24

Ems 2014 katalog

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2014 каталог Directorate of culture and art - Skopje

Citation preview

Page 1: Ems 2014 katalog
Page 2: Ems 2014 katalog

3 ноември (понеделник) Музеј на Град Скопје20:00 часот

„222 Rossini“ Концерт на гудачкиот квартет

„Giovacchino“– Хрватска

Шо Акаматсу – прва виолина, Алина Губајдулина – втора виолина, Павле Савиќ – виолончело и Илин - Диме Димовски – контрабас

ПРОГРАМА:

Gioachino Rossini “6 sonate a quattro”sonata i in sol maggiore

- Moderato- Andantino- Allegro

sonata ii in La maggiore- Allegro- Andantino- Allegro

sonata iii in Do maggiore- Allegro- Andante- Moderato

* * * * *

sonata iV in si bemolle maggiore- Allegro vivace- Andantino- Allegretto

sonata V in Mi bemolle maggiore- Allegro vivace- Andantino- Allegretto

Sonata VI in Re maggiorе- Allegro spiritoso- Andante assai - Tempesta (Allegro)

Page 3: Ems 2014 katalog

Илин – Диме Димовски е вработен како контрабасист на Филхармонискиот оркестар на градот Загреб, постојан соработник на Радио симфонискиот оркестар на ХРТ, постојан гостин на Хрватскиот барокен ансамбл, Загребските солисти, „Кантус” ансамблот за современа музика и Хрватскиот камерен оркестар. Во исто време соработува и со интернационалниот „Но Бордерс Оркестра” и италијанскиот симфониски оркестар

„Сан Марко” од Порденоне каде сто е во улога на прв контрабас.Настапувал со „Mozart Orchestra di Bologna“ под водство на Каудио Абадо, „La nuova

Orchestra da Camera Ferruccio Busoni” од Трст, „I Solisti Veneti”, „La Serenissima”, „National Jeugdt Orchester of the Netherlands”, Камерниот Оркестар на МММ, итн…

Студиите ги започнува во Скопје во класата на проф. Благој Маротов, продолжува во Велика Британија во специјалното средно музичко училиште „Wells Cathedral School” под менторство на Давид Хејес, а потоа во престижниот „Guildhall School of Music and Drama” во класата на проф. Ринат Ибрагимов. Специјализацијата ја завршува на конзерваториумот „Г. Тартини”“ во Трст, во класата на професорот Стефано Сциасциа. За време на студиите изучува камерна музика со професорите Давид Долан, Давид Такено, Мстислав Ростропович, Давиде Амодио, Енрико Касаза, Џиовани Гуљиелмо, Енрико Бронзи, Алехандер Лонгуичи, Сергеи Крилов, Паскал Ропхе, Фабио Нидер…

Добитник е на неколку национални и интернационални награди за контрабас и камерна музика која што ја изведуа со голем ентузијазам и задоволство.

Квартетот “Giovacchino” е формиран на почетокот на 2012 година за потребите на традиционалиот концерт “Pranzo di Rossini” кој се одржува секој 29 февруари во „Teatro Miela“ во Трст, а чиј наслов зема инспирација од прочуената гурманска наклоност на композиторот.

По успешниот концерт, контрабасистот Димовски го поканува челистот Винко Руцнер и виолинистите Алина Губајдуллина и Шо Акаматсу да бидат постојани членови на квартетот. Сите музичари се воедно и постојани членови на Загребската филхармонија и настапувале како солисти со ансамбли и оркестри во повеќето важни концертни сали во Европа и светот. Квартетот “Giovacchino” по потреба за разновидни концерти и програми се трансформира во клавирски квинтет, гудачко трио/дуо или гудачки квинтет. Аморфноста на овој ансамбл е принудна бидејки не постојат многу други композиции за нетрадиционален квартет, овие 6 сонати на Росини се можеби единствените дела оргинално напишани за 2 виолини, виолончело и контрабас.

Квартетот се усовршува во своето камерно музицирање со музичари како Дејвид Долан, Енрико Бронѕи, Дејвид Такено, Енрико Казаца, Давиде Амодио, Леонид Сороков, Александар Лонквич, Герард Шулц и многу други.

Page 4: Ems 2014 katalog

4 ноември (вторник)Дом на АРМ20:00 часот

„БИСЕР ПЕСНА И ОРО“Концерт на ансамблот за народни игри и

песни на Македонија „ТАНЕЦ“

ПРОГРАМА:„Ој ти Пацо Дреновчанке“ „Вено пиле“ „Што рекох моме прорекох“„Ранила мома“ „Рано си станало девојче“ „Јосиф оро“„Дали памтиш мило либе“ „Пукнала Маре треснала“ „Вино ми се пие“ „Војната тригодишната“ „Орекстарски сплет“ „Тамо далеку вода ми дотече“ „Сал си одам сал си питам“ „Филка мома“ „А бре воденичаре“ „Стар бел дедо овци пасе“

Page 5: Ems 2014 katalog

Танец - Душата на МакедонијаСимбол на македонската култура и уметност веќе шеесетипет години!

