35
ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ (ДЕВЕТОЛЕТКА) 1. Училиште: ОУ „Даме Груев“ - Битола 2. Општина: Битола 3. Наставен предмет: Македонски јазик 4. Одделение на изучување: VIII 9 5. Предметен наставник: Марина Г руева 1

8 Dev Septemvri

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 8 Dev Septemvri

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ (ДЕВЕТОЛЕТКА)

1. Училиште: ОУ „Даме Груев“ - Битола2. Општина: Битола3. Наставен предмет: Македонски јазик4. Одделение на изучување: VIII 95. Предметен наставник: Марина Г руева

1

Page 2: 8 Dev Septemvri

Тематско-процесно планирање

1. Тематска целина: 1 (септември)2. Наставен предмет: Македонски јазик3. Одделение на изучување: VII (седмо)4. Конкретни цели:

- да знае за развојот на македонскиот јазик во 19 век;- да ги препознава јазичните особености на македонските автори од 19 век;- да ги разликува карактеристиките на социјалните песни и на елегиите;- да селектира и презентира податоци за македонски автори од 19 век;- да се изразува и твори (усно и писмено) со стилски богати реченици.

Redenbroj

СТРУКТУРА НА ТЕМАТСКАТА ЕДИНИЦАBroj na ~asovi

Vreme narealizacija

1.

Јазик:а) Првите македонски просветителиб) Граѓанска литература во Македонија в) Македонски учебникариг) Автобиографијата на Григор Прличевд) Јазични особености на песната ,,Тга за југ”

5 Септември

2.

Литература:а) Социјални песни б) Елегија в) ,,Спасувачка улога” – Рајко Јовчевски”

6 Септември

3.

Изразување и творење: а) Писмена вежба – од летниот распуст б) Од биографијата на браќата Миладиновцив) Творење: Лична творба со елегични елементиг) Анализа на социјална песна ( ,,Денови” К. Рацин)д) Говорна вежба – прераскажување филмови (главни и споредни артисти)

5 Септември

16

Поврзување (интегрирање) на часовите:

Час: 1, 7, 12, 13, 16 - Писмена вежба – од летниот распуст - Од биографијата на браќата Миладиновци (домашни задача)- Од автобиографијата на Григор Прличев (говорна вежба) - Јазични особености на песната ,,Тга за југ” – К. Миладинов- Говорна вежба – прераскажување филмови (главни и споредни артисти)

Час: 2, 6, 11- Првите македонски просветители- Граѓанска литература во Македонија - Македонски учебникари

Час: 3, 4, 5, 8, 9, 10, 14,15- Социјални песни - Елегија- Анализа на социјалната песна ,,Денови” од К. Рацин”

2

Page 3: 8 Dev Septemvri

- Творење лична творба со елегични елементи - Спасувачка улога” – Рајко Јовчевски

3

Page 4: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 1

1. Цели: Да умее да селектира и презентира доживеани настани со стилски збогатени реченици.

2. Активности, методи, наставни средства:- Наставникот го планира текот и целите на часот; низ разговор ги поттикнува

учениците на активности; дава потребна помош и ги насочува активностите кон реализирање на целта на часот; ги коментира и вреднува презентираните состави.

- Учениците учествуваат во разговорот, расмислуваат и го обмислуваат составот, применувајќи ги претходно стекнуваните знаења; презентираат и дискутираат за презентациите.

- Разговор, пишување, читање, дискутирање, применување знаења;- Тетратка, табла и креда (за правописни и јазични забелешки и поправка на

истите).

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Писмена вежба на соодветна тема (На пример: ,,што планирав и што реализирав во текот на летото”, ,,настани по кои ќе го паметам овој летен распуст”, ,,Во текот на летото стекнав нови пријател-ства” и сл.).

2. Тип на часот: Писмено изразување на дадена тема (од подрачјето Изразување и творење).

3. Целна часот: Да умее да селектира и презентира настани и расмислувања за дадена тема со стилски богати реченици

4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална

Предвидени активности:

- Разговор со учениците низ кој ќе се поттикнат на размислување и творење на една од дадените теми.

- Учениците творат, а наставникот ги следи нивните активнсоти, давајќи помош на евентуални потешкотии кај одредени ученици.

- Презентирање на составите, дискусиите од учениците и наставникот, пишување на табла на направените јазични и правописни грешки (кои наставникот ги уочил во составите) и нивна корекција), забелешки за начинот на читањето на составите.

Вреднување на знаењата: Учениците и наставникот, со своите забелешки вршат и вреднување на презентациите.

