148
Инструмент за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој за 2007-2013 ИПАРД 2007-2013 Европски Можности за Македонското земјоделство УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

ipard upatstvo za korisnici 26.09.2012 · Јавен Повик 02/2012 2 А. Вовед 1. Што е ИПАРД Инструментот за претпристапна помош

  • Upload
    others

  • View
    6

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

  • Инструмент за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој за 2007-2013

    ИПАРД 2007-2013

    Европски Можности за Македонското земјоделство

    У П А Т С Т В ОЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА

    2007-2013

  • Јавен Повик 02/2012

    1

    УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 СОДРЖИНА НА УПАТСТВОТО

    2222334456789

    -

    232324242525272829

    32- 33

    3839

    42434445

    - 4653535555565757575758

  • Јавен Повик 02/2012

    2

    А. Вовед 1. Што е ИПАРД

    Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА) е помош на земјите кандидати за членство во Унијата со цел да се поддржи процесот на исполнување на пристапните критериуми во смисла на воспоставување функционална пазарна економија, прилагодување и спроведување на европското законодавство и способност да се спроведуваат одговорностите кои произлегуваат од членството во ЕУ.

    Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој (ИПАРД) е петта компонента на ИПА, со која се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој, од аспект на подготовките за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ и инструментите за нејзино спроведување, поточно правилата за финансирање од Европскиот Фонд за земјоделство и рурален развој (ЕАРДФ), како и прилагодување на земјоделскиот сектор кон правилата и стандардите кои важат на Заедничкиот Пазар на ЕУ.

    ИПАРД фондовите се користат согласно изработена и усвоена ИПАРД програма за развој на земјоделството и руралниот развој за програмскиот период од 2007-2013. ИПАРД Програмата содржи преглед на главните приоритетни области за интервенција и соодветни мерки на финансирање.

    2. Цели на ИПАРД Програмата Цели на ИПАРД програмата произлегуваат од принципите на ИПА односно:

    Приоритет (Оска) Специфична цел Соодветни мерки

    Оска 1 Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на ЕУ

    Подобрување на технолошката и пазарната инфраструктура на трговските земјоделски стопанства и прехранбената индустрија насочени кон повисока додадена вредност на земјоделско - прехранбените производи и усогласување со стандардите на ЕУ за квалитет, јавно здравство, безбедност на храната и заштита на животната средина.

    Инвестиции во земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Заедницата Инвестиции во преработката и маркетингот на земјоделските производи за преструктуирање и надградба до стандардите на Заедницата

    Оска 3 Развој на руралната економија

    Подобрување на квалитетот на животот кај руралното население, зголемен приход и создавање на нови можности за вработување

    Диверзификација и развој на економски активности во руралните средини

    3. Мерки за финансиска помош

    ИПАРД програмата вклучува кохерентен сет од приоритетни оски и соодветно развиени мерки и операции (група на инвестиции) согласно целите на ИПАРД Програмата.

    Приоритетна оска 1 Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија

    Мерка 101: Инвестиции во земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на ЕУ

    Мерка 103: Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на ЕУ

    Приоритетна оска 3 Развој на руралната економија Мерка 302: Диверзификација и развој на руралните економски активности

  • Јавен Повик 02/2012

    3

    Б. Мерка 101 Инвестиции на земјоделско стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија Цел на мерката 101 е поддршка на инвестции во земјоделските стопанства со цел подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор преку подобрување на квалитетот на производството со модернизирање и технолошко усовршување на производниот процес, заради достигнување на стандарди на заедницата за благосостојаба на животните, здравје на растенијата и животните како и заштита на животната средина. 1. Приоритетни сектори од Мерка 101

    Во согласност со Одлука на Владата на Република Македонија од 25-ти јули 2006 година, приоритетни земјоделски сектори што треба да бидат поддржани преку Мерката 101 се лозарство; овоштарство; градинарство; примарно производство на сурово млеко и одгледување на животни и живина за месо.

    Приоритетните сектори претставуваат групи на инвестиции по Мерка 101:

    1011 Лозови насади 1012 Овошни насади 1013 Производство на зеленчук 1014 Одгледување на животни за производство на млеко 1015 Одгледување на животни за производство на месо

    Инвестициите по приоритетни сектори ги покриваат трошоците за повторно засадување на површините со повеќегодишни култури (лозови насади и овоштарници), изградба и обновување на просториите на земјоделското стопанство како и помошните простории, купување на опрема за просториите на земјоделското стопанство, подобрување на системите за наводнување на земјоделското стопанство и специјална земјоделска машинерија, како и справување со ѓубривото од земјоделското стопанство, согласно стандардите на ЕУ за заштита на животна средина, преку следниве типови на инвестиции:

    10111 - Инвестиции во обновување на постоечки лозови насади,

    10121 - Инвестиции во обновување на постоечки овошни насади,

    10131 - Инвестиции во изградба и обновување на пластеници,

    10132 - Инвестиции во обновување на постоечки стакленици,

    10133 - Инвестиции во изградба и обновување на објектите за постбербени активности на постоечки пластеници и стакленици, со исклучок на тунелски фолии,

    10134 - Инвестиции во модернизација на производството на зеленчук на отворено,

    10141 - Инвестиции во изградба, обновување на објекти за одгледување на молзни крави, овци и кози,

    10142 - Инвестиции во набавка на наменска опрема за молзење, ладење и складирање на млекото,

    10151 - Инвестиции во изградба/обновување на објекти за одгледување на матороци и свињи во тов,

    10152 - Инвестиции во воспоставување на нови живинарски капацитети на змејоделско стопанство за одлгедување на бројлери и модернизација на постоечките.

