30
1 ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИТЕ М Е С Е Ч И Н АГОСТИВАР ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ,, Ромскиот информативен центарЈануар - Декември 2009 Хуманитарно и добротворно здружение на ромите МесечинаГостивар ул: Браќа Гиноски 26, 1230 Гостивар,Република Македонија Тел: +389 (0) 42 222 271; Факс: +389 (0) 42 222 272; Е-маил:[email protected]

ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

  • Upload
    others

  • View
    12

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

1

ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИТЕ

“М Е С Е Ч И Н А„ ГОСТИВАР

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ,, Ромскиот информативен центар”

Јануар - Декември 2009

Хуманитарно и добротворно здружение на ромите “Месечина” – Гостивар ул: Браќа Гиноски 26, 1230 Гостивар,Република Македонија

Тел: +389 (0) 42 222 271; Факс: +389 (0) 42 222 272; Е-маил:[email protected]

Page 2: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

2

ЈАНУАР 2009

1. Посета на ромски населби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

Заради проблемите со непоседувањето на лична документација за идентификација со кои што се соочува дел од населението припадници на ромската заедница во Гостивар, персоналот на Ромскиот информативен центар за своите потреби, а и по барање на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, подржан од страна на УНИЦЕФ направи посета на терен заради изведување на активност поврзана со регистрација на деца кои не поседуваат извод од матична книга на родените. Активноста беше изведување на мини попис на децата кои не се регистрирани или кои немаат извод од матичната евиденција се со цел формирање на почетна дата база на податоци за деца кои не се регистрирани. Пописот се вршеше врз основа на претходно изготвен прашалник со однапред дефинирана структура на податоци. Исто така една од целите беше повторно пренесување/проширување на информација до граѓаните кои имаат потреба за решавање на ваквите проблеми, се обратат во просториите на ХДЗР „Месечина“ – Гостивар односно Ромскиот информативен центар за регулирање на личната документација. Така да во текот на овој месец се остварија неколку средби помеѓу персоналот на РИЦ и одредена група на граѓани кои имаат потреба од вадење односно регулирање на личната документација како за себе така и за нивните малолетни деца кои како последица на нивните родители (мајката) не се во состојба воопшто да се пријават и евидентираат во матичната книга на родените. Покрај ваквите потреби во текот на овој месец канцеларијата на Ромскиот информативен центар ја посетија и граѓани од опожарениот објект каде претежно сместени беа граѓани припадници на ромската заедница. Дел од нив покрај превземените мерки од страна на Владата на Р. Македонија (Министерство за труд и социјална политика и Министерство за транспорт и врски) пренесуваа информација до нас дека не се задоволни од нивното сместување. Имено неколку семејства се жалеа дека во објектот каде што се сместени немаат никакви основни животни услови за живеење, притоа кажувајќи дека од страна на сопственикот на објектот им било забрането внесување на било каков инвентар за живеење (кревети, ќебиња и т.н.) не земајќи во предвид дека постоечките се премногу стари и валкани.

2. Информативни – консултативни средби

Ромскиот информативен центар оствари 2 информативни – консултативни, директни средби со претставниците од Фондот за здравствено осигурување подрачна служба Гостивар (правна служба) . Причината за остварувањето на средбите прозлезе како потреба од барањата кои беа упатени од страна на граѓаните до ХДЗР „Месечина“ – Гостивар и РИЦ за добивање на решение за ослободување од учество во трошоци на здравствени услуги при користење на здравствена заштита. Целта на средбата помеѓу претставниците на Фондот за здравствено осигурување подрачна служба Гостивар (правна служба) и ХДЗР „Месечина“ – Гостивар, беше пренос на информации за проблемите и потребите со кои што се соочуваат граѓаните и консултации за начинот на разрешување на дадените проблеми кои ќе излезат во пресрет на потребите од граѓаните. По остварените средби персоналот на РИЦ според добиените насоки заедно со странката ги вадеше потребните документи и истите откако ги комплетира ги приложи до шалтерските работници, така да потоа успеа да го извади односно добие потребното Решение со кое странката се ослободува од натамошно учество при користење на здравствена заштита. Персоналот на РИЦ оствари средби со одговорниот за образование при Локалната самоуправа Гостивар и Директорот на општинското средно училиште „Гостивар“ – Гостивар по барање на граѓанин, родител на ученик средношколец за настанат конфликт помеѓу ученик во 4 година и Директорот на училиштето. По добиената информација од страна на родителот на ученикот во канцеларијата на РИЦ и барање за посредување во решавање на проблемот, персоналот на РИЦ веднаш интервентно делуваше со заеднички средби со горе наведените институции се со цел изнаоѓање на заедничко позитивно решение. За жал по остварената средба со Директорот на училиштето не се наиде на разбирање од негова страна така да само неколку месеци пред завршување на школската година ученикот е отстранет, со образложение од страна на Директорот дека ученикот е проблематичен и дека ниеден од професорите по предлогот на директорот за отстранување на ученикот не се изјаснил позитивно за ученикот, при тоа заборавајќи да ја објасни случката односно вистинската причина за предлогот. Според објаснувањето на родителот на ученикот, Директорот по настанатиот проблем со компјутерите во училницата се појавил за да добие информација околу проблемот, така да ученикот се јавил за да објасни, напоменувајќи му на Директорот дека за секој настанат проблем со компјутерите истото треба да биде навремено пренесено од страна на учениците. Откако ученикот сакал да го направи

Page 3: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

3

тоа, од страна на Директорот му било забрането со тоа што му рекол да седне и дека никој него не го прашал. Ученикот по втор пат се обидел да објасни и тогаш Директорот го фатил за грб и со сила го истуркал од училница и му кажал веќе да не се појавува во училиштето. Како заклучок и препорака по обавените разговори беше укажано ученикот да поднесе Жалба до Училишниот одбор, веднаш по добивањето на известието за отстранување на ученикот од училиштето. Персоналот на РИЦ по обавените разговори и со двете страни за проблемот ја информираше Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на етничките заедници во РМ при Министерството за образование и наука. Покрај тоа канцеларијата на РИЦ беше посетена од граѓанин кој побара информативно консултативен совет за запишување на неговото дете во основно образование, откако го има истото напуштено во Битола. За таа цел, а и по барање на родителот беше остварена заедничка средба со стручната служба (психолог и педагог) од ОУ „Братство-единство“ – Гостивар од каде се доби понатамошни инструкции за дополнително приложување на документи (сведителство за завршено 2 одделение во Битола) кои се неопходни за упис во училиштето. Во врска со опожарениот објект во град Гостивар каде поголемиот дел од лицата кои живееја во објектот беа припадници на ромската заедница, ХДЗР „Месечина“ и РИЦ Гостивар оствари поединечни средби со гостиварските пратеници во нивните канцеларии. Целта на овие средби беше пренесување на информирации за состојбата на семејствата од опожарениот објект и барање на помош од нивна страна во рамките на нивните можности. По остварените средби пратеникот Таљат Џафери, претставник на политичката партија ДУИ наиде на разбирање со тоа веднаш интервентно делуваше контактирајќи преку телефон со Генералниот Штаб за обезбедување на кревети и ќебиња за семејствата од опожарениот објект. По интервенцијата од страна на пратеникот за обезбедување на кревети и ќебиња, персоналот во канцеларијата на РИЦ оствари средба со дел од семејствата од опожарениот објект се со цел да ги информира за добиената подршка и обезбедените кревети и ќебиња наменети за нив. За жал семејствата не информираа дека нема да можат да ги примат истите заради недоразбирањето кое го имаат со сопственикот на објектот каде што се сместени. Имено сопственикот на објектот не им дозволувал да внесуваат никаков инвентар и мебел во објектот. Заради потребата од вадење на здравствена книшка, по барање на граѓанин кој што ја посети канцеларијата на Месечина, персоналот на РИЦ оствари телефонски контакти со претставници на Агенцијата за вработување, Центар за вработување Гостивар и директна средба за решавање на проблемот со кој што се соочува странката. По добиените препораки од страна на Центарот за вработување Гостивар, истите инструкции понатака беа пренесени кај странката како можност за остварување на правото на здравствена заштита и добивање на здравствени картони за нивно понатамошно користење при лекување во државните медицински установи. Персоналот на РИЦ покрај потребата од заедничка соработка и комуникација со локалните институции, во текот на овој месец неопходен беше и контактот со претставници од ресорното Министерство за здравство за странка која имаше потреба од лекување на нејзиното дете во детското одделение, а за кое им беше побарано кауција од 100 евра како гаранција за добиената услуга. Имајќи го во предвид социјалниот статус на странката и немањето на здравствена легитимација како за неа така и за нејзиното дете како последица од ненавремено евидентирање во матичната служба и непоседување на лична документација за идентификација, неопходна беше комуникацијата на персоналот на РИЦ Гостивар со претставници од Министерството за здравство во Скопје за нивно интервенирање до медицинскиот центар во Гостивар за примање на странката, навремено лекување на детето од бронхитис и нивно ослободување од плаќање за добиената медицинска услуга. Ваквиот начин на функционирање ја докажува отвореноста и транспарентноста за соработка т.е. заедничка работа како со граѓаните и останатите институции и организации, кои не го имаат потпишано меморандумот за соработка, а во зависност од дадените потреби кои се појавуваат и произлегуваат од страна на граѓаните.

3. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

За решавање на проблемот кај одредени случаеви, неминовна беше взаемната соработка и подршка од страна на локалните институции заради размена на информации и консултации во интерес на граѓаните. За пофалба е фактот што локалните институции полека но сигурно канцеларијата на Месечина и РИЦ ја сметаат како организација т.е. канцеларија која е здрела да прибира и дава информации и совети кои се во интерес на граѓаните како взаемна целна група како за нас така и за нив. Како за пример може да се издвои еден случај кој се појави во текот на овој месец каде покрај потребата за обраќање која се појавува кај странката во Центарот за социјална работа Гостивар, истата ја посетуваше и канцеларијата на РИЦ Гостивар. Така да покрај поединечното разгледување на случајот и по истиот давање на совети, неопходно беше контактирањето на нашата канцеларија со

Page 4: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

4

Директорот на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар за изнаѓање на полесен начин за решавање на проблемот преку добивање на информација во Битола. За таквата потреба за која странките (стари лица) требаа да појдат во Битола за да добијат информација за посвојување на дете, канцеларијата на РИЦ сакајќи да ја олесни работата предложи и побара да се ангажира персоналот на РИЦ Битола, за кој предлог од страна на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар се наиде на разбирање. По добиената информација од страна на персоналот на РИЦ Битола, истата беше пренесена до Директорот на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар која послужи како инструкција за превземање на соодветни понатамошни чекори. Ова претставува само дел од практиките кој што ХДЗР ,,Месечина,, - Гостивар и Ромскиот информативен центар продолжува да ги користи сакајќи да ја искаже желбата за транспарентна соработка и заедничка работа во изнаоѓањето на соодветни механизми кои ќе излезат во пресрет за полесно решавање на проблемите и потребите на граѓаните со акцент од Ромската заедница. Секако дека ова придонесува стварање на доверба и позитивно мислење и кај заедницата како целна група и кај институциите на државата. Ваквиот начин на давање и споделувањето на информации и консултации ја оправдува работата, функционалноста и бенефитот од постоењето на Ромски информативни центри во различни градови на РМ кои се во интерес на граѓаните со акцент на припадниците на ромската заедница. Преку ваквиот начин на работење РИЦ Гостивар ја искажува желбата за соработка и со останатите градови каде што во моментот сеуште не се отворени ромски информативни центри. Со оглед на посетеноста и барањата од страна на странките персоналот на РИЦ им излезе во пресрет на одредена група на граѓани во пишување на барања, изјави, молби, жалби и друго. Дел од горе наведените услуги се однесуваа на барања за еднократна помош, и дел во пишување на изјави до Министерство за финансии, Управа за имотно правни работи заради средување на владението на имотот кај граѓани од ромската заедница.

4. Учество на состаноци и средби

Во месец јануари Месечина – Гостивар, како и секоја организација ја организираше својата работа распределувајќи ги и потсетувајќи се себеси за тековната работа во 2009 год. Со цел истото да го направи што е можно подобро Месечина – Гостивар, преставници на РИЦ учествуваа на средби, состаноци и работилници организирани од Месечина – Гостивар и од други организации кои што работат на исти или слични прашања. Во период од 16 и 17 Месечина – Гостивар, организира работилница во маврово на тема „Техники за анализа на трошењето на јавни пари во здравството“. Обуката беше испорачана од Институтот за истражување „Студиорум“ од Скопје со кој Месечина и по оддамна има воспоставено добра соработка. Користа од оваа обука е тоа што дел од персоналот на РИЦ, се оспособува низ оваа обука и идните обуки поврзани со проектот за „еднаква здравствена заштита за сите“, да направи споредба и набљудување за конкретниот интерес во врска со имунизацијата на децата Роми во споредба со другите деца припадници од другите етнички заедници. Персоналот на РИЦ учествуваше и на работилницата во Велес организирана од „Сонце“ – Тетово од 19 до 21 Јануари. На работилницата учествуваа и организации од соседно Косово, преставници на Ромската, Ашкалиската и Египчанската заедница, темата на работилницата беше „Пренесување на моментумот на Ромската декада од Македонија на Косово“ Интересно од оваа работилница беше размената на искуствата од Косово и Македонија на различни поддтеми, потребата од следењето на искуства од Македонија во Косово, јакнењето на човековите капацитети за креирање, следење и имплементација на политиките поврзани со Декадата за инклузија на Ромите 2005 – 2015. Да напоменеме дека на оваа работилница свое излагање од искуствата во работењето на граѓанскиот сектор, а со тоа и работењето на РИЦ имаше и преставник на РИЦ – канцеларијата во Гостивар. Кој говореше и имаше презентација на тема учеството на граѓанското општество и добри практики, на мрежи и коалиции. 24 и 25 Јануари преставник на РИЦ учествуваше на тркалезна маса организирана од Центарот за човекови права и разрешување конфликти, со проект на УНИЦЕФ, на тема „Регистрација при раѓање – прво право на секое дете“. Треба да се напомене дека Центарот за човекови права и разрешување конфликти, за овој проект ја консултираше Месечина – Гостивар и работата на РИЦ, токму од оваа организација беа посочени и други канцеларии на РИЦ кој пак можат да одговорат на предизвиците, во смисла на откривањето на деца кои не поседуваат извод од матична книга на родените. На оваа тркалезна маса, Месечина – Гостивар, РИЦ ги престави досегашните проблеми од областа на вондредното запишување на деца, односно копликуваната процедура низ кој треба да се помине. На оваа тркалезна маса позитивно беше што присуствуваа и државните службеници кој работат на оваа проблематика, вклучително и директорката на управата за управни работи.

