32

Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd
Page 2: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Глобално годишно планирање

за наставата по ПРИРОДНИ НАУКИ за V одд за 2010/2011год.

Реден број на

тема

Наставни теми

Нова наставна единица

Вежбање, проверување и утврдување

Система-тизација

Вкупно Време на реализација

I ПРИРОДА И ПРИРОДНИ НАУКИ 3 2 1 6 IX

II ПЛАНЕТА ЗЕМЈА 6 7 1 14 IX, X, XI

III МАТЕРИЈА И ЕНЕРГИЈА НА ЗЕМЈАТА 9 10 1 20 XI, XII, I, II

IV ОРИЕНТАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА 5 8 1 14

III, IV

V ЕКОЛОГИЈА И РАЗНОВИДНОСТ НА ЖИВИОТ СВЕТ

8 9 1 18 IV, V, VI

ВКУПНО: ПРВО И ВТОРО ПОЛУГОДИЕ 31 36 5 72

Page 3: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште: ”Предмет: Природни наукиОдделение: VНаставник:

Наставна тема 1: ПРИРОДА И ПРИРОДНИ НАУКИ

Ред. бр. на час

Структура на темата Време на реализација

1. Вовед- Запознавање со целите, содржините и начинот на работа

1 - IX

2. Природни науки, предмет на изучување и значење 1 - IX

3. Постапки во проучување на природата 2 - IX

4. Вежби и повторување 2 - IX

5. Вежби и повторување 3 - IX

6. Систематизација на темата- Природа и природни науки 3 - IX

Цели на темата:Ученикот / ученичката:- да се запознае со предметот на проучување на секоја од природните науки;- да ја разбере меѓусебната поврзаност на природните науки;- да ги разбере постапките во природо-научното истражување (набљудување, претпоставка, обид, мерење, собирање податоци, споредување податоци, приказ на податоци);- да изработува план на истражување;- да набљудува и да користи постапки за набљудување;- да предвидува промени и процеси кај природните објекти; - да ги забележува промените и процесите и да ги опишува со свои зборови;- да го објаснува влијанието на надворешните услови врз природните објекти и процеси;- да мери физички величини на природни објекти;- да изработува и да чита табела и график со податоци;

Page 4: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 1

Вовед- Запознавање со целите, содржините и начинот на работа

Целиученикот/ученичката:-да се запознае со целите на наставата по природните науки (зошто ќе учи), содржините (што ќе учи), начинот на работа (кои упатства ќе ги добива), преку кои активности ќе учи (постапки низ кои ќе ги усвојува знаењата и ќе се здобие со потребните способности и вештини);-да разбере како, кога и со кои начини инструменти и критериуми ќе биде оценувано неговото знаење и напредување;-да се запознае со наставните средства: учебник, компјутер и други извори на знаење, како и начините како ќе ги користи;

Активности- Усно објаснување од страна на наставникот за целите и содржините на наставата по природни науки- Разгледување на учебник, енциклопедија, можности за пребарување преку компјутер- Усно објаснување за инструментите и критериумите што ќе се користат за оценување на напредокот на учениците

Наставни средства- учебник, компјутер, ЦД проектор, глобус, географска карта, вага, линијар, лупа, огледало, батерија, ножички и друг материјал и прибор

Средства и постапки за проверка на знаењата

4

Page 5: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 2

Природни науки – предмет на изучување и значење

Целиученикот/ученичката:-да го осознае предметот на проучување на секоја од природните науки;-да ја разбере меѓусебната поврзаност на природните науки и професиите во кои тие се важни;

Активности- Усно објаснување од страна на наставникот за предметот на проучување на секоја од природните науки (биологоја, хемија, физика, географија);- Разгледување на природен материјал од страна на учениците, презентација на слики, разгледување на географски карти и глобус, магнетизирање на железо; - Дискусија по извршеното набљудување;

Наставни средства- географска карта, глобус, природен материјал: свеж или конзервиран од растенија и животни;- разновидна графика: цртежи, шеми, фотографии, видео и ТВ-филмови, ЦД со презентација, слики од природа и природни појави, енциклопедија и др.

