46
Izbor Godina I Broj 2 7 septemvri 2009 g. Nastani na nedelata Ekonomija Komentari Kolumni Intervju Feqton Nadvor od zakonot Nauka i novi tehnologii Kultura i obrazovanie @ivot, moda, estrada Reporta`i Patuvawa i patopisi Avtomobili Semejstvo Sport Slobodno vreme Zanimlivosti Zdravje i ubavina Horoskop Izleguva vo ponedelnik Станете претплатник на нашиот електронски неделник “Избор” со што стекнувате право на: - 52 броеви на неделникот “Избор” - Две бесплатни мултимедијални книги на ЦД, со бројни аудио и видео прилози, кои ќе Ви бидат доставени бесплатно по пошта на Ваша адреса (Првата книга - ЦД за Че Гевара: “ОД ИСТОРИЈА ВО ЛЕГЕНДА - ЕРНЕСТО ЧЕ ГЕВАРА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 декември оваа година; Втората книга - ЦД: “ЦАР САМУИЛ И НЕГОВАТА ДРЖАВА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 јуни 2010 година); - 26 бесплатни книги од македонски и други автори кои ќе можете да ги “симнете” преку страниците на нашиот неделник, почнувајќи од 28 септември оваа година и понатаму на секои 15 дена; - Бесплатен ЦД со најпопуларниот музички албум за 2009 година на просторите на бивша СФРЈ, кој ќе Ви биде бесплатно доставен по пошта на Ваша адреса (кој ќе биде дистрибуиран од 20 до 28 април следната година). Далај Лама има политичка поддршка на Тајван (стр. 5) Гил Аниџар, филозоф - Бог во повлекување (стр. 14) “Друже Тито, уште ти се колнеме...” (стр. 10) Одисеја на плочници (стр. 29) Woodstock - симбол на младешкиот бунт (стр. 31) Убиството на Ориент експрес (стр. 34)

Izbor br.2

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Izbor br.2

Izbor Izbor

Godina I Broj 2

7 septemvri 2009 g.

Nastani na nedelata

Ekonomija

Komentari

Kolumni

Intervju

Feqton

Nadvor od zakonot

Nauka i novi tehnologii

Kultura i obrazovanie

@ivot, moda, estrada

Reporta`i

Patuvawa i patopisi

Avtomobili

Semejstvo

Sport

Slobodno vreme

Zanimlivosti

Zdravje i ubavina

Horoskop

Izleguva vo ponedelnik

Станете претплатник на нашиот електронски неделник “Избор” со што стекнувате право на:- 52 броеви на неделникот “Избор”- Две бесплатни мултимедијални книги на ЦД, со бројни аудио и видео прилози, кои ќе Ви бидат доставени бесплатно по пошта на Ваша адреса (Првата книга - ЦД за Че Гевара: “ОД ИСТОРИЈА ВО ЛЕГЕНДА - ЕРНЕСТО ЧЕ ГЕВАРА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 декември оваа година; Втората книга - ЦД: “ЦАР САМУИЛ И НЕГОВАТА ДРЖАВА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 јуни 2010 година);- 26 бесплатни книги од македонски и други автори кои ќе можете да ги “симнете” преку страниците на нашиот неделник, почнувајќи од 28 септември оваа година и понатаму на секои 15 дена;- Бесплатен ЦД со најпопуларниот музички албум за 2009 година на просторите на бивша СФРЈ, кој ќе Ви биде бесплатно доставен по пошта на Ваша адреса (кој ќе биде дистрибуиран од 20 до 28 април следната година).

Далај Лама има политичка поддршка на

Тајван(стр. 5)

Гил Аниџар, филозоф - Бог во повлекување

(стр. 14)

“Друже Тито, уште ти се колнеме...”

(стр. 10)

Одисеја на плочници(стр. 29)

Woodstock - симбол на

младешкиот бунт(стр. 31)

Убиството на Ориент

експрес(стр. 34)

Page 2: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

2 Nastani na nedelata

Во Охрид потона бродот „Илинден“, се удавија 15

бугарски туристиНа 5 септември во водите на Охридското езеро се случи бродска несреќа, во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

Бродот „Илинден“ бил регистриран за превоз на 45 патници, меѓутоа во момен-тот на несреќата на него биле 57 бугарски туристи. Несреќата се случила на 200-300 метри од брегот, кај автокампот „Еле-шец“. Очевидци изјавија дека бродот се преполовил и за една минута потонал. Пу-кање на сајла со која се одржува балансот на бродот е најверојатно причина за тра-гедијата на Охридското езеро.

А. И. Димитријевиќ

Седум загинати во експлозија во фабриката

„Први Партизан“ во УжицеВо фабриката за оружје „Први партизан“ во Ужице, на 03. 09. дојде до експлозија од која загинаа седум работници, шест жени и еден маж, додека 14 работници се полесно повредени.

Истрагата покажа дека причина за експло-зијата е човечки фактор и поради тоа на 05.09. се уапсени 5 работници.

А. И. Димитријевиќ

Дорис Пак: Не е реален нов Дејтон

САРАЕВО - Застапничката во Европскиот парла-мент Дорис Пак изјави дека би било тешко да се организира нова ме-ѓународна конференци-ја за БиХ по пример на онаа во Дејтон пред 14 години. Пак тоа го рече

коментирајќи ја изјавата на американски-от конгресмен Russ Carnahan кој за весни-кот на Босанците во Северна Америка “Са-бах” рече дека би требало да се организи- ра “Дејтон 2” кој би требало да доведе до подобро функционирање на државата БиХ. “Босна и Херцеговина треба да направат чекор напред, да го реформираат Уставот или да го променат Дејтон, како и да го

нарекуваат тоа, но ваквата состојба е нео-држлива, изјави Дорис Пак во разговорот кој го пренесува сараевскиот “Дневен аваз”. Но, таа смета дека тешко би можела да се организира конференција од формат каков што беше Дејтон: “Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ веќе не се меѓу жи-вите. Кои би биле новите лидери на тој нов Дејтон? Немам ништо против добрите идеи за решавање на ситуацијата во БиХ. Најважно е да се дојде до договор за ре-формите, но овој пат тоа мора да биде до- говор однатре, а не однадвор. Домашните политичари мораа да дојдат до согласност и промени”, изјави Пак.За сараевскиот лист, предлогот на Кар-нахан го коментираше и американскиот аналитичар од Центарот за политика на де- мократизација Kurt Bassuener, кој смета де- ка всушност нема политичка волја да се придвижи “Дејтон 2”:“Не сум ни сигурен дека би било добро пов- торно да се враќаат Србија и Хрватска на ма- са на која ќе се решаваат прашањата на БиХ. Но, она што е добро и важно е дека конгрес-мените се обидуваат да дојдат до нови идеи за БиХ. Тоа е позитивно затоа што по- кажува дека увиделе дека работите не одат во вистинска насока”, смета Басуенер.Да потсетиме, Карнахан, американски кон- гресмен и член на владејачката Демократ-ска странка се заложи за свикување на нова конференција “Дејтон 2”:“Администрацијата на САД мора да има силно влија-ние на политичките прили- ки во БиХ. Расправавме за свикување на нова меѓу- народна конференција за-тоа што, додека бев во БиХ, еден од моите колеги кои беше емисар беше Mike Turner од држа- вата Охајо. Тој беше градоначалник на Деј-тон во времето на потпишување на деј- тонската спогодба. Негова и е идејата дека би требало да се свика конференција која би се викала “Дејтон 2”. Јасно им е на сите дека “Дејтон 1” требаше да биде привреме-но решение, т.е., во БиХ да се донесе мир. Лично мислам дека е тоа добра идеја која треба да се поддржи, па да се доведат босанско-херцеговските лидери на една маса со цел правење на нешто што би до- вело до подобро функционирање на др- жавата БиХ”, изјави Калахан.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Аленко Зорнија

Европска црна дупка: Дали во Дејтон повторно ќе се одредува ново уставно

уредување на БиХ?

Во домашните, но пред сè меѓународни-те кругови, сѐ повеќе се споменува мож-носта за организирање на “Дејтон 2” со кој би се решила политичката криза во БиХ, всушност би се воспоставило ново внатрешно уредување на нашата земја.

И дефинитивно е јасно дека сегашното уредување на БиХ води во сè подлабок понор и кога на тоа ќе му се додаде не-способната актуелна власт која грчевито се бори против било какви промени, ус-тавни првенствено, тогаш ваква БиХ нема никакви шанси за иднина.

Американскиот конгресмен Russ Carnahan неодамна најави можност за организира-ње на “Дејтон 2” и рече дека администра-цијата на американскиот претседател Ba-rack Obama во потполност ја поддржува идејата на Mike Turner. Идејата за “Дејтон 2” не е нова и таква можност се споменува веќе неколку годи-ни, навистина срамежливо.Официјален Вашингтон најави свој поси-лен интензитет во решавањето на про-блемите на БиХ и помош во процесот на донесување на уставни реформи. Меѓу-тоа, странките на власт и нивните лидери и понатаму затегнуваат и веќе порачуваат дека веќе никакви поважни одлуки не можат да се донесат “со оглед на тоа де-ка од септември почнува предизборна кампања за општите избори во октомври 2010 година”.Тоа ја наежи меѓународната заедница за-тоа што значи дека во БиХ сè ќе остане по старо и сега САД инсистираат на расплету-вање на бх јазолот.Вашингтон инсистира заедно со ЕУ да ја разрешат кризата во БиХ, меѓутоа во ЕУ нема доволно согласност за иднината на нашата земја. Наводно, Русија е најголем противник на одржување на “Дејтон 2” и сега американските и британските ди- пломати настојуваат да ја убедат офици-јална Москва дека тоа е единственото ре-шение за БиХ која е веќе “црна дупка” на Европа. Сепак, и на Москва ѝ е совршено јасно дека БиХ со сегашното уставно уре-дување не може ни чекор напред.Во случај да се договори “Дејтон 2”, бо-санско-херцеговските власти ништо не би се прашале зошто сè би се одвивало под покровителство на САД и ЕУ.Според информациите до кои дојде “Сан”, лидерите на СДА, СНСД и ХДЗ - Сулејман Тихиќ, Милорад Додик и Драган Човиќ - заинтересирани се само за мали промени на Уставот. Тие се заговорници наместо Претседателство на БиХ да се воспостави функција на претседател на држава со два потпретседатели и мали овластувања. Доколку би поминала таа нивна идеја, претседател на БиХ и потпретседатели би се избирале од редовите на пратениците во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ што ним тројцата, според нивните пресметки, би им овозможило да заземат најважни функции во државата и, што е особено важно, да избегнат директен из-бор со заокружување на име и презиме на кандидатот. Извор: “24 сата”, Мостар

Хрватска ќе учествува на EXPO 2010 година во

Шангај

Поради финансиската криза учеството на Хрватска на EXPO беше неизвесно, но благодарение на разбирањето на дома-ќинот тоа нема да биде ставено под знак прашање

Дор

ис П

ак

Рас

Кара

хан

Фото: Бета

Page 3: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nastani na nedelata 3

ЗАГРЕБ/ШАНГАЈ - Претседателот на хр-ватскиот Сабор Лука Бебиќ ја заврши по-веќедневната службена посета на Кина со престојот во Шангај, финансиското среди-ште на Кина и домаќин на идната светска изложба EXPO 2010. Во разговорот со тамошните политички функционери и организатори на EXPO до-говорено е Хрватска сепак да учествува на изложбата на која ќе се претстават повеќе од 190 земји на светот, се дознава од из-вори блиски на хрватската делегација. “Поради финансиската криза учеството на Хрватска на EXPO беше неизвесно, но благодарение на разбирањето на домаќинот, тоа не- ма да биде ставе-но под знак праша-ње, рече изворот.Во разговорот на претседателот на Саборот Бебиќ и покраинските власти на Шангај, град со повеќе од 20 милиони жители, потврде-на е обостраната заинтересираност за јак-нење на односите меѓу Кина и Хрватска, особено стопанските.“Бебиќ на домаќините им ги претстави инфраструктурните проекти - каналот Ду- нав-Сава, железничката пруга Загреб-Рие- ка, модернизацијата на пристаништето Плоче и коридосот VC за кој кинеските домаќини покажаа голема заинтересира-ност”, додава изворот.Пред Шангај, хрватската делегација пре-стојуваше во градот Кси’ан. “И тамошните функционери отворени се за соработка со хрватските власти и стопанственици”, рече изворот. Бебиќ за време на шестдневната посета на Кина се сретна со неколку ви- соки функционери на централната власт во Пекинг и покраинските власти кои истакнале дека на Кина не ѝ пречи влегу-вањето на Хрватска во НАТО и дека го под-држува скорото влегување на Хрватска во Европската унија.

Извор: “Хина”.

Николиќ: Избори најверојатно во март

Претседателот на Српската напредна странка Томислав Ни- колиќ оцени дека Вла-дата на Србија не се снаоѓа во тешката економска ситуација и дека тоа ќе предизвика вонредни парламен-тарни избори најверо-јатно во март идната година.“Убеден сум дека тешката ситуација ќе кулминира од септември и дека неснао-ѓањето на Владата на Србија ќе предиз- вика вонредни парламентарни избори. Владата ќе ја доведе земјата до вжешту-

вање”, рече Николиќ во интервју за аген-цијата Бета.Николиќ оцени дека власта се отуѓила од граѓаните кои живеат сè потешко и дека би било подобро што побргу да се спро-ведат вонредни избори “пред да дојде до некое посериозно нарушување на без-бедноста на улиците”.Според неговите зборови, на граѓаните со 14.000 динари пензија или плата од 20.000 лесно може да им падне на памет да ор-ганизираат големи протести на улици-те, “затоа што е прашање што ќе прават кога ќе треба да ги платат сметките, да обезбедат храна, огрев, облека и да ги спремат децата за училиште”.“Победникот на наредните избори го че-ка голема одговорност, а СНС е спремна да ја преземе и да покажеме дека сме подобри од другите, дека размислуваме поинаку и за секој граѓанин поединечно”, рече Николиќ и додаде дека би формирал влада која ќе тргне напред, која ќе повле-кува непопуларни потези и чија основна цел нема да биде да остане на власт.“Ние не можеме без избори затоа што оваа влада нема да може да го истурка мандатот до крај и тоа би значело дека веќе во март ќе имаме предвремени из-бори, оценува Николиќ.Србија на два блокаПретседателот на СНС наведува дека е важно Тадиќ да не дозволи на неговата изборна листа во парламентот да влезат мали странки на кои потоа ќе мора да им дели министерски места, затоа што “нема политички живот со уцени и условувања”.Николиќ додава дека СНС самостојно ќе излезе на наредните избори, како и дека за евентуални сојузи ќе разговара по вле-гувањето во парламентот.Коментирајќи го сојузот со народната коалиција која ја предводи Војислав Кош-туница, Николиќ рече дека е за соработка, но не гледа на кои проценки би го распре-делиле мандатот пред изборите. СНС спремна да соработува“СНС може да соработува со сите странки по изборите, но наш услов е да го преми-нат цензусот. Ние во тоа нема да им пома-гаме. Секој ќе мора да се избори сам, па потоа лесно ќе се договориме”, вели Николиќ и истакнува дека е спремен да со-работува со сите странки, вклучувајќи ја и ДС, а убеден е и дека сите други странки би сакале соработка со напредниците. “Исклучок би можело да биде екстремно-то реагирање на Г17 Плус и Либерално демократската партија”, рече Николиќ.Токму можноста за соработка со овие странки Николиќ ја наведе како основна разлика со СРС, велејќи дека СНС денес е “модерна европска странка која поеди-нечно е најсилна во Србија”.“Ние сме снагата која може да ги помири и Русија и Европската унија и која сака да соработува со сите земји во светот, па и со Хрватска доколку пред тоа го реши про- блемот на Србите кои таму живеат и кои се раселени, и Албанија доколку престане да ја финансира и на други начини да ја помага независноста на Косово и Метохи-ја”, истакнува претседателот на СНС.“Ја презедовме комплетната десница во Србија, но не ја забораваме борбата за со-цијална правда, борбата против крими- налот и корупцијата и за подобар живот на

Лука Бебиќ

Тома Николиќ

секој поединец”, вели Николиќ и наведу-ва дека за СНС повеќе не може да се рече дека е екстремна десница, туку умерено десна ориентација.СНС, како наведува, своето место ќе го бара во групата на европски народни пар-тии, а веќе постојат покани за прием во таа група на странки.Николиќ рече дека времето покажало дека бил принуден да ја формира оваа странка, затоа што бил исклучен од СРС во која било неможно повеќе да се работи.Напредниците “победуваат”“Жал ми е само што партијата СРС е уп-ропастена и потполно уништена”, вели Николиќ и додава дека е неможно од-носот на силите на двете партии да се промени во корист на радикалите во слу-чај на враќање на Војислав Шешељ во Ср-бија.“Ние и сега политички се огледаме и на-предниците победуваат, рече Николиќ и додава дека би сакал Шешељ да се врати и тие двајца да ги измерат политичките сили на изборите.Николиќ најави дека во септември, по неодамнешната посета на Брисел, плани-ра пат во Руската Федерација каде ќе ги пренесе своите ставови во соработката со Москва и ЕУ и ќе побара одговор на пла-новите во надворешната политика и дали има нови случувања врзано за Косово и Метохија.“Сакам да знам што нè чека по изборите и каква е поддршката на Руската Федерација за Србија. Сакам да разговарам со челни-ците на Министерството за надворешни работи на Русија и да ги убедам дека ние нема да правиме ништо против што би помогнало да се влоши соработката на двете земји”, истакнува Николиќ.Претседателот на СНС рече дека би било добро Собранието на Србија повторно да одржи седница посветена на Косово и Метохија и на светот да му испрати по-рака дека Србија е единствена и дека е против независноста на Косово.

Извор: “РТС”, автор: З.Д.

Србите ги повикуваат Хрватите на собирот на

Неврзаните

Србија заедно со бившите републики ќе ја организира прославата на 50 годишни-ната од Движењето на Неврзаните 2011 година во Белград

ЗАГРЕБ - Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ му упати на хрватскиот колега Гор- дан Јандроковиќ пред- лог Хрватска заедно со Србија и останатите земји од бивша Југославија да учествува во ор-ганизирањето на собирот Движењето на Неврзаните.Собирот би се организирал по повод 50 годишнината од основањето на тоа движење. Би се одржал 2011 година во Белград каде била и првата конференција на Движењето на Неврзаните 1961 годи-на.Јеремиќ во писмото наведува дека стану-

Page 4: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

4 Nastani na nedelata ва збор за “посебно важен јубилеј за Дви-жењето на Неврзаните чиј еден од осно-вателите и најактивните членови била токму бивша Југославија”.“Србија, која моментно е набљудувач во Движењето, би била почестена да биде домаќин и заедно со другите држави сукцесори на бивша Југославија да го ор-ганизира собирот.Тој би требало да обележи еден значаен дел од нашата заедничка историја во функција на понатамошна афирмација и добивка на секој од нас”, стои во пред-логот на министерот Вук Јеремиќ.Во Белград очекуваат дека ќе добијат под-дршка од Египет, како земја претседател на Движењето, и дека претседателот Хосни Мубарак ќе биде покровител на све- ченоста.

Предлагаат поради подготовка на со-станокот да се сретнат министрите за над- ворешни работи на регионот на поче-токот на 64-тото заседание на Општо-то собрание на ОН кое почнува на 23 септем-ври во Њујорк.Во хрватското Министерство за надво-решни работи велат дека уште ќе го ана- лизираат предлогот на Јеремиќ и потоа ќе ѝ одговорат на Србија. Од канцелари-јата на претседателот Стјепан Месиќ порачуваат, пак, дека предлогот треба секако да се прифати затоа што би било апсурдно Белград да се промовира како единствен следбеник на бивша Југослави-ја во така важно движење.

Извор: “Јутарњи”, Загреб, автор: В. Решковиќ

Генерал Томогами: Време е за јапонска

атомска бомба!Сменетиот шеф на јапонската војска на радост на десничарите бара Јапонија да се откаже од уставните параграфи кои забрануваат нуклеарно оружје

Со приближувањето на 64 годишнината на завршувањето на Втората светска војна во Јапонија, националистичките политичари сè почесто повикуваат да се откаже мирниот Устав. А бившиот шеф на јапонските воено-воздухопловни сили ду- ри бара Јапонија да се снабди со нуклеар-но оружје. Пропагандата на ултра-конзер-вативците наидува на остра реакција во Кина и другите земји кои ја почувствувале јапонската агресија.Генералот Тосио Тамогами, сменетиот шеф на јапонските воено-воздухопловни сили, напишал книга која е распродадена

во рекорден тираж, во која тој ја образ-ложува потребата Јапонија да создаде атомско оружје. Тој тоа барање го повто-рува и на митинзите. Логиката на расудува-њето на генералот е ваква: бидејќи Јапо- нија беше два пати објект на нуклеарно бомбардирање, таа и самата треба да се снабди со нуклеарно оружје за на нас да не фрлат и трета бомба.Експертите во соседните земји не се скло-ни Тамогами да го сметаат за вжештена глава чие мислење во земјата никој не го зема сериозно. Јапонија има плутониум, технологија и научно-технички кадар, та-ка што многу бргу би можела да создаде бомба ако реши да се откаже од крусот на ненуклеарна политика, која е фиксирана во Уставот. “Кој знае колку такви како што е Тамогами се кријат во јапонската вла-да?”, прашува Ван Тао, коментатор на ки-неската агенција Синхуа.Тамогами стана херојска фигура во очите на членовите на десните политички група-ции минатата година откако напиша ста-тија во која докажува дека Јапонија не била агресор во Втората светска војна. Владата поради тоа го испрати генералот во пензија, но тоа него не го обесхрабри. Тој својата филозофија ја изложи во книга чии први сто илјади примероци плам-наа. Во тоа свое прво дело (второто е по-светено на бомбата) тој докажува дека го-лемата војна во Источна Азија е водена поради ослободување на Азијатите од доминацијата на белата раса. А зачетни-ци на крвавата касапница, според мисле-њето на бившиот авијатичар, биле кому-нистичките шпиони од еврејска нацио-налност.Генералот тврди дека нотата која САД ѝ ја врачиле на Јапонија воочи нападот на Перл Харбур 1941 година е напишана под влијание на Хари Декстер Вајт, шпион на Коминтерната, и Хенри Моргентау, уште еден Евреин кој бил на важна функција во американската влада. Таа нота која истражувачите ја нарекуваат нота на др-жавниот секретар на САД Кордел Хол, според верзијата на бившиот шеф на ВВС и другите јапонски политичари кои се обидуваат да ја ревидираат историјата на војната, претставувала ултиматум. И Токио, наводно, немал друг избор туку да започне војна. Во стварноста пак не-ма потврда дека Моргентау и Вајт ја со-ставиле нотата. Таа е разгледувана во американскиот врв, а конечниот текст го утврдил лично Хол. Во нотата која Хол му ја врачил на јапонскиот амбасадор на 26 ноември 1941 година САД барале од Јапо-нија да ја повлече сета војска од Кина и француска Индокина. Јапонскиот преми-ер таквите барања ги квалификувал како ултиматум, но до тој момент тоа не било ни од важност. Јапонската авијација веќе тргнала да ги пушти бомбите на амери-канската база Перл Харбур.Говорот кој генералот го одржал на 6 август оваа година на годишнината на нуклеар-ното бомбардирање на Хирошима слу-шателите го поздравиле со овации. Јапон-ските коментароти истакнуваат дека мили-таристичките изјави на Тамогами наишле на многу поволен одек во редовите на конзервативната групација Нипон Кајги, која доследно ја води кампањата за отка-жување од мирните параграфи во Уставот.

Во таа група влегувал и бившиот премиер Јасуо Фукуда, а со неа, според податоците на лондонски Sunday Times, поврзан е и актуелниот премиер.Меѓутоа, идеите кои ги пропагираат пен- зионираниот генерал и неговите приврза-ници не наидуваат на поддршка кај по-веќето Јапонци. Познатиот историчар Икухико Хата ги карактеризирал тезите на Тамогами како обид да се вдахне нов живот на баналната теорија на завера. А листот Japan Times предлогот да се створи јапонска атомска бомба го нарекува сра-мен од аспект на моралот и политиката. “Ако Јапонија”, подвлекува листот, “тргне по тој пат, тој не само што ќе поттикне ну-клеарна трка во Североисточна Азија туку и ќе ја претвори нашата земја во држава - партија”.

Извор: „Независимаја газета“, Москва

Обама се откажал од ракетниот штит

Американската влада ја испитува реакци-јата на Конгресот на напуштање на пла- новите за против-ракетен штит во Пол-ска и Чешка”, пишува “Gazeta Wyborcza”, пренесувајќи неколку извори во Вашингтон.

“Сигналите кои ги испраќаат генералите од Пентагон апсолутно се јасни: владата на САД бара, во врска со против-ракетната заштита, други решенија покрај базите во Полска и Чешка”, рекол лобистот во корист на штитот Riki Ellison кого го цитира весникот.На тој начин би се оствариле и пора-нешните неслужбени најави дека адми-нистрацијата на Обама ќе се откаже од намерата на бившиот жител на Белата ку-ќа George Bush.Ова прашање во голема мерка ги затегна односите на Вашингтон и Москва, па веќе наголемо се зборување за враќање во од-носите од ладната војна.На конференцијата на стручњаци за од-брана пред неколку дена “генералите ниеднаш не ги споменале плановите врза- ни за Полска и Чешка”, истакнува Ellison. “Наназад неколку недели владата ја ис-питува реакцијата на Конгресот за напуш-тање на плановите за инсталирање на против-ракетен штит во Полска и Чешка”, тврди “Gazeta Wyborcza”, цитирајќи неи-менуван извор во Конгресот.2008 година Варшава и Вашингтон по-стигнаа спогодба за распоредување до 2013 година на десет пресретувачи на ба-

Хосн

и М

убар

ак

Page 5: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nastani na nedelata 5листички ракети со долг домет во Полска, поврзани со моќен радар во Чешка, што е глобален проект за одбрана на кој Русија силно му се спротивставува.Русија уште на почетокот на годината им предложи на САД тростран против-раке-тен штит кој би ја вклучувал и Европа и би го заменил сегашниот американски план, изјави тогаш рускиот министер за надво-решни работи Сергеј Лавров.Лавров нагласи дека со радарските станици на руска територија и во Азербеј- џан би можел да се создаде синџир на радари што би овозможило “фаќање” на сите ракети од југ, што на Пентагон му е предложено пред една и пол година. Лавров појасни дека се работи за “мос-ковска алтернатива на вашингтонските планови, додека уште не е предоцна и додека сеуште зад преговарачка маса може да се разгледа состојбата”. Првата најава дека САД се подготвени да се от-кажат од против-ракетниот штит пред ед-на година објави Nicholas Burns. САД се подготвени да го ревидираат својот план за против-ракетна одбрана ако Русија по-могне во елиминирање на заканите какви што претставуваат Северна Кореја и Иран, изјави тогаш државниот потсекретар за политички работи William Burns.Европските партнери во ЕУ никогаш пре- терано не се загреаја за тој проект. Лук-сембуршкиот министер за надворешни работи Jean Asselborn уште 2007 година изјави дека парите за изградба на амери-канскиот против-ракетен одбранбен си-стем би можеле подобро да се употребат за борба против гладот и СИДА-та.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Бруно Лопандиќ

Далај Лама има политичка поддршка на Тајван

Далај Лама, кој меѓу Тајванците ужива голем углед, ќе го посети југот на земјата кој пред некое време беше погоден со тајфунот Мо-ракот кој однесе 650 жртви

Тибетанскиот духовен водач и добитник на Нобеловата награда за мир Далај Ла-ма, ќе го посети Тајван за да моли и да им даде утеха на семејствата на жртвите на разорниот тајфун.Четиридневната посета ја одобри тајван-скиот претседател Ма Јинг Џиу и покрај противењето на Кина соопштува тајван-ската влада, иако минатата година одби да го прими во посета тибетанскиот духо-

вен водач токму поради страв дека ќе ја разлути Кина.

Далај Лама, кој меѓу Тајванците ужива го-лем углед, ќе го посети југот на земјата кој пред некое време беше погоден со тајфунот Моракот кој однесе 650 жртви.Будистичкиот врховен водач стигнува на повик на локалните функционери од опозициските редови. Аналитичарите сметаат дека повикот има политичка зад-нина, односно дека опозицијата сака да го осрамоти претседателот Ма Јинг Џиу кој ја губи поддршката на јавноста поради за-доцнетите реакции на разорниот тајфун.“Ние одлучивме да му дозволиме посета на Далај Лама, бидејќи тој доаѓа да моли за страданите во тајфунот, за преживеаните и нивните семејства”, изјави тајванскиот претседател Ма Јинг Џиу.Далај Лама ѝ се весели на оваа посета чија главна цел е да им пружи утеха на преживеаните и да се помоли за жртвите на тајфунот”, рече советникот на тибетан-скиот духовен водач Тензин Таклх.Доаѓањето на Далај Лама е контроверзно и дотолку повеќе што Кина го смета Тајван за своја територија.Многумина сметаат дека посетата ќе го разгори огинот на и онака затегнатите односи на Пекинг и Тајпеи. Меѓутоа, се претпоставува дека Кинезите овој пат не-ма премногу бурно да реагираат затоа што тоа би значело сложување со опози-цијата која се заложува за сувереност на островот.Исто така, пишува Ројтерс, кинеската вла-да веројатно нема да презема никакви чекори кои би можеле да ја загрозат рас-течката билатерална трговија, вложувања и туризам.Пекинг го смета Далај Лама за сепаратист и ја осудува секоја негова посета на некоја земја, но сеуште службено не се огласил околу посетата на Тајван. Портпаролот на Канцеларијата на претседателот на Тајван одби да каже дали Пекинг е известен за одлуката, но сепак рече: “Согласноста за посета на Далај Лама на Тајван нема не- гативно да влијае на понатамошната со-работка на нашите две влади”.Кина Тајван го смета за своја територија и во неколку наврати во знак на закана пред бреговите на Тајван изведуваше вое- ни маневри.Далај Лама го посетил Тајван 1997 и 2001 година, што во обата случаи предизвика

огорченост на власта во Пекинг.Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Сандра Станиќ

Меркел за еврејската и палестинската држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху беше во прва службена посета на Германија. Тој се состана со канцеларката Ангела Мер-кел и министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер.

Главна тема на разговорите било оживу-вањето на блискоисточните преговори и поострување на санкциите кон Иран пора-ди атомското наоружување на земјата. Прекинување на изградбата на еврејски населби на палестинско подрачје на За-падниот брег е предуслов и камен темел-ник за продолжување на блискоисточните мировни преговори, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.Со новата израелска влада, новиот аме-рикански претседател и соработката со Европската унија, можностите за исполну-вање на оваа цел се потполно реални, по-рачува Меркел.“Две држави: Еврејска држава и држава за Палестинците - тоа од моите точки на гледиште е единствениот пат кој гаранти-ра мирна иднина. Како пријател и како партнер на Израел ќе сториме сè да го оствариме тој успех”.

Палестинците да ја признаат еврејската држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху повторно го упати своето барање до Па-лестинците да ја признаат еврејската др- жава Израел. Тоа е, вели Нетањаху, пред- услов за мирно решавање на конфликтот на Блискиот исток. “Тоа е нашата визија за мир. За конфликтот да може да биде преки-нат, потребно е палестинските водачи да ги признаат правата на еврејскиот народ кој живее на тој простор”.Меркел и Нетањаху се сложија околу за-острувањето на санкциите кон Техеран поради иранската атомска програма. До-колку Иран не го промени својот став, пр-вите санкции ќе уследат во септември. Нетањаху ја посети и спомен-куќата на берлинското езеро Вансе, каде национал-социјалистите 1942 година донеле одлука за потполно уништување на европските Евреи.

Извор: “Дојче Веле”, автор: Селма Филиповиќ

Page 6: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

6 Ekonomija

Спогодбата на Србија и Кина го изненади светот

Потпишувањето на спогодбата со Кина, каква што имаат само Русија, САД, Бра-зил и Јужноафриканската Република, од огромно значење е за Србија, сметаат ана-литичарите. Западот изненаден со новото “стратешко партнерство”

Црвен тепих... Претседателот Ху Џинтао го

пречека Тадиќ со сите почести

Србија со потпишувањето на изјавата за стратешко партнерство со Кина стана пет-та држава во светот која своите односи со таа земја ги подигна на толку високо ниво. Претходно Кина во стратешко партнер-ство стапила само со САД, Русија, Бразил и Јужноафриканската Република, па таквиот аранжман и со Србија го изненади целиот свет.Реакции:- Сузана Грубјешиќ (Г17 Плус): Посетата на српската делегација на Кина е многу зна- чајна. И тоа посебно од аспект на воспоста-вување и унапредување на стопанската соработка.- Александар Вучиќ (СНС): Ние немаме ништо против соработката со Кина, но добивме помалку од очекуваното. Наме-сто државен, добивме комерцијален кре-дит. А не знаеме ни што конкретно се под-разбира таа стратешка спогодба!- Милош Алигрудиќ (ДСС): Воопшто гледа-но, за државата ова е добро, но што се од-несува до Борис Тадиќ, мислам дека е ова негов маркетиншки трик!- Зоран Красиќ (СРС): Тадиќ има своја за-кономерност! Ја критикуваше претходна-та влада што се врти кон Русија, Кина и Индија, а сега тој, кој чекори кон ЕУ и САД, се врти кон Пекинг! Не знам во што да верувам!- Александар Југовиќ (СПО): Спогодбата става до знаење дека Кина е подготвена да вложува во Србија. А печатењето марки со ликот на Борис Тадиќ покажува огром-ното значење кое Кина ѝ го посветува на оваа посета, но и респектот кон претседа-телот на Србија.Престојот на српската делегација во Пе-кинг предизвика големо внимание на За- пад. Британскиот јавен сервис BBC напра-ви тема за потпишувањето на спогодбата на Србија и Кина, во која се обиде да објасни како е можно Србија практично да израснала во прв економски и политички партнер на Кина во Европа.Пекинг преку Србија влегува во ЕУДописникот на словенечкото “Дело” од Пекинг Зорана Баковиќ истакна за BBC де-

ка е многу важно што Србија географски се наоѓа на стратешки важно место.- Кина е многу заинтересирана дел од сво-ите големи девизни резерви да вложи во Европа, а бидејќи со вложувањата во ЕУ има многу проблеми, Пекинг сега бара мали партнери. Идејата е Кина со вложу-вање во такви земји да се покаже како сигурен партнер кој подоцна ќе може да вложува и во ЕУ, и поради тоа земја како Србија е драгоцена за Кина. Токму затоа политичките односи на двете земји се подигнати на високо ниво. Заедничката изјава на Ху и Тадиќ, која односите на Србија и Кина ги дефинира како стратеш-ки, е од огромно значење - рече Баковиќ.И надворешнополитичкиот аналитичар Братислав Грубачиќ оценува дека стратеш-кото партнерство со Кина е “многу важна работа за Србија”.- Особено поради фактот дека Кина така значајна спогодба потпишала со мала држава, како што е нашата. Тоа доволно говори за тоа колку оваа посета е успешна - рече Грубачиќ. На прашањето дали оваа спогодба би можела да ги загрози одно-сите на Србија и Западот, Грубачиќ вели дека “би можела, но не мора”. - Лично мислам дека Западот ќе следи како ќе се развиваат односите на Србија и Кина, пред сè во политичка смисла, одн-осно дали тоа ќе значи оддалечување на Белград од САД, ЕУ и НАТО - рече Грубачиќ.Добри односи со ЗападотДиректорот на Форумот за етнички односи Душан Јањиќ смета дека потпишување на партнерството со Кина нема да ја оддале-чи Србија од Запад. - Што се однесува до економскиот аспект и инвестициите кои Кина ги нуди, тие се занемарливи во однос на она што го даваат Запад и ММФ. Второ, Кина со оваа спогодба не оди во конфронтација со За-падот, така што не гледам дека таа би мо-жела негативно да се одрази на положба-та на Белград кога се во прашање ЕУ и САД - вели Јањиќ.Бившиот амбасадор на Србија во Кина Слободан Унковиќ мисли дека потпишува-њето на спогодбата “која носи елементи на стратешко партнерство” покажува дека не е во прашање краткорочен интерес за соработка на Србија и Кина.Претседателот отпатувал со економ-ска класаПрес-службата на претседателот на Србија соопшти дека Борис Тадиќ “не ги плаќа хотелите со пари од буџетот, туку борави во државната резиденција како гостин на Кина и претседателот Ху Џинтао”.- Претседателот Тадиќ и српската држав-на делегација отпатуваа со редовна ави-онска линија од Лондон за Пекинг со економска класа, плаќајќи ја најевтината карта. Претседателот Тадиќ никогаш не из-најмувал “Јатов” авион, ниту авион на било која странска авиокомпанија, затоа што тоа не е пракса ниту на Тадиќ ниту на оваа влада, за разлика од претходните влади и други шефови на држави чија пракса тоа беше - се наведува во соопштението, по повод неточните коментари на поедини белградски медиуми за патот на Тадиќ во Пекинг.- Кина е трета економија во светот и еден од најголемите светски инвеститори. Тие годишно во други земји вложуваат повеќе

од 35 милијарди долари. Соработката со Кина може да даде добри резултати за стопанството. Она што треба особено да се нагласи, е дека оваа спогодба е потпи-шана без никакви условувања кон нашата земја - истакнува Унковиќ.Кинезите градат мостови, тунел, при-станиште, обиколница...ПЕКИНГ - Србија ѝ предложи на Кина финансиски да поддржи и да учествува во реализацијата на неколку големи ин- фраструктурни проекти во нашата земја, од кои некои се веќе договорени, а чија вкупна вредност се проценува на мили-јарда евра.Покрај изградбата на мостот преку Дунав помеѓу Земун и Борча, кој со 200 милиони долари ќе го финансира кинеската Ексим банка, понудени се и изградба на слободна економска зона и ново пристаниште на Дунав, во кои кинески компании кои се за-нимаваат со информатичка технологија би работеле под привилегирани услови, потоа изградба на обиколница околу Кра- гуевац, тунел низ Фрушка гора, поврзува-ње на Прокупље и Шабац со коридорот 10, софинансирање на работите на ав-топатот Белград - Чачак и соработка во петрохемиската и прехранбената инду-стрија.

