68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 156 / ПЕТОК 6.05.2011 година VII верувам во Подобра иднина на Факултетот Тихомир Стојков, декан на Архитектонски факултет во Скопје: кич, „буре барок“ или комПлекс со највисоки естетски вредности? Милано најевропскиот град во Италија

Порта3 156

  • Upload
    porta3

  • View
    250

  • Download
    11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

градежништво, архитектура и екологија

Citation preview

Page 1: Порта3 156

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

56 /

ПЕТ

ОК

6.05

.201

1 го

дина

VII

верувам во Подобра иднина

на Факултетот

Тихомир Стојков, декан на Архитектонски факултет во Скопје:

кич, „буре барок“ или комПлекс соили комПлекс сонајвисоки естетски вредности?

Миланонајевропскиот град

во Италија

Page 2: Порта3 156
Page 3: Порта3 156

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

56 /

ПЕТ

ОК

6.05

.201

1 го

дина

VII

ВЕРУВАМ ВО ПОДОБРА ИДНИНА

НА ФАКУЛТЕТОТ

Тихомир Стојков, декан на Архитектонски факултет во Скопје:

КИЧ, „БУРЕ БАРОК“ или КОМПЛЕКС соили КОМПЛЕКС сонајвисоки естетски вредности?

Миланонајевропскиот град

во Италија

број 156 Петок 6.05.2011 година Vii

Пред повеќе од една година на страниците на Порта3 започна серија текстови, размислувања, коментари посветени на сè она што се случува со Малиот ринг. Желбата на нашето списание е да креираме едно документирано четиво од кое ќе можат да учат сега младите архитекти, и кое по некое време ќе сведочи за тоа како во Македонија (не)требало да се проектира, гради и да се уредува јавниот простор во времето на оваа наша веќе долга транзиција. Можеби со мало задоцнување, но поради обемноста на материјалот, токму сега ви нудиме сублимат од искажувањата на околу 100 учесници во него. Наш соговорник во овој број е деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје, проф. д-р Тихомир Стојков. Со него разговаравме за актуелните состојби во архитектонската наука и образование и воопшто за состојбите во архитектурата и урбанизмот. Порта3 продолжува со изворни

репортажи од европските градови. Овој пат тоа е од Милано - најевропскиот град во Италија. Тој е вториот град по големина по Рим, и претставува еден од водечките светски деловни, културни и економски центри. „Контроверзниот“ член 59-а од новиот Закон за градење. Уште едно авторско гледање на честите измени на овој Закон. Според овој член од Законот, за помалите индивидуални објекти за домување не треба да има апсолутно никаква ревизија на проектната документација, ниту пак вршење надзор над нивната изведба. Но,прашањето што останува отворено и понатаму за дискусија, е дали законодавецот со ваквото „грубо“ подвојување на објектите на „мали и неважни“ (до 300м2) и „големи и важни“ (поголеми од 300м2), не направил своевиден превид?

од редакцијата

ФОРУМ 06ШТО РЕКОА УЧЕСНИЦИТЕ ВО

РУБРИКАТА ФОРУМ НА ПОРТА3 ЗА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“

ГРАДЕЖНИШТВО 14„КОНТРОВЕРЗНИОТ“ ЧЛЕН 59-А ОД

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ

ИНТЕРВЈУ 20ТИХОМИР СТОЈКОВ, ДЕКАН НА

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ „ВЕРУВАМ ВО ПОДОБРА

ИДНИНА НА ФАКУЛТЕТОТ“

РЕПОРТАЖА 28МИЛАНО - НАЈЕВРОПСКИОТ

ГРАД ВО ИТАЛИЈА

АРХИТЕКТУРА 34СОВРЕМЕНА ГОТСКА АРХИТЕКТУРА

САЕМИ 44БЕЛГРАД SEEBBE 2011

МАКЕДОНСКИ ПОСЕТИТЕЛИ ДОВОЛНО - ИЗЛОЖУВАЧИ

НЕКОЛКУМИНА

АРТ ДИЗАЈН 60СКУЛПТУРА ЗА DEUTSCHE BANK

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИСузана ВАСИЛЕВАПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

28

Насловна страница: скулПтура за DeUtSChe BanK, ФРАНКФУРТ, ГЕРМАНИЈААвтори: MariO Bellini arChiteCtS

20

06

60

44

драги читатели,

Page 4: Порта3 156

4

Page 5: Порта3 156

`

Page 6: Порта3 156

форум

ПОРТА 6 мај 201136

6

Пред повеќе од една година на страниците на Порта3 започна серијата текстови,

размислувања, коментари посветени на сè она што се случува со Малиот ринг. Намерата на Порта3 е сите овие реакции и пишувања да се соберат на едно место, и да се издаде книга-искажувања која, се надеваме, ќе биде квалитетно четиво дури и за оние што не се од фелата или блиски до неа. Желбата на нашето списание е да креираме едно документирано четиво од

кое ќе можат да учат сега младите архитекти, и кое по некое време ќе сведочи за тоа како во Македонија (не)требало да се проектира, гради и да се уредува јавниот простор во времето на оваа наша веќе долга транзиција. Проектот Скопје 2014 беше повод да се отворат страниците на списанието за читателите, особено за експертите, професорите, архитектите, историчарите на уметност, ликовните критичари, уметниците, во рубриката што ја насловивме

Форум. Во 26 броеви на Порта3, почнувајќи од крајот на јануари минатата година па сè до крајот на јануари оваа година, продефилираа стотина наши автори. Во суштина, поголемиот број на учесниците во рубриката Форум имаа критички однос кон проектот наречен Скопје 2014, особено по медиумската визуелизација за неговиот финален изглед, кога како најзбунувачки момент за мнозинството се доживеа идејата дека во центарот на градот ќе се гради Триумфална капија! Започнавме со текстот-реакцијата на младите архитекти од здружението „Прва архи бригада“ и ставот на архитектот Александар Смилевски, тогаш член, а денес претседател на Академијата на архитекти. Младите предупредија дека се создава „Ѕид на кичот” од државни градби, кој ќе го затвори левиот кеј на Вардар. Според нив, најголем проблем ќе биде тоа што сите тие градби ја прегазуваат линијата на брегот на реката, преку која не смее да се гради,

пред сè од безбедносни причини. „Конечно добивме Влада што сака да инвестира во изградба на нови капитални објекти. За жал, шансата да се направи нешто вредно во светски рамки е пропуштена поради теснопартиски интереси, игнорантност и идеолошки фрустрации. Како граѓани и архитекти ни останува да ги зачуваме просторите што преостанаа на левиот брег на Вардар и да не дозволиме да се доизгради ,Ѕидот на кичот' што се предвидува“, сметаа тогаш членовите на ова здружение. Архитектот Смилевски, пак, запраша: Која ќе биде пораката што ќе ја оставиме на идните генерации, кога градиме лоши копии од минатото на диктирани локации и со однапред одреден архитектонски израз? Поголемиот број автори во текстовите што следеа сметаа дека иницијативата на Владата за изградба на капитални објекти во центарот на градот е за поздравување, но таа не смее

Што рекоа учесниците во рубриката Форум на Порта3 за Проектот скоПје 2014?

кич, „буре барок“ или комПлексИДЕЈА-РЕАЛИЗАЦИЈА Мнозинството автори на текстовите сметаа дека иницијативата на македонската Владата за изградба на капитални објекти во центарот на градот е за поздравување, но според нив, нејзината реализација е кампањска, недоволно подготвена, непрофесионална, чудна, необмислена и нетранспарентна

Јован Стефановски Жан:Порака од минатото како да се гради во иднината

Презентацијата од општина Центар за мене претставува една сериозна студија изработена од многубројни урбанисти, архитекти, скулптори, дизајнери, пред сè планери и е еден голем проект, голема визија за централното градско подрачје до 2014 година. Можам слободно да кажам дека ова е прва таква визија воопшто прикажана во историјата на постоењето на овој град и замислена од толкав број стручњаци. Затоа, иницијативата можам само да ја поздравам и да посакам успешна реализација. На целава работа треба да ѝ се даде една позитивна енергија, поддршка. Огромна смелост е да се заврши еден ваков проект.

Page 7: Порта3 156

форум

6 мај 2011 ПОРТА3 7

7

да биде кампањска, недоволно подготвена, необмислена и нетранспарентна. Некои сметаа дека недоволно разработениот ДУП за Малиот ринг со неискристализирано сообраќајно решение (со кое ќе се избегне секојдневниот сообраќаен колапс во центарот на градот), секоја година трпи нови измени - маркици за нови содржини, во зависност од интересите на поедини бизнис групации или прагматичните идеи на владеачките гарнитури. Концентрација на толкав број објекти и содржини сместени на

пребукиран кеј со мостови, фонтани, градски плажи, сплавови, скулптури, со во заднина веќе потиснати објекти на: Филхармонија, Опера и балет, сегашниот и идниот хотел, Музеј на холокаустот, објектот на Ибни Пајко и Комерцијална банка, сама по себе е неодржлив конгломерат на функции. Катните гаражи наместо по работ на Малиот ринг, се внесени во него, што е сообраќајно неодржливо решение, и го узурпираат најскапоценото градежно земјиште. Треба да имаме ДУП за центарот на градот со визија,

кој ќе ги задоволи потребите на жителите барем за следните 50 години, велат тие. ДУП требаше да биде предмет на сериозна, стручна и професионална студија, составена од еминентни стручњаци архитекти, урбанисти, сообраќајни инженери, историчари на уметност, социолози, уметници, психолози и филозофи - студија проследена со многу анализи, и со анкети меѓу граѓаните од сите возрасни групи. Но, за жал, сите овие стручни укажувања не стигнаа до оние на кои беа упатени. Се поставуваа прашања, каде

испарија сите академски дискусии за архитектурата и контекстот, за архитектурата и идентитетот, за архитектурата и континуитетот, како корекција на еуфоријата на модерната? За каква нова еуфорија се работи во овој проект, прашуваат поголемиот број автори во Форумот, со која грубо се негира започнатата приказна за формирање на културен центар, па така, на пример, мостот на уметноста наместо да води кон плоштадот на културата, удира во објект на Финансиската полиција?

кич, „буре барок“ или комПлекс со највисоки естетски вредности?

Борис Чипан:недоречена архитектонска и урбанистичка слика

Во 1997 година некој од тогашната власт се сети да го претстави проектот на Кензо Танге за застарен и несоодветен на новата општествена ситуација и да го измисли Малиот ринг. Таа власт направи конкурс за уредување на Малиот ринг, т.е. просторот од двете страни на Камениот мост. Врз основа на тој конкурс е изработен детален урбанистички проект за овој простор, кој е усвоен од Советот на општина Центар. Тој план препорача слободна агресија на урбаната мафија и, што е чудна вистина која денес некои ја одрекуваат, на градскиот плоштад фиксира две маркички кои јасно сугерираа реконструкција на двата најкарактеристични предземјотресни објекти - Офицерскиот дом и Народната банка. Но, просторотоколу Плоштадот како проколнат и понатаму остана празен. Денес не навлегувајќи во економските проблеми на Македонија, сведоци сме на

една програма и обид за реализација на овој простор околу Плоштадот, со зафаќање и на територијата на левиот брег на Вардар. Ни се презентира една архитектонска и урбанистичка слика која, верувам, сите македонски архитекти ги доведува во ситуација на вчудоневиденост. Со проектот на Кензо Танге левиот брег беше дефиниран како културен центар на Скопје и на Република Македонија, со згради на операта,филхармонијата и модерна кино сала, заедно со банката и музичката академија. Тој простор остана недовршен и сега се предлага изглед на филхармонијата во заднината на нови згради покрај кејот. Ќе цитирам една мисла на францускиот филозоф и историчар на уметност Саломон Ренак во книгата „Аполо“. Во времето на Луј 14 е создадена Француската академија на уметности. За состојбата на ликовната уметност од тоа време, инспириран од еден од најслабите тогашни сликари, Лебрен, Ренак има напишано една саркастична реченица: „На едниот (Луј 14) му требаше слуга, а другиот (Лебрен) си го најде својот господар”.

Page 8: Порта3 156

форум

Трајко Димитров: дворските архитекти не знаат да наПрават бесмртна архитектура

Визуелниот привид дека доста интензивно се гради (и каде што треба и каде што не треба), реалните состојби на мониторинг покажуваат сосема поинаква слика. Архитектонскиот еснаф никогаш не бил на толку ниско рамниште, дезорганизиран, немотивиран, депримиран. Архитектурата низ вековите била и останала јавнапрофесија и доблест, и нејзините дела, добри и лоши (во поширока смисла на поимот) биле заеднички. Затоа активноста за создавање на вредни, трајни архитектонски вредности мора да биде грижа на пошироката општествено-политичка заедница. Не ми пречи што има луѓе кои ја уживаат милоста на актуелната власт. Секоја власт работи со свои луѓе. Но, ме теши сознанието дека на најраскалашниот двор во поновата историја, Виенскиот двор, омилен бил Салиери, ама бесмртна музика правеле Моцарт и Штраус. Тоа е мојата порака до колегите што сакаат нас да не вреднуваат, а немаат со што да се пофалат.

Георги Константиновски: комПлетно ПогреШно

Имитацијата на архитектонските стилови во основа е секогаш неинвентивна инеплодотворна. Денес, во ерата на кибернетичкиот стил, да се зборува за какви било историски стилови е исто како да се споредуваат брзински трки меѓу магаре и авион. Никако не смее да се сугерира како ќе изгледа некоја градба. Тој што создава стои зад својата работа. Нашиот факукултет ужива голем авторитет токму поради својата школа. Не би требало нашите архитекти да паѓаат во погрешни води, треба да стојат цврсто и одговорно зад она што го работат. Стара архитектура може да се возобнови. Наспроти сите овие нови градби, најубавиот бисер од тоа време - Куќата на Рубен на влезот на Градскиот парк - се распаѓа. Наместо неа да ја обноват, се градат нови слични. Комплетно погрешно.

Зошто на ваков начин редефинирање на фасадите на некои постојни објекти во центарот? Дали можеше тоа да се испланира да се реализира на некој поинаков начин? Какви се меѓународните искуства кога се работи за овој тип на големи „урбанистички“ и архитектонски проекти? Оттука заклучокот дека сериозно се отвора темата за феноменологијата на кичот и за нашето идентификување низ сите фази на архитектонското творештво. Но, секако, низ целиот овој проект на Порта3 се слушнаа и размислувања кои се изнесоа позитивно околу целиот проект, и кои веруваат дека Скопје на овој начин ќе изгледа како светските метрополи. Така, еден студент по архитектура вели „Мене ми се допаѓа тоа што ќе се гради на плоштадот. Ја гледав и визуелизацијата. Доколку сè се изгради до 2014 година, се надевам дека секој што ќе дојде во Скопје, ќе знае каде се наоѓа. Мислам дека ни е понудена комбинација од архитектонски објекти, како што можам да забележам нема само од 17 и 18 век, туку и модерна архитектура. Јас ги разбирам моите колеги кога она што се гради покрај Вардар го нарекоа „ѕид на кичот“, зашто објектите се сконцентрирани на едно место, прават еден ѕид, го делат Скопје на два дела. Но, ова сепак дава некој лик. Не значи дека се враќаме назад, туку сакаме да вратиме некои работи кои се изгубени или запоставени. Сметам дека Владата не е таа што не ограничува, туку дека има тим архитекти кој го диктира изгледот на објектите. Владата можеби кажува кои објекти каде да се стават, но не и тоа од кое време ќе бидат и како да изгледаат“, завршува студентот. Други сметаат дека е неискрено кој било да каже дека не треба ништо да се менува и да се гради на плоштадот Македонија во Скопје и на целиот потег на т.н. Мал ринг. Според овие размислувања, целиот тој простор е толку безличен и запоставен со децении наназад, што е голем срам за Скопје како метропола, но и за државата во целина. Дека премногу се доцни со оформувањето на овој градски простор, особено ако се земе предвид колку години поминаа од катастрофалниот земјотрес во Скопје, и колку многу конкурси и предлог-планови биле понудени во изминатите години. Исто така, според нив, сето тоа не значи дека по секоја цена, набрзина и без поддршка на стручната и останата јавност, треба да се направи што било, што на крај ќе има негативни реперкусии на секојдневното живеење на сите граѓани на Скопје, но

ПОРТА 6 мај 201138

8

Page 9: Порта3 156

форум

Косто Мангароски:Предизвик

Обновувањето и реализацијата на овие објекти беше предвидено во Деталниот план за Малиот ринг од 1997 година. Тие конкурси беа од отворен карактер и на нив учествуваа многу колеги архитекти. За мене лично беше предизвик да одговорам на проектните барања на некои од овие конкурси. Сметав дека како архитект имам должност да придонесам со активно учество на овие конкурси. Концептот за Скопје 2014 предвидува задржување и реализација на одредбите од ДУП од 1997 година кој до денес не е променет, со кој се предвидуваше обнова на изгубениотидентитет на град Скопје, односно обнова на Стариот театар, обнова на Офицерскиот дом, Банката и други објекти изгубени во земјотресот, а кои претставувале обележје на град Скопје. Пораките од минатото секогаш претставувале незаменлив фактор за континуитет во иднината. Потребна е позитивна, креативна енергија за да се реализира одредена архитектонска визија.

Михаил Токарев:Паралела со Периодот на чауШеску

Диригираната архитектура го назадува општеството. Доколку преку архитектурата наложена од власта нашето општество треба да се идентификува, тогаш кога идните генерации ќе судат за нашиот период, истовремено ќе не осудат сите нас. Голема штета е што ниту Асоцијацијата на архитекти, па ниту нејзината Академија на архитектурата немаат сили да се спротивстават на архитектурата диригирана од власта. Денес, од страна на власта, на архитектите им се наложува не само тоа каков да биде објектот по функција и конструкција туку и по облик. Во таа смисла може да поставиме паралела со периодот на Чаушеску во Романија, кој ја исполни својата желба Букурешт да го направи Париз на Источна Европа. Тој во Букурешт градеше триумфални порти, монументални објекти, ама и широки булевари. Знаеме што се случи со него, но историцистичката архитектура остана.