За наредниот час: Да ги повторат учените содржини за потеклото на македонскиот јазик, за најстариот литературен јазик на Словените, за словенските азбуки и нивните создавачи за македонската варијанта на црковнословенскиот јазик и за групите словенски јазици (западна, јужна, источна).

4

Page 5: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 2

1. Цели: Да стекне континуитет во знаењата за потеклото и развојот на македонскиот јазик поврзувајќи ги со првите македонски просветители.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот го планира текот на часот, активностите и целите на часот; со

прашања ги насочува учениците кон поврзување на претходните знаења за потеклото и развојот на македонскиот јазик со новостекнатите за првите македонски просветители; ги поттикнува учениците на размислувања и заклучоци.

- Учениците ги повторуваат претходните знаења и истите ги презнетираат на часот; стекнуваат основни знаења за просветителите Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски; учествуваат во подготовките на планот за новата наставна содржина.

- Разговор, заклучоци, пишување, употреба на учебник за VI и VII одделение и Граматика на македонскиот јазик за VI и VII одделение (од група автори: Нада Николовска, Раско Лозановски, Војо Велјановски). Вежби, пишување, објаснување, практични вежби, дискусија.

- Тетратка, учебник, граматика, табла и креда.

Развојно-процесно планирање за час 2

1. Наставна единица: Првите македонски просветители2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик3. Цели на часот: Да стекне континуитет во знаењата за македонскиот јазик поврзувајќи

ги со првите македонски просветители.4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активности:

- Со обмислени прашања, наставникот ги поттикнува учениците кон презентирање на знаењата за потеклото и развојот на македонскиот јаизк.

- Примери : o Со кој јазик се служеле Словените пред нивното раселување?

o Кој е најстар словенски литературен јазик?

o Кои биле словенски азбуки и кои се нивни создавачи?

o Кој прв и на кој јазик ги преведувале црковните книги?

o Што се тоа варијанти на црковнословенскиот јазик?

o Кога настанала македонската варијанта и какви елементи содржела? (во ХII век;

елементи на македонските говори). o Кои се трите групи словенски јазици и кои јазици спаѓаат во нив? (Со акцент на

јужната група на која припаѓа македонскиот јазик).- Наставникот дава податоци за: културната преродба во Македонија во почетокот на 19

век; пробивот на народниот јазик во писмена употреба, на местото на црковнословен-

5

Page 6: 8 Dev Septemvri

скиот јазик; прашањето кое се почесто се поставувало за посебен литературен македонски јазик; првите македонски автори Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, (Печателе книги на народен јазик, со религиозен карактер); посочува цитати од учебникот и граматиката развивајќи дискусии за нивната содржина и специфичности во јазикот – говорите на кои твореле).

- Учениците со помош на наставникот прават план за наставната содржина, бележејќи го во тетратките и на табла:

1. Прасловенски јазик – Прв јазик на Словените 2. Прв словенски литературен јазик – старословенскиот 3. Први словенски азбуки:

- глаголица - (38 букви, Св. Кирил)- кирилица – (44 букви, Св. Климент Охриски)

4. Кирил и Методиј – први преведувачи на црковни книги од грчки на словенски јазик

5. Препишувачите внесувале јазични црти од својот јазик – се јавиле варијанти на црковнословенскиот јазик

6. Македонска варијанта – 12 век, елементи од македонските говори 7. Почеток на македонската културна преродба – почеток на 19 век 8. Пробив на народниот јазик – првите македонски автори 9. Јоаким Крчовски – североисточни македонски говори и особености од западните

говори (,,Различна поучителна наставленија”)10. Кирил Пејчиновиќ – тетовски говор (,,Огледало”, ,,Утешение грешним”)

Вреднување на знаењата: Согледувањата ќе се стекнат при повторувањето на знаењата, разговорот и правењето план за новата содржина.

За наредниот час: Да ги повторат знаењата за мотив, лирски песни, основните елементи на поетскиот јазик (сликовитост, музикалност и емоционалност), Лирско Јас, поделби на поезијата според создавачот и според мотивите, визуелни и аудитивни елементи во песните, видови строфи, стих и строфа, рима – видови рими, ономатопеја, компарација, метафора).

6

Page 7: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 3

1. Цели: Да ги препознаваат елементите на социјалнтие песни, анализирајќи ги според литературно-теоретските поими кои им се изучувани.

2. Активности, методи, наставни средства:- Наставникот дал упатства кои содржини учениците да ги повторат; селектирал

социјални песни (од учебникот или друг извор) кои ќе бидат анализирани (уметничка и народна социјална песна); го испланирал текот и активнсостите на часот, целите и методите; дава соодветна помош и поттик при усвојувањето и примената на знаењата на учениците.

