22
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП Факултет за медицински науки Насока: Фармација 077523674 СЕМИНАРСКА РАБОТА: МЕТОДИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА СЕРУМСКИ ТРИГЛЕЦИРИДИ Ментор: Кандидат: ________________ Мартина Тоневска (индекс) Професор/доктор редовен студент

metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Medicina

Citation preview

Page 1: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

Факултет за медицински науки

Насока: Фармација

077523674

СЕМИНАРСКА РАБОТА:

МЕТОДИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА СЕРУМСКИ ТРИГЛЕЦИРИДИ

Ментор: Кандидат:

________________ Мартина Тоневска (индекс)

Професор/доктор редовен студент

Штип, Јануари, 2013 година

Page 2: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

СОДРЖИНА:

ВОВЕД----------------------------------------------------------------------------------------------------3

1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРИГЛИЦИРИДИТЕ--------------------5

2. МЕРЕЊЕ НА ТРИГЛЕЦИРИДИТЕ-------------------------------------------------7

3. ПРИЧИНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНО КОЛИЧЕСТВО НА СЕРУМСКО ЖЕЛЕЗО

ВО КРВТА----------------------------------------------------------------------------------9

4. МЕРЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА КРВТА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА

СЕКОЈ НЕЈЗИН ЕЛЕМЕНТ И СОСТАВЕН ДЕЛ-----------------------------10

5. АПАРАТ ЗА МЕРЕЊЕ НА ТРИГЛЕЦИРИДИТЕ-----------------------------13

ЗАКЛУЧОК----------------------------------------------------------------------------------------------

14

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА----------------------------------------------------------------------16

2 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 3: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

ВОВЕД

Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на

липиди, односно масти. Без нив нема живот. Холестеролот е потребен за

изградба на клеточните мембрани и производство на неколку елементарни

хормони. Триглицеридите кои претставуваат синџир на масни киселини со

висока енергија, обезбедуваат енергија потребна за нормално функционирање

на клетките.

Постојат два извори на овие липиди: извори во храната и ендогени

извори (на пр. Кога тие се произведуваат во телото). Холестеролот и

триглицеридите воглавно се наоѓаат во храната од животинско потекло и

заситени масти. Овие липиди најпрво се апсорбираат во цревата, а потоа по

пат на крвотокот стигнуваат до црниот дроб кој ги преработува. Една од

главните задачи кои црниот дроб ги врши е да се осигураат сите делови од

телото да добиваат холестерол и триглицериди, без кои не може да

функционираат. Црниот дроб ги пакува холестеролот и триглицеридите,

заедно со специјалните протеини, во мали соединенија кои се наречени

липопротеини.

Тие влегуваат во крвотокот и на тој начин се доставуваат до сите

ќелии во телото. Потоа, ќелиите од липопротеините земаат онолку

холестерол и триглицериди колку што им се потребни.

3 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 4: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

Кога нивото на ЛДЛ холестеролот  (односно, лошиот холестерол) е

превисоко, ЛДЛ почнува да се лепи по површините на крвните садови, што

влијае на стимулирањето на атеросклерозата или намалување на

еластичноста на артериите. Атеросклеротичните наслаги ги намалуваат

артериите, што може да предизвика срцев или мозочен удар.

Производи кои можат да ги зголемат триглицеридите се рафинираниот

шеќер, рафинираното брашно, овошните сокови, суво овошје и претерано

консумирање на алкохол. 

Бидејќи нивото на триглицеридите по оброците со месо се покачува

и може да се задржи во следните неколку часа, се советува 8 часа пред

испитувањето да не се јаде. Доколку појадувате пред испитувањето,

триглицеридите можат да се покачат за 20% повеќе, во однос на

вистинската состојба.

4 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 5: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРИГЛИЦИРИДИТЕ

Триглицеридите претставуваат основен дел од липидите (мастите) во

храната. Другите две класи на маснотии се фосфолипиди ( пример: лецитин) и

стероли (пример: холестерол). Триглециридите се образуваат при

естерификација на глицерол со три молекули на мастни киселини. Се

нарекуваат уште и триацилглицероли.