Коверти и марки со ликот на ТадиќНа претседателот на Србија Борис Тадиќ во Кина му се одадени бројни почести. Свечено му е врачен филателистички ко-верт со негов лик и потпис, кој во негова чест е печатен во 50.000 примероци. Ки- неската пошта, исто така, пуштила во оп-тек и марки со знаме на Србија.Инаку, Тадиќ заедно со амбасадорот на Кина во Белград Веј Џинг Ху, го посети Ки-нескиот ѕид.- Кинескиот ѕид е инспирација за мене и мојот народ, колку може да се допринесе за заедничката историја и единствената цел - запиша Тадиќ во книгата на впечато-ци.Членот на српската делегација во посетата на Пекинг, министерот Млаѓан Динкиќ, вели дека разговарал со претседателот на Ексим банка Ли Жуогу за можностите за кредитирање на инфраструктурни проек-ти во Србија.- Еден кредит е предвиден за изградба на мостот Земун - Борча. Во Кина ќе биде избрана најповолната понуда на некои од нивните компании, која ќе биде главен изведувач на работите, но ќе бидат анга-жирани и српски фирми како подизведу-вачи. Кинеското министерство за трговија ќе го субвенционира тој кредит, па тој ќе биде под мошне поволни услови - на 15 години, со почеток на отплата од пет годи-ни и максимална камата до 3% - изјави Динкиќ. Тој додава дека со Кинезите разговарал и за други проекти.Поволни кредити... - Наша амбиција е заедно да влеземе и во други регионални проекти, како што

Page 7: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Ekonomija 7

Министерот Динкиќ и претседателот на Ексим банка Ли Жуогу

се обиколницата околу Крагуевац, туне-лот низ Фрушка гора, да ги поврземе Прокупље и Шабац со коридорот 10... Во разговорот со претседателот на Ексим банка дојдовме и до идеја дека би можеле да го софинансираат и градењето на авто-патот Белград - Чачак - вели Динкиќ.

Извор: “Пресс”, Белград, автор: С. Гавриќ

Владата со закон ќе спречува дивеење на

цените во РС

Владата на РС наскоро со усвојување на Законот за контрола на цената ќе застане на патот на нереално зголемување на це-ните, какво што е најновото неосновано поскапување на нафтените деривати во Српска, најавува Предраг Глухаковиќ, ми-нистер за трговија и туризам на Република Српска.- Влада на РС, Министерството, односно канцеларијата за заштита на потрошува-чите, направија анализа за движењето на цените на сировата нафта на светската берза, која покажа дека најновото по-скапување на нафтените деривати не е оп-равдано. Особено кога се знае дека цената на сировата нафта на некои берзи во Ев-ропа е веќе помала за еден и пол долар до два долари по барел - рече Глухаковиќ, и додаде дека цената на барелот нафта се движи од 66 до 69 долари, потсетувајќи дека горивото чинеше две и пол марки кога барелот бил 150 долари, додека сега е две марки, со три пати помала цена за барел.Како што нагласи, Владата на РС може да спречи неконтролирани поскапувања, со усвојување на законот за контрола на цената, кој во форма на предлог би треба-ло деновиве да се најде на седница на Народното собрание на РС.- Владата на тој начин ќе има механизам да му се спротивстави на монополот, за-тоа што е очигледно дека настојува да направи единствена цена на ниво на РС, односно БиХ - наведува Глухаковиќ.Министерот рече дека трошоците кои сопствениците на бензинските пумпи ги имаат за контрола на квалитетот на гори-вото не можат да бидат причина за поска-пување, додавајќи дека намалување на бројот на контролни примероци не доаѓа во предвид.- Не можеме да дозволиме да се смали бројот на контролирани примероци, како што бараат дистрибутерите, затоа што тоа не е оправдан аргумент. Граѓаните мораат да имаат квалитетно гориво - категоричен е Глухаковиќ.Војин Митровиќ, претседател на Здруже-

нието на сопственици на бензински пум- пи во РС, рече дека не дошло до поскапу-вање на горивото во цела РС.- Само на поедини пумпи е поскапено го-ривото, а ставот на Здружението не беше дека се за зголемување на цената и тие не се зголемени на повеќето пумпи во РС - истакна Митровиќ.Како што нагласи, нереално е да се споре-дуваат цените на сировата нафта со цените на нафтените деривати на пумпите. - Цената на горивото на бензинските пумпи ја диктираат цените на рафинериите. Не-реално е да се говори зошто доаѓа до по-скапување на горивото на пумпите кога се намалува цената на сировата нафта, затоа што ние не продаваме сирова нафта, ту-ку нафтени деривати, а сировата нафта да дојде во процес на производство по-требно е половина година - се правда Митровиќ.Според неговите зборови, маржата на нафтените деривати е дупло помала во однос на било која друга маржа и во просек изнесува околу 10%, додека мар-жата за другите производи е околу 30%.Секретарот на Покретот на потрошувачи на РС, Драган Петровиќ, вели дека усвоју-вањето на Законот за контрола на цената значително ќе влијае на зголемена зашти-та на потрошувачите.- Со овој закон инспекцијата ќе има закон-ска основа во контрола на цената. Мислам дека тоа ќе биде чекор напред кон уре-дување на пазарот, за да не дојде до ди-веење на цените, односно монополско однесување - вели Петровиќ, и додава дека смета дека цените на рафинериите треба да се прилагодат и кон цените на сировата нафта на светскиот пазар.Цените скокаатЦените на производите и услугите кои се користат за лична потрошувачка во БиХ, мерени со индексот на потрошувачки це-ни во јули оваа година, биле поголеми за 0,7% отколку во јуни, рече Зденко Милиновиќ, директор на Агенцијата за статистика на БиХ.Милиновиќ на конференцијата за нови-нари истакна дека алкохолните пијалаци и цигарите поскапеле за 16,8%, а прево-зот за 3,2%, и дека зголемувањето на цените е предизвикано првенствено со воведување на акцизата за тутунските производи и горивото, при што тутунските производи поскапеле за 24,6%, а горивото и мазивата за 6,7%.

Извор: “Фокус”, Бања Лука, автор: С. Гајиќ

Беспарицата го испразни деловниот

простор

Цените во последните девет месеци падна-ле 20 до 30%. - Белград има околу 500.000 квадратни метри канцелариски простор. - Кнез Михаилова улица и понатаму топ-ло-кација во која нема слободни локалиИдните закупци на деловен простор во Белград имаат причина за славење. Рен-тите паднале и до 30%. Економската кри-за, падот на прометот но и поголемата понуда на модерни канцеларии и локали влијаела на намалување на наемот. Нис- ките цени на закуп ги погодија сите дело-

ви на градот - Кнез Михаилова како не-прикосновена трговска локација, Нов Бел- град - новиот деловен центар, но и сите останати делови на главниот град.Драстичен пад на стопанската активност влијае на развојот но и на проблемите на сите категории на деловен простор, канце-лариски, малопродажен и индустриски, односно складишен.Пазарот на канцелариски простор е нај-развиен и најликвиден, вели Небојша Не- шовановиќ, советник од “Кинг стрџ”. Според истражувањето на неговата куќа Белград има околу 500.000 квадратни метри канцелариски простор кој може да подели во зависност од локацијата, квали-тетот на градбата, староста на објектот, паркингот во три класи А, Б и Ц.Примери на изградени современи канце-лариски згради на Нов Белград се “Ерпорт сити”, “Б2”, како и објектите во Кнез Миха-илова улица. Иако сопствениците на овие зданија пред октомври минатата година можеа да добијат и неверојатни 24 евра за квадратен метар, ситуацијата сега е по-инаква.- Цените во последните девет месеци пад-наа 20% за А и Б класа, а 30 за Ц. Понудата е поголема затоа што многу деловни об-јекти се завршени или нивната градба ќе биде окончана до крајот на годинава и тогаш четвртина од канцелариите од А и Б класа ќе остане празна. Проценките се дека постарите згради кои се наоѓаат во центарот и изгубија во трката со посупери-орните на Нов Белград - ќе имаат повеќе од 40% неиздаден простор - објаснува Не-шовановиќ. Ако е да ѝ се верува на статистиката која вели дека во изминативе пет години повр-шината под канцеларии се зголемувала годишно меѓу 30.000 и 60.000 квадрати, што е скромно во споредба со градовите во регионот во кои никнувале и до 300.000 квадрати, тогаш може да се заклучи дека ни недостасува деловен простор. Но ако се земе предвид дека има сè повеќе ог-ласи за издавање на канцеларии, нови светкави градби украсени со постери со натписи “фор рент”, празни локали во старите но и во новите станбени згради, пусти трговски центри - тогаш е јасно дека го имаме сосема доволно.- Кризата ќе ја запре новата понуда, а без проектирано финансирање невозможно е да се впуштаме во реализација на про-екти вредни десетици милиони евра. Без оглед што кризата осуетила многу ком- пании да се шират или да влезат на до-машниот пазар, рентите и понатаму се поскапи отколку во регионот - вели Нешо-вановиќ.

Цени на месечен закуп на канцеларии од А класа (во евра)

2007 2008 2009Центар 19-22 18-21 19-19

Нов 19-21Белград

17-20 15-18

Останати 14-17делови

12-15 10-13

Извор: “King Sturge”

Page 8: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

8 EkonomijaПразниот простор често е последица на амбициозните сопственици кои произ-волно ги зацртале цените на наем кои тешко можат да ги добијат денес додека повеќето се водат по логиката дека е по- добро да се спушти цената за некое евро отколку да останат вез никакви приходи, смета Томислав Секулиќ, претседател на Здружението за прометот со недвижно-сти. Тој потсетува дека улицата Кнез Михаилова и понатаму е топ-локација во која нема слободни локали. Месечниот закуп на квадрат во локалите е далеку по-скап од закупот на канцелариски простор.- Најголем интерес е за “екстра зоната” која се протега од Правниот факултет, во улицата Милутин Миланковиќ и во Буле-варот Зоран Ѓинѓиќ на Нов Белград. Нај- атрактивни се локалите во приземје со голем излог на улица. Закуп по квадрат во најпознатата белградска штрафта сега е околу 50 евра, а само пред една годи-на би пламнал и за него би била барана тројно поголема сума. Без оглед на криза-та малку се оние кои оттаму се селат - ис-такнува Секулиќ.Сопствениците на трговскиот центар “Ива-ниум” на чекор од Теразија се одлучиле да се откажат од, се чини, астрономската цена на закуп. Миле Бјелица, управник на центарот, вели дека од сегашните 40 до 50 евра за квадрат цените во наредните шест месеци ќе бидат преполовени. “Не е чуд-но што од вкупно 100 локали издадени се само 20. Па во “Милениум” во Кнез Михаилова улица 40% од просторот е празно. “Иваниум” е нов, а и кризата го зеде своето - одговарајќи на прашањето зошто трговскиот центар е празен вели Бјелица и додава дека од септември очекува поголема побарувачка.

Извор: “Политика”, Белград

Експертите: “Федерацијата БиХ би банкротирала и без

новонастанатата криза”

“Најмногу последици од спогодбата меѓу владата на БиХ и ММФ чувствуваат воени-те ветерани и семејствата на загинатите борци, пишува австрискиот лист “Стан-дард”, додавајќи дека Федералната влада допрва треба да заштеди 207 милиони евра.“Предвидено е примањата на ветераните од ХВО да бидат намалени за 10%, доде- ка за еден дел од ветераните на босанска-та војска инвалидската пензија ќе биде потполно укината. Ветераните предлагаат, заедно со владата, да извршат проверка на лицата за кои сметаат дека примаат инвалиднина, а не се инвалиди. Такви се околу 20%, пишува “Стандард” и наспоме-нува дека бх политичарите долго биле уверени дека кризата ќе ја заобиколи БиХ, и дека нема да биде потребно презе-мање на мерки за штедење. Кога конечно спознаа дека кризата зачукала и на вра-тата на БиХ, единствена надеж беше спо- годбата со ММФ со која би се спасил бан-крот на државата.“Експертите сметаат дека Федерацијата БиХ би банкротирала и без новонастаната-та криза, пишува “Стандард”.

Идилична економска ситуација во Република Српска: Власта се фали,

граѓаните гладуваат!

Додека Милорад Додик и останатите од власта на Република Српска секојдневно тврдат дека економската ситуација во тој ентитет е одлична, граѓаните едвај прежи-вуваат. Од почетокот на оваа година без работа останале 18.000 работници, а во штрајк се вработените од 25 поголеми претпријатија кои настојуваат да го привлечат вниманието на власта на проб-лемите кои ги имаат и бараат помош.Станува збор за претпријатијата Босна, Се- вен, Јелшинград, Металка, Дрина, Алек-сандрија, Ослобоѓење, Енергоинвест - Рас- клопна опрема, Новотекс, Индустрија на алати, Фагум, Младост, шумарските имоти во Шековиќи и Милиќи, АД Соко-лац, Левита... Сѐ на сè, ситуацијата е ис-клучително драматична во шумарството, преработката на дрво, текстилната и пре-хранбената индустрија, трговијата...“Во претпријатијата со мнозински држа-вен капитал само се гаснат пожарите - работниците ќе се побунат, ќе им се исплатат една, две плати и со тоа се ку-пува социјалниот мир. Малку потоа, проблемите повторно излегуваат на ви-делина и така во круг. Работниците не се одлучуваат лесно на штрајк, но тие ста-нале единствен начин работодавците да се натераат да ги исполнуваат своите обврски. Навистина, некои фирми кои се приватизирани воопшто не работат и купени се само поради недвижностите и локациите. Сега сите бараат алиби во светската економска криза и многу од ра-ботодавците ја користат да се откачат од работниците кои ги отпуштаат без да им го исплатат она што го заработиле”, изјавува Ранка Мишиќ, претседателка на Сојузот на синдикати на Република Српска.

Извор: “24 сата”, Мостар

Идните 10 години ќе се шират услужните дејности

Посебно внимание треба да им се посвети на помладите и постарите работници кои ја изгубиле работата, речено е во Брисел на конференцијата на јавните служби за вра-ботувањеОбразованието и оспособувањето на не- вработените лица за оние занимања кои се барани на пазарот на работа и за секторите кои набргу ќе станат многу дина-мични треба да биде една од главните за-дачи на јавните служби за вработување. Посебно внимание треба да се посвети на ранливите групи, односно на помладите,

постарите работници кои ја изгубиле ра- ботата и на лицата со хронични здравстве-ни проблеми. Заклучено е тоа на неодам- нешната конференција на јавни служби за вработување која под името “Институ-циите на пазарот на работа во кризни вре-миња - предизвици и искуства” одржана во Брисел на инцијатива на Европската унија.На конференцијата се донесени заклучо-ци и препораки до јавните служби за вра-ботување како да се пронајдат решенија за полесно совладување на актуелната економска криза. При тоа проценка на Ев-ропската унија е дека до 2020 година во најголема мерка ќе се шири секторот на услужни дејности.Исто така, оценето е дека е потребно да се унапредат вештините на работниците и тоа на сите нивоа, вклучувајќи ги “пренос-ливите” или “генерички” вештини, како што се комуникациите, способноста за реша- вање на проблеми и аналитички вештини.Меѓу заклучоците и препораките кои им се понудени на јавните служби за вработување во целта за полесно совладу-вање на економската криза е и онаа дека е нужно да се искористи сета достапна ефикасна работна сила, на пример, ра-но пензионираните лица. Покрај тоа, потребно е креирање на работни места низ долгорочна заштита на постоечките работи и сектори кои се во опаѓање и поттикнување на целоживотното учење. Неизоставно е и советувањето, како на учениците и студентите, така и во прет-пријатијата, едукација на невработените и работниците и советување на работо-давците за начинот на едукација на работ-ниците.Треба воедно, се вели во препораките, да се усвои нов начин на вмрежување на сите релевантни фактори и да се продолжи со прилагодувањето на правата за време на невработеноста за да се олеснат транзи- циите. Националната агенција при тоа треба да ги искористи услугите на приват-ните агенции за вработување насочени на вработување на работникот од едно работно место на друго без влегување во невработеност помеѓу двете работни ме-ста. Нужно е и активно да се разменуваат информации за слободни работни места и ускладување на вештините, а не занима-вање со барањето на работното место.Треба максимално да се зголеми потен-цијалот на приватните агенции за врабо-тување ширејќи го нивниот опсег на де-лување и активности и да се основаат мо- билни центри и тимови. Потребно е исто така да се разбуди и засили односот со работодавците врзано со советување и работни места и да се овозможат потреб-ните поттици на локално ниво. Посебен акцент на конференцијата е ставен на образованието, дошколувањето и пре-квалификацијата на невработените ли-ца и нивно што побрзо вклучување во пазарот на работа. Образованието и до-полнителните вештини се фактори на кои континуирано мора да се работи, затоа што човекот е тој кој ја носи кризата и кој кризата може и да ја превладее, заклуче-но е.Економија темелена на одржив развојЦелта на сите активности кои се препора- чани на таа конференција, дознаваме од

Page 9: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Ekonomija 9Хрватскиот завод за вработување, е еко-номија која се темели на одржив раз- вој. Најважни фактори за постигнување на таква економија се квалификувана работна сила со смисла за претприемли-вост, работодавци свесни за моментните и идните потреби за вештини, транспарент-ност и на понудата и побарувачката и висок ниво на искористување на човеко-виот капитал.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Ивана Кнежевиќ

Евтини 20.000 станови

Белград - Во март идната година би тре- бало да тргне изградбата на 20.000 непро-фитни, евтини станови во главниот град, најави Милутин Мркоњиќ, министер за инфраструктура на состанокот со прет-ставниците на Стопанската комора на Бел- град и градежните претпријатија.

Програмата на Владата на Србија за масов-но градење на станови, чија изработка е во завршна фаза, градежниците ќе ја поддржат низ цената на изведување на работите. Спремни се становите да ги гра- дат за 400 евра, а само грубите градежни работи за 150 евра по квадрат. Кога на тоа ќе се додадат надоместите за обезбеду-вање и уредување на земјиштето и оста-натите трошоци, квадрат од стан, на при-мер, во белградската населба Борча за купувачот не би требало да ја надмине цената од 600 евра за квадрат, тврди Мр-коњиќ.Владата на инцијатива на министерот Мркоњиќ за изградба на непрофитни ста-нови за пазар формираше работна група.- Комисијата која го подготвува целиот материјал околу масовно градење на ста-нови ќе излезе пред Владата на Србија на почетокот на септември - најавува Мрко- њиќ. - За становите ќе можат да конкури-раат сите граѓани, но сепак мора да се направат критериуми кој има предност, затоа што цената ќе биде мошне прифат-лива. План е 15 до 20% да биде учество, а остатокот на трошоците купувачите ќе го покријат благодарение на поволните кредити за кои кај банките ќе гарантира државата.Тоа, всушност, ќе бидат субвенционирани кредити, тврди министерот. Работата ќе биде водена од еден центар - Градежната дирекција на Србија. Рок за изградба на становите е една година. Еден месец подготовка, две месеци согласности и дозволи и проектирање, а потоа се тргну-ва со изградба во рок од шест месеци. Ма-теријал има доволно, а на овој проект ќе бидат ангажирани домашната оператива и индустријата на материјали. Работата вредна 600 милиони евра ќе вработи околу 60.000 работници вклучувајќи и оп-ремување на становите со мебел и бела

техника.На Србија ѝ требаат 150.000 станови, наве- дува Мркоњиќ. Цената на квадрат стан од програмата на Владата ќе биде спуштена до платежната моќ на граѓаните, за намес-то кирија да плаќаат рата за кредитот.Една од идеите која ќе го поевтини квад-ратот е и земјиштето кое ѝ припаѓа на Војската, а кое не е во функција, да им се стави на располагање на градежниците.Градежниците и работатаОвој проект би ги вратил и градежниците “во живот”. Тие на состанокот со мини-стерот во петокот истакнаа дека само ба- раат работа. Претседателот на Стопан-ската комора на Белград Милан Јанковиќ наведува дека во изградбата на стано- вите голема помош би можеле да дадат и локалните самоуправи со поажурно издавање на дозволите. Затоа што, за последните шест месеци, тврдат градеж-ниците, во Белград не е издадена ниту една дозвола.Вредност600 милиони евра, вклучувајќи го и оп-ремувањето со мебел и бела техника, ќе вреди целата работа за изградба на ста- новите, а ќе бидат вработени околу 60.000 работници.

Извор: “Вечерње новости”, Белград, автор: Т.С.

Што менаџерите на петте фондови направија со

околу 140 милиони евра добиени од продажбата на Електростопанство на

Црна Гора?

Подгорица - Најмногу пари добиени од продажбата на 17,2% од акциите на Електростопанство на Црна Гора на ита-лијанската компанија А2А за вкупно 140 милиони евра, менаџерите на пет црно-горски инвестициони фондови моментно ги држат положени во домашните и стран-ските банки. Само околу 14 милиони, или вкупно 10% од парите се вложени во купу-вање на хартии од вредност.Според неофицијалните информации на “Вијести”, триесеттина милиони добиени по оваа основа, кои Централната банка и Владата во официјалните извештаи ги во-дат како овогодишна директна странска инвестиција во Црна Гора се наоѓаат вон земјата, додека дваесеттина милиони се потрошени на враќање на кредити во до-машните банки.Директорот на компанијата Тренд која управува со истоимениот фонд Михаило Маџаровиќ потврди за “Вијести” дека 27,7 милиони евра ќе бидат насочени “на преструктуирање на портфолиото, како и за исполнување на стигнатите и тековни обврски на фондот кон друштвото за уп-равување и обврски за кредити”.Собранието на акционери на Тренд, имено, усвои план за употреба на тие средства кој е во склад со годишниот план и програмата за инвестициона политика на фондот за периодот 2009-2011 година.Тренд во јули отплати еден ануитет по ос-нова на кредитно задолжување вреден 900.000 евра, а во јануари 2010 ќе мора

да отплати уште еден со иста вредност.Фондот има 2,3 милиони евра обврски - надомести за управување кон менаџмен-тот на компанијата.Дел од средствата од 1,6 милиони евра, според планот, ќе биде насочен на поната-мошно купување на профитабилно, но ниско ризични хартии од вредност на цр-ногорскиот пазар.До сега за околу 580.000 евра купиле акции на Електростопанство, Пренос, Требјеса, Телеком, ХТП Корали и нешто обврзници. Најмногу пари 21,5 милиони евра опреде-лени се за купување на недвижности во земјата и странство, но во Тренд за сега не сакаат да откриваат за кои недвижности се работи.Директорот на Монета Момо Газивода ре-че за “Вијести” дека тој фонд заработил 23 милиони евра од продажбата на акциите на ЕСЦГ.- Имајќи во вид дека фондот Монета беше ниско задолжен, сите пари се рас-положливи за нови инвестиции и со са-мото тоа многу повредни отколку да слу-жат само за покривање на кредитните обврски. Дел од парите веднаш е инве-стиран на пазарот на капитал во Црна Го-ра, а остатокот од парите е краткорочно орочен и на располагање е за нови инвестициски можности во склад со пазарните движења и инвестиционата политика на Фондот. Инаку во спомена-тиот период инвестиравме во акциите на Електростопанство, Пренос, Отрантко-мерц, Телеком итн - наведува Газивода.Монета успеа на берзата да купи повеќе од 105.000 акции на Електростопанство по цени значително пониски отколку што беше продажната (околу 7,1 евра) на Италијанците и веќе се врати меѓу 10 пое-динечно најголеми акционери во ЕСЦГ.Директорот на Атлас Монт фондот Ѓорѓе Ѓурѓиќ вели дека најголем дел од вкупно 27,7 милиони евра заработени од продаж-бата на акциите на ЕСЦГ моментно се на-оѓа во “домашните банки во Црна Гора”.Во рамките на Атлас Монт групата, инаку, работат Атласмонт банка и Инвест банка Монтенегро.- Со еден пол дел од парите вратен е кре-дит, така што сега фондот е потполно раздолжен. Многу мал дел од парите се вложени на пазарот. Засега сме многу внимателни со вложувањата. Сите купу-вања на хартии ќе бидат засновани на внимателни анализи и ќе бидеме фокуси-рани на хартии од кои може да се очекува капитална добивка или враќање низ ди-виденда - објаснува Ѓурѓиќ.Фондот МИГ од продажбата на ЕСЦГ зара-боти вкупно 17,49 милиони. Тие пари, спо-ред зборовите на Драган Радусиновиќ, директор на компанијата КД Монт која уп-равува со МИГ моментно се вон земјата, и “наскоро ќе бидат положени во една од банките во Црна Гора”.Радусиновиќ потврди дека имаат еден помал кредит во Првата банка на Црна Го-ра, но и дека не почнале со купување на акции на домашниот пазар.Од Еурофонд уште пред два месеци најавија дека 44-те милиони евра зара-ботени со продажбата на акциите на ита- лијанската компанија А2А, ќе ги искори-стат за враќање на долгови, инвестиции и

Page 10: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

10 Ekonomijaрезерви, но деновиве не беа расположени за давање изјави. Еурофонд имаше кредити кон Хипо алпе адриа банката, Првата и Хипотекарната банка. Со споредување на податоците од портфолиото на Еурофонд достапни на NEX берзата за април, мај и јуни може да се заклучи дека во тие три месеци купувале акции на Електростопанство, Телеком, Пренос, Мимоза и нешто од Тре-бјеса.На крајот на јуни на сметката на Еурофонд имаше 16,3 милиони евра. Најзагадочната ставка е вредна 11,1 милиони евра вложе-ни, како се наведува, во “останати хартии од вредност”. Во однос на крајот на мај оваа ставка во извештајот е зголемена за дури 10 милиони евра, но од извештајот не се гледа дали станува збор за акции на странски или домашни компании или мо-жеби за купување на некои должнички хартии од вредност.

Извор: “Вијести”, Подгорица, автор: М. Милошевиќ

На Меркатор преполовена добивката во 2009 година

Словенечкиот Меркатор во првото полуго-диште од оваа година остварил 11,3 милиони евра чиста добивка, што е за 49,6% помалку отколку во истиот период минатата.

Чистиот приход од продажба таа групаци-ја во првото полугодиште го зголемила за 3,4% на 1,3 милијарди евра, од што во Словенија е забележан раст на приходот од 1,1%, односно раст од вкупно 0,5% во странство доколку се уважува колебањето на курсевите, соопштува Меркатор.

Управата на компанијата таквиот резул-тат го оценува како добар со оглед на исклучително тешките економски прили-ки на сите пазари со напомена дека во споменатиот период инвестирала 66 ми-лиони евра претежно во развој на мало-продажната мрежа, што претставува 41,6% од годишниот инвестиционен план.Непречено се одвивале и подготовките за излегување на два нови пазари во Бу- гарија и Албанија, каде до крајот на го-дината ќе бидат отворени трговии на Меркатор.

Чистиот приход на групата би требало до крајот на оваа година да порасне за 3% на 2,7 милијарди евра, што претставува 3,2% од планот за оваа година. Добивката, како се наведува, би требало во оваа година да достигне износ од 20,5 милиони евра што претставува 50,3% од остварената минатогодишна чиста добивка и 32% по-малку од првобитниот план.

Извор: “Бета”

БиХ прв извозен партнер на Србија

Бања Лука - Претседателот на Стопанската комора на Србија Милош Бугарин изјави во Бања Лука дека Босна и Херцеговина е на прво место по извоз на стока од Ср-бија, со скоро 2 милијарди долари извоз во минатата година, и меѓу првите 10 трговски партнери по обем на увоз во на-шата земја.Бугарин на средбата со претставникот на Стопанската комора на Република Српска Борко Ѓуриќ, рече дека, поради светската економска криза, за шест месеци од оваа година надворешнотрговската размена на Србија и РС е намалена за околу 36%, оценувајќи дека тоа е загрижувачко.

Суфицитот во размената и понатаму е на страната на Србија, но оваа година падна увозот од РС и покриеноста на увозот со извозот околу 10%, наведува тој.Говорејќи за проблемите кои се јавуваат во постапката за царинење на стоката, Бу-гарин изрази надеж дека тие проблеми ќе бидат надминати и дека двете министер-ства за земјоделство меѓусебно ќе ги ува-жуваат фитосанитарните уверенија за стоката.Наспомнувајќи дека меѓу РС и Србија е добра соработката во областа на енер- гетиката, машиноградбата и трговијата, тој изрази уверение дека ќе бидат иско- ристени потенцијалите во инвестирањето на фирмите од Србија во РС, особено во приватизацијата на општествените фир-ми.Ѓуриќ изрази надеж дека проблемите во царинските процедури ќе бидат над-минати, нагласувајќи дека Законот за заштита на домашното производство на ниво на БиХ, кој во меѓувреме е ставен вон сила, создал проблеми во слобод-ниот проток на стоки и услуги и бил во спротивност со CEFTA спогодбата. Про- блемите во царинските процедури со-здаваат меѓусебно неуважување на серти-фикатите, прекумерно проверување на стоките за царинење, што ја компликува целата постапка, додава тој, изразувајќи уверение дека целата постапка наскоро ќе биде поедноставена.Во Стопанската комора на РС одржана е и презентација на туристичките потенцијали на Српска, на која присуствуваа и претставници на белградското Дунав оси-гурување - Бања Лука, како и новинари од медиумите од Србија и РС.

Извор: “Танјуг”

Мил

ош Б

угар

ин

“Друже Тито, уште ти се колнеме...”

Најголем политичар на сите времиња или бескрупулозен диктатор? Време на благосостојба или време на скриени проб-леми? Носталгија за некои убави спомени или бегство од лошата стварност? Сето тоа е содржано во едно име и лик - Тито.

Титова биста како држач за книги, Титов лик на маица, но и на ѕиден часовник, како симбол за минливоста на времето, но не и на спомените. Иако, официјално, Тито веќе одамна не е тема, освен кога ќе се поведе прашање за имотот или личните документи на неговата вдовица Јованка Броз, постои нешто што многумина го препознаваат како носталгија. Носталгија поради убавите спомени, но и носталгија поради лошите сегашни прилики.

И додека не изненадува жалот за едно минато време, кога, според мислењето на многумина, квалитетот на животот бил повисок, стапката на криминал пониска, а визната либерализација не постоела како тема, изненадувачки е големиот број на млади кои во Титовото време ја бараат својата иднина. За Зорица Јуркиќ, дваесет-двегодишна студентка по медицина Тито е синоним за вистинскиот пат:“Тито е слобода и единство. Тој не е минато, ни сегашност ни иднина - тој е универзален. Тој е симбол на патот во по-светла сегашност”.

Галебовиот лет меѓу истокот и западот

Една од најголемите реликвии од времето на Тито може и денес да се види на бродо-

Page 11: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Komentari 11градилиштето покрај Риека. Бродот “Галеб” кој некогаш претставуваше спој помеѓу ис-точниот и западниот свет, на кој најчести гости беа високи државници и филмски ѕвезди, денес се наоѓа во сопственоста на градот Риека. Купен е за 150.000 евра и според идејата на градоначалникот на Рие-ка, Војко Оберснел, би требало да стане туристичка атракција:“Тито е несомнено дел од нашата историја. Дел од историјата од која не смееме да се срамиме. Сигурно е дека тогаш опште-ствениот стандард и сигурноста биле на по-високо ниво од денес во време на пазарна економија”.

Од Вис до Голи ОтокТуристичка атракција претставува и остро-вот Вис, на кој се наоѓаат цели комплекси од некогашните воени бункери, вкупно 38, вклучувајќи го и Титовиот бункер. Скриени 60 метри под површината на земјата, овие некогашни складишта за муниција, но и засолниште на Маршалот во текот на Втората светска војна, денес се главно руинирани и ограбени. Без оглед на тоа можете да присуствувате на своевидна лекција од историја, сè со помош на Јури-ца Житко, посебен туристички водич, вљу-беник во бункери, но и во една земја.“Ја штитевме нашата земја, а сега сè изгу- бивме. И тоа е најголемиот дел од носталги-јата - некогаш ја имавме нашата земја, а сега ја немаме. Од друга страна, нема но-сталгија кон диктатура од било кој вид”.Покрај Вис, постои уште еден остров кој се

поврзува со времето на Тито, но секако не и со носталгијата. За оние кои не се сложува-ле со политиката на Тито, Голи Оток, бил олицетворение на бескомпромисноста на една диктатура. Еден од затворениците од Голи Оток, Владимир Бобинац, вели дека сè до смртта на Тито живеел во страв.“Модерно општество не може да се гради на основите на сталинизмот и титоизмот. Модерно општество се гради на основа на слободата на луѓето”.

Бидете “Југоленѓанин”!На самиот север на некогашна Југославија, во близина на Суботица, можеби се отишло најдалеку во обновувањето на спомените на Тито. Во паркот “Југоленд” влегувате покрај тробојка со петокрака, а од сите страни сте окружени со Титови слики, на кој тој лови, чита, свири клавир, се ракува со познати државници. Југоленд издава и документи за “југолендско” државјанство.Така, ако ви здодее рецесијата, корупцијата, визите, инфлацијата, и посакате штафети и слет, пионерски марами, братство и един-ство, Ден на републиката и најценетиот па- сош на светот, ex Yu носталгијата е вистинско место за вас.

Извор: “Дојче Веле”, автор: Марина Максимовиќ

“Босна е превара... Крајно време е да се формира

Антидржавен Тим”

-

Босна и Херцеговина е земја превара. И самата Босна е превара. БиХ, на превара, со анексија, е грабната од Турција. Да не е, можеби Сараево би се викало Цариград, а по Миљацка би пловеле бродови кон Сре-доземјето.На превара е изгласана Декларацијата за отцепување. Да не е, денес стотици илјади луѓе би биле живи. На превара од БиХ се создава Држава.На превара е создадена сета сила на за-еднички институции кои родољубите, па-триотите и државољубците ги викаат Др-жавни (предлагам во Државниот Правопис да се запише правото единствена придавка која смее да носи голема буква да биде Државната придавка). На превара е соз-дадена Граничната полиција. Почна, се сеќавате, со служба. На превара е созда- ден РАК. Регулаторна агенција за комуника-ции, еден од условите граѓаните на БиХ да можат во Европската унија да комуници-раат со јавните нужници, ако имаат виза за мала и голема нужда. Почна со некаква безвезна комисија за медии, ИМЦ или некако.На превара е создадена СИПА. Почна со агенција за информации и чување на ќошиња и лица. На превара е создаден Советот на министри. Почна со трочлена осмомесечна министерска ротација.Сега некој, од силна сараевско - федерална досада, ФБиХ пропаѓа, училиштата нема да почнат, инвалиднините за јунаците се намалуваат, а на некои им се одземаат, приватизациите пропаѓаат, работниците штрајкуваат, Мујезиновиќ станува надреа-лист, Магумџија се состанал со Грегоријан, можеби во проштална посета, но не се на-слутува кој кому, во Сараево дошол Мики Рурк со многу подобар изглед од БиХ... се сетил на Државниот Антикорупциски Тим. И излажал дека се работи за услов на Ев-ропската унија за некои режими.Секако, во првата, лирска фаза, се викаше Антикорупциски тим на БиХ. Убаво звучи. Особено на федералната сиромаштија која нема со што да го корумпира своето дете на големиот одмор да си купи кифла. А и што ќе им се кифли, кога училиштата нема да почнат.Во втората фаза тоа беше Државна Агенци-ја, како што е, денес СИПА, РАК... значи, министерство под наметка на независна моќ вон извршната власт под контрола на парламентот. Зошто кој денес ги контроли-ра РАК, СИПА, УИО... никој.Мислам дека е крајно време да се формира и Антидржавен Тим.Да нè спаси од Државата.

