60
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 34 Cena: 50 den. juni 2012 ISSN: 1857-6710 Нова димеНзија ТРаНСФоРмаЦија На аРмијаТа На РеPУБЛиКа маКедоНија АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции виНоЖиТо Над „КРивоЛаК“ НаТо-Pзм веЖБа „КооPеРаТивНа доЛга СТРеЛа/ЛаНСеР 2012” “COOPERATIVE LONGBOW/LANCER 2012” одЛичНо оСPоСоБеНа едиНиЦа години АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 годиНи воеНа PоЛиЦија На аРм

34-Shtit military

Embed Size (px)

DESCRIPTION

macedonia

Citation preview

Page 1: 34-Shtit military

M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

Br. 34 Cena: 50 den. juni 2012IS

SN

: 18

57-

671

0

Н о в а д и м еН з и ј аТРаНСФоРмаЦија На аРмијаТа На РеPУБЛиКа маКедоНија

АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

виНоЖиТо Над „КРивоЛаК“

НаТо-Pзм веЖБа „КооPеРаТивНа доЛга СТРеЛа/ЛаНСеР 2012” “Cooperative Longbow/LanCer 2012”

одЛичНо оСPоСоБеНа едиНиЦа

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

20 годиНи воеНа PоЛиЦија На аРм

Page 2: 34-Shtit military

п в с ч п с н1 2 3

4 5 6 7 8 9 1011 12 13 14 15 16 1718 19 20 21 22 23 2425 26 27 28 29 30

juni 6

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

10 јуни 1992 година – Темелите на македонското ВВ се поставени на 10 април 1992 година кога првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, ја потпиша Одлуката број 60 за формирање на Команда на Воено воздухопловство и Противвоздушна одбрана со потчинета Авијациска бригада како прва воздухопловна летачка единица на АРМ. По успешно завршување на теоретската обука, на 10 јуни 1992 година започнува и практичната обука во воздух, односно преобука и оспособување за вршење на наставничка должност. Во првата македонска посада што полета беа мајорот Дане Илијевски и капетанот Александар Манев, со авион од типот „Утва-75“. Во чест на тој историски настан, 10 јуни традиционално се слави како Ден на македонското ВВ

Page 3: 34-Shtit military

ништо ново

икаго не донесе ништо ново за Република Македонија. И покрај грстите пофалби за нашиот ан-

гажман во НАТО-мировните мисии и повторувањето дека Македонија ги ис-полнува сите услови за прием во НАТО, се повтори самитот од Букурешт и беше одложена поканата за прием со истата, веќе изветвена реченица, „прво името, па потоа покана“.Македонија повеќе од 17 години, од-носно од 1995 година чека прием во НАТО, а својот стремеж за член-ство кон Алијансата го изрази уште при осамостојувањето на Република Македонија, во 1992 година. Славејќи ја 20-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, истовремено одбележуваме и 10 годи-ни од нашиот активен придонес кон мисијата ИСАФ.На секоја вежба, на секоја мировна мисија, каде и да учествувале македон-ските војници, за својот ангажман доби-вале соодветно признание. Во година-та во која АРМ го слави својот дваесет-годишен јубилеј, во Македонија се од-ржа и најголемата досега НАТО-ПзМ вежба на овие простори, со над 2.200 учесници од 15 армии. Македонските војници, како што само тие знаат и уме-ат, уште еднаш на дело ги потврдија своите високи вредности.Пофалбите не изостанаа ни на мајскиот самит на НАТО во Чикаго, особено за нашиот ангажман во мисијата ИСАФ, но и за сето она што е досега сработе-но. Не изостана ни пелинот во устата по заклучоците на самитот. Едноставно затоа што во регионот, па и пошироко, не постои друга земја во којашто наро-дот така децидно се изјаснил и сè уште се изјаснува за членство во Алијансата, и покрај сите нанесени неправди. Сега сме во ситуација, по 17 години чекање во НАТО-чекалницата, по што сме ре-кордери коишто тешко некој ќе може да ги надмине, и по сите признанија за сработеното, да го преиспитуваме својот однос кон НАТО.Според македонскиот претседател Ѓорге Иванов, животот нè научил нико-гаш да не потклекнуваме пред преди-звиците. „Генерации и генерации Маке-донци, нагласи тој на самитот во Чика-го, се вградиле во борбата за правда, мир, безбедност и развој. Со истрајна работа кон заедничките цели и вербата дека правдата и разумот секогаш побе-дуваат, иако понекогаш доцнат, оста-нуваме доследни на преземените обвр-ски“, се обрати претседателот Иванов пред присутните на Самитот. Тој ја пот-врди и македонската поддршка за но-вата НАТО-стратегија за „паметна од-брана“ за максимизирање на ефектив-носта и минимизирање на трошоците, како и заложбата за финансиска под-дршка на авганистанските безбедносни сили, при што Македонија ќе учеству-ва во рамки на своите можности. Врз основа на процената на партнерите за повлекувањето на трупите на ИСАФ од Авганистан, Република Македонија во согласност со своите интереси, како и досега, ќе се усогласи со заедничките стратегиски цели. И покрај сè, Македонија продолжува со реформите, со конструктивно и прин-ципиелно однесување, и со активно барање компромисно решение за име-то со сите сили. Прашање е само до кога.

В. Дичевски

„штит” ви претставува„M2A3 BrAdley“

интервјусо бригадниот генерал димче Петровски, директор на гШ на арм

пушКа М-48 7.9 mm (Маузер 8х57)

ВО МАкЕдОНСкАТА АРМИјА ОВИЕ ПушкИ СЕ зАМЕНЕТИ СО ПОМОдЕРНИ ПушкИ

денови на доКажување

ВВ И ПВО Од ПОЧЕТОкОТ НА СВОЕТО ПОСТОЕњЕ ВО РЕПуБлИкА МАкЕдОНИјА дО дЕНЕС (1)

операЦии во светсКи раМКи

дВРП (ИСИ) – ПАкИСТАНСкА РАзузНАВАЧкА ОРГАНИзАЦИјА – II

„ЦунаМи“ во охрид

ТЕОРИјА ПРОВЕРЕНА ВО ПРАкТИкАТА

МерКите на „старата даМа“

АРАПСкАТА ПРОлЕТ И улОГАТА НА Еу ВО РЕшАВАњЕТО НА кРИзАТА ВО СИРИјА – II

напади на БезжиЧни Мрежи

ХАкЕРСкИ НАПАдИ – 3

14

8

18

24 11

33

36 16

48

52

Страница

Страница

Страница

СтраницаСтраница

Страница

Страница

Страница

Страница

Страница Страница

штит - година IV, број 34, јуни 2012 година, излегува еднаш месечноиздаваЧ - Министерство за одБрана на репуБЛиКа МаКедониЈа

издаваЧКи советЕмил димитриев (претседател)Генерал-мајор Насер Сејдини, Селвет Барути, полковник Мирче Ѓоргоски, Васил дичевски,потполковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

гЛавен и одговорен уредниКВасил дичевски

редаКЦиЈакристина Илиевска (новинар-уредник), Билјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник); Иван Петрушевски (новинар); ксенија Митева-котеска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

печати: „наМпрес“ – скопје

адреса на редаКЦиЈатаМИНИСТЕРСТВО зА ОдБРАНА - СПИСАНИЕ „шТИТ“ул. „Орце Николов“ бр. 116 1000 СкопјеТелефони: 02 328 24 17; 02 3128 276Факс: 02 3113 527 www.morm.gov.mk; e-mail: [email protected]

Содржина:

3

ЦЕНАТА НА ЕдЕН ПРИМЕРОк Е 50 дЕНАРИГОдИшНА ПРЕТПлАТА 600 дЕНАРИ

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

21

Page 4: 34-Shtit military

4

редизвикот за следење на со вре -мените текови во областа на од-браната не ја заобиколи ни ту Армијата на Република Ма ке до-

нија. Совре мениот свет наметна потре-ба од партиципирање и активно уче-ство во колективните системи за без-бедност и одбрана. Таквата потреба от-вора нова димензија за изнаоѓање со-одветни решенија во системот на од-браната, но во исто време условува и со компатибилност во однос на колек-тивните системи за одбрана. услове-носта за компатибилност на Армијата на Република Македонија со други-те структури на колективната безбед-ност и одбрана е и појдовната осно-ва и причината за измена на структу-рата и отпочнување на процесот на трансформацијата. Одбрана и заштита на територијалниот интегритет и на независноста на Репу-блика Македонија, учеството во колек-тивната самоодбрана на НАТО, при-донес во операциите во целокупниот спектар на мисии на ООН, на НАТО и на Еу, како и заштита на пошироките инте-реси на Република Македонија, е всуш-ност мисијата на Армијата на Републи-ка Македонија, која е произлезена од Стратегијата за одбрана.Стратегијата за одбрана ја утврди по-требата од дизајнирање на поефи-касна и пофлексибилна структура на АРМ, способна за справување со сите безбедносно-одбранбени закани, пре-дизвици и ризици при остварување

Нова димензија

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Page 5: 34-Shtit military

трансформација, од мисиите надвор од територијата на земјата, препораките на сојузничките армии, како и искуства-та на советодавните тимови на НАТО и БАХ.Генералштабот на АРМ како единстве-на стратегиска командa, остварувајки ги своите задачи ќе придонесе за:– единствено командување и поефи-

касно планирање, организација, ко-ор динација, извршување и контрола на потчинетите единици во мир, во-нредни ситуации при изведување на борбени операции;

– зајакнување на главните функции на стратегиско рамниште (планска, ана-литичка, координативна и контролна);

5

во насока на зголемување на способно-стите за:– стратегиско воено планирање и ана-

лиза;– поефикасно командување и контрола

врз командите и единиците на АРМ;– следење и одржување на оператив-

ната готовност на АРМ;– планирање на обуката во согласност

со стандардите на НАТО;– планирање на логистичката поддрш-

ка и – интегрирање во воената структура на

НАТО.Во изготвувањето на новата органи за-циско-формациска структура на АРМ, Гш ги ползуваше искуствата и научени-те лекции од досегашните процеси на

на мисиите и задачите во земјата и во странство. Стратегијата за одбрана ги ажурира насоките за стратегиските ми-сии и воените задачи на АРМ, базирајќи се на сопствените ресурси, научените лекции и можности.АРМ како столб на системот на одбра-ната, а Гш на АРМ како највисоко стручно тело на МО за прашања за Ар-мијата, ги согледа потребите од прес-трук туирање во своите редови и со цел исполнување на уставната улога, ми-сиите и преземените обврски и развој на нови оперативни сили и способно-сти за одбрана на земјата, отпочна со трансформација.Генералштабот на АРМ се преструктуи-ра во единствена стратегиска команда

Page 6: 34-Shtit military

6

– обезбедување на централизирано пла -нирање и децентрализирана ре а ли за-ција;

– развој на функционалните врски по хо-ризонтала и вертикала и можност за покоординирана работа на сродните организациски единици во Гш и МО;

– подобра координација на штабните процеси и поефикасен проток и кон-трола на информации;

– поедноставно воено планирање, пла-нирање-изведување-оценување на обуката;

– флексибилен персонален менаџмент; – поефикасна обработка и дистрибуција

на разузнавачки податоци;– поедноставно формирање и подготов-

ка на привремени состави (единици за задача, СПБ, ББГ, Сили за Еу БГ 2012) за извршување на мисии во Републи-ка Македонија и надвор од Република Македонија.

Трансформацијата ќе предизвика и зна -чајни промени во структурата на Ар-мијата преку намалување, групирање и реорганизирање на единиците во чети-ри основни категории:– борбени сили (за конвенционални и

специјални операции); – сили за борбена поддршка (огне на, ин-

женериска, ПВО, АБХО, разуз на вање, заштита на силите и електронско во-јување);

– сили за борбено-сервисна поддршка (снабдување, одржување, транспорт, логистика и инфраструктура);

– резервни сили.Процесот на трансформација треба да придонесе за:– изградба на целосно професионал-

на армија (пополнета со персонал и главна опрема преку 90%), способ-на да се справи со идните предизви-ци и закани и да ги изврши дефини-раните мисии;

– унапредување на системот на кик, на

персоналниот менаџмент, на обуката и на образованието, модернизација и рационализација на пополнувањето, на опремувањето и на одржувањето на МТС;

– развој на поголеми оперативни сили и способности, како и достигнување на поголема интероперабилност, ефек-тивност и флексибилност со НАТО-силите и сојузничките армии;

– развој на современи оперативни сили и способности за ефикасна одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ, поддршка на сили-те на МВР и на цивилните власти пре-ку системот за управување со кризи;

– брзо распоредување на сили во опе-

рации далеку од територијата на РМ предводени од НАТО, од ОН и од Еу и изведување на спектар на опера-ции во сложени борбени и климатско-географски услови и др. ;

– ефективна разузнавачко-извидувачка поддршка на операциите;

– преструктуирање на логистичката поддршка на борбените сили и на распоредените контингенти во миси-ите надвор од земјата;

– групирање на силите за воздушна поддршка, ПВО и набљудување и контрола на воздушниот простор;

– редуцирање на инфраструктурата и на армиските недвижности.

суштинсКи придоБивКиСо трансформацијата на Армијата на Република Македонија како резултат на потребите за следење на совреме-ните текови на колективните системи за безбедност и одбрана се остварува-ат суштински придобивки кои се гледа-ат преку:– развој на капацитетите и способно-

стите за поголема ефикасност, огне-на моќ, заштита и опремување на си-

лите со индивидуални борбени сред-ства, средства за лична и колектив-на НХБ-заштита, поефикасни врски, или, поедноставно речено – кик во пешадиските и артилериските едини-ци;

– развој, подготовка и распоредливост на околу 50% од борбените сили, си-лите за борбена и борбено-сервисна поддршка и ниво на распоредени сили на АРМ надвор од територијата

Page 7: 34-Shtit military

– вградување на резервните сили од кОд во составот на зОк;

– вградување на воените амбуланти од логистичките баталјони во составот на ВМЦ/брлП;

– дефинирање на алтернативни фор-мациски места со работни места за АВС и Цл и ПФВ и Цл;

– унифицирање на кратенките, називи-те и елементите во книгите на фор-мации.

Организациско-формациската структу-ра по завршувањето на процесот на трансфомацијата ќе овозможи пос та-вување на персоналот и непречено уна предување и развивање во карие-рата, движење на персоналот по хори-зонтала и по вертикала во хиерархиска-та воена поставеност, достигнување на процентот за правична застапеност на етничките заедници, организирање на курсеви за промена на ВЕС-ти.успешниот процес на трансформација на Армијата на Република Македонија е одреден со дефинирање на приори-тети и тежишни задачи во транс фор-мацијата кои можат да се видат во из-мените и приспособувањата на закон-ската и нормативно-правната осно-ва како предуслов за трансферот на функциите и задачите од Гш на АРМ на потчинетите команди и единици, трансфер на одговорностите и функ-циите од Гш на АРМ на зОк и други потчинети команди и единици, логи-стичка поддршка на трансформацијата и на функционирањето на АРМ, де фи-ни рање на структурата на резервни-те сили на АРМ и определување на стратегиска резерва во структурата на АРМ, подготовка на декларирани сили за учество во мисии и придонес во операциите предводени од НАТО, од Еу и од ООН и модернизација и опремување на Армијата на Републи-ка Македонија.

опредеЛен и дефиниран пристапТрансформацијата како процес е одре-дена со потреби и приоритети, но иста-та е и предизвик за определување на суштинското и неопходното. Изрека-та на Стивен Р. ковеј, „Суштината не е во тоа да се направат приоритети во својот распоред, туку приоритетите да се распоредат“, всушност ја определу-ва насоката и начинот на пристапот во процесот на трансформацијата. Опре-делениот и дефиниран пристап ќе обе-збеди почитување на роковната рам-ка, ефикасно водење на процесот и ќе даде видливи резултати за успешна трансформација. Периодот за размислување, предло-зи, идеи и варијанти е веќе зад нас. Претстои планска и тимска работа за реализација на поставените цели во процесот на трансформација на Армијата на Република Македонија или, како што рекол Том Петерс, „Не може-те само со размислување да најдете пат надвор од рамките. Морате да дејствувате“.

д-р Мухамет РацајИвица Даневски

7

мии ќе се оствари преку процесот на трансформација со имплементација на критериумите и нормите во согласност со поставените стандарди. Во таа на-сока со организациско-формациските промени во Армијата ќе дојде до:– намалување на распонот на кик во Гш

на АРМ (помалку единици на врска);– групирање на борбените единици во

една мпбр;– групирање на силите за ВВ, ПВО и

ВНј во вбр;– реструктуирање на логистичката

поддршка во брлП;– корекција на критериумите за пос-

та вување на АВС според усвоена-та структура која може да се види во

унифицирање на чинови и должно-сти по нивоа на структура (вод-чета-баталјон-бригада);

– дефинирање на распон на чинови за одредени формациски места за по-лесна имплементација на структура-та и пофлексибилно водење во ка-риерата;

– определување на критериуми за чино-ви за специфични должности и форма-циски места (во брлП, кСС и вбр);

на РМ до 8% од составот на опера-тивните сили;

– развивање на трупни капацитети и способности за извидување, ра -зуз навање, набљудување, оп ре де-лување на цели и воздушно наб љу-ду вање;

– групирање и развој на силите и ка-пацитетите за непосредна воздухо-пловна поддршка, ПВО и заштита на воздушниот простор;

– развој и употреба на средства и опре-ма за справување со импровизирани експлозивни направи и несмртонос-ни капацитети;

– поефикасна и поедноставна логистич-ка поддршка на силите (контингенти-

те) распоредени во мисии-операции надвор од територијата на РМ;

– полесно, побрзо и поефективно оп -ределување, формирање, обу ка, оп ремување, поддршка и рас по ре-ду вање на времените сос та ви-дек ла-ри рани сили за разни мисии и опера-ции предводени од ООН, од Еу и од НАТО.

компатибилноста на Армијата на Ре-публика Македонија со останатите ар-

Page 8: 34-Shtit military

о генералот Димче Петровски, ди-ректор на Генералштабот на АРМ, се сретнавме при една мини-пауза помеѓу два негови состаноци. Тој е

мошне посветен на новата должност, на промените што треба да донесат поефи-касно работење на Армијата на Републи-ка Македонија но, сепак, најде време и за интервју за нашето списание. „Само да здивнам малку“, вели, но веднаш почнува-ме со разговорот. Зборува промислено и концизно, како човек што добро владее со материјата. Тој е првиот доктор на науки во АРМ, автор е на две книги од областа на одбраната и на многу научни и струч-ни написи: „Меѓународни воени операции и учеството на АРМ“, „АРМ кон НАТО“ „Оп-што за лидерството и карактеристиките на военото лидерство“, а подготвува и текст за визија за развој на вооружените сили, воедно и методологија за развој на воору-жените сили. Нè „разоружа“ уште на поче-токот на разговорот: „Добро е да се гле-да визионерски кон иднината вели, бидејќи така правиме помалку грешки во денешни-цата“. Не заборава да додаде дека „човек постојано треба да се усовршува, да осо-знава, да се здобива со нови знаења, да ги компарира искуствата стекнати дома кои се базични, со оние стекнати во странство, и креативно да ги применува. Сознанијата никогаш немаат крај, кон нив секогаш тре-ба да тежнееме. Нема посилно и подале-кусежно оружје од знаењето, затоа му сугерирам на секој припадник на АРМ постојано да се усовршува и да се над-

градува бидејќи тоа нè оплеменува како луѓе и ни дава моќ поквалитетно да ги во-диме процесите и да креираме одредени решенија за состојбите“.

АРМ се подготвува да го прослави двае-сеттиот роденден. Во каква состојба и со какви визии АРМ го дочекува овој ден?– Уште при формирањето на АРМ, во 1992 година, беше јасно изразена наша-та определба за членување во НАТО-колективниот систем за безбедност. Во 1995 година станавме и членка на Пар-тнерството за мир. Тоа значи дека АРМ уште од почетокот, пред дваесет години, како една од своите визии го зацрта член-ството во НАТО. И после дваесет годи-

8

ни ние формално не сме членка на НАТО од познати причини поврзани со име-то на земјата, но „де факто“ Република Македонија е активна и почитувана член-ка на НАТО. Впрочем, уште на самитот на НАТО во Букурешт беше јасно кажано дека Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во НАТО. Тоа значи дека изминатите дваесет години сме рабо-теле и сме се развивале како армија во ви-стинска насока. Истото е кажано и на сами-тот на НАТО во Чикаго.Кога пред дваесет години се формира-ше Армијата на Република Македонија, се започна практично од нула, но со голем ентузијазам и посветеност на работата, чекор по чекор АРМ стана респектабилен

со бригадниот генерал Димче Петровски, директор на ГШ на АРМ

интервју

По зацртаниот пат

Page 9: 34-Shtit military

9

ност Армијата ги задржува овие основни функции.

Како ќе се одвиваат работите по сами-тот на НАТО во Чикаго, без оглед на до-несените одлуки на самитот? – АРМ и по Чикаго продолжува по зацр-таниот пат. И натаму продолжуваме да се развиваме на начин којшто обезбеду-ва зајакнување на безбедноста, заштита на суверенитетот и интегритетот на држа-вата и на сè останато што е од витален ин-терес за Република Македонија. Продол-жуваме и со учеството во меѓународните мировни мисии и ќе се стремиме кон член-ство во колективните системи за безбед-ност бидејќи сметаме дека тоа е од инте-рес за државата.

Велиме дека градиме армија на ново-то време, но истовремено се забеле-жува дека таа армија главно е профи-лирана за учество во НАТО, во ЕУ и во ОН-мировни мисии. Дали е тоа точно?– Во согласност со одбранбено-заштитниот систем одбраната на РМ се базира врз три столбови: вооружените сили, цивил-ната одбрана и колективните системи за безбедност. Со самото тоа што Републи-ка Македонија сака да биде дел од НАТО-колективниот систем за безбедност, се развива и третиот столб на одбранбениот систем – учество во колективните системи за безбедност. Но не е доволно само да се сака да се биде член, туку тоа подразбира

партнер на НАТО, со препознатлив имиџ на мала, но модерна армија, способна да одговори на предизвиците на новото вре-ме. Тоа беа години на постојан развој, на постојано подигнување на нивото на оспо-собеност, опремување и ефикасност во работењето.Би сакал да нагласам дека оспособено-ста на припадниците на една армија и нејзината опременост се заемно поврза-ни. Според опремата што денес ја има АРМ, можам да кажам дека сме високоо-бучена и оспособена армија, и за одбра-на на земјата и за учество во меѓународни мировни операции, како и за извршување на другите мисии и задачи. Во услови на тренд на намалени буџетски средства во НАТО-земјите, па и кај нас, и натаму се раз-мислува за модернизирање на Армијата. Впрочем, секоја армија развива програма за натамошно модернизирање, па и АРМ развива конкретни проекти за нејзино модернизирање на подолг период. Во таа смисла се користат и презентации на фир-ми за воено производство од повеќе земји во светот што ни помага да го следиме трендот на развој на армиите во светот.Но, нагласувам, наш приоритет е нашите војници да се обучат најдобро што може со опремата со која АРМ располага. При-тоа настојуваме да постигнеме баланс помеѓу потребите, желбите и можностите и да дејствуваме според така направени-от баланс.Тоа особено важи денес денес, кога е во тек

преструктруирањето на АРМ, односно из-работка на нова структура и врз таа осно-ва нова организациско-формациска поста-веност на Армијата. Ова преструктуирање се појави како потреба за поедноставно функционирање на Армијата и со тоа пое-фикасно извршување на задачите што таа ги има според уставот и законите на Репу-блика Македонија.Армијата на Република Македонија и нате-му има четири основни мисии: одбрана на земјата, учество во меѓународни операции за поддршка на мирот, помош на институ-циите во РМ во извршувањето на нивни-те надлежности и учество во хуманитар-ни операции од поширок карактер. Со но-вата организациско-формациска поставе-

Page 10: 34-Shtit military

и прифаќање на некои обврски за да биде­ме дел од тој колективен систем.

Во последно време многу се зборува за НАТО-проектот „Смарт дифенс“. Што, конкретно, значи тоа?– Суштината на „Смарт дифенс“ (Smart defence) е во тоа да се постигне макси­мално искористување на расположливи­те капацитети за извршување на одре­дени задачи со што би се придонело за намалување на непотребните трошоци во работењето. Практично, „смарт дифенс“ („интелигентна, паметна одбрана“), треба да овозможи со помалку пари, максимално искористувајќи ги расположливите капацитети, да се по­стигнат поголеми резултати.Во таа смисла се можни и регионални и други заеднички проекти. Регионална­та соработка, на пример, придонесува за постигнување компатибилност на ар­миите, ја јакне меѓусебната доверба на државите, а со тоа ја јакне и безбедно­ста во целиот регион. Таа соработка се остварува преку разни форми: заеднич­ка обука на сите нивоа и во разни фор­ми, потоа заеднички вежби, како на при­мер мајската вежба на полигонот „Кри­волак“, најголема од таков тип во реги­онот досега, „COOPERATIVE LONBOW/LANCER 2012“, како и низ курсеви, семи­нари, размена на припадници на армии­те заради нивно усовршување, заеднич­ко учество во меѓународни мировни ми­сии, заеднички настап при набавка на опрема и друго.

Дали намалувањето на буџетските средства за одбрана може да влијае врз обученоста и извежбаноста на при-падниците на АРМ?– Мора да се навикнеме да работиме и дејствуваме во рамки на доделени­те средства, во согласност со балансот на потребите и можностите. Но постојат ограничувања до каде може да се оди со отстранувањето на непотребните работи и трошоци.Тоа значи дека продолжуваме со зацрта­ните вежби и со другите активности повр­зани со обуката на војниците, бидејќи без тоа тие нема да бидат оспособени за извршувањето на задачите. Сметаме дека вежбите, како што е „COOPERATIVE LONBOW/LANCER 2012“, се во директна корелација со процесот на постигнување на потребното ниво на оспособеност на нашите единици за учество во ме ѓу на­родни операции, што е и една од мисии­те на АРМ. На овие вежби се спроведува и оценување на нашите декларирани еди­ници за учество во меѓународни миров­ни операции предводени од НАТО и од ЕУ. Годинава посебен акцент ставаме врз оценувањето на една чета од составот на АРМ за учество во меѓународни операции предводени од ЕУ.

Колку војници имаме во мировни ми-сии и зошто тоа се прави?– Во согласност со принципот на ор­га низирање на колективната одбра­на како еден од столбовите на нашиот одбранбено­заштитен систем, 40 % од

10

Кои се најголеми донатори и пријатели на арМ?– Имаме голем број пријатели. Покрај САд, Турција и Норвешка, и многу други земји помогнале и помагаат во развојот на АРМ. Би сакал да нагласам дека и донациите се добредојдени, но тие не секогаш се во функција на подобрување на борбената готовност. затоа треба да се води сметка и за тоа дали и какви донации треба да се примаат, и тоа да се осмисли за долгоро-чен период.

според вас, кои се приоритетите за развој на арМ во наредниот период?– Приоритет на Армијата на Република Македонија во овој момент и во наредни-от период е трансформацијата, односно новата поставеност на АРМ. Паралелно со овој процес на трансформација се одвива континуиран процес на задржување, па и на зголемување на борбената готовност на единиците и натамошно унапредување на степенот на подготовка на декларира-ните единици за учество во мерѓународни мировни мисии.

што би им порачале на припадниците на арМ наспроти денот на арМ?– Изминатите дваесет години за нас прет-ставуваат период во кој успеавме Армијата на Република Македонија да ја профили-раме и да ја изградиме во согласност со стандардите на земјите-членки на НАТО. Армијата на Република Македонија де-нес, не само што е гарант за одбрана на земјата од евентуална агресија, таа стана препознатлива не само во границите на Република Македонија туку и надвор од неа, како мала но современа, професио-нална, добро обучена, опремена и секогаш подготвена армија. Тоа го потврдуваат не само домашните туку и странските автори-тети, насекаде каде што учествувале при-падниците на АРМ. Впрочем, добиените признанија за професионалност и успеш-носта на македонските војници од тие ав-торитети, доволно говорат за рејтингот што Армијата на Република Македонија и Република Македонија го имаат дома и во светот.Однеодамна е донесен и Правилник за одликувања и признанија и веќе се доделе-ни првите одликувања за припадниците на АРМ од претседателот и врховен коман-дант на АРМ Ѓорге Иванов и од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо котески. Ова е многу значаен че-кор бидејќи такви одликувања и признанија немаше досега, а тие признанија многу зна-чат за припадниците на АРМ, мотивирајќи ги за уште попродуктивна работа.Наскоро сите припадници на АРМ ќе би-дат облечени во единствени и препознат-ливи униформи. Во рамките на можности-те правиме сè што е од интерес за припад-ниците на АРМ.Во секој случај, треба да се гордееме со по-стигнатото во изминативе 20 години и да продолжиме уште попосветено со развојот на АРМ во функција на одбрана на држава-та затоа што тоа е наша основна обврска кон граѓаните на Република Македонија.

Васил Дичевски

вкупниот број припадници на АРМ треба да биде во состојба за ангажирање во ко-лективната одбрана на НАТО и ПзМ. При-тоа, 8 % од нив треба да бидат деклари-рани и сертифицирани за ангажман во ко-лективната одбрана во период од 0 до 90 дена. Ако тоа го претвориме во бројки, АРМ располага со околу 3.000 персо-нал за учество во колективната одбрана, а имаме и околу 240 лица за учество во меѓународни мировни операции кои би биле подготвени од 0 – 90 дена. Републи-ка Македонија никогаш досега не ја поми-нала оваа бројка, ниту тоа е случај во мо-ментов. Согласно одлуките на самитот на НАТО во Чикаго, ќе го разгледаме нашиот натамошен ангажман во колективната од-брана.

се гордееМе со постигнатото во изМинативе 20 годиниизминатите дваесет години за нас претставуваат период во кој успеавме армијата на република Македонија да ја профилираме и да ја изгради-ме во согласност со стандардите на земјите-членки на нато.Tреба да се гордееме со постигнатото во изминативе 20 години и да продол-жиме уште попосветено со развојот на арМ во функција на одбрана на држа-вата затоа што тоа е наша основна обврска кон граѓаните на република Македонија.

Page 11: 34-Shtit military

а самитот на НАТО во Чи-каго уште еднаш беше потврдено дека наша-та земја ги има исполне-то сите услови и критери-

уми за членство во Алијансата. Но, иако ги имаме исполнето сите услови и критериуми за членство, и иако активно, посветено и бес-компромисно придонесуваме во мисиите на Алијансата, Републи-ка Македонија, за жал не доби по-кана за полноправно членство во НАТО. Република Македонија на самитот беше претставена од претседателот Ѓорге Иванов и ми-нистрите за одбрана и за надво-решни работи, Фатмир Бесими и Никола Попоски. „Имаме со што да се гордееме за-тоа што веќе 10 години учеству-ваме со македонски мировници и тоа на многу одговорна позиција – обезбедување на командата на ИСАФ-мисијата, а за сите овие го-дини над 2.800 мировници уче-ствувале во мировните мисии“, потенцираше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Ива-нов, по состанокот одржан на Са-митот на НАТО во Чикаго.На состанокот, посочи тој, имаше можност да се каже нашиот став во однос на блокадата која е кон-тинуирана од нашиот јужен сосед,

инфоГрсти пофалби и одложена покана

11

тим за реконструкција (ПРТ) во Мејамана. Вкупниот број на учес-ници во моментов е 142. досега Р. Македонија вкупно учествувала со 790 учесници во ИСАФ. Со исклучок на Франција и на Португалија, сите присутни мини-стри на состанокот во дискусиите го користеле уставното име на Ре-публика Македонија. Министрите, особено на Албанија, на Хрватска и на Чешка, изразиле став дека недобивањето покана за член-ство за Македонија е контра инте-ресите и целите на НАТО. Македонија, и по самитот во Чика-го, со еднаква посветеност и ин-терес продолжува да се однесу-ва како „де факто“ земја-членка на Алијансата и максимално да го спроведува нашиот дел од од-говорностите, онака како што се очекува од секоја земја-членка на НАТО. Инаку, во фокусот на најмоќната во ено-политичка организација беа три теми: Авганистан во транзи-цискиот период и потоа; капаци-тетите на НАТО за справување со безбедносните предизвици во однос на „паметната одбрана“ и про тивракетниот штит во Европа, како и зацврстување на партнер-ската мрежа на Алијансата низ све-тот.

ровни операции надвор од гра-ниците на Република Македонија. Од 2002 до 2012 година вкуп-но во мисии надвор од Републи-ка Македонија учествувале 493 македонски мировници во Ирак, во Авганистан 2.021, во БиХ 202 и петмина во либан. Во момен-тов Република Македонија уче-ствува со една механизирана пе-шадиска чета (127 војници), тројца офицери во Главниот штаб во ка-бул, четворица претставници во А3-медицинскиот тим на чешка-та болница во кала, двајца офи-цери како дел на мултинационал-ниот ОМлТ во Мазар е шариф и хируршки тим во организациска-та структура на хируршка едини-ца при норвешкиот Провинциски

но за раз лика од самитот во лиса-бон имаме друга правна состојба и ба раме таа да биде почитува-на, бидејќи се работи за пресуда на најавторитетниот меѓународен суд.„Иако овој самит не беше проекти-ран за проширување, сепак имав-ме надеж дека една незаврше-на обврска од претходните сами-ти ќе биде присутна“, изјави Ива-нов, додавајќи оти членството во НАТО е процес, а Македонија ги има завршено сите нејзини обвр-ски и очекува да стане одговор-на полноправна членка, исто како што и досега е одговорен учесник во сите мировни мисии.Инаку, денес, 182 припадници на АРМ учествуваат во повеќе ми-

инистерот за одбрана Фат-мир Бесими ја посети Репу-блика Словенија, при што

се сретна со својот колега Алеш Хојс. На средбата беше потврде-на одличната соработка меѓу две-те земји на сите полиња, а особе-но во областа на одбраната. „Од аспект на одбраната, досегаш-ната соработка е на многу висо-ко ниво и тоа укажува на фактот дека имаме уште многу простор за нејзино продлабочување“, изјави Бесими по средбата. Тој додаде дека од исклучителна важност е и континуираната под-дршка на Република Словенија во процесот на евроатлант-

ско интегрирање на Република Македонија. „Словенија ја под-држува Македонија во нејзините напори за станување членка на НАТО, како што го правеше тоа цело време. Ние сметаме дека Македонија е доволно зрела и на потребното ниво за да може да направи чекор напред и да ста-пи во друштвото на НАТО“, рече Хојс.На средбата се дискутира-ло и за билатералната и ре-гионална соработка. Главни-от концепт за кој се дискутира-ло е концептот „паметна одбра-на” за искористување на заед-ничките капацитети и ресурси

Континуирана поддршКа

во одбраната и нивно ефикас-но искористување на билатерал-но и регионално ниво. На сред-бата станало збор и за некол-ку конкретни проекти како АП „Криволак”, каде армијата на Ре-публика Словенија веќе има ре-ализирано вежби, школувањето на македонски офицери во Командно-штабната академија на Словенија и за идните про-екти како што се Центарот за екселенција, понуден од Словенија, Медицинскиот центар во Република Македонија и реги-онален проект за балкански ме-дицински центар каде земјите од регионот би ги искористиле заед-

ничките ресурси со цел креирање мобилна медицинска екипа како поддршка на меѓународните ми-ровни мисии и поддршка во усло-ви на елементарни природни не-погоди.