Амбасадор на македонскиот фолклор!

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении „Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на Ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.

Од исклучителна важност се покажало формирањето на Ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на „Интернационалниот фестивал” во Велс.

Членовите на Танец со изведбата на „Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда. Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија.

За успехот на „Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13-ти Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Република Македонија.

„Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

Репертоарот на „Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското”, „Тешкото”, “Комитско”, „Чифте Чамче”, „Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво.

Во својата културна мисија ансамблот „Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција.

На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: „Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран.”

Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето.

Со еден збор: ансамблот „Танец” претставува подвижна енциклопедија на маке-донскиот народ.

Page 6: Ems 2014 katalog

ПРОГРАМА:

A.Ruiz Pipo - Cancion & Danza Agustin Barios - Valcer br.3 Mario K. Tedesko - Tarantela Luidji Lenjani - Fantazija Op. 16 Kapis br. 7 Kapis br.22 Kapis br.28N.Koste - Fantasia “Norma”

КОНЦЕРТ НА БОјАН ИвАНОвСКИ – гитара, Србија

(во соработка со „АРТ КУЛ“)

6 ноември (четврток)КИЦ – Салон 19:1920:00 часот

П.С. ГИТАР ФЕСТ

Page 7: Ems 2014 katalog

Бојан Ивановски почнал да свири гитара од своите најрани години. Музичкото образование го започна во музичкото училиште „Јосип Славенски“ во Белград каде во класата на проф. Ненад Кондиќ завршил и средно училиште. Дипломирал на ФМУ во Белград во класта на проф. Вера Огризовиќ. Продолжил со специјализација во Италија на академијата „Франциско Тарега“ во класата на проф. Паола Пергорара.

Многу успешно учествувал на бројни натпревари во земјата и странство. Освоил преку 20 први награди од кои најзначајни се “Giovani Chitarristi” (Мотола, Италија), „Summer Gitar Art Festival“ (Херцег Нови, Црна Гора) „Murska Sobota“ (Словенија) “Villa de Aranda” (Ваљадолид, Шпанија), „Vissani“ (Висани, Грција) и специјални награди на натпреварите ”Weikersheim“ (Германија) и “Акд. Марин Големинов“ (Ќустендил, Бугарија), “Forum Gitarre Wien” (Виена, Австрија).

Освоил и награда лауреат на меѓународниот натпревар за сите музички инструменти „ИТАКА 2007“ во Љубљана (Словенија) во конкуренција од преку 100 кандидати од инструменталните отсеци.

За постигнати особени резултати од општината на градот Белград ја доби повелбата „Белградски ангели“ за музичка уметност како и благодарница за постигнати особени резултати на меѓународни натпревари и успешно претставување на Белград на меѓународната музичка сцена.

Се усовршувал на мајсторки курсеви кај А. Дезидери, Ц. Маркионе, П. Стеидл, Т. Хопсток, П. Ромеро и многу други. Одржал концерти на гитарски фестивали во Шпанија, Мексико, Италија, Бугарија, Словенија, Германија, Црна Гора, Грција.

Page 8: Ems 2014 katalog

ПРОГРАМА:Lamentos no Morro (Garoto)ÁguaSalgada (Daniel Marques)Espantalho (DM)Cinematográfica (DM)Nitido e Obscuro (Guinga)ChoroTriste (Garoto)Pedregulho (DM)Di Menor (Guinga)Redemuinho (DM)Ponteio (Edu Lobo/Capinam)

7 ноември (петок)КИЦ – Салон 19:1920:00 часот

КОНЦЕРТ НА ДАНИЕл МАРКЕз – гитара, Бразил

(во соработка со „АРТ КУЛ“)

П.С. ГИТАР ФЕСТ

Page 9: Ems 2014 katalog

Даниел Маркез дипломирал на Федералниот Универзитет во Рио де Жанеиро, каде што и магистрирал. Интензивно свирел и снимал со познатите бразилски уметници на инструментална музика како што се Ермето Паскал, Пауло Моура, Гинга, Карлос Малта, Робертино Силва, Зе Пауло Бекер, Нелсон Фариа, Жилсон Перенцета, Армандињо, УФРЏЕЗ; Николас Красик и Жовино. Со оркестарот Frevo Diablo во 2010 година ја освои најзначајната бразилска награда „Prêmio da Música Brasileira“ за најдобро ЦД од областа на регионална музика.

