68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА цена: 90 денари Број 143 ПетоК 05.11.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] тел: 3109 311, 3132 923, факс: 3132 924 најчесто поставувани прашања за печатениот бетон Страв ОД ПразЕн ПрОСтОр Соња абаџиЕвA, историчар на уметност Совршена архитектура без апликации арХитеКт олГа ПаПеШ, добитник на наградата "андреја дамјанов" 2010 15

PORTA3 143

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 143

Citation preview

Page 1: PORTA3 143

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари Број 143ПетоК 05.11.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]тел: 3109 311, 3132 923, факс: 3132 924

најчесто поставувани прашања за печатениот бетон

Страв ОД ПразЕн

ПрОСтОр

Соња абаџиЕвa,историчар на уметност

Совршена архитектура без апликации

арХитеКт олГа ПаПеШ, добитник на наградата "андреја дамјанов" 2010

15

Page 2: PORTA3 143

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 3: PORTA3 143

рубрика

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 143ПЕТОК 05.11.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

најчесто поставувани прашања околу печатениот бетон

СТРАВ ОД ПРАЗЕН

ПРОСТОР

Соња АБАЏИЕВA,историчар на уметност

Совршена архитектура без апликации

АРХИТЕКТ ОЛГА ПАПЕШ, добитник на наградата "Андреја Дамјанов" 2010

15

БроЈ 143 ПеТок 05.11.2010 ГоДинА VI

ДраГи ЧитатЕли,

„Широкиот опус на различните улоги како архитект, од проектирање до изведување на најзначајните објекти во Скопје, особениот придонес во обновата на градот, исклучителните проекти и изведени објекти од областа на домувањето, ја вбројува Олга Папеш во најзначајните македонски архитекти во дваесетиот век“, вели арх. Дивна Пенчиќ за годинашната добитничка на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2010 година за животно дело од областа на архитектурата и градителството што ја доделува Асоцијацијата на архитекти (ААМ).

„Новиот план на централното градско подрачје на Скопје е грд и гротескно формулиран, резултат на очигледен страв од празен простор (horor vacui). За споредба, руските урбанисти и архитекти во своите футуристички визии, уште на почетокот на минатиот век, во времето кога низ престолнината на оваа голема земја се возеле неколку коли, мислеле во идно време, предвидувале како се да биде неверојатно пространо, отворено, големо, се да дише со полни гради. Зошто го присилуваме Скопје да дише на шкрги, наместо широко и слободно?“ прашува Соња Абаџиевa, историчар на уметност и ликовен критичар во текстот „Страв од празен простор“.

Што знаете за печатениот бетон? За оваа новина на македонскиот пазар зборува Петре Јовановски, дипл.град.инж. од фирмата „Баутек“, една од ретките професионални фирми кај нас што се занимава со изведба на овој материјал. Тој одговара на 15-те најчесто поставувани прашања околу печатениот бетон.

ЕАSА – ПРИКАЗНА без граници. ЕАSА (European Architecture Students Assembly). Оваа година 450 студенти од 48 земји од Европа се собраа во Манчестер и две недели истражуваа обидувајќи се да дадат свој одговор на темата „Идентитет“. На 29-от по ред ЕАSА собир учествуваа и студенти од Македонија. Пред вас се нивните впечатоци.

„Само екополиција ќе ни ги зачува шумите и животинскиот вид“, вели доц. д-р Марина Малиш Саздовска, наставник по Еколошка криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје. Според неа, во Македонија се застапени повеќе видови кривични дела. Токму затоа македонското МВР треба да направи структурни промени во насока на формирање посебен сектор или оддел, кој ќе се занимава само со еколошкиот криминалитет.

ОД рЕДакцијата

ФорУМ 06соЊА АБАЏиеВА: сТрАВ

оД ПрАЗен ПросТор

инТерВЈУ 12 оЛГА ПАПеШ

ДоБиТник нА нАГрАДАТА „АнДреЈА ДАМЈАноВ“ ЗА 2010

ГоДинА ЗА ЖиВоТно ДеЛо

ГрАДеЖниШТВо 2415 нАЈЧесТо ПосТАВУВАни

ПрАШАЊА ЗА ПеЧАТениоТ БеТон

рАБоТиЛниЦА 34EASA - ПрикАЗнА БеЗ ГрАниЦи

реГиони 38ПрикАЗнА ЗА ЖеЛеЗнеЦ

екоЛоГиЈА 50ПеТТинА оД 'рБеТниЦиТе нА

рАБ нА исТреБУВАЊе

ПорТреТ 60ВеЛиМир ЖерноВски -

иДенТиФикАЦии

редакција:

главен и одговорен уредник:Наталија НовАковиЌ-доБревскА

новинари:катерина спАсовскА-трпковскАјулијана ГерАсимовскАсузана вАсилевАлеонида пенка БАША

надворешни соработници:елена кУзмАНовскААнгел ситНовскиигор ристовски сандра доНЧевАвладимир Б. лАдиНскитрајче стојАНовНатка ЌосевАсашо кУзмАНовскиАлександра петровскАданиела млАдеНовскАБилјана сАвиЌдраган ристовдејан БУЃевАцАлександра ШекУтковскАкире кипроскипавлинка АтАНАсовАелена петровскА

графички уредник:дејан дАвитков

фоторепортер:кире попов

лектор:костадинка солевА

издавачки совет:Љупчо АтАНАсовски, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р мери цветковскА,дипл. град. инжвања доНЧевА, дипл.инж.арх.сања велиЧковскА, дипл. инж. арх.

издавач:„Биропрес“ доо скопјеУл. васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 скопје

Телефон:3109 311; 3132 923; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:европа92 - кочани

Маркетинг:Биропроект[email protected]@porta3.com.mkтел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГодиШНА претплАтА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 вокомерцијална банка Ад скопјеедБ:4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница : традиционална македонска куќа во ЖелезнецФото: Ангел СИТНОВСКИ

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

``

Page 4: PORTA3 143

4

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Skopje, R.Makedonija

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 tel: ++389 2 2050 809

faks: ++389 2 2050 264 [email protected]

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ

Skopje, R.Makedonija

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 tel: ++389 2 2050 809

faks: ++389 2 2050 264 [email protected]

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ

Page 5: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 5

рубрика

5

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работиторУс иНЖеНериНГ дооелул. Востаничка 51, скопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 6: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 201036

6

форум

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Ãåðìàíñêè îêîâèçà ïðîçîðöè è âðàòèñî ïîâå�å îä 100 ãîäèíè òðàäèöè¼à

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Ìóçå¼ „Ãóãåíõà¼ì“ - Áèëáàî, Øïàíè¼à

Ñîâðåìåíà òåõíîëîãè¼à çà ïðîçîðöè è âðàòè

И во минатото имаше реакции на одредени архитектонски и

споменични комплекси: МНТ се нарекуваше скокалница, Поштата арапски харем, сегашната Влада (некогашниот ЦК) стоковна куќа. Алтернативен збор за некои мозаични комплекси беше бања. Му се лутевме на Кензо Танге што го затвори струењето на воздухот кон Водно, на архитектите и урбанистите што ги преправаа проектите на Танге. На какви сè критики беше изложена и новата Железничка станица. По осамостојувањето на Македонија, минувачите и познавачите оправдано негодуваа пред некои донирани скулптури поставени во срцето на Скопје, така што не треба да се биде особено чувствителен на овие реакции на скопјани за новиот план на централното градско подрачје. Но, не може да се забошоти вистината, дека тој е грд и гротескно формулиран како очигледен страв од празен простор (horor vacui) во споредба, на пример со футуристичките визии на руските урбанисти и архитекти, кои уште на почетокот на минатиот век, во времето кога низ престолнината на оваа голема земја се возеле неколку коли, мислеле во идно време, предвидувале како сè да биде неверојатно пространо, отворено, големо, сè да дише со полни гради. Зошто го присилуваме Скопје да дише на шкрги, наместо широко и слободно? Каква е оваа клаустрофобична предлошка? Акумулацијата на толку споменици на мал простор е редундантност, а тоа е потврда за апсолутно отсуство на естетска (с)мисла во обликувањето на нашиот главен град. И зошто толку идентични по дух споменици низ целиот центар: коњаници, тронови,

постаменти со плитки, длабоки и главно многу лоши релјефни декорации. На пример, Јапонија, како една од најтрадиционалните и најзатворени за странски влијанија земји во светот, во административниот центар на Токио (ако така може да се нарече реонот Шинџуку) сместува паркчиња, мали плоштади, споменици од европски, јапонски или американски современи (поп и оп) автори, апсолутно спротивни на традиционалната јапонска естетика.

Естетска неписменостОбележјата на настани и личности не мора да бидат реалистични скулптури, можат да бидат знаци: една запирка, една топка, една коцка, една плоча... Претпоставувам дека најголемиот број скулптори - учесници во проектот Скопје 2014 не посакале во исто време, унисоно, да работат академски, реалистични, анахрони скулптури и споменици. Претпоставувам дека, најблаго речено, добиле препорака. Се прашувам дали упатство од ваков вид им е врачено на афирмираните творци во ликовната уметност (Петар Хаџи Бошков, Драган Попоски - Дада, Борис Николовски, Станко Павлески и др.), на релевантните институции, историчари и критичари на уметноста, професори, некогашни директори на музеи и галерии, музејски кустоси-советници и сл. Од друга страна, некои од архитектите што беа парадигма на новиот дух, луѓе на кои едно време им се восхитувавме на свежината и новата архитектонска мисла, или молчат или ги почитуваат насоките на владеачката партија. Наспроти ова, големиот план за урбанистичко-архитектонско-естетско уредување на центарот на метрополава се доверува

Страв од празен простор

Новиот план на централното градско подрачје на Скопје е грд и гротескно формулиран, резултат на очигледен страв од празен простор (horor vacui). За споредба, руските урбанисти и архитекти во своите футуристички визии, уште на почетокот на минатиот век, во времето кога низ престолнината на оваа голема земја се возеле неколку коли, мислеле во идно време, предвидувале како сè да биде неверојатно пространо, отворено, големо, сè да дише со полни гради. Зошто го присилуваме Скопје да дише на шкрги, наместо широко и слободно? Каква е оваа клаустрофобична предлошка?

ОтСуСтвО на вОлја за артикулација на СОврЕмЕнОСта

Соња абаџиЕвa,историчар на уметност и ликовен критичар

Page 7: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 7

7

форум

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Ãåðìàíñêè îêîâèçà ïðîçîðöè è âðàòèñî ïîâå�å îä 100 ãîäèíè òðàäèöè¼à

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Ìóçå¼ „Ãóãåíõà¼ì“ - Áèëáàî, Øïàíè¼à

Ñîâðåìåíà òåõíîëîãè¼à çà ïðîçîðöè è âðàòè

на периферни стручњаци и на нетранспарентен начин. Македонија има творечки капацитет и за архитектура и за скулптура и за естетика. Жално е што не се користат вистинските луѓе за таа цел. Со главно анонимни автори и

полтронски настроени архитекти не може да се направат големи дела. Може единствено да се демонстрираат аргументи на естетска неписменост. Центарот на Скопје не е дневна соба во приватен стан за да се уредува со стилски мебел по личен афинитет. Не е ниту приватен двор за да се кити со скулптури на џуџиња, лавчиња или фенерчиња.

трансмисија на авторство во плагијатШто се однесува до фасадите, тие треба само да се конзервираат, да се заштитат, а не да се преправаат во друг архитектонски стил. Ваквата трансмисија на авторството во плагијат е израз на краен невкус. Граѓаните на Париз во шеесетите години од минатиот век протестираа кога ги обелуваа црните фасади и им ја симнуваа патината на зградите во Париз. Сегашниот предлог за драстично нова физиономија на старите згради во центарот е наполно

бесмислен и треба да се заборави.Сакам да нагласам, дека нема потреба од голем скептицизам и некритично напаѓање на идејата за градба поради нерешени есенцијални сегменти на нашето живеење. Но планот за новиот центар МОРА ДА БИДЕ ЕСТЕТСКИ КОРЕКТЕН, селективен и современ. Ништо повеќе. На местото на партиските напади, неаргументираните девалвации, навредите на личности и сл. требаше да се утврди (иако сè уште може) стабилен полигон за професионални, непристрасни дијалози и дебати. Инаку, според мене, народот не се прашува за ваква трансформација на градот. Се консултираат компетентните. Затоа што народот најмногу ги сака , сапунските серии од српска, хрватска, шпанска, индиска или португалска провиниенција, Лепа Брена, Цеца Ражњатовиќ и слични креатури, кои лесно и спонтано ги полнат

стадионите. Додека образовниот процес/програми не почне да функционира како систем кој овозможува разликување на вредностите од невредностите, не може да се одлучува за вакви прашања на референдум, масовно и на јуриш. Сметам, дека на народот, во сегашнава ситуација треба да му се обезбеди работа, а играта /„циркусот“ да го одобруваат, верификуваат, организираат и реализираат, сепак, тие што знаат што е уметност, архитектура и урбанизам. Другите, откако ќе им бидат дадени на увид проектите, можат да гледаат, дискутираат, сугерираат, како што мошне коректно постапи општината Чаир со најновиот проект – решението за плоштадот кај споменикот на Скендер Бег. Се разбира дека, кога приоритетите се определени и хиерархијата на вредности систематизирана, умесните забелешки и сугестии може да се вградуваат во предложените концепти.

центарот на Скопје не е ниту дневна соба, ниту приватен двор

Со главно анонимни автори и полтронски настроени архитекти не може да се направат големи дела. Може единствено да се демонстрираат аргументи на естетска неписменост. Центарот на Скопје не е дневна соба во приватен стан за да се уредува со стилски мебел по личен афинитет. Не е ниту приватен двор за да се кити со скулптури на џуџиња, лавчиња или фенерчиња

Page 8: PORTA3 143

8

8

ПОРТА 05 ноември 20103

инфо

На Владата во нејзината идна работа главен приоритет во градежништвото треба

да и биде инфраструктурата. Ова е основната препорака на Институтот за економски студии и меѓународни односи - ОХРИД дадена во последниот извештај во рамките на Проектот за следење и оценка за реализирањето на програмските активности на Владата на Република Македонија во периодот од мај 2009 до почетокот на септември годинава.Во Извештајот се констатира дека во набљудуваниот период во областа на градежништвото активностите на Владата биле насочени кон подобрување на условите за работа со оглед на тоа што се работи за една од главните стопански гранки. Особено, ако се знае дека поради неповолните влијанија на светската економска криза се намалуваат пазарите за македонската градежна оператива во странство, што од друга страна бара компензирање на таа неактивност со повеќе работа на домашниот пазар. Со градежништвото можат да се намалат негативните ефекти од светската економска криза, бидејќи тоа со себе повлекува десетици други стопански гранки.Донесувањето на Законот за градежно земјште е една од мерките на Владата. Со него менаџирањето на градежното земјиште наместо во централната власт, ќе се врши во единиците на локалната самоуправа. Овој закон е поволен за локалните власти, но тие имаа забелешки, затоа што тој на сила ќе стапи по една година од донесувањето, а државата задржала и одредени дискрециони права, што според локалните власти не е добро за нив и за инвеститорите. Во изминатиот период Владата реализира проект за изградба на социјални станови. Предвидена е изградба на 2.500 станови. Исто така реалност стана и влегувањето на турската компанија TAV во аеродромскиот бизнис, инвестиција која се цени на 200 милиони евра. Станува збор за инвестиција со која Македонија ќе добие современи аеродроми, кои треба да функционираат по европски стандарди. Напори од страна на Владата се прават и во насока на развој на

За лошата состојба на патиштата се потврдува и во Извештајот на ОЕЦД, според кој, Македонија е на последно место од државите во Југоисточна Европа според тоа колку троши за одржување на патиштата, а меѓу последните земји е и во поглед на градењето на нови патни сообраќајници. Во изминатите четири години Македонија просечно трошела околу 50 милиони евра годишно за изградба на нови патишта, за разлика од Албанија која, на пример, само во 2009 година потрошила дури 415 милиони евра

институт за економски студии и меѓународни односи - оХрид

македонија на последно место според патната инфраструктура

`

Page 9: PORTA3 143

инфотранспортната инфраструктура, како на патната, така и на железничката. Многу се очекува од изградбата на патишта со концесии, за што беше распишан јавен повик на кој се јавија осум заинтересирани компании. Сега претстои фазата на евалуација, за која авторите на извештајот велат дека е од исклучително значење и треба да се направи максимално внимателно и стручно, бидејќи несогледувањето на сите аспекти на условите и договорите, може во иднина да пројави исклучителни непријатности за државата со идните концесионери, за што говорат светските искуства, а и искуствата на соседните земји.И покрај некои измени во законската регулатива што го опфаќа железничкиот сообраќај, според извештајот на Институтот, останува непријатниот факт дека во изминатите 60 години во државава е изградена само една пруга во земјава (Скопје-

Кичево) и се инвестирани 30-тина милиони долари во изградба на пругата кон Бугарија.Владата и покрај инвестициите во модернизацијата и реконструкцијата на регионалните патишта посебно внимание треба да посвети на зголемувањето на безбедност во сообраќајот. За лошата состојба на патиштата се потврдува и во Извештајот на ОЕЦД, според кој Македонија е на последно место од државите во Југоисточна Европа според тоа колку троши за одржување на патиштата, а меѓу последните земји е и во поглед на градењето на нови патни сообраќајници. Во изминатите четири години Македонија просечно трошела околу 50 милиони евра годишно за изградба на нови патишта, за разлика од Албанија која, на пример, само во 2009 година потрошила дури 415 милиони евра. За одржување на инфраструктурата , Македонија

троши само 1.148 евра за еден километар, додека лидер на тој план е Босна и Херцеговина со 8.000 евра. Оттука и препораката што инфраструктурата треба да и биде приоритет на Владата, а за тоа е потребна и финансиска и стручна поткрепа.Експертите од Институтот укажуваат и на можните ризици од (не)применувањето на определени активности од страна на Владата. Во прв ред, намалените финансиски ресурси поради економската криза можат да бидат причина за пролонгирање или попречување на реализацијата на предвидените проекти. Амбициозните планови, како и кусите временски рокови за реализација на проектите може да доведе до делумна или до неквалитетна имплементација на некои од предвидените активности. Ова, пак, може да доведе до одолжување на планираните реформи. Посебно се

нагласува недостигот на стручен капацитет, како и пројавениот „замор“ од исклучително високото темпо на работа во некои институции, што може да биде причина за недоволен квалитет во работата или во спроведувањето на реформите. Ризик за нецелосно и неквалитетно реализирање на работите може да се согледа и во недоволната јавна расправа и недоволното консултирање на надлежните институции со стручната јавност во државата, и тоа за одредени стручни прашања и проекти во соодветна област. Можна е и појава на отпор кон реформите во институциите каде што со нив е предвидено евентуално намалување на бројот на вработените кај нив. И конечно, меѓу ризиците во Извештајот се ставени политичките спротивставености меѓу власта и опозицијата, кои можат да доведат до опструирање на реформите од страна на опозицијата.

`

Page 10: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010310

10

скопје

Центар

цветниот пазар се сели спроти "нова македонија"

Просторот кај последната станица на “23”, спроти

поранешната зграда на "Нова Македонија", е локацијата на која дефинитивно ќе се селат дуќанџиите од Цветниот пазар. На површината на постојното

паркиралиште на "Градски паркинг" ќе се овозможи двострано паркирање и ќе се изгради терминал за автобуси и за такси возила. Терминалот ќе има капацитет од две единечни возила, паркинг-плац за два автобуса, а стојалиштето за такси ќе собира вкупно девет патнички возила. Идниот Цветен пазар ќе се состои од 16 монтажни објекти со површина до 16 м2. Ќе има и платформа за туристички и за културни настани, кои ќе ја збогатат туристичката понуда во градот.

Бутел

атлетски терени во "арсени јовков"

Четири патеки за спринт на 60 метри, една патека со јама полна со песок наменета за скокови во далечина и еден

мини терен за фрлање ѓуле се направени во дворот на средното училиште "Арсени Јовков", со што тоа е оспособено за во него да се тренира атлетика. Теренот го направи градот Скопје, кој за оваа намена од својот буџет потроши 800 илјади денари.

