32
АПРИЛ 2011 ГОДИНА II БРОЈ 03 Информативно списание на Општина Центар 100 години улица МАКЕДОНИЈА НЕбОЈшА НушИќ – МОСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃу ДВЕ ОПшТИНИ ОТВОРЕН CALL – ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА „бАбИНИ ИГРИ“ ЈА ОСВОИЈА ЕВРОПА Специјален прилог: ВОДИЧ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДОМуВАЊЕ АКЦИЈА: НАЈубАВИ ДВОРОВИ ВО ОПшТИНА ЦЕНТАР СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ: КАЈ ЖАбАРОТ МАшКИ КОшАРКАРСКИ ТуРНИР НА ОСНОВЦИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНО ВЕЛИГДЕНСКО ОДбЕЛЕЖуВАЊЕ

Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Citation preview

Page 1: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

АПРИЛ 2011 ● ГОДИНА II ● БРОЈ 03

Информативно списание на Општина Центар

100 години улица МАКЕДОНИЈА

● НЕбОЈшА НушИќ – МОСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃу ДВЕ ОПшТИНИ

● ОТВОРЕН CALL – ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА

● „бАбИНИ ИГРИ“ ЈА ОСВОИЈА ЕВРОПА

Специјален прилог:

ВОДИЧ ЗА ЗАКОНОТ

ЗА ДОМуВАЊЕ

АКЦИЈА: НАЈубАВИ ДВОРОВИ

ВО ОПшТИНА ЦЕНТАР

СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ:

КАЈ ЖАбАРОТ

МАшКИ КОшАРКАРСКИ

ТуРНИР НА ОСНОВЦИТЕ

ТРАДИЦИОНАЛНО ВЕЛИГДЕНСКО

ОДбЕЛЕЖуВАЊЕ

Page 2: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Улицата Македонија, годинава полни точно 100 го-дини. Иако на таа возраст, сепак, никогаш не изгледала повитално отколку што изгледа денес. Разубавена на почетокот од овој век, таа го шармира и заведува секој шетач и посетител. Со новиот изглед, дрворедите, клу-пите, скулптурите, кафулињата.

А се започнува, верувале или не, со турскиот сул-тан. Улицата е отворена по повод доаѓањето на султанот Мехмед Решад Петти во Скопје во 1911 година. Бидејќи била нова, ја нарекле Јени џаде. А како изгледало кога еден султан ќе пристигнел во градот? Еве го сведоштво-то на еден очевидец, современик на тој настан во Скопје:

„Улицата од Железничката станица до Камени-от мост беше искитена со зеленика, со разни венци, бајрачиња и разни турски натписи, од двете страни на тротоарите, на секои два метри стоеше по еден ас-кер... Почнаа да пукаат прангии од Калето и наеднаш се слушна бран од гласови: Јашасн падиша! Јашасн пади-ша!` До нас допре звук на воена музика. Помина еден ескадрон коњаници во зелени парадни униформи и со зелени калпаци на глава. Со срмени еполети и колани. По нив одеше оркестарот со подзабавен од. По него на растојание од десет метри одеа по осум офицери... Поминаа две такви поворки, а во третата среде возеше

УЛИЦА СО НАЈГОЛЕМ СКОПСКИ ШАРМ

кочијата на султанот, со три чифта бели коњи искитени се со срма. Султанот седеше сам во кочијата, а од стра-ните покрај кочијата одеа по тројца гардисти“.

Од тогаш улицата често пати била преименувана, и носела имиња на кралеви, цареви, маршали. А постои и една интересна коинциденција, бидејќи токму во 1911 година започнале да се појавуваат и првите автомобили во Скопје. Автомобилите од марката „Рено“ и „Форд“. Првиот „Форд“ е донесен од Солун со воз, спакуван во делови. На Железничката станица бил монтиран, а по-тоа тргнал на првото патешествие во градот низ улица-та Македонија.

Скопје, својот нов, модерен лик го добил токму со улицата Македонија. Тука, никнуваат и првите модер-ни згради и урбани обележја – продавници, скверови, тротоари, киосци, кина и ресторани. Наспроти денеш-ната зграда во која се наоѓа продавницата „Пеко“, дело на арх. Кирил Жерновски од 1938 г., била отворена пр-вата цвеќарница во Скопје. Се наведува податокот дека биле увезувани синолички од Ница, со што скопските џентлмени од тоа време имале ретка можност со вакви подароци да се покажат пред дамите. До цвеќарницата бил отворен и првиот модерен фризерски салон во гра-дот, наречен „Мадам Помпадур“.

2 • број 03 • април 2011

ЈУБИЛЕЈ: 100 ГОДИНИ УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

Page 3: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

На улицата Македонија или во нејзина непосредна близина се наоѓале рестораните и хотелите „Париз“, „Лондон“, „Москва“, „Бристол“, „Балкан“, „Русија“. Била позната и кафеаната „Тутан-камон“, веднаш до станицата, која веројатно го добила името спо-ред тогашните археолошки истражувања во Египет. Скопските боеми останувале до доцна во ноќта во кафеаните, доаѓајќи и за-минувајќи со пајтони.

Помалку е познато дека оваа улица му припаѓала на едно од првите маала кое се формирало на десната страна од реката Вар-дар, познато како Гази Ментеш маало

Општина Центар со специјална целодневна програма, наскоро ќе ја одбележи 100-годишнината

од постоењето на улица Македонија. Овој несекојдневен настан ќе започне со ретроспектива

на случувањата на улицата во минатото, со автентични мотиви и многу пријатни

изненадувања за сите посетители, со цел да го почувствуваат пулсирањето на улицата од пред

речиси еден век, па се до денес.Во вечерните часови ќе биде организирана забава

долж улицата за три генерации, со автентична музика, познати естрадни уметници и специјални

изненадувања.

На улицата Македонија или во нејзина непосредна близина се наоѓаа и славните кина „Вардар“, „Капитол“ „Уранија“ подо-цна „Култура“, киното „Балкан“ со летен ресторан и летна ки-но-бавча, како и киното „Бамби“. Возбудлива акробатска точка, одење по жица, изведена е на оваа улица, пред војната. Улицата беше препознатлива и според Кранговата палата, една од нај-познатите во градот.

Својата главна патека скопското корзо ја имаше токму на ули-цата Македонија, започнувајќи некаде од Плоштадот и Ристиќе-вата палата, па се до Железничката станица. Главните салони и продавници беа на оваа улица: „Громби“, „Југопластика“, „Боро-во“, „Коштана“, а во продавниците на „Кармин“, пред земјотресот, како тинејџери ги купувавме првите очила за сонце.

Англиската писателка и патописец Ребека Вест, вака ја опишу-ва улицата Македонија кога во една вечер допатувала во Скопје во периодот меѓу двете војни: „Околу нас се ширеше топлиот воз-дух и мирис на јоргован, звуци на музика и пеење, острите звуци на македонската музика, кои допираа од малите кафеани скриени во споредните улички и дворови... Штракањето на малите пајто-ни со два коња одѕвонуваше на калдрмата, а одѕвонуваа и топуци-те од чевлите на луѓето кои сите се туркаа во еден правец“.

Данило Коцевски

Page 4: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Наставниците и учениците од ова училиште ја ос-воија престижната Гранд при награда на натпреварот кој се одржа на 25 март 2011 во Москва (Русија) со проектот “Бабини игри” на проф. Марина Василе-ва. Овој проект ги плени Европејците и беше прог-ласен за најдобар во силна конкуренција од 80-тина учесници од 44 европски земји. Успехот се должи на безрезервното вложување на заедничкиот труд во обид да се стави линк помеѓу иновативните светски трендови и негување на традиционалните вредности. Триумфирањето се одбележа со пригодната свече-ност во училиштето, а десетмина наставници вклуче-ни во проектот добија сертификати кои им ги врачија

На осмиот Европскиот форум за иновативни наставници, Македонија го освои првото место и се стекна со право на учество на Светскиот форум во Вашингтон (САД) во ноември оваа година. Форумот кој беше во организација на Мајкрсофт му го додели највисокото признание на скопското основно училиште Св.Кирил и Методиј за проектот Бабини игри.