и на сликата што како метропола ќе ја испратиме во светот. За ваков голем зафат кој се презема за да функционира во долг временски период, според нив, треба да се соберат сите расположиви стручни потенцијали на државата, но и од странство. Оттука и нивната заложба дека традицијата и нашето архитектонско наследство како подлога за истакнување на нашиот идентитет и нашата особеност, треба да се искористат за оформување на централното градско јадро, но од професионално гледиште може да се каже дека мнозинството автори во предложеното решение не препознаваат ништо од претходно наведеното. А како одличен пример на македонската архитектура и на користење на нашата посебност, според нивните размислувања, може да се наведат зградата на Владата, МАНУ, НУБ „Св.Климент Охридски“. Мошне оригинална е споредбата на проектот Скопје 2014 со „буре барок“. „Ова буре барок кое експлодира со спотот Скопје 2014 воопшто не ме изненади“, смета еден автор. Тоа е само резултат на досегашното игнонирање на реалноста, долгогодишна верба во илузии и долгогодишното отсуството на континуирано планирање, неопходно за создавање на употреблива архитектура и корисен урбан простор, како на државно така и на локално ниво. Скопје 2014 е врв на хаосот што го создававме сите овие години, директно или индиректно, повеќе или помалку, гласно или немо. „Некои тоа го планираа, другите го проектираа, третите го градеа, а последните за тој хаос скапо плаќаа. Сега целиот хаос кулминира со спектакуларен спот, со буриња накитени со барок, неокласицизам, антика, и што уште не“. Наспроти ваквото доживување на проектот, има тврдење дека Скопје 2014 е архитектонско - урбанистички комплекс со највисоки естетски вредности. Авторот на ова размислување смета дека новиот концепт за надземно и подземно паралелно уредување на плоштадите Македонија и Карпошово востание, како и внесувањето на соодветни архитектонско - урбанистички содржини на левиот и десниот брег на реката Вардар во централното градско подрачје, претставува издржана симбиоза која ќе ги задоволи севозможните барања на граѓаните на Скопје и Република Македонија. „Со овој проект, граѓаните ќе бидат поврзани со уникатни јавни функции

Радомир Лаловиќ:травестија

Би сакал да се запрашам и за содржината на овие објекти кои треба да му ја дадат „душата“ на централниот плоштад. Дали се тоа објекти кои му даваат животворност на централниот простор или се оние што во втората половина од денот не функционираат (администрација, судови, музеи, верски објекти)? Трансформацијата на фасадите како еден вид травестија на објектите што настанале во одреден историски период е нeдозволено, а некаде дури и со закон забрането. Зошто Македонија да биде заробена во еден стил? Би сакал да се запрашам и дали еден стил треба да биде етаблиран како државен?

6 мај 2011 ПОРТА3 9

9

Page 10: Порта3 156

форумод областа на локалните и државните репрезентативни институции (Градска куќа, хотели од висока категорија, Уставен суд, Архив на Македонија, Министерство за надворешни работи, Јавно обвинителство, Финансиска полиција, Агенција за електронски комуникации итн.), како и од областа на културните и духовните вредности (Стар скопски театар, Музеј на македонската борба, Археолошки музеј, црква Св. Константин и Елена, монументални споменици на Александар Трети Македонски, Јустинијан Први, Цар Самоил, Карпош војвода, Гоце Делчев, 'Независна Македонија', Порта Македонија... ). Овој проект подразбира исклучителна

одговорност на сите креативни умови вклучени во организацијата и обликувањето на најмаркантните волуменско - просторни композиции за експонирање на достоинството на Македонија и на секој Македонец. Со користење на современи и традиционални материјали и форми и современа функционална и концептуална интерпретација на државниот суверенитет, тие

создаваат нова координирана семантичка идентификација на елементите во амбиенталната вредност на препознатливиот административен, политички, културен, трговски центар на Македонија, како суверено право на македонскиот народ да го продолжи достоинствено седумдесет и седум илјадагодишниот континуитет на Македонската Цивилизација. Според ова размислување, треба да се користат содржини, форми, детали и естетски обликувни елементи од разновидните иновации на македонските архитектонски и уметнички изразни средства, применети во изградбата на околу 70 Александрии, околу 110 Селевкии и Антиохии, повеќе Птолемаиди

и други македонски градови од епохалниот период на Македонизмот од времето на Великото Македонско Царство со територија од 3,8 милиони квадратни километри на македонскиот цар Александар Трети Македонски (336 - 323 г.пр.н.е.) и на 4 македонистички царства и 3 македонистички кралства...Тој открива дека за реализација на исклучително важниот проект на Владата на Република Македонија и на општина Центар за концептуално внесување се крајно неопходни нови архитектонско - градоградителски и естетски содржини за семантичко надополнување и обликување на сликата на градот и одделно на централното јадро на Скопје. „Со користење на научна методологија на проектирање и одлучување, на најтранспарентен начин се ангажирани околу 2.000 различни експерти од областа на проектирањето и соодветни степени на ревидирање и усвојување на конкурсните решенија, и нивната проектантска разработка што

ќе придонесе за нов квалитет во третманот и организацијата на просторот во современата македонска архитектура, базирана на достоинствено почитување на континуитетот на македонската архитектонска традиција, која од своја страна на широка врата го врати најпозитивното препознатливо искуство на Македонизмот во современата македонска архитектура, како најинспиративно македонско архитектонско - урбанистичко наследство“. Проектот Скопје 2014 е повод да се проговори и за нешто што е надвор од главниот град. Па така, еден архитект ќе напише „Она што мене ми пречи е тоа што сите градежни акции се насочени само кон центарот на градот Скопје. Како ништо друго да не постои. Ние што живееме во другите градови на Македонија, се чувствуваме како заборавени од сите. Зошто кај нас се градат толку малку јавни објекти и не се уредува јавниот простор? Зошто не се гради во Шуто Оризари или Драчево? Зошто не се градат нови патишта, зошто има толку малку инфраструктурни објекти? Зошто никој не е заинтересиран за малиот урбанизам? Во градовите имаме едно чудо простор кој зјае празен. Пред и зад станбените згради, пазарите, предградијата, напуштените фабрики, старите железнички пруги итн. Зошто не покренеме иницијатива тој да се уреди? Сметам дека ние архитектите самите сме виновни за тоа што никој не нè есапи и никого не го интересира нашето мислење“. Конечно, низ Форумот се проговори и за спомениците. И за нив многумина искажаа негативно критичко мислење. Не дека не треба да ги има, туку повеќе се дискутираше за самиот избор на нивните автори. Се укажуваше дека главно се работи за анонимни автори и полтронски настроени уметници и архитекти, кои не можат да направат издржани и сериозни дела. На овој начин, единствено што може да се демонстрира се аргументи на естетска неписменост. Зашто центарот на Скопје не е дневна соба во приватен стан за да се уредува со стилски мебел по личен афинитет. Не е ниту приватен двор за да се кити со скулптури на џуџиња, лавчиња или фенерчиња. Друг автор запиша: „Високите уметнички вредности на некои од

добро познатите јавни споменици во Скопје, како што е споменикот на Иван Мирковиќ Ослободителите на Скопје пред Владата, или споменикот на Петар Хаџи Бошков Св. Климент Охридски пред Националната библиотека, или Меморијалниот комплекс во Бутел на Душан Пецоски и Јордан Грабул, сведочат за едно друго време кога се имаше повеќе слух и знаење за она што значи квалитет, вредност, мерка, за она што е достојно да го одбележи јавниот простор и градот. Но, тоа беше едно друго време, време на еден режим кој имаше потреба од херојски, самоидеализирачки споменици, режим кој своите идеали сакаше да ги монументализира и да ги направи бесмртни. Иронијата е во тоа што ова наше постсоцијалистичко општество, наместо да покаже скептицизам кон секаков вид на потреба за монументализирање, идеализирање и митологизирање, всушност оваа потреба уште повеќе ја зацврсти и ја издигна до неверојатни и зачудувачки размери“.

Милица Јанакиева:Премиерот ми ја одзеде ПроФесијата

Огорчена сум. Најпрво се лутев на премиерот што ми ја презеде професијата и така три години проектира, а јас се надевав дека ќе се занимава со својата професија - економија. А како проектант секој проект му е шокантен, три стокатници, лавови, цркви и не верував дека сето тоа може да се реализира. Но, најмногу се разочарав кога дознав дека моите колеги професори (кои биле или сè уште се професори на факултет), му го хранат егото, а јас за нив верував дека се мои сoвременици. За жал, на една страна ќе го имаме барокот, а во негова близина коњите и чергите во Маџир маало што се секојдневна слика, на исто место со најновиот тип мерцедеси. Премиерот успеа да не подели по сите основи: Скопје со останатите градови, останатиот дел на Скопје со центарот, на етничка основа и на крај, за жал, архитектите: на оние што мора да работат за него и оние што имаат свој став.

Олга Папеш:стил и Физиономија

Не можам да ја прифатам ниту најавената реконструкција на фасадите на постоечките згради во Малиот ринг. Објектите на „Пелагонија“ и на „Пелистер“ имаат свој стил и физиономија. Тие имаат свој автор. Фасадите може да се обноват, но ако им се даде нов лик ќе се поништи авторското право. Тоа е исто како на Мона Лиза да ѝ ставите веѓи.

Стеван Смилевски - Кокан:татковински Проект

Го поддржувам татковинскиот концепт за дефинирање на централното градско подрачје, односно плоштад Македонија, од урбанистичко - архитектонски и естетски аспект. Просторите на Македонија и Вечниот град Скопје, главен град - престолнина на нашата држава Република Македонија, во своите временски слоеви ја носат – содржат историјата што е светско наследство, но ни припаѓа во прв ред на сите нас, нам кои сме тука родени, живееме и твориме, чувствувајќи го тлото под нас како дел од себе, гордеејќи се и неможејќи да замислиме друго место каде би бил нашиот дом. Обединувајќи се во напорите да ги испочитуваме нашата милемиумска историја и предци, ќе го достигнеме зрелото доба на самопочитување.

ПОРТА 6 мај 2011310

10

Page 11: Порта3 156

скопје

градските власти ја почнаа реализацијата на својата обврска од проектот Скопје

2014 - реконструкција на фасадите на пет објекти во строгиот центар се нивните најнови активности. Прва на листата за обнова е зградата на „Пелистер“ што треба да биде готова за три месеци. Следни се фасадите на објектот кај кафулето „Тренд“, како и на зградата на „Пелагонија“. И тие ќе добијат стилски изглед.Стилска фасада изведена со столбови обложени со дробен травертин, наместа вграден бакар и ковано железо на површина од 1.100 квадратни метри, во стилот на старо Скопје - вака до лето ќе заличи фасадата на објектот „Пелистер“. За фасадата на култниот ресторан од буџетот на Градот ќе се потрошат речиси 240.000 евра. „Зградата ќе добие нов имиџ. Фасадата ќе има класичен стил, лик на старо Скопје“, вели скопскиот градоначалник Коце Трајановски,

тврдејќи дека за новиот изглед на фасадата Градот ги има потребните согласности од куќниот совет, како и од архитектите на зградата. Проектот без збор бил прифатен и од сопственикот на угостителскиот објект, иако за време на градежните зафати летната тераса ќе мора речиси целосно да ја затвори, што значи дека практично ќе пропадне половина сезона на ресторанот. Токму одобрувањето на новата стилска фасада била главната причина зошто целата постапка до конечната изведба траела подолго од очекуваното.Новата фасада ќе се работи по проект изработен од „Жагра ком“ Скопје, на авторите Лазар Димов и Никола Стакинов. Градоначалникот Трајановски информираше дека освен зградата на „Пелистер“, во оваа фаза ќе се обнови и надворешниот изглед на објектот во продолжение на „Пелистер“, поточно неговата бочна страна. Инаку, во тек е изработка на идеен

и основен проект за фасадата на делот од објектот меѓу „Пелистер“ и „Пелагонија“, како и за онаа на зградата кај „Тренд“. Се очекува оваа постапка и изборот на изведувач да завршат до почетокот на летото, по што ќе почне да се работи на фасадите. Засега, како што изјави Трајановски, не е планирано во стилот на старо Скопје да се обноват и други објекти што гравитираат околу плоштадот. Единствено, Градот во меѓувреме презема активности за санација на фасадите на зградите покрај

Илинденска. Начелно е договорено проектот да се реализира заеднички со општина Центар, а во меѓувреме

за идејата се консултира со станарите на објектите.

К.С.Т.

Проектот Винарија Стоби, добитник на Гран при наградата на 15. Биенале

на македонската архитектура, од авторите Александар Радевски и Викторија Ставриќ-Радевски, беше во најтесниот избор од пет финалисти на ArchDaily за годишната награда за архитектура за 2010 година во категоријата индустриски објекти. Како што објавивме во минатиот број на Порта3, лауреат на ArchDaily за индустриски објекти стана објектот на Винаријата Лапоса, проект излезен од Ателјето на Петер Кис. Покрај овој објект и објектот на Винаријата Стоби, во финалниот избор влегоа Винаријата Фаустино, проектирана од Фостерс и Партнери, објектот за генераторот за струја во цементарницата Аргос од Фелипе Гонзалес Пачеко и фабриката за производство на минерална вода Аони од архитектите Даниел Бебин и Томас Сакстон. За влез на Винаријата

Стоби во финалето гласале повеќе од 15 илјади читатели на ArchDaily.Локацијата на која се наоѓа Винарската визба Стоби е дел од индустриската зона на општина Градско, во непосредна близина на магистралниот пат Скопје - Гевгелија. Конфигурацијата на теренот и максималното искористување напарцелата наметнуваат П-форма на комплексот. На локацијата постојат два влеза, еден главен влез од регионалниот пат за целиот комплекс, и еден економски влез од локален пат, кој се користи сезонски само во периодот на прием на грозје.Винаријата се состои од 8 периметрални единки групирани околу централен двор. Секоја единка е на некој начин и функционално, и конструктивно независна целина. Тие имаат пропорции во сооднос од 1:1 (24 x 24 метри) и 1:1.1618 (24 x 38.80 метри - златен пресек).

Вкупна квадратура на сите нивоа од приближно 9.000,00 м2. Објектот има армирано бетонска конструкција. Покривните носачи се изработени од пренапрегнати, бетонски, префабрикувани елементи, кои премостуваат распон од 24 метри. Секундарната конструкција е од дрвени талпи поставени на „кант“ и исполна од

видлива оплата од штици. Како завршна обработка на покривот е поставен лим. За затворање на фасадата, покрај конвенционалните ѕидови, се користени челични решетки за постигнување на трета димензија. Порта3 ја претстави Винаријата Стоби во број 129 од 23 април 2010 година, при што имавме и интервју со авторите на проектот.

нов имиЏ на стариот „Пелистер“Продолжува остварувањето на главниот Проект

инФо

винаријата стоби во финалниот избор на archDaily

6 мај 2011 ПОРТА3 11

11

Page 12: Порта3 156

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

скопје

ПОРТА 6 мај 2011312

12

Скопје и Македонија немаат искуство во градењето на подземни сообраќајници, па

затоа најавената јапонска помош во оваа област ќе биде од голема корист, особено откако централните и локалните власти покажаа цврста решеност конечно да го пробијат коридорот покрај реката Вардар во центарот на главниот град, од Комплексот банки до Мостот Гоце Делчев. Јапонските метрополи пред многу децении го достигнале нивото на развој што денес го има Скопје, односно моментот кога градската сообраќајна мрежа веќе не може да продолжи да се развива на едно ниво, туку мора да се оди над или под површината. Иако е распослана на четири пространи и на голем број мали острови, земјата на изгрејсонцето не располага со многу површина за да ги смести своите 120 милиони жители. Стрмните и тешко проодни планини сочинуваат речиси 70 отсто од територијата на државата, а остатокот горе-долу го пополнуваат мегалополисите со десетици милиони жители, урбани конгломерати кои се меѓу најголемите на планетата. Поради тоа, Јапонија досега изградила тунели за патнички возила на 8.331 локација, и во урбаните средини и надвор од нив. Вкупната должина на овие подземни премини изнесува неверојатни 2.653 километри, што е за најмалку илјада пати повеќе од збирната километража на шесте наши тунели, сите направени на потегот меѓу Скопје и Гевгелија, со исклучок на најкраткиот, кај хотелот Горица на патот Охрид-Свети Наум. Поради сето тоа, експертите сметаат дека Јапонија е можеби најдоброто место од каде што би можеле да побараме помош за еден ваков проект.„Оваа идеја со јапонската помош може многу да користи затоа што тоа е земја која има големо искуство во изградбата на подземни сообраќајници и тоа на земја која е постојано подложна на земјотреси. Што се однесува до нашето трусно подрачје знам дека ќе нема никаков проблем“, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска

сеизмологија. Тој додава дека ваква јапонска понуда за помош имало уште пред шест години.„Претсавникот на ,Каџима корпорејшн' за Европа беше кај нас на гости и уште пред шест години Јапонците беа подготвени да изработат физибилити студија за патиштата кај нас, а покрај тоа и за подземна сообраќајница. Но, тогашните власти како да немаа разбирање за таквата студија и не одговорија на нашите писма“, вели Гаревски. Проектот за подземната улица, која ќе поминува од Комплексот банки преку Кејот до Мостот Гоце Делчев, допрва ќе се прави. Колку метри ќе биде под земја сè уште не е утврдено, но според најавите од Градот, ќе има по една лента во двата правца и ќе се гради две години. Изградбата би чинела триесет милиони евра, а студијата ја изработи шпанската фирма „Идом“. Владата и Град Скопје потпишаа меморандум за заедничко финансирање на проектот. Градот Скопје со овој значаен проект ќе добие побрза и побезбедна сообраќајница која значително ќе го растовари сообраќајниот метеж низ центарот на градот. Според плановите, подземната сообраќајница ќе почне да се гради во текот на летото 2012 година, а дотогаш Градот Скопје ќе треба да изработи инфраструктурен проект и преку јавен конкурс да избере изведувач. Консултантската куќа „Идом“, меѓу другото, укажала дека изградбата со јавни пари

е далеку поисплатлива отколку преку ангажиран концесионер, што беше првична идеја за реализација на проектот. Студијата укажала дека Градот би требало да го субвенционира концесионерот, со оглед на тоа што тој не би имал поврат на средства од проектот. Па така, изградбата со јавни пари би била поповолна и поевтина. Студијата, пак, на истите консултанти, но ангажирани од страна на Министерството за транспорт и врски, укажала дека трасата на сообраќајницата во голема мера би го растоварила метежот во Скопје. Кои сè лекции би можеле да ги научиме од Јапонија во овој случај? Според некои студии таму, и самите јапонски инженери учат од грешките што се правеле во минатото додека се граделе сите тие илјадници градски и вонградски тунели. Тука пред сè се мисли на лекциите за безбедноста, како и на градењето тунели со поголем квалитет, а истовремено со помал трошок. Од овие аспекти, градските тунели се посложени од тие на отворен пат, затоа што имаат голем број клучки, а сообраќајот во нив е постојано густ, па евентуален пожар или друга непогода би можела да направи голема катастрофа. Затоа уште при изградбата се планираат системи за евакуација и за испуштање на чадот, кои користат и за да се прочистуваат издувните гасови од автомобилите. Особено е важна соработката со полициските и со противпожарните служби. Некои

подземни сообраќајници, како на пример 11-километарската Шинџуку, имаат сопствени полициски и противпожарни станици, со што би можело брзо да се реагира. Во овој тунел има евакуациски излези на секои 350 метри, односно на десет минути пешачење. Пристанишниот тунел во Токио има систем со прскалки, кој иако не се користи често, постојано се проверува дали е исправен. Сите овие мерки се воведени откако се случиле инциденти со пожари.За да им биде поедноставно проектирањето и конструирањето на подземните сообраќајници, Јапонците имаат донесено и закон со кој сè што е на длабочина од најмалку 40 метри или 10 метри под најнискиот темел (ако тој е исто така многу длабоко во земјата) не се смета за приватна сопственост, па така може да се планира изградбата без да се решаваат имотноправни проблеми. Токму нерешените имотни прашања многу често се причина поради која проектите во Македонија стојат во место. Но, и во Јапонија досега не е завршен и отворен ниту еден сообраќаен објект на оваа длабочина, иако законот важи десет години. Во тек е изградбата на кружниот автопат Токио Гаикан, чии подземни делови ќе бидат на 40 метри под земјата. За во блиска иднина се планираат уште неколку проекти, меѓу кои и експресен автопат од 100 километри.

