната економија, оствари поголема стапка на економски раст, да ја

зголеми вработеноста и да го подобри животниот стандард на населението .

5. Позитивни и негативни ефекти од странските

инвестиции

Меѓу бројните позитивни ефекти од странските директни инвестиции се

издвојуваат: лесен пристап до нови финансисиски извори, технологии и пазари.

Се зголемува вработеноста, буџетските приходи, продуктивноста, извозот. Меѓу

негативните се издојуваат неводењето сметка за националните економски

приоритети, кадешто основен мотив е профитот на инвеститорот. Најчесто

дивидендата се префрла во матичната земја, а компанијата нема интерес да

вложува во развој на нови технологии. Неретко, нагло се сели производството

во трета земја која нуди помали трошоци за работна сила и пониски даноци.

6. Странските инвестиции на глобално ниво –тренд

6.1.Историја на СДИ

Во 19 век странските инвестиции станале значајни пред се како форма на

позајмување од Британија за да го финансира економскиот развој во други

земји, како што е сопственоста на финансиските извори. Најатрактивни биле

7

Page 8: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

инвестициите во секторот на стоки за потрошувачка пред се поради

подобрениот пристап на британскиот пазар. Во периодот меѓу двете светски

војни Британија го губи статусот на главен светски кредитор, а САД стануваат

водечка економска и финансиска сила .Во периодот по втората светска војна

странските директни инвестиции започнуваат да растат и тоа поради две

причини. Првата беше технолошка: подобрувањата во транспортот и во

комуникациите што овозможи контрола од далечина. Втора причина била

потребата на Европските земји и на Јапонија од американски капитал за

финансирање на реконструкцијата на разрушените економии во војната. Од

1960-те овие фактори ослабнуваат пред се поради отпорот што го покажувале

земјите кон американската сопственост и кон контролата на локалната

индустрија, што довело до намалување на одливот на капитал од САД .

6.2 Видови СДИ (Foreign Direct Investments)

Странските директни инвестиции се јавуваат како: превземање, спојување или

основање фирма во земјата домаќин (гринфилд инвестиции1). Првите два

модела имаат две предности над гринфилд инвестициите. Прво, поефтини се и

второ му овозможуваат на инвеститорот полесен пристап на пазарот .

Странските директни инвестиции можат да се класифицираат и од гледна точка

на инвеститорот и од перспектива на земјата домаќин. Во првиот случај се

разликуваат :

- Хоризонтални СДИ,

- Вертикални СДИ и

- Конгломерати, кои што во себе вклучуваат хоризонтални и вертикални

СДИ.

Од гледна точка на земјата домаќин се разликуваат :

- СДИ што го супституираат увозот

- СДИ што го зголемуваат извозот и

- СДИ иницирани од Владите,

Други автори ги класифицираат СДИ како :

- експанзионистички и

- дефанзивни СДИ 1 под greenfild СДИ се подразбираат странски вложувања во основање нови

фирми и фабрики

8

Page 9: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

Најголем дел од СДИ се реализирани од страна на мултинационалните

корпорации кои што стануваат домашни брендови: Кока кола, ИБМ, Филипс,

Тојота, Сони.

6.3.СДИ и мултинационалните корпорации

Дека мултинационалните корпорации се главни играчи на глобалната сцена,

кога се во прашање СДИ, потврдуваат и следниве факти. Многу СДИ се

изведени од страна на мултинационални корпорации кои што ги носат

домашните имиња. Примери за тоа се: ИБМ, Филипс, Нестле, Сони, Ројал Дач

Шел, Џенерал моторс, Кока-Кола, Дајмлер-Бенц, МекДоналдс и Баер. Колку и

да е тешко е да се објасни составот на овие корпорации ,кои што често во

своите имиња имаат термини како: меѓународна, транснационална или

глобална, кои што се следени со зборови како: корпорации, компании или

претпријатија. Мултинационалните корпорации поседуваат над 500.000

филијали во странство основани од 60 000 матични фирми .

6.4. Анализа на СДИ на глобално ниво 1998-2008 г.

Според методологијата на УНКТАД (Конференција за трговија и развој на ООН)

СДИ се разгледуваат според степенот на развиеност на земјата домаќин.

