8
Продолжува на стр.6 Културно лето 2012-Богдански средби тел.факс 034/ 211.924 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ Графичарите се собраа во „СОФИЈА” На 22 август попладнето и на 23 август претпладнето во просториите на Печатницата „Софија“ раздвиженоста беше поразлична од другите денови. Сите знаци покажуваа дека стартува Главната сесија на Графичката работилница „Софија“. Дванаесетина млади луѓе дојдоа да учествуваат во работата на работилницата. Годинава тоа се: Ален Буразеровиќ и Амир Ќатиќ од Академијата за ликовни уметности во Сараево, Босна и Херцеговина; Слаѓана Милиќевиќ од Отсекот за ликовна уметност на Педагошкиот факултет во Мостар, Босна и Херцеговина; Иван Матеев и Никола Иванов од Националната художествена академија во Софија, Бугарија; Далиа Финек и Марија Кнежиќ од Академијата за ликовни уметности во Загреб, Хрватска; Дорис Милешевиќ и Жељко Мутиќ од Академијата за ликовни уметности во Нови Сад, Србија; Димитар Мајнов и Милан Костадиновски од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Оваа година,за првпат од основањето, на Графичката работилница, во редот на официјалните учесници има и еден средношколец. Тоа е Дамјан Ѓоргиевски од Средното училиште за применети уметности „Лазар Личеновски“ во Скопје кој има големи афинититети кон графиката како изразно средство во ликовната уметност. Менторот за оваа Главна сесија на Графичката работилница доаѓа од Нови Сад. Тоа е професорот Радован Јандриќ кој е Шеф на катедрата за графика на Академијата за ликовни уметности во Нови Сад, Србија. -Како и секоја година и оваа, интересот на графичарите да учествуваат на Главната сесија од нашата Графичка работилница беше голем. Работилницата е отворена во текот на целата година, но сите сакаат да учествуваат токму на Главната сесија. “Мегдан” “Бранд Петрушев” Сцена од “Умри машки” Манифестацијата со која на богданчани во текот на летото им се пружа можност да проследат неколку културни настани неколку години се одржува во Богданци.Може да се каже дека таа како настан е етаблирана во богданските случувања. Домот на културата „Бранд Петрушев“ на кого му е доверена организацијата на манифестацијата, веќе ја става во своите редовни годишни планирања на активности. Годинава како нејзин покровител се јави Ристо Ичков, градоначалникот на Општина Богданци. Богданци ја нема измислено организацијата на таквите манифестации. Под разни форми и имиња тие се организираат насекаде. На крајот на краиштата на летата и им личат такви активности. Годинава манифестацијата почна на 22 јули со настапот на македонскиот идол Иван Раденов придружуван од групата „Аквариус“ од Гевгелија кој одржа концерт на летната сцена. Следниот настан во вид на голема журка ( поскоро забавата би се именувала како соаре или вечерна забава отколку како жур кој се преведува како попладневна забава) се одржа на 29 јули на излетиштето Паљурци со учество на ди-џеи и рок групи од околината. На 3 август својот прв настап пред богданската публика, на летната сцена во Градскиот парк го одржа Ансамблот за традиционална музика и игра „Мегдан“ од Богданци. Богданчани масовно го проследија одличниот премиерен настап на „Мегдан“ кој на сцена ги извади сите категории играорци. Дождот што врнеше во раните вечерни часови на 11 август ги спречи заинтересираните масовно да ја проследат пиесата „Умри машки“ од Алдо Николај, во изведба на Младиот градски театар од Струмица чија режија (според информацијата на плакатата) ја има потпишано Киро Трактор. Иако поради дождот немаше услови за претстава на отворено, младите ентузијасти од Струмица не се откаажаа. Во импровизирани услови, тие претставата ја одиграа под чардакот од бавчата на кафеаната на Ице и Вале Граматикови. Организаторите и малубројната публика треба да им бидат благодарни на Граматикови чија добра волја овозможи да се одигра претставата. „Културно лето 2012-Богдански средби“ ги затвори Културно- уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ со концертот што на 26 август го одржа на сцената во Градскиот парк. Два целовечерни концерти на културно-уметнички друштва, една театарска претстава, еден рок концерт и една концертна и ди-џеј збава во природа и не би требало да биде малку за една летна културна манифестација. Можеби требаше да се пополни и третиот викенд од август за кој немаше информација дали програмски остана празен или дојде до откажување. Иако со напорите на организаторот и ентузијазмот на учесниците се добива впечаток дека манифестацијата е добро организиран во суштина не е така. Во буџетската распределба на средства на манифестацијата не и се обрнува доволно внимание. Со неодредувањето посебни средства за неа и нејзиното ставање во групата корисници на средства од буџетот за културни дејности, таа безмалку се турка во сферата на импровизациите. Како поинаку да се планира програма со учесници и термини без познат буџет? Ако се сака манифестација за почит треба да и се најде име, а не таа да се именува и како Културно лето и како Богдански средби и како Богданско културно лето. Името подразбира и лого. Со тоа се прави чекор напред. Кога институционалниот пристап би бил поцелосен и планирањето би било поизвесно, би можело програмите да бидат однапред објавени со што на заинтересираните би им се овозмоло да си го планираат времето за да учествуваат на настаните. Виктор Семенпеев БРОЈ 41- АВГУСТ 2012 Со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ за Урбанизацијата на кружниот тек на спојот на обиколницата со регионалниот пат кај Џочкова Кривина Стр. 2 и 3 ЕВН Македонија: Допирот со проводниците најчеста причина за фатални несреќи од струја во земјоделството... Стр. 3 Асфалтирање на безимените улици Ѕитчето што не дозволи да се доасфалтира дел од улицата”Бранд Петрушев”... Стр. 6 тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA”

Pogled Br.41 Avgust

  • Upload
    pogled

  • View
    269

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Citation preview

Page 1: Pogled Br.41 Avgust

www.vesnikpogled.weebly.com e-mail:[email protected]

Продолжува на стр.6

Културно лето 2012-Богдански средби

тел.факс 034/ 211.924 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Графичарите се собраа во „СОФИЈА”

На 22 август попладнето и на 23 август претпладнето во просториите на Печатницата „Софија“ раздвиженоста беше поразлична од другите денови. Сите знаци покажуваа дека стартува Главната сесија на Графичката работилница „Софија“. Дванаесетина млади луѓе дојдоа да учествуваат во работата на работилницата.

Годинава тоа се: Ален Буразеровиќ и Амир Ќатиќ од Академијата за ликовни уметности во Сараево, Босна и Херцеговина; Слаѓана Милиќевиќ од Отсекот за ликовна уметност на Педагошкиот факултет во Мостар, Босна и Херцеговина; Иван Матеев и Никола Иванов од Националната художествена академија во Софија, Бугарија; Далиа Финек и Марија Кнежиќ од Академијата за ликовни уметности во Загреб, Хрватска; Дорис Милешевиќ и Жељко Мутиќ од Академијата за ликовни уметности во Нови Сад, Србија; Димитар Мајнов и Милан Костадиновски од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Оваа година,за првпат од основањето, на Графичката работилница, во редот на официјалните учесници има и еден средношколец. Тоа е Дамјан Ѓоргиевски од Средното училиште за применети уметности „Лазар Личеновски“ во Скопје кој има големи афинититети кон графиката како изразно средство во ликовната уметност.

Менторот за оваа Главна сесија на Графичката работилница доаѓа од Нови Сад. Тоа е професорот Радован Јандриќ кој е Шеф на катедрата за графика на Академијата за ликовни уметности во Нови Сад, Србија.

-Како и секоја година и оваа, интересот на графичарите да учествуваат на Главната сесија од нашата Графичка работилница беше голем. Работилницата е отворена во текот на целата година, но сите сакаат да учествуваат токму на Главната сесија.

“Мегдан” “Бранд Петрушев”

Сцена од “Умри машки”

М а н и ф е с т а ц и ј а т а со која на богданчани во текот на летото им се пружа можност да проследат неколку културни настани неколку години се одржува во Богданци.Може да се каже дека таа како настан е етаблирана во богданските случувања.

Домот на културата „Бранд Петрушев“ на кого му е доверена организацијата на манифестацијата, веќе ја става во своите редовни годишни планирања на активности.

Годинава како нејзин покровител се јави Ристо Ичков, градоначалникот на Општина Богданци.

Богданци ја нема измислено организацијата на таквите манифестации. Под разни форми и имиња тие се организираат насекаде. На крајот на краиштата на летата и им личат такви активности.

Годинава манифестацијата почна на 22 јули со настапот на македонскиот идол Иван Раденов придружуван од групата „Аквариус“ од Гевгелија кој одржа концерт на летната сцена.

Следниот настан во вид на голема журка ( поскоро забавата би се именувала како соаре или вечерна забава отколку како жур кој се преведува како попладневна забава) се одржа на 29 јули на излетиштето Паљурци со учество на ди-џеи и рок групи од околината.

На 3 август својот прв настап пред богданската публика, на летната сцена во Градскиот парк го одржа Ансамблот за традиционална

музика и игра „Мегдан“ од Богданци. Богданчани масовно го проследија одличниот премиерен настап на „Мегдан“ кој на сцена ги извади сите категории играорци.

Дождот што врнеше во раните вечерни часови на 11 август ги спречи заинтересираните масовно да ја проследат пиесата „Умри машки“ од Алдо Николај, во изведба на Младиот градски театар од Струмица чија режија (според информацијата на плакатата) ја има потпишано Киро Трактор. Иако поради дождот немаше услови за претстава на отворено, младите ентузијасти од Струмица не се откаажаа.

Во импровизирани услови, тие претставата ја одиграа под чардакот од бавчата на кафеаната на Ице и Вале Граматикови. Организаторите и малубројната публика треба да им бидат благодарни на Граматикови чија добра волја овозможи да се одигра претставата.

„Културно лето 2012-Богдански средби“ ги затвори Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ со концертот што на 26 август го одржа на сцената во Градскиот парк.

Два целовечерни концерти на културно-уметнички друштва, една театарска претстава, еден рок

концерт и една концертна и ди-џеј збава во природа и не би требало да биде малку за една летна културна манифестација. Можеби требаше да се пополни и третиот викенд од август за кој немаше информација дали програмски остана празен или дојде до откажување.

Иако со напорите на организаторот и ентузијазмот на учесниците се добива впечаток дека манифестацијата е добро организиран во суштина не е така.

Во буџетската распределба на средства на манифестацијата не и се

обрнува доволно внимание. Со неодредувањето посебни средства за неа и нејзиното ставање во групата корисници на средства од буџетот за културни дејности, таа безмалку се турка во

сферата на импровизациите. Како поинаку да се планира програма со учесници и термини без познат буџет?

Ако се сака манифестација за почит треба да и се најде име, а не таа да се именува и како Културно лето и како Богдански средби и како Богданско културно лето. Името подразбира и лого. Со тоа се прави чекор напред.

Кога институционалниот пристап би бил поцелосен и планирањето би било поизвесно, би можело програмите да бидат однапред објавени со што на заинтересираните би им се овозмоло да си го планираат времето за да учествуваат на настаните. Виктор Семенпеев

БРОЈ 41- АВГУСТ 2012

Со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ за Урбанизацијата на кружниот тек на спојот на обиколницата со регионалниот пат кај Џочкова Кривина

Стр. 2 и 3

ЕВН Македонија:

Допирот со проводниците најчеста причина за фатални несреќи од струја во земјоделството...