Page 12: 34-Shtit military

напредувањето на мето­дите во АРМ и во Ми­нис терството за одбра­

на за стратегиско и оператив­но донесување одлуки е од го­ле ма важност за натамошниот развој на одбранбените способ­ности, како и за зголемување на борбената готовност“, нагла­си министерот за одбрана Фат­мир Бесими во обраќањето на научно­стручната конференција „Процесот на планирање и до ­несување одлуки во современите операции­Каде сме денес, а каде треба да бидеме утре?” (MILCON 2012) која се одржа во Домот на АРМ во Скопје во организација на МО и Воената академија „Ге­нерал Михаило Апостолски“. „Менаџирањето во областа на одбраната бара уште поголема ефикасност во периоди на еко­номска криза и кратење на на­ционалните одбранбени буџети”, рече во своето обраќање мини­стерот Бесими, кој истовреме­но информираше дека во Мини­стерството е започната изработ­ка на Стратегија за „паметна од­брана” со цел обезбедување кон­тинуиран развој на воените капа­цитети и способности.Министерот Бесими истакна де­ка од голема важност е ко ор ди­нацијата за преземање одреде­

ни мерки, и тоа со останатите институции – Полицијата, Цен-тарот за управување со кри-зи, Дирекцијата за заштита и спа сување итн. Според министе-рот за внатрешни работи, Горда-на Јанкулоска, „Овој процес прет-

почита интегриран координиран меѓуинституционален пристап, а Република Македонија во из-минатиот период крајно сериоз-но пристапи кон оваа проблема-тика”. Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Коте-ски, посочи дека конференцијата е идеална прилика да се согле-даат евентуалните недостато-ци и потреби за надоградување на воспоставениот процес на донесување одлуки кој мора да биде во согласност со военото планирање кое во иднина ќе до-бие нова димензија. „Процесот на планирање и донесување од-луки при справување со нови-

MILCON 2012

одЛиЧна сораБотКа

12

инистерот за одбрана на Ре-публика Македонија, Фат-

мир Бесими, оствари средба со шефот на делегацијата на Ев роп ската унија во Република Македонија, амбасадорот Аиво Орав. На средбата стана збор за повеќе значајни прашања од областа на одбраната и безбед-носта, меѓу кои и фактот дека Р. Македонија во краток период од корисник прерасна во контрибу-тор кон зачувување и развивање на демократијата и мирот. Kако што потенцираше министе-рот Бесими, Ма ке донија оста-нува посветена на својот ангаж-

ман во операцијата „Алтеа“ во БиХ. Во периодот од јули 2006 до јули 2008 година, Република Македонија во операцијата „Ал-теа“ придонесуваше со хеликоп-терски детачмент, додека во мо-ментов придонесува со медицин-ски тим за РОлЕ-1 – медицинска поддршка за кампот во Бутмир (10 лица) и едно лице помошник-правен советник во командата на ЕуФОР во БиХ, односно со вкуп-но 11 лица. Воедно на состанокот беше нагласено и вклучувањето на РМ во концептот Еу БГ.

наЧаЛниКот на гш во вМЦ

во КонтинуитетКонтриБутор на Мирот

орвешка е силен поддржувач на македонското членство

во НАТО, активно ја поддржа Македонија на самитот во Буку-решт во 2008 година и беше дла-боко разочарана што не беше по-канета, а поддршката ќе продол-жи и по самитот во Чикаго, изјави норвешкиот министер за одбра-на Еспен Барт Ејде по средбата во Осло со македонскиот колега Фатмир Бесими. „Со Македонија продолжуваме тесно да сорабо-туваме како партнер и контри-бутор во мисиите. Заедно со ма-кедонските трупи сме рамо до рамо во Авганистан и се надевам

дека континуирано ќе продол-жиме да ја јакнеме соработката, сè до вашето добивање полно-правно членство во Алијансата“, рече Ејде. Средбата со норвеш-киот колега министерот Бесими ја оцени како одлична можност за разговори за соработка во од-браната меѓу двете земји. „заед-нички констатиравме дека сора-ботката во меѓународните вое-ни мисии е исклучително пози-тивна. добивме пофалби за на-шето учество во северниот дел на Авганистан со воен мидицин-ски центар како дел од мисијата под команда на Норвешка“, рече

те безбедносни предизвици и загрозување, бараат од нас брзи­на, мудрост, знаење и техничка поддршка“, рече Котески. Целта на „MILCON ‘12” беше да се пренесат теоретски раз­мислувања, анализи и евалуации од страна на наставниот кадар на Академијата и други еминент­ни теоретичари на одбраната и безбедноста во поглед на совре­мените операции, но да се прене­сат и конкретните достигнувања и искуства од учеството на при­падниците на Армијата на Репу­блика Македонија во совреме­ните мисии и операции. Презен­тациите на Конференцијата те­матски беа подредени во три ра­ботни сесии, и тоа: „Процесот на планирање во современи опе­рации“; „Водењето на совреме­ните операции и донесувањето одлуки за нив“ и „Процесот на пла нирање во доменот на ор­ганизирањето и заштитата на критичната инфраструктура“ со осврт на сајбер­тероризмот. За­клучоците од Конференцијата ќе бидат систематизирани и пре­точени во еден документ како еден вид насока за конкретно дејствување на надлежните ин­ституции за уште поефективно остварување на определбите за влез во НАТО и во ЕУ.

епублика Македонија и Ре-публика Бугарија имаат од-

лична соработка во одбраната“, беше констатирано на средбата во Софија помеѓу министрите за одбрана на двете земји Фатмир Бесими и Ањо Ангелов. Во рам-ки на посетата на македонската делегација на Бугарија беше пот-пишан Годишен план за соработ-ка меѓу двете министерства. На средбата станало збор и за неколку значајни регионални про-екти во рамки на СЕдМ-ини ци-јативата, како и за проекти кои се однесуваат на концептот „памет-на одбрана” и за регионални про-екти и иницијативи.Исто така, на средбата се раз-говарало и за донации и шко лу-вање на офицери од двете земји и за слични можности, како што се вежбите на кадети во летниот камп во „криволак” и други веж-би што може да ги овозможи на-шата земја.

министерот Бесими. „Пренесов-ме дека Македонија го гледа НАТО како значајна алтернати-ва за иднината за развој на ре-гионот и оти останува доследна на определбата за полноправно членство во Алијансата, независ-но од самитот во Чикаго, бидејќи го гледа како процес кој е во кон-тинуитет. Продолжуваме со ре-формите и со нашиот придонес во меѓународните мисии, ќе ги следиме заклучоците од Чикаго во однос на ИСАФ и ‘смарт ди-фенс’ и ќе продолжиме да биде-ме кредибилен партнер“, порача Бесими.

ачалникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, оствари средба со при-падниците на Военомедицинскиот центар (ВМЦ)

на АРМ на која присуствуваше и клучниот персонал од Бригадата за логистичка поддршка во чиј состав се наоѓа ВМЦ. На средбата, началникот на ГШ на АРМ беше информиран за мисијата, за задачите и за актуелните проблеми со кои се соочува ВМЦ, кои се однесуваат на неговото функционирање како носи-тел на медицинското обезбедување и зачувувањето и унапредувањето на здравјето, првенствено на припадниците на АРМ. Генерал-мајорот Котески ис-кажал задоволство од работата на ВМЦ по негова-та трансформација, особено во делот на примар-ната и стоматолошка здравствена заштита на при-падниците на АРМ како главна задача на ВМЦ, но и за придонесот во реализацијата на медицинското обезбедување, за учеството на вежбовните актив-ности на АРМ и за организацијата на медицински меѓународни вежби чиј носител е ВМЦ.

Page 13: 34-Shtit military

елегација на АРМ предводе-на од заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-

мајор Насер Сејдини, во перио-дот од 21 до 24 мај престојуваше во официјална посета на Репу-блика Хрватска и Вооружени-те сили на Република Хрватска. Делегацијата на АРМ беше при-мена од заменик-министерот за одбрана Вишња Тарфа. За вре-ме на средбата беше потврде-на успешната воена соработ-ка, особено во полето на заед-ничките вежби и ангажманот во мисијата ИСАФ каде заеднички менторски тимови во Школото за воена полиција во Кабул из-ведуваат обука и менторирање. Делегацијата го посети и военото хрватско училиште „Петар Зрин-ски“, каде дел од македонските старешини ја завршуваат својата воена надградба.

знгш во хрватсКао рамките на скопскиот мара-тон кој се реализира на 6 мај 2012 г., се одржа и воениот

полумаратон на 21 km. На полума-ратанот во машка конкуренција учествуваа 12 припадници на АРМ од вкупно 239 натпревару-вачи. капетанот Игор јакимовски од пСО, освои прво место на ар-мискиот полумаратон, второ ме-сто на државно ниво, а севкуп-но го зазеде солидното осмо ме-сто. Исто така, професионалните војници Игор Цветановски и до-бре кузмановски постигнаа ре-зултати за почит. Полумарато-нот на 21 km за жени го истрча водник јасна Анге-лова од командата за обука и доктрини, освојувајќи го првото место на армискиот полумаратон, 19 ме-сто на државно ниво.Најмасовна трка бе-ше трката на 5000 m во која учествуваа и 18 натпреварувачки од АРМ. Во армискиот дел прва беше про-фесионалниот војник Верица Па-раскова од Баталјонот на Вое-на полиција, второто место i при-падна на постариот водник Слав-ка Герасимовска од Тетово, а тре-тото место на водникот Весна Трајковска од пСО.

Б. С.питоМЦите освоиЈа Четири МедаЛи

13

посета на КоМандата на спеЦиЈаЛните сиЛи на репуБЛиКа турЦиЈа

та на турските специјалци беше посетен и Центарот за физич-ка подготвеност кој исто така е составен дел од командата на специјалните сили. Тоа е тех-нолошки високоопремена ин-ституција со доктори и стручни лица каде што се вршат днев-ни, редовни и периодични лабо-раториски испитувања и прегле-ди на припадниците на единица-та. Целта е да се подобри нивно-то здравје, физичка кондиција, сила, издржливост, агилност, да се намали веројатноста од по-вредување, да се третираат по-вредите и да се насочува пер-соналот кон правилен развој и исхрана за подолго време да биде оперативно способен за извршување на специјални опе-рации.за време на посетата деле га-цијата од пСО имаше можност да ги посети Центарот за обука за ПзМ и Центарот за борба против тероризам во Анкара.

Љ.Б./К.Г.

ако резултат на долгого-дишната билатерална со-

работка помеѓу aрмиите на Р. Македонија и Р. Турција, а пред сè помеѓу специјалните сили на двете aрмии, во период од 14-17.05.2012 година, командантот на Полкот за специјални опера-ции, полковник Павле Арсоски, со припадници од составот на единицата, беше во работна по-сета на вооружените сили на Ре-публика Турција со тежиште на Командата на специјалните сили во Анкара. За време на посе-тата, делегацијата од пСО има-ше можноста да се запознае со организациско-формациската структура на турските специјални сили, условите за живот и работа и концептот на избор, селекција, опремување и обука на персо-налот. Исто така беше посете-но и Школото за специјални сили каде имаа можност да ги согледа-ат просториите и условите каде што се чуваат, одржуваат и паку-ваат падобраните, како се одви-ва обуката на падобранци за ско-

успешен настап

а 16 мај, на кејот на реката Вардар, втора година по ред, во организација на Европски-

от универзитет беше реализиран пролетниот крос. дисциплините во кои се организираше кросот беа 1600 m за мажи и 800 m за жени. Воената академија учеству-ваше во двете дисциплини со три питомци во машка конкуренција и три во женска конкуренција. Пи-томците од Воената академија во двете дисциплини демонсти-раа одлична физичка подготве-ност и втора година по ред беа со најмногу освоени медали. Првите три места во женска конкуренција ги освоија питомците Анита Среч-ковиќ (II година на ВА), Благица димитрова (I година на ВА) и Еле-онора Наунова (II година на ВА). Во машка конкуренција првото место го освои питомецот од II го-дина на ВА, Милан Павлов; вто-рото, питомецот од III година Сте-фан Пејовски, а третото – питоме-цот од III година на ВА Бурхан Бељули. Л. Ѓ.

од активностите на орорМ

учесниците на маршот за култур-ните и историските карактеристи-ки на демирхисарскиот регион во минатото.Во оваа пригода градоначални-кот на демир Хисар, Тони Ангеле-ски,, на заменикот на министерот за одбрана, Емил димитриев, му врачи златна плакета на ОРОРМ, за мошне успешната соработ-ка со МО и за неговото лично ангажирање во координирањето и целосната поддршка на про-грамските активности на Асо ци ја-цијата на резервните офицери на Р. Македонија. По повод јубилејот, посебни признанија им беа вра-чени и на 30-тина активисти и ин-ституции за нивниот придонес во афирмацијата на ОРОРМ. На све-ченоста беа врачени и награди-те на авторите на литературни-те творби на тема „60 години од постоењето на ОРОРМ“. до крајот на 2012 г., целокупни-те активности на членството на ОРОРМ ќе носат белег на 60-го-дишнината од постоењето на Организацијата. Ж.Трајановски

ОДБЕЛЕЖАН 60-ГОДИШНИОТ јуБИЛЕјПрограмските активности на Ор­ганизацијата на резервните офи­цери на Р. Македонија (ОРОРМ) се остваруваат со нагласен интен­зитет во знак на одбележување на значајниот јубилеј – 60 годи­ни од нејзиното формирање и функционирање како активен субјект на одбранбениот систем. Централната програмска актив­ност со која воедно беше одбе­лежан и Денот на ОРОРМ – 29 април, се организира на просто­рот на општините Крушево и Де­мир Хисар.Околу 250 млади резервни офи­цери и подофицери, членови на Организацијата, изведоа конди­ционен марш со повеќе едука­тивни содржини на релацијата Крушево – тренинг­центар во с. Растојца, во должина од 15 km. Во текот на маршот, во месно­ста Којов Трн, на надморска ви­сочина од 1345 m беа обновени знаењата од ориентација во про­сторот со користењето на бусо­ла, топографска карта и GPS + 2 како најнов систем за глобално позиционирање кој се користи во АРМ. Оваа содржина беше успеш­но реализирана со непосредно ангажирање на капетанот Благоја Стојаноски и водникот Томе Секо­ски од ВП 2944 во Кичево. На вто­рата работна точка, кај водопадот Момин Камен, професорот Ван­гелко Лозаноски ги информираше

ден на Братството и приЈатеЛството

а 5 мај 2012 г., во Копне ното

воено училиште во Анкара се одржа ма

ни фес

тацијата „Ден на братството и пријателството“. На оваа ма нифестација, која веќе стана традиционална, им се овоз-можува на питомците од брат-ските и пријателските земји на Република Турција, кои заедно со своите врсници од Република Турција се на школување во ова училиште, накратко да ја презен-тираат историјата, традицијата, обичаите и националната кујна на своите земји. Честа да го најави доаѓањето на командантот на училиштето и да ја соопшти програмата на оваа ма нифестација, генерал-мајор Фе рит Гулер, му беше доделена на питомецот од Република Ма-ке донија, Бујар Арифи, кој е на завршна четврта година студии во военото училиште.Манифестацијата започна со дочек и поздрав на гостите од страна на командантот на Коп-неното воено училиште, по ла-гање на венец пред споменикот во училиштето во коешто Му-стафа Кемал Ататурк во 1899 г., по завршувањето на Воена-та гимназија во Битола, го про-должил школувањето и раз гле-дување на штандовите на си те земји кои беа украсени од страна на питомците.

З. Џ.

кови на слободно дејство, како и критериумите и условите за па-добранска обука според турски-те пропишани правила. Во рамки на презентацијата за условите за живот и рабо-

Page 14: 34-Shtit military

14

„Штит” ви претставува „M2A3 Bradley“

во основа „M2A3 BrAdLey“ е аМфиБисКо гасениЧно БорБено возиЛо на пешадиЈата и е основно возиЛо од овоЈ тип во арМиЈата на сад. возиЛото е дизаЈнирано за Брзо транспортирање на Механзираното оддеЛение, овоМозМожуваЈќи Му Брз Маневар и Координирано деЈство со тенКовите „ABrAMs М1“ во противоКЛопната БорБа. возиЛото поседува одЛиЧни возни КараКтеристиКи и гоЛеМа проодност на сеКаКви теренсКи усЛови, а своите Можности праКтиЧно ги доКажа во реаЛни БорБени усЛови на пустинсКи терен. оКЛопното теЛо на возиЛото е израБотено од аЛуМиниуМ на КоЈ страниЧно е поставен оКЛоп од ЛаМинати, додеКа КаКо допоЛнитеЛно заЈаКнување на основниот оКЛоп на возиЛото се поставуваат допоЛнитеЛни ЧеЛиЧни и титаниуМсКи пЛоЧи, а по потреБа се поставува и реаКтивен оКЛоп. за заштита од Мини на доЛниот деЛ од возиЛото исто таКа се поставува допоЛнитеЛен оКЛоп. инаКу основниот оКЛоп заштитува од Лесно пешадисКо оружЈе, од шрапнеЛи на топовсКи гранати и од диреКтно деЈство на 14,5 mm тешКи МитраЛези, додеКа допоЛнитеЛниот оКЛоп овозМожува заштита од проеКтиЛи со КаЛиБар од 30 mm и одредена заштита од рпг-Лансерите. военото возиЛо „M2A3 BrAdLey“ е аМфиБисКо БорБено возиЛо

1. Бранобран2. Предни фарови3. Позиција на возачот4. Автоматски топ „M242

Bushmaster“со калибар од 25 mm5. Четирицевен лансер на чадни

гранати тип М2576. Двоцевен лансирен систем за

противоклопните наведувани ракети TOW II

7. ISU дневно/ноќен термовизиски нишански систем заедно со ELRF-ласерски далечиномер

8. Затворач на топот9. Перископ за командирот10. Комуникациска антена11. Поклопец на отворот од

командирот

на пешадијата, наменето за борбено дејствување врз непријателска жива сила, неоклопни воени возила, оклопни воени возила, тенкови, утврдени цели, летала на мали височини и друго. возилото е опремено со борбена купола двосед која поседува можност за ротирање од 360 степени. како главно оружје во куполата е вграден стабилизираниот автоматски топ „M242 BushMaster“ со калибар од 25 mm, кој поседува ефикасен дострел до далечина од 3.000 m. за потребите на топот во возилото се сместени 900 гранати. топот по елевација се движи од -10 до +60 степени. од десната страна на топот е поставен коаксијалниот митралез M240C, со калибар од 7,62 mm (користи куршуми 7,62х51 mm нато), кој поседува ефикасно дејство до далечина од 900 m. за потребите на митралезот во возилото се сместени 2.200 куршуми. за дејствување против тенкови од левата страна на борбената купола е поставен двоцевен лансирен систем за противоклопните наведувани ракети BGM-71 tOW кои поседуваат максимален дострел од 3.750 m. возилото „M2a3 Bradley“ е опремено со вкупно 7 противоклопни наведувани ракети „tOW“. задниот транспортен дел од возилот поседува 6 пушкарници опремени со оружјето м231 (верзија на м16 со калибар 5,56 mm) за дејствување на механизираното одделение од внатрешноста на возилото. механизираното одделение составено од 6 членOvi е опремeно со разновидно пешадиско оружје и тоа: противоклопниот наведувачки ракетен систем „draGOn“ или „Javelin“, противоклопниот лансер на ракети за една намена ат4, пушкомитралезот M249 saW (MiniMi) со калибар од 5,56 mm и автоматската пушка м16 со калибар од 5,56 mm, а дел од пушките се опремени со поtцевниот лансер на гранати м203, со калибар од 40 mm.

Ивица Дамески

БорБеното возиЛо на пешадиЈата „M2A3 BrAdLey“ е софистиЦирано аМфиБисКо гасениЧно возиЛо, спосоБно БорБено да деЈствува во сите КЛиМатсКи усЛови, и дење и ноќе, притоа оБезБедуваЈќи сиЛна огнена поддршКа на Механизираното оддеЛение (Кои го носи) и ефиКасно деЈство врз наЈсовреМени тенКови

Пресек на „M2A2 Bradley“

Page 15: 34-Shtit military

15

„M2A3 Bradley“

12. апарат за гасење пожар13. Капак на задниот отвор14. седиште за десантниот војник 15. Кутии со муниција од 25 mm

за топот М24216. задна голема рампа/врата 17. Метален шкаф со прегради за

сместување на мини, гранати, сигнални ракети и друго.

18. Контеjнер за ракета TOW19. Мрзливец20. дополнителни оклопни плочи

и оклопна заштитна завеса21. седиште на нишанџијата22. Моторна преграда23. потпорно тркало24. Метални гасеници со

широчина од 533 mm25. погонско тркало

Пресек на „M2A2 Bradley“ таКтиЧКо-техниЧКи КараКтеристиКи на „M2A3 BrAdLey“

тип борбено возило на пешадијата

еКипаж 3 члена + 6 војници

доЛжина 6,55 m

широЧина 3,28 m

висоЧина до Кровот на КупоЛата 2.565 m

севКупна висоЧина 3.28 m

КЛиренс 460 mm

БорБена тежина 36.886 kg

погон 8-цилиндричен турбодизел мотор „Cummins VTA-903Т, со моќност од 600ks

МаКсиМаЛна Брзина 61 km/h

Брзина на пЛовидБа 6,4 km/h

исКаЧување на препреКа 914 mm

преМин преКу ров 2.54 m

МаКсиМаЛна нагорнина 60%

БоЧен наКЛон 40%

КапаЦитет на гориво 662 литри

радиус на движење 400 km

Page 16: 34-Shtit military

на кои се многу чувствителни на изложување на високонапонски импулси.за трајно да се оштети или да се уништи МОС-елемент (транзистор) потребно е мно-гу малку енергија со кој било напон кој пре-минува неколку десетини волти. И кога им-пулсниот напон не е доволно силен да преди-звика термално оштетување, сепак елемен-тот ќе добие доволно енергија за да се завр-ши процесот на деструкција. „Ранетиот“ еле-мент и понатаму ќе функционира но негова-та ефикасност ќе биде значително намалена. Оклопувањето на уредите овозможува само делумна заштита затоа што кој било влезен или излезен кабел се однесува како антена и го воведува ЕМИ во опремата.Сметачите во системите за обработка на по датоци, во комуникациските системи, во системите за автоматска контрола во ин-дустријата, вклучувајќи ја патната и желез-ничката сигнализација, како и таа во воената опрема, во контролите на летање и системи-те за контрола во моторите се потенцијално чувствителни на ЕМИ. Технолошката основа за создавање на Е-бомбата е мошне широка и во многу аспек-ти довршена. Така ,разликуваме генератор за компресија на флуксот (ГкФ), кој го при-движува експлозивот, магнетно хидродина-мички генератор (МХГ) и уште низа микро-бранови уреди со голема сила, како што е осцилаторот со виртуелна катода наречен „Виркатор“.Генераторот за компресија на флуксот е најразработена технологија за Е-бомбата. Про тотипот за првпат е демонстриран во доцните 50-ти години. Оттогаш голем број на конструкции се реализирани и во САд и во поранешниот СССР. уредот може да про-

16

ојниците отсекогаш посакувале оружје со поголема моќ за уништување. За само неколку децении воената технологија го помина патот од то-

пови со голем калибар чии гранати можеле да пробијат и најдебели фортификациски ѕидови до нуклеарната бомба која за момент уништила цел град и убила 100.000 луѓе. Сту-дената војна доведе до развој на стратеги-ските ракети со боеви глави до 50 мегатони. Суштината на концепцијата на ова оружје била уништување на објекти и жива сила за да се победи спротивната страна. Втора-та половина на 20 век ја обележува брзиот развој на телекомуникациите и информати-ката и нивното влијание во сите области на општеството, претворајќи го од механичко во информатичко. Денес сите активности во најголема мерка се потпираат врз информа-тичките ресурси, па фигуративно може да се каже дека е доволно да се онеспособи само еден мал чип, па цела држава да застане или да стане ранлива.Според тоа, ако сакате да војувате не мора да ангажирате големи воени капацитети и да предизвикувате големи разурнувања. До-волно е да онеспособите неколку клучни сме-тачи, а ако можете да го онеспособите цели-от комуникациски систем, уште подобро. А, за сето тоа, секако дека има начин. Уште при пробите на првата атомска бомба било за-бележано создавање на силен електромаг-нетен импулс кој краткотрајно ги заслепувал сите електронски системи во околината. Осо-бено осетлива на неговото влијание била по-лупроводничката електроника. Значи, ако са-кате онеспособување или уништување на сите информатички и телекомуникациски ресурси во некоја област, потребно е да се

Оружје за масовно уништување на електронски средства

Е – бомба

фрли атомска бомба. Секако, притоа ќе би-дат уништени и сите луѓе и објекти, но сепак тоа е начин. Но има уште еден начин, а тоа е Е-бомба, односно електронска бомба.Е-бомбата е оружје кое може да предизвика пад на комуникациските мрежи, да го нару-ши електроенергетскиот систем, да „изгори“ безбројни сметачи и други електронски уре-ди, оставајќи ги притоа луѓето, зградите, мо-стовите, фабриките, патиштата недопрени.Принципот на работа на ова оружје се сведу-ва на генерирање на силен импулс на елек-тромагнетните бранови во микробранови-от опсег (таканаречен електромагнетен им-пулс – ЕМИ), кој е доволно силен да ги прео-птовари електричните кола во уредите. Мно-гу материјали се „провидни“ за електромаг-нетните бранови, но проводниците и полу-проводниците силно ги апсорбираат, што доведува до нивно загревање. Микробра-новото оружје индуцира струја во интеграл-ните кола, која е доволно силна за да ги сто-пи. Меѓутоа, дури и послаби импулси можат привремено да ги онеспособат електричните уреди или толку да ги оштетат интегрални-те кола што тие ќе откажат неколку минути, денови или недели по ударот. Во таа смисла ЕМИ има големо воено значење.Ефектот на ЕМИ е страшен за широки-от асортиман на електрична и електронска опрема, особено на сметачите и радио или радарските приемници кои може да бидат неповратно оштетени.Причинетите оштетувања се слични на оние кои настануваат кога таква опрема е изложена на блиско делување на молња. комерцијалните сметачи се особено осетли-ви на ЕМИ затоа што се направени, пред сè, врз основа на МОС-елементи со висока густи-

Page 17: 34-Shtit military

17

мината на добиената сила со оваа постапка се движи од 170 кW до 40 GW и го покрива подрачјето од дециметарските до сантиме-тарските бранови.колку Е-бомбите се „смртоносни“? Одго-ворот на ова прашење е доста комплек-сен. за тоа нема многу објавени подато-ци. додека пресметките на силата на елек-тромагнетното поле постигнато за дадено оружје на дадено растојание е лесна рабо-та, веројатноста на уништување на дадената цел во такви услови е сосема друга приказ-на. за тоа постојат добри причини. Прва од нив е типот на целите, кои се различни во по-глед на својата електромагнетна отпорност или способност да „издржат“ оштетување. Опремата која е посебно заштитена од ЕМ удар секако дека ќе издржи значително по-големи сили на ЕМ поле, дури за неколку пати повеќе во однос на комерцијалните уре-ди. друг голем проблем од кој зависи ефи-касноста на ЕМ оружјето е ефикасноста на предавањето на енергијата на целта, одно-сно колкав дел од енергијата која целта ќе ја апсорбира ќе може да направи „корисна ште-та“.Има два начини на трансфер. Првиот е со продирање низ влезот кој се случува кога ЕМ енергија од ЕМ оружје ќе влезе во уре-дот преку антената која е составен дел на тој уред, како кај радарите или телекомуни-кациската опрема. Со тоа антената претста-вува ефикасен влезен пат ЕМ-енергијата од Е-бомбата да продре во опремата и да на-прави штета. Вториот начин е со продирање низ излезот, во случај кога ЕМ поле од Е-бомбата ќе индуцира силни струи во фик-сните кабли со кои се споени различни дело-ви на опремата или поврзани на телекомуни-кациска мрежа.

Не е тешко да се замисли што се случува кога таква ударна струја ќе продре во мре-жата. Оружето кое создава ЕМ удар со ниска фреквенција силно влијае врз жичната ин-фраструктура, на пример телефонските ли-нии, каблите на телекомуникациските мрежи и линиите на електроенергетскиот систем. Во урбана средина ваквите линии се проте-гаат во сите правци, така што при ударот си-гурно ќе се најде барем еден кој е така ори-ентиран на правецот на ударното поле за да се добие максимална ефикасност на индуци-рана струја. Поради големата разновидност на целите, невозможно е точно да се предвиди степе-нот на ефикасност на Е-бомбата. Општиот пристап во решавањето на овој проблем е да се утврди нивото на „смртоносниот“ на-пон за режим на продорот на излезот, врз основа на што се пресметува потребната сила на ЕМ-поле кои треба да произведе тол-кав напон. Со тој податок лесно е да се пре-смета радиусот на ефикасното дејство на дадено оружје. На пример, за микробрано-ва бомба од 10 GW на 5 GHz подрачје, преч-никот на дејството изнесува 400-500 метри

изведе електромагнетна енергија од некол-ку десетини мегаџули во интервал од некол-ку стотини микросекунди. Струјата произве-дена со негова помош е од десет до илјада пати поголема од онаа која ја произведува типична молња. Централната идеја врз која се заснова конструкцијата на генераторот за компресија на флуксот (КГФ) е користење на високо-бризантен експлозив за брзо потиснување на магнетното поле, со што голем дел од енергијата на експлозивот преминува во маг-нетно поле. Иницијалното магнетно поле во КГФ пред самата експлозија се произведу-ва со стартна струја. Стартната струја ја обе-збедува надворешен извор, како на пример батерија или кој било систем способен да ге-нерира струен импулс од неколку десетини килоампери до неколку мегаампери.Постојат неколку конфигурации на КГФ, но најчеста е коаксијалната, бидејќи најлесно се пакува во цилиндрични форми, како што се гранати, бомби и ракети.Во типичен, коаксијален КГФ, цилиндричната бакарна цевка има улога на тело. Оваа цевка е наполнета со високобризантен експлозив. Однадвор на цевката е навиткана бакарна жица која претставува КГФ статор. Овој ста-тор во некои конструкции е поделен на сег-менти за да се оптимизирал индуктивноста на навитканата жица. Силните магнетни сили кои се создаваат во текот на активацијата на КГФ можат да предизвикаат бомбата прера-но да се распадне. За да се спречи тоа на це-лата структура и се додава обвивка од немаг-нетен материјал (бетон, фиберглас во епок-сидна смола), односно каков било материјал со потребни електрични и механички особи-ни. Таму каде што е потребна мала тежина (на бомбата или боевата глава на ракетата)

наместо фиберглас се употребува кевлар. Додека од една страна ГКФ е перспектив-на технологија за генерирање на импулс со голема снага, од друга страна е ограниче-на со начинот на своето функционирање на фреквенции под 1МHz. Многу цели теш-ко се напаѓаат на тие фреквенции, со забе-лешка дека и фокусирањето на излезната енергија од таквиот генератор е проблема-тично. Овие два проблеми се надминуваат со употреба на уреди со висока сила кои ра-ботат во микробрановиот опсег. Постојат неколку такви уреди од кои од глед-на точка на проектантите на бомби или бо-еви глави вистински избор е таканаречени-от „Виркатор“. Тој произведува многу силен бранов импулс, додека истовремено меха-нички е многу едноставен, мал и робустен и може да работи во релативно широк опсег на микробранови фреквенции.Виркаторската цевка е посложена од ГКФ. Основната идеја врз која се базира работа-та на „Виркаторот“ е забрзувањето на стру-ите на брзите електрони кон анодата во об-лик на мрежа или фолија. „Виркаторот“ може да се приспособува по фреквенција. Голе-

на далечина од неколку стотини метри, што резултира во ЕМ поле од неколку kV/m, кои се способни да создадат (во незаштитени-те жици и кабли), напони од неколку стоти-ни волти до неколку киловолти. Врз основа на ова може да се процени дека радиусот на дејството изнесува неколку стотини метри. Каде и како да се фрли Е-бомбата? Избо-рот и идентификацијата на целта за напад со Е-бомба е сложен проблем. Некои кате-гории на цели (службени згради на државна администрација, индустриски комплекси, ко-муникациски јазли, радарски системи (на по-знати локации), лесно се идентификуваат со помош на конвенционални фотографии, са-телитски набљудувања, набљудувачки рада-ри, електронско извидување. Овие цели ге-ографски се фиксни и елементите за напад (висина на исфрлање, координати на целта) можат однапред да се изберат. Мобилните и камуфлираните цели кои еми-тираат исто така можат да бидат нападна-ти. Во нив спаѓаат системите за ПВО, мо-билни комуникациски јазли, воени бродови итн. Додека емитираат нивната моментална позиција лесно се утврдува од бомбардерот кој го носи Е-оружјето или од некоe оддале-чено извидувачко летало како што е на при-мер „Авакс“. Е-бомбата може да биде прифатлива за воо-ружените сили кои по завршувањето на Сту-дената војна ги намалија своите сили, бидејќи го зголемува нивниот борбен потенцијал, но може да биде и политичка алатка во решавањето на конфликтите. Со оглед на потенцијално големите штети кои можат да бидат предизвикани од ова оружје тре-ба правилно да се ценат неговите нападни и одбранбени импликации. Исто така ги об-врзува владите и компаниите да ги разгледа-

ат последиците од пролиферацијата на оваа технологија и да преземат мерки за да ги за-штитат нивните витални интереси од можни напади во иднина. Е-бомбите се оружје за масовно уништување на широк спектрум на цели, и стратегиски и тактички. Неговата употреба предизвику-ва големи финансиски штети за нападнати-те информатички и комуникациски систе-ми. Масовна употреба на ова оружје може да предизвика парализа на кој било систем со што се обезбедува решавачка предност во спроведувањето на електронската бор-ба, офанзивни воздушни дејства и страте-гиски воздушни напади. Бидејќи Е-бомбата може да предизвика тешки електрични оштетувања на поголеми области од конвен-ционалните експлозивни оружја со иста голе-мина, тие нудат и значајна економија на си-лите за дадено ниво на предизвикана штета и на тој начин се мултипликатори на воената сила. Несмртоносната природа на ова оружје го прави политички помалку штетно во од-нос на конвенционалната муниција.

