7
РЕЦЕНЗИЈА н а трудот „Превенција на злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори“ од авторот м-р Миле Гиновски Деновиве ми беше доставен за рецензирање ракописот под наслов „Превенција на злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори“ од авторот м-р Миле Гиновски. Темелно го проучив трудот и во врска тоа го поднесувам следниов Извештај ф ѕ ' 1. Опис Трудот се состои од осум авторски табаци (130 страници текст + 5 страници користена литература) напишани на компјутер во т. н. новинарски проред (просечно по 30 редови во страница). Текстот е илустриран со повеќе табеларни и други графички прикази. Ракописот претставува логична целост што се состои од седум глави и повеќе поглавја кои што третираат теоретски и практични проблеми поврзани со предметот на истражување. По воведниот и методолошки дел (од 4 - 1 4 страница), авторот на концизен начин во четвртата глава (15-28) се осврнува врз дефинирањето на поимите дрога и злоупотреба на дрога, по што во натамошниот дел од текстот се впушта во објаснување на мотивите за земање дроги од страна на младата популација, како и врз превенирањето на злоупотребата на дрога кај младите. Највпечатливо е поглавјето што се однесува на презентирањето македонски модел за превенција на злоупотребата на дроги темелен врз проучување и третирање на најзначајните ризични фактори за егзистирање на оваа сложена социо-патолошка појава. Шестата глава 54-84) е стожерна и таа се однесува на диференцирање и објаснување на ризичните фактори (профилот на личноста, семејството, училиштето, соседството, средината, врсниците, улицата итн.) што на различни начини посредно или непосредно влијаат врз појавувањето и егзистирањето на злоупотребата на дроги. Во седмата глава (85-115) авторот преку историска призма дава глобална оценка на состојбите со дрогата на домашен и меѓународен план, при што особено инспиративно ги разработува социолошките аспекти на проблемот со злоупотребата на дроги и психотропни супстанци. Во завршните заклучни согледувања на сублимиран начин се прикажуваат главните поенти од теоретско-емпириското истражување. За изработка на трудот авторот м-р Миле Гиновски консултирал и проучил респектабилна домашна и странска литература што се состои од осумдесетина библиографски единици од областа на правото, криминологијата, социјалната

РЕЦЕНЗИЈА

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Recenzija

Citation preview

Page 1: РЕЦЕНЗИЈА

Р Е Ц Е Н З И Ј Ан а трудот „Превенција на злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори“

од авторот м-р Миле Гиновски

Деновиве ми беше доставен за рецензирање ракописот под наслов „Превенција на злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори“ од авторот м-р Миле Гиновски.

Темелно го проучив трудот и во врска тоа го поднесувам следниов

И з в е ш т а ј фѕ'

1. Опис

Трудот се состои од осум авторски табаци (130 страници текст + 5 страници користена литература) напишани на компјутер во т. н. новинарски проред (просечно по 30 редови во страница). Текстот е илустриран со повеќе табеларни и други графички прикази.

Ракописот претставува логична целост што се состои од седум глави и повеќе поглавја кои што третираат теоретски и практични проблеми поврзани со предметот на истражување.

По воведниот и методолошки дел (од 4 - 1 4 страница), авторот на концизен начин во четвртата глава (15-28) се осврнува врз дефинирањето на поимите дрога и злоупотреба на дрога, по што во натамошниот дел од текстот се впушта во објаснување на мотивите за земање дроги од страна на младата популација, како и врз превенирањето на злоупотребата на дрога кај младите. Највпечатливо е поглавјето што се однесува на презентирањето македонски модел за превенција на злоупотребата на дроги темелен врз проучување и третирање на најзначајните ризични фактори за егзистирање на оваа сложена социо-патолошка појава.

Шестата глава 54-84) е стожерна и таа се однесува на диференцирање и објаснување на ризичните фактори (профилот на личноста, семејството, училиштето, соседството, средината, врсниците, улицата итн.) што на различни начини посредно или непосредно влијаат врз појавувањето и егзистирањето на злоупотребата на дроги.

Во седмата глава (85-115) авторот преку историска призма дава глобална оценка на состојбите со дрогата на домашен и меѓународен план, при што особено инспиративно ги разработува социолошките аспекти на проблемот со злоупотребата на дроги и психотропни супстанци.

Во завршните заклучни согледувања на сублимиран начин се прикажуваат главните поенти од теоретско-емпириското истражување.

За изработка на трудот авторот м-р Миле Гиновски консултирал и проучил респектабилна домашна и странска литература што се состои од осумдесетина библиографски единици од областа на правото, криминологијата, социјалната патологија, криминалната политика, социологијата и др.

