68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот цена: 90 денари БРОЈ 133 ПЕТОК 18.06.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924 Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот растенијата се селат поради климата ВОЛУМЕНИ СО СТРОГА ГЕОМЕТРИЈА ПРИРОДО-НАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАТКА - Награда за архитектонски проект на БИМАС 2010

PORTA3 133

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 133

Citation preview

Page 1: PORTA3 133

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот

цена: 90 денари БРОЈ 133ПЕТОК 18.06.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот

Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот

растенијатасе селат поради климатаВОЛУМЕНИ СО СТРОГА ГЕОМЕТРИЈА

ПРИРОДО-НАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАТКА - Награда за архитектонски проект на БИМАС 2010

Page 2: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 201032

рубрика

Page 3: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 3

рубрика БРОЈ 133 ПЕТОК 18.06.2010 ГОДИНА VI

Драги читатели,

Наградата за архитектонски проект на БИМАС 2010 беше доделена на архитектот Валентино Константиновски за Природонаучниот музеј на Матка. Наместо стандардните претстави за простор кој се надоврзува на традиционалното градителство во Македонија, авторот на проектот ни нуди еден потполно современ објект кој се одликува со прави линии и чисти форми. Атипичната композиција на кубуси, кои според авторот симболизираат гнездо, содржи простор за изложба на реликтни и ендемични растенија и животни кои се сретнуваат во овој регион, како и простор предвиден за одмор и медитација со убави природни визури кои ги овозможува локалитетот Матка. Во регионот каде Кожув нуди извонредни можности за развој на ловот и на зимските спортови, стрмната демиркаписка карпеста клисура претставува предизвик за алпинистите, а Дошница, Боскавица и Вардар - рај за риболовците, архитектите Васко Ликарски, Трајче Грков, Раде Трајковски и Златко Хаџи Пецов создале објект наменет за винарска визба, кој претставува вистинска атракција за сите посетители на овој крај. Нoвиот храм на виното, винарската визба Попова Кула во Демир Капија, покажува дека и во рурална средина и неразвиена општина може да се инвестира, да се прави бизнис и да се создава архитектура која ќе ги привлекува туристите.BIM (Building Information Modeling) беше црвената ниска на ГЕД 2010. Овој модел е 3D претстава на физичкиот објект со сите негови детали и информации за фазите од изградбата, уште пред тој да биде изграден. Ваквиот пристап во проектирањето, кое сè повеќе ќе го заменуваме со терминот моделирање, дефинитивно ги намалува трошоците на изградба, бидејќи повеќето проблеми се воочуваат и откриваат уште во фазата на подготовка на моделот.Градовите низ кои поминува река, се убави градови. Природата во старт им дала убавина. Реката, нејзините мостови и шеталиштата околу неа, секогаш и секаде, се меѓу најатрактивните делови на градот. Големите градови, низ кои поминува река, на пример, како што се Париз или Москва, се богати со многу мостови кои се дел од нивната историја и традиција. „Би била пресреќна кога нашите пешачки мостови, кои се градат или ќе се градат во иднина, со својата совршеност и едноставност, во изборот на формата, обликот и материјалите, со користењето на најсовремената технологија, би биле одраз на нашето време. Кога со својата едноставност, одмереност и елеганција, би биле инспирација на сегашните и идните генерации поети, писатели, творечки луѓе, во создавањето на нивните дела“, пишува архитект Љупка Дуковска во текстот за шармот на пасарелите што го разубавуваат градот.Конкретните докази за негативното влијание на глобалното затоплување се пред нас. Растенијата се селат поради климата. Научниците посочуваат примери во кои шумски површини им отстапиле место на тревите во африканскиот регион Сахел, а грмушките навлегле во тундрата на Арктикот. Marjanne Pearson e професионален консултант и ловец на таленти чија прва работа била да ги прегледа пријавите за работа во бирото на Френк Гери. Во интервјуто со Edward Keegan за Architect Magazine од САД, таа советува како треба да изгледа CV на еден архитект во моментот кога илјадници невработени бараат работа ширум светот.

ОД реДакцијата

АРХИТЕКТУРА 06Валентино Константиновски,

Проект за Природо-научен музеј на Матка

РЕГИОНИ 10Попова Кула - магнет за туристи

ГРАДЕЖНИШТВО 28Гео-инженерски ден 2010

УРБАНИЗАМ 32Шармот на пасарелите што го

разубавуваат градот

ЕКОЛОГИЈА 36Растенијата се селат поради климата

ЕКСПЕРТ 50Дипломи, лиценци, дозволи...

СОВЕТИ 54Како да направиш професионално CV?

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3132 923; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Редакција:

главен и одговорен уредник:Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЈулијана ГЕРАСИМОВСКАСузана ВАСИЛЕВАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Елена КУЗМАНОВСКААнгел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВНатка ЌОСЕВАСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВДејан БУЃЕВАЦАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка Солева

дизајн:БИРОПРОЕКТ

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Кокан ГРЧЕВ,дипл. инж. арх.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биропроект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ:4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ПРИРОДО-НАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАТКААвтор: Валентино Константиновски

Page 4: PORTA3 133

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 5: PORTA3 133

Skopje, R.Makedonija

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 tel: ++389 2 2050 809

faks: ++389 2 2050 264 [email protected]

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ

Page 6: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 201036

архитектура

Објектот на локалитетот Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри

за време на глацијалниот период во Македонија. Денес, на овој простор се сретнуваат голем број реликтни и ендемични растенија и животни. Од вкупниот број на 1.000 растенија, 20 проценти се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). Во кањонот се откриени два нови вида пајаци и пет лажни скорпии, а научниците регистрирале 119 видови дневни, 140 видови ноќни пеперутки, 77 видови балканско ендемични мали

пеперутки, како и 18 други видови кои се нови за науката. Во непосредна близина на идниот Природо-научен Музеј во кој би се проучувале, изложувале и документирале овие експонати од флората и фауната, се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Андреа, изграден во 1389 година од страна на синот на кралот Волкашин, Андреа. Тој претставува комбинација на издолжен триконхос одвнатре и слободен крст однадвор, а со својата архитектура совршено се вклопува во природниот пејзаж.- Во проектот е направен обид за целосно вклопување на објектот во околниот природен амбиент. Сметам дека никогаш не треба да се натпреваруваме со природата и нејзините појавни

форми. Затоа избрав строга геометрија, прави линии и чисти форми, со кои се потенцира фактот што објектот е направен од човек - вели Константиновски.

композиција на кубуси што симболизираат гнездо

Формата на објектот е инспирирана од една летечка камена глава од филмот Zardoz(1974) на John Boorman. - Се работи за еден необичен концепт. Мојата идеја беше објектот да личи на артифициелна летечка интелигентна форма, која талкајќи низ времето и просторот го препознава своето легло и токму тука, на ова место, го прави своето гнездо и истовремено сраснува со околниот терен.

ВОЛУМЕНИ СО СТРОГА ГЕОМЕТРИЈА ЗА ИЗЛОжБА НА БИЛКИ И жИВОТНИ

ПРИРОДО-НАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАТКА - Награда за архитектонски проект на БИМАС 2010

Наместо стандардните претстави за простор кој се надоврзува на традиционалното градителство во Македонија, архитектот Валентино Константиновски во проектот за Природонаучен музеј на Матка, ни нуди еден потполно современ објект кој се одликува со прави линии и чисти форми. Атипичната композиција на кубуси, кои според авторот симболизираат гнездо, содржи простор за изложба на реликтни и ендемични растенија и животни кои се сретнуваат во овој регион, како и простор предвиден за одмор и медитација со убави природни визури кои ги овозможува локалитетот Матка.

Валентино константиновски и припаѓа на групата на архитекти кои освен со проектирање и реализација на објекти и ентериери, се занимаваат и со истражувачки проекти. Меѓу нив се: куќата „Динамичен квартет во сино“ во с. Бардовци, станбен објект „Коцки“ во с. Бардовци и проект за административно-деловна висококатница. Од неговите реализирани објекти најзначајни се: станбена куќа во населба Козле(1994), станбено-деловен објект на ул. Алберт Ајнштајн (1997), станбено деловен објект „Мида“ заедно арх. М. Мичиќ (1998) и др. Проектант е и на повеќе ентериери, во кои доаѓа до израз неговиот префинет осет за детаљ, структурата и колоритот на материјалот, како и на голем број на проекти на станберни и деловни простори.Понови негови проекти се: проект за катна гаража на ул„Мито Хаџивасилев Јасмин“,Скопје (2010); Плоштад во населба Влае, Скопје; Возобновување на Св.Климентовиот Универзитет на Плаошник, Охрид; Македонски Павиљон за ЕКСПО 2010 во Шангај, Кина; Драмски театар во населаба Карпош, Скопје (2009); Пешачки мост на река Вардар, Скопје; Факултети за информатички технологии, институти, студентски дом и спортска сала во Општина Аеродром, Скопје(2008).

Page 7: PORTA3 133

архитектура

Стилизираното гнездо е претставено со дрвен кубус - објаснува Константиновски.Музејот е резултат на внимателно истражување, кое опфатило димензионирање на отворите според интензитетот на дневната светлина и создавање рамки за сликите на пејзажот. Ваквиот вид планирање го карактеризира истражувањето на искуствата на визуелните доживувања низ различните нивоа на транспарентност. Варијациите на светлината на површините што го дефинираат објектот ги истакнуваат волумените, интензивирајќи го чувството за интерна и екстерна динамика. Иако се работи за смирени кубуси со правилна геометрија, композицијата создава

перцептивни тензии од секој различен агол на гледање. Нејзината геометрија е резултат на желбата на авторот да создаде простор кој нема да служи само за изложување на експонати, туку самиот за себе ќе биде експонат во своето опкружување. Во исто време, одвнатре ќе ни овозможи да ја посматраме природата како слика. Функција и мистика

Во оваа строга геометриска форма е сместен музејот што содржи сутерен со депо и простор за подготовка на експонатите, и приземје со влезен предпростор, инфо-пулт и дел од постојаната изложба со простор за мултимедијална

презентација. Приемниот дел кој се наоѓа во дрвен транспарентен кубус се развива низ две катни висини. Влезот е нагласен со одземање на аголот и негово третирање со стаклена обвивка во форма на коцка. - Делот за изложба и презентација е сместен на два ката во бетонскиот дел од објектот, со цел да се овозможи потребна микроклима и соодветно осветлување на просторот по вештачки пат. На приземјето, во бетонски дел централно се сместени високи изложбени витрини, а периферно по ѕидовите на соодветни растојанија е предвиден простор за вертикални LCD монитори (touch screen).Тука посетителите ќе имаат

Површина - 239 м2 ГоДина: 2008ТиП на оБЈЕКТ: општествен објектЛоКаЦиЈа: Матка, Скопје

Иако се работи за смирени кубуси со правилна геометрија,

композицијата создава перцептивни тензии од секој

различен агол на гледање. Нејзината геометрија е резултат

на желбата на авторот да создаде простор кој нема да служи само за изложување

на експонати, туку самиот за себе ќе биде експонат

во своето опкружување. Во исто време, одвнатре ќе ни

овозможи да ја посматраме природата како слика.

Page 8: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 201038

Page 9: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 9

архитектура

можност да се информираат за експонатите во Музејот по пат на мултимедијална презентација преведена на три јазици со помош на слушалки - вели Валентино.На катот се лоцирани дел од изложените експонати во ниски витрини и простор предвиден за одмор и медитација со убави природни визури кои ги овозможува локалитетот Матка. -Тенденција беше во овој простор да се добие едно посебно чувство на духовност, на мистика, најмногу поради неговата припадност во манастирски комплекс и секако поради специфичноста на околната природа, - нагласува Константиновски.

Материјализација со натур бетон и дрво

Во објектот се предвидени бетонски подови. Улогата на плафон ја презема примарната или секундарна носечка конструкција без дополнителна обработка. Соодветно, во првиот дел од објектот плафонот го сочинуваат талпите од дрвениот скелетен систем, додека во останатиот дел тоа се армирано-бетонските плочи. На пoкривот, продолжена е обвивката од фасадата и постигнат е соодветниот визуелен ефект на доживување на третата димензија на објектот

Наталија НОВакОВиЌ- ДОБреВСка

Page 10: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010310

форум

Да се создава архитектура е прекрасно нешто. Уште повеќе кога станува збор за млада суверена

држава која треба да ја слави својата слобода градејќи нови институции, дизајнирајќи го јавниот простор или креирајќи уметност. Но, што ако гледаме со запрепастеност трагедија која се одвива пред нашите очи?! Кога им ја покажав он-лајн презентацијата за Скопје 2014 на моите колеги, нивната прва реакција беше „Дали си сериозна, ова мора да е шега! Ме потсетува на Чаушеску и неговата архитектура во Романија“.

Скопје, како главен град на една млада држава, минува низ истите нешта како и другите пост-социјалистички градови во овој свет на глобални корпорации. Сосем природно е во период на транзиција историските прашања да се потресни. Оттаму, разбирливо е како оваа тема еруптира во сферата на архитектурата. Ама, покривањето на Скопје 2014 во километри историцистички фасади е далеку од каква било рационална замисла. Особено во време на економска криза, кога на земјата и се попотребни нови училишта и болници од музеи.

За време на социјалистичката федерација, јавниот простор го земавме „за готово“. На него се гледаше како на нешто што не може да биде пренаменето. Во периодот на приватизација стана сосем јасно дека јавниот простор е оспоруван, далеку

од даден и дека мора да го заштитиме со сите расположиви средства доколку сакаме да ја создадеме државата што сме ја визионирале за време на стекнувањето независност.

За жал, по разорот што деведесетите го донесоа во пост-Југословенските републики, тие немаа корисни механизми кои би им овозможиле да се справат со моменталните состојби во сферата на урбанизмот, но лажните историски споменици ја немаат моќта да го поправат тоа. Како резултат, објектите од проектот Скопје 2014 се производ на лошо донесени одлуки, што се манифестираат како насилство врз јавниот простор. Скопје нема потреба да ја „купува“ својата историја поставувајќи „стари“ фасади. На градот му е потребен новиот живот од кој архитектурата и уметноста сами ќе произлезат.

Но, премногу е лесно да се критикува проект по прашање на стил, урбанизам и менаџмент. Проблемот е што таквите аргументи ја спуштаат дискусијата на ниво на лични ставови, односно не’ поставуваат во ситуација „нашиот збор наспроти нивниот“ – експертите наспроти владата – ситуација која сама по себе е симптоматична. Но, дури и кога би морале да избираме помеѓу очигледните аргументи, би изоставиле нешто што е од есенцијално значење.

Вистинската трагедија не е во лошиот вкус во архитектурата кој веќе има направено лузна во деликатната урбана материја што го сочинува Скопје, туку во она што претставува наледство за младите генерации во најширок смисла на зборот. Се чини дека сегашните општествени услови создаваат чувство дека значењето на архитектурата е изгубено. Како и да е, архитектурата секогаш има репрезентативна улога без разлика дали и колку ни се допаѓа значењето што таа го содржи. Во случајот на Скопје 2014, архитектурата ги претставува националните долгови во време на глобална економска криза и исклучок на спротивставените ставови при донесувањето одлуки во една демократска држава.

Посакувам при мојата посета на Скопје да ја имав можноста да ги искусам само љубезноста и услужливоста на македонскиот народ, да ги видам прекрасните инветивни модерни архитектонски зданија кои се изградени во Скопје по земјотресот 1963, како и вчудовидувачката природна околина, без да ја почувствувам намуртената иднина како виси во атмосферата. Пишувајќи го ова, се прашувам кој ли ќе се восхитува на монументалните градби во Скопје по десет години?

Долго размислував кој е вистинскиот начин да се каже нешто за

проектот „Скопје 2014“, а притоа да се даде доволно силен аргумент зошто еден човек е за или против него. Веќе со месеци ги слушаме коментарите што доаѓаат од двете страни, и полека избледуваат и се втопуваат во сивилото што го обзеде нашиот град. Не дека коментарите не се на место, едните („стручњаците“ во сите области) велат дека сакаат да го воскреснат духот на стариот град и да го вратат шмекот на предземјотресно Скопје, а со тоа некако да го приближат до европските метрополи, додека другите (стручњаците во конкретната област) тврдат дека е небулозно и сосема нелогично, сега во 21 век ние да се вратиме неколку века наназад и да го бараме барокот во темелите на нашата архитектура. Едните водени од меморијата за градот од минатото, другите водени од идејата за градот во иднината. Можеби тоа е и нашиот најголем проблем, сите се стручњаци во сè и сите гледаат напред или назад.. .

Но, кој го гледа Скопје денес? Кој расте, кој живее, кој се буди наутро со мирисот на скопските липи?Скопје има дрвореди стари десетици години, Скопје го има Градски Парк, го има Вардар, Скопје ги има МОБ и ГТЦ, „Максим Горки“ и „Ленинова“, Скопје го има Водно.. . Скопје има за што да се врзе. Ние не сме Антички Рим со триумфални порти за нашите императори, не владее Луј 14, па да го градиме Версај, Скопје не е во Античка Грција, па да користиме дорски столбови. Нашиот град постои, има квалитети има и мани. Треба и да се гради и да се руши, да се доправа и поправа, да се контролира она што се работи, да се создава разумно и креативно. Едно е повеќе од очигледно, Скопје има жители кои нема да се чувствуваат многу пријатно кога ќе можат својот плоштад да го видат само на разгледница, бидејќи на него ќе нема место за нив. Но, затоа пак, разгледницата ќе биде хит во Европа: Рим, Париз, Фиренца, Венеција – сите четири по цена на еден, повелете во Скопје!!! Алармантно.. .

ЕлЕНА ПЕТРОВСКА, студент на Архитектонскиот факултет - Скопје

Д Р НИКА ГРАБАР, дипл.инж.арх, предавач на Академијата за дизајн во Љубљана

Коментарите за Ск 2014 се стопија во сивилото на градот

Page 11: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 11

Скопје 2014 претставува проект кој во себе содржи толку многу, што е невозможно обичниот македонски граѓанин да се

справи со крупноста на залакот. Моментно сите дискутираат, се караат и се докажуваат, а никој не забележува дека проектот треба да се разговара од повеќе аспекти ( урбанистички, архитектонски, социолошки, историски, политички, идеолошки итн.). Се водат дискусии кои разочаруваат во вистинската смисла на зборот- дебата помеѓу доктор, архитект со завршено средно во ГУЦ, професионален земјоделец, партиски послушник, шпион и музичар и сите заедно разговараат за пубертетот на пеперутките. Значи, една тотална мешаница од секакви “ професионалци” кои создаваат комбинација одлична за затапување на јавноста. Револтот со кој пишувам е резултат на разочарувањето од незаинтересираноста на професионалната елита во која влегуваат сите архитекти, професори, стручни факултети, партиски архитекти од двата табора и додворувачи на власта. Да се покаже толкава немоќ да се остават сопствените тикови, пристрасности, да се предизвика и да се седне на вистинска дебата и да се разговара за секој аспект поврзан со проектот. Едноставно, да се соочат вистините и да се отвори дијалог, а не да се седи во политичкиот ров и да се фрлаат бомби. Ги критикувам и оние професионалци кои се за, и оние кои се против Скопје 2014. Намерно не говорам подетално за сопствениот став за овој проект, бидејќи ова е најглавното нешто кое што не ме остава мирен. Раздорот во професијата, плашењето од вистински разговор и неверојатната плиткост во наводното изложување аргументи покажува

за незрелост на нацијата, и тоа не само од страна на архитектите, туку и на сите останати “електричари” што се обидуваат да влечат архитектонско-урбанистички потези. Не знам како би изгледало архитект да отвори трансформатор и да поправа струја, најверојатно ќе снема струја за половина град. Нешто слично се случува и со Скопје 2014, не во идеолошки, туку во архитектонско – урбанистички поглед. Едноставно одиме во крајности, никако да се постигне рамнотежата. Доколку едниот зборува за архитектурата и добивате впечаток дека навистина знае што зборува, во следниот момент почнува да зборува за историја и гледате дека навистина ништо не знае. Од спротива другиот подобро знае историја, меѓутоа не е архитект. Значи видов милион комбинации на добро и лошо, само не ја видов вистинската. Се пропушти можноста Скопје да добие 10-тина нови објекти, сведоци на зрелоста на македонската архитектура, објекти кои ќе ја носеа истата функција, споменици кои ќе ги одбележеа истите македонски јунаци, но ќе оставеа современ белег во градот. Не постои поголем патриотизам и национално зреење како и придонес во напредувањето на нацијата од современиот јазик. На тој начин ќе докажевме за континуитетот на Македонецот повеќе отколку со имитација на стилови. Такви реални примери од македонската историја има многу: македонската народна архитектура која учестуваше во инспирацијата на Корбизје за создавање на модерната, фрескоживописот од Курбиново и Нерези кои се предвесници на европската ренесанса итн… На ова тло во минатото се креирала крунска култура, од која Западот подоцна

црпел инспирација само заради нејзиното врвно достигнување. Tогаш таа била пред времето, а не зад него, затоа и претставувала инспирација. На Скопје навистина му недостасуваа споменици и историски паметници, инстиуции и маркантни плоштади. Меѓутоа, овој начин на реализација покажува синдром на недозреана тиква. Другите народите поради историската прилика завршиле со тие споменици и јавни објекти на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ние поради сите делења на Македонија, ропства и федерации ја добиваме шансата во 21 век. Наместо сега да докажеме дека Македонија е лулка на стара култура, ние го повторуваме клишето на еклектиката. Ја пропуштивме шансата и јас искрено жалам за тоа.