аеродроМ

нов трговски центар

Компанијата "Сити Плаза" го купи земјиштето спроти трговскиот

центар "Бисер" во општината Аеродром и почна да ги извршува подготвителните работи за изградба на деловно-трговски центар и резиденцијален објект. Градбата со површина од околу 40000 м2 ќе биде висока седум ката и ќе има подземен паркинг на четири нивоа со капацитет од 500 возила. Оваа македонско-турска инвестиција ќе изнесува околу 30 милиони евра, а градежните работи треба да почнат за еден месец и да траат две години.Куриозитет за оваа градежна парцела е што летово, кога Министерството за транспорт и врски ја продаде со јавно наддавање, за неа беше постигната рекордно висока цена за метар квадратен. Во конкуренција на повеќе инвеститори, "Сити Плаза" победи со понудени 600 евра за квадрат, односно околу 3,2 милиони евра за вкупната површина од 5.475 квадрати.

Ѓорче Петров

асфалт на повеќе коловози

Делот од улицата 4 Јули, на потегот од Домот за стари

лица кон црквата "Свети Петар и Павле" е целосно асфалтиран. Се реконструираше коловоз долг 240 метри и широк девет метри, а со проектот се обнови и една крстосница. Активностите ги изведуваа екипи ангажирани од градската управа, бидејќи реконструкцијата беше предвидена со програмата што ја усвои градскиот совет.

Центар

нова електрична инсталација во најстарото скопско училиште

Со донација од над два милиони денари, основното

училиште "Кирил и Методиј" ќе ја замени старата и дотраена електрична инсталација со нова. Овие активности во најстарото училиште на подрачјето на Скопје се одвиваат преку Програмата за основно образование на УСАИД, со која се обновија многу училишта низ земјава.

Центар

катни гаражи на вересија

Градскиот совет усвои одлука да се земе заем

од 8,5 милиони евра за да се финансира изградбата на две катни гаражи, кај ТЦЦ Плаза и кај Старата железничка станица. Се предвидува дека нивната изградба ќе чини вкупно 19 милиони евра, но 10,5 милиони ќе се обезбедат од градскиот буџет, а остатокот со кредит од финансиски институции. Градежните работи ќе се одвиваат до 2012 година, а за нив ќе се плаќа од три градски буџети.Кредитот ќе се отплаќа најмалку десет години, со вклучен грејс период од барем две години. Годишната каматна стапка, како што пишува во одлуката, нема да биде повисока од тримесечен Еурибор, плус 5,5 процентни поени на годишно ниво. Градот на заемодавачот ќе му плати и еднократна провизија и трошоци, чиј износ нема да биде повисок од 1,25 отсто од вкупната сума која се позајмува.

Page 11: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 11

11

скопје Кисела вода

Поплочени улици

Завршија неколку проекти за уредување на јавните површини

во општината. Според Годишната програма за комунални дејности за 2010 година, со павер елементи се поплочени повеќе улици и пристапни патеки низ општината: улицата Марко Орешковиќ во вкупна должина од 130 метри, а во состав на улицата Димо Хаџи Димов со бехатон плочки се поплочи и патека со должина од 60 метри. Партерно се уредени и делови од населбата Пинтија и од селото Драчево.

Центар

триумфалната порта сепак ќе се гради

Контраверзите и отпорот на стручната јавност веќе не се

битни.Триумфалната порта висока 21 метар, како дел од проектот „Скопје 2014“ сепак ќе се гради. На местото каде што е предвидено да се наоѓа овој објект веќе се изведуваат подготвителните

работи. Градежните работници на „Гранит“ го оградија местото и сега се чека денот кога ќе биде даден знакот за официјален старт на работите. Рокот за изградба на објектот од почетокот на работите е 12 месеци. Неговата вредност се цени на 4,4 милиони евра. Во објектот ќе има атрактивен галериски простор на две нивоа до кој ќе се доаѓа со скали и лифтови распоредени од двете нејзини страни. На последното ниво ќе има отворена тераса, од која ќе може да се фрли

поглед на централното градско подрачје. Таа ќе се користи и за одржување изложби и за други културни настани.На неа ќе има мотиви од длабок релјеф изработени од мермер на површина од 193 метри квадратни. На релјефите ќе бидат прикажани прикази од богатата историја на македонскиот народ. Автор на проектот е Валентина Стефановска, која исто така е и автор на спомениците на Александар Македонски и на Филип Втори.

"

деПонија "дрисла"

Опрема од четири милиони евра

Спалувањето на медицинскиот отпад

од скопските здравствени установи наскоро ќе се врши со многу поквалитетна опрема и во многу подобри услови, бидејќи градските власти планираат да вложат 4 милиони евра во депонијата "Дрисла" за да ја подобрат оваа

состојба. Модернизацијата, според најавите, треба да почне веќе наредната година. Во Скопје медицински отпад се спалува уште од 1998 година, кога во "Дрисла" со донација беше донесена печка за оваа намена. Нејзината работа ја следеа повеќе дефекти кои предизвикуваа застои. Дополнителен проблем е и нејзиниот филтер, за кој е неизвесно дали ќе ги исполни строгите европски правила. Но, многу посериозен е проблемот

со недепонирањето. Има многу здравствени установи кои не склучиле договор со "Дрисла" за оваа услуга, па нивното ѓубре се фрла заедно со комуналниот отпад. Дури има и случаи кога се ангажираат диви превозници за да го фрлат на некое отворено ѓубриште. Од градот велат дека во вакви услови спалувањето медицински отпад е неисплатливо, па затоа сите здравствени установи треба да потпишат договори за негово собирање и согорување.

Центар

Статуа "воин" за три милиони евра

Александар Македонски" на плоштадот Македонија,

а "Воин" среде плоштадот Карпошово востание, од левата страна на Вардар до Камениот мост. Александар со цена од 4,5 милиони евра, а воинот со 3 милиони евра. Вака е замислено централното градско подрачје, во кое на големо се спроведува

проектот "Скопје 2014". Во неговите рамки беше избран и изведувач на скулптурата "Воин", што ќе стои на просторот помеѓу Министерството за транспорт и врски и црквата "Свети Димитрија", меѓу неколку фонтани. Статуата ќе се лее во бронза во

леарницата "Фондерија артистика гуастини" во гратчето Гамбелара, во јужната италијанска провинција Калабрија, а вкупниот трошок ќе изнесува пет милиони евра.

подготви: катерина СПаСОвСка трПкОвСка

илинден

Сите камиони на едно место

Заврши првата фаза од изградбата на јавни тоалети и паркинг за тешки

товарни возила, кој се наоѓа на влезот на Стопанскиот комплекс “Илинден”, веднаш до автопатот Скопје - Куманово.Паркингот ќе го користат и граѓаните од општината, што досега своите тешки товарни возила најчесто ги оставаа на јавни површини и така ја загрозуваа безбедноста во сообраќајот. Воедно ќе се намали и оштетувањето на локалната патна мрежа.Вкупната вредност на проектот изнесува 2,2 милиони денари, од кои Министерството за транспорт и врски обезбеди 1,2 милион, а остатокот е обезбеден од буџетот на општина Илинден.

Page 12: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010312

12

интервју

Широкиот опус на различните улоги како архитект, од

проектирање до изведување на најзначајните објекти во Скопје, особениот придонес во обновата на градот, исклучителните проекти и изведени објекти од областа на домувањето, ја вбројува Олга Папеш во најзначајните македонски архитекти во дваесетиот век. Нејзините објекти имаат душа и карактер, текстура и боја. Посебен акцент е ставен и на комплетното обликување, преку внесување на вредни уметнички дела во самите објекти, како мозаици, мурали, слики итн. Секој нејзин објект има своја приказна и придонес во она што значи архитектурата за луѓето и градот“, вели арх. Дивна Пенчиќ за годинашната добитничка на наградата „Андреја Дамјанов“

за 2010 година за животно дело од областа на архитектурата и градителството што ја доделува Асоцијацијата на архитекти (ААМ). Порта3 разговараше со Олга Папеш за нејзиниот поглед на архитектонскиот свет, актуелните проблеми кај нас, начинот на кој таа ги обликува објектите, како и за нејзините ставови за уредувањето на просторот.

Што значи за вас наградата "андреја Дамјанов" 2010? - Голема гордост и чест е да добиете вакво признание од фелата. Благодарам.

ве опишуваат како виртуоз на станбената архитектура, кој умее совршено да ги спои естетиката и функцијата во просторот за живеење. во кој од своите изведени станови би сакале да живеете?- Во зградите кај Млечниот

ресторан. Овде становите на потпокривот се како куќички на покрив, имаат големи тераси со малечок двор и се решени со две нивоа. Луѓето што живеат во овој комплекс кога и да ги сретнам ми велат дека чувствуваат благодарност кон мене за тоа што во становите многу убаво се живее. Ми се допаѓаат и зградите што ги проектирав во Струга. Тие имаат архитектура базирана на традиционалната македонска куќа: со бели фасади, дрвена столарија, четириводни покриви... Однадвор се интересно решени. Колористичките решенија отсекогаш ми биле слабост.

вашиот студиозен пристап на фасадите на објектите го ценат и колегите архитекти. Често пати на шега велат дека еден ваш станбен блок кој бил изведен во сива силикатна тула, темносини покривни салонитни плочи и црвени метални

балконски држачи, имал исто колоритно решение како и вашата омилена комбинација на облека - светлосиво штофано здолниште, темносино сомотско палто и црвена блуза и марама. Сметате ли дека фасадите можат да бидат третирани како облека на објектите? - Ерих Фром има кажано дека однадвор човекот може да биде дотеран со скапоцени камења и бунди, а внатре да биде празен. И архитектонските објекти се такви. Однадвор можат да имаат многу декорација, а всушност да бидат празни. Јас никогаш не сум била формалист, на фасадите никогаш не употребував апликативни елементи кои го украсуваат објектот. Но, сепак сметам дека сум успеала да направам убава фузија меѓу рационалното и естетското. Да се направи добар спој помеѓу архитектурата и функцијата бара голема умешност. Моите

Совршена архитектура без апликации

Олга Папеш, дипломирана инженерка-архитектка, е добитничка на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2010 година за животно дело од областа на архитектурата и градителството. Наградата во црквата „Св. Богородица“ во Скопје и ја додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), под покровителство на Министерството за култура

`

Page 13: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 13

13

објекти иако немаат шминка се убави. Фасадите не ги третирам како облека на зградите, туку целиот објект го гледам како еден вид уметничка слика. Постојат трендови во обликувањето на објектите и тие се менуваат. Но, авторот е тој што одлучува дали ќе тера мода или ќе се обиде да создаде уметност. Секој објект е авторско дело. Затоа кога ги обновуваме старите објекти треба многу да бидеме внимателни. Во ред е да се замени малтерот или бојата, но да се менува изгледот на целата фасада е неприфатливо.

во вашата станбена архитектура може да се забележи „женски“ пристап во организирањето на функциите (предвидување на многу простории за потребите во секојдневниот живот, остави, гардеробери, економски лоѓи итн) и „машки “ пристап во проектирањето - простории со чиста геометрија, јасни комуникациски шеми, доследност во почитувањето на нормативите итн. - Сама си ги поставувам своите норми, а при проектирањето се ставам во улогата на корисник на просторот. Во решавањето на станбената проблематика секогаш се втурнував со голема амбиција и го реализирав принципот: школски издржана функционалност, еколошки и штедлив санитарен чвор, бања природно осветлена и проветрена и поврзана со кујната на ист инсталациски ѕид, потоа предвидување на простори за

многу потреби во секојдневниот живот: шпајз, остава, гадреробер, мал економски балкон (кон кујната или кон бањата). Така се решавани сите мои станбени згради. Меѓу нив би ги издвоила: трите станбени комплекси на ул. Рузвелтова Скопје, потоа станбена зграда на ул. Иво Лола Рибар на ГП Бетон, комплекс од станбени кули К1 и К2 (кај Млечниот ресторан), станбена кула со анекс супер маркет во Кичево, станбен комплекс за Струга (4 ламели), станбен комплекс Лескаица, Охрид (со арх. Л. Ристевска). Во моите проекти беа вклучени и потоа комплетно реализирани партерни решенија со спортски терени, подземни паркинзи, тревни површини. За жал денес веќе никој не го прави тоа.

како дел од тимот на „бетон“ во седумдесеттите бевте вклучени во изработката на проектите за објектите во малиот ринг што требаше да се градат во урбанистичката матрица на решението „метрум“ на група словенечки автори. Четири децении подоцна започна да се реализира друг план за овој дел од градот, кој предвидува повеќе објекти и помалку слободни површини во просторот. вие јавно се спротивставивте на овој план и кажавте дека е полош од стариот, дека тоа ќе биде грешка на векот.- Кога од медиумите дознав дека со новиот ДУП на просторот пред Македонската опера и балет, на платформата се предвидуваат

нови административно - деловни објекти, не можев да се помирам со тоа. Отидов кај директорот на филхармонијата за да го прашам што се случува со стариот план. Тој ми рече дека го чуваат стариот план, но никого не го интереирало што има во него. Никој не пројавил желба ниту да го погледне. Но, ние повозрасните архитекти кои сме работеле во тоа време кога се проектираа и градеа објектите од културниот центар, должни сме да ја информираме јавноста за сите замисли за целокупната концепција. Во стариот план објектите се извиваа како школка која се отвора кон реката. Масите на филхармонијата, оперско-балетската зграда, киното, просторно создаваа простор отворен кон Вардар, така што таа платформа ќе претставуваше прекрасен простор за летна сцена. Тоа е простор заштитен од околниот сообраќај, ориентиран кон свежината на реката, а притоа прикрепен на објекти од културата (училиште, филхармонија, опера и балет) што значи достапност до персонал, опрема и учесници. Затоа тој простор требаше да се сочува. Комплексот културен центар не беше доизграден онака како што беше замислено. Ако се санираше и се изведеа предвидените филхармонија и пропратните

услужно трговски дејности, тогаш тој ќе претставуваше идеално место за културни настани на отворен простор пред реката. Со визуелизацијата за Скопје 2014 беше прикажана слика од реката кон објектите. И никому не му пречеше тоа што со новиот план целиот комплекс е затворен. Зошто не беше прикажана визуелизација и на сликата што пред сè ќе ја гледаат луѓето од зградата на Филхармонијата кон Вардар? Тоа е еден бедем од објекти, тоа е узурпација на просторот. Овде јас не би сакала да дискутирам за квалитетот на архитектурата на новиот објект на филхармонијата. Но, тој склопен во овој контекст изгледа како во некоја симфонија од Бетовен во која се изгубил третиот став, некој да придодал партитура од Гершвин или Бах.

Што мислите за урбанистичкиот план на кензо танге за уредувањето на центарот на градот? - Чувствувам восхит кога ќе помислам на концепцијата на просторот што беше предвидена со овој план. Со него беше предвидено формирање на јаки урбани мегаурбани структури кои ќе бидат носители на главните функции во централното подрачје: транспортен центар, трговски центар, културен центар, универзитетски центар и др. На левиот брег

интервју

На младите архитекти им порачувам пред се да ги почитуваат законите, нормативите и прописите за градба, како и урбанистичките планови. Да создаваат добри рационални решенија

`

Page 14: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010314

14

интервју

на Вардар и пред земјотресот имаше објекти од културата: стариот театар, филозофскиот факултет, библиотеката и др. Како почитување на традицијата на левиот брег беше поставен комплексот културен центар со опера, концертна сала, ексклузивна киносала, објекти за едукација - музичко балетско училиште и ФМУ, како и повеќе придружни функции. Танге успеа на вистински начин да ги поврзе левиот и десниот брег на Вардар и ќе беше добро ако ние го реализиравме неговиот план во целост. Но, не го сторивме тоа.

Планот „Скопје 2014“ е во фаза на реализација, иако поголемиот дел од архитектите не се согласуваат со него. Што би можеле да сториме во ваква ситуација? - За мене е жално што никој не го почитува мислењето на професионалците. Тие молчат, а би требало да излезат и да кажат што мислат. Не разбирам зошто сите масовно не излеговме јавно да го одбраниме нашиот став. На некој начин, никој не верува дека нешто можеме да смениме. Не нè почитуваат, тоа е факт. Јас дури и на претседателката на ААМ Даница Павловска-Циги сакав да и предложам сите да се собереме

и да оставиме потписи дека не се согласуваме со тоа што се гради. Да ги депонираме потписите во Собранието. По 20-30 години, ако некој истражува, да има доказ дека поголемиот дел од архитектите не се согласуваат со тоа што денес се гради. Затоа што утре некој ќе праша: како можеле тие луѓе да молчат, зошто не се спротивставиле на таа идеја? во некои од вашите објекти, како што е комплексот на банките, се чувствува влијанието на Louis Kahn. во нив се одвоени помошните простории и комуникациите во посебен вертикален

елемент кој е драматично нагласен на фасадата. Дали се работи за ваш свесен избор или тоа е несвесно влијание?- Јас себе си се сметам за функционалист. Конкретно во овој објект самата програма за комплексот ја диктираше формата на објектот - од големиот габарит, јас и арх. Радомир Лаловиќ направивме четири волумени во кои ги сместивме сите содржини. Тоа не беше поради естетика, туку произлезе од функцијата на објектот. Предвиден е натур бетон на фасадите кој беше доминантен во 80-тите, а вертикалите се нагласени на фасадата.

Добитник на наградата "андреја Дамјанов" 2010 Во биографијата на добитничката на годинашната награда „Андреја Дамјанов“ 2010, архитектката Олга Конева Папеш (77), стои дека е родена во Велес, основно и средно образование завр-шила во Скопје, а потоа дипломирала на Архитектонскиот отсек, на Технички факултет кај проф. Милан Злоковиќ, на тема Народна библиотека Скопје. Во 1958 год. добива стипендија од IASTE за работа во Хаг, Холандија, во Градската служба за урбанизам. По дипломирањето, како стипендист на ГП Бетон, се вработува во новоформираното проектантско биро на Бетон, каде работи на проектите и изведбата на Автотурист, Механика, ф-ка Билјана, потоа на првата станбена вила за Извршен совет на Водно, станбена индивидуална куќа Кондаров (на аголот

Ерих Фром има кажано дека однадвор човекот може да биде дотеран со скапоцени камења и бунди, а внатре да биде празен. И архитектонските објекти се такви. Однадвор можат да имаат многу декорација, а всушност да бидат празни. Јас никогаш не сум била формалист, на фасадите никогаш не употребував апликативни елементи кои го украсуваат објектот. Но, сепак сметам дека сум успеала да направам убава фузија меѓу рационалното и естетското

Page 15: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 15

15

интервју

Архитектониката на објектот не е моја заслуга, туку на Лаловиќ затоа што идејното решение на фасадата е негово. Но, за функционалното решение на објектот, како и за деталите сум заслужна јас.

во јавноста е помалку познато дека вие учествувавте во изработката на проектите за тв5 и тв6 на радио телевизија Скопје, кои и ден денес важат за телевизиски студија со најдобра акустика на балканот. во што се состои спецификата на овие студија?- Јас бев дел од тимот што ја правеше обработката на главните проекти за телевизиско студио

ТВ5 и ТВ6, а идејното решение беше на архитектот Кирил Ацевски. Тое е обемна работа, цела индустрија. Пред да започнеме со проектирање, слушавме предавања за законитости при проектирање на ТВ студија на инженер Гербер од Германија. Бидејќи звукот и треперењето што ги создава движењето на автомобилите, возовите и другите превозни средства се пренесуваат и на тлото, а потоа тие вибрации од надворешниот простор се пренесуваат и во просторот на студијата, студиото треба конструктивно да биде

решено како „куќа во куќа“. Тоа значи дека освен надворешната конструкција на ѕидовите, за да се обезбеди добра акустика треба да се изгради уште една конструкција на ѕидови со изолација од внатрешната страна. Студијата ТВ5 и ТВ6 се проектирани и изведени врз овие принципи и затоа имаат извонредна акустика иако се изградени пред речиси четири децении.

