68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА цена: 90 денари БРОЈ 134 ПЕТОК 02.07.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924 Bentotex 10 најголеми архитектонски утки природна ХИДРОИЗОЛАЦИЈА која трае вечно

PORTA3 134

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 134

Citation preview

Page 1: PORTA3 134

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 134ПЕТОК 02.07.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

Bentotex

10 најголемиархитектонски

утки

природна ХИДРОИЗОЛАЦИЈА која трае вечно

Page 2: PORTA3 134

ПОРТА 18 јуни 201032

рубрика

Page 3: PORTA3 134

18 јуни 2010 ПОРТА3 3

рубрика

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 134ПЕТОК 02.07.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

Bentotex

10 НАЈГОЛЕМИархитектонски

УТКИ

природна ХИДРОИЗОЛАЦИЈА која трае вечно

БРОЈ 134 ПЕТОК 02.07.2010 ГОДИНА VI

Драги читатели,

Дали архитектурата кај нас е занаетчиска работа или пак, е филозофија? Дали можеме да живееме без навики? Во време кога победите се добиваа на коњ, со штит и меч в рака, соодветно на тоа и се прославуваа; се поставувале споменици во централно урбано подрачје секојдневно изложено на граѓаните – носителите на победата. Пред не толку долго време, една солидарност му помогна на Скопје повторно да се крене и да застане на нозе. Како ние како држава, како народ, му се одолжуваме на светот за тој силен гест? На скопскиот земјотрес од 1963 му се наближува 50 годишнина, но се некако наликува дека тој ужас се случил пред многу, многу време. Скопје е град кој денес наликува како воопшто и да не доживеал таков земјотрес. Скопје е град кој денес наликува на музеј на метаболистите, музејските експонати се користат, но идејата за нив е сосема бескорисна. Колку денешното урбано опкружување е солидарно кон нашиот начин на живот: комерцијалното бомбардирање на сите сетила кои еден човек ги поседува помалку или повеќе? Одговори на овие прашања и на многу други, ќе најдете во текстот Скопје 2014 vеrsus Скопје Град на солидарноста на архитектот Иван Мирковски.

Општините почнаа да градат административни згради за себе. Доста беше сместувањето во бараки кои се распаѓаат. Општина Карпош повлече нога. Новата општинска зграда во Карпош е конфигурирана како просторен систем во кој архитектурата ги интерпретира природните, културните, урбаните и политичките особености на општната. Архитектонскиот пристап се базира на неколку наративи кои воедно се и главни карактеристики на општината: демократија, урбаност и пејзаж.

Од хотел -бордел до банка. Приказна за објектот Стара На -Ма во Струмица. Благодарение на сопствениците на ПроКредит Банка, се врати сјајот на некогашниот преубав хотел „Српски Краљ“, а во исто време се разбудија носталгичните сеќавања на струмичани за овој прекрасен градителски бисер кој го разубавува центарот на градот.

Предностите на хидроизолациониот композит на Bentotex се рационализација на времето и намалување на трошоците на градежните работи. Односно, хидроизолација (водонепропустливост и гасна непропустливост), брзо и едноставно вградување (се одмотува и се покрива), се вградува во сите временски услови. За изработка на производот се користат еколошки прифатливи материјали. Се заштедува на градежни материјали, бидејќи може да се користи наместо класичната изолација во неколку слоеви.

Направете место за својата бања. Наоѓањето на најмалиот можен простор во становите за создавање на едноставни и ненаметливи бањи е веќе застарено. Бањите станаа во вистинска смисла на зборот „Bath room“ (бањи соби). Најновата еволуција на овој простор не враќа назад кон своите корени, кога големите соби давале нега на телото за малкумина кои можеле тоа да си го дозволат, каде сите елементи, особено кадата, беа главни актери изолирани во просторот.

ОД реДакцијата

ФОРУМ 04Иван МИРКОВСКИ:

Ск 2014 vеrsus Ск Град на Солидарноста

СКОПЈЕ 08Општина Карпош:

Атриум како мозаик од Скупи

РЕГИОНИ 14Струмица:

Од хотел-бордел до банка

ГРАДЕЖНИШТВО 20BENTOTEX:

ПРИРОДНА хИДРОИзОлАцИЈА КОЈА ТРАЕ ВЕчНО

КРИТИКА 3010 НАЈГОлЕМИ АРхИТЕКТОНСКИ УТКИ

ЕКОлОГИЈА 46Concentrator photovoltaic (CPV):Евтин PV модул за жешка клима

ТЕхНОлОГИИ 56CGSchool "Free week" - вебинари

ТРЕНД РЕПОРТ 58Направете место за својата бања

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3132 923; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Редакција:

главен и одговорен уредник:Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЈулијана ГЕРАСИМОВСКАСузана ВАСИЛЕВАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Елена КУЗМАНОВСКААнгел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВНатка ЌОСЕВАСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВДејан БУЃЕВАЦАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка Солева

дизајн:БИРОПРОЕКТ

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Кокан ГРЧЕВ,дипл. инж. арх.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биропроект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ:4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница : Stata Center (MIt)Автор: Frank Gehry

`

Page 4: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 201034

форум

Скопје 2014

VERSUS

ИВАН МИРКОВСКИ

Page 5: PORTA3 134

3 52 јули 2010 ПОРТА

форум

Ова е лоша архитектура!“ Што би значело тоа денеска, а притоа да можеме конкретно да

зборуваме за некоја локација во центарот на Скопјe? Дали мислиме на проектантскиот концепт, на конструктивното решение, на термо-динамиката на објектот, бојата на фасадата или пак на урбанистичката целина? Кои се критериумите преку кои ние денеска спориме зошто нешто е лошо или пак зошто нешто е добро? Дали архитектурата кај нас е занаетчиска работа или пак е филозофија? Гледајќи преку еден ваков дискурс, би можело да се забележи дека на нашите простори преовладува идејата „мајстор” – индивидуалец, кој ја има улогата на архитект-филозоф, но и на естетичар. Ваквото квази-витрувиевско однесување во последниот период, кај нас отвори многу дебати за архитектурата во Македонија, но не како вештина на градба, туку пред се како социолошки феномен. Елементите што ја градат архитектурата не би смееле да ги гледаме низ употребата на видовите на градежните материјали, или пак само во методите на изградба и подигнување објекти. Елементите што ја градат оваа комплексна наука, се кријат во концептуалното размислување, симбологијата и пред се во човечката димензија. Приказната, односно текстот што секогаш стои во заднината на еден проект, е оној што го дава неговото значење и истовремено го оформува во архитектура. Без овој суштински елемент, објектот, колку и да изгледа импозантно, би останал само купишта градежен материјал, собран и склопен на едно место според методот на „мајсторот”.

НаВиките

Феноменот „Скопје„ по земјотресот од 1963 се трансформираше во приказна која доби сосема друга конотација од онаа на која граѓаните го беа навикнале својот простор за дијалог. Навиката што секогаш била составен дел на концептот на социолошката структура на функционирањето на градот продолжува и понатаму да се провлекува и физички да се материјализира, односно рематеријализира. Годините што минуваат, со себе повлекуваат промени поттикнати од политички аспект, а со тоа рематеријализацијата

ја расчленуваат до тој степен што коренот на мајор-навиката доживува своја дезинтеграција низ простор-времето. Затоа, дали можеме да живееме без навики? Доколку одговорот би бил потврден – тогаш како тоа би можело да се одрази врз урбаноста на Градот?

МОДерНите иСтОрии

Оваа дезинтеграција на навики која полека ја мобилизира новата архитектоника, станува појава која многу брзо почнува да се провлекува низ сите ганглии на градот; ги разбива, ги става во блендер и од сето тоа на крајот направи коктел чијшто вкус воопшто не е онаков каков што многумина очекуваа да биде. Надреалните идеологии за експресно раскажување на големо количество истории по кубен метар зафатнина град (i/m3g), се измешаа со очекувањата за следење на текот на современата идеја по која денешна Европа гради и развива. Њујоршкиот архитект Бернард Чуми (Лавилет Парк, Парис) на пример, го доби конкурсот за музеј на акропол во Атина и изгради објект кој носи силен архитектонски потпис. Таквите потписи остануваат да постојат како вонвременски симболи на еден град. Новите методи на славење истории станаа круцијален момент за заедничката пловидба по текот на современата. Во време кога победите се добиваа на коњ, со штит и меч во рака, соодветно на тоа и се прославуваа; се поставувале споменици во централно урбано подрачје секојдневно изложено на граѓаните – носителите на победата. Сакралните објекти во минатото се граделе со соодветен архитектонски печат – купола и камбанарија, не за да изгледаат „посакрално” од другите објекти, туку пред се од техничко-технолошки причини. Куполата била единствена конструкција која во минатото премостувала големи растојанија заштитувајќи голем број луѓе од надворешни влијанија, додека пак камбанаријата акустично ги амплифицирала црковните информации. Денешното време со новите технологии и низ нови типови на војни и победи, сето тоа го измени; славењето на историите се реализира преку научно-културни установи, дебати, конференции, и други современи политички маневри. На Градот, на урбаното ткиво, му треба еволуција во секој поглед. Навраќање кон

минатото и реинкарнирање на мртва, нефункционална архитектура - е регрес, подеднакво и технички и интелектуален.

СОлиДарНОСта

Што е архитектура ако не е солидарност во секоја смисла на зборот? Да се биде солидарен денеска не значи само да помогнете некому во неволја.. . Од денешен аспект, кога комплексноста на соживот расте постојано, солидарноста не е само давање, туку и начин на прифаќање на нештата. Социјалната солидарност е поим за кој треба сериозно да се дебатира. Колку денешното урбано опкружување е солидарно кон нашиот начин на живот: комерцијалното бомбардирање на сите сетила кои еден човек ги поседува помалку или повеќе? Адаптирањето на просторот за кој разумот ни вели дека веќе длабоко ја прегазува човечката димензија? Плагијатите на старите историски европски метрополи кои одеднаш станаа шизички.. . Што останува од поимот урбанизам, што останува од значењето на зборот солидарност? Пред не толку долго време, една таква солидарност му помогна на Скопје повторно да се крене и да застане на нозе. Како ние како држава, како народ, му се одолжуваме на светот за тој силен гест? Тоа е прашање кое се уште не сме ни стигнале правилно да го формулираме.. .

аМНеЗија

Можеби неспособноста за правилно формулирање на битните прашања, доаѓа од некаква си природна амнезија која како некој вирус ги напаѓа сетилата за перцепција на жителите на регионов. На скопскиот земјотрес од 1963 му се наближува 50 годишнина, но се некако наликува дека тој ужас се случил пред многу, многу време. Скопје е град кој денес наликува како воопшто и да не доживеал таков земјотрес. Скопје е град кој денес наликува на музеј на метаболистите, музејските експонати се користат, но идејата за нив е сосема бескорисна. Оваа глобална амнезија како да произлегува од психичкото стеснување на идејата за „Град на солидарноста„; во 1963, по разорниот земјотрес, амбицијата на народот, како и сликата за иднината се движела по една нагорна

линија. Се градело за стотици илјади луѓе, инфраструктурата се подготвувала да го следи развојот на Светот, железнички линии со брзи возови кои само за неколку часови ќе ве доведат до некоја европска дестинација.. . Денеска се обидуваме дупките од заборавот да ги пополниме со шарени мали зградички оперирани од концепт и визија за една метропола.

аДаПтација

Што е тоа идентитет? Дали тој се гради или веќе е вграден во хронотопот? Дали може идентитет да се заборави, а во обид за опоравување истиот да се толкува погрешно? Најверојатно, малите шарени зградички се процес на адаптација на новото време кое не опкружува додека ние, скопјаните, си постоиме во еден балон скроен од „мајсторот”, а одржуван со идејата за нови истории. Преку примерот на другите нации кои го тапкале својот пат до себераспознавање, може да се согледа дека при пребрзо премотување нанапред (fast-forward) многу непознати од равенката се занемаруваат со што се добива резултатот: Е (error), односно грешка при пресметувањето.Но, како што рекол Наталини од Суперстудио: „Ако архитектурата е само кодифицирање на буржоаскиот модел за сопственост и општество, тогаш мора да ја отфрлиме архитектурата; ако архитектурата и урбанизмот се само формализација на денешните социјални дивизии, тогаш мора да го отфрлиме урбанизмот и неговите градови - се додека дизајнерските активности не се стремат кон решавање на примарните потреби. Дотогаш, дизајнот мора да исчезне. Може да живееме и без архитектура”.

СКОПЈЕ "ГРАД НА СОлИДАРНОСТА"

`

`

`

`

`

`

Приматот „Град на Солидарноста“, Скопје го добива само 24 часа по земјотресот кога 77 земји помогнаа да се подигне потклекнатиот див и со тоа го ставија на чело на мапата на светската солидарност.

Page 6: PORTA3 134

инфо

Со официјална церемонија на падините на Водно беа поставени темелите на

четвртиот најрепрезентативен објект во рамките на комплексот „Соравиа ресорт“, што се гради на местото на поранешно Олимписко село. Објектот „Вила Рома“ ќе биде најголем по површина, број на станови и содржини. Ќе има приземје и шест ката, 45 стана со површина од 75 до 145 квадрати, но и 9 ексклузивни апартмани за издавање, деловен простор и спа-центар. Австриската групација „Соравиа“ во овој објект ќе вложи околу 8,5 милиони евра, што е само дел од вкупната инвестиција на комплексот тежок над 30 милиони евра. Инвеститор на целиот комплекс е „Соравиа ресорт“ ДОО Скопје, компанија која функционира во рамките на австриската групација „Соравиа“, активна во секторот за изградба на

недвижнини во Австрија и во земјите во регионот на Југоисточна Европа.„Засега постои голем интерес за купување. Од првата фаза веќе ги продадовме сите станови, иако се во фаза на карабина и ќе бидат готови идната година“, изјави Питер Рот, главен менаџер на „Соравиа“ во Македонија. Цената на становите се движи до 1.450 евра од метар квадратен. Рот додаде дека имаат намера да градат и во други градови од Македонија, меѓутоа потврди дека е тешко да се најдат партнери, како и да се обезбедат кредити за финансирање на проекти. „Размислуваме да инвестираме и надвор од Скопје, а засега Охрид ни се чини најпривлечна дестинација. Секогаш има некои понуди, но секако, пред да започнеме, мораме да ги обезбедиме сите правни работи. Нема да градиме додека не сме сто проценти сигурни“, додаде Рот.

ј.г.

„ВИЛА РОМА“ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО

Компаниите, производители на градежни, неметални и други производи кои го

следат градежништвото, сметаат дека кај јавните тендери има многу неправилности кои создаваат финансиски проблеми. Освен тоа тие имаат проблеми и со почитувањето на договорните обврски, што влијае и врз нивната работа, од причина што синџирот на ненаплатени побарувања се рефлектира и врз нив

и ги доведува во ситуација на голема неликвидност. Ова беше истакнато на седницата на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали, на која се расправаше за jавните набавки во Република Македонија, имплементција на законската регулатива во градежништвото, почитување на договорните обврски во делот на навремена и квалитетна наплата, како и за состојбите во

производството, извозот и увозот на градежни и неметални производи. На седницата се истакна дека јавните набавки во државата, од година во година бележат тренд на зголемување, така што вкупната вредност во 2009 година учествува со 12 проценти во БДП. Во градежништвото, во 2008 година склучени се 728 договори за работа, а во 2009 година 1.165 договори, односно зголемување од околу 60

проценти. Во нив најголемо учество имаат договорите за изведување, кое се движи со околу 87 – 90 проценти. Учесниците во расправата заклучија писмено да се информираат надлежните министерства за проблемите со кои се соочуваат компаниите во тековното работење, како и можноста да се наплатат меѓусебните побарувања со пребивање на побарувањата од државните институции .ј.г.

НЕПРАВИЛНОСТИТЕ ВО ЈАВНИТЕ ТЕНДЕРИ СОЗДАВААТ ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ

Асоцијата на архитекти на Македонија на редовно собрание

донесе одлука за усогласување на Статутот на Асоцијата на архитекти на Македонија со новиот Закон за здруженија и фондации. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзино донесување, а ќе произведува правно дејство на денот на нејзино спроведување во Централниот регистар на Република Македонија, односно по пререгистрацијата. На собранието, со цел запазување на правната процедура беа потврдени одлуките од 18 февруари за разрешување и именување на претседател на УО на ААМ и за разрешување и именување на членови на УО на ААМ. ј.г.

ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

ПОРТА 2 јули 201036

Page 7: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 7Sto Градете свесно.

Индустриските подни премази мора да поседуваат својства кои ќе може да одговорат на барањата во поглед на намената во разлчни бранши на употреба. Притоа многу се различни и својствата на самите подни прамази. Во одредување на намената StO Cretec подните премази(средства за импегнација, завршни премази, состави од тенки и дебели слоеви и др.), се поделени во следниве главни сфери на примена: општа индустрија, автомобилска индустрија и електронска индустрија. Во рамките на овие области, понатаму поделбата е спрема степенот на оптовареност (ниска, средна и висока) и истите претежно се темелат на епоксидна и полиуретанска смола. Тука секако треба да се напоменат и новата генерација QuarcColor подови, од обоен кварцен песок кои освен што имаат декоративен карактер, ги исполнуваат и највискоите барања на прехрамбената индустрија. StO Cretec подните премази не содржат никакви разредувачи, а малата потрошувачка по квадратен метар и извонредната постојаност придонесуваат за економичен начин на градење.