Проектот Скопје 2014 со сета своја монументалност, барок, постмодернизам, кич,

семантика, политика, двојно кодирање, убавина и грдост, е слика на нас самите, наша моментална приказна. Сигурно

веќе на сите им е здодеано од слушање за неа. Мене, размислувањето на

оваа тема, секогаш ме потсетува на приказната што ја раскажа

Горан Стефановски во својата пристапна беседа кон

Македонската Академија на Науките и Уметностите.

Тој кажува дека луѓето за да преживеат,

имаат совршен вроден инстикт за

ткаење приказни. За нас нема ништо

поважно од овие приказни.

Тие се срж на нашиот живот и столб на нашиот идентитет, а ниедна култура не може да опстане без автентична приказна. Нашата приказна во моментот е тажна. Вредностите се испревртени, домот ни се претвора во нешто туѓо, не може да си го препознаеме. Во раскол сме со светот, но најмногу со самите себе. Маните стануваат доблести, кичот убавина, неморалното- морално. Сето тоа го формира духот на чаршијата, духот на градот, а во понатамошниот след и самиот негов изглед. Бидејќи веќе не постои симболично разбирање на градскиот центар, не постои невидливиот град, градот што е секаде околу нас и во нас, веќе не се работи за убаво или неубаво, барок или хај тек, туку како испревртеното да се постави на нозе. Сега за изгледот на градот одлучува власта избрана од

народот. Градењето станува политика. А, во политиката, како што кажува Стефановски, не го добиваш она што сметаш дека си го заслужил, туку она што ќе успееш да го избориш, да го испазариш, да го договориш.Градот на нашите желби ќе се појави кога урбанизмот ќе ги заборави своите суетни стратешки цели и ќе почне во мечтата и во стварноста да гради со неограничени човекови мерки.Сега проектот Скопје 2014 е наша автентична приказна. Не треба да ја загубиме, зошто во неа има и добро без нетрпеливост, плукање, со стрпливо пазарење, приспособување и компромис, треба да продолжиме да градиме, да го продолжиме проектот Скопје 2014 заради континуитетот на нашата приказна, зошто приказната не вреди со некои скинати или празни страници.

ФИлИП КОНЕСКИ, студент на Архитектонскиот Факултет - Скопје

БИлЈАНА СТЕВКОВСКА САВИЌ, дипл.инж.арх.

Јас сум за дијалог

Градењето стана политика

Коментарите за Ск 2014 се стопија во сивилото на градот

Page 12: PORTA3 133

Отворено писмо до владата на Република Македонија

По реакцијата на нашите колеги архитекти, кои ја подигнале документацијата за конкурсот бр. 1/2010 и по укажувањето на аномалиите во проектната програма и деградирачките проектни барања, Асоцијацијата на архитекти на Македонија реагира и го упатува ова барање по основ на:

1.Проектната програма не соодветствува со изводот од Деталниот план ДУП: “Пресвета Богородица” донесен на 16.02.2010г. кој е во постапка пред Уставниот на рМ.

1.1 Површина на градба и паркирање

Урбанистички параметри според изводот од планот: -Максимална површина 19134 м2-Број на паркинг места според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање бр. 78/06

Барањата на нарачателот:-Минимум 12929 м2 нето простор без вертикални и хоризонтални комуникации, технички простории, санитарни јазли, чекални, обезбедување и сл. на тој начин вкупната бруто површина во најдобар случај би изнесувала 18100 м2-Минимум 140 паркинг места во две подземни нивоа

Потребен број на паркинг места за бараната минимална површина според Правилникот за стандард ии нормативи за урбанистичко планирање бр. 78/06 изнесува 250 паркинг места Површина на две подземни нивоа наведени со проектната програма е 4252 и би се сместиле максимум 142 коли.Остануваат уште 108 паркинг места кои би заземале површина од 3240 м2. Бидејки е наведено дека паркирањето треба да биде во 2 подземни нивоа останува површината од 3240м2 да се смести над земја. На тој начин се добива вкупна минимална површина од 21340м2 што е поголема од дозволената вкупна површина пропишана со Изводот од деталниот план-19134м2Во двата случаи “помалку паркинг места” или “поголема површина од дозволената”, проектната програма не соодетствува со Изводот од Деталниот план и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање бр. 78/06.

не е јасно како нарачателот на конкурсот може да даде барање во спротивност на изводот од Деталниот план и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање бр. 78/06

1.2 намена на објектот

Градба-намена: државна и локална управа и компатибилни класи на намени - според Извод од план Според Дополната на правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање од Јануари 2009гНамена в4 - државна и локална управа е компатибилна само со намена Д3 - спорт и рекреација.

Во проектната програма е барано сместување на Факултет за драмски уметности кој би зафаќал 30% од објектот и спаѓа во класа на намени в1-образование која не е компатибилна класа на намени со в4.Според тоа проектната пограма е во спротивност со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање

1.3 рокови”Истите ќе бидат избрани по пат на јавен анонимен конкурс, за идејно решение на објектите, објавен во најмалку два печатени медиуми со времетраење од најмалку 45 дена.” – цитат од Извод од план 415/2010 бр. 27-1222/2 од 25.03.2010.Датум на објава – 17.05.2010

Краен рок - 28.06.2010 или 42 дена Повторно не е јасно како нарачателот на конкурсот може да даде барање во спротивност на изводот од Деталниот план

2. Деградирање на архитектонската струка

2.1 Право на учество на конкурсотВо условите на конкурсот се бара авторите на конкурсните трудови да поседуваат овластување за проектирање А. Предмет на конкусот е идејно архитектонско – урбанистичко решение, а не идеен архитектонско – урбанистички проект. Законот за градење не опфаќа решенија(конкурсни трудови) туку ПроЕКТи.Со ова нарачателот им ја ускратува можноста на младите архитекти да учествуваат на конкурсот. Тоа е легитимно право на нарачателот но е вон сите светски правила за организирање на конкурси.

2.2 наградиПрва награда – 200.000 ден.Во пазарни цени проект по најминималната цена во сегашни услови би изнесувал 300 ден/м2 или за бараната квадратура 23200 х 300 = 6.960.000 ден.Од тие идеен проект би изнесувал 25% или 1.740.000денИдејно решение би требало да се вреднува мин 10% од вкупната цена или 696.000 ден.Сумата од 200.000 ден крајно го деградира трудот на македонските архитекти.

2.3 Во проектната програма се бара ориГинаЛноСТ и СоврЕМЕноСТ а од друга страна фасади кои ќе бидат во стил на БароК, КЛаСиЦиЗаМ, нЕоКЛаСиЦиЗаМ, роМанТиЗаМ и нЕороМанТиЗаМ. Овој оксиморон збунува и со својата несериозност е навредлив за стручната јавност.

-Барањето од страна на нарачателот, македонските архитекти да проектираат ДЕКаДЕнТна арХиТЕКТУра е преседан во светски рамки.

асоцијацијата на архитекти на Македонија бара:

”Конкурсот за Идејно архитектонско решение за објект на државни институции на РМ и Факултет за драмски уметности - Скопје” да се повлече, стручно да се преработи проектната програма и проектните барања, а секако да им се изврши повраток на УПЛаТЕниТЕ СрЕДСТва оД 6.000 ДЕн на сите Архитекти кои ја подигнале Документацијата за Конкурсот. Поднесеното барање претставува „Отворено писмо“ до нарачателот и до јавноста.

Повлекување на конкурсот за идејното архитектонско решение за објект на државни институции на рМ и Факултет за драмски уметности - Скопје

Претседател на УО на ААМ Даница Павловска, д.и.а

ПОРТА 18 јуни 2010312

Page 13: PORTA3 133

Претседател на комора на ОаиД-р.Страхиња трпевски

Почитуван господине Претседател на Комора на ОАИВо периодот 2000/2003 година, јас бев Претседател на УО на ААМ. Во овој период основната агенда во програмата на УО на ААМ беше носење на Закон за градба согласно европското законодавство и формирање на Комора. За таа цел беа формирани и две работни групи кои многу интензивно работеа на оваа проблематика при што беа организирани трибини и тркалезна маса на кои што присуствуваше и потпретседателот на Комората на архитекти на Берлин, Нина Недељков. Комората на ОАИ како институција беше формирана во мандатниот период на следното Претседателство на ААМ. Целта на формирањето на Комората ,колку што јас сум упатен, а сметам дека сум упатен, беше да стави ред на пазарот, во врска со квалитетот и содржината на проектот и да ја заштити професијата.Согласно листата за доделени Овластувања од 29.04.2010 г. имате вкупно 4547 членови или по струки:

Ако вкупната бројка од 4547 членови се помножи со 80 ЕУ се добива износ од 363 760 ЕУ или со букви три стотини шеесет и три илјади и седумстотини и шеесет евра. Ако се земе дека секој член има платено најмалку за две овласувања, а се многу повеќе, значи дека секој член има платено за овластувањата најмалку 100 ЕУ или 454 700 ЕУ или се вкупно најмалку 818 460 ЕУ или со зборови осумстотини и осумнаесет илјади и четиристотини и шеесет евра.И покрај тоа што Комората на ОАИ има остварено до сега најмаку818 460 ЕУ (се извинува меѓутоа сметам дека тоа е безобразно висока сума) сеуште нема изготвено ценовник на услугите со кој што ние Овластените би можеле да настапуваме пред инвеститорите

за коректно да го наплатуваме нашиот интелектуален труд. Сега добивам известување дека треба да платам чланарина за 2010 г. за да ја потврдам и задржам важноста на моите Овластувања. Почитуван господине Претседател на Комора на ОАИ Ве прашувам Вас, зошто би ја потврдувал и задржувал важноста на моите Овластувања кога заради ужасно ниските цени кои што владеат на пазарот, јас не се бавам со мојата прекрасна професија, бидејќи не сакам сопствениот интелектуален труд да го нудам за овие цени кои што владеат на пазарот. Комората на ОАИ требаше да изготви (макар и привремен ценовник на услугите ) кој што членовите на Комора на ОАИ ќе го добиваат (со потпис) при подигањето на Овластувањата со што би се обврзале истиот и да го почитуваат. На прашањата во врска со ценовникот, Вашите служби одговараат дека е во изготвување. Се прашувам колку време ќе Ви биде потребно да го изготвите овој акт. Ако Ви е потребно толку многу време за да го изготвите тој фамозен ценовник се прашувам дали мојата генерација и генерацијата пред

мене нема да отиде во пензија. Колку за Ваша информација, во деведесетите години некое средно мерило за цената на проектот беше цената на СИЗ за домување сега трансформиран во ЈПССДП. Во тоа време цената за проектирање на станбени објекти (идеен и главен проект, со сите елаборати и менаџер планови) беше 25 до 28 германски марки/м2. Становите се продаваа за 900-1000 германски марки/м2. Сега становите се продаваат 1000-1500 ЕУ/м2 па аналогно на тоа цената за проектирање на колективни станбени објекти за идеен и главен проект со сите фази и елаборати би требала да биде најмалку 25 до 28 ЕУ/м2. Ова е податок зад кој што одговорно стојам, асекако мо жете и да го проверите во архивата на правниот наследник на СИЗ за домување ЈПССДП.

Со почит,

Доставено до:- Претседател на Комора на ОАИ- Претседател на УО на ААМ- Претседател на собранието на ААМ

Зоран ивановски д.и.а.

Page 14: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010314

инфо

Невладината организација Go Green организираше концерт во Градскиот парк

во склоп на проектот „Биди зелен“. Проектот има за цел да ја подигне свеста на младите луѓе на теми кои се поврзани со екологијата, климатските

промени, глобалното затоплување и одржливиот развој. Покрај музиката и забавата, во Градски парк имаше и голем видеобим каде што се прикажуваа едукативни видеа и пораки за одговорно однесување. -Да се биде зелен значи да се биде

одговорен спрема себе си и спрема природата. Да си свесен дека и ти си дел од природата, а не си над неа.-вели Антонио Јовановски, организатор на настанот. Форум:„Духот на

македонската куќа“Македонскиот национален комитет ИКОМОС организираше форум на тема „Духот на македонската куќа и македонската градба“. Свое обраќање на настанот имаше проф.Петар Муличковски кој ја претстави метаморфозата на македонската архитектура и урбанизам од зачетоците до денес. Форумот се одржа во Музеј на Македонија.

Промовирањето еко-стандарди за медиумите кои аналитички ќе

им пристапат на „зелените“ новинарски стории, еко код на известување, национална, но и регионална медиумска “политика“ на завземање став по одредени прашања врзани за екологијата и одржливиот развој, и како сите заедно да вметнеме повеќе “зелени“ наслови во печатените и електронските медиуми е целта на Тркалезната маса „Медиумите и екологијата“ во организација на „4х4х4 Балкански Мостови Скопје“ - РЕА БЕЛЛС национаниот координатор за Македонија.Според Душко Христов претседател на организацијата, на средбата ќе биде презентиран и дел од независно истражување спроведено во рамките на РЕА БЕЛЛС проектот со цел да се слушнат ставовите на граѓаните и нивните официјални претставници за темите од заштитата на животната средина. Истражувањето беше спроведено истовремено во шест држави од регионот. Беа опфатени повеќе од 4.000 испитаници, од кои 555 беа од Македонија.

Студенти од трета година на Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот

колеџ è донираа на Зоолошката градина проект за реконструкција на старото живеалиште на дивите ѕверови, во кое ќе се изградат терариум, аквариум и кафуле. Овој

проект, како што објасни архитект Ивана Костовска, која е надворешен соработник во Зоолошката градина, ќе се вметне во редовна студентска програма на студентите и ќе биде признаен како нивен завршен испит. „ Проектот ќе се направи во 3Д ¬анимација која ќе се презентира

пред потенцијалните донатори, а потоа на аукција ќе се прибираат средства“, рече Костовска. Проектот се изработуваше после детални анализи и истражувања на Зоолошката градина и во соработка со биолог и ветеринар.

Концерт за подигање на зелената свест кај младите

Тркалезна маса „Медиумите и екологијата“

Студенти донираа проект за реконструкција на ЗОО

Добитници на ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН 2010

Под покровителство на Претседателот на Република

Македонија Ѓорѓе Иванов, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, го додели признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на најдобрите дипломирани инженери за 2010 година.Добитници на ова престижно признание се: Стојан Трајановски од Факултет за електротехника и информациски технологии, Катерина Тројачанец од Факултет за електротехника и информациски технологии,

Јована Јованова од Машински факултет, Филип Здравески од Машински факултет, Јасмина Палашевска од Шумарски факултет, Елизабета Делиоска од Технички факултет-Битола, Цветанка Филипова од Градежен факултет, Елена Пазарџиевска од Архитектонски факултет, Марија Мирчевска од Факултет за земјоделски науки и храна, Стефан Кувенџиев од Технолошко-металуршки факултет и Ванчо Аџиски од Факултет за природни и технички науки- Штип. Свечената церемонија се одржа на Плаошник во Охрид.

Нафтената компанија ЛУКОИЛ Македонија ја

пушти во употреба новата бензинска станица која се наоѓа кај патарината на Глумово, на автопатот Скопје – Тетово, 5 км пред влезот на Скопје, од правец на Тетово.Новата бензинска станица претставува заедничка инвестиција со приватната

нафтена фирма „АС ОИЛ М1“, во сопственост на бизнисменот Азби Нуредини од Скопје.Покрај ЛУКОИЛ, во рамките овој повеќенаменски комплекс кој се простира на површина од 17.670 м2, се наоѓаат кафе-ресторан и продажен сервис на „Мерцедес“.

Нова бензинска станица na Лукоил кај Глумово

Page 15: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 15

инфо

Со инвестиции од 522 милиони евра за подобрување на

енергетската ефикасност во сите сектори, Македонија до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе ја намали емисијата на јаглен диоксид за 66 килотони, предвидува „Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија до 2020 година“ за која се одржа стручна јавна расправа.Во нацрт-стратегијата подготвена со поддршка на експерти од УСАИД, се даваат насоки какви мерки треба да се преземат во домаќинствата, институциите и индустријата, односно кај потрошувачите, за да се подобри енергетската ефикасност, како и политиките што треба да се преземат за стимулирање на воведувањето мерки за енергетска ефикасност преку поволни кредити. Според министерот за економија Фатмир Бесими, со Стратегијата за енергетска ефикасност се комплетира сетот на стратешки документи во областа на енергетиката. Тој вели дека во моментов во Македонија соодносот на енергетска интензивност е четири пати поголем од европскиот, односно енергетската ефикасност мерена според БДП е четири пати помала од енергетската ефикасност на

Европската Унија. - Во моментов во ЕУ на 1.000 долари БДП се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а во Република Македонија 0,75. Со имплементација на мерките од оваа Стратегија, тоа би требало да се сведе на 0,45 до 0,49 во 2020 година, вели министерот Бесими. Министерот за економија прецизира дека до 2018 година треба да се зголеми енергетската ефикасност за 9 проценти, а до 2020 за 15 проценти.- Тоа би значело заштеди од 14,5 отсто, односно 24 отсто за резиденцијалниот сектор, 12 проценти во комерцијалниот, 38 во инсустријата и заштеди од 25 отсто во транспортот. За тоа е неопходна инвестиција од 522 милиони евра до 2020 год. во сите сектори вклучително и приватниот, вели министерот Бесими и додава дека со тоа ќе се постигне заштеда од 1,2 милијарди евра во енергија.Во моментов, како што рече, Владата спроведува проекти за зголемување на енергетската ефикасност во јавните установи, како образовните и здравствените институции, а во наредната фаза во 2011 година тоа ќе се прави и за резиденцијалните објекти. Со поддршка на УСАИД се спроведува и пилот проект во две домаќоинства на социјално загрозени

семејства за зголемување на енергетската ефикасност. Експертот на УСАИД од Романија Вирџил Мушатеску, смета дека со имплементирањето на мерки за подобрена енергетска ефикасност во градежниот, транспортниот и индустрискиот сектор на подолг рок можат да се заштедат стотици милиони евра. Со надградената Статегија во однос на првичната од 2004 година, која исто така беше изработена со поддршка на УСАИД, како што посочува тој, земени се предвид и нови сектори како транспортот и индустријата што се многу важни за енергетската ефикасност. Професорот Константин Димитров вели дека првите сугестии веќе се инкорпорирани во нацрт-страгегијата и оти е предвидено да се направи акциски план со мерки, средства и рокови. Според него, со овој документ сме еден чекор поблиску кон придружување со Европската Унија. Граѓаните на Македонија, нагласува Димитров, веќе ги разбираат бенефитите од вложувањето во подобрувањето на енергетската ефикасност и инвестираат во нови прозорци, подобра изолација на становите и купување на електрични апарати кои малку трошат електрична енергија.

исправка:Во минатиот број во текстот „ Од лидери станавме последни во регионот по патната мрежа“ ненамерно е напрвена грешка. Наместо посочените функции треба да стои: „Вулнет Палоши, претседател на Сојуз на градежни инженери на Македонија и м-р Горан Мијоски, преседател на Друштвото за патишта“.

Еден денар во енергетска ефикасност - колку три во производство

Стручна расправа за Стратегијата за енергетска ефикасност до 2020 година

Page 16: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010316

скопје

На левата страна на Камениот мост се поставени бронзените споменици

на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј и на нивните ученици Свети Климент и Наум Охридски. Споменикот на Свети Кирил и Методиј чини 540 илјади евра и негов автор е Жарко Башески, а автор на споменикот на Свети Климент и Наум е Перо Кованцалиев и тој чини 580 илјади евра. Претходно беше поставен споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ. Споменикот е висок 5 метри, поставен е на постамент од 2 и пол метри и тежок 25 тони. Изработен е од посебен италијански мермер, за кој неговиот автор Димитар Филиповски вели дека е ист како скулптурите на Микеланџело и Донатело.

Ќе се отстрануваат азбестните покриви

Фирма со сертификат од ЕУ и со заштитна опрема и специјални

машини за отстранување азбест ќе ги менува покривите на средните училишта на подрачјето на Град Скопје. Градските власти деновиве распишаа тендер во кој бараат изведувач на градежните работи за вадење на старите азбестни покриви од училиштата бидејќи се сметаат за опасен материјал за здравјето на луѓето. Фирмата што ќе се избере ќе мора да ги исполни строгите критериуми затоа што самото отстранување е штетно и опасно. Според објавениот оглас, ова ќе биде прва фаза од менувањето на покривните плочи. Во буџетот за годинава Градот планира 325.000 евра за оваа намена.

Почна асфалтирањето на булеварот „илинден“

Од крстосницата со улицата „Наум Наумовски-Борче“

до автобуската станица пред крстосницата со улицата „Рузвелтова“, се нанесени израмнувачки слој асфалт со дебелина од 5 до 9 сантиметри и првиот асфалтен слој БНС 22, со дебелина од 7 сантиметри. На делницата се вградени околу 2.800 тони асфалт, соопшти Град Скопје.

