52
ОТЧЕТ за работата на градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Костадин Личков 2013-2017 www.cesinovo-oblesevo.gov.mk

OTCET6 embedcesinovo-oblesevo.gov.mk/.../OTCET6-embed-mobile-version.pdf · 2017. 9. 1. · ˜˚˛˝˚ ˙ˆ ˇˆ˘˜˚ˆ˚ˆ ˆ ˇˆ ˜ ˆ˛ˆ ˜˚ ˆ ˜ ˚ ˆ ˛˝ ˜ ˜-˜˘ ˝

  • Upload
    others

  • View
    0

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

  • ОТЧЕТза работата на градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево

    Костадин Личков2013-2017

    www.cesinovo-oblesevo.gov.mk

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    1

    Почитувани сограѓани,

    Изминатиот период работевме напорно и совесно со основна цел да ја направиме општина Чешиново-Облешево, пристојно место за живеење. Се трудевме да одиме чекор по чекор во остварување на зацртаните цели и остварување на зацртаното од програмата.

    Реализирани се поголем број на инфраструктурни проекти кои се од огромно значење за жителите. Работевме постојано на изработка на проекти кои се во насока на подобрување на условите во општината.

    Воден од основните принципи на чесност, одговорност и транспарентност во работењето, се трудев она што беше ветено од моја страна да биде исполнето во рамки на утврдените рокови.

    Свесен сум дека само со нови проекти, со залагање, работа и посветеност може да го оствариме сето она што е зацртано. Со секој решен проблем си обезбедувавме подобро утро за сите наши сегашни и идни генерации.Продолжуваме понатаму со работа во духот на создавање на вредности и дела, и општина со современи услови за живот!

    Срдечно ваш, Градоначалник

    Костадин Личков

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    2

    КОЛЕКТОР И САНИРАНИ СОБЛЕКУВАЛНИ НА ИГРАЛИШТЕТО ВО ЧЕШИНОВО

    Пред да започнат традиционалните Илинденски спортски игри-Чешиново 2013, соблекувалните на игралиштето во Чешиново беа во многу лоша состојба. По иницијатива на Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Костадин Личков направена е целосна санација на соблекувалните, како и поправка на оштетените делови на таванот, подот, тоалетите и туш кабините во соблекувалните на игралиштето. Со тоа беа обезбедени соодветни услови за потребите на играчите.

    За подобрување на условите на играчите оваа година играчите добија и нов колектор за топла вода. Со колекторот им се овозможува на играчите да имаат топла вода и по завршувањето на натпреварите да ја користат за туширање и секогаш кога ќе имаат потреба.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    3

    АСФАЛТИРАНА КОЛСКО-ПЕШАЧКА УЛИЦА И ПРИСТАПНА ПАТЕКА ВО ОБЛЕШЕВО

    Во с. Облешево е реализиран проектот за изградба на колско-пешачката улица, поддржана од Бирото за регионален развој - Министерство за локална самоуправа. Вкупниот износ на проектот изнесува 1.151.250.00 денари со ДДВ, од кои 804.642 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој - Министерство за локална самоуправа, а 346.608 ден. се обезбедени од буџетот на општината Чешиново-Облешево.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    4

    ИЗГРАДБА НА МОСТ НА РЕКАТА ЗЛЕТОВИЦА КАЈ С.ЖИГАНЦИ

    Изграден е мост на река Злетовица со кој се решава долгогодишниот проблем на жителите на селата Жиганци и Пишица за поврзување на двете страни, кои се наоѓаат покрај реката Злетовица. Овој мост е од регионална важност, како за жителите на општината Чешиново–Облешево, така и за општината Пробиштип. Објектот е долг 31 метар, широк 5 метри, а има носивост над 15 тони. Вредноста на проектот изнесува 9.558.000.00 денари, од кои 8.100.000.00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а останатите 1.458.000.00 денари се од Буџетот на општината Чешиново-Облешево.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    5

    ТАМПОНИРАЊЕ НА ПАТОТ ЧИФЛИК-ЧЕШИНОВО

    Тампониран е патот Чифлик-Чешиново во должина од 400 м.

    КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С.КУЧИЧИНО

    Со изградбата на оваа канализацијата се реши проблемот на жителите на ова населено место. Вкупната вредност на овој проект е околу 276 илјади евра кои беа обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    6

    ПОСТАВЕНИ ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ

    Со помош на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Општина Чешиново-Облешево го реализира проектот од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година, со поставување на 64 Информативни табли за културни и природни знаменитости на Општина Чешиново-Облешево.

