9
Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Факултет за медицински науки Семинарска работа по предмет: Микробиологија со паразитологија 2 Тема: Plasmodium 0

Plasmodium

Embed Size (px)

DESCRIPTION

aaa

Citation preview

Page 1: Plasmodium

Универзитет “ ГоцеДелчев” – Штип Факултет замедицински науки

Семинарска работа по предмет:

Микробиологија со паразитологија 2

Тема: Plasmodium

Ментор: Изработил:Проф. Д-р Васо Телески Петар Стојановиќ бр.индекс 15614

Штип, Јануари 2013

0

Page 2: Plasmodium

Plasmodium е интраклеточен паразит. Родот Plasmodium предизвикува маларија. Денес маларијата е една од најсмртоносните болести во светот бидејќи од неа годишно заболуваат од 300-400 милиони, а стапката на морталитет се искашува и до 2 милипни луѓе, од кои 90% од случаите се во субсахарска Африка.

Женката од еден вид тропски комарец - Anopheles, која со убод го внесува паразитот во човекот е преносник и на самата болест. Бидејќи ларвите на комарецот сè до излегувањето од лушпата се наоѓаат под вода, главно вомочуришта, маларијата е најраспространета во мочуришните подрачја. Паразитот се размножува во црените крвни клетки, и ги предизвикува симптомите, а во најтешките случаи предизвикува кома и смрт.

Преносот на инфекцијата настанува по крвен пат преку:         - Убод од инфициран комарец (род Anopheles);         - За време на бременост при оштетена плацента;         - За време на раѓање при мешање на крвта на мајката и на плодот;         - При трансфузија од болен човек или паразитоносител, и преку загадени шприцеви и игли.

Маларијата е предизвикана од различни видови на родот Plasmodium. Има вкупно четири видови од овој паразит и секој има свои специфичности, без оглед дали се работи за реакција на медикаменти или според локацијата во организмот по инфекцијата, но и според ефектите што ги има по здравјето на човекот.

1

Page 3: Plasmodium

- Plasmodium falciparum - е вид кој географски се простира во тропските и субтропските подрачја, односно околу Екваторот. Инфекцијата со овој паразит може да го загрози животот на заболениот во текот на неколку дена од влегувањето на паразитот во организмот, а кај паразитот постои отпорност на повеќето достапни медикаменти, така што терапијата мора да биде комбинирана.- Plasmodium vivax - 40% од вкупнипт број на случаи, може да ги инфицира и хепарните клетки - Plasmodium malariae - 10% од вкупниот број на случаи, со чести relapses - Plasmodium ovale - најмалку застапен

Можат да се најдат во сите тропски региони во светот, со исклучок на Plasmodium ovale кој е најден само во западна Африка. Plasmodium vivax и P. malariae можат да се сместат во црниот дроб на човекот, што може да предизвика дополнителни компликации и да бара дополнителен медицински третман.

Животен циклус на плазмодиумот и патогенеза на маларијатаПлазмодиумот, во текот на неговиот мошне сложен животен циклус минува

низ значајна серија на развојни и фази на зреење. Женките комарци Anopheles, кои се хранат со крв, служат како вектор за плазмодиумот и дел од животниот циклус на паразитот се случува во комарецот. Бидејќи мажјаците комарци Anopheles се хранат со соковите на растенијата, тие не пренесуваат плазмодиум.Човечката инфекција започнува кога спорозоитите, една од фазите на плазмодиумот, навлегуваат во крвотокот на лицето кога заразениот комарец цица крв. За 30 минути, спорозоитите исчезнуваат од крвта и се преселуваат во црниот дроб, каде ги инфицираат хепатоцитите.Спорозоитите се долги, тенки клетки кои се покриеи со 45 kDa протеин наречен циркумспорозоитен (ЦС) противген, кој посредува при адхезијата на хематоцитите. Поврзувачкото место на ЦС противгенот е конзервирано подрачје на карбоксилниот крај кој има висок степен на секвенцна хомологија со познати клеточни адхезивни молекули.

Во црниот дроб, спорозоитите се размножуваат брзо и претрпуваат сложена серија на трансформации кои кулминираат со создавање и ослободување на мерозоитите за една недела. Проценето е дека црнодробниот хепатоцит заразен со еден спорозоит може да ослободи 5000 до 10000 мерозоити. Ослободените

2

Page 4: Plasmodium

мерозоити ги инфицираат црвените крвни клетки и ги поттикнуваат симптомите и патологијата на маларијата. Во црвените крвни клетки, мерозоитите се размножуваат и претрпуваат последователни диференцијации; со текот на времето клетката руптурура и ослободува нови мерозоити, кои инфицираат поголем број црвени крвни клетки. Подоцна, дел од мерозоитите се диференцираат на машки и женски гаметоцити, кои можат да бидат проголтани од женската Anopheles за време на цицањето крв. Во цревата на комарецот, машките и женските гаметоцити се диференцираат во гамети кои се спојуваат и создаваат зигот, кој во плунковата жлезда се размножува и диференцира во спороит. Сега заразениот комарец е подготвен за повторно да го започне циклусот.

