31
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 1 1 1 1 1 9 9 9 9 9 2 2 2 2 2 2 2 - - 2 2 2 2 0 0 0 0 0 1 1 1 4 4 go o o d d di i in n ni i Број 167 www.mchamber.mk 20.02.2014 „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој” БЕНЕФИТОТ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ ЕВИДЕНТЕН, НО ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“

FS 549642 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA …S(ayawzcisvzpvttzwmeudhp55))/admin/upload/bilt… · медијација при Стопанската ... трговската арбитража

Embed Size (px)

Citation preview

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

Osnovana 1922

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

11111999992222222 -- 22220000011144goooddddiiinnnii

Број 167 www.mchamber.mk 20.02.2014

„Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој”

БЕНЕФИТОТ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ ЕВИДЕНТЕН,

НО ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА

„Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат

нивни добавувачи“

БИЗНИС ИНФО2

ПОДВЛЕЧЕНО четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Интересно е што странците генерално именуваат домашни арбитри. Јас сум бил арбитер во десетина арбитражи и од моето искуство произлегува дека исходот на спорот воопшто не зависи од националноста на арбитерот. Тоа значи дека арбитрите многу водат сметка за квалитетот на одлуките, за почитувањето на правото. Искуството покажува дека странците имаат доверба во нашите арбитри. Нема никаков проблем и ако странката инсистира на странски арбитер, но и тие се свесни дека тоа ги зголемува трошоците на постапката. Досега сме немале проблем ни со спроведувањето на одлуките, без разлика дали станувало збор за домашна или странска компанија. Нема наша одлука што не била извршена во целост.

(Д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојниот суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во „Дневник“)

Гледано од перспективи за развој на Кроациа Осигурување –Живот, можам со задоволство да констатирам дека 2013 година ќе ја одбележиме како најуспешна година во работењето, мерено по клучните показатели на успешно деловно работење. Изминатата 2013 година ќе ја паметиме како година кога Кроациа Осигурување –Живот ја зазеде лидерската позиција на пазарот по бруто полисирана премија. Што се однесува до бројот на склучени договори, веќе неколку години наназад го имаме доминантното учество, со над 50 отсто од пазарниот удел. Согласно официјално објавените податоци, заклучно третиот квартал минатата година, Компанијата има 45 отсто од пазарот согласно остварена бруто полисирана премија и 57 отсто од вкупниот број на продадени полиси за животно осигурување во Р. Македонија. Ова јасно говори дека македонските граѓани во Кроациа препознаваат стратешки партнер за донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Долгорочно, наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови. Она на што ние како Компанија посветуваме големо внимание е постпродажната услуга кон клиентите, вклучувајќи го и процесот на решавање на пријавени штети. Задоволството на нашите Осигуреници ни е најмеродавен показател колку сме успешни. Нашата понуда на производи е, пред се, адаптирана на условите на македонскиот осигурителен пазар и преференциите на граѓаните. Во најголем дел тоа се производи кои ги нуди нашата матична куќа, Croatia Osiguranje d.d. Загреб, но прилагодени на потребите на македонските граѓани. Покрај ценовната прифатливост, која ја воведовме како одговор на намалената економска активност на целокупната светска економија, па и на македонското стопанство, будно го следиме пазарот, очекувањата и потребите и адекватно одговараме со разновидна понуда на производи. Веруваме дека класичното животно осигурување секогаш ќе го има водечкото место во нашето портфолио, иако постојано работиме на унапредување на понудата и прибижување до преференциите на клиентите и потребите на пазарот. Основа во нашата стратегија за освојување на пазарот е иновацијата, при што секоја година понудуваме нов производ. Во 2014 година планираме да воведеме неколку нови производи. Почетокот на годинава го одбележиме со долгонајавуваниот производ Cro Link, линкуван производ кој ги спои бенефициите на нашата компанија и Стопанска Банка а.д. Скопје. Станува збор за производ кој досега не и е познат на нашата, но и на пошироката регионална јавност. Сепак, цврсто веруваме дека со него ќе понудиме новитет кој значително ќе влијае на порастот на премијата за животно осигурување, бидејќи, пред се, е креиреан да ги задоволи потребите на секој наш граѓанин. (Вилма Учета Дузлевска, генерален директор во „Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје во „Фактор“)

ОСНОВА ВО НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ Е ИНОВАЦИЈАТА

СТРАНЦИТЕ ГЕНЕРАЛНО ИМЕНУВААТ ДОМАШНИ АРБИТРИ

БИЗНИС ИНФО 3

ПОДВЛЕЧЕНО четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Иако извозот на свежо грозје во последните години има пораст, сè уште нема нагло зголемување на насадите со лозја, што се должи на фактот дека сè уште има недовршени работи околу откупните и пакирните центри, кои се неопходни за непречен и квалитетен извоз на трпезното грозје. Во меѓувреме новите насади се подигнати од сорти кои се атрактивни за пазарите, како дел од безсемените сорти. Што се однесува на насадите од вински сорти, засега повторно стагнира производството, дури може да се забележи и одредено намалување на производството и покрај зголемената побарувачка од винарските визби. Воведувањето на одреден ред во откупот и обврската за плаќање во одреден рок, ги смирија тензиите околу откупот и се очекува да се зголеми производството. Исто така не би требало да ги заборавиме и субвенциите кои ги добиваат лозарите со што лозарското производство станува поатрактивно.

(Д-р Михаил Петков, од Катедрата за винарство и лозарство при Факултетот за земјоделски науки и храна во „Фактор“)

Морам да признаам дека се што ќе се произведе во текот на еден ден, тоа и се троши. Никогаш досега не ни се случило да произведеме повеќе и тоа да остане. Успехот во бизнисот, особено во нашиот сектор, е секогаш да бидете во можност на потрошувачите да им понудите тазе и свежи производи. Среќни сме што многу луѓе доаѓаат во Палма само за да купат боза или боровоница, лимонада, шприцер, кој е мешавина од боза и боровница или лимонада. Тоа што нашите муштерии постојано и постојано се враќаат кај нас и ги користат нашите производи, не прави навистина горди. Тајната на нашите кондиторски производи е во уникатноста. Мајсторите-слаткари кои се задолжени за нивното производство се трудат на производите да им дадат посебен белег, печат, нешто по што ќе се разликуваат од останатите кондиторски производи. Сите наши артикли кои ги нудиме се уникатни и ние веќе со децении се трудиме тоа така и да остане. (Бекир Бајрам, еден од сопствениците на слаткарница „Палма“)

ИЗВОЗОТ НА СВЕЖО ГРОЗЈЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ИМА ПОРАСТ

НУДИМЕ УНИКАТНИ АРТИКЛИ

Постојан избран суд - Арбитража

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност.

Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

Osnovana 1922

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ИНФО4

ТРИБИНА четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со финансиска поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија, ја организираа меѓународна конференција на тема „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој” (18.02.2014 година). На конференцијата, која се одржа во скопскиот хотел „Александар Палас“, присуствуваа повеќе од 200 правници, адвокати, економисти, претставници на бизнис-секторот, судии, како и домашни и странски експерти од областа на арбитражното право. Со оглед дека ЦЕФТА- договорот се залага за создавање на зона на слободна трговија, функционирањето на арбитражата е од битно значење за брзо, ефикасно, едноставно и поевтино решавање на трговските спорови меѓу компаниите на земјите-членки на ЦЕФТА. -Во 2011 година, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија беше подложен на организациски и нормативни промени, кои беа проследени со интензивирани активности насочени кон промовирање на неговата работа. Беше усвоен нов сет на нормативни акти кои се насочени кон зајакнување на Арбитражата и постигнување на нејзина поголема автономија. Постојаното зголемување на бројот на предмети пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, брзото и ефикасно завршување на поведените постапки и големата стапка на доброволно извршување на донесените одлуки од страна на самите странки, говорат за високиот квалитет на постапките, стручноста и објективноста на арбитрите, како и за погодноста на арбитражата како метод на решавање спорови кои произлегуваат од меѓународната трговија, - истакна д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Арбитражниот суд при Постојаниот избран суд - Арбитража е надлежен за решавање на одреден спор доколку странките тоа го договориле – со вметнување на арбитражна клаузула во главниот договор што го склучуваат странките, со склучување на арбитражен компромис, но во практиката се` почесто и со размена на тужба и одговор на тужба во кои едната странка го наведува постоењето на арбитражната спогодба, а другата странка не го негира тоа. Сите спорови чија вредност на предметот на спорот не надминува 30.000 евра ги решава арбитер-поединец, додека за споровите чија вредност го надминува износот од 30.000 евра е предвидена надлежност на арбитражен совет составен од тројца арбитри, освен ако странките најдоцна во рок од 15 дена по доставувањето на тужбата до тужениот изречно не се договориле за спротивното.

БЕНЕФИТОТ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ ЕВИДЕНТЕН,

НО ПОТРЕБНО Е ШИРЕЊЕ НА АРБИТРАЖНАТА КУЛТУРА

Конференција за „Арбитражата во ЦЕФТА-

регионот во насока на унапредување на економскиот развој”

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

ТРИБИНА

Сите одлуки на Постојаниот избран суд - Арбитража во Република Македонија се досега извршени. Лани имавме 5-6 предмети, а успеавме да завршиме и трговски спор кој „тежеше“ 9 милиони евра и тоа за неполна година дена. Ваквата ефикасност во решавањето на предметите на странките им овозможува заштеда на време, со оглед што ваков спор кај редовните судови би траел сигурно 5 до 6 години и што е уште позначајно – трошоците за целата постапка се значително пониски, - нагласи д-р Арсен Јаневски. Според д-р Михајло Дика, претседател на Постојниот Арбитражен суд при Стопанската комора на Хрватска, неопходно е во регионот да се прошири арбитражната култура, бидејќи користењето на нејзините услуги се` уште е на ниско ниво. -Всушност, се работи за организирање на приватно судење, на кое странките сами избираат кој ќе им го реши спорот. Во просек, имаме од 30 до 110 спорови годишно, а просечната цена на споровите изнесувала од 40 до 130 милиони евра. Само за илустрација, во хрватските судови седат заглавени трговски спорови во вредност од 10 милијарди евра заради спорото одлучување. Нивната разрешница би била сосема подруга кога странките би ја користеле арбитражата, – подвлече д-р Михајло Дика, кој важи за еден од најголемите стручњаци за арбитража во регионот. – Арбитражите во регионот ќе бидат конкурентни во однос на судовите, само доколку ја зголемиме меѓусебната соработка и го форсираме знаењето. Гостинот од Хрватска спомена дека е потребно да се зголеми арбитрабилноста сегде каде што е тоа можно, на пример, на имотно- правните, работните и потрошувачките спорови. Го посочи примерот на Владата на Хрватска која препорачала сите институции кои се поврзани со државата да ги користат услугите на Арбитражата или на Центарот за медијација при Стопанската комора на Хрватска. -Одличен потег би бил отворањетро на можност за брзо решавање на споровите, што би се рекло - забрзана арбитража, за спорови со ниска вредност, - подвлече Дика. М-р Ахмет Касуми, претседател на Постојниот арбитражен трибунал при Стопанската комора на Косово, смета дека нема доволна медиумска покриеност на делувањето на арбитражите во регионот, на што мора во наредниот период посебно да се поведе сметка. Тоа директно влијае и на приливот на странските директни инвестиции. Ниту една посериозна компанија од странство нема да дојде да инвестира, доколку утврди дека не функционира арбитражата. Едноставно, тие сакаат да имаат дискретност во решавањето на споровите, - забележа Касуми. Црногорското искуство во областа на арбитражата зборува дека дури 90 отсто од споровите во кои се користеле нејзините услуги биле со странски елемент. Тоа значи дека само еден од 10 случаи е со домашни правни лица. Затоа, и Веско Божовиќ, претседател на Надворешно-трговската арбитража и на Постојаниот избран суд при Стопанската комора на Црна Гора, спомена дека треба да се работи на нови прописи со кои ќе се иновира арбитражата согласно меѓународните искуства, постојана едукација, промоција и – агресивен маркетинг. Тоа би требало да биде патот кон зголемување на користењето на нејзините услуги. Д-р Алеш Галиќ, член на Претседателството на Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора на Словенија, спомена дел од новите светски трендови во областа на арбитражата: натамошно зајакнување на делувањето на арбитражните институции, зголемена ефикасност, акцент на тешки случаи, арбитражна експедитивност... -Битно е да не се копираат обврзувачки правила. Детализирањето може лесно арбитражата да ја доближи до редовните судови, – нагласи д-р Алеш Галиќ. На конференцијата за низа аспекти на арбитражата зборуваа и стручни лица од факултетите, гости, правници и претставници од бизнисот.

Саво Пејчиновски

БИЗНИС ИНФО6

МОЖНОСТИ четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа деловна средба „ Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, чиј иницијатор беше Владата на Република Македонија заедно со трите стопански комори (17.02.2014 година). На оваа средба пред преполнетата сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обрати првиот економски тим на Владата, предводен од премиерот м-р Никола Груевски, заедно со м-р Зоран Ставревски, потпретседател и министер за финансии, м-р Владимир Пешевски, потпретседател задолжен за економски прашања, како и Ваљон Сараќини, министер за економија. - Следствено на нашите политики за интензивно подобрување на бизнис-условите почна да расте бројот на странски директни инвестиции и компании, но степенот на нивната деловна соработка со македонските е незадоволителен и постои простор за унапредување. За да се случи тоа, потребна е комуникација и волја за соработка. А, клучниот бенефит од таквата соработка ќе биде двостран и огромен, а ќе придонесе за помали трошоци за производство, транспорт и увоз, заштеда на време, размена на технологии, знаења и вештини, поголема конкурентност, освојување нови пазари, реинвестирање, - истакна м-р Никола Груевски пред присутните деловни луѓе. – Од тие причини македонските компании треба со сите сили да се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава. Од претставниците на Владата беа истакнати многу причини поради кои е потребно да се воспостават поблиски релации и деловни партнерства меѓу странските и домашните компании. -Првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се

ПОТРЕБНА Е КОМУНИКАЦИЈА И ВОЛЈА ЗА СОРАБОТКА,

ПРВИОТ ЧЕКОР Е НАПРАВЕН

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа деловна средба „ Бизнис-поврзување на странските