    ОГРАДУВАЊЕ НА ОПШТИНСКАТА ДЕПОНИЈА КАЈ БУКЕВСКИ ДОЛ

    Со оградувањето на оваа депонија се реши проблемот со дивите депонии. Со ова се доби централизирано место каде ќе се складира отпадот.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    7

    РЕНОВИРАЊЕ НА ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО С.ОБЛЕШЕВО

    Реновиран е дневниот центар за стари лица во Облешево. Со реновирањето се обезбедија подобри услови за престој во дневниот центар

    ПРОЕКТ „НАРОДНА КУЈНА“

    Општината Чешиново-Облешево го реализира проектот „Народна кујна“ со делење храна на социјално загрозените корисници. Со овој проект на Владата на Република Македонија, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општината, десетина социјално загрозени корисници секојдневно добиваат топол оброк.За реализација на проектот, од страна на општината Чешиново-Облешево и градоначалникот Костадин Личков задолжено е лице, кое секојдневно ќе се грижи за дистрибуција на храната, како и за обезбедување садови во кои ќе се дистрибуира храната, а Министерството за труд и социјална политика ги обезбедува средствата потребни за подготовка на храната.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    8

    НАБАВКА НА НОВИ КОМПЈУТЕРИ И НОВА КОМПЈУТЕРСКА ОПРЕМА

    За потребите на општинската администрација, набавени беа нови компјутери и нова компјутерска опрема како скенери, печатачи и сл. Станува збор за компјутери со солидни перформанси кои ќе им овозможат на вработените поефикасно да ги извршуваат своите секојдневни обврски.

    АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТОБЛЕШЕВО-ЧИФЛИК

    Изграден е локалниот пат Облешево-Чифлик во должина од 1612 м. Сретствата за асфалтирање на 1262 м се обезбедени од страна на Европската Банка, додека за преостанатите 350 м сретствата се обезбедени од буџетот на општината.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    9

    ИЗГРАДЕН ДЕЛОТ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТТЕРАНЦИ-ВИДОВИШТЕ

    Изграден е патот Теранци-Видовиште. Патот е во должина од 4 км и истиот е од големо значење за двете општини кои ги поврзува, општина Чешиново-Облешево и општина Зрновци. Со овој пат ќе се подобри пристапот на сите села што гравитираат во подножјето на Плачковица. Оваа делница го скратува патот за неколку десетици километри. Ако жителите од село Теранци досега мораа да патуваат 30 км за да стигнат до Видовиште, сега ќе можат да стигнат за 4км.

    Почитувани сограѓани,

    Изминатиот период работевме напорно и совесно со основна цел да ја направиме општина Чешиново-Облешево, пристојно место за живеење. Се трудевме да одиме чекор по чекор во остварување на зацртаните цели и остварување на зацртаното од програмата.

    Реализирани се поголем број на инфраструктурни проекти кои се од огромно значење за жителите. Работевме постојано на изработка на проекти кои се во насока на подобрување на условите во општината.

    Воден од основните принципи на чесност, одговорност и транспарентност во работењето, се трудев она што беше ветено од моја страна да биде исполнето во рамки на утврдените рокови.

    Свесен сум дека само со нови проекти, со залагање, работа и посветеност може да го оствариме сето она што е зацртано. Со секој решен проблем си обезбедувавме подобро утро за сите наши сегашни и идни генерации.Продолжуваме понатаму со работа во духот на создавање на вредности и дела, и општина со современи услови за живот!

    Срдечно ваш, Градоначалник

    Костадин Личков

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    10

    АСФАЛТИРАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ НА МОСТОТ СО ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКИОТ ПАТ ВО С.ЖИГАНЦИ

    Извршено е асфалтирање на патот кој го сврзува новоизградениот мост во с.Жиганци со веќе постоечкиот пат во должина од околу 300м. Со тоа се решава проблемот на жителите за да пристапат до земјоделските површини кои се наоѓаат од другата страна на мостот за извршување на своите активности.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    11

    ДОГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОБЛЕШЕВО

    Доградена и реконструирана е детската градинка во Облешево. Со тоа ќе се подобрат условите за работа на вработените а воедно и децата ќе добијат пријатно катче за секојдневните активности. Новите простории се на површина од околу 160 м2 и се наоѓаат веднаш до постојната зграда чиј што капацитет не беше доволен за згрижување на децата од предшколска возраст. Новиот објект е модерен и функционален и првичниот капацитет на новата градинка за целодневен престој изнесува 50 дечиња. Сретствата се обезбедени од страна на Министерството за труд и социјална политика.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    12

    ДОИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНЕН СИСТЕМ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ОБЛЕШЕВО

