68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 160 / ПЕТОК 01.07.2011 година VII Апсолутно бело Отпадот како дизајнерска употреблива креација п р о т е с т на ааМ КоМората на овластени архитеКти и овластени инженери работиМе транспарентно и за фелата МИЛАНО, АЈДЕ ПОЗЕЛЕНИ!

PORTA3 160

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 160

Citation preview

Page 1: PORTA3 160

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

160

/ ПЕТ

ОК

01.0

7.20

11 г

один

а VI

I

Апсолутно белоОтпадот како

дизајнерска употреблива

креација

п р о т е с т на ааМКоМората на овластени архитеКти и овластени инженери

работиМе транспарентно и за фелата

МИЛАНО, АЈДЕ ПОЗЕЛЕНИ!

Page 2: PORTA3 160

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 3: PORTA3 160

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

160

/ ПЕТ

ОК

01.0

7.20

11 г

один

а VI

I

Апсолутно белоОтпадот како

дизајнерска употреблива

креација

П Р О Т Е С Т на ААМКОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ

РАБОТИМЕ ТРАНСПАРЕНТНО И ЗА ФЕЛАТА

МИЛАНО, АЈДЕ ПОЗЕЛЕНИ!

број 160 петок 01.07.2011 година Vii

28

Доказ дека состојбата во македонската архитектура е на депримирачко и незадоволително ниво, се и самите односи меѓу главните субјекти во оваа фела. Имено, ААМ незадоволна од работењето на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, упати ултимативно отворено барање до сите структури на Комората да одржи Годишно собрание во рок од месец дена од денот на предавањето на овој протест, заради решавање на одредени проблеми кои ги тангираат самите членови на ААМ. Од друга страна, во Комората одговараат дека работат транспарентно, и според нив, Годишното собрание на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одложи затоа што сакале прво да го подготват и да го усвојат Тарифникот за минимални цени на услуги. Строгиот центар на Скопје останува и натаму жешка тема за советниците во општината Центар, кои во последниве четири години го менуваат и го дополнуваат Деталниот урбанистички план за Малиот ринг,

барем по два-три пати годишно, понекогаш и повеќе. Сега дојде на ред и подземната сообраќајница, а со последните дополнувања се предвидува измена на должината на подземната сообраќајница, која ќе се гради за потребите на јавната администрација на зградите од проектот „Скопје 2014“. На 8 јули 2011 година, во просториите на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје, ќе се одржи првата јавна презентација на SAGA-B - првиот Македонски софтвер за анализа и проектирање на армирано-бетонски згради според Еврокод ЕЦ2/ЕЦ8. Спроти најголемата светска манифестација ЕКСПО, која во 2015 година треба да се одржи во Милано, нашиот дописник од Италија нè известува што предлагаат младите дизајнерски умови како алтернатива на големите имиња што ќе бидат презентирани на ЕКСПО 2015. Ние во Порта3 ги претставуваме нивните идеи.

од редаКцијата

ИНФО 06КОНКУРСОТ - ПОТВРДЕНА МЕТОДА ЗА ОДМЕРУВАЊЕ НА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА

СКОПЈЕ 10ПОВТОРНО СЕ КОВААТ ИЗМЕНИ

ЗА ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

ЛИЧЕН СТАВ 12ТРАЈКО ДИМИТРОВ: АРХИТЕКТОНСКАТА

АКАДЕМИЈА ЕДИНСТВЕН И КОМПЕТЕНТЕН АМБАСАДОР

ГРАДЕЖНИШТВО 16THE APPLIED ELEMENT METHOD

АРХИТЕКТУРА 20КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ИСТАНБУЛ

„ДА ИЗВЛЕЧЕМЕ ПОГОЛЕМА КОРИСТ ОД АРХИТЕКТОНСКАТА

РАЗНОВИДНОСТ НА БАЛКАНОТ“

УРБАН ДИЗАЈН 28СПРОТИ ЕКСПО 2015

МИЛАНО, АЈДЕ ПОЗЕЛЕНИ!

ХОРТИКУЛТУРА 56ИЗБОР НА ВИДОВИ ЗА ОЗЕЛЕНУВАЊЕ

НА КАМЕНЕСТИ ГРАДИНИ

20

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВИгор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница: Кујна во белоФото: владиМир сеКуловсКи

16

10

56

драги читатели,

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 4: PORTA3 160

4

Page 5: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 6: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 201136

6

инфо

КонКурсот - потврдена метода за компаративно одмерување на идејни решенијаЦелта на Правилникот е вистински да се чуе гласот на архитектите и тие во свои раце да ја преземат одговорноста за градењето на јавните добра во иднина. Него, со меѓусебен договор, треба да го применуваат и спроведуваат Одделението за архитектура во Комората на овластени инженери и на овластени архитекти на Македонија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Што содржи предлог-правилниКот за КонКурси усвоен од ааМ?

на последното собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија беше усвоен

Предлог-правилник за конкурси од областа на архитектурата и урбанизмот. Сега се очекува овој документ да биде прифатен и поддржан од Комората на овластени инженери и овластени архитекти и од Министерството за транспорт и врски. Во преамбулата на Правилникот се нагласува: „Институцијата конкурси е најсигурна метода за преиспитување на соодносот на нашите потреби да градиме и оптималните капацитети и карактеристики на средината што е интактна или историски формирана со свој идентитет“. Исто така се истакнува: „Конкурсот е потврдена метода на компаративно одмерување на идејни решенија за значајни јавни и приватни објекти, уредување и проширување на градови или населби, или создавање на нови населби и делови на населби. Со конкурсот се добиваат повеќе идеи и решенија за оптимална организација на конкретен простор, објект или друг вид творечка интервенција и секако се афирмираат креативни архитекти“. Авторите на документот сметаат

дека секој конкурс е подобар од директна нарачка, а јавниот конкурс е подобар од ограничениот. За нив значителните трошоци за конкурсот се оправдани, доколку конкурсот грижливо се подготви и реализира, а со тоа секогаш може да се заштеди повеќекратна цена на конкурсниот трошок. Тие сметаат дека овој Правилник претставува основа за правилна партнерска соработка на сите сочинители на конкурсот и го поттикнува развојот на културата на градење во Македонија со остварување на естетски, економски, социолошки, еколошки и технолошки цели. Самиот документ е поделен на неколку делови, почнувајќи од видови на конкурси, па сочинители на конкурси, награди, откупи и обесштетувања, организација и спроведување, до заклучни активности. Во документот се заборува и за проектната реализација, надоместоците за членовите на жирито, заменици на членови, известители и други вклучени во реализацијата на конкурсот. Целта на Правилникот е вистински да се чуе гласот на архитектите и тие во свои раце да ја преземат одговорноста за градењето на јавните добра во иднина.

