68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА цена: 90 денари БРОЈ 142 ПЕТОК 22.10.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] тел: 3109 311, 3132 923, факс: 3132 924 Икона на уметноста на 21 век Музејот MAXXI во Рим на Заха Хадид добитник на „Stirling 2010“ Архитектура наместо диета ПаНаѓур На фарСата Валентино ДиМитрОВСки историчар на уметност

PORTA3 142

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 142

Citation preview

Page 1: PORTA3 142

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 142ПЕТОК 22.10.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]тел: 3109 311, 3132 923, факс: 3132 924

Икона на уметноста

на 21 век

Музејот MAXXI во Рим на Заха Хадид добитник на „Stirling 2010“

Архитектура наместо диета

ПаНаѓур На фарСатаВалентино ДиМитрОВСки

историчар на уметност

Page 2: PORTA3 142
Page 3: PORTA3 142

рубрика

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 142ПЕТОК 22.10.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

Икона на уметноста

на 21 век

Музејот MAXXI во Рим на Заха Хадид добитник на „Stirling 2010“

Архитектура наместо диета

ПАНАЃУР НА ФАРСАТАВалентино ДИМИТРОВСКИ

историчар на уметност

БРОЈ 142 ПЕТОК 22.10.2010 ГОДИНА VI

Драги читатели,

Панаѓур на фарсата. Вака накратко може да се дефинираат заклучоците од анализата на трендот на споменични одбележувања во последните години во државава од страна на Валентино Димитровски, историчар на уметност и ликовен критичар, која ви ја презентираме во овој број на Порта3. Тој смета дека, кога се работи за споменичната уметност кај нас, денес имаме една малигна практика на колабирање на правните прописи, на стручната и на професионалната етика.

Бетим Зекири, Бекир Адеми, Никола Стрезовски и Бесиан Мехмети од архитектонското студио "Архигруп" се автори на двете идејни решенија за плоштадот Скендербег, кои се изложени во просториите на општината Чаир. „Плоштадот Скендербег треба да биде место кое нуди нови можности. Тој не треба да биде место на комерцијална консумација, туку катче каде луѓето може да дојдат и заедно да ги споделат нивните интереси", смета Бетим Зекири.

Помина еден месец по прогласувањето на Законот за именување и дополнување на Законот за градење, што Собранието на РМ го донесе на седницата на 14 септември 2010 година. Овој период не е доволен за да се видат неговите ефекти во пракса, но е доволен за да се согледа барем дел од неговите недостатоци. За таа цел Порта3 ги праша градежниците, архитектите и правниците што мислат за овие законски акти .

Годинашен добитник на „Стирлинг 2010" е Музејот MAXXI во Рим на Заха Хадид. Станува збор за вистинска икона на уметноста на 21 век. Храмот посветен на уметноста на новиот милениум ве поттикнува да го истражувате просторот и неговите рефлексии. Тој се состои од два музеја, посветени на современата уметност и на архитектурата. Зградата изгледа како скулптура која треба да се исполни - фантазмагоричен пејзаж на голем уметнички ум.

Архитектура наместо диета. Решавањето на проблемот со прекумерната тежина на населението подразбира проектирање паркови, зелени површини и детски игралишта кои ќе бидат во близина на местата за домување. Архитектите и урбанистите треба да направат проекти кои ќе ја стимулираат физичката активност на секој поединец и да го мотивираат што повеќе да го одбегнува користењето на автомобилот како превозно средство.

ОД реДакцијата

ФОРУМ 06ВАлЕНТИНО ДИМИТРОВсКИ:

ПАНАѓУР НА ФАРсАТА

сКОПЈЕ 14АлКА ПОМЕѓУ МИНАТОТО И сЕГАшНОсТА

ГРАДЕЖНИшТВО 20ГОлЕМИТЕ РИБИ ГИ ЈАДАТ МАлИТЕ ИГРАчИ

АРХИТЕКТУРА 26МУзЕЈОТ МAXXI – ИКОНА НА

УМЕТНОсТА НА 21 ВЕК

ЕКОлОГИЈА 47зАПАДНА УНГАРИЈА ПОТОНА

ВО ОТРОВНА КАл

ЕКсПЕРТ 54АРХИТЕКТУРА НАМЕсТО ДИЕТА

АРТ И ДИзАЈН 60ВЕРИцА КОВАчЕВсКА - ОДЕњЕ НИз ГРАД

Редакција:

главен и одговорен уредник:Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЈулијана ГЕРАСИМОВСКАСузана ВАСИЛЕВАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Елена КУЗМАНОВСКААнгел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВНатка ЌОСЕВАСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВДејан БУЃЕВАЦАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Кокан ГРЧЕВ,дипл. инж. арх.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3132 923; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биропроект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ:4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница : Музеј MAXXI, рим Автор: Заха Хадид добитник на наградата "Stirling 2010"

Page 4: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 201034

рубрика

4

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 5: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 5

рубрика

5

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, скопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 6: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 201036

6

форум

Наспроти неаргументираните денешни тврдења за

занемарување на споменичко одбележување на значајни настани и личности од социјалистичкиот период (1945-1991), факт е дека во Македонија во овој период беа подигнати бројни меморијални споменици и спомен обележја посветени на постарата или на поновата национална историја. Ова меморијално творештво главно беше рамномерно распоредено на територијата на Македонија, со извесен акцент на одредени клучни историски места, на кои беа подигнати монументални меморијални комплекси (Крушево, Прилеп, Штип, Кичево, Скопје). Најзначајното меморијално и споменично творештво во Македонија беше исклучиво доверувано на меѓународно афирмирани и потврдени авторски имиња, како што се Богдан Богдановиќ, Димо Тодоровски, Јордан Грабулоски, Петар Мазев, Глигор Чемерски и една плејада на автори кои го диктираа развојот на македонската современа уметност по војната. Ако на ова се надополни сознанието дека во Македонија и во Скопје пред Втората светска војна свои монументални споменични креации реализирале автори со пошироко европско и светско значење, како Антун Аугустинчиќ и Лојзе Долинар, тогаш недвосмислено се заокружува сознанието дека во Македонија до осамостојувањето (1991) се подигнати исклучителни и мошне значајни меморијални остварувања од автори со меѓународен престиж, или од автори на самиот врв на националната уметничка сцена, без кои не може да се замисли македонската модерна или современа уметност. Оттаму, тврдењата за недостиг од меморијални и споменични одбележувања на историски настани и личности кај нас во посочениот период

се паушални, тенденциозни и без фактографска основа.

ДеНеСВо периодот на таканаречената транзиција во изминатите две децении, исполнет со силни геополитички, економски, социјални, но и културно-цивилизациски турбуленции кај нас, беше разбирливо опаѓањето на ова творештво, кое во многу средини беше пренагласено, доволно експлоатирано и заситено. Но, обидот за негово обновување со неколку меморијални споменици и спомен обележја во Скопје, реализирани во последните 15 години, како и актуелното засилено проектирање и реализирање на вакви творби во урбаните средишта на неколку градови во Македонија, пред сè во центарот

на Скопје, на несфатлив начин ја напушта посочената позитивна традиција на подигање меморијални споменици и востановува една малигна практика на колабирање на правните прописи, на стручната и на професионалната етика и дигнитет во повеќе области, како и на оневозможување на авторски придонеси кои ќе профилираат актуелни, автентични и автономни креации соодветни на состојбите во денешниот светско-историски, глобален, општествен и уметнички универзум. Ова изразито провинцијално,

ретроградно, макабристичко деградирање и колабирање на меморијалната споменична практика бара опсежна и повеќеслојна елаборација, но за оваа прилика би ги скицирале само нејзините основни причини:Прво, занемарување и непочитување на Законот за меморијални споменици и спомен обележја. Во него децидно се дефинира дека подигањето на меморијални споменици (а такви се сите оние што се подигаат во центарот на Скопје) е во надлежност на Собранието на Република Македонија, врз основа на усвоена петгодишна програма и формирање на одбор за градење на секој поединечен споменик. Фактот што актуелните споменици ги подига општина Центар како спомен обележја, значи недвосмислено заобиколување

на правната процедура, која ваквите споменици ги дефинира како меморијални споменици и, притоа, обезбедува поширока општествена, но и професионална контрола во осмислувањето, организирањето и реализирањето на меморијалната практика.Второ, отсуството на релевантно стручно познавање и на професионална етика и дигнитет се очитува на повеќе рамништа незаобиколни во меморијалната практика: водење сметка за постојниот урбан амбиент, соодветно просторно и пластично вклопување и култивирање на истиот,

водење сметка за карактерот на мемориската симболика и порака во рамките на дадениот амбиент, како и фактот што истиот едновремено станува мемориски и утописки репер и, на крајот, но не помалку значајно, изборот на проверен и докажан авторски пристап со недвосмислено валоризиран опус во монументалната споменичка практика и на македонската уметничка сцена. Бегло проследувајќи ги сите овие неодминливи стручни и професионални етапи во изведувањето на оваа практика, за жал, може само да се констатира дека е наполно занемарен целокупниот релевантен и референтен актуелен урбанистички, архитектонски, историско-уметнички, естетски и ликовно-критички научен, умствен капацитет кај нас. И покрај тоа што не е познат составот на телата во сите фази на реализација на актуелните меморијални споменици, затоа што истиот не е објавен, основано може да се тврди дека не биле ангажирани лица кои во наведени области досега имаат дадено забележителен придонес во разновидните сегменти на оваа практика, и кои имаат публикувано трудови за материјата што се бави со сложеното ткиво на меморијалната споменичка практика. Како поинаку да се разбере и оправда фактот што на еден ограничен простор, плоштадот Македонија и непосредната околина, се подигаат дваесетина дивовски меморијални споменици со кои се сака да се испреде една меганарација од две илјади и нешто години, кога светската практика упатува на меморијално одбележување на еден исклучителен споменичен репер на еден плоштад, при што, одредениот споменик го одредува меморискиот и симболичкиот идентитет на тој простор и

АКТУЕЛНО Кога се работи за споменичната уметност кај нас, денес имаме една малигна практика на колабирање на правните прописи, на стручната и на професионалната етика, како и оневозможување на авторски придонеси кои ќе профилираат актуелни, автентични креации соодветни на современите глобални и уметнички состојби во светот

ПаНаѓур На фарСатаВалентино ДиМитрОВСки,

историчар на уметност и ликовен критичар

Page 7: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 7

7

форумна неговото именување. Овој актуелен провинцијален метеж на нашиот најзначаен плоштад во Скопје и во државата не води елементарна грижа за постојното урбано и архитектонско ткиво, за усогласување и надополнување на неговите структури, за просторните мерки и балансирања, како и за стилско-естетските сообразувања. Расфрлените меморијални споменици ќе говорат само за неизживеаните историски фрустрации и за отсуството на елементарна хиерархија во градењето на идентитетските репери. Трето, посебна приказна претставува ликовно-естетската профилација на овие споменици, која упатува на едно крајно непрофесионално и провинцијално заглибување во ординарниот кич. Во поранешниот еднопартиски, а по многу нешта и автократски и авторитарен систем, на почетокот од 50-тите години се напушти диктатот на диригираната уметност и на задолжителниот социјалистички реализам, а во сферата на монументалната споменичка практика од крајот на 50-тите години наполно слободно без никаков диктат се создаваат меморијални споменици од различен вид, во уметничките практики својствени за авторскиот ракопис и за времето на создавањето.

Диктат На СтилОтНаспроти тоа, денес, во 2010 година, во нарачувањето на актуелните споменици децидно се наметнува диктатот на стилот во кои тие треба да бидат реализирани, имено реализмот, како диригиран стилски образец напуштен на овие простори повеќе од половина век. Како историските уметнички стилови да се достапни во витрината на некој излог на плоштадот и треба само директно да се симнат. На тој начин, се деградира целокупната историја на македонската историја на уметноста, македонската ликовна критика и актуелната македонска уметничка сцена. Одамна напуштениот соцреализам

повторно се воведува на сцената и тоа на плоштадот Македонија. Затоа што, задолжителниот идеолошки диктат на наративни и симболички теми и содржини, од една страна, и задолжителниот традиционално разбирлив стилски образец, реализмот, од друга страна, по учебничка дефиниција беа двете основни карактеристики на овој историски стил, кој беше ретрограден и ретардиран уште во времето на неговата најинтензивна примена. Но, ако во тие црни денови на политичкото и културното едноумие практикувањето на реалистичката естетика во распон од импресионистичка до експресивно-експресионистичка стилизација, имаше сè уште свежи реминисценции од последните значајни обрасци на овој историски правец, а воедно беше застапена и во академските практикуми, денес, истиот кај нас, може да биде само обврзна средношколска етапа во првичните ликовни совладувања на јазикот на уметничкиот облик. Оттаму, практикувањето на овој образец во актуелните споменици нужно резултира и деградира во фарсични сурогати, стерилни академско-реалистични стилизации задоцнети барем два века и во една изразито гробјанско-некрофилска профилација на пластичниот израз. Нижењето пак на овие креатури на еден ограничен јавен простор значително ќе придонесе за веќе забревтаниот штимунг на панаѓурска џиџимиџарница што неповратно се инсталира на нашиот веќе осакатен плоштад. Зарем треба да се запрашаме за авторите што се регрутираа во оваа макабристичка фаланга: за повеќето од познавачите тоа се апсолутни анонимуси кои немаат никакво забележано творешто и за кои не е напишано ниту половина збор од историско-уметничката или од уметничката критика, а секако дека повеќето од ангажираните имиња ги нема во разновидните движења на мекедонската современа уметност во последните децении или на актуелната релевантна уметничка сцена кај нас.

ДЕГРАДАЦИЈА Актуелните споменици се деградирачки и фарсични сурогати, стерилни академско-реалистични стилизации задоцнети барем два века и во една изразито гробјанско-некрофилска профилација на пластичниот израз

Page 8: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 201038

8

инфо

Под мотото „Иднина на градењето“ од 17 до 22

јануари 2011 година во Минхен ќе се одржи саемот BAU 2011. На површина од 180.000 квадратни метри ќе бидат претставени архитектура, материјали, системи за

комерцијално градење, станбена изградба и ентериери во областа на нови и стари градби. На саемот се очекуваат околу 1.900 излагачи од 40 земји. Во текот на изминатите години Саемот BAU се разви во информациска и

комуникациска платформа за урбанистите, архитектите и градежните инженери. Галвните теми на саемот се Одржливо градење, Градење по мерка на генерациите, Истражувања и иновации и Образование и усовршување. На Саемот ќе

се одржат и повеќе различни форуми. Поблиски информации околу учеството и посета на саемот можат да се добијат во Претставништвото на германското стопанство во Македонија, на телефон (02) 322 88 24 или на [email protected]

BAU 2011 од 17 до 22 јануари во МИНХЕН

иднина на градењето

теХНОМа по 36-ти патВо Скопје се отвори 36. Меѓународен саем на металургија,

електроника, неметали и градежништво, енергетика, обезбедување и заштита ТЕХНОМА 2010. Манифестацијата

традиционално е проследена со Меѓународна изложба на иновации МАКИНОВА, Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство, како и Недела на енергетиката и Недела на италијански мали и средни претпријатија. Во рамките на Саемот, на Неделата на енергетика во Македонија, се одржаа трибини на темите „Со подобрена законска регулатива и бизнис клима до поголеми инвестиции во енергетиката“ и „Може да се обезбеди финансирање, но што им треба на инвеститорите?“. Партнер на активностите беше Центарот за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ кој организира низа презентации на проекти во областа. Исто така се одржа Недела на италијански мали и средни претпријатија во Македонија. Годинава на Саемот се претставија 60-ина фирми од Италија, како земја партнер на годинешното издание на ТЕХНОМА.

Трет Trimo Urban Crash конкурс „Трибина на животот”

Предизвик за студентите на архитектура и дизајнКомпанијата Тримо го распиша третиот Trimo Urban Crash биенален

конкурс наменет за студентите на архитектура и дизајн. Конкурсот што ќе трае до 31 јануари 2011 година е наменет како

за студентите од Србија, така и за студентите од целиот свет. Trimo Urban Crash конкурсот упатува предизвик до учесниците да креираат инвентивни решенија за иновативна градска структура. Годинешната тема на конкурсот за најдобра зграда е „Трибина на животот“. Победичкото решение ќе се изгради и ќе биде ставено во постајана употреба во областа Фужине, мултикултурен станбен дел на Љубљана. Првонаградениот студент ќе добие и стипендија за престижната летна „Лондонска школа за архитектура“, а сите финалисти ќе присуствуваат на архитектонската работилница во Словенија. Дополнителни информации заинтересираните можат да добијат на сајтот на конкурсот www.trimo-urbancrash.com или преку Pristop, постариот советник Владимир Вељковиќ Tел/факс:011 3234 049, 011 3340 909, Моб:064 645 38 64, Email: [email protected].

Page 9: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 9

9

инфо

На почетокот на октомври на Генералното

собрание на FEANI (Европска федерација на национални инженерски асоцијации), кое се одржа во Софија, Инженерската институција на Македонија стана нејзина редовна членка, под уставното име.Според претседателот на Инженерската институција на Македонија, Александар Димитров, членството во Федрацијата носи и обврски со кои ќе треба да се справи нашата Инженерска институција. Во прв ред е издавањето на Европска инженерска карта со која се овозможува мобилност и професионален ангажман на инженерите од Македонија.