“БАБИНИ ИГРИ” ЈА ОСВОИЈА ЕВРОПА

министрите за информатичко општество и за обра-зование и наука, Иво Ивановски и Никола Тодоров и генералниот директор на Мајкрософт за Македонија Илијанчо Гаговски. Министерот Ивановски ги повика наставниците во државата максимално да ги користат компјуте-рите и инсталираните апликации бидејќи, како што рече, само со нови алатки и методи на учење ќе може да се изгради млада, силна и образована нација. Министерот Тодоров рече дека победата е доказ дека информатичките технологии што се имплемен-тираат во образованието имаат резултати. - Не се согласувам со оние кои велат дека ефектот од компјутеризацијата во Македонија го нема или дека ќе дојде во некој нареден период. Ефектот од компјутеризацијата е освоеното прво место во Евро-па и претендираме да освоиме прво место во светот - истакна Тодоров. Станува збор за стари традиционални игри на нашите баби, како што се плочка, мижи баба, дама, б’ззз, јанино-јанино, џамија, чавкина уста, завар, ки-бритче, пет каменчиња и други кои беа презентирани пред Европскиот форум. Можноста да учествуваат на овој форум ја стек-наа преку освојување на првото место на Вториот државен конкурс “Мајкрософт-форум на иноватив-ни наставници” во конкуренција на повеќе образов-ни проекти од основните и средни училишта што

4

ОБрАзОВАНИЕ

Page 5: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

го организира “Мајкрософт” во рамките на глобалната програма „Партнери во учењето“, во сора-ботка со УСАИД преку Проектот за основно образование. Успеш-носта на проектот е во тимската работа во која се вклучени учени-ци и наставници од различни ре-гиони и ентитети од Македонија, преку заедничко создавање на електронски прирачник за оживу-вање на детските бабини игри. Во проектот покрај носителот на про-ектот ОУ Св. “Кирил и Методиј”, учествуваа скопските училиштата “Живко Брајковски” и “Дитурија”, “Илинден” од Крива Паланка и “Браќа Рибар” од Куманово. Со тоа беа опфатени македонскиот, ал-банскиот и српскиот јазик од чист и од мешан состав на ученици, кои ги истражуваа игрите на нивните баби, а со ликовно ги претставуваа и ги утврдуваа правилата на игра преку компјутерска обработка. Особено значаен е менторскиот пристап на учениците, при што од секоја игра е пронајдена алка која е поврзана со наставната програ-ма. Така, на пример, игрите плочка и дама се врзуваат со изучување на разните геометриски форми и величини, како и со хемијата. Тоа значи дека децата учат преку игра, на многу поинтересен и попривле-чен начин. Проектот е интегриран со компјутерот преку едукативни-те алатки на “Мајкрософт”. Упо-требата на дигиталните ресурси овозможува учениците да ја пока-жат својата инвентивност преку обновување и ширење на тради-ционалните национални обележја.

Целта на проектот е да се да се врати детскиот џагор во маалата, со што ќе се отстранат негативни-те влијанија од пасивните и агре-сивни сајбер-игри преку креатив-но користење на технологијата во наставата. Новите генерации нема-ат навика да играат со другарчиња

на ливада, тие не слушнале за тра-диционалните детски игри, пре-ферираат да гледаат телевизија или да играат комјутерски игри. Поради тоа често се чувствуваат осамено, бидејќи имаат повеќе он-лајн пријатели отколку вистински другари со кои разговараат.

5број 03 • април 2011 •

Page 6: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

6 • број 03 • април 2011

Општина Центар како постојан поддржувач на ху-маните акции, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје започна со реализација на проектот “Општина Центар во акција – Промоција на хумани вредности“, кој се реализира во времетраење од 8 месеци во сите ос-новни училишта во Општина Центар. Проектот ги вклучува младите во вежби со кои се намалуваат можностите за развој на ставови и однесу-вање кое може да доведе до недоразбирање и предрасу-ди, а воедно и да ги афирмира позитивните културни вредности. Истиот ја интензивира нивната културна свест, преку промовирање на толеранцијата, заемното разбирање и почитување на разликите. За таа цел беа спроведени еднодневни работилници со учениците од секое основно училиште кои се состо-еа од неколку сесии: препознавање на потребите и про-блемите на заедницата, како да се подготви, спроведе и документира мал проект за бенефит на локалната

ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО АКЦИЈА – ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

заедница. Учениците кои беа присутни на работилни-цата изразија огромен интерес и беа активно вклучени во сите предвидени сегменти. По завршените обуки во секое од основните учи-лишта во Општина Центар, со кои беа опфатени околу 250 ученици, беа реализирани подготвените хумани проекти од страна на учениците под менторство на нивните одговорни наставници. Овие хумани проекти генерално опфаќаат актив-ности како: хуманитарни концерти, собирни акции, изложби на оригами и други активности чии ефекти се насочени кон подршка на одредени ранливи целни групи. Учениците кои ќе бидат избрани како подготвувачи и реализатори на најдобрите проекти, ќе присуству-ваат на финалната работилница во Струга на која ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења во те-мата за култура и културата како систем од вредности, комуникацијата и комуникациските техники, како и тимот и тимската работа. Воедно тие на интерактивен и мошне креативен начин ќе можат да направат евалу-ација на сето она што заеднички го направиле во текот на целиот циклус, да го споделат искуството и предиз-виците од изработката на своите мали проекти, и да си пружат едни на други поттик за продолжување на нив-ната хумана мисија. Оваа мисија ќе имаат можност да продолжат да ја шират и преку оформување на Хуман клуб во своето училиште и реализирање на различни активности за добробит на заедницата.

НОВА ЛАБОРАТОРИЈА ВО ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ОБрАзОВАНИЕ

Општина Центар и УСАИД со свои донации по-могнаа во опремување на лабораторија по техничко образование во ОУ Гоце Делчев, со што се овозможи имплементирање на прокетот “Кабинет по техничко образование на 21 век”. На отварањето беа присутни претставници од Општина Центар, УСАИД, Народна техника, Бирото за развој на образование на Република Македонија, ро-дители и ученици. На овој настан, учениците пред при-сутните имаа свое излагање преку креативни презен-тации од повеќе области како: роботика, автоматика, електроника, соларна енергија и 3Д анимација. Преку демонстрирање на презентациите учениците покажаа дека е зголемен интересот за иновации за техниката и техничкото образование кај младата популација. Со прифаќање на ваквите новини во техничкото образо-вание се напуштија старите методи и стереотипи.

Ова е трета отворена лабораторија во основните училишта на територија на Општина Центар. Првите два проекти на УСАИД беа реализирани во ОУ Дими-тар Миладинов и ОУ Кочо Рацин. Учениците со голема љубов и ентузијазам изминатите два месеци работеа за реализирање на проектот со цел да се осовремени наставата во нивното училиште. Тие како идни и по-тенцијални инженери, упатија порака дека примерот за нивниот ентузијазам треба да се следи и распространу-ва во сите облици на македонската култура и образова-ние. По излагањето на презентациите, преку панел дис-кусија, присутните гости ги разменија своите искуства и мислења.

Page 7: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

7

ХОРСКИ И ОРКЕСТАРСКИ СМОТРИ

Музиката е единствен заеднички светски јазик особено потребен на младата популација како сред-ство за заедништво и сплотување. Преку неа можеме да ги осознаеме и научиме заедничките човечки кул-турни вредности. Музиката - песната со силен бран на длабочина ја исполнува душата на човекот и го зајакнува рејтингот на културните односи и комуни-кацијата меѓу луѓето.

САКАМЕ ШАРЕН, А НЕ БЕзБОЕН СВЕТ

Во рамките на проектот “Актив-ни граѓани”, под покровителство на Британскиот Совет, беа органи-зирани обуки во кои беа вклучени Koмисијата за еднакви можности при Општина Центар, општинска-та администрација, наставници од основните училишта и претстав-ници на невладиониот сектор од 6 општини во градот Скопје. Како резултат на овие обуки беше орга-низиран проектот “Сакаме шарен, а не безбоен свет” организиран од страна на Општина Центар и НВО ”Сумнал”, во кој беа вклучени ученици од основните училишта:

Ј.Х. Песталоци, Коле Неделков-ски и Кирил и Методиј. Децата не се доволно за-познаени со културата, традицијата и обичаите на другите етнички заедници кои живеат во средината која ги опкру-жува, поради што и немаат доволно меѓусебна комуникација. Пробле-мот настанува најчесто од неифор-мираност и недоволна едукација на учениците од најмала возраст. Исто така и во семејствата многу

ретко се разговара на оваа тема. Затоа, глав-ната цел на проектот

беше подобрување на соживотот на учениците од различните етнички заедници и во градење на општест-во со различни култури, традиции и обичаи и воведување новини во програмите за работа на училиш-ната заедници од страна на самите ученици. Манифестацијата “Сакаме ша-рен, а не безбоен свет” се одржа во Општина Центар пред голем број присутни гости кои не го криеја

своето воодушеву-вање од прекрасна-та презентација на учениците.

Особено треба да се обрне внимание на хорското и оркестарското музици-рање бидејќи тоа е најмасовна форма на презентирање на музичката култура.

Општинскиот натпревар по хор-ски и оркестарски смотри годинава се одржа во ОУ Ј.Х.Песталоци на кој земаа учество ученици од основните училишта на територија на Општина Центар. На натпреварот по хорско пеење победија учениците од: Коле Неделковски, Кочо Рацин и Св.Кирил и Методиј. На оркестарските натпревари трите први места ги освоија училиштата: 11 Октом-ври, Ј.Х.Песталоци и Гоце Делчев.

ОБрАзОВАНИЕ

Page 8: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

8 • број 03 • април 2011

МАШКИ КОШАРКАРСКИ

ТУРНИР НА ОСНОВЦИТЕ Општина Центар и оваа година организира-ше турнир во кошарка во машка конкуренција, на кој зедоа учество ученици на возраст од пет-то до осмо одделение од основните училишта во Општината. На 31 март 2011, во салата на КК Ра-ботнички во Градскиот парк се одиграа завршни-те натпревари, на кои учествуваа четирите најдо-бри екипи кои се истакнаа низ лигашкиот дел од натпреварувањето.

КАКО ДА ГИ зАШТИТИМЕ ДЕЦАТА ОД НЕСООДВЕТНИТЕ ТЕЛЕВИзИСКИ СОДРЖИНИ

Екипата на ОУ 11 Октомври триум-фираше на финалниот натпревар со екипата од ОУ Кочо Рацин, а за најдо-бар играч на финалето беше прогласен Андреј Стојановски од ОУ 11 Октомври.