Стр. 3

Асфалтирање на безимените улици

Ѕитчето што не дозволи да се доасфалтира дел од улицата”Бранд Петрушев”...

Стр. 6

тел. 034/ [email protected] ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA”

Page 2: Pogled Br.41 Avgust

ПОГЛЕД Август, 2012 2

Од Педесет и првата седница на Советот на Општина Богданци

Продолжува на стр. 3

Известувач: Илија Тумбов

С е д н и ц а во околности на протест одВо вторникот на 7 август 2012

година, во вечерниот термин и во полн состав, Советот на Општина Богданци ја одржа својата педесет и прва седница.

Седницата се одржа во Салата за состаноци на Советот која беше освежена со нова декорација на челниот ѕид. Различно од другите седници беше тоа што на влезот во зградата се беа собрале пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво чии реакции покажуваа дека се во некаков протест.

Со седницата претседаваше претседателотДушко Енџекчев.

На почетокот, едногласно и без забелешки, беше усвоен записникот од Педесетта седница на Советот на Општина Богданци.

За работа на седницата претседателот го понуди предлогот на дневен ред што на советниците им беше доставен со материјалите за седница.

Советникот Блаже Шапов побара на дневен ред да се стави барањето доставено од ДППД-Богданци чии членови се собрани пред зградата затоа што друштвото е формирано од Советот и во Советот да се расправа по тоа прашање.

Претседавачот кажа дека е запознат со случајот, но за барањето од ДППД кое било доставено во текот на денот не ќе можело да се расправа бидејќи немало подготвено материјал за случајот по кој ќе може да се дискутира.

Советникот Зоран Пеев истакна дека во Доброволното противпожарно друштво има нарушена работна атмосфера и треба да се разгледаат причините поради кои дошло до тоа.

Советникот Илија Карагошев забележа дека Друштвото се наоѓаат во такви околности затоа што не им биле исплатени надоместоците и дека е нормално на оваа седница да се расправа за состојбата.

Советникот Тони Такашманов побара пауза за консултации.

По паузата предлогот на Блаже Шапов беше ставен на гласање.

Со 11 гласови „За“ советниците се согласија, како шеста точка од предложениот дневен ред за работа на Советот на Општина Богданци на Педесет и првата седница, да биде ставено и барањето доставено од членовите на Доброволното противпожарно друштво.

Така предложенииот дневен ред за работа на Советот на Општина Богданци на Педесет и првата седница, кон кој се додаде и новоприфатениот предлог со што дневниот ред од 6 се зголеми на седум точки советниците го прифатија едногласно со 11 гласови „За“.

- На првата точка се расправаше по Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за вториот квартал во 2012 година. Образложение по извештајот во чиј наслов стоеше дека е Извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за извештајниот период од 1.1.2012 година до 30 јуни 2012 година, даде Симона Савиќ од општинската администрација.

Во расправата советничката Драгица Ѓавочанова праша зошто нема поголема прегледност на трошоците и побара, ако треба да се даде пауза за да се подготви извештај за поединечните трошоци кај некои ставки посочувајќи ги нивните броеви. Симона Савиќ одговори дека за да го подготви тој материјал се потребни два до три часа со што на оваа седница не би можела да го стори тоа, но за следната може да се подготви материјалот.

Советникот Зоран Пеев изјави

дека нема да го поддржи извештајот затоа што, според него, содржи многу нејаснотии.

При изјаснувањето, Советот на Општина Богданци со 6 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“ го прифати Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2012 година.

Извештајот беше даден кумулативно за изминатата половина од 2012 година и можеше да се види дека од вкупно планираните 112.204.487 денари приходи од кои 44.983.487 од општинскиот буџет, 63.499.000 од наменски дотации и 3.722.000 од самофинансирачки активности се реализирале 51.083.953 денари или 45,53 % од планираните средства. Од тоа 11.176.123 денари се реализирале во општинскиот буџет, 38.272.801 денари биле добиени како наменски дотации и 1.635.029 денари биле резултат на самофинансирачки

активности. За да се оствари планот до крајот на годината треба да се приберат уште 61.120.535 денари.

Од вкупно предвидените 100.335.725 денари за трошоци во првите два квартала биле потрошени 9.248.015 денари преку ооштинскиот буџет, 25.677.746 се потрошиле во наменски дотации и 494.614 денари биле тековно оперативни расходи во самофинансирачките активности или вкупно се потрошиле 35.420.375 денари што претставува 35,30 % од вкупно планираните трошоци.

Во капиталниот биланс стоеше дека од планираните капитални приходи од 5.000.000 денари се реализирале 346.966 денари или нешто помалку од 7 проценти.

Од планираните 16.868.762 денари расходи на годишно ниво во првата половина на годината се потрошиле 2.337.868 денари или 13,86 проценти.

Од планираните 25.487.157 денари годишни даночни приходи се реализирале 23,44% или 5.973.780 денари.

Неданочните приходи во 2012 година биле планирани да бидат во висина од 4.536.000 денари, а во првите шест месеци се реализирале 1.819.122 денари или 40,10 проценти.

Приходите од трансфери и донации на годишно ниво било планирани да изнесуваат 82.181.330 денари, а се реалаизирале 52,68 проценти или 38.890.279 денари.

За плати, наемнини и надоместоци во 2012 година биле

планирани 50.359.425 денари. Од тоа се потрошило 22.422.892 денари.

Како расход за стоки и услуги биле планирани 46.861.300 денари, а во првите два квартала се потрошиле 11.962.292 денари.

За субвенции и трансфери биле планирани 2.615.000 денари, а се потрошиле 566.646 денари.

За социјални бенефиции се потрошиле 93,71 % од планираните средства или 468.546 денари од предвидените 500.000 денари.

Во капиталните расходи биле планирани 16.868.762 денари, а се потрошиле 2.337.868 денари.

- Во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и по позитивното мислење добиено од Комисијата за давање мислења за нацрт-планови, Советот на Општина Богданци на втората точка, по образложението од Соња Маџирова од општинската администрација, едногласно со 11 гласа „За“ донесе одлука за утврдување на Нацрт-

Урбанистичкиот план вон населено место за Парк на ветерна електрана во Општина Богданци со основна намена за градба на некомпатибилна инфраструктура трафостаница, комунална супструктура градби за производство на енергија, комунална инфраструктура пристапен пат и заштитно зеленило изработен од ДП ВИЗУРА, ДООЕДЛ-Струмица.

- На третата точка се носеше Програма за дополнување на Годишната програма за изградба, реконструкција и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2012 година.Со предлогот се бараше, во точка III, кај табелата „Отворање на нови улици“, по точката 16 да се додаде нова точка 16-А со која ќе се обезбеди продолжување на патека во Минова мала со должина од 70 м и ширина од 3 м со која на 5 куќи ќе им се обезбеди непречен влез во дворовите.Според Програмата површината од 210 м2 треба да се експроприира по цена од 300 денари за што ќе треба да се обезбедат 63.000 денари од општинскиот буџет.

Во расправата се заклучи дека од приложените скици не е сосема јасно каде оди патеката и што треба да се експроприира на што Соња Маџирово достави дополнителна копија од Урбанистичкиот план која преклопена врз скицата од состојбата на теренот требаше да ги појасни работите. Но тоа не помогна многу.

Во дискусиите советниците Блаже Шапов, Мито Манолев, Тони Такашманов,Душко Енџекчев и Зоран

Пеев ги изнесоа своите мислења во врска со предлогот за да се предложи заклучок Програмата за дополнување да се прифати со единична цена по м2 експроприирана површина, но без квадратура за експропријација и вкупен износ за надоместување на одземеното земјиште што се податоци што ќе произлезат од конечното утврдување на состојбата. Соња Маџирова од општинската администрација се согласи дека може и така да се донесе Програмата, па Советот на Општина Богданци со 8 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ ја донесе Програмата со која Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци се дополнува со точка 16-А според која патека во должина од 70 м со ширина од 3 м2 ќе продолжи преку КП 10572/2, 10572/3,10572/4,10572/5, 10572/6 и 10787 со тоа што земјиштето

за продолжување на патеката ќе се експроприира во потребната површина по цена од 300 денари по м2.

- Тема на четвртата точка беше носење Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Богданци за 2012 година според која во делот II „Посебни одредби“, кај табелата III „Изработување на Урбанистички планови вон населено место“ по точката 10 се предлагаше додавање нова точка 10-А која ќе гласи „Изработување на Урбанистички план вон населено место на КП 5844 во м.в. „Катница“ во КО Богданци на површина од 5.000 м2 во сопственост на РМ што ќе се намени за сервиси и трговски, угостителски единици чија урбанизација ќе ја финансира Општина Богданци, а кај табелата IV „Изработување на Локална урбанистичка планска документација“ по точката 26 се предлагаше да се додаде нова точка 26-А која гласи „Изработување на Локална урбанистичка планска документација на КП 2834 во м.в. „Болован“ во КО Богданци со површина од 1.353 м2 во приватна и државна сопственост што ќе се намени за поставување соларни панели-фотоволтаик чија урбанизацијата ќе ја финансира „Елита-Солар“, Богданци. Образложение по материјалот даде Соња Маџирова од општинската администрација. Во расправата советникот Мито

Манолев побара, кога веќе се урбанизира потегот каде што

обиколниот пат се одделува од регионалниот пат, покрај КП 5844 да се урбанизираат и КП 5840,5841,5842,5843 и 5839 со што би се создала една целина.Овој предлог беше прифатен од Соња Маџирова.

Советничката Катерина Чрчева се заинтересира зошто кај точката 10-А беше образложено дека се работи за сообраќајно решение во вид на кружен тек, а намената е сервиси и угостителски објекти на што Соња Маџирова и објасни дека површината околу кружниот тек и патот ќе се употреби за посочената намена.

Претседателот Душко Енџекчев побара да се донесе Програмата.

Советникот Зоран Пеев предложи да се глас поединечно за секој од двата предлога во Програмата. Предлогот беше прифатен.

На гласањето точката 10-А беше прифатена со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, а точката 26-А беше прифатена едногласно со 11

гласа „За“.-На петтата точка,

без расправа, со 11 гласа „За“, Советот на Општина Богданци го прифати Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на Општинското основно училиште „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2011-2012 година. Годишниот извештај на советниците им беше доставен во електронска форма на компакт диск. Снежана Енџекчева, како претставничка на училиштето, присуствуваше на седницата за да дава објаснувања по некои прашања, но никој не постави прашање во врска со материјалот.

- Н о в од од а д ен а та , шеста, точка од дневниот ред беше наменета за расправа по барањето поднесено од членови на Доброволното противпожарното друштво од Богданци.

Пожарникарите на 7 август 2012 г. доставиле барање од неколку точки со кое сакаат да знаат:

-1. Кога ќе им се исплатат платите?

-2. Каква ќе биде натамошната судбина на ДППД-Богданци?

-3. Зошто во март 2012 година им биле исплатени 6.000 денари кога Советот на Оптина Богданци донел одлука тие од 6.000 денари да им бидат покачени на 7.000 денари?