Одржал бројни работилници и предавања на престижни меѓународни институции. Настапил во преку 40 европски земји и на фестивали како што се „Копенхаген џез“, „Мир гитар фестивал“, „Упсала гитар фестивал“, „Хапавес фолк“, „Талин гитар фест“, „Ести концерт“, „Нишвил џез фестивал“. Исто така, имал и турнеја во Соединетите Американски Држави и настапил на престижниот „SXSW“ фестивал како и во сите позначајни концертни сали и фестивали во Чикаго, Лос Анџелес, Њујорк и Филаделфија. Од 2008 година редовно настапува на годишните свечености организирани по повод роденденот на шведската принцеза Викторија.

Во 2002 година ја освои наградата „Prêmio Maestro Eleazar de Carvalho“ за најдобар солист изведувајќи го „Концертот за акустична гитара и оркестар“ од Вила Лобос заедно со Бразилскиот национален оркестар. Со своето „Даниел Маркез Трио“ во 2010 година снимил ЦД во живо во легендарниот џез-клуб „Jazzhus Montmartre“ во Копенхаген.

Page 10: Ems 2014 katalog

ПРОГРАМА:Т. Скаловски: „Молитва“- Мартин Симоновски,басПијано придружба: Андреј НауновКласа вон. Проф. м-р Славица Петровска Галиќ

Т.Скаловски: „Ленка“ - Јаворка Витанова, сопранПијано придружба: Весна ТасевскаКласа вон. Проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова

А. Џамбазов: „Месечева љубов“ - Дарко Тодоровски, бас Пијано придружба: Андреј Науновкласа вон. Проф. м-р Славица Петровска Галиќ

С. Гајдов: „Сонатина“ - Николче Зацески, баритонПијано придружба: Маја БожиноскаКласа доц. д-р Горан Начевски

П. Богданов-Кочко: „Есен“ - Јане Дунимаглоски, тенорПијано придружба: Ана ТимосиескаКласа доц. д-р Горан Начевски

С. Петровски: Вокализа - Злата Тошевска, сопран Пијано придружба: Андреј НауновКласа вон. Проф. м-р Славица Петровска Галиќ

Т. Прокопиев: „Жалбена“ - Билјана Камчева, сопранТ.Прокопиев: Арија на Симка од операта „Разделба“Пијано придружба: Елена АтанасовскаКласа проф. м-р Марија Наумовска

Т. Прокопиев: „Галебе мој“ - Бобан Рајчиновски, тенор пијано придружба: Милан ЈанкуловскиКласа проф. м-р Билјана Јакимовска

Љ. Бранѓолица : „Ѕвона“ - Елена Тасевска, мецосопранПијано придружба: Весна ТасевскаКласа вон. проф. Весна Ѓиновска Илкова

Б. Цанев: „Бдеење“ - Леонарда Богданоска, сопранПијано придружба: Христина НикоскаКласа проф. м-р Марија Наумовска

10 ноември (понеделник) Факултет за музичка уметност – Скопје20:00 часот

вЕчЕР НА МАКЕДОНСКО вОКАлНО ТвОРЕШТвО

Page 11: Ems 2014 katalog

Б. Ивановски: „Три песни“ (бр. 1 и 2) - Катерина Весковска, мецосопранПијано придружба: Елена АтанасовскаКласа проф. м-р Марија Наумовска

Б. Ивановски- бр. 3 „Дошла зима“ - Вариса Хајдарпашиќ, сопранпијано придружба: Андреј Науновкласа вон.проф. м-р Славица Петровска Галиќ

Факултетот за музичка уметност во Скопје е јавна високообразовна установа во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. Формиран е во 1966 година како Висока музичка школа. Сè до 1978 година работи заедно со Музичко-балетскиот училишен центар. Во март истата година е преименуван во Факултет за музичка уметност.Благодарение на генерациите завршени студенти на ФМУ општото музичко образование во Македонија го доби потребниот високо стручен кадар за квалитетно изведување на наставата по музичко воспитување. Изведувачкиот корпус на националните изведувачки ансамбли (Операта, Филхармонијата) во голем дел го сочинуваат дипломираните студенти на оваа институција. Носители на активностите на музичките редакции во МРТ, како и во големиот број комерцијални радија и телевизии се исто така завршените студенти на ФМУ. Концертниот живот во нашава земја не е возможно да се замисли без исполнителското мајсторство на инструменталистите кои своето знаење го стекнуваа на ФМУ. Плодовите на дипломираните музиколози и етномузиколози на оваа институција се сè поинтензивни од година во година. Квалитетната работа во рамките на ФМУ е крунисана со голем број на награди на натпреварите во и вон нашата земја, а исто така и преку големиот број значајни општествени и стручни признанија што сите овие години го добиваа професорите од оваа институција. Значајни резултати се остварени и на планот на меѓународната соработка, преку учество на странски професори во реализирањето на наставата кај нас, но и на наши професори на странските факултети. Истовремено, студентите од ФМУ гостуваат на разни стручни семинари, изведувачки кампови во странство, а исто така се реализираат и гостувања на странски студенти кај нас.