- Учениците ги повториле посочените содржини; одговараат на прашањата од наставникот при теоретското повторување; ги применуваат стекнуваните знаења во анализата на песните; извлекуваат заклучоци за новата содржина; учествуваат во подготовката на планот при анализата.

- Читање, пишување, работа со учебник (со текстови), дискутирање, анализа.- Тетратка, учебник, примери на социјални песни, табла, креда.

Развојно-процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Социјални песни (,,Работник” од К. Неделковски, други уметнички и народни социјални песни)

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература со примена на знаењата

3. Цел на часот: Ги препознава особеностите на социјалните песни правејќи анализа 4. Форми на работа: фронтална, дијалошка

Предвидени активности:

- Со прашања, наставникот ги проверува знаењата за учени литературно-теоретски поими (што беше посочено да ги повторат: што се стих, строфа, рима, видови рими, мотив, лирско Јас, елементи на лирската песна, елементи на поетскиот јазик, видови лирски песни според мотивот, метафора, номатопеја, компарација).

- Наставникот, а потоа и учениците, ги читаат социјалните песни (уметничката и народната), со претходно нагласување да внимаваат на содржината на песните и примена на учените пиоими при нивната престојна анализа.

- Низ прашања (од учебникот или дополнителни од наставникот) песните се анализираат содржински и структурно; применувајќи ги заклучоците, се прави план на анализата (на табла и во тетратките):

1. Мотиви во песните (уметничката и народната)2. Визуелни и аудитивни елементи (слики на утрото, изгледот на работникот,

кочанското поле, шепотот, екот, молскавицата) 3. Елементи кои се препознаваат како лирска песна 4. Елементи кои укажуваат на маките на работниците – социјални5. Стилски фигури во песните, рима (вид)

Вреднување на резултатите: од сите планирани активности се согледува реализацијата на целта на часот и знаењата на учениците за примена на знаењата (претходни и стекнати на часот).

За наредниот час: Да научат за социјална песна (од учебникот); секој ученик да донесе по една социјална песна (народна или уметничка) и да се подготви да говори за мотивот на

7

Page 8: 8 Dev Septemvri

песната, елементите кои ја вбројуваат во социјални песни, стилските фигури во неа; да ја извежба за рецитирање со читање.

8

Page 9: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 4

1. Цели: Да ги применува стекнатите знаења во самостојната анализа на поетска творба која ја селектирал.

2. Активности, методи, наставни средства:- Наставникот дал упатства што да подготват за часот; размислил и испланирал за

текот на активнсотите на часот; ги следи презентирањата, дискутира за нив и ги вреднува; ги поттикнува учениците на активнсоти (при презентирањата и дискусиите за нив).

- Учениците се подготвиле за часот според дадените упатства; презентираат свои подготовки; дискутираат за презентациите (позитивни искажувања и недостатоци) и ги вреднуваат.

- Работа со текст, читање, искажување, дискусија. - Примери со социјални песни (кои ги пронашле и ги донесле во книги, зборници

или сл.).

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Самостојна презентација на социјална песна според сопствен избор

2. Тип на часот: Усно искажување на дадена тема според посочени барања3. Цел на часот: Да ги применуваат стекнатите знаења самостојно 4. Форма на работа: Индивидуална и дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот врши проверка на знаењата на учениците за социјалната песна како вид лирска песна (објаснувањето од учебникот).

- Ученици презентираат свои подготовки – самостојно усно анализирање на социјална песна; претходно ја рецитираат со читање.

- По секое презентирање (кое трае од 5-10 мин.) ученииците дискутираат за чуеното и го вреднуваат; тоа го прави и на наставникот.

Вреднување на знаењата: Сите презентации ќе бидат вреднувани со претходно објаснување на забелешките за презентираното.

За нараедниот час: Да подготват анализа на песната ,,Денови” од Кочо Рацин (ја има и во учебникот) која усно ќе ја презентираат (мотив, визуелни елементи, социјални елементи, стих и строфи, изразни средства, лирско Јас и сл.).

9

Page 10: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 5

1. Цел на часот: Да умее да ги применува стекнатите знаења во самостојна анализа на социјална песна.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот ги упатил учениците што и како треба да подготват за овој час; ги

следи презентирањата на учениците, дискутира занив и ги вреднува; ги поттикнувана активности, дава потребна помош.

