32
Наслов на дипломскиот труд Електронската трговија во малите и средните претпријатија

Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Наслов на дипломскиот труд

Електронската трговија во малите и

средните претпријатија

Предавач: Студент:

М-р Ивана Никифоровска Кристина Димитриевска

Page 2: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Скопје, декември 2011СОДРЖИНА

1.Вовед ................................................................................................................................ 3

2.Дефинирање на електронската трговија и електронскиот

бизнис....................................................................................................................................4

3.Развој на електронската трговија .............................................................................. 5

4.Фактори за прифаќање на електронската трговија ...............................................7

5.Корист од интернетот за малите и средни претпријатија ......................................9

6.Предности и слабости од примената на електронската трговија .......................11

6.1.Предности од примена на електронската трговија.............................................11

6.2.Слабости од примена на електронската трговија...............................................12

7. Економските импликации на електронската трговија врз МСП и

претприемништвото .......................................................................................................15

8.Електронски пазар .......................................................................................................17

9.Електронска трговија во Македонија ......................................................................19

10.Бизнис-можности на интернет .................................................................................20

Заклучок ........................................................................................................................... 22

Користена литература ................................................................................................... 23

2

Page 3: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

1. Вовед

Во денешно време се повеќе почна да се чувствува се поголемото присуство

на најпознатата меѓународна мрежа- Интернетот. За електронската трговија се

зборувало уште пред многу години, а појавата на Интернетот како канал за

дистрибуција на производи и услуги е вистинска револуција. Сето ова доведува до

менување на економијата, пазарите, потрошувачката сегменција и однесување. Се

чувствува влијание во политиката, општеството, како и влијание на начинот на кој го

гледаме светот. Електронската трговија всушност претставува процес на купување,

продавање или размена на производи и услуги преку компјутерските мрежи,

вклучувајќи го и Интернетот.

Без разлика дали се работи за мали, средни или големи претпријатија, тие

треба да сфатат дека продажбата на нивните производи и услуги преку Веб не е

повеќе луксуз. Сите оние сопственици на претпријатија кои не размислуваат да

креираат Веб ги изложуваат нивните претпријатија на ризик. Секое претпријатие кое

сака да биде во тек со модерното време и чекор напред од другите претпријатија,

треба да направи технологијата и Интернет процесите да бидат дел од неговите

конкурентски предности. Потрошувачите во денешно време се присутни постојано

на Веб, бидејќи таму можат да ги најдат производите и услугите на претпријатијата,

без разлика дали станува збор за мало, средно или големо претпријатие. Оние

бизниси, независно од нивната големина, кои се спремни да експериментираат со

различни начини на изнаоѓање на потрошувачи, брзо учат и се прилагодуваат, тие ќе

растат и ке просперираат, и обратно, тие што не се спремни да експериментираат,

што не се прилагодливи и не сакаат да научат, тие претпријатија ќе пропаднат.

Во споредба со комуникациските инвенции Интернетот е вистинска

револуција. Интернетот денес креира нов индустриски поредок и претпријатијата

кои нема да успеат да се приспособат на тоа ќе исчезнат.

Во оваа актуелна тема за денешно време ќе се разгледуваат факторите,

карактеристиките, предностите и слабостите кои влијаат на електронската трговија.

3

Page 4: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

2. Дефинирање на електронската трговија и електронскиот бизнис

Електронската трговија и електронскиот бизнис како поими ги користат во

сличен контекст со поимот Интернет маркетинг, меѓутоа нивната опфатеност е

сосема различна. Секое претпријатие и неговото внатрешно управување кое сака да

ја дефинира целта која сака да ја постигне, треба да направи јасно разграничување на

поимите електронски маркетинг, електронска трговија и електронски бизнис.1

Често се мисли дека електронската трговија се однесува само на купување и

продавање на производи и услуги со користење на Интернет, меѓутоа електронската

трговија се однесува и на финансиските и информативните електронски патишта со

посредство на трансакција помеѓу претпријатието и било која трета страна2. Од горе

наведеното може да кажеме дека не-финансиските трансакции како што се влезните

и е-маил клиенти и прашањата од странство преку е-маил порака, како и купувачите

се аспекти на електронската трговија кои му помагаат на претпријатието во процесот

на истражување на маркетингот. Влијанието на електронската трговија на

маркетиншките организации се поистоветува со улогата во која од една страна се

продава а од друга страна се купува производ преку електронска трансакција.

