16
ФИКСЕН ФИКСЕН VS. VS. ФЛУКТУИРАЧКИ КУРС ФЛУКТУИРАЧКИ КУРС ЖИВКО МУКАЕТОВ Алкалоид ЉУБЕ ТРПЕСКИ професор ДИМИТАР БОГОВ гувернер на Народна Банка СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ едукативниот центар М6 ГЛИГОР БИШЕВ Стопанска банка ЉУПЧО ЗИКОВ Капитал Медиа Груп ДЕБАТА ДИМИТАР БОГОВ ДИМИТАР БОГОВ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА Мора да ја подобриме конкурентноста на економијата РЕФОРМИТЕ УДРИЈА ПО КРЕДИТИТЕ WWW.KAPITAL.MK СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ | БРОЈ 1 | НОЕМВРИ 2011 СЕКОЈ ПОСЛЕДЕН ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

BANKITE & BIZNISOT

Embed Size (px)

DESCRIPTION

BANKITE & BIZNISOT

Citation preview

Page 1: BANKITE & BIZNISOT

ФИКСЕНФИКСЕНVS. VS.

ФЛУКТУИРАЧКИ КУРСФЛУКТУИРАЧКИ КУРС

ЖИВКО МУКАЕТОВАлкалоид

ЉУБЕ ТРПЕСКИпрофесор

ДИМИТАР БОГОВгувернер на Народна Банка

СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИедукативниот центар М6

ГЛИГОР БИШЕВСтопанска банка

ЉУПЧО ЗИКОВКапитал Медиа Груп

ДЕБАТА

ДИМИТАР БОГОВДИМИТАР БОГОВ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА

Мора да ја подобриме конкурентноста на економијата

РЕФОРМИТЕ УДРИЈА ПО КРЕДИТИТЕ

WWW.KAPITAL.MKСПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ | БРОЈ 1 | НОЕМВРИ 2011 СЕКОЈ ПОСЛЕДЕН ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

Page 2: BANKITE & BIZNISOT
Page 3: BANKITE & BIZNISOT

3БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

СОДРЖИНА

КАПИТАЛ

Тези и антитези

КОЈА Е ОПТИМАЛНАТА МОНЕТАРНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОБРЗ РАСТ?

InterviewДимитар Боговгувернер на Народната банка на Македонија

МОРА ДА ЈА ПОДОБРИМЕ КОНКУРЕНТНОСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

Финансиска криза

РЕФОРМИТЕ УДРИЈА ПО КРЕДИТИТЕ

4

8

13

10

Извор: НБРМ

Движење на обем на кредити за приватни фирми во Македонија

35,640,9

46,8

75,9

106

122

58,9

102

112119

ВО МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ

14.000

18.000

18.500

2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 avg. 2011 3 20042004 0000002005200505 22006 2007 2008 2009 02010 avg. 2011

14,2 14,114,4

16,2

17,917,6

16,3

17,6

16,9

ПАРИЧНА МАСА (МИЛИОНИ ДЕНАРИ)

извор: НБРМ

� Кој ги чува, а кој ги движипарите во Македонија

4 13

ПМногу нови нешта од Капитал!

Почитувани читатели на изданијата на Капитал Медиа ГроупПред вас е првиот број на специјалниот месечен прилог “Банките и Бизнисот” или скратено “ББ”. Нашата многуилјадна деловна заедница од денес добива уште еден силен, важен, концептуално прецизно поставен и одлично дизајниран текст. Многу важен за македонскиот бизнис…“ББ” е месечен прилог кој си зададе мисија да ја разработува врската меѓу банките и реалниот сектор – компаниите! Ќе ја анализира позицијата на банките во однос на развојот на економијата. Банкарските предизвици на патот кон остварувањето на целите на секоја економска политика - отворањето нови работни места преку магичната тема, ИНВЕСТИЦИИТЕ. Само со овие прашања ќе се занимаваме на ова место.“ББ” е наменет за делот од деловната заедница во кој поединците размислуваат за иднината на своите компании. За нови инвестиции, како и за перспективите на своите сегашни инвестиции. За оној дел од македонската деловна заедница кој размислува за паричните текови во својата компанија…Во декемврискиот број ќе се занимаваме со проекциите и со иднината на македонскиот бизнис во 2012 година.Капитал Медиа Гроуп, почитувани наши верни читатели, како што гледате, не може да “седи мирен”. Месецов на медиумскиот пазар лансиравме два нови сегменти – овој што во моментов го држите во рака, како и прилогот “Менаџер“, предводен од нашиот интелигентен уредник Игор Петровски. “Менаџер”, кој стана составен дел на магазинот “Капитал“. А еве уште што друго направивме…Магазинот “Капитал“, чиј одговорен уредник е нашата посветена одговорна уредничка Билјана Здравковска, кој до пред две недели излегуваше во петок, од минатата недела излегува во среда. Оваа измена ја направивме од две причини: Првата, помала причина е што излегувајќи во среда, сега нашите илјадници претплатници ќе можат навреме да го добиваат магазинот (до петок) преку поштата, што им е одлична можност за читање преку викендот. Втората причина е поголема и е важна… Наскоро, многу брзо, нашата компанија подготвува ново изненадување за своите верни читатели… Станува збор за обемен и концептуално широко поставен викенд-број на дневниот весник “Капитал“. Станува збор за сосема нов петочен број на весникот, на кој едноставно нема да му одолеете и да стигнете да го прочитате за три дена (петок, сабота и недела). Ќе биде составен од сегашниот “Капитал“ со својот концепт, како што го гледате денеска, но и со два нови сегменти – Политика (како втор сегмент) и Уметност на живеењето, стилот и уживањето (како трет сегмент)… Со оглед на тоа што немам доволно простор да ви објаснам с$ на ова место, ве замолувам за трпение, па наскоро да видите…Овие концептуално дизајнерски измени што утрово можете да ги почувствувате се случуваат во последните два месеци, паралелно со лансирањето на цел еден сосема нов оддел во компанијата, а тоа е Капитал Академија, предводен од мојата неуморна колешка Гордана Михајловска. Станува збор за образовно-едукативен оддел кој почна многу обуки важни за учесниците на македонската професионално-деловна и бизнис-сцена. Досега организиравме четири обуки, кои поминаа извонредно, а учесниците ги испративме дома задоволни и со барање да не застануваат во потрагата по знаење и пак да ни дојдат. Убави се овие доживувања… Со оваа програма Капитал Медиа Гроуп има намера да направи интеграција и вистинска синергија меѓу своите медиуми, својата публика и деловната заедница, во која ги вбројуваме менаџерите, инвеститорите, сопствениците на бизниси, корпоративните директори, акционерите – големи и мали, државните функционери, директорите и членовите на бордови во јавните компании, агенциите, разните регулаторни тела, политичките партии, разните комисии за монополи, регулаторните тела…Сакам на ова место да укажам и на потребата нашата мисија – да нудиме квалитетни решенија на деловната заедница - да ја насочиме и кон највредното на македонската деловна и воопшто, бизнис-сцена, па ако сакате и политичка сцена. Тоа се младите луѓе. Студентите. Нема повредно нешто за иднината на оваа наша кревка држава од оваа група граѓани, оти тие едноставно се нашата надеж. Вистинска надеж.Оттука, во наредниот период со своите изданија и проекти Капитал Медиа Гроуп ќе посвети посебно место за оваа наша многуилјадна заедница преку посебно место на своите страници во разните сегменти. Почитувани читатели, како што можете да почувствувате, утрово во рацете држите еден елегантно дизајниран и напишан број на дневниот весник, збогатен со овој месечен прилог. Дневниот весник “Капитал“ секојдневно го пишува една силна, млада и високомотивирана екипа на новинари на Капитал, со силна визија за новото време, предводени од нашиот неуморен одговорен уредник Спасијка Јованова. Изданијата се дизајнирани од мојот висококреативен колега Николај Томашевски, на кого му благодарам за сите свои одрекувања во последните два месеци, за неспаните ноќи покрај компјутерот, каде што го создаваше ова вредно и слободно би рекол, врвно дизајнерско остварување. За крај на овој краток расказ за нас, само да потсетам дека денешното прво издание на “Банките и Бизнисот“ решивме да биде подарок за читателите. Со овој прв број на “ББ” имавме потреба на македонската деловна јавност да & дадеме нешто вредно, без да очекуваме да ни врати… Ве поздравувам со нашата вечна парола, силно врежана во свеста на нашата прогресивна публика… Само идејата е Капитал, с$ друго е пари…

Со почит,Љупчо Зиков

8

Page 4: BANKITE & BIZNISOT

4 БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ТЕЗИ И АНТИТЕЗИ

КАПИТАЛ

Александар Јанев[email protected]

Може ли монетарната политика, покрај макроекономската стабилност, да обезбеди услови за пораст на капиталот во приватниот сектор и забрзување на економскиот развој?! Прашањето за политиката на девизниот курс е меѓу најдискутираните меѓу економистите, а

секоја дебата за промена на монетарната стратегија како магнет веднаш го привлекува вниманието на целата јавност. Водени од идејата да се создадат подобри услови за работење на компаниите, зголемување на

Може ли монетарната политика, покрај макроекономската стабилност, да обезбеди услови за пораст на капиталот во приватниот сектор и забрзување на економскиот развој?! Дел од економистите сметаат дека денарот е прејак во однос на еврото и дека тој е главниот виновник за слабиот извоз и ниското производство. Поради тоа, многу бизнисмени водени од аргументите дека македонските извозници страдаат поради “силниот денар“ се залагаат за депресијација на денарот во однос на еврото, што практично значи девалвација. Главниот аргумент на оваа теорија е дека послабиот денар ќе го поевтини извозот и ќе го зголеми обемот на извезени стоки кон странство. Спротивно на тоа, компаниите што повеќе увезуваат отколку што извезуваат ќе треба поскапо да го платат увозот и тие веднаш ја отфрлаат идејата за промена на фиксниот курс на денарот

инвестициите и отворање на нови работни места, до крајната цел - забрзување на економскиот раст како клучен сегмент во општеството, Капитал Медиа Гроуп заедно со бизнисмените од Стопанската комора на Македонија се обидоа да ги извадат на маса сите аргументи за и против промена на фиксниот курс на денарот во функција на подобрување на перформансите на реалната економија. Главен дефект на домашната економија е всушност неконкурентноста на производите на странските пазари главно поради повисоката цена на капиталот во споредба со конкурентите од европскиот пазар. Фиксниот курс ја

оствари својата примарна цел да ги стабилизира цените и да ја одржи инфлацијата на ниско ниво, но го закочи процесот на намалување на каматите. Вообичаено за земји каде што подолг период се одржува ценовна стабилност е каматните стапки исто така да паѓаат, но во Македонија, иако подолг период инфлацијата е ниска, сепак поради поддршката на фиксниот девизен курс, каматите се одржуваат на високо ниво. Оваа монетарна стратегија постигна апсолутна стабилност на девизниот курс за сметка на висока варијабилност во нивото на каматните стапки и реалниот сектор - производството и вработеноста.

Дел од економистите сметаат дека денарот е прејак во однос на еврото и дека тој е главниот виновник за слабиот извоз и ниското производство. Поради тоа многу бизнисмени, водени од аргументите дека македонските извозници страдаат поради “силниот денар“ се залагаат за депресијација на денарот во однос на еврото, што практично значи девалвација. Главниот аргумент на оваа теорија, е дека послабиот денар ќе го поевтини извозот и ќе го зголеми обемот на извезени стоки кон странство. Спротивно на тоа, компаниите што повеќе увезуваат отколку што извезуваат, ќе треба поскапо да го платат увозот и тие веднаш ја отрфлаат идејата за промена на фиксниот курс на денарот. Во исто време, многу поддржувачи на идејата за депресијација на курсот на денарот, недоволно придаваат важност на една од основните карактеристики на македонската економија - високиот степен на eвроизација (кредити со девизни клаузули, кредити од странство). Поради фактот што поголемиот број финансиски обврски на компаниите, директно или индиректно се поврзани со курсот, секоја поизразена промена во вредноста на домашната валута ќе биде придружена со значителни трошоци. Овие тези и антитези всушност ја отвораат дилемата, кое е оптималното монетарно правило што ќе ја одржи макроекономската стабилност на ниво на потенцијалниот економски раст?Аргументи “за“ промена на курсотЦентралната банка има своја цел - да го брани курсот на денарот, преку што постигнува ценовна стабилност,

14.000

14.500

15.000

15.500

16.000

16.500

17.000

17.500

18.000

18.500

2003 avg. 2011

Која е оптималната монетарна стратегија за побрз раст?

ФИКСЕН VS. ФИКСЕН VS. ФЛУКТУИРАЧКИ КУРСФЛУКТУИРАЧКИ КУРС

03 2011

14,2 14,114,4

16,2

17,917,6

16,3

17,6

16,9

ПАРИЧНА МАСА (МИЛИОНИ ДЕНАРИ)

извор: НБРМ

Page 5: BANKITE & BIZNISOT

5БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ТЕЗИ И АНТИТЕЗИ

КАПИТАЛ

a фиксниот девизен курс од интермедијарна цел на монетарната политика, се трансформира во крајна цел. Во услови на опаѓање на инфлацијата, заради потребата од одржување на фиксен девизен курс и одредено ниво на девизни резерви, каматните стапки на пазарот на пари се одржуваат на високо ниво, а пристапот до капитал е всушност главната кочница за развојот на бизнисот. Анализата на Стопанската комора за резултатите од овој девизен режим со кој денарот се одржува де факто фиксен покажува голема нерамнотежа во економијата. Макероекономската стабилност е постигната но само во потесна смисла на зборот бидејќи ниското ниво на инфлација само по себе не може да услови намалување на каматните стапки а со тоа и поевтин пристап до финансиски капитал. Макроекономската позиција на земјата подолг период се карактеризира со изразен дефицит во платниот биланс, кој основните корени ги влече од дефицитот во надворешната трговија. Проблематично е што потрошувачката во Македонија е значително повисока од производството, при што вишокот се финансира од странски извори (инвестиции, кредити и дознаки на граѓаните). Во услови на недоволно производство, потребите за лична потрошувачка се надоместуваат со увоз на стоки однадвор. Нерамнотежата во надворешно- трговската размена условува рестриктивна монетарна политика, реализирана преку одржувањето на стабилноста на девизниот курс, односно ограничување на паричната маса за негова одбрана, што условува високи каматни стапки. НБМ за да ја контролира инфлацијата преку одбраната на фиксниот девизен курс, преземa мерки во нејзиниот домен и врши затегнување на монетарната политика со зголемување на каматните стапки на благајничките записи и воведување на задолжителен депозит за банките со што дополнително се ограничува нивото на кредитирање.

