15
Семинарски труд по Институции на ЕУ Тема: Европската комисија Скопје, 2010 1

Institucii na EU

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Institucii na EU

Семинарски труд по

Институции на ЕУ

Тема:

Европската комисија

Скопје, 2010

1

Page 2: Institucii na EU

Содржина

1.Вовед...........................................................................3

2. Европска Комисија....................................................5

3. Почетоци и развој на Комисијата............................6

4.Организација на Комисијата......................................6

4.1 Состав на Комисијата..............................................7

4.2 Одговорности на комесарите.................................8

5.Улога и надлежности на Комисијата........................9

6.Како работи комисијата..............................................10

7.Користена литература................................................12

2

Page 3: Institucii na EU

1.Вовед

Европската Унија (ЕУ) е фамилија од демократски држави кои работат заедно за да го подобрат животот на нивните граѓани и да изградат подобро место за живот.

За само половина век Европската Унија донесе мир и просперитет во Европа, единствана валута (евро), слободен прекуграничен и единствен пазар на стоки, услуги, лица и капитал.Прерасна во најголема трговса сила и светски лидер во областите како што се општествена заштита и помош за развој. Не е ни чудо што прерасна од шест на дваесет и седум држави членки. Европската унија претставува заедница на држави на европскиот континент, кои

се обединети со цел да остварат заеднички политички, економски, социјални и културни интереси.

Оваа наднационална и меѓувладина унија (заедница) опфаќа 27 демократски земји-членки.

Европската Унија е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1992 год. со Договорот за Европска Унија (Мастришкиот договор). Сепак, многу аспекти од Унијата постоеја и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат од 1951 година. Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството и економската политика до надворешната политика и одбраната. Сепак, опсегот на нејзините овластувања многу се разликува во зависност од дадената област. Во зависност од областа за која станува збор, ЕУ може да претставува:

федерација (на пример, во монетарните работи, во аграрната, трговската и еколошката политика);

конфедерација (на пример, во социјалната и економската политика, заштитата на потрошувачите, внатрешните работи);

меѓународна организација (на пример, во надворешните работи).

Клучна активност на ЕУ е основањето и управувањето со заедничкиот единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута (која е усвоена од 12 од 27-те земји членки), заедничка аграрна политика и заедничка рибарска политика.

Функционирањето на ЕУ се темели врз неколку институции:

Советот на Европската унија (законодавно водечко одлучувачко тело на Европската унија,што ги претставува индивидуалните земји-членки)

3

Page 4: Institucii na EU

Европската комисија (политичка независна институција која ги застапува и промовира интересите на ЕУ како целина)

Европскиот парламент (избрано тело кое ги претставува граѓаните на ЕУ)

Европскиот суд на правда (го поддржува спроведувањето на Европското право) и

Европскиот ревизиски суд (го проверува финансирањето на активностите на Унијата).

Постојат неколку финансиски тела:

Европската централна банка (одговорна за европската монетарна политика) и

Европската инвестициска банка (финансира инвестициски проекти на ЕУ)

Исто така, постојат и неколку советодавни комитети:

Комитет на регионите (ги претставува регионалните и локалните власти, дава совети околу регионалните прашања)

Економскиот и социјалниот комитет (го претставува граѓанското општество и двете страни на индустријата, дава совети во врска со економската и социјалната политика)

Политичкиот и безбедносен комитет (кој е основан во смисла на на Заедничката надворешна и безбедносна политика и кој ги разгледува и дава совети околу меѓународните прашања и глобалната безбедност)

Покрај ова, има и редица други тела, обично основани преку секундарната легислатива. Тоа се агенциите на Европската Унија. На пример: Европската еколошка агенција, Европската агенција за безбедност во воздушниот сообраќај, Канцеларијата за хармонизација на внатрешниот пазар и други.

На крајот, европскиот омбудсман ги испитува жалбите за лошо работење на институциите на ЕУ во однос на нивното постапување кон граѓаните на ЕУ.

Локации на институциите на ЕУ

ЕУ нема официјален главен град и нејзините институции се лоцирани во неколку европски градови:

Брисел , Белгија - се смета за de facto главен град на ЕУ. o Седиште на Европската комисија и на Советот на Европската Унија.o Седиште на состаноците на комитетите и на мини-сесиите на

Европскиот парламент.o Домаќин на сите самити на Европскиот совет (од 2004).

4

Page 5: Institucii na EU

Стразбур , Франција o Седиште на Европскиот парламент и на неговиот 12-неделни

пленарни сесии секоја година.