Page 5: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

5

На самата тркалезна маса стана и збор дека согласно новите измени на работењето на матичните служби целокупната работа на матичните одделение ќе се префрлат надвор од зградите на МВР. На тркалезната маса низ вежби и потполнување на прашалници во групи се истакнаа низа проблеми кои ги имаат граѓанските организации и управните служби од областа на пријавувањето на децата без изводи. Се истакна дека во анкетирањетона 12 градови во период од 7 дена се пронајдени околу 600 деца кои не поседуваат извод на родени која бројка воопшто не е за потценување ако се земе во предвид дека ниту нивните мајки не се заведени во матичната евиденција, и анкетирањето во повеќе градови би била бројката далеку поголема. Важноста на присуството на РИЦ во оваа тркалезна маса беше споделувањето на знаењата вештините и проблемите од оваа област. Учеството на работата во РНВО – 2002 останува како и во изминатите месеци, со цел да се лобира и да се застапува за интересите на Ромската заедница на глобално ниво, а се следат и се пренесуваат искуствата од РИЦ канцелариите.

ФЕВРУАР 2009

1. Посета на ромски населби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ Месечина – Гостивар, РИЦ – Канцеларијата во февруари продолжи да работи на анализа на податоците добиени во текот на претходниот месец, а поврзано со децата кои не поседуваат извод од матична книга на родените. За тоа направи табела и причини кој самите (родителите) ги истакнаа. По реализација на ваквата активност во месец јануари 2009 год со сигурност очекувана беше масовноста на граѓаните од ромската заедница кои ја посетуваат канцеларијата на Ромскиот информативен центар Гостивар. Така да во текот на овој месец се остварија неколку средби помеѓу персоналот на РИЦ и одредена група на граѓани кои имаат потреба од вадење односно регулирање на личната документација како за себе така и за нивните малолетни деца во просториите на РИЦ – канцеларијата во Гостивар. Треба да се напомене дека во овој месец повеќето граѓани побараа за нив да се направат различни договори, барања, жалби и т.н кој пак според бараното и активноста беше потребно поголемо присаство во канцеларија. Исто така и во месец февруари 2009 год, „Месечина“ – Гостивар, во соработка со други организации надвор од Гостивар, работи на решавањето на проблемите од областа на личната документација, во месецот за кој известуваме, а благодарејќи на организацијата „Амбрела“ – Скопје водиме постапка, се преведуваат соодветните барања за странките со цел да се добијат изводи од матична книга на родени од Република Германија. Радува фактот кога странките задоволни од извршената услуга на РИЦ, ГСЦ, „Месечина “ – Гостивар, доаѓаат со документот за кој ние сме подготвиле соодветни барања, сме лобирале и лично сме се залагале за добивање на соодветна и потребна документација. Лично задоволство и задоволство на организацијата се гледа кога самата странка ви говори дека за истиот документ се обидувале да го добијат години наназад, но заради недоразбирање не успевале да го добијат соодветниот документ. Такви се неколкуте случаеви и во овој месец, како што се вадењето, промена на лична карта, враќање на предмет на повторно разгледување во основниот суд, решавање на проблем со адреса на местото на живеење кој треба да стои во личната карта, а за кој често пати граѓаните го имаат тој проблем заради нивните дивоградби или куќи кои немаат соодветна документација.

2. Информативни – консултативни средби

Средбите со Матичното одделение продолжуваат со веќе договорена практика за кој сметаме дека истата ќе се продолжи. Секоја среда преставник на „Месечина“ – Гостивар, кој меѓу другото е активиран и на друг проект кој проект ги работи работите од областа на регулирањето на личната документација остварува средби заедно со странките и матичната служба Гостивар. Овие средби во соработка со преставниците на канцеларијата за матична евиденција во Гостивар, се решаваат или се обидуваме да ги решаваме индивидуално, да се разгледуваат поединечно со цел да се влезе во системот за решавање на проблемите од областа на дополнително запишување во матичната книга на родените. На 18.02.2009 год. по барање на РИЦ – Битола и други граѓански организации кои се бават со проблематиката на човековите права „Месечина“ – Гостивар, организира средба во Македонски центар за меѓународна соработка МЦМС и оддржа средба на граѓански организации, со цел да го гледа и по него да дебатира за документарниот филм „Планета Баир“ од режисерот Константин Плевнеш. На 26.02.2009 год, во просториите на општинската зграда во Гостивар се оддржа средба со поуспешните фирми во Гостивар, а по барање и планот за работа на МТСП.

Page 6: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

6

Темата беше Презентација на бенифициите кој ги нуди МТСП и Владата на Република Македонија во насока на работодавци кои ќе спроведуваат курсеви и вработуваат припадници на Ромската етничка заедница. На средбата присуствуваа делегацијата од МТСП, преставници од Агенцијата за вработување, Центар за вработување Гостивар, преставниците на 6 успешни фирми од Гостивар и претставниците на РИЦ – канцеларијата односно „Месечина“ – Гостивар, или вкупно 14 учесници на средбата. На самата средба се дискутираше за бенифициите (погоре кажани), за начинот на остварување на правата и должностите на фирмите кон курсистите и идните вработени, начинот на склучување на договори, исплата и др.

3. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Побараната помош беше во пишување на договори за наемнина – кирија со цел да можат да наведат улица на нивни лични карти, жалби приговори и др. За решавање на проблемот кај одредени случаеви, неминовна беше взаемната соработка и подршка од страна на локалните институции заради размена на информации и консултации во интерес на граѓаните. За таа цел РИЦ – Гостивар, често пати како секогаш, телефонски или лично контактира со претставници на државни институции, на локално и национално ниво. Ова претставува само дел од практиките кој што ХДЗР ,,Месечина,, - Гостивар и Ромскиот информативен центар продолжува да ги користи сакајќи да ја искаже желбата за транспарентна соработка и заедничка работа во изнаоѓањето на соодветни механизми кои ќе излезат во пресрет за полесно решавање на проблемите и потребите на граѓаните со акцент од Ромската заедница. Секако дека ова придонесува стварање на доверба и позитивно мислење и кај заедницата како целна група и кај институциите на државата. Ваквиот начин на давање и споделувањето на информации и консултации ја оправдува работата, функционалноста и бенефитот од постоењето на Ромски информативни центри во различни градови на РМ кои се во интерес на граѓаните со акцент на припадниците на ромската заедница. Преку ваквиот начин на работење РИЦ Гостивар ја искажува желбата за соработка и со останатите градови каде што во моментот сеуште не се отворени ромски информативни центри, а за кој МТСП и Владата треба да обрнат внимание, со цел локално да им се помогне на граѓаните, како што тоа се прави во оние градови каде што веќе функционираат РИЦ канцеларии отворени во партнерство помеѓу МТСП и локална ромска граѓанска организација. Со оглед на посетеноста и барањата од страна на странките персоналот на РИЦ им излезе во пресрет на одредена група на граѓани во пишување на барања, изјави, молби, жалби и друго. Дел од горе наведените услуги се однесуваа на барања за еднократна помош, и дел во пишување на изјави до различни министерства, судови и институции. Логистичката подршка која што ја нуди и дава персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар за граѓаните често пати се сведува на лобирање и застапување, средби со граѓаните, пишување на барања, изјави, молби, жалби, тужби, давање совети, информации, фотокопирање, посредување и друго. 4. Учество на состаноци и средби

На 03 февруари преставници на РИЦ – Гостивар учествуваа на тркалезната маса на која се дискутираше за Законот за пружање бесплатна правна помош. Важноста на оваа средба беше заедничката заложба на неколку граѓански организации кои работат во областа на човековите права да го убедат Министерството за правда и Владата на Република Македонија, за важноста согласно овој Закон можност за пружање на бесплатна правна помош имаат и граѓанските организации, исполнувајќи ги условите за тоа пишани со Законот. Сосема на крајот од средбата беше искажана јавна благодарност кон „Месечина“ – Гостивар, за посредувањето во закажување на состанок со Заменик Министерот за правда Г-дин Ибрахим Ибраими. Заклучокот по целата работилница беше дека е потребно да се формира помала група, преставници на граѓански организации, кои понатака ќе дадат придонес и препораки, ќе лобираат за вметнување на граѓанските организации во Законот за пружање на бесплатна правна помош. На 04.02.2009 год, „Месечина“ – Гостивар, имаше прилика да го претстави проектот кој го доби во отворениот конкурс на ЕИДХР, проект насловен како „Македонија без дискриминација“ кој има за цел еднаква стартна основа, почитување и користење на бенифициите кон граѓаните на Република Македонија. Носењето на посебен Закон за заштита од дискриминација во Македонија, преку најразлични активности, дебати, кампањи, студиски посети и др.

Page 7: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

7

На истата тема, а во насока на регистрирање на коалиција, мрежа, сојуз на организации наловена како Македонија без дискриминација се оддржаа и други 2 средби во кој на 09.02.2009 год се дискутираше за активностите на проектот „Македонија без дискриминација“ во кој партнери се дополнително 8 граѓански организации и На 26.02.2009 год, во Хотел Континентал „Месечина“ – Гостивар, согласно проектот организира работилница за разгледување на статутот за регистрирање на Македонија без дискриминација. И на двете средби покрај што учествуваа преставници на РИЦ – Гостивар, истите и ги водеа, како фасцилитатори двете средби со граѓанските организации кои се дел од Македонија без дискриминација (прилог записници од настаните) На ден 11.02.2009 год, оствари средба со Заменик Министерот за труд и социјална политика, каде што се истакнаа проблемите со кој се занимава лоби групата за човекови права при РНВО – Рома 2002, а кој проблеми произлегуваат од локално ниво, меѓу кои осознавани и преку работата на РИЦ канцелариите. Беше образложен и за нас значаен проблемот со вадењето на личната документација, за лицата кои не се заведени во матичната книга на родени, потребата од институционална помош и решавање на проблемот, како и потребата од меѓусебно координирање со другите Министертва и Владата на Република Македонија. Сепак најзначајна беше средбата која и кај медиумите и кај граѓанските организации, кај институциите, предизвика, учеството на преставникот на РИЦ – Гостивар во работата на Собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Собраниската седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот се оддржа на ден 17.02.2009 год. На дневен ред беше Состојбата на човековите права на Ромската заедница во Република Македонија, , идни активности за подобрување на вкупната општествена положба на Ромите, по барање на Ромските невладини организации-РНВО РОМА 2002. Пред пратениците и поканети гости на таа седница свое обраќање имаше преставникот на РИЦ – Гостивар, каде што се истакнаа приоритетите на лоби групата за човекови права при РНВО – Рома 2002, а кој истовремено се поголем дел од работата на РИЦ програмата воопшто. На истиот состанок беше донесен и заклучок по оваа точка од кој од неколку министерства ќе се бара информација за состојбата и можноста да се делува за нив како Влада на РМ (заклучоци во прилог) По оваа средба неколку медиуми побараа и пишуваа информации за истакнатите проблеми кај Ромската заедница во Македонија, за истакнатите проблеми РИЦ – Гостивар , преку свои пријатели дознава дека интерес пројавиле и доста преставници од Амасадите во Македонија.

МАРТ 2009

1. Посета на ромски населби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ Со оглед на горе споменатото во Март 2009, покрај со граѓаните кои имаат потребата од вадење на документација за лична идентификација, оствари средби и со граѓани кои имаа поразлични потреби како што се: - помош во пријавување на млади брачни парови во Агенцијата за вработување, Центар за вработување Гостивар, - помош и посредување во поднесување на документација за повраток на средства од Фондот за здравство – Гостивар. - помош во добивање парична еднократна помош како и поднесување на комплетна документација за добивање на социјална парична помош. Со дел од споменатите институции персоналот на РИЦ Гостивар оствари средби заради добивање на информации и упатства во интерес на граѓаните/странките кои имаа потреба за тоа и кои побараа помош и ја посетија нашата канцеларија. Новитет во овој месец беше посетата на странките од таканаречената населба „Дупка“ во која претежно се сместени луѓе целовкупно социјално загрозени и без лична документација за идентификација. Имено станува збор за ромско семејство кое живее во импровизирано живеалиште во горе споменатата населба. Во периодот кога во градот имаше поројни дождови дошло до лизгање на земјиштето со што била потфатена нивната куќа. При посетата на нашата канцеларија семејството побара да им се излезе во пресрет кажувајќи ја нивната социјална положба, загрозеноста и ризичноста од нивното понатамошно живеење во куќата плашејќи се истата да не им се руши загрозувајќи ги нивните животи и здравјето на нивните малолетни деца. Во контекст на настанатиот проблем кај странките ХДЗР „Месечина“ – РИЦ Гостивар, а по барање на загрозените им излезе во пресрет на терен одејќи заедно со нив до МВР-Сектор за внатрешни работи Гостивар за да го пријават случајот и носење на претставници од МВР-СВР Гостивар до местото на настанот за увид на лице место и нивно забележување и констатирање на случката.

Page 8: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

8

Покрај тоа беше остварена средба и со Црвениот крст Гостивар со барање помош од нивна страна во рамките на нивните можности како и средба со ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар од каде исто така се побара помош за загрозеното семејство. Со оглед на случката на семејството од населбата „Дупка“ загрозено од елементарна непогода, претставниците на ХДЗР „Месечина“ и Ромскиот информативен центар Гостивар ги искористија добрите релации со приватниот сектор од градот барајќи од нивна страна помош во градежен материјал кое ќе му послужи на загрозеното семејство во дотерувањето и адаптирањето на нивното живеалиште.

2. Информативни – консултативни средби

Во контекст на пријавување во матичната книга за евиденција на граѓани кои не поседуваат лична документација за идентификација ХДЗР „Месечина“ и РИЦ Гостивар продолжува и понатака во континуитет според претходно договореното да остварува средби со претставниците на Матичната служба во Гостивар. За дел од нив во зависнот од комплицираноста на случајот на лицето се обидувавме и се решаваат за пократок временски интервал, додека за дел од нив сеуште се чека (со месеци и години), што не е вина на ХДЗР „Месечина“ и РИЦ Гостивар туку на ефективноста, конструктивноста и функционалноста на системот на државата со ваквата група на граѓани кои се соочуваат со вакви и слични типови на проблеми и потреби. Во интерес на граѓаните, персоналот на ХДЗР „Месечина“ и РИЦ Гостивар оствари неколку средби со претставник на Агенцијата за вработување-Центар за вработување Гостивар. Една од целите на средбите е добивање на информација и консултација за потребите на граѓаните кои се обратија во нашите простории за пријавување и регулирање на здравственото осигурување на штотуку венчани парови од кои еден од брачните парови потекнува од друг град за кои неминовно беше координирањето помеѓу двете страни заради правилно вадење и поднесување на потребната документација од страна странките. Вакви средби со слична цел беа одржани и со правната служба на ПЕ Фонд за здравствено осигурување Гостивар, за потребите на граѓаните кои имаат потреба од хируршка интервенција, а за која неминовно беше покривање на настанатите трошоци од страна на фондот за здравствено осигурување, имајќи во предвид дека се работи за социјални случаеви. Неминовна беше и комуникацијата со ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар за потребите од поднесување на целовкупна документација на граѓани заради остварувањето на правото од парична еднократна помош за лица кои во претходниот период воопшто немаат поднесено барање за добивање на социјална парична помош. Покрај остварените средби со локалните институции, персоналот имаше потреба да комуницира и со Ромскиот информативен центар Прилеп заради потребата на странка од вадење на документи и одјавување од Агенција за вработување, Центар за вработување Прилеп и пријавување на странката во Центарот за работување Гостивар и остварување на правото на здравствена заштита (добивање на плави картони) во Гостивар кои им беа неопходни во случајот на жена пред породување.

3. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Побараната помош од страна на странките пред се однесуваше во пишување на жалби, тужби, барање, изјави, договори и т.н. Жалбите пред се се однесуваа на донесени Пресуди во скратена постапка од страна на Основниот суд во Гостивар за изрекување на глоба како прекршочна санкција за родители кои според Законот за средно образование не ги запишале своите деца по завршувањето на основното образование во средно училиште. Основниот суд постапувајќи по барањето за поведување на прекршочна постапка од Министерство за образование и наука, Државен просветен инспекторијат како надлежен орган не ги зел во предвид вистинските наоди за донесената констатација. Имено Основниот суд во Гостивар решавајќи според прекршочната постапка од страна на Министерството за образование и наука ДПИ Гостивар го занемарува фактот односно вистината дека нивните деца редовно ја посетуваат училишната настава во средните училишта. Според изјавите добиени од страна на родителите при посетата на канцеларијата на Месечина-РИЦ Гостивар се констатира дека највероватно се работи за техничка несвесна грешка. Дел од жалбите се однесуваа за странки кои поднеле барање до ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар за остварување на правото на социјален паричен надоместок, а на кои без утврдување на стварната фактичка состојба се одбиени од страна на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар и Министерството за труд и социјална политика како второстепен одлучувачки орган.

Page 9: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

9

Исто така дел од странките кои ја посетуваа канцеларијата на ХДЗР „Месечина“ и РИЦ Гостивар побараа помош во пишувања на договори за кирија односно наем на простор за живеење на семејство. Некои од странките кои се обратија за ваквата потреба кажаа дека истиот им е неминовен по барање на МВР-СВР Гостивар при барањето од страна на странката за вадење на лична карта. Имено се работи за граѓани кои се родени во друг град, а повеќе од 30 години живеат во Гостивар со нерегулирано постојано станбено прашање. Покрај жалбите персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар им излезе во пресрет на странките кои имаа потреба од тоа во пишување на барања, изјави, молби и др. Истите се однесуваа за добивање на еднократна помош од ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар, за лица кои имаат потреба од покривање на трошоци за здравствени прегледи надвор од градот, а за кои им неопходна истата земајќи во предвид дека се работи за социјални случаеви кои никаде не се вработени. Пишување на изјави по барање на граѓани родени во Скопје со странска лична карта за докажување на нивното сегашно постојано место на живеење во Гостивар со нивни венчани брачни парови.

4. Соработка и состаноци со други граѓански организации и мрежи. „Месечина“ – Гостивар е членка на повеќето мрежи и коалиции во Македонија, кои преставуваат, важен фактор во општественото живеење во Македонија. Врз основа на важноста на целовкупната работа на „Месечина“ – Гостивар, а со тоа и работата на РИЦ, персоналот учествуваше на различни средби, настани организирани од граѓанските организации во Македонија. Дел од важните настани во месец март е учеството на координативните состаноци на „Месечина“ – Гостивар, е во мрежата – сојузот на граѓански организации во насока на носење Статут на мрежата „Македонија без дискриминација“ , во оваа мрежа Месечина игра важна улога во делот како на логистиката така и во носењето на актите кои понатака ќе се одразуваат во работењето на мрежата, а кои треба да бидат во интерес на Ромската заедница во Македонија. Оваа мрежа игра важна улога и во носењето на Законот за Заштита од дискриминација, која до овој момент е на конструирање на Закон во МТСП. Во телото за конструирање на Законот за Заштита од дискриминација, покрај државни институции и преставници на министерствата, во него учествуваат и двајца претставници на граѓанскиот сектор дел од мрежата Македонија без дискриминација. „Месечина“ – Гостивар, во месец Март, имаше средби и со граѓански организации кои работат во областа на здравството, кои се бават со делот на имунизацијата на деца, како што е на пример ЕСЕ. „Месечина“ – Гостивар, во изминатиот период, а и понатака ќе ја укажува важноста од навремено и целосно имунизирање и на ромските деца, без разлика на нивниот социјален, економски, образовен, и деца со или без соодветна документација. Во таа насока член на РИЦ од „Месечина“ – Гостивар, оствари средба со Министерот за здравство, во насока на запознавање со работата на лоби групата за човекови права при РНВО – Рома 2002, но и образложувајки за забележаните проблеми со имунизација на деца во ромските населби. Ваквите средби „Месечина“ – Гостивар, ќе продолжи да ги остварува и да ги организира, а со цел постигнување на процентуално зголемување на имунизација и на децата припадници од ромската етничка заедница.

АПРИЛ 2009

1. Посета на ромски населби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ Со, оглед на случувањата во месец, април, персоналот на РИЦ – Гостивар, почесто беше на терен согласно потребите на целната група. Дотолку повеќе ако се земе во предвид дека во месец Април беше недела на имунизација, се направија неколку посети на терен, барајќи деца на возраст од 0 до 18 год, кои до сега не примиле вакцина или не ја примиле редовно. Оваа акција се изведуваше со одделот за вакцинација од Гостивар, со придружба на лекар и медицинска сестра. Од нас беа посочувани ромските населби и со нив се разговараше за важноста и значењето на редовната вакцинација. Во Гостивар во неделата на имунизација беа вакцинирани 7 деца во предшколска возраст и 9 во школска возраст во период од 27 до 30 Април 2009 Во договор со одделот за вакцинации од Гостивар, а со цел да се постигне поголем процент на редовно вакцинирани деца оваа акција ќе продолжи и во иднина и во ромските населби во Гостивар.

Page 10: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

10

Да напоменеме дека РИЦ – Гостивар, на почетокот на месец Април 2009, година, а по барање на едно семејство излезе на увид во една од ромските населби (најзагрозената населба во Гостивар, Дупка). Од поројните дождови дел од земјата се слизнала и го навалила ѕидот на едната куќа од 17-20 трошни куќи од таа најзагрозена населба. Среќна околност на овој несекојдневен настан е тоа што никој не бил повреден иако настанот се случил во доцните вечерни часови, каде во моментот на случувањето спиело 7 членото семејство од кој 5 се малолетни деца. Од страна на „Месечина“ – Гостивар, е извршен увид, за истото е информирана полицијата, за кој има изготвено службена белешка, информиран е црвeниот крст и центарот за социјална работа во Гостивар. Со цел да се помогне на семејството, „Месечина“ – Гостивар, обави неколку контакти со приватните бизнис фирми - предузимачи (градители на објекти) за да во границите на нивните можности се помогне во градењето на ново живеалиште (соба).

2. Информативни – консултативни средби

Средбите на персоналот на РИЦ – Гостивар, и контактите кои ние ги обавуваме со Матичната служба продолжуваат иако нема конкретни резултати „Месечина“ – Гостивар и персоналот на РИЦ нема намера да се откаже од секојдневната помош за странките и секојдневните консултации со службата. Во интерес на граѓаните, персоналот на „Месечина“ и РИЦ Гостивар оствари неколку средби со претставници и од други државни институции Агенцијата за вработување-Центар за вработување Гостивар, црвен крст, локална самоуправа, (средба со новиот Градоначалник), одделот за развој на образованието во Гостивар и др. Една од целите на средбите е добивање на информација и консултација за потребите на граѓаните со кои ни се обраќаат во нашите простории. По барање на вработени во Центарот за социјални работи во Гостивар, „Месечина“ – Гостивар, оддржа средба во нашите простории. Средбата беше од информативен карактер и на истата се дискутираше за семејното насилство, и насилството врз децата, односно кои организации се бават со погоре споменатата проблематика. Беа посочени неколку организации кои работат на оваа тема, се кажа улогата на РИЦ и воопшто на „Месечина“ – Гостивар во насока на информациите од семејно насилство и насилство врз децата. Покрај ваквата потреба од упатување на граѓаните исто така се образложуваа и потребите на одредени граѓани кои често пати имаат потребата за еднократна парична помош која им е неопходна за нивно лекување и т.н.

3. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Побараната помош од страна на странките пред се однесуваше во пишување на жалби, тужби, барање, изјави, договори и т.н. Жалбите пред се се однесуваа на донесени решенија на одбивање на барањата за дополнително запишување во матичните книги на родени, Решенија донесени од Министерство за труд и социјална политика по однос на одбивање од право на надомест за туѓа нега и др.. Барања за бришење од казнена евиденција, барања до Центарот за социјална работа во Гостивар по однос на еднократна парична помош, разни изјави и др. Заради остварување на повеќе права од управно - социјален карактер продолжува трендот странките да бараат помош во пишувања на договори за кирија односно наем на простор за живеење на семејство. Тоа се граѓани кои се родени во друг град, а повеќе од 30 години живеат во Гостивар со нерегулирано постојано станбено прашање, изградиле или живеат во така наречени диво-градби.

4. Соработка и состаноци со други граѓански организации и мрежи.

Дел од важните настани во месец Април е учеството на посетата во Виена, каде што покрај учесниците на граѓанските организации, учествуваа и државните службеници и пратеник на Собранието на Р. Македонија. Во текот на посетата се посетија неколку институции кои што имаат допирна точка со имплементацијата на Законот за заштита од дискриминација, се согледуваше и се расправаше за моделите кои ги има Австрија во насока на имплементацијата на законот за заштита од дискриминација. Во оваа посета беше посетена и Европската агенција за заштита од дискриминација со седиште во Виена – Австрија.

Page 11: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

11

На средбата со Европската агенција за заштита од дискриминација, впечаток остана нивното истражување во 12 земји членки на Европската унија каде што на прво место за дискриминација во однос на социо – економскиот живот се Ромите, по нив турците и т.н. Ова само уште еднаш ја потврдува потребата и Македонија да завземе став, да донесе политики кои ќе бидат лесно применети за заедницата на Ромите. Посетата беше со цел да се согледаат нивните искуства и дел од тие искуства во однос на носењето и имплементацијата на Законот за заштита од дискриминација

МАЈ 2009

1. Посета на ромски населби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

Во текот на месец Мај 2009 година од страна на Министерството за образование и наука, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците беше контактиран персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар. Контактите беа остварени заради известување т.е пренесување на информација до ромските ученици кои се во 1 година во средните училишта Гостивар за вадење на потврда за редовни ученици како услов за добивање на 2 (втората) рата од стипендијата која ја доделува Министерството за образование и наука односно Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Покрај известувањето персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар повторно беше ангажиран на терен во прибирањето на потврдите на сите ученици Роми од 1 година. Исто така, кон крајот на месецот повторно персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар беше активиран на терен. Посетени беа сите средни училишта во градот и ромските населби за потпишување на анексите од договорите кои претходно беа потпишани од страна на Министерот за образование и наука на РМ и родителите на учениците од 1 година во средните општински училишта. Имено од ваквиот начин на координирано работење сите засегнати страни имаат корист. Кога се гледа дека сите страни активно се вклучени и работат за постигнување на заеднички цели се зголемува чувството на сигурност и доверба.

2. Информативни – консултативни средби

Во текот на овој месец имаме благо зголемување на информативно – консултативни средби кои ги остварува персоналот на ХДЗР „Месечина“-РИЦ Гостивар со одредени институции на државата: a. Матична служба Гостивар Според вообичаената практика средбите со претставниците од Матичната служба според договорената практика продолжуваат и понатака. Преставник на ХДЗР „Месечина“ – Гостивар по препорака на персоналот на Ромскиот информативен центар секоја среда, според потребата и други работни денови остварува средби со претставниците од Матичната служба Гостивар заедно со одредена група на граѓани/странки кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација. Овие средби во соработка со преставниците на канцеларијата за матична евиденција во Гостивар, се решаваат или се обидуваме да ги решаваме индивидуално, да се разгледуваат поединечно со цел да се влезе во системот за решавање на проблемите од областа на дополнително запишување во матичната книга на родените. b. Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Во текот на овој месец покрај телефонските контакти со горе наведената институција, беа остварени и неколку средби во канцеларијата на ХДЗР „Месечина“ – Гостивар односно Ромскиот информативен центар. Средбите беа со цел да се разменат меѓусебни мислења, информации и консултации за начинот на пренесување на информацијата до училиштата и учениците од прва година кои се корисници на стипендија, начинот на прибирање и доставување на потврдите за редовни ученици за учебната 2008/2009 година и начинот на доставување на анексите од Договорите за доделување на стипендија до училиштата односно учениците Роми и нивно прибирање и давање на претставникот од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука на Република Македонија. c. Агенција за вработување на РМ, Центар за вработување Гостивар Кон крајот на месецот од страна на Агенцијата за вработување на РМ, Центар за вработување Гостивар бевме посетени заради пренос на информацијата за објавувањето на Јавниот Оглас до работодавачите.

Page 12: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

12

Потоа во неколку наврати остваривме заеднички информативни консултативни средби за координирано настапување и известување на заинтересираните бизнис здруженија (фирми) од град Гостивар за објавениот Јавен Оглас до работодавачите. По остварените средби и распределбата на задачите од наша страна фирмите беа исконтактирани по пат на телефон и испраќање на факс, додека од страна на претставникот беше пренесено дека и од нивна страна се контактирани и известени за Јавниот оглас до работодавачите за вработување на Роми со завршено најмалку осмо одделение по пат на обука, а кои се еидентирани како невработени лица во АВРМ, Центар за вработување Гостивар. Персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар преку теренска работа направи посета кај одредени бизнис здруженија за кои сметаше дека е добро да се направи средба барем според искуството и сознанијата кои ги има ХДЗР„Месечина“ - Гостивар од претходниот период реализирајќи исти и слични проекти и програми со одредени приватни фирми кои егзистираат во Гостивар.

3. Логистичка подршка (давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Во Мај 2009 година, работата од страна на персоналот на РИЦ Гостивар се сведуваше во пружање на различен вид на услуги како логистичка подршка во зависност од побарувањето на граѓаните кои им помагаат во ублажување или целосно надминување на проблемите на граѓаните/странките за кои самите не се во можност да ги решаваат. Дел од странките се обраќаа за пишување на Тужба за развод на брак на пар кој повеќе од 20 години не се заедно, дел од нив за пишување на изјави до Фонд за здравствено осигурување ПЕ Гостивар за здравствена состојба и социјален статус и т.н. За потенцирање е тоа што поголемиот дел од граѓаните кои бараа логистичка подршка се однесуваа на добивање информации и совети за потребната документација за остварување на правото на социјална парична помош како и пишување односно потполнување на изјави за број на членови во семејството кое им беше побарано од страна на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар и барање за платен данок односно добивање на семејно материјална положба преку Управата за јавни приходи Гостивар. Персоналот на РИЦ по барање на странки од Гостивар и Кавадарци ги контактираше и лобираше здравствените установи во Гостивар и Кавадарци за издавање на Упат до Кавадарци за непречено породување на бремена странка (малолетно девојче) пред породување од Гостивар, мажено во Кавадарци.