Податоците за движењето на паричната маса покажуваат дека во периодот од 2002 година досега, готовите пари во оптек се задржуваат скоро на исто ниво, иако паричната маса значително расте главно поради порастот на депозитните пари. Уделот на готовите пари во оптек, во вкупната парична маса, се намали од 17,5% во 2003 година на само 7% минатата година. Вредноста на парите што се извлекува од промет преку сите инструменти на НБМ од година во година се зголемуваше. Менаџерите коментираат дека имагинарно е очекувањето

да се зголеми производството и степенот на конкурентност во услови на тешко достапен и многу поскап капитал, во споредба со другите европски земји. “Еден од најтешките проблеми за бизнис секторот е недостигот од пари. Фирмите обвинуваат дека банките креираат кредитна политика со високи камати за поголема профитабилност, банките пак обвинувањата ги префрлаат кај Народната банка дека води рестриктивна кредитна политика и го ограничува нивото на пари за кредитирање. Според НБМ, рестриктивноста е во функција на одржување на макроекномската стабилност и стабилност на денарот. Така се вртиме во волшебен триаголник, но прашање е како да го унапредиме производството и извозот без поволни кредити“, истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Бизнисмените коментираат дека фиксниот девизен курс на долг рок може да стане контрапродуктивен - земјата ја губи конкурентноста кон странство, реалните каматни стапки остануваат високи, профитабилноста опаѓа, приливот на странски капитал се намалува, економскиот раст е под потенцијалниот, или во екстремни случаи, економијата може да се соочи со продолжена стагнација. “Оваа монетарна стратегија е одбранбена и не е во функција на забрзување на растот на домашната економија. Курсот на денарот не може да биде единствена цел сама за себе, особено не кога имаме тотално неконкурентна економија со мали компании, слаб извоз, дезинвестиции, огромна невработеност и неадекватна јавна потрошувачка. Зошто се води ваква рестриктивна монетарно кредитна политика каде што дежурна реченица е дека денарот е сидро на стабилноста на монетарната економија. Значи денарот е стабилен, сите се стабилни а ништо не мрда напред. Курсот треба да биде алатка за постигнување на опдредени цели – развој, инвестиции и отворање на нови работни места. Ниеден инвеститор нема да дојде во земјава ако знае дека трошоците кај другите земји конкуренти се пониски“, изјави еден од панелистите на дебатата, директорот на Капитал Медиа Гроуп, Љупчо Зиков.

Големите извозници кои користат домашни суровини за производство, сугерираат дека промена на девизниот курс и депресијација на денарот ќе ги направи многу поконкурентни на странските пазари, со што бизнисот дополнително ќе се развива преку нови инвестиции и

отворање нови работни места.Генералниот директор на фармацевтската компанија Алкалоид, Живко Мукаетов, изјави дека монетарната политика и девизниот курс треба да бидат алатки за поттикнување на поголем економски развој."Основна цел на измените на економските и монетарните политики треба да биде зголемување на извозот. Само на тој начин компаниите ќе можат да ги зголемат инвестициите, да отворат нови капацитети кои ќе отворат нови работни места“, потенцира Мукаетов.И поранешниот гувернер на НБМ, Љубе Трпески, оцени

дека фиксниот курс на денарот треба да се замени со раководено флуктуирачки. Според него, новата функција на централните банки како носители на економските политики, освен грижата за ценовната стабилност, треба да биде и економскиот развој.“Македонија е една од двете земји во светот кои со закон имаат флексибилен курс, а во реалноста тој де факто е фиксен. Најголемиот број научници се сложуваат дека раковедено флуктуирачки курс е најдобар режим, притоа науката сугерира поголемите земји да си дозволат поголеми флуктуирања додека кај помалите економии, маргините на флуктуирање да бидат пониски. Ако не постои спремност ниту кај централната банка ниту кај Владата за промена на девизниот режим, најдобро би било курсот да се озакони, значи да имаме фиксен курс на ова ниво 61 денар за едно евро со закон. Разликата е што централната банка се ослободува од секојдневни интервенции, а доколку курсот е нереален ќе се појави паралелен див пазар. Во тој случај централната банка ќе може да се посвети и на поголема кредитна активност, бидејќи според коефициентот на финансиска интермедијација по која се мери кредитната активност или степенот на монетаризираност на една економија, ние сме на дното. Значи, има простор за поголема кредитна активност на банките, а со поголемата кредитна активност на банките ќе се раздвижи оваа згрчена економија и оваа неликвидност којашто постои меѓу стопанските субјекти каде што никој никому не плаќа, без да има опасност од инфлаторни ефекти“, изјави Трпески.Според една пресметка, доколку се случела девалвација на денарот за 5% во 2008 година, домашната економија би загубила околу 250 милиони евра. Извозниците на стоки би добиле 135 милиони евра повеќе, додека пак компаниите што увезуваат би загубиле 222 милиони евра. Оние што штедат во девизи или во денари со девизна клаузула би добиле 89 милиони евра, додека пак оние што имаат кредити би платиле 80 милиони евра повеќе за нивна отплата. Странскиот долг на државата и компаниите би се зголемил за 165 милиони евра. Овој девизен режим со кој се одржува ценовната стабилност се применува од 1995 година, кога најпрвинденарот беше врзан фиксно за германската марка, а од 2002 година за еврото. Зошто фиксен курс?Додека економистите ги спротивставуваат своите

Живко Мукаетовгенерален директор на Алкалоид

Монетарната политика може и треба да биде

алатка за поттикнување на поголем економски развој во земјата. Сите извозници во Македонија се ссогласуваат дека промените на монетарната стратегија може да ги направат домашните извозни компании уште поуспешни и поконкурентни што ќе придонесе за побрз развој на економијата.Основна цел на измените на економските и монетарните политики треба да биде зголемување на извозот. Само на тој начин компаниите ќе можат да ги зголемат инвестициите, да отворат нови капацитети кои ќе отворат нови работни места.

Љубе Трпескиуниверзитетски професор

Македонија е една од двете земји во

светот кои со закон имаат флексибилен курс, а во реалноста тој де факто е фиксен. Најголемиот број научници се сложуваат дека раковедено флуктуирачки курс е најдобар режим, притоа науката сугерира поголемите земји да си дозволат поголеми флуктуирања додека кај помалите економии, маргините на флуктуирање да бидат пониски. Ако не постои спремност ниту кај централната банка ниту кај Владата за промена на девизниот режим, најдобро би било курсот да се озакони, значи да имаме фиксен курс на ова ниво 61 денар за едно евро со закон. Разликата е што централната банка се ослободува од секојдневни интервенции, а доколку курсот е нереален ќе се појави паралелен див пазар.

Димитар Боговгувернер на Народна банка

Фиксниот курс на денарот не е слаба страна на домашната

економија, туку предност. Тој бара поголема дисциплина од фискалната политика бидејќи во таква ситуација таа е многу помоќна во коригирање на нерамнотежите во економијата. Погрешно е да се врзува економскиот раст со политиката на курсот. На растот влијаат многу други позначајни фактори. Во мала, отворена економија со висока евроизација на билансите на сите економски субјекти – населението, претпријатијата и банките, како што е Македонија, самата најава за напуштање на политиката на стабилен курс би предизвикала нестабилност. Не се согласувам дека флуктуирачкиот курс на денарот и многу веројатната депресијација која би следела би го поттикнале извозот. Во македонскиот извоз доминираат металите и текстилот со учество од 50%, а во нивниот финален производ увозните инпути учествуваат со 80% до 90%.

Светозар Јаневскипретседател на Управниот одбор на едукативниот центар М6

Цврстата монетарна политика и нејзиното

затегање и при најмал знак на економско заживување и политика на дефакто девизниот курс како крајна цел влијае на зголемување на трошоците на работење, особено трошоците на финансирање. Тоа уште повеќе ја влошува состојбата со внатрешнта неликвидност - внатрешниот долг помеѓу компаниите постојано се зголемува, а компензацијата станува систем наместо исклучок. Доаѓа до поевтинување на увозот ,а влошување на позицијата на извозниците и опаѓањето на профитабилноста на компаниите. Банките се дестимулирани да се изложат кон стопанството, а наместо како кредити, парите ги вложуваат во државни хартии од вредност.

Глигор Бишевгенерален директор на Стопанска банка

Без оглед дали девизниот режим е фиксен или

флексибилен, најдобро е да е раководен од пазарните сили и да ги одразува економските фундаменти. Јас мислам дека доколку сега се смени курсот во флекисбилен, најпрво би се соочиле со апрецијација. Но најбитно за нашата економија е да се зголеми конкурентноста, да се обидеме да привлечеме странски капитал и повеќе инвестиции со што ќе расте извозот и вработеноста. За да се намали цената на капиталот, клучно е да се намалат маргините. Постојат земји со флуктуирачки девизен курс кои имаат висок економски раст или пак лоши резултати и земји со флуктуирачки девизен курс кои остваруваат подем или пак доживуваат фијаско - завршуваат со висока инфлација и стагнација. Но резултатите недвосмилнено укажуваат дека и фиксниот и флуктуирачкиот девизен курс мора да ги рефлектираат и во нив да се вградени фундаментите на економијата.

Што е фиксен, а што флуктуирачки курс?Флуктуирачки девизен курс - понекогаш се нарекува и флексибилен девизен курс, е вид на режим на размена при што на една валута и се дозволува да ја менува својата вредност во склад со странските девизни пазари на кои таа се разменува. Значи, вредноста на оваа валута се определува со понудата и побарувачката на девизниот пазар. Валутата што го користи ваквиот режим на размена станува позната како флуктуирачка (пливачка) валута. Опозит на овој вид размена е фиксниот девизен курс.Економистите генерално сметаат дека флуктуирачкиот курс во многу околности е подобар од фиксниот курс затоа што е во состојба да реагира на промената на ситуацијата на девизниот пазар. Сепак, фиксниот курс, во одредени ситуации, може да биде попожелен поради поголемата стабилност што и ја дава на валутата.Во светот не постои валута чија вредност е одредена само од понудата и побарувачката на девизниот пазар. Во случај на екстремно зголемување на вредноста (апресијација) или обезвреднување (депресијација), Централната банка ќе интервенира со цел да се стабилизира валутата. Според тоа, режимот на размена на флуктуирачките валути може технички да биде познат и како надгледуван девизен курс

a фиксниот девизен курс одмонетарната политика, се транВо услови на опаѓање на инфла

р , рВо услови на опаѓање на инфлацијата, заради потребата

се намали цената на капиталклучно е да се намалат маргините. Постојат земји сфлуктуирачки девизен курсимаат висок економски растили пак лоши резултати и зесо флуктуирачки девизен кукои остваруваат подем или доживуваат фијаско - завршсо висока инфлација и стагнНо резултатите недвосмилнукажуваат дека и фиксниот флуктуирачкиот девизен кумора да ги рефлектираат и да се вградени фундаментиекономијата.

ФИКСЕН VS. ФЛУКТУИРАЧКИ КУРС

фото

: ФИЛ

ИП ПО

ПОВС

КИ

Љупчо Зиковдиректор на Капитал Медиа Гроуп

Оваа монетарна стратегија е одбранбена и не е во

функција на забрзување на растот на домашната економија. Курсот на денарот не може да биде единствена цел сама за себе, особено не кога имаме тотално неконкурентна економија со мали компании, слаб извоз, дезинвестиции, огромна невработеност и неадекватна јавна потрошувачка. Зошто се води ваква рестриктивна монетарно-кредитна политика каде што дежурна реченица е дека денарот е сидро на стабилноста на монетарната економија. Значи денарот е стабилен, сите се стабилни а ништо не мрда напред. Курсот треба да биде алатка за постигнување одредени цели – развој, инвестиции и отворање на нови работни места. Ниеден инвеститор нема да дојде во земјава ако знае дека трошоците кај другите земји конкуренти се пониски.

Page 6: BANKITE & BIZNISOT

6 БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ТЕЗИ И АНТИТЕЗИ

КАПИТАЛ

тези – која монетарна стратегија ќе и даде поголем простор за развој на реалната економија, гувернерот на НБМ, Димитар Богов, ги закопа нивните дилеми со диктаторски став дека курсот на денарот останува фиксен, а националната валута стабилна по секоја цена. “Фиксниот курс на денарот не е слаба страна на домашната економија, туку предност. Тој бара поголема дисциплина од фискалната политика, бидејќи во таква ситуација таа е многу помоќна во коригирање на нерамнотежите во економијата. Погрешно е да се врзува економскиот раст со политиката на курсот. На растот влијаат многу други позначајни фактори. Во мала, отворена економија со висока евроизација на билансите на сите економски субјекти – населението, претпријатијата и банките, како што е Македонија, самата најава за напуштање на политиката на стабилен курс би предизвикала нестабилност. Не се согласувам дека флуктуирачкиот курс на денарот и многу веројатната депресијација која би следела би го поттикнале извозот. Впрочем, тоа го потврди и девалвацијата од 16% во 1997 година. Во македонскиот извоз доминираат металите и текстилот со учество од 50%, а во нивниот финален производ увозните инпути учествуваат со 80% до 90%“, изјави гувернерот на НБМ, Димитар Богов потенцирајќи зошто не планира да ја менува постојната монетарна стратегија.Богов обелодени дека курсот на денарот според анализите на НБМ во последните осум години реално депресирал за 10% ако се мери според инфлацијата, бидејќи нашите најголеми трговски партнери имале за толку повисока инфлација отколку во Макеоднија. Тоа според него значи дека конкурентноста на економијата е подобрена. Гувернерот ги фрла во вода и тезите на бизнисмените и економистите кои тврдат дека монетарната политика е рестриктивна, а банките недоволно ја поддржуваат реалната економија. Просечната годишна стапка на кредитен раст во последните 15 години додека водиме политика на стабилен девизен курс, изнесува 17,4%. Бидејќи просечната инфлација во истиот тој период изнесувала 2%, реалниот раст на кредитите изнесувал околу 15%.“Нема централен банкар во светот кој би рекол дека стапка на кредитен раст од 15% е ниска. Видовме што се случи во 2008 година после неколку години на годишни стапки на кредитен раст од 50% па и 100% во поголем број земји од Централна и Источна Европа. Верувајте, ниедна централна банка веќе нема да дозволи такви

стапки на кредитен раст. Постои едно непишано правило дека стапката на кредитен раст треба да биде двапати поголема од номиналниот раст на бруто домашниот производ. Ние сме тука некаде и очекуваме наредните години кредитите да растат со стапка од 15% до 20%. Лекциите од финансиската криза не научија дека повисок раст од тоа би бил ризичен и треба да се избегнува. Нема дилеми дека во поголем дел од овој период каматните стапки беа прилично високи, но, исто така, факт е дека во моментов, тие се најниски во последните дваесет години - денарските се 8,9%, а девизните 7,5%“, потенцира Богов.

