18
Различноста е универзална вредност Студија на случај за компаниите „Даути Комерц“ АД и ЈП Комунална хигиена Изработена од Ментори: учениците од СУГС „Арсени Јовков“ - Скопје Анѓела Илеска Розита Закева Емине Хаџиу Шенаси Точи Анѓела Гоцевска Лазар Лазарески Емир Фетаи Дарко Каловски Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

Различноста е универзална вредност

Студија на случај за компаниите „Даути Комерц“ АД и ЈП Комунална хигиена

Изработена од Ментори:учениците од СУГС „Арсени Јовков“ - Скопје

Анѓела Илеска Розита ЗакеваЕмине Хаџиу Шенаси ТочиАнѓела ГоцевскаЛазар Лазарески Емир ФетаиДарко Каловски

Датум:Февруари 2013

Скопје

„Оваа активност е спроведена од страна на Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со МОЈА КАРИЕРА“

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Page 2: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

Содржина

1. Благодарност...........................................................................................................................3

2. Различноста е универзална вредност...................................................................................4

3. Опис на компанијата „Даути Комерц“ АД Скопје..............................................................5

4. Опис на компанијата ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје...................................................6

5. Разновидноста во компаниите...............................................................................................7

6. Методологија..........................................................................................................................9

7. Заклучок..................................................................................................................................9

8. Опис на случајот...................................................................................................................10

Анекси...........................................................................................................................................12

2

Page 3: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

1. Благодарност

Со особена чест и задоволство ја упатуваме оваа благодарност најпрвин до нашите професори (ментори), Розита Закева и Шенеси Точи кои нѐ поддржуваа и помагаа во текот на работењето на овој проект. Благодарност до менаџментот и вработените во АД „Даути Комерц“ и ЈП Комунална Хигиена за љубезното гостопримство и помошта и соработката кои ни ги овозможија, како и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Mоја кариера - Здружение за поддршка на кариерен развој, практикантство и помош при вработување без чија помош немаше да успееме да го реализираме целиот проект, немаше да стекнеме нови знаења и искуства и пријателства кои ќе продолжат да траат.

3

Page 4: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

2. Различноста е универзална вредност

Никогаш не можеме да направиме другите да мислат како нас. Сите имаме различен поглед на нештата. Доколку на две страни им се даде да го гледаат бројот шест, едната од нив ќе тврди дека е тоа навистна шест, а другата ќе вели дека е девет. Всушност тоа е бројот шест, но нашите различни погледи на него му даваат поинакво значење за секој од нас. Единственото решение е да се ставиме на местото на другиот и да погледнеме на нештата од друга преспектива, со очите на другиот за да добиеме претстава за тоа како изгледаат нештата од негова страна. Ова не е слабост како што го гледа мнозинството, напротив, ова е вредност која треба да се почитува. Да го прифатиш другиот таков каков што е, е особина на големите луѓе. На глобално ниво исто така се среќаваме со оваа појава, различни етнички заедници во рамките на една компанија. Како што вели Даг Конант, извршен директор на глобалната компанија Содексо „Ние се трудиме да бидеме компанија каде што луѓето од сите сфери со посветеност и напорна работа ќе го достигнат својот максимум и ќе бидат инспирирани да го постигнат најдоброто. Дознавме дека доколку го имаме вистинскиот тим тој ќе ни овозможи да работиме побрзо и поквалитетно. Нашите потрошувачи се различни и нашата работна околина мора да ја одразува различноста. Ако го направиме сето ова со одговорност и способност, почит, знаење и вештини ќе постигнеме успех на пазарот и во општеството, а воедно ќе го направиме светот подобро место за живеење. Нашата различност ни помага да бидеме разумни и сочувствителни кон луѓето.“ Ова укажува на тоа дека секој добар бизнисмен настојува да го прошири својот бизнис и тој да биде успешен. За таа цел му требаат квалитетни кадри кои ќе се бираат по способностите и знаењата кои ги поседуваат, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Една од најзначајните предности кои ги овозможува „различноста“ е полесно и поквалитетно комуницирање со потрошувачите. Сите луѓе независно од бојата на кожата, религијата на која ѝ припаѓаат, јазикот на кој што зборуваат и местото кое го заземаат во општеството имаат исти потреби. Постоењето на културни разлики меѓу луѓето е очигледно. Тие произлегуваат од нивната способност на различни начини да ги решаваат проблемите кои им ги поставува заедничкото живеење. Оттука произлегува барањето за почитување на културните разлики (културна толераниција). Проблемот настанува кога една група ќе почне да ги оценува културните разлики на другите групи како добри или лоши. Тоа води кон дискриминација, кон состојба кога правата и слободите кои ги бараме за себе им ги скратуваме на другите. Сето тоа доведува до конфликт, тогаш кога мнозинското население нема слух за решавање на барањата на малцинското население, кое на одредена територија од државата е мнозинско. Двете страни се упорни во своите настојувања, мнозинското - да не се напушта почетната состојба, а малцинското - во целост да се исполнат нивните барања. Таа состојба на краен антагонизам, не води кон решавање на проблемот, туку предизвикува конфликтна состојба. Во еден таков случај, почетниот проблем на малцинското население, (на пример: образование на мајчин јазик, дискриминација при вработување, верска нетолеранција и др.) станува проблем за решавање на мнозинското население. Треба сите заедно да се бориме за надминување на ваквите проблеми и да градиме