Page 12: Ems 2014 katalog

ПРОГРАМА:

Р.Аврамовски: „Музика за дувачки квинтет“- Мотив- Тајната на иконостасот- Љубов за олтарот- Враќање кон мотивот

И.Петрич: „Квинтет за дувачи бр.2“- Allegro- Lento- Vivo- Maestoso

**************Г.лигети: „Шест Багатели за дувачки квинтет“

- Allegro con spirito- Rubato lamentoso- Allegro, grazioso- Vivace,ruvido- Adagio,mesto- Vivace,capriccioso

P.Taffanel: „Дувачки квинтет“- Allegro con moto- Andante- Vivace

17 ноември (понеделник)Фоаје на Македонска Опера и Балет20:00 часот

„ЕДНА ПОИНАКвА ПРИКАзНА„ ДувАчКИ КвИНТЕТ „ АРТ“

ване Аревски – флејта, Татијана Петрушевска – Караскаковска – обоа, здравко Ангелов – кларинет, Горан јанев – хорна, васко Караскаковски – фагот

Дувачкиот квинтет “АРТ” е состав формиран по иницијатива на самите членови и со голема поддршка од проф.Киро Божиновски. Постои од 1994 г. и од тогаш работи непрекинато.Скоро секоја година се појавува на манифестации кои што се организираат во Република Македонија, со своја самостојна програма или со учество со други состави и солисти. Членовите на квинтетот исто така концертираат и самостојно со големи успеси, добитници се на повеќе награди од Републичко и Сојузно ниво (СФРЈ).

Сите се членови на национални оркестри, односно на Македонската филхармонија и на оркестарот при Македонската Опера и Балет: Ване Аревски-прва флејта во МОБ,

Page 13: Ems 2014 katalog

Татијана Петрушевска-Караскаковска-прва обоа во МОБ, Здравко Ангелов-прв кларинет во МФ, Горан Јанев-прва хорна во МОБ, Васко Караскаковски-прв фагот во МФ.

На својот репертоар квинтетот има дела од сите стилски епохи, а посебно место заземат делата од македонски автори (има и премиерно изведени дела и дела посветени на квинтетот). Покрај концертни настапи, квинтетот остварува и голем број на снимки за МРТВ.

Некои од позначајните концерти на квинтетот:-Денови на Македонска музика -Интернационални колонии во „Св.Јоаким Осоговски“-Скопско лето / со своја самостојна програма-Концерти со дела од Балкански композитори-Концерт во Љубљана 2007 г.на покана на ДССИ -Есенски музички свечености/ самостоен рецитал -Интер Фест во Битола и други.На своите концерти квинтетот секогаш изведува најмалку едно премиерно дело, се

труди да биде секогаш оригинален во изборот на програмата и вклучува гости-изведувачи.Дувачкиот квинтет „АРТ” е ансамбл кој работи постојано и активно во еден постојан состав. Тоа укажува на квалитетна изведба на зададениот материјал. На својата програма има дела од светски композитори, а важно е да се каже дека како квинтет има најмногу по бројност дела од македонски композитори, со идеологија дека со таквиот начин на работа и програма успешно да ја промовираат македонската уметност и култура.

Page 14: Ems 2014 katalog

ПРОГРАМА:Arcangelo Corelli - Tема со варијации “La Folia”Dmitry Bortnyansky - Larghetto - RondoManuel de Falla - Песна - Приспивна - Поло - Шпански танцМ. Големинов - Брзозборка - Жетва - ГедуларскаClaude Debussy - Месечева светлинаAstor Piazzolla - OblivionDarius Milhaud - Бразилиера Дмитри Шостакович - Tри валцери:

Лирски валс Скерцо Втори валс од втора свита

18 ноември (вторник) КИЦ, Салон 19:1920:00 часот

„вОНвРЕМЕНСКО ПАТувАњЕ“КвАРТЕТ „ЕОлИНА“ - Бугарија

(во сорабокта со КИЦ на Република Бугарија - Скопје)

весела Желева - харфа, Николај Коев - флејта, владислав Андонов - виола, Богдан Станев - пијано/чембало

Квартетот „Еолина“ е формиран во 1969 година. Составен е од харфа, флејта, виола и пијано (или чембало). Тоа е необичен состав поради симбиозата на звучноста на тембрите на четирите инструменти. Името „Еолина“ е земено од митолошката „Еолова“ харфа, како вид на инструмент и принцип на звукоизвлекување. Треперењето на жиците на оваа харфа е во зависност од воздушното струење или од силата на ветерот. Затоа го носи името на богот на ветровите – Еол. Поради тоа стилистиката на квартетот е лелеава, темпераментна, хармонична и префинета. „Еолина“ има слободата во изборот на репертоар.Наоѓа и популаризира нови дела од непознати стари мајстори и пиеси на нeпознати автори од XVI и XVII век, некои од нив ги изведуваат за прв пат.Околу 50 композиции на бугарски и странски композитори се посветени за овој состав кој станал синоним за творечко истражување и оригиналност.Репертоарот е голем, со музика од 6 века, од XVI до XXI век. Членовите на квартетот имаат дипломирано во државната музичка академија „Панчо Владигеров од Софија. весела Желева (харфа) специјализирана кај проф. Вера Дулова на Московскиот државен конзерваториум „Чајковски“. Носител е на наградата „Сребрена харфа“ и диплома од меѓународната асоцијација во Холандија. Води класа по харфа и камерна музика во Националната музичка академија и Националното музичко училиште во Софија и професор