Продажбата се однесува на трансакција која ја извршуваат клиентите со Интернет

плаќањето. Трансакцијата со која се занимава организацијата за продажба на

производите се однесува на електронската трговија. Интернет маркетингот користи

директна поддршка за продажба на производите.

За разлика од електронската трговија, електронскиот бизнис има пошироко

значење. Електронскиот бизнис опфаќа не само купување и продавање на добра и

услуги, туку тој опфаќа и услужување на купувачите, соработка со бизнис партнери

и слично.

1 http://e-biznisi.net/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=75&Itemid=1012 http://www.pretpriemac.com/2010/01/20/e-trgovija-ebiznis-definiranje/

4

Page 5: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

3. Развој на електронската трговија

Електронската трговија достигнува голема стапка на раст и силно влијае врз

бизнисот. Таа овозможува нов пристап во водењето на бизнисот. Преку интернетот,

компаниите можат да вршат разни економски активности како што се: рекламирање,

продажба и купување на производи и услуги, освојување на нови пазари и.т.н.

Според податоците од 2004 година, за појава и развој на електронската трговија,

земјите-членки на Европската Унија тврдат дека електронската трговија расте како

на индивидуално, така и на ниво на претпријатијата. Во Луксембург и Норвешка

податоците покажуваат дека на возраст меѓу 16 и 74 години повеќе од 30%

применуваат електронската трговија. Во Шведска и Германија се забележува слична

состојба за примена на електронска трговија околу 30%. На ниво на ЕУ-25, 18% од

бројот на жителите користат електронска трговија.3 Од посебно значење е големата

употреба на електронската трговија од страна на претпријатијата, т.е.

претпријатијата продаваат и купуваат добра и услуги преку интернет.

Табела 1 . Е-трговија преку интернет во избрани земји (2004 во % )

Земја Големи претпријатија

Средни претпријатија

Мали претпријатија

Сите претпријатија

Купувачи Продавачи

Купувачи Продавачи

Купувачи Продавачи

Купувачи Продавачи

Велика Британија

60

27

62

20

52

13

54

15

Норвешка

78

31

71

23

55

19

57

20

Белгија

70

23

60

15

50

11

52

12

Италија

39

10

31

5 18

3 19

3

Холандија

56

31

45

24

33

21

35

21

Чешка

45

16

46

18

35

15

37

15

Словенија

30

18

24

9 26

8 26

9

ЕУ 25 54

21

45

14

34

10

36

11

ЕУ 15 59

23

49

16

37

11

39

12

3Проф д-р Таки Фити, Проф д-р Верица Хаџи Василева-Марковска,Проф д-р Милфорд Бејтмен Претприемништво,(второ издание) Универзитет Св.Кирил и Методиј- Скопје,2011 стр.201

5

Page 6: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Извор : Morag Ottens “Statistics in focus , Trade and Services,Population and Social, Conditions,Sience and Tehnology ”, 12/2006

Во Табелата 1 се покажува процентот на претпријатија кои практикуваат

електронска трговија , т.е купуваат и продаваат добра и услуги преку интернет, во

селектирани земји.

Забележуваме дека најголем број на купувачи преку Интернет, во селектираните

земји, има во Норвешка-57% и Велика Британија-54%, додека најмал број на

купувачи има во Италија-19% и Словенија-26%. Додека пак, бројот на продавачите

преку Интернет, во селектираните земји, е најголем во Холандија-21%, а најмал во

Италија-3%.

6

Page 7: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

4. Фактори за прифаќање на електронската трговија

Електронската трговија не се користи масовно и не е општо прифатена од

страна на малите и средни претпријатија.4

Според истражувањата само 40% од малите претпријатија кои имаат до 100

вработени располагаат со веб страници и 40% од нив имплементираат електронска

трговија или имаат on-line продажба на производи.5

Во САД малите и средни претпријатија учествуваат со повеќе од половина во

вукпната продажба на мало, а само 9% од тоа изнесува нивната интернет продажба.

Малите претпријатија ја користат електронската трговија на различни начини и тоа:

рекламирање, електронска пошта, продажба, бизнис трансакции и сл. Во Република

Македонија за да се утврди нивото на прифатеноста на електронската трговија,

спроведено е емпириско истражување на 1427 мали претпријаија од различни

подрачја на дејствување. Добиените квантитативни резултати покажуваат дека само

329 од претпријатијата или 23,06% применуваат електронска трговија во своето

работење, додека останатите 1098 или 76,94% мали претпријатија не користат

електронска трговија.