Претходно во мечот за трето место, учениците од ОУ Димитар

Миладинов ги победија учениците од ОУ Коле Неделковски. На трите првопласирани екипи Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ им додели пехари и медаљи. Салата на КК Работнички претставуваше вистин-ска арена за многубројната публика која несебично ги бодреше своите натпреварувачи.

Влијанието на телевизија-та врз развојот на емоциите кај децата од 5 до 11 години е насло-вот на едукативната работилница, која беше одржана во ОУ “Коле Неделковски” во организација на Општина Центар, наменета за од-деленските наставници, педагозите,

психолозите од училиштата и гра-динките и родителите. Ова предавање имаше за цел да се изгради систем на медиумска култура кај младата популација за да се лоцираат и надминат негатив-ните последици од несоодветните програмски содржини, што во по-следно време се присутни на по-веќето телевизиски екрани. Непосреден повод за одржување на оваа работилница, беше книгата “Телевизијата и емоциите кај деца-та” на м-р Татјана Гогоска, која има за цел да даде увид во општото и по-себното влијание на телевизиски-те програми наменети за деца, врз нивниот севкупен развој, со посе-бен акцент на емоционалниот раз-вој. Станува збор за истражување,

кое авторот го спроведе во период од една година со учениците од ОУ “Коле Неделковски”. Беше поставена дилемата за по-зитивното, односно негативното влијание на телевизијата врз деца-та, особено врз нивната емоционал-на зрелост. Посебно внимание беше посветено на телевизиското насил-ство, кое развива негативни емоции кај децата. Од предавањето се оче-кува да произлезе една поширока општествена акција за подигнување на свеста во однос на она што треба, кога и како да се емитува на теле-визиските програми и да се поведе сметка за потребите на најмладата популација, со оглед на тоа дека те-левизијата се уште е најмоќниот ме-диум со најголемо влијание.

ОБрАзОВАНИЕ

Page 9: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Градинка “Кочо Рацин“

На 21 март, децата од сите 4 објекти на градинката “Кочо Рацин“ и посакаа добредојде на пролетта, реализирајќи неколку активности заедно со своите воспитувачи.

На првиот пролетен ден децата ги чистеа занималните, садеа цвеќиња, ги средуваа еко-паноата со нови содржини и пораки, цртаа на тема: “Добредојде пролет мила“.

Децата се погрижија да го исчистат дворот од разни отпадоци, а за да го разубават, засадија рози и други видови цвеќиња. Заедно со децата и нивните воспитувачи, во акцијата учествуваа и родителите.

Воедно, во матичниот објект лоциран во населба Капиштец, беше реализирана завршницата од акцијата за собирање на пластични ПЕТ шишиња. Акцијата траеше еден месец во сите објекти, при што беа собрани околу 10 вреќи со пластични шишиња. На Денот на

НАЈМЛАДИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ВО АКЦИЈА!

пролетта, децата ги предадоа собраните шишиња на фирмата ГРИНТХ МК, која понатаму ќе ги рециклира во својот производен погон во Скопје. Беше договорено да ја посетат фабриката и да научат нешто повеќе за рециклирањето на пластиката. Ова е уште еден пример како децата од градинката секојдневно учат да се грижат за природата.

Еден ден подоцна беше одбележан и Денот на водите, со активности и содржини поврзани со значењето и улогата на водата во животот на човекот и природата. Децата учеа за тоа што е вода, како можеме да ја штедиме, од што може да се загади и сл.

Во рамките на планираните еко-активности, децата како вистински мали екологисти и градинари, на претходно подготвени леи, засадија неколку видови зеленчукови растенија.

Децата од градинката „13 Ноември“ имаа можност низ цела седмица да проследат различни активности поврзани со театарот, па така се забавуваа со импресивни спектакли на куклен театар, театар на маса, театар на сенки, децата- мали глумци и сл.

„Неделата на театарот“ претставува месечен мини проект кој им овозможи на децата да се запознаат со значењето на театарот, да осознаат што се глумци, а што е сцена и бон-тон во театар.

Градинка “13 Ноември“ НЕДЕЛА НА ТЕАТАРОТ зА НАЈМЛАДИТЕ

За таа цел, беа реализирани театарски претстави од воспитно-згрижувачкиот кадар на градинката. На мошне креативен начин во однос на сцена, глума и облека, кадарот во градинката успешно го оствари овој проект. Секој објект подготви своја театарска претстава, што ја изведуваше пред децата во својот и во другите објекти на градинката „13 Ноември“. На тој начин се изврши меѓусебна интеракција со заедничко дружење.

Page 10: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Градинка “р.Ј. Корчагин“

Од големо значење е уважувањето на индивиду-алните разлики помеѓу децата и поттикнувањето на нивните креативните особини. Во градинката “Раде Јовчевски-Корчагин”, факултативните активности веќе неколку месеци се спроведуваат успешно. Жи-вотот започнува од јасли – тоа ни го имаат воочено голем број на педагошки психолози, а со тоа се објас-нува важноста на интелектуалниот развој кај детето од 0 до 6 годишна возраст. Во педагогијата нема од-реден период во кој детето ќе ја достигне одредената возраст, за да можат педагозите да ги развијат актив-ните техники. Примената на предучилишната педаго-гија од денот на раѓањето тече во насока на правилно развивање на детето. Во тој период се инволвирани сите педагошки активности.

Целокупниот стручен тим на градинката Кор-чагин, освен што му нуди пријатен престој на Вашето дете, воедно вклучува

САКАМ ПОУБАВА И ПОКРЕАТИВНА

ГРАДИНКА

редовната програма на годишно ниво за воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст се реализира во јавните детски градинки преку програмата на МТСП и Бирото за развој на образование. Меѓу другото, во градинката Корчагин освен редовните програми, имплементирани се и факултативни, кои имаат иста цел во сите градинки во Македонија да биде испратен примерот за добра пракса.

и алтернатива за долгорочно инвестирање во него-вите предиспозиции и талент. Родителот со самото прифаќање на таа можност, на разумен начин ќе ја исполни својата родителска функција. Со тоа порака-та меѓу редови е прочитана, а родителот ја согледува предноста - вложувањето и инвестирањето во овие најблагородни суштества не е на кратки патеки за постигнување на периодични цели, туку е долгороч-но и продолжува константно во животот, кое подо-цна како бумеранг ќе се врати со многу бенефити за нив и целото семејство! Најдобро подготвените деца за животните текови кои се учат да бидат совесни и самодисциплинирани, сето тоа со пружена огромна љубов, често се споредуваат со младото кревко стебло кое со правилниот раст и развој ќе вишне кон пови-соките дострели!

-Современите трендови наложуваат новитети во воспитно-образовните процеси кои чекорат едно ска-лило напред. Ставовите на родителите во однос на воспитувањето, треба да соодветствуваат со светски-те педагошки текови кои водат кон правилен психо-моторен развоен процес што ќе овозможи прогрес во сите домени на современото општеството. Во градин-ката Корчагин, вработените ја уживаат довербата од родителите преку меѓусебната соработка во насока на следење на веќе прифатени функционални про-грами од западните земји. Најбитно е да се инвестира

до периодот на 6-та година, бидејќи тоа се најважните години

10

Page 11: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

во животот на една личност, кога се формираат конек-циите во мозокот. Ако до 6-тата година не се добие тоа богатство на активности и ако не се развивијат конек-циите кај децата, истите никогаш повеќе не ќе можат да се создадат. Основите на тие вредности, подоцна помагаат во оформување на доблестите на карактерот. Градинката Корчагин се грижи децата да бидат: здра-ви, сигурни, самостојни, слободни, задоволни, весели,

креативни и среќни, - истакна Злата Николиќ, дирек-тор на Детската градинка Корчагин. Со својата изра-зена принципиелност и истрајност, таа важи за по-

читувана и ценета личност од родителите и целиот персонал. Таа е иницијатор и поборник за воведу-вање на факултативните програми во градинките, а креативните идеи смело ги брани од стереотипи-те и предрасудите, кои за жал се уште постојат во нашите установи.

Факултативните активности по англиски јазик овозможуваат да се развие способноста за комуни-кација и сензибилизирање на децата за англиското говорно подрачје. Исто така, се реализира програ-ма и по германски јазик, во која се изучуваат пои-ми за себе и семејството, а децата на германски ја-зик го прошируваат речникот со кратки песнички,

стихотворби и бројалки. На курсевите по физичко воспитување се обработуваат сите видо-ви на природни движења, трчање, скокови, ползење, влечење и качување, кои се основни вежби за облику-вање на телото, прилагодени со возраста.

Програмата за јога ја реализираат инструктори кои што поседуваат меѓународен сертификат. Вежбите се изведуваат два пати неделно во траење од 30 минути во просториите на градинката. Целта на програмата

е поттикнување на позитивните чове-чки вредности кај децата, ентузијазам и среќа, како и стекнување самодовер-ба и позитивна слика за самиот себе. Јогата овозможува да постигнеме мир во самите себе, бидејќи мирот најпрво мораме да го бараме во себе, а не да го бараме надвор.

Драмското студио работи во вид на театарски работилници кои ги ме-наџира дипломиран актер. Со помош на овие вежби детето се стекнува со здрав детски свет исполнет со многу забава, игра, радост, дружења, а во-едно ја негува љубовта кон театарот и театарските претстави како и стекну-вање на навика на негово посетување.