Средства и постапки за проверка на знаењатаСе следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност и заинтересира-ност, вклученоста во дискусијата и позитивниот став кон зачувување на природата.Следење на самостојностаУсна повратна информација

5

Page 6: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 3

Постапки во проучување на природата

Цели за часовите 3, 4 и 5ученикот/ученичката:-да ги разбере постапките во природонаучното истражување (набљудување, мерење претпоставка, обид , собирање податоци, споредување на податоци и нивен приказ) -да изработува план за истражување;-да набљудува користејќи сетила и инструменти, прибор и апарати;-да предвидува промени и процеси кај природни објекти;-да ги забележува промените и процесите и да ги опишува со своизборови или да прави скица (цртеж);-да го објаснува влијанието на надворешните услови врз природните објекти и процеси;-да мери физички величини на природни објекти (време, температура, должина, маса);-да изработува и да чита табела и график со податоци;

Активности- Прикажување на видео записи за природата и како таа се истражува од научниците од различни природни науки.- Објаснување на фази во истражување на природен објект, појава, природен процес и друго.- Читање на текстови за интересни пронајдоци од областа на природните науки.

Наставни средства- видео и ТВ-филмови, компјутер, ЦД- проектор; - енциклопедија и друг напишан материјал од различни списанија;

Средства и постапки за проверка на знаењатаСе следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност и заинтересира-ност, вклученоста во дискусијата.Следење на самостојноста во работатаУсна повратна информација

ЗабелешкаСекој ученик да постави обид: да стави во две тацни на памук зрна од пченица да изникнат или да засади грав во две саксии за истражување на услови за развивање на растенијата.

6

Page 7: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 4

Вежби и повторување

Цели за часовите 3, 4 и 5ученикот/ученичката:-да ги разбере постапките во природонаучното истражување (набљудување, мерење претпоставка, обид , собирање податоци, споредување на податоци и нивен приказ) -да изработува план за истражување;-да набљудува користејќи сетила и инструменти, прибор и апарати;-да предвидува промени и процеси кај природни објекти;-да ги забележува промените и процесите и да ги опишува со своизборови или да прави скица (цртеж);-да го објаснува влијанието на надворешните услови врз природните објекти и процеси;-да мери физички величини на природни објекти (време, температура, должина, маса);-да изработува и да чита табела и график со податоци;

Активности / Истражување- Определување на услови за растење и развивање на растенијата (растение без вода и растение со вода)- Читање текст за избраното истражување и презентација од страна на наставникот, предвидување.- Предвидување на промените кај двете растенија и поставување хипотеза.- Набљудување на две изникнати растенија (грав или пченица).

Наставни средства- Саксии со две растенија (грав или пченица);

Средства и постапки за проверка на знаењатаСе следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност при извршување-то на зададените задачиСледење на самостојноста во работатаУсна повратна информацијаТочноста на дадените одговори

7

Page 8: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 5

Вежби и повторување

Цели за часовите 3, 4 и 5ученикот/ученичката:-да ги разбере постапките во природонаучното истражување (набљудување, мерење претпоставка, обид , собирање податоци, споредување на податоци и нивен приказ) -да изработува план за истражување;-да набљудува користејќи сетила и инструменти, прибор и апарати;-да предвидува промени и процеси кај природни објекти;-да ги забележува промените и процесите и да ги опишува со своизборови или да прави скица (цртеж);-да го објаснува влијанието на надворешните услови врз природните објекти и процеси;-да мери физички величини на природни објекти (време, температура, должина, маса);-да изработува и да чита табела и график со податоци;

Активности / Истражување- Мерење на должина со линијар на стебло и броење на листови кај грав или броење на изникнати зрна кај пченица.- Следење на промени во текот на една недела, набљудување со лупа.- Цртање на настанатите промени кај растението (форма, големина и боја на лист, и стебло)- Мерење маса на двете растенија со вага.- Запишување на добиените податоци во табела.- Средување на податоците табеларно и со графикон или со скици.- Читање на податоците.- Проверување на предвидувањата, заклучување и дискусија.