Извор: “24 сата инфо”, Мостар, автор: Рајко Васиќ

Глобален удар: Светот во кибернетичка војна

Америка и НАТО подготвуваат нова стра- тегија за спротивставување на непослуш-ните земји

Во јуни 2009 високо-поставен американски војник даде изјава која остана скоро незабе-лежана, а која го упатува погледот на нова стратешка концепција на единствената вое-на суперсила на светот - концепцијата на глобален удар. Според неговите зборови, најниската граница за потенцијал на гло-балниот удар “подразбира можност да се досегне до секоја точка на Земјата во рок од еден час”, а горната граница се мери со големина “отприлика 300 милисекунди”. Тоа е кибернетика, појасни тој.Милисекунди Сево ова потпретседателот на Здружениот комитет на началници на штабовите на војската на САД, генералот на поморската пешадија Џемјс Картрајт го изнесе во текот на прегледот на воено-стратешките потенцијали, кој се прави ед-наш во четири години, за тоа како треба да изгледа задржувањето во XXI век. Говорејќи за ширењето на балистичките ракети, Картрајт истакна дека новиот напад, нај-веројатно нуклеарен, “може да заземе само неколку минути, а тоа значи дека ни се неопходни средства за задржување кои ќе овозможат да се спречи сличен кон-фликт”, и додаде дека “не можеме да се ограничуваме само на нуклеарната сила”. Според негово мислење, проблемот е де-лумно скопчен со тоа што воените бази на САД се инсталира “таму каде што ние не сме војувале никогаш ни со Индијците, ни со Јапонците, ни со Германците”. Тој смета дека во наше време ваквиот ра-според на базите не им одговара на по- требите за задржување и реагирање на новите опасности. Реакцијата на Соеди-нетите Држави на новите опасности по безбедноста засега се сведува во префр-лување на своите, како и до сега помали контингенти и преместување на воените бази од Европа на исток и на југ, поблиску до проблематичните точки на Блискиот исток и Африканскиот рог. Годината 2004 САД решија да затворат скоро половина од своите 589 воени бази во Европа. Во тој момент Америка беше повеќе заинтереси-рана не за класични воени бази, туку за “пунктови за заедничка безбедност”, кои би требало да бидат разместени во прв ред во земјите околу Црното море, пред сè во Романија и Бугарија.Тајни операции Црноморскиот регион во плановите на САД (а според тоа и на НАТО) сега игра посебна улога и тие наме- руваат тој регион да го користат за спротив-ставување - покрај останатото и со методи на кибернетичка војна и со неа во врска тај-ни операции и собирање на разузнавач-ки информации - на постоечката или потенцијалната нуклеарна или ракетна

Рајко Васиќ

Page 12: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

12 Komentariопасност од страна на земјите на Блискиот исток. Тоа исто така може да влијае и на тоа како во иднина САД ќе ги формулира своите интереси соработувајќи со земјите во регионот - Русија, Украина, Грузија (Аб-хазија), Романија, Бугарија и Турција.Денес Кина, Русија, САД и некои земји од Европа редовно приредуваат “киберне-тички напади” едни на други, проверувајќи ја цврстината на инфраструктурната без-бедност. Меѓутоа, како со време ќе биде унапредувана технологијата, така побргу ќе се шири “мирниот атом”, па некои земји како Кина и Русија ќе престанат да бидат главни ривали на САД и Европа во кибер-нетичката војна. Тие ќе станат значајни пар-тнери, а можеби да стана дури и активни сојузници.Нова доктрина Денес станува збор само за 10-годишна перспектива, а подоцна тоа треба да се преточи во долгорочна тен- денција. Во односите со Русија еден значи- телен преседан веќе е забележан. Како што забележи високо-поставениот сора- ботник во одбранбениот ресор, на спојот на вековите Русија и САД одлично сора-ботувале во рамките на Центарот за стра- тешка стабилност и проблеми 2000-та во Колорадо Спрингс. Подоцна се пре-земени обиди заедно со Русија да се со- здаде глобален систем за тревожење при лансирање на балистички ракети, но

тие беа донекаде ограничени по димен-зиите и кратко траеја. Извештајот кој во мај оваа година го обелодени адми- нистрацијата на Барак Обама за киберне-тичката безбедност ги повикува САД да ја “разработат стратегијата која ја формира меѓународната клима” во сфера на кибер-нетичка безбедност. Тоа значи дека ни претстои склопување нови сојузи со тех-нолошки развиените земји (вклучувајќи ги Русија и Кина), за спротивставување на идните опасности од страна на недржавни субјекти и непослушни земји. Треба да се очекува дека таа перспектива до одреден степен ќе се одрази и на новата доктрина за безбедност на НАТО, која треба да биде обелоденета оваа година.

Извор: New Europe, Белгија

Безвизен режим: Дали баш ЕУ не ги сака

муслиманите или пак е до нас?

Се налутиja, пред сите, босанските мусли-мани. Реисот Мустафа Цериќ испрати за време на една молитва порака во Брисел во која вели дека Европската унија ги на- градила злосторниците и убијците а ги каз-нила Босанците. „Не ни давате можност да ги прехраниме и образуваме нашите деца“, се намршти Цериќ, познат како личност ко- ја држи најмногу лекции во земјата, пишува германскиот лист „Frankfurter Allgemaine Zeitung“ и додава дека сѐ почна на 15 јули кога е објавена препораката на Европската комисија Македонија, Србија и Црна Гора да добијат безвизен режим. Препораката не е дадена за БиХ и Албанија.

„На прв поглед одлуката навистина изгле-да неправедна. Токму БиХ, земја која нај-многу патеше и која на почетокот на 90-тите беше препуштена сама на себе, имајќи работа со делумно незаинтересирана, де-лумно цинична европска заедница, треба да остане изолирана, додека бившиот аг-ресор Србија се наградува. Изолацијата би можела да ја зголеми напнатоста во Босна, затоа што со неа би можеле да би-дат погодени само муслиманите, порака е на босанските политичари. Хрватите од неодамна се во посед на хрватски пасоши и можат да патуваат, а на босанските Срби им останува само да поднесат молби и да добијат пасоши од Србија. Само му-слиманите би останале затворени како заложници во сопствената земја“, пишува германскиот лист.„Меѓутоа, ако малку поблиску се погледне, ваквите толкувања се како димна бомба на политичарите од Сараево и нивните заго-ворници во странство. Властите во Сараево со тоа сакаат да прикријат дека закажале. Безвизниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора не е подарок на ЕУ за добрите христијани на Балканот. Овој чекор се нао-ѓа на крајот на долга листа на технички и административни мерки и предуслови кои ги поставил Брисел. Секоја земја морала да ги исполни и тоа со макотрпна работа.Станува збор за биометриски пасоши, контрола на границите, политика кон ази-лантите, систем за пријава на украдени до- кументи, соработка со Интерпол, борба со организираниот криминал, илегалната миграција и слично. При тоа не се работи толку за висока политика, колку за админи-стративни детали. Тоа е нешто за што бх

политичарите, заплеткани во етничко-ро-вовската борба, премалку се грижеа, на то- вар на своите граѓани во земјата. Европска- та комисија, под притисок на министерство-то за внатрешни работи на земјите членки, особено на Германија, не беше баш спрем-на на компромиси.Уште во мај Европската комисија констати-раше дека БиХ во 50 точки, не ги исполнува или недоволно ги исполнува предусловите од бриселската листа, што е скоро половина од барањата. Додека Македонија и Србија издаваат биометриски пасоши, Босна не почнала ни со пробната фаза. Се чека и на стратегија во борбата против перење пари и организираниот криминал, исто како и на задоволувачка соработка со органи на странско правосудство.На климави нозе се и останатите барања, како сигурноста на документите. Недовол-на е и соработката на полицијата и пра-восудните органи во борбата против кри-умчарење на наркотици, исто како и во

борбата против корупцијата.„И Александра Штиглмајер од Европската иницијатива за стабилност (ESI) смета дека БиХ била лошо подготвена, а дека тврдењето дека БиХ е на исто рамниште со Србија е сешто. Токму ESI во целата приказна со визите одигра важна спо- редна улога. Токму нејзините соработници стигнаа до ин-терните извештаи, кои во мај, на радост на владите во Скопје, Белград и Подгорица,

ги ставија на интернет. Некои босански политичари во Сараево веднаш најдоа изговор по кој Србите се за сѐ криви.Тоа на почетокот звучеше убедливо, зошто секој во Босна знае дека Милорад Додик фрла каменчиња и песок во механизмите на себосанската држава. Србите навистина во државниот парламент блокираа донесу-вање на четири закони, неопходни за уки- нување на визите. Но, нивниот став се из- мени откако ESI на интернет ги стави оцен-ките на ЕК за стекнување на безвизен ре- жим, така сите да ги видат. Ниеден бх по-литичар не смее себеси да си дозволи да биде прикажан како некој кој спречува воспоставување на безвизен режим. Так- виот режим го поздравуваат сите три наро- ди во БиХ, дури и босанските Хрвати кои со својот хрватски пасош веќе со години уживаат во слободните патувања во стран-ство. Така Србите престанаа со блокадата, при што улога имаше и притисокот од Ср-бија“, пишува германскиот лист и заклу-чува:„Во Брисел знаат дека покажувањето со прст во Србите, како дежурни виновници за сѐ, овој пат нема да биде доволно да се објасни закажувањето на босанските по-литичари на сите полиња. Во меѓувреме политичарите и бирократијата во Сараево сериозно се трудат бргу да ги исполнат барањата, уште повеќе што сѐ помалку граѓани веруваат дека злата Европа Босна и Херцеговина не ја земала во предвид за безвизен режим, затоа што не ги сакаат муслиманите во своите граници“.

Извор: „Монитор“, Мостар

Page 13: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kolumni 13Зоран Шеќеров - Без шеќер

Војводина шампион

Уште не почнале, но сè се знае. Нов шампион на Србија во фудбал ќе биде Вој-водина. И би било добро така да биде. И Новосаѓаните први од Србија, уште след- ната есен, да заиграат во Лигата на шам-пиони. Новосаѓани тоа би можеле, ако...Ако продолжат да ја следат идејата на Драгослав Степановиќ. Ако на Степи, кога ќе дојдат победите, не му се плеткаат во знаењето (не)зналци и (сè)зналци. Ако имаат трпение. Ако, со тим кој тоа допрва треба да биде, имаат и публика... Во оваа површно опсервација постои уште многу далеку посериозни “ако”, но нека биде тоа тема за некоја друга приказна.Накратко, тоа е она што единствено и исклучиво ги интересира Новосаѓани, со претпоставка дека Војводина и навистина денес, како што тоа го велат оние кои во неа ведрат и облачат, е стабилен клуб. Тол-ку стабилен да не мора, за да преживее, секоја година да ги продава оние (нај)добрите. Исто така и да е во позиција во своите редови да ги доведе оние кои би можеле со знаење и гладијаторство да ја облагородат нејзината игра и комплет-ниот впечаток од теренот...Војводина ќе мора да се одбрани и од она другото морање - првак на Србија да биде некој од вечните ривали. Тоа ќе ѝ биде најтешко.Зошто, пак, првак на Србија не би можел да биде Партизан? Затоа што е ова е ви-стински момент некој во Србија, конечно, да ја понизи толку видливата вообразеност на црно-белите. Нивната препотентност без покритие. Останувам при личното убедување дека црно-белите во многу нешто се поголеми од другите клубови во Србија, дури и од многу во Европа, но уште повеќе и при, пак личниот став, дека со фудбалската филозофија на Јокановиќ однапред се осудени на неуспех.На “Маракана” е поинаква приказната. Таму, што е добро, се полно оние кои се собрале околу големиот болен. Владан Лукиќ и неговите соработници, се чини, во позиција се да не работат набрзина за нивните дела да ја издржат критиката на потомствата. Најтешко ќе му биде на Пижон. Тој има најмалку од она што на Звезда во овој час ѝ треба за да биде голема Звезда. Моментно, само оној малиот Савиќ. Тој и навистина е момче кое ветува. И од трибините е јасно дека е фудбалски кроен по мерка на оние кои во минатото ја чинеа Звезда различна од другите.Кога никој во Србија (ФСС) не ја спречува Војводина да биде шампион, кога во Партизан и Звезда ќе сфатат дека не е под задолжително некој од нив да биде шам-пион, кога во ФСС ќе се занимаат само со фудбал, тогаш и некое идно учество на српските клубови на европската сцена нема да биде само идентификација за по-веќегодишните промашувања.Како и да е, ако денешната реалност на српскиот клупски фудбал е сведена на траги од трагичност, зошто таква да биде и иднината.

Извор: “Пресс”, Белград, автор: Зоран Шеќеров

За војна спремни

Дали владејачката политика во РС од ден на ден ја вжештува атмосферата за ради-кална пресметка со БиХ, по рецептот кој доведе до малигно настанување на таа па-радржавна творба

Владејачките политичари во Бања Лука ја развиваат Република Српска во воена формација. Вака тежок заклучок лесно се проверува и со следење на програмата на РТРС, Дневникот особено.Малку, малку, некој од врвот на СНСД ќе извикне дека Босна и Херцеговина не може да опстои. Дневникот на РТРС се темели на таа теза, дневно сугерирајќи за силата и непобитноста на РС, за нерешли-вите проблеми во Федерацијата БиХ, за лохотноста на БиХ.Како и на крајот на осумдесеттите и по-четокот на деведесеттите години од ми-натиот век - кога на страв од исламски фун-даментализам е создавана политичко-психолошка основа за агресија на БиХ - Дневникот на РТРС дневно ја наметнува темата на муџахедините и вехабиите, со-здавајќи впечаток дека е само прашање на ден кога тие ќе се срушат на босанско-херцеговските Срби и Република Српска. Како и тогаш, другата страна на таа поли-тичко - медиумска индоктринација е “сведочењето” за трајното страдање на Србите по косовско јасеновската мат-рица. Кога станува збор за минатата војна, тоа е следено со минимизирање на злосторствата од српска страна, со не-гација не геноцидот, и нагласување на злосторствата кои ги правеле Босанците и Хрватите.Намерата со укинување на босанската од-редница да се заврши со преименување на населби во РС, се враќа на времето на создавање на ткн. српски автономни области. Тоа доведе до антиуставно про-гласување на Република на српскиот народ на Босна и Херцеговина (10.11.1991), како предигра за воспоставувањето на па-радржавата Српска Република Босна и Херцеговина (9.1.1992).Тогаш почна и денес во траење (само)ис-коренување на б-х Србите. Овдешните Срби, како автентичен б-х народ, по вели-косрпскиот налог, гетоизирани се, свртени против својата татковина и држава, како бесмислена српска дијаспора. РС живее исклучиво на културните матрици увезени од Србија, заборавајќи го изворното свое, па и јазикот.Прекудринското сè-српско и панправо-славно увезување се одвива и по најмрач-ните специјални врски, и со развивање и зацврстување на четништвото во РС, како и пред неодамнешната војна. Геополитич-ката намера на тој повампирен фа-шистички покрет соопштена ѝ е на нови-нарката на Слободна Босна, која беше меѓу следбениците на генералот Дража Михајловиќ на нивниот неодамнешен собор во Ризвановиќи кај Приједор. Накратко - ако не можела да опстане Југославија, не може ни БиХ. Тоа е и плат-формата на која делува и водачот на СНСД, премиерот на РС Милорад Додик.Тие равногорци (бараат така да се викаат, а не четници - бре разлика!) се простираат на три држави (Србија, Црна Гора и БиХ) и

дијаспората. Нивната примарна цел содр-жана е во пеењата: Фато, Фато / Све ти је поклато / Само Мујо није / Рећи ћеш нам ди је(....) Сребренице, ти си мени мила, што се ниси двапут поновила... А четниците (од обете страни на Дрина), кои себе самите така се нарекуваат, своите намери ги де-монстрираа во деновите на сеќавање на геноцидот над Босанците на Сребреница. Со повици Ова е Србија! и пароли Нож, жица, Сребреница, четниците дивееја, завршно, со уринирање на знамето на БиХ. Сето тоа се одвиваше под заштита на полицијата на РС, која многу одлучно делуваше кога три девојки повратнички на четничките извици одговорија со Ова е Босна! и пуштање на илахија (*побожна муслиманска песна). Тие ќе мораат пред суд.Српскиот четнички покрет на Република Српска би сакал во Требиње да востанови школа за обука на 100.000 четници во наредните десет години. Требиње е оми-

леното Додиково одредиште, а седиште на власта на другиот човек на Р. Српска владиката Григориј. Требинецот Синиша Вучиниќ, кој е на чело на СЧПРС, му се закани со смрт на лидерот на српската СДУ Жарко Кораќ. Вучиниќ не го сака ни пишувањето на Милош Васиќ, па најави пресметка со него испраќајќи “телеграми со сочувство” на белградско Време и бањалучки Глас на Српска, поради “смрт-та” на Васиќ. Некои велат дека се работи за естраден четник. Е, па најавата за агре-сија на БиХ до геноцид почна со таква “ес-трада”.Молчењето на Додик дава право за заклучок дека и овие фашистички ор-ганизации се дел од неговото пара-поли-тичко, пара-известувачко и пара-воено окружување. Новинарката на Слободна Европа од Ба-ња Лука Наѓа Диклиќ доби овие денови ужасна закана поради пишувањето за ин-вестициите во зградата на Владата на РС. Прво е украдено чевличето од нејзиното синче, па ѝ е демолиран автомобилот во кој чевличето е оставено. Диклиќ е под постојани телефонски закани, а тамош-ната полиција веќе три години не ја зема во заштита, од моментот кога Додик ја ис-прати во “некоја работа”.Дали тоа владејачката политика во РС од ден на ден ја вжештува атмосферата за радикална пресметка со БиХ, по рецептот кој доведе до малигно настанување на таа парадржавна творба?

Извор: „Ослобођење“, Сараево,

автор: Зија Диздаревиќ

Page 14: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

14 IntervjuИнтервју со Муамер Зукорлиќ, главен муфтија на исламската заедница во Србија

Не сум за признавање на независноста на Косово

БЕЛГРАД - Главниот муфтија на ислам-ската заедница во Србија Муамер Зукор-лиќ во разговорот за “Глас јавности” тврди дека соопштението на Форумот на Босанците нема никаква врска со децидниот став БиХ да ја признае неза-висноста на Косово.

- Во рамки на оваа тема беше третирано исклучиво прашањето за слобода на дви- жење. Проблем е што Босанците од Косо- во не можат да патуваат во БиХ. Распра-вавме за тоа што може да се стори тој проблем да се реши.• Зарем тоа не значи признавање на Ко-сово?- Грција не го призна Косово, но ги призна документите и граѓаните на Косово сло-бодно можат да патуваат. Препораката се однесува токму на слободата на движење и документите.•Чекајте, сметате дека Косово треба да биде независно или не?- Апсолутно не! Таа тема не беше трети-рана. Говоревме исклучиво за слободата на движење.•Многумина тоа го доведуваат во врска со вашиот отворен судир со Адем Зликиќ, првиот човек на Исламската заедница во Србија?- За нас Зликиќ не постои како проблем. Тој претставува параверски производ на Су-лејман Угљанин и неговите соработници во Белград. Постои традиционална ис-ламска заедница, која функционира со децении, а оние кои пред малку ги спо-менав пред две години се обидоа да ја грабнат. Бидејќи тоа не им успеа, се дого-ворија да оформат паралелен систем.• Дали се можни сериозни судири во Сан-џак?- Сериозни проблеми веќе постојат. Но, ние достоинствено ги поднесуваме про-вокациите и не возвраќаме. Сепак, ќе ос-танеме доследни во своите барања.• Спремни сте да преземете дел од одговорноста доколку настане крвопро-литие?- Нема да има крвопролитие затоа што ние не одговараме на провокациите. Спрем-ни сме за одговорност од своја страна, но за безбедноста е задолжена државата.• Каков однос имате со Исламската заед-ница во БиХ. Се стекнува впечаток дека сте подредени на реисот Мустафи Цериќ?- Имаме духовно единство со Исламската

заедница во БиХ. На некој начин сме под-редени, но тоа е нормално, бидејќи и вла-диката дабробосански му е подреден на патријархот.• Која е причината за неодамнешното ос-новање на Политички совет?- Политичкиот совет е советодавно тело. Бидејќи немаме политичко иску-

ство, неговите членови своите знаење ќе го стават на распола-гање. Но, нема да дозволиме странчарење.• Значи, нема говор за основање на политичка партија?- Апсолутно не! Исламската заед- ница е надпартиска организа-ција и таа им припаѓа на сите муслимани.

Извор: “Глас јавности”, Белград

Караџиќ за Ројтерс: Не жалам поради својата

улога во војната

“Не жалам поради својата улога”, наве-дува бившиот челник на босанските Срби Радован Караџиќ во пишуваното ексклу-зивно интервју за Ројтерс од притворот во Шевенинген каде го чека почетокот на су-дењето за геноцид пред Меѓународниот казнен суд за бивша Југославија.“Не барав јавна функција, но кога ја обнај-дов, ги вршев своите должности мислејќи на интересите на својот народ”, додава Караџиќ.“Најмногу се гордеам со тоа што ја испол-нив својата должност не барајќи лична корист и не за сопствен интерес”, рече. “Затоа ќе се чувствувам слободен каде и да се наоѓам остатокот од животот”.Бившиот сараевски психијатар обвинет е во 11 точки за воени злочини против човечноста вклучувајќи ги двете за гено-цид поради 43-месечната опсада на Сара-ево и колежот на 8.000 муслимани во Сре-бреница 1995 година.Тој ги отфрла обвиненијата, но во писмото жали поради војната за која, како и порано, ги обвинува босанските муслимани.“Жалам поради она што се случи во текот на војната во Босна, поради многуте изгу-бени животи, поради патењето на луѓето од сите националности и уништувањето

на семејствата и имотите”, наведува Кара-џиќ. “Длабоко жалам поради војната, но тоа не беше наш избор”.Српските власти го уапсија Караџиќ мина-тото лето во Белград каде живеел криејќи се зад густа брада и претставувајќи се ка-ко исцелител.“Не сонувам за независна Република Срп-ска”, продолжува Караџиќ во писмото до Ројтерс. “Нема причина зошто во БиХ не би можеле да постојат два етнички ентитета. Тоа не би бил прв случај во Европа. Треба само да се сетиме на Белгија, Швајцарија и Шпанија...”Караџиќ не се смета за српски херој и не сака да каже како историјата би требало да го запамети. “Еден голем српски писател рекол дека времето најдобро суди”, вели тој. “Мојот придонес кон историјата ќе може да се процени само откако ќе помине многу време”, заклучува.

Извор: “Монитор”, Загреб

Гил Аниџар, филозоф - Бог во повлекување

Гил Аниџар (Gil Anidjar), професор на Colum-bia University во Њујорк, предавач на отсе- кот за религија, гостуваше неодамна на бел-градскиот Факултет за медиуми и комуникаци-ја каде одржа курс за Мишел Фуко. Последните десетина години интензивно се занимава со односите меѓу Израел и Палестинците. Како ученик и пријател на францускиот филозоф Жак Дерида, Аниџар во својот пристап кон блискоисточното прашање внесува силна ли- нија на деконструкција која, малку поедно-ставно речено, ја комбинира политичката, етничката, религиската и филозофската пер-спектива. До сега ги објавил книгите Our Place in al-Andalus: Kabbalah, Philosophy, Literature in Arab Jewish Letters (Stanford UP, 2002); The Jew, the Arab: A History of the Enemy (Stanford UP, 2003); Semites: Race, Religion, Literature (Stan-ford UP, 2008). Книгата на Аниџар „Евреин, Ара-пин: Историја на непријателството“ се поја-ви во издание на Белградски круг 2006 год.

“Време”: Иако се занимавате со односите помеѓу Израел и Палестинците, вашиот при-стап, се стекнува впечаток, никогаш не е не-посреден.Гил Аниџар: Она што се обидувам да го изместам е смислата за непосредно. Про-блемот меѓу Евреите и Арапите е ток-му непосредноста. Прва работа која се претпоставува за односот меѓу Евреите и Арапите е дека Евреинот не е Арапин, а Арапинот не е Евреин. Иако е лесно да се покаже дека таа поделба не постои - по-стои значителен дел од населението кој не одговара на таа поделба - раздвојува-њето е, сепак, експлицитно. Мене ме ин-

Фото: „Време“

Page 15: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Intervju 15тересира како доаѓа до таквото раздвоју-вање.Во дефинирањето на проблемот се на-оѓа и дел од неговото решение. Ако се каже дека проблемот е израелски и палес-тински, значи ако се употребат термини кои, помалку или повеќе, се синоними за Евреин и Арапин, но не сосема, тогаш проблемот, поедноставно речено, е дове-ден на ниво на политика: станува збор за две национални заедници кои имаат свои интереси. (Кога ќе се каже “Евреин” тоа подразбира 3000 години историја. Ако, пак, се каже “Израелец”, таа историја почнува од 1948 година). Ако, од друга страна, кажеме дека проблемот е помеѓу Евреи и Муслимани, тогаш станува збор за религиски проблем чија природа од те-мел е поинаква. Тогаш може да се каже дека проблемот е решлив или нерешлив, дека може да се реши на друг начин, или може да се разреши политички. Како и да е, проблемот се поставува на темелно поинаков начин. На француски јазик, да речеме, кога се говори за Израел се говори како за хебрејска држава. Тоа решение е помеѓу претходните две. Но во англискиот поделбата е јасна: Евреин и Арапин, Jew and Arab. Евреин - религија јудаизам, му-слиман - религија ислам. Арапин и Евре-ин, меѓутоа, се етнички одредувања. Е сега, ако се постави прашање како да ги дефинираме Евреинот и Арапинот, тогаш доаѓаме до проблемот со избор на зборо-ви. Ако кажеме Евреин - Арапин, тогаш проблемот на Евреинот и Арапинот е во самото средиште и решението е веќе тука во онаа мера во која дефиницијата на про- блемот го одредува неговото решение.Ме интересира како помеѓу трите начини на мислење: политичкото (Израелец - Палестинец), религиското (Евреин - Му-слиман) и етничкото (Евреин - Арапин) да го одбереме оној кој води до можно реше-ние. Ако говориме за проблемот помеѓу Евреи и Арапи тогаш имаме различни заедници кои имаат различни интереси, но постои потенцијал тие да се мислат во некакво единство. Кога ќе се каже црнец и белец тоа проблемот го дефинира на еден начин, но кога ќе се каже Јужноафриканец тоа подразбира идентитет кој може да се препознае и признае. Значи, ме интере-сираат термините меѓу кои нема да биде поставен мост, туку кои веќе можат да об-разуваат некакво Едно. Не хомогено Едно, туку Едно кое подразбира и Арапи и Евреи и христијани и Ерменци. Значи држава ко-ја ги дозволува сите тие идентитети што учествуваат во природата на државата.Ако политиката, според едно ваше одреду-вање, е “опис на разлики”, ако политиката почнува таму каде има разлики, како функ-ционираат разликите кои, на некој начин, се веќе потврдени?Ме фасцинира што некои разлики не са- мо што се афирмирани туку станува не- возможно да се надминат: Евреин - Ара-пин, на пример. Постојат луѓе кои не ја мислат таа разлика, кои не ја живеат. Ис-ториски гледано, разликата меѓу Евреите и Арапите - како што ми говореше еден пријател - е како разликата меѓу Србите и Албанците. Тоа уште не е толку голема раз-лика, можеби е подобро да се каже дека нема разлика воопшто, и таа, таа разлика, како тема за судир не е важна. На дело, меѓутоа, е умножување на разликите:

прво јазикот, па религијата, па обичаите и така натаму, што доведува до тоа, на крај-от, да треба да се одвоите. Историјата на тие непомирливи разлики, тоа е она што ме интересира. Што ја одржува таа разлика и зошто луѓето мислат дека е не-помирлива?Разликата која исто така се истакнува е разликата помеѓу религијата и политика-та. Разликувањето помеѓу религијата и по- литиката, теологијата и политиката, раз- лика е која не се однесува толку на Блис-киот исток, туку е врзана за Западот, за христијанскиот запад, христијанската за- падна Европа. Таа разлика е поврзана со историјата на католичката и протестант- ската црква. И кога се гледа улогата на Евреинот и Арапинот, Евреинот и Мусли-манот, во западниот имагинариум, и тоа веќе 1500 години, се забележува дека проблемот меѓу Израелците и Палестин-ците има многу бизарно потекло: во христијанска Европа. И кога некој ќе ми каже дека тоа не е конкретно, јас му одговарам сосема спротивно: не, тоа е сосема конкретно. Конкретното понеко-гаш умее да исчезне. Добро е позната ис-торијата на колонијализмот на Израел и Палестина. Но помалку се знае за улогата на христијанската западна теологија, ка-толичка и протестантска, во Израел и Па-лестина. Папата, да речеме, кој бил во посета на тој регион, добро знае дека е ангажиран во нешто што не е невидливо во Ерусалим. Тој не е потполно неутрален. Нашата слика е следнава: католичката црк- ва е за мир, додека Евреите и Арапите се борат. Ни во историјата ни денес тоа не е сосема случај.Ако сакаме конкретно да говориме за про- блемот Евреин - Арапин, мораме во об-ѕир да земеме дека постои и трет член, среден член, кој е Европа или Америка, за- падното христијанство. Но, помалку е зна- чајно колку членови има. Позначајно е тоа што токму тој среден член ја прави раз- ликата. Тој од одредува кој е Арапин, а кој Евреин.Дали, денес, може да се говори за политика која се разбира како начин на организација на заедницата (либерален модел), како на-чин на управување и администрирање, а не како она што прави разлика пријател - не-пријател?Ако би можеле да ја мислиме заедницата без доведување во прашање на произве-дувањата на нејзините граници - што, секако, се чини како фантазма - се отво-ра ново прашање дали мислењето е ав-тономно, или не е. Заедница, секако, нико-гаш не е само една. Постојат многу работи кај Карл Шмир со кого не се сложувам, но несложувањето не е дијагноза. Шмит дава немилосрдна дијагноза на политиката и политичкото. Односите меѓу заедниците, особено денес, не може да се апстрахи-раат од начинот на кој политиката се мисли во заедницата. Денес нема, ако не-когаш и имало, автономни заедници. Но, во минатото, ги имало, таа автономија секогаш била во однос, да речеме, со околината. Прашањето на границите, зна-чи, секогаш било порозно. Да се мисли се- беси а да не се мисли другиот ми се чини де-ка е најголемо можно насилство: другиот не постои. Јас не сакам непријатели. Други- от е друг, нека другиот сака што му е вол-ја, јас постоја во себе. Но тоа е најсилната

фантазма. Не занимавањето со другиот како за мене да нема место во друга за-едница, меѓу други заедници, тоа е невоз-можно. Мора, значи, да се преговара. Пре-говорите, додуша, и понатаму се случува-ат во хобсовска шема, нема меѓународна демократија. Шмит, значи, ни овозможува ситуацијата да је препознаеме како ситуа-ција на спротивставени противници, не-пријателства, но таа ситуација ја претста-вува како хуманитарна, космополитска.Дали, во сферата на политичкото, има сми-сла да се говори за поделба на левица и дес-ница?Не верувам. Дозволете да наведам еден пример. Левицата и десницата во Израел темелно се сложуваат околу еден прин- цип кој гласи: во Израел не треба да има Арапи затоа што Израел треба да биде и да остане еврејска држава. Разликата ме-ѓу левицата и десницата е во тоа што ле- вицата вели дека границата треба да се помести така што Арапите ќе останат од другата страна, додека десницата ве-ли дека Арапите треба да се поместат, а границата да се остави. Дали е тоа дис-курс на левицата? Би рекол не. Иста е ситуацијата и со економијата. Нема леви-чарски говор, нема сериозен десничарски говор. Тој постои, но не нуди алтернатива на либералниот капитализам.Капиталистичкиот проект за финансијали-зација на светот во моментов е прекинат, тој има свои граници, што отвора можност да се замисли поинаков свет. Постои во Кабалата, во тој мистичен спис, една фор-мула која вели: на Бога му е потребно да се повлече за да остави некој простор во кој светот ќе може да се одржи. Затоа што, во Бога не постои ништо друго освен Бог. Да се замисли еден политички чин на смалување, повлекување. Не треба да би-де сè. Тоа е идеја која вели дека не треба да биде секаде. Не треба нашите идеи секаде да стигнуваат, нашите институции секаде да се шират, за разлика од нашиот инхерентен прозелитизам кој вели дека сите треба да живеат на ист начин. Шмит бил во право кога говорел дека не смее да постои една заедница - кога човештвото би станало едно, проблем би бил кој би останал вон таа заедница. Не велам де-ка треба да се поништи таа идеја, дека не треба да се говори за човештвото, за це-лиот свет како човештво, но не треба да се говори во име на сите. Тоа е културна ме- галоманија која вели дека пронашла сред- ства да стигне до сите. Можеби би требало да постои некој вид колективна аскеза ко-ја вели дека грижата за себе е исто така рестрикција на себе. Со други зборови, не за да се игнорира другиот, туку да обрне внимание на другиот.Каде вие го гледате сопственото место во современиот интелектуален спектар кој се дели, од една страна, на многу популарна-та лева сцена (со Жижек, Бадју, Негри...), додека, од друга страна, се “либералите”? Дали тоа, воопшто, е легитимно прашање?“Интелектуалец е категорија со која, по мое мислење, е завршено. Секој интелек-туалец има некоја институција зад себе. Адорно го имаше радиото. Зола го имаше весникот. Печатот беше институција која им ја овозможи улогата на некои интелек-туалци. Не сум убеден дека сеуште има институции кои имаат такво место, однос-но кои ја одржуваат интелектуалната

Page 16: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

16 Feqtonфункција. Има, секако, луѓе кои кружат, кои говорат. Но ако ги споредиме Славој Жижек и Томас Фридман и ја примениме функцијата интелектуалец, функција која би одговарала на институционалното ниво какво што постоело во минатото, Фридман е повеќе тој кој го задоволува тој критериум отколку Жижек, или Бадју. Мо-жеби новите институции ќе произведат нова фигура на интелектуалец во иднина-та, можеби на таа фигура нема да ѝ биде по-требно да биде индивидуа. Во ситуација во која имаме произведување на идеи и имагинации, прашање е каде тие идеи се произведуваат. Дали ги произведуваат лу-ѓе кои читаат и пишуваат? Ако Фридман не произведува идеи тоа е, напросто, за- тоа што ги нема. Тоа се општи места, кли-шеа кои одговараат на некој вид гласини, повторуваат секогаш исти работи кои треба да се продаваат: потребна ни е трго-вија, мир, иднината е убава, треба да се напредува, со други зборови - ништо. Каде е имагинацијата? Печатот тука се појавува како четврто тело во државите кое нуди друга перспектива. Но, каде е сега таа пер- спектива? Какви се можностите да се ми- сли поинаку? Не ја гледам. Постои некој вид на постојана атомизација, што, сека-ко, не е нова идеја, но сега имаме нови облици на атомизација. Во САД, да ре-чеме, сè помалку имал телевизија, а сè повеќе клипови. Не се гледа повеќе теле-визија, туку клипови кои траат две, три минути, на YouTube. Наместо емисии - MTV на пример - имаме сегменти на тие емисии. Сè се фрагментира. Секој поим сега е поврзан со атомизација на сè. Ум-ножување на политички покрети, невлади-ни организации, музички покрети - секој има своја музика - секој произведува соп- ствен простор со помош на Ipod, да рече-ме. Тука атомизацијата, ни овозможува технологијата. Како сите да сакаат иста работа, но никој не ја сака истата работа како сите. Дотолку не сум убеден дека постои фундаментална разлика помеѓу Фу- којама, да речеме, и Бадју. Се надевам дека постои, но не сум во тоа убеден. И јас самиот доаѓам од една институција, од Columbia University, која ми овозможува да говорам, со минимални последици по неа. Сакам да кажам, можам да кажам што и да сакам. Но повеќето универзитети повеќе не гарантираат сигурност на рабо- тата и никој повеќе не е сигурен. Денес се сигурни, можеби, неколку функционери, неколку студии и неколку професори на Универзитет. На универзитетот секој др-жи свои курсеви, но сè повеќе е изоли-ран. Што сега тука може да направи не-кој интелектуалец? Како да развие разго- вор? Ти ме слушаш, јас имам некои идеи, но ги имаш и ти, денес се вакви, ут- ре поинакви. Секој има мислење и секој има право на мислење. Не гледам инсти- туција која тоа би го обединила. Како да се живее заедно? Секој е сè помалку вклучен во социјалната мрежа. Но, мож- но е дека сум јас старомоден. Постојат со-цијални мрежи кои можеби овозможуваат имагинација. Но не верувам дека се инте-лектуалците тие кои ги создаваат, кои ги овозможуваат, ниту тие ги одржуваат.