Може да се заклучи дека електронската трговија во работењето на малите

претпријатија во државата е недоволно застапена. Добиените квалитативни

резултати за начинот на кој се користи електронската трговија покажуваат дека таа

се применува за електронска пошта, за обезбедување на потребните информации и за

размена на податоци, а многу малку за купување и продавање на производи и

услуги. Која било компанија која сака да креира веб страна во годините кои

следуваат мора да ги земе предвид технологиите и процесите на интернет како

најважен дел од своите суштински предности, а не како ротирање во различна

компанија.

4 проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр.545 проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр.54

7

Page 8: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Пред да се одлучат за воведување електронска трговија, сопствениците треба

да размислат за следниве фактори:6

Пресуден фактор за успех претставува начинот на кој компанијата ја

користи веб-поврзаноста и можностите кои таа ги креира за

трансформација на односите со своите добавувачи и продавачи, своите

потрошувачи и другите надворешни стикхолдери;

Успехот од вебот бара од компанијата да изработи план за интегрирање на

вебот од стратегијата на компанијата. Планот треба да содржи: дизајн и

одржување на страната, креирање и управување со име на бренд,

маркетинг и промотивни стратегии, продажба и услуги на потрошувачите;

Продлабочување и одржување на односите со потрошувачите е од

најголема важност за вебот. Привлекувањето на потрошувачите преку

вебот создава трошоци, и поради тоа компанијата мора да биде во состојба

да ги задржи своите он-лине потрошувачи за да ја направи својата веб

страна профитабилна.

Креирањето на значајно присуство на веб бара постојано инвестирање во

ресурси, како на пример: време, пари, енергија и талент. Изработката на

атрактивна веб страна полна со привлечни фотографии на производите е

само почеток.

Мерењето на успехот на напорот на продажбата преку својата веб базирана

страна е потребно за да се остане важен кај потрошувачите чии вкусови,

потреби и склоности секогаш се менуваат.

5. Корист од интернетот за малите и средни претпријатија

6проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр.54 и 55

8

Page 9: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Користа од Интернетот за малите и средни претпријатија е од различно

значење. Во Табела.2 се објаснуваат едни од позначајните причини за малите и

средни претпријатија поради кои се користи интернетот во работењето. Тоа е поради

стекнување на нови потрошувачи со 78%, потоа продажбата на производи и услуги

со 65%, поефикасно пренесување на информациите со 62%, одржување чекор со

конкуренцијата со 23%, глобална експанзија со 17% и добивање перспектива за

вработените со 13%.

Табела 2 :Причини за користење на вебот

Сте

кнув

ање

нови

по

трош

увач

и

Про

даж

ба н

а пр

оизв

оди

и ус

луги

Пое

фик

асно

ш

ирењ

е на

ин

фор

мац

иите

Одр

жув

ање

чеко

р со

ко

нкур

енци

јата

Глоб

ална

ек

спан

зија

Сте

кнув

ање

перс

пект

иви

на

враб

отен

ите

78 % 65 % 62 % 23 % 17 % 13 %Извор : Andrew Raskin : “What’s in a Cybername”, Inc.Tehnology, No.2 , Vol.21 , Issue 9 , 1999, p.20

Користа од интернетот за малите и средни претпријатија се состои од7:

Можности за зголемување на приходите

Со воведување на веб страните за малите бизниси, се отвара нов канал на

продажба, а тоа пак овозможува дополнителна продажба од новите

потрошувачи.

Способност за експанзија на глобални пазари

За малите бизниси најефикасниот начин, со кој можат да ги продаваат своите

производи на потенцијалните потрошувачи надвор од својата земја,

претставува интернетот.

Способност да работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата

Малиот бизнис, со помош на веб страната, може да ги продава своите

производи во било кое време во текот на денот без дополнителни кадровски

трошоци.

Способност за интерактивно користење на вебот ги подобрува услугите на

потрошувачите

7 ?проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр. 52

9

Page 10: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Потрошувачите можат во кое било време да ја контактираат компанијата

преку веб странат, можат да го контролираат текот на информациите и да

комуницираат со претставниците на компанијата во соодветно време.