Деновиве ќе се доуредува и крстосницата со улицата „Рузвелтова“, а потоа ќе следи асфалтирање. Семафорите кај Матичната служба се веќе наместени, а се монтираат и семафорите на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Наум Наумовски-Борче“. По должината на булеварот е поставено ново штедливо осветлување, кое треба да почне да функционира до крајот на неделава. Подлогата на тротоарите е веќе бетонирана и се врши подготовка за асфалтирање и доуредување на пешачките патеки. Од другата страна на улицата се монтира заштитната ограда по должината на градските бараки.

Поставени нови споменици

кружни раскрсници ќе се постават на осум локации во градов

Кружни раскрсници ќе се постават на осум локации во градов. Целта е да се намали метежот низ улиците,

како и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Едниот кружен тек ќе биде кај Католичката црква, додека другите ќе бидат распоредени на улиците Четврти јули со булеварот Партизански одреди, 16. Бригада со улицата Коце Металец, Босна и Херцеговина и Александар Урдаревски, Втора македонска бригада со улиците Лазо Трповски, како и со Кемал Сејфула и 16. Бригада со улицата 808. Привршува и изработката на идејното решение за булеварот Никола Карев со булеварот Трета македонска бригада.

Page 17: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 17

скопје

трибина:Да се затвори градот за нови жители?

На Скопје, со општини како Центар и Чаир кои имаат густина на жители колку Токио, итно му

треба рестриктивна политика за пренаселеност, но како град во кој спаѓаат и урбанонеразвиени приградски населби, дефинитивно се уште му е потребен развој. Ова е заклучокот од дебатата што ја организираше Општина Карпош и граѓанското здружение „Политеја“ за тоа дали Скопје треба да се затвори за нови жители, по примерот на Љубљана,

или да остане отворен град кој и натаму ќе се населува. За социологот Илија Ацески, на Скопје му недостига и посебна неполитичка институција која ќе создава политика за неговиот развој. Архитектот Мартин Пановски смета дека метрополата расте, но на погрешен начин. - Општина Центар има 5.676 жители на квадратен километар,

Чаир е уште подобар со 18.400 жители, па тука имате населеност како Токио. За Скопје би било погубно да се затвори како Љубљана. Решението е поврзано со развојот на другите градови - вели тој. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски го гледа Скопје како отворен град, кој треба да се развива како главен деловен центар.

Изградбата на паркингот под Транспортниот центар, непосредно до

„Пошта“ ќе доцни еден месец. Причина се поправките на атмосферската канализација, што ги одложија градежните работи околу тампонирањето и поплочувањето на теренот. „Паркиралиштето ќе има 9.000 квадратни метри и ќе обезбеди паркинг за околу 200 возила, со сета придружна сообраќајна мрежа за внатрешно маневрирање. Изградбата чини околу 10 милиони денари“, информираат од Градот Скопје, од каде што најавуваат дека до крајот на годината, исто така ќе се уреди и вториот паркинг, на потегот од новиот мост кон кејот на Вардар.

Повисоки цени за собирачите на амбалажа

Околу 5.000 собирачи на ПЕТ-амбалажа од септември за истата

работа од „Комунална хигиена“ ќе добиваат повисоки цени од постојните. Според надлежните од комуналното претпријатие, со овој проект собирачите на пластична амбалажа ќе работат организирано, а ќе добијат и соодветна облека, како и обука за начинот како да се заштитат од болести додека собираат хартија и пластика. На територијата на Скопје овие луѓе годишно собираат од 15.000 до 16.000 тони стара хартија и пластични шишиња. Собирачите се принудени да пешачат и по 20-30 километри дневно за да заработат од пребарување по контејнерите полни со ѓубре. Од „Комунална хигиена“ велат дека со овој проект очекуваат да се надмине досегашниот проблем кога дел од собирачите на ПЕТ-амбалажа ги кршеа веќе поставените контејнери за селекција на отпад. Инаку, според најавите од претпријатието, во текот на септември ќе бидат поставени уште 260 нови жичани контејнери.

Ќе се гради катна гаража во капиштец

Нова катна гаража со деловен простор ќе се гради во Капиштец, во запуштеното зеленило

зад трговскиот центар „Беверли Хилс“. Министерството за транспорт и врски понуди на продажба 1.735 квадратни метри државно земјиште. Почетната цена со која ќе започне јавното наддавање закажано за 23 јули во 12 часот, е 6.600 денари за квадратен метар.

Новиот објект, според ДУП „Капиштец“, донесен од Советот на Центар во 2004 година, ќе биде висок 10,5 метри, а ќе се гради на површина од 1.075 квадрати. Дел од објектот ќе се користи како деловен простор, а дел ќе биде катна гаража.

Доцни изградбата на паркингот под транспортниот центар

`

Page 18: PORTA3 133

региони

ВИНОТО И АРХИТЕКТУРАТА МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИ

Page 19: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 19

региони

ВИНОТО И АРХИТЕКТУРАТА МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИ

Во регионот каде Кожув нуди извонредни

можности за развој на ловот и на зимските спортови, стрмната

демиркаписка карпеста клисура

претставува предизвик за алпинистите,

а Дошница, Боскавица и Вардар

- рај за риболовците, архитектите Васко Ликарски, Трајче

Грков, раде Трајковски и Златко Хаџи Пецов

создале објект наменет за винарска визба што претставува вистинска

атракција за сите посетители на овој крај.

ПОПОВА КУлА - ДЕМИР КАПИЈА

Новиот храм на виното, винарската визба Попова Кула во Демир Капија покажува дека и во рурална средина

и неразвиена општина, може да се инвестира, да се прави бизнис и да се создава архитектура која ќе ги привлекува туристите. Оваа "Green Field" инвестиција преставува вистински потстрек за развој на локалниот туризам, како и за извоз на виното од овој регион. Винарската визба го добила името според микролокацијата на која е изградена поранешната Попова кула, која служела како безбедносно утврдување на патот што поминувал покрај локацијата. Кулата била срушена во 60-тите години од минатиот век, но останала да живее во сеќавањата на жителите во овој крај. Затоа инвеститорот сакал новиот објект на оваа локација да биде реминисценција на старата архитектура која била по мерка на човекот, која органски се поврзувала со амбиентот и во исто време била и рационална и функционална.

Page 20: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010320

региони

Винарска визба „ПОПОВа к Ула“ храм на виното - Демир капија

Површина.............................1995м2 капацитет на хотелот............................11 собикапацитет на ресторанот.....................65 местакапацитет на ресторанот со тераса..........85 места

Локацијата на новиот храм на виното е многу внимателно избрана, на јужната падина на Велико Брдо. Има прекрасни визури кон градчето Демир Капија, долината, клисурата и целата околина пошироко. До неа многу лесно ќе дојдете, слегувајќи од автопатот и следејќи ги патоказите и знаците. Пред објектот се наоѓа асфалтирано плато со паркинг, а камената пешачка патека ќе ве однесе до влезниот трем, односно антрето на хотелот. Архитектурата што се стопува со пејзажот и амбиенталната слика ќе ве пленат уште оддалеку. Имате впечаток дека објектот израснува од тлото, исто како и лозовите насади што го опкружуваат. Објектот има елементи од традиционалната

македонска архитектура и старата камена кула. Применети се локални градежни материјали: камен, тула, малтер, дрво, керамида и современи технологии на градба. Како елементи од старата македонска архитектура се сретнуваат чардакот пред ресторанот и тремот во приземјето, кои одговарат токму за ова климатско подрачје. И во најжешките летни денови овде може да седите на тремот или чардакот заштитени од силните сончеви зраци, да го гледате убавиот пејзаж, да ги слушате шумовите на ветерот и да уживате во црцорењето на птиците. Кога го разгледувате објектот ќе се изненадите колку многу различни функции се сместени под еден покрив. Правците на движење не

Page 21: PORTA3 133

автори на проектот: Трајче Грков, дипл.инж.арх, изработка на ГУП и ДУП и просторно поставување на објектот Васко Ликарски, дипл.инж.арх. проектант на идејниот и изведбениот план на објектот Раде Трајковски, дипл.инж.арх. проектант на потпокривот Златко Хаџи Пецов, дипл.инж.арх. проектант на ентериерот на делот за вински туризам изведувач:,, Градба Промет ,, од Кавадарци инвеститор: Јордан Трајков

се вкрстуваат, а просторите се јасни и чисти. Функциите прием на грозје, производство на вино, пакување на виното, чување и складирање на виното, експорт на виното, мал хотел со сите помошни простории, простории за презентации и дегустации на виното и претстој на посетителите, течат една во друга, нема мешање на правци на движење, се е диференцирано, но сепак добро поврзано. Интересна е и поставката на скалите и лифтот во камената кула, како и видиковецот над кулата. Видиковецот служи за винарски презентации и дегустации. Кулата е елемент кој и дава посебност на архитектурата на објектот и е најдоминантниот дел од објектот. Освен прекрасите визури кон целата

околина што ги имате од видиковецот над кулата, каде и да прошетата во околината, кулата со нејзиниот видиковец отсекаде се гледаат и може да ви бидат и репер каде и да се движите, каде и да се наоѓате. Екстериерот и ентериерот како да се споени. И во ентереирот изборот на материјалите е од локално ниво, со примена на елементи од македонската архитектура. Собите се проектирани со комфор соодветен на потребите на еден современ човек. Ако ви здодее природата и чардакот или тремот, овде е ресторанот, каде се нудат македонски специјалитети и вина од овој крај

Натка ЌОСеВа, дипл.инж.арх.

Page 22: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010322

Конференцијата „Гео-инженерски ден“ претставува значаен настан

на подрачјето на компјутерско потпомогнато проектирање (CAD) во градежништвото, архитектурата, урбанизамот, геодезијата, комуналниот инженеринг и иновативните ГИС технологии. Годинава, под мотото „Македонскиот инженерски врв на едно место“, овој настан се одржа во Бизнис центарот на Скопскиот саем. Предавањата беа поделени на две тематски области: AEC-архитектура, инженеринг и изградба на објекти и GEO-геопросторни технологии, геодезија, комунален инженеринг, ГИС и интелигентни сообраќајни системи (ITS). BIM (Building Information Modeling) беше црвената ниска на ГЕД 2010. Според инж.Борис Ташковски од ГеоЛИНК, се работи за еден нов и трендовски деловен концепт кој последните неколку години сè

повеќе се прифаќа и воведува во фирмите вклучени во градежната индустрија: архитекти, високоградба, нискоградба, урбанисти, геодети и геолози. Во слободен превод, на македонски јазик го преведуваме како Информациско моделирање на објекти. „Концептот е толку револуционерен, колку што беше револуционерна замената на рапидографот со PC компјутер и првата CAD алатка во почетокот на деведесетите години. Овој пристап преку заеднички модел на идниот објект, ги обединува сите учесници во една градба (инвеститори, архитекти, идејно решение, проект, документација, фабрикати, набавка на материјали, кооперанти/подизведувачи) со помош на софистицирани програмски апликации“ вели Ташковски. Воведувањето на овој концепт во организациите започнува со убедувањето и неговото прифаќање од страна на највисокото

раководство за стратешка деловна определба. Тука не станува збор за набавка и инсталација на некакви „софтверчиња“ за проектирање, со кои ќе бидат запознати само компјутерски „најписмените“ во организацијата, туку се работи за комплексна промена во начинот на размислување и досегашниот однос и пристап до проектирањето во обично некоординираните инженерски тимови. „BIM моделот не е ништо друго, туку 3D претстава на физичкиот објект со сите негови детали и информации за фазите од изградбата, уште пред тој да биде изграден. Ваквиот пристап во проектирањето, кое сè повеќе ќе го заменуваме со терминот моделирање, дефинитивно ги намалува трошоците на изградбата, бидејќи повеќето проблеми се воочуваат и откриваат уште во фазата на подготовката на моделот“ објаснува Ташковски.Моделот е сочинет од повеќе

подмодели од различни дисциплини, но секако е дека основниот започнува со архитектурата. Документацијата како производ на проектирањето со овој концепт е сведена на кликнување врз едно копче. Нема повеќе макотрпни и долотрајни корекции во неа, ако инвеститорот посака измени во проектот „пет-до-дванаесет“, или ако се појават непредвидени ситуации на терен - едноставно се корегира моделот и заради взаемноста која владее помеѓу сите негови ентитети (параметарски врски, информации за ограничувањата, соседноста и сл.), документацијата само се препечатува со сите измени за кои се грижи апликацијата. Хоризонталната оска на дијаграмот означува време на животниот циклус на објектот, од фазата на пред-проектирање до фазата на изградба, а вертикалната пак, количината на напор или учинок потребни за изработка на одделната фаза.

Македонскиот инженерски врв на едно место

Гео-инженерски ден 2010

BIM (Building Information Modeling) беше црвената нитка на геД 2010. Овој

модел е 3D претстава на физичкиот објект со

сите негови детали и информации за фазите

од изградбата, уште пред тој да биде изграден.

Ваквиот пристап во проектирањето, кое сè

повеќе ќе го заменуваме со терминот моделирање, дефинитивно ги намалува трошоците на изградбата,

бидејќи повеќето проблеми се воочуваат и откриваат

уште во фазата на подготовката на моделот.

Page 23: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 23

градежништво

Зелената линијата (1) прикажува еден типичен традиционален проект, при што, како што се оддалечуваме од идејното решение, преку изработката на документацијата, па сè до конструктивната - изведбената фаза, јасно е дека влијанието врз трошоците и функционалните способности се намалуваатЦрвената линија (2) е инверзна на првата: трошоците за каква било измена сè повеќе и повеќе растат како што се приближуваме кон конструктивната фаза.Црната линија (3) го прикажува традиционалниот процес на проектирање во кој се употребуваат класични CAD алатки и каде фокусот и енергијата на главнината на проектните тимови е насочена во изработката на документацијата, но многу малку пак, откако документација ќе биде испечатена и запакувана. Ова значи дека секоја измена во проектот во оваа, па дури и во фазата на изведба ќе чини многу!

Сината линија (4) го прикажува посакуваниот процес на проектирање. Во околина каде повеќе дисциплини и деловни чинители (инвеститори, архитекти, изведувачи) се собрани заедно уште во раните фази и каде се поставуваат јасни цели, посакуваниот пристап во проектирањето ќе го помести вкупниот напор порано во проектниот циклус, каде се троши повеќе време за донесување подобри одлуки. На овој начин и соработка која се темели врз информацискиот модел (BIM) како катализатор, изработката на документацијата станува производ кој се добива со обичен клик на едно копче.

Воведувањето на BIM во една организација треба да започне со избор на консултант, кој најпрво ќе ви препорача соодветна технологија. ГеоЛИНК препорачува да се користат следниве алатки од

произведувачот Autodesk: Autodesk REVIT Architecture за архитектурно BIM моделирање, Autodesk REVIT Structure за конструктивна доработка на архитектурниот BIM модел, Autodesk ROBOT Structure Analyzer за статички и динамички пресметки на конструктивниот модел и AutoCAD Civil 3D за BIM моделирање на објекти од нискоградбата. Сите овие алатки произведуваат (суб)модели кои лесно се интегрираат во еден модел. Воведувањето понатаму продолжува со помош на консултантот, што за вас ќе изработи план за воведување, ќе ја оцени и одбере носечката инженерска група со чија помош ќе се изработи првиот пилот проект и ќе ви понуди образование за работа со наброените алатки.Своја презентација на „Гео-инженерски ден 2010“ имаше и проф.д-р. Тихомир Николовски од Архитектонски факултет, советник во Факом. Оваа фирма е една од

ретките во Македонија која е на пат во целост да го имплементира BIM/FIM концептот. Николовски се обиде да даде одговор на прашањето зошто овој концепт е неопходен во компаниите. Според него, со оваа платформа се инволвираат сите заеднички страни во реално време. Постои градење на мултидимензионален модел, кој освен двете димензии во себе ја опфаќа и третата димензија - простор. Проектирањето и разработката се одвиваат паралелно. Освен овие три, присутна е и четвртата димензија – време, може однапред да се определи времето за изработка на производот низ сите негови фази . Петата димензија е проценка на трошоците, шестата димензија - life cycle, седмата димензија - заштита од пожари и др. Други предности се: соработка на проектантскиот тим во реално време што придонесува за поголема ефикасност и продуктивност,

Гео-инженерски ден 2010

геолиНк д.о.о. е друштво за напредни градежни и геопросторни технологии со седиште во Битола. Со развој и продажба на програмска опрема од оваа област се

занимаваат од 1997 година. Се сметаат за пионери на домашната комерцијална градежна информатика. На почетокот, развојот на апликациите го правеле за

сопствени потреби, како поддршка на градежниот инженеринг, подоцна се отвориле и кон македонскиот пазар. Нивни производи се апликациите: NormaBASE (изработка

на предмери и пресметки со калкулации на цени и бази со преку 25.000 нормативи на македонски јазик), Universal Business Manager (ERP софотвер за водење на

работењето во мали и средно големи фирми, со посебен осврт на фирми од градежништвото), CLEOPATRA (CRM апликација за управување со странки).

Воведувањето на BIM во една организација треба да започне со избор на консултант, кој најпрво ќе ви препорача соодветна технологија. ГеоЛИНК препорачува да се користат следниве алатки од произведувачот Autodesk: Autodesk REVIT Architecture за архитектурно BIM моделирање, Autodesk REVIT Structure за конструктивна доработка на архитектурниот BIM модел, Autodesk ROBOT Structure Analyzer за статички и динамички пресметки на конструктивниот модел и AutoCAD Civil 3D за BIM моделирање на објекти од нискоградбата. Сите овие алатки произведуваат (суб)модели кои лесно се интегрираат во еден модел.

Page 24: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010324

градежништво

едноставно вршење на измени во проектот, параметарски дефинирани објекти. Концептот овозможува алтернативен, одржлив дизајн и можност за подобрувања на проектот, односно анализа при изведба.Нема повеќе потреба од 2D работна документација, производството е програмирано, постои можност и за проект за монтажа. Со ова драстично се зголемува ефикасноста и продуктивноста. Корекциите на крајот се минимални.Потоа се овозможува следење и контрола на оформување на физички геометриски модел. Може да се изврши споредба на проект и производ и да се изведе виртуелна монтажа. Со ова, пробна монтажа веќе не е потребна. Постои едноставна размена и конзистентност на податоци меѓу инженери, комерцијалисти, проектанти, производство и монтажа. Фирмата може со 100% сигурност да го понуди финалниот производ. Со BIM/FIM концептот заштедувате пари и сте поконкурентни на странските, особено западно-европските пазари каде овој концепт широко е применет.

Во Факом имплементирањето на BIM-концептот се постигнало за една година. Според Николовски, за воведување првенствено треба да постои деловна одлука, согласност од менаџментот и раководството, материјални и човечки ресурси и на крајот посветеност на имплементацијата. Факом за 2010 година има одвоено инвестиции за софтвер од 210.00 евра, а до 2015 година вкупно се предвидени 500.00 евра.- Првиот стручен настан го организиравме само 17 дена од официјалната регистрација на ГеоЛИНК како правен субјект. „Гео-инженерскиот ден 2007“ беше еднодневен стручен настан исполнет со многу промоции и повеќе продажни презентации на производите што ГеоЛИНК ги дистрибуира во Македонија. Имавме многу високи гости од наши странски партнери: Autodesk, CGS plus, Studio Ars, Magellan Professional. Зошто овој семинар? Јас, како идеен водач и креатор на политиката на ГеоЛИНК, неколку години соработував врз заеднички проекти со фирмата CGS plus од Љубљана, на словенечкиот пазар. По

завршувањето на мојот ангажман во Словенија, ги пренесов искуствата, знаењето и целата социјална и деловна мрежа во Македонија. ГЕД 2007 беше всушност и промоција на нашата фирма пред стручната јавност - вели директорот Петар Ташковски.Тие, задоволни од одѕивот на ГЕД 2007, само неколку месеци подоцна, во февруари 2008 год. го организирале вториот стручен настан во хотелот „Романтик“, покрај велешкото езеро Младост. Оттука и називот на настанот ГЕТД 2008 (Гео-инженерски технички ден). Вториот семинар го посетиле вкупно 120 присутни, а потоа охрабрени од одѕивот и заинтересираноста на стручната јавност за нивните производи, одлучиле ГЕД да прерасне во конференција на годишно ниво. „Економските прилики што го погодија развиениот свет, а со тоа и многу од нашите странски партнери, ни ја попречија организацијата на ГЕД 2009 минатата година. Оваа година ја почнавме успешно, ја отфрливме мислата дека „некаде“ е криза и ги убедивме нашите партнери дека ако не ја направиме ГЕД 2010, нема да имаме ни деловен успех во 2010. Autodesk е наш принципал

и секогаш генерален спонзор, но за првпат ни успеа да мотивираме уште 5 домашни спонзори и медиуми “, кажува Ташковски.За идните планови поврзани со коференцијата, Петар Ташковски вели: „Мислам дека ГЕД веќе стана заштитен знак на конференцијата што ја организира ГеоЛИНК. Дефинитивно таа ќе биде традиционална и ќе се одржува во месец мај секоја година. Веќе за следната ГЕД 2011 знаеме дека локацијата ќе биде Бизнис центарот на Скопски саем, иако врвна по своите просторно-технички капацитети, ќе ни биде претесна и сме во потрага по нова локација која ќе збере 300-400 посетители. Организацијата на идната конференција ќе ја започнеме уште наесен, кога ќе им упатиме допис на многу други спонзори. Тие и овојпат пројавија интерес за учество, но се откажаа поради ненавремената информација и неможноста да ги пренаменат нивните маркетинг средства.“

јулијана гераСиМОВСка

„Параметарското проектирање

станува сè побарано во светот. Станува

збор за комбинација на математички

параметри во еден цртеж, кои доколку

параметарски ги групирате ќе

добиете функција. Кога се сите

елементи заедно поврзани, тогаш

лесно може да ги обликувате

по потреба. Овој параметарски дел

вам ви овозможува да не ги повторувате

истите линии како кај 2D.

