42
Основно училиште “Маршал Тито“ с. Муртино – Општина Струмица ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРИРОДНИ НАУКИ И ТЕХНИКА ЗА VI ОДДЕЛЕНИЕ - ДЕВЕТОЛЕТКА 1

87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Основно училиште “Маршал Тито“ с. Муртино – Општина Струмица

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАНПО ПРИРОДНИ НАУКИ И ТЕХНИКА ЗА

VI ОДДЕЛЕНИЕ - ДЕВЕТОЛЕТКА

Учебна година Наставник2011/2012 Нетка Димоска

1

Page 2: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Реденброј.

Наставни теми Нови наставни содржини

Повторување Вежби Вкупно часови

Време на реализација

1.Планетата

Земја во вселената

2 6 6 14 IX - X

2.Земјата е

динамичен систем

4 8 6 18 X - XI

3.Особини на живиот свет

17 13 10 40 XI - III

4.Екологија 5 4 3 12 III - IV

5.Природните

науки во секојдневниот

живот

9 9 6 24 IV - VI

2

Page 3: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Тематско – процесно развојно планирање

за шесто одделение

Училиште: ОУ “Маршал Тито” с. Муртино – Општина Струмица

Наставен предмет: Природни науки и техникаНаставник: Нетка ДимоскаНаставен предмет: Природни науки и техникаОдделение: VI (шесто) за деветолетка

ТЕМА 1.: ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ВО ВСЕЛЕНАТА ( 14 часа )

Ред.бројСТРУКТУРА НА ТЕМАТА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

месец недела час 1 Вовед - Запознавање со целите,

содржините и начинот на реализација на планираните активности

IX1 1

2 Вселена (Космос) -/- 1 2 3 Повторување ( вежба ) за Вселената -/- 1 3 4 Сонцето како наша најблиска ѕвезда -/- 2 1 5 Сончев систем -/- 2 2 6 Повторување за Сонцето и Сончевиот

систем-/- 2 3

7 Соѕвездија -/- 3 1 8 Галаксија ( Млечен пат – Кумова слама ) -/- 3 2 9 Повторување за соѕвездија и Галаксија -/- 3 3 10 Месечина и месечви мени -/- 4 1 11 Комети и метеори ( Халиева комета ) -/- 4 2 12 Повторување ( вежба ) за природните

сателити и другите небески тела во Вселената

-/- 4 3

13 Човекот и Вселената X 1 1 14 Систематизација на постигањата за

темата: (контролен тест и оценување )

-/- 1 2

3

Page 4: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 1. Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на реализација на планираните активности

Време на реализација: 02. 09. 2011год. место: кабинет (училница)

Цели (ученикот/ученичката):

- да се запознае со целите на наставната програма по природните науки и техника (зошто ќе учи), содржините (што ќе учи), начинот на работа (кои упатства ќе ги добива, преку кои активности ќе учи (постапки, низ кои ќе ги усвојува знаењата и ќе се здобие со потребните способности и вештини);

- да осознаае како, кога и со кои активности, инструменти и критериуми ќе биде оценувано неговото знаење и напредување;

- Да се запознае со наставните средства: учебник, компјутер и другите извори на знаeње, како и начините како ќе ги користи;

Наставникот ги запознава учениците со учебникот, електронските содржни од Едубунту и другите наставни средства што ќе ги користат во наставата.

Наставни средства и помагала

- Учебник, компјутер, електронски апликации, глобус, географска карта, слајдови, слики и др.

Проверка, примена на знаењето и оценување

Воведниот час се користи и за запознавање на учениците со динамиката, постапките и активностите за реализација на проверка на постигањата и примената на знаењата. Преку контролен тест, есеј, дијалог или ИКТ постапки се утврдуваат постигањата и описно оценуваат учениците за нивните постигања од реализираната тема.

4

Page 5: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 2. Вселена ( Космос )

Време на реализација:________________ место:______________________

Цели (ученикот/ученичката):

- да има веќе стекнато основни знаења за поимот Вселена или Космос;- да умее со свој зборови да го опишува вселенскиот простор;- да има престава за големината на вселенскиот простор;- да умее да ги разликува и класифицира небеските тела во Вселената.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, електронски апликации Целестија и К-старс, слики и др.