инвеститори во Република Македонија со домашните компании

кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“

БИЗНИС ИНФО 77четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

МОЖНОСТИ презентираат можностите и понудите на домашните. Македонија ќе биде домаќин и поддржувач на ваквиот процес. Остануваме доследни на заложбите за отвореност кон бизнис-заедницата. Нашата мисија останува иста – водењето бизнис во Македонија да биде лесен, брзорастечки и профитабилен процес. Во такви околности, напредок и развој ќе има секоја компанија што работи и опстојува во државава, - подвлече Груевски, најавувајќи во тој правец и ангажирање на странска консултантска агенција. Според м-р Зоран Ставрески, целта на привлекувањето на странските директни инвестиции е остварување на одредени макроекономски ефекти, но и нивно преточување на микро план. Странските и домашните компании треба да бидат компатибилни, а не да си конкурираат. - Има и позитивни примери во тој правец. Белгиската компанија „Ван Хул“ за изработка на ентериерите на своите автобуси користи делови и материјали произведени во Македонија, посочи Ставрески. – Тој пример треба да го следат и останатите. Минатата година 50 милиони евра се реализирани од услугите на македонските компании кон странските што е сериозна и охрабрувачка бројка. Во оваа комуникација треба да се вклучат и банките и финансиските институции, бидејќи во таков случај пласманот на парите е далеку посигурен. Колку таа синергија е значајна покажува и фактот дека до 2015 година бројот на вработени во странските фирми кои работат во слободните зони, од очекуваните годинешни 6.500 да се удвои и да достигне околу 13.000. М-р Владимир Пешевски, посебно порача дека соработката на домашните компании со странските вложувачи во земјава е всушност замена на извозот. Затоа, тие треба да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании кои работат во земјава. Заедно со нив можат да остварат технолошки напредок, како и воведување современи менаџерски знаења. .А, кога еднаш ќе се стане добавувач на странска компанија, тогаш е полесен и патот кон странските пазари. - Природно е дека целиот тој процес веројатно ќе се случува во наредните 20 години, но патот мора да се изоди, да се направи првиот чекор, а тоа е да се воспостави таа сорабортка со странската компанија, – издвои Пешевски. Ваљон Сарачини истакна дека економскиот раст не значи ништо ако обичниот човек не ги почуствува придобивките, а токму тоа е целта на Владата. На пристурните деловни луѓе, актуелниот министер без ресор на Република Македонија, задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, им ги презентираа потребите на дел од странските компании кои работат во земјава. По завршувањето на официјалниот дел на средбата, се одржаа билатерални средби на кои се разговараше и се договараше за идната деловна соработка.

Саво Пејчиновски

БИЗНИС ИНФО8

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

На барање нa Меѓународниот монетарен фонд во Република Македонија, на 17.02.2014 година, во Стопанската комора на Македонија, Менно Снел, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд одржа состанок со претставници на високото

раководство од неколку банки, за кои ММФ достави барање до Здружението на банкарството. На средбата учествуваа: НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Стопанска банка, Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија. На состанокот присуствуваа и резидентниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд, Патрик Гитон и советникот на извршниот директор, Методиј Хаџи-Васков. На состанокот беше даден осврт нa банкарскиот сектор во Република Македонија, со посебен акцент на трендовите и состојбите, условите на кредитниот пазар и изгледите за кредитен раст. Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството и претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка потенцираше дека во Република Македонија има долгорочна макрокоеномска стабилност, пораст на БДП од 3%, стабилност на девизниот курс и ниска инфлација од 2,8%, коишто претставуваат главни предности во домашната економија. Претседателот на Здружението на банкарството во оваа прилика ја истакна добрата состојба на банкарскиот сектор, укажувајќи на високата стапка на адекватност на капиталот, растот на штедните влогови за 7% и на кредитите за 6%. Заменик-претседателот на Здружението на банкарството и претседател на Управниот одбор на Охридска банка, г-ѓа Јитка Пантучкова, укажа дека законската рамка во РМ е во целост усогласена со европските регулативи и дозволува натамошен развој на финанскиот пазар. Притоа, додаде дека Република Македонија е добар пример за успешно надминување на финансиската криза, што пред се` се должи на одличниот дијалог меѓу монетарната и фискалната власт. Во иднина, врз основа на макроекономската стабилност, сите присутни претставници на состанокот, од горенаведените банки, истакнаа дека очекуваат кредитен раст, особено на кредитите насочени кон претпријатијата.

Јасмина Апостолоска

СЕ ОЧЕКУВА КРЕДИТЕН РАСТ, ОСОБЕНО ЗА КОМПАНИИТЕ

Средба на Менно Снел, извршен директор на ММФ со високи

претставници на банки од Република Македонија

БИЗНИС ИНФО 99четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Во рамките на Проектот за инвестиции во чиста енергија, на 19.02.2014 година во Стопанската комора на Македонија се одржа Втората средба на чинители и засегнати страни во областа на обновливи извори на енергија.

На оваа средба, претставниците на фирмите-членки на Групацијата на обновливи извори на енергија, заедно со претставници на институциите и на научната јавност имаа можност изворно да ги споделат и заеднички да ги продискутираат информациите и регулативите за натамошен развој на инвестициите во обновливите извори на енергија, особено во малите хидроелектрани, истакна Самир Латиф, директор на Проектот. На работната средба беа дадени тематски презентации за: • Новиоттендерзаконцесијазакористењенаводазапроизводствонаелектричнаенергијаод80малиХЕЦ; • АнализатаипредлозитезапроменивоповластенататарифазапроизведенаелектричнаенергијаодХЕЦ; • Променитевомрежнитеправилазадистрибуцијанаелектричнаенергијаи • Нацрт-насокизапоедноставувањенапостапкитезаинвестирањевоОИЕ. Во насоките на надминување на проблемите кои инвеститорите ги имаат во пракса, односно за олеснување на постапките за инвестирање во ОИЕ беше предложено во тендерскиот договор и во договорот за концесија да се предвиди отстапка од рокот од 3 години за пуштање во производство на ХЕЦ во случај на одржување избори, Министерството за транспорт и врски да организира информативни сесии / обуки за општинската администрација за примена на прописите, општините да стават приоритет во своите буџети на набавка на соодветни средства за оваа намена, преку дијалог да се најде решение за ситуацијата во која се наоѓаат дел од инвеститорите во фото-волтаици кои потпишале изјава за откажување од повластена тарифа, како и во Агенцијата за катастар на недвижности да се овозможи централизирано поднесување на барања за добивање податоци и документи потребни на инвеститорите. Овие средби, во интерес на квалитетна регулатива за инвестирање во обновлива енергија ќе продолжат да се реализираат квартално, заедно со партнерите во Проектот, ИФЦ и Стопанската комора на Македонија.Перо АвакумовскиЗорица Мешкова

ПРЕДЛОЗИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Проект за инвестиции во чиста енергија