Александар Стојчевски

Page 18: 34-Shtit military

олго употребуваниот и докажан си-стем за заштита од поголем број воз-душни закани како летала, балистич-

ки и крстосувачки ракети, системот „па-триот“, ја доби својата модернизира-на верзија. Компанијата „raytheon“ кон крајот на март оваа година изврши успе-шен тест на модернизираната верзија во сценарио кое било поставено од армијата на сад, сценарио кое овозможило риго-розно тестирање на подобрената ракета. системскиот тест вклучувал поголем број новини од најновата генерација како ра-дар, т.н. GeM T-ракета, лансирна станица, центар за информациска координација и контролна станица – елементи во кои се вградени најновите достигнувања во технологијата како LCd-екрани, чувстви-

телни на допир, и дигитално следење на ракетите.„Безгрешното работење на системот, користејќи ги новите елементи, претставу-ва голем придонес кон глобалната ракет-на и воздушна одбрана. дополнително со тоа се потврдува и капацитетот на ’патри-от’, како и неговата употребна вредност“, истакна по успешниот тест санџај Капор, потпретседател во „raytheon“.досега 12 земји го користат системот „па-триот“.

патриот со ново руво

само си ги чека своите „5 минути”, ред е да се запознаеме со една од наjпознатите светски пушки на сите времиња.Моделот М-48 е копија на германската „Ма-узер к98“ односно Г98. (G=Gewehr, пуш-ка). Во 1935 година германската армија ја адаптира легендарната к98 (според која е изработена М48). Оригиналната верзија, претход ни кот – Г-98 (G=Gewehr-98), прв пат е воведена во упо треба уште во 1898 година (отту-ка доаѓаат и термини-те односно ознаки-те за к98, Г98,

„маузер-М98”). Ова била стандар-

дна пушка во Гер ма-нија во периодот од 1898

година, во Првата светска вој-на, а преку одредени варијанти и во Втора-та светска војна. Германија по 1. светска војна морала да го потпише Вер сајскиот договор кој ја ог-раничувал во раз војот на во ору жу ва ње-то: се за бранува, меѓу другото, да произ-ведува стандардни пушки, додека кара-бини (скратени стандардни пушки) може-ле да произведуваат. Затоа Германците си поиграле со терминот „карабин”. Изра-ботиле пушка во целосна должина наме-

18

ве од врвните компании во областа на авиониката и воздухопловство-то, „Boeing“ и „elbit systems“ ги здру-

жуваат своите знаења и капацитети во креирање на заеднички симулациски проект кој ќе овозможи поврзување на F/A-18e/F „super Hornet“-симулаторот на „Boeing“ лоциран во сент Луис со лабора-торискиот симулатор на „AeL Avionics“ во порто алегре, Бразил. со ова поврзување, освен што ќе се увиди интерконекцискиот капацитет, ќе се тестира и интероперабил-носта на бразилските ловци со ловците од типот „super Hornet“. според договорот, компанијата „elbit systems“ има задача да го достави систе-

мот наречен „Large Area display – LAd“ кој, всушност, ќе биде интегрален систем на напредната кабина која ќе им биде пону-дена на ловците на „Boeing“ – F/A- 18e/F super Hornet“ и на ловците од фамилијата F-15. овој систем, кој претставува прв ко-лаборативен меѓусебен зафат на двете компании, во целина ќе покаже до кое ниво е развиена моменталната симулаци-ска и мрежна технологија.

Иван Петрушевски

проеКт на „BOeING“ и „eLBIT sysTeMs“

Во македонската армија овие пуш ки се заменети со помодерни пушки

ПУШ

КА

М-4

8 7.

9 m

m

(Мау

зер

8х57

)

акедонската армија, по распадот на југословенската федерација, го пре-зеде целокупниот арсенал кој го по-седуваше територијалната одбрана

(ТО на СРМ). Од пешадиското вооружување кое не беше однесено од поранешната југословенска армија, меѓу другото, останаа пушките модел М-48 во калибар 7.9 mm. По осамостојувањето оваа пушка остана во арсеналот на АРМ извесно време, па мно-гу регрути во првите години од постоењето на АРМ својот прв испукан куршум го реа-лизираа токму со М-48, пред да преминат на стандардната автоматска пушка М-70, 7.62 mm. Пушката се одликува со одлична прецизност и голем дострел. Припаѓа во са-миот врв на пешадиско вооружување, се разбира во својата класа на пушки.Иако е повлечена од активна употреба, денес овој вид пушки се користи пред сè како високопрецизно односно снајперско оружје (пушки кои работат на принцип рач-но полнење/празнење на куршум, „репе-тирки”), спортско оружје, а најмногу како ловни карабини. Своевремено и М-48 до-била своја „снајперска” верзија позната како модел М-69, со додавање на оптич-ки нишан. Во македонската армија овие пушки се заменети со помодерни пушки. Со оваа пушка младите имале прилика да се запознаат и да гаѓаат пред да заминат на отслужување на задолжителниот воен рок. Часовите по општонародна одбрана и предвојничката обука за средношколците, покрај многу други корисни теми, опфаќале обука и гаѓање со М-48.Водејќи се според правилото дека не по-стои „застарено оружје”, туку оружје кое

Page 19: 34-Shtit military

Снајперската верзија на М-48: снај пер ска пушка М-69, калибар 7.9 mmОваа варијанта на М48 е на употреба во ма-кедонските безбедносни структури, а сво-евремено претставуваше снајперска пуш-ка на полициските сили кои и денес ја има-ат во својот арсенал. Пушката беше употре-бувана во одбраната на безбедноста од те-рористичките закани во 2001 година. Оваа пушка која е изведена од М-48 се појавила пред воведувањето на автоматската пуш-ка во федералната армија, на почетокот на 1970-тите години. Пушката била опремена со оптички нишан со моќност 4 х 32, модел ОН-2. Пушката има изглед на ловечки ка-рабин, а се разликувала од М-48, пред сè во затворачот: М-69 е опремена со подолг, Маузеров М98 затворач (за 6 mm). Освен гореспоменатите измени, извршена е про-мена на обликот на ракофатот кој е изве-ден ергономски, за поудобно „лежење“ во рака на стрелецот, а кундакот е сменет со кундак од малокалибарска спортска пушка. Механизмот за чкрапање нема празен од, а намалена е и силата на повлекување на чкрапалото.Пушката може да се полни само рачно, куршум по куршум, заради положбата на оптичкиот нишан. Капацитетот на магаци-нот останал ист, 5 куршуми дворедно сме-стени во магацинот. Поради конструкциски-те измени на механизмот, пред сè на начи-нот на полнење на муниција во магацинот, брзината на стрелба е редуцирана на 5-8 куршуми во минута. Финалната верзија која е усвоена за службена употреба била теш-ка 4,8 килограми без оптички нишан. ОН-2: оптичкиот нишан наменет за М-69, 7.9 mm се прицврстува на носачите на пуш-ката со завртки, така што овозможува мно-гу стабилна и цврста врска. Нишанската скала е означена од 0-1000 метри со поде-лоци на секои 100 метри.Снајперската верзија М-69 постигнува најдобри резултати до 800 метри. По-четната брзина на зрното изнесува 735 m/s, а може да користи стандарден кур-шум М1949, куршум со обележувачко зрно М1970 или снајперски куршум (обележан на капислата со виолетова боја).За активните ловци: Ловечката вари јан та на овој модел на оптички нишан ја носи ознаката ОН-2Л (Л- „ловечки”).Намена и борбени особини на пушката М-48, 7.9 mm:Пушката е наменета за онес посо бу-ва ње на непријателска жива сила со оган, кундак или употреба на бајонет. Со додавање на тромблонски дода-ток може да се онеспособуваат не при-јателски незаштитени и леснооклопни возила, бункери итн.По потреба се монтира тромблонски до-даток М-60 за истрелување на тромблон-ски мини. Кога се истрелуваат тром блонски мини, во рамката се става тромблонски кур-шум наменет за пушки во калибар 7.9 mm кој е без зрно, а доаѓа со тромблонската мина закачен на пластичен носач.Тромблонот М60 претставува адаптер за поставување на тромблонски мини од 22 милиметри на устата на цевката на М-48. Доаѓа комплетен со нишан кој може да се преклопи. Нишанот за тромблонски мини е обележан со две скали, левата од 100-300 метри за моментни и чадни тромблон-ски мини, а десната е означена од 50-150 метри за кумулативни тромблонски мини.

сто карабин (цевка од 600 mm и вкупна должина од 1110 mm!), а истата ја нарекле карабин (К98 – Карабинер 98) кој смее-ле да го произведуваат во согласност со договорот.

други МодеЛи иЛи вариЈанти на М48Верзијата М48а конструкциски не се раз-ликува од М48 освен во тоа што се ко-ристи пресувана ламарина за изработка (плочка на магацинот за муниција од дол-ната страна за масовно производство) со помали трошоци за изработка. Моделот М48Б исто така се произведува со повеќе метални делови од пресувана ламари-на, на пример, браникот на чкрапецот. Во основа, пушките се исти.Извозната варијанта М48 БО( бо-без ознака). На пушката нема никакви озна-ки освен серискиот број. Оваа пучка била извезувана во Египет, во Ирак и во други „неврзани”земји.„предвоената М-48”: пушка М1924, (М24) 7.9 mmАко се проучува поствоената копија на к98, М-48, неизбежно е да се анализира и нејзиниот претходник, М1924 кој се из-работувал во Военотехничкиот завод во крагуевац (тогаш така се нарекувал), по договор со белгискиот ФН „Херштал”. Ма-узеровите пушки се произведувале и пред Втората светска војна. Пушката М1924 доаѓа од ФН „Херштал”, познатата бел-гиска фабрика за оружје, како и „Брно” од Чехословачка, под името Вз 24, кои се увезувани во поголем број во кралството југославија. На белгиските модели, покрај југословенската ознака стои и логото „FN” (Fabrique National). Пушката е во калибар 7.9 mm, а може да се препознае по озна-ките на сандакот „кралство југославија” и кралскиот грб. Првите модели имале ис-правена рачка на затворачот ( поставена нормално во однос на носачот на затвора-чот). По Втората светска војна оваа пуш-ка се преработува во претпријатието „44” односно обновената „Црвена застава”. Многу количини на моделот М1924 биле реновирани и добиле ознака М-24/47 или М-24/52. Пушката која ги има овие озна-ки значи дека е произведена во предвое-ното кралство југославија и таа е ренови-рана соодветно, според ознаката, во 1947 или 1952 година. Без разлика дали е од белгиско или од чешко потекло или произ-ведена во крагуевац, моделот М24 доби-ва нов сериски број, грб на ФНРј наместо кралството југославија и извоз во „невр-заните земји”, пред сè во Ирак и во Египет. застапена е во и Р. Македонија, како при-ватно оружје. Моделот М1924 е една од најквали тет ните пушки произведени во фабриката во кра-гуевац. По својот квалитет ги надминува оригиналните германски к98 изработе-ни по 1942 година (Германците имаат про-блем со недостаток на материјали по 1942 г.), а по заземањето на фабриката во кра-гуевац, Германците запленуваат големи количини на М1924 кои ги ставаат во упо-треба на своите сили и сојузници. колек-ционерите ширум светот денес плаќаат солидни суми за сочувано парче М1924, бидејќи познавајќи ги карактеристиките на истата, таа е на цена токму затоа што не е толку застапена колку германскиот „кара-бин”, к98.

19

Во македонската армија овие пуш ки се заменети со помодерни пушки Зоран Крстевски

Page 20: 34-Shtit military

20

Тромблонот на устата на цевката се утврду-ва со стега која прицврстува со помош на завртка во форма на пеперутка за да може добро да затегне без употреба на алат.Принцип на работа: Пушката спаѓа во та-канаречените брзострелни пушки. Се пол-ни, се забравува/одбравува и се исфрла чаура-рачно, постапка која мора да ја из-врши стрелецот. Затворачот кој го кори-сти е најкористениот тип на обрточепен за-творач во светски размери, „Маузер М98“. Полнењето со му ниција се врши од гор-ната страна, рачно. Најчесто куршумите се наредени во прач-ки и се во фиксниот магацин за побрзо полнење. Затворачот мора да биде во за-дна положба за да се ослободи отворот за куршуми. За вметнување се крева рачката на затворачот нагоре и се турка кон цевка-та докрај. Со тоа се врши вметнување на куршум во цевката. За да забрави затво-рачот треба повторни да се врати надо-лу, односно се турка во правец на стрел-ката на часовникот до забравување. По испукувањето на куршумот процесот се по-вторува за наредниот куршум, значи по-стапката се повторува, односно се репети-ра рачно. Одличиот Маузеров М98 затво-рач се користи до ден денес: сите ловечки карабини на „ Застава“ го користат овој за-творач, а голем дел од снајперските пушки работат на принцип на рачно полнење, спо-ред принципот на Маузер. Безбедност: Системот за закочување на пушката е сместен на задниот горен дел на затворачот и претставува кочница која е во форма на крилце и може да се по-стави на три позиции: надесно-закочено, блокиран затворач и ударна игла, нагоре-затворачот може да се движи, а пушката е закочена, и лево - позиција која овозможу-ва оган. Овој принцип овозможува вадење на муницијата при запната игла (затворачот се одбравува и се влече наназад) кога крил-цето на кочницата е поставено на средина. Кога пушката е наполнета, а иглата запна-та, задниот дел на ударната игла е излезен на задната страна од затворачот околу 12-13 милиметри, па лесно може да се забеле-жи дали пушката е подготвена за оган и во ноќни услови. Муниција: Дијаметарот на куршумот е поширок за околу две десетини од мили-метарот од калибарот на цевката. Цев-ката се смета за исправна ако е во распо-нот меѓу 7.88 и 7.91 mm. Затоа како сред-на вредност на калибарот на цевката е 7.9 mm. Куршумот кој се користи за овој модел на „Маузер М-48“, се означува 7.9 х 57 mm, но во реалност зрното е по-широко и варира до 8.15 mm во пречник. Затоа М-48 реално користи муниција „Маузер 8х57 ИС“ со зрно со шпицест врв и целосна кошулка на зрното (ФМЈ) за воена употреба, додека преработените ка-рабини за лов ја употребуваат муницијата претставена како 8 х 57 mm со меки зрна кои ги немаат балистичките карактеристи-ки на боевата муниција.Може да употребува стандардно зрно и обележувачко зрно, а маневарскиот кур-шум за М48 кој се користел при вежби или за почесен плотун имал дрвено зрно. Стан-дардниот куршум М48 и обележувачиот М70 ги имаат следниве карактеристики: – должината на целиот куршум е 80.6

mm од коишто на чаурата отпаѓаат 57 mm, а зрното е долго 34 mm и има те-

жина од 12.85 грама. Моделот на зрно М70 има должина од 38.8 mm и тежина од 12.55 mm.

– тежината на целиот куршум изнесува 27.2 за стандардниот и 26.8 грама за обележувачкиот куршум. Обележувач-киот куршум се разликува од стандар-дниот по тоа што зрното на врвот е обе-лежано со црвена боја.

Пушката датира од времето кога борба-та со бајонет била очекувана на боиштето. М-48, како и претходниците М1924 и К98, има носач на бајонет кој можел да се изва-ди од пушката и да се користи како бодеж или поставен на пушка. Кај ловните караби-ни, овој носач најчесто се вади за да се оне-способи употреба на бајонет од страна на авантуристички расположени ловци, или, пак, со кратење на цевката до ниво на ло-вен карабин – се отстранува и носачот на бајонет и можноста да се „експериментира” со тромблонот кога е во раце на цивили. Фабрички произведените ловни вари јан-ти уште при дизајнирањето ги отстрану-ваат овие смртоносни опции, па моди-фицираните ловни карабини излегуваат од производната лента само како ловно оружје со воена историја. Должината на секој модел на нож варира, но за моде-лот М48 следат следните карактеристики: должината на ножот е 371 mm, вкупната тежина со корица е 730 грама, а само но-жот е 430 грама.Стандардно, М48 е опремена со механич-ки, метални нишани. Задниот нишан е по-делен од 200 до 2000 метри со ознаки за секои 100 метри. Поделокот 200 е одреден како најнизок затоа што сè до 200 метри кај ова пушка зрното може да се стрела на цели помали од 200 метри со поделок на скалата 2. Визуелно тешко се препознава-ат разликите меѓу одделни модели –копии на К98. Ознаките на сандакот јасно кажува-ат за кој модел се работи, но треба да се знае дека раните Маузерови пушки имале права (нормална на затворачот) рачка за „репетирање”, додека кај југословенскиот М48 и подоцнежните верзии и копии, таа рачка е свиткана кон десно-надолу. Исто така ако се споредат двете пушки, може да се забележи разлика во должината бидејќи М-48 е пократка пушка од К98.

генераЛни КараКтеристиКи на а-129 MANGUsTA

ТЕжИНА НА ПРАзНА ПушкА 4.1 kg

ТЕжИНА НА ПушкАТА СО ПОСТАВЕН БАјОНЕТ 4.55 kg

дОлжИНА НА ПушкАТА СО ПОСТАВЕН БАјОНЕТ 1340 mm

дОлжИНА НА ПушкАТА 1095 mm

дОлжИНА НА ЦЕВкАТА 590.2 mm

кАлИБАР НА ЦЕВкАТА 7.9 mm (7.88 до 7.91 mm за нова, фабричка цевка)

БРОј НА жлЕБОВИ НА ЦЕВкАТА 4 жлебови, со навој во десно

НИшАНИ Механички преден и заден тангентен нишан со ознаки од 200 до 2.000 метри со ознаки за секои 100 m

НАјдОБРИ РЕзулТАТИ до 400 метри

ЕФИкАСЕН дОСТРЕл СО ГРуПА СТРЕлЦИ до 1000 метри

кРАЕН дОСТРЕл НА зРНОТО 5000 метри

кАПАЦИТЕТ НА МАГАЦИНОТ зА МуНИЦИјА 5 куршуми

БОРБЕНА БРзИНА НА СТРЕлБА 10 куршуми во минута

БРзИНА НА СТРЕлБА СО ТРОМБлОНСкИ МИНИ

3-4 во минута, односно до 7 мини во минута ако го опслужуваат 2 војници

гЛавни деЛови на М-48, 7.9 mm– цевка со нишани (преден и

заден механички нишан)– сандак– затворач– фиксна рамка (магацин) со

браник– механизам за чкрапање– кундак– делови за спојување, оков– нож со корица за ножот– ремен за носење – метална прачка

Page 21: 34-Shtit military

21

аталјонот на Воената полиција (бВП), како една од првите единици на АРМ, годинава одбележува 20 години од своето постоење. Еди-

ницата е формирана на 12 април 1992 и оттогаш, со несебично залагање и са-мопрегор на плејада војници и стареши-ни, бВП израсна во моќна, софистици-рана и одлично оспособена единица на Армијата на Република Македонија. Ста-навме достоен претставник во земјава и во светот, што секојдневно се пот-

Моќн

а, с

офис

тици

рана

и

одли

чно

оспо

собе

на

еди

ниц

а

20 години Воена полиција на АРМврдува преку беспрекорно извршување на многубројните задачи од мисијата на единицата во земјата и во светот. Во изминатиот период бВП претставу-ваше ’ркулец за формирање на мно-гу единици на АРМ, секојдневна под-дршка и соработник во извршувањето на секојдневните задачи и достоен пар-тнер на меѓународните сили во мисии-те во светот како што се АлТЕА во БиХ, ИСАФ, заедничката мисија со Национал-ната гарда на Вермонт, ‘Феникс’ и шко-лото за воена полиција во Авганистан“, изјави командантот на бнВП, потпол-ковник Чедо јакимовски, на централ-ната прослава во касарната „Илинден” во Скопје по повод 7 Мај – денот на Баталјонот на Воената полиција (бнВП) и безбедноста со свечено постројување на Единицата, со технички збор и со доделување на пофалници и награди на најистакнатите припадници на Воената полиција. На свеченоста, покрај другите, присуствуваа министерот за одбрана на РМ, Фатмир Бесими, началникот на Гш на АРМ, генерал-мајор Горанчо котески и командантот на здружената опера-тивна команда (зОк), бригаден генерал Методија Величковски. Пофални зборови за Единицата не штедеше ни министерот за одбра-на Фатмир Бесими. „Единицата на Во-ената полиција е исклучително важ-

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Со неСебично залагање и Самопрегор на плејада војници и Старешини, баталјонот на воената полиција (бвп), една од првите единици на арм, израСна во моќна, СофиСтицирана и одлично оСпоСобена единица на арм, доСтоен претСтавник на нашата земја и на Светот, што Секојдневно Се потврдува преку беСпрекорно извршување на многубројните задачи од миСијата на единицата во земјата и во Светот

воената поЛиЦиЈа Може да се пофаЛи со врвни резуЛтати на струЧно-спеЦиЈаЛистиЧКи пЛан, на пЛанот на иМпЛеМентаЦиЈата на нато-стандардите, техниКите и проЦедурите, а во тоЈ погЛед единиЦата претставува МодеЛ на идниот воЈниК и старешина во арМиЈата

Page 22: 34-Shtit military

22

на военото разузнавање и безбедност кои се наоѓаат во секциите Г-2 и С-2 во структурата на командите и штабовите на АРМ.

20 незаБоравни годиниПрипадниците на Воената полиција од составот на зОк на АРМ, традиционал-но, секоја година, на свечен начин го од-бележуваат својот празник, 7 Мај. На овој ден, на 7 мај 1903 година, при не-посредните подготовки за Илинденско-то востание, за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес во с. Смилево, за првпат македонските револуционер-ни сили организирале вооружени сел-ски стражи со задача да го обезбедат

на во составот на АРМ, рече тој, давајќи го својот придонес во рам-ки на поставените задачи во Републи-ка Македонија, но и во меѓународните мировни мисии“. Притоа тој нагла-си дека Репуб лика Македонија про-дол жува со својот придонес во ме ѓу-народните ми сии за обезбедување стабилност и мир на светско ниво, во рамки на иницијативите на НАТО, Еу и ОН. Бесими посочи дека и Македонија, како и многу земји-членки на НАТО, но и земјите од регионот, во делот на буџетот за одбрана, се соочува со овој предизвик. затоа и се настојува да се примени концептот на Алијансата „па-метна одбрана”: со помалку средства

да се обезбеди ефикасно реализирање на поставените цели во рамки на стан-дардите и безбедноста во делот на од-браната. Истовремено, покрај другото, се работи на два паралелни проекти: дефинирање модел за модернизација на АРМ на среднорочен план до 2020 година, со модели на среднорочно финансирање, како и менаџирање со неперспективната опрема. Во таа смисла, како што нагласи ко-мандантот на бВП, потполковник Чедо јакимовски, во наредниот период на бВП му претстојат важни и одговор-ни задачи, како што е оценувањето на декларираната единица според стан-дардите на НАТО, секојдневните зада-чи во Република Македонија, мисијата во Авганистан, како и претстојното преструктуирање на единицата. Овие задачи бараат несебично залагање, висока стручност и огромна одговор-ност од секој поединец. „Имајќи ги предвид интелектуалните, морални-те и стручните капацитети со кои рас-полага бВП, рече тој, убеден сум дека сите, без исклучок, ќе ги извршиме со успех“. Честитајќи им го денот на Вое-ната полиција на припадниците на бВП и на нивните семејства, потполковни-кот Чедо јакимовски упати честитки и до припадниците на бВП коишто во овој момент се наоѓаат во извршување на секојдневните задачи во земјата и во странство.денот на Полицијата и безбедноста го одбележаа и припадниците на Службата

Page 23: 34-Shtit military

23

непреченото одвивање на конгресот и да ги заштитат делегатите кои прису-ствувале на конгресот. Токму на тој ден, пред 109 години, за првпат организира-но се извршило обезбедување на ре-дот и мирот и заштита на делегатите на конгресот, што во суштина претставува основна функција на полицијата. По тој повод овој ден се слави како ден на полицијата. Баталјонот на Воена полиција, во со-гласност со указот на претседателот на Република Македонија од 12 април, е формиран на 15 април 1992 година и по-големиот период функционираше како самостојна единица на Гш на АРМ. де-нес бВП се наоѓа во формацискиот со-став на зОк, со целосно трансформира-на структура и висок степен на компа-тибилност и интероперабилност со вак-ви единици во НАТО. Инаку, за сите при-падници кои се во составот на бВП ва-жат посебни критериуми за селекција, слични на оние кои се пропишани за специјалните единици. Основната мисија на бВП е обез бе ду-вање на објектите на МО, на Гш на АРМ и на командите на единиците на АРМ, обезбедување на личности и делега-ции, како и командни места и објекти од особено значење на бојното поле во услови на изведување на борбени дејства. Една од редовните задачите на оваа единица е контрола на воени-от сообраќај и увид во сообраќајни не-

згоди при учество на воени моторни возила, како и откривање, пронаоѓање и спроведување на припадници на МО и АРМ кои извршиле криминално дело. како резултат на достигнатата интеро-перативност, декларираните сили од со-ставот на бнВП успешно ги совладаа сите фази на оценување во согласност со концептот на НАТО, а пред две годи-ни еден негов вод, заедно со припадни-ците на Полкот за специјални операции, беше дел од наменските сили „Феникс” во мисијата ИСАФ во Авганистан.Во почетокот единицата се пополнува-ше со војници и регрути, а од 2001 го-дина започнува професионализацијата. Единицата се опремува со совреме-

на опрема и со специјална техника. Покрај другото, единицата е опреме-на со нови, софистицирани средства и со опрема, како што се специјални оклопни борбени и неборбени вози-ла, специјални воено-полициски сред-ства, средства за врски, за сателитско и за Интернет-поврзување, средства за преглед на објекти и на лица, сред-ства за откривање сторители на кривич-ни дела и друго. Притоа континуирано се надградуваат методите и техниките во извршувањето на професионални-те задачи, со осовременување на обу-ката, со усвојување на стандардите и со достигнување на одредено ниво на ин-тероперативност со сличните единици во НАТО-земјите.

во сеКоЈ нареден Миг се сè подоБриза припадниците на бВП важи прави-лото – „Во секој нареден миг се сè по-добри“. На тоа ги учи искуството но, пред сè, обуката, извежбаноста и дис-циплинираното извршување на дове-рените задачи. затоа не случајно за нив се вели: кога се крај вас – вие сте безбедни! Таков имиџ има само едини-ца која важи за прва формирана едини-ца во составот на Армијата на Републи-ка Македонија, способна да одговори на предизвиците на новото време.Единицата на Воената полиција, како единствена воено-полициска сила во АРМ, постојано се оформуваше,

се развиваше и се опремуваше, при-тоа извршувајќи широк спектар на за-дачи – редовни, вонредни и борбени. Припадниците на Воената полиција ак-тивно учествуваа и во одбраната на територијалниот интегритет и сувере-нитет на Република Македонија во кон-фликтот во 2001 година во кој животот трагично го загуби тогашниот коман-дант на единицата, капетанот I класа Љупчо Мирчовски.за овие дваесет неповторливи години низ нејзиниот строј поминале повеќе илјади војници и старешини кои не ја криеле гордоста заради припадно-ста на единицата. Сите тие во отежна-ти услови за работа стекнувале неоп-ходни стручни искуства и знаења за извршување на специфични и значајни задачи, придонесувајќи да се созда-де препознатливиот имиџ на единица-та која е почитувана и кон која се одне-суваат со респект во Армијата и надвор од неа. Постигнувајќи врвни резулта-ти на стручно-специјалистички план, на планот на имплементацијата на НАТО-стандардите, техниките и процедурите, оваа единица претставува модел за ид-ниот војник и старешина во Армијата, кадар достоен за почит и респект.Сите овие војници и старешини, и прет-ходните и сегашните воени полицајци, ги имаат поставено темелите на Воена-та полиција на АРМ денес.

Стевчо Петковски

Page 24: 34-Shtit military

24

рвиот аеродром во Македонија бил изграден во 1928 година на оддале­ченост од 3 km од центарот на гра­дот Скопје, по дваесетина години од

првиот историски лет на браќата Рајт. Тој ае­родром имал меѓународна класификација, а се користел само за дневни домашни и чар­тер летови. Пред Втората светска војна во периодот од 1935 до 1936 година, покрај ае­родромот во Скопје во употреба бил и аеро­дромот во Битола.По завршувањето на Втората светска војна, Македонија стана составен дел на СФРЈ. Ју­гословенската народна армија како вооруже­на сила на југословенската федерација го ко­ристеше аеродромот „Петровец“ во близи­ната на Скопје, како база на военото возду­хопловство и противвоздушната одбрана. Пред самиот распад на југословенската федерација, аеродромот „Петровец“ беше седиште на 98. авијациска бригада на југословенското воено воздухопловство во чиј состав се наоѓаа три ескадрили: 241. ловечко­бомбардерска авијациска еска­дрила опремена со јуришни авиони од ти­пот „Ј­22 Орел“, 247. ловечко­бомбардерска авијациска ескадрила опремена со јуришни авиони од типот „Ј­21 Јастреб“ и 354. извиду­вачка авијациска ескадрила опремена со из­видувачки авиони од типот „ИЈ­21 Јастреб“. Во тоа време Петровец беше седиште и на неколку лесни повеќенаменски хеликоптери од типот „СА.341Х Газела“, како и на неколку клипни авиони од типот „УТВА­66“.

Дено

ви н

а до

каж

увањ

е

ВВ и ПВО од почетокот на своето постоење во Република Македонија до денес (1)

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пред дваесет години, во 1992 г., Пионерите на армијата на реПублика македонија работеа со исклучителен ентузијазам и свест дека создаваат нешто ново, нешто што одамна го немало на нашите Простори: македонска армија, за што се залагаа и се бореа многу Претходни Поколенија. сПисанието „штит”, месец По месец, заклучно со август 2012 г., односно со денот на арм, ќе настојува да ви Пренесе барем дел од настаните и од атмосферата на времето во кое се создаваше арм

По донесувањето на две одлуки од страна на Владата на Република Македонија, ко-мандата на Третата армија беше вжештена. Со одлуките се регулираше движењето на воздухоплови на јНА во воздушниот про-стор на нашата држава, и тоа само со по-себна дозвола. Така, заради заштита на су-веренитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија се забрануваше влегување на воздухоплови од страна, до-колку за тоа немаат дозвола од Министер-ството за народна одбрана и Републичкиот штаб за територијална одбрана. Веднаш потоа на аеродромот Петровец беа инфилтрирани припадници на падобранско-диверзантски единици од Ниш кои го блоки-раа аеродромот. Единиците беа донесени следниот ден по донесувањето на одлуките на Владата и беа подготвени за акции од по-себен интерес. Набргу настапи и предупред-увачкото и застрашувачкото надлетување на авионите од Военото воздухопловство на висина од 70 метри над Скопје и над 14 други градови во Република Македонија. Второто надлетување беше извршено на денот на објавувањето на одлуката на Турција за признавање на нашата држава. Повлекувајќи се на север кон Република Србија и Република Црна Гора, јНА, меѓу другото, од Македонија повлече 35 борбе-ни авиони, 5 хеликоптери, 410 различни про-тивавионски артилериски орудија, 284 ра-кетни системи за противвоздушна одбра-на и 1.692 ракети „земја-воздух“, радарите

Page 25: 34-Shtit military

25

на воениот дел од аеродромот „Алексан-дар Велики“ се одржа свеченост по повод промоцијата на Воздухопловната бригада и примопредавањето на должноста коман-дант на Воздухопловната бригада. дожно-ста командант на Вбр ја примил потполков-ник кире колевски, кој дотогаш ја извршува-ше должноста командант на вВИНГ на АРМ. Практично со ова започна процесот на трансформација на воздухопловните сили во согласност со новата структура на сили-те и НАТО-стандардите.

БатаЛЈон пвоГрупата старешини која работеше на из-работката на формациите на единиците и командите на АРМ по осамостојувањето на Република Македонија ја изработи и формацијата на лесниот артилериско-ра-кетен полк (лАРП) ПВО. Првиот работен ден на полкот започна на 6 април 1992 годи-на во касарната „Петровец“ со првиот соста-нок на старешините од полкот. Веднаш по почетокот на функцио нира ње-то на единицата, старешините започнаа со подготовките за прием на нови војници во полкот. Приемот започна на 15 април 1992 година, кога во полкот пристигна првиот војник. Истиот месец започна и обуката на војниците. Првата генерација војници на ПВО ја дадоа свечената обврска на 9 мај

1992 година во касарната „Илинден”.Првото гаѓање цели на земја со Артилериско-ракетната единица (АРЕ) ПВО е изведено на 16 јуни 1992 година на полигонот „криво-лак“. Старешините и војниците гаѓаа од лаб ПВО 20/3 mm. Подоцна во месец декември 1992 година е извршено уште едно гаѓање цели на земја со ПАТ 20/3 mm и ПАТ 40 mm. Во текот на 1994 година донесена е нова мирновременска формација на лАРП ПВО со која е замената старата. две години по-доцна во полкот ПВО се формира Цента-рот за обука на родот АРЕ ПВО за потре-бите на АРМ каде започнува борбената об-ука на војниците. Со тоа практично стареши-ните на полкот ПВО започнаа да работат во

Во 1996 година, Советот за безбедност на Обединетите нации препорача изземање на Македонија и на Словенија од ембарго-то за увоз и извоз на оружје и воена опре-ма. Набргу потоа, сите четири хеликоптери од типот Ми-17 од составот на македонското Воено воздухопловство беа обоени во из-вонредно ефективна маскирна шема. како средство за основна обука и за регу-ларен тренинг на пилотите, македонското Воено воздухопловство од 1995 година го користи двоседниот тренажен авион „злин 242л“. Во текот на 1995 година од Чешка-та Република беа купени четири авиони од овој тип. Опремувањето на македонското Воено воздухопловство со авиони од типот „злин 242л“ беше проследено со заслуже-но „пензионирање” на авионите „уТВА-66“ и „уТВА-75“. Понатамошното опремување се изврши со четири хеликоптери од типот „Ми-8МТ” од украина и два хеликоптери од типот „Бел 205” од Грција. Потоа беа купени хеликоп-тери од типот „Ми-24В” и јуришни борбени авиони од типот „Су-25”. Истовремено, ра-кетни системи од типовите „Игла-1” и „Стре-ла-10“ ја зајакнаа противвоздушната одбра-на на Македонија. Во 2005 година со програмата за рекон-струк ција на АРМ, Воздухопловната брига-да се трансформираше во помала, поком-пактна единица наречена ВИНГ (скратено: Воздухопловна извидувачко-напаѓачка гру-па), која стартуваше со нови предизвици како што се програмата за модернизација на воздухопловите, земање учество во меѓународни НАТО и ЕуФОР-вежби и мисии за заштита на мирот.Генерално, развојот и формациската поста-веност на Военото воздухопловство во Ре-публика Македонија се движеше на следни-от начин:

• Авијациска бригада, формирана од 1992 година;

• Воздухопловна бригада од 1994 година;• Авијациски баталјон во состав на Коман-

дата на ПВО и ВВ од 2001 година;• Воздухопловен ВИНГ во состав на Коман-

дата на ВВ и ПВО од 2002 година;• Воздухопловен ВИНГ во состав на Здру-

жената оперативна команда од 1 декем-ври 2005 г. (командата на ВВ и ПВО беше укината на 30 септември 2005 година);

• Воздухопловна бригада во согласност со новата организациско-формациска струк-тура на АРМ од 2012 година.