Него треба да го применуваат и спроведуваат Одделението за архитектура во Комората на овластени инженери и на овластени архитекти на Македонија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, со меѓусебен договор. Сега во важност е Правилник за конкурси донесен во август 1992 година, кој никој не го есапи. Документот предвидува повеќе видови конкурси. Од анкетно-идејни, проектни, па се до меѓународни. Според обликот, конкурсите се едностепени и двостепени. Исто така, е определено кои се сочинители на конкурсот и се опишани нивните обврски и права. За ефикасно спроведување на конкурсната активност УО на ААМ, во координација со Комората на овластени инженери и архитекти, формираат петочлен одбор за конкурси со мандат од две години, во кој повремено се делегираат по еден член од Министерство за транспорт и врски (или друго ресорно) и ЗЕЛС. Одборот за конкурси има советодавна улога во подготовка и распишување на конкурси, и е најмеродавен толкувач на овој правилник. Советувањето посебно се препорачува по прашања од: видот на конкурсот, поставените барања, условите за учество, наградниот фонд, членови на жирито и конкурсните рокови. Одборот за конкурси ја следи реализацијата на урбанистичките планови и иницира или потенцира простори и објекти кои треба да бидат задолжително третирани со конкурсна активност. Секој распис на конкурсот треба да се регистрира во Одборот за конкурси. Доделување на регистарскиот број значи дека конкурсот е распишан во склад со овој Правилник. Одборот за конкурси е должен,

за конкурсите што не се распишани во склад со овој Правилник, да ги повика членовите на ААМ и на Комората да не земаат учество во нив. Архитекти кои учествувале во овие конкурси не можат да бараат правна поддршка од ААМ и Архитектонската Комора. Одборот за конкурси ја следи примената на овој Правилник и предлага негови измени и дополнувања. Со Правилникот се предвидени награди, откупи и обесштетувања на трудовите, кои распишувачот на конкурсот се обврзува да ги обезбеди и додели од вкупниот паричен фонд (награден фонд). Во Правилникот се дадени и детали за вредноста на наградите, откупите, односно начинот на распределба на наградниот фонд. Што се однесува до организацијата и спроведувањето на конкурсите, и за нив до детали е опишано се. Како и кога се објавува, содржината, конкурсни подлоги, критериуми...па се до доделувањето на наградите. Авторите на документот при неговото составување ги користеле досегашните искуства од спроведување конкурси, постојниот Правилник за конкурси на ААМ, правилници за конкурси од соседни земји и документи од Швајцарија и Меѓународната унија на архитекти. Треба да очекуваме дека за овој предлог ќе се изјасни и Комората на овластени инженери и овластени архитекти, но и Министерството за транспорт и врски. Секако, овој документ е отворен и за мислења и ставови на секој заинтересиран поединец. Доколку има такви, нивните ставови со задоволство би ги пренеле на страниците на „Порта3“. Се со цел да се добие еден квалитетен правилник, кој ќе биде почитуван и користен во иднина од сите учесници во конкурсите.

Page 7: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 7

7

инфоКоМората на овластени архитеКти и овластени инженери одговара на силните обвинувања на ааМ

работиМе транспарентно и за фелатаКомората има најтранспарентно однесување и секој нејзин член може да провери за секое работење, од тоа колку овластувања се издадени, па сè до тоа колку пари се потрошени и за што, вели претседателот Страхиња Трпевски

„точно е дека Годишното собрание на Комората на овластени архитекти и

овластени инженери се одложува веќе една и пол година, но тоа беше затоа што сакавме да го подготвиме и усвоиме Тарифникот за минимални цени на услуги. Тарифникот не може да се донесе без соработка со Министерството за транспорт и врски, а кај нив е веќе една година. Имаше измени и сега ќе почне усогласувањето на тој Тарифник со законските измени што се правеа изминатиот период. Тоа е Тарифник каков што имаат сите европски земји“, вели

Страхиња Трпевски, претседател на Комората, одговарајќи за „Порта 3“ на обвинувањата што ги изнесоа од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Трпевски додава дека до крајот на овој месец ќе се одржи едно Годишно собрание на Комората, а второто ќе биде закажано веќе во септември. На овие Годишни собранија ќе бидат конституирани сите одделенија, ќе се договори начинот на нивната работа и ќе се формираат регионални канцеларии. Активно работиме од 2009 година со донесувањето на првиот правилник, а не од 2006 година. Тогаш само беше донесена одлука да се формира Комората. Регистрацијата е направена во февруари 2008 година, вели Трпевски. На обвинувањата од ААМ за неактивност и незаинтересираност на Комората за струката, Трпевски одговара дека досега биле многу ангажирани од Владата за издавање овластувања, со што бил решен голем проблем со фелата што била без работа. Сега речиси и да нема човек од оваа фела што не работи, нагласува Трпевски.

Изнесените финансиски обвинувања Трпевски ги негира, додавајќи дека Комората има најтранспарентно однесување, и секој нејзин член може да провери за секое работење, од тоа колку овластувања се издадени, па сè до тоа колку пари се потрошени и за што. Од ААМ на нивното годишно собрание што се одржа на почетокот на овој месец, рекоа дека самите архитекти се соочуваат со голем проблем, бидејќи единствениот државен орган, кој според законот е надлежен да ги застапува и да ги заштитува нивните професионални интереси и авторски права е дисфункционален, а згора на тоа и нелегален. Имено, на основачкото собрание на КОАИ, делегацијата на ААМ демонстративно го напуштила состанокот, бидејќи предложените амандмани за смена на лицето одговорно за секторот на архитектура во рок од 6 до 12 месеци, не биле прифатени. Оттогаш, според членовите на ААМ, лицето што е поставено на оваа функција е некомпетентно и со неограничен мандат. На сето ова Трпевски вели дека сите архитекти

од ААМ треба да престанат со ваквите неточни обвинувања, и да се приклучат кон Комората затоа што така фелата ќе биде уште појака.

К.С.Т.

асоцијација на архитеКти на МаКедонија

п р о т е с тСе упатува ултимативно отворено обраќање до сите структури на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и до сите останати субјекти одговорни за функционирање на правната држава и воспоставените системи што ја чинат државноста на Република Македонија.Во овој момент на нефункционалност на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се сметаме

за повикани да искажеме енормно незадоволство и општ револт за настанатите состојби.Со жалење се констатира дека овој субјект во својата квази независност ги загуби основните морални и етички ориентири и ја загуби својата есенцијална улога на заштитник на интересите на фелата.Се укажува на очигледно непочитување на законски предвидените обврски и несоодветното однесување и на претседателот на Комората и на Управниот одбор со неодржување на редовните годишни собранија (Закон за градење, Сл.весник 59/11) со што во потполност е дискредитиран највисокиот орган

на Комората - Собранието на Комората. Со тоа нивниот мандат е нелегален и нелегитимен.Обврзувачката и неопходна отчет (финансиска) кон членството изостанува предолг период и со тоа создава непријатно чувство на недоверба, нечесност и манипулација. Општиот впечаток на неефикасноста на нејзиното работење доаѓа особено од евидентното непостоење на трошковникот, односно ценовникот на услугите како документ со извонреден значај за уредување на пазарните односи и создавање на квалитетен деловен амбиент во сферата на делувањето на професијата - архитект.Всушност се упатува енергично

барање да се одржи годишно собрание на Комората на овластени архитекти и овластени инженери во рок од месец дена од денот на предавањето на овој протест зад кој стојат сите долу потпишани.