Page 15: Ems 2014 katalog

е по харфа во ФМУ – Скопје. Николај Коев (флејта) работел во филхармонијата во Варна и во оркестрарот во Софиската опера. Исто така, води класа по флејта во Вишото музичко училиште во Хавана. владислав Андонов (виола) дипломирал на Националната музичка академија-Софија и потоа завршил мастер клас по виола кај проф. Александар Нејнски. Раководи со класата по виола во Националната музичка академија во Софија. Леуреат е на нацио налниот натпревар „Светослав Обретенов“ и на седмиот натпревар за инструмента листи и пејачи во Бугарија. Богдан Станев (пијано/чембало), завршил во класата на проф. Бојан Воденичаров и доц. Теодора Несторова. Работи како корепетитор во Националната музичка академија. Носител е на прва награда на националниот натпревар „Светослав Обретенов“ и специјална награда на меѓународниот натпревар „ Музиката и земјата“ во Софија. Квартетот „ Еолина“ специјализирал кај проф. Карел Крафка на Академијата за уметности во Брно и кај проф. Жозеф Калве – истакнат француски виолинист и педагог во Париз. Францускиот музи чар дава многу висока оценка за квартетот и го демонстрира нивниот квалитет на своите мастер класи. Квартетот е носител на златен медал и е лаурет на 10-тиот светски младински фестивал во Берлин, на почесни дипломи од Министерствотот за култура на Франција, од меѓународниот музички центар во Анси – Франција и од многу други држави. „Еолина“ има одржано повеќе од 1600 концерти во повеќе од 20 држави. Учествува на повеќе фестивало во Бугарија, Италија, Грција, Германија, Шпанија, Франција, Романија, Полска, Словачка, Белгија и многу други. Настапува со познати бугарски музичари како: Валја Балканска, Теодосиј Спасов, Петар Јанев и др. Квартетот има аудио записи, музика за филм во Бугарија, Австрија, Кипар и Украина, како и за продуцентски фирми од Австрија, Полска, Италија , Германија и Унгарија. Сите аранжмани се дело на членовите на кваретот, како финален продукт на импровизациите кои се формираат при процесот на работа. Оценките на медиумите, критичарите и публиката секогаш ги истакнуваат високиот професионализам и артистичност. „Овој елитен состав успеал да се разие до највисоко уметничко ниво и да ја утврди својата уметност како репер за камерно музицирање (проф. Васил Казаниев).“ „Единственото кое што е невозможно за нив, е да бидат слушатели на музиката која ја интерпретираат, да почуствуваат спокојство, наслада и вдахновение, со кое ја даруваат својата публика. (проф Веса Харалампиева).“

Page 16: Ems 2014 katalog

ПРОГРАМА:Diego Conti - „Lacrime“ **Guerzoni Enrico - „Bachato“Jacques ibert - „Ghirlanzana“Бојана Петровиќ - „Тешкото“Diego Conti - „Altri giorni altri occhi“ ** Frank Zappa - Diego Conti – „Help I’m a rock“ – Mother People**J.s.Bach - Suite nо.1 in G – dur BWV 1007 - Preludio, - Allemanda, - Corrente, - Sarabanda, - Minuetto I e II, - Giga

** Светска премиера

19 ноември (среда) КИЦ, Салон 19:1920:00 часот

„ALTRi GioRni ALTRi oCChi“ „ДРуГИ ДЕНОвИ ДРуГИ ОчИ“

КОНЦЕРТ НА АНТОНИО МОСТАчИ – виолончело, Италија

Page 17: Ems 2014 katalog

Антонио Мостачи дипломирал на „Песаро“ конзерваториумот под менторство на Санте Амадори, но и Франко Роси, Јанос Старкер и Иван Шифоло во Париз. Активно концертира од својата 16-та година во триото на својот татко, пијанистот Луиџи Мостачи и кларинетистот Итало Капичиони. Антонио има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои позначајни се: прва награда на натпреварите: „Vittorio Veneto, Catanzaro, Stresa, Moncalieri“, како и на интернационалните натпревари: „Maria Canals“ и „Viotti“.