Активности- Учениците и наставникот интерактивно дискутират за Вселената.- Наставникот ги запознава учениците со новите електронски апликации Целестија и К-старс.- Практичната примена на апликацијата Целестија во функција на наставата содржина со приказ на демо виртуелното движење низ Вселената.- Учениците самостојно ги користат алатките од апликациите Целестија и К-старс.- Интерактивно се дискутира за големината на Вселената и небеските тела кои ги препознале учениците.- Читање на текстови и разгледување на научни списанија за Вселената.

Проверка, примена на знаењето и оценување- Учесниците самостојно, во парови или групи се запознаат со елементите на апликацијата Целестија за препознавање на вселенскиот простор.- Визуелната нагледнос, повеќе ги мотивира учениците за осознавање на вселенскиот простор.- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ.

5

Page 6: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 3. Повторување ( вежба ) за Вселена ( Космос )

Време на реализација: ________________ Mесто:___________________

Цели (ученикот/ученичката):

- да се реализира проверка на постигањата со различни предходно планирани активности од страна на наставникот;- да умее ученикот самостојно или со помош на електронските апликации да објаснува за состојбите и објектите во Вселената.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, електронски апликации Целестија и К-старс, слики и др.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за поимот Вселена - Учениците имаат задача користејки ги електронските апликации да ги прикажат основните движења на работната површина од нивните компјутери, и да користат податоци и параметри поврзани со Вселената или Коамосот.- Наставникот и учениците прават приказ на елементи од работната површина на електронската или пишаната апликација.

6

Page 7: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 4. Сонцето како наша најблиска ѕвезда

Време на реализација:________________, место:__________________

Цели (ученикот/ученичката):

- да умее да го препознава Сонцето како наша најблиска ѕвезда;- да објаснува за големината и физичките карактеристики на Сонцето;- да умере да дискутира, како Сонцето влијае за животот и изгледот на нашата планетата;- да умее да направи проценка како сончевиот сјај има влијание на климатските промени на Земјата.

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, електронски апликации Целестија и К-старс, слики и др.

Активности- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за поимот Сонце.- На прашањето на наставникот „Зошто велиме Сонцето е наша најблиска ѕвезда неколку ученици поединечно усно одговараат.- Со помош на цртежи или слајдови наставникот објаснува за внатрешната градба на Сонцето.- Наставникот интерактивно објаснува за настанокот и големината на Сонцето.- Учениците имаат задача, користејки ги електронските апликации да проценат зошто голем број, други небески тела се движат по одредени патеки окулу Сонцето.

Проверка, примена на знаењето и оценување

- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ. - Примена на визуелната нагледнос, за градбата и големината Сонцето, самостојно од страна на одделен ученик.

7

Page 8: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 5. Сончев систем

Време на реализација:________________ место:______________________

Цели (ученикот/ученичката):

- да го препознава Сонцето како центар на Сончевиот систем;- да обаснува за неговата голема привлечна сила;- да умее да ги опишува планетите како поголеми небески тела;- да објаснува за природните сателити и другите небески тела;- да умее да процени кои небески тела имаат имаат постојани патеки окулу Сонцето или нивните патеки поминуваат и надвор од Сончевиот систем;

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, електронски апликации Целестија и К-старс, слики и др.

Активности

- Интерактивна дискусија на наставникот со учениците за поимот Сончев систем.- Наставникот дава појаснувања на учениците како настанал Сончевиот систем.- Со помош на цртежи или слајдови наставникот објаснува за распоредот на планетите и другите небески тела.- Наставникот интерактивно објаснува каква е градбата и атмосферите на Планетите.- Учениците имаат задача, користејки ги електронските апликации Целестија или К-старс визуелно да се доближат до површините на планетите и нивните сателити.

Проверка, примена на знаењето и оценување

- Учесниците самостојно, во парови или групи се запознаат со елементите на апликацијата К-старс за препознавање на вселенскиот простор окулу Сонцето.- примена на визуелната нагледност за составот и големината Сончевиот систем.- Наставникот реализира проверка на постигањата на учениците усно, писмено или преку ИКТ.

8

Page 9: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 6. Повторување ( вежба ) за Сонцето и Сончевиот систем

Време на реализација: ________________ , место:__________________

Цели (ученикот/ученичката):

- да се реализира проверка на постигањата со различни предходно планирани активности од страна на наставникот;- да умее ученикот самостојно да објаснува за Сонцето како наша најблиска ѕвезда.- да умее да ги опишува небеските тела во Сончевиот систем

Наставни средства и помагалаУчебник, компјутер, лцд проектор, атлас, електронски апликации Целестија и К-старс, слики и др.