Page 8: PORTA3 160

инфо

ПОРТА 01 јули 201138

8

Page 9: PORTA3 160

скопје

01 јули 2011 ПОРТА3 9

9

стопансКа КоМора на МаКедонија

проМоција на MADE EXpO 2011 во МиланоВо организација на Стопанската комора на Македонија, и во соработка со италијанската компанија „Федерлењо Аредо“ и италијанскиот институт за надворешна трговија при Амбасадата на Република Италија во Македонија (ИЧЕ), неодамна се одржа семинар на кој беше промовиран претстојниот саем MADE Expo 2011 во Милано. Активностите на овогодишниот октомвриски саем, ги претстави Роберто Мигото,

претставник од италијанската Федерација на дрвната и индустријата за мебел. Според излагањето на Мигото, станува збор за еден од најпосетуваните интернационални саеми за градежништво и архитектура во Италија. Така, континуираниот дијалог помеѓу 1.700 изложувачи и техничко - културни проекти и форуми, ќе промовира технологии и продукти на поле на структурален инженеринг, конструктивни техники или дизајн, кои комбинираат современи квалитети, безбедност, самоодржливост и енергетска ефикасност. Во склоп на саемот се планира да се одржи семинар на тема „Населби и историски центри“, кој се однесува на подобрување и ревитализација

на урбано - туристичко наследство. Како самостојна изложба, на семинарот се издвои саемскиот Civitas – концептуалниот град на обвивки, кој ќе претстави технологии поврзани со фасадна обработка на објекти - структурални фасади, сончеви панели, прозорци и врати и нивна споредба во однос на перформансите. Преку конкурсот „Инстант куќа“, кој го организира Федерлењо Аредо, ќе бидат презентирани студентски проекти за дизајн на привремени мобилни живеалишта наменети за урбани настани каков што е EXPO 2015. Оваа соработка помеѓу 17 европски факултети за архитектура и индустриски дизајн, ќе им овозможи на студентите промоција на архитектурата што ќе одговори на идјата за единствена околина, самоодржливост и мобилен начин на живеење.

интераКтивни дизајнерсКи визии Како учесник на саемот MADE Expo 2011, на семинарот своја презентација имаше и Денис Сантакјара, препознатлив по својот дизајн на индустриски производи, ентериери и архитектонски проекти. Неговата работа во седумдесттите години од минатиот век започнува преку формативна уметност и аналитички проекти, кои се претставени на повеќе индивидуални и колективни

изложби. Неговата уникатност се потенцира преку експериментирање со нови технологии на индустриско процесирање, креирање на артифициелни слики и предмети кои се спој на уметност, дизајн и архитектура и промовирање на нови категории на дизајн и предмети познати како „неослики и неодизајн“. Освен дизајнерски предмети произведени преку нови технолошки процеси, Сантакјара ги презентираше проектите за ентериерно уредување на Ла Чартоза Д’Авињон во Франција, Арт Хотел во Дрезден, и повеќе други сценографии. Во последните години, иако технологијата, индустрискиот квалитет и естетика се во значајен прогрес, Сантaкјара продолжува да експериментира со нови вештачки произведени материјали, а преку постојаното преиспитување на односот дизајн – технологија - производ, тој развива иновативни дезајнерски форми. „Денес е возможно да се произведат оригинални дизајнерски предмети, нови форми со поетски и духовити квалитети. Мојот обид е да допрам до суштината на нивните лингвистички или уште повеќе - нивните еколошки својства“, вели Сантакјара.

Бојана ФИЛИповИЌ, дипл.инж.арх.

проМовиран прирачниКот „КоМпозитни систеМи за надвореШна терМичКа изолација“

фасади за енергетсКа ефиКасностАрхитектите и градежните инженери кои вршат активности за проектирање и изградба на објекти добија Прирачник за обработка на композитни системи за надворешна термичка изолација (КСИНТИ), а кој го издаде Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Прирачникот е изработен врз база на долгогодишното искуство и развојот на новите технологии и материјали на австриската компанија STO, и со докажани решенија може да придонесе за остварување на барањата од новите директиви на ЕУ во однос на енергетската ефикасност. Прирачникот е поделен на три дела. Во првиот дел се дадени препораки и регулативи, а во вториот се

насоките за изведување. Третиот дел се техничките детали за изведување. Оптимални резултати од примената на КСИНТИ може да се постигнат само преку доследна примена на утврдени насоки и детали за проектирање и изведување. Ефикасното и целосно решение на обвивката на објектот преку КСИНТИ го минимизира влијанието на термичките мостови и битно

ја подобрува внатрешната клима во објектот. Со КСИНТИ се избегнуваат пукнатини на фасадата, појава на мувла и кондензат по внатрешните ѕидови. Прирачникот финансиски и организациски е помогнат од Австриската агенција за развој (АДА) и австриската фирма STO.

К.С.Т.

Новиот објект на

МНР ќе има фасада

која е енергетски

ефикасна

Page 10: PORTA3 160

скопје

ПОРТА 01 јули 2011310

10

повторно се Коваат изМени за центарот на сКопје

Малиот ринг се дополнува, но теШКо се остваруваСтрогиот центар на Скопје секогаш е жешка тема за советниците во општината Центар, кои во последниве четири години го менуваат и го дополнуваат Деталниот урбанистички план за Малиот ринг, барем по два-три пати годишно, понекогаш и повеќе. Прво

се измени планот за да се вметне црквата на плоштадот Македонија, потоа за да се впишат споменици, па измени за надземни и за подземни паркиралишта, вклучувајќи и катни гаражи, па за уште повеќе споменици, и за нови содржини во коритото на реката Вардар. Дојде на ред и подземната сообраќајница, а со последните дополнувања се предвиде измена на должината на подземната сообраќајница, која ќе се гради за потребите на јавната администрација на зградите од проектот „Скопје 2014“. Односно, ќе почнува кај Даут-пашиниот амам и ќе излегува

кај Македонската опера и балет. Советникот Јован Тагасовски е против подземното паркирање на левиот брег на Вардар под Комерцијална банка, како и под Паркот на жената-борец. Во двата случаја, како што тој објаснува, може да се случи оштетување на инсталациите. Во вториот случај, за паркот, со копањето може да се оштети вегетацијата, а со тоа да се уништи паркот. На опозицијата, и на граѓаните што дале забелешки при јавната анкета, рече Тагасовски, не им биле прифатени забелешките. Како за овие објекти, така и за катната гаража близу зградата на „Телеком“ на плоштадот Македонија.„Овие измени и дополнувања

се всушност синтеза на сите досегашни планови за Малиот ринг од 2008 година. Со најновите измени се разработуваат сите блокови, и се анализира проблемот на паркирање, со тоа што се планираат или потврдуваат катни гаражи од претходните планови", се вели во писменото образложение на измените и дополнувањата на ДУП Мал Ринг.