БИЗНИС ИНФО

ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 16710

На иницијатива на претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, a во организација на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола на 13 и 14 . 2.2014 година се одржаа работни средби во Тирана и Драч.Притоа, се водеа разговори со амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, со претседателот на Трговско-индустриската комора на Драч, Андреа Џавара, со директорот на Пристаништето во Драч Селим Белортаја и со градоначалникот на Општина Драч, Ванѓуш Дако. Повеќечлената делегација беше предводена од страна на претседателите на Регионалните комори од Прилеп и Битола, Симон Наумоски и Мирко Велкоски, во придружба на градоначалниците Марјан Ристески од Прилеп и Ѓоко Стрезоски од Ресен. Целта на работната посета беше да се интезивира економската соработка на компаниите од двата региони, да се зголеми искористување на услугите на пристаништето од Драч и се презентираат условите за инвестирање во Пелагониски-Преспанскиот регион. На 13.02.2014 во Тирана се одржа работна средба со нашиот амбасадор Стојан Карајанов, кој ги информираше присутните членови на делегацијата за економската соработка и трговска размена меѓу двете земји, како и за можностите за нејзино зголемување. Тој посебно нагласи дека од албанска страна постои голем интерес за соработка со Македонија на база добрите политички односи и географската местоположба, истакнувајќи дека од страна на албанските компании постои тенденција голем дел од италијанските производи кои се присутни на албанскиот пазар да се заменат со производи од Македонија. Од страна на претседателите на регионалните комори, амбасадорот беше информиран за конкретната соработка на повеќе компании од овие региони, како што се „Витаминка“,Прилепска пивара, Мермерен комбинат и „Дониа“ од Прилеп, печатницата „Киро Дандаро“, млекарата „Би-Милк“ и квасарата од Битола и „Свислион-Агроплод“ од Ресен. На 14.02.2014 година во Драч се одржа работна средба со претседателот на Трговско-Индустриската комора, Андреа Џавара, а компаниите имаа и билатерални на кои се договараа за идната соработка. Андреа Џавара се заблагодари за посетата на регионалната делегација и изрази големо задоволство за неговиот краток престој во Македонија и средбата во Стопанската комора на Македонија која се остварила на ден 10.02.2014 година.Тој укажа дека Трговско-индустриската комора од Драч поради местоположбата на градот и услугите од пристаништето, претсатвува најактивна, највлијателна комора во Албанија и изрази голема желба тесно да соработува со регионалните комори од Прилеп и Битола. Договорено е за кратко време да се потпише и Меморандуми за соработка. На средбата со директорот на пристаништето Драч, Селим Белортаја делегацијата од земјава беше опширно информирана за инвестиционите зафати во пристаништето и модернизација на истото со можност за кратко време да го приспособат и за прием на бродови со тешки товари. Тој изрази желба до крајот на овој месец да биде извршена презентација на услугите на пристаништето пред македонските компании во Стопанската комора на Македонија. На средбата со градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако, градоначалниците на Прилеп и Ресен имаа опширно излагање за своите општини, како и за економските потенцијали и природни ресурси со кои тие располагаат.Договорена е наредна средба меѓу градоначалниците да се одржи во Македонја со цел да се прошири соработката, не само на економски, туку и на културен и спортски план.

Ристо Најдоски

Во организација на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола посета на Трговско-

индустриската комора на Драч во Албанија

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

На 16 .02.2014 година на сцената во новиот Македонски народен театар,се одржа манифестацијата „МРТ за најдобрите“ на која националниот сервис МРТ им додели признанија на најуспешните во 19 категории. Во категоријата „Град на годината“ престижното признание го доби градот Прилеп за постигнатите резултати во 2013 година. За време на гламурозната свеченост во новиот МНТ, признанието го прими градоначалникот Марјан Ристески. Во знак на балгодарност за несебичната подршка на градоначалникот и општината за постигнатите резултати во 2013 година, претставници на Регионална комора со седиште во Прилеп беа поканети да присуствуваат на свеченото доделување на наградата „МРТ за најдобрите“. На свеченоста, покрај претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон

Наумоски присуствуваа и дел од членовите на Управниот одбор.. Ристо Најдоски

На 14.02.2014 во општината Македонски Брод, се одржа работна средба на Регионалната комора со седиште во Кичево со градоначалникот Милосим Војнески. Претеседателот на Регионалната комора Кичево, Игор Соколески на средбата со градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески ја презентираше иницијативата за економска соработка на фирмите од регионот, при тоа нагласувајќи ги карактеристиките и сличностите во стопанството. Градоначалникот, Милосим Војнески ја поздрави иницијативата за посетата на општината Македонски Брод, при што ја изрази подготвеноста за понатамошна соработка со локаната самоуправа и направи краток осврт на сегашната економска слика на Македонски Брод каде веќе по долги години се отвараат затворените капацитети за производство, како фабриката за воена опрема „Сумбро трејд“, погонот за производство на Коро чаевите и минералната вода Планинаска од изворот Крапа, а исто така се промовира и природните ресурси на општината. На средбата учествуваа и фирми-членки од градовите Кичево

и Македонски Брод, пред кои беше претставена индустриската Зона во Македонски брод каде се веќе продадени 5 парцели и се очекува од почетокот на март да почне соработа фабрика за преработка и производство во дрвната индустрија. Заеднички се заклучок да оваа средба стане покрет за занает што ке се врати во иднина со континуитет на економската соработка на стопанствениците од регионот, како и соработката со локалната самоуправа во Македонски брод.

Дијана Лазороска

четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРИЛЕП „ГРАД НА ГОДИНАТА“

ДОГОВОРЕНА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ФИРМИТЕ

Манифестација „МРТ за најдобрите“ во 2013 година

Во Македонски Брод се одржа работна средба

на Регионалната комора Кичево со градоначалникот

на Македонски Брод

БИЗНИС ИНФОПРОЦЕСИ

четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 16712

Одржана првата обука во рамките на Проектот: Претприемништвото – иднината на студентите

САМОВРАБОТУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ПРАКСА

Студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, имаа можност да присуствуваат на првата обука на тема поврзана со кредити за самовработување и развој на мали претпријатија, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (13.2.2014 година). Обуката ја одржа Дарко Стефановски, претставник од Македонската банка за поддршка на развојот, кој го сподели своето богато искуство со студентите преку бројни примери од праксата. Во наредниот период студентите ќе имаат можност да присуствуваат на уште неколку обуки на теми поврзани со стекнување презентациски вештини, маркетинг трикови и користење социјални мрежи за промоција на производи, пишување бизнис-план, како и

обуки од областа на интелектуалната сопственост. Како активен поддржувач на студентите во процесот на приспособување на барањата на пазарот на трудот, Стопанската комора на Македонија на 27.01.2014 година потпиша Меморандум за соработка со Студентскиот парламент

при УКИМ. Со потпишувањето на овој меморандум и официјално започнаа активностите поврзани со Проектот: Претприемништвото – иднината на студентите. За учество во Проектот беа избрани 50 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои имаат можност да учествуваат на обуките што ги организираат Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент, во соработка со претставници од бизнис-секторот. По комплетирањето на обуките, десет студенти ќе продолжат во наредната фаза – менторство и ќе имаат можност да поминат три недели во неколку компании-членки на Комората, како и во банки кои ја изразија својата поддршка на Проектот.