4. Соработка и состаноци со други граѓански организации и мрежи. На ден 18.03.2009 година, учествуваше на работилница организирана од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти Скопје за начинот на регистрирање на малолетни деца кои не поседуваат лична документација за идентификација односно за нивно пријавување и потребна документација во случаеви кога детето е родено во здравствена установа и пријавување на раѓање кога детето не е родено во здравствена установа. На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матични книги, Народниот правобранител, Црвениот крст, УНХЦР како и повеќе граѓански организации од државата. Од самото истражување, но и од практичното искуство од терен на граѓанските организации, како и од МВР произлегува дека нема метод, начин за регистрирање на деца кои немаат документација. Исто така произлегува дека податоците не се систематизирани. При процедурата за регистрирање на луѓето им се бараат премногу документи или документи до кои тие неможат да дојдат, при што вообичаено се откажуваат од понатамошната постапка за регистрација. Се дојде до заклучок дека е потребен паралелен приод, комуникација со Управата во Министерството за правда и развивање на стратегија и план за акција, за да се дојде до системско решение. Исто така имаше интересен предлог за прогласување на Денови за правење на бесплатна документација, за оние кои се со слаба имотна состојба. За надминување на сите овие идентификувани проблеми е предложено формирање на Координативно тело, составено од претставници на граѓанските организации како и од државните институции. 18.05.2009 учество на работилница на Граѓанската платформа на Македонија на самата средба се разгледуваше досегашната работа, стратешките заложби на ГПМ за во наредниот период. Нашата улога во ова платформа е од битно значење ако се земе во предвид дека оваа Граѓанска платформа игра значителна улога во општеството. Од наша страна беше потенцирано дека во наредниот период, ГПМ, треба да развива стратегија за соработка на граѓанските организации со владата и владините институции. Граѓанските организации да се спремаат и обучуваат за користење и аплицирање во ИПА фондовите

Page 13: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

13

Граѓанските организации да застапуваат пред владата буџетот за финансирање на граѓанските организации биде поглем и реаплно (со еднаков критериум) поделен. 19.05.2009 Состанок со Македонија без дискриминација - МБД, средбата е продолжение на заложбите од претходни состаноци, а во однос на регистрирањето на Сојузот Македонија без дискриминација, досредување на актите потребни за регистрација, размена на информации во однос на подготовката на Законот за заштита од дискриминација кој го подготвува МТСП, со учество и на граѓанските организации. Организациите членки на МБД завземаат став за настаните во плоштадот во Скопје, без притоа да завземаат било каква страна. Го коментираше писмото на Народниот правобранител, во смисла на неговата незаинтересираност и потребата од реакција на граѓанските организации кои се и членки на МБД. Формирање на координативно тело за МБД составено од државни преставници и преставници на граѓанскиот сектор, нивна надлежност и нивен обсег на работа согласно моменталните проекти на ПРОГРЕС – програмата и програмата на ЕИДХР, а поврзани со темата МБД 28.05.2009 година учествуваше на Форум на тема Насилство и сегрегација во училиштата. Персоналот на РИЦ учествуваше на тркалезна маса за појавите на насилството и сегрегацијата во училиштата во Македонија. Целта на настанот беше да се иницира една јавна дискусија за тоа како да се пријде кон овие појави на национално ниво. Дискусијата беше фокусирана за моменталната ситуација во однос на насилството и сегрегацијата во образованието, причините и последиците, превземени мерки во минатото на локално, регионално и национално ниво, за позитивните примери и нивно применување и имплементирање во поголеми размери. Од страна на организаторите Форум Цивилен Мировен Сервис подружница Скопје, OSCE, Сонце-Тетово, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ – Скопје, Рубикон, Лоја, TCMC, резултатите и заклучоците од дискусијата ќе бидат формулирани како препораки до Министерството за образование и наука за креирање на една интегрирана национална стратегија против насилството и сегрегацијата.

ЈУНИ 2009

1. Посета на ромски населби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

Заради потребите на „Месечина“ – Гостивар, во текот на овој месец, беше посетена најзагрозената населба во Гостивар, (дупка) со цел да се согледаат нивните проблеми, а и да се увиди состојбата на оштетената куќа од таа населба на која куќа се слизна земјиште и истата ја уништи. Понудена е помош од „Месечина“ – РИЦ , Гостивар за ова семејство во соработка со приватниот сектор, а во смисла на набавка на градежен материјал (песок) од приватни градежни фирми. Утврдено е дека семејството на кој им се уништи куќата како последица од лизгањето на земјиштето живее во соседната куќа во која и онака живее повеќе бројно семејство, но можностите за помош се тие. Во истата населба направени се неколку слики со цел архивирање на овој проблем и сликовито прикажување на сите заинтересирани за решавање на проблемот на ова семејство и на другите семејства кои живеат во оваа населба. Таквите слики, по барање на кабинетот на Министерот без ресор Г-дин, Неждет Мустафа, и како координатор на Декадата беа испратени заради проследување и укажување на инфраструктурните проблеми на Ромите во Македонија, пред дипломатскиот кор во Р. Македонија. Средбите со граѓаните со цел споделување на информациите од областа на образованието, а во смисла на нивниот успех, редовност, запишување, школување во основно, средно и високо образование беа теми на средбите со граѓаните во текот на месец Јуни 2009. И во овој месец, се бараа информации за добивањето, задоцнувањето на стипендиите за сите запишани средношколци во прва година средно, кои во моментот ја очекуваат втората рата од стипендијата. Во оваа насока родителите покрај бараната информација за добивањето на стипендијата (втора рата) сакаа да се информираат дали истата ќе продолжи и во втората година, додека пак родителите на децата кои завршуваа основно образование прашуваа дали за нивните деца ќе има стипендија за средно образование. До овој момент „Месечина“ – РИЦ, Гостивар нема конкретна информација кога втората рата ќе ја добијат стипендираните средношколци во првата година, а нема ни конкретна информација дали истата ќе продолжи или дали и за новите средношколци во прва година ќе има стипендии. Па од таа причина „Месечина“ – РИЦ, Гостивар беше куса во давањето на бараните информации. Во континуитет како и во претходниот период често беше посетувана канцеларијата од страна на граѓаните кои се соочуваат со проблемот немање на лична документација за идентификација.

Page 14: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

14

2. Информативни – консултативни средби

Во текот на месец Јуни 2009 година, Министерството за труд и социјална политика МТСП, спроведуваше конкурс за успешни фирми и за нив бенифиции доколку вработуваат Роми. Конкурсот не ги заинтересира многу иако „Месечина“ – Гостивар, преставниците на РИЦ, испраќаа писма со цел да ги информираат фирмите за бенифициите кои МТСП ги понуди. Оваа акција беше заеднички координирана со Агенцијата за вработување во Гостивар, за кои и тие истата оваа информација ја споделуваа со нивните клиенти, во смисла на работодавци. Во оваа акција за користење на овие бенифиции во Гостивар се јави само една фирма со кој пројави интерес за вработување на двајца Роми. Разбирливо е заради стравот од светската криза фирмите кои и на нас не информираа на средбата од Април 2009, а поврзано со конкурсот во Јуни, за кој тогаш не известуваа дека ќе има поголема потреба од вработување, во контакт со истите, вработувањето во нивните фирми го оддложуваат за понатака. „Месечина“ – Гостивар, РИЦ – Гостивар, предлага на МТСП, средствата за оваа намена да ги сочува и за истото да објави конкурс кон крајот на оваа година, надевајки се дека за истото во тоа време (заради стабилизација) ќе има поголем интерес за вработување и на Роми во Гостиварските фирми. Со оглед на месецот на кој завршува школската година, РИЦ – преставниците оддржуваа комуникација со училиштата (основни и средни) и со граѓаните припадници на Ромската етничка заедница. Целта на нашите средби беше да се добие информација и да се направи лобирање кај училиштата во врска со успехот (еднакво, праведно оценување) и кај родителите Роми да нивните деца ги запишуваат во основни и средно задолжително образование. На самите средби со граѓаните беше образложувано Законот за основно и за средно образование како и санкциите кои произлегуваат заради нивното не запишување во образовните институции. Со О.У. „Башкими“ – Гостивар, каде што доста голем дел на Роми учат во ова училиште ни беше кажано дека се соочуваат со два проблеми, едниот е не посетување на редовна настава од помала група на Роми, и другата е немање на соодветна документација (извод) на деца кои посетувале настава во ова и во нивните подрачни училишта. Од нас беше укажано дека службата да си ја заврши започнатата работа за казнување на тие ученици кои не биле редовни на наставата со изостаноци кои се по неколку месеци, дека „Месечина“ – РИЦ, Гостивар, ќе разговара со тие семејства со цел истите односно нивните деца го продолжат своето образование. Во однос на немањето на соодветна документација, извод од матична книга на родените, укажано беше дека образовната институција може да издаде сведителство, кое пак од друга страна значително, многу ќе ја олесни процедурата за вондреден упис во матичната книга на родените, кој МВР ја бара како потврда за дали детето посетува образовна институција, со која потврда од друга страна се потврдува дека индивидуата, детето постои. Договорено е зам. Директорот да ја провери оваа можност и за истите да даде соодветна документација за завршено одделение. Во овој месец, „Месечина“ – РИЦ, Гостивар, направи почетни разговори (како и секоја година) со средните училишта во смисла на уписот на Роми во средните училишта, посочувајќи ги бенифициите кои Ромите треба да ги имаат согласно декадните и стратешките определби за кои и самото Министерство за образование има допис до средните училишта низ Македонија. Интересен настан на кој „Месечина“ – РИЦ, Гостивар присаствуваше беше и настанот организиран по повод завршувањето на децата во градинка како дел од проектот Инклузија на децата Роми во градинките за предучилишна воздраст. Овој проект се спроведува во соработка помеѓу МТСП, „Месечина“ – Гостивар и Детската градинка во Гостивар, каде се инволвирани 14 деца припадници на Ромската етничка заедница, во кој воспитувачка е Ромка. Нивната престава остави белег во сеќавањето на повеќе луѓе кои беа присутни, поканети на овој настан, ова само уште еднаш ја покажа и ја потврди желбата на децата Роми да посетуваат предучилишна установа. На самата средба беа присатни преставници од локалната самоуправа, кабинетот на градоначалникот, одделението за развој на образованието, инспекторатот за образование во Гостивар, и почесните гости на МТСП, со Државниот секретар Г-дин, Душко Миноски и Раководителот на сектор Г-ѓа, Мабера Камбери, односно преставниците на одделението за Декадата на Роми, при МТСП и Директорот на Управата за развој на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука Г-дин Реџеп Али Чупи. Средбите во соработка со преставниците на канцеларијата за матична евиденција во Гостивар, се решаваат или се обидуваме да ги решаваме индивидуално, да се разгледуваат поединечно со цел да се влезе во системот за решавање на проблемите од областа на дополнително запишување во матичната книга на родените. Како и секогаш и сега ќе укажеме дека овие проблеми многу бавно се решаваат, па од тука луѓето не гледаат со доверба дека нивниот проблем се решава.

Page 15: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

15

Иако во локалната канцеларија на матичната служба, постои волја и разбирање за проблемот, истото заглавува во законските лавиринти и во хиерархијата на национално ниво. Заради тоа потребен е координативен пристап, олеснување и афирмативен пристап за решавање на овој проблем, кој од друга страна позитивно ќе го скине ланецот на непријавување на децата, а од друга страна вклопување во ситемот на државата.

3. Логистичка подршка (давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

За потенцирање поголемиот дел од граѓаните кои бараа логистичка подршка се однесуваа на добивање информации и совети за потребната документација за остварување на правото на социјална парична помош. Граѓаните се обраќаа за пишување односно потполување на изјави за број на членови во семејството кое им беше побарано од страна на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар и барање за платен данок односно добивање на семејно материјална положба преку Управата за јавни приходи Гостивар. За одбележување е тоа што во периодот за кој известуваме „Месечина“ - РИЦ, Гостивар имаше потреба да се обрати до одделни Амбасади во Македонија, а со цел добивање соодветни потврди за граѓаните Роми од Гостивар. За канцеларијата на РИЦ – Гостивар, интересно беше и тоа што во нашата канцеларија за помош се обрати и граѓанин Ром на Косово за кој што побара да се напише писмо до Претседателот на Косовската Влада со цел на истиот да му се овозможи посета на неговиот имот во Витина – Р. Косово За услуга и помош често пати се обраќаат и група на граѓани не само Роми кои бараат услуги од РИЦ за пишување на барања, до локалната самоуправа, за различни потреби од заеднички интерес. И во овој период на известување потребно е да се наведе користа од РИЦ – канцелариите и нивната меѓусебна координација, во смисла на набавување, вадење на соодветна документација на граѓаните Роми родени во други градови, а кои живеат склучуваат брак во Гостивар. Таков беше случајот на соработката со РИЦ – Гостивар и РИЦ – Скопје, овие канцеларии помогнаа во вадењето на документација и на тешко социјалните случаеви им заштедија и средства и време, а РИЦ- канцелариите и со овој случај ја потврдија потребата, високата професионалност, поставенот и координираност за потребите на граѓаните припадници на Ромската етничка заедница.

4. Соработка и состаноци со други граѓански организации и мрежи. Во периодот предмет на овој извештај се издвојуваат само неколку настани. Учеството на преставник на „Месечина“ – РИЦ, Гостивар, на работилницата во Загреб , Хрватска на тема Вработување како дел од декадните заложби. На овој настан присаствуваа и Министерот без ресор, координатор на Декадата во Македонија Г-дин Неждет Мустафа со преставник на неговиот кабинет, Г-ѓа Мабера Камбери како имплементатор на декадните активности и преставник на МТСП, на кој настан зборуваше за состојбата со вработувањето на Ромите во Македонија и проблемите од таа област. Учеството на „Месечина“ – РИЦ, Гостивар на состаноците на Македонија без дискриминација, а со тоа и на основањето на Сојузот на Македонија без дискриминација е од суштинско значење и за Ромите во Македонија. За одбележување е и тоа што во управниот одбор за претседавач на управниот одбор на Сојузот Македонија без дискриминација е избран членот на „Месечина“ – РИЦ, Гостивар Секако дека со ова се потврдува важноста на овој сојуз на граѓански организации, а уште повеќе потврда за довербата, разбирањето и вештините кои ги има „Месечина“ – РИЦ, Гостивар. Состанокот со преставник за Светската здравствена организација е значајна во периодот на известување, каде што во нашите простории, стана збор и за работата на РИЦ – канцелариите, нивната поставеност, работата со локалните и националните институции. На самиот состанок стана збор за користа од РИЦ – канцелариите, нивното задржување на непристрасност и независно известување, доколку истите останат во граѓанските организации. На средбата стана и збор за проблемите на Ромите во однос на домувањето, кој пак е синџирот на лошото здравје на Ромите воошто во Македонија.

ЈУЛИ 2009

1. Информативни – консултативни средби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ Иако месец Јули е месец на одмори, сепак тоа не беше препрека за остварување на средби со граѓаните кои ја посетуваа канцеларијата на Ромскиот информативен центар Гостивар како потреба за решавање на нивниот тековен проблем во дадениот месец.