приватен сеКтор?„Измените и дополнувањата на Мал ринг ги имаат добиено сите согласности, и тој е во согласност со Законот за просторно и

урбанистичко планирање“, одговора на обвинувањата градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. Од друга страна, работите на теренот не се одвиваат како што треба. Со предвиденото темпо, па дури и со засилена динамика, се реализираат проектите зад кои стои државата или локалните власти. Такви се целиот фронт згради непосредно до левиот брег на реката Вардар, како Стариот театар, Музејот на ВМРО, Археолошкиот музеј, објектот на Јавното обвинителство и тој на Министерството за надворешни работи, како и грандиозната фонтана среде плоштадот и уште некои помали зафати од типот на видиковец, постаменти за споменици

и најновиот - новата градска плажа Камени мост. Но она што зависеше од приватниот сектор, некако бавно се развива, или никако. Во изградба е само објектот што треба да претставува обновена верзија на Старата народна банка, кој почна да се гради долго време пред да биде претставен проектот „Скопје 2014“. Затоа, пак, помина веќе цела година откако се најави изградбата на хотелот „Мериот“, беше речено дека таа ќе почне во август лани и ќе заврши најдоцна до 2013 година, но сè уште расте трева на плацот веднаш до плоштадот, спроти кафулето

Тренд, каде што е предвидено да се наоѓа тој. Во март годинава беа продадени парцелите за уште еден хотел и за Офицерскиот дом, но нема абер кога и таму ќе заиграат градежните машини.

сплавови Дека реализацијата на планот оди слабо кога треба да се најде инвеститор, покажа и јавниот повик за изградба на четири сплава во коритото на Вардар, кои требаше да бидат угостителски објекти слични на тие во многу поголемите реки во Белград, Загреб, Будимпешта и во други градови. Се очекуваше дека ова лето ќе биде испиено првото кафе на сплавовите, но тоа нема да се случи. Рокот за пријавување заврши, стигнала пријава од само еден угостител, но ниту тој не доставил комплетна документација и сега ќе треба се да се прави одново. Тоа ќе значи распишување нов повик, со нови рокови, па време за средување на сите формалности и за изградба на монтажните објекти, односно крај на летото, а можеби и на есента. Неизвесно е и дали некој воопшто ќе се пријави и на повторениот оглас, со оглед на тоа што градската управа нема намера да ги менува условите во него, кои предвидуваат заинтересираниот концесионер да ги изгради сите четири сплава, а за возврат да ги добие на користење во наредните десет години. По два сплава треба да се градат до мостот кај „Холидеј Ин“ и до Камени мост, од нивните западни страни.

Катерина СпаСовСКа-ТрпКовСКа

Page 11: PORTA3 160

скопје

01 јули 2011 ПОРТА3 11

11

по долго чеКање

почна да се гради нов Мост во сарајПо долгогодишни ветувања, најави и подготвување проекти, почна да се гради нов мост во Сарај, веднаш до постојниот, за кој стручњаците предупредуваа дека е небезбеден за сообраќај. Новиот мост ќе има армирано-бетонска конструкција,

со две коловозни ленти, со велосипедска патека и со пешачки патеки од двете страни. Ќе биде долг 50 метри, широк 12,5 метри, а ќе се изгради на растојание од само еден и пол метар од стариот. Сообраќајот по него ќе биде регулиран со раскрсница со семафори. Заштитната ограда на мостот ќе се состои од челични столпчиња кои ќе бидат поврзани со профилиран лим.Според урбанистичкиот план, во

негова близина се предвидува и изградба на средно училиште, универзитет, како и болница. „Новиот мост ќе биде осветлен со челични канделабри. На мостот ќе биде изграден коловоз со две сообраќајни ленти, секоја со ширина од 3,5 метри, а ќе биде формирана и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Од двете страни на коловозот ќе се изградат пешачки патеки со ширина од по еден метар. Рокот на изградба на новиот мост на реката Вардар во Сарај е една година“, велат градските власти. Од општината Сарај, пак, велат дека стартот на изградбата на овој мост за општината ќе значи нејзино комплетно заживување. Според градоначалникот Блерим Беџети, со неговата изградба општината ќе заживее, но и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на возачите што секојдневно поминуваат по стариот, дотраен и небезбеден мост.„Премногу долго го чекавме стартот за изградба на овој мост, кој има капитално значење за општината.

Тој е најголем и најзначаен проект за нас, кој ќе обезбеди нормално функционирање на населението. За неговата изградба општината има издвоено околу 30 милиони денари, а останатите средства се од буџетот на Град Скопје“, вели Беџети. Тој објаснува дека по изградбата на мостот, општината планира да почне и со проширување на патот низ Сарај, со што безбедноста на жителите од ова населено место значително ќе се подобри.На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Гранит“ АД - Скопје, а вредноста на овој капитален проект е околу 96,8 милиони денари, средства обезбедени од страна на Град Скопје, општината Сарај и Владата на Република Македонија. Стариот и дотраен мост, пак, кој е полн со дупки низ кои буквално се гледа реката, иако се наоѓа во очајна состојба нема да биде урнат, ќе остане во функција, но само за движење на пешаците. Сообраќајот за автомобили, товарни возила и автобуси ќе биде забранет. К.С.Т.

објавен изгледот на новата управна зграда

стилсКа фасада и Кај „водовод и Канализација“Управната зграда на „Водовод и канализација“ ќе има стилска фасада, а ќе почне набрзо да се гради на местото на старите бараки на Кале. Нејзината изградба ќе почне на истата локација, каде што ќе биде и Градската куќа, чија изградба почна неодамна. Зградата ќе се гради по идејно решение на архитектот Жарко Чаушевски, избрано на конкурс во август минатата година. Изгледот долго се криеше од очите на јавноста, и ниту надлежните од претпријатието, ниту авторот, не сакаа да го откријат. Управата на „Водовод и канализација“ „привремено“ функционираше 46 години во бараките донирани од пријатели од светот, веднаш по земјотресот на 26 јули 1963 година. Подложени на забот на времето, овие стари објекти веќе не нудеа нормални услови за работење, а беше неминовна изградба на нова управна зграда. Најавата за нов објект за

„Водовод и канализација“ беше предмет на критика изминативе месеци во Советот на Град Скопје, како нешто што не може да се смета за приоритет за граѓаните и вработените, кога претпријатието

не знае како да се справи и да го реши проблемот со 60 отсто загуби на вода на годишно ниво. Новата управна зграда ќе биде на површина од 5.000 квадратни метри, со габарит од 970 квадрати.

Ќе има пет ката и подземен паркинг за 115 возила. Зградата на „Водовод и канализација“ однадвор ќе има 32 столба, а завршува со купола од бакар.

К.С.Т.