Симона Ристоска

БИЗНИС ИНФО

Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Стопанска комора на МакедонијаExcellent SME Македонија„Димитрие Чуповски“ 131000 Скопје

T: (02) 15 0 15Ф: (02) 32 44 071E: [email protected]:excellent-sme.mchamber.mk

Скенирај и дознај повеќе

Веб-сертификат EXCELLENT SME

БИЗНИС ИНФОПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 16714

Напредни банкарски

технологии од Шпаркасе Банка

НОВ МОДЕЛ НА БАНКОМАТ СО НАЈСОВРЕМЕНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ

Шпаркасе Банка го претстави новиот модел на банкомат кој овозможува граѓаните да добијат голем број услуги кои ги добиваат и во една експозитура . Kлиентите на Банката преку новиот банкомат ќе можат да ги добијат следниве услуги: •Уплатанатрансакцискасметкаповрзанасодебитнакартичка; •УплатанадолгпокредитнакартичканаШпаркасеБанка; •Уплатанадневенпазарнатрансакцискасметкаповрзанасобизнисдебитнакартичказаправнилица; •Подигнувањенаготовина. Покрај овие услуги, новите банкомати ќе ја овозможат и услугата менување странска валута (ЕУР) во денари, за износи до 500,00 евра. Банкоматот овозможува брза услуга 24 часа, како и реализација на налозите без провизија. --Со новиот модел на банкомати повторно ги ставаме нашите клиенти на прво место, овозможувајќи им разновидност на услуги на брз, едноставен и ефикасен начин без ограничување во било кое време. Банкоматот им заштедува време на граѓаните и го поедноставува процесот на добивање повеќе услуги одеднаш. Оваа можност ја постигнавме благодарение на одличната синергија на нашиот извонреден професионален тим и употребата на најсовремените банкарски технологии во нашето работење. Банкоматите на Шпаркасе Банка во земјава, не се единствените банкомати на кои нашите клиенти ќе можат да ги користат новите и напредни услуги, туку на располагање им се и повеќе од 14.000 банкомати на Шпаркасе и Ерсте Групацијата во 10 земји од Југоисточна Европа на кои може да подигнат готовина без провизија со дебитна картичка. - изјави Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе Банка. Новиот банкомат овозможува уплатените средства да се искористат веднаш за извршување на плаќања преку системот за електронско банкарство, како уплата на рата за кредит, плаќање на режиски трошоци и други налози. Банката ја промовираше и софтверската апликација „S-Токen“, која служи за идентификација на корисникот преку мобилен телефон за најава и верификување на плаќањата во системот за електронско банкарство “NetBanking” за физички лица. Единствено што е потребно за користење на оваа услуга е еднократно инсталирање на апликацијата на Вашите “smartphone” мобилни телефони. При секое понатамошно користење на апликацијата не е потребен пристап на интернет ниту користење на дополнителни уреди, што овозможува лесна, едноставна и практична употреба. Услугите кои ги нуди новиот банкомат ќе бидат достапни во Централата на Банката, а до крајот на 2014 година ќе бидат поставени вкупно 6 банкомати од ваков тип. До крајот на 2018 година . планирано е постоечката мрежа на банкомати на Банката да биде заменета со новите напредни банкомати. Банката и во иднина ќе продолжи со надградување на своите услуги и ќе ги развива своите производи, се со цел да се имплементираат современите светски трендови и да се задоволат потребите на клиентите.

(Шпаркасе Банка)

БИЗНИС ИНФО

Македонски Телеком стана првата компанија

во Групацијата Дојче Телеком со мрежа

целосно базирана на интернет протокол

(АЛЛ ИП)

Винер – Виена Иншуренс Груп во јануари остварила бруто полисирана премија од дури

140 милиони денари

СЕКОЈ КОРИСНИК ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ УСЛУГИТЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА - БРЗО,

КВАЛИТЕТНО И ЕФИКАСНО

НАЈДОБРИОТ ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА

Македонски Телеком го префрли и последниот корисник на новата ИП мрежа со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (АЛЛ ИП). Со инвестиција од 13 милиони евра, во тек на изминатите 25 месеци, се овозможи мигрирање во новата мрежа на 290.000 линии, објави на прес-конференција во Скопје менаџментот на компанијата. - Резултатот е значително намалено време на пласирање на производите од една до две години, на две недели, некогаш и неколку дена, а исто така и значително намалување на трошоците. Во Македонија заштедуваме 10 евра по корисник годишно. Главната заштеда всушност произлегува од енергетските заштеди бидејќи ги елиминиравме сите подвижни елементи, исто така намалено плаќање кон нашите добавувачи, а исто така заштедуваме и трошоци за персонал за одредени технички услУги, рече Клаудија Немат, член на Одборот на Дојче Телеком за Европа и технологија. Клаудија Немат наведува дека нивната инвестиција била во подобрување на корисничкото искуство. - Не станува збор за пониски цени, туку апсолутно за подобро корисничко искуство. Во овој случај, потребни се дури и дополнителни инвстиции во информатичката технологија и за креирање нови процеси кои што ќе овозможат беспрекорно функционирање на мрежата, рече Немат. Придобивката за деловните корисници, појасни, е тоа што со ИП трансформацијата може да се нарача широкопојасен интернет на барање со брз и лесен пристап до него. Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком, истакна дека преку новата ИП платформа, буквално секој нивен корисник ќе може да ги користи услугите на новата генерација, брзо, квалитетно и ефикасно. - А тоа е и нашата цел, преку вложување во новите технологии, да овозможиме најдобро корисничко искуство. ИП ги брише географските граници и е основа за сите идни услуги, а Македонски Телеком е многу напред, не само во регионот, туку и во рамките на Европа, и горди сме заради тоа, рече Маиерхофер. ИП технологијата користи интернет протокол за пренос на говор, што овозможува користење услуги од новата генерација. ИП мрежната технологија овозможи воведување Интернет по потреба, целосно нов концепт кој им овозможува на корисниците онлајн да нарачаат пристап на интернет со голема брзина секогаш кога им е потребен со само еден клик.(МИА)

Винер – Виена Иншуренс Груп објави дека во месец јануари остварила бруто полисирана премија од дури 140 милиони денари, со што го забележала убедливо најдобриот почеток на годината во историјата на компанијата. Од компанијата уште информираат дека остварената премија е речиси двојно поголема од истиот период минатата година. Според Генералниот директор на Винер Осигурување, д-р Зоран Нарашанов, остварениот рекорден резултат се должи на целосната ориентираност на деловните процеси на компанијата кон задоволството на клиентите. -Нашата програма `(О)Сигурен во Винер`, која се заснова на три основни постулати – беспрекорно брзо решавање на штетите, фер цена за секого и пријатни изненадувања за нашите клиенти беше одлично прифатена од граѓаните и компаниите, кои во сè поголем број ни ја даваат довербата да се грижиме за нивната сигурност.“ – изјави по овој повод Нарашанов. Инаку, според резултатите од осигурителниот пазар во Македонија за минатата година, Виена Иншуренс Груп ја заврши годината како убедлив лидер, со бруто полисирана премија од 1 милијарда и 414 милиони денари. Групацијата, која важи за водечки осигурувач на просторот на Централна и Источна Европа, на домашниот пазар е присутна преку Винер Осигурување од 2009-та година.