Така, на 12 април 2012 година, пред нови-те објекти на Воздухопловната бригада

од Битола, Фурка кај Валандово и Голак кај делчево. Со цел да го одржи во кондиција високо-стручниот и професионален пилотски кадар на македонското Воено воздухопловство, Армијата на Република Македонија од Воз-духопловниот сојуз на Македонија изнајми еден авион од типот „уТВА-66“ и четири авиони од типот „уТВА-75“.

ден на МаКедонсКото вв и пво Военото воздухопловство на Републи-ка Македонија е конституирано со одлу-ка на првиот претседател на Република Македонија, г. киро Глигоров, на 10 април 1992 година. Претседателот ја потпиша Од-луката број 60 за формирање на команда на воено воздухопловство и Противвоз-душна одбрана со потчинета Авијациска бригада како прва воздухопловна летач-ка единица на Армијата на Република Македонија. Со тоа е конституирана коман-дата на ВВ и ПВО, Воздухопловната брига-да со авијациски, транспортен и борбен хе-ликоптерски сквадрон. Со наредба на министерот за одбрана, за командант на ВВ и ПВО е одреден полков-никот Миле Манолев.По повод првиот историски лет на македон-ското Воено воздухопловство со авион од типот „уТВА-75“, 10 јуни се слави како ден на македонското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана. Во согласност со Планот за летање од 9 јуни 1992 година, изработен за летачкиот ден 10 јуни 1992 го-дина, во првата македонска посада која по-лета беа старешините мајор дане Илијевски и капетан Александар Манев, со авион од типот „утва-75“ во периодот од 10.15 до 10.35 часот во пилотажна зона драчево. Во чест на тој историски настан, 10 јуни тради-ционално се слави како ден на македонско-то воено воздухопловство. Со формирањето на ВВ и ПВО истото беше под непосредно раководство на на-чалникот на Генералштабот, заедно со три-те армиски корпуси. Намената на ВВ и ПВО беше изведување борбени дејствија во воз-душниот простор над копно, превласт во воздушниот простор или во дел од него и зајакнување, помагање и огнена под-дршка на силите на копнената војска (коВ) во извршување на нивните основни зада-чи. Под началникот на Генералштабот беше формирана и управата за ВВ и ПВО со че-тири одделенија во својот состав: Одде-ление за авијација, Одделение за АРЕ на ПВО, Одделение за ВНјИН и Одделение за воздухопловно-техничко обезбедување.Опремувањето на македонското воено воз-духопловство со хеликоптери се наметна како врвен приоритет за нашата земја. И покрај постојното ембарго за увоз на оружје и воена опрема, македонското воено возду-хопловство во 1994 година успеа да се опре-ми со четири транспортни хеликоптери од типот Ми-17.

Page 26: 34-Shtit military

26

ност единицата беше директно потчинета на Гш на АРМ. Основните задачи кои произлегуваа од мисијата на Оперативниот центар за воз-душно набљудување се реализираа пре-ку прием, обработка, идентификација и дистрибуција на сликата за ситуацијата во воздушниот простор над Републи-ка Македонија, соработка со соседни опе-ративни центри на регионално ниво, ци-вилните и НАТО-структури како и рано предупредување за можни реални опасно-сти од воздух. како заклучок може да се наведе дека во из-минатите 10 години АРМ вложи големи на-пори за реализација на овие проекти кои се од суштинско значење за контролата и заштитата на воздушниот простор. Сите досегашни активности, иницијативи, пар-тнерски цели и програми се во правец на реализација на гореспоменатите проекти и истите даваат јасни насоки како да се реали-зира набљудувањето и контролата на воз-душниот простор.

военовоздухопЛовен авторитетВо согласност со реформите во одбраната и трансформацијата на Армијата на Репу-блика Македонија, со цел усогласување со НАТО-стандардите и регулативите на Еу во областа на военото воздухопловство, мини-стерот за одбрана формирал нова органи-зациона единица, служба – Военовоздухо-пловен авторитет.Службата Военовоздухопловен автори-тет како надлежно тело на Министерство-то за одбрана во чиј делокруг на работа се управни и стручни работи и надзор и кон-трола на военото воздухопловство од до-менот на норматива и стандардизација за-почна да функционира од 15 февруари 2010 година. Службата се формирала со цел да одговори на сите прашања во врска со воз-духопловната компонента како што се воз-духопловното инженерство, билтени, воз-духопловниот персонал, воздухопловниот менаџмент, ме наџментот на воздушниот простор, издавање лиценци и испитување несреќи и сериозни инциденти на воените воздухоплови или падобрани.Службата Военовоздухопловен авторитет се состои од три одделенија кои се раздвое-ни согласно нивните функции и задачи :– Одделение за воздухопловно инженер-

ство и билтени;– Одделение за воздухопловен персонал,

процедури за летање и аеронаутички услуги и

– Одделение за нормативни работи, возду-хопловна инфраструктура на земја и ли-ценци.

заКЛуЧоКНеспорно е дека во изминатите 20 годи-ни македонското Воено воздухопловство, ПВО и ОЦВН, постигнаа завидни резулта-ти и напредок. Од мали и слабо опремени армиски компоненти, полека прераснаа во најсофистициран сегмент на македонски-те вооружени сили. Притоа овие армиски компоненти се оспособија за изведување на комплексни мисии за потребите на ма-кедонската држава и за учество во опера-ции предводени од ОН, од Еу, од НАТО, од ОБСЕ или од други меѓународни организа-ции.

Драган Павловски

согласност со новата формација. Во втората половина од 2001 година едини-цата е преформирана во 3. ба талјон ПВО и е извршено делумно пополнување на еди-ницата со професионални војници со кои беше во тек обуката за ракување со сред-ствата со кои е опремена единицата. успеш-но е извршена трансформацијата на еди-ницата од полк ПВО во 3.баталјон ПВО, а Центарот за обука на ВВ и ПВО продолжи да функционира како составен дел од ко-мандата за обука. Исто така извршена е дислокација на единицата од аеродромот „Петровец“ во касарната „Чојлија“. Повторната трансформација на единицата се случува во текот на 2005 година со тоа што 3.бнПВО е трансформиран во баталјон ПВО.

Мисијата на бПВО е да организира и да из-ведува противвоздушна одбрана од напа-ди од мали и средни височини на сите еди-ници и командни места на зОк, командното место на зОк, како и командните места на артилериските и оклопно-механизираните единици. Новопредложената мисија на бПВО беше да обезбеди целосен суверени-тет на државниот воздушен простор.

п.внЈин / б.внЈ / оЦвнПо распаѓањето на поранешната држава, во процесот на осамостојување, Републи-ка Македонија самостојно презеде чекори за својата независност. Со повлекувањето на јНА беше однесено целокупното во о-ру жување, освен мал дел од недвижно-стите во касарните и командите, како и материјално-техничките средства на пора-нешната Територијална одбрана на Репу-блика Македонија. На 22 март 1992 годи-на е извршено примопредавање на аеро-дромот „Петровец“ помеѓу претставници на АРМ и поранешната јНА. Првиот работен ден на Полкот за воздушно набљудување, јавување, известување и наведување (ВНјИН) започна на 6 април 1992 година во касарната на аеродромот.На 1 март 1994 година во вечерните часови во полкот ВНјИН пристигна првиот регрут-војник. Во текот на истата година во пол-кот пристигнаа вкупно 52 млади војници. Оваа година ќе остане во историјата на п.ВНјИН бидејќи за првпат се примени војници и е отпочната обука на војниците по специјалности од родот ВНјИН.Во 1995 година за првпат некоја единица е вооружена со набљудувачки радар. Во-

едно, позитивно влијание на реализацијата на задачите имаше и опремувањето и дејствувањето на новиот Оперативен цен-тар на ВВ и ПВО и пуштањето во работа на набљудувачкиот радар NAr М-61. Со емитирање на бранот за известување и пополнување на првата чета на ВНјИН со старешини и војници, полкот ВНјИН започ-нува да ја следи ситуацијата во воздушниот простор. Извршен е избор и теоретска про-цена на четири можни радарски позиции, како и прием, поврзување и обука на ста-решините. Во текот на месец јули изршен е прием и демонтажа на радарот NAr М-61 од Охрид на аеродромот „Петровец“. Во склоп на ова, реализирано е градежно уредување на објектот за сместување на радарот, преселување и монтирање на истиот од

дренов дол на Бањски Рид, извршен е не-гов технички преглед, приспособување и вклучување. После сите овие подготовки и активности, на 26 декември 1995 година ра-дарот е пуштен во оперативна употреба.Наредната година контролата на воз-душниот сообраќај е преземена од стра-на на Обласната контрола - ОБкл Петро-вец со што е направен чекор понапред кон заокружувањето на контролата на воздуш-ниот простор. Во тек беше и набавката на примарен радар за потребите на цивилна-та контрола на летање, а беше реализиран и материјалниот прием на радарот од Аеро-дромската контрола на летање - Скопје. Воспоставената потесна соработка по меѓу п.ВНјИН и Акл-Скопје е обезбедена со при-емот на податоци од Обласната контрола - ОБкл во Петровец преку издвоениот по-кажувач во Оперативниот центар на ВВ и ПВО.Во текот на 2001 г., во согласност со стандар-дите на НАТО е извршена трансформација на ВВ и ПВО, односно извршено е пре-структуирање на полкот ВНјИН во Баталјон за воздушно набљудување и јавување (б.ВНј). Исто така со цел да се подобри ра-дарската покриеност на територијата на Македонија, од месец април е воспоставена радарската позиција „Велигден” - Битола. за таа цел изработен е план за оперативна ра-бота на радарските позиции во Македонија. Наредната реформа на единицата се случи на 1 март 2006 година кога единицата фор-мациски беше трансформирана, односно од б.ВНј единицата е преименувана во Опера-тивниот центар за воздушно набљудување - ОЦВН. Во согласност со новата поставе-

Page 27: 34-Shtit military

27

онечно дојде и јуни 1992 година: вре-ме на засилена обука на младите војници – граничари, припадници на Воената полиција, на ВВ и ПВО, на

логистиката... Тоа беше и време на почето-ци на македонското воено школство, но и време кога народот сè повеќе верува во Армијата на Република Македонија како га-рант на нејзината сигурност и безбедност.Во македонските касарни сè уште се слуша-ше по некој српско-хрватски збор. Минатото лесно не се заборава, а тука беа и стареши-ни и регрути-Срби кои се определија да слу-жат на АРМ. Но пренесувањето на команди-те и вообичаената комуникација се врши на македонски јазик.Недостигот на оружје се надополнува од ма-гацините на Територијалната одбрана.Во јуни 1992 г. се случија и настани кои секако ќе останат забележани во историјата на АРМ. Тоа, пред сè, се однесува на денот кога прва-та македонска посада на ВВ и ПВО на АРМ, во чиј состав беа мајорот Дане Илијевски и капетанот Александар Манев, со авион од ти-пот „Утва-75”, се вивнаа високо на македон-ското небо. Тоа беше незаборавен ден, ден за восхит, ден во кој се исполнија срцата на присутните на овој историски настан што се случи во пилотажната зона Драчево. Во чест на тој историски настан, 10 јуни традиционал-но се слави како Ден на македонското Воено воздухопловство.Уште во овој период сè погласни се изјавите дека на Република Македонија е потреб-на мала, ефикасна и високотехнички опре-

Врем

е на

ен

тузи

јаза

м и

дока

жув

ање

Засилена обука на младите војници и почетоци на македонското воено школство

покренато обвинение за предавањето на комплексот „лора” во Република Хрватска. Во текот на јуни се заострија и проблеми-те со воените станови коишто беа на рас-полагање на МО. Во дел од нив се вселија припадници на МВР. за расчистување на проблемот беше формирана заедничка ра-ботна група.Од другите настани што се случија во изми-натите дваесет години на АРМ го из дво-јуваме 3 јуни 1993 г. Тогаш Владата на РМ донесе одлука со која 18 август, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” во 1943 г., го прогласи за ден на Армијата на Република Македонија. На 14 јуни 1994 г. војската на СР југославија влезе 250 метри на територијата на Република Македонија кај месноста Чупино Брдо кај крива Палан-ка. Потоа војската се повлече на 2 јули 1994 г. Во следната, 1995 г., на 7 јуни, Собрание-то на Република Македонија го донесе за-конот за Воена академија на РМ („Сл. вес-ник на РМ“ бр. 30 од 14 јуни 1995); на 14 јуни 1996 г. во Брисел, во седиштето на НАТО, е отворена Македонска канцеларија за врски, а на 15 јуни 1998 г. во Република Македонија беше изведена воздушната вежба на НАТО „Решителен сокол”, со учество на 79 авио-ни. На вежбата учествуваа и припадници на единицата за специјални намени „волци”.Во секој случај, тоа беше време на само до-кажување, време кога од ден на ден јакнеше и се развиваше Армијата на Република Македонија.

В. Дичевски

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во јуни 1992 година насекаде беше ВидлиВ големиот елан и ентузијазам на старешините и на регрутите коишто дојдоа Во македонските касарни. тогаш, покрај Војничките обВрски, се работеше и на оспособуВање на ВооружуВањето и техниката, и Воопшто на кругот на касарните

мена армија со задача да го штити грани-ците, да ја осуети евентуалната агресија и да се спротивстави на почетниот удар на евентуалниот агресор. Се разговара и за деполитизирање на припадниците на АРМ, за потребата од сопствена стратегија за од-брана, од професионализација на Армијата, а се прават и напори за воспоставување на правната регулатива поврзана со функ-ционирањето на АРМ. Тој месец се случија и други настани коишто на некој начин оставија белег. Така, на 1 јуни 1992 година започна судењето покренато од некогашната јНА против неколку старе-шини од Македонија за божемни прекршо-ци направени при вршењето на нивните во-ени обврски. Меѓу нив беше и адмиралот драгољуб Боцинов против кога јНА имаше

Page 28: 34-Shtit military

28

ВИНОЖИТО НАД „КРИВОЛАК“

центар за обука на декларираните едини-ци за мисии. И полигонот, а уште повеќе македонските миротворци се покажаа во најубаво светло, пред сè поради планира-ното НАТО-оценување на Средната пе-шадиска чета ниво 2 со 150 војници и на Средната пешадиска баталјонска група од ниво 1,030 војници, кои се оценуваа во со-гласност со концептот на оперативни спо-собности на НАТО. Вкупно имаше 1697 војници на АРМ на двете вежби, како и во декларираните единици.

завидно ниво на содеЈствоНа вежбата претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки со цел да се изврши обука и извежбување

акедонскиот полигон „криволак“ и касарната во кичево при кра-јот на мај беа домаќини на досега најголемата на овие простори НАТО

– Партнерство за мир-вежба, Истанбулска иницијатива и Медитерански дијалог, „ко-оперативна долга стрела/лансер 2012” – “Cooperative longbow/lancer 2012”.Одамна небото над армискиот полигон „криволак“ како овој мај 2012 година, по-точно од 19 до 29 мај, не било толку иша-рано, небаре е виножито, одамна толку истрели од разно оружје не се чуле тука, одамна така не се дружеле заеднички војниците од 28 НАТО и ПзМ-земји. На „криволак“ одамна не било толку живо, одамна толку војници не ја газеле вооби-

чаено испоснетата земја, но деновиве ле-плива од неочекуваните за ова време и за овој регион врнежи од дожд, проткае-ни со ветер и студ, особено во ноќните ча-сови. Но, на над 2.200 воини од 15 земји коишто деновиве престојуваа тука, ништо не им пречеше. Тие имаа конкретно зацр-тани задачи, и нив, како што прилега за НАТО-војници, беспрекорно ги извршија. Меѓу нив, македонските војници, кои беа и најмногу на број, уште еднаш, како мно-гупати досега, дома и во странство, по-кажаа дека се сигурни, професионални, умешни воини на новото време, НАТО-војници.Ова воедно беше и промоција на поли-гонот „криволак“ како иден регионален

НАТО-ПзМ вежба „Кооперативна долга стрела/Лансер 2012” “Cooperative Longbow/Lancer 2012”

Page 29: 34-Shtit military

29

во различни ситуации, предвидени со ли-стата на задачи на НАТО определени при изведувањето на операциите за под-дршка на мирот (PSO). комплетниот пла-нирачки процес за вежбата во периодот од една година го реализираа командата на силите на НАТО од Мадрид, шпанија, и здружената оперативна команда на АРМ. Покрај нив, на вежбата учествуваа при-падници од армиите на земјите-членки на ПзМ, Медитеранскиот дијалог и Ин-станбулската иницијатива: Македонија, Азербејџан, Австрија, Белорусија, Бос-на и Херцеговина, Грузија, Ерменија, ка-захстан, Молдавија, Србија, украина, Црна Гора и швајцарија, како и армии-те на земјите-членки на НАТО: САд и шпанија. Во рамките на раководството на вежбата беа вклучени штабни офице-ри од армиите на Франција, Германија, Грција, унгарија, Италија, Холандија, Пол-ска, Португалија, шпанија, Турција, Велика Британија и САд кои се дел од командата на НАТО во Мадрид. директор на вежба-та беше бригадниот генерал Џовани Са-варесе (Италија) од командата на копне-ните сили во Мадрид, а кодиректор начал-никот на Г-3 во здуржената операратив-на команда на АРМ, полковникот Синиша Стаменов.На „COOPerATIVe lONGBOW / lANCer 2012” АРМ учествуваше со персонал од 1.697 лица, додека од НАТО-земјите уче-ствуваа 166 припадници и 343 припадни-ци од ПзМ-земјите или вкупно 2.206 лица. Според бројноста на учесниците и обемот на планираните активности, оваа вежба беше најголемата досега изведена вежба во Република Македонија, и тоа токму на дваесетгодишнината на Армијата на Ре-публика Македонија.Основна цел на вежбата беше да се зго-леми нивото на интероперабилност и го-товност на единиците, обука на штабни-от персонал според НАТО-стандардите и процедури и оценување на декларира-ните единици на АРМ според концептот за оперативни способности. Врз основа на овој концепт на оваа вежба се реали-зираше НАТО-оценување ниво 1 на Сред-ната пешадиска борбена група (СПБГ) и оценување ниво 2 на Средната механи-зирана пешадиска чета, декларирана за учество во борбена група од Европската унија II / 2012. Единиците кои се оценуваа добиваат сертификат на НАТО за нивна

оспособеност за учество во меѓународни мировни мисии. Работен јазик на вежбата беше англискиот јазик, а се раководеше од единствена, мултинационална коман-да. На вежбата беа вклучени тимови за поддршка, за контрола и за реализација на командно-штабната вежба „коопе-ративна долга стрела”, како и деклари-раните единици на АРМ за мисии. Во сите ќелии имаше претставници на АРМ. Од другите придобивки од вежбата ги издвојуваме подобрувањето на интеро-перабилноста и борбената готовност, како и разбирање на современите опе-рации предводени од НАТО; стекнување на нови искуства за работа во мултина-ционална НАТО-средина, подобрување на вештините на комуникација и градење на доверба и разбирање за да се постиг-нат барањата на Алијансата и на земјите-партнери до највисок можен степен.Сценариото на двете вежби „кооператив-на долга стрела/лансер” 2012” беше ба-зирано на мировни операции на ОН, но предводени од НАТО-операција за од-говор на кризна ситуација. Првата веж-ба, „кооперативна долга стрела 2012” беше дизајнирана да обучи штаб од ниво на бригада којашто работи во состав на операција на НАТО за одговор во криз-на ситуација, додека вежбата „кооперати-вен лансер 2012” имаше цел да ја подобри способноста за одредени тактички зада-чи за поддршка на спречување на кризи, решавање на конфликти и постконфлик-тно градење на мирот.На вежбата се користеше целосно измис-

лено сценарио креирано со единствена цел да одговори на потребите на сама-та вежба и вклучуваше замислена геопо-литичка ситуација на измислениот остров во Атлантскиот Океан, Jewellery, со мулти-етничките држави emerald, Amber, Onuh, и ruby. Тензијата почнува меѓу emerald и Amber, а потоа се проширува на целиот остров. Присуството на ОН, односно на НАТО-силите е единствено решение...На двете вежби, војниците од 15 земји покажаа завидно ниво на содејство во извршувањето на поставените задачи. Сè течеше беспрекорно и толку уверливо како да се работеше за вистинско дејство на НАТО-силите, а не за вежба со измис-лено сценарио.

приМер за оБуЧеност и храБростзаедништвото, односно приспосо бува-ње то на стандардите, постапките, а ние би додале и на навиките, на учесниците на вежбите и на оценувањето на декла-рираните единици за мисии на АРМ, не-двосмислено започна уште од самото отворање на вежбата.На свеченото отворање на вежбата „ко-оперативна долга стрела/лансер 2012“ присуствуваа началникот на Генералшта-бот на АРМ, генерал-мајор Горанчо коте-ски, заменик-министерот за одбрана Емил димитриев и командантот на здружени-те сили на НАТО за Европа со седиште во Мадрид, генерал-потполковник Алфре-до кардона Торес. На отворањето прису-ствуваа и командантот на зОк, бригадни-

Page 30: 34-Shtit military

30

от генерал Методија Величковски, воени-те аташеи акредитирани во РМ, претстав-ници од командата на НАТО од Мадрид и други високи гости.„Вежбата ‘кооперативна долга стрела/лансер 2012’ и оценувањето на македон-ските единици декларирани за мисии, по-рача началникот на Гш на АРМ, генерал-мајорот Горанчо котески, за Армијата на Република Македонија, претставу-ва задача од врвен приоритет. Ваквата констатација се базира врз сеопфатни-те и темелни подготовки, како и сложени-от планирачки процес кој го релизиравме заедно со командата на НАТО во Мадрид. денес, со гордост можам да истакнам дека во годината кога Армијата на Република Македонија го одбележува својот 20-годи-шен јубилеј, таа е домаќин на најголемата меѓународна вежба во којашто учеству-ваат армии од земјите-членки на НАТО и ПзМ со над 2.200 учесници“.Според началникот на Гш на АРМ, Горан-чо котески, вежбите „кооперативна дол-га стрела/лансер 2012“ претставуваат од-лична можност за изведување на колек-тивна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО-стандардите, но и за усовршување на штабните процеси во НАТО-водените операции, што придо-несува за јакнење на нивната борбена го-товност. „Високите оцени што ги добива-ме од НАТО при извршувањето на миро-вните мисии, но и за успешно изведени-те вежби за оценување на декларирани-те единици, се најголема гаранција дека

и оваа, од многу аспекти комплексна веж-ба, ќе биде успешно реализирана. Особе-но внимание заслужува заокружувањето на оценувањето на декларираната Сред-на пешадиска чета со која ќе бидеме во можност да учествуваме и во Борбена-та група на Европската унија. На тој на-чин ќе биде отворен патот за активно уче-ство на Република Македонија во европ-ската одбранбено-безбедносна архитек-тура. Верувам, додаде тој, дека успешни-те подготовки ќе овозможат усвојување на нови стандарди на НАТО, но и дека за сите армии-учеснички тоа ќе значи соодве-тен придонес кон интероперабилноста и компатибилноста со Алијансата, како клуч-ни за заедничкото распоредување во опе-рациите предводени од НАТО“.

Инаку, датумот на одржувањето на вое-ната вежба „кооперативна долга стрела/лансер 2012”, што се одржа од 19 до 29 мај на армискиот полигон „криволак”, спо-ред началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо котески, случајно се совпадна со одржувањето на Самитот на НАТО во Чикаго. Но ни најмалку не беше случајно тоа што македонските војници на вежбата, како и при оценувањето на де-кларираните единици, на најдобар начин покажаа дека во вистинска смисла на збо-рот се НАТО-воини и дека Македонија „де факто“ е членка на НАТО.„дваесет години македонската армија, по-сочи заменик-министерот за одбрана на РМ, Емил димитриев, чекори по патот на напредокот и кон достигнувањето на ул-тимативната цел: да биде армија на ми-рот, еднаква меѓу еднаквите, пример за обученост и храброст. Посветеноста кон професијата, несебичното залагање, кон-тинуираното спроведување на рефор-мите во одбраната и учеството во ме-ѓународните мисии се само некои од атри-бутите коишто придонесоа АРМ да биде не само рамноправен туку и посакуван партнер на Алијансата, а Македонија од консумент да прерасне во придонесувач на стабилноста во регионот и пошироко“.Според заменик-министерот за одбрана на РМ, Емил димитриев, покрај основните цели на вежбата, исклучително значајни за сите учесници, би истакнал дека можноста истовремено на една локација и со един-ствена цел да работат, да соработуваат и да се дружат војници од различни нацио-налности, култури и обележја, има многу повисока цел и значење. Во овој свет об-ременет со економски кризи, терористич-ки закани и зголемени безбедносни преди-звици единствено можно решение е да се работи заеднички на зачувување на кул-турните вредности, но и различности“.Во таа смисла беа и зборовите на коман-дантот на здружените сили на НАТО за Европа со седиште во Мадрид, генерал-потполковник Алфредо кардона Торес. „Оваа вежба, рече тој, е најзначајна актив-ност во рамките на НАТО и земјите-членки и сојузници, со цел да се стекне поголе-мо знаење, да се подобри интеропера-билноста и да се зголемат стандардите за вежбање. Напорната работа, трудот, енергијата, времето и средствата вложени во оваа вежба сега станаа реалност. Сега е вистинско време да се искористи сета до-сегашна работа и да се постигне успех во нашата мисија“.учесниците на вежбата тоа и практично, на терен го потврдија. Тие не заборавија во слободното време да се дружат, да разменуваат мислења и идеи. Впрочем, на вежбата присуствуваа луѓе од различ-ни земји и со различно воено искуство, а најдобро учеа едни од други, истовремено градејќи доверба и пријателска соработка.

потврдени вредностиза македонските војници, кои беа и најмногубројни на вежбата, од особено значење беше оценувањето на деклари-раните единици.Средната пешадиска баталјонска гру-па го започна НАТО-оценувањето Ниво

Page 31: 34-Shtit military

31

1 со реализација на следниве активности: ескортирање на конвој со евакуација на по-вреден, патролирање и воспоставување на мобилна контролна точка, реакција на импровизирана експлозивна направа, воспоставување на набљудувачница.Во текот на Вежбата се реализираше и НАТО-оценувањето НИВО 2 – CreVAl /Combatreadiness evaluation/ на деклари-раната Средна пешадиска чета од соста-вот на 4.механизиран пешадиски баталјон од 1.мпбр според концептот за оператив-ни способности предвидени за составот на баталјонската група на Европската унија (eU BG II/2012) и на одделението АБХО од четата АБХО. Средната пешадиска баталјонска гру-па ги изведуваше постапките при пат-ролирање и формирање на мобилна кон-тролна точка, формирање на кордон и пребарување на терен, воспоставување на набљудувачница, потоа постапки-те при ескортирање на ВИП-личности и изведување на офанзивни (нападни) опе-рации и реакција на импровизирана ек-сплозивна направа.НАТО-оценувањето Ниво 2 започна на 19 мај 2012 година во касарната ,,Чеде Филипоски-даме“ во кичево. Во наредни-те два дена, во согласност со концептот за оперативна способност (ОCC) на НАТО, се оценуваше обученоста, оперативната способност и борбената подготвеност на оценуваните единици.Според динамиката на работата, први-от дел од оценувањето на четата Еу БГ II/2012 и на одделението АБХО започ-на со издавање на предупредувачка на-редба, брифинг на командирот на четата за подготвеноста на четата, по што сле-деше постројување на единиците со ком-плетното вооружување, борбената тех-ника, материјално-техничките средства и опремата со која располага четата. Спо-ред сценариото, четата Еу БГ II/2012 доби задача да изврши марш кон АП ,,криво-лак“, при што во текот на маршот колона-та се соочи со различни инциденти, а по пристигнувањето на АП „криволак“ воспо-стави база.Во согласност со планот и сценариото за реализација на вежбата, пешадиска-та чета ги реализираше следните актив-ности: блокада на патот и демонстрации, обезбедување на база, контрола на тол-па, постапка при пешадиски напад, ме-дицинска евакуација и мобилна патро-ла. Оценувањето на двете единици ќе го спроведат заеднички тимови на НАТО и АРМ.На декларираната чета за составот на Борбената група на Европската унија (Еу БГ II/2012) и одделението АБХО, која е од составот на 1.механизирана пешади-ска бригада, им беше соопштена оценка-та за постигнатите резултати за време на оценувањето и беа вратени во матичните единици.Истовремено, учесниците на вежбата „ ко-оперативна долга стрела / лансер 2012 “ продолжија со спроведувањето на актив-ностите од вежбата со добивање на до-полнителни упатства од командантот на вежбата за реализација на процесот на анализирање на мисијата.

Вежбата „кооперативна долга стрела/лансер 2012“, покрај другите, ја посетија началникот на Гш на АРМ, генерал-мајор Горанчо котески и амбасадорот на САд во Република Македонија, Пол Волерс. И овојпат не изостанаа честитките до миро-творците од 15 НАТО и ПзМ-земји. за вре-ме на посетата на НГш на АРМ, генерал-мајор Горанчо котески и на амбасадорот на САд во Македонија, Пол Волерс, кога беше остварена средба со директорот и со кодиректорите на вежбата, а беа посетени и американските војници кои учествуваат на вежбата и просториите и сместувачки-те капацитети „Стрела“ и „зима“ кои се ко-ристеа за вежбата, тоа беше и недвосмис-лено потврдено. Инаку, Соединетите Аме-

рикански држави, преку својата амбасада во Република Македонија како наш стра-тегиски партнер, за потребите на самата вежба „кооперативна долга стрела/лан-сер 2012“ донираа финасиски средства кои беа искористени за осовременување на инфаструктурата и телекомуникациите на АП „криволак“ така што во иднина ис-титот ќе може да прерасне во регионален тренинг-центар.Ова се само дел од активностите на веж-бата реализирани до заклучувањето на овој број на списанието „штит“. за денот за медиуми, за ВИП-денот и за другите ак-тивности повеќе во следниот број на спи-санието.

Васил Дичевски

при обиколката на просториите во Цо „пепелиште“ и на камповите „стрела“ и „зима“ на полигонот „Криволак“, нгш на арМ, генерал-мајорот горанчо Котески и амбасадорот на сад во република Македонија, пол волерс, покрај другото, ги посетија американските и македонските војници кои рамо до рамо заедно учествуваа на вежбата „Кооперативен ленгбоу/лансер“. началникот на гш на арМ во таа прилика им се обрати на припадниците на американскиот и на македонскиот состав и изјави дека оваа вежба е само уште еден пример за одличната соработка на сад и република Македонија. „оваа вежба, додаде тој, ја изразува кооперативноста и компатибилноста на нашата армија со нато- пзМ-армиите. ние ќе продолжиме со настојувањата да придонесуваме во глобалниот и во регионалниот мир, да учествуваме во мировните операции и да ги извршуваме уставните задачи и уште еднаш ќе покажеме дека сме достоинствен

партнер на земјите од нато-алијансата“, рече Котески. според американскиот амбасадор во Македонија, пол волерс „не е прашање дали, туку кога Македонија ќе стане членка на нато, останува само прашањето за името. ние работиме овде денес заедно, работевме заедно во авганистан и во ирак, така што сметам дека и понатаму ќе продолжиме да работиме заедно. Јас би бил најсреќниот човек кога ќе видам дека тоа ќе се случи“, рече волерс.

достоен партнер

Page 32: 34-Shtit military

32

од офицерите, 40 % од подофицерите и 20 % од војниците на 1.мпбр се способни да го користат англискиот јазик. На крајот на посетата на воените аташеи на 1.мпбр, военото аташе од Република Хрват-ска, во улога на челник на Асоцијацијата на воени аташеи на странските држави акреди-тирани во Република Македонија, во името на сите аташеи, се заблагодари за добри-от прием и за прекрасната атмосфера во единицата на „скорпиите“ со надеж дека и во иднина ќе продолжат ваквите средби на странските воени аташеи со првата меха-низирана пешадиска бригада. командантот на 1.мпбр полковникот м-р Стојан димчов, изразувајќи го своето задоволство од посе-тата на воените аташеи, истакна дека прва-та механизирана пешадиска бригада е секо-гаш отворена за ваквите посети. Посетата на воените аташеи акредитирани во Република Македонија, претставува мож-ност за размена на различните мислења и идеи кои придонесуваат за понатамошна соработка и развој не само на Првата меха-низирана пешадиска бригада туку и за АРМ во целост. Тоа воедно претставува и мож-ност преку малите вежби кои се подготву-ваат во нивна чест, војниците на 1.мпбр да ја покажат својата способност, обученост и вештини кои не се стекнати само на вежба-лиштата во нашата земја туку и во мисиите надвор од Република Македонија заедно со војниците на земјите од кои доаѓаат и вое-ните аташеи.