Дали сè уште активно се занимавате со проектирање? Што би им порачале на младите архитекти во македонија?-Со години веќе не се занимавам

активно со проектирање. Лично, тешко го доживеав моментот кога поради здравствени проблеми требаше да ставам точка на мојата професионална кариера. Ме исполнува тоа што мојот внук тргна по моите стапки и годинава стана студент на Архитектонскиот факултет. На младите архитекти им порачувам пред сè да ги почитуваат законите, нормативите и прописите за градба, како и урбанистичките планови. Да создаваат добри рационални решенија

наталија нОвакОвиќ- ДОбрЕвСка

на ул. Илинденска и ул. 503), како и во проектите на Цементара и Железара.По земјотресот во Скопје (1963), активно се вклучува во обновата и изградбата на градот. Учествува во тимот што ги изработува главните проекти за НУ Библиотека.Заради добрата и одговорната соработка со сите подизведувачи од Комплексот банки (1971) префрлена е на изградбата на Културниот центар, прво на објектот Музичко-балетско училишен центар, а потоа и на Театарската зграда, како проектантски надзор. Потоа станала раководител на архитектонска група во ИСП Бетон (Институт за студии и проектирање). Две години подоцна раководи со Координативното тело за архитектонско-градежниот дел за проектите за Мисурата, Либија. Во творештвото најмногу се занимава со проектирање станбени згради од кои

најголемиот дел се реализирани објекти. Таа е сестрана личност која покрај својата професионална ангажираност се занимава и со фотографија, планинарство и е особен љубител на класичната музика. Својата љубов кон музиката ја спојува со својата професија и формира Иницијативен одбор за градба на објектот на новата филхармонија, 25 февруари 2005..Активно се ангажира во давање совети за решавање на проблеми од Музичкото школо и театарот. Усогласување на ГУП и ДУП и враќање на земјиштето на комплексот. По своето пензионирање станува и активен критичар на архитектурата во нашата земја, како и случувањата во градот во областа на архитектурата и урбанизмот. Постојано учествува на трибини, дискусии, како и преку пишан збор во списанијата и весниците што се занимаваат со оваа проблематика.

Page 16: PORTA3 143

Некаде кон крајот на 60-тите години од минатиот век, кога за првпат почнаа да се употребуваат термоизолациски фасадни системи, малкумина можеа да си замислат дека само 4-5 децении подоцна токму овие системи ќе бидат дел од секој градежен објект речиси на секој дел од светот. На изумителите на овие системи, поборниците за нивната примена, визионерите што ги развиваа термоизолациските фасадни системи, можеме да им се заблагодариме што конечно и во градежништвото имаме масовна примена на систем кој е од големо значеље од еколошка и економска гледна точка за иднината на човештвото.

Како компанија, како визионер за развој на напредни системи во градежништвото, Кнауф од самото „раѓаље“ со термоизолациските фасадни системи придонесува за нивен развој, како од почетокот во матичната земја и фабрика, преку ширеље низ Западна Европа сè до денес каде благодетите на овие системи можеме да ги вкусиме и во источниот и југо-источниот дел на Европа, развивани во свои центри, произведени во свои производствени погони. Кнауф фасадните системи ги задоволуваат највисоките пропишани стандарди и ги задоволуваат и најстрогите бараља во модерното градежништво.

Фасадните системи со темоизолација покрај тоа што наоѓаат примена веќе во секој објект за новоградбата, еднакво толку се користат и при реконструкции и санации на веќе постоечки објекти каде со поставување термо фасада секој од нив добива нова димензија во полето на енергетската ефикасност.

Од оваа година Кнауф фасадни системи се присутни и во Македонија. Секако за беспрекорно да функционира секој термофасаден систем кој на еден начин претставува сендвич од минимум 8 слоеви, на располагање го ставаме нашиот стручен тим за техничка поддршка.

Од фасаден систем за освежуваље на веќе застарена фасада, преку термоизолациски фасаден систем со EPS изолација, преку системот со камена волна со доста предности, па сè до термофасадниот систем со природен камен, Кнауф секој дом го штити од надворешни влијанија и го прави топол.

Кнауф фасадни системи во Македонија

Page 17: PORTA3 143

· Пресек на кнауф термоизолациски фасаден систем со камена волна

Потрошувачка на енергија и инвестиција за енергетска ефикасностИмајќи предвид дека за загреваље на објектите кај нас денес се троши и до два и пол пати повеќе енергија во однос на земјите од Западна Европа, важно е да сфатиме дека постои начин како да се намали потрошувачката на енергија на најефикасен начин со минимални вложуваља и краток период на исплата на инвестицијата. Земајќи ја предвид проценката дека со вградување на термоизолација на надворешните ѕидови може да се заштеди и до 60% енергија, и дека таа инвестиција со заштеда на енергенси се враќа веќе после 4 години, тогаш вградуваљето на термоизолацијата сигурно е една од препорачаните мерки на енергетска ефикасност.Притоа е важно да се придржуваме кон следниот принцип: подебела изолација = поголема заштеда на енергија.За споредба да го земеме Вашиот личен пример од секојдневниот живот: кога надвор е многу ладно, облекувате подебел џемпер и капут за да се задржи телесната температура. Ако тоа правило го примените и на Вашата куќа во зимскиот период, односно ако куќата ја „облечете“ со дебел слој на изолација, ќе ги намалите топлинските загуби т.е. повеќе топлина ќе задржите внатре. Директна последица од тоа е заштеда на енергија, па оттаму, и сметките за грееље се пониски.

Дополнителни корисни аспекти од термоизолацијатаОваа прилика ја користиме да нагласиме дека недоволната топлинска изолација не доведува само до зголемување на топлинските загуби во зима, туку и до појава на т.н. ладни ѕидови. Температурата на површините на надворешните ѕидови е значително пониска од пријатните температури на воздухот во просторијата, која треба да изнесува помеѓу 19˚C и 21˚C, што доведува до непријатно струеље на воздухот во зоната околу ѕидот. Исто така е можна и појава на површинска кондензација на водена пареа. Штетните последици на ваквата кондензација се појава на мувла, нездрава микроклима во просториите, непријатен мирис, естетски и здравствени проблеми. Не смееме да го заборавиме и летниот период, кога температурите во последните неколку години се прилично над просекот за лето, што доведе и до зголемуваље на потрошувачката на енергија која е потребна за ладеље на објектите преку летните месеци.

Зошто минерална волна на Knauf Insulation?Благодарејќи на карактеристиките на производот на Knauf Insulation од камена минерална волна, објектите во кои таа се вградува обезбедуваат повеќе од „покрив над главата“. Покрај тоа што таа ги штеди Вашите пари, во исто време пружа најголем топлински комфор како и заштита од бучава која не опкружува секојдневно, како што е сообраќајниот метеж, гласни соседи итн. Притоа не треба да се занемари и сигурноста од пожар, поготово ако се земат предвид бројките на настрадани од пожари, бидејќи кога се зборува за камена минерална волна тоа значи зборуваме за негорлив материјал кој го спречува понатамошното ширеље на истиот, а не придонесува за развој на пожарот во ниедна негова фаза.Исто така, производите на Knauf Insulation, камената минерална волна, ги задоволуваат и најстрогите еколошки стандарди.

· Пресек на кнауф термоизолациски фасаден систем со стиропор

Page 18: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010318

18

градежништво

Малезија

Панел плочи од палмини влакнаМалезија снабдува 50% од вкупниот

светски пазар со масло од палма кое се користи во прехрамбената и хемиската индустрија. Лисјата и деловите од стеблото на палмата создаваат голема количина ѓубре кое настанува во процесот на производство на масло. Oвие материјали би можеле да се користат за производство на огноотпорни панели за градежната индустрија, но и за индустријата на мебел, сметаат истражувачите од University of Iowa (САД).Во термомеханичката обработка на овие отпадни материјали, пареата ги загрева влакната што потоа се мелат. На оваа смеса на крајот се додава лепило и материјалот се става под врела преса за да се постигне соодветна густина и цврстина на панелот.

(ScienceDaily.com)

источна евроПа

автопатот балтик-Грција

Бугарија, Романија и Грција се придружија на иницијативата Via Carpati на

состанокот на министрите за сообраќај и инфраструктура што се одржа во Ланкут, јужна Полска. Проектот во 2006 година го покренаа Литванија, Полска, Словачка и Унгарија со цел да се скрати патувањето во правец север-југ низ Источна Европа.Делумно финансиран од Европската Унија, автопатот ќе ги поврзува балтичките

држави со црноморскиот регион и Грција низ земјите што се меѓу најнеразвиените во ЕУ. Проектот треба да биде готов до 2020 година, а некои делови од автопатот во Литванија и Полска се веќе завршени. Полска веќе вложи 7,4 милијарди долари во својот дел од 800 километри и заврши поголем дел од него, патот низ Литванија е речиси готов, а Словачка една третина од својот дел планира да го доврши до крајот на годинава.

(B92)

јужна Кореја

Галерија за бетон

Компанијата Hanil Cement изгради едукативен центар во кој посетителите можат да се запознаат со карактеристиките на

бетонот и начините на неговата рециклажа. Заради улогата на објектот на самата зграда, но и пејзажот, архитектите применија неколку различни материјализации на фасади и покриви, патеки и ентериерни решенија. Објектот го покажува начинот на производство на бетон, неговото лиење во оплати, употребата на рециклиран бетон за производство на потпорни ѕидови, како и „камени“ огради - парчиња бетон во поцинкувани челични мрежи. Проектантите од бирото BCHO, од Сеул, Јужна Кореја, предвидоа можност за доградување на објектот со цел да се прикажат и идните нови технологии за производство на бетон.

(www.hanil.com)

јаПонија

боја која ги блокира електромагнетните бранови со високи фреквенции

Безжичните сигнали можат да се блокираат и

со боја, покажува најновото откритие на истражувачите од Универзитетот во Токио. Оваа боја содржи алуминиум-железен оксид кој осцилира на иста фреквенција како и wi- fi и другите радио бранови и ги апсорбира или блокира сите електромагнетни бранови со високи фреквенции.На пазарот, повеќе од 10 години, се присутни бои кои можат да ги блокираат брановите со пониски фреквенции. Меѓутоа, ова е прва боја која може да апсорбира и бранови со фреквенција од 100 GHz.Новата боја има многубројна примена. Таа може да служи за заштита на безжичните мрежи во објектот, блокирање на сигналите на мобилната телефонија во концертните сали и кината, заштита на болничките соби од несаканото електромагнетно зрачење, но и за фарбање облека која ќе ги штити луѓето од дејството на електромагнетните бранови.

(BBC)

Page 19: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 19

19

Холандија

Поезија на бетонотХоландските иноватори Frederik

Molenschot и Susanne Happle дизајнираа бетонски плочи кои откриваат релјефни шари кога ќе се наводенат. Тие очекуваат дека овие плочи наречени Solid Poetry ќе најдат примена во градините, базените, бањите, сауните или за обработка на какви било површини во станбените и јавните објекти кои доаѓаат во допир со вода.

(mocoloco.com)

ШПанија

тула зајакната со волна и морски треви

Научниците од шпанскиот Универзитет во Севилја и Универзитетот Strathclyde во Глазгов направија тула мешајќи

каолин со влакна од волна и екстракти од морска трева.Целта на иноваторите Carmen Galán и Carlos Rivera е да произведат тула „армирана“ со волна и да создадат одржлив и нетоксичен композит кој ќе има подобри механички карактеристики од традиционалниот материјал за ѕидање. Со додавање на волна и алгинат (природен полимер кој може да се најде во морската трева), научниците дојдоа до изненадувачки резултати - новата тула постигна 37% подобра јакост на притисок од традиционалната тула од глина. Овие влакна ја зголемуваат цврстината на тулата смалувајќи ги порите, скратувајќи го времето потребно за сушење и со самото тоа ја зголемуваат јакоста на свиткување.

(www.strath.ac.uk)

EoTek синтетичко дрво

Компанијата Eovations од Bay City во Мичиген,

тврди дека ќе воведе револуција на пазарот на градежните материјали со својот нов производ. Во прашање е синтетички

материјал EoTek кој изгледа и на допир е ист како дрво, меѓутоа е долготраен, не се криви, не скапува, не собира влага и не е потребно да го штитиме од временските влијанија и инсекти.Инвеститорите вложија 16 милиони долари

во лабораторијата за истражување, развој и почетно производство. Инвестицијата е помогната и со државна донација во вид на намален данок во висина од 1,3 милиони долари во наредните седум години.

(Gradjevinarstvo rs)

сад

подготви: наталија нОвакОвиќ-ДОбрЕвСка

Page 20: PORTA3 143

20

20

ПОРТА 05 ноември 20103

градежништво

Најдолг тунел во светот за спас на Алпите во Швајцарија

До пробивањето на овој тунел, најдолг тунел во светот беше Сејкан, кој ги обединува јапонските острови Хоншу и Хокаидо. Неговата должина е 53,8 км. На второ место беше тунелот под Ла-Манш меѓу Велика Британија и Франција со должина од 50 километри.

Page 21: PORTA3 143

3 21

21

05 ноември 2010 ПОРТА

градежништво

Во Швајцарија неодамна заврши пробивањето на најдолгиот железнички тунел под Алпите,

Готард, кој сега и официјално со должина од 57 километри се смета за најдолг тунел во светот. На 15 октомври гигантската дупчалка Sissi го проби последното метро под Алпите и ги спои двата краја на тунелот. Неговата изградба се одвиваше 14 години, а за тој период осум луѓе ги загубија животите. Движењето на возовите низ тунелот ќе почне во 2017 година. Со овој тунел патувањето од Милано до Цирих се намалува за еден час. Само пробивањето на тунелот Готард чинеше околу седум милијарди евра, додека вкупната реализација на тунелот ќе чини 15 милијарди евра. Низ него можат да поминуваат до 300 железнички композиции дневно со брзина од 250 километри на час.

Желба за помала еколошка штета

Причината за изградбата на тунелот била диктирана пред сè од желбата да се намали еколошката штета од реките товарни камиони кои минуваат преку Алпите. Низ Швајцарија минува еден од главните патни коридори за транспорт на стоки, кој ја поврзува Северна и Јужна Европа. Швајцарците се обидуваат дел од товарниот транспорт да го префрлат од патен на железнички, за што во 2007 година беше изграден уште еден тунел, Летшберг, долг 34 километри. Првите работи почнаа во далечната 1993 со пробни разработки на теренот. Од 1996 до 1998 година се отвораше пристап до Седрун, Фајдо и Амстег. Главните работи беа започнати во 2001 година. Може да се каже дека вкупно на тунелот се работи речиси 50 години.

Стара идеја, нова реализација

Првата идеја за изградба на тунелот е дадена уште во 1947 година. Првата варијанта за него е направена од Министерството за внатрешни работи на Швајцарија во1962 година. Планот предвидувал пруга со два колосеци под права линија од Амстег до Гиорнико. Тој треба да биде долг околу 45 километри и на средината да има колосек за „претекнување“. Возовите можат да достигнат брзина од 200 километри на час, што не се разликува многу од конечното решение.

По 50 години работа врз една идеја

Поради се поголемиот интензитет на товарниот сообраќај меѓу соседните земји и Швајцарија, во 1994 година оваа земја

гласаше за промени во транспортот. Целта на промените беше товарните возила и

контејнери меѓу јужна Германија и северна Италија да се транспортираат со возови, за

да се намали оптовареноста на патишата, а со тоа да се намали и загадувањето на

Алпите. Во 1998 година во земјата е воведен данок на тешкиот товарен транспорт кој заедно со плановите за модернизација

на железничките патишта конечно го отвори патот кон изградбата на тунелот

До пробивањето на овој тунел, најдолг тунел во светот беше Сејкан, кој ги обединува јапонските острови Хоншу и Хокаидо. Неговата должина е 53,8 км. На второ место беше тунелот под Ла-Манш меѓу Велика Британија и Франција со должина од 50 километри.

`

Page 22: PORTA3 143

Frischluft / Fluchtröhre

Abluft

Nothalt im Tunnel

Fahrröhre

MultifunktionsstelleSedrun

Schacht I Schacht II

MultifunktionsstelleFaido

Zugangsstollen Amsteg

Nothaltestelle

Nothaltestelle

Kabelstollen

Nothaltestelle

Portal Erstfeld

Portal Bodio

Zugangsstollen Faido

Gotthard-Basistunnel Schema Tunnelsystem Gotthard

San Gottardo

22

22

ПОРТА 05 ноември 20103

градежништво Многу параметри од почетниот план со текот на времето биле радикално променети. Најмногу спорови се воделе околу конструкцијата на тунелот. Изборот бил меѓу тунел со два колосеци со сервисен тунел и два тунела со по еден колосек (со или без сервисен тунел). Конечно победило техничкото решение со два тунела со по еден колосек, без сервисен тунел, но меѓусебно поврзани со галерии на секои 180 метри, за да може да се премине од еден тунел во друг. Проектот вклучува и две повеќефункционални станици со железнички јазли. Поради сè поголемиот интензитет на товарниот сообраќај меѓу соседните земји и Швајцарија, во 1994 година оваа земја гласаше за промени во транспортот. Целта на промените беше товарните возила и контејнери меѓу јужна Германија и северна Италија да се превезуваат со возови, за да се намали оптовареноста на патишата, а со тоа и да се намали загадувањето на Алпите. Во 1998 година во земјата е воведен данок на тешкиот товарен транспорт кој заедно со плановите за модернизација на железничките патишта конечно го отвори патот кон изградбата на тунелот.

Експлозив и гигантски дупчалки

На изградбата едновремено работеа над 3.500 работници, вклучувајќи инженери, планери и геолози. Се работеше деноноќно, седум дена во неделата. За пробивање на тунелите во карпестите делови се користени експлозив и неколку гигантски дупчалки. Двата тунела меѓусебно се поврзани со галерии на речиси секои 325 метри. Исто така има и две мултифункционални железнички станици, кои можат да послужат и за маневрирање на возовите, но и за помош во случај на некакви хаварии. Готард истовремено се градеше на пет секции: Ерстфед, Амстег, Седрун, Фајдо и Бодио.За да се обезбеди режим на движење со брзина од 250 киометри на час, новата магистрала од Цирих до Милано, практично ќе нема кривини и ќе минува на 500 метри надморска височина. Тоа значи и намалување на времето за патување меѓу тие два града за еден час.

брОјки и факти за тунЕлОт:· Должина: западен тунел - 56.978 м, источен тунел - 57.091 м.· Вкупна должина, вклучувајќи ги и службените и пешачките патеки -153,4 км.· Вкупна должина на колосеците, пробиени со помош на гигантските дупчалки - 45 км.· Обем на ископаните материјали: 24 млнт (13,3 млнт, што е еквивалентно со пет пирамиди како Гиза)· Количество на дупчалки произведени од Herrenknecht AG - 4 парчиња: - Две се движеа на југ од Амстег кон Седрун; две на север од Бодио кон Фајдо и Седрун; тие се користеа и за пробивање на делот од Ерстфелд до Амстег.· Вкупна должина на машините, вклучувајќи ја сета неопходна опрема - 440 м;· Вкупна тежина - 3.000 тони;· Mоќност - 5 МВт;· Максимална брзина на пробивање (во идеални услови) - 25 до 30 м/ден.· Почеток на градење на тунелот: 1993 година - дупчења за првите геолошки испитувања, 1996 година - подготовителни работи, 2003 година - извлекување на ископаниот материјал.· Пробни патувања: 2015 година.· Завршување на градењето: 2016 до 2017 година.· Фреквенција на движење на возовите: 200 до 250 возови дневно.

Page 23: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 23

23

градежништво

bir

op

roe

kt.

co

m.m

k

ПР

ОЕ

КТ

ИР

АЊ

ЕМАРКЕТИНГ

А и Б лиценци за проектирањеА и Б овластувања за проектирање, ревизија, надзор

• изработка на рекламен материјал• изработка на рекламен материјал• изработка на веб решенија• изработка на веб решенија

• графички дизајн• графички дизајн

• проектирање• ревизија• надзор• ентериери

Овластени за легализацијалегализацијалегализација на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби: на нелегални, бесправно изградени градби:

• легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи;• градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно;• • • градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште,градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште,градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште,градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште, но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони; но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони; но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони;• • • легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).

Васил Ѓоргов 21 вл .2 , лок .8 , 1000 Скопје

Тел: +389 2 3243 790Факс: +389 2 3243 796

bi roproekt@bi roproekt .com.mk

Page 24: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010324

24

градежништво 1 зошто декоративен бетон наместо традиционалните

подни системи? - Традиционалните системи за поплочување како што се павер елементите, каменот, плочките се добри како подна облога. Меѓутоа, поради нивниот систем на поставување, меѓусебните фуги и неможноста за зајакнување со арматура, тие се подложни на појава на трева низ фугите, оштетувања од мраз, денивелација при нееднакво слегнување на подлогата итн. При употреба на печатениот бетон како подна облога се добива монолитна структура без фуги, при што практично е невозможно да порасне трева. Со монолитната изведба е зголемена и отпорноста на мраз и секако, поради употребата на арматура при изведбата, нерамномерните слегнувања се скоро невозможни.

2 кои се постапките за изведба? - Се поставува готовата бетонска

смеса со марка на бетонот нè помала од МБ30 и со минимална дебелина нè помала од 5 см. Се обработува со избраната боја додека е сè уште во неврзана состојба. Се нафрла специјална пудра која дозволува да се одвои калапот од површината притоа да не ја оштети истата. Се поставуваат печатите со кои по механички пат се добива посакуваната текстура во бетонот. Така обработената површина се остава да ја добие потребната цврстина, а потоа се пере со вода под притисок и завршно се лакира.

3 каков тип на печат? - Може да се изработи декоративен

печатен бетон во кој било од многуте стандардно понудени печати/текстури, по ваша желба. Исто така, површината може да се разигра со голем број бордури и текстури во различни бои. За секој објект вршиме бесплатен увид, при што на ваше барање можеме да помогнеме со бесплатни совети и помош во дизајнот.

4 Дали бетонската подлога се зајакнува со арматура?

- При изведба на декоративен печатен бетон за армирање на бетонската плоча минимално се користи арматурна мрежа Q131, но исто така во бетонот се додаваат и микрофибри кои ја зголемуваат отпорноста на површински пукнатини во бетонската плоча. При изведба на декоративен печатен бетон на места каде има големи оптоварувања на бетонската плоча, истата се армира соодветно со потребната арматура добиена од статичката пресметка.

градежништво 151515најчесто најчесто најчесто

поставувани поставувани поставувани прашања за прашања за прашања за печатениот печатениот печатениот

бетонбетонбетонЗа карактеристиките на печатениот бетон разговаравме со Петре Јовановски, дипл.град.инж. од фирмата „Баутек“, една од ретките професионални фирми кај нас што се занимава со изведба на овој материјал кој е новина на македонскиот пазар.

ограден ѕид во тафталиџе

базен во с. Жупа, Дебар

партерно решение на дворно плато во бутел 2

влезен партер во бутел 2

Page 25: PORTA3 143

3 25

25

05 ноември 2010 ПОРТА

градежништво5 колкава е минималната/максималната дебелина на

бетонската подлога при изработка на декоративен печатен бетон? - При изведба на декоративен печатен бетон како минимална дебелина на бетонската подлога се практикува 5см, додека максималната дебелина на бетонската подлога е во завиност од барањата и потребите на инвеститорот.

6 кога и како се нанесува бојата? - Бојата се нанесува веднаш по

поставување на бетонската подлога, додека е бетонот сè уште во неврзана состојба. Бојата се нанесува рачно со расфрлување по бетонската површина во еднаква количина. По потреба бојата се нанесува во повеќе слоеви сè до нејзино изедначување на површината.

7 Дали е различна цената за различни бои и текстури?

- Изборот на бојата и текстурата за изработка на под од декоративен печатен бетон не влијаат во цената на изведба. Цената на изведба се дефинира според дебелината на бетонската подлога и комплексноста на изведбата на подот од декоративен печатен бетон.

8 на која подлога може да се изработи под од декоративен печатен бетон?

- За изработка на под од декоративен печатен бетон, подлогата игра голема улога за трајноста и издржливоста на подот. Се препорачува, пред нанесување на бетонската плоча, подлогата да биде тампонирана и добро набиена за да се избегне слегнување и појава на пукнатини во бетонската плоча со што се намалува векот на траење на подот. Декоративниот печатен бетон може да се вгради и врз стара бетонска подлога, со поставување нова бетонска плоча на која минималната дебелина се препорачува да изнесува 5 см.

9 каде најчесто се употребува декоративниот печатен бетон?

- За пристапни и пешачки патеки, гаражи, паркинзи, надворешни скали, тераси, перголи итн.

10 како се одржува подот од декоративен печатен бетон?

- Во досегашната пракса и во зависност од желбата на клиентот, најчести се два случаи на одржување на подот со завршна обработка од декоративен печатен бетон. Првата и наједноставна е подот воопшто да не се одржува, при што резултатот е природно стареење на бојата на бетонот, што може да биде пожелно. Друг начин е со прекрасната можност за прелакирање со што подот од декоративен печатен бетон повторно изгледа како нов.

базен во с. Жупа, Дебар

партерно решение на дворно плато во бутел 2

дворно плато во злокуќани завршна облога на тераса, Скопје

Page 26: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010326

26

градежништво

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

За нашето поднебје се препорачува да се изврши прелакирање на површината на секои 2-4 години со што се добива подобар интензитет на боите и се продолжува векот на траење на подот.

11 каква е отпорноста на декоративниот печатен

бетон во зимскиот период? - Декоративниот печатен бетон е отпорен на сите временски услови. Отпорноста на подот со таква завршна обработка дозволува да се употребува во најладните зими и најтоплите лета. При зимски услови снежните навеви можат да се чистат со лопата, додека за одмрзнување на ледот да се користи индустриска сол. Како препорака се напоменува дека по зимскиот период е потребно подот од декоративниот печатен бетон да се испере со вода под притисок за да се отстранат преостанатите наслаги од сол.

12 Дали бојата некогаш ќе избледи?

- Не. Можеби со време ќе изгледа дека токму тоа и се случува, дека бојата избледува, но тоа е ефект од слабеење на лакот што со тек на време матира и неговиот сјај слабее. Штом декоративниот печатен бетон се прелакира, сјајот и интензитетот на бојата се интензивираат како од првиот ден.

13 Дали подот со завршна обработка од декоративен

печатен бетон е лизгав? - Подот од декоративен печатен бетон е самиот нелизгачки поради релјефот од користениот печат, меѓутоа, на барање на инвеститорот може да се аплицира специјален нелизгав систем при лакирање на печатениот бетон кој овозможува дополнителна сигурност против лизгање, дури и при влажен под.

14 колку чинат овие бетони? - Цената се движи од 20 до

30 евра, во зависност од дебелината на самиот слој, комплицираноста на изведбата, каде се изведува итн.

15 колкава е трајноста на печатениот бетон?

- Со адекватно одржување печатениот бетон може да трае преку 20 години. Посебно треба да се обрне внимание на хемикалиите што се користат за одржување на самиот бетон. Не е пожелно да се употребуваат агресивни материјали, киселини или слични средства за чистење

партерно решение во Хром

обработка на корито на дворна чешма во злокуќани

паркинг плато во злокуќани

завршна облога на тераса во бутел 2

Page 27: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 27

27

градежништво

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

ГрАдеЖеН иНститУт “мАкедоНијА”Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ санација на материјали и конструкции■ испитување на конструкции■ проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 28: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010328

28

градежништво

Зградите никогаш не се градат во целост отпорни на земјотрес затоа што

тоа е неисплатливо, велат експертите. Според нив, објектите се подигаат да бидат еластични, не смеат да бидат крути. Се прават од современи материјали: армиран бетон, преднапрегнат бетон, челични конструкции со потребни вкрутувања. Изборот на конструкцијата на зградата зависи од категоријата на објектите, сеизмичките зони, како и од категоријата на тлото на кое се гради објектот. Еден од најновите проекти на истражувачите од Stanford University и University of Illinois е системот за заштита на објекти од земјотреси, што ја насочува разорната сила на потресот на

одредени точки во зградата. Во овие точки намерно се поставуваат структурни елементи кои, ако се оштетат, потоа можат лесно да се заменат со нови. Оваа идеја истражувачите ја презентираа во јавноста лани, а резултатите на своето неколкугодишно истражување ги објавија неодамна во списанието „Тhe Science“. Истражувањето го поддржаа: National Science Foundation, National Research Institute for Earth Science и Disaster Prevention in Japan, American Institute of Steel Construction и други здруженија од градежната индустрија.

Дисперзија на енергија

При тестирањето системот успеа да издржи земјотрес

од 7 степени по Рихтеровата скала (тоа е посилен потрес од земјотресот Northridge 1994 и земјотресот Loma Prieta 1989, што се случија во Калифорнија).- Овој нов конструктивен систем има потенцијал да ги направи зградите далеку поотпорни на оштетувања, а кога тие ќе се појават, полесно да се санираат - вели Greg Deierlein, водач на тимот и професор на планирањето на Stanford University. Системот ја дисперзира енергијата низ осцилациите на челичните рамки кои се поставени околу јадрата на зградата или по должина на надворешните ѕидови. Рамките можат да бидат нагласени на фасадите на објектите или да се интегрираат во стандардната сеизмичка конструкција на

зградата. Економски се исплатливи за градба, материјалите се стандардни, а сите делови можат да се произведуваат со помош на постоечките производни процеси.- Она што е единствено во овие рамки е тоа што тие, за разлика од конвенционалните системи, независно се поместуваат од своите темели под влијание на силни земјотреси - објаснува Deierlein.

Челична конструкција со „осигурувачи“ кои трпат удари

Рамките претставуваат челична зглобна конструкција чии носечки столбови можат да се поместуваат горе-долу во челичната стопа која е прицврстена за темелите. За да се контролираат овие

нов систем за заштита на објекти од разорни земјотреси

Насочување на деструктив ната сила во фокусни точки

Page 29: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 29

29

градежништво

поместувања и да се овозможи враќање на рамката во вертикала кога земјотресот ќе престане, се користат челични кабли кои поминуваат низ центарот на рамката од врвот до дното. Каблите што имаат висока цврстина се враќаат на почетната должина кога потресот ќе престане, повлекувајќи ја целата зграда во вертикална положба. Челичниот осигурувач на дното на рамката е дизајниран така да ги спречи оштетувањата на другите делови на зградата.- Идејата на овој систем е да ги концентрираме оштетувањата на заменливите делови. Затоа во овој систем се одредуваат места кои треба да примат оштетувања, тие се оштетуваат и потоа нив лесно можеме да ги замениме

исто како што е случај кај осигурувачите на електричните инсталации - објаснува Deierlein.Тој и неговите колеги Sarah Billington, професорот Emeritus Helmut Krawinkler, д-р Xiang Ma, професорот Jerome Hajjar од University of Illinois, како и градежните инженери David Mar (Tipping Mar and Associates, Berkeley), и Gregory Luth (Gregory P. Luth and Associates, Santa Clara) изведоа испитувања на системот во Инженерскиот истражувачки центар за земјотреси Hyogo, во градот Мики, Јапонија. Пред четирите главни тестови, испитуваа различни модели на поединечни компоненти и собираа податоци за да можат да направат симулација на однесувањето на целиот систем

во лабораториите на Stanford University и University of Illinois.- Навистина сме воодушевени.Ова беше првпат навистина да го составиме целиот систем и да гледаме како тој се однесува на објектот во услови на многу силен земјотрес. И тој се однесуваше одлично. Веќе 10 или 15 години различни истражувачи испитуваат и развиваат идеи кои се инкорпорирани во ова решение, но тој досега не беше тестиран во реални услови - вели Deierlein.

тест на модел висок осум метри

Во тестот е користен модел кој одговара на деловна трикатница намалена за 1/4 од реална градба со основа од 36,5м x 55м. Моделот со височина од 8 метри

бил поставен на голема маса за стимулации на земјотреси со различна јачина Е-defense.На овој модел рамките се поставени во сендвич помеѓу двојната конструкција на зградата: бетонска и челична, чија маса одговара на зградата со таа големина. Секој од катовите тежи 100 тона.Силите на потресите во тестовите одговарале на земјотресот од 1995 во Кобе, Јапонија (6,9 степени по Рихтер), и земјотресот во Northridge, Калифорнија (6,7 степени по Рихтер). За илустрација, земјотресот во Кобе е одговорен за 6000 жртви, а материјалната штета беше три до пет пати поголема од оној во Northridge, што се смета за најскап во историјата на САД

Во Jапонија е тестиран американски систем за заштита на објекти од разорни земјотреси. Системот се базира врз идејата да се насочи разорната сила на потресот на одредени точки во зградата каде ќе предизвика оштетувања на структурни елементи кои потоа можат лесно да се заменат или санираат. Тој економски е многу исплатлив за градење, затоа што користи стандардни градежни материјали и елементи кои можат да се произведуваат со помош на веќе постоечки процеси.

Насочување на деструктив ната сила во фокусни точки

Greg Deierlein, професор на Stanford University- Идејата на овој систем е да ги концентрираме оштетувањата на заменливите делови. Затоа во овој систем се одредуваат места кои треба да примат оштетувања, тие се оштетуваат и потоа нив лесно можеме да ги замениме исто како што е случај кај осигурувачите на електричните инсталации

Jerome Hajjar, професор на University of Illinois - Колку повеќе згради можете да користите веднаш по земјотресот, ќе имате помал финансиски удар на општеството и заедницата. Тоа во голема мерка понатаму влијае на побрзо враќање на економската сигурност која постоела пред земјотресот. Покрај тоа, ова е секако во склад со концептот на одржлива градба, затоа што по земјотресот остануваат тони отпад, а мораме да користиме огромни количини нов градежен материјал за да санираме и да го изградиме одново сè она што е срушено.

Page 30: PORTA3 143

не смее да дојде до рушење на објектитеСпоред правилниците со нормативи за изградба на објекти во високоградбата што постојат во сите земји, објектите се проектираат така да можат да издржат влијание на сеизмички сили со најјак интензитет. Земјотресот може да предизвика оштетувања на конструкцијата, кои потоа се санираат, но не смее да дојде до рушење на објектите. Сите објекти треба да бидат отпорни на влијанието на земјотреси и при проектирањето се пресметува можност за сеизмичко оптоварување. Тие во зависност од важноста се групирани во повеќе категории. Во прва категорија спаѓаат објекти предвидени за поголеми собири на луѓе: кина, театри, факултети, училишта, болници, спортски сали итн. Во втората група спаѓаат станбени згради, хотели, ресторани, индустриски објекти. Специјални пресметки се користат за таканаречени објекти надвор од категорија во кои спаѓаат најважните објекти: нуклеарни електрани, брани, згради со преку 25 катови, складишта за запаливи течности и гасови.

ПОРТА 05 ноември 2010330

30

градежништво

16 €/m²цена без ДДВ

ФАСАДНО СКЕЛЕ

СТИРОПОРНИ ЛАЈСНИ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Целосната производна програма на стиропорни лајсни може да се најде во просториите на Баукит

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

со вкупна штета од 40 милиони долари (U.S. Geological Survey).За последен тест како почетна точка е користен потресот од Northridge, кој е зголемен за 1,75 пати во однос на забележаната сила.- Рамковната конструкција остана нечепната по симулацијата на најсилниот земјотрес, освен на оние делови кои се предвидени да се деформираат и да апсорбираат енергија. Овој последен тест покажа дека системот функционира - вели Deierlein, кој наведува дека поголем број од денешните згради се конструирани при земјотрес да ги спасат човечките животи, а не и себеси. Оние што ќе преживеат земјотрес мораат потоа да бидат срушени. Нивната поправка е или прескапа или невозможна.- Со овој систем ги минимизираме штетите. Еластичните кабли кои се состојат од 7 сплетени челични жици како оние што се користат во модерните преднапрегнати мостови, имаат клучна улога во враќањето на објектот во вертикална положба по потресот.

Предности на новиот систем

Покрај заштитата на луѓето и минимализацијата на оштетувањето, пошироката употреба на оваа техника може да донесе и други предности.- Колку повеќе згради можете да користите веднаш по земјотресот, ќе имате помал финансиски удар на општеството и заедницата. Тоа во голема мерка понатаму влијае на побрзо враќање на економската сигурност која постоела пред земјотресот. Покрај тоа, ова е секако во склад со концептот на одржлива градба, затоа што по земјотресот остануваат тони отпад, а мораме да користиме огромни количини нов градежен материјал за да санираме и да го изградиме одново сè она што е срушено - вели професорот Jerome Hajjar од University of Illinois.Овој систем може да се применува на објекти до 15 ката, но според истражувачите, генералниот пристап на проблемот што тие го понудија може да биде модифициран за други типови објекти

наталија нОвакОвиќ-ДОбрЕвСка

Page 31: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 31

31

градежништво

16 €/m²цена без ДДВ

ФАСАДНО СКЕЛЕ

СТИРОПОРНИ ЛАЈСНИ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Целосната производна програма на стиропорни лајсни може да се најде во просториите на Баукит

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

Page 32: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010332

32

архитектура

Необична фузија на модерна естетика и азиски мотиви се карактеристики на

ентериерот за ресторанот “Chan” што се наоѓа во склоп на хотелот “The Met” во Солун.Ресторанот што го проектирале архитектите од “AMA design studio” содржи 230 м2 затворен и 150 м2 отворен простор. Азиските мотиви не се видливи само во структурните елементи, туку и во атмосферата што е создадена во нивното содејство со внимателно проектираното осветлување на просторот.Седењето е организирано во низа централно поставени сепареа чии форми се отсликуваат на плафонот со тенки LED диоди кои имаат декоративна улога.

Деловниот објект “Rijkswaterstaat” кој го проектираше архитектот Paul de

Ruiter се наоѓа во непосредна близина на градот Midelburg во Холандија. Во овој објект се сместени канцеларии, државна архива и центарот за кризи што го контролира нивото на водата, од каде компјутерски можат да се активираат мерки за заштита од поплави. Еден од условите што морал да биде исполнет е флексибилноста на просторот. Заради тоа е изработена класична скелетна конструкција и едноставни фасади, за катовите да можат да се поделат на различни начини. Освен центар за кризи, во објектот

ќе бидат сместени и канцелариски простори наменети за издавање.Иако станува збор за комплексна институција, која за Холандија е исклучително важна, архитектот сакал да покаже дека не станува збор за непристапен технократски објект во кој одлуките се донесуваат „зад затворени врати“. Освен комуникацијата со екстерниот свет, топлата архитектура , стимулирана е и комуникацијата помеѓу вработените. Направени се многу места за социјализација, кафе-барови со интимна атмосфера, флексибилни канцелариии за работа, како и коридори чии ѕидови се материјализирани во стакло.

Започна уредувањето на потесната локација

на Империјалниот воен музеј во Манчестер според урбанистичкиот предлог на студиото “Topotek 1”. Проектот дефинира шеталиште кое се наоѓа веднаш покрај реката, зелени покриви под кои се наоѓа подземна гаража, како и детска градинка.Архитектите што победија на конкурсот минатата година во својот проект покажуваат

како војните можат да ги променат пејзажите, и во обликувањето на зелените површини употребуваат т.н. воени бои - различни видови зелена и кафеава боја. Империјалниот воен музеј кој е изведен според проектот на архитектот Daniel Libeskind, пак, го покажува начинот на кој војната ги обликува човечките животи, како и филозофијата и идеологијата на воените активности.

ГрЦија

Холандија

велиКа Британија

Азиски мотиви НАцртАНи со LED диоди

местА зА социјАлизАцијА во цеНтАр зА кризи

војНА НА пАртер

Page 33: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 33

33

архитектура

Архитектонското студио “Henning Larsen Architects” од Данска неодамна го заврши објектот на училиштето за архитектура во шведскиот град Уме.

Сместена покрај самата река, на една од најинтересните локации во овој град, зградата зрачи со својата уметничка експресивност во секоја своја обликовна целина, од фасадата преку отворениот хоризонтален план, па сè до своето скулптурално скалиште. Однадвор паѓа во очи со едноставната кубична форма. Eнтериерот, пак, претставува композиција на различни волумени и e решен со монохроматски колорит кој го смирува. Архитектите сакале да создадат затворен простор кој ќе има карактеристики на отворен простор, што е постигнато со меѓукатови, широки скалишта, исклучително големи катни височини и прекрасна дневна светлина која влегува преку многуте прозорци разиграни на фасадата.

Американската компанија “Umicore”, која се занимава

со екстракција и преработка на метали, за создавање нов визуелен идентитет на својата фабрика и претставништвото во Антверп го ангажираше студиото “Conix Architects”. Архитектите најпрвин направиле анализа на постоечката ситуација со која маркирале неколку точки каде што била неопходна интервенција на уличниот мобилар, зеленилото, изгледите на фасадите, како и попречниот и подолжниот пресек на улицата. Потоа, додале административна кула со многу атрактивен и модерен дизајн која стана репер во просторот. На крај го стесниле уличниот профил со додавање на зеленило, поставиле сигнализација и модерни патокази.

Се планира ревитализација на замокот Castelo

Novo во Португалија. Проектот вклучува изградба на модерна структура од лесен метал и стакло, кој ќе ги користи природните услови на ова возвишување, како и реконструкција на постоечките структури. Новиот објект се наоѓа на самиот приод на замокот. Станува збор за метална структура со мали димензии која ги повикува корисниците на истражување на оваа локација. Од влезот корисниците се упатуваат кон металните скали кои се потпираат на постоечката карпа. Качувајќи се по нив, тие можат да уживаат во панорамскиот поглед на долината или кон архитектурата на замокот што се наоѓа на другата страна. Скалите се завршуваат со просторија во која се наоѓаат привремените галерии и мултимедијалната соба.