Параметарското проектирање е

особено интересно кај нарачки кои се менуваат. Целта е взаемност на сите

елементи на вашиот цртеж“, вели Борис

Ташковски инженер во фирмата.

Page 25: PORTA3 133

Васил Ѓоргов 21 вл .2 , лок .8 , 1000 СкопјеТел: +389 2 3243 790Факс: +389 2 3243 796bi roproekt@bi roproekt .com.mk b i r o p r o e k t . c o m . m k П

РО

ЕК

ТИ

РА

ЊЕ

ПР

ОЕ

КТ

ИР

АЊ

ЕМАРКЕТИНГ

МАРКЕТИНГ

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 26: PORTA3 133

26 ПОРТА 18 јуни 20103

Геосинтетиците се производи од синтетички материјали кои направија вистинска револуција во градежништвото. Во геосинтетиците, односно

геосинтетските материјали спаѓаат: геотекстили, геомрежи, геоплетки, геомембрани, бентонитни теписи, геоцели и геокомпозити. Некои видови геосинтетици се користат во изведбата на геотехнички и други видови на конструкции и градежни зафати. Геосинтетските материјали кои Американското друштво за тестирање на материјали (АSTM) во нормата D4439 ги дефинираше како производи направени од полимерни материјали во употреба со земјата, каменот или други слични геотехнички материјали како интегрален дел од човечката активност, структура или систем, имаат пет основни функции во зафатите во градежништвото: сепарација, дренажа, заштита на насипите од ерозија, осигурување на водонепропустливост, зајакнување на тлото, односно стабилизација-зголемување на водонепропустливоста и стабилноста.

концепт превземен од природата Концептот на стабилизација не е нов. Неговите принципи се видливи во

природата, на пример кај гнездата на птиците, корените на дрвјата и слично. Стабилизацијата на тлото била позната уште во Месопотамија каде храмовите од земја се зајакнувани со ткаени трски. Делови од Кинескиот ѕид се изградени од смеса на глина и чакал, зајакнати со гранки. Римјаните техниките на стабилизација на тлото ги користеле при изградба на тврдините, а тоа се базирало на наизменичното редење слоеви на трупци и земјена исполна. Уште пред неколку стотици години во југоисточна Азија насипите во мочуришните предели се армирале со бамбусови трски. Трупците биле поставени под насипите на преодите преку мочуриштата во Скандинавија и Северна Америка во времето на колонизацијата. При истоварувањето на Сојузниците во Нормандија во 1944 година, за стабилизација на песочните плажи се користени снопови на прачки и платно. За време на изградбата на браните во Калифорнија, во 1904 г., исполната од камен на браните била зајакната со шини.Тоа било вовед во развојот на техниките на стабилизација на тлото во 20 век. Прва поголема примена на геосинтетиците во градежништвото била во 1953 година во Холандија, кога по големите поплави почнал да се остварува таканаречениот „Делта

проект“ за обнова на земјата. Поради недостаток на квалитетни природни материјали, употребени се синтетички материјали во комбинација со песок.Henry Vidal во 60-тите години на минатиот век предложил нов концепт на зајакнување на тлото изведен од рамни ленти поставени хоризонтално на некохерентното тло. Интеракцијата помеѓу тлото и зајакнувачките мембрани настанала под дејство на тежината на тлото поради триењето. Vidal, овој материјал го опиша како универзален термин за стабилизација на тлото. Оттогаш геотекстилите започнале масовно да се употребуваат и за контрола на ерозијата, како во Европа, така и во САД.

Стабилизатори на почвата

Геотекстилот се користи кога граничната вредност на максималната недренирана цврстина на тлото е помала од 90 kPa. Глините што имаат поголема цврстина и помала влажност се добар материјал за темелно тло и без употреба на геосинтетици. Таквите глини можат да ги прифатат статичките оптоварувања на возилата дури и под тенкиот гранулиран слој и тоа во услови на ограничен промет (на пр. кај споредните патишта) и кога допуштената длабочина на коловозот е до 75 мм.

ГЕОСИНТЕТИКАОвие материјали

кои направија вистинска

револуција во градежништвото, денес се користат

поради нивната еколошка

прифатливост, заштедата на

природните материјали, како и

продолжувањето на векот на градбата.

Геосинтетските материјали имаат

пет основни функции во зафатите во

градежништвото: сепарација,

дренажа, заштита на насипите од ерозија,

осигурување на водонепропустливост,

зајакнување на тлото, односно стабилизација-

зголемување на водонепропустливоста

и стабилноста.

Овие материјали кои направија

вистинска револуција во

градежништвото, денес се користат

поради нивната еколошка

прифатливост, заштедата на

природните материјали, како и

продолжувањето на векот на градбата.

Овие материјали кои направија

вистинска револуција во

градежништвото, денес се користат

поради нивната еколошка

прифатливост, заштедата на

природните материјали, како и

продолжувањето на векот на градбата.

Геосинтетските материјали имаат

пет основни функции во зафатите во

градежништвото: сепарација,

дренажа, заштита на насипите од ерозија,

осигурување на водонепропустливост,

зајакнување на тлото, односно стабилизација-

зголемување на водонепропустливоста

и стабилноста.

Геосинтетските материјали имаат

пет основни функции во зафатите во

градежништвото: сепарација,

дренажа, заштита на насипите од ерозија,

осигурување на водонепропустливост,

зајакнување на тлото, односно стабилизација-

зголемување на водонепропустливоста

и стабилноста.

Page 27: PORTA3 133

3 2718 јуни 2010 ПОРТА

градежништво

Геосинтетиците имаат функција на сепарација кога се поставени како гранична површина помеѓу кошулицата и слојот на агрегат, така што спречува меѓусебно мешање на двата материјали. За оваа функција се користат геотекстили и геомрежи кои оневозможуваат продор на агрегатот во кошулката.Функцијата на геосинтетиците е иста, и за привремените и за трајните патишта. Но, постапката за проектирање е различна. Геотекстилите кај трајните патишта се користат најчесто како стабилизатори на слоевите. Со употреба на геотекстилот не е допуштено намалување на дебелината на долниот слој, додека со користење на геомрежата сместена на дното од агрегатниот слој, се допушта намалување на дебелината од 10% до 20%.Потпорните ѕидови се градат кога насипите со поблаг наклон се неекономични или технички неостварливи. Се изведуваат како гравитациски ѕидови со, или без елементи на лице место. Во основа се состојат од зајакнување со геосинтетици во земјаната исполна, па целата армирана зона делува како масивен ѕид.Дури и ако условите на тлото се задоволувачки, косините можат да бидат нестабилни под одреден наклон. Повеќеслојните геомрежи или

геотекстили можат да бидат поставени во текот на конструкцијата или реконструкцијата на земјаните косини, за да се зајакне тлото и да се создаде поголема стабилност на косината. Зајакнатите косини со наклон од 70 до 90 степени најчесто се проектираат како потпорни ѕидови. Користењето на геосинтетиците овозможува поекономични проекти во смисла на создавање на корисен простор на врвот или во подножјето на зајакнатиот насип, намалување на потребниот волумен на исполната и елиминација на елементите за обложување кои се потребни кај зајакнувањето на ѕидовите.Насипите на мекото тло имаат афинитет кон бочно ширење заради хоризонталниот притисок на земјата што делува во рамки на насипот. Тој притисок предизвикува хоризонтални смолкнувања на темелот на насипот што мора да го преземе темелното тло. Во случаите во кои темелното тло нема доволна отпорност на смолкнување ќе дојде до слом. Правилно испроектираните слоеви со геотекстил или геомрежа со висока цврстина го спречуваат сломот на тлото. Двата вида геосинтетици може да се користат под услов да имаат доволна цврстина. Постојат разлики во нивната примена за различни видови тло во

подлогата и начинот на поставување.Зајакнувањето со геосинтетика ги ограничува хоризонталните и вертикалните поместувања на темелното тло, и на тој начин го намалуваат нееднаквото смолкнување на различните делови на насипот. Така, насипот ќе има просечно многу помало слегнување со геосинтетика отколку без неа.Наклоните на насипот се зајакнуваат заради постигнување на поголема стрмнина, или за да се овозможи примена на материјали со помала цврстина. На тој начин се штеди на просторот што го зазема насипот, а исто така се користат и материјали кои инаку не би можеле да се користат.Геосинтетиците се користат за зајакнување на подлогите кај градбата на насипи на тло кое е меко и содржи тиња, глина или тресет (зајакнувањето се поставува нормално на оската на насипот), на одредени места каде земјиштето е со помала цврстина или содржи шуплини.Во вакви случаи улогата на геосинтетиците е да создаде „мост“ над таквите слаби места кои се користат кај тлото со слаба носивост под насипот. Тогаш мрежата делува како мембрана и го пренесува товарот на насипот на потпорите.

револуционерен материјал во градењето

Henry Vidal во 60-тите години на минатиот век предложил нов концепт на зајакнување на тлото изведен од рамни ленти поставени хоризонтално на некохерентното тло. Интеракцијата помеѓу тлото и зајакнувачките мембрани настанала под дејство на тежината на тлото поради триењето. Vidal, овој материјал го опиша како универзален термин со кој се опишувале сите форми на стабилизација на тлото. Одтогаш геотекстилите започнале масовно да се употребуваат и за контрола на ерозијата, како во Европа, така и во САД.

Page 28: PORTA3 133

Природно тлоПесочен ФилтерАгрегат

Геотекстил

Агрегат

Перфорирана цевка

Перфорирана цевка

Песок Песок

Исполна ИсполнаПрироднотло

Природнотло

Дренажна цевка

Истекување

Истекување

Дупки во ѕидот

ПОРТА 18 јуни 2010328

градежништво

еколошки и траен материјал

Денес, геосинтетиците се користат поради нивната еколошка прифатливост, заштеда на природните материјали, како и за продолжување на векот на градбата. На асфалтната или бетонската површина на патиштата, паркиралиштата или аеродромите поради оптоварувањата, заморот на материјали и големите температурни промени настануваат пукнатини. Навлегување вода во нив води до нејзино смрзнување во текот на зимата, забрзано разорување на конструкцијата и намалување на векот на нејзиното траење. Трендот на решавање на ваквите проблеми и спречување на создавањето пукнатини во асфалтот, подразбира употреба на специјални геосинтетици во форма на мрежи. Затоа и за реконструкција на патиштата се повеќе се користат геосинтетици

Подотви: Сузана ВаСилеВа, дипл.град.инж.

`

Page 29: PORTA3 133
Page 30: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010330

архитектура свет

Студио 8, група на млади ханојски архитекти, изработија иновативен

проект на конкурсот за транформација на улица во Ханој, Виетнам. Улицата Трангтиен била изградена од страна на Французите пред 100 години, кога била позната заради нејзината убавина, социјален карактер и големи теaтри. Со текот на времето таа ја изгубила нејзината улога на пешачка зона и се трансформирала во сообраќајна улица. Новиот предлог на младите

архитекти покажува сензибилитет кон улогата на пешачка улица. Идејата е да се издлаби самиот коридор, со што се создаваат повеќе зони на интеракција, во надворешно горно ниво и во внатрешно, кое има простори со различни програми. Големите скали ги вовлекуваат луѓето во подземното ниво каде што акцентот е ставен на различни активности и социјализација. На тој начин тие нудат современ пристап на решавање на хуманата димензија на улицата.

House на Wiel Arets Architects во Холандија, претставува одговор

на променливоста на секојдневното живеење, надворешните временски услови и концепт за потребите на нејзините корисници: актер и танчерка, кои истовремено се и пејзажни архитекти. Архитектонскиот проект е развиен како стаклен монолит кој е флексибилен, опкружен со градина, додека внатрешноста претставува простор во кој целата конструкција е навидум невидлива. Внатрешноста се состои од централен мезанин на кој се надоврзуваат два помали волумени на влезниот простор и купатилото. Карактеристичен елемент претставува скалишното јадро кое е невообичаено, деконструирано во просторот. Во однос на материјализацијата, куќата нема конструктивни ѕидови, целосно е направена од транспарентно и матирано стакло, додека во внатрешноста се потпира на правоаголни столбови. Лизгачките делови на фасадата дозволуваат куќата да се менува во однос на годишното време и сончевата светлина.

СОВРЕМЕНА ТРАНСфОРМАЦИЈА НА КОНЦЕПТОТ ЗА ПЕШАЧКА УЛИЦА

ВИЕТНАМ

ХОлАНДИЈА

АРхИТЕКТОНСКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ГЛУМАТА И ТАНЦОТ

Page 31: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 31

архитектура свет

Објектот Studi-o Cahasa, на Mamostudio во

Џакарта, Индонезија, е пример за совршен спој на функционалното и естетското: внатрешноста е беспрекорно организирана, иако како основен принцип на проектирање архитектите го земаат влегувањето на природната светлина. Временскиот период на проектирање на објектот се поклопува со издавањето на книгата Relativitas на главниот архитект Ади Пурномо, во која тој го поставува прашањето за односот на рационалното во архитектурата, функционалноста и како да се најде совршениот баланс помеѓу естетиката

и рационалноста.Објектот претставува единство на јавен и деловен простор, културно збогатен со уметничка галерија која на периоди е отворена за јавноста. Потребата од соодветно осветлување е и заради самиот клиент кој е фотограф и колекционер на уметнички дела. Тој од архитектите барал да ги изложи делата, односно целиот простор да се трансформира во изложбен. Изработувајќи многубројни модели и студии на светлина, архитектите создале простор во кој светлината е феномен за набљудување, таа станува текстура и кожа на внатрешните ѕидови и му дава бескрајна имагинација на внатрешниот простор.

Новиот објект на КТ Корпорацијата кој ќе се гради во Сеул, Јужна Кореа, е дело на светски познатиот архитект

Daniel Libeskind и архитектонското студио G. Lab. Објектот претставува аналогија на портал кој ја симболизира КТ корпорацијата и едновремено треба да биде препознатлив како нов урбан репер. Како форма на врата тој се отвора кон градот и го остава неговото движење да "помине низ него". Внатрешноста е организирана за најефикасно и најфункционално комуницирање на потрошувачите, од друга страна одржувајќи ја и постоечката култура и историја на Сејонг-Ро. Дизајнот ја рефлектира компанијата како урбан репер и воопшто работниот дух на вработените, потрошувачите, корисниците

и посетителите. На надворешната фасада формата го акцентира симболизмот на КТ корпорацијата преку знаци на уметноста, природата, амбиентот, околината и технологијата. Одлуката за избирањето на овој проект е во просторната и програмската стратегија, задржувањето на историската и културната оска, создавањето на активна пешачка зона и зголемување на јавниот простор, како и поврзување на големи зелени површини и обединување на околината преку различно отворање на погледи кон сето она што го опкружува.Проектот содржи 300 паркинг места, 11 продавници и 3 ресторани сместени во приземјето, додека луксузните резиденции и ресторанот се распоредени на другите нивоа.

Опкружена со планини, шуми и водите на Арапското море, Tara

house на Studio Mumbai е куќа со тропска градина полна со јасмин, бамбус, трева и папрат. Под дрвената кровна конструкција собите се слободно поставени околу градина, со патека која ги поврзува и кружи периферно околу нив. Вертикалните дрвени столбови поставени кон атриумот формираат заштитна обвивка и создаваат игра на светлото и сенката на фасадата направена од дрво, камен и полиран гипс. Во подземјето на куќата се наоѓа "тајна соба" која е полна со вода и тишина заради протокот на вода што е направен да се одвива безшумно. Во пристапниот коридор кој делува како да е издлабен во архитектурата, посетителот добива чувство дека пристапува кон некоја праисториска пештера. Кровот над базенот е со мали дупки кои пропуштаат воздух и создаваат кругови од светлина во водата, амбиент на праисконското и прапоетското, она што е есенцијалното во архитектурата.

ИНДИЈА

ИНДОНЕЗИЈА ЈУжНА КОРЕЈА

Tara house - ИГРА НА СВЕТЛОТО И СЕНКАТА, НА ПРИРОДАТА И ВИСТИНСКАТА АРхИТЕКТУРА

ПОРТАЛ НА ГРАДОТ: НОВИОТ УРБАН РЕПЕР НА КТ КОРПОРАЦИЈАТАСВЕТЛИНАТА - БЕСКРАЈНА ИМАГИНАЦИЈА ЗА ВНАТРЕШНИОТ АРхИТЕКТОНСКИ ПРОСТОР

ПОДгОтВи:александра Шекутковска, дипл.инж.арх.

Page 32: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010332

архитектонска работилница

градот на солидарноста и човековите сетила

AFTER-SHOCK НА ПОСТМОДЕрНИЗМОТ И АрХИТЕКТУрАТА ШТО СЕ СОЗДАДЕ ВО ПЕрИОДОТ НА 80-ТИТЕ И 90-ТИТЕ ГОДИНИ НА МИНАТИОТ ВЕК, БЕА ТЕМА НА ДЕБАТАТА НА МИНАТОГОДИШНИОТ ФОрУМ СКОПЈЕ 2009. ФОрУМ СКОПЈЕ 2010 БЕШЕ рАЗЛИчЕН ОД ПрЕТХОДНИТЕ И ИМАШЕ ИНТЕрНАЦИОНАЛЕН КАрАКТЕр. ЦЕЛТА БЕШЕ ДА ИМ СЕ ДАДЕ МОжНОСТ НА ГрАѓАНИТЕ ДА ИЗНЕСАТ СВОИ СТАВОВИ, ПрАШАњА И чУВСТВА ПОВрЗАНИ СО ГрАДОТ И СЛУчУВАњАТА ВО НЕГО. ДЕБАТИ ОД ВАКОВ ТИП СЕ МНОГУ рЕТКИ ВО НАШИОТ рЕГИОН, ЗА рАЗЛИКА ОД САД И ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДНА ЕВрОПА КАДЕ ШТО ДржАВАТА ПрЕКУ ДИЈАЛОГ ГИ СООПШТУВА И ГИ АрГУМЕНТИрА СВОИТЕ ПрОЕКТИ ПрЕД ЈАВНОСТА.

КАКО ДА СЕ ПрЕТСТАВИ ДОжИВУВАњЕТО НА ГрАДОТ ПрЕКУ чОВЕКОВИТЕ СЕТИЛА,

БЕШЕ ТЕМА НА рАБОТИЛНИЦАТА „QUICK-SHOP“ СО КОЈА СЕ ЗАВрШИ „ФОрУМ СКОПЈЕ

2010“. НА НЕА УчЕСТВУВАА СТУДЕНТИ ОД АрХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ (УКИМ) И ОД

АМЕрИКАН КОЛЕЏ, СКОПЈЕ, КОИ ИМАА ЗАДАчА ЗА ПОМАЛКУ ОД 24 чАСА ДА ОСМИСЛАТ,

рЕАЛИЗИрААТ И ДА ПрЕЗЕНТИрААТ КОНЕчЕН ПрОИЗВОД. чЕТИрИТЕ ГрУПИ ГИ

рЕПрЕЗЕНТИрАА СЕТИЛАТА: ВИД, СЛУХ, ВКУС, КАКО И ДОПИр И МИрИС. СЕКОЈА ОД ГрУПИТЕ

ТрЕБАШЕ ДА ГО ПрЕТСТАВИ СКОПЈЕ ВО ДАДЕНИТЕ ВрЕМЕНСКИ И СЕТИЛНИ ГрАНИЦИ,

СПОрЕД СОПСТВЕНО ВИДУВАњЕ.

иван Мирковски: Во Македонија трендот го следат само светските компании, како и маркетинг агенциите што се имаат приспособено на светскиот тренд, за да им одговорат на потребите на своите најголеми клиенти. Кога архитектите ќе станат „шизици“, ќе се опуштат и ќе се впуштат во натпревар со остатокот од модерниот свет, односно кога градот ќе почне да се натпреварува, (олицетворен во некој што ја држи палката и ги креира штити интересите на градот), тогаш ќе може да се разговара за современ пристап во архитектурата кај нас. Целта на Форум Скопје, меѓу другото е да создаде критична маса на граѓани која сама по себе ќе ги наметува потребите од современост на градот.

Скопје, како град на солидарноста, на овогодишната работилница беше перцепиран од страна на студентите преку различните сетила на човекот. Тие го замислија градот како еден организам кој се дразни, реагира на промени, опстојува.. . Секоја група се водеше според едно сетило. Преку истото, учесниците ги анализираа впечатоците за градот и чувствата што тоа сетило ги предизвикува.

Page 33: PORTA3 133

кика

18 јуни 2010 ПОРТА3 33

ИДЕЈАТА НА „QUICK-SHOP“ БЕШЕ ДА СЕ ИЗрАБОТИ ПрОЕКТ КОЈ НЕМА ДА БИДЕ КОМПЈУТЕрСКИ ПОТПОМОГНАТ, ТУКУ ЌЕ СЕ ЗАСНОВА ЕДИНСТВЕНО НА НИВНАТА ИНСТИКТИВНОСТ И КрЕАТИВНОСТ. ТИЕ ТрЕБАШЕ САМИТЕ ДА ГО ИЗНАЈДАТ НАчИНОТ И МЕДИУМОТ НА ИЗрАЗУВАњЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ИДЕИ.