2. Оценка

Тргнувајќи, пред се, од сложеноста и нејзината несомнена општествена опасност (првенствено согледана поради тешките последици што ги предизвикува на индивидуален и на поширок општествен план), злоупотребата

Page 2: РЕЦЕНЗИЈА

на дрога како социјално-патолошка појава отсекогаш (а особено во современо време, кога таа зазема ендемски размери) претставувала голем предизвик и омилена тема што од повеќе аспекти ја разработувале повеќемина автори во светот, па и кај нас, и тоа особено почнувајќи од осумдесетите години на минатиот век па наваму. Фазата на третирање на овој социјален феномен само од медицински аспект одамна е надмината, така што мултидимензионалното проучуваље на злоупотребата на дрога како социјално-иатолошка појава што се наоѓа во симбиоза со нарко-криминалот или со другите облици на криминал (кои што со полно право хрватскиот криминалист Душко Модли ги групира во: примарен, секундарен и терцијален криминал) и со некои од останатите социо- патолошки појави (проституција, вагабондажа и др.) одамна го исфрли застарениот концепт на еднодимензионалност во проучувањето и во справувањето на овој феномеи со негативен општествен предзнак.

Со полно право се смета дека мултидисциплинарното и мултидимензионалното превентивно (и превентивно-репресивно) справување со овој феномен, кој што во последниве децении зазема доминантна позиција во монографски и други теоретски остварувања, е вистинскиот правец во кој што треба да се движи: прво, секое индивидуалио или колективно истражување; и второ, секоја добро осмислената криминалистичка, криминолошка, социолошко-психолошка и друга поширока општествена стратегија за алгоритмизирано и програмски проектирано долгорочно третирање на злоупотребата на дрога во нациоиални рамки.

Ваков современ интегриран мултидисциплинарен пристап применува и авторот м-р Миле Гиновски во неговиот труд „Превенција на злоупотребата на дроги фокусирана врз ризик фактори“, меѓутоа, тој прави и чекор повеќе. Имено, врз основа на иовеќегодишно проучување на феноменот злоупотреба на дрога, Гиновски како афирмиран истражувач во оваа сфера од социјалната патологија, а користејќи при тоа и некои слични искуства од високо развиените земји, успеал да изгради модел за превентивно справување со оваа појава меѓу младите во Република Македонија.

Но со големи воведи не треба да се претерува туку да се фокусирам на она што ми е основна обврска: да го оценам ракописот што со задоволство и во еден здив го прочитав.

Големо е задоволството на секој објективен и непристрасен рецензент кога ќе се соочи со фактот дека пред себе чита, проучува и оценува труд што е автентичен и самостоен и кој нуди нешто ново што влева надеж дека таквото теоретско остварување нема да значи само пополнување на теоретската ризница во определена научна област, туку наедно ќе си најде место и во збогатувањето на практиката со современи научни и практично засновани методи за третирање и справување со некој горлив општествен проблем (а во случајов токму таков проблем претставува злоупотребата на дрога). Морам со задоволство да констатирам дека токму јас се најдов во таква позиција, со оглед дека станува збор за рецензирање на труд што апсолутно ги задоволува дури и најстрогите и најпребирливи стандарди на научно остварување со кое што авторот Гиновски остава трајни белези во се уште скромната македонска социјално-патолошка, криминолошка и криминално-политичка литература. Ми се чини дека станува збор за референца што во никој случај и од никого во иднина нема да биде заобиколена во секое идно проучување во оваа научна област. Зошто? Заради тоа што рецензиранава референца може да инспирира и некого да интригира за да го провери во практиката моделот за превенирање што авторот Гиновски и

Page 3: РЕЦЕНЗИЈА

досега го проверувал во практиката, ама за среќа еве сега таквиот негов потфат и го дава на увид и на научната, стручната и поширока јавност во облик на монографско остварување.

Авторот Гиновски нуди многу вреден теоретско-емпириски труд, кој не само што ја збогатува ризницата на македонската теорија, туку наедно и им отвора широки хоризонти на сите субјекти што на каков било начин се вклучени во борбата за проактивно (превентивно) справување со злоупотребата на дрога во нашата земја.

Напластеното долгогодишно искуство во оваа област, како и најнов^та емпириска граѓа собрана со анкетирање и интервјуирање на импозантен|^рој испитаници (примерокот на истражување изнесува вкупно 4622 ученици од основно и средно образование), на авторот Гиновски му овозможиле да создаде и во практиката да примени најнов мултимедијален превентивно-едукативен модел во врска со спречувањето на злоупотребата на дрога и со него, според пробната екпертска евалуација на повеќе стручни лица или форуми што се познавачи на оваа проблематика, да постигне значајни ефекти на планот на едуцирањето на младата македонска популација опфатена во основни и средни училишта во Република Македонија.