(Винер – Виена Иншуренс Груп)

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА 15четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

БИЗНИС ИНФО16

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

ПРОГРАМА

„Закон за финансиска дисциплина”I. НАВРЕМЕНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ1. Вовед 2. Општи одредби3. Носители на финансиска дисциплина

II. ЈУРИСДИКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА1. Деловни трансакции 2. Eкономски оператори3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор

III. ПОИМИ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ОВОЈ ЗАКОН1. Деловна трансакција2. Субјекти од јавен сектор3. Економски оператори од приватниот сектор4. Парична обврска5. Фактура6. Задоцнето плаќање7. Законска казнена камата8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор

IV. РОК ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ1. Kога должникот ја примил фактурата 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите

V . ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗА ДОЦНЕЊЕ1. Парични обврски кои не се исполнети во предвидениот рок 2. Право на камата 3. Делумно намирени парични обврски

VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО1. Финансиска инспекција во јавниот сектор

VII. ЗАКЛУЧОЦИ

Предавачи: 1. Љубомир Јорданов, државен советник во Министерството за финансии, член на Второстепената комисија за одлучување на решенија донесени од страна на Управата за јавни приходи 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансискиизмамиACFE;авторнакнигите„Даночнитезатајувањакакоформа на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 21.02.2014 година.

СЕМИНАР: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА“

25.02.2014 година 10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на

5-ти кат

Контакт лице : Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел:++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:[email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел:++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:[email protected]

БИЗНИС ИНФОчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167 17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

ПРОГРАМА

I. ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР1. Вовед 2. Општи одредби3. Предмет на Законот4. Значење на изрази употребени во овој закон

II. ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР1. Начело на законитост2. Начело на еднаквост, непристрасност и објективност3. Начело на материјална вистина4. Начело на сослушување на субјектите на надзорот5. Начело на самостојност6. Начело на јавност7. Начело на пропорционалност8. Начело на превенција9. Начело на субсидијарност

III. ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ1. Организација на инспекциските служби2. Раководење на инспекциските органи3. Права и должности на функционерот кој раководи со инспекторатот4. Инспекциски совет5. Делокруг на работа на Инспекцискиот совет

IV. СТАТУС НА ИНСПЕКТОРИТЕ1. Инспектори и услови за вршење на должноста инспектор2. Лиценца за инспектор3. Одземање на лиценца за инспектор4. Постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на инспектор5. Испит за инспектор

V. ПРАВА, ОБВРСКИ И ОВЛАСТУВАЊА НА ИНСПЕКТОРИТЕ1. Обврски на инспекторот2. Овластувања на инспекторот3. Права и обврски за отстранување на неправилностите4. Известување на надлежниот орган

VI.ПРАВА И ОБВРСКИ НА СУБЈЕКТОТ НА НАДЗОРОТ1. Општа обврска на субјектот на надзорот

2. Обврска на субјектот на надзорот во постапката на инспекцискиот надзор3. Права на субјектот на надзорот во постапката на инспекциски надзор4. Одговорни лица во постапката на вршење на надзорот

VII.ПОСТАПКА НА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

VIII. Заклучоци

Предавачи: - д-р Лидија Рајчевска, јавен обвинител, Основно јавно обвинителство заорганизиранкриминалнаРепубликаМакедонија;- доц. д-р Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, членнанајголематаАсоцијацијазафинансискиизмамиACFE;авторнакнигите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 24.02.2014 година.

СЕМИНАР: „НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР”

26.02.2014 година 10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти

кат

Контакт лице : Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел:++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:[email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел:++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:[email protected]

БИЗНИС ИНФО18

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Керамика:•мозаик,плочкизакупатилаикујни;•кади,џакузи,тушкабини;•мебелзабањи;•сауни,турскибањиинивнаопрема;•хидромасажери;• керамичкиплочиимашини за нивнаобработка;•хемикалии,лепила;•печкизакерамика;• мебел за кујни, вградени апарати иапарати за кујна.

Мебел за градини:• мебел за градина од дрво, кованожелезо;•градинарскидекорации;•нишалки,вештачкиезера,водопади;•скари,саксии,клупи;•природникамења,мермер,гранит,вештачкикарпи;•градинарскицвеќиња,природниивештачкитревници;•косилкиибазени.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 26.02 до 02.03 2014, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.

Обезбедени се:- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00до14:00ч.;- локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 14.02.2014 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: http://www.unicera.com.tr/ или контактирајте не`.

Даниела Михајловска Марија Петроска тел. 02 3244 021 тел.02 3244 017 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 факс:02 3244 088 [email protected] [email protected]

UNICERA 2014, KITCHEN WORLD 2014 и GARDEN WORLD 2014 ВО ИСТАНБУЛ

Oд 26.02 до 2.03 2014 година во Република Турција ќе се одржат значајни саемски

манифестации

БИЗНИС ИНФОчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167 19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Австрија организираат бизнис средба и презентација на австриски компании во следниве области: •Технологијазазаштитанаживотнатасредина-пречистителнистаницизавода •Технологијазабезбеденпреноснаподатоцизаиндустрискиапликации •Индустрискаавтоматизацијаиавтоматизацијанапроцеси •Управувањесокомуналенииндустрискиотпад Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 4 март 2014 година (вторник), во 13:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, на 5 кат, сала бр. 1. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на бизнис средбите (B2B), на кои ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и понатамошна бизнис комуникација. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои австриски компании би сакале да стапите во контакт.

Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Во рамките на 13-то издание на Меѓународниот саем “Expokos 2014”, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 17 мај 2014 година во Приштина, посебно внимание е посветено на Саемот за мебел каде како излагачи на околу 5.000 м2 затворен простор ќе бидат презентирани разни видови производи од дејноста мебел: ласерски машини за дрво, цврста обработка на дрво, мебел за домот и канцелариски мебел, паркет, дрвени подови, куќи од дрво, украси од дрво. На Саемот ќе учествуваат компании од Косово, регионот и пошироко. • Градежништво: градежни материјали, градежни системи и опрема, монтажни зграда, помошна опрема за индустријата, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, керамика, врати и прозорци, обработка и украси од метал, изградба на патишта, за рециклирање итн. • Енергија и рударство: индустрија за електрична енергија, алтернативни извори на енергија (ветар, вода, сончевата енергија, гас, ладно масло), станици на гас итн. • Техника: комора за обезбедување квалитет, мерни инструменти, машини за мерење, аналитички апарати, автоматски и роботизирани, индустриски машини и металургија, леење, опрема за метали и неметали, хемиска индустрија и пластика, производство на телекомуникациска и транспортна опрема итн. • Недвижен имот и услуги со недвижен имот: архитекти, банки, сопственици, агенции за недвижен имот, инспектори, експерти за кредитна анализа, инженери, компании за заштита на животната средина, инвеститори, инвестициони и финансиски планери, дизајнери на ентериер, компании за животно осигурување итн.

Презентацијата на Саемот за мебел во рамките на “EXPOKOS 2014” ќе се одржи на 5 март 2014 година (среда), во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Со оглед на интерактивниот карактер на настанот, оставена е можност за остварување на одделни средби со менаџментот на Саемот по завршување на презентацијата. Пријавување до 3 март 2014 година.

Контакт: Даниела Михајловска Василевска, тел: 02 32 44 021 моб: 072 22 00 37 [email protected]

БИЗНИС СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И АВСТРИСКИ КОМПАНИИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА: МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО РАМКИTE НА “EXPOKOS 2014” ВО ПРИШТИНА

На 4 март 2014 година во Стопанската комора на

Македонија

На 5 март 2014 година бесплатна

презентација

БИЗНИС ИНФО20

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Манифестацијата е составена од два дела.