Триглециридите се примат во храната (ексогени) или се синтезираат во

организмот (ендогени). Во тенките црева екзогените триглицериди се

хидролизираат од панкреасната липаза и се поставуваат во клетките на

цревната лигавица. Таму се синтетизираат хиломикроните. Тоа се

липопротеиним кои содржат екзогени триглецириди (90%), холестерол (5%),

фосфолипиди (4%) и белковини (1%). Функцијата на хиломикроните е да ги

пренесат егзогените липиди (главно триглициридите од цревата до сите органи

делови (главно до масните депа, каде што триглециридите се складираат).

Хиломикроните се појавуваат во крвта после исхраната и 2-3 часа после тоа

исчезнуваат. Ендогените триглецириди (синтетизирани во црниот дроб) се

пренасуваат до сите органи во форма на VDLD. Тоа се липопротеините кои

содржат триглицериди (65%‘), холестерол (15%), фосфолипиди (10%) и

белковини (10%). Најмногу триглецириди има во маснотиите во црниот дроб,

скелетната мускулатура и срцето. Покачените количества на триглецириди

(хипертриглецидермија) се набљудува при:

1. Бременост, медикаменти од овулацијата;

2. Семејна хипертриглицидермија;

3. При закажан диабетес, алкохолизам, панкреас, нефрозен синдром,

хипотиреодизем, гликогенози и др;

Постојат два извори на ваквиот вид на липиди и тоа Егзогени извори

(храна од растително и животниско потекло) и ендогени извори (продукцијата

им се одвива во телото).

Холестеролот и триглециридите воглавно се наоѓаат во храната од

животинско потекло и мастите. Овие липиди најпрвин се апсорбираат во

цревата, а потоа по пат на крвотокот стигнуваат до црниот дроб кој ги

5 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 6: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

преработува. Една од главните задачи на црниот дроб е да осигура дека сите

делови на телото ќе добијат холестерол и триглециридите без кои не можат да

функционираат. Црниот дроб потоа ги пакува холестеролот и триглециридите,

заедно со специјалните протеини, во мали соединенија, кои се нарекуваат

липопротеини. Липопротеините влегуваат во крвотокот и на тој начин се

доставуваат во сите ќелии во телото. Ќелиите потоа од липопротеините земаат

онолку холестерол и триглецириди колку што им е потребно.

2. МЕРЕЊЕ НА ТРИГЛЕЦИРИДИТЕ

6 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 7: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

Количината на триглецириди во крвта може значително да варира,

но е „нормална“ количини околу 150mg/dL. Од 150 до 199 mg/dl е гранично

висока количина, додека од 200 до 499 mg/dl е повисока количина, над

500mg/dl е многу висока количина. Нормалната вредност за вкупното

ниво на холестерол е 2-2,5 g/l, а за лошиот LDL холестерол е 1,6 g/l.

Доколку измерените вредности се поголеми од наведените се

започнува со промена на режимот на исхрана во рок од три до шест

месеци. Воглавно е доволно за нивото на холестерол да се спушти за 10-

15%, без примена на лекови. Меѓутоа доколку промената на начинот на

исхрана не дава видливи резултати се преоѓа на медикаментозна

терапија.

Триглециридите и холестеролот се мерат, преку вадење и анализа

на крв во утринските часови, после ноќно постење. Тестот е добро да се

повтори бидејќи количеството на триглецириди и холестерол може

значително да варира во определени временски период зависно од

исхраната и другите надворешни и внатрешни фактори на организмот.

Поголемите шанси за зголемени вредноти на холестеролот можат да

доведат до срцеви заболувања и се зголемуваат доколку влијаат билокој од

следните фактори:

Пушење: Пушењето на цигари ги оштетува зидовите на крвните садови,

чинејќи ги подложни да акумуллираат масни наслаги. Пушењето истотака може

да го намали нивото на HDL или „добриот“ холестерол.

Гојазност – Доколку индексот на телесната маса (Body Mass Index –

BMI) е 30 или повеќе тоа значи дека организмот е изложен на ризик за покачен

холестерол.