Луксембург o Седиште на Европскиот суд на правдата и на Секретаријатот на

Европскиот парламент.o Седиште на Европската инвестициска банка.

Франкфурт , Германија o Седиште на Европската централна банка.

Хаг , Холандија o Седиште на Европол.

2. ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

Комисијата е политичка независна институција која ги застапува и промовира институциите на ЕУ како целина. Таа e водечка сила во институционалниот систем на ЕУ. Предлага законска регулатива, политички и програми за дејству-вање и е одговорна за спроведување на одлуките на Парламентот и Советот.

5

Page 6: Institucii na EU

3. Почетоците и развојот на Европската комисија

Претходник на комисијата, заедно со Европката заедница за јаглен и челик(ЕЗЈЧ) била Високиот орган, кој е основан во 1951 година.Кој имал значајни права во одлучувањето во политиката со јаглен и челик. Со Римските договори од 1958 годинаи се придружуваат Комисијата на европската економска заедница(ЕЕЗ) и Комисијата на Европската заедница за атомка енергија (ЕВРОАТОМ). Меѓутоа, со Договорот за Фузирање од 1967 година се формира само една Комисија, како орган за сите три заедници. Во текот на шеесеттите и седумдесеттите години нејзината улога била мала, меѓутоа со доаѓањето на Жак Делор на чело на Комисијата, се издигнува и добива улога на промотор што се гледа во Единствениот Европски Акт(1986) со идејата за формирање на Економска и Монетарна унија.Исто така понатамошните Договори од Мастрихт, Договорот од Амстердам и Договорот од Ница придонесоа за јакнење на Комисијата и го зголемија списокот на заеднички регулирани политички области и со тоа се зголемија можностите за нивно формулурање. Во исто време , нејзините задачи и надлежности се расчленуваа и диференцираа. Врз основа од Договорот за Европска Заедница (ЕЗ) , Комисијата ги има следните задачи 1)да се грижи за договорите и одредбите кои органите ги усвоиле, 2) да дава препорки или да зма ставови за одредени области, 3) во рамките на својата надлежност да донесува одлуки и да учествува во работата на Советот и Парламентот и 4) да ги користи своите овластувања за примена на прописите на Советот.

Со тоа класично се поврзуваат трите улоги на Комисијата во Заедницата.Таа се смета за Двигател на интеграцијата, што е улога која и припаѓа пред се , врз основа на нејзиниот монопол во однос на превземањето иницијатививо ЕЗ. За да може да започне постапказа усвојување на правен акт во заедницата е потребно по правило прелог од комисијата.Таа исто така се нарекува Чувар на договорите,затоа што го следи спроведувањето и примената на правото на Заедницата.Исто така таа е извршна властна Заедницата , затоа што покрај Советот ги спроведува правните акти на ниво на Заедницата аи доверена е реализацијата на буџетот.

4. Организација на Европската комисија

Терминот "Комисија" се користи со две значења. Прво се однесува на членовите на Комисијата назначени од земјите членки и од парламентот да раководат со институцијата и да ги донесуваат нејзините одлуки. Второ, терминот се однесува на самата институција и на нејзиниот персонал.

6

Page 7: Institucii na EU

Членовите на Комисијата се познати како Комесари. Тие сите биле на политички позиции од земјите од каде што потекнуваат, многу од нив биле министри во влади но како членови на Комисијата се обврзуват да дејствуват според интересите на Унијата како целина, а не да ги прифакаат инструкции од нивните државни влади. На секои пет години се именува нова Комисија и тоа во период од шест месеци од изборите во Европскиот Парламент. Постапката за избирање Комисија е следнава

Владите на земјите членки се договараат која лишност ке ја именуваат за нов претседател на Европската комисија

Новиот претседател е одобрен од Парламентот, со гласање и дури по позитивните резултати с еименува претседателот.

Новиот претседател во дискусија со Советот ќе направи листа на членови

Именувањето на членовите се врши во Советот по претходно одобрување од Парламентот

Седиштето на Комисијата е во Брисел (Белгија) но таа има и канцеларии и во Луксембург, претставништва во сите земји членки на ЕЗ и делегации во многу главни градови ширум светот.

4.1. Состав на Комисија

Европската Комисија има 27 члена - по еден од сите земји - членки на Унијата. Членовите на Комисијата се од различни политички групи: Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи и од Алијансата на либерали и демократи за Европа. Четиринаесет членови, вклучително и претседателот Баросо, беа во претходниот состав на Комисијата. Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, на 27 ноември 2009 година го објави составот на новата Европска комисија. Се очекува новиот тим да ја исполни агендата за промени што г. Баросо ја одреди во политичкиот водич во септември, по неговата номинација од земјите-членки, а пред неговото назначување за претседател на Комисијата од страна на Европскиот парламент.

