11
Универзитет “Гоце Делчев“ Штип Висока здравствена школа Семинарска работа по предметот Современи дијагностички методи Тема: Електромионеврографија Ментор: Изработил:

8908 Elektromionevrografija

  • Upload
    ane20g

  • View
    279

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Naprava za merenje na muskulnata aktivnost

Citation preview

Page 1: 8908 Elektromionevrografija

Универзитет “Гоце Делчев“ Штип

Висока здравствена школа

Семинарска работа по предметот Современи

дијагностички методи

Тема:

Електромионеврографија

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р Никола Камчев Ристова Наташа

Медицинска сестра

бр.на индекс1147

Page 2: 8908 Elektromionevrografija

Содржина:

1.Вовед

2.Дефиниција

3.Опис

4.Подготовка

5.Електромиографска крива

6.Индикации и контраиндикации

7. Резултати

8.Заклучок

9.Користена литература

2

Page 3: 8908 Elektromionevrografija

1.Вовед

Една од основните функции на мускулот е неговата способност да се

контрахира под дејство на дразби кои се пренесуваат преку нервниот систем.

Во природни услови мускулните контракции настануваат како резултат на

импулси што ги праќа кората на големиот мозок. Кога нервниот завршеток

допре до мускулниот сноп, се дели на повеќе влакна. Секое влакно завршува

во една завршна плочка која е всадена во мускулното влакно така да се

воспоставува директна врска со централниот нервен систем.

Еден моторен нерв може да инервира различен број мускулни влакна,

обично од 3 до неколку стотини мускулни влакна. Во нормални услови група

мускулни влакна кои се инервирани од еден нервен завршеток се нарекува

мускулна единица.

Моторната единица е основна функционална единица на нервно –

мускулната контракција. Бројот на моторните единици е различен во

различни мускули.

За мерење на моторната и сензитивната брзина на спроведување се

користи електромионеврографија.

3

Page 4: 8908 Elektromionevrografija

2.Дефиниција

Електромионеврографијата е метод кој служи за регистрирање на

акционите потенцијали на моторните единици на мускулите и испитување на

периферни нерви, односно служи за одредување на брзината на

спроведувањето на нервните импулси низ сензитивните или моторните

нерви. Се применуваат различни методи за да се добие информација за

континуитетот, односно непостојаниот континуитет во тн моторни единици.

Електромиографијата ни помага да ја објасниме слабоста на мускулите

која настанува како резултат на повреда на нервите или мускулите. Ни ја

открива големината на оштетувањето на моторните нерви после повредата,

текот на реинервација и успешноста на лечењето. Исто така, ни го покажува и

местото на оштетување, на која висина настанало, дали се подобрува или

влошува.

4

Page 5: 8908 Elektromionevrografija

3.Опис

Металниот диск на едната електрода се прицврстува на одредено место,

а многу тенката игла на другата електрода се забодува во мускулот кој

сакаме да го испитаме при што ја бележиме електричната активност помеѓу

тие две места. Најчесто употребуваме тн коксијална иглеста електрода која

овозможува испитување на моторните единици.

Во затворената цевка (канила), слично на инјекциската игла, жицата е од

платина, а електричните потенцијали се наоѓаат меѓу канилата и жицата.

Електродата е поврзана со електрограм, кој, всушност претставува

диференцијално појачувало опремено со електродни цевки (осцилоскопи) за

визуелен приказ на откриените и појачаните електрични потенцијали.

Во здрав и опуштен мускул владее електричен мир, што значи дека

нема никаков биоелектричен потенцијал. Објективен доказ дека постои

оштетување на нервите (денервација) е појавата на посебни електрични

потенцијали во релаксиран мускул. Нивната појава можеме да ја очекуваме

веќе петиот ден по оштетувањето на нервот, а најчесто ја согледуваме во

втората до третата недела.

5

Page 6: 8908 Elektromionevrografija

4.Подготовка

Ниската температура на телото во голема мера може да ги искриви

резултатите од електронеурографијата. Особено во ладно време, потребно е

претходно да се загрее тестираниот мускул и да се одржува нормална

телесна температура во текот на испитувањето.

После испитувањето пациентите можат слободно да продолжат со

нормалните активности.

5.Електромиографска крива

Промените во електромиографската крива при волева контракција на

мускулите се различни при оштетувањето на периферните нерви. Ја мериме

и брзината на спроведувањето на електричните импулси во погодените

сегменти кои дегенерираат, која во првите денови после оштетувањето на

нервите обично нормална. Ако оштетувањето е делумно, како што тоа е

најчесто при прилика на оштетувањето на нервите поради хернија, брзината

на спроведување е нормална.

За пациентите електромиографијата е незначајно болна и пациентите

лесно ја поднесуваат.

6

Page 7: 8908 Elektromionevrografija

6.Индикации и контраиндикации

Овој тест се користи во дијагностицирањето и пратењето на напредокот

на многу болести од нервниот и мускулниот систем како што се:

- amyotrophic lateral sclerosis (ALS),

- myasthenia gravis,

- мускулна дистрофија,

- мултипна склероза и др.

За овој тест не постојат контраиндикации.

7. Резултати

Кога се анализираат резултатите од овој тест, треба да се земе во обзир

дека електромиографијата е најдобра за истражување на функционалноста

на нервното ткиво. Меѓутоа, резултатите можат да бидат нормални и покрај

оштетувањето на нервите. Тоа се случува кога постои минимално

оштетување на нервите и мускулите.

Сепак, абнормалните резултати можат да ни дадат корисни информации

кои вклучуваат разлики помеѓу демиелинизацијата и губење на аксонот и

точната локација на повредата на нервот.

7

Page 8: 8908 Elektromionevrografija

8.Заклучок

Нема сомневање дека електромиографијата е само помошна

дијагностичка метода, но нејзините добиени податоци се многу важни.

Меѓутоа, нагласуваме дека клиничката слика покрај останатите дијагностички

методи, пресудна за донесувањето на правилен заклучок, особено за начинот

на лекување. Електромиографијата е многу корисна тогаш кога не сме

сигурни во природата на болеста, особено ако не сме сигурни дали се работи

за тумор во внатрешноста на мембраната на ’рбетниот мозок или за притисок

на корените на нервот поради хернија на дискот. Електромиографијата

мораме повеќе пати да ја повториме за да добиеме одговор за текот на

болеста, а особено да видиме каква е прогнозата за оздравување. Исто така,

со оваа метода го откриваме дотогашниот успех или неуспех на примената

терапија, понекогаш и многу порано отколку што ќе покажат другите

симптоми. Податоците кои ги добиваме со електромиографијата се многу

важни и затоа сметаме дека треба да се користи.

8

Page 9: 8908 Elektromionevrografija

 

9.Користена литература

-www.tens-innomed.pl

-www.erg.bme.hu

-www.flickr.com

-www.physiology.arizona.edu

-www.pitt.edu

-www.enotes.com

9