Page 16: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

16

Граѓаните припадници на ромската заедница очекуваат за решавање на нивните проблеми одредени работи се споделат меѓу државните органи и Месечина односно Ромскиот информативен центар Гостивар. Заради потребите на граѓаните канцеларијата на Ромскиот информативен центар Гостивар беше посетена од страна на граѓаните од населбата Дупка за решавање на нивниот проблем од претходниот период на кои од поројните врнежи на дожд им се слизна земјиште кое им ја потфати и уништи куќата. Минатиот месец од страна на Месечина – РИЦ Гостивар им беше дадена помош во обезбедување односно набавка на градежен материјал (песок) од приватни градежни бизнис фирми во знак на добра волја, а благодарение на добрата соработка со нив. За горе наведениот проблем навремено беа информирани и органите на Локалната самоуправа Гостивар. По обезбедувањето на градежниот материјал семејството од оштетената куќа започна со градба на нова куќа. Кон крајот на месецот од страна на семејството беше посетена канцеларијата на Месечина – РИЦ Гостивар. На средбата од нивна страна бевме информирани за проблемот со кој што се соочиле при градењето. Имено истите биле уплашени и стопирани со градење од страна на градежна инспекција со закани дека ако продолжат објектот ќе биде рушен. По запознавањето со проблемот од страна на граѓаните, персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар ги контактираше надлежните од секторот за урбанизам и секретарот на градоначалникот на општина Гостивар. Им беше пренесено за настанатиот проблем со кое што се соочува семејството кое во моментот се наоѓа под ведро небо немајќи покрив над глава, а живее во соседната куќа во која и онака живее повеќе бројно семејство. Надлежните беа запознати и замолени за разбирање на постоечкиот проблем, а за негово заедничко решавање по завршување на периодот на одмори преку одржување на една заедничка средба. Во истата населба направени се неколку слики со цел архивирање на овој проблем и сликовито прикажување на сите заинтересирани за решавање на проблемот на ова семејство и на другите семејства кои живеат во оваа населба. Таквите слики, по барање на кабинетот на Министерот без ресор Г-дин, Неждет Мустафа, и како координатор на Декадата беа испратени заради проследување и укажување на инфраструктурните проблеми на Ромите во Македонија, пред дипломатскиот кор во Р. Македонија. На почетокот од месецот персоналот на РИЦ Гостивар оствари средба со одговорните за образование од општина Гостивар во нивните простории. Целта на средбата беше меѓусебна размена на информации и консултации за состојбата на запишани и одбиени ученици Роми во средните училишта кои егзистираат во Гостивар и превземање на идни чекори и планови за целосен опфат односно неодбивање на учениците Роми кои веќе аплицирале за запишување во било кое средно училиште вклучувајќи ги и еминетните стручни училишта како што се медицинските паралелки. Како и минатиот месец така и овој месец дел од персоналот на РИЦ Гостивар оствари неколку информативни консултативни средби со дел од граѓаните односно Родители на деца кои сакаат нивните деца да го продолжат своето образование од основно во средно училиште, барајќи од наша страна да соодветно заеднички ги застапуваме нивните интереси при уписот на нивните деца во средните училишта кои егзистираат во нашиот град Гостивар. Месечина – РИЦ Гостивар, согласно информациите и координацијата што ја има на локално ниво со секторот за образование во локалната самоуправа информацијата ја споделуваше со граѓаните. Месечина – РИЦ Гостивар ќе продолжи да работи на оваа тема и во наредниот период месец, се до започнувањето на школската година 2009/2010. Во областа на образованието поврзано со стипендиите за ученици Роми од прва година, а имајќи во предвид за заедничкото делување на персоналот на РИЦ Гостивар со Министерството за образование и наука односно Управата за развој на образованието на јазиците на припадниците на заедници голем број на граѓани кои ја посетуваа канцеларијата на РИЦ имаа потреба од информација за добивањето на втората рата од стипендијата односно за причината од задоцнувањето. Средбите со граѓаните во канцеларијата на „Месечина“ – РИЦ, Гостивар по иницијатива, потреба на самите граѓани е секојдневие, заради размена на информации, остварување на нивни потреби и др. Средбите со другите локални институции и со граѓаните за кој секојдневно се случуваат, а заради остварување на потребите и интересите на граѓаните припадници од Ромската етничка заедница се дел од работата на „Месечина“ - РИЦ – Гостивар, веќе претпознатлив во заедницата и институциите. Во континуитет како и во претходниот период често беше посетувана канцеларијата од страна на граѓаните кои се соочуваат со проблемот немање на лична документација за идентификација. Новина во тековниот месец беше потребата која произлезе од страна на граѓаните припадници на ромската заедница за остварување на правото на родителски додаток за трето дете. Имено граѓаните/родители односно семејствата согласно Законот за заштита на децата имаа потреба од информација за правото за остварување на родителски додаток за трето дете.

Page 17: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

17

Заради горе наведеното Месечина – РИЦ Гостивар за дел од родителите даваше информации за тоа каде се треба да се обратат за да ја приберат потребната документација за аплицирање, а за истото редовно се консултираше и со претставник од ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар. Како и во претходниот период, граѓаните кои ја посетуваа канцеларијата беа услужени со информации, совети за остварување на правото на социјална парична помош, еднократна помош и правото на помош и нега од друго лице. Од страна на персоналот на „Месечина“ и РИЦ Гостивар се примаа и разгледуваа документи од страна на граѓаните за вадење на изводи и пријавување во матична служба за кои беа давани соодветни совети и упатства. Исто така персоналот на РИЦ Гостивар оствари средби и со група на граѓани кои имаат поразлични потреби односно кои се соочуваат со проблемот на немање информации за вадење или за постапката за вадење на одредена документација преку органите на државата.

2. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар се трудеше на најсоодветен начин да излезе во пресрет на потребите кои произлегуваа од страна на странките кои ја посетуваа канцеларијата на Месечина – РИЦ Гостивар. Во рамките на капацитетот, вештините и пред се искуството кое го поседува персоналот на РИЦ Гостивар беа дадени најразлични услуги на граѓаните/странките кои побараа и имаа потреба од логистичка подршка во давање на совети, информации, пишување на барања, жалби, пополнувања на различни документи за кои граѓаните не се во можност или незнаат да ги пополнат како последица на нивната необразованост како и посредувања со администрацијата на институциите. Во Јули 2009 дел од граѓаните имаа потреба од персоналот на Ромскиот информативен центар во пополнување на Барања и Изјави до ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар за остварување на правото на родителски додаток за трето дете. Во однос на ова, семејствата кои сакаа да се стекнат со ваквото право беа усмерувани во вадењето и комплетирањето на целосната документација неопходна за аплицирање, а која се однесуваше во вадењето на изводи, лична карта, потврди од вакцинација и т.н. За дел од семејствата, а во контекст на горе наведеното беше побарана логистичка подршка во пишување на жалби на решение за одбивање на барањето за остварување на правото на родителски додаток за трето дете. Семејствата за кои се однесуваа жалбите биле одбиени за нив од неоправдани причини. Имено заради навремено немање на соодветните формулари во службите каде се земаат истите се одбиени заради пропусти на определениот рок утврден со Закон за заштита на децата. Родителите од моментот на раѓањето на детето неколку пати ја посетиле службата за издавање на формуларите но за жал при секоја посета биле враќани и информирани дека формуларите и соодветната одлука од страна на Министерството за труд и социјална политика на Р.М. не се стасани, па од таа причина не можат да примаат никаква документација за остварување на правото на родителски додаток. Формуларите се примени после подолг период и во најкраток можен рок од страна на родителот предадени во надлежната служба за потоа да бидат одбиени заради пропуштен рок не по вина на родителот. Исто така за дел од граѓаните беа пишувани жалби на решение за одбивање на барање за остварување на правото за помош и нега од друго лице. Дел од граѓаните кои имаа потреба беа услужени со пишувања на барања за еднократна парична помош до ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар за подмирување на патни трошоци за медицински прегледи и набавка на лекови, како и давање на информации за начинот на поднесување и комплетирање на документација за поднесување за остварување на социјална парична помош и пополнување на дел од обрасците за кои тие не можат сами тоа да го направат. Имајќи ја во предвид социјалната положба на поголемиот дел од припадниците на ромската заедница во Р. Македонија кои го немаат решено станбеното прашање, а кои се надеваат и сметаат дека државата е должна да се грижи за секој граѓанин со социјален статус во обезбедување односно решавање на нивното станбено прашање се обратија во канцеларијата на РИЦ Гостивар. Од страна на персоналот на РИЦ Гостивар беа услужени со пишување на барање за решавање на станбеното прашање со доделување на социјален стан до Министерот за транспорт и врски на Република Македонија. Покрај другото персоналот на РИЦ Гостивар контактираше и посредуваше со претставници од Агенцијата за вработување, Центар за вработување Гостивар за решавање на одредени проблеми и потреби кои ни беа укажувани од страна на странките кои доаѓаа во канцеларијата на Месечина – РИЦ Гостивар. Имајќи ја во предвид блиската и добра соработка со Центарот за вработување за поголемиот дел од случаевите имаше обострасно разбирање во решавање на истите, а во интерес на странките кои се обраќаат и кај нив и кај нас.

Page 18: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

18

И во текот на овој месец Ромскиот информативен центар Гостивар, како и вообичаено работеше со случаевите кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација, контактирајќи не само со матичната служба во Гостивар, туку за одредени случаеви кои се појавуваат имаше потреба заради добивање на соодветни точни информации потребни за странките да контактира и со матичната служба од Скопје како олеснителна околност за странката заштедувајќи им на таков начин време и непотребни трошоци за кои тие самите не се во можност да ги покријат.

АВГУСТ 2009

1. Информативни – консултативни средби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

Во текот на летниот одмор, целната група беше насочена кон собирање на пластични шишиња, старо железо, различен отпад кој го продаваат по отпадите во Гостивар и гостиварско. Во текот на целиот летен период Јуни – Август (со тенденција за понатака) мигрирањето од град во град, доста добар дел на Ромски семејства доаѓаат во Гостивар (Велес, Кавадарци, Прилеп ...) доаѓаат цели семејства. Дел се сместуваат по роднини, дел плаќаат ниска наемнина во многу стари куќи (куќи кои можат секој момент да паднат), а дел се сместуваат со шатори во поњаните на излезот од Гостивар према Тетово. Често пати нивните деца, жени и инвалидни лица се среќаваат по центарот на Гостивар, јавни угостителски дуќани, па дури и на патарина како просат. Во Гостивар и во Тетово во месец Август имаше акција во која беа приведени 56 лица, припадници на Ромската етничка заедница, за кои полицијата ќе поднесе прекршочна, а за дел и кривична санкција, но за жал ни тоа не помогна. Месечина – Гостивар, е на мислење да воспостави контакт со ЈУМ Центар за социјални работи, МВР, Општина и други релевантни фактори со цел ваквите лица, доколку се навистина загрозени, доколку нивната економска состојба е толку ниска и немаат за опстанување Државата да ги згрижи во прифатен центар за бездомници во Катланови или некое друго место. Доколку се утврди дека овие луѓе имаат свој дом и имаат каде да живеат, а тука доаѓаат само да просат истите да се земат да се однесат во градот од каде што доаѓаат и во соработка помеѓу самите ЈУМ Социјални центри и други институции да се изнајде друг извор на егзистенција. Ваквата слика во Гостивар во моментот остава многу лош впечаток за Ромите кои се жители, работат и живеат во Општина Гостивар, Ромите кои доаѓаат од другите градови, кои просат на местата погоре опишани ги намалуваат напорите на Месечина – Гостивар и целната група за намалување на предрасудите и стереотипите кон Ромите воопшто. Мал дел на Роми (населба грудајци) работеа како најмени земјоделски работници, Во текот на овој месецот персоналот на РИЦ Гостивар оствари неколку средби со одговорните за образование од општина Гостивар во нивните простории. Целта на средбата беше меѓусебна размена на информации и консултации за состојбата на запишани и одбиени ученици Роми во средните училишта кои егзистираат во Гостивар и превземање на идни чекори и планови за целосен опфат односно неодбивање на учениците Роми кои веќе аплицирале за запишување во било кое средно училиште вклучувајќи ги и еминетните стручни училишта како што се медицинските паралелки. Како и минатиот месец така и овој месец дел од персоналот на РИЦ Гостивар оствари неколку информативни консултативни средби со дел од граѓаните односно Родители на деца кои сакаат нивните деца да го продолжат своето образование од основно во средно училиште, барајќи од наша страна да соодветно заеднички ги застапуваме нивните интереси при уписот на нивните деца во средните училишта кои егзистираат во нашиот град Гостивар. Месечина – РИЦ Гостивар, согласно информациите и координацијата што ја има на локално ниво со секторот за образование во локалната самоуправа информацијата ја споделуваше со граѓаните. Со оглед на добрата соработка и координираност со надлежните за образование во локалната самоуправа РИЦ – Гостивар, слободно може да се пофали со резултатот за запишување на средно училиште во Гостивар. Во областа на образованието поврзано со стипендиите за ученици Роми од прва година, а имајќи во предвид за заедничкото делување на персоналот на РИЦ Гостивар со Министерството за образование и наука односно Управата за развој на образованието на јазиците на припадниците на заедници голем број на граѓани кои ја посетуваа канцеларијата на РИЦ имаа потреба од информација за добивањето на втората рата од стипендијата кои ни во месец Август 2009 не ја добија иако за тоа има потпишан договор од двете страни Министерство за Образование и Родител. Не ретко канцеларијата беше посетувана и од граѓани кои сакаат само да ги слушнат новитетите и граѓани кои сакаат да знаат што РИЦ работи за Ромите. Секако дека овие граѓани (претежно печалбари) доследно беа информирани за се она што Месечина – Гостивар го работи, а и во согласност со РИЦ канцеларијата. Месечина – Гостивар, работи и на други проекти со други партнерски организации но секогаш ја промовира работата и успесите на РИЦ канцеларијата неведувајќи дека истата е во партнество со МТСП.

Page 19: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

19

Скоро секојдневно РИЦ канцеларијата се среќава и работи со граѓаните кои имаат проблем со лична документација за идентификација. Како пракса од минатиот месец продолжува и овој месец да помага на граѓаните за потребата во остварување на правото на родителски додаток за трето дете.

2. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Август 2009, помалку беше посетувана канцеларијата на РИЦ – Гостивар, причина беа годишните одмори, како на државните институции, така и на персоналот на РИЦ – Гостивар. Секако дека се зема и во предвид летниот период поволен за други за нив по приоритетни работи (собирање стар отпад и негово продавање, земјоделски работи и др.) Потребата од потполнување на различни барања, молби, жалби ниту овој месец не прекинаа, посебно барањата од потребата за еднократен надомест како барање упатено до ЈУМ Центар за социјални работи во Гостивар. Како причина често пати се споменуваат задолжителните лекарски прегледи и контроли во скопските клиники, потребата од набавка на лекови. Ова само ја отсликува вистинската потреба и проблеми со кој Ромите се соочуваат во Гостивар. Информацијата која често ја добиваме од граѓаните за кој им вршиме услуга во пишувањето на барањата е дека се одбивани заради немање на средства за еднократен надомест кој ЈУМ Центар за социјални работи би требало да им ја дава на граѓаните кои имаат потреба од тоа и кои ги исполнуваат критериумите. Забележливо е дека во барањето за еднократен надомест, се бирократизираат беспотребно оддредени документи за кој еднаш веќе биле доставени при самото аплицирање за паричен социјален надомест. Барањето за материјално семејно положение е безпотребен документ кој веќе еднаш бил доставен при аплицирањето за социјален паричен надомест, нема измени во нивното матријално семејно положение, ниту пак за тоа имало некои тенденции за измена на подобро. Персоналот на РИЦ – Гостивар, не ретко на официјални и неофицијални средби со граѓаните даваше совети децата да бидат запишани во основните и средни училишта со цел да се избегнат несаканите последици од плаќање на казни кои дополнително ќе го оптеретат семејниот буџет. И во текот на овој месец Ромскиот информативен центар Гостивар, како и вообичаено работеше со случаевите кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација, контактирајќи не само со матичната служба во Гостивар, туку за одредени случаеви кои се појавуваат имаше потреба заради добивање на соодветни точни информации потребни за странките да контактира и со матичната служба од Скопје како олеснителна околност за странката заштедувајќи им на таков начин време и непотребни трошоци за кои тие самите не се во можност да ги покријат. Персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар се труди на најсоодветен начин да излезе во пресрет на потребите кои произлегуваа од страна на странките кои ја посетуваа канцеларијата на Месечина – РИЦ Гостивар. Во рамките на капацитетот, вештините и пред се искуството кое го поседува персоналот на РИЦ Гостивар беа дадени најразлични услуги на граѓаните/странките кои побараа и имаа потреба од логистичка подршка во давање на совети, информации, пишување на барања, жалби, пополнувања на различни документи за кои граѓаните не се во можност или незнаат да ги пополнат како последица на нивната необразованост како и посредувања со администрацијата на институциите, всушност тоа е дел од обврските на РИЦ. 3. Ургенции за средно и високо образование

Август, месец кој е исполнет со конкурси за запишување во средно и во високо образование беше следено и од РИЦ – Гостивар. Граѓаните припадници на Ромската етничка заедница, знаат од минатите години дека Месечина – Гостивар, РИЦ канцеларијата, помага и посредува (ако за тоа има потреба) во упис за средно образование, Ромите таквата можност и оваа година ја користат. Уште во минатите месеци РИЦ – Гостивар, остваруваше контакти со релевантните фактори за образование, а најчесто со одговорните за образование при локалната самоуправа во Гостивар, од каде што треба и мора да се пофалиме за нивната соработка, помош и добра координација. Благодарејќи на добрата координираност, Месечина – Гостивар, РИЦ канцеларијата, граѓаните припадници на Ромската етничка заедница, успевавме да ги запишуваме децата во средното образование според нивната воља и вољата на родителите, старателите. Од наша страна родителите и децата беа советувани да не избрзуваат со желбата повеќето од нив да се запишуваат во медицинското училиште од причина што во ова училиште се бара претходно соодветен успех кој ќе помогне во навиката за учење и совладување на потешкиот материјал.

Page 20: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

20

Беше споделено искуство од минатите години, кога дел од родителите и самите деца сакаа да се запишат во тоа училиште, а не беа спремни да го совладуваат матријалот од таа насока, од насоката медицина. Иако беа давани совети, сепак Месечина – Гостивар, РИЦ персоналот, ги следеше барањата, желбите и можностите на родителите, децата и персоналот на РИЦ во уписот на средните училишта кои гравитираат во Гостивар. Во однос на високото образование, добар е фактот што во оваа академска година се запишуваат доста добар број на припадници од Ромската етничка заедница во високите образовни институции во Гостивар, Тетово и Скопје. Постојат и случаеви каде што припадници на Ромската етничка заедница своето средно образование го завршиле поодамна, а сега се запишуваат во високо образование. За пофалба е и за пример одлуката на Тетовскиот државен универзитет, каде што припадниците на Ромската етничка заедница се привилегирани во уписот и во партиципацијата за упис и семестар во учебната 2009 / 2010 година. Имено привилегијата е дека секој припадник на Ромската етничка заедница кој ќе сака да се запише во Тетовскиот државен универзитет ќе биде запишан, а неговата партиципација ќе биде наместо 300 евра по година за Ромите е 200 евра по год или 100 евра по семестар, кој многу го олеснува пристапот за упис и дава пример (позитивен) за останатите државни универзитети кои треба да имаат афирмативен пристап за припадниците на Ромската етничка заедница. Со цел да не се злоупотреби бенифицијата кон Ромите од страна на Тетовскиот државен универзитет, истиот на до сега двајца Роми им побара соодветна потврда дека се припадници на Ромската етничка заедница. Истите биле советувани потврдата да ја земат од Општините или од нивните месни заедници, каде што тие живеат. Знаејќи дека Општината не издава такви потврди, месните заедници не функционираат (барем не во Гостивар) и знаејќи дека во Гостивар функционира Месечина и РИЦ, лицата од кој им се побара потврда за етничка припадност се јавија во нашите простории. Имајќи во предвид дека Месечина – Гостивар, уште поодамна има своја база на податоци, личните познавања помеѓу самите припадници на Ромската етничка заедница, Месечина – Гостивар, со сигурност ги издаваше потврдите со кој се потврдуваше дека тие лица се припадници на Ромската етничка заедница. Ваквите потврди беа прифатени од Тетовскиот државен факултет како релевантни во докажувањето за етничката припадност на сега двајцата студенти.

СЕПТЕМВРИ 2009

1. Информативни – консултативни средби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

Работата на Ромскиот информативен центар Гостивар во текот на месец Септември 2009 година, се сведе на поинтензивна работа во споредба со претходните месеци. Тоа значи дека во голем број странките-граѓаните со посебен акцент припадниците на ромската заедница ја посетуваа канцеларијата на РИЦ Гостивар. Со самото посетување на просториите на ромскиот информативен центар Гостивар, граѓаните чувствуваат слобода да побараат информации, консултации и совети за нивните потреби и проблеми кои се појавуваат во дадениот момент, а за кои тие не се во можност сами да се снаоѓаат во решавањето на истиот од неукост, неинформираност и нискиот степен на едуцираност. Како дел од работата на овој месец, со оглед на започнувањето на учебната година 2009/2010 год. и проблемите околу снабдувањето со школски учебници, со граѓаните беше споделена информацијата за повторна дистрибуција на бесплатни учебници за сите ученици без разлика на тоа дали се приматели на социјален паричен надомест или не. Месечина – Ромскиот информативен центар Гостивар по барање на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во рамките на проектот „Имплементација на конвенцијата на првата на децата“ организираше фокус група со родители кои имаат деца на воздраст од 10 до 17 години. Целта на проектот е да се создаде објективна слика за имплементација на конвенцијата во областите: партиципација, образование, легислатива/правна рамка и слобода на изразување на децата, а врз основа на анализите од државниот извештај наспроти препораките донесени од страна на Комитетот на обединетите Нации за Правата на детето. Крајниот резултат на проектот е подготовка на Алтернативен извештај со формулирани препораки кои се во план да се презентираат пред комитетот за Правата на Децата на ОН, во Женева 2010 година. Главните активности предвидуваат вклучување во креирање на подлога за соработка со други организации со слични иницијативи, спроведувања на истражувања и анализа на прибраните податоци во алтернативниот извештај. Персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар во текот на месецот одржа средба со Градоначалникот на општина Гостивар Г-дин Руфи Османи на која се разгледуваа и дискутираа

Page 21: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

21

одредени прашања односно потреби и проблеми кои ги засегаат припадниците на Ромската заедница од град Гостивар, а кои се однесуваа на: • инфраструктуралното уредување на ромските населби (водовод, канализација) и можноста за вметнување во новиот урбанистички план на досега не урбанизираните објекти во ромските населби т.е. во места каде што има поголема концентрација на ромски објекти, • можноста за финансиска подршка за покривање одреден број на деца кои се на листата на чекање за вклучување во предучилишните установи, детските градинки во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во предучишни установи (детски градинки)“, а за кои ресорното Министерството за труд и социјална политика Скопје не е во можност финансиски да ја надмине планираната бројка од 18 деца. Во контекст на оваа тематика се отвори прашањето за трајно решавање на прашањето за вработување на негувателката Ромка преку Локалната самоуправа, а која во моментот е покриена хонорарно со договор за дело преку МТСП во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во предучишни установи (детски градинки)“, • можноста за вработување на Роми во Локалната самоуправа, • во рамките на иницијативата од страна на Градоначалникот на општина Гостивар за доделување на стипендии на 5 студенти запишани во универзитетот ФОН Гостивар, да се земе во предвид доделувањето на една стипендија на еден студент припадник на Ромската заедница од град Гостивар, • со оглед на единствениот национален празник кој го имаат припадниците на ромската популација во Р. Македонија и пошироко од страна на Градоначалникот се побара финансиска и материјална подршка за организирање на настан и манифестација за одбележување на 8 Април Светскиот ден на Ромите. На ден 28.09.2009 година во собраниската сала на општина Гостивар, персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар по барање на Советникот на проектот „Градење на капацитетот на граѓанското општество во ИПА земјите“ организираше регионална информативна консултативна средба на која беа поканети претставници на граѓанските организации и претставници на Локалните самоуправи од градовите Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Целта на консултативниот состанок беше презентација на првичните наоди и да се побара мислење и препораки во врска со истите односно да се увидат потребите на општините и граѓанските организации за успешно остварување на нивната улога во рамките на партиципативната демократија. По покана на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија персоналот на РИЦ Гостивар учествуваше на Тркалезна маса на тема „Имплементација на Македонската Национална Стратегија и Акционен план за борба против трговија со луѓе на локално ниво“: актуелни предизвици и проблеми. Месечина – Гостивар, работи и на други проекти со други партнерски организации но секогаш ја промовира работата и успесите на РИЦ канцеларијата неведувајќи дека истата е во партнерство со МТСП. Скоро секојдневно РИЦ канцеларијата се среќава и работи со граѓаните кои имаат проблем со лична документација за идентификација. Како пракса од минатиот месец продолжува и овој месец да помага на граѓаните за потребата во остварување на правото на родителски додаток за трето дете.

2. Логистичка подршка

(давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Септември 2009 година беше месец со поголем интензитет на работа за разлика од претходните месеци посебно од летниот период, за кој „Месечина“ – Гостивар, персоналот на РИЦ го дава максимумот од својот капацитет, како човечки така и материјално. Персоналот се трудеше на најсоодветен начин да излезе во пресрет на странките/граѓаните кои ја посетуваат канцеларијата на РИЦ согласно своите можности, капацитети и вештини кои ги поседува „Месечина“ и Ромскиот информативен центар Гостивар. Работата на РИЦ Гостивар во текот на овој месец беше интензивна во пружањето на најразличен вид на услуги во зависнот од потребата и побарувачката на граѓаните кои помагаат во ублажување или целосно надминување на проблемите на странките, за кои тие сами не се во можност да ги решаваат поради нивната неукост и неинформираност. Поради горе наведената причина, персоналот на РИЦ посредува преку директни средби и телефонски контакти со претставниците на локалните и националните институции на државата во зависност од потребата. Така да логистичката подршка која ја нуди и пружа персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар за граѓаните со акцент на припадниците на ромската заедница се сведува и на лобирање и застапување.

Page 22: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

22

Покрај другото, услугите кои ги даваше персоналот на РИЦ Гостивар се однесуваа и на пишувања на молби, изјави, жалби, барања, совети, преставки информации, фотокопирање и т.н. Една од жалбите се однесуваше до Министерот за труд и социјална политика на Р. Македонија за решение од ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар, кој неосновано ги одбива документите на странката за остварување на правото на социјален паричен надоместок, на која му следува согласно Законот за социјална заштита. Имено странката покрај тоа што по втор пат ги поднесува документите за остварување на правото за социјален паричен надомест сепак е одбиен од причина што смета дека од страна на социјалниот работник не бил доволно поучен и усмерен за одјавувањето на моторното возило (Мопед-Скутер) за кој постоеле податоци на име на странката, а за кое фактички е отуѓено во претходен период пред странката да ги поднесе документите како барател на социјален паричен надомест. Во тековниот месец странките кои ја посетуваа канцеларијата на РИЦ Гостивар имаа најразлични потреби во пополнувања и пишување на барања, изјави, преставки и т.н. Така да дел од барањата се однесуваа до Основен суд Гостивар за склучување на бракови, дел се однесуваа до средните училишта во Гостивар за издавање на исписница од училиштето поради нивно заминување во странство, а која ќе им послужи како доказ за нејзино повторно запишување во средно училиште во земјата каде што заминува. По барање на Ромскиот информативен центар Прилеп беше побарана помош во пишување на преставка до Министерство за внатрешни работи – Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди, заради пријавување на дискриминација во однос на постапувањето на полицаец во цивил и полиција кон група од тројца граѓани (припадници на ромската заедница) на Прилеп кој претходно ја посетиле канцеларијата на РИЦ Прилеп со жалење и објаснување на целиот случај. Персоналот на РИЦ – Гостивар, не ретко на официјални и неофицијални средби со граѓаните даваше совети децата да бидат запишани во основните и средни училишта со цел да се избегнат несаканите последици од плаќање на казни кои дополнително ќе го оптеретат семејниот буџет. И во текот на овој месец Ромскиот информативен центар Гостивар, како и вообичаено работеше со случаевите кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација, контактирајќи не само со матичната служба во Гостивар, туку за одредени случаеви кои се појавуваат имаше потреба заради добивање на соодветни точни информации потребни за странките да контактира и со други институции како олеснителна околност за странката заштедувајќи им на таков начин време и непотребни трошоци за кои тие самите не се во можност да ги покријат.

ОКТОМВРИ 2009

1. Информативни – консултативни средби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

И во овој месец проблемите околу снабдувањето со школски учебници, во основното и во средното образование остави темна дамка во образованието, Не само кај Ромската заедница, но доколку се согледа ниските примања кои ги има оваа заедница, немањето на учебници предизвикува дополнителни трошоци во семејството, во смисла на трошоци за фотокопирање кои наставниците, професорите со право ги бараат заради следење на часовите по предметите за кој уште нема дистрибуирани бесплатни учебници. Со граѓаните беше споделена информацијата за намерата на Министерството за образование да сподели бесплатни учебници, но РИЦ – Гостивар, нема конкретен одговор за да може да го сподели со граѓаните кога тоа ќе се случи, (дистрибуција на бесплатни учебници). Она што најмалку може да го направи РИЦ – Гостивар е да ги упатува учениците во места каде помалку ќе ги чини фотокопирањето на книгите кои наставниците, професорите им ги дале. РИЦ – Гостивар, во текот на месец Октомври 2009 год, направи неколку посети во ромските населби, со цел да размени информации од областа на својата работа и интересот на граѓаните. Граѓаните кои го немаат регулирано местото на живеење, согласно урбанистичкиот план, се уште се во длабока неизвесност. Се повидлив е проблемот на децата кои немаат документација, а кои посетуваат настава, ваквите деца се упатуваат на средување на нивната документација иако се знае дека тоа воопшто не е лесен процес. Овие деца не ретко се отстрануваат од училиште образложувајќи дека има административна пречка за давање на сведителства. Во одредени подрачни училишта во основното образование се појавува сегрегирани одделенија од 20 – 25 , каде во класовите се сите деца Роми, со 4-5 деца припадници на друга етничка заедница. Вакви сегрегирани одделенија има во основните училишта, подрачното училиште Мустафа Кемал Ататурк во Бањица и Единство – Башкими – Бирлик во населбата Циглана и двете во Гостивар. Вака сегрегирано одделение има и во средното Економско училиште во Гостивар, каде се сместени 25 деца од кои само 4-5 деца се припадници на друга етничка заедница.