м-р Симеон Митрев

зминатата година Првата механи-зирана пешадиска бригада (1.мпбр) беше домаќин на неколку воени де-легации од странство, но во месец мај бригадата беше домаќин на една

поразлична делегација од сите останати, не само по бројноста на делегацијата туку и по нејзиниот состав. На 4 мај 2012 година во-ените аташеи од 12 земји, акредитирани во Република Македонија беа во редовна го-дишна посета на 1.мпбр. Покрај аташеата акредитирани во Република Македонија, и тоа од: Албанија, Германија, Италија, Русија, Соединетите Американски држави, Србија, Турција, украина, Холандија и Хрватска, во посета на Бригадата беа и воените аташеи на Австрија и канада кои допатуваа од сво-ите амбасади во Белград.Воените аташеи на споменатите држави, од страна на членовите на командата и штабот на 1.мпбр беа дочекани во една пријателска атмосфера пред командата на Бригадата. заради „кршење на мразот“, како што при-лега на еден добар домаќин, воените ата-шеи беа послужени со кафе и чај под стре-ите во комплексот „Македонски бисер“ во базата на 1.мпбр.при што на воените ата-шеи им беше посакано топло добредојде од страна на командантот на Бригадата, пол-ковникот м-р Стојан димчов. По испиеното кафе и чај, во просториите за состаноци на 1.мпбр, и после краткото запознавање и претставување на сите вое-ни аташеа и членовите на командата и шта-бот на Бригадата, следуваше триесетмину-

тен брифинг за историјата, мисијата, струк-турата на единицата, учеството на припад-ниците на 1.мпбр во мисиите за поддршка и зачувување на мирот надвор од Република Македонија и за претстојните тежишни ак-тивности на Првата механизирана пешади-ска бригада.Посетата продолжи на полигонот за обу-ка во касарната „јане Сандански“ каде вој-ниците од 2.мпбн, во чест на воените ата-шеи подготвија и прикажаа две краткотрајни вежби „Работа на контролна точка“ и „Сле-дење на конвој“. Вежбите со сценарио изра-ботени од командата на 2.мпбн, изведени од страна на една од механизираните пеша-диски чети на баталјонот, предизвикаа вид-но задоволство кај воените аташеи од кои поголемиот број беа од земјите-членки на НАТО. Иако вежбите беа кратки, припадниците на 1.мпбр ја покажаа својата оспособеност, подготвеност и обученост за работа спо-ред стандардите на армиите од НАТО со кои припадниците на 1.мпбр беа заедно во мисијата „Iraqi Freedom“ и сè уште се заед-но во ISAF во Авганистан и AlTeA во Босна и Херцеговина. По завршувањето на вежбите, посетата на воените аташеи продолжи со посета на ка-бинетите за изучување на англискиот јазик, каде студенти се војниците, подофицерите и офицерите на 1.мпбр. Во изминатиот пери-од во овие кабинети се образувани поголем број на офицери подофицери и војници од составот на единицата така што околу 80 %

СРЕДБА НА ВОЕНИТЕ АТАШЕИ СО припадниците на 1.мпбр

ПОКАЗ НА СПОСОБНОСТА И ОБУЧЕНОСТА

Page 33: 34-Shtit military

33

о второто продолжение посвете-но на активностите на дВРП (ИСИ), фактографски ви претставуваме дел од операциите извршени во

глобален контекст.

1. авганистан– 1982 година – дВРП, ЦИА и „Мосад“ извршиле таен трансфер на либанско оружје заробено од страна на Израел-ците во текот на израелската инвазија во либан, (јуни 1982 година – дополни-телно преместување во Пакистан, а по-тоа и во Авганистан). – 1982-1997 година – дВРП одиграла голема улога поддржувајќи ја герилска-та војна за соборување на советската армија во Авганистан во 1980-тите. ЦИА се потпирала на дВРП за обука на бор-ци, доставување оружје, пари и разузна-вачки информации. дВРП обучила око-лу 83.000 авганистански муџахедини помеѓу 1983 и 1997 година кои беа испра-тени во Авганистан. Фракциите, кои беа поддржани од страна на дВРП (ИСИ), биле наречени Гулбудин Хекматјар (во-дени од Хезби Ислами и силите кои се борат за Џалалудин Хагани). – 1986 – дВРП биле задолжени да го држат под контрола големиот прилив авганистански бегалци во Пакистан за време на советско – авганистанската војна за да не се инфилтрираат, одно-сно да не влегуваат одредени припад-ници на авганистанската разузнавач-ка служба – кХАд во Пакистан (платени

ОПЕРАЦИИ ВО СВЕТСКИ РАМКИ

од Советскиот Сојуз). Меѓу овие акции дВРП успеала да го убеди Мансур Ах-мед, задолжен за авганистанската амба-сада во Исламабад, да го сврти грбот на авганистанската влада која била под-држана од Советскиот Сојуз. Тој и него-вото семејство биле тајно префрлени од нивното место на живеење и им бил обезбеден премин во лондон во заме-на за класифицирани информации во врска со авганистанките агенти кои опе-рираат во Пакистан. – 1994 – Талибанскиот режим од 1994 – 2001 година бил поддржан од страна на дВРП и пакистанската армија (Паки-стан официјално ја негирала спомена-

тата поддршка во тоа време). Според пакистанскиот експерт за одбрана, Ах-мед Рашид, се проценува дека од 1994 до 1999 година, меѓу 80.000 до 100.000 добро обучени Пакистанци се бореле во Авганистан на страната на Талибанците. По септемвриските напади во 2001 го-дина во САд, Пакистан чувствува дека е потребно да соработуваат со САд. Но, според некои гласини соработката, од-носно поддршката на авганистанските Талибанци од страна на дВРП продол-жила и понатаму.Од 2001 година па наваму, американ-ски официјални лица веруваат дека чле-новите на пакистанската разузнавач-ка служба ги алармирале милитантите за непосредните американските ракет-ни напади во племенските области на Пакистан. Во октомври 2009 година, давуд Морадиан, политички советник на министерот за надворешни работи, изјавува дека британските и американ-ските власти се целосно свесни за улога-та, односно за вмешаноста на дВРП, но и дека немале храброст да се соочат со Исламабад. Тој тврдеше дека британски-те и американските разузнавачки аген-ти доставиле доволно докази кои дока-жале дека дВРП е вмешана во таа афе-ра.– 2010 година – во еден извештај на лондонската школа за економија (лСЕ) се тврди дека се обезбедени конкрет-ни докази дека дВРП им обезбедува финансирање, обука и прибежиште на

ДВРП (ИСИ) – ПАКИСТАНСКА РАЗУЗНАВАЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА – II

Page 34: 34-Shtit military

та комисија за атомска енергија). дВРП, по добивањето на овие информации ја уценила жената и ја претворила во дво-ен агент.– 1988 година – дВРП спровела акција наречена „Oперација Тупак”, која се со-стоела од акционен план за тајна под-дршка на милитантите во нивната бор-ба против индиската власт во кашмир, а која била иницирана од страна на прет-седателот зија ул Хак, во 1988 година по неуспехот на операцијата „Гибралтар“. По успехот на „Операцијата Тупак“, под-дршката за милитантите станала држав-на политика на Пакистан.

4. израеЛ – 1980 – Израел отсекогаш сметал дека нуклеарно вооружена муслиманска држава е закана за неговото постоење, иако и самиот Израел најверојатно е ну-клеарно вооружена држава. Ова е и при-чината зошто Израел го уништил ирач-киот нуклеарен објект во „Операцијата Опера” и Сириската нуклеарна централа во текот на операцијата „Градина”. Изра-ел имал слични планови да ги уништи и пакистанските нуклеарни објекти во ка-хута во текот на 1980-тите години со по-мош на Индија, но не успеал во своите намери. – 2002 – Според магазинот „Тајм“ и изјавата на францускиот интелектуалец

34

талибанските бунтовници во многу по-голема мера отколку што претходно се мислело. Авторот на извештајот Мет Валдман интервјуирал деветмина тали-бански команданти во областа на Авгани-стан и дошол до заклучок дека односот на ДВРП со бунтовниците е многу подла-бок отколку што претходно се мислело. Тој тврдел дека некои од анкетираните лица кажале дека дури и некои припад-ници на ДВРП присуствуваат на соста-ноците на талибанскиот Врховен совет. Портпаролот на пакистанската армија го отфрлил извештајот, опишувајќи го како „злонамерен“. Генералот Дејвид Пе-треус, командант на американската Цен-трална команда, одби да го поддржи овој извештај во конгресното сослушување во САД и сугерираше дека какви било контакти помеѓу ДВРП и екстремисти-те се за легитимни разузнавачки цели, или според неговите зборови „треба да имате контакт со лошите момци за да се добијат разузнавачки информации за лошите момци“.

2. БОСНА – 1993 – ДВРП (ISI) била вклучена во на-бавка на оружје за босанските муслима-ни во Босна и Херцеговина со цел да се заштитат од српските напади.

3. ИНДИЈА– 1950 година – Тајните акции на ДВРП биле искористени за помагање на бун-товниците во североистокот на Индија.– 1965 година – Војната во Кашмир преди-звикала голема криза во разузнавањето. Кога војната започнала, имало целосен колапс на работењето на сите разузна-вачки агенции. По отпочнувањето на Индо-пакистанската војна во 1965 годи-на, било очигледно дека не може да со-бираат информации во врска со Индија поради нивната голема преокупација со политичките прашања. Ајуб Кан форми-рал комисија предводена од генералот Јахја Кан за да се испита работењето на агенциите. – 1969 -1974 година – Централната раз-узнавачка агенција (ЦИА) и ДВРП ра-ботеле во тандем со Никсоновата администрација во помагањето на Кха-листанското движење во Пенџаб.– 1980 година – ДВРП во областа на Карачи во јули 1980 заробиле инди-ски агент. Тој бил испрашуван, при што при испрашувањето откриле дека голе-ма мрежа на индиски шпиони функци-онира во Карачи. Агентот тврдел дека овие шпиони извршиле и ликвидација на неколку лица. Тој, исто така, тврдел дека лидерот на шпионите бил менаџер во хотелот „Интерконтинентал“ во Ка-рачи и дека одреден број на воздухо-пловни офицери се на неговиот пла-тен список. ДВРП одлучила да истра-жи за менаџерот за да се види кои биле неговите контакти, но тогаш претседа-телот на Пакистан Хак Ул Зија наредил менаџерот и секој што бил инволвиран во случајот да биде веднаш уапсен. По-доцна беше докажано дека менаџерот и сите други инволвирани биле сосема

невини, односно дека индискиот агент им дал дезинформации. – 1983 година – Илам дин, познат како Илмо бил неславен индиски шпион кој ра-ботел во Пакистан. На 23 март 1983 годи-на, Илмо и двајца други индиски шпиони биле приведени од страна на пакистански-те ренџери коишто биле фатени при иле-гално преминување од Индија во Паки-стан. Нивната мисија била да шпионира-ат и да поднесат извештај за новата во-ена опрема која Пакистан ќе ја прикажела на 23 март во една воена парада. Откако Илмо бил детаљно испрашуван, бил при-нуден од страна на дВРП да испрати лаж-

ни информации до rAW (Индиска разузна-вачка служба) во Индија. – 1984 година – дВРП открила таен до-говор во кој се велело дека објекти од по-морската база биле доделени од страна на индискиот премиер Индира Ганди на СССР.– 1985 година – При рутинска провер-ка на членови на персоналот кои рабо-тат во индиската амбасада дВРП откри-ла дека една индиска жена која работе-ла како учителка во индиското училиш-те во Исламабад е индиски шпион т.е. агент за rAW. дВРП ги следела нејзините движења во Исламабад (среќавања со ло-кални пакистански граѓани и со еден нукле-арен инженер кој работел за Пакистанска-

Page 35: 34-Shtit military

35

Бернар Анри леви, даниел Перл бил ликвидиран со поддршка од дВРП, и тоа поради неговата наводна улога во собирањето на информации за поврза-носта на дВРП со „Ал каеда“.

5. паКистан дВРП била обвинета дека е вклучена во корупциски скандал на Банката „Мех-ран“ (скандалот наречен „Мехрангејт“, во кој на челници на дВРП и армијата наводно им биле дадени големи суми на пари од страна на јунус Хабиб (соп-ственик на „Мехран“ како девизни депо-зити). – 1980 година – дВРП открила за-говор за атентат врз претседателот на Пакистан, зија ул Хак, а потоа и план за извршување државен удар и отстранување на тогашната власт, по што би следело инсталирање на ис-ламска власт. Атентатот и државниот удар било планирано да се изврши на 23 март 1980 година за време на вое-на парада. Организатори на државниот удар биле високи воени и разузнавачки офицери предводени од генерал-мајор Таџамал Хусеин Малик, неговиот син, капетан Навид и неговиот внук мајор Риаз, поранешен офицер на военото разузнавање. Овие лица биле уапсени.– 1985 година – дВРП била обвинета од страна на разни членови на Пакистан-ската народна партија во врска со атен-татот извршен врз шахнаваз Буто, еден од двајцата браќа на Беназир Буто, со труење на француската ривиера во сре-дината на 1985 година, и тоа со цел не-гово заплашување и прекинување на активностите на движењето против во-ената влада на зија, но тоа никогаш не се докажало.– 1990 година – дВРП била длабоко ин-волвирана во домашната политика на Пакистан од крајот на 1950-тите. На при-мер, се верува дека изборите во 1990 го-дина биле лажирани од страна на дВРП и тоа во корист на коалицијата Ислами Џамхури Итехад, предводена од девет главно десничарски партии. – 2000-тите години – дВРП е актив-но вклучена во прикривање на крвави-те сепаратистички бунтови во Балочи-стан. Многу луѓе се малтретирани и уби-ени во Балочистан, а за тие злосторства „Хјуман Рајтс Воч“ ги обвиниле токму припадниците на дВРП. – 2011 година – дВРП уапси пет Паки-станци кои работеле како агенти за странските разузнавачки служби.

6. ЛиБиЈа – 1978 година – дВРП одлучила да го следи полковникот Хусеин кој бил на должност воено аташе на амбасадата на либија во Исламабад по некои не-гови провокативни изјави против вое-ниот режим на зија ул Хак. Следењето се исплатело поради тоа што тој беше виден како одржува сомнителен соста-нок со двајца Пакистанци. Подоцна од страна на дВРП било откриено дека тие всушност се бегалци кои биле про-тив воениот режим и биле лојалисти на

Буто, односно на Пакистанската народ-на партија. Тие биле обучени во либија и биле подготвени да иницираат немири во Пакистан за да ја принудат армијата да се повлече од власт. Сите члено-ви на овој заговор биле уапсени пред започнувањето на нивните активности.– 1981 година – Во 1981 година либиска безбедносна компанија наречена „Ал Муртаза“ испратила работодавци во Пакистан за да привлече и вработи по-ранешни војници и лица за високо пла-тени работни места за безбедност во либија. либија регрутирала платеници за да се борат во Чад и во Египет, земји

со кои либија имала граничен спор. дВРП го открила овој заговор од стра-на на либија и ја запрела целата шема.

7. франЦиЈа – 1979 година – дВРП на 26 јуни 1979 година открила мисија за надзор на ну-клеарниот комплекс во кахута, Паки-стан, предводена од страна на францу-скиот амбасадор во Пакистан, ле Гури-ерсе, и неговиот прв секретар жан Фор-лот. И двајцата биле уапсени и воедно им биле конфискувани нивните камери и другата чувствителна опрема. Подоц-на дВРП докажала дека двајцата фран-цуски дипломати биле регрутирани од страна на ЦИА.

8. советсКиот соЈуз и постсоветсКите држави – 1980 година – дВРП инфилтрира-ла шпион во амбасадата на Советскиот Сојуз во Исламабад. Агентот на дВРП открил дека амбасадорот на Советскиот Сојуз се интересира за автопатите кои се градат во Пакистан (усогласувањето на патот, локацијата на мостовите, бројот на лицата кои работат во автопатите итн.). дВРП, наместо да го уапси и да го депортира советскиот дипломат од Па-кистан, избрала да го „храни“ со лажни информации. Советскиот дипломат бил убеден дека добива точни информации од вработениот во неговата амбасада и поради тоа ги пренесувал сите лажни ин-формации до Советскиот Сојуз.

– 1991-1993 година – Генерал-мајор Сул тан Хабиб, кој бил оперативец на дВРП, успешно набавил нуклеарен материјал додека ја вршел должноста воено аташе во пакистанската амбаса-да во Москва од 1991-1993 година. Ис-товремено тој успеал да набави и дру-ги потребни материјали од централни-те европски републики како Полска и поранешната Чехословачка. Генерал-мајорот Хабиб во тоа време успеал и да го координира превозот на ракети од Северна кореја и да обезбеди обу-ка на пакистанските експерти за произ-водство на ракети. Овие две дела на ге-нералот Хабиб, односно на оперативе-цот на дВРП, значително ја подобриле нуклеарната програма за оружје и ра-кетниот систем на Пакистан. 9. сад – 1980 година – дВРП успешно уапси-ла двајца американски дилери на оружје за време на советската војна во Авгани-стан во 1980-тите. Еден американски ди-пломат (неговото име се уште не е де-класифицирано) бил забележан од стра-на на агент на дВРП во областа Равал-пинди како се шета со неговиот автомо-бил со дипломатски таблички. Агентот на дВРП бил озвучен и при неговите контакти со дипломатот открил дека тој контактира со различни племенски гру-пи и им продава оружје.– 2011 година – како последица на следењето на Рејмонд дејвис (агент на ЦИА) дВРП го вклучила алармот во Па-кистан дека ЦИА има широка шпионска мрежа во државата. Последица на тоа е и прекинатата соработката помеѓу дВРП и ЦИА. Најмалку 30 осомничени тајни американски оперативци ги има-ат суспендирано нивните активности во Пакистан, а 12 оперативци веднаш ја напуштија земјата под закана дека ќе бидат уапсени. – 2011 година – Мохамед Таслим, опе-ративец на дВРП, назначен како воено аташе на Пакистан во њујоршкиот кон-зулат, од страна на ФБИ беше откри-ен како им се заканува на Пакистанци кои живеат во САд, со цел да ги спре-чи да зборуваат отворено за владата на Пакистан. Американски официјални лица, пакистански новинари и научници изјавуваат дека дВРП работи на систе-матска кампања преку која им се зака-нува на оние кои зборуваат критички за пакистанските власти, односно за паки-станската армија. По увидот во дел од активностите на дВРП, без сомневање може да се за-клучи дека оваа агенција игра значајна улога во безбедноста на Пакистан. Нејзината стратегија е дефанзивна и сите чекори и мерки се преземени во корист на државата и нејзините наци-онални интереси. Главна цел на оваа организација е да се задржи Пакистан на вистинскиот пат и безбедноста на на-родите кои живеат во Пакистан да биде на високо ниво.

Фатон Круези

Page 36: 34-Shtit military

36

енес граѓаните на РМ почувству-ваа силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтерова-та скала. Епицентарот се наоѓа на

140 километри југозападно од Скопје, одно-сно во водите на Охридското Езеро. Сил-ниот потрес предизвика бранови висо-ки до десет метри, кои само 15-тина мину-ти по земјотресот ги опустошија Охридска-та и Струшката Котлина. Најмногу се погоде-ни градовите Охрид и Струга кои се наоѓаат на само десетина километри од епицента-рот на земјотресот. Земјотресот предизви-ка целосно уништување на старите град-би и големи оштетувања на јавни и станбе-ни згради во Струга и во Охрид. Уништена и под вода е зградата на локалната самоупра-ва во Охрид и објектите во нејзината око-лина. Стариот дел на Охрид е уништен од земјотресот. Трагедијата е уште поголема со оглед на тоа што повеќето болници во по-годеното подрачје, исто така, се уништени. Потресот сериозно ја оштети контролната кула на меѓународниот аеродором „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а полетувачко-слетувачката писта е под вода, кал и нано-си. Патната инфраструктура е сериозно оштетена. Пристигнуваат информации за илјадници разурнати или оштетени објекти, но и за неколку илјади загинати, повредени, затрупани и исчезнати лица...“Ова, за среќа, не се најновите вести од Ре-публиката, туку воведниот дел од сценарио-то на симулациската вежба „Далга 2012“ која беше изведена во просториите на Центарот за управување со кризи на 25.04 2012 годи-на со студентите на Воената академија од Катедрата за безбедност, кризен менаџмент и заштита и спасување.

Целта на вежбата беше да им се овозможи на студентите директно да се соочат со про-блематиката на својата идна професионал-на определеност и да пристапат практично, чекор по чекор, во процесот на донесување одлуки и конкретно справување со кризи од овој размер, кои може да се случат и на територијата на нашата држава. Професионални кадри за сПравување со кризи, заштита и сПасувањеСистемот за национална безбедност на Ре-публика Македонија е сложен систем кој се состои од неколку потсистеми, меѓу кои значајно место во остварувањето на сев-купната одбранбено-безбедносна функција на државата зазема и потсистемот за спра-вување со кризи, заштита и спасување на населението и материјалните добра во криз-ни состојби во услови на воена, вонредна и состојба на мир, како и при сите видови при-родни, техничко-технолошки и хуманитарни несреќи на територијата на државата. Целата оваа проблематика системски се ре-гулираше и се озакони во текот на измина-тото десетлетие. Во овој период, веднаш по разрешувањето на конфликтот во Репу-блика Македонија во 2001 година, се виде дека потребите на новото време, кое се ка-рактеризира со нов вид безбедносни зака-ни, побаруваат и целосна трансформација на системот за национална безбедност и од-брана на Република Македонија. Меѓу сев-купните одбранбено-безбедносни рефор-ми се потенцираше потребата за изградба на ефикасен механизам за справување со кризи, кој најбргу што е можно треба да се озакони и да се институционализира и да се

создадат и да се имплементираат механиз­мите за справување со кризи и заштита и спасување на населението и материјалните добра од природни и друг вид несреќи, за­кани и ризици. Во 2005 година се формира Центарот за управување со кризи кој својата дејност ја извршува во согласност со одредбите од За­конот за управување со кризи, а Ди рек ци ја­та за заштита и спасување е формирана и ра боти во согласност со одредбите на За­конот за заштита и спасување од 2004 го­дина. Потребниот кадар за овие две инсти­туции се обезбеди со прераспределба на веќе постојниот кадар од Министерството за одбрана и други институции, но и со нови вработувања со лица од различен профил на образование. Со рестартирањето на Воената академија во 2009 г., освен што беше планирано на но­воформираните катедри на Ака де мијата да се обучуваат офицерски кадри за потребите на Армијата на Република Македонија, исто така беше планирано да се отвори и посебна катедра на која ќе се образуваат кадри ток­му за потребите на системот за управување со кризи и заштита и спасување.Денес, во рамките на Воената академија „Ге нерал Михајло Апостолски“­Скопје, ве­ќе три години функционира и Катедрата за безбедност, кризен менаџмент и зашти­та и спасување. Ова е прва катедра во ви­сокообразовниот систем на РМ на која се оспособуваат специјализирани кадри за потребите на кризниот менаџмент и за­штитата и спасувањето. Проекцијата за оваа катедра е да даде придонес во про­цесот на унапредувањето и про фе сио­на лизирањето на кадри за потребите на

Теорија проверена во практиката

„Цунами“ во Охрид

Page 37: 34-Shtit military

37

државната администрација од оваа област. Имено, студентите на оваа катедра струч-но се оспособуваат токму за работа во две-те витални институции формирани за таа намена- Центарот за управување со кризи и дирекцијата за заштита и спасување. На катедрата, според програмата, се изучува-ат повеќе стручни предмети кои од различ-ни аспекти се занимаваат со оваа пробле-матика. Некои се повеќе теориски, како на пример „Национален систем за безбедност и одбрана“, „Систем за управување со кри-зи, заштита и спасување“, „Организација и менаџмент во системот за управување со кризи, заштита и спасување“, но голем дел од предметите се занимаваат и со те-ориска и со практична разработка на по-стапките, мерките и активностите кои се дел од овој систем, како што се: „Опера-тивно планирање во кризниот менаџмент“, „Типологија на несреќи и методологија за процена и мапирање“, „Стандардни опера-тивни процедури во кризниот менаџмент“, „заштита и спасување од урнатини, пожа-ри и поплави“, „Евакуација, засолнување и згрижување на настрадано население“, „Ин-дустриски хазарди“ итн. МеханизМи на деЈствување, надЛежности и постапКи во сЛуЧаЈ на природна непогодаЕве како студентите од катедрата за без-бедност, кризен менаџмент и заштита и спасување ја реализираа симулациската вежба „далга 2012“. На состанокот во просториите на Цента-рот за управување со кризи, според доби-

сти туција имаше цел според направените процени за состојбата на теренот да изра-боти одлука со која неговата институција активно ќе се вклучи во процесот на спра-ву вање со кризата. Студентите конкрет-но ги изготвуваа сите документи, одлуки и ре шенија како раководни лица на Цента-рот за управување со кризи, дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт и врски, Министерството за од-брана – АРМ, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Ми-нистерството за надворешни работи, Мини-стерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопан-ство итн.за период од неколку часа тие имаа мож-ност целото свое занаење да го преточат во конкретни решенија, одлуки, насоки...Сите беа свесни дека во реални околности секоја минута од овие одлучувачки процеси е драгоцена и од неа зависат животите на многу луѓе и функционирањето на држава-та во целина.Се донесоа одлуки со кои сили и со какви средства треба да се излезе на терен и да се спасуваат затрупаните и поплавените, да се расчистуваат урнатините итн.Се определи кој и како треба да организира евакуација, каде ќе престојуваат луѓето без покрив над главата, како ќе стигне хумани-тарната помош итн.Се определи кој и каде ќе ги оперира и ќе ги лекува повредените, кој ќе го обезбедува редот и мирот...Сето ова го решаваа овие млади умни глави и донесоа вистински одлуки за најкусо мож-но време.На крајот, по евалуацијата на вежбата, за-доволството беше повеќестрано. Професо-рите беа задоволни што нивните студенти покажаа колку владеат со теоријата. Рако-водителите од Центарот за управување со кризи беа задоволни што им овозможија на студентите да се запознаат и да се испроба-ат во делокругот на нивната работа... Но, најмногу беа задоволни студентите, кои на крајот едногласно изјавија дека теоријата треба да се совлада и да се знае, но ваква-та можност за практична реализација и про-верка на наученото е навистина посебно искуство и се надеваат дека и во текот на последните семестри од нивните студии ќе имаат можност за повеќе вакви практични проверки на совладаното теориско градиво.

д-р Жанет Ристоска, м-р Урим Вејсели

ените информации за состојбите во загро-зеното подрачје, најпрвин беше заклуче-но дека во вакви ситуации веднаш мора да се состане управувачкиот комитет и да од-ржи итна седница, а Владата на Република Македонија да прогласи кризна состојба на територијата на целата држава. Врз осно-ва на заклучоците на управувачкиот коми-тет, Владата на Република Македонија на итна седница треба да донесе Одлука за ангажирање на расположивите човечки и материјални ресурси за отстранување на последиците. По донесувањето на таа од-лука треба да се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој е во постојано заседавање и чиишто прет-ставници се во улога на раководни лица од повеќе институции. Беше вистинско задоволство да се наб-људува посветеноста на овие млади луѓе во реализацијата на добиените задачи. Вед-наш се согласија дека Владата на Републи-ка Македонија, врз основа на укажаната по-треба заради димензиите и карактерот на несреќата, треба да даде предлог до Прет-седателот на Република Македонија за упо-треба на АРМ за справување со кризната состојба, а тој треба да одобри ангажирање на АРМ. Се согласија и дека при вакви несреќи од големи размери е неопходна помош од меѓународните институции за по-мош и ги посочија најсоодветните до кои треба да се упати барање за помош, а Вла-дата на РМ веднаш да побара меѓународна помош. Секој од студентите во рамките на својата улога како претставник на надлежна ин-

Page 38: 34-Shtit military

38

надворешнополитички прашања (за Кина тоа е прашањето со Тајван, а за Индија проблемот со Пакистан). Практично, руската „дипломатска офанзива“ се проширила и на азискиот континент, со цел добивање поддршка од Кина во прв ред, а исто така и од Индија, која од неодамна е членка на „нуклеарниот клуб“. Таа активност дала мошне добри резултати, особено во про­наоѓањето на „заеднички јазик“ со Кина, додека со Индија дошло до проширување на билатералната соработка, пред сè на военотехнички план. Покрај ова сојузништво на стратешко ниво, делумно е остварена и руската амбиција на главен посредник во односите на западноевропските земји и Далечниот Исток, која таа секако ќе настојува да ја сочува во иднина.Економско­политичкото приближување на Русија и на Иран во голема мерка е ин тен ­зивирано во текот на минатата година, а и понатаму ќе се развива со сличен ин тен­зитет. Секако, воено­техничката со работка помеѓу двете земји (подобро кажано из­возот на руското вооружување, опрема и воено­индустриска технологија во Иран), се развива пропорционално на останатите подрачја на билатерална соработка. Со повторното доаѓање на Путин на чело на државата и по заживувањето на прогресивните економски и социјални про­цеси, приоритетите на своите актив ности во наредниот претседателски мандат, Пу тин ги насочува и кон создавање на нова структура на вооружените сили, приспособена кон современите облици на загрозување. Ново­стариот претседател Путин добро ја проучил воената проб ле­

Нова структура на вооружените сили на Русија, приспособена кон современите облици на загрозување

Будење на „мечката“

еформите на воениот состав во Русија веќе неколкупати се најавуваат во последниве петнаесет години. Тоа е голема, а за некои набљудувачи

однадвор и јалова работа, соочена со бројни потешкотии, како објективни така и субјективни.Радикално намалените пресметани из-дво јувања за потребите на националната сигурност и одбраната на земјата, пред доаѓањето на Владимир Путин на чело на државата, што секако беше нужно на почетокот, довело до речиси моментална парализа на системот, а потоа до стихијни процеси кои вооружените сили, полицијата и тајните служби ги претвориле во слабо ефективни, висококорумпирани и на сите можни начини компромитирани институции, кои неретко биле и своевиден генератор на организираниот криминал, или барем длабоко инволвирани во истиот. конкретно, дека руските вооружени сили биле во мошне тешка состојба, покажуваат и бројните примери: неможност за спроведување на какви било реформи, тешки животни услови за војниците за офицерите, недостаток од средства кои биле потребни за најнужно одржување на постоечката инфраструктура и на борбените средства, неможност за набавка на нова опрема и многу други.Но, се чини дека на ова му дошол крајот и дека во иднина сè што е во врска со одбраната на Руската Федерација внимателно ќе се надгледува и ќе се координира лично од новиот шеф на државата. Владимир Путин е единствениот кој уште како претседателски кандидат јасно ја изнесе исцрпната анализа на состојбата во руските вооружени сили и

предложи конкретни мерки за натамошна модернизација на целокупната руска од-брана.Враќањето на Русија на глобалната политичка сцена во голема мерка се совпаѓа со доаѓањето на Владимир Путин на чело на оваа голема држава, а речиси во исто време започнаа и реформските процеси во нивните вооружени сили.По повторното доаѓање на Путин на чело на Руската Федерација меѓународната ориен-тација и надворешнополитичките ин тереси на Русија нема значајно да се изменат во однос на поранешниот период. Во тој кон текст не би дошло ни до порадикални промени на руските стратегиски интереси на глобален план, а тоа се:– создавање на регионални воено-поли-

тич ки интеграции под свој „патронат“ на просторот на Средна Азија;

– развој на сојузништвото со кина и Индија, како и ширење на воено-политичкото делување на азискиот простор;

– експанзија на светскиот пазар со кон ку-рент ни производи (деривати од нафта и вооружување);

– консолидација и дефинирање на сферите од интерес на европскиот простор.

Важен стратегиски интерес на Русија и понатаму ќе остане проширувањето на влијанието на азискиот простор, кое се настојува да се оствари на два на чи-ни – воено-политичко сојузништво со Ин дија и со кина, како и создавање на регионална воено-политичка интеграција на средноазискиот простор. како што знаеме, Русија со своите големи азиски сојузници нашла заеднички јазик за нивните отворени

Page 39: 34-Shtit military

39

матика. Ги прочитал и сите извештаи на руските воени разузнавачки служби кои изнесуваат голи факти без политички и други оправдани изговори. Путин тврди дека воените потенцијали кои Русија ги наследила од Советскиот Сојуз се драстично исцрпени и истрошени. Тие мора најдоцна до 2020 година сосема да се заменат со нови вооружени состави за што Путин има намера да потроши 575 милијарди долари (отприлика толкав е американскиот годишен воен буџет). Во исто време, на Русија е потребна нова високопрофесионална и врвно обучена војска, но не статична туку подвижна и способна да ја пренесе борбата и на подрачје вон матичната територија („да се однесуваме и да делуваме како Американците“).Во наредните шест до осум години рус-ката пешадија мора да стане елитна во буквална смисла за да може да управува со технологијата за водење локални судири со што помалку сопствени загуби (тука не смее да се повтори болното искуство со Авганистан од осумдесеттите години од минатиот век, како и пропустите во краткиот судир со Грузија). Руската копнена војска ќе замени 70 отсто од вооружувањето, а на служење на професионалниот воен рок (по договор) ќе се примаат психички и физички најдобри војници: дисциплинирани, имуни на корупција и подготвени за посебни ми сии без оглед дали е тоа Арктикот, далечниот Исток, копнениот дел од Азија и Блискиот и Средниот Исток. Единиците повеќе нема да бидат профилирани според советскиот пример, туку ќе се усвојуваат и ќе се приспособуваат американските и из-ра елските искуства на високата војничка специјализација и постојана будност. Со тоа Русија би имала подготвена професионална војска од неколку стотици илјади при-пад ници, а со военото воздухопловство и воената морнарица најмногу 700.000 војници.Путин предупредува дека нема смисла да се градат скапи носачи на авиони ако тие до кризните подрачја патуваат со недели (за разлика од американските), ако имаат проблеми со снабдувањето и одржувањето на внатрешниот ред кога сериозно се на-рушува специфичната морнарска дис цип-лина. Голем воен брод од Владивосток или од Балтик мора да исплови штом се даде наредба, без многу чекање. Сè мора однапред да се подготви и да се осигура. Таквата морнаричка моќ и покажувањето на руското знаме ќе има смисла и не е само рекламен трик. Секој носач ќе носи и сопствени ловечки и противподморнички авиони, ќе има самостојна противвоздушна и противбродска ракетна технологија раз-виена не пред 40 години туку во 21 век. На тој начин и противниците повторно ќе ја респектираат руската флота. Претходните години на запад се тврдело дека „Русите можат да испловат од матичните прис-таништа, но никаде не можат да допловат“.Пилотите и нивното школување се посебна грижа за Владимир Путин. Тој нема намера да ги отфрли стратегиските бомбардери и извидувачките летови покрај ивиците на НАТО. Таа служба е мошне напорна и скапа, но прави другата страна да не се чувствува безгрижно. Истовремено Путин ќе обнови и некои запрени програми (заради недостаток од финансии), според кои руските пилоти и копилоти ќе летаат годишно од 220 до 250

воздухоплови. Отсекогаш имале најдобри пробни пилоти. Поради штедење, денес на аеромитинзите „Стрижи“ оперираат со шест авиони од типот Миг-29. Путин има намера тоа да го измени. Најдобрите пилоти во иднина нема да смеат да страдаат за ништо бидејќи да се има место во „Руските витези“ или во „Стрижи“ не е само работа на професионален престиж, туку и можност елитните пилоти во тешки времиња за вооружените сили да останат во целосна летачка кондиција, бидејќи за разлика од пилотите во оперативните ескадрили, тие годишно остваруваат пет пати поголем налет. Тоа, според Путин, до 2020 година би требало да стане општ стандард во руското воено воздухопловство. Военотехничкиот одговор на Русија на глобалната американска противракетна одбрана и нејзините делови во Европа ќе биде ефикасен и асиметричен, во полна мерка поврзан со потезите на САД на тој план. Со 400 современи интерконтинентални проектили и нуклеарни ракети сместени во силоси на 20 руски стратешки подморници, Русите можат да пробијат секаков аме-рикански противракетен штит, без оглед каде бил подигнат.Стотина нови сателити, помеѓу останатото ќе наведуваат и нови руски конвенционални оружја, а 600 воздухоплови ќе бидат во состојба да се спротивстават на воз духо-пловната моќ на САД (на пример, во некаква локална војна која е многу блиску до руската граница). Во друга варијанта новите руски ловци ќе извршуваат јуришни функции, поддржувајќи ги своите трупи на земја. На тој начин секое руско борбено летало ќе има повеќенаменска употреба и ќе ги оправда високите трошоци за производство и одр-жување.Новата војска на Путин повеќе ќе се потпира на воената флота која ќе добие 50 нови борбени пловила (носачи на авиони, осовременети ракетни крстосувачи, потполно нови океански разорувачи и бро-дови за пополнување за пловење по сите океани на светот).На копно Путин планира да воведе 2300 потполно нови тенкови (оклопната заш-тита ќе биде поиздржлива од претходните модели, а тенкот станува првокласна елек-тронска станица за борбено дејствување) и 17.000 најсовремени оклопни транспортери (сите се вооружени, пренесуваат пешадија, во состојба се да пловат по вода и можат да се исфрлаат со падобран од големи транспортни авиони со меко приземјување на тлото).Но овде не завршува пописот на потребите на Владимир Путин за новата руска вој-ска. Во наредните години дури 28 ре-ор ганизирани и нови стручни лица на пополнетите ракетни полкови ќе добијат и противавионски и противракетни системи „С-400 Триумф“ (замена за С-300). Кон крајот на десетлетието во вооружувањето се воведува и врвот на противвоздушната тех нологија, „С-500“, кој ги загрижи Аме-риканците бидејќи ги пресретнува нив-ни те летала и проектили на далечина од 500 километри, така што не може да се избегне директен погодок ниту со елек-тронски противмерки ниту со остри ма-неврирања. Обврска на новата војска на Путин е постојано да ги следи современите тенденции и корисните воени искуства.