1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА на производи за: • енергетска ефикасност: енергетско-ефикасна опрема, штедливо осветлување и бои, системи на топлински пумпи, котларници,комбинирани топлински, електрични и пречистителни станици, гасни мотори за когенеративни постројки, технологии и уреди за складирање енергија;• биомасаибиоенергија:машинизапроизводствонакотлизазагревањекоикористатбиогориваибиомаса,опремазапалети(преси,дробилки, мелници, ладилници, сушилници, котли), преработка на биолошки отпад (ферментирање на органски отпад и други остатоци за постројкинабиогаситн.);• одотпаддоенергија:термичкаобработканаотпадсодиректносогорување;• соларнаенергија:фотоволтаичнимодули,автономниихибриднисистеми,загревањеводасосоларнаенергијаихидронскипроизводизазагревање,инвертори,трансформаторииинженерство;• хидроенергија:турбиниималихидроцентрали;• автоматскисистемизаконтроланаобјектиисистемизауправувањесообјекти;• Е-мобилност,ИКТзапаметниградови,телеметријаителематика;• управување со отпад: преработка на отпад/рециклирање – машини за балирање, машини за одделување на отпад, машини заекструдирање, машини за сечење, собирање и одделување на отпад, постројки за рециклирање, системи за компостирање, преработка и уништувањенаопасенотпад,подвижнилентиипреси,системизамерењетежинаиидентификација;• услуги:деловносоветување,финансирањеиинвестирањевопроекти.

Влезот на саемот е бесплатен! На Саемот како излагачи присутни се домашни компании, а доминира учеството и на странски производни фирми од 13 земји - Австрија, Кина, Чешка, Данска, Германија, Италија, Полска, Романија, Словенија, Шведска, Швајцарија и Холандија.

2. БИЗНИС-ФОРУМИ2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад” Сесија - Европски ден за управување со отпад Сесија - Од отпад до енергија

2.2. Бизнис-форум „Енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија” Сесија - Централно греење и ладење Сесија - Паметни градови

2.3. Бизнис-форум за „Лифотви на Балканот” Сесија – „LIFTBALKANS”

За Саемот се обезбедени: •бесплатенвлезнаСаемот; •бесплатникаталозисокомплетнопортфолионаизложувачите; •деловнисредбисоизложувачитенабарањенакомпанијакојаќесепријавизапосетанасаемскатаманифестација; •презентацијанапримеротнаknow-howодАвстријастациониранвонивниотпавилјонвоорганизација на Трговска комора на Австрија во Бугарија.

Пријавување до 28.02.2014 година. За повеќе информации посетете го сајтот: http://viaexpo.com/en/pages/ee-re-exhibition

Контакт: Даниела Михајловска Василевска Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 32 44 021 Тел: ++ 389 23 244 048 Моб: ++ 389 72 295 439 Факс:++ 389 2 32 44 088 Факс:++ 389 2 32 44 088 E-адреса: [email protected] E-адреса: [email protected]

ФОРУМ И САЕМ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕКОЛОШКА

ЕНЕРГИЈА И ПАМЕТНИ ГРАДОВИ 2014

Од 5 до 7 март 2014 година, во

Софија, Р. Бугарија

БИЗНИС ИНФОчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167 21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве поканува да учествувате на 5-то издание на веќе традиционалните брокерски настани, што ќе се одржат на 7 март 2014 година во Сплит, Република Хрватска, за време на Меѓународниот саем „Туризам ГАСТ 2014”. Брокерскиот настан за туризам „ГАСТ“ стана традиција за сите наши компании и партнери. Повеќе од 100 бизнисмени успешно учествуваа во брокерските настани минатата година, а повеќето од нив ќе се вратат повторно оваа година.Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ, и се надеваме дека ова ќе Ве охрабри да ги отворите Вашите бизнис-хоризонти кон оваа земја во потрага по нови партнери и пазари. Сплит е домаќин на овој меѓународно познат саем за гастрономија во изминатите 20 години, а брокерскиот настан ќе се одржи традиционално, како дел од овој саем. Саемот се смета за најважен гастрономски настан во Хрватска на кој што се претставуваат производители и трговци на храна, пијалаци, хотели и опрема за угостителство и е препознатлив како клучно место за логистика за склучување договори.

Ова ќе биде уникатна можност за задоволување на меѓународните компании за обезбедување услуги во различни сектори:-тур-операторииагенти;-хотели,мотелиикампување;-здравјеиспа-центри;-агроиекотуризам;-активентуризам;-сообраќај (автобус, железнички и воздушен);-осигурувањеифинансирање;-инвестирањевотуризмот;-угостителскиобјекти:хранаипијалаци;-понудаипобарувачканагастрономскипроизводи;-интернет-туризам и др.

Придобивки за Вашата компанија:-идентификацијанановипотенцијалнипартнерипредрегистрацијазадасеобезбедиефикасност;-дасезголемибројотнановиконтактипрекупретходнозакажаниделовнисредби;-дасезапознаатновипотенцијалнипартнериидасеразвијатиднипартнерства;-добивањеподдршкаодEnterpriseEuropeNetwork;-слободенвлезза„ГАСТ“;-учеството на брокерскиот настан е бесплатно.

Контакт:Лазо АнгелевскиЕвропски информативен и иновативен центарСтопанска комора на МакедонијаТел: ++ 389 2 3244090Факс: ++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ „ГАСТ“

На 7 март 2014 година, во Сплит, Република Хрватска

БИЗНИС ИНФО

Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании. Истиот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. На површина од 45.000 м2 во 6 хали, ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, ќе се претстават со своите производи: • модеренмебел; • мебелзадневнисоби; • спалнисоби; • трпезарии,маси,столици; • класиченмебел,софи,фотелји; • ткаенинизамебел; • украсизамебел; • постелнини; • осветлување; • дизајнери; • здруженијазамебел; • детскисобиизатинејџерисостандардкревети; • медицински/ортопедскикреветиидр.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5 до 7 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатносместување,двеноќевањасопојадок(вореномиранхотел)CheckInод12:00до14:00ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 23.02.2014 година.

Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.

Даниела Михајловска Сашо Деспотоски тел. 02 3244 021 тел.02 3244 089 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 факс:02 3244 088 [email protected] [email protected]

„MODEKS 2014“ ВО БУРСАOд 5 до 7 март 2014 година, Саем за готов мебел и декорација на мебел и

украси, во Република Турција

22

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

БИЗНИС ИНФОчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167 23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на саемот ќе имаат можност да ги видат разните видови изложени производи.

Прозори: Прозорскипрофили,ПВЦпрофили,алуминискипрофили,дрвенипрофили;механизмиирачкизапрофили;шаркизапрозори,лизгачкисистеми, безбедносни системи за прозори; машини за заварување и за обработка; пневматски системи, прозорски системи; вентилација запрозорци;ролетни;материјалзаизолациизапрозорци,лепила,фасаднисистеми,изолациизатопло,завода,звукипожар.

Врати: Врати;ПВЦврати;челичниврати;стаклениврати;дрвениврати;вратазагаражи;ротационаврата;панелврата;вратаодкованожелезо;индустрискиврати;секцискаврата;блиндиранаврата;хидрауличнаипневматскаврата;вратизаболници;лизгачкаврата;вратизавозила;рамкизаврата;автоматскаврата;електронскисистемзаврата;механизамзаавтоматскаврата

Стакло: Рамно, повеќе слојно, темперирано стакло, стакло за автомобил, стакло отпорно на пожар, витраж, стакло за огледало, матирано, медицинскостакло;кристалирачноизработеностакло,лабораторискостакло,оптичкостакло,декоративнистакленипредмети,конкавностакло;машинизаобработка;засечењенастакло;материјалзаизолацијанастакло;завртки;резервниделови,хемикалии,лепило,двоенозастаклување,калциум оксид, молекуларни сита, полупроизводи, бои за стакло, сода, течни стакла.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.

