75
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ ИНСТИТУТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА - Дипломска работа -

Deca bez roditeli

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Deca bez roditeli

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

ПРАВНА ЗАШТИТА НАДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ ИРОДИТЕЛСКА ГРИЖА

- Дипломска работа -

Студент: Ментор:Проф. Д-р Наташа Богоевска

Скопје, Јуни 2011

Page 2: Deca bez roditeli

СОДРЖИНА

ВОВЕД............................................................................................................................................1

I. ОПШТО ЗА ДЕЦАТА И НИВНИТЕ ПРАВА.................................................................3

1. РЕГУЛИРАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА...........................................................................................................3

2. МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА РАМКА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА.......................................................................42.1. Декларација за правата на детето................................................................................................52.2. Конвенција за правата на детето.................................................................................................6

3. ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА...........................................83.1. Семејно-правна заштита................................................................................................................83.2. Социјална заштита.......................................................................................................................103.3. Државно-правна или јавна заштита на децата.........................................................................103.4. Децата во трудово-правните односи..........................................................................................123.5. Децата во хуманитарно-правните односи..................................................................................143.6. Децата во кривично-правните односи.........................................................................................17

II. ФОРМИ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА19

1. ДЕФИНИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА....................................................19

2. ПОСВОЈУВАЊЕ.........................................................................................................................................192.1. Услови за посвојување....................................................................................................................222.2. Критериуми за избор на посвоители............................................................................................232.3. Права и должности на посвоителот и посвоеникот.................................................................242.4. Престанок на посвојувањето.......................................................................................................25

3. СТРАТЕЛСТВО..........................................................................................................................................263.1. Цели и основни задачи на старателството................................................................................273.2. Постапка за ставање под старателство...................................................................................283.3. Старател........................................................................................................................................293.4. Видови на старатели.....................................................................................................................303.5. Должности и овластувања на старателот...............................................................................303.6. Престанок на должноста старател...........................................................................................313.7. Престанок на потребата за вршење на старателството......................................................32

4. СМЕСТУВАЊЕ ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО.........................................................................................324.1. Настанување на потреба за сместување во згрижувачко семејство.....................................34

4.1.1. Услови на страна на детето.............................................................................................................344.1.2. Услови на страна на семејството....................................................................................................34

4.2. Постапка за сместување на дете во згрижувачко семејство..................................................354.3. Престанок на сместување во згрижувачко семејство..............................................................36

III. ИНСТИТУЦИОНАЛНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА....................................................................................................38

1. ПРАВО НА СМЕСТУВАЊЕ ВО УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА.......................................................38

2. ИНСТИТУЦИОНАЛНА ЗАШТИТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.............................................................392.1. Дом за доенчиња и мали деца – Битола.......................................................................................392.2. Детскиот дом „11 Октомври“ - Скопје......................................................................................40

2.2.1. Капацитети........................................................................................................................................412.2.2. Хронолошки развој..........................................................................................................................41

2.3. СОС Детско село............................................................................................................................422.4. Мал групен дом...............................................................................................................................43

3. СЛАБОСТИ НА СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА....................43

4. ПРЕПОРАКИ И АКТИВНОСТИ...................................................................................................................44

ЗАКЛУЧОК.................................................................................................................................46

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.................................................................................................48

Page 3: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

ВОВЕД

Семејството е општествена појава во кое речиси секој човек живее и стапува

во најразлични односи со луѓето што го сочинуваат. Човекот се раѓа и живее во

семејството, за да создаде подоцна и самиот свое ново семејство. Во семејството

детето започнува да ги добива првите претстави за животот и за светот, како и за се

она што непосредно го опкружува. Во кругот на семејството тоа научува да сака, да

работи, да помага друг, да прифаќа помош од друг и уште многу други нешта, со цел

да се оспособи за самостоен живот.

Сето тоа, и не само тоа, укажува дека семејството во историјата на човечкото

општество се јавило во определен период како една од основните општествени

установи во која човекот живее, работи, и создава услови за својот и за сеопштиот

развој на општеството.

Децата, односно новите генерации во рамките на семејството ги добивале и

ги добиваат првите животни искуства. Тука тие се воспитуваат и образуваат.

Постојат мислења според кои семејството претставува трајна и непроменлива

установа, настаната откако светот постои, па затоа претставува и основна клетка на

општеството врз која е изградена државата.

Семејството е пред се, биолошка, сексуална заедница на лица од различен пол

кои создаваат и огледуваат деца, а тоа е истовремено и општествена категорија на

многубројните роднински врски тоа длабоко се инфилтрира во порите на

општествената организација.

Во правниот систем на Македонија, семејното право претставува посебна

гранка на правото со која се регулираат и изучуваат односите во семејството, како

посебна сфера на општествениот живот.

Проучувањето на функционалноста на семејниот систем е значајно прашање,

бидејќи развојот на поединецот и неговото здравје зависат од здравото нормално

функционирање на основниот систем во кој се раѓа и на кој припаѓа, а тоа е

семејството. Во функционалното семејство се создава услови за развој на зрели и

здрави членови, потоа ова семејство покажува задоволителен начин на исполнување

на основите задачи, одговара на развојните потреби на своите членови, има јасни

семејни правила, постои соработка меѓу партнерите, здрав емоционален однос,

1

Page 4: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

постои родителски сојуз во воспитувањето во заштитата на децата, ова семејство не

е без стресови – тоа е здраво затоа што се соочува со стресот и поседува извори за

решавање на своите проблеми.

Дисфункционалното семејство се карактеризира со застои дисфункција во

некоја од областите на семејниот живот, неодговарање на развојните потреби,

ограничени, нејасни, конфузни и контрадикторни интеракции помеѓу членовите.

Оттука, можеме да заклучиме дека семејната дисфункционалност има сериозни

последици врз целосниот развој на децата.

Меѓутоа, семејствата секогаш не ги задоволуваат основните функции,

потреби, воспитувања и заштитата на детето. Заради тоа постојат различни облици

за заштита на децата: посвојување, старателство, сместување во згрижувачко

семејство и институционална заштита на децата, која е една од најзастапените форми

на заштита, сместување, згрижување и воспитување на децата.

Денес, во современото општество децата без родители и родителска грижа е

една од најактуелните теми, бидејќи голем број деца остануваат без своите родители

од најразлични причини. Поради тоа се применуваат основните облици на заштита

кои претходно ги спомнавме.

Значи, детските домови претставуваат важен облик на заштита на деца без

родители и родителска грижа кои денес добиваат важно место во системот на

детската заштита, како и во системот на заштита на деца лишени од родителска

грижа.

2

Page 5: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

I. ОПШТО ЗА ДЕЦАТА И НИВНИТЕ ПРАВА

1. РЕГУЛИРАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА

Втората половина на 20-от век, како и почетокот на 21-от век се

карактеризираат со организиран меѓународен пристап кон правата на детето и

нивната адекватна примена. Организацијата на Обединетите нации (ООН), преку

своите органи, организации и здруженија, перманентно настојуваат, државите

членки и државите потписнички, да имаат соодветен и похуман однос кон децата

како најкревок дел на популацијата. Исто така, кон правата на детето и детската

заштита воопшто, европски пристап - во рамките на Европската Унија (ЕУ), која

настојува нејзините членки да имаат повисок детски стандард отколку што постои на

меѓународен план.

Тоа се постигнува, формално–правно, со усвојувањето на политичките

документи кои имаат карактер на меѓународни прописи (декларации, конвенции, и

други видови акти). Во примената на домашното законодавство, посебно на нормите

кои имаат социјално-заштитен карактер на детска заштита, покрај националните

институции се јавуваат: УНЕСКО, УНИЦЕФ, Меѓународниот црвен крст, Комитетот

за правата на детето и други.

Познато е дека децата низ вековите биле изложени на различни видови

тортури од страна на своите родители и средината во која што живееле. Всушност,

децата денес, но и порано, се разликувале меѓу себе според социјалната положба

(статус) која ја детерминираат различни фактори (економски, правни, политички,

психолошки, итн.). Децата ја делат судбината и статусот на сопствените семејства,

односно, на нивната класна припадност.

Бројните социјални мислители не биле задоволни од односот на општеството,

државата и родителите кон сопствениот подмладок (на пример, утопистите,

анархистите и други). Најпрво, заштитата на децата беше сврзана со заштитата на

жените и мајките.

Во економски неразвиените држави постои „борба за храна“, (за физичкото

егзистирање), во другите, пак, каде што е надмината сиромаштијата и војната се

зборува за т.н. „детски стандард“.

3

Page 6: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Република Македонија, како суверена и унитарна држава, во својот

еднодецениски развој покажува различен пристап кон децата и детската заштита

(формално-правно, програмски, но и фактички, односно емпириски).

Слободно може да се каже, дека по усвојувањето на Законот за заштита на

децата (Сл. весник на РМ, 98/2000 г.), во Република Македонија постоеше анахрон

систем на детската заштита. Важечкиот Закон за заштита на децата преставува

систематски Закон, кој на извесен начин ја кодифицира (односно унифицира)

материјата. Впрочем, со нормите на овој Закон на соодветен начин се регулираат

правата (како лични права) и облиците на заштита на децата во рамките на

македонската држава.

2. МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА РАМКА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Основите врз кои се засновува системот за заштита на децата ќе биде условен

со ратификувањето на повеќе меѓународни документи кои се однесуваат на

заштитата на правата и слободите на човекот донесени од ООН И ЕУ.

Меѓународни документи кои се однесуваат на заштитата на правата на децата

се:

- Универзалната декларација за човековите права;

- Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права;

- Меѓународниот пакт за граѓански и политички права;

- Конвенцијата за правата на детето на ООН;

- Конвенцијата 185 и Препораката 190 кои се однесуваат на забрана на

најлошите видови детски труд на МОТ;

- Европската конвенција за примена на правата на децата;

- Европската конвенција за човекови права;

- Европската повелба, и други.

Во наведените документи се изразени заедничките интереси и обврски на

државите кои ги прифатиле со цел:

- Достоинството и вредноста на човековата личност го унапредуваат

општествениот поредок и повисокиот животен стандард;

- на детето да му припаѓа посебна грижа и помош;

4

Page 7: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

- на семејството како основна клетка на општеството и природната средина

за раст и добро на сите нејзини членови, а посебно на децата да и се даде

посебна заштита и помош за да може потполно да ја преземат

одговорноста во рамките на заедницата;

- детето за својот полн и хармоничен развој на својата личност би требало

да расте во кругот на своето семејство во атмосфера на среќа, љубов и

разбирање.

2.1. Декларација за правата на детето

Децата како субјект на правото (кој има правна способност), покрај

универзалните човекови права (прокламирани со Универзалната декларација за

човекови права (усвоена од Генералното собрание на ООН на 10.12.1948 година),

уживаат и права од корпусот на Права на детето прокламирани со Декларацијата за

правата на детето (20.11.1959) и со Конвенцијата за правата на детето (усвоена од

страна на Генералното собрание на ООН на 20.11.1989 година, а стапи во сила на

02.09.1990 година).

Декларацијата за правата на детето преставува специфичен меѓународен акт

кој го афирмира детето како значаен субјект на кој му е потребна посебна заштита и

грижа, вклучувајќи соодветна правна заштита пред и по раѓањето.