Веќе неколку години во Градинката „Корчагин“ факултативно се организира според лиценцирана програма курсот по комјутери, со намена за децата од предучилишна возраст кои имаат интерес и жел-ба да научат да ракуваат со компјутер. Програмата овозможува тие да се оспособат за соодветно вклу-чување во глобалното информатичко општество. Во просториите на градинката се одржа и семинар за пренесување и примена на правилно и безбедно користење на интернетот како дел од проектот „Три мисли пред клик за линк“. Основна идеја на овој проект е да се влијае на подигну-вање на свеста и елементарно позна-вање на информатичката култура и писменост.

11број 03 • април 2011 •

Page 12: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

12 • број 03 • април 2011

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК зА ИзГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Со пригодна свеченост, во февруари беше поставен камен темелникот за изградба на кат-ната гаража Судска палата, на која присуствуваа Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, Премиерот Никола Груевски, пратени-ци, советници и вработени од Општина Центар.

-Проектот предвидува простор за паркирање на 500 паркинг места, со бруто развиена повр-шина од близу 20.000 м2, во кои 15% од вкупната површина е деловен простор. Приодот е решен со сообраќајно решение и се наоѓа од јужната стра-на на објектот, покрај зградата на Државниот ар-хив, а спроти Кривичниот суд кој е во изградба. Изведувачот на работите е ГП Бетон. Во договорот за изведба, проектот изнесува 5 милиони евра, а изведувачот се обврзува да го заврши објектот во рок од 16 месеци. На тој начин Општина Центар ќе обезбеди доволен број паркинг места за врабо-тените од сите институции кои се наоѓаат во непо-средна близина, со голем процент заштеда при из-градбата – истакна Градоначалникот Тодоровиќ.

-Владата на РМ во изминатиот период запо-чна и реализираше бројни капитални проекти од оваа област. Сепак, убаво е да се види дека и локалната самоуправа се вклучува во ваквиот тренд. Општина Центар е вистински партнер во таа насока и денес, на територија на оваа општина се градат огромен број објекти кои се инвестиции на Владата на РМ, но и на самата Општина Центар. Доказ за проактивниот пристап на Општината во оваа насока, е и денешниот настан и поставување-то на камен - темелник на нова катна гаража. Имам задоволство да ја поздравам оваа вредна инвес-тиција на Општината Центар и градоначалникот Тодоровиќ. Наоѓањето на паркинг место во овој дел од градот е вистински проблем за граѓаните. Тука се судовите, факултетите, институциите во зградата на МРТВ, едноставно премногу институ-ции и луѓе во мал радиус, кои доста тешко наоѓаат паркинг простор. Токму затоа оваа инвестиција е од голема важност за граѓаните и јас му чести-там на градоначалникот за овој потфат - истакна Премиерот Никола Груевски.

Page 13: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

КОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

Извршена е реконструкција на ко-ловоз на ул.Орце Николов во должи-на 500 метри, по претходно изведени приклучоци на атмосферска мрежа со: ул.Ѓорѓи Пулевски, ул.Алберт Ајнштајн, ул.Дане Крапчев и ул.29 Ноември.

Во Дебар маало извршена е рекон-струкција на коловоз на ул. Благоја

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОзИ

Давков во должина од 215 метри и ул.Дане Крапчев во должина од 190 метри, каде претходно беше изведе-на нова атмосферска канализација. Исто така извршено е и поплочу-вање на тротоари на дел од улиците Благоја Давков, Дане Крапчев, Цр-вена вода и Радњанска.

На ул.Иљо Војвода (кај музејот на Холокаустот) извршено е поплочување на тротоари и патеки со површина од 510 квадратни метри и озеленета е по-вршина од 350 квадратни метри.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ

Озеленување на просторот на површина од 300 квадратни метри на крак на ул. М.Х.Јасмин.

На ул. Народен фронт извршено е поплочување на патеки со површина од 300 квадратни метри.

пред

пред

потоа

потоа

ул. Орце Николов

ул. Благоја Давков

пред потоаул. Иљо Војвода

ул. Иљо Војвода

ул. М.Х.Јасмин ул. Народен Фронт

Page 14: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

КОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

Поставени се заштитни метални столпчиња на

крак на ул.М.Х.Јасмин, ул.Ленинградска и други.

Општина Центар и Град Скопје заеднички спроведоа акција на садење на 500 дрворедни садници – донација од Град Скопје и поставување на 300 заштитни метални обрачи – инвестиција на Општина Центар.

Санирана е заштитната метална ограда на ул. Мирче Ацев кај ОУ 11 Октомври.

14 • број 03 • април 2011

Санирани се детски реквизити во 14 детски игралишта и 96 оштетени парковски клупи.

Општина Центар изврши чистење, варосување и по-ставување на ново сензорско осветлување во коридорите на 14 подземни гаражи во цен-тралното градско подрачје. Со цел да се зголеми безбедноста во истите, Општина Центар постави нови влезно-излез-ни роло врати, управувани со далечински управувач и изврши санација и бојадису-вање на заштитните метални огради кај влезните рампи во гаражите.

потоапред

ул. М.Х.Јасмин

ул. Ленинградска

Page 15: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Бродот кој беше поставен на ул.Македонија и повеќе пати оштетуван и демолиран од страна на несовесни граѓани, како таков

беше небезбеден за игра на децата. Од тие причини истиот беше реконструиран и откако се врати во првобитна состојба е лоциран во дворот на детската градинка “Кочо Рацин”, во населбата Капиштец за

да биде место за дружење, игра и забава на децата од градинката.

15број 01 • април 2011 •

пред потоа

Во Урбан парк извршена e санација на 30 клупи за седење

и 24 корпи за отпадоци; бојадисани се металната

ограда на паркот во должина од 410 метри, бетонските

жардињери и ѕидот од фонтаната. Извршена е и

санација на реквизитите на детското игралиште во состав

на Урбан парк. Со тоа паркот доби нов лик и

стана пријатно место за одмор и рекреација на граѓаните и

децата.

Во рамките на долгорочната стратегија за активно учество во проекти за поддршка на локалната заедница, лизинг компанијата „Хипо Алпе-Адриа Лизинг“, спроведоа акција за обележување на пешачки премини во близината на три градинки: „13ти Ноември” на улица „Никола Тримпаре“, „Р.Ј. Корчагин“ и „13ти Ноември/Кукушка“. Покрај пешач-ките премини беа поставени и три сообраќајни знаци, на кои е испишано „Децата немаат сопирачки”.

Општина Центар постави 4.000 табли

и куќни броеви со што изврши замена на

постоечките и оштетени, со нови.

потоапред

Page 16: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

САНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕ И ГРАДИНКИ

На површина од 550 квадратни метри во објектот Н.Н.-Борче, (клон) на градинката Кочо Рацин извршена е санација со што се опфати молерисување на ѕидови, поставување на подни и ѕидни керамички плочки, промена на нови прозорци и врати, замена на санитар-ните елементи и галантерија. Извршена е за-мена на старата дотраена водоводна и фекална канализација и електрична инсталација. Со тоа дечињата и вработените во градинката до-бија квалитетен простор за игра и дружење.

Во ОУ Кочо Рацин изврше-на е санација на коридорот пред кабинетите по ликовно и исто-рија, како и училницата за прва-чиња, лоцирани во стариот дел од објектот. Санирани беа подовите, плафоните, санитарните елемен-ти и галантерија. Заменети се вратите и постоечката електрич-на инсталација со нова. Изврше-но е и бојадисување на ѕидовите и плафоните.

КОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

пред потоа

потоа

потоа

пред

пред

пред потоа

потоа

потоа

пред

пред

Општина Центар во соработка со Здру-жението на граѓани Проактива реализираа проект за Енергетски ефикасна општина во јавните објекти под ингеренции на општина-та, меѓу кои спаѓа и објектот Пинокио (клон на градинката Корчагин). Овој проект има за цел да се превземат енергетско-ефикасни мерки, преку кои ќе се намали загадувањето на жи-вотната средина. За таа цел во објектот Пино-кио се заменија дотраени дрвени прозорци и врати, се поставија енергетски ефикасни ПВЦ прозорци и врати на двата спрата во објектот и се замени столаријата во: пет занимални, два кабинета по музичко и информатика, амбу-лантата, кујната и ходниците. Исто така се ин-сталираше енергетско ефикасно надворешно и внатрешно осветлување.

Page 17: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Акцијата чистење на депонии на територија на Општина Центар започна на 24 март и се уште е во тек. Досега се исчистени 42 метри кубни смет, градежен шут и комунален отпад. Расчистувањето на депониите се одвиваше на следниве улици: Елисие Поповски, Салвадор Аљенде, Ганчо Хаџи-Панзов, Драмска, Питу Гули, Васил Ѓоргов, Рузвелтова и Козара.

За да ја одржиме чистата животна средина, апелираме до граѓаните континуирано да се грижат за зеленилото пред станбените објекти, правилно исфрлање на комуналниот отпад и одржување на јавната чистота.

ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИИ

17

Од почетокот на оваа година изврше-на е изградба на јавно улично осветлување на улиците: на крак од ул.Салвадор Аљенде во должина од 350 ме-три и поставени се 23 декоративни кандела-бри; на дел од ул. Сла-вејко Арсов поставе-нo е 70 метарскo ново улично осветлување и 5 декоративни канде-лабри; помеѓу бул.Кли-мент Охридски и ул.Дебарца, пасажот е осветлен со рефлектори.

Во изминатите три месеци Општина Центар има заменето 600 светилки и обновено голем дел од подземната електрична инстала-ција, а во тек е изработка на проекти за нови локации.