Неадекватна исхрана – Храна која е богат со холестерол како што е

црвеното месо и полномасни млечни производи, кои го зголемуваат вкупниот

холестерол. Конзумирањето на заситени масни киселини кои се наоѓаат во

храната од животинско потекло и се нарекуваат транс – масти кои се користат

за производство на поголемиот број на слатки, крекери, чипс и сл, истотака

можат да го зголемат холестеролот.

Недостаток на физичка активност – Физичката активност помага во

зголемувањето на нивото на HDL – добриот холестерол и намалување на LDL

7 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 8: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

– лошиот холестерол. Доколку личноста не вежба доволно или генерално има

намалена физичка активност, во ризик е за добивање на високи вредности на

холестерол.

Висок крвен притисок – Зголемениот притисок на зидовите на

артериите ги оштетува артериите, што може да го вбрза акумулирањето на

масни наслаги во нив. Крвниот притисок треба редовно да се проверува и по

потреба да се регулира совет од лекар.

Дијабетес – Високите вредности на шеќер во крвта допринесуваат за

зголемување на LDL во низок HDL. Зголемениот шеќер во крвта истотака го

оштетува зидот на артериите. Нивото на шеќер – гликемија треба редовно да

се проверува бидејќи некогаш зголемените вредности се присутни без значајни

симптоми и негативно влијаат на целокупното здравје на организмот.

 

3. ПРИЧИНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНО КОЛИЧЕСТВО НА СЕРУМСКО ЖЕЛЕЗО

ВО КРВТА

Причина за зголеменото количество на серумско железо е

секојдневната употреба на црвено месо во исхраната, преку кое се

обезбедува многу повеќе железо отколку што може луѓето да поднесат.

Исхраната која се состои од житарици, зеленчук и овошје обезбедува

доволно железо, без ризик за зголемување.

8 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 9: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

За жал, телото не познава начин како би се решило од вишокот железо, но

единствен начин да го намалите зголеменото ниво на железо е донирање крв.

Зголеменото количество на железо во крвта е токсично.Непримерното

насобирање на железо во организмот е болест - ХЕМОКРОМАТОЗА,

Предизвикува цироза на црниот дроб, кардиоваскуларни проблеми, зголемен

ризик од рак, дијабетис, импотенција, артритис.Симптомите обично се јавуваат

помеѓу 30-50 год. Мажите почесто заболуваат, за разлика од жените и кога ќе

се дијагностицира болеста обично следува диета.

Храна која изобилува со железо, првенствено е од животинско

потекло- црвено месо, црн дроб, ракови.Но се наоѓа и во билниот свет, а

познати извори на железо се:спанаќ, магдонос, грашок, семки, житарки, смокви,

кајсии, сливи, суво грозје, лубеница, грав.

4. МЕРЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА КРВТА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА

СЕКОЈ НЕЈЗИН ЕЛЕМЕНТ И СОСТАВЕН ДЕЛ

Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити,

тромбоцити.

RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од

градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6

9 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 10: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за

анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на

еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.

WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од

бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите

пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а

зголемување е знак за бактериски инфекции.

PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000

милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно

згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при

хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.

Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како

просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.

Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална

вредност 3,33 до 6,10mmol/l.

HCT- удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.За

жени 0,356-0,470 l/l и за мажи 0,410-0,530 l/l

MCV - Среден обем на еритроцити.

MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.

RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на

еритроцити по големина.

MTV - Просечен среден обем на тромбоцити

NEU - Неутрофилни гранулоцити се зрели клетки кои може да нападнат и

уништат бактерии/вируси дури и при циркулација на крвта.Нормална

вредност 40-70%

MONO - Моноцитите заедно со неутрофилните гранулоцити се основа за

одбранбениот систем на организмот.Нормална вредност 1-10%

EOS - Eозинофилни гранулоцити учествуваат во одбрана на организмот од

алергиски агенски и паразитни инфекции.Нормална вредност 0-6%

LYM - Лимфоцитите претставуваат популација на леукоците која вклучува

две подпопулации:Т лимфоцити-кои учествуваат во имунитетот на

клетките и Б лимфоцити-кои се претвораат во плазма клетки кои

произведуваат антитела и на таков начин учествуваат во изградба на

имунитетот.Нормална вредност 20-50%

10 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 11: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

BASO - Базофилните гранулоцити се најмалку застапени леукоцити во

периферната крв и учествуваат при алергиски реакции

Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика. Крвната

слика, како што велат лекарите, е огледало на нашето здравје. Затоа е

корисно повремено да ја проверуваме крвната слика.