  • Јавен Повик 02/2012

    4

    2. Прифатливи проекти и прифатливи трошоци по тип на инвестиции

    2.1. Тип на инвестиција 10111

    ОБНОВУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИ ЛОЗОВИ НАСАДИ 2.1.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - замена на виновите лози постари од 20 години или замена на винови лози од

    непрепорачаните сорти или хибридни со препорачани сорти на веќе постоечките површини, согласно Прилог 1 на ова упатство (обележени со „R“)

    - замена на старите и неефикасни системи за наводнување со микро иригациони системи (наводнување капка-по-капка, подземно наводнување-субиригација, микро прскалки и наводнување со оросување) заради намалување на загубите на вода,

    ,

    - набавка на специјализирана опрема за обработка на лозов насад во фаза на вегетација. Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности. Инвестиционите активности за набавка на специјализирана опрема и замена на старите и неефикасни системи за наводнување се однесуваат за сите лозови насади доколку се насадени со препорачани сорти согласно Прилог 1 на ова упатство.

    Напомена: Прифатливите проекти треба да се однесуваат на лозови насади лоцирани во соодветните лозарски региони од Прилог 2 на ова упатство.

    Не се прифатливи проекти со кои се зголемува површината под лозови насади.

    2.1.2. Прифатливи трошоци за тип на инвестиции 10111 (Обновување на постоечки лозови насади)

    набавка на садници од винова лоза од препорачани сорти наведени во Прилог 1 на ова упатство, набавка на опрема за потпорна конструкцијата вклучително колчиња, столбови и крајни анкери направени од дрво, челик, бетон или друг материјал, опрема за заземјување на инсталацијата, анкери и затегнувачи, галванизирана челична жица, набавка на опрема за микро иригациони системи за наводнување на земјоделските стопанства, вклучувајќи базени, цистерни/резервоари за вода, пумпи, филтри, опрема за поставување на разводна мрежа, опрема за единица за фертиригација, регулаторска опрема за проток, компјутерска опрема и компјутерски софтвер за регулација на системот за наводнување, опрема за кроење, мулчирање, косилки, ротосекачи, чистачи на коров/плевел, набавка на прскалки за заштитни средства, приклучни за сите теренски возила, грбни или самоподвижни прскалки за заштитни средства, атомизери, опрашувачи, апликатори за цврсти и течни минерални ѓубрива, апликатори за цврсти и течни органски ѓубрива, набавка на елементи и опрема за поставување на заштитни мрежи против град, услуги извршени од трети лица за рамнење и чистење на теренот (сечење и изнесување на гранки, корнење на ќутуци, чистење на корења), подготовка на земјата за садење (риголовање, рамнење, плитка обработка, размерување и маркирање, отварање на бразди), садење на винова лоза (копање на дупки и садење), инсталација на компоненти за потпорна конструкција, поставување на заштитни мрежи против град, инсталација на систем за наводнување, вклучително и компјутерска опрема и софтвер за регулација на системот за наводнување.

    Неприфатливи специфични трошоци: Не се прифатливи трактори, култиватори, опрема за подготовка на почвата, опрема за садење и машини за берба, ѓубрива и услуги за ѓубрење на почвата.

  • Јавен Повик 02/2012

    5

    2.2. Тип на инвестиција 10121

    ОБНОВУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИ ОВОШНИ НАСАДИ 2.2.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - замена на овошни насади постари од 15 години или замена на непрепорачаните овошни

    сорти или хибридни сорти со препорачани овошни сорти на веќе постоечките површини, согласно Прилог 3 на ова упатство,

    - замена на старите и неефикасни системи за наводнување со микро иригациони системи (наводнување капка-по-капка, подземно наводнување-субиригација, микро прскалки и наводнување со оросување) заради намалување на загубите на вода

    - набавка на специјализирана опрема за обработка на овошен насад Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности. Инвестиционите активности за набавка на специјализирана опрема и замена на старите и неефикасни системи за наводнување се однесуваат за сите овошни насади доколку се насадени со препорачани сорти. Напомена: Не се прифатливи проекти со кои се зголемува површината под овошни насади

    2.2.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на овошни садници од сорти наведени во Прилог 3 на ова упатство, набавка на опрема за потпорна конструкцијата вклучително колчиња, столбови и крајни анкери направени од дрво, челик, бетон или друг материјал, опрема за заземјување на инсталацијата, анкери и затегнувачи, галванизирана челична жица, набавка на опрема за микро иригациони системи за наводнување на земјоделско стопанство вклучувајќи базени, цистерни/резервоари за вода, пумпи, филтри, опрема за поставување на разводна мрежа, опрема за единица за фертиригација, регулаторска опрема за проток, компјутерска опрема и компјутерски софтвер за регулација на системот за наводнување, опрема за кроење, опрема за мулчирање, косилки, ротосекачи, чистачи на коров/плевел, набавка на прскалки за заштитни средства, приклучни за сите теренски возила, грбни или самоподвижни прскалки за заштитни средства, атомизери, опрашувачи, апликатори за цврсти и течни минерални ѓубрива, апликатори за цврсти и течни органски ѓубрива, набавка на елементи и опрема за поставување на заштитни мрежи против град, услуги извршени од трети лица за рамнење и чистење на теренот (сечење и изнесување на гранки, корнење на ќутуци, чистење на корења), подготовка на земјата за садење (риголовање, рамнење, плитка обработка, размерување и маркирање, отварање на бразди), садење на овошни насади (копање на дупки и садење), инсталација на компоненти за потпорна конструкција, поставување на заштитни мрежи против град; инсталација на систем за наводнување, вклучително и компјутерска опрема и софтвер за регулација на системот за наводнување.