    Во населено место Облешево извршена е доизградба на канализациониот систем за отпадни води.Вкупната инвестиција е 3.345.554 денари. Дел од сретствата се обезбедени од Швајцарската амбасада преку Швајцарскиот секретаријат за економски работи (SECO) и тоа 1.896.595 денари додека останатите 1.448.959 денари се обезбедени од буџетот на Општина Чешиново-Облешево.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    13

    ИЗГРАДЕНО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОБЛЕШЕВО

    Изградено е повеќенаменско спортско игралиште во Облешево. Димензиите на ова игралиште се 42.10/25.10 м. Игралиштето има рекреативни терени за мал фудбал, ракомет и кошарка со сите пропратни елементи како клупи за одмор ,четири коша, два гола и осветлување. Повеќенаменското спортско игралиште е дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава. Изградбата ја финансира Агенцијата за млади и спорт.

  • Со оградувањето на оваа депонија се реши проблемот со дивите депонии. Со ова се доби централизирано место каде ќе се складира отпадот.

    ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    14

    ЗАВРШЕНА ПРВА ФАЗА ОД ХОРТИКУЛТУРНОУРЕДУВАЊЕ НА ЧЕШМАТА ВО С.БАЊА

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    15

    НОВИ ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВООПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“

    Поради потребата за ознаки за тоа каде започнува а каде завршува општината, по иницијатива на градоначалникот на општина Чешиново-Облешево изработени се информативни табли „Добредојдовте во Општина Чешиново-Облешево“.

  • Изграден е локалниот пат Облешево-Чифлик во должина од 1612 м. Сретствата за асфалтирање на 1262 м се обезбедени од страна на Европската Банка, додека за преостанатите 350 м сретствата се обезбедени од буџетот на општината.

    ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    16

    РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ОПШТО-КОРИСНА РАБОТА ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

    Реализиран беше проектот за општо-корисна работа во општина Чешиново-Облешево „Грижа за стари лица-вонинстутоционално згрижување на лица во Општина Чешиново-Облешево“. За таа цел општината обезбеди три лица кои ги реализираа активностите кои беа предвидени со овој проект.

    ПОМОШ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО КОЕ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-

    ОБЛЕШЕВОВо текот на месец февруари 2015 година општина Чешиново-Облешево беше зафатена со едни од најголемите поплави во нејзината историја. Голем број на куќи беа поплавени и без вода и можност да ги извршуваат секојдневните активности. По иницијатива на градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков секојдневно во полавените подрачја се доставуваше вода, хигиенски сретства и основни добра.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    17

    АКТИВНОСТИ ВО ОУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ОБЛЕШЕВО

    По 67 години, учениците и наставниците од ОУ „Климент Охридски“ од Облешево имаат на располагање современ санитарен јазол во состав на училишната зграда.

    - Реконструкција на под (поставен нов ламинат) во ПУ Кучичино, ПУ Теранци и во три училници во Облешево - Реконструкција на училишниот ходник (поставување на плочки, замена на прозори и белење) во Облешево- Реконструкција на спортската сала „Никола Карев“ (сменети 24 рефлектори од 240W со лед светилки од 50W, замена на старите и оштетени седишта на трибините)- Поставен ламинат во малата спортска сала во Облешево- Реконструкција на училишниот ходник во ПУ Чифлик- Реконструкција на таван во канцеларии и библиотека во Облешево.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    18

    ОБЕЗБЕДЕНИ САДОВИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДНА ХАРТИЈА

    Во соработка со Друштвото за управување и пакување со отпад ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани набавени беа четири нови садови за отпадна хартија и пластика. Садовите за селекција на отпадна хартија се поставени на најнеопходните места во Облешево и Чешиново . Исто така во соработка со ЕКО ПАК ХИТ извршено е и брендирање на камиончето за смет на ЈПКД „Облешево“.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    19

    ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА РЕКА ЗЛЕТОВИЦА КАЈ С.ЖИГАНЦИ

    ПО 60 ГОДИНИ ИСЧИСТЕНА БЕШЕ КОЧАНСКА РЕКА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    20

    ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

    Потпишан е договор за меѓуопштинска соработка за користење односно снабдување на жителите на Чешиново –Облешево со вода за пиење од КЈП Водовод – Кочани. Со овој договор ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдување на четири населени места од општината.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    21

    ИЗРАБОТЕН ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА ИСТОРИСКИ ПАРК „НИКОЛА КАРЕВ“

