54
ЈАС ИМАМ ПРАВО... ДЕТСКИ ПРАБОБРАНИТЕЛ СОЕУ ЈАНЕ САНДАНСКИ-БИТОЛА Збирка на детски творби 2013година.

Jas imam pravo

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Збирка "Јас имам право..."

Citation preview

Page 1: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Д Е Т С К И П Р А Б О Б Р А Н И Т Е Л С О Е У Ј А Н Е С А Н Д А Н С К И - Б И Т О Л А

Збирка на детски творби

2013година.

Page 2: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Како што знаеме, детето правобранител е институција којашто оваа година прв пат се имплементира во нашето училиште, неговиот интерес е почитувањето на детските права во училиштето и надвор од него. Мотото коешто гласи дека сите сме исти, без разлика на полот, бојата, расата, верата е основниот и најважниот пристап кон работата на детето правобранител. Имено, свесни сме дека се уште постојат деца коишто немаат слушнато за своите права, за постојењето на Конвенцијата за правата на децата која што всушност е и најважниот документ со кој се заштитуваат нивните права, или пак се уште не се доволно запознати со сите свои права и слободи кои ги уживаат. Тоа беше нашиот најголем поттик да започнеме еден ваков проект, кој се состоеше во распишување на конкурс за уметнички творби на тема “Јас имам право...” во кој ги вклучивме учениците од целото училиште.

Page 3: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Главна цел беше да се поттикнат нивните пишувачки и уметнички способности, притоа да се зголеми и нивниот интерес самостојно да ги осознаат правата кои ги уживаат, т.е. преку мотивација да се побудат нивните интереси за оваа тема којашто е навистина важна и мошне интересна, од друга страна да им дадеме до знаење дека ние постоиме и сме тука за нив и секако, да стекнат доверба во нас како институција. Притоа сакаме да упатиме голема благодарност до професорките по македонски јазик, професорката по ликовно образование, педагогот и нашиот координатор, без кои овој проект немаше да успее. На наша среќа, а благодарение на горенаведените лица се се одвиваше според планот и добивме голем број на творби, напишани од нашите вредни соученици. Па затоа решивме сиот нивни труд да го преточиме во една мала книга која што ќе остане како еден вид на доказ дека децата се интересираат за своите права и слободи. На крај секако, голема благодарност и до учениците кои што учествуваа во овој проект за нивните прекрасни творби. Со почит,

Детски Правобранител

Page 4: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Јас имам право на... Сите ние треба да имаме право, права кои ни се овозможени, права кои ги сакаме. Некои права се овозможени и можеме да ги користиме на некои забранети, па затоа мислам дека секое право кое човекот го сака и го може, треба да му биде овозможено. Јас лично имам право на многу работи, право кое од една страна може да биде од по своја желба, а од друга страна да биде обрска. Правото се стекнува, за правото се бори, секоја борба за некое право е уште една нова отворена цел. Јас имам право на среќа, на слободен живот, да живеам во свет онака како што јас сакам, да го правам она што јас сакам. Секој човек има свои права, права кои што треба да му се дадени. Како што секоја птица има право на слобода, право слободна да лета, така ние имаме свои права кои треба да ги поседуваме. Правата се незабележни никој не може и не треба да ги одземе. Слободата како право, слободата е безценлива.

Бојан Дишковски прва – 1—ТРЕТО МЕСТО

Потоа и една детска организација која се обидува во рамките на своите можности да ги заштити децата, а тоа е невладината организација Меѓаши. Постојат премногу права кои од некој држави им се скратени затоа треба да знаеме да го цениме она што го имаме и што го добиваме бидејќи и најмалите ситници да нé радуваат, бидејќи животот е премногу краток за да чувствуваме тага за да сме несреќни.

Михаела Талевска прва - 1

Page 5: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Секој човек во општеството има права, за кои треба да се бори. Пред се, едно од најважните права на секој човек е правото на живот. Ова право му овозможува на секој човек да живее како што сака на нешто со што тој не се согласува. Исто така секој човек има право на слобода, слободно да се движи на територијата на која живее, слобода да го искажува своето мислење и да биде известен за секоја одлука која ќе биде донесена во општеството. Имено, треба да се каже дека детските права се најважни. Секое дете има право да живее мирно, да не трпи насилство од стана на родителите и да живее во здрава животна средина. Секој родител има должност да се грижи за своето дете до неговата осумнаесетта година. Мора да се спомене, дека и покрај тоа што секое дете и секој човек има право на здрава животна средина, тој има и обврска да ја заштитува природата и да не дозволи да се загадува.

Викторија Степановска прва - 1

Сите деца на овој свет имаат одредени права, кои никој не смее да ги омаловажува. Сите деца треба да се сменат како луѓе, а ние како деца со мал обем на размислување. Како и секое дете јас имам права, моите права досега никој не ми ги има забрането. Доколку некој чувствува незадоволство од некое право, тој има право да се жали во државните институции како што е народниот правобранител. Народниот правобранител е установа која се грижи за правата на децата. Секое дете си има свое мислење, свој поглед кон светот. Некогаш кај сите деца се јавува чувство на незадоволство или помисла дека има недостатоци од некое право.

Теодор Ристевски прва - 1

Page 6: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Право? Некои луѓе сеуште не го знаат тоа значење, мислат дека тоа е обичен збор. Но, тоа не е само збор, тоа е нешто кое што ние треба да го цениме, нешто кое ни дава право да направиме нешто, постигнеме. Сите ние треба да ги знаеме нашите права. Сеуште сме деца не знаеме за некои права. Сите ние имаме желби, соништа и поставена цел. Тие желби треба да се потрудиме да ги оствариме. Тоа треба да е еден почеток за понатаму. Ако би ги знаеле сите права, би успеале во многу работи. Не би оставиле другите да нé газат, понижуваат. Секој има свој живот, тоа е едно од правата, право на живот. Ова право никој неможе да ни го одземе. Секој во својот живот треба да се снаоѓа, да се потруди да ги знае, запомни своите права, бидејќи ако не ги знаеш своите права ти си никој и ништо. Право на глас имаат сите луѓе, право на мисла, право на образавание, право на вероисповед, право на говор, право на спортување. Правата се многубројни, а ние треба да се потрудиме да ги запомниме. Правата се примени во Декларацијата на човекови права и слободи.

Ивана Марковска прва - 1

Page 7: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Уште од првиот ден кога сме дојдени на овој свет стекнуваме свои права (детски права). Права кои секој мора да ги почитува со самото незаштитување за децата апсолутно се уништува иднината. Ако самите не си обезбедиме сигурна иднина не можеме да чекаме никој друг да го направи тоа за нас. Едно од основните права на човекот е правото за живот. Тоа е право кое никој не може да ти го одземе по ниеден основ. Тоа е право кое го стекнуваме со самото раѓање. Правата се како тунел во кој треба да се чувствуваме заштитено, каде што родителите ќе ни бидат најголемата и најсилна потпора. Исто така едно од поважните права кој ги имаме децата во РМ е правото на бесплатно средно образование. Со ова право се обезбедува образована иднина, младите го добиваат потребното образование. Образованата младина е работа за напредување на државата, а со тоа напредокот на државата и младите ќе имаат поголем просперитет во иднина.