Мостачи е професор по виолончело на конзерваториумот во Болоња и е член на „ISME“. Често настапува со камерни состави и има настапувано многу пати како солист со многу оркестри. Од 1990 година тој е член на дуото со пијанистката Мириам Гараџани. Ова дуо има настапувано во Европа, во САД, Австралија и во Јапонија.

Тој исто така, бил дел од гудачкиот квартет формиран од виолинистот Најџел Кенеди за време на „Chichester“ музичкиот фестивал во Велика Британија. Соработувал како соло виолончелист со оркестарот на „Massimo Bellini“ театарот во Катаниа, со оркестарот „Marchigiana“, со оркестарот при Националниот театар во Болоња, со „Archi di Firenze“, „Officina Musicale“ и други.

Во моментов Антонио Мостачи свири прво виолончело во „Tiroler Festspiele“ оркестарот во Австрија, под диригентската палка на Густав Кун. Основач е на „ Bologna Cello“ проектот.

Неговите неодамнешни снимки вклучуваат изведби на музика за две виолончела од Бохерини, носач на звук со сонати за виолончело и пијано од Брамс и носач на звук со современа музика за виолончело од композиторите: Бусони, Конти, Коридоре, Маргола, Таљиети итн.

Page 18: Ems 2014 katalog

24 ноември (понеделник)Фоаје на Македонска Опера и Балет20:00 часот

КОНЦЕРТ НА „МАКЕДОНСКИ КлАРИНЕТ КвИНТЕТ“

Игор Иванов – кларинет, владимир Костов – прва виолина, Симон Поповски – втора виолина, Бојан Талевски – виола,

Александар Котевски – виолончело

ПРОГРАМА: Johannes Brahms: кларинет квинтет во b-moll, Op.115

- Allegro- Adagio- Andantino, Presto non assai, ma con sentimento- Con moto

Wolfgang Amadeus Mozart: кларинет квинтет во A-dur, Op.108 - Allegro- Larghetto- Menuetto- Allegretto con Variationi

Игор Иванов (1984, Велес) своето музичко образование го започнува на осум годишна возраст во основното музичко училиште “Киро Димов” во родниот град, во класата на проф. Златко Андреев, а средното образование го продолжува во Средното музичко училиште во Штип, во класата на проф. Раде Стојчев. Во 2003 година започнува со студии на Универзитетот за музичка и драмска уметност во Грац-Австрија (Universität für Musik und Darstelende Kunst Graz), во класата на еминентниот професор Штефан Шилинг. Во текот на своето студирање извесен период работи со неговиот камерен ансамбл “Стравински Октет”, со кој во октомври 2005 година

добива можност за снимање аудио издание – ЦД, спонзорирано од Австриската радио телевизија. Додипломските студии ги завршува во 2009 година, по што го продолжува своето образование со магистерски студии, повторно во класата на проф. Шетфан Шилинг. Во текот на неговото музичко образование тој се стекнува со бројни оркестарски искуства, зема учество во повеќе проекти за камерна музика, има повеќе соло настапи, учествува на семинари и натпревари, но посетува и мастер курсеви кај повеќе светски познати калринетисти меѓу кои Карл Лајстер, Венцел Фухс, Стенли Дракер, Џонатан Колер, Антонио Сајоте, Роберт Спринг, Мартин Шпанберг. Своето оркестарското искуство го стекнува во повеќе оркестри и концертира во повеќе држави меѓу кои Австрија,

Page 19: Ems 2014 katalog

владимир Костов (1975, Битола), каде го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина ги завршува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфујонакис. Магистрира во класата на истот професор, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Владимир Костов е единствен музичар од Македонија кој повеќе пати е избиран да членува во реномираниот Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи секаде низ светот. Настапува и со оркестарот Исток-Запад во Алтенбург

(Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ. Камерната музика претставува негов особен интерес и тој е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика “Алеа”, камерното студио за барокна музика “Бахус”, квартетот “Бревис”, основач е на клавирското трио „ВАМ“ редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија. Настапува како солист со Македонската филхармонија и Камерниот оркестар, како и на повеќе фестивали и манифестации во Македонија, Украина, Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија , Хрватска, Полска. Моментално работи како концерт- мајстор во Македонската филхармонија и како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Швајцарија, Белгија, Луксембург, Кина, Хрватска и други. Покрај стандардниот, класичен репертоар за кларинет, Игор Иванов посветува големо внимание на таканаречената “нова музика” која го опфаќа периодот после 1950 година, при што свири и соработува со камерниот ансамбл за нова музика „Klang Forum Wien“ од Виена.