Декларацијата за правата на децата како правен акт преставува начелна изјава

и има политичко значење. Таа содржи 10 начела според кои се повикуваат сите

субјекти да ги признаваат правата на детето и да се грижат за нивно почитување со

законски и други мерки.

Во Декларацијата за правата на детето, е наведено дека детето треба да ги

ужива сите права кои се наведени во неа. На сите деца, треба да им припаѓаат овие

права, без разлика или дискриминација заснова на раса, боја на кожа, пол, јазик,

вероисповед политичко или друго мислење, национално или социјално потекло,

имот, раѓање или други околности, било на самото дете или на неговите родители.

Исто така, оваа Декларација вели дека на детето треба да има право на име и

државјанство според своето раѓање. Детето треба да има право да расте и да се

развива во здрави услови, да има право на соодветна исхрана, стан, разонода и

лекарски услуги. На детето му се потребни љубов и разбирање за да се развие

сестрано и складно. Детето во првите години од животот никако не смее да биде

5

Page 8: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

одвоено од својата мајка, освен во исклучителни околности. Детето има право на

школување кое треба да биде задолжително и бесплатно барем во основниот степен.

Исто така, детето треба да биде заштитено од сите форми на свирепост и

експлоатација. Тоа не смее да биде предмет на трговија во каква и да е форма.

Детето не смее да биде примено на некоја работа пред соодветна минимална возраст,

и во никој случај не смее да предизвика детето да работи во било кое занимање или

вработување кое е штетно за неговото здравје или воспитување или пак го нарушува

неговиот физички, ментален и морален развој.

Декларацијата за правата на детето е во духот на принципите на следните

меѓународни акти: Повелбата на ООН, Универзалната декларацијата за правата на

човекот и на Женевската декларација за правата на детето од 1924 година.

2.2. Конвенција за правата на детето

Конвенцијата за правата на детето претставува меѓународен правен акт, кој

има карактер на спогодба. Конвенцијата за правата на детето има обврзувачки

карактер за државите членки и за правните субјекти, а чија основна цел е да се

обезбеди таква грижа која е неопходна за доброто на детето.

Конвенцијата се состои од 54 члена, од кои во 40 члена, (односно од чл. 1 до

чл. 40) се прецизно формулирани само правата на децата за чие остварување се

грижат соодветни органи и организации.

Конвенцијата за правата на децата содржи многубројни норми со кои се

регулираат статусните прашања, притоа голем број на права кои имаат социо-

економски и политички карактер, а се однесуваат на опстанокот и развојот на детето

како човечко суштество.

Конвенцијата за правата на детето на ООН е донесена од страна на

Генералното собрание на ООН, на 20 ноември 1989 година, а стапи во сила на 2

септември 1990 година.

Правата од Конвенцијата за правата на детето можат да бидат поделени во

пет категории :

а) Економски права (вклучително адекватен стандард на живеење,

социјална сигурност и здравствена заштита);

б) Социјални и културни права (вклучително соодветна грижа и

образование);

6

Page 9: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

в) Политички и граѓански права (вклучително слобода на изразување и

забрана на дискриминација);

г) Права во малолетничкото судство (права во кривичната постапка и

забрана на некои казни) и

д) Хуманитарни права (заштита за време на оружен конфликт).

Според Конвенцијата за правата на детето, детето се сфаќа како човечко

суштество кое нема навршено осумнаесет години на животот, ако врз основа на

законот кој се однесува на детето, полнолетноста не се добива порано (чл.1).

Тоа значи дека, во оние држави – потписнички на Конвенцијата, каде

полнолетноста се стекнува и пред осумнаесеттата година од животот, таквите лица

немаат статус на дете. Кај нас горната граница за дете се поклопува со одредбата на

овој меѓународен акт т.е. како дете се третира секое лице кое има правна, но и не

деловна способност.

Само во случај на еманципација, т.е. на склучување на брак пред наполнети

18 години возраст (малолетнички брак), таквото лице се здобива со деловна

способност и нема веќе статус на дете.

Според нормите на Конвенцијата, ментално заостанато или физичко

инвалидно лице ужива посебна семејна заштита и општествена заштита. Кон таквите

деца во минатото општествените групи биле многу ригорозни и не воделе посебна

грижа, бидејќи тоа било во корелација со економските можности на родителите и со

вредносната матрица на општеството. Во тоа време државата немала речиси никакви

социјални функции, односно се било во приватната сфера (здравјето, образованието,

социјалната сигурност, па и грижата за подмладокот).

Поважни одредби што се однесуваат на децата се:

- Право на недискриминација;

- Право на живот;

- Слобода на мислењето, совеста и религијата;

- Здравје и здравствени услуги;

- Право на социјална заштита;

- Стандард на живеење и

- Образование.

Се поприсутна е и појавата на напуштање на сопствените деца.

7

Page 10: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Дел од причините се од економска природа, но и од неодговорното

родителство и неконтролираното раѓање. Центарот за социјална работа, како Орган

на старателство преку своите форми и облици на заштита, ги згрижува овие деца.

Истите се даваат на посвојување, се сместуваат во згрижувачки семејства или

се згрижуваат во Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ -

Скопје.

3. ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Децата во нашето општество уживаат посебна државна заштита, која е

предвидена со Уставот на Република Македонија, а се спроведува со семејното

законодавство и со многу бројните прописи од социјалното, хуманитарното и

кривичното законодавство.

Секое дете кај нас ужива тројна заштита :

1. Семејно-правна заштита;

2. Социјално-правна (општествена) заштита;

3. Државно-правна (или јавноправна) заштита.

3.1. Семејно-правна заштита

Најпримарна е семејно-правната заштита, бидејќи детето се раѓа во

семејството и постојано е врзано за него. Семејството е животна заедница на

родители и деца и други роднини ако живеат во заедничко домаќинство, односно

семејството настанува со раѓањето деца и со посвојување. Оваа дефиниција за

семејство е утврдена со Законот за семејство. Семејната заштита произлегува од

самата природа на родителските односи кон децата. Сите права и должности

предвидени со семејното законодавство одат во корист на децата, а не во корист на

родителите. Одредбите кои се однесуваат на обезбедување на правата за заштита на

детето во Законот за семејство се содржани во деловите коишто ги уредуваат

односите на родители и деца, родителското право, права и должности на родителите,

вршење на родителското право, надзор над вршењето на родителското право,

посвојување, старателство врз малолетни лица, издржување деца, имотни односи на

родители и деца и судски постапки.

8

Page 11: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Доколку родителите не ги користат правата за да ги заштитат децата, тогаш

интервенира органот за старателство, но и други органи кои на децата им пружат

соодветна заштита.

Со Законот за семејството ("Службен весник на Република Македонија" број

83/04 - пречистен текст) е уредена целокупната семејно-правна заштита. Со овој

пропис, меѓу другото, се уредува и посебната заштита од државата во поглед на

децата и тоа:

- Родителско право (член 47 и 48);

- Права и должности на родителите и децата (член 49- 52);

- Надзор над вршењето на родителското право (член 86-95);

- Нарушени односи и насилство во бракот и семејството (член 98-109);

- Посвојување (член 110-143);

- Старателство (член 156- 209);

- Издржување на децата, на родителите и другите роднини (член 211).

Со Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Македонија

бр. 21/06 - пречистен текст) се утврдени мерките и активностите, како и правата и

услугите од социјална заштита кои се применуваат за заштита на децата и тоа:

- Вонинституционална заштита - право на сместување во згрижувачко

семејство (член 20, член 85-87);

- Право на сместување во установа за социјална заштита (член 23);

- Право на постојана парична помош (член 34, став 5);

- Право на здравствена заштита (член 45);

- Право на еднократна парична помош и помош во натура (член 47);

- Парична помош на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете

без родители и родителска грижа (член 49 и 50).

Обичаите како извор на семејното право во Република Македонија не се

применуваат. Но, може да се случи во одредени ситуации кога постои правна

празнина некој од судовите да се повика на месните обичаи. Тоа судот може да го

стори само под услов тие обичаи да не се во спротивност на правниот систем на

Република Македонија и со моралните сфаќања.

Правната наука, исто како и судската практика, не е непосреден извор на

семејното право. Но, и покрај тоа, таа има големо значење бидејќи теориски

разјаснува многу правни норми и институции, дава теориски објаснувања на многу

прашања од областа на семејното право, помага при толкувањето на одредени норми

9

Page 12: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

и сл. Покрај тоа, ставовите и мислењата на истакнати научници од областа на

семејното право имаат значајно влијание на нормативната регулатива за регулирање

на општествените односи во семејството и во врска со него.

3.2. Социјална заштита

Социјалната заштита се остварува според нормите на Законот за заштита на

децата, на Законот за социјална заштита и други системски прописи (од областа на

трудовите,хуманитарните и други односи). Со социјалната (општествена) заштита се

заштитуваат социјалните права на детето по пат на социјално-правните норми, но и

други видови на норми. Социјалната заштита произлегува од карактерот на

македонската држава, која е, меѓу другото, и „социјална држава“.

Социјалната заштита претставува организирана дејност од страна на државата

за спречување на и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен

граѓанинот, семејството или групи на население во текот на животот. Ризиците кои

ги опфаќа овој закон се однесуваат на: ризици по здравјето (болест, повреда и

инвалидност), стареење (старост и преживување), мајчинство и семејство,

невработеност и професионална неадаптираност, како и неадаптираност кон

социјалната средина.

Социјалната заштита, за спречување и надминување на социјалните ризици

кои се поврзани со остварувањето на правата на детето (лично или преку

семејството) во оваа област се содржани во следниве услуги и мерки:

- Социјална превенција;

- Воинституционална заштита (помош на поединец, семејство, домашна

нега и помош на поединец и семејство, дневно згрижување како помош

на поединец и семејство и сместување во друго семејство);

- Институционална заштита (оспособување за работно-производна

активност и сместување во установа) и

- Право на социјална помош (постојана парична помош за лица неспособни

за работа и социјално необезбедени лица, социјална парична помош за

лица способни за работа и социјално необезбедени лица, паричен

надоместок за помош и нега, здравствена заштита, надоместок за плата за

скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, еднократна

парична помош или помош во натура и домување).

10

Page 13: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

3.3. Државно-правна или јавна заштита на децата

Во име на државата или општеството се јавуваат различни организации на

јавните служби кои учествуваат во своите активности во остварувањето на

заштитата на децата. Исто така и невладиниот сектор (домашните и меѓу народните

субјекти), преку различни облици учествуваат во следењето, подобрувањето и

остварувањето на детската заштита (по пат на различни проекти, програми и

одделни социјално-заштитни мерки), посебно во државите каде што таа е на

најниско скалило.

Од меѓународните субјекти за заштита на правата на детето се, најзначајни се:

Уницеф, Унеско и Меѓународниот црвен крст.