    По повод 110 годишнината од смртта на Никола Карев, како заеднички проект на општините Чешиново-Облешево, Кочани и Пробиштип, изработен е идеен проект за историски парк „Никола Карев“ кај месноста Свиланово, с.Рајчани. На местото кај постоечкиот споменик треба да изникне нов, современо осмислен парк кој ќе претставува туристичка атракција а воедно и пријатно место за одмор и рекреација.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    22

    ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛИТЕ ЗА НАВОДНУВАЊЕ И ОДВОДНУВАЊЕ

    Како последица од поплавите кои ја зафатија општина Чешиново-Облешево предизвикани беа оштетувања на каналите за наводнување и одводнување на земјоделските површини што придонесе за нивна нефункционалност. Од страна на градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево и со поддршка од Владата на Република Македонија преземени беа активности за чистење на каналите за нивно непречено функционирање.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    23

    ИЗГРАДБА НА МАЛ МОСТ КАЈ МЕСНОСТА КОРИТАРСКИ ДОЛ ВО С.СОКОЛАРЦИ

    Со средства издвоени од Буџетот на општина Чешиново-Облешево изграден е армиран бетонски пропуст, односно мал мост на локалитетот Коритарски дол во близина на гробиштата во село Соколарци. Изградбата на овој мост беше неопходна бидејќи преминувањето од едната на другата страна од Долот во моменти кога имаше големи надојдувања на вода беше значително отежната. Фирма изведувач на работите беше “Примаградба“ од Штип.

  • Во текот на месец февруари 2015 година општина Чешиново-Облешево беше зафатена со едни од најголемите поплави во нејзината историја. Голем број на куќи беа поплавени и без вода и можност да ги извршуваат секојдневните активности. По иницијатива на градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков секојдневно во полавените подрачја се доставуваше вода, хигиенски сретства и основни добра.

    ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    24

    ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ САЕМ ВО НОВИ САД, Р.СРБИЈА

    По одлука на Советот на општина Чешиново-Облешево , и во организација на општината и градоначалникот Костадин Личков, на земјоделците од нашата општина им беше пружена можност да го посетат Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад .Земјоделскиот саем во Нови Сад е најголем регионален саем и една од најмасовните манифестации од областа на аграрот во Источна Европа кој се одржа од 09 до 15мај 2015 год.Земјоделците од Чешиново-Облешево имаа можност бесплатно да се едуцираат а исто така и да се запознаат со нови напреднати земјоделски техники и технологии.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    25

    ИЗГРАДБА НА МОСТ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р2342КАЈ С.ЖИГАНЦИ

    Во близина на с.Жиганци на дел од регионалниот пат R2342 делница Жиганци-Пишица изграден е нов мост.Изградбата на овој мост е исто така од стратешко значење за сите жителите од општина Чешиново-Облешево бидејќи со него тие сообраќајно се поврзуваат со соседната општина Пробиштип.Со тоа ќе се намали растојанието што треба да го поминат жителите од Жиганци, Соколарци и другите села од овој регион, а воедно и ќе можат побрзо да стигнат до Пробиштип и останатите населени места.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    26

    АСФАЛТИРАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ R2342 НА ПОТЕГОТ ЖИГАНЦИ-ПИШИЦА

    По изградбата на мостот на регионалниот пат R2342 кај населеното место Жиганци во општина Чешиново-Облешево пристапено е кон асфалтирање на дел од регионалниот пат R2342 на потегот Жиганци-Пишица. Се работи за делница долга околу 1,5 километар која поминува по новоизградениот сообраќаен мост преку Злетовска Река. Широчината на асфалтниот коловоз изнесува 5 метри, со по половина метар помошна земјена површина од двете страни. Средствата за изградба и асфалтирање на патот се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.

    ПОСТАВУВАЊЕ НА СООДВЕТНА ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА

    РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ R2342 По изградбата на овој патен правец, извршено е поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација на регионалниот пат R2342 на потегот од Жиганци до Пишица. Овој патен правец е од огромно значење за жителите на Општина Чешиново-Облешево. Со истиот се скратуваат изминатите километри до соседната Општина Прибиштип..

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    27

    АСФАЛТИРАЊЕ НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ЧЕШИНОВО

    За подобрување на условите за изведување на спортските активности на учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ , извршено е асфалтирање на фудбалско и кошаркарско игралиште во подрачното училиште во с.Чешиново. Извршено е целосно отстранување на асфалтниот слој од претходните игралишта и на нивно место извршено е поставување на нов алфалтен слој и на нови спортски реквизити .

