32
БРОЈ 63/64 ДЕКЕМВРИ 2013 ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ

Nasi sumi br 63 64

  • Upload
    -

  • View
    238

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Nasi sumi br 63 64

БРОЈ 63/64 ДЕКЕМВРИ 2013 ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ

Page 2: Nasi sumi br 63 64

Фото: С. Никчевиќ

Page 3: Nasi sumi br 63 64

8 16 23 28

Импресум * Наши шуми * Број 63/64 * декември 2013

АКТУЕЛНО ИНТЕРВЈУ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕН НА ДРВОТО

Весник на ЈП за стопанисување со шуми Македонски шумиИздавач: ЈП Македонски шуми * За издавачот: Жарко Караџоски, генерален директор

Главен и одговорен уредник: Александар Флоровски * Уредник: Соња НикчевиќРедакција: Соња Никчевиќ, Фатима Шкријељ * Издавачки совет: Жарко Караџоски,

Александар Флоровски, Соња Никчевиќ, Игор Лазаревски, Коста Парлапанов,м-р Костадинка Соколовска, Марјан Стојаноски

Печати: „Даскал Камче“ - КавадарциАдреса: ЈП Македонски шуми „Перо Наков“ бб, Скопје * тел. 02 2581 080 * факс: 02 2581 824

[email protected] * www.maksumi.com.mkФото насловна: Соња Никчевиќ

04

07

08

10

БЛИЦ

ЕДИТОРИЈАЛ

АКТУЕЛНО

НАСТАНИ

ИНТЕРВЈУ

ПРИЗНАНИЈА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ДЕН НА ДРВОТО

16

21

23

28

ISSN 1409-7850

Процес на вршење на ра-ботите по јавниот оглас за засновање на работен однос на 1600 изврши-тели

Интервју со Деканот на Шумарскиот факултет - Скопје, проф. д-р Јане Ацевски

Вовед во уникатниот при-стап на PEFC кон серти-фикација на шумите, како еден од условите за нацио-нален пласман на дрвото на меѓународниот пазар

Дванаесетата по ред акција Ден на дрвото - засади ја својата иднина успешно се реализира во сите делови на Македо-нија

Ден на дрвото, 1600 вработувања, Прес за успешно спречување на пожари, Нов начин на продажба ...

Интервју со Деканот на Шумарскиот факултет, проф. д-р Јане Ацевски

Уште една успешна година за ЈП Македонски шуми Проф. д-р Никола Николов, Шумарски факултет Скопје добитник на Статуетка Зелена ѕвезда

Процес на вршење на работите по јавниот оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители

Сертификација на шумите

Потпишани договори за вработување... Успешно реализирана ванаесетата по ред акција Ден на дрвото

Page 4: Nasi sumi br 63 64

БЛИЦ

Дванаесетата по ред акција „Ден на дрвото “ успешно се реализира во сите

делови на Македонија.

Со Акцијата Ден на дрвото-Засади ја својата иднина, која есенва се одржа на 27.11.2013 година, Македонија ќе се збогати со уште 5 милиони дрвја

со што ќе се надмине бројката од 45 милиони сад-ници досега посадени само со акцијата „Ден на др-вото“.

Досега се пошумени некаде околу 4 илјади хектари површина, а со оваа акција ќе се пошумат уште 1200 хектари површина. Жарко Караџоски директор на Македонски шуми, кој посети повеќе локации каде се одвиваше акцијата, за медиумите изјави”

“Акцијата се одвива секаде во Македонија и покрај тоа што синоќа врнеше снег, тоа е добар знак. Снегот не е лош кога се пошумува. Дрвјата сакаат влага. Времето е идеално. Оваа недела е најавено дека ќе има врнежи од дожд и снег што гарантира дека имаме одлични услови за се што садиме да успее. Очекуваме висок процент на ре-ализација и успешност, а исто така имаме голем одзив на граѓани во сите делови на Македонија и покрај ваквото време.”

Тој истакна дека за една ваква акција Владата годишно одвојува во просек по 50 до 70 милиони денари, но таа бројка е занемарлива во споредба со значењето на здравјето и белите дробови.

УСПЕШНА АКЦИЈА „ДЕН НА ДРВОТО“

ЗАСАДУВАЊЕ НА ПАЛМИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

Во рамки на есенскиот дел од акцијата „Ден на др-вото – засади ја својата иднина“ во Охрид отпочна засадувањето на сто млади палми во централното

градско подрачје.

По повод спроведувањето на акцијата „Ден на др-вото“ , на 04.11.2013 се одржа прес на директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски и градоначал-никот на Охрид Никола Бакрачески .

Во петтата година од спроведувањето на акција-та, првпат активностите се спроведуваат и во самите урбани средини односно градските подрачја. Првпат во рамки на акцијата се садат и палми, и тоа прво во Дојран каде беа засадени сто садници палми, потоа во Струга каде беа засадени 30 стебла и овде во Охрид каде се засадуваат исто така сто млади палми.Станува збор за садници на т.н. влакнеста палма, за која експер-тите од „Македонски шуми“ проценија дека може да вирее во климатски услови какви што се карактери-стични за нашата земја, односно садници што можат да поднесат и температури до десет степени Целзиусови под нулата - истакна директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски.

Со акцијата „Ден на дрвото“ е предвидено да биде опфатено целото крајбрежје на Охрид, на атрактивни локации што ќе бидат одредени во координација со локалната самоуправа.За акцијата е предвидено оваа година низ земјата да бидат засадени вкупно пет мили-они нови садници, што ќе придонесат за разубавување на околната средина и на тој начин да се продинесе за поголем квалитет во живеењето.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески из-

рази задоволство од денешното засадување на палми-те, за кои смета дека ќе се даде значаен проденес во хортикултурното разубававање на градот и централ-ното градско подрачје, со цел Охрид да биде убав, не само за туристите, туку и за самите негови жители.

- Ова е само почеток, оттаму што во иднина имаме планови со „Македонски шуми“ да спроведеме заче-стени вакви аткивности, што ќе придонесат за разуба-вување на градот, за кој се надевам дека во наредните неколку години ќе биде најдобро хортикултурно уре-ден град во земјата, истакна Бакрачески.

Директорот Караџоски нагласи дека на службите што ќе се грижат за новите садници ќе им бидат доде-лени инструкции за нивно одгледување, барем во овој период додека се зафатат односно додека не достиг-нат возраст после која нема да биде потребно некакво посебно одржување.

Симболичниот почеток на засадување на палми беше одбележан и Струга, каде Директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“ Жарко Караџоски и градоначалникот на Струга Зијадин Села засадија три-есеттина влакнести палми покрај брегот на реката Црн Дрим.

- Првпат засадуваме палми. Станува збор за влак-нести палми со кои сакаме да ги разубавиме самите градови и денеска засадивме триесет палми. Од на-редната година овој број ќе се зголемува. Локалната самоуправа ќе ги одредува локациите, а ние во рамки-те на Денот на дрвото ќе ги обезбедуваме садниците и заеднички со Локалната и граѓаните на Струга ќе го вршиме пошумувањето, ги извести медиумите Жарко Караџоски.

4 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/64

Page 5: Nasi sumi br 63 64

БЛИЦ

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ И СПОГОДБИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

TРЕНИНГ ОБУКА ЗА АГРО ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА

Во периодот од 03- 09 Ноември 2013 година, Помошник директорот на Сектор за користење на други шумски производи и заштита на животната стредина- екологија учествуваше на тренинг обу-ката за Агро туризам, која беше организирана од страна на “БАЛКАНИЈА“ – регионална асоцијација за алтернативен туризам, и Америчкото земјодел-ско училиште од Солун – Грција (American Farm School) кој е воедно и Регионален центар за Агро-туризам .

Обуката имаше за цел да ги зајакне капаци-тетите на учесниците и на Балканија, за идно пла-нирање и креирање проекти од областа на агро туризмот, според важечките европски стандарди и регулативи. Воедно беше преставен и европски-от модел на финансирање на проекти од оваа об-ласт, односно програмите за рурален развој кои во Грција даде големи резултати во туристичката

понуда на земјата, обнови и изгради многу сме-стувачки капацитети во руралните подрачја и го постави агро туризмот на економско исплатливо ниво.

Интересот на ЈП Македонски шуми во оваа област е да ги подготви плановите за искористу-вање на сопствените капацитети (објекти) за Агро-туризам , а тоа се постојните Шумски куќи, Ловни куќи, Планински куќи и други градби на атрактив-ни туристички локации, кои имаат потенцијал да се вклучат во идната туристичка понуда на наша-та земја. За таа цел, соработката со Балканија ќе биде значајна овие планови да се вметнат во идни-те стратешки документи и програми кои ќе бидат изработени од страна на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот на Република Македонија во наредниот период, а предложени на Владата за нивно усвојување.

Потпишувањата на договорите за вработување и преземање на вработени се вршеа првите два дена, во Владата на РМ, а потоа продолжија во просториите на ЈП Македонски шуми. Предворјето беше преполно со луѓе кои трпеливо чекаа да стигнат на ред за потпи-шување на договорите за вработување кои поголем дел долго го чекале овој значаен ден. Неколкучлената работна група која беше ангажирана од почетокот на објавувањето на Огласот за 1600 вработувања, љубез-но ги пречекуваше нестрпливите клиенти и им ги вра-чуваше договорите за работа претходно изработени според стручната спрема, образованието, областа за која се образувале, како и местото на живеење.

Договорите се потпишаа и 1600-те вработени по овој оглас ќе започнат да работат на местата на кои се определен од 02.12.2013 година. На нововработените на денот на потпишувањето на договорите им се об-рати директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Ка-раџоски,кој рече: “Овој процес наизглед долго траеше, но ако се гледа големината и тежината помина рела-тивно брзо, при што ние (ЈП Македонски шуми и Влада-та на РМ), сме исклучително задоволни зашто сметаме дека е направен најправичен избор. Во процесот на од-бирање се направија низа проверки, почнувајќи од бо-дирање, рангирање, воведување на софтвер. Овој про-цес наизглед долго траеше, но ако се гледа големината и тежината помина релативно брзо, при што ние (ЈП Македонски шуми и Владата на РМ), сме исклучител-но задоволни зашто сметаме дека е направен најпра-вичен избор. Во процесот на одбирање се направија низа проверки, почнувајќи од бодирање, рангирање, воведување на софтвер. Се надеваме дека се направи вистинскиот избор и на сите ви посакувам успешно из-вршување на работните задачи на работните места.”

5ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 6: Nasi sumi br 63 64

БЛИЦ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

НОВИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА НА ДРВНИ СОРТИМЕНТИ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ЗА 2014 ГОДИНА

СОСТАНОК НА РАКОВОДИТЕЛИ НА ПОДРУЖНИЦИ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Републи-ка Македонија“ бр.54/2013 - пречистен текст), член 1 и 2 од Законот за вработување на инвалидни лица („Службен весник на Република Македонија” бр.44/00, 16/04, 62/05, 113/05, 29/07, 88/08, 161/08, 99/09 и 136/11), и член 37 став 2 од Закон за јав-ни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ број 38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/10 и 6/2012), Заклучок на Вла-да на РМ бр.41-17/163 од 24.10.2013 година, Програ-мата на Влада на РМ за вработување на 300 лица со инвалидност бр.41-7976/1 од 29.10.2013 година, Одлуката за измена и дополнување на Правилни-кот за внатрешна организација и систематизација на работни места и исплата на плати во ЈП „Ма-кедонски шуми“ Скопје бр.02-1073/3 од 30.10.2013 година и Одлуката за објавување на јавен оглас

за засновање на работен однос на неопределено време на 300 извршители (лица со инвалид-ност) бр.02-1073/4 од 30.10.2013 година, донесени од Управниот Одбор на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ Скопје, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на неопреде-

лено работно време за вкупно 300 извршители (лица со инвалид-

ност) и тоа:1. Помошни работници - 160 (стоишеесет) из-

вршители со НКВ, ПКВ, НСО, КВ и ВКВ 2. Референти - 100 (сто) извршители со ССС

или ВШС степен на стручна подготовка и тоа:3. Соработници (Советници) - 40 (четириесет)

извршители со ВСС степен на стручна подготовка

На конференцијата за печат во ЈПМШ, одр-жана на 06.12.2013, за медиумите, директорот на Жарко Караџоски, ги појасни новите услови за продажба на дрвни сортименти во ЈП Македон-ски шуми, за 2014 година

Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродаж-ни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнува-ат условите од повикот, прописите и критериуми

донесени од претпријатието. Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродаж-ни договори за 2014 година и кои ги исполнува-ат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ” најдоцна до 31.12.2013. Сите информации, заин-тересираните можат да ги видат во Огласот кој секојдневно излегува во весниците “Вечер” и во “Коха”.