- Станува збор за еден вид лична карта или инженерски пасош со која инженерот ќе може слободно да се движи низ Европа, да комуницира, да работи таму и сл. -вели Димитров.Втора битна работа, поврзана со членството во Федерацијата е организирањето и изведувањето на обуки и оценување на инженерскиот кадар за добивање на овластувања-лиценци. За ова треба уште отсега да се почнат активностите во кои ќе се вклучат и Министерството за транспорт и врски и Министеството за економија, како и Комората на овластени архтекти и овластени инженери на Македонија.

Македонија членка на европската федрација на национални инженерски асоцијации

јаВеН ПОВикза доделување на

гОлеМа гОДиШНа НаграДа На ааМ за 2010 г.

Наградата се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во тековната календарска година

ПОкрОВител : Претседателот на р. Македонија СПОНЗОр: Македонската авторската агенцијаПраВО На учеСтВО : архитекти со завршен 7 степен на образование , државјани на република Македонија.рОк На ПријаВа :од 20.10.2010г. до 03.12.2010г.аДреСа На ПријаВа: ул.Даме груев14а Скопје,тел за инфо 02/3237-277 www.aam.org.mk e-mail:[email protected] Жири: четири афирмирани членови на ааМ и еден член од аа на ааМрОк На ПреДаВаЊе: на селектираните трудови по пријавувањето е 10.12.2010г. ДОДелуВаЊе: на Новогодишната средба на архитектите , кон крајот на месец декември.

Page 10: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010310

10

инфо

Општинарите од Центар ја искористија можноста што ненадејно им ја укажа

Уставниот суд со укинувањето на последната верзија од деталниот урбанистички план за Малиот ринг, па при повторното изгласување на истите промени решија да додадат уште еден, на хартија ситен, но во реалноста гигантски детаљ - панорамско тркало. Објектот ќе биде сместен во близина на мостот Гоце Делчев, на самиот брег на реката Вардар до зградата на Македонска пошта. Ќе има висина од 55 метри и од него ќе може како на дланка да се види целиот простор опфатен со проектот "Скопје 2014". Кога ќе се гради, не се знае.Уставниот суд го поништи последниот план за Малиот ринг не поради неговата содржина, туку затоа што не била целосно испочитувана процедурата за неговото усвојување, односно биле скокнати некои чекори предвидени со закон. Тогаш се оневозможи изградбата на голем број објекти, меѓу кои најзначајни

беа мостот "Око" и Триумфалната порта, како и неколку споменици. Но, сето тоа значеше дека општинарите и членовите на општинскиот совет ќе можат без проблеми да го донесат истиот план, без никакви промени во содржината на тоа што се ќе се гради и како тоа ќе изгледа, само овој пат треба да ги изодат сите чекори. Така и направија. На маратонската седница која траеше десет часа, советниците од опозицијата даваа безброј забелешки за проектот, особено ги вознемири и новата содржина, но тие од мнозинството не беа заинтересирани да се впуштаат во остри дијалози. Само мирно слушаа и креваа рака за гласање.Забелешките се редеа една по друга. Најактивен беше советникот Јован Тагасовски, оспорувајќи речиси се што е предвидено како нова или повторена содржина и давајќи свои аргументи за тоа. За панорамското тркало рече дека нема да изгледа добро во Скопје, а Триумфалната порта ја нарече урбанистичка

глупост, затоа што се гради врз место каде што треба да има подземен сообраќаен коридор."Ако им дошло до панорамско тркало, нека го стават на Кале или нека го обноват тоа што се наоѓа во Градскиот парк, каде што му е местото. А за портата? Каква национална идентификација имаме ние со неа? Ова се само залудно потрошени пари и време. Да бев се уште студент на Архитектонскиот факултет, никогаш немаше да дипломирам со таква урбанистичка глупост", нагласи Тагасовски.На неговото излагање се надоврза и советничката Благородна Мојсовска Крстевска, која повеќепати настојуваше да и бидат доставени детални податоци за тоа колку пари се трошат за секој споменик одделно, и тоа посебно за авторски хонорар, трошоци за комисии и за тендери, лиење, градење постамент и се друго. "Уште не ги соопштиле парите за спомениците, а градат порти и панорамски тркала", додаде таа.Се истакнаа и мислења дека се

загрозува безбедноста на државата, бидејќи е предвидена катна гаража врз телекомуникациски инсталации кои ги користат министерствата за одбрана и за внатрешни работи, се со цел да се вметне уште еден објект со фасада во стилот на барок, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам, како што тоа е повторено многупати во планската документација. Вакви реакции биле поднесени и од управата на Телеком. Таа истакнала дека таму има вкопано цистерна за гориво. Но и за тоа општинарите не попуштија. Рекоа дека преместувањето на таа инсталација нема да биде проблем, бидејќи штом во Дубаи изградиле острови среде море, во Скопје е сосема можно да се дислоцираат неколку оптички кабли.Проблем со планот пријавила и Комерцијална банка, бидејќи новопланираниот паркинг на два ката од левата страна на реката Вардар ќе го оневозможи пристапот до нејзиниот трезор. Ова го пренесе советникот

Проектот "Скопје 2014" продолжува да изненадува со секоја промена во деталниот план за центарот

Ново дополнување на урбанистичкиот план

Големо тркало во Малиот рингПроектот "Скопје 2014" продолжува да изненадува со секоја промена во деталниот план за центарот

Page 11: PORTA3 142

Sto Градете свесно.

Благодарејќи на QS-технологијата, фасадните работи можат да бидат извршени во влажните и студени преодни периоди од годината. Додека другите градилишта привремено "влегуваат" во зимски сон, STO, блаодарејќи на QS-факторот, придонесува за сигурно довршување или за отпочнување на работите во овие периоди од годината. Тоа на инвеститорите и изведувачите им овозможува значајна предност во однос на сигурноста. QS-производите во просек ја продолжуваат сезоната за изведување на фасадните работи за 70 дена на годишно ниво.

STO QS е единственАлтернативните производи од други производители, содржат гликол или алхохол. Овие разредувачи донекаде ја зголемуваат отпорноста на смрзнување на таквите производи, но немаат ефект на брзо сушење или отпорност на дожд. За разлика од таквите производи, QS-

производите многу брзо сушат и не содржат никакви разредувачи, што ги прави далеку понештетни и за животната околина.Освен тоа, QS-производите се потполно подготвени за употреба, со што се штеди време на непотребни дополнителни работи.

STO QS е двојно подобарДвапати годишно, преовладува студено и врнежливо време, и тоа во преодните периоди од есен во зима и од зима во пролет. Така ако со обичните производи е можно изведување на работите при температура од +5ºС и релативна влажност на воздухот до 70%, со QS-производите истите можат да бидат изведени на температури до +1ºС и релативна влажност на воздухот до 95%

Палета на STO QS- производиАктуелната палета на STO QS опфаќа производи за грундирање, лепење, малтери, бои и завршни премази. Спрема тоа, оваа палета овозможува изведување на термоизолациски работи и нанесување на завршен фасаден слој, дури и по најнеповолни врменски услови.

Н.рибароски, дипл.инж. • Алпос-СТО

STO QSФасадни работи, доцна на есентаму кај што другите не можат, настапуваме ние!

Јован Тагасовски."Банка без трезор не може да работи. Според планот, оставени се девет метри од банката до паркингот, но тоа не го решава проблемот, оти новопроектираниот објект на половина го сече приодот до трезорите. И да се најде друго решение, кое реално не е можно, за тие неколку месеци колку што е потребно да се изгради паркингот, банката сепак треба да остане без трезор, што е бесмислено", објаснуваше архитектот и советник Тагасовски.Не помина ниту таа забелешка. Не само од советниците, туку одбивани биле и забелешките од граѓаните, испраќани во форма на анкетни листови додека траеше јавната анкета. Имало дури 56 претставки

од граѓани, организации, институции и од стручни лица, но речиси сите биле отфрлени. Најмногу се барало отстранување на Триумфалната порта. Но, наместо да се тргне таа, се додаде и панорамско тркало, што уште повеќе ги разочара активистите на организацијата "Плоштад Слобода", кои најавија нова претставка пред Уставниот суд. Тие го нарекоа тркалото врв на глупоста и истакнаа дека со тоа Скопје дефинитивно се претвора во мини-збирка на атракции кои ги има низ повеќе градови во Европа. Но тие таму се изградени пред многу години, дури и пред векови, велат тие.

катерина СПаСОВСка-трПкОВСка

Page 12: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010312

12

скопје

АвТОкОМАНДА

Се гради пешачка и велосипедска патека на Никола карев

По должината на булеварот Никола Карев се гради

нова пешачка и велосипедска патека. Таа е на потегот од поликлиниката "Бит-пазар" кон хотелот "Континентал", во должина од 350 и широчина од 2,5 метра. Подготвителните работи се завршени, направен е машински ископ на земја, теренот е тампониран и е подготвен за асфалтирање. За реализација на овој проект Градот ќе потроши 1,5 милион денари.

Нова пешачка патека се гради и на потегот од раскрсницата на булеварот Никола Карев со булеварот Македонско-косовска бригада, во насока кон зградата на американската амбасада, во должина од 440 метри. Патеката е широка 4,5 метри и се покрива со асфалт. Изградбата на тротоарот ќе го чини Градот 1,5 милион денари.

кАрпОШ

акција за крпење на дупките

Започна голема акција за крпење на дупките по

коловозите на подрачјето

на општина Карпош, како подготовка за претстојната зима.Од општината Карпош соопштуваат дека акцијата ќе почне со сечење и обработката на ударните дупки од булеварот Теодосиј Гологанов и северно од него по другите сообраќајници. Први на ред се улиците во урбаните заедници "Кузман Јосифовски-Питу" и "Пецо Божиновски-Кочо".

ЃОрЧЕ пЕТрОв

Нов асфалт за улицата 4 јули

Улицата 4 Јули во општината Ѓорче Петров ќе биде

преасфалтирана на потегот од објектот на Геријатриската болница кон црквата "Свети Петар и Павле", најавуваат од општината. Сообраќајницата се реконструира во должина од 220 метри, со коловоз широк девет метри. За нејзина обнова ќе бидат потрошени околу 270 тони асфалт. Од Градот велат дека ова е само дел од програмата со која се предвидува реконструирање на повеќе улици во Скопје

ЃОрЧЕ пЕТрОв

Првиот кружен тек во ѓорче Петров

Екипи на фирмата "Пелагонија -Гостивар", ангажирани од

градските власти, ја почнаа изградбата на кружната раскрсница кај трговскиот центар "СП Планет", меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшкоци и Радушка во општината Ѓорче Петров. Кружниот тек, кој треба да биде изграден до крајот на годинава, ќе го растовари метежот што се создава со вкрстувањето на овие три улици со по две коловозни ленти, широки седум метри. Планирана е изградба и на нови пешачки и велосипедски патеки. Кружниот тек ќе биде без семафори, односно ќе се постават нови сообраќајни знаци.По завршувањето на градежните работи, предвидено е во средината на оваа раскрсница да биде поставен споменик на Ѓорче Петров, коњаник, висок 10 метри со постамент од три метри. На аглите од раскрсницата ќе има четири фонтани. За изградба на овој капитален сообраќаен објект, Градот ќе потроши околу 8,2 милиони денари.По должината на новоформираниот коловоз ќе се постават рабници, површината ќе се тампонира и ќе се покрие со нов асфалтен слој со дебелина од 19 сантиметри. Одводот на атмосферските води ќе се овозможи со изведба на вертикални сливници.

подготви: катерина СПаСОВСка-трПкОВСка

Последната успешна инвестиција на Хипо Алпе Адриа Лизинг, деловниот центар „Хипериум“, лоциран на аголот од улицата Октомвриска револуција и булеварот Илинден, свечено се отвори.

Во неговата изградба се вложени 17 милиони евра. Сместен е на површина од 16.000 квадратни метри и располага со пет ката деловен простор. Над 80 проценти од деловните простори во „Хипериум“ се веќе издадени под закуп. Според инвеститорите, закупнината одговара на квалитетот на зградата. Првичните понуди се 19 евра за квадратен метар плус трошоци за одржување.

кАрпОШ

Се отвори „Хипериум“

Page 13: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 13

рубрика

13

bir

op

roe

kt.

co

m.m

k

ПР

ОЕ

КТ

ИР

АЊ

ЕМАРКЕТИНГ

А и Б лиценци за проектирањеА и Б овластувања за проектирање, ревизија, надзор

• изработка на рекламен материјал• изработка на рекламен материјал• изработка на веб решенија• изработка на веб решенија

• графички дизајн• графички дизајн

• проектирање• ревизија• надзор• ентериери

Овластени за легализацијалегализацијалегализација на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби:

• легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;• градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;• • • градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште,градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште,градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште,градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште, но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони; но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони; но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони;• • • легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).

Васил Ѓоргов 21 вл .2 , лок .8 , 1000 Скопје

Тел: +389 2 3243 790Факс: +389 2 3243 796

bi roproekt@bi roproekt .com.mk

Page 14: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010314

14

скопје

Алка помеѓу минатото и сегашноста„Плоштадот Скендербег треба да биде место кое нуди нови можности, во кое сите ќе се чувствуваат слободни да го користат просторот. Тој не треба да биде место на комерцијална консумација, туку катче каде луѓето може да дојдат и заедно да ги споделат нивните интереси. Ако сакаме плоштадот да има ваков карактер, треба да настојуваме тој да е различен толку, колку што и сличен со градот што го опкружува, формално и програмски“, смета Бетим Зекири, еден од четворицата млади автори од студиото "Архигруп" кои се автори на две идејни решенија за плоштадот.

Идејни решенија за уредување на платото околу споменикот на Скендербег

1 варијанта

Page 15: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 15

15

скопје

Бетим Зекири, Бекир Адеми, Никола Стрезовски и

Бесиан Мехмети од архитектонското студио "Архигруп" се автори на двете идејни решенија за плоштадот Скендербег, кои моментно се изложени во просториите на општината Чаир. Во двете верзии тие предвидуваат плоштадот да претставува една голема слободна сцена која стои меѓу два различни света: од една страна - структури кои се длабоко вкоренети во минатото, а од друга - објекти кои создаваат еден современ урбан пејзаж. Тие во првата варијанта предвидуваат плоштадот да се гради на површина од 12.865 квадратни метри. Оваа верзија предвидува да се поплочи сегашниот паркинг пред стоковната куќа "Илинден", кој би се преместил под земја, како и изведба на хортикултурно уредено зеленило и градска тераса, над веќе постоечките дуќанчиња. "Според проектната задача и границите на опфат што ни беа дадени, консеквентно го дефиниравме плоштадот Скендербег со поставување на нови елементи, реинтерпретирање на веќе постоечката структура и воведување на ново сценарио на случувања. Поместувањето на паркинзите во подземно ниво резултира со нов слободен простор кој има потенцијали за динамично користење. Постоечките времени објекти кои се наоѓаат меѓу споменикот на Скендербег и стоковната куќа "Мост" се редефинираат и претставуваат продолжение на платото на плоштадот. Од споменикот, преку амфитеатрални скали се стигнува до отворена градска тераса, која нуди нов тип неформално собирање. Од страната на булеварот Гоце Делчев е предвидено да има

отворен трем кој ќе ги дефинира границите на плоштадот. Останатиот дел од просторот ќе биде шеталиште и зелени површини", го објаснува првиот проект Бетим Зекири. Вториот проект предвидува плоштад со површина од 28.674 квадрати. Тој подразбира уривање на дуќаните на влезот од чаршијата, што се од периодот на социјализмот и не се заштитени како културни споменици, како и премостување на булеварот Гоце Делчев, така што ќе се добие огромно поплочено пространство. "Во вториот случај се работи за поголем зафат со кој се овозможува просторно-визуелна проточност и е со особено значење на ниво на градот. Идејата е плоштадот да се продолжи до зградата на Македонската филхармонија, а булеварот Гоце Делчев да минува под него. Ваквата реализација нема да и пречи на сообраќајницата, затоа што ќе се задржи постоечкиот профил и сепак ќе има висина од 4,5 метри. Со остварување на оваа идеја, ќе може да се шета од плоштадот Македонија, преку Камениот мост, плоштадот Карпошово востание до овој на Скендербег. Плоштадот вака ќе биде голема сцена на слободата. Тој треба да биде отворен простор, место каде ќе се разговара, протестира, игра, ќе има концерти, претстави на отворено. Тоа треба да биде еден адаптибилен и совладлив простор", додава Зекири. И во двата проекта плоштадот ќе биде една неправилна површина која ќе се надоврзува на чаршијата и ќе биде фактор кој ќе обезбедува карактер. Од наша гледна точка, вели Зекири, плоштадот Скендербег треба да биде место кое нуди нови можности, место во кое

Алка помеѓу минатото и сегашноста„Плоштадот Скендербег треба да биде место кое нуди нови можности, во кое сите ќе се чувствуваат слободни да го користат просторот. Тој не треба да биде место на комерцијална консумација, туку катче каде луѓето може да дојдат и заедно да ги споделат нивните интереси. Ако сакаме плоштадот да има ваков карактер, треба да настојуваме тој да е различен толку, колку што и сличен со градот што го опкружува, формално и програмски“, смета Бетим Зекири, еден од четворицата млади автори од студиото "Архигруп" кои се автори на две идејни решенија за плоштадот.