Обезбедени се: -бесплатносместување,двеноќевањасопојадок(вореномиранхотел)CheckInод12:00до14:00ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2014 година. За повеќе информации за ISTANBUL WINDOW 2014 -посетете ја веб страната http://www.istanbulwindowfair.com/ или контактирајте не`.

Даниела Михајловска Перо Авакумовски тел. 02 3244 021 тел.02 3244 048 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 факс:02 3244 088 [email protected] [email protected]

„WINDOW 2014“, „GLASS EXPO 2014“ И „DOOR EXPO 2014“ ВО ИСТАНБУЛ

Од 12 до 15 март 2014 година, Саем за

прозори, стакло и врати во Република Турција

БИЗНИС ИНФО24

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговско-индустриската комора на Украина Ве покануваат да земете учество на Македонско-украинскиот бизнис-форум. Со оглед на одлично воспоставените политички и бизнис-односи меѓу Македонија и Украина овој бизнис-форум претставува можност македонските компании да воспостават директна бизнис-соработка со украинските компании од различни стопански дејности, со цел да ја засилат и продлабочат билатералната економска соработка меѓу Македонија и Украина. Украина е огромени потенцијален пазар за македонските компании кои сакаат да извезуваат и да соработуваат со компании од оваа земја, која има над 47 милиони жители и континуирано бележи економски раст.

Домаќин на Бизнис-форумот меѓу македонските и украинските компании ќе биде Трговско-индустриската комора на Украина во Киев. Форумот ќе се одржи на 24 април 2014 година во Киев, Украина.

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ На 24 април 2014 година во Киев, Украина

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ и Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија, ве покануваат да земете учество на Првиот бизнис-форум насловен како „Индија со земјите од Централна Европа”. Бизнис-форумот ќе се одржи во периодот од 27-28 март 2014 година во Њу Делхи, Индија. Целта на Форумот е обезбедување платформа која би иницирала нов дијалог на заедништво и синхронизација на економската агенда, секторската соработка и деловно поврзувањето меѓу компаниите од Централна Европа и Индија. Иницијативата би се фокусирала главно на следните сектори: инфраструктура, „чисти и зелени” технологии, фармација, технологии за животната средина, банкарски и финансиски услуги, образование и прехранбена индустрија. Организатори на Бизнис-форумот се Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија. Бизнис-форумот ќе се реализира според следната предлог-агенда:

бизнис-конференција;•сесијапопријавенисектори;•сесијазасекојапријавеназемја;•тркалезна маса со амбасадори и •извршнидиректори;деловни средби.•

За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес за учество, со пополнување на Пријавниот лист кој може да се превземе од веб - порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk , до 17 февруари 2014 година.

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

“ИНДИЈА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕРОПА” (27-28 март 2014 година, Њу Делхи, Индија)

Бизнис-форум

БИЗНИС ИНФО

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто.

Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки.

Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

ПОВИКчетврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167 25

БИЗНИС ИНФО

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Модули на доживотно учењеАкредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

БИЗНИС ИНФО

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Модули на доживотно учењеАкредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

Бизнис центарот за тренинг и обука во наредниот период започнува со реализација на втората група од Акредитираната програма „Готвач во угостителски објект“ како дел од програмите за образование на возрасни, по успешно спроведување на првата група од 11 учесници. Програмата за доживотно учење „Готвач во угостителски објект“ е дел од Акредитираните програми од Министерството за образование и наука кои нудат обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Учесниците во првата група од програмата „Готвач во угостителски објект“ успешно ги комплетираа теоретскиот дел кој се спроведе во просториите на Стопанската комора на Македонија и практичниот дел во хотел „Александар Палас“ под менторство на најпознатиот македонски готвач – Љупчо Гиевски. Теоретската и практичната настава им овозможија да се стекнат со знаења и вештини кои подоцна ги имплементираа и во реални услови. По завршувањето на часовите предвидени со практичната настава учесниците продолжија со практична работа исто така во рамките на хотел „Александар Палас“ која што дополнително ги подготви за предизвиците на кулинарството и ги надогради нивните вештини.

Уписите за втората група кои ќе имаат можност да учествуваат во оваа програма се во тек! Програмата започнува со реализација на 10 март 2014 година!

Бизнис центарот за тренинг и обука во наредниот период започнува со реализација на втората група од Акредитираната програма „Готвач во угостителски објект“

УПИСИТЕ ВО ТЕК – ПОЧЕТОК НА 10 МАРТ 2014 ГОДИНА

Борис Тримчев моб: 072 207 091

E-адреса: [email protected]

Симона Ристоскател: 02 32 44 067

E-адреса: [email protected]

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Турција заинтереисара е да соработува со медицински установи во Република Македонија за пласман на стерилизатори и друга болничка опрема.Валидност дo: 26.3.2014 година

Компанија од Пакистан бара застапник во Република Македонија за продажба на постелнина.Валидност дo: 30.3.2014 година

Компанија од Хрватска бара соработка со текстилни фабрики кои произведуваат кошули во Република Македонија.Валидност дo: 30.3.2014 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и нисконапонски линиски изолатори.Валидност дo: 30.3.2014 година

Компанија од Норвешка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на соларната енергија со можност за пласман на соларни панели.Валидност дo: 30.3.2014 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични кеси, еластична и

нееластична фолија за пакување на прехранбени производи (грицки, слатки, сладолед и др.).Валидност дo: 8.3.2014 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да откупува метален отпад од Република Македонија.Валидност дo: 8.4.2014 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата.Валидност дo: 8.5.2014 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

28 четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија на опрема за угостителство.Валидност дo: 8.4.2014 година

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија на системи на полици за складирање на производи. Валидност дo: 8.3.2014 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински препарати.Валидност дo: 8.5.2014 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува ориз од Република Македонија.Валидност дo: 9.3.2014 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

соларни панели и друга опрема.Валидност дo: 9.4.2014 година

Компанија од Хрватска бара да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за плсаман на гумени прстени.Валидност дo: 9.3.2014 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на валјаци за боја.Валидност дo: 9.3.2014 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на прозорци.Валидност дo: 9.4.2014 година

Турска компанија нуди истражувачки и развојни технологии за финални корисници кои се вклучени во производство на системи за лифтови, контрола

на индустриска и воена електроника.Валидност дo: 10.3.2014 година

Хрватска компанија бара соработка со македонски компании во дејноста на телекомуникации, инсталација, монтажа, инженерство и проектирање.Валидност дo: 10.3.2014 година

Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со македонски компании за обновливи извори на енергија и животна средина.Валидност дo: 10.4.2014 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

29четврток, 20 Февруари 2014, Бр. 167

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, [email protected]

Дизајн и графичка обработкаСтево Серафимов

тел: : (02) 3244032, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

http://www.youtube.com/user/MKChamber

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

http://www.youtube.com/user/MKChamber

http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители