30
ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СТРАШО ПИНЏУР“ - НЕГОТИНО Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА Неготино, август, 2013 година

OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

„СТРАШО ПИНЏУР“ - НЕГОТИНО

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј

ЗА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА

Неготино, август, 2013 година

Page 2: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 2

„ ...Не е можно на друг да го дадеш тоа што сам го

немаш и според тоа не е можно да воспитуваш, да

развиваш и образуваш други ако самиот не си

воспитан, развиен и образован...“

Page 3: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 3

Вовед Извештајот за работа на ООУ„ Страшо Пинџур“ – Неготино е изработен

согласно Законот за основно образование, Статутот на училиштето, Годишната

програма за работа на училиштето во учебната 2012/2013 година и Анекс

програмите на истата.

Целта и задачите на Извештајот е да се проследат материјално техничките услови

за работа во училиштето, организацијата и начинот на остварување на воспитно-

образовната работа во училиштето, формите на наставна и воннаставна активност,

грижата за здравјето на учениците, соработката со локалната средина, следењето,

вреднувањето и унапредувањето на воспитно-образовната работа во училиштето и

успехот на учениците.

Материјално-технички услови за работа

Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“-Неготино е развиено

основно училиште. Во него се организираше настава за деветгодишно (1-7 одд.) и

осумгодишно образование (7-8 одд. ), согласно Законот за основно образование.

Училиштето во градотработи во една зграда (стар и нов дел), а во состав на истиот

влегуваат и четири подрачни училишта во селата Криволак, Пепелиште, Војшанци

и Црвени Брегови, каде наставата се изведува од I - V одделение. Во училиштето

работи и една комбинирана паралелка за ученици со посебни потреби.

Училиштето располага со 22 училници (специјализирани училници), 3

кабинети во бараката и тоа по: техничко, музичко и ликовно образование, мулти

медијален центар и современа фискултурна сала, во која непречено се одвива

наставата по физичко и здравствено образование.

Пред почетокот на новата учебна година навремено беше извршена набавка

на огревно дрво и нафта за претстојната грејна сезона, беше избран превозник за

учениците од подрачните училишта од околните села, беше изготвена Годишната

програма за работа на училиштето, распоред на часовите, екипирање на потребниот

наставен кадар и др. подготовки неопходни за успешен старт на претстојната

учебна година.

За време на летниот распуст се изврши целосно молерисување и фарбање на

просториите во училишната зграда во градот, како и неопходните санации и

подготовки во училишната зграда во градот и подрачни училишта. Односно со

Page 4: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 4

помош на обезбедените средства се извршија повеќе реконструктивни зафати и

тоа:

- Направено е целосно хортикултурно и естетско уредување на училишниот

двор во градот (со бекатон плочки беше целосно поплочен и предниот и задниот

дел, беа засадени зимзелени дрвца во предниот дел и поставени клупи во задниот

дел и се обезбеди паркинг простор за наставниците - што беше и една од

приоритетните цели за оваа учебна година;

- изграден е и целосно опремен санитарен јазол за учениците на вториот

спрат од стариот дел, ( приоритетна задача );

- дислокација на библиотеката ( во поголема и светла просторија);

- обезбеден е пристап до влезот на училиштето, за лицата со телесен

инвалидитет.

- монтажа на заштитна ограда пред влезот на канцеларијата на стр.

соработници, со цел побезбедно движење.

- во летниот период, пред почетокот на уч. 2013/14 г. директорката изврши

набавка на нови лектирни изданија за потребите на учениците и истата

континуирано ќе се одвива во текот на новата учебна година.

Со релизирањето на сите горенаведени градежни и реконструктивни зафати,

како и со набавката на нов училишен инвентар и дистрибуцијата на бесплатните

учебници продолжи процесот на модернизирање и осовременување на воспитно-

образовната дејност.

Организација и реализација на воспитно – образовната дејност

Наставата во ООУ„Страшо Пинџур“ се изведува на македонски јазик,

според Концепцијата за деветгодишно образование.

Во градот се изведува во две смени и тоа: во прва смена наставата ја следеа

учениците од VI - VIII одд. со вкупно 358 ученици. Втората смена ги опфаќа

учениците од I - V одд. со вкупно 298 ученици. Бројот на учениците во посебната

паралелка изнесува 4. Оттука, следува дека во училиштето, во градот, оваа учебна

година се школуваа вкупно 660 ученици.

Во подрачните училишта наставата се изведува само во прва смена.

Бројот на учениците во подрачните училишта од I – V одд. е следниот: во

с.Криволак - 76 ученици, с. Пепелиште - 56 ученик, с. Војшанци - 29 ученици и

с.Црвени Брегови - 12 ученици. На ниво на училиште вкупниот број ученици од I –

V одд. изнесува 471, од VI - VIII одд. 358 ученици и 4 ученици во посебната

паралелка, или вкупно 833 ученици.

(Во текот на година поради заминување во странство дојде до незначително

осипување на бројот на учениците).

Наставниот кадар брои 66 вработени заедно со директор, помошен

директор, педагог и психолог и 19 лица административно-технички кадар, односно

на ниво на училиште вкупниот број на вработени изнесува 85. Според степенот на

образование сите наставници ги задоволуваат законските одредби за изведување на

настава.

Планирањето и подготовката на наставата во училиштето се вршеше врз основа на

наставните планови и програми доставени од Бирото за развој на образованието.

Кај сите планирања по наставни предмети беше застапено годишното, тематското,

развојното процесно планирање и дневните подготовки на наст. содржини.

Page 5: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 5

На почетокот на оваа учебна година училиштето спроведе самоевалуација

за работата на училиштето, а предлог мерките и заклучоците ќе бидат основа за

изработка на Планот за развој на училиштето за наредните 4 години, што ќе се

изготви во текот на идната учебна година.

Во текот на целата учебна година воспитно-образовната дејност се

реализираше според наставните планови и програми од задолжителната и

изборната настава, воннаставните активности и др. стручно-педагошка дејност

преку подрачјата : ученички заедници, СУА, производствена и др. општествено

корисна работа, грижа за здравјето на учениците, соработка со локалната средина,

следење, вреднување и унапредување на ВОД и стручно и педагошко усовршување

на наставниците и стручните соработници.

Наставата по изборните предмети беше реализирана со ученици од 3 – 8

одд. Учениците изучуваа по еден изборен предмет, со 2 часа седмично, кој самите

го избраа. Дополнителна настава се изведуваше со учениците од одделенска и

предметна настава по предметите по кои учениците покажуваа послаб успех. Додатна настава беше планирана со посебни програми и истата беше

наменета за учениците кои побрзо напредуваа.

Опфатеноста на учениците во слободните ученички активности е на високо

ниво, традиција што и во иднина треба да продолжи.

Во рамките на воннаставните активности се реализираа слободните

ученички активности-СУА, чии учесници учествуваа во одбележувањето на:

Детската недела, приемот на првачињата во Детската организација, Денот на

хендикепираните лица, самостојни приредби за Нова година, активности во

организација на Црвениот крст и сл. По повод новогодишните празници

учениците од 1-б одд. им подготвија пригодна новогодишна програма на старите и

изнемоштени лица од Домот за стари лица –„Жана“, а пак учениците од 3-б одд.

беа во посета на Дневниот центар – Порака- Неготино и пред штитениците се

претставија со скромна културно – уметничка програма. Исто така и учениците од

посебната паралелка, како домаќини, за штитениците подготвија пригодна

програма, а пак директорката, традиционално, им подели новогодишни пакетчиња.

Одбележан беше и Денот на училиштето со изведување на свечена програма,

спортски натпревари, изложба на ликовни творби и литературен награден

конкурс.

Во текот на годината се реализираа следниве приоритетни задачи :

1. Подобрување на квалитетот на наставата преку примена на ИКТ во

наставата;

2 „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен

систем“ во редовната настава и во воннаставните активности и др.

организирани форми на работа во училиштето;

3. Изградба на санитарен јазол на 1 спрат стар дел и поставување на

хидрофор;

4. Асфалтирање и поплочување на училишниот двор во градот (заден дел)

Првата и втората приоритетни задачи се реализираа континуирано преку

целата учебна година со имплементација на еко - активности во редовната и

воннаставни активности, како и примена на ИКТ во наставата и др.современи

технички помагала.(ТВ, ЛЦД- проектор). Од увидот во планирањата на

наставниците, извршените посети на часови од страна на директорката и стручните

Page 6: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 6

соработници и анкетите со учениците од 6-8 одд. констатирано е дека наставниците

планираат и реализираат часови со употреба на компјутер во зависност од

наставните единици по предмети (1-2 седмично), а знаењата што ги усвојуваат

учениците се потрајни и поквалитетни.

Дел од активностите од еко-програмата од оправдани причини ќе се реазизираат во

текот на идната учебна година при што истите ќе се интензивираат за аплицирање

добивање на бронзено ниво.

Третата и четвртата приоритетна задача исто така се целосно реализирани.

Со изградбата на санитарниот јазол на првиот спрат од стариот дел на уч. зграда,

во градот, значително се подобрија хигиено-техничките услови, а со поплочување

на задниот дел од училишниот двор и поставувањето на клупи и обновување на

зеленилото, училиштето само го потврди современиот еко изглед. За лицата со

телесни пречки училиштето изгради пристап за влез во училиштето.

Со ова значително се подобрија условите за безбедното движење на учениците,

вработените и сите др. посетители на нашето училиште. Притоа целосно се

задоволени (од естетска и функционална гледна точка) и стандардите за безбеден

престој во училиштето. Безбедноста на учениците е дополонително е зајакната и со

ангажирање на лице од Агенција за обебедување уште од почетокот на ваа учебна

година .

Распустот на учениците започна на 02.01.2013 год. и траеше до 18.01.2013

год. Наставната година во траење од 180 денови заврши на 07.06.2013 година.

Во текот на учебната година редовно се вршеше проверка и оценување на

постигањата на учениците. Заради објективност во оценувањето беа применети

тестови на знаење, контролни задачи, писмени задачи од општо образовните

предмети во одделенска и предметна настава. Напредувањето на учениците беше

следен и од страна на директорката и стручните соработници преку непосредни

увиди на наставни часови.

Според Концепцијата за деветгодишно образование учениците од I - III одд. се

оценети описно, а од IV – VIII одд. бројчано. Од оваа учебна година стартуваше и

екстерното проверување на постигањата на учениците, преку кое истовремено се

оценуваше и објективноста на наставниците во оценување на постигањата на

учениците, а се спроведе кон крајот на м. мај и јуни, од страна на МОН. За

пофалба е и тоа што нашето училиште во м. декември беше едно од избраните

пилот-училишта во кое се спроведе пробното екстерно проверување, а добрата

организација и реализација на истото само го потврдија успешното менаџирање во

училиштето.

На ниво на училиште средниот успех на учениците од IV – VIII одд. изнесува

3,76 и во споредба со ланскиот (3,72) е незначително повисок. Во текот на м. јуни

за учениците со негативни оценки беше организирана дополнителна настава, на

која беа упатени 34 ученици, а 13 ученици го повторија одделението. Исто така за

учениците со негативни оценки или кои по различен основ останаа неоценети, во м.

јуни и август се одржаа поправни и одделенски испити, а нивниот број изнесува 12

од кои 6 ученици постигнаа успех додека 6 ученици воопшто не се јавија во

испитната сесија.

Во училиштето работеа Зедницата на учениците на ниво на училиште, како

и одделенските заедници. На состаноците на истите најчесто се дискутираше за

подобрување на успехот и поведението на учениците, училишната клима, за

ефикасно реализирање на активностите од еко програмата, уредување на

Page 7: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 7

ентериерот во училиштето, учество во разни манифестации, изложби, успешно

спроведување на собирни акции од хуманитарен карактер и сл. Во предметна и одделенска настава планираните наставни екскурзии се

изведоа во целост. Во почетокот на м. мај училиштето реализираше еднодневна

настава во природа, во близина на Спортската сала во градот.

Како и секоја учебна година така и оваа се одржаа планираните натпревари

од училишен, општински, регионален и државен карактер. Во табелата се

прикажани постигањата на учениците на одделни натпревари.

Page 8: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 8

Табеларен приказ на постигањата на учениците на натпревари во учебната 2012/13

Р.б. Име и презиме на учениците Вид на натпревари Освоено

место

Време на

реализација

Ментор

Општински Регионални Државен Меѓународен

1

Кристијан Пановски-7г осм

Виктор Пановски -7г осм

Симона Јованова – 8б

Против

пожарна

заштита

2 место

Октомври

2012

Игнат

Јованов

2 Тони Лазов-7б дев

Ана Петрова -7а осм.

шах 1место Декември

2012

Петар Лазов

3

Тони Лазов-7б дев

Ана Петрова -7а осм.

Шах

Ноември

2012

Словенија

Петар Лазов

4

Тони Лазов-7б дев

Ана Петрова -7а осм.

Признание

8 Ноември

награда на град

Неготино за

посебни

достигнувања

Ноември

2012

5

Тони Лазов-7б дев

шах 1 место, до 14

год.

3 место, до 20

год.

Март

2013

Халкидики

6

Ѓорѓи Ќичуков

Светски ден на

математика-on

line

1 место

06.03.2013

Силвана

Миладинова

7

Стефан Ристовски – 8б

Англиски јаз.

2 место

29.03.2013

Петар Лазов

Page 9: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 9

8 Софија Андонова-4а

математика 3 место 30.03.2013 Орданка

Трајковска

9 Цветанка Пасинечка-5б одд математика 1 место 30.03.2013 Биљана

Цветковска 10 Деа Балкански-5 б одд. Математика 2 место 30.03.2013 Биљана

Цветковска 11 Бојан Вучков-5 б одд математика 3 место 30.03.2013 Биљана

Цветковска 12 Пане Панов-6 одд математика 3 место 30.03.2013 Зорица

Стојанова

13 Петар Миладинов – 7б дев.

Математика 2 место 30.03.2013 Силвана

14

Стефан Ристовски – 8б

Информатика-

програмирање

3 место 31.03.2013 Димова

Ѓорѓина

15 Петар Миладинов- 7б дев. информатика 1 место 12-14.04.

2013

Димова

Ѓорѓина

16 Цветанка Пасинечка-5б одд математика 1 место 29.03.2013 Биљана

Цветковска 17 Деа Балкански -5 б одд. Математика 2 место 29.03.2013 Биљана

Цветковска 18 Бојан Вучков -5 б одд математика 3 место 29.03.2013 Биљана

Цветковска 19 Пане Панов -6 одд математика 3 место 29.03.2013 Зорица

Стојанова

20 Петар Миладинов – 7б дев. Математика 2 место 29.03.2013 Силвана

Миладинова

21 Александра Шијаковска- 7б осм.

Александра Пиштолова-7б осм.

географија Право на

учество на

државен

02.04.2013

Лазар

Зафиров

23

Стефан Ристовски-8б

Народна техника

Кино и видео-

техника

1 место 13.04.2013 Фросина

Богева

Page 10: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 10

24 Кире Павлов-8б Воздух.

моделарство

1 место 13.04.2013 Фросина

Богева

25 Кристина Тодорова-8б метеорологија 1 место 13.04.2013 Ангелина

Илиева

26 Виктор Ристов -8г астрономија 2 место 13.04.2013 Марика

Вучкова

27 Александра Бојкова- 8 б екологија 2 место 13.04.2013 Магдалена

Ристова

28 Сандра Илова – 7 в осм. Применета

биологија

2 место 13.04.2013 Шеќерина

Симоновска

29 Ристе Лазаров -7в осм Применета

физика

2 место 13.04.2013 Марика

Вучкова

30 Вероника Николова-8б агротехника 3 место 13.04.2013 Фросина

Богева

31 Виктор Најдов- 8г астронаутика 3 место 13.04.2013 Марика

Вучкова

32 Ангела Јанева – 8а Применета географија

3 место 13.04.2013 Лазар Зафиров

33 Елена Арсова-8а Применета хемија 3 место 13.04.2013 Велика

Маркова

34 Никола Ручкоманов – 8б Ракетно

моделарство

3 место 13.04.2013 Фросина

Богева

35 Стефанија Ајтова – 8б Сообраќајно

моделарство

3 место 13.04.2013 Фросина

Богева

36 Марија Глигорова -8б Градежништво и

архитектура

пофалница 13.04.2013 Фросина

Богева

37 Александар Јованов - 8б електроника пофалница 13.04.2013 Фросина

Богева

38 Стефан Ристовски – 8б Народна техника

Кино и видео

техника

2 награда 20.04.2013 Фросина

Богева

39 Кире Павлов-8б Воздухопловно

моделарство

3 место 20.04.2013 Фросина

Богева

40 Училишен хор Хорски смотри 1 место 28.04.2013 Сашо

Page 11: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 11

Ѓорѓиев

41 Петар Миладинов-7б дев. математика 3 место 11.05.2013 Силвана

Миладинова

42 Бојан Вучков-5б Кенгур

математика

3 место 20.05.2013 Биљана

Цветковска

43 Игор Јанев- 6б Кенгур 3 место Зорица

Стојанова

44 Кристијан Пановски – 7г осм. Кенгур 2 место Силвана

Миладинова

45 Ѓорѓи Ќичуков – 7в осм физика учество 18.05.2013 Марика

Вучкова

46 Јована Ристова-6а

Мала група - женски

Детски

семафор

3 место 10.05.2013 Фросина

Богева

47 Петар Мечев – 8г

Голема група -машки

Детски

семафор

2 место 10.05.2013 Фросина

Богева

48 Ристова Ивона -8б

Голема група - женски

Детски

семафор

3 место 10.05.2013 Фросина

Богева

49 Јованка Панова – 7в дев Спелување-

англиски јазик

4 место Љубица

Толовска

50 Тијана Ризова-5 одд. Криволак

учество 13.04.2013 Мишко

Панов

51 Деа Балкански -5б учество 13.04.2013 Билјана Ѓорѓиевска

52 Михаил Ѓорѓиев -5б учество 13.04.2013 Билјана

Ѓорѓиевска

53 Тамара Николова – 5б учество 13.04.2013 Билјана

Ѓорѓиевска

54 Мартина Василева – 5а учество 13.04.2013 Билјана

Ѓорѓиевска

55 Пане Панов – 7в дев. учество 13.04.2013 Љубица

Толовска

56 Драгана Ѓорѓиева -7в дев.

учество 13.04.2013 Љубица

Толовска

57 Стефани Мечева – 7а осм учество 13.04.2013 Нада Ристова

Page 12: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 12

Постигнатите високи резултати на Регионалните и Државните натпревари ги поттикнуваат учениците на уште поголема

активност и желба за успех. Успешното претставување на училиштето на јавните и културни манифестации претставува

надградување на ликот на учениковиот и поттик за негово натамошно експонирање. Во исто време овие резултати се поттик за

наредните генерации да вложат уште повеќе во натпреварите со своите врсници во Општината и Републиката.

За одбележување е отварањето на првата самостојна ликовна изложба на нашиот ученик Теодор Трајков -5 одд. чиј

творби го отсликуваа неговиот талент за цртање, а истата се одржа во Домот на културата.

За сите горенаведени постигања и успеси, директорката свечено им додели награди и дипломи на учениците и нивните

ментори.

Наставничкиот совет за ученик на генерацијата го прогласи Стефан Ристовски -8 б одд.

58

Ана Петрова – 7а осм.

учество 13.04.2013 Нада Ристова

59 Томе Астарџиев – 7а осм учество 13.04.2013 Нада Ристова

60 Благица Трајкова – 7а осм. учество 13.04.2013 Нада Ристова

61 Ѓорѓи Ќичуков – 7в осм. учество 13.04.2013 Нада Ристова

62 Стефан Ристовски-8б Англиски јазик 8 место Петар Лазов

63 Ивана Филева – 7г осм Конкурс за

најдобар есеј

2 место Мај,2013 Нетка

Богевска

64 Диана Џорова – 8а Детски лирски

треперења

Мај,2013

Јасмина

Николова

65 Софија Илиевска – 8а Рецитаторски

натпревар

2 место Јуни,2013 Јасмина

Николова

66 Ивана Николовска-8г

Вероника Николова – 8б

Теодора Темелкова – 8б

ЦВЕЌЕ-2013

1 место

Мај, 2013

Игор Мишев

Page 13: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 13

Грижа за здравјето на учениците Грижата за здравјето на учениците училиштето ја реализираше во соработка

со Здравствениот дом – Неготино преку следниве активности: дезинфекција на

училишните објекти (што се врши на почетокот на школската година), вакцинации

и ревакцинации, систематски и стоматолошки прегледи од областа на

превентивната заштита планирана според имунолошкиот календар на населението.

За учениците од I, III, V и VII одд. Здравствениот дом- Школски диспанзер изврши

систематски прегледи, а исто така беа извршени и вакцинации и ревакцинации на

учениците. Стоматолошката амбуланта исто така изврши систематски прегледи на

учениците и превземаше мерки за заштита на ученичкото здравје. За ученичките од

6-то одделение, а во соработка со ALWAYS програмата стручно лице одржа

предавањена тема: Промените во пубертетот.

Согласно Законот за основно образование во месец декември се изврши

систематски преглед и на сите вработени лица во училиштето.

За одржување на хигиената во училиштето континуирано се грижеа техничкиот

персонал и сите други субјекти учениците одржувајќи ги просториите во кои

престојуваа. На часовите на одделенскиот раководител, од програмата Образование за

Животни вештини, исто така беа реализирани содржини за здравјето на

учениците, на физизички, емовионален и социјален план.

Производствена –општествена корисна работа Во делот на производствената и друга општествено корисна работа во

континуитет се спроведуваа акции за уредување на училишниот двор, училниците

и ходниците на училиштето, блиската околина.

По повод Денот на дрвото, на 21.11.2012, нашето училиште зеде учество

во акцијата за садење на млади садници која оваа година се реализираше под

мотото „ Спортски е да се сади“, а не изостанаа и предавањата и еколошките акции

за зачувување на здрава и чиста животна средина како дел од програмата

Интеграција на еколошката едукација во мамедонскиот образовен систем- со цел

развивање на еколошката свест кај учениците.

Училиштето активно учествуваше и во акцијата „ Ајде Македонијо“ за

собирање на отпад и селекција на истиот од страна на наши ученици и вработени,

a oдговорни насатвници беа еко-координаторот Магдалена Ристова, наствник по

биологија и Цанка Костова, одд.наставник.

Во одбележувањето на 22 Април - Светскиот „Ден на акција“ нашето

училиште се вклучи со еколошката акција Рекреативно возење на велосипеди, која

се спроведе низ улиците на централното градско подрачје, а во истата учествуваа

околу 50 -тина ученици и неколку наставници.

Во рамките на еко-активностите, а во партнерство со Советот на родители и

ЈП„ Комуналец“, група ученици под водство на наст. Магдалена Ристова на

местото викано „Споменик“ засадија млади дрвца со цел проширување на

зелениот појас и заштита на земјиштето од ерозија.

Page 14: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 14

Соработка со локалната средина Соработката со локалната средина оваа учебна година се остваруваше

преку: - одржување на редовни наставничко-родителски среќавања - одржување на групни наставничко-родителски среќавања со одделенски

раководители, стручните соработници, директор, родители и ученици. - индивидуални средби и тоа: родители-наставници; родители-стручни

соработници и родители- директор. - работа на Советите на родители (на ниво на училиште и на ниво на

паралелки) - работа на Училишниот одбор.

Согласно Програмата за работа на училиштето реализирани се планираните

родителско-наставнички средби на кои најчесто се дискутираше за успехот и

поведението на учениците, безбедноста на учениците, климата во паралелката и

училиштето воопшто, избор на членови во Советот на паралелката и Советот на

родители на училиштето, прашања во врска осигурувањето и исхраната на

учениците и др.

Соработката со Советот на родителите училиштето ја остваруваше со

учество во состаноците на Советот, дискутирајќи по актуелни прашања за учил.

живот, годишната програма и извештаи, видовите планирања за работа, проектни

активности, разни иницијативи и сл.

Училишниот одбор во училиштето брои девет членови и како орган на

управување на состаноците исто така работеше ефикасно и носеше одлуки

значајни за воспитно-образовната дејност.(предлага Год. програма и извештај, до

Основачот, финансов план и извештај, донесува Одлуки, формира Комисии и сл.)

Во текот на учебната година преку учество на конкурси, ликовни

натпревари, проширување на ученичките знаења од областа на техниката, беше

остварена соработката со: Домот на културата “Ацо Ѓорчев”, МВР-Неготино,

Противпожарниот сојуз, Народна техника-Кавадарци, Агенцијата за вработување,

јавните гласила, основни и средни училишта од градот и регионот, а најчесто сосл.

Центарот за социјална работа, која соработка оваа година беше насочена кон

изнаоѓање заеднички решенија за социјално загрозени семејства на наши ученици и

во разрешување на проблеми на неколку ученици со непримерно поведение .

За учениците од училиштето се организираа посети на: театар, кино,музеј,

изложби,и др. Партнерска и плодна беше соработката и со локалната самоуправа, во

смисла на почитување на насоките за поуспешно организирање на воспитно-

образовниот процес, учество во општински проекти, манифестации и

одбележување настани, јубилеи.

Во почетокот на годината нашето училиште ја продлабочи соработка со

локалната самоуправа преку вклучување во проектот – Изучување на

италијанскиот јазик и култура во Македонија , така што оваа учебна година

учениците од 5 одд, во градот, факултативно го изучуваат италијанскиот јазик.

Во организација на Центарот за одржлив развој и МОФ во просториите на

училиштето беше реализирана работилница на тема „Почитување на човековите

права“, во која се вклучија наши ученици од 5 одд. заедно со наставничката

Page 15: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 15

Валерија Ручкоманова и преку флаери, видео и презентации на интересен начин се

запознаа со човекови права.

Следење, вреднување и унапредување на образовната и

воспитната работа

Следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно

образовната работа во училиштето се остваруваше со цел да се постигне квалитет

во работењето и да се придонесе за унапредувањето на воспитно образовниот

процес во училиштето.

Реализацијата на Годишната програма ја следеше: Училишниот одбор,

Советот на родителите, Наставничкиот совет, Државниот просветен инспектор,

Општинскиот просветен инспектор, Бирото за развој на образованието-ПЕ

Кавадарци, преку состаноци, увиди, посети. Следењето на организацијата, реализацијата и ефикасноста на наставните и

воннаставните активности, следењето на сите видови подготовки на наставата и

воннаставните активности беа задачи на директорот на училиштето, во соработка

со стручните соработници, и одговорните инспектори и советници од Бирото за

развој на образованието, правејќи притоа целосен увид во работата на училиштето

и реализацијата на проектите. Следењето и вреднувањето на постигањата на учениците во наставата го

вршеа предметните наставници и наставниците од одделенска настава преку

писмени работи, тестови, контролни задачи, усно испитување, практична работа и

т.н.

Врз основа на следењето на резултатите од наставата и воннаставните

активности од страна на одговорни лица се изготвија полугодишни и годишни

извештаи, статистички прегледи, анализи, информации за изминати тримесечија-

за потребите на стручните органи и тела на училиштето и другите институции

надвор од него.

Оваа година од 18-21 февруари тим Државни просветни инспектори во

училиштето извршија интегрален увид во целокупната работа на училиштето, при

што менаџирањето со училиштето и реализацијата на восп.-образовната дејност ги

оценија како добри и ефективни.

Во рамките на унапредувањето на воспитно образовната работа училиштето,

а во соработка со МВР, училиштето продолжи да ги реализира проектите:

„Училиштето и полицијата соработуваат“, „Насилството во училиштата“чија цел е

поголема безбедност на учениците во училиштето, преку реализирање на

работилници и наградни ликовни конкурси. Воедно се одржаа и работилници на

тема: Штетното влијание на алкохолот кај младите и Превенција и заштита од

употреба на пиротехнички материјали.

Училиштето и оваа година успешно продолжи со реализацијата на

активностите од АЦЕС проектот. Наставничката Димова Ѓорѓина е првиот

претставник од Македонија во Советот на АЦЕС во следните две години. Како

член на Советот во м. ноември учествуваше на etwining работилница на тема:

Креативна соработка помеѓу партнерите во училиштата, што се одржа во

Хазелт, Белгија и на редовните состаноци на Советот на АЦЕС, во Виена и во

Сенец-Братислава.

Page 16: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 16

По повод успешното учество во активностите на АЦЕС проектот, тогашниот

министер за образование Панче Кралев приреди прием за учесниците, а на истиот

присуствуваше и наставничката Димова.

Исто така училиштето учествуваше во неколку etwining проекти. А во проектот

„Ајде да бидеме туристички водич“ учениците изработија брошура преку која ја

претставија нашата земја.

Училиштето оваа година повторно доби грант од програмата за Доживотно

учење-Комениус, а овој пат директорката Сузана Андонова ќе посетува обука за

менаџмент во образованието, во Лисабон, Португалија.

Со аплицирање за учество во проектот „Регионална поддршка за

инклузивно образование“, нашето училиште, заедно со уште две на ниво на држава,

стана дел од проектот и со тоа продолжува по патот на создавање модерно

европско образование.

Веќе трета година училиштето успешно ги реализира еко содржините од

програмата Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен

систем.

По повод Неделата на информатиката во основните училишта (04 – 08

февруари), во нашето училиште се реализираа и активности со ученици и

родители, под менторство на Димова Ѓорѓина – наст. по информатика.

Стручно и педагошко усовршување на наставниците,

стручните соработници и директорот Стручното усовршување на професионален план доведува до позитивни

промени во целиот воспитно – образовен процес и поквалитетна настава.

Наставниот кадар, стручните соработници и директорот се усовршуваа преку:

-индивидуално стручно усовршување, преку следење на стручна литература

и списанија;

- интерно стручно усовршување, преку работа во Стручните активи,

размена на искуства меѓу наставниците, следење добри примери од практиката;

- екстерно стручно усовршување со посета и учество на семинари, обуки,

работилници, во организација на Бирото за развој на образованието, или др.

консалтинг институции:

„Зелен пакет“, -семинар за одд. наставници, учествуваа Петрова

Ленча и Ристова Менча, организиран од БРО;

„Воведување на шахот во Наставните планови во 6 одд.“,

учествуваше Стевче Митевски – наст. по ФЗО, организиран од БРО;

„Менаџирање во училиштата“, семинар на кој учествуваа Сузана

Андонова-директор и Микица Илиевска – психолог, организиран од

КДС-Центар за обука и развој.

„Обука на работно место“-работилница за професионален развој на

кој учествуваа Петар Лазов и Димова Ѓорѓина. организиран од

АЦЕС;

„Јазична писменост во почетните одделенија“, дисеминација на одд.

наставници од страна на Валерија Ручкоманова и Ленча Петрова,

одд наставници, организиран од БРО;

Page 17: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 17

„Еко-проект“- работилница на тема како да се аплицира за

бронзено, сребрено ниво и зелено знаме.Учествуваа Димова Ѓорѓина

и Магдалена Ристовска-координатор на Еко-проектот. организиран

од БРО и ОХО;

Планирање и реализација на дејноста на стручните органи и тела,

стручните соработници, пом. директор и директорката 1.Наставнички совет на училиштето

Наставничкиот совет во текот на годината одржа 16 состаноци на кои се

реализирани повеќе активности:

- утврдување на паралелките, распоредување на наставниците по наставни

предмети, одделенски раководства, снабдување на учениците со бесплатни

учебници, назначување ментори;

- разгледување и утврдување на успехот на учениците на крајот од тримесечија,

полугодие и крај на година;

- изрекување педагошки мерки на учениците;

- Разгледување на Годишната програма за работа на училиштето и Извештајот од

работата на училиштето,

- Анализа на резултатите од успехот и поведението на учениците, по квартални

периоди;

- Следење на динамиката на водење на педагошката евиденција и документација,

печатена и електронска форма и др.

2.Совети на одделенски и предметни наставници На состаноците на одделенските совети се разгледуваа: - успехот на учениците на тромесечие, полугодие и крај на годината; -Реализација на наставната материја по предмети; -Реализација на дополнителната и додатната настава и слободните активности -Успех, редовност, дисциплина и хигиена на учениците

- изрекување педагошки мерки на учениците и др.

3.Одделенски раководители Планираните активности за часот на одделенскиот раководител, се

реализираа во целост, а се однесуваа на реализација на содржините од програмата

Образование за животни вештини. Преку работилници, или др. форми на работа

учениците разрешуваа проблеми, актуелни во нивното секојдневие.

4.Стручни активи Во училиштето работеа и стручни активи на : Одделенските наставници,

активот од јазичното подрачје, природно-математичкото, општественото и

стручен актив на наставниците по вештини.

5. Стручни соработници

Педагогот и психологот ги реализираа своите програмски задачи утврдени

во Годишната програма за работа на училиштето и нивните индивидуални

програми..

Page 18: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 18

Во почетокот на годината активноста ја насочија на планирање, оргнизирање и

програмирање на воспитно-образовната работа, преку изготвување на Годишната

програма за работа на училиштето, сопствените годишни програми, програмите на

воннаставните активности и други проектни активности, соработуваа со

наставниците во изготвувањето на нивната програма за работа, како и програмата

на наставници-приправници. Со донесувањето на новите наставни планови и програми за 7 дев. педагогот и

психологот ги насочија консултациите со предметните наставници, во форма на

индивидуални разговори или пак со учество на состаноците на стручните активи,

преку стручна помош во изготвувањето на поквалитетни развојни процесни

планирања.

На крајот од секое тримесечие изготвуваа статистички извештаи, анализи и

прегледи за потребите на училиштето и надвор од него, како и извештаи за

работата на училиштето.

Активно учествуваа во спроведувањето на самоевалуација, а дирекно беа

вклучени и во изготвувањето на статистичките прегледи, анализи и извештаи, за

потребите на ДПИ, кои беа неопходни за вршење интегрален увид во училиштето,

од страна на ДПИ.

Стручните соработници, заедно со директорката во текот на годината во

три наврати извршија посети на часови кај сите наставници, со цел следење и

оценување на реализацијата на наст. процес. Оттука, следеа советодавни

разговори во врска реализираниот час и предлог мерки за остварување

квалитетна и современа настава. Исто така стручните соработници преку целата

учебна година активно учествуваа во непосредните увиди на педагошката

евиденција и документација (одд. дневници, евидентни листови, свидетелства,

главни книги и др.)

Во месец декември психологот беше дел од тимот за спроведување на

пробното екстерно тестирање на постигањата на учениците, во кое нашето

училиште беше избран за пилот-училиште. А во м. мај, како членови на

Училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците, стр,

соработници исто така одговорно ги извршуваа задачите, со цел непречено

одвивање на екстерното оценување.

Професионално се усовршуваа преку континуирано следење на стручна

литература, новини на образовни портали и со активно учество во работилниците

на следниве програми и проекти:

- „Полицијата и учениците соработуваат“, „Насилството во

училиштата“, „Превенција и заштита од употреба на пиротехнички

материјали“, реализирани во партнерство со полицијата, во кои беа

вклучени ученици и родители, со цел постигање поголема безбедност на

учениците во училиштето и информираност;

- „Јазична писменост во почетните одделенија“- психологот и педагогот

проследија повеќедневен семинар, заедно со одд. наставници, во

просториите на училиштето;

- „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен

систем“- и оваа година стручните соработници, во соработка со

наставниците и учениците ги реализираа четирите еко-стандарди преку

директна имплементација на истите во наставните содржини;

Page 19: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 19

- Стручната служба учествуваше на договорниот состанок за Професионално

унапредување и усовршување на наставниците, стручната служба и

директорот на основните училишта, што беше во организација на БРО и

МОН, а кој се одржа во Велес.

- Менаџирање во училиштата“ - психологот, заедно со директорката

учествуваше на тридневен семинар ;

- За квалитетно и непречено спроведување на екстерното проверување на

учениците- психологот и директорката учествуваа на еднодневна обука, во

Скопје;

Во текот на месец мај психологот и педагогот го извршија уписот на децата

за поаѓање во прво одделение, преку непосредна опсервација и разговор со децата

и нивните родители. Учествуваа и во формирањето на паралеките во 1-во, 2-ро и 6-

то одделение. Редовно ја следеа ВОД, работеа со ученици кои имаа тешкотии во

напредувањето, емоционални проблеми. Секојдневно водеа инструктивно-

советодавни разговори и активно учествуваа на состаноците на одделенските

заедници, ученичката заедница, поврзани со актуелни прашања (поведението на

учениците, успехот и меѓусебна комуникација). Голем дел од своето работно време го насочија на советодавната работа со ученици

кои манифестираа неприлагодено однесување. Насокоите и препораките од

средбите со МВР педагогот и психологот успешно ги искористија за работа со група ученици со непримерно поведение, одржувајќи работилници на тема

„Насилството во училиштата“ и „Штетното влијание на алкохолот“. Најчесто целна

група беа учениците од предметна настава. Исто така и со учениците од 5 одд. во

градот, реализираа работилници на тема „Разрешување на конфликти“.

Истовремено соработуваа и со нивните родители, наставниците и

директорот за разрешување на овие негативни појави, применувајќи индивидуални или групни форми на советодавна работа.

Професионалната ориентација на учениците од осмо одд., стр. служба ја

реализира во соработка со Агенцијата за вработување. Преку прашалници, кај

учениците се откриваа професионалните интереси и способности, со цел да

направат правилен избор во понатамошното образовние.

Психологот во текот на цела година реализираше Советување на родители

на ученици по основ на слаб успех, голем број на изостаноци и непримерно

поведение.Во трите циклуси беа опфатени околу двесте родители.

Педагогот го проследи напредувањето на учениците во второ одд. од

предметот македонски јазик со утврдување на брзината на читање на нелогичен

текст.

Во своето работење остваруваа тесна соработка со директорката,

наставниците, родителите и со институции кои се поврзани со работата на

училиштето.

Соработката со органите од локалната средина во текот на годината ја

остваруваа преку контактите со Здравствениот дом, Центарот за социјални работи,

МВР, Црвен крст, Домот на културата и др. локални субјекти.

Како претставници од училиштето, редовно учествуваа и на работилниците

на Советодавната група на граѓани на град Неготино, дискутирајќи за актуелни

воспитно-образовни проблеми.

Page 20: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 20

Уредно ја водеа својата и целокупна педагошка евиденција, досиејата на

учениците и наставниците , како во електронска, така и печатена форма.

6. Помошник директор Целокупната педагошка и стручна активност, Игнат Јованов ја реализираше

во рамките на концепциско-програмските задачи кои беа планирани за учебната

2012/2013 година и тоа преку следниве подрачја:

- Педагошко раководење – во кое се решаваа одредени педагошки и

образовни прашања, како и советодавна информативна и аналитичка

работа, за на крајот да реализира и одредена соработка со стручни органи и

тела од локалната средина.