`

Page 16: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010316

16

скопје

сите ќе се чувствуваат слободни да го користат просторот. Тоа не треба да биде место на комерцијална консумација, туку катче каде луѓето може да дојдат и заедно да ги споделат нивните интереси. Ако сакаме плоштадот да содржи ваков карактер, треба да настојуваме тој да е различен толку, колку што и сличен со градот што го опкружува, формално и програмски, додава Зекири. Важно е да се сфати дека овој проект, на крајот на краиштата, не е само за зададениот плоштад. Проектот е за Скопје. Плоштадот Скендербег стои меѓу два различни света: од една страна се структури кои се длабоко вкоренети во минатото, а од друга се објекти кои создаваат еден современ урбан пејсаж. На ваков начин двете ќе се вклопат или стават еднододруго, објаснува тој.Идејните решенија за плоштадот Скендербег ќе бидат изложени до крајот на овој месец, а потоа ќе бидат понудени на разгледување на стручната јавност. Архитектите велат дека се подготвени да ги прифатат сите позитивни и негативни критики и да ги вметнат во проектите со цел да се добие катче каде скопјани ќе се чувствуваат пријатно.Целиот проект се спроведува со помош на Владата. Таа досега и додели 10 милиони денари на општината за да почнат подготвителните работи, кои меѓу другото, подразбираат и изработка на идејните решенија.Според градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, станува збор за мегапроект кој ќе го измени ликот на неговата општина и ќе ја направи многу поатрактивна отколку досега. Засега општинарите не планираат, освен Скендербег, да поставуваат уште споменици на новиот плоштад. Но, Меџити рече дека идејните решенија се само предлози, а конечната верзија на проектот ќе се изработи откако ќе се одржи серијата јавни дебати. Од Владата сметаат дека еден ваков проект би претставувал вистински премин од модерниот во традиционалниот дел од градот

катерина СПаСОВСка-трПкОВСка

`

2 варијанта

Page 17: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 17

17

скопје

Page 18: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010318

18

градежништво

САД

Нов пешачки мост во Сан францискоДванаесет милиони долари чини изградбата

на новиот пешачкиот мост "Robert I. Schroder Overcrossing" со осум сообраќајни ленти во Сан Франциско, кој го дизајнираше фирмата ARUP. Пасарелата широка 3м и долга 182 м, чија форма е инспирирана од крила на пеперуга, има челична конструкција која виси на кaбли закачени на лаци со релативно тенок кружен пресек. Слободниот распон помеѓу потпорите изнесува 73 метри, а на највисокото место (во тангентата на лаците) мостот е извишен 12 метри од сообраќајницата што поминува под него.При изградбата на мостот проектантите ја почитувале желбата на локалното население да се сочуваат старите дабови дрвја и креирале конструкција со закривена форма. Фундирањето е со шипови кои се вкопани 27 метри под земјата.

(sfgate.com)

ШвАЈцАрИЈА

изградба на најдолг тунел на светот под масивот Gothard

Кога во 2017 година ќе биде отворен за сообраќај, тунелот

Gothard Baze ќе биде подолг од моментно најдолгиот тунел на светот Seikan (53,6м) кој се наоѓа во Јапонија, и ќе овозможи милиони тони различни стоки со брзина од 250 км на час да се транспортираат преку Алпите. За да ги заштитат своите планини, Швајцарците одлучија да го спроведат во дело планот стар преку 60 години, наместо едноставно да го забранат преминот на тешки камиони од странство преку нивната територија. Со овој план се предвидува изградба на тунелот вреден 10 милијарди долари што поминува низ масивот Gothard, долж патот за Италија. Тој е дел од поголем проект за префрлување на превозот на стоки од камиони на железница, со цел да се спречи уништувањето на алпскиот пејзаж.

(railway-technology.com/projects)

Page 19: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 19

19

градежништво

САД

BIG DIG гОлеМ ПрОект За ПОМеСтуВаЊе На аВтОПатОт ОД цеНтарОт На БОСтОН

BIG DIG е проект за изградба на тунел кој треба да го дислоцира

автопатот I-93 од центарот на Бостон. Вкупната должина на сообраќајницата под земја изнесува 5,6 км, а со проектот се вклучени и тунелот Ted Wiliams, мостот преку реката Charles и „зелената патека“ Rose Kennedy Greenway на местото на трасата на автопатот I-93.Ова е најскапиот автопат во САД, чија изградба се планира повеќе од две децении. Во 1985 година беше проценето дека трошоците ќе изнесуваат околу

6 милијарди долари, но цената излезе многу повисока и сега изнесува 14,6 милијарди долари (споредено според вредноста на доларот од 2006 година).Во јули 2008 година, Boston Globe пишуваше дека каматите ќе ја зголемат цената за уште 7 милијарди, што вкупната цена на објектот ќе ја подигне на 22 милијарди долари, а исплатата на заостанатите долгови ќе потрае до 2038 година.Скапиот проект постојано ја бранува јавноста. Еден конгресмен дури запраша: „Зар не е поевтино да се подигне целиот град, отколку да се спушти еден автопат?“ Проектот го следеа и апсења и казни за градежниците поради лошата изведба од преку половина милијарди долари.

(www.rosekennedygreenway.org)

вЕлИкА брИТАНИЈА

Нови згради според германските Passivhaus стандарди

Chris Huhne, министар за енергија и климатски промени на Велика Британија, изјави дека би сакал

сите нови куќи во неговата земја да бидат изградени според германските Passivhaus стандарди.На неодамнешната UK Passivhaus Conference во Лондон, тој кажа дека на неговата земја и е потребна нова парадигма во изградбата на куќи и станови, односно „онаа во која вредноста и трошоците се пресметуваат сè до 2050 година“. Huhne не е единствениот што се залага за поширока примена на овие стандарди во градењето. Jonathon Porritt, директор и ко-основач на организацијата Forum for the Future, ја повика градежната индустрија на UK под итно да ги прифати и усвои Passivhaus стандардите за да се намали емисијата на јаглерод диоксид на нула (zero-carbon) до 2016 година.

(forumforthefuture.org)

СОфТвЕр

Совети за Apple уреди - iPad, iPod и iPhone за градежници

Houston Neal, директор на маркетинг сајтот Software

Advice напиша блог на тема најдобри апликации за iPhone, iPad и iPod мобилни апарати и лаптопови кои се најдобри за користење во областа на градежниот менаџмент. Neal вели дека тој лично е љубител на производите на компанијата Apple, но кога станува збор за апликацииApp Store (online каталог на апликации на сајтот Apple), тој не е сосема корисен за пронаоѓање на оние што им се потребни на градежниците.

Пребарувањето е тешко затоа што под поимот градежништво, архитектура и сл., се појавуваат многу различни апликации за компјутерски игри, забава, патувања, фотографии итн. Затоа тој ги издвоил оние апликации кои најмногу можат да им користат на архитектите, менаџерите и инженерите и направил листа од 124 апликации со името на апликацијата, линкот од кој таа може да биде преземена, категоријата во која спаѓа, цената и просечната оценка која и ја дале корисниците. Листата можете да ја погледнете на:

http://www.softwareadvice.com/construction/project-manage-ment-software-comparison/

Page 20: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010320

20

градежништво Недвижностите во Средна, Источна и Југоисточна Европа ќе поскапат

ГОЛЕМИТЕ РИБИ ги јадат малите играчи

Анализата на пазарот за недвижности во регионот на Средна, Источна и Југоисточна Европа на аналитичарите од Erste grоup покажува дека влегуваме во период на континуирано зголемување на цените на недвижности

Москва

Page 21: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 21

21

градежништво

Растот на цените на недвижностите во земјите на Средна,

Источна и Југоисточна Европа го најавија повеќе аналитичари кои се занимаваат со истражувањето на овој пазар. Најновата анализа на Erste grоup го потврди она што експертите од CB Richard Ellis го презентираа пред неколку месеци - не очекуваат сè повисоки цени на квадратите на становите и деловниот простор. Тоа се однесува и за купопродажбата и за наемот.„Во склад со високиот процент на непродадени станови во целиот регион, како и завршувањето на изведбата на голем број проекти, вредноста на недвижностите ќе се зголемува заради растечките цени на рентите што ќе бидат нереално високи уште четири до шест следни тромесечја“, вели Günther Artner, кој е раководител на Секторот за истражување на акционерскиот пазар на ЦИЕ и ЈИЕ на Erste grоup. Бидејќи бројот на непродадени недвижности е и понатаму висок, инвеститорите во градежни објекти на пазарот треба да профитираат повеќе од девелоперите. Ставајќи ги во фокусот на своето истражување, австриските, германските и британските акции во недвижности, аналитичарите на Erste grоup тврдат дека тие се сè уште под нивото од пред 10 години, што минатогодишниот

раст го става во нешто поинаква перспектива. Затоа растот, пред сè, зависи од закрепнувањето на цените на недвижностите на пазарот во Европа.„Ако се земе предвид

економската перспектива во Австрија, Германија и регионот на Средна, Источна и Југоисточна Европа, индексот P/BV (однос на цената на

акцијата и книговодствената вредност по акција) од околу 0,6x за голем број акции во областа на недвижностите, сè уште укажува на тоа дека акциите се прилично евтини споредени со историските нивоа, посебно со рекордно ниските каматни стапки. Постои само мал потенцијал за раст во остатокот на 2010 година, додека до крајот на 2011 година тој ќе изнесува околу 20-25% - ова се однесува само на главните австриски компании во областа на недвижностите што не се вклучени во процесот на преземање, CA Immo, conwert, Immofinanz i Sparkassen Immo“, објаснува Artner.

компаниите на мета

Акциите на фирмите што се занимаваат со недвижности во Средна, Источна и Југоисточна Европа моментно се под влијание на остри корпоративни акции. Компаниите со атрактивен имот (CA Immo Int., conwert, итн.) се интересни како мети за преземање, а некои компании се преземаат за

да се искористи ниската валуација на акциите заради ликвидирање на имотот и преземање на профитот (ECO Business-Immo). „Потенцијалот за раст секако зависи од закрепнување на

цените на недвижностите, како што, во текот на трендот на спуштање во време на економската криза, падот на цените е мултиплициран

со користење левериџ, кој претставува метод за проценка на ефектите за работење со присуство на наведени фиксни расходи“, смета Gernot Jany, аналитичар на недвижности во CEE на Erste grоup.

инвестициите поголеми за 70% на годишно ниво

Пазарот на вложување во регионот на овој дел од Европа во второто тромесечје годинава вредеше 953 милиони евра. Направени се 28 трансакции, што е раст од 32% во однос на истиот квартал од минатата година, односно обемот на трансакции бележи раст од речиси 70% на 43,8 милијарди евра во првата половина на 2010 година споредено со истиот период лани. Вкупниот износ вложен на овој пазар до крајот на првото полугодие ја надмина вредноста од 1,7 милијарди евра. Тоа е 190 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. И покрај ваквиот раст, треба да се земе предвид дека вкупниот промет и понатаму е помал во однос на нивото на последното тромесечје на 2008 година.62% од вкупниот обем на трансакции се однесува на британскиот, германскиот и францускиот пазар. Во овие земји се интензивирани големи работи (преку 100 милиони евра), со 13 трансакции во Германија и 25 во Велика Британија. Најголемиот меѓуквартален раст на инвестиционите

ГОЛЕМИТЕ РИБИ ги јадат малите играчи

Продолжува трендот на преземање: финансиски здравите компании и понатаму се интересни мети, други се преземаат за да бидат ликвидирани

Инвеститорите во недвижности се во подобра позиција од девелоперите, затоа што се уште е голем процентот на неизнајмени простори

атина

Варшава

Софија

Будимпешта

`

Page 22: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010322

22

градежништвоактивности е воочен во Австрија и Италија кои имаат раст од 85%, како и Ирска и Чешка.

канцелариите и трговските центри најбарани

Во 2010 година во Средна, Источна и Југоисточна Европа најмногу се градеа деловни простори, па така во Полска, Русија и Чешка во деловните простори во второто полугодие е вложено дури 97% од вкупните вложувања. Според големината на вложувањето во деловните простори следат Бугарија и Романија, а останатите земји од регионот на ова поле далеку заостануваат. Меѓутоа, останува фактот што, со оглед на класата на имотот, деловните згради го сочинуваат најголемиот дел на вложувањата. Во првото полугодие годинава во деловните простори е вложено дури четири пати повеќе отколку во првото полугодие минатата година во регионот.Додека во Македонија цела година имаме статус кво ситуација, во Хрватска на пример, цената на наемот на деловните простори падна за 2,9 % во однос на првото полугодие минатата година и сега изнесува 198 евра. Во Романија квадратен метар на локал моментно чини во просек 234 евра, што е исто така помалку од просекот за средна и источна Европа, каде квадратен метар деловен простор чини 311 евра.Од друга страна, вложувањето во трговските центри сè уште е најатрактивното поле за вложување наспроти благиот пад во повеќето земји, особено во Унгарија, Полска, Романија и Русија.Растот на невработеноста и понатаму е главен проблем во регионот, а во комбинација со слабите локални валути ја слабее потрошувачката што секако влијае и на пазарот на недвижности. Меѓутоа, падот на потрошувачката варира од земја во земја. Средноевропските пазари во однос на своето источно соседство имаат поголем доход на располагање, но на аналитичарите од Erste grоup им е интересен и фактот што на исток потрошувачката е во просек поголема од онаа во Средна Европа. Цените на наемот на становите во вториот квартал паднаа за 3,4 % во однос на претходниот квартал, односно 10% во однос

Во земјите на поранешна Сфрј паѓа вредноста на недвижноститеСпоред анализата пренесена на Макфакс, во земјите на поранешна Југославија моментно паѓа вредноста на недвижностите. Во Македонија тие бележат пад. Се уште се највисоки во Скопје, каде на пример квадратот станбен простор чини 1400 евра и во Охрид каде становите чинат од 1000 до 450 евра за квадрат. Во Хрватска цените на станбените објекти годинава паднаа за 12,6 % според последните податоци кои ги објави хрватскиот Државен завод за статистика. Во првата половина на 2010 година тие изнесуваа 1590 евра по м2, а во Загреб тие изнесуваа 1660 евра по м2. И во БИХ е слична ситуација. Сега во центарот на Сараево квадрат стан чини 1570 евра за м2. Падот на цените е евидентен и во Мостар, каде цените просечно се движат од 932 до 1096 евра по квадрат, иако пред половина година квадрат стан во новоградбите се продаваше за 1644 евра. Во Србија, пак, цените на становите паднаа во просек за 300 евра и моментно се движат од 1500 до 1900 евра за квадрат во Белград, а на ексклузивните локации достигнуваат и до 2500 евра по квадратен метар. Во Подгорица, квадратот просечно чини 1191 евро, а во Будва, цените паднаа помеѓу 1200 и 1500 евра.Во Словенија цените на становите растат. Во Љубљана тие достигнаа и до 2600 евра, а во луксузните квартови и до 4000 евра за м2.Но, во иднина трендот на поскапување на квадратите ќе ги зафати и овие земји. Веќе од второто тромесечје на следната година треба да очекуваме раст на цените на станбениот и деловниот простор, предвидуваат експертите.

Заграеб

Љубљана

Скопје

Сараево Белград

Подгорица

Page 23: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 23

23

градежништво

на истиот период од минатата година. Голем пад е забележан во Софија, каде цените паднаа за 11%, а следат Атина и Белград со пад од 10%, односно 6%.

Take-up деловни простори во Зе, це, ие и јиеЕкономското закрепнување почнува позитивно да се одразува на купувањето и изнајмувањето на деловните простори од 38% на меѓугодишно ниво во првата половина на 2010 година заради зголемената побарувачка во Западна Европа и земјите од Средна, Источна и Југоисточна Европа. Овде стапката на неизнајмен простор се задржа

на 10,2 % како пред тој квартал. Меѓутоа и понатаму постојат големи разлики во стапките на неизнајмен простор ширум Европа, од само 6,8% во Париз до преку 15% во градовите како што се Амстердам, Даблин, Будимпешта и Москва.

Побарувачката за деловен простор во ЈИЕ е зголемена за 36% на годишно ниво и сега изнесува 1,38 милиони квдратни метри. Најголем пораст е забележен во Москва, каде take-up во првата половина на 2010 година достигна ниво од пред 2008 година.„Доколку ЈИЕ се посматра како целина, ќе се види дека стапката на неизнајмен простор по првпат падна за 30bp, на 15,5% во вториот квартал, по периодот на пораст од втората поливина на 2007 година. Меѓутоа, доколку се посматраат три подрегиони, ќе се воочат различни трендови. Додека стапките во ЦЕ и ЈИЕ бележат благ пораст, стапките во ИЕ

опаднаа за речиси 200bp нa 16,3% во споредба со втората половина на 2009 година, што е под нивото во ЈИЕ за 17,1%”, вели Artner.