Page 12: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011312

12

личен став

Без оглед на чувствителноста на темата, досега заземените јавни ставови како поединци

на разните организирани собири, трибини, анкети и сл. во кои посочувањето на недостатоците, лошите идеи и решенија што се нудат како финална верзија за централното градско подрачје – Метрополата, во проектот „Скопје 2014“, и ризикот да не бидеме до крај разбрани и целосно прифатени, како членови на Архитектонската академија мораме да го продолжиме дијалогот со јавно дозволени демократски средства. Архитектонската академија на ААМ има официjaлен мандат во рамките на нормативните акти на Асоцијацијата, да се грижи и да се бори за постигања со највисоки естетски и професионални стандарди во севкупното архитектонско творештво на нашите простори со почитување на нормите за максимална етичност и висок професионален морал. Пошироката јавност, која со видлив и посебен интерес ја следи полемиката околу вредностите и недостатоците на понудениот концепт, во оваа

пригода би сакале во куси црти да ја доближиме и запознаеме со основните карактеристики на Архитектонската академија што е формирана во семејството на ААМ пред повеќе од 15 години, како посебен субјект. Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како друштво на архитекти на Македонија е формирана во 1954 година. Во овој повеќедецениски период е единствен и компетентен амбасадор на членовите на оваа легално и со закон регистрирана организација. Долга е листата на се она што овој правен субјект го има сработено и реализирано во изминатиот временски период, во функција и на радост на архитектите и архитектурата на нашите простори и пошироко. Најистакнатите поединци од сферата на архитектурата кај нас биле на чело на организацијата и со личен пример служеле како инспирација и репер за бројните припадници на оваа творечка сфера, за постигнување на неспорно врвни архитектонски дела, кои трајно ќе сведочат за високото градителско рамниште кое е постигнато во набљудуваниот период. Накусо портретот, односно

таблото на архитектонските дела што ги постигнале плејадата македонски градители - дипломирани инженери архитекти, е долг и во оваа пригода ќе наведеме само дел од најмаркантните и тоа, пред сè, авторски дела на членовите на Архитектонската академија, претежно во Скопје.

- Трајна заштита - конзервација и ревитализација на се она што добило статус на заштитена вредност;- Зградата на Македонската академија на науките и уметностите;- Стоковната куќа „Скопје“;- работничкиот дом;- Соборниот храм Св. Климент охридски;- Кулите на кејот на реката вардар;- Kулите на улица 11 октомври;- Деловниот објект на „алкалоид“;- Телекомуникацискиот центар; - Гимназијата „Никола Карев“;- Хотел „александар палас“;- поштенските згради во прилеп, Тетово, Куманово;- Театарот на народностите;- Зградата на владата на република Македонија;- Универзитетската библиотека „Св. Климент охридски“;

- НИп Нова Македонија; - Стопанска Банка;- архивот на град Скопје; - Студентскиот дом „Гоце Делчев“;- ИЗИИС Скопје;- Градски Трговски Центар Скопје; - Градски ѕид, кулите и блоковите;- Населбите: аеродром, Ново Лисиче, Капиштец…- „Белата Гулабица“; - Базенот „Младост“;- природонаучниот музеј; - Католичката катедрала; - Скопскиот саем; - Хотелот „Континентал“;- Гимназиите „Ј.Б.Тито“ и „орце Николов“;- уникатните станбени солитери во населба аеродром;- Станбениот блок „Скопјанка“;- Комплексот на Банки;- просторни и Урбанистички планови.

Од нејзиното конституирање со доживотен мандат редовни членови на Архитектонската академија биле и се:

*академик Крум Томовскипрофесор Георги Константиновски професор Борис Чипанпрофесор доктор Благој Колев

трајКо диМитров: архитектонската академија единствен и компетентен амбасадор

Page 13: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 13

13

личен став

професор Славко Брезовски архитект Љубинка Маленкова*архитект Лудјек Кубешархитект Душко персовски*архитект Јанко Константинов*професор Живко поповски*архитект александар Серафимовски професор петар Муличковскиархитект Трајко Димитров*архитект Благоја Мицевски*архитект Драган Томовски*архитект Кирил Муратовскиархитект василка Ладинскаархитект александар Николскиархитект радомир Лаловиќархитект Тихомир арсовскиархитект александар Смилевскиархитект вера Ќосеваархитект Климент Заровархитект олга папеш

Политичката моќ и мандат во никој случај не може да има право да го суспендира стекнатото право со личниот минат труд и резултати на најистакнатите поединци од архитектонската фела, добитници на бројните стручни и општествени признанија за постигнатите резултати, вклучително и наградата за целокупниот творечки опус, што го носи името

на големиот градител на Балканот во 19 век Андреја Дамјанов. Ние не сме дел од политичкиот корпус, со ограничен мандат! Ние за нашиот статус сме се избориле со резултати и дела и крајно е некоректно и нечовечки да бидеме влог во актуелната политичка игра и наддавање! Ние сме врвни и докажани професионалци во својата област и не дозволуваме со декрет или со дискриминација да ни се одземе компетентноста и правото, апсолутно комплетно да учествуваме и одлучуваме за проблеми и прашања од сферата на стекнатото професионално право. Мораме гласно да го изговараме нашето несогласување со праксата за проблемите од архитектонската сфера да одлучува политичкото мнозинство, а стручната „егзекуција“ да ја извршуваат сервилни и непроверени професионални биографии!? Сето погоре изнесено не е револт поради фактот што ниту еден од овие корифеи не е директен учесник во проектот „Скопје 2014“, иако има сосема малку и од тоа, но во занемарлив обем!? Суштината

на нашето несогласување со се она што ќе биде утрешната нова иконографија на центарот на метрополата, е тоа што политичкиот естаблишмент не ги вклучи правите и проверени градители, кои имаат исто така голема национална гордост и со право сметаат дека оформувањето на овој проект не смеел да им се довери на почетници, шминкери и дилетанти, поединци кои не се избориле со дела за висок професионален престиж во својата професионална средина. Низ историјата, моќта и силата при градењето била кај политичарите (или инвеститорите), но без исклучок секогаш, па и сега, во цивилизираниот свет „мајсторите“ ги правеле најзначајните и најубавите објекти. Освен, за жал, кај нас!!! За секоја градба, а посебно за архитектурата, не е делотворно ако авторитетот на нарачателот е предоминантен и одлучувачки, вклучително и надворешниот изглед, кој е јавно добро!!! Пошироката јавност мора на нас, македонските архитекти да ни верува дека оправдано сме пречувствителни од сознанието што сме исфрлени на периферијата

на настаните и не сме на прав начин вклучени во овој за нашиот главен град толку значаен проект. Вака како што течат работите, за скоро време ќе станеме сведоци на оформување на централното јадро на главниот град со грдо лице, свртено наназад. Не бараме алиби!! Максимата вели: „Подобро да се спречи отколку да се лечи. Но, кога терапијата е во рацете на надрилекари, нив заклетвата на Хипократ не ги обврзува, за жал!“ За крај, да го оставиме Густав Ајфел спокојно да спие во одарот! Неговата идеја била авангардна. Била 100 години пред времето. Нашата е загледана во мртвото минато! Низ историјата на градењето, не е познат случај да се распише конкурс за архитектонски објект кој треба да биде обликуван во стил одамна заминат во историјата.

Асоцијативен афоризам:Го прашале некој (архитект):- Знаеш да свириш клавир?- Не знам, можеби знам, не сум пробал!

Скопје, 20.06.2011

арх.Трајко ДИМИТровчлен на Архитектонската академија

Page 14: PORTA3 160

градежништво

ПОРТА 01 јули 2011314

14

првиот софтверски пакет за анализа и димензионирање на армирано-бетонски

згради по Еврокод 2 и 8 изработен во нашата земја, IZIIS SAGA – B (Structural Analysis General Approach for Buildings) веќе е спремен за дистрибуција и користење во проектантската пракса. Со цел запознавање на нашата поширока стручна јавност со перформансите и можностите на овој софтвер, на 8 јули 2011 година со почеток во 10:00 часот во просториите на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје ќе се одржи првата јавна презентација под наслов “IZIIS

SAGA-B: Софтверско решение за проектирање на армирано-бетонски згради според Еврокод EC2/EC8”.