Кемо Ѓозо, Никола Клетников

часа (практиката во Израел и САд) и ќе бидат во состојба со чадот од моторите на небото да напишат што е потребно (тоа ја докажува исклучителната летачка вештина), а во борбените летови да понесат и до осум тони различно авионско вооружување.Посебен статус во воената авијација на Руската Федерација има 237. Центар за демонстрација на воздухопловната техника кој го носи името на најголемиот пилотски ас од Втората светска војна, Иван Никитовиќ кожебуба. Во состав на ескадрилата, сместена во воздухопловната база кубинка во Подмосковје, влегуваат само најдобрите руски пилоти. После уште една ригорозна селекција, тие стануваат припадници на две акроздруженија „Руски витези“ и „Стрижи“ (вид на ластовици). „Руските витези“ летаат на шест ловци Су-27 кои се обоени во боите на руското национално знаме – бела, црвена и сина. здружението често настапува на аеромитинзите ширум светот. Во средината на деведесеттите години од минатиот век „Руските витези“ претрпеле тешки загуби. Непосредно пред слетувањето на виетнамскиот воен аеродром „кам-Рам“ три „сухоја“ удриле во рид. Погинале четворица пилоти (едниот бил копилот). Истрагата покажала дека за несреќата е одговорна руската посада на транспортниот авион Il-76, која била задолжена за водење на навигацијата. Путин ја сочувал дружината „Руски витези“, барајќи од неа перфекција и за воздухопловите и за нивните пилоти. Во центарот 237. постои и друга акробатска ес-кадрила. дружината „Стрижи“ лета на девет ловци од типот Миг-29 и ја продолжува тра дицијата од 1946 година, кога из вр-

шу вала јавно покажување на ловечките

еКоноМсКи „џин“сепак русија не е економски „џин“. на воено и на економско ниво најразвиена земја се сад, која за својата војска одвојува 4,8% од буџетот, додека русија е зад неа со своите 4%. за Aмериканците 4,8% од буџетот изнесуваат 700 милијарди долари, додека за русија тие 4% изнесуваат 59 милијарди.

Page 40: 34-Shtit military

40

митирана од ограниченост, разединетост и во исчекување на устројување на пра во силноста на формално-правните ме ѓународни акти. И Република Ма ке-донија ги почувствува последиците од влијанијата и редефинирањето на по-литичко-економските односи. Се слу чи „глобализацијата”, која според дефи ни-ци јата означува состојба и процес на меѓусебна упатеност и поврзување на субјектите на меѓународната заедница, нивна меѓузависност и заемна потреба и интерес, како и просперитет на це-локупната популација во светот која резултираше со глобална економска кри-за, поттикната токму од најразвиените оп штества, почувствувана најмногу кај

РЕТРОСПЕКТИВА НА ГЛОБАЛНИТЕ ПРОМЕНИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СОВРЕМЕНИОТ ТЕРОРИЗАМ (1)

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ГЛОБАЛНИ ПРОМЕНИ

иту една држава во светот, ниту едно парче на земјината топка и ниту еден човек на планетата повеќе не се безбедни заради

пос ледиците од човековата активност или, пак, последиците од природните нарушувања.Владините и невладините организации, ху манитарните здруженија, научниците, екс пертите и многу други укажуват дека при родните катастрофи како што се зем-јотресите, вулканите, поплавите, пожарите, тајфуните и останатите природни појави, се резултат на глобалните нарушувања предизвикани од активности на човековата рака и ум.Но човековата активност не завршува со најавите за самоуништување предизвикани од непочитување на природните за ко ни-тости, искористување и уништување на животната околина, немилосрдната екс-плоатација на природните богатства, раз-војот на новите техничко-технолошки от-критија, глобалниот развиток на полето на економијата, индустријата, информатиката, електроинженерството, научните експери-мен ти, ширење на заразните бо лести и слично.Сè понагласена е желбата на човековиот ум за економски просперитет, брзо бо-га тење и обезбедување долготрајна жи-

вот на егзистенција, појава на економски криминал, менување на идеолошката мат рица, интеркултурализмот и масов-ната емиграција, подвоеноста на на-родите и етничките групи, верската и

националната конфронтација, корупцијата, урбаниот криминал, убиствата, масовна криминализација на општествата.Во такви околности, последните две де-це нии ги одбележаа транзиционите про-б леми на општествата, мани фести ра-ње то на екстремизам и национализам, не ефикасноста на меѓународните инсти ту-ции и колективните безбедносни системи, појавата на асиметричните закани и со-времениот тероризам, активностите по-врзани со организираниот криминал, шверц со луѓе, со дрога и со оружје и заканите од оружјето за масовно уништување. Се предизвикаа економски и воени кри зи на повеќе континенти и региони. Меѓу-на родната заедница интервенираше ли-

Page 41: 34-Shtit military

41

средно развиените и неразвиените земји и региони.како резултат на забавените и не-ефикасни одговори на глобалните закани и веќе отпочнатите регионални и светски кризи, 5.000.000 луѓе секоја година се наоѓаат во прогон, околу 600.000 луѓе умираат, 10-11.000.000 стануваат сиромашни, околу 25.000.000 лица се раселени низ светот од различни при-чини, а околу 5.000 луѓе се убиваат секоја година од оружје, не сметајќи ги секојдневните самоубиствени напади низ светот препознатливи преку „новото лице на тероризмот”.Се проценува дека денес светот го ка-рактеризираат исклучително слаби еко -номски ресурси, 45 од земјите во раз-ви ениот свет се со целосно пропаднати економии, наспроти само 25 развиени земји во светот. Очекувањата укажуваат на тоа дека до 2020 година 60% концентрацијата на луѓе ќе биде во поголемите места. Се претпоставува дека 66% од луѓето во светот се необразовани, со тенденција на зголемување на овој процент (http:/www.peaceoperations.org ).загрижуваат сознанијата според Пер со-новиот мировен центар (http://www.Jura.uni-frankfurt.de/INPe/links.htm, htpp:/www.usip.org,library/topics/peacekeeping.html), каде се наведува дека секој 15-ти во светот

поседува нелегално оружје и постои опас ност помладите да ги контролираат постарите во однесувањето, парите, оруж-јето и друго. Се претпоставува дека во светот денес има околу 300.000 деца–војници, од кои само во либерија 15.000, во Сиера леоне 10.000, а во уганда 8000 деца –војници.Сепак, наведените податоци укажуваат на настаните од минатото, а она што потсетува на современиот денешен свет тоа се глобалните промени и случувањата од 2001 година кога симболично се од-бележува периодот на современиот те-роризам и остварувањето на заканите од оружјето за масовно уништување.

насочија кон превентивно дејствување, рано откривање, соработка, координација и размена на разузнавачки информации. Контролата врз оружјето за масовно уништување се покажа како неопходна, а меѓународната заедница посвети особено внимание на мерките и активностите во борбата против тероризмот, посебно на неговото финансирање.Организацијата на ОН ги ревидираше ве ќе постоечките и донесе вкупно 12 нови резолуции за спротивставување на тероризмот, меѓу кои резолуцијата 1373 – документ со кој директно се да­ва можност за спротивставување на активностите на тероризмот. Во со др­жините на резолуциите, меѓу другите, набројани се следните обврски за земјите­потписнички: државите се задолжуваат да известат за нивните активности во борбата против тероризмот во рок од 90 дена; задолжително замрзнување на финансиските средства поврзани со тероризмот; прекинување на помошта кон лицата инволвирани во терористичките акти; преземање превентивни мерки на териториите за кои ќе се процени дека може да се користат за терористички акти; помош на други држави во спречување на криминалот; ефективно гранично обезбедување; зајакнување на размената на информации во врска со тероризмот; не дозволување азил за терористи; идентификување на поврзаноста помеѓу тероризмот и организираниот криминал.

д-р Методија Дојчиновски

по настаните од 11 септеМвриОгромен е бројот на експерти кои вршат анализи и истражувања по настаните од 11 септември во САд. заканите од тероризмот се најголемата опасност за 21 век кој штотуку започна. Тероризмот навлезе во сите општествени пори, а убиствен стана и стравот заради помислата дека терористите се доближуваат до хемиското, нуклеарното и биолошкото оружје (оружјето за масовно уништување). доколку би можеле за момент да се потсетиме на настаните по нападите врз

САд во 2001 година, со сигурност би можеле да кажеме дека се појави нова група на закани наречени „асиметрични”, додека војувањето е наречено „асиметрично (не конвенционално) војување”, меѓу кои можат да се набројат: современиот те ро-ризам; организираниот криминал; заканите и активностите поврзани со оружјето за масовно уништување; саботажите; ди-верзиите; самоубиствените напади; граб-нувањата; рекетирања; уцените; масовните труења и други форми на ужас.Тероризмот стана опасност број еден за целиот свет и за сите нации. Меѓународната солидарност и соработка е многу значајна, безбедносните-разузнавачките служби се

Page 42: 34-Shtit military

42

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА-КАТАСТРОФАТА

КОМБИНИРАН И КООРДИНИРАН ОДГОВОР

ги вклучува поз натите хемиски или нукле-арни опасности на фиксни локации каде најверојатните типови на инциденти и нив-ните веројатни консек венци се широко предвидливи. Поради оваа причина за вак-вите несреќи може однапред да се напра-ват детални планови за соодветната акција која ќе биде преземена. Постоењето на вак-ви планови ја редуцира веројатноста од правење грешки кои се резултат на одлуки-те донесени во кризни ситуации.

Усогласено делУвањеНесреќите влијаат врз општеството и око-лината. Тоа значи дека тие бараат комби-ниран и координиран одговор, поврзувајќи ги експертизата и ресурсите на спасувач-ките служби и локалните власти поддржа-ни од другите служби и организации. Не по-

е постои една универзална органи-зациона постапка ниту, пак, един-ствен организациско-шематски план кој ќе ја задоволи секоја потреба при

справувањето со секоја несреќа. Не сре ќи те, односно катастрофите можат да бидат од различен карактер:• Природни: бури, поплави, снежни врне-жи, лизгање на земјиштето, шумски пожари, земјотреси.• Технолошки: оштетување на конструкции на згради, индустриски несреќи и експлозии, ослободување на отровни и радиоактивни супстанци, транспортни несреќи и други.• Општествени: здравствени опасности (епи демии), труења во синџирот на исхрана.• Еколошки: загадување или контаминација на копно, во вода и во воздух.• Непријателски акти: терористички акти или

акции на непријателска држава.Под катастрофа или несреќа во поширока-та јавност генерално се подразбира голема несреќа или трагедија (катастрофа). Во кон-текст на итното планирање за несреќата мо-жеме да кажеме дека тоа е секој случај кој причинува смртна загрозеност, повреда, оштетување на имотот и на околината или нарушување на тековите на општеството, што поради скалилата на неговиот напор не може да биде решено со спасувачките служ-би или локалните власти како дел од нивни-те активности за ден или два.Причините за природните катастрофи и не среќи можат да бидат ненадејни и непредвид ливи, а извесни видови на ин-дустриски не среќи и техничко-технолошки несреќи носат ризици кои можат да се предмет и на ре довното планирање. Ова

ЦеЛта на овоЈ теКст е да иМ поМогне на оние Кои се вКЛуЧени во подготовКата на одговор на несреќи и да се даде предЛог за тоа КоЈ сè Би МожеЛ да Биде вКЛуЧен и КаКо Би се подготвиЛ за севКупниот одговор на несреќата. ова ги вКЛуЧува организаЦиите за Кои опасностите се деЛ од сеКоЈдневната раБота: поЛиЦиЈата, пожарниКарите, езерсКата сЛужБа, Брзата МедиЦинсКа поМош и ЛоКаЛните вЛасти и Многу други за Кои вКЛуЧувањето во справувањето со несреќа е повеќе сЛуЧаЈна раБота, но Кои неМа да Бидат повиКани да одговорат Брзо сè додеКа не се поЈави потреБа од нивно ангажирање. ова ги вКЛуЧува вЛадините институЦии, вооружените сиЛи, доБровоЛните организаЦии, КоМерЦиЈаЛните и индустрисКите КонЦерни, заедно со КоМунаЛните усЛуги на КоМпаниите за гас, за вода, птт и еЛеКтриКа.

Page 43: 34-Shtit military

43

стои самостојна организација која ги има на располагање сите неопходни потреб-ни ресурси за автономно справување со несреќата. Одговорноста во справувањето со несреќите секогаш останува на локално ниво каде се ангажираат расположивите ре-сурси и експертиза.Нема идеален одговор за несреќа - одго-ворот варира во зависност од природата и ефектите на несреќата. Сепак секој одговор мора да биде комбиниран со координирана операција и со соодветни карактеристики кои се заеднички при одговорот на повеќе несреќи. јадрото на иницијалниот одговор се обезбедува од спасувачките служби кои се поддржани од локалната власт или до-броволните здруженија и организации. Во зависност од околностите, во одредени (клучни) етапи од акцијата можат да се вклу-чат и различни агенции или организации, во-оружените сили и Владата. Основните цели на комбинираниот и коор-диниран одговор се исти и се применуваат за секоја ситуација и во секоја прилика. Она што е важно за комбинираниот одговор да биде ефективен, е тоа што истиот е по-требно да биде подготвен однапред преку планирање, обука и вежби.Почетниот одговор на несреќата обично го обезбедуваат спасувачките служби под-држани од локалната власт, но исто така можат да бидат вклучени и други служби и агенции. Спасувачките служби ја одржуваат состојбата на готовност со што обезбедува-ат брз одговор и ги алармираат локалните власти и другите служби колку што е мож-но порано. Сите организации коишто тре-ба брзо да одговорат на несреќата, имаат свои планови кои се активираат за кратко време по несреќата.Поединечните документи, процедури и пла-нови по кои се раководи секоја служба при справувањето со несреќа, потребно е прет-ходно да бидат координирани и усогласе-ни со документите, процедурите и плано-вите од другите служби и владините инсти-туции и служби. Преку усогласените и коор-динирани до кументи, процедури и планови, целта е да се обезбеди навремен, ефика-сен и ефективен одговор на секоја несреќа. Секоја служба или агенција која учествува во справувањето со несреќата има своја по-себна улога и функции:• Полицијата ги координира активности-те на оние кои настапуваат на и околу про-сторот што мора (освен ако несреќата била предизвикана од лошо време или друг при-роден феномен) да биде третиран ако има криминал и притоа соодветно треба да го заштити. Полицијата ги спроведува сите ис-траги кои се поврзани со криминални ак-тивности на погодената област. Исто така обврска на полицијата е да ја олесни ра-ботата на ангажираните служби и да ги об-работува сите информации кои се повр-зани со жртвите и има одговорност да из-врши идентификација и организација на транспортот на жртвите. Во оваа ситуација полицијата има улога на иследник и има правна одговорност за утврдување и истражување на причините и условите на смртта како последица од несреќата одно-сно катастрофата.• Првата грижа на противпожарната служ-ба е да ги спасува луѓето заробени под ур-натините и да ја спречат понатамошната ескалација од пожари или од справување со испуштените хемикалии и други опасности.• Брзата помош врши укажување прва по-

а исто така првична помош можат да укажат и оние кои се нашле во близина на наста­нот. За да се внесе ред во хаосот потребно е спасувачките служби да воспостават кон­трола над загрозеното подрачје и да ги ко­ординираат спасувачките активности. Иску­ствата покажуваат дека ефективниот одго­вор зависи од преземените решенија на те­ренот и од прет ходните подготвителни и вежбовни акции.Општо прифатено правило е првиот член на спасувачката служба кој ќе пристиг­не на местото на несреќата да не се вклу­чи во спасувањето, туку тој мора да напра­ви брза процена на несреќата и да даде извештај во контролата на службата. Вак­вата информација што е веднаш достап­на е обезбедена од природата на инци­дентот, несреќата или катастрофата и неј зината локација, бројот на мртвите, ране­тите, повредените, опасностите кои сè уш­те се потенцијално присутни на самото ме­сто, како и пристапот до самото место на несреќата и можните точки на сретнување. Дополнително, секоја од службите има свои сопствени побарувања. На пример, против­пожарната служба може да има побарувања на пумпи, возила и други уреди кои се по­требни за гаснење на пожарите на местото на несреќата.Службата којашто ќе ја прими првичната информација за процената на настраданото подрачје, во согласност со претходно под­готвените планови ја дистрибуира до оста­натите служби кои се инволвирани или се планира да се вклучат во отстранувањето на последиците од инцидентот, несреќата или катастрофата, како и до централната и до локалната власт.При справувањето со инцидентот, не сре­

мош на лице место на повредените од несреќата, а во соработка со медицински-те тимови врши прифаќање, прием и транс-порт на повредените лица од местото на несреќата до прифатните болнички центри.• Примарна задача на езерската служба е да врши координација, истрага, потрага и спасување во случај на несреќа во езерата или на крајбрежниот појас.• Главните одговорности на локалните вла-сти во случај на ненадејна несреќа вклу-чуваат координација и поддршка на спа-сувачките служби и други организации кои се наоѓаат на погодената област. како што времето поминува и последиците од несреќата се намалуваат, локалната власт постепено ја пре зема водечката улога во санирањето и воспоставувањето на нор-малната сос тојба на погоденото подрачје.• доброволците организирани преку до-броволни организации или како поедин-ци можат значително да придонесат во санирањето на последиците од несреќата на погодената област.• Индустриските или комерцијални орга-низации, вклучително и комуналните уста-нови, можат да одиграат клучна улога во справувањето со последиците од несреќата ако навреме го вклучат својот персонал. Овие организации можат да помогнат со обезбедување на опрема, услуги или спе-цијалистичко знаење по одредена област.• Воената помош може да биде искористена за поддршка на цивилната власт. Оваа по-мош во минатото била од големо значење во справувањето со многу несреќи. • Централната власт (Владата) може да се вклучи на најразлични начини во спра-вувањето со несреќата.како заеднички цели на сите служби и аген-ции кои се ангажираат при одговор на несреќа можеме да ги издвоиме следните: да спасуваат животи; да спречат ескалација на несреќата; да ги олеснат страдањата; да ја заштитат природната околина; да го за-штитат имотот; да ги олеснат криминалната, судската и други истраги; што е можно поб-рзо да ги вратат нормалните услови за жи-вот и за работа на погодената област.

одговор на едно МестоСекоја земја има големо искуство во спра-ву ва њето со несреќи на мал простор. кои мерки и активности се преземаат во вак-ви ситуации ќе биде дискутирано понатаму во текстот. Меѓутоа, она што е важно да се знае е дека ситуацијата на погодената об-ласт после несреќата е хаотична. Преживе-аните можат да си помагаат едни на други,

Page 44: 34-Shtit military

44

кациски и други врски, отсеченост од оста-натите делови на земјата, а со тоа и самиот пристап до местото на несреќата е значител-но отежнат. Самата несреќа ќе ги онеспосо-би или ќе ги уништи локалните ресурси и ќе ги блокираа пристапните копнени патишта. Во ваква ситуација помошта е првиот одго-вор на несреќата.Во вакви ситуации плановите за реакција треба да бидат флексибилни во согласност со промената на условите на теренот и во согласност со така променливите планови да се спроведува и доставувањето на по-мошта и справувањето со несреќата. Пре-цизното планирање треба да има одговор која организација ќе ја преземе водечка-та улога во зависност од типот и видот на несреќата. Во одредени случаи потребно е

спасувачката акција да се организира и на неколку нивоа (локално, регионално, наци-онално, меѓународно и сл.). Исто така треба да се има предвид дека планирањето во вак-ви ситуации е отежнато и многу е тешко да се ангажираат соодветните ресурси во ра-ните стадиуми на несреќата. Во овие случаи власта, најчесто во првичните стадиуми во справувањето со кризат,а се потпира на воо-ружените сили затоа што тие се единствена-та способна и организирана сила која може да се справи со хаосот кој го предизвикува несреќата од широки размери.Како што претходно споменавме, не постои универзален модел за справување со про-блемите кои ги предизвикуваат несреќите со широки размери. За да се олесни пона-тамошното испитување на причините кои ја предизвикале несреќата и за да се обезбе-дат докази за понатамошна истрага, неоп-ходно е сите одлуки, случаи и акции кои ќе бидат спроведени на теренот да бидат сни-мени. Секоја спасувачка служба треба да обезбеди сопствени снимки. Искуството по-кажало дека видеоснимките се корисен ре-сурс во обезбедувањето на докази од само-то место на несреќата. Доброто чување и анализирање на снимките овозможува пона-таму да се идентификуваат и научените лек-ции од справувањето со несреќата и истите да се применуваат во евентуални слични си-туации на одговор на несреќа во иднина.

Игор Ѓорески, Александар Главинов

ќата или катастрофата значајно е спасу-вачките служби да воспостават контро-ла над настраданото подрачје и да имаат меѓусебна координација при справувањето со несреќата. Вообичаено улогата на коор-динатор на настраданото подрачје ја пре-зема полицијата која воспоставува врски со сите инволвирани спасувачки служби на по-годеното подрачје. Со тоа на останатите спа-сувачки служби и организации им се овозмо-жува целосно да се посветат на реализација на своите специфични задачи.Активностите кои треба да се преземат во почетниот момент на настраданото подрачје се следните:– определување на водечка служба која ќе

ги контролира и ќе ги координира активно-

стите на местото на несреќата;– уредување и означување на контрол-

ните и на приодните места до место-то на несреќата со цел да се обезбеди за чувување на доказите од местото на несреќата и да се обезбеди непречена ра-бота на спасувачките служби;

– определување на локација за собирно ме-сто за преживеаните, пред тие да бидат преземени во прифатниот центар за пре-живеани, место каде ќе им биде укажана прва помош на преживеаните и ќе им се обезбеди сместување во амбулантниот транспортен центар на оние кои мораат да бидат пренесени во болница;

– обезбедување на локација каде ќе се среќаваат останатите кои учествуваат во спасувачката акција;

– обезбедување на место каде ќе се сместу-ваат возилата на службите и на остана-тите возила кои ќе пристигнат на место-то на несреќата, регулирање на протокот на сообраќај во и надвор од местото на несреќата;

– определување на место од каде ќе се врши контакт со медиумите.

Во оваа ситуација потребно е да се определи внатрешниот кордон на несреќата и тоа ме-сто да се организира за спасувачките служ-би да можат непречено да си ја вршат рабо-тата на самото место на несреќата. Тоа овоз-можува спасувачките служби да се органи-зираат и да ја спречат ескалацијата на инци-дентот и да обезбедат почетни информации за несреќата, да дадат сигнал доколку е по-требна евакуација, да предупредат на други опасности кои можат да произлезат од нена-временото интервенирање и слично. луѓето

мора да бидат опремени со соодветна спасу-вачка опрема пред да влезат во внатрешни-от кордон на несреќата. Оние лица кои го на-пуштаат местото на несреќата треба за тоа да ги известат службите и лицата кои се за-должени да ја контролираат пристапната точка со местото на несреќата.Во зависност од можностите со кои распо-лагаат спасувачките служби, секоја служба може да си организира своја контролна точ-ка со комуникациска опрема за ко ординација на спасувачката акција. Искуството покажу-ва дека контролните точки на спасувачките служби најдобро е да бидат групирани во не-посредна близина на местото на несреќата.Практиката покажува дека е потребно ме-стото на несреќата да се обезбеди во некол-ку кордони. Првиот надворешен кордон тре-ба да биде поставен околу самото место на несреќата со цел да се координира самиот пристап до целото место на несреќата. Тоа ќе им овозможи на спасувачките служби не-пречено да ја извршуваат својата работа. Пристапот преку надворешниот кордон за важните служби кои примарно не се занима-ваат со спасување треба да биде овозможен преку посебна пристапна точка. Потоа над-ворешниот кордон може да се надополнува со сообраќајниот кордон.Во овој кордон се воспоставува внатрешен сообраќаен режим за возилата на спасувач-ките служби и на останатите возила. Потоа може да се побара целосна или делумна за-брана за користење на воздушниот простор над местото на несреќата затоа што бучава-та и струењето на воздухот можат да ја от-ежнат работата на спасувачките служби, да го отежнат справувањето со пожарите, да оштетат дел од имотот, да ги уништат до-казите, а присуството на неовластени ле-тала над местото можат да предизвикаат и недоразбирање со полицијата и леталата кои се ангажирани во спасувачката локација.корисна практика е да се планира некое лице од спасувачките служби да контактира со соодветните претставници на локалната власт кои ќе бидат присутни на местото на несреќата и да одржува врски со координа-торот на работата на спасувачките служби кои се справуваат со несреќата. Ова лице за контакт би било од корист во случај да има потреба од воспоставување на контакт за ангажирање на други дополнителни спасу-вачки служби или доброволци.Овие лица за контакт потребно е да би-дат опремени со соодветни средства за комуникација преку кои ќе остваруваат контакт со сите спасувачки служби кои се на теренот, како и со претставниците на централната и на локалната власт, со ме-диумите и со надворешниот свет. Оваа комуникација е неопходна во случај кога треба итно да се обезбедат и да се доста-ват ресурси однадвор за потребите на ме-стото на несреќата. Ако несреќата се случи-ла во индустриска зона пожелно е спасувач-ките служби да воспостават контакт со од-говорното лице на организацијата каде што се случила несреќата и со понатамошна за-едничка координација да се продолжи со справувањето со несреќата.

справување со широКо распространети несреќиВо густо населените земји кога се појавува ваков вид на несреќа, и последиците можат да бидат огромни, со многу жртви, униште-на инфраструктура, прекинати телекомуни-

Page 45: 34-Shtit military

45

ранции, формирајќи дел од заедничкиот, колективен безбедносен систем.Заканите од воена природа се сè по­ма ли, додека на интензитет сè повеќе до биваат меѓународниот криминал, те­роризмот, ризикот од саботажи на ви тал­ната инфраструктура, илегалната ими гра­ција, недостатоци во почитувањето на демократијата, човековите права и по чи ту­ва њето на законите итн. Новите закани бараат нов концепт и нови инструменти за безбедносната политика. Со своите енормни економски и политички ресурси, ЕУ е без споредба најважната организација во Европа кога се работи за промоција на „меката“ безбедност (soft security).

ОСВРТ НА ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО АЛИЈАНСИТЕ – II

КОНЦЕПТОТ НА НЕУТРАЛНОСТ И СЕВКУПНАТА ПОЗИЦИЈА

НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ

ога станува збор за неутралната политика, една од стратегиите на малите земји за избегнување на „замките“ од членството во некоја

алијанса и избегнувањето да се најдат „де факто“ како вазали во „рацете“ на големите, принудени да прават одредени отстапки во нивната надворешна политика во замена за заштита од поголемите земји, е прифаќањето на неутралната политика. за да се заштитат од непријателствата, швајцарија, шведска и Австрија, кои не се членки на НАТО, се определиле за неутрална политика. шведската политика на неутралност пос-те пено се развила започнувајќи околу 1840 година. Таквата шведска неутрална политика почива на унилатералните одлуки на шведската Влада и шведскиот Риксдаг (парламент). значи, таквата политика таа не ја изградила на меѓународни до-го вори како Австрија, швајцарија и Фин-ска. Веднаш по Втората ветска војна, шведската неутрална политика била ба-зи рана на силните одбранбени сили. Факт е дека кон крајот на 1940 г. и за време на 50-тите години шведските одбранбени сили биле едни од најмоќните во Европа, сè до 1990-тите шведската неутрална по-литика изискувала несврстување за време на војна со тенденција да остане неутрална и во случај на војна. Во текот на 1990-тите, шведската Влада прекинала да го користи терминот „неутрална политика“ кој постепено го заменила со изразот „ неучество во воени сојузи“. Во последниве

години шведска е инволвирана во повеќе меѓународни одбранбени и безбедносни политики на соработка отколку што биле можни за време на поранешната епоха на неутралност. шведска соработува со „новиот НАТО“, зема учество во НАТО, Партнерството за мир, ПфП-со-ра ботката, и во Евроатлантскиот совет за партнерство. Таа има испратено свои сили да работат со НАТО, со Русија и со другите за одржување на мирот во БиХ и во косово. Но, сепак, шведска сè уште не е подготвена да стане полноправен член на НАТО, на тој начин обврзувајки ја земјата да соработува во согласност со Глава 5 од НАТО-договорот, бидејќи така покренува потреба за заеднички безбедносни га-

Page 46: 34-Shtit military

46

договор. Тие побараа полноправно член ­ство во алијансата не само заради без ­бедноста што ќе им ја даде НАТО, туку и за да го демонстрираат своето пол­ноправно членство во постстудена Ев­ропа. Некои мали земји, иако во НАТО, се сè поголеми ентузијасти за Европската безбедносна организација во рамките на ЕУ отколку поголемите земји. Сепак, малите земји, давајќи ги своите ограничени можности на алијансата, можат да имаат големи придобивки од ангажирањето во алијансата, а не само да ја зголемат својата воена безбедност. Тука станува збор за стекнување различни придобивки – не само воена корист туку, на пример, зголемување на пазарот или на подршката на својот политички режим. Еден од проблемите со членството во алијансите е сепак тоа што тоа често бара малите земји да направат значителни автономни отстапки, дозволувајќи сојузите или поголемите земји, да добијат одредено влијание преку нив. Покрај тоа, врските со алијансата можат да ја намалат дипломатската флексибилност на малите земји во спречувањето на политичките кризи во меѓународната политика од ескалирање кон сите кои не се вклучени во војната, додека станува се понеизвесно дали сојузот чесно ќе се заложи за нивна воена поддршка во случај на вооружен конфликт или војна.

МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО СОВРЕМЕНИОТ СВЕТДа се биде голема земја е добро од две причини: просперитет и безбедност. Голема земја истовремено значи и голем пазар. Големите земји исто така се и помоќни и постои помала опасност да бидат поделени. Но во современиот свет и двете предности изгледа се намалени. Глобализацијата ги отвори пазарите низ целиот свет. Кина и Индија стануваат сè побогати бидејќи имаат пристап на пазарите во развиениот свет, а не заради својата големина и своите големи пазари. Малите земји, во современиот свет можат да тргуваат уште поуспешно, дури и полесно. Пример за тоа се Сингапур и Швајцарија.Малите земји, исто така, повеќе не се синоним за небезбедност. Иако многу мали земји во Европа ја имаат зголемено својата безбедност со приклучувањето во НАТО, сепак приклучувањето во колективната безбедност не е апсолутно неопходно за некоја мала земја. Ирска и Швајцарија не се членки на НАТО и прашање е дали некогаш ќе бидат нападнати или се во опасност од напад. Факт е дека големите земји денес се помаку експанзионистички настроени од причини што освојувањето и окупирањето на малите земји може да значи и голем проблем или непотребна главоболка како што тоа се покажа со САД во Ирак и во Авганистан. Како што исчезнуваат традиционалните слабости на малите земји, така малите земји остануваат само со своите предности. Пред сè, малите земји тежнеат да бидат повеќе хомогени. Тоа ги прави помалку склони на граѓански судири и на диктаторства. Тоа, исто така, значи и висок степен на социјална сигурност. Исто така за владите на малите земји е

Финскиот концепт за безбедноста се те-ме ли на придобивката од членството во Еу кое не бара заедничка одбрана со традиционално значење (според членот 5), но кое се базира на прифаќањето на влијанието, заедничката солидарност и ширењето на ефектите од практицирањето и искуството на политичката и економската интеграција. како резултат на тоа, Финска постојано го поддржува зајакнувањето на способноста на Еу да работи на својата заедничка надворешна и безбедносна политика, во последно време исто така и во заедничката безбедносна и одбранбена политика – за почеток во практикувањето на военото кризно менаџирање.Стабилноста и безбедноста во не пос ред-ниот регион се најдобро промовирани и осигурани од страна на Финска и швед-ска, како држави надвор од НАТО, но со респектабилни национални одбрани прилагодени на локалните услови и на историското искуство.што се однесува до швајцарија, лоцирана во срцето на Европа, таа традиционално следи една безбедносна политика зас-нована на идејата дека земјата е окружена со непријатели наместо со пријатели. Многумина тоа го нарекуваат херојски акт со кој швајцарската влада лансирала една нова безбедносна политика наречена „безбедност низ соработка“. Причината зошто крајот на Студената војна во Европа нема никакво влијание врз швајцарската надворешна и безбедносна политика лежи во упорноста за не утрал-ност. дополнително, швајцарското од-бива ње на политичкиот систем на Еу ја зголемило оддалеченоста помеѓу Брисел и Берн. Таквата политика ја води земјата кон степен на надворешна и безбедносна дилема: од една страна НАТО-членството е политички посакувано, но и неможно, барем не во блиска иднина.Од 1955 година па наваму, статусот на (перманентно) неутрална земја ì служел на Австрија како еден инструмент на нејзината надворешна и безбедносна политика и како еден симбол за развој на австрискиот идентитет. Сепак, од крајот на 1980-тите важните легални и политички аспекти на неутралност се имаат променето. Постојаната неутралност по-ме гу Истокот и западот беше помалку или повеќе ефективно средство за заштита на Австрија од воена блoкада за време на Студената војна. Сепак, концептот на неутралност се има изменето заедно со концептот на алијансите. Тоа не значи автоматска спротивност дека неутралните земји сега ќе мора да се приклучат кон НАТО (единствената воена алијанса). Тоа само значи дека статусот неутралност може да има друго значење. Неутралноста на Австрија неколкупати се адаптирала во зависност од менувањето на ситуацијата: членството во ОН, дозволата за авионите на антиирачката коалиција да прелетуваат преку австриската територија во за-лив ската војна итн. Неутралните земји денес имаат желба да учествуваат во меѓународните операции. Тие не можат да останат далеку од секој конфликт. Фактот дека австриската неутралност повеќе не изгледа како на почетокот не значи дека таа престанала да постои.