Наставни средства- саксии со две растенија (грав или пченица); - лењир, вага, лупа, сад за полевање вода;- тетратка, молив, плакатна хартија, фломастери за изработка на приказ од истражува;- компјутер за изработка на табела и графикон;- Фотоапарат за фотографирање на објектите во обидот;

Средства и постапки за проверка на знаењатаСе следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност и одговорност при извршувањето на зададените задачиСледење на самостојноста во работата при изработка на табелата и графиконотУсна повратна информација

8

Page 9: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 6

Систематизирање на темата број 1:Природа и природни науки

Цели ученикот/ученичката:-да ги објаснува предметот на изучување на секоја од природните науки;-да ги препознава фазите на истражувањето во природните науки;-да го препознава едноставниот прибор за истражување и мерење во природните науки и да умее правилно да го користи;-да ја познава намената на основните нагледни средства во природните науки: географска карта, глобус, компас, лупа, лењир, вага, термометар, градуирана стаклена чаша, мензура и друго;

Активности - Усно поставени прашања од страна на наставникот на кои учениците даваат свои одговори.- Пополнување на графички организер за фазите од кои се состои истражувањето во природните науки.-Изработка на табела , цртање на график по дадени податоци од страна на наставникот (пример: табела и график за температурата на воздухот за време од една седмица)

Наставни средства- географска карта, глобус, компас, лупа, лењир, вага, термометар, градуирана стаклена чаша, мензура и друго;- тетратка, молив, - Фотоапарат за фотографирање на нацртаните табели, графици и графички организери;Средства и постапки за проверка на знаењатаСе следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност и одговорност при извршувањето на зададените задачиСледење на самостојноста во работата при изработка на табелата и графиконотУсна повратна информација

9

Page 10: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Наставна тема 2: ПЛАНЕТА ЗЕМЈА

Ред. бр. на час

Структура на темата Време на реализација

1. Облик, големина на Земјата 4 - IX

2. Вежби и повторување 4 - IX

3. Земјини сфери 1 - X

4. Вежби и повторување 1 - X

5. Сончев систем 2 - X

6. Вежби и повторување 2 - X

7. Земјина ротација 3 - X

8. Вежби и повторување 3 - X

9. Земјина револуција 4 - X

10. Вежби и повторување 4 - X

11. Топлински појаси 1 - XI

12. Вежби и повторување 1 - XI

13. Вежби и повторување 2 - XI

14. Систематизација на содржините, примена на знаењето

2 - XI

Цели на темата:Ученикот / ученичката:- да го препознава и опишува обликот на Земјата со помош на глобус;- да ги набројува Земјините сфери;- да го објаснува составот на Сончевиот систем;- да стекне сознание дека Земјата постојано се движи;- да ја согледа привлечната сила на Земјата;- да ги разликува дневното и годишното движење на Земјата;- да ги препознава последиците од дви же њата на Земјата;- да ја разбере поврзаноста на Земјината револуција и топлинските појаси;- да ги набројува топлинските појаси;- да ја открива распространетоста на живиот свет во топлинските појаси.

10

Page 11: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 1

Облик, големина на Земјата

Цели

ученикот/ученичката:- да го препознава и опишува обликот на земјата со помош на глобус- да ги објаснува доказите за обликот на земјата- да ги осознае фактите за големината на земјата (нејзината површина)- да демонстрира на карта распоред на копно и вода; Активности

- прикажување на глобус за обликот на Земјата; - објаснување на докази за обликот на земјата- демонстрирање на карта за распоредот на копното и водата на Земјата;- дискусија за големината на земјата (нејзина површина)- изработка на графички организерНаставни средства

- глобус, географска карта

Поими

- планета, глобус

Задача за дома

- учениците да донесат: топка, варено јајце, јаболко и текст за патувањето на некој морепловецСредства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност, внимателност, и заинтересираност. Следење на самостојноста во работата, вклучувањето во дискусијата.Усна повратна информација

11

Page 12: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 2

Вежби и повторување за: Облик, големина на Земјата

Цели

ученикот/ученичката:- да го препознава и опишува обликот на земјата со помош на глобус- да ги објаснува доказите за обликот на земјата- да ги осознае фактите за големината на земјата (нејзината површина)- да демонстрира на карта распоред на копно и вода; Активности