Сузана Плачкова, IV година Архитектура, УКИМ:

Идејата ја добивме тргнувајќи од самото сетило вид, односно неговото значење. Инспирацијата ја најдовме во детскиот интерес за одредени места во градот. Најсилен впечаток на дете кое се наоѓа на широка отворена

улица е ненадејната присутност на пасаж, затворен, покриен, скриен простор кој одеднаш нуди приватност, контраст на сиот отворен простор, искра што ја разгорува љубопитноста, односно затскривање од видот на околината. Навечер пак, улицата е онаа што нуди безбедност, а пасажот е заканата, на начин на

кој влијае ограничувајќи го видот на детето, што доведува до моментална параноја. За изведување на поентата, направивме вежба во текот на која присутните ги поделивме на две групи. Првата група беше подложена на други сетилни дразби, допири и звуци, додека очите им беа затворени. За тоа време, оние од втората

група визуелно перцепираа што се случува со првата група и кога и нив ги замоливме да ги затворат очите, тие седеа простум во исчекување на истите дразби. Според мене, секоја од групите го симболизираше градот и неговите реакции како одговор на она со што му се влијае,или пак на она со што тој очекува да му се влијае.

Елена Анакиевска, студент на архитектура на Американ Колеџ – I година :

Заради апстрактноста на самата задача, реализацијата се сведе на еден исто толку апстрактен обид за доловување на мирисот и допирот на градот. За дадените 24 часа осмисливме и изработивме едно видео преку кое го претставуваме движењето, преполнетоста, односно празнотијата на одредени места во Скопје, како и градби кои асоцираат

на типични мириси на градот. Марија Димитриевска – студент на архитектура на Американ Колеџ – I година: За дел од екипата, студентите од прва година, ова беше прво вакво искуство. Преку ваквата работилница ја осознавме сопствената подготвеност, односно сфативме дека за толку кратко време може да го качиме нивото на креативност на максимум и да го доловиме она што треба да го покажеме.

Филип Атанасоски, IV година на архитектура, УКИМ:

Нашата група имаше најмлади ментори, кои успешно не упатија низ концептот и ни помогнаа во остварување на едно отворено дело, кое не содржи решенија, туку само доловување на проблематиката. Драган Крстевски, студент од IV година на Архитектура на УКИМ, ментор: Добро е тоа што се бараше од студентите да најдат само едно рамковно решение и да ги

остават темите отворени, не сосем оформени. Како за архитектонска работилница, поделбата на групите по сетила беше невообичаена, но значајна, бидејќи се обидовме да ја најдеме врската меѓу архитектурата и секое човеково сетило, односно да востановиме колку Скопје се распознава преку друг медиум освен архитектурата. Мирисот и Допирот на градот, всушност се метафори за урбаните матрици, нивните форми, текстури и начинот на кој човекот ги доживува, ги перцепира.

Групата составена од 5 студенти го „согледуваше“ градот под менторство на Волкер Гесендорфер. Имајќи го на располагање сетилото за вид, оваа група студенти се обиде да ја објасни важноста на очите во перцепцијата на градот, хендикепираноста и дезориентираноста на човекот без оваа способност. Инспирирани од детското согледување на просторот, поврзувајќи го со создавањето на параноја при недостатокот од ред во просторот, а притоа и потребата од визуелизација на постоечкото, овие студенти меѓу другото изведоа и експеримент врз присутните. Поделени на две групи, гостите имаа шанса да го доживеат чувството на

параноја која се создава во отсуство на видот како сетило. Така, додека првата група, на која и беше забрането да гледа, беше подложена на дразби од различен тип – пријатни и непријатни, втората група го гледаше целиот процес и си создаде слика за експериментот. Кога беа сменети улогите и кога на втората група и беше забрането да ги користи очите се создаде паранојата од можните последици, иако студентите оваа група не ја подложија на никакви дразби. Токму целта којашто сакаа да ја постигнат студентите само ја потенцираа и дополнително ја нагласија преку овој експеримент и кратката презентација.

Групата што реагираше на сетилата за допир и мирис беше предводена од Оливер Илиевски, Драган Крстевски и Максим Наумовски. Студентите од оваа група воодушевија со својот настап. Тие подготвија видео во своја режија и со актерска екипа составена од самите нив. Сценаријата се одвиваа на неколку места во Скопје кои студентите ги избраа како репери за презентирање на различни атмосфери, односно различни мириси и различни начини да се допре градот, движењето (Градскиот трговски центар), преполнетоста (Стара Скопска Чаршија) и празнотијата на градот (платото пред МОБ).

Page 34: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010334

Снежана Домазетовска, IV год. на Архитектура (УКИМ) :

Секоја година во рамките на Форумот, како и на други слични настани, се одржуваат работилници за студентите по архитектура, како можност за изразување на

креативноста во рамките на одредена тема. Оваа година, работилницата е концепирана на сосема поинаков начин. Не се работеше 4-5 дена, туку во пократки временски рамки кои сами по себе диктираат промени и во пристапот и во начинот на работа. Имавме точно

еден ден да ја подготвиме нашата презентација. Јас бев дел од групата „Звук“, под менторство на Сергеј Никољски. Нашата група имаше за задача да реализира еден т.н. звучен продукт на градот, односно просторно и временски да го претстави градот низ звуци. Бидејќи самата тема

на Форумот е Скопје- Град на солидарноста, ние одлучивме да направивме еден временски пресек на градот, од 1963 до оваа година, која е исто така клучна за Скопје, заради големината на некои зафати кои моментно се преземаат.

Презентациите и перформансите на студентите

беа авангардни, современи и интересни за следење, а

архитектонската работилница беше едно неповторливо

доживување и можност на еден апстрактен начин да се претстават конкретни

градски ситуации. Ваквиот тип искуства се повеќе од

потребни за нас студентите, бидејќи ни овозможуваат да

ги доживееме архитектурата и просторот на многу поинаков начин. Нашата креативност и

имагинација го достигнаа својот максимум при изработката

на оваа задача. Таа покажа и дека студентите се гладни за

проекти кои ќе им ја дадат потребната слобода за творење и креирање надвор од рамките

на тривијалните клишеа

Подготвија: елена ПетрОВСка,

Павлинка атаНаСОВа и леонида Пенка БаШа

Харвардскиот професор Антонио Петров беше ментор на групата што имаше задача да го “вкуси” градот. Седум студенти, доловија седум различни вкусови на Скопје, а медиумот преку кој ги презентираа истите беа седум кулинарски остварувања. Темите пазар, зелени

простори, урбани простори, напуштени простори, градот низ сезоните, градот во минатото и иднината, ги инспирираа студентите да подготват за присутните седум различни примероци за дегустирање, секој од нив доловувајќи различен вкус асоциран од конкретниот

мотив. Симболично спакувани во коцки со унифицирана димензија, асоцијација на градителски елемент – тула, примероците беа „зготвени“од различни состојки кои имаа за цел да ја претстават перцепцијата на градот преку неговите вкусови низ вековите, сезоните, просторите. Нивното

претставување пред аудиториумот беше изведено прво со послужување на подготвените примероци, а подоцна и кратко објаснување за поентата на нивниот проект.

Стефанија Тодоровска, IV година, Архитектура, УКИМ:

Невообичаено за една архитектонска работилница е што имавме можност да градиме преку храна. Симболично, колачињата за дегустација се со еднакви димензии, коцкички од по 2см, што асоцира на тули, односно претставува реален материјал со кој во презентацијата го градиме Скопје. Сите јадења ги подготвивме ние и се наменети за дегустација.

Маја Димишкова IV година, Архитектура, УКИМ:

Ние ги презентиравме седумте вкусови на Скопје: Минато, Иднина, Пазар, Напуштени простори, Сезони, Зеленило и Урбан живот. Се инспириравме од самиот број седум, како 7 чуда, седумте порти на Скопје и другите знаменити нешта врзани за бројот 7. Ова искуство беше многу забавно, бидејќи секоја од седумте теми ја претставивме преку кулинарско остварување.

Под менторство на Сергеј Никољски, архитект од Виена, групата составена од 5 студенти го анализираше звукот. На презентацијата настапија со перформанс во кои самите беа учесници, а ги имитираа звуците на градот

во одредени временски пресеци. Со звук не потсетија на земјотресот во 1963 година, а потоа преку неколку промени на интензитетот, ја прикажаа моменталната, односно идната состојба на Скопје.

Page 35: PORTA3 133

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 36: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010336

спортски храмови

Мултифункционалната затворена арена "Гдањск - Сопот",

Полска, свечено ќе биде пуштена во употреба на крајот на август. Таа ќе има капацитет од 15.000 места и ќе биде вистински центар на спортот и културата во овој дел од Полска. Арената се гради на локација од 53.312 м2, од кои само арената и придружните објекти ќе зафаќаат 42.840 м2. Конструкцијата на оваа спортска сала која е најголема во регионот, се состои од префабрикувани

армирано-бетонски елементи составени од АБ платна, греди и кружни столбови. Врз нив е поставена челична конструкција која премостува распон од 70,66 метри во надолжен и 66,60 метри во попречен правец. Во состав на салата се градат и неколку угостителски објекти. Во завршна фаза е изградбата на ресторан со капацитет од 200 места, како и неколку локации за кафе-барови. Во неа ќе биде сместен и диско клуб, а исто така се планирани и околу 40 помали канцелариски

објекти за администрација, но и за клупски простории на клубовите од двата града. "Гдањск - Сопот Арената" се издигнува на 7 нивоа. На првото ниво ќе бидат влезовите од оската исток-запад, како и посебните влезови за медиумите и спортистите. Од ова ниво ќе се оди кон двата панорамски ескалатори, но ќе има пристап до тоалетите за гледачите. Второто ниво ќе има комерцијални објекти (продавници, фан-шопови), како и канцелариски простор за изнајмување.На третото ниво ќе биде главното фоаје за 6000-9000 гледачи. Тука ќе бидат сместени и најголем број на тоалети и 4 панорамски ескалатори кои ги поврзуваат сите нивоа на салата. На ова ниво ќе се наоѓа и ВИП салонот. На четвртото ниво ќе биде "претседателската ложа" и ВИП ложата, а исто така е предвидена и изградба на два помали ресторани (снек-барови), кино-сала и конференциска сала. На петтото ниво е фоајето север-југ за директен пристап на навивачите до скалите за излез. И тука ќе бидат вградени два панорамски ескалатори. На претпоследното ниво ќе се најде големиот ресторан, две големи технички соби, како и работни простории на менаџментот на арената. Последното ниво ќе го сочинуваат простор за администрација, технички простор за апарати за вентилација, осветлување, системот на обезбедување и видео-надзор.

Она по што "Гдањск - Сопот Арената" е специфична, е и специјалната подлога која е направена за поставување на мраз за организација на хокеарски натпревари. На посебни дискови со големина од 30 х 60 метри ќе може да се постави мраз со дебелина од 12 см. Така, трипати во текот на годината, "Гдањск - Сопот Арената" ќе се претвора во вистинско лизгалиште.

Сашо кУЗМаНОВСки

"ГДАЊСК-СОПОТ АРЕНА" - ГДАЊСК

ПОлСка ја доби НајгОлеМата ареНаФАКТИ ЗА "СОПОт ареНа" - ГдањскСедишта: 15.000 (спортски настани до 11.100)Период на изградба: 2008 - 2010Површина на градба: 53.312 м2

Димензии на арената: 143,4/119 мНадворешни димензии: 214/180 мБрој на ескалатори: 17Дополнителни објекти: ресторан, 2 снек-бара, кафе барови, 40 административни објекти и канцеларии, диско клуб, банка, продавница, фан-шоп цена на градба: 60 милиони евраДизајнери: Kipp Projekt Sp.

Page 37: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 37

спортски храмови

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работиТОРУС ИНжЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

salessalesтел: 02 240 0430; e-mail: [email protected]

salessalessalessales

Page 38: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010338

урбанизам

Мојот живот покрај реката, дрвеното мовче, поплавата, регулацијата на Вардар...

Како личност која е родена во Скопје, која ја имала среќата да живее покрај река и првиот утрински поглед во детството, да и биде во водите на реката Вардар, чувствувам посебна љубов и почит кон неа. Сите игри во моето детство, беа поврзани со просторот околу реката, која ширеше спокојство и мир. Главната релација на моето движење, кон училиштето, беше преку дрвеното мовче, кое се наоѓаше пред стариот театар. За време на поплавата во 1962 година, ја запознав и лутината на реката. Враќајќи се од училиште, од мојата гимназија Јосип Броз

Тито, тогаш лоцирана на обалата на Вардар, во зградата позната како Женска гимназија, пред моите очи, надојдената река, се изли, а силната, разулавена вода, моето убаво дрвено мовче, го дигна нагоре и го однесе, како да беше макета од картон. Тогаш сфатив каква сила се крие во енергијата на водата. Колку е значајна и неопходна регулација на коритото на реката. Вакви поплави се случуваат ретко, можеби еднаш на сто години, но сепак се случуваат. На пример, Париз својата катастрофална поплава ја доживеал во јануари 1910 година.Една од најважните работи, која се направи веднаш после земјотресот, е регулацијата на Вардар. Реката започна мирно да тече во своето корито, градот стана сигурен од поплави, а граѓаните го добија, според мене, најубавото место во

градот. Можност да уживаат, пешачат, трчаат, спортуваат.. . Погодокот беше комплетен, жителите на градот ја препознаа убавината на кејот. Денес, тоа е едно од најфреквентните и најубавите места во градот. Во изминатите години, често пати мислев на дрвеното мовче од моето детство. Тоа претставуваше директна врска со стариот Скопски театар, со Калето, со левиот дел од градот, која функционираше перфектно. Во моите мечти, посакував да се обнови. Некако го поврзував со обновата на стариот театар. Посакував традицијата да продолжи. Сликата на убаво облечени луѓе кои поминуваат по него, во вечерните часови, одејќи на претстави во театарот, беше многу романтична и жива. Ги будеше моите заспани чувства и ја претставуваше душата на градот

во нејзината најубава светлина.Кога дознав за изградбата на нов пешачки мост на Вардар, се изненадив. Неговата форма и облик се креација, но и одговорност на неговите автори. Но тој, според мене, не е на местото каде што требаше да биде. Неговата изградба, како и изградбата на сите овие нови објекти околу реката, се плашам дека ја намалуваат отвореноста на просторот и загрозуваат еден голем квалитет. Квалитет на отвореност, кој ние, за жал, го добивме после несреќата од земјотресот.Во убавите градови за кои зборувам, се внимава, просторот околу реките да биде отворен. Течењето на водата, чувството на раздвиженост што ја носи и поттикнува реката, е убавина што им припаѓа на сите граѓани.

Би била пресреќна кога нашите пешачки мостови, кои се градат или ќе се градат во иднина, со својата совршеност и едноставност, во изборот на формата, обликот и материјалите, со користењето на најсовремената технологија, би биле одраз на нашето време. Кога со својата едноставност, одмереност и елеганција, би биле инспирација на сегашните и идните генерации поети, писатели, творечки луѓе, во создавањето на нивните дела. Кога би буделе во граѓаните љубов и почит кон градот и би создавале чувства на воодушевување и восхитување, чувства какви што создава прекрасниот мост на австрискиот архитектот Dietmar Feichtinger, пасарелата Simonе de Beauvoir, изградена во Париз во 2006 година.

Градовите низ кои поминува река, се убави градови. Природата во старт им дала убавина.

Реката, нејзините мостови и шеталиштата околу неа, секогаш и секаде, се меѓу најатрактивните делови на градот. Големите градови, низ кои поминува река, на пример, како што се Париз или Москва, богати се со многу мостови кои се дел од нивната историја и традиција. Скопје е еден од таквите градови. Ја има среќата да го има својот Вардар, кој по своето течение, ја носи со себе убавината и богатството на природата. Скопје исто така има свои стари, убави мостови. Мостови кои зборуваат за нашето минато, за нашата историја. Во моментов се гради и нов мост. Тој треба да ја отсликува нашата современост и да биде нем сведок на идните генерации, за луѓето и времето во кое е изграден.

Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот"

"

Дрвено мовче над Вардар

Page 39: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 39

урбанизам

естетика„Simonе de Beauvoir“, изграден во Париз, на почеток на XXI век, во 2006 година

Воодушевување беше зборот со кој можам да ја опишам мојата прва средба со пешачкиот мост, пасарелата Simonе de Beauvoir во Париз. Тој го привлече моето внимание од повеќе причини. Тоа е еден од најубавите современи мостови што може да ги замисли имагинацијата на архитект кој ги сака современите форми и изрази. Едноставностa на функционалното решение, конструкцијата, формата и стилот делуваат совршено. Австрискиот архитект Dietmar Feichtinger, изработката на мостот ја доби на конкурс во септември 1998

година. Почетокот на изработка на плановите е во јуни 1999 година, а почетокот на конструкцијата е во јуни 2004 година. Мостот е завршен во јуни 2006 година.Пешачкиот мост, чија должина е 304 м, го поврзува новиот дел на Париз, Bersy со Tolbiac. Составен е од три патеки. Главната централна патека води над реката Сена, а двете секундарни патеки водат и над градските патишта кои се наоѓаат од двете страни на реката, поврзувајќи го комплексот на Француската Народна Библиотека со паркот Tolbiac. Централното место на овој современ комплекс и припаѓа на реката Сена, која нè води во срцето на Париз. Сена, која во центарот на Париз има просечна ширина од 100 м, овде е широка 150 м. Два постоечки моста на растојание од

700 м. го определуваат "Bassin de Bersy". Новата пасарела се вклопува извонредно во овој необично отворен простор на Париз. Пешачкиот мост, пасарелата Simone de Beauvoir, ги прави архитектурата и конструкцијата неразделни. Премостувањето преку реката е со единствен продолжен лак, без внатрешна поддршка. Геометријата на мостот ја прават два лака. Две нежни форми, две вкрстени арки, кои совршено одговараат на постоечкиот амбиент, на постоечката архитектонска околина. Конструктивните арки се воедно и пешачки патеки. Вкрстувањето на патеките дозволува слободен лак од 194 м. Двата вкрстени лака прават око, во централниот дел на мостот. Тоа дава единствен простор над водата, што претставува отворена

трибина за случувања на вода. Од овде, од средината на лакот се открива преубав поглед, кој води кон славната Катедрала Notre Dame и историскиот дел на Париз. Материјалите што се искористени, се современи. Подните површини се обложени со дрво, со избразден даб, кој не се лизга. Оградата е од челична мрежа, прицврстена со алуминиумски гелендер. Осветлувањето е вградено во самата ограда.Изборот и прифаќањето на современата конструкција и материјали, се вклопува во традицијата за изградба на Париските мостови. Традиција според која, за нивна изградба, секогаш да се користи најсовремената технологија на времето, во кое тој се гради.

По овој повод, мислам дека е добро да се осврнам на неколку новоизградени пешачки мостови изградени на крајот на XX век или почеток на XXI век во Париз. Мостови изградени со современи, нови материјали, со совршена едноставност и елеганција. Мостови кои според моите естетски критериуми, заслужуваат да бидат претставени на нашата јавност.

За мостовите во Париз може многу да се пишува. Тие биле предмет на анализи на светската стручната јавност. Поетите ги опејувале во своите песни, писателите ги опишувале во своите дела, а режисерите ги снимале во своите филмови, со што ги доближиле до сите луѓе во светот, како едно општо цивилизациско богатство.

Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот

Камен мост - Скопје

Нови мостови во градот на светлината

пасарелата „Simonе de Beauvoir“

Page 40: PORTA3 133

Pont des Arts40 ПОРТА 18 јуни 20103

урбанизам

елеганцијаLeopold-Sedar Senghor или познат како Passerelle Solferino, изграден во Париз, на крајот на XX век, завршен во 1999 година

Неговата историја е долга и интересна. Првиот мост кој бил од железна конструкција, изградена е во времето на Наполеон III, во 1861 година. Наречен е Solferino во чест на Француската победа во Битката кај Solferino во јуни 1859 година. Со тек на времето бил демолиран и обновуван во 1961 година и 1992 година.

Новата passerelle de Solferino е повторно изградена помеѓу 1997 и 1999 година, под водство на познатиот Француски инженер архитект Marc Mimram. Овој посебен метален мост, со својот единствен архитектонски израз, на својот автор, му ја донесе награда за 1999 година. Реката Сена е премостена со еден лак, без столбови. Премостена е со една елегантна лачна, современа, метална конструкција, со должина од 106 и ширина од 15 метри. Материјалите што се користени за неговата изградба се современи,

а пешачката патека е покриена со егзотични дрва. Искористено е бразилското дрво Tabebuias, истото кое е употребено и на надворешните подни површини околу Националната Библиотека на Франција.На 9 октомври 2006 година мостот доби ново име Leopold-Sedar_Senghor, по повод стогодишницата од неговото раѓање.Новата passerelle de Solferino ги поврзува новиот обновен Musee d’Orsay и прекрасниот парк Jardin des Tuileries.

Page 41: PORTA3 133

Le Vent (Ветерот).

