16
Организиран криминал – поим Во определувањето на поимот организиран криминалитет во литературата постојат два пристапи. Според првиот, поширок пристап станува збор за дејност на криминалните организации. Според вториот, потесен пристап, за постоењето на овој криминалитет не е доволно само да постои криминална организација, туку и низа други услови како што се: да се работи за организирана дејност од стопански вид (криминална корпорација); да постои употреба на насилство за сочувување на позицијата на приоритет или монопол заради ширење на профитот, но и за финансирање на убиства со цел спречување на примена на правото или донесување на политички одлуки што ги загрозуваат, и корупција на полициската, судската и политичко- извршната власт; *Овие услови мора да се пошироки, односно мора да постои и: трајно здружување на повеќе лица како солидарн, профитно организирана интересназаедница; 1

Organiziran Kriminal

Embed Size (px)

DESCRIPTION

kriminal; organiziran

Citation preview

Page 1: Organiziran Kriminal

Организиран криминал – поим

Во определувањето на поимот организиран криминалитет во литературата постојат два пристапи. Според првиот, поширок пристап станува збор за дејност на криминалните организации. Според вториот, потесен пристап, за постоењето на овој криминалитет не е доволно само да постои криминална организација, туку и низа други услови како што се:

да се работи за организирана дејност од стопански вид (криминална корпорација);

да постои употреба на насилство за сочувување на позицијата на приоритет или монопол заради ширење на профитот, но и за финансирање на убиства со цел спречување на примена на правото или донесување на политички одлуки што ги загрозуваат, и

корупција на полициската, судската и политичко-извршната власт;

*Овие услови мора да се пошироки, односно мора да постои и:

трајно здружување на повеќе лица како солидарн, профитно организирана интересназаедница;

организациона структура што од една страна ја карактеризра цврст стил на раководење, дисциплина на членовите, но и грижа за нивната безбедност или, од друга страна, мрежа сторители на казниви дела со лабав стил на раководење;

поврзување на легалните со илегални работи, во сообразност со соодветните потреби на населението, криминално искористување на личните и делоцни врски;

флексибилна злосторничка технологија и богат избор на злосторнички методи(од експлоатација, закани, уцени, насилство, присилна заштита, терор па се’ до активно поткупување), при што насилството спрема лица отстапува во полза на притисок од секаков вид;

1

Page 2: Organiziran Kriminal

свесно искористување на инфраструктурата(радио-телефонски врски, телефонот и меѓународните транспортни средства), како и

интернационалност и подвижност;

2

Page 3: Organiziran Kriminal

Етиологија на организираниот криминал

Наведената феноменологија и загрижувачкиот пораст на организираниот криминалитет го свртува вниманието кон утврдувањето на неговата етиологија. Човековите потреби(интереси) и основните чувства(стравот и надежта) – како мотиви на неговото поведение( на неговите чинења или пропуштања), во со-дејство со останатите внатрешни, лични и надворешни социјални фактори, кои делувале во формирањето на структурата на личноста на поединецот(карактер, темперамент и интелигенција), ги определуваат сие видови криминални акти на одреден поединец или група поединци.Од психолошко стојалиште, секое па и криминалното дејствие или пропуштање што го презема поединецот има определена цел и стремежот кон таа цел се јавува како мотив, односно како свесен поттик за извршување на делото. Во отсуство на мотиви не може да постои свесна одлука и свесно човеково дејствие. А тоа дејствие зависи од потребите, основните чувства и наклонетоста кон субјектот или објектот со кои нужно е поврзано остварувањето на потребата со која се сака да се избегне болка или да се постигне задоволство, секогаш индивидуално проценети како определена важна вредност. Што се однесува, пак, до вредностите, тие кај определен поединец можат да бидат најразлични, а се формираат под влијание на општествената средина и личните карактеристики на поединецот и оттаму повратно влијаат врз создавањето на мотивите.

Кога станува збор за влијанието на општествената средина, секогаш треба да се има предвид соодговорноста на општеството во јавуванјето на кое и да е’ кривично дело. Општествените појави(непосредни причини) што го предизвикуваат стравот и ја создаваат безнадежноста се бројни. Оттаму тешко е’ да се поместат според некоја општовжечка и доследно рангирана класификација. Досегашните криминолошки истражувања сепаак дозволуваат меќу нив, како позначајни, да се издвојат:

- невработеноста и ниски плати на најголемиот дел од населението;

- пропаѓањето на бројни претпријатија и фирми следени со постојаниот притисок дека ќе се изгуби работното место;

- неможноста да се остварат основните животни потреби(храна,облека,стан);

3

Page 4: Organiziran Kriminal

- неможноста да се оствари смислата на животот;- да се обезбеди основната егзистенција;- да се склучи брак и да се формира семејство со поголем број

деца;- неможноста да се стекне определена положба, да се добие

заслуженото признание за својата макотрпна работа;- неостварување на очекуваните ветувања;- сложените општествени услови во кои владеат најразлични