Импонира фактот што со ваквиот модел наменет за деца и ученици (има два крака: 1. опфаќање деца од детски градинки и ученици од прво до петто одделение; 2. опфаќање ученици од основни и средни училишта), кој е прилагоден на возраста на испитаниците и за чие спроведување авторот Гиновски користел визуелизација и други методи или техники и нагледни средства (слајдови, тестови, играчки итн.), целните групи на занимлив и современ начин се стекнуваат со сознанија за штетните супстанци и за дрогата воопшто. И што е уште позанимливо, ваквиот модел на едуцирање опфаќа и присуство на родители, наставници, педагози, воспитувачи итн., така што проектираните превентивни ефекти имаат и поширока димензија и опфаќаат едукација на идните едукатори.

3. Заклучок

Од големо научно и практично значење е превентивниот модел за спречување на злоупотребата на дрога што авторот Гиновски го создал и го прикажал во неговиот труд (инаку, претходно одбранет како магистериум на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје) да се популаризира и афирмира. За таа цел препорачувам во облик на монографија да се публикува научниот труд „Превенција на злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори“ од авторот м-р Миле Гиновски. Сите факти говорат дека ваква книга со драгоцени сознанија за проактивно справување со злоупотребата на дрога меѓу младите ќе најде и им биде од корист на научната и стручната јавност, како и на пошироката читачка публика. На авторот му препорачувам дополнително да го илустрира текстот со фотографии и други графички прикази пгго ги користел во неговите едукативни зафати во практиката.

Скопје, 18 септември 2012 г.

Page 4: РЕЦЕНЗИЈА

До авторот на книгата „Превенција од злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори,,

м-р Миле Гиновски

Книгата ,,Превенција од злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори,, претставува оргинално и исклучително значајно дело со кое се збогатува научната и стручната мисла во Република Макеонија.

Се работи за комплексно дело, редок пример од ваков вид , во кое авторот се обидува на многу интересен и привлечен начин да ја презентира превенцијата од злоупотреби на дроги врз ризик фактор, при тоа давајќи целосен осврт на ризиците на фактор, со новите и современи модели на превенција.Особено радува фактот што пристапот на темата е повеќедимензионален, односно опфаќа и ставови на една целна група, кога на посебен начин ја перцепира дрогата и процесите на превенција.

Посебно значење оваа книга има поради синтетичкиот приод, како спој на авторска ерудиција и стручна акспликативност. Се рабои за ретко дело и редок автор кој целиот свој професионален ангажман и посветеност го насочил кон превнцијата од најголемото денешно зло-дрогата.Неговата посветеност плени, и радува што имаме автор кој се обидува на заедницата да и ги доближи опасностите од оваа зло, нуди можности за препознавње и нови предизвици за превенирање.

Авторот дава преглед не само на состојбите со овој проблем, туку и на прашањето што досега е направено на полето на превенцијата, нудејќи притоа практични заклучни согелдувања и препораки, како да се надмине проблемот, како до успешна превенција. Посебна тежина на книгата и дава нејзиното едукативно дејство кое ќе биде од корис за пошироката јавност.

Поаѓајќи од комплексноста на проблмот, неговите последици, опфатноста на појавата, како и нејзината експанзија која го разорува целокупниот систем на општеството, посебно младат^ популација, авторот многу рационално се обидел, и недвојбено успеал, илустративно да ја прикаже состојбата и проблемите кои што постојат со злоупотребите од дрога, и да даде јасна слика кои се ризиците на фактор како производ на општественото живеење и опкружување.

Значењето на трудот исто така произлегува и од неговата постојана атрактивност, која не се губи, напротив постојано доживува прогрес, неговата комплексност како феномен кој постојано се истражува, и покрај тоа што проблемот на употреба и злоупотреба на дроги и други психо-активни супстанции станува актуелен и загрижувачки светски проблем последните децении.

Во денешно навреме навистина е тешко на статистичката карта да се прикажат злоупотребите од дрога, можеби поради чуствителноста на проблемот, но прет се поради фактот на непостоење на сеопфатни механизмиза негово мерење и трудови од овој вид во Република Македонија.

Авторот со овој труд прави обид да се добие претстава за специфичноста на проблемот, за состојбите во кои се наоѓаме, но и за решавање на проблемот. Особено е важен аспектот на напорот што го вложил во детектирање на ризиците на фактор, преку кои го гради и концептот на превенција.