Малопродажбата скоро на исто ниво

Обемот на инвестиции на европскиот пазар за малопродажен простор двојно се зголеми во текот на првата половина на 2010 година и достигна 10,6 милијарди евра, укажувајќи на зголемување на довербата. На ниво на потрошувачите, потенцијалното зголемување на данокот и неизвесноста во поглед на ефектите на државните мерки за штедење, ја намалуваат потрошувачката. Во првата половина на 2010 година, инвестициите во малопродажниот простор во ЈИЕ изнесуваа 633 милиони евра, што претставува раст од 5% во однос на претходното

полугодие и исклучителните 190% споредени со ниските нивоа во првата половина на 2009 година. Ако ги анализираме географските подрачја, ќе заклучиме дека во Унгарија, Полска, Румунија и Русија се случуваат најголем дел од инвестиционите активности. Во поглед на областа на инвестирање, трговските центри и понатаму се најатрактивниот сегмент. „Во актуелното окружување, поголема е веројатноста дека силните конкуренти ќе инвестираат во нов малопродажен центар, евентуално купувајќи ги слабите играчи на пазарот. Всушност, така и функционира пазарот на недвижности - секогаш големите риби ги јадат малите. Во центарот на вниманието на сите остануваат првокласните локации и високопосетените шопинг квартови“, коментира Jany

Наталија НОВакОВиќ-ДОБреВСка

Движење на пазарот: влегуваме во фаза на конвергенција на принос и раст на вредноста на недвижностите

Page 24: PORTA3 142

24

ПОРТА 22 октомври 2010324

Искуството не учи дека во Македонија законите се добри - лошо е што многу често тие не се спроведуваат во дело. Особено во градежништвото, каде е вистинска реткост да најдете наши компании кои во целост ги почитуваат прописите за градба во изведбата на сите свои објекти.

Што

мис

лат

град

ежни

ците

за

најн

овит

е из

мен

и и

допо

лнув

ања

на З

акон

от з

а гр

адењ

е?

Помина еден месец по прогласувањето на Законот за именување

и дополнување на Законот за градење, што Собранието на РМ го донесе на седницата на 14 септември 2010 година. Овој период не е доволен за да се видат неговите ефекти во пракса, но е доволен за да се согледа барем дел од неговите недостатоци. За таа цел Порта3 ги праша градежниците, архитектите и правниците што мислат за овие законски акти - дали тие ќе го олеснат процесот на подготовка на документација и изведба на објектите или ќе создадат уште поголем хаос во законската регулатива кај нас. Заклучокот од нашата мини-анкета е дека генерално сите се задоволни од промените на Законот за градење. Така е во теорија. Како ќе биде во пракса, времето ќе покаже. Искуството не учи дека во Македонија законите се добри - лошо е што многу често тие не се спроведуваат во дело. Особено во градежништвото, каде е вистинска реткост да најдете наши компании кои во целост ги почитуваат прописите за градба во изведбата на сите свои објекти.

Пониска глоба за изведувачите без градежен дневник

Од сите измени и дополнувања на Законот за градење, најмногу коментари помеѓу градежниците предизвика промената на висината на глобите за прекршоците на изведувачите.Така, ако изведувачот не води градежен дневник и градежна книга за изведените градежни работи, наместо глоба од 7000 до 9000 евра во денарска противредност како што беше досега, ќе мора да плати глоба во износ

од 5000 до 7000 евра. Глоба се плаќа и ако изведувачот не состави писмен извештај за изведените работи, не го означи со информативна табла градилиштето, привремено зафати за потребите на градилиштето јавна сообраќајна површина без дозвола и не ги отстрани од градилиштето непотрошените градежни и други материјали, отпадот, шутот итн.- Законот треба да важи за сите региони од државата. Можеби во Скопје се води дневник на градилиштата, но во Тетово, Дебар и Гостивар каде претежно мојата фирма изведува објекти, тоа сигурно не се прави. Обично изведбата на објектите и подготовката на документацијата за градба се одвиваат едновремено. Или пак, најпрвин се гради објектот, а отпосле се прави градежен дневник и градежна книга - вели Илбер Илјази, еден од сопствениците на „Билд констракшн инженеринг“.

За странците од еу само потврда, листа со изведени објекти за сите други

Нова регулатива има и за странците. Лицата од странство досега можеа да изведуваат проектирање, ревизија, изведба и надзор на објектите, ако се регистрираа во Централниот регистар и добиеја соодветна лиценца. Сега, со измените во законот, тие можат да ги вршат работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор, доколку добијат потврда за вршење на овие работи од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа за уредување на просторот. Тие, ако потекнуваат од земја членка на Еврпската Унија, треба да достават дозвола, односно лиценца за вршење Д

обра

теор

ија,

лош

а пр

акса

Page 25: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 25

25

градежништвона соодветните работи за видот на градбите за кои бара потврда од својата матична земја. Оние што не потекнуваат од земјите на ЕУ, треба да достават и листа на извршени работи. Потоа можат да добијат потврда за вршење на наведените работи од областа за уредувањето на просторот. - Во некои случаи домашните и странски физички лица можат да ги вршат работите на проектирање, ревизија и надзор над градби во Република Македонија, доколку се избрани во постапка за вршење на овие работи во проект кој го финансираат меѓународните организации или фирми од ЕУ. Тоа значи дека на пример, ако на конкурс победи дело на архитект од странство, тој ќе може да биде ангажиран во изведбата на објектот иако пред започнувањето на изведбените работи не поседува потврда за вршење на наведените работи - објаснува Јован Марковски од бирото за градежен консалтинг „АА инженеринг“.

Најлон-терасите во закон

Во пошироката јавност интерес предизвика и членот 135-а според кој во законот се вели: „доколку овластениот градежен инспектор утврди дека урбана опрема-тераси со или без натстрешник и покриени или непокриени шанкови е поставена без одобрение за поставување на урбана опрема, донесува решение за отстранување на истата и во рок од три дена ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.“Тоа во пракса значи дека ако некој се осуди да постави шанк или киоск без одобрение, градежниот инспектор треба да реагира во рок од три дена. Ако се донесе решение за отстранување на урбаната опрема во одредениот рок, а сопственикот на опремата не го стори тоа, отстранувањето на опремата ќе го изврши градежен инспектор на сметка на лицето што ја поставило урбаната опрема.

- Законот е сосема во ред. И мислам дека се почитува кога се работи за објекти како што се сендвичарници, киосци за весници или објекти од времен карактер. Но, тешко дека може некој да излезе на крај со кафулињата што на секој чекор ги заградуваат терасите со најлони. Сите знаеме дека тоа се бесправни градби, покрај нив секојдневно поминуваме, но никој ништо не презема. Тие можеби на некого му носат профит, но го нагрдуваат градот - смета архитектката Даница Јаневска.

Промени има и во техничкиот преглед на објектите

Комисијата за технички преглед на градби од прва и втора категорија ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот. Она што е новина во законот е дека за градбите од трета, четврта и

петта категорија, техничкиот преглед го врши надзорниот инженер за што изготвува извештај за извршен технички преглед. Тој потоа извештајот треба да го достави во општината во која е изграден објектот заедно со сета документација.Има промена на прописите за технички преглед за градбите од трета, четврта и петта категорија. Сега, надзорниот инженер кој врши технички преглед, во својот извештај треба да наведе и други факти како што се: дали градбата е со фасада и може да се употребува, дали има одредени недостатоци кои мора да бидат отстранети и дали има одредени недостатоци кои ги нарушуваат основните барања на градбата што се однесуваат на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита поради која градбата не може да се стави во употреба.

Наталија НОВакОВиќ- ДОБреВСка

Page 26: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010326

26

архитектура

Zaha Hadid е добитник на овогодишната престижна награда „Stirling“ која ја доделува Royal

Institute of British Architects (R.I.B.A) во вредност од 31.600 долари. MAXXI музеј во Рим на архитектката што за себе вели дека е виртуоз на елеганцијата, ги победи The Ashmolean Museum во Оксфорд, на студиото Rick Mather Architects, Bateman’s Row во Лондон, проект на Theis and Khan Architects, Christ’s College School во Гилдфорд, кој го проектираа архитектите од студиото DSDHA, Clapham Manor Primary School во Лондон на dRMM и берлинскиот Neues Museum, проект на David Chipperfield Architects и Julian Harrap Architects кои, исто така беа во остра конкуренција.Во објаснувањето на жирито стои дека

станува збор за „зрело остварување на архитектура, дестилација која е резултат на повеќегодишни експериментирања, во кој само еден дел е изграден. Наместо зградата да даде однапред насоки на движење, ве поттикнува да истражувате“.

ремек дело од иднинатаСекој проект на архитектонската ѕвезда, англо-ирачката архитектка Заха Хадид е ремек дело и антиципација на новите поглавја во архитектурата - како ќе изгледа архитектурата на иднината. Нејзините проекти не се реализираат често и поради футуристичкиот изглед кој бара доста време за изведба, како и поради финансиските средства - градбите во принцип и се големи и скапи.

Музејот MAXXI во Рим на Заха Хадид добитник на „Stirling 2010“

Икона на умет носта на 21 векФантазмагоричен пејзаж на голем уметнички ум или скулптура која треба да се исполни

`ситуација

Page 27: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 27

27

архитектураРекорден број на посетителиНовиот римски национален музеј на современа уметност, во првите неколку месеци од отворањето, привлече повеќе од 115 000 посетители, иако годишно бea очекувани околу 200 000. Според Agence France- Presse, музејот дневно го посетуваат околу 1150 посетители, а веб страницата на музејот дури 731.000.

Икона на умет носта на 21 векФантазмагоричен пејзаж на голем уметнички ум или скулптура која треба да се исполни

пресек 1-1

Page 28: PORTA3 142

I кат

приземје

ПОРТА 22 октомври 2010328

28

архитектураII кат

Page 29: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 29

29

архитектура

Овој музеј е вистинско оглeдало на архитектонскиот ракопис на славната архитектка и припадничка на "archistars". Таа истакна дека намерата не и била да создаде затворен објект, туку своевиден урбан кампус кој се простира на повеќе нивоа.„Размислував кои форми можат да ја заменат постоечката архитектура на касарните што порано се наоѓаа на ова место. Одлучив тоа да биде комбинација на повеќе различни геометрии од кои потоа се развива идејата за една флуидна интерпретација. Предвидов закривени ѕидови, за да можат еден ден да се одржуваат изложби и од надворешната и од внатрешната страна. Во проектот е многу важна интеракцијата на екстериерот и ентериерот“, вели Хадид, која се надева дека нејзината музејска зграда ќе послужи како импулс и ќе ја поттикне изградбата на нови проекти, нови случувања кои ќе станат нови урбани искуства.

ентериер без границиХадид го реализирала просторот без фиксни граници, креирајќи волумени кои се претопуваат едни во други и испреплетуваат меѓу себе хоризонтално, вертикално и дијагонално во просторот. Она што архитектката го

направила може да се сфати ако MAXXI се спореди со музејот Guggenheim во Билбао.Онаму каде Frank Gehry оствари поливалентни волумени, но фрагментирани, спротивставени, јасно омеѓени, како се работеше во столетието ориентирано кон ефикасноста, во векот на кој печат, во архитектурата и дизајнот, му даде функционализмот.Наспроти тоа, MAXXI е зададен само со своите надворешни контури, кои се исто така завојни, одвнатре е целиот преплетен со патеки, ходници, брановидни движења, сугерира движење и претопување, анархичен е на постмодерен начин и претставува материјализиран таоистички wu wei, сублимат на дијалектички спротивности.

уметност во уметностИстражувањето на просторот што посетителот го доживува како потенцијално бесконечен започнува уште на влезот, каде публиката ја дочекува огромниот скелет „Calamite cosmica“, дело на уметникот Џино Доминичис, поставен во просторот во надреален магритовски манир. Во внатрешноста на музејот, во кој не се изложуваат дела постари од 10 години ве дочекуваат и други изненадувања: моцарела направена

од восок, екран од шест метри со добредојде на сите јазици на светот, џиновски црвени цевки на Маурицио Мокети, инсталации на „net art“ во сите премини.MAXXI е поделен на два музеја. Првиот содржи збирка на повеќе од 350 уметнички дела од современи автори како што се Boetti, Clemente, Kapoor, Kentridge, Merza, Richtera и Warhola, а вториот е посветен на архитектурата и во него се изложени повеќе од 75 илјади документи. Во галериите, во кои се одвиваат повремени изложби и различни културни случувања, се влегува преку простран атриум кој води и до рецепција, кафулиња, книжарница и аудиториум, критика за „сребрената боа“Новоотворениот музеј на уметноста на 21 век MAXXI во Рим веќе го доби прекарот „сребрена боа“, поради својата специфична форма. Таа е тешко да се опише, па критичарите на архитектурата имаат пред себе вистински предизвик. Виторио Згарби за него рече дека е „мавзолеј на Заха Хадид, а не музеј во кој се изложени уметнички дела. Не сакам музеј кој не сака уметнички дела и кој претендира да биде музеј сам по себе. MAXXI е мавзолеј посветен

на Заха Хадид, тоа е музеј на нејзините идеи, нејзин споменик, нејзино ремек дело и се чини дека уметничките дела го реметат“.Како што напиша критичарот на The Times: „нема никаква смисла да се опишува обликот. Прекомплексен е, вели тој. Тука нема конвенционални катови, а зградата одвнатре е вистински лавиринт, непрегледна низа долги закривени ходници каде се сменуваат високи и ниски тавани. Човек овде може и да се изгуби. Зградата всушност претставува скулптура која треба да се исполни - фантазмагоричен пејзаж на голем уметнички ум. Ако ја ставите уметноста внатре, се плашам дека градбата би можела да експлодира.“ Оваа интересна опсервација можеби звучи претерано, но сепак не е далеку од вистината. Проектите на Хадид навистина наликуваат на современи скулптури во хај-тек изведба и се уметнички дела сами по себе, без потреба да се надополнуваат со дела на други уметници. Музејот се нарекува градба на иднината, односно икона на современата уметност на 21 век, а неговиот изглед се споредува со вселенски брод

Наталија НОВакОВиќ-ДОБреВСка

Силна конкуренција и проект вреден 150 милиони евраМузејот MAXXI е прв италијански национален музеј на современа уметност. Тој зафаќа 29.000 м2 и се градеше повеќе од 10 години во римскиот кварт Фламинио, на местото на некогашните касарни.Zaha Hadid победи на конкурсот на кој беа пријавени 273 труда, поради своето „иновативно и креативно решение“. Изградбата на MAXXI чинеше околу 150 милиони евра.

пресек 2-2

Page 30: PORTA3 142

30

30

ПОРТА 22 октомври 20103

архитектура

ВО ХАРМОНИЈА СО ПРИРОДАТА

Page 31: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 31

31

архитектура

Архитектите од аргентинското студио Bak

Arquitectos се автори на оваа зачудувачка куќа од бетон, наменета за семејство кое е љубител на природата и сака да го поминува своето слободно време во мир и тишина, далеку од вревата и метежот на современата хај-тек цивилизација. JD House се наоѓа во шума близу Mar Azul, Аргентина. Како и повеќето објекти на Bak Arquitectos, така и овој, е проектиран со мисла да го зачува природниот амбиент на контекстот. Архитектите се противат на сечењето дрвја, особено на боровата шума, и ги запазуваат природните падини на парцелите за градење. Дрвјата во склоп на парцелата остануваат недопрени и се издигнуваат во структурата на самиот дом. За да се ублажи студенилото на бетонот што е употребен и во ентериерот, куќата е обложена со дрвени панели. Освен што таа претставува природно продолжение на

Page 32: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010332

32

архитектура

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

пејзажот, ја одржува влажноста на воздухот и создава кислороден баланс. Големите прозорци овозможуваат обилно количество на природна светлина. Организацијата на внатрешниот простор е со различни функционални зони и катчиња. Внатрешноста на куќата е пространа и светла, а дрвените панели кои ги покриваат ѕидовите и плафоните придонесуваат за создавање специфична атмосфера и наедно го разубавуваат просторот

Сандра ДОНчеВа, дипл.инж.арх.

