22
УНИВЕРЗИТЕТ ”ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ СЕМИНАРСКА РАБОТА ТЕМА: Превенција на вирусен хепатитис ,,B” Штип, 2013 Содржина Краток извадок..................................................... ............................................3 Abstract.................................................... ..........................................................4 Клучни зборови..................................................... ............................................5

Hepatitis b

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Hepatitis b

УНИВЕРЗИТЕТ ”ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИПВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ТЕМА: Превенција на вирусен хепатитис ,,B”

Штип, 2013

Содржина

Краток извадок.................................................................................................3

Abstract..............................................................................................................4

Клучни зборови.................................................................................................5

Key words...........................................................................................................6

Вовед............................................................................................................... ..7

Тематски поглавја и потпоглавја.....................................................................8

Заклучок............................................................................................................15

Користена литература.....................................................................................16

Page 2: Hepatitis b

Краток извадок

Вирусен хепатитис Б е акутно инфективно заболување од вирусна

етиологија кое се карактеризира со зафаќање на паренхимот на црниот

дроб, а се манифестира со жолтица. Резервар и извор на заразата

претставува човекот а болеста се пренесува по контактен пат преку крв или

полов однос. Болеста протекува во разни форми, од асимтоматски, лесни,

до тешки, а често поминува во хроницитет. Последица може да биде

цироза на црниот дроб или хепатоцелуларен карцином. Во однос на

превенцијата постои вакцина која е најдобра заштита како и користење на

стерилни шприцеви и игли бидејќи како што веќе напоменавме се

пренесува преку крвта на човекот.

Вирусен хепатитис Б 2

Page 3: Hepatitis b

Abstract

Hepatitis B virus is an acute infectious disease of viral etiology that is

characterized by involvement of the liver parenchyma, manifested by

jaundice.Reservoir and source of human infection is a disease spread by contact

by blood or sexual intercourse. The disease runs in various forms, without

symptoms, easy to difficult, and often passes into chronicity. Consequence may

be cirrhosis or hepatocellular carcinoma. In terms of prevention there is a vaccine

that is the best protection as well as the use of sterile syringes and needles

because as already mentioned, is transmitted through human blood.

Вирусен хепатитис Б 3

Page 4: Hepatitis b

Клучни зборови

1. Хепатит Б вирусот

2. HbsAg антиген

3. Вакцина

4. Крв и крвни деривати

Вирусен хепатитис Б 4

Page 5: Hepatitis b

Key words

1.Hepatit B virus

2.HbsAg antigen

3.Vaccine

4.blood and blood derivatives

Вирусен хепатитис Б 5

Page 6: Hepatitis b

Вовед

Вирусен хепатитис Б е акутно инфективно заболување од вирусна

етиологија кое се карактеризира со зафаќање на паренхимот на црниот

дроб, а се манифестира со жолтица. Ово заболување е застапено скоро

секаде низ светот, а застапеноста на бацилоносителството е со различен

интензитет во различни делови од светот. Болеста протекува во разни

форми, од асимтоматски, лесни, до тешки, а често поминува во хроницитет.

Последица може да биде цироза на црниот дроб или хепатоцелуларен

карцином. Често се среќава вирусоносителство. Резервар и извор на

заразата претставува човекот а болеста се пренесува по контактен пат

преку крв или полов однос. Личноста која е инфицирана со овај вирус може

да се излечи или пак да стане хронично болна личност што секако најмногу

зависи од староста а најмладите единки нај лесно се лечат. Оние

индивидуи кои што се хронично заболени остануваат такви цел живот и

Вирусен хепатитис Б 6

Page 7: Hepatitis b

можат да развијат активен хепатитис. По повеќе години може да се појават

проблеми како што се цироза и рак на црниот дроб.

Во однос на превенцијата постои вакцина која е откриена во 1982 година

која е најдобра заштита како и користење на презервативи при секој полов

однос како и користење на стерилни шприцеви и игли бидејќи како што веќе

напоменавме се пренесува преку крвта на човекот. Исто така е битно да се

знае деке може да се пренесе и од детето на мајката. Како последица од

прележан хепатитис Б може да биде долготрајно оштетување на црниот

дроб како и оштетување на дел од неговите секако витални функции за

правилно функционирање на организмот.