STO PUR BB 100 е еластичен полиуретански премаз од смола кој не содржи никакви разредувачи и е наменет за подови со високо маханичко оптоварување, какви што ги има во јавните простории, а каде самите подови мора да ги издржат потпетиците на обувките, тврдите материјали кои паѓаат на нив, товарот што се пренесува преку нив и др. Жилавата еластичност на премазот, гарантира висока ударна цврстина, го ублажува одекот на чекорот и овозможува посебна удобност при одењето. STO PUR BB 100, за разлика од текстилните облоги, поседува затворена површина која лесно се чисти, а она што посебно треба да се истакне е можноста од нанесување на премазот на големи површини без фуги. Големата разноликост од нијанси на бои, постојаноста на УВ-зрачење, отпорноста на абразија, го гарантира трајно блескавиот изглед на STO PUR BB 100, а квалитетот и изгледот на подовите премачкани со овој премаз остануваат зачувани со мали трошоци за нега и одржување. На крајот, STO PUR BB 100 е поевтина алтернатива, која нуди посебни предности за разлика од квалитетните ПВЦ облоги, облоги од линолеум и др.

Н.рибароски, дипл.инж. • Алпос-СТО

ЕПОКСИДЕН ПОД ЗА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА

STO PUR BB 100

Page 8: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 201038

скопје

Page 9: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 9

Локацијата на која се предвидува изградба на административниот објект на Општина Карпош се

наоѓа во населбата Карпош 3, помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Никола Русински, поточно на просторот на времените бараки 3 и 4 каде што и досега беше сместена админстрацијата на општината. Објектот има приземје, три ката и поткровје. Главниот влез на објектот е на западната страна од локацијата. Пристапот за пешаци е преку патеката што ги поврзува булеварот Партизански одреди и улицата Никола Русински. Пристапот за возила е обезбеден преку улицата Никола Русински од каде преку сообраќајна рампа се доаѓа до подземниот паркинг за 70 возила.

Новата општинска зграда е интерполирана во рамките на постојното, односно проектираното соседство. Преку пасажот што е пробиен на јужната граница

на градежната парцела, со пешачки коридор се поврзуваат внатрешната зона на трговскиот центар “Лептокарија” на источната страна, со објектите во кои се сместени подрачните единици на Македонска Пошта, Македонски Телекомуникации, како и супермаркетот “Тинекс” на западната страна. Дополнително, преку повлекување на приземјето на објектот, просторот пред главниот влез во општинската зграда е трансформиран во собиралиште од јавен карактер каде изградениот пејзаж се збогатува со ново просторно искуство - трем. Преку ваквото, етапно преминување од јавниот простор на улицата кон јавниот простор во рамките на самиот објект, на одреден начин се омекнува институционалното пристапување кон општинската зграда. Дополнително, преку обработката на подот која на ниво на приземје е идентична, како надвор така и во влезниот хол,

фоајето се претвора во своевидно продолжение на јавниот простор. На обликувано ниво, новата административна зграда е конфигурирана како просторен систем во кој архитектурата ги интерпретира природните, културните, урбаните и политичките особености на Општина Карпош. Архитектонскиот пристап се базира на неколку наративи кои воедно се и главни карактеристики на општината: демократија, урбаност и пејзаж.Јасната типологија, функционалната организација на програмските содржини, структуралната логика и материјализација, недвосмислено упатуваат на седиште на современа општина. Во рамките на самиот објект, водечка тема е централниот хол кој претставува отворен повеќевисински простор околу кој програмски се надоврзуваат општинските служби. Внатрешните врски со нивоата се групирани околу природно

осветлен внатрешен двор, околу кој е инициран топол пејзаж на минување. Со особено внимание во проектот е третирана и траекторијата, односно просторот во кој ќе се остварува протоколот на венчавки на идните младенци. Во недостаток на соодветен простор на градско ниво, посетата на матичната служба во Општина Карпош ќе претставува впечатливо церемонијално искуство.

Проектот предвидува внесување на вегетација во рамките на самиот објект, како и употреба на дрвото како завршна обработка. Од еколошко-енергетски аспект, со оглед на изложеноста на кровната фасада кон сончевата јужна страна, самоодржливоста на објектот е дополнително стимулирана преку користење на алтернативни еколошки извори на енергија, како фотоволтаични соларни системи од ќелии кои овозможуваат генерирање на струја преку директна конверзија на соларната радијација.

скопје

Атриум како мозаик од Скупи

ОпшТинСкА згрАдА вО кАрпОш

Новиот административен објект на Општина Карпош ќе се изведува според идејното решение на победниците на конкурсот што го распиша Општината. Според авторите од архитектонското студио СКАрС+Архитектри: Јован Ивановски, Горан Мицковски, Владимир Десков, Ана Бораниева, Ристо Аврамовски и Дејан Ивановски, новата општинска зграда треба да се вклопи во постојното соседство и да биде пристапна за граѓаните во секое време. Премините меѓу нивоата ќе бидат природно осветлени од внатрешниот двор, кој по својата геометрија, авторите го споредуваат со мозаикот од локалитетот Скупи. Симболиката е во тоа што Скупи е првата урбана тврдина на територијата на градот Скопје, а денес се наоѓа во рамките на Општината.

Page 10: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010310

скопје

Новата административна зграда е конфигурирана како просторен систем во кој архитектурата ги интерпретира природните, културните, урбаните и политичките особености на Општина Карпош. Архитектонскиот пристап се базира на неколку наративи кои воедно се и главни карактеристики на општината: демократија, урбаност и пејзаж.

приземје прв кат

Page 11: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 11

скопје

Од еколошко-енергетски аспект, со оглед на изложеноста на покривната фасада кон сончевата јужна страна, самоодржливоста на објектот е дополнително стимулирана преку користење на алтернативни еколошки извори на енергија, како фотоволтаични соларни системи од ќелии кои овозможуваат генерирање на струја преку директна конверзија на соларната радијација

втор кат потпокрив

Page 12: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010312

скопје

Ситен морски песок, палми, маси, столчиња, лежалки, стреи, ова звучи како да

се наоѓаме на некоја позната плажа на Медитеранот, но, сето тоа го има на првата модерена плажа на кејот на реката Вардар, на просторот зад "Луна парк". Сега скопјани ќе можат, од жешкиот асфалт по булеварите, да скокнат директно на разладување на плажа. Градската плажа, на површина од 1.775 квадратни метри, ќе работи од 10 до 23 часот. На плажата се поставени и четири шанкови. Целта е да се овозможи сите граѓани да добијат можност да се рекреираат на плажа и да се обезбеди пријатно место за одмор и забава во центарот на градот. На плажата ќе има само сончање на лежалки, но не и капење. Освежување ќе нудат двата туша, како и студените пијалаци од кафулињата. Влезот на плажата ќе биде слободен, но ќе се плаќа за лежалките и за седењето во кафулињата. На плажата е обезбеден безжичен интернет. Освен уживање на плажата, рекреативците ќе може непречено да ја користат и ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар, а ќе биде обезбеден и доволно широк простор, од околу три метри, наменет за трчање. Градската плажа на кејот на Вардар е изведена според проектот на архитектите Бекир Адеми и Беким Зекири, а за изградба на плажата Градот Скопје потроши околу 6,3 милиони денари. Конечниот изглед на плажата на терен ја направија екипите на компанијата "АЛКОН".

плажа наплажа наплажа на

Page 13: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 13

`

`

САрАј

До кога стариот мост во Сарај ќе ги демне возачите?

Од градските власти доаѓа иницијатива за нов мост преку реката Вардар за

влез во општината Сарај, веднаш до стариот. Во буџетот на градот биле обезбедени 30 милиони денари за нов мост во Сарај. Се уште се работело на идејното решение, односно на планско-урбанистичката документација, а за понатаму се најавуваат и тендери, прво за правење изведбени решенија, а потоа и да се избере фирма која ќе го гради. Веќе пет години има само најави, но никако да дојде до изградба на новиот мост.Иако е на самиот крај од градот, мостот во Сарај го користат не само жителите на оваа општина, туку и граѓаните на цело Скопје, затоа што преку него се стигнува до езерото Треска и особено до браната на Матка, кое е убедливо најпопуларно излетничко место.

кисела вода

Успешен пример за енергетски ефикасни објекти

Во првите три месеци од годинава, Општина Кисела Вода заштедила 41,2 проценти топлинска енергија, односно 3,9 милиони денари, со спроведување мерки за енергетска ефикасност во своите административните објекти, детските градинки и во двете основни училишта "Партенија Зографски" и "Круме Кепески". Овие заштеди обезбедиле и намалена емисија на штетни гасови во атмосферата од 167,6 тони. Општината планира и понатаму да продолжи во истиот стил, па на последната седница на Советот беше усвоена Програма за енергетска ефикасност за периодот од 2010 до 2014 година (МЕЕП), која предвидува подобро и поевтино улично осветлување и затоплување на јавните објекти. Целта на МЕЕП, како што објаснија општинарите, е да се намали потрошувачката на енергија во јавните објекти и на тој начин да се намалат трошоците за енергија, што достигнуваат и до 10 отсто од општинскиот буџет.

ЦенТАр

Поправени тротоарите на мостот кај МаНУ

Екипи на Јавното претпријатие "Улици и патишта" ги поправаа тротоарите и велосипедските патеки на мостот "Република", во близина на зградата

на МАНУ, што ги спојува булеварите Кочо Рацин и Крсте Мисирков. За целиот проект од градскиот буџет беа издвоени шест милиони денари. Со тоа продолжуваат работите за подобрување на состојбата на градските мостови, откако лани се поправаа тротоарите на премините "Обединети нации" во Карпош 4 и "Октомвриска револуција" до хотелот "Александар Палас".

дрАЧевО

Ќе се прави проект за нов водовод од Усје до Драчево

Општина Кисела Вода финансиски ќе учествува во подготовка на техничка документација за изведба на нов паралелен водовод, на веќе постојниот азбестен водовод на потегот од цементарница „Усје“ до Драчево. Со овој проект Општината ќе аплицира за пари од Бирото за регионален развој. Апликацијата за овој проект, што ја подготви Центарот за развој на скопски плански регион, произлезе од потребата да се заштити здравјето на луѓето, бидејќи азбестните цевки одамна се исфрлени од употреба. Новиот водовод ќе биде од лиено железо.

екО едукАЦијА

разнобојни канти за ѓубре во училишта

Низата кампањи во кои учиме како се селектира отпад продолжува, овојпат во образовно-воспитните установи, каде што Јавното претпријатие "Комунална хигиена" минатиот месец распредели 612 разнобојни канти за отпадоци.Во секое училиште и градинка се поставени по четири канти за отпадоци во различни бои: сина - за собирање хартија, жолта - за пластика, зелена - за комунален смет и кафеава - за биоразградлив отпад. Предвидено е учениците со селекција да започнат од следниот месец.Од претпријатието објаснуваат дека кантите се донација од Министерството за животна средина, а целта е да се дејствува едукативно, односно учениците да се запознаат со селекцијата на отпадот и нејзиното значење. Тие се распределени по претходно доставени списоци од општините. Во првиот бран се опфатени градинките, основните и средните училишта, а понатаму ќе бидат опфатени и другите јавни установи, амбуланти, министерства итн.

подготви:катерина СПаСОВСка-трПкОВСка

ВАРДАРВАРДАРВАРДАРВАРДАРВАРДАРВАРДАРВАРДАРВАРДАРВАРДАР

Page 14: PORTA3 134

приказна за објектот Стара на -Ма во Струмица

ПОРТА 2 јули 2010314

Историјата на поранешниот хотел „Српски Краљ“, кој е еден од доминантните објекти

во центарот на Струмица, започнува пред 85 години, кога неговиот основач, војводата Илија Кацарски од село Босилово-Струмичко во 1925 год. го купил местото од Егејката Луна Јакуслова за 70.000 динари, со намера да гради дуќани. Но, наместо дуќани, со поддршка на неговиот пријател Жико Лазиќ кој во тоа време бил влијателен човек, почнува да гради објект од тврда градба со подрум, приземје, кат и поткровни простории. За кратко време објектот бил изграден и функционирал како кафеана во приземниот дел и хотел-бордел на двата ката.Записите од сеќавањата на неговата ќерка Слоботка Кацарова, кажуваат дека таков грандиозен објект бил невиден дотогаш во Струмица. Неговите две улични фасади биле декорирани со релјефни сегменти од ренесанса и барок, а испакнатиот аголен дел со куполата бил знак на препознатливост на овој раскошен објект, кој го добил името „Српски Краљ“.

Ентериерот во кафеаната изобилувал со луксуз. Во средината на просторот висел голем кристален лустер, а ѕидовите ги краселе кристални ѕидни ламби. На прозорците имало пердиња со кадифени црвени драперии. Црвените патеки на подот и скалите биле подарок за отворањето на објектот од Жико Лазиќ. Посетителите на оваа кафеана, угледни луѓе, трговци и офицери, се забавувале уживајќи во звуците на комплетен оркестар. Лете, на тротоарот пред објектот, се поставувале дрвени маси и столови, каде гостите се ладеле од жешкото струмичко сонце под чадорите. Слоботка се сеќава дека собите на катот и во поткровјето биле исто така луксузно опремени, со ѕидани мијалници во сите соби и со заеднички санитарии, што во тоа време било реткост.

Објектот убаво работел се до 1928 година, кога сопственикот Илија западнал во долгови и морал да го продаде. Во тапијата од 30.10.1928 год. пишува дека Илија Кацаров под терет на долгот на Селим Хашим од Струмица кој изнесувал 38 250

динари, го продава објектот на Зекрија Хаџи Алилович и Витан Танчев за 395.000 динари. Во тоа време Зекрија и Витан биле богати трговци. Зекрија располагал со погони за текстил, а Витан тргувал со жива стока со Грција. Според синот на Витан, Димитар Танчев, објектот бил прво понуден за продажба на Витан, но во меѓувреме како купувач се јавил и Зекрија, кој бил меѓу најбогатите луѓе во Струмица. Тој имал можност да го купи целиот објект, но имајќи респект кон веќе прашаната странка Витан, објектот заеднички го купиле. Иако објектот бил на двајца газди, во тоа време имало еснафство и разбирање, така што објектот и понатаму продолжил добро да работи како кафеана и хотел.После неколку години, бидејќи газдите биле доста зафатени со нивната примарна дејност, одлучиле да го

издадат под наем на некојси Коце од Велес, кој во Велес веќе држел две кафани. Коце, како искусен кафанџија го разработил објектот до таа мера што во него доаѓале само искучителни гости, а музиката била донесена од Унгарија со убави пеачи и пеачки.

Речиси десет години објектот убаво работел и добро заработувал, се до моментот кога Коце ги повикал Зекрија и Витан во Велес, да ги расчистат сметките. Витан имал лошо претчувство и не отишол на договорената средба со изговор дека има два вагони јагниња кои треба да ги носи во Грција. Зекрија и Коце со уште двајца луѓе кои биле одговорни за кафаните на Коце се сретнале во Велес, во една од кафеаните на Коце. Во текот на разговорот дошло до недоразбирање, Коце извадил пиштол и ги убил на место двајцата

региони

`

`

Page 15: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 15

регионипридружници, а потоа извршил самоубиство ставајќи го пиштолот во уста. Зекрија, како очевидец на целата грозоморна слика, по враќањето во Струмица разговарал со Витан и се откажал од својата половина на објектот, нудејќи му ја на Витан по многу поволна цена. Бидејќи Витан не прифатил да го откупи објектот, дел од објектот го продаваат на браќата Сократ и Симеон Манчеви. Зекрија после 1941 година се иселува во Скопје, а оттаму во Турција. Браќата Манчеви продолжиле да го работат објектот со истата намена, но не со толкав интензитет како порано, така што почнал да пропаѓа.

Во 1948 год. објектот е национализиран и преминал на располагање на Собранието на Струмица. Една година подоцна, целиот објект е даден на користење на претпријатието НА-МА, кое го користи само приземјето, додека катовите биле издавани на станари. Тогаш подрумските простории се пополнети со земја, во приземјето е изведен нов под, и се доградени излози од двете страни на објектот. Во шеесеттите години на 20-от век е срушена куполата заедно со поткровниот дел на аголот од објектот и е изградена тераса на која се излегувало од поткровните простории. Дваесет години подоцна во приземјето се вселило претпријатието „Југопромет“.Тогаш катот е даден под наем на станари, а во поткровјето се сместуваат ателјеа и работилници за уметници.