    Неприфатливи специфични трошоци: Не се прифатливи трактори, култиватори, опрема за подготовка на почвата, опрема за садење и машини за берба, ѓубрива и услуги за ѓубрење на почвата.

  • Јавен Повик 02/2012

    6

    2.3. Тип на инвестиција 10131

    ИЗГРАДБА И ОБНОВУВАЊЕ НА ПЛАСТЕНИЦИ 2.3.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - обновување на постоечки (веќе монтирани) пластеници; - замена на тунелски фолии со изградба на нови високи пластеници; - набавка на опрема за модернизација на постоечки (веќе монтирани) пластеници. Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности.

    Напомена: Неприфатливи се следниве инвестициони активности: - подигнување на пластеници на нови површини - реконструкција на веќе постоечките тунелски фолии со нови тунелски фолии - набавка на опрема за модернизација на постоечки тунелски фолии.

    2.3.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на материјали за конструкција на пластеници (носечки конструкции од метал, пластичен покривен материјал направен од крути пластични панели или најлонски платна (зајакнат полиетилен, зајакната пластика со фиберглас (ЗПФ), поликарбонат, акрилни или други покривни материјали со век на траење од најмалку 5 години, материјали за конструкција на заштитни покривки против град и снег, градежни елементи за објекти за чување на горивото и засолништа за опремата), набавка на опрема за комуналии – водовод, греење/микроклиматски инсталации, вентилација, електрична инсталација, одвод, канализација и третман на отпадни води, набавка на опрема за заштеда на енергија (искористување на соларна енергија, ветерници и геотермална енергија), набавка на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на системот за греење, разладување, влажност на воздухот и наводнување, сензори и скрининг во пластениците, набавка на опрема за микро иригациони системи за наводнување на земјоделско стопанство (наводнување капка-по-капка, подземно наводнување-субиригација, микро прскалки и наводнување со оросување) вклучувајќи базени, цистерни/резервоари за вода, пумпи, филтри, опрема за поставување на разводна мрежа, опрема за единица за фертиригација, регулаторска опрема за проток, компјутерска опрема и компјутерски софтвер за регулација на системот за наводнување, опрема за кроење, мулчирање, косилки, ротосекачи, чистачи на коров/плевел, набавка на прскалки за заштитни средства, приклучни за сите теренски возила, грбни или самоподвижни прскалки за заштитни средства, атомизери, опрашувачи, апликатори за цврсти и течни минерални ѓубрива, апликатори за цврсти и течни органски ѓубрива услуги од трети лица за инсталирање на градежни елементи и за поставување на материјали за конструкција на пластеници вклучувајќи услуги за конструкција на заштитни покривки од снег и град и изградба или подобрување на објектите за чување на горивото и засолништа за опремата,инсталација на опрема за водовод, греење-микроклиматски инсталации, вентилација, електрична инсталација, одвод, канализација и третман на отпадни води, инсталација на прифатливата опрема вклучувајќи опрема за наводнување, инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на системот за греење, разладување, влажност на воздухот, сензори и скрининг во пластениците и за регулација на системот за наводнување.

    Неприфатливи специфични трошоци: Не се прифатливи набавка на семе и посадочен материјал и расад и услуги за садење, трактори, култиватори, опрема за подготовка на почвата, опрема за садење и машини за берба, ѓубрива и услуги за ѓубрење на почвата.

  • Јавен Повик 02/2012

    7

    2.4. Тип на инвестиција 10132

    ОБНОВУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИ СТАКЛЕНИЦИ 2.4.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - обновување на постоечки стакленици со цел да се достигнат Европските стандарди за

    оранжерии ЕN 13031-1:2003 - набавка на опрема за модернизација на постоечки стакленици. Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности.

    Напомена: Неприфатливи се инвестициони активности за подигнување на нови стакленици на нови површини

    2.4.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на материјали за конструкција на постоечки стакленици (носечки конструкции од метал, греди, дрво или друг материјал), покривни панели од стакло, плексиглас за изградба или обновување на постојните стакленици, материјали за конструкција на заштитни покривки против град и снег, градежни елементи за изградба или подобрување на капацитети за расадници за зеленчук, градежни елементи за засолништа за опремата за беспочвено одгледување, градежни елементи за објекти за чување на горивото и засолништа за опремата, набавка на опрема за комуналии – водовод, греење/микроклиматски инсталации, вентилација, електрична инсталација, одвод, канализација и третман на отпадни води, набавка на опрема за капацитети за беспочвено одгледување, набавка на опрема за расадници за зеленчук, набавка на опрема за заштеда на енергија (искористување на соларна енергија, ветерници и геотермална енергија), набавка на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на сите еколошки фактори, греење, разладување, вентилатори, пумпи, вбризгувачи, вентили, осветлување, пристап до податоци за внатрешните и надворешните фактори во стаклениците, набавка на опрема за микро иригациони системи за наводнување на земјоделско стопанство (наводнување капка-по-капка, подземно наводнување-субиригација, микро прскалки и наводнување со оросување) вклучувајќи базени, цистерни/резервоари за вода, пумпи, филтри, опрема за поставување на разводна мрежа, опрема за единица за фертиригација, регулаторска опрема за проток, компјутерска опрема и компјутерски софтвер за регулација на системот за наводнување, опрема за мулчирање, косилки, ротосекачи, чистачи на коров/плевел, набавка на прскалки за заштитни средства, приклучни за сите теренски возила, грбни или самоподвижни прскалки за заштитни средства, атомизери, опрашувачи, апликатори за цврсти и течни минерални ѓубрива, апликатори за цврсти и течни органски ѓубрива, услуги извршени од трети лица за градежни услуги за поставување на материјали за изградба на стакленици вклучувајќи услуги за конструкција на заштитни покривки од снег и град, изградба или подобрување на објектите за чување на горивото и засолништа за опремата, изградба или подобрување на капацитети за расадници за зеленчук, изградба или подобрување на капацитети за беспочвено одгледување,инсталација на опрема за водовод, греење-микроклиматски инсталации, вентилација, електрична инсталација, одвод, канализација и третман на отпадни води, инсталација на прифатливата опрема вклучувајќи опрема за наводнување,инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на сите еколошки фактори, греење, разладување, вентилатори, пумпи, вбризгувачи, вентили, осветлување, пристап до податоци за внатрешните и надворешните фактори во стаклените градини.