4

Page 5: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

соживот. Секој поединец, да влијае врз останатите за да се подигне свеста на населението за состојбата во која се наоѓаме и меѓусебните разлики кои ги поседуваме.Подготвувањето на учениците да живеат во мултикултурно општество, без да имаат негативни предрасуди кон другите етникуми и јазици се спроведува преку разновидните проекти кои се реализираат во училиштата. „Проектот го спроведуваме заради меѓуетничко зближување на децата, зголемување на меѓусебната толеранција и уривање на меѓуетничките бариери. Се обидуваме преку вакви проекти децата да ги надминуваат стереотипите и предрасудите, кои ги имаат. Родителите добро го прифатија проектот и го поддржуваат. Затоа што сме свесни и ние, возрасните, дека живееме во таква средина каде што мора да постои заедништво и градење на иднината во заедништво. Никако поинаку.“- Вера Станоевиќ, педагог во основното училиште „Кирил и Методиј“.

3. „ “ Опис на компанијата ДаутиКомерц АДСкопје

„Даути Комерц“ е акционерско друштво со седиште во Скопје и со примарна дејност увоз-извоз и продажба на производи.

Почетоците на компанијата биле пред 20 години во село Бојане, кога браќата Даут и Бесим Даути го создаваат претпријатието со првенствена идеја да биде семеен бизнис. На почетокот се занимаваат со дистрибуција, со посебен акцент на прехранбени производи во помали размери, сѐ до 1994 година кога одлучуваат да ја прошират својата дејност во регионот и пошироко. По неколку години во 1999 година „Даути Комерц“ прави трансформација во акционерско друштво. По неколкугодишната работа, компанијата станува лидер како на домашниот, така и на регионалниот пазар. Со свои претставништва првенствено во Македонија, а подоцна во Црна Гора, Косово и Албанија акционерското друштво го зголемува својот опсег на работење како компанија која брзо се прилагодува на условите кои ги диктираат новите пазари. Со тоа се остварува најголемата желба на основачите, а тоа е создавање на компанија која е функционална и ја оправдува довербата на клиентите во Македонија и во регионот користејќи најсовремени методи. Стратегијата која ја креираат за развој на „Даути Комерц“ се темели на здравата деловна политика која ја водат. Тоа им овозможува вклопување во трендовите на пазарот во зависност од неговиот карактер, целта и побарувачката која се темели врз стандардите ISO 2001, НАССР и Халал сертификација. Практикуваат стабилна врска со глобалните компании со стекнување лиценци за лансирање на новите производи. Компанијата има (CEMT) дозвола за слободен пристап на Европскиот пазар.

Претпријатието е поделено на повеќе сектори (анекс 1), а ова се само дел од нив:1. Финансиски сектор2. Правен сектор3. Маркетинг4. Сектор за комерцијални работи 5. Сектор за продажба

5

Page 6: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

4. ,, ” Опис на компанијата ЈП Комунална хигиена– Скопје

ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје е едно од најголемите претпријатија од комуналната област во Република Македонија. Основано е од Град Скопје и веќе долги години се грижат за одржување на јавната чистота во градот. Следејќи ги новитетите во областа на технологијата, истите ги ставаат на листата на приоритети, со што располагаат со најсовремената опрема која придонесува за поефикасно и поквалитетно извршување на работните задачи. Сето ова го прави ЈП ,,Комунална Хигиена” – Скопје лидер во областа на комуналната хигиена во државата.