Активности, форми и методи за реализација на планираните цели- Преку интерактивна дискусија наставникот реализира проверка на постигањата на учениците за Сонцето и Сончевиот систем. - Учениците самостојно одговарат, писмено на 6 прашања за Сонцето и Сончевиот систем.__________________________

.....

9

Page 10: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Тематско – процесно развојно планирање

за шесто одделение

Училиште: ОУ “Маршал Тито“ с. Муртино – Општина Струмица

Наставен предмет: Природни науки и техника Наставник: Нетка Димоска

Одделение VI (шесто) за деветолетка

ТЕМА 2.: ЗЕМЈАТА Е ДИНАМИЧЕН СИСТЕМ ( 18 часа )

Ред.бројСТРУКТУРА НА ТЕМАТА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

месец недела час 1 Земјини сфери

X1 3

2 Повторување за земјините сфери -/- 2 1 3 Внатрешни и надворешни промени на

Земјата-/- 2 2

4 Земјотреси -/- 2 3 5 Цунами -/- 3 1 6 Повторување за земјотреси и цунами -/- 3 2 7 Вулкани -/- 3 3 8 Повторување за вулкани -/- 4 1 9 Движења на морската вода – бранови и

бури-/- 4 2

10 Плима и осека -/- 4 3 11 Повторување (вежба ) за движењата на

морската водаXI 1 1

12 Врнежи и нивна географска разместеност -/- 1 2 13 Повторување за врнежите и нивната

разместеност-/- 1 3

14 Ерозија на земјиштето -/- 2 1 15 Видови карпи -/- 2 2 16 Видови почви и нивното стопанско

значење-/- 2 3

17 Повторување за: ерозија, видови карпи и почви

-/- 3 1

18 Систематизација на постигањата за првата -/- 3 2

10

Page 11: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

темаТематско – процесно развојно планирање

за шесто одделение

Училиште: ОУ “Маршал Тито“ с. Муртино – Општина Струмица

Наставен предмет: Природни науки и техника Наставник: Нетка Димоска

Одделение VI (шесто) за деветолетка

ТЕМА 3.: ОСОБИНИ НА ЖИВИОТ СВЕТ (40 часови)

Ред.бројСТРУКТУРА НА ТЕМАТА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

месец недела час1. Особини на живите организми XI 3 32. Клеточна градба (клетка, клеточна

обвивка, цитоплазма, јадро)-/- 4 1

3. Вежби и повторување за клеточната градба -/- 4 24. Едноклеточни организми,

микроорганизми, повеќеклеточни организми

-/- 4 3

5. Систематизација за особините на живите организми и клеточната градба

XII 1 1

6. Исхраната ги условува другите животни процеси - храна

-/- 1 2

7. Вежби и повторување за клеточната градба -/- 1 38. Начини на исхрана (произведувачи,

потрошувачи)-/- 2 1

9. Истражување за начините на исхраната кај познати растенија и животни

-/- 2 2

10. Синџири на исхраната -/- 2 311. Вежби и повторување за начините на

исхрана и синџирите на исхраната-/- 3 1

12. Систематизација на содржините за храна и исхрана

-/- 3 2

13. Дишењето како биолошка особина – размена на гасовите

-/- 3 3

14. Вежби и повторување за размената на гасовите

-/- 4 1

15. Органи за дишење -/- 4 216. Истражување за органите на дишење кај

животни во различни животни средини-/- 4 3

11

Page 12: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

17. Систематизација на содржините за дишењето

I 3 1

18. Ослободување од штетните материи -/- 3 219. Органи за излачување -/- 3 320. Вежби и повторување за органите за

излачување-/- 4 1

21. Систематизација на содржините за излачувањето

-/- 4 2

22. Движењето како биолошка особина -/- 4 323. Вежби и повторување за движењето II 1 124. Органи за движење во животните средини -/- 1 225. Истражување за органите на движење кај

животни во различни животни средини-/- 1 3

26. Систематизација на содржините за движењето

-/- 2 1

27. Осетливост на дразби -/- 2 228. Истражување за осетливост на дразби кај

растенијата и животните-/- 2 3

29. Органи за примање на дразбите -/- 3 130. Вежби и повторување за органите за

примање на дразби-/- 3 2

31. Заштита од силни дразби -/- 3 332. Систематизација на содржините за

осетливоста на дразби-/- 4 1

33. Животен циклус кај растенијата, и животните, растење и развивање

-/- 4 2

34. Бесполово размножување -/- 4 335. Вежби и повторување за животните

циклуси и бесполовото размножувањеIII 1 1

36. Полово размножување кај растенијата -/- 1 237. Полово размножување кај животните -/- 1 338. Стареење, умирање -/- 2 139. Систематизација на содржините за