Реакција на домаќинот на инфекција со плазмодиумВо подрачјата каде маларијата е ендемична, имуниот одговор на

плазмодиум инфекцијата е слаб. Децата помлади од 14 години создаваат најслав имун одговор и според тоа најверојатно ќе добијат маларија. Во некои подрачја, во детството стапката на смртност од маларија достигнува 50%, а низ светот, болеста убива околу еден милион деца годишно. Нискиот имун одговор против плазмодиумот кај децата може да се покаже преку мерење на серумските нивоа на противтела на спорозоитна фаза. Само 22% од децата кои живеат во ендемичните области имаат забележливи противтела на спорозоитната фаза, додека 84% од возрасните имаат такви противтела. Сепак, дури и кај возрасните, степенот на имунитет е далеку од целосен, а повеќето луѓе кои живеат во ендемичните подрачја имаат доживотно ниско ниво на плазмодиумски инфекции.Голем број на фактори можат да придонесат за ниските нивоа на имуна реактивност кон плазмодиумот. Промените при зреење од спорозоит до мерозоит и гаметоцит му овозможуваат на организмот постојано да ги менува површинските молекули, што доведува до постојани промени на противгените видени од имуниот систем. Внатреклеточните фази од животниот циклус во црнодробните клетки и црвените крвни клетки исто така го намалуваат степенот на имуна активација која ја создава патогенот и му овозможуваат на организмот да се размножува додека е заштитен од напад. Покрај тоа, најпристапната фаза спорозоитот, циркулира во крвта само околу 30 минути пред да ги инфицира хепатоцитите; не е веројатно дека во толку краток период ќе настане толку ефикасна имуна активација. Дури и кога се развива противтелен одговор на спорозоитите, плазмодиумот развил начин за надминување на одговорот преку отфрлање на површинската ЦС-противгена обвивка и на тој начин противтелата ги прави неефикасни.

Клиничката слика на маларијата е тесно поврзана со развојната фаза на паразитот кај човекот. Инкубацијата во просек е од 12 до 14 дена, првите симптоми можат да се јават 7-14 дeна или дури и 8-10 месеци по внесувањето на паразитот. Тоа многу зависи и од имунитетот, па можат да се забележат и случаи на потполн имунитет, кој е стекнат со текот на времето. Почетната треска трае 15 минути до еден час. Истата започнува кога генерацијата на паразитот во делба ке доведе до прскање на еритроцитот и притоа се ослободуваат во крвта. Мачнината и треската се пропратни симптоми. Потоа следува фебрилен стадиум кој трае

3

Page 5: Plasmodium

неколку часа со висока температура од 39°С до 40°С. Со паѓање на температурата, се јавува потење, а со тоа се завршуваат пароксизомите. Шизогонијата на Plasmodium vivax и Plasmodium ovale трае 48 часа (malaria tertiana). Кај Plasmodium malariae развојот трае 72 часа (malaria qvartena). Plasmodium falciparun предизвикува треска од најмалку 40°С, силна главоболка, поспаност, делириум и конфузија и може да биде помешана со грип. Потешка е од другите видови, и може да предизвика вртоглавица, церебрална маларија и ренална инсуфициенција и може да биде фатална во рок од 48 часа од почетокот на симптомите, ако не се лекува. Обично, ако маларија не се лекува, доаѓа до лесна жолтица, хипогликемија, а црниот дроб и слезината се зголемени.

ПлазмодииИнкубационен

периодВид маларија Малароидни напади на:

P. falciparum7-30 дена (90%)подолго (10%)*

Malaria tropica нерамномерни

P. malariae 16-50 дена Malaria quartana 72 часа

P. ovale12-18 дена

подолго (10%)*Malaria tertiana 48 часа

P. vivax12-18 дена

подолго (10%)*Malaria tertiana 48 часа

Дијагноза - материјалот може да се дијагностицира со идентификација на паризитот во еритроцитите кај пациенти со симптоми. Материјал кој се користи во дијагнозата на маларија е: периферна крв,пунктат од коскената срцевина и црниот дроб. Дијагнозата може да биде паразитолошка, серолошка и биолошка. - Паразитилошка дијагноза се поставува со испитување на периферна крв земена за време на нападот или во интервал меѓу двата напади. Се прават два вида препарати кои се бојат според Гимза: крвна размаска која претходно се фиксира со метил алкохол или густа капка која пак не се фиксира пред боењето. Плазмодиумите се гледаат во стадиум на прстенче, амебоид, шизонт и гаметоцит во еритроцитите (крвна размаска) или слободни (густа капка). За брза дијагноза на маларија, се користи тест за откривање на антиген, со кој се детектира протеин на трофозоит во крвта (ParaSeight-F тест).- Серолошката дијагноза (IFAT, IHA и ЕЛИСА тест) се користи во епидемиолошки студии и за дијагноза на маларија кај пациенти кои користат антималарична терапија.- Биолошките експерименти врз мајмуни можат да биде скапи и се користат во истражувања на патогенезата, имунолошките реакции, терапијата и профилаксата.