Во мај 2001 година се изврши денационализација на објектот, со што објектот се враќа на сопствениците од кои е одземен, односно на Витан Танчев и на браќата Манчеви. Во периодот помеѓу 2000 и 2007 година, објектот е напуштен така што постепено пропаѓа оставен на забот на времето. Со договор за купопродажба на недвижен имот склучен на ден 17.01.2008 година, ПроКредит Банка го откупува објектот од сопствениците, со намера да го адаптира со нова намена во банка. Во 2009 година согласно конзерваторското одобрение издадено од УЗЗКН при Министерството за култура на РМ, на проектот за санација, реставрација и делумна реконструкција со адаптација на објектот, отпочнаа градежните зафати и до април годинава се заврши со неговата реализација. Вратениот првобитен изглед на објектот го врати сјајот на некогашниот преубав хотел „Српски Краљ“, а сопствениците на ПроКредит Банка ги разбудија носталгичните сеќавања на струмичани, за овој прекрасен градителски бисер кој го разубавува центарот на градот.

Славица таСеВа, дипл.инж.арх.

Благодарение на сопствениците на ПроКредит Банка, се врати сјајот на некогашниот преубав хотел „Српски Краљ“, а во исто време се разбудија носталгичните сеќавања на струмичани за овој прекрасен градителски бисер кој го разубавува центарот на градот

Page 16: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010316

региони

Со проектот за санација, конзервација и делумна реконструкција на деловниот објект „Стара На-Ма“ што го изготви архитектот томе тимов и неговиот соработник Илија Устапетров од ДПГИ „Вектор90“, се врати сјајот на градителскиот бисер од периодот помеѓу двете светски војни, кој го разубавува центарот на Струмица. Објектот, што моментно е сопственост на ПроКредит Банка, се пренамени во банка која е организирана на 5

нивоа. На приземјето има влез, хол, пулт за информации, шалтер-сала, место за советници и комуникации, кои ве водат до галеријата во која е организиран простор за советување. Подрумот содржи технички и помошни простории, а катот- чајна кујна, простор за пушачи, сала за состаноци, две канцеларии, тоалети и сервер. На потпокривот се наоѓаат сала за состаноци, две канцеларии и санитарен блок.Материјализацијата на ентериерот

основа на галерија

Со проектот за санација, конзервација и делумна реконструкција на деловниот објект „Стара На-Ма“ што го изготви архитектот томе тимов и неговиот соработник Илија Устапетров од ДПГИ „Вектор90“, се врати сјајот на градителскиот бисер од периодот помеѓу двете светски војни, кој го разубавува центарот на Струмица. Објектот, што моментно е сопственост на ПроКредит Банка, се пренамени во банка која е организирана на 5

нивоа. На приземјето има влез, хол, пулт за информации, шалтер-сала, место за советници и комуникации, кои ве водат до галеријата во која е организиран простор за советување. Подрумот содржи технички и помошни простории, а катот- чајна кујна, простор за пушачи, сала за состаноци, две канцеларии, тоалети и сервер. На потпокривот се наоѓаат сала за состаноци, две канцеларии и санитарен блок.Материјализацијата на ентериерот

Page 17: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 17

е направена со АБ ѕидови, ѕидови од гипс-картонски плочи на метална конструкција, како и ѕидови од полна тула. Во подрумот се задржани двата ѕида од камен кои ја одвојуваат банката од соседите од едната и другата страна на објектот, како и дел од постојните ѕидови од тула, а фасадите се од армиран бетон. Направено е ново решение на потпокривот што се состои од АБ коси плочи со дебелина од 12 см, најлон, дрвени рогови со исполна меѓу нив, оплата

од штици д=2.5 см, битуменизирана лепенка, летви и ќерамиди.Во брендирањето на просторот доминира црвената боја која е заштитен знак на оваа реномирана банка. Мебелот и акцентите се исто така црвени, а ѕидовите, подовите и плафоните се со неутрални тонови кои се прелеваат од бела до светлоокер боја. Ентериерот е современ, со јасни и чисти форми и во исто време ја почитува историската рамка на објектот во кој е сместен.

региони

основа на приземје

е направена со АБ ѕидови, ѕидови од гипс-картонски плочи на метална конструкција, како и ѕидови од полна тула. Во подрумот се задржани двата ѕида од камен кои ја одвојуваат банката од соседите од едната и другата страна на објектот, како и дел од постојните ѕидови од тула, а фасадите се од армиран бетон. Направено е ново решение на потпокривот што се состои од АБ коси плочи со дебелина од 12 см, најлон, дрвени рогови со исполна меѓу нив, оплата

од штици д=2.5 см, битуменизирана лепенка, летви и ќерамиди.Во брендирањето на просторот доминира црвената боја која е заштитен знак на оваа реномирана банка. Мебелот и акцентите се исто така црвени, а ѕидовите, подовите и плафоните се со неутрални тонови кои се прелеваат од бела до светлоокер боја. Ентериерот е современ, со јасни и чисти форми и во исто време ја почитува историската рамка на објектот во кој е сместен.

Page 18: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010318

градежништво

На сајтот Galvanizing Cost е поставен online калкулатор кој ја пресметува цената на галванизација (топлото

поцинкување). Сајтот и калкулаторот ги изработи Американската асоцијација за галванизација AGA (American Galvanizers Association). Life-Cycle Cost Calculator (LCCC) нуди едноставна бесплатна online

табела за пресметка на трошоците на заштитата од корозија со галванизација, со пресметана проценка на промената на вредноста на парите низ времето. Калкулаторот содржи преку 30 различни типови заштита од корозија. Топлото поцинкување во градежништвото во САД е познато како HDG (hot-dip galvanizing).

Тоа е процес во кој металните елементи се потопуваат во када исполнета со топен цинк. Цената на антикорозивната заштита во текот на животниот век на заштитениот материјал е од три до пет пати поголема од почетните трошоци за заштита на површината.

(galvanizingcost.com)

Carbon Coat материјал од карбонски нано - цевчиња за заштита на челикот

Геконите многу лесно се качуваат по ѕидовите не користејќи никакви

атхезивни материи, благодарение на тоа што нивните прсти се покриени со влакненца кои се лепат за мазните и грубите површини служејќи се со Van der Waals-овите сили.Инспириран со оваа способност на гуштерите, професорот Ali Dhinojwala заедно со тимот истражувачи од Универзитетот Акрон, со помош на карбонски наноцевчиња создаде самолеплива лента која може да се залепи на голем број различни површини, вклучувајќи и тефлон. Лентата исто така има способност и за самочистење.Со апликација на овој материјал врз челикот, се добива супер хидроизолиран челик кој ги задржува своите електро и термички карактеристики.Van der Waals (1837. - 1923.), е холандски физичар и термодинамичар, кој ја истражувал интермодуларната сила која денес се нарекува Van der Waals-ова сила.

(Gradjevinarstvo.rs)

LCCC - калкулатор за цената на заштитата од корозија

Page 19: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 19

Еко-рок е гипс-материјал од новата генерација. Овој производ на

Serious Materials е 100% во согласност со индустриските стандарди ASTM C1396 и може да се користи како еко-супститут на гипс панелите. Покрај тоа што се произведува полесно, побрзо и поеколошки од гипсот, Еко-рок е полесен и за употреба. Неговиот состав овозможува комплетна рециклажа во форма на органско ѓубриво, нов производствен циклус на Еко-рок или на друг градежен материјал. Во неговиот состав не се користени отровни и антибиотички супстанции, но и покрај тоа овој материјал има највисок рејтинг според стандардите ASTM D3273 за заштита од мувла.

(serious materials)

Молади - нова пластична оплата

На неодамна одржаниот саем во Лагос, Нигерија (Lagos Hous-ing Fair 2010), Abraham Ade-wale и неговите помошници

од компанијата Moladi, претставија систем на градба на монолитни бетонски ѕидови во пластична оплата со која за само 35 дена и 42.000 евра може да се изгради куќа со два четирисобни стана.Ваквите проекти во Нигерија обично се градат со цементни блокови, а тоа ја забавува градбата и ја подига цената на готовите станови. Меѓутоа, она што овој систем го чини многу поефикасен е употребата на лесната пластична оплата.

Пред ставањето на бетонската маса составена од цемент, песок и пластификатори без чакал, на едната страна на оплатата се поставуваат цевки во кои се водат сите инсталации, а потоа целата оплата се полни со бетон. Оплатата се отстранува по три дена. Овој систем, кој компанијата Молади од Нигерија го увезе од Јужноафриканската Република, претставува револуција во масовната изградба на станови во Нигерија, особено во Лагос, каде има дефицит на станови.

(moladi.com)

На сајтот Construction Weblinks, на компанијата

Howrey LPP, можете да пронајдете широк преглед на меѓународните и локалните закони и градежните прописи. Сајтот го уредуваат вработените од компанијата Howrey, правници со повеќедецениско искуство во правните прашања од областа на градежништвото, инфраструктурата, инженерингот и архитектурата, како во САД, така и во светот.Нивното целокупно знаење за бројните проекти е претставено на овој сајт и може да биде корисно при пронаоѓање на неопходните информации, инженерингот и архитектурата, како во

САД, така и ширум светот.Информациите се поделени по области, а кај секој од линковите можете да прочитате кратко објаснување, со што пребарувањето на сајтот е едноставно и прецизно: инженеринг, архитектура, заштита на животната средина, зелена градба, транспорт, инфраструктура, ризици, меѓународна правна регулатива.Секоја од овие области, зависно од темата, е поделена во подобласти, на пример, финансии, каталог на корисни линкови, локални прописи итн.На сајтот можете да ги видите и последните измени и вести од областа на меѓународната правна градежна регулатива.

(Howrey.com)

нигеријА

Националната лабораторија за обновлива енергија (The National Renew-

able Energy Laboratory - NREL) на Министерството за енергетика (DOE) на САД, откри нов процес на климатизација кој има потенцијал да ја намали потрошувачката на енергија за

50-90% во однос на другите ефикасни ситеми од истиот тип. DEVap (Desiccant-Enhanced evaporative air conditioner) користи технологија на мембрани која комбинира ефикасност на ладење при испарување и потенцијал на сушење на течниот солен дексикант (материјал за сушење).- Идејата ни е да направиме

револуција во ладењето и истовремено да ја намалиме емисијата на CO2 за милиони тони - вели машинскиот инженер од NREL, Eric Kozubal, член соработник во ASHRAE, кој е еден од иноваторите на системот DEVap.

(NREL)

DEVap - нова технологија за ладење на просториите

Портал за правници од градежништвото

еко-рок гипс на иднината

подготви: Леонида пенка БАшА

Page 20: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010320

градежништво

ДИС- интернационал од Скопје заедно со својот

долгогодишен партнер М-ПРОФИЛ од Загреб, организираа презентација на дел од производствената програма на М-ПРОИНТЕКС од Младеновац ( Србија). Анита Андреевска Митровска, маркетинг менаџер на ДИС, во оваа пригода ја претстави својата компанија која нуди едношалтерски систем кој овозможува на едно место да се добијат услуги за проектирање, подготвителни работи, изведба на градежни работи, производство на челични конструкции и монтажа. М-ПРОФИЛ од Хрватска, пак, ја презентираше програмата што се произведува во неколку држави. Тие се занимаваат со проектирање,

производство и монтажа на челични конструкции; производство и пласман на контејнери за најразлична намена; производство и продажба на лимови и сендвич панели со различен опсег на дебелина, геометрија и примена; производство, монтажа и пласман на ПВЦ и алуминиумска браварија, профили за сува градба и арматурни мрежи; производство и пласман на производи од неткаен текстил.Душан Коруновски од М-ПРОИНТЕКС од Младеновац – Србија, претстави дел од производствената програма на компанијата што се занимава со производство на геотекстили. Фирмата има производствени погони во три држави и годишниот профит за минатата година изнесувал 80 милиони евра. Коруновски зборуваше за хидроизолациониот

материјал Bentotex. Ова е единствена фирма која нуди ваков производ, додека на европскиот пазар се наоѓа веќе дваесет години. Годишното производство е 12 милиони метри квадратни материјал. Карактеристиките на овој материјал ги објасни Иван Кулунџиќ раководител на продажба во М-ПРОИНТЕКС. Тој кажа дека се работи за изолационен материјал кој служи за заштита на армираните бетонски конструкции, хоризонтални или вертикални, со основна улога да го спречи пробивот на повремени или постојани води. Презентација за практичната примена и техника на вградување на Bentotex имаше Зоран Мишиќ. Тој објасни дека материјалот се состои од три основни елементи: природен натриум бентонит како

изолационен материјал, робусна облога од геотекстил која го содржи бентонитот, ПП ткаен геотекстил кој е носител на наносот.

Самоисцелувачки материјал од глина

Натриум бентонитот е природен материјал, еден вид глина со вулканско потекло, која има способност да набабри во присуство на вода.Во сува состојба Bentotex има дебелина од 9 мм, а кога ќе се навлажни дебелината се зголемува за 5-6 мм после неколку дена слободно набабрување (ако не се изложи на преголемо надворешно оптоварување). Ако производот остане вака намокрен, оваа вредност нема да се зголеми со тек

Природна ХИДРО ИЗОЛАЦИЈА

Page 21: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 21

градежништво

на времето. Поради милионите влакнести прегради од кои се состои бентонитниот гел, после доаѓањето во допир со вода останува во композитна состојба.Пред да се постави Bentotex, претходно треба да се направи подготовка на подлогата: добро да се израмни, да се отстрани вишокот вода за да се избегне пливањето на Bentotex-от, на бетонските површини да се санираат шуплините или испакнувањата што се со дијаметар поголем од 20мм, сите пробиви низ бетонот мораат да се исполнат со бентонитен прав.При хоризонтално поставување, ролните едноставно се одмотуваат врз подготвената подлога, и се преклопуваат во ширина од 15-29 см. При вертикално поставување, кога има бетонирани ѕидови покрај дијафрагма или постојни објекти, Bentotex се прицврстува на веќе претходно подготвен ѕид, со ширина на преклопот до 15 см. Потребно е да се користат прицврстувачи на секои 30 см. При поставување арматура и еднострана оплата, се бетонира нов ѕид. За поставување покрај оплата, Bentotex се поставува на внатрешната страна на надворешната оплата да виси, или се прицврстува на некои места додека не се бетонира. На веќе бетонирани ѕидови, Bentotex се прицврстува со прицврстувачи за ѕидот со

ширина на преклопот од 10 см. Предности на Bentotex при вградување се: тој е робусен производ кој е отпорен на временски неприлики; едноставно се вградува и едноставно се ракува на самото место; во потполност се искористуваат физичките (одлично припивање) и механички својства (флексибилност) на компонентите од кои е изработен; многу голема отпорност на дупчење; геотекстилите овозможуваат врвна заштита од механички оштетувања кои можат да се случат во текот на инсталација на самото место; обично не е потребна друга заштита помеѓу армираниот бетон и оваа изолација. Тој е нестабилен на дејството на УВ зраци и потребна е брза апликација и прекривање со предвидениот градежен материјал. Поради својата поголема тежина, односно 1500-2000 грами на метар квадратен, се произведува и се испорачува во ролни во три стандардни големини (1м x 2м, 2м x 20м, 4м x 20м). Иако се препорачува Bentotex да се вградува во сува состојба, тој во многу примери од пракса се користел откако бил натопен со вода пред да дојде во контакт со површината на која се нанесува. Материјалот е самоисцелувачки, ако со игла издупчите конструкција од овој материјал и ставите вода, таа ќе се претвори во гел и ќе се применува при изолација

која трае

вечно

Предностите на хидроизолациониот композит на Bentotex се рационализација на времето и намалување на

трошоците на градежните работи. Односно, хидроизолација (водонепропустливост и гасна непропустливост), брзо и едноставно вградување (се одмотува и се покрива),

се вградува во сите временски услови. За изработка на производот се користат еколошки прифатливи материјали. Се заштедува на градежни материјали, бидејќи може да се користи наместо класичната изолација во неколку слоеви.

Природна ХИДРО ИЗОЛАЦИЈА

Page 22: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010322

на подни плочи од армиран бетон, изолација на потпорни столбови, при изградба на вертикални ѕидови со оплата, покривање и затворање на контаминирани ѕидови, обложување на дно на депонии, канали и корита, при изградба на подземни гаражи, подрумски простори, базени за пливање и сл. При складирање на хидроизолациониот материјал потребно е да се обезбеди заштита од временски влијанија. Местото да биде темно и суво. Bentotex континуирано се подложува на контрола на квалитет во сопствената и во независни лабаратории со што се овозможува континуиран квалитет на производот.

јулијана гераСиМОВСка

М-ПрОФил од Хрватска, е фирма која се занимава со проектирање, производство и монтажа на челични

конструкции; производство и пласман на контејнери за најразлична намена; производство и продажба на лимови и сендвич панели со различен опсег на

дебелина, геометрија и примена; производство, монтажа и пласман на ПВЦ и алуминиумска браварија, профили

за сува градба и арматурни мрежи; производство и пласман на производи од неткаен текстил.