животниот циклус кај растенијата и животните

-/- 2 2

40. Изработка на тематско тестирање -/- 2 3

12

Page 13: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час: 1, 2, 3, 4 и 5

ЦЕЛИ - ученикот/ученичката:

- да ја открива разновидноста и сродноста на живите организми;

- да ги разбере одликите на живите организми;

- да ја разбира клеточната градба на организмите, едно и повеќеклеточноста;

- да ги именува формите, составните делови на клетката (растителна и

животинска) и нивните функции со помош на графика;

- да ги воочува и наведува сличностите и разликите во градбата помеѓу

животинската и растителната клетка.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА

- Учебник, енциклопедии, историски читанки, атласи, научно-популарни списанија,

текстови и др.

- Компјутер, Интернет, комјутерски апликации од областа на природните науки.

- Лупа, микроскоп, плакатна хартија, фломастери, селотејп.

- Табели, графици од различен вид (готови или направени наменски за внес на

податоците).

- Упатства за работа за групите.

НОВИ ПОИМИ Клеточна градба; клетка; клеточна обвивка; цитоплазма; јадро; едноклеточни организми; микроорганизми; повеќеклеточни организми.

13

Page 14: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час 1: Особини на живите организми - Бура на идеи: Кои се особините на живите организми?

- Работа во групи: Набљудување на различни одлики на животни (движење, хранење, осетливост и др.)

- Разгледување на слики од атласи, на интернет или друг извор на информации.

- Презентирање од работата на одделните групи.

- Дискусија и заклучок (Заклучокот од дискусијата може да се претстави во форма на графички организер).

Домашна задача: Соберете сликички од списанија и весници или сами нацртајте едно растение или животно како се движи, се храни, и реагира во различни ситуации. Изработете албум за еден организам.

Час 2: Клеточна градба (клетка, клеточна обвивка, цитоплазма, јадро)

- Самостојна работа разгледување на цртеж или модел на клетка и воочување на клеточната обвивка, цитоплазмата и јадрото.

Активности- На нацртаната шема на клетката на табла, учениците треба да ги обележат

познатите делови.

- Покрај секој дел треба да ја напишат неговата функција (една или повеќе).

- Секој ученик треба да го нацрта овој цртеж во својата тетратка.

Домашна работа: секоја група се договара од какви материјали ќе го изработува својот модел на клетка. Секој ученик во групата се задолжува што ќе донесе за следниот час.

Час 3: Вежби и повторување за клеточната градба

14

Page 15: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Изработување на модел на клетка Препорака: Секоја група ученици треба да изработи свој модел на клетка (растителна или животинска) од материјалите кои тие самите ги донеле. Моделите се обојуваат и обележуваат. Се врши презентација на моделите со објаснување како тој е изработен и појаснување за деловите и боите на моделот.

Час 4: Едноклеточни организми, микроорганизми, повеќеклеточни организми

Упатство: Наставникот ги потсетува учениците за деловите на микроскопот и за постапките на микроскопирањето.

Активности

Демонстрирање - микроскопирањеНаставниот поставува препарати од клетки под микроскоп (растителна, животинска и од квасец – микробна клетка), секој ученик набљудува, а потоа скицира во својата тетратка тоа што го видел. На таблата исто така три ученика ги цртаат, обележуваат трите видови клетки кои се микроскопирани и ги појаснуваат разликите кои ги виделе на препаратите.

Активности - Демонстрирање – микроскопирање на препарати од: растителна клетка,

животинска клетка, микробна клетка.- Микроскопирање на барски едно- и повеќеклеточни организми.

Час 5: Систематизација за особините на живите организми и клеточната

градба

Цели

Ученикот/ученичката:

- да ги разбере одликите на живите организми;

- да ја разбира клеточната градба на организмите, едно и повеќеклеточноста;

15

Page 16: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

- да ги именува формите, составните делови на клетката (растителна и

животинска) и нивните функции со помош на графика;

- да ги воочува и наведува сличностите и разликите во градбата меѓу

животинската и растителната клетка.

Активности, методи, наставни средства

Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на

учениците (шеми, прашања, тестови, графички организери) со кои ја согледува

ефикасноста во наставата и учењето.

Наставникот води белешки за активностите на учениците (нивната

мотивираност, учество во активностите, редовност, истрајност, креативност) и

знаењата на учениците за оваа тема. Врз основа на релевантни показатели се

одредува оценката на секој ученик.