Во текот на учебната година пом. директор учествуваше во организационите и

програмски активности неопходни за успешен старт на годината, учествуваше во

изготвувањето на планирањата на наставниците, во припремите и реализацијата на

културно –уметнички активности по повод одбележувањето на разни

манифестации, Денот на училиштето и др.

- Организациони – раководни работи – во која беше присутна советодавната и

аналитичката работа во соработка со директорот, стр.соработници и наставниците

и другите субјекти во училиштето и изградување на училишен, наставнички

колектив;

- Административна работа- даваше помош во водењето на педагошката

евиденција и документација (свидетелства, одд. дневници, главни книги)

- Следење и разрешување на карактеристични воспитно-образовни

проблеми и други негативни појави во работата на училиштето.- Учествуваше во

советодавните разговори со учениците, нивните заедници и ученичката заедница во

изнаоѓање начини за справување со конфликти, со цел подобрување на социјалните

односи меѓу учениците.

7. Работата на директорот на училиштето

Директорката Сузана Андонова, користејќи ги своите организаторски и

раководни способности, а пред се искуството, во текот на годината настојуваше да

ги подобри и осовремени условите за работа на училиштето, обезбедувајќи пред се

позитивна клима за работа и учење. Во тековното работење и раководење со

училиштето настојуваше да се створат оптимални услови, мотивирајќи ги и

учениците и наставниците за работа и учење, притоа остварувајќи плодна

соработка со родителите и Советот на родители, БРО, МОН, градоначалникот и

локалната самоуправа при нашата општина и др.институции.

Во насока на подобрување на материјално-техничките услови и оваа учебна

година успешно се реализираа повеќе инфраструктурни и градежни зафати, во

училиштето в градот и во четирите подрачни училишта ( набавен е канцекариски

мебел, поставен е ламинатен под во училниците во Криволак и Пепелиште,

поплочен е предниот и задниот училишен двор со бекатон плочки, се поставија

нови клупи, се засадија нови зимзелени садници, со што функционално и естетски

се обликува непосредната околина на училиштето. Но, најважен градежен зафат е

изгрдбата на новиот санитарен јазол за ученици на 2 спрат во старата училишна

Page 21: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 21

зграда во градот, со што се реши долгогодишниот проблем со вода за одржување

на личната хигиена на учениците и воопшто хигиената во училиштето

Успешно ја организираше и раководеше целокупната работа на училиштето

која беше во склад со законските прописи, насоките и одлуките на органите на

управување.

На почетокот на учебната година директорката пристапи кон планирање на

воспитно – образовната дејност (поделба на часови по наставници, број на

паралелки, одделенски раководства, распоред на додатната и дополнителната

настава, слободните активности. Пристапи кон изготвување на годишна програма

за работа на училиштето и сопствена програма за работа, а свој придонес даде и во

креирањето на програмите за работа на Советот на родителите и Училишниот

одбор. Со цел подигање на квалитетот и осовременување на наставниот процес,

несебично работеше на полето на прифаќање нови проекти во училиштето, а за

продобивките од истите информираше на состаноците на стручните органи и тела.

Таков е проектот „Изучување на италијанскиот јазик и култура во

Македонијa“, со чие изучување во 5 одд. директорката ја продлабочи својата

соработка со локалната самоуправа.

Друг проект, во кое оваа година се вклучи училиштето е „Регионална

поддршка за инклузивно образование“.

Посебно внимание директорката посветуваше на можностите за изнаоѓање

грантови и средства и нивно наменско искористување за подобрувањето на

условите за работа и учење во училиштето.

Оваа година нашето училиште повторно доби грант од програмата за Доживотно

учење-Комениус.

Реализација на активностите од другите тековни проекти , преку кои

училиштето, покрај домашна, веќе има воспоставена плодна соработка и на

интернационално ниво, успешно се одвиваше и оваа година. (Училиштето и

полицијата соработуваат, АЦЕС, ewining, Комениус).

Во текот на учебната година врз основа на сопствената Годишна програма за

работа директорот го следеше одвивањето на наставниот процес, слободните

ученички активности , додатната и дополнителната настава. Од увидот во работата

на наставниците директорката констатира дека изведувањето на наставата е на

завидно ниво. Исто така преку состаноците на стручните органи и тела ја следеше и

унапредуваше работата во училиштето, организираше стручно усовршување на

воспитно образовниот кадар преку интерни и екстерни семинари и советувања,

соработуваше со локалната средина преку индивидуални и групни средби со

Советот на родители, Училишниот одбор и институции кои се поврзани со

воспитно образовниот процес. Директорот при реализацијата на програмата

успешно соработуваше и со стручните соработници. Активно учествуваше и

раководеше во изготвувањето на сите видови на планирања за успешно

започнување на учебната година. Вршеше контрола на планирањата на

наставниците по сите наставни предмети и подрачја.

Го контролираше водењето на педагошката евиденција и документација и

даваше насоки и помош при остранување на пропустите. Преку посета на

наставните часови го следеше одвивањето на наставниот процес и преку

консултациите со наставниот кадар даваше насоки за подигање на квалитетот на

Page 22: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 22

истиот. Како резултат на тоа имаме успешно претставување на јавни и културните

манифестации во училиштето и надвор од него.

Целосна поддршка и мотивација им даваше на учениците за учество на

натпревари од општински, регионален и државен карактер, како и на нивните

ментори наставници се со цел што повеќе да се афирмираат и самите ученици и

наставници, а притоа и самото училиштето се стекнуаваше со повисок рејтинг.

Еднаков третман имаше и кон талентираните ученици, за кои изнаоѓаше начини за

нивна мотивација за учење и работа, но и за учениците кои покажуваа извесни

потешкотии во учењето и за нивно надминување, а посебно внимание посвети и им

помогна со изнаоѓање на подароци и донации за учениците со посебни потреби,

чија паралелка е во состав на нашето училиште.

Ја следеше работата на стручните активи и се залагаше за нивно

унапредување со воведување на нови форми на работа и контрола на

реализирањето на програмираните задачи.

На наставниците почетници им обезбеди менторство од редовите на

наставниот кадар во училиштето.

Стартувајќи од месец декември како пилот проект, а на крајот на годината

и законска обврска, директорката во улога на Претседател на комисијата за

екстерно тестирање даде максималем напор за непречено и успешно

спроведување на екстерното проверување на учениците.

На полето на стручното усовршување во планирањето, организацијата,

следењето, вреднувањето и унапредувањето на наставата ги следеше сите новини

во восп.-образовниот процес, учествуваше на семинари, обуки, работилници. За унапредување на воспитно образовната дејност успешно соработуваше со

МОН, Бирото за развој на образованието, ДИЦ, општинкиот и државните

инспектори, градоначалникот и локалната заедница училишта и сите др.