Page 33: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 33

рубрика

33

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

Page 34: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010334

рубрика

34

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

www.porta3.com.mk

Page 35: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 35

35

спортски храмови

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

www.porta3.com.mk

Данска подготвена ќе го дочека европското првенство во ракомет за

жени оваа година. Првиот голем настан чиј домаќин ќе биде новата арена во малото гратче Хернинг во средишниот дел на полуостровот Јутланд, "Јиске Банк Боксен", е во завршна фаза на изградба, а капацитетот од 12.500 места веќе ја става арената во редот на најголемите на Стариот континент. Според планот, за спортски натпревари арената ќе има капацитет од 12.500 места, додека за концерти и други културни манифестации капацитетот ќе нарасне и до 15.000 места. Трибинскиот простор ќе биде поделен во два дела. Во долниот трибински дел кој е поголем, ќе има капацитет од 8500 места, додека во горниот дел дополнителни 4000 места. Во рамките на арената се подготвува и голем ВИП салон, како и две дополнителни простории за медиа-центар и прес-центар. За реализација на тв-преноси се подготвува посебно тв-студио, а исто така за комплетна покриеност на просторот во рамките на арената ќе има и неколку кафе-барови, еден голем ресторан и три помали кафулиња. Зад изградбата на "Јиске Банк Боксен" стои компанијата МСН, што претходно учествуваше и во изградбата на фудбалскиот стадион во овој град. МСН е холдинг-компанија со 50-годишно искуство и со учество во изградбата на големи објекти во северна Европа. Како таква, веќе прерасна во една од најголемите во овој дел од Стариот континент. Дизајнот на "Јиске Банк Боксен" е на Arstiderne Arkitekter, додека главен изведувач на проектот е C.C. Contractor, заедно со Midtconsult. Новата гордост на Хернинг и на Данска ќе биде подготвена за кошарка, одбојка, ракомет како и за гимнастички спортови. Отворањето на арената ќе биде проследено со голем концерт на моменталната мега-ѕвезда Лејди Гага.

Сашо куЗМаНОВСки

"Јиске банк боксен" - Хернинг, Данска

Нова спортско-концертна арена на Јутланд

факти За "ЈИСКЕ БАНК БОКСЕН" - Хернинг, Данскакапацитет: 12.500 местаПовршина на градба: 29.610 м2Период на изградба: 2008 - 2010цена на градба: 67 милиони евраархитекти: Arstiderne Arkitekterизведувач: MCHглавен изведувач: C.C. Contractor

Page 36: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010336

36

„Перде“со

архитектонски досетки

региони

Новиот објект наменет за театар и библиотека во строгиот центар на градот, ќе се гради според идејното решение на авторите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Никола Стрезовски од студиото „Архигруп“

ТЕТОвО

Page 37: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 37

37

региони

Тетово за две години треба да добие нов објект каде ќе бидат сместени театарот и

градската библиотека, установи кои досега функционираа во рамки на Центарот за култура. Објектот ќе се гради според идејното решение со наслов „Перде“, кое го изработија Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Никола Стрезовски од студиото „Архигруп“. Објектот ќе има вкупно 14 илјади квадратни метри површина. Тој ќе содржи театар со голема сала со вкупно 450 седишта (360 во партерот и 90 на балкон), една помала сала, библиотека, како и простории за културни, едукативни и деловни дејности. Предвидени се простории за кино, интернет-клуб, училници, предавални, галерија, канцеларии и продавници. Во подземниот простор ќе има вкупно 250 паркинг места на две нивоа. Локацијата на која ќе се гради објектот е во директна врска со градскиот плоштад. Контекстот се состои од низа различни објекти со повеќе намени. Новиот комплекс треба да се издвои од градското ткиво и да придонесе за градење на ансамблот на јавни објекти во пошироката урбана морфологија. Со цел да се искористи што повеќе дадената локација, е креирано решение кое предвидува три волумени кои се обединети во едно тело.Според авторите, процесот на длабење во хоризонтален и вертикален план на објектот овозможува на секој чекор да се откриваат простори кои ги поврзуваат различните содржини. Со одземање на волумени се формира отворен амфитеатар, при што еден крак на широки скали се спушта од фоајето и се отвора кон градот, посакувајќи им добредојде на посетителите. „На овој начин објектот влегува во интеракција со субјектот“, велат авторите. Посетителите на театарот и библиотеката имаат директен пристап преку главниот влез на оформениот плоштад, а пристапот за вработените и персоналот е одвоен од бочните страни. Просториите наменети за култура, образование и деловна дејност имаат свој посебен влез и се независни од другиот дел на објектот. Економскиот влез и рампата што води до подземниот

Page 38: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010338

38

региони

Page 39: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 39

39

регионипаркинг е сместен до постоечката рампа на Домот на културата, со што се овозможува непрекинато движење и промет далеку од главниот влез на театарот и библиотеката. Објектот е обвиткан со фасадна структура - завеса со различен и динамичен ритам на вертикални елементи. Таа во различни периоди од денот пропушта различен интензитет на светлина во ентериерот, и истовремено игра голема улога и во природното уредување на микроклимата на просториите и заштедата на енергија.Во образложението на жири-комисијата што го одбра идејното решение, стои дека трудот понудил функционална шема за комплицираната содржина на две функции во еден објект. - На едноставен, чист и прегледен начин понудија независно функционирање на библиотеката и содржината на театарот и јавните простории за повеќе намени. Со мали, но квалитетни архитектонски досетки (формирање отворен амфитетар, одземен од општото тело на објектот, формирање плоштади) се добива посебен архитектонски квалитет на понуденото решение. Посебно во овој проект фасцинира обработката на фасадата каде целото тело на објектот е обвиткано со структура "завеса" со различен динамичен ритам и репететивност на повеќе правци - се вели во образложението на комисијата. - Токму главниот влез е широк простор кој овозможува да влезат голем број посетители одеднаш. Внатре ги очекува таканаречен внатрешен плоштад од каде се овозможува директен пристап до главните простории, и за театарот и за библиотеката. Службените влезови се поставени странично. Просториите што ќе служат за едукативни и други слични дејности ќе имаат исто така посебни влезови - вели Бесиан Мехмети еден од авторите на решението. Изградбата се очекува да започне во април наредната година, по завршување на сите административно-технички процедури. Објектот треба да биде готов за две години

александар СаМарЏиеВ

Page 40: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010340

40

архитектура

“Архитектурата за разлика од другите уметности има функција да креира места и контексти во кои се одвива социјален живот. Архитектурата има големо влијание врз начинот на кој луѓето се однесуваат”

просторно - физичката архитеконска реалност како директна

импликација на етичките односи во одредена урбана средина

Етика и архитектура

Page 41: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 41

41

архитектура

Рускиот архитект и уметник Александар Бродски, на едно свое неодамнешно предавње

на Архитектонскиот факултет во Скопје, ќе нагласи: архитектурата е многу опасна дејност. Соочен и свесен за одговорностите и суптилноста на својата професија, тој по завршувањето на архитектонскиот факултет своето архитектонско дејствување го одложувал следните дваестина години за на крајот да почне да создава крајно суптилни архитектонски интервенции. Етичноста на градот, уште со самата негова појава, уште во самата негова основа е ставена под знак прашање. Градот како голема човечка просторно - физичка интервенција претставува буквално одземање на дел од природата, притоа нарушувајќи го природниот амбиет и континуитет на природните процеси. Во почетокот тоа одземање имало само просторно физичка

импликација за да подоцна со појавата на индустриското општество има многу посериозни влијанија на целокупната планета, најчесто поврзани со деградација на животната средина. Читајќи ја архитектонско - просторната реалност на одреден урбан амбиент, согледувајќи ги просторните релации помеѓу поединечните објекти и елементи и нивната поставеност едни спрема други, согледувајќи го нивниот хармоничен или пак конфликтен однос, истовремено ја читаме реалната етичка состојба на луѓето што живеат во таа урбана средина. Безсомнено, етичката состојба на луѓето, нивниот меѓусебен однос, нивното меѓусебно почитување или непочитување, има директна просторна физичка имликација во архитектурата и градот. Оттука oвaa поврзаност на архитектурата и етиката, односно нивното единство,

архитектите, урбанистите и граѓаните секогаш треба да ја имаат предвид, затоа што каква било архитектонска интервенција може да претставува или пак да предизвикува добрососедство или конфликт, почитување на зедничкото или себичност, почитување на природата или нејзина деградација. Моќта на архитектот да ја обликува животната средина на луѓето, а истовремено делумно да ги обликува меѓусебните односи на луѓето, воедно му овозможува и голема привилегија, но уште повеке голема одговорност за своите постапки. Тоа од него ќе бара суптилно дејствување во архтектонската реалност на градот. Затоа, на некои факултети за архитектура, образованието на архитектот ги влучува етичките аспекти на архитектурата во рамките на одделен специјален предмет. Суштината и природата на

архитектурата во однос на луѓето има крајно етички карактер. Луѓето не стануваат архитекти за да предизвикуваат штета или пак да го повредуваат светот околу нив - туку напротив, тие посакуваат да го направат светот подобро место за живеење. Станувајќи свесни за единството на архитектурата и етиката, истовремено сфаќајќи ја архитектурата како општествена социјална активност која е во служба на луѓето и нивната добробит, архитектите ќе внесат поголема суптилност во својата работа, а нема да се сведат само на просто цртање, визуелно обликување (“дизајнирање”) и задоволување на некои норми и стандарди, туку на својата работа ќе и дадат повеќедимензионалност и повеќеаспектност. Истовремено, размислувајќи за тоа дали нивната архитектонска или урбана, или какава било интервенција ги задоволува етички исправните барања на клиентот, односно

Page 42: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010342

42

архитектура

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

дали и наштетува на пиродата, дали ја загадува; колку енергија троши, колку е економична; дали им наштетува на другите индивидуи, соседи, дали им ги попречува нивните визури, дали ги засенчува, дали им оневозможува пристап; дали го узурпира јавниот простор; дали има напредок на архитектонската мисла; дали обезбедува доволна аерација во однос на поблиската околина; дали е во хармонија со својот просторно-физички, социјален, културен, и историски контекст...итн. Бидејќи архитектот претставува крајно условен играч во архитектонско - урбанистичките активности: условен од клиентот и неговите барања кои можат да бидат и неетички, условен од законските прописи и правила кои, исто така некогаш можат да имаат неетички елементи за

одредени случаи, условен од општествениот контекст, условен од градителот или изведувачот што нè секогаш го изведува соодветно она што е замислено предизвикувајќи неетички последици на пр. врз корисниците на објектот, одговорноста не може да се сведе само на архитектот. Кај нас, во Македонија, честопати, за жал, улогата на архитектот се презема во рацете на другите играчи, така што тој станува само формална фигура. Како последица на ова произлегува и непочитувањето на професијата архитект, чие влијание се одразува во неквалитетна архитектура и хаотичен урабан раст. Сè поголемото исклучување на архитектот од проектирачкиот процес претставува неетичка постапка од прв ред, тоа е исто како на пр. кога на хирургот некој од друга професија би му ги земал

инструментите за да го оперира пациентот сомневајќи се во неговите квалитети. Архитектот како централна личност во процесот на архитектурата од самиот нејзин почеток па сè до завршетокот, има улога да ги координира сите играчи: клиентот, дизајнот, изведувачот, корисникот, секогаш стремејќи се да создаде етичка урамнотеженост меѓу нив. Во последно време вниманието е насочено кон архитектурата и нејзиното влијание врз животната средина. Односот на архитектурата кон природата, или односот на човекот кон природата има крајно етичка природа. Енергетската ефикасност, употребата на енергија од обновливи извори, употребата на еколошки, природни и обновливи материјали, создавањето на таканаречени самодоволни објекти, притоа задржувајќи го

постоечкиот стандард на живеење, претставуваат тенденции со цел да се ублажи негативното влијание на архитектурата и градовите врз природните еко системи. Најверојатно крајната цел на оваа тенденција ќе биде објектите да се претворат во живи организми, самодоволни и неутрални, кои органски ќе се приспособуваат на сите промени. Слично, како што е опишано во една книга, каде летечките чинии од другите светови се изградени од страна на микроорганизми кои вршат постојан процес на обновување. Со намалувањето на штетното влијание врз природата, ќе се намали и штетното влијание врз човекот што како дел од природата ги чувствува последиците, па така овој потег има двојно етички карактер

јордан таСеВСки,дипл.инж.арх.

`

Page 43: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 43

рубрика

43

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 44: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010344

44

екологија

фрАНцИЈА

голема побарувачка на природен гас во кина

Француската енергетска компанија „GDF

Suez“ склучи договор за продажба на 2,6 милиони тони природен гас на кинескиот пазар во период меѓу 2013 и 2016 година. Договорот е потпишан со кинеската енергетска фирма „China National Offshore Oil Corporation (CNOOC) во присуство на претседателот на „GDF Suez“, Gerard Mestrallet.

Продажната цена на гасот не е објавена, а на договорената зделка се гледа „како на голем чекор за нашето присуство во кинескиот енергетски сектор“, изјави Mestrallet. Француската компанија веќе ги испорача првите испораки на гас на Шангај во август годинава.Во Кина учеството на природниот гас во вкупната енергетска потрошувачка изнесува само околу 5%, но побарувачката за гас постојано расте. Заради тоа, Пекинг сè повеќе се насочува за увоз на тој енергент, градејќи истовремено соодветна инфраструктура.

(Poslovni.hr)

Компанијата за искористување на геотермална енергија „PannErgy“ ја купи малата

унгарски компанија „Berekfurdo“, специјализирана за експлоатација на метан кој се користи за производство на електрична енергија. „Berekfurdo“ произведува електрична енергија од метан добиен од термална вода од геотермални извори. Водата ја

купува од операторите на изворите, а издвоениот метан потоа се користи во когенеративна централа. Тука метанот се гори во две гасни турбини, при што се произведува до 320 kW електрична енергија и 450 kW топлинска енергија. Електричната енергија се продава на унгарскиот оператор „MAVIR“, а е договорена продажба на 2185 MWh. Освен струја, електраната

произведува 11 200 GJ топлинска енергија на годишно ниво. Можно е и поголемо производство на електрична енергија и топлина. Со ова преземање, „PannErgy“ ја заокружил понудата и дошол до технологија за производство на електрична енергија и топлина од метан од термалните води.

(Portfolio.hu)

гЕрМАНИЈА

Површинските системи за греење се популарни

Порталот „IKZ.de“ објави статистички податоци на германското Сојузно

здружение за површинско греење и ладење (BVF), според кои површинските системи за греење во Германија стануваат сè популарни. Се истакнува податокот дека учеството на површинските системи за греење во новоизградените семејни куќи изнесува 50% и покрај стагнацијата на градежниот бизнис. Како главна причина за тоа се истакнува „големата топлинска поволност и архитектонската и енегетска предност на овие системи, за што и самите инвеститори можат да сведочат“.

(IKZ.de)

уНгАрИЈА

Струја од геотермален метан

Page 45: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 45

45

екологија

САД

Сонце ќе ја грее Белата куќа

На почетокот на 2011 година на Белата куќа ќе бидат поставени соларни панели и соларни грејачи за вода. Според американскиот министер за енергетика, Steven

Chu, тоа ќе биде пример кој покажува дека сончевата енергија ни е на располагање, дека е сигурна и спремна за користење. Соларните панели не се новина во Белата куќа. Тие првпат беа инсталирани во 1970 година, кога претседател на САД беше Џими Картер, но потоа беа тргнати во времето на републиканецот Роналд Реган. Повторно беа вратени од страна на претходникот на актуелниот претседател Барак Обама, Џорџ Буш, кој нарача да се инсталираат соларни панели на зградата во која се сместени погоните за одржување на целиот комплекс на Белата куќа, како и за греење на базенот.

(Voa News)

пОлСкА

Нова електрана на ветер

Компанијата „E. ON“ пушти во употреба нова електрана на ветер во

близина на градот Познан во вредност од 100 милиони евра. Електраната именувана како „Nekla“ има 21 турбина со вкупен капацитет од 52,5 MW и ќе ги задоволи потребите за 45 000 домаќинства. Инаку, од 2006 година во Полска компанијата „E. ON“ инвестираше во три електрани на ветер во вредност од 200 милиони евра.

(Warsaw Business Journal)

гЕрМАНИЈА

Поскапа струја заради Сонцето

Примената на сончевата енергија во Германија ги зголемува цените

на електричната струја, тврди германското Сојузно здружение за енергетско и водно стопанство (BDEW). Според податоците, цената на струјата пораснала за 2,1% во првата половина на 2010 година. Најголемиот виновник за зголемувањето на цената се стимулациите што од буџетот се исплаќаат за вградување на фотонапонски инсталации на покривите на куќите. Како резултат на тоа, даноците и субвенциите сега опфаќаат 41% од сметките за електрична енергија.

Надоместокот за производство на енергија од ветер, сонце или вода, ќе се зголеми од 7,3 милијарди евра во 2009 година на 11,3 милијарди евра на крајот од 2010 година. Заедно со иницијативите за модернизација на енергетската мрежа, вкупниот трошок на даноците и субвенциите во 2010 година ќе порасне на 23,4 милијарди евра, или седум пати повеќе отколку во 1998 година. Според проценките на германското здружение на потрошувачи - Федерална асоцијација (VZBV), инсталирањето на фотонапонските системи во 2010 година ќе има за последица 36 милијарди евра дополнителни трошоци во текот на следните 20 години.

(UPI)

подготви: Дејан БуѓеВац

Page 46: PORTA3 142

46

46 ПОРТА 22 октомври 20103

Западна Унгарија потона во отровна кал

екологија

ДОпрвА ќЕ СЕ уТврДувААТ пОСлЕДИцИТЕ

ОД ЕкОлОШкАТА кАТАСТрОфА

Page 47: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 47

47

екологија

Токсичната црвена кал, која на 4 октомври се изли од резервоар на фабрика за

производство на алуминиум во западна Унгарија, по количеството одговара на нафтената дамка која во април го загади Мексиканскиот залив и ќе остане забележана во историјата како една од најголемите еколошки катастрофи. Отровот покри околу 800 хектари земја, деветмина загинаа, стотина се повредени, а илјадници се евакуирани и раселени. Колку унгарската влада и меѓународната заедница ќе успеат да се справат со катастрофата и какви последици ќе има излевањето на отровната кал врз здравјето на луѓето и врз животната средина ќе дознаеме во месеците што следат, откако ќе се направат потребните анализи и проценки. Она што јавноста посебно ја плаши е дека прашањето за одговорноста на оваа катастрофа може засекогаш да остане отворено.