Извор: „Време“, Белград, автор: Иван Миленковиќ

ШАРЛ ДИЛ

ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИСКОТО

ЦАРСТВО (продолжение II)

Верска криза

Втората криза била верска. Денес е многу тешко да се поими интегритетот кој, во IV и V век, го имале големите ере- си - ариевството, несториевството, моно-физитството, кои многу се сериозно ја по-тресувале црквата и источното царство. Тие главно се сфаќаат како обични препирки на богословите кои страсно се залетале во замрсени расправи за тешко разбирли- ви и непотребни прашања. Всушност, тие имале сосема поинаква смисла и значење. Зад нив, многу често, се криеле политички интереси и спротивности кои имале не-догледни последици по судбината на цар- ството. Освен тоа, тие ереси одиграле го-лема улога во утврдувањето на односите помеѓу црквите и државите на Исток, ка-ко и во одредување на врската помеѓу Византија и Западот; и поради сето тоа тие заслужуваат повнимателно да бидат проучени. На првиот вселенски собор во Никеја (325 г.) осудено е Ариевото учење

и прогласено е дека Бог-татко и Бог-син се “едносуштни”. Но исклучувањето од црк-вата не ги поколебало приврзаниците на Ариј, и VI век бил исполнет со жестока борба - во која и самите цареви земале учество - помеѓу противниците и браните-

лите на православието. Ариевото учење извојувало победа за време на владата на Констанциј на црковниот собор во Рими- ни (359 г.), но Теодосиј I го отфрлил на вто-риот вселенски собор во Цариград (381 г.), и од тој момент била јасно обележена

разликата помеѓу грчкиот дух, занесен со префинетата метафизика, и западниот ла-тински дух, вљубен во јасноста, спротивно-ста помеѓу источните епископи, покорни на волјата на владетелот, и одлучните и надмени непомирливости на римските папи. Расправата која, во V век, започна-ла околу спојот на двете природи - чо-вечката и божествената - во личноста на Христос уште повеќе ги поострила тие разлики и дотолку посериозно го разни- шало царството што и политиката се вмешала во верските расправии. Навис-тина, како што папите, на Запад, за вре- ме на Лав Велики (440-462 г.), ја осно-вале папската монархија, така и алексан-дриските патријарси, за време на Кирил (412-444) и Диоскор (444-451), се оби- деле да установат александриско пап- ство. Освен тоа, благодарејќи им на тие немири, старите национални спротивно-сти и секогаш живите тежнеења за отце- пување наоѓале, во борбата против право-славието, згодна прилика да се покажат и на тој начин тесно го врзувале верскиот спор за политички интереси и цели. 428 г., веќе дваесет години, со Ви- зантија владеел Теодосиј II (408-450) под туторство на својата сестра Пулхерија. Како вечен мало-

летник, тој го минувал времето во слика-ње, боење или препишување на ракописи, поради што добива прекар Краснописец. Ако неговото име се споменува во истори-јата, тоа е поради тоа што подигнал силен појас на тврдини, кои низ толку векови, го заштитиле Цариград и поради тоа што, во Теодосиевиот Законик, ги собрал царските закони обнародени по Константин. Но, поради своите особини, тој морал да се по- каже слаб и немоќен кон црковните ра-справи. Несториј, цариградски патријарх, учел дека во Христос се споени двете природи, човечката и божестве-ната, и дека Исус бил обичен човек кој станал Бог, и тој, доследно на тоа, на Дева Марија ѝ го одрекувал името Тео- токос (Богородица). Ки-рило Александариски

веднаш ја зграбу-ва оваа прилика да го понижи престолниот епи- скоп и, поддржу-ван од папството, изработува на третиот вселен-ски собор во Ефес (431 г.) свечено да се осуди Не-

сториевото учење, по што, наметнувајќи

Page 17: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Feqton 17

му ја својата волја на царот, неограничено владеел над источната црква. Кога Евти-хиј, неколку години подоцна, отерувајќи го во крајност Кириловото учење, пропове-дал дека Исус има само една природа - бо-жествената (тоа било монофизиството), наишол исто така на поддршка од алексан-дрискиот патријарх Диоскор, и на црков-

ниот собор во Ефес, познат под име- то ефеско разбој-ништво (449 г.), из- гледало дека побе-дата на алексан-дриската црква е осигурана. Против тие сè поголеми стре-межи на царството

и папството, подеднакво вознемирени, се здружуваат. Четвртиот вселенски собор во Халкедон (451 г.) го утврдува, согласно на

прописот на Лав Велики, православното учење за спојот на двете природи и ги обе- лежува во исто време пропаста на алек-сандрискиот сон и победата на државата, која како господар управувала со соборот и ја зацврстила повеќе од било кога своја-та власт над источната црква. Но, осудените монофизисти не се покориле: тие продолжуваат уште долго време, во Мисир и Сирија, да основаат цркви со отпаднички тежнеења, што прет- ставувало сериозна опасност по един-ството на монархијата. Рим, освен тоа, покрај својата победа во догматски по-глед, морал со извесно стравување да го прими проширувањето на власта на цари-градскиот патријарх кој стана, под заштита на црквата, вистински папа на Истокот. Во тоа лежел никулецот на споровите во за-мав. Спротивно од папстовото, семож-но на Западот и кое се стремело да се осло-боди од царската власт, источната црква стануваше државна црква, подложна на волјата на владетелот, и која, се повеќе и повеќе, поради грчкиот јазик со кој се служела, поради своите мистични скло- ности спротивни на римската теологија, поради својата стара омраза кон Рим, на-стојувала да се образува како независно тело. И уште и на тој начин источното

римско царство добивало свој особен израз. На Исток се одржувале големи со-бори, таму се појавиле големи ереси; и источната црква, најпосле, горда поради славата на големите црковни отци, Свети Василие, Григорие Ниски, Григорие Нази-јански, Јован Златоуст, убедена во својата духовна надмоќ над Западот, сè повеќе навалувала кон одвојување од Рим.

Источното римско царство на крајот на V и почетокот на VI век

Така, во времето на царевите Зе-нон (474-491) и Анастасие (491-518), се

појавувало сфаќање за чисто источна мо-нархија. По пропаста на западното цар- ство (476 г.), источното царство останало единствено римско царство. И иако го сочувало, во тоа својство, големиот углед во очите на варварските владетели кои беа основале кралства во Галија, Шпани-ја, Африка, Италија, иако постојано пола- гало на нив некакви неодредени сузе-ренски права, всушност, со оглед на об-ластите кои ги заземало, тоа царство би- ло првенствено источно. Тоа го опфаќало целиот Балкански Полуостров освен се- верозападниот дел, Мала Азија до ермен- ските планини, Сирија до над Еуфрат, Ми-сир и Киренаика. Тие земји ги сочинувале 64 провинции или епархии, кои биле

поделени на две преторски префектури: Ориент (диецези: Тракија, Азија, Понт, Ори- ент, Мисир), и Илирик (диецеза Македо-нија). Иако управата на царството и по-натаму била уредена по римски урнек и основана на одвоеност на граѓанската и воената власт, власта на царот станувала сè понеограничена, како во источните мо-нархии; а од 450 г. добила уште поголем углед поради свечениот обред на миропо-мазание кој на чинот на стапување на престол му давал божествено обележје. Разумната грижа на царот Анастасие му осигурило на царството одлично бранети граници, добри финансии, почесна адми-нистрација. Политички смислата на вла-детелот бил трудот да ѝ се поврати на мо-нархијата моралното единство, обиду-вајќи се, па и по цена на раскин со Рим, да ги преобрати монофизитските еретици. Тоа била целта на унионистичкиот указ (Хенотикон) кој во 482 г. го обнародил Зенон и чија прва последица било созда-вање на расцеп помеѓу Византија и Рим: преку триесет години (484-518), папите и царевите, особено Анастасие, убеден и страстен монофозист, се бореле огорчено ни непомирливо; и во текот на тие разми-рици довршено е образувањето на источ-ното царство во засебно тело. Најпосле, и цивилизацијата на царството добивала сè повеќе источно обележје. Дури и во времето на римското владеење елинизмот, на целиот грчки Исток, бил и останал длабоко вкоренет. Големите и напредни градови, Алексан-дрија, Антиохија, Ефес, биле средишта на

значителна духовна и уметничка култура. Под нивно влијание се развивале Мисир, Сирија, Мала Азија, цивилизација прони-жена со преданија и обичаи наследени од Грција. Цариград, кој неговиот основа- тел го обогатил со ремек-дела од грчки-от свет и кој така станал најубав музеј,

Page 18: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

18го одгледувал исто така споменот на елинската старина. Освен тоа, во допир со Персија, источниот свет се беше раз-будил и повторно дошол при свест за своите древни преданија; во Мисир, Си-рија, Месопотамија, Мала Азија, Ерме-нија, старата традиционална наслага пов- торно се појавила и источниот дух повтор- но вршел влијание на земјите некогаш елинизирани. Од омраза кон незна-божната Грција христијанството ги под-држувало тие национални тежнеења. А од мешавините на тие спротивни преданија се раѓала, во целиот источен свет, моќ-на и плодна дејност. Во економски, ду-ховен и уметнички поглед, во IV и V век, Сирија, Мисир и Анадолија имале особена важност во царството: тука хри-стијанската уметност подготвувала, со цел низ на обиди и учени истражувања, величествена кулминација која ќе ги обе-лежи ремек-делата на VI век; и од тој мо-мент таа се појавува како чисто источна уметност. Но додека, во провинциите, на тој начин старите домашни преданија и неизлечивата нарав за отцепување, Цари-град исто така се подготвувал за својата нова улога, примајќи ги и спојувајќи раз-личните состојки кои биле нанесени од различните цивилизации, доведувајќи ги во склад духовните насоки и разноликите уметнички постапки и методи, така од сето тоа да се створи една изворна циви-лизација.

На тој начин изгледало дека се довршува потегот од кого Византија била влечена кон Истокот; и можело да се верува де-ка наскоро ќе се оствари сфаќањето на едно чисто источно царство со кое де-спотски ќе се владее, во кое управната постапка ќе биде добра, кое ќе биде цвр-сто брането, кое нема да се занимава со Западот во политички поглед да се грижи за себе, и кое нема да се двоуми, поради воспоставување на свое верско единство, да раскине со Рим и да створи, под заштита на државата, црква скоро не-зависна од Рим. На несреќа по успехот на тој сон царството се наоѓало, на крајот на V и почетокот на VI век, во страшна криза. Од 502 г. Персијците продолжиле да во-јуваат на Исток; во Европа Словените и Аварите започнале со упади јужно од Дунав. Во земјата раздорот кулминирал. Престолнината била поколебана со кавги-те на циркуските странки, Зелените и Си- ните; провинциите, незадоволни, упропа-стени со војни, уништени со порези, ја користеле секоја прилика да бараат свои национални права; владата била неоми-лена кај народот; една моќна политичка странка се борела против нејзината поли- тика и им давала згоден изговор на побу-ните на славољупците, од кои најсериозна била буната Виталијанова 514 г.; најпосле, непомирливото сеќавање на римското време кое ја одржувало мислата за не-

опходност на единство на римскиот свет, Романија, постојано ги привлекувало ду-ховите кон Западот. За да се излезе од таа непостојаност била потребна силна ра-ка и јасна политика со одредени цврсти погледи. Владата на Јустинијан тоа го до-нела.

ГЛАВА II

Владеењето на Јустинијан и грчкото царство во VI век

(518-610 г.)

Стапување на престолот на Јустиновата династија

518-та година, по смртта на Анастасие, една доста мрачна сплетка го издига на престол Јустин, главниот заповедник на гардиските трупи. Тој бил селанец од Маке-донија и дошол околу педесет години по-

рано во Цариград да побара среќа, добар војник, но прилично необразован и без никакво искуство во работите. Така на тој скороевец, кој, во поодмината старост од скоро 70 години, станал основател на династија, прилично тешко би му паѓала власта до која е воздигнат да не го имал крај себе, како советник, својот внук од сестра Јустинијан.

По потекло, како и Јустин, од Македони-ја, - романтичното пре- дание кое од него на-правило Словен на-станало подоцна и не-ма никаква истори- ска вредност - Јусти-нијан рано дошол во

Цариград, на повик на вујко му, и тука бил воспитан потполно во римски и христи-јански дух. Тој имал смисла за работа, зрел дух, изграден карактер, сè што било потребно да стане помошник на новиот господар. И тој, всушност, владеел од 518 до 527 година наместо Јустин, очекувајќи да владее сам во свое име од 527 до 565 година. Така, скоро половина век, Јустинијан управувал со судбината на источно-римското царство и му втиснал на времето, над кое се издигна неговиот моќен лик, толку длабоки печат што са-мо неговата волја била доволна да се прекине природниот развој кој го влечел царството кон Истокот. Под негово влијание, од самиот по- четок на Јустиновата власт, се јавил нов политички правец. Прва грижа на Цари-град била да се смири со Рим и да стави крај на шизмата, и Јустинијан, за да го потврди сојузот и да му пружи на папата за-

лог за својата верна ревност, полни три години (518-521 г.) стравотно ги прого-нувал монофизитите по цел Исток. По приближувањето кон Рим новата ди-настијата била зајакната. Освен тоа, Јусти-нијан умеел, многу вешто, да преземе потребни мерки на владата да ѝ осигура постојаност и трајност. Тој го тргнал од неа Виталијан, својот најопасен противник; особено ја направил омилена со помош на подароци и сјај со кои ја окружил. Но, од тој момент, Јустинијан мечтаел за не-што многу поголемо: тој веќе ја увидел големината на обновениот договор со папството која можела да има важност за неговите идни цели; поради тоа на папата Јован - првиот папа кој го посетил Новиот Рим - 525-та г. му приредил величествен пречек во престолнината; тој чувствувал колку таквото дружење ќе му се допадне на Западот и каква неизбежна споредба ќе наведе помеѓу побожните цареви кои владеат во Цариград и варварските госпо-дари ариевци кои владеат во Африка и Италија. На тој начин подготвувал големи планови кои ќе ги оствари кога, по смртта на Јустин 527 г., ќе ја добие сета власт во свои раце.

Карактерот на Јустинијан, неговата политика и неговата

околина

Јустинијан во ништо не личи на владетелите од V век кои му претходеле. Овој скороевец, качувајќи се на престолот на Цезар, сакал да биде римски цар, и тој бил, навистина, последен по ред од го-лемите римски цареви. Сепак, и покрај неоспорните негови особини, како што се работливоста и трудољубивоста, - еден дворјанин го нарекувал “царот кој нико-гаш не спие” - и покрај реалната грижа околу поредокот и искреното чување на добрата администрација, Јустинијан, покрај својот колеблив и љубоморен де-спотизам, поради својата детска суета, по-ради своето збунето делување, поради својата често неодлучна и слаба волја, по-сматран во целина, изгледал прилично просечен и неурамнотежен владетел до-колку духот во него не бил голем. Овој селанец од Македонија бил истакнат прет-ставник на две значајни идеи: царската и христијанската; и бидејќи ги имал тие две идеи неговото име останува бесмртно во историјата.

Сиот пронижен со спомените за римската големина, Јустинијан мечтаел да го обнови римското царство онакво какво било некогаш, да ја поврати валидноста на незастарливите права кои Византија, како наследничка на Рим, ги задржала над западните варварски кралства, да во-спостави единство на римскиот свет. Наследникот на Цезар, тој сакал да биде, како што и тие биле, жив закон,

Page 19: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

19

најпотполно овоплотување на неограни-чена власт, а така исто и непогрешен законодавец и новатор кој се грижи за добриот поредок во монархијата. Нај-после, од гордоста која му ја влевала неговата царска положба, тој сакал да го разубави со сиот можен сјај и веле-лепност; со величенственост на градбите, со дворска раскош, со по малку детински начин на кој ги нарекувал, по своето име, Јустинијановите тврдини кои ги изградил, градовите кои наново ги подигнал, судо-вите кои ги востановил, тој сакал да ја ове-ковечи славата на своето владеење и да им покаже, како тој зборувал, на своите поданици колку немерливо се среќни што се родиле во негово време.

Тој мечтаел и повеќе. Божји из-браник, негов земјен претставник и на-следник, тој си ставил себеси за задача да биде поборник на православието, без разлика дали во воените дејствија кои ги преземал и чие верско обележје е неспорно, дали во големиот напор кој го вложил да ја рашири по светот право-славната вера, дали во начинот на кој уп-равувал со црквата и го скротувал ересот. Целиот свој живот тој работел на остварување на тој славољубив и величе-ствен сон, и имал среќа за помагачи во таа работа да ги има вештите министри како што биле правникот Трибонијан или пре-торскиот префект Јован Кападочанин, добрите војсководци како Велизар и Нарзес, а особено извонредниот совет-ник во “пречесната сопруга која Бог му ја подарил”, во онаа која сакал да ја наре-кува “своја најмила драж”, царицата Тео-дора. Теодора исто така била скороевка. Ќерка на еден чувар на мечки во Хипо-дром, таа, ако треба да им се верува на

Прокопиевите озборувања во неговата Тајна историја, ги соблазнувала совреме-

ниците со својот живот на позната актерка и со своите срамни авантури, а уште по- веќе кога го освоила срцето на Јустинијан, успеала тој да ја земе за жена и заедно со него се искачила на тронот. Извесно е дека таа сè до својата смрт - умрела 548 година - имала семоќно влијание на царот и дека управувала со царството колку и тој, а можеби и пове-ќе. Тоа доаѓало оттаму што оваа голема славољупка, покрај своите маани, - ги сакала парите, власта, и, за да го зачува престолот, била често вероломна, суро-ва, неумолива во својата омраза, - имала и извонредни особини, енергија, одлуч-ност, јака и решителна волја, мудар и прониклив политички дух и можеби по-правилен поглед на нештата отколку неј-зиниот царски сопруг. Додека Јустинијан мечтаел повтор-но да го освои Западот и да основа сојуз со од папството обновеното римско царство, дотогаш таа, како вистинска ориенталка, го насочувала погледот кон Истокот со поточно чувство за стварноста и неопходноста. Таа сакала да ги смири верските расправи кои биле штетни по спокојството и моќта на царството, со подесни отстапки и значителна трпели-вост да ги придобие отпадничките народ-ности, како што биле оние во Сирија и Мисир, и, по цена на раскин со Рим, да го поврати силното единство на источната монархија. Можеби царството какво таа замислувала, позбиено, поеднородно, помоќно, подобро би им одолеало на на-падите на Персијците и Арабјанците. Во секој случај нејзината рака се чувствувала секаде, во управувањето на земјата, во надворешните односи, во верската поли- тика; и денес уште, во Св. Витале во Ра-вена, на мозаиците кои го красат задниот полукружен дел од црквата, нејзиниот лик, во сиот сјај на владејачка величе-ственост, достојно стои кон ликот Јустини-јанов.

Јустинијановата надворешна политика

Во времето во кое Јустинијан ста-пил на власт царството сè уште не било опоравено од сериозните кризи во кои се наоѓало на крајот на V век. Во послед-ните месеци од владеењето на Јустин Персијците, незадоволни со продирање-то на царската политика на Кавказ, во Ерменија, на границите со Сирија, на-ново започнале војна, и поради тоа нај-добриот дел од византиската војска не се помрднувал од Истокот. Во земјата

борбите на Зелените и Сините го одразу-вале опасното политичко време кое уште повеќе го влошувале жалната подмит-ливост на државна администрација и незадоволството кое оттука произлегло. Јустинијан на прво место се трудел да ги тргне овие потешкотии кои го успорувале извршувањето на неговите славољубиви соништа во поглед на Западот. Не увиду-вајќи ја, или не сакајќи да ја увиди, го-лемината на опасноста која му се зака-нувала од Истокот, тој потпишува со персискиот крал, по цена на широки отстапки, мир 532 г., по што можел пот-полно да располага со својата воена си-ла. Од друга страна, тој остро ги гуши внатрешните немири кога, во јануари 532 г., страшна буна, која - според лозинката на побунениците - го сочувала името Ни-ка (“победа”), го исполнил Цариград за време од една недела со пламени и крв. Во тие бурни денови, кога за малку не го изгуби престолот, за свој спас Јустинијан има да се заблагодари особено на храб-роста на Теодора и енергијата на Вели-зар. Но, во секој случај, суровоста со која е задушена буната (тлото на Хиподром било прекриено со 30 000 тела) имало за последица да врати редот во престол-нината за долго време и да се направи царската власт понеограничена од било кога. 532 г. Јустинијан имал одврзани ра-це.

Обновување на царската моќ на Запад

Состојбата на Западот била поволна за неговите планови. Во Африка како и во Италија населението над кое владееле варварски и еретички господари, желно го очекувало обновувањето на царската власт; а угледот на царството бил толкав што и самите вандалски и источноготски кралеви ја признавале законитоста на византиските побарувања. Од тие причи-ни наглото опаѓање на варварските крал-ства ги оставало немоќни пред нападите на Јустинијан, а нивните меѓусебни несо-гласици ги спречувале да се здружат про-тив заедничкиот непријател. Кога, во 531 г., насилничките постапки на Гелимер ѝ пружиле на византиската дипломатика прилика да посредува во Африка, Јусти-нијан, потпирајќи се на опасното воено орудие кое го претставувала неговата одлична војска, ни малку не се двоумел, посакувајќи истовремено да ги ослободи

Page 20: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

20

африканските католици од “ариевското ропство” и да го поврати вандалското кралство под скутот на царското единство. 533 г., со војска од 10 000 пешаци и од 5 до 6 000 коњаници, Велизар се натовари во Цариград: војната била исто толку кратка колку и победоносна. Победен кај

Картагина (едната битка кај Децимум, а другата кај Трикамар), Гелимер, опколен при повлекувањето во планината Папу, бил принуден да се предаде (534 г.). За не-колку месеци неколку коњички полкови - бидејќи тие одиграле пресудна улога - го уништија, спротивно на сите очекувања, Гензериховото кралство. На победникот Велизар во Цари-град му бил приреден триумфален пре-чек. Меѓутоа, иако биле потребни уште пет-наесет години (534-548) да се совладаат востанијата на Берберите и побуните на наемничките и разуздани царски трупи, Јустинијан сепак можел да се гордее дека го повратил најголемиот дел од Африка и гордо да ги земе прекарите “Вандалски” и “Африкански”. Источните Готи од Италија мирно го гледале уништувањето на вандалското кралство. Наскоро дошол и нивниот ред. Убиството на Амаласвинта, ќерката на Тео- дорик, од страна на нејзиниот сопруг Тео-

дах (534 г.) му пружило прилика на Јустинијан да се замеша; но овој

пат војната била потешка и подолга. Велизар успеал да ја покори Сицилија

(535 г.), да го заземе Неапол, потоа Рим, каде ја издржал против војската на но-виот крал на Источните Готи, Витигес, познатата опсада која траела цела една година (од март 537 до март 538 г.); успеал потоа да ја освои Равена (540 г.) и пред

царските нозе да го доведе Витигес како заробеник. Готите се прибраа дури под водството на брзиот и одлучен Тотила. Велизар, повторно испратен во Италија со недоволни сили, претрпува бе-ден неуспех (544-548 г.); била потребна енергијата на Нарзес да се скрши кај Та-гина (552 г.) отпорот на Источните Готи, да се сотрат во Кампанија последните вар-варски групи (533 г.), Полуостровот да се исчисти од франачките орди на Леутарис и Буталина (554 г.). морале да изминат дваесет години додека Италија не била повторно освоена. И овој пат Јустинијан прерано поверувал дека освојувањето е завршено; поради тоа можеби не го на-правил потребниот напор на време, со еден удар да ги разбие силите на Источ-ните Готи; превземено е со помош на мал број војска - едвај дваесет и пет или трие-сет илјади војници - Италија повторно да се стави под царска власт, и војната спо-ред тоа бедно се развлекувала. И во Шпанија Јустинијан ги иско-ристил околностите да се замеша во бор-бите околу престолот на кралството на Западните Готи (554 г.) и да го освои југо-источниот дел. Благодарејќи им на тие среќни војни Јустинијан можел себеси да си ласка дека го остварил својот сон. Поради неговото упорно славољу-бие Далмација, Италија, цела источна Африка, јужна Шпанија, островите во западниот дел на Средоземното Море, Сицилија, Корзика, Сардинија, Балеар-ските Острови, биле повторно влезени во склоп на римското единство; про-странството на монархијата било скоро удвоено. Со заземањето на Септем царевата власт се простирала дури до Херкуловите Столбови, и, ако се одземе делот на при-морјето кој го држеле Западните Готи во Шпанија и Септиманија и Франците во Прованса, Средоземното Море повторно станало римско езеро. Се разбира дека ни Африка ни Италија не влегле со целото свое некогашно пространство во склопот на царството; покрај тоа, тие биле исцр-пени и опустошени со долготрајните вој-ни. Сепак, тие освојувања неоспорно го зголемиле угледот и славата на цар-ството, и Јустинијан сè правел да ги одр- жи. Од освоените Африка и Италија обра-зувани се, како некогаш, две преторски префектури, а царот се трудел да му пружи на населението точна слика за царството онакво какво порано било. Со средствата преземени за поправки на состојбите во тие краеви делумно би- ле ублажени неволјите создадени со војните. Одбранбените мерки на претпаз- ливост - основање на големи воени за-поведништва, устројството на воени по-гранични области (limites) кои ги поседнаа особените граничарски трупи (limitanei), подигнувањето на моќна мрежа на тврди-ни, - ја осигуриле безбедноста на земјата.

Јустинијан можел да се пофали де-ка воспоставил на Западот совршен мир, оној “совршен поредок”, кој му се чи-нел како обележје на една во вистинска сми-сла просветена земја.

Војни на Исток

На несреќа, тие големи потфати го беа исцрпеле царството и го одзеле вни-манието од Истокот. Истокот се одмаздил на најстравотен начин. Првата персиска војна (527-532 г.) бил само навестување на опасноста која се заканувала. Бидејќи ниеден од двајцата противници не сакал потполно да загази, битката останала нерешена; победата на Велизар кај Дара (530 г.) била израмнета со неговиот пораз кај Калиник (531 г.), и двете страни побрзале да заклучат еден несигурен мир (532 г.). Но новиот перси-ски крал Хозрој Ануширван (531-579 г.), решителен и славољубив, не бил човек кој би се задоволил со таков исход.

Гледајќи ја Византија зафатена на Запад, вознеми-рен особено со на-мерите за светско завојување кои Јус-тинијан не ги криел, тој, 540 г., упаѓа во

Сирија и ја ограбува Антиохија; 541 г. ја освојува Лазика и ја зазема Петра; 542 г. ја

Page 21: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nadvor od zakonot 21поробува Комагина; 543 г. ги победува Грците во Ерменија; 544 г. ја опустошува Месопотамија. Самиот Велизар бил немо-ќен да го победи. 545 г. морал да скло- пи примирје, кое неколку пати било об-новувано, а 562 г. потпишан е мир на пе-десет години, со кој Јустинијан се обврзал да плаќа данок на персискиот крал и дека нема да врши никаква верска пропаганда на персиско тло. Иако по таа цена ја зачу-вал земјата на Лазите, старата Колхида, персиската опасност, по оваа долга и коб-на војна, не била ни малку намалена.

За тоа време, во Европа, границата на Дунав попуштала под налетите на Хуни-те кои, 540 г., пустошеле по Тракија, Или- рика, Грција со коринтскиот теснец, и до- пирале скоро до самиот Цариград; Сло-вените кои, 547 и 551 г., ограбувале по Илирика, а 552 г. го загрозиле Солун; пов-торно Хуните кои, 559 г., се појавиле пред Цариград кој го спаси со голема мака храброста на стариот Велизар. Освен нив почнале да се појавува-ат и Аварите, дрски и опасни. Вистина е дека ниеден од овие упади не се завршил со трајно населување на некој туѓ народ во царството, но Балканскиот Полуостров поради нив многу пропатил. Царството скапо ги плаќало на Исток победите кои Јустинијан ги однесувал на Запад.

Крај на вториот дел. Во следниот број продолжува

Глава II, од „Одбранбени мерки

и дипломатија“.

За бомба пред концертот на Томпсон пет и пол

години затвор

ПУЛА – На един-ствена пет и пол го-дишна затворска казна на Жупански-от суд во Пула не- правомоќно е осу-ден Вилим Бон (60) од Пазин поради поставување на експлозив на 11 декември 2008 во пазинскиот боќар-ски дом за да ги спречи концертите

на Томпсон најавени за 19, 20 и 21 декем-ври.

Образложувајќи ја пресудата судијата Да- мир Крпан наведе дека Вилим Бон напра-вил тешко казнено дело против општа си-гурност на луѓето, имотот и сообраќајот, предизвикувајќи материјална штета од 446.386 куни, поради што му одреди пет-годишна затворска казна бидејќи казна за такво кривично дело е од една до 12 го-дини.Поради стореното кривично дело недоз-волено поседување на оружје и експло-зивни направи, судијата му одредил ед-ногодишна казна бидејќи тоа дело се санк- ционира со затворска казна од една до три години.Според мислењето на судијата Дамир Крпан единствена казна од 5,5 години затвор примерна е во времето во кој осуденикот може да размислува за зло-сторството кое го сторил, а со ваква пре-суда исто така е испратена порака во јав-носта дека не може да се пресметува со неистомислениците загрозувајќи човечки животи и имоти.Според зборовите на судијата Крпан, во затворската казна на Вилим Бон се пре-сметува и времето поминато во притвор во кое осуденикот е од 11 де-кември 2008, а кое се продолжува до правомоќноста на пресудата и упатување на издржување на затворска казна. Во рок од 15 дена се под-несува жалба на изречена пресуда.Да потсетиме, обвинението го товари Ви- лим Бон дека поради одбојност и омраза кон Марко Петровиќ Томпсон поради неговите песни и сценскиот настап по-ставил експлозив за да спречи одржување на концертите во пазинскиот Боќарски дом, намерно предизвикал опасност за имотот од поголем опсег предизвикувајќи имотна штета со големи размери со што предизвикал вознемиреност кај граѓаните на Пазин, Истра и цела Хрватска.Од експлозијата на експлозивната направа која сам ја изработил, од експлозив ТНТ и детонатор на рачна бомба предизвикал оштетување и голема материјална штета на Боќарскиот дом во сопственост на фир-мата Истракомерц д.д. Пазин во закуп на агенцијата В.И.Б д.о.о и Независната истарска телевизија.

Извор: „Јутарњи лист“, Загреб

Лажниот доктор ги ограбувал луѓето

болни од рак

Уапсениот надрилекар Ненад Росо зарабо-тил најмалку милион евра лажејќи тешко болни, на кои им го продавал својот апарат за “нулта терапија”

Од бодибилдер до надрилекар... Доктор Ненад

Росо, односно Ненад Бркиќ

Лажниот лекар Ненад Росо (56), кого срп-ската полиција го уапсила поради прева-ра, заработил најмалку милион евра “лечејќи” тешко болни граѓани, дознава Пресс од добро известени полициски извори! Некогашниот шампион на СФРЈ во бодибилдинг Росо уапсен е во своја-та “ординација” во Белград, а со него е приведен и електричарот Жељко Шеато-виќ, кој на лажниот доктор му правел апа-рати за “лечење” на рак и леукемија!

БодибилдерНена Росо, кој некогаш имал презиме Бр-киќ, роден е 1953 година во Загреб, а во младоста се занимавал со бодибилдинг и дури бил и првак на СФРЈ во тој спорт.

Последните години се преориентирал на “алтернативна медицина” и на луѓето кои боледувале од најтешките облици на рак по пат на медиумите им нудел надеж во излекување. Покрај ординацијата во Бел-град, Росо пред неколку месеци работа-та ја проширил и на територијата на Ре-публика Српска, а “базата” му била во Бје- љина.Изворот на Пресс наведува дека Росо, ина-ку хрватски државјанин, се претставувал како доктор по алтернативна медицина и “специјалист за ортомолекуларна дисци-плина”, а најстрашно е што ги наговарал луѓето кои боледуваат од рак да преки-нат со хемотерапијата и да почнат да ги користат неговите методи, со што ди-ректно им го загрозил животот. Како доз-

Page 22: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

22наваме, тој од луѓето земал износи од неколку стотици до неколку илјади евра, а меѓу неговите пациенти биле и некои јавни личности.Излажани илјадници луѓе- Основано се сомневаме дека Росо и Шеатовиќ извршиле кривично дело пре- вара. Но тие, ако се докаже дека граѓа-ните ги наговарале да прекинат со хемо-терапијата, ќе одговараат и за многу по-тешки дела од класична превара - вели нашиот извор. Тој додава дека Росо при апсењето не можел да приложи на увид било каква диплома која потврдува дека тој има медицинско образование.Росо во емисиите на повеќе телевизиски канали во Србија ја промовирал својата метода на “лечење” наречена “нулта те-рапија”, со помош на “рајф генератор”, апарат кој по негова замисла го направил Жељко Шеатовиќ од Грунцар кај Бараево. Во тие емисии Росо објавувал свои броеви на телефон, на кои пациентите можеле да закажуваат прегледи. Пациентите во по- следно време ги “примал” во “ординаци-јата” во изнајмен стан во Хаџи Милентиева улица во Белград. Третманите енормно ги наплатувал, а на пациентите им давал лажна надеж во излекување.Инспекторот во Управата за криминали-стичка полиција на Полициската управа на град Белград Драган Милованчевиќ ве-ли за Пресс дека на посебни телефонски броеви веќе два дена без престан им се јавуваат граѓани кои Росо ги излажал.Позната пејачка платила “лечење” 50.000 евраНенад Росо, дознава Пресс, пред извесно време од една позната фолк пејачка зел 50.000 евра “лечејќи” ја со специјални третмани.- Росо лечеше некои познати личности за кои спремил посебно високи цени. Неколку ѕвезди на српската естрада на-враќале во неговата ординација, а тој се досетил па за нив спремил специјален “семожен” препарат кој им го продавал по цена од 10.000 евра. - открива изворот од српската полиција за Пресс.- Во своите емисии Росо се рекламирал прилично долго, така што претпоставуваме дека успеал да излаже голем број на граѓа-ни. Дури кога ќе се јават сите излажани ќе можеме со сигурност да кажеме колкава е навистина добивката која Росо ја остварил - истакнува инспекторот Милованчевиќ. На прашање на новинарите како е можно некој кој се занимава со надрилекарство со месеци да се рекламира во ударните термини на поедини телевизии, Милован-чевиќ објаснува:- Ние веќе подолго време подготвувавме терен за апсење на Росо и Шеатовиќ. Знаејќи дека го кршат законот, затоа што немаат дозвола за работа, тие често ги менуваа локациите. Едно време “ор-динираа” во мотелот “Шариќ”, па во Маг-лајска улица и на уште неколку места во Белград.Бројот за граѓаните кои Росо ги излажалПолициската управа за град Белград ги повика граѓаните кои оделе на третман кај Ненад Росо и платиле да се јават на телефон 011/279-7435 и случајот да му го пријават на МВР.Според податоците со кои располага по-

лицијата, надрилекарството во Србија е многу распространето затоа што болните се фаќаат за сламка, додека класичните преваранти како Росо тоа го користат!- Во текот на оваа година Одделението за спречување на стопански криминал поднесе неколку кривични пријави про-тив луѓе кои лажно се претставуваат како лекари, магови и исцелители, доведувај-ќи ги во заблуда тешко болните и зарабо-тувајќи пари на нивната мака - истакнува Милованчевиќ.Честа појаваПсихијатарот др Лидија Ќук истакнува за Пресс дека во нашиот народ одењето кај таканаречени надрилекари е прилично распространета појава.- Луѓето изгубиле доверба во современата медицина, пред сè поради тоа што не наидуваат на пристапни и посветени ле-кари. Повеќето луѓе сака лекарите да им посветат максимално внимание, со нив да разговараат, да им се приближат ка-ко личности, а не само како “објект на по-сматрање”. Од друга страна, наводните надрилекари имаат исклучително агре-сивна реклама, и тоа е она во што луѓето веруваат - вели др Ќук.Коментари од форумот- “Господинот доктор, најблаго речено, на телевизија лупаше за магнетизмот и магнетите како од другата страна да не-ма компетентни и стручни лица за таа тема. Па не сме баш сите шарлатани! Ја се згрозувам од ова, морав да реагирам затоа што ова навистина нема смисла, злоупотребата на јавноста на овој начин е драстична”- “Просто неверојатно какви сè шарлата-ни се осмелуваат дури и јавно да се огла-суваат и да прават сајтови... Не знам... Ова е белки болест на поединец или бес-крупулозен обид за заработка на слуде-ниот, неинформираниот и неукиот народ, и тоа на болен народ”- “Лаик сум, ама ми беше доволно да ја погледнам неговата веб страница, па да заклучам дека во најмала рака со него не-што не е во ред”

Извор: “Пресс”, Белград, автори: В. Недељковиќ и С. Гавриќ

Од робијаш до бродар

Богатиот деловен човек Данко Кончар (67), кој е заинтересира за купување на пет хрватски бродоградилишта и кој повеќе пати за тоа разговараше со претставници-те на хрватската Влада, 1977 година Ок-ружниот суд во Загреб го осудил на 12 години затвор поради стопански крими-нал и “грабеж на општествен имот”. Три години потоа Врховниот суд само во ма-ла мерка ја преиначил првостепената пресуда, но изречената казна затвор ја потврдил. Од дебелиот, веќе пожолтен и правлив спис, кој се чува во архивата на Жупанскиот суд во Загреб, видливо е дека Кончар издржал поголем дел од казната и во затвори минал дури осум години. Во Окружниот затвор во Загреб и казнениот завод Лепоглава бил од ноември 1976 го-дина до декември 1983 година, кога, по вонредното намалување на казната на девет години, е пуштен на условен отпуст.