При крајот на секоја календарска година , во просториите на Дирекцијата се одржува годишен состанок на кој учествуваат Раководителите на сите подружници во ЈП Македонски шуми. Година-ва, акцентот беше ставен на новиот начин на про-дажба на дрвни сортименти, според кој се даваат определени поволности на купувачите.

Покрај тоа, во продолжение секој од рако-водителите зборуваше за проблемите со кои се соочуваат во работењето и кои, се скоро исти. Се работи за работа со застарена механизација, неможност за наплата на сработеното, како и со проблемот на пласманот на производите. Лоша-та состојба со шумските патишта и влијаниетио на временските прилики се едни од најгорливите проблеми. Што се однесува до финансиското ра-ботење, евидентна е и можноста или неможноста на одредени подружници да ги задоволат бара-ните потреби од финансиски средства, особено во определени периоди во годината. Иако сите се свесни за недостатоците на организаторско ниво и исполнувањење на планот на производството,

сепак компромисот се сведе на изнаоѓање на на-чини да се излезе во пресрет во периодот кога треба според законските норми, секој 15. во месе-цот треба да се обезбедени бруто плати за врабо-тените.

6 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/64

Page 7: Nasi sumi br 63 64

ЕДИТОРИЈАЛ

Po~ituvani,

Pri kraj sme na u[te edna kalendarska godina, 2013 godina, koja za JP Makedonski [umi be[e mnogu zna~ajna, od mnogu aspekti.Pred se, zaradi skoro sto procentnite izvr[uvawa na zada~ite predvideni so planot, [to ne vodi kon kone~nata cel da napravime sovremena i konkurentna kompanija na pazarot. Pokraj re[avaweto na problemite vrzani so organizacijata na rabotata, podobruvawe na procesot na proizvodstvo i niza drugi tekovni problemi, Vladata na Republika Makedonija ni doveri zada~a od ogromni razmeri, Proektot 1600 vrabotuvawa, koja so mnogu golemi napori go izrealiziravme do kraj i so uspeh. Pomognavme na 1600 gra\ani od najranlivata kategorija na socijalni slu~ai. Vo tek e i sproveduvaweto na u[te eden proekt na Vladata od human aspekt 300 vrabotuvawa na lica so posebni potrebi, za koj isto taka imame kapaciteti da go sprovedeme. Finansiskite dubiozi od minatoto gi re[ivme so pomo[ na Zakonot za pretvorawe na pobaruvawata na Republika Makedonija po osnov na danok na dodadenavrednost, danok od dobivka, personalen danok na dohod, pridonesi za penzisko i invalidsko osiguruvawe, kako i kamati i sporedni dano~ni dava~ki i obvrski po osnov na denarski krediti vo traen vlog vo JP za stopanisuvawe so [umi Makedonski [umi p.o. Skopje. Spored ovoj Zakon se ureduva na~inot i postapkata na pobaruvawata na Republika Makedonija od JP Makedonski [umi.Se obrnuva golemo vnimanie na podobruvawe na rabotnata disciplina na vrabotenite [to e vo interes na site vraboteni, a vo odnos na podobruvawe na proda`bata na drvni sortimenti, se vovedeni novi na~ini na proda`ba na drvni sortimenti, pri [to za prv pat e vovedena proda`ba na ogrevno drvo i na pravni lica so avansno pla]awe, so [to se namaluva nelojalnata konkurencija vo skladovite, a i namaluvaweto na bespravnite se~i so poniskata cena koja ja dobivaat, uslovno re~eno, na[ite konkurenti.Planovite za idnata 2014 godina se isto taka ambiciozni i razvojno orientirani i jas se nadevam deka so zalagaweto na site vraboteni, moite pomo[nici, a pred se moeto li~no zalagawe i `elba JP Makedonski [umi da bide moderno, perspektivno i uspe[no pretprijatie. So ovie, se nadevam dosti`ni i pred se iskreni `elbi za uspeh na site vraboteni vo novata 2014 godina.

@arko Karaxoski

Sre]na Nova 2014 godina, Sre]ni Bo`i]ni praznici i mnogu li~ni uspesi na site poliwa

7ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 8: Nasi sumi br 63 64

На 22.05.2013 година, ЈП „Македонски шуми“ Скопје, објави јавен оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители.

Јавниот оглас беше објавен за следниве категории на лица:a. Долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 го-дини во континуитет се без работа;б. Лица од многудетни семејства; в. Самохрани родители и еднородителски семејства;г. Невработени лица од семејства каде нема ниеден вработенЈавниот оглас за 1600 извршители беше транспарет-но објавен во сите дневни весници на македонски и на албански јазик. Исто така беше објавен и на веб страната на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, како и на веб страната на Агенцијата за вработување на Репу-блика Македонија, Министерството за транспорт и врски.Рокот на пријавување по огласот беше 30 дена, од-носно заклучно со ден 22 јуни 2013 година. Во текот на целиот период од 30 дена (додека траеше огласот) секој заинтересиран кандидат можеше да ја преземе апликацјата (пропишан образец за пријава по јавен оглас) од веб страницата на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, како и од веб страницата на www.avrm.gov.mk ; www.mtsp.gov.mk или од Архивата на ЈП „Маке-донски шуми“ Скопје и од архивите на подружниците во јавното претпријатие. Истовремено од понапред наведените веб страници секој заинтересиран кан-дидат можеше и да се запознае со условите пропиша-ни во јавнот оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители. Во текот на целиот период од 30 дена додека трае-ше огласот, во Дирекцијата на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, секојдневно работеше тим од 15 лица кои беа максимално посветени на приемот на апликациите по јавниот оглас. Секој работен ден повеќе од 400

кандидати доаѓаа лично во дирекцијата да достават документи и апликација по оглас. На сите заинтереси-рани кандидати – апликанти, им беше објаснето како треба да се пополни апликацијата, кои документи треба да се достават, а истовремено им се помагаше со тоа што им се фотокопираа копии од документи-те кои што треба да ги достават со апликацијата итн. Додека пак на оние апликанти кои што им недоста-суваа некои документи (најчесто по пошта пратени) односно кои не беа комплетни, апликантите беа теле-фонски контактирани да достават потребна докумен-тација. Сето ова беше со цел да се помогне на сите за-интересирани да можат да аплицираат по овој оглас, како и да достават уредна апликација. За сето време додека траеше огласот, секојдневно пристигнувше пошта со повеќе од 600 апликации. Ти-мот од 15 лица од ЈП „Македонски шуми“ Скопје рабо-теше на приемот на пошта и нејзино арихивирање. Односно секојдневно се вршеше прием на лично до-ставените апликации и по дневно по пристигнатите апликации по пошта, со тоа што бројот на секојднев-но доставените апликации не беше под 1000 аплика-ции. И покрај тоа што јавниот оглас за засновање на рабо-тен однос со 1600 извршители траеше 30 дена, и по неговото завршување пристигнуваа апликации. (не-благовремени)Голем број на лица – апликанти имаат поднесено по-веќе од една апликација, а исто така има голем број на лица кои што во апликацијата имаат аплицирано за повеќе места / позиции.Бројот на пристигнатите апликации говори за голе-мата заинтересираност по јавниот оглас за засни-вање на работен однос на 1600 извршители.Најголем интерес имаше пројавено од кандидати со завршен степен на стручна подготовка ССС и тоа око-лу 60 %, додека најмал интерес беше пројавен од кан-дидати со НК, ПК, КВ и ВКНајголем интерес имаше пројавено за позиција 2г. - г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен, каде што согласно јавнот оглас предвиде-но е да бидат примени - 118 (сто и осумнаесет) извр-шители;Согласно критериумите од огласот, се вршеше про-верка од работни тимови – комисии составени од преставници од надлежните органи / институции (АВРМ, МТСП и УЈП) Комисиите имаа задача да извр-шат проверка на податоците од пријавата на лице ме-сто на адреса на живеење кај апликантот, со цел да се провери дали податоците од пријавата се точни и веродостојни. За таа цел беше изготвен пропишан образец – формулар кој беше пополнет од работни-те тимови, а кои што за својата работа доставуваа

ПРОЦЕСОТ НА ВРШЕЊЕТО НА РАЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОД

АКТУЕЛНО

8 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/64

Page 9: Nasi sumi br 63 64

РАБОТИТЕ ПО ЈАВНИОТ ОГЛАС ОДНОС НА 1600 ИЗВРШИТЕЛИ

извештај за своето работење, со цел да се утврди по-датоци на колку кандидати се проверени, односно колку од посетените кандидати не се најдени дома.Проверката на податоците се врешеше на ниво на цела држава и тоа од страна на вкупно 41 работни тимови – комисии и тоа: 7 тима во градот Скопје, по 2 тима во Битола; Прилеп; Куманово; Тетово и Киче-во и по 1 тим во останатите градови во зависност од бројот на лица кои што аплицирале (Велес, Гостивар, Штип, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка; Гевгелија, Кочани; Крушево, Демир Хисар; Неготино и Демир Ка-пија; Дебар, Струга, Охрид, Кавадарци, Струмица, Ра-довиш, Ресен, Делчево, Св.Николе, Берово и Пехчево, Валандово, Виница ).По извршената проверка на терен од 41 работни гру-пи – комисии, податоците беа обработени од над-лежните институции, по што се предадени на поната-мошна обработка со цел изготување на финална ранг листа.Дополнително по собирањето на впишаните подато-ци од апликациите истите беа дадени до надворешна фирма за да изврши услуга - рангирање на сите под-несени апликации по јавниот оглас за 1600 изврши-тели, при што се обрна внимание на националната и правичната застапеност на заедниците. Така на ден 06.10.2013 година на електронски медиум, јавно во от-вореното студио на Македонска Телевизија се извр-ши јавно рангирање на сите кандидати, по што се из-врши избор на 1600 најдобро рангирани кандидати. По извршеното јавно рангирање сите кандидати што беа избрани односно неизбрани беа известени писмено, и на сите им беше овозможено право на жалба односно им беше укажано дека изборот ќе биде конечен по завршувањето на жалбената постап-ка. По извршениот избор на 1600 извршители имаше поднесено околу 1200 жалби, со тоа што од некои лица имаше поднесено и по две жалби.

Комисијата за жалби и поплаки по јавен оглас рабо-теше интензивно по доставените жалби, и тоа на на-чин што најпрвин ја разгледување навременоста на поднесените жалби, по што утврди дека доставени се вкупно 69 ненавремени жалби. Понатаму Комисијата во текот на својата работа утврди дека има доставе-но вкупно 165 неуредни жалби односно непотпиша-ни, нецелосни и анонимни. Сите останати поднесени жалби, Комисијата темелно ги разгледа, при што кон-статира дека останатите жалби се неосновани пора-ди тоа што дел од нив не биле ни првиот пат рангира-ни од причина што истите не ги содржеле потребните документи барани со огласот односно поради тоа што апликациите биле поднесени вон рокот, пора-ди тоа што дел од поднесените жалби биле неаргу-ментирани односно не содржеле нови докази. Исто така во текот на оваа жалбена постапка, Комисијата за жалби и поплаки констатира дека 113 жалби се ос-новани и истите ги уважи.Дополнително, по донесената одлука од Комисијата за жалби и поплаки по јавен оглас која одлучуваше во жалбената постапка, ЈП „Македонски шуми“ Ско-пје ги извести сите примени кандидати по објавениот јавен оглас за 1600 извршители да дојдат во дирек-цијата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Скопје за да склучат договор за преземање и спогод-ба за преземање. Во периодот од 18.11.2013 година до 29.11.2013 година, во просториите на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, секојдневно лично доаѓаа кандидатите примени по јавниот оглас за 1600 извршители и пот-пишуваа договор за вработување и спогодби за пре-земање со институциите каде ќе засноваат работен однос, по што 1600 лица кои засноваа работен однос ќе започнат со работа од 02.12.2013 година во инсти-туцијата која што ќе ги има преземено по Спогодбата за преземање.

Дипл.прав. Катерина Георгиевска Раководител на Служба за застапување

ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ 9

Page 10: Nasi sumi br 63 64

Потпишувањата на договорите за вработување и преземање на вработени се вршеа првите два дена, во Владата на РМ, а потоа продолжија во простори-ите на ЈП Македонски шуми. Предворјето беше пре-полно со луѓе кои трпеливо чекаа да стигнат на ред за потпишување на договорите за вработување кои поголем дел долго го чекале овој значаен ден. Не-колкучлената работна група која беше ангажирана од почетокот на објавувањето на Огласот за 1600 вработувања, љубезно ги пречекуваше нестрпливи-те клиенти и им ги врачуваше договорите за работа претходно изработени според стручната спрема, об-разованието, областа за која се образувале, како и местото на живеење.

И покрај долгото чекање и гужвата, на лицата на сите се гледаше надеж и среќа, трпеливост. И покрај очигледната радост и среќа, повеќето од присутни-те не беа подготвени за разговор. Сепак, изјавите на неколкумината кои не ја криеја среќата во моментот, беа преполни со емоции и неизмерна благодарност за шансата која ја добиле за вработување.

Хедие Атанасовска е примена на конкурсот 1600 вработувања, по ос-нов на самохран ро-дител. Мајка е на две деца и веќе неколку години неуспешно бара работа. Имајќи предвид дека има зав-ршено само основно образование, веќе из-губила надеж дека ќе се вработи. Токму за-тоа ова вработување и значи премногу во материјална смисла за неа и нејзините мало-летни деца. “Ова вра-ботување го сметам за среќа од бога”-додаде Хедие.

Јас сум Снежана Колева од Велес, кога слушнав за кон-курсот, подадов документи, но не очекував ништо. Сега кога дојдов да потпишам договор се чувствувам неизмерно среќна и благодарна, инаку не би знаела како да излезам на крај како самохрана мајка.

“Невработен сум веќе 20 години”- ни рече нашиот соговорник Пилачи Мирсад од Дебар, кој има заврше-но средно образование и веќе изгубил надеж дека во-општо ќе најде работа. Токму затоа е пресреќен и презадоволен.

Тони Цековски од Пехчево е примател на социјална помош со 4-члено семејство. Дол-го време чека работа, а во меѓувреме работел кај приватници кои по кусо време го отпушта-ле од работа. Токму за-тоа е пресреќен што на крај нашол работа “за стално”. Не му е битно што ќе работи...само да зема редовно плата...

“Јас сум Илија Ринчев од Гевгелија. Конкурирав по основ на многудетно семејство. Работа чекам од 1993 година, а редовно се пријавував во Агенцијата за вра-ботување 11 години. Во семејството немаме никакви примања, освен додатокот за трето дете кое го до-биваме од скоро. Со тој надоместок живееше целото петочлено семејство. Денес сум многу среќен и задо-волен, еве сме тука заедно со сопругата заедно да се радуваме на овој убав момент.”

Маре Димановска е од Битола, дури 27 години чека работа. Со основно образование конкурирала на многу места но не била примена. “Конкурирав и на овој оглас, без многу да се надевам, ама кога слушнав дека сум примена на работа бев многу радосна.Во нашето семејство никој не работи , а јас моите две деца (синот ми е прва година на факултет, а ќерката средношколка), ги школував со тешка мака работејќи како чистачка. “- со солзи во очите ни ја раскажа своја-та приказна оваа 45 годишна жена, не криејќи ја среќа-та што конечно ќе има постојан приход.

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ И С

НАС

ТАНИ

БРОЈ 63/6410 НАШИ ШУМИ

Page 11: Nasi sumi br 63 64

РИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВОИ СПОГОДБИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

На дел од нововработените, присутни во салата, им се обрати директорот на

ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски.

“Денеска го завршуваме процесот кој што започ-на на 22 мај, кога беше објавен огласот за вработување и еве денес го завршуваме, со потпишување на дого-ворите за вработување и преземање. Овој процес наизглед долго траеше, но ако се гледа големината и тежината помина релативно брзо, при што ние (ЈП Македонски шуми и Владата на РМ), сме исклучител-но задоволни зашто сметаме дека е направен најпра-вичен избор. Во процесот на одбирање се направија низа проверки, почнувајќи од бодирање, рангирање, воведување на софтвер. Се ѕвонеше по телефон она-му каде што недостигаа одредени документи, се со цел да се овозможи на сите еднаква стартна позиција, зашто се работи за ранлива категорија на граѓани. Имаше секакви апликации, со разни недостатоци, но сите беа највнимателно разгледани. Самата бројка од 25 000 апликации, укажуваше на сериозноста на про-цесот. Јас нема да кажам дека имавте најмногу среќа, можеби затоа што во изминатите години сте мислеле дека немате среќа. Среќа е затоа што имаше и такви кои во прв момент влегоа во 1600-те вработени, но по-тоа отпаднаа во втората постапка, по разгледувањето на жалбите. Сакам јавно да кажам дека Владата на РМ јавно ги заслужува сите честитки што смогна сили да излезе во пресрет на една ваква категорија на граѓани, не би сакал да употребам тежок збор, но беа на мар-гините на општеството. Се работи за категорија која по сите мерила не одговара за продуктивна работа, имајќи предвид дека долго се чекало на работа, поми-

нале повеќе години од школувањето...токму затоа, ако сме социјална држава, треба да им излеземе во пре-срет на социјалните случаи. Јас проверував низ исто-ријата, не само на нашата држава, туку и пошироко, дали имало ваков случај на вработување и не успеав да најдам. Токму затоа овој потег наидува на одобру-вање и поздравување. 1600 луѓе и не се многу за една држава, но фактот што државата сепак води сметка за нив е за поздравување, особено кога се знае дека на ова нема да остане. Со изнаоѓање на разни начини, Владата и понатаму ќе води грижа за оваа категорија на граѓани кои што се навистина загрозени. Дури и во соработка со приватниот сектор, околу 200 од нив ќе бидат таму прераспоредени. Процесот продолжува и со објавувањето на огласот за вработување на уште 300 инвалидизирани лица, кои, пак, уште помалку се надеваат дека ќе најдат некакво вработување. До сега, почнувајќи од понеделникот, до денес , петок беа пот-пишани договорите...се создаваа гужви, долги чекања, но треба да се има предвид и работата на овие луѓе кои поминаа низ сите фази на вашите апликации и сега го финишираат започнатото. Треба да им се одда-де признание за нивната упорност и залагање и про-фесионализам. Фактот што стасавме дотука укажува на тоа дека она што го ветивме, го исполнивме. И кога ќе се погледнете межусебе, ќе бидете сигурни дека изборот е правичен. Овде, меѓу вас нема богати луѓе, како што сакаа да прикажат средствата за информи-рање. Тука сте самохрани родители од многудетни се-мејства, приматели на социјална помош, луѓе што ско-ро цел живот чекале работа...и сите тие ќе си ги најдат своите работни места. Планирани се дообуки од ква-лификувана агенција за адекватните вработувања, правилно снаоѓање во системот, како треба да се од-несувате.Ние сакаме секој да си ја заработува платата и таа да му биде сигурна. Од вас, независно каде ќе се вработите, очекувам да го дадете својот максимум, до-кажете дека било неправда што порано не сте работ-еле. И таму каде што ќе почнете да работите ќе имате помош од колегите во вклучувањето во процесот на работа и нема да бидете оставени сами на себе. Уште еднаш, на сите ви посакувам успех на работните места каде што ќе почнете да работите, и ви посакувам да напредувате. Нашата цел е целиот процес да заврши до 01.декември, 2013 година, со што симболично би ја добиле првата плата во Новата година , за повесело и посреќно да ги дочекате празниците.”

Подготвила Соња Никчевиќ

НАС

ТАНИ

ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ 11

Page 12: Nasi sumi br 63 64

ПРЕС

На конференцијата за печат во ЈПМШ, одржа-на на 06.12.2013, за медиумите, директорот

на Жарко Караџоски, ги појасни новите услови за продажба на дрвни сортименти

во ЈП Македонски шуми, за 2014 година

Јавното претпријатие на најтранспарентен начин от-почнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието. Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2014 година и кои ги ис-полнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ” најдоцна до 31.12.2013. Сите информации, заинтересираните можат да ги ви-дат во Огласот кој секојдневно излегува во весниците “Вечер” и во “Коха”.Со овој начин на продажба се регулираат сите елемен-ти кои ги засегаат двете страни, - го започна своето из-лагање директорот Жарко Караџоски.

Продажба на техничко дрво на правни лица1. Со склучување на купопродажни договори за коли-чини над 300 м3, по цена на големо која е за 10% пони-ска од цената на мало, со авансно плаќање на вредно-ста на вкупната количина од договорот.

2. Склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 30 дена од денот на пре-вземањето на робата со учество при склучување на договорот во висина од 10% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која ја покрива вредноста на најголемата двомесечна испо-рака согласно предвидената динамика во договорот.

3. Склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 60 дена од денот на пре-земањето на робата со учество при склучување на договорот во висина од 10% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која ја покрива вредноста на најголемата тромесечна испо-рака согласно предвидената динамика во договорот.

4. Со склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 45 дена од денот на пре-земањето на робата и обезбедена хипотека на имот од прв ред која ја покрива вкупната вредноста на догово-рот.

- При продажба на техничко дрво под точка 2 и 3 не смее да се испорачува роба со поголема вредност од банкарската гаранција.- При продажба на техничко дрво под точка 2 и 3 бан-карската гаранција треба да биде со важност еден ме-сец поголем од важноста на договорот.Купопродажни договори за техничко дрво по цена на мало со правни лица ќе се склучуваат двапати во годината и тоа: од 01.01-31.08.2014 година и од 01.09.-31.12.2014 година. Купувачите кои ќе аплицираат треба да наведат:- за колкава количина од кој сортимент и дрвен вид се заинетерeсирани- во кој временски период да се склучи договорот, за кое време се однесува- кој начин на плаќање го одбираатПравните лица - купувачи кои нема да се пријават на повикот нема да можат да склучат купопродажни до-говори.За подетални информации заинтересираните можат да се јават во дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” – Скопје, Сектор за комерцијални работи

Продажба на огревно дрво на правни лица 1. Со склучување на купопродажни договори за коли-чини над 1.000 м3, по цена на големо која е за 10% по-ниска од цената на мало, со авансно плаќање на вред-носта на вкупната количина од договорот.2. Склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 30 дена од денот на презе-мањето на робата со учество при склучување на дого-ворот во висина од 20% од вкупната вредност на дого-ворот и обезбедена банкарска гаранција која покрива 1/4 од вредноста на договорот.3. Со склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 45 дена од денот на пре-земањето на робата со учество при склучување на до-говорот во висина од 30% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која по-крива 1/3 од вредноста на договорот.- При продажба на огревно дрво под точка 2. и 3. не смее да се испорачува роба со поголема вредност од банкарската гаранција.- При продажба на огревно дрво под точка 2. и 3. бан-карската гаранција треба да биде со важност еден ме-сец повеќе од важноста на договорот.- Купопродажни договори за огревно дрво по цена на мало со правни лица ќе се склучуваат двапати годиш-но и тоа: од 01.01-31.05.2014 година и од 01.06.-31.12.2014 година.Што се однесува до цените, големопродажна цена за буково дрво 2583,00 денари, со авансна уплата од 10 % или за метар просторен е 2205,00 ден. Значи, секое правно лице кое ќе уплати 2205,00 денари авансно ја добива таа цена по метар просторен или по метар кубен 2583,00 денари. Малопродажна цена за метар кубен би било 2850,00 денари, или метар просторен 2450,00 денари од склад. На оваа цена се додава цена-та на превоз која изнесува 160 денари по метар кубен. Причината заради која се одлучивме за ово начин на продажба е да се овозможи на сите физички лица, здруженија на пензионери и други правни лица, реги-стрирани за оваа дејност да им овозможиме пристап на сите правни лица да им дадеме услови да можат да учествуваат на пазарот, продажбата да биде легална, а не продажбата на црно и слично. Секој еден којшто сака да се занимава со продажба на огревно или тех-ничко дрво има поволни услови тоа да го направи на легален начин и од складовите на ЈП Македонски шуми.

НОВИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА на дрвни сортименти

во ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ за 2014 година

НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/6412

Page 13: Nasi sumi br 63 64

ПРЕС

“Сакам јавно да ги повикам сите заинтересирани да го искористат овој рок до 31 декември и да поднесат апликации кои ќе можат да ги најдат на нашата веб страница и да ги достават директно во дирекција на ул.Перо Наков бр. 128. Треба да ја искористат оваа можност затоа што прав-ните субјекти кои нема да достават во овој рок апли-кација ја губаат можноста за склучување на договор. Ние ќе се потрудиме, затоа е и оваа прес конференција најтранспарентно и најдостапно да бидат сите инфор-мирани за што во дневните весници во дневните вес-ници Вечер и Коха се објавува Јавниот повик. Тука се моите помошници, за производство Ѓоко Портарски и за комерцијално работење Гоце Цветановски, коишто активно се вклучени во оваа проблематика и можат да се исконтактираат во секој момент за било каков про-блем. Тоа се однесува на делот на планираното про-изводство, очекуваното производство за наредната година, како и за начинот на складирање и водењето на ценовната политика. Бенефитот од ваквиот начин се состои во тоа што оние кои што купуваат со авансно плаќање ја добиваат дрвната маса со пониска цена, а ја продаваат по цена на склад. Важно е да се нагласи дека досега не постоеше можност да се купува огрев-но дрво на одложено плаќање за правни субјекти. Сега им нудиме одложено плаќање од 30-45 дена и во тоа се состои бенефитот. Правното лице за период до 45 дена може да направи обрт 3-4 пати.На пример це-ната на буково дрво од 2405,00 денари на складовите се продава по 3100 денари. Што се однесува до граѓа-ните се стимулира лојалната конкуренција. И досега на физичките лица им се продавало на рати по цена која е гарантирана и непроменета веќе 6 години. До-колку оваа цена се спореди со другите енергенси е до-ста стимулативна. Заклучок е дека досега не постоеше цена на големо за огревно дрво, туку само на технич-ко, а сега, со новите услови тоа е овозможено. Со Закон е укината продажбата од шумско камионски пат, која

правеше евазија на шумите, или како што сакаме да ка-жеме се “дозволуваа” бесправни сечи. Сега, дрвото ќе се продава исклучиво на склад и по услови кои се на-ведени во Јавниот повик со што сметаме дека ќе се на-прави каква- таква рамнотежа со пазарот на огревно дрво. Сето тоа е регулирано со Законот, фирмите кои ќе продаваат од складови имаат регистрирани свои приватни претпријатија и имаат право да продаваат легално набавено дрво од Македонски шуми.”-заклу-чи директорот Караџоски .

За темата на пресот владееше голем интерес од меди-умите. Директорот Караџоски одговори и на неколку прашања надвор од темата, а се однесуваа на Проек-тот ”1600 вработувања”, при што појасни дека од стра-на на ЈПМШ, реализацијата е завршена, а останатото останува на другите институции и дека сите препреки тековно ќе се решаваат во интерес на вработените.

ЈП „Македонски шуми“ Скопје во текот на третиот квартал

од 2013 година ја продолжи работата по отпочнати-те дисциплински постапки по предлозите за пове-дување на постапки за утврдување на дисциплин-ска одговорност кои беа поднесени во месец јули и август, а исто така и отпочна со работа по нови под-несени предлози за поведување на дисциплинска постапки за утврдување на дисциплинска одговор-ност.

По завршувањето на дисциплинските постап-ки утврдено е дека работниците сториле дисци-плински престап, по што им е изречена соодветна дисциплинска мерка, односно изречени се вкупно седум (7) дисциплински мерки – престанок на вра-ботување и осум (8) дисциплински мерки – парични казни.

Преглед на изречени дисциплински мерки по подружниците во јавното претпријатие, за месец септември, октомври и ноември:

- ПШС „Бабуна“ Велес - три (3) дисциплински мерки – престанок на вработување;

- ПШС „Лопушник“ Кичево – три (3) дисциплин-ски мерки и тоа:

• Една дисциплинска престанок на вработување и

• Две дисциплински мерки – парични казни

- ПШС „Демир Капија“ Демир Капија - една (1) дисциплинска мерка - престанок на вработување;

- ПШС „Плачковица“ Радовиш - една (1) дисци-плинска мерка - парична казна;

- ПШС „Бор“ Кавадарци - една (1) дисциплинска мерка - парична казна;

- ПШС „Беласица“ Струмица - една (1) дисци-плинска мерка - парична казна;

- ПШС „Малешево“ Берово - една (1) дисциплин-ска мерка - престанок на вработување;

- ПШС „Сандански“ Македонски Брод - две (2) дисциплински мерки - парични казни;

- Дирекција - две (2) дисциплински мерки и тоа• Една дисциплинска престанок на вработување

и • Една дисциплинска мерка – парична казна

Од друга страна тековно се работи по новите дисциплински постапки кои што се поднесени во изминатиов период. Само во текот на месец Ноем-ври 2013 година поднесени се вкупно 21 нови пред-лози за поведување на постапки за утврдување на дисциплинска одговорност, по кои дисциплински постапки, Комисијата започна да постапува.

Започнатите дисциплински постапки до крајот на оваа календарска година ќе бидат завршени.

Изработил: Катерина Георгиевска

ИЗВЕШТАЈ за изречени дисциплински мерки за утвредена дисциплинска

одговорност за третиот кварталод 2013 година

ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ 13

Page 14: Nasi sumi br 63 64

НАС

ТАНИ

На пресот одржан во просториите на ЈП Ма-кедонски шуми, учествуваа директорот на ЈПМШ, Жарко Караџоски и Помошник директорот на Сек-торот за расадничко производство, одгледување, подигање и заштита на шумите, Игор Лазаровски

“ЈП Македонски шуми во изминатиот период презема бројни мерки за намалување на штетите од шумски пожари поради што допринесовме оваа година штетите да бидат значително помали.

Овој период се подготвуваме за уште подобра подготвеност за превенција и за сузбивање на шум-ски пожари за што во моментов имаме распишано тендер за лична заштита на нашите пожарникари, (ХТЗ) за гаснење пожар на отворен простор.

„Новата единица за брзи интервенции ќе брои 50 лица. Можно е дел да бидат од нововработени-те, но генерално ќе се оди на искусни кадри зашто целта е што побрзо интервенирање, стигнување на самото место и ефикасно гаснење пожари.

Овој тип на ХТЗ за гаснење пожар на отворен простор е новина во државата и го охрабруваме претпријатијата кои се занимаваат со оваа дејност да ни достават понуди за набавка.

Изминативе неколку години ЈП Македонски шуми се доопреми со:

- 20 теренски возила - 6 булдожери- Специјализиран алат за гаснење на шумски

пожари и 215 напртњачи со капацитет 25 литриСо новите булдожери изградени и прочистени

се најбитните шумски патишта за навремена интер-венција на 154 шумски пожари при што оваа година штетата врз шумата изнесува 14.182 м3што според-бено со 2012 год. 158.443м3 и 2007 год. 392.914м3е огромен придонес.

Во текот на декември и јануари ќе се доопре-миме со нови 33 теренски дизел возила.Во 2014 год. се планира набавка на 20 крос мотори за поголема мобилност во шумски предели.

Договорена е и бесплатна обука на гасначи во Анталија, Република Турција, кои понатака ќе рако-водат со посебна единици на мобилни екипи, обу-чени шумски пожарникари составени од нашите вработени.”- изјави за медиумите директорот на ЈПМШ, Жарко Караџоски.

Помошник директорот на Секторот за расад-ничко производство, одгледување, подигање и за-штита на шумите, Игор Лазаровски, додаде, дека во нареднот период сме во преговори за добивање на донација на специјализирани возила:

- цистерни за гаснење на шумски пожари со погон на сите тркала

- пикап возила со резервоар 500 литри вода со погон на сите тркала

Оваа пригода ја користиме и да се заблагода-риме на помошта при гаснење на шумски пожари на нашите пријатели од ПП бригадите и авиооделе-нието на Дирекцијата за заштита и спасување.

ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТИ ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ И ПЛАНОТ ЗА

ТЕХНИЧКО ДООПРЕМУВАЊЕ

Ген. директорЖарко Караџоски

Пом. директор Игор Лазаревски

14 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/64

Page 15: Nasi sumi br 63 64

ШУМИТЕ ВО СВЕТОТ СПОРЕДФАО ПОДАТОЦИТЕ ЗА 2009 ГОДИНА

Анализирајќи ги податоците можеме да забеле-жиме дека се дадени само до 2005 година, но сепак се вредни. Иако мислиме дека сме богати со шуми и дека нешто значиме, од овој приказ се гледа дека во светски размери сме практично занемарливи. Но, би-дејќи сме мала земја, со мал број на жители, нашите шуми за нас претставуваат многу значаен потенцијал.

Сепак, ние ќе се осврнеме на трендовите кои владеат на глобално ниво. Ако се анализира состој-бата на дадената табела, се наметнува заклучокот дека површините се зголемуваат во Европа, Источна Азија, каде што Кина во последните 5 години вложува огромни напори да пошуми огромни пространства. Тука се и земјите од Западна и Централна Азија каде Турција предничи пред земјите во вложувањата во пошумувањето и зголемувањето на површините под шуми. Причината за зголемувањето на површини на шума во Европа е во регулативите на Европската Унија која ги намалува земјоделските површини со субвенции за нивно претворање во шуми. Овој тренд ќе продолжи и во наредните години, зашто на тој на-чин Европа се обидува да се спротивстави и на гло-балното затоплување. Нешто полоша е ситуацијата во земјите на поранешниот Совјетски Сојуз каде по-стојат негативни трендови.

Што се однесува до Источна Азија, тука Кина е предводник, а во иднина сака да си осигура довол-но дрва за подмирување на индустриските потре-би од сопствени извори. Пошумените површини во Кина кои се движат околу 4.058.000 ха ја при-криваат многу лошата состојба во Јужна Азија каде шумите интензивно се рашчистуваат при што е изгубено 3.700.000 ха, со што ситуацијата е слична како во Латинска Амери-ка или Африка.

Тука според негативните показатели водат Ин-донезија, Малезија, Камбоџа, Филипини, Бурма. Што се однесува до другите делови од земјата се забеле-жува дека најголемо уништување на шумите има во Африка и Латинска Америка, каде што се сечи и па-лење на шуми се прават обиди да се добие поголе-ма земјоделска површина заради големата попула-ција . И со доаѓањето на тој начин до обработливо земјиште, истото набргу се дисертифицира, а набргу потоа се напуша. Интересни се податоците за Австра-лија и Океанија каде има негативен тренд, а познато е дека и Австралија и Нов Зеланд многу вложуваат во шумарство. Овде станува збор за големи пожари кои секоја година опустошуваат илјадници хектари од шума, а не постои можност овие опожарени површи-ни брзо да се санираат. Сепак, австралиската Влада вложува големи средства во пошумување и зголему-вање на површините под шума.

Многу е интересна ситуацијата во Северна Аме-рика каде има намалување на површините под шума. Сепак, кога ќе се земе предвид големината на повр-шината, тоа во просек изнесува три големи држави. Ситуацијата во САД е сосем поинаква отколку во Канада, каде што нема големи промени. САД вложу-ваат многу во пошумувањето и бележат позитивни резултати зашто се пошумуваат бројни напуштени земјоделски површини, како и индустриски пустини по долините на реките Мисури и Мисисипи. Сепак, таму има и голем проблем, односно закана за шумите од постојани напади од инсекти кои предизвикуваат сушење на големи шумски комплекси, како и голе-ми шумски пожари. Неопходно е да се обрне внима-ние на критичната ситуација во Мексико која станува алармантна заради исчезнувањето на огромни по-вршини под шуми, особено во јужниот дел на земја-та. Шумите се копачат и претвораат во земјоделско земјиште со цел прехрана на се поголемата човечка популација во оваа земја.