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    28

    ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ОБЛЕШЕВО

    Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Репубила Македонија извршена беше доградба и реконструкција на старите веќе постоечки простории и доизградени се нови со вкупен простор од 180 метри квадратни со што се обезбедува сместување за околу 50 дечиња. Од страна на МТСП направено беше и комплетно опремување на градинката со инвентар , мебел и основен дидактичко-игровен материјал. Со ова дечињата од Облешево и другите населени места од Општина Чешиново-Облешево конечно ќе добијат содветно место за згрижување.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    29

    ЗАМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ СВЕТИЛКИ СО НОВИ СОВРЕМЕНИ LED СВЕТИЛКИ

    Извршена беше замена на постоечките, конвенционални светилки со нови, современи LED светилки. Овој проект беше одобрен и поддржан преку „Програмата за зачувување на природата“ од Швајцарската агенција за развој и соработка.Координатор на програмата е Фармахем во партнерство на организацијата Helvetas Swiss Intercooperation. Со овој проект се опфатени најпрометните булевари во Општина Чешиново-Облешево: булеварите во Облешево и во Чешиново како и дел од улици во с.Уларци и село Спанчево.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    30

    ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО С.ЧИФЛИК

    Во населено место Чифлик завршена е изградбата на канализационата мрежа за отпадни води. Со изградбата на оваа канализациона мрежа е решен еден од долгогодишните проблеми на жителите од с.Чифлик.Примарната канализациона мрежа е со должина од 4690 метри. Примарната мрежа е со профил од 200-315 мм. Колекторот е со должина од 628 метри и истиот е со профил од 500 мм. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 16.423.830,00 денари. Сретствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    31

    ФОРМИРАН „ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ПРЕВЕНЦИЈА“ ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВОВо просториите на општина Чешиново –Облешево секој работен вторник со почеток од 09:00 до 15:00 часот работи службено лице на МВР Кочани. Овој вид на Информативен центар на МВР Кочани функционира како советодавно тело за превенција .Со отварањето на ваков вид на канцеларија - советодавно тело , Локалната самоуправа им излегува во пресрет на потребите на жителите од општината . На жителите од општина Чешиново-Облешево преку дирекни средби со службеното лице на МВР Кочани им се овозможува да решаваат превентивни проектни активности, решавање на конфликтни ситуации – локални проблеми на локално ниво, како и други активности кои ќе произлезат од соработката со заедницата и нејзините потреби и барања.

    САНИРАЊЕ НА БАНКИНИТЕ НА ПАТЕН ПРАВЕЦ ЧЕШИНОВО-СОКОЛАРЦИ И ПАТЕН ПРАВЕЦ

    ОБЛЕШЕВО-БАЊЕ

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    32

    ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ ЗА 11 НАСЕЛЕНИ МЕСТА ОД ОПШТИНАТА

    Проектот „Хортикултурно уредување на Општина Чешиново-Облешево“ опфаќа партерно уредување во 11 населени места од општината и тоа: Бања, Бурилчево, Жиганци, Кучичино, Облешево, Соколарци, Спанчево, Теранци, Уларци, Чешиново и Чифлик. Во основа тоа претставуваат мали плоштади каде жителите ќе можат да се рекреираат и да го поминуваат своето слободно време.На простор од по 35м2 извршено е поплочување и поставени се клупи за одмор .Вкупната вредност на проектот за изградба на Хортикултурно уредување за 11 населени места од општината изнесува 1.025.075,00 денари.Овој проект е подражан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    33

    ИЗГРАДБА НА ПОТПОРЕН ЅИД ВО С.СПАНЧЕВО

    Извршена е изградба на потпорен ѕид над Ободниот канал во с.Спанчево. Овој канал се наоѓа во непосредна близина на основното училиште во Спанчево. Со надојдување на вода во каналот се предизвикуваше одронување на дел од земјиштето на улицата „1мај“ а со самото тоа беше предизвикано и отежнато движење на жителите од улицата а исто така постоеше и ризик за нивно комплетно отсекување . По изградбата на првата фаза во која беше изграден ѕид со должина од 30 метри и висина од 2 метри , продолжено е со изградба на дополнителни 40метри должина и 2метри висина, за кои општина Чешиново-Облешево издвои средства во висина од 244.050,00 денари (без ДДВ).

  • По изградбата на овој патен правец, извршено е поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација на регионалниот пат R2342 на потегот од Жиганци до Пишица. Овој патен правец е од огромно значење за жителите на Општина Чешиново-Облешево. Со истиот се скратуваат изминатите километри до соседната Општина Прибиштип..

    ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    34

    КРПЕЊЕ И АСФАЛТИРАЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА

    Во соработка со ЈП „Македонија пат“ извршено е крпење и асфалтирање на ударните дупки на локалните патишта во Општина Чешиново-Облешево. Средствата за реализирање на оваа активност се издвоени од Буџетот на општина Чешиново-Облешево , како дел од програмата за санирање и одржување на патиштата . Со оваа активност опфатени се сите населени места од општината односно онаму каде што имаше потреба од итна интервенција. На овој начин општина Чешиново-Облешево ќе допринесе за да се подобри патната инфраструктура со што ќе се обезбеди и побезбеден сообраќај.

    ПОСТАВУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈАПоставена беше нова хоризонтална и вертикална сигнализација на магистралниотпат А3 кој минува низ с.Облешево. Поставени се сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот по главната улица а исто така се прави и регулација на сообраќајот на пристапните патишта кај основното училиште „Климент Охридски“ како и кај Општинската зграда во Облешево.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    35

    РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р2342

    Во соработка со ЈП „Македонија пат“ извршена е реконструкција на регионалниот пат Р2342, делница: Тркање-Бање-Соколарци. Со оваа активност беа опфатени нај оштетените делови од овој пат односно комплетно нов асфалт беше поставен на околу 1400м, додека на преостанатите места ќе биде извршено крпење на ударните дупки . После долги години конечно овој пат ќе биде реконструиран а со тоа значително ќе се подобри патната инфраструктура и ќе се обезбеди побезбеден сообраќај.

    ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА БЕЛЕЊЕ НА ПРОСТОРИИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

    ВО ЧЕШИНОВОСо средства од буџетот на Општина Чешиново-Облешево овозможено е белење на просториите во општинската зграда во Чешиново.

    УРЕДУВАЊЕ НА ПАРКОТ ВО С.ЧЕШИНОВООпштина Чешиново-Облешево во соработка со ООУ„Страшо Пинџур„ и МЗ Чешиново како и ЈПКД Облешево, спроведена е акција за уредување на паркот во с.Чешиново. Покрај вообичаените активности како косење и одржување на паркот посадени беа и цвеќиња во самиот парк. Целта на оваа активност е подигање на свеста кај најмладите за зачувување на парковите а со самото тоа и уредување на истите.

    РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРИБИНИ НА ИГРАЛИШТЕТО ВО С.ЧЕШИНОВО

    Извршена е реконструкција на трибините на фудбалското игралиште во Чешиново.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    36

    БЕСПЛАТЕН ЛЕТЕН ОДМОР ЗА 20 НАЈДОБРИ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНАТА

    За прв пат со средства издвоени од Буџетот на локалната самоуправа, најдобрите дваесет ученици од ООУ„Климент Охридски“ и ООУ„Страшо Пинџур “ од општина Чешиново-Облешево заминаа на бесплатен летен одмор во Дојран . Станува збор за учениците кои се покажале на многу држави натпревари и со својот успех придонесоа за афирмација на општината . Оваа активност се спроведува со цел за поголема мотивираност кај учениците за постигање на многу успеси во учењето .

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    37

    ИЗГРАДБА НА ПОТПОРЕН ЅИД ВО С.СОКОЛАРЦИ

    Во с. Соколарци извршена е изградба на потпорен ѕид покрај локалниот пат кај така наречениот селски дол. Оштетувањата на овој ѕид беа предизвикани како последица на обилните дождови и водотеци кои се случија во периодот од 12-14.03.2016 год., на територијата на општина Чешиново-Облешево кои предизвикаа оштетувања на локалниот пат во с.Соколарци и одрон на самото земјиште, Поради тоа неопходно беше да се изврши итна санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на патот кое предизвикуваше загрозено и небезбедно движење на луѓето.Изградбата на овој потпорен ѕид е со должина од околу 50метри и широчина од 27см. Средставата за изградба се обезбедени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево во вредност од 350.000,00 денари.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    38

    ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПНИ РАМПИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

    РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПОДОТ ВО ООУ СТРАШО ПИНЏУР

    Во ООУ Страшо Пинџур с.Соколарци, ПУ во Чешиново и ПУ Уларци извршена е реконструкцијата на подот.Реконструкцијата се состоеше во стругање и лакирање на паркетот во училниците и канцелариите. Беше опфатена површина од 554 м2.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    39

    ИЗГРАДБА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ БУРИЛЧЕВО-АРГУЛИЦА

    Беше изграден патниот правец Бурилчево-Аргулица. Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци. Изградбата на овој пат е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини и во меѓусебна соoбраќајна комуникација скратуваат 25 километри за поврзување со општина Штип. Со комплетно завршување на изградбата на овој пат жителите на Чешиново-Облешево добија нова сообраќајна делница кој ги поврзува со општина Карбинци и општина Штип.