-4. Зошто од Подрачното противпожарно друштво во Гевгелија на последниот пожар дошле само два пожарникари, а тие од ДППД-Богданци постојано треба да се во полн состав и подготвени да дејствуваат?

Градоначалникот, кој во меѓувреме беше дошол на седницата, се понуди да даде објаснување по точките од барањето.

За првата точка од Барањето тој рече дека ДППД-Богданци постои веќе триесет месеци и е единственото противпожарно друштво кое прима надоместок во вид на месечен паушал кој порано изнесувал 6.000 денари со платени надоместоци за тој паушал и платен надоместок за осигурување од ризици.

Од април годинава паушалот се покачил на 7.000 денари по член плус другите надоместоци. Друштвото броело 9 члена на кои им се плаќале надоместоци. Во друштвото се давало дванаесетчасовно дежурство и тоа само дење, со што на секој член му доаѓало еден ден да биде дежурен, а два дена да биде слободен.

Во тој триесетмесечен период не им биле исплатени само паушали за последните три месеци. Кај другите доброволни противпожарни друштва надоместувањето се правело на тој начи што се плаќало по 1.000 денари

Салата со нов декор

Page 3: Pogled Br.41 Avgust

3ПОГЛЕД Август 2012

Издава:

„СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор:

Драги Семенпеев

Главен и одговорен уредник:

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:

Валентина ПоповаMитко СеменпеевЈован Роглев

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Халк Банка - Скопје

Продолжение од стр. 2

дневница по интервенција во пожар.По втората точка

градоначалникот објасни дека пожарникарите откажале да интервенираат во пожар што му се заканувал на Богданци со што се наметнува потребата прашањето да биде ставено на маса и да се разгледа од сите можни страни.Кога сите што се почувствуле повикани излегле на пожарот, кога вработените во Општината и „Комунална чистота“ масовно излегле на терен, кога и членовите на Здружението „Млаз“ АД 2012, преку својот претставник Владо Аврамов, се понудиле да излезат со екипа на пожарот, најповиканите, обучената противпожарна екипа од Доброволното противпожарно друштво, не излегла на местото на настанот терајќи некоја своја правда.

По третата точа градоначалникот објасни дека во март на пожарникарите им биле исплатени по 6.000 денари бидејќи Советот одлучил да им се покачи паушалот на седница во март 2012 што значи дека по 7.000 денари паушал ќе им се плаќа од април 2012 година.

По четвртата точка градоначалникот објасни дека на пожарот кој дошол откај Валандово интервенирале екипи од Валандово, Дојран и Богданци вклучително и екипи на шумското, екипа со два пожарникари и возило од Подрачната противпожарна единица од Гевгелија и авионите за гасење, но се јавил друг пожар во Дојран кој опасно им се заканувал на вилите, па дел од екипите и еден авион морале да се преориентираат кон тој пожар.

Потоа Митко Попов, од општинската администрација ја објасни природата на пожарот и состојбата во која се наоѓа во моментот и побара да биде ослободен да замине во пределот на Мамино над Ѓавото за каде му јавиле дека се јавил друг пожар.

Советникот Зоран Пеев побара да му се каже дали ДППД-Богданци учествувал во гасењето на неодамнешниот пожар во пределот на Воденичар и Плочите затоа што тој бил таму, гледал како граѓаните сами се организираат во интервенцијата, но не видел и пожарникари од ДППД на што градоначалникот му одговори дека доброволните пожарникари сами одлучуваат дали ќе излезат на интервенција

Советникот Блаже Шапов рече дека никако не ја оправдува постапката на пожарникарите кои требало да бидат на пожарот, но треба да им се исплатат паушалите за кој Советот бил едногласен дека треба да им се даваат. Тој се заложи паушалите да не им се плаќаат во Општината туку на Дрштвото да му се даваат во вкупен износ и таму, во друштвото кое е правно лице и има свои управни органи, средствата наменети за паушали да им се делат на пожарникарите и потсети дека за изминатите скоро три години од формирањето Советот не разгледувал ниту порограма за работа ниту некаков извештај за работата на ДППД-Богданци.

Советникот Илија Карагошев истакна дека случајот со пожарникарите било нормално да е на дневен ред за да се види каква е состојбата во ДППД и за да се знае дали тие утре ќе бидат на работа и воопшто Советот да се произнесе во врска со случајот. Тој смета дека решение мора да се најде затоа што, според документите, ДППД има обврска да биде активно и подготвено за интервенции. Потоа додаде дека фирмите законски имаат обврска да имаат обучени луѓе за противпожарна заштита, па во договор со ДППД можат да ја исполнат таа обврска, а за таа сметка да учествуваат во опремувањето на друштвото и подвлече дека е добро средствата што им следуваат на пожарникарите да им бидат префрлени на нивна сметка, а тие според нивните акти да си вршат нивна распределба.

Градоначалникот во одговор на дотогашните дискусии кажа дека

ДППД има обучено повеќе луѓе токму поради случаите кога некои членови од разни причини го напуштаат друштвото да можат да бидат заменети со други што значи дека и сега, ако некои пожарникари си одат на нивно место ќе дојдат други, а што се однесува до средствата рече дека најдобро е кога тие директно од Општината се префрлаат на личните сметки на пожарникарите.

Советничката Катерина Чрчева сметаше дека друштвото треба да продолжи да работи.

На истото мислење беше и советникот Зоран Пеев кој додаде дека паушалите треба да им бидат исплатени.

Советникот Мито Манолев потцрта дека чинот на пожарникарите не е за оправдување и појасни дека доброволните пожарникари не се обврзни задолжително да одат на интервенции кажувајќи дека и во составите на професионалните пожарникари има доброволци кои одат на интервенции само кога се слободни, завршувајќи со ставот дека во ДППД работите не функционираат како што треба.

На крајот од расправата Советот на Општина Богданци со 11 гласа „За“ донесе заклучок Доброволното противпожарно друштво да се задолжи да поднесе извештај за својата работа од кој ќе се разгледа неговото досегашно работење ида се направат напори на пожарникарите да им се исплатат неисплатените паушали.

На точката наменета за советнички прашња се поставија неколку прашања.

-Советникот Блаже Шапов праша што ќе се прави со кучињата скитници и со крлежите што ги има по тревата во паркот и праша дали ќе се одделат средства за ракометот. На првото прашање градоначалникот му одговори дека во Гевгелија има шинтерска служба со која ќе се договори отстранување на кучињата скитници, дека прскањето на крлежите е проблематична работа затоа што ефектите од прскањето се краткорочни, а штетата, затоа што во тревата играат деца кои можат да бидат затруени од прсканиот отров, може да биде катастрофална.На второто прашање одговори дека сите средства во Општината се насочени за финансирање на Генералниот урбанистички план, со што некои други финансирања се малку закочени.

-Советникот Тони Такашманов праша дали во Општината има обучени лица за управување со градежното земјиште на што градоначалникот му одговори дека се работи за денови кога на Општината ќе и биде доверено управувањето со градежното земјиште, а веќе се располага и со луѓе кои до лиценци за управување со градежното земјиште дојдшле со најголеми оценки.

-Советникот Зоран Пеев забележа дека било објавено оти „Агро лозар“ со подигнувањето тужба ја кочел изградбата на откупно-дистрибутивниот центар, а тој кој службено морал да знае за тужбата нема претстава за неа и побара да му се каже колкав бил долгот на Општината во моментот кога Гоце Петрушев престанал да биде нејзин градоначалник. На тоа градоначалникот му одговори дека имало 850.000 евра долг за струја во комуналното, 200.000 евра кон „Млаз“, 200.000 евра кон Управата за јавни приходи, а за 200.000 евра ревизорска комисија утврдила дека недостасуваат.

Незадоволен од одговорот советникот побара тоа да му бида дадено написмено.

-Советникот Ристо Шабанов праша што се случува со исплаќањето на паушалите за советниците за кои беше кажано дека ќе бидат исплатени за два месеци кои веќе поминаа, на што му беше одговорено дека тоа ќе се случи до крајот на летото.

пожарникаритеПрезентација на Урбанистичкиот план за Паркот на ветерна

електранаНа 15 август се одржа

Јавна презентација на Нацрт-Урбанистичкиот план вон населено место за Паркот на ветерна електрана што треба да се гради во Богданци.Со планскиот опфат се третира површина од 54,13 хектари расположени на повеќе катастарски парцели во Дојкови Чешми, во Погана, во Врвот, во Уплите, во Ранавец и во Асаница, сите во КО Богданци. Земјиштето е од 6. и 7. категорија и претставува пасиште опфатено со ниски шуми. Планот е изработен од ДП„ВИЗУРА“- Струмица, а е финансиран од ЕЛЕМ АД Електрани на Македонија, Скопје.

Основната цел за изработка на Урбанистичкиот план е инвестирање во изградба на 16 ветерни електрани со единечна снага од 2,5 мегавати. Турбините се монтажни и се состојат од челични цилиндрични столбови со висина од 100 метри и три перки со хоризонтална оска и со должина од 50 метри изработени од синтетички материјал со што вкупната висина ќе изнесува 150 метри. На врвот од столбот е вградено

куќиште во кое се наоѓа генераторот и трансформаторот. Турбините ќе се постават на коти од 281 до 499 метри надморска височина.

По линијата на поставеност на ветерниците се планира да се направи инфраструктурен коридор и заштитно зеленило во круг од 50 метри околу секој столб.

Во рамките на планскиот опфат, во неговиот централен дел, на кота од 487 метри надморска височина, предвидена е трафостаница , со јачина од 20/110 киловолти. До неа ќе водат манипулативни патишта во широчина од 5 метри, опремата ќе биде поставена на армирано-бетонски платоа, а партерите околу платоата ќе се изведат од чакал за да се минимизира ризикот од пожар.

Во рамките на планот е прикажан и пристапен пат кој ќе ги поврзува сите ветерни турбини и Богданци. Новопредвидениот пат ќе се лоцирна врз контурите од теренот каде што ќе има минимален пад, а таму каде што тоа е можно, ќе ја следи трасата на постојниот локален пат од Аџимишевиот Бунар нагоре преку депонијата. Патот ќе биде

широк 5 метри со по 1 метар заштитет труп од двете страни.Минималниот радиус на кривините ќе биде 12 метри со што би се овозможило низ нив да минуваат кранови, дигалки и екстра долги транспортни возила.Вкупната површина што ќе ја зафати пристапниот пат ќе изнесува 2,58 хектари. Патот ќе биде асфалтиран.

Потребата од техничка вода ќе се задоволува од вкопаните полиетиленски резервоари во кои водата, заради недозволување на загадување, периодично ќе се хлорира. Отпадните води ќе се собираат во двокоморни септички јами кои ќе се празнат по потреба.

Во насока на рационалното искористување на просторот и заштитата на животната средина преземени се сите мерки и активности кои се засновани врз законската регулатива со која се регулира заштитата на животната средина.

Инвеститорот ги има добиено сите потребни дозволи. Се очекува градежната дозвола да се добие до 15 септември 2012 година и да се почне со градба.

Во првата фаза ќе се гради пристапниот пат.

