14
СОУ’’ Перо Наков’’ Куманово Проектна задача по предмет Основи на правото Втора година Тема: Видови трговски друштва

Ivana Tasovska

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Pravo II god.

Citation preview

Page 1: Ivana Tasovska

СОУ’’ Перо Наков’’ Куманово

Проектна задача по предмет Основи на правото Втора година

Тема: Видови трговски друштва

Изработила: Ментор:Ивана Тасовска Мила Жибак Датум: 30.11.2013 година

Page 2: Ivana Tasovska

Содржина

Вовед ---------------------------------------------------------------------------------3

1.Поим за трговско друштво---------------------------------------------------4

2.Видови трговски друштва----------------------------------------------------4

2.1.Јавно трговско друштво---------------------------------------------------5

2.2.Друштво со ограничена одговорност----------------------------------6

2.3.Акционерско друштво------------------------------------------------------7

2.4.Командитно друштво-------------------------------------------------------8

2.5.Командитно друштво со акции-------------------------------------------8

3.Заклучок---------------------------------------------------------------------------10

4.Користена литература--------------------------------------------------------11

Page 3: Ivana Tasovska

Вовед

Со оваа проекна се надевам дека ќе добиете повеќе сознание за

трговските друштва и нивната поделба бидејќи ти е се секојдневие во

нашиот живот. Тие се нашата суштина на живеење, тие се нашата

реалност.

Со самите овие примероци на трговски друштва треба да се има

сопствена човечка одговорност. Затоа секој човек треба сам да биде

одговорен за својата материјална состојба.

Па со овие наведени примероци за трговските друштва се надевам дека

ќе знаете како да вложувате пари како трајно се врши нивната трајна

дејност за да остварите добивка.

Луѓето велат човекот учи додека е жив па ката учите и вие, се надевам

дека од оваа проекна ќе осознаете повеќе за трговски друштва и за

нивната дејност.

Page 4: Ivana Tasovska

1. Поим за трговско друштво

Трговското друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица

вложуваат пари,

ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и

заеднички ја делат добивката и загубата од работењето.

Трговското друштво самостојно трајно врши дејност, заради

остварување добивка.

Договоррот за друштвото се склучува во писмена форма. Измените и

дополнувањата на договорот во друштвото се вршат во писмена форма.

Трговското друштво се основа на неопределено или на определено

време. Ако со договорот за друштвото не е определено времето на

траење на трговското друштво, се смета дека друштвото е основано на

неопределено време.

Трговското друштво стекнува својство на правно лице со уписот во

Трговски регистар. На трговско друштво му престанува својството на

правно лице со бришењето на уписот во Трговскиот регистар.

2. Видови трговски друштва

1. Јавно трговско друштво

2. Друштво со ограничена одговорност

3. Акционерско друштво

4. Командитно друштво и

5. Командитно друштво со акции

Page 5: Ivana Tasovska

2.1. Јавно трговско друштво (ЈТД)

Јавно трговско друштво (ЈТД) е трговско друштво во кое се здружуваат

две или повеќе физички и правни лица, кои на доверителите за

обврските на друштвото им одговараат неограничено и солидарно со

сиот свој имот.

Јавно друштво се основа со договор за друштвото склучен меѓу

основачите.

Основањето на ЈТД се запишува во трговскиот регистар.

Опис на постапка

1. Пријавата за упис на основањето на јавното друштво ја

поднесуваат сите содружници на јавното друштво овластени за

застапување.

2. Овластеното лице е должно во рок од 15 дена од денот на

стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во

трговскиот регистар да поднесе пријава за упис.

3. Во трговскиот регистар   се запишуваат:

o фирмата и седиштето на јавното друштво;

o името и презимето, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот,

односно бројот на личната карта (ако содружникот е

странско физичко лице) или на друга исправа за утврдување

на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото

државјанство како и местото на живеење, односно фирмата,

седиштето, ЕМБС, ако содружникот е правно лице;

o предметот на работењето на јавното друштво;

o видот и износот на влогот на секој содружник и

Page 6: Ivana Tasovska

o начинот на застапувањето на јавното друштво.

4. Кон пријавата се приложува целосната документација за

остварување на постапката.

5. Содружниците, односно лицата кои според договорот за

друштвото, се овластени за застапување приложуваат потписи

заверени кај нотар. Странските лица можат да приложат потпис

заверен кај надлежниот орган во земјата чиишто државјани се.

Потписот не се заверува кај нотар ако се поднесува во

електронска форма согласно со Законот за податоците во

електронски облик и електронски потпис.

6. Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на

содружник во јавното друштво, односно истапувањето на

содружник од јавното друштво се запишуваат во трговскиот

регистар со одлука за измена на договорот за друштвото.

2.2 Друштво со ограничена одговорност (ДОО)

Друштво со ограничена одговорност е  трговско друштво во кое едно или

повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред

договорената основна главнина на друштвото. Влоговите на

содружниците можат да бидат со различна големина. Содружниците не

одговараат за обврските на друштвото.