Комисијата има исто така Потпретседаели и Еврокомесари.Потоа има кабинети на еврокомесарите како политичка подршка и Генерални директорати.Има повеке генерални директорати поделени според областите на делување и тоа ,Генерален директорат за надворешни области, ГД за вработување и социјални прашања, Гд за образование и култура, ГД за вматрешен пазар, ГД за енергија и транспорт, ГДразвој, ГД за проширување, ГД за финансиска контрола, ГД за рибарство, ГД за истражување,ГД за здравство и заштита на потрошувачите, ГД за трговија, ГД за буџет, ГД за земјоделство, ГД за регионална политика, ГД за даноци и царина, ГД за животна средина ГД за

7

Page 8: Institucii na EU

претпријатија, ГД за конкуренција, ГД за стопанство и финансии, Гд за судство и надворешни работи.

4.2.Одговорности на комесарите:

Кетрин Ештон, висок претставник за надворешни работи и безбедност и потпретседател на Комисијата

Вивијан Рединг, правосудство, темелни права и државјанство, потпретседател на Комисијата

Хоакин Алмунија, конкурентност. Потпретседател на Комисијата Сим Калас, транспорт, потпретседател на Комисијата Нели Кроес, дигитализација, потпретседател на Комисијата Антонио Тајани, индустрија, потпретседател на Комисијата Марош Шефчович, меѓуинституционални односи и администрација.

Потпретседател на ЕК. Јанез Поточник, животна средина Оли Рен, економски и монетарни прашања Андрис Пиебалгис, развој Мишел Барние, внатрешен пазар Андрула Василиу, образование, култура, повеќејазичност и млади Алгирдас Шемета, даночна и царинска унија, ревизија и борба против

измама

Комисијата се назначува на секој пет години, шест месеци по изборите за Европскиот Парламент. Процедурата е следнава:

Владите на земјите-членки заедно се договараат кого да назначат за нов претседател на Комисијата

Назначениот Претседате со Комисијата, во дискусии со владите на земјите-членки, ги избира другите членови на Комисијата

Новиот Претседател потоа ги интервјуира сите членови и го изне-сува своето мислење пред колегиум.

Ако се одобри новата Комисија може да отпочне со работа наредниот јануари. Комисијата останува политички одговорна пред Парламентот кој има моќ да ја распушти со усвојување на ,,предлог за цензура,,.

Комисијата присуствува на сите состаноци на Парламентот, каде што мора да ги појасни и образложи своите политики.

Комисијата редовно одговара на писмени и усмени прашања поставени од членовите на Европскиот Парламент.

Секојдневните работи на Комисијата ги вршат административните службеници, експерти, преведувачи и секретарски персонал. Комисијата вработува околу

8

Page 9: Institucii na EU

24.000 државни службеници. Овие луѓе се обични граѓани од секоја земја на ЕУ, избрани по пат на конкурси, кој работат во градење на цврста и стабилна Европска Унија.

Службениците на Комисијата и персоналот на другите тела на ЕУ се ангажираат преку Канцеларијата за избор на европски персонал

5. Улога и надлежности на Комисијата

Европската Комисија има четири главни улоги:

а) да предлага законска регулатива до Парламентот и Советот

б) да раководи и да ги спроведува политиките на ЕУ и буџетот

в) да го спроведува законот на ЕУ (заедно со судот на правдата)

г) да ја претставува Европската унија на мегународна сцена, на пример преку преговарање на договори на ЕУ и други земји

а) Предлагање на нова законска регулатива

Комисијата самата е одговорна за изготвување на предлози за нова европска законска регулатива, што им ги претставува на Парламентот и на Советот. Овие предлози мораат да имаат за цел да ги бранат интересите на Унијата и нејзиниет граѓани, а не интересите на оделни земји и индустрии.Пред изготвување на предлозите Комисијата треба да ги воочи новите ситуации и проблеми кој што настануват во Европа, и дали законската регулатива на ЕУ е најдобар начин на справување со нив. Поради тоа Комисијата е во постојан однос со голем број на лоби групи и со две советодавни тела и Економскиот и социјалниот комитет (составен од работодавци и претставници на локалните и регионални власти). Таа исто бара мислење и од парламентите и од владите на оделни земји. Комисијата ќе предложи активности на ниво на ЕУ само ако мисли дека проблемот не може да се реши поефикасно преку активности на национално, регионално или локално ниво. Овој принцип на справување на проблемите на најниско ниво се нарекува принцип на субсидијарност. Но, ако Комисијата утврди дека е потребна законска регулатива на ниво на ЕУ, тогаш таа подготвува нацрт предлог за кој смета дека ефикасно ќе се справи со проблемот. За да обезбеди точност на техничките детали Комисијата консултира експерти кои се членови на различните комитети и работни групи што функционираат во рамките на Комисијата.