Овој вид на заштита е регулиран со нормативна рамка која е базирана на

различни национални и меѓународни документи, закони, конвенции, декларации,

подзаконски акти, регулативи, стандарди, насоки итн. Стратегијата за

деинституционализација во системот на социјална заштита поаѓа од повеќе

меѓународни и домашни документи кои се однесуваат на заштитата и услугите кои

се обезбедуваат за групите на корисници одредени како целни групи на оваа

стратегија. Поради тоа оваа стратегија се заснова врз следните документи од

меѓународната и националната правна рамка:

Меѓународна нормативна рамка

1. Универзална Декларација за човекови права;

2. Конвенција за правата на детето;

3. ОН Конвенција за борба против тортура и нехуман и понижувачки

третман;

4. ОН Конвенција за правата на лицата со инвалидност;

5. Европска социјална повелба;

6. Коминике на Европската Комисија од 12-ти Март 1997 година за

модернизација и подобрување на социјалната заштита;

7. Коминике на Европската комисија од 30-ти Октомври 2003 година за

еднакви можности за лицата со попреченост;

8. Стандарди за квалитет на деца;

9. Декларација на ОН за социјални и законски принципи кои се однесуваат

на заштитата и благосостојбата на децата, со посебно внимание на

згрижување и национално и меѓународно посвојување од 1986;

11

Page 14: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

10. Насоки за згрижување, меѓународна организација за згрижување од 1995;

11. Нацрт насоки на ОН за заштита и алтернативна грижа на деца без

родителска грижа поднесена до Комисијата за детски права од страна на

меѓународните социјални служби и УНИЦЕФ во соработка со работната

група на НВО за деца без родителска грижа, Јуни 2006.

Национална нормативна рамка

1. Устав на Република Македонија;

2. Закон за социјална заштита;

3. Закон за семејството;

4. Закон за заштита на децата;

5. Закон за основно образование;

6. Закон за средно образование;

7. Закон за високо образование;

8. Закон за малолетничка правда;

9. Закон за локална самоуправа и;

10. Закон за здруженија на граѓани и фондации;

11. Правилник за критериумите за избор за згрижувачко семејство, видот и

бројот на корисниците кои може да се сместат во едно згрижувачко

семејство, видот и обемот на услугите од социјална заштита што му се

обезбедуваат на сместеното лице, висината на надоместокот на трошоците

за сместување и на надоместокот за згрижување;

12. Правилник за нормативи и стандарди за основање и започнување со

работа на установи за социјална заштита Дневен центар за лица со

интелектуална или телесна попреченост.

3.4. Децата во трудово-правните односи

Познато е дека децата со својот труд - т.н. детски труд, низ историјата биле

економски брутално експлоатирани од страна на работодавачите.

Ваквата појава е присутна и денес, посебно во економски недоволно развиени

држави, најчесто таму каде што е детската популација позастапена во вкупното

население. Економската експлоатација на децата е пофреквентно застапена во

услови на војна.

12

Page 15: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Со цел да се заштити детето од економската експлоатација, државите - членки

според Конвенцијата за заштита на правата на детето (чл. 32), се задолжени да ги

преземаат следните дејствија:

1. Државите членки го признаваат правото на детето на заштита од економска

експлоатација и работа која може да биде опасна или која го попречува

образованието на детето или му штети на здравјето на детето, односно на

неговиот физички, ментален, духовен, морален или социјален развој.

2. Државите членки преземаат законодавни, административни, социјални и

образовни мерки за примена на одредбите од овој член. За таа цел, а имајќи

ги предвид соодветните одредби на другите меѓународни инстрхменти,

државите членки, посебно:

а) ја одредуваат минималната возраст за вработување;

б) го обезбедуваат регулирањето на работното време и условите на работа;

в) одредуваат соодветни казни или други санкции за да се осигури

ефикасна примена на одредбите од овој член.

Работното законодавство на Република Македонија, ги уважува сите одредби

на Конвенцијата во поглед на статусните права на децата - работници, како и на

видовите на посебна заштита на оваа категорија работници. Така, според Законот за

работните односи, „работен однос може да заснова лице кое наполнило 15 години

возраст, а за вршење подземни работи во рудници 18 години возраст и кое има

општа здравствена способност за вршење на особено тешки, напорни и штетни по

здравјето работи и други работи утврдени со закон и акт на работодавецот“ (чл. 7,

став 2).

Според истоимениот Закон за работните односи, работниците помлади од 18

години уживаат посебна заштита. Според Законот за работните односи, таа посебна

заштита на младината се состои во следното:

1. Работник помлад од 18 години не може да работи на работно место на кое

претежно се вршат тешки физички работи, работи под земја или под вода,

ниту на други работи кои би можеле штетно и со зголемен ризик да

влијаат на здравјето и животот, утврдени со колективен договор.

2. Работник помлад од 18 години кој работи во областа на индустријата,

градежништвото или сообраќајот не може да работи ноќе помеѓу 22 и 6

часот наредниот ден. Само по исклучок кога го бара тоа јавниот интерес,

на работникот кој не наполнил 18 години, може да му се определи да

13

Page 16: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

работи ноќе, кога и другите работници ќе работат, но со согласност на

органот на државната управа надлежен за работите на трудот.

3. На работникот помлад од 18 години не може да му се определи да работи

подолго од полното работно време. Но, со колективен договор, на

работникот (дете) може да му се утврди работно време пократко од

полното работно време.

4. На работникот помлад од 18 години му се обезбедува годишен одмор

според основите и мерилата со кои се утврдува должината на годишниот

одмор на другите работници, зголемен за седум работни дена.

5. Работниците помлади од 18 години имаат посебна заштита при работа,

која е регулирана со Законот за заштита при работа. Таквата заштита им

се обезбедува и на лицата кои имаат статус на ученик и статус на студент,

доколку практичната работа ја остваруваат во работните и други

простории на работодавецот (в. чл. 5, став 2, точка 1 од Законот за

заштита при работа).

3.5. Децата во хуманитарно-правните односи

Според енциклопедиската одредница (Правна енциклопедија, кн. 1, 467),

„хуманитарното право претставува збир на принципи, обичаи и правила со кои

државите се обврзуваат, како на внатрешен, така и на надворешен план, да водат

сметка за човековите вредности.“

Со Конвенцијата таксативно се дадени оние форми за кои државите членки

треба да немаат посебен законски режим. Некои форми на искористување се и

кривично-правно санкционирани.

Заштита на децата од незаконска употреба на наркотици и

психотропски супстанци

"Државите членки ќе ги преземат сите соодветни мерки вклучувајќи ги и

правните, административните, општествените и образовните за да ги заштитат

децата од незаконска употреба на наркотици и психотропски супстанци, како што се

дефинирани во основните меѓународни договори, и да го спречат користењето на

децата во незаконското производство на такви супстанци" (чл. 33 од Конвенцијата).

Заштита на децата од сите облици на сексуално искористување и

сексуално малтретираше

14

Page 17: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

"За таа цел државите членки особено ќе ги преземаат сите соодветни

национални, билатерални и мултилатерални мерки за спречување на:

а) наведување или принуда на детето за учество во која и да е незаконска

активност;

б) искористување на децата за проституција или други незаконски сексуални

дејства;

в) искористување на децата во порнографски претстави и материјали".

(чл. 34 од Конвенцијата).

Спречување на киднапирање, продажба или трговија со деца

"Државите членки ќе ги преземат сите соодветни национални и мултиларни

мерки да спречат киднапирање, продажба или трговија со деца за каква и да е намена

или во која да е форма". (чл. 35 од Конвенцијата).

Заштита на децата од мачење, друга свирепа нехумана или понижувачка

постапка или казнување

Овој вид на заштита се доведува во врска и со начинот на апсењето,

притворот и затворањето на децата, притоа инкорпорирајќи ги компонентите и на

хуманитарно-правната и кривично-правната заштита на децата.

Затоа, "државите членки ќе обезбедат:

а) ниедно дете да не биде подложено на мачење или на друга свирепа,

нехумана или понижувачка постапка или казнување. Ни смртна казна ни доживотен

затвор без можност за ослободување нема да бидат Досудени за прекршоци кои ќе ги

извршат лица под 18 години возраст;

б) ниедно дете нема да биде незаконски или самоволно лишено од слобода.

Апсењето, притворот и затворањето на децата ќе биде во согласност со законот и

применето единствено во крајна нужда и тоа на најкус можен временски период;

в) со секое дете лишено од слобода ќе се постапува хумано, со почитување на

вроденото човеково достоинство и на начин што ги уважува потребите на лицата од

таа возраст.

Исклучително, секое дете лишено од слобода ќе биде издвоено од возрасните

доколку се смета дека тоа не е во интерес на детето и ќе има право да одржува

контакти со своето семејство по пат на преписка и посети, освен во исклучителни

околности;

г) секое дете лишено од слобода ќе има право на брза правна и друга

соодветна помош, како и право на проверка на законитоста на лишувањето од

15

Page 18: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

слобода, пред судот или други надлежни, независни и непристрасни органи, и на

брза одлука во секоја таква акција". (чл. 37 од Конвенцијата).

Заштита на децата во вооружени судири

Во поглед на обезбедувањето на овој вид заштита, државите членки се

должни да се однесуваат на следниот начин:

"1. Државите членки се обврзуваат да ги почитуваат и да го обезбедуваат

почитувањето на правилата на меѓународното хуманитарно право кои се

применуваат врз нив во вооружени судири, a кои се однесуваат на детето.

2. Државите членки ги преземаат сите практично изводливи мерки лицата кои

се уште не навршиле петнаесет години непосредно да не учествуваат во судирите.

3. Државите членки се воздржуваат од регрутирање во вооружените сили на

лицата кои се уште не навршиле петнаесет години.

При регрутирање на оние лица кои навршиле петнаесет години, но не

осумнаесет, државите членки ќе настојуваат да им дадат предност на најстарите.

4. Во согласност со обврските на меѓународното хуманитарно право да се

штити цивилното население во вооружените судири, државите членки ги преземаат

сите практично изводливи мерки за да се обезбеди заштита и грижа за децата

погодени со вооружените судири". (чл. 38 од Конвенцијата).

Статус на детето - бегалец и неговата заштита

Според нормите на Конвенцијата за правата на детето (чл. 22), државите

членки преземаат соодветни мерки на детето кое бара статус на бегалец или кое се

смета за бегалец, без оглед дали е во придружба на своите родители или на некое

друго лице согласно меѓународните прописи или национален закон, да му овозможат

да добие соодветна заштита и хуманитарна помош за остварување на правата

содржани во Конвенцијата и во другите меѓународни инструменти. За таа цел

државите членки соработуваат со ООН, потоа со владините и невладините

организации (на меѓународно ниво), посебно во обезбедување на следното: "за

заштита и давање помош на таквото дете, и за пронаоѓање на родителите или

другите членови на семејството на детето бегалец, за прибирање информации

неопходни за спојување со неговото семејство. Во случаите кога не можат да се

пронајдат родителите ниту останатите членови на семејството, на детето му се дава

еднаква заштита како и на сите други деца кои се постојано или привремено лишени

од семејниот круг од кои било причини како што е наведено во оваа Конвенција" (од

чл. 22, точка 2).

16

Page 19: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Право на закрепнување и реинтеграција на детето - жртва

"Државите членки ги преземаат сите потребни мерки за подобро физичко и

психичко закрепнување и социјална реинтеграција на детето кое е жртва на некоја

друга форма на нехумано или понижувачко постапување или казнување или на

вооружени судири.

Таквото закрепнување и реинтеграција се одвива во средина која го

поттикнува здравјето, самопочитувањето и достоинството на детето". (чл. 39 од

Конвенцијата).