Page 23: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

23

РИЦ – Гостивар, во текот на месец Октомври 2009 год. Како и секогаш комуницира со другите РИЦ канцеларии низ Македонија, во насока на размена на искуства, знаења и вештини во заедничката работа. Во комуникација со РИЦ – Прилеп, подготвуваше преставка до Сексторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР за настан кој се случил во Прилеп каде биле инволвирани. Месечина – Гостивар, работи и на други проекти со други партнерски организации но секогаш ја промовира работата и успесите на РИЦ канцеларијата неведувајќи дека истата е во партнерство со МТСП. Скоро секојдневно РИЦ канцеларијата се среќава и работи со граѓаните кои имаат проблем со лична документација за идентификација.

2. Состаноци со други организации и здруженија на граѓани Целта на РИЦ – канцеларијата во „Месечина“ – Гостивар, го развива добриот однос со другите организации од граѓанскиот сектор, вклучително и организациите каде што има РИЦ – канцеларии. Во текот на месец Октомври 2009 год, член на РИЦ канцеларијата присаствуваше на стратешка работилница на Сојузот Македонија без дискриминација во кои членуваат уште 10 граѓански организации, заради доброто работење во областа на недискриминацијата, човекови права и слободи на граѓаните, член на РИЦ – Гостивар, на „Месечина“ – Гостивар е избран за претседавач на Сојузот Македонија без дискриминација (МБД). Стратешката работилница се оддржа во Берово, целта беше да се напише, направи Стратешки план (краткорочен и долгорочен) како и акциски план за работа на Сојузот за 2010 Год. Важно е тоа што овој Сојуз тежнее за побрзо донесување на Законот за заштита од дискриминација со кој оправдано се очекува да се намали дискриминацијата во Македонија, а со тоа и на отворената и скриена дискриминациа на Ромите во Македонија. „Месечина“ – Гостивар, преставник на РИЦ – Гостивар е поканет од АДРР „Сонце“ - Тетово да учествува во пишувањето на алтернативен извештај за Рамковната конвенција за правата на етничките малцинства во Македонија. На 26. 10. 2009 год, „Месечина“ – Гостивар, РИЦ – Гостивар беше поканета да учествува на седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правта на граѓанинот, при собранието на Р. Македонија. На оваа седница се разгледуваше извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Р.Македонија во 2009 год. На состанокот свое излагање имаше и преставникот на РИЦ – Гостивар, „Месечина“ – Гостивар, кој уште еднаш ги истакна проблемите на Ромската заедница: • Личната документација како проблем на дел во Ромската заедница • Пробле во областите кои ги опфаќа Декадата за Ромите 2005 – 2015 год • Напомена за потребата од носењето на Законот за заштита од дискриминација како Закон потребен и за Ромската заедница • Потсетивме на не постапувањето на Заклучоците и забелешките од оваа комисија од 17.02.2009 год, во однос на личната документација, проблем во образованието, употребата на Ромскиот јазик во основното образование и др. Учесник од тимот на РИЦ – Гостивар, учествуваше на националната конференција од проектот „Македонија без дискриминација“ финансиски поддржан од PROGRES програмата кој ја импементираат „Полио Плус“, Центар за човекови права и разрешување конфликти, Македонскиит центар за меѓународна соработка МЦМС и МТСП. На овој настан дебатно излагање имаше и членот на тимот од РИЦ – Гостивар, а во својство на Претседавач на Сојузот Македонија без дискриминација (МБД) Да напоменеме дека овој дебатен настан беше преставен и во неколку национални медиуми, како и ромскиот медиум БТР – Скопје. Важните состаноци кои РИЦ, тимот од Гостивар ќе ги цени за важни за ромската заедница и за развојот на самата организација ќе продолжи да ги гради, соработува и учествува. Сметаме дека средбите, состаноците се битен сегмент за внатрешниот и надворешниот развој на секоја организација, како сегмент за размена на информации корисни за заедницата и за организацијата. Секако дека состаноците надвор и работата во канцеларијата на РИЦ, носат успех и препознатливост на РИЦ и „Месечина“ Гостивар.

Page 24: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

24

3. Логистичка подршка (давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Септември 2009 година беше месец со поголем интензитет на работа за разлика од претходните месеци посебно од летниот период, за кој „Месечина“ – Гостивар, персоналот на РИЦ го дава максимумот од својот капацитет, како човечки така и материјално. Работата на РИЦ Гостивар во текот на овој месец беше интензивна во пружањето на најразличен вид на услуги во зависнот од потребата и побарувачката на граѓаните кои помагаат во ублажување или целосно надминување на проблемите на странките, за кои тие сами не се во можност да ги решаваат поради нивната неукост и неинформираност. Поради горе наведената причина, персоналот на РИЦ посредува преку директни средби и телефонски контакти со претставниците на локалните и националните институции на државата во зависност од потребата. Така да логистичката подршка која ја нуди и пружа персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар за граѓаните со акцент на припадниците на ромската заедница се сведува и на лобирање и застапување. Покрај другото, услугите кои ги даваше персоналот на РИЦ Гостивар се однесуваа и на пишувања на молби, изјави, жалби, барања, совети, преставки информации, фотокопирање и т.н. Една од жалбите се однесуваше до Министерот за труд и социјална политика на Р. Македонија за решение од ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар, кој неосновано ги одбива документите на странката за остварување на правото на социјален паричен надоместок, на која му следува согласно Законот за социјална заштита. Имено странката покрај тоа што по втор пат ги поднесува документите за остварување на правото за социјален паричен надомест сепак е одбиен од причина што смета дека од страна на социјалниот работник не бил доволно поучен и усмерен за одјавувањето на моторното возило (Мопед-Скутер) за кој постоеле податоци на име на странката, а за кое фактички е отуѓено во претходен период пред странката да ги поднесе документите како барател на социјален паричен надомест. Во тековниот месец странките кои ја посетуваа канцеларијата на РИЦ Гостивар имаа најразлични потреби во пополнувања и пишување на барања, изјави, преставки и т.н. Така да дел од барањата се однесуваа до Основен суд Гостивар за склучување на бракови, дел се однесуваа до средните училишта во Гостивар за издавање на исписница од училиштето поради нивно заминување во странство, а која ќе им послужи како доказ за нејзино повторно запишување во средно училиште во земјата каде што заминува. По барање на Ромскиот информативен центар Прилеп беше побарана помош во пишување на преставка до Министерство за внатрешни работи – Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди, заради пријавување на дискриминација во однос на постапувањето на полицаец во цивил и полиција кон група од тројца граѓани (припадници на ромската заедница) на Прилеп кој претходно ја посетиле канцеларијата на РИЦ Прилеп со жалење и објаснување на целиот случај. Во текот на овој месец, децата од основното и од средното образование повремено доаѓаа во канцеларијата на „Месечина“ – Гостивар, РИЦ – канцеларијата за да го образложуваат проблемот што го имаат со бесплатните учебници, за учебниците кои се уште не им се дадени. Персоналот на РИЦ – Гостивар, не ретко на официјални и неофицијални средби со граѓаните даваше совети децата да бидат запишани во основните и средни училишта со цел да се избегнат несаканите последици од плаќање на казни кои дополнително ќе го оптеретат семејниот буџет. И во текот на овој месец Ромскиот информативен центар Гостивар, како и вообичаено работеше со случаевите кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација, контактирајќи не само со матичната служба во Гостивар, туку за одредени случаеви кои се појавуваат имаше потреба заради добивање на соодветни точни информации потребни за странките да контактира и со други институции како олеснителна околност за странката заштедувајќи им на таков начин време и непотребни трошоци за кои тие самите не се во можност да ги покријат.

Page 25: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

25

НОЕМВРИ 2009

1. Информативни – консултативни средби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ

Персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар како и вообичаено во континуитет ги извршува задачите согласно потребите и проблемите кои произлегуваат од страна на странките граѓани припадници на ромската заедница во тековниот месец. Поголемиот дел од нивните потреби се сведуваа на добивање на одредени информации и совети за кои тие имаат потреба во вадење или приложување на документација. Дел од нив се однесуваа на родителскиот додаток за новородено трето или четврто дете, дел од нив се однесуваа на пишување на одредени документи (молби, барања, договори, жалби и др.), додека пак дел од граѓаните кои се соочуваат со одредени недоразбирања и несоодветна комуникација со институциите на државата побараа посредство од наша страна во надминувањето на дадениот проблем. Што значи дека граѓаните припадници на ромската заедница очекуваат за решавање на нивните проблеми одредени работи се споделат меѓу државните органи и Месечина односно Ромскиот информативен центар Гостивар. За дел од нив кои инсистираа на наше посредство во решавањето на нивниот проблем персоналот на РИЦ Гостивар оствари неколку контакти со одредени подрачни институции како што се ЈУМ Центар за социјална работа, Центар за вработување и т.н. Знаејќи дека во решавањето на проблемот со лицата кои непоседуваат лична документација за идентификација потребно е време и процес, лицата кои се соочуваат со ваквиот проблем често ја посетуваа канцеларијата на Ромскиот информативен центар Гостивар за добивање на информација односно со очекувања на решение за нивниот проблем. Ромскиот информативен центар Гостивар согласно координацијата што ја има како на локално така и на национално ниво со институциите на државата добиените информации навремено ги споделуваше со граѓаните. Родителите на децата средношколци често ја посетуваа канцеларијата барајќи информации за заостанатата 2 рата од ланската стипендија која што ја доделуваше Министерството за образование и наука на РМ за средношколци Роми во прва година. По добивањето на официјалната информација од Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, од страна на персоналот на РИЦ Гостивар навремено беше пренесена добиената информација до родителите и учениците за добивањето на половината од втората рата од стипендијата за средношколци Роми од 1 година во учебната 2008-2009 година. Исто така беше пренесена информација за доделување на стипендии во наредниот период за тековната школска 2009-2010 година преку Министерството за образование и наука на РМ за Роми средношколци со однапред одредени критериуми за добивање на истата.

2. Работилници, средби со други институции, организации и здруженија на граѓани

Взаемното делување и соработка е од суштинско значење во постигнувањето на целите кои се во интерес на граѓаните и на институциите во Р. Македонија. Затоа ХДЗР „Месечина“ – Гостивар, вклучувајќи го и персоналот на Ромскиот информативен центар остварува соработка и партнерство со други институции и здруженија на граѓани за креирање на различни стратегии, програми и проекти кои директно придонесуваат во намалувањето на проблемите со кои се соочуваат пред се граѓаните и самите институции во Р. Македонија. „Месечина“ – Гостивар е членка на повеќето мрежи и коалиции во Македонија, кои преставуваат важен фактор во општественото живеење во Македонија. Врз основа на важноста на целовкупната работа на „Месечина“ – Гостивар, а со тоа и работата на РИЦ, персоналот организираше различни настани. Дел од важните настани во месец Ноември 2009 во соработка со уште 8 други граѓански организации е организирањето на работилница за државни службеници. Темата на обуката се основите на човековите права, вклучувајќи концептот на човековите права, еднакви можности и анти-дискриминација; основните меѓународни документи (системот на ОН, Советот на Европа, ЕУ, ОБСЕ), на тековната законска регулатива и ситуацијата во Македонија воедно и стандарди во оваа област, кои треба да бидат исполнети од страна на Република Македонија пред пристапувањето во Европската унија.

Page 26: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

26

Организираната работилница е во склоп на проектот и сојузот „Македонија без дискриминација“, а е во насока на носењето на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација во Република Македонија кој што е од посебно значење меѓу другото и за припадниците на ромската заедница како најмаргинализирана популација во македонското општество. Персоналот на РИЦ Гостивар за потребите при креирањето на стратешкиот план за поголемо вработување од страна на Министераството за труд и социјлан политика на РМ одржа средба на која беа поканети претставници од заедницата на Ромите, претставници од невладините организации и претставници од Центарот за вработување Гостивар. Целта на информативно консултативната средба беше да се одредат предлог мерки од нашиот локалитет кои ќе бидат земени во предвид и ќе придонесат во подготовката на планот за поголемо вработување со акцент на припадниците на ромската заедница. На средбата се донесоа следните предлог мерки: Вработување како јавни и државни службеници, Вработување со субвенции, Вработување преку обука, Грантови за бизнис, Кредитирање за отварање на сопствен бизнис или проширување на постоечкиот бизнис, Вработување од дома. Важните состаноци кои РИЦ, тимот од Гостивар ќе ги цени за важни за ромската заедница и за развојот на самата организација ќе продолжи да ги гради, соработува и учествува. Сметаме дека средбите, состаноците се битен сегмент за внатрешниот и надворешниот развој на секоја организација, како сегмент за размена на информации корисни за заедницата и за организацијата. Секако дека состаноците надвор и работата во канцеларијата на РИЦ, носат успех и препознатливост на РИЦ и „Месечина“ Гостивар.

3. Логистичка подршка (давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.)

Ромскиот информативен центар Гостивар и во текот на месец Ноември 2009 година се трудеше да излезе во пресрет на најсоодветен начин на странките кои ја посетуваа и бараа помошта од персоналот. Повторно забележително беше честата појава на граѓани-родители кои го посетуваа Ромскиот информативен центар со барање на информација за остварување на правото на родителски додаток за новородено трето или четврто дете. На истите им беше споделена информацијата за тоа каде треба да се обратат за да ги земат потребните апликации и веднаш потоа каде и што треба да направат за да ја приберат преостаната документација согласно барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете. На крајот се преминуваше во целосно пополнување на барањето од страна на персоналот на РИЦ по барање на странките заради нивното незнаење во пополнувањето на истото. Покрај другото дел од граѓаните кои во претходниот период имале поднесено Барање за остварување на правото на родителски додаток за дете согласно Законот за заштита на децата, повторно се обраќаа во РИЦ канцеларијата пренесувајќи ни ја информацијата за добиеното Решение. Граѓаните незадоволни од добиеното Решение преку кои се известуваат дека немаат право на родителски додаток за дете од најчеста причина заради ненавремено поднесување на барањето, бараа да им се напише жалба заради нивниот револт и незадоволство во остварувањето на правото загарантирано со Закон. Познавајќи го нискиот степен на образование на странките настанати беа одредени конфликтни ситуации заради несоодветниот начин на комуницирање помеѓу странките и претставниците на ЈУМ Центар за социјална работа Гостивар. Поради ваквата ситуација, од страна на странките беше побарана помош во комуницирање со одредени личности службеници заради решавање на настанатата конфликтна ситуација со странките. Дел од услугите се однесуваа во пишување на барање до ЈУМ Центар за социјална работа за лица граѓани кои имаа потреба од еднократна парична помош од најразлични причини (здравствени и т.н.), дел од нив се однесуваа во пополнување на обрасци Пријава – Одјава за вадење на здравствени книшки до фондот за здравствено осигурување, дел од нив во пополнување на образец за добивање на Уверение за платен данок, додека пак за дел од граѓаните кои немаат постојано место на живеење (свој дом) се пишуваше договор за закуп на простор заради потребата од вадење на лична карта. По барање на Министерството за труд и социјална политика на РМ, претставник од одделението за имплементација на Декадата за инклузија на Ромите беа контактирани сите основни и средни училишта од град Гостивар со барање на број на ученици Роми кои завршиле основно образование во

Page 27: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

27

учебната 2008-2009 година од основните училишта и број на запишани ученици во прва година во средните училишта за учебната 2009-2010 година. И во текот на овој месец Ромскиот информативен центар Гостивар, како и вообичаено работеше со случаевите кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација, контактирајќи не само со матичната служба во Гостивар, туку за одредени случаеви кои се појавуваат имаше потреба заради добивање на соодветни точни информации потребни за странките да контактира и со други институции како олеснителна околност за странката заштедувајќи им на таков начин време и непотребни трошоци за кои тие самите не се во можност да ги покријат.