- Учениците се подготвиле за часот; ги презентираат своите подготовки; дискутираат за чуените презентации и ги вреднуваат; ги применуваат стекнуваните знаења.

- Работа со текст, читање, анализирање, дискусија.- Учебник (или друг извор со песната ,,Денови”), белешки (кои ги воделе додека се

подготвувале).

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица: Самостојна усна анализа на песната ,,Денови” од Кочо Рацин

2. Тип на часот: Усно изразување на дадена тема3. Цели: Да уме да прави самостојна анализа применувајќи ги стекнатите знаења 4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Кусо повторување на знаењата за социјална песна - Учениците ја рецитираат песната со читање; прават индивидуална усна анализа;

да ги користат белешките кои ги воделе при подготовката за час како потсетник.- По секоја презентација, учениците и наставникот дискутираат за неа и ја

вреднуваат.

Вреднување на знаењата: Секое претставување на учениците со нивните подготовки ќе биде вреднувано (со претходни забелешки).

10

Page 11: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 6

1. Цели: Да го знаат континуитетот во историскиот развој на македонскиот јазик со појавата на граѓанската литература во Македонија.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот ја определил целта на часот, ги испланирал активностите и текот на

часот; подготвил дополнителна литература (извадоци од творби од К. Миладинов, Р. Жинзифов, Ј.Х. Константинов – Џинот, по можност од Зборникот на Миладиновци или сл. ) за согледување на специфичностите во јазикот на кој твореле македонските автори во средината на 19 век); според можностите, може да се подготват и различни наставни ливчиња со извадоци од творби од набројаните автори.

- Учениците ги повторуваат содржините од историјата на македонскиот јазик; читаат од извадоците; ги анализираат ги преведуваат на литературен јазик; го согледуваат народниот говор во нив; правење план за содржината.

- Работа со текст, читање, анализа, заклучоци.Извадоци од творби, наставни ливчиња, тетратки, табла, креда, учебник, граматика.

Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: Граѓанска литература во Македонија 2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик3. Цели на часот: Да го знае континуираниот развој на македонскиот јазик и со појавата

на граѓанската литература во Македонија.4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка, работа во двојки

Предвидени активности:

- Наставникот со прашања до учениците, ја поврзува учената содржина за првите македонски просветители (почеток на 19 век) со појавата на граѓанската литература во Македонија; дава дообјаснувања за содржината од учебникот и од граматиката.

- Учениците, преку прашања на наставникот за содржината, прават план за содржината:

1. Почеток на граѓанска литература наспроти црковната 2. Расте интересот за народната литература3. Зборникот на Миладиновци4. Две гледишта за македонски стандарден (литературен) јазик

- Наставникот им ги поделува наставните ливчиња за работа во парови (двојки) со извадоци од творби; учениците ги читаат двата извадока од учебникот и извадоците од наставните ливчиња и ги предвидуваат на литературен јазик (со помош на наставникот).

- Низ прашања се уочуваат јазичните особености во творбите: архаични зборови, местото на ј во зборовите, интервокалното в отсуство на наставката м во 1 лице еднина и сл.

Вреднување на знаењата: Од активностите на часот ќе се вреднува степенот на усвоеноста на знаењата.

За наредниот час: Учениците пронаоѓаат податоци за дејноста на браќата Миладиновци (Интернет или други извори) и пишуваат состави на тема ,,Дејностите и знаењето на браќата Миладиновци”. (ги нагласуваат изворите кои ги користеле).

11

Page 12: 8 Dev Septemvri

12

Page 13: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 7

1. Цели: Да умее да пронајде и да селектира податоци според важноста, пишувајќи состав во кој ќе ги презентира истите.

2. Активности, методи, наставни средства:- Наставникот ги упатил учениците што да подготват за часот; проверува колку ја

научиле претходно учената содржина; ги следи претставувањата на составите, дискутира за нив и ги вреднува.

- Учениците ги подготвиле домашните задачи; ја научиле содржината за граѓанската литература во Македонија; читаат состави, дискутираат по секоја прочитана задача и искажуваат свои размислувања за чуеното (читањето, содржината на составот и сл.).

- Работа со текст, читање, дискутирање.- Домашните тетратки, табла и креда (за бележење на евентуално направените

јазични и правописни грешки, уочени од учениците и наставникот кој и ги прегледува прочитаните состави).

Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Анализа на домашни задачи: Дејностите и значењето на браќата Миладиновци

2. Тип на часот: Писмено изразување (творење) од собрани податоци3. Цели на часот: Да пронајде и селектира податоци користејќи ги во пишување на

составот4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Учениците читаат домашни задачи и ги кажуваат изворите од кои дошле до саканите податоци.

