3
HTML - HyperText Markup Language Веб страницата претставува текстуален докумeнт кој скоро секогаш во себе вклучува форматирана информација и врски со други датотеки. Запишувањето на таа специјална информација во текстуален документ се остварува со помош на специјални текстуални низи, наречени тагови (маркери или ознаки). Нивниот формат и значење се определуваат од спецификацијата, наречена HTML, HyperText Markup Language или јазик за форматирање на хипертекст, односно хипертекстуален маркирачки јазик. HTML всушност претставува јазик за дефинирање на Web документи. Тој ја дефинира синтаксата и го инструира прелистувачот (browser) како да ги прикажува текстот, сликите и останатите содржини во еден документ како една интегрирана целина. Исто така, ги опишува врските помеѓу различни документи и овозможува лесна навигација низ нив. HTML е врската меѓу текстуалната датотека, која се создава во текстуалниот уредувач или со HTML алатка, и она што може да се види кога ќе се погледне Веб страницата со пребарувач. Веб документите можат да се креираат во секој текстуален уредувач или програма за обработка на текст. Текстуалниот уредувач е програма која уредува обичен текст, во кој нема фонтови, задебелен текст, искосени букви или стилови. Кога се запишува датотека во текстуален уредувач, таа се запишува како чист текст без кодови за форматирање. Но, факт е дека денес Вие може да правите Веб сајтови и со никакво познавање на HTML, преку користење на алатки за визуелно креирање и обработка на Веб страници, кои г и “кријат” HTML таговите, односно HTML кодот. Овие алатки, кои се познати и по името WYSIWYG (What You See Is What You Get) уредувачи врз основа на распределување на елементите на еден документи и врз основа на форматирањето на текстот во тој документ, автоматски генерираат HTML датотеки. Предноста на овие алатки е ослободување од постојаното пишување на таговите и креирање на документи без претходно познавање на самиот HTML. Главен недостаток е тоа што произведениот документ содржи во себе доста непотребни елементи, како и неможноста да се направат покомплексни презентации. Затоа многу корисно е базичното познавање на HTML. Првите верзии на HTML на едно место ги обединуваа структуралните и презентациските елементи на страниците. Така, во изворниот код на страницата можеа да се најдат заедно описот на бојата на позадината и на текстот и поделбата на блокови , какви што се параграфите и насловите. Таквата комплексна организација е надмината со раздвојувањето на структурата и презентацијата . Имено , на HTML му остана само изградбата на структурата, а презентацискиот дел од Веб е ставен во надлежност на CSS (Cascading Style Sheet). CSS e јазик различен од HTML, креиран за специфизирање на распоредувачките и форматирачките елементи на различни HTML елементи во документот. .

HTML.pdf

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: HTML.pdf

HTML - HyperText Markup Language

Веб страницата претставува текстуален докумeнт кој скоро секогаш во себе вклучува форматирана информација и врски со други датотеки. Запишувањето на таа специјална информација во текстуален документ се остварува со помош на специјални текстуални

низи, наречени тагови (маркери или ознаки). Нивниот формат и значење се определуваат од спецификацијата, наречена HTML, HyperText Markup Language или јазик за

форматирање на хипертекст, односно хипертекстуален маркирачки јазик.

HTML всушност претставува јазик за дефинирање на Web документи. Тој ја дефинира синтаксата и го инструира прелистувачот (browser) како да ги прикажува текстот,

сликите и останатите содржини во еден документ како една интегрирана целина. Исто така, ги опишува врските помеѓу различни документи и овозможува лесна навигација низ нив.

HTML е врската меѓу текстуалната датотека, која се создава во текстуалниот уредувач или со HTML алатка, и она што може да се види кога ќе се погледне Веб страницата со пребарувач.

Веб документите можат да се креираат во секој текстуален уредувач или програма за обработка на текст. Текстуалниот уредувач е програма која уредува обичен текст, во кој

нема фонтови, задебелен текст, искосени букви или стилови. Кога се запишува датотека во текстуален уредувач, таа се запишува како чист текст без кодови за форматирање. Но, факт е дека денес Вие може да правите Веб сајтови и со никакво познавање на HTML, преку

користење на алатки за визуелно креирање и обработка на Веб страници, кои г и “кријат” HTML таговите, односно HTML кодот. Овие алатки, кои се познати и по името WYSIWYG

(What You See Is What You Get) уредувачи врз основа на распределување на елементите на еден документи и врз основа на форматирањето на текстот во тој документ, автоматски генерираат HTML датотеки. Предноста на овие алатки е ослободување од постојаното

пишување на таговите и креирање на документи без претходно познавање на самиот HTML. Главен недостаток е тоа што произведениот документ содржи во себе доста непотребни елементи, како и неможноста да се направат покомплексни презентации. Затоа многу

корисно е базичното познавање на HTML.