ШведсКа

БелГија

ПортуГалија

експресијА со светлиНА

УредУвАЊе НА иНдУстриски пАрк

ревитАлизАцијА НА зАмокот CASTELO NOVO

подготви: наталија нОвакОвиќ-ДОбрЕвСка

Page 34: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010334

34

архитектонска работилницаEASA (European Architecture

Students Assembly) е интернационален настан кој почнувајќи од 1981 се одржува секоја година и го посетуваат над 400 селектирани студенти по архитектура. Секој EASA настан се случува во различен европски град и е посветен на различна тематика која го дава карактерот на работилниците, предавањата и придружните настани, сè со цел студентите да можат на ефикасен начин да ги споделат, разберат, научат и на крај документираат актуелните случувања во архитектурата.Оваа година 450 студенти од 48 земји од Европа се собраа во Манчестер и две недели истражуваа. Во рамките на целиот настан, кој беше поддржан од градот Манчестер, се одржаа над 40 работилници, кои се обидоа да дадат свој одговор на темата „Идентитет“. Со ова студентите имаа широка палета на избор и можност да се пронајдат самите во некоја од работилниците и да го дадат својот придонес во разработување на темата.Специфичноста на урбаниот и по малку тврд постиндустриски пејзаж кој Манчестер го поседува беше одлична подлога за истражување и откривање која ги мотивираше студентите да го запознаат градот одблиску. Сите работилници се случуваа во срцето на Манчестер кој има силно индустриско наследство, град кој во последните 10 години направи свесен напор да создаде современ идентитет преку големи проекти за обнова, но никогаш незаборавајќи да го задржи чувството на урбаност. Како придружен настан на овогодишната EASA 010 беше и Симпозиумот организиран од Салфорд Универзитетот. На овој симпозиум беа гости повеќе реномирани аналитичари од областа на архитектурата и дизајнот во регионот. Тие заедно со студентите дебатираа на темата „Идентитет“. Настанот беше и одлична можност за студентите да се запознаат со највлијателниот графички уметник во Велика Британија во изминатите 20 години, Peter Saville и лично да разговараат со него.Секој што некогаш учествувал на EASA ќе има да раскажува стории за архитектурата, пријателството и раѓањето на нови идеи. Македонската делегација составена од 8 студенти се врати богата со искуство и знаење кои можат само позитивно да се одразат на нивната идна професионална работа. EASA им покажа дека не постојат граници кои не можат да ги совладаат талентираните, креативните и вредните млади луѓе.

подготвија: Елена ПЕтрОвСкаПавлинка атанаСОва

фото: бојана бОраниЕва

EASAПРИКАЗНА БЕЗ ГРАНИЦИНа 29-от по ред EASA собир на студентите по архитектура во Манчестер - Велика Британија учествуваа и студенти од Македонија.

Page 35: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА

35

353

архитектонска работилница

тутори од јужна кореа и лидерство на R.I.B.a.

Да се биде дел од EASA 010 значеше да се престојува во една

неверојатна градска средина како што е Манчестер и несекојдневна можност да се работи со студенти од цела Европа на тема која не засега сите - ИДЕНТИТЕТ. На дваесетината тематски работилници разменивме идеи и знаења на едно глобално ниво. Впрочем, кога другпат би имале можност да работите кај тутори од Јужна Кореа и да бидете дел од работилница предводена од Royal Institute of British Architects? Во мојата работилница „Артифициелен Идентитет“ работев на развивање на концепт за холограмски оддржливи фасади преку примерот на азиските градови. Најмногу ми се допадна тоа што бевме студенти од цела Европа и вариететот на идеи и размената на знаења беше неверојатен. Крајната инсталација беше обеспросторена коцка која лебди во просторот додека на неа се менуваа проекции. И целото искуство не би било потполно без живеењето под еден покрив со 450 други студенти и „преживувањето“ низ безброј лудости во една тотално поинаква културна средина од нашата. EASA 010 дефинитивно беше едно од оние искуства кои се помнат цел живот.

андреа трајкОвСка, студент на Архитектонски факултет при УКИМ, Скопје

aRTIFICIaL IDENTITYОваа работилница проба да ја открие „измамата“ на современата архитектура. вештачките обвивки почнаа навистина да се идентификуваат со фасадата на објектите, сокривајќи ја вистинската, грубата скелетна конструкција. комбинирајќи едноставна, „реална“ структура со помош на проекции кои креираа „лажни“ фасади хеуристички беше изведена и теоријата. Експериментот се одвиваше врз кубичен павилјон, кој сам по себе се перцепира како здодевен и неинтересен простор, и послужи врз него да се изведе следната фаза на интервенција - проектирање на естетска обвивка врз сите 4 страни на павилјонот.

ENVIRONMENTaL RESPONSEПретставува обид да се истражуваат стратегиите и системите што соодветствуваат на случувањата во околината. во овој случај архитектурата служи како процес кој се повторува и реагира на дразбите што ги предизвикува опкружувањето. крајниот производ од работилницата се пет инсталации кои реагираат на различен начин откако дразбите ќе се пренесат на нив по дигитален пат.

Page 36: PORTA3 143

36

36

ПОРТА 05 ноември 20103

архитектонска работилница

FEDENTITYПолот е огромна карактеристика за идентификација. Оваа работилница претстави едно карактеристично женско влијание на архитектурата, притоа игнорирајќи го типичниот машки пристап при создавањето на дизајнот. феминистите ги препознаваат активностите шиење, плетење и везење како женски активности и заради тоа несоодветни за една еманципирана жена. Студентите што работеа во рамките на оваа работилница ја третираат оваа сериозна тема на еден нов и помалку хумористичен начин и во рамките на истата како краен продукт беа изработени мали архитектонски инсталации изработени од самите студенти со помош на традиционалните „женски“ активности.

PICTURE ID учесниците на работилницата ја разложуваа фотографијата, ја претвораа во процес кој партиципантите имаа за цел да го проучат преку темата идентитет. враќајќи се на аналогната фотографија нивната работа започнува со изработка на картонски фотоапарати и изведба на црвената соба за развивање на различните идентитети на манчестер. Процесот беше заокружен со изложба на која можеше да се види различниот пристап кон обработка на аналогната фотографија.

Page 37: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА

37

3 37

архитектонска работилницаКако што се приближуваше почетокот на овогодишната EASA, напнатоста сè повеќе

растеше заради сознанието дека ве чека долг и возбудлив пат, многу стари и исто толку нови пријатели, напредување низ работа и учење, но во опуштена атмосфера и забава. Веќе неколку години посетувам различни работилници. Секој што имал шанса да учествува во некоја од нив ќе се сложи дека тие се идеално место за стекнување на нови познанства, деловни прилики, искуства и воопшто ширење на хоризонти. Замислете си собир кој освен самата работилница подразбира и соживот на 500 партиципанти во период од 15 дена. Луѓето со кои работите се тука на предавањата, прошетките, забавите... Со нив заедно јадете, спиете или ја одржувате личната хигиена. Денес некому ќе му позајмите каладонт или виљушка, а утре тој ќе ве пушти преку ред да исечете неколку дрвени штици. Лесно можете да заклучите дека овде за хотелско сместување од 5 ѕвезди можете само да сонувате, но моментот кога ќе сфатите дека имате ново големо семејство, а вие претставувате едно делче од него не можете да го споредите со ништо друго на светот. Ве преплавува чувство кое не може да се опише, а оние што го доживеале го нарекуваат EASA spirit. Овој дух веројатно со генерации во живот го одржуваат организаторите, што ни укажува на уште еден фасцинантен факт - традиција на одржување наспроти непостоење на формално врховно тело или хиерархиска организација. EASA во Манчестер беше сето тоа, а магијата од година во година се разликува зависно од поднебјето. Така, оваа година ја одбележа немилосрдното време и многуте чудни прописи, но сето тоа всушност помогна да сечиј identity излезе на површина. Во рамки на работната група „House of everyone“ се обидовме да направиме куќа од сите, за сите.Со собирањето на отфрлениот мебел и личните предмети, со нивното реактивирање,поправање/преправање во нов контекст на јавниот градски простор испровоциравме размислувања за темата на овогодишната EASA. Идентитетот на поранешните сопственици да го замениме со идентитет на новите потенцијални корисници, идентитетот на објектот да го промениме во новиот контекст/идентитет на местото и да го примениме на новите објекти, да испитаме дали во јавниот градски простор може да се ужива подеднакво како во границите на сопствениот дом. Поради рестрикцијата во поглед на прописите и хроничниот недостаток на средства, бевме присилени да импровизираме. Од ден на ден смислувавме нови методи за остварување на поставената цел, проблемите ги решававме во од, идентитетот не го променивме, а во моментот кога нашиот финален продукт ја здогледа светлината на денот на презентацијата, над дождливата Англија конечно изгреа сонце

маја лЕШник, студент на Архитектонскиот

факултет во Загреб

HOUSE FOR EVERYONEцелта е да им се покаже на граѓаните на манчестер дека може да уживаат во градот како тој целиот да е нивен сопствен простор. идејата беше со пронаоѓање на стари парчиња мебел и нивно обновување и пренаменување да се создаде куќа без ѕидови - место во градот кое може да му послужи на секого.

Page 38: PORTA3 143

38

38

ПОРТА 05 ноември 20103

3 замира животот во клисурата н а демирхисарскиот етно бисер

региони

Page 39: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 39

39

региони

Во повеќето стари македонски села животот замира, а со тоа полека се губи минатото,

како и автентичниот лик на селото. Тоа се случува и со Железнец, едно од најубавите демирхисарски села. Жителите на Железнец под налетот на сиромаштијата и тешките услови за живот со години го напуштаат селото. Од 250 поранешни жители, денес се останати едвај 30. Во куќите чии оџаци сè уште чадат, живеат стари луѓе кои со годините влегуваат во седмата и осмата деценија од животот. Има само едно помладо семејство чие 14 годишно дете е единствениот подмладок во Железнец. Старите селски куќи од дрво и камен изградени во 19 и почетокот на 20 век се оставени на забот на времето. Повеќето од нив се распаѓаат, напуштени од сопствениците што заминале за подобар живот во градот. Поранешните жители на Железнец доаѓаат овде за викенд или преку лето, надградувајќи ги убавите стари куќи со нови градби, разубавувајќи го автентичниот лик на селото.

Природен дар на железната клисура

Железнец е село во општината Демир Хисар. Се наоѓа северно од градот Демир Хисар и јужно од Кичево. Селото лежи во клисура, покрај самиот пат Кичево - Битола. Како и Демир Хисар, кој на турски значи „Железна гора“,

името го има добиено по богатите наоѓалишта на железна руда. Во околината на Железнец имало град уште во античко време. За тоа сведочат урнатините на населбата Градиште во кое диви копачи и денес се обидуваат да најдат злато. Во византиско време гратчето се нарекува Сидеркастрон. Се водат војни и тоа потпаѓа под влијание на средновековната српска држава на кралот Милутин, а потоа и на наследниците на династијата Немањиќи. Во тоа време градот се нарекувал Железнец по наоѓалиштата на железна руда. Подоцна е дел од царството на Цар Душан. Во турско време градот е познат како Демир Хисар.Во ова село, кое се наоѓа на надморска висина од 760 м, извира Црна Река која со својата должина од 207 км, е една од поголемите реки во Македонија и најголема притока на реката Вардар. Природата во овој крај не штедела од својата дарежливост. Крајот е многу убав, особено во овие есенски денови.

неми сведоци на минатото

Куќите во селото се убави и стари. Изградени од камен, плитар и дрво, тие денес се сведоци на македонското архитектонско наследство од 19 век и првата половина од 20 век. Наредени една покрај друга, повеќето од нив содржат приземје и кат, со истурени дрвени чардаци на кои се сушат низи од

железнеЦ - село на изворот на Црна реКа

на турски значи „Железна гора“, на кои се сушат низи од

3 замира животот во клисурата н а демирхисарскиот етно бисер

Page 40: PORTA3 143

40

40

ПОРТА 05 ноември 20103

македонски црвени пиперки. Тоа е единствениот знак дека во селото има живот, затоа што луѓето, додека не влезете во селото, не се забележуваат. Покрај куќите има плевни во кои се чува сено. Повеќето куќи се градени на кос терен, со вкопан дел наречен клед или клет, во кој се сместени оставата и пондилата во кои се чува стока. Во приземјето покрај

пондилата и клетот, сместен е и тремот со скалите. Во горниот дел од куќите се наоѓаат просториите во кои живеат луѓето. Куќите се изѕидани од кршен камен, некои целосно, а некои имаат и кат чии ѕидови се од плетеница со прачки, премачкани со кал и малтерисани. На катот најголемата соба се нарекува “куќа”. Во “куќата” е сместено огниште и во неа се поминува поголемиот дел од денот, а

во зависност од големината на семејството има една, две или повеќе одаи. Повеќето од куќите имаат чардаци. Кровот е двоводен или четириводен и покриен е со ќерамиди.

Споменик на културата што се распаѓа

Заради изворите на Црна Река и питоресктната архитектура селото во 2004 година беше

заштитено како споменик на културата. Меѓутоа, негрижата на надлежните го оставаат селото да пропаѓа. Куќите се распаѓаат, нема мајстори кои знаат да ѕидаат со камен и да ги поправат, а од општината Демир Хисар немаат пари за санација. Немаат пари ниту селаните, ниту пак знаат како да ги обноват куќите во едно од најубавите села во Македонија. Она што е санирано е импровизирање со материјали кои

региони

Page 41: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 41

41

региони

случајно им се нашле при рака. Освен што се губи автентичниот лик на селото, голем проблем претставува и слабата грижа за заштита на изворите на Црна Река. Стариот извор на реката наречен Црна дупка е пресушен поради изградба на патот над него. Порано водата во реката била многу чиста и во неа имало риби: пастрмка, мрена и крап, но сега сите отпадот го фрлаат во реката и таа е загадена во должина

од петнаесетина километри.Луѓето во селото се гостопримливи и срдечни, ве пречекуваат како пријател и пред вас го изнесуваат она што им се наоѓа, здрава и природна храна: леб, сирење, планински мед и домашна ракија.

имитација наместо автентична приказна

Државата досега кон селата се

однесуваше како кон неважен дел од нашата земја. Имаме најава за изградба на етно село во близината на Скопје. Со неговата изградба на посетителите ќе им се покаже како некогаш живееле луѓето во овие наши краишта. Но, зошто да градиме имитации? Ние, во Македонија, имаме многу стари села како што е Железнец. Сите тие се етно села во кои луѓето со векови живееле и сè уште живеат, села во кои времето

е застанато. Со малку вложување во нив сите ќе добиеме многу. Погледнете ги фотографиите од Железнец. Се надевам дека кај некого ќе создадат желба да го посетат. Можеби некого ќе поттикнат да направи нешто. Да не го оставиме да пропадне

ангел СитнОвСки, дипл.инж.арх.

Page 42: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010342

42

спортски храмови

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

Сонот на фудбалските фанови на бразилскиот елитен фудбалски клуб

Палмеирас за нов, модерен, фудбалски дом стана реалност.Palmeiras Sporting Association и WTorre Arenas S/A пред неколку месеци го формализираа историскиот договор за реконструкција и комплетно осовременување на досегашниот фудбалски дом на клубот од Сао Паоло. Со почеток од оваа 2010 година, почна комплетната реконструкција и осовременување на популарната „Палестра Италија“, што според новиот проект во иднина ќе го носи името „Арена Палмеирас“. Повеќенаменската арена ќе се издигне на местото на сегашниот стадион и ќе биде еден од првите бразилски стадиони кој ќе добие пет ѕвезди за сигурност и највисока оценка според ФИФА стандардите. Проектот за реконструкција на „Арена Палмеирас“ опфаќа проширување на стадионот што ќе има капацитет од 60.000 места. Планиран е и паркинг за 1500 автомобили, плус ВИП паркинг и паркинг за автобуси и медиумски возила. Во состав на стадионот ќе се изградат и 300 застаклени ложи за ВИП гости, 4 ресторани (вклучувајќи и еден со панорамски поглед), снек бар и придружни содржини. Новата „Арена Палмеирас“ се гради според проекти за одржливост - главно во врска со употребата на водата и електричната енергија. Таа ќе биде ставена во употреба во 2012 година, две години пред одбележувањето на 100-годишнината од Palmeiras Sporting Association и пред стартот на светското фудбалско првенство во Бразил во 2014 година.Дизајнот и новиот изглед на фудбалскиот храм во Сао Паоло се дело на португалскиот архитект Томаш Тавеира. Тој во јавноста е познат како автор на проектите за изградба на стадионите на португалските фудбалски великани Спортинг Лисабон и Леирија, кои со успех беа користени за време на ЕП во фудбал во 2004 година.

Сашо кузманОвСки

факти за "АРЕНА ПАЛМЕИРАС" - Сао Паоло, Бразилкапацитет: 45.000 местаПериод на изградба (реконструкција): 2010 - 2012цена на градба: 130 милиони евраПаркинг: 1500 автомобилиПридружни објекти: 4 ресторани, снек-бар, 300 застаклени ВИП ложи.Дизајн: Томаш Тавеира (Португалија)инвеститори: Palmeiras Sporting Association i WTorre Arenas S/A

„арена Палмеирас“ - сао Паоло, Бразил

„палестра италија“ станува

„Арена палмеирас“

Page 43: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 43

43

екологија

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

Page 44: PORTA3 143

44

44

ПОРТА 05 ноември 20103

наука

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

www.porta3.com.mk

Page 45: PORTA3 143

3 45

45

наука

05 ноември 2010 ПОРТА

Градот Токио му изразува гостопримство на експерименталниот дух на

Филип Старк (1949-), каде што тој подига два значајни објекти. Седиштето на една гра деж на фирма, на ре чено Нани Нани (1989), има облик на морско чудо виш те, кое испливува на повр ши на та. Егзотичноста на таквата форма се зголему ва со тоа што објектот е облечен со пати ни ран бакарен лим, пробиен со мали отвори. Кога на инвеститорот му бил претставен мо де лот на објектот, тој прашал: ,,Што е тоа, што е тоа?”, или на јапонски нани нани?, според што и објектот го добива своето необично име. Азахи Бир Азумбаши хол (1989), со необичната форма создава ли-ков на експлозија во историското јадро на Токио. Неговата обична квад рат на ос но ва добива облик на вазна обвиткана со високосјаен гранит. Врз рамни от пок рив на објектот е поставена стилизирана скулптура на позлатен пламен, кој контрастира на темната, сјајна и строга геометриска форма на објектот. Пол Андро (1938-), со дипломирањето на три познати факултети во Париз (1961/63/68), станува широкообразован архитект и инженер. Тоа придо не-сува да стане гла вен архитект за аеродромите во Париз, а особено за развој на аеродромот Шарл де Гол во Роаси. На таков начин, тој стекнува меѓународна репутација, при што е задолжен за раз војот на околу 50 аеродроми ши рум светот, меѓу кои во: Џакарта (1986), Техеран (1996), Манила (1999) и др. Аеродромот Роаси 2Ф (1990-98)претставува продолжен развој на пос тој ниот аеро дром за

потребите на патниците од подрачјето Шенген на Ев-ропската Унија. Објектот со дол жина од 400м и со површина од 130.000м2 се развива на че -ти ри нивоа со големи пар кин-зи, така што е приспособен да оп слу жи 10 милиони патници годишно. Неговата стак лено-челична структура со кри ви форми соз да ва една живописна архитектура со голема транспарен тност. Посебниот ав то пат што го опслужува овој објект минува низ неговата симетрала во вид на ’рбет. Со проектот за Големиот национален театар на Кина во Пекинг (1999-2002), Пол Андро победува на меѓународниот конкурс. Овој објект со 140.000м2 е сместен зад Па ла та та на народот,а блиску до познатиот плоштад Тиенанмен. Неговата елипсо вид на школ ка е направена од титаниум и стакло и во вид на меур од сапуница изникнува од големиот веш тач ки базен. До објектот се доаѓа низ 60м долгиот тунел, што минува под базенот. За одржувањето на Светското фудбалско првенство (1998), во Франција се обно ву ваат старите и се градат нови стадиони, од кои најголемо внимание привлекува Стад де Франс во Сен Дени кај Париз (1994-97) на Ајмерик Зублена и Мишел Макари со сора бот ниците. Објектот има елипсовидна форма во вид на античка арена, чие гледалиште е покриено со „лебдечка“ хоризонтална стреа направена од решеткаста конструкција, која се но си од систем на столбови и затеги. Над гледалиштето има огромен панорамски ресторан, а под него голем број административно-деловни, конференциски и спортски простории.