Секој човек без разлика на неговата возраст има различни права кои важат за него и за сите граѓани на неговата држава. Секој родител има обврска да го гледа своето дете додека тоа не наполни 18 години. Секое дете треба да оди во основно и средно училиште во спротивност на тоа ќе плати казна неговиот родител. Секое дете може да прави што сака, но да не наштети на некој друг и да е во рамките на законот.

Стефан Талевски прва - 1

Page 8: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Секој човек има свое право. Како граѓанин на оваа земја, јас мислам дека нашите права се почитувани. Јас имам право на живот, право на збор, право да бидам образован, моите родители да се грижат за мене, право на мисла, а пред сé имам право на детство. Би се задржал на ова право, бидејќи има земја каде што ова право не е почитувано. Постојат такви заостанати општества, каде што децата треба да стапуваат во брак иако се малолетни. Да се грижат за сите обврски околу куќата, да се грижат за својот сопруг или сопруга, но пред сé да им раѓаат деца и да ги одгледуваат. Спрема мене оваа работа треба да се реши во најбрзо време. Иако се имаат донесено закони и казни за оваа право, до ден денес вакви работи се случуваат и никој не презема ништо против тоа. За разлика од нашето општество каде децата, тинејџерите водат еден модерен живот,најчесто се дружат со социјалните мрежи, спортуваат, одат на училиште и многу други работи.

Дарко Кочовски прва - 1

Моите права како младински член на оваа држава се ограничени. Но сепак се подобри од порано. Во мојата државa има правобранители кои ги штитат моите права. Но, нашите права не се почитуваат и се злоупотребуваат многу пати. Но, тоа е последица за недоволна грижа и врска со правата на младината. Затоа постојат институции и поединци, на кои треба да им се обратиме во случај на злоупотреба на нашите права. Затоа во повеќето случаи треба да ги знаеме правата. Нашата држава е многу неодговорна затоа на ред на нас е да ја подобриме.

Христијан Јошевски прва - 1

Page 9: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Живееме во време кога секој има право да го живее својот живот. На никој не може да му се одземе правото на живот. Секој човек има право на мир, образование, љубов... Во животот никогаш не треба да се откажуваме, иако понекогаш шансите не можат да бидат многу мали. Сите имаме право да се искажиме, да кажеме некое незадоволство. Во животот без разлика дали си богат или сиромав, сите треба да имаат еднкави правила, односно никого не треба да навредуваме, да малтретираме. Сите ние мечтаеме за сé подобар и подобар живот, но кога ќе гледаме од страна, ние уствари живееме совршен живот, за разлика од некои напуштени деца од страна на своите родители кои живеат во дом. И тие деца имаат свое право на образование, на топол дом опкружен со љубов. Никој не може да биде осуден ако нема доволно докази против тој човек,а тоа му се одзема слободата. Секој има право да ја докажува својата невиност. Сите деца имаат право да спортуваат, а со тоа да живеат здрав живот. Затоа секогаш да се бориме до крај, за себе.

Ана Трифуновска прва - 1

Page 10: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Нашето време е сега. Ние сите сме деца со голема желба и со голема цел. За да се оствари тоа сите ние имаме права. Нашите права никој не може да ни ги одземе. Тие се безбројни. Имаме право на слобода што е најважно за секој човек, тоа ни овозможува да го живееме нашиот да го живееме нашиот живот без притисок, онака како што ние сакаме, се разбира без прекршување на одредени правила. Правото на глас е исто така важно бидејќи иако сме сеуште деца ние можеме да се побуниме или да понудиме некаква идеја. Правото не е само хартија од вредност, таа е она што нé прави сигурни покрај другите, што ни овозможува без страв да се искажеме и да живееме наш живот. Исто така има луѓе кои се грижат за остварување на нашите права. Тие како правобранители имаат должност да нé сослушаат и да ни помогнат доколку некое наше право е изостанато. Затоа излези надвор, истрчај далеку, вдиши го свежиот воздух, и осети ги топлите зраци на сонцето. Биди слободен затоа што ти ИМАШ ПРАВО НА ТОА!

Ангела Мишевска прва - 1—БЛАГОДАРНИЦА

Page 11: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Сите деца на светот треба да ги уживаат своите права без оглед на расата, на бојата на кожата, полот или верата. Ние децата во нашата татковина ги уживаме сите права. Јас имам право на љубов и разбирање од родителите.Тие ни обезбедуваат топол дом, храна, облека, школкување. Ми пружат сигурност и заштита. Зборувам на својот мајчин јазик, а исто така и во училиштето учам на македонски јазик. Не постои разлика меѓу нас учениците, иако има деца од друга вера и националност. Во многу земји од светот мораат да работат, често пати дури и физички тешки работи. Некаде децата се војници, па мора да војуваат, нек аде можеби се тепани, мачени, злоупотребувани. Но,тоа во нашата земја го нема. Ние децата сме среќни што можеме слободно да играме, да се забавуваме и мирно да го живееме нашето детство. Меѓутоа ние деца имам и свои обврски како спрема родителите, спрема професорите, спрема заедницата. Пред сé: наши обврски се да ги почитуваме родителите, постарите, професорите. Да учиме, да им помагаме на родителите, да бидеме послушни и корисни граѓани на нашето општество.

Александар Стојковски прва – 1

Page 12: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Секое дете има свои права, а едно од најважните права на едно дете е правото за заштита на децата. Често децата се изложени на малтретирње од своите родители. Насилството над малолетните лица во Република Македонија, па и низ целиот свет е тешко казливо дело, па насилниците можат да се здобијат со високи казни затвор. За заштита на децата се бори УНИЦЕВ, таа се бори за правата на децата низ целиот свет. Доколку некои родители, извршат кривично дело, насилство над малолетно лице, истите можат да се стекнат и со одземање на нивните деца од страна на државата и сместување во домовите за деца без родители низ земјава. Домовите за деца без родители се грижат за напуштените деца сé до нивната осумнаесетта година и навршување на полнолетство. Децата сместени во домовите за деца без родители исто така како и сите други нормални деца имаат право на образование и се носат во посебни училишта. Во Република Македонија сé почесто се врши насилство врз малолетни деца, но ретко кои од децата се осмелуваат да се обратат до службите задолжени против насилството, поради тоа насилствата во Македонија не можат целосно да се казнат. Во минатото казните за насилства биле мали,или воопшто немало казни.

Дејан Јовевски прва - 1

Page 13: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Секој човек има право да ги знае своите права. Поголемиот дел од возрасните луѓе се запознаени со своите права и исто така знаат каде и преку кои институции можат да ги остварат истите Но, децата ние, поголемиот дел од нас не знае кои се нашите права. Правата на децата се напишани и дадени за да можат сите деца да ги користат. За едно дете да има безгрижен живот мора да си ги знае своите овластувања. Животот не е вистински доколку живееме со страв дека ќе наидиме на ситуација со која не ќе можеме да се справиме. Во поглед на запознавања на децата со своите сопствени права постојат доста институции. Потребно е секојдневно едуцирање на сите деца, од сите класи. Исто така многу битен фактор во остварување на правата е што децата треба да ги знаат сите институции и сите начини преку кои ќе се овозможи достоен живот за секое дете, во поглед на безбедноста.