Експертите на УНКТАД земјите ги делат на: земји во развој, земји во

транзиција и развиени земји. Табелата што следува го покрива временскиот

период од 1998 до 2008 година .

Странски директни инвестиции во милиони САД долари

Година 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004

Земји

во

Развој

1.434.785 1.811.120 1.993.050 2.010.868 1.933.865 2.192.172 2.628.529

Земји

во

Транз.

41.097 51.389 67.871 97.780 126.734 174.300 229.239

Развиени

земји

3.381.887 4.137.797 5.078.116 4.841.594 5.308.849 6.359.098 7.484.924

Вкупно

СДИ

4.857.779 6.000.306 7.139.037 6.950.242 7.369.448 8.725.570 10.342.692

Странски директни инвестиции во милиони САД долари

9

Page 10: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

Година 2005 2006 2007 2008

Земји во

развој

3.051.584 3.797.689 4.922.698 4.896.715

Земји во

Транзиција

304.377 449.800 766.927 534.775

Развиени

Земји

7.668.253 9.618.024 11.949.711 11.175.152

Вкупно СДИ 11.024.214 13.865.513 17.639.336 16.606.642

Анализата покажува дека вкупните СДИ од година во година постојано растат.

Овој тренд особено добива во динамика од 2005 до 2007, но веќе следната

година поради глобалната финансиска криза доаѓа до прв посериозен пад на

СДИ . Во период од скоро 11 години СДИ во светот се зголемиле за повеќе од

3,4 пати . Сепак најдобро минале земјите во транзиција. Инвестициите во нив се

зголемиле за фантастични 13 пати. Истовремено СДИ во земјите во развој

пораснале за скромни 3,4 пати. Убедливо најголеми во апсолутен износ се СДИ

што завршиле во развиените земји .Тие се зголемиле за 3,3 пати .

Анализата на УНКТАД покажува дека во набљудуваниот период доаѓа до

пренасочување на СДИ од земјите во развој, во транзициските економии.

10

Page 11: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

Мултинационалните корпорации во овие 11 години капиталот го пренасочуваат

во производство на далеку технички посовршени производи, чија што

продукција ја лоцираат во земјите во транзиција. Истовремено, за да ги намалат

трошоците на производство глобалните брендови го селат своето производство

најчесто во источно европските земји кои бележат најголеми приливи на СДИ.

Нивната предност во однос на земјите во развој е во техничко технолошкото

ниво на производниот процес, стручната работна сила, поефтиниот транспорт,

отворањето на пазарот .

6.5. Анализа на нивото на СДИ во одредени земји и региони 1988-1999 г.

Ако се анализираат приливите и одливите на СДИ во избрани земји и

регионални заедници, може да се забележи дека во набљудуваниот период

приливот на СДИ во ЕУ имал просечна годишна стапка на раст од 31,7%,

додека кај одливот стапката изнесувала 33,4% .

Приливите растеле многу побрзо во случаите на Јапонија и САД, што е доказ за

атрактивноста на САД како дестинација за инвестирање. Во 1999 ЕУ

забележала 35,3 % од приливот на СДИ, но и неверојатни 63,7% од вкупниот

одлив на капитал, што значи дека ЕУ претставува најголем извор на средства

за инвестирање во други земји. Во истата година, САД иако е развиена земја

11

Page 12: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

била истовремено и нето увозник на капитал, додека Јапонија и ЕУ биле нето

извозници на капитал .

6.6. Значењето на СДИ за земјите во транзиција

СДИ можат да придонесат во процесот на транзиција директно , преку прилив

на капитал и индиректно, преку трансфер на технологија - менаџерско,

производно и организациско ,,know-how”, преку созадавање нови канали на

продажба и преку зајакнување на конкуренцијата во домашната економија. Во

почетниот период на транзицијата СДИ во најголем дел завршувале во

постоечки фирми во земјите. Во втората фаза, по завршување на процесот на

приватизација, најпрогресивните земји се ориентираа кон привлекување на

гринфилд СДИ. Развиените економии во транзиција уште сега имаат одредени

предности во однос на конкурентите, како што е помалиот ризик поради

напреднатите реформи и поволната инвестициска клима како и досегашното

искуство на инвеститорите. Перспективата на скорешно влегување на земјите во

ЕУ дава потстрек за натамошни вложувања на инвеститорите .