- По секоја прочитана задача ученици дискутираат за: читањето, одговорот на темата, структурата на речениците, јазични особености.

- Во меѓувреме наставникот ги прегледува составите и укажува на евентуално направените правописни грешки; учениците ги бележат на табла и ги коригираат; потоа ги вреднува составите.

Вреднување на знаењата: Учениците и наставникот, по дискусиите за домашните задачи кои ќе бидат прочитани, ги вреднуваат.

За наредниот час: Повторно да се потсетат (повторат) за: мотив, стих, строфа, видови лирски песни според мотивот, рима, изразни средства.

13

Page 14: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 8

1. Цели: Да ги уочат особеностите на елегијата како вид лирска песна преку анализа на песна како пример.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот ги планира целта, активностите и текот на часот; подготвува

прашања за повторување на учени литературно-теоретски поими; поттикнува анализа на песната и заклучоци за особеностите на елегијата како вид лирска песна; поттикнува план за анализата.

- Учениците ги повторуваат учените и посочени литературно – теоретски поими; ја анализираат народната песна – елегија ,,Мајка Ангелина си ја тажи својата ќерка”, ги согледуваат мотивите во елегиите како песни со тажни чувства; учествуваат во планот за анализата.

- Работа со учебник (текст) читање, пишување, разговор, објаснување; - Учебник, тетратка, табла и креда.

Развојно-процесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Интерпретација на песната ,,мајка Ангелина си ја тажи својата ќерка” – Народна песна; елегија

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература3. Цели на часот: Да ги согледаат особеностите на елегијата како вид лирска песна,

анализирајќи песна како пример4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активноти:

- Со прашања од наставникот, учениците ги повторуваат знаењата за литературно – теоретските поими (мотив, лирска песна – особини, рима, стих, строфа, видови лирски песни и сл.); ја чита песната; помага во преведувањето на песната на литературен јазик и интерпретацијата; поттикнува на заклучоци за елегијата како вид песна.

- Учениците ги одговараат прашањата; потоа ја читаат и преведуваат песната на литературен јазик.

- Низ прашања ја интерпретираат песната; се прави план кој ученици ги бележат на табла и во тетратките.

1. Мотив: Мајката ја оплакува ќерка си2. Вид песна: Лирска, народна според создавачот, според мотивот – елегија

(тажни чувства)3. Испеана во монолог, без строфа, стихот – осмерец4. Изразни средства: епитети, анафора, ономатопеја

Вреднување на знаењата: Сите активности на учениците ќе се вреднуваат како показател на нивните знаења и примена на истите.

За наредниот част: Да вежбаат рецитирање со читање на песната ,,Елегии за тебе”.

14

Page 15: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 9

1. Цели: Да умее самостојно да анализира песна и да знае доживеано, изразно да чита лирска песна.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот укажал што да подготват за часот; ги планира целта и

активностите на часот; поттикнува активности; дава потребна помош за реализација на целта на часот; напишал план за анализата на табла.

- Учениците вежбале изразно, доживеано рецитирање со читање; ја анализираат песната според напишаниот план на табла; презентираат стекнати знаења; раскажуваат за особините на елегијата (според објаснувањата во учебникот).

- Читање, пишување, работа со текст, објаснување, дискусија. - Учебник, тетратка, табла

Развојно-процесно планирање за час 9

1. Наставна единица: Интерпретација на песната “Елегии за тебе” од К. Рацин2. Тип на часот: усно изразување на дадена тема – задача3. Цели на часот: Да умее усно да анализира лирска песна и изразно, доживеано да ја

рецитира со читање4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот напишал план на табла по кој учениците ќе прават анализа на песната (кој го препишуваат и во тетратките):

1. Мотив – елементи кои ја вбројуваат во елегии2. Вид песна (според мотивот и создавачот)3. Поетски слики – визуелни елементи4. Строфа, вид стих и видови рима 5. Изразни средства

- Учениците, според дадениот план ја анализираат; ако некои ученици посакуваат да дополнат нечии искази, тоа и го прават.

Вреднување на знаењата: искажувањата на учениците ќе бидат оценувани (како примена на знаењата).

За наредниот час: Се подготвуват, според вежбата во учебникот, да размислат за лична песна со елегичен мотив.

15

Page 16: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 10

1. Цели: Да умее да ги примени стекнуваните знаења во творењето лирска песна со елегични елементи.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот укажал што треба да подготват за часот, односно што да размислат

го следи процесот на творење и дава соодветна помош; ги вреднува презентирањата и дискутира за нив.