3.6. Децата во кривично-правните односи

Еден од најважните принципи во кривичното право за малолетници, кој треба

да доминира над другите е следниов: казненото постапување не е во функција на

тежината на делото или деликтот, туку - пред се, е во функција на личноста и на

потребите на детето или адолесцентот, освен ако ситуацијата не упатува на некоја

друга воспитна мерка.

Овој принцип претставува основа за целата постапка и така треба да се гледа

целата положба на малолетникот во кривичната постапка.

Така во член 40 (Конвенција за правата на детето, 1989 година) државите

членки му го признаваат правото на секое дете, кое е обвинето или за кое е утврдено

дека го прекршило кривичниот закон, со него да се постапува на начин кој е во

согласност со почитувањето и поттикнувањето неговото достоинство и вредност. Со

почитувањето на тоа негово право кај него би се развивала свеста за почитување на

правата на човекот и основните слободи на другите. Исто така, треба да се земе

предвид возраста на обвинетото дете, која сама по себе го наметнува начинот на

однесување кон него со цел да се оствари неговата реинтеграција и конструктивна

улога во општеството.

За таа цел, а имајќи ги предвид соодветните одредби на меѓународните

инструменти, државите членки посебно гарантираат:

6. Ниту за едно дете неосновано да не се обвинува или да не се утврдува

дека го прекршило кривичниот закон поради дело или пропуст што не

биле забранети со националните или меѓународните закони во времето

кога се направени;

17

Page 20: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

7. На секое дете за кое се тврди или кое е обвинето за кршење на кривичниот

закон да му се дадат барем следните гаранции:

- да се смета за невино додека вината не се докаже според законот;

- да биде веднаш и директно известено за обвиненијата против него, ако е

потребно и неговите родители или законски старатели и да има правна

или друга соодветна помош во подготовката и презентирањето на својата

одбрана;

- постапката да се води без задоцнувања и тоа од страна на надлежен,

независен и непристрасен орган или судско тело, со праведно

сослушување во согласност со законот, во присуство на правна или друга

соодветна помош (освен ако се смета дека тоа не е во интерес на детето,

посебно земајќи ги предвид неговите години, или положбата на неговите

родители или законски старатели);

- детето да не биде присилено да сведочи или да признае вина, a да се

испитуваат или да бидат испитани сведоци од страната што обвинува,

истовремено да обезбеди учество и испитување на негови сведоци под

еднакви услови со цел да се утврди или отфрли вината;

- ако се смета дека детето го прекршило кривичниот закон, оваа одлука и

секоја досудена мерка која од тоа произлегува, повторно да ја разгледува

повисок, надлежен, независен и непристрасен орган или судско тело во

согласност со законот;

- детето да има бесплатна помош од преведувач ако тоа не може да го

разбере или не го зборува јазикот кој официјално се користи;

- да се почитува приватноста на детето на сите нивоа од постапката.

Државите потписнички ќе настојуваат да го поттикнуваат донесувањето

закони, постапки, воспоставувањето органи и установи кои што ќе бидат

применливи врз децата кои се обвинети и за кои се смета дека го прекршиле

кривичниот закон, а посебно ќе се настојува во:

- утврдувањето на најниската возраст под која децата не ќе можат да бидат

сметани како способни за кршење на кривичниот закон;

- преземањето мерки за постапување со такви деца, секогаш кога е тоа

можно и пожелно, без прибегнување кон судска постапка, со тоа што

човечките права и законската заштита да бидат во целост почитувани.

18

Page 21: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

II. ФОРМИ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

1. ДЕФИНИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Согласно одредбите од Законот за семејството, деца без родители и

родителска грижа се оние деца чии родители не се живи, кои се исчезнати,

непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една година и деца чии

родители без оглед на причините привремено или трајно не ги извршуваат своите

родителски должности.

Во Република Македонија се евидентирани 1180 деца без родители и

родителска грижа, од кои 374 деца се без два родитела, а 806 се без родителска

грижа поради разни причини поради болест на родителите, нарушено поведение на

родителите, поради издржување казна затвор или родителите се со непознато место

на живеење и сл. Заштита на децата без родителска грижа Центарот за социјална

работа ја реализира преку примената на вонинституционални и институционални

форми на заштита.

Од вонинституционалните форми се применува ставање под старателство на

блиски роднини и сместување во згрижувачко семејство. Институционалната

заштита се применува со сместување во одредена установа за социјална заштита

согласно нивната возраст, здравствената состојба и нивното однесување.

2. ПОСВОЈУВАЊЕ

Посвојувањето претставува правна институција со која меѓу посвоителите и

посвоеното дете се засноваат родителски односи кои, зависно од видот на

посвојувањето се идентични со природниот родителски однос, или пак се мисли на

него.

Посвојувањето покрај другото е облик на заштита на децата кои останале без

родители, или нивните родители се лишени од вршење на родителското право, т.е.

19

Page 22: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

децата немаат услови за правилен раст и развој, како и за воспитување во

сопственото семејство, при што изостанува воспоставувањето на семејните функции.

За разлика од природниот родителски однос, посвојувањето се заснова со

правен акт, значи по вештачки пат, а не по природен пат како крвното сродство

(брачно и вонбрачно), па затоа сродството со посвојување е познато под името

граѓанско сродство.

Во зависност од содржината на односите што се создаваат со посвојувањето и

од трајноста на тие односи, посвојувањето се јавува во два вида:

1) потполно посвојување (adoptio piena) и

2) непотполно посвојување (adoptio semi piena).

Всушност, со посвојувањето се постигнува семејно правната заштита на

децата без родителска грижа. Уште повеќе: установата посвојување претставува

највисок степен на семејно-правната заштита на децата, бидејќи со посвојувањето се

заснова родителски однос помеѓу посвоителот и посвоеникот. Токму заради тоа

посвојувањето се јавува и како институт на семејното право, но исто така и како

установа во рамките на социјалната заштита на децата кои од било која причина се

лишени од родителската грижа.

Како правен институт, посвојувањето се заснова со правен акт со којшто се

воспоставува роднински однос и тоа родителски однос меѓу посвоителот кој што е

полнолетно деловно способно лице и посвоеникот којшто е туѓо малолетно дете. Тоа

значи дека од моментот на засновањето на родителскиот однос по пат на

посвојување, започнуваат да се остваруваат сите права и должности помеѓу

посвоителот и посвоеникот коишто постојат меѓу родителите и децата.

Самата форма во која се заснова посвојувањето по правило во

законодавствата се јавува или во посебен свечен договор, или пак во вид на решение

кое го донесува надлежен државен орган (органот за старателство). Во македонската

регулатива, застапен е вториот вид: засновање на посвојувањето се врши со правен

акт во вид на решение на старателскиот орган. Таквото решение беше присутно и во

поранешниот Закон за посвојувањето во СР Македонија.

Меѓутоа независно од формата на посвојувањето, за неговата валидност

битно е да бидат исполнети два услова: прво, да е постигната согласна изјава на

волјите на странките (во одредени случаи тоа е волјата на посвоителот), и второ,

задолжително учество на органот на старателство односно негова дозвола, бидејќи и

посвојувањето се заснова токму пред органот за старателство.

20

Page 23: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Законот за семејство донесе во декември 1992 година ги предвидува двата

вида посвојување: потполно и непотполно посвојување.

Имено, со него се определува дека со посвојувањето се создаваат односи

какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што

постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување).

Притоа, во Законот јасно е предвидено дека изборот на видот на

посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на родителите на детето кое се

посвојува, односно на неговиот старател како и на самото дете ако е постаро од

десет години (чл. 92 ст.2).

Оваа поделба во својата основа ја има од една страна содржината, а од друга

трајноста на односите што се создаваат со посвојувањето, иако содржината на двата

вида посвојување во својата суштина многу не се разликува. Исто така, тие се

доближуваат и по однос на условите и начинот што законот ги пропишува за

нивното засновање.

Потполно посвојување е начин на засновање на родителски однос во кој меѓу

посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат

права и должности кои постојат меѓу крвни роднини (чл. 113 ст. 4).Притоа односите

што се создаваат со потполното посвојување се од траен карактер, бидејќи правата и

должностите се изедначени со оние кои постојат меѓу крвни роднини. Впрочем,

законот содржи изречна одредба дека потполното посвојување неможе да се раскине

(чл. 116).

Оттука, еднаш воспоставениот родителски однос, на овој начин неможе да

престане. Со неговото засновање, престануваат заемните права и обврски меѓу

посвоеното дете и неговото поранешно семејство, бидејќи детето фактички

дефинитивно ги раскинува врските во своето природно семејство.

Непотполното посвојување преставува востановување на роднински однос, во

кој меѓу посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца

(чл. 115 ст. 1). Бидејќи непотполното посвојување не претставува дефинитивно

раскинување на односите на посвоеното дете со неговото поранешно семејство, ниту

пак со него се воспоставува целосен роднински однос на посвоеното дете со

семејството на посвоителот и со неговите роднини, непотполното посвојување може

да се раскине.

Посвојувањето го врши надлежниот орган за старателство, односно Центарот

за социјална работа. Важно е како и од кого се оценети условите на посвоителите,

21

Page 24: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

потоа, како е извршена подготовката за посвојување но и самата подготовка на

посвоеникот за посвојување, во случај да не се работи за мали деца.

2.1. Услови за посвојување

Посвојувањето е доброволно, односно не може да настане без поднесување на

посебно формално барање на потенцијалните посвоители. Со посвојувањето се

задоволуваат потребите на детето, на биолошките родители, на посвоителите и

општеството. Посвојувањето може да се оствари само ако е во склад со најдобрите

интереси на детето, при што тоа се остварува пред Комисијата во Министерството за

труд и социјална политика.

За засновување на посвојувањето треба да бидат исполнети следниве услови:

а) учество на определени лица (посвоител, посвоеник, родителите или

старателот на посвоеникот);

б) согласна изјава на овие лица (страни) за засновање на посвојувањето;

в) учество на надлежен државен орган (Центар за социјална работа) и

г) засновање на посвојувањето во форма предвидена со законот.

Постојат повеќе причини поради кои определено лице не може да биде

посвоител и тоа:

- Кога му е одземено или ограничено вршењето на родителското право;

- Изречена му е ефективна казна – затвор во траење повеќе од 6 месеци;

- Лице на кое му е ограничена или одземена деловната способност;

- Лице за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе

ја злоупотреби на штета на посвоеникот;

- Лице кое е душевно болно, и има пречки во душевниот развиток или

поради заболувањето сто го има може да доведе во опасност здравјето и

животот на посвоеникот;

- Лице кое е постаро од 45 години;

- Лице уживател на дрога или други психотропни супстанции, на пример

алкохоличар;

- Лице кое е болно од некое хронично заболување или неизлечлива заразна

болест;

- Исто така како пречка во посвојувањето може да се јави и негативното

мислење на стручниот тим на Центарот за социјална работа дека

определени лица не можат да бидат родители.

22

Page 25: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

2.2. Критериуми за избор на посвоители

При утврдувањето на фактот дека е извршен упис во Регистарот на можни

посвоеници и посвоители, стручниот тим при Центарот за социјална работа и

предлага најсоодветни посвоители за определеното дете.