Активности на ЈП „Комунална Хигиена“ подразбираат собирање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќнства и од корпите за отпадоци во градот Скопје, во три смени во текот на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Се опслужуваат преку 140 илјади домаќинства и десетици илјади стопански субјекти и институции од градските и од  руралните средини. Во депонијата „Дрисла“  годишно се транспортираат и депонираат  над 140 илјади тони комунален отпад, а дневно во просек по 400 тони од кои 100 тони се хартија и 50 тони пластика, а остатокот е друг отпад. Се извршува селекција на пакување и отпад од пакување (пластика, хартија и лименки) во над 250 наменски мрежасти контејнери поставени на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје и околу илјада сетови од по 4 наменски пластични канти лоцирани во јавни и образовни институции. Обработка и балирање на селектиран отпад во рециклажниот двор во населбата Карпош 3, каде се поставени специјални садови во кои граѓаните на Град Скопје можат да го одложат непотребниот кабаст, електронски, стаклен и метален отпад. Исто така се грижат и за одржување на хигиена на јавни сообраќајни површини на територијата на Град Скопје, нивно рачно и машинско миење и метење.Новитет во КХС се новите подземни контејнери кои се лоцирани на  улиците Максим Горки и Даме Груев, во строгиот центар на Скопје. Во рамки на проектот за инсталирање Систем за подземни контејнери во Градот Скопје, е предвидено поставување на вкупно 50 садови на 14 локации во општината Центар, три локации со по четири контејнери во општината Kисела Вода и три локации со по три контејнери во општината Чаир. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. 

Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина. ЈП „Комунална Хигиена“ располага со Стационар за згрижување на бездомни кучиња „Вардариште“, каде  успешно се спроведува Проектот за хуман третман на бездомните кучиња на подрачјето на градот Скопје, според програмата „Catch, neuter, release“ („Залови, стерилизирај, пушти“), осмислена од Светската асоцијација за заштита

6

Page 7: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA), а поддржана од Светската здравствена организација (WHO).

Исто така се организираат и Еко-патроли кои ги едуцираат граѓаните за начинот на постапување со комуналниот отпад, почитување на воспоставениот  комунален ред во градот, се со цел да се зачува здрава животна средина. Едукацијата на младата популација за правилниот однос кон хигиената и кон животната средина влијае позитивно, а целата идеја и нејзиното реализирање добива поддршка и организација на јавни манифестации од аспект на одржувањето на јавната хигиена. (анекс 2 – Сертификат за ISO 9001 : 2008)

Годишно КХС остварува профит од 74 милиони денари. ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје е поделено на 3 сектори:

1. Комунална Хигиена и Механизација

2. Финансиски прашања, Правни кадри и Општи работи

3. Квалитет, Планирање, Информатичка технологија и Развој

5. Разновидноста во компаниите

„Даути Комерц“ АД Скопје

При посетата на компанијата и направеното интервју со вработените се здобивме со информации за нивната дејност за кои немавме претходно знаење, а воедно добивме и појасна слика за функционирањето на една компанија од мултиетнички состав на вработените.

Комуникацијата меѓу вработените во фирмата „Даути Комерц“ се одвива на два јазика македонски и албански, што се

воглавно и двете најзастапени етнички групи во фирмата. Секоја година „Даути Комерц“ дел од своите приходи ги одвојува за обуки на своите вработени. Па така, секој сектор добива по 5.000 евра од целокупниот буџет на фирмата што е повеќе од доволно за унапредување на вработените.

ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје

Од одржаното интервју во Јавното Комунално претпријатие добивме автентични информации за нивното работење, а вооедно и за односите меѓу вработените кои се од мешан етнички состав - Македонци, Роми и Албанци. Нивниот успех и опстанок како едни од најдобрите во регионот го потврдивме на лице место: „Во најтешките моменти за време на конфликтот во 2001 година работата во Јавното Комунално претпријатие се