- Учениците размислиле за мотивот; творат, односно пишуваат лирски творби со елегични елементи; ги читаат песните и ги селектираат најуспешнитеза ѕидниот весник.

- Пишување, читање, разговор.- Тетратките, ѕиден весник (според можностите).

Развојно-процесно планирање за час 10

1. Наставна единица: Творење лирска песна со елегични елементи2. Тип на часот: Примена на стекнувани знаења при писмено творење на одредена задача3. Цели на часот: Да умее да ги примени стекнатите знаења во творењето лирска песна 4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот им дава упатства на учениците: мотивот го избираат сами, но песната да биде елегична, творат во строфи или во слобен стих, со примена на визуелни и аудитивни елементи и користење стилски фигури, римата е по сопствен избор.

- Учениците творат; наставникот следи и дава потребна помош;- Ги читаат песните и ги одбираат најуспешните за ѕидниот весник.

Вреднување на знаењата: Учениците заедно со наставниког ги вреднуваат и истакнуваат најуспешните творби.

За наредниот час: Да ги повторат учените содржини од историјата на македонскиот јазик учени на претходните часови.

16

Page 17: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 11

1. Цели: да ги знае активностите и значењето на македонските учебникари во преродбенскиот период во Македонија

2. Активности, методи, наставни средства:- Наставникот ги обмислил целта, активностите и текот на часот;- Дава објаснувања за содржината која се изучува; помага во заклучоците и

одговорите на прашањата (од учебникот и дополнителни од наставникот); објаснува подготовка за наредниот час.

- Учениците ги повторуваат претходните содржини (за првите македонски просветители)” за граѓанската литература во Македонија); ги следат објаснувањата, размислуваат и даваат одговори на прашањата; со наставникот прават план за содржината.

- Работа со учебник (текст), објаснување, разговор, читање

Развојно-процесно планирање за час 11

1. Наставна единица: Македонските учебникари2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето јазик 3. Цели на часот: Да ги знае значењето и активностите на македонските учебникари од

преродбенскиот период 4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активности:

- Се повторуваат претходно учените содржини за првите македонски просветители и за граѓанската литература во Македонија.

- Наставникот дава објаснувања за содржината за македонските учебникари; ги остава да ја прочитаат истата содржина од учебникот, по што ги одговараат прашањата од учебникот.

- Се прави план за содржината (со кој таа и се повторува):

1. Ставовите на П. Зографски и Ѓорѓи Пулевски за македонскиот литературен јазик.

2. Податоци за првите македонски учебникари3. Јазикот на кој твореле Ј.Х.К. Џинот, К. Миладинов и Г. Прличев

Вреднување на знаењата: Правањето на планот за учената содржина, ќе се согледа колку е таа совладата (научена).

За наредниот час: На секоја клупа да има еден примерок од Автобиографијата на Григор Прличев (ако нема услови за тоа, да се организираат по 4-5 групи ученици со еден примерок од книгата). Постои можност наставникот да фотокопира извадоци од книгата и да им подели на учениците (во двојки или групи). Одбира еден ученик кој ќе напише куса биографија за Г. Прличев и кус осврт на поемата ,,Сердарот”.

17

Page 18: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 12

1. Цели: Да го согледа јазикот на кој творел еден од македонските творци во 19 век и да стекне сознанија за животот и делот на Григор Прличев.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот ги испланирал и целта, активнсотите и наставните средства

потребни за часот и им дал упатства на учениците што да подготват; се грижи и ги поттикнува активностите кон реализација на целта на часот; подготвува наставни ливчиња.

- Учениците се подготвуваат за часот според упатствата од наставникот; покажуваат интерс да ги реализираат задачите кои ќе им бидат дадени на часот; го следат презентирањето на биографијата на Прличев и освртот на поемата ,,Сердарот”, настојувајќи да запомнат битни податоци (индивидуално може да си водат белешки).

- Работа со текст, читање, разговор, објаснување, истражување.- Книгата Автобиографијата од Г. Прличев, кусиот осврт направен од ученик,

наставни ливчиња.

Развојно-процесно планирање за час 12

1. Наставна единица: Осврт на Автобиографијата на Г. Прличев (со акцент на јазикот на кој е напишана)

2. Цели: Да имаат увид, сознанија за јазикот на кој творел еден од видните македонски автори од 19 век.

3. Тип на часот: Проширување на знаењата за одредена содржина4. Форми на работа: Дијалошка, фронтална

Предвидени активности:

Ученик го чита освртот за животот на Г. Прличев и за неговата поема ,,Сердарот”; другите ученици следат, си водат белешки.