б) Спроведување на политиките на ЕУ и буџетот

9

Page 10: Institucii na EU

Како извршно тело на ЕУ Комисијата е одговорна за раководење со буџетот, политиките и програмите на ЕУ, усвоени од Парламентот и Советот и нивно спроведување. Поголемиот дел од работата и трошењето го вршат државните власти, но Комисијата е одговорна за супервизија. Еден пример на политика со која Комисијата активно раководи е конкурентната политика. Комисијата врши мониторинг на картели и спојување, и внимава дали некоја од земјите на ЕУ ги субвенционира нејзините индустрии на начин што би ја нарушило конкурентноста. Комисијата раководи со многу програми на ЕУ. Комисијата управува и со буџетот под постојана контрола на Судот на ревизори. Судот на ревизори ќе искаже позитивно мислење за имплементација на буџетот од страна на Комисијата само доколку Европскиот парламент е задоволен од годишниот извештај на Комисијата.

в) Спроведување на Европско Право

Комисијата дејствува како чувар на договорите. Всушност Комисијата заедно со Судот на правдта е одговорна да обезбеди законот на Евро-пската Унија правилно да се применува во сите земји членки. Доколку утврди Комисијата дека некоја земја членка на ЕУ не применува одреден закон, Комисијата ќе превземе мерки за да ја исправи ситуацијата. Прво се иницира процес познат како - Постапка на прекршоци. Ова е всушност испраќање на писмо до владата на земјата членка во кое наведуват дека таа земја прекршила некој закон на ЕУ и се поставува детален рок за испраќање на детален одговор до Комисијата. Доколку оваа постапка не ги исправи работите, тогаш Комисијата мора проблемот да го упати до Судот на правдата, кој има овластување да определи казни. Пресудите на судот се обврзувачки за земјите членки.

г) Претставување на ЕУ на меѓународна сцена

Комисијата е важен преговарач на ЕУ на Мегународна сцена. Таа има одгово-рност да преговара меѓународни договори во има на ЕУ.

Таков пример е договорот од Котону, кој ги поставува условите за еден значаен вид трговско партнерство мегу ЕУ и Африка, Карибите и Пацификот.

6. Како работи Комисијата

Претседателот на Комисијата одлучува кој комесар ќе биде одговорен за дадена политичка област и за распределба на одговорностите на комесарите за време на мандатот на Комисијата. Претседателот со одобрување од Комисијата има право и да побара оставка од некој Комесар. Тимот на Комесари (познат како Колегиум ) се состанува еднаш неделно најчесто во среда во Брисел. Секоја точка на дневен ред се презентира од комесарот одговорен за дадената област а потоа колегиумот донесува колективна одлука. Персоналот на Комисијата е организиран во посебни одели (36 одели) познати како Генерални Директорати (ГД) и во други служби како што се Правна служба и служба за преводи. Секој ГД е одговорен за посебна политичка област и има Генерален директор кој пак

10

Page 11: Institucii na EU

е одговорен пред Комесарот. Всушност ГД ги изготвува законодавните предлози на Комисијата, но овие предлози стануваат официјални дури откако Колегиумот ке ги усвои на своите неделни состаноци. Пример: Се претпоставува дека Комисијата доаѓа до заклучок дека има потреба од законаска регулатива на ЕУ за спречување на загадувањето на реките во Европа. Генералниот директорат за животна средина ќе изготви предлог, кој ке биде заснован врз голем број на консултации со европската индустрија, со фармерите, со министрите за животна средина од земјите членки и слично. Вака предложената законска регулатива се разгледува со сите релевантни одели на Комисијата и по потреба претрпува измени. Потоа ваквата регулатива се доставува на проверка во Правната служба и во кабинетите на комесарите. Кога предлогот е целосно подготвен Генералниот секретарјат ќе го постави на дневен ред за следниот состанок на Комисијата. На овој состанок комесарот за животна средина ќе објасни на колегите причините поради кои се предлага оваа законска регулатива, и потоа самите дискутираат за неа. Доколку се постигне согласност, Колегиумот го усвојува предлогот и документот ке биде пратен до Советот и до Европскиот парламент каде треба да се разгледа и усвои.

11

Page 12: Institucii na EU

12