Тешката пресуда и осумте години затвор, кои трајно ја обележале неговата судбина во бившата држава, веројатно се една од причините поради кои можниот купувач на хрватските бродоградилишта се држи подалеку од медиумите, свесен дека медиумскиот интерес неизбежно со себе носи и “чепкања” по биографијата и извлекување на тела од орманот. На редакцијата на Глобус ѝ се јави читател кој, дознавајќи во новините за веста дека Кончар е изгледен понудувач за купување на хрватските бродоградилишта, во мож-ниот купувач го препознал некогашниот состанар од затворската ќелија на Окруж-ниот затвор. Нашиот читател тогаш бил осуден на нешто повеќе од една го-дина затвор, поради “мајтапот” што на јавно место го извел кон службено лице, која покрај тоа била и жена, и тоа многу привлечна, а бившата власт по-ради шегување со службените лица, симболи на моќта и авторитетот на соци-јалистичката и самоуправна држава, ис-праќала во затвор.Млад инженерСудскиот спис со големина на “Војна и мир”, кој го сочинуваат стотици и стотици страници одбрана на обвинетиот, искази на сведоци од Хрватска и странство, суд-ски вештаци, искази на службеници на сојузниот уред за девизно работење, по-лициски извештаи за претресот на станот и канцеларијата на Кончар, густо испишани со старински машини за куцање, сведочат за мачното животно раздобје на младиот инженер по електротехника кој во судска-та неволја западнал во напонот на силата. Сè додека на 5 ноември 1976 година по-лицијата не го одвела во притвор, затоа што се сомневала дека би можел да по-бегне, да ги уништи трагите и да влијае на сведоците, неговиот живот се чинел успешен. Во триесетипеттата (роден е 1942 година во Загреб) веќе бил семеен човек, татко на три деца со просторен трособен стан во Загреб и директор на Организација на здружен труд (ОЗТ) Деловен инженеринг во составот на претпријатието Југотурбина Комерц, која имала работни единици во Загреб, Карло-вац, Нови Сад и Сараево. Во списот стои дека Кончар, таа 1976 година, пред судот изјавил дека од странски јазици “говори англиски, но не перфектно, и дека делумно разбира француски”, и податокот дека “положил испит и стекнал овластување за извршување на надворешнотрговски ра-ботења”.Долг од 900 илјади динариПред заминувањето во затвор 1976 годи-на, Данко Кончар живеел во трособен стан во Загреб и во него се вратил 1983 г., кога е пуштен од Лепоглава. Окружниот суд во Загреб го обврзал на државата да ѝ ги вра-ти парите кои противправно ги стекнал и да ги плати трошоците на судењето, не-што повеќе од 900.000 динари (околу то-гашни 116.000 DM, т.е. две годишни плати

Page 23: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

23на хрватските гастарбајтери).До 1 јули 1986 година Кончар во државни-от буџет уплатил само мал дел од износот - 149.041,85 динари. Во дописот со кој ед-на година порано, во јули 1985 година, од Окружниот суд во Загреб бара, иако не го исплатил целиот досуден трошок, да му се врати пасошот одземен на по-четокот на судењето, Данко Кончар ја опишува својата лоша материјална со-стојба: “Мојата семејна ситуација (оже-нет сум, имам три деца стари 19, 17 и 14 години) и финансиските можности (...) ми оневозможуваат во целина да ја исплатам својата обврска. Настојувам и правам сè во временски интервали да уплатувам износи кои ми ги овозможува мојата материјална состојба.” На Кончар Судот му овозможил досудениот износ да го уплатува во месечни рати од 6.000 до 12.000 динари. Ако 1986 година Кончар должел 759.045 динари од досудениот износ, и со претпоставка дека од 1986 го-дина месечно плаќал максимална рата од 12.000 динари, му требале полни 5 пет години на бившата држава да ѝ ги врати противправно стечените пари. По таа оптимистична пресметка Кончар до-судениот долг на бившата држава ѝ го отплатил дури 1991, кога таа веќе беше распадната во воениот кошмар.Брзо издигнување и уште побрз падОд судскиот спис, кој ги содржи биограф-ските податоци на Кончар, може да се реконструира дека електротехника дипломирал 1966 година на Електротех-ничкиот факултет во Загреб, каде веднаш потоа се вработил како хонорарен аси-стент. Во текот на 1967 година до почето-кот на 1968 работел во проектната орга- низација АС Инженеринг, а 1968 година се вработил на должност шеф на одржува-ње на електротехника во Издавачкото претпријатие Вјесник. Тука останал до сеп- тември 1969 година, кога е упатен на отслужување на воениот рок во Батајни-ца, а по враќањето од војска бил една година без постојано вработување. Во септември 1971 добил работа во прет-пријатието Југотурбина Комерц, и тоа во комерцијалната служба, во која бил задолжен за технички работи. Но, бргу напредувал и веќе по две години доаѓа не чело на Дирекцијата на Деловен ин-женеринг во Југотурбина Комерц. Во но-ември 1975 поставен е на чело на ОЗТ Деловен инженеринг прво како вршител на должност директор, а во март 1976 и како директор. На таа должност заглавил во затвор. По излегувањето од Лепоглава, на почетокот на 1984 година, се вработил во Југотурбина Карловац, но повеќе не на раководни функции. Имено, со казна-та затвор од 12 години Окружниот суд во Загреб му изрекол и шестгодишна забрана за извршување на раководни дејности. Во септември 1984 година во постојан работен однос го примило претпријатието Техничар со седиште во Загреб, извршувал работа електроничар за поправки и развој на електронски ма- шини и модули. Таа фирма во мај 1985 Данко Кончар решила да го прати во стран- ство на специјализација. За да можел да отпатува, Кончар го побарал од загреп-скиот Окружен суд својот пасош, меѓутоа во списите нема пишани траги кога пасо-

шот му е вратен.Незаконска провизијаСамо четири дена по притворањето про-тив Кончар е покрената истрага. Младиот директор инспекторите го товареле за повеќе дела на стопански криминал при увозни и извозни работи. Имено, Југо-турбина Комерц имала овластувања да извезува и увезува разни производи за потребите на југословенските претпри- јатија. Увезувала стока од германски, ита- лијански, холандски, англиски фирми, продавала стока на домашни произведу-вачи на тие држави. Истражителите би-ле немилосрдни, истрагата е ширена на нови и нови дела и на Кончар му е ставан на грб сè потежок криминален пакет. Пет месеци од покренувањето на истрагата на 21 април 1977 година, заменикот окружен јавен обвинител Младен Пантлик подига обвинение во кое на седум густо куцани страници текст Кончар го обвинува за злоупотреба на положбата и овластувањата и грабеж на општествен имот дури во четири случаи на увоз и извоз на стока за југословенски претпријатија. Поедноставено, Кончар во сите случаи се товарел за наплатување на повеќе десетици илјади DM провизија ко-ја не смеела да заврши во неговиот џеб, и тоа на штета на некое од југословенските претпријатија за кои купувал или прода-вал, или она во кое бил директор.Било тоа едно од најсложените судења за стопански криминал било кога водено пред тогашниот Окружен суд во Загреб. Пред ревносното судско собрание од април 1977 до октомври идната година низ судницата продефилирале десетици сведоци, не само од Југославија туку и претставници на британски, холандски, германски и италијански фирми во кои Кончар работел. Единаесет месеци по покренувањето на истрагата и шест месеци по подигањето на обвинението судот го осудил Данко Кон-чар за две од вкупно четирите казнени дела кои во обвинението му се ставени на товар. Кончар судот го прогласил за виновен затоа што на Шумското сто-панство Делнице, кое своите дрвени производи преку Југотурбина Комерц ги извезувало на италијанската компанија Imexo, му наплатил 4% провизија од вред-носта на продадената стока, иако таа не смеела да се наплаќа. Судот докажал дека Кончар добиената провизија ја уп- латил во корист на компанијата EIC De-velopment Contractors во Лондон и со нејзиниот директор Bertram Robertss ја поделил на половина. Утврдувајќи дека со незаконското наплаќање на провизија Делнице ги оштетил за 383.363,20 динари, судот му изрекол казна од осум години затвор.12 години затворВо истиот процес Кончар е прогласен за виновен затоа што од холандската фир-ма Noneco наплатил 2% провизија од вредноста на стоката увезена за потреби на претпријатието “Топола” од Бачка Топо-ла. Провизијата во овој случај Кончар имал право да ја наплати од Noneco, но проблемот е во тоа што тоа биле пари на Југотурбина Комерц, а не негови. За тоа дело, “грабеж на општествен имот”, суди-јата Владимир Сучевиќ му “отсекол” десет

години затвор. Како единствена казна во случај на обвинение за повеќе кривични дела никогаш не е механички збир на си-те изречени затворски казни, туку нешто помала, така и судијата Сучевиќ на Кончар му изрекол единствена затворска казна од 12 години.

Потврдена пресудатаВрховниот суд пресудата, со ситни изме-ни, 1980 година ја потврдил. За сето вре-ме на судењето Кончар ги одрекувал каз- нените дела кои му се ставале на товар и повеќе пати барал да се брани од слобо-да. Судиите биле неумоливи. Штом казна- та станала правосилна, почнал да пи-шува барања за помилување, или ба-рем за ублажување на казната. При тоа, мора да се признае, имал добри причи-ни за загриженост, не само поради соп-ствената долга затворска казна туку и поради приликите дома. Сопругата, ди-пломиран архитект, која боледувала од тешка хронична болест, со време сосема изгубила способност да се грижи за трите малолетни деца, па грижата за нив додека Кончар бил во Лепоглава ја презеле бабата и дедото. Токму поради тие околности казната му е прво намалена од 12 на 10, потоа од десет на девет, а Комисијата за условно отпуштање го пуштила на слобо-да и отпустот е спроведен во дело на 30 декември 1983 година. По осум години Кончар Новата 1984 година ја дочекал со семејството. Деновите кои следеле не биле лесни. Морал со етикетата на осуден стопански престапник да најде работа и да враќа државни пари добиени со казнено дело. Во егзистенциска битка семејството на Данко Кончар го дочекала распадот на ју- гословенскиот режим, за кој неговото поимање на претприемливост и снаодли-вост во меѓународното тргување било тежок кремен. Меѓутоа, склоностите кои во бившиот режим го одвеле зад решет-ките на Лепоглава, по паѓањето на оние другите, наречени “железна завеса”, ко-нечно му ги донеле посакуваните пари. Што во текот на изминатите 19 години про- давал и купувал за да ги стекне, може- би никогаш нема да дознаеме. Во дозира-ните и штури изјави кои изминативе де-нови ги даде на хрватските медиуми Кончар за себе тврди дека е склон кон деловен ризик. Со оглед на она што стои меѓу кориците на правливите судски списи, се чини дека на таа негова изјава треба да ѝ веруваме. Како и на неговото тврдење дека семејството во таа нова авантура наречена купување на хрват-ските бродоградилишта не е склоно да го поддржи.

Извор: “Глобус”, Загреб, автор: Славица Лукиќ, фото: CROPIX

Page 24: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

24 Nauka i novi tehnologii

Банда во бурки ги “чисти” британските дуќани

Група мажи облечени во традиционалната облека на муслиманките, бурки, воору-жена со ножеви и секири ограбува дуќа- ни и туристички агенции по Велика Бри-танија. “Бурка - банда”, како ги нарекува-ат британските медиуми, досега ограби-ла две туристички агенции и златара. По- лицијата не е сигурна дали извршителите на сите казнени дела се истите лица или постојат неколку групи кои користат ис-та облека. Првиот инцидент се случил на 7 јули, на четвртата годишнина од те- рористичкиот напад на Лондон, кога маж облечен во бурка влегол во една ту-ристичка агенција во Dunstable и закану-вајќи им се на двете вработени отуѓил непозната сума на пари. Еден месец по-доцна, од лутонската туристичка агенција е украден “значителен паричен износ”,

пренесува Daily Mail. Третата кражба во низа се случила на 25 август кога тројца мажи влегле во златара во Banbury и однеле часовници од марките Rolex, Car-tier и Breitling во вредност од 150.000 фунти. Провалниците им се заканувале

на вработените со ножеви и секири, а по кражбата побегнале во автомобил кој по-доцна е пронајден. Полицијата претпо-ставува, според снимките од надзорните камери, дека се работи за Азијати и дека сите три кражби се дело на иста група.Токму поради случаите како овие, во кои поради бурката е невозможно да се идентификува сторителот, во Велика Бри- танија расте бројот на оние кои се проти-ват на носењето на традиционалните му- слимански одела кои го покриваат лицето.

Извор: “Монитор”, Мостар

Истражување на “Бежаниска коса”

Вакцината надеж за болните од рак на белите

дробови

Србија е првата земја во Европа во која започна тестирањето на вакцината про-тив рак на белите дробови “lukaniks”, а во моментов во КБЦ “Бежаниска коса” на четири пациенти се испитува нејзиното дејство. На пациентите им дава откако е спроведено лечењето и веќе примиле прва линија од хемотерапијата, која довела до стабилизација на болеста или до нејзино комплетно повлекување.

Др. Владимир Ковчин, субспецијалист он-колог во КБЦ “Бежаниска коса”, истакнува во разговорот за “Блиц” дека ваквата вак-цина не е можно, за жал, да се примени кај сите пациенти заболени од карцином на белите дробови. Доаѓаат во предвид оние кои се лечат од неситноќелискиот карцином на белите дробови кои процен-туално е почест, потоа да примиле само една комбинација на цитостатици и со таа комбинација да е постигнато комплетно повлекување на болеста или да е делумно стабилизирана. Тоа значи дека оваа вак-цина не може да се примени кај пациенти кај кои хемотерапијата не довела до по- добрување или во моментот имаат вло-шување на болеста. Ваквите клинички те-стирање опфаќаат две групи на луѓе. Во првата се оние кои навистина ќе ја примат вакцината, додека на втората група ѝ се дава плацебо без никаков тераписки ефект. Ни докторите ни пациентите не знаат кој ја прима вистинската вакцина, а кој лажната, што се открива на крајот на испитувањето.Др. Ковчин нагласува дека никој од паци-ентите не е оштетен затоа што тие во таа фаза на болеста секако не би примале ни-каква терапија.- Вакцината има цел да го обнови имуните-тот и треба да го продолжи периодот до враќање на болеста. Теоретски е можно оваа вакцина да доведе до потполно из-лекување ако нечиј имун систем толку за-јакне, иако досега не се забележени такви случаи. Ова не е класична вакцина која се дава во превентивни цели, туку се дава откако болеста ќе се залечи и има цел так-вата состојба да ја задржи што подолго - објаснува др. Ковчин.И оваа вакцина се дава на класичен начин поткожно и тоа на секои три недели. На пациентите пред давањето на вакцината им се снимени белите дробови, а по два месеци снимањето се повторува и се следи движењето на болеста. Ако и покрај вакцината дојде до влошување на болеста, пациентот се исклучува од студијата и оди на понатамошно лечење. Првиот пациент ја доби вакцината на почетокот на годината, а набргу потоа и останатите тројца.- Ако се покаже дека вакцината е дело-творна и дека навистина го продолжува периодот до влошување на болеста, ќе влезе во рутинска употреба. Сепак, не треба да се очекува ништо уште две до три години. Студијата чиј дел сме и ние ќе биде готова следната година и тогаш ќе се знае повеќе - додава др. Ковчин.

Според зборовите на директорот на ин-ститутот за онкологија и радиологија на Србија проф. др. Ненад Боројевиќ, пуша-чите имаат 20 пати поголем ризик да за-болат од рак на белите дробови отколку што е тоа случај со непушачите затоа што во тутунскиот дим се наоѓаат дури 60 докажано канцерогени супстанци кои предизвикуваат рак. Доколку се престане со пушењето ризикот за добивање на канцер се намалува во период од десет години. Престанувањето со пушење, ис-такнува др. Боројевиќ, е најзначајната ин-дивидуална одлука која пушачот може да ја донесе.- Ракот на белите дробови е еден од нај-подмолните малигни тумори, затоа што многу долго може да постои и од себе практично да не дава никакви знаци и никакви значителни тешкотии. Неговото откривање е често поврзано со појава на симптоми како што се кашлица, искаш-лување на сукрвица и гушење. Задоцнетото откривање е и основна причина што успехот на лечење кај карциномите на белите дробови е мал, а со самото тоа и смртноста е голема. Постојат повеќе видови карцином на белите дробови, а од големината и положбата на туморот зависи и дали пациентот е подобен со ле-чење да започне по хируршки пар или на операцијата ќе ѝ претходат терапија со зрачење и хемотерапија - наведува др. Боројевиќ.Факти за ракот на белите дробовиПреживување по пет години:Рак ограничен на белите дробови: 49%Ако се проширил на градниот кош: 16%Ако се проширил на други органи: 2%Симптоми: Упорна кашлица, искашлување крв, болка во градите, зачестени воспале-нија на белите дробовиТерапија: Хируршки зафат пред сè. Следат радијација и хемотерапија, понекогаш и пред операцијата за туморот да се намалиСмртност во целиот свет: 1,2 милиони го-дишноДа се забрани пушење во затворени просторииСрбија е единствената земја во Европа каде бројот на заболени од рак на белите дробови се зголемува од година во година. Причина за тоа, смета др. Владимир Ков-чин, е затоа што Србија не ја почитува одредбата за забрана за пушење во зат-ворени простории. Таа уредба, веднаш по примената во сите европски земји, ре-зултирала и со опаѓање на бројот на за-болени од рак на белите дробови.Задоволни во АмерикаАмериканските научници кои го водат проектот околу тестирањето на вакцината “lukaniks” задоволни се со нејзините досе-гашни позитивни ефекти на подобрената состојба на пациентите. Половина од паци-ентите кои биле вклучени во студијата со стабилна состојба на болеста живееле подолго од 44 месеци, што е четири пати повеќе отколку кај пациентите кои не ја примале вакцината. Подобрувања се видливи и кај пациентите со болеста во поодмината фаза, чие преживување е продолжено за две години. Ќелиите на ракот произведуваат протеин поради кој имуниот систем на организмот не ги пре-познава. Оваа вакцина функционира така што ги открива тие ќелии, а тогаш имуниот

Page 25: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nauka i novi tehnologii 25систем ги препознава и ги напаѓа.Пушењето главен виновникНајдобра превенција кај ракот на белите дробови е да се остави пушењето затоа што, според проценките на стручњаците, 90% на случаи на рак на белите дробови се предизвикани со пушење. Ракот на белите дробови не настанува на основа на генетската предиспозиција, како што е случајот со карциномот на дојката или штитната жлезда. Пресудна улога во него-вото настанување имаат надворешните влијанија, а главно е димот од цигарите.

Извор: “Блиц”, Белград, автор: Иван Мишковиќ

Научна теорија: Животот сепак има вонземјено

потекло?

Аминокиселината глицин, темелна состав-на единица на протеинот, прв пат во ис-торијата е пронајдена на една комета, поддржувајќи ја теоријата дека животот на Земјата стигнал од далечната вселена, објавуваат научниците.

Вселенскиот брод на НАСА Stardust открил во јануари 2004 година микроскопски тра-ги на глицин во примероците на кометата Wild2 длабоко во Сончевиот систем, око-лу 390 милиони километри од Земјата. Примероците на гас и прав донесени се на Земјата две години подоцна во резервоар кој се одвоил од бродот и со падобран се спуштил во американската сојузна држава Јута. Откритието на глицин, најчестата од 20-те аминокиселини во земјените проте-ини, завршено е минатата година, но на научниците им било потребно некое вре- ме за потврда дека пронајдената супстан-ца е со вонземјено потекло.“Не бевме сигурни дали аминокиселината е вештачки произведена или потекнува од вселенскиот брод”, рекла астро-био-лог Jamie Elsila од центарот на НАСА во Greenbelt, Мериленд. “Познати ни се ами-нокиселините во метеорите, но ова е прв пат да е најдена на комета”, додава таа. Откритието на американските научници ја поддржува теоријата дека вонземјени објекти, како метеори и комети, на Зем-јата донеле елементи на живот кои наста-нале на други места во вселената.

Извор: “24 сата инфо”, Мостар

На трага на изворот на младост

Премногу луѓе коп- неат медицината да измисли магична пилула која преку ноќ ќе им ја врати младоста и здра- вјето. Дејвид Син-клер, професор по

патологија од Харвард и научник кој се за-нимава со истражување на процесот на стареење, верува дека е на прагот на от-критие токму на таквата магична пилула.Синклер, кој веќе со години трага по леген-дарниот “извор на младоста”, открил де-

ка хемикалијата по име resveratrol (ко-ја ја произведуваат билките кога ќе ги нападнат бактерии или габички) им го продолжува животниот век на глувците и до 24%, а кај другите организми и за 59%. Синклер мисли дека состојките кои го сочинуваат resveratrol можат да влијаат на продолжување на човековиот живот.“Системот кој функционира кај глувците и другите организми еволуционо е многу стар, така што верувам дека она што делу-ва кај глувците ќе делува и кај луѓето.”Синклер смета дека resveratrol делува така што го активира SIRT1, ген за кој многумина тврдат дека игра клучна улога во контролата на животниот век. Биоло-зите откриле дека зголемувањето на екс- пресијата на SIRT1 генот го забавува ста-реењето и го штити организмот од боле-сти врзани за стареењето, меѓу кои се и ракот и срцевите заболувања. Ако resve-ratrol може да ги активира SIRT1, тогаш голема е веројатноста дека Синклер на-вистина ја открил тајната за долг, здрав живот.Тој е потполно сигурен во својот успех и веќе привлекол многу приватни инвести-тори спремни да ја финансираат неговата работа. Сепак, некои негови колеги сме-таат дека Синклер е импулсивен човек кој не размислува баш секогаш пред да ја отвори устата. “Дејвид е сјаен, но поне-когаш е премногу страстен и нетрпелив за научник”, вели еден негов колега. “До сега имаше полно среќа што повеќето не-гови тврдења навистина испаднаа точни”, нагласува друг.Синклер не зазира од контроверзни ис-тражувања и не е премногу загрижен околу тоа што другите мислат за него. За својата неконвенционалност со полно љубов ја обвинува својата баба Вера која во муграта на пропадната револуција од 1956 година од Унгарија се преселила во Австралија.“Баба ми беше црна овца на семејството”, вели Синклер. “Татко ми го родила 1939 година кога имала 15 години - замислете само каков скандал бил тоа во она време, а живеела и меѓу домородците на Нова Гвинеја и со нив, меѓу останатото, јадела дури и човечко месо. Како прва жена која во бикини се појавила на плажа во Сиднеј, имала прилично проблеми со полицијата. Таа е боем од 60-тите, која ме научи како да размислувам потполно различно и да ги доведувам во прашање догмите.”Синклер студирал на универзитет во Нов Јужен Велс и ја проучувал регулацијата на гените во квасецот, кога слушнал за истражувањата за долговечност на Лео-нард Гуаренте, молекуларен биолог од МИТ кој во Австралија тогаш држел преда-вања. Во тоа време (1993), повеќето луѓе претпоставувале дека стареењето е сигу-рен и комплексен процес кој не може да се регулира само со неколку гени. Но таа иста година Синтија Кенјон, биолог од ка- лифорнискиот уни- верзитет во Сан Франциско, ја об-јавува студијата за тоа како со мани-пулација на еден единствен ген по име daf2, може да се удвои животниот век на малиот цилиндричен црв.

Гуаренте и самиот почнал да експеримен-тира со квасецот, што неколку години по-доцна ќе доведе до откривањето на генот против стареење наречен sir2.Со оглед на тоа дека полето на истражува-ње на стареењето било сосема ново и недокажливо во тоа време, Гуаренте са-мо информативно на предавањата го-ворел на таа тема - а тоа било случај и кога младиот австралиски научник му се придружил на ручек. “Беше тоа неве- ројатно среќна околност за мене”, вели Синклер. Инспириран од визијата на Гуаренте, Синклер го продал својот ав-томобил и купил авионска карта за Бо-стон, постдипломските студии да ги од-работи во лабораторијата на Гуаренте, под услов да го помине интервјуто. Во текот на интервјуто со својот идол, тој на Гуаренте му го изнел својот аргумент дека научниците кои го проучуваат стареењето треба првенствено да трагаат по гените кои го продолжуваат животот, а не по ге-ните и механизмите кои го завршуваат. После таквиот аргумент, веднаш бил при-мен.

Во текот на работата во лабораторијата на Гуаренте на крајот на 90-тите, Синклер открил дека генот sir2 го спречува ста-реењето на квасецот забавувајќи ја акуму-лацијата на количината на ERC, кружните струкови на DNK кои се создаваат во орга-низмите додека стареат и на крајот ги убиваат.Но сеуште постоела неразјаснетата мисте-рија како да се модулираат гените каков што е SIRT1, кој ја регулира должината на животот. Постои ли некое друго соедине-ние кое може да се зема во облик на пилу-ла? Компаниите и лабораториите ширум светот почнале да проверуваат илјадници хемиски соединенија за да пронајдат ба-рем едно кое може да функционира како активатор на генот, но без успех.А тогаш во февруари 2003 година, една мала лабораторија од Харвард го про-нашла вистинското упатство. Синклер и самиот трагал по активаторот, кога слушнал за истражувањето по кое SIRT1 може да се активира со помош на некои полифеноли, меѓу кои е и resveratrol.

Синклер и Конрад Ховиц, директорот на молекуларна билогија во Бимол, почнале да соработуваат како би го изолирале re-sveratrol и би го тестирале на квасецот и овошните мушички. “Ни во најлудите соништа не мислев дека токму ние ќе

Синтија Кенјон

Page 26: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

26 Nauka i novi tehnologiiго пронајдеме активаторот за sir2”, вели Синклер.

Нивното истражување, заедно со други сродни истражувања, открило дека глув-ците на кои им се дава resveratrol се поздрави од контролната група. И нив-ните ќелии старееле драстично побавно, дури и кога глувците се хранети со мрсна и нездрава храна. Се покажало дека глувците хранети со големи количества на таква храна, но и со големи дози на resve-ratrol, се поздрави од глувците хранети со вообичаената храна. Resveratrol ја подо-брил и инсулинската чувствителност на глувците и продукцијата на енергија. Ре-зултат на тоа е дека глувците останале вит-ки и силни и покрај лошата исхрана и дека мускулите им зајакнале а отчукувањата на срцето им забавиле. Бројот на митохон-дриите во нивните ќелии исто така се зголемил, што докажало сеопфатно про-изводство на енергија во ќелиите.Ваквиот успех во продолжувањето на животот и подобрувањето на здравјето и виталноста кај глувците делумно ги уб-лажил нападите на критичарите кои се сомневале дека resveratrol може да го продолжи животниот век на цицачите. Но критичарите бргу истакнале дека re-sveratrol сеуште треба да се докаже во тестирањето на луѓето.“Официјално”, компанијата Сиртрис ис-такнува дека нејзина цел не е да создаде пилула за продолжување на животот (со оглед на тоа дека американската ад- министрација за храна и лекови не при-знава таква цел), туку развила суперсилна верзија на resveratrol наречена SRT501 за третман на специфични болести поврзани со стареењето. Исто така се откриени и нови мали молекули кои не се во врска со resveratrol, но наводно се илјада пати повеќе потентни во активација на сиртои-нот. “На луѓето ова ќе им биде достапно за неполна деценија”, истакнува Синклер. “Поради тоа често верувам дека не по-стои ништо поважно од потрагата по ма-гична пилула на младоста. Поради тоа ризикувам и спремен сум да ја издржам секоја критика затоа што цврсто верувам дека сум во право.”Тој наспоменува дека неговите истражу-вачи ги проверуваат различните сиртон-ски движења и добиваат одлични резул-тати. Исто така одбива да каже нешто по-конкретно, сè додека не биде во можност да ги изнесе официјалните резултати.Компанијата Сиртрис веќе почна клинич-ки испитувања на луѓето. Дали овие луѓе ќе ги постигнат резултатите на кои им се надеваат? Тоа само времето ќе го покаже, а ако успеат, време секако ќе има и прем-ногу.

Извор: “Треће око”, Белград, автор: Р. Т. О.

Nokia на Линукс

Компанијата Nokia лансира нов телефон од висока класа базиран на GNU/Linux опера-тивниот систем - N900

Финскиот произведувач има искуство со овој оперативен систем на интернет таблетот од пред три години. Сега го под-готвил и наследникот во вид на N900 моделот, кој еволуирал од тие направи, според зборовите на надлежните.

Тој располага со WVGA екран осетлив на допир и лизгачка QWERTY тастатура. Се користи со Maemo оперативен систем базиран на Линукс, за кој порачуваат дека на “корисниците им овозможува покренување на десет апликации кои ра-ботат симултано”.

N900 во хардверска смисла се базира на ARM Cortex А8 чиповите, нуди 1GB мемо-рија за апликациите и ја поддржува Open GL ES 2.0 графичката апликација. Стигнува со 32MB меморија, што може да биде про- ширено преку microSD slot, како и со ка-мера од 5 мегапиксели.

Овој нов модел на Nokia ќе биде достапен од октомври, а според наводите од компа-

нијата цената ќе изнесува околу 500 евра. Извор: „BenchIT“ автор: З. Д.

Ученичката торба го искривува рбетот

Секој трет ученик од основно училиште има искривен рбет поради ранците кои се тешки од пет до осум килограми, предупредуваат стручњаците

Ученици, а не мазги...Никој не обрнува внима-ние на тоа што сè мораат да влечат на училиштеТретина од школските де- ца во Србија искривен рбет, покажуваат резул-татите на систематските прегледи во школските диспанзери! Директорот

на клиниката за ортопедска хирургија и трауматологија на Клиничкиот центар на Србија, проф. др. Марко Бумбашевиќ, ве-ли за Пресс дека тешката и неквалитетна ученичка торба е еден од главните винов-ници децата да имаат искривен рбет.Бумбашевиќ апелира на родителите при спремањето на децата за тргнување на училиште особено внимание да обрнат при купувањето на ученичкиот ранец, кој треба да биде квалитетен, со анатомски обликувани и меки каиши, кои учениците ќе ги носат на рамениците!- Несоодветната ученичка торба создава кај децата не само физички и физиолошки, туку и психички промени. Интересно е дека некои анкети спроведени меѓу на- шите основци покажаа дека голем број ученици не го сака училиштето ток- му поради претешката торба. Во страв нешто да не пропуштат, децата во торба-та ставаат сè и сешто, а родителите и учи-телите за тоа не водат сметка. Понекогаш ученичката торба е тешка и по пет-шест килограми, што е недозволиво! Толкав товар не го оптоварува само скелетот на детето, туку и неговиот срцев мускул - вели др. Бумбашевиќ и истакнува дека надлежните мораат да се потрудат секое училиште да добие шкафчиња во кои де-цата би ги оставале своите работи.Тешка како лубеницаНашиот соговорник предупредува дека тежината на ученичката торба која ја но-сат никако не би смеела да преминува 15% од нивната телесна тежина.- Тоа значи за дете кое има 20 килограми не би требало да носи ранец кој е потежок од три килограми. Децата, исто така, тре-ба да се едуцираат дека се денешниот тренд ученичката торба да ја носат во рака или на едно раме може подоцна во животот да им направи голем проблем - крив рбетен столб и да донесе хронична, многу непријатна болка - нагласува др. БумбашевиќДоколку дете од 20 килограми носи торба тешка пет килогра-ми, тоа за него претставува товар кој изнесува 25% по-веќе од неговата вкупна телесна тежина!- Тоа е исто како возрасен човек, тежок 80 килогра- ми, секој ден на работа да носи лубеница од 20 килограми - објас-нува др. Бумбашевиќ.Никој не внимаваПричини за неправилно држење кај школ-ските деца се и повеќечасовното седење

Page 27: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kultura i obrazovanie 27пред компјутер, недоволна физичка ак-тивност и нездрава исхрана.- Апелирам на родителите, но и на учи-телите, секојдневно да проверат по торбата на најмладите ученици и да ги предупредат од неа да ги извадат непо-требните работи! За тоа е потребно да се одвојат само неколку минути дневно. Исто така, неопходно е да се ограничи времето кое децата го минуваат пред компјутерот и да се насочуваат на зани-мавање со спорт и на здрави навики кога е во прашање исхраната - вели др. Бумба-шевиќ.Педагогот и учител во белградското Ос-новно училиште “Крал Петар I” Мирослав Маринковиќ вели за Пресс дека заедно со своите ученици неодамна ги мерел ученичките торби и тогаш дошол до шо-кантни резултати.- Најтешката торба која ја измеривме беше 8,5 килограми, а на своите нејаки плеќи ја влечеше ученик од второ одделение! За такви работи да не се случуваат, училиш-тата мораат да обезбедат простор во кој децата би ги оставале своите работи, се-како со поддршка на Министерството за просвета. За претешките ученички торби криви се и преобемните школски програ-ми, кои се причина што учебниците за основците имаат и по неколку стотини страници. Од тие учебници би можело да се исфрли барем 30% од содржината, а тоа да не се одрази на квалитетот на ученичкото знаење - предупредува Ма-ринковиќ.Дека ученичката торба е претешка, при-знава и министерот за просвета Жарко Обрадовиќ. Тој им ветува на првачињата дека нивната торба ќе биде полесна од онаа која ја имаа првачињата лани.- Тежината на секој комплет за првачиња е поинаква, во зависност од издавачот, од 3,2 килограми до 3,5 кг., што е далеку по-малку од минатогодишните кои беа тешки и до 6 килограми - рече Обрадовиќ. Потсетник за основците- За плаќање на најосновните ученички потреби родителите треба да издвојат околу 30.000 динари. Ученичките книги, во зависност од возраста на детето, чинат од 5.049 до 11.101 динари, а за тетратки и школски прибор треба да се издвојат уш-те најмалку неколку илјади динари- За ученичка торба треба да се издвојат од 1.500 динари па нагоре- Во прво одделение оваа есен ќе појдат околу 80.000 првачиња, од тоа во Белград скоро 20.000, а во Војводина 16.000- Книжарниците на Заводот за учебници на почетокот на учебната година работат продолжено - од 8 до 22 часот- Книгите на Заводот за учебници можат да се порачаат и преку “Пошта на Србија”, по пат на кол-центарот “Пошта” 011/3609-709, како и преку електронска пошта.- Освен стандардните продажни места учебници можат да се купат и во уште не-колку малопродажни објекти, во неколку книжарници на “Службен гласник”, “Стол- бови на култура”, во општина Нов Белград, салата “Пинки” и други книжарници на територијата на општина Стар град, Вра-чар, Раковица, Барајево, Обреновац.

Извор: “Пресс”, Белград, автор: В. Недељковиќ

Бесплатни учебници нема да има доволно

САРАЕВО - Бесплатни учебници оваа учеб- на година ќе добијат околу 4.000 основци во Сараевската жупанија кои потекнуваат од социјално загрозени родители, деца од ромска националност, деца од семеј-ства на загинати бранители и ученици кои потекнуваат од семејства со три или по-веќе деца. “Од Федералното министер- ство за просвета ова година за бесплатни учебници добивме 60.000 КМ, а од жупан-скиот буџет 176.000 КМ, што е помалку од минатата година. Поради тоа моравме да го менуваме планот на сите деца да им поделиме бесплатни учебници. Ќе биде тешко да се осигурат книгите и за најза-грозените” рече стручниот советник на Министерството за просвета и наука на Сараевската жупанија Сретко Жмукиќ.Пари по жупаниитеПари од жупанскиот буџет во износ од 38.000 КМ планирани се и за Зеничко - добојската жупанија. Кога станува збор за останатите жупании во Федерацијата, си-туацијата е потешка затоа што повеќето во буџетот не планирале одвојување па-ри за учебници. Според информациите од Федералното министерство за наука, во тек е потпишување на договор со прет-ставниците на жупанските министерства за наука и образование кои имаат обвр-ска до почетокот на учебната година да набават учебници. Од буџетот на ФБиХ за бесплатни учебници за Посавската и Бо-санско - подринската жупанија планира се 6.700 КМ, на СБЖ ѝ припаднаа 33.000 КМ, а за Херцегбосанската околу 8.000 КМ. Овие средства нема да бидат доволни доколку жупаниите од своите буџети не осигурат пари за набавка на учебници за социјалните категории.Нови книги“Иако жупаниите минатата година, кога почна проектот за делење на бесплатни учебници, се обврзаа да најдат начин учебниците да ги одржат употребливи за идните три години, тоа е невозможно”, објаснува Жмукиќ. “Учебниците кои ос-новците минатата година ги користеа, особено за прво и второ одделение, не се повеќе употребливи. Децата ги користеле како вежбанки и поради тоа родителите на децата кои оваа година ќе тргнат во прво и второ одделение ќе мораат да купуваат нови книги”, нагласува тој. Истакнува и дека е во тек собирање на податоци по училиштата со колкав број употребливи книги располагаат и колку ќе им недо-стасуваат, за преку министерството да се осигури дополнителен сет на учебници за најзагрозените категории.

Извор: “Дневни лист”, Мостар

Подароците под забот на негрижата

Легат на Вељко Петровиќ

Масите странски туристи во Белград, со кои се гордееме во време на Егзит и Гуча, не ги затечуваме како се буткаат пред вле- зовите на музеите и легатите или на стол-чиња како чекаат со часови на свој ред. Српската културна политика со децении го држи под анестезија музејскиот жи-вот, па ни генерации Белграѓани немаат поим што сè би можеле да видат во својот град и што се чмае и гние зад ка-танците. Минатогодишната културна хорор епизода во која дознавме дека пропаднала куќата на Лубарда и во неа неговите непроценливи слики, повторно го оживеа прашањето за негрижа за ле-гатите во Белград. Со тажна судбина е и оставината на литератот Вељко Пе-тровиќ (1884-1967) - неговата куќа во ули- цата Теодор Драјзер број 32 и во неа драгоцените културни добра. Овој легат никогаш не бил отворен за јавност и денес е во несфатливо запуштена состојба.Мара Петровиќ, сопругата на еден од најзначајните претставници на постре-ализмот во српската книжевност, акаде- мик, претседател на Матица српска и Српската книжевна задруга, долгогоди-шен управник на Народниот музеј во Бел-град, му ја подари на градот, 1970 година, неговата лична библиотека со околу 30.000 книги, ракописи, преписки, фотографии, одликувања како и збирка од околу 390 дела на ликовна и применета уметност, меѓу кои се сликите на Сава Шумановиќ, Милош Коњовиќ, Зора Петровиќ...- Куќата 37 години беше под грижа на Музејот на градот. Каква била таа грижа покажува фактот дека од сјаен, раскошен дом, каде Вељко со сопругата живееше по пензионирањето, дошла до состојба на девастација: нема греење, оџакот не е поправан десет години и од него излегува дим, фасадата е отпадната, станарите се во бочниот дел - вели Ана Поповиќ Бодро-жа, директор на Куќи легати, установа ко-ја од 2007 година ја презеде грижата за овој легат.Веднаш по примопредавањето на оваа збирка, мораше да биде покрената и по-стапка за враќање во посед. Оваа куќа, инаку, не е единствениот белградски ле-гат чии делови ги користат лица кои за својот престој немаа правна основа. Ист проблем е во случајот на легатот на Риста Стијовиќ, односно Тома Росандиќ, за кој се грижи Музејот на градот.Ваквата ситуација создаде е најмногу во текот на деведесеттите, кога една од бив-шите управи на Музејот на градот дозволи вработените работници во Музејот да се сместат во легатите да живеат. Оправдува-ње за оваа катастрофална одлука било де-ка така ќе ги обезбедат објектите и дека луѓето кои живеат во куќите на славните уметници и писатели на некој начин ќе ја сочуваат оставината. Меѓутоа, тогаш се случило некаде тие луѓе да добијат и ста- нарско право, така што во легатите на Петровиќ и Стијовиќ живеат лица кои се во постапка на иселување, но тие процеси се долготрајни и ја нарушуваат работата

Page 28: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

28 Kultura i obrazovanieна легатот.Иако легатите чинат околу 80% на секој музејски фонд, па музеите всушност по-чиваат на нив, не постојат официјални по-датоци колку ги има во Белград, а камоли во Србија.Последниот обид да се направи именик или регистер на легати пропадна 2004 го-дина. Тогаш Собранието на град Белград ја основа установата Куќи легати со се-диште во Кнез Михаилова 46 со цел ова установа да ја реши проблематиката на легатите и подароците кои Белград ги до-бил од 1955 година до денес. Почетната идеја за основање на Куќи легати беше обединување на грижата над сите легати на Собранието на градот, бидејќи било оценето дека грижата за белградските ле-гати е лоша (за разлика од Нови Сад кој има одличен систем на грижа за легатите). Станува збор за оставини подарени на градот, а кои градот ги дава на грижа на музеите.Директорката Ана Поповиќ Бодрожа вели дека тогашниот обид да се истражи колку легати има, помина неславно.- Испративме прашалник на адресите на сите музеи, архиви, библиотеки и сите останати кои чуваат легати, но ни одгово-ри само третина. Некои установи не ни знаат кои легати ги имаат или нерадо за тоа говорат поради нивната состојба. Не успеавме да направиме регистар - вели директорката на Куќи легати. Кога, според нејзини зборови, би бил оформен тим кој сега би тргнал по Белград и Србија со за-дача да ги попише легатите, таа работа би траела три-четири години, според неофи-цијалните податоци во Белград има околу 200 легати!Центар за книгаЗамислено е овој легат да биде комбина-ција на неколку зони: приземјето како ар-хив-депо, првиот кат како зона за поставки на уметнички дела, плус галериски про-стор каде би се одржувале гостувачки изложби; третата зона би била центар за книга, во соработка со Пен центарот. Тука би се преиспитувала не само оставината на Вељко Петровиќ туку и други книжевни оставини, а замислен е и резиденцијален дел во кој би отседнувале писатели гости на Белградскиот саем на книги или други манифестации.