Што е SAGA-B? SAGA-B е она што долго време се чекаше на нашите простори: едноставен програм за користење, погоден за инженери-проектанти од сите генерации. Дали претходно сте користеле софтвер за анализа и проектирање на конструкции или не, воопшто не е важно. SAGA-B со својот совршен (но крајно едноставен за употреба) графички препроцесор овозможува елегантно и лесно креирање на аналитичкиот модел на конструкцијата на зградата. Притоа, не е потребно

длабоко познавање на теоријата за анализа на конструкциите, ниту пак познавање на методот на конечни елементи, не е потребно да се води грижа за граничните услови, воопшто не треба да ве интересира меѓусебната компатибилност помеѓу одредени типови конечни елементи и т.н. Сето ова SAGA-B го решава автоматски, а вие само треба да се концентрирате директно на поставениот практичен проблем за оптимално проектирање на армирано-бетонска зграда. Моделот се конструира не на ниво на конечни елементи, туку на ниво на конструктивни елементи (греда, плоча, столб, ѕид или платно), што е многу поприфатливо од страна

на практичарите, особено кога се работи за поискусни инженери. Притоа, мрежата од конечни елементи се генерира автоматски и корисникот воопшто не треба да се грижи за тоа, бидејќи резултатите повторно се даваат на ниво на конструктивни елементи, а не на ниво на конечни елементи.

Кој е еден од најважните Квалитети на програМот? Методологијата. За разлика од софтверските пакети со генерална намена, каде корисникот треба да има извонредно познавање од теоријата на конструкциите и методот на конечни елементи (во спротивно се случуваат грешки при

презентаЦија на SAGA-B - првиот македонски соФтвер за анализа и проектирање на аб згради по еврокодд-р виктор ХрИСТовСКИ, редовен професор во ИЗИИС Скопје

Page 15: PORTA3 160

градежништво

01 јули 2011 ПОРТА3 15

15

Форма за димензионирање на АБ пресеци по Еврокод 2 и 8

анализите за кои најчесто, за жал, инженерите не се ни свесни) и за кои корисникот треба однапред да ја познава методологијата за решавање на поставениот проблем (проектирање на одреден тип конструкција, детали и т.н.), SAGA-B нуди однапред подготвена методологија која директно ве води кон целта: оптимално проектирање на дадената конструкција на зграда. Тоа е предноста на наменскиот софтвер, за разлика од генералниот софтвер. Ако со генерален софтвер ви требаат 30 дена да завршите еден проект на зграда, со наменскиот софтвер SAGA-B тоа ќе го направите за 5-7 дена. Вградената методологија

е особено важна за корисници - понеискусни инженери, зашто SAGA-B практично може да ги води и да ги подучува како оптимално да проектираат една армирано-бетонска конструкција на зграда.

Што нуди SAGA-B? SAGA-B нуди софистицирана и брза анализа базирана на методот на конечни елементи, со примена на т.н. sky-line матрици кои обезбедуваат максимално искористување на меморијата и капацитетот на компјутерот. Притоа се користат најсовремени in-core и out-of-core солвери за решавање на равенките за рамнотежа (кои некогаш се и повеќе од 100.000).

Освен статичка анализа со која се решаваат сите основни товарни случаи, постои и статичка анализа по теорија од втор ред, со која се зема предвид извивањето на столбовите. Исто така, постои можност и за анализа на конструкцијата по фази, многу значајна анализа која го зема предвид влијанието од консолидирањето на девијациите од сопствената тежина кога една фаза на градење е завршена. Ова е многу важно за високи згради, ако се има предвид дека обичната статичка анализа го третира оптоварувањето од сопствена тежина како да е приложено целото одеднаш (од сите нивоа-платформи), што е погрешна претпоставка. Анализата по фази

го зема предвид ова постепено товарење и добиените резултати се доста блиски на реалноста. Исто така, за пресметување на динамичките карактеристики потребни при сеизмичката анализа, постои и анализа на сопствените фреквенции и тонови форми. На крај, резултатите од анализите се користат за димензионирање на секој конструктивен елемент поединечно, според Еврокодовите 2 и 8 и тоа посебно за плочите, гредите, столбовите и АБ платната. Притоа, вклучена е и процедурата за т.н. Capacity Design која е составен дел на Еврокод 8 и мора да се применува за чисти рамкови системи без и со лифтовски јадра.

10:00 – 10:15

“ИЗИИС и реализирање на идејата за развој на современ македонски софтвер за анализа и проектирање на армирано-бетонски згради по Еврокод 2 и 8”

Воведно излагање на директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје, проф. д-р Михаил Гаревски

10:15 – 11:00

“Еврокод 2 и 8 – Методолошки пристап за работа на проектантите во пракса преку софтверска имплементација”

Излагање на раководителот на проектот за развој на софтвер во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје, како и еден од авторите на софтверот, проф. д-р Виктор Христовски

пауза 15 мин.11:15 – 12:00

“Основни концепти за моделирање, анализа и проектирање со SAGA – B (Structural analysis General Approach for Buildings)

Излагање на директорот на партнерската софтверска компанија Inducta Engineering, Sydney, Australia, воедно и еден од авторите на софтверот, м-р Емил Јанкуловски, поранешен вработен во ИЗИИС, Скопје

12:00 – 12:30

Прашања од аудиториумот со дискусија.12:30 – 13:30

Коктел

Агенда на презентацијата што ќе се одржи на 8 јули 2011 година во просториите на ИЗИИС Скопје (училница во вториот блок) со почеток во 10 часот

3Д приказ на креиран модел со SAGA-B за дадена конструкција

Преглед на автоматски генерираната мрежа од конечни елементи за дадената платформа

Креирање на моделот по платформи, основа на покривната плоча на една АБ зграда

Page 16: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011316

16

градежништво

во следниве страници ќе се обидам да ви претставам еден нов нумерички метод за анализа наречен „Applied Element

Method“. Иако формулацијата и математичкиот модел на овој метод е доста едноставна, со негова помош може да се симулира голема нелинеарност на конструкциите, како при статички така и при динамички товари.„The Applied Element Method”, или AEM е нов метод на анализа, кој со голема точност предвидува што се случува во конструкциите, пред и по нивниот колапс. Со повеќе од две децении континуирано истражување, е докажано дека AEM е единствениот постоечки метод со кој може да се следи рушењето на една конструкција, притоа следејќи ги сите фази на товарење: еластична фаза, појава на пукнатини, нивно следење (ширење), течење на арматурата, одвојување на елементите (конструктивни или неконструктивни), судир на истите (контактот помеѓу нив), како и судир со почвата и околните конструкции.

развојот на AEMКако што напишавме, AEM е единствениот метод кој може прецизно да го анализира, следи и визуелизира однесувањето на конструкциите низ сите три фази на товарење: мали поместувања (линеарно еластични или нелинеарни), големи поместувања (геометриски и материјални промени, сепарација на елементите), судир и колапс на елементите (конструкциите).