Si, par hazard, (Ако, случајно,) Sur l’pont des Arts, (На мостот des Arts)Tu croises le vent, le vent fripon, (Го сретнеш ветерот, ветерот палавко)Prudence, prends garde a ton jupon! (Внимание,чувај ја твојата сукња!) Si, par hazard (Ако, случајно)Sur l’pont des Arts (На мостот des Arts)Tu croises le vent, le vent maraud (Го сретнеш ветерот, ветерот крадец)Prudent, prends garde a ton chapeau! (Внимавај,чувај ја твојата капа!)

Georges Brassens

Љупка ДУкОВСка, диплинж.арх.

Поетика Pont des Arts или Passerelle des Arts, на реката Сена, во Париз, (1984 г.)

Pont des Arts или Passerelle des Arts, е првиот метален мост изграден во Париз во времето на Наполеон I. Изграден е помеѓу 1802 и 1804 година. Со тек на времето бил оштетуван и обновуван, посебно од бомбардирањата за време на првата и втората Светска Војна, како и од оштетувањата од шлеперите и

бродовите што поминуваат под него.Сегашниот мост е изграден помеѓу 1981 и 1984 година, по плановите на Louis Arretche, според кој старите девет лака се редуцирани на нови седум. Неговата должина е 155 , а ширина 11 метра. Новиот мост е завршен и предаден во употреба, од тогашниот претседател на градот Париз, Jacques Chirac, на 27 јуни 1984 година.Мостот се доживува како студио на отворено. Понекогаш служи

како место за одржување на разни настани, на разни уметници, сликари и фотографи, кои ги привлекува прекрасниот поглед на реката. Passerelle des Arts е инспирација за многу уметници, кои го спомнуваат во своите книги, го снимаат како мотив во своите филмови или пишуваат песни за него, како што е познатата песната на Georges Brassens, Le Vent (Ветерот)

18 јуни 2010 ПОРТА3 41

урбанизам

Passerelle Solferino

Page 42: PORTA3 133

www.gim.com.mk

ГРАДЕжЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА”Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

Page 43: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 43

наукаМИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРхИТЕКТУРА

фРАНЦИЈА (1)Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

Е. Бодуен и М. Лод Училиштето во Сиресн

Едновековната историја на модерната архитектура во Франција е одбележана со

постојана борба меѓу реакционерните сили и напредните реформаторски идеи. Таа борба се разгоре уште во 19 век, кога Виоле-ле-Дик, противејќи се на академизмот, се залага за моралот на облиците, што им соодвествуваат на материјалот и функцијата. Овој став врши пресудно влијание практично врз сите пионери на модерната архитектура.

За пионерите на модерната архитектура и за нејзините први мајстори, како што се Огист Пере и Тони Гарние, поопширен осврт има во првата книга од оваа едиција. Во неа подетално е разработено и делото на Ле Корбизје, еден од најголемите мајстори на модерната.

Дури по Првата светска војна, во Франција може да се зборува за раѓање на една нова архитектура, која произлегува од поврзаноста меѓу моралот на облиците и новото сфаќање на просторот. Кон тој напредок, значаен придонес дава и ликовната уметност, која во периодот од 1907 до 1914 година се искристализира во познатиот кубизам.

Во втората деценија на 20 век започнува засилена размена на архитектонски идеи на интернационално ниво. Познато е дека тогаш во Париз работи Адолф Лос (1870-1933), кој има реформаторско влијание врз младите архитекти. Се појавуваат мецени на авангардните движења, за чии потреби напредните архитекти градат станбени згради и вили, што особено е присутно во творештвото на Ле Корбизје.

Анри Соваж (1873-1932) е автор на повеќе станбени згради, во чија концепција го елиминира формалистичкиот приод, искрено покажувајќи го обликот што произлегува од современо решената функција. Таквиот пристап во проектирањето на станбени згради, Анри Соваж го скицира уште во 1909 година, а го усовршува кај станбената зграда на ул. Амиро во Париз (1922-25).

Голем поттик за развојот на архитектурата во Франција претставува одржувањето на Меѓународната изложба на декоративната и индустриската уметност во Париз (1925). Модерните тенденции прикажани на изложбата зрачат позитивно во сите архитектонски области, а

особено во станбената изградба. Робер Мале-Стеван (1886-1945),

како голем архитект на станбени згради, има чест една од улиците да го носи неговото име. Станбените објекти на ул. Робер Мале-Стеван во Париз (1927) покажуваат еден нов јасен архитектонски јазик на пуризмот. Објектите се расчленети на помали волумени, кои се терасесто распоредени едни над други.

Од друга страна, Пјер Шаро (1883-1950) бара нови можности за решавање на станбениот простор, при што со воведување на двовисински дневен престој добива нови композиции. Таква е куќата од челик и стакло на д-р Далсас во Париз

(1932), каде што живописното денивелирање на просторот се одвива зад едноставната фасада од челик и стакло.

Дури во периодот од 1930 до 1935 год., освен од приватни лица, француските архитекти добиваат одделни порачки и од градските власти. На таков начин, освен во станбените блокови, новата архитектура почнува да навлегува и во општествените објекти.

Андре Лирса (1894-1970) е познат градител и теоретичар на модерната архитектура во Франција. Тој го има создадено училиштето Карл Маркс во Вилжиф (1931-33), кое е градено по нарачка на општинската управа. Ансамблот содржи: машки и женски дел, детска градинка и спортски објекти; при што еднаква важност во функцијата му е дадена и на затворениот и на отворениот простор. Благодарение на употребениот армиранобетонски скелет, објектот има транспарентни и едноставни модерни облици.

Ежен Бодуен (1898-) и Марсел Лод (1891-1978) го градат второто значајно училиште, преку кое се идентификува новиот архитектонски правец во 30-тите години на француската архитектура. Тоа е училиштето на отворено во Сиресн (1932-35), каде што училниците имаат подвижни стаклени ѕидови, со што е овозможено нивно осветлување и вентилација од сите страни, а врската со надворешноста е непосредна. Над сите училници се развиваат откриени тераси за одржување настава на отворено.

Page 44: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010344

Светскиот ден на океаните, 8 - ми јуни, годинава се одбележа

под слоганот „Наши океани, наша одговорност“, а беше посветен на заштитата на китовите и напорите на организациите што настануваат, да го спречат укинувањето на мораториумот за лов на овие прекрасни жители на морските длабочини.Одбележувањето на Светскиот ден на океаните е прилика да се потсетиме на заштитата на океаните и нивните жители и да предупредиме на разорувањето и пустошењето на морските пространства од страна на човекот. Во овогодишната порака на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, се нагласува важноста на океанот во секојдневниот живот на жителите на земјата, и посебно се истакнува важноста на истражувањата на непознатите подрачја на океаните.

(World Ocean Network)

Група британски студенти од Универзитетот Шефилд

Халам, направи венчаница од ткаенина која во целост се раствора во вода. Супстанцијата со која фустанот е импрегниран се користи за производство на детергенти и овозможува разложување на фустанот во вода, а притоа процесот не и штети на околината. Но, идната еко невеста на денот на својата венчавка, сепак ќе мора да носи и голем чадор, затоа што капките дожд можат во целост да и го „стопат“ фустанот.

„Имајќи предвид дека венчаницата се носи еднаш

во животот, нема потреба да биде направена од квалитетни материјали. Проектот на студентите е предвесник на иднината во која ќе носиме облека за еднократна употреба“, вели професорката по моден дизајн Џејн Блум. Според неа, проектот претставува спој на уметноста и технологијата и истражува можност за користење на поинакви материјали за производство на облека. (Ecology)

Mindsape“ е јапонска

компанија која се занимава со производство на мебел од кој расте вистинска трева. Декоративните зелени билки ги аранжираат пејзажни архитекти во необични композиции. Иако на прв поглед овие производи изгледаат бизарно, тие се толку допадливи што ретко кој може да им одолее. Единствена мана на овој „зелен мебел “, ако не го одржувате внимателно, е што може брзо да овене.

(artstyleonline.com)

Апел за спречување на ловот на китови

СВЕТСКИ ДЕН НА ОКЕАНИТЕ

ЈАПОНИЈА

ВЕлИКА БРИТАНИЈА

ВЕНЧАНИЦА РАСТВОРЛИВА ВО ВОДА

МЕБЕЛ ОД КОЈ РАСТЕ ТРЕВА„

Page 45: PORTA3 133

3 4518 јуни 2010 ПОРТА

екологија

Италијанската мафија, во областа животна средина во текот на

2009 година, реализираше „обрт“ од 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот што неодамна го објави италијанската организација за заштита на животната средина „Легаменте“.Главните активности на еко-мафијата опфаќаат кривични дела во управување со

отпадот, производство на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето. Мафијата во Италија се збогатува со складирање опасен отпад на диви депонии, и праќање исправни делови на компјутери во Африка или на Далечниот исток, кои на царина се пријавуваат како неупотреблива опрема.

(seebiz/beta)

Најголемата технолошка

награда во светот, Милениумската награда за технологија, оваа година му припадна на швајцарскиот изумител на евтини соларни ќелии, професорот Мајкл Грацел од Федералниот институт за технологија во Лозана. Тој доби награда од 800.000 евра на церемонијата во Хелсинки, за својата иновација која го имитира начинот на кој билките ја претвораат светлоста во енергија. Грацеловите соларни ќелии се потпираат на нано-технологија за претворање на сончевата енергија во електрицитет.

(nature.com)

Француската тениска федерација покрена акција

за рециклирање на топчињата за тенис, што можат да се преработат во подна облога за спортски сали. Оваа година треба да бидат собрани околу 600 000 топчиња, (едно топче се состои од 53 грама гума), а тоа ќе овозможи производство на различни видови подови. Подните облоги се наменети за здруженијата и центрите за реедукација на хендикепираните лица.За разградување на едно топче за тенис е потребно околу 2500 години, а во Франција годишно се продаваат 14 милиони топчиња. Соочена со таков еколошкиот биланс, Француската тениска федерација одлучи да реагира и во 2008 година ја покрена акцијата „Жолто топче“, со цел да се рециклираат што повеќе искористени тениски топчиња. Првата подна облога произведена со рециклирање на топчиња за тенис, со површина од 144 м2, е поставена минатата година во еден центар за реедукација на хендикепирани деца недалеку од Париз.

(танјуг)

На северот на Нигерија, најмалку 300 луѓе

се отруја со вдишување на хлорот што истече од оштетен резервоар, соопштија претставниците на нигериските служби за заштита на животната средина.Резервоарот во кој се наоѓал штетниот гас е издупчен при вадењето, а од последиците со вдишувањето на хлорот некои луѓе изгубиле свест. Службите за заштита

на животна средина го потопиле резервоарот со хлор во вода и така го спречиле ширењето на гасот во воздухот.Индустриските несреќи се многу чести во Нигерија. Пред две години во експлозијата на нафтоводот во Лагос загинаа 100 луѓе, а во 2006 година во две слични експлозии во тој град загинаа 400 луѓе.

(Beta)

ИТАлИЈА

ФРАНЦИЈА

НИГЕРИЈА

ЕКО-МАфИЈАТА ПРАВИ ОБРТ ОД 20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ГОДИШНО

И ТОПЧИњАТА ЗА ТЕНИС ТРЕБА ДА СЕ РЕЦИКЛИРААТ

СО хЛОР СЕ ОТРУЈА 300 ЛУЃЕ

МИЛЕНИУМСКАТА НАГРАДА ЗА ТЕхНОЛОГИЈА ЗА ЕфТИНИ СОЛАРНИ ЌЕЛИИ

ФИНСКА

Page 46: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010346

Многу видови, еден свет, една иднина" беше планетарното мото под koe годинава се

одбележа 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина прогласен од Обединетите нации. Околу 150 деца од 14 средни училишта од цела Македонија цртаа ретки растенија и животни, а изработуваа и модели од нив на манифестацијата "Ретки билки и ѕверки" што се одржа на школката во Градскиот парк во организација на движењето BELLS и на неговиот

национален координатор - НВО "4х4х4 Балкански мостови". Таа беше поддржана и од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, како и од Министерството за животна средина и од амбасадата на Холандија.На дело се покажа една импресивна креативност поттикната од намалувањето на светскиот биодиверзитет. Така, пред школката можеа да се видат орли, змии, мечки, рисови, риби и многу други видови, изработени од отпадоци. Учениците на тој начин покажаа дека со тоа што неконтролирано трошиме ресурси

и создаваме ѓубре, ги загрозуваме сите нив, па наскоро ќе можеме да ги видиме само изработени од отпаден материјал. Изложбата беше со награден карактер, на крајот се избраа и најдобрите дела.- Ме радува што се собравме во толкав број, бидејќи само на тој начин можеме да покажеме колку е важен овој проблем. Целта е да им укажеме на младите дека одредени билки и ѕверки ги снемува. Затоа сакаме да обрнеме внимание на нив и да им оставиме и на наредните поколенија да ја чуваат животната средина. Овој празник треба да го празнуваме сите“

- рече Душко Христов, претседател на "4х4х4 Балкански мостови".Од Кабинетот на Иванов се обрати Флорија Љатифи, која истакна дека Македонија треба да се гордее со својата природа и дека се прават напори таа да се заштити. Соња Лепиткова, заменик-министерката за животна средина, нагласи дека треба да се трудиме да ги заштитиме видовите, особено ендемските. Во Македонија овој ден се одбележа и со низа други манифестации. Голем број од локалните самоуправи во Македонија зедоа учество во одбележување на Светскиот

многувидови,една планета,еднаиднина ОДБЕлЕжАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА жИВОТНАТА СРЕДИНА

"

СО

ОДЛУКАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ

НАЦИИ 2010 ГОДИНА Е ПрОГЛАСЕНА ЗА

МЕѓУНАрОДНА ГОДИНА НА ЗАШТИТА НА БИОДИВЕрЗИТЕТОТ.

СПОрЕД ПОДАТОЦИТЕ НА ОН, ОД ПрОЦЕНЕТИТЕ 100 МИЛИОНИ

ВИДОВИ НА ЗЕМЈАТА, ДУрИ 17.291 СЕ НА рАБОТ НА ИЗУМИрАњЕ.

СЕчЕњЕТО НА ШУМИТЕ, СУШЕњЕТО НА МОчУрИШТАТА, ИСПУШТАњЕТО

ГАСОВИ КОИ ПрЕДИЗВИКУВААТ ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГрАДИНА, СЕ САМО

НЕКОИ ОД АКТИВНОСТИТЕ СО КОИ НЕПОВрАТНО ГО УНИШТУВАМЕ

рАЗНОВИДНИОТ жИВОТ НА ЗЕМЈАТА И СЕКОЈ Е ПОВИКАН

ДА ПОМОГНЕ ВО ОТСТрАНУВАњЕТО НА ТИЕ

ОПАСНОСТИ.

ВАКВИ

МАНИФЕСТАЦИИ ШТО ГИ

ОрГАНИЗИрАШЕ "BELLS" ПАрАЛЕЛНО СЕ

ОДржAA И ВО ГЛАВНИТЕ ГрАДОВИ НА ЦрНА ГОрА,

БОСНА И ХЕрЦЕГОВИНА, СрБИЈА, КОСОВО И НА АЛБАНИЈА,

КАКО И ВО ГрАДОТ ТУЗЛА. ЦЕЛТА НА ПрОЕКТОТ Е

ДА СЕ ИЗДИГНЕ СВЕСТА НА ГрАѓАНИТЕ ЗА

ОДржУВАњЕТО НА чИСТАТА

ОКОЛИНА.

Page 47: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 47

ден за заштита на животната средина со собирање на ѓубре на територијата на своите општини. Количината на собраниот отпад ја нагласува потребата од подигање на свеста на повисоко ниво.Во Велес се одржа акција за собирање пари со кои треба да се плати вештачењето во спорот „Велес против државата“. Во оваа акција беа собрани околу 1500 евра.Со акција за расчистување на падините на Попова Шапка која ја организираше евроамбасадорот Ерван Фуере, заврши претставувањето на темата

„Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнувањето на обврските за членство во Европската унија“. „Биодиверзитетот е вреден, но ранлив. Се искористуваат природните потенцијали без да знаеме што губиме“, кажа Диадре Бојд од УНДП која уцествуваше на презентацијата на Попова Шапка на ендемските видови кои постојат во нашата земја и на начините како тие да се заштитат. Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“, по повод овој ден, ги објави резултатите

од истражувањето за составот и безбедноста на производите. Еко-свест, соопшти дека испитале околу 40 козметички производи и 20 средства за хигиена во домаќинствата кои се продаваат во скопските супермаркети. Истражувањето било направено согласно Директивата на Европска унија 76/768/ЕЕС за козметички производи. Во 92 % од испитаните козметички производи е регистрирано присуство на штетни хемикалии (иританти на кожа и очи, алергени и токсични материи). Еко-свест апелира до потрошувачите при купувањето на

козметички производи и средства за хигиена особено внимание да обратат на оние производи на кои не е наведен составот, или пак оние на кои се наведени само мал број на хемикалии. Целта на истражувањето на Еко-свест е да се информира јавноста за можните штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од козметичките производи и средствата за хигиена во домаќинствата.

јулијана гераСиМОВСкакатерина СПаСОВСка- трПкОВСка

многувидови,една планета,еднаиднина

екологијаСВЕТСКИОТ

ДЕН НА ЗАШТИТА НА жИВОТНАТА

СрЕДИНА СЕ ОДБЕЛЕжУВА ПО ИНИЦИЈАТИВА НА

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ. ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА ВЕЌЕ 37¬МА ГОДИНИ

СЕ ОрГАНИЗИрА СО ЦЕЛ ДА СЕ СВрТИ ВНИМАНИЕТО КОН ПрОБЛЕМИТЕ ВО

жИВОТНАТА СрЕДИНА, ДА СЕ ПОТТИКНЕ ЈАВНА АКЦИЈА И ДА СЕ ПрЕДИЗВИКА

ПОЛИТИчКИОТ ИНТЕрЕС ЗА ОВА ПрАШАњЕ. МАНИФЕСТАЦИЈАТА СЕКОЈА ГОДИНА СЕ

ОДржУВА ВО рАЗЛИчНА ЗЕМЈА. ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЗАШТИТАТА НА жИВОТНАТА

СрЕДИНА ИЛЈАДНИЦИ АКТИВИСТИ ВО СВЕТОТ УчЕСТВУВААТ ВО БрОЈНИ

АКЦИИ ЗА чИСТЕњЕ НА ПрИрОДАТА, СЕ ОрГАНИЗИрААТ

КОНЦЕрТИ, ИЗЛОжБИ И ФИЛМСКИ ПрОЕКЦИИ.

ГОДИНАВА

„ДЕНОТ НА ЗАШТИТА НА

жИВОТНАТА СрЕДИНА“ СЕ ОДБЕЛЕжА ПОД

МОТОТО „МНОГУ ВИДОВИ, ЕДНА ПЛАНЕТА, ЕДНА

ИДНИНА“, А ДОМАЌИН БЕШЕ ПрЕСТОЛНИНАТА НА рУАНДА,

КИГАЛИ, ЗЕМЈА СО ПрЕКрАСЕН БИОДИВЕрЗИТЕТ КОЈА

ИМА ВЛОжЕНО МНОГУ ВО УНАПрЕДУВАњЕ НА

ЗАШТИТАТА НА ОКОЛИНАТА.

Page 48: PORTA3 133

48 ПОРТА 18 јуни 20103

екологија

Растителниот свет на планетата е во движење, а причина за тоа се климатските промени,

покажува новата анализа за промените во вегетацијата на истражувачите од Универзитетот Беркли, Калифорнија, пренесува магазинот Science Daily . Научниците посочуваат докази дека во последниов век вегетацијата постепено се повлекува кон север, кон половите, каде што температурите се пониски, како и кон екваторот, каде што врнежите се поинтензивни. Проценките се дека на половина од земјината површина до крајот на овој век, ќе се случуваат големи промени во вегетацијата како последица на климатските промени. Во студијата која анализира стотици извештаи од теренот, промените во климата во 20 век и проекциите за вегетацијата во 21 век, се вели дека површината што ќе биде зафатена со промените ќе зависи од човековата способност да ги намали емисиите на штетните стакленички гасови.

трева наместо шума

Извештаите од теренот што ги анализираа научниците се однесувале на долготрајните промени во вегетацијата во кои доминантна улога имала климата, а не човековите активности како што е прекумерното сечење на шумите. Истражувачите идентификувале 15 случаи на промени во биомите, почнувајќи од 18 век, кои и се

припишуваат на климата и на намалувањето на врнежите. - Ова е првото глобално согледување на промените во биомите како резултат на климатските промени. Не станува збор за тоа дека еден или два растителни вида се преместиле во друга област. За да се промени биомот во еден екосистем треба да се промени цела група растенија - вели водечкиот автор на студијата Патрик Гонзалес, од Центарот за шумарство на Универзитетот Беркли.Истражувачите потврдиле дека од 1901 до 2002 година температурите на воздухот значително се зголемиле на 76% од светското копно, со најголемо загревање во бореалните или субарктичките региони. Студијата посочува примери, кои шумски површини растенијата се селат поради климата

Научниците посочуваат примери во кои, шумски површини им отстапиле место на тревите во африканскиот регион Сахел, а грмушките навлегле во тундрата на арктикот. Истражувачите работат и на пронаоѓање нови методи за проценка на вредноста на екосистемите според емисиите на стакленички гасови

Page 49: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 49

екологија- Денес во светот околу една милијарда луѓе живеат во региони кои се многу, или крајно ранливи за идни промени во вегетацијата. Екосистемите се во многу тесна врска со луѓето, задоволувајќи разни потреби. Затоа мора да ги намалиме емисиите на стакленички гасови кои ги предизвикуваат климатските промени, а потоа и да се адаптираме кон големите промени кои може да се случат - нагласува Гонзалес.