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Побарана ПомоШ за Подземната сообраќајница

тунел По јаПонски рецеПт

Page 13: Порта3 156

3 13

13

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

Согласно Чл.43 од Статутот на ААМ и согласно член 3 од Правилникот за доделување на наградата, “Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ. Предлогот треба да содржи: куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Рокот за поднесување на предлозите трае 90 дена од денот на распишувањето. Пристигнатите предлози ќе бидат разгледани од петчлена Комисија, избрана од

Управниот одбор (УО) на ААМ . Еден член во Комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”. Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов”, согласно Чл. 39 од Статутот на ААМ, станува член на Архитектонската академија на

Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул.Даме Груев 14а во Скопје.Телефон за информации е 02/3237 277. e-mail: [email protected]

Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) објавува

ЈАВЕН ПОВИКза предлагање на можни добитници на

наградата “Андреја Дамјанов” за 2011 година

Page 14: Порта3 156

градежништво

ПОРТА 6 мај 2011314

14

кога во моето проектантско биро дојде препорачано писмо од Министерството за

транспорт и врски на РМ, и во него добив понуда да го искажам моето отворено мислење за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за градење што беше во моментот во процедура на разгледување и усвојување, бев радосен што нашето ресорно Министерство сака да го слушне мислењето и на нас, кои работиме

надвор од државните институции, а сме во оваа дејност со години наназад. Секако, како искусен проектант во делот на статичкото и асеизмичкото проектирање на објекти од високоградбата и мостоградбата, се заземав да го прочитам и да го анализирам секој нов, или можеби променет член од новиот Закон за градење.Мора да признаам, дека читајќи ги еден по еден новите членови и дополнувања од овој Предлог-закон,

бев задоволен затоа што со нив, конечно, ќе се регулираат некои од претходно не докрај дефинираните ставки во повеќе области од градежништвото. Но, кога дојде на ред да го прочитам членот 59-а од истиот, непријатно се изненадив и се возбудив од прочитаниот (на сега веќе усвоениот) нов член во Законот за градење, а кој гласи: „За градби наменети за индивидуално домување со површина до 300м2 не е задолжителна ревизија на основниот

проект и надзор над изградбата, а изведувачот е должен да даде изјава заверена на нотар со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект.“Ако подобро се анализира значењето на овој член од Законот за градење, тоа значи дека за помалите индивидуални објекти за домување не треба апсолутно никаква ревизија на проектната документација, ниту пак вршење

БЕЗ РЕВИЗИЈА Според овој член од Законот за градење, за помалите индивидуални објекти за домување не треба да има апсолутно никаква ревизија на проектната документација, ниту пак вршење надзор над нивната изведба

„контроверзниот“ член 59-а од новиот закон за градење

Page 15: Порта3 156

градежништво

6 мај 2011 ПОРТА3 15

15

надзор над нивната изведба.Иако, нашите читатели се од редот на компентентни стручни лица од областа на градежништвото, сепак во кратки црти ќе објаснам што значат поимите „ревизија на проектна документација“ и „надзор над изведба на објекти“.

ревизијаСпоред истиот овој Закон за градење, членот 20, „ревизија“ значи техничка контрола и проверка на изготвената проектна документација од едно стручно лице (проектант), и од страна на друго стручно лице (ревидент). При оваа контрола, ревидентот има обврска да ја утврди и потврди усогласеноста на проектите со одредбите од Законот за градење, но и многу поважно од тоа: да утврди дали проектот е изработен според стандардите и нормативите за проектирање, како и техничките прописи за градење. Неспорно е дека проектантот секогаш бил, е и ќе биде одговорна

личност во доменот на почитување на обврските што му ги налага нашиот Закон, меѓутоа за да се елиминира „човечкииот“ фактор на потфрлање и затајување при исполнување на тие обврски, творецот на Законот за градење ја вметнал ставката „ревизија“ да биде задолжителна од многу едноставна причина - ако ништо друго, заради онаа народната „четири очи гледаат подобро од две“. И тоа е многу добро.

неПравилностиЈас тука може само да го надополнам овој факт и со неколку конкретни примери што како ревидент во текот на моето 20-годишно работење ги имам откриено како помали или поголеми неправилности при изработката на проектната документација, а кои се од областа на статичкото и асеизмичкото проектирање на објекти во високоградбата, а тоа се:- комплетно изземање на

изработка на сезмичка анализа за дадениот објект;- погрешно дефинирање на правецот на делување на компонентите од ветарот, а посебно при дрвените и челичните кровни конструкции;- „промашувања“ во делот на проектираните коти на фундирање, но и типот и начинот на фундирање за објектите;- „конструктивни грешки“ при проектирањето на носивите конструкции на објектите. Да не бидам погрешно разбран, но поголемиот број од горепосочените пропусти се случуваат заради помала (недоволна) стручност, кое важи посебно за помладите проектанти кои, пак, со последните измени во Правилникот за добивање овластувања за проектанти, сега можат да се здобијат и со титулата „овластен проектант“ по само пет изработени проекти и тоа како проектанти-соработници.Сигурен сум, исто така, дека состојбата и во останатите фази

на проектирање: архитектура, водовод и канализација, електрични инсталации и машински инсталации, се исти или слични со оваа во градежното конструкторство.Овие неколку посочени недоследности при проектирањето не треба дополнително да се елаборираат, зашто на секој му е јасно дека со вака направени евентуални пропусти и во изведбата на објектите, значат ставање многу човечки животи на „коцка“ што, впрочем, за жал се потврдија и во изминатите неколку години наназад (паѓање на неколку дрвени и челични кровови, попуштање на делови од згради и слично).

одговорностВо Законот за градење, член 33, законодавецот јасно ја вметнува ставката „надзор над изведба на објекти“ за да се елиминира дури и минималното можно затајување на човечкиот фактор при изведбата на објектите. Тука, можам слободно

Page 16: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011316

16

градежништво

Паднат покрив - Болница Гостивар

Паднат покрив - Клиничка болница Тетово

ОВЛАСТЕН ПРОЕКТАНТ Младите проектанти со последните измени во Правилникот за добивање овластувања за проектанти, сега ќе можат да се здобијат со титулата „овластен проектант“, и по само пет изработени проекти и тоа како проектанти-соработници

Page 17: Порта3 156

06 мај 2011 ПОРТА3 17

17

градежништво да кажам, одговорноста на надзорниот орган (инженер) е уште поголема од онаа на ревидентот, од причина што истиот претставува последен „филтер“ низ кој поминува не само правилната и безбедна изградба на објектите туку и исправноста на проектната документација. Со други зборови, тој има законска обврска секогаш пред време да ја проучи проектната документација и ако евентуално воочи какви било „грешки и недоследности“ во проектот, навреме да алармира и ако има потреба да го прекине процесот на изградба на објектот, сè дури истите не се отстранат.И како втора неповолност во врска со укинувањето на надзорот кај индивидуални објекти под 300м2 е тоа што Законот за градење ѝ налага на фирмата - изведувач да има вработено тројца инженери, но никаде не е потенцирано од кој профил треба да се истите. Така, во доста голем број фирми - изведувачи на листата на вработени инженери има само архитект, машински или електро инженер, па веднаш се поставува прашањето: „Дали некој од овие инженери, на пример,

ќе може да ја гарантира статичката стабилност на објектот, па макар тој да е со квадратура до 300м2?“ Ова мое погоре опишано мислење во врска со членот 59-а од Предлог - законот за измени и дополнувања на Законот за градење, во малку поконцизна форма, секако дека веднаш го доставив по електронска пошта до подготвувачот на новиот Закон за градење, но очигледно тој не обрнал доволно внимание на сериозноста од вметнување на овој нов член. Прашањето што останува отворено, и понатаму е за дискусија, е дали законодавецот со ваквото „грубо“ подвојување на објектите на „мали и неважни“ (до 300м2) и „големи и важни“ (поголеми од 300м2), не направил своевиден превид? Човечкиот живот е еден, единствен и бесценет, без разлика на бројот на луѓето што ќе домуваат во „помалите и не толку важни објекти“ со квадратура до 300м2.

Личен став: м-р Влатко КОЦЕВСКИ, градежен инженер

Гласно размислувам: „Зошто вака многу важен член од Законот за градење се изменува?“ За волја на вистината, овој спорен член не важи за сите објекти, но само за оние индивидуални објекти што се со квадратура до 300м2.Ако ревизијата се отфрла заради скратување на постапката за добивање документација, ништо нема да се добие во време зашто ревизијата, посебно за вакви помали објекти, се прави во текот на проектирањето во директна консултација со проектантот и трае еден до два дена.Ако се отфрла заради дополнителни трошоци на инвеститорот, и тоа не е причина зашто ревизијата на проектот чини само околу 10% од проектирањето.А сега, да се навратам на вториот дел од овој контроверзен член од Законот за градење. Не само што не треба ревизија на проектите туку не треба и надзор над изведбата на индивидуалните објекти со квадратура под 300м2, а изведувачот ќе биде тој што со дадена изјава заверена на нотар, ќе гарантира дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект.

отФрлање на ревизија?

Page 18: Порта3 156

зима лето

ПОРТА 6 мај 2011318

18

градежништво

кровни ФолииШто е кровна Фолија?Со забрзаниот технилошки развој се наметнуваат и промени во начинот на градба, пред сè благодарение на новите пософистицирани градежни материјали.Една од овие новини е и кровната фолија. Таа е основниот чинител на т.н. секундарен покрив, кој се поставува непосредно под главниот покрив.Денес во Европа 3/4 од покривите имаат т.н. секундарен покрив со некој вид кровна фолија.Со доаѓањето на познатите европски производители на кровни елементи на нашиот пазар, кон крајот на 90-тите години од минатиот век се отвори и можноста за примена на кровните фолии од нови поквалитетни материјали. Вурт Македонија е основополжник во овој сегмент на нашиов пазар.

основната задача на кровната Фолија Основната задача на кровната фолија е да обезбеди дополнитена заштита од продор на вода (во облик на дожд, снег и други атмосферски влијанија), песок, прашина и други појави кои можат да се најдат во воздухот и можат да продрат низ отворите на покривот.Посебно добра заштитна улога кровната фолија има кај покривите со косини помали од 20°.Во зависност од видот и намената на просторот, можеме да кажеме дека во секој објект доаѓа до создавање на одредено количество водна пареа. Извори на водна пареа може да бидат различни: човекот, животни, билки, готвење, туширање и др. Влагата може да дојде однадвор при зголемана влажност во воздухот.

До кондензација доаѓа кога температурата на воздухот (кој содржи одредена количина водна пареа) ќе падне под точката на заситување. Температурата на заситување зависи од апсолутната количина на водна пареа во воздухот, па така на поголема количина пареа одговара повисока температура, па од овие причини поголема температура може во себе да прими поголемо количество влага. Од овие причини, фолиите познати како парна брана се поставуваат на внатрешната страна бидејќи греењето на просторијата може да прими поголема количина влага, а притоа да не се појави кондензација.Истовремено парната брана има задача да спречи излегување на воздух од просторијата кон кровната конструкција, а со тоа се спречуваат топлински губитоци, но брз премин на водната пареа во ладниот простор, па нејзината кондензација не би можела да се спречи ниту со струење на воздухот. Во овој случај особено доаѓа до израз правилната монтажа и квалитетот на материјалот.Со правилна монтажа на парната брана, водната пареа ќе проаѓа низ неа (парната брана ќе пропушта идеална количина водна пареа, која подоцна ќе се

во табелата се дадени количини на влага изразени во грамови кои ги Произведува одреден Процес или особа на час.

на овие две слики е Прикажано движењето

на водната Пареа во текот на зимскиот и

летниот Период.

алишта

Page 19: Порта3 156

Лепило

6 мај 2011 ПОРТА3 19

19

градежништвоиспушта во вентилирачкиот дел под самиот покрив, па така се спречува да дојде до кондензација).Следен чинител на квалитетна кровна изведба е паропропустлива фолија. Карактерстична вредност на оваа фолија е “Sd” вредноста. Оваа вредност ја отсликува дифузијата на водната пареа низ материјалот, која е еднаква со дифузијата низ воздушниот слој (на пр. Sd=0,002 m значи дека кровната фолија има ист отпор на дифузија на водна пареа како и воздушен слој со дебелина од 2 cm). Денешните паропропустливи фолии достигнуваат вредност на отпор на дифузија од околу 0,02 .Друга карактеристична вредност за паропропустливите фолии е “WDD(gr/m 2* 24h)”, вредност која покажува колку грама водна пареа проаѓа низ фолијата за 24 часа. Денес овие вредности достигнувaат 1700(gr/m2*24h).

Следна важна карактеристика на паропропустливата фолија е статичката водонепропустливост, која покажува колку кровната фолија може да издржи статички притисок од вода без појава на водени капки од другата страна. Кај овие фолии оваа вредност се движи од 3000-4000 мм. Колку за илустрација, кај најдобрите шатори каде се бара водонепропустливост оваа вредност достигнува од 800 мм.Следни параметри за анализа на квалитетот на кровната фолија се надолжна и попречна цврстина, УВ стабилност, отпорност на оган, постојаност на температура...

ситуација во македонијаДенес во Македонија сè повеќе се применуваат паропропустливи, водонепропустливи фолии, со што се овозможува сигурна дифузија на водната пареа кон надворешната страна. Компанијата Вурт Македонија на нашиот пазар обезбедува широка палета на кровни фолии со параметри за оценка на кровните фолии во самиот светски врв во овој сегмент, вентилирачки и заштитни материјали и уште многу други дополнитени елементи за здрава и квалитетна изведба на самото место за живеење. За истите располага со соодветни сертификати од врвни светски градежни институти.

Пресек на Покрив и елементи за Правилна монтажа

паропропустлива Паропропустлива

паропропустлива

Page 20: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011320

20

интервју

Професорот д-р Тихомир Стојков е актуелен декан на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1997 до 2000 година бил претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. За своето досегашно архитектонско творештво и педагошко искуство, добитник е на неколку значајни признанија во Македонија. Поводот за овој разговор се актуелните состојби на Архитектонскиот факултет, плановите и измените кои се однесуваат на развојот на оваа значајна образовна институција, и воопшто за најновите предизвици со кои се соочуваат македонската современа архитектура и урбанизмот.

Професоре Стојков, Архитектонскиот факултет славеше 60 години од своето постоење. Убав јубилеј за една институција, но според Вас како негов декан, кои сепредизвиците и проблемите со кои Факултетот ќе треба и ќе се соочува во иднина?

Имајќи ја предвид реалноста на актуелната состојба, Архитектонскиот факултет во наредниот период ќе се соочува со три сериозни предизвици. Првиот се однесува на понатамошното квалитетно развивање и реализaција на студиската програма според ЕКТС во услови на еден процес на сериозно намалување на бројот на

наставничкиот и соработничкиот кадар. Вториот предизвик е хронично лошата финансиска состојба што ќе произлезе од значителното намалување на средствата (за 40%!) што факултетот ќе ги прибира на име школарина од студентите. Од овие средства,

всушност, се финасираат 90% од материјалните трошоци на факултетот, логистикатата за реализацијата на еден мошне специфичен наставен процес како што е едукацијата на архитекти, одржувањето на опремата и просторот, надоместоци за

наставници што држат настава од други факултати, надоместоци за плати за 6 вработени во административно-техничкиот персонал вработени преку агенции за вработување... И третиот, не помалку битен предизвик - иманентната потребата за развивање

КАДАР Годинава добивме согласност да вработиме уште двајца соработници и еден професор, што веруваме ќе ја „ублажи“ донекаде критичната состојба со недостиг на кадар создадена со заминувањето на голем дел од наставниците во пензија во изминативе три-четири години

метастазиран градежен метаболизам

Дали е критична точката кога е во прашање состојбата со архитектурата во Македонија? Што е потребно за да дојде до некакво регенерирање на професијата?

Прашањето е извонредно актуелно. За жал, во една ваква прилика тешко дека би можело докрај да се елаборира и објективизира неговата сериозност. Мислам дека со години наназад, архитектурата и архитектонската професија беа ставани на маргините на случувањата во општеството. За тоа делумно носи вина и самата професија, но сепак морам да напоменам дека најголемата причина за тоа е што во изминатиот т.н. транзициски период не се изградија докрај институционалните инструменти, со кои на професијата ќе и се овозможеше да го најде вистинското место што го заслужува во општеството. А за тоа имаше толку прилики! За жал, тоа не се случи. Создавањето архитектура е исклучително комплексна и одговорна работа. Значењето на елаборацијата на програмските, проблемските и естетските истражувањата низ егзекуцијата на проектите и проектната документација што, патем речено, се клучен генеративен фактор за квалитетно развивање на професијата, како да се сосем маргинализирани. Архитектонскиот проект, во вистинска смисла на зборот, како да е само нужна маргиналија во целото случување на создавањето на нашата архитектура, всушност еден вид метастазиран градежен метаболизам. За жал, тажен е впечатокот дека архитектите се сведени на непочитувана, евтина работна сила; тие како да треба само „нешто да поднацртаат” или да ги задоволат желбите на каприциозните инвеститори со крајно нејасни претстави за архитектурата. Останатото понатаму се решава во лавиринитите на хаотичните (но перфидно!) изградени односи кои владеат во градењето и суровото профитирање од него. Авторскиот проект, така да се рече, не постои. Архитектонските конкурси се подведени под капата на програмски проблематичните и дестимулативни јавни нарачки. Од тоа, евидентно, најголема штета на крајот имаат не само професијата туку и инвеститорите и општеството во целина. Значи сите ние! Тоа е исклучително сложен проблем, кон чие разрешување во иднина ќе треба да се пристапува многу, многу посериозно!... Не само затоа што тој е еден од највидливите показатели за сериозните културолошки синдроми со кои, за жал, предолго се соочува нашето општество, туку и затоа што времето за негово бенигно разрешување е многу стеснето. Или можеби културата на просторот ќе се сведе само на празна реторика и јалов интелектуализам низ медиумските reality shоw(s) за или против?

ПроФ. д-р тихомир стојков, декан на архитектонски Факултет во скоПје

верувам во Подобра иднина на Факултетот

Page 21: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 21

21

интервју

научноистражувачката работа и воспоставување на релации за меѓународна соработка, за што ќе биде неопходно да се создадат посебни материјални и технички услови со цел таа да биде вистинска научноистражувачка работа - преку отворањето на третиот циклус студии со квалитетни просторни услови, опрема, логистика и лаборатории... и реализација на програмата на овој сегмент низ реални научни и научно-применувачки проекти со реални и јасно дефинирани буџетски параметри, Научната работа не е фина парола, наметната обврска (од која не може да се живее!) или проста желба за докажување на празна хартија. Времињата на таквите гледања се одамна

поминати. Или можеби не се?

По повод јубилејот, факултетот објави публикација „Разговори и предавања“ за која се пројави интерес од страна на студентите, колегите, но и пошироко. Дали имате план и финансии да продолжете со вакви и слични изданија?