СДИ се сметаат дека се најкорисниот и најефтиниот извор на капитал за

земјите во транзиција. Тие имаат повеќе предности во однос на другите извори -

класичното задолжување во странство и портфолио инвестициите .Предноста на

СДИ во однос на странските кредити е во тоа што во иднина ќе нема парични

одливи, освен делумниот трансфер на добивката. Во однос на портфолио

инвестициите СДИ се многу постабилен извор на капитал затоа што парите се

вложени во основни средства што е доказ за долгорочните намери на

инвеститорите. Гледано финансиски, СДИ претставуваат прилив на странски

ресурси кои што ги зголемуваат инвестициите во земјата домаќин. Искуствата

на најуспешните транзициски земји, особено од Источна Европа, покажува дека

странските филијали покажале поголема склоност за инвестирање во споредба

со домашните компании .

7. Фактори кои што влијаат на нивото на СДИ

12

Page 13: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

Можеби најважен од сите фактори што влијаат на нивото на СДИ е

атрактивноста на регионот . Потврда на ова е искуството на земјите од:

Балтикот, Источноевропските земји, Југоисточна Азија. За кратко време овие

региони забележаа рекордни износи на странски директни инвестиции во своите

економии .Тесно поврзани со овој фактор се и: местоположбата на земјата и

безбедноста и стабилноста .Најдобра илустрација за ова се земјите од

Западниот Балкан кои последниве 15 години минаа низ бурен период на

транзиција, меѓуетнички судири и распаѓање на некогашната држава. Од

економските фактори се издојуваат :

-природните ресурси со кои што располага одредена земја

- големината на локалниот пазар

- техничко-технолошкот ниво на домашната индустрија

- квалификуваната работна сила

- реформирана законска регулатива и пријатен деловен амбиент

- развиеноста на финансискиот и на банкарскиот систем

- ниски даноци и лесно префрлање на профитот во матичната земја

- едноставен и брз закуп на земјиште

- пријателски однос кон странските инвеститори

За да ја подобрат својата атрактивност за инвестирање земјите меѓусебно се

натпреваруваат во подобрување на деловниот амбиент и реформирање на

законската регулатива. Притоа најчесто се прибегнува кон намалување на

даночните стапки, се даваат неверојатно високи финансиски пакети на

компаниите доколку реализираат некоја позначајна инвестиција . Овие мерки се

следени и со даночни ослободувања за одреден број години .

8. Влијанието на глобалната рецесија и на светската

финансиска криза врз странските инвестиции

По достигнувањето на историскиот максимум во 2007 година движењето на

СДИ во и од развиенте земји значително опадна во 2008 година: приливот

опадна за 29%, а одливот за 17% . Падот на СДИ се прошируваше паралелно со

продлабочувањето на финансиската криза и економското стагнирање, кои што

сериозно влијаеа на најмоќните светски економии во 2008 година. Компаниите

13

Page 14: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

значително го намалија инвестирањето дома и во странство. Намалените

профити и финансиските притисоци доведоа до опаѓање на реинвестирањето на

добивката и пренасочување на заемите од филијалите во странство во

седиштето, што го намали нето одливот на СДИ. Од 38 најразвиени земји 23

забележале пад на приливот на СДИ. Освен САД останатите поважни развиени

земји имале намален прилив на СДИ .

Како резулатат на финансиската криза приливот на СДИ во ЕУ-27 во 2008

година опаднал дури за 40% . Според приливот на СДИ, меѓу развиените земји

десетте најатрактивни дестинации биле: САД, Франција, Велика Британија,

Шпанија, Белгија, Канада, Австралија, Германија, Шведска и Јапонија. Во 2008

година одливот на капитал, односно надворешните СДИ бележат опаѓање од

30%. Причина за ова опаѓање е намалувањето на учеството во капиталот и

пренасочувањето кон внатрешните пазари и внатрекомпаниските заеми. Десетте

најголеми извозници на капитал во периодот 2007-2008 биле: САД, Франција,

Германија, ВеликаБританија, Јапонија, Швајцарија, Канада, Јапонија, Белгија и

Холандија .