Тој се обврза дека Народната банка и понатаму ќе ја релаксира монетарната политика за да ги поттикне банките да им дадат уште поголема финансиска поддршка на компаниите. Професорот и поранешен вицегувернер на НБМ, Томе Неновски пак, изјави дека македонската економја се уште силно ги чувствува последиците од кризата и затоа според него, не е момент да се размислува за промена на курсот на денарот, бидејќи ќе создаде уште повеќе проблеми наместо позитивни ефекти.

“Иако порано застапував тези дека фиксниот курс треба да се промени, од денешен агол, во услови на нестабилност велам, курсот да не го чепкаме. Да не направиме проблем онаму каде што го немаме во моментот. Ако го пуштиме курсот слободно да флуктуира, тој ќе придонесе да извршиме депресијација односно девалвација а ефектот од тоа ќе биде многу повеќе негативен отколку позитивен бидејќи вредноста на депозитите на граѓаните и компаниите ќе се намали, државните долгови кон странство во денарска противвредност ќе се зголемат, банкарскиот капитал ќе се намали, неспорно е дека извозниците ќе добијат но увозниците ќе изгубат. Во време на криза, кога загубите и така ни се трупаат поради настаните што не опкружуваат, треба да бидеме многу внимателни“, порача професорот Томе Неновски. Според него, монетарната политика треба да биде приспособена на она што економијата го бара, а тоа значи да се обезбеди ликвидност во економијата којашто ќе биде во функција на посакуваната стапка на економски раст. Кога ќе се определи колакав е потребниот обем на ликвидност во економијата што ќе ги задоволи барањата и потребите на економијата за раст и обратно, колкав е вишокот на пари што би требало да се стерилизара, ќе се создаде рамнотежа во економијата без да има силни инфлациски и притисоци врз девизниот курс на денарот.Дел од бизнисмените исто така во одбрана на актуелната монетарна стратегија, коментираат дека позитивните ефектите од девалвацијата на националната валута би биле краткорочни. За нив клучно е олабавувањето на монетарната политика и полесен пристап до кредити. “Цврстата монетарна политика и нејзиното затегање и при најмал знак на економско заживување и политика на де факто девизниот курс како крајна цел влијае на зголемување на трошоците на работење, особено трошоците на финансирање. Тоа уште повеќе ја

влошува состојбата со внатрешнта неликвидност - внатрешниот долг помеѓу компаниите постојано се зголемува, а компензацијата станува систем наместо исклучок. Доаѓа до поевтинување на увозот, а влошување на позицијата на извозниците и опаѓањето на профитабилноста на компаниите. Банките се дестимулирани да се изложат кон стопанството, а наместо како кредити, парите ги вложуваат во државни хартии од вредност. Освен монетарната политика, за да се релаксираат трошоците на компаниите треба да се менува и даночната политика. На пример, цените на енергенсите во земјава се дополнително оптоварени, бидејќи ДДВ се плаќа на вкупната цена со акциза“, изјави Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на едукативниот центар М6. Курсот е (и)релевантен за економскиот развој?!Генералниот директор на Стопанска банка, Глигор Бишев, пак, коментира дека курсот на националната валута е ирелевантен за економскиот раст. Според него, новата економска слика на светот после големата криза и закната за повторување на рецесијата создава тотална неизвесност во кој никој неможе да предвиди со сигурност што ќе се случува ниту во наредната година. Тоа значи дека дури и тие стратегии кои во минатото се покажале како успешни, во новите опкружувања може да бидат несоодветни.“Без оглед дали девизниот режим е фиксен или флексибилен, најдобро е да е раководен од пазарните сили и да ги одразува економските фундаменти. Јас мислам дека доколку сега се смени курсот во флекисбилен, најпрвин би се соочиле со апресијација. Но најбитно за нашата економија е да се зголеми конкурентноста, да се обидеме да привлечеме странски капитал и повеќе инвестиции со што ќе расте извозот и вработеноста. За да се намали цената на капиталот, клучно е да се намалат маргините“, изјави Бишев.Според Бишев, постојат земји со флуктуирачки девизен курс кои имаат висок економски раст или пак лоши резултати и земји со флуктуирачки девизен курс кои остваруваат подем или пак доживуваат фијаско - завршуваат со висока инфлација и стагнација. Но, резултатите недвосмилнено укажуваат дека и фиксниот и флуктуирачкиот девизен курс мора да ги рефлектираат и во нив да се вградени фундаментите на економијата. И во случај на фиксен и во случај на флуктуирачки девизен курс најдобри резултати оствариле земјите каде што фундаменталните фактори детерминирале тој курс да биде стабилен.

Страв од флуктуирачки курс

Вообичаено слободниот флуктуирачки курс ја зголемува девизната нестабилност. Постојат економисти кои

мислат дека ова би можело да предизвика сериозни проблеми, особено во земјите во развој. Нивните економии имаат финансиски сектор со еден или повеќе од следните услови:

висока задолженост (обично во долари) �финансиска ранливост �силни промени во билансите на состојба �

Кога задолженоста се искажува во странска валутa, а вредноста на средствата во локална валута, неочекуваните депресијациии на девизниот курс ги влошуваат банкарските биланси и билансите на состојба на претпријатијата, и претставуваат закана за стабилноста на домашниот финансиски систем.Земјите во развој чувствуваат поголем страв да се соочат со флуктуирачкиот курс, бидејќи тие имаат многу помали промени на номиналниот девизен курс, иако се соочуваат со поголеми шокови во движењето на каматните стапки и девизните резерви.Бројот на земји кои се соочиле со стравот од флуктуирачкиот курс значително се зголемил во текот на 90-тите години од 20 век.

Int_rnati_nal

Debt Collection_With EOS you fill in the gaps

and improve your cashflow.

With head and heart in finance

Receivables management

International Debt Collection

Think global – act local!

Page 7: BANKITE & BIZNISOT

www.sparkasse.mk

���8,5%�������

����

��� �������������������������������������������������

���������������� ����� ����� ������������������������� ��� ����������������� ��������������� �������� ������������������������ ������ ��

�������������� ��������������� �����������!���"�� ����������������#��$� �%&������'��(���)*�*+�+,**���

��������������� ������������������ �!��"��#�� ���������������$� �������������%��������� &������������������'�$����(��)*+,�-+**�.�/01�

2��������������3�����������-�������������

Page 8: BANKITE & BIZNISOT

8 БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

INTERVIEW

КАПИТАЛ

Мораме да ја подобриме конкурентноста

на македонската економија. Но, не со номинална депресијација туку со реална, внатрешна депресијација. Треба да ни биде јасно дека нема скратен пат до повисок животен стандард. Единствениот пат е преку посветена работа од сите нас. Продуктивноста треба да расте побрзо од растот на платите, домашната инфлација да расте побавно од инфлацијата кај нашите трговски партнери. Тоа е навидум едноставно решение, но за да се постигне потребни се комплексни реформи и посветено работење од сите во земјата

Спасијка Јованова[email protected]

Гувернере, имате прилично жешки шест �месеци од Вашиот мандат како прв човек на Народната банка на Македонија поради финансиската криза во Европа, која, секако, влијае и врз Македонија. Како се чувствувате сега, дали се каете што се нафативте да ја вршите оваа функција?

Последните четири години бев на позицијата вицегувернер, а пред тоа четири години на висока позиција во една од најголемите банки во Македонија, така што јасно ми беше каква одговорност и во какво време преземам. Од тој аспект, немам никакви изненадувања. Проблемите и инструментите за нивно решавање ми се добро познати. Но, не очекував дека ќе имам петпати повеќе обврски и толку малку слободно време. Нивото на стрес ми е зголемено, а рекреативните спортски активности намалени. Но, исто како и во економијата, и на човечкото тело му е потребна рамнотежа. Ќе морам брзо да воспоставам рамнотежа и да го обновам рекреативното спортување, кое го практикувам последните 25 години.

Кои се предизвиците со кои ќе се �зафатите во наредниот период како дел од управувањето со макроекономската стабилност во земјава? Кој сегмент од макроекономските перформанси на земјата Ви задава најголеми грижи?

Економскиот раст е секако она што сите го посакуваме кој единствено може да ни го подобри животниот стандард. Како гувернер на централната банка, јас најдобро можам да придонесам за економскиот раст со одржување на ценовната и финансиската стабилност во нашата економија. Впрочем, тоа е и моја обврска согласно со Законот за Народната банка. Без нив не може да постои одржлив економски раст. Не загрозувајќи ги тие две стабилности можам да ги поддржам и економските политики. Затоа, се обидувам оптимално да ја поставам монетарната политика. Односно, да имаме каматна стапка и прудентна регулатива кои се доволни да се одржат ценовната и финансиска стабилност, но да не претставуваат непотребен товар врз банките, а со тоа и врз бизнисите.

Едно е јасно, дека нема да се откажете од �политиката на фиксен девизен курс, што многу експлицитно и го презентиравте на јавноста. Кои се Вашите аргументи за овој тврд став? И зошто сте толку категоричен во време кога никој од финансиската сфера во моментот во Европа не знае што точно треба да прави бидејќи многу успешни политики се покажаа како неуспешни?

Народната банка води политика на стабилен курс на денарот. Во практиката, тој се формира слободно на меѓубанкарскиот девизен пазар. Ние се појавуваме на девизниот пазар секогаш кога забележуваме нерамнотежа на понудата и побарувачката. Некогаш продаваме, но почесто купуваме девизи и на тој начин го одржуваме курсот стабилен. Но, во

Генерално сме задоволни со трендот на подобрување на стручноста и професионалноста на раководствата на банките, а во некои индивидуални случаи каде што не сме задоволни упативме јасни сигнали дека очекуваме брзо подобрување.

просек тоа не е повеќе од два-три дена во месецот. Во изминатите 14 години, колку што курсот на денарот е стабилен, ние создадовме кредибилитет. Токму поради тоа побарувачката за девизи на девизниот пазар е всушност реалната потреба за девизи за извршување на платниот промет со странство. Значи, не го држиме ние курсот вештачки. Нашите анализи покажуваат дека од 1997 година конкурентноста на македонскиот извоз не само што не е влошена, туку е значително подобрена. Доколку ние се откажеме од стабилниот курс на денарот, би се создала шпекулативна побарувачка за девизи. Односно, сите би купувале девизи за да се заштитат од неговото претпоставено обезвреднување.

Не се согласувате дека фиксниот девизен курс на �денарот и рестриктивната монетарна политика имаат придонес за високиот трговски дефицит, високите камати на банките и нискиот економски раст. Зошто, зарем монетарната политика сепак не е дел од вкупната економска политика и не се крои за да биде во функција на економскиот развој на една земја?

Не се согласувам бидејќи сметам дека тоа не е точно. Како што кажав претходно, монетарната политика има со закон дадена задача да одржува ценовна стабилност. Доколку ја напуштиме политиката на стабилен курс на денарот, би имале порестриктивна монетарна политика и висока инфлација. Ќе се обидам да објаснам зошто? Бидејќи сме мала, отворена економија, со висока евроизација на билансите на сите економски субјекти, доколку немаме стабилен курс сите економски агенти, домаќинствата, бизнисите, банките ќе бараат да ги конвертираат своите денарски активи во девизни. Во тоа сум сигурен, бидејќи ни се случувало во минатото секогаш кога имало шпекулации или очекувања за промена на курсот на денарот. Бидејќи курсот би бил флуктуирачки во таква претпоставена ситуација, Народната банка не би требало да интервенира на девизниот пазар. Тоа би довело до пад на вредноста на денарот и дополнителен бран на конверзија на денарските активи во девизни. Денарот би бил во слободен пад. Цените на увозните производи би пораснале, а исто така и на домашните поради повисоките цени на увозните суровини. Тоа би значело надминување на таргетот на инфлацијата и би била потребна реакција на монетарната политика со зголемување на каматната стапка и интервенција на девизниот пазар. Но, кредибилитетот на Народната банка би бил сериозно нарушен поради што интервенциите на девизниот пазар би морало да бидат многу големи, исто како и зголемувањето на каматните стапки. Значи, резултатот би бил висока инфлација, високи каматни

стапки и загуба на девизни резерви. Да не ги заборавиме намалувањето на животниот стандард и зголемените рати за враќање на девизните кредити, што би довело до банкрот на голем број бизниси и граѓани. Дали тоа би бил добар амбиент за економски раст и развој?

Дали сметате дека НБМ доволно придонесува за �економскиот раст?

Народната банка придонесува за економскиот раст со тоа што одржува ценовна и финансиска стабилност. Прашањето е дали може повеќе да придонесе без притоа да ги загрози ценовната и финансиската стабилност. Тешко прашање, но како што кажав и претходно, ќе тежнееме да постигнеме оптимална поставеност на монетарната политика.

Според Вас, стабилниот курс не е слабата страна �на македонската економија. Но, тој де факто не е стабилен ако НБМ мора често да го брани со интервенции на менувачкиот пазар. Колкава е цената за да се брани курсот на денарот?

Напротив, стабилниот курс на денарот е силната страна на македонската економија. Цената за одбрана на стабилниот курс е многу пониска отколку што би била цената која би ја платиле со флуктуирачки курс. Би сакал да елаборирам зошто стабилниот курс е предност, а не слабост на македонската економија. Стабилниот курс бара поголема дисциплина од фискалната политика, бидејќи во таква ситуација таа е многу помоќна во коригирање на нерамнотежите во економијата. Тоа е и основната причина зошто Македонија има исклучително ниски буџетски дефицити во последните 15 години и низок јавен долг. Стабилниот курс бара поголема ефикасност од приватниот сектор, бидејќи тоа е единствен начин за зголемување на конкурентноста. Нема маскирање на слабостите со висока инфлација и депресијација на валутата. За мене многу поучен е примерот со земјите од еврозоната. Долги години пред креирањето на монетарната унија некои земји, како Австрија и Холандија, водеа политика на фиксен курс во однос на германската марка. За да ја увезат германската стабилност тие мораа да изградат ефикасен приватен сектор и да водат дисциплинирани фискални политики. Не случајно тие сега се меѓу неколкуте најстабилни економии во еврозоната. Наспроти нив, Италија, Шпанија, Португалија, Грција воделе политики на флуктуирачки курс. Тоа им овозможуваше својата неефикасност да ја покриваат со постојаните девалвации во однос на германската марка. Затоа влегоа неподготвени во еврозоната, продолжија со своите добро познати политики, но веќе нема можност за прикривање на проблемите со испробаниот метод, а последиците ги гледаме.

Која е тогаш слабата страна на македонската �економија? Ако не го менуваме курсот, што треба да се смени?

Мораме да ја подобриме конкурентноста на македонската економија. Но, не со номинална депресијација туку со реална, внатрешна депресијација. Треба да ни биде јасно дека нема скратен пат до повисок животен стандард. Единствениот пат е преку посветена работа од сите нас. Продуктивноста треба да расте побрзо од растот на платите, домашната инфлација да расте побавно од инфлацијата кај нашите трговски партнери. Тоа е навидум едноставно решение, но за да се постигне потребни се комплексни реформи и посветено работење од сите во земјата. Треба да ги подобриме услугите кои јавната администрација им ги дава на граѓаните и бизнисите. Тоа ќе им заштеди време,

ек тоа не е повеќе од два-три дена во месецот. Во инатите 14 години, колку што курсот на денарот е илен, ние создадовме кредибилитет. Токму поради тоа

у ур рстабилен, ние создадовме кредибилитет. Токму поради тоа

рувачката за девизи на девизниот пазар е всушност р у р

ната потреба за девизи за извршување на платниот ру р у

реалната потреба за девизи за извршување на платниот мет со странство. Значи, не го држиме ние курсот

стапки и загуба на девизни резерви. Да не ги заборавименамалувањето на животниот стандард и зголеменитерати за враќање на девизните кредити, што би довело

у д рдрати за враќање на девизните кредити, што би довело рати за враќање на девизните кредити, што би довело

д

до банкрот на голем број бизниси и граѓани. Дали тоа бир р д р д , ддо банкрот на голем број бизниси и граѓани. Дали тоа би до банкрот на голем број бизниси и граѓани. Дали тоа би

д д д

бил добар амбиент за економски раст и развој? р р ј р Д

бил добар амбиент за економски раст и развој? бил добар амбиент за економски раст и развој? р

Дали сметате дека НБМ доволно придонесува за�

Која е тогаш слабата страна на македонската�економија? Ако не го менуваме курсот, што треба

ј р

да се смени?Мораме да ја подобриме конкурентноста на македонската економија. Но, не со номинална депресијација туку со реална, внатрешна депресијација.

МОРА ДА ЈА ПОДОБРИМЕ ПОДОБРИМЕ КОНКУРЕНТНОСТА КОНКУРЕНТНОСТНА ЕКОНОМИЈАТАНА ЕКОНОМИЈАТА

ДИМИТАР БОГОВДИМИТАР БОГОВГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА

Page 9: BANKITE & BIZNISOT

9БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

INTERVIEW

КАПИТАЛ

сектори. Со еден збор, да тежнееме да создадеме најдобра бизнис клима во Европа. Тоа не е недостижно.Евроизацијата е тежок проблем

Зошто е мала довербата во домашната �валута? Никој не му верува на денарот – ниту граѓаните, ниту фирмите (штедат во евра), ниту банките (се штитат со валутна клаузула).

Тоа е последица на нестабилноста на цените и курсот во втората половина на 80-тите и почетокот на 90-тите години. Довербата во домашната валута, која граѓаните ја изгубија уште во поранешна Југославија, тешко се враќа. Тоа е заеднички проблем во сите земји од поранешна Југославија. Словенија, Црна Гора и Косово веќе го користат еврото, а Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија водат некој вид политика на стабилен курс. Единствено Србија има флуктуирачки курс на домашната валута, но поради тоа 90% од штедењето е во девизи. Дури и во Хрватска која води политика на стабилен курс, 85% од штедењето е во девизи. Во Македонија 60% од штедењето е во девизи, што се уште е многу високо.

Како да се реши проблемот со евроизацијата во �Македонија?

Прашање е дали воопшто може да се реши. Веќе 30-40 години во Македонија доминира девизното штедење, а цените на становите и автомобилите се искажуваат во марки, односно евра. Неколку генерации израснаа во таква околина. Погледнете ги огласите за недвижности, за стари автомобили, билбордите кои рекламираат нови автомобили. Цените се во евра. Кој може да го смени тоа? Ние правиме и ќе правиме напори да го зголемиме денарското штедење за сметка на девизното, но единствено можеме да го зголемиме малку процентот на денарското штедење.

Велите дека стапката на кредитен �раст во Македонија од 17% е доволно висока. Но, ако компаниите се жалат дека немаат доволна поддршка од банките, каде е тогаш проблемот?

Тоа е одлична стапка на кредитен раст. Би требало да бидеме задоволни доколку таа стапка се одржува и во наредните години. Сепак, има голем простор за подобрување на соработката на банките со клиентите и флексибилноста на банките при одобрување на кредитите. Просечната годишна стапка на кредитен раст од 17% во последните 15 години покажува дека банките доволно ја кредитирале

македонската економија. Но, тоа не значи дека кредитите биле адекватно алоцирани.

Всушност, високиот процент на лоши кредити покажува дека не

биле. Но, ајде да ја слушнеме и приказната на банките. Стапката на лоши кредити никогаш не била пониска од 6%, а во моментов е 9%. Тоа покажува дека многу клиенти не ги враќаат кредитите кои ги добиле. Дали вие би му дале заем на некој кој не ви го вратил претходниот з а е м ? Ч е с т н а исклучоците, но

погледнете ги билансите на компаниите кои се жалат дека немаат доволна поддршка од банките. Колкав е нивниот капитал, колкава е нивната задолженост, колкава е нивната профитабилност? Дали готовинскиот тек кој го креираат е доволен за да го враќаат

кредитот навреме? Колку е добро нивното корпоративно управување? Колку се

транспарентни во своето работење? Ако билансите на компаниите се

толку добри, а банките не им даваат поддршка, зошто не излезат со ИПО на берзата?

Факт е дека �каматите на кредитите се најниски во последните 20 години. Според Вас,

за да бидат уште пониски треба да поевтинат изворите.

Зошто се скапи изворите од кои македонските банки црпат средства?

Македонија е земја на која и е потребно странско штедење за да остварува повисоки стапки на инвестиции и економски раст. За да дојде тоа штедење во Македонија инвеститорите треба да добијат соодветна стапка на поврат на капиталот. Пред кризата во 2008 година, некои македонски банки добиваа кредити од странство по стапка од еурибор плус 1,5%. По 2008 година, цената за сите таканаречени економии во подем, па и за македонските банки, драстично порасна на еурибор плус седум и нагоре. Тоа е цената на капиталот во денешните услови на несигурност на финансиските пазари во светот. Реформите на банките се неизбежни

Банките во Европа ќе мора да спроведат �реформи во работењето за да докажат дека се дисциплинирани и нема да се соочат со

нова криза. Колку овие реформи ги засегаат македонските банки,

знаејќи дека најголем дел од нив се дел од меѓународни

банкарски групации? Што ќе променат овие реформи?Како поука од последната ф и н а н с и с к а к р и з а , финансиските регулатори обединети во рамките на Банката за меѓународни

порамнувања од Базел презедоа координирана

а к ц и ј а н а р е ф о р м и в о финансискиот сектор со цел

никогаш повеќе да не се доведат во состојба да ги спасуваат банките со пари на даночните обврзници. За таа цел донесени се таканаречени Базел 3 стандарди, кои пропишуваат повисоки барања за капитал и за ликвидни средства. Прилагодувањето на новите стандарди ќе се одвива во текот на целата декада, при што банките динамички ќе се усогласуваат со новите стандарди. Тоа ќе бара значително зголемување на акционерскиот капитал, особено на европските банки. Доколку банките имаат проблем во обезбедувањето дополнителен капитал од приватни инвеститори, тогаш можно е намалување на нивните кредитни активности во одредени периоди. Сепак, на долг рок, со овие реформи треба значително да се зајакнат билансите на европските банки.

Имаат ли македонските банки доволно капитал �за да се справат со кризата? Односно колку македонските банки се стабилни?

Македонските банки се подобро подготвени за справување со нов надворешен шок отколку во 2008 година. Адекватноста на капиталот е поголема од 16%, а високоликвидната актива во вкупната актива изнесува 30%, што е највисоко ниво во последните десет години. Доколку дојде до нова криза во еврозоната, таа веројатно би се пренела кај нас преку надворешно-трговскиот канал и прво би го погодила реалниот сектор. Тоа би можело да доведе до повторен пораст на лошите кредити и влошување на нивната профитабилност. Во секој случај, солвентноста на македонските банки не би била доведена во прашање.

Какви Ви се односите со директорите �на банките? Дали сте задоволни од комуникацијата што ја имате, од нивната дисциплинираност, професионалност и стручност во работењето, имајќи предвид дека централната банка има прилично строга регулатива на ова поле?

По стапувањето на должност остварив контакти со сите претседатели на управни одбори и најголем дел од претседателите на надзорните одбори на банките. Им упатив порака дека ќе градиме партнерски однос, отворени сме за соработка со Здружението на банкарството и внимателно ќе ги разгледаме сите нивни забелешки и предлози на подзаконската регулатива. Но, нема да правиме отстапки на штета на влошување на солвентноста, ликвидноста и таканаречените fi t and proper критериуми за акционерите на банките. Генерално сме задоволни со трендот на подобрување на стручноста и професионалноста на раководствата на банките, а во некои индивидуални случаи каде што не сме задоволни упативме јасни сигнали дека очекуваме брзо подобрување.

Доколку ја напуштиме политиката на стабилен курс на денарот, би имале порестриктивна монетарна политика и висока инфлација. Ќе се обидам да објаснам зошто? Бидејќи сме мала, отворена економија, со висока евроизација на билансите на сите економски субјекти, доколку немаме стабилен курс сите економски агенти, домаќинствата, бизнисите, банките ќе бараат да ги конвертираат своите денарски активи во девизни.

Нема најава за влез на нова банка

Очекувате ли нов банкарски бренд �наскоро (идната година) да влезе во Македонија?

Европските банки имаат толку големи проблеми што ширењето на нивната мрежа не им е приоритет. Досега не сум добил најава од некоја банка за влез на македонскиот пазар.

Владата не може да има барања до НБМ

Започнавте интензивна комуникација �и со Владата. Како тече соработката? Кој има поголеми барања, Вие или министерот за финансии?

Засега комуникацијата е добра. Министерот за финансии, ниту кој било друг од Владата не може да има барања до Народната банка. Дури и да имаат, ние немаме обврска да ги слушаме. За нас, од друга страна, е корисно да добиваме информации од прва рака за плановите на Владата и евентуално да предупредиме за ризиците доколку оцениме дека некои политики би имале негативно влијание врз ценовната и финансиска

стабилност.

теромун

р

сииу

да иа им

ги слушаме.корисно да

у

прва рака и евентуаризицитенекои пор

влијанистаПОДОБРИМЕ

КОНКУРЕНТНОСТА ТА НА ЕКОНОМИЈАТАТА

проблемимрежа не добил наја

рдобил најава од некоја банка за влез на македонск

Владима б

Започн�и со ВлКој имаминист

јминист

Засега комза финансне може д

ф

Дури и даги слушам

ДИМИТАР БОГОВја,врото, а Хрватска,ј ,

ј

р д ркорпоратив

транспарр р

Ако бир

Ако билансите на компаниите се толкудавизл

�кана20

за дтребатреба да поевтинат изворите.

Зошто скои македонските банкикои македонските банки црпат средства?

17% стапка на кредитен раст годишно е доволно висока

, малку

м а на та на банките

рзасегаат мар

знаејќи знаејќи дека најголем дел од нив се

ј

банкбанкарски групации? ШтореКаффиобфобединети во рамките на Бан

порпрез

а к ц и јфинанси

9%е стапката на лоши кредити, што покажува дека многу клиенти не ги враќаат кредитите кои ги добиле

ресурси и пари. Да ја зголемиме ефикасноста на судскиот систем. Тоа ќе

придонесе за намалување на каматните стапки и заштеда на време, ресурси и

пари. Да ја намалуваме корупцијата. Тоа ќе ја зголеми конкуренцијата, ефикасноста,

квалитетот на производите и услугите и ќе заштеди време, ресурси и пари. Да создадеме поквалитетно образование и здравство. Тоа ќе го зголеми квалитетот на човечкиот капитал како еден од основните фактори на производството. Да ја подобриме патната и

железничката инфраструктура. Тоа ќе ги скрати времето и трошоците за транспорт

на стоките. Поголемото производство на поевтина домашна енергија ќе

ги намали трошоците на производство во

останатите

Page 10: BANKITE & BIZNISOT

10 БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ПОГЛЕД ОД ВНАТРЕ

КАПИТАЛ

Биљана Здравковска Стојчевска[email protected]

Следната 2012 година веројатно ќе биде најлоша година како за банките во светот, така и за банките во Македонија, по 2008 година кога банкротите на банки во САД и низ целиот свет го означија почетокот на светската финансиска криза. Сега

банкротите им се закануваат на многу европски банки, од кои неколку имаат и свои банки во Македонија.Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пред еден месец предупреди дека ризикот за банките и финансиските институции е многу зголемен и дека европската должничка криза толку негативно влијае врз европските банки што некои од нив можеби ќе мора да го стопираат кредитирањето за да им останат готови пари, што според ММФ, би можело да го забави економски раст и да ја турне светската економија во рецесија. Ако се знае дека Македонија околу 60% од извозот го пласира на европските пазари, тогаш падот на европската економија ќе повлече и пад на македонската економија. Токму тука лежи и најголемиот

Во услови кога се очекуваат негативните ефекти од финансиската криза да удрат врз реалната економија, добро е да се знае во каква кондиција македонските банки ја дочекуваат финансиската криза и која банка колкави потенцијали има за да ги преживее овие турбуленции и да продолжи да ги поддржува компаниите.

Кој ги чува, а кој ги движи парите во МакедонијаАко се знае дека над 70% од финансискиот потенцијал на македонските банки е концентриран кај големата тројка-Стопанска банка- Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка, јасно е кој ќе го создава трендот и текот на парите. Засега, трендот е дека големите банки повеќе сакаат да ги чуваат парите во записи, отколку да ја кредитираат економијата.

ризик за македонските банки. Слабата економија и ослабените и финансиски неликвидни компании можат да им зададат на банките во Македонија многу посилен удар отколку должничката криза.“Македонските банки имаат двапати повисока капитализираност од пропишаната и највисока ликвидност во последните десет години. Затоа, сметам дека банкарскиот систем е добро подготвен за евентуална криза во еврозоната и не очекувам позначителен одлив на финансиски средства кон странство. Кризата во еврозоната би се пренела врз македонската економија преку намалената побарувачка за македонскиот извоз, што би предизвикало пад на производството и економскиот раст. Тоа потоа би довело до раст на лошите кредити и негативно би се одразило врз профитабилноста на банките”, вели Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија (НБМ). Податоците покажуваат дека лошите кредити кои банките во Македонија имаат проблем да ги наплатат веќе загрижувачки растат. При тоа најголем дел од тој пораст или дури 95% се должат на влошените кредити

кај компаниите.Во услови кога се очекуваат негативни ефекти од финансиската криза да удрат врз реалната економија уште посилно во следната 2012 година, добро е да се знае во каква кондиција македонските банки ја дочекуваат финансиската криза и која банка колкави потенцијали има за да ги преживее овие турбуленции и да продолжи да ги поддржува компаниите. Ако се знае дека над 70% од финансискиот потенцијал на македонските банки е сконцентриран кај големата тројка Стопанска банка- Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка, јасно е кој ќе го создава трендот и текот на парите. Но, во изминатава година се зајакнува улогата на средните банки како во зголемувањето на капиталот и активата со која располагаат, така и во кредитирањето на компаниите и населението. Тоа дава надеж дека сепак велзот на странски банки во секторот на средни банки може да ја раздвижи понудата на кредити за малите и средните фирми кои неоправдано се занемаруваат како поризични од страна на големите банки.Она што е евидентно е забавување на растот на

кредитирањето, посебно она на фирмите. Ако во јули месечниот раст на кредитирањето беше 8,7%, во август растот беше 7,9%. Притоа во последниве неколку месеци забрзува растот на кредитирањето на населението од страна на банките, што пак се чувствува преку поголемото учество на личната потрошувачка во растот на БДП од изненадувачки 5,3% во вториот квартал. Добро е што личната потрошувачка го зголемува бруто домашниот производ, но лошото е што тоа се прави преку кредитно задолжување и најчесто за купување на стоки од увоз кои го билдаат и вкупниот увоз и трговскиот дефицит.Банкарите кои ги консултираше Капитал велат дека побарувачката за кредити од страна на компаниите е зголемена. Но, наспроти зголемената побарувачка за кредити, условите за добивање на корпоративи кредити стануваат се поостри, а земањето на кредит е практично невозможно ако немате вредна хипотека и перфектно чиста кредитна историја.Банките го истакнуваат побавното закрепнување на домашната и светската економска активност од очекувањата, како најзначајна пречка и опасност за повеќе да кредитираат. Одбивноста на банките да ги кредитираат се поризичните компании ги зголеми вложувањата на банките во нискоризични хартии од вредност, односно во благајнички и државни записи.Така во текот на изминатите 2010 година, но и во првата половина од 2011 година банките драстично ги зголемија пласманите во благајнички и државни записи. Така на крајот на годината пласманите на банките во благајничките записи кои ги издава Народната банка достигнаа 420 милиони евра, што е раст од 63,7% или за дури 164 милиони евра за

Page 11: BANKITE & BIZNISOT

11БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ПОГЛЕД ОД ВНАТРЕ

КАПИТАЛ

Лидери и маргиналциTрите најголеми банки: Стопанска банка- Скопје, Комерцијална и НЛБ Тутунска банка учествуваат со 66% во вкупната актива, со 68,9% во вкупните бруто-кредити и со 72,7% во вкупните депозити.

Групата големи банки и во текот на 2010 година ја задржа доминантната позиција во македонското банкарство. Така трите

најголеми банки: Стопанска банка- Скопје, Комерцијална и НЛБ Тутунска банка учествуваат со 66% во вкупната актива, со 68,9% во вкупните бруто-кредити и со 72,7% во вкупните депозити. Но, во последнава година е поевидентна растечката улога на групата средни банки. Во оваа група влегуваат 9 банки и тоа Алфа банка, Инвест банка, ИК Банка, Охридска банка, Прокредт банка, Стопанска банка Битола, ТТК Банка и УНИ Банка. Тие забележаа силен раст во 2010 година. Нивното учество во вкупната актива порасна на 30,2%, додека во вкупните кредити и депозити учествуваат со 28,8% и 24,3%.Податоците за работењето на банките во 2010 година покажуваат дека малите банки се целосно маргинализирани. Групата од шест мали банки во кои влегуваат Еуростандард банка, Капитал банка, Статер банка, Поштенска банка, Централно кооперативна банка, Зираат Банкаси во 2010 година имале учество во вкупната актива 3,8%. Недостигот на потенцијал да бидат вистински банки се огледува и во податокот дека од вкупно одобрените кредити лани тие одобриле само 2,3%, а само 3,0% од вкупните депозити на граѓаните и фирмите се пласирани кај малите банки. Сите овие показатели бележат дополнително намалување во првата половина годинава. Но, она што дава надеж е податокот дека изминативе две години се случија неколку преземања и спојувања во групата на мали банки. Бугарската Централно кооперативна банка се спои со Статер банка.Странците кои влегоа во овие банки беа прилично оптимисти за потенцијалот на македонскиот банкарски пазар, па за очекување е дека ќе се обидат да ги вратат овие банки во игра.Така во измината 2010 година групата мали банки имаа најголем раст на кредитите на нефинансиски субјекти од 17,9%, додека растот на кредитите кај кредитите кои ги одобриле големите банки лани бил само 5,5%. Она што дава надеж е дека групата на средни банки се засилува, а со оглед на нивните најави за позасилена поддршка на фирмите и граѓаните може да се очекуваат многу нови производи и услуги во 2012 година.

БАНКААКТИВА 2010 (000

ден)АКТИВА 2010

(евра)АКТИВА 2009 (000

ден)Годишна

промена (%)

ПРИХОДИ ОД КАМАТИ 2010

(000 евра)Годишна

промена (%)

ПРИХОДИ ОД ПРОВИЗИИ И

НАДОМЕСТОЦИ 2010 (000 евра)

Годишна промена (%)

НЕТО ДОБИВКА/ЗАГУБА

2010 (000 ден)ПОВРАТ НА АКТИВА(%)

1 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА 70.830.806 1.151.720 60.709.378 16,67% 40.432 3,96% 12.600 12,69% 1.432.072 2,02%

2 СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ 68.048.389 1.106.478 65.623.506 3,70% 40.678 -14,56% 14.743 6,39% 802.676 1,18%

3 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 62.538.867 1.016.892 54.938.756 13,83% 29.810 4,70% 11.674 12,22% 454.513 0,73%

4 ОХРИДСКА БАНКА 19.248.492 312.984 14.305.229 34,56% 10.653 21,96% 2.100 21,98% 27.072 0,14%

5 ШПАРКАСЕ БАНКА 14.888.840 242.095 10.551.907 41,10% 7.285 12,42% 1.760 51,86% 2.363 0,02%6 ПРОКРЕДИТ БАНКА 12.368.558 201.115 12.116.304 2,08% 12.701 -4,50% 2.174 16,49% 77.694 0,63%

7 УНИБАНКА 9.939.754 161.622 9.635.989 3,15% 6.072 -8,90% 1.849 25,28% 32.903 0,33%8 ХАЛК БАНКА (ИК БАНКА) 7.847.296 127.598 5.851.779 34,10% 3.513 -6,70% 985 -3,08% -104.691 -1,33%

9 СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА 7.455.229 121.223 6.650.939 12,09% 4.560 -5,40% 953 -5,06% 15.589 0,21%

10 АЛФА БАНКА 7.318.377 118.998 8.582.938 -14,73% 5.989 -20,91% 739 -16,97% -596.593 -8,15%11 ТТК БАНКА 6.037.552 98.172 6.319.327 -4,46% 3.553 -7,02% 1.554 21,15% 45.649 0,76%

12 ЗИРААТ БАНКА 2.791.492 45.390 2.209.185 26,36% 1.891 4,06% 64 -3,75% 44.780 1,60%13 ЕУРОСТАНДАРД БАНКА 2.592.478 42.154 1.710.927 51,52% 1.784 25,62% 408 48,22% 1.571 0,06%

14 ЦЕНТРАЛНО КООПЕРТАТИВНА 2.191.927 35.641 1.616.152 35,63% 839 -23,98% 159 14,25% 5.929 0,27%

15 ПОШТЕНСКА БАНКА 1.196.654 19.458 1.206.046 -0,78% 517 -12,70% 748 -10,05% -35,921 0,00%16 КАПИТАЛ БАНКА 713.748 11.606 478.506 49,16% 668 20,22% 95 53,66% -45.452 -6,37%

ВКУПНО 296.008.459 4.813.146 262.506.868 12,80% 170.944 / 52.602 / 2.196.039 0,74%*податоците се обезбедени од ревидираните финансиски извештаи на банките за 2010 година

НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА

само една година. Пласманите на банките, пак, во државните записи кои ги издава Министерството за финансии достигнаа 233 милиони евра што е годишен раст од дури 74,5% или за близу 100 милиони евра. Колку за споредба во 2009 година пласманите на банките во државни записи пораснаа за фрапантни 143,6%.Во последните неколку месеци банките повторно почнуваат засилено да инвестираат во блгајниччки записи, посебно откако НБМ го воведе новиот инструмент-шестмесечниот депозит кај НБМ, кој се воведе во февруари годинава.Само во текот на октомври, издадени се државни обврзници во вредност од 80,6 милиони евра.Банкарите велат дека и понатаму ќе останат претпазливи и ќе кредитираат само квалитетни и издржани проекти, што значи дека банките и следната година ќе ги чуваат парите.Од друга страна бизнисмените веќе отворено почнуваат да и порачуваат на Владата да го намали задолжувањето преку државните записи со цел да остави повеќе пари кај банките за фирмите.“Очигледно е дека банките се позаинтересирани да работат со Владата купувајќи државни записи и на тој

начин страда бизнис-секторот, се нарушува одност меѓу банките и компаниите. На банките им се дава сигурност дека е подобро да работат со државата отколку со приватниот сектор. Затоа сметам дека Владата треба да го намали задолжувањето на домашниот пазар со записи, за да може банките повеќе да го кредитираат стопанството”, изјави Блерим Златку, директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.Владата го признава проблемот со отежнатиот пристап до капитал, но за да ја подобри ликвидноста во економијата понуди друго решение. Компаниите веќе може да аплицираат за новата кредитна линија за мали и средни фирми од Европската инвестициска банка (ЕИБ) од 50 милиони евра. Доколку се исцрпи оваа, Ставрески најави уште 100 милиони за следната година.“Во услови кога пристапот до капитал е отежнат, а банките се соочуваат со дополнителни ризици, новата кредитна линија од ЕИБ ќе биде голема поддршка за економијата. Условите се најдобри на пазарот, а компаниите може да добијат ветување дека штом ќе се искористат 70% од оваа линија, ќе добијат на располагање уште нови 100 милиони евра од ЕИБ”, смета министерот за финансии Зоран Ставрески.Ова секако ќе биде олеснување за компаниите. Но, државата најмногу ќе им олесни на копаниите ако забави со задолжувањето на домашниот пазар со што на банките ќе им прати сигнал дека е време да се научат да работат со преземање малку поголем ризик, односно да работат во реални услови. А реалните услови во Македонија велат дека водењето бизнис е ризично. Логиката вели дека ако на компаниите им се зголемени ризиците и им е намален профитот, тогаш трендовите за водење бизнис на банките треба да се движат барем во приближо иста насока. Не може компаниите да бидат изложени на ризик, а банките да работат исклулчиво со клиенти кај кои нема никаков ризик. До пред некое време најмалку ризични клиенти за банките беа државите па се тепаа кој повеќе ќе купи записи на некоја држава. Но, должничката криза покажа дека освен за компаниите, ризикот за банкрот е многу голем и кај државите. Случајот на презадолжената Грција која де факто е банкротирата држава треба да биде добар пооучен пример дека преголемото трошење и задолжување на државата без тоа да биде следено и поддржано од раст на компаниите и реалниот сектор неминовно води до ситуација во која државата нема да има од каде да ги враќа кредитите. Тогаш за жал први на отстрел се банките.Доминација на големата тројка продолжуваВо Македонија работат 16 деловни банки, плус државната Македонска банка за поддршка на развојот која директно не кредитира компании и која нема да биде вклучено во анализата. Од нив 13 се во доминантна сопственост на странски акционери. Она што со години е главна одлика, а за некоии главен проблем на македонскиот банкарски систем е преголемата концентрација на сите финансиски текови кај трите најголеми банки Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и НЛБ Тутунска банка. Од јуни годинава во групата големи банки влезе и Охридска банка. Трите најголеми имаат над 70% учество кај сите одобрени кредити и прибрани депозити од граѓаните и фирмите. Од овие три најгоеми банки само Комерцијална банка е во домашна сопственост, додека Стопанска банка Скопје е во доминантна сопственост на грчката НБГ банка, додека НЛБ Тутунска е во сопственост на словенечката НЛБ групација. Матичните банки на двете банки се силно погодени од должничката криза и многу скоро ќе се соочат со потребата од докапитализација за да можат нормално да продолжат да работат и да го задржат потребното ниво на капитал. Во услови кога меѓунардниот финансиски пазар е речиси замрзнат, а европските банки речиси и да престанаа да си позјамуваат помеѓу себе како сериозен проблем се наметнува изнаоѓањето на потребните пари за

докапитализација. Во најлошо сценарио државите ќе мора да ги докапитализираат банките за да ги спасат од банкрот, што би отворило еден нов процес на национализација и поддржавување на банките, што веќе се највува кај повеќе европски банки. Заклучно со крајот на јуни дури 76,6% од капиталот на банките кои работата во Македонија е во сопственост на европски банки, а дури 30,3% е сопственост на банки од Грција.Каков и да биде исходот извесно е банките ќе бидат соочени со проблеми да продолжат нормално да ги кредитираат компаниите и економијата. Податоците од Народната банка покажуваат дека кредитирањето на банките во вториот квартал веќе забавува во споредба со првиот квартал годинава.Дополнителен проблем за Македонија е што речиси целиот финансиски потенцијал е сконцентриран кај трите најголеми банки со оглед дека само овие три банки имаат актива чие учество е поголемо од 19% во вкупната банкарска актива. Колку за илустрација тринаесет од вкупно шеснаесет банки имаа поединечното учество во вкупната актива на банкарскиот систем помало од 5%. А кај единаесет од нив учеството во вкупната банлкарка актива или вкупен потенцијал на банкарскиот систем е помало од 3%. Овие показатели само докажуваат дека најголем број од банките во Македонија се толку мали што дури и да не се во проблеми и дури да продолжат нормално да кредитираат, нивната актива не може да обезбеди реална поддшка за компаниите, посебно не на најголемите кои ја влезат економијата.Оваа висока концентрација на сите финансиски текови

можеби е и најдоброто објаснувањето зошто финансиското посредување во Македонија

мерено како учеството на вкупните кредитите во БДП, е се уште на најниско ниво во во

споредба со повеќето земји од Европската унија, со просекот на ЕУ и со просекот на евро-зоната, и што е најстрашно тоа продолжува да се намалува. На пример учеството на вкупните кредити во вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Македонија на

крајот на јуни годинава изнесува 48,8% и е намалено во споредба со крајот на 2010

година кога тоа изнеусваше 49,9%.И финансиското посредување мерено како

учество на активата или вкупниот потенцијал на банките во вкупниот БДП кое во Македонија изнесува 70,3% е пониско дури и од АЛбанија каде овој показател изнеусва 81%, во Босна 85,2%, Хрватска 117% и Словенија 145%.Податоците на Народната банка покажуваат дека кредитирањето во Македонија на крајот на јуни се зголемило за 8% во споредба со истиот период лани, а растот речиси во целост се должи на зголеменото кредитирање од страна на големите банки. Но, ако се влезе во сруктурата на тој раст тогаш може да се види дека растот е многу поголем кај кредитирањето на граѓаните, додека кредитирањето на фирмите забавува, иако најголем дел од кредитите или дури 61,5 од вкупните кредитите се одобрени на компании. Кој е кој ?Во услови кога се очекуваат негативни ефекти врз реалната економија, добро е да се знае во каква кондиција македонските банки ја дочекуваат финансиската криза и која банка колкави потенцијали има за да ги преживее овие турбуленции и да продолжи да го поддржува стопанството. На листата најголеми банки во Македонија се рангирани 16 деловни банки кои работат во Македонија, а во листата не е вклучена Македонската банка за поддршка на развојот, која е во сопственост на државата и која не работи како деловна банка. Податоците според кој се направени рангирањата се земени од годишните ревидирани извештаи на банките за 2010 година, како последен релевантен и ревидиран податок.Потенцијалот и големината на банките се мери преку нивната актива, која ги опфаќа целиот имот, одобрените кредити, готовината, недвижниот имот, побарувањата. Ако се мери потенцијалот на македонските банки според вредноста на активата, тој бележи скромен пораст.

иците и им еа водење

жек,

жава ека преголемото ез тоа да биде

ртрошење и задолжување на државата без тоа да биде

можеби е и најдобротофинансиското п

мерено како во БДП, е

споредбД ,

споредба со повеќето земји од Европската унија, сна еврпродолНа прикреди

р

произвкрајот н

е намалр ј

година коИ финансис

учество на активата или вкф

вкупниот БДП кое во Макед

16,5%е адекватноста на капиталот на банкарскиот систем на Македонија

Очигледно е дека банките се позаинтересирани да работат со Владата купувајќи �државни записи и на тој начин страда бизнис-секторот, се нарушува односот меѓу банките и компаниите. На банките им се дава сигурност дека е подобро да работат со државата отколку со приватниот сектор. Затоа, сметам дека Владата треба да го намали задолжувањето на домашниот пазар со записи, за да може банките повеќе да го кредитираат стопанството, изјави Блерим Златку, директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Page 12: BANKITE & BIZNISOT

12 БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ПОГЛЕД ОД ВНАТРЕ

КАПИТАЛ

Македонските банки имаат двапати повисока капитализираност од пропишаната и највисока ликвидност во �последните десет години. Затоа, сметам дека банкарскиот систем е добро подготвен за евентуална криза во еврозоната и не очекувам позначителен одлив на финансиски средства кон странство. Кризата во еврозоната би се пренела врз македонската економија преку намалената побарувачка за македонскиот извоз, што би предизвикало пад на производството и економскиот раст. Тоа потоа би довело до раст на лошите кредити и негативно би се одразило врз профитабилноста на банките”, вели Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија (НБМ).

Ранг 2011

БАНКАКАПИТАЛ 2010

(000 ден)КАПИТАЛ 2010

(000 евра)ГОДИШНА

ПРОМЕНА (%)НЕТО ДОБИВКА 2010 (000 ден)

ПОВРАТ НА КАПИТАЛ-РОЕ

(%)

1 СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ 8.298.496 134.935 10,56% 802.676 9,67%

2 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА 8.005.880 130.177 15,14% 1.432.072 17,89%

3 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 4.389.918 71.381 0,95% 454.513 10,35%

4 ОХРИДСКА БАНКА 1.668.688 27.133 25,62% 27.072 1,62%

5 СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА 1.650.912 26.844 -3,65% 61.700 3,74%

6 ЗИРААТ БАНКА 1.112.624 18.091 3,23% 56.382 5,07%

7 ШПАРКАСЕ БАНКА 1.081.672 17.588 0,22% 2.363 0,22%

8 ПРОКРЕДИТ БАНКА 1.039.142 16.897 8,71% 77.694 7,48%

9 ТТК БАНКА 959.572 15.603 4,99% 45.649 4,76%

10 УНИБАНКА 938.916 15.267 3,63% 32.903 3,50%

11 ЦЕНТРАЛНО КООПЕРТАТИВНА 844.897 13.738 2,53% 5.929 0,70%

12 ХАЛК БАНКА 828.092 13.465 -11,04% -104.691 -12,64%

13 АЛФА БАНКА 787.058 12.798 -22,43% -596.593 -75,80%

14 ЕУРОСТАНДАРД БАНКА 714.235 11.614 0,22% 1.571 0,22%

15 ПОШТЕНСКА БАНКА 407.603 6.628 -8,10% -35,921 -0,01%

16 КАПИТАЛ БАНКА 478.506 7.781 33,44% -45.452 -9,50%

ВКУПНО 33.206.211 539.938 6,89% 2.253.752 6,79%

ТОП НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД КАПИТАЛ

БАНКАНЕТО ДОБИВКА 2010 (000 ден)

НЕТО ДОБИВКА 2010 (000 евра)

НЕТО ДОБИВКА 2009 (000 ден)

ГОДИШНА ПРОМЕНА (%)

ПРИХОДИ ОД КАМАТИ 2010

(000 евра)Годишна

промена (%)

ПРИХОДИ ОД ПРОВИЗИИ И

НАДОМЕСТОЦИ 2010 (000 евра)

Годишна промена (%)

1 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА 1.432.072 23.286 1.075.130 33,20% 40.432 3,96% 12.600 12,69%2 СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ 802.676 13.052 690.173 16,30% 40.678 14,56% 14.743 6,39%3 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 454.513 7.390 443.254 2,54% 29.810 4,70% 11.674 12,22%4 ПРОКРЕДИТ БАНКА 77.694 1.263 56.352 37,87% 12.701 -4,50% 2.174 16,49%

5 ТТК БАНКА 45.649 742 -67.824 / 3.553 -7,02% 1.554 21,15%6 ЗИРААТ БАНКА 44.780 728 56.382 -20,58% 1.891 4,06% 64 -3,75%7 УНИБАНКА 32.903 535 80.243 -59,00% 6.072 -8,90% 1.849 25,28%8 ОХРИДСКА БАНКА 27.072 440 24.386 11,01% 10.653 21,96% 2.100 21,98%9 СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА 15.589 253 82.394 -81,08% 4.560 -5,40% 953 -5,06%

10 ЦЕНТРАЛНО КООПЕРТАТИВНА 5.929 96 5.355 10,72% 839 -23,98% 159 14,25%11 ШПАРКАСЕ БАНКА 2.363 38 73.538 -96,79% 7.285 12,42% 1.760 51,86%

12 ЕУРОСТАНДАРД БАНКА 1.571 26 -184.084 / 1.784 25,62% 408 48,22%ВКУПНО 2.942.811 47.851 2.335.299 26,01% 160.258 / 50.036 /

НАЈПРОФИТАБИЛНИ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА

Така, активата на сите 16 банки кои работат во Македонија на крајот на 2010 година изнесуваше 296 милијарди денари или 4, 8 милијарди евра, што е годишен раст од 12,76 %.Но, гледано по одделни банки сликата е сосема поинаква. Кога станува за големината и силината на банките во Македонија најлесен опис е борба помеѓу џинови и џуџиња.На чело на листата најголеми банки во Македонија е Комерцијална банка со актива од 1,15 милијарди евра. Втора најголема банка е Стопанска банка Скопје со актива од 68 милијарди денари или 1,10 милијарда евра, и годишен раст од 3,70%.Кај Стопанска и Комерцијална банка е сконцентрирана речиси 50% од вкупната актива или вкуониот финансиски потенцијал на македонскиот банкарски систем. На третата и четвртата позиција се НЛБ Тутунска и Охридска банка.НЛБ Тутунска банка 2010 година ја заврши со актива од 62 милијарди денари или 1,016 милијарди евра, што е годишен раст од 13,83%. Охридска банка е четврто рангирана банка во Македонија со билансен потенцијал од 19,2 милијарди денари или 312 милиони евра. Активата на Охридска лани беше зголемена за 34,56% и таа е во групата на петте банкии кои лани имаа раст на активата од над 30%. Од јуни годинава Охридска банка ,која пред неколку години беше купена од француската Сосиете Женерал, им се придружи на трите банкии во групата најголеми банки, а нејзината актива надмина 24 милијарди денари.Шпаркасе банка е петорангирана банка со актива од 14,88 милијарди денари или 242 милиони евра на крајот на 2010 година и годишен раст од дури 41,1%. Шпаркасе неодамна се докапитализираше со уште 15 милиони евра.Прокредит банка е шесторангирана по големина банка во Македонија според потенцијалот со кои располага, а кој на крајот на 2010 година изнесуваше 12,37 м илијарди денари или 201 милион евра. Активата на Прокредит во 2010 година е зголемена за 2,08%. Еуростандард банката лани имаше најголем раст на активата од сите банки од дури 51,52%, со што активата достигна вредност од 42 милиони евра со што банката се рангираше на 13 место.Грчката Алфа Банка лани имаше најголем пад на активата од 14,73%, со што нејзината актива на крајот на 2010 година изнесуваше 7,3 милијарди денари или 118 милиони оевра.Покрај грчката Алфа, лани намалување на активата имале и ТТК банка од 4,46% и Поштенска банка од 0,78%.Капитал банка е последно рангирана и најмала банка со актива која на крајот на 2010 година изнесуваше само 11,6 милиони евра.

Петкратно поголеми странски инвестиции во банкитеОна што е интересно е што во текот на изминатата 2010 година странските инвестиции во македонскиот банкарски систем изесуваа 44 милиони евра и се зголемени дури за пет пати во споредба со претходната 2009 година. Станува збор за инвестиции во откуп на акции и докапитализација. Колку за споредба во 2009 година странските акционери не инвестираа во докапитализација во банките кои ги поседуваат во Македонија. Минатата година бугарската Централно кооперативна банка откупи 93,8% од акиците во Статер банка од Куманово кои претходно беа во сопственост на фондот Мајлстоун од Исланд кои отиде во стечај.Иасто така минатата година турската Халк банка ја докапитализраше нивната банка (поранешна ИК Банка) за 23,8 милиони евра со цел да обезбеди оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.

Во 2010 година сите 16 деловни банки остварија вкупна добивка околу 35,7 милиони евра, што во поредба со претходната 2009 година е раст од 29%. Но, лани 12 банки работеле со профит, а

четири банки завршиле со загуба. Профитот на тие 12 банки 47,8 милиони евра.Кога се анализира профитабилноста на македонските банки треба да се има на ум податокот дека дури 76% од целиот профит на ниво на банкарски систем, отпаѓа на профитот на двете најголеми банки Комерцијална банка и Стопанска банка- Скопје.Најпрофитабилна банка во Македонија е Комерцијална банка која лани работела со профит од 23 милиони евра, што е годишен раст од 33,2%.Стопанска банка Скопје е втора ајпрофитабилна банка во Македонија со вкупен профит во 2010 година од 13 милиони евра, што е за 16,3% поголем од претходната 2009 година. Најголем раст на профитот лани од дури 37,7% има Прокредит банка која годината ја заврши со профит

од 1,26 милиони евра. И ако профитабилноста ја мериме преку показателот поврат на капиталот РОЕ, кој особено е значаен за инвеститорите и акционерите, тогаш најпрофитабилна банка повторно е Комерцијална банка која лани имала највисока стапка на поврат на капиталот од 17, 89%. Тоа значи дека на секој 100 денари капитал Комерцијална банка аработува 18,9 денари, што е највисока заработка во споредба со сите други банки. Колку за споредба показателот РОЕ на ниво на цел банкарски систем лани изнесуваше 6,61% Според стапката на поврат на капитал втора најпрофитабилна банка лани била НЛБ Тутунска банка со стапка на поврат на капиталот од 10,35%. Сите останати банки имаат стапки на поврат под 10%Најголемо намалување на профитот лани имала ТТК банка од дури 167,3%, по што банката ја заврпи годината со вкупен профит од 742 илјади евра. Банка која во 2010 година имаше најголема загуба од дури 9,7 милиони евра е грчката Алфа банка, дури за 36% попголема загуба од претходната 2009 година.

Голем дел од банките одлучија профитот остварен во 2010 година да го насочат кон зголемување на капиталот. Имајќи предвид дека сите загуби и лошто работење на банките се покриваат од капиталот, колку една банка има поголем капитал толку е посигурна и има повеќе простор за поголем раст.Вкупниот капитал на сите 16 деловни банки на крајот на 2010 година изнесуваше околу 540 милиони евра и во споредба со претходната 2009 година е поголем за 6,89%.Најголема банка во Македонија според капиталот е Стопанска банка Скопје која минатата 2010 година ја заврши со капитал од 130 милиони евра, додека најмала е Капитал банка со капитал од само 7,78 милиони евра.Доминантната позиција на трите најголеми банки Стопанска, Комерцијална и НЛБ Тутунска се потврдува и кај капиталот. Кај овие три банки е сконцентриран повеќе од половина или 62,3%) од капиталот на целиот банкарски систем во Македонија.