Публикацијата беше технички изготвена уште минатата година, благодарение на огромниот ентузијазам на неколку колеги. Имајќи го предвид квалитетот на истата, факултетот во тој момент реално не беше во состојба да ја публикува. Благодарение на разбирањето од страна на Ректоратот на УКИМ и средствата што ни ги додели за таа цел во

текот на фебруари годинава, Факултетот направи посебни напори да издвои дел и од сопствените скромни средства, сè со цел конечно и во целост да се реализира нејзино печатење. Среќни сме и горди што успеавме да го оствариме овој „проект“. Публикацијата доживеа две промоцијии - една во просториите на Ректоратот на УКИМ и една на Архитектонскиот факултет. Ценам дека оваа исклучително квалитетна публикација е од големо значење, не само за Факултетот ами и пошироко. Да се надеваме дека вакви радосни настани ќе има и во иднина. Но, да бидеме реални - за такви нешта се потребни подруги механизми за генерирање на материјални средства. И секако, малку подруги „традиции“ на гледање на издаваштвото на факултетите... Квалитетното издаваштво е сериозна и сложена работа, без разлика каде се реализира.

Каков е наставничкиот потенцијал на факултетот, дали сте задоволни од него, и дали планирате некои измени и конкурси на оваа тема?

Архитектонскиот факултет отсекогаш правел особени напори да одржува високо ниво на квалитет во однос на наставничкиот кадар и со тоа во наставата. Тоа е еден од столбовите на богатата традиција на Факултетот. Со задоволство можам да констатирам дека и во моментов располагаме со мошне квалитетен наставнички и соработнички потенцијал. Верувам дека во времето што доаѓа овој квалитет не само што ќе се одржи ами и значително ќе биде подигнат, имајќи го на ум фактот што една млада, извонредна (и амбициозна!) генерација асистенти и доценти веќе се изградува себеси, и е витално заинтересирана да го достигне тоа ниво. Дел од овие млади луѓе, преку научни проекти и друг вид активности, веќе го презентираат Факултетот на најдобар можен начин, како во земјата така и во меѓународни рамки. Деканатот ќе направи напори, во рамките на можностите, во иднина овој тренд да биде поквалитетно и постимулативно поддржуван.

Неодамна Владата на РМ одобри нови вработувања на високите образовни

установи. Дали и вашиот факултет е опфатен со оваа одлука на Владата?

За среќа да! Минатата година од МОН добивме согласност за вработување на двајца соработници (асистенти). Тие се со извонреден потенцијал и верувам дека во блиска иднина ќе успеат да се развијат подеднакво во квалитетни педагози и како научен кадар. Годинава исто така, добивме согласност да вработиме уште двајца соработници и еден професор, што веруваме ќе ја „ублажи“ донекаде критичната состојба со недостиг на кадар создадена со заминувањето на голем дел од наставиците во пензија во изминативе три-четири години. Создавањето кадар на Архитектонскиот факултет не е едноставна работа. За тоа треба време, трпелива и макотрпна работа. Со новиот Закон, за жал, веќе не ќе можеме тоа така да го правиме. Кадарот ќе се создава низ третиот циклус студии - докториски студии што можеби добро звучи, но не сум многу убеден дека брзо ќе профункционира, имајќи ја на ум актуелната состојба со кадарот и со реалното функционирање на овие студии. Но да видиме.

Какво е искуството на Архитектонскиот факултет со воведувањето на Европскиот Кредит Трансфер Систем на студирање? Кои се, според вашето досегашно согледување, предностите и недостатоците?

Кога во 1999 година се иницираше овој нов систем на високо образование, кај нас малкумина имаа целосна претстава што тоа значи и пред сè, зошто Европа го воведува. Всушност, ЕКТС и Болоњската декларација требаше да иницираат еден голем пресврт во сферата на европското високо образование со преференцијално постигнување на две основни цели: Прво, да се стави крај на традиционално сфатеното, фрагментарно образование, оптоварено со премногу непотребни информации и застарени теории и консеквентно, да се воведе поголема интеграција (по хоризонтала и вертикала) во наставно-научните дисциплини со цел да се создаде простор за еден вид интегрирана настава

Или можеби не се?

ДРУГО ВРЕМЕ Научната работа

не е фина парола, наметната обврска

или проста желба за докажување на празна

хартија. Времињата на таквите гледања

се одамна поминати

Page 22: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011322

22

интервју

(во нашиов случај Архитектонско студио) низ која ефикасно ќе се симулираат условите на професиите и ќе се следи развојот на знаењата и модалитетите на работа во нив имајќи ги на ум промените што настанаа со најновата технолшка револуција започната во 70-тите години од минатиот век во САД...Второ (и поважно!) низ високото образование да се подигне нивото на професиите и професионалната работа врз основа на сознанијата за загрижувачките состојби со капацитетот на висококонјуктурните професии (архитектонската особено!) во Европа во споредба со оние во САД каде што од БДП двојно повеќе се издвојува за високо образование и наука. Ова второво е само по себе тема за сериозен разговор.Клучно прашање е дали во 1999 година воопшто бевме спремни да ја сфатиме констелацијата на овој голем пресврт или, според системот „не бранувај премногу“, само го конвертиравме во нешто

„свое и својствено за нас”, па сега зборуваме како сето тоа е промашена работа и дека така мислат и во Европа. И тие некои што така мислат во Европа, мислат од истите причини како „ние“. Но во Европа имаше и такви кои не го губеа времето да мислат така и веќе го одработија тоа што

требаше да го одработат и сега одат напред и можат мирно да се носат со предизвиците на времето... Или можеби затоа што се најдобри! Архитектонскиот факултет според новата студиската програма отпочна да работи релативно доцна, во учебната 2007/2008. Претходно, следеа подготовки кои траеја повеќе од две години, што мислам дека

беше предолго (и заморно). За тоа време мислам дека малку сторивме сите добро да се инфрмираме за она што треба да го направиме. Во ваков вид промени секогаш е можно на почетокот да се јават одредени проблеми. Но, ние како да создадовме непотребно и некои доплонителни. Нашите први искуства сега се сè уште во фаза на анализа и разгледување. Со последните две самоевалуации се детектирани одрени индикации и нешто ќе мора наскоро да се направи...Тоа се сепак поприлично сложени прашања за да бидат елаборирани во оваа пригода. Се надевам и верувам дека ќе успееме, во интерес на студиите и во интерес на сите нас, да ги надминеме одредените пројавени слабости и притоа да сфатиме дека ќе треба малку и самите себе да се промениме...

Каква е улогата на Комората на архитекти, дали сте задоволни од нејзиното функционирање?

И ова прашање како да лебди некаде во просторот на претходните. Ние архитектите вложивме големи напори (од 1996, преку ААМ) да се донесе добар Закон за градење. За жал (и по обичај!) во тоа многу не успеавме. Очигледно, другите со своите (или нивните!) „интереси“ беа повторно појаки од нас! Но, барем успеавме во нешто - од тој Закон (од 2005) требаше да произлезе Комората на архитекти и други инженери во градењето и нашата професија конечно да добие статус на регулирана професија согласно европските стандарди. Проблемот е во тоа што Комората не се конститура докрај согласно Законот што, логично, предизвика таа да не профунционира како што треба. Приказна која е толку банално позната и „вообичаена” во ова бесмислено комликувано општество или општествено на специфична ментална констелација во која „се што може да не може“, односно „се што треба да не мора“. Како учесник во дел од тие

ИДНИНА Комората постои и таа треба конечно да профункционира - во сите свои сегменти, а не само во издавањето на овластувања! Тоа е она што сега треба да го сториме...

Page 23: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 23

23

интервју

случувања (бев претседател на ААМ од 1997-2000), мене ми е многу јасно што и зошто се случи. Во моментов тоа и не е толку битно. Битно е што сите побрзавме да ги добиеме овластувањата иако знаевме што се случи. Сега се слушаат разно-разни коментари и растураат „мудри мисли“. Имам чувство дека некој сака да ја „доработи“ работата и да ја разбие Комората од многу практичен (личен или друг!) интерес. Комората постои и таа треба конечно да профункционира - во сите свои сегменти, а не само во издавањето на овластувања! Тоа е она што сега треба да го сториме... И со малку повеќе доблест и добра волја сигурно ќе успееме. Но ќе мора и тука нешто (амандмантски) да се стори во Законот, а не само „како да им се олесни на инвеститорите полесно да добиваат градежни дозволи… “ што секако е во ред. Но, има многу, многу побитни работи кои претходно треба да се поправат и направат во Законот за тоа навистина да биде во ред и во

интерс, а не на штета и на „другите“.

Колку се подготвени македонските архитекти да се соочат со најновите предизвици на современата архитектура и урбанизам, кога се во прашање климатските промени, екологијата, енергетскиот карактер на самоодржливите објекти... Колку факултетот ги едуцира своите студенти на овие полиња, и дали постоечкиот кадар е спремен да се зафати со овие предизвици?

Дел од колегите веројатно успеале или прават напори себеси да се оспособат за такво нешто. Но, не сум многу сигурен во тоа имајќи ги на ум сознанијата за состојбите со практикувањето на професијата во развиените европски и други економии. Предолго се соочуваме со „транзициски проблеми и синдроми“, па како да останува малку простор за поголема професионална еманципација. Неминовно, во тој поглед и Факултетот стагнира исто

така. Кога професијата е добро етаблирана, таа самата ќе поставува одредени стандарди и креитериуми за она за што би требало да се обрне повеќе внимание во едукацијата на архитектите. Тоа исто така, би значело постоење на еден вид конкуренција на Школата со професијата! Вистинската оспособеност на архитектите за работа во професијата може да се постигне само низ работа во добро етаблирана архитектонска професија. Школата во моментов

тука не може да има критична пресудна улога. Треба да се проучуваат искуствата од одредени земји, во кои што е тоа така. Мислам дека тоа треба да биде една од клучните работи коишто треба да се вградат во механизмите на идното функционирање на Комората - подигање на нивото на професијата и критериумите за издавање на овластувањата. За жал, од причини за кои сега не би сакал да зборувам, Факултетот со новата студиска програма

скоПје - крПена Фудбалска тоПка со која се игра и заработува во ПраШливото транзициско игралиШте...

Според вас, какви институции и надлежни органи недостасуваат во Македонија кога се во прашање урбанизмот, планирањето и архитекурата?

Одговорот би бил многу едноставен: ни требаат квалитетни, функционални и пред сè, независни професионални институции за планирање, урбанистичко и архитектонско обликување на населените места во Македонија. Но (пак!) за жал, тоа не ќе е така. Како да се нема сила за градење барем на некоја видлива рамка за поконзистентно квалитетна (би рекол, европска) политика како понатаму. На Скопје особено (и со години!) му недостигаат вакви институции. Сега поединци со своите добро инсталирани лоби групи и изградени механизми за од околу-наоколу делување ги преземаат ингеренциите на ваквите институции, и одвреме навреме, за подобар или полош хонорар „крпарат“ некакви планови, главно неостварливи или остварливи за одредени интереси. Скопје изгледа како крпена фудбалска топка со која интензивно се игра (и заработува!) во прашливото транзициско игралиште... Тажно е сега да се потсетиме на фактот што по земјотресот, односно по обзнаната на резултатите од распишаниот конкурс за новото урбанистичко решение на градот, беше формирана познатата Дирекција за изградба на Скопје во која, покрај неколкуте домашни архитекти и урбанисти со работа се зафатија бројни архитекти од формат од целиот свет (еден Циборовски, еден Доксијадис, еден Танге...), со цел да учествуваат во реализацијата на тогаш во Европа најголемиот урбанистичко-архитектонски зафат: да се изгради потполно нов, современ град за 450.000 жители со потребната инфраструктура, општествена, економска и културна логистика... Тогаш ние бевме студенти и сведоци на едно исклучително случување, за кое и не бевме докрај свесни, но од кое, веројатно потсвесно, нешто и научивме. Подоцна се создаде Градскиот завод за урбанизам, кој требаше да ги преземе ингеренциите на Дирекцијата и да се соочи со реалноста на спроведувањето на овој единствен проект. До крајот на 70-тите оваа институција се носеше со задачата и преку неа поминаа работи кои го држеа во кондиција овој референтен проект. Подоцна, во средината на 80-тите како да почнаа да се генерираат првите симптоми на денешното време: почнаа да бледеат претставите за урбанистички организираниот град, се случи наплив на луѓе, лоши дневни политики, и веројатно, сериозни незнаења... Сè стана возможно и дозволено. Градот се запушти - се претвори во периферија со неколку остатоци-белези на град во центарот (безличен плоштад, еден мост кој градот го поврзуваше со далечното минато и едно кале во коров). Оваа состојба во многу му погодуваше на ударот од 90-тите и подоцна. Да, на Скопје (и тоа како!) му недостасуваат такви институции (иако за жал, за тоа како да е малку доцна...). Зарем во ова време на карневали нема да учиме од Лас Вегас?

Page 24: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011324

24

интервју

отвори мошне скромен простор на информации од подрачјата наведени погоре во прашањетоТука ќе мора да се има малку повеќе разбирање (и малку повеќе добра волја!) кај оние што имаат право да не мислат така во системите на одлучувањето и донесувањето одредени битни одлуки...

Што треба да се случи за да дојде до една поквалитетна соработка меѓу инвеститорите (приватни/државни) и архитектите, соработка во која стручноста напрофесијата нема да падне под нивото заради „вкусот и желбите“ на инвеститорот? Што за вас, ако постои такво нешто, подразбира квалитетен инвеститор во културна, архитектонска и социјална смисла?

Оваа соработка е всушност во релација на една природна даденост sine qua non! За да зборуваме за квалитетот на истата неопходно

е претходно барем да бидат изградени одрени општествено-економски (и културолошки, се разбира!) предуслови и услови. Во една таква констелација „желбите“ ќе станат желби а „вкусовите“ вкусови. И инвеститорите се граѓани на оваа земја. Значи да ја подобриме целата констелација на односите во земјата, а тоа би значело, просто речерно, почитување на (изградени!) институции, почитување на (изградени!) правила на игра и низ тоа почитување да се обидеме сите да станеме покреативни и подоблесни, како инвеститори, како архитекти, како граѓани... Македонија заслужува да го сториме тој мал напор, и конечно да ѝ го подариме тој дар. Тогаш многу повеќе времето ќе го трошиме во корисна работа, креативно творење, почит кон другите, собирање на квалитетни плодови...отколку истото бесцелно да го трошиме во бесполезните и јалови приказни за лошата (или за некого, добрата!) среќа и матните деанија

за „офајдување“ во несфатливо долгата транзиција за сите.

Во светот, релевантна архитектонска критика знае да испровоцира општествени, урбани и социјални ангажирања и раздвижувања во однос на некој проект или објект. Кај нас, речиси да немаме никаква застапеност на стручна архитектонска критика во јавноста и во медиумите. Колку за ова е одговорен и самиот Факултет, кога се работи за „произведување“ на вакви кадри?

Архитектонската критика не провоцира и не критизира. Таа пред јавноста го носи конечниот критички суд - низ јасна елаборација, елоквенто, непристрасно и преку прецизно почитување на номенклатурите на утврдените системи на вредности и мерни механизми. Таа е и чувар на доблестите во архитектонското

творење. Таа затоа постои. Таа постои исто така, и затоа од неа да учиме и да се трудиме да бидеме што подобри (архитекти, инвеститори...). Таа е многу битна за архитектурата како што е тоа, впрочем, и во другите творечки професии. Но, архитектурата и судот за неа се мошне комплексна работа. Денес, во мерните механизми за нејзиното вреднување, покрај оние исконските и традиционалните, влегуваат и нови имајќи ја на ум сложеноста на современото урбано општество, состојбите во животната средина, пренаселеноста, етичките поместувања, енергетските синдроми, синдромите на т.н. „болни згради“ и друго. Да, архитектонската критика треба да се негува на сите нивоа на архитектонското делување. Во Школата исто така, иако е можеби прерано за таква сериозна работа. Но може, да речеме, низ истражувањата во архитектонаската теорија да се навлезе постепено и просторот на архитектонската критика, нејзината

Page 25: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 25

25

интервју

стуктура и многузначност. За да се биде архитектонски критичар, секако, се потребни многу знаења, но и особена дарба. Тоа е она што Школата треба и може да го открива и негува кај одредени студенти.

Со оглед на актуелниот интензитет на катастрофите и земјотресите што се случуваат во светот, сакаме да ве прашаме, дали во наставната програма на вашиот факултет се планира поинаков пристап кога се работи за асеизмичко проектирање во активни сеизмолошки региони, каков што е и нашиот?

Да, до одреден степен. Катастрофите, земјотресите и другите видови елементарни непогоди се составен елемент на животниот циклус на планетета Земја. На тоа ќе мораме да се навикнеме. Мислам дека е добро и низ архитектурата да се подготвуваме посолидно за вакви

евентуалности, но треба да видиме како. Има толку многу приоритети! Се разбира, постојат и други научни подрачја и експертизи кои специјализирано третираат дел од комплексот на оваа природна феноменологија. Вакви катастрофи се случувале секогаш и ќе се случуваат и понатаму. Но проблем е што денес планетата Земја е пренаселена и што овој популационен феномен тешко може да се контролира. Последниот земјотрес во Јапонија не беше нешто неочекувано, но неочекувана (или не до толку неочекувана!) беше катастрофата во нуклеарните централи во Фокушима. Од вакви катастрофи треба да се плашиме, тие се непремостливи дури и за самата Природа. Тука ни Бог не помага, и последиците од вакви катастрофи можат да се чувствуваат стотици или илјадници години! (ако некој ги преживее, се разбира). Крајно време е да извлечеме некаква поука од сето тоа. Или се ќе помине како после Чернобил?

Тогаш се прашувам, всушност за каква едукација да зборуваме?

На крајот, кажете ни нешто и за плановите што ги имате за во иднина?

Остануваат уште две години од мојот мандат како декан на Архитектонскиот факултет. За овој простор се врзуваат моите сегашни и идни, да ги наречеме, планови. Би сакал Факултетот да ги премости сегашните тешкотии и конечно да влезе во просторот на „стабилните води“. Да се подобри материјалната состојба, да бидеме подобро организирани и да покажеме малку повеќе почит едни кон други. Сепак, ние сме академска институција која тоа треба да го демонстрира на најдобар начин. Постојат многу можности, можат да се отворат многу простори за креативна работа, не само во наставата. Неодамна потпишавме соработка со Архитектонскиот факултет на Политехнико Торино, Универзитет со 29.000

студенти и многу добро развиена инфраструктура за студиска, научна и научностражувачка размена. Исто така, во соработка со Градот Скопје, Факултетот размени писма за намера за соработка со Урбан Центар Метрополитано Торино, врвна независна институција за планирање и обликување на градот Торино, една од главните носители на реализацијата на огромниот проект 150 година од основањато на Италија во вредност од 200 милиони евра. Наесен очекуваме на Архитектонскиот факултет, во соработка со Градот, да биде организирана првата заедничка работилница, низ која треба да се вообличат рамките на идната соработка, со цел воспоставување на ваков вид професионална институција и во Скопје. Оптимист сум, и верувам дека за Факултетот се отвора простор за многу подобра иднина. Тоа се моите планови...