Симон Поповски (1991, Битола), своето музичко образование го започнува во основното музичко училиште во Битола, во класата на проф. Ванчо Стоилков. Средното музичко образование го продолжува во Битола во класата кај истиот професор. Во учебната 2009 година ги започнува студиите на Факултетот за Музичка уметност при универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Во текот на своето усовршување во виолинизмот посетува семинари кај педагози како што се Џошуа Бел, Павел Верников, Сихана Бадивуку, Олег Кондратенко, Сузан Гилмор во летната школа “Интерлохен” и

други, во Македонија и странство. Постигнува успеси и освојува награди во државата и странство. Освен натпреварските награди, како позабележителни успеси се вбројуваат и настапите како солист со Македонска филхармонија, Камерниот оркестарот на Музичка Младина на Македонија, симфонискиот оркестар и камерниот оркестар при ФМУ. Исто така и настапи на фестивали во Македонија, Србија, Хрватска, Романија и др. Во моментов е член на оркестарот на Македонска филхармонија и во проектите на оркестарот на Македонското радио (Macedonian Radio Symphony Orchestra-Fames) и како виолинист во гудачкиот квартет “Аксиос”.

Page 20: Ems 2014 katalog

Бојан Талески (1985, Скопје), средното музичко образование како виолист го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - Скопје кај проф. Јован Бицевски, а високото на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Фросина Балова. Добитник е на неколку награди на меѓународно и државно ниво како за соло така и за настапи со камерни состави во и надвор од Република Македонија. Настапувал соло со симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, оркестарот на Македонската Опера и Балет, Камерниот гудачки оркестар на Факултетот за музичка уметност и оркестарот на ДМБУЦ. Во моментот е во редовен работен однос во оркестарот на Македонската Опера и Балет и е член на повеќе ансамбли од

класичен и современ состав, како и водач на групата виоли во симфонискиот оркестар на Македонското радио (Macedonian Radio Symphony Orchestra-Fames). Има учествувано на многубројни фестивали за класична и современа музика во земјава и странство.

Александар Котевски (1980, Битола), своето музичко образование го започнува на 14-годишна возраст со запишувањето во Средното музичко Училиште во Битола. Неговиот талент станува забележан само по шест месеци кога на Државниот натпревар во 1995 година ја освојува втората награда. На Државниот натпревар по камерна музика во 1996 година ја освојува третата награда. По завршувањето на Средното музичко училиште се запишува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Душка Тасеска, но дипломира и магистрира во класата на проф. Жифко Фирфов. Александар Котевски има посетувано повеќе мастер курсеви по виолончело и тоа кај : Кирил Родин, Кирил Кравцов, Јевгениј

Ксаверјев, барокниот семинар по виолончело и камерна музика со квартетот Медичи во Дубровник и со проф. Jenifer W. Clarck (Кралската Академија од Лондон) и проф. Catherine Mackintosh (Кралската Академија од Лондон), посетувал часови кај Александар Рудин и Давид Грегоријан. Како солист настапувал со: Камерниот оркестар на ФМУ на „Есенски музички свечености 2001“, со Македонската Филхармонија 2002 година, со Дубровачкиот симфониски оркестар 2005, со Мостарскиот симфониски оркестар 2006 година. Како член на повеке оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија итн. Член е на камерниот состав “Дуо виолончела Котевски – Пејиќ”, на камерниот состав “Трио ВАМ” во кој членуваат: Марија Ѓошевска и Владимир Костов. Соработувал со ансамблот

Page 21: Ems 2014 katalog

Учесници во овој концерт се неговите блиски соработници и колеги

проф. д-р Викторија Коларовска - Гмирја м-р Бранка Костиќ -Марковиќ

Славица Петровска – ГалиќСтрашо Темков – флејта

Дувачки квинтет „Арт“Квартет флејти „Сирингс“Марија Вршкова - пијано

Владимир Костов – пијаноТатијана Петрушевска - обоаМарјан Милошевски - фагот

Ване Аревски – флејтаПетар Макариевски - пијано

Билјана Јосифов - мецосопран

29 ноември (сабота)Концертна сала Империјал во Македонска Опера и Балет20:00 часот

КОНЦЕРТ вО чЕСТ НА ИлИјА зИМБО

(Во соработка со Македонска Опера и Балет и СOKOM)

Page 22: Ems 2014 katalog

Илија зимбо беше флејтист со редок музички талент, воочен и одликуван уште во најраната возраст кога во рамките на тогашната заедничка држава ги освојуваше првите места на сојузните натпревари и се здобиваше со епитетети на генијален млад уметник. Неговото основно музичко образование започнува во родниот Охрид, а продолжува во средното музичко училиште во Скопје, а неговата сериозна концертна кариера започнува уште од факултетските години поминати на музичките академии во Љубљана и Скопје и до крајот на неговиот краток, но плоден животен век ќе вброи многу успешни настапи како солист, камерен музичар и оркестрант (на неговото матично работно место како прв флејтист во оркестарот на Македонската