Заклучок од наведените примери би бил дека во светот на глобално ниво продолжува негативни-от тренд на уништување на шумите, иако се прават напори во многу земји, оваа негативна тенденција да биде запрена. Хронолошки гледано позитивните промени во некои земји во периодот од 2000-2005 година ги прикриваат јаките негативни тенденции во другите земји. Сепак, има многу помалку посече-но во последниот период кој е анализиран, отколку 1990-2000 година. Трендовите во оваа проблематика секако од година во година се менуваат, а за валид-ни заклучоци треба да се дочека анализата на новите петгодишни податоци.

Превод и обработка: Фатима Шкријељ

ФАО (Food and Agruculture Organization of the United States) секоја година издава публика-ција која ги содржи главните статистички пода-тоци за состојбата на шумите во светот. Овој Го-дишник е презентиран на 13. Светски шумарски конгрес, а ги донесува најактуелните статистич-ки податоци. Публикацијата во себе содржи, за шумарската пракса многу интересни податоци . Во овој краток осврт се претставени податоци кои би биле интересни и битни за шумарите. Од овие податоци ќе се види состојбата и трендови-те на движењата на шумските површини по кон-тиненти и периоди, за што било преопширно да се покажува состојбата во сите земји и региони опфатени со оваа статистичка публикација. Мо-менталната ситуација во светот, според овие до-стапни податоци е загрижувачка. Шумите се во постојана опасност од активностите на човекот, па затоа нивните површини од година во година се намалуваат. Токму заради тоа за состојбата на шумите се зборува на многу светски форуми, а на оваа тема особено внимание е посветено и на по-следниот шумарски конгрес зашто шумата е еден од главните фактори кои имаат големо влијание на ублажувањето на последиците од глобалното затоплување.

15ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 16: Nasi sumi br 63 64

НАШАТА МИСИЈА Е ГРАДЕЊЕ НА ВОДЕЧКА ИНСТИТУЦИЈА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БИОТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

- Од академската 2013/2014 година започнува новата акредитирана студиска програма екоинже-неринг и екоменаџмент. Кои се мотивите за форми-рање на оваа група за студирање?

Од академската 2013/2014 година започнува новата акредитирана студиска програма екоинженеринг и еко-менаџмент. Се надеваме дека оваа студиска програма ќе привлече голем број студенти кои својот животен ан-гажман сакаат да го посветат на заштитата, одржливиот развој и унапредувањето на природните ресурси и жи-вотната средина во целина. Постојните студиски програ-ми за шумарство и озеленување и унапредување на жи-вотната средина, согласно измените во Законот за високо образование се редизајнирани. Тоа особено се однесува на студиската програма озеленување и унапредување на животната средина која е целосно редизајнирана и е со нов наслов пејзажно дизајнирање. Промената е направе-на со цел да се излезе во пресрет на барањата на студен-тите, трендовите во оваа област и потребите на субјекти-те и институциите во Република Македонија кои се бават со оваа проблематика и имаат потреби од кадар со таква специјалност, со што се приближуваме кон стандардите на ЕУ и следење на еколошките стандарди.

Со студирањето на една од студиските програми на Шумарскиот факултет во Скопје, идните инженери од оваа област ќе се стекнат со теоретски и практични зна-ења и вештини, кои што ќе претставуваат солидна основа за натамошно проширување и продлабочувања на зна-ењето, вештината, умешноста, одлучноста и искуството при креирањето и реализацијата на едукативни, аплика-тивни и научноистражувачки проекти.

Во услови на брзи економски, техничко-технолошки и пазарни промени предизвикани од процесот на глоба-

Денеска Шумарскиот факултет во Скопје работи како организациска единица при Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претставува единствената високообразовна и научноистражувачка институција во Република Македонија од областа на шумарството и озе-ленувањето и унапредувањето на животната средина. Во неа се образуваат високостручни ка-дри кои понатаму можат успешно да се носат со современите предизвици и трендови во областа на шумарството и озеленувањето и унапреду-вањето на животната средина. Покрај настав-но-образовната и апликативна дејност, Шумар-скиот факултет во Скопје има богата издавачка дејност, која се отсликува преку голем број на из-дадени публикации, учебници, учебни помагала, зборници, монографии и др.

За изведување на наставата Факултетот располага со амфитеатар, 10 предавални, 15 ла-бoратории, 10 наставни збирки, 53 кабинети, читална и библиотека. Исто така, за изведување на теренска настава се користат објектите на шумско-опитната станица, и тоа: во Скопје, односно околу Факултетот (арборетум, дендро-парк, стакленик); објектот Трубарево (арборе-тум, семениште, растилка, ловиште со волиери, хранилиште и др.), објектот во Крушево (расад-ник, дендропарк, опитни површини од 40 ha на ло-калитетите Куличе, Порта и Станиќ) и објект - огледна површина на Китка кај Скопје на 1,5 ha.

ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУСО ДЕКАНОТ НА

ШУМАРСКИОТФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

ПРОФ. Д-Р ЈАНЕ АЦЕВСКИ

За работата, актуелните проблеми и плано-вите за развој за наредниот период, разговараме со Проф. д-р Јане Ацевски, декан на Шумарскиот факултет во Скoпје.

16 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/64

Page 17: Nasi sumi br 63 64

НАШИ Ш

УМИ * М

АЈ 20

13

лизацијата, местото и улогата на високо-образов-ните институции се јасно детерминирани: силни универзитети за силна Европа (Факултетот како дел од универзитетот) - институции кои силно придонесуваат за развојот на државите и опште-ствата кои се засноваат на знаење. Тргнувајќи од ваквиот пристап ја гледам и мисијата на Факулте-тот: јакнење на позицијата како институција од об-ласта на биотехничките (инженерските) науки во Република Македонија, развој во насока на една од водечките институции во регионот на Балканот и нејзино приклучување кон водечките институ-ции во оваа област во Европа.

- Шумарскиот факултет располага со ква-литетен наставен кадар, но сепак е неопходно следењето на модерните движења во оваа об-ласт.

Континуираното усовршување на кадарот од редот на наставниците и соработниците, односно оние што се вклучени во наставно-научниот про-цес, ќе биде еден од приоритетите на деканот и деканската управа. Активното учество на научни собири од национален и меѓународен карактер е многу важно во процесите на размена на постоеч-ките искуства и стекнување на нови искуства, а со тоа и примена на нови современи наставно-науч-ни методи за време на наставата и истражувања-та. На тој начин, секако, се отвора поголема мож-ност за соработка на повеќе рамништа помеѓу сродните факултети и струковите организации од регионот и пошироко.

Поддршката за стручната и административ-на служба за учество на работилници, симпозиу-ми и други собири од професионален карактер, исто така, ќе овозможи ажурно спроведување на поголем број решенија за ефикасно и ефективно работење, особено во делот на употреба на со-времени информациски техники во финансиското работење на Факултетот, библиотеката и студент-ската служба (софтверски апликации, користење на современи електронски библиотечни бази за пристап на истражувачите, електронски уплати за студентите, целосна примена на iKnow системот и сл.).

Болоњскиот процес, како инструмент на гло-бализација на високото образование, е спроведен во работењето на УКИМ ШФС, со што е овозможе-на мобилноста на студентите. Тоа треба да се ис-користи и кај студентот да се поттикнува желба за размена на стекнатите искуства за време на на-ставниот процес на матичниот факултет со оние искуства што би можел да ги добие на другите сродни факултети во Европа (ERASMUS, BASILEUS и др.). Кога сме кај Болоњскиот процес, сакам да нагласам дека и при последната посета на универ-зитетот во Берн, заклучивме дека, всушност овој процес многу тешко се имплементира во наши услови, од едноставна причина што сеуште не се овозможени условите кои ЕУ ги пропишува. Овде не зборувам на адаптирана примена, што на по-веќето факултети е, туку за конкретна примена во рамките на економските услови на државата, на кредит трансфер системот на студирање. Обиди-те што последниве десет години ги правиме за це-лосна примена, за жал, според мене не се целосно успешни, зашто постојано наидуваме на пречки.

Покрај секојдневните редовни активности во наставно-образовниот процес, за студентите ќе бидат преземени активности кои ќе овозмо-жат нивно вклучување и во различни активности на Факултетот, приближување кон стопанството, како и нивно вклучување во меѓународната сту-дентска размена. Соработката со студентите и сту-дентската организација ќе се реализира на повеќе рамништа. Во таа насока ќе се преземат следните позначајни активности:

• Подигање на свеста кај студентите за по-големо присуство и активности во наставниот процес и процесот на донесување на одлуки (ННС на УКИМ ШФС),

• Континуирана евалуација на наставниот и соработничкиот кадар од страна на студентите,

• Воведување на доброволна практична работа (незадолжителна дополнителна „ад хок“ активност) и признавање на меѓународна стручна практична работа,

• Подобрување на студентскиот стандард во рамките на условите за студирање преку фор-ми на ангажирање на студентите во различни про-екти на Факултетот,

• Организирани посети и активности на струкови манифестации во земјата и странство,

• Поддршка за учество и организирање на стручни, културни и спортски активности (Сту-дентскиот парламент на УКИМ ШФС, како и две невладини здруженија: Здружението на студенти ДРЕН и Црвен крст при ШФ ).

Студентите во Студентскиот парламент се ре-довно избрани во телата на Факултетот и активно членуваат во сите нивоа на управувањето со фа-култетот.

Невладините здруженија исто така активно работат и со поддршка на локалната самоуправа веќе имаат повеќе успешни проекти. Минатата година, на моја и на иницијатива на неколку сту-денти се формира и Здружението Црвен крст, кое е формирано со цел да се направи една обучена организација од страна на Црвениот крст на РМ, за давање на прва помош во шума. Значи, се работи за идни шумари кои ќе ја извршуваат својата ра-бота во шума, каде што се подложни на разни не-мили случаи, несреќи при работа, при што покрај самопомош, треба и да знаат да пружат стручна

ДЕКЕМВРИ 2013 17НАШИ ШУМИ

Page 18: Nasi sumi br 63 64

прва помош на евентуално повредените, или при евентуални природни непогоди, разликување на јадливи од отровни растенија и друго. Целта ни беше обуките, покрај обучувачите од Црвен крст, да имаме едукација од тн. Горска спасувачка група, како исклучителни екипи за оваа намена.

• Во однос на спроведувањето на трите студиски програми, почнувајќи од академска-та 2013/2014 година, предвидувате реформи и тие ќе бидат предмет на сеопфатни анали-зи и проучувања. Во моментов немате втор и трет циклус на студии...

Со оглед дека новите докторски студии се организираат на нови основи, за успешно и ква-литетно воведување на докторските студии ќе се направи соработка со ректоратот за користење на капацитетите на УКИМ, но ќе се прави напор за со-работка и со странски факултети кои имаат успеш-ни докторски програми. Во оваа студиска година немаме втор и трет циклус и нема да имаме за-што треба да се финализира соработката со Уни-верзитетот во Берн за поадекватна примена на стекнатите знаења поврзано со праксата. На Bern University of Applied Sciences School of Agricultural Forest and Food Sciences – HAFL, има студиска гру-па за Применето шумарство, чија програма плани-раме да ја имплементираме на нашиот факултет. Според нивната програма Шумарскиот факултат спаѓа во т.н. применети факултети. Целта на оваа програма е пред се студентите пред да се запишат на Факултет да поминат волонтерски, една година во шума на работа со шумари, а дури потоа кога ќе ги согледаат предностите и недостатоците, како и личните афинитети на потенцијалниот студент, да се одлучат за студирање на тој факултет. При студирањето на овој универзитет се применува-ат еколошки услови на студирање и ние во нашата соработка од следната година планираме со при-мена на еколошките стандарди во шумарството, да продолжиме со студии во почетокот од втор, а следната од трет циклус студии. Значи вториот циклус ќе биде во траење од три семестри и се до-бива звање магистер. Волонтирањето за кое збо-рувавме треба да се врши во фирми како ЈП Маке-донски шуми, каде ќе се запознае со спецификите на струката и од која ќе добие потврда за успеш-ното волонтирање, со која после ќе конкурираат за запишување на првиот циклус на студии по шу-марство. Искуствата покажале дека овие студенти се поподготвени за идната професија и се прави селекција за оние кои навистина сакаат да студи-раат. Но и покрај успешната примена во Швајца-рија, јас сум скептик во можноста за примена на оваа пракса.