Дејан БУѓЕВАЦ

времето ќе го каже своето

На кое ниво треба да се доживува проектот Скопје 2014?

Тој проект е сега во фаза на сериозна реализација. Тоа е огромен и значаен проект, без разлика како на него сега ние поединечно (или колективно!) ќе гледаме. Времето неминовно ќе го каже своето. Тоа ќе биде единствениот можен суд за овој проект во оваа ситуација! Тоа секогаш било така, по добро или по лошо, сеедно. Инаку, моето мислење во врска со целата еуфорија на „пребројување“ на оние што се за и оние што што се против, создадена минатата година во врска со овој настан, го соопштив со пригоден текст токму во Порта 3 (бр. 126 од 12.03.2010). Текстот имаше за цел да биде еден вид поука за сите; за нас архитектите, за јавноста, за општеството... Немам што повеќе да додадам кон сето тоа, но мислам дека во одговорот на претходното прашање можат да се најдат одредени причини за одредени случувања, кои не се врзани само за овој, како го нарекувате Проект 2014, ами за архитектурата во Македонија во последните дваесетина години воопшто.

Page 26: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011326

26

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 27: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 27

27

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 28: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011328

28

репортажа

милано е главниот град на регионот Ломбардија, втор по големина и еден од

најважните градови во Италија. Потесниот град има околу 1.321.113 жители, а со околината е проценета на 4.280.820 жители на површина од 1.980 км², и е еден од најразвиените центри во Европа. Во центарот на градот се наоѓаат импресивни објекти поради кои многу луѓе од светот доаѓаат да ги видат, па така и ние како екипа на нашето списание „Порта3“ и на „Биро Проект“ го посетивме градот на гламурот, каде се одржуваше и престижниот саем за мебел Salone

Internazionale del Mobile. Во една смисла, Милано претставува магнет за дизајнери, архитекти, бизнисмени, мода, фотогографи, модели. Ако Рим ја претставува „старата Италија“, Милано ја презентира „новата“. Космополитски град, најмодерен од сите италијански градови, каде и атмосферата е поинаква во секаква смисла. Турбо активен живот, преполните улици, густиот сообраќај, метроата, ексклузивните излози...Кога ќе се спомене Милано, веднаш се помислува на миланската Катедрала, миланската опера Скала, гламурозниот трговски центар

Виктор Емануел, замокот Сфорца, црквата Санта Мариа де ла Грацие, стадионот Сан Сиро, кулата Пирели, уметничката галерија Брера, популарната модна улица Монте Наполеоне... Да почнеме по ред.

миланска катедрала на ПлоШтадот дуомоВозејќи се со црвената линија на метрото за да стигнеме на плоштадот Дуомо, качувајќи се по скалите за излез од подземјето, неочекувано зад нас на неколку метри ја здогледавме грандиозната катедрала која не остави без здив. Вистински религиозен симбол

на градот изработен од мермер (157 м долга и 92 м широка); трета по големина во Европа, веднаш после катедралата Св. Петар во Рим и катедралата во Севиља. Претставува најсовршен пример на готичката архитектура и уметност во Италија. Градбата поминала низ долг и комплексен процес. Започнала да се гради во втората половина на 14 век, но нејзиното создавање траело уште 5 века; поточно во 1386 година по цртеж на непознат архитект од готската школа, а по наредба на архиепископот Антонио да Салуцо, кој бил поддржан од

ПУЛСИРАЊЕ Град кој лежи под Алпите. Основан од Етрурците во 600 година пред нашата ера, а освоен од Римјаните 222 година од нашата ера, Милано е повеќе од само главен град на Ломбардија. Тој е вториот град по големина по Рим, и претставува еден од водечките светски деловни, културни и економски центри. Неколку светски историски градби се наоѓаат во самиот центар. Милано е град кој целиот пулсира од возбудувања, а продавниците и облакодерите му даваат единствена фасцинација. Неговиот најголем и, според некои, веќе надминат ривал е Париз.

Миланонајевропскиот град во Италија(Специјално за Порта3 од Милано) Сандра ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.

Page 29: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 29

29

Галеацо Висконти (војвода кој владеел во тој период со градот Милано сè до почетокот на ренесансата). За неколку години било завршено подножјето на катедралата. Големите трошоци за работите околу нејзината конструкција биле помогнати од богатите семејства (не само од Милано), од придонеси на самите граѓани, но најмногу од фамилијата Висконти, а подоцна и од познатата фамилија Сфорца. После период на стагнирање во 1547 година е изградена спектакуларната тераса на кровот, од која денес може да се восхитуваме на убавините на

градот. Фасадата била замислена во стилот на готиката, но во 17 век била траснформирана во барокен стил, за во 1805 година според оригиналниот цртеж и по наредба на Наполеон, да биде конечно завршена во оригиналниот готски стил. Фасадата е изработена од мермер на која има 135 врвови, 3.255 статуетки и 3.600 сцени и фигури на прозорците. На највисокиот врв од катедралата, на 108,5 м се наоѓа симболот на градот - барокната статуетка од злато Madonnina (Девица Марија) која е висока 416 см. Катедралата се состои од централен брод со

по два бочни бродови поделени со 40 пиластри и трансепт. Внатрешноста е пространа и во неа доминираат големите прозорци со витражи, но е потемна во однос на светлата надворешност.

Трговски ценТар викТор емануелГалеријата, односно трговскиот центар Виктор Емануел претставува затворен пасаж кој ги поврзува плоштадот Дуомо и плоштадот Скала. Започнат е во 1865 година во име на првиот крал на обединета Италија, Виктор Емануел. Галеријата се градела

12 години според планот на архитектот Џузепе Менгони, кој загинал на скеле дента пред инаугурацијата на објектот. Во чест на овој голем архитект е поставена плакета на левиот столб од лакот на самиот влез од страната на плоштадот Дуомо. Галеријата има форма на крст со иновативна купола од стакло и железо која е висока 47 метри. Во неа имавме можност да ги разгледаме ексклузивните ресторани, кафе барови, книжарници, продавници за накит и ексклузивните продавници на Прада, Луј Витон, Масимо Дути, Гучи...

Трговски центар Виктор Емануел

Миланска катедрала на плоштадот Дуомо

Page 30: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011330

30

репортажаоПерата скалаКако се движевме низ Галеријата Виктор Емануел, патот нè однесе директно до елегантниот плоштад Скала, во чие средиште се наоѓа споменикот на Леонардо да Винчи. Спроти него се наоѓа прочуената и престижна миланска оперска куќа Скала. Изградена е на темелите на црквата Санта Мариа а ла Скала, па според тоа го задржала и нејзиното име. Отворена е на 3 август 1778 година според планот на Џузепе Пјермарини во неокласичен стил. За разлика од одмерената и воздржана надворешност, ентериерот се карактеризира со голема раскошност. Има 2.800 седишта, од кои 678 се во партер ложа, и сцена во должина од 16,5 метри, 20,4 метри ширина и 26 метри висина. Најпознатите италијански изведувачи, како и повеќето најпознати пејачи ширум светот се имаат појавено во операта во изминатите 200 години. Премиерно се одиграни многу од познатите опери во светот. Оперската куќа имала посебен однос со композиторот Џузепе Верди, каде што тој го диригирал неговиот „Реквием“ во 1874 година, тука ја промовирал операта „Отело“, како и неговата последна опера „Фалстаф“. Тука треба да се споменат и премиерите на Џакомо Пучини со „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“. До ден-денес, сè уште е препознатлива како една од водечките куќи за опера и балет во светот. Во склоп на објектот се наоѓа и музејот на операта, исполнет со документи, слики, гардероби, инструменти, портрети, кои ја покажуваат нејзината богата историја и учеството на светски реномираните артисти. Ако сте љубител на оперската уметност (но и да не сте, незаборавно искуство е да се доживее самиот момент), може да купите карта која чини од 26 евра до 224 евра, и да бидете дел од магичната атмосфера на најпознатата оперска куќа во Европа.

замокот сФорцаЗаедно со Катедралата, замокот Сфорца е несомнено најавтентичниот и најпознат симбол на Милано. Изграден е по наредба на Галеацо Висконти помеѓу 1360 и 1370 година, и е заштитен од четирите страни со

Операта Скала

Замокот Сфорца

Page 31: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 31

31

репортажакули. Филипо Мариа Висконти подоцна ја претворил тврдината во резиденција, формирајќи и парк околу неа. Но, по неговата смрт во 1447 година и по формирање на Амброзиската република, тој е уништен, а е реновиран за време на владеењето на Франческо Сфорца во средината на 15 век од архитектите Ферини и Филарет. Обликот на објектот ја задржал средновековната концепција. Денеска импресивните простории на замокот претставуваат музеј каде што се наоѓаат скулптури, фрески и мозаици од 4 до 11 век, потоа музички инструменти, недовршената мермерна статуета Пиета Ронданини на Микеланџело од 1564 година, колекција од мебел, скулптури и слики од Филипо Липи, Мантења, Леонардо да Винчи, Кореџо, Тицијан, Тинторето...

црквата санта мариа деле грацие Црквата Санта Мариа деле Грацие претставува славна доминиканска црква, која е заштитена од УНЕСКО, а нејзината слава се должи и поради фреската „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи, која се наоѓа во трпезаријата на овој ансамбл. Миланскиот војвода Лудовико Сфорца ја нарачал изградбата на црквата што ќе послужи како надгробна капела за него и неговата сопруга Беатриче. Црквата прво е градена во готски стил, а подоцна таа е довршена како мешавина на готско-ренесансен стил.

кулата ПирелиКулата Пирели е изградена во 1955-1959 година, на место на старата фабрика „Пирели“ од 1872 година. Таа е највисок облакодер во Италија, а е проектирана од Џо Понти во соработка со архитектите Росели, Валтолина и славниот Пјер Луиџи Нерви. Објектот претставува автентичен симбол на Милано. Изграден од армиран бетон со висина од 127 метри, познат е по елегантната и едноставна линеарност на модерните архитектонски форми.

(Во следните броеви на Порта3 ќе следува специјална репортажа од овогодишниот милански Саем за мебел Salone Internazionale del Mobile)

Црквата Санта Мариа деле Грацие

Кулата Пирели

Page 32: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011332

32

архитектура инфо

северна кореја

споменик на пропастаЗданието што требаше да биде најголема гордост на Пјонгјанг и цела Северна Кореја, веќе дваесет и четири години го нагрдува градот и бдее над него, како константен потсетник на неуспех. Изградбата на зградата на 105 катови е започната уште во далечната 1987 година, со намера да биде изграден до 1989 година по повод Светскиот фестивал на младите. Но, надминувајќи го временскиот рок заради економски потешкотии, изградбата е стопирана пет години подоцна, со владина одлука. Во 2008 година, најголемиот египетски инвеститор во Северна Кореја Orascom Group иницираше мерки за интервенции. Но, конструкцијата е во состојба во која не е препорачливо да се продолжи изградбата. Зградата, со своите 330 метри сè уште се вбројува меѓу 30-те највисоки згради во светот.

велика британија

керамичкиот колеџ ravensbourneЗградата на колеџот Ravensbourne во Лондон е дело на Morley von Sternberg. Изведбата на објектот го оствари студиото Meridian Delta. Главната карактеристика на објектот е фасадата од керамички елементи кои, распределени по геометриски распоред, формираат препознатливи орнаменти. Зградата е лоцирана во југоисточниот дел на градот, на вкупна површина од 21.500 м². Дизајнот на ентериерот и внатрешноста на објектот е остарување на DEGW interior design.

канада

нов план за ванкуверСтанбени згради, куќи, деловни простори и продавници се планира да бидат подигнати на брегот на Columbia River, според неодамна презентираниот урбанистички план за оваа локација. Групацијата за развој Columbia Waterfront LLC е доносител на генералниот план за развој на крајбрежјето. Проектот опфаќа неколку примарни целини: деловни центри и канцеларии со вкупна површина од 1 милион квадратни стапки, тровија и угостителство – изградба на помали хотели, ресторани и продавници - вкупно 3.000 станбени единици од различни видови, како и простор за рекреација, паркови, патеки и зелени простори. Започнувањето со изградба е предвидено до крајот на оваа година. Вкупните трошоци за инфраструктура на овој дел изнесуваат над 42 милиони долари.

Page 33: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 33

33

архитектура инфоФранција

бран на “trompe l'oeil” фасадиВо Франција сè почесто се забележуваат куќи и други објекти со “trompe l'oeil” фасади. Изразот “trompe l'oeil” е француски и означува оптичка илузија. Кога се користи во архитектурата, оптичката илузија опфаќа најголем дел од надворешниот излед и дизајнот на објектот. Честопати, некои делови од објектите се декорираат со мурали, кои на прв поглед изгледаат како реални. Така, многу објекти се декорирани со насликани прозорци, столбови, лакови, камена пластика или орнаменти. Но, она што е актуелно во Франција, е “trompe l'oeil” бран на декорација со невообичаени мотиви и апстрактен дизајн.

подготви: Леонида ПЕНКА БАША

сад

необично бизнис училиштеДизајнот на објектот во кој е сместено Case Western’s Business School е дело на Френк Гери. Зданието е репрезентативен примерок на деконструктивистичкиот стил, додека комбинацијата на метал и фасадни тули оддава чувство на визионерство, а полукружните форми изведени во метал му даваат скулптурален карактер на објектот. Исто така, и ентериерот на зградата е дизајниран во истиот стил, што претставува необична, но сепак практична солуција, со оглед на тоа што намената на зградата е училиште за бизнис.

австралија

воден павилјон во белмор Парк „Архитектура: размислување, творење, населување“ е мотото на натпреварот во Техничкиот Универзитет во Сиднеј, чија примарна цел е вовед на студентите во теоријата и практиката на архитектурата. Како резултат, е изграден мал павилјон во еден од парковите во Сиднеј, со функција на место за починка и освежување. Поставеноста во просторот е таква што го блокира погледот од паркот кон улицата, со што ја намалува бучавата за посетителите на паркот. Поврзаноста со главните пешачки патеки и близината на улицата се испланирани така што ја зголемуваат пристапноста на пешаците до павилјонот.

Page 34: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011334

34

архитектура катедрала Фолд, стразбур

Современа готска архитектура

Page 35: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 35

35

архитектура

Архитектонското студио “Axis Mundi” со седиште во Њујорк, дизајнирало катедрала обликувана во потполно современ дух, која се планира да биде изградена во Стразбур, Австрија. Иако католичката црква е по строгото почитување на историјата и канонските прописи, таа знаела во претходните две децении да даде одобрување за градење на сакрални објекти со мошне необични и доста современи

обликувања. Овој потез многумина го толкуваат како обид на црквата да продре подлабоко во современото општество, особено меѓу младите генерации, додека според првите впечатоци, од архитектонска гледна точка, овој проект ќе има далекусежно влијание. Катедралата Фолд е сакрален објект со површина од 2.300 квадратни метри, волуметриски составен од низа бетонски

лакови кои својата симболика ја пронаоѓаат во готската архитектура и ѓулести конструктивни елементи. Катедралата се планира да биде застаклена на северната и јужната страна, додека од внатрешната страна на лаковите просторот ќе биде во целост исполнет со дневно осветлување. Самата содржина на црквата (влезниот дел, местата за седење, олтарот и помошните простории) во еден дел ќе бидат

„заринкани во тлото“. Суптилната „пикселација“ на влезната фасада има за цел со ѕидовите да креира идентитет и игра на светлина во текот на денот. Во текот на утринските и вечерните часови, квадратите што излегуваат од површината на фасадата ќе фрлаат сенки кои ќе креираат динамичен ефект. Во текот на пладневните часови, фасадата ќе биде во потполност бела.

подготви: Дејан БУѓЕВАЦ

Page 36: Порта3 156

архитектура

Интердисциплинарното студио МОС кое, пред сè се фокусира на архитектура и

дизајн, е препознатливо по своето опширно експериментирање и теоретска методологија во продукцијата на мултивалентни архитектонски објекти. Студиото, оформено во 2003 година и стационирано во Кембриџ и Њу Хевн, е предводено од Мајкл Мередит и Хилари Семпл. Нивниот креативен пристап опфаќа опширен ранг кој започнува од осврт кон типологија, дигитална методологија, физички контекст на структура, фабрикација или материјалност, па сè до социјалните, културни или енвиронменталистички аспекти на проектите. Тоа им овозможува,

преку дизајнот, да се изразат низ различни медиуми од уметнички инсталации, програмирање софтвер, видео продукција, до изведби на резиденцијални објекти или културни центри. Според нивните размислувања, архтитектурата е „сериозна игра“ со големи одговорности каде се потенцира креативноста и постојано се преиспитуваат нејзините граници.

Пловечка куќаПрепознатливата форма на пловечката летна куќа на МОС е всушност необичен модел од повеќе аспекти. Лоцирана на остров на канадското езеро Хурон, таа се адаптира на променливото ниво на водата благодарение на

структурата од челични понтони на кои е поставена. Оваа конструкција ѝ овозможува да флуктуира заедно со езерото и да ја ужива својата единствена позиција на островот. Освен користењето на локални материјали, самата префабрикација и градежниот процес се изведени на брегот на езерото. Лентовидната обвивка од кедар се згуснува за да го заштити внатрешниот простор од променливата клима или се проширува за да пропушти повеќе светлина, или да ја обвитка надворешната платформа. Ова овозможува модуларна особеност на куќата, прагматично го намалува ударот на ветеровите, а ја добива потребната топлина. На двете различни

нивоа, куќата-брод формира мост помеѓу брегот и островот.

модернизам и ПримитивизамНа програмата за млади архитекти P.S.1 (организиран од њујоршкиот МоМА), МОС беа прогласени за победници за својот привремен Afterparty - инсталација која ќе стане урбана закрила на летните културни случувања на Лонг Ајленд. Конусните форми што наликуваат на бедуински шатори, според идејата на архитектите, треба да ја рефлектираат економската реалност и нејзиното влијание на денешната архитектура. Тие се коментар и одговор на недостатокот на хуманост во

АДАПТАЦИЈА Архитектите од студиото МОС проектирале пловечка летна куќа лоцирана на остров на канадското езеро Хурон, која

се адаптира на променливото ниво на водата благодарение на структурата од челични понтони на кои е поставена

MOS

КУЌА-БРОД

ПОРТА 6 мај 2011336

36

Page 37: Порта3 156

архитектонските структури и прекумерното користење на скапи материјали изработени со висока технологија. Од друга страна, според студиото што постојано ја преиспитува архитектонската типологија, „оџаците“ треба да потсетат на фабриките од индустриското минато на Лонг Ајленд. Својата инспирација тие ја пронашле во спојот на модерното и примитивизмот на Луи Кан и дизајнираниот текстил на Ани Алберс.Структурата е конструирана од едноставни материјали – рециклиран алуминиумски скелет, покриен со „перика“ од палмови влакна (ијик). Во оваа привремена социјална

сцена е овозможена пасивна вентилација и разладување со водни корита. По својата основна геометрија и материјалност, како и по целосното контролирање на климата, структурата тежнее кон попримитивен облик на архитектура. Во обидот да ги надмине границите на обиколката од бетонски ѕидови и да навлезе во опкружувањето, овој проект, за разлика од своите претходници, ја менува локалната топографија со својата несомнена впечатливост.