Методи на оценување

Целите на часот треба да се јасно дефинирани и на учениците им се

соопштуваат на почетокот на часот, а според нивната функционална дефинираност

(мерливост), наставникот применува формативно оценување во сите фази на часот.

Наставникот поставува релевантни прашања, но и учениците треба постапно да се

оспособуваат за да поставуваат добро формулирани прашања. Наставникот може

да оценува во тек на сите активности, дискусијата и примената.

Наставникот дава усна повратна информација во непосредно во текот на

процесот на учење, како и во текот на презентацијата на наученото, со цел

ученикот подобро да го осознае процесот на сопственото учење и напредување.

Исто така, учениците може да ја оценуваат работата на своите соученици

(заемно оценување), со помош на претходно зададени критериуми, кои наставникот

ќе ги подготви според стандардите на знаење.

16

Page 17: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Доколку учениците се добро и навремено запознати со целите на темата, тие

и самите може да се оценуваат врз база на критериумите кои наставникот ги

изработува.

Оценувањето се врши со тековно (формативно оценување) кое се практикува

за време на секој час. Прашањата се поставуваат според стандардите на знаење за

овој наставен предмет во петто одделение.

Наставникот треба да настојува покрај прашањата кои започнуваат со:

- наброи..., препознај на цртеж..., дефинирај...,

да поставува и прашања од типот:

- објасни..., наведи примери..., прикажи го редоследно процесот /фазите...,

- дали е можно да..., кои се причините..., кои се последиците..., кои се влијанијата

врз..., зашто е тоа ...,

- какво е значењето..., каде тоа има примена..., зашто ова треба да го знаеш...,

Учениците секогаш треба да добиваат усна повратна информација за нивните

постигања, како во истражувањата така и во презенирањето.

Подготовки за следната тема - наставна секвенца

Учениците треба да се подготват за реализација на содржините за исхраната.

Констатации од реализацијата на часовите 1-5

Наставникот кусо го опишува текот на наставата (графички организер за планот

на табла и кусо соопштение за реализацијата на наведените часови), бележи

подготвени прашања за проверување и утврдување на основните поими и

подготвува шеми, обиди, вежби и друго. Доколку наставникот вршел оценување на

знаењето на учениците, тој треба да напише и проценка за степенот на

совладаноста на целите, како и за оспособеноста на учениците да поставуваат и да

изведуваат обиди, да подготвуваат презентации и други активности.

17

Page 18: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Тематско – процесно развојно планирање

за шесто одделение

Училиште: ОУ “Маршал Тито“ с. Муртино – Општина Струмица

Наставен предмет: Природни науки и техника Наставник: Нетка Димоска

Одделение VI (шесто) за деветолетка

ТЕМА 4.: ЕКОЛОГИЈА (12 часови)

Ред.брСТРУКТУРА НА ТЕМАТА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

месец недела час1. Нивоа на еколошка поделба III 3 12. Вежби и повторување на нивоа на

еколошката поделба (еколошки категории)-/- 3 2

3. Екосистем – шума во умерениот појас -/- 3 34. Дождовна шума -/- 4 15. Вежби и повторување за шума во

умерениот појас и за дождовната шума-/- 4 2

6. Пустина -/- 4 37. Морски екосистем IV 1 18. Поларен екосистем -/- 1 29. Вежби и повторување за пустината,

морскиот и поларниот екосистем -/- 1 3

10. Односи во живиот свет (симбиоза, паразитизам, предаторство)

-/- 2 1

11. Вежби и повторување за односите во живиот свет

-/- 2 2

12. Систематизација со тестирање на содржините од темата

-/- 2 3

18

Page 19: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час: 1 и 2

ЦЕЛИ - ученикот/ученичката:

- да ги именува и објаснува основните еколошки поими;

- да ги набројува основните услови во животните средини кои влијаат врз

живиот свет.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА

- Учебник, енциклопедии, еколошки атласи, научно-популарни списанија, текстови и

др.

- Компјутер, Интернет, комјутерски апликации од областа на екологијата.

- Табели, графици од различен вид, готови или направени за внес на податоците.

- Упатства за работа за групите.

АКТИВНОСТИ

Час 1: Нивоа на еколошка поделба - Посета на училишниот парк и разговор за природното опкружување.

- Набљудување и откривање на видовите на животни заедници во опкружувањето.

- Презентирање од работата на одделните групи.