ИзГРАДБА НА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ул. Козара

ул. Салвадор Аљенде

ул. Питу Гули

ул. Елисие Поповски

ул. Ганчо Хаџи-Панџов

ул. Васил Ѓоргов

Општина Центар за-почна со поставување 100

нови корпи за отпадоци на различни локации на

територија на Општината. Корпите се во зелена боја и

дел од нив се самостоечки, а дел наменети за канделабри

на улиците.

ул.Салвадор Аљенде

ул.Славејко Арсов

Page 18: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

ОТВОРЕН CALL – ЦЕНТАР зА СТАРИ ЛИЦА

CALL - Центарот функ-ционира секој работен ден од 09 до 18 часот врз осно-ва на телефонско јавување на старите лица, нивно информирање, упатување и испраќање на мобилни екипи во нивните домови, доколку корисниците има-ат потреба за директна помош. CALL - Центарот е сместен во Општина Центар (барака 6). Во CALL - Центарот ќе се нудат следниве услуги: информирање и упатување на корисници кои ќе се јават во центарот; давање на помош и нега во до-машни услови; набавка на храна и лекови и на дру-ги најнеопходни средства; транспорт до неопходни институции (амбуланти, банки и др.); давање на ме-дицинска помош и медицински совети во домашни услови. Директното пружање на услугите во домашни ус-лови од страна на мобилната екипа ќе се реализира во периоди кога заради високите или ниски темпе-ратури е зголемен ризикот по здравје и од повреди кај старите лица. Активностите се реализираат во соработка со За-водот за социјални дејности, Центарот за социјални работи – Центар и Здружението на пензионери на Општина Центар.

Општина Центар започна со активности насоче-ни кон грижа на старите лица над 65 години кои се жители на Општината, а не се во можност да ги оба-вуваат своите секојдневни животни потреби, преку воспоставување на CALL - Центар за стари лица. Овој Центар обезбедува континуирана грижа, помош и поддршка на стари лица, во следниве сег-менти: дневно опслужување на основните потреби на овие граѓани и обезбедување на медицинска по-мош и медицински совети. За оваа цел, Општина Центар во соработка со Заводот за социјални дејности организираше обука за работа со стари лица на следниве теми: систем на социјална заштита во Република Македонија, права и услуги на социјална заштита за стари лица, мапи-рање на потребите на старите лица, стандарди за со-цијална работа со стари лица, комуникација, тим и тимска работа. Врз основа на телефонските јавувања на отворе-ниот телефон за стари лица 3203 636 и податоците

добиени од страна на институ-циите и организациите вклу-чени во овој проект, обучениот тим спроведува теренско ис-тражување за утврдување на состојбата со старите лица во Општина Центар кои се во со-

цијален ризик, како и мапирање на потребите и типот на услуги

кои им се потребни, преку воспоставување на дата база на податоци во Call – Центарот.

18 • број 03 • април 2011

Page 19: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

ПРВО СОВЕТУВАЛИШТЕ зА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ

Децата се нашата иднина и затоа да им обезбедиме услови да се развиваат во средина без насилство!

Како доказ на посветеноста на Општина Цен-тар за живот без насилство, беше отворено Со-ветувалиште за деца и родители – жртви на се-мејно насилство, прво од ваков вид во Скопје. Средствата потребни за работа на ова совету-валиште се обезбедени од страна на Министер-ството за труд и социјална политика и канцела-ријата на УНИЦЕФ, а просторот е обезбеден од страна на Општина Центар и истото се наоѓа во основното училиште Коле Неделковски.

На отварањето при суствуваа: заменикот ми-нистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, градоначалникот на Општина Цен-тар Владимир Тодоровиќ и претставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ Шелдон Јет.

Семејното насилство претствува општест-вен проблем, каде најчести жртви се жените и децата. Доживеаното семејно насилство кај де-цата може да предизвика низа сериозни после-дици и нарушувања во нивното понатамошно социјално и емоционално функционирање, како и промени во нивното однесување и поведение. Активностите предвидени во рамки на ова сове-тувалиште имаат за цел да го прекинат кругот на пренесување на моделот на насилно однесување во семејството, а оттука и спречување на појава-та на насилство кај младите. Од особено значење е што во ова советува-лиште ќе се стави акцент и на работата со мајки-те на овие деца, со што јакнејќи ги нивните ка-пацитети ќе се постигне и нивно оспособување за извршување на нивните родителски обврски кои се од особено значење за личниот развој на децата. Советувалиштето ќе работи секој ден, вклу-чувајќи ги и викендите, од 16:00 до 20:00 часот.

број 03 • април 2011 • 19

– ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Page 20: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Општина Центар, во соработка со ЈП Комунална Хигиена и здружението на граѓани ОРТ – Обука за одржлив раз-вој, спроведе Програма за едукација на учениците од основните училишта и децата од градинките на тема: Пра-вилно управување со отпадот.

Работилниците се одржаа во сите 7 основни училишта и 3 детски градин-ки со нивните клонови, со програма составена од теоретски и практичен дел. Предавањата ги држеа предавачи од ЈП Комунална Хигиена, кои што на интересен и прифатлив начин го

објаснуваа процесот на упра-вување со отпадот, селекција, повторна употреба на искорис-тени предмети и рециклирање. Во текот на практичниот дел, децата од градинките изработу-ваа предмети и играчки од упо-

требени пластични шишиња, хартија од весници и списанија и други пред-мети. Целта на работилниците беше да им се покаже на децата дека не треба сите предмети што еднаш се употребе-ни да завршуваат во корпата за отпа-доци, туку истите можат повторно да

се искористат за изработка на други предмети или за друга намена. ЈП Комунална Хигиена Скопје за сите ученици подели брошури за уп-равувањето со отпадот. Посебен интерес кај учениците предизвика практичната демонстра-ција на пресување празни пластични шишиња, со термо преса. Претстав-ниците од ОРТ го презентираа про-цесот на намалување на волуменот на пластичните шишиња и направија интересни форми. Целта на пресу-вањето е да се намали вкупниот во-лумен на отпадна пластика пред да се носи на преработка.

ЕКОЛОГИЈА КАКО СЕ УПРАВУВА СО ОТПАД

Програмата за едукација на учениците за теми пос-ветени на заштита на животната средина во основните училишта, се базира на примена на принципите на одр-жливиот развој, прикажани на лесен и достапен начин во „Зелениот пакет“. Зелениот пакет е мултимедијален пакет кој опфаќа 22 теми од областа на еколошко образованието за животната средина и претставува прв пакет од ваков тип кој се при-менува во образовниот систем во Македонија. Пакетот содржи прирачник за наставниците, ЦД-Ром со едукатив-ни содржини, ДВД-ЦД со избор на куси филмови поврза-ни со секоја тема што се обработува во прирачникот и ди-лема игри. Пакетот е наменет за едукација на ученици (на

ЕКО ЕДУКАЦИЈА возраст од 10-14 години), наставници и родители. Целта на примената на Пакетот е на интересен на-чин да им се доближи на учениците потребата од

континуирана заштита на животната средина, да ги раз-берат принципите на одржливиот развој и да развијат ин-терес за практична примена на корисни совети за заштита на природата и живиот свет. Пакетот ја олеснува работата на наставниците, кои што имаат можност да користат различни содржини за редовните предмети и да го дополнат предвидениот мате-ријал за наставна содржина. Пакетот изобилува со информации и податоци за со-стојбите со животната средина и одржливиот развој во Република Македонија и Европа. Едноставно, корисна и прекрасна алатка за сите наставници и ученици, кои што имааат интерес и желба за нови знаења. Зелениот пакет е изработен во рамките на проект спро-ведуван од РЕЦ (Регионален Центар за животна средина за Централна и источна Европа) Канцеларија во Македо-нија, со поддршка на Министерството за животна среди-на и просторно планирање, Министерството за образо-вание и Австриската Развојна Агенција. Во употреба е од септември 2008 година, и распределен е за употреба до сите основни училишта во Република Македонија.

Page 21: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

ЕКОЛОГИЈАОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА Со пригоден настан под мотото “Врати ù се на природата, врати и сè на природата”, на 25 март 2011 година Општина Центар, традиционално ги одбележа “Деновите на пролетта – Недела на екологијата”. Ова мото симболично ја изрази потребата секој пое-динец да се врати кон природата, односно да ги почитува нејзините принципи и целиот жив свет. Хепенингот се одржа пред спомен куќата на Мајка Тереза, а посебно обележје му дадоа стотина ученици од основните учи-лишта на територија на Општина Центар. Тие изведоа музички точки, рецитали и дра-матизации посветени на пролетта, екологија-та и будењето на природата, испишаа пораки и нацртаа цртежи за заштита на животната средина. Целта на манифестацијата беше да се подигне свеста за животното опкружување и да се создаде нова генерација млади луѓе кои преку љубо-вта кон природата, ќе создадат потреба за едукатив-но надградување за рамнотежата помеѓу човекот и природата. Со тоа тие ќе развијат правилен научен и креативен однос кон неа. Овој настан се организираше во рамки на Про-грамата за заштита на животна средина на Општи-на Центар во партнерство со ЈП Комунална хигиена Скопје и ОРТ – Обука за одржлив развој. Граѓаните на Општина Центар со својата масовност го потврдија интересот и посветеноста за чиста животна средина. Едукаторите од организациите делеа промотивен ма-теријал, презентираа интересни игри и им даваа совети на де-чињата околу заштитата на животната средина и однесување-то во природа. Претставниците од ОРТ– Обука за одржлив развој презентираа практична селекција на отпад со термо преси за намалување на волуменот на пластични шишиња.