7

Page 8: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

одвиваше без никакви меѓуетнички тензии. Од тој аспект претпријатието претставува одличен пример за тоа како вработените од различна верска и етничка припадност може заеднички да функционираат без никакви предрасуди едни кон други дури и во услови на конфликт на државно ниво. Соживотот на вработените продолжува и вон-работните обврски. Голем дел од вработените се пријатели и поминуваат време заедно и по завршувањето на работното време. Кршејќи ги етничките бариери тие своето позитивно искуство го пренесуваат и на идните генерации. Мешаниот етнички состав на работното место има повеќе предности отколку недостатоци. Придобивките кои вработените ги добиваат ги оформуваат во комплетни личности, а воедно придонесуваат за поефикасно и поуспешно работење. Но, предностите не завршуваат тука. Претпријатието секоја година одвојува финансиски средства од својот буџет за разни обуки и семинари. Со тоа се придонесува за проширување на спектарот на знаења на вработените и нивно надоградување. И во оваа област вработените не се дискриминирани по никој основ, па така сите имаат еднакво право на користење на средствата издвоени за нивно усовршување. - Добре Босилковски, Помошник на Директорот за финансиско-правни прашања.

Со ова дознаваме дека Комуналното претпријатие се грижи за своите вработени во целост што е вистинска реткост за бизниси од било каков карактер во денешно време. Комуникацијата се одвива на два јазика (македонски и албански јазик), а новитет е тоа што сметките од средината на оваа година ќе бидат напишани на двата јазика што ќе биде олеснителна околност за припадниците од албанската етничка заедница кои не го познаваат македонскиот јазик. Комуналното претпријатие исто така се грижи за унапредувањето и зголемувањето на знаењата на вработените преку организирање на обуки. Секој сектор во претпријатието има свој одреден буџет кој се користи за обуки и семинари на вработените.

8

Page 9: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

6. Методологија

Со цел да добиеме повеќе имформации за дејноста на двете компании кои ги истражувавме, употребивме две главни методи: добивање на инфомации преку секундарни извори и добивање на директни податоци.

Секундарните податоци ги добивме преку разни истражувања кои ги направивме како група на интернет, истражување на разни статии од списанија и весници, а директните податоци се резултат на посетите што ги реализиравме во двете компании.

Избравме посебни денови каде што поминавме неколку часови заедно со вработените на различни нивоа во двете претпријатија. За време на посетите првично ни ги претставија своите активности како компании, работата која ја реализираат и начинот како ги достигнуваат поставените цели. Потоа следуваа нашите прашања за тоа што поконкретно нѐ интересираше во врска со разновидноста во компаниите.

Следуваа интервјуата со вработените во двете компании кои успеале да напредуваат од пониските до повисоките нивоа во хиерархијата на компанијата.

Двата начина на добивање информации имаа подеднакво значење за ова истражување, бидејќи нам како група ни беа од голема корист за да на крајот ги извлечеме заклучоците и препораките. Претходно добиените податоци ги потврдивме при посетите во компаниите. Комбинацијата на овие два метода ни помогна да имаме една комплетна студија на случај, која во исто време е и корисна за примена во иднина.

Во следната фаза ние заедно како група ги избравме најважните и најсоодветните информации за студијата на случај. На секој член на групата му беше дадено да изврши одредена задача, а потоа заедно ја сумиравме нашата работа во оваа студија на случај.

7. Заклучок

Учеството во овој проект беше голема привилегија за сите нас. Придобивките од него се бескрајни и се од големо значење за сите учесници во него. Изработувајќи ја оваа студија на случај ние не само што дознавме дека соработката со луѓе од различна етничка припадност е возможна туку тоа придонесе за позитивна промена на начинот на кој размислуваме за другите етнички заедници. Меѓусебното прифаќање, согласување и сочувство кон сите кои се поинакви од нас е многу важно.

Посетата на овие две компании ( “Даути-Комерц” и “Јавното Комунално Претпријатие”) придонесе во согледување на нашата реалност и развивање на нашето чувство за припадност во општеството. Без разлика дали припаѓаме на помалубројна етничка група во една држава, сите ние имаме еднакво право како и другите да се чувствуваме како дел од едно цело. Опшеството во кое живееме е дом за сите нас без оглед на нашите

9

Page 10: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

различности. Нашите разлики не се причина за поделба меѓу нас, напротив тие се она што не поврзува едни со други. Тие се причина повеќе за меѓусебно сплотување и разбирање.