Електричните водови -опасност од струен ударНа 17 август ЕВН Македонија

извести за мерките што треба да се преземат за да би се избегнале можните несреќи од струен удар. Известувањето главно е насочено кон земјоделците.

Допирот со надземните електрични водови низ кои се пренесува електричната енергија е причина за најголемиот број фатални несреќи со електрична енергија во земјоделството. Извршувањето на земјоделски активности под електричните водови треба да се избегнува и да се ограничи само на оние активности кои мора да бидат изведувани, но при тоа треба да се преземат следните мерки:

1.Во никој случај не смее да дојде во директен допир или приближување до проводниците од надземните водови на растојанија

помали од дозволените:- до 1 kV опасната зона е

допирот, а безбедната оддалеченост е половина метар;

- до 20 kV опасната зона е на 22 сантиметри, а безбедната оддалеченост е на метар и половина;

- до 110 kV опасната зона е на 1 метар и 10 сантиметри, а безбедната зона е на 2 метра.

2.При поставувањето на метални цевки за наводнување или прскалки под надземните водови во никој случај не смее да дојде до допир со проводниците или до приближување во опасната зона.

3. Не смее да се поставуваат метални цевки за наводнување паралелно со трасата на надземниот вод.

4. При наводнувањето не смее да дојде до приближување

или до контакт на водениот млаз со надземните водови и при тоа да се има предвид правецот и силината на ветерот.

5. Во близина на електричните водови цевките за наводнување во никој случај не смеат да бидат во вертикална положба. И при транспортот опремата за наводнување треба да биде во хоризонтална положба.

Од ЕВН известуваат дека нивни стручни лица се постојано на располагање во врска со сите прашања за безбедно изведување активности во близина на електричните водови.

П О В Т О Р Е Н Ј А В Е Н О Г Л А С

Печатницата „СОФИЈА“има потреба од повеќе ученици за работа на печатарски машини.

Заинтересираните треба да поднесат пријави во Одделението за прием во печатницата на улица „Маршал Тито“ број 21 секој работен ден од 8 до 14 часот.

Огласот е отворен до крајот на септември 2012 година.На огласот можат да учествуваат сите граѓани со завршено средно образование.

Кандидатите со пријавите треба поднесат: 1.Кратка биографија;

2.Доказ за завршено средно образование;3. Адреса и телефон за контакт

Кандидатите што ќе ги исполнат условите ќе бидат повикани на разговор. Печатница „СОФИЈА“

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 222006

[email protected]

www.vesnikpogled.weebly.com

Page 4: Pogled Br.41 Avgust

ПОГЛЕД Август, 2012 4

Пишува: Илија

Тумбов

Поглед од мојот агол

Времиња и судбини

1. За овие шеснаесетина години локална самоупрва околу некои работи се крена таква прашина која,нормално,требаше да не запрете до гуша. Море каква гуша!? До прекуглава требаше да ни дојде, ама ништо.

За некои работи навистина ни е преку ...

2. До скоро мислев дека на 8 јули 2009 година се формира Доброволно противпожарно друштво во Богданци. Да сум ти бил во заблуда. Друштвото да ми ти било формирано од Советот. Така разбрав на онаа седница од 7 август. И сега оди разјасни ги работите и кажи што е ДППД: здружение на граѓани, сектор во локалната самоуправа или јавно претпријатие?

3. А ќе стане незгодно во Советот и треба да се носи одлука веднаш се бара пауза за консултација. Уште во салата се вадат мобилните и се врти некаде. Кому ли се јавуваат советниците за да се консултираат околу ставот кој треба да го заземат?! Чии репрезенти се тие? На групацијата што ја претставуваат или на некој во име на групацијата? Која е смислата на групирањето ако некој преку телефон кажува каков треба да биде ставот на репрезентите на

таму како комуналци некој треба да ги испрати таму. А зошто да ги испрати? Обучени ли се да бидат таму? Што ќе се случеше ако настрадаше некој? Кој ќе одговараше? Ако веќе комуналците треба да бидат таму нека им се дадат парите што им се даваат на тие кои требаше да бидат таму, па нека се обучуваат и нека се екипираат за да бидат таму кога ќе има потреба од тоа. Вака не оди. Комуналците како комуналци треба да бидат на друго место. Ако сена пожарите не би можеле да бидат на другото место.

6. Би им дал еден совет на сите тие кои треба во Советот на Општина Богданци да поднесат на разгледување и усвојување некаква програма или извештај.

Материјалот нека го достават снимен на компакт диск. Ем е поефтино, ем програмата или извештајот ќе им помине едногласно, без дискусија.

Што би сакале повеќе од тоа?7. На времето Германците ги

задевале Грците дека малку работат. „Не сме толку будали,

одговарале овие. Само саатот работи без одмор. Ќе го навиеш и тој: тик-так, тик-так, си чука до расипување.

До каде ли се стасани партнерите со муабетот?

Ќе ги навиваат или ќе им стават батерии.

Гамото. Как а л’гаа, как испадна.

8. „Богданци пред се“ е новото лого на Советот на Општината. Така пишува на ѕидот од салата. Кон логото гледаат сите во салата. Освен тиа што седат на масата пред логото. На нив логото им е зад грбот.

групацијата? Што ќе ни е демократија, што ќе ни се избори и кандидатски листи, што ќе ни се паушали за советници? Што ќе ни се и советници ако тие треба да прашат Некој како да кренат рака? Нека се сретнат тие Некои и нека се договорат. Ем побрзо ќе се решаваат работите, ем е поефтино.

4. Еден стар афоризам прашуваше дали ако се оди постојано во една насока, затоа што Земјата е топчеста, по некое време се стасува во точка сосема спротивна од појдовната. Оваа не е какафонија или некаква кафеанска филозофија, туку сосема конкретна недоумица. Ги слушам мислењата на некои ликови и не можам да ги препознам. Мислењето со кое се обземени денес, нема врска со тоа за кое „гинеа“ вчера. И јунаците на нивните животи се сменети. Тиа во кои се колнеа до вчера сега ги сатанаизираат до небеса. О времиња, о судбини, би кликнале старите мудреци и би заклучите дека се тече и се се менува.

Не ме изненадува мислењето на „портпаролите“. Нивното мислење секогаш е туѓо. Во моралната матрица не ми се вклопуваат сдсмовците што станаа асли вмровци, ниту вмровците со социјалдемократско расположение.

Да ти пукне пукалото, имаше обичај за ваквите „филмови“ да каже една ачик жена од маалото.

5. Во неколку наврати беше истакнувано дека комуналците биле во првите редови кога не измачуваа пожарите. Зошто комуналците? Како граѓани, доброволно и самосвесно, да. Како комуналци, не би рекол дека требаше да бидат таму. За да бидат

М л а д и н с к и от п а р л а ме нт - ед н а год и н а п ото аНа 26 јуни 2012 година се

одржа основачкото собрание на Младинскиот парламент во Богданци. „Поглед“ не беше известен за оваа активност и не присуствуваше на собранието. За основањето разбра од официјалната веб страница на Општина Богданци. Информацијата беше илустрирана со фотографија на која се гледаше дека мноштво народ учествувал на основачкото собрание. Во текстот на информацијата беа наведени потребата од формирањето на такво тело и целите за кое се формира. Беа наведени разни имиња и презимиња што ќе се вклучат во работата на Младинскиот парламент.

Веќе на 11 август на Летната сцена во Богданци се случи „Ноќта на младите“ во организација на Младинскиот парламент. Повод беше 12 август- Светскиот ден на младите. Настанот беше објавен со неколку плакати низ градот. Имаше се таа вечер. Се прочита декларација за активното учество на младите луѓе во одлучувањето и активностите на локално ниво, се цртаа графити, се читаше поезија, имаше музички настапи, се нудеше гратис гушкање... Со еден збор младите таа вечер си направија прекрасна забава на општо задоволство на сите. „Поглед“, одушевен од се што се случуваше, на настанот му посвети текст на цела страница на која и го стави заглавјето „Ноќта кога младите беа- МЛАДИ“.

И толку. Младите и понатаму беа присутни во Богданци, ама Младинскиот парламент исчезна од сцената на општественото живеење во Богданци.

Една година потоа „Поглед “ разговараше со Фидора Поп-Гонова и Богомил Марков, припадници на генерацијата која требаше да биде костур на Младинскиот парламент. И двајцата есенва ќе заодат на четврта година од гимназиското образование во Општинското средно училиште„Богданци“ во Богданци. Тие се деца кои, како и нивните врсници, сега имаат по 17-18 години. Никогаш повеќе нема да бидат на таа возраст,па како и секоја друга генерација, сакаат реално да го потврдат своето постоење.

Фидора Поп-Гонова,ученичка

„Во Гевгелија имаше Младински парламент. Се заинтересиравме како функционира и покренавме иницијатива и овде да формираме Младински парламент. Јас бев во петте члена што требаше да го профункционираат Младинскиот парламент. За координатор, како повозрасен, го определија господинот Страшо Олумчев.Но се случи недоразбирање. Многу од членовите на Младинскиот парламент членуваа и во Младинската секција на Доброволното противпожарно друштво. Излезе дека нема да може да се членува на двете места. Се формира една затворена група на фејсбук која едно време се занимаваше со тоа прашање. Јас во тој период бев во Германија. Се создаде една непријатна атмосфера

во групата и членовите, еден по еден, ја напуштија групата.

Кога минатата година се формираше Младинскиот парламент сите ние пристапивме кон него за да поттикнеме активности за подобро да си го организираме нашето младинско живеење. Ништо од тоа не спроведовме.

На почетокот, по формирањето, од Младинскиот парламент на Гевгелија ни ветија дека ќе ни помагаат се додека не застанеме на нозе.Ни рекоа дека, штом ќе можеме сами да пподготвиме проект, нивната поддршка повеќе нема да ни биде потребна. Но ние не само што не подготвивме, туку ниту не почнавме некаков проект. Кога баравме активност постојано бевме опсипувани со одложувањето

„Ние сме еден од ретките Младински парламенти што ја има поддршката од градоначалникот.Причината за нефункционирањето на Младинскиот парламент ја наоѓам кај координаторот.По формирањето бевме повикани еднаш или двапати. Се се случуваше на фејсбук. Ја организиравме онаа „Ноќ на младите“ и застанавме.

Јас сум учествувал на повеќе обуки за младински активизам како што се Светскиот ден на Европа, Младинскиот активизам,

Човековите права и други. Од 10 до 16 август годинава активно учествував на 33. Младинска школа за човекови права што се одржа во Скопје. Ја организираше Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка на Германската амбасада. Самиот се пријави и успеав да влезам меѓу 20 учесници од цела Македонија. Таму ни предаваа за културата и мултукултурализмот, за родовата еднаквост, за правата на жените и феминизмот, за сексуалната ориентација, за правата на децата и нивната заштита, за човековите права во Република Македонија. Добив и диплома за учество.

Најболно ми е што, при постоење на овдешен Младински парламент јас за овие обуки дознав од Младинскиот парламент на Гевгелија. За тоа сум му многу благодарен на господинот Бошко Петров.