- Дискусија и изработка на графички организер на табла за поврзаноста на единка, животна заедница, живеалиште и екосистем.

- Домашна задача: Набљудување и водење дневник за едно животно (единка), за едно растение, за околната река, за функционирање на зоолошката градина.

Час 2: Вежби и повторување на нивоа на еколошката поделба (еколошки категории)

19

Page 20: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Активности - Работа во група: изработување проект за животните заедници во локалното

опкружување. - Користење на Интернет за пребарување и разгледување на различни

растителни и животински претставници (видови) и нивни заедници и живеалишта.

- Презентирање на проектите. - Дискусија за поврзаноста на еколошките категории во природата.

ОЦЕНУВАЊЕ

Во сите фази на часот се применува формативното оценување.

Врз основа на одговорите на поставените прашања (формулирани според

стандардите на знаење за овој наставен предмет), наставникот дава усна повратна

информација. На тој начин, ученикот подобро го осознава процесот на сопственото

учење и напредување.

Поголемиот дел од часовите се реализираат преку практични активности

(индивидуални, во пар или во група), се вреднуваат:

- самостојно извршените активности (задачи);

- индивидуалното учеството на поединецот во работата на групата и

- добиени резултати поединечно и на ниво на група.

Самооценување може да се практикува кога претходно на учениците им се

најавени целите на часот, како критериумите за оценување.

КОНСТАТАЦИИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЧАСОВИТЕ 1 и 2

Наставникот прави кус преглед од реализацијата на часовите од аспект на:

- соодветноста на времето за реализација и распределбата на наставниот

материјал;

- проценка за степенот на реализација на планираните цели и активности;

- проценка на оспособеноста на учениците да поставуваат прашања,

наведуваат примери и да анализираат конкретни (реални) состојби;

- евентуална потреба од промени во планирањето за наредната учебна година.

20

Page 21: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Тематско – процесно развојно планирање

за шесто одделение

Училиште: ОУ “Маршал Тито“ с. Муртино – Општина Струмица

Наставен предмет: Природни науки и техникаНаставник: Нетка ДимоскаОдделение VI (шесто) за деветолетка

ТЕМА 5.: ПРИРОДНИТЕ НАУКИ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ (24 часови)

Ред.брСТРУКТУРА НА ТЕМАТА

ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

месец недела час1. Примена на науките во секојдневниот

живот IV 3 1

2. Постапки на мерење во секојдневниот живот

-/- 3 2

3. Следење на временски карти на интернет -/- 3 34. Истражување: Неделна потрошувачка на

вода во нашето семејство-/- 4 1

5. Природните науки и производството на храна – производство на леб : (пренесување на искуство или посета на пекарска работилница)

-/- 4 2

6. Истражување: Зошто во смесата за добивање на леб се додава и квасец?

-/- 4 3

7. Од вино до оцет V 1 18. Производство на млечни производи -/- 1 29. Зачувување на храната во исправна

состојба-/- 1 3

10. Повторување и систематизирање за производство на храна

-/- 2 1

11. Природните науки и производството на материјали корисни за човекот- Добивање на стакло

-/- 2 2

12. Пластиката и синтетичките влакна – материјали на денешнината

-/- 2 3

13. Дебата: пластиката за и против човекот -/- 3 114. Рециклирање и повторна употреба на

производите-/- 3 2

21

Page 22: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

15. Природните науки и лековите -/- 3 116. Истражување: Од историјата на аспиринот

и пеницилинот-/- 4 2

17. Систематизирање на содржините од 11 -16 преку пополнување на мапа

-/- 4 3

18. Загадување на водата за пиење -/- 4 119. Прочистување на водата за пиење VI 1 220. Истражувачки активности: изработка на

модел за прочистување на водата-/- 1 3

21. Движење низ водена и воздушна средина -/- 1 122. Добивање на енергија во различни облици

и нејзината употреба-/- 2 2

23. Примената на светлината во новите технологии

-/- 2 3

24. Систематизирање на темата -/- 2 1

22

Page 23: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Час: 1, 2, 3 и 4

ЦЕЛИ - ученикот/ученичката:

- да сфати дека природните науки имаат голема примена во секојдневниот живот;

- да ја согледа поврзаноста помеѓу природните науки и технолошките откритија;

- да сфати дека до големи откритија човекот најчесто доаѓал преку долготрајни

истражувања, а понекогаш и случајно;

- да ја согледа важноста на мерењето, читањето и толкувањето на резултатите како

битни фактори за нови откритија;

- да врши мерења на температура, маса и должина и да отчитува податоци од

водомер ( или струјомер);

- да препознава и чита елементарни податоци од временски карти;

- да евидентира податоци од мерење (или превземени од интернет), претставува во

табела и график, коментира и извлекува закллучок.