Сите напори кои ќе бидат преземени, ќе би-дат ставени во функција на квалитетот на студи-рањето, а сè со цел крајниот производ- дипломи-раниот инженер со соодветната насоченост да добие квалитетни знаења и способности кои ќе овозможат негова конкурентност на пазарот на трудот.

-Дел од работата на ШФ претставува науч-ноистражувачката и апликативната дејност...

Во високото образование квалитетна наста-ва може да се обезбеди само доколку наставата се заснова на истражувања. Научноистражувач-ката дејност на Факултетот се одвива во услови на ниска буџетска поддршка на оваа дејност во Република Македонија, која е далеку од заложби-те на Лисабонската декларација за поддршка на науката. Во такви услови тешко се извршува науч-ноистражувачката дејност, без соодветна опрема. Опремата со која располага УКИМ ШФС генерално е необновена и не може да обезбеди квалитетни истражувања и анализи за сè поострите стандар-ди и критериуми кои во светот постојано се подиг-

нуваат. Оваа состојба доведува и до тешкотии на-ставно-научните работници на Факултетот да не бидат прифаќани со свои трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание.Надминувањето на неповолната состојба во научноистражувачка-та дејност ќе бара значителен ангажман и претста-вува процес во кој ќе се комбинираат повеќе ак-тивности:

- Зголемување на апликациите на проек-тите во Министерството за образование и наука на Република Македонија, како и проширување на учество на научните собири од кои произлегува-ат меѓународни проекти (COST, SCOPES, CEEPUS и др.),

- Интензивирање на соработката со други-те ресорни министерства, локалната самоуправа и невладините организации во делот на научни, но и на применети истражувања за нивни потре-би,

- Обезбедување наменски средства од донации од домашни и меѓународни фондации, бизнис компании и други партнери за осовреме-нување и набавка на нова опрема,

- Потпишување на билатерални и мулти-латерални меморандуми за соработка, а со тоа и спроведување на меѓународни проекти,

- Обезбедување средства за учество на наши наставно-научни работници на симпозиуми, конференции, конгреси и други средби каде ќе презентираат научен труд,

- Обезбедување наменски средства за пе-чатење на научни трудови во меѓународни списа-нија со фактор на влијание;

- Обезбедување наменски средства за пе-чатење на меѓународното научно списание Шу-марски преглед,

- Организирање на обуки во соработка со факултети од развиените европски земји, посеб-но наменети на помладите истражувачи од Фа-култетот, за учење на нови истражувачки методи, техники на изработка на научни трудови кои ќе се печатат во списанија со фактор на влијание, како и техники за подготвување на предлог проекти финансирани од европски и други меѓународни фондови.

За жал, на крај можам да констатирам дека и покрај сите овие планови и напори кои ги вложу-ваме, на нашиот Факултет во континуитет не му се одобруваат неопходните средства за развивање на научноистражувачката дејност. Тоа значи дека не е објавен ни еден конкурс за аплицирање за средства од страна на државата, а со тоа и можно-ста е сведена на нула. Порано имаше по неколку конкурси на кои аплициравме и каде се добиваа минимални средства, но сепак функционираше.

БРОЈ 63/6418 НАШИ ШУМИ

Page 19: Nasi sumi br 63 64

Сега, за жал сме насочени исклучиво на странски, меѓународни донации, каде всушност се аплици-ра индивидуално, по области, но сепак тоа е не-каква шанса колегите професори да ги пласираат свиоте трудови и да бидат во тек со светските слу-чувања. Ние како факултет имаме прилично плод-на соработка со повеќе факултети и универзитети.

• Со кои високобразовни и научнo-ис-тражувачки институции има соработка Шу-марскиот Факултет во Скопје?

Досегашна соработка со странски универзи-тети, високобразовни и научнo-истражувачки ин-ституции од страна на Шумарски Факултет – Ско-пје, остварена преку потпишување на меѓусебни договори:

1. Kastamonu University Faculty of Forestry, Kyzeykent Campus,TURKEY

2. Bern University of Applied Sciences, School of Agricultural Forest and Food Sciences – HAFL Zollikofen, SWITZERLAND

3. National Agricultural Research Foundation – NAGREF Agricultural Research Institute of Thessaloniki GREECE

Досегашна соработка со странски универ-зитети, високобразовни и научно-истражувачки институции од страна на Шумарски Факултет – Скопје, остварена без потпишување на меѓусебни договори:

1. University of Belgrade, Serbia, Faculty of Forestry

2. University of Zagreb, Croatia, Faculty of Forestry

3. University of Ljubljana, Slovenia, Biotechnical Faculty, Department of Forestry

4. University of Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Faculty of Forestry

5. University of Forestry, Sofi a, Bulgaria6. Bulgarian Academy of Sciences,

Institute of Forestry, Sofi a, Bulgaria7. University of Queensland, Brisbane,

Australia8. University of Tasmania, Hobart,

Australia9. University of Tuscia, Viterbo, Italy10. University of Geneva, Geneva,

Switzerland, Faculty of GeographyНа оваа соработка Шумарскиот факул-

тет е упатен и насочен заради отсаство на адекватна соработка со институциите во државата, а се однесува на унапредување на научната и истражувачката дејност на ка-дрите на факултетот. Како пример ќа го на-ведам факултетот во Берн, Швајцарија, кој на пример е 127 –ми на Шангајската листа на факултети, што зборува за квалитетот на потпишаниот договор и субјектите со кои соработуваме.

-Едно од претпријатијата со кои со-работува Шумарскиот факултет е и ЈП Македонски шуми. Каква е соработката и резултатите од оваа соработка?

ЈП Македонски шуми не е едно, туку единствено претпријатие со кое можеме и треба да соработуваме на сите нивоа и тука постои една максима, колку е послабо сто-панството, односно, ЈП, толку сме ние посла-би. Сета соработка со јавното претпријатие се случува стихијно, за жал, иако мислам дека пред неколку години имаме потпи-шано Протокол за меѓусебна соработка на сите интересни сфери на институционално ниво. Значи, ние сме упатени едни на други и заедно со МЗШВ го правиме триаголникот на меѓусебно најупатени институции, един-ствени во шумарската бранша. На ШФ му одговара во наредниот период да направи

позначајни реформи во наставно-образовната дејност, особено за истакнување се реформите на студиските програми, кои ја зголемија понудата на знаења и способности за студентите, институ-циите и бизнис заедницата. Во рамки на постоја-ното зголемување на квалитетот на сите сегменти од работењето на Факултетот, важно е да се набе-лежат оние работи кои досега не беа споменати.

Ова е амбициозна задача, но е остварлива на подолг рок. Одржливиот квалитет во сите сегмен-ти на делување на Факултетот ќе се остварува со постојано подигање на свеста и професионална-та одговорност во наставно-образовните актив-ности на секој член на Факултетот. Промените во наставно-образовната дејност ќе бидат насочени кон:

- Целосно ангажирање на наставниците и соработниците од Факултетот во спроведување на предметните и студиските програми,

- Ангажирање на надворешни наставници и соработници од УКИМ или од други универзи-тети во нашата држава и странство, за непречено одвивање на наставата на додипломските (и док-торските) студии,

- Настојување за вработување на млади кадри (соработници),

- Континуирана проверка на знаењата на студентите во текот на семестарот преку пар-цијални испити и зголемување на проодноста,

- Подигнување на квалитетот на стручната практична работа,

ДЕКЕМВРИ 2013 19НАШИ ШУМИ

Page 20: Nasi sumi br 63 64

- Стимулирање на издавачката дејност на Факултетот (учебници, скрипти, практикуми),

- Презентирање и рекламирање на Факул-тетот во средните училишта во државата за пот-тикнување на матурантите за упис на УКИМ ШФС,

- Информирање на бизнис заедницата и стручната јавност за постојните и нови додиплом-ски, постдипломски и докторски студии.

- Во рамките на Вашата апликација за Де-кан на Шумарскиот факултет имате програма за работа за наредните 4 години. Што се при-оритети на оваа програма?

Предложената програма за работа на Шу-марскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ ШФС) во периодот 2013-2017 година е изготвена од моја страна како в.д. декан на УКИМ ШФС. Оваа про-грама е конципирана на начин првенствено да ги следи насоките на програмата за работа на УКИМ во периодот 2012-2016 година, како дел од универ-зитетската целина. Секако, програмата се заснова и на повеќе стратешки документи за развој на високото образование и високо-образовните ин-

ституции во Европската унија, со цел прифаќање и спроведување на принципите и стандардите кои му се неопходни на УКИМ ШФС, како дел од един-ствениот европски академски простор.Во рамки на подготовка на програмата, а во контекст на оптималниот простор, се разбира дека не сум во можност да опфатам се Програмата е фокусирана само на определени актуелни насоки во кои ќе се одвива развојот на Факултетот, а во опкружување во кое се случуваат брзи промени. Според изјава-та за честа и посебно за одговорноста да се биде декан на УКИМ ШФС, сметам дека програмата ќе може да се реализира само доколку во нејзината реализација бидат вклучени сите вработени на Факултетот.

Квалитетот на наставата на Факултетот ќе се подигне и со ангажирање на наставници во наставно-образовниот процес од реномирани домашни и странски универзитети и факултети. Соработката ќе биде остварена на договорна ос-нова, со тенденција таа да прерасне во традициј

Разговорот го водеше: Соња Никчевиќ

Од 20-23 Ноември, 2013 година, делега-ција на Шумарскиот факултет при Универзи-теот “Св Кирил и Методиј” претставувана од деканот Проф. Д-р. Јане Ацевски и продека-ните Доц. Д-р Влатко Андоновски и Проф. Д-р Николчо Велковски оствари официјална посе-та на факултетот за Земјоделски, Шумарски и науки за Храна при Универзитетот за Приме-нети Науки во Берн, Швајцарија.

За време на посетата остварени беа по-веќе контакти со ректорот на Универзитетот, професори и истражувачи од повеќе области, Министерството за Животна Средина – од-делот за шуми, а се посети и областа Ементал каде што беше презентирано стопанисување-то со шумите.

Посетата е во рамките на потпишани-от меморандум за соработка помеѓу двата факултета кој опфаќа повеќе активности во областа на науката и истражувањето во шу-марството, размена на академски персонал и студенти помеѓу двата факултета, реализација на заеднички предавања, теренска настава и научно-истражувачки проекти, организација на симпозиуми и конференции, трансфер на научен и технолошки know-how и разни прак-тики, како и заедничка промоција на академ-ската соработка помеѓу двете институции.

За 2014 година договорени се блок преда-вања на Шумарскиот факултет во Скопје како и теренска настава за студентите кои ќе бидат изведувани од страна на професорите при Универзитетот за Применети Науки во Берн, Швајцарија.

Поддршката за имплементација на пое-дини активности од овој меморандум за сора-ботка е во рамките на Програмата за Зашти-та на Природата во Македонија, финансиски поддржана од Швајцарската Агенција за Раз-вој и Соработка, а имплементирана од страна на Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем.

ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ПРИМЕНЕТИ НАУКИ ВО БЕРН

БРОЈ 63/6420 НАШИ ШУМИ

Page 21: Nasi sumi br 63 64

ЗЕЛЕНА ЅВЕЗДА, ЗА ПЛАНЕТА БЕЗ ПОЖАРИ

Јас ја добив оваа награда годинава на 20 години основање на Организацијата од Михаил Горбачов, токму затоа, покрај останатото, оваа статуетка многу ми значи, рече пофесорот Николов.

Оваа награда е во категоријата Подготве-ност и превентива од шумски пожари, а година-ва ја дели со двајца негови колеги од Непал и од Украина.

“Јас сум координатор за Источна и Југо-источна Европа и Кавказ за заштита од шумски пожари, дел од светската мрежа за заштита од пожари. Спроведуваме активности согласно стратегијата за намалување на катастрофи. Одлуката за номинација ми ја соопшти директо-рот на мрежата Јохан Голдемер. Во прв момент не можев да поверувам, но му ги испратив мате-ријалите кои ми ги побара и искрено, ништо не очекував. Се работи за многу високо рангирана

светска награда и тоа во јубилејна година за органи-зацијата. Дури по неговата потврда по неколку неде-ли сфатив што се случува”, рече Николов.