Горд сум што учествував на Младинската школа не затоа што добив диплома, туку затоа што успеав да ги осознаам моите права, да се охрабрам и без страв да го кажувам своето мислење кое, се надевам, дека ќе промени нешто во ова закочено општество. Минатата година во Македонија масовно се формираа Младински парламенти. Многу од

нив не функционираат веќе. Нашиот Младински парламент сеуште има шанса да профункционира. Засега проблемот е во координацијата и траба да го обновиме. Нека тој брои и само 5 члена, ако тие 5 члена се активни и ако придонесат за јакнење на младинскиот парламентаризам. многу работи ќе си дојдат на своето место. Убеден сум дека и самите можеме да се организираме, да си ги координираме активностите и вистински да навлеземе во духот на парламентаризмот.

На Младинската школа се

пријавив како член на Младинскиот парламент. Кога ме прашаа какви активности спроведува нашиот парламент останав без зборови затоа што нашиот Младински парламент нема никаква активност. За во иднина да не се срамам од мојата неактивност сакам да направам промени на тој план. Ова не е само мое мислење. Тоа е мислење на многу младинци од Богданци. Не сакам никого да навредувам, но нашето време одминува. Сега сме млади и сакаме да функционираме како млади.“

Богомил Марков,ученик

„Ќе биде“. Со „Ќе биде“ ништо не се прави. Така само се купува време за да се одложуваат работите. Јас не сакам да лажам и да кажувам „Ќе биде“ за работа која не е ниту почната.

Затоа сега мислам дека треба да се организираме, да си подготвиме програма, да си ги поделиме задачите и одговорностите и да почнеме со активностите. Ни отиде летото без да осмислиме и да организираме било каква активност.

Кога се формираше Младинскиот парламент беше кажано дека доколку некој не е активен ќе биде исклучен од него. Така треба да направиме и ние. Да ги отстраниме неактивните за активните да можат да дојдат до израз.“

„Костреш“ концесионер на Браната

Здружението на спортски роболовци „Костреш“ од Богданци од Минстерството за земјоделство, водостопанство и шумарство ја доби концесијата врз рибниот фонд од акумулацијата Паљурци. Во текот на 6 години, колку што е важноста на концесијата, риболовците од „Костреш“ ќе располагаат со рибниот фонд во водите на Браната. Тие, врз основа на риболовната основа изработена од Институтот за рибарство, ќе изготват своја програма за порибување, ловење и чување на рибите во езерцето.

Министерството за екологија и Водостопанството на Република Македонија, секој во рамките на своите надлжности, ќе се грижат нивото на водата во акумулацијата никогаш да не остане под оптималниот минимум.

Здружението на спортски риболовци „Костреш“ има околу 80 членови и постојано е отворено за нови членови. За членување во „Костреш“ се плаќа годишна

члнарина од 400 денари за Федерацијата на Здруженијата на спортски риболовци и 1.000 денари за „Костреш“. Од членарината за „Костреш“ 10% или 100 денари одат за отплата на концесијата.

Со членувањето во „Костреш“ спортските риболовци се здобиваат со правото, во спортски риболов, да можат да ловат риби во акумулацијата Паљурци и да ловат риби во водите на други концесионери со кој „Костреш“ ќе склучи договор за соработка. Истовремено и членовите на другите здруженија на спортски риболовци со кој „Костреш“ ќе склучи договор за соработка ќе можат да ловат риби во водата на акумулацијата Паљурци.

Здружението на спортски риболовци „Костреш“ издава и дневни, неделни и петнаесетдневни дозволи за спортски риболов. За дневните дозволи се наплатува по 200 денари, за седумдневните дозволи се наплатува по 500 денари, а за петнаесетдневните дозволи се наплатува по 800 денари.

Page 5: Pogled Br.41 Avgust

5ПОГЛЕД Август 2012

Ком

ерц

ија

лен

огл

ас

На 3 август, во рамките на програмата на манифестацијата „Културно лето 2012 –Богдански средби“ , Фолклорниот ансамбал за традиционална музика и игра „Мегдан“- Богданци дебитираше со целовечерен концерт пред богданската публика. Концертот се одржа на Летната сцена во Градскиот парк.

Во Богданци се знаеше дека седум-осум месеци во гимназиската сала вежба некое играорно друштво собрано околу Петар Стојчевски и група негови истомисленици.

Кој е Петар Стојчевски?Петар Стојчевски е етнолог

кој етнологија има дипломирано н а П р и р о д н о - м а т е м а т и ч к и о т факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од детството членувал во Културно-уметничкото друштво„Бранд Петрушев“-Богданци затоа што од мал е вљубеник во фолклорот и народните фолклорни традиции. Неговата првична љубов била да запише студии на етно-кореологија, но во времето кога тој запишувал факултет таква образовна група немало на домашните универзитети. Се зборувало дека ќе се отвори таква група, па Петар си дозволил да преземе одговорноста и да прави пауза од една година за да запише етно-кореологија. Групата не се отворила и тој, не можејќи да чека уште една година, запишал етнологија во Скопје. За време на студирањето Петар се оддалечува од аматерското играорство и се посветува на факултетот постепено навлегувајќи во тајните на етнологијата од нејзината научно-едукативна страна.

По завршувањето на студиите Петар се враќа во Богданци. Љубовта што од дете ја има кон фолклорот, сега веќе втемелена и со знаења од таа област осведочени со факултетска диплома, му сугерира повторно вклучување во аматерското играорство.Заклучувајќи дека

неговите очекувања се поинакви од понудата што ја има тој одлучува самиот да си создаде услови кои ќе му ги задоволат очекувањата. Со група истомисленици, главно негови другари и пријатели, го формираат Фолклорниот ансамбл„Мегдан“.

-Прво почнавме како секција за да видиме дали ќе ни се собере членство.Тоа беше во октомври минатата година. Се собраа стотина членови. Секцијата функционираше врз основа на самофинансирање. Откако се виде дека членството е стабилно, во април регистрираме друштво како здружение на граѓани.Здружението си има статут, си има управни и надзорни тела и функционира со сите нишани. Се одлучивме за името „Мегдан“. Името „Русалии“веќе беше зафатено, а не сакавме да се именуваме по име на личност. Градските и селските мегдани во минатото биле местата каде што се случувале главните настани од фолклорната традиција. Затоа бевме на мислење дека „Мегдан“ ќе ни одговара како име. Кога веќе ви кажав како настанавме да ви кажам и како функционираме, го развлече Петар за момент својот монолог и продолжи.

Минатиот месец од членарина собравме 4.050 денари. Од тие пари 4.000 денари плативме кирија за салата. За провизија банката ни зеде 40 денари. За друштвото ни останаа 10 денари. Со тие 10 денари треба

да функционираме. Не би знаел да кажам дали некое аматерско друштво во Општината плаќа кирија за просторот во кој вежба. Изгледа дека „Мегдан“ е единственото.Прво за салата во гимназијата каде што вежбаме ни наплаќаа по 9.500 денари. Сега киријата ни ја намалија на 4.000 денари. Тешко ни е, но ќе издржиме. Имаме голема поддршка од пријателите и другарите. Половината од нив се играорци, половината не се, но го сакаат фолклорот. Кога го формиравме ансамблот се изненадивме колкав број членови се пријавија. Отворени сме за секаква соработка. Имаме членови на разни возрасти. Децата, околу 60, ги поделивме во две групи. Едната група се деца од прво одделение до 10 години. Другата група е од 10 години до 14 години. Потоа е главната група на младинска возраст. Формиравме и група на возрасни кои главно се заинтересирани за свадбарски ора. Изненадени сме колку возрасни изразија желба да ни се придружат.На сите кои членуваат во „Мегдан“ им се допадна членувањето. Можеби затоа што во друштвото го најдоа тоа што го барале: разонода, љубов кон фолклорот, физичка активност и, по мене, најважното, дружењето.

Друштвото за првпат јавно настапи на „Гурман фест“ што во мај се одржа во Скопје. Тој фестивал беше замислен како мултикултурен на кој учествуваа повеќе националности со своите културни традиции. Го организираше КУД„Кочо Рацин“ со поддршка на градот Скопје. Фестивалот се одржа на плоштадот. Ние, заедно со едно играорно друштво од Скопје, бевме поканети да ги претставуваме македонските друштва.

Секое друштво мора да има главен костур врз кој ќе се потпира неговата активност. Основна е музиката, оркестарот. Тој дел од активноста паѓа на професорот по музика, Бранко Сапламаев. Ќе му

помагаат Миле Атанасов и Влатко Сапламаев кои студираат музика. Сите тие се музички образовани и ќе го дадат својот придонес во работата на „Мегдан“. Професорот Бранко Сапламаев кој е член и на Управниот одбор се нафати да го води музичкиот дел, а јас го водам делот во кореографијата, игрите и фолклорните елементи. На „Културно лето 2012-Богдански средби“ ни беше дадена шанса да настапиме, што се вели-дома. Пред нашите домашни, пред нашите познати, пред другарите и пријателите. Сите ние, и членовите и раководството сме задоволни од настапот. Се надеваме дека истото чувство го понесе и публиката која го следеше концертот. Дотолку повеќе што настапивме со сите четири возрасни групи. И на некои од возрасните ова им беше прв јавен настап, а не пак за децата. Затоа сме задоволни. Има место и за корекции и за подотерување на кореографијата, ама генерално се беше во ред. Јас бев најсреќен.

Во натамошните планови имаме зацртано повеќе деца да обучиме да свират на народни инструменти и да се комплетираме со инструменти, со носии и опрема.Тоа ќе ни создаде проблем со чувањето на тој фундус? Но, да се опремиме, па ќе го решаваме и тоа прашање. Со тек на време имаме намера да станеме тоа што сме: фолклорен ансамбл. Да ги негуваме фолклорните традиции, да играме, да пееме, да музицираме, да везиме, да плетеме, да прикажуваме обреди и обредни игри. Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици. Сеуште не сме побарале спонзори.Сакавме прво јавно да се претставиме, па потоа да се обидеме да привлечеме спонзори-го заврши своето кажување Петар Стојчевки.

Врз основа на реакциите на присутните членовите и раководството на „Мегдан“ имаат причина да бидат задоволни. Сите таа вечер беа задоволни. „Мегдан“ од успешноста на настапот, а публиката од несекојдневното уживање во народните ора.

„МЕГДАН“ излезе на мегдан и одушеви со настапот

Фолклорниот ансамбл за традиционална музика и игра „МЕГДАН“- Б о г д а н ц и

објавува

Ј А В Е Н П О В И К за донирање на средста и опрема од страна

Заинтересираните средствата можат да ги донираат на жиро сметката 300310000025289,

а опремата во вид на народни носии, народни везови, народни инструменти или материјали за изработна на народни носии кај

лицето за контакт Петар СТОЈЧЕВСКИ ( тел: 077 511 717).

Фолклорниот ансамбл за традиционална музика и игра „МЕГДАН“- Б о г д а н ц и

објавува

Ј А В Е Н П О В И КЗа изработување на лого на друштвото или иницирање идеја

за лого на друштвото.Логото треба да го содржии насловот

Фолклорен ансамбл за традиционална музика и игра„М Е Г Д А Н“

Б о г д а н ц и

Ком

ерц

ија

лен

огл

ас

Петар Стојчевски

З а г р о з е н и г а б и и в о б о г д а н с к о„Воспоставување Црвена листа

на габи во Република Македонија“ е насловот на проектот со кој професор д-р Митко Караделев конкурираше кај фондацијата The Rufford small grants. Целта на проектот финансиран од Фондацијата, во согласност со IUCN критериумите, е да се состави официјална Црвена листа на габи во Република Македонија и да се дефинираат Важните габи подрачја во Македонија. Преку Црвената листа на габи, за првпат, ќе се добијат сознанија за загрозеноста на некои видови габи во Република Македонија.