институции во градот. Сите овие сегменти што ја чинат целокупната структура на училиштето во

координација на директорката како раководен орган на училиштето , најодговорно

ги вршеа работните активности за непречено и мошне успешно одвивање на

воспитно-образовниот процес и создавање на позитивна клима за работа и учење,

што е примарна цел на секое основно училиште. Накратко кажано директорот на училиштето неуморно и континуирано

работеше во сите сфери во работењето на училиштето притоа стремејќи се преку

својата визија и способности за раководење да ја оствари мисијата на училштето -

Креативна настава реализирана со професионалци за сите ученици, која

обезбедува знаење, сигурност и самодоверба, притоа споделувајќи ја истата со

сите вработени во училиштето, тргнувајќи од фактот дека само споделената мисија

е реално остварлива.

Педагошка евиденција и документација Педагошката евиденција и документација се водеше одговорно од страна на

наставниот кадар со мали пропусти кои навреме беа отстранувани што е

констатирано и од просветниот инспектор во записниците при увидите во

одделенските дневници, главните книги и записниците.

Page 23: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 23

Од оваа учебна година наставниците педагошката евиденција ја водеа и во

електронските дневници.

Сите активности кои ги реализира училиштето во тековната година, како и

видовите документи може да се најдат на училишниот портал

WWW. strasopindzur.wordpress.com

E mail [email protected]

Во прилог на Извештајот следи Преглед на бројот, успехот и поведението на

учениците, постигнат на крајот од учебната година.

21.08.2013 ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино

Неготино Д и р е к т о р:

____________________

/ Сузана Андонова /

Page 24: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 24

ООУ„ Страшо Пинџур“ – Неготино

П Р Е Г Л Е Д

На вкупниот број на ученици на крајот на учебната 2012/13

година по наставни јазици

Табела бр. 1

Одд.

Макед.

Јаз.

Албански

јазик

Турски

јазик

Српски

јазик

Вкупно

се ж се ж се ж се ж се ж

I 101 49 101 49

II 82 41 82 41

III 96 41 96 41

IV 104 54 104 54

V 88 47 88 47

I- V 471 232 471 232

VI- 74 38 74 38

VII дев. 95 43 95 43

VII осм 97 45 97 45

VIII 92 44 92 44

VI – VIII 358 170 358 170

I - VIII 829 402 829 402

Page 25: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 25

П Р Е Г Л Е Д

На изостаноците на учениците на крајот

на учебната 2012/13 год.

Tабела бр. 2

Наставен

јазик

Одд.

Вид

I II III

IV

V

VI

VII

дев.

VII

осм

VIII Се

Македонски

јазик

Оправдани

1867 3825 3508 2834 3084 3434 3652 3066 3702 28972

Неоправдани

/ / 29 / 13 2014 795 2649 1465 6965

Се

1867 3825 3537 2834 3097 5448 4447 5715 5167 35937

П Р Е Г Л Е Д

На поведението на учениците на крајот

на учебната 2012/13 год.

Табела бр. 3

Одделение I II III

IV

V

VI

VII

дев

VII

осм

VIII Се

Примерно 101 82 96 104 88 65 92 90 86 804

Добро / / / / / 7 1 2 5 15 Незадоволи-

телно / / / / / 2 2 5 1 10

Page 26: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 26

Page 27: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 27

П Р Е Г Л Е Д

На општиот успех на учениците на крајот на учебната 2012/13 година

во наставата со македонски наставен јазик

Табела бр.4

Одделе

ние

Вkupno

uчenici

1 2 3 4

Вкупно

1 2 3 4

Средна

оценка одлични мн.добри добри доволни Со 1 сл. Со 2 сл. Повтор.

се ж Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Не

оцен.

Опис.

оцен.

I . 101 49

Учениците се оценети описно 101

I I 82 41 82

III 96 41 96

IV 104 54 50 49 21 20 24 22 8 8 103 99 1 1 4,13

V 88 47 49 56 17 19 12 14 9 10 87 99 1 1 4,07

I-V 471 232 99 52 38 20 36 18 17 9 190 99 1 0,5 1 0,5 4,10

VI 74 38 11 15 19 26 23 31 13 17 66 89 8 11 3,33

VII дев 95 43 20 21 31 33 27 29 12 12 90 95 5 5 3,32

VIIосм 97 45 20 21 23 24 34 35 14 14 91 94 6 6 3,44

VIII 92 44 30 33 19 21 27 29 16 17 92 100 / 3,61

VI-VIII 358 170 81 23 92 26 111 31 55 15 339 95 / 19 5 3,42

I-VIII

829 402 180 33 130 24 147 27 72 12 529 96 1 20 4 3,76

Забелешка:Во последниот ред од табелата податоците се однесуваат на учениците кои се бројчано оценетии ( од 4 – 8 одд.)

Page 28: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 28

П Р Е Г Л Е Д

На општиот успех на учениците од посебната паралелка на крајот на учебната 2012/13 година

во наставата со македонски наставен јазик

Табела бр. 5

Одделе

ние

Вkupno

uчenici

1 2 3 4

Вкупно

одлични мн.добри добри доволни

се ж Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Бр. % Опис.

оцен.

Средна

оценка

I . / /

Учениците се оценети описно / / / /

I I / / / / / /

III / / / / / /

IV / / / / / / / / / / / / / /

V / / / / / / / / / / / / / /

I-V / / / / / / / / / / / / / /

VI 1 / / / / / 1 100 / / 1 / / 3,00

VII 1 / / / / / 1 100 1 100 / 2,40

VIII 2 2 / / 1 50 1 50 / / 2 100 / 3,70

VI-

VIII 4 2 / / 1 25 2 50 1 25 4 100 3,03

Page 29: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 29

П Р Е Г Л Е Д

На поведението на учениците од посебната паралелка на крајот на

на учебната 2012/13 год.

Табела бр.6

П Р Е Г Л Е Д

На изостаноците на учениците од посебната паралелка на крајот

на учебната 2012/13 год.

Табела бр. 7

Наставен

јазик

Одд.

Вид

I II III

IV

V

VI

VII VIII Се

Македонски

јазик

Оправдани

47 51 90 188

Неоправдани 1 7 1 9

Се

48 58 91 197

Одделение I II III

IV

V

V I

VII VIII Се

Примерно / / / / / 1 1 2 4

Добро / / / / / / / / / Незадоволи-

телно / / / / / / / / /

Page 30: OP[TINSKO OSNOVNO U^ILI[TE - · PDF fileУчениците изучуваа по еден изборен предмет, ... на еко - активности во ... од 6-8 одд

Годишен извештај за работа на училиштето во учебната 2012/13 година

ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 30