споредба на аеМ (Applied Element Method) и FEM (Finite Element Method)Проблеми со кои се соочува FEM (Метод на конечни елементи): Главниот проблем со кој се соочува FEM при моделирање на конструкциите, е моделирањето на големи пукнатини и самото одвојување на елементите. Иако постојат неколку FEM техники кои го овозможуваат одвојувањето на елементите, истите се лимитирани на помали проблеми со лимитирани пукнатини и одвојувања, и не можат да бидат генерализирани

за употреба во секојдневната инженерска пракса преку создавање на софтверска апликација. Користејќи го FEM, локацијата на која настанува сепарација на елементите, може да биде однапред дефинирана или автоматизирана, меѓутоа и во двата случаи се доаѓа до непрактични решенија. Имено, дефинирајќи ја локацијата го контролираме самото место на сепарација, место кое особено при колапс на конструкцијата е непознато. Автоматизираната сепарација на елементите пак, може да се изврши со помош на „Element Erosion Technique“ (Техника на ерозија на елементите), при што при постигнување на однапред определени услови, оштетените елементи се отстрануваат од анализата. Ова е исто така, непрактично решение, од причина што ширината на пукнатините е лимитирана колку големината на елементот, односно се дозволуваат големи пукнатини, кои при случај на товар од земјотрес остануваат отворени. Ова решение, исто така, не функционира при

моделирање на конструкциите со сите свои елементи, при што во сите елементи со исти димензии се дозволуваат (очекуваат) исти ширини на пукнатини.

предности при Користење на AEM Главните предности на оваа метода се фокусирани околу можноста за сигурно и прецизно предвидување на конструктивното однесување, почнувајќи од основните фази на товарење, преку првата појава на пукнатини, нивно ширење, па се до комплетен колапс. Алгоритмите на AEM ја олеснуваат комплексноста на конструктивната анализа без интервенција од корисникот, и без сугестивни претпоставки за тоа кога и каде би се појавиле пукнатини.

генерирање на елементите со помош на AEMМоделирање на кој било објект со помош на АЕМ, е многу слично со она на методот на конечни елементи (FEM), при што објектите се поделени на серија елементи, кои се меѓусебно поврзани.

The Applied Element Method, или AEM е нов метод на анализа, кој со голема точност предвидува што се случува во конструкциите, пред и по нивниот колапс. Конечно, инженерите имаат на располагање алатка со која може да се определи тоталниот ефект при екстремни услови на товарење.

Метод на аплиКативни елеМенти

Page 17: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 17

17

градежништвоГлавната разлика помеѓу двете методи е во начинот на кој тие елементи се поврзани меѓу себе.Континуитетот (континиумот) на конструктивните модели е составен од елементи меѓусебно поврзани со нелинеарни федери, преку кои се симулира однесувањето на материјалите. Овие конструктивни модели прецизно го симулираат однесувањето на армирано-бетонските и челичните пресеци. Се користат неколку типови на федери за прецизно претставување на целокупното однесување на конструкцијата: матрични федери, федери на арматурата и контактни федери.

типови на федериМатрични федери се оние со кои се постигнува конекцијата помеѓу два соседни елементи, и претставува основен конструктивен материјал. На пример, при пресметување на армирано-бетонска конструкција, овие федери го претставуваат бетонскиот спој меѓу елементите, додека при пресметување на челична конструкција, истите ја претставуваат конекцијата помеѓу челичните делови (елементи) од истата. Овие федери ги покриваат сите видови на материјали и карактеристики. Со помош на федери на арматурата, се претставува дејството на арматурните шипки. Истите имаат материјални карактеристики, точна локација, и димензии како арматурата во бетонските пресеци. Слично како и матричните федери, се поставуваат на спојот помеѓу арматурните шипки на краевите од елементот. Во случај на судир или контакт помеѓу два елементи со исти

или различни материјални својства, се генерираат три контактни федери, односно еден нормален и два трансверзални, со чија помош се утврдува резултантното однесување. Овие три федери потоа се додаваат на секоја контактна точка.

автоМатсКо одделување на елеМентитеКонекција на елементите и нивно автоматско одделување. Во методот на конечни елементи (FEM), елементите се споени меѓусебно со точки, при што сите деформации се случуваат внатре во самите елементи. Од друга страна, во АЕМ, елементите се поврзани помеѓу себе со помош на површински федери. За да може елементите да се одвојат и да се продолжи да се следи нивното конструктивно однесување и по сепарацијата, конекцијата не смее да биде преку заеднички точки, туку преку независна површина. Во АЕМ, елементите се споени површински преку серија од поврзни федери. Секој федер всушност е составен од 3 федери, еден федер ја презема аксијалната, а останатите два трансверзалните деформации.

преМин од голеМи во Мали елеМентиПри анализа на некоја конструкција, не ретко се јавува концентрација на напрегања и пукнатини на мало растојание во одредени зони. Овие зони обично се моделираат со погуста мрежа на конечни елементи. Во вакви случаи, доколку анализата се врши со методот на конечни елементи (FEM), преминот од елементи со поголеми домензии кон оние со помали, мора да се изврши со помош на посебни техники, со

кои би се осигурала конекцијата меѓу елементите. Притоа се среќаваме со следниве проблеми:Бројот на елементите може да се зголеми како резултат на слојот на спојување. Настанува компликација во процесот на поделба на елементите, со оглед на тоа што елементите мораат да бидат поврзани преку соодветни граници. Спротивно на ова, во случај кога анализата се врши со помош на АЕМ, овој проблем не постои затоа што конекцијата на соседните елементи во овој метод се базира на површини, а не на заеднички точки.

дEлуМно поврзување на елеМентите Со помош на АЕМ, соседните елементи кои се површински споени, ќе имаат федери за спојување и покрај тоа што заедничката површина зафаќа само дел од вкупната површина на елементите. При таков случај „Finite Elements“ (конечните елементи) не се споени, додека пак „Applied Elements“ се спојуваат со федери помеѓу себе. Делумна конекција всушност и ќе се постигне во случај на местото на контактите да се вметнат повеќе точки, меѓутоа тоа би значело зголемување на степените на слобода, и поголема комплексност при формулација на елементите.

судир на елеМентитеКонтактот или судирот се дефинира автоматски без интервенции од корисникот. Елементите може да се судрат и да се одвојат, повторно да се спојат, или да почнат да работат заедно со другите елементи, без притоа да биде потребна интервенција од корисникот -

постапката е автоматизирана.

постојат неколку видови на контакти: агол - површина, агол - агол и агол - терен

агол - површина: случај при кој елементот со својот агол удира на површината на другиот елемент. во некои случаи може да се случи и аглите на повеќе елементи да удрат во површината на еден елемент, или повеќе агли на еден елемент да удрат во површина на некој(и) друг(и) елемент(и), без разлика дали е тоа истовремено или последователно.

агол - агол: контактот на два елементи настанува преку нивните агли.

агол - терен: аголот на елементот стапува во контакт со теренот. овој случај е многу сличен како и првиот (агол - површина). разликата е тоа што контактот е помеѓу елементот и теренот, а не со површината на друг елемент.