Сепак, шведска, Австрија и Финска се мошне внимателни за многу поблиску поврзување со алијансата, сметајќи дека безбедносниот став во рамките на Еу е поприфатлив за нив. Програмата „Партнерството за мир“ исто така претставува моќна алтернатива за тие мали земји кои не сакаат или не можат да се зачленат во НАТО.

нато – единствената воена аЛиЈансаВоените алијанси, дефинирани како на почетокот во текстот, го имаат изгубено нивното значење по завршувањето на источно-западниот конфликт. Се поставува прашањето: како НАТО (како единствена воена алијанса) може да опстои во

отсуство на сериозен опонент? НАТО се менува. НАТО ги трансформира неговите структури. НАТО направи две работи – ги вклучи поранешните земји на Варшавскиот договор и развива силна соработка со Русија. Најважно од сè, целта (определбата или причините за формирање) на НАТО од времето на Студената војна – одвраќање од нуклеарен напад и колективната од-брана станува сè помалку и помалку важна. Тој концепт ги дефинира основните цели на Aлијансата, како одбраната на НАТО-територијата од некој поголем напад. затоа денес активностите на НАТО сè помалку се концентрирани на колективната безбедност. НАТО никогаш повеќе нема да се фокусира на некоја поединечна мисија, односно на колективната безбедност како што тоа беше за време на Студената војна.НАТО сега се фокусира на менаџирање на кризите, на операциите за зачувување на мирот, на хуманитарните операции, но исто така и на наметнувањето на мир во за него интересните региони. „Новиот НАТО“ игра поразлично од „стариот НАТО“. Програмата „Партнерство за мир“ е дизајнирана според новите побарувања на НАТО. Соработката на ПзМ-партнерите со НАТО може да биде организирана на индивидуално ниво низ вежби за зачувување на мирот, воена соработка, контакти и слични активности.Некои од малите земји во Европа на НАТО гледаат првенствено како на во-е но-безбедносна алијанса (сепак, со раз личен степен на ентузијазам). Нај го-ле ми поддржувачи од малите земји се поранешните членки на Варшавскиот

Page 47: 34-Shtit military

47

полесно да ги имплементираат сите добри политики и предности кои можат да бидат преземени од други успешни земји. Малите хомогени земји, исто така, сè помалку се наоѓаат во ситуација да трошат пари на ѓаволски тешките проекти за „купување“ на незадоволните малцинства. Членувањето или нечленувањето на малите земји во сојузите (алијансите) сега значи различна цена и корист отколку во ерата на Студената војна, што е и природно бидејќи и безбедноста и алијансите се имаат изменето.денес, дваесет па и повеќе години по Студената војна, може да се заклучи дека сè помалите закани по безбедноста на помалите земји ја имаат намалено релевантноста на алијансите. како резултат на тоа малите земји имаат поголем интерес и желба за некаков вид специјални врски со безбедносните организации отколку нивно полноправно членство. Но, тоа, сепак зависи од факторите што се спомнати погоре во текстот.

ЧЛенството во натоЧленството во НАТО претставува можност малите земји да се најдат на меѓународната сцена, иако тоа носи и поголема изложеност на понекогаш комплицираните меѓународни односи. Често граѓаните на малите земји си го поставуваат прашањето дали членството во алијансите (НАТО) не носи и дополнителни трошоци. Искуствата на малите земји кои веќе се членки на НАТО-алијансата (Чешка, Словенија и др.), говорат дека членството во НАТО не носи никакви дополнителни трошоци.

секторот на одбраната е единствен или клучен услов или, пак, е политичка одлука, од искуството на Република Македонија може слободно да се каже дека тоа е комбинација на тие два фактори, но и дека со сигурност преовладува политичкиот фактор затоа што поканата за членство во НАТО ја донесуваат шефовите на држави и влади на земјите-членки во Алијансата.Секоја дражва мора да ја избере онаа политика за која мисли дека е нај ком-патибилна со националниот и со ре гио-нал ниот аспоект, но и со домашните окол ности. Во правењето на изборот е потребна мудра одлука, прагматизам и вистинската процена, при што е потребно да се земе предвид фактот дека при зачленувањето во која било меѓународна организација земјата губи дел од својот суверенитет т.е. дел од својот суверенитет го дава на меѓународната организација.

Само тогаш земјата ќе успее да има своја успешна надворешна политика која ќе биде ефикасна во обезбедувањето на потребната безбедност. Само така една земја ќе ја обезбеди судбината што обично ги снаоѓа помалите и послабите земји во светската политика. Што се однесува до приклучувањето на Македонија во НАТО, иако постои консензус на сите релевантни политички партии во Република Македонија, и покрај исполнувањето на стандардите и условите поставени од НАТО, под притисок на силната грчка дипломатија Грција успеа проблемот со името да го наметне како дополнителен услов за влез на државата во НАТО.

м-р Симеон Митрев

Без оглед на тоа дали некоја земја е членка на некоја алијанса или не, потребно е одржување на сопствената армија, нејзино обучување, организирање на вежби, развој на сопствените вооружени сили. Останувањето надвор од колективните системи на одбрана бара поголеми трошоци за одржување на сопствениот одбранбен систем т.е. индивидуалната безбедност е сигурно многу поскапа во споредба со безбедноста на членките на НАТО бидејќи не е можно една мала земја да ги има сите капацитети кои во случај на членство во колективната безбедност се надополнуваат со капацитетите на другите земји-членки во алијансата.што се однесува до критериумите за влез во НАТО и дали нивото на реформите во

Page 48: 34-Shtit military

48

нансиска помош; – имотот на Сириската централна банка во ЕУ е смрзнат и е забрането да се пра-ват фондови или достапни економски ресурси, но провизијата дозволува ле-гитимната трговија да продолжи под ут-врдени услови;– забрана за трговија со злато, скапоце-ни метали или дијаманти со сириските јавни тела и централната банка;– забрана за снабдување со банкноти и монети за Сириската централна банка;– земјите-членки не смеат да даваат нови грантови и одобренија за заеми до сириската влада;– замрзнување на имотот на 39 енти-тети и 114 лица одговорни за насилната репресија против цивилната популација во Сирија или поддршка-придобивки од режимот;– забрана за виза на 114 лица одговор-ни за насилната репресија против цивил-ното население во Сирија или поддршка-придобивки од режимот;– забрана за извоз на опрема, тех но-логија или софтвер со намена за мони-торинг или прекин на интернет или теле-фонска комуникација.

ЕУ ПО ВЕТОТО НА РУСИЈА И КИНАЗбиднувања кои се случија во ООН со ветото на Русија и Кина уште еднаш кај голем дел од нејзините земји-членки ги подгреа сомнежите за тоа дали ООН е организација која може да ги реши проблемите уште од самиот почеток. Всушност ООН со нејзините членки кои

МЕРКИТЕ НА „СТАРАТА ДАМА“

аканите од страна на САд за во-ведување на санкции против Сирија одеа во ист правец како и оние на Европската унија, кои ги

опфативме во минатиот број во првиот дел. Ова првпат се случи на 18 мај 2011 го-дина. Американската иницијатива со ова даде до знаење дека веќе нема да ја то-лерира бруталноста на „стишување“ на протестите од властите во Сирија. Пред-ложените санкции на САд беа за одреде-на мера проширени за разлика од оние на Еу бидејќи тие опфаќаа и санкции против шест останати лица од Сирија, како и против две лица од Иран чии еди-ници, според САд, работеа за сириското разузнавање. Сепак, овие санкции за си-риските власти беа премногу симболич-ни. Режимот на Асад всушност имаше не-колку имоти и средства во САд и беше неверојатно тешко дека воопшто неко-гаш ќе ја посети Америка.Овие санкции против сириската власт дојдоа во период кога администрацијата на Обама беше нападната пора-ди неангажирањето во Сирија, а од дру га страна спроведуваше воена интервенција во либија.

дефинирани МерКи на еуНавраќајќи се на активностите на Европ-ската унија, останатите мерки опфаќаа:– забрана за увоз на сурова нафта и на-фтени деривати од Сирија. забраната опфаќа увоз, купување и транспорт на вакви продукти, како и слични финан-сии и осигурување. забраната исто така

вклучува забрана за слична техничка или финансиска помош;– забрана за инвестирање во сириска-та нафтена индустрија и компании ан-гажирани во изградба на нови цен-трали за производство на електрична енергија во Сирија. Ова опфаќа заеми и кредити, аквизиции или зголемување на партиципацијата и креација на нови за-еднички трошоци;– забрана да учествува во изградба на нови централи, вклучувајќи слична тех-ничка и финансиска помош;– забрана за извоз во Сирија на клучна опрема и технологија за нафта и гасна индустрија. забраната исто така вклучу-ва и забрана за слична техничка и фи-

АРАПСКАТА ПРОЛЕТ И УЛОГАТА НА ЕУ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗ АТА ВО СИРИЈА – II

Page 49: 34-Shtit military

49

може да стават вето често ја покажува-ше борбата за националниот пред свет-скиот интерес. Оваа состојба затскри-ена во повисоки цели се случи токму и на гласањето за нови санкции во Сирија. Впрочем на ветото поставено од страна на кина и Русија (прво вакво двојно вето по 2008 година кога овие две членки ги одбија санкциите кон зимбабве), беше отфрлена резолуцијата со која треба-ше да се преземат санкции во случај ре-жимот на Ал Асад да не го прекине на-силството во Сирија. Реакцијата од ев-ропските земји-членки на ветото во Со-ветот на ОН од страна на Русија и кина беа брзи и жестоки. Франција изјави дека она што го направија Русија и кина сега носи морална одговорност за насилство-то во Сирија. Со ова францускиот мини-стер за надворешни работи јасно даде до знаење оти смета дека процесот во Советот за безбедност во ОН е парали-зиран, а виновниците за ова ги гледа во Русија и во кина. Покрај ова, тој нагла-си дека она што се наметна во Советот за безбедност е морална дамка, бидејќи она што се случува во Сирија е сосем не-прифатливо. Од друга страна, пак, Сергеј лавров, министерот за надворешни работи на Русија, некои до изјавите од запад ги квалификува дека се на „работ на хистерија“. Иницијативата која Русија ја презема на ова поле се директни разго-вори со претседателот Башар ал Асад. западните земји ова го квалификуваа како комплетно непотребна реакција, а

вам сирискиот режим целосно да сорабо-тува со Кофи Анан и ги охрабрувам член-ките на Советот за безбедност да рабо-тат во оваа насока“. Со ова, конечно, после подолго време на повидок е одредено практично реше-ние за Сирија. Планот на Кофи Анан за ставање крај на крвавиот конфликт во Сирија, со кој се бараше прекин на огнот и присуство на организации за помош, конечно ги отвори вратите за посерио-зен пристап кон решавање на кризата. За ЕУ овој план беше најдобар од оние кои се карактеризираат како лоши. Спо-ред „European Voice“, ЕУ имаше три пла-на и тоа:– воена интервенција на ЕУ во Сирија. Со ова на ризик се става пред сè населени-ето на Сирија;– продолжување на необјавената војна со поддршка на сириската опозиција. По-вторно оваа опција имаше огромно не-гативно влијаеше на сирискиот народ. Овде постоеше и стравот од етничко разделување на народот со што уште повеќе ќе се зголемеа страдањата на на-родот и – третата опција, опцијата на ОН и Кофи Анан. Со ова ЕУ ја префрли одговорно-ста на ОН. Ниту една од овие три опции не нуде-ше крајно решавање на кризата. Европ-

ската унија, со оглед на состојбата, го поддржа најдоброто понудено од, како што е погоре наведено, трите лоши решенија. Сепак, во изјавата на Кетрин Аштон и нејзиното детерминирање на сириското водство како режим (а со тоа и потребата за смена на овој режим и формирање на демократско опште-ство) како прашање повторно се поста-вува успешноста на овој план пред него-вото имплементирање. Со ова се става под знак прашалник дали и на ова реше-ние ЕУ гледа скептично и дали ова реше-ние за ЕУ е само купување на време за нова офанзива за решавање на сириско-то сценарио.

м-р Дарко Стерјовски

она што Русија и кина го направија всуш-ност е прикривање на поддршката која овие земји му ја даваа на претседате-лот Ал Асад. Ова уште повеќе се нагла-си со отворената руска изјава дека ова вето го стави бидејќи смета дека со оваа резолуција ОН се мешаат во внатреш-ните работи на една земја. Европејците и САд зад оваа одлука гледаа под-дршка кон стариот советски пријател (на територијата на Сирија се наоѓа един-ствената преостаната руска (советска) поморска база) кому Русија и сега му продава големи количини на оружје. Со ова вето, Русија и кина, меѓу другото, оневозможија воена интервенција на ОН во Сирија.Во врска со ваквиот настан во ОН, фран-цускиот министер за надворешни рабо-ти, господинот Алан јупе, за француска-та телевизијата BFMTV изјави: „Европа повторно ќе ги зајакне санкциите кон си-рискиот режим. Ние ќе се потрудиме да го зголемиме меѓународниот притисок и ќе дојде време кога режимот ќе сфати дека е комплетно изолиран и не може да продолжи“. Тој ветото го нарече морал-на дамка на ОН. Ваквите изјави беа под-држани и од останати Еу земји-членки, меѓу кои и од Белгија. Така белгискиот министер за надворешни работи, диди-ер Рендерс, изјави дека постои потреба

за „нови рестриктивни мерки“ и воедно дека постои „големо разочарување“ за самото вето и додаде дека „ова е мра-чен ден за Советот за безбедност, за си-рискиот народ и за сите демократи“.

нов повидоК за МирНа 21 март оваа година катрин Аштон ја поздрави одлуката на Советот за без-бедност на ОН. Таа изјави: „Од почетокот ја нагласив мојата целосна поддршка на здружените напори на ОН, на Арапска-та лига за Сирија, на кофи Анан и на не-говиот план. Оваа едногласна изјава ги зајакнува неговите напори за запирање на насилството и го олеснува мирното решение за Сирија. Повторно го повику-

АРАПСКАТА ПРОЛЕТ И УЛОГАТА НА ЕУ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗ АТА ВО СИРИЈА – II

Page 50: 34-Shtit military

50

емократска Република Авганистан, 1979 година. Земјата тогаш се наоѓа под советска зона на влијание. Вое-нотехничкиот договор кој на Совет-

скиот Сојуз му овозможува да ја потпома-га војната на просоветското раководство на чело со претседателот Хазифулах Амин против муџахединските бунтовнички фрак-ции во земјата, Авганистан го користи со постојани барања за упатување на техни-ка (тенкови и воздухоплови), но подоцна дури и трупи за борба против растечкиот муџахедински отпор. Во опкружувањето се случуваат крупни геостратегиски промени. Под покровителство на САД, Израел и Еги-пет склучуваат мировен договор. Тогашни-от советски лидер Брежњев, заедно со со-работниците, ова го доживува како пробив

На 3 јули 1979 година председателот на САД, Џими Картер, потпишува таен акт за финансирање на антикомунистич-ките герилски елементи во Авганистан, операција „ЦИКЛОН“ која ќе ја изведува Секторот за специјални активности на ЦИА. Операцијата, покрај разузнавачката под-дршка, предвидува масовно вооружување на муџахедините.Чашата била прелиена откако станицата на КГБ во Кабул известила дека поради кон-тактите на Амин со претставници на САД, но и поради неговото наводно учество во убиството на поранешниот просоветски председател Мухамед Тараки, најверојатно е дека истиот е платен и работи за ЦИА. Во тој момент раководството на СССР одлучу-ва – Амин да се ликвидира, а Авганистан да се окупира. ЈАВНА ПРЕМИЕРА НА СПЕЦНАЗСоветската воена инвазија започнува со тајна увертира која го најавува големо-то финале. Првата јавна призната преми-ерна акција на првите меѓу најдобрите, СПЕЦНАЗ-групите АЛФА и ЗЕНИТ, инаку стручно подредени во тоа време на тре-тата управа на КГБ (Комитетот за држав-на безбедност). Иако многумина смета-ат дека првата современа примена на со-ветските специјални сили за првпат е за-бележана при окупацијата на Чехословач-ка ноќта на 20 август 1968 (операција „Ду-нав“) операцијата во Кабул во 1979 година е јавно „огнено крштевање“ и почеток на јавната слава на СПЕЦНАЗ-силите.Согласно планот две борбени СПЕЦНАЗ-групи, АЛФА и ЗЕНИТ, со околу 700 при-

на американското влијание во регионот и бара решение како да го запрат американ-ското, а воедно да го зацврснат и да го про-шират своето поле на влијание и интерес.Април 1979 година. Советската комисија за Авганистан во состав Јури Андропов, раководител на КГБ на СССР, Борис Поно-марев од Централниот комитет на КП на СССР и Дмитри Устинов, министер за од-брана на СССР, му реферираа на Брежњев дека лојалноста на авганистанскиот лидер Амин кон СССР е доведена во прашање поради неговите тајни обиди да создадат цврсти дипломатски и воени односи со Па-кистан и со Кина, но пред сè поради тоа што КГБ открил неколку тајни состаноци на Амин со американскиот висок дипломат Брус Амстуц.

ОШТРИЦАТА НА СССР

СПЕЦИЈАЛНИ (АСИМЕТРИЧНИ) ОПЕРАЦИИ – СПЕЦНАЗ ВО КАБУЛ

Page 51: 34-Shtit military

51

падници облечени во авганистански уни-форми биле инфилтрирани во близина на Кабул со задача да извршат брзи препа-ди врз неколку владини и армиски објекти со цел парализирање на комуникациите и оневозможување на системот за врски и командување со авганистанската армија. Дел од групите АЛФА И ЗЕНИТ биле одре-дени за заземање на палатата Таџбег и ликвидирање на авганистанскиот лидер Ха-физулах Амин.Палатата Таџбег била изградена од арми-ран бетон на возвишување со одличен пре-глед од 360 степени околу неа. Ја сочину-вале три поврзани објекти со еден един-ствен влез и излез од неа под констант-но обезбедување на гардата на Амин. Покрај фактот дека палатата била обе-збедувана од околу 200 гардисти кои на располагање имале 11 тенкови од совет-ски тип, операцијата на СПЕЦНАЗ ја отеж-нувала и непосредната близина на Глав-ниот Штаб на авганистанската Армија со сопствено обезбедување и ПВО-средства (противавионски митралези). Дополнител-но, во близина се наоѓала и станица на жандармеријата. Но од пресудно значење биле разузнавачките податоци за распо-редот на обезбедувањето и огнената моќ што КГБ и ГРУ (военоразузнавачката служ-ба на ВС на СССР) кои ги доставиле до пла-нерите на операцијата.Конечно за напад на палатата се одреде-ни две групи: АЛФА која е составена од јуришниот одред ГРОМ (25 командоси со два лесни амфибиски тенкови ПТ67 во-оружени со по еден противавионски топ „23-4 Шилка“, шест оклопни траспорте-ри „БТР 60“ вооружени со тешки митра-лези 14,5 mm КПВТ, и спрегнати митра-лези 7,62 mm ПКТ и шест борбени вози-ла на пешадијата БМП 1) и одредот ЗЕНИТ составен од 25 опеартивци на КГБ обу-чени за урбана борба. На 27 декември во 19:00 часот експлозијата со која останати-те СПЕЦНАЗ-групи го онеспособиле цен-тарот за врски во Кабул била знак за по-четок на нападот на палатата Таџбег. Про-тивавионските митралези „Шилка“ од тен-ковите Т-60 отвориле концентриран оган кон влезот на палатата со што отпочнало огненото штитење на движењето на одре-дите ГРОМ И ЗЕНИТ на позициите позади палатата од каде требало да се пенетри-ра во внатрешноста на објектот. Одредот ГРОМ до позициите позади палатата се движел во транспортерите БМП 1, додека

ат со чистење на приземјето. Бранители-те се повлекуваат на вториот кат на пала-тата од каде почнуваат очајничка одбра-на со тешки митралези и рачни бомби, при што доаѓа до блиска борба во ходниците на палатата. Командирот на Алфа-групата по радиоврска побарал огнена поддршка од противавионските митралези „Шил-ка“ монтирани на двата тенка „т-60“ пред палатата, а овие отвориле урагански кон-центриран оган на вториот кат. Штом „Шилките“ ги испразниле своите кутии со муниција, припадниците на АЛФА-одредот во брз напад, штитејќи се меѓусебно со оган, отпочнале да го чистат целиот кат со рачни бомби во секоја просторија и секој ходник. Во акцијата на вториот кат со рачни бомби и рафален оган е напад-нат и резиденцијалниот кабинет на авга-нистанскиот лидер Хафизулах Амин, при што тој е убиен заедно со членовите на семејството и неколкумината соработни-ци. Со неговата ликвидација е завршена акцијата на СПЕЦНАЗ за иницирање на советската инвазија врз Авганистан. Во гореспоменатата акција според некои из-вори загинале само пет припадници на СПЕЦНАЗ-силите.Истиот ден советската 103. гардиска воз-душно-десантна дивизија слетала на ае-родромот во Баграм со што започнало првичното распоредување на советските трупи кои за само неколку дена достигна-

ле повеќе од 100.000 воен персонал и над 1.800 тенкови, како и преку 4.000 воени слетувања.

ЗАВРШНА АНАЛИЗАСо прецизно планиран брз удар со низок интензитет Советите го избегнале кла-сичното судирање на конвенционални сили што би довело до големи жртви и до разрушување на градот и на инсталации-те. Со оваа акција СССР заштедил драго-цено и непроценливо време и навремено и без поголеми потешкотии, за многу крат-ко време ја извел операцијата на едно од најголемите распоредувања на конвенци-онални воени сили после Втората светска војна.

Владимир Јованоски

одредот ЗЕНИТ пеш со претрчување. За-ради создавање на состојба на забуна, па-ника, дефокусираност и безизлезност, со-гласно планот на Генералштабот на СССР, во ист момент кога почнал нападот на па-латата, јуришната група КАРАНДОЈ (со-ставена од делови на ЗЕНИТ, ГРОМ и при-падници на воздушнодесантните сили) во молскавична акција која траела само 15 минути (од 19:00 до 19:15) го зазела Ми-нистерството за внатрешни работи. Ис-товремено во координиран напад еден вод на падобранци на ВДВ (воздушноде-сантните сили на СССР) и двајца командо-си на одредот ГРОМ го завзеле штабот на военото воздухопловство во Кабул. Немањето на комуникации и недостаток на поддршка однадвор довела до паника и дезорганизирааност кај бранителите на палатата. Советската команда веднаш на-редила да се искористи иницијативата и да се пенетрира во објектот. Група на ГРОМ-одредот со еден БМП1 и дел од ЗЕНИТ одредот со еден БТР-60 со поддршка на два тенкови тргнуваат кон влезот на па-латата. Врз нив е отворен силен проти-воклопен оган при што БТР е уништен, а БМП е сериозно оштетено. Но сè има своја цел. Искористувајќи ја преокупира-носта на авганистанските гардисти во бор-бата со оклопните воизила, припадниците на АЛФА-групата незабележано влегува-аат во позадината на објектот и почнува-

„резултатите од ангажирањето на специјалните сили и од повеќедимензионалното војување не се мерат по бројот на загинати, ранети или заземени територии и сл. Критери-умите за вреднување на специјалните операции не се од чисто непосредна туку од посредна природа и најчесто се изразуваат во политички, економски, психолошко-пропагандни и други пока-затели. на крајот, специјалните опера-ции и силите што ги изведуваат немаат цел да го убијат непријателот туку да ја скршат неговата волја за борба.Честопати за една победа е пресудно рушењето на еден мост од еден коман-дос, а не убивање на илјада противнич-ки војници...“

Page 52: 34-Shtit military

1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0

52

о овој број продолжуваме со описот на техниките за извршување на ха­керски напади, но овојпат – напади на безжичните компјутерски мрежи.

Имено, безжичната технологија го препла­ви светскиот пазар пред повеќе од 60 го­дини, уште за време на Втората светскa војнa. Меѓутоа, во тој период радиотехника­та се употребувала само за воени цели. Де­неска „безжичното компјутерство“ нагло се шири во сите области, но, исто така, се беле­жи појава и на нови можности за напад. Во 1999 година, во светот постоеле околу 1,4 ми­лиони примопредавачи за безжични локални мрежи. Овој број само по една година се зго­лемил на 4,9 милиони, а веќе во 2006 годи­на достигнал проектирана бројка од 56 мили­они. Ваквото растење ќе направи пазар од околу 4,5 милијарди долари. Безжичните мрежи по стандардот 802,11 не треба да се мешаат со сродниот си­стем „Bluetooth“, кој е развиен од група комерцијални фирми. Мрежите 802,11 мо­ментално користат опсег од 2 до 3 GHz, иако се направени и напредни типови за 5 GHz. Благодарение на брзиот развој на без­жичната мрежа и алгоритмот WEP, смисле­ни се бројни напади, „провали“ и алатки за вознемирување на корисниците на оваа технологија. Во ова продолжение ќе ги изложиме нај но­вите алатки и техники кои хакерите ги кори­стат за време на напад – за идентификување на безжични мрежи, корисници и протоко­ли, за проверка на идентитет, како и такти­ки за влегување во системи, разбивање за­штитени идентификациони податоци и зло­употреба на слабо приспособените мрежи. Воедно ќе се предложат бројни производи­телски конфигурации и алатки од независ­ни производители, така што администрато­рите кои треба да ги заштитат своите корис­ници и мрежи секогаш ќе бидат чекор пред напаѓачите.

ОТКРИВАЊЕ НА БЕЗЖИЧНИТЕ МРЕЖИБезжичните мрежи и нивните пристапни точки спаѓаат во најлесните жртви за прис­лушување (од автомобил), а истовреме­но ваквите напади најтешко се откриваат. „Нападите од автомобил“ или на англиски „war­driving“ биле синоним за едноставна комбинација на преносен компјутер, безжич­на картичка и програмот „network stumbler“. Сега тоа е многу сложена комбинација со повеќе видови високочувствителни анте­ни, безжични картички и рачни компјутерски уреди.

Кога зборуваме за прислушување на си-стем, изразот „напад од автомобил“ се ко-ристи во преносна смисла, затоа што доде-ка се прави ова не мора да се седи во авто-мобил. Пронаоѓањето на безжичните уре-ди, особено пристапните точки, започну-ва со нивно едноставно лоцирање со по-мош на пасивно прислушување на дифуз-ни IР-сигнали, или преку активно емитување на клиентски сигнали за добивање на IР-одговори. Пронаоѓањето на безжичните мрежи може да се направи и од далечина, доколку можат да се разменуваат сигнали и пакети со пристапната точка. Знаејќи го ова, ќе се сфати важноста за набавка на подо-бри антени од оние што се добиваат со без-жичната картица. За пронаоѓање на безжичните мрежи WLAN постојат разни видови безжични картици со различен тип на чипови. Со некои може да се работи во општ режим (и да се сле-ди цел сообраќај), додека со други тоа не е можно. Исто така, некои картички се подо-бри бидејќи поддржуваат различни опера-тивни системи. Чувствителноста, јачината на емитување и насоченоста на антените, се особено важни карактеристики на опремата.

ОПРЕМА ЗА НАПАДИЗа изведување на определени напади кои ќе се опишат во оваа статија, покрај одреден софтвер неопходна е и хардверска опре-ма. Безжичните картички, антените и GPS-уредите играат голема улога при изборот на типот на нападот и оддалеченоста од која може да се изврши. 1. КартичкиТреба да се има на ум дека сите безжични картички не се исти. Некои картички трошат повеќе струја, помалку се осетливи и нема-ат приклучок за дополнителна антена. Тре-ба да се знае и времето за подигнување на картичките во различни оперативни систе-ми. Во „Linux“ ќе треба да се преведат нивни-те јадра, што можеби е потешкотија за оние кои немаат искуство со програмирање. Во „Windows“ процесот на инсталирање е едно-ставен и може да се користат многу повеќе алатки и техники. „Airopic“ е единствен про-грам за следење на WLAN-сообраќајот во „Windows“-опкружувањето кој вреди да се спомне. „Net Stumbler“ кој често погрешно се претставува како програма за следење на безжичниот сообраќај, само ги анали-зира заглавијата на безжичните пакети и во графичко опкружување, во реално вре-ме прикажува локации на пристапни точки, нивни идентификатори и други информа-

ции. Апликацијата „Aero-pick“, пак, поддржу-ва ловење на пакети кои се разменуваат со протоколите 802,11а и 802,11в. „linux“ без сомневање е систем кој пот-полно ги поддржува алатките за безжично напаѓање. корисниците на „linux“ вложи-ле труд и ресурси за развивање голем број управувачки програми компатибилни со стандардот 802,11в.управувачките програми се инсталираат сосем лесно и таа постапка многу личи на вообичаената постапка за инсталирање на апликации и управувачки програми во „linux“. Овие програми можат да се најдат и со пребарување на „Google“. Стандардот 802,11г е најновиот протокол во областа на безжичниот пренос на податоци кој ги заме-ни протоколите 802,11а и 802,11б, иако е ком-патибилен со нив. 2. антениНаоѓањето и инсталирањето на антена може да биде најтежок дел од подготов-ката за изведување на хакерскиот напад. Прво треба да се одлучи каков вид на на-пад ќе се презема. за да се сфати по што антените меѓусебно се разликуваат, тре-ба кратко да се влезе во технологиите кои тие ги користат. Пред сè, треба да се разбе-ре поимот „насоченост на антена“. Во тој по-глед постојат три видови на антени: насоче-ни, ненасочени и радијални. Имено, насоче-ните антени се користат за одвојување на одредени области и комуницирање со нив и не се погодни за откривање на пристап-ните точки од секоја локација. Овие антени се најефикасни за ловење на пакети од го-лема далечина, бидејќи силата и брановид-ниот сноп се строго насочени во еден пра-вец. радијалните антени во повеќето слу-чаи се двосмерни или четворо-смерни. до-стрелот им е нешто помал од насочените ан-тени бидејќи јачината се дели во повеќе на-соки. ненасочените антени (или „омни“) се оние кои луѓето ги замислуваат кога се збо-рува за антени. Овие антени се најефикасни за низ густиот градски сообраќај бидејќи примаат и емитуваат сигнали без разлика на насоката. Бидејќи сега доволно знаеме за насоче-носта на антените, ќе се запознаеме со вообичаените видови антени. Изразот засилување („gain“) кој се користи во без-жичните комуникации, означува енергија на насочената антена. засилувањето на ан-тените може да се дефинира барем во две мери: „-“ за емитување податоци и онаа за нивно примање. Ако треба да се комуници-ра на големи далечини, треба да се употре-

НАПАДИ НА БЕЗ ЖИЧНИ МРЕЖИ

ХАКЕРСКИ НАПАДИ – 3

Page 53: 34-Shtit military

101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010

53

би насочена антена, со големо засилување. Доколку комуникацијата се прави на блиски растојанија може да се користи универзална-та антена („омни“). Антените многу ретко се потполно насочени, бидејќи тоа би значело дека еден уред кому-ницира со друг стациониран уред. Таков при-мер би бил безжична комуникација помеѓу две згради. Таканаречената „јаги антена“ за изострување на фокус користи комбинација од кратки хоризонтални антени. Плочкаста-та антена („панел“) има широк фокус, чија ши-рина е во директна врска со големината на плочата.