Потоа учениците (во парови или групи) кусо време селектираат куси делови од автобиографијата со кои ќе се претставуваат (ќе ги читаат и ќе ги преведуваат на литературен јазик).

Наставникот селектирал дел од времето на школувањето на Прличев; го чита, а потоа иницира дискусија во која учениците ќе ги споредуваат приликите во кои се школувал тој и тие во кои се школуваат учениците денес.

Вреднување на знаењата: ќе се согледа умешноста на учениците да селектираат извадоци (податоци), да се претстават со нив; колку умеат да компарираат.

За наредниот час: Секој ученик да ја носи песната ,Т’га за југ” од К. Миладинов (од било кој извор да ја пронајдат: книги, учебници, од Граматиката за VII одделение) и да размислат за нејзина содржинска и структурна анализа; да извежбаат да ја рецитираат доживеано, изразно со читање на стиховите.

18

Page 19: 8 Dev Septemvri

Наставна единциа 13

1. Цели: да ги збогатат знаењата за македонските писатели од 19 век и знаењата за анализа на поетска творба.

2. Активности, методи, наставни средства: - Учениците добија задача од наставникот што треба да подготват за овој час;

наставникот ги определил целта, активнсотите и текот на часот; со поттикнување на активностите, наставникот ги координира кон реализација на целта на часот.

- Учениците се подготвиле за часот; вршат анализа на песната усно, индивидуално, со дополнување на она што сметаат дека не е целосно анализирано; посебно се обрнува внимание на рецитирање што со читање и на јазичниот осврт на песната.

- Работа со текст, читање, анализа, разговор. - Песната ,,Тга за југ”, односно изворот од каде ја пронашле (учебник, граматика,

книга, фотокопирана и сл.).

Развојно-процесно планирање за час 13

1. Наставна единица: Анализа на песната ,,Т,га за југ” од К. Миладинов2. Тип на часот: Усна вежба од подрачјето изразување и творење 3. Цели на часот: Да ги збогатат знаењата за јазикот на кој твореле нашите деца од 19

век; да умеат самостојно да анализираат лирска песна4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Учениците ја рецитираат песната со читање; се забележува тоа да биде изразно, доживеано рецитирање на елегичните стихови.

- Од учебникот се обидуваат да го прочитаат извадокот даден во факсимил од оригиналниот ракопис на авторот.

- Прават анализа на песната според планот: 1. Истакнување на мотивот и лирското Јас2. Поетски слики – објаснување на истите3. Формата на песната (број на строфи и стихови во нив, како и бројот на слогови

во стиховите)4. Визуелни и аудитивни делови во песната 5. Изразни средства, рима (видови) 6. Јазикот на кој е испеана (објаснување на архаични зборови, отсуство на некои

самогласки во зборовите, интервокалното в, наставките – ех, - ип и сл.)

Вреднување на знаењата: Учениците ја анализираат песната и нивните презентирања ќе бидат оценувани (вреднувани).

За наредниот час: Да повторат колку литературни родови има и кои се нивните основни обележја; да повторат од минатата година: тема, идеја, наратор (во прво и трето лице), фабула – соджина (разликата), ликови (главни и споредни, јунак – помошник – противник); да го вежбаат текстот ,,Спасувачка улога” од учебникот, за читање.

19

Page 20: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 14

1. Цели: Да ги примени усвоените литературно-теоретски поими во анализата на празен текст во усното изразување

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот посочил што да повторат за овој час; ги определил целта,

активностите и текот на часот; ги насочува кон реализација на целта; дава потребна помош и дополнителни прашања (по потреба, за сеопфатна анализа); ги следи активностите и ги вреднува; прави план на табла за анализа на текстот.

- Учениците ги повторуваат содржините кои им беа посочени; го читаат текстот по делови; низ прашања од наставникот теоретски ги повторуваат поимите кои им беа посочени; го анализираат текстот според планот на табла; дополнуваат искажува на ученици при анализата.

- Работа со текст, читање, пишување, објаснување. - Учебник, тетратки, табла.

Развојно-процесно планирање за час 14

1. Наставна единица: Интерпретација на текстот ,,Спасувачка улога” од Рајко Јовчевски (од учебникот).

2. Тип на часот: Нова наставна содржина (со примена на стекнати знаења) од подрачјата Литература и Изразување и торење

3. Цели на часот: Да умеат да ги применат знаењата во усната анализа на прозен текст.

4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот со прашања ги проверува теоретските знаења за литературно-теоретските поими кои им беа посочени.