Тематски поглавја и потпоглавја

Етиологија и клиничка слика на вирусот

Вирусот кој предизвикува хепатитис Б претставува DNK вирус. Познат е под

името данеова честичка и истиот во себе содржи три вида на антигени како

што се : антигенот HBsAg е површински и иницира создавање на анти- HBs

антитело. Овој антиген се наоѓа во јадрото како и HBeAg кој стимулира да

се создадат анти HBe антитела. Во јадрото како и другите се наоѓа и HBcAg

кој исто така стимулира антитело. Наведените антигени и натитела

претставуваат маркери за овој вирус и според нив покрај тоа што може да

се направи етиолошка дијагноза може и да се одреди и стадиумот на

болеста според нивното специфично јавување односно времето и брзината

кога тие се појавуваат.

Вирусен хепатитис Б 7

Page 8: Hepatitis b

Вирусот HB исто така е многу отпорен а има и доста долг инкубационен

период кој може да достигне и до 6 месеци а просечно за инкубационен

период се смета време од 100 дена. Вирусот е доста издржлив на

надворешна средина и услови а исто така треба да се спомне и неговата

издржливост на одредени хемиски и физички фактори. Некој од средствата

за дезинфекција може да го инхибираат а додека во однос на

температурата тој може да остане активен во замрзната состојба

исклучително долг временски период а исто така може да биде инфективен

и при подолг престој во серум или некој хемиски препарати.

Клиничката слика на заболувањето битно не се разликува разликува од она

кај вирусниот ,, А” хепатитис. Во предиктеричната фаза може да се јави

еритематозен, макулопапулозен исип и уртикарија, а можни се и артраглии.

Тежината на болеста варира од лесни до тешки фулминантни облици. Кај

возрасните најчесто болеста завршува добро, но кај околу 10 % останува

вирусоносителството. Кај нив болеста може да поприми хроничен тек, со

можност цироза на црниот дроб или повеќе години да се јави хепато

целуларен карцином.

Кај некој луѓе нема симптоми на почетокот односно во текот на првата

фаза. Заболувањето започнува постепено. Може да помине како

аниктерична, иктерична, тешка и фулминантна форма.

- Аниктеричната форма на акутен хепатитис Ц се јавува почесто со

лесни облици на болеста и најчести симтоми се: повеќедневен замор,

болки во епигастриумот, гадење со ретко повраќање, болки во

зглобовите, поретко се јавува осип во споредба кај болните од акутен

hepatits B, зголемување на црниот дроб. Овие симптоми можат да

траат неколку дена, но можат да перзистираат и повеќе недели.

Симптомите можат да исчезнат и повторно да се појават во

наредните месеци.

Вирусен хепатитис Б 8

Page 9: Hepatitis b

- Иктеричната форма на акутен хепатитис Ц се манифестира со појава

на иктерус, малаксаност, анорексија, болка под десен ребрен лак,

зголемена телесна температура, болки во мускулите и зглобовите и

главоболки. Мокрачата е со кафеаво- црвена боја, бојата на

видливите делови од слузницата е жолта, а покасно пожолтува и

кожата, и чешање по кожата.

- Фулминантна форма на акутен хепатитис Ц се карактеризира со

висока фербилност, интензивен иктерус, знаци на крварење, губење

на интелектуалните финкции и дезириентација. Може да заврши со

оздравување или со смрт ако се развие сомноленција, сопор,

хепатална кома со немир, гастроинтестинално крварење и акутен

хепаторенален синдром.

Ако се појават симптоми тие обично вклучуваат жолтица ( ожолтување на

кожата и очите, темна урина, блед измет, замор, стомачни болки, губење на

апетит, гадење, повраќање и болки во зглобовите ).

Дијагностика

Дијагнозата може да се изврши на неколку начини а најчесто праку крвните

тестови треба да се одреди присуството на хепатитис Б антигените и

антителата кои што покажуваат дека лицето било изложено односно

инфицирано со HBV вирусот. Ако фрагменти од самиот вирус наречени

хепатитис Б површински антигени HBsAg се присутни повеќе од 6 месеци во

крвта тогаш лицето е хроничен носител на вирусот со можност да инфицира

и други луѓе. Од друга страна пак, присуството на антитела а отсуството на

антигени и по 6 месеци во крвта покажува дека испитуваното лице се

излекувало од инфекцијата. Кога веќе е дијагностицирана хронична форма

на хепатитис Б инфекцијата на лицето треба да му се вршат редовни

Вирусен хепатитис Б 9

Page 10: Hepatitis b

контроли и прегледи на црниот дроб. Правење на крвни тестови кои ги

вклучуваат и тестовите за работата на хепарот треба да се прават на секои

6 месеци.