Моќ да образува и да информира

Претприемачот со помош на вебот може да го образова и да ги информира

потрошувачите.

Способност за помали трошоци при вршење на бизнисот

Со интернетот се намалуваат трошоците на компанијата за водење на

продажба, дистрибуција на материјалите за маркетинг, остварување на

поддршка на потрошувачот, намалување на трошоците на залиха итн.

Способност за побрз раст

Со користење на Интернетот компаниите го забрзуваат нивниот раст за 46%

отколку оние компании кои не користат Интернет.

Моќ на следење на резултатите од продажба

Преку Интернетот може да се следи секоја активност на веб-страната на

компанијата, може да се следи бројот на посетители и сл.

Способност за забележување на нови бизнис-можности и профитирање од

нив

Интернетот е вистинското место за желбите и потребите на потрошувачите

кои постојано се јавуваат. Победници во борбата за зголемено учество на пазарот

се оние претприемачи кои ги искористуваат потребите на потрошувачите да

купат производ.

6. Предности и слабости од примената на електронската трговија

6.1 Предности од примена на електронската трговија

10

Page 11: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Кога станува збор за предности од примената на електронското тргување се

разликуваат предности за претпријатијата, за поединци и за општеството во целина.

Со експанзијата на електронската трговија користа се зголемува и во продолжение

наведени се некои од предностите кои таа ги носи.

Предности кои се однесуваат на организациите8:

- проширување на пазарот на компанијата на националниот и на

меѓународниот пазар;

- им овозможува на компаниите да купуваат услуги и суровини од други

држави, брзо и со најниски трошоци. Бидејќи за производите се

намалуваат трошоците за маркетинг тие се поефтини и се зголемува

профитот;

- ги намалува комуникациските трошоци бидејќи Интернетот е многу

поефтин;

- на малите бизниси им е овозможено да се натпреваруваат со големи

компании;

Предности кои се однесуваат на потрошувачите9:

- им се овозможува да спроведуваат брз on-line-начин на истражување и

споредба;

- им се дава повеќе можности при изборот на производите и добавувачите;

- потрошувачите можат да купуваат или извршуваат други трансакции 24

часа на ден од било која локација;

- на луѓето им е овозможено да работат или студираат од дома;

- купувачите, а и продавачите имаат корист од електронските наддавања

кои се применуваат преку електронското тргување;

- потрошувачите можат да комуницираат во електронските заедници, да

разменуваат идеи и да ги споредуваат искуствата;

Предности кои се однесуваат на општеството10:

8 ?проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр. 559 ?проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр. 5510проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр. 55

11

Page 12: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

- преку електронската трговија производите се продаваат по пониска цена,

со што се зголемува животниот стандар на луѓето;

- луѓето кои живеат во земјите во развој и руралните подрачја, можат преку

Интернет да купуваат производи и услуги кои инаку не им се достапни.

Тоа вклучува можности за учење, стекнување на дипломи или добивање

подобра медицинска нега;

- ја олеснува испораката на јавните услуги, пример- спроведување на

владините норми, намалување на трошоците за дистрибуција и

можностите за проневера и зголемување на квалитетот на општествените

услуги, работата на полицијата и друго;

6.2 Слабости од примена на електронската трговија

Покрај предностите што ги креира електронската трговија постојат

ограничувања кои го забавуваат нејзиниот раст и нејзиното прифаќање.

Слабостите исто така се однесуваат на потрошувачите, организациите и на

општеството во целина. Некои од нив се однесуваат на непостоење на државна

стратегија за развој на електронската трговија, недоволната примена на

електронската трговија од страна на малите и средни претпријатија, недоволна

економска развиеност и нискиот доход на населението, недоволното познавање на

информатичката технологија од страна на населението, менаџерите, вработените и

сл.

Слабостите или ограничувањата можат да се категоризираат како технолошки и

нетехнолошки11.