- Усно кратко повторување за обликот и големината на Земјата преку прашања поставени од страна на наставникот; - Вежба: работа во пар: споредување на Земјата со топка, јајце или јаболко - Дискусија поврзана со вежбата- читање на текстови за формата на Земјата низ историјата;

Наставни средства

- глобус, географска карта, топка, јајце, јаболко, географска читанка

Поими

- планета, глобус

Задача за дома

- учениците да изработат модел на планетата 3емја со материјал по сопствен изборСредства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, нивната ангажираност, внимателност, и заинтересираност.Точноста во давањето на одговориСледење на работата во пар, вклучувањето во дискусијата.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

12

Page 13: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 3

Земјини сфери

Цели

ученикот/ученичката:- да ја опишува површината на Земјата- да ги набројува земјините сфери редоследно- да ги знае причините поради кои Земјата се разликува од другите планети Активности

- Дискусија преку поставени прашања за изгледот на површината на Земјата- Усно објаснување од страна на наставникот за внатрешната градба на земјата- Изработка на план на табла

Наставни средства

- глобус, географска карта, слики, енциклопедија, цртежи

Поими

- земјини сфери, земјина кора, обвивка на јадрото, земјино јадро

Задача за дома

- учениците да донесат пластелин во различни бои или блокче и дрвени боичкиСредства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Точноста во давањето на одговориВклучувањето во дискусијата и точноста на исказите кои ги дава.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

13

Page 14: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 4

Вежби и повторување за:Земјини сфери

Цели

ученикот/ученичката:- да ја опишува површината на Земјата- да ги набројува земјините сфери редоследно- да ги знае причините поради кои Земјата се разликува од другите планети Активности

- Усно кратко повторување за земјините сфери, нивната местоположба и нивната големина преку усно поставени прашања од страна на наставникот- Самостојна работа: секој ученик изработува модел на земјини сфери со материјалот кој го донел во училиште- Учениците вршат меѓусебно оценување на изработените модели и својте констатации ги запишуваат во својата тетратка

Наставни средства

- пластелин во различни бои или блокче и дрвени боички

Поими

- земјини сфери, земјина кора, обвивка на јадрото, земјино јадро

Задача за дома

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Точноста во давањето на одговориОсобено се обрнува внимание на успешноста во самостојната работа. Акцентот се става на меѓусебното формативно оценување преку три скали: одлично направено,многу добро направено и добро направено, со што учениците додатно се мотивираат и притоа развиваат чуство на критичност.

14

Page 15: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 5

Сончев систем

Цели

ученикот/ученичката:- да ги набројува планетите во сончевиот систем редоследно- да објаснува значењето на сонцето за животот на Земјата- да набројува други небесни тела-да разликува ѕвезди од планети Активности

- Разговор со учениците за сончевиот систем (сонцето како ѕвезда и планетите околу него) користејќи ги нивните предзнаења- Усно дополнување од страна на наставникот за сончевиот систем и другите небески тела- Пополнување графички организер на табла

Наставни средства

- графика за сончев систем, модел на сончев систем, енциклопедија, слики, фотографии и др.

Поими

- сонце, сончев систем, сателит метеор, комета, телескоп

Задача за дома

- учениците да донесат пластелин во различни бои, различни топчиња, иглички, стиропор или хамер и дрвени боичкиСредства и постапки за проверка на знаењатаСе следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Вклучувањето во дискусијата и точноста на исказите кои ги дава.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

15

Page 16: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 6

Вежби и повторување за:Сончев систем

Цели

ученикот/ученичката:- да ги набројува планетите во сончевиот систем редоследно- да објаснува значењето на сонцето за животот на земјата- да набројува други небесни тела-да разликува ѕвезди од планети Активности

- Усно кратко повторување за сончевиот систем и другите небески тела- Работа во групи: изработка на модел на сончев систем на хамер или со пластелин

Наставни средства

- хамер, дрвени боички или фломастери, пластелин или друг материјал

Поими

- сонце, сончев систем, сателит метеор, комета, телескоп

Задача за дома

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност и заинтересираност. Особено внимание се обрнува на работата во групите и соработката на учениците во неа за што тие добиваат усна повратна информација од страна на наставникот.