4

Page 6: Plasmodium

  Профилактика - Во однос на изворот на зараза - рана дијагноза и третман на болните и

заразоносителите и диспансердки надзор;         - Во однос на преносителите: борба против ларвите, одводнување на мочуриштата, уништување на комарци;         - Индивидуална превенција - спречување на убоди од комарци:* Мрежи за комарци на прозорците и вратите, креветски мрежи (по можност импрегнирани со перметрин), кои треба да бидат подвиткани под леглото.Користење на инсектициди во местата за живеење, особено во спалните.* Носење облека со светли бои, која ја покрива кожата во периодот помеѓу са-мрак и зора. Алиштата треба да се третираат со перметрин, кој опстојува не-колку перења и не ги уништува.* Репеленти (diethyltoluamid) треба да се мачкаат на откриената кожа при изле-гување надвор во мрак..         - Ако патувате во странство - посетете вашиот лекар или паразитолог за да добиете насоки за заштита од маларија; набавате и земете ги со себе препорачаните препарати за хемиопрофилактика и за лична доза во итни случаи. При враќање од странство повторно посетете го вашиот лекар и го кажете дека сте се вратиле од тропска земја; при секоја температурна состојба во период до три години по враќањето веднаш побарајте медицинска помош.

ЛекувањеТретирањето на оваа болест со соодветни лекови зависи од видот на

Plasmodium кој е присутен во организмот на човекот, концентрацијата на самиот паразит во крвта, како и отпорноста на паразитот на некои од лековите. Правилната терапија со лекови против маларија по 48 часа ги отстранува сите симптоми на болеста, а веќе по 3-4 дена паразитот е отстранет од крвотокот.Постои низа најразлични лекови кои се користат како за превенција, така и за третман на болеста (најпознат секако е кининот), а меѓу нив најефикасни и најпознати се Chloroquine, Mefloquine, Doxycycline, Primaquine, Malarone, најчесто користени во превентивни цели.Следниве лекови можат да се користат за лекување на маларијата:Plasmodium falciparum- quinin сам или во комбинација со doxycyclin- mefloquin

5

Page 7: Plasmodium

- комбинација на atovaquon и proquanil- деривати на artemisin сами или во комбинација Plasmodium ovale, P. vivax, P. malariae- chloroquin- primaquin за ерадикација на hypnozoit формите на plasmodium vivax и ovale- по лекувањето со chloroquin.За да се спречат рекуренците, односно повторната појава на истата болест, во терапијата се вклучува и Primaquine, кој ќе го спречи повторниот развој на паразитот, посебно на видовите P. ovale и P. vivax.

Поврзани докази- SPf66 вакцината може да обезбеди умерена заштита (околу 25%) од маларија предизвикана од Plasmodium falciparum malaria, меѓутоа користа од вакцинацијата е проценувана во студии надвор од Африка - Во областите каде што хлорокинот и амодијакинот се сè уште ефикасни, наспроти извесниот степен на појава на резистенција, користењето на овие лекови во комбинација со сулфадоксин-пириметамин може побрзо да доведе до олеснување на симптомите и уништување на паразитот, во споредба кога би се користеле поединечно.- Parasight F тестот може да биде користен за дијагноза на маларијата, но не можеда ја замени микроскопијата.- Artemether-lumefantrin е поефикасен од клорокинот при лекувањето на маларијата во областите резистентни на клорокин. Artemether-lumefantrin е помалку ефикасен од мефлокинот или комбинацијата од мефлокин+артесунат - Амодијакинот е поефикасен од клорокинот за очистување на паразитот, но изгледа не е поефикасен од сулфадоксин/пириметамин - Режимот со висока прва доза изгледа го смалува периодот на трески и темпера-тура и времето на очистување (исчезнување) на паразитот при тешката маларија- Chlorproguanil-dapson (3 дози, 2 mg) може да има некаква предност во однос насулфадоксин/пириметамин во лекувањето на маларијата, но се потребни допол-нителни студии. Потенцијалните несакани ефекти се почести при употреба наchlorproguanil-dapson.

6