Првите верзии на HTML на едно место ги обединуваа структуралните и

презентациските елементи на страниците. Така, во изворниот код на страницата можеа да се најдат заедно описот на бојата на позадината и на текстот и поделбата на блокови, какви што се параграфите и насловите. Таквата комплексна организација е надмината со

раздвојувањето на структурата и презентацијата . Имено, на HTML му остана само изградбата на структурата, а презентацискиот дел од Веб е ставен во надлежност на CSS

(Cascading Style Sheet). CSS e јазик различен од HTML, креиран за специфизирање на распоредувачките и форматирачките елементи на различни HTML елементи во документот.

.

Page 2: HTML.pdf

HTML документи

HTML документите всушност претставуваат едноставни текстуални датотеки (ASCII) во кои се наоѓа текст надополнет со тагови. HTML документите се адаптибилни на произволна компјутерска платформа што е причина масовно да бидат користени од голема

група корисници. Покрај тоа, тие лесно се пренесуваат преку комуникациските канали. Во документите можат да се вметнуваат слики, аудио и видео презентации и линкови –

внатрешни и надворешни (кон други документи). Таговите кои ги користиме во HTML можеме да ги класифицираме во три основни групи:

1. Тагови што користат мета информација за Вашиот документ. Мета

информацијата, на пример, насловот во почетната секција на Вашиот документ, не влијае нa изгледот на документот. Таа се користи од различни Веб алатки, како на пример,

машините за пребарување, кои го прегледуваат насловот за да разберат за што станува збор во Вашиот документ.

2. Тагови што ги форматираат симболите во Вашиот текст. Овие тагови не прават

ништо друго, освен што го менуваат начинот на изглед на Вашиот текст, кога пребарувачот го покажува на екранот <B>, </B> и <I>, </I>

3. Тагови за врска. Овие тагови го поврзуваат корисникот со различни видови

информации или со други документи Во продолжение следува табела со најчесто користените тагови при работа со HTML:

Тагови Место на користење на таговите

<html>, </html> Овие тагови заградуваат се што

содржи Вашиот документ и го идентификуваат документот како

HTML. Овие тагови се важни бидејќи Веб поддржува уште многу различни видови документи.

<head>, </head> Во почетокот на документот, од

двете страни на таговите <TITLE> и </TITLE>.

<title>, </title> Од двете страни на краток наслов,

кое го опишува документот, но не се појавува на екранот.

<body>, </body> По вклучување на таговите

</TITLE> и </HEAD>, за да го завршите насловот и насловниот дел, целиот преостанат дел го

заградувате со таговите <BODY> и </BODY>. Тагот <BODY> стои

непосредно по тагот </HEAD>, кој пак се наоѓа непосредно по тагот </TITLE>.

<h1>, </h1>

<h2>, </h2>

<h3>, </h3>

<h4>, </h4>

<h5>, </h5>

<h6>, </h6>

Главниот (првиот) наслов се

поставува во почетокот на документот, меѓу таговите <H1> и

</H1>. Може да користите шест нивоа на наслови; истите се специфизираат со броевите: 1, 2, 3,

4, 5 и 6. За почетници не е препорачливо да користите повеќе

различни нивоа на наслови во ист HTML документ. Поголемиот број

Page 3: HTML.pdf

документи имаат само еден наслов од највисоко ниво <H1>.

<b>, </b> Делот од текстот кој сакате да има задебелени букви го заградувате со

овие тагови.

<i>, </i> Делот од текстот кој сакате да има искосени букви го заградувате со овие тагови.

<p>, </p> Тагот за крај на параграф не е неопходен за крај на наслов, за крај на листа, како и на некои други

места, додека на поголемиот број места мора да биде вклучен. Ако ги

исклучиме таговите за врска (<A> и </A>), тагот <P> најчесто се користи неправилно. Овој таг не е

задолжителен за почетници.

<hr> Тагот за хоризонтална линија креира хоризонтална линија за

поделба на секциите во документот.

<a>, </a> Таговите за означување на место (котва), дефинираат хипертекстуални врски и содржат

хипертекстуални препратки - информација за тоа каде треба да

води врската. Меѓу овие тагови се поставува текстот на врската, секогаш потцртан, што укажува

дека станува збор за хипертекстуална врска.

<br>, </br> Таг за премин на нов ред