21

Page 22: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

ДЕН НА ДРВОТО – зАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

Околу 200 учесници од основните училишта од Општина Центар, наставници и вработени од Општи-на Центар се приклучија на седмата традиционална акција за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ која што се одржа на 31 март 2011 година на локацијата Мршевци, Ајватовски рид. Акцијата се спроведе на локација над селото Мр-шевци и опфати засадување листопадни и зимзеле-ни садници во подготвени леи.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

Учениците од основните училишта од Општина Центар веднаш активно се вклучија во засадувањето и засадија околу 200 садници. Останатите ученици, спроведоа еколошки актив-ности во основните училишта, кои што опфатија хортикултурно уредување на училишниот простор, како и креативни работилници за цртање слики и пишување на тема: Будење на пролетта, заштита на природата и живиот свет.

Општина Центар во текот на месец март, хор-тикултурно ги уреди двата парка, Скверот пред општината на ул. Михаил Цоков и Скверот на Кру-жен ток во Дебар маало. За таа цел, се изврши реконструкција на тревниците, обнова на пос-

тоечката вегетација и дополна со нови садници. Со цел раззубавување на парковите, се изврши засаду-вање на цветен расад љубичици во различни бои.

ЕКОЛОГИЈА

Page 23: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Општина Центар од оваа година започнува со акција “Избираме најубаво уреден двор”. Истата има за цел да ги поттикне жителите да ги уредат хортикултурно своите дворни површини. Затоа ги повикуваме куќните совети, сите сопстве-ници на индивидуални куќи и компаниите на терито-рија на Општина Центар да земат учество во оваа ак-ција. Сопствениците на најдобро уредените дворови ќе бидат наградени. Сите заинтересирани можат да ни се обратат во Општината на тел 3203 634 или на e-mail: [email protected] и со задоволство ќе го посетиме. Објавените слики на дворови се направени во Општи-на Центар. Истите нека ви бидат предизвик да се потру-дите и вие, да бидете креативни во уредувањето на ваши-те простори.

АКЦИЈА

НАЈУБАВИ ДВОРОВИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

23број 03 • април 2011 •

Page 24: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Општина Центар во партнерство со меѓународната фондација “Борис Трајковски” во рамки на Неделата за борба против ракот на дојка која се одбележува секоја го-дина од 1 до 8 март, заеднички ја промовираа кампањата под мотото “Поддржи ја борбата - Најди лек!“ која има за цел да ја подигне јавната свест за рано откривање и борба против ракот на дојка. Истата се одржа во присуство на голем број жени - подржувачи на кампањата: диполомат-скот кор, пратенички, советнички од Општина Центар, претставнички од невладиниот сектор, како и жени од бизнис секторот и естрадни уметнички. Оваа кампања е мотивирана од фактот дека во Македонија бројот на забо-лени жени кај кои е откриена оваа болест во најголем дел е во поодмината фаза, при што лекувањето е долготрај-но и многу скапо, а во многу случаи невозможно. Идејата за промоцијата беше квалитативно да се информираат и едуцираат сите присутни подржувачи преку практични презентации за рано откривање, превенција и справување со оваа болест подарувајќи ја книгата “Ах тој мамограм!” која нуди утеха и квалитетно сознание за ракот на дојка. Пред присутните свое поздравно обраќање имаа: Вилма Трајковска почесен претседател на фондацијата “Борис Трајко вски”, Градоначалникот на Општина Центар Вла-димир Тодоровиќ, Солвеиг Рикер сопруга на aмбасадорот на САД во Република Македонија и Владимир Поповски, заменик министер за здравство.

- Сигурна сум дека не сум единствена која имала мож-ност да се сретне или да разговара со пријателка, роднина,

или познаничка, која се соочила со пробле-мот–рак на дојка. Иако секоја од тие судбини и случаи се приказ-на зa себе, сите имаат нешто заедничко: мо-ментот кога е дијаг-ностицирана болеста, како и траумата низ која минала жената и нејзиното семејство.

Во сите случаеви можеме да констатираме: колку порано е откриена болеста, толку е помала опасноста од натамош-но загрозување на здравјето и животот на жената и толку помали се траумите со кои се соочува таа и нејзиното се-мејство. Статистичките податоци во Република Македо-нија но и во светот, укажуваат дека бројот на заболените од оваа болест и натаму расте. Сепак, охрабрувачки е фак-тот дека земјите кои се карактеризираат со високо ниво на превентивни активности бележат намалување на мор-талитетот. Поразителната бројка на заболени во нашата земја, беше зà мене поттик и мотив активно да се вклу-чам, пред сè, во информираноста на македонската жена за големото значење од рана детекција. Денеска сум горда што Фондацијата Борис Трајковски, во рамките на својата мисија, продолжува и несебично го дава својот придонес

во здравствената едукација. Поттикнати од сето ова, ја започнуваме кампањата “Поддржи ја борбата–најди лек” која има за цел квали-тено да ги информира и еду-цира сите заинтересирани преку: презентации за рано откривање, превенција и справување со оваа болест, јавни настани од поши-ок карактер, како и со хуманитарни активности. Сакам да изразам голема благодарност до градоначалникот и општина Центар за прифаќањето на подадената рака заед-но да делуваме на ова поле. Уверена сум дека само со едно вакво партнерство може да направиме големи промени во свеста кај секоја жена. За таа цел, ја нудиме книгата Ах, тој мамограм! од авторот Др. Ерни Бодаи, врвен хирург од САД. Ах, тој мамограм! е непроценлив извор на инфор-мации корисни за секоја жена, но и за секое медицинско лице. Оваа книга нуди будење на свеста кај секоја жена да почне со превентивни прегледи, да го негува духот за борба против болеста, да ја поттикнува надежта за здрав и нормален живот. Со помош на оваа книга ќе може секоја жена да се информира, а секоја дијагностицирана жена да ја види светлината на изодениот тунел, полесно да ја при-фати вистината и очајот го замени со надеж за успех- рече меѓу другото Вилма Трајковска.

-Под мотото “Поддржи ја борбата - Најди лек!“ наша заедничка цел е да ја разбудиме свеста кај секоја жена, не-зависно дали е здрава или болна, да почне со превентивни прегледи, но пред се–да го негува духот за борба против болеста, да ја поттикнува надежта за здрав живот. Со оваа кампања, исто така сакаме да им укажеме на жените како да го пребродат стравот поврзан со ракот на дојката. Но и да ги едуцираме оние жени кои веќе се справуваат со оваа смртоносна болест. За жал, бројот на жени што боледува-ат од рак на дојката во Македонија е во пораст. Од голема важност е да имате генерално разбирање за болеста и за превенцијата од ова заболување. Оваа кампања, има ток-му за цел–да се промовира свесноста за ракот на дојката како проблем; да ја разбуди свеста на секоја жена за ре-довна медицинска контрола; да се акцентира потребата од соодветен скрининг и рано откривање на болеста. Ракот може да се победи! Тоа не е измама, туку е надеж, во која треба да веруваме! А, надежта е тука! – ис-такна градо-началникот Тодоровиќ.

МАНИФЕСТАЦИИ ПРОМОВИРАНА КАМПАЊА зАБОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТА

24 • број 03 • април 2011

Page 25: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

ОПИЕНИ ОД ЉУБОВ, МУзИКА И ВИНО

МАНИФЕСТАЦИИ

Општина Центар подеднакво ги одбележа и двата празни-ка, православниот Св. Трифун, заштитникот на лозарите и католичкиот Св. Валентин, денот на вљубените кој во по-следно време почна масовно да се прославува и на нашите простори.

Со пригодна специјална програма, Општина Центар го одбележа 14-ти февруари, Денот на виното и вљубените. По тој повод, во конгресната сала на ресторанот Воденица се одржа специјален концерт “Опиени од љубов, музика и вино”, во изведба на: Камерниот оркестар Скопски солисти и тенорот Марјан Николовски, а под диригентска палка на ЛеФи Фи, како и Бојан Волчевски и Филип Стамевски со дуо хармоники.

Во програмскиот дел беа изведени класични дела од Моцарт, Бокерини, Хендл, Штраус, Пиацола, Бах, Золо-тарјов, Менделсон, Брамс, Галијано и други познати компо-зитори. Водител на настанот беше актерот Марин Бабиќ, а по програмскиот дел, следуваше коктел на кој присутните имаа можност да ги дегустираат најдобрите домашни вина од винариите: Тиквеш, Фонко, Стоби, Бовин, Сковин и Тристо. На овој редок настан кој по втор пат се одржува во организација на Општина Центар и ќе премине во тра-диција, присуствуваа исклучиво јавни личности: претста-вници од дипломатскиот кор, естрадни уметници, како и личности од бизнис-секторот. Со овој специјален концерт

Во организација на Македонското научно здружение за аутизам кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, а под по-кровителство на сопругата на Претседателот на Репу-блика Македонија Маја Иванова и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, на 2 април 2011, за прв пат во Македонија беше одбележан Светскиот ден на аутизмот.