Во проектот загрозеноста на габите е поделена во четири групи.

Првата група е CR или критично загрозени габи.

Втората група е EN или само загрозени габи.

Третата група се VU или ранливи габи.

Четвртата група се HT или габи

што се блиску до загрозеност.Податоците од овој проект

ќе се искористат за изработка на службената Црвена листа на габи во Република Македонија врз основа на која Министерството за животна средина и просторно планирање, локалните самоуправи и организациите од невладиниот сектор за заштита на животната средина ќе донесат заклучоци во однос на изготвување стратегија за заштита на биодиверзитетот.

На Црвената листа на габи се наоѓаат и габи присутни на подрачјето на Богданци.

На CR листата или на листата на критично загрозени габи се наоѓа габата Inonotus tamaricis која се наоѓа како сапроб или паразит на старите врежови стебла (вреж-tamarix, на латински). Габата ја има по врежовите грмушки во атарот на Ѓавото.

На EN листата или на списокот на загрозени габи се наоѓа габата

Amanita caesarea или Царска габа кај народот позната и како Јајчарка или Булка.

Оваа габа ја има на отворени и топли места во светли листопадни шуми во периодот од јуни до октомври. Може да се најде насекаде и претставува економски значајна габа затоа што ја следи мислењето дека е во редот на највкусните габи (затоа е наречена Царска габа).

На EN листата или на листата на загрозени габи се наѓа и габата Pleurotus ereyngii или Ветрогонова габа која од март до декември се развива на изумрени корења од ветрогон (erynginum). И оваа габа се јаде и е доста вкусна. Меѓу народот е позната како Печурка труба затоа што така изгледа. Се смета дека содржи состојки што го

јакнат имунолошкиот систем кај луѓето поради што се употребува како лек.

На VU листата или на списокот на ранливи габи се наоѓа и габата Amanita curtipes која спаѓа во редот на многу ретките габи и во Република Македонија ја има само во околината на Богданци

На оваа листа се наоѓа и габата Amanita vittadinii која ја има во јужните делови на Република Македонија и не е толку ретка габа.

Сите габи од редот на Amanita се мувоморки.

Inonotus tamaricis

Amanita vittadiniiAmanita curtipes Pleurotus ereyngii

Amanita caesarea

Page 6: Pogled Br.41 Avgust

ПОГЛЕД Август, 2012 6

Графичарите се собраа во „СОФИЈА“

Јас би бил многу задоволен кога би можел да им приредам гостопримство на сите заинтересирани, ама понекогаш работите се такви какви што се и за

Слагана МилиќевиќМостар, Босна и Херцеговина

Дамјан ЃоргиевскиСкопје, Македонија

Марија КнезиќЗагреб, Хрватска

Никола ИвановСофија, Бугарија

Амир ЌатиќСараево, Босна и Херцеговина

Милан КостадиновскиСкопје, Македонија

Проф. Радован Јандриќ

Нови Сад, Србија

Ментор на Графичката работилница

некои прашања што се изродуваат во проблеми тешко се наоѓаат излезни решенија. Во ателјето во просторот на печатницата и во ателјеата во нашата семејна куќа има доволно работен простор во кој можат да работат многу голем број графичари. Кујната и трпезаријата на печатницата немаат ограничување кога е во прашање опслужувањето со храна. Единствената пречка што не можевме да им излеземе во пресрет на сите пријавени учесници е просторот за ноќевање. Во нашите апартмани име легла за дванаесет учесници и апартман за менторите. Тоа е ограничувањето со кое се соочуваме. Како што е познато во Богданци нема хотелско сместување. Минатите години се обидувавме прашањето со недоволен простор за ноќевање да го решиме така што дел од учесниците сместувавме во хотелите во Дојран или Гевгелија и секоја вечер ги носевме до таму, а секое утро ги враќавме назад. Се покажа дека тоа решение не е најдобро. Привлечноста на ваквиот тип работилници е во целодневното дружење на учесниците. Тиа заедно работат, заедно се хранат, заедно се забавуваат, заедно ноќеваат. Некому да му се одземе тој дел од погодноста предизвикува непријатност и кај нас домаќините и кај тие кои си ги осудил да го немаат истиот третман како и другите. Затоа годинава неможевме да прифатиме учесници од љубљанската, од белградската, од риечката и од некои други академии кои се пријавија малку подоцна, откако веќе беше заокружен списокот од дванаесет учесници. Како и да е Главната сесија почна на 23 август и во следните десетина денови ќе се обидеме да живееме во духот на графичката уметност. За 2 септември е закажана завршната вечер кога ќе биде приредена изложба на изработените дела. На 3 септември завршува Главната сесија и учесниците се враќаат назад.- изјави за „Поглед“ Виктор Семенпеев, раководителот на Графичката работилница „Софија“.

И оваа година во Уметничкиот совет на Графичката работилница „Софија“ се познатиот ликовен уметник и поранешен професор на Факултетот за ликовни уметности Костадин Танчев-Динка, познатиот ликовниот творец Данчо Кал’чев,

вљубеникот во убавите уметности д-р Јанко Темелков, сопственикот на Печатницата „Софија“ Драги Семенпеев-Цапе и раководителот на Графичката работилница „Софија“ Виктор Семенпеев.

Иван МатеевСофија, Бугарија

Дорис МилишевиќНови Сад, Србија

Ален БуразеровиќСараево, Босна и Херцеговина

Далиа ФинекЗагреб, Хрватска

Жељко МутиќНови Сад, Србија

Димитар МајновСкопје, Македонија

Асфалтирање на безимените улици

Од Општината известија дека се асфалтираа: новоотворената улица во „Минова мала“; дел од улицата кај „Каменот“; улицата над фабриката „Макси“ и улицата под ветеринарната станица.

На истата страница, во претходна информација, се објави дека асфалтираните улици и делови од улици биле влезени во Програмата за асфалтирање на Општина Богданци.

Се што ќе се направи е придобивка за заедницата макар тоа била и безимена улица.Камо среќа почесто да се асфалтираа улици и сокаци. На времето додека со Гевгелија бевме во заедничка општина кај Богданци владееше една суета според која улицата или ќе биде со сите нишани или нема да се асфалтира. На многу улици не можеше да им се обезбедат сите нишани и тие си останаа во правта и во калта. Гевгелија го немаше тој проблем. Таму каде што можеше да се отвори улица според прописите и според Урбанистичкиот план се отвораше и се асфалтираше. Таму каде што не можеше да се пробие улица според Урбанистичкиот план и во функција беа маалските сокаци и патеки-ништо. Се расчистуваше до таму до каде што можешеда се расчисти и колку што можеше и така „сиров“ каков што си беше просторот се асфалтираше или се бетонираше. Уличките, сокаците и пристапите беа криви, тесни, ама асфалтирани.

Денес во Гевгелија скоро и да нема земјен сокак, а во Богданци ретко која улица надвор од строгиот центар не е земјена.

Така и овие сфалтирани безимени улици. Некаде се скршнати, некаде во средината има оградни ѕидови што го попречиле

асфалтирањето и ќе го попречуваат минувањето, некаде останале црничкови стебла надвиснати над коловозот, ама ако.

Ќе свикнат минувачите на кршкањето, онаа црница ќе се исушии ќе исчезне, на сопствениците на средуличните ѕидови ќе им помине инаетот, ќе сфатат дека и улиците по кои тие врват некогаш биле нечиј приватен имот кој бил исплакан во моментот кога од лична станал сечија сопственост, па ќе ги отстранат и нивните ѕидови. Важно асфалтираните улици нема повеќе да бидат калливи и прашливи и на сопствениците на куќите покрај нив нема да им биде непријатно што дворовите им се поплочени или бетонирани, а пристапните улици до нивните куќи како „од турско“.

Но не бива улиците да се безимени. И не се. На тие улици има куќи во кои живеат луѓе. Тие луѓе имаат документи со адреси. Некои од нив можеби живеат зад Ветеринарната, ама во документите им пишува дека живеат на 8-ми Март. Други живеат во Медурската мала, ама се водат на улицата Крсте Мисирков. Трети за своја ја сметаат Минова мала, ама адресата им е на Бранд Петрушев. На четврти куќите им се расфрлени околу објектите на „Макси“, ама кога одат на гласање нивните имиња ги бараат на улиците 11-ти Октомври, 10-ти Октомври, 25 –ти Мај или 26-ти Април. Не е јасно каде која улица треба да оди, ама според местоположбата на нивните куќи точно може да се утврди оваа што се асфалтирала од која од нив е дел. Таа е реалноста во просторот. Друга нема.

Како сега излезе улиците да се безимени? Безимено ли влегоа во Програмата за асфалтирање?

Асфалтирање на дел од ‘Бранд Петрушев’

Асфалтирање на дел од ‘8 ми Март’

Стеблото од црница поважно од улицата

Ова ѕитче не дозволи да се асфалтира улицата

Page 7: Pogled Br.41 Avgust

7ПОГЛЕД Август 2012

По преминувањето на бабата Лефтерија Стратрова која со своите безмалку 98 години беше најстариот жител на Богданци, сега предимството да го носи тој наслов го има Анка Караделева, вдовица на Петар Караделев и мајка на професорот д-р Митко Караделев.

Анка Караделеве е родена на 13 март 1920 година во Славонски Брод, Хрватска. Старицата одлично ги „носи“ своите деведест и две ипол години. Нејзината здравствена состојба е добра, има одлично памтење и, што е најважно, витално е подвижна.

За себе вели дека секогаш била физички активна и не водела сметка за начинот на исхрана. Се хранела на начин типичен за исхраната на луѓето од овие краишта. Таа до пред десетина години била и страствен пушач.

Сега е уживател на лична пензија која ја заслужила

работејќи како физички работник во ЗИК„Изворски“.

На списокот забележително возрасни жители на Богданци по Анка Караделева селедуваат Павлина Мингова и Љупчо Ќортошев, и тие родени во 1920 година, но малку помлади од Анка Караделева.

Анка Караделева, најстар жител на Богданци

Атрибутите на градотНовово време, покрај со друго,

се карактеризира и со широките можносто за пристап до разновидни информации од секојдневното живеење што на граѓаните им се достапни на разни начини и во секое време. Не дека саат кулите не биле урбани атрибути од дамнешни времиња и како урбана опрема и како пункт кој нудел информации. Не дека на мобилните во секое време не може да се види колку е саатот, туку така, колку да биде воедначено ориентационото време во чаршијата, добро е да се има централен градски часовник. Тоа луѓето на осумдесеттите од минатиот век го разбраа и на богданчани им подарија камбанарија со четири часовници кои со отчукување го огласуваа секој изминат час.

Биопезниците се шегуваа дека се поставиле четири часовници за луѓето да не чекаат кога сакаат да видат колку е саатот. Демек некој гледа колку е саатот, го зафатил со гледање едниот саат, друг сака да

види колку е саатот, се брза и, за да не те чека тој пред него да заврши со гледањето, да може на другиот часовник да види колку е саатот.