Токму овие вредности се негувани и се дел од карактерот и личните особини на вработените во овие компании. Разликите меѓу нив никогаш не биле повод за било какви поделби, напротив тие придонесле многу повеќе во успехот и развојот на двете компании од било што друго. Имајќи во својот состав вработени од различна етничка припадност била и сеуште е клучна точка во развојот и проширувањето на компаниите на пазарот. Комуникацијата на двата јазика (македонски и албански), кои се во поширока употреба во компаниите, не преставувала никаква пречка во работењето и соработката помеѓу вработените. Тоа што компаниите имале на располагање вработени кои зборуваат на јазиците на етничките заедници во државата само ја подобрило и зголемило комуникацијата со потрошувачите. Дури и во моментите кога нестабилноста и несогласувањата помеѓу заедниците низ годините се случиле во нашата држава, работната атмосфера во двете компании била повеќе од поволна што е само уште еден доказ за професионалноста и почитта на вработените во овие компании.

Даути-Комерц и Јавното Комунално Претпријатие се совршен пример за тоа како луѓето во едно мешано опшество можат заедно да функционираат и работат беспрекорно, кон остварување на поставените цели за доброто и успехот на своите компании. Секој вработен во нив е неизоставен дел од целината која тие ја претставуваат и на тој начин тие водат кон се поголем успех и просперитет како личен така и тимски во дејноста која ја извршуваат.

Нивното функционирање, почит и соработка на професионално и приватно ниво, претставуваа само дополнителен мотив и инспирација за нас како група која постигна и научи многу преку оваа сорабока. Нашата цел, работејќи на овој проект, остана иста, но нашите лични ставови и мислења се променија на подобро и сето тоа благодарение на влијанието кое двете компании го имаа врз нас. Сега нашата цел ке биде да ги следиме нивните стапки и дела кои ќе бидат мотив повеќе во нашиот равој и напредок како личности, а вооедно и како граѓани во оваа држава.

8. Опис на случајот

Нашето вклучување во овој проект имаше бројни придобивки за нас, прво како членови на ова општество, а и како ученици со цел надоградување на нашите знаења и способности. Тоа што сме заедно во реализирањето на оваа студија, го одразува фактот дека живеењето заедно како припадници од различни етнички заедници може да го развие нашето општество и земјата во која живееме. Се обидовме ова да не се само зборови, туку да бидат de facto дела, односно да дадеме пример за тоа што го учиме, преку различни економски активности на бизнисите во оваа земја.

Се трудевме да го прошириме нашиот видик и начинот на кој што ги прифаќаме и разбираме другите. Проширувањето на опсегот на разбирање и давањето на посебен акцент на надминување на предрасудите за другите етнички заедници е многу важно.

10

Page 11: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

Поминатото време заедно ни овозможи да дознаеме работи едни за други кои порано не сме ги знаеле. Меѓусебната размена на информации ни помогна во изработката на оваа студија на случај и го зголеми нивото на почит и разбирање меѓу нас. Ние, не само што се стекнавме со доверба едни кон други, туку и почнавме да поминуваме повеќе време заедно во рамките на овој проект.

Фактот дека нашата група беше составена од две различни етнички заедници ни помогна подобро, полесно и побрзо да ја завршиме нашата работа, особено за време на посетите што ги направивме на двете компании. Имајќи во предвид дека во компаниите стапивме во контакт со луѓе од различни етнички заедници, нашиот мешан состав придонесе за подобра комуникација и добивање повеќе информации од вработените.

Студијата на случај беше напоредно направена и на албански и на македонски јазик, а за време на состаноците заедно преведувавме, што и уште повеќе ни помогна во запознавање на јазиците.

Нашето искуство од овој проект е позитивно гледајќи од секој аспект. Продобивките се многубројни, но посебно можеме да истакнеме дека добивме желба да продолжиме да комуницираме едни со други со надеж за повторна соработка во иднина. Овој проект ни овозможи да согледаме дека сите заедно можеме да функционираме во едно општество. Нашите разлики се всушност и наши предности.

Заедничката соработка е првиот чекор кон подобра иднина за меѓусебен успех.

11

Page 12: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

АнексиАнекс 1- Органограм на „Даути Комерц“

12

Page 13: pmio.mkpmio.mk/wp-content/uploads/2013/05/Studija-na-slucaj... · Web viewАко го направиме сето ова со одговорност и способност, почит,

Анекс 2 – Сертификат за ISO 9001 : 2008

13