  • Јавен Повик 02/2012

    8

    Неприфатливи специфични трошоци: Не се прифатливи набавка на семе и посадочен материјал и расад и услуги за садење, трактори, култиватори, опрема за подготовка на почвата, опрема за садење и машини за берба, ѓубрива и услуги за ѓубрење на почвата.

    2.5. Тип на инвестиција 10133

    ИЗГРАДБА И ОБНОВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ ЗА ПОСТБЕРБЕНИ АКТИВНОСТИ НА ПОСТОЕЧКИ ПЛАСТЕНИЦИ И СТАКЛЕНИЦИ, СО ИСКЛУЧОК НА ТУНЕЛСКИ ФОЛИИ 2.5.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - обновување и проширување на постоечките објекти во постоечки пластеници или

    стакленици за воведување на дополнителни капацитети за постебербени активности (прием, сортирање, калибрирање, пакување и складирање на свеж зеленчук) со вклучена опрема;

    - подигнување на нови објекти комплементарни на постоечки пластеници или стакленици за воведување на дополнителни капацитети за постебербени активности (прием, сортирање, калибрирање, пакување и складирање на свеж зеленчук) со вклучена опрема;

    - набавка на опрема за постебербени активности (прием, сортирање, калибрирање, пакување и складирање на свеж зеленчук) само за случаеви кога постои соодветен објект за сместување и инсталација на опремата за постбербени активности.

    Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности.

    Напомена: Неприфатливи се следниве инвестициони активности: - воспоставување на самостојни капацитети за постбербени активности надвор од

    земјоделско стопанство - набавка на опрема доколку нема соодветен објект за нејзино сместување и

    инсталација

    2.5.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на материјали за градба и елементи за конструкција на нови објекти или обновување на постоечките објекти за постбербени активности и складирање на свеж зеленчук, набавка на опрема за водовод, греење/микроклиматски инсталации, вентилација и клима систем, електрична инсталација, одвод, канализација и третман на отпадни води, набавка на опрема за селектирање на оштетени култури, набавка на опрема за миење и сушење, набавка на опрема за сортирање и калибрирање, набавка на опрема за пакување и етикетирање , набавка на опрема за системи на подвижни ленти, набавка на опрема за пред-ладење и ладење, набавка на опрема за складирање и мерење тежина, набавка на опрема за манипулација, товарање, растоварање, вилушкари, набавка на опрема за мониторинг на квалитет, контрола и системи за следливост при приемот, чувањето и дистрибуција, набавка на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за следење и контрола на температура и релативна влажност, услуги извршени од трети лица за градежни работи вклучувајќи рушење и чистење на теренот за градба, подготовка на теренот за градба и поставување на елементите за конструкција и материјалите за градба, инсталација на опрема за водовод, греење/микроклиматски инсталации, вентилација и клима систем, електрична инсталација, одвод, канализација и третман на отпадни води, инсталација на прифатливата опрема, инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за следење и контрола на температура и релативна влажност.

  • Јавен Повик 02/2012

    9

    Неприфатливи специфични трошоци: Неприфатливи се трошоци за набавка на опрема за постбербени активности кои се обавуваат на отворено.

    2.6. Тип на инвестиција 10134

    МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗЕЛЕНЧУК НА ОТВОРЕНО 2.6.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - замена на старите не ефикасни системи за наводнување со микро иригациони системи, на

    веќе постоечката површина под зеленчук; - набавка на специјализирана земјоделска механизација и опрема за модернизирање на

    одгледувањето на зеленчук на отворено.

    Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности.

    Напомена: Неприфатливи се инвестициони активности за модернизација на процесите за обработка на почвата, за садење и за берење.

    2.6.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на опрема за микро иригациони системи за наводнување на земјоделско стопанство (наводнување капка-по-капка, подземно наводнување-субиригација, микро прскалки и наводнување со оросување) вклучувајќи базени, цистерни/резервоари за вода, пумпи, филтри, опрема за поставување на разводна мрежа, опрема за единица за фертиригација, регулаторска опрема за проток, компјутерска опрема и компјутерски софтвер за регулација на системот за наводнување, набавка на опрема за мулчирање, набавка на косилки, набавка на ротосекачи, набавка на чистачи на коров/плевел, набавка на прскалки за заштитни средства, приклучни за сите теренски возила, грбни или самоподвижни прскалки за заштитни средства, атомизери, опрашувачи, апликатори за цврсти и течни минерални ѓубрива, апликатори за цврсти и течни органски ѓубрива, набавка на елементи и опрема за поставување на заштитни мрежи против град, услуги извршени од трети лица за поставување на заштитни мрежи против град, инсталација на систем за наводнување, вклучително и компјутерска опрема и софтвер за регулација на системот за наводнување.

    Неприфатливи специфични трошоци: Не се прифатливи набавка на семе, посадочен материјал, расад и услуги за садење, трактори, култиватори, опрема за подготовка на почвата, опрема за садење и машини за берба, ѓубрива и услуги за ѓубрење на почвата.