ДЕКЕМВРИ 2009

1. Информативни – консултативни средби и средби со граѓаните во канцеларијата на РИЦ Посетата на граѓаните во РИЦ – Гостивар, е секојдневие, нивната посета во месец Декември 2009, претежно се сведуваше на потполнувањето на документација за обновување на побарувањето за социјален паричен надомест, а не изостануваат и барањето информации, консултации и совети за нивните потреби и проблеми кои се појавуваат во дадениот момент, а за кои тие не се во можност сами да се снаоѓаат во решавањето на истиот заради, неинформираност и нискиот степен на едукација. Потполнувањето на барањата за добивање на потврди од имотно правните работи, матријалната состојба, барање потврда за поседувањето на возило, изјави и т.н. документи кои се дел од потребната документација за добивање на социјален паричен надомест беше речиси секојдневие во работата на РИЦ – Гостивар во месец Декември 2009. И во овој месец проблемите околу добивањето на втората рата од стипендијата на средношколците Роми за учебната 2008/2009 год. остави темна дамка во образованието. Иако министерството за образование ја промовираше оваа програма насочена кон Ромската заедница, направи добро медиумско преставување, со навистина добри намери и вистинска помош и олеснување на ромските семејства со деца во средно образование, кој впрочем преставуваше и мотивација и поддршка кај Ромите да се запишуваат во средно образование, сепак на крај стипендираните ученици од средното образование Роми останаа со куси ракави. Учениците од прва година, за кој требаше да им се даде стипендија за учебната 2008/2009 год, втора рата, а кои ученици сега, се веќе втора година во средно образование и го завршуваат првото полугодите од учебната 2009/2010 год, истите заедно со нивните родители, кои потпишаа и договор со Министерството за образование во однос на стипендирањето останаа разочарани и помалку со доверба кон системот и ветувањата на Владата на РМ во насока на помошта кон ранливите групи кои дури меѓусебе потпишаа договор во кои се споменуваат обврските. Сметаме дека тимот во МТСП кои работи на остварувањето на Декадата и стратегијата на Ромите во Македонија, треба сериозно да го отвори прашањето за доцнењето и причините за не исполнување на обврските од договорите помеѓу родителите на стипендираните ученици во средно образование (Роми) и Министерството за образование и наука. РИЦ – Гостивар ќе се доведе до ситуација заради огромниот притисок од граѓаните за да се реагира на доцнењето на исплатата на стипендиите и доколку овој проблем не биде решен до крајот на месец јануари 2010 ќе биде ставен во предизвик да им помогне на граѓаните во насока на поднесување на индивидуални тужби кон Министерството за образование и наука согласно потпишаните договори. Работењето на РИЦ – Гостивар, во декември 2009 год, продолжи во потполнувањето на формуларите за добивање паричен надомест за трето и четврто дете, добар дел од Ромската заедница, од Ромските семејства во кои се раѓаат трето и четврто дете, заради нивната недоволна едукација и страв од погрешно потполнување на формуларите доаѓаат во канцеларијата на РИЦ со цел да се потполнат формуларите и да се информираат за постапката. Ниту овој месец не изостанува потполнувањето на различни молби, жалби, изјави, барања до различни институции, РИЦ тимот беше целосно посветен на потребите на граѓаните согласно своите можности знаења и капацитети. Во текот на овој месец иако мал број но сепак забележително во работата на РИЦ беше пишувањето на Известување до Министерството за транспорт и врски односно до Комисијата за одлучување по прекршоци. Ова е новитет кај граѓаните (Роми) да нивните казни за сторен прекршок да се заменуваат наместо парична казна да се оди на извршување на општокорисни работи, а во соработка со комуналните претпријатија. Во конкретниот случај за месец декември 2009 год, РИЦ – Гостивар, потполни две такви информации од кој едната беше да се информира Комисијата за измислен прекршок кој полицаецот само зел

Page 28: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

28

податоци заради контрола на поминување, а подоцна истите ги искористил за измислен сторен прекршок. Втората информација беше за навистина сторен и признат прекршок со кој се информира Комисијата за прифаќање на замената наместо парична казна да се замени со општокорисна работа. Понатака останува нерешен проблемот на децата кои немаат документација, а кои посетуваат настава, ваквите деца се упатуваат на средување на нивната документација иако се знае дека тоа воопшто не е лесен процес, а истите остануваат надвор од образовниот систем. Овие деца не ретко се отстрануваат од училиште образложувајќи дека има административна пречка за давање на сведителства. Останува непромената состојбата со оддредени подрачни училишта во основното образование со сегрегирани одделенија од 20 – 25 , каде во класовите се сите деца Роми, со 4-5 деца припадници на друга етничка заедница. Вакви сегрегирани одделенија има во основните училишта, подрачното училиште Мустафа Кемал Ататурк во Бајница и Единство – Башкими – Бирлик во населбата Циглана и двете во Гостивар. Вака сегрегирано одделение има и во средното Економско училиште во Гостивар, каде се сместени 25 деца од кои само 4-5 деца се припадници на друга етничка заедница. РИЦ – Гостивар, скоро секојдневно се среќава и работи со граѓаните кои имаат проблем со лична документација за идентификација. Во однос на прибирање соодветна документација за вондредно запишување во матичната книга на родените РИЦ комуницира и со канцелариите на РИЦ програмата во другите градови и со институциите на локално ниво институции од други градови и институции на национално ниво.

2. Состаноци со други организации и здруженија на граѓани Проблемот со луѓето без документација и понатака се обидуваме да го решаваме преку најразлични состаноци, средби. Една од таквите средби беше и дебатата по однос на носењето на Законот за бесплатна правна помош, која се одвиваше во соработка со Фондацијата институт отворено општество Македонија во средината на месец ноември 2009 година. На самата средба РИЦ – Гостивар напомена дека е доста добра прилика со овој Закон да се опфатат и овие лица со кој ќе се овозможи комплексното решавање на проблемот околу личната документација. Ова е дотолку повеќе оправдано, ако се земе предвид дека таквите случаеви се тешко социјални семејства (семејства без никакви примања). РИЦ – Гостивар, кон крајот на месец Ноември почетокот на Декември 2009 год, испрати писмо до претседателот на Постојаната анкетната комисија за слободите и правата на граѓанинот при Собранието на Р. Македонија и до Пратеникот Амди Бајрам од нив побара решавање на овој проблем со подготовка на амандман за дополна на Законот за бесплатна правна помош, а во насока на решавањето на проблемот на лицата без документација. Ваквата иницијатива за кратко време, од 3-4 дена, беше поддржана од 23 граѓански, невладини организации и фондации кои работат во областа и на човековите права и кои работат со различни целни групи, организации кои не се исклучително ориентирани само кон Ромите. Ова за нас покажува дека за овој проблем, проблемот на лицата без документација имаат разбирање повеќе организации без оглед на тоа дали се организации од Роми. За жал досега оваа иницијатива не наиде на разбирање во Министерството за правда, кој всушност е и предлагач на Законот за бесплатна правна помош. Секако дека РИЦ – Гостивар нема да се откаже во намерата да се помага во напорите за вонредно пријавување на лицата кои досега не се заведени во матичната книга на родени. Во таа насока, РИЦ – канцеларијата во „Месечина“ – Гостивар, го развива добриот однос со другите организации од граѓанскиот сектор, вклучително и организациите каде што има РИЦ – канцеларии. Продолжуваат напорите во полето и учеството на РИЦ – Гостивар, во делот на подготовката и носењето на Закон за заштита од дискриминација. Преставник на РИЦ – Гостивар, на 22 декември 2009 год. Како претседавач на Сојузот Македонија без диксриминација (МБД) оддржа говор за напорите и предизвиците со кој се соочуваат граѓанските организации во намерата и подготовката за носењето на Закон за заштита од дискриминација. Во својот говор беше истакната улогата, искуствата, знаењата и вештините со кои располагаат граѓанските организации, важноста на соработката во подготовката на Законот за заштита од дискриминација.

Page 29: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

29

Беше споменато за човековиот капацитет со кој располага граѓанскиот сектор и важноста за сериозно разгледување и прифаќање на предлозите кои преставниците на граѓанскиот сектор ги даваат во телото за пишување на Законот за заштита од дискриминација. Акцент беше ставен на важноста во овој Закон да биде формирано независно тело кој ќе ја следи состојбата на дискриминација во Македонија. Важноста да во ова тело бидат вклучени и преставници на граѓанскиот сектор кој работат на полето на човековите права во истакнати организации. Важноста ова тело да биде формирано од различни институции и етнички заедници, така формирано тело може да ја подигне довербата кај граѓаните во институциите, да се смени погледот на меѓународните организации кон вакви и слични тела и најбитно вака формирано тело може повеќе да гарантира намалување на отворената и скриена дискриминација во Македонија. На самиот настан каде што беше прочитан говорот погоре опишан, пред амбасадорите на Мисијата на ОБСЕ и Холандската Амбасадорка во Македонија, преставници на државни институции, МТСП и други, каде на настанот присуствуваа и преставници на различни граѓански организации, беше презентирана и Стратегијата и акциониот план за работа 2010 - 2012 на Сојузот Македонија без дискриминација. Многу значаен момент во месец декември 2009 год, беше работилницата организирана од МТСП во насока на ревидирање на Локалниот Акционен план за вработување на Роми која беше организирана во период од 16 до 18 декември 2009 год во Хотел Алпина Маврово. На оваа работилница преку фацилитаторите од организацијата Иницијативи за социјална промена – Инсок, Скопје, кој навистина многу ја олеснија работата на учесниците се направи промена на важен локален стратешки документ за Ромите. Целта на работилницата беше да се разгледаат и ревидираат Локалните Акциони планови за вработување на градовите Гостивар и Тетово. Учество во работилницата зедоа и преставници на локалната самоуправа, преставници на советот на општините од Гостивар и Тетово, преставници на Агенцијата за вработување од двата града, Гостивар, Тетово и преставниците на РИЦовите од Гостивар и Тетово. Корисно беше и учеството на преставниците на МТСП кој заеднички се разменуваа податоци и низ процес во групи се разгледаа и ревидираа Локалните Акциони планови за вработување за Гостивар и Тетово. Наше очекување е дека вака ревидираните планови за вработување Советите на Општините Гостивар и Тетово ќе ги разгледаат и ќе ги усвојат до крајот на месец Март 2010 год. „Месечина“ – Гостивар, РИЦ – Гостивар на 10 декември како ден на човековите права, а во согласност и со програмата „Македонија без дискриминација“ финансиски поддржана од ЕИДХР канцеларијата на ЕУ во Македонија, направи промоција со свој штанд во просториите на ЕУ – инфо центарот во Скопје. На самиот штанд, посетителите меѓу кој, Амбасадорот на ЕУ Г-дин Ерван Фуере и Министерот за труд и социјална политика Г-дин, Џелал Бајрами, беа запознати со работата на програмата „Македонија без дискриминација“ - МБД и напорите на програмата „Ромски информативни центри“ – РИЦ. 3. Логистичка подршка (давање на совети, информации, фотокопирање, пишување на молби, жалби, барање, ургенции, издавање на потврди и т.н.) Работата на РИЦ Гостивар во текот на овој месец беше интензивна во пружањето на најразличен вид на услуги во зависнот од потребата и побарувачката на граѓаните кои помагаат во ублажување или целосно надминување на проблемите на странките, за кои тие сами не се во можност да ги решаваат поради нивната ниската едукација и неинформираност. Поради горе наведената причина, персоналот на РИЦ посредува преку директни средби и телефонски контакти со претставниците на локалните и националните институции на државата во зависност од потребата. Така да логистичката подршка која ја нуди и пружа персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар за граѓаните со акцент на припадниците на ромската заедница се сведува и на лобирање и застапување. Покрај другото, услугите кои ги даваше персоналот на РИЦ Гостивар се однесуваа и на пишувања на молби, изјави, жалби, барања, совети, преставки информации, фотокопирање и т.н. Поради измена и бенифициите кои Законот за просторно планирање и уредување на државно земјиште, а поврзано со можноста на купување државно земјиште кој граѓаните го користат или го користеле години наназад, земјиште кој граѓаните би можеле да го користат без притоа да нанесат штета на други, Министерството за транспорт и врски Скопје имаше издадено дозвола за купување по поволна цена државно зејиште како погоре опишано.

Page 30: ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА … izvestaj RIC - Gostivar.p… · Министерство за здравство за странка која

30

Истото Министерство без притоа да направи директен увид на фактичката состојба издало дозвола за градба, со кој ако се оствари тоа се попречува патот на 8 – 10 фамилии од истата улица. Од таа причина засегнатите 8-10 фамилии ја посетија канцеларијата на РИЦ – Гостивар и побараа во нивно име да се напише писмо барање за поништување на договор издаден од Министерството за транспорт и врски и до локалната самоуправа. Треба да напоменеме дека странки во целиот случај и семејствата засегнати со ова и семејството кој го откупил државното земјиште и со тоа се обидува да го прошири моменталното живеалиште (куќа) се преставници на Ромската етничка заедница. Пишувањето на молби за добивање еднократен паричен надомест, приговор до второстепена лекарска комисија, писма до Сојуз на пензионери за потреба од стан, изјава до централен регистар, и т.н исто така ја одбележуваат работата на РИЦ – Гостивар во месец декември 2009 год. И во текот на овој месец Ромскиот информативен центар Гостивар, како и вообичаено работеше со случаевите кои ја немаат регулирано личната документација за идентификација, контактирајќи не само со матичната служба во Гостивар, туку за одредени случаеви кои се појавуваат имаше потреба заради добивање на соодветни точни информации потребни за странките да контактира и со други институции како олеснителна околност за странката заштедувајќи им на таков начин време и непотребни трошоци за кои тие самите не се во можност да ги покријат. Персоналот на Ромскиот информативен центар Гостивар се труди на најсоодветен начин да излезе во пресрет на потребите кои произлегуваа од страна на странките кои ја посетуваа канцеларијата на Месечина – РИЦ Гостивар.

18.01.2010 година Известил,

Мерсел Џеладини Мухамед Точи