небо од хелиумМотивот за нивната инсталација за американскиот павилјон на Венециското Биенале е очигледната отвореност и колективност. Ако

идејата за урбаниот фрагмент на МОС се опише како „хелиумски балони кои врзани за подот формираат лебдечко небо“, веројатно нема да се долови визуелното, слушно и опипливо искуство. Според МОС, просторот треба да потсети на познатите „Сребрени облаци“ на Енди Ворхол, но рекреирани на урбано ниво и изведени од еколошки материјали. Затоа Мередит ќе ги опише како „диетална“ архитектура или копија без калории. И без разлика на референтноста и значењето на ова дело, конечна цел на неговите архитекти е уживање во визуелната врева и поглед кон поинаква реалност на рефлексии и репетиции. Во

моментов студиото работи на проект за структура исполнета со воздух, за нарачател кој ќе го тестира сопствениот производ како обвивка на производствените погони. „Радикалната инклузија“, што тие самите ја дефинираат како дополнителен не-архитектонски пристап во работата, го шири опсегот на нивните истражувања за секој поединечен проект и создава нови параметри специфични за секоја ситуација. Според Мередит, иако професијата се заснова на „митологија на контролирање“, МОС се насочени „повеќе кон хаотичното, отколку кон подреденото“.

Бојана ФИЛИПОВИќ,дипл.арх.инж.

Небо од хелиум

6 мај 2011 ПОРТА3 37

37

Page 38: Порта3 156

38

38

ПОРТА 6 мај 20113

ентериер

Рускиот дизајнер Павел Екра, кој активно се занимава со архитектура и ентериер, креирал висечко тело “Crimean Pinecone Lamp“. Се работи за мошне пријатен и естетски предмет составен од 56 дрвени плочки

кои се прицврстени со завртка, а притоа не постои никакво внатрешно носечко тело. Самиот начин на конструкција ја игра најзначајната улога во финалниот изглед, додека од внатрешноста преку отворите меѓу завртките, светлината благо се распространува кон надворешноста. Дрвените елементи се со нееднаква дебелина и речиси се транспарентни на своите врвови, што создава насочена светлина и поинаква естетика преку ден, односно ноќе.

Д.Б.

Светлечка шишарка ламба CriMean PineCOne

Page 39: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 39

39

ентериер

Стол со десет ногарки

стол SePii

Данскиот дизајнер Кристијан Норхаве создал интересен дрвен стол, кој го добил името Sepii. Во соработка со градежната компанија Yoho од Копенхаген, тој креирал прво мало дрвено столче, а

потоа и цела колекција Chair 2.1, која се состои од истиот облик, но со поинаква материјализација. Sepii е стол со необични димензии и има дури десет ногарки, од кои само три поседуваат конструктивна улога. Столот е изработен во потполност од дрво, со дискретно прикажување на конструктивните споеви. А името, всушност потекнува од еден вид риба од семејството Sepiidae, која е позната по необичното движење низ вода и со перки кои се разгрануваат во десет помали ленти.

Д.Б.

Page 40: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011340

40

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

наука Вилхелм Холцбауер (1930-),како член на Работната група 4, во 1950 година започнува архитектонска дебата преку примерни проекти, соодветни изложби и написи. Во исто време, групата ја истражува виенската архитектонска историја, од Ото Вагнер до Јозеф Франк. На таков начин, меѓу младата генерација се воведуваат историските поуки, кои играат значајна улога во архитектонската теорија. Јасните кристални форми на училиштето Св. Виргил во Салцбург (1966-1976), Холцбауер ги создава под извесно влијание на Ернст Плишке. Совршеноста и чистотата на архитектонската композиција се уште повеќе потенцирани кај Провинциската управа во Бреганц (1973-1982). Напредокот на австриската архитектура во 60-тите и 70-тите години се карактеризира со барање на нови изразни средства и со појава на автори, кои постепено добиваат интернационална репутација. Карактеристично е користењето на светлите примери од времето на сецесијата, трансформирани во еден нов модерен или т.н. постмодерен израз. Таков е објектот на швајцарскиот архитект Јустус Дахинден, Новиот технички универзитет во Виена, кој врз расчленетата фасада од армиран бетон и стакло носи симболични скулптурални претстави. Скулпторот Хундертвасер (1928-2000), со слободното и живописно обликување го привлекува вниманието на јавноста и надвор од Австрија, пред сè, во областа на станбените објекти. Нивната концепција тој ја прави под паролата за „похумана архитектура во хармонија со природата“. Крајбрежната куќа на Беј оф Планти во Нов Зеланд (1974), Хундертвасер ја прави со наслонети кровови од дрвена конструкција, кои се покриени со слој затревнета земја, при што во внатрешноста пробива зенитално светло. И кај следните објекти тој ја претпочита „еколошката архитектура“, при што применува ликовни ефекти „произлезени од бајките“, како што се: ресторанот покрај автопат кај Бат Фишау (1989-90) и куќата Хундертвасер во Виена (1977-86).Сличен пристап Хундертвасер применува и при решавањето на несекојдневните архитектонски програми, како што се: редизајнирање на една стара фабрика за Кунст хаус (1990) и топланата во Виена (1988-92), која има нова технологија за производство на енергија, при што нејзината силуета се препознава според позлатената топка вгнездена во кулата.

австрија (3)михаил токарев: 100 години модерна архитектура (108)

В. Холцбауер. Училиштето Св. Виргил, Салцбург

Ј. Дахинден. Новиот Технички универзитет, Виена

Хундертвасер. Крајбрежната куќа Беј оф Планти, Нов Зеланд

Хундертвасер. Топланата, Виена

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните

земји - резимирани изваДоци

Page 41: Порта3 156

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Page 42: Порта3 156

ПОРТА 06 мај 2011342

42

урбанизам

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

БГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 43: Порта3 156

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

БГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

43

www.biroproekt.com.mkproektproekt

Page 44: Порта3 156

саеми

Во календарот на македонските градежници и архитекти секогаш има место за саемите

за градежништво и архитектура во земјава и странство. Впрочем, саемите се одлично место за надградба на знаењето, размена на контакти, па дури и склучување зделки, партнерства итн. Веројатно, најпосакуван саем е Саемот за архитектура, материјали и системи БАУ Минхен во Германија, но

сосема одлично котира и SEEBBE (SouthEast Europe Belgrade Building Expo) саемот во Белград. Што се однесува до скопскиот Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и механизација, користејќи ја предноста што ни е домашен, тој е најпосетуван од македонските градежници и архитекти. Иако, различни по големина, локација и што ли уште не, трите саеми имаат свој шмек и се

на цена. Како за потсетување, саеми од областа на градежништвото и архитектурата има и во соседството. Познати се саемите Инфакома во Солун, Bulgarian Building Week во Софија, TurkeyBuild во Истанбул, Саем за градежништво во Будва, Expokos во Приштина итн. Сепак, ако се говори за саемите во соседството, се чини дека во центар на вниманието на Македонците е белградскиот SEEBBE. Тоа

можеше лесно да се забележи и на овогодишното издание на саемот, што се одржа од 12 до 16 април, каде македонскиот јазик можеше често да се слушне. За жал, ако македонски посетители имаше доволно, македонски изложувачи беа неколкумина. „Македонскиот образ“ го обелија со достоен настап АДИНГ и Конти-хидропласт со своите подружници во Србија. Но, да почнеме од почеток.

Во Минхен се оди бидејќи на БАУ изложуваат, пред сè, производителите

директно. Тоа е одлична можност да се види некој нов производ или технологија.

Значи, во Минхен се оди за да се види што е ново во светот. Во Белград се

оди за да се види што функционира на овие подрачја и за да се спореди со

Македонија, а во Скопје едноставно, да се биде во тек, да се види кои се учесниците

во градежништвото во земјава.

SeeBBe 2011 - низ сПоредба

МакеДонСки ПоСетители доволно - изложуВачи неколкумина

ПОРТА 6 мај 2011344

44

Page 45: Порта3 156

саеми

Урбанистите многу згодно ги поставуваат саемските комплекси, или покрај главните магистрални патишта на влезовите или на периферија на градовите. Таков е случајот и со Белградскиот саем. Намерникот што ќе навлезе во Белград по Е-75, треба да ги следи саемските патокази, да го направи клучното исклучување од автопатот и да продолжи кон Ада Циганлија, каде што е организиран

одличен бесплатен паркинг за посетителите. Да биде приказната поубава, прекрасни климатизирани автобуси на секои 10 минути ги преземаат посетителите од паркингот и ги транспортираат до саемот и назад. Влезот во саемот е широк и прегледен. Белградскиот саем располага со осум хали, а редовно се изложува и на отворено, пред сè градежна механизација, хидротехнички машини и опрема

итн. Како некаков центар на случувањето се наметна халата бр.1 бидејќи е нешто поголема, прегледна, има кружна форма и огромна купола. Изложувачите се поделени по градежни области, а за полесна навигација во секоја хала има по неколку инфопултови со брошури и промотивен материјал. Оние што уживаат во кафе/сендвич пауза за време на саемските обиколки, ќе бидат задоволни зашто

во склоп на халите можат да се најдат неколку места за таа потреба. Местата за одмор се многу потребни бидејќи за прошетка низ саемските хали ќе ви треба еден работен ден, а од многуте каталози што ќе ги земете, ќе ве болат и раце и нозе. Паметните со себе носат куферчиња на тркалца во кои ги ставаат каталозите наместо во милион кеси во раце. Изложените производи или услуги се тема која

6 мај 2011 ПОРТА3 45

45

Page 46: Порта3 156

саеми

не може да се опише во еден текст, но затоа пикантериите можат. Одлика на саемот се и преубавите хостеси кои очигледно Белград ги има во изобилие. Не ги прашувајте за производите бидејќи ништо не знаат за нив, тие служат повеќе како освежување ако ви „паднал тонусот“ или сте се замориле од шетањето. Оние на кои гледањето по хостеси им е забрането од докторот или слично, можеа да се нагледаат на примамливите пршути кои се

забележуваа на некои штандови. Ако германските гевречиња беа одлика на германските штандови, пршутата станува заштитен знак на Белградскиот саем за градежништво. Оригинално, нема што. Покрај хостесите и пршутата, зошто SEEBBE е толку популарен кај македонските градежници и архитекти? Пред сè, SEEBBE е горе-доле сличен на скопскиот Саем за градежништво. Како на Скопскиот

саем така и на SEEBBE претежно изложуваат домашни компании кои се партнери/дистрибутери на странски производители на градежни материјали и системи. Интересни во секој случај се и домашните производители кои големи или мали, сепак се дел од глобални групации и концерни. Секако, српскиот пазар е поголем од македонскиот, но има многу сличности, пред сè: ценовно чувствителниот пазар, традицијата

на градење, стандардот на населението итн. Затоа, еден дел од македонските посетители одат да видат што функционира (или се продава) во Србија, а го нема во Македонија. Некогаш тоа може да биде конкурентска предност. Бренд, производ или услуга која покажала успех во Србија, скоро секогаш успева и во Македонија. Останатите посетители, верувам во порелаксирана атмосфера го обиколуваат саемот со цел

ПОРТА 6 мај 2011346

46

Page 47: Порта3 156

саеми

остварување контакти, собирање каталози и технички листови за производи кои ги интересираат итн. Доколку го додадеме и БАУ Минхен во овој контекст, мотивите се следни: во Минхен се оди бидејќи на БАУ изложуваат, пред сè, производителите директно. Тоа е одлична можност да се види некој нов производ или технологија. Значи, во Минхен се оди за да се види што е ново во светот. Во Белград се оди за да

се види што функционира на овие подрачја и за да се спореди со Македонија, а во Скопје едноставно, да се биде во тек, да се види кои се учесниците во градежништвото во земјава. Како и да е, „златната саемска тројка“ вреди да се следи. Во прилог следи компаративна анализа на споменатите саеми:

Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

* Бројките дадени во оваа табела имаат единствено информативен карактер и служат за груб увид

6 мај 2011 ПОРТА3 47

47

Page 48: Порта3 156

Субстандардни

Изградени до 1965

Изградени 1965-81

Изградени по 1981

Субстандардни

Изградени до 1965

Изградени 1965-81

Изградени по 1981

ПОРТА 6 мај 2011348

ЗАШТИТАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСИ ПО ФОКУШИМА

48

СТАНДАРДИ Се проценува (Ладински, 1997) дека во 1991 година само 20% од станбените единици во Скопје биле изградени според прописите за

асеизмичка изградба од 1981 година, 41% биле изградени според застарените прописи

од 1964, 1971 и 1977 година, 10% не се изградени според признати мерки за заштита

од земјотреси, а преостанатите 29% биле изградени пред земјотресот во 1963 година

експерт

(Специјално за Порта3 од Велика Британија)д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.

Page 49: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 49

49

оваа година се навршуваат 25 години од катастрофата што се случи во нуклеарната централа Чернобил во

тогашен СССР, денес Украина. До неодамна таа беше најголемата регистрирана нуклеарна катастофа во светот од седма категорија, највисоката според Меѓународната скала за мерење на нуклеарни настани. Од пред неколку недели несреќата во нуклеарната централа во Фукушима, Јапонија, го достигна исто така ова седмо, највисоко ниво. За разлика од онаа катастрофа во Чернобил, оваа во Фукушима е дел од „тројниот удар“ (земјотрес - цунами - нуклеарен настан). Во изминатите 100 години во Јапонија се случени три земјотреси кои ќе бидат запаметени во историјата:1. Големиот Канто земјотрес (The Great Kanto Earthquake) од 1 сепември 1923 година со магнитуда 8,3 и епицентар надвор од Токио, во кој околу 142.000 лица го загубиле својот живот, повеќето од нив како резултат на огнената стихија која избувнала по земјотресот;2. Хиого земјотресот (The Hyogo Earthquake) со магнитуда 7,2 од 17 јануари 1995 година кој го погоди Кобе, во кој загинале 6.430 лица и кој во голема мерка ја има погодено постојната инфраструктурната мрежа и има укажано, според одредени аналитичари, на не најсоодветната подготовка за вакви катастрофи;3. Земјотресот во Фокушима со магнитуда 9 степени од 11 март 2011 година, кој беше пропратен со катастрофално цунами и хаварија во истоимената нуклеарна централа, а во кој засега се проценува дека ќе има над 10.000 загинати лица. Овој земјотрес ја нагласува опасноста од секундарни катастрофи, како на пример цунамија и индустриски хаварии кои во овој случај имаат резултирано во нуклеарна несреќа.

Во овие исклучително тешки моменти за Јапонците, освен изразите на најдлабока тага и сочуство за жртвите на оваа последна катастрофа, би било пожелно со нив да ја споделиме загриженоста за можните последици од идните земјотреси кои можат да ја погодат која и да е земја во светот.За потсетување, според спроведените истражувања во

земјата (ИЗИИС, Извештај 98-29) во текот на 20 век на територијата на Република Македонија и во нејзиното непосредно опкружување (а со последици врз територијата на РМ) се имаат случено 12 земјотреси со магнитуда еднаква или поголема од 6 степени според Рихтеровата скала (во просек по еден земјотрес со магнитуда од шест или повеќе степени на секои 8,3 години) во кои загинале најмалу 1.200 лица, а над 3.400 биле повредени. Од овие 12 земјотреси, четири се манифестирале со интензитет од 7 степени, шест со интензитет од 9 степени и два со интензитет од 10 степени. Од аспект на разурнување, човечки и материјални загуби, земјотресот во Скопје од 26 јули 1963 година, сè уште е најкатастрофалниот земјотрес на територијата на Република Македонија што се има случено во текот на минатиот век, иако ограничените податоци за земјотресите од почетокот на 20 век не овозможуваат подетално да се утврдат последиците. И покрај овој недостаток на информации за претходните земјотреси, може да се претпостави дека релативно нискиот број на евидентирани жртви и материјални штети е резултат на ниската изграденост и населеност во земјата во овој период.Она што најмногу загрижува е дека според спроведените истражувања (ИЗИИС: Извештај 95-68) на релативно послабите земјотреси во Гевгелија (од 21 декември 1990 година со магнитуда 5,6 и интензитет VIII) и Битола (од 1 септември 1994 година со магнитуда 5,4 и интезитет VII+) забележано е високо ниво на предизвикани материјални штети од околу 46,5 милиони евра, и оштетувања кај релативно нови објекти, вклучително со оштетувања кај јавните објекти. На пример 50,3 % (според површина) од оштетувањата во земјотрес во Гевгелија се регистрирани кај јавни објекти (училишта, здравствени установи и слично), дури и кај новоизградени објекти. Таков е примерот со здравствниот објект во Негорци, а веројатно најзначајно оштетување при земјотресот во Битола е поврзано со неконструктивното оштетување на преградните ѕидови во битолската Општа Болница.Оттука, веројатно со право, може да се постави прашањето зошто

земјотреси средни по магнитуда и интензитет, успеале да предизвикаат забележителни нивоа на оштетувања кај релативно новоизградени јавни објекти, особено што вообичаено се очекува во јавните објекти да се организираат пунктови за згрижување и информирање на населението во услови на елементарни и други непогоди?Без обид да се навлезе во детална анализа на причините за ваквото ниво на тогаш пројавени оштетувања кај јавните објекти во горенаведените земјотреси, генерално би се очекувало во слични случаи причините за оштетувањата да се бараат во рамките на градежната регулатива, проектот, изградбата, надзорот врз градбата, употребените градежни материјали, но и одржувањето и употребата на објектот, при што најчесто, секои од овие сегменти може во помала или поголема мерка да влијае на воочените проблеми.За жал, со секој нов катастрофален земјотрес се продлабочуваат нашите сознанија за земјотресите, и од овие сознанија произлегуваат нови методи и пристапи за ублажување на последиците што најчесто се имплементираат преку измени и дополнувања во градежните прописи. Така, земјотресот во Скопје од 1963 година, резултираше со воведување на прописи за асеизмичка градба во тогашна СФРЈ, кои потоа беа ревидирани, на пример, по земјотресот во Црна Гора од 1979 година, но и по земјотресот во Мексико Сити од 1985 година и други, а со цел да се вградат новите сознанија и да се зголеми заштитата при идните земјотреси.За разлика од динамичката природа на промените на законските прописи, објектите на кои овие прописи се однесуваат се доста статични со оглед на тоа што

истите се градат за животен век од 50 и повеќе години. Како резултат на ова е невозможно постојниот градежен фонд да ги следи промените во доменот на заштита од земјотреси. За тоа како постојниот градежен фонд има големо влијание на вкупната повредливост на изградената средина од земјотреси, веројатно како добар пример може да послужи станбениот фонд во Скопје. Така, се проценува (Ладински, 1997) дека во 1991 година само 20% од станбените единици во градот биле изградени според прописите за асеизмичка изградба од 1981 година, 41% биле изградени според застарените прописи од 1964, 1971 и 1977 година, 10% не се изградени според признати мерки за заштита од земјотреси, а преостанатите 29% биле изградени пред земјотресот во 1963 година. Се проценува дека 40% од последните биле оштетени и санирани по земјотресот. Доколку се земе предвид дека 75% од постојните станбени единици во Скопје биле изгубени во земјотресот и дека во периодот по земјотресот биле изградени повеќе од 80.000 нови станбени единици, тогаш фактот што во 1991 година само 20% од постојните станбени единици биле изградени според прописи за асеизмичка градба од 1981 година навистина укажува на заблуда дека градењето според прописите за асеизмичка градба само по себе ќе ги реши сите проблеми сврзани со повредливоста на изградената средина во сеизмички активните региони.Затоа со право треба да се запрашаме и да разгледаме кои дополнителни мерки можат да ја намалат повредливоста на изградената средина од идните земјотреси, но за ова нешто повеќе во идниот број.