Христијан Ивановски прва - 1

Правата се оние кои што нé водат во животот,и не дозволуваат човек да биде повреден.Ако во минатото луѓето пролевале крв за да се изборат за своите права, денес тие ги уживаат нив и живеат во слобода. Основно право на човекот е правото на живот. Секој има право да живее и никој не смее да одзема животи. Но,ова не е единствено право на човекот. Постојат и многу други права. Право на дом и семејство каде што секое дете, односно секој човек има право за дом и семејство.Секое дете има право на образование и тоа бесплатно.Ако образованието во минатото се плаќало тоа денес е бесплатно и задолжително.

Page 14: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Но, дали секаде се почитуваат човековите права?Во земји каде што сеуште има војни...сеуште се загрозени правата на човекот Авганистан, Пакистан, Ирак, Иран, се земјите каде што човек нема право. Секогаш треба да се потрудиме да ги зачуваме нашите права и никогаш не треба да ги повредиме

Марија Николовска прва – 1

Сите луѓе без разлика на полот, возраста, бојата на кожата, верата имаме исти права... Без разлика на сé најважно право на секој е слободата и никој не може да му ја одземе слободата на некого без разлика на се. Никој не треба да биде исмеван затоа што и тој ги има истите права како и другите. На овој свет има три работи за кои вреди да се бориш тоа се правото, достоинството и честа... Животот нé учи на грешките. Животот е еден и единствен. Секој има право за свои идеали, да имаат своја цел во животот, бидејќи тоа е смислата на животот. . Александра Паревска Прва-2

Живееме во 21 век и сите права ни се овозможени. Имаме право на живот, среќа, љубов... Имам право на семејство, на образование. Да имам право на државјанство. Правото е широк поим. Стефан Колевски Прва-2

Page 15: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Уште од првите денови на нашите животи ние имаме свои права. Со текот на нашиот развој ние сме се повеќе свесни за нашите права, со текот на нашиот развој ние стекнуваме се повеќе права. Како ученичка на СОЕУ Јане Сандаски јас имам право на глас и право на сопствена приватност, но не само јас, тоа право го имаат сите ученици. Уште од многу одамна нашите претци се бореле за овие права за ние денес да можеме да уживаме во нив. Многу војни многу несогласувања, многу внатрешни конфликти се воделе сé додека не се стекнале совршените правила. Нашата Република Македонија се борела со Турција, Франција, Грција и многу други земји, многу борци загинале за нашата слобода, за слободата за нашата држава.

А ние сега, ние сега можеме да бидеме само благодарни на сите оние кои што учествувале во заработувањето на нашата слобода. . Кристина Коческа Прва-2

Јас имам право на живот и на сé што носи животот. Секој човек денес има право на сопствен живот, право на глас, право на образование и многу други права. Секој човек има слобода да мисли, да пее, да се смее, да сонува, да љуби, да сака и да биде сакан! Правото на слобода го има секој и никој на никој неможе да му го одземи тоа право. Правото на слобода е едно од најважните права за секој. Правото им дава еднаквост на луѓето. Александра Талевска Прва-2

Page 16: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Луѓето имаат право на сé. Имаат право на: живот, слобода, образование, работа, приватност... На никој не смее да му биде одземено неговото право. Сите луѓе се исти без разлика на верата, нацијата, полот, бојата на кожата и сите имаат исти права. Никој не смее да ми забрани да бидам слободна, да бидам тоа што сакам да бидам. Уште од почетокот на патувањето што се нарекуваше живот ги имаме истите права како и сега и ќе ги имаме до крајот на нашиот живот. Никој не смее да ни спори како да жвееме. Слобода на однесување, живеење во мир затоа што во минатото некој го дал својот живот за сегашниот мир. Нив, а ги има многу треба да им оддадеме почит. Имам право на образование. Со тоа ми е отворен светот. Имам право на комуникација со сите деца од светот. Имам право на приватност она што е мое е мое и не треба да се мешам во туѓата приватност. Децата имаат посебно право од заштита. Тоа важи за возрасните, општеството и државата. Децата одсекогаш биле злоупотребувани, искористувани, а тоа е тежок прекршок против човековите права. „Човештвото им должи на децата се што може да им обезбеди, а тоа се нивните права. Тамара Коневска Прва-2

Page 17: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Човекот од кога се роди има право на сопствен живот, секој човек треба да има права кои се загарантирани со закон. Тоа се право на слободно движење, право на образование, право на верска исповест, право на работа, право на здравствено и социјално осигурување, право на слобода и многу други права. Тие права треба да ги уживат сите луѓе во светот без разлика на раса, верска исповест и националност. Но не секаде овие права се почитуваат.Има места и држави во кои не се почитуваат основните човекови права и каде се врши тортура врз населението. За сите овие човекови права што ги уживаме се бореле нашите претци низ годините, вековите уназад. Затоа ние треба да продолжиме да се бориме низ животот тие права да ги остваруваме и почитуваме.Човекот без основните човекови права не може да биде човек. АнаМарија Петковска Прва-2 Уште од доаѓањето на секој човек на овој свет тој има право како пред сé на живот, слобода и среќно детство... Родителите имаат право, односно должност да се грижат за своите деца, тие треба да ги школуваат, да ги научат на добро однесување, да им помагаат кога им треба помош...Ако родителите имаат добро однесување спрема своите деца, тие треба исто така и да им возвратат.Секој родител би бил среќен кога неговото дете ќе има добро однесување спрема другите, кога ќе знае да почитува постари лица, кога ќе знае како да се дружи со своите другари, но пред сé дека нивното дете ќе учи и ќе се труди да постигни многу повеќе од тоа што го постигнале неговите родители. . Ивана Божиновска Прва-2

Page 18: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Јас имам право на живот и на сé што носи животот. Секој човек денес има право на сопствен живот, право на глас, право на образование и многу други права. Секој човек има слобода да мисли, да пее, да се смее, да сонува, да љуби, да сака и да биде сакан! Правото на слобода го има секој и никој на никој неможе да му го одземи тоа право. Правото на слобода е едно од најважните права за секој. Правото им дава еднаквост на луѓето. Александра Талевска Прва-2

Живееме во 21 век и сите права ни се овозможени. Имаме право на живот, среќа, љубов... Имам право на семејство, на образование. Да имам право на државјанство. Правото е широк поим Стефан Колевски Прва-2

Јас имам право, имам многу права. Имам право на живот, право на слобода, право на приватност, на љубов, на пријателства, на семејство, на среќен живот.Ова се права кои сите ги имаме, права кои никој на никого не може да му се одземат или ограничат.Сите ние сме еднакви, исти сме пред светот.Како граѓани на оваа држава имаме право слободно да го избереме своето место на живеење во границите на државата, право на државјанство, право на молба, жалба, на глас итн.Нашите претци со години се бореле за правата кои ние денес ги имаме. А ние денес можеме само да им бидеме благодарни. Симона Мојсова Прва-2