Изборот за најсоодветни родители Центарот за социјална работа, го врши

следниве критериуми:

- Материјални и станбени услови на посвоителот;

- Образовно и културно ниво на посвоителот;

- Здравствена состојба на посвоителите;

- Психолошки критериуми;

- Подготвеност на родителите;

- Старосната граница помеѓу детето и посвоителите;

- Компатибилност помеѓу детето и посвоителите;

При изборот на посвоители, приоритет имаат оние лица кои се во брак, кои

подолго време чекаат на посвојување, кои се државјани на Република Македонија,

кои се со постојано место на живеење на територијата на Република Македонија и

сл.

Посвојувањето го врши Комисијата и надлежниот орган за старателство,

односно Центарот за социјална работа.

Барањето за посвојувањето се доставува до Комисијата во Министерството за

труд и социјална политика. Комисијата по приемот на барањето во рок од 30 дена,

копијата од барањето и целиот предмет го доставува до Центарот за социјална

работа,кој е надлежен според местото на живеење на подносителите на барањето.

По доставувањето на барањето се потребни документи, Центарот врши

проценка за подобноста и мотивите за посвојување на потенцијалните посвоители

преку нивно континуирано следење од најмалку 6 месеци, но не повеќе од една

година.

По приемот на документите Центарот за социјална работа предлага

најсоодветни посвоители, и предметот со предлог за сместување на детето во

семејството, го доставува до Комисијата.

Комисијата може и да го одбие предлогот на Центарот и да донесе одлука за

сместување во друго семејство.

23

Page 26: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Центарот за социјална работа исто така има обврска да го следи и

сместувањето на детето во семејството на можните посвоители во период од 6 до 9

месеци и секои 3 месеци да доставува извештај до Комисијата.

Комисијата може да реши непотполното посвојување да престане, ако утврди

дека тоа го бараат интересите на посвоеникот. Центарот за социјална работа по

барање на посвоителот или посвоеникот кога ќе утврди дека за тоа постојат

оправдани причини ,може да реши непотполното посвојување да престане.

По престанокот на непотполното посвојување, надлежниот Центар за

социјална работа може да го задолжи посвоителот да го издржува посвоеникот до

полнолетството врз товар на посвоителот, земајќи ја предвид нивната имотна

состојба.

2.3. Права и должности на посвоителот и посвоеникот

Од моментот на засновање на посвојувањето започнуваат правните дејства на

овој институт. Притоа, меѓу посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и

неговото потомство, се создаваат права и должности кои постојат меѓу крвни

роднини, ако посвојувањето е потполно. Со дефинитивното раскинување на врските

помеѓу посвоеното дете и неговите природни родители, фактички доаѓа до прекин на

законските права и должности меѓу нив. Отстапување од оваа постои во случај кога

како посвоител се јавува брачниот другар на еден од родителите на детето, бидејќи

детето, по природа на ситуацијата, не ги раскинува односите со родителот, ниту пак

со неговите роднини. Овде посвојувањето претставува природно продолжување на

родителскиот однос.

За разлика од потполното посвојување, непотполното посвојување не

претставува целосно раскинување на врските меѓу посвоеникот и неговите

биолошки родители. Оттука и односите меѓу посвоителот и посвоеникот кои се

засноваат со непотполното посвојување, според законската дефиниција се само

односи на родители и деца. Правата и должностите меѓу нив се заемни, со тоа што

наследните права на посвоеникот спрема посвоителот можат да се ограничат или

сосема да се исклучат ако во моментот на посвојување посвоителот има свои родени

деца (чл. 115 ст. 3).

24

Page 27: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

2.4. Престанок на посвојувањето

Имајќи ја предвид правната природа на потполното посвојување, логично е

законското решение според кое потполното посвојување не може да се раскине, како

што не може да се раскине природниот родителски однос.

Во случај на престанок на посвојувањето со спогодба меѓу посвоеникот и

посвоителот, се применуваат одредбите кои важат за засновање на посвојувањето.

Освен со меѓусебна спогодба, посвојувањето може да престане и со барање на

посвоителот и посвоеникот до Центарот за социјална работа за престанокот на

посвојувањето.

Во текот на постапката може да настане и смрт на посвоителот или

посвоеникот. Нашиот закон во тој случај дава можност барањето за раскинување на

посвојувањето да можат да го продолжат нивните законски наследници.

Во принцип со престанокот на посвојувањето престануваат и заемните права

и должности меѓу посвоителот и посвоеникот. Но, земајќи ги во предвид на прво

место потребите и интересите на малолетниот посвоеник, законот го овластува

Центарот за социјална работа да може да го задолжи за посвоителот да го издржува

посвоеникот до неговото полнолетство. Ваквата одлука на Центарот за социјална

работа треба да биде заснована врз податоците за имотната состојба како на

посвоителот, така и на посвоеникот.

Од друга страна законот, предвидува и реципрочна обврска. Имено ако

посвоителот е неспособен за стопанисување или не поседува средства за живот, а

имотната состојба на полнолетниот посвоеник го дозволува, тој може да обврзан од

страна на надлежниот Центар за социјална работа да го издржува својот поранешен

посвоител.

Последиците во однос на презимето на посвоеникот се доста либерално

поставени, бидејќи тој го добива своето поранешно презиме, доколку не изрази волја

односно не поднесе барање да го задржи презимето што го добил при посвојуањето.

Во вториот случај тоа ќе биде исполнето под услов за да тоа да постои согласност од

посвоителот. Како што е случај и при востанувањето на посвојувањето така и при

неговиот престанок на непотпоното посвојување се доставува до надлежниот

матичар заради упис во матичната книга на родените (чл. 123).

25

Page 28: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

3. СТРАТЕЛСТВО

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа

им е неопходна, а тоа на прво место се малолетните деца кои било од која причина

се лишени од родителската грижа.

Но, старателството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата здравствена

состојба (било да станува збор за физички недостатоци или пак пречки во

менталниот развој) имаат потреба и грижа и од заштита на своите права и интереси.

Старателството опфаќа и други полнолетни лица кои од најразлични причини не се

во состојба сами да се грижат за себе и за заштитата на своите интереси.

Во своите зачетоци, старателството се организирало во рамките на

семејството, а со оглед на фактот што односите на старателот и на лицето ставено

под старателство, особено кога е тоа малолетно лице, во голема мера прилегаат на

семеен однос, бидејќи грижата на старателот за малолетникот се доближува до

грижата на родителот спрема малолетното дете–старателството се изучува во

рамките на семејното право, а старателското право претставува дел од семејното

право. Имено, кога старателството ги минува рамките на семејната група и

прераснува во организирана заштита на сите горе наведени лица од страна на

државата која за таа цел изградува соодветна правна регулативна, станува збор за

повисоко развиена општествена средина.

Старателското право го сочинуваат нормите со кои се уредува

организираната општествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е

потребна, односно на лицата ставени под старателство.

Старателството е стара и општествена и правна институција. Во римското

право, таа се појавува во два вида: туторството и кураторство. Во римскиот правен

систем, старателството е организирано на ниво на семејството, што значи дека има

чисто приватен карактер. Семејството е тоа кое одлучува кога на еден член му е

потребна посебна заштита како и кое лице ќе биде определено за старател за секој

конкретен случај. На тој начин, постепено се изградуваат и критериумите за

подобноста на лицата кои можат да се јаваат во својство на старатели.

Откако постои старателството тоа секогаш се појавува во случај во оној

момент кога на едно малолетно лице, во прв ред му недостига родителска грижа.

Меѓутоа ваква грижа им е потребна и на полнолетни лица, но само на тие кои не се

во состојба, најчесто поради болест или психичка заостанатост сами да се грижат за

26

Page 29: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

себеси и за своите прав и интереси. Старателството на крајот се проширува и на

други полнолетни лица кои не се во состојба или кои немаат можност, од кои и да

било причини, сами да се грижат за заштита на своите права интереси.

Основната задача и цел на старателството била и останува заштитата на

личноста и на имотот на оние лица кои заради возраста, физичката или менталната

хендикепираност, како и од други причини, не се во состојба да се грижат за себе и

за своите права и интереси.

Таа грижа на сите тие лица во историскиот развиток на старателството им

била давана од поширокото семејство, во прв ред од блиските роднини, за постепено

да премине врз државата, односно врз општествената заедница.

Под поимот старателство односно правната наука подразбира со закон

организирана посебна заштита што општествената заедница им ја дава на малолетни

лица, кои не се под родителска грижа и на полнолетни лица кои не се во состојба да

сами да се грижат за себеси и за своите права и интереси, како и за заштита на

своите права и интереси. Ваквата заштита општествената заштита им дава и на други

лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштита на

своите права и интереси(чл. од 1 од ЗС на СРМ, чл. 13 од ПЗ на СРБиХ, чл. 13 и 219

од ЗБПО на СРС, чл. 205 од ЗБПО на САПК, чл. 1 од ЗС на САПВ, чл. 9 од ЗБПО на

СРСл, чл. 10 од ЗБПО на СРХ).

3.1. Цели и основни задачи на старателството

Целта на старателството е дефинирана со Законот за старателство, а се темели

врз начелото на хуманизам, ставајќи ја човечката личност во центарот на грижата

што ја поистоветува општествената заедница. При ова не се запоставува и

имотноправниот интерес, свесни дека на денешниот степен од нашиот општествено-

економскиот развој и општеството се уште нема доволно материјални богатства за

да има секој според своите потреби. Оттука и грижата за имотот и на имотните права

и интереси претставува начин на заштита и на самата личност.

Целта на старателството е насочена во две насоки:

а) згрижување, воспитување и образование на малолетните лица под

старателство, за да се оспособат за самостоен живот и за активно учество во дејности

корисни во општеството, а на полнолетните лица под старателство им се дава

27

Page 30: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

заштита, што се остварува првенствено со нивно згрижување, лекување и

оспособување за активна работа

б) обезбедување на имотните права и други права и интереси на лицата

ставени под старателство (чл. 2 од ЗС на СРМ).

Кога под старателството се става малолетно лице, тогаш целта на

старателството е се постигнува со згрижување на малолетното дете, со неговото

воспитување и образование, со што се обезбедуваат услови за правилен развој на

неговата личност и оспособување за самостоен живот.

Кај полнолетните лица лишени од деловна способност кои се ставаат под

старателство, целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност,

бидејќи тоа се лица кои заради здравствени недостатоци (физички и ментални) ја

изгубиле деловната способност. Заради тоа таквите лица треба да се згрижат и да се

лекуваат, а притоа за самостоен живот.

Целта на старателството во сите други случаи се сведува на заштитата на

одредени права и интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направат,

било да станува збор за определено правно дело, или пак за потребата од таквата

заштита да е наметната од определена правна ситуација.

3.2. Постапка за ставање под старателство

Законот за семејство определува дека постапката за ставање под старателство

се поведува по службена должност или по барање на заинтересираните лица, при

што постапката е итна (чл. 127).