  • Јавен Повик 02/2012

    10

    2.7. Тип на инвестиција 10141

    ИЗГРАДБА/ОБНОВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МОЛЗНИ КРАВИ, ОВЦИ И КОЗИ 2.7.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - обновување на постоечките простории за чување на молзен добиток (штали) заради

    постигнување на стандардите за благосостојба на животните и санитарно-ветеринарни стандарди согласно ЕУ стандардите;1

    - обновување на постоечки објекти за чување и подготовка на добиточната храна и опрема за подготовка на храна;

    - изградба на објекти/депоа/резервоари за складирање на арско ѓубриво и опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото.

    Критериум за достигнување на стандардите за благосостојба на животните, е минимум 5м² површина за одгледување молзна крава и 1,4 м² за молзни овци и кози, изземајќи ги боксовите за одмарање. Критериум за достигнување на санитарно-ветеринарни стандарди е предвидување на изградба на дополнителни простории за одмарање, оплодување, молзење, простории за чување на млекото со придружна опрема за молзење и чување на млекото.

    Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности.

    Сите проекти мора да предвидуваат и инвестициони активности во изградба на објекти за складирање на арско ѓубриво и опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото согласно стандардите во Прилог 4 на ова Упатство. Доколку не се предвидуваат ваквите инвестициони активности, барателот треба да докаже дека има соодветни капацитети за чување на арско ѓубриво согласно стандардите во Прилог 4 на ова Упатство.

    Напомена: Неприфатливи се следниве инвестициони активности: - изградба на нови објекти за чување на молзен добиток - проширување на постоечки објекти за чување на молзен добиток заради зголемување

    на стадото

    2.7.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на материјали за градба и елементи за конструкција за обновување на постоечките штали и простории за одгледување на молзни животни (крави, овци и кози), вклучувајќи опрема за обновување или да се обезбедат и други заградени простории како одделни придружни простории за одмарање/ молзење/ стрижење (за овци)/ инсеминација/ породилиште/ боксови за младите/ карантин за сомнителни грла, капацитети за чување на млекото/капацитети за чување на опремата, простории за чување на хигиенската опрема (за чистење и испирање), изградба на депоа за арско ѓубриво и резервоари за собирање на арско ѓубриво, колектори и платформи, подобрување на придружните објекти за чување на концентрат и кабаста сточна храна и објекти за чување на сено, набавка на опрема за вентилација, одржување на оптимална микроклима, водовод, канализациона мрежа, електрични инсталации, набавка на опрема за систем за хранење, набавка на опрема за систем за поење,

    1 Регулатива на Европската Комисија бр. 853/2004 Анекс III Оддел 9 Глава I Примарно производство на сурово млеко додека критериумите за број на микроорганизми и соматски клетки од Регулатива на Европската Комисија бр. 853/2004 Анекс III Оддел 9 Глава I Дел III точка 3 се смета за цел која треба да се постигне со инвестицијата а не како претходен услов.

  • Јавен Повик 02/2012

    11

    набавка на опрема за молзење и молзни системи, набавка на автоматски или подвижни молзни агрегати, набавка на опрема за манипулација и складирање на арско ѓубриво вклучително механизација за чистење и манипулација на арско ѓубриво, набавка на елеватори за зрнеста храна и силажа, набавка на опрема за производство на сточна храна (млинови, мешалки за храна, миксери итн.), набавка на опрема за молзење и молзни системи (автоматски или подвижни молзни агрегати, лактофризери за складирање, опрема за ладење на млекото, опрема за мерење на количината на измолзено млеко и опрема за мерење на квалитет, опрема за чистење (компресори на пареа или вода, стерилизатори итн.), компјутерска опрема и компјутерски софтвер за опремата за молзење, набавка на елементи за оградување вклучително опрема за електрична ограда со низок напон, услуги извршени од трети лица: градежни работи и поставување на елементите за конструкција и материјалите за градба, инсталација на опрема за вентилација, одржување на оптимална микроклима, водовод, канализациона мрежа, електрични инсталации, инсталација на прифатлива опрема, инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за опремата за молзење.

    Неприфатливи специфични трошоци: Не е прифатлива набавка на животни, земјоделска механизација и товарна приклучна механизација освен за арско ѓубриво

    2.8. Тип на инвестиција 10142

    НАБАВКА НА НАМЕНСКА ОПРЕМА ЗА МОЛЗЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ НА МЛЕКОТО 2.8.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - модернизација на системот на молзење, ладење и чување на млекото со цел да го доведе

    производството на сурово млеко на земјоделското стопанство до стандардите на Европската Унија за производство на сурово млеко2

    Проектот мора да предвидува и инвестициони активности во изградба на објекти за складирање на арско ѓубриво и опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото согласно стандардите во Прилог 4 на ова Упатство.

    2.8.2. Прифатливи специфични трошоци

    набавка на опрема за молзење и молзни системи, набавка на автоматски или подвижни молзни агрегати, набавка на лактофризери за складирање, набавка на опрема за ладење на млекото, набавка на опрема за мерење на количината на измолзено млеко и опрема за мерење на квалитет, набавка на опрема за чистење (компресори на пареа или вода, стерилизатори итн.), набавка на опрема за манипулација и складирање на арско ѓубриво вклучително механизација за чистење и манипулација на арско ѓубриво, компјутерска опрема и компјутерски софтвер за опремата за молзење.

    Напомена: Не е прифатлива набавка на животни. 2 Регулатива на Европската Комисија бр. 853/2004 Анекс III Оддел 9 Глава I Примарно производство на сурово млеко додека критериумите за број на микроорганизми и соматски клетки од Регулатива на Европската Комисија бр. 853/2004 Анекс III Оддел 9 Глава I Дел III точка 3 се смета за цел која треба да се постигне со инвестицијата а не како претходен услов.