Веќе неколку години нема јавни часовници во Богданци. Постојните не се во функција. Застанати се на неколку минути до 4 часот и си стојат така како неми сведоци за нашата немоќ да го одржуваме тоа што се создало пред нас.

Летово имавме високи температури.Слушавме како локалните радиа објавуваат колкава е температурата во околните места. Таков податок за Богданци немаше. Поточно имаше, ама за тие што седеа во „Гаџо“ оти „Бреботекс“ не е во центарот на градот.

Заштитниот знак на Богданци, ветерот, понекогаш знае да биде страшен. Има направии кои го покажуваат неговиот правец и неговата брзина. Добро е да може да се има на увид и тој податок. Со денешнава технологија тие податоци ги овозможуваат апарати до кои

може лесно да се дојде.Времињата се тешки. Кусокот од пари е се поголем. Но таа не ќе да е главната причина за мртвилото на часовниците. Попрво ќе да е недостатокот од иницијативи.

Ова е мое видување за една горлива тема која деновиве е актуелна и доста жешка, како и ова спарно лето, од која се засегнати голем број на семејства од богданска општина, а богами и од подалеку.

Темата е мојот работен однос како одржувач на парни котли која заврши во август 2005 година со мој личен отказ.

За причините нема да пишувам бидејќи од текстот секој може да извлече заклучок зошто се одлучив на тој чекор. За историјата на „Млаз “-Богданци не би пишувал бидејќи во книгата „Млаз’ како трага“ доста документирано и јасно е опишано формирањето и подемот на оваа автотранспортно претпријатие.

Веднаш по моето доаѓање во „Млаз“ сватив дека главниот човек е екс директорот на „Млаз“-Богданци,Томчо Шимов, личност на која вреди да и се посвети внимание. Влегов во средина која функционираше како швајцарски часовник. Имаше совршен ред и дисциплина. Сите работни задачи се извршуваа со голема одговорност, на време и квалитетно, би рекол дури и перфектно.

На нашиот директор Томчо Шимов нека му е вечна славата бидејќи тој организирано, би рекол совршено добро, знаеше од вработените да го извлече најдоброто и тие да го пружат максималното, па гледајќи го како работи имав впечаток дека и за сува гранка да се фати ќе ја претвореше во злато. Беше визионер, храбар, одговорен, голем градител. Човек кој спојуваше и сплотуваше.

Човек кој уживаше во сите спортови кои во негово време беа на високо и квалитетно ниво. Ги спонзорираше сите други културни и забавни манифестации. Отвори можности секој, ако има афинитети кон нешто тоа и да го оствари.

Со сите овие квалитети успеа од „Млаз“ да направи голема фирма, би рекол огромна како џин, а Богданци да го прослави на целиот

Балкан, па и во Европа. Неговото време го паметам по тоа што луѓето беа релаксирани, весели и среќни, се сакаа меѓу себе, се почитуваа, градеа или поправаа. Имаа можност за тоа бидејќи имаа сигурни и навремени лични доходи да не зборувам за други погодности.

Имав чувство дека овој човек е непогрешив, дека, по наше, не може да ја утне, ама баш никаде, но изгледа, ако е тоа грешка можеби и не е, оти имаше верба во кадрите кои сам ги обучи и кои што, нормално, по неговото заминување требаше да го одржуваат овој џин и понатаму на цврсти нозе, а на луѓето да им обезбедат барем сигурни плати ако не можат да го следат темпото кое тој го наметна - постојано да гради, да доградува и обновува. Животното дело на овој човек, АТП„Млаз“-Богданци, почна да се распаѓа откако на чело дојде Васил Петрушев кој сеуште мисли дека е директор на истиот.

Од мене нека е проклет денот кога овој Васил Петрушев дојде на чело да го води овој џин. За мене тоа е денот кога почна да се урива еден совршен систем и ред и кога џинот наречен „Млаз“ Богданци почна да се клати и да попушта.

Нема да набројувам, но „Млаз“ беше огромна фирма со многу дејности, но од тој проклет ден почна голготата и немирот на сите 1.800 вработени.

Јас знаев дека не го бива овој човек, дека нема шлиф и капацитет да се справи со одговорноста и предизвиците кои ги бара директорското место на „Млаз“-Богданци. Во тоа време тоа го знаеја и други луѓе кои отворено му се спротивставија на овој Васил Петрушев, но луѓето сеуште му веруваа, не сите, но некои од нив се надеваа дека „Млаз“ ќе продолжи да чекори како во минатото.

Тој прво го уништи редот и дисциплината, па одговорноста и откако дојде башибозлукот, џинот наречен „Млаз“ Богданци почна да се смалува и да се топи.

Пропаѓаше „Млаз“ на сите фронтови и тоа во континуитет. Полека, но сигурно, човекот се губеше, но понатаму си седеше во фотелјата на нашиот екс директор уживајќи во хаосот и конфузијата која излегуваше од неговата безидејност и неспособност.

Јас го чувствувам отровот што излегуваше од неговото битие и кое се стремеше да уништи се што направил Томчо Шимов без да има грижа на совеста. Се откинуваа делови некогашниот џин, пропаѓаа.

Се продаваже во бесцена огромни капацитети движен и

недвижен имот стекнат со наш труд. Како за пример, фабриката за приколки за час се претвори во ковачка работилница, а нашите акции се претворија во тоалет хартија. Луѓето неможејќи да да гледаат што се случува, во очај го напуштаа „Млаз“. Одвај ако останаа стотина луѓе, а неприкосновениот џин се претвори во џуџе., а со тоа и

Богданци стана сиромашко место за живеење. Сите што барем малку му веруваа изгубија доверба во овој човек. Но немаше фронт на обединување и не постоеше надеж дека ќе сопре оваа уништување на „Млаз“. Но се појави нашиот месија во ликот на Петар Шимов, син на творецот на АТП„Млаз“-Богданци.

Токму таков човек ни требаше. Успешен бизнисмен кој заедно со вечните борци Крсто Олумчев, Ристо Станковски и многу други, нека ме извинат што нема да ги набројувам, успееја да не соберат преку 700 акционери, да не сплотат за да може да се спаси онаа што остана од оваа џуџе за да не се дозволи „Млаз“ да го снема или фирмата да изгасне.

Овој отпор и борба да не пропадне „Млаз“-Богданци можеше да опстои само со господинот Петар Шимов бидејќи таквите проекти бараат финансиска поддршка , а ние акционерите на „Млаз“ станавме многу сиромашни луѓе.

Се створија стотици социјални случаеви. За некои луѓе „Млаз“ беше се, како светилиште, како надеж достојно да си заминат во пензија.. Но овој човек не попушта.Тој сака сеуште да уништува. Со него има одвај стотина луѓе кои мислат само на себе и не сакаат да видат или да се сетат што беше „Млаз“, а што остана од него.

Не можат да видат дека овој човек успеал да го посее семето на раздорот во Богданци и пошироко, да створи омраза и нетрпение, да ги подели луѓето користејќи ги како сопствен штит при тоа не мислејќи на последиците кои сигурно ќе се рефлектираат на соживотот во Богданци во иднина.

Не сакаат да признаат и да попуштат пред фактот дека овој Васил Петрушев ја има формулата како од џинот се прави џуџе.

Но правдата и вистината се на наша страна. Можеби ќе потрае, но победата ќе биде наша, а сатисфакција за сите нас ќе биде кога некој ќе одговара за крчмењето на нашиот имот и кога на целата богданска и македонска јавност ќе и се објасни со чии пари Васил Петрушев и неговата тајфа купиле толку многу акции.

Видување Како од џинот се прави џуџе

Пишува: Томе Александар Пачаразлиев,акционер и поранешен вработен во „Млаз“

Реагирање СДСМ во Богданци

Пишува: д-р Костадин Јанев,офталмолог

По повод престојувањето на дел од раководството на СДСМ на чело со претседателот Бранко Црвенковски во Богданци, Општинската организација на СДСМ издаде соопштение печатено во весникот „Поглед“.

Во соопштението Општинската организација на СДСМ им се заблагодарува на богданчани за нивното масовно присуство на протестниот собир, а со тоа и на поддршката на програмата на СДСМ.

Богданчани како и порано, убаво ги пречекаа и испратија гостите.

Но јас како и многу други богданчани се прашуваме: Кога господинот Бранко Црвенковски поминува низ Богданци или престојува во него дали има чувство именувано како грижа на совест, затоа што во негово време од атарите на Општина Богданци беше одземена Богородица и приклучена на Општина Гевгелија. Патем речено анексијата беше извршена без било какво објаснување!

Кога се расправаше за

границите на новите општини, науката го изнесе својот став: Убавата аграрна целина од левата страна на Вардар не треба да се дели (изјава на професор Панов). Пратеникот Атанас Вангелов во собранието, со несоборливи аргументи, докажуваше дека решението предложено од владата не е добро. Истото е против природно, против правно. Не води сметка за еднаков развој на трите општини: Гевгелија, Богданци и Дојран.

Но, мнозинството во парламентот гласаше гласаше според директивите од горе. Богородица отиде со Гевгелија. Граничниот премин од левата страна помина на десната страна на Вардар. Приливот на средства од преминот, како и другите приходи од објектите на границата беа насочени во правец на Гевгелија.

Како последица од таквото решение Богданци е на колена и е вратено сто години назад.

Се случи тоа што политичарите не го предвидоа: се случи миграција. Осиромашените луѓе од Богданци и околните места побараа и бараат работа во Гевгелија и другите градови и бараат работа во странство.

П.С.Излез од реченота понапред е

да се признаат грешките од минатото, да се анулираат погрешните решенија и да се заменуваат со нови кои ќе бидат од полза за сите.

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 7 октомври 2012 година (недела)

ПРИЈАТЕЛИТЕ НА БОГДАНЦИ ќе одржат ТРИБИНА на тема

„КАДЕ ОДИ ОПШТИНА БОГДАНЦИ?“

Трибината, со почеток во 11 часот, ќе се одржи

во кафеаната „ЧАВДАР“ во Богданци

Координатор: Јосиф Џочков

Присуството на трибината и учество во

дискусиите се посакувани

Богданци, 20. 8.2012 год.

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Page 8: Pogled Br.41 Avgust

ПОГЛЕД Август, 2012 8

Црни точки

Парола на месецотНе постои утврден град чии ѕидини

мазга натоварена со златоне може да ги прескокне

Филип II Македонски

Измислен разговор меѓу Богданчо на Богдан Богдански и Боро Попов

Шега

тел. 034/ 222-766

БАЏОСТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БББ: -Легендо,ќе позборуваме подоцна, но пред тоа да расчистиме една дилема. Бива?

БП: - Бива. Што не би бивало?! Каква ти е дилемата?

БББ: - Ти Попов си или Поп-Глигоров?

БП: - Кога си Попов - Попов си. Ако се инсистира и на подробности тогаш го исфрлаш уште податоци. Да. Јас сум Поп-Глигоров. Така официјално се презивам, ама луѓето се понавикнати да ме викаат Боро Попов.

БББ: - Добро, толку ми беше дилемата. Сега да преминеме на разговорот за кој сум заинтересиран.