Технолошки ограничувања се:

- недостиг од универзални стандарди за квалитет

- сеуште неразвиени софтверски алатки

-некомпатибилност на апликациите и софтверите за вршење на електронската

трговија

Нетехнолошки ограничувања

- неразрешени правни аспекти

11 ?проф д-р Бобек Шуклев, Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет Св.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скопје,2011 стр. 56

12

Page 13: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

- недостиг на национални и меѓународни владини прописи и стандарди за

индустриите

- спротиставување на потрошувачите, да ја заменат вистинската продавница

со виртуелна

Покрај претходните, постојат и други бариери кои се јавуваат во појавувањата

на електронската трговија во претпријатијата каде што менаџерите треба да обрнат

внимание на нив, а тоа се:

Менаџирање на отпорот кон промени

При воведувањето на електронската трговија се менува начинот на кој

бизнисот се извршува претходно, така што може да се развие отпор кон

промените кај вработените, менаџерите, добавувачите, купувачите и.т.н.

Интегрирање на електронската трговија во бизнис опкружувањето

Електронската трговија треба да се соедини со другиот дел од бизнисот каде

што се подразбира планирање, натпревар за корпоративните ресурси со

другите проекти, а исто така и обезбедување на меѓу уреди со податочните

бази, постојните апликации и инфраструктура.

Недостаток од квалификуван кадар и користење на надворешен менаџмент

Голем број на луѓе немаат доволно знаење за електронската трговија, и затоа

е потребно за некои активности да се користи поимот надворешен менаџмент.

Создавање на сојузи.

Потребно е да се креираат односи со претпријатија со поголемо искуство во

областа на електронската трговија.

Приватност.

Се јавува потребата да се заштити идентитетот на купувачот. При електронската

трговија потрошувачите оставаат голем дел од своите лични податоци на

13

Page 14: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Интернет. Вака незаштитените податоци стануваат достапни за секого, па можат

да станат предмет на злоупотреба и да причинат голема штета на самиот

корисник. Поради тоа потребно е да се донесе и спроведе политика за заштита на

личните податоци, која ќе објаснува како ќе се користат личните податоци на

Интернет страните. Со политиката за заштита на личните податоци се уредува и

правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.

7. Економските импликации на електронската трговија врз МСП и

претприемништвото

14

Page 15: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Има голем број на користи од електронската трговија за малите и средните

претпријатија.

- Најпрво, станува збор за ефикасен начин како производите и услугите на

малите претпријатија да дојдат до голем број потрошувачи, како во

земјата така и надвор од неа, и на ваков начин, за кратко време да има

значителен пораз на продажбата и приходите на бизнисите кои успешно ја

применуваат електронската трговија.

- Знаеме дека, традиционалните начини за освојување на странските пазари

ги чинат бизнисите многу средства. Така зголемувањето на продажбата на

бизнисите надвор од матичната земја се сведува на интернационализација

на бизнисот, меѓутоа на поедноставени и поевтин начин. Кај извозот на

стоки во странство голем дел од трошоците се поврзани со транспортот и

со царинските процедури. Како најскап, но и најефикасен начин за

освојување на пазарите во странство се сметаат странските директни

инвестиции. Во оваа ситуација Интернетот значително ги намалува

трошоците за водење бизнис.

- Во развиените земји и во земјите во развој Интернетот им дава можност

на малите и средни претпријатија да дојдат до битни информации за

дизајнот на производите, за обновување на опремата, одржување, извори

на финансиски средства и слично.

- Со користењето на електронската трговија им се овозможува

информирање и едуцирање на потрошувачите. Како пример можеме да ги

земеме туристичките агенции кои вршат рекламирање на патувањата, и

овозможуваат посликовити и детални информации за патувањата, за

квалитетот на сместувањето, временските услови и.т.н.

- Електронската трговија не ги ограничува потрошувачите со работно време

и е способна да ја држи фирмата отворена во секое време. Така

потрошувачите можат да одржат контакт со фирмата во секое време во

текот на денот.

- Поради предностите кои ги нуди електронската трговија фирмите кои ја

практикуваат имаат брзи стапки на пораст, дури околу 50% побрзо за

разлика од останатите фирми.

15

Page 16: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

8. Електронски пазар

Главната улога во економијата за олеснување на размена на информации,

производи, услуги и плаќања ја имаат пазарите. Тие создаваат економска вредност за

16

Page 17: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

купувачите, продавачите, пазарните посредувачи и за општеството во целина.

Пазарите имаат три главни функции:12

1. средба на купувачите и продавачите

2. олеснување на размената на производите, услугите и плаќањата

3. овозможува институционална инфраструктура, која пак овозможува

ефикасно функционирање на пазарот

Кај електронскиот пазар купувачите и продавачите своите производи и услуги ги

разменуваат за пари, но тоа се извршува само преку електронски пат. Компоненти на

електронскиот пазар се:13

- Купувачи - Многу од луѓето кои сурфаат на Интернет се потенцијални

купувачи на производи и услуги кои што се нудат на Интернет. Овие

купувачи бараат попуст, колекционерски производи, размена на идеи и.т.н.