СОФТВЕР ЗА „НАПАД ОД АВТОМОБИЛ“Приспособувањето на софтверот за напад може да се комплицира заради хардвер-ските и софтверските побарувања. Би дејќи технологијата на безжични комуникации че-сто се служи со кратенки, треба да се де-финираат неколку термини пред да се про-должи. Во прашање се кратенките SSID, MAC IV. Идентификаторот SSID служи за разликување на една пристапна точка од друга. Овој идентификатор потсетува на име од доменот во безжичните мрежи. Хардвер-ската или МАС-адреса единствено го иден-тификува јазолот во мрежата. Во безжич-ни локални мрежи може да се искористи за контрола на пристап на клиентите. Век-торот за иницијализирање се сместува во Wep-пакетот позади заглавјето 802,11, во комбинација со таен клуч, или се користи за шифрирање на податоци во пакетот.„Nеt Stumbler“, како прва достапна апликација за мобилно откривање на пристапни точки, може да анализира заглавја 802,11 и од нив да извлекува SSID, MAC -адреси, потврди за користење WEP-должина на клучот и до-стрел на сигналот. Набрзо се појавиле и не-колку алатки за „Linux“ со слични можности, но и со дополнителна можност за разбивање на WEP-клучот и дешифрирање на подато-ци. Во продолжение се опишани неколку комерцијални алатки за откривање на при-стапните точки (сите се различни, што значи во секоја ќе најдеме по нешто што може да ни затреба).1. „Nеt Stumbler“ е „Windows“-апликација којашто открива безжични мрежи и ја мар-кира нивната релативна положба со по-мош на GPS-уред. „Nеt Stumbler“ испраќа 802,11 пакети на целната адреса предви-дени за ненасочено емитување и со тоа ги провоцира сите пристапни точки во об-ласта да одговорат со емитување пакети за конфигурацијата на мрежата, како што

се нејзиниот SSID и NEP-статус. Кога ќе се поврзе со GPS-уред, Nеt Stumbler за секоја пристапна точка забележува координати од кои се добива најјак сигнал. На основа на овие добиени податоци за мрежата, со по-мош на алатките како што се „stambverter“ и „mappoint“, може да се направат мапи на областа. Кога се користи „Nеt Stumbler“, за идентификатор SSID се бира вредност „eni“. Одбрана од „Nеt Stumbler“: Основна сла-бост на „Nеt Stumbler“ е тоа што се потпи-ра на одредени пакети. Поради тоа произ-водителите на безжични картички обично ќе понудат таа 802,11 можност да се исклу-чи. Потоа „Nеt Stumbler“ станува немоќен. И други апликации за мобилно откривање, на пример „Kismet“, користат иста постапка, но имаат и други механизми, во случај паке-

тите на некој начин да бидат избегнати. По-сле сè што е кажано, и понатаму многу мре-жи можат да се откријат со помош на „Nеt Stumbler“, а многу продавачи на безжична опрема сè уште ја оставаат оваа можност да биде активна. 2. „Kismet“ е „Linux“-апликација за следење на безжичен сообраќај која може да се ис-користи за мобилно откривање. Открива безжични пристапни точки и нивни GPS-локации како и „Nеt Stumbler“, но нуди и до-ста други опции. „Kismet“ е пасивна алат-ка за откривање мрежи која циклично ги испитува расположивите безжични кана-ли, бирајќи меѓу 802,11 пакетите-знаци на постоење безжични мрежи. „Кismet“ поне-когаш може да открие и дополнителни ин-формации за мрежата како што се имиња на протоколи за IP-адресирања и протокол за откривање на „Cisco“-уреди. Во пакет со „Kismet“ оди и програмот „GpsМap“ кој генерира мапа на основа на резултатите од „Kismet“. Одбрана од Kismet: мерките за одбрана од „Kismet“ не се бројни. „Kismet“ денеска е

д-р Зоран Гацовскипрофесор на универзитетот фон

најдобра алатка за мобилни напади. Освен што открива мрежи, „Kismet“ може и авто-матски да забележува Web-пакети со сла-бо заштитени иницијализирачки вектори, за подоцна да бидат анализирани од IP-snort, а може да открива и IP-адреси кои се кори-стат во WLAN.3. „Dstumbler“ е дел од „BSd-Airtools“ за оперативните системи „OpenBSD“. Тоа е мо-билна апликација која може да ги забеле-жува локациите кои се добиени преку GPS-уредот. Програмата ги поддржува картич-ките „Orinoco“ и „Prism2“, иако режимот во кој може да открива пристапни точки (кои не одговараат на стандардните пакети) ги поддржува само картичката „Prism2“. За да може „dstumbler“ да работи неопходно е да се догради јадрото на оперативниот систем. Заштита од „dstumbler“: Кога напаѓачот скенира мрежа користејќи „Orinoco“ картич-ка, може да се блокира програмата ако се исклучи одговарањето на побарувањата „Broadcast SSID“. Ако, пак, програмата рабо-ти во режим на надгледување, веројатно не може да се спречи да го прочита SSID.

БЕЗЖИЧНО МАПИРАЊЕБидејќи областа е проучена и утврдени се сите расположиви пристапни точки, може да се направи мапа, служејќи се со GPS-податоци. Алатките за мобилно откривање на мрежите запишуваат GPS-локации за секоја пристапна точка, јачина на сигна-лот и атрибути. Врз основа на овие пода-тоци алатките можат да погодат каде се наоѓа пристапната точка, претпоставувајќи дека јачината на сигналот се намалува со зголемувањето на растојанието. Пред тоа резултатите треба да се претворат во формат кој ќе биде читлив на системите за мапирање. Постои софтвер кој автоматски вчитува податоци од алатките за мобилно откривање. Освен сопствените податоци, можат да се користат и информации од го-леми бази на податоци кои ги имаат напра-вено различни групи, како на пример www.wifimaps.com. Апликацијата „Stumb Verter“ со помош на „MapPoint 2002“ ги вчитува податоците од датотеки во формат на „Nеt Stumbler“. Така податоците не мора да се внесуваат рачно во „MapPoint“ или во некоја друга програма за мапирање. Апликацијата за секоја при-стапна точка во мапата впишува и икона во стил на „Nеt Stumbler“. Зелените икони прет-ставуваат мрежи кои не шифрираат подато-ци, а црвените означуваат мрежи кои кори-стат WEP-протокол за заштита.

НАПАДИ НА БЕЗ ЖИЧНИ МРЕЖИ

ХАКЕРСКИ НАПАДИ – 3

Page 54: 34-Shtit military

Тоа е место каде постојано се пука, бидејќи Талибанците оперираат на помалку од еден километар од базата, во таканарече-ниот „зелен појас“. Одржувањето на ста-билноста на овој регион бара чести акции надвор од базата, многупати придружени и со засилување од воздух. Овој регион е познато воено поле за муџахедините кои овде се судирале и со Русите во Советско-авганистанската војна. Тоа искуство и дол-гиот тренинг денес им е дополнителна сила да не се двоумат да напаѓаат дури и кога се надбројани. Филмот започнува и завршува на дан-ска почва бидејќи ја следи приказната на војниците од нивното заминување до нив-ното враќање дома како херои. Први-те сцени ни ги пренесуваат емотивните

збогувања со семејствата, киселите дено-ви пред заминувањето, загрижените мајки кои секогаш имаат некои мајчиски совети за безбедноста на своите деца. Од дру-га страна, војниците ги убедуваат своите најмили дека не треба да се грижат, дека за нив ова е предизвик и авантура и, пред сè, дека е личен избор, пат по кој одлучи-ле да чекорат. Но војната нема да биде по-деднакво милостива кон сите – некои ќе се вратат со одликување, а некои во ков-чег. Низ сите тие моменти е присутна каме-рата на данскиот режисер, регистрирајќи и експлицитни моменти од судирите кои ни-малку не се пријатни за гледање, а сепак се одраз на една реалност за која сакаме да веруваме дека доколку постои, тогаш е далеку од нас.

54

вганистан, 2009 година. Поминати се осум години откако НАТО за првпат стапнал овде и го означил почето-кот на долгогодишната војна. Сили-те на мисијата ИСАФ се распоредени

низ базите низ целата територија и сè уште секојдневно се соочуваат со талибански на-пади. Една таква база е „Армадило“, дом на околу 270 дански и британски војници. До-дека Кралството Данска ја подготвува нова-та група која ќе биде испратена да ги штити позициите на НАТО, двајца цивили се при-дружуваат на нивната шестмесечна мисија, режисерот Јануз Метз и снимателот Ларс Скри, кои тргнуваат на ова патување за да го документираат секој момент од живо-тот таму, за да пренесат слика до јавноста – како вистински изгледа војната која со годи-ни е во фокусот на меѓународната политика.

ОРИГИНАЛНИ СЛИКИ ОД ПРВИТЕ ЛИНИИ НА ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН

„АРМАДИЛО“

Овој филм многу ќе ве потсети на „Рестре-по“ кој ви го претставивме во ноемвриски-от број на „Штит“, во кој исто како и во „Ар-мадило“ режисерот живее со војниците, оди на мисии со нив и го документира секој мо-мент, внатре и надвор од базата. Сепак, раз-ликата меѓу двата документарни филмови е тоа што во овој отсуствуваат интервјуата и личните исповеди на војниците. Јануз Метз и Ларс Скри не поставуваат прашања и не бараат одговори, туку се поставуваат толку ненаметливо за присуството на камерата да не го наруши природниот тек на настаните.

ОПЕРАТИВНАТА БАЗА „АРМАДИЛО“Лоцирана во јужниот дел на Авганистан, во покраината Хелманд, базата „Армади-ло“ (преименувана во „Будван“ во 2010 го-дина) е место каде никогаш не е здодевно.

Page 55: 34-Shtit military

ОСТВАРУВАЊЕ КОНТАКТКако што објаснивме и во текстот за документарниот филм „Рестрепо“, круцијален дел за успехот на една мисија е контактот со месното насе-ление. Особено голем предизвик за овие војници се обидите да се до-ближат до цивилите со кои мора да се постапува внимателно, бидејќи тоа може да биде колку корисно, толку и погубно за припадниците на ИСАФ. Така, војниците уште при пристигнувањето се подучени да имаат со себе бонбони и мали пода-роци за авганистанските деца кога патролираат и да се обидат да соз-дадат пријателски однос на довер-ба и разбирање за проблемите на локалното население за да ја стек-нат нивната наклонетост. За жал, влијанието на Талибаните овде е премногу силно. Селаните се испла-шени дека доколку им дадат каква било информација на овие војници, ќе бидат безмилосно убиени. Затоа тие одбиваат каква било соработка и контакт со нив. „Тие имаат оружје и вие имате оружје да се заштитите, а ние сме овде во средина. Вие ќе си заминете, а ние ќе останеме овде и тогаш ќе мораме да се соочиме со нив“, ќе му каже еден селанец на еден британски војник.Секојдневните напади се погубни за овие луѓе кои се оставени ни ваму ни таму. Умираат и муџахедини и војници на ИСАФ, но најмногу уми-раат оние кои се на средина. Грана-тите ги убиваат нивните деца, нив-ната стока, нивните полиња се опо-жарени. На војниците не им треба-ат нови непријатели, па така секоја предизвикана штета се обидува-ат да ја надоместат – преку пари за убиената крава, храна за униш-теното поле. Сепак, тоа не им га-рантира дека овие луѓе се безопас-ни, дека не кријат оружје во нив-ните подруми и дека не им пома-гаат на непријателите, дека еден ден нема да се свртат против нив. Муџахедините меѓу војниците се по-пуларно наречени „нинџи“, токму по-ради тешкотијата да бидат распо-знаени од обичниот Авганистанец. Единственото нешто кое ги разли-кува е оружјето в рака и без него не би можеле да бидат препознае-ни. Тоа им дава дополнителна тежи-

Сепак, додека во „Армадило“ вла-дее еуфорија за добро заврше-ната работа, телефонскиот по-вик и разговорот на еден војник со своето семејство во кој го пре-раскажал овој настан фрла дру-го светло на настаните. Данската Социјалистичка партија која дозна-ва за акцијата, веднаш ги обвинува војниците за нехуман третман и за спроведување на непотребни уби-ства. Обвинувањата за кршење на правилата на војување ескалираат дотаму што се покренува барање за истрага за коректноста на по-стапките. Иако данските војници се ослободени од обвинувањата дека направиле зло со убивањето на петмината Талибанци, кај нив оста-нува горчливото чувство на изне-вереност. Тие знаат дека дома, во Данска, многумина нема да раз-берат зошто го направиле тоа, но тие не се сомневаат во сопствени-те одлуки. Ако со тоа ја елиминира-ле опасноста уште еден член на тру-пата да заврши во ковчег, тогаш чи-нот бил оправдан. Оние кои не биле таму, во тој момент, кои ги гледа-ат работите надвор од контекстот, нема никогаш да разберат зошто некои одлуки се токму такви.„Армадило“ го добива името по ма-скотата на мајорот Андерс Сторуд, убиен во Авганистан неколку не-дели пред основањето на воената база (зборот се однесува на вид на животно, оклопен цицач кој живее на територијата на Америка). Низ ова место поминале многу војници, сè до јануари 2011 година кога биле дислоцирани и последните трупи и базата престанала да постои. Дан-скиот автор и политички колумнист, Карстен Јенсен, ќе каже дека „по ‘Ар-мадило’ ќе биде невозможно да се зборува за Авганистан исто како и досега“. Несомнено, снимањето на овој филм барало огромна храброст од страна на Метз и Скри, но посеб-на тешкотија носи и создавањето на композитно дело кое балансира меѓу две крајности. Моралниот пре-дизвик на крајот останува на гледа-чот, тој да процени дали ќе ја оправ-да или ќе ја осуди оваа војна и наста-ните кои таа ги повлекува.

Елена Ѓорѓиевска

55

Оваа рубрика ја посветуваме на ВОјНИкОТ – ЧОВЕкОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – ЧОВЕкОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – ЧОВЕкОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – ЧОВЕкОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – ЧОВЕкОТ кој, на крај, сепак, е само ЧОВЕк.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на шТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОЧИТ.

Режија: Janus Metz PedersenКамера: Lars SkreeМузика: Uno HelmerssonМонтажа: Per K. KirkegaardГодина: 2010Времетраење: 101 минутиЗемја: ДанскаНагради: „Cannes Film Festival“ (награда од критичарите), „European Film Awards“ (најдобар документарен филм), „Bodil Awards“ (најдобра кинематографија и најдобар документарен филм)

на и опасност на мисиите. Целта на муџахедините не е само да го деста-билизираат регионот, туку и да соз-дадат недоверба и омраза кај села-ните кон мисијата ИСАФ.

ПАРИЧКА СО ДВЕ ЛИЦАОткако зачестените напади ќе одне-сат и неколку жртви во данските ре-дови, се донесува одлука да се на-прави заседа за неутрализирање на непријателите кои поставуваат мини и им отвораат оган на патро-лите. Веднаш потоа се регрутира-ат доброволци и се поведува ноќна акција. В зори, кога на патролата е отворен оган и двајца војници се по-вредени, се открива дека Талибани-те се позиционирани во ров на само три метри од нив. Непријателот е не-утрализиран со една граната и теш-кото воружување најдено покрај нивните тела е одземено. Акцијата е оценета како успешна и притоа е нагласено дека се направени мак-симални обиди за усмртувањето на непријателот да биде што похумано.

Page 56: 34-Shtit military

56

ОДНОСИТЕ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ И МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА

акедонската историја е препознат-лива по буни, востанија и војни. Тие произлегувале од геополитиката за остварување на сопствените интере-

си на големите сили и соседните земји и од геостратегиската положба што ја зафаќала Македонија како централна територија на Балканскиот Полуостров. Соседните земји со помош на големите сили настојувале да ја освојат и да владеат со Македонија, а ма-кедонскиот народ заедно со своите соседи, без оглед на вера и националност, се борел за слобода и за создавање самостојна држа-ва. Во таа вековна борба, окупациите, по-делбите, преселувањата и емиграциите ста-нале судбина на македонското население. Македонците во потрагата за живот досто-ен за човекот стигнувале и до најдалечните места на Земјината површина. Во САД, спо-ред Американската канцеларија за попис на населението, првите Македонци во потрага за достоинствен живот пристигнале во вто-рата половина на 19 век. Во пописот од 1860 година првпат се спомену-ва името Македонија. Документира-но е дека извесен Ричард Касаус бил роден во Македонија, дeка е на воз-раст од 54 години и дека е оженет со Хариет Касаус со која имале три деца. (Душан Синадиноски, „Утрински вес-ник“, среда, 23.01.2008 г., стр. 8)

Економско поврзувањЕ на саД со макЕДонија во 19 вЕкЕкономското продирање на САД во Македонија започнало во 1830 година. Првите економски врски биле воспоста-вени по склучувањето на првиот Договор за трговија и пловидба меѓу САД и осман-лиската држава на 7 мај 1830 година. Во по-четокот на 1832 година САД именувале прв трговски агент во Македонија во Солун. Во наредните години САД пројавиле интерес за македонските производи, особено за волна-та и за тутунот. Во 1841 година во САД од Македонија преку Солунското пристаниш-те биле извезени 150-200 тони волна. Тргов-ската размена на САД со Македонија пре-ку Солунското пристаниште и пристаниште-то во Кавала постојано растела. Во 1883 го-дина во Македонија од САД била пласира-на нафта во вредност од 1.454.200 фран-ци. (The National Archives – Washington. File Microcopies of Records in the National Archives (NA-WFMRNA) No. 46. Roll. 1. Despatches From United States Ministers to Turkey; Александар Матковски–Поликсе-на Ангелакова, Извештаи на француските конзули од Солун за економската положба

АмерикАнскАтА дипломАтијА и дејностА нА мроВо почетокот на 20 век американската дипломатија била заинтересирана за актив-ностите за македонската револуционерна организација и за подготовките на Илинден-ското востание. Интересот посебно се зго-лемил по грабнувањето на мисионерката Елен Стоун во 1901 година која спектакулар-но била грабната од македонската револу-ционерна организација, а парите од добие-ниот откуп биле искористени за набавка на оружје за македонските револуционерни сили. Тој настан, со којшто долго време била ангажирана американската дипломатија и кој добил голем интерес во печатот, го свртел вниманието на јавното мислење на САД кон македонското национално прашање и ослободителното дело на МРО. Посебно активна во запознавањето на американската јавност со тешката по-ложба на македонскиот народ и со него-вата борба за слобода била самата Елен Стоун. Таа по нејзиното ослободување и стигнување во САД, на бројни соби-ри и во печатот изнесувала автентич-ни сведоштва за МРО и за македон-ската ослободителна борба, што има-ло силно влијание за манифестира-ната солидарност со ослободителна-та борба на македонскиот народ. Не-кои од американските весници испра-тиле свои новинари во Македонија за да се запознаат со приликите и да информираат за актуелните на-

стани. Во средината на март 1903 година во Македонија престојувал новинарот Мур од весникот „The New York Tribune”. Тој во Скопје бил примен од Хилми-паша, генера-лен инспектор на македонските вилаети, со цел да го запознае со активностите на чети-те на ВМРО. Притоа на Мур му биле прет-ставени вооружувањето и облеката на една комитска чета. (NA-W.DUSC-C Roll. 22, Vol. 22, August 1, 1900 – December 11, 1902, CGUS-C No 186/6. IX. 1901, Ch. Dickinson to the Department of States, No 187-N 190/27)

АктивностА нА мро во сАд во по-четокот нА 20 векМакедонската револуционерна ор га-низација сметала на можноста САД да се заложат за македонската кауза и да интервенираат кај европските сили за давање автономија на Македонија. Спо-ред пишувањето на весникот „Sun” од 12 октомври 1903 година, „Константин Сте-фанов, брат на госпоѓа Цилка – придруж-ничката на мис Елен Стоун, допатувал во

во Македонија од 1883-1885, ГИНИ, Скопје, 1972, XVI, 2, с. 215 и 237).

поЈава и ширење на протестантството од сад во МаКедониЈаАмериканскиот совет на протестантските цркви во 1873 година отворил мисија во Би-тола. Македонските црковни општини: Со-лунската, Воденската, Струмичката, Мале-шевската, Скопската и други, во почетокот на 1874 година се обратиле со барање до американскиот дипломатски претставник во Цариград да бидат прифатени од американ-ската протестантска црква, сметајќи на тоа дека ќе добијат заштита од САд. Но тоа нив-но барање не било прифатено за да не се влошат односите со османлиската влада. По Берлинскиот конгрес 1878 година се за-силила дејноста на протестант-ските мисии во

Македонија, осо бено по 1879 по за ду-

шувањето на Македонското-крес нен ско востание. Во тоа време во Битола е отво-рен женски пансион (гимназија) и е осно-вана протестантска црковна општина од каде протестантските мисии ширеле своја дејност кон Солун, кукуш, Воден, Прилеп, Струмица и други градови. кон крајот на 19 век во Битола е отворена американска протестантска книжарница. Во 1900 година Солун станал значаен американски проте-стантски центар каде од позначајните про-тестантски мисионери престојувала мис Елен Стоун. Во 1903 година по Илинден-ското востание, американските мисионе-ри основале стручно, земјоделско училиш-те за школување на деца сирачиња чии родители загинале во востанието. (Edw. Lock, A Visit to Bansko, Bulgaria. – The Missionary Herald, vol. 67, 1971, pp. 360-361; D. Brancoff, La Macédoine et sa population chrétine, Paris, 1905, p. 80).

ПРОВЕРЕН ПРИЈАТЕЛ И СОЈУЗНИК

Page 57: 34-Shtit military

насЛовна фотографиЈа: КаМп за БегаЛЦи на аМериКансКи Црвен Крст БЛизу соЛун, МаКедониЈа 1917 Merl La Voy, Reeve039872, National Museum of Health and Medicine

1. инфорМа-ЦиЈа за граБнувањето на Мис стоун во аМериКан-сКиот весниК „THe WOrLd”

2.уЧесниЦите во аферата „Мис стоун“: Јане сандан-сКи, сава МихаЈЛов, христо Чернопеев и Крсто асенов, зЛатна Книга 100 години вМро, сКопЈе, 1993, стр. 270.

3.аМериКансКи Црвен Крст деЛи храна во БитоЛа, 1917Merl La Voy, Reeve039840, National Museum of Health and MedicineArmed Forces Institute of patology, Washington DC

57

Њујорк како агент на ВМРО со за-дача да побара од претседателот Рузвелт да се ангажираат САД и да ги поддржат во нивното барање за назначување на христијански гувер-нер за Македонија. Покрај ова, Па-намериканската конференција на бискупите што се одржала во октом-ври 1903 година во Вашингтон усво-ила резолуција за македонското прашање со што ја повикувала вла-дата на САД да се заложи кај европ-ските сили и кај владата на османли-ската држава за такви реформи кои на македонскиот народ би му гаран-тирале заштита од самоволието на османлиските власти“.По трагичното задушување на Илин денското востание, во повеќе градови во САД биле формирани ко-митети за поддршка на македонски-от народ. Такви комитети имало во Њујорк, во Бостон, во Филаделфија и во други градови во кои членува-ле бројни истакнати личности. Во де-кември 1903 година група конгрес-мени поднеле интерпелација со која барале претседателот Рузвелт да се застапи за македонскиот народ, САД да побараат од европските сили нивна колективна интервенција за да се присили османлиската вла-да да се спроведат реформите во Македонија. (Христо Андонов Полјански, Одбрани дела, 3, Скопје, 1980, стр. 519)

Поддршката од Сад во 19-20 векНа Цариградската конференција на амбасадорите на големите европ-ски сили 1876-1877 година, со наме-ра да се најде дипломатско реше-ние за прашањата на потчинетите и обесправени народи во османлиска-та држава на Балканот и со тоа да се запре натамошното ескалирање на Источната криза, САД, подготви-ле сопствен предлог за автономија на Македонија што бил претставен на конференцијата во Цариград. (Papers Relating to Foreign Affers. Message. Turkey, Washington, 1876, p. 569-572; Михајло Миноски, „Со-единетите Американски Држави и Македонија 1869-1919“, Архив на Македонија, Скопје, 1994, стр. 46).Владата на САД по Втората балкан-ска војна за време на одржувањето на Конференцијата за мир во Буку-решт во јули-август 1913 година, ин-тервенирала кај владите на балкан-ските држави. САД испратиле нота до конференцијата во Букурешт со следниот текст: „Владата на САД сака да стави на знаење дека во секоја конвенција што би била склу-чена во Букурешт со задоволство би сакала да види одредба за целосна граѓанска и верска слобода на жите-лите на секоја област која би потпад-нала под суверенитет на која било од петте сили или која би преминала под јурисдикција на друга држава“. Амбасадорот на САД во Букурешт, Џексон, на 5 август 1913 година, оваа нота му ја врачил на претседавачот на конференцијата, Титу Мајореску, претседател на владата и министер

да се запознае со вистината дека во Македонија живее посебен ма-кедонски народ со изградено ма-кедонско национално чувство. При-тоа ги соопштува зборовите на една Македонка-селанка што лично ги слушнал на патот кај селото До-бровени: „Не сум ниту Бугарка, ниту Србинка. Јас сум Македонка…“ Ин-формациите за страдањата на маке-донскиот народ имале непосредно влијание и придонеле за преземање хуманитарни акции на организации од САД. Во почетокот на 1917 годи-на во Македонија допатувала Аме-риканката Емилија Симод во добро-творна мисија. Таа во Македонски Брод згрижила и дневно прехрану-вала околу 150 деца.По интервенциите на многубројни македонски здруженија, како и по многубројни поединечни и лични обраќања до претседателот на САД Вудро Вилсон да се зафати со одбра-на на македонското прашање во по-четокот на 1918 година, во согласност со европската политичка стратегија на САД била објавена Вилсонова-та програма во 14 точки. Оваа про-грама декларираше настапување на нови односи меѓу европските наро-ди, односи на почитување на наци-оналните права и на национално-то самоопределување. Во Програ-мата на Вудро Вилсон во точката 11 се наведува, покрај другото, дека окупираните територии треба да би-дат вратени, меѓусебните односи на балканските држави треба да се ут-врдат по пат на пријателски договор долж историски утврдените линии на припадност и националност. Тоа претпоставувало дека Македонија треба да се формира како држава во нејзините историски и географ-ски граници и дека тие граници тре-ба да бидат меѓународно признати.Во согласност со 14 точки на Вудро Вилсон во британската влада било формирано специјално Биро за пропагандна работа на Балканот со цел правилно дефинирање на про-блемот на Македонија. Се предви-дувало „да се востанови една ав-тономна Македонија под протек-торат на САД и со меѓународна жандармерија до нејзиното вос-та новување“. (Harry Hansen, The Adventures of the Four teen Points, Vivid and dramatic episodes of the Peace Conference form its Opening at Paris to the signing of the Traty of Versailles, New York, 1919; П. Пешевь, Исторически сьбития и деятели, Со-фия, 1929, стр. 583; Државни архив Савезног Секретаријата иностраних послова Министарство иностраних дела Политичко Одељење, Пре-писка 1918, Посланство у Лондону, No. 751/25, VI 1918, Јов. М. Јовановиќ, AM.M. 744).Поддршката на САД на македонска-та државност и самостојност со дла-боки корени во историјата е особе-но значајна во денешно време кога Република Македонија цели да ста-не членка на НАТО-сојузот.

д-р Александар Стојчев

за надворешни работи на Романија.САд биле единствената држава која интервенирала за гарантирање на елементарните права на македон-скиот народ кој бил поделен и окупи-ран од соседните балкански држави. На нотата од Владата на САд деле-гациите на Грција и на Романија од-говориле дека таква одредба била непотребна, со образложение дека тоа само по себе се подразбирало како „општо признато“.(Михајло Ми-носки, „Соединетите Американски држави и Македонија 1869-1919“, Ар-хив на Македонија, Скопје, 1994, стр. 13).Првата светска војна повторно го истакнала македонското прашање како акутен проблем. Американска-та дипломатија по вклучувањето во војната го зголемила својот ин-терес за Македонија и пристапи-ла кон собирање на информации и проучување на балканскиот про-блем, особено за македонското пра шање заради градење став на претстојната Мировна кон фе рен-ција. Американскиот новинар Хер-берт кори во 1917 година во На-ционалното географско списание објавил потресна политички анга-жирана репортажа од Македонија за трагичната положба на маке-донскиот народ, за страдањето на обичниот македонски човек и за пустошот што го оставила војната во Македонија каде што на Маке-донскиот фронт биле концентрира-ни вкупно 1.200.000 лица на двете завојувани страни и три и полови-на години војувале на територијата на Македонија. Тоа биле автентич-ни видувања и кажувања на аме-рикански новинар со цел американ-ската научна и поширока јавност

Page 58: 34-Shtit military

нашата љубов кон оваа замјаќе му ја кажеме на сите во светот.“

(од песната „Ние сме безбројни“)

Во текот на својот живот Караманов не објавил ниту една поетска или прозна кни-га, но од него се сочувани околу 280 поет-ски творби, како и неговите бележници, лек-тирски тетратки, дневнички записи и писма. Благодарение на неговите школски друга-ри Милан Ѓурчинов и Радивое Пешиќ сочу-вани се делата низ кои живее творечкиот дух на генијот Ацо Караманов.Поезијата на Караманов носи јасна и искре-на порака, тематска љубопитност и мла-дешка разиграност. Неговите стихови оста-нале да сведочат за творечкиот талент, за детската визија за поубав свет, за недосо-нуваното и недоживеаното слободарско утро. Караманов не го дочекал тоа слобо-дарско утро. Загинал 1944 година кај селото Смојмирово, Беровско, како борец на Чет-вртата бригада. Бил погоден од куршум во цутот на својата младост, кога го испеал и последниот стих: „Ние и кога умираме тре-ба да пееме.“Ацо Караманов живеел многу кратко и мно-гу малку им се радувал на младоста и на детството. Живеел во време на страдања и ужаси. Но овој поет за релативно кусо вре-ме напишал песни кои зрачат со својата ис-креност, песни кои претставуваат симбол на човечките идеали.Овој македонски Рембо, како оригинална творечка личност чие книжевно дело има високи естетски вредности, засекогаш се вградил во традицијата и континуитетот на македонската литература.

Венка Спасковска

Џек лондон, кои извршиле големо влијание врз неговиот живот и творечки раст. Но отка-ко се запознал со делата на Мајаковски, Гете, Бајрон, а особено со поезијата на големиот македонски поет Никола Вапцаров, тој ги ис-пеал највозбудливите песни со социјална и патриотска тематика.како поет со исклучителна дарба, со младеш-ки занес и верба во иднината, Ацо карама-нов непоколебливо, и со пушка и со перо, се борел против фашистичкиот непријател. Не-говите песни на почетокот зрачат со мла-дешки револт, неприфаќање на општество-то, на лицемерството и на декаденцијата. Секој негов стих е одраз на стварноста. жи-вотниот и творечкиот чин кај караманов јасно се проткајуваат. загледан во утрешни-ната, тој низ стиховите ја препознал иднина-та. Во песната „кон бурата“, тоа визионерски се потврдува:

„да, јас те љубам,тебе - душо на големиот копнеж,тебе - урагану пламен,срце на немирните мечти.“

Раководен од длабокиот човечки идеал, ка-раманов повикувал преку песна, сакајќи да испрати порака и да го пронајде вистинското место во тешкото време во кое живеел:

„јас сакам да станам поет – динамитсо јарост во градите, со пролет во мечтите, слободен и силен и за борби жеден....“

(од песната „Поет“)кажано е дека поетите се душата на наро-дот, луѓе кои живеат и умираат за идеалите на татковината. Таков бил и Ацо караманов чија верба во убавото и неуништивото јасно е кажана:

„кога ќе заблеска бесниот ураган,и куршумите кога ќе загрмат клето,

Предвесник на буратаПо трагите на македонската интелектуална и патриотска авангарда:АЦО КАРАМАНОВ (1927-1944)

ТВ

ОР

ЦИ

И Б

ОР

ЦИ

еѓу плејадата македонски творци, иако најмлад по возраст, Ацо Кара-манов има посебно место во развојот на македонската литература, не само заради судбинската одредница кога

на седумнаесетгодишна возраст трагич-но загинал како учесник во Народноосло-бодителната војна за слободата и иднина-та на Македонија, туку и поради својот тво-речкиот подвиг. Неговиот близок другар и најзаслужен проследувач и толкувач на жи-вотот и делото на тоа „чудо од дете“, Милан Ѓурчинов, запишал: „Сите што го познаваа, а особено оние од неговата генерација, беа тешко погодени од веста за неговата пред-времена смрт, бидејќи Караманов беше најистакнатата и најталентираната мла-да личност во кругот на нашата образов-на младина во годините на Втората свет-ска војна.“Овој македонски писател и активен учесник во младинското движење на Народноос-лободителната војна е роден во Радовиш во 1927 година. Поради службата на тат-ко му живеел во Белград и во Смедерево, а при крајот на 1937 година се запишал во Првата машка гимназија во Скопје. Уште од најрани години книгата и читањето, а наб-ргу и составувањето стихови, станале него-ва опсесивна страст. Младиот Караманов се оформил, израснал и созреал како поет надвор од училишните клупи, преку само-образование. Своите први стихови ги напи-шал во второ одделение, на деветгодишна возраст. Според податоците забележани во неговиот дневник, како и според искази-те на неговите соученици, Ацо Караманов веќе на дванаесет години почнал да ги чита делата на Пушкин, Змај, Јакшиќ, како и на

58

поезиЈата на КараМанов носи Јасна и исКрена пораКа, теМатсКа љуБопитност и МЛадешКа разиграност. неговите стихови останаЛе да сведоЧат за твореЧКиот таЛент, за детсКата визиЈа за поуБав свет, за недосонуваното и недоживеаното сЛоБодарсКо утро. КараМанов не го доЧеКаЛ тоа сЛоБодарсКо утро. загинаЛ 1944 година КаЈ сеЛото сМоЈМирово, БеровсКо, КаКо БореЦ на Четвртата Бригада. БиЛ погоден од КуршуМ во Цутот на своЈата МЛадост, Кога го испеаЛ и посЛедниот стих: „ние и Кога уМираМе треБа да пееМе.“

Page 59: 34-Shtit military

Уба

ви

ни

те н

а М

акед

они

ја „Весела свадба“

во Куклицауклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа на 8 km северо-западно од Кратово. Познато е по карактеристичните ерозив-ни форми наречени земјени пи-

рамиди или камени кукли. Овие форми се наоѓаат на десната долинска страна на Крива Река, поточно на еродирани-от дел од нејзината речна тераса, на над-морска височина од 415-420 метри. Цела-та појава е распространета на површина од околу 0,3-0,4 km². Има две групи на земјени пирамиди: оние во централниот дел на малата депресија во подножјето на ридот Дубица се поголеми (високи до 10 m), самостојни и во вид на земјени столбови; на исток (десно) од претходни-те, по страните на возвишението Забел се распоредени помали форми (високи до 5 m), блиску една до друга и често спо-ени во подножјето. Поради интересни-от изглед на големите земјени столбови кои наликуваат на човечки фигури наре-дени како „скаменети свадбари“, целата појава локалното население ја нарекува „Весела свадба“.Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема тра-гедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога до-шол свадбениот ден, навидум сè било во ред: се собрале сватовите, пристиг-нале и другите гости и веселбата почна-ла. Во моментот кога младенците се бак-нале, клетвата се остварила и сите свад-бари се скамениле. Скаменетите свадба-ри и денес сведочат за гневот и за болка-та на несреќната девојка. Селаните го ви-каат местото „Весела свадба“ зашто сва-товите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Пора-ди овие скаменети „кукли“,и местото го добило своето име - Куклица.Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони го-дини кога сè уште немало луѓе на пла-нетата. Вертикалната ерозија на вулкан-ските карпи создала „кукли“ повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со текот на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква „свадба“ нема ни-каде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Локалното население вели дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно Ма-ало, и на двата локалитети кои се поде-лени со еден рид, никнува по една нова фигура.

Кристина Илиевска

Page 60: 34-Shtit military

34