експерт

Page 50: Порта3 156

екологија

Климатските промени се главниот осомничен за овој феномен, но овој тренд, едноставно, може да е дел и од природните циклуси кои ги забрзуваат или забавуваат ветровите

Планетата станува ПоВетРоВито место

Плато Лоес, Кина

ПОРТА 6 мај 2011350

50

Page 51: Порта3 156

Планетата станува поветровита, покажува новата студија која открива бавно, но константно

зголемување на брзината на ветровите во океаните во последниве 23 години. Како што пренесува порталот Discovery News, климатските промени се главниот осомничен за овој тренд, но научниците тоа не можат со сигурност да го потврдат. Трендот, едноставно, може да биде дел од природен и долготраен циклус, кој ги забрзува или ги забавува ветровите низ децении. Но, ако ветровите глобално се забрзуваат и стануваат посилни, тогаш и ураганите и тајфуните ќе ја зголемат својата моќ и ќе станат уште поразорни, и тоа веќе кон средината на овој век. Тогаш, инженерите ќе мора одново да пресметаат и да ги редизајнираат офшор постројките, предупредуваат експертите. - Можеби ја следиме нагорната промена на нешто што во иднина повторно ќе се намали. Сепак, фактот што сме сведоци на овие промени и на северната и на јужната хемисфера, на глобално ниво, сугерира дека станува збор за долготраен тренд, наместо за осцилација. Ако во иднина планираме нешто да дизајнираме, тогаш треба да го земеме предвид фактот што и океанските бранови ќе бидат многу повисоки - вели за Discovery News, Јан Јанг, океанограф во Австралискиот Национален Универзитет во Канбера. Ветровите што дуваат околу морската шир директно влијаат врз

висината на морските бранови, а сателитите што орбитираат

околу Земјата користат алтиметри за да

ги мерат

брановите. Како што пренесува Discovery News, научниците се заинтересирани за измерените вредности зашто тие влијаат врз размената на топлина и гасови меѓу водата и воздухот. Ветровите влијаат и врз честотата и интензитетот на морските бури.Истражувачите собрале податоци од седум сателити, собирани меѓу 1985 и 2008 година. Потоа, употребиле пет независни статистички методи за да ги комбинираат, калибрираат и пресметаат добиените резултати. Сите пет методи произвеле ист резултат. Според овие информации, брзината на најбрзите ветрови се зголемувала за околу половина процент секоја година, а со иста стапка растела и висината на најголемите бранови. Овие трендови биле најизразени на јужната хемисфера. Во морето околу Јужна Австралија, на пример, највисоките бранови пораснале од 5 на 6 метри. Најекстремните ветрови сега дуваат за 10 отсто побрзо од порано. Наведените промени, предупредуваат научниците, може да имаат огромни негативни последици врз екстремните временски услови. Ако ветровите продолжат да се забрзуваат, тогаш и уништувачката моќ на ураганите од 5-та категорија ќе се мултиплицира.

и Планините нема да растатВетрот е моќна сила во еволуцијата на планините, покажува новиот извештај на Универзитетот во Аризона, САД, што деновиве го пренесе магазинот ScienceDaily. „Никој не мислеше дека ветрот има толкава моќ“, вели Пол Кап, професор на Универзитетот и автор на извештајот. Реките и глечерите се примерите од книгите што ги распукуваат

планините и влијаат врз нивната еволуција. Пол Кап вели дека и ветрот може да биде толку моќен. Тој и неговите колеги проценуваат дека ветрот може да биде до 100 пати поефективен во ерозијата на планините отколку што се мислеше претходно. Нивниот извештај носи наслов „Ерозија од ветер во басенот Цајдам, централна Азија: импликации за тектониката, палеоклимата и извор на платото Лоес“, и е објавен во изданието за април и мај на GSA Today. Геолозите ги привлекле гигантските камени гребени формирани од ветерот познати под името јарданг. Професорот Кап за првпат дознал за јарданзите прегледувајќи научен труд за централно азискиот басен Цајдам. Огромните полиња со вакви форми што може да се видат од вселената личат на парче сомот. Ветерот од цврстата карпа изделкал гребени со остри страни. Кап се прашувал каде е материјалот што недостига. Истражувањето на тимот почнало со читање геолошки мапи од регионот и сателитски слики од Google Earth. Потоа, Кап и неговиот тим отпатувале во басенот Цајдам за да соберат повеќе информации за јарданзите. „Ние велиме дека во зима кога е студено и суво, во басенот Цајдам дуваат силни ветрови кои предизвикуваат ерозија, ја носат прашината и ја трупаат на платото Лоес“, вели Кап.За платото Лоес се верува дека е најголемата акумулација на прав на Земјата. Научниците сметаат дека најголемиот дел од правта таму доаѓа од пустината Гоби. Но, Кап и неговите колеги сугерираат дека барем половината од песокот таму доаѓа од басенот Цајдам. Истражувачите сметаат дека западните ветрови скршнуваат кон север за време на интерглацијалните

периоди, а за време на глацијалните периоди кон Екваторот. Така, ветровите дувале од пустината Гоби кон платото Лоес, а за време на глацијалниот период од Цајдам кон платото Лоес. „За време на интерглацијалите басенот се полни со езера. Кога доаѓа леденото доба седиментите од езерото ги однесува ветерот. Нашата претпоставка е дека имате период на формирање езеро, па ерозија предизвикана од ветер, па езеро, па ветер и така натаму. Целиот процес го движат климатските промени“, сметаат авторите на студијата

време на ветерницитеФармите со ветерници стануваат сè почеста слика на планетата Земја. Тие претставуваат групи турбини на ветер на иста локација кои служат за производство на електрична енергија. Една поголема фарма со ветерници може да ја сочинуваат неколку стотини турбини и да покрива површина од повеќе стотини квадратни милји. Земјиштето меѓу турбините може да се користи за одгледување земјоделски култури. Фармите со ветерници може да се лоцирани и офшор.Најголемиот број фарми со ветерници на копното се лоцирани во САД. Од ноември 2010 година, фармата со ветерници Роско е најголемата ваква фарма на копно во светот. Најголемата офшор фарма со ветерници „Танет Офшор Винд Проџект“ и припаѓа на Велика Британија. Моќта на ветерот не троши вода, ниту гориво и не предизвикува загадување на воздухот. Од друга страна, некои истражувачи ја нагласуваат зголемената смртност кај птиците поради работата на турбините.

Сашо КУЗМАНОВСКИ

екологија

Вете

рна ф

арма

, Заф

аран

а, Ег

ипет

6 мај 2011 ПОРТА3 51

51

Page 52: Порта3 156

екологија

Социјална оДгоВоРноСт за одржливо уПравувањеТипични примери за социјална неодговорност во Македонија, по престанок на активностите што сè уште имаат штетни влијанија по човековото здравје и животната средина, се ОХИС - Скопје и Топилницата во Велес. Во првиот случај почвата беше загадена со линдан - многу опасна супстанција по човековото здравје и средината, а во вториот целиот град и околината сè уште ги чуствуваат последиците од енормните концентрации на тешки метали во сите еколошки медиуми, деформитети кај новороденчињата и нарушеното човеково здравје.

ПОРТА 6 мај 2011352

52

Page 53: Порта3 156

екологија

Организациите ширум светот и нивните заинтересирани страни сè повеќе

стануваат свесни за потребата и придобивките од грижата за општеството во кое дејствува и социјалната благосостојба. Секоја индивидуа или организација има обврска да дејствува за подобрување на општата благосостојба на општеството. Целта на социјалната одговорност е да придонесе кон концептот на одржливо управување, кое може да биде пасивно – одбегнување на активности кои придонесуваат за влошување на состојбите во животната средина, или активно - вршење дејности кои креираат можности, зголемување на вработеноста, иницијативи, итн. Во тој контекст е и законската обврска на операторите да го вратат плацот во задоволувачка состојба, откако е затворена инсталацијата - ремедијација по завршетокот на активностите. Законот за интегрирани еколошки дозволи (член 3, точка 14 од Правилникот за постапката за добивање на А/Б интегрирани еколошки дозволи, Сл. Весник на РМ, бр.4/06) наложува да се проценат ефектите од активностите врз околината и да се донесе план за ремедијација, кој ќе содржи краткотрајни или долготрајни солуции за намалување на негативните влијанија и враќање на плацот во задоволувачка состојба. Одговорноста е голема бидејќи преку техниките за ремедијација се остава плацот во состојба која нема да предизвикува притисок врз животната средина или негативни последици по идните генерации. Типични примери за социјална неодговорност во Македонија, по престанок на активностите што сè уште имаат штетни влијанија по човековото здравје и животната средина, се ОХИС - Скопје и Топилницата во Велес. Во првиот случај почвата беше загадена со линдан – многу опасна супстанција по човековото здравје и средината, а во вториот целиот град и околината сè уште ги чуствуваат последиците од енормните концентрации на тешки метали во сите еколошки медиуми, деформитети кај новороденчињата и нарушеното човеково здравје. Дури и најразновидните акции

за ремедијација се покажаа само делумно успешни, што уште повеќе ја потврдува потребата од евалуација, проценки и планирање на мерки за ремедијација додека компанијата е активна. Придобивките на претпријатијата во однос на општеството и влијанието врз животната средина полека станува критичен дел од мерењето на перформансот и ефективното работење. Тоа е поради растечкиот тренд на препознавање од потребата за поздрави екосистеми, социјална еднаквост и благосостојба и доброто управување. Свесноста кај партнерите, клиентите, потрошувачите е исто така поголема, поради што расте и одговорноста и очекувањата од претпријатијата. За таа цел, Интернационалната организација за стандардизација (ИСО) го донесе најновиот стандард за социјална одговорност - ИСО 26000:2010. Стандардот е наменет да им асистира на претпријатијата во нивните напори за усвојување на концептот за одржлив развој и да ги охрабрува да одат пошироко од законската рамка, да ги зајакнува односите со општеството и организациите, довербата кај клиентите и потрошувачите. Без разлика дали имате мало или големо претпријатие, овој стандард дава насоки за концептот, терминологијата и дефинициите поврзани со општествената одговорност, потоа за трендовите и карактеристиките на општествената одговорност, за принципите и практиките поврзани со општествената одговорност. Исто така, и за главните принципи на општествената одговорност, интегрирањето, имплементацијата и промоцијата на општествената одговорност преку политики и добри практики, како и за идентификацијата и комуникацијата со заинтересираните страни и транспарентноста и објавувањето на информациите поврзани со општествената одговорност. Со воведување на ИСО 26000, организацијата мора да ги земе предвид социјалните, еколошките, законските, културните, политичките разлики и потреби, како и економските услови на општеството во кое делува и да се посвети на подобрување на

општата благосостојба, креирајќи можности за подобрувања. ИСО 26000 не е стандард за менаџмент систем. Затоа и не подлежи на верификации/сертификации и не бара никакви барања. Секој што ќе се обиде да го сертифицира или трди дека е сертифициран, погрешно го толкува и не треба да се земе со сериозност. Доколку отворите интернет портал на која било попозната компанија во светот, би виделе дека социјалната одговорност се прифаќа како концепт преку кој се постигнуваат подобрувања во однос на социјалната благосостојба, намалувањето на негативните влијанија врз животната средина и економските услови во општеството. Стандардот опфаќа седум меѓусебно поврзани цели на кои мора да се посвети претпријатието. Прво, управување внатре во организацијата, па човековите права, работните навики – практики, заштитата и грижата за животната средина, добрите оперативни практики, па се до барањата на потрошувачите и ангажманот во општеството, со цел подобар развој. Управувањето во организацијата подразбира подигнување на свеста кај сите вработени во хиерархијата, посветеност кај високиот менаџмент за поголема одговорност во однос на користењето на ресурсите, управувањето со опасните материи и отпадот. Втората и третата цел се меѓусебно поврзани - заштита на човековите права и недискриминација, обуки за прифаќање на работни навики во насока на подобрување на комуникацијата, перформансот, имиџот на претпријатието. Тука спаѓаат и протоколите за носење лична заштитна опрема, прва помош при повреди, комуникација со клиенти и сл. Заштитата на животната средина како приоритет има намалување на негативните влијанија од активностите со цел зачувување на ресурсите, природата и здравјето. Воведувањето на менаџмент системи и следење на законските обврски од областа на заштитата на животната средина се алатки со кои се постигнува оваа цел. Добрите оперативни практики помагаат во организирањето и

зголемувањето на ефикасноста при работата. Квалитетот и константноста на продуктите директно зависи од операциите. Барањата на потрошувачите, но и другите заинтересирани страни секогаш треба да биде приоритет. Имиџот што го остава компанијата во општеството зависи од ова. Довербата кај купувачите се стекнува многу бавно и се гради постепено, а може многу лесно да се сруши, со еден погрешен продукт или постапка. Преку инволвирање во разните активности во општеството, се подобрува развојот на истото, но и имиџот на фирмата. Спонзорирање на настани, разни хуманитарни акции, помош за социјално загрозените слоеви се типични примери за постигнување на оваа цел. Еден од начините за информирање околу можностите за унапредување на перформансот врз животната средина и како да се постигне зголемена општествена одговорност е преку проектот GREEN. Тој е иницијатива на 11 партнерски организации - членки на најголемата европска мрежа за поддршка на бизнисот - Enterprise Europe Network (www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu). Во Македонија, услугите на мрежата се обезбедени преку Европскиот информативен и иновативен центар - ЕИИЦМ (www.een.mk). Мрежата нуди бесплатни услуги од областа на бизнис, технолошка и истражувачка соработка на европските претпријатија. Целта на GREEN е поддршка на малите и средните претпријатија при справување со предизвиците за унапредено еколошко работење, зголемено познавање на националното и европското законодавство од областа на заштитата на животната средина, олеснет пристап до услуги од областа, контакти со потенцијални партнери од цела Европа за бизнис и технолошка соработка и заедничко учество на европски истражувачки проекти. Подетални информации може да се добијат кај GREEN партнерот во Република Македонија - Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (MIR- www.mir.org.mk).

м-р Игор РИСТОВСКИ

6 мај 2011 ПОРТА3 53

53

Page 54: Порта3 156

екологија

Документот што во ноември 2010 година го објави Европската Унија (Climate Policy Tracker),

укажува дека воведувањето на обновливите извори на енергија одлично напредува низ цела Европа, но во делот на имплементирањето на енергетската ефикасност во сообраќајот и индустријата има сериозно заостанување. Состојбата е оценета како најдобра во Данска, Германија, Ирска и Шведска, додека на дното на листата се Бугарија, Кипар, Грција, Малта, Полска и Романија. Во 2008 година Европската Унија усвои интегрирана енергетска политика и политика за климатските промени со амбициозни цели до 2020 година: намалување на емисијата на стакленички гасови за 20 отсто во онос на нивото од 1990 година, 20 отсто од енергијата да се обезбедува од обновливите извори, и намалување на енергетската потрошувачка за 20 отсто со зголемување на енергетската ефикасност. За кратко време оваа политика го доби своето скратено

популарно име - три дваесетки.Напорите за штедење енергија преку нејзино поефикасно, односно рационално користење датираат од поодамна. Уште во раните седумдесетти години од минатиот век, драстичниот пораст на цената на нафтата направи голем шок во западните економии, и доведе до различни регионални и национални обиди за порационално користење на енергијата. Токму во седумдесеттите години земјите членки на Европската Унија воведоа национални минимум стандарди во поглед на топлинската изолација и опремата за новите згради. Во 2002 година ЕУ ја усвои Директивата за енергетски перформанси на згради (Energy Performance of Buildings Directive - EPBD), со која се поставуваат минималните стандарди за енергетска ефикасност кај резиденцијалните и комерцијалните објекти. Во 2009 година оваа Директива е дополнета, со тоа што секоја зграда која е предмет на значителна реконструкција,

исто така мора да ги исполнува барањата во поглед на енергетска ефикасност. Но, со оглед на фактот што националните стандарди се донесени во секоја од 27- те земји членки, постои широк опсег на различни стандарди.Германија е често посочувана како пример за добра практика, каде и секоја зграда што е предмет на позначителна реконструкција мора да исполни високи стандарди на енергетска ефикасност. Во рамките на програмата за Енергетски ефикасна изградба и реновирање на објекти, KfW банката нуди многу поволни услови за кредитирање. Кредитите се достапни за физички лица, компании и јавни установи со цел подобрување на изолацијата кај објектите, како и други зафати кои ќе обезбедат енергетски заштеди. Само во 2009 година KfW пласирала околу 9 милијарди евра во кредити за оваа намена.Во Шведска, секогаш кога некоја зграда се продава или изнајмува, сопствениците мора да докажат дека објектот задоволува

високи стандарди во областа на енергетската ефикасност. Емисијата на стакленички гасови во секторот градежни објекти во Шведска е намалена за 70 проценти во последните 20 години. Во јуни 2006 година Шведскиот парламент донесе декрет според кој потрошувачката на енергија во станбените објекти до 2020 година треба да се намали за 20 отсто по единица затоплувана површина. Овој критериум бара подобрување на енергетските перформанси на објектите, при што, со нивна реконструкција, користејќи материјали со висока изолациона моќ, како и ефикасни концепти и системи за греење, потрошувачката на енергија може да се намали дури за 50 отсто. И во земјите од некогашниот Источен блок, кои последни се приклучија кон ЕУ, е постигнат значителен напредок во енергетската ефикасност. Со реконструкција на постоечките згради, Полска ја намали потрошувачката на енергија во секторот домаќинства за 20 отсто

Бројките објавени во октомври 2010 година од Европската агенција за животна средина, покажуваат зголемување на потрошувачката на енегија во сообраќајот за 38 насто во периодот од 1990 до 2007 година. Авиосообраќајот е подрачје со најголем пораст од дури 84 насто. Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија усвоена во 2010 година, предвидува намалување на потрошувачката на енергија вкупно за 9 отсто до 2018 година, што е на граница на остварливоста, односно на нашите реални состојби и можности.

колку се навистина остварливи трите евроПски дваесетки?

заостанување во сообраќајот и индустријата

ПОРТА 6 мај 2011354

54

Page 55: Порта3 156

екологијаво последните пет години. Во текот на последната деценија, Унгарија оствари значителен напредок во зголемување на ефикасноста во индустрискиот сектот, додека во секторот домаќинства сè уште има многу простор за понатамошна работа. Во Романија, енергетската ефикасност во секторот домаќинства се зголемила за 36 проценти во периодот од 1996 до 2006 година, но оваа бројка повеќе е индикација за лошата состојба во 1996, отколку што е резултат на некакви организирани и системски мерки.