Во последните децении на ХХ век процесот на глобализацијата остава длабок печат и врз француската архитектура, што е изразено преку творештвото на голем број тимови, составени од архитекти со разновидно потекло. Карактеристичен е примерот на фирмата Арт Шарпантје и соработниците, која е формирана во 1969 година од Жан-Мари Шарпантје. Таа има биро во Париз со 100 вработени и филијала во Шангај со 20 вработени, кои потекнуваат од над 15 националности. Останувајќи отворена за размена на различни култури и идеи, оваа фирма победува на голем број конкурси ширум светот во областа на урбанизмот, архитектурата и ентериерот. Во сите нив големо внимание е посветено на ино ваторството, одржливиот развој и пријателскиот однос кон животната средина. Такви ка рактеристични примери претставуваат: ансамблот административни објекти Ле дом Роа си пол кај Париз, Комерцијалниот центар на свлата во Лион, Светскиот трговски центар во Корнела, Шпанија, исто така и голем број проекти и реализации во Кина, како што се: Градскиот совет и Големиот оперски театар во Шангај (1998-2003). Придонесот на творците од Франција во развојот на архитектурата во втората поло-ви на на ХХ век, во првата книга од оваа едиција е посебно раз-ра бо тен. Одделно е ана ли зи-рано барањето нови патишта во архитекту рата од страна на: Пол Мејмон, Виктор Јонас и Никола Шефер; како и придонесот на Бернар Чуми во развојот на постмодерната архи тектура.

МиХАиЛ ТокАреВ: 100 ГодиНи модерНА АрХитектУрА (96)

ФрАНцијА (9)Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

а. зублена и м. макари. Стад де франс, ПаризПол андро. Големиот национален театар, Пекинг

ф. Старк. азахи бир азумбаши хол, токио

ф. Старк. Седиштето на градежната фирма, токио

3а. Пол андро. аеродромот роаси 2ф кај Париз. Панорама и внатрешност

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

www.porta3.com.mk

Page 46: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010346

46

екологија

лондон

Електрани на етанолБразилската државна гасоводна

компанија Petrobras и американскиот индустриски конгломерат General Electric технолошки ќе и овозможат на уште една електрана во Бразил да почне како гориво да користи етанол за производство на електрична енергија. Ова ќе биде втора по ред електрана која ќе премине на ова обновливо гориво и со тоа ќе се потврди можноста за комерцијална примена на етанолот во енергетиката. Според Petrobras, оваа технологија може да се примени и во други земји заради намалување на емисиите на стакленички гасови и зголемување на енергетската сигурност.

(Energy Intelligence)

БудиМПеШта

„робин Худ“ е уште на сила

Унгарија ќе го продолжи времетраењето на законот за посебен данок за енергетските

фирми, популарно наречен „Робин Худ“ и во следната 2011 година. Овој данок изнесува 8% на добивка, а го плаќаат и добавувачите и трговците со енергенти. Воведен е со појавата на економската рецесија, а било планирано да биде на сила во текот на 2009 и 2010 година. Средствата собрани од овој извор се насочени во модернизација на топлинскиот систем.

(Budapest Business Journal)

ваШинГтон

најголема соларна електрана во светот

Соединетите Американски Држави го одобрија проектот за најголемата соларна електрана во светот која ќе се гради во

пустината Мохаве во Калифорнија. Соларната електрана, кога ќе биде завршена, треба да произведува 1000 MW електрична енергија, што е доволно за потребите на повеќе од 300 илјади домаќинства. Изградбата на електраната што ќе се простира на површина од околу 3.000 хектари, треба да трае шест години, а проектот е вреден 6 милијарди долари, (dpa)

Page 47: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 47

47

екологија

наГоја

итна заштита на тропските шуми

Учесниците на глобалната ОН конференција за заштита на

природните извори се обидоа да се договорат како да соберат четири милијарди долари помош за земјите во развој за заштита на тропските шуми. Целта на овој собир кој неодамна се одржа во јапонскиот град Нагоја, е да се донесат заклучоци за заштита на растителните и животинските видови до 2020 година и протокол за размена на генетските материјали помеѓу

државите и компаниите. ОН организација за храна и земјоделство проценува дека глобалното намалување на шумските површини падна од 16 милиони хектари во 90-тите години на 20 век на 13 милиони хектари во последната деценија, при што најголема загуба е забележена во тропските земји. За планот „REDD-plus“ (Reduced emissions from deforestation and degradataion) засега има ветувања од богатите земји дека ќе ги финансираат пилот проектите за пошумување во земјите во развој. Состанокот во Нагоја треба да даде „ветер во едра“ воочи глобалниот состанок за клима во Мексико овој месец.

(Reuters)

лондон

British Petroleum продава нафтени полиња

British Petroleum објави дека договорил продажба на четири

нафтени полиња во Мексиканскиот залив со јапонската компанија Marubeni за 650 милиони долари за потребите на исплата на надоместокот на штетите поврзани со излевањето на нафтата од платформата Deepwater Horizon.

Компанијата продава имот во момент кога настојува да дојде до средства за да плати за неодамнешната хаварија во Мексиканскиот залив. Фирмата се обврза да плати чистење на оштетениот регион и оштета за луѓето, и заради тоа мора да продаде имот во вредност од 30 милијарди долари. Пред две недели, BP се договорил да продаде наоѓалиште на нафта и гас во Виетнам и Венецуела на руската фирма TNK-BP за 1,8 милијарди долари.

(BLIC)

Брисел

реки затруени со фармацевтски отпадЕвропските питки води

сè повеќе се загадени со фармацевтски отпад и други микро загадувачи кои можат да бидат штетни по здравјето и околината. Еден од големите

проблеми во Европа, во иднина, ќе биде микрозагадувањето со лекови, пестициди и други хемикалии, беше истакнато на неодамнешната „Светска недела на вода“ во Стокхолм. Освен пестицидите, во водата за пиење можат да се пронајдат и стероиди, хормони од таблети

против бременост, остатоци од антибиотици, антидепресиви, лекови за смирување и лекување на ракот. На пример, хормоните од таблетите за контрацепција можат да влијаат на репродукција кај рибите во водите и езерата. Некои други остатоци од лекови можат да бидат канцерогени или да имаат влијание врз околината. Секако, најлошо ќе биде ако дојдат до водата за пиење. Една од итните мерки што треба да се направи, според заклучоците од „Светска

недела на вода“ во Стокхолм, е да се реши прашањето за отпадните води од болниците. Меѓутоа, тоа не го решава проблемот во целост бидејќи луѓето земаат лекови и дома.

(HRT)

подготви: Дејан буѓЕвац

Page 48: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010348

48

интервју

Актуелниот проблем со загадувањето на животната средина условува

појава на одреден начин на размислување кај човекот, кој упатува на заштита на човековата средина од енормно загадување, заштита на одделни животински и растителни видови, одредување на заштитени места на природата. За надминување на алармантната состојба на загрозувањето на животната средина, потребна е широка општествена активност, со вклучување на сите надлежни органи и на други субјекти. Здравата средина за човекот е негово елементарно право. Поради тоа, понатамошниот развој треба да биде "одржлив развој", односно современата цивилизација и развојот на современата технологија да не доведуваат до нарушување на екосистемите.“ Со вакво гледање на заштитата на животната средина ја почнува својата книга "Еколошка криминалистика" доц. д-р Марина Малиш Саздовска, наставник по Еколошка криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје, жената што можеби прва проговори јавно за овој вид криминал во Македонија.

кај нас е невообичаено за еден експерт да се занимава со криминалистика и со заштита на животната средина. зошто

е неопходно да се воспостави врска меѓу овие две области?- Криминалистиката и заштитата на животната средина се во директна врска, бидејќи криминалистиката како наука ги проучува кривичните дела, поточно методиката на откривање на еколошкиот криминал, откривањето на сторените кривични дела и идентификација на сторителите. Еколошката криминалистика ги открива, докажува и разјаснува еколошките кривични дела кои се предвидени со позитивните законски прописи. Потребно е да се воспостави врска меѓу овие две области заради едукација на кадри кои успешно, стручно и професионално ќе ги откриваат делата во областа на еколошкиот криминалитет, како и сторителите на сите инкриминирани поведенија со кои се загрозува животната средина. Мотивот за пријава на тема за магистерски труд и докторска теза од областа на еколошкиот криминал беше недоволната научна разработеност на овој вид криминалитет во нашата научна мисла. Заради тој факт ги разработив еколошките теми со цел развивање на криминалистиката како наука во делот на заштитата на животната средина и на тој начин пополнување на една празнина која постоеше во тој

момент во научните кругови во Република Македонија.

Поголемиот дел трудови во вашата академска кариера се посветени на еколошкиот криминал, почнувајќи од магистерскиот, па сè до последниот - дополнетото издание на монографијата - Еколошка криминалистика. на што најмногу се осврнувате во ова дело?- Да, повеќето трудови кои досега ги имам објавено се од областа на еколошкиот криминал и сите аспекти кои се однесуваат на методиката на откривање, меѓународните аспекти, правната рамка, еколошката етика, стандардите и практиките на заштита на животната средина и многу други прашања.Второто дополнето издание на Еколошката криминалистика разработува повеќе аспекти на еколошкиот криминал и тоа: глобализацијата и екологијата, кривично-правните аспекти, криминалистичките аспекти, методиката на откривање, разјаснување и докажување на еколошкиот криминалитет и казнената политика во Македонија. Особено е значаен делот на методиката, бидејќи во тој дел се разработуваат сите оперативно-тактички мерки и активности кои ги преземаат надлежните субјекти за спречување на еколошкиот

криминал, како и истражните мерки со посебен осврт на посебните истражни мерки. На тој начин трудот може да претставува прирачник за постапување на сите оперативни работници кои работат на терен и да биде од корист при реализација на прдвидените мерки и активности со цел превенција, но и сузбивање на овој вид криминалитет.

кој е најчест облик на еколошкиот криминал кај нас? Дали нелегалната сеча на шумите од организирани групи е најголемиот проблем?- Во Македонија се застапени повеќе видови кривични дела во поголем обем како незаконит лов и риболов, предизвикување на шумски пожар и други казниви поведенија, но според мое мислење сепак, сметам дека пустошењето шума претставува најзастапено кривично дело и најголем проблем. Ова заради присуството на илегални организирани групи кои со примена на насилство, остваруваат голем материјален профит, со огнено оружје ги напаѓаат овластените службени лица кои ја вршат својата должност како резултат на што има и неколку случаи на убиства на шумски полицијци и шумочувари. Исто така, дополнителна отежнувачка околност претставува и корупцијата во делот на работата

Во Македонија се застапени повеќе видови на кривични дела, но сметам дека пустошењето шума претставува најзастапен и најголем проблем, а тука секако е и илегалната трговија со заштитени животински и растителни видови

доц. д-р марина малиШ СазДОвСка,наставник по Еколошка криминалистика на

Факултетот за безбедност во Скопје

СамО ЕкОПОлиција ќЕ ни Ги заЧува ШумитЕ и ЖивОтинСкиОт виД

Page 49: PORTA3 143

интервју

05 ноември 2010 ПОРТА3 49

49

на надлежните органи.

во еден ваш напис опишувате како интерпол се занимава со трговијата со диви животни. Дали ова е застапено и кај нас, или животинскиот фонд не ни е толку богат и атрактивен за потенцијалните купувачи?- Една од главните определби во постапување на работните групи на Интерпол е илегалната трговија со заштитени животински и растителни видови, која според нивна проценка е втор вид на криминалитет во светски рамки според остварениот профит. Во Македонија исто така е застапен овој вид криминална активност. Како пример, може да се наведе случајот со продажбата на јајцата на белоглавиот орел од Демир Каписката клисура. Во нашата држава има и други заштитени животински и растителни видови

кои во наредниот период треба да бидат предмет на наш интерес во насока на заштита на овие видови.

Голем дел од вашата кариера поминавте во министерството за внатрешни работи. кои сè нарушувања на животната средина се во надлежност на полицијата во македонија? како, во овој поглед, македонската полиција стои во споредба со европските?- Министерството за внатрешни работи во рамките на своите надлежности кои произлегуваат од Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и други правни акти, е должно да постапува во случаи на еколошки кривични дела. Во споредба со европските служби каде што постојат посебни сектори на еколошка полиција, во нашата држава тоа не е случај. За жал, во Македонија нема посебен

оддел кој ќе се занимава само со откривање на овој тип криминалитет, за разлика од европските држави. Во Велика Британија на пример, Скотланд Јард има посебно одделение за превенција на еколошки криминал, во соседна Србија во блиско минато беше формирана и комунална полиција. Сметам дека во наредниот период и во македонското МВР, треба да се направат структурни промени во насока на формирање посебен сектор или оддел, кој ќе се занимава само со овој тип криминалитет, а заради големата општествена опасност на еколошките кривични дела.

загадувањето, вклучувајќи го и тоа од големите индустриски и други капацитети, е регулирано со законски одредби и со други документи,

вклучувајќи ги и интегрираните еколошки дозволи. во кој момент и под кои услови прекумерното загадување прераснува од прекршок во криминално дејство?- За разлика од кривичните дела кои се рамките на надлежноста на МВР, прекршоците во голем дел се во делокругот на работа на инспекциските служби на надлежните министерства, како на пример Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство и други органи. Разликата меѓу прекршокот и кривичното дело најчесто е во степенот на општествена опасност. Така на пример, кражбата на дрва до еден кубик претставува дело шумска кражба, а над оваа количина претставува кривично дело пустошење шума. Но, во секој

Во наредниот период

македонското МВР треба да направи структурни

промени во насока на

формирање посебен

сектор или оддел, кој ќе се занимава

само со еколошкиот

криминалитет, а заради големата

општествена опасност на еколошките

кривични дела

Page 50: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010350

50

Една петтина од 'рбетниците во светот се соочуваат со истребување, покажува

последната процена на светските научници којашто на 26 октомври беше претставена на 10-та Конференција на членките на Конвенцијата за биолошка разновидност во Нагоја, Јапонија. Со студијата се опфатени податоци за 25.000 видови од Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), за да се истражи состојбата на 'рбетниците во светот (цицачите, птиците, водоземците, влекачите и рибите) и како се променила нивната состојба во последниве години. Резултатите покажале дека 50 видови цицачи, птици и водоземци сè повеќе се приближуваат кон истребување поради влијанието на интензивното земјоделство, сечењето на шумите и инвазивните, туѓи видови.На Конференцијата во Нагоја што се одржа од 18 до 29 октомври, учествуваа повеќе од 15.000 учесници од 193 земји членки

на Конвенцијата за заштита на биодиверзитетот. Конференцијата имаше за цел да разработи стратегија и инструменти за заштита на биодиверзитетот, поточно да се договори Стратешки план за биодиверзитетот од 2011 до 2020 година, токму во годината посветена на биодиверзитетот. - 'Рбетот на биодиверзитетот се рони. Еден чекор нагоре на Црвената листа е огромен чекор напред кон истребување - ја пренесува магазинот ScienceDaily изјавата на познатиот американски еколог и писател Едвард О. Вилсон од Универзитетот Харвард.Најдраматичната загуба последниве години се случува во Југоисточна Азија, најмногу поради сечењето на дождовните шуми, засадувањето туѓи видови палми од кои се добива палмино масло и неодржливиот лов. Огромни загуби бележат и делови на Централна Америка, тропските Анди во Јужна Америка, како и Австралија. Но, новата студија го нагласува и позитивното влијание на напорите за зачувување на

Петтина од 'рбетниците на раб на истребување

случај еколошките деликти имаат одредено негативно влијание врз здравата човекова околина, но и за условно полесните, односно потешките дела, подеднакво треба да се вложуваат напори за откривање на делата и санкционирање на сторителите.

во овој контекст, изминативе години имаше повеќе протести од жители во околината на одредени капацитети, но немаше истражни дејствија за нивното работење или за евентуалното толерирање на загадувањето. Дали поголем удел во тоа има корупцијата или слабите капацитети на институциите?- За ова прашање се надлежни државните органи кои треба да преземат мерки на контрола и надзор над работата на индустриските капацитети, а тоа се инспекциските служби на одредени министерства кои при секоја пријава треба да излезат на местото на настанот и да извршат контрола и надзор. Сметам дека во делокругот на своите надлежности истите и постапуваат, бидејќи како резултат на нивното работење има поднесено голем број прекршочни и одреден број кривични пријави. Но, сметам дека проблемот е всушност во кадровската екипираност на овие органи, која не е на задоволително ниво, како и нивната техничка опременост. Исто така, овие кадри треба и стручно да се обучат за постапување на терен, со цел јакнење на капацитетите на овие институции.

Дали состојбите со животната средина, почнувајќи од индустриското загадување, преку слабото управување со отпадот, сè до климатските промени, се безбедносен проблем конкретно за македонија, но и пошироко за балканот? на кој начин?- Навистина одлично прашање. Овие и други проблеми во сферата на заштитата на животната средина претставуваат безбедносен проблем за Македонија. Токму заради овој факт, Факултетот за безбедност на којшто јас работам, во месец септември организираше

меѓународна конференција под наслов "Безбедност, еколошка безбедност и предизвиците на Република Македонија" на која го поставивме прашањето за еколошката безбедност, со цел да поттикнеме научна дебата за решавање на еколошките проблеми во нашата земја. Се надеваме дека на овој начин само ја започнавме разработката на ова ислучително важно прашање, нè само за нашиот регион, туку и пошироко, на меѓународен план. Еколошките проблеми се тесно поврзани со демографските промени, појава на еколошки бегалци, нарушување на здравјето на луѓето, нарушување на екосистемите, појава на еколошки кризи, елементарни непогоди, негативни последици при воени конфликти, што директно имплицира и проблеми во безбедносната сфера.Но, имајќи ги предвид наредните поколенија за кои ние денес треба да се грижиме, како и денешните генерации кои во моментот се соочуваат со загадувањето, сметам дека час поскоро треба да се преземат конкретни мерки за спречување или намалување на негативните последици. Впрочем, како планетата Земја постојано да не потсетува со еколошките катастрофи кои во континуитет се случуваат, дека имаме само едно место за живеење. Така на пример, вулканската ерупција на Исланд, нафтената дамка во Мексиканскиот Залив, поплавите, земјотресите, истекувањето на отпадот во Унгарија, како да се сигнали кои ни се упатуваат со цел да го вклучиме нашиот аларм. Мислам дека посериозни симптоми не треба да чекаме, туку дека треба да се однесуваме одговорно и проактивно кон еколошките проблеми на глобален план.Моја препорака до сите загрижени за здравјето на луѓето и севкупниот жив свет, е примената на познатата максима "размислувај глобално, делувај локално" и сите да почнеме да делуваме во "својот двор", на тој начин ќе поттикнеме и позитивни промени на глобален план

катерина СПаСОвСка трПкОвСка

интервју

Page 51: PORTA3 143

екологија

05 ноември 2010 ПОРТА3 51

51

биолошката разновидност. Резултатите покажале дека стапката на истребување би се зголемила за цели 20 отсто ако досега не се презеле никакви чекори за заштита на дивиот свет.- Историјата ни покажа дека конзервацијата може да го постигне недостижното, а сите ја знаат приказната за белиот носорог во Јужна Африка - вели доктор Сајмон Стјуарт од IUCN и автор на студијата.Студијата наведува дека 64 видови цицачи, птици и водоземци ја зголемиле својата бројност во дивината како резултат на напорите за заштита. Тука се вклучени видови кои биле истребени во дивината, но биле повторно воведени, меѓу кои се калифорнискиот кондор Gymnogyps californianus и коњот Пржевалски Equus ferus во Монголија. Во изработката на студијата се вклучени 174 автори од 115 институции и 38 земји. Доброволно учествувале и 3.000 научници под покровителство на

IUCN. Документот оценува дека се загрозени 13 отсто од птиците, а 41 отсто од водоземците.Неодамна, пренесува ScienceDaily, една студија на Обединетите нации со наслов Економија на екосистемите и биодиверзитетот ја процени загубата на природата на 2-5 трилиони американски долари годишно, особено во сиромашните делови од светот.