    ИЗГРАДБА НА ПАТЕН ПРАВЕЦ ТЕРАНЦИ-КУЧИЧИНО

    Завршена е првата фаза од изградбата на патниот правец Теранци-Кучичино. Овој патен правец е од особено значаен за жителите од овие населени места.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    40

    ИЗГРАДЕН НОВ МОСТ КАЈ С.СОКОЛАРЦИ

    Со средства од Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите решен е значаен проблем на жителите од општината Чешиново-Облешево. На местото на стариот мост (пропуст), кој за време на поројните дождови во 2015 година беше сериозно оштетен, изграден е нов, модерен мост според современи стандарди. Со тоа, надминати се сериозните закани по безбедноста на населението за кои овој пат претставува многу важна и фреквентна комуникациска врска. „Овој мост е од извонредно значење за жителите на општината Чешиново-Облешево. За изградбата на мостот кај селото Соколарци од страна на Европската унија, издвоени беа околу 150 илјади евра. Покрај изградбата на овој тринаесет метарски мост, градежните работи вклучуваа и проширување и асфалтирање на патот.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    41

    НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ

    Општина Чешиново-Облешево набави нова механизација за чистење на улиците. Машината за чистење на улицитее набавена со финансиска поддршка од Германската Амбасадата е со вредност од 363.300,00 денари. Оваа машина веднаш по примопредавањето од претставниците на германската амбасада е дадена на користење на јавното претпријатие за комунални дејности „Облешево “.Со набавката на ваков вид на машина освен што се модернизира начинот на собирање на отпад и чистење на улиците се намалува и потребата од ангажирање на повеќе лица за вршење на истата работа. Со набавката на ваков вид на машина освен што значително ќе биде олеснета работата на јавното комунално претпријатие оваа машина ќе придонесе и за поголема безбедност во сообраќајот.

  • Поставена беше нова хоризонтална и вертикална сигнализација на магистралниотпат А3 кој минува низ с.Облешево. Поставени се сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот по главната улица а исто така се прави и регулација на сообраќајот на пристапните патишта кај основното училиште „Климент Охридски“ како и кај Општинската зграда во Облешево.

    ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    42

    ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД ВО С.ОБЛЕШЕВО

    По потпишувањето на договорот со КЈП „Водовод“ Кочани кој ќе ја снабдува општината Чешиново-Облешево со вода за пиење , кон крајот на декември 2016 започнаа градежни активности за изградба на Водоводна мрежа во Облешево . Изградбата на главната водоснабдителна линија е од особено значење за жителите на населено место Облешево како и за околните населени места Чифлик,Чешиново и Уларци кои исто така ке можат да се приклучат кон мрежата. Изградбата на водоводната мрежа е од клучно значење бидејки до сега единствен извор со кој жителите се снабдуваа со вода беа нивните сопствени бушотини кои претежно имаа хемиски неисправна вода за пиење . Изградбата на водоводната мрежа е во вредност од околу 250.000 евра.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    43

    ЗАПОЧНАТА Е ИЗГРАДБАТА НА ДВЕ УЛИЦИ ВО С.ТЕРАНЦИ

    Во општина Чешиново-Облешево во с.Теранци започнати се градежните активности за изградба на две улици. Улицата „Кемал Билалов“ и ул. „Богатин Вучков “ во с.Теранци ќе бидат поплочени со бекатон плочки со дебелини од 8см. Започнато е со порамнување и тампонирање на улиците кои во проектот е предвидено да бидат со широчина од 3,5метри. Средставата за изградба се обезбедени со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и средства издвоени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево. Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува околу 6.341.705,оо денари.

    Извршена е реконструкција на трибините на фудбалското игралиште во Чешиново.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    44

    ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦАВО С.КУЧИЧИНО

    Во завршна фаза се активностите за изградба на пречистителна станица за отпадни води во близина на с.Кучичино. Изведувач на проектот е ЕКО-ИНА од Хрватска. Активностите ги врши подизведувачот Алфа-Инженеринг од Радовиш. Изградбата на пречистителната станица е финансирана од Швајцарската амбасада преку Проектот за управување со речниот слив на река Брегалница. Вредноста на проектот изнесува 23.244.544 денари. Со оваа пречистителна станица ќе се овозможи третирање на отпадните води, со што ќе се намали загадувањето на водите на реката Брегалница.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    45

    ПОСТАВЕН ЈАРБОЛ ВО ОБЛЕШЕВО

    Во Облешево поставен беше јарбол со висина од 30 метри за истакнување на државното знаме.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    46

    НОВИ АВТОБУСКИ ПОСТРОЈКИ

    На територијата на Општина Чешиново-Облешево поставени беа нови автобуски постројки. Со реконструкција на постоечките и поставување на комплетно нови автобуски постројки опфатени беа автобуските стојалишта покрај магистралниот пат Кочани –Штип , односно по делницата која ги опфаќа населените места Облешево, Чифлик, Чешиново, Кучичино и Уларци. Со изградбата на новите автобуските постројки им излеговме во пресрет на барањата на жителите од нашата општина водејќи грижа за нивните реални потреби. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево .

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    47

    ИЗРАБОТЕНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА-Изработен е проект за фекална канализација со пречистителна станица во с.Бања.-Проект за водоснабдување во с.Облешево-Проект за водоснабдување с.Чифлик-Проект за изградба на 3 улици во с.Теранци (ул. „Стојан Јакимов“, ул. „Кемал Билалов“ и ул. „Богатин Вучков“.-Проект за фекална канализација с.Чифлик-Преработка на проект за фекална канализација с.Соколарци и преттретман на фекалната канализација- Изработка на проект за изведба на бунар за подобрувањена водоснабдување на с.Спанчево со изведба на цевковод за поврзување на бунарот со резервоар- Подготвување на документација за водовод во с.Уларци-Проект за пречистителни станици за отпадни води во Уларци и Соколарци.-Проект за фекална канализација во с.Теранци-Проект за фекална канализација во с.Уларци-Проект за регулација на суводолица во с.Спанчево.-ЛУПД (Локална урбанистичка планска документација) за пречистителна станица за отпадни води во с.Кучичино.-АУП (Архитектонско-урбанистички проект ) за пречистителна станица за отпадни води во с.Кучичино.-АУП Архитектонско-урбанистички проект ) за поделба на парцела на помали делови со намена Е2-комунална супраструктура за месност викана „Св.Атанас“.-Во тек е изработката на ЛУПД за пречистителна станица за отпадни води во с.Чифлик.-Изработка на геодетски елаборати за нумерички податоци за фекални канализации и други инфраструктурни проекти.-Изработка на елаборати за заштита на животна средина.-Изработка на урбанистички планови за три населени места и тoa за: Облешево, Чифлик и Чешиново.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    48

    ИЗРАБОТЕНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА-Проект за ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во с.Чешиново-Проекти за повеќе улици во поголемиот дел од селата во Општина Чешиново-Облешево (Бање, Спанчево, Соколарци, Жиганци, Уларци, Облешево, Чифлик, Кучичино, Бурилчево).-Геодетски елаборати за повеќе улици во поголемиот дел од селата во Општина Чешиново-Облешево (Бање, Спанчево, Соколарци, Жиганци, Уларци, Облешево, Чифлик, Кучичино, Бурилчево).-Преработен проект за фекална канализација во с.Спанчево.-Проект за реконструкција на селски чешми-Проект за пешачка патека во с.Чешиново-Проекти за атмосферска канализација во Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци.

    РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ-Изградба на бунар за подобрување на водоснабдување на с.Спанчево со изведба на цевковод за поврзување на бунарот со резервоар.-Изградба на улица „Стојан Јакимов“ во с.Теранци.-Изработка на техничка документација за спа центар во с.Бања и изградба на пешачки патеки, партерно уредување.- Реконструкција на кров во ПУ „Страшо Пинџур“ во Чешиново.-Приклучување на водоводен систем на Чифлик и Чешиново.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    49

    МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕН НА ШТРКОТ“

    Секоја година по иницијатива на градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево се организираше манифестацијата „Ден на штркот“. Штркот е еден од симболите на Општина Чешиново-Облешево. Целта на настанот е преку едукативни игри и цртежи да се допре до помладите на нашата општина за значењето и грижата за заштитата на штрковите.

    ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИТрадиционално секоја година по повод празникот „Илинден“ се одржуваат „Илинденските спортски игри“ во Чешиново. Главен покровител на игрите е Општина Чешиново-Облешево. До 2013 година се организираше само фудбалски турнир. По иницијатива на градоначалникот беа воведени и турнирите во шах и велосипедизам.

  • ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 2013-2017

    50

    НОВ ГРБ И НОВО ЗНАМЕ НА ОПШТИНАЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

    Нов грб на Општина Чешиново-Облешево

    Ново знаме на Општина Чешиново-Облешево

  • ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВОУл.”Маршал Тито” бр.17, 2301, Облешево

    Тел/фах: 033/351770; 351933email: [email protected]

    www.cesinovo-oblesevo.gov.mk