Крвта се состои од плазма и од крвни клетки (црвени и бели крвни зрнца

и крвни плочки).

Кога станува збор за лабораториско испитување на крвта, тоа

подразбира два вида на анализи.

Едните анализи се состојат во испитување на видот, бројот, односот и

изгледот на крвните елементи (црвени и бели крвни зрнца и крвни

почки). Таа анализа е позната како крвна слика.

Со другите анализи се проверува биохемискиот состав на крвта и врз

основа на тие анализи се утврдува функцијата и состојбата на поедни

органи и ткива.

За да се провери крвата слика доволно е да се земе крв од прстот,

додека за поопсежните биохемиски анализи на крвта, потребно е да се

земе крв од вена на раката.

Хемограм (крвна слика)

Еритроцити (црвени крвни зрнца)

Намалениот број на црвени крвни зрнца (еритроцити) и намаленото ниво

на хемоглобин во крвта може да ни укажат на присутна слабокрвност или

анемија. Енормното зголемување на црвените крвни зрнца, исто така,

може да биде показател на повеќе заболувања.

Леукоцити (бели крвни зрнца)

Зголемениот број на бели крвни зрнца (леукоцити) во крвта е знак за

воспаление или за постоење на некое воспалително жариште скриено во

организмот (гранулом на заб, воспаление на мочниот меур – цистит,

бактериска инфекција на мочните патишта и друго), но е знак и за некои

други посериозни заболувања.

Намалениот број на бели крвни зрнца односно леукопенијата најчесто е

знак за вирусна инфекција, но може да се јави и при земање на одредени

лекови, а е знак и за некои потешки заболувања. Леукопенијата не се

11 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 12: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

лекува, туку се лекува причината која довела до појава на леукопенија

односно до намален број на леукоцити во крвта.

Тромбоцити (крвни плочки)

Зголемениот број на тромбоцити т.е. крвни плочки во крвта, може да ни

укаже на ризик за појава на тромби, бидејќи тромбоцитите учествуваат

во згрутчувањето на крвта и во запирањето на крварењето.

Лабораториските анализи се неопходни за да се постави точна дијагноза

на одредено заболување. Земањето на крвта трае многу кратко и скоро е

безболно.

За повеќето лабораториски анализи на крвта не е потребна некоја

посебна припрема. Сепак, за да се добијат поточни резултати обично се

препорачува да не се јаде 12 часа.

Од лабораториски анализи се прават: анализа на крвта и на мочката. Со

овие анализи може да се види состојбата и функцијата на бубрезите,

црниот дроб, коскената срцевина, панкреасот.

Како функционира црниот дроб и каква е неговата состојба покажуваат

неколку анализи на крвта, како мерење на нивото на ALT, AST, гама GT и

билирубин. Зголемените вредности на било кој од овие анализи

укажуваат на оштетување на црниот дроб, но и на некои други

заболувања. така на пример, зголемените вредности на билирубинот во

крвта укажува на опструкција (зачепување) на жолчните патишта, а

зголемените вредности на AST во крвта може да бидат показател на

некое мускулно заболување.

5. АПАРАТ ЗА МЕРЕЊЕ НА ТРИГЛЕЦИРИДИТЕ

Технологијата на високи параметри овозможува со апаратот кој што ќе го

земеме за пример Multi Care, да се вршат различни анализи со едноставно

менување на типот на траката, користејќи посебен чип за секоја анализа.