Page 23: PORTA3 134

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 24: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010324

градежништво

Тема на годишнава конференција за енергетска ефикасност „КОСМО 2010“, која се одржа под

покровителство на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, беше „Енергетски ефикасна градба“. На неа беше истакната важноста на енергетски ефикасните градби, важноста од постоење на законската регулатива во оваа област, како и тешкотиите со кои се соочуваат зелените партии во процесот на лобирање за измена на законските акти. „Еден од проблемите е постоењето на малку стручни луѓе во министерствата кои се обучени на оваа тема. Втор проблем е како да им се доближи темата на обичните граѓани и најчесто ја објаснувам преку сметките за струја. Државата треба да се заложи за давање зелени кредити наменети за т.н. зелени политики. Тоа

не е задолжување, тоа претставува инвестиција. Во Хрватска, на пример, постојат фондови за животна средина и енергетска ефикасност. На овој начин енергетската ефикасност станува достапна и исплатлива“, кажа Лилјана Поповска, од политичката партија ДОМ.Европската Унија денес увезува 50 проценти енергија. Ваквата состојба на енергетски план е слична и во нашата земја. Се соочуваме со голема енергетска потрошувачка, додека изворите на енергија стануваат се поретки, а со тоа и цената на енергијата постојано расте. Македонија, како и другите земји во регионот кои не се дел од Европската Унија, се во фаза на приближување на своите законодавства кон европската директива за енергетски перфоманси на објектите, според која до 2020 година треба да се намали

потрошувачката на енергија на зградите за 20 проценти. За таа цел, во склоп на Законот за енергетика, донесен е Правилник за енергетска ефикасност. Со овој Правилник се одредуваат максималните вредности за топлинска пропустливост ( U=W/mlK) низ преградите на градежните објекти. Се одредуваат и барањaта за заштита во однос на продор на влага, неконтролирано навлегување на воздух и заштита од сонце, како и максимални специфични количини на примарна енергија (kWh/ml) годишно. Овие количини на енергија се употребуваат за задоволување на потребите за греење, ладење, вентилација, подготовка на санитарна топла вода и осветлување на градежниот објект како целина. Целта на Правилникот е подобрување на енергетските карактеристики на

градежните објекти, замајќи ги предвид надворешните климатски и локални услови, како и внатрешните климатски барања и економичност. Во овој Правилник јасно е кажано дека енергетската ефикасност мора да се предвиди уште во фаза на проектирање на објектите.За да се постигне висока енергетска ефикасност на еден објект, потребно е задоволување на повеќе фактори: добра термичка изолација на објектот, добра вентилација со искористување на топлинската енергија на влезниот и излезниот воздух, користење на обновливи извори на енергија со висок коефициент на ефикасност и акумулација на топлинска енергија, дополнително искористување на вишокот топлинска енергија и други. На КОСМО 2010 своја презентација имаше инж.Ангелина Кузмановиќ

конференција за енергетска ефикасност „кОСМО 2010“

ДА ГРАДИМЕ СО МАТЕРИЈАЛИ КОИ ШТЕДАТ ЕНЕРГИЈА

Македонија, како и другите земји во регионот кои не се дел од Европската Унија, се во фаза на приближување на своите законодавства кон европската директива за енергетски перфоманси на објектите, според која до 2020 година треба да се намали потрошувачката на енергија на зградите за 20 проценти. Со Законот за енергетика во Македонија, донесен е и Правилник за енергетска ефикасност. Со овој Правилник се одредуваат максималните вредности за топлинска пропустливост ( U=W/mlK) низ преградите на градежните објекти. Во него јасно е кажано дека енергетската ефикасност мора да се предвиди уште во фаза на проектирање на објектите.

`

Page 25: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 25

рубрика

Page 26: PORTA3 134

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 27: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 27

градежништво

од KNAUF Insulation. Според неа, голема е предноста од градењето на објекти со кои се штеди енергија. Речиси 50 проценти од вкупната потрошена енергија во светот е од домаќинствата, а 60 проценти од неа е за ладење и греење. Некои истражувања покажале дека со вградување на изолациони материјали на фасадите и на покривите на објектите се заштедува од 30 до 60 проценти од вкупната енергија потребна за греење и ладење. Вложените средства се враќаат за четири до седум години. Термоизолационите материјали на KNAUF даваат врвни резултати во топлинската, звучната заштита и заштитата од пожар. Минералната волна со кафена боја е новиот производ кој претставува биоразградлив материјал за чие производство се троши 70 проценти помалку енергија. Кафената волна е со подобар квалитет и во однос на микрочестичките што се ослободуваат од самиот материјал и што ги вдишуваме.Јован Пљаков и Ѓорѓи Андоновски од REHAU ги презентираа геотермалните системи кои оваа

фирма ги нуди. „Геотермијата, независно од условите и климата, е секогаш на располагање и со тоа најнезависниот вид на обновливи енергии“, посочи Пљаков. Постојат неколку начини на кои се искористува топлината на земјата и тоа со: геотермални колектори, хеликс-сонда , геотермални сонди и енергетски столбови. Освен овие системи, REHAU произведува и системи за искористување на сончевата енергија и системи за површинско ладење и греење. Компанијата во моментов работи на првиот пасивен административен објект во Струмица за кој се претпоставува дека ќе ги врати вложените средства за пет години.Ивица Јанда ја претстави KUMAL од Хрватска. Фирмата се занимава со производство на врзивни материјали и изолации. Особено се горди на нивниот нов производ „Симапор“, или сив стиропор кој за 30 проценти е подобар од белиот. Се раликуваат по тоа што кај сивиот не се користат рециклирани состојки и не се користат избелувачи. Додадени се специјални адитиви кои служат да ги подобрат својствата на стиропорот. Со тоа

стиропорот содржи повеќе воздух кој претставува најдобра изолација.Герхард Шредер од фирмата PROFINE која произведува прозорски системи од PVC и PVC-алуминиум , посочи дека постојат прозорски системи кои заштедуваат дури до 50 проценти енергија. „Треба да се има предвид дека прозорските системи се само еден дел од целата градба и оти е нормално и на остатокот од градбата да и се посвети внимание во однос на енергетската ефикасност. Во Германија енергетската ефикасност е се повеќе застапена во градбите, бидејќи енергијата станува се поскапа, а материјалите за изработка на енергетски ефикасни куќи поевтини“. Тој појасни дека европските прописи дозволуваат субвенционирање само на градби кои штедат енергија. Контролата какви градежни материјали се вградуваат во еден објект ја води таканаречениот „енергетски пасош на објектот.“

јулијана гераСиМОВСка

За да се постигне висока енергетска ефикасност на еден објект, потребно е задоволување на повеќе фактори: добра термичка изолација на објектот, добра вентилација со искористување на топлинската енергија на влезниот и излезниот воздух, користење на обновливи извори на енергија со висок коефициент на ефикасност и акумулација на топлинска енергија, дополнително искористување на вишокот топлинска енергија и др. Истражувањата покажуваат дека со вградување на изолациони материјали на фасадите и на покривите на објектите се заштедува од 30 до 60 проценти од вкупната енергија потребна за греење и ладење. Вложените средства се враќаат за четири до седум години.

`

`

Page 28: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010328

архитектура

Во објектот на Canels 59 Building во Bosque de las Lomas, Mexico City, архитектите од студиото

Garduno Arquitectos се обидуваат да ја разбијат стереотипноста на станбените згради со сместување на станови кои изгледаат како индивидуални домови. Секој простор во внатрешноста е поврзан со визуелна референца на зеленило во надворешноста и нуди ново архитектонско решение кое “не припаѓа на одреден архитектонски стил”. Архитектите успеале на мала површина за градба да сместат 6 вертикални волумени на домови и да остават голема површина за зеленило. Становите наликуваат на куќи. Имаат 3 спални соби, 2 соби за дневен престој, трпезарии и економски простории. Секој стан е на две нивоа, а дневниот престој е двовисински простор. Материјализацијата е направена со бетон кој е оставен необработен.

МекСикО

К уќата и ателјето Agryl од D-form е невообичаен дом и место за работа, кој ја надминува “архитектонската

стереотипност” на Единбург. Архитектите преку експресивна архитектура која е контрапункт на урбаниот јазик на наследениот контекст сакале да започнат архитектонска револуција. Објектот е сместен на локација 4.5/30м помеѓу два историцистички објекти: библиотека во Арт Нуво стил и објект од 20 век. Во надворешноста бруталната динамичност на бетонот создава јаки форми кои експлодираат покрај уличниот ѕид. Во внатрешноста, пак, ве дочекува минимализам во ателјето на долните нивоа. Енергијата на просториите во домот кулминира со дневна соба која нуди престој под отворено небо.

шкОТСкА

ЕКСПЛОЗИЈА НА фОРМИ

СТАНОВИ КАКО КУЌИ

Page 29: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 29

архитектура

Голема идеја, мал архитектонски објект. Ова е најкусиот опис на

новиот проект Min House на Архитектонското студио Pop-Arq. Куќата претставува дел од станбена низа куќи во Буенос Аирес, поставени во многу долга и тесна локација и поврзани со единствен коридор. Во овој случај станбената единица е сместена помеѓу објекти, без врска со улицата и се отвора кон сопствен двор. Концептуално куќата е решена како објект со две простории, со приземје и кат. Во приземјето трпезарија, кујна и дневен престој, додека во горниот кат се наоѓа спалната соба. Објектот обложен со црвен лим, во внатрешноста има прегради од тенки и лесни материјали кои дефинираат флексибилни простории. Авторите сметаат дека не постојат лоши и добри материјали, туку само архитекти со или без фантазија. Затоа просторот го дефинирале со најевтините материјали на пазарот и употребиле многу фантазија за да ја создадат визуелната слика во ентериерот.

Победничкиот проект на Архитектонското студио 3XN за влезот Vallingby Parkstad во Стокхолм, Шведска, претставува нов урбан и архитектонски репер за овој град. Објектот обединува различни програми за домување,

работа и одмор. Разиграниот дизајн на фасадата, еден вид лебдечки парк, ја отвора архитектонската структура кон околината и зеленилото, дозволувајќи

од друга страна и самиот тој да прерасне во природен пејсаж. Густата градска структура во приземјето нуди повеќе активности за посетителите. Архитектите сакале да создадат контраст со традиционалната архитектура во околината, меѓутоа истовремено преку дизајнот да ја задржат антропоморфноста на просторот. Изградбата се очекува да започне во 2011 година.

шведСкА

АргенТинА

3XN ПОБЕДИ НА КОНКУРСОТ ЗА НОВ ПЕЈЗАЖЕН РЕПЕР НА СТОКХОЛМ

ГОЛЕМА ИДЕЈА ЗА МАЛ ОБЈЕКТ

подготви: Александра шекутковска

Page 30: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010330

критика

10 најголеми архитектонски утки

Зградите некогаш се лоши поради аматерската изведба, но почесто се работи за преголемата амбиција на архитектите што знаат да се „заборават“ во своите дизајнерски решенија сакајќи да создадат бесмртно дело. Witold Rybczyn-ski, професор по урбанизам во Пенсилванија (САД), во текстот „Добар обид“ (Nice Try) поставен на сајтот Slate.com, го сврте вниманието на светската јавност посочувајќи 10 големи утки во архитектурата, кои се одбрани според едноставни критериуми: преголеми буџети, познати имиња на архитекти, славни проекти и .... лошите архитектонски решенија кои им создаваат големи проблеми на инвеститорите.

Stata Center, Frank Gehry (MIT)

Кога MIT ја отвори новата зграда Stata Center во 2004 година, идиосинкратичното решение на архитектот Frank Gehry кај многумина создаваше чувство дека зградата се распаѓа. Три години подоцна, овој впечаток се засили кога Универзитетот го тужеше архитектот и изведувачот за проектантски и изведувачки грешки.Robert Campbell, архитектонскиот критичар за Boston Globe, истакна дека MIT морал да знае што ќе се случи. „Ако градите објекти на Frank Gehry , знаете дека ќе има голем број проблеми по изведбата на објектот“, вели тој.

Denver Art Museum, Libeskind (Denver)

Denver Art Museum е објект кој привлекол внимание не со дизајнот на проектанското биро Studio Daniel Libeskind, туку со прокапувањето вода од таванот. Иако нов, морал да се реновира, а работите вклучувале обложување на делови од покривот, повторна изградба на парапети и модификација на светларникот. Според локалната телевизиска станица, градот што е сопственик на зградата и изведувачот на работите, се во период на медиација за да се договорат кој ќе ја плати штетата и кој е за неа виновен. Можеби ќе помислите дека денверските обилни снежни врнежи имаа пик на склоноста на архитектите да се зафатат со необична и неиспробана форма, но потрагата за иновации, охрабрена од јавноста што преферира такви градби и попустливи клиенти, очигледно преовладале со здравиот разум. На експериментите им е место во лаборатории, не на градилиште, заклучува Rybczinsky.

`

Page 31: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 31

критика

10 најголеми архитектонски утки

East Building, I.M. Pei (Washington) „Архитектонското дело треба да го посматраме од временска дистанца која ќе покаже дали е добро или лошо“, вели I.M. Pei во документарниот филм за архитектите First Person Singular, Peter Rosen од 1997 год. Иронија е што зградата East Building во Вашингтон, што многумина ја сметаат за негово ремек-дело, по 30 години од изградбата мораше комплетно да се реновира поради големиот број грешки во проектот.Како најголема грешка се смета тоа што фасадните панели од мермер почнале да попуштаат и 16.200 камени плочи морале да бидат реинсталирани. Вредноста на реновирањето е проценето на 85 милиони долари. Според Wall Street Journal, проблемот е во тоа што фуги помеѓу плочите всушност и не постојат, па нема простор за „работа“ на мермерот како последица на температурните промени.

Hancock Place, I.M. Pei & Partners (Boston) Овој објект во Бостон, изграден помеѓу 1965 - 1972 година, претставува пример за совршена минималистичка структура. Уште пред отворањето на овој облакодер од 60 катови, стаклото создавало проблеми, а прозорските окна паѓале под дејство на ветерот. На крајот, толку многу прозорци се искршиле што жителите на Бостон објектот го нарекле "Ply in the Sky" (шпер плоча во облаците). Панелите составени од двослојно рефлексно стакло, кое создава ефект на кристал, не пукале поради силниот ветар, туку затоа што надворешниот слој на стаклото имал поинакви дилатации од внатрешните. Исто така, зградата е многу вита, па било потребно повеќе челик за конструкција, како и дополнителен механизам за контрола на претераното извивање. Објектот е пример за опасноста на испитувањето на крајните граници на технологијата во пракса.

Lincoln Center, Abramovitz (New York)

Кога Lincoln Center Philharmonic Hall бил отворен во 1964 год. во Њујорк, било очигледно дека има некаква сериозна грешка во проектот затоа што акустиката на салата била исклучително лоша. Max Abramovitz, архитектот на салата, повеќе го интересирал дизајнот на фасадите, отколку практичноста на објектот. Акустичарот Leo Beranek, бил безгласна буква и не успеал да го наметне своето решение. По пет обиди да се решат проблемите на акустиката, преземени се драстични мерки, и во 1976 година зградата доживеала комплетна реконструкција. Овој пат архитектот Philip Johnson со акустичарот Cyril M. Harris, ги спуштиле плафоните, го смениле аголот на подот и ја замениле заднината на бината. Новата зграда добила и ново име, Avery Fisher Hall, и била подобра од претходната. Овој пат музичарите можеле барем да се слушнат самите себе, но тоа било се уште далеку од објект со добра акустика. Во 2005 година објектот е реконструиран уште еднаш, исто така со цел да се подобри неговата акустика, овој пат според бирото на Foster + Partners.

`

Page 32: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010332

критика

Centar Georges Pompidou, Rogers i Piano (Paris)

Отворањето на Centar Georges Pompidou беше голем спектакл во 1977 година на кој се уште се сеќаваат постарите Парижани. Сепак, 20 години подоцна, зградата е затворена поради голема реконструкција. Француските власти тогаш

тврдеа дека во прашање е само обична обнова, поради интензивната употреба на популарниот музеј.Но, „шминкањето“ потрајало три години и чинело безмалку половина од сумата за која е изградена, па во јавноста почнало да се шушка за грешките

во проектот и во изведбата на објектот. Архитектите Richard Rogers и Renzo Piano, создале иновативно решение изложувајќи ги пред фасадите не само конструктивните елементи, туку и лифтовите, скалите, цевководите и другите инсталации. Се воспоставило дека ова и не е така добра

идеја, дури и во релативно благата париска клима. Ни Rogers, ни Piano, никогаш повеќе не направија ваква брзоплета грешка во кариерата.

Millennium Bridge, Foster, Caro i Arup (London)

Тимот што го проектирал победничкото решение за мостот Милениум преку Темза, го вклучувал не само архитектот Норман Фостер, скулпторот Антони Каро, туку и една од најголемите градежни компании на светот АРУП.Мостот требал да има ниска профилација која резултирала со конструкција со подвижна суспензија. Сепак, три дена по отворањето, пешачкиот мост морал да биде затворен. Проблемот бил во тоа што проектантите се навикнале да работат со едноставни движечки оптоварувања, како што се автомобили и возови. Меѓутоа, тежината на човекот се пренесувала од една на друга нога создавајќи попречни сили, а овој мост во еден момент има на себе и по 2000 луѓе. Флексибилниот мост ги примал овие движења, се свиткувал на страна, што доведувало до понатамошно зголемување на страничната амплитуда. Било потребно две години за да се проектираат и изведат амортизери кои го решиле проблемот на мостот што Лондончаните сега го нарекуваат Wobbly Bridge (wobbly -климав).