како да се пресмета вредноста на екосистемите?

Истражувачите од Универзитетот на Илиноис развија нов, поточен метод за пресметување на промените на емисиите на стакленички гасови. Новиот пристап зема предвид многу фактори кои не биле вклучени во претходните методи.- Постои итна потреба точно да се процени дали некој проект за пренамена на плодната почва ќе ги зголеми или намали емисиите на стакленички гасови. Вредноста на одредено подрачје според стакленичките гасови (ГХГВ), зависи од бројот и големината на растенијата што се дел од екосистемот на местото, способноста на екосистемот да впива или испушта стакленички гасови и неговата ранливост кон природни пореметувања, како пожари или урагани - објаснува Кристина Андерсон Тешеира, истражувач во Институтот за енергија и бионауки на Универзитетот на Илиноис и автор на новата студија.Стакленичките гасови ја

им отстапиле место на тревите во африканскиот регион Сахел, а грмушките навлегуваат во тундрата на Арктикот.- Намалувањето на бројот на дрвјата и на грмушките во регионот Сахел, на локалните жители им остава помали количини дрво за градење куќи и за огрев, а стеснувањето на арктичката тундра го намалува хабитатот на дивиот свет. На глобално ниво, промените во вегетацијата ги пореметуваат екосистемите, ги намалуваат живеалиштата на загрозените видови и ги менуваат шумите што обезбедуваат вода и други потреби за многу луѓе - коментира Гонзалес.

идентификација на местата со голема ранливост

Врз основа на сценаријата на Меѓународниот панел за климатски промени, истражувачите го поделиле копното во светот во пет класи - од најмалку ранливи подрачја до подрачја со конкретни промени во биомите.- Научниците претходно го немаат пресметано овој ризик. Развивме едноставен систем за класификација кој може да го користат агенциите за заштита на средината за да проценат кои региони имаат потреба од најголема грижа - смета Гонзалес. Тој вели дека е корисно да се идентификуваат местата со голема ранливост кон климатските промени зашто агенциите ќе мора да размислуваат за мерки на адаптација на ранливите екосистеми. растенијата се селат поради климата

Page 50: PORTA3 133

екологија

заробуваат топлината во атмосферата и придонесуваат кон климатските промени. Најпроблематични стакленички гасови се: јаглеродниот диоксидот, метанот и азотните оксиди, коишто се неизбежен биопродукт на вештачките ѓубрива.Новиот научен пристап, според магазинот Science Daily, го зема предвид секој од овие гасови и го изразува нивниот поврзан климатски ефект во "еквиваленти на јаглеродниот диоксид", вообичаената валута при тргувањето со јаглерод. Ова им овозможува на научниците да ги споредат долгорочните ефекти од сечењето на некоја шума, на

пример, со вредноста на други емисии на стакленички гасови, како оние што се резултат од согорување на фосилните горива за транспорт, електрична енергија, топлина или за производство на биогорива.

Новиот метод за пресметка на гХгВ

- На прв поглед, биогоривата изгледаат неутрални, зашто растенијата го апсорбираат јаглеродниот диоксид од атмосферата и го складираат во нивните ткива за да растат. Јаглеродот се испушта кога растенијата се користат како гориво. Тие емисии се изедначуваат со апсорбираните количества СО2, па,

барем во теоријата, во атмосферата не се додаваат нови количества јаглероден диоксид - објаснува Иван Делусиа, професор на Институтот за енергија и бионауки на Универзитетот на Илиноис, коавтор на студијата.Истражувачите веќе прават анализи на биогоривата што се добиваат од одредени житни растенија и ги земаат предвид ефектите на стакленичките гасови при растењето на житните култури и при производството на биогориво (согорувањето на горива од опремата на фармите, емисиите од фабриките за преработка на растенијата и емисиите од промените во намената на земјиштето).- Сегашните методи за одредување на вредноста на екосистемите според стакленичките гасови често грешат. Кога се пресметува колку чини да се замени една тропска шума со нива за одгледување растенија за биогориво, на пример, некои може да ја земат предвид само количината на јаглерод складирана во дрвјата како мерка за шумскиот ГХГВ. Она што недостига во некои анализи е потенцијалот на таа шума да апсорбира повеќе јаглерод во иднина, како и цената на стакленичките гасови што се ослободуваат од интензивната обработка на земјата што ќе дојде со новата намена на земјиштето -

вели за Science Daily Тешеира.Делусиа додава и дека сегашните методи не го земаат предвид тајмингот на испуштањето стакленички гасови.- Ако исечете цела шума сиот јаглерод не оди во атмосферата во истиот момент. Дел од складираниот јаглерод се испушта веднаш, но органската материја од коренот и во почвата се распаѓа многу побавно. Како се справуваме со тајмингот на тие емисии влијае на тоа како ја проценуваме вредноста на еден екосистем - вели професорот. Со новиот метод, истражувачите го пресметале ГХГВ на поголем број екосистеми, на возрасни и обновени тропски и бореални шуми, пасишта и ниви од тропските и умерените подрачја, мочуришта, тропски савани, ливади, тундра и пустини.- Општо земено, природните екосистеми, оние што ги оставаме намира, како младите шуми, или напуштените фарми каде што дрвјата повторно растат сами, ќе имаат позитивна вредност според стакленичките гасови. Екосистемите што се обработуваат, како нивите или пасиштата, генерално имаат ниска или негативна вредност според стакленичките гасови - вели Тешеира

елена кУЗМаНОВСка

Новиот научен пристап, според магазинот Science Daily, ги зема предвид гасовите и го изразува нивниот поврзан климатски ефект во "еквиваленти на јаглероден диоксид". Ова им овозможува на научниците да ги споредат долгорочните ефекти од сечењето на некоја шума, на пример, со вредноста на други емисии на стакленички гасови, како оние што се резултат од согорување на фосилните горива за транспорт, електрична енергија, топлина или за производство на биогорива.

Page 51: PORTA3 133

КАРА КОМЕРЦ МОЛЕРО-ФАРБАРСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ

тел.: 070 231 193

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

молерисување и гипсани работи

Ул. „Фрањо Клуз“ 11Б, 1000 Скопје

Тел: 02/2461 268Моб: 075/28 35 37

070 387 535070 385 585

Page 52: PORTA3 133

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

www.porta3.com.mk

Page 53: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 53

иницијативата „зелен гол за африка” е само продолжување на заложбите на ФиФа за подигнување на свеста за глобалните проблеми и за подобрување на животните услови и состојбата со загадувањето на животната средина. Дека африканците се повеќе од мотивирани, говори и логото на СП 2010: ке НакО или во превод: „Сега е време”.

Фудбалот, најважната споредна работа на светот, уште еднаш ќе го окупира вниманието

на милиони жители на планетата. Овој пат, во фокусот на јавноста е светското првенство во Јужна Африка. Но, СП не го привлекува вниманието само на фудбалските фанови, туку и на еколозите, поради неговите негативни ефекти врз животната средина. Конструкцијата на стадионите и пропратните објекти, транспортот на илјадниците навивачи, потрошувачката на енергија и вода, загадувања на водите и почвата, масовните количини на отпад, емисиите на штетни гасови во атмосферата и узурпацијата на природните живеалишта, се само дел од проблемите со кои се соочува оваа африканска земја која страда поради недостаток на храна, питка вода и лекови, суши, загрозените животински видови и социјалните немири. Светското првенство во Германија 2006 година отвори нова страница во фудбалската историја и укажа на фактот што покрај оваа споредна работа, има и една глобална и приоритетна, на која мора да се делува веднаш. Анализите од истото укажаа на фактот што транспортот и сместувањето се двата сектори од каде доаѓаат најголемиот дел на емисии во атмосферата. Во однос на заштитата на природните живеалишта, со градежните зафати се деградира почвата, се овозможува ерозија и директно се влијае на екосистемите. Иницијативата „зелен гол за Африка”

е само продолжување на заложбите на ФИФА за подигнување на свеста за глобалните проблеми и за подобрување на животните услови и состојбата со загадувањето на животната средина. Дека Африканците се повеќе од мотивирани, говори и логото на СП 2010: КЕ НАКО или во превод: „Сега е време”. Во усвоениот Акционен План има девет целни области, за чие постигување се идентификувани 43 проекти. Планот содржи мерливи индикатори, буџети, мерки, потенцијални партнерства, кратко и долгорочни цели, комуникација и сл. Деветте области се:• Енергија и климатски промени, со основна цел да се намали јагленородниот отпечаток од СП и да се инсталираат енергетски-ефикасни технологии во стадионите.• вода - минимизирање на користењето на флаширана вода и заштита на водните ресурси, да се инсталираат иновативни технологии за иригација на тревните површини и уреди за заштеда на вода (пример, во тоалетите и тушевите).• интегрирано управување со отпад - намалување, реупотреба и рециклирање, означување и поставување на канти, изградба на центри за прифаќање на отпад.• Транспорт, пристап - да се промовира јавниот транспорт со цел намалување на штетните гасови во атмосферата, бучавата и другите видови интрузија. Промовирање на рикши и еко-таксија до

стадионите и поголемите места.• Пејзажи и биодиверзитет - разни иницијативи за разубавување и оплеменување на зелените простори, акции за пошумување.• Еколошки (зелени) згради и одржив развој, со цел да се промовираат енергетски ефикасните градби, кампањи за одржливо искористување на ресурсите, филмови и документарци, разни настани за подигнување на свеста и промена на навиките кај луѓето. • Грижлив туризам - воведување на т.н зелен пасош за однесување на посетителите, подигнување на свеста и воведување на еколошки акредитиран систем за сместувачкиот сектор.• Комуникации - целта е да се

пренесува пораката на посетителите и преку ТВ-кампањи, со што ќе се влијае на широката маса.• Мониторинг, мерења и известување (информирање), каде целите се да се воведат индикатори за следење и анализа на состојбите со животната средина и да се известува јавноста постојано.Да се надеваме дека на ова светско првенство во фудбал, покрај сите возбудувања и битките на зелените терени, ќе ја добиеме и поголемата битка, односно ќе направиме чекор во намалувањето на климатските промени, загадувањето и константните загуби на ресурси и видови.

игор риСтОВСки

ЗЕЛЕНИ ПАСОШИ ЗА НАВИВАЧИТЕ

екологија

Page 54: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010354

експерт

Во Велика Британија и покрај тоа што одржливото проектирање и изградба веќе подолго време

се влезени во наставните програми во доменот на градежништвото, бројот на нови специјализирани квалификации во доменот на одржливата изградба постојано се зголемува во последнава деценија. Притоа станува збор не само за академските квалификации, туку и за професионалните. Во оваа земја, за разлика од Македонија,

постои поголема поделба помеѓу академските и професионалните квалификации. Најчесто, академските квалификации ги издаваат универзитетите или други овластени образовни институции, а професионалните квалификации ги издаваат професионални институции или организации. Според британскиот модел, да се има само академска квалификација и не е толку значајно, ако истата не е поткрепена со признавање на професионална

квалификација. Затоа е многу важно, универзитетската или друга програма на студии да биде акредитирана и од професионална институција. Во спротивно, лицето ќе мора дополнително да се дообразува и да ги докажува своите стручни знаења и способности за да се стекне со потребната професионална лиценца. Тоа значи дека некој и покрај тоа што има академска квалификација на дипломиран инженер архитект и професионална квалификација на

регистриран (лиценциран) архитект (табела 1), не е квалификуван во доменот на одржливо проектирање. Стручноста во доменот на одржливото проектирање вообичаено се докажува со дополнителни стручни квалификации.

Веројатно најголемата група на квалификации се однесува на стекната стручност за соодветно користење на одредени алатки и методи за оценка на одредени

Инженерски искуства од Велика Британија

Дипломи, лиценци, дозволи...

Да имате само академска квалификација во УК е

помалку важно, отколку да имате соодветна

професионална квалификација. Затоа,

универзитетската или друга програма на студии, треба

да биде акредитирана и од професионална

институција. Во спротивно, ќе мора дополнително да

се дообразувате и да ги докажувате своите стручни

знаења и способности, за да ја стекнете потребната професионална лиценца.

Ако имате академска квалификација на дипломиран инженер архитект и професионална квалификација на регистриран (лиценциран) архитект, тоа не значи дека сте квалификувани и во доменот на одржливо проектирање. Стручноста во оваа област треба да ја докажете со дополнителни стручни квалификации.

`

Page 55: PORTA3 133

јавни набавкиаспекти, најчесто во доменот на енергетската ефикасност или пак во доменот на еколошките квалитети на објект. Ваквите квалификации вклучуваат, на пример, квалификација за оценка на енергетската ефиканост на објектот „Акредитиран оценувач за енергија“ (Accredited Energy Assessor), а врз основа на која се издаваат „Уверенија за енергетско однесување на објектите“ (Energy Performance Certificates - EPC) коишто се задолжителни според законодавството на Европската Унија. Со ваков вид квалификации можете да се стекнете на повеќе институции како што се: „Асоцијацијата на инженерите за високоградба“ (Association of Building Engineers - ABE), „Институцијата за истражување во градежништвото“ (Building Research Establishment - BRE), „Институтот на овластени архитектонски технолози“ (Chartered Institute of Architectural Technologist - CIAT), „Кралскиот институт на британските архитекти“ (Royal Institute of British Architects - RIBA) и др. Во најголемиот број на случаи, овие квалификации се однесуваат на одреден вид објекти, на пример, за станбени, за јавни објекти и сл.

Сродна, но со поголем обем, е квалификацијата за „Акредитиран инспектор на станбени објекти“ (Accredited Home Inspector) што ја издаваат дел од горенаведените и други слични институции. Оваа квалификација е од национален карактер, затоа што ги оспособува лицата да вршат оценка на горенаведената енергетската ефикасност на објектот, но и да извршат проценка на градежната состојба на објектот потребна за изготвување на „Пакетот за информации за станбен објект“ (Home Information Pack – HIP). Овој документ беше задолжителен да се изготви во име на продавачот на станбен објект, за да може купувачот да биде информиран за постојната градежната состојба на станот или куќата за чие купување е заинтересиран. Воведувањето на овој задолжителен документ при купопродажба на станбени единици беше многу контраверзно, и со една од првите одлуки на новата британска коалициона влада беше укинато. Според

проценките на националниот печат, над 8000 лица се акредитираа за инспектори за станбени единици во земјата. Тие, отсега ќе можат да вршат само оценување на енергетската ефкасност на станбени објекти, и покрај тоа што имаат потрошено по повеќе илјади евра за да се стекнат со инспекторската квалификација.

Една од најзначајните квалификации во овој домен се оние што ги издава Building Research Establishment – BRE, а се однесуваат на оценка на еколошките (енвироменталните) квалитети на објектот. Станува збор за три квалификации: „Оценувач за еколошки домови“ (Eco-Homes Assessor), „Оценувач на кодот за одржливи домови“ (Code for Sustainable Homes Assessor) и „Оценувач за енвироменталниот метод за оценување на еколошките квалитети на објекти на Building Research Establishment Environmental Assessment Method – BREEAM – Assessor. Првите две квалификации се однесуваат на оценување на енвироменталните квалитети на станбени објекти, при што првата е според методологијата на институцијата, а втората според државната методологија. Втората методологија задолжително мора да се примени на сите новопроектирани и изградени станбени објекти од социјално домување, а сè повеќе општини инсистираат сите новоизградени комплекси со повеќе од 10 станбени единици да постигнат пропишано ниво според оваа методологија. Третата метода се однесува за нестанбени објекти и постојат посебни квалификации според видот на објектот и според тоа дали станува збор за национално или интернационално оценување.

д-р Владимир Б. лаДиНСки, дип.инж.арх.

Инженерски искуства од Велика Британија СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 73/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАњЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 92/2010Назив на договорниот орган:Управа за заштита на културното наследство, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување работи на реконструкција на конаците во Манастирот Св. Преображение, с. Зрзе, Прилеп, фаза: - Монашки конак, Магерница, влезна капија и економска капија.Контакт тел/факс: 3289-759, 3289-777, лице за контакт: Саша Крстевски.Јавно отворање на понудите на ден 22.06.2010 год.

БРОЈ: 24/2010Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, ул. “Орце Николов“ бр. 138.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за објект катна гаража 5.13 МАЛ РИНГ во Скопје.Контакт тел/факс: 3213-776, 3225-094, лице за контакт: Зоран Дамјанов.Јавно отворање на понудите на ден 28.06.2010 год.

БРОЈ: 72/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на армирано бетонски монтажни жардинери за зелен појас на булевари и собирни улици во надлежност на Град Скопје.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Понудите да се достават најдоцна до 25.06.2010 во 10.00 часот.

БРОЈ: 75/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, Бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на атмосферска канализација “Континентал“, крак 3 од РШ 6 до РШ 17, во општина Гази Баба.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Понудите да се достават најдоцна до 24.06.2010 во 10.00 часот.

БРОЈ: 8/2010Назив на договорниот орган:Општина Крушево, ул. “Никола Ѓурковиќ“ бб, 7520, Крушево.ПРЕДМЕТ:Изградба на градски пазар во Крушево, втора фаза до кров.Контакт тел/факс: 048 476-442, 048 477-046, лице за контакт: Таки Кардула.Јавно отворање на понудите на ден 24.06.2010 год.

СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 74/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАњЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 8/2010Назив на договорниот орган:Министерство за животна средина и просторно планирање, бул. “Гоце Делчев“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија на Основен проект за градежни работи кои опфаќаат санација и проширување на канализациската мрежа и идеен проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води во градот Прилеп (ПСОВ).Контакт тел/факс: 02 3251-418, 02 3220-165, лице за контакт: Башким Џомбалиќ.Понудите да се достават најдоцна до 28.06.2010 во 12.00 часот.

БРОЈ: 01/2010Назив на договорниот орган:ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје – Скопје РМ, ул. “Илинден“ 88, 1000, СКопје.

ПРЕДМЕТ:Реконструкција и изградба на живеалиште за фока и мал фламинго.Контакт тел/факс: 02 3220-578, 02 3116-657, лице за контакт: Мирјана Крстевска.Јавно отворање на понудите на ден 29.06.2010 год.

БРОЈ: 02/2010Назив на договорниот орган:ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје – Скопје РМ, ул. “Илинден“ 88, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на внатрешни инсталации за: електрични инсталации, податочна мрежа (оптичка инсталација) со видео надзор и јавно електрично осветлување во кругот на Зоолошка градина Скопје.Контакт тел/факс: 02 3220-578, 02 3116-657, лице за контакт: Мирјана Крстевска.Јавно отворање на понудите на ден 29.06.2010 год.

БРОЈ: 19/2010Назив на договорниот орган:АД Градски Трговски Центар, Кеј “13 Ноември“ кула 2/4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на елаборат за хортикултурно уредување во Г.Т.Ц. и набавка на цвеќиња, садници, грмушки, дрвја – сезонски насад, луковици, декор, грм. сакс. култури, тресет, почва, ѓубрива, песок и мулч-хемиски заштитни средства, инсектициди, фунгициди, алатки и други материјали за работа.Контакт тел/факс: 3223-681, лице за контакт: Огнен Петровски.Јавно отворање на понудите на ден 29.06.2010 год.

СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 75/2010ОГЛАС

ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 2/2010Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Интегрално идејно решение за илуминација на објектите на Уставен суд, Јавно обвинителство и Министерство за надворешни работи на Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 2465-225, лице за контакт: Виолета Душкоска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 09.07.2010 година во 16.30 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАњЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 38/2010Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на услуги за изработка на техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија за делница 5: Скопје – Тетово – Гостивар, со можност за поврзување со Кичево.Контакт тел/факс: 02 3145-516, 3226-392, лице за контакт: Снежана филиповска.Понудите да се достават најдоцна до 26.07.2010 во 12.00 часот.

БРОЈ: 78/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, Бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Санација и реконструкција на дел од ул. “Јужно Моравски Бригади“ – пристапен пат Камник.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Понудите да се достават најдоцна до 30.06.2010 во 16.30 часот.

БРОЈ: 80/2010

Назив на договорниот орган:Град Скопје, Бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на училишни згради и спортски сали.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 30.06.2010 год.

БРОЈ: 843/2-18/2010Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје, ул. “Железничка“ бр. 50-б, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Санација на потпорен ѕид на пругата Романовци-Куманово од км 416+400 до км 417+100.Контакт тел/факс: 3115-419, 3111-376, лице за контакт: Владимир Стефановски.Јавно отворање на понудите на ден 28.06.2010 год.

БРОЈ: 03/2010Назив на договорниот орган:ЈПКД “МАВРОВО“ – М. Анови, нас. Маврови Анови, 1256, Маврово.ПРЕДМЕТ:Изградба на резервоар.Контакт тел/факс: 042 489-014, 042 489-016, лице за контакт: Сретен Лазарески.Јавно отворање на понудите на ден 29.06.2010 год.