Вонредна состојба во три области

По повеќедневните врнежи, браната на јаловиштето со високотоксичен отпад од фабриката за алуминиум МАЛ во гратчето Ајка, на 165 километри југозападно од Будимпешта, пукна на 4 октомври. Токсичната црвена кал поплави седум села, загинаа деветмина, а бројката на повредени се зголемува секојдневно, поради високотоксичниот контакт на калта со човечката кожа која предизвикува изгореници. Калта е алкална и содржи олово, како и радиоактивните кадмиум и кобалт. Таа сега се суши и се претвора во прав кој се разнесува со ветерот на далечини поголеми од 15 километри. Унгарските власти прогласија вонредна состојба во три области. Од резервоарот на фабриката МАЛ истекоа околу

700.000 кубни метри токсична кал, пренесуваат светските медиуми.Калта стигна и до реката Дунав. Концентрацијата на токсични материи од Унгарија во водите на Дунав во Србија не претставува опасност за животната средина, вели заменик-директорот на Институтот за хидрометеорологија во Белград. Според Бранислав Гавриќ, Институтот ќе продолжи да го контролира квалитетот на водата во Дунав при влегувањето на реката во Србија како и, превентивно, во Нови Сад. Една недела по несреќата унгарскиот парламент почна

постапка за национализирање на фабриката одговорна за складирање на отпадот. Откако претпријатието ќе биде национализирано, премиерот Виктор Орбан ќе може да назначи нов раководител, кој ќе треба да даде оценка за начинот на работењето на фабриката, јавуваат светските медиуми.Директорот на фабриката Золтан Бакони деновиве беше уапсен под обвинение за небрежност поради несреќата во која загинаа девет лица, 150 беа повредени, а стотици беа принудени да ги напуштат своите домови.Единицата за заштита од катастрофи во Унгарија во изминативе денови работеше на изградба на три заштитни брани околу пукнатиот резервоар поради стравот од нови оштетувања и од

повторно излевање на отровната кал. Последните проверки на калта во резервоарот покажуваат дека таа е погуста, а со тоа и помалку мобилна. Оваа ситуација ќе се задржи ако времето остане суво. Фактот што локалните еколошки групи со години предупредуваат на можните ризици од јаловиштето на фабриката МАЛ упатува на сериозни системски грешки. Фабриката МАЛ којашто била приватизирана во 1995 година ги поминала сите потребни инспекции, информираат новинските агенции.

Никогаш нема да се вратиме дома

Камиони татнат деновиве по патиштата прекриени со црвена кал во селото Девешер. Воените камиони и багерите се товарени со гипс кој има задача да ја разреди калта и да ја намали Ph вредноста на алкалниот отпад.Домот на Ева Мариа е уништен од отровната кал. - Готвев. Слушнав силен звук, како рикање и видов дека дворот веќе е исполнет со кал - ја пренесува Си-ен-ен изјавата на 88-годишната старица.Таа се заклучила во друга соба и гледала како, како што вели „крвавиот океан“ се крева нагоре, од другата страна на прозорецот. - Не ми се верува дека се спасив - додава старицата.

Таа е една од среќните, додава Си-ен-ен. Деветмина ги загубија животите под налетот на калта во селата Колонтар, Девешер и Сомловашарели, што во некои делови се искачи и до висина од неколку метри. Унгарската влада понуди сместување за раселените. Тие може да изберат каде сакаат да живеат, а владата ќе ги направи потребните аранжмани, информираат од Единицата за заштита од катастрофи. Но, сè уште е нејасно дали оваа порака стигнала до сите раселени лица.

гипс за отровната кал

Европската Унија ќе направи сè што треба за да и помогне на Унгарија да се справи со еколошката катастрофа, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Тој ги пофали унгарските власти за брзата реакција по излевањето на резервоарот. Европската Унија веќе испрати експерти кои ќе им помогнат на властите да се справат со несреќата. Тим експерти испратија и од ОН. Сега е потребно да се направат проценки за ефектите на излеаната кал врз здравјето на луѓето, како и од консумираната храна која расте на почва со голема концентрација на тешки метали, велат од Светската здравствена организација.Засега не постои опасност отровната прав да се пренесе во соседните земји, но експертите од СЗО ќе направат проценки за ефектите од излевањето врз здравјето на луѓето во зафатените подрачја. По ставањето гипс врз излеаната кал ќе следи отстранување на загадената земја на длабочина од два сантиметри. Покриени се околу 800 хектари земја.

елена куЗМаНОВСка

Единицата за заштита од катастрофи во Унгарија во изминативе денови работеше на изградба на три заштитни брани околу пукнатиот резервоар поради стравот од нови оштетувања и од повторно излевање на отровната кал. Последните проверки на калта во резервоарот покажуваат дека таа е погуста, а со тоа и помалку мобилна. Оваа ситуација ќе се задржи ако времето остане суво, анализираат експертите.

`

Page 48: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010348

48

екологија

Шест држави, еден универзитет. Шест проблеми, едно зелено

решение. Врз овие принципи треба да функционира "БЕЛЛС" академијата, што би дообразувала кадри со содржини од областа на заштитата на животната средина. Замислена како универзитет со свои факултети во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и во Косово, таа е сè поблиску до своето официјално формирање. Според Душко Христов, националниот координатор на движењето "БЕЛЛС" за Македонија, најверојатно прво ќе се формира кај нас и кај нашите два северни соседи. Притоа, секој факултет ќе си има сопствена наставна програма, во согласност со потребите и со интересите на земјата во која што се наоѓа, но целта ќе им

биде заедничка, а тоа е повисок степен на заштита на човековата околина на целиот Балкан.Како дел од подготовките за формирањето на академијата, се одржа и тркалезна маса на која стручни лица од повеќе области, претставници на невладини организации, на медиуми и други учесници, расправаа за тоа колку е потребно во Македонија што поскоро да се основа една ваква академија и на кој начин таа треба да функционира. Координаторот Христов истакна дека еден од главните аргументи за нејзиното формирање се постојаните забелешки од Европската комисија за недостиг од капацитети за спроведување на законите во Министерството за животна средина и просторно планирање и во други државни и локални институции.Свое излагање имаше и Марина

Малиш-Саздовска, професорка на Факултетот за безбедност. Таа потенцираше дека е потребно отворање на повеќе "зелени" работни места, посветени на превенција на катастрофи, бидејќи секој инцидент може да ја загрози безбедноста на граѓаните."Потребна е обука на лица за тие да станат способни да ги анализираат состојбите, да го спречуваат еколошкиот криминал и на тој начин да нè заштитат сите. Порано во системот имаше лица кои, барем делумно, се занимаваа и со овие прашања, но сега ги нема. Колку сме неорганизирани покажаа, на пример, пожарите во Битолско пред неколку години, кога се пријавија многу доброволци, но не беше јасна процедурата како тие да се примат", објасни Малиш-Саздовска.Најважно е да бидеме побезбедни,

а тоа полесно ќе се постигне ако општините надгледуваат дали на нивните подрачја се почитуваат законите за заштита на околината. За жал, како што објасни Лидија Зафировска, државната секретарка на Министерството за животна средина и просторно планирање, во многу единици на локалната самоуправа има само по еден или по ниту еден инспектор."Многу често тие се правдаат дека не можат да најдат луѓе. Се обучуваат кадри. Дури и во странство. Но, некои од нив потоа ги напуштаат институциите, за своите стекнати знаења да ги наплатат многу поскапо. Едукацијата на кадрите треба да се наложи преку Министерството за образование и наука", порача Зафировска.Државните административци, локалните функционери, бизнисмените и луѓето од

За зелено дооформување на образованието

Ќе заѕвони ѕвоното на "БЕЛЛС" академијата

Page 49: PORTA3 142

49

49

322 октомври 2010 ПОРТА

екологија

невладиниот сектор треба да бидат целна група на идната академија. Зоран Јачев, поранешен член на Антикорупциската комисија, објасни и зошто."Поминав 12 години во четири министерства и добро знам како се поставени работите. Прво, во политиката и во администрацијата има многу малку еколошки свесни луѓе, па затоа на носителите на одлуки треба да им се укаже на сериозноста на овие проблеми. Второ, таму работите се движат од горе надолу, па луѓето што директно се сретнуваат со проблемите не носат одлуки. Трето, на локално ниво состојбата е сосема поинаква. Има многу помалку пари и стручност, а многу поголем директен притисок од населението. Четврто, бизнис секторот нема доволно причини да биде одговорен. Особено ако почитувањето на законите од областа на животната средина му ја загрозува профитабилноста. На петтото место се невладините организации. Ги има речиси пет илјади, но само околу илјада се општествено ангажирани, а одвај сто имаат вистински капацитет да ја работат својата работа. Шесто, треба да се поработи на недоволната мотивираност кај медиумите, пред сè со нивните главни уредници. Затоа академијата треба да биде место во кое ќе се дооформуваат општествено ангажираните кадри", образложи Јачев.

катерина СПаСОВСка-трПкОВСка

Иницијатива за формирање на високообразовна институција за едукација на кадри специјализирани во областа на заштитата на животната средина, кои ќе помогнат да ги спроведеме во практика законите што моментно само се изгласуваат, а не се спроведуваат во дело

На Македонија и требаат околу две милијарди евра за да ги исполни

стандардите за животна средина што ги налага Европската Унија, беше истакнато на конференцијата на БЕЛЛС движењето насловена како "ЕУ еколошки вредности и стандарди". Животната средина е едно од најкомплексните поглавја и е второ по тежина по земјоделството, но по цената на чинење е на прво место. Дека Република Македонија ја знае потребата од заштита на животната средина и нивно усогласување со ЕУ стандардите, говори и фактот што досега во земјава се донесени 40 закони и 199 подзаконски акти. Јадранка Иванова, раководител на Секторот за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање, вели дека за целосно да се пренесе европското законодавство во нашата земја ќе треба да се донесат уште околу 100 акти. "Во следниот период ќе треба да работиме на усогласување на ЕУ Системот за трговија со емисии, транспортот и квалитетот на горивата, озонот. Новите индустриски капацитети ќе

треба да добијат А-интегрирана еколошка дозвола со самото отпочнување со работа, а старите инсталации треба да добијат дозволи за усогласување со оперативен план. Сето тоа ќе треба да се заврши најдоцна до април 2014 година. За Европската Унија најважни се квалитетот на водата за пиење и на воздухот, собирањето и третманот на отпадот, чистење на загадените реки и почва, заштита на екосистемите, живеалиштата и видовите. Ако ние како држава работиме на овие важни прашања за ЕУ, тогаш придобивките се во подобрување на здравјето на

луѓето, заштеда на природните ресурси и на енергијата, како и заштита на културните споменици преку намалување на ризиците од штета“, вели Иванова. БЕЛЛС движењето е застапено во шест држави во регионот, а во Македонија ја прослави својата прва годишнина на која прогласи и амбасадори за животна средина. Плакети добија пратеници кои се дел од парламентарната зелена лоби група, државниот секретар во Министерството за животна средина, градоначалникот на општина Делчево, граѓанската асоцијација "Грин пауер" од Велес и др.

к.С.т.

имаме сè на хартија, немаме пари за дела

Ако земјава не се подготви соодветно и не ги исполни стандардите, економијата

може да настрада при влезот во Европската унија

Еколошките стандарди на Еу ќе ја чинат Македонија две милијарди евра

Размислувајќи за функционалноста и дефинирањето на делот за домување, се ставивме

во позиција на идни корисници, односно што би очекувале ние од сместувањето во еден студентски дом. Така, констатиравме дека секој човек, во одреден период, сака да има едно свое затворено интимно катче, па затоа и собите се индивидуални, еднокреветни со сопствена бања, а за студентското дружење се формирани заедничките простори, кои може да имаат различно сценарио, како работа, учење, исхрана, дружење итн. Во внатрешноста се разликуваат две функционални вертикали, домување и заеднички простори,

меѓусебно одвоени со повеќевисински простор, додека надворешно, кулата го задржува целиот волумен, на кој се препознава една тектоника на меурчиња. Таа тектоника е интерпретирана преку кружни отвори, со четири типа големини, со радиус 50, 100, 150 и 200 сантиметри. Поголемите отвори, концептуално се поставени на пресек помеѓу меѓукатните конструкции и ѕидовите, но тие никогаш не се симетрични на нив. Со ваквото позиционирање на отворите, секој внатрешен просор има свој различен изглед.

јана ВитаНОВаСлавко јОСифОВСки

Во број 140 во текстот „гостинска кула за домување , престој и учење на 30 студенти“ објавивме погрешен текст во склоп на проектот на Јана Витанова и Славко Јосифовски. Редакцијата Порта3 им се извинува на авторите и на читателите поради ненамерната грешка и го преобјавува текстот.

`

Page 50: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010350

50

екологија

Процесите што ја промовираат ремедијацијата, се алатка

на консултантите за заштита на животната средина во проектирањето на решенија за еколошките дозволи, елаборати, разните студии и проекти. Во однос на контаминираните почви се издвојуваат: фитостабилизација, процес со кој се задржува загадувачот на контаминараната област; фитодеградација, процес во кој се стимулира разложување на загадувачите преку растенијата; фитоекстракција, процес на вадење на концентрациите на тешки метали од почвата со помош на растенија. Во однос на загадените води: врзување, се додаваат соединенија да ги врзат загадувачите, преципитација, односно филтрација, се чека да се исталожат загадувачите на дното од резервоарот (базен) и потоа безбедно се отстрануваат. Во последните години се експериментира и на микробиолошко ниво, на пример процесот на фитостимулација, односно експериментирање со генетските карактеристики со цел

стимулирање на микробиолошка активност за чистење на загадувачите. Екотоксикологијата го промовира користењето на микроорганизмите за следење на ефектите од загадувањето, т.н биосензори. Неколку примери на вакви организми се: Eisenia foetida (црвениот црв) за разложување на органски материи во почвите, или Daphnia magna (водна болва) која се користи за проценка на токсичноста во отпадните води (Слика 1). Друг пристап кон ремедиацијата е користењето на мочуришта како бафер-зони. Тие го апсорбираат азотот и фосфорот од водите и ја намалуваат шансата за еутрофикација, но исто така значително ги намалуваат и концентрациите на тешки метали. Како пример ќе го наведеме пасивното прочистување на рудникот за калај во регионот Корвол, Велс во Британија. Проектот бил спроведен од повеќе Британски Универзитети и поддржан од ЛИНК владината програма, каде била дизајнирана мини прочистителна станица, составена од: пет последователни

конструирани мочуришта (аеробни ќелии), еден компост реактор (анаеробна ќелија) и серија од десет подредени алгални базени (или филтри). Аеробните ќелии биле дизајнирани за да го отстрануваат железото, преку оксидација на железото и хидролиза, како и ко-врзување на арсенот со железниот јон:

Цинкот и кадмиумот се отстрануваат како сулфиди во компост реакторот, додека зголемувањето на алкалноста-киселоста (pH) е уште една придобивка тука. Конечно, филтрите се инсталирани со цел отстранување на магнезиумот и минерализација на растворените органски состојки во водата. Целиот процес се нарекува "пасивен третман", бидејќи разложувањето на компонентите е по природен пат, во рок од 6 месеци. (Слика 2). По шестмесечниот период биле регистрирани одлични резултати во намалувањето на железото,

цинкот, кадмиумот и арсенот, додека се воспоставило дека концентрациите на магнезиум не се намалиле значително и алгите не успеале да ја качат pH над 7. Друг проблем со овој пристап е што после одреден период на користење, мочуриштата мора да се прочистуваат и да се носи загадувањето на друго место.

Значи, не постои еден универзален метод на ремедијација, туку пред изградба на каков било систем за прочистување, треба да се направи детална анализа на теренот, карактеристиките, финансиските трошоци, последиците по околината и биодиверзитетот, па дури потоа да се делува. Всушност, затоа и екологијата е интердисциплинарна наука, таа ги следи трендовите и црпи експертиза од сите други научни дисциплини.

м-р игор риСтОВСки,еколошки менаџер

РЕМЕДИЈАЦИЈАТА КАКО АЛАТКА НА КОНСУЛТАНТИТЕ

Законодавството во однос на заштитата на почвите и водите е донесено во ЕУ и земјите членки го применуваат. Правилниците за контаминираните почви и тематската стратегија (СОМ(2006) 231), следени од Предлогот на Рамковна Директива за заштита на почви (COM(2006) 232) од септември 2006 (која сè уште не е донесена од ЕС) и Директивата за заштита на води (2000/60/ЕС), Директивата за урбани отпадни води (91/271/ЕЕС), Директивата на води за пиење (98/83/ЕС) и Директивата за справување со поплави (2007/60/ЕС) ги поставуваат правилата за заштита и ремедијација на почвите и водните екосистеми

Постојат повеќе Интернационални Конвенции за заштита на водите во прекуграничен контекст. Клучниот проблем во имплементација на овие закони кај сите земји членки е во ремедијацијата, т.е обврската да се врати загадениот систем во претходната состојба, односно до одредено ниво на квалитет. На пример, Директивата 2000/60/ЕС наложува квалитетот на површинските и подземните води да биде со добар еколошки статус, т.е да нема поголеми загадувачи-тешки метали, пестициди и сл. до 2015 година, што е многу тешко за постигнување дури и во развиените земји.