- Продавачи - На Интернет постојат милиони продавачи кои нудат голем број

на разни производи.

- Добра и услуги - Како на виртуелниот така и на физичкиот пазар нудат

физички производи, но и на виртуелниот пазар се среќаваат дигитални

производи, т.е добра кои можат да се дистрибуираат преку Интернет.

- Инфраструктура - Во неа се внесуваат електронски мрежи, хардвер, софтвер

и други технологии.

- Посредници - Тоа е трета страна која посредува помеѓу купувачите,

продавачите и други бизнис партнери.

- Други бизнис партнери - Постојат неколку видови на вакви партенри. Тие се

како додаток на посредниците, како на пример, примачи и испраќачи кои

користат Интернет за соработка најчесто преку веригата на набавка.

Другите бизнис партнери се стремат кон коордирање и извршување на

размената на производи по електронски пат. Во зависност од бројот на купувачите и

продавачите тие се поделени на електронски продавници, електронски тендери,

аукции и друго.

12 http://e-biznisi.net/index.php?option=com_content&view=article&id=304:2009-10-21-15-15-42&catid=60:2009-01-20-08-47-59&Itemid=8913 http://e-biznisi.net/index.php?option=com_content&view=article&id=304:2009-10-21-15-15-42&catid=60:2009-01-20-08-47-59&Itemid=89

17

Page 18: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Електронски продавници - Како главна предност која ја носи пазарувањето

преку Интернет е тоа што купувачите повеќе не треба да патуваат за да си

купат нешто, затоа што овие продавници се достапни во секое време, и секој

може да направи споредба помеѓу повеќе понуди на производителите.

Меѓутоа не треба да се потцени заштедата на време.

Аукции - Аукцијата претставува натпреварувачки процес каде што

производителот бара соодветни цени од купувачите или пак куповачот бара

соодветни цени од производителите. Цените се определуваат пеку надавања

на купувачите или преку надавање на производителите. Аукциите можат да

бидат спроведени преку јавни сајтови на аукции или преку приватни аукции.

Електронски тендери - Електронските тендери се всушност обратни аукции

каде што купувачот се одлучува за одреден производ или услуга, а неколку

производители се натпреваруваат да му ја овозможат истата. Во пракса се

смета дека постои разлика во квалитетот, затоа што производителите кои се

натпреваруваат се обични компании.

9. Електронска трговија во Македонија

Во Македонија, за жал, Интернет трговијата е сеуште слабо развиена. Кај нас

веќе постојат модели на електронска трговија, меѓутоа нивната застапеност е мала и

18

Page 19: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

без конкретни услови за безбедност и сигурност кај корисниците. Од неодамна

пазарувањето преку Интернет со кредитна картичка стана реалност, но кај нашите

компании застапеноста е многу мала. Исто така и бројот на фирми кои нудат

пазарување преку Интернет сеуште е многу мала. Бројот на компании кои по

електронски пат продаваат компјутерска опрема, фармацевтски производи и книги

се движи околу 35 компании. 14

Бизнисите ги сметаат банките за најголеми виновници за неразвиеноста на

електронската трговија и сметаат дека банките сакаат голем дел од заработувачката

и земаат голем дел провизија.

Во Република Македонија потребно е да постои ефикасно средство за спроведување

на договорите за да се изгради доверба кај потрошувачите. Со ова се наметнува

потребата од донесување на соодветна регулатива за електронската трговија, со која

ќе се дефинираат услови за безбедност и сигурност при вршење на услуги кои веќе

се во тек во областа на електронската трговија.

Кај банките се јавува проблем, затоа што потребни им се вложувања од нивна страна

за да можат да се опремат со лиценци и лиценцирано да работат. Во Република

Македонија се застапени кредитните картички Master Card и Visa, и за издавање на

т.н POS-ови потребни им се многу средства. Освен ова банките треба и технички да

се спремат и да се воспостави можност нивните службеници да можат да работат и

со барања доставени преку интернет.

10. Бизнис-можности на интернет

Се вршат истражувања за тоа кои се бизнис – можностите кои ги нуди

Интернетот и треба да се анализира кои се најважни индикатори кои влијаат врз тоа.

Како најважни индикатори се сметаат старосната структура на корисниците на 14http://mk.wikipedia.org

19

Page 20: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Интернет , економската моќ на корисниците , фреквенција на купувањето , што

најчесто купуваат корисниците на Интерет , интернет- активности на возрасните и

друго.

Покрај тоа пто интернетот постојано се користи , сепак постои разлика помеѓу

возрасните корисници од аспект на старосната граница и приходот како економски

индикатор за економската моќ . Според статистичките податоци 60 % од возрасното

население во Велика Британија користи интернет , 83 % од 16-24 години користела

интернет во последните 3 месеци во споредба со 15 % од старосната група 65

години , 10 % од старосната група од 16-24 години никогаш не користеле интернет

во споредба со 82 % од старосната група од 65 и повеќе години . Се смета дека

луѓето со поголем приход да имаат пристап до Интернет.

Според статистички податоци 51 % од возрасните со годишен приход до 10 400

фунти никогаш не користеле Интернет , додека обратно од ова 93 % од возрасните

кои имаат годишен приход поголем од 36 400 фунти користеле интернет во

последните три месеци , што претставува повеќе од два пати користени од оние

коишто остваруваат 10 400 фунти годишен приход .15

Во табела 3 се објаснува дека од оние што купиле производ или услуга “ online ” во

последните 12 месеци во Велика Британија , најпопуларно купување биле филмови и

музика – 53 % , патување или сместување за одмор – 51 %, а најмалку биле купувани

лотарија или обложување – 7% и друго – 11%.

Табела 3. Купување преку Интернет на возрасните во Велика Британија Во последните

12 месеци во 2006 година

Вид на производ или услуга Процент на возрасни во Велика Британија

Фимлови , музика 53Патување или сместување за одмор

51

15 Менаџмент на малиот бизнис (петто издание) ,Универзитет СВ.Кирил и Методиј,Економски факултет-Скоје ,Професор д-р Бобек Шуклев, стр.50

20

Page 21: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Книги , списанија, весници, материјали за е-учење

37

Облека, спортски производи 37Карти за различни настани 35Компјутерски софтвер и надградба (вклучувајќи и видео игри )

29

Електронска опрема (вклучувајќи и камери )

25

Производи за домаќинства (пример мебел )

24

Купување акции, финансиски услуги, осигурување

24

Компјутерски хардвер 22Храна 20Друго 11Лотарија или обложување 7

Извор : First Release : Internet Access , Households and Individuals , UK National Statistics Omnibus

Survey – 2006 , London , 23 August 2006 , p.8

11. Заклучок

Брзиот пораст на новите информациони и комуникациски технологии

предизвикаа вистинска револуција во економијата. Овој пораст предизвикува големи

промени во начинот на продукција на производи и услуги, во начинот на нивната

продажба и во ефикасноста на користење на ресурсите во современото општество.

Новите технологии овозможија и промени во начинот наводење на бизнисите.

21

Page 22: Diplomska Kristina Dimitrievska (1)

Воведувањето на електронската трговија е директно поврзана со појавата и

огромната популарност на Интернетот. Предизвик е да се биде креативен во

создавањето на Веб страниците, а не да се употребуваат застарени и искористени

пораки и материјали. Постојат многубројни подобрувања во директниот маркетинг

кои ги овозможува електронската трговија почнувајќи од намалување на трошоците

за компанијата ,па се до купувањето на производи по мерка што им се овозможува

на потрошувачите.

Живееме во технолошка револуција која има големо влијание врз сите сфери во

животот на човекот,и притоа секоја промена која настанува се случува со голема

брзина . Ваквите драстични промени се одразуваат врз севкупниот општествено-

економски развој, со создавањето на нови пазари ,нови производи и сличнол.

Пралелно со равојот на интернетот се развила и електронската трговија,па како

резултат на тоа во последниве неколку години се јавува голем пораст на

електронската трговија .

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. “Менаџмент на малиот бизнис” (петто издание,2011 год. )Професор, Д-р Бобек Шуклев

2. “Претприемништво” (второ издание,2007 год. )- Професор, Д-р Таки Фити- Професор, Д-р Верица Хаџи Василева- Марковска- Професор, Д-р Милфорд Бејмен

22