Page 19: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Дваесет и први век, век во кој луѓето имаат и уживаат многу права.В ек во кој правата за сите луѓе се исти без разлика на бојата на кожата или верата. Век во кој и едно новороденче има свои права. Најопшто човекот има право да живее. Всушност никој нема право да одземе живот бидејќи ние сме створени да живееме, а не да си ги одземаме животите меѓусебно. Не е ничие право да се меша во туѓи животи да гради живот врз другите. Правото на слобода е она кое што неможе да се ограничи и никој нема право да го ограничи. Има многу права како на пример: право на живот, право на слобода, на вера, на глас, на образование, на донесување свои одлуки и уште многу други права кои секојдневно излегуваат нови и го прават животот уште посовршен од кога и да бил. Не е битно каде сме правата секаде и за сите луѓе се исти. Но правата треба и да се почитуваат. Но не треба да заборавиме дека за овие права за оваа слобода која ние денес ја живееме е пролеано многу крв. Ивана Ристевска Прва-2 Секој граѓанин има свое право на живот, право на работа. Јас како ученик имам право да се школувам, да живеам мирен живот и никој не смее да ми ги забрани тие права. Правото е слобода секој граѓанин да ги исполнува секојдневните обврски, да не биде малтретиран од страна на други личности. Правата се стекнуваат уште од раната возраст. Правата се најслободната работа што еден човек ги има. Бојан Ристевски Прва- 2

Page 20: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Право. Широк поим. Нешто кое не дефинира како личност и ни ги укажува нашите должности. Со правато се формира заедница во која сите сме еднакви и рамноправни меѓу себе. Но начинот на кој ќе ги прифатиме и примениме всушност не прави различни. И јас имам право.Право да бидам слободна и независна, да можам слободно да размислувам и да се изразувам .Да бидам тоа што сум. Слободно да се движам без никој да ме ограничува. Да сакам и да бидам сакана без некој да ми забрани, да се забавувам и да се дружам со пријателите без тоа некој да ми го одземе. Само небото да ми претставува граница и ништо друго со што ќе можам слободно да го живеам животот што го имам. Едноставно да бидам јас! Сара Колевска Прва-2

Сакам да живеам без никој да ми покажува што е праведно. Сакам да знаете дека моите одлуки, а ничии и доколку се погрешни, јас ќе ги сносам последиците .Иако сум млад, можам да се распознаам и да предвидувам што ме чека во иднина. Очекувам нови предизвици, нови препреки. Отворен сум на нови искушенија и прифаќам подучувања. Сакам да бидам подобар од она што бев денес и вчера. Сакам да се изделам од забуната и да живеам самоуверено, без помош од никого. Имам право на тоа. Имам право да израснам во човек достоен за почитување. Верувајте ми нема да дозволам да бидам лишен од своите права се додека не ги остварам. . Бојан Цветковски Прва-2

Page 21: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Право. Сите ние сме родени со свои права. Права кои никој не може да ни ги одземе. Овие права кои ние денес си ги имаме, ги имаме благодарение на нашите претци кои со години се бореле за нив. Без разлика од која средина сме, кој јазик го зборуваме сите имаме еднакви права. Сите ние имаме право на живот, право на приватност, на љубов, на здравје, на среќен живот. Имаме право на семејство, на пријатели, на образование.Никој не може да ми забрани да бидам слободен.Имам право на комуникација со сите деца од светот. Никој не може да ни спори како да живееме. Филип Стојчевски Прва-2

Право. Збор со големо значење, збор кој постои во животот на секој човек, збор кој ни дава сила и храброст да се соочиме со пречките кои ни ги дава животот. Иако живееме во свет со многу неправилности постои нешто што ни помага, што ни дава надеж и волја да се бориме понатаму. Тоа нешто е правото. Без разлика на бојата и верата, без разлика на возраста, без разлика дали си богат или не, сите ние имаме исти права, а најпрво имаме право на живот. Ако не постои правото на животот ќе нема смисла, а ако немаш право исто како да немаш сопствен идентитет. Правата се оние кои човекот го прават човек. Затоа секој човек треба да си ги знае своите права и да ги почитува. Ангела Димовска Прва-2

Page 22: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Уште од првиот ден на нашето раѓање сите ние сме еднакви без разлика на нашата вера, боја на кожа, сите ние сме еднакви и имаме свои права. Сите ние имаме право со гордост да го дигнеме својот лик и храбро без сомневања да застанеме малку повисоко од она што сме биле вчера или денес.Ние самите сме заштитници на сопствените права. Правото е наш заштитник и никогаш нема да падне. Ана Костоска Прва-2

Кој и да сум, што и да сум, како и да сум... Јас имам право. Правото е широк поим, а толку малку го познаваат. Правото ни кажува што треба да правиме. Тоа е голема збирка од слободи во нашите раце, кои пред овај час беа занемарени и угнетени од застарени забрани за среќа. А сега, сега дојде време кога ние...било кои да сме и како достојно треба да живееме. Мојата најсакана желба е да го знам моето право. Да знам кој учи и што треба да прават.Затоа, сите ние правата треба да си ги знаеме и уште повеќе да ги осознаеме, да ги проучуваме, да си ги браниме, бидејќи без нив сме како без име, како без глас, како без нас. Нашата волја за добро битие нема да биде иста доколку не се погрижиме да научиме и прифатиме меѓусебно да се почит уваме и заедно да живееме. Мартина Наумовска Прва-2

Page 23: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Кога би се запрашале, дали сите имаме еднакви права, одговорот би бил да...но дали истите ги почитуваме...Тука нема одговор...без разлика на полот, верата и нацијата сите сме еднакви. Без разлика на нашата боја, црна, бела или жолта ние делиме исто небо.Сите ние имаме право на глас, право на говор, право на свое...Правата се оние кои човекот го прават човек. Секое дете како мене, има право на образование, право да мечтае, право да сонува...Кој е оној кој не би посакал овие права да не се почитуваат? Кој би го спречил правото на едно дете да мечтае, да сонува безгрижно? Сигурно тој е некој кој нема право на свој живот оној кој не го осознал своето право.Помислете само еднаш, како би се чувствувале вие да немате право на свој избор, живот и сон? Сигурно не ни сакате да помислите...Да немаш право е исто како да немаш идентитет. Затоа почитувајте ги правата кои не направиле човек—она што денес сме. Почитувајќи го правото се почитуваме самите себе си. Драгана Ризоска Прва-2

Page 24: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Право... Тоа е збор кој треба да го поседува секој човек. Правото не смее да биде ограничено, забрането. Секој човек има право слободно да мисли, да се изразува, да гради своја иднина, да го прави истото нешто што го прават сите останати луѓе.Човекот е ист каде и да оди, тој ги има истите права секаде. Најважно од сé е дека човекот има право на слобода. На никој човек не му е дозволено да го одзема и упропастува животот на друг човек. Сите луѓе треба едноставно да имаат свој живот и никој да не им го одземе и ограничи истиот на друг човек . Емилија Јовановска Прва-2

Јас...Која сум јас? Јас сум заштитничка на моите права. Карта на мојот живот, смисла да мојата независност. Правото е мојот штит и знам дека никогаш нема да падне. Знам дека сум човек што заслужува да живее и се труди за она што му припаѓа и што го заслужува. Единствено барам слобода. Слобода да зборувам и да не се плашам од звукот на својот глас. Барам да бидам поддржана за она што е вистинско. Без никаква лага е мојата молба за живот. Јас, како и сите други имам право да бидам сакана, да сакам, да се борам и да победувам. Имам право да бидам своја и да го покажувам она најдоброто од мене. Имам право да сум рамноправна и неограничена. Јас имам право... Софија Даскаловска Прва-2