судири;- општествената дезорганизација која го погодува поединецот и

кај него предизвикува емоционални конфликти и лични кризи;- темпото на брзиот и нервозен живот, опасности од економски

кризи, состојба на општествена нестабилност и несигурност;- постоење на културни и религиозни конфликти;- недоволна интегрираност на поединецот како дел од

општеството и друго;

Сите овие бројни и други негативни влијанија се јавуваат како погодна почва за постоење на силен страв и безнадежност проаледени со нездрави и непријатни чувства, фрустрации, напнатост, мачнини, вознемиреност и потиштеност, разочараност, индивидуални кризи, психички шокови и др. негативни психички процеси. Создадениот страв и смалените наежи најпрвин водат кон развивање на нездрави вредности.

Меѓутоа, моментот кога стравот и надежите ќе го достигнат врвот(најсилен страв и целосна безнадежност) на човекот не му преостанува ништо друго освен изборот меѓу трите преостанати опции:

- оддавање кон социопатолошко поведение(деструкција кон себе и кон своите блиски);

- запаѓање во душевна болест;- криминално однесување(деструкција кон другите).

Во тие рамки, без сомнение се потврдува тезата дека корените на криминалитетот лежат во карактерот на општествено-економската структура, во отуѓеноста на човекот, во материјалните и духовните услови на животот и индивидуалната потреба и ориентација потребите и проблемите да се задоволуваат и разрешуваат со недозволени средства. Непосредните етиолошки фактори на организираниот криминал, сепак, треба да се бараат во сферата на

4

Page 5: Organiziran Kriminal

брзите социјални промени и промените во економските и политичките односи, како и во интеракциските односи и врски на глобално ниво: миграции, комуникации, транспорт, финансиски токови итн.На порастот на организираниот криминал особено му погодуваат и факторите на државата. Слабоста во функционирањето на државата, пак, во основа, произлегува од превласта на политиката над правото, од нефункционирањето на правната држава и непочитувањето на законитостите.ТРансформацијата на општествено-економските односи доведува до социјално раслојување, зголемена невработеност, влошени и несигурни услови на живт и интенција на определени социјални и политички групи и слоеви за зафаќање на доминантна економска и политичка позиција во новонастанатите општествени околности.Сето тоа се познава преку забавеното функционирање на државните органи и институции, непочитување на законитоста, губење на меѓусебна толеранција и манифестирањето на такви активности во кои силен замав остваруваат поткупот,заканите и оние модели кои во профитот и збогатувањето гледаат доминантна актуелизација на модерните вредности.

5

Page 6: Organiziran Kriminal

Распространетост и појавни облици

Организираниот криминалитет не познава никакви граници. Криминалните организации кои припаѓаат на организиран криминал настојуваат да се вградат во постојниот систем и институциите кои веќе остваруваат некаква(по правило), стопанска дејност. Овие организации остваруваат разни форми на влијание за да ги имаат во свои раце луѓето од државните органи и институции надлежни за давање на определени дозволи, кои ја водат стопанската политика и решаваат за покрупни стопански зделки. Тоа го прават на тој начин што вградуваат свои луѓе во највисоките органи на власта со корумпирање на значајни функционери.

Во современи услови загрозеноста од овој особено опасен криминал е на мошне високо ниво во сите сфери на општествениот живот и речиси нема земја којашто не е’ „инфицирана“ од неговите разновидни појавни облици. Неговите учесници, служејќи се со сите средства, од оние кои добиваат поткуп, политички и други врски, со свирепост, безобѕирност и насилство, вршат различни злосторства кои нанесуваат огромни и непоправливи штети на конкретните општества и меѓународната заедница во целост.Поради меѓународниот карактер на овој вид криминалитет и изразената подвижност и флексибилност во пронаоѓањето на нови методи на делување, тие често остануваат непознати за органите на прогонот, а оние што се познати, тешко дека можат да се набројат или пак дофатат.

Распространетост на организиран криминал во Р. Македонија

Во сегашните услови на забрзана комерцијализација на меѓучовечките односи и во Р.Македонија се актуелизира прашањето на постоењето на организираниот криминалитет и неговиот обем. Почетното тврдење од страна на одредени теоретичари дека кај нас организираниот криминалитет не постои, брзо е’ демантирано од суровата стварност. Појавата на рекетот, подметнувањето експлозивни направи, трговијата со дрога и оружје, појавата на пирамидални штедилници, шверц со нафта, цигари и други стоки, постоењето на „сива економија“, малверзациите во финансиското и банкарското работење и неколкуте организирани убиства,

6

Page 7: Organiziran Kriminal

доведуваат до тоа да се размислува потрезвено. Наведените и други посредни и непосредни параметри и индикатори за определени даночни затајувања, начинот на царинење на стоките, податоците за бројот на фирмите и стечаите укажуваат на потребата од сериозност во пристапот кон она што со сигурност ќе се развива ако не се преземат правовремени превентивни и репресивни чекори.