16

Page 17: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 7

Земјина ротација

Цели

ученикот/ученичката:- да стекне сознанија дека Земјата постојано се движи- да ги препознава и толкува последиците од земјината ротација- да ја согледа привлечната сила на земјата- да ја знае насоката на движење на земјата- да го опишува времетраењето на земјината ротација Активности

- Усно објаснување од страна на наставникот за земјината ротација - Демонстрација наобид од страна на наставникот со помош на глобус осветлен со сијалица за согледување на последиците од земјината ротација (ден и ноќ на планетата)- Пишување план на табла- Учениците писмено во своите тетратки одговараат на прашањата од учебникот “ Провери го знаењето” стр. 32

Наставни средства

- глобус, сијалица, графика, енциклопедија, слики, фотографии и др.

Поими

- ротација, дневно движење,

Задача за дома

- учениците да донесат предмети со различна тежина: топче, пердув, креда, клинче, лист хартија и др.Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Вклучувањето во дискусијата и точноста при одговарање на прашањата од учебникот.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

17

Page 18: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 8

Вежби и повторување за:Земјина ротација

Цели

ученикот/ученичката:- да стекне сознанија дека Земјата постојано се движи- да ги препознава и толкува последиците од земјината ротација- да ја согледа привлечната сила на земјата- да ја знае насоката на движење на земјата- да го опишува времетраењето на земјината ротација Активности

- Работа во групи на исти задачи: изведување на обид за докажување на привлечната сила на Земјата (фрлање на предмети со различна тежина во воздух и нивно паѓање на земјата)- Презентација на заклучоците од изведените експерименти- Дискусија

Наставни средства

- глобус, сијалица, топче, пердув, креда, клинче, лист хартија и др. Поими

- ротација, дневно движење,

Задача за дома

- учениците да донесат пластелин во различни бои или блокче и дрвени боичкиСредства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Особено внимание се обрнува на работата во групите и соработката на учениците во неа за што тие добиваат усна повратна информација од страна на наставникот

18

Page 19: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 9

Земјина револуција

Цели

ученикот/ученичката:- да го препознава и толкува годишното движење на Земјата- да ги набројува последиците од земјината револуција- да ги објаснува последиците од земјината револуција- да ги објаснува термините долгодневница, краткодневница и рамноденица- да го разликува дневното од годишното движење на земјата

Активности

- Усно објаснување од страна на наставникот за земјината револуција и последиците од неа- Демонстрација наобид од страна на наставникот со помош на глобус осветлен со сијалица за согледување на нееднаквото загревање на Земјата - Пополнување на графички организер- Учениците писмено во своите тетратки одговараат на прашањата од учебникот “ Провери го знаењето” стр. 35

Наставни средства

- глобус, сијалица, слики, фотографии, енциклопедија и др. Поими

- револуција, долгодневница, краткодневница, рамнодневница, орбита, еклиптика

Задача за дома

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Вклучувањето во дискусијата и точноста при одговарање на прашањата од учебникот.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

19

Page 20: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 10

Вежби и повторување за:Земјина револуција

Цели

ученикот/ученичката:- да го препознава и толкува годишното движење на Земјата- да ги набројува последиците од земјината револуција- да ги објаснува последиците од земјината револуција- да ги објаснува термините долгодневница, краткодневница и рамноденица- да го разликува дневното од годишното движење на земјата

Активности - Индивидуална работа: пополнување на наставно ливче- Учениците ги разменуваат наставните ливчиња во пар и меѓусебно ги проверуваат одговорите откако секое прашање од наставното ливче ќе биде усно и точно одговорено од страна на некој ученик- Дискусија за потешкотиите при пополнување на наставното ливче

Наставни средства

- наставно ливче. Поими

- револуција, долгодневница, краткодневница, рамнодневница, орбита, еклиптика

Задача за домаСекој ученик да донесе слики од животни и растенија што живеат во различни климатски услови

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се врши формативно оценување на самостојноста при одговарање на прашањата од наставното ливче, како и точноста на дадените одговори во него. Меѓусебната проверка на одговорите ќе допринесе за додатна мотивираност во учењето и постигнување на подобри резултати.Учениците на овој начин веднаш добиваат повратна информација за своите постигнувања.