Основното прашање кое притоа се поставува е: проценка на потребата на

едно лице да се стави под старателство. Проценката спаѓа во надлежност на

Центарот за социјална работа, но може да се изврши врз основа на определени

конкретни сознанија за околностите во кои се нашло едно лице за да се стави под

старателство или врз него да се примени некој облик на заштита што ја дава

Центарот за социјална работа, постои должност за овие околности да го известат

Центарот за социјална работа:

1. матичарот и државните органи кога во вршењето на работите од своја

надлежност ќе дознаат за таков случај;

2. роднините, членовите на семејството и соседите;

28

Page 31: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

3. претпријатијата, установите, месните заедници и другите организации и

заедници (чл. 128).

Дознавајќи за ваков случај, Центарот реагира без одлагање, преземајќи

соодветни мерки за заштита на личноста, правата и интересите на тоа лице и

поведувајќи постапка за негово ставање под старателство.

Центарот треба да го определи обликот на заштитата врз лицето кое се става

под старателство. Во оценката на околностите и изборот на видот на

заштитата ,центарот ги има во предвид на прво место интересите на лицето кое се

става под старателство и интересите на неговото семејство, но исто така неговата

одлука е детерминирана и од материјалните можности.

3.3. Старател

Старателот е лицето кое непосредно се грижи за личноста и имотните права и

интересите на лицето ставени под старателство. Нашиот закон изречно ги наведува

лицата кои неможат да бидат старатели. Впрочем тоа беше случај и со поранешниот

Закон за старателство на СРМ. Така за старател неможе да биде поставено лице :

1. На кое му е одземено вршењето на родителското право;

2. На кое му е одземена или ограничена деловната способност;

3. Чии интереси се во спротивност со интересите на лицата под

старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето кое е под

старателство правилно ќе го воспита или ќе го одгледа и

4. Од кое, со оглед на неговото поранешно и сегашно поведение, личните

својства и односите со лицето под старателство, и неговите родители, не

може да се очекува дека правилно ќе ја врши старателската функција

(чл. 139 од Законот за семејство).

Од друга страна, доколку лицето ги исполнува условите да биде старател,

односно не припаѓа ниту на една од овие таксативно наброени категории лица кои

неможат да се појават како старател, може да се случи едно исто лице да може да

биде поставено за старател и повеќе лица. Притоа е неопходно да бидат исполнети

неколку услови: со тоа да се согласи самото лице што ја врши функцијата старател,

со тоа да се согласат и лицата ставени под старателство и најпосле, поставувањето

на заеднички старател на повеќе лица да не е во спротивност со интересите на некои

од тие лица кои се стават под старателство.

29

Page 32: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Во некои случаи, по оценка на Центарот за социјална работа, целисходно е да

се извршуваат ограничувања на овластувањата на старателот, при што дел од

работите на старателството ги презема и ги врши самиот центар за социјална работа.

3.4. Видови на старатели

Во нашето семејно право се употребува поимот старател за сите три вида на

старателство. Иако постои единствен поим старател, но врз база на извесни

дополнителни карактеристики во практиката, можно е старателите да ги сврстиме во

неколку групи.

- Спрема начинот на поставувањето на должноста;

- Спрема времетраењето на старателска должност;

- Спрема природата и обемот на старателската должност;

- Спрема начинот на поставувањето на должноста.

Оваа поделба се врши врз основа на тоа дали старателот се поставува за

старател со поединечна одлука на органот за старателство или е поставен за старател

на функцијата, која ја има во Центарот за социјална работа.

Спрема времетраењето на должноста, старателите можат да бидат трајни и

привремени.

Должноста на трајните старатели не е ограничена со рок, а трае се додека трае

старателството, односно додека не настанат причини за престанок на неговата

должност. Привремениот старател може да биде поставен на определено време

заради застапување на определени интереси кога е во прашање спор кој се води пред

определени судски, управни органи или пред органот за старателство.

Спрема природата и обемот на старателската должност, старателите се делат

на: матичен старател и на старател поставен над имотот на лицето под старателство.

Матичниот старател се грижи за целосно за личноста, правата и интересите на

лицето ставено под старателство. Додека старателот поставен над имотот на лицето

под старателство се грижи за имотот на лицето надвор од своето прибивалиште.

3.5. Должности и овластувања на старателот

Должностите и овластувањата на старателот се определуваат во решението со

кое центарот за социјална работа го поставува старателот.

30

Page 33: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Откако ќе го запознае старателот со значењето на старателството, со правата

и должностите на старателот, како и со другите податоци кои се важни и потребни

во вршењето на должноста старател, Центарот за социјална работа ќе му издаде на

старателот исправа. Во неа се внесени неговите права и должности, односно обемот

на неговите овластувања.

Примарна задача на старателот е совесно да се грижи за личноста и за правата

и интересите на лицето ставено под старателство. Извршувањето на ова должност

претпоставува непречекорување на рамките на овластувањата од страна на

старателот. Во тој контекст, посебно е важно старателот совесно да управува со

имотот на лицето под старателство. Затоа старателот не може без претходно

одобрение од Центарот за социјална работа да презема работи кои ги минуваат

рамките на редовно работење или управување со имотот на лицето под старателство.

Исто така, старателот неможе да дава подароци, ниту да прави други

располагања со имотот на лицето под старателство без надомест и не може лицето

под старателство да го обврзува како гарант (чл. 142 ст. 3).

Центарот за социјална работа именува комисија која е задолжена да го

изврши пописот и преоценката на имотот, при што ова задолжително присуствуваат

старателот и лицето под старателство (се разбира ако е во состојба да сфати за што

се работи). Задолжително е и присуството на лицата во чие владение се наоѓа имотот

на лицето под старателство.

Во некои случаи Центарот за социјална работа може да дури и да побара од

судот да донесе забелешка во јавните книги за евиденција на недвижности за

поведување на постапка за ставање на тоа лице под старателство, ако оцени дека

постои непосредна опасност по имотот на лицето ставено под старателство, пред се

во однос на недвижниот имот – и пред да се изврши пописот и преоценката на

имотот.

Меѓутоа за да се реализираат мерките што ќе ги определи Центарот за

социјална работа неопходни се средства. Нивното обезбедување се остварува од

различни извори (собирање на приходи од наемнини, од обработување на имотот и

слично) па за таа цел старателот е должен според законот, да ги презема потребните

мерки за обезбедување на тие средства, со помош на Центарот за социјална работа.

31

Page 34: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

3.6. Престанок на должноста старател

Старател се поставува кога за тоа ќе се појави потреба, односно кога ќе бидат

стекнати условите што законот ги предвидува едно лице да се стави под

старателство. Старателството ќе трае се дотогаш до кога постојат причините заради

кое тоа било воспоставено. Старателската функција може да престане било од

причини кои се од субјективна, и причини кои се од објективна природа.

Должноста на старателот може да престане поради смрт на старателот.

Некогаш тој заради одредени околностине е веќе во состојба да ја врши својата

должност. Значи престанок на должноста старател настапува не по вина на самиот

старател. Меѓутоа тој може и самоволно да престане да ја врши својата должност.

Без оглед на начинот на кој престанала должноста старател (по вина или не на

старателот), со цел да ги заштити интересите на лицето под старателство, центарот

за социјална работа е должен без одлагање да преземе мерки и да постави нов

старател.

3.7. Престанок на потребата за вршење на старателството

Старателството се востановува кога ќе се стекнат определени околности и

кога ќе бидат исполнети условите предвидени со закон. Значи во случај, да

престанат околностите кои довеле до тоа едно лице да биде ставено под

старателство, престанува и потребата за старателството во конкретниот случај.

На повик на Центарот за социјална работа старателот во ваков случај е

должен во определен рок да поднесе извештај за својата работа како и за состојбата

на имотот на лицето под старателство.

Старателот е должен да го предаде имотот на управување на лицето кое

дотогаш било под старателство. Притоа законот поставува услов предавањето на

имотот да се изврши во присуство на самиот старател и на лицето кое било под

старателство, а исто така и на родителот или на посвоителот.

Следејќи ја во континуитет работата на старателот и вршејќи ја контрола на

сите негови активности, Центарот за социјална работа ја исполнува законската

обврска во секој момент да ги заштитува правата и интересите на лицето ставено под

старателство. Во таа смисла, тој е должен да преземе мерки за обезбедување на

32

Page 35: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

правата и интересите на лицето под старателство што произлегуваат од самите

работи на старателот.

4. СМЕСТУВАЊЕ ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО

Згрижувачкото семејство како форма на заштита има долга традиција во

Македонија и е присутна во почетокот на шеесеттите години. Долго време оваа

форма се практикувала пред се во Скопје, додека во последните години се развива и

во другите градови на Републиката. Во 2010 година има вкупно 140 згрижувачки

семејства во кои се згрижени 219 деца на возраст од 3-26 години. ЦСР децата без

родители и родителска грижа ги сместуваат и кај блиски сродници кои не се сметат

за згрижувачки семејства. И покрај медиумското промовирање и развивање на оваа

форма на заштита која во основа треба да има привремен карактер, таа останува

фокусирана пред се на долгорочна заштита на категоријата деца со инвалидност и

деца без родители и родителска грижа, а не и на останатите категории во социјален

ризик за кои според Законот за социјална заштита може да се примени и ова форма

на заштита. Исто така, заштитата во згрижувачките семејства не прави разлика меѓу

општата и специјализираната заштита, привремена и долгорочна, а не постои ниту

роднинската заштита.

Сместувањето во згрижувачко семејство, поставува посебен вид на семејна,

односно на социјална заштита што општествената заедница ја дава на малолетни

лица и други лица, кои од определени во законот причини се нашле во положба на

потреба од посебна општествена заштита.

Сместувањето во згрижувачко семејство, според нашето право, претставува

право на организирана социјална заштита што ја уживаат не само малолетни лица,

деца без родители и родителска грижа, туку и други во законот определени

полнолетни лица.

Згрижувачкото семејство е дефинирано на два начина:

1. како општествено организиран облик на згрижување во друго семејство на

деца без родители или без родителска грижа и на деца чиј развој е попречен поради

приликите во сопственото семејство со цел да се обезбедат услови за нивен развој,

воспитување и оспособување за самостоен живот и работа и

2. како основно право од социјална заштита кое им припаѓа на определена

категорија корисници на социјалана заштита, меѓу кои и на малолетни лица без

33

Page 36: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

родители или без родителска грижа, кои немаат соодветни услови за живеење во

своето семејство, или од други причини им е потребно згрижувачко семејство,

заради создавање услови за нивно оспособување за самостоен живот и работа.

Сместувањето на малолетно лице во згрижувачко семејство, може да се

дефинира како облик на социјална заштита на малолетни и други лица преку

создавање своевиден семејноправен однос, што се склучува со двострано товарен

договор и со користење на методот на социјалната работа испреплетен со елементи

од управната постапка, нужно поврзани со правата и должностите на органот за

старателство за целото време додека тие не бидат вратени во своето семејство.

4.1. Настанување на потреба за сместување во згрижувачко семејство

За сместување на дете згрижувачко семејство донесува одлука органот за

старателство на општината на чија територија детето има живеалиште, односно

престојувалиште.

4.1.1. Услови на страна на дететоЕдно дете може да биде сместено во згрижувачко семејство доколку е: без

родители и родителска грижа. Понатаму, во згрижувачко семејство може да биде

сместено и дете чиј развој е попречен од состојбата во своето семејство, доколку е

воспитно запуштено дете или дете со пречки во психичкиот или физичкиот развој.