загрозените видови низ бројки

Од испитуваните 55.926 видови кои биле дел од студијата презентирана во Нагоја е објавена следната листа: истребени видови (791), истребени во дивината (63), критично загрозени (3.565), загрозени видови (5.256) и ранливи (9.530).Црвената листа на загрозени видови на IUCN е најсодржајниот извор на информации на статусот на живиот свет на Земјата, вклучувајќи ги и животните и растенијата. Се базира на објективен систем за процена на ризикот од истребување

на видовите ако тие не се предмет на конзервација.

не ни стасуваат ниту две планети

Уште една студија деновиве го привлече вниманието на светската јавност. Според извештајот на Светскиот фонд за заштита на дивиот свет (WWF), Living Planet Report, којшто е водечка анкета за здравјето на планетата, тропските животински и растителни видови на Земјата се под најголем удар, а човековиот притисок врз природните резерви на планетата изнесува 50 проценти повеќе отколку што таа може да поднесе. Извештајот на WWF се подготвува на секои две години.- Во сиромашните тропски земји се соочуваме со алармантна стапка на загуба на биодиверзитетот. Во исто време развиениот свет живее во лажен рај, исполнет со прекумерна потрошувачка и огромни емисии на јаглерод

- вели Џим Липе, генерален директор на WWF International.Еколошкиот отпечаток, еден од индикаторите употребени во извештајот, покажува дека нашиот притисок врз природните ресурси пораснал двојно до 1966 година и дека користиме еквивалент од 1,5 планети за да ги поддржиме нашите активности. Ако продолжиме да живееме на овој начин, до 2030 година ќе ни биде потребен еквивалент од продуктивниот капацитет на две планети за да ги задоволиме нашите годишни потреби. - Извештајот покажува дека ако продолжиме со сегашната потрошувачка ќе стигнеме до точка од која нема враќање - додава Липе.Десетте земји со најголем Еколошки отпечаток по глава на жител се: Обединетите Арапски Емирати, Катар, Данска, Белгија, САД, Естонија, Канада, Австралија, Кувајт и Ирска.

Елена кузманОвСка

Најдраматичната загуба последниве

години се случува во

Југоисточна Азија, најмногу поради

сечењето на дождовните шуми, засадувањето туѓи

видови палми од кои се добива палмино масло и

неодржливиот лов. Огромни загуби

бележат и делови на Централна

Америка, тропските Анди во

Јужна Америка, како и Австралија.како и Австралија.како и Австралија.

Петтина од 'рбетниците на раб на истребување

Конференцијата за биодиверзитет во нагоја го отвори горливото прашање

Page 52: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010352

52

екологија

Со етаблирањето на обновливите извори на енергија на глобалниот

пазар, сè повеќе се потенцира прашањето како да се обезбедат потребните квалификувани работници. Според анкетата спроведена од Здружението за менаџмент со човечки ресурси (Society for Human Resource Management), 40% од професионалците за човечки ресурси изјавиле дека нивните компании во моментот се фокусирани на креирање „зелени“ работни места, или пак додавање на „зелени“ должности во рамките на описот на постоечките работни места. Понатаму, деталниот извештај од Американското здружение за соларна енергија (American Solar Energy Society) прогнозира дека скоро 17% од сите предвидени вработувања во САД во наредните две децении, би можеле да бидат генерирани токму од секторите обновлива енергија и енергетска ефикасност. Значи, потребата за „зелена“ работна сила е повеќе од очигледна, но постои ли доволно квалификувана работна сила која ќе ги задоволи барањата? Добрата вест е дека во последните пет години има значителен напредок во зајакнување на капацитетите и ресурсите за обука, истражувања и развој на полето на обновливите енергетски извори. Во склоп на програмата поддржана од American Recovery and Reinvestment Act од 2009 година (ARRA), американскиот Стејт Департмент на име грантови за обука за потребите на

индустрискиот сектор издвојува 750 милиони долари, од кои 500 милиони долари исклучиво за истражувања и обуки со цел подготовка на работниците за кариери во индустриите за обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност. Сега малку и за лошата вест: иако постојат изобилство од ресурси и активности за обука на ваква работна сила, сепак има сериозни недостатоци во собирањето и селектирањето на информациите во насока на регрутирање на вистинските кандидати. Затоа, со право се поставува прашањето: дали навистина постои недостаток од „зелена” работна сила или едноставно недостаток на фокусирани информации, стандарди и критериуми и ресурси за нивно ангажирање? Според тоа, прецизното дефинирање и квантифицирање на критериумите за овие работни позиции, многу полесно води кон прашањето како истите да се пополнат. Еден од најатрактивните аспекти на секторот обновлива енергија лежи во прашањето колку е овој сектор балансиран во обезбедување систем за напредување во кариерата согласно поседуваните вештини. Сè додека не се постават стандардите, и не помине доволно време за евалуација на резултатите, за компаниите нема да биде изводливо да бараат специфични вештини во полето на обновливите извори на енергија, ниту пак определено работно искуство од кандидатите. Една од најдостапните опции

во овој момент е да се направи пореална евиденција на постоечката работна сила, и истата да се направи привлечна за „зелената“ индустрија. Помеѓу оние што не се вработени, постои можност за нивно надградување со дисциплини атрактивни за овој сектор. Притоа вреди да се напомене дека меѓу вака создадените професионалци можеби нема да има инженери за соларна енергија со значително работно искуство, но факт е дека многу инженери за животна средина се расположиви на берзата на трудот. Се разбира, во најдобра позиција

се скоро дипломираните што имаат единствена прилика да понудат перспективи и иновативен начин за размислување на „зелената” индустријата што е сè уште во развој. Според тоа, задоволувањето на барањата за „зелена” работна сила, нè само што е достижна цел, туку под многу околности бара значителни инвестиции во име на чистата енергија. Токму затоа, стартот на тој пат мора да биде поедноставен преку користење и подобрување на она со што се располага во моментот.

подготви: Даниела младеновска(преземено од Power Engineering)

Општ е впечатокот дека секогаш има простор за дебати на тема иницијативи за чиста енергија, долгорочни мерки за планирање и градење на економија водена од императивот за ниска емисија на стакленички гасови, но секогаш се чини недоволно се третира еден значаен сегмент: соодветна квалификувана работна сила која ќе одговори на предизвиците на новите технологии.

оБезБедУвАЊе „зелеНА“ рАБотНА силА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАСПОЛОЖИВАТА

РАБОТНА СИЛА ВО ПРОФЕСИОНАЛЦИ ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА

Page 53: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 53

53

региони

Page 54: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010354

54

експерт

S“ - Small (мало), „M“ - Medium (средно), „L“ - Large (големо) и „XL“ - Extra Large (многу

големо) се стандардни ознаки по кои распознаваме облека со различна големина. На малкумина од нас им е потребна облека со големина „3XL“, „5XL“, „7XL“, „9XL“ или „15XL“ која вообичаено се наоѓа во специјализирани продавници за текстилни производи или се нарачува преку директна каталошка продажба по пошта и преку интернет.Облеката со „nXL“ броеви е наменета за лица со енормно зголемена телесна тежина, односно III-та класа на патолошки зголемена тежина, или со „индекс

на телесна маса“ поголем од 40 кг/м2 (на пример, лице високо 180 см со телесна тежина од најмалку 130 кг или пак, лице високо 170 см со телесна тежина од најмалку 116 кг).Според проценките на „Светската здравствена организација - СЗО“ (World Health Organization - WHO) од 2003 година, над 1 милијарда возрасни лица во светот имаат зголемена телесна тежина (overweight). Најмалку 300 милиони од нив се со патолошки зголемена телесна тежина (obesity) при што застапеноста на патолошки зголемена телесна тежина се движи од помалку од 5% во Кина,

Јапонија и одредени централно Афрички земји до над 75 %. САД и Велика Британија се земји во кои се преземаат иницијативи преку архитектурата, пејзажната архитектура и урбанизмот, да се поттикне населението на поголема физичка активност преку која би се ублажиле проблемите поврзани со зголемената телесна тежина во овие земји.

архитектура на човечко достоинствоВо светот бројот на лицата со зголемена телесна тежина секојдневно се зголемува. Сите тие живеат во архитектонски објекти

Принципите на „баријатричната архитектура“ главно се применуваат во рамките на здравствените установи, a особено во оние наменети за грижа на лицата со зголемена телесна тежина. овој архитектонски пристап ја опфаќа и внатрешната архитектура и уредување на овие простори.

Во светот бројот на лицата со зголемена телесна тежина секојдневно се зголемува. Сите тие живеат во архитектонски објекти кои не ги задоволуваат нивните основни потреби, затоа што се проектирани за лица со стандардна тежина. Затоа е потребен нов архитектонски пристап кој ќе одговори на потребите на денешната „nXL“ генерација која веќе постои во светот.

архитектура за XXX.......L генерација

Page 55: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 55

55

експерткои не ги задоволуваат нивните основни потреби, затоа што се проектирани за лица со стандардна тежина. Затоа е потребен нов архитектонски пристап кој ќе одговори на потребите на денешната „nXL“ генерација која веќе постои во светот.Оваа нова област во архитектурата од почетокот на овој милениум во стручната литература ја сретнуваме под името „баријатрична архитектура“ (Bariatric Architecture). Нејзиното име произлегува од подрачјето во медицината наречено „бариjатрија“ кое се занимава со истражување на луѓето со зголемена телесна тежина, причините и превенција на истата, третмани на диета и нутриција, медикаментозна терапија и сл. Станува збор за релативно нов термин кој потекнува од 20 век, а се базира на грчките зборови „барос“ (тежина) и „ијатрикс“ (медицински третман).„Баријатрична архитектура“ се смета за архитектура на (човечко) достоинство и грижа за лицата што подлежат на медицински третман како резултат на зголемена телесна тежина. Според проценките на „Американсокото здружение за метаболичка и баријатричка хирургија“ (American Association for Metabolic and Bariatric Surgery) во 2007 година околу 205 илјади лица со морбидно зголемена тежина биле подложени на хируршки зафат за намалување на нивната телесна тежина во споредба со околу 13 илјади лица кои биле подложени на овој вид операција во 1998 година, а тоа претставува скоро 16-кратно зголемување во период од само 9 години.

најдобар третман во здравствените објектиВо моментов, принципите на „баријатричната архитектура“ главно се применуваат во рамките на здравствените установи, а

особено во оние наменети за грижа на лицата со зголемена телесна тежина. Овој архитектонски пристап ја опфаќа и внатрешната архитектура и уредувањето на овие простори. Според Breunig (2008), веќе стана пракса 10 до 20 проценти од седиштата во здравствените установи да бидат од вид кој ги задоволува потребите на баријатричните лица. „Американскиот институт на архитекти“ (American Institute of Architects - AIA, 2008) изготвил „Препораки за планирање и проектирање на баријатрични здравствени простори“ (Planning and Design Guidelines for Bariatric Healthcare Spaces). Според овие препораки, „просечната“ тежина на пациент според која современите болници треба да се испроектираат изнесува околу 150 килограми, но кога станува збор за потребите на баријатричните пациенти, истата треба да се зголеми на околу 454 килограми. За Crook (2010), здравствените установи за згрижување на баријатричните пациенти треба да бидат во можност да згрижат пациенти со телесна тежина од 113 до над 545 килограми.

зголемени просторни стандардиГоренаведените препораки за основните параметри врз основа на кои треба да се проектираат здравствените установи за згрижување на баријатричните пациенти, налагаат потреба за радикални промени во однос на пристапот кон проектирањето на ваквите објекти од аспект на архитектура, внатрешна архитектура и опремување на истите. Дополнителни предизвици се што овие пациенти најчесто имаат пречки во мобилноста нè само во постоперативниот, туку и во предоперативниот период.Досегашните искуства укажуваат дека адаптацијата на постојните

здравствени објекти со оглед на обемот на потребните адаптации најчесто не е економична, и дека најдобро е да се направат специјализирани објекти кои ќе бидат во состојба да пружат просторни услови за најсоодветена нега на лицата со патолошки зголемена телесна тежина. Аспектите на кои вообичаено треба да се обрати внимание при проектирањето на вакви специјализирани објекти вклучуваат: зголемени просторни стандарди, како на пример простории со поголеми подни површини и со поголеми слободни простори помеѓу мебелот и опремата во просториите за да овозможат движење на овие лица во моторизирани колички и сл.; зголемени светли широчини на вратите низ објектот; вградени плафонски дигалки во собите на пациентите, кои овозможуваат пациентите да се префрлат од количката до креветот, од креветот до бањата и сл.; зголемена подна површина, ширина на вратите и носивост на вградените лифтови; зголемена подна површина и носивост на лифтовите платформи; зголемени димензии и носивост на мебелот, количките, санитарните уреди, масите за хируршки интервенции и сл.; поголема примена на мобилни дигалки со зголемена носивост во рамките на здравствените установи, итн.

Да учиме од искуствата на другитеПроблемот не е само американски, за што сведочи и фактот што здравствените установи во Велика Британија веќе почнаа да набавуваат мебел и опрема за потребите на пациентите со зголемена телесна тежина. Локалните производители на медицинска опрема веќе имаат производи наменети за овој пазар. Така на пример, веќе се во продажба болнички кревети

со димензија 200 x 120 см или 220 x 120 см со носивост до 260 или 325 килограми, кои се атестирани според важечките „СЕ“ стандарди на Европската Унија. Исто така, во продажба се моторизирани колички со носивост до 320 килограми, како и плафонски лифтови со носивост до 454 килограми.Доколку последната декада на минатиот и првата декада на овој век беа насочени кон актуелизирање и задоволување на потребите на лицата со посебни потреби од аспект на физичка мобилност, сензорни нарушувања и пречки со помнењето, веројатно е дека втората декада на овој милениум во голема мерка ќе биде насочена кон задоволувањето на потребите на баријатричните лица, барем во рамките на здравствените установи. Од овој аспект, при конципирањето на потребите за новиот Клинички центар во Скопје неодамна најавен во македонските медиуми, е значајно да се земат предвид и потребите на оваа група пациенти, особено со оглед на тоа што планирањето, проектирањето и изградбата на истиот најверојатно ќе земат поголем дел од деценијата што е пред нас. Во моментов зголемената телесна тежина во САД не се смета како хендикеп и не е покриена со законите за заштита од дискриминација на лицата со посебни потреби. Континуираниот пораст на лицата со патолошки зголемена телесна тежина може да доведе до промени во оваа насока низ целиот свет, така што со тек на време може да се очекува баријатричната архитектура да се пренесе од субспецијалност во рамките на здравствената архитектура во општоприфатен сегмент на пристапното проектирање или универзалниот дизајн.

д-р владимир б. лаДинСки, дипл.инж.арх.

Принципите на „баријатричната архитектура“ главно се применуваат во рамките на здравствените установи, a особено во оние наменети за грижа на лицата со зголемена телесна тежина. овој архитектонски пристап ја опфаќа и внатрешната архитектура и уредување на овие простори.

архитектура за XXX.......L генерација

Page 56: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010356

56

најчудните градби на светот

реновирање на бања

"Нашата бања во приземјето е мала и потребно и е реновирање. Покрај тоа, во неа би сакале да сместиме и машина за сушење алишта. Ве молиме за предлог како сето тоа да го организираме во просторот чија скица ви ја испраќаме."

- Семејство велевски, Скопје

` Функцијата на вашата бања ќе ја подобрите, а воедно ќе обезбедите и простор за

уште една машина ако WC шолјата ја преместите поблиску до надворешниот ѕид, на местото каде сега ви стои машината за перење алишта. Таа ќе ја сместите во продолжение на туш кабината. Во просторот зад вратата има доволно место за машина за сушење. Во просторот помеѓу машините поставете корпа за нечисти алишта, а помеѓу туш кабината и машината за перење има простор за триаголна полица со шампони, сапуни, миризливи соли. Класичните елементи на бањата треба да бидат функционални и да го збогатат просторот со прозрачност, чистота и хармонија. Ненаметливоста на санитариите се постигнува со избор на софистициран дизајн, со едноставни, елегантни облици со тенки профили кои визуелно ги намалуваат нивните димензии. Совршенството, сепак е во деталите. Внимателно изберете ги држачите за пешкири, сапун, четкички за заби.

билјана СтЕвкОвСка-Савиќ, дипл.инж.арх.

[email protected]

совети

Неколку „лебдечки“ платформи прицврстени за метална мрежа околу

која има стаклена „кожа“ го кријат книжното богатство на градот Сиетл во САД. Оваа библиотека која е една од најчудните градби на светот ја дизајнирале архитектите Рем Колхас и Џошуа Принс Рамос од студиото ОМА/РЕКС, а главен изведувач била компанијата Хофман од Портленд (Орегон). Во 2007 година, Американскиот институт на архитектите ја ставил на 108 место на најомилени

градби во САД. Најубавата стаклено-книжна градина библиотека во светот чинела околу 220 милиони долари.Висока е 56 метри и има 11 ката. Се простира на површина од 34.000 м2 со капацитет од 1.45 милиони книги. Освен ова, располага со простор за 143 возила и над 400 компјутери за јавна употреба. Само во првата година од отворањето во мај 2004 година, библиотеката ја посетиле над 2 милиона луѓе.

Драган риСтОв

Стакленокнижна

градина

Page 57: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 57

57

ентериер

Црвена боја и правилни форми

Сместен на околу стотина квадрати, во една повеќекатница

во непосредна близина на Универзална сала, „Derma Beauty“ претставува пријатно катче со препознатлив естетски имиџ во кое успешно се организирани сите содржини потребни за салон за убавина. Ентериерот, што одговара на основните потреби на вработените и на неговите посетители, е поделен на приемна и на работна зона. Во приемниот дел се организирани влезниот хол, чекалната, додека во втората зона се наоѓаат кабинетите за разубавување организирани според нивната дејност, гардеробите, тоалетите, чајната кујна и другите придружни простории.Она што е забележливо во самиот ентериер е употребата на изразита и силна црвена боја, која е според барањата на инвеститорот, и која е вклопена на мошне соодветен начин. Зад црвено-белиот приемен пулт од медијапан се сместени ниши со амбиентални светилки и полици од стакло на кои се изложуваат козметички производи. Веднаш до приемниот дел има чекална за посетителите, каде што се поставени фотелји и ниска клуб масичка изработени од црвена екокожа. Ѕидот спроти чекалната целосно е облагороден со полици изработени од бел медијапан. Во останатиот дел на салонот, кој припаѓа на работната зона, каде што се кабинетите за разубавување, се доаѓа преку дегажман. Кабинетите се опремени со соодветна апаратура и опрема, а на едниот ѕид обоен во црвена боја се поставени производите што се употребуваат при третманите. Опремата и полиците во овие кабинети се со бела боја. Подот во салонот за убавина е обложен со ламинат во светло кафеава боја.

Сања вЕлиЧкОвСка, дипл.инж.арх.

салон за убавина „DERMA BEAUTY“

фото: катја ШтркОва

Page 58: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010358

58

арт инфо

58

риМини

импресионизмот наспроти Салонот

Изложбата „Париз: Волшебни години – Импресионизмот

наспроти Салонот“ во Римини, во Castel Sismondo, претставува деведесет дела од разни светски музеи и колекции. Таа има за цел да ја истражи и да ја претстави фасцинантната приказна за новите појави во сликарството наспроти кои функционирал парискиот Салон. Изложбата, поделена на три целини („Лице, тело и фигура“, „Мртва природа“ и „Огледало

на природата“) споредува идентични теми на кои сликале уметниците на Салонот, импресионистите и уметниците на Барбизонската школа. Изложбата е автентично поглавје на Француската историја на уметност на 19 век. Всушност, опфаќа цел век и имиња како Енгр, Жером, Дега, Кабанела, Базиј... Наспроти востановеното мислење, историјата на парискиот Салон сепак била одбележана со учество на млади импресионисти, кои во Салонот гледале како можен пат кон успехот, иако нивните дела биле противречни на музејската атмосфера. Изложбата ќе трае до 27 март 2011 година.