  • Јавен Повик 02/2012

    12

    2.9. Тип на инвестиција 10151

    ИЗГРАДБА/ОБНОВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МАТОРИЦИ И СВИЊИ ВО ТОВ 2.9.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - обновување на постоечките простории за чување на маторици и товни свињи заради

    постигнување на стандардите за благосостојба на животните и достигнување на санитарно-ветеринарни стандарди согласно ЕУ;

    - обновување на постоечки објекти за чување и подготовка на добиточната храна и опрема за подготовка на храна;

    - изградба на објекти/депоа/резервоари за складирање на арско ѓубриво, опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото.

    Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности. Критериум за достигнување на стандардите за благосостојба на животните, е минимум 1,3м² површина за одгледување на маторици и 0,65м² за свињи во тов. Критериум за достигнување на стандардите за благосостојба на животните и ветеринарни стандарди е предвидување на изградба на дополнителни простории за одмарање, оплодување, боксови за спрасни и опрасени маторици, чување на нерези итн.

    Сите проекти мора да предвидуваат и инвестициони активности во изградба на објекти за складирање на арско ѓубриво и опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото согласно стандардите во Прилог 4 на ова Упатство. Доколку не се предвидуваат ваквите инвестициони активности, барателот треба да докаже дека има соодветни капацитети за чување на арско ѓубриво согласно стандардите во Прилог 4 на ова упатство.

    Напомена: Неприфатливи се следниве инвестициони активности: - изградба на нови објекти за чување на маторици и свињи во тов - проширување на постоечки објекти за чување на маторици и свињи во тов заради

    зголемување на стадото.

    2.9.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на материјали за градба и елементи за конструкција за подобрување на постоечките штали и објекти за одгледување маторици и свињи во тов, подобрување на постоечките штали и објекти за да се обезбедат и други заградени простории како одделни придружни простории за вештачко осеменување/ хранење/ чекалиште/ опрасување/ одгледувалиште/ гоилиште/ карантин/ објекти за чување на опремата, простории за чување на хигиенската опрема (чистење и испирање), изградба на депоа за арско ѓубриво и резервоари за собирање на арско ѓубриво, колектори и платформи, опрема за подобрување на придружните објекти на земјоделско стопанство за складирање на концетрирана и кабаста сточна храна, набавка на опрема за вентилација, одржување на оптимална микроклима, водовод, канализациона мрежа, електрични инсталации, набавка на опрема за систем за исхрана, набавка на опрема за систем за водопој, набавка на опрема за вагање, набавка на опрема за манипулација и складирање на арско ѓубриво вклучително механизација за чистење и манипулација на арско ѓубриво набавка на елеватори за зрнеста и течна храна, набавка на опрема за производство на сточна храна (млинови, мешалки за храна, миксери итн.),

  • Јавен Повик 02/2012

    13

    набавка на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на амбиенталните услови, температура, системот за вентилација и системот за исхрана, набавка на елементи за оградување вклучително опрема за електрична ограда со низок напон, услуги извршени од трети лица за градежни работи и поставување на елементите за конструкција и материјалите за градба, инсталација на опрема за вентилација, одржување на оптимална микроклима, водовод, канализациона мрежа, електрични инсталации, инсталација на прифатлива опрема, инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на амбиенталните услови, температура, системот за вентилација и системот за исхрана.

    Напомена: Не е прифатлива набавка на животни, земјоделска механизација и товарна приклучна механизација освен за арско ѓубриво.

    2.10. Тип на инвестиција 10152

    ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ ЖИВИНАРСКИ КАПАЦИТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БРОЈЛЕРИ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ. 2.10.1. Прифатливи проекти Прифатливи се следниве инвестициони активности: - изградба на нови објекти за одгледување на бројлери согласно стандардите за благосостојба

    на животните и достигнување на санитарно-ветеринарни стандарди согласно ЕУ, - обновување на постоечките објекти за одгледување на бројлери заради постигнување на

    стандардите за благосостојба на животните согласно ЕУ , - набавка на опрема за нови или постоечките објекти за одгледување на бројлери, - изградба на објекти/депоа/резервоари за складирање на арско ѓубриво и опрема за

    манипулација и транспорт на ѓубривото.

    Проектот може да содржи поединечни или комбинирани инвестициони активности. Критериум за достигнување на стандардите за благосостојба на животните, е минимум 30кг/м2 или 17 бројлери на 1м2. Сите проекти мора да предвидуваат и инвестициони активности во изградба на објекти за складирање на арско ѓубриво и опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото согласно стандардите во Прилог 4 на ова Упатство. Доколку не се предвидуваат ваквите инвестициони активности, барателот треба да докаже дека има соодветни капацитети за чување на арско ѓубриво согласно стандардите во Прилог 4 на ова Упатство.

    Напомена: Неприфатливи проекти се инвестициони активности за проширување на постоечки објекти за одгледување на бројлери заради зголемување на капацитетот.