НАСТАВНИ СРЕДСТВА

- Учебник, енциклопедии, историски читанки, атласи, научно-популарни списанија,

текстови и др.

- Компјутер, Интернет, комјутерски апликации од областа на природните науки.

- Термометри, штоперица или часовник со секундарник, апарат за притисок, вага,

водомер, сантиметар, лабораториски чаши, шпиритусна ламба, мерен сад (кујнска

мерица).

- Табели, графици од различен вид (готови или направени наменски за внес на

податоците), временски карти.

- Упатства за работа за групите.

АКТИВНОСТИ

Час 1: Примена на науките во секојдневниот живот

23

Page 24: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

- Бура на идеи: Која е улогата и значењето на природните науки во секојдневниот живот (Сум чул, прочитал, видел, знам и слично) ?

- Работа во групи ( читање и обработка на соодветни текстови; пребарување од Интернет).

- Презентирање од работата на одделните групи.

- Дискусија и заклучок (Заклучокот од дискусијата може да се претстави во форма на графички организер).

Домашна задача: Следете ја дневната потрошувачка на вода во вашето семејство следните 5 дена така што ќе ги отчитувате податоците од Вашиот водомер и истите ќе ги запишувате во тетратка.

Час 2: Постапки на мерење во секојдневниот животАлтернатива 1: Мерење на тежина и висoчина на учениците во паралелката. Доколку училиштето располага со вага за мерење на телесна тежина и височина (може да се искористи и обичен сантиметар кој ќе се прицврсти на sидот), часот може да се реализира на следниот начин:

- Дискусија: Што може да се мери? Што ни е потребно за да извршиме мерење?- Мерење на тежината и височината на учениците - (работа во пар - едниот

мери, а другиот ги евидентира податоците во табелата).

Задача: Измерете колку сантиметри сте високи и колку килограми сте тешки така што ќе работите во пар по двајца. Резултатите потоа внесете ги во веќе приготвените табела 1и хистограм 1.

Табела 1: Податоци за тежината и височината на учениците подредени според редните бреви на учениците во дневникот.

Реден број на ученикот во дневник

Име и презиме

Тежина во килограми

Висина во сантиметри

Реден број според

тежината

Реден број според

височината

123

24

Page 25: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

- Дискусија и подредување на податоците во последните две колони од табелата според големината на добиените вредности. (фронтална работа).

Заклучоци:

- Може да се мерат различни својства (должина, височина, маса-тежината, температурата, времето и друго.

- Својството што се мери се изразува во единици

Највисок ученик во VI - X е: __________________________Најнизок ученик во VI – X е: __________________________Најтежок ученик во VI - X е: __________________________Најлесен ученик во VI - X e: __________________________

Алтернатива 2: Мерење на температура, време, маса и должина- Дискусија: Што може да се мери? Што ни е потребно за да извршиме

мерење?

1, 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . ..28 .....................................29

Маса

25

Реден број на ученикот во дневникот

Page 26: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

- Работа во групи: Мерење на температурата на воздухот и на водата; масата и должината на различни предмети и времето на загревање на водата до вриење

Групи: 1– Мерење на температурата на примероци од вода загреани на различна температура.Групи: 2 - Мерење на температурата на воздухот на сонце и под сенка. Групи: 3 - Мерење на масата на различни предметиГрупи: 4 - Мерење на масата на различни предметиГрупа 5. Мерење на времето потребно водата да се загрее до определена температура.

- Презентирање на резултатите од мерењата во одделните групи и дискусија.

- Заклучоци:

Може да се мери: маса, должина и височина, температура, притисок, време и друго.- Мерењето се врши со справи и со инструменти.

- Резултатите од мерењето се претставуваат во соодветни единици кои може да бидат помали и поголеми.

Домашна задачаИстражувај!Колку вода ќе истече за време од еден час, ако чешмата во вашата кујната капе 15 минути. Направи план и изведи го експериментот. Резултататите од твоето истражување донеси ги по наредниот час.

Час 3: Следење на временски карти - Воведни прашања: (Какво е времето денес? Зошто е важно да може да

пронајдеме податоци какво беше времето вчера во . . . , или пак какво ќе биде утре и во наредните денови во . . . Од каде може да ги добиеме тиа податоци? На кој начин се определуваат податоците со кои се опишува какво е или какво ќе биде времето? и други прашања).