ЊујорК

видео на зоран Попоски во Њујорк

Видеото на младиот македонски уметник Зоран

Попоски беше прикажано на голем екран во јавен простор во Њујорк, на 25 октомври 2010 од 17-21 часот. Во конкуренција со 781 пријавени видеа, делото на Попоски беше избрано во листата на 50 видеа прикажани на ХД формат ЛЕД екран со големина од 10х5 метри, поставен на јавен плоштад на 6 Авенија и 29 улица во Њујорк. Проекцијата е во рамките на проектите SanctionedArray

и BIG SCREEN PROJECT. Интерактивна проекција на избраните видеа и тркалезна маса се планира да се одржи и на 2-3 ноември 2010, во галеријата WHITE BOX во Њујорк. Проектот Big Screen Project е иновативен модел на претставување на видео, филм и интерактивни содржини. Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија. Досега реализирал повеќе од 40 изложби во САД, Германија, Франција, Турција, Порторико, итн. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

заГреБ

заем на Essl музејот на мСу загреб

Австрискиот колекционер и основач на Essl музејот,

Karlheinz Essl, потпиша договор со директорката на загрепскиот Музеј на современа уметност, Снежана Пинтариќ, за долгорочен заем на дела кои се во сопственост на оваа приватна колекција. Со него се предвидува и изложба на десетина избрани дела кои ќе бидат претставени во Загреб на почетокот на 2011 година. Минатата година, по повод

десетгодишнината од отворањето на музејот во местото Клостернојбург близу Виена, колекционерите Agnes и Karlheinz Essl иницираа интересен проект за меѓумузејска соработка – повикаа десетина директори на музеи да изберат дела кои ги сметаат за значајни и интересни. Секој од нив доби и одредена сума пари за да може да откупи дела, а на тој избор Еssl музејот го додал и сопствениот, па така настанала изложбата насловена како „Аспектите на колекционерство“, претставена кон крајот на 2009 година. За овој проект се издвоени два милиони евра.

Page 59: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 59

59

арт инфо

ЊујорК

Larry Gagosian најмоќен во уметноста

Според веќе традиционалниот

годишен попис на списанието „ArtReview“, американскиот посредник и колекционер на уметнички дела, Larry Gagosian е најмоќната личност во светот на уметноста. И оваа година, познатото списание ја состави листата на сто најмоќни луѓе во светот на уметноста. Larry Gagosian, познат како Gogo, наскоро ќе ја отвори својата најнова галерија во Париз, девета во свет, што е уште една причина поради која тој се најде на првото место. На второ место е сместен познатиот кустос и историчар на уметноста Hans Ulrich Obrist, директор на меѓународната изложбена програма во галеријата „Serpentine“ во Лондон, познат по тоа што како дваесет и тригодишник организирал изложба во својата кујна. Третото место му припадна на швајцарскиот уметнички трговец Iwan Wirth, кој првата галерија ја отворил како средношколец, а четвртото и петото го заземаат David Zwirner и Glenn D. Lowry. Кинескиот уметник Ai Wewei е на 13 место, Марина Абрамовиќ на 35, додека Damien Hirst од 48 паднал на 53 место.

Берлин

изложба за Хитлер

Тешко за верување, но после 65 години

од паѓањето на Третиот Рајх, во Германија дури сега за првпат е поставена изложба посветена на Адолф Хитлер. Во германскиот историски музеј во Берлин е отворена изложба со наслов „Хитлер и Германци: народ и злосторство“. Поставката што ќе биде отворена до 6 февруари 2011 година го прикажува односот помеѓу диктаторот и оние со кои тој владеел. Централното прашање на

кустосот на изложбата се однесува на пронаоѓање претпоставки за подемот на Хитлер на власт и дефинирање на причините поради кои идеологијата на националсоцијализмот станала широко прифатена сè до нејзиниот крај во 1945 година. Особено јасно доминира прашањето за тоа како било можно толкав број Германци активно да го подржувале нацизмот. Поставката ја следи активноста на младиот Хитлер, дава описи на говорите што ги полнеа салите, пред сè во Минхен.

подготви: Дејан буѓЕвац

Берлин

музеј на букви

„The Museum of Letters“ кој се наоѓа во Берлин,

собира своја колекција на букви „Museum of Rescued Letters“. Познат под името „Buchstabenmuseum“, музејот содржи голема колекција на сочувани букви кои некогаш биле дел од големи продавници или стоеле како знаци на фабрики. Со денешниот растеж на популарноста на типографијата и желбата да се сочува нивното минато, овој музеј привлекува големо внимание уште од своето отворање пред четири години.

сКоПје

фотографски неу-еротик

Во Отворено графичко студио е поставена изложба на Наташа Гелева насловена како

„Неу-Еротик“. Ова е нејзина втора самостојна изложба. Таа досега има учествувано и на неколку групни изложби, во видеоперформансот „Д вок“ (The Walk) што ја доби главната награда на Биеналето на млади автори во Музејот за современа уметност во Скопје. Светот виден низ објективот на Наташа Гелева, спојува неколку навидум спротивни насоки: поп-арт колажи, документарни пејзажи, експресивни автопортрети и галерија на ликови.

58

Page 60: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010360

60

портрет

Младиот ликовен уметник Велимир Жерновски, денес е еден од најприсутните

како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена. Роден е 1981 година во Скопје, дипломирал на ФЛУ во 2005 година, а за овие неколку години зад себе има остварено неколку самостојни и групни изложби во Македонија, Србија, Словенија, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Холандија. Учествува и во повеќе меѓународни проекти, работилници, културни соработки и разни публикувани изданија,

меѓу кои можат да се истакнат „Lost Highway Expedition“, проект инициран од познатите уметници Kyong Park и Маријетица Потрч, „Independent Drawing Gig“, глобален и долгорочен проект инициран од Linas Jablonskis итн… Од 2008 година Велимир Жерновски е претседател на младата организација „ФРИК“ - Формација за развој на иницијативи во културата, која со проекти, како што вели и самиот, сака „да го разигра градот“. Досега има организирано повеќе проекти во рамките на оваа организација и две изданија на „Фрик филм“ фестивалот во

рамките на современата независна сцена. Според Жерновски, Скопје сè помалку личи на метропола, и според неговите пишувања, нему не му пречи градот да личи и на провинција, но неговите жители јасно потенцираат дека сакаат Скопје да биде метропола. „Оттука е нашата фрустрација и одлуката да се собереме и да направиме нешто за овој град. Одлучивме да делуваме како формација која ќе работи надвор од институционални рамки“. Во фокусот на неговата работа е транзицијата, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација. Преку

медиумот на цртежот, видео инсталациите, јавниот простор, фотографијата, пишувањето, тој ги истражува промените во урбаната и популарната култура и прашањата поврзани пред сè со сексуалноста и родовиот идентитет. Едноставно, темата идентитет ги следи сите негови дела - идентификацијата како лична, така и генерациска. Според Жерновски, секој човек, па и уметникот, носат во себе идентификации кои континуирано ги преиспитуваат и менуваат. Тука не се работи за нова форма на размислување, туку само за тоа што во поновата историја луѓето

ИДЕНТИФИКАЦИЈАТАКАКО ПОСТОЈАНО РАЃАЊЕ

Page 61: PORTA3 143

Full

color in

black and

white

by

Velimir

Zernovski

05 ноември 2010 ПОРТА3 61

61

Велимир ЖерноВски

сè повеќе се свртени кон себеси, кон она што лично нè возбудува, а идентитетот во овие согледувања секогаш ќе биде жешка точка на расправа. Во творештвото на Жерновски, истражувањето и преиспитувањето на идентитетот се однесува исклучиво на личниот и на оној човечкиот, додека барањето на некаков си идентитет во рамките на некои физички, територијални граници, како автор апсолутно не го интересираат.

„THE WaLK“Минатата година, Велимир Жерновски стана добитник на првата востановена награда на

8-то Биенале на млади ликовни уметници, на тема „Идентитети“, која ќе му овозможи во месец декември оваа година, своето творештво да го претстави со самостојна изложба во Музејот на современа уметност во Скопје, од 01.12.2010 до 25.01.2011 година. Награден e за делото „The Walk“ - мултидисциплинарен проект сочинет од видео, цртеж и физички перформанс. Имено, делото зборува за бизарната ситуација во која се наоѓа поединецот и опасноста од самодефинирањето и индивидуализмот во време кога современото општество пропагира

демократија и слобода на изразот. Го прикажува континуираното насилство врз оние „различните“, за оние што не влегуваат во воспоставените општествени норми. Но, исто така зборува и за стравот, за апсурдноста и за лицемерието. Во видеото како основа на проектот користи извадок од интервју со познатата феминистка и современ филозоф Џудит Батлер, каде што таа раскажува за еден грозоморен настан, во кој едно младо момче е убиено само заради начинот на кој се движи. Делото „The Walk“ го критикува современото општество кое сè уште не наоѓа

механизми да се справи со ваквите фобии, кои резултираат со насилство и убиства во крајна линија. Жерновски е исто така, автор на проектот „In the third picture“, посветен на транзицијата и минливоста на нашите лични идентификации и нашиот сопствен став во врска со таквите промени. Нарацијата е создадена од неколку настани кои се тотално различни еден од друг, но кои во еден однос/судир претставуваат развој на структурата на моменти, мисли и идеи за животот, смртта и моќ за менување.

пишува: Дејан буѓЕвац

Дела со заеднички наслов „трансформемории“

Преку цртежот, видео инсталациите, фотографијата и објавувањето книги, Жерновски ги истражува промените во урбаната и популарната култура и прашањата поврзани пред се со родовиот идентитет и сексуалноста

фото

: Дор

јан М

илов

анов

иќ

Жерновски, прв добитник на востановената награда на Биеналето на млади ликовни уметници во 2009.на

слов

на ст

рана

од кн

игат

а „Fu

ll co

lor i

n bl

ack a

nd w

hite

“ (20

09)

`

Page 62: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010362

62

арт и дизајн

Кога надлежните на градот Сиднеј им ја презентирале својата

идеја за ревитализирање на стариот резервоар и негово трансформирање во урбан парк на авторите од студиото „Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“, никој не можел ниту да претпостави дека подземните простори на „Paddington Reservoir Gardens“ ќе претставуваат предизвик за архитектите. „Paddington Reservoir Gardens“ бил стар и неупотреблив резервоар за вода. Заради неговите ограничени капацитети, сите мислеле дека врз урнатините треба да биде подигната сосема нова градба во височина. Наместо тоа, архитектите од ова студио биле

воодушевени токму од можната реактуелизација на подземните структури изградени во 19 век, како и од можноста драматичните подземни простори во релација со играта на светлината што се провлекувала низ остатоците од историските ѕидови и сводови, да бидат претворени во амбиентално шеталиште за опуштено движење и „истражувачко талкање“. Новиот отворен простор претставува јавна дворна површина која ги поврзува Paddington Town Hall, објектот Post Office и историскиот Juniper Hall. Посетителите го доживуваат како комбинација на Каракалините терми и Семирамидините висечки градини од Вавилон. „Овој проект

ни даде уникатна и интересна можност да се направи нов јавен простор од една историска урнатина во млад град каков што е Сиднеј,“ изјави по повод наградата за урбан дизајн WAN AWARDS за 2010 година, Tim Greer од „Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“.

иСтОрија и кОнцЕПт

Концептот за нова употреба на резервоарот се крие во рамките на уметничкото доживување на просторот.Резервоарот првично бил завршен во 1878 година, додека подземните водни простори изградени под нивото на улицата со тревен парк од горе, за јавноста

биле отворени во 1930 година. Основната и оперативна намена

на резервоарот престанала во 1899 година. Оттогаш па сè до

„Paddington Reservoir Gardens“ како стар и

неупотреблив резервоар за вода во Сиднеј,

благодарение на архитектонското студио

„Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“ е адаптиран и пуштен во нова употреба.

Така, заштитувајќи ги нејзините драгоцени

градежни материјали од 19 век, и на тој

начин, сочувувајќи го урбаното сеќавање и

енергија проткаено во нив, архитектите

од австралиското студио „Tonkin Zulaikha

Greer Architect’s“, оваа некогашна

градска „урнатина“ ја трансформираа во нов и

интригантен урбан парк

Од урнатина до урбан парк

Page 63: PORTA3 143

арт и дизајн

05 ноември 2010 ПОРТА3 63

63

1990 година, градот го користел како работилница и гаража, кога бил присилно затворен бидејќи се урнал покривот.Архитектите од студиото „Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“ ги задржале сите постоечки материјали од историските структури. Тие со минимум нови форми успеале овие историски остатоци да ги поврзат во една современа и функционална целина со пристап од сите страни околу овој урбан парк. Историската тула, леаното железо и дрвената граѓа ги споиле со „ограничената“ палета на три современи материјали - челик, алуминиум и бетон, и на тој начин креирале една амбиентална, архитектонска приказна обединета

во нејзината материјална сурова индустриска изразеност.Elizabeth Farrelly, архитектонски критичар за „Sydney Morning Herald“, изјави: „Сите го сакаат овој проект. Луѓето, едноставно од задоволство сакаат да се наоѓаат во овој парк и да се движат... , што е мошне необично за Сиднеј. Направен е проект од светска класа кој го поврзува старото со новото. И јас го сакам премногу.“

„TGZ“

„Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“ е едно од најинвентивните и најреномирани архитектонски студија во Австралија. Нивната

работа се движи низ целиот спектар на архитектурата: започнувајќи од јавни згради, реставрација и адаптација на историски структури и градби и нивна пренамена, преку прагматични објекти за колективно домување, па сè до експресивни и необични приватни куќи. Студиото „Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“ го формираа Peter Tonkin и Brian Zulaikha во 1987 година. Тие ја зацврстија својата соработка кога двајцата во 1988 година учествуваа во реструктуирањето на целиот „Кружен Кеј“ на Сиднеј. Две години подоцна им се придружи Tim Greer, а

четвртиот Roger O'Sullivan стана нивни член во 1992 година. „Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“ во австралискиот свет на архитектурата, но и пошироко, важи за стабилен и конзистентен субјект кога е во прашање одржување на долготрајната заложба за висок квалитет. Студиото е добитник на многу светски награди и признанија. Со својата предизвикувачка архитектура и дизајн поставува стандарди на иновации, истражувања и достигнувања кои продолжуваат со секоја нивна нова работа.

Дејан буѓЕвац

Aрхитектонското студио „Tonkin Zulaikha Greer Architect’s“ од Сиднеј е добитник на престижната награда за урбан дизајн WAN AWARDS за 2010 година, за проектот „Paddington Reservoir Gardens“ во Сиднеј, Австралија

Page 64: PORTA3 143

ИЗЛОГ

стол од првата колекција на Jesicca Carnevale, составен од метална рамка во комбинација со латекс и коноп.

ПОРТА 05 ноември 2010364

64

италијанската компанија Gervasoni презентира нов модел мебел приспособен за внатрешна и надворешна употреба. „Inout“ столот е направен од железна рамка со мрежесто седиште.

Page 65: PORTA3 143

италијанскиот дизајнер Giovanni Levanti ја креираше оваа серија ѕидни часовници од обоен алуминиум во различни бои. Тој својот дизајн го опишува како „разиграни медитерански апстракции“.

„Toy“ е масичка од Christophe Pillet, со едноставен и елегантен дизајн. составена е од три ногарки од полиетилен кои создаваат хармонична симетрија, комплетирана со стакло во горната зона.

Шарено полиетиленско столче „Splash“ за деца, дел од последната колекција од B-line од Kristian Aus. Ако столчето се заврти наопаку може да се користи и како вазна или како сад за чување на различни предмети и играчки за деца.

подготви:Сандра ДОнЧЕвадипл.инж.арх.

05 ноември 2010 ПОРТА3 65

65

Page 66: PORTA3 143

ПОРТА 05 ноември 2010366

66

јавни набавки

слУЖБеН весНик Бр. 139/2010

оГлАс зА коНкУрс зА изБор НА идејНо реШеНие

Број: 02/2010Назив на договорниот орган:општина неготино, ул. “Ацо Аџи илов“ бр. 2, 1440, неготино.предмет:изработка на идејно решение за реконструкција на градски центар – неготино.контакт тел/факс: 043 361-045, 043 361-933, лице за контакт: Александар јованов.плановите или проектите да се достават најдоцна до: 16.12.2010 година.

оГлАси зА доделУвАЊе НА доГовор зА јАвНА НАБАвкА

Број: 07/2010Назив на договорниот орган:Влада на рМ – Генерален секретаријат, бул. “илинденска“ бб, 1000, скопје.предмет:осмислување и реализација на кампања за промовирање на Законот за третман на бесправно изградени објекти.контакт тел/факс: 02 3117-857, +389 02 3114-553, лице за контакт: елена пулковска.јавно отворање на понудите на ден 09.12.2010 год.

Број: 76/2010Назив на договорниот орган:општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, скопје.предмет:избор на фирма со потребна лиценца за изведувач е, за изработка на постамент и илуминација за споменикот “Јане сандански“.контакт тел/факс: 02 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Борче Христов.

јавно отворање на понудите на ден 11.11.2010 год.

слУЖБеН весНик Бр. 140/2010

оГлАси зА доделУвАЊе НА доГовор зА јАвНА НАБАвкА

Број: 38/2010Назив на договорниот орган:општина Тетово, ул. “Дервиш Цара“ бр. 68, 1200, Тетово.предмет:иградба на дел од бул. “Благоја Тоска“ Фаза II.контакт тел/факс: 044 335-499, 044 339-420, лице за контакт: Аднан Незири.јавно отворање на понудите на ден 11.11.2010 год.

слУЖБеН весНик Бр. 142/2010

оГлАси зА доделУвАЊе НА доГовор зА јАвНА НАБАвкА

Број: 23/2010Назив на договорниот орган:Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, скопје.предмет:изведување на илуминација на објект “Музејски комплекс на македонската борба, Музеј на ВМро и Музеј на жртвите од комунизмот“.контакт тел/факс: 02 3240-535, 02 3226-920, лице за контакт: Бранко костовски.јавно отворање на понудите на ден 22.11.2010 год.

Број: 07-15/2010Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, скопје.предмет:консултантски услуги за вршење надзор над изградба на магистрален пат М-6, Штип – струмица, делница

од км 42+700 до км 52+700.контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина стефановска Богдановска.јавно отворање на понудите на ден 22.11.2010 год.

Број: 07-16/2010Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, скопје.предмет:консултантски услуги за вршење надзор над изградба на регионален пат р-112, коњско (смрдлива вода) – кожув, Л=17,4 км.контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина стефановска Богдановска.јавно отворање на понудите на ден 23.11.2010 год.

Број: 137/2010Назив на договорниот орган:Град скопје, бул. “илинденска“ бб, 1000, скопје.предмет:изведба на дел од улица “Боро кралевски“.контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: марија петрова Блажевска.јавно отворање на понудите на ден 22.11.2010 год.

Број: 8/2010Назив на договорниот орган:општина струга, ул. “Маршал Тито“ бб, 6330, струга.предмет:реконструкција на депонија за отпад.контакт тел/факс: 046 782-015, 046 781-434, лице за контакт: владислав Жупан.јавно отворање на понудите на ден 22.11.2010 год.

Број: 39/2010Назив на договорниот орган:општина Тетово, ул. “Дервиш Цара“ бр. 68, 1200, Тетово.

предмет:реконструкција и изградба на локални патишта вон градско подрачје.контакт тел/факс: 044 335-499, 044 339-420, лице за контакт: Аднан Незири.јавно отворање на понудите на ден 22.11.2010 год.

Број: 42/2010Назив на договорниот орган:општина Тетово, ул. “Дервиш Цара“ бр. 68, 1200, Тетово.предмет:“изградба на партерно уредување на спортска сала “скендербег“ с. Порој“.контакт тел/факс: 044 335-499, 044 339-420, лице за контакт: Аднан Незири.јавно отворање на понудите на ден 23.11.2010 год.

Број: 14-14/2010Назив на договорниот орган:општина сарај, ул. “рекреативен Центар“ бб, сарај.предмет:изработка на проектна документација.контакт тел/факс: 02 2057-996, 2057-990, лице за контакт: Арсим рустеми.јавно отворање на понудите на ден 18.11.2010 год.

Број: 02/2010Назив на договорниот орган:служба за општи и заеднички работи на Владата на република Македонија, ул. “кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, скопје.предмет:изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи за изградба на подземно паркиралиште на локалитетот Мал ринг во скопје.контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: соња полизовска.пријавите за учество да се достават најдоцна до: 03.12.2010 год.

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 67: PORTA3 143

05 ноември 2010 ПОРТА3 67

рубрика

67

ДООЕЛ ТАТЈАНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 68: PORTA3 143

РЕПАРАЦИЈА НА БЕТОНИНовоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 822, Факс:++389 / 02 2034 821 [email protected]

состојка на секоја градба

www.ading.com.mkРЕПАРАЦИЈА НА БЕТОНИ