Систематското и перманентно, со научна методологија, континирано следење и истражување на оваа општетсвено негативна појава како што во

Page 5: РЕЦЕНЗИЈА

заклучоците наведува авторот и креирање на „Училишта по мерка на децата,, каде што ,,државата треба да обезбеди спроведување на реформа усогласена со стандардите за ,,Училишта по мерка на децата,, која ќе се однесува на инклузивноста, делотворноста, безбедноста, здравата и заштитничка средина, еднаквост на половите, партиципативност, мултикултурализам и права на детето, се новите предизвици за превенирање од можноста на целосно метастазирање во сите клетки од општественото живеење.

Сето тоа е само уште еден показател на неуспешноста на досегашните механизми, но и потик за раздвижување на целокупната општествено- економска и државна машинерија во борбата против злоупотребите од дрога.

Чуствувам за потреба да укажам на фактот дека книгата открива многу непознати и недоволно јасни аспекти и поставува многубројни прашања за кои треба да се бараат одговори во рамките на научно-истражувачките, аналитичките и развојните активности во оваа област. Иако, во обидот да се справат со многубројните последици од злоупотребата на дроги државите во светот прават разни стратегии и програми кои се според концептот и пристапот групирани во традиционални и интегративно-системски, сепак злоупотребата на дроги се повеќе расте. Овие програми опфаќаат организирани активности насочени кон превенцијатадретманот и намалувањето на штетите од злоупотреба на дроги.

Познато, е дека во многу земји во светот, паралелно со зголемената достапност, зголемена е и побарувачката за дроги, што е потоа тесно поврзано со нивната употреба и злоупотреба. Особено е значајно дека повеќе општествени сегменти можат да се вклучат во спроведување на разни програми кои би требало да доведат до намалување на побарувачката на дроги и други психо-активни супстанци, со што ќе делуваат на крајниот потрошувач.

Поради тоа, и самиот автор нуди решенија за вредноста на превентивните програми што можат да делуваат уште во раната фаза на развојот на “идниот потрошувач” на дрога.

Книгата е пишувана на јасен и разбирлив јазик, со стил кој лесно го води читателот низ нејзината содржина.

Поради тоа, убеден сум дека делото ќе предизвика серизоно внимание за дополнителни размислувања и убедувања за создавње на успешни превентивни модели од злоупотреба на дрога кај целокупната стручна и општа јавност.

Познавајќи ја посветеноста на авторот со материјата поврзана со злоупотребите и превенцијата од дрога, искрено се надевам дека оваа дело претставуа само почеток на неговиот научен придонес со проучувањата повразни со дрогата и нудење на општо прифатливи решенија за превенција, и верувам дека секој кој ќе има можност да ја прочита ќе успее да спаси барем една млада личност.

Со почит,

Скопје, 09.10.2012 гопдина

доц.д-р Лазар Нанев

Page 6: РЕЦЕНЗИЈА

проф. д

Р Е Ц Е Н З И Ј А н а трудот „Превенција од злоупотреба на дрогн, фокусирана врз ризик фактори,, од авторот м-р Миле Гиновски

Сите создадени трудови во форма на студии, прирачници, монографии итн., се составен дел од долгиот и макотрпен процес за изградување на еден истражувач.

Трудот кој е пред нас потполно се инсталира во погоре поставените текови, при што со задоволство можеме да го промовираме, (со надеж и верба за неговата несомнена употреблива вредност), за мисијата во доменот на македонската криминолошка научна мисла.

Или, поконкретно авторот на трудот со наслов „Превенција од злоупотреба на дроги фокусирана врз ризик фактори„ м-р Миле Гиновски, безрезервно извршил професионално и впечатливо истражување, понудувајќи труд со широка употреблива перспектива.Методологијата на трудот се спроведува низ десет поглавја и истата ги исполнува теоретско-методолошките рамки.

Во оваа насока, повеќегодишното искуство на авторот и подготвеноста за стручно и научно истражување зборуваат за сериозноста на приодот во подготовката на овој научно-стручен материјал за еден вечен (и актуелен) феномен, каков што е злоупотребата на дрогата.

Оттука, слободно може да се каже дека трудот на м-р Миле Гиновски претставува многу солидна подлога за насоките на поставувањето основи за градење поширока стратегија, пред се', за превентивно, долгорочно и обмислено спротивставување на злоупотребата од дрогите, особено кај младата популација во Република Македонија. Затоа, со задоволство му препорачувам на издавачот да го публикува овој труд.

15.10.2012, Скопје