БПГ: - Ти си заинтересиран, но што е со мене? Се прашувам ли јас за нешто?

БББ: - Затоа сум тука. За да те прашувам.

БПГ:- Така е, ама некако не ми е до разговор.

БББ: - Зошто бре пријателе?БПГ: - Во рубрикава

разговараш се со некои бивши луѓе. Јас, фала му на бога, сум сегашен.

БББ: - Не, ти си безвремен затоа што си легенда. Така и ти се обратив. Не можеш да бидеш бивш.

БПГ: - Де престани со удирањето четки и кажувај што те мачи.

БББ: - Лето е. Ваканција е за студентите и учениците. Секогаш кога е ваканција младите наоѓаат начин да се забавуваат на свој начин.

БПГ: - Затоа се млади. За да уживаат во младоста. Младоста трае кратко и е неповторлива. Кога ќе се

забавуваат ако не на млади години?БББ: -Да но прашањето е како?БПГ: - Така како што им

одговара на нив. Секоја активност што им претставува задоволство е забава и уживање.

БББ: - Во ваше време си правевте игранки, сини вечери, спортски натпреварувања... Ти секогаш беше во центарот на случувањето.

БПГ: - Јас не би гледал така на работите. Се се работеше тимски. Цели генерации учествуваа во настаните и како учесници и како организатори. Ќе имаше ли забава без „Бодоти“? Нема да имаше, а таа беше група, музички состав. Ќе имаше ли било што ако луѓе и луѓе не се вклучеа во организацијата. Јас можеби бев само малку повеќе експониран. Подготвував сценарија, ги водев забавите, правев сценографии, пишував плакати, ги лепев ... инсталирав озвучувања ... Затоа така ме паметите. Но во никој случај не бев сам.

БББ: - Кога има кој да го поведе орото лесно е после тоа да расте.

БПГ:- Тоа е веќе друга работа.БББ:- Сакав да направам

споредба за тогаш и сега.БПГ:- Не може да се споредува.

Тогаш ние бевме младинска организација и се се прекршуваше преку неа.

БББ: - Сега? Преку што се прекршуваат забавите? Ги има ли, воопшто?

БПГ:- Забави секогаш има. Сега околностите се други. Забавите

се прекршуваат преку самите себе. Секое кафуле си прави сопствена забава. Пред некој ден имаа ли моторџиите своја забава? Имаа. „Богданското лето“ не ли е забава? Турнирот во кошарка забава ли е?

БББ: - Како да сакаш да си ги минимизираш заслугите. Да почнам ли да бројам колку спортски клубови формира. Те гледм пред некој ден пак го шараше игралиштето на „Вардарски“ и го поправаше разгласот. Турнирот во кошарка се одржа, но ти го обележуваше теренот. За тоа ми е муабетот.

БПГ: - Сакаш да го истакнеш ентузијазмот, како што гледам. Не ти е лоша намерата, но и јас би пршал нешто. Стопати да го формиравме „Младост“ ништо немаше да излезе од тоа ако Паро Шимов не застанеше зад идејата. Ќе го имаше ли ракометниот „Млаз“ ако луѓето од претпријатието не застанеа зад клубот?

БББ: - Да, но ако немаше кој да ги трчка работите, кој да ги поврзува конците, се ќе останеше само пуста желба.

БПГ: -Да речеме дека треба да се подредат коцките. Во исто време, на исто место, за иста идеја да се најдат тие што поддржуваат, тие што врз основа на поддршката реализираат и тие за кои сето тоа се прави.

БББ: - Легендо, легендо... Сега ми е јасно дека легендарноста не се добива на дар. Таа се заработува. Ти неа си ја заслужи во целост и носи си ја со среќа.

Опасаните чаталења на улицата Мирче АцевБогданци е „феноментално“

како што ќе рече еден познат богдански шегачија секогаш кога ќе сака да посочи феномен што што има ментална заднина.

Една „феноментална“ карактеристика во богданското секојдневие е што градот поседува улица што се вкрстува со самата себе.

Станува збор за улицата Мирче Ацев. Улицата е распослана меѓу главната улица Маршал Тито, собирната улица Дојранска со која се вкрстува двапати (?) и улицата Страшо Пинџур со која се вкрстува дури трипати (?).

За да се има прегледност на нејзината распосланост не е згора да се спомне дека таа поминува покрај Ресторанот, покрај Здравствениот дом, покрај Домот на културата и покрај продавницата „Кум“. Безмалку, како да му била инспирација на Дедал за градењето на ходниците во дворецот Лавиринт

што на Крит го изградил за кралот Минос.

Голем прилог во „феноменталноста“ на Мирче Ацев е и податокот дека таа на четири места се вкрстува со самата себе. Овие вкрстувања и не се вистински вкрстувања бидејќи се чаталести. Ако чаталењата на улицата кај Љуљеџиеви и Прчеви, кај Џишеви и Петрушеви и кај Гогови и Тумбови не би требало да бидат загрижувачки чаталењето кај Прошеви, Ванчеви и Бејкови во никој случај не е наивно. Таму кракот што доаѓа од Маршал Тито се чатали на краци што одат кон Здравствениот дом и кон улицата Дојранска. Кракот што доаѓа од кај Дојранска во таа точка се чатали кон Здравствениот дом и кон улицата Маршал Тито. Каракот што доаѓа од кај Здравствениот дом се чатали кон улицата Дојранска и кон улицата Маршал Тито.

Прегледноста на свиокот кај

Прошеви и свиокот кај Ванчеви е лоша и се нема претстава што ве очекува зад кривината.

По други градови таквите незгодни места ги опремуваат со огледала преку кои учесниците во сообраќајот добиваат информација што ги очекува зад аголот.

Досега на таа фрекфентна точка се нема случено трагична незгода, но опасноста демне. Не дека сега Богданци, кој нема ниту еден знак по улиците, треба да се загне и да поставува огледала по крстосниците, ама треба да се води сметка кога ќе се прави план за поставување на сообраќајна сигнализација по градот да се има предвид и оваа црна точка.

Црните точки не се црни сами по себе. Тие поцрнуваат од превиди и негрижа за обележување на опасноста која се заканува и отстранување на можноста за опасност.

Не постои утврден град чии ѕидинимазга натоварена со златоне може да ги прескокне

Се вели дека светот е глобално село. Денеска во ерата на новите информатички технологии, особено.

Но светот секогаш бил глобално село. Можеби порано информациите низ него, за разлика од сега, патуваа побавно, ама сепак стасуваа насекаде.

Така беше и со оваа шега кој се датира таму некаде во раните седумдесетти години на минатиот век.

Тоа е онаа време кога студентските бунтови од осумдесет и осмата ги беа стивнале, ама нивните одеци сеуште ја потресуваа планетава, кога виетнамските боишта не слегуваа од ударните

вести, кога во Прага се ронеа осланетите запролетени пупки, кога ... кога ново време силно затропа на вратата на човештвото. Нишката што ги поврзуваше меридијаните на Топката беше Духот.

Подновена состојба на ослободениот дух.Шегата го обиколи светот. Во нејзиното средиште, како што доликува, беа студентите.

Студентите на Париз. Париз, покрај се друго, беше и средиште на разбрануваната шеесет и осма смислена и реализирана од студентите. Настанот се случил веднаш после тоа.

Седела така една група студенти во некое од познатите париски бистроа, го арчела првото утринско кафе и низ прозорците ги следела настаните по околните улички.

Вниманието им го привлекло случувањето недалеку од бистрото. Во случувањето неколкумина работници, прописно облечени во униформи на комунални работници, со работни шлемови, со рефлектирачки комбинизони и слично, со оградни барикади го оградуваат аголот од тротоарот каде што се вкрстуваат две улички заедно со дел од улиците и се подготвуваат со лопати и копачи да го раскопуваат оградениот простор. Кај некој од студентите блеснала идеја, се изнела идејата на разгледување пред групата, се обработила и се прифатиле.

По поделата на задачите еден од нив заминал кон блиската телефонска говорница, а дватројца од нив се упатиле кон местото каде што биле работниците.

- Ало! Сакам да зборувам со дежурниот во полициската станица, по свртувањето на оние легендарни телефонски броеви за итно повикување на полицијата, му се обратил студентот од телефонската говорница на гласот што доаѓал од другата страна на телефонската слушалка.

-Да. Овде е дежурниот, повелете, Гласот дозволил можност .

-Не е моја работа, ама помислив дека граѓански е исправно да ве известам дека една група студенти облечени како комунални работници направија ограда на улицата ( кажал која улица), го обележаа местото со соодветни знаци и се подготвуваат да ја раскопуваат улицата и сето тоа го прават за да покажат дека можат да прават што ќе им текне без некој да ги праша што прават и да ги попречи во тоа.

Се извинувам, ама мислев дека треба да знаете за оваа.

Ја изрецитирал студентот „задачата“, ја спуштил слушалката и се вратил во бистрото.

-Добар ден, аирлија нека ви биде работата, се истопориле оние даватројца што се упатиле кон оградениот простор кај комуналните работници обраќајќи им се се крајно наивно и срамежливо, ако не ви пречи би сакале да ви кажеме нешто.

-Кажете, ги пресретнал строго човекот кој ја раководел групата.

-Видете, ние сме студенти, ама мислиме дека е човечки да

ви кажеме дека една група наши колеги се подготвуваат, облечени како полицајци, да дојдат тука и да ве попречуваат во работета за да покажат дека можат да прават што ќе им текне без некој да им застане на патот. Се извинуваме, ама мислевме дека треба да знаете што ви се подготвува, а вие натаму правете како што мислите дека е најдобро.

-Баш би сакал да го видам, тоа одговорил шефот прошетувајќи пред тоа со погледот по работниците кои го следеле разговорот.

По исполнувањето на „граѓанската должност“ дватројцата се вратиле во бистрото.

Набргу потоа до местото каде што работеле комуналците наближиле две полициски возила од кои излегле неколкумина полицајци.

Комуналните работници ја оставиле работата, ги стегнале цврсто држалињата на лопатите и се исправиле да видат што ќе се случува натаму сосема подготвени, ако треба, да учествуваат во „случувањето“.

Полицаецот со најмногу значки на рамињата се доближил до работниците.

-Кој ја раководи оваа група, прашал.

-Јас. А што ве интересира, одговорил шефот со доза на иронија.

-Сакаме да знаеме кои сте вие, што се подготувате да работите и да ви ја видеме дозволата за тоа, полицискиот официр продолжил да тренира строгост.

- Добро, одговорил шефот на комуналците. А кои сте вие, па ве интересира тоа?

- Зарем не гледате дека сме полицајци?

-Гледаме, ама гледаме дека сте полицајци колку што сме ние студенти и тргнал кон полицајците давајќи им знак на работниците да го следат.

Комуналците со лопатите тргнале кон полицајците, полицајците ги извадиле пендраците и им се пуштиле на комуналците.

Студентите, задоволни од развојот на настаните, си седеле во бистрото и уживале во глетката, во меѓувреме преминувајќи на пиво.

Веста за настанот бргу се рашири. Потоа беше речено дека лично градоначалникот морал да интервенира за да се смират страстите и да се разјаснат работите.

Студентите

[email protected]