Основната главнина на друштвото се состои од збирот на влоговите

на содружниците.

Основната главнина не може да биде помала од 5.000 ЕВРА во

денарска противвредност, според средниот курс на таа валута

којшто е објавен од Народната банка на Република Македонија на

денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да

Page 7: Ivana Tasovska

биде денот на потпишувањето на договорот за друштвото,

односно на изјавата за основање на друштвото.

Износот на основната главнина мора да биде изразен со цел број

којшто е делив со бројот 100.

Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар.

Влогот на содружникот може да биде паричен и непаричен.

Пред поднесувањето на  пријавата за упис на основањето на

друштвото во трговскиот регистар, содружникот мора да уплати

најмалку една третина од запишаниот паричен влог. Пред

поднесувањето пријава за упис, износот на уплатите во пари не

може да биде помал од 2.500 ЕВРА во денарска противвредност.

Непаричните влогови во целост се внесуваат пред поднесувањето

на пријавата за упис на основањето на друштвото. Ако вредноста

на внесениот непаричен влог во времето на поднесувањето на

пријавата за упис на основањето на друштвото не го достигне

износот на преземениот влог, содружникот мора да ја доплати

разликата во пари пред уписот на основањето на друштвото во

трговскиот регистар.

2.3.Акционерско друштво (АД)

Акционерското друштво   - е трговско друштво во кое акционерите

учествуваат со влогови во основната главнина, којашто е поделена на

акции. Акционерите не одговараат за обврските на акционерското

друштво.

Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога

друштвото се основа симултано, без јавен повик за запишување

акции изнесува 25.000 ЕВРА во денарска противвредност, според

средниот курс на Народната банка на Република Македонија,

Page 8: Ivana Tasovska

објавен на денот пред усвојувањето на статутот, односно на денот

пред донесувањето на одлуката за промена на основната

главнина, а кога друштвото се основа сукцесивно, преку јавен по-

вик за запишување акции, тој изнесува најмалку 50.000 ЕВРА во

денарска противвредност.

 Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1

ЕВРО, според средниот курс на таа валута, објавен од Народната

банка на Република Македонија, ден пред усвојувањето на

статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за

промена на основната главнина.

Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар.

2.4.Командирно друштво (КД)

Командотно друштво е трговско друштво во кое се здружуваат две или

повеќе физички или правни лица од кои најмалку еден содружник

одговара за обврските на друштвото лично со сиот свој имот, односно

неограничено и солидарно ако се најмалку два содружника, ан анјмалку

еден содружник одговара за обврските на друштвото само до износот на

запишаниот влог во друштвото . Влогот на командиторот не може да

биде во труд и услуги.

Комплементарите учествуваат најмалку со една петтина во вкупниот

износ на влоговите.

Комадитно друштво се основа со договор за друштво. Заверката на

потписите на договорот за друштвото се врши кај нотар.

2.5.Комадитно друштво со акции (КДА)

Командитно друштво со скции е тргосвко друштво чија што основна

главнина е разделена на акции и во коешто еден или повеќе содружници

одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото, со

Page 9: Ivana Tasovska

сиот свој имот и неколку содружници кои имаат својство на акционери и

кои одговараат до изностот на нивните влогови и кои не одговараат за

обврските на друштвото.

Бројот на командиторите не може да биде помал од три.

Фирмата на командитното друштво со акции ги содржи зборовите

„ Командитно друштво со акции „ или ознаката „ КДА „.

Договорот за командитно друштво со акции го склучуваат сите основачи

со заверка на потписите на договорот кај нотар.

Комплементарите мораат да учествуваат во склучувањето на договорот

за друштвото. Во склучувањето учествуваат и лицата кои ги преземаат

акциите за извршените вложувања во својство на акционери.

При уписот на командитното друштво со акции во трговскиот регистар се

наведуваат комплементарите. Ако договорот содржи посебни одредби за

овластувањеата на комплементарите за застапување на командитно

друштво со акции, тие се запишуваат во трговскиот регистар.

Page 10: Ivana Tasovska

3.Заклучок

Со самите овие примероци, со самите нови ваши сознанија за трговските

друштва можеме да заклучиме дека трговијата и нивната дејност се

многу важен дел од нашиот живот. Тие се нашиот пат, пат кон

сегашноста и пат кон иднината. Со оваа проекна можеме да заклучиме

дека трговските друштва се друштва во кои луѓето вложуваат пари и

имаат единствена цел во оваа работа, а тоа е добивката.

Секое друштво има различни правила и норми.Секое друштво си има

свој соодветен начин на основанје и свои сопствени правила .

Ако правилата на трговската дејност не се почитуваат се донесуваат

казни, кои и ти е се дел од нашиот живот. Тие се последица за

стореното, а какви ќе бидат резултатите од нас ќе зависи.