Извор: “Вечерње новости”, Белград, автор: Б. Ѓорѓевиќ

Свирепост и бездушност со ронка човечност

Проучувајќи ги дури од неодамна достапни-те тајни архиви на КГБ за тајните и смрто-носни игри во, но и вон ѕидините на Кремљ, младиот британски историчар Симон Себаг Монтефиоре во својата опширна книга “Сталин - на дворот на црвениот цар” на читателот му дава инсајдерски, скоро воа-ерски приказ на советските живот и смрт.

Монтефиоре во книгата во издание на загрепскиот “Профил” низ низа на инте-рвјуа, лични записи и кореспонденција со членовите на семејството на Сталин и најблиските соработници нè воведува во затворениот круг на трансформација на “црвениот цар” од силен владетел до бру-тален тиранин.

Делото на Монтефиоре своевидна е хро- ника на свирепоста и бездушноста, но и приказ, колку и да е тоа чудно, и на ху- маната и незамислива страна на комуни-стичкиот Џингис-хан, кој на пример сакал да гледа филмови со Спенсер Траси и Клерк Гејбл.Оттаму, проучувајќи го животот на Сталин низ книгата на Монтефиоре, лесно може да се повлече паралела со изразот “банал-ност на злото” кој го патентираше Хана Арент проучувајќи го Холокаустот и суде- њето на нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман.Во ова, како што веќе многумина крити-чари оценија, ремек-дело, го запознаваме развојниот пат на едно грузиско момче од сиромашното предградие, ученик, прија-тел и човек кој знае да сака, но на свој на-чин.Го запознаваме и Сталин како грижлив татко, но и крут болшевик, раздразлив манипулатор со човечки судбини, ладно-крвен убиец и средновековен деспот, кој со леснотија се пресметува со сите кои му стојат на патот.Целта на Монтефиоре била да го портрети-ра Сталин, неговите 20 великаши и члено-ви на неговото семејство и да покаже како живееле во единствената култура во текот на годините на неговата врховна власт. Како што и самиот Монтефиоре на- споменува, книгата нема намера да би-де историја на неговата внатрешна и над- ворешна политика и воени походи, туку хроника на неговиот двор, од 1929 година, кога едноставно е прогласен за “водач”, па сè до смртта 1953 година.Сталин е прикажан како крајно единствена личност на светската сцена, но многу негови ставови и особини, како што се зависноста од смртта како политичко орудие и паранојата, својствени се и за неговите “другари”.Современа Русија уште не се соочила со своето минато, немало искупувања, што веројатно уште повеќе фрла сенка на раз-војот на руското граѓанско општество. Мно- гумина Руси би можеле да му замерат на Монтефиоре на потполно отвореното изнесување на историските факти кои многумина најрадо би ги заборавиле.Книгата, секако, не ја намалува Сталинова-та неизмерна вина. Но, таа ја оспорува замислата за неговата исклучива одговор-ност, откривајќи злосторства на целото водство, како и нивните патила, жртви, пороци и повластици.Се сметаше дека за Сталин и неговата свита сè се знае, но оваа книга фрла ново светло на раздобјето на владеење на “челичниот

рака на челичниот мустаклија”. За тоа го- вори и заклучокот на некогашниот амери-кански министер за надворешни работи Хенри Кисинџер откако ја прочитал книга-та на Монтефиоре. Тој дипломат, имено, изјавил “мислев дека за Сталин не можам да дознам повеќе ништо ново, но сум гре-шел”.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Вања Мајетиќ

Најголемиот циник на американската

книжевност

“Ѓаволовиот речник” на Амброз Бирс во издание на “Шарен

дуќан”.

Бирс создаде речник за слободни духови, а неговиот бунт против “луѓе со послание” и “титула” ќе го величаат битниците и Хен-ри Милер

Кога еден речник го дефинира животот ка-ко “најголема несреќа која му се случува на секој човек” - тогаш е јасно дека станува збор за генијална дефиниција - духовито и искрено четиво на човек кој одамна го сфатил сиот јад на човечкиот род.Со својот “Ѓаволов речник” полн со ху-морно-горчливи дефиниции и отровни ци- низми Амброз Бирс (1842-1914?) создал културно дело на американската книжев-ност кое веќе еден век се цитира, а сега, во издание на копривничкиот издавач Кру-нослав Јајетиќ и неговиот “Шарен дуќан” (преполн со книжевни деликатеси), им е достапен и на хрватските читатели, и тоа во интуитивен превод и поговор на Иван Ото. Бирс со право ја понел титулата “најголем американски литерарен ци-ник и мизантроп”. Влијателен новинар и комунист, активен учесник на Американ-ската граѓанска војна, слава стекнал со своите воени новели “Приказни за војни-ците и цивилите”, а и со расказите на трагата на Едгар Алан По. “Ѓаволовиот речник” е издаден во продолженија 1881 година, во неделникот The Wasp, а издаден е 1906 година првобитно со на-слов “Циниковиот речник”, како дело на “разочаран и остарен, тогаш веќе сла-вен писател кој секогаш повеќе ги са-кал цинизмот и иронијата од млакиот ху-мор и чистиот и учен англиски јазик од површ-ниот американски говор”.

Page 29: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kultura i obrazovanie 29

Самиот Бирс објавил своја импресивна програма која и денес го развеселува се- кој вистински анархист, панкер или едно- ставно секој човек кој критички мисли за светот во кој живее. “Еве ја мојата про-грама: ладно неодобрување на чове-ковите институции општо земено, вклу-чувајќи ги сите облици на власт, пове- ќето закони и обичаи, како и севкупната книжевност. Нетрпеливост кон нетрпели-воста, војна против сите луѓе со некакво послание, презирање на сите можни титу-ли... Без исповед, без лутина, човековата јад ќе ја посматрам со нечувствителна љубопитност, со која се посматра мравјал-ник”. Накратко, Бирс создал речник за слободни духови, напишал книги за побу-на на луѓето кои јасно увидуваат дека ниедна идеја или систем на мислење на овој свет не е совршена.Неговиот бунт против “луѓето со послание” и “титули” значително подоцна во аме- риканската книжевност ќе го величаат не само битниците туку и најголемиот со сите Хенри Милер во “Раковиот напоредник”.До својата смрт успеал да приреди и објави дванаесет книги, меѓу кои “Ѓаволо-виот речник” зазема посебно место, па и денес многу често го објавуваат и цити-раат иако многу записи изгубиле на акту- елноста затоа што говорат за луѓе, особе-но политичари, кои на денешниот, дури и американскиот читател ништо не му значат. Оттаму во хрватското издание се нудат околу три четвртини од вкупниот корпус на речникот со култни дефиниции. Бирс во својата побуна против сè институци-онализирано сакал да го истакнува свое-то “партнерство со нечестивиот”: “Во стре- меж да ги остварам своите намери, мислам дека вака или онака, пукав по многу луѓе, но читателот со пријатност ќе забележи дека тоа баш и не биле луѓе кои би заслужиле живо да живеат... Освен тоа, морав да го земам во обѕир и интересот на својот соработник. Во пишувањето, баш како и во препишувањето, крепко ми помагаше...”.На Бирс му годело да го сметаат за голем циник и “подлец”, дијаболична појава и припадник на “ѓаволовата странка”, па ши-рел приказни како жените, кога станува збор за него, од далеку го чувствуваат приближувањето на “демонска личност” која само револвер може да ја спаси од бесот на разјарените...Имал многу трагичен живот - еден син му се убил, другиот умрел од алкохол, а же-ната го напуштила. Бирс по сето тоа, во 71-та година - 1913, отишол во Мексико (на- пишал дека “смртта во Мексико е вис-тинска еутаназија спрема животот во Со-

единетите Држави”), каде наводно поги-нал борејќи се со единиците на Панчо Ви-ла.Накратко, Бирс е зачетник на оние нај-плодни струи на анархијата кои не дозво-луваат ни една идеја да стане “света” и кои знаат дека слободата почнува во бунтот. Неговиот цинизам е величествен - не е чудо дека го обожуваат насекаде и кога човек ќе размисли малку подлабоко за жалосниот свет околу себе, и самата на трагата на Бирс би рекла: “знам дека има полно добри луѓе, само јас не ги позна-вам”.

Одломки од “Ѓаволовиот речник”Апатија - шест недели во бракАлкохол - (арап. Al kohl, боја за очи) - ос-новна подлога на сите пијалаци од кои се добива слива под окотоАрхитект - човек кој го обработува планот на вашата куќа и планира обработка на ва- шите париАрогантен - горд и презрив како келнерБахус - згодно божество кое старите Грци го смислиле како оправдание за опивањеБесмислица - приговор изречен на сметка на овој извонреден речникБеднотија - безвредна работа како рели-гија, филозофија, уметност и наука со кои разни племиња ги загадуваат подрачјата јужно од Северниот полБлагдан (празник) - Верско славење кое често се одликува со ждерење и пијанче-ње, често во чест на некоја света личност која се истакнувала со умереност...Болка - непријатна состојба на свеста која може да биде физичка поради некои проблеми со телото или душевна предиз-викана од туѓа среќаЦиркус - место каде на коњите, пониите и слоновите им е дозволено да гледаат ма-жи, жени и деца кои се однесуваат како будалиЧитање - фаќање на смислата на нешто напишано, ако ја има. Обично ја нема.Човек - животно толку изгубено во занесе-ното размислување за тоа што мисли дека е, што не забележува што недвосмислено би требало да биде. Главно занимање му е уништување на другите животни од соп-ствена врста, која се размножува со таква упорна брзина што го зафатило целиот населен свет и Канада.Љубомора - збрчкано наличје на љубовта

Извор: “Вијесник”, Загреб, автор: Марина Тенжера

Одисеја на плочници

Од како се повлече од музиката и се пре- сели во мало село кај холандскиот град Утрехт, каде живее со сопругата Холан- ѓанка, познатиот пејач, гитарист и компо-зитор на култната група “Азра”, Бранимир Џони Штулиќ потполно му се посвети на преведувањето. За неполни две децении, од како разочаран од распадот на СФРЈ ги напушти овие простори, легендарниот ро-кер припремил избрани дела во 12 книги под наслов “Смејуријада”. Со години од-биваше тоа да се објави, сметаше дека тоа никого не го интересира. Неодамна, меѓутоа, неочекувано попушти, па белградски “Плато” најверојатно до

овогодишниот саем на книги, меѓу остана-тото, ќе ги објави неговите препеви на “Илијада”, “Одисеја”, “Махабхарата”, ки- нески, египетски, сумерски и индиски епови, живопис на Александар Македон-ски и три книги посветени нему и на “Азра”. Наместо 12, избраните дела ќе излезат во 14 томови, затоа што тука ќе се најде и “Смејуријада - автобиографија и коментари”, “Азра - пеени песни” и “Говореа за Џони - Новински текстови 1977-2004”. Идејата да печати избрани дела се роди кај сопственикот на “Плато” Бранислав Гојковиќ, кога го прочита ин-тервјуто кое во април легендарниот Џо-ни ексклузивно го даде за “Вечерње но-вости”. Штулиќ тогаш, меѓу останатото изјави:- Тоа е како енциклопедија. Има повеќе од 5.000 страници. Навистина се обемни книги. Да речеме, Тукидид го споив. Од почетокот фалеа последните 11 години војна. Тоа се наоѓа кај Ксенофон. Се знае дека Ксенофон прв го објавил Тукидид за плата, па го зел последниот дел од него и објавил своја книга. А јас сега сето тоа го споив. Малку е незгодно, зашто многу од тоа пишував во шеснаестерец. Сега тој Ту-кидид има 900 страници, е.. ти. Ти треба ди-галка да го држиш во рака. Де факто е тоа рбет на историјата. Ми требаа 18 години да го напишам. Човек е среќен кога ќе нај-де нешто на што може да работи, а да е ин-тересно. Поезијата е кратка. Она што би застанало во книга од 200 страници, тоа треба да го собере на една страна и дури тогаш е поезија. Уште на тоа треба да му додадеш и мерка, која му доаѓа како на слика рамка. Според Аристотел, исто така, мора да биде разбирливо за сите. Значи, мораш вистински зборови да употребиш. Пожелно е да ставаш запирки... Ако човек се зае.. со запирките, целата смисла се ме- нува.

Мака со запиркитеГлавна причина што одбрал да преведува антич-ки списи била што никако не можел на наш јазик да ги чита ни “Илијада”, ни “Одисеја”.- Неволјата е што

тргнав од крајот. “Илијада” е “ролс ројс”, а јас не знаев ни велосипед да склопам, а камоли “ролс ројс”. Има уште нешто, нико-гаш во оние песнички кои ги работев не сум ставал интерпункции. Дури ни голема буква. Можно е да сум се заеб.., затоа што големите работи мораат да имаат запир-ки. Така половина од овие книги има за- пирки, а половина нема. Тоа е малку екс-центрично, но најважно е дека зборот има свој ритам. Јас сум антиталент за јазици, што е парадокс, но парадоксите често ги придвижуваат работите. Да рече-ме, комичар кој живее од тоа, приватно никогаш не се насмеал. Крваво се борам каде е буква “ч”, каде “ќ”, а каде е запирка. Особено таа запирка, таа и во соништата ме прогонува.

Извор: “Вечерње новости”, Белград

Page 30: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

30 @ivot, moda, estrada

Есенски модни хитови

Ако сакате да ги испратите актуелниот тренд, задолжително набавете еден сти-лизиран блејзер со пуфкасти ракави, чизми над колено, крзнен елек или женствена пелерина

Дизајнерите за сезоната есен/зима 2009/10 ги враќаат во мода блејзерите кои се нагласена стилизација на машки сакоа, но и романтични пелерини кои добро ќе ви дојдат во текот на свежите есенски денови. Сепак, она што сигурно ќе биде хит и на нашите улици, секако се чизмите над колена кои на жените им да-ваат посебна доза на сексипилност.

Стилизирани машки сакоа за дами

За претстојната сезона модните дизајнери предлагаат блејзери и кардигани кои имитираат машки сакоа. Благо истакнатата половина и ефектно нагласените рамена ќе ѝ ја дадат на вашата комбинација од облека потребната нота на женственост.

Пелерините се повторно актуелни

Оваа есен во мода се враќаат женствените пелерини во кои можете да се замотате како во наметка, но и оние пократките како болеро кои ефектно ја нагласуваат фигурата. Удобни и топли, ќе ви дадат до-за на екстраваганција во комбинација со ролка во контрастна боја.

Чизмите преку колена се неизоставни

Што подолго чизмите ги носите оваа го-дина, тоа вашиот стајлинг ќе биде поат-рактивен. Во чизми кои преминуваат преку колената, било да се рамни или со висока потпетица, нема да остане- те незабележани, затоа водете сметка ос-танатата гардероба со која ги комбинирате да биде што повеќе сведена.

Набавете крзнен елек

Многу дизајнери и оваа есен се држат до animal print, само што кроевите, ко-га станува збор за крзното, се далеку поле-жерни. Ова сезона заборавете на долгите бунди и подобро определете се за елеци или кратки јакни кои делуваат младешки.

Кожа, вештачка или вистинска, одлучете сами Секогаш актуел-на кожата и оваа сезона е апсо- лутен хит. Бајкер-ски јакни, тесни кожни пантало-ни, за што и да се решите, важно е само да ги следат нитни.

Патенти и нитни незаобиколни детали

Патентите и нитните кои беа актуелни ова лето ќе бидат популарни и во претстојната сезона. Интересно изгледаат на капутите, јакните или аксесоарот, а особено на дам-ските чантички.

Извор: “Блиц”, Белград, автор: Оливера Вучетиќ

Модниот свет во проблеми: Escada

заминува во стечај?

Откако неколку угледни дизајнерски куќи јавно признаа дека имаа проблеми во ра-ботата и најавија прогласување банкрот или покренување стечај, се чини дека ќе им се придружи и германската Escada.Таа угледна дизајнерска куќа, позната по женска облека, најави покренување стечај доколку кредиторите не се согласат на ре-програмирање на долговите и замена за удел во сопственоста.Escada, која вработува 2300 луѓе, во со-општението за јавност напишала дека сте-чајот ќе покрене поради заканувачката неликвидност на вложувањата. Рок за ре-програмирање на долгот истекува, а Es- cada на кредиторите им понудила 400 евра готовина и десет акции на фирмата за секои 1000 евра долг.Во фирмата сметаат дека би можеле да го избегнат стечајот доколку барем 80 кредитори се согласат на такво ре-програмирање. Според последните ин-формации таков договор не прифатиле ни половина од кредиторите.

Извор: “Национал”, Загреб

Ригорозниот режим за слабеење на Џенифер

Анистон

Актерката Џенифер Анистон грижливо внимава на својата линија, па неретко по-сегнува по разни диети за да се ослободи од секој непотребен килограм кој тука и

Page 31: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

@ivot, moda, estrada 31таму ќе ѝ се поткрадне. Остриот режим на исхрана и напорното вежбање се нејзино секојдневие затоа што сака да изгледа како да има 35.Секој пат кога ќе почувствува потреба да се реши од некој непотребен килограм, Џе-нифер се фрла на строг бескомпромисен режим на исхрана. “Секогаш кога сака да изгледа совршено, Џен тргнува со строга диета која ѝ овозможува во само пет дена да изгуби два и пол килограми”, открива близок извор за магазинот Style Weekly. “Таа тоа го прави секогаш, а го правеше и во текот на снимањето на неколку послед-ни филмови. Тоа неа не ѝ паѓа тешко. Сум ја видела да јаде тестенини само еднаш!”Четириесетгодишната актерка која овие де- нови е зафатена со снимање на филмот “The Bounty” во Њујорк, изгледа подобро од било кога, а како причина за нејзината убаво обликувана фигура се наведува строгиот режим на вежбање.“Џен станува многу рано, бидејќи снимаме од 6 наутро до 11 навечер, но без оглед на тоа е полна со енергија и насмеана. А неј-зиното тело изгледа неверојатно!”

Џенифер, наводно, станува веќе во три часот за да има доволно време за да вежба и своето тело да го доведе во топ форма. “Бидејќи снимањата почнуваат многу рано, таа станува во три за да вежба два часа пред снимање. Во филмот глуми улога на 35-годишна затоа сака да биде фит, но и да ги задржи своите облини. Тоа не е ни малку лесно, но успева. Нај-често комбинира јога со остар режим на исхрана и фитнес.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Woodstock - симбол на младешкиот бунт

Во летото 1969 година се случиле многу убави, но и тажни моменти за паметење. Луѓето слетале на месечината, актерката

Sharon Tate и уште шест луѓе ги уби сери-скиот убиец Charles Manson и, секако, се случи Woodstock. Она што се случи на старата фарма Maxa Yasgura во Bethel, и она што менхетенските промотори го на- рекоа тридневен фестивал за мир и му- зика, се претвори во многу повеќе. Ос-вен што Woodstock стана најголемиот концерт во историјата, тој навистина не-надминливо веќе четири децении носи титула на општествен и социолошки фе-номен. Ниеден друг настан имено не е толку коментиран и анализиран како овој одржан од 15 до 17 август, 70 километри од градот Woodstock во државата Њујорк.

Пред повеќе од 40 години околу 500.000 луѓе повеќето на возраст од 16 до 30 годи-ни дошло на концерт не ни насетувајќи дека ќе станат дел од историјата. Би дошле и по-веќе, сигурно уште толку, доколку поли- цијата не ги блокирала патиштата и прио-дите до фармата. Но оние кои се пробиле сведочеле на историски настан во текот на кој три дена и ноќи на сцената се сме-нувале The Who, Joe Cocker, Jefferson Air-plane, Janis Joplin, Creedence Clearwater Re-vival, Santana, Grateful Dead, Crosby, Stills, Nash & Young, Jimi Hendrix... Концертот во музичка смисла го означил врвот на тоа време - собрал феноменални 32 изведува-чи кои ја задолжиле музичката сцена. Еден од најдобрите настапи остварил Jimi Hendrix. Го затворил фестивалот инсисти-

рајќи да настапи последен и при тоа ја из-вел легендарната верзија “The Star Span-gled Banner” која станала еден од најмо-ментите во историјата на рокот. За на-

стапот добил двојно повеќе пари од останатите, а оние музичари кои слушнале за тоа организаторите ги лажеле де-ка ќе настапи два пати. Но, Jimi, со оглед на желбата да настапи последен на Wood- stock, го виделе многу помалку луѓе отколку останатите изве-дувачи. Кога тој дошол на ред останале само 80.000 луѓе. Иако многумина ѝ се восхиту-вале на Janis Joplin, некои тврдат дека нејзиниот настап бил еден од најлошите, затоа

што дрогата веќе потполно ја презела. За разлика од неа, настапот на The Who се смета за еден од најдобрите.

Но не се само музиката, добрите вибра-ции, љубовта и дружењето на децата на цвеќето она поради што Woodstock ста-нал она што е денес. Бил тоа момент кога хипи генерацијата ги отфрлила традицио-налните вредности на Америка. Бил тоа глас на младите против режимот, војната во Виетнам и американската администра-ција воопшто.До тогаш повеќе млади се доживувале се-беси како дел од изолирано малцинство, а Woodstock го покажал нивното единство и заедништво за кое се верувало дека не постои. Иако полицијата стравувала од инциденти, во тоа мноштво циркулирале само музика, љубов и облаци марихуана. И покрај неверојатната маса, не е пријавен ниту еден грабеж, силување или судир. Тројца умреле од предозирање, еден од пукнување на слепо црево, а едно лице го згазил трактор. Но затоа во текот на тие три дена на светот дошле три деца.Музичарот Richie Havens, кој го отворил фестивалот непланирано пеејќи дури три часа, бидејќи другите музичари се за-главиле во сообраќајот и не можеле да стигнат, со гордост се сеќава на тие три дена. Тој на концертот дошол со хели-коптер и така имал чест од птичја пер-спектива да го види мноштвото. “Сè во мојот живот е поврзано со Woodstock, како и во животите на другите музичари кои таму настапија. Тој фестивал, како и спуштањето на Месечината, ги одреди настаните во подоцнежната иднина”, ис-такнува Havens.

Организаторите на концертот биле на сто маки, бидејќи на почетокот не одело сè по планот. Првобитно концертот требало

Page 32: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

32 Reporta`i да се одржи во местото Willkill, но градот тоа го забранил оправдувајќи се дека помошните тоалети не го задоволуваат постоечкиот градски правилник. Во при-казната се вклучил локалниот фармер Max Yasgur отстапувајќи го своето поле за тогашни 50.000 долари. Организаторите очекувале околу 200.000 луѓе, колку се продадени и влезници, но реката луѓе која се слевала преку фармата никој не можел да ја запре ниту контролира.Затоа организаторите Michael Lang, John Roberts, Joel Rosenman и Artie Kornfeld, откако мноштвото ја скинало оградата, одлучиле влезот на концертот да го про-гласат за слободен. Останатото е историја.

Професорот по новинарство на универзи-тетот Quinnipiac Rich Hanley, кој бил на концертот, Woodstock го нарекува после-ден грч на револуционерните шеесетти. И додека на многумина Woodstock им се чини како ветување на една прекрасна ера, се случило сосема спротивното.“Набргу по концертот децата на цвеќето се откажаа од тоа да го сменат светот, си ги скратија косите и се вработија, а со ра- ботата ѝ дојде и крајот на забавата. Се случи отрезнување и до 1971 година сите идеалисти исчезнаа. Хипиците де-нес станаа републиканци. Наместо LSD земаат вијагра и полека ја губат косата”, четириесет години по Woodstock комен-тира Hanley.

Со тоа се сложува и директорот на музејот Bethel Woodstock - Wade Lawrence кој ве-ли дека ситуацијата се променила веќе че- тири месеци по Woodstock, кога во де-кември е одржан Altamont Speedway кон-цертот во Калифорнија кој завршил во крв. Децата на цвеќето се уморија и ги из-губија илузиите.Го покажува тоа неуспешниот случај на Michael Lang, кој не успеал во својата наме- ра да организира фестивал со кој би се одбележале 40 години од тој настан. Де-сет милиони долари трошоци ниеден по-тенцијален донатор не сакал да преземе на себе покажувајќи дека Woodstock е едноставно неповторлив. Но сепак сите се сложуваат дека тој тридневен спој на љубов, мир и музика секогаш ќе остане симбол на младешкиот дух и вербата де-ка музиката и љубовта можат да го сменат светот.

Извор: “Вјесник”, Загреб,автор: Ана Лоњак Божичевиќ

Патување во кафе Сан Марко

Политика ексклузивно објавува одломка од книгата новели на Клаудио Макрис “Микро-космоси” која овие денови на српски јазик ја објавува Издавачката куќа Архипелаг во превод на Снежана Милинковиќ. За книгата Микрокосмоси, која говори за Трст и Меди-теранот, за ведрината и светлината на морето, за Италија и другата Југославија и нејзината пропаст, Клаудио Магрис ја до- бил наградата “Стрега”, најважното кни-жевно признание во Италија.

Ребека Хорн, The Feathered Prison Fan, 1978.

Сан Марко е Ноев кораб во кој, без прио-ритети и изземања, има место за сите, за секој пар во потрага по засолниште од дождот, а и за оние неспарените. На-вистина, никогаш не сум ја разбирал онаа приказна за потопот, понекој уште се сеќава на зборовите на господинот Шен-хут, човекот за сè од блиската синагога, изговорени додека дождот добувал по стаклото, а големите, модри дрвја во паркот - при крајот на Улицата Батисти, од левата страна кога ќе излезеш од ка-фето - ги виткал под металното небо. Ако потопот бил казна за гревовите на овој свет, тогаш приказната би требало да заврши еднаш засекогаш, зошто да се уништува, а потоа да се почнува со гра-дење од почеток? Како потоа да било по-добро; напротив, уште повеќе кланици и суровости, а никаде потоп, уште повеќе, со ветување дека животот на Земјата не-ма да се искорени.Од каде толкава милост за подоцнежните убијци, а никаква за нивните претходници кои се подавија како глувци? Требало да знае дека со секое живо битие, животно или човек, во коработ влегувало и злото; тие типови, над кои се сожалил, во себе носеле зародиши на епидемии на омраза и болка, епидемии на кои им се судено да избиваат сè до крајот на овој свет. И го-сподин Шенхут би го испивал своето пиво, сигурен дека работата се завршува тука, затоа што тој можел да каже било што за израелскиот бог, да фрла по него со дрвја и камења, сè останува во семејството. Некој друг, пак, би испаднал многу нетактичен а, понекогаш, и многу прост.Вие сте потполно разбушавени, одете до тоалетот и средете се, му рекла тогаш, строго, старата госпоѓа. За да стигнеме до тоалетот, од салата каде се наоѓа шанкот, поминуваме под маски, под очите кои откосо гледаат, желно и уплашено. Под-

логата која ги врамува тие лица црна е, тоа е мракот во која карневалот ги пали усни-те и образите; свиткан, простачки нос ви-си како кука што ги фаќа оние под и ги од-влекува на таа мрачна забава. Не може со сигурност да се каже кои се авторите на тие маски, и покрај вложеното трпение и трудот на научникот како Сан Марко да е стар храм, но се чини дека тие лица, или барем некои од нив, му припаѓаат на Пијетр Лукан, кој во црквата Сакро Куо-ре - недалеку од кафето, треба само да се помине низ паркот или да се искачи по блиската Улица Маркони - насликал два ангела во апсидата; ангелите држат два запалени кругови, а уметникот језуи-тите го натерале на тие акробати на веч-носта да им ги продолжи сукњичките сè до глуждовите, за да не им се видат андроги-ните нозе.Некои тврдат дека извесен број маски му припаѓаат на Тимел, можеби онаа маска на дама во другата сала. Претпоставката е многу лабава; несомнено дека во тоа време, пред крајот на триесеттите го-дини, самонаречениот “миленик на ули- цата”, скитничкиот сликар, роден во Виена, а стигнат во Трст да ја заврши својата автодеструкција, прибавувал во кафињата по некоја поднослива вечер која на неколку часови му ја ублажувала неможноста за живеење. Му подарувал некое мало ремек-дело на некаков богат трговец од Трст, мецените за кои уметни-ците биле смотани, разиграни мечки, а за возврат добивал обилно пијалак кој му овозможувал да ја помине вечерта и кој, малку по малку, го испраќал на дно. (...)На шанкот сјаат садови со овошје и шиши-ња шампањ, ребрестиот црвен абажур е искричава медуза, во висината лустерите блескаат и се брануваат како месечини во вода. Приказната вели дека Сан Марко е отворен на 3 јануари 1914 година - и покрај опирањата на Конзорциумот на меанџии на Трст кои залудно му се об-ратиле на царко-кралскиот намесник за да го спречат отворањето. Се збору-ва и дека веднаш станал зборно ме-сто на иредентистичката младина, а и работилница на лажни пасоши за анти-австриските патриоти кои сакале да по-бегнат во Италија. “Лесно ѝ било на таа младина”, мрморел господин Пихлер, бивш оберлајтнант на галицискиот фронт во времето на кланицата 1916, “лудо се забавувале со тој проток на исечени и залепени фотографии, како да земале една од овие маски и ги ставале на лице, не размислувајќи дека таа иста мас-ка може да повлече во мрак во кој се исчез-нува, како што во тоа време повлече многумина од нив, а и нас, ви Галиција или на Крас... И да не претеруваме, како след-ните жандарми и полицајци - во ред,, би било грдо, сè растурено и скршено, а така убав кафе... но Австрија, сè на сè, била цивилизирана земја, намесникот Де Фрискен, дури и во време на војната, им се извинувал на иредентистите каков што бил Силвио Бенко што го држи под специјален надзор, затоа што тоа би-ла наредба одозгора. Да постои уште Цар-ството, сè би било исто, светот и натаму би бил еден кафе Сан Марко, а зарем е тоа малку ако погледнете таму, надвор?”Во Сан Марко триумфира, витална и крва-

Page 33: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Reporta`i 33ва, различност. Стари капетани на долга пловидба, студенти кои спремаат испити и проучуваат љубовни маневри, шахисти нечувствителни за сè што околу нив се случува, германски туристи привлечени со ситните натписи посветени на малите и големи книжевни величини на кои овие маси се навикнале, молчеливи читачи кои ги критикуваат злите времиња, мудри бунтовници, несфатени гении, понекој имбецилен јапи, тапи кои полетуваат во воздух како почеста стрелба, особено кога господин Брадаскја, кој повеќе па-ти веќе лажно се претставувал - меѓу ос-танатото, тврдел дека има диплома - и ко-му се судело поради тоа, спокојно нуди пијалак на секој кој ќе наиде или пројде покрај него, наредувајќи му на келнерот, со тон кој не дозволува одбивање, сè да му стави на сметка.

“Во суштина, јас бев вљубен во неа, но не ми се допаѓаше, додека јас неа ѝ се допаѓав, но не беше вљубена во мене”, вели господин Палич, роден во Лошињ, резимирајќи го мачниот љубовен роман. Кафето е бруење на гласови, неповрзан и едноличен хор, освен по некој извик на масата на шахистите или, навечер, клави-рот на господин Плини - понекогаш рок, почесто подводничка музика од времето меѓу двете војни, во твоите црни очи се пали желба, и приказната продолжува по чекорите на мелодичниот кич. (...)Гласови се подигаат, мешаат, гаснат, зад грбот, кон дното на салата, се слуша шум на бранови. Звучни бранови се оддалечуваат како кругови од дим, но понекаде и понатаму постојат. Секогаш ги има, светот е преполн со гласови, некој нов Маркони би можел да измисли апа-рат кој сите би ги фатил, бескраен жагор над кој смртта е немоќна; бесмртни и бес-телесни се душите ултразвуци кои лутаат по универзумот.Во Сан Марко никој не негува илузија дека источниот грев не е сторен и дека животот е девствен и невин; затоа на не-говите посетители е многу потешко да им се поттури некој фалсификат, влезница за Ветената земја. Да се пишува значи да се биде свесен дека не се наоѓаме во Ве- тената земја и дека во неа никогаш нема да стигнеме; но да се пишува значи и упорно да се чекори кон таа земја, низ пустина. Седејќи во кафето, патуваме, и како во воз, хотел или на улица, ги носи-ме само неопходните работи, на ништо не може да му се наметне фалбаџиски индивидуален печат, не сме никој и ни-што. Во таа фамилијарна анонимност, можеме да се замаскираме, да се осло-

бодиме од нашето Јас како од кора. Светот е неистражена длабочина во ко-ја пишувањето преплашено и упорно се спушта. Пишување, прекинување, муабе-тење, играње карти; смеа од соседната маса, профил на жена, неодминлив како судбината, вино во чашата, позлатена боја на времето. Часови течат пријатни, безгрижни, скоро среќни.Внурнување во море, само миење на ра-цете во плитката и млака вода на лагуната, ставање на лицето под фонтаната во блискиот парк, како тогаш после трчање по снегот така бел што изгледаше син, под мал извор на онаа лединка во шумата ка-де елените доаѓаа на поило, во светата вода на црквата Сакро Куоре, во Улицата Ронко, така свежа. Во суштина, сè е толку близу, на два чекори. Кој сака да протегне нозе и да направи мал круг околу светот, Сан Марко има одлична положба.

Извор: “Политика”, Белград

Кафе со Рурк: Ја заебав својата кариера

Micky Rourke (фото Т. Смољановиќ)

Со шешир на главата, неизбежните очила за сонце и елек облечена на пола гради, Мики Рурк се појави во Сараево на средба со новинарите и гостите на фестивалот наречена “Кафе со...”. Доцнеше 35 мину-ти со објаснување дека го спречила со-обраќајната гужва, иако хотелот му е од-далечен сами 300 метри од местото на средбата, разговорот траеше 25 минути, пократко од кога се разговараше со други актери, но сè му беше простено, особено во моментите кога признаваше дека сам си ја упропастил кариерата.“Бев неодговорен што 13 или 14 години не снимав, си ја заебав кариерата. Се вратив со филмот “Sin City” на Роберт Родригез, иако не верував дека ќе добијам прилика да се вратам. Во Холивуд едвај добиваш една шанса а јас добив дури две. Грозно се чувствував, но спортот ме научи да се борам до крај, дека не сум мртов”, објасну-ва Рурк кој сепак снимал филмови во тие 13 или 14 години но тоа биле главно без-вредни филмови. Како бивш боксер се од-несувал спортски, односно бил упорен. “Навистина сè заебав, пред 15 години на сите им зборував да ми го бацат газот, и тоа како се заебав”, се сеќава на деновите кога беше славен.Сеќавајќи се на осумдесеттите години говореше за своите филмови кои го про-славиле, па така за “Барска мушичка” рече дека во тоа време не пиел, а писателот Чарлс Буковски во тоа време пиел со не-говиот брат додека него го сметале за слабак, а за филмот “Ангелско срце” во кој глумел со Роберт де Ниро рече дека бил еден од најтешките кои некогаш ги

снимил затоа што Алан Паркер е многу сложен режисер, како и Дарен Аронофски кој го режираше филмот “Борач” и за кого рече дека е “многу талентиран курвин син”.Неговиот следен голем проект е “Iron Man 2” кој повторно го режира Џон Фавро и повторно го глуми Robert Downey, jr. “Во младоста не се заебавав со јунаци од стрипови, им се восхитував на спортските јунаци”, рече Рурк кој вели дека му се восхитувал само на еден актер, Ерол Флин. Кога почна да се разговара за таблоидни теми како што се неговите ку-чиња, Рурк рече дека има пет кучиња, но откако пред неколку месеци умрело не-говото најсакано куче Локи, престанал да ги води со себе на патувања. А тогаш една девојка го праша што повеќе му се допаѓа, да се појави на црвениот тепих со своите кучиња или со згодна девојка, Рурк рече: “Ова е најдоброто прашање денеска” и ја замоли да се заврти да види каков задник има, што новинарката и го направи. Сепак, на прашањето за жената на неговиот живот одговори “сеуште ја барам својата фатална жена”.