Објаснување на причините за неговата номина-ција всушност влечат корени уште од неговата рабо-та на проценка на пожарите во Азербејџан и во Горна Ерменија во 2006 година, каде по барање на Генерал-ното Собрание на ОН, заедно со двајца колеги бил да ја процени состојбата со пожарите. За таа намена по-минал низ низа подготовки и состаноци. Тоа бил са-миот почеток. После оваа мисија следуваат многу ак-тивности, проекти, тренинзи. Проф.Никола Николов, исто така со усте двајца сколги од странство, ја напра-ви проценката на пожарите во Македонија во 2007 година врз основа на која беше утврдена и потребата од систем за рано предупредување за шумски пожа-ри, кој треба да профункционира следната година.

Професорот Никола Николов од Универзи-тет Свети Кирил и Методиј-Шумарски Факултет во Скопје доби светска награда за заштита на шумите од пожари. Статуетката Зелена ѕвезда на секои две години ја доделува организација-та Зелен крст со седиште во Женева. Оваа ор-ганизација е пандан на Црвениот крст и спаѓа под Обединетите Нации. Разликата е во тоа што Црвениот крст претставува грижа за луѓето, а Зелениот за луѓето и природата заедно. Оваа престижна награда претставува афирмација на еколошките залошби на Шумарскиот факултет, но и на Република Македонија како држава.

ПРИЗНАНИЈА

21ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 22: Nasi sumi br 63 64

“Морам да признам дека овој систем е многу подобар од европскиот и токму за-тоа упатените во оваа про-блематика се изненадени од неговата прецизност (во однос на најмалата повр-шина за која дава податоци) и алатките на толку мал простор”, вели Николов.

Значи, претстоеле куп активности, акции, тренин-зи на пожарникари и луѓе од оваа област (Турција, Азер-бејџан, Ерменија, Грузија, Грција и други земји) пред случувањето на главниот момент, вечерта на доделувањето на наградата на 2 септември годинава.

“Во периодот на одвивањето на оваа манифестација во Женева се беше во зна-кот на Зелениот крст. Не може да се опише чувството кога излегов на бината и ја до-бив статуетката. Пред мене стоеја и ра-коплескаа многу славни личности, меѓу кои Горбачов, бившиот премиер на Холандија, градоначалничката на Женева, годинешни-от добитник на Нобеловата награда за кли-матски промени и многу други. Наградите ги доделуваше Жан Мишел Кусто, синот на Жак Кусто што ме направи особено горд”.

Професорот, опишувајќи ја наградата вели дека Зелената Ѕвезда тежи два и пол килограми и значи свет без граници за Ма-кедонија, но и обврзува на системско и коор-динирано следење, проценка, превентива и намалување на опасноста од пожари.

“Моето задоволство ќе биде комплет-но и од научен и од човечки аспект кога ќе ги снема ненамерните, а особено намерните потпалувачи на нашите убави шуми со спец-ифична вегетација”, рече проф.Никола Нико-лов, добитник на наградата Зелена Ѕвезда, доделена од организацијата Зелен Крст од Женева.

Подготвила: Соња Никчевиќ

Зелен крст во триесет земјиМеѓународниот Зелен крст има функ-

ција на консултативна организација во економскиот и социјален совет на ОН и на УНЕСКО. Мрежата на Зелени-от крст, денес функционира во повеќе од 30 земји. Таа е набљудувач на рам-ковната конвенција за климатски про-мени на ОН и на Конференцијата на Конвенцијата на ОН за борба против дезертификација.

БРОЈ 63/6422 НАШИ ШУМИ НАШИ ШУМИ

Page 23: Nasi sumi br 63 64

На 28.11.2013, во просториите на ЈП Македон-ски Шуми, пред вработените на претпријатието кое е пред одлуката за сертификација на шумите како еден од условите за национален пласман на дрвото на меѓународниот пазар, м-р Сашо Петров-ски, директор за Фондацијата CNVP за Македонија, ги претстави PEFC стандардите за сертификација на шумите во Македонија.

Сертификацијата на шумите е доброволен процес со кој стопанисувачот на шумите преку процес на верификација од трета страна дока-жува дека управувањето со шумските ресурси се одвива според највисоки стандарди, исполнувајќи ги трите столба на одржливост: економските, еко-лошките и социјалните функции на шумата.

Сертификацијата на шумите отпочнува како светски процес пред се во тропските шуми, не-каде од 1995 година по појавата на првата шема за сертификација на шумите според FSC (Forest Stewardship Council). Оваа шема е развиена како глобален одговор на научниот свет и невладиниот сек-тор кон неприфаќањето на држави-те од светот да се донесат законски обврзувачки документи за заштита на шумските ресурси во светот на конференцијата во РИО 1992 годи-на. Во 1999 година се појавува и ше-мата за сертификација на PEFC (Pan European Forest certifi cation) која е иницирана во Европа од неколку европски држави (Германија, Фран-ција, Австрија) на која подоцна и

се приклучуваат и САД и Канада и истата е преименувана во PEFC (Programme for Endorsement of Froest Certifi cation).

Сертификацијата на шумите е пред се начин на комуникација на шумарството кон јавноста и се поголемата загриженост за опстанокот на шумите, живиот свет и планетата Земја. На овој начин стопани-сувачите со шумите им даваат поддршка на напорите во светот за зачувување на шумските ресурси. Во изминатите години сертфикацијата полека стана и алатка која го помага пласманот на дрвните прозиво-ди во светот. Во повеќе земји на ЕУ (Велика Британија, Данска, Холандија, Германија) при објава на тендери за јавни набавки на

производи од дрво, им се дава предност на произ-водите кои имаат сертфикат.

Во нашето опкружување, национални стан-дарди за сертификација на шумите се донесени во Србија, Косово, Бугарија, БиХ, Хрватска, Словенија.

Шумите се важни за одржливиот развој. Тие обезбедуваат добра и услуги кои се од суштин-ска важност за животот на луѓето, нивните до-маќинства и зелената економија. Одржувањето и унапредувањето на шумските ресурси на нашата планета е важно ако сакаме да успеат глобалните напори да се ублажи сиромаштијата, недостигот на вода и загубата на живи организми, како и на-порите да се ублажат климатските промени.

Културно и историски гледано, внатрешната вредност на шумите и спиритуалната и света упо-треба на шумите е исто така од голема важност за локалните заедници и нашиот културен идентитет.

ВОВЕД ВО УНИКАТНИОТ ПРИСТАПНА PEFC КОН СЕРТИФИКАЦИЈА НА ШУМИТЕ

ПРEЗЕНТАЦИЈА

23ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ23 НАШИ ШУМИ

Page 24: Nasi sumi br 63 64

ШТО ЗНАЧИ СЕРТИФИКАЦИЈАТА НА ШУМИТЕ?Шумите се важни за одржлив развој. Тие обе-

збедуваат добра и услуги кои се од суштинска важ-ност за животот на луѓето, нивните домаќинства и зелената економија.Одржувањето и унапреду-вањето на шумските ресурси на нашата планета е важно ако сакаме да успеат глобалните напори да се ублажи сиромаштијата, недостигот на вода и за-губата на живи организми, како и напорите да се ублажат климатските промени.

Шумите се богати со видови во споредба со други екосистеми, обезбедувајќи животна сре-дина за повеќе од половина копнени видови - од африканските горили до азиските тигри, од скан-динавските ирваси до американските гологлави орли. Исто така тие обезбедуваат вода за многу наши реки, помагајќи да се одржи квалитетот и чи-стотата на она што го пиеме и користиме секој ден.

Во просек 1.6 милијарди луѓе за својата егзи-стенција до некој степен се потпираат на шумите, додека повеќе од две милијарди луѓе – третина од светската популација – користат горива од биома-са, главно дрво за огрев, за готвење и загревање на нивните домови. Всушност, грубо пресметано, четвртина од сиромашните во светот и 90 процен-ти од најсиромашните зависат директно од шуми-те, вклучувајќи 60 милиони домородни народи и други шумски заедници. Значи, шумите одржуваат речиси половина од популацијата во светот во раз-вој, обезбедувајќи дрво за огрев како и недрвени производи како печурки, плодови, гума и лекови.

Шумите исто така имаат и значајна економска важност за руралниот развој, со тоа што шумски-от сектор придонесува со околу 468 милијарди американски долари во глобалната економија. Во Глобал Саут, конкретно, шумите играат голема уло-га во националната економија и домаќинствата на локалните жители. Шумскиот сектор придонесува со повеќе од осум проценти од бруто домашниот производ во некои од најсиромашните земји.

Културно и историски гледано, внатрешната вредност на шумите и спиритуалната и света упо-треба на шумите е исто така од голема важност за локалните заедници и нашиот културен идентитет.Siloto/Dreamstime

ЗА PEFC

PEFC, Програмата за одобрување на серти-фикација на шумите е меѓународна, непрофитна, невладина организација посветена на промоција на одржливото управување со шумите по пат на сертификација, од независна трета страна, PEFC делува преку ланецот на снабдување од шума за промоција на добра пракса во шумите и за постиг-нување сигурност дека дрвните и недрвните шум-ски производи се произзведени со почитување на највисоките еколошки, социјални и етички стан-дарди.

PEFC е координативна мрежна организација која одобрува национални системи за сертифика-ција на шумите, кои се развиени во соработка и од страна на сите заинтересирани страни и скроени според локалните приоритети и услови. Секој на-ционален систем за сертификација на шумите под-лежни на ригорозна проценка од трета страна во рамки на уникатните одредници за оддржливост на PEFC. Овие одредници се базирани на широк општествен консензус, изразени преку процеси кои се глобално и меѓувладино почитувани, како и упатства за промоција на одржливото управу-вање со шумите. Критериумите за одредниците регуларно се прегледуваат по пат на мулти-актер-ски процеси за да се земат во предвид новите на-учни достигнувања, општествените, промени, зго-лемените очекувања и за да се вметнат најновите успешни пракси.

Денес, PEFC има препознаено системи за сер-тификација во повеќе од 30 земји. Заедно покри-ваат преку 240 милиони хектари сертифицирана шума, што го прави PEFC најголемиот систем за сертификација на шумите во светот.PEFC е главни-от избор на илјадници мали сопственици, вклучу-вајќи шуми во сопственост на семејства или заед-ници.

24 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/6424НАШИ ШУМИ

Page 25: Nasi sumi br 63 64

Материјалите сертифицирани од страна на PEFC обезбедуваат доказ за одржливост и се бара-ни во процеси на јавни и приватни набавки ширум светот.

PEFC е меѓународна, непрофитна невладина организација, посветена на промоција на одржли-во управување со шумите преку нивна сертифика-ција.

PEFC има седиште во Женева, Швајцарија, а членството на PEFC брои повеќе од 50 организа-ции, вклучувајќи национални невладини органи-зации, трудови синдикати, фирми, трговски асо-цијации и организации на сопственици на шуми посветени на промоција на одржливо управување со шумите преку нивна сертификаци ја.

Организацијата е основана во 1999 од орга-низации на сопственици на мали и семејни шуми. Од самиот почеток, PEFC посветува особено вни-мание на нивните потреби, оперативни структури и уникатни модели на колаборативно управување со шумите, додека се стремат да ја направат сер-тификацијата на шумите достапна за сите. Денес, повеќе од 240 милиони хектари шуми од сите го-лемини - две третини од целосната глобална повр-шина на сертифицирани шуми - се сертифицирани од страна на глобално претпознатливите одреде-ници за одржливост на PEFC, правејќи го најголе-миот светски систем за сертификација на шумите.

Подготвила: Соња Никчевиќ

25ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 26: Nasi sumi br 63 64

Како природни извори на мирис и аро-ма се етеричните масла. Се проценува дека се познати околу 3000 есенцијални масла, од кои околу 300 имаат комерцијална вредност. Светската продукција на основни етерични масла во 1985 година била околу 36 500 тони (без терпентин чие производство на светско ниво било 250 000 тони. На првите три места по производство во 1993 година биле следни-те масла (Lawrence 1993) : масло од портокал, масло од мента, масло од еукалиптус.