Page 25: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Живот. Се прашувам што е всушност животот? Мал збор, но со огромно значење. Се живее неброени минути и часови, потоа години. Живееме нормален живот што треба да го има секој човек. Ние имаме право на таков живот. А под нормален живот се подразбира да се има и покрив над главата, семејство, но и пари кои ќе ни овозможат барем скромен живот.За жал овие можности не можат да ги имаат сите.Но, се прашувам колку сме свесни за тоа? Се помалку и помалку се разбудува нашата совест и свест дека додека го фрламе парчето леб на земја, бидејќи не ни било вкусно, има некој кој тоа го гледа одстрана. Некој кој копнее да дојде до такво фрлено парче за да преживее. Животот не е секогаш толку совршен како што изгледа. Треба да се помириме со фактот дека не очекуваат многу стапици и неубави нешта. Но не секаде, не секогаш и не за секого. Со нашето однесување, сами придонесуваме тој да ни тече онака како што си го замислуваме. Снежана Манојловска Прва-2

Page 26: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Живееме во 21ви век. Во ова време секој треба да си ги знае своите права. Правото само по себе повлекува и одговорности. Сите луѓе имаат заеднички права. Основно право на сите луѓе е правото на живот. Без разлика на кој континент живееме, во која земја, ова право никој не може да ви го одземе ако за тоа нема причина. Како сите деца така и јас ги знам моите најважни права. Со самото раѓање јас имам право на име, право на државјанство, грижа и нега, право да ги знаам кои ми се вистински родители и тие да се грижат за мене. Имам право на образование и слободен раст и развој. Кога јас ќе наполнам 18 години имам право на идентитет, имам право на глас и слободно размислување и изразување. Имам право на семејство, кое јас ќе го изберам. Имам право да живеам во здрава животна средина, да го изберам местото на живеење. Правата за сите луѓе во светот се исти без разлика од која вера потекнуваат тие, каква е бојата на нивната кожа, во која земја живеат или каков економски статус имаат во општеството.На овој свет, сите сме исти и рамноправни . Силвија Попчановска Прва-2

Page 27: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Секој човек има свое право.Право на сопствен живот, право на сопственост, право на глас и многу други права.Правото на сопствен живот е едно од основните права на човекот.Секое дете кое е донесено на овој свет има свои права. Уште во минатото нашите претци се бореле, војувале, за ние да бидеме слободни да имаме права, да бидеме она што сме, ги изгубиле своите животи за ние да живееме во мир и слобода.Јас, како ученичка на СОЕУ “Јане Сандански” имам свои права да учам и правилно да се развивам.Сите детски права се напишани во Конвенцијата за правата на детето. Тоа е документ што го потпишале сите земји во светот.Со овој документ се испишани правата на децата, пример: -Секое дете има право на среќен и семеен живот, право на родителска грижа и љубов. -Секое дете има право на здравствена заштита и лекарска нега. -Децата имаат право на здрава животна средина и чиста вода. -Децата имаат право да живеат во мир и слобода. Исто така секое дете има свои должности: да оди редовно на училиште,да учи,д а ги почитува повозрасните, да не фрлаат отпадоци. Нашите права не може никој да ги укине. Ако ги немавме овие права, немаше да бидеме она што сме денес, животот би бил потежок. Симона Стојковска Прва-2

Page 28: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Секој човек треба да ги има своите права. Според мојата возраст која ја имам мислам дека како многумина деца во светот ги поседувам основните човекови права. Свесна сум дека треба да се школувам, да се изборам за моите потреби. Без разлика од која средина сме, кој јазик го зборуваме, на кои богови му се поклонуваме правата ни се заеднички и никој не смее да ни ги одземе. Никој не може да ми ја земе душата, никој не може да ни го одземе сеќавањето. Имам право на свое мислење, имам право да сонувам, право понекогаш да преќутам, да се насмевнам. Имам право на самодоверба, право на фантазија. Единствено децата избираат без омраза. Го живеат својот шарен свет. Во нив се крие богатството, тие се клучот за иднината. Тоа се децата.Но за да ја остварат иднината треба да се почитуваат нивните права. Секое дете ги нема тие права. Нивната желба да бидат рамноправни, да ги имаат истите права какои и дру гите деца е еден висок врв кој за нив е недостижен.Нивното срце посакува топол дом, училиште во кое ќе се образуваат и нема да бидат дискриминирани поради она што се, но пред се тие сакаат љубов. Љубов од едно семејство кое ќе биде патоказ за сите предизвици од животот. Сепак, длабоко во нивните срца надежта е врежана дека еден ден и тие ќе ги имаат истите права и ќе можат да живеат во секој миг од животот. Можеби овие права бавно достигнуваат до некои деца, но не е важно. Важно е тие никогаш да не престанат. Кога би го вратиле времето наназад ќе сфатиме дека луѓето и во минатото размислувале за своите права, но тогаш немале доволно моќ за да го добијат бараното. Па затоа правата што ги имаме, да ги заштитиме и да не дозволиме некој да не ги одземе.

Ивана Ѓуровска прва-2—БЛАГОДАРНИЦА

Page 29: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Јас, една обична девоја која веќе преишла праг од кратка наивност и се префрлила на работи од кратката младост, знам дека еден ден со силен глас ќе извикам гласно за слободата.Сакам секој од најмалата последна бројка да признае дека слободата е ох, толку слатка, ох, толку скапа.Она што сега го мислиме за свршено, веќе започна.Започна да се одбројува колку пати бевме ограбени од она наше највредно.Не раскинаа, не одделија од она што не штитеше најмногу и секогаш: нашиот збор.И сега кажете ми колку вреди да се молчи и плаче во самотија и страв. Да бегаш од она за што знаеш дека си и вредиш, од она што те изделува од оваа анемија. Станете смело и длабоко вдишете, а потоа раскажете им на сите за вашите желби. Кажете им ги вашите сништа и патот по кој сакате да стигнете без помош од никого. Возвишете се кон недофатливото и подгответе се за едно животно патување низ радоста и победата пред вас. Само еднаш, затворете ги очите и замислете како летате толку високо над оние што приталкуваат за невистинското. Кога ќе се искачите над сите оние што ве прогонуваа, кажете им колку е убаво да си во право.

Каролина Марковска прва-2—ВТОРО МЕСТО

Page 30: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Во животот се се менува, па дури и правата. Еден ден имаме забрана или дозвола за едно, друг ден за друго. Се е менливо. Имам право на мислење, па затоа и го пишувам ова. Зошто да не се изразам, кога можам? Не знам до чии раце ќе стигне и дали ќе промени нешто. Зошто сеуште има војни? Зар не може тоа да се смири? По патот кој го замислувам сé е магливо од чадот кој го испушта оружјето. Многу мртви луѓе лежат на земјата, а се бореле за својата татковина. Каде е правото за мир во светот? Дале е заборавено или воопшто не постоело. Сакаме мир. Секоја кавга не вреди,г убиме по еден познаник, кој може да ни се најде за било што. МИР. Ништо повеќе. Ако имам можност да избирам би го избрала правото за мир во светот. По четири илјади деца умираат на час од глад, а парите сеуште се трошат на бомби, кои предизвикуваат смрт. Безмилосно е одземен животот на толку многу луѓе, кои имале слобода да живеат. Одземена слобода на живот? Па нели имавме право на живот? Ана Марија Чкламовска прва -3