Доколку детето ги има и двајцата родители или само еден од нив може да биде

сместено во згрижувачко семејство, под услов од нив да се добие согласност.

Претходната согласност на родителите на детето кое се сместува во згрижувачко

семејство во тој случај се јавува како решавачки услов за настанување на семејното

сместување.

Меѓутоа законот предвидува и случаи кога таквата согласност не е потребна.

Имено, согласноста на родителите за сместување на нивното дете во згрижувачко

семејство не е потребна во следниве случаи:

- Кога родителите се лишени од вршење на родителското право;

- Кога им е одземена деловната способност;

- Кога им е одземено детето од родителите заради тоа што го занемариле

неговото одгледување, воспитување и сл.

34

Page 37: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Со сместување на детето во згрижувачко семејство не престануваат правата и

должностите на родителите спрема своето дете. Тие и понатаму продолжуваат да ги

вршат своите должности и права во однос на детето, а и имаат и право детето да го

посетуваат.

4.1.2. Услови на страна на семејствотоПри изборот на семејството во кое ќе биде сместено дете, органот за

старателство мора да води сметка за определените со закон услови односно

околности кои треба или не треба да постојат.

Околности кои што треба да постојат – Семејството во кое ќе биде сместено

дете на чување, одгледување, воспитување и оспособување за самостоен живот,

треба да ги исполнува следниве услови:

- да може со успех да ги врши родителските должности, особено во поглед

на правилното одгледување, воспитување и оспособување за самостоен

живот;

- членот на семејството на кого детето му се доверува и со кого се склучува

договор да ги исполнува условите предвидени за старател и

- во него да нема повеќе од три малолетни лица.

Околности кои што не треба да постојат:

Не може да се дозволи сместување на дете во семејство:

- во кое еден од брачните другари е лишен од вршење на родителското

право;

- во кое еден од брачните другари не би можело да биде одреден за

старател;

- во кое се нарушени семејните односи и

- кое е во нетрпеливост со детето или со неговите родители (чл. 66 од ЗС на

СРЦГ).

4.2. Постапка за сместување на дете во згрижувачко семејство

Договор за сместување на дете во згрижувачко семејство – претставува начин

врз основа на кој се создаваат заемни права и должности помеѓу семејството во кое

едно дете ќе биде сместено и органот за старателство. Договорот се склучува во

писмена форма. Според некои наши права договорот треба да содржи:

35

Page 38: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

1. име и презиме на брачните другари кај кои малолетниот штитеник се

сместува и нивната адреса;

2. почетокот и, по потреба, траењето на сместувањето;

3. обврските на семејството во кое малолетниот штитеник се сместува во

поглед на неговото воспитување, школување и воопшто на неговото

оспособување за самостоен живот, како и во поглед на неговата исхрана и

сместување;

4. висината и начинот на плаќањето на надоместок за сместувањето;

5. времето и на начинот на известувањето за вршењето на заштитата;

6. отказниот рок (чл.70 од ЗС на СРЦГ).

Членот на семејството со кој се склучува договорот е должен:

- Детето правилно да го негува, да го воспитува и да му дава примерен

стан, храна, облека и обувки, како и да му ги набавува училишните и

личните потреби;

- Да се грижи за емотивното приспособување на детето во семејството во

кое е сместено и за соодветен став на сите членови на семејството спрема

детето;

- Да се грижи за здравјето на детето;

- Да се грижи детето редовно да оди на училиште совесно и што

поуспешно да ги извршува своите училишни обврски;

- Да се грижи за правилен однос на детето спрема учењето и работата, како

и за стекнување на работни навики;

- Да се грижи за вклучување на детето во професионално оспособување

или во соодветно вработување.

Во извршувањето на сите тие должности семејството мора да соработува со

училиштето со здравствената служба.

4.3. Престанок на сместување во згрижувачко семејство

Сместувањето во згрижувачко семејство може да престане на еден од

следниве начини:

- со спогодба на договорените страни;

- со откажување на договорот ;

- со раскинување на договорот;

36

Page 39: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

- со полнолетство на детето, односно со неговото оспособување за

самостоен живот;

- со посвојување на детето;

- со смрт на детето и со смрт на членот на семејството кој го склучил

договорот за сместување на детето во неговото семејство.

Органот за старателство може да го раскине договорот за сместување на дете

во згрижувачко семејство. Решение за раскинување на договорот за сместување на

дете во згрижувачко семејство ќе донесе надлежниот орган за старателство кога ќе

утврди дека семејството во кое е сместено престане да исполнува некој од условите

предвидени со законот, или ако пак престане да ја остварува целта на сместувањето

на детето во тоа семејство.

Во решението за претанок на сместувањето се определува денот од кога тоа

ќе престане, a во образложението се укажува дека околноста во испитната постапка е

констатирано дека престанале причините поради кои детето било сместено во дом

фамилија, односно во згрижувачко семејство.

37

Page 40: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

III. ИНСТИТУЦИОНАЛНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

1. ПРАВО НА СМЕСТУВАЊЕ ВО УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Право на сместување во установа за социјална заштита, според чл. 23 имаат

лицата кои немаат соодветни услови за живеење, во своето семејство или од други

причини им е потребно сместување во установа за социјална заштита, а неможе да се

примени друг облик на социјална заштита.

Право на сместување во установа за социјална заштита, според чл. 23, се

обезбедува на:

- дете без родители и родителска грижа до оспособувањето за самостоен

живот и работа и работа, а најдоцна до завршувањето на средното

образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспитанието да

се обезбеди на друг начин;

- дете со воспитно-социјални проблеми (занемарено, злоставено и

социјално необезбедено дете);

- дете со нарушено поведение;

- бремена жена еден месец пред породувањето и самохран родител со дете

до тримесечна возраст на детето;

- лица со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој упатено на

оспособување за работна-производна активност, лице со најтешки пречки

во интелектуалниот развој и лице со трајна телесна попреченост на кој му

е потребно трајно згрижување и нега и

- старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во

интелектуалниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради

станбената и семејната положба нема можност да му се обезбеди

заштитата на друг начин.

Децата можат да се сместат во ученички дом или друга установа за која

центарот ќе оцени дека установата може да обезбеди чување, воспитување,

обезбедување и нормален развиток на детето.

38

Page 41: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Установа за сместување на деца и младинци без родители и родителска

грижа, обезбедува згрижување (домување, исхрана, облекување, нега и грижа) на

децата до обезбедувањето на услови за нивно враќање во семејството, односно до

оспособување за самостоен живот и работа, а најдолго до шест месеци по

завршувањето на средното образование, ако не постојат можности згрижувањето да

се обезбеди на друг начин.

2. ИНСТИТУЦИОНАЛНА ЗАШТИТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во Република Македонија институционалната заштита на корисниците се

остварува преку мрежата на институции, зависно од потребите на корисниците и

нивната возраст и тоа:

Установи за сместување на деца без родители и родителска грижа:

Дом за доенчиња и мали деца - Битола, за деца на возраст од 0-3 години;

Детски дом „11 Октомври“ - Скопје, за деца на возраст од 3-18 години;

Приватна установа СОС Детско село, за деца на возраст од 0-26 години.

2.1. Дом за доенчиња и мали деца – Битола

Установата „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола, е установа од

социјален тип во која се згрижуваат деца, или попрецизно доенчиња и мали деца

што останале без родителска грижа од какви и да било причини (болест или смрт на

еден или двата родители, неспособност на родителите да се грижат за детето заради

психички растројства и болести, ретардации, инвалидитет и др.), тешка социо-

економска состојба, малолетност, вонбрачно раѓање и друго.

Законската одредба јасно укажува дека ниедно дете не може да се посвои

доколку не навршило три месеци календарска возраст. Тоа значи дека (не секогаш но

често) доенчињата престојуваат во оваа Установа заради нивно интензивно следење

на физичката, на здравствената состојба и на психомоторниот развој. Со тоа им се

овозможува на посвоителите да посвојат здраво дете, а наедно и се овозможува на

биолошката мајка колку-толку емоционално да се стабилизира за да може

подготвено да донесе одлука - дали детето ќе го подига таа или ќе го даде на

посвојување.

39

Page 42: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

2.2. Детскиот дом „11 Октомври“ - Скопје

Во согласност со Законот, Установата детски „11 Октомври“ - Скопје е јавна

установа, со јавни овластувања, чија надлежност и дејност се утврдени со Законот за

социјална заштита и други прописи и акти.

Во „11 Октомври“ - Скопје, врши институционално сместување на психо-

физички здрави деца и младинци, како и деца со лесна попреченост во психо-

физичкиот развој (над три годишна возраст), до обезбедување на услови за нивно

враќање во семејството, најдолго до 6 месеци по завршувањето на средното

образование.

Дејноста на оваа Установа е заштитно-згрижувачка и воспитна. Установата

згрижува и воспитува деца над три годишна возраст, деца останати без родителска

грижа, и ги оспособува за самостоен живот и ги вклучува во заедницата како

самостојни граѓани, во интересот на напредокот на заедницата.

Покрај основната дејност, може да врши и други помошни дејности, кои се

користат за унапредување на основната дејност, кои се во функција на олеснување и

подобрување на основната дејност на Установата, како од материјално-финасиски,

така и од стручен, заштитно-згрижувачки и воспитен кадар.

Во установата се примаат воспитаници со решение за сместување донесено од

матичниот Орган за старателство при Центарот за социјална работа. Установата

згрижува психофизички здрави деца и со лесна попреченост во развојот изложени на

социјален ризик од двата пола, од сите националности, постари од 3 години, но не

постари од 14 години.

Децата сместени во Домот ги имаат следниве права:

- право на социјална заштита;

- право на образование;

- право на изразување;

- право на приватност;

- право на национална, верска и религиска припадност.

Децата сместени во Домот ги имаат следниве обврски:

- придржување кон куќниот ред;

- чување, заштита и правилна употреба на имотот во Установата;

- правилен однос и почит кон вработените, воспитаниците и граѓаните;

- редовно посетување на образовниот процес;

40

Page 43: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

- правилен и културен однос кон наставниците, професорите и

соучениците во училиштата и на јавните места.

На воспитаникот му престанува згрижувањето во Установата кога:

- престанува потребата за социјална заштита;

- завршување на задолжителното средно образование (најдолго 6 месеци по

завршувањето);

- е нарушен куќниот ред на установата.

2.2.1. КапацитетиЗградата на Ј. У. Детски дом „11 Октомври“ е проектирана и изградена за

специјална намена. Се состои од девет станбени целини - станови со вкупен

капацитет од 144 легла.

Секој стан се состои од: дневна соба, четири спални соби со балкони, тоалети

и туш кабини, но исто така има и заеднички простории кои ги користат сите

воспитаници и тоа: кујна, амбуланта за прва помош, компјутерски центар,

библиотека, теретана, голем двор со спортски терен и забавен парк.

Во склоп на установата за време на летниот период работи и летен камп

лоциран во месноста Сретеново во Стар Дојран, каде што се сместени 30 приколки и

павиљон од тврда градба. Површината на овој летен камп изнесува 4000 m2.