`

`

`

Page 33: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 33

критикаконцепт на градот,

Le Corbusier

Во 1950 година, кога државните фондови станаа

отворени за урбаната реконструкција и

масовната станбена изградба, архитектите и урбанистите сметаа

дека имаат одговор за изградба на цели

градови. Еден од нив е концепт на градот

Radiant City на Le Cor-busier. Toj се базирал

на големи блокови со стандардизирани

паркинзи, наместо традиционални улици

и збиени згради. Наскоро, десетици

илјади луѓе биле сместени во овие

утописки населби. Тогаш, сместувањето

семејства на височина не само

што се покажало како многу лоша идеја, туку проблем бил

и концентрацијата на сиромаштија.

Вандализмот, криминалот и

наркоманијата цветале.куќата на водопадите, Frank Lloyd Wright

Frank Lloyd Wright исто така експериментирал, и тоа со подното греење, со облакодери направени од заварени стаклени цевки, со ингениозни евтини конструктивни решенија од дрво и бетон.. . . Некои од експериментите функционирале, други не. Wright кратко студирал градежништво, но неговите идеи во врска со конструкцијата биле повеќе плод на интуиција, отколку на вистинско знаење. Според историчарот на архитектура Franklin Toker, Wright-oвите асистенти често го зголемувале бројот на арматурните шипки без негово знаење. Тој имал успешни конструкции, како што е на пример, хотелот Империјал во Токио што издржал серија големи земјотреси, но и многу неуспешни конструкции кои биле демонстрирани со паѓање на конзолите. Најдраматичен пример е куќата на водопадите. Нејзините висечки балкони кои и даваат карактер, почнале да се извиваат веднаш по завршување на изградбата во 1937 година. Во 2002 година ултразвучните тестови покажале дека арматурата во конзолите е несоодветна и дека постои опасност балконите сосема да се срушат.

Cité de Refuge, Le Corbusier (Pariz)

Во 20-тите години на минатиот век, рамните покриви важеле за ризично решение во објектите. Меѓутоа, тоа не го спречило Le Corbusier, токму овој вид покрив да го направи препознатливиот знак на интернационалниот стил.Le Corbusier ќе остане запаметен во историјата и по тоа што предложил механички запечатени згради со систем за вентилација и надворешни ѕидови од двојно стакло помеѓу кои струи топол или студен воздух.Willis Carrier успешно ја инсталирал климатизацијата во зградата Бруклин речиси три децении порано, но таа техногија уште тогаш била новост во Европа. Во 1929 година Le Corbusier добил шанса да ја тестира својата идеја на зградата Cité de Refuge, во хостелот на Армијата на спасот во Париз. Оваа зграда и денес изгледа восхитувачки, ама нејзините карактеристики се лоши. Ограничениот буџет дозволил само едноструко стакло на јужната фасада. Во зградата било толку жешко, што управата наредила вградување на прозорци кои можат да се отвораат.

`

`

Page 34: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010334

архитектура

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 35: PORTA3 134

Васил Ѓоргов 21 вл .2 , лок .8 , 1000 СкопјеТел: +389 2 3243 790Факс: +389 2 3243 796bi roproekt@bi roproekt .com.mk b i r o p r o e k t . c o m . m k П

РО

ЕК

ТИ

РА

ЊЕ

ПР

ОЕ

КТ

ИР

АЊ

ЕМАРКЕТИНГ

МАРКЕТИНГ

Page 36: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010336

архитектура

Да се започне нов живот надвор од забрзаниот ритам на големиот град и

да се ужива во мирот на малото гратче Almonacid de la Sierra во Сарагоса, била идејата на младиот брачен пар од Шпанија, кој ги ангажирал архитектите Maria Langarita и Victor Navarro од студиото Langarita Navarro Arquitectos, да го направат проектот за нивната куќа.

Целта на архитектите била да проценат кои станбени услови и потреби би можеле да ги мобилизираат сите форми на

домување и да ги спротивстават на искуството и желбите на клиентите. Разговорот со нив довел до покажување на двојност во интересите: од една страна тие инсистирале на современ начин за користење на станбениот простор, неговата организација и удобност кои ги има секој урбан стан, а од друга страна, имале барање за неограничен, активен живот, поврзан со надворешноста што носи еден “див живот” надвор од цивилизацијата.

Локацијата на која е изградена

куќата има благ пад кон север. Од неа се отвора широк поглед кон обработливата долина на планинскиот град Algairen, познат по производство на вино и масло за јадење. Куќата е сместена среде плантажа со маслинки на северната страна од плацот, со мала градина на југ која ја одделува од улицата и и дава приватност. Куќата содржи приземје и кат. Приземјето е решено како издолжена правоаголна структура. Куќата е замислена како објект за домување од модерната, со

Куќата Almonacid de la Sierra, во Сарагоса, ја репрезентира

двојноста на интересите на сопствениците, што

од архитектите барале да создадат објект кој ќе биде

комфорен и практичен како и секој урбан стан, а од друга

страна, ќе биде засолниште за нивниот “див живот”

надвор од цивилизацијата.

МИРЕН жИВОт СРЕДЕ ПлАНтАжА

СО МАСлИНКИ

`

Page 37: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 37

архитектура

МИРЕН жИВОт СРЕДЕ ПлАНтАжА

СО МАСлИНКИ

Page 38: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010338

архитектура

јадра за кујна и купатило кои ги одвојуваат различните животни простори и обезбедуваат независност и ориентација кон две страни на светот, како и природна вентилација. На катот има големи тераси кои гледаат кон долината и кон плантажата со маслинки. Над него се поставени неправилни геометриски платформи, покриени со структурни дрвени греди. Тие служат како тераси и директно се поврзани со купатилото, кујната и спалните. Средишното комуникациско јадро, кое овозможува пристап кон горниот кат, е одвоено со две површини, гаража и дел за релаксација.Надворешниот дел на терасата е покриен со дрвени косници кои овозможуваат привид на интимност од улицата.

ангел СитНОВСки, дипл.инж.арх.

Page 39: PORTA3 134

www.g-u.de

Podizno-klizni elementi na idninata

Garantirana za{teda na energija

Gretsch Unitas - pove}e od proizvod

So svojot kapacitet na dobavuva~ na sistemi, Gretsch Unitas

grupacijata ova godina na saemot BAU vo Minhen ja ima

prezentirano novata generacija na elementi za podizno-

klizni sistemi so 88 mm za drvena stolarija; pravej}i go toa

GU napravi is~ekor zadovoluvajki gi barawata na

Germanskata Regulativa za za~uvuvawe na Energija EnEV u{te

pred istata da stapi vo sila. Posebno za ovoj sistem, vaka

testiran prag GU-Thermostep se ispora~uva so zgolemena

dlabo~ina. Kako posledica od toa, ovoj unapreden podizno-

klizen sistem se odlikuva isto taka so izvonredna termalna

za{tita {to rezultira so golema za{teda na energija. U{te

pove}e, novata gorna {ina vodilka e razviena za da gi obedini

pridobivkite koi postojat kaj Gretsch Unitas sistemite.

Kako dobavuva~ na hardverski sistemi, Gretsch Unitas (GU) e

sekoga{ vo pozicija da izleze vo presret na barawata na

pazarot i da gi zadovoli site barawa na kupuva~ite

individualno i nezavisno. Vo sorabotka so vode~kite

proizvoditeli na PVC i aluminiumski profili, Grupacijata

ima razvieno i implementirano mno`estvo na re{enija koi

{to se rangirani so CE sertifikati i so WK-2 testovi na

sigurnost vo svoite laboratorii kako i vo akreditirani

institucii. Kako vode~ki proizvoditel na hardverski

re{enija Gretsch Unitas Grupacija u`iva svetska reputacija

kako dobavuva~ na sistemski re{enija so kvalitet kakov {to

go zaslu`uvaat nivnite klienti.

Prvite podizno-klizni sistemi se pojavija vo dale~nata 1958 godina od kompanijata Gretsch Unitas

(GU), kako sistemi nameneti za drveni profili - koi vo toa vreme bea i edinstveni {to se koristele.

Od toa vreme navamu GU kompanijata ja nametnuva svojata liderska pozicija kako promoter na state-of-

art hardverski re{enija za podizno-klizni elementi.

Ovaa godina na pazarot, po koj znae koj pat po red, GU ja pretstavi nova lista na podobruvawa i

unapreduvawa na podizno-klizen sistem preku niza inventivni re{enija:

Èíîâàöè¼à è òðàäèöè¼à - ïîäèçíî-êëèçíè åëåìåíòè

Page 40: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010340

рубрика

www.gim.com.mk

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА”Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

Page 41: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 41

спортски храмови

Љубљана ќе добие нов супермодерен и функционален спортски

центар "Стожице" во чиј состав ќе доминираат новиот фудбалски стадион на ФК Љубљана и затворената спортска Арена со повеќе намени која ќе биде новиот дом на популарниот кошаркарски клуб Олимпија.Изградбата на целиот комплекс кој ќе опфати и дополнителен деловен објект во вид на шопинг-центар е во завршна фаза. Целиот комплекс се издигнува на 182.000 м2, а покрај стадионот и арената, заедно со шопинг-центарот, е планирано доосовременување на просторот со модерен забавен парк кој ќе обезбеди висок степен на интеракција меѓу спортските програми и комерцијалните активности.Спортскиот парк Стожице, со ова ќе стане една од главните и централни точки на урбаниот живот на Љубљана. Фудбалскиот стадион се гради со капацитет од 16.000 места и ќе биде поставен под платото на паркот. Идејата е тој едноставно да "потоне" под паркот, а само покривот да се издигнува над рамнината на истиот како еден монолитен кратер. Над трибините ќе се протега мрежест покрив, кој треба да го нагласува чувството на ентериерот. Трибините ќе бидат спуштени скоро до рабовите на игралиштето, што ќе овозможи едно сосема поинакво искуство за гладачите, кои ќе бидат многу блиску до теренот за игра. Спортската сала ќе има капацитет од нешто повеќе од 12.000 места. Лоцирана е во северо-западниот дел на паркот. Истата ќе се издигнува на 4 нивоа. Покрај платото на влезот, ќе има едно ниво за пристап до трибините, еден ВИП дел и едно ниво во форма на школка на куполата. Овие контури и даваат една посебна форма

на салата, во облик на школка која ќе се отвори со заоблен поглед кон паркот. Однадвор стадионот ќе биде обложен со елементи кои ќе ја менуваат бојата во зависност од надворешните услови и гледањето од далечина. Во состав на овие спортски капацитети се гради и шопинг-центар кој ќе го опфати целиот подземен простор меѓу двата спортски објекти, а до него ќе биде изграден и подземен паркинг со голем капацитет до 3500 места. Над него ќе се изгради вештачки технички пејсаж составен од препознатливи микро-амбиенти. Планирано е поставување на тениски терен, скејт-патека, како и лулашки за деца.

Сашо кУЗМаНОВСки

ЉУБЉАНАГО ЧЕКА ОТВОРАЊЕТО НА СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС

ФАКТИ ЗА "Спортски парк СтОЖице" - ЉубљанаСтадион: 16.038 местаПовршина на покрив на стадион: 33.738 м2Спортска сала: 12.480 местаПовршина на покрив на сала: 35.496 м2Шопинг центар: 55.000 м2Простор за градба: 182.000 м2Период на изградба: 2009 - 2011Дизајнери: Садар Вуга Архитекти, АККА, Ателиер ОНЕ (Лондон)

"Спортски парк Стожице" - Љубљана

Page 42: PORTA3 134

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

Skopje, R.Makedonija

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 tel: ++389 2 2050 809

faks: ++389 2 2050 264 [email protected]

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

... СОЗДАВАЈ СОПСТВЕНИ ПОРТИ ...

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

... СОЗДАВАЈ СОПСТВЕНИ ПОРТИ ...

маркетинг тел: 3243 790; 3243 797

Page 43: PORTA3 134

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected] јули 2010 ПОРТА 43

наукаМИхАИл ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА

фРАНЦИЈА (2)Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

г одините непосредно по Втората светска војна за француската архитектура претставуваат период на сложена и во извесна

мера противречна еволуција. Тогаш се ставаат на повторно вреднување не само одделните примери, туку и самите принципи на веќе воспоставените концепции од 20-тите години. Во однос на претходниот период, ситуацијата целосно се менува поради следните причини: се јавува просперитет во градителството, тежиштето се поместува на социјалната станбена изградба, нормативите во градењето се прошируваат, при што се јавува потреба од интердисциплинарни архитектонски тимови, и на крајот, се зголемува потребата од градско и регионално планирање.

Големата можност што ја пружа повоената обнова во Франција, слично како и во другите земји, не е искористена на вистински начин. Не е остварен генералниот урбанистички план за Сен Дие (1945) од Ле Корбизје, а грандиозната градска апстракција

на Огист Пере за обнова на Авр, неговите ученици не успеваат целосно да ја оживотворат.

Околу 1955 година доаѓа до пресврт во француската архитектура благодарение на новата генерација архитекти, кои имаат поминато низ ателјето на Ле Корбизје, или пак се негови приврзаници. Овие архитекти се залагаат за разгледување на сите проблеми во архитектурата и урбанизмот, под паролата на т.н. тотален хуманизам. Примерот на инженерот Жан Пруве претставува помирување на монументалноста, присутна во доцните творби на Ле Корбизје, со апстрактната транспарентност присутна во творбите на Мис ван дер Рое.

ЖАН ПРУВЕ (1901-84) е голем градител кој во европската архитектура внесува значајни новини во економичната префабрикувана изградба, што резултира со нова естетика. Под негово раководство, градежните материјали започнуваат да се произведуваат со нова технологија најпрвин во Нанси, а од 1954 год. тој отвора своја консултантска фирма во Париз.

Најкарактеристичните градби на Жан Пруве можат да се сместат во четири основни типови, и тоа:

Кровните конструкции носени од челични потпори и асиметрично раширени “раце“, кои се стабилизирани со затегнати кабли.

Куќите од префабрикувани елементи привлекуваат особено внимание поради нивната функционалност, просторен

ефект и новите форми, како соодветен одраз на машинската епоха. Таква е прототипската куќа на свештеникот Пјер (1956, со јадро од префабрикувани бетонски елементи) и типската куќа Сахара (1958).

Челичните просторни решетки за покривање на големи распони се видливи кај: изложбената сала во Гренобл (1967) и бензинските сервисни станици Тотал (1958).

Фасадната ѕид-завеса со совршени детали е употребена за градење на голем број училишта, станбени блокови и административно-деловни објекти, од кои најпозната е административната кула Нобел во Дефанс кај Париз (1967-69), направена во соработка со Жан де Меји и Жак Деписе.

Во преродбата на француската модерна архитектура, по 1955 година се вклучени голем број архитекти, при што некои од нив даваат особен придонес во таа насока.

Жорж Кандилис (роден 1913) и неговите соработници Јосиќ и Вудс се значајни творци на модерната архитектура, како во Франција така и на територијата на северна Африка. Кандилис станува и значаен член на интернационалниот Тим Х, кој во 50-тите години бара начини за излез од кризата во која има западнато здружението CIAM. Големите архитектонско-урбанистички потези со кои се зафаќа Кандилис, се реализирани со помош на проширен тим автори и соработници. Тоа го докажуваат следните два примери:

Населбата Бањол сир Сез (1956) во близината на Авињон, која за своето време претставува најдобар станбен комплекс во Франција.

Станбениот реон Тулуз-ле-Мирај (1962-64-67), кои претставува најзначајно урбанистичко

остварување во Франција во повоениот период. Реонот е предвиден за сто илјади жители на површина од 800 ха, во непосредна близина на индустриската зона. За потребите на овој реон е создаден нов градски центар, кој ги содржи оние функции кои не можат да се сместат и не му припаѓаат на историскиот центар. За првпат во Франција, доследно е спроведена сепарацијата на моторниот од пешачкиот сообраќај. Главната градска улица е третирана како “линиски центар“, кој се развива и во внатрешноста на напречните улици. При конципирањето на урбаниот простор е овозможена партиципација на идните жители, како во оформувањето на планот така и во оценката на изграденото.

`

Page 44: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010344

портрет

ЗА ЧОВЕКОТ, ГОЛЕМО ДОБРО

ЗА ПЛАНЕТАТА

МАЛИ ПРОМЕНИ

Познатиот британски експерт Џејн Гудол повеќе од половина век ги проучува шимпанзата во националниот парк Gombe,

во танзанија. Нејзе треба да и заблагодариме за поголемиот дел од знаењето за животот на овие животни кои се блиски на

човекот. Денес, овој научник најмногу внимание посветува на својата фондација за промоција на заштитата на дивиот свет.

Познатиот британски експерт Џејн Гудол повеќе од половина век ги проучува шимпанзата во националниот парк Gombe,

во танзанија. Нејзе треба да и заблагодариме за поголемиот дел од знаењето за животот на овие животни кои се блиски на

човекот. Денес, овој научник најмногу внимание посветува на својата фондација за промоција на заштитата на дивиот свет.

Познатиот британски експерт Џејн Гудол повеќе од половина век ги проучува шимпанзата во националниот парк Gombe,

во танзанија. Нејзе треба да и заблагодариме за поголемиот дел од знаењето за животот на овие животни кои се блиски на

човекот. Денес, овој научник најмногу внимание посветува на својата фондација за промоција на заштитата на дивиот свет.