    2.10.2. Прифатливи специфични трошоци набавка на материјали за градба и елементи за конструкција за изградба на нови капацитети за одгледување на бројлери вклучително други заградени простории како одделни придружни простории за тов на живина/ испуст/ размножување/ карантин/ објекти за чување на опремата, простории за чување на хигиенската опрема (чистење и испирање), подобрување на постоечките капацитети за одгледување живина за обезбедување други заградени простории како одделни придружни простории за тов на живина/ испуст/ размножување/ карантин/ објекти за чување на опремата, простории за чување на хигиенската опрема (чистење и испирање), изградба на депоа за арско ѓубриво и резервоари за собирање на арско ѓубриво, колектори и платформи,

  • Јавен Повик 02/2012

    14

    подобрување на придружните објекти на земјоделско стопанство за складирање на сточна храна, набавка на опрема за вентилација, одржување на оптимална микроклима, водовод, канализациона мрежа, електрични инсталации, набавка на опрема за систем за исхрана, набавка на опрема за систем за водопој, набавка на опрема за вагање, набавка на опрема за манипулација и складирање на арско ѓубриво вклучително механизација за чистење и манипулација на арско ѓубриво, набавка на елеватори за зрнеста храна , набавка на опрема за производство на сточна храна (млинови, миксери итн.), набавка на опрема за чистење (компресори на пареа или вода, стерилизатори итн.), набавка на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на греењето, системот за вентилација, водопој, исхрана, систем за прибирање и обработка на податоци, набавка на огради и елементи за оградување за ограничување на просторот, услуги извршени од трети лица за градежни работи вклучувајќи рушење и чистење на теренот за градба, подготовка на теренот за градба и поставување на елементите за конструкција и материјалите за градба,инсталација на опрема за вентилација, одржување на оптимална микроклима, водовод, канализациона мрежа, електрични инсталации, инсталација на прифатлива опрема, инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за контрола на греењето, системот за вентилација, водопој, исхрана, систем за прибирање и обработка на податоци.

    Неприфатливи специфични трошоци: Не е прифатлива набавка на животни, земјоделска механизација и товарна приклучна механизација освен за арско ѓубриво

    3. Кој може да биде корисник по мерка 101-Потенцијален корисник

    1) Општа дефиниција на корисник За проектите од мерката 101 потенцијален корисник е земјоделско стопанство впишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој, по следниве основи: 1. Физички лица:

    Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;

    Индивидуален земјоделец - носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;

    Индивидуален земјоделец носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделството како дополнителна дејност;

    Трговец поединец –регистриран согласно Закон за трговски друштва;

    2. Правни лица:

    Трговски друштва регистрирани согласно Законот за трговските друштва;

    Земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за задруги.

  • Јавен Повик 02/2012

    15

    Напомена: Правни лица кои во својот вкупен капитал имаат удел од државата во висина не повеќе од 25% за целото времетраење на проектот и во период од најмалку 5 години од завршување на инвестиционата активност финансирана од оваа програма се прифатливи потенцијални коринсици за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013

    2) Корисник согласно големина на производен капацитет

    Големината на производниот капацитет на потенцијалниот корисник треба да се во рамките на следниве минимални и максимални производни капацитети:

    Инвестиции Физички лица Правни лица

    10111 Обновување на постоечки лозови насади

    минимум 0,5 ха до максимум 20 ха површини под лозов насад

    минимум 0,5 ха до максимум 50 ха површини под лозов насад

    10121 Обновување на постоечки овошни насади

    минимум 0,5 ха до максимум 15 ха површини под овошен насад

    минимум 0,5 ха до максимум 30 ха површини под овошен насад

    10131 Изградба и обновување на пластеници

    минимум 0,3 ха до максимум 3 ха површини под пластеници

    минимум 1 ха до максимум 8 ха површини под пластеници

    10132 Изградба и обновување на постоечки стакленици

    минимум 0,1 ха до максимум 2,5 ха површини под стакленици

    минимум 1,5 ха до максимум 6 ха површини под стакленици

    10133 Изградба и обновување на објектите за постбербени активности на постоечки пластеници и стакленици, со исклучок на тунелски фолии

    минимум 0,3 ха до максимум 3 ха површини под пластеници

    минимум 1 ха до максимум 8 ха површини под пластеници

    минимум 0,1 ха до максимум 2,5 ха површини под стакленици

    минимум 1,5 ха до максимум 6 ха површини под стакленици

    10134 Модернизација на производството на зеленчук на отворено

    минимум 0,5 ха до максимум 15 ха површини под зеленчук на отворено

    минимум 0,5 ха до максимум 30 ха површини под зеленчук на отворено

    10141Изградба/обновување на објектите за одгледување на молзни крави, овци и кози и 10142 Набавка на наменска опрема за молзење, ладење и складирање на млекото

    минимум 10 до максимум 100 грла молзни крави

    минимум 15 до максимум 150 грла молзни крави

    минимум 50 до максимум 500 грла молзни кози

    минимум 80 до максимум 800 грла молзни кози

    минимум 300 до максимум 3,000 грла молзни овци

    минимум 500 до максимум 8,000 грла молзни овци

    10151 Изградба/обновување на објектите за одгледување на маторици и свињи

    минимум 2,000 свински гоеници (свињи во тов) до максимум 8,000 свински гоеници (свињи во тов) годишно или минимум 40 до максимум 100 маторици

    минимум 2,000 свински гоеници (свињи во тов) до максимум 30,000 свински гоеници (свињи во тов) годишно или минимум 40 до максимум 400 маторици

    10152 Воспоставување на нови живинарски капацитети на земјоделски стопанства за одгледување на бројлери и модернизација на постоечките

    минимум 5,000 бројлери до максимум 30,000 бројлери годишно

    минимум 5,000 бројлери до максимум 60,000 бројлери годишно

  • Јавен Повик 02/2012

    16

    3) Општи услови за корисници

    Одговорното лице/Управителот на правното лице, кој го застапува правното лице во постапката пред Агенцијата, треба да е во редовен работен однос во правно лице кое се јавува како барател на финансиската поддршка

    Потенцијалниот корисник треба да има завршено најмалку средно образование, или да поседува доказ за стручна оспособеност од областа поврзана со инвестицијата согласно Закон за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 117/08, 148/09 и 17/11), или доколку потенцијалниот корисник не поседува доказ за исполнување на еден од двата горенаведени услови, со барањето за користење на средства од ИПАРД да достави изјава дека се согласува да учествува на професионална обука која ќе биде организирана во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој пред исплата.