Се претпоставува дека пазарната вред-ност на првите десет најпроизведувани ви-дови масло изнесувала во 1993 година околу 340 милиони американски долари. На светско ниво е скоро непроценлив бројот на видови-те од кои се добиваат етерични масла.

Етеричните масла се лесно испарливи и мирисни билни продукти (секундарни метабо-лити). Можат да се најдат во различни делови на билките, во цветовите, листовите, кората, плодовите, во коренот или во билните изла-чувања, и во вид на балсам-во терпентинот на четинарите. Маслата се наоѓаат во жлездите, маслените клетки или во шуплините.

Се смета дека биолошката улога на ете-ричните масла е:

• привлекување на инсектите заради

опрашување, • намалување на транспирацијата,• одбивање на грабливците,• заштита од фитопатогени микроорга-

низми и натрапници.Новите истражувања ја испитуваат нив-

ната важност во меѓусебната комуникација на самите билки.

Фото четинарЕтеричното масло во сите видови на че-

тинари се наоѓа во игличките, гранчињата, шишарките и смолата. Смолата на четинарите содржи значајни количини на етерично мас-ло кое се нарекува терпентинско масло. Како материјал за добивање на етерично масло од четинари најчесто се користат иглички и гран-чиња од ела, смрча, бел и црн бор и клека. На нашата територија претежно се добиваат ете-рични масла од четинарски видови во поголе-ма количина. Мало е производството на ете-рични масла од самоникнати билки: жалфија, мајчина душичка, камилица, маточина, нане и други. Во последно време во индустриското производство на чаеви се вбројуваат и чаеви-те добиени од разни видови овошја.

За изолирање на етеричните масла се ко-ристат следните методи: дестилација, пресу-вање, екстракција, “enfl aurage” метода и во по-ново време се употребува фитонички процес.

Избраниот процес на издвојување на ете-ричните масла може да има пресуден ефект на квалитетот на производот. Од начинот на добивање зависи хемискиот состав на етерич-ното масло, а со тоа и неговото делување. Ма-слата добиени од исти ботанички вид можат да имаат различен хемиски состав зависно од стаништето, микроклимата и генетскиот мате-ријал на вариететите на билката.

За успешна технолошка преработка тре-ба да се знае најповолното време на вегета-

циониот период за експлоатација кое ќе даде најдобар квалитет и наголем при-нос на етерично масло.

Етеричните масла се смеши од го-лем број на структурни соединенија (20-200) различни хемиски структури меѓу кои најзастапени со 90 % се терпените. Остатокот од 1 % го прават фенилпро-пани, соединенија со азот и сулфур и друго. Познати се повеќе од 3000 соеди-ненија кои влегуваат во составот на ма-слата. Припаѓаат на различни групи на органски споеви јагреводороди, алко-холи, феноли, алдехиди, кетони, оксиди и други.

Етеричните масла имаат својство на топење во липофилни раствори, а тешко се топат во вода. Повеќето од нив

ЕТЕРИЧНИ МАСЛА

Чувството за вкус и мирис се двете најосетливи човекови сетила. Често, дури и најмодерни инструменти не можат да го детектираат она што можат овие сетила. Царството на билките изобилува со раз-лични ароми и мириси. Човештвото има многу значајна корист (дирекна и инди-ректна) од аромата и мирисите на билки-те ги имаат овие особини. Добивките се скоро немерливи. Ги користиме за секојд-невна употреба во исхраната, пијалоците, козметиката, детергентите и друго.

26 БРОЈ 63/64НАШИ ШУМИ26

Page 27: Nasi sumi br 63 64

имаат помала специфична тежина од водата. Точката на вриење кај маслата е во распон од 150-300 степени целзиусови. Етеричните мас-ла се оптички активни.

Од мрсните масла, етеричните масла се разликуваат по хемиски состав. Мрсните мас-ла се глицериди од масни киселини, а етерич-ните масла се терпени и можат да се вбројат

во групата на ациклични соединенија. Мрсни-те масла во свежа состојба се без мирис, или имаат многу слаб мирис и на хартија оставаат трајни мрсни флеки.

Етеричните масла имаат интензивен и пријатен мирис, на хартија не оставаат трајни флеки затоа што се лесно испарливи и евен-туалната флека се губи по извесн време.

Делувањето на етеричните масла врз човечкиот организам сеуште не е во целост разјаснето. Хемиските компоненти на етерич-ните масла фармаколошки делуваат на тки-вата и органите, на хормонскиот и нервниот систем. Дури и оние со најмалку застапени ароматични компоненти заедно со главни-те делуваат врз човековото расположение и емоции. Секое масло има своја специфична “енергетска вибрација”.

Етеричните масла се користат на различ-ни начини. За инхалација, се ставаат во разни купки и сауни, се користат за масажа, како и за компреси и облоги. Некои од нив се упо-требуваат и во кулинарството. Бидејќи содр-жат голем број на мирисни компоненти може да се користат како квалитетна суровина за изработка на дезодоранси, парфимериски са-пуни и други козметички производи.

Уште едно малку познато дејство на ете-ричните масла е дека некои врсти на родот Јuniperus sp., на пример Ј.virginiana и Ј.recurba имаат особини на природни пестициди.

Во Македонија, во Берово постои погон за дестилација на етерични масла во рамките на подружницата “Малешево”- Берово, кое е во составот на ЈП Македонски шуми.

27ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 28: Nasi sumi br 63 64

Успешна акција „Ден на дрвото“

АКЦ

ИЈА

Дванаесетата по ред ак-ција „Ден на дрвото “ успеш-но се реализира во сите де-лови на Македонија.

Со Акцијата Ден на др-вото-Засади ја својата идни-на, која есенва се одржа на 27.11.2013 година, Македо-нија ќе се збогати со уште 5 милиони дрвја со што ќе се надмине бројката од 45 ми-лиони садници досега поса-дени само со акцијата „Ден на дрвото“.

Досега се пошумени некаде околу 4 илјади хектари површина, а со оваа акција ќе се пошумат уште 1200 хектари површи-на. Жарко Караџоски директор на Македон-ски шуми, кој посети повеќе локации каде се одвиваше акцијата, за медиумите изјави:

“Акцијата се одвива секаде во Македо-нија и покрај тоа што синоќа врнеше снег, тоа е добар знак. Снегот не е лош кога се пошумува. Дрвјата сакаат влага. Времето е идеално. Оваа недела е најавено дека ќе има врнежи од дожд и снег што гарантира дека имаме одлични услови за се што садиме да успее. Очекуваме висок процент на реали-зација и успешност, а исто така имаме голем одзив на граѓани во сите делови на Македо-нија и покрај ваквото време.”

Тој истакна дека за една ваква акција Владата годишно одвојува во просек по 50 до 70 милиони денари, но таа бројка е за-немарлива во споредба со значењето на здравјето и белите дробови.

За успешноста на акцијата „ Ден на др-

вото“ во изминатите години, директорот Караџоски рече, дека просекот на вкупната зафатеност е 61,54 отсто и тој просек не од Македонски шуми туку од инспекторатот за шумарство кој оди на лице место и дава извештај кој што Владата го прифака и тоа е официјалната бројка.

-Според Европскиот просек кој што се смета за успешен ако е над 35 отсто зна-чи ние сме го надминале. А инаку тоа е за сите години, но имаме акции како во 2010 и 2009 година кога беше врнежливо и просе-кот беше над 75 отсто успешност, ја заврши својата изјава директорот на Македонски шуми.

Инаку, вработените од дирекцијата на ЈП Македонски шуми и ПШС Караџица од Скопје, ја координираа акцијата на засаду-вање и зедоа активно учество на локацијата Мршевци, каде беше засадувањето на шум-ски видови. На теренот, на оваа локација беа присутни голем број на граѓани, ученици од средните училишта од Скопје, припадници на МВР, Армијата на РМ, неколку институции

и јавни претпријатија. Присутните беа превезувани со автобуси на ГСП, кои постојано кружеа на неколку релации. На локалитетот Мршевци, дрво засади и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која ја поздра-ви Акцијата и го изрази своето задо-волство од масовноста, квалитетот на извршените работи и придонесот на оваа акција во здравиот живот и по-добрувањето на животната средина. Присутни беа и официјални претстав-ници на организацијата Ден на дрво-то-Засади ја својата иднина, како и гра-доначалникот на општина Илинден. Иако денот на пошумувањето го одбе-лежи првиот снег, акцијата протече во во вистинска зимска идила на теренот

28 БРОЈ 63/64НАШИ ШУМИ НАШИ ШУМИ

Page 29: Nasi sumi br 63 64

огреан со зимско сонце и многубројните љубители на природата и поддржувачи на акцијата.

Пом. директор дипл. шум. инж. Игор Лазаровски од СЕКТОРОТ ЗА РАСАДНИЧ-КО ПРОИЗВОДСТВО, ОДГЛЕДУВАЊЕ, ПО-ДИГАЊЕ И ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ во ЈП Македонски шуми, ја даде следнава

ИНФОРМАЦИЈА за акцијата за по-шумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година

За акцијата за пошумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година, ЈП Македонски шуми актив-но се подготви за реализација на истата, според техничко оперативните можно-сти.

Во делот на шумско одгледни работи – пошумувањa ЈП Македонски шуми пред-видува пошумување на површина повеќе од 1 150 ха, со засадување на 5 000 000 шумски садници. Пошумувањето со шум-ски садници на предвидените локалитети ќе се реализира од почетокот на Ноември се до моментот на поволните климатски услови и можности. Со есенската акција како и секоја година вклучена е и локал-ната самоправа – ЗЕЛС, Национални паркови и ЈП Јасен.

Со есенската акција како приоритети за пошумување се предвидени опожаре-ни површини - последица од шумски пожа-ри, голини во шума и вон шума во склоп на “Шумско стопанските eдиници”, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и веш-тачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта.

Во зависност од местоположбата и поч-вените услови локалитетите за пошумување за есенската акција ќе се подготваат механи-зиранo во кордони (орање), рачна обработ-ка на површините и изработка на дупки со моторни дупчалки.

Изборот на дрвни видови за пошуму-вање е во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците.

Според доставените известувања од страна на општините, дел од општините се приклучуваат на локациите предвидени од страна на Македонски шуми, а дел пред-ложија свои локации кој ќе се подготват од нивна страна а шумските садници ќе ги преотстапи ЈП Македонски шуми од своите расадниците.

Оваа есен со помош на општините и граѓаните ќе се вклучат во пошумување-то за да се уредат хортикултурно поголеми урбани површини со декоративни садници (лисјари и четинари). За оваа цел ќе засадат

повеќе годишни садници од над 35 дрвни видови. (даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чем-прес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја и други)

Владата на Република Македонија, на својата Сто педесет и осмата седница, одр-жана на 29.10.2013 година ја усвои информа-цијата за реализација на акцијата за пошу-мување од страна на Македонски шуми со следните заклучоци и тоа:

- Површини за пошумување – 1.150ха – 5 000 000 броја на шумски садници

- Општини на ниво на град Скопје со преотстапување на 81.800 броја на разно-видни шумски садници

- Општини низ државата, Национални паркови и Јасен – 78.930 броја на шумски садници

- ЈП за Државни патишта ( а.чемпрес и леандри) – 21.630 броја

- Охрид, Струга и Дојран покрај езерско-то крајбрежје со медитерански дрвни видо-ви и тоа палми и леандри – 1.250 броја.

ЈП Македонски шуми во период од 2007 – 2012 година со акциите за пошумување “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” има засадено т е пошумено над 51 432 310 шумски садници и тоа на приоритетни лока-литети на територијата на Република Маке-донија, а со цел за зачувување и воспоста-вување на составните делови на биолошката и пејзажна разновидност на македонските шуми преку интегрирањето на целите на за-штитата во шумарската пракса.

АКЦ

ИЈА

29ДЕКЕМВРИ 2013 НАШИ ШУМИ

Page 30: Nasi sumi br 63 64

Фото: Соња Никчевиќ

30 НАШИ ШУМИ БРОЈ 63/6430НАШИ ШУМИ

Page 31: Nasi sumi br 63 64
Page 32: Nasi sumi br 63 64