Page 45: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 45

Jane Goodall

Џејн Гудол живее во Африка од својата 26-годишна возраст проучувајќи го животот на шимпанзата.

„Уште пред да проговорам, ги посматрав овие животни и сакав да го научам нивниот јазик“, вели таа.Нејзините истражувања во резерватот Гомбе ни овозможија да дознаеме многу за нивниот живот и ни помогнаа да го разбереме нивното однесување.“Првата вистински значајна работа за која светот слушна е дека шимпанзата можат да научат да употребуваат и произведуваат алатки. Досега се сметаше дека тоа го умеат само луѓето и дека по тоа се разликуваат од животните“, вели Џејн.Гудол и нејзините соработници сметаат дека шимпанзата и по други нешта се слични на луѓето. „На пример, по долгорочната

љубов и поддршката што постои помеѓу членовите на семејствата. Шимпанзата живеат и повеќе од 50 години, а тие врски кај нив можат да траат и цел живот“, вели Џејн.Нејзиното интересирање за овој вид животни ја наведе да го основа Институтот Џејн Гудол што пружа заштита на шимпанзата и на нивните легла. Но, и покрај огромните напори на оваа група ентузијасти, бројот на шимпанза во Африка продолжува да се намалува. „Кога почнав да работам ги имаше помеѓу еден и два милиони, а сега се најмногу 300 илјади“, кажува таа. Најголема причина за тоа е уништувањето на нивната природна средина поради активностите на човекот. Еден од начините да се запре уништувањето на овие животни е задоволувањето на потребите на луѓето што живеат

во нивна близина. „Како да се спасат шимпанзата во нивните мали шумски оази, кога надвор од нив живеат повеќе луѓе, отколку што земјата може да ги нахрани?“ Во 1994 година, Гудол ја покрена програмата Тејкер што им помага на селаните во Танзанија да стекнат редовни приходи, без да ги убиваат шимпанзата заради заработувачка. „Селаните сфатија дека тие се важни исто колку и шимпанзата, па работите почнаа да се менуваат“, вели Џејн. Таа смета дека во заштитата на шимпанзата треба да се вклучат сите. Затоа, во 1990 година основаше програма која им помага на младите ширум светот да бидат активни во своите заедници. „Секоја група одбира еден од три вида проекти. Еден проект е за помош на луѓето, вториот е за помош на животните и третиот е за

помош на природата чии благодети сите ги уживаме“, објаснува таа. Доктор Гудол, дел од истражувањата на нејзиниот тим ги публикуваше во својата книга „Надеж за животните и нивниот свет“. Книгата, исто така содржи и стории за луѓето што и покрај препреките, успеале да ги спасат загрозените видови од изумирање. Во една од нив, на пример, се зборува за златниот тамарин, најзагрозениот примат во западната хемисфера и за напорите на зоолозите да создадат програма за нивно размножување кое ќе го спречи изумирањето на овој вид.Денес, во својата 76 година, оваа кревка старица и понатаму е шампион на заштитата на дивите животни. Речиси 300 денови годишно поминува во патување, пренесувајќи ја својата порака.

Кога секој од нас би размислувал за последиците на своите мали одлуки, за тоа што јаде, носи, купува, како ги остварува контактите со луѓето, животните и природата, би почнал да внесува мали промени во својот живот, кои можат да направат големо добро за целата планета. така ќе научиме повеќе да ја цениме природата и нашата поврзаност со неа“

Page 46: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010346

екологија

Истражувачите на полето на фотоволтаиците постојано се соочуваат со истиот проблем: како да ја зголемат

ефикасноста на овој процес на конверзија, но истовремено да ги намалат трошоците. Моментно, решение со најголем потенцијал во намалувањето на трошоците е т.н. concentrator photovoltaic (CPV), каде редукцијата на трошоците е обезбедена со замена на постоечките скапи PV ќелии со оптички системи со пониски трошоци. Во последните години сведоци сме на интензивен развој на CPV технологијата, така што веќе во 2008 година првите вакви

концепти се инсталирани во електраните. Првиот пример за ваков проект со значителна инсталирана моќност од 1MW, е електраната во Questa, New Mexico. Други примери сигурно ќе следуваат, и тоа со постојано зголемување на инсталираната моќност. CPV технологијата нуди повеќе предности, при што најзначајно е да се наведе дека совршено одговара за подрачја со високи амбиентални температури. Затоа, врз перформансите на овој систем надворешните температурни услови имаат помало влијание, отколку што е тоа случај кај која било друга PV технологија. Загубата во ефикасноста е приближно една третина од

загубата во ефикасноста кај ќелиите од кристален силициум. Оваа особина е исклучително значајна, со оглед на фактот што најдобрите локации за соларни електрани во светот, генерално се во подрачја со исклучително топла клима. Падот на ефикасноста за температурна разлика од 40K, (на пример при промена од стандрадни испитни услови од 250C, на работни услови од 650C) е убедливо најниска во споредба со другите технологии. CPV системите обезбедуваат енергија во вистинско време. Тие се секогаш насочувани, и тоа по две оски. Ваквото насочување овозможува секогаш оптимално производство на електрична енергија во текот

на еден ден, бидејќи панелите се поставени нормално на аголот на сончевото зрачење. Притоа, најважен е фактот што максималното производство се поклопува со максималната побарувачка на енергија. Супериорноста во поглед на карактеристиката на профилот на производство, како и високиот коефициент на ефикасност, овозможуваат убедливо најголемо можно остварено производство за одредена површина и убедливо најниски вкупни трошоци за производство (LCOE – levelized cost of electricity). Се разбира, со оглед на фактот што се работи за нова технологија, се уште претстои многу работа во процесот на

евтин

PVмодул за жешка клима

CPV технологијата нуди повеќе предности, при што најзначајно е да се наведе дека совршено одговара за подрачја со високи амбиентални температури. Затоа,

врз перформансите на овој систем надворешните температурни услови имаат помало влијание, отколку

што е тоа случај кај која било друга PV технологија.

CPV технологијата нуди повеќе предности, при што најзначајно е да се наведе дека совршено одговара за подрачја со високи амбиентални температури. Затоа,

врз перформансите на овој систем надворешните температурни услови имаат помало влијание, отколку

што е тоа случај кај која било друга PV технологија.

`

Page 47: PORTA3 134

имплементирање на концепти со пониски трошоци, повисока ефикасност и поголеми вредности на инсталираната моќност. Сознанието дека од страна на водечките производители на ваква опрема веќе се постигнати капацитети изразени во GW, укажува на тоа дека веќе голем дел од теоретските знаењa во оваа област нашле своја практична примена. Намалувањето на трошоците и зголемувањето на ефикасноста имаат тренд на постојан прогрес, и тоа по неколку проценти секоја година. Намалувањето на трошоците сепак е лимитирано од цените на влезните суровини (стакло, метали, полупроводници и сл.) CPV технологијата и во овој дел има две клучни предности: најпрво, ја сведува на минимум содржината на полупроводник вграден во модулот, благодарение на високата концентрација. Општо е познато дека кој било полупроводник е далеку поскап од кој било друг материјал кој се користи кај фотоволтаичните електрани. Од друга страна пак, колку е повисока ефикасноста (во случајов двапати повисока од онаа на стандарден PV модул), толку е поефективна искористеноста на сите други материјали во самиот модул.

Токму затоа, за слични волумени, CPV модулот ќе биде поевтин од која било друга PV технологија. На долгорочна основа, во структурата на производствените трошоци за електрична енергија и понатаму ќе доминираат фиксните трошоци поврзани со постројката: развивање на проектот, опрема и монтажа, како и трошоци за експолатација и одржување. Со цел намалување на LCOE на пониско ниво, производството на електрична енергија (kWh) треба да биде што е можно поголемо. Постојат два начина за зголемување на производството на електрична енергија: зголемување на ефикасноста на модулот, или насочување под оптимелен агол со сончевите зраци. Имајќи предвид дека концепцијата со насочувач има економска смисла само доколку ефикасноста на модулот е доволно висока (бидејќи таа опрема за насочување подразбира дополнителни инвестициони трошоци, тие трошоци треба да бидат компензирани преку вишокот енергија произведен со примена на овој концепт), повторно се враќаме на важноста на ефикасноста на модулот. Во поглед на ефикасноста, досега нема алтернатива на CPV технологијата.

Soitec, Concentric Solar, Fraunhofer ISE и CEA-Leti започнаа соработка за развивање на следната генерација високоефикасни CPV соларни ќелии. Новоразвиениот концепт на соларна ќелија се вика “Smart Cell” и ќе биде интегриран во т.н. FLATCON CPV систем. Комплетниот систем се состои од: модули, насочувач, инвертер, помошна опрема, како и хардвер и софтвер за мониторинг и регулација. Вакви инсталации се веќе поставени во Puertollano Шпанија, и на една локација во близина на Seville, исто така во Шпанија. Секој од насочувачите има свој сопствен инвертер, кој во исто време служи и за регулација на механичкото насочување, и како комуникациски порт со сопствена IP адреса. Ваквиот концепт на инвертер за CPV системи е развиен од Fraunhofer ISE во соработка со Concentrix Solar и во моментов има ефикасност од 96%. За регулација и мониторинг, секоја инсталација има два DNI (direct normal irradiation) сензори, два GNI (global normal irradiation) сензори, и два сензори за ветер.Првата генерација вакви системи или т.н. Gen I стартува со една испитна инсталација во Шпанија во 2008 година поврзана на мрежа. Оттогаш, па се до денес овој концепт

демонстрира висока енергетска ефикасност на праг на мрежа, и тоа во просек 20%, а максимално и до 23%. Независно од овој школски пример, две електрани со моќност од по 100kW се инсталирани кон крајот на септември 2008 година, односно кон крајот на октомври 2009 година. Во текот на 2009 година, сите заедно имаат произведено повеќе од 400MWh електрична енергија и го докажале во пракса предвиденото подобрување на перформансите од 5% во однос на стандардните технологии. Втората генерација на CPV концептот, т.н. Gen II има уште подобри перформанси. Просечната ефикасност на праг на мрежа е 22%, а максималната 25%. Во просек Gen II системот има повисока ефикасност од Gen I за околу 2 процентни поени.Во секој случај, општ е впечатокот дека технологијата на соларни ќелии според истражувачкиот развој ја почнува својата златна ера. Токму во овој период интензивно течат подготовките за инсталирање на повеќемегаватна електрана со CPV технологија во САД.

м-р Даниела МлаДеНОВСка, дипл.маш.инж.

екологија

Загуба на ефикасноста за различни PV технологии, при промена на температурата од 40К

Просечни и максимални коефициенти на ефикасност (%)

на праг на електрична мрежа за Gen I и Gen II FLATCON CPV системи

Оваа технологија ја сведува на минимум содржината на полупроводник вграден во модулот, благодарение на високата концентрација. Општо е познато дека кој било полупроводник е далеку поскап од кој било друг материјал кој се користи кај фотоволтаичните електрани. Од друга страна пак, колку е повисока ефикасноста (во случајов двапати повисока од онаа на стандарден PV модул), толку е поефективна искористеноста на сите други материјали во самиот модул. токму затоа, за слични волумени, CPV модулот ќе биде поевтин од која било друга PV технологија.

2 јули 2010 ПОРТА3 47

Page 48: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010348

екологија

Кина и Непал минатиот месец потпишаа Меморандум за разбирање за заштита и конзервација на животната средина

и биолошката разновидност во двете земји. Светската организација која работи на конзервација на дивиот свет (WWF) ја поздрави оваа иницијатива и ја означи како историски момент за двете земји, зашто нивните влади за првпат си подадоа раце во името на конзервацијата на биодиверзитетот, раководењето со шумите и заштитата на дивиот свет. Двете земји се согласија да ги применуваат обврските од меѓународните мултилатерални договори и конвенции за заштита на животната средина. Кина и Непал се две од 13-те земји во кои се уште може да се види тигар во дивината.- Потпишувањето на овој Меморандум е фундаментот за идна соработка меѓу двете влади на полето

на конзервација на биолошката разновидност, како и голема можност за спречување на шверцот со див свет и делови од животни - ја пренесува WWF изјавата на Дипак Бохара, министер за заштита на шумите и почвите во владата на Непал.Од WWF велат дека нивните здруженија во Кина и во Непал биле од голема помош во приближувањето и развивањето на соработката меѓу двете влади.- Оваа соработка ќе помогне за конзервација на природното наследство, а корист ќе има населението во двете земји - велат од WWF.Експертите за биолошка разновидност коментираат дека овој договор доаѓа во вистинско време, откако земјите во светот не го одржаа ветувањето дадено во 2002 година дека значително ќе ја намалат стапката на загуба на биодиверзитетот до 2010 година, Меѓународната година на биодиверзитетот.

Мачиња од 300 килограми

На сите тигри им е потребна густа вегетација, присуство на богат плен и пристап до вода, за да можат да преживеат. Различни подвидови тигри живеат во различни живеалишта што во основа ги задоволуваат овие критериуми - тропски дождовни шуми, зимзелени шуми, мочуришта, ливади, савани и во шуми од умерените појаси. На пример, во Бутан се пронајдени тигри и на височина од 4.000 метри, како живеат речиси заедно со снежните леопарди. Но, во Сундербан, тигри пливаат во мочуриштата заедно со ајкули и крокодили.Во зависност од подвидот и полот, должината на телото на тигарот вклучувајќи го и опашот, се движи меѓу 140 - 300 сантиметри. Само опашот е долг од 60 до 95 сантиметри. Машките единки од најголемиот подвид, Сиберискиот тигар, може да тежат до 300 килограми, додека машките

единки од најмалиот подвид, тигарот од Суматра, може да тежат од 100 до 140 килограми. Кај секој подвид машките единки се потешки од женските.Повеќе од 1.000 години тигарот се лови заради статус, заради изработка на декоративни прекривки за на ѕид, или за на под, и за употреба во традиционалните азиски лекови. Како што велат во WWF, ловењето заради спорт коешто почнува некаде во 1930 година, веројатно е најголемиот виновник за наглото опаѓање на популацијата на тигарот во светот. Во некои региони на тигарот се гледало како на штетник кој требал да биде истребен. Меѓу 1940 и 1980 година, најголема закана за тигарот била загубата на живеалиштата како последица на ширењето на човековата популација и прекумерното сечење на шумите. Во 1990 година, трговијата со коски од тигар за приготвување традиционални лекови, стана најголема закана.Последниве неколку години

БОРБА ЗА СПАС НА ТИГАРОТ

`

Page 49: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 49

екологија пОТпишАн иСТОриСки дОгОвОр Меѓу кинА и непАЛ зА зАшТиТА нА БиОдиверзиТеТОТ

Организацијата WWF годинава започна голема кампања под наслов „т x 2: Двојно или ништо“, со која ќе им помага на земјите во кои се уште живеат тигри, да го зголемат двојно бројот на овие големи мачки во дивината до наредната година на тигарот, годината 2022. Кампањата бара да се спроведат итни мерки за заштита на тигарот, а предлага и долгорочни мерки за да се обезбеди иднината на оваа голема мачка. Кина и Непал се две од 13-те земји во кои се уште може да се види тигар во дивината

тигрите можат да се најдат само во 13 земји и тоа: Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија (Суматра), лао, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија, тајланд и Виетнам. Можно е да живеат и неколку единки во Северна Кореја

ловокрадството и убивањето заради органи, стана најголема опасност по опстанокот на ова значајно животно.

Двојно или ништо

Пред помалку од 100 години, тигрите ги населуваа шумите од источните делови на Турција и Каспискиот регион во западна Азија, преку индискиот субконтинент и Индокина, северно кон рускиот далечен исток и на југ до индонезиските острови Бали, Јава и Суматра. Но денес, најголемиот број тигри живее во изолирани подрачја во само седум отсто од претходно населената територија. Според WWF, трите подвида на тигарот, од Бали, Каспискиот и оној од Јава, се истребени во 20 век, а многу научници веруваат дека и јужнокинескиот тигар е "практично истребен". Преостанатите, околу 3.200 единки од овој животински вид немилосрдно се лови од страна на ловокрадците низ шумите на Азија.Тигрите можат да се најдат само во 13 земји и тоа: Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија (Суматра), Лао, Малезија, Мјанмар,

`

`

Page 50: PORTA3 134

50 ПОРТА 2 јули 20103

екологија

тигарот е најголемата мачка. Врвот на синџирот на исхрана и едно од најважните животни на планетата. Но, во годината на тигарот, како што според кинескиот лунарен календар е позната 2010 година, популацијата на тигарот во дивината брои само уште околу 3.200 единки кои живеат само во 13 земји и се соочува со истребување. Црните прогнози велат дека до наредната година на тигарот во 2022 година, оваа голема мачка може и целосно да исчезне. Светските здруженија повикуваат на организирана акција за спас на овој драгоцен животински вид и на политичка поддршка од светските влади. Во таа насока, токму Кина и Непал минатиот месец потпишаа историски договор за заштита на биодиверзитетот во двете земји, со што ширум се отвораат вратите за спас на тигарот што се уште живее во овие две азиски земји.