Page 31: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Јас имам право да живеам и никој не смее да ми се меша во тоа. Правото на живот го има секој член, независно од верата, расата, полот и бојата на кожата. Исто така тука е и правото на глас. Тоа значи дека секој човек ги има истите права како другите. Правото на слобода го има во секоја држава, слободно да се движат во и надвор од земјата и слободно да одлучуват како и каде ќе живеат. Секој има право на мислење и никој не смее да го злоупотребува и да се меша во тоа . Виктор Јанкуловски прва -3

Имам право на слобода. Слободно да зачекорам, да размислувам, да сонувам. Слободна ко птица. Неограничена во својот лет. Слободата е небо, море по кое секое дете безгрижно треба да плива. Без многу тежок товар на својот грб. Само со своите одговорности. Имаме право да се жалиме доколку нешто е против нас кога ние сме во право. Со тоа што сме деца не треба да значи дека не сме во право. Можеби на моменти и ние размислуваме подобро од возрасните. Сепак сите сме луѓе, сите сме исти. Едно срце, две раце, две нозе. Сите сме рамноправни. Имаме права да кажеме строго ДА или НЕ. Свој став. Без наметнување од страна, без влијание на туѓото мислење врз нас. Деца сме, но тоа не значи дека некој смее да ни ги ограничува нашите права. Ќе се бориме за нив, бидејќи човек без право не е ништо. Човек кој го чува своето мислење за себе, своите мисли, не го прави тоа што го сака, не ги вреднува своите права, нема свои карактеристики, свои позиции е исто како да нема права.

Ивона Мирковска прва -3

Page 32: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Зошто светот е толку полн со неправди, лаги,

патетики, предрасуди и неслога помеѓу луѓето? Зошто сé се брои, зошто се има цена? Дали сум на планетава за да ги гледам овие лудости, или уште полошо, да присуствувам во нив..? Зошто никогаш... никогаш неможам да бидам сфатена и да докажам некои работи, зошто никој не сака да ме слуша? Знам, само затоа што сум дете. Кој ви дава право да казните некој кој пред светот и пред законот е еднаков на вас? Можеби сум дете, но на моменти светот го гледам побистро од вас. И ние, децата на моменти ги тргаме оние розеви очила и гледаме во бои, различни бои, се баш онака како што е. Велите дека ние, децата живееме во свет на мечти, фантазии, соништа..., но не е така. Никој освен нас не знае што се случува во нашата глава, и ние имаме права, право на глас, живот, слобода и ред други. И Вие, и ние... сите само обични смртници кои чекорат по иста земја, а ние – децата, зошто баш ние да живееме огорчен живот. Деца, а сепак посилни од возрасните. Огорчен живот... а, сепак

Моите права како младински член на оваа држава се ограничени. Но сепак се подобри од порано. Во мојата државa има правобранители кои ги штитат моите права. Но, нашите права не се почитуваат и се злоупотребуваат многу пати. Но, тоа е последица за недоволна грижа и врска со правата на младината. Затоа постојат институции и поединци, на кои треба да им се обратиме во случај на злоупотреба на нашите права. Затоа во повеќето случаи треба да ги знаеме правата. Нашата држава е многу неодговорна затоа на ред на нас е да ја подобриме.

Христијан Јошевски прва - 1

Page 33: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Да, ние сме деца и да, и ние имаме свои права. И секој ден во кој нашите права не се исполнети за нас е нов пораз. Нашите права се она за што ние се бориме. Секој ден, за нас нова надеж. Надеж дека ќе бидеме слушнати, сфатени... Ние чашата ја гледаме полуполна, а не полупразна. Нас не ни е битно колку пати ќе бидеме соборени на колена, туку колку пати ќе успееме да се исправиме и да продолжиме понатаму. Имаме право на глас, и ќе зборуваме без разлика колку пати ќе бидеме замолкнувани. Имаме права кои се наши. Тие права се правилата по кои ќе живееме без разлика што ќе речете Вие. Ние на Вас гледаме вака: Сите сте луѓе, но ретко кој човек.

Кристина Тодоровска прва -3—ПРВО МЕСТО

Во светот постојат безброј права. Право на живот, слобода, говор, мисла. Тоа е оној дел од животот што нé прави еднакви меѓу себе без разлика на полот, расата, верата. Лаежот на кучињата скитници, песната на птиците, тоа никој не може да им го одземе бидејќи тоа е нивно право. Децата исто така ги имаат сите овие права, можеби тие се уште мали, но понекогаш размислуваат подобро и од возрасните, нивните мислења упатуваат кон нивните права, кои се премногу силни и моќни. Да имаш право значи слободно да чекориш низ предизвиците во својот живот. Чекорам слободно во животот, слушам гласови, гледам безброј лица кои се еднакви како цветовите во ливадата, како птиците на небото. За да бидеш слободен во животот не треба да се трудиш да го добиеш тоа единствено треба да го искористиш бидејќи го имаш тоа право.

Драгана Валајчовска прва -3

Page 34: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Секој човек има свои права и слободи. Сите ние имаме права кои треба секој да ги почитува без разлика на околностите, без разлика на тоа што секој е различен. Секој треба да се прифати онаков каков што е и онаков каков што тој сака да биде, никој не треба да се потценува за нешто. Сепак јас ќе се задржам на правото на среќно и безгрижно детство. Значи секое дете има право на среќно и безгрижно детство, кое не смее да му биде одземено на било кое дете. Но некои луѓе се толку сурови што дури и тоа, најдрагоценото нешто на децата им го одземаат. Детето треба да расте безгрижно, да расте во игра и смеа, но некои деца наместо со смеење, тие растат со плачење, бидејќи тие се злоупотребувани од некои родители. Тие се толку мали, но доживуваат толку грозни и страшни нешта, што некои деца тоа неможат да си го замислат, а не да го доживеат. Правото на безгрижно детство на ниедно дете не смее да му се одземе, затоа што секогаш во животот на тие деца ќе им се враќаат старите слики кои некогаш ги доживеале.

Сара Петровска прва -3

Page 35: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

На земјата има граѓани од повисока и пониска класа, со секој поминат момент сфаќам дека сите на оваа земја сме рамноправни. Сите имаме исти заеднички права, без разлика на годините, парите, полот и верата. Јас како дете имам право на споствен живот односно сама да донесувам одлуки за мојот живот, имам право на мирен живот без насилство. Имам право да сакам, да бидам сакана и сама да одлучувам што сакам јас во животот, без никој да ми се меша. Што и да одлучам тоа е мој живот и никој нема право да се буни или да прави нешто што не го сакам. Имам право да го проживеам остатокот од животот со тој што го сакам, како и да правам што е најдобро за моите деца да бидат среќни, сакани и полни со енергија за проблемите во животот. Секој има право на тоа што го сака и никој не смее тоа да му го скрати или попречи. Слушајте го срцето само тоа ќе ве одведе на врвот, а од таму погледот е најубав.

Ана Димова прва -3

Во животот секој има свои желби, обврски и правила. Но никогаш никој не е присилен да прави нешто ако тој не сака да го прави тоа. Животот е тркало и затоа треба да го живееме како што ни е овозможен. Своите правила што си ги поставуваме треба да ги почитуваме како прво ние самите ако сакаме потоа и другите да не почитуваат. Секој има свое право да прави што тој сака но се во своите граници. Сите имаме право над нешто, но тоа право не треба да го злоупотребуваме. Затоа правото кое што ни е дадено сите деца имаат свои лични права.