Во анализата на УНКТАД што се однесува за периодот 2009-2011 анкетираните

компании укажале на намалување на планираните инвестиции на среден рок во

сите развиени земји. Речиси 42% од инвеститорите во ЕУ укажале дека ќе ги

преиспитаат тековните и идните планови за инвестирање .

9. Странските инвестиции во Р.Македонија

Странските директни инвестиции се неопходни за зголемен економски раст, но

во Република Македонија тие се уште се на незадоволително ниво. Од

осамостојувањето на земјата до 2008 година вкупниот прилив на СДИ изнесува

2 милијарди и 958 милијарди евра. Доколку се исклучат приватизациите на

Телекомот и на ЕСМ-Дистрибуција тогаш приливот на СДИ инвестиции по

глава на жител во земјава е најмал во однос на другите држави во регионот .

Еден од стратегиските приоритети на земјава е зголемување на странските и на

домашните инвестиции преку подобрување на бизнис климата и креирање

еднакви можности за економски раст и развој на целата територија . Затоа се

поттикнуваат локалните самоуправи максимално да ги искористат своите

потенцијали за побрз развој. По примерот на успешните земји се формираат

14

Page 15: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

посебни технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во кои странските

компании имаат посебни привилегии доколку инвестираат свој капитал во

зоната. Таков пример се ТИРЗ-овите Скопје 1 и Скопје 2 кои се лоцирани во

Бунарџик .Наскоро за инвеститорите ќе бидат отворени и зоните во Битола,

Тетово и Штип. Во анкетата на ОЕЦД за 2009-та странските инвеститори

најголеми забелешки имаат на: бавноста на Катастарот, дискриминацијата во

правните процедури, долгото чекање за добивање работна дозвола за странци и

бавното решавање на имотно правните односи.

10. Заклучок

Секоја земја тежнее да обезбеди поголема економска развиеност на домашната

економија и повисок животен стандард за своите граѓани. Еден од најчесто

користените начини за релативно кратко време да се зголемат економскиот раст

и бруто домашниот производ се странските директни инвестиции. Земјите се

натпреваруваат да станат што попривлечни за странските инвеститори. Се

реформира домашната законска регулатива, се укинуваат административните

бариери, се намалуваат даноците, се нудат посебни бенефиции за поголемите

проекти. Странските директни ивестииции се основен фактор за економскиот

развој. Тие најбрзо може да креираат нови вработувања, повисок бруто домашен

производ. Овозможуваат лесен пренос на знаењето, менаџерските вештини,

маркетинг стратегиите, трансфер на нови технологии, зголемување на извозот.

Актуелната глобална финансиска и економска криза предизвика опаѓање на

движењето на СДИ. Се предвидува бавно закрепнување во текот на 2010

година и знаци на забрзување на движењето на странските директни

инвестиции во текот на 2011 година. Република Македонија треба да продолжи

со натамошно подобрување на бизнис климата. Приоритет да добијат гринфилд

инвестициите, извозно ориентираните проекти кои што генерираат нови

вработувања, влез на нови технологии и подобра конкурентност на нашите

производи на странските пазари. Наши целни сектори за привлекување СДИ се:

автомобилските компоненти, информатичко–комуникациската технологија,

земјоделството и прехранбената индустрија .

Литература

15

Page 16: 26.11.10-Утицај страних инвестиција на глобалном нивоу

1. Foreign direct investment –Imad Moosa, 2002

2. Методија Несторовски-Економија на инвестиции,Скопје ,2002

3. Сашо Нефовски-Инвестициона политика ,Скопје , 2007

4. Д-р Маријана Видас-Бубања-Методе и детерминанте страних

директних инвестиција, Белград ,1998

5. Народна банка на Р.Македонија- Извештај за меѓународната

инвестициска позиција на Р.Македонија , Скопје, 2007

6. Државен завод за статистика на РМ- Податоци за нивото на

странски инвестиции

7. UNCTAD-World Investment Report 2009

9. World bank-Doing bussnes 2010

10. Heritage foundation –Index of Economic Freedom 2010

Индекс на економски слободи 2010

11.Индекс за перцепција на корупција-Transparency

International

12.Кредитен рејтинг-Standard &Poors-

16