- Дел по дел учениците го читаат текстот (се внимава на интонацијата, правилното акцентирање, паузите, директниот и индиректниот говор и сл.).

- Прават анализа на текстот според планот напишан на табла (од наставникот).

1. Истакнување на темата и нараторот (во кое лице раскажува)2. Определба на ликовите (главни и споредни, јунак – помошник – противник)3. Развој на дејството (определување не етапите)4. Идејноста на текстот

Вреднување на знаењата: Наставникот ги следи искажувањата на учениците и ги вреднува.

За наредниот час: Наставникот ги оределува учениците во две групи; едната вежба од текстот ,,спасувачка улога” да ја прераскажува фабулата, а другата содржината.

20

Page 21: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 15

1. Цели: Да знае да прераскажува текст, правејќи разлика меѓу фабула и содржина, со стилски богати реченици.

2. Активности, методи, наставни средства: - Наставникот им дал задача на учениците што да подготват за часот; ги

испланирал целта, активностите и текот на часот; ги следи и насочува активностите кон реализација на целта; врши корекции според потребите; им помага при правењето план за фабулата на текстот.

- Учениците дома се подготвиле за часот; наизменично ја прераскажуваат фабулата и содржината; следат внимателно и ги вреднуваат презентирањата; учествуваат во правењето план на табла за фабулата од текстот и пишување во тетратките.

- Работа со текст, прераскажување, пишување, објаснување.- Учебник, табла, тетратки.

Развојно-процесно планирање за час 15

1. Наставна единица: Прераскажување на фабулата и содржината на текстот ,,Спасувачка улога” од Р. Јовчевски

2. Тип на часот: Примена на стекнувани знаења од подрачјата Литература и Изразување и творење

3. Цели на часот: Да прави разлика меѓу фабула и содржина при прераскажувањето прозен текст

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Учениците одговараат на прашањата на наставникот: која е разликата меѓу - Фабулата и содржината, кој не се подготвил за прераскажувањето (наставникот ги

бележи оние кои не се подготвиле – вреднување). - Наизменично учениците ја прераскажуваат фабулата и содржината; по сечие

презентирање, натавникот и учениците ја оценуваат презентацијата. - Ученици кажуваат по една реченица како определување на фабулата; ја пишуваат на

табла и во тетратките.

Пример: Фабулата на текстот:

1. Пациентот на детската болница Горан добива епизодна улога2. Режисерот му објаснува на Горан што треба да прави ______ итн.

Вреднување на резултатите: ќе бидат вреднувани искажувањата на учениците (прераскажува-њето), но и учеството во планирањето на фабулата на текстот.

За наредниот час: Секој ученик да подготви да прераскаже фабула на игран филм; да ја определи тематиката на филмот, видот на филмот според содржината, толкувачите на главни и споредни ликови. Можат да си носат и белешка, како потсетник, од подготовката.

21

Page 22: 8 Dev Septemvri

Наставна единица 16

1. Цели: Да умее да стегнато, со употреба на јасни и стилски богати реченици да прераскаже фабула на филм по сопствен избор.

2. Активности, методи, наставни средства: - На претходниот час наставникот објаснил што треба да подготват учениците за

овој час; тој ги обмислил нивните активности, целта која треба да се реализира, формите и методите на работа; ги следи искажувањата на учениците а ги вреднува со претходно објаснување на забелешките.

- Учениците се подготвуваат за активноста на часот; прераскажуваат фабула од филм кој сами си го одбрале, со претходно истакнување на насловот на филмот, темата, видот на филмот и толкувачите на главните и споредните ликови; можат да се служат и со свои белешки.

- Прераскажување, објаснување, дискусија (коментар). - Водени белешки од учениците додека се подготвувале.

Развојно-процесно планирање за час 16

1. Наставна единица: Прераскажување на фабула од гледан филм 2. Тип на часот: Усно изразување на дадена тема 3. Цели на часот: Да умеат јасно и стилски збогатено да прераскажат фабула на филм по

сопствен избор.4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот, во воведниот дел од часот, ги потсетува учениците што и како треба да презентираат и тоа за време од 5-10 минути; ги следи искажувањата и ги вреднува со претходно објаснување на забелешките.

- Учениците ги презентираат своите подготвки, при што можат да ги корситат белешките кои ги воделе додека се подготвувале; и тиа учествуваат во вреднувањето на искажувањата.

Вреднување на знаењата: Секоја презентација, како што беше укажано ќе биде вреднувана со објаснување.

За наредниот час: Да повторат за акцентот – правила за акцентирање.

22