Општина Центар даде целосна поддршка на заложби-те и напорите за подигнување на квалитетот на животот и остварување на правата на лицата со аутистичен спектар на нарушувања. За отворена манифестацијата ја прогласи Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоро-виќ, кој меѓу другото истакна:

- Поразителен е податокот дека само 1 процент од вкуп-ниот број на ученици со посебни образовни потреби кои посетуваат редовна настава, се деца со аутизам. За таа цел, градинките и основните училишта во Општина Центар се отворени за прифаќање на овие деца и нивно вклучување во редовните програмски активности на овие образовни институции. Не смееме да дозволиме овие деца да бидат оставени сами на себе. Напротив, за нивната интеграција во општеството треба да придонесеме сите заедно. Да ги охрабриме, да им ја дадеме нашата поддршка, да почув-ствуваат дека ја имаат нашата љубов и нашето внимание.

Во името на организаторот на оваа манифестација, се обрати претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, проф. д-р Владимир Трајковски:

- За жал во Македонија не постои официјален податок колкав е бројот на лица со аутизам. Во државата не постои систем на организирана заштита, едукација и рехабили-тација на децата и лицата со аутизам. Потребно е пого-лемо вклучување не само на одговорните фактори, туку и на професионалците за подигнување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања во Република Македонија. Овој настан ни докажува дека надеж има за овие лица, дека тие не се препуштени на случајност, затоа ние денес топло да ги поздравиме, да им подадеме рака, да им покажеме дека не се сами и дека ја заслужуваат нашата љубов и внимание.

Манифестацијата беше проследена со многу музика и забава, присуствуваа и многу изведувачи кои дадоа своја несебична поддршка на децата и лицата со аутизам. Сим-болично беа поделени балони, маици со знакот за аутизам и памфлети со основни информации за аутизмот за сите заинтересирани граѓани.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИзМОТ

Page 26: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

-Мојот дедо има по-веќе потомци, но како што велат другите, мо-жеби јас сум најекспо-нираниот во семејство-то и затоа ми припадна обврската, но и честа да го негувам името и дела-та на Бранислав Нушиќ. Судбината си го напра-ви своето, и мене рабо-тата и животот ме доне-соа во Македонија, како и мојот дедо кој беше државен службеник и конзул во Македонија, а во 1927 г. го оснива-ше и Народниот театар во Скопје и беше негов прв директор, - вака ја започна својата приказ-на Небојша на средбата во ресторанот Гурмет во Дебар маало. Кога е во Македонија и во друштво на културни-те соработници и дра-ги пријатели, ја корис-ти секоја можност да

потсети за достиг-нувањата на Бра-нислав Нушиќ во македонскиот

уметнички и ди-пломатски живот.

Признава дека и н с п и р ат и в н и т е моменти му доаѓаат и во кафеана, во која се чувствува пријат-но и која за него, како и за неговиот

славен дедо, секогаш има култно значење. Се гордее на карактеристи-ките кои ги добил во на-следство: изразени црти и препознатлив лик, не-наметлива љубезност, чувство на хедонизам и смисол за хумор. Небој-ша Нушиќ се издвојува по својата сестраност која го карактеризира на повеќе професионални полиња.

Фасциниран е од менталитетот на луѓето од овие простори, а жи-вотниот пат го донесе и во Македонија и е чест гостин во Општина Цен-тар по многу поводи.

-По повод одбеле-жувањето на 75-годиш-нината од смртта на Нушиќ, под покровител-ство на Претседателката на Општина Стари Град, Мирјана Божидаревиќ, организиравме меѓуна-родна изложба на ка-рикатури на тема „Сите лица на Бранислав Ну-шиќ“. При официјал-ната посета на делега-цијата од Стари Град во Општина Центар, овој опус на карикатури беше изложен и пред скопска-та публика во фоајето на Македонскиот народен театар, благодарение на

НЕБОЈША НУШИќ –

Небојша Нушиќ (46) е потомок на славниот српски писател на романи, драми и комедиограф Бранислав Нушиќ (8 октомври 1864 – 19 јануари

1938 година). Роден е во српската престолнина, а во моментов живее на релација Скопје – Белград. Не ја крие нескромноста за своето славно поте-

кло и привилегијата која ја има – да го гаи ликот и делото на Бранислав Нушиќ. Во наследство од својот дедо, го доби препознатливиот шарм, ко-муникативност и се разбира смисолот за хумор.

МОСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕ ОПШТИНИ

26 • број 03 • април 2011

Page 27: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

27број 01 • април 2011 •

иницијативата на г-ѓа Божидаревиќ и разбирање-то на г-дин Тодоровиќ, што претставува-ше продлабочување на соработката меѓу двете збратимени општи-ни, Центар и Стари Град. Она што особено ме радува е тоа што градоначални-кот Владимир Тодо-ровиќ на прославата по повод 50-то из-ведување на „Сом-нително лице“ и отварањето на карикатури, изја-ви дека во новиот објект на МНТ, ќе има просторија посветена на Бра-нислав Нушиќ. Ова претставува импре-сивен податок за го-лемината на луѓето од ова поднебје, доказ дека вистински умеат да го ценат и почитуваат неговиот придо-нес за драмската уметност што ја создавал и цело-купното креативно творештво што го оставил во наследство во Македонија. Јас живеам и работам во

Општина Стари Град во Белград, меѓутоа исто така и често престојувам во Скопје и деловно со-

работувам со Општина Центар.

Со градоначалникот Тодоровиќ имаме сорабо-

тувано на проекти од областа на културата,

во организација на српската амбасада во Македонија, а искрено се наде-вам дека таа со-работка ќе оди по нагорна линија. Како и до сега, во поврзувањето на

овие две збратиме-ни општини, така и

во иднина, сакам да го дадам својот мак-

симален придонес, со искрени намери и големо

задоволство. Централната скопска општина ми е многу

блиска до срцето, а македонскиот народ го чувству-вам како пријателски народ, - истакна на крајот од разговорот Небојша Нушиќ.

Page 28: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

28 • број 03 • април 2011

Одејќи по најсимпатичниот парк, оној на Франкофонија-та, во правец кон патеката на Вардар, нозете сами ми заста-нуваат “Кај Жабарот” и мислите за миг ми се навраќаат во минатото. Времето како да застанало за мене, а спомените од детството како дождови од емоции ми навираат и како слики една по друга се појавуваат... -Ќе Ве молам една лимунада и сладолед снежец и капри ако има за девојчињата, -му вели татко ми на продавачот.... Жабарот е неминовно скопска легенда за старите добри времиња и интересните случки, кои со децении во ова исто-риско кафеанче се раскажувале на толку магичен начин. За-едничките сеќавања за популарните седенки со добра музика и забава, посебно кај повозрасната популација, предизвику-ваат воздишки и ден денес. Ова е всушност убаво спакувана приказна за славното ка-феанче со специфичен шмек, кое успеало да го задржи својот идентичен лик. Без наметлива искомерцијализираност и на-гласени рекламирања, Жабарот од сендвичара со плескавици до шармантно ресторанче, го задржал својот имиџ и реноме со подговување на врвна скара. Ако го посетите легендарното место мора да сте мераклија за опуштено друштво, едностав-но речено да сте љубител на убавата чашка и вкусното месо. Постојаните гости Лавот, Бабуш, Гуде, Боре, Златко, Панче, Мојсо, Марко... ја прават атмосферата во кафеаната.

Навистина вреди да се отстапи простор во на-

шето списание за култното место, малку подзатскриено во бујното зеле-нило на шеталиштето на кејот на Вардар во Општина Центар, кај Жабарот.

ПУЛСИРАЊЕ НА МИНАТОТО НА КЕЈОТ

НА ВАРДАР

Приказната за славното кафеанче започнува во далечна-та 1836 година, кога поради турските зулуми нанесувани на македонско православно население, претците на семејство-то на Жабар пребегале од Велес во Скопје. Од 1923 година, постои и официјален документ во својство на регистрирано одбрение за работење со сода вода. Дедото Илија бил врвен содаџија во Маџар маало, кој уште во тоа време бил сликан на коњи како носи сода вода. Нивната лимунаџилница била на улица 7, бр.48 која се наоѓала на локација на сегашниот Куклен театар, а подоцна со урбанистичкиот план од тоа време, комплексот бил сру-шен при што со замена е добиен нов објект – барака, која била изградена за потребите на тогашната ЈНА. На ова место пред земјотресот, семејството на Илија Саздов (Жабар) и не-говиот брат Васе, освен што продавале сода вода, ја продава-ле и најприродната лимунада од вишна и малина која била подготвена од нивната мајка. Пред секој фудбалски натпревар луѓето поминуваа од тука и се освежуваа со лимунада. Во тоа време на стадионот, двајцата браќа продавале оранжада која била единствена и препознатлива, а другите продавачи не успевале да продадат ниедна, додека нивната не завршела. За време на Балканските првенства во кошарка кои се одржувале на Кале, пред самиот натпревар, југословенски репрезентативци, кои биле вистин-ски спортски легенди од тоа време како: Јосип Герџа, (од За-дар), Иво Данеу (од Олимпија), Радивоје Корач (од Белград) и многу други, по неколку пати го враќале малиот Жабар да им носи лимунади и сокови од вишна. Се до 70-тите години, кај Жабарот се продавало сода вода. Меѓутоа, времињата се менувале, па така од лимунада и оранжада се преминува во посовремени пијалоци: кокта, јупи и пиво квас. И приказна-та продолжува... Овој дуќан секогаш го красеа националната македонска кујна во комбинација со изворната музика. Музичарот Тефо, поточно, Тефик Абдула, со неговиот омилен инструмент примот, тука претставуваше вистински бренд. Ако некој ос-тавил траги во скопската боемштина во последните децении

СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ: КАЈ ЖАБАрОТ

Александар Џамбазов - дел од постојаните гости

Page 29: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

29

од минатиот век, тогаш несомнено, тоа е човекот што пленеше со благородност и добрина, Тефо. Не беше само Жаба-рот, кој како во огледало го забележа одразот на чистата душа и талент на Тефо, тој беше ценлив и видлив не само од обичните луѓе - мераклии на добрата музика, туку и од многу видни уметни-ци кои само поради него одеа кај Жа-барот. Тефо од самиот почеток музицирал заедно во дует со Ан-геле. Дека, Тефик е вистинска ле-генда зборува популарното дело кое малкумина знаат дека го ос-тавил зад себе, македонската ста-роградска песна – “Нели ти стига мојата младост”. Сите случки и анегдоти повр-зани со легендарното кафеанче Жабарот ни ги довери сопстве-никот Илија Саздов. Неговата искреност и домаќинлук биле предуслов да стекне пријателства со многу познати личности од било која професија. Тој не бил побор-ник да биде сликан или виден со нив. Доаѓале многу амбасадори и диплома-ти, а американскиот Лоренс Батлер и австрискиот Харолд Кочи и денес кога се во Скопје, доаѓаат да го испочитува-ат стариот пријател. Тие присуствувале во друштво со него и на Бадникарски-те средби. Во пријатната атмосфера со боемски шмек, подеднакво уживале и еден Амабасадор и еден амал седнат на соседната маса. А како да не играш, кога срцето ти го разигрува музиката на Живко Дуев и на Ванчо, кои веќе 17 го-дини тука музицираат. За да се заштити од заборав, кафеаната која е дел од на-шето минато, постојаните гости го со-ветувале да го задржи староградскиот амбиент околу оваа урбана средина. Го прашав од каде му е прекарот, а тој со искрена ведрина ми одговори: -А каков прекар може да има дете израснато покрај река. Постојано се ка-пев во Вардар на Руска плажа, а мајка ми ќе ме искараше пред сите другари,

излегувај од ладната вода, жабо една! Потоа, дојдоа ба-таците-вистински специјали-тет ала Жабар и така настана прекарот. Од мојот дедо Илија кој бил дуќанџија го имам наследено менаџирањето на угостителство. По потекло сум Маџар маалец, ќе Ве замолам да внимавате без “навреду-вање” кога ќе ме ословувате како стар скопјанец, бидејќи

сум млад скопјанец, само знаете, семка-та ми е стара - се нашали Жабар. -Ќе Ви раскажам анегдота за прво-то “признание” на Ристо Шишков дека единствениот артистички лик кој му отскокнувал, колку и да се труди, не бил способен да го долови, е оргиналното и повлечено човече, Тефо. Во друштво со неговиот колега Коле Мангов, уште

од театарот поднапиен, своето распо-ложение го продолжуваше овде. Секој можам да го одглумам, само овој овде, малиот, не можам! И навистина тоа беше човече со душа и сто души не му беа идентични, џабе да Ви објаснувам, тој лик треба само да го запознаете- со невидени емоции ни раскажуваше Жабарот. Честа посетителка беше и познатата француска новинарка, Домени Беруш. Поради нејзината убавина, во кафеа-ната ја нарекуваа Црната Венера. Таа јадеше многу лути пиперки, а со тој податок актерот Марин Бабиќ веднаш ја откри дека не е чиста французинка, туку има арапско потекло. Преубавата новинарка од Париз професионално се занимаваше со прибележување на теми посветени на етнолошките оби-чаи, а во Македонија беше специјално дојдена да истражува за македонската култура, јазик и за македонскиот народ. Ја осозна целата етничка култура, а дел од тоа беше и Безистенот, кој всушност

претставуваше прва организирана тр-говија со пазар во регионот. Во една прилика на Јордан Плевнеш му предло-жи: Мора Жабар да го вметнеш во еден сегмент во претставата. И јас се тргав, а таа на Јордан му вика: леле сопри го, нешто да не го навредив? А тој на смеа и вели: за него цел роман треба да се напише, а не само еден сегмент. Самата кажуваше, Жабар е многу вистинит во прикажувањето на културата, особе-но кога во песната најубаво се опишал македонскиот народ. Од таа шегови-та случка, во 1994г. беше реализирана 45-минутна емисија на Француската национална телевизија. Јас бев гостин и водич во таа емисија. За Жабарот се слушнало дури до Франција, по покана на поранешниот амбасадор во Париз и тогашен Пот-

претседател на Унеско Јордан Плавнеш, при прославата на ше-есетгодишнината на оваа орга-низација Жабарот подготвувал македонски јадења и производи, вина, сирења, кашкавали. Цен-тралната прослава се одржала на 19 ноември 2006 година во која земале учество врвни уметници на сериозна музика со учество на јапонски, украински и други светски симфониски оркестри, меѓу кои и музичките доајени Борис Трајанов и Драган Даутов-

ски. Како водител на манифестацијата била француската глумица Софи Мар-со. Тоа било прекрасно и неповторливо доживување.

Ако сакате да ја напишеште исто-ријата за Македонија, сами потру-дете се да ги осознаете тајните, а ќе ги најдете во изворните народни песни, бидејќи нашиот народ себе си во нив се опишал. Во нив е се ка-жано за животот: од љубов, стра-дање, умирачка и се останато.

Тефик - незаборавна легенда (доле лево)

Амбасадорот Лоренс Батлер и денес чест гостин

Page 30: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

ТрАДИЦИОНАЛНО ВЕЛИГДЕНСКО

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕНа 23 април 2011 година, по повод големиот христијански празник Велигден, Општина Цен-тар подари 12.000 велигденски јајца. Деца од КУД Кочо Рацин облечени во народни носии со беџо-ви од Општина Центар им подаруваа велигденски јајца на минувачите на локациите: улица Маке-донија, Кеј 13 Ноември, Градски трговски цен-тар, во ТЦ Буњаковец, на Зелен пазар и пазарот Буњаковец и на улица Ленинова во Дебар Маало. На овој начин Општина Центар пригодно им го честита празникот на своите православни со-граѓани.

Page 31: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

Лифт текул. Перо Наков б.б., Скопјетел: 02/ 2402 018e-mail: info@lift tech.mk Вардар Лифтовиул.Финска бб. ТЦ. М.А. Ченто-Скопјетел/факс: 02/2531-505 02/2530-821моб: 070/262-484info@vardarlift ovi.com.mk

Дака Карпошбул.Кочо Рацин 20, Скопјетел: 02/ 3121 425

Дака Лифт Групул.Партизанска бр.4, Скопјетел: 02/3213-411 02/3226-534e-mail: stoilko@dakalift group.com.mkДид-ком лифтул. Роза Луксембург 10, Скопјетел: 02/6134-608моб: 070/ 279-902e-mail: [email protected],[email protected]

Кончар лифтовиул.Ѓорѓи Димитров 2/4, Скопјетел: 02/ 2782-188моб: 070/ 248-461e-mail: kontakt@koncar-lift ovi.com.mk

Лимекс лифтовибул. Јане Сандански 79-а-1/34,Скопјемоб: 070/ 380 003Лифтасул. Тодор Паница бр.5/2, Скопјетел: 02/ 2783-277

Мак лифтул. Васко Карангелески б.б, Скопјетел: 02/ 2461-332 02/2563-634e-mail: info@maklift .com

Мона лифтул. Сава Ковачевиќ бр. 1/38, Скопјетел: 02/ 2783-341моб: 070/ 317- 161

Прима лифтбул.В.С.Бато бр.14/17, Скопјетел: 02/ 2458-117

Сезалул.Бојмија бр.6тел: 02/ 2465-971моб: 070/ [email protected]

Скопје лифтул. Иван Козаров бр.52, Скопјетел: 02/ 3115-766

КОрИСНИ ИНФОрМАЦИИ

Се почести се дефектите на лифтовите. Од тие причини сигурно овие информации за жителите

на Општина Центар ќе бидат корисни и добредојдени.

Списание на ОпштинаЦентар

МЕТРОПОЛА

Уредувачки совет:Лидија Неделковска

Бранислав СаркањацНасер Хот

Соработници:Вера НоваковаЕлена Чалческа

Живка ХристоваЈулијана Шалева

Весна НиколовскаДрита Исени

Ирена ТодоровскаТамара Булатовиќ

Уредува:Одделение за односи со

јавност во Општина Центар

Дизајн и техничко уредување:Арс Ламина

Издава:Општина Центар

за издавачот:Градоначалник

Владимир Тодоровиќ

телефон: 3203 634факс: 3211 089

e-mail:[email protected]: opstinacentar.gov.mk

адреса: ул. Михаил Цоков бб, 1000 Скопје

Печати: Арс Ламина

Тираж: 15.000

Општина Центар им благодари на сите оние кои во изминатиов период ни се јавуваа за: дупки на улици и тротоари, неисчистен смет и шут, светилки кои не работат и слично, доколку истите не се наоѓаат на

главнитесообраќајници кои се во надлежност на Град Скопје.Ги охрабруваме и понатаму сите жители на Општина Центар да го користат дежурниот телефон 071/28 24 24

со испраќање на СМС пораки, да ни се јавуваат, со цел истите да бидат што побрзо отстранети. Наш совет е: меморирајте го овој број и да ви биде секогаш при рака.

Исто така за ваков вид интервенции, можете да не контактирате и преку електронска пошта: [email protected] за пријавување и превземање мерки за интервенции од наша страна.

Page 32: Informativno spisanie na Opstina Centar Metropola br.3

РепертоарнаМНТ