Тестот за проверка на работата на хепарот го мери количеството на

одредени протеини или ензими во крвта кои пак покажуваат колку добро

хепарот си ја извршува својата функција. Ако пак лицето има цироза се

препорачува правење на ултра звучно скенирање на секои 6 месеци кое пак

од своја страна може да биде индикатор за појава на рак на црниот дроб.

Исто така и преку биопсија со земање на примерок од ткивото на хепарот

може да се определи степенот неговото оштетување. Исто така како важно

е да се напомене дека во дијагнозата помага и епидемиолошкиот метод

како податоци за некои медицински интервенции, должина на инкубацијата,

интравенски наркомани и сл.

Механизам и патишта на пренесување

Вирусот на хепатитисот ,, B” освен во крвта е најден во многу секрети и

ескрети на човекот. Сепак се смета освен крвта инфективно значење имаат

и плунката и спермата. Пренесувањето се остварува по директен пат и тоа

по директен и индиректен контакт. Директниот контакт се остварува со

полов однос и со вертикално пренесување од мајката на детето.

Сексуалното пренесување е значаен начин на остварување на

инфекцијата и често се случува заради големиот број носители на ХБ

вирусот. Посебно ризични групи се хомосексуалците, проститутките а и

брачните партнери на носителите на ХБ вирусот. Пренесувањето од

мајката на детето настанува или за време на бременост или пак за време

на породувањето.

Индиректниот контакт се остварува најчесто при некои инциденти

кога крв од инфициран се инкулира на здрав човек. Тоа се случува при

Вирусен хепатитис Б 10

Page 11: Hepatitis b

давање на инјекции, вадење крв, оперативни зафати, стоматолошки

интервенции и сл, кога ке дојде до случајно бецкање со игла или друг

медицински инструмент. Денеска кога најчесто се користат шприцеви, игли

и други медицински инструменти за еднократна употереба овој ризик е

минимален. Посебна ризична група представуваат интравенските

наркомани, кои користејки нестерилни игли и шприцеви ја шират

инфекцијата помеѓу себе.

Превенција и лекување на болеста

Оваа болест е распространета речиси во целоит свет. Голем број

годишно заболуваат од оваа болест а се смета дека дури и до неколку

милиони во светот умирааат од оваа болест. Превентивните мерки за

заштита од вирусниот хепатитис Б, можат да се поделат на општи и

специфични.

Во категорија на општи мерки се применуваат следните:

-Користење на игли и шприцеви за еднократна употреба, а инструментите

за повеќекратна употреба да се стерилизираат.

-Тестирање на потенцијалните дарители на крв.

-Лицата кои прележале вирусен хепатитис Б, не смеат да бидат донатори.

-Кај ризичните групи да се спроведе здравствено воспитување.

-Внимателна манипулација на здравстевните работници при работа со

-Користење на стерилана опрема при тетовирање и пирсање.

Вирусен хепатитис Б 11

Page 12: Hepatitis b

-Лицата кои се инфицирани не треба да им се дозволува да донираат крв

ниту пак органи или ткива. Бремените мајки пожелно е да направат ХБВ

тест. На бебиња родени од инфицирани мајки треба да им се даде Х-

БИГ( хепатитис Б имуно глобулин) и да се вакцинираат 12 часа по

раѓањето.

Ако се посомнева лицето дека можно е да било во контакт со инфицирана

личност или предмети треба веднаш да се јави на лекар за да се сузбие

можноста да се рашири инфекцијата.

Во категоријата на специфичните мерки се применуваат следните:

-Специфичната профилакса се споредува со специфична вакцина која

содржи HbsAg добиена со генетски инженеринг или рекомбинантна

техника.

-Постекспозиционалната имунопрофилакса се споредува кај новородени од

HbsAg позитивна мајка со : серум и вакцина. вакцина против ХБВ вирусот

претставува најдобра заштита од инфекција и треба д се изведува рутински

на возраст од 1- 18 година како и вакцинација на луѓе кои спаѓаат во групи

со висок ризик за заболување како интравенски корисници на дрога,

хомосексуалци, проститутки здравствени работници и сл.

-Селекција на доброволните дарители на крв и тестирање на секоја крвна

единица за присуство на HbsAg.

На вакцинација подлежат сите лица во здраствените и други организации

кои во вршењето на својата работа доаѓаат до непосреден контакт со

инфицирани луѓе и со инфективен материал ( крв, ескрети , секрети ).