2.2.2. Хронолошки развој

Временски периодДејност, намена и карактеристични настани кои го

одбележале тој временски период

1946 Основање, стекнување со правен континуитет

1946 - 1950Социјална заштита на децата без родители и без родителска

грижа после Втората светска војна - воени сирачиња

1951 - 1963Носител на културно – забавниот живот (хор, играорна,

мандолински оркестар)

1963Домот е срушен до темел поради катастрофален земјотрес,

дел од штитениците се сместени во шатори во Дојран

1964 - 1971Продолжува да ја остварува својата дејност во областа

Момин Поток, штитениците живеат во бараки

1971На 11 Октомври се поставува камен темелник на новата

зграда каде треба да се всели домот

41

Page 44: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

1972 - 1980

На 11 Октомври 1972 година започнува со работа во нова

зграда, начинот на работа се засновал на т. н дом – семејства

(децата живееле во домот заедно со своите воспитувачи)

1981 - 2010

Започнува нов начин на згрижување на децата во воспитни

групи со матичен воспитувач кој до денес успешно се

практикува

2.3. СОС Детско село

Првото Детско СОС село на светот го основал Херман Гмајнер во 1949година

во Имет, Австрија. Тој се обврзал да им помогне на децата кои поради Втората

светска војна ги загубиле своите домови, сигурноста и семејствата. Од 2002-та

година кога беше згрижено првото дете, во Скопје почна да функционира првото

македонско СОС Детско село. Со 12 семејни куќи и 5 дополнителни објекти селото

може да згрижи 85 деца без родители и родителска грижа, најмногу по 7 од секое

семејство. Сега функционираат сите 12 куќи во кои живеат 12 СОС семејства во кои

се згрижени 79 деца од кои најголем број се на возраст која одговара на наставата на

основното образование. За децата се грижат 12 СОС мајки. Нив им помагаат тетките

СОС семејните помошничкикои ја заменуваат и ги помагаат кога е неопходно.

Животот во СОС Детското село - Скопје се заснова на четири принципи:

Мајка – Секое дете има родител кој се грижи за него

СОС мајката гради блиска врска со секое дете кое и е доверено, му ја

обезбедува потребната сигурност, љубов и стабилност. Професионалец во грижа за

децата, таа живее со децата, го води нивниот развој и самостојно раководи со

домаќинството. Таа ја признава и ја почитува семејната историја, културните корени

и религијата на секое дете.

Браќа и сестри - семејните врски природно се развиваат

Девојчиња и момчиња на различна возраст живеат заедно како браќа и сестри.

Емотивните врски кои се градат во семејството траат цел живот.

Куќа - секое семејство создава свој дом

Куќата е домот на секое семејство, со сопствена атмосфера, ритам и

секојдневие. Под куќниот покрив, децата стекнуваат вистинско чувство на сигурност

и припаѓање. Децата растат и учат заедно, ги споделуваат одговорностите и сите

радости и таги на секојдневниот живот.

Село - СОС семејството е дел од заедницата

42

Page 45: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

СОС семејствата живеат заедно, создавајќи приватна околина во која децата

уживаат среќно детство. Семејствата споделуваат искуства и меѓусебно си помагаат.

Тие се интегрирани членови на локалната заедница со сопствен придонес кон неа.

2.4. Мал групен дом

Co усвојувањето на новиот Закон за социјална заштита во 2009 година се

воведоа две нови форми на згрижување: сместување во мал групен дом и самостојно

живеење со поддршка кои во постоечкиот Закон се утврдени како форми на

вонинституционална заштита и покрај тоа што имаат карактеристики и на

институционална заштита. Исто така, прифатниот центар за баратели на право на

азил во Законот е дефиниран како установа за институционална заштита, и покрај

тоа што спаѓа во категоријата на установи за привремено згрижување. Поради тоа

постои потреба за поадекватно групирање на социјалните услуги во системот на

социјална заштита.

Имплементацијата на новите форми на згрижување (мал групен дом и

самостојно живеење со поддршка) е во почетна фаза. Во соработка со невладиниот

сектор, отворени се и функционираат 10 станбени единици за самостојно живеење со

поддршка на лица со ментална инвалидност во кои се сместени 40 лица од

Специјалниот завод - Демир Капија. Во малиот групен дом во Берово, сместени се

пет деца без родители и родителска грижа.

3. СЛАБОСТИ НА СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Системот на правна заштита на деца без родители и родителска грижа

континуирано се надградува и реформира. Сепак, во неговото практично

функционирање се забележуваат одредени проблеми и недоследности.

Министерството за труд и социјална политика следејќи ја заштитата на децата без

родителска грижа во изминатиов период ги има констатирано следниве проблеми:

Во центрите за социјална работа не постојат доволно податоци за децата

без родители и без родителска грижа за определување на нивниот статус;

Центарот за социјална работа не изготвува план за индивидуална работа

-–третман со корисникот;

Центарот не врши континуирано следење на развојот и грижата за детето;

43

Page 46: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Недоволна поддршка на биолошките семејства и блиските сродници на

детето од страна на центарот за социјална работа;

Не постои доволна соработка помеѓу центарот за социјална работа и

установата за социјална заштита во која што е сместено детето;

Недоволна соработка на центарот за социјална работа со локалната

самоуправа;

Престојот на децата во установите е долг и се прекинуваат врските со

биолошкото семејство;

Постои недоволна примена на програмите за оспособување на

корисниците за самостоен живот по напуштање на установата;

Големиот сместувачки капацитет на установите;

Мал број на деца се опфатени или згрижени со вонинституционални

форми на заштита;

Непостоење на нормативи и стандарди за сите форми на згрижување;

Недоволно вклучување на невладиниот сектор со конкретни програми.

4. ПРЕПОРАКИ И АКТИВНОСТИ

За обезбедување на поквалитетна грижа и заштита на децата без родителска

грижа, Министерството за труд и социјална политика врши континуирано следење

на процесите на имплементација на законската регулатива. Значителен инпут во

заштитата на оваа категорија на деца се очекува да даде процесот на

деинституционализација на социјалната заштита. Во таа насока поставени се

стратешките правци во развојот на вонинституционалната заштита преку изработка

на Национална стратегиза за деинституционализација на системот на социјалан

заштита 2008-2018. Во Стратегијата, во однос на заштитата на децата без родители и

родителска грижа се даваат следниве препораки и активности:

Воспоставување на систем на евиденција на сите деца без родителска

грижа со податоци за нивниот статус (личен, семеен, економски,

социјален, станбен и сл.);

Изготвување на план за индивидуална работа - третман со секое дете и

назначување на одговорен стручен работник во центарот за социјална

работа;

44

Page 47: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Континуирано следење на згрижувањето на овие деца и пружање

соодветна стручна помош на детето и на лицата кои се грижат за него

(блиски роднини, згрижувачи) од страна на центрите за социјална работа;

Обезбедување на континуирана соработка на центрите за социјална работа

со установите за социјална заштита заради утврдување на можноста за

деинституционализација на сместеното дете и негово враќање во

биолошкото семејство или сместување во згрижувачко семејство;

Имплементација на програми за оспособување на корисниците за

самостоен живот и нивно побрзо излегување од установата;

Обезбедување соработка на центрите за социјална работа со биолошките

семесјтва или блиски сродници за прифаќање на грижата за децата во

рамки на семејтвото и намалување на потребата од нивна

институционализација;

Зголемување на бројот на згрижувачки семејства;

Отварање нови форми на вонинституционална заштита;

Превземање на активности за трансформација на установите со помали

сместувачки капацитети и алтернативни форми на згрижување;

Изготвување на нормативи и стандарди за сите форми на згрижување;

Активно вклучување на невладиниот сектор преку конкретни програми.

45

Page 48: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

ЗАКЛУЧОК

Семејството е една од најзначајните парцијални групи без кое општеството

воопшто не би постоело. Меѓутоа од разновидни причини честопати се случува

некои членови од семејството да не се во можност да ја уживаат соодветната

заштита и грижа, па затоа се сместуваат во други семејства или домови.

Истражувањата во многу земји потврдиле дека повеќето деца сместени во установи

имаат семејства, на кои треба да им се дава поголема поддршка, а сместувањето во

установа треба да се користи како привремена мерка, до зајакнување на семејството,

или создавање услови за враќање, што значи дека децата треба многу кратко да се

задржуваат во институциите.

Адекватно на потребите на децата без родители и родителска грижа,

стручните профили (социјални работници, правници, педагози, и психолози)

постапуваат по нивните барања и ги заштитуваат следниве облици на социјална

заштита: ставање под старателство на деца без родители и родителска грижа,

сместување во згрижувачко семејство и сместување на деца без родители и

родителска грижа во установи за социјална заштита.

Домовите за деца и доенчиња, обезбедуваат сместување, воспитување,

одгледување и грижа за зајакнување на детскиот организам и за правилен физички

развој на децата. Влијаат врз позитивното воспитување со цел да создаде морален

лик и сестрано развиена личност, корисна за општествената заедница. Обезбедуваат

услови за школување, создавање на културно-хигиенски и работни навики. Исто

така, организира и здравствена заштита на децата и младинците, потоа редовно

снабдување со облека, обувки и други потреби, како и услови за организирана

културно-просветна и спортска забава и разонода.

Посвојувањето деца, како форма на згрижување, е ресурс кој обезбедува

детето да не влезе и долготрајно да не остане во институција. Посвојувањето е

посебно значајна форма на заштита на децата без родители и децата без родителска

грижа, бидејќи на тој начин се засноваат односи какви што се меѓу родителите и

децата, се заснова нов семеен статус, се обезбедува сигурен дом, родителска љубов,

материјална и социјална сигурност на детето.

46

Page 49: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Направени се низа реформи на законот за детска заштита за унапредување на

правата на децата без родители и родителска грижа. И покрај тоа се соочуваме со

низа слабости како што се недоволната евиденција на децата, долгиот престој во

инсистуциите, недоволна соработка со згрижувачкото семејство, непостоење на

нормативи и стандарди, немање на индивидуален план за работа на децата,

недоволна вклученост на невладиниот сектор и слични проблеми кои е предизвик да

се решат и да се надминат а истото тоа со помош на препораките и активностите

дадени во национална стратегија за деинституционализација во системот на

социјалната заштита во Република Македонија.

47

Page 50: Deca bez roditeli

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Спировиќ-Трпеновска, Љ., 1997, Семејно право, Скопје: НИП Студентски збор.

Трајковски, Д., 2005, Семејно право, Скопје.

Трајковски, Д., Сланинка- Динева, М., 2003, Детската заштита во Република

Македонија, Скопје:Светлост Графика.

Устав на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр. 52/1991).

Декларација за правата на детето (Усвоена и прокламирана со резолуцијата на

Генералното собрание на О.Н. 1386 ( XIV ) од 20 ноември 1959.).

Конвенција за правата на детето, усвоена на Генералното собрание на ООН на

20.11.1989 година.

Закон за социјална заштита (Сл. весник на РМ бр. 21/2009).

Закон за семејство (Сл. весник на РМ бр. 80/92, 38/04).

Закон за заштита на децата (Сл. весник на РМ бр. 98/2000 од 23.11.2000).

Закон за малолетничка правда (Сл. весник на РМ бр. 87/2007 од 12.07.2007).

Национална стратегија за деинституционализација во системот на социјалната

заштита. во Република Македонија. (2008-2018), Скопје, декември 2007.

www.mtsp.gov.mk

www.pravo.org.mk

48