Лошите кредити го јадат профитот на банките

Page 13: BANKITE & BIZNISOT

13БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ФИНАНСИСКА КРИЗА

КАПИТАЛ

Спасијка Јованова[email protected]

Нема дилема дека банките се сметаат за главни виновници за глобалната финансиска криза, за која три години не може да се најде лекот. Затоа и сега ќе мора да се реформираат за да покажат дека никогаш повеќе нема да бидат толку

неодговорни и да бараат спас од централните банки и од државите, кој пак чини многу скапо. Но, реформите на банките се меч со две острици. Од една страна, треба да ги дисциплинираат банките. Но, од друга, тоа ќе значи порестриктивна кредитна политика, која директно ќе ги погоди компаниите и економиите во обидите да излезат од финансиската криза. Тешко е да се постигне баланс во вакви услови. Кој ќе настрада повеќе – банките или реалниот сектор?Ги прашавме македонските банкари затоа што тие се директно засегнати од промената во политиката на европските банки. Од вкупно 17 банки во земјава, 13 се во странска сопственост. Сакале или не, тие ќе мора да работат според инструкциите добиени од матичните банкарски групации.А, тие воопшто не се лабави. Целото внимание на менаџерите на европските банки сега е свртено кон тоа како да го намалат ризикот и да ја зголемат стабилноста на кредитното портфолио. Сите ризици практично се сведени на минимум. Преведено на македонски јазик, тоа значи уште помалку кредити за домашните компании. Тие и досега мака мачеа со банкарите за да се докажат каде лежи вината за малото кредитирање – во строгите и конформистички настроени банкари или во незнаењето на бизнисмените да изработат еден квалитетен проект. Македонските банкари не сакаат директно да признаат дека реформите не одат во прилог на кредитирањето. Но, потврдуваат дека реформите ги засегаат. „Процесот на прилагодување кон новите регулативи зависи од моменталната ситуација на банката и нејзиниот бизнис модел. От тука произлегува и стратегијата за работа и прилагодување во наредниот период. Но, сепак останува неспорен фактот дека новите реформи ги насочуваат банките да размислуваат за зголемување на капиталот или намалување на потребата од него за усогласување со реформите, што може да значи и зголемена конзервативност и рестриктивни кредитни политики“, вели Јованка Јолеска Попоска, претседател на Управниот одбор на Прокредит банка.Според неа, реформите ги засегаат сите банки во Eвропската унија, но и банките во земјите како Македонија. „Имплементацијата на овие реформи може да се разликува од земја во земја, но самиот процес на прилагодување се одразува на работењето на банките, што ќе биде случај и во Македонија. Ефектите кои се разгледуваат се влијанието врз профитабилноста на банките и врз растот на економиите во земјите на ЕУ, кои се едни од нашите најголеми трговски партнери“, објаснува Попоска. Според претседателот на Управниот одбор на ТТК банка, Драгољуб Арсовски, деталите за видот на реформските зафати и за мерките кои ќе се преземат од надлежните европски институции ќе ги дознаеме кога директивите ќе бидат презентирани пред Европската комисија и пред Европската централна банка. „Но, кога е во прашање засегнатоста на македонските

Целото внимание на менаџерите на европските, а и на македонските

банки сега е свртено кон тоа како да го намалат ризикот и да ја зголемат стабилноста на кредитното портфолио. Сите ризици практично се сведени на минимум. Преведено на македонски јазик, тоа значи уште помалку кредити за домашните компании. А, на страната на компаниите воопшто не е се толку едноставно, како што сакаат да прикажат банкарите. Овде ја имаме кризата во стопанството, која удира од неколку страни. Првата е европската финансиска криза, која се пренесува во Македонија преку земјите трговски партнери и преку банкарскиот сектор. Вториот правец од кој доаѓа кризата се грчката блокада на границата и штрајковите во Солунското пристаниште, поради кои главните македонски извозници се блокирани и трпат огромни загуби. Третиот удар врз стопанството кризата го задава преку неликвидноста на домашен терен, која се манифестира како секој секому должи, а голем должник е и државата.

банки од овие реформи, к о р е л а ц и ј а т а е дводимензионална и со различен интензитет. Прво, мора да констатираме дека од моментот на појавата на економската криза во 2008 година, европскиот банкарски систем помина една санација кога владите на европските држави со директна интервенција од буџетот или со индиректна преку издавање државни обврзници извршија интервенција во билансите на банките, обезбедувајќи им покривање на загубите за ненаплатливите кредити и одржувајќи го нивото на адекватност на капиталот согласно базелските стандарди. За вакво нешто немаше потреба во македонскиот банкарски систем, кој се покажа стабилен и сигурен, со високо ниво на ликвидност. Второ, сегашните реформи во европските банкарски системи се последица на нешто што не било научено со првата лекција. Македонскиот банкарски систем за цело време на кризата се однесува конзервативно и одговорно кон строгите банкарски принципи и супервизорски стандарди. За тоа, пак, од друга страна се трпат неоправдани

критики од оние кои не се доволно стручни и шират погрешна перцепција

за банките во Македонија. Втората димензија на засегањето на реформите

е поврзана со сопственичката структура на дел од нашите банки, кои припаѓаат

на семејството на европските банки. Се разбира, дека влијанието на реформите ќе биде присутно, но повеќе во делот на оперативниот пристап заради презентирање на консолидираните биланси на банките мајки, отколку во некаква директна врска или влијание врз досегашното работење на банките ќерки. Сепак нашите банки работат според прописите на Република Македонија, запазувајќи ги сите супервизорски стандарди кои ги бара Народната банка“, објаснува Арсовски.Тој не ја прифаќа критиката од реалниот сектор во однос на расположеноста на банките да даваат кредити. „Најчесто таа е неиздржана бидејќи не треба да се заборави дека банките работат со туѓи пари и основната наша задача е во секое време да можеме да одговориме на барањата на депонентите. Од друга страна, пак, како финансиски институции сме исто така многу заинтересирани правилно и профитабилно да ги оплодиме нашите пари, што индиректно кажува дека доколку има успешни и сигурни проекти и пласмани, ние со задоволство ќе ги поддржиме со финансиски средства“, порачува Арсовски.Не им е лесно на компаниите Е сега, на страната на компаниите воопшто не е се толку едноставно, како што сакаат да го прикажат банкарите. Овде ја имаме кризата во реалниот сектор, која директно го погодува македонското стопанство од неколку страни. Првата е европската финансиска криза, која се пренесува во Македонија преку земјите трговски партнери и преку банкарскиот сектор. Извозот полека запаѓа во криза со намалени нарачки од странство, што значи намалување на производството и помали приходи за компаниите. Некои од тие компании се изложени со кредити кај банките и ќе имаат проблем и да ги отплаќаат, па може да бараат репрограмирање. А, тоа согласно новите банкарски стандарди, ќе значи зголемен ризик за банките. Но, тоа се истите компании кои до вчера редовно си ги отплаќале обврските, а сега бараат банките да им помогнат да го преживеат и овој надолен циклус. На крајот на краиштата станува збор за партнерски однос на релација банка-компанија, од чија долгорочност и квалитет зависи и иднината на компанијата и сигурноста на банката.Европската финансиска криза ќе ја чувствува Македонија и преку странските инвестиции. На пример, пропадна проектот концесија на автопатиштата од Коридорот 8 затоа што петте компании кои беа заинтересирани за изградба на македонските патишта не добија поддршка од банките и не доставија понуда на тендерот. Прва се откажа македонската градежна компанија Гранит, која беше во партнерски однос со австриската Алпине. Директорот на Гранит, Страшо Милковски, за „Капитал“ изјави дека се откажуваат од проектот поради тоа што банката што требало да им даде гаранција се повлекла. А, станува збор за европска банка затоа што македонските

Реформите удрија по кредитите

Реформите на банките, кои ги наметнува новиот Базел 3 договор, се меч со две острици. Од една страна, треба да ги дисциплинираат банките. Но, од друга, тоа ќе значи порестриктивна кредитна политика, која директно ќе ги погоди компаниите и економиите во обидите да излезат од финансиската криза. Тешко е да се постигне баланс во вакви услови. Кој ќе настрада повеќе – банките или реалниот сектор?

, ка на економската

бкриза во 2008 година, европскиот банкарски систем

крстр

за бр

димене поврз

на дел ор

ј

Менаџерите на европските банки имаат обврска да го намалат ризикот и да ја зголемат стабилноста на кредитното портфолио. Тоа значи помалку кредити за компаниите. Дали е тоа вистинскиот начин за справување со кризата?

Новиот договор Базел 3 е постигнат две години откако банкротот на американската банка Леман брадерс го турна светот во глобална финансиска криза. Основната цел на договорот е да спречи нова криза од овој тип. Членки на Базелскиот комитет, кој постои од 1974 година, се Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Хонг Конг, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Јужна Африка, Луксембург, Мексико, Холандија, Германија, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија и САД

Page 14: BANKITE & BIZNISOT

14 БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ФИНАНСИСКА КРИЗА

КАПИТАЛ

Оли Рен, еврокомесарот за економски и монетарни работи не е многу уверен дека Европската унија е на вистински пат за справување со должничката криза.

Во последните пет годни македонската индустрија е повеќе во надолен тренд. Индустриското производство во најголем дел од овој период е во пад. Во првите два квартали од годинава бележи раст, но ударот на европската криза се заканува повторно да ја погоди македонската индустрија, која е директно зависна од западноевропските партнери.

-15%

-10%

-5%

0%

5%

10%

15%

20%

25%

1 кв

. 200

7

1 кв

. 200

9

2 кв

. 200

9

3 кв

. 201

0

4 кв

. 201

0

Индустриско

Банките од земјите во развој во моментот се далеку попрофитабилни од банките во развиените земји. Анализата на Блумберг покажува дека стапката на поврат на капиталот кај банките од Индонезија, Малезија, Индија, Бразил и Турција достигнува 38,8%, а кај европските банки само 5,8%.

0,0

5,0

10,0

15,0

20,0

25,0

30,0

35,0

40,0

BRI

BCA

Banc

o do

Bra

sil

Publ

ic b

ank

Man

diri

ITAU

uni

banc

o

Brad

esco

Gar

anti

Isba

nk

Akba

nk

CIM

B

May

bank

BNP

HSBC

JP M

orga

n

ICIC

I

Citi

bank

Deut

sche

ban

k

Извор: Блумберг

38,0

27,423,2

20,517,0

14,8 12,4 11,45,8

27,625,8

22,717,8

16,312,4 11,5

5,9

12,3

не можат да покријат толку голем проект, вреден 900 милиони евра.Вториот правец од кој доаѓа кризата во македонската економија се грчката блокада на границата со Македонија и штрајковите во Солунското пристаниште. Поради ова главните македонски извозници се блокирани и трпат огромни загуби, кои се мерат во стотици милиони евра. Само кавадаречкиот комбинат за фероникел Фени за изминатите неколку месеци пријави дополнителен трошок од 400.000 евра. Големи се загубите и на другите извозници од металната индустрија, а и на транспортерите. Тие се особено заглавени во банките затоа што земаа кредити за купување нови возила. Ова повторно ја доведува во прашање нивната финансиска стабилност.Третиот удар врз стопанството кризата го задава преку неликвидноста на домашен терен, која се манифестира како секој секому должи, а голем должник е и државата. Колку, никој не знае затоа што овој параметар во македонската економија не се мери иако е клучен за да се оцени нејзината состојба. Неликвидноста е клучниот фактор кој придонесува и за влошување на кредитното портфолио на банките. Ако една фирма нема приливи на пари, не ќе може ни редовно да ги отплаќа и кредитите кон банките. На тој начин веднаш станува ризичен клиент, а банката книжи лош пласман. Најмногу фирми се заглавени во банките токму по овој основ. Тоа го покажуваат и податоците од Народната банка на Македонија, според кои, стапката на ненаплатливи кредити е зголемена на 10% во јуни годинава. Обемот на сомнителни и спорни побарувања на банките од компаниите изнесува 4.492 милиони денари и за девет месеци е зголемен за речиси една милијарда денари.Македонските банки мирни?!Сепак, адекватноста на капиталот на македонскиот банкарски сектор се уште не е доведена во прашање и затоа е мирен и гувернерот на НБМ. Но, дали тоа важи за сите банки одделно, не можеме да знаеме затоа што тоа е строго чувана тајна во централната банка. За конкретна банка не се кажува ништо со цел да не се наруши довербата во целиот банкарски систем.Според последните податоци од НБМ, стапката на адекватност на капиталот на македонските банки изнесува 16,8% и е над дозволениот минимум од 8%. Сепак, дали македонските банки имаат доволно капитал да се справат со кризата имајќи предвид дека не се знае до кога ќе таа ќе трае и колку ќе биде силна? Ова прашање воопшто не е наивно затоа што ако се доведе во прашање капитализираноста на банките, тогаш за кредитирање нема да стане ниту збор. „Секако дека зголемувањето на обврските на банките за ликвидни средства и одвојувањето од нив како адекватност ќе се одрази преку намалување на кредитната активност, што може да влијае на забавување на економското заздравување. Македонските банки ги задоволуваат сите овие нови стандарди, така што од овој аспект нема да имаат никаков проблем“, изјави поранешниот гувернер Петар Гошев пролетта, за време на состанокот во швајцарскиот град Базел, на кој се дебатираше за

Банките да ја подобрат организациската структура

За да се фатат во костец со сложените новини кои ги носи Базел 3,

банките мора да ја согледаат инфраструктурата за податоците со која располагаат. Еден од можните пристапи е да се воведе квалитетен систем за управување со податоци на ниво на цела банка, со кој ќе се воспостават јасни одговорности на сите организациски нивоа. Една од главните иницијативи е Управниот одбор на банката да именува личност или организациска единица за управување со квалитетот на податоците, која би била одговорна за собирање точни и доверливи податоци од сите делови на работење и за нивно чување во соодветен формат, што на високиот менаџмент ќе му овозможи да носи критични деловни одлуки. За полесно собирање и обработка на податоците може да се формира и централен модел за податоци, како потпора на целокупната стратегија за управување со ризиците.Целокупната имплементација на Базел 3 бара јакнење на организацијата, процесот, методологијата и на платформата за податоци и технологија. За банките во регионот, кои воведоа рамка на управување со ризиците во согласност со регулативата, останува обврската за оптимизација на деловните процеси и соодветно користење на модерните пристапи за управување со ризиците. Без унапредување на клучниот процес од доменот на управување со ризиците, односно одобрување кредити, управување со наплатата и инструментите за осигирување, банките не ќе можат адекватно да го спроведат управувањето со ризиците, со цел негова целосна функционалност и вклученост во сите аспекти на корпоративното управување.

Стапка на поврат на капитал (РОЕ) кај банките од Г 20 (30 јуни 2011)

новите стандарди Базел 3.Светските банкари од 27 земји-членки на Европската унија ги изгласаа новите рестриктивни мерки за да им помогнат на банките подобро да се справат со финансиската криза. Новите Базел 3 стандарди, кои треба да се воведат до 2019 година, предвидуваат основната адекватност на капиталот на банките да не биде пониска од 7%. Тоа значи дека банките треба да одвојуваат како резерва најмалку 7 евра за секои 100 евра што ги чуваат клиентите на сметка во банката. Адекватноста на капиталот покажува колку банките се подготвени да ги апсорбираат загубите од сите ризици на кои се изложени. Колку е повисока стапката на адекватност, толку банките се постабилни. Европските аналитичари коментираат дека минималната стапка на адекватност на капиталот мора да

биде многу повисока. Базел 3, исто така, бара стапката на поврат на капитал – главната мерка на профитабилноста - да се намали од 20% на 7%. Веројатно банките ќе мора да формираат посебен оддел за ритеил банкарство, корпоративно кредитирање и платен промет за да може критичната финансиска инфраструктира да биде преземена од власта во случај на нова криза.Базел 3 стандардите се воведуваат за управување со ликвидноста и за соодветни обврски за различни нивоа на ликвидност. Се воведува и дополнително издвојување капитал за одредени финансиски инструменти кои досега не беа третирани. Ова е затоа што кризата покажа дека европските банки не беа соодветно капитализирани и поради ризиците што се појавија имаа сериозни проблеми да ја одржат ликвидноста.