Покрај овие лица, на ваксинација против хепатитис ,, B” подлежат и

следниве лица:

- болни на хемодијализа

- полови партнери HbsAg позитивни лица

- штитинеците на заводите за ментално ретардираните лица

- интравенски наркомани

Вирусен хепатитис Б 12

Page 13: Hepatitis b

- хемофиличари

Вакцинацијата против хепатитис ,, B” се врши со вакцина добиена со

генетски инженеринг од површинскиот антиген на вирусот на хепатитис ,, B”.

Задолжителна вакцинација на новороденчињата од HbsAg позитивни мајки,

на лица што имале акцидент со инфективен материјал и на пациенти пред

стапување на дијализа, се врши со четири дози по шема 0, 1, 2, 12 месеци.

Реваксинација се врши при епимидиолошки индикации по пет години од

последната доза, при што се дава една доза вакцина.

Постојат три зони на носителство во населението и тоа :

- зона 1 места каде носителството е под два проценти а тука се вклучуваат

западноевропските земји Австралија и други .

- зона 2 се смета за засатапеност од 2 до 10%

- зона 3 се места кој се ендемични подрачја каде носителството може да

достигне и до над 50% како што се земјите во Африка.

Лекувањето на акутната форма од инфекцијата терапијата е релативно

едноставана и се состои пред се од препораки на лицето да мирува, да

внесува поголеми количини на витамини и да не конзумира алкохол.

Терапијата на хроничните носители се доста посложена и има за цел да

се редуцира хепарното воспаление, создавање на антитела,

намалување на количеството на хепатитис Б генетскиот материјал како

и уништување на хепатитис Б антигените. Како најпознати и прифатени

лекови се адефовир, алфа интерферон и ламвивудине кој се смета дека

се најефикасни но не треба да се даваат на бремени жени.

Не треба да се конзумира алкохол бидејќи тој допринесува за побрзо

оштетеување на црниот дроб.

Прилог слики за хепатитис Б

Вирусен хепатитис Б 13

Page 14: Hepatitis b

ЗАКЛУЧОК

Вирусен хепатитис Б претставува заболување застапено скоро секаде низ

светот, заболување кое е инфективно и акутно, вирусно заболување кое го

зафаќа и напаѓа ткивото поточно паренхимниот дел на црниот дроб ( hepar)

по што го добива и името хепатит или хепатитис. Болеста која се

манифестира од ова заболување се нарекува жолтица која е заразна,

пренослива односно причинителот хепатитис Б се пренесува преку крвта

Вирусен хепатитис Б 14

Page 15: Hepatitis b

односно преку додир на неинфицираната индивидуа со крв на носителот

што аналогно на тоа значи дека оваа болеста се пренесува и преку полов

контакт. Дијагнозата може да се изврши на неколку начини а најчесто праку

крвните тестови треба да се одреди присуството на хепатитис Б антигените

и антителата кои што покажуваат дека лицето било изложено односно

инфицирано со HBV вирусот.

Превенцијата се состои од вакцина против ХБВ вирусот, употреба на

пресервативи, употреба на стерилни игли и шприцеви и сл.

Лекувањето на акутната форма од инфекцијата терапијата е релативно

едноставана додека терапијата на хроничните носители се доста

посложена и има за цел да се редуцира хепарното воспаление, создавање

на антитела, намалување на количеството на хепатитис Б генетскиот

материјал како и уништување на хепатитис Б антигените.

Користена литература

Николовски, Б и Шуманов, Ѓ. Епидемиологија и јавно здравство. Институт

за епидемиологија и јавно здравство-Скопје

Њустедер, Р. Ризици и предности за деца и возрасни. Институт за водич на

вакцини

Интернет:

Вирусен хепатитис Б 15

Page 16: Hepatitis b

http://www.stanford.edu/~swhwang/pics/hepb%20pic%203%20-%20ICtV.jpg

http://images.google.com/imgres?imgurl=http://student.dcu.ie/

~canavam3/hepatit_b2.jpg&imgrefurl=http://student.dcu.ie/~canavam3/

Diseases.htm&usg=__WqFXoBMD4u5jJBRTsnwYDyIUm4U=&h=244&w=233

&sz=25&hl=mk&start=1&um=1&tbnid=UHtnYpn9GdO2NM:&tbnh=110&tbnw

=105&prev=/images%3Fq%3Dhepatit%2BB%26hl%3Dmk%26sa%3DN

%26um%3D1

http://www.biyolojidunyasi.com/Hepatit_B_Resim.jpg

http://www.narodnilijek.com/storage/hepatitis-b.jpg

http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/publication_pdfs/8385/DOH-8385-

MAC.pdf

Вирусен хепатитис Б 16