Извор: “Национал”, Загреб

Гуча како музика

Кавалот, хармониката и трубата. И Србите

Психолошката состојба: “Денес сме, утре кој знае кај сме!” српската музика ја изразува избегнувајќи ги ориенталните скалила, а ги заменува со трилери и останати украси достојни за француската барокна музика. Од друга страна, “црни” оркестри изведу-ваат едноставна визија на турските двор-ски и воени оркестри, која е агресивна и де-ликатна во таа мерка што на слушните ор-гани на Европјаните им е несфатлива.

Овчарскиот кавал како да исчезнал од музичката традиција на српските селани. Селаните, со една нога во село, со другата во град, засрамени и преплашени од својот атавизам (кој тогашната “самоуправна власт” го прогласи и за примитивизам), се откажале од инструментот кој со својот интимен и треперлив звук можел да ги потсети на селото: родителите, овците, брдата над потоците. И, не дај Боже, во-деницата „поточара“. На нивна среќа, звукот на кавалот на Сава Јеремиќ се преметнал во звукот на “техно-лошки понапредната” хармоника, кој го воспоставија Радојка и Тине Живковиќ. “Граѓаните од село” не мораа веќе да се сра-мат од кавалот и своето потекло. Патем, звукот на хармониката го поврза со себе

Page 34: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

34 Reporta`iи звукот на гајдите и направи момчињата од село да не се срамат од своите “шими” чевли и бели чорапи. Од друга страна, младите хармоникаши успеаја со вештите транскрипции на делата на европската класична музика и делата оригинално на-пишани за овој инструмент да востано-ват школа за класична хармоника која е една од најценетите во светот. Сепак, тра- дицијата на кавалот исчезнала веќе во предградијата на српските градови. Тивки- от “дерт” потполно го заменила хармони-ката, дали затоа што Србите повеќе сакаат полифонија од едногласието? Токму ка-ко што, се смета, Мокрањац со своите полифони хорски дела ја изневерил визан-тиската музичка традиција и начелата на ортодоксната грчко-православна музичка пракса.Трубата во српската традиција ја вовел чешкиот Евреин Јосиф Шлезингер, ка-петан - капелник на кнезот Милош Обре-новиќ. Шлезингер основал оркестар кој изведувал војнички маршеви, во нив спојувајќи го српскиот фолклор и за-падната традиција. Со негова заслуга трубачите станале и дел од војничкиот состав. Звукот на трубата, наменет за поттикнување на војничките и патриот-ските чувства, војниците трубачи го до-неле во своите села и му го смениле ка-рактерот. Се случила уште една необична “српска инверзија” - повикот во бој заме-нет е со повик на оро.Србите, кои мирни раздобја во последни-те два века доживувале само како одмор меѓу војни, не се разделувале од војнич-ката труба. Ја донеле во своите села како дел од воените спомени, баш како што и деловите од војничката униформа станале и дел од нивната носија. Така трубата го заменила кавалот, токму на начин на кој во западната музичка традиција моќниот клавир го заменил звукот на крепкото чембало.Настанувањето на дувачки оркестри уследило како природна појава, која морала да го проследи и означи секој по-важен друштвен настан. Сепак, српската кафеана, која сеуште претставува најва-жен дел од српскиот парламент, им се приклонила на помалите ансамбли (виолина, хармоника, контрабас), чија звучност не е толку агресивна како српска-та дувачка “џез биг бенд” постава.Американската поделба на “црн” и “бел” џез забележителна е и во српската на-родна музика. Повеќевековната турска окупација успеала и кај нас да направи музичка поделба: југот на Србија се приклонил кон турско-ориенталниот му-зички јазик. Пречесто се заборава дека и турската музика своето потекло ѝ го должи на долгата персиска традиција и дека не е никакво чудо што “техеран-скиот” звук преовладува во српската но-вокомпонирана “народна” музика (која, патем речено, повеќето српски медиуми упорно ја нарекуваат “фолк” музика!). Ка-ко и поделбата на “црн” и “бел” џез и кај нас е забележителна поделбата на “црни” и “бели” дувачки оркестри. Секако, “црни-те” се ромски, а “белите” - српски.“Белите” трубачки оркестри ја сочувале српската традиционална музика, иако понекогаш се присилени да му подлег-нат на притисокот на пазарот, кој смета

дека “дерт” - чувството е можно да се доживее само низ ориенталните скали-ла и непарните ритами. “Дерт” (или “севдах”) е чувство својствено на сите бал- кански народи и со корени е врзано за поезијата и уметноста на Истокот. Овој израз ја означува психолошката состојба: “Денес сме, утре кој знае кај сме!”, или будистички скратено: “Денес сум - утре не сум”. Ова чувство српската музика го изразува избегнувајќи ги ориенталните скалила, а ги заменува со трилери и оста-нати украси достојни за француската ба-рокна музика. Од друга страна, “црни” оркестри изведуваат едноставна визија на турските дворски и воени оркестри, која е агресивна и деликатна во таа мерка што на слушните органи на Европјаните им е несфатлива во своето психолошко ме- андрирање. Овие поделби измешани се во естетскиот шпил на карти на слушате-лите, а повеќе и го заборавиле одамна изреченото тврдење кое го изрекол леген-дарниот пејач Предраг Цуне Гојковиќ. Ре-кол дека српската изворна музика може да се пронајде само во селата кои се нао-ѓаат над 700 метри надморска висина.Во текот на изминатата деценија трубач-ките ансамбли ангажирале за свои по- треби и поголем број на теми од фил-мови и телевизиски серии. Една од по-популарните обработки е и темата од серијата “Отпишани” која ја компонирал џез-саксофонистот Миливоје Миќа Мар- ковиќ. Аранжманите на поп и рок хито-вите пленат со својата наивност, но често и со луцидни и имагинативни идеи. Фено-менот на дувачките оркестри станал и заштитен знак на Србија, како и ракијата.Интересни се и обидите на странски ансамбли кои не учествуваат во натпрева-рувачкиот дел од програмата на Гуча. Нив-ните настапи прецизно ги покажуваат карактеристиките, одликите и мааните на српскиот менталитет. Иако понекогаш беспрекорно увежбани, иако е очигледна и нивната желба потполно да овладеат со компликуваната орнаментика и артикула- ција, овие ансамбли не успеваат да ги пренесат чувствата на “дерт” и “чивијаш-ки”-от дух кои се и најкарактеристични особини на српскиот менталитет. Верувам дека нивните настапи српските трубачи ги оценуваат концизно и прецизно: “Уба-во свират, ама не се - зезнати!” Со овој “зезнат” елемент Србите се гордеат, а и кога би сакале да се откажат од него, не би успеале: музичката орнаментика, “зезнатите” трилери и пасажи, се пре-сликуваат и во српскиот парламент, пар- тиските судири, печатот, законите и “ра-досната” желба - “на комшијата да му цркне кравата!” Ова гесло, кое сликовито го објаснува српскиот менталитет, воед- но, но и парадоксално, крие во себе и патриотски чувства, така што на стран-ците оваа маса од дивергентни податоци им е несфатлива во таа мерка што ком-пјутерските стручњаци веројатно се откажале од изработката на програма која би можела да го објасни и прикаже психо-лошкиот профил на српскиот народ.Соборот во Гуча со своето постоење укажува и на односите на полето на от- секогаш магичните одредници: локално - глобално, национално - космополитско, елитно - профано. Овие одредници пот-

тикнуваат размислувања и за можностите за зачувување на националниот иденти-тет, кој под притисок на економската и културната глобализација, станува запра-шан и во причините и во целта на своето постоење. Од друга страна, уверението дека соборот во Гуча е - профан, а “Егзит” - елитен, отвора прашање за разбирање на поп и рок музиката. Како да се заборава дека “Егзит” ја репрезентира “светската народна музика”, и дека, во суштина, овие два фестивали не се “скарани”.Или, како што одамна рече еден дедо одговарајќи на новинарско прашање за музичките вкусови на неговите внуци: “Едно сака народно, друго забавно!”(Авторот е пијанист, книжевник и професор на Музичката академија во Белград)

Извор: “Политика”, Белград, автор: Милош Петровиќ

Заминување во историјата: Убиството на Ориент

експрес

По 12 декември активна ќе остане само ли-нијата од Кале преку Париз до Венеција со карта од 1.550 фунти

По 126 години патешествија на големите поети, писатели, познати љубовници и романтични авантуристи, најпознатата линија во историјата на европската желез-ница Ориент експрес ќе биде избришана од возните редови. Со оглед на тоа дека неговата траса на повеќето етапи ја заме-ниле неколку пати побрзи, модерни возо-ви, линијата од Виена до Стразбур ќе биде во функција до 12 декември. Активна ќе остане само трасата на луксузниот ве-нецијански Симплон Ориент експрес со шински возила од 20-тите години на ми-натиот век, во кој патниците за возење во еден правец од Кале преку Париз до Вене-ција ќе мораат да платат 1.550 фунти.ПочетокВозот овековечен 1934 година во рома-нот на Агата Кристи (Убиство во Ориент експрес) некогаш поминувал низ Франци- ја, Германија, Австрија, бивша Југославија, Романија, Бугарија и Турција, до чиј гла-вен град престанал да сообраќа уште 1977 година. Од моментот кога 1883 го-дина прокрстарил по европските пруги бил собиралиште на аристократи, богати

Page 35: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Reporta`i 35бизнисмени и уметници. Првото возење привлекло големо внима-ние. Во Париз стигнале не само угледни граѓани туку и мноштво љубопитници кои сакале да го испратат возот. Во то-гаш најлуксузните видени вагони се на-товариле Французи, Германци, Турци, Ав- стријци. Самиот израз Ориент експрес не преставувал некоја одредена компанија, туку вид на услуга втемелена во дамнешни времиња.При влегувањето патниците ги дочекувал стјуард во ливреја, кој би ги испратил

до купето и се грижел за нив во текот на целото патување. Не жалел пари за пре-красен кристал, избрана гастрономска понуда и првокласни вина... Колите за спиење имале кабини за дваесет патници и два тоалета со простор за миење. Бил обезбеден дури и сапун, што бил необи-чен луксуз за она време. Во текот на возе-њето за патниците на многу станици бил организиран и свечен дочек, а официјални дочеци биле приредувани на станиците во Виена и Будимпешта.РеставрацијаОригиналните вагони од 20-тите и 30-ти-те години од минатиот век подоцна се реставрирани, така што возот сеуште го красат мозаички подови, луксузни ма-теријали, богати интарзии, рустични ламби и неизоставните детали од месинг. Поточно, триесеттина вагони од 1920 година собрани се ширум Европа, за врвните мајстори на својот занает од старо железо да го создадат новиот венецијан-ски луксузен приватен воз - Симплон Ориент експрес, кој од 1982 година па-

тува по Европа во уште поголем сјај. Композицијата вагони за дневни линии така се опремени со удобни фотелји и

маси поставени покрај прозорците за патниците да можат да уживаат во сли-ковитите пејзажи. Во возот од самиот по-

четок немало место за тренерки, патики или фармерки. Од гостите се очекувала елеганција, особено во вечерните часо-

ви, и вечерните одела и фустани се не-што без што не се тргнувало на пат. На повеќедневните линии на патниците им биле обезбедени коли за спиење во кои секое купе во текот на денот се претворал во интимен мал салон.СпецијалитетиВелат дека немало поголемо уживање од она кога стјуардот во рана зора ќе ви донесе богат појадок во купето, па со ут-ринско кафе и кроасани ги набљудувате волшебните пејзажи. Во вагон-барот и дури неколку потполно различни вагон-ресторани специјалитетите се избирале во согласност со најголемите светски гот-вачи. За тоа како најпознатите меѓу нив се бореле своите специјалитети да ги овеко-вечат во сеќавањата на светската елита своевремено во Алманахот Гастро бисери пишувала публицистката Сандрина Ваг-нер. - Вечера во Симплон Ориент експрес посебно е доживување. Шефот на куј-ната е обично еден од најпознатите фран-цуски готвачи, кој се труди да понуди нај-вкусни и најразновидни специјалитети и виртуозни мајстории на легендарната француска кујна. Обедот почнува со паш-тета од гуска или мали залаци морски плодови, деликатно сервирани во оклоп од морски еж или јастог спремен во гли- нен сад со морски алги и најубави, свежи ракови. Следно јадење на менито би можела да биде риба лист, сервирана

како плетенка со бел сос од путер, црвен кавијар или црвени рибизли растурени по чинијата - пишува Вагнер за гастро- номските волшепства од Ориент експрес, споменувајќи ги неговите познати патни-ци и приказните зачинети со сладникав дим од извиените лулиња и вкусот на коњак кој зашеметува, меѓу кои, вели, нај-честа била онаа за животот и мистиката на најинтригантната жена, во со војна ве-ќе зафатената Европа, за Мата Хари.

Утро во Трансилванија

На патувањето Париз - Истанбул се тргну-вало од Париз од Gare de L’est, старата ста-

ница на овој воз. Вечерата е сервирана во текот на преминот покрај швајцарските и

австриските Алпи. Наредниот ден се ру-чало во близина на Виена, а вечерата е ор-ганизирана во будимпештанскиот хотел Мариот. По еднодневно разгледување на Будимпешта, навечер се тргнувало за Романија. Во утринските часови возот поминувал низ Трансилванија, доаѓал до планинското гратче Синај, а потоа го продолжувал патот до Букурешт. По разгледувањето на романската престол-нина и одмор во хотел возот би се упатил во Бугарија, а оттаму во Турција и кон крајното одредиште Истанбул.

Извор: “Стандард”, Белград, автор: Катарина Вуковиќ

Page 36: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

36 Patuvawa i patopisi

Грац, типична Австрија

Градот во кој студирал Никола Тесла, ток-му благодарение на студентите има добар ноќен живот, а најдобрите пабови се сконцентрирани во стариот град и околу универзитетите.

Фото: Flickr

Грац му го должи своето име на некогаш-ното словенско население, кое му дало име Градац по малата тврдина на густо пошуменото брдо. Подоцна називот му е променет во Грац. Името Грац се јавува прв пат во 1128 година.Градот се наоѓа во југоисточниот дел на Австрија, блиску до словенската граница (околу 30 км). Виена е оддалечена околу 200 км северно или 2 и пол часа возење.Климата во градот е умерено континентал-на со благо влијание на планинската кли- ма од блиските Алпи. Просечната годишна температурата е 9,4°C, а просечната коли-чина на врнежи 818мм со 92 дождливи денови во годината.Вториот по големина град во Австрија, Грац има околу 300.000 жители, од кои 40.000 се студенти, поради што ноќниот живот е развиен и разновиден.Пабовите, кои сè повеќе личат на оние во Ирска и Англија, сконцентрирани се околу историското јадро на градот, кој е совршено сочуван. Друг дел на градот ка-де исто така доминира забавата, сместен е во околината на универзитетот Karl-Franzens, западно од центарот. Во градот има 6 универзитети.Студентскиот живот денес му дава ритам на Грац, а еден од овдешните студенти бил и Никола Тесла од 1875 до 1877 го-дина. Грац е и родно место на Арнолд Шварценегер.И покрај тоа што Сојузниците жестоко го бомбардирале во текот на Втората светска војна, квартовите од 19-иот век источно од стариот град, останале скоро недопрени, и прошетката по улиците на центарот може лесно да исполни два до три туристички денови.

Атракции

Grazer Schlossberg (Грацер Шлосберг) е замок на врвот на брдото во центарот, и е главна туристичка атракција на градот, а

паркот околу замокот е прогласен за јавна површина уште 1839 година. Во рамките на замокот е и саат-кулата Uhrtrum, сим-бол на Грац кој може да се најде на по-веќето разгледници. Во паркот околу за-мокот има неколку многу пријатни кафеа, а она покрај кулата Uhrtrum има најдобар поглед на стариот град. До Шлосберг може да се стигне со воз- душна железница или жичара (Schloßberg-bahn) или лифт (Schloßberglift), или по старите криви патекички. Hauptplatz е плоштад со трапезоиден облик, настанат во 17-иот век и од тогаш претставува центар на градскиот живот.

Од Hauptplatz поаѓаат сите главни шо-пинг улици, како и трамвајски линии. Плоштадот е начичкан и со киосци (Wür-stelstände) каде мештаните често навра-ќаат од нога да изедат франфуртска коба-сица со сенф или рен, и парче сочен црн леб. Во последно време со доаѓањето на имиграцијата сè повеќе има и источњачки специјалитети како falafela и donera (giros). На овој плоштад се наоѓа и импресивната зграда на градското собрание Rathaus.

Kunsthaus е музеј на современа уметност, сместен во спектакуларна модерна град-ба која потсетува на гигантски синкав меур, како симбол на хармоничната коег-зистенција на стариот и новиот Грац. Зградата Kunsthaus е во директен кон-траст кон старите традиционални куќи и покриви покриени со керамиди кои ја опкружуваат. Изградена е 2003 година, во годината кога Грац бил културна престол-нина на Европа, а во неа се изложени де-ла на модерната уметност настанати во текот на претходните четири децении.

Островот на реката Мур требало да биде привремена градба само во текот на 2003 кога Грац бил престолнина на културата, но останал како трајна туристичка атрак-ција. Хипермодерната, 50 метри долга че-лична конструкција всушност е покриен остров на реката Мур кој плива, а од бре-гот е поврзан со мостови и заврзан со син-џири. Во внатрешноста на островот се на-оѓаат кафе, ресторан, амфитеатар, како и игралиште за деца.

Фото: Flickr

Landeszeughaus е музеј на оружје со ед-на од најдобрите колекции на светот, распо-редена на пет ката. Грац бил значајно во-ено упориште при обидот на Турците да продрат во западне Европа, и секогаш имал многу повеќе војска и оружје откол-ку Виена. Импресивниот арсенал на пуш-ки, оклопи и ладно оружје датира главно од 16 и 17 век. Музејот е сместен во ори-гинално складиште за оружје, зграда од 17-иот век.

Пазарот Kaiser-Josef-Platz е главен град-ски пазар каде може да се најде најква-литетната храна во градот. Пазарот има огромен избор, а се отвора веќе во 6 наутро. Голем сектор од пазарот одре-ден е за продажба на органски одгледа-ни производи, а специјалитетот на покраи-ната Штаерска чиј главен град е Грац е ма-

Page 37: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Avtomobili 37слото од семки од тиква.

Gemaltes Haus, во превод Насликана куќа, е зграда во централната улица Herrenga-sse на чија фасада сликарот Johann Mayer насликал фрески со мотиви од грчката и римската митологија.

Сместување

Jugendhotel & Jugendgästehaus Graz е хостел каде може да спие за нешто преку

20 евра по лице. Слични се цените и во хостелот Central Backpackers. Во близина на железничката станица има голем број мошне удобни хотели од средна категорија каде може да се најде двокреветна соба од 60 до 100 евра.

Како да стигнете

На локалниот аеродром Thalerhof (4км) помеѓу останатите слетуваат и low cost компаниите Ryanair и Interfly. Од аеро-дромот до градот сообраќа воз на секој час (околу 2 евра), а можно е да земете и такси (околу 20 евра). Возот е најудобната опција и од Виена соо-браќа преку целиот ден. Оваа железничка траса е под заштита на UNESCO поради единствената конструкција која ја сочину-ваат 14 тунели и 16 вијадукти. Најдобар поглед ќе имате ако од насоката Виена до Грац седите на левата страна на вагонот. Директни возови сообраќаат и од остана-тите поголеми австриски градови, како и од Загреб, Цирих и Минхен.Со оглед на развиеноста и сигурноста на железницата, автобускиот сообраќај не е доминантен, така што јавните и при- ватните оператери имаа сопствени, одвое-ни терминали. Најголеми автобуски пре-возници се: Postbus, Bahnbus и Eurolines.

Извор: „Б92“, Белград

препознатлива сигурност. Иако официјални слики на внатрешноста сеуште нема, од Рено тврдат дека ентерие-рот ќе биде црн со истакнати бели шевови. Зад воланот, благо подигнатото седиште на возачот придонесува за удобноста, а незаобиколно е и уживањето во возењето.

Зависно од пазарот за кој е наменет, Stepway ќе биде бензинец од 1,6л и 90 коњи или со дизел мотор dCi 70 од 1,5л и 70 коњски сили. Со контролирана по-трошувачка од 7,6 л./100км односно 5,3л/100км (во мешовито возење) Step-way ја потврдува својата привлечност.

Dacia Sandero Stepway се произведува во фабриката со сертификат ISO 14 001 во Питести (Романија), а содржи повеќе од 5% рециклирани пластични делови додека е можно да се рециклираат до 95% возила на крајот на векот на траење. Понатаму, Dacia Sandero Stapway dCi 70 има емисија на CO2 ограничена на 140г/км поради што ги задоволува условите за потпис Dacia eco2.

Почетокот на продажба во повеќето ев-ропски земји се очекува во септември.

(З. Д.)

Dacia Sandero Stepway стигна во Европа

Dacia на салонот за автомобили во Барселона го прикажа новиот Sandero Stepway, мал SUV на база на Sandero hatchback со поголемо одвојување од земја, но без погон на сите четири тркала. Така Stepway, како и “обичниот” Sandero ќе е со погон само на предните тркала.Ако оваа Dacia ве потсетува на некој мо-дел, знајте дека е во прашање потполно идентичен Reno Sandero Stepway кој се произведува јужноамериканскиот пазар.

Со своите затегнати линии, Dacia Sandero Stepway ќе го освои помладите купувачи, во потрага по возило кое е финансиски исплатливо, а го карактеризира силна по-себност. Во сериската опрема се достапни три металик бои: платинесто сива, сива comete и огнено црвена.

Stepway има одвојување од земја за цели 20 сантиметри во однос на Sandero, а од козметичките детали тука се црни маски на светлата, хромиран раб на маската, алуминиумски фелни, 16’’ ретровизори, кваки на вратите и ат хромирани прагови или хромирана цевка на ауспухот, наба-брените браници кои треба да дадат робустен изглед, како и мноштво на хромирани детали кои треба да потсету-ваат на некои поголеми џипови, му да- ваат на Stepway спој на спортски каракте-ристики и профинетост. Нови се и покрив-ните носачи како и светлата за магла и штитениците околу лаковите на тркалата.

Од претходникот Sandero задржани се предностите кои се покажале како успешни: неоспорен однос на цената и просторноста (5 возрасни патници со висок раст можат удобно да се сместат во возилото, багажник со обем 320 дм3 VDA) како и беспрекорната и

Page 38: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

38 Semejstvo

Анабела Басало: Ми се исполни сонот да

добијам дете

Веќе се помирив со тоа дека нема да сретнам маж каков посакувам и дека веројатно ќе морам да постојам дете, а тогаш во еден ме-сец ми се случи и љубов и бременост, токму онака како опишав во една своја книга пред многу години, раскажува најпопуларната домашна писателка на љубовни романи.

Додека двомесечниот Сергеј мирно спие, неговата мајка, писателката Анабела Басало (37), задоволно раскажува како животот нагло ѝ се променил пред една година. - Душан и јас бевме заедно кога имав 19 години. Бев многу вљубена во него, но тој ме остави. Пред некои година дена го пронашол мојот број на телефон и ме по-вика. Не тврдев пазар, веднаш се видов-ме и ја обновивме врската. Забременив веќе по еден месец забавување. Можам да кажам дека ми се исполнило сè за што сум мечтаела - раскажува Анабела.

Дали е вистина дека Душан сте го опиша-ле во една своја книга порано?- Да, тоа е интересно. Во мојата втора книга “Петта љубов” постои лик кој се вика Дуле, а опишан е токму според личноста на мојот сакан. Главната хероина забре-менува со него. Таа книга е пишувана 10 години по нашата врска.Не сте венчани, дали тоа значи дека не сте приврзаник на формалниот брак?- Сè се случи ужасно бргу, без план. Не ја почитувавме процедурата прво да се венчаме, па потоа сè по ред. Бракот ќе дојде, но тоа не мора да биде сега. Мојот однос со Дуле е посилен отколку да сме венчани, поцврсто сме поврзани. Офици-јален брак планираме најмногу заради Сергеј, но дури кога малку ќе порасне, да може и тој да присуствува на тој чин.Како се снаоѓате во улогата на мајка?- Одлично, Сергеј сега има нешто повеќе од два месеци и е сјајно бебе. Ноќе мирно спие, а дење е насмеан. Малку е разгален, бидејќи ние двајца доцна добивме дете, па сè му е подредено. Но, не се жалиме.Вистината само на жените им го уништува живототНиз своите романи, но и јавни настапи, Анабела сруши многу табуа врзани за машко - женските односи, и не се либеше отворено да говори за сексот и еротиката. Атрактивната русокоса сега работи на својата шеста книга во која, вели, ќе ос-тане доследна на љубовно-еротската те-

матика.- Ќе биде тоа приказна за жени од различ-но потекло кои одлучиле цел еден ден да говорат вистина, што нормално ќе им ги уништи животите - открива. - Гледајќи ја емисијата “Момент на вистина” сфатив дека, кога жените ќе ја кажат вистината, тоа неизбежно им го уништува животот, додека кај мажите е сосема поинаку. Нивните жени тогаш обично седат во сту-диото, слушаат или плачат, но во нивните животи ништо нема битно да се промени.

Извор: “Блиц”, Белград, автор: Оливер Вучетиќ, фото: “Блиц”

Стравот од Другиот произведува насилство

Насилството меѓу младите е сè пораспро-странето и добива сè потешки облици. На-силството е најчеста форма на кршење на човековите права. Школското насилство, семејното насилство, како и секое друго насилство се спротивни на моралните и правните норми (вклучувајќи ја и Кон-венцијата на Обединетите нации за детски права). Насилството над децата почнува уште во најраната возраст, а по-тоа се провлекува низ целиот процес на социјализација која се одвива во училиш-тето и во широката општествена средина. Различните облици на насилство се, всуш-ност, производ на општествена криза.Симптоми на кризата на училиштата претставуваат облици на насилство меѓу учениците, меѓу учениците и наставниците, меѓу учениците и врабо-тените во училиштето (помошни служ-би), а сето тоа доведува до ерозија на идентитетот на училиштето, сите заостре-ни облици на насилство во училиштата сепак се тесно поврзани со облиците и причините за насилство во семејството, во група на врсници, во околината на учи-лиштето, во градот и во општеството во целина.Насилството во училиштата кое сè повеќе го возбудува нашето јавно мне-ние, всушност е израз на судирите и насилството во самото семејство на ученикот; насилство на работно место и институциите во кои родителите се вра-ботени, како и насилството на улица во градот во кој живеат и во чија средина се наоѓа училиштето. Сите видови на конфликти и облици на насилство се поттикнуваат со намалување на животни-

от стандард, осиромашување на повеќето од населението.Во транзиција, која од 90-тите години од минатиот век сеуште трае, применет е модел на приватизација заснован на “шок терапија”, кој доведе до голем број отпуштања на вработените во индустриски-от, градежниот и трговскиот сектор, што е сега веќе голема социјална групација. На тој начин се сруши социјалниот столб на сигурност на повеќето од населението. Се прекинуваат и сеуште се кинат социјал-ните врски на пријателство. Во таква социјална атмосфера, оној Другиот се доживува како непријател, се создава страв од Другиот. Тој страв од Другиот се засилува си авторитативните облици на политичкото владеење, владеење кое сè повеќе прераснува во партократски ре-жим кои го чинат партиските елити.Во текот на сеуште незавршениот транзи-ционен период се сруши и последниот вредносен систем, додека нов сеуште не се оформил. Во ваков вредносен контекст не само што не се почитуваат правните норми, кои се менуваат како се менуваат политичко-партиските елити на власт, туку и сè помалку се почитуваат важечките принципи и норми. На тој на-чин општеството сè повеќе се заглавува во аномија. Ова луѓето и младината ги доведува до депресија и безнадежност. Со тоа се создава поволен амбиент да се прошират и зацврстат сите облици на девијантно однесување на децата, учениците, младината и возрасните; многумина се претвораат во насилници и се однесуваат агресивно, а голем дел ста-нува жртва, жртва на многубројни облици на насилство.

Извор: “Борба”, Белград, автор: Михаило Ќурчиќ

Здравје на бебето: Мајките повеќе не знаат да ги хранат бебињата на

шишенце

Опсесивното промовирање на доењето би можело да доведе до загрозување на здрав-јето на бебињата со оглед на тоа дека мајките повеќе не учат како детето да го хранат со шишенце, покажува најновото истражување.Во последните неколку години на идните мајки јасно им е дадено до знаење дека медицинскиот естаблишмент сака своите бебиња да ги дојат. Пораката до мајките е јасна, ништо не е поздраво од мајчиното млеко, па шишенцата донекаде паднаа во заборав.

Page 39: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Semejstvo 39Најновото истражување покажува дека мајките во родилиштата, ни на други места, повеќе не учат како децата да ги хранат на шишенце. Таквото третирање на доењето довело до тоа хранењето на бебето на шишенце да се смета скоро за табу. Меѓутоа, проблемите настануваат кога детето ќе дојде на возраст кога мора да се храни на шишенце.“Многу е голем бројот на мајките кои поч-нале да го дојат своето бебе, но потоа од некои причини престанале. Тие тогаш се наоѓаат во ситуација да не знаат како да го хранат бебето на шишенце. Не знаат како да го стерилизираат шишенцето и правилно да го стават затоа што никој не ги научил. Тогаш доаѓа до развој на бактерии и ризици за заболување на бе-бето”, истакнува Sue Battersby, авторка на извештајот за истражувањето.Истражувањето покажало дека некои мај-ки кои своите деца ги хранеле на шишенце тоа го правеле погрешно. Се појавила за-тоа иницијатива идните мајки повторно да се подучуваат како да ги хранат децата на шишенце.

Извор: “24 сата инфо”, Мостар

Десет причини поради кои би требало да го доите

своето бебе

- Доените деца се поздрави, поубави и попаметни. Мајчиното млеко во првите шест месеци ги задоволува сите енер- гетски потреби на бебето, а од шестиот до осмиот месец околу 70% - истакнуваат др. Џоан Стоун и др. Кејт Еделман од клиниката “Maunt Sinai” во Њујорк, авторки на кни-гата “Бременост за неупатените”, која ја издава “Микро книга”.Тие наведуваат десет причини поради кои би требало да го доите своето бебе:- Колострумот, првото мајчино млеко, му обезбедува на бебето имунитет веднаш по раѓањето;- Мајчиното млеко спречува појава на алергии и астма, го намалува бројот на респираторни инфекции;- Мајчиното млеко содржи хранливи ма-терии кои се прилагодени на неразвиените органи за варење на бебето;- Мајчиното млеко е органско - нема ади-тиви, нема конзерванси;- Доењето е неопходно поради воспоста-вување на блискост меѓу мајката и бебето;- Доените деца се поубави, лицето правил-но им се развива и запчињата помалку им се расипуваат;- Доените деца се попаметни затоа што во мајчиното млеко наоѓаат материи кои го подобруваат растот и созревањето на

мозокот;- Мајчиното млеко не мора да се загрева;- Доењето го забрзува согорувањето на калориите и губењето на килограми до-биени во бременоста;- Жените кои доеле поретко заболуваат од рак на дојка.

Извор: “Жена - Блиц”, Белград, автор: Гордана Голубовиќ

Каде се границите на родителската грижа

Младите родители најчесто претерано реагираат на секој плач, повраќање, или бол-ка во стомакот на своето дете, а бебето ја чувствува таа загриженост. Опуштете се, вашето дете е многу поотпорно отколку што мислите.

Родителите буквално можат да ја изарчат целата прва година од животот на бебето живеејќи под постојан стрес поради рабо-ти кои се сосема нормални. Таквата грижа ја пореметува спонатноста и уживањето во родителството. Бебињата се обично многу поотпорни отколку што мислиме.

Дозволете му на бебето да се исплачеРодителите мислат дека нивна основна ра-бота е да се погрижат бебето да не плаче. Тоа е затоа што плачот го поврзуваат со тоа дека прават нешто погрешно. Меѓутоа, во повеќето случаи, плачењето е дел од она што едно бебе го прави да биде бебе. Се-пак, ако вашето дете не престанува да плаче по еден час, тогаш тоа е многу често предизвикано од температура, исфрлање на кожата или упорно повраќање и во тој случај треба да консултирате педијатар.

Не го будете бебето поради доењеКај нас е вкоренето погрешното сфаќање дека тоа што бебето е подоено пред спиење не е доволно да ја протурка ноќ-та. Меѓутоа, можно е, а и корисно за беби-њата кои цицаат, како и за нивните мајки, да ја преспијат ноќта без доење.

Не ја соборувајте секоја температураСекоја температура преку триесет и осум степени во првото тромесечје од живо-

тот на бебето е алармантна. Единствен исклучок е онаа која ќе се развие во рок до дваесет и четири часа после првата вакци-на. Некои родители штом ќе забеле-жат дека детето е топло, веднаш му дава-ат нешто за симнување температура. Тоа е голема грешка, затоа што во такви случаи задолжително треба прво да консултира-те лекар.

Правилно поставете го седиштето за бебетоРодителите треба да знаат дека правилно-то местење на седиштето за бебиња во автомобилот не е баш така едноставно. Важно е да ја изберете вистинската столи-ца. Кога тоа ќе го сторите, прво прочитајте го упатството да видите дали добро сте ја наместиле столицата или едноставно за-молете некој поискусен да ви помогне. Животот на вашето бебе може да зависи од тоа.

Што пред да почнете да ги миете забите на вашето бебеМногу родители не размислуваат за зап-чињата на бебињата и оралната хигиена сè додека не биде доцна. Вашето бебе нико-гаш не е премногу мало да почнете да во-ведувате здрави орални навики. Многу рано почнете да употребувате мокра га-за за бришење на непцата на бебето, а четкичката почнете да ја користите кога бебето ќе наполни една година.

Немојте да го запуштите бракотКога ќе добиете бебе важно е да знаете дека нема да го занемарите доколку во текот на денот одвоите време и за партне-рот. Додека сте фокусирани на бебето, треба да работите и на одржување на за-едницата со партнерот.

Премногу или премалку кавги пред дететоДури и бебе од три месеци може да по-чувствува вибрации и расположенија. Раз-мислете колку вашите кавги со партнерот се застрашувачки или чести. Согледајте ја нивната жестина и фреквентност. “Пу- кања” тука и таму се нормален дел од живеењето со друга личност, но потисну-вањето и придушувањето на расправата или кавгата може да биде лошо како и другата крајност.

Извор: „Блиц - Жена“, Белград, автор: Горана Савчиќ

Page 40: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

40 Sport

Квалификациите пред расплет

Минатата сабота на терените ширум Европа се одиграа натпревари на квалификационите групи за претстојното Свет- ско првенство во фудбал

Во квалификациите за Првенството на светот во фудбал, кое ќе се одржи идната година во Јужна Африка, минатата сабота беа одиграни 20 натпревари ширум Евро-па. Репрезентациите на нашиот регион (во ова коло на квалификационите турнири слободни беа репрезентациите на Слове-нија и Србија), и покрај очекувањата на сво- ите навивачи, постигнаа половичен успех.

Репрезентацијата на Босна и Херцегови-на, на својот настап во Ерменија, на стади-онот во Ереван пред околу 2.000 гле-дачи, во дуелот во кој важеше за фаво-рит, забележа важна победа од 2:0, што ѝ овозможи мирно да ја дочека одлу-чувачката средба со Турција (во среда, 9 септември). Избраниците на Ќиро Блаже-виќ дојдоа во водство веќе во 6 минута, ко- га мрежата на Ерменија ја погоди Сењад Ибричиќ. Својата добра игра гостите мо-

жеа, во првото полувреме да ја крунисаат со уште еден погодок, но Един Џеко не успеа, во 32-та минута, да реали-зира пенал. Ко-нечниот резултат

на натпреварот, во 72-та минута, го поста-ви Златан Муслиновиќ.

Со голот на Ракитиќ во 24-та минута, ре-презентативците на Хрватска во дуелот со Белорусија стигнаа до триумф. Иван

Ракитиќ упати незгоден удар од скоро 35 метри оддалеченост од противничкиот гол. Топката закачи еден до одбранбените играчи на гостинскиот тим и потоа, прела-жувајќи го голманот Жевнов, ја затресе мрежата.

Вистински јунак на натпреварот, што е особен куриозитет на овој меч, беше гол-манот Ведран Руње спасувајќи ја, со свои-

те феноменални одбрани, неколку пати победата на домаќинот. Особено треба да се истакнат двете негови одбрани при крајот на натпреварот, кога Хрватска игра-ше со играч помалку (Ќорлука доби два жолти картони па мораше да го напушти теренот.).Хрватска така со полно мака, сепак оства-рувајќи го она што во ваквите дуели е и најважно, запиша победа против Белору-сија на домашен терен, со што ги задржа сосема изгледните позиции во трката за Светското првенство во Јужна Африка.Причини за, според многумина лошата игра на хрватските фудбалери, можеби е во фактот дека тие, во мислите, веќе беа на Вембли каде, во среда, 9 септември ги дочекува репрезентацијата на Англија, во меч кој се истакнува како пресуден фак-тор за Хрватското учество на СП.