Катерина Станковска прва -3

Page 36: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Кога добро би размислила имам право на многу нешта. Тие права никој не смее да ми ги одземе, ниту ограничи. Имам право на слобода, свое мислење, живот, говор, глас, одлучување, образование и слично. Сите човекови права ни се утврдени и со Уставот и со законите. Животот не треба да се смета како забрана на среќата, туку како поразвиен, послободен и секогаш весел живот. Треба да се почитува заштитата на приватниот, личен и семеен живот. Слободно да живееме и донесуваме одлуки, лишувањето од слобода е условно и временски ограничено. Ако некои одлуки на судот не се правични имаме право на жалба. Можеме слободно да шетаме низ територијата на Р. Македонија, а и надвор од неа, а со тоа ќе одлучиме и каде да живееме. Никој не смее да ни влезе во домот и да ни кажува што да правиме. Тоа е наша сопственост која е неприкосновена, па секој мора да ја почитува. Исто така слободно можеме да одлучуваме и затоа каде би работеле, па и работејќи би и помагале на нашата фамилија, а доколку би биле хумани на сите луѓе во светот. Така работејќи треба да се одржува и здрава животната средина. Ако не сме задоволни од нашиот месечен профит, можеме да запреме со работа и да предизвикаме штрајк. Ова се неколку права кои му припаѓаат на секој граѓанин и исто така и му се гарантирани со Уставот. Треба да си ги знаеме, а така и почитуваме. Животот е еден и затоа живејте го правилно.

Христина Наумовска прва -3

Page 37: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

И повторно на екранот од телевизорот се појавија морничави слики на насилство.

Бомби паѓаа на сите страни. Исплашени мали деца, мајки, татковци се кријат во урнатините, сакајќи да ги спасат своите драгоцени животи кои за некои луѓе не вредат ниту “грош”. Кои се тие луѓе што не го ценат човечкиот живот. Кои им дава право да си поигруваат со судбините на луѓето. Не дозволувам некој да си игра со нашите животи. Не дозволувам некој да си игра и со мојот живот. И јас како и сите деца во светот имам свои права. И јас сум суштество на оваа земја како и милијарди други кои имаат право на живот, на слобода, на среќа... никој не може, а и не смее тоа право да ми го одземе. Никој не може да одлучува во мое име ниту во името на сите деца во светот дали ќе живееме во мир или во војна.

Се прашувам што е тоа што луѓето ги тера да се убиваат и уништуваат меѓусебно.

Мислам дека тоа се парите и моќта. Богатството го тера човекот да пука во другиот човек. За жал така е. Затоа јас не дозволувам алчноста да завладее со моите чувства и ќе се борам против секого кој ќе проба да ги скрши моите права или да си поигрува со мојата судбина. Нема човек на овој свет што ќе може да ми ја уништи среќата и мојот живот.

Се надевам дека ќе надвладее разумот и во светот ќе завладее мир и благосостојба.

Секој има право на живот на оваа планета. И јас го имам тоа право и нема да дозволам никој да ми го одземе .

Марија Давидовска прва -3

Page 38: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Јас имам право на многу нешта, исто така како што имаат и другите. Сите ние имаме исти права: право на слобода, живот, на образование и други. Правото е тој дел во животот кој нé прави сите еднакви.

Со помошта која ни ја нуди правото, ние почнуваме да се почитуваме и не се вознемируваме еден со друг. Без право целиот свет би бил тежок, сигурно и без мир.

Давид Ивановски прва -3

Колку едно дете има изгубено непочитувајќи го правото на образование. Што тоа ќе прави понатаму, а и непочитувајќи и други права дали би успеале во некоја цел?

Во многу места, најшироко по светот спрема децата сеуште се однесуваат како со робови. Но зошто? Зошто едноставно тие не се третираат како некој и нешто. Пред светот сите сме еднакви и треба така да се однесуваме. Во последно време се повеќе докази испливуваат против тоа. Ние сме деца и не треба да бидеме определени во однос со правата, кој и каде да се дружиме и слично.

Секој треба слободно и на свој начин да си го живее животот, никој не смее да му поставува права според кои треба да се живее.

Сами си ја избираме иднината, начинот на живеење и постапките во нашиот живот. Правото на живот ни овозможува слободно да живееме, па треба според тоа и да се прилагодуваме. Валентина Каранфиловска прва -3

Page 39: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Едно безгрижно детство, не баш сите го разбираат дека има права во него. Но сепак постојат некои права за кои треба да се бориме, спротиставуваме. Растејќи, се повеќе ги сознаваме нашите права. Да, имаме право да живееме, да се образуваме и некои други права, но зарем може некој да ни ги одземе овие права? Почитувајќи ги правата на некој начин не водат кон подобар

Секое дете без разлика на верата, полот, бојата на кожата, државата од каде што доаѓа има право да си ги знае своите права како што се право на образование, мислење, одлука, избор, своја сопственост и свое мислење. Правата на детето треба секој да ги почитува, но во светот има толку многу луѓе што ги злоупотребуваат тие права и им ги одземаат. Децата имаат право на мирно детство без насилство, каде би требало да примаат љубов од своите родители без разлика на се!

Јована Трајковска прва -3

Page 40: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Децата имаат посебна потреба од заштита. Тие одсекогаш биле злоупотребувани и искористувани. Тоа претставува тежок прекршок против човековите права. Како ви звучи тоа, над два милиони деца ги изгубиле своите животи во војни? Десет милиони деца во целиот свет носат тешки психички последици од воени напади. Ако натаму се размисли за тоа, што е со оние безброј деца што се погодени од глад и жед, недостаток на здравствена нега, сексуално злоставување, користење на децата како работна сила.. Каде се нивните права? Ајде сите заедно да се бориме за да ги добиеме нашите права!

Тоа што сме малолетни, не значи дека немаме никакви права и дека секој може да манипулира со нашите животи. Како прво, основно и најважно, сите ние имаме право на живот. Нашите животи се наше лично богатство и никој нема дозвола истото да ни го одземе. Секое дете сака да израсне под ова небо и да ја почувствува топлината на сончевите зраци. Секое дете има право на слобода. Таа неможе никој да ни ја ограничи или одземе. Сите ние сакаме да се движиме, да дишеме, да играме и да делиме насмевки, без никој да ни забрани или да ни скрати од нештата што не прават среќни. Имаме права слободно да се изјаснуваме и да го кажеме своето мислење. Да дадеме предлог, идеја и некој само да не ислуша.

Сите ние сакаме да бидеме еднакви меѓу себе независно од полот, бојата на кожата, националноста и вероисповеста. Имаме и право на родителска грижа, воспитување и дом. Сите ние си поставуваме своја цел во животот, но за истата да ја оствариме, треба да се образоваме секако имаме право на тоа. Правото на образование ни ги отвара вратите кон остварување на целта во животот и обезбедување на светла иднина.

Page 41: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Сите се должни да ги почитуваат и да не ги прекршуваат нашите права, бидејќи ако децата би немале права, би биле многу малтретирани, злоупотребувани, искористувани и едноставно светот би немал иднина.