Потребни елементи за мерење на крвта се следните:

Апарат

12 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 13: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

35  трака (25 за глукоза, 5 за холестерол и 5 за триглецириди)

Пенкало

Ланцети (10 kom)

Технички карактеристики

Опсег на мерење 25-500 mg/dl(1,4-28 mmol/l) глукоза

Опсег на мерење: 130-400 mg/dl (3,3-10,2 mmol/l) холестерол

Опсег на мерење 50-500 mg/dl (0,56-5,6 mmol/l) триглицериди

Ограничување на температурата: 5-45 C

Посакувана влажност 0-90% релативна влажност

Дозволена надморска височина 2000 m

Капацитет на меморија 255 меморија за датум и време

Дисплеј LCD

ЗАКЛУЧОК

Високото ниво на триглецириди се поврзува со срцеви заболувања, иако

ниту една студија сеуште не е докажала дека високото ниво на триглециридите

претставува самостоен фактор на ризик за заболување на срцето. Тоа значи

дека лекарите немаат доказ дека во тој случај е потребно да се препише

агресивна терапија за намалување на триглициридите во крвта. Проблемот е

во тоа што пациентите со зголемено ниво на триглецириди готово без исклучок

имаат и други фактори на ризик за заболување на срцето (гојазност, дијабетес

и/или висок крвен притисок). До денес не е утврдено дали самите триглицериди

претставуваат самостоен ризик.

13 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 14: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

 Основните принципи на исхрана кај повисокото ниво на холестерол и

триглецириди се тоа што во исхраната треба да се вклучи што поголема

количина на храна која поволно делува на намалувањето на нивото на

триглецириди и холестерол во крвата:

Боб, соја и други зрнести варива се најраширени, најефтини и

најбезбедни природни лекови во борбата против холестеролот.

Лук (allium sativum) може дури до 11% да го намали присуството на

холестерол доколку се користи сиров, барен или во вид на таблета.

Маслиново масло (olive oil) делува на поголем број на начини. Го

намалува LDL, го зголемува HDL, го подобрува односот помеѓу LDL/HDL и ја

спречува одсидацијата на LDL. За разлика од него, сончогледовото,

кукурузното и сојиното масло ја го намалуваат и добриот холестерол. За да се

спречи зачепувањето на артериите треба во исхраната да му се даде предност

на маслиновото масло.

Оревите и бадемите се богати со мононезаштитени масти, познати по

своето дејство во намалување на холестеролот и спречување на оксидацијата

на LDL. Оревите се доста калорични (100грама ореви дава 650kkal) па

зголемениот износ може да доведе до пораст на телесната тежина. Сосема е

доволно да се изедат неколку ореви дневно како замена за другите ивори на

енергија.

Јагодите, лимонот, киви, пиперка, домат и другото овошје и

зеленчук кое содржи доста Витамин Ц се посебно значајни во борбата против

холестеролот. Витаминот Ц, како и витаминот Е и бета каротен се

антиоксидантни витамини, кои ги уништуваат киселичните слободни радикали

кои инаку би го направиле LDL холестеролот токсичен и опасен.

Јаболкото, дуњата и цвеклото содржат доста пектини кое го намалува

LDL, го зголемува HDL холестеролот, интересно е тоа што во некои студии

јаболките покажале подобро дејство кај женскиот пол.

Целерот е добар во намалувањето на концентрацијата на лошиот

холестерол бидејќи делуваат релаксирачки на артериите и им овозможува да

се шират и прошируваат.

14 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 15: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. http://www.rak.mk/index.php?

option=com_content&view=article&id=2273:vistini-i-zabludi-za-

holesterolot&catid=395:preporaki-tretmani&Itemid=590

2. http://www.belchohristov.com/1095.html

3. http://www.karmakasha.mk/rubriki/ubavina-zdravje/item/1577-holesterol-i-

trigliceridi

4. http://www.iascshop.com/product_info.php?

products_id=896&osCsid=3e2303cb92faa375afee717905b44d05

5. http://mld.org.mk/wp-content/uploads/2011/08/Endokrinologija2.pdf

6. http://www.apotekaviva.com/index.php?

option=com_content&task=view&id=72&Itemid=1

15 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и

Page 16: metodi za odreduvanje na serumski trigliceridi

16 | М е т о д и з а о д р е д у в а њ е н а с е р у м с к и т р и г л е ц и р и д и