Репрезентативците на Шкотска на својот стадион во Глазгов, со победа од 2:0 над Македонија го зачуваа второто место во групата. После убедливиот пораз од Норвешка во претходниот натпревар од квалификации-те, Шкотите беа под голем притисок пред натпреварот со Македонија.По првото полувреме без голови, домаќи-ните во 56-та минута поведоа со голот на Скот Браун, а победата ја потврди

Мекфаден, десет минути пред крајот.Со натпреварот на 9 септември против Норвешка во Осло, репрезентацијата на Македонија ќе побара своја шанса за по-добрување на пласманот и можност за освојување на второто место во својата група.

Пораз претрпеа и репрезентативците на Црна Гора на својот настап во Софија, изгу-бувајќи го натпреварот од репрезентаци-јата на Бугарија со 4:1. Мечот почна подобро од што било кој во таборот на Црна Гора можеше да очекува. Со голот на Стеван Јоветиќ гостите поведоа со 1:0. Се-пак, во дополнителното време од првото полувреме, Бугарите изедначија на 1:1, со голот на Радостин Кишишев. Водечкиот гол за Бугарија, веднаш по своето влегување во игра, на почетокот на второто полувреме, постигна Телкиски.

На 3:1 зголеми Бербатов во 85-та минута од пенал, кој над бугарскиот интернацио-налец го направи Иван Фатиќ. И пак во продолженото време, во 91-та минута Бу-гарите, со голот на Валериј Домовчиски, постигнаа гол, за конечни 4:1.Следниот натпревар репрезентацијата на Црна Гора го игра во Подгорица, на 9 септември против Кипар, со желба со евентуална своја прва победа во овие квалификации барем чесно да се прости од понатамошното натпреварување.Со натпреварите во среда, 09.09. ре-презентациите на нашиот регион го продолжуваат своето учество во квалифи-кациите за СП во Јужна Африка. Се соста-нуваат: БиХ со Турција, Црна Гора и Кипар, Норвешка и Македонија, Словенија со Полска, Англија и Хрватска и Србија со Франција. Според многумина натпрева-рите на ова коло ќе донесат конечен рас-плет по групите, по што ќе се знаат сигурни-те патници на Светското Првенство, но и репрезентациите кои своето учество на истото ќе го побараат низ следните нат-превари од дополнителниот бараж.

Почнува европско првенство во кошарка

“EUROBASKET 2009” Од 7 до 20 септем-ври Полска ќе би-де домаќин на 36-тото по ред Европско пр-венство во кошарка за мажи. Покрај из-разениот фаворит

според имињата најквалитетниот тим на Шпанија, уште барем 8 репрезентации ќе се борат за медали. Тоа се секогаш сјајните: Литванија, Франција и Грција, актуелниот првак Русија, исклучително квалитетната Словенија, како и Турција, но и Хрватска и Србија кои по години без резултат бараат враќање во европскиот кошаркарски врв. Иако имаше доста откази, и ова првен- ство ќе има свои супер ѕвезди: од практич-но целата репрезентација на Шпанија, се- когаш талентираните и атрактивни Литван- ци, преку Тони Паркер и Хидает Туркоглу, до евентуално некое ново големо име на кошаркарската сцена на Стариот конти-нент.

Page 41: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Slobodno vreme 41

Овогодишното Европско првенство ќе биде одржано во седум полски градови: Бидгошч, Варшава, Вроцлав, Гдањск, По-знањ, Катовци и Лоѓ. На Полска ова ѝ е втор пат да биде домаќин на Европското првенство. Првиот пат беше домаќин 1963 година во Вроцлав.Со ждребот за ЕП, одредени се следниве натпреварувачки групи, во кои репрезен-тациите ќе се борат за првите две места кои овозможуваат продолжување на нат-преварите:

Група А (Познањ)

ГрцијаХрватскаМакедонијаИзраел

Група Б (Гдањск)

РусијаГерманијаЛетонијаФранција

Група Ц (Варшава)

ШпанијаСловенијаСрбијаВелика Британија

Група Д (Вроцлав)

ЛитванијаТурцијаПолскаБугарија

автор: Зоран Димитријевиќ

Како сами да го обоите станот

Доколку сте одлучиле сами да го обоите станот, треба да знаете дека тоа не е површна работа која поразбира само пар пати да прејдете со боја преку ѕидовите. Потребна е добра подготовка, доста време и соодветен прибор

Ослободете просторПрво е потребно да ги изнесете сите ра-боти од просторијата која сакате да ја обоите, а доколку тоа е невозможно, ме-белот соберете го на средината на собата и прекријте го со најлон. Штекерите и прекинувачите облепете ги со заштитна трака.Израмнете ги ѕидовитеЗа боењето да успее, ѕидовите мораат да бидат рамни, чисти и суви, затоа што во спротивно на нив по боењето ќе оста-нат дамки од мрснотија, влага и други нечистотии. Затоа пред да почнете со боењето проверете во каква состојба се ѕидовите. Ако има дупки и пукнатини, по-полнете ги со маса за рамнење ѕидови. Внимателно прегледајте дали во кујната и бањата има траги од мрснотија или влага, па отстранете ги со специјално подгот-вени средства.Измерете ја површинатаЗа да знаете колку боја ви е потребна, премерете ги површините на ѕидовите и таваните кои сакате да ги освежите. На основа на тоа трговците во продавниците за продажба на бои и лакови ќе знаат да ви кажат колку боја треба да купите. Спо-ред груба пресметка, еден литар боја е доволен за осум квадрати, а вкупната квадратура на површината која сакате да ја боите се пресметува така што бројот на квадратите на вашиот стан треба да го помножете со три. Подгответе ја бојата одеднаш, во спротивно може да се случи да добиете различни нијанси на боја. Или во продавницата побарајте веднаш да ви ја направат саканата нијанса.Прибор за работаОсвен боја, за боење ви е потребен и следниов прибор: валјак, рачка за регула-ција на должината, сито за цедење, една поширока и две помали и потесни четки со различни димензии за завршните ра-боти, гипс или смеса за пополнување на дупки, лопатка (шпатла), леплива трака за заштита на столаријата и рабовите, високи скали за да можете да стигнете до потешко достапните места, пластична фолија, стара хартија и стари ќебиња за да го заштитите подот и мебелот и удобна работна облека. И не заборавајте на капа доколку го боите таванот!Почнете од плафонотПрво со четки преминете ги аглите, рабо-вите и потешко достапните места. Потоа обојте го плафонот, и тоа од аглите кон средината. Дури кога тој ќе се исуши, преминете на ѕидовите. Кога ќе почнете, немојте работата да ја оставате на поло-вина, обојте ја целата површина, па дури тогаш оставете ја да се суши. Пред да поч-нете со нанесување на еден слој, прет-ходниот слој мора да биде потполно сув. Времето за сушење и оптималниот однос на вода и боја се разликуваат кај различни произведувачи, така што е најдобро да ги

следите упатствата на бојата која ја кори-стите.

Најмногу три боиСо добар избор на бои и нивен правилен распоред можете да го поправите изгледот на домот и да го направите уште поудобен простор за живот. Доколку вашиот стан е со ниски ѕидови, обојте го плафонот во посветли нијанси од бојата на ѕидовите, затоа што така ќе делуваат повисоки. Стан со високи ѕидови може визуелно да се снижи ако плафонот го обоите со потемна боја од бојата на ѕидовите. Тесниот про-стор ќе го проширите со боење на по-долгите ѕидови во посветла, а пократките во потемна боја. Стручњаците советуваат дека не треба да се користат повеќе од три нијанси во ентериерот, затоа што во спротивно просторот може да изгледа ха-отично и да стане непријатен за престрој.

Вовед во соновник

Сон е ментална активност за време на спиењето. Не подлегнува на критичност, неволна е и ирационална. Сонот најпот-полно помага во проучувањето на несвес-ното и спознавањето на себеси. Многу истражувачи на човековата душа им го посветиле своето време на соништата, во надеж дека ќе ја откријат смислата и зна-чењето на сонот.Историја на соништатаУште од најстарите времиња, сè до дотаму до каде допираат трагите на историјата, човекот на своите соништа им придавал некогаш поголемо, а некогаш помало значење. На социо-културната мапа на древните цивилизации соништата има-ле повластен статус. Култот на сонот и неговото толкување биле вградени во сите важни форми на приватниот и јавни-от живот. Толкувањето на соништата им било наменето само на одбрани.Во текот на историјата на цивилизацијата, во многу општества соништата ги користе-ле врачевите за да постават дијагноза на некоја болест или да влезат во спиритуал-ниот свет. Најзначајна мисија на сонот била спознавањето на иднината, во човековиот стремеж да ја растолкува сопствената судбина и судбината на све-тот во кој живее. Старите Египќани и ста-рите Грци верувале дека се тоа пораки од Боговите, старите Римјани им се об-раќале за од нив да добијат совет или пророштво. За будистите, пак, соништата се знаци кои ги пресекуваат патиштата на мислите и пред сонувачот ги израмнуваат магловито како одраз во огледало, доде-ка кинеските мудреци верувале дека со-ништата се настани тогаш кога душата, хун, привремено се одвојува од телото и тогаш може да разговара со духовите, душите на мртвите или со боговите. Најстарите откриени списи посветени на соништата потекнуваат од древниот Египет, во кои соништата биле тесно по-врзани со високата политика. Старите Египќани верувале дека човековата душа во сонот станува ослободена од телесните окови и заронува во небескиот праокеан, за по будењето да изрони подмладена, освежена и исчистена. Праокеанот го симболизирал царството на мртвите.

Page 42: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

42 Slobodno vremeГрчкиот човек бил убеден дека живее во свет пренаселен со знаци. Пророштвата биле севкупен дел од духовниот и култур-ниот амбиент, а најголемо значење им е придавано на соништата. Во стара Грција не биле сите соништа достојни за толкување, туку само оние кои се тре- тирале како испратени од боговите, де-моните или хероите. Меѓутоа, Грците се разликувале по тоа што не го негувале култот на пророците т.е. не го признавале правото на толкување само на одредени поединци.

Сфаќања на сонотСфаќање на сонот во исламотКуранот вели дека “Бог во сонот ги зема душите; на оној кому ќе му го продолжи животот му ја враќа душата”, а во спротив-но се случува смрт. Исто така се вели дека “Бог ги зема душите и во часот на смртта” (Куран XXIX, 30).За Ибн Арабија, сонот е еден од патиштата “од оностраното до овостраното”, покрај вдахновението (ilham), кое се смета за “разбудување на будноста” и објавата (wahy), која е највисок облик на разбудува-ње на човештвото - по тој пат Мојсие ги добил Заповедите, Давид Псалмите, Исус Евангелието, а Мухамед Куранот. Сониш- тата во кои на сонувачот нешто му е речено (во кои тој нешто слушнал) во исламската традиција се нарекуваат со-ништа кои ја носат вистината и тие се зрн-ца на едност (tawhida) кои ни се подару-ваат во блесоците.

Фројдова теорија за соништата

Фројд открил дека сонот има смисла која е непозната за свеста на сонувачот, но луѓето, ситуациите и контекстите од соништата се видени како симболи на подлабоки ментални конструкции. Спо-ред Фројд сонот е изопачена замена за несвесното. Скриеното, вистинско значе-ње на сонот може да се открие со анализа на сонот. Тоа е техника која се користи во психоанализата и во другите форми на психотерапија и советувања во кои струч-њакот ги интерпретира соништата на кли-ентите. Фројд верувал дека со анализа на соништата е овозможен пристапот до потсвесното, односно дека сфаќањето на суштината на соништата е “царски пар во несвесното”. Фројд ја споредува својата метода за толкување на соништата со работата на археолог на дешифрирање на хиероглифи. За Фројд соништата се пораки од човековата потсвест, тајни шифри и знаци на она што се случува во длабочината на човековата душа. Фројдо-вата изворна техника за толкување на соништата била техника на слободни асо-цијации. Ја покажал разликата помеѓу со-држината доживеана во сонот, чиј исказ нема примарна вредност, и скриената,

латентна желба која го крие вистинското значење на сликата од сонот. Таа алузија треба да се одгатне и да се открие што алузијата сокрива, а сонот порачува. Со-нот претежно мисли во визуелни слики, но сепак не исклучиво во нив. Работи исто така со слушни слики и во помала мерка со впечатоците кои ги даваат останатите сетила. Сонот плете мрежа од низа на случувања, мисли и слики, преклопени меѓусебно и му се изложува на сонувачот како филм на платно. Сонувачот, како нај-внимателен и единствен гледач најчесто не го разбира и не го сфаќа своето ремек-дело. Пронаоѓањето на латентната мисла на сонот, која е од пресудно значење, е мошне отежнато поради посебните функ- ции на психата т.е. цензурата која го извр-тува сликите на сонот, ги прави непре-познатливи и го штити сонот од ударите на непријатните сеќавања. Изопачувањето на сонот е всушност дејство на цензурата во сонот.Работата на сонотРаботата на сонот ги обработува спротив-ностите на скриениот сон и ги преобратува скриениот сон во очигледен. Се состои од четири фази:- Збивањето го прави сонот непровиден. Очигледниот сон има помалку содржина од скриениот кој е побогат по обем и содржина. Еден очигледен елемент им одговара на поголем број на скриени еле-менти.Збивањето настанува со тоа што: Извесни скриени елементи се исфрлаат Од некои комплекси на скриениот сон преоѓа во очигледен сон само едена одломка Скриените елементи кои имаат нешто заедничко се стопуваат во единствена слика за очигледен сон- Поместувањето е дел од цензурата на сонот и има две искажувања: Со алузија се заменува латентниот еле-мент Психичкиот акцент преоѓа од еден ва- жен елемент на некој друг неважен, така што се чини дека сонот го поместил свое-то тежиште- Претворање на мислите во визуелни слики е психолошки најинтересната фа-за. Не е сè во мислите подложно на тоа претворање, нешто го задржува својот облик, па во очигледниот сон се појавува како мисла или знаење. Некој елемент кој тешко сликовито се претставува, се иска-жува симболично.- Секундарна обработка се однесува на логичко поврзување на наизглед непо-врзани сеќавања, забележувања и др. За манифестниот сон да биде логичен и разбирлив мора да помине низ секундар-ната обработка.Работа на толкувањето е работа која оди во спротивна насока од работата на сонот и од очигледниот сон сака да стигне до скриениот сон. Толкувањето на сонот всушност значи на сонот да му се даде не-говата смисла.Правила на Фројд во толкувањето на со-ништата:- да не се води сметка за манифестното, за она што се чини дека сонот ни го кажува, затоа што тоа во никој случај не е она не-свесното кое го бараме;- да се ограничи работата на сонот на тоа

за секој елемент да го откриеме поинак-вото значење без оглед на тоа колку се оддалечува од елементот:- да се почека додека сокриеното, бараното несвесно не се јави само од себе, затоа што барајќи можеме да се оддалечиме од решението; понекогаш е потребна само една помисла од елементот на сонот да нè одведе до несвесното во него, додека друг пат за тоа се потребни долги низи на асоцијации.Јунговско толкување на сонот

Карл Густав Јунг, поран следбеник на Фројд, тврдел дека функцијата на соништата е да ги компензираат оние делови на чо- вековата психа кои не се развиле до-волно во текот на будната состојба. Јунг сонот го посматра како природен фе-номен и ненамерна појава, која не за-виси од волјата, желбата, намерата или поставените цели на свесниот дел на личноста. Несвесните содржини на човекот му се потребни заради дополне-ние на свесните содржини, затоа што, како Јунг истакнува, свеста може да се дресира, но несвесното никогаш. За Јунг занимавањето со прашањата за не-свесното, а со тоа и соништата кои се специфични и спонтани изрази на несвес-ното, било од животно значење, затоа што тука се работело за духовното да се биде или да не се биде. Оттука Јунг соништата ги сметал за прима материа на своето животно дело. Животната филозофија на Јунг вели дела човекот ста-нува целосен, потполн, смирен, плоден и среќен, единствено кога процесот на индивидуализација е довршен, кога свес-ното и несвесното научиле да живеат во мир и да се дополнуваат едно со друго.Соништата немаат само функција на лекување, туку и не подучуваат, допол-нуваат, насочуваат, инспирираат, ни укажуваат каде грешиме и каде сме неприлагодени и, конечно, ни даваат одговори на прашањата и решенија за проблемите со кои свесниот дел на нашата личност не може да излезе на крај, бидејќи свеста, за разлика од несвесното, никогаш не ја гледа целината. Затоа во ерата на научното толкување на соништата се ко-ристи како известувач на несвесното. Јунг ги истакнува компензаторната, негативно копнезаторната т.е. редук-тивна и проспективна функција на сонот.

Во идниот број толкување на соништата (соновник)

Page 43: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Zanimlivosti 43

Јас сум Милан од Флорида, викајте ме Џек

Николсон

Дали е тоа Џек Николсон или не е, и ова лето се прашуваа бројни мештани и туристи во Пореч здогледувајќи го по-знатото лице на градската рива. Сепак славниот холивудски актер не беше во Истра, но беше неговиот двојник имита-тор, американскиот Хрват Милан Узелац од Мајами.- Јас сум Милан, сите ме викаат Џек поради мојата сличност со Николсон. Луѓето чес-то навистина ме заменуваат со него, ба-раат автограм или се фотографираат со мене. Неретко камерманите на некои приредби се “залепуваат” за мене и најавуваат дека славниот Џек стигнал - раскажува насмеаниот Милан Узелац од Слатина, додавајќи дека воопшто не му пречи затоа што тој едноставно ужива да биде Џек.- Џек поради своите филмови има харизма на љубовник и бунтовник - вели Милан, кој педесетина години живее во Америка. Филмски продуцент е на Флорида и член на американското здружение на двојници на познати актерски ѕвезди. Двојниците, вели Милан, се забавуваат одвлекувајќи им го вниманието на папараците на помалку важните приредби наместо вистинските ѕвезди и така заработените пари ги даваат во хуманитарни цели. На Флорида, прв сосед му е Силвестер Сталоне, пријателува со мега-ѕвездите, а во текот на администрацијата на Клин-тон бил чест гостин во Белата куќа. Хрват-скиот Џек има 15-метарска јахта во Пунта на Крк и ова лето со сопругата Кони ужи-ваше по Истра и Кварнер “глумејќи” го вистинскиот Џек.

Извор: “24 сата”, Загреб, автор: Хајрудин Мердановиќ

Најголема плата на светот: За шефот на Blackstone годишно 702 милиони

долариНајплатените светски менаџери најчесто доаѓаат од американски компании кои се за-нимаваат со енергетика и уредно зарабо-туваат повеќе од 100 милиони долари го-дишно

На просечниот граѓанин платата од 702 милиони долари годишно му звучни мно-гу нестварно, но точно толку минатата го-дина добил Stephen Schwarzman, првиот човек на Blackstone Groupe.Bloomberg пишува дека Шварцман на име плата добил 2,3 милиони долари, а потоа уште 699,8 милиони долари бонус на кој има право и следните четири години. Инаку, бонусот му е исплатен откако најголемиот светски private equity фонд излегол на берзата.Интересно, на второ место се наоѓа извр-шниот директор на Oracle, Larry Ellison, кој годишно заработува околу 557 милиони евра.Најплатените светски менаџери најчесто доаѓаат од американски компании кои се занимаваат со енергетика и уредно зара-ботуваат повеќе од 100 милиони долари годишно.Bloomberg потсетува дека поради еко-номската криза пописот оваа година е нешто помал. Имено, фирмите кои се нашле во проблеми, како најголемиот американски осигурувач AIG, морале да ги намалат платите на своите менаџери и за новите износи да добијат благослов од администрацијата на Обама.

Извор: “Национал”, Загреб

Голема посетеност: На пирамидите поради

туристите им се заканува рушење!?

Ако останат отворени за масовен туризам, на египетските пирамиди им се заканува ру-шење, предупредуваат стручњаците. Ло- шата вентилација и многубројните турис-ти веќе оставиле трага на илјадагодишни-те египетски пирамиди

“Влагата и габичките ги изедуваат ѕидови-те на фараонските гробници”, појаснува главниот секретар на египетското Собра-ние за антиквитети Zahi Hawass и про-должува дека причина за тоа се ордите посетители кои секојдневно поминуваат по просторот што веќе предизвикало ште- та на дрворезите, релјефите и наслика-ните декорации во внатрешноста на гроб-ниците.Hawass во своите предупредувања одел толку далеку што констатирал, ако продолжат посетите во еднаков број, пи-рамидите за 150 до 500 години би можеле да пропаднат до непрепознатливост, пре-несува “France 24”.Египетското министерство за култура пре-зело мерки за заштита на пирамидите. Тие вклучуваат воведување на нови системи на климатизација и ограничување на бројот на посетителите. Исто така, некои од гробниците од сега се затворени за посетители, меѓу останатите оние на Ту-танкамон и Нефертити.

Извор: “24 сата инфо”, Мостар

Океаните никогаш потопли

Просечната температура на водата во јули оваа година изнесувала 17°C, најмногу од 1880 година, откако постојат мерењата

Вашингтон - Температурата на водата во светските океани оваа година е највисока откако постојат мерењата, објавува аме-риканскиот Национален климатолошки центар.Просечната температура на водата во океаните во јули оваа година изнесувала 17°C. Климатолозите за порастот на тем-пературата на океаните ја обвинуваат комбинацијата на природниот феномен Ел Њино и глобалното затоплување за кое е виновен човекот. Така, ова лето можело без проблеми да се плива на се-вероисточните брегови на Атлантикот, за-тоа што температурата на морето покрај плажата во Мејн било пријатни 22°C. Во водите на Мексиканскиот залив, каде топлото море поттикнува создавање на урагани, температурата на океанот се дви-жи околу 32 степени. Повеќето водени по-вршини на северната хемисфера имаат повисока температура од нормалната. Американскиот центар наведува дека температурата на морињата на Медитер-нот е за степен и половина повисока од вообичаената. Исто важи и за Тихиот и за Индискиот океан. Но, најголемо зголему-вање на температурата е забележено околу Арктикот.Температурните рекорди на морињата и океаните се позлокобен знак на гло-балното затоплување од порастот на тем-пературата на воздухот затоа што морето поспоро се загрева и не се лади така лес-но, велат климатолозите.

Извор: “Хина”.

Има деведесет години а танцува со театарска група

Воениот ветеран John Lowe (90) станал најстариот британски балетан по настапот во Cambridgeshire. Танцува од својата 79-та година, но неговата кариера тргнала во нагорна линија со главната улога во ба-летот “Штраус, животот на уметникот”. Дедото кој има 11 внучиња, ќе настапува со половина помлади членови на танчер-Stephen Schwarzman

Page 44: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

44 Zanimlivostiската група на Лантерн театарот. Џон вели дека сака да настапува на сцената. - Добра вежба е тоа. Се сеќавам на воено-то јапонско заробеништво и тешката војна. Мислев дека нема да се спасам, а поглед- нете ме сега. Го обожувам танцот - вели Џон кој кондицијата ја одржува и со скока-ње на трамбулина.

Извор: “24 сата”, Загреб, автор: Магдалена Муциќ

Во подземната пред патниците снима голи

модели

Њујоршкиот снимател Zach Hyman се за-фатил со необичен потфат - во вагоните на подземната железница, пред очите на вчудоневидените патници фотографира голи модели и потоа, во страв од поли-цијата, бргу го напушта местото на снима-ње. За десетина снимки потребни му се триесеттина секунди, а со себе носи и кауција, во случај да го уапсат, да се извади од затвор. Личниот адвокат секогаш му е спремен на “црвена линија”.Освен во подземната, брзински фото-се-сии организира и на Times Squareu и на во Кинеската четврт.

Во текот на едно снимање во вагонот една жена почнала да вреска, а еден старец почнал да се тресе. Меѓутоа, повеќето патници се флегматични.Изложба на негови дела отворена е во га-леријата Chair and Maiden на Manhattan. Фотографот тврди дека го инспирирале маслените актови во музејот Metropolitan, а инсистира дека неговите снимки не се порнографија. Вели дека човековите при-ватни делови се својство кое го соединува човечкиот род.

Извор: “Јутарњи лист”, Загреб

Велика Британија: Без високи потпетици на

работно место? Од секогаш постојат некои вообичаени правила за облекување во деловниот свет каде оделата и краватите се

задолжителни за ма-жите, а костумите за жените. Но, прет- ставниците на Бри-танскиот сојуз на синдикати смета де-ка обувките со ви-соки потпетици би требало да бидат за- бранети на работно-то место.

Имено, во сојузот сметаат дека високите штикли не се примерни за работно ме-сто, а една од причините е и фактот што долгорочни неповолно влијаат на здрав-јето.Како што тврдат во сојузот, жените би требало да носат “чевли со пригодна пот-петица” од најмногу 2,5 см затоа што во такви не би чувствувале болка во нозете и грбот.“Во сојузот веруваат дека високите потпе-тици делуваат гламурозно во Холивуд, но се потполно непримерни во работна сре-дина”, се наведува во предлогот кој во име на Британскиот сојуз на синдикати го поднело здружението на педикири.Меѓутоа, неколку жени сметаат дека висо-ките штикли им “помагаат” на жените на работното место.“Висока сум метар и шеесет и потребен ми е секој сантиметар од потпетиците за да можам машките колеги да ги гледам во очи кога разговараме. Кога штиклите би биле забранети во парламентот, веќе никој не би можел да ме пронајде”, се по-шегувала една од пратеничките.За предлогот ќе се расправа на конферен-ција во текот на септември.

Извор: “Национал”, Загреб

Пронајдено девојче грабнато пред 18 години: На грабнувачот му родила

две деца

Полицијата во Калифорнија тврди дека 29 годишната жена која се нашла во рацете на властите осумнаесет години откако била грабната, на својот наводен грабнувач му родила две деца. Џејси Дугард како еди-наесетгодишно девојче е грабната 1991 година, додека чекала автобус недалеку од својот дом во местото Лејк Тахо во Ка-лифорнија, и тогаш ѝ се губи секоја трага.Деновиве, меѓутоа, дошетала до полици-ската станица. Полицијата поради кидна-пирање уапсила маж веќе осудуван пора-ди сексуално злоставување и силување, како и неговата сопруга.11 годишната Џејси Дугард чекала автобус на само неколку метри од својот дом 1991 година, кога покрај неа се запрел автомобил во кој, додека викала и се

опирала, на сила е вовлечена. И покрај опсежната потрага која е спроведена по-сле киднапирањето неа, во текот на скоро две децении, ѝ се губи секоја трага.Меѓутоа, деновиве осудуваниот силувач Филип Гаридо дошол на разговор со службеникот кој е задолжен за следење на неговото однесување на слобода. Во негово друштво биле уште четири лица - неговата сопруга Ненси, две мали деца и 29 годишна жена, за која испаднало дека е грабнатата Џејси Дугард.

Кога полицајците упаднале во куќата на Гаридо во една приградска улица, откри-ле скриен двор; во тоа добро сокриено засолниште, во мал комплекс од бараки и шатори, Џејси ги поминала сите овие го-дини, и тука на Филип Гаридо му родила и две девојчиња. Првото дете го родила кога имала само четиринаесет години.Портпаролот на полицијата Фред Колар рече на конференцијата за новинари дека Џејси, и покрај сè што претурила преку глава, прилично добро се чувствува: “Таа се чувствува добро кога е здравјето во прашање, но животот кој поминала во дворот зад куќата оставил траги. Во тој двор постои еден издвоен простор,

буквално заштитен од погледи и во кој може да се влезе единствено низ тесно развлечено шаторско крило. Таа и двете деца живееле во неколку бараки. Една од нив била потполно звучно изолирана, а вратата може да се отвори само од над-ворешната страна. Ниедно од децата ни-когаш не одело на училиште ниту некогаш видело лекар. Држени се во потполна изолација”, рекол Колар.На Џејси, како што е соопштено од кали-форниската полиција, ѝ е овозможено да се види со својата мајка.

На Филип и Ненси Гаридо сега им се зака-нува обвинение за силување и киднапи-рање.

Извор: „Daily News Montenegro“

Фото: ATP

Фото: ATP

Page 45: Izbor br.2

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Zdravje i ubavina 45

Спремете се за есен и новиот грип

Членот на Работната група на Министер-ството за здравје на Србија за следење на вирусот на новиот грип Бранислав Тиодо-ровиќ вели дека бранот грип нема да би-де посилен и дека се очекуваат главно по-лесни клинички слики. “Работната група секако ќе даде препораки за работа и функционирање на различни сектори во земјата”, наведува тој.Тиодоровиќ додава дека таа група уште пред три години, “кога беше ак-туелен птичјиот грип, поопасен од мек-сиканскиот”, направила предлози и пла-нови за различни дејности - школство, тр-говија, локални заедници, претшколски установи, банки, јавни претпријатија и дека тој во моментов се ускладува со по-требите во сегашните околности.Според зборовите на Тиодоровиќ, нема причина за паника, но мерките треба да се преземат навреме за да спремно се до-чекаат два или три удари на бран вирус H1N1, кои се очекуваат во текот на есента и зимата.“Најважно е да се обезбеди оние кои се болни, имаат температура или некоја ре-спираторна инфекција, да не доаѓаат на работа и работодавецот да биде свесен дека во спротивно тоа и за него е штета”, предупредува Тиодоровиќ.Тој оценува дека, доколку вакцината за грипот се добие наскоро, прво треба да се вакцинираат децата, младите и насе-лението кое се занимава со дејности ка-де постои опасност да дојде во контакт со заболени, како што се здравствените ра-ботници.Без оглед на тоа што Србија веќе нарачала три милиони дози од таа вакцина, која според зборовите на Тиодоровиќ, би мо-жела во најдобар случај да стигне кон крајот на ноември, прашање е кога таа ќе биде и испорачана, затоа што многу земји “чекаат на ред”.Доколку вакцината стигне во ноември, ударниот бран кој се очекува кон крајот на есента и почетокот на зимата “би бил дочекан со што повеќе отпорни луѓе”, ве-ли Тиодоровиќ.Кон: Можни затворања на училиштата

Можно е затворање на училиштата пора-ди новиот грип, но тоа нема да биде централизирана мерка, туку локална по-треба, вели шефот на Работната група на Министерството за здравје Предраг Кон.Враќањето на децата во школските клупи

Фото: Бета

Испуканите врвови кои навистина не му се привлечни на окото, стрижете ги ре-довно.Шминката штити од сонце

Некои пудри содржат заштитен фактор и сека-ко е препорачливо нив- но користење кога сонче-вите зраци се најопасни, но бидете сигурни дека вашата кожа на лицето нема во потполност да ја заштитат. Значи, неиз-бежен препарат кој мо- рате да го имате во ко-

зметичката торбичка во летните месеци секако е кремот за сончање со соодветен заштитен фактор.Трепки Ако до сега сте живе-еле во уверувањето дека маскарата не смеете да ја ста-вате пречесто и во абнормални коли- чини, бидејќи треп- ките ќе се скршат, време е да престанете да живеете во не-знаење. Маскарата содржи протеини кои ги штитат и негуваат трепките.Ќе се кршат само ако маскарата не ја от-страните пред спиење. За симнување на маскарата не треба да користите специ-јални скапоцени препарати, бидејќи бла-гите отстранувачи на мејкапот нема да им штетат ниту на вашите очи, ниту на треп-ките.Целулит

Многумина се уверени дека со целулит имаат проблеми само оние кои се борат со прекумерната тежина, но тоа ис-то така не е точ-

но. Делумно тврдењето е точно, меѓутоа, за настанување на несаканата портока-лова кора главен виновник е лабавото поткожно ткиво, а тоа може да биде и на-следно.Депилација

Дека со бричење растат подебели и погу-сти влакненца е најголемата лага која не-когаш сте ја слушнале. Со депилација со восок или некој друг апарат ќе се забави растењето на влакненцата затоа што при таквите начини на депилација се отстра-нува и нивниот корен. Со бричење тие побргу ќе продрат надвор, но тоа не зна-чи дека се подебели туку со жилетот се отсечени на нивниот најдебел дел.

Извор: “Национал”, Загреб

претставува значаен епидемиолошки на-стан, затоа што кога ќе почнат гужвите во јавниот превоз, кога ќе се наполнат клу-пите, реално е да се очекува поголем број заболени од новиот грип, изјавил тој за “Политика”.Кон наведува дека пред затворање на училиштата по потреба, на локално ниво, мора да се донесе одлука за прогласува-ње на епидемија. За да се прогласи епиде-мија мора да постојат пет меѓусебно неповрзани случаи, кои не се во врска со контактите со патникот или со некоја културна и спортска манифестација. До сега, потсетува Кон, тоа во Србија не беше случај.Тој потврдува дека Работната група оста-вила можност, ако биде потребно, да се воведе посебен режим на работа во сообраќајот, енергетиката, јавниот и ко-муналниот сектор.“Тоа нема да биде неопходно доколку пан-демијата биде блага. Но, ако стапката на заболувања биде толку висока од работа да отсуствуваат и до 40% од вработените, тогаш би морале да размислуваме какви мерки да се преземаат, но тоа не може да го прави Работната група, туку надлеж-ните ресори, нагласува Кон.

Извор: “Б92”, Белград

Пет најголеми митови за убавината

Постојат некои правила за убавина до кои секако би требало да се придржуваме, но некои митови за тоа што треба да се прави лесно можат да нè одведат на крив пат. Затоа, пред да погрешите, прочитајте кои се најголемите заблуди

Дека со бричење растат подебели и посилни сте слушнале сигурно безброј пати. Исто така во фризерските салони ве уверуваат со години дека ако почесто ја стрижете коса- та, таа ќе биде поквалитетна и погуста...

Време е да престанете да живеете во заблуда и да дознаете некои од митовите за убавина и нега на телото на кои им посветуваме најмногу внимание!

КосаИако некои сметаат дека ко- сата, доколку често ја крати- ме ќе стане побујна и поква- литетна, стручњаците тврдат дека е тоа апсолутно неточ- но. Квалитетот на косата исклу- чиво зависи од коренот на кој стрижењето не може да влијае.

Page 46: Izbor br.2

Izbor Izbor

Nedelen horoskop od 07.09. do 14.09.

ОВЕН (21. 03. - 20. 04.)Љубов: Несогласици и кавги со партнерот, не е време за кавги, попуштете, бидејќи партнерот ќе делува по своја желба и интуиција. Не е добар период за решавање на љубовните проблеми и почетоци на врски.Работа: Кај новите работи бидете внимателни, а старите решавајте ги со полна концентрација.Здравје: Умор и исцрпеност.

БИК (21. 04. - 20. 05.)Љубов: Ситуацијата е и понатаму добро, проблемите на партнерот со кои е окупи-ран последниве месеци полека доаѓаат кон крајот.Работа: Добар период за размислување како да се вложуваат парите и распрашува-ње за акции и фондови и планирање на долгорочни вложувања. Неочекуван стар деловен непријател се појавува и кова за-вера.Здравје: Умор и исцрпеност.

БЛИЗНАЦИ (21. 05. - 21. 06.)Љубов: Ќе бидете окупирани со децата и домашните миленици и омилениот спорт или хоби со кое ќе се занимавате цела не-дела. Друштво на свои и туѓи деца.Работа: Промени на плановите и приори-тетите на работа, само трпеливо.Здравје: Добро.

РАК (22. 06. - 21. 07.)Љубов: Неразбирање на партнерот, но и Вие замислете се - не е работата и карие-рата сè во сè.Работа: Среќата и понатаму не е со Вас, но деловните планови се остваруваат. Ситни поправки во домот, купување на мали и поголеми ситници за уредување и разубавување на домот.Здравје: Нервоза.

ЛАВ (22. 07. - 22. 08.)Љубов: Добар период за разговори, романтични прошетки и вечери, за сло-бодните добар период.Работа: Пократки деловни и приватни па-тувања.Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

ДЕВИЦА (23. 08. - 22. 09.)Љубов: Поволниот период продолжува, имате време и чувство за деца, но Ве мачи домашниот миленик. Љубовни не-согласици и кавги.Работа: Добар период за краткорочни и долгорочни размислувања за вложување на финансиите и финансиски планови и вложувања. Здравје: Внимавајте на вратот и ладните пијалаци, настинката Ве демне.

ВАГА (23. 09. - 22. 10.)Љубов: Ваша недела. Полни сте со задоволство и елан.Работа: На работа оди добро, со мали вознемирувања.Здравје: Во ред.

СКОРПИЈА (23. 10. - 21. 11.)Љубов: Само работа и работа. Семејството не стигнува ни да Ве види.Работа: Само работа, полни сте со ентузи-јазам и нови планови и идеи.Здравје: Оптимизам и концентрација.

СТРЕЛЕЦ 22. 11. - 20. 12.)Љубов: Во ред, партнерот е со Вас, пробле-ми со децата и нивната нерешителност.Работа: Работата оди, имате нови идеи и планови, поддршка од колегите на ра-бота.Здравје: Замор.

ЈАРЕЦ (21. 12. - 19. 01.)Љубов: Поддршка од партнерот, роман-тични разговори на пократко патување.Работа: Во ред, решавате стари работи, старите пари кои Ви ги должеа стигнуваат.Здравје: Добро.

ВОДОЛИЈА (20. 01. - 18. 02.)Љубов: Добар однос со партнерот. Добар период за дружење со партнерот.Работа: Планирате деловен пат и усовршу-вање во работата.Здравје: Во ред, болест или влошување на болеста на некој роднина.

РИБИ (19. 02. - 20. 03.)Љубов: Партнерот Ви е полн со сила и иницијатива, дозволете му да Ве води.Работа: Само концентрација, труд и не влегувајте во кавги и расправии.Здравје: Внимавајте на исхраната.