Непал, Русија, Тајланд и Виетнам. Можно е да живеат и неколку единки во Северна Кореја.Организацијата WWF годинава започна голема кампања под наслов „т x 2: Двојно или ништо“, со која ќе им помага на земјите во кои се уште живеат тигри, да го зголемат двојно нивниот број во дивината до наредната година на Тигарот, годината 2022. Кампањата бара да се спроведат итни мерки за заштита на тигарот, а предлага и долгорочни мерки за да се обезбеди иднината на оваа голема мачка. Според светските медиуми, сите 13 земји во кои се уште живее тигарот, се согласиле да работат на двојно зголемување на бројот на тигри во дивината со помош на активистите на WWF. Според WWF, во текот на 2010 година нивните активисти ќе работат на обезбедување фонд за итни ситуации кој ќе се користи за да се спречи ловокрадството во најкритичните региони, да се обезбеди политичка поддршка и волја за акција, и да се заштитат живеалиштата на тигрите. - На овој начин можеме да ги спасиме тигрите, но и уште многу нешта. Годината 2010 можеби е последната шанса за да се добие потребната поддршка и да се најдат ресурсите со кои ќе спречиме тигарот да се најде на листата истребени животни - коментираат од WWF.

елена кУЗМаНОВСка

`

`

`

Page 51: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 51

рубрика

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

Fax: 00389 23064412Mob: 00389 78256273e-mail: [email protected]

Page 52: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010352

рубрика

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

www.porta3.com.mk

Page 53: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 53

Трибина за медиумите и екологијата

екологија

Т емите од областа на заштитата на животната средина, и покрај огромната важност што ја имаат за сегашноста и за

иднината на човештвото, сепак многу често се потиснати во медиумите, на сметка на текстовите и на прилозите од политиката, криминалот, економијата и други. Ова беше еден од заклучоците на трибината "Медиумите и екологијата, вчера, денес и утре", што ја организираше балканското движење БЕЛЛС, за водечки стандарди во животната средина. На неа присуствуваа претставници од медиумите што најмногу ги третираат зелените теми, како што е и "Порта 3", поголем број членови на невладини организации кои се занимаваат со оваа област, како и пратеници од Собранието и претставници на други државни институции.Како правилно да се информира јавноста без да се прави спектакл од екологијата, беше едно од прашањата на кои присутните се обидоа да дадат свој одговор. Еден од начините е да се изврши едукација

на новинарите што многу често не знаат да ги постават вистинските прашања поврзани со екологијата во практика, како што се на пример: што е одржлива градба на објекти; зошто е неопходно да се изврши лиценцирање за енергетската сертификација на зградите во Македонија; кои активни мерки за користење на обновливите извори на енергија треба да се преземат и сл. Исто така и пошироката јавност, според стручните лица, е недоволно информирана за бенефитот од "зеленото" градење на објектите, колку енергија се штеди во модерните пасивни куќи иако материјалите за градба се поскапи, што значи да се живее во "зелен енвајронмент". Како резултат на таа неинформираност, во Македонија секојдневно се градат енергетски неефикасни објекти и се користат градежни материјали кои имаат штетно влијание врз својата околина. "Информираноста треба да започне уште од училишните клупи, а не децата да избираат дали да учат екологија или информатика“, рече пратеничката Лилјана Поповска, член

на парламентарната зелена лоби група. Според неа, еден од клучните проблеми е тоа што станува збор за релативно сложена материја, техничка, инженерска и често неразбирлива за обичниот човек. "Тоа не значи дека таа не може да се преведе и да стане подостапна. Само треба малку време и, секако, да се најде начин", истакна Поповска.Претставниците од невладините организации, ја искористија оваа можност и да си упатат критики кон себе и меѓу себе за послабата активност во однос на изминатите години. Според многумина, тоа е една од главните причини поради кои затаила и медиумската презентација на проблемите со животната средина."Токму невладиниот сектор треба да биде тој што најмногу ќе мотивира и што најмногу ќе ги храни медиумите со нови и со свежи информации, како и со анализи. Но, многу колеги не се подготвени да се соочат со тој предизвик. Затоа треба прво ние да се дооспособиме, за да можеме и подобро да се презентираме", нагласи Билјана Стевановска од ОРТ.

На трибината беше образложено и дека политиката често ги истиснува темите за животната средина, но во голем број случаи таа се става и таму каде што не и е место. На тој начин, дури и кога се известува за некој голем еколошки проблем, тој се претставува со политичката димензија. Од поактуелните примери, кај два, оваа појава беше најочигледна. За време на февруарските поплави, прелевањето на реките и преполнувањето на Охридско Езеро, најчести прашања беа: дали охридскиот градоначалник од СДСМ навреме презел мерки и изградил колектор, и дали раководството на ЕЛЕМ од ВМРО-ДПМНЕ навреме ги отворило браните на Црн Дрим, без да се постави прашањето зошто дојде до нагло топење на снегот среде зима. Другиот пример е депонијата во Тетово, за која исто така се бара политичкиот виновник, а не и правото решение.

катерина СПаСОВСка-трПкОВСка

Многу често зелените теми добиваат политичка димензија дури и кога нема простор за тоа, па наместо на овие проблеми да им се пристапи од вистинскиот агол и со соодветно внимание, тие се сведуваат на меѓупартиски препукувања

кАкО зеЛенОТО дА СТАне ТОп ТеМА?

`

Page 54: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010354

експерт

Во Велика Британија секојдневно расте бројот на нови специјализирани

квалификации кои им се потребни на инженерите. Притоа не станува збор само за академските квалификации, туку и за професионалните. Ако инженерот на пример, сака да се занимава со проектирање на нестанбени објекти, мора да поседува посебни квалификации кои зависат од видот на објектот и според тоа дали станува збор за национално или интернационално (глобално) оценување. Примената на оваа методологија и постигнувањето на одредена оценка е задолжително за сите новоизградени, или во голема мерка обновени објекти со јавни средства, но исто така се повеќе општини го пропишуваат како барање за добивање на урбанистичка согласност за сите нестанбени објекти со површина од вообичаено 1000 или повеќе метри квадратни. Методологијата веќе интернационално се применува, а во зависност од видот и комплексноста на објектот оценувањето вообичаено чини околу 10,000 или повеќе илјади евра по проект. За да се постигнат пропишаните оценки, оценувачот мора да биде вклучен во проектанскиот тим во советодавна улога од најраните фази на проектот, еколошките квалитети на

објект. Поновата квалификацијата „БРЕЕАМ акредитиран професионалец“ (BREEAM AP - Accredited Professional) на „Институцијата за истражување во градежништвото“ (Building Research Establishment – BRE) ја верифицира обученоста на кандидатот не само да ја изврши оценката, туку и да ја преземе советодавната улога во рамките на проект.„Кралската институција на овластени премерувачи“ (Royal Institution of Chartered Survey-ors) обучува „Акредитирани СКА оценувачи“ (Accredited Ska Assessor). Со оваа методологија се оцeнува колку е одржливо внатрешното уредување (fit-out) на деловен или сличен простор. „Зелениот регистер на градежни професионалци“ (The Green Register of Construction Profession-als) нуди членство на оние што имаат извршено задолжителна пропишана едукација од страна на оваа институција во доменот на одржливи објекти и инсталации (Sustainable Buildings and Serv-ices), како и квалификацијата „Акредитиран еко-обновувач“ (Ac-credited Eco-Refurbisher) наменета за оние што се обучени во доменот на еколошко обновување и адаптација на станбени објекти.„Пасив хаус“ (Passiv-Haus) институтот, пак, нуди квaлификација за „Пасив хаус акредитиран проектант“ (Passiv-Haus Accredited ОД

ДИПЛОМА ДО РАБОТА ВО ПРАКСА

Во Британија веројатно една од најпрестижните квалификации во областа на одржливот развој е квалификацијата „Овластен енвиронменталист“ (Chartered Environmentalist - CEnv) што ја доделува „Друштвото за животна средина“ (Society for the Environ-ment), а со која се потврдува стручната оспособеност и придонес на кандидатот во доменот на одржливата животна средина. Ова друштво не ја доделува квалификацијата директно, туку индиректно преку лиценцирани, околу 25 професионални институции, меѓу кои и „Асоцијацијата на инженери за зградарство“ (ABE), „Овластениот институт на архитектонски технолози“ (CIAT), „Кралската институција на овластени премерувачи“ (RICS), „Овластениот институт за згради“ (Chartered Institute of Building – CIOB) и други.

`

`

Page 55: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 55

Designer), додека „Асоцијацијата за енвироменталистички совесни објекти“ (Association of Environ-mental Concious Buildings – AECB) нуди слична акредитација за оние што се обучени за проектирање на енергетски ефикасни објекти според нивната методологија.„Кралското здружение на архитектите во Шкотска“ (Royal Incorporation of Architects of Scotland) нуди две квалификации: „Акредитиран архитект во одржлива архитектура“ (Accredited Archi-tect in Sustainable Architecture) и „Напреднат акредитиран архитект во одржлива архитектура“ (Ad-venced Accredited Architect in Sustainable Architecture).Во Британија веројатно една од најпрестижните квалификации во областа на одржливот развој е квалификацијата „Овластен енвиронменталист“ (Chartered Environmentalist - CEnv) што ја доделува „Друштвото за животна средина“ (Society for the Environ-ment), а со која се потврдува стручната оспособеност и придонес на кандидатот во доменот на одржливата животна средина. Ова друштво не ја доделува квалификацијата директно, туку индиректно преку лиценцирани, околу 25-тина професионални институции, меѓу кои и „Асоцијацијата на инженери за зградарство“ (ABE), „Овластениот институт на архитектонски технолози“ (CIAT), „Кралската институција на овластени премерувачи“ (RICS), „Овластениот институт за згради“ (Chartered Institute of Building – CIOB) и други.Како што може да се види, во Велика Британија постојат големи можности за професиите во доменот на градежништвото, да ја потврдат својата стручност во областа на одржливата изградба. Некои од нив повеќе се насочени кон признавање на знаењата и способностите на кандидатот, додека други пак, се насочени кон потесно обучување во примена на одредена методологија. Во моментов последнава опција отвора повеќе можности за специфични работни ангажмани во функција на оценувач, кои можат да бидат дополнителен извор на приход во овој период на глобална економска стагнација. Поседувањето на овие честопати скапи и барани квалификации само по себе не значи загарантирана работа. Тоа придонесува за проширување на знаењата, а со тоа и на можностите за подобра примена на принципите на одржлив развој и изградба во пракса.

Д-р. Владимир Б. лаДиНСки, дипл.инж. арх.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 78/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКАБРОЈ: 13/2010Назив на договорниот орган:Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на градежни, градежно-занатски и инсталациони работи, пунктирање на релјефи во мермер и лиење на фигури во бронза за објект “Порта Македонија“Контакт тел/факс: 02 3240-535, 02 3226-920, лице за контакт: Бранко Костовски.Јавно отворање на понудите на ден 27.07.2010 год.БРОЈ: 25/2010Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за објект Б-4 нас. лОзОВ РАСАДНИК, ул. “Питу Гули“ во Свети Николе.Контакт тел/факс: 3213-776, 3225-094, лице за контакт: Зоран Дамјанов.Јавно отворање на понудите на ден 07.07.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 80/2010

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕБРОЈ: 42/2010Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на идејно решение за Управна зграда на Министерство за транспорт и врски во Скопје, локација: центар – Мал Ринг, КП 9513 КО центар 1.Контакт тел/факс: 02 3145-516, 3226-392, лице за контакт: Снежана филиповска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 20.08.2010 во 12.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКАБРОЈ: 9/2010Назив на договорниот орган:Министерство за животна средина и просторно планирање, бул. “Гоце Делчев“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на пречистителна станица за отпадни води за селата Глумово и Шишево, Општина Сарај.Контакт тел/факс: 02 3251-418, 02 3220-165, лице за контакт: Башким Џомбалиќ.Понудите да се достават најдоцна до 06.07.2010 во 12.00 часот.БРОЈ: 41/2010Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на услуга за изработка на ревизија на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија за делниците 1, 2, 3, 4 и 5.Контакт тел/факс: 02 3145-516, 3226-392, лице за контакт: Снежана филиповска.Понудите да се достават најдоцна до 18.08. 2010 во 12.00 часот.БРОЈ: 43/2010Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на пешачки патеки околу езерата во општините: Дојран, Велес, Маврово-Ростуше и Крушево.Контакт тел/факс: 00389 (2) 3145-530, 3226-392, лице за контакт: Жарко Кочов.Понудите да се достават најдоцна до 28.07.2010 во 12.00 часот.БРОЈ: 0205-178/3/2010

Назив на договорниот орган: центар за развој на Источен плански регион, ул. “Васил Главинов“ бб, 2000, Штип.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на патен правец с. Пантелеј – с. Рајчани, општина Кочани со поврзување на с. Турско Рударе, општина Пробиштип.Контакт тел/факс: 032 386-412, 032 386-409, лице за контакт: Катерина Коцева.Понудите да се достават најдоцна до 09.07.2010 во 12.00 часот.БРОЈ: 10/2010Назив на договорниот орган:Општина центар, ул. “Михаил чоков“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на скулптура на Ѓорѓија Пулески и изработка на рејлефи во бронза.Контакт тел/факс: 3225-352, 3211-089, лице за контакт: Анастазија Бабуловска.Понудите да се достават најдоцна до 30.07.2010 во 09.00 часот.БРОЈ: 11/2010Назив на договорниот орган:Општина центар, ул. “Михаил чоков“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на скулптура на Димитрија чуповски во бронза и изработка на релјефи во бронза.Контакт тел/факс: 3225-352, 3211-089, лице за контакт: Анастазија Бабуловска.Понудите да се достават најдоцна до 30.07.2010 во 11.00 часот.БРОЈ: 12/2010Назив на договорниот орган:Општина центар, ул. “Михаил чоков“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на скулптури на Паднатите херои за Македонија во бронза и изработка на релјефи во бронза.Контакт тел/факс: 3225-352, 3211-089, лице за контакт: Анастазија Бабуловска.Понудите да се достават најдоцна до 30.07.2010 во 13.00 часот.БРОЈ: 14-372/2010Назив на договорниот орган:Општина Битола, Бул. “1 Мај“ 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Изведување на надзор врз сите видови на инсталации и градежни работи од областа на ниско и високоградба.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 09.07.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 81/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКАБРОЈ: 81/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на крстосници и автобуски стојалишта.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 13.07.2010 год.БРОЈ: 14-1111/2010Назив на договорниот орган:Општина Битола, булевар “1 Мај“ 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Изработка на проекти од областа на ниско и високоградба.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 13.07.2010 год.БРОЈ: 14-1112/2010Назив на договорниот орган:Општина Битола, булевар “1 Мај“ 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Ревизија на проекти од областа на ниско и високоградба.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден

14.07.2010 год.БРОЈ: 13/2010Назив на договорниот орган:Општина Свети Николе, Плоштад “Илинден“ бб, 2220, Свети Николе.ПРЕДМЕТ: Изградба на фонтана во градски парк во Св. Николе.Контакт тел/факс: 032 444-169, 032 443-805, лице за контакт: Зоран Стојчев.Јавно отворање на понудите на ден 12.07.2010 год.БРОЈ: 03/2010Назив на договорниот орган:Општина Кисела Вода, ул. “Првомајска“ б.б., 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на армирано бетонски мост на реката Мала Рада во Драчево.Контакт тел/факс: 2785-401, 2770-210, лице за контакт: Борче Лазаревски.Јавно отворање на понудите на ден 16.08.2010 год.БРОЈ: 05/2010Назив на договорниот орган:Општина Кисела Вода, ул. “Првомајска“ б.б, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на градежни работи на Усјански канал.Контакт тел/факс: 2785-401, 2770-210, лице за контакт: Борче Лазаревски.Јавно отворање на понудите на ден 18.07.2010 год.БРОЈ: 01/2010Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за водоснабдување “Студенчица“.ПРЕДМЕТ:Изработка на тендерска документација, консултантски услуги за спроведување на тендерска постапка и вршење на техничка контрола и надзор при изградба и пуштање во работа на МхЕ.Контакт тел/факс: 3062-989, 3091-741, лице за контакт: Гоце Наќески.Јавно отворање на понудите на ден 12.07.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 83/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКАБРОЈ: 91/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на кружна крстосница помеѓу ул. “Ѓорче Петров“, ул. “Воин Драшковиќ“ и ул. “Радушка“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Понудите да се достават најдоцна до 19.07.2010 во 16.30 часот.БРОЈ: 14/2010Назив на договорниот орган:Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на ул. “5“ (крак лево од улицата) во с. Романовце – Општина Куманово.Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Светислав Јовановски.Понудите да се достават најдоцна до 16.07.2010 во 10.00 часот.БРОЈ: 2/2010Назив на договорниот орган:Општина чучер –Сандево, с. Кучевиште, 1011, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба и реконструкција на улици и патишта на територијата на општина чучер-Сандево, работа со павер елементи и изградба на масивен мост на Бањанска река во село Бањани.Контакт тел/факс: 02 2666-157, лице за контакт: Анита Тапанџиоска.Јавно отворање на понудите на ден 19.07.2010 год.