    Носителот на земјоделското стопанство или одговорното лице на правното лице да не е постар од 59 години старост (за мажи) или 57 години старост (за жени) на денот на започнување на инвестицијата.

    Да достави три споредливи понуди со техничка спецификација од независни понудувачи за секоја поединечна набавка на стоки и услуги, доколку вредноста на поединечната ставка изнесува повеќе од 10.000 евра во денарска противвредност, или една понуда од независен понудувач со техничка спецификација за секоја поединечна набавка на стоки и услуги, доколку вредноста е под 10.000 евра во денарска противвредност или

    За инвестиции кои вклучуваат градба барателот треба да обезбеди три споредливи понуди со техничка спецификација која одговара на предмер пресметка во проектната документација прибавени од независни понудувачи кои имаат овластувања согласно закон за изведување на градежни работи кои изнесуваат повеќе од 10.000 евра во денарска противвредност, или една понуда со техничка спецификација која одговара на предмер пресметка во проектната документација прибавена од понудувач кој има овластување за изведување на градежни работи , доколку градежните работи изнесуваат помалку од 10.000 еврa во денарска противвредност

    Да достави изјава за потекло на стоките, услугите и материјалите содржани во понудите прибавени од производителот или добавувачот

    Да достави доказ дека е сопственик на земјата или има договор за закуп на земјата/градбата за минимум од 5 години во случај на инвестиции кои вклучуваат само набавка на опрема. Во случај кога предмет на инвестиција е набавка на системи за наводнување, реконструкција на насад или реконструкција на објект барателот треба да докаже сопственост или право на користење од најмалку 10 години. Доколку се работи за инвестиции во изградба на нови објекти (инвестиции 10133 и 10152) барателот треба да докаже право на сопственост на земјиштето каде што ќе се реализира инвестицијата.

    Парцелата предмет на инвестиција, во имотниот лист треба да биде со соодветна катастерска култура, (пр. овоштарник катастерска култура 13000)

    Во случај на набавка на систем за наводнување, за површината која е предмет на инвестицијата барателот треба да достави и скица/шема на разводната мрежа.

    Во случај на градежни работи на земјоделско земјиште, (инвестиции во 10131, 10132, )25101 и 15101 ,14101 ,33101 барателот треба да поседува Одобрение за градење на

    земјоделско земјиште согласно Закон за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр 135/2007,бр.18/2011, бр. 42/2011, бр.148/2011, 95/2012)

    Во случај на изградба или реконструкција на објекти на градежно земјиште, (инвестиции во 10131, 10132, 10133, 10141, 10151 и 10152) барателот треба да поседува Одобрение за градење согласно Законот за градење (Сл. Весник на Република Македонија, бр.39/2012)

  • Јавен Повик 02/2012

    17

    Во случај кога банката има востановено залог на недвижен имот кој е предмет на инвестиција барателот треба да обезбеди Доказ за редовно измирени обврски кон соодветната банка по основ на договор за кредит.

    Барателот треба да ги има подмирено сите доспеани обврски во однос на даноци и придонеси за здравствено, пензиско и социјално осигурување.

    Барателот треба да ги има подмирено сите обврски кон Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство по основ на склучени договори.

    Барателот е должен да обезбеди записник од Државен инспекторат за труд за исполнување на обврските од областа на безбедност и здравје при работа, доколку поднесува барање за некоја од инвестиции под број: 10141, 10142, 10151, и 10152.

    Барателот е должен да обезбеди доказ, доколку поднесува барање за инвестициите под број 10111 и 10121, и доколку набавува садници дека истите се набавени од регистриран производител или увозник, согласно евиденцијата на МЗШВ, Управа за семе и саден материјал.

    Барателот е должен да достави согласност/решение за одобрен елаборат за оценка на влијанието врз животната средина/ИСКЗ дозвола (доказ дека има поднесено барање за издавање на ИСКЗ дозвола) прибавено од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина или Единицата на локалната самоуправа на чија територија се наоѓа инвестицијата.

    За документите кои потврдуваат исполнување на стандардите од областа на ветеринарно јавно здравство и благосостојба на животните, а се однесуваат на инвестициите под број: 10141, 10142, 10151 и 10152 АФПЗРР ги прибавува по службена должност од Агенцијата за храна и ветерина.

    Напомена: АФПЗРР врши дополнителна проверка, дали барателите се должници по некој основ кон АФПЗРР. Исто така АФПЗРР врши проверка на валидноста, начинот на изготвување на понудите (идентичен текст, форма, распоред, фонт, печатни грешки итн.), постоење на рамномерно зголемување односно манипулирање на цените во понудите како и вештачко делење на понудите со цел избегнување на правилото на „три понуди“. Доколку АФПЗРР утврди некоја од горенаведените неправилности барањето ќе биде одбиено.

    Напомена:

    Барателот е должен да поднесе најмалку уредно и целосно пополнето Барање за користење на средства со потпис и печат (доколку е правно лице) во рокот определен во Јавниот оглас во спротивно ќе се смета дека аплицирањето не е извршено ниту пак ќе се земе во предвид за понатамошна обработка.

    При прибавување на понудите барателот посебно да обрне внимание истите да бидат обезбедени од „независни понудувачи“ кои меѓусебно и/или со барателот не се поврзани со капитални, семејни и врски на вработување односно управување на правните