20

Page 21: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 11

Топлински појаси

Цели

ученикот/ученичката:- да ги набројува топлинските појаси- да ја разбере поврзаноста на земјината револуција и топлинските појаси- да ја открива распространетоста на живиот свет во топлинските појаси- да ги објаснува разликите помеѓу топлинските појаси

Активности

- Усно објаснување од страна на наставникот за топлинските појаси на земјата проследено со демонстрација на карта и глобус- Индивидуална работа: а. секој ученик одредува топлински појас во кој се наоѓа нашата земјаб. секој ученик ги распоредува по топлински појаси сликите од растенија и животни што ги има донесено - Дискусија за причините поради кои одредени животни и растенија се населени во одреден топлински појас

Наставни средства

- глобус, географска карта, слики од различни растенија и животни Поими

- поларни кругови, жежок појас, умерен појас, студен појас

Задача за домаДа се донесе хамер и дрвени боички или фломастери

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Вклучувањето во дискусијата и точноста при одговарање на прашањата.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

21

Page 22: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 12

Вежби и повторување за:Топлински појаси

Цели

ученикот/ученичката:- да ги набројува топлинските појаси- да ја разбере поврзаноста на земјината револуција и топлинските појаси- да ја открива распространетоста на живиот свет во топлинските појаси- да ги објаснува разликите помеѓу топлинските појаси

Активности

- Кратко усно повторување за топлински појаси- Работа во групи: Изработка на цртеж за топлинските појаси на Земјата

Наставни средства

- глобус, географска карта, хамер, дрвени боици или фломастери Поими

- поларни кругови, жежок појас, умерен појас, студен појас

Задача за домаДа се направи албум од растенија и животни распределени по топлински појаси.Да се донесат слики од различни растенија и животни.

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците, внимателност, и заинтересираност. Точноста при одговарање на прашањата. Соработката во групната работа.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

22

Page 23: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 13

Вежби и повторување:Изработка на пано за топлински појаси

Цели

ученикот/ученичката:- да ги набројува топлинските појаси- да ја разбере поврзаноста на земјината револуција и топлинските појаси- да ја открива распространетоста на живиот свет во топлинските појаси- да ги објаснува разликите помеѓу топлинските појаси

Активности

- Кратко усно повторување за топлински појаси- Работа во групи: Секоја група изработува пано за топлинските појаси на Земјата со карактеристични растенија и животни што живеат во тие предели.

Наставни средства

- слики од различни растенија и животни, ножички, иглички, лепак и друг потребен материјал Поими

- поларни кругови, жежок појас, умерен појас, студен појас

Задача за дома

Средства и постапки за проверка на знаењата

Се следи целокупната активност на учениците заинтересираност и точност при извршувањето на зададените задачи. Точноста при одговарање на прашањата. Соработката во групната работа.Усна повратна информација која се дава тековно за да може ученикот да го согледа својот напредок.

23

Page 24: Godisno Tematsko Planiranje PRIRODNI NAUKI v -1 i 2 Temaodd

Час број 14

Систематизација на темата број 2:Планета Земја

Цели

ученикот/ученичката:- да ги утврди стекнатите знаења за содржините од темата Планетата Земја- да може да ги примени стекнатите знаења од изучените наставни содржини- да го објаснува обликот на земјата- да ги набројува: Земјините сфери, движењето на Земјата (ротација и револуција) и последиците од тоа, топлинските појаси и карактеристичните видови на растенија и животни во нив

Активности

- Индивидуална работа: Секој ученик индивидуално решава зададени прашања од контролен тест

Наставни средства

- Тест изработен во електронска форма Поими

- повторување на сите изучени поими

Задача за дома

Средства и постапки за проверка на знаењата

Ефикасноста во наставата и учењето наставникот ќе ја согледа по проверката на изработениот тест по кој ќе се изработи инструмент за проверување на постигањата на учениците – аналитички лист од кој ќе се согледа квантумот на совладани содржини и поими.

24