опера и балет) на престижни концертни подиуми во државава, но и во многу земји во Европа. Неговиот богат концертен репертоар вклучуваше дела од сите музички епохи, од барокот до современото творештво, а заради неговата вонредна способност за експериментирање и поместување на границите на постоечките звукоизвлекувања на флејтата, за него беа специјално напишани и цели творби од истакнатите македонски композитори Томислав Зографски, Панде Шахов, Љубомир Бранѓолица и Тома Манчев. За време на животот оствари повеќе тонски и видео записи за Македонската радио и телевизија, имаше можност да соработува со врвни педагози, солисти, оркестри и диригенти, беше дел од престижни меѓународни жирија. Во 2000-та година беше лауреат на меѓународниот конкурс “Rovere D’Oro” во Италија, но покрај меѓународните предизвици редовно ги прифаќаше и домашните, па речиси неизоставно партиципираше домашните манифестации како, „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика„ и др. Зад неговата уметност застануваа и познати менаџерски куќи, како „Музика Вива“ од Виена и фондацијата „Принц Алберт“ од Монако. Илија Зимбо меѓу своите колеги важеше и за одличен соработник, голем другар, строг критичар на општеството во кое се бореше за вистинското место на уметноста и уметниците.

НАјАвувАМЕ:23 декември (вторник) – 20:00 часот Факултет за музичка уметност – Скопје- Ексклузивен концерт на дуо пијано Шкељзен Бафтијари и Кристијан Каровски

Page 23: Ems 2014 katalog

Есенски музички свечености 2o1403 ноември (понеделник) - 20:00 часот - Музеј на Град Скопје- „222 Rossini“ - Концерт на гудачкиот квартет „Giovacchino“– Хрватска Шо Акаматсу – прва виолина, Алина Губајдулина – втора виолина, Павле Савиќ – виолончело и Илин - Диме Димовски – контрабас 04 ноември (вторник) - 20:00 часот - Дом на АРМ- „Бисер песна и оро“- Концерт на ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“

06 ноември (четврток) - 20:00 часот - Културно информативен центар – Салон 19:19П.С. ГИТАР ФЕСТ- Концерт на Бојан Ивановски – гитара, Србија, (во соработка со „АРТ КУЛ“ )07 ноември - (петок) - 20:00 часот - Културно информативен центар – Салон 19:19П.С. ГИТАР ФЕСТ- Концерт на Даниел Маркез – гитара, Бразил, (во соработка со „АРТ КУЛ“ )10 ноември (понеделник) - 20:00 часот - Факултет за музичка уметност – Скопје- „Вечер на македонско вокално творештво“ - Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност - Скопје17 ноември (понеделник) - 20:00 часот - Фоаје на Македонска Опера и Балет- „Една поинаква приказна” - Концерт на дувачки квинтет „АРТ“Ване Аревски – флејта, Татијана Петрушевска – Караскаковска – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Васко Караскаковски – фагот18 ноември (вторник) - 20:00 часот - Културно информативен центар – Салон 19:19- „Вонвременско патување“- Концерт на квартет „ЕОЛИНА“ - БугаријаВесела Желева - харфа, Николај Коев - флејта, Владислав Андонов - виола и Богдан Станев - пијано/чембало - (во сорабокта со КИЦ на Република Бугарија - Скопје)19 ноември (среда) - 20:00 часот - Културно информативен центар – Салон 19:19- „Altri giorni altri occhi“ - „Други денови други очи“ - Концерт на Антонио Мостачи – виолончело, Италија24 ноември (понеделник) - 20:00 часот - Фоаје на Македонска Опера и Балет- Концерт на „Македонски кларинет квинтет“ Игор Иванов – кларинет, Владимир Костов – прва виолина, Симон Поповски – втора виолина, Бојан Талевски – виола и Александар Котевски – виолончело29 ноември (сабота) – 20:00 часот - Сала „Империјал” во Македонска Опера и Балет- „Концерт во чест на Илија Зимбо“, учесници во овој концерт се неговите блиски соработници и колеги, (во соработка со Македонска Опера и Балет и СОКОМ)

Дирекција за култура и уметност – Скопје / Directorate of Culture and Arts - Skopjeбул. „Св. Климент Охридски“ 58 б п.фах 519, тел/факс: 3222 341, 3165 064,

e–mail: [email protected], www.dku.org.mk

Page 24: Ems 2014 katalog

Организатор: Дирекција за култура и уметност - Скопје: Мирко Стефаноски, Никола Глигоров, Ната Кецкаровска, Стамат Наумовски, Петранка Геогргиевска, Симона СимуноскаИздавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје, За издавачот: Мирко Стефаноски Дизајн на плакатот: Виолета Коцев, Дизајн на каталогот: Горан Јованов, Печат: Стеда графика- Скопје

ДИрекцИја За култура И уметнОст - скОПјеDirectorate of culture anD arts - skopje

бул. „св.климент Охридски” 58 б пошт. фах 519тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341

e-mail: [email protected], www.dku.org.mk

ДИрекцИја За култура И уметнОст - скОПје

на јаВуВаме