Page 51: PORTA3 142

51

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Skopje, R.Makedonija

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 tel: ++389 2 2050 809

faks: ++389 2 2050 264 [email protected]

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ

Skopje, R.Makedonija

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 tel: ++389 2 2050 809

faks: ++389 2 2050 264 [email protected]

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ

Page 52: PORTA3 142

52

52

ПОРТА 22 октомври 20103

наука

Доминик Перо (1953-) добива можност да ја работи Националната биб лиотека на Франција во Париз (1989-96), што претставува најголем објект од тој вид во светот и пос ле ден од Големите работи на Ф. Митеран. На ме ѓународниот конкурс тој ги победува веќе афирмираните архитекти Мејер, Ну вел, Стирлинг и Колхас. Магацините за книги во оваа би блиотека Д. Перо ги сместува во четири кули симетрично распо ре дени околу огромен двор. Под притисок на политиката, тој ја намалува височината на кулите од 100 на 80 м, но го продлабочува сутеренот. Архитектонскиот израз колку што претставува ре ф лексија на традицијата на модерната, исто толку потсетува на архитектурата на француските двор ци. Со таквиот пристап Перо предизвикува расправа за современоста на актуел ната архи тектура. Во 1992 година, Д. Перо

отвора биро во Берлин, по што за почнува да ја гради Олимписката спортска сала за велосипедизам и пливање (1992-98), а во 1996 година по бедува на конкурсот за Европскиот суд на прав дата во Луксембург. Олимпискиот пли вачки базен, со правоаголната форма во вид на тенка плоча, е сместен под нивото на тере нот, кој околу објектот е засечен и зазеленет. Дневното светло навлегува низ хоризонтални светлечки ленти поставени во рамниот кров од челична конструкција.Во 1986 година се случува

голем настан за Европа, кога во градот Лил е потпишан договор за поврзување на Франција и Велика Британија со железничка врска под каналот Ла Манш,

за превоз на триесет милиони патници годишно. Агенцијата на Рем Колхас (ОМА) од Ротердам, во 1988 година е из бра на за супервизор во подигањето на комплексот Еуролил, кој содржи: же лезничка станица, трговски центар, две административни кули и еден конгресен центар. За да ја оформи својата идеја, Рем Колхас ги вика на помош Жан Нувел, кој го прави трговскиот центар, и Кристијан де Портзампарк, кој подига една кула во вид на чизма. Жан-Мари Дитјел ја добива

можноста да ја подигне железничката ста ница во комплексот Еуролил (1990-94).Нејзината лесна метална конструк ци ја добива свој пандан во Лондон со станицата Ватерло од Николас Гримшоу. Како дел од Големите работи

во Франција, се подига една низа разно вид ни јавни објекти. Архитектите Пол Шеметов (1928-)и Борха Ујдобро (1936) се единстве ните што имаат подигнато два објекта во рамките на Големи те работи: Министерството за финансии во Париз (1982-90) со должина од 900 м и Гале ри јата на еволуцијата во Париз (1990-94).За сместување на гале ри јата, тие темелно ја реновираат запуштената зграда на Жил Андре од 1877 го дина. На тој начин, таа станува една од најспектакуларните згради од челик и стак ло во Париз. Од дру гите дела на Шеметов и Ујдобро попознати се: Францус ката амбасада во Њу Делхи и доградбата на Халите со Форумот во Париз. Познатиот Париски форум е

подигнат во близина на центарот Жорж Помпи ду (80-тите), на

местото од старите пазарни хали од страна на Вискони и Пан креак, во соработка со скулпторот Хулио Силва. Овој објект е создаден од лесна извиткана скелетна кон струк ција и стакло, што како структура прет ста вува асоцијативен континуитет на некогашните хали, чии фрагменти де лумно се зачувани и презентирани во новата композиција. Жан-Мишел Вилмот (1948-) во Франција се јавува како

најголем мај стор за внатрешна архитектура, уредувајќи ги: приватните апартмани на Фран соа Митеран во Елисејската палата, одделот за декоративни уметности во Лувр (1989-93), како и мебелот за Луксембуршката банка во Луксембург (1994). Музејот Шјадо во Лисабон

(1990-94), Вилмот го обновува по ката стро фал ниот пожар во 1988 година. За да добие што покохерентно движење на посетителите, тој на уметнички начин вметнува една обесена челична скала и две метални пасарели. Филип Старк е уште еден

познат дизајнер од Франција во пос лед ната де це нија на ХХ век. Тој добива меѓународна популарност со Пави лјо нот за применета умет ност во музејот на Гронинген, Холандија (1990-94) ка ко и со објектот Барон верт во Осака, Јапонија (1990-92).Објек тот во Оса ка има монолитен волумен кој се издига во близина на гробиштата, од чии ка ме ни споменици веројатно е инспирирана и неговата форма. Со так ва та фор ма и со прозорците во вид на пукнатини, овој објект не наликува ниту на еден друг создаден пред него.

МИХАИл ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (95)

ФРАНЦИЈА (8)Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

Ж..-М. Вилмот, Музејот Шјадо, лисабон

Вискони, Панкреак, Х. Силви. Парискиот форум

Д. Перо. Националната библиотека, Париз

Ж.-М. Дитјел. Железничката станица еуролил, лил

П. Шеметов и Б. ујдобро. галеријата на еволуцијата, Париз

Page 53: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 53

рубрика

53

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА”Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 54: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010354

54

Според податоците на „Организацијата за економска соработка и

развој“ (Organisation for Economic Cooperation and Development - OECD) од 2005 година, 23 проценти од населението на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска имаат патолошки зголемена телесна тежина. Како одговор на ваквата состојба, покрај мерките за едукација и здравствена заштита, владата преку „Комисијата за архитектура и изградена средина“ (Commission for Architecture and the Built

Environment - CABE) има покренато програма за „Здравје и добросостојба“ (Health and Wellbeing) според која се формулира сеопфатен пристап кон јавното здравје за сите кои ги планираат, градат и раководат местата што влијаат

врз здравјето на луѓето. Според оваа програма, доброто проектирање има три важни улоги во создавањето на висококвалитетни, одржливи и здрави места, и тоа: модернизација на здравството, која се однесува на потребата да се модерни, да ги задоволат зголемените очекувања на пациентите, стареењето на населението и иновациите во медицината; промоција на здравје и добросостојба, која треба да помогне за ублажување на последиците од

патолошки зголемената телесна тежина и болестите што се јавуваат како резултат кај населението, а ја чинат „Националната здравствена служба“ (National Health Service - NHS) околу 4,2 милијарди фунти годишно. „Комисијата за архитектура и изградена средина“ ја промовира улогата

на објектите и просторите што му помагаат на населението да направи подобар избор особено во однос на парковите, зелените површини и детските игралишта што поттикнуваат физичка активност и активно патување. Поттикнување на одржливи места, кое се однесува на намалување на загадувањето на воздухот како резултат на сообраќајот, и тоа преку поттик за одржлив сообраќај кој дозволува местата да бидат достапни

пеш, со велосипед или пак со јавен сообраќај.Со цел да се помогне во надминување на состојбата „Комисијата за архитектура и изградена средина“ и други организации во Обединетото Кралство имаат изготвено низа прирачници и препораки за тоа како преку добро испроектирани улици и јавни површини да се стимулира пешачењето и

употребата на велосипеди. Тие имаат за цел да ја стимулираат физичката активност кај населението и да ги намалат последиците од зголемената телесна тежина. Доколку не се успее во ваквите и слични напори, иднината на Британците не е баш најрозова. Во публикацијата „Предвидување – Справување со патолошки зголемената телесна тежина“

(Foresight – Tackling Obesities: Future Choices) од 2007 година, се предвидува дека во 2050 година 60 проценти од мажите, 50 проценти од жените и 25 проценти од децата помлади од 16 години ќе имаат патолошко зголемена телесна тежина. Тоа ќе ги зголеми трошоците на „Националната здравствена служба“ за околу 10 милијарди фунти годишно, а општеството и деловните организации за 49,5 милијарди фунти годишно.

Архитектура наместо диета

Решавањето на проблемот со прекумерната тежина на населението подразбира проектирање паркови, зелени површини и детски игралишта кои ќе бидат во близина на местата за домување. Тие треба да бидат достапни, до нив да се стигне пеш, со велосипед или со јавен сообраќај. Архитектите и урбанистите треба да направат проекти кои ќе ја стимулираат физичката активност на секој поединец и да го мотивираат што повеќе да го одбегнува користењето на автомобилот како превозно средство

експерт Решавањето на проблемот со прекумерната тежина на населението подразбира проектирање паркови, зелени површини и детски игралишта кои ќе бидат во близина на местата за домување. Тие треба да бидат достапни, до нив да се стигне пеш, со велосипед или со јавен сообраќај. Архитектите и урбанистите треба да направат проекти кои ќе ја стимулираат физичката активност на секој поединец и да го мотивираат што повеќе да го одбегнува користењето на автомобилот како превозно средство

Page 55: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 55

55

Уште полоши се показателите за Соединетите Американски Држави каде, според податоците на „Организацијата за економска соработка и развој“ (Organisation for Economic Cooperation and Development - OECD) од 2005 година, 30,6 проценти од населението имаат патолошки

зголемена телесна тежина. Оттука само може да се поздрави најновата публикација на „Одделот за проектирање и изградба при Градот Њујорк“ (New York City Department of Design and Construction) „Препораки за активно проектирање: промовирање на физичка активност и здравје во проектирањето“ (Active Design Guidelines: Promoting Physical Activities and Health in Design) од 2010 година. Публикацијата е колаборативно дело на четири организации вклучително со

„Секцијата на Американскиот институт на архитекти од Њујорк“ (American Institute of Architects New York Chapter – AIANY) и е наменета за сите одговорни во планирањето и изградбата на објекти, улици и соседства, а во која се

нагласува улогата на проектантите во надминување на „една од најургентните здравствени кризи на сегашноста: патолошко зголемената телесна тежина и болестите што таа ги предизвикува“. Во публикацијата е направен обид да се едуцираат проектантите за можностите за зголемување на дневната физичка активност, како на пример проектирање скалишни простори кои лесно можат да се видат и лоцираат, или пак проектирање примамливи улици за пешаци и велосипедисти. Целта е да се промовираат поздрави начини

на живеење, а со тоа да се намали цената на годишната сметка од 117 милијарди долари во 2000 година со директните и индиректните здравствени трошоци сврзани со патолошки

зголемената телесна тежина. Според предвидувањата, доколку се продолжи со досегашните трендови, се очекува овие трошоци да достигнат помеѓу 860 и 960 милијарди долари годишно во 2030 година на ниво на Соединетите Американски Држави. Каква е ситуацијата во Република Македонија веројатно треба да се утврди, за да можат навремено да се преземат мерки за ублажување на последиците од зголемената телесна тежина. Според анализите на Статинфо (Statinfo), од 72 анализирани земји, Република Македонија е на 50 место според просечното дневно внесување

калории по жител од 2852 кое е релативно ниско во споредба со просечното од анализираните земји од 3000 калории,

она во Обединетото Кралство од 3450 калории кое е на 18 место, или пак Соединетите Американски Држави кои се на прво место со просечно дневно внесување од 3754 калории. Резултатите на истражувањата во Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави укажуваат нè само на позитивниот придонес кој архитектонското и урбанистичкото проектирање и планирање можат да го дадат кон определбите за намалување на последиците од зголемената телесна тежина, туку и на кој начин истото би се реализирало.

д-р Владимир Б. лаДиНСки,дипл.инж.арх.

Архитектура наместо диета

Според „Светската здравствена организација“ застапеноста на патолошки зголемената телесна тежина се движи од помалку од 5 проценти во Кина, Јапонија и одредени централно Афрички земји до над 75 проценти во урбаните делови на Сомоа. Она што е значајно е дека „епидемијата“ на патолошки зголемената телесна тежина не е само ограничена на напредните индустријализирани општества, туку дека истата побргу се шири во земјите во развој отколку во развиените земји.

Page 56: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010356

56

најчудните градби на светот

Педесет илјади долари чини ноќевање во куќата во Хаивоџа во

Јужна Кореја што наликува на џиновски тоалет. Нејзиниот сопственик, Сим Џа Дак смета дека тоа не се многу пари за да се помине времето во една од најчудните куќи во светот. „Господин тоалет“, како што го нарекуваат Дак поради тоа што има компанија наречена „Светска тоалет организација“ за разубавување на тоалети, го одврзал ќесето и во 2007

година ја изградил најскапата тоалетна школка во форма на куќа на светот. Објектот чини повеќе од 1.1 милиони долари. Куќата има два ката, внатрешни скали кои водат до врвот обликуван во форма на „WC штица“. Поставена е заштитна ограда, па секој посетител може слободно да ужива во погледот на околината. Интересно е што скалилата преку кои се доаѓа до покривот служат како собирач на атмосферската вода, која потоа се „цеди“ во специјален

дел кој наликува на тоалетно казанче. Тука постои систем за филтрирање по што водата од дождот може да се користи за други намени. Куќата има 4 бањи и тоалети, кои ја потенцираат важноста на тоалетот во секојдневниот живот на луѓето.Надворешноста е комбинација на стакло и материјал кој наликува на керамика со цел поадекватно да асоцира на тоалетна школка.

Драган риСтОВ

Живот во тоалет

Page 57: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 57

рубрика

57

Page 58: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010358

58

арт инфо

58

лОНДОН

гоген во „Tate Modern“

Ретроспективната изложба на Пол Гоген (1848 – 1903) во „Tate Modern“ во Лондон,

претставува повеќе од збирка на слики на овој француски пост-импресионист, и е прва со толкави размери во британската престолнина после повеќе од 50 години. Нејзиниот наслов е „Гоген: Творец на митот“, а ја истражува улогата на митот кај Гоген како раскажувач, кој себеси се слика во ликот на Христа или дури како демон во сопствените слики – ги испитува религиозните и митолошки симболи во неговото дело, како и манипулација со сопствениот идентитет. За кратко време, изложбата предизвика многу позитивни критики во медиумите. Така „Guardian“ ја нарече брилијантна, „Telegraph“ ја окарактеризира со оценка пет, додека „Times“ смета дека поставката претставува изложба на сезоната, односно на цела година. Изложбата ќе биде отворена до 16 јануари 2011 година. „Tate Modern“ очекува дека таа ќе биде една од најпопуларните во 2010 година.

СкОпЈЕ

ретроспектива на чемерски во Национална галерија

Во „Даут-пашин амам“ и „Чифте амам“, е во тек големата ретроспективна изложба на познатиот македонски сликар Глигор Чемерски со која тој го одбележува својот јубилеј - 50 години

творештво. Изложбата преку двете постановки покрива капитални дела од 1960 година, па се до оние што авторот ги изработил пред неколку години. Поголем акцент е ставен на неговите почетоци пред академските години, како и годините на студирање. Претставени се околу 270 слики, скици, студии, фотопринтови од неговите мозаични изведби во Кочани, Вруток... Исто така, има и фотопринт од мозаикот во претседателската вила на Водно со сите пропратни, но и последователни скици, студии, па и сликарски дела кои му претходеле или произлегле од мозаикот.Во контекст на изложбата ќе биде промовирана и богата монографска книга за уметникот.

вИЕНА

Пикасо: Мир и слобода

Во виенскиот музеј „Albertina“ е отворена изложба на Пабло Пикасо посветена на периодот

кога тој станал член на француската Комунистичката партија и на која и останал верен до крајот на својот живот. Се работи за изложба од педесет слики и стотина цртежи, како и бројни историски документи кои го истакнуваат Пикасо како политичка фигура – едно поглавје од животот на славниот уметник, кое досега било мошне запоставено, а сепак е круцијално. Имено, во 1944 година, Пикасо станал член на „КПФ“, и неговата политичка мисла била во потполност водена од желбата за мир и слобода. Во тие години тој правел слики, цртежи и литографии со прочуениот мотив на бела гулабица која се претворила во глобален симбол и побуна против војните ужаси – не само на Првата и Втората светска војна, туку и на Корејската и Виетнамската војна. Изложбата трае до 16 јануари 2011 година.

Page 59: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 59

59

арт инфо

58

САНкТ пЕТЕрбург

ермитажот отвора сопствен музеј на соврмена уметност

Рускиот државен музеј „Ермитаж“ во Санкт Петербург планира до крајот на 2014 година да отвори музеј на современа уметност. Новиот музеј ќе биде сместен во зградата на

Генералштабот на руската војска на Дворскиот плоштад, изграден 1819 – 1829 година по проект на архитектот Карло Роси. „Првата фаза на реконструкција ќе биде завршена во декември оваа година. Комплетното завршување на проектот се очекува во 2014 година, кога зградата на Генералштабот ќе стане главен простор за изложување на уметност од 19 и 20 век“, вели директорот на „Ермитаж“ Михаил Пјотровски. Во новата зграда ќе бидат претставени дела од најголемите западни колекции на современата уметност – парискиот центар „Помпиду“ и њујоршкиот „МОМА“.