јавни набавки

Page 56: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010356

технологии

Вебинар е неологизам кој опишува специфичен тип на веб конференција. Кованица е од Веб (Web) како медиум

низ кој се одржува семинар, односно Web + Seminar = Webinar. Вебинарите се повеќе добиваат на популарност, а тоа и воопшто не е за чудење, ако се има предвид дека од учесникот не се бара негово физичко присуство на дадена локација. Практично, со помош на интернетот, висококвалитетна слика и тон, од семинарот се пренесуваат до секој учесник на кој било крај од светот. Теоретски, бројот на учесници на еден семинар може да биде бесконечен. Ако погледнете малку од финансиската страна, ќе забележите значајни заштеди за сите инволвирани. Всушност, се оди во прилог на вебинарите. Она што мене особено ме радува

е што на овој начин светските текови стануваат подостапни и за граѓаните на оваа земја. Во периодот од 7 до 11 јуни годинава, имав можност да следам 5 вебинари кои се однесуваат на теми од областа на архитектонската 3Д визуелизација. Вебинарите беа организирани од The CGSchool и беа дел од програмата „Бесплатна недела“ во која петмина реномирани експерти држеа бесплатни едночасовни онлајн предавања на англиски јазик. The CGSchool е резултат од одличната хемија и напорите на три компании кои работат на полето на архитектонската визуелизација да постигнат повеќе со заеднички настап. Тие компании се: 3ДАТС - компанија која и самата нуди обуки, но пред се е препознатлива по серијата книги за Архитектонска Визуелизација со 3DS Max. Во исто време е и Аутодесков Овластен Издавач (Autodesk Authorized Publisher) со сертифицирани аутодеск Тренинг Инструктори (Autodesk Certified Training Instructors),

потоа Spine 3D – реномирано студио за архитектонска визуелизација со одлично портфолио, Cgarchitect.com – еден од најпознатите веб портали за архитектонска визуелизација и место на собирање на голем број професионалци од таа област.Со тоа, комбинираното знаење и искуство на професионалците од спомнатите компании беше презентирано низ петте вебинари и токму тоа е она што го направи настанот неодолив. Самиот настан беше претходно најавен на неколку интернет сајтови. Секој заинтересиран можеше да се регистрира за бесплатно следење на вебинарите. Ако воопшто и постоеше некое барање кое требаше да се исполни, тоа се однесуваше на системските побарувања, за да може да се следи еден вебинар: квалитетна широкопојасна интернет врска и оперативен систем (Windows XP/Vista/7 или Mac OSX 10.4.11 или понов). Практично по самата регистрација, секој учесник доби меил потсетници во кои меѓу

другите информации беа дадени времето кога се одржува вебинарот и директен линк кој треба да се активира за да се пристапи на вебинарот. Во определеното време (конкретно 17 часот по наше време) секој учесник го активираше линкот даден во електронската пошта и преку самиот интернет браузер се активираше вебинар сервисот GoToMeeting, со слика и тон со феноменален квалитет. Во интерес на времето кое се покажа како недоволно за да се изложи секоја од темите, присутните не можеа да поставуваат прашања или да дискутираат, иако мора да се напомене дека во вебинарите и тоа е можно, доколку предавачот тоа го дозволи. Мора да се признае дека предавачите сосема професионално си ја завршија работата, јасно елаборирајќи ја темата, изложувајќи сопствени искуства и не оставајќи недоречености. Темите на кои се зборуваше беа: Интернет маркетинг за Архитектонска Визуелизација (предавач: Брајан Зајац во живо од

CGschool“FreeWeek” - вебинари

Компанијата TheCGSchool е базирана во Мајами, Флорида, САД, но нуди

онлајн курсеви (групни и поединечни) со што станува достапна за сите кои

се географски неподобни за физичко следење на курс на големи растојанија.

Цените на онлајн курсевите се движат од 400 до 600 долари (зависно од терминот

за пријавување), додека оние што ќе се решат да посетуваат курс конкретно во

нивните простории во Мајами, ќе треба да издвојат од 600 до 900 долари

`

`

`

Page 57: PORTA3 134

За разлика од TheCGSchool која нуди специјализирани курсеви со програма создадена од искуство на предавачите, тренинг куќите во Македонија нудат генерализирани курсеви водени најчесто по официјална програма на софтверската куќа, издавач на софтверот

2 јули 2010 ПОРТА3 57

технологии

Spine 3D, САД), V-Ray Напредно ниво (предавач: Брајан Смит во живо од Chaos Group, Бугарија), 3DS Max Напредно моделирање (предавач: Алекс Горбунов во живо од Spine 3D, САД), Mental Ray Почетно ниво (предавач: Пит Дрејпер во живо од Индија) и PF Track (предавач: Мајк Мерон во живо од Велика Британија).

Доколку се сумира целиот настан, ќе видиме дека учесниците добија драгоцено знаење кое треба да им овозможи подобар настап и поголем професионализам во нудењето и извршувањето на услуги од областа на архитектонската визуелизација. Како професија, архитектонското визуелизаторство не е доволно развиено во Македонија, иако постојат вистински ентузијасти кои живеат токму од таков ангажман. Сепак, доколку се споредат некои 3Д трудови направени во Македонија со некои од портфолиото да речеме на Spine3D, ќе забележиме огромна разлика во квалитетот на (барем) рендерирањето, што само по себе ни

кажува дека е потребно да се црпи уште знаење од професионалците од САД, на пример. Токму тоа е и мисијата на The CGSchool како Тренинг Центар. Иако Компанијата е базирана во Мајами, Флорида, САД, таа нуди и онлајн курсеви (групни и поединечни) со што станува достапна за сите кои се географски неподобни за физичко следење на курс на големи растојанија. Цените на онлајн курсевите се движат од 400 до 600 долари (зависно од терминот за пријавување), додека оние што ќе се решат да посетуваат курс конкретно во нивните простории во Мајами, ќе треба да издвојат од 600 до 900 долари. Генерално, курсевите траат два дена по десет часови со едночасовна пауза. Сметам дека понудата е сосема прифатлива и за нас Македонците. Ако споредиме со она што се нуди кај нас, ќе забележиме дека тренинг куќите во Македонија пред се нудат генерализирани (општи) курсеви и тоа водени најчесто по официјална

програма на софтверската куќа, издавач на софтверот, додека The CGSchool нуди специјализирани курсеви чија програма во определни случаи е создадена по искуство на предавачите. Исто така, курсевите во Македонија ги изведуваат најчесто тренери кои немаат практично искуство, додека тренерите од The CGSchool поголемиот дел од своето време го поминуваат работејќи токму како Визуелизатори. Од друга страна, курсевите во Македонија траат околу 30 часови 1-2 месеци, додека оние во Мајами траат 20 часови во 2 дена што е особено прифатливо за оние професионалци кои и немаат баш многу слободно време. Цените во Македонија се движат од некои 200 долари па се до 4000 долари кај некои тренинг центри. По завршувањето на обуката во Македонија се добиваат сертификати за учество, скоро секогаш се добива и литература и ЦД со вежбите од курсот. Некогаш, во курсот е предвидено и полагање на испит со што се добива и

сертификат за знаење. Со следење на курсевите во The CGSchool, покрај стручна литература во нивно издание, исто така се добива и видео материјал од снимениот материјал за подоцнежно прегледување и учење.

Се на се, треба да се има предвид и тоа дека познавањето на англискиот јазик и стручните термини веројатно има големо влијание за успешен исход од учеството на онлајн курсот. Верувам, доколку Архитектонските Визуелизатори беа подобро платени и повеќе барани, интересот за вакви курсеви ќе беше поголем.Сите оние што немаат потреба од специјализација во областа на 3Д визуелизацијата, а се доволно љубопитни, повеќе информации можат да добијат на: www.3dats.com или на www.thecgschool.com. Згора на тоа, снимениот видео материјал од спомнатите вебинари ќе може во целост да се „симне“ во јули.

трајче СтОјаНОВ, дипл. инж. арх.

`

`

`

Page 58: PORTA3 134

49. Меѓународен саем за мебел во Милано

58 ПОРТА 2 јули 20103

тренд репорт

Ова биенале е трето по ред и е посветено на мебелот за

бањи. На саемот имавме можност да ги видиме делата на 152 изложувачи, на површина од 14.000 м2, во склоп на 2 павилјони. Беа претставени најдобрите парчиња мебел и асесоари за бањи, туш кабини и сауни, мијалници, wc школки, радијатори, чешми, хидромасажни кади. Од сите простории наменети за индивидуално домување кои привлекуваа внимание кај јавноста и дизајнерите во последните неколку години, најголем акцент беше ставен на бањите. Тие станаа простор за живеење на исто ниво како и останатите простори, без да се откажат од основната функција. Според тоа, заслужуваат и ист начин на презентација. Наоѓањето на најмалиот можен простор во становите за создавање на едноставни и ненаметливи бањи е веќе застарено. Бањите станаа

во права смисла на зборот „Bath room“ (бањи-соби). Најновата еволуција на овој простор не доведе назад кон своите корени, кога големите соби давале нега на телото за малкумина кои можеле тоа да си го дозволат, каде сите елементи, особено кадата, беа главни актери, изолирани во просторот.Друга компонента која станува се позначајна и предмет на инспирација кај многу дизајнери е радијаторот. Дизајниран во најразлични креативни форми (во прв момент нема да препознаете која е намената) претставува основен елемент во опремувањето на бањите, а воедно служи за сушење на пешкири. Со ова ја завршуваме репортажата од меѓународниот саем за мебел 2010. Следниот ќе се одржи од 12-17 април 2011 година, а на него покрај салоните за домување и асесорите ќе бидат претставени и категориите: осветлување и канцелариски простори.

БАЊА НАПРАВЕТЕ МЕСТО ЗА СВОЈАТА

ПОРТА3 ГО ПОСЕтИ 49-тИОт МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕБЕл ВО МИлАНО КОЈ СЕ ОДРжА ВО МЕСЕЦ АПРИл. ВО НЕКОлКУ ПРОДОлжЕНИЈА ВИ ГИ ПРЕНЕСУВАМЕ НОВИтЕтИтЕ ВО СФЕРАтА НА МИНИМАлИСтИЧКИОт МЕБЕл, КУЈНИтЕ, БАЊИтЕ, АСЕСОРИтЕ И ВИ ОВОЗМОжУВАМЕ ДА ГИ ДОЗНАЕтЕ ИДНИтЕ тРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАЊЕтО НА СтАНБЕНИтЕ И ЈАВНИтЕ ПРОСтОРИ.

`

Page 59: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 59

тренд репорт

Сандра ДОНчеВадипл.инж.арх.

Page 60: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010360

совети

Од основата се гледа дека куќата има интересна динамика

на просторот и неосетен премин од една функционална целина во друга. Кујната е издвоена блиску до влезот. На исто ниво се аголната клупа, трпезариската маса, столовите, како и бањата. Со ниска ограда овој простор е диференциран од дневната соба која е широко отворена кон терасата и погледот кон езерото. Иако трпезаријата, кујната и бањата се на повисоко ниво од дневната соба, овие два простора делуваат како една целина. Модерниот амбиент на дневната соба го сочинуваат два удобни троседа, седалка, ниска масичка и комода.

Троседите можат да се расклопуваат и да се користат за спиење, а големата тераса за ручање или вечерање. Не заборавајте дека деталите се битни за нијансирање на атмосферата во домот. Мебелот што се одликува со максимална удобност, надополнете го со декоративни перничиња во пастелни бои. На масичката поставете свеќи со ароматична нота кои ќе ги бркаат инсектите, а тие заедно со ламбите и вазите за цвеќе ќе дадат стилски акцент на просторот.

Билјана СтеВкОВСка-СаВиЌ[email protected]

МОДереН аМБиеНт За кУЌа ПОкрај еЗерО

"Купивме куќа во Охрид и планираме летото да го поминеме таму. Куќата е сместена во шума, во близина на градот и има убав поглед кон езерото. Содржи две нивоа и голема тераса. Станот е околу 50 м2.Ве молиме да ни предложите распоред на просториите и мебелот."

- Сунчица и Петар р.

Page 61: PORTA3 134

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

salessalesтел: 02 240 0430; e-mail: [email protected]

salessalessalessales

Page 62: PORTA3 134

ПОРТА 2 јули 2010362

Архитектите од студиото „РОСО“ од Лондон, според британските

критичари, ја креираа една од најинтересните уметнички инсталации во последните неколку години. Се работи за инсталацијата насловена како „Pаtio“, сместена во дворот на административните згради и канцеларии на еден од најславните британски брендови за чевли „The Clark Shoes“, во селото Стрит, во округот Самерсет, југоисточна Англија. Ова меѓународно седиште на компанијата кое сосе дворот било сместено во срцето на старата „Clarks“ фабрика, денес претставува канцелариски и производствен центар со 1.500 вработени. Атриумот има строги димензии: долг 25 метри, широк 7 метри, а објектот со четири ката содржи и мост кој ги поврзува двете страни. Целиот простор е изолиран од надворешниот свет и е делумно заштитен од сонце и ветер, што значи дека просторот пред поставувањето на инсталацијата имал потенцијал, но бил нединамичен, тмурен и здодевен. Идејата за ваква инсталација била на Ланс Кларк. Тој од лондонското студио побарал креирање на уметнички проект кој на просторот ќе му даде нов

арт и дизајн

ЕМОТИВНА ДИМЕНЗИЈАНА СВЕТЛИНАТА

Page 63: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 63

арт и дизајнживот, една раздвижена и динамична состојба, наместо депресивната и темна напуштеност. Авторите на оваа инсталација и сопственици на студиото „РОСО“, Софи Нилсен и Ралф Кнудсен, во создавањето на овој проект биле поттикнати од една констатација: „Светлината е забележлива само кога рефлектира“. Односно, светлосниот зрак што минува низ прозорецот е видлив затоа што светлината се рефлектира во милиони честички прав кои лебдат во воздух. Идејата на „РОСО“ била да го искористи овој факт и да креира една динамична инсталација со која просторот и зградите би биле во едно постојано трансформирање, и на тој начин, тие би биле дел од целиот проект. Според нив, двата замислени снопови на светлина влегуваат во дворот од еден „извор“ и патуваат низ просторот, продирајќи од централната зграда-мост, така што едниот сноп е насочен и го погодува ѕидот над терасата на која се одмараат вработените за време на нивните паузи, додека вториот сноп го погодува страничниот ѕид од спротивната страна. Инаку, за целиот проект да биде поефектен, авторите дворот го обоиле во бело, а долниот дел го покриле со црн асфалт со што дворот го претвориле во платно за одблесоците и сенките од целата уметничка инсталација.Како што ветерот и светлината се менуваат во текот на денот и со годишните времиња, така и динамиката на инсталацијата се менува: некогаш диво го осветлува целиот простор, а другпат смирено ги одразува боите на околината кога се деновите сиви.Секој сноп е составен од 7.500 сјајни дискови кои лебдат и висат од 36 вертикални жици кои излегуваат од структурата на самата зграда-мост, па се до краевите на двата странични ѕида. Самите дискови ја рефлектираат светлината што доаѓа од горе кон долниот дел на дворот што е во сенка и од ѕидовите од страна. Тие, исто така, ги рефлектираат и боите на околината создавајќи необичен ефект, во зависност од аголот што го имаат.

Дејан БУЃеВац

Студиото „ROSO“ го основале архитектите Софи Нилсен и Ралф Кнудсен по дипломирањето на Royal Collage of Art во 2006 година во лондон. Нивната намера била да креираат „емотивни димензии со технички решенија“, односно да ја истражуваат врската и дијалогот меѓу уметноста, архитектурата и дизајнот, нивното меѓусебно преплетување и трансформирање, како и користењето на висока технологија во создавањето на органски форми.

`

Page 64: PORTA3 134

предлози

ПОРТА 2 јули 2010364

Подна ламба, цена: 7.710 ден., во салонот на Casa Italia,тел: 02/2400 430

Када со дел за полици од Stocco

Неправилни полици од Pianca

ламба за на маса, по цена од 6.170 ден., Casa Italia, тел: 02/2400 430

Page 65: PORTA3 134

2 јули 2010 ПОРТА3 65

ИЗЛОГ

Мијалник од Karim Rashid

за фирмата domovari

Полица и држач

за крпа од House

Design

подготви:Сандра ДОНчеВадипл.инж.арх.

Стол Radar дизајниран од Toke Thye Olsson за Softline

Page 66: PORTA3 134

најчудните градби на светот

ПОРТА 2 јули 2010366

Зградата со гигантски соларен панел во височина од осум ката во Одеило (Франција),

на шега ја нарекуваат и „соларна фурна“. Температурата на надворешната површина на оваа необична зграда може да достигне до 3500 степени целзиусови, а потоа сончевата енергија се акумулира и трансформира во електрична струја за потребите на домаќинствата и индустријата. Панелот што оддалеку изгледа како џиновско криво огледало се состои од многу помали сончеви колектори кои ги апсорбираат сончевите зраци. Пред оваа параболична површина која е прицврстенa на контрукцијата на згрaдата, се наоѓа анекс чиј средишен дел е поставен така што ги впива сончевите зраци рефлектирани од огромното огледало.Објектот е изграден во 1970 година и до денес одлично ја врши својата функција.

Драган риСтОВ

соларна фурна во франција

Page 67: PORTA3 134

18 јуни 2010 ПОРТА3 67

рубрика

Page 68: PORTA3 134

ПОРТА 18 јуни 2010368

рубрика