* „Сива економија”- е вршење на економски активности кои се легални но несе регистрирани и не се пријавени за даночни цели, од страна на поединци,неформални групи или организации.

*„Пирамидални штедилници“-инвестициски шеми остварени од страна на лекомислени инвеститори преку ветувања за невозможно високи профити или камати. Организаторите на овие шеми ги користат парите што им се доверени од новите инвеститори за да ги исплатат старите инвеститори и така создаваат кредибилитет и репутација;

7

Page 8: Organiziran Kriminal

По дефиниција, пирамидалните шеми се осудени на пропаст. Бројот на новите инвеститори, а со тоа количината на нови пари што се на располагање на креаторите на пирамидата-е’ ограничена. Кога ќе почне да снемува средства и старите инвеститори не може повеќе да бидат исплатени, настанува паника.Истражувањата покажале дека вложувачите во пирамидални шеми ја сфаќаат дубиозната природа на овие организации, но сепак, иако поучени од искуствата на оние што заглавиле во ваков тип на малверзации, тие се впуштаат во нови пирамидални шеми,замаени од ветувањата на препредените организатори дека во секое време може да ги повлечат своите пари, а во меѓувреме ќе примаат камати за нив.Луѓето знаат дека е’ поверојатно да загубат се’ или дел од своите пари како што минува вермето. Но, се убедуваат себеси дека можат да ја надмудрат пирамидата, дека профитите што ќе ги соберат од нивните средства до последниот момент-колапсот на име камата, ќе бидат доволна компензација за нивната загуба.Многумина веруваат,дека ќе успеат со точност да погодат кога е’ време да ги повлечат своите пари,врз основа на „предупредувачките“ знаци.

Перење пари-дефинирање на поимот

Едно од најраспространетите и наједноставни сфаќања, а според некои автори и наједноставна дефиниција за поимот перење пари, е дека тоа претставува претворање на „црни пари во зелени“. Ова сфаќање, коешто не ги опфаќа сите димензии на појавата, сепак овозможува приближување кон суштината на проблемот за оние кои првпат се сретнуваат со овој термин. Поимот перење пари може да се разбере и едноставно како движење на парите подалеку од местото каде што се ранливи од заплена и конфискација, во областите каде што се безбедни.Со утврдувањето на терминот кој се сметал за најсоодветен при претставувањето на овој криминален процес, не започнал и процесот на имплементирање на соодветни законски одредби на националните законодавства. Во САД, на пример, терминот перење пари првпат е вграден во законот за банкарска тајна од 1970 година,

8

Page 9: Organiziran Kriminal

додека дејствието на перење пари за првпат за првпат е криминализирано во 1986 година со донесувањето на Законот за контрола на перење пари.

Сепак, најсеопфатна дефиниција за перење пари е’:

Процес преку кој добивките за кои основано се верува дека потекнуваат од криминална активност се транспортираат, трансферираат,трансформираат, конвертираат или вградуваат во легалните фондови, со цел да се прикрие нивното потекло, изворот, движењето или сопственоста. Целта на процесот на перење пари е преку нелегални активности да овозможи овие средства да се појават како легални, а лицата вклучени во криминалните активности да ги избегнат легалните последици од таквото дејствие.

9

Page 10: Organiziran Kriminal

Организирани криминални групи

*Сицилијанската мафија, позната како Коза Ностра(Cosa

Nostra) е’ тајна криминална организација која е формирана во средината на 19ти век на Сицилија. Подоцна се проширила на источното крајбрежје на САД кога многу Сицилијанци емигрирале во САД.

*Јакузи-јапонска мафија позната по името Ја-Сан, добиено по

популарната игра со карти „ханафуда“, односно најлошата комбинација што еден играч може да ја добие: 8(ја),9(ку) и 3(ја) што во превод значи беззначајно, па ги нарекуваат и 893. Тоа е најбројната криминална организација во светот. Познати се по кратката коса, тетоважи по скоро целото тело(најпопуларни се ирезуми и хоримоно) и по недостаток на малиот прст на раката(тоа е ритуално отсекување познато како „јубицуме“).

10

Page 11: Organiziran Kriminal

*Колумбиски нарко – картели – организирана криминална

група која го контролира производството на дрога; Нарко – картелите понекогаш ги финансираат терористичките организации.

Заклучок:

На крај, можеме да заклучиме дека организираниот криминал се разликува од останатите форми на групен криминал, како што се бандите или други криминални здруженија, според постоење на повеќе од три карактеристики, односно обележја, наведени во дефиницијата за организиран криминал.Исто можеме да заклучиме дека личноста која е склона кон вршење на криминално дело, односно веќе извршила криминал, страда поради отрфленост, невработеност, незадоволство поради неможност да ги ужива сите потреби, неможност да склучи брак и да формира семејство, односно немање доволно услови за егзистенција во општеството.

11