какви се Шансите на македонија?Како што е познато, Правилникот за енергеткса ефикасност на градежни објекти, кој всушност претставува транспонирање на ЕУ Директивата за енергетски перформанси на згради од 2002 година беше подготвен, но неговото стапување на сила е одложено. Со ваквото одлагање, еден сектор одговорен за над една третина од вкупната потрошувачка на енергија во земјава, останува нерегулиран во поглед на енергетската ефикасност

и енергетската потрошувачка. Од друга страна пак, Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија усвоена во 2010 година, предвидува намалување на потрошувачката на енергија вкупно за 9 отсто до 2018 година, што е на граница на остварливоста, односно на нашите реални состојби и можности.Во моментов Македонија како земја кандидат нема квантифицирани обврски во поглед на трите дваесетки. Од друга страна , малкумина знаат дека трите дваесетки се збирна цел која важи на ниво на ЕУ како целина, а во рамките на секоја држава квантифицирани се различни национални цели. Значи, во моментот на почеток на преговорите за членство во Унијата, и овие позиции, односно квантифицирањето на одделните цели ќе биде предмет на преговори. Со оглед на актуелните состојби, нè очекуваат тешки преговори.

енергетско сертиФицирање на аПаратите за домаќинствоПрвата ЕУ шема за енергетско

сертифицирање на апаратите за домаќинство се појавува во 1992 година, и тоа за: ладилници, машини за перење и сушење, печки, осветлување, снабдување со топла вода и уреди за климатизација. Во периодот од 1992 до 1999 година е забележано зголемување на ефикасноста на ладилниците од 25 проценти. Енергетското сертифицирање во ЕУ еволуираше до тој степен што сите светилки, автомобили и најголем дел од апаратите за домаќинство мора да поседуваат енергетска либела. Енергетската ефикасност на производот е претставена преку енергетски нивоа или класи обоени со различни бои, рангирани од A до G, каде што A е енергетски најефикасна, а G е најмалку ефикасна. Градациите A+ и A++ се додадени кај ладилниците, при што класата A+ покажува дека моделот е најмалку 25 проценти поефикасен од соодветниот од A класа, додека A++ покажува дека моделот е поефикасен за дури 60 проценти.Вебсајтот на Topten (www.topten.info) претставува всушност водич за потрошувачите во изборот на енергетски најефикасните апарати за домаќинство, канцелариска опрема и возила во Европа. Topten

функционира во 16 земји од ЕУ, Кина и САД. Финансиран делумно од страна на Европската комисија, и координиран од Француската агенција за управување со енергија и животна средина (French Agency for the Environment and Energy Management – ADEME), проектот Euro-Topten започнал во 2006 година. Проектот има планови да опфати 74 отсто од жителите на 27-те земји членки на ЕУ, и да придонесе за годишно намалување на потрошувачката на електрична енергија за 300 GWh (за споредба, оваа бројка е еквивалентна на просечно годишно производство на ХЕЦ Маврово /Вруток, Врбен и Равен/).

емисија на стакленички гасови во секторот сообраќајБројките објавени во октомври 2010 година од Европската агенција за животна средина (European Environmental Agency – EEA), покажуваат зголемување на потрошувачката на енегија во сообраќајот за 38 насто во периодот од 1990 до 2007 година. Авиосообраќајот е подрачје со најголем пораст од дури 84 насто.

6 мај 2011 ПОРТА3 55

55

Page 56: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011356

56

екологија Притоа, индикативно е дека новите земји членки на ЕУ, покажуваат поголем пораст на потрошувачката на енергија на годишно ниво (3,3 насто), во споредба со првите 15 земји членки на ЕУ (2,2 насто).Посебните законски инструменти во секоја од државите, вклучуваат мерки за зголемување на енергетската ефикасност на возилата, како и мерки со кои ќе се влијае на свеста и ќе резултираат во намалено користење на возилата. Тоа подразбира сет фискални мерки – даноци и субвенции при набавката на возила, субвенции за користење биогорива, CО2 сертифицирање на возилата и сл. Во земјите со високи даноци за возилата – Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Ирска и Португалија, бројот на возила по жител е под европскиот просек. Данокот на горивото, исто така има големо влијание во однесувањето, односно мотивацијата да се возат енергетски ефикасни возила. Во Норвешка, Шведска, Финска и Германија е воведен CO2 данок за возилата. Оваа даночна политика во Германија и Велика Британија се спроведува преку методологија која предвидува периодични планирања, со што потрошувачите навреме имаат информација за идните трендови на цените.При купување возило, купувачите може да добијат субвенција од најмалку 200 евра, за кое било возило кое емитува помалку од 130 грама CO2/km. Овој бонус може да достигне до 5.000 евра за електрични возила кои емитуваат помалку од 60 грама CO2/km. Од друга страна пак, купувањето возило кое емитува над 160 грама CO2/km предвидува плаќање пенали во вредност од 200 до 2.600 евра. Комитетот на француските производители на автомобили (Comite des Constructeurs Francais d'Automobiles - CCFA) забележува дека е остварен пораст во продажбата на возила во категоријата B (емисија на CO2/km од 100 до 120 грама), и пад во продажбата на возилата категоризирани како големи загадувачи (емисија над 140 грама CO2/km).

Даниела МЛАДЕНОВСКА

www.gim.com.mk

Page 57: Порта3 156

06 мај 2011 ПОРТА3 57

57

екологија

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

Page 58: Порта3 156

ПОРТА 6 мај 2011358

58

еко инфо

букуреШт

субвенции за електрични возила во романијаРоманската Влада ќе обезбеди субвенции за своите граѓани и компании за купување на електрични автомобили, и тоа во вредност од 20% од нивната цена, но највеќе до 3.700 евра. За хибридните возила субвенциите ќе изнесуваат 10% од цената, а најмногу до 1.800 евра. Исто така, Владата ќе обезбеди и средства за развој на инфраструктурата, неопходна за користењето на електричните и хибридните автомобили.

(Nine O’Clock)

сиетл

боинг инвестира во енергетска ефикасностКомпаниите Boeing и United Continental Holdings.Inc. објавија дека авионите од типот „777“ на авиокомпанијата United Airlines, ќе бидат модернизирани со примена на енергетски ефикасни мерки, кои ќе резултираат со редуцирана потрошувачка на гориво и со намалена емисија на стакленички гасови. Новата технологија ќе биде имплементирана кај 52 авиони од нивната флота, со што според пресметките на Боинг, се очекува намалување на потрошувачката на гориво во вредност од 200.000 долари годишно за секој авион (под претпоставка за цена на суровата нафта од 100 долари за барел). Сетот мерки за енергетска ефикасност, кои се имплементираат во рамките на овој проект, главно се однесуваат на подобрување на аеродинамиката.

(IFExpress)

рим

италијанците засекогаш се откажуваат од нуклеарките!Италијанската Влада предлага целосен прекин на нуклеарната енергетика во земјата - како реакција на развојот на настаните во јапонската нуклеарна електрана. Во таа насока, Владата направила измени и дополнувања на Уредбата за нуклеарна енергетика, кои се однесуваат на изградбата на нуклеарни централи. Не така одамна, премиерот Берлускони изрази амбициозни планови дека во иднина една четвртина од енергијата во Италија ќе потекнува од нуклеарки. Но, по катастрофата во Јапонија, Владата ретерираше во своите ставови, и соопшти дека ќе ги ревидира своите планови на полето на нукларната енергија. Во 1987 година, по катастрофата во Чернобил, Италијанците на референдум се изјаснија против нуклеарните централи.

(energetika-net)

Page 59: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 59

59

брисел

Шпионажа преку електрични броила!- Енергетските компании премногу навлегуваат во приватноста на луѓето бидејќи преку електричните броила и калориметрите се собираат огромни количини информации, а за тоа воопшто не сме свесни - изјавија експертите од Европската работна група за заштита на податоците на седницата одржана во Брисел. Модерните мерни инструменти создаваат точен енергетски профил на домаќинствата, односно обезбедуваат податоци за тоа колку електрична или топлинска енергија се троши во секој дел од денот. Компаниите ги чуваат овие податоци, со образложение дека преку нивна анализа се овозможува давање совети на потрошувачите за енергетска ефикасност и за штедење енергија. Но, во голем број случаи овие податоци може да се злоупотребат. Во својот извештај, работната група потенцира дека потрошувачите треба да бидат известени во чии раце одат податоците од нивните броила, како и колку долго тие се чуваат, а тоа во овој момент е нејасно.

(Energyobserver)

еко инфо

подготви: Даниела МЛАДЕНОВСКА

њујорк

empire State Building: посветла и позеленаОваа 2011 година, The Empire State Building, една од највисоките згради во светот ја постигна својата зацртана цел - да стане најголемиот купувач на обновлива енергија од ветер во светот. The Empire State Building ќе користи повеќе од 100 милиони kWh енергија произведена од ветер во наредните неколку години. Отсега па натаму, 100% од потребите за електрична енергија ќе ги обезбедува од ветерот. Но, тоа не е единствената заложба и активност на полето на намаување на емисиите и заштита на животната средина. Извршена е реконструкција на објектот, при што сите 6.500 прозорци се заменети со изолациони стакла, со цел заштеда на енергија.

(alternative-energy-news.info)

мадрид

ветерници во долината на дон кихотВо срцето на шпанските полиња, во општината Ла Манча, родното место на Дон Кихот, 104 ветрогенератори произведуваат електрична енергија за 600.000 жители. Оваа ветерна електрана е втора по големина во Шпанија, а самата држава се вбројува меѓу најголемите производители на енергија од обновливи извори во светот, посебно на енергија од ветер. Општината Ла Манча, оддалечена 150km од Мадрид, до почетокот на дваесеттиот век се гордеела со својата трговија која се одвивала со мазги како превозно средство, а сега претендира да стане енергетски гигант. Шпанија е најголем производител на енергија од ветер во Европа, а на трето место во светот после САД и Кина. Според учеството во вкупната потрошувачка на енергија во земјата, ветерот како енергетски извор е на прво место во Шпанија со 21%, а на второ место се нуклеарките со 19%.

(Energyobserver)

Page 60: Порта3 156

арт дизајн

Јозеф Акерман

ПОРТА 6 мај 2011360

60

Page 61: Порта3 156

арт дизајн

Архитектите од студиото “Mario Bellini Architects“ со седиште во Милано, дизајнирале необична и мошне габаритна структура која е наменски направена за ентериерот на централното седиште на Deutsche Bank во Франкфурт. Имено, скулптурата успешно воспоставува врска со ентериерот што е со футуристички изглед и со материјалите како што се млечното стакло и челик, како и со

транслуцентното осветлување. Своето присуство во просторот, оваа голема скулптура го потврдува низ сите катови и го опфаќа внатрешниот мост, кој ги спојува двете работни целини. На тој начин, сферичната структура внесува динамика во речиси студениот и своден простор, и мошне добро комуницира со површините на кои налегнува.

Д.Б.

студио MariO Bellini arChiteCtS

Скулптура за Deutsche Bank

Марио Белини

6 мај 2011 ПОРТА3 61

61

Page 62: Порта3 156

совети

електрика сПоред расПоред на мебел

електрика сПоред расПоред на мебел

- До крајот на годинава треба да се вселам во стан кој сè уште е во градба. Изведувачот ми понуди да предложам евентуални промени или дополнителни барања за поставувањето на електричната инсталација. Затоа треба да имам точна диспозиција на мебелот во станот. Ве молам да ми помогнете.

Редовна читателка од Куманово

кога се создава ентериерно решение за еден простор, неопходно е да постои „тренд сценарио“

или проектирана визија заснована на испитување на расположението на корисникот. Факт е дека се раскинува со рационализмот и се внимава на „култот на телото“. Постојат неколку правци во модерното ентериерното уредување (естетика на кривите форми, искршени агли, едноставни површини и големини или ентериер со примеси на римејк и редизајн), но што и да изберете главно е „формата да ја следи емоцијата“.Што се однесува до распоредот на мебелот, во тесниот ходник, десно од влезот, поставете орманче за кондури, а од другата страна полица и ѕидна закачалка.Дневната соба може да се опреми со аголна гарнитура, па на тој ѕид да се предвидат ниски приклучоци за ламби од едната и другата страна на троседот, и висок приклучок за клима уред. На спротивниот ѕид поставете ниска комода. Тоа значи дека на ѕидот треба да има електрични приклучоци за телевизор, музички систем, кабелска телевизија. На ѕидот спроти прозорците симетрично да се постават приклучоци за две ѕидни светилки. Над трпезариската маса може да се пушти кабел за лустер.Кујната организирајте ја во форма на буквата Г почнувајќи со фрижидер десно од влезот. Над работната површина треба да има утикачи за помошни електрични апарати, а на долната страна од висечките елементи приклучок за светло.Во спалните соби, покрај централното осветлување, обезбедете приклучоци за компјутери, скенери, печатачи, столни ламби и клима уреди. Предложениот распоред на мебел ќе помогне по вселувањето во станот да немате потреба да влечете продолжни кабли, со што ќе се наруши естетиката на просторот.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИќ, дипл.инж.арх.

[email protected]

потоа

пред

ПОРТА 6 мај 2011362

62

Page 63: Порта3 156

најчудни градби

лоцирана во срцето на градот Магдебург во Германија, оваа градба од октомври

2005 година постои како „Зелена цитадела“. Ја нарекуваат и „палата на мирот“. Иако е зелена, има сосема поинаков колорит кој воопшто не одговара на името. Но суштината токму на поимот „зелено“ се однесува на човековата креативност, љубов и хармонија со природата.Идејата за изградба на еден ваков комплекс датира уште од првите децении на минатиот век, а почнал да се гради во 2003 година и бил завршен рекордно за две години. Тогаш уметникот Виенесе, покрај сликањето ѝ се посветил и на архитектурата, со идеја дека богатството на човекот се крие во начинот на кој живее. Конкретно, дизајнот на комплексот му припаѓа на Фриденсрајх Хундертвасер, кој сметал дека архитектурата треба да биде третата кожа на човекот. Таа треба да се перцепира и во зависност од архитектурата, со што луѓето можат да го проценат секој човек по местото во кое живее.

Идејата била да се реконструира еден стар објект во центарот на Магдебург, но со одредена визија и концепција. Во 2002 година реализацијата ја започнала фирмата Гери-АГ, а објектот бил готов во рок од три години, односно три години по смртта на Хундертвасер, кој не успеал да ја види во живо својата креација.Надворешното украсување на објектот го направиле австралиски сликари, кои во потполност ја реализирале идејата за разиграна фасада на објектот со што му дале незаборавен лик и невидена туристичка атракција. Конструкцијата денес овозможува канцелариски простори и приватни апартмани. Заради разиграниот дизајн, златните кугли на врвот и трите шаторски куполи, оваа „палата“ е невидена атракција и покана за посета на сите кои случајно или намерно ќе се најдат во Магдебург.

Драган РИСТОВ

6 мај 2011 ПОРТА3 63

63

Page 64: Порта3 156

Италијанската компанија за мебел Saba излезе со нов изглед на полици - одличен начин да

се разбие монотонијата на секоја соба.

Фиока со механизам на допир од фурниран медијапан. Претставен е од италијанската фирма Porada.

Клупската масичка е центарот на секоја дневна соба, место за конверзации, собирање и „простор“ за чување на секојдневните

работи. Фото албумот нуди сеќавања, давајќи живот на минатите случувања и емоции. Оваа масичка наречена „Сеќавања“ ги

комбинира социјалните интеракции на семејните собири со носталгијата и уживањето предизвикани од сеќавањата на минатото. Дизајнирана е од Mitch Steinmetz и беше дел

од производите во халата наменета за млади дизајнери.

ПОРТА 6 мај 2011364

64

Page 65: Порта3 156

излогизлог

Саем за мебел во Милано 2011

Француската компанија Moustache ги претстави овие столчиња направени од две цевкасти метални парчиња кои се вметнати едно во друго, а над нив има тенка полиуретанска пена. Обложени се со материјал од текстил кој лесно се вади, и за неколку секунди може да се „преоблече“ во друга боја.

Држачи за весници закачени на ѕид од фирмата Poliform.

подготви:Сандра ДОНЧЕВАдипл.инж.арх.

6 мај 2011 ПОРТА3 65

65

Page 66: Порта3 156

Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2009, односно 2010 година, за секоја од следните три ка¬тегории:

- Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;

- Проектирање на носечки конструкции,

- Градење на носечки конструкции.

Деталите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделува¬ње на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ. За сите потребни информации, заинтересираните можат да се обратат до Преседателството на ДГКМ.

Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конст¬рукторски остварувања во 2009 и 2010 година треба да бидат доставени најдоцна до 15 мај 2011 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет - Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.

Претседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува

Ј А В Е Н К О Н К У Р СЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЕ НА ДГКМ ЗА НАЈДОБРО ОСТВАРУВАЊЕВО ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНОТО КОНСТРУКТОРСТВО ВО 2009 и 2010 ГОДИНА

Д Г К МДруштво на градежните

конструкторина Македонија

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 51/2011

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 52/2011

ПРОГРАМАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА 2011 ГОДИНА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 53/2011

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 54/2011

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО

БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 56/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА

НА РЕШЕНИЕТО ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН

СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ

ПРАВИЛНИКЗА СТАНДАРДИ ЗА ВКЛОПУВАЊЕ

НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ ВО УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01/2011Назив на договорниот орган:Н.У.Ц.К. “Иљо Антески – Смок“ – Тетово, бул. “Илирија“ бб, 1200, Тетово.ПРЕДМЕТ:Изработка на техничка

документација за НУ – Театар и Библиотека во Тетово.Контакт тел/факс: 070 240-175, 044 333-297, лице за контакт: Артан Арслани.Јавно отворање на понудите на ден 06.06.2011 год.

ИЗВЕСТУВАЊЕЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА

ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 03/2011Назив на договорниот орган:Општина Кисела Вода, ул. “Првомајска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проекти за потребите на Општина Кисела Вода.Контакт тел/факс: 2785-417, 2770-210, лице за контакт: Борче Лазаревски.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 58/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 12/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ентериерно уредување на објектот за државни институции – Уставен суд на Република Македонија, Државен архив и археолошки музеј.

Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Јавно отворање на понудите на ден 17.05.2011 год.

БРОЈ: 40/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ажурирање на геодетски подлоги во границите на ГУП и ажурирање на геодетски подлоги надвор од границите на ГУП на Град Скопје.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 16.05.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 59/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 146/2011Назив на договорниот орган:Општина Струмица, ул. “Сандо Масев“ бр. 1, 2400, Струмица.ПРЕДМЕТ:Доделување на договор (рамковна спогодба) за изведување на тампонирање и асфалтирање на улици во рурални подрачја во општина Струмица.Контакт тел/факс: 034 348-030, 034 320-544, лице за контакт: Сашо Трендов.Јавно отворање на понудите на ден 17.05.2011 год.

ПОРТА 6 мај 2011366

66

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 59/2011 ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ

Page 67: Порта3 156

6 мај 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67

Page 68: Порта3 156