- Читање на текст за елементарна непогода (торнадо, цунами и др.).

- Објаснување на поимот временска карта преку демонстрирање на различни видови на временски карти.

- Прбарување и евидентирање на податоци за временските услови во определени денови и место (какво е времето, температурата на воздухот,

26

Page 27: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

струење на воздухот, ветрови, штетни зрачења и друго) од различни видови временски карти и извори (дневен весник, Интернет и др.) – Работа во групи

- Презентирање на резултатите од пребарувањето со дискусија

Група 1:Ден Место Какво е

времетоТемпература на воздухот

Температура на водата

Штетно зрачење

ВчераДенесУтреГрупа 2: Група 3: . . .

Заклучок:- Со помош на мерења кои се вршат со различни инструменти, современите

технолошки и технички средства овозможуваат да се добијат податоци за временските услови во определено место и време.

- Временските карти ни ги претставуваат временските услови во определено место и подрачје на појасен и посфатлив начин.

- Улогата на природната група на предмети е значајна за добивање на податоци за временските услови (какво било, какво е или какво ќе биде во определено место и време).

Препорака: Организирајте посета во најблиската метереолошка станица со цел учениците да се информираат и стекнат сознанија за значењето на мерењето и улогата на одделни предмети – науки во добивање на информации за временските услови.

Час 4:Истражување: Неделна потрошувачка на вода /струја- Презентирање на податоците од индивидуалното истражување (извршено дома) за количеството на истечена вода ако чешмата капе 15 минути.- Давање на насоки за работа:Работа во групи (4-5): Обработка на податоците кои учениците ги прибрале од петдневното следење на потрошувачката на вода во семејството.

- Внесување на податоците во табела (1) според потрошувачка за конкретен ден.

Група 1 (2,3,4, 5 )Табела 1: Потрошувачка на вода во групата по денови

Ден

27

Page 28: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Ученик 1 2 3 4 51........2 .......3 .......4 ...........5 ......Вкупно во еден денВкупно

б) Пресметување на вкупна потрошувачка во групата по денови.в) Пресметување на потрошувачка на ниво на конкретна група.

Најмалку потрошило вода (струја) семејството на : ___________________Најмногу потрошило .......................... ___________________Вкупно потрошено: ___________________

- Презентирање на податоците од одделни групи преку пополнување на табелата, дискусија и сумирање на резултатите

Табела 2: Потрошувачка на вода по денови и групи

Група Ден (дата)1 2 3 4 5

12345Вкупно по деновиВкупно за 5 дена

Заклучок: Потрошувачка на вода во семејствата од нашата паралелка за пет денаНајмалку потрошено вода во ________________________Најмногу потрошено во ________________________Вкупно потрошено __________________Најмалку потрошило вода семејството на ученикот __________Најмногу потрошило вода семејството на ученикот ____________

28

Page 29: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

Домашна задачa:- Податоците од табела 2 претставете ги на график.

ОЦЕНУВАЊЕ

Во сите фази на часот, како во истражувањата така и во презенирањето,

се применува формативното оценување.

Врз основа на одговорите на поставените прашања (формулирани според

стандардите на знаење за овој наставен предмет), наставникот дава усна повратна

информација. На тој начин, ученикот подобро да го осознава процесот на

сопственото учење и напредување.

Земајќи предвид дека поголем дел од часовите се реализираат преку

практични активности (индивидуални, во пар или во група), се и вреднуваат:

- самостојно извршените активности (задачи);

- индивидуалното учеството на поединецот во работата на групата и

- добиени резултати поединечно и на ниво на група.

Самооценување може да се практикува ако претходно на учениците им се

најавени целите на часот и постојат јасни критериуми за оценување кои на

учениците им се претходно најавени.

КОНСТАТАЦИИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЧАСОВИТЕ: 1,2,3 И 4

Наставникот прави кус осврт на реализацијата на наведените часови од аспект

на:

- соодветност на време на реализација и прераспределбата на наставниот

материјал;

- проценка за степенот на реализација на целите и активностите зацртани во

планирањето;

29

Page 30: 87573366 1 Primer Za Celosen Globalen Prirodni Nauki i Tehnika

- проценка за оспособеноста на учениците да поставуваат прашања, вршат

мерења и читаат податоци од соодветен мерен инструмент, да презентираат

и други активности;

- евентуална потреба од промени во планирањето за наредната учебна година.

30