БРОЈ: 41/2010Назив на договорниот орган:Општина Карпош, Бул. “Партизански Одреди“ 68, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција-асфалтирање на улица “Женевска“ населба Тафталиџе 2 L=560м.Контакт тел/факс: 02 3079-694, лице за контакт: Милена Марковиќ.Понудите да се достават најдоцна до 25.06.2010 во 10.00 часот.

БРОЈ: 11/2010Назив на договорниот орган:Општина Свети Николе, “Плоштад Илинден“ бб, 2220, Свети Николе.ПРЕДМЕТ:Изградба на колектор за фекална канализација кај сточен пазар во Свети Николе.Контакт тел/факс: 032 444-169, 032 443-805, лице за контакт: Зоран Стојчев.Јавно отворање на понудите на ден 30.06.2010 год.

БРОЈ: 11-1137/1/2010Назив на договорниот орган:Општина Делчево, ул. “Методи Митевски Брицо“ бр. 40, 2320 , Делчево.ПРЕДМЕТ:Изведување на улица “3“ во Сервисна зона во Делчево.Контакт тел/факс: 033 413-521, 033 411-550, лице за контакт: Стефанија Стојчевска.Јавно отворање на понудите на ден 02.07.2010 год.

БРОЈ: 03/2010Назив на договорниот орган:Општина Струга, ул. “Маршал Тито“ бб, 6330, Струга.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на улици во Општина Струга.Контакт тел/факс: 046 782-015, 046 781-680, лице за контакт: Владислав жупан.Понудите да се достават најдоцна до 29.06.2010 во 12.00 часот.

СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 76/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАњЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 82/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реализација на замена на азбестно-кровни плочки од кровови на средни училишта во Град Скопје-прва фаза.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 28.06.2010 год.

`

Page 56: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010356

технологии

Пред се, уште во студентските денови, архитектите имаат можност да одберат предмети за специјализација кои не се дел од архитектонската настава, но кои во иднина ќе им дадат поголема доза на професионалност во работата. На пример, еден архитектонски 3Д визуелизатор ќе ја одбере компјутерската графика како предмет (или група на предмети) која би ја совладал покрај архитектурата. Практично, ако споите кој било предмет со архитектонската настава, ќе добиете професија која повеќе или помалку е застапена во развиените земји. Ваквото двојно образование обезбедува пред сè конкурентска предност. На пример, од архитектите проектанти на здравствени објекти, се бара дополнително образование од областа на медицината. Архитектите што водат проекти имаат потреба од проектен менаџмент. Оние пак, што раководат со градежни или проектантски компании ќе се интересираат за бизнис администрација, економија и менаџмент.

Сепак, ако ја споиме Информатичката Технологија (ИТ) со архитектурата добиваме неколку професии кои се и ценети, но и платени:

CAD (Computer Aided Design) Менаџер, како позиција одговорна за технологијата на продукција на проекти, хардверот и софтверот што се употребуваат, принтањето и пакувањето на проектите, дигитализацијата и архивирањето, употребата на нови софтвери, најразлични ИТ анализи итн. Верувале или не, оваа позиција е и добро платена, но и ценета бидејќи го надгледува целокупниот процес на продукција на архитектонски проекти.

CAD Оператори или популарно наречени драфтери или исцртувачи, како лица кои вршат исцртување или обработка на проектите во некоја CAD апликација. Иако голем дел од овие професионалци се техничари, сепак има и голем број архитекти кои работат на оваа позиција. Во минатото кога 2D CAD програмите беа единствена опција, од CAD Операторите се бараше поголема ИТ умешност, па истите правеа уникатни програмски рутини и приспособувања на апликациите, со цел нивно поефикасно искористување.

BIM Оператор - релативно нова професија

која настана со појавувањето на BIM (Building Information Modeling) технологијата што подразбира интергрално проектирање преку виртуелно моделирање. Оваа технологија направи вистински пресврт во проектирањето, но поради комплексноста на БИМ апликациите се појави потреба од специјалисти кои континуирано ќе се усовршуваат на ова поле.

Архитектонски визуелизатори се лица кои изработуваат 3д архитектонски модели со цел фотореалистично прикажување на евентуалниот изглед на еден испроектиран објект. Ова е една од најсретнуваните хибридни професии во светот денес. Голем број архитекти кои успешно ја владеат ИТ, се решаваат за нудење на фри-ленс услуги преку Интернет.

Архитектонски илустратор е помалку заборавена професија, особено сега кога подемот на ИТ и компјутерската графика е во подем. Во минатото, Архитектонските илустратори беа архитекти со дарба за графички дизајн, чии нарачки се однесуваа на визуелизација на архитектонски објекти, но во графика

Покојниот професор Живко Поповски, во една пригода пред студентите на

Архитектонскиот факултет, изјави дека со колегите професори изброиле 42 работни позиции кои еден дипломиран инженер архитект може да ги работи. Секако, една од тие позиции е архитект проектант, позиција која мнозинството архитекти ја посакуваат. Изјавата на професорот беше со цел да укаже на бенефитот што произлегува од сестраноста на архитектонските студии, на допирните точки на наставната програма со онаа на другите факултети, особено во време кога недостига понуда на определени профили на другите факултети. Оваа можност редовно се искористува од голем број на архитекти кои ги сретнуваме на најразлични позиции во оваа држава и кои, на мое големо задоволство, се успешни и докажани во областа во која работат. Сепак, оваа дисперзија на архитектите, или ако сакате на „архитектонските професии“ на Запад, се одвива на еден сосема поинаков начин.

Македонските 3Д модели и рендери се неколку класи подолу споредени со оние што ги прават студијата во САД или Западна Европа. Нормално и наплатата е различна: во САД се случува еден рендер да чини и до 10,000 долари, додека добро продаден рендер во Македонија изнесува 150 евра. Јасно е зошто архитектот од Запад е заинтересиран да вложува во своето (не)формално образование повеќе, а архитектот во Македонија помалку.

сите архитектонски ITпрофесии

`

Page 57: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 57

технологии

интерпретирана на независен начин. Практично денес, со развојот на компјутерската графика, фотореалистичното прикажување на објектите ја замени илустрацијата, па полека овие професионалци исчезнуваат од сцената.

Програмер. Ако сте го слушнале мотото на некои популарни архитектонски апликации: „од архитекти, за архитекти“, претпоставувате дека во процесот на создавање на апликацијата активно учествувале архитекти. Ова се луѓе кои покрај архитектонската диплома, имаат слична таква од областа на ИТ. Затоа нека не Ве чуди што во ИТ индустријата има и архитекти, кои не се задолжени само за дизајнот, туку активно учествуваат во програмирањето, т.е создавањето на апликациите од областа на проектирањето. Некои од нив се задолжени и за Маркетинг, Техничка поддршка или пак тренинг.

Графички дизајнер. Често пати,

стекнатото знаење од архитектурата и уметноста, вдахновено со поседуваниот талент, а зачинето со умешноста во користењето на компјутерската графика, го прави архитектот како пожелен профил на Графички дизајнер. Неговото око и потег се истренирани низ архитектонскиот дизајн.

Специјализиран Колумнист или Блогер. Како изминува времето, се повеќе е јасно дека ИТ го унапредува процесот на архитектонското проектирање. Затоа интересот за новитетите во ИТ секогаш е голем. Сетете се само на Autodesk University (над 16 000 посетители). Денес постојат некои навистина популарни веб страни, каде сопствениците, или пак колумнистите се архитекти со познавања од ИТ. Пример, Лин Ален – наречена Аутокад Евангелист, Џеф Мотл – сопственик на cgarchitect.com и продаван автор, др. Лакми Кемлани – сопственик и блогер на aecbytes.com итн.

Сосема е можно да сум испуштил некоја сродна професија, т.е работна позција, бидејќи работите во ИТ светот се менуваат со молскавична брзина. Мое убедување е дека двојното образование (не само формалното) или ако сакате дополнителна специјализација, само додава на професионалност на архитектот, а тоа на крајот се одразува и на финансиската состојба. Но, мора да се разликуваат неколку работи споредени со состојбите во Македонија. Секоја чест на агилните архитекти кои се оспособиле за архитектонска 3Д визуелизација, но споредено со македонските 3д модели и рендери со оние на некои студија во САД или Западна Европа, се навистина класи подолу. Нормално и наплатата е различна: во САД се случува еден рендер да чини и до 10 000 долари, додека солидно продаден рендер во Македонија изнесува 150 евра. Мислам, сега е јасно зошто едниот архитект вложува во своето (не)формално образование повеќе, а другиот помалку. Ако мене ме прашувате, спојот на Архитектонското образование со ИТ е одлична комбинација. Ветува многу и многу постигнува.

трајче СтОјаНОВ, дипл.инж.арх.

@`

Page 58: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010358

арт и дизајн

Четирите џиновски водопади на Ист Ривер предизвикаа чудење, пофалби, критики и најмногу од сè полемики

во Њујорк. Уметничката инсталација „The New York City Waterfalls“ на познатиот дански уметник Олафур Елиасон, луѓето ги остави без здив. Трите водопади се влевале во Ист Ривер, а четвртиот во њујоршкото пристаниште, но најинтересен бил оној под славниот Бруклински мост. Големи количества вода паѓале од големи скели кои ги симболизираат бројните облакодери на Њујорк. Во оваа водна игра њујорчаните можеле да уживаат од седум наутро до 10 навечер, а во вечерните часови водопадите добивале посебна магија заради светлоста на рефлекторите што ги осветлувале. Водопадите, според организаторите

Четирите водопади на Њујорк

ГОСПОДАр НА ВрЕМЕТОДанско - исландскиот уметник на инсталации Олафур елиасон, кого го нарекуваат господар на времето, затоа што во своите уметнички инсталации создава специфична микроклима, веќе 15 години живее во Берлин. Германската престолнина годинава му организира самостојна изложба со негови дела, која се одржрува од 28 април до 8 октомври во музејот Мартин Гропиус. Мотив на оваа изложба на Елиасон е градот Берлин. Нејзиниот наслов - „Innen Stadt Auèen“ е игра на зборови која изговорена значи „внатре наместо надвор“, но напишано буквалното значење и е „Центарот на градот надвор“. Во неговата впечатлива колекција инсталации, Елиасон го истражува односот меѓу музејот и градот, архитектурата и пејзажот, просторот, телата и времето.

Page 59: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 59

биле високи од 27 до 36 метри, а проектот чинел 15 милиони долари и бил финансиран од приватни донации на „New York's Pub-lic Art Fund“. Истиот овој фонд ја помогнал и првата американска инсталација на британската уметничка Сара Лукас „Per-ceval“, голема скулптура на коњ и кола поставена во њујоршкиот „Централ Парк“. Во туристичка смисла, оваа атракција на градот му обезбеди зголемување на приходите за 55 милиони долари. Се работи за најголемата јавна уметничка инсталација во Њујорк од монументалниот проект „The Gates“ на прославениот пар Кристо и Жана Клод.„Целта ми беше да ја претставам водата на различни начини“, изјавил за новинарите Олафур Елиасон, 43 годишниот уметник кој се здоби со светска слава во 2003 година, кога со инсталацијата „Уметничко сонце“ ја осветли лондонската „Тејт Модерн“ галерија, и привлече два милиони туристи кои сакале

да бидат осветлени од портокалова светлост. Елиасон, интересот и фасцинацијата за водни и светлосни инсталации, ја развил во исландските предели. На хрватскиот остров Лопуд, заедно со архитектот Дејвид Аѓеи, поставиле светлосна инсталација - уметнички павилјон „Your Black Horizon“, проект кој уметничката фондација „Thyssen-Bornemisza Art Contemporary“ го презентирал на Венециското биенале во 2005 година. Истата година, Елиасон ја поставил шест метри високата инсталација на водопад на Универзитетот Данди, додека неговото дело од 1998 година „Обратен водопад“, е дел од серијата базени и пумпи за вода.„Водопадот не е само феномен, туку и вода која слободно паѓа, во буквална смисла и во смисла дека е достапен. Во денешниот свет водата е многу ретко слободна во потполност“ вели Елиасон.

Дејан БУЃеВац

Page 60: PORTA3 133

60 ПОРТА 18 јуни 20103

тренд репорт

Tимот на Eurocucina со нетрпение го дочека Биеналето на саемот за мебел, за да ги претстави најновите

трендови. Беа презентирани кујни во повеќе стилови, започнувајќи од класичен стил, па сè до ултрамодерен дизајн. Елементите и асесорите беа изведени од пластичен ламинат, дрво, метал, стакло, лакиран медијапан. Можеше да се види бесконечен дијапазон на идеи и решенија за кујнски простор, кој веќе не е само функционален, туку сè повеќе станува место за социјализирање во домот.Како феномени во дизајнирањето кујни, секако треба да се спомнат оние што се претставуваа како „скриен ѕид“. Тие однадвор личат на лизгачки плакари, а во внатрешноста содржат елементи од кујната. Дел од работните плочи со електрична контрола се подигнуваат над површината формирајќи пулт, други пак

се извлекуваат од пултот каде е сместен шпоретот со што се добива поголем простор за манипулација. Дури и чешмата може да се симнува автоматски, а електричните штекери групирани во површини може да се креваат нагоре кога тоа е потребно.Во поглед на материјалот, без сомневање дрвото е најмногу застапено во изработката на кујнските елементи во комбинација со „необоени бои“, како бела, светлосива и капучино боја. Веселите бои ги има многу малку, најчесто се употребуваат за боење на заднината на стаклените вратички. Друг новитет е користењето на LED светилките во заднината на стаклените полици, како и за осветлување во внатрешноста на елементите што се вклучуваат автоматски, при самото отворање на вратичката.

Кујни 49. Меѓународен саем за мебел во Милано

ПОРТА3 ГО ПОСЕТИ 49-ТИОТ МЕѓУНАрОДЕН САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО МИЛАНО КОЈ СЕ ОДржА МИНАТИОТ МЕСЕЦ. ВО НЕКОЛКУ ПрОДОЛжЕНИЈА ВИ ГИ ПрЕНЕСУВАМЕ НОВИТЕТИТЕ ВО СФЕрАТА НА МИНИМАЛИСТИчКИОТ МЕБЕЛ, КУЈНИТЕ, БАњИТЕ, АСЕСОрИТЕ И ВИ ОВОЗМОжУВАМЕ ДА ГИ ДОЗНАЕТЕ ИДНИТЕ ТрЕНДОВИ ВО УрЕДУВАњЕТО НА СТАНБЕНИТЕ И ЈАВНИТЕ ПрОСТОрИ.

Сандра ДОНчеВадипл.инж.арх.

"скриени"

Кујни

Page 61: PORTA3 133

3 6118 јуни 2010 ПОРТА

Во следниот број следува категорија БаЊи.

Page 62: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010362

совети

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 63: PORTA3 133

совети

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Архитектите се одлични во решавањето на комплексни проблеми и наоѓањето на

иновативни решенија - вели Marjanne Pearson од консултантската фирма Marjanne Pearson Associates (www.talentstar.com), чија специјалност е пронаоѓање на таленти. Таа поседува неверојатна способност за комуникација, а непознавањето на самата архитектура не и попречило во оваа област да го изгради својот имиџ и да стане еден од најдобрите консултанти во светот.Кога започнувала со својата кариера во 1987 година, прв клиент и бил Френк Гери. Им помогнала на многу архитекти да се вработат во најпрестижните студија во САД. Денес, таа ја уредува и страница на Twitter со вести, информации и совети за дизајнери и архитекти-@ NextMoon.

Во моментов илјадници архитекти бараат работа. Што им советувате да направат?

Заборавете на концептот лов во празно, пукање на слепо.Така се

работеше пред 30 години:одите во шума, пукате и се надевате нешто ќе падне. Првото важно прашање кое треба да си го поставите е: Каде оди Вашето CV? На кого сакате да оставите добар впечаток, и какво мислење за вас сакате да добие работодавачот? Дознајте нешто повеќе за фирмата во која аплицирате.

Како размислуваат работодавачите?

- Тие сакаат да ги предвидат идните ситуации и како Вие ќе се однесувате во нив. Им треба некој кој ќе им помогне да бидат поуспешни.

Дали ако конкурирам на работа мора да имам пропратното писмо?

- Морате да имате пропратно писмо! Тоа ќе стои на вашата прва страна. Тие 75 зборови се оние што работодавачот ќе го натераат да ја заврти наредната страница и да продолжи да го чита вашето CV. Дајте им веднаш информации, кој сте и зошто треба да ве вработат токму вас.

Како треба да изгледа ова писмо?

- Пропратното писмо мора да подразбира пет работи:1.Адресирајте го e-mail на вистинската личност и тоа не задолжително на личноста која е наведена во огласот. Кој би можел тоа да биде, може да дознаете после кратко истражување за фирмата.2.Напишете го текстот од 75 реда и не само: Ви пишувам, ова е моето СV.. .3.Што се случува понатаму? Дали сте спремни и слободни да дојдете на интервју? Кој може да каже некој добар збор за Вас? Ако имате некое познато име на кое можете да се повикате, сторете го тоа.4.Проверете дали се тука сите ваши контакти (телефон, мобилен,е- mail, име презиме.. .)5.Писмото мора да биде атрактивно во графичко-естетска смисла. Доколку немате сопстевен наслов, направете еден за оваа прилика. Ова е прилика да покажете дека сте креативна личност, дека сте сериозни, дека сте самите свој бренд.

Колку треба да биде големо CV-то?

- Ова е далеку пофлексибилно отколку што најчесто мислиме. Пред дваесет години се мислеше дека сите треба да имаат CV од двете страни. Ама ако имате многу искуство, две страни не се доволни.

Што се треба да содржи тоа?

-Направeте CV кое ќе ве направи најпосакуваниот нов работник. Треба да направите работодавачот да посака да разговара со вас. Потребни се три работи: вашето искуство, презентација (во смисла на содржина и графика) и вашите врски со фирмата и видот на работата со која се бави фирмата.

Како се концепира CV?

-Како тоа што го прават весниците на киоск. Да ги погледнеме насловните страни и да бараме најинтересни наслови. И тогаш, само ако меѓу нив пронајдеме некои интересен, го отвараме весникот и читаме понатаму.

Дали CV треба да се прати по пошта или како дигитален фаил?

-Не познавам ниту една фирма која сака да добие печатен материјал. Полесно им е да разменат дигитални документи. Но, никогаш не праќајте документ во Word испратете го во PDF! Не сакате нешто да се промени во изгледот и распоредот на страници доколку некој нема иста верзија на Word или на сите фонтови. Ова е особено важно кога имате и некоја илустарција во наслов.

Која е иднината?

-Испраќањето на CV е дел од минатиот век. Доколку испратите mail од 75 реда и додадете „Направив сајт“ , 90 проценти од оние што ќе го видат тој mail ќе кликнат на линкот. Луѓето се љубопитни. Ако на линкот видат нешто впечатливо, тоа е веројатно најдобриот начин да покажете кој сте и колку вредите. Инженерите, а особено архитектите треба да имаат свои сајтови. Тоа е најефикасниот начин да ги покажете своите квалитети.

КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОФЕСИОНАлНО CV? Marjanne Pearson професионален консултант и ловец на таленти чија прва работа била да ги прегледа пријавите за работа во бирото на Френк Гери. Во интервјуто со Edward Keegan за Architect Magazine од САД, таа советува како треба да изгледа CV на еден архитект во моментот кога илјадници невработени бараат работа ширум светот. Ти си бренд!Ти си бренд!

18 јуни 2010 ПОРТА3 63

Page 64: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010364

предлози

Часовник по цена од 2.500 ден., Casa Italia, тел: 02/2400 430

Vitra закачалка на Charles&ray eames. Служи за закачување на чанти, капи, палта итн. Со колоритните топчиња и разиграниот дизајн претставува вистинско уметничко дело. Можете да ја купите во Casa Italia, цена 10.410 ден.тел: 02/2400 430

Дрвени столчиња од Plust Collection

„Времето е брзање“

Page 65: PORTA3 133

ИЗЛОГ

18 јуни 2010 ПОРТА3 65

Огледало од фирмата Ligne roset

подготви:Сандра ДОНчеВадипл.инж.арх.

electrolux го претставува ова иновативно решение за фрижидер со неколку посебни камари за чување храна и пијалаци

Часoвници од

Juan Carlos Viso и Iorbus

Page 66: PORTA3 133

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

најчудните градби на светот

Иако оригиналното име на овој објект е Чанг зграда,

луѓето го препознаваат како зграда-слон. Се наоѓа во Бангкок, во срцето на бизнис дистриктот на Тајланд. Асоцијацијата на слон не е случајна, туку намерна, затоа што архитектите сакале зградата да има форма на ова животно кое е заштитник на императорската лоза и знак по кој ја препознаваат оваа земја. Изградена е во 1997

година. Има 32 ката, а висока е 102 метри. Се состои од седум посебни делови во кои се сместени различни функции. На пример, кулата А и Б содржи канцеларии и деловни простори, а одделот Ц е наменет за домување. На последниот кат се сместени луксузни апартмани. Кулата содржи и шопинг простории, градина, базен, како и затворен паркинг простор.

Драган риСтОВ

Зграда слон во чест на кралската лоза

Page 67: PORTA3 133

18 јуни 2010 ПОРТА3 67

рубрика

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

Page 68: PORTA3 133

ПОРТА 18 јуни 2010368

рубрика