Теодора Ташковска прва -3

Секое дете е иднината на оваа држава. За таа иднина да биде поубава треба да се израснат генерации на добро воспитани деца. Животот е пред нас. И ние сме човечки суштества, и ние имаме права да одлучуваме за многу работи. Тој темел што ќе го поставиме во младоста треба да биде здрав и цврст- неуништлив кој ќе може да ги преброди сите препреки во животот. Зарем не треба и ние да одлучуваме за многу нешта во нашиот пат, за нашето утре, за нашето образование, и за многу други одлуки поврзани со нас. Не смееме да дозволиме секогаш да бидеме на “второ” место, искористувани од општеството какошто се безбро деца на светот, оставени со испружена рака на улиците, искористувани со многу нечесни работи, зарем треба да дозволиме на сите врсници, кои штотуку го започнале животот да завршат зад решетки заради профит на големит, растурајќи од “белата смтрт” и искористени за евтина работна сила. Нас светлина и право ни е да имаме топол дом – безгрижно поминато детство, да се школуваме и воспитуваме со надеж за еден ден со нас да се гордее целата држава, а ние самите да станеме пример за секого.

Мерлинда Алили прва -3—БЛАГОДАРНИЦА

Page 42: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Јас имам право да живеам и никој не може и не смее да ми го ограничи тоа право. Јас имам право да бидам одгледан и израстен од своите родители додека не наполнам осумнаесет години. Секое дете има право да живее како што сака и не смее да му се одземе тоа право. Неговите родители треба да се грижат за него, тоа не смее да биде жртва на било какво насилство, посебно не од своите родители. Во денешно време многу деца се жртви на семејно насилство, но тие слободно можат тоа да го пријават, бидејќи тоа е нивно право. Кога ќе наполнам осуманесет години имам право да се занимавам со што сакам, имам право и слобода на работа и моите родители не смеат да ми го ограничат тоа . Секое дете има право на жалба и приговор. Никој не смеее да изврши тортура над него. Овие права мора да се почитуваат бидејќи без овие права кои деенс ги имаме животот не би бил едноставен.

Златко Бошевски прва -3

Јас имам право на еден убав и безгрижен живот, живот во кој ќе живеам спокојно без никој да влијае врз мене, имам права кои ми требаат за да опстојам и да преживеам, бидејќи без нив ќе бидам понижуван и омаловажуван човек кој не се гледа, човек кој ќе биде играчка во сечии раце. Затоа јас имам право на живот и никој нема право да ми го одземе, да ми ја ограничи слободата и моето мислење, став и глас. Без права тешко кој ќе може да опстане во овој суров свет.

Page 43: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Во светот има милиони, милиони луѓе, деца кои секојдневно преживуваат тешки работи, секојдневно малтретирани и присилени да извршуваат нешта кои не сакаат, но мораат. Но затоа секој човек мора да си ги бара своите права, слободно да живеат и сонуваат без страв во нивните срца. Затоа во животот треба да се биде храбар и исправен, да се бориш за своите права и слободи зошто никој така лесно не ги добива. Јас како дете имам многу права за кои треба да се изборам, знам дека ќе биде тешко , но морам да чекорам исправено по овој пат ида ги остварам своите сонови.

Деан Вршковски прва -3—БЛАГОДАРНИЦА

Уште првиот ден кога дојдов на овој свет, со првиот здив, ги стекнав моите права . Имам право на глас, на мислење. Можеби моите идеи ќе променат нечиј живот. Имам право на соодветно образование.Јас самата одлучувам за мојата религиозна припадност и култура. Овие права сите нас не прават еднакви и исти, а сепак толку различни. Но мене не ми е грижа за тие напишани права Јас имам право да сакам. Имам право да помогнам и да ми помогнат. Дозволено ми е со моите дела да предизвикувам промени во светот.Имам право, па и планини да турнам со моите инспиративни зборови. Но пред се.. право ми е а и обрвска, да сум почитувана и да ги почитувам сите оние со кои ги

споделувам моите права.

Мартина Ѓаковска трета –3—БЛАГОДАРНИЦА

Page 44: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Јас имам право да Пеам на глас И гордо да го

Кажам своето јас.

Да ги сакам сите Луѓе со нивната маана И да им ја покажувам Мојата добра страна.

Да им кажувам за љубовта Затоа што тое не прави среќни

Да престанат со омразата И без причина човек со човек да се неќи.

Јас имам право Среќа да сеам И на цел глас

Јас да се смеам. Емилија Каранфиловска, Александра Каранфиловска, Емилија Береска, Ангела Дејкоска, Халиме Изаири, Арлинда Омерова, Јована Лазароска I-3

Page 45: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Јас имам право Да се хранам здраво

Да пеам на глас, Да ве сакам вас.

Да свирам на гитара, Скршена и стара.

Да паднам од стол Да вреснам од бол

Да плачам како дете Зошто тоа сум ете.

Егзона И, Бинѓул В, Христина Ѓ, Хиџра Р. I - 4

Јас имам право Како и сите

Сите сме исто Со исти права

Со исти обврски СИТЕ СМЕ ЛУЃЕ НА ОВАА СИНА ТОПКА

Заедно сме И мора да имаме права

Без правата, светот е лош Луѓето се омаловажуваат,

И мачат меѓусебно Без правата светот е суров,

Луѓето се опасни,злобни едни кон други Затоа јас имам право

Како и сите други. Анастасија Велјановска прва-1—БЛАГОДАРНИЦА

Page 46: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Не трпам тортура Имам право на култура.

Имам право да се едуцирам Не смеам да те провоцирам.

Животот го живеам по правила, Што сама сум ги составила

Кој си ти да ми кажуваш Како да живеам?

Во мене се буди внатрешноста И почнувам да дивеам.

Но,ме контролираат сите права, Тоа ја збунува мојата глава.

Правата ја имаат целата власт И се што правам,правам со старст.

Мене ништо не ми пречи, Бидејќи времето сé лечи.

Симона Јосифовска, Наталија Милевска,

Ивона Кикирковска, Кети Велјановска, СтефанијаДеспотовска, Маја Стојчевска, Лорета

Рушидовска, Мерзан Камбери. I –4

Page 47: Jas imam pravo

Ј А С И М А М П Р А В О . . .

Марија Николовска прва 1

Page 48: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Валентин Дамчевски втора 2—ПРВО МЕСТО

Page 49: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Ѓеро

вска

Ем

илиј

а пр

ва 4

– В

ТОРО

МЕС

ТО

Page 50: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Сара Каровска прва 1—ТРЕТО МЕСТО

Page 51: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Марија Николовска прва 1—БЛАГОДАРНИЦА

Page 52: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Мар

ија

Ник

олов

ска

прва

1

Page 53: Jas imam pravo

ЈАС ИМАМ ПРАВО...

И ЈАС ИМАМ ПРАВО...

Издавач: Детски Правобранител при

СОЕУ „Јане Сандански“-Битола бул. „1ви мај„ 59 Битола

7000 Битола Р.Македонија Тел/факс: 047/238-133

е-маил: [email protected] фан страна: www.facebook.com/detskipravobranitel

Уредувачки одбор: Теодора Цветкоска Мартин Николовски

Текстуална обработка: Демиран Ислам

Дизајн:

Теодора Цветкоска

Одговорен уредник: Мартин Николовски

Благодарност до учениците и вработените на СОЕУ

Јане Сандански Битола за поддршката при реализацијата на проектот: И јас имам право... во

организација на Детски Правобранител

Page 54: Jas imam pravo