МОДЕНА

Македонски уметници на изложбата „Open city“

Македонските уметници Јане Чаловски, Христина Иваноска, Оливер Мусовиќ,

Жанета Вангели, архитектката Билјана Стефановска и групата „Елементи“ од Битола, чии членови се Билјана и Љупчо Исијанин, се дел од интернационалната изложба „Open city“, што моментно се одржува во урбаниот истражувачки центар „Laboratorio della Citta“ во Модена. Се работи за кураторски проект на Клаудија Занфи, во кој учествуваат 40 уметници со свои визуелни материјали и креираат една голема јавна инсталација. Инсталацијата се состои од голем мозаик во кој се вклучени цртежи, фотографии и слики од уметници кои се повикани да го осмислат и испитаат Балканот како комплексен проект на „отворен град“. Проектот се реализира од страна на културната организација „aMAZElab Art&Culture“ од Милано. Изложбата „Open city“ се реализира како дел од проектот насловен „GOING PUBLIC 2010“, што е добитник на наградата на Европската Унија за култура во 2007 година.

подготви: Дејан БуѓеВац

лОНДОН

Продадено делото од “пеперутки“ на Херст

Контровезното дело на Демијен Херст, кое потсетува на зборовите што физичарот Роберт Опенхајмер ги изговорил по повод експлозијата на првата атомска бомба, а направено од крилја на пеперутки, е продадено на аукција во Лондон за 2,2 милиони фунти. Ова дело насловено како „I am Become

Death, Shatterer of Worlds“, досега беше во сопственост на лондонската галерија „Gagosian“, а е продадено на аукција во куќата „Christiе“. Направено е исклучиво од крилјата на илјадници пеперутки, а димензиите му се 5,3 x 2,1 метар. Се очекувало на аукцијата да биде продадено меѓу 2,5 и 3,3 милиони фунти. Инаку, Херст во 2008 година на аукција на „Sotheby“ која опфаќала само негови дела, поставил рекорд за поединечен уметник. Тогаш неговите дела се продале за околу 111 милиони фунти.

СкОпЈЕ

фотографии од браќата Манаки во „Мала станица“

Во рамките на конференцијата „Заштита и

дигитализација на фотографското културно наследство“ што се одржа минатата недела во мултимедијалниот центар „Мала станица“ - Скопје во организација на Македонскиот центар за фотографија, отворена е изложба на 60 фотографии од браќата Манаки. Фотографиите од кои некои по првпат се изложуваат пред македонската јавност, се изработени во лабораторијата на Македонскиот центар за фотографија од оригинални негативи отстапени за обработка од Државниот архив на Македонија – подрачно одделение Битола.

Page 60: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010360

60

портрет

Преку постојаниот процес на самоиспитување во еден поширок контекст, делата на Ковачевска ја истражуваат зависноста помеѓу уметноста, луѓето, политиката, технологијата, историјата и градот

иНтеракција Во реализација на проектот на ковачевска, директно учествува и публиката

ОДЕЊЕ НИЗ ГРАД

Page 61: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 61

61

Верица Ковачевска

Верица Ковачевска е автор кој својата уметност ја изразува преку јавни акции,

перформанси и инсталации и ги документира со фотографија, видео и текст. Уметноста ја проектира и креира низ т.н. „site and context-specific“ изведби. Нејзините дела се интерактивни - во нив публиката нема улога на пасивен посматрач, туку има активно и креативно учество. Преку постојаниот процес на самоиспитување во поширок контекст, таа делата ги третира како истражување на меѓузависноста и влијанијата што се случуваат помеѓу уметноста, луѓето, политиката, технологијата, историјата и градот.

Родена е во Скопје, каде го започнала своето образование. Во 2004 година дипломирала на „Visual Art with Theatre and Performance“ на Универзитетот во Плимот, Велика Британија. Истата година во Фондацијата „Antonio Ratti“, учествува на 10-тиот курс по Визуелни уметности, воден од Џими Дурам, во Комо, Италија. Во 2007 година магистрирала на „Art, Culture and Education“ на Универзитетот во Кембриџ, кога и била доделена едногодишна

специјализација на Крајстс Колеџ при самиот универзитет. Учествувала на многубројни изложби, фестивали и работилници во Македонија, Велика Британија, Италија, Германија, Русија, Албанија, Словенија, Турција, Мексико, САД и во Хрватска. Од 2009 година живее и работи во Швајцарија.

ОДеЊе НиЗ граД

Ковачевска последните години работи на проектот „The Walking Project“. Проектот започнат во 2006 година, таа веќе го реализираше во неколку европски градови: Скопје, Тирана, Бари, Брадфорд, Лондон, Белград... Пред неколку недели, овој проект таа го изведе и во Загреб со делото„Power Tower“ во рамките на манифестацијата „Urban Festival X“. Во прашање е конкретен јавен простор во Загреб – Горни град, кој Верица го истражува низ прошетка, и го трансформира во интимна преокупација фокусирана на урбаните и физичките карактеристики на овој дел од Загреб, како и неговите општествени, политички и културни конотации.Во принцип, „The Walking

Project“ е еден вид преиспитување меѓу личното доживување на градот во неговиот историски/просторен/културен контекст; трансформација на јавниот простор во приватен, истражување на моменталната културна, општествена и политичка ситуација на градот; анализирање на односот слобода на движење и видео-контрола, како и суптилните варијанти на котролирање во јавниот простор; бришење или редуцирање на односот публика-уметник, нова контекстуализација на односот галерија - јавен простор, израмнување на идејата и концептот со практичното преку изведбата на самиот перформанс... Појдовна точка е комуникацијата со публиката на далечина. Истовремено да се биде присутен и отсутен од галеријата. Како што вели самата авторка во едно свое интервју, „моите перформанси се секогаш, на некој начин, невидливи. Никогаш не ги изведувам перформансите директно пред публиката, односно или меѓу нас постои ѕид, или се наоѓам на сосема друга локација во однос на публиката, или публиката воопшто не е свесна за мојата изведба“.Процесот на одење низ град

има почетна точка, траење и содржина. Правилата се зависни од уметничкиот контекст на настанот. Прошетките зависат од интеракцијата со публика, која најчесто преку телекомуникациска технологија и сателитски снимки ја следат уметницата и ја насочуваат. Публиката, обично се наоѓа во галеријата или во јавен простор. Проектот ја истражува меѓусебната зависност на луѓето и технологијата, и напнатоста што може да се случи помеѓу нашите желби и стравови, нашата слобода и контрола. Иако, можеби делува дека изведувањето на „The Walking Project“ по разните градови е секогаш повторување на истото дело, според Ковачевска, „ сè се менува со секое изведување на перформансот, бидејќи се случува истражување на разните урбани ситуации во поединечните градови и различните аспекти врзани за технологијата и контролата, а ги користам и различните стратегии на интеракција со публиката. Значи, основните елементи се секогаш исти, но сè останато се менува“.

Дејан БуѓеВац

ЗагреБ ковачевска својот проект „The Walking Project“ пред извесно време го изведе и во Загреб со делото „Power Tower“ во рамките на манифестацијата „UrbanFestival X“. Се работи за познатиот историски и градски дел од Загреб – горни град.

ПрОШетка уметницата за врeме на својот перформанс низ улиците на горни град, Загреб

Page 62: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010362

62

арт и дизајн

Оваа светлосно-просторна инсталација составена од едра кои светат е дело на виенското архитектонско студио „Sohne & Partner Architekten“. Дизајнирани за да ги водат посетителите низ различни изложби околу езерото, овие „светилници“ се водачи-симболи, кои освен за осветлување на патот, исто така, генерираат енергија од езерото за да се напојуваат себеси. Ова дело е еден од проектите што влегоа во потесниот избор на наградата за урбан дизајн WAN AWARDS 2010

Светлосни едра како нови светски светилници

Page 63: PORTA3 142

Основачи на архитектонското студио „Sohne & Partner Architekten“ формирано во 2001 година, се Thomas Bаrtl (1972), дипломец на Техничкиот универзитет во Грац, Michael Prodinger (1970) завршил архитектура на Техничкиот универзитет во Виена, и Guido Trampitsch (1970), кој студирал архитектура на Техничкиот универзитет во Грац, потоа на Универзитетот во Сиднеј и Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Автори се на голем број деловни простори, хотели, ентериери, ресторани, банки, станбени згради... , како што се: „Al Mutawaa Tower“ во Дубаи, „Hotel Caldor“ во Виена, „Law Firm Lambert Eversheds“ во Виена, „House Baden“ во Баден, „Seevilla“ во Крумпендорф, „Оasis center“ во Ал Аин, „DSO – PLEX“ во Дубаи... Самите се опишуваат како архитекти кои имаат холистички и софистицирани размислувања, како луѓе отворени за нови идеи кои гледаат напред.

арт и дизајн

Светлосните едра што ги дизајнираа архитектите од студиото „Sohne &

Partner Architekten“ од Виена, се користат како водачи-симболи на државната изложба околу езерото Милштетер во австриската покраина Корушка. Овие шарени светлосни инсталации поставени на седум точки околу езерото, според австриските медиуми, претставуваат вистинска туристичка атракција за посетителите на овој дел од државата. Светилникот, како еден од најстарите комуникациски системи и објекти, во 90-тите години на минатиот век, беше метафора за ориентација низ „World Wide Web“, на интернет пребарувачот „Netscape Navigator“. Светилникот како точка за ориентација, која треба да се гледа оддалеку, долго време била користена за превоз и патување во текот на денот и ноќта. Денес, тој прерасна во симбол на празници, на морето, на авантурите и на водата. Идејата за дизајнирање на овие седум светлосни едра како „светлосно-просторна инсталација“, произлегла токму од овие стари и добро познати приказни за светилниците. Дизајнирани за да ги водат посетителите низ различни изложби околу езерото, овие „светилници“ се водачи-симболи, кои освен за осветлување на патот, исто така, генерираат енергија од езерото за да се напојуваат себеси. Така, овие едра ориентирани кон езерото, претставуваат светлосни и апстрактни објекти, кои истовремено функционираат и како предаватели и како приемници. Светлината што тие ја овозможуваат, создава една смирувачка животна околина, со што се подобрува визуелното искуство и естетското доживување од страна на посетителите на изложбите. Илуминацијата на светлосните едра влијае врз околината - колку повеќе луѓе се приближуваат кон овие едра, толку светлината станува пожива. Осветлувањето, исто така, реагира и на температурата- едрата константно ја менуваат својата боја. Постудена температура, потопли бои на светлината, и обратно.

Дејан БуѓеВац3 63

63

22 октомври 2010 ПОРТА

Page 64: PORTA3 142

64

64

ПОРТА 22 октомври 20103

предлози

Дизајнерска ламба за маса Kokoro, од Ingo Maurer. Хартијата што е употребена е природна, рачно изработена со 8 различни постапки, базирани на традиционалниот јапонски метод на боење ткаенина. Ја има во Casa Italia, цена: 54.560 ден. тел: 02/2400 430.

Двосед со различна боја на перничиња од кожа. Покрај разиграниот ретро изглед, оваа гарнитура е всушност и функционална, секое перниче се вади за полесно одржување. Може да се најде во Casa Italia, цена: 54.300 ден., тел: 02/2400 430.

Page 65: PORTA3 142

3 65

65

Мултифункционален стол составен од две перници исполнети со полиуретанска пена. Може да се употребуваат индивидуално или да се комбинираат во различни позиции и да служат како стол, фотелја, лежалка. Дизајнот е на Joe Colombo.

столови од Philippe Bestenheider за Moroso, кои добија награда за иновација на „Националниот ден за иновација“ во Рим, минатиот јуни.

Borella Design ја претставува оваа голема вазна (инспирирана од „Волшебникот од Оз“), наменета за големи простори.

22 октомври 2010 ПОРТА

сталажа за чадори од италијанската фирмаProgetti.

ИЗЛОГ

подготви:Сандра ДОНчеВадипл.инж.арх.

Page 66: PORTA3 142

ПОРТА 22 октомври 2010366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 132/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 43/2010Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за објект Тоскалар А2 објект 5 и 6 во Гостивар.Контакт тел/факс: 3121-270, 02 3225-094, лице за контакт: Ана Димеска.Јавно отворање на понудите на ден 02.11.2010 год.

БРОЈ: 20/2010Назив на договорниот орган:Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид.ПРЕДМЕТ:Уредување на речно корито на реката “Грашница“ – Охрид.Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска.Јавно отворање на понудите на ден 02.11.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 133/2010

ОЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 22/2010Назив на договорниот орган:Министерство за култура, ул. “ѓуро ѓаковиќ“ 61, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема, осветлување и орнаментика за објект “стар Театар“ – скопје, според дадената техничка документација со Предмерот кој е даден во прилог и е составен дел на оваа

тендерска документација и според Проектот за ентериерно – внатрешно уредување.Контакт тел/факс: 02 3240-535, 02 3226-920, лице за контакт: Бранко Костовски.Јавно отворање на понудите на ден 01.12.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 134/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 62/2010Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “црвена скопска општина“ 4, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Услуга за изработка на проектна документација на ниво на Идеен, Основен и Изведбен проект за објект Управна зграда на Министерство за транспорт и врски во скопје, локација: центар – Мал Ринг, КП 9513 КО центар 1.Контакт тел/факс: 00389 02 3145-530, 3226-392, лице за контакт: Жарко Кочов.Јавно отворање на понудите на ден 03.11.2010 год.

БРОЈ: 01-159/2010Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Услуги за изработка на проектна документација од градежна област и ревизија на проектна документација од градежна област за објекти од I до V категорија сопственост на АД ЕлЕМ.Контакт тел/факс: 02 3111-308, 02 3111-309, лице за контакт: Никола Стојановски.Пријавите за учество да се достават најдоцна до 11.11.2010 год.

БРОЈ: 136/2010Назив на договорниот орган:Град скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Реновирање на барака 15 и реконструкција – доградба на сала за шалтери на барака 16.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт:

Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 08.11.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 136/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 75/2010Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма, со потребната лиценца за изведувач Е, за изградба на парк на територија на Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 03.11.2010 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 138/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 06/2010Назив на договорниот орган:Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, бул. “Партизански одреди“ бр. 2, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за инфраструктурни објекти во ТИРз “Кичево“.Контакт тел/факс: 02 3104-641, 02 3104-642, лице за контакт: Татјана Динушева.Јавно отворање на понудите на ден 10.11.2010 год.

БРОЈ: 24/2010Назив на договорниот орган:Општина центар, ул. “Михаил чоков“ бб, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на катна гаража на бул. “Гоце Делчев“ во комплекс на судска палата.Контакт тел/ факс: 3225-352, 3211-089, лице за контакт: Анастазија Бабуловска.

Јавно отворање на понудите на ден 01.12.2010 год.

БРОЈ: 05-90/3/2010Назив на договорниот орган:Општина ѓорче Петров, ул. “ѓорче Петров“ бб, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на водоводна мрежа по дел на улица Новопроектирана 1 (што ги поврзува ул. “ѓорче Петров“ и бул. “Партизански одреди“).Контакт тел/факс: 2039-307, 2033-309, лице за контакт: Борис Петров.Јавно отворање на понудите на ден 11.11.2010 год.

БРОЈ: 25-2303/3/2010Назив на договорниот орган:Општина Кочани, ул. “Раде Кратовче“ бр. 1, 2300, Кочани.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на патен правец: с. Бели – Манастир “св. Илија“ (Дабот). Контакт тел/факс: 033 274-001, 033 273-542, лице за контакт: Силвана Благонова.Јавно отворање на понудите на ден 10.11.2010 год.

БРОЈ: 22/2010Назив на договорниот орган:Елс – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп.ПРЕДМЕТ:Изградба на капацитети во енергетиката (Набавка и Монтажа на електро материјали како и Изведба – Изградба на јавно осветлување за потребите и на територијата на Елс – Општина Прилеп).Контакт тел/факс: 048 401-721, 048 401-720, лице за контакт: Рубинчо Биновски.Јавно отворање на понудите на ден 10.11.2010 год.

БРОЈ: 2/2010Назив на договорниот орган:ОУ “Гоце Делчев“ Конче, с. Конче бб, 2424, Конче.ПРЕДМЕТ:Набавка за реконструкција и замена на стар под со поставување на нов ПВц под.Контакт тел/факс: 070 333-195, 032 649-145, лице за контакт: Зујца Стојанова.Јавно отворање на понудите на ден 08.11.2010 год.

Page 67: PORTA3 142

22 октомври 2010 ПОРТА3 67

рубрика

67

Page 68: PORTA3 142

РЕПАРАЦИЈА НА БЕТОНИНовоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 822, Факс:++389 / 02 2034 821 [email protected]

состојка на секоја градба

www.ading.com.mkРЕПАРАЦИЈА НА БЕТОНИ