Бернанке: Банкарите да најдат начин за да издаваат кредити

Претседателот на Американските федерални резерви, Бен Бернанке, смета дека за воспоставување на новиот

систем за финансиски надзор се потребни извесно време и заеднички напори на јавниот и приватниот сектор. Тој признава дека последиците од економската криза се невидени и предизвикаа банкрот на многу финансиски институции. Според него, САД и многу земји ја преиспитаа и унапредија реформата на финансискиот надзор со цел заштита на глобалниот пазар од ризик. „Би им порачал на банкарите дека нивната работа е да најдат начин да им издаваат заеми на кредитоспособните позајмувачи, да ја подобрат состојбата на банките за да издаваат добри заеми, безбедни заеми и да имаат чувство за скромност, ако се земе предвид што се случуваше во последниве 18 месеци“, вели Бернанке.Тој признава (многу тивко) дека Федералните резерви сепак сносат одговорност за тоа што не забележаа што се случува со банките. „Па, како и останатите регулатори, и ние веројатно можевме да сториме повеќе. Веќе направивме многу – вложивме многу напори во прегледување на нашето работење. Се обидуваме да ја засилиме нашата регулатива во секој можен поглед. Затоа, не сакам да одречам дека можевме да изреагираме подобро, исто како и останатите“, заклучува Бернанке.

дек.

03

апр.

04

авг.0

4

дек.

04

апр.

05

авг.0

5

дек.

05

апр.

06

авг.0

6

дек.

06

апр.

07

авг.0

7

дек.

07

апр.

08

авг.0

8

дек.

08

апр.

09

авг.0

9

дек.

09

апр.

10

авг.1

0

дек.

10

апр.

11

авг.1

1

Извор: НБРМ

Глобалната финансиска криза и рестриктивната политика на Народната банка на Македонија си го направија своето. Кредитниот раст во последните две години е забавен, за разлика од периодот 2006-2008, кога имаше раст од безмалку 100%. Тоа укажува дека продлабочувањето на кризата неминовно ќе го намали обемот на кредитирање на фирмите од банките во Македонија.Најголем дел од кредитите на банките и штедилниците во земјата завршуваат кај приватните компании. Податоците од Народната банка на Македонија покажуваат дека заклучно со септември 2011, кај приватниот сектор се пласирани кредити во износ од 122,6 милијарди денари. Втори на листата се домаќинствата со вкупна задолженост кај банките од 80,8 милијарди денари.

СТРУКТУРА НА КРЕДИТИ (

3 4 4 4 5 5 5 6 6 6 7 7 7 8 8 8 9 9 9 0 0 0 1 1

Еедоуну

оидчшмд

Движење на обем на кредити за приватни фирми во Македонија

35,640,9

46,8

75,9

106

122

58,9

102

112119

ВО МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ

следните пет годни македонската индустрија е повеќе во надолен тренд Индустриското производство во најголем

%

%

%

%

%

%

%

%

1кв

2007

1кв

2007

1 1кв

. 200

9.

1кв

2009

2 кв

. 200

9.

2кв

2009 0000 0

3 вквк

.3

вквк

4441 кв

. 200

7.

1кв

2007

22

-2,6

6,9

12,4

-8,2

-14,5

6,4

-9,3

-0,9

-6,0

13,8

5,3

Page 15: BANKITE & BIZNISOT

15БАНКАР 24 НОЕМВРИ 2011

ФИНАНСИСКА КРИЗА

КАПИТАЛ

Најмногу настрадаа поради изложеноста на државни обврзници од земјите должнички, како Грција, Шпанија, Португалија, Италија...Македонија не е членка на ЕУ и не мора стриктно да ги почитува новите стандарди од Базел. Но, политиката на НБМ е таква што налага тие да се имплементираат и во земјава со цел да обезбеди сигурен и стабилен банкарски систем.Поранешниот гувернер на Европската централна банка, Жан Клод Трише, го оцени договорот од Базел како „фундаментално јакнење на стандардите за капиталот“.„Придонесот на овој договор ќе биде од суштинско значење за финансиската стабилност во иднина и за растот на економијата“, изјави Трише. Првичните анализи покажуваат дека воведувањето на новите стандарди ќе влијае за намалување на профитабилноста на банките. Голем дел од банките ќе имаат проблем и да обезбедат дополнителен капитал на пазарот, па ќе треба да помагаат централните банки и државите. Велика Британија најгласна Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) процени дека се потребни 200 милијарди евра за докапитализација на банките со приватни пари за тие да бидат во состојба да се изборат со должничката криза. Претседателката на ММФ, Кристин Лагард, побара итна докапитализација на европските банка за да се спречи рецесијата на светско ниво, што покрена дебата околу тоа дали банките имаат доволно капитал да се спротивстават на сериозната криза. ММФ и Одборот за меѓународната сметководствени стандарди (ИАСБ) се загрижени, но европските п ол итич а р и и б а н к а р ските асоцијации тврдат дека банките имаат доволно капитал да излезат на крај со турбуленциите на пазарите и грижите околу должничката криза.“Не ни е јасно како ММФ дојде до ваков заклучок. Податоците за заработувачката не потврдуваат таква ситуација во германските банки“, соопшти германската асоцијација ВОЕБ.Франција има сличен став иако цените на акциите на француските банки во изминатите два месеци се под голем притисок поради загриженост околу достапноста на капиталот. Француската министерка за буџет, Валери Пекрес, додаде дека банките не се причина за грижи. Но, премиерот на Велика Британија е позагрижен. Дејвид Камерон ги предупреди банкарите дека работните места не смеат да настрадаат поради реформите кои мора да ги спроведат. Велика

Ќе поскапат изворите на кредити

Банкарите во земјава признаваат дека странските извори на средства, кои се врзани за Еурибор, ќе поскапат во

зависност од висината на оваа каматна стапка. Тие тврдат дека каматите на домашните извори на средства и кредити се определени од понудата и од побарувачката на парите, од административните и пазарните елементи на страната на изворите на средства и на страната на кредитите, каматоносната актива и пасива на банките и од потребата за исполнување на таргетите кои важат во банкарското работење, кои се пропишани со супервизорските стандарди.Крајните ефекти од поскапувањето ќе се прелеат на корисниците на кредити, односно тие ќе плаќаат повисоки камати за кредитите. Засега нема конкретни најави кога и колку би се зголемиле каматите.

Дејвид Камерон премиер на Велика Британија

Клучната работа која ја бараме од банките е да позајмуваат во рамките на економијата, со што ние ќе можеме да го поддржиме растот и отворањето нови работни места. Така ќе бидеме сигурни дека не преземаме ризици за да ги доведеме во ризик работните места.

Документот под назив Базел 3 детално ги разработува капиталните обврски, особено целната стапка на адекватност на капиталот, ги

доработува правилата за управување со ликвидноста и ги утврдува преодните периоди во кои банките треба да се прилагодат на новата регулатива.Зајакнување на глобалната регулаторна рамка, постигнато со построги барања за основниот и дополнителниот капитал на банката. Поквалитетно покривање на ризикот вклучува и обврска за покривање на кредитниот ризик на друга договорна страна, воведување показатели за ликвидност и почеста употреба на контрациклични стабилизирачки инструменти.Пакетот реформи го зголемува минималното ниво на сопственички капитал од 2% на 4,5%. Банките имаат обврска да одржуваат стабилизациски

резерви наменети за ублажување на евентуални идни кризи на ниво од 2,5%, со што вкупната најниска стапка на адекватност на капиталот достигнува 7%Се ограничува исплатата на дивиденда и награда во случај на пречекорување на границата на стабилизациски резерви.Се воведува глобален стандард за управување со ликвидноста, кој значи одржување на показателите за покривање на ликвидноста (Liquidity Coverage Ratio - LCR), кој гарантира дека банката ќе одржува задоволително ниво на ликвиден имот кој едноставно може да се претвори во пари во случај на криза. Се воведува показател за стабилност на финансирањето (Net Stable Funding Ratio - NSFR), кој има цел да ги поттикне банките на поквалитетно управување со среднорочното и долгорочното финансиско работење.

Темелно се обработува регулаторниот третман на структурираните производи и финансиски деривати, кои се сметаат за основна причина на последната глобална финансиска криза.Долготрајното и постепено воведување на новите критериуми треба да ги намали трошоците од неговата имплементација. Планирано е целиот пакет да се воведе до 2019 година. Базел 3 им дава поголема слобода на регулаторните тела во диктирање на динамиката за воведување на промените и во пропишување на дополнителните специфични барања за секоја земја. Некои држави веќе одлучија да ја искористат оваа можност. Швајцарија веќе наметна повисоки стапки на адекватност на капиталот, а слични обврски планира да воведе и надзорното тело за финансиски услуги во Обединетото Кралство.

Базел 3 – договор за поголема сигурност

Колку македонските банки ги исполнуваат Базел 3 стандардите?

Драгољуб Арсовскипретседател на Управниот одбор на ТТК банка

Во македонското банкарство са наоѓаме на почетокот од размислувањата за примена на Базел 3 стандардите. Во

целосна примена се Базел 2 стандардите. Од досегашното искуство и начинот на имлементација можам да извлечам заклучок дека кога Базел 3 стандардите ќе бидат во целосна примена сигурен сум дека банките во Македонија ќе ги исполнат редовно и навремено.

Јованка Јолеска-Попоскапретседател на Управниот одбор на Прокредит банка

Имплементацијата на Базел 3 е долгогодишен процес, кој е континуитет на исполнувањето

на Базел 2. Во неговото спроведување банките работат континуирано и во соработка и комуникација со НБРМ и сметаме дека исполнувањето ќе се одвива согласно договорената динамика.

Британија е предводник на „струјата“ во Европа која заговара силни и итни реформи во банкарскиот сектор, кои ќе ги спасат банките од нов колапс под налет на нова глобална криза. За ова прашање во земјата се води жестока дебата. Посебно за тајмингот за имплементацијата на препораките од Независната комисија за банкарство (ИЦБ). „Мислам дека клучната работа која ја бараме од банките е да позајмуваат во рамките на економијата, со што ние ќе можеме да го поддржиме растот и отворањето нови работни места. Така ќе бидеме сигурни дека не преземаме ризици за да ги доведеме во ризик работните места“, изјави Камерон.Но, банките ширум светот веќе укинуваат работни места бидејќи строгите прописи и ниските приходи од тргувањата во вториот квартал од годинава се

одразија, пред се, на секторот инвестициско банкарство. За оваа година американските

и европските банки најавија околу 100.000 откази. Банката на Америка

соопшти дека ќе отпушти 30.000 работници, со што ќе ги намали годишните трошоци за пет милијарди долари. Royal bank of Scotland (РБС), Лојдс и Ситигруп укинаа илјадници работни места. Некои банки официјално не ги објавуваат

плановите за отпуштање.Либерал-демократите во Велика

Британија бараат да се наметне поделба на инвестициското и ритеил банкарството, политика која ќе ги подели најголемите банки, како што се РБС и ХСБЦ. Тие го прифаќаат и ringe fence планот, но бараат итно да се имплементира. Британските банки се на удар на критики дека ја користат европската финансиска криза како изговор за да ги одложат реформите на секторот. Независната комисија, која беше формирана минатата година, побара да се најде начин кој ќе обезбеди дека никогаш повеќе државата нема да биде принудена да ги спасува банките. Сега даночните обврзници мора годишно да даваат 10 милијарди фунти за да ги поддржат банките.Но, повторно има стравувања дека регулаторните

реформи на банките ќе имаат спротивен ефект врз обновувањето на економијата затоа што политиката на кредитирање ќе стане помалку отворена. Британската банкарска асоцијација побара промените во банкарската индустрија да бидат одложени додека економијата не закрепне.Финансискиот директор на банката Барклис, Крис Лукас, го одби нападот и ја предупреди владата на опасноста од реформите на банкарскиот сектор. Тој истакна дека

ако владата сака да направи ефикасни реформи за да избегне повторување на кризата од 2008 година ќе мора во тоа да ги вклучи и банките. Секретарот за економија на Велика Британија, Винс Кејбл, му одговори дека е “нечесно да се користи сегашната ситуација за да се спротистави на реформите“.„Банките сакаат да создадат паника околу нешто за што се свесни дека мора да се случи“, изјави Кејбл. Анџела Најт, главен извршен директор на Британската банкарска асоцијација, смета дека банките не прават

паника и дека треба да се фокусираат на фактите.Но, критики не доаѓаат само од банкарската индустрија. „Да се преземе акција во овој момент – момент на неизвесен раст, во кој е доведена во прашање способноста на банките да обезбедат финансиска поддршка за раст на бизнисот – е загрижувачко“, коментираат експертите.Зошто треба да се внимава? На развиените економии им треба раст. Нема да се постигне одржлив раст без фискална одговорност. Но, американската економија расте побавно од британската годинава и покрај фискалните стимулации, што покажува дека проблемот не е толку многу до фискалната одговорност. Тоа значи дека на Велика Британија и се потребни поголемо трошење и кредитирање за да се охрабри растот. Зголемувањето на каматните стапки и намалувањето на меѓународната доверба ќе го убие закрепнувањето на економијата. Компаниите во Велика Британија предупредија дека пазарот на кредити, кој сега вреди 2.500 милијарди фунти, ќе биде драстично намален ако Независната комисија за банкарство го спроведе ring-fence планот. Предупредувањето доаѓа од Асоцијацијата на корпоративни обврзници – група која ја претставуваат финансиски директори на членките на ФТСЕ 100. „Ако ИЦБ строго го оддели ритеил банкарството од вкупното банкарско работење, како тие пари ќе се движат низ системот? Ако е во прашање само зголемување на трошоците, тоа компаниите ќе го прифатат. Но, проблемот е што тоа ќе го покријат со намалување на другите трошоци, а од тоа ќе бидат погодени производството и вработеноста “, прашува Џон Гроут, директор на АЦТ. Според него, големите меѓународни компании ќе можат да позајмуваат пари преку издавање обврзници – кога пазарите се стабилни. Но, тие што не можат да го направат тоа ќе бидат сериозно погодени. Ова посебно ги засега малите и средните фирми.И главниот извршен директор на НСБЦ, Стјуарт Гуливер, предупреди дека корпоративното кредитирање ќе биде сериозно погодено од мерката на ИЦБ. Тој смета дека одвојувањето на депозитите и кредитите на населението од корпоративните книги значително ќе ја намали можноста за позајмување. Затоа ова прашање ги засега и банките и компаниите.

н Лагард, побараките банка

ритна докапитализација на европските банка

ветско у тоатал у

та

а

е еатите

иза.о ваков заклучок.а не потврдуваат

у

одразија, пред се, на банкарство. За овј р

банкарство. За оваа година американските и европскит

р

100.000 отксоопштиработниработници, со што ќе ги намали годишмилијof ScoСитигработнработни места. Некои банки официјр

плановиЛиберал-д

Британија бр

Британија бараат да се наметне поделба на инвестициското и р

р ј

политика која ќе ги подели најд ц р

политика која ќе ги подели најголемите банки,

7,9%Изнесуваше годишната стапка на раст на вкупните кредити на банките во август 2011 година

Page 16: BANKITE & BIZNISOT