„The Applied Element Method“ претставува брза и прецизна алтернатива на методот на конечни елементи со кој се моделира и симулира прогресивниот колапс на конструкциите. Со вклучување на конструктивните и на неконструктивните компоненти, се создава пореално сценарио за прогресивен колапс на конструкциите. Конечно, инженерите имаат на располагање алатка со која може да се определи тоталниот ефект при екстремни услови на товарење.

Јордан БоЈаџИев, дип.град.инж.

Page 18: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011318

18

во средината на 2014 година, се планира да биде изградена и ставена во употреба филтер

станица која ќе ја пречистува водата на гостиварскиот водовод. Со ова ќе се стави крај на маките на жителите на Гостивар, што ги имаа особено во последниве години кога се случуваше хаварија на изворите на реката Вардар во село Вруток, и во цевководите на градскиот вод што директно се ставени во изворот, и течеше заматена вода. Жителите на Гостивар и на десет селски населби, поради ова половина година беа принудени со вода за пиење да се снабдуваат од цистерни, од селски чешми, бунари и хидрофори, а некои купуваа и вода во шишиња. За надминување на овој проблем, повеќе од три децении се бараше

решение. Конечно неодамна, на местото каде што ќе се гради филтер станицата во селото Вруток, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и Драган Ковачев, директорот на фирмата ЦМЦ-Екокон од Скопје, која ќе го изведува зафатот „Проектирање и изградба на филтер станица на системот за водоснабдување во Гостивар“, потпишаа договор, со што фирмата се обврзува за три години да ги заврши сите работи, и објектот да го стави во функција. Со изградбата на филтер станицата, трајно ќе биде решен неколкудеценискиот проблем со обезбедување на квалитетна вода за пиење за околу 65.000 жители на Гостивар и на уште десеттина селски

населби. Изградбата на филтер станицата на водоснабдителниот систем во Гостивар, е проект со кој континуирано ќе се обезбедува прочистена вода за пиење, чиј квалитет ќе одговора и на Правилникот за безбедност на водата за пиење, издаден од Министерството за здравство и на Европската директива за квалитет на вода за пиење.Технологијата што ќе биде вградена е најсовремена од ваков вид, и за првпат ќе биде применета на Балканот, во Гостивар. „Во првата фаза ќе се изгради филтер станица со две филтерски линии, со 8 автоматски микрофибери филтри со можност за филтрирање на 800 кубни метри вода во секунда. Во оваа фаза ќе се

поврзе и левиот доводен цевковод со филтерската станица“, ни изјави проф. д-р Петко Пеливановски од Катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации на скопскиот Градежен факултет. Во втората фаза, според Пеливановски, ќе се изврши доизградба на филтер станицата со уште една филтерска линија со дополнителен автоматски микрофибер, и ќе се изврши поврзување на десниот доводен цевковод со филтерската станица. За реализацијата на овој проект ќе бидат вложени околу 2.000.000 евра, што ги обезбедува Буџетот на Република Макдедонија. Гостиварската филтер станица ќе се изгради за две години.

Киро КИпроСКИ

гостиварсКата филтер станица ќе се изгради за три годиниТехнологијата што ќе биде вградена е најсовремена од ваков вид, и за првпат ќе биде применета на Балканот, во Гостивар

региони

Page 19: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 19

19

градежништвопрезентација на SiKA HEllAS

иновации на технологии за бетонво просториите на Стопанската

комора на Македонија се одржа презентација „Сика

иновации на технологии за бетон“ во организација на реномираната компанија „Сика Хелас“, фирма-сестра на швајцарската „СИКА“. „Со оваа презентација очекуваме да оствариме нови партнерства на оваа територија, бидејќи нашата цел не е да бидеме обични добавувачи, туку на оние со кои соработуваме да им понудиме компетентно партнерство и стручна поддршка. Пробивот на грчкиот пазар за ваква интернационална компанија беше многу тежок. Но сега, искористувајќи ја економската криза, која помогна да опстанат само оние компании кои нудат квалитет на компетитивно ниво, „Сика Хелас“ успеа да се позиционира на грчкиот пазар“, изјави Јорго Кацандонис,

менаџер за градежништво на „Сика Хелас“ од Грција. Во палетата на производи на оваа компанија која е основана во 1910 година, денес може да се најдат бројни иновации, благодарение на кои градежништвото е унапредено. Таков пример е НРС - бетонот со високи перформанси, како и производите за забрзување или одложување на стврднувањето на бетонот, кои влијаат на квалитативните особини на бетонот или пак го зголемуваат периодот за обработка на бетонот за 1 до 3,5 часа. Денес „СИКА“ е присутна преку претставништва во 74 земји со над 13.500 вработени. Одржливоста во градежништвото е најголем предизвик на оваа компанија. На производите на „СИКА“ се доверени голем број инфраструктурни објекти ширум светот. Најчесто,

дизајнот на објектите што ги градат е со гаранција од над 100 години. На нивната референтна листа се наоѓаат тунели, брани, мостови, подводни премини во над

седумдесет земји. Во Македонија се присутни во изградбата на новиот аеродром во Скопје, како и други помали објекти.

Леонида пенка БаШа

Page 20: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011320

20

архитектура балКансКа Конференција за архитеКтура во истанбул

да извлечеме поголема корист од архитектонската разновидност во регионот

прашањето за културата и идентитетот на Балканот, беше тема на балканската

конференција за архитектура што се одржа во Истанбул од 16 до 19 јуни, во организација на Комората на турските архитекти. Како императив за одржување на оваа конференција беше потребата да се разменат знаењата, ставовите и визиите на архитектите од балканските земји, како и на архитектите

од вториот регион на УИА (International Union of Architects), на кој припаѓаме како држава.Така, вечерта на 16 јуни, во Комората на турските архитекти се одржа изложба на фотографии на актуелната архитектура од балканските земји. Архитектите ги поздравија Eyup Muhcu, претседател на Комората на архитекти на Турција, Selma Harrington, претседател на архитектонскиот

Совет на Европа, како и Tugce Selin Tagmat, генерален секретар на Комората на архитекти на Турција.Во утринските часови, следниот ден започна работниот дел на конференцијата. Излагањата се одржуваа во амфитеатарот на Универзитетот за убави уметности „Мимар Синан“. По уводните излагања на Eyup Muhcu, Selma Harrington, како и на Louise Cox претседател на Меѓународната

унија на архитекти, започнаа тематските презентации. Прв зборуваше Cengiz Bektas, познат архитект и професор од Истанбул, а по него со свои презентации настапија сите присутни архитекти од балканските земји. Говореа Lisa Siola, од Грција, потпретседател на вториот регион на УИА, Zeynep Ahunbay професор на техничкиот универзитет во Истанбул, Amir Pasic професор на универзитетот

Page 21: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 21

21

архитектураво Сараево, Constantin Coagea архитект и директор на списанието Zeppelin од Романија. Во втората сесија која започна по паузата за ручек, се развија дискусии за архитектурата и урбаното планирање на Балканот. Со презентации на актуелните збиднувања во своите земји настапија архитектот Емил Јегени од Македонија, Konstantinos Belibassakis архитект од Грција, Alan

Leo Plestina архитект од Хрватска, како и Георги Бакалов претседател на бугарската Асоцијација на архитекти. Архитектите говореа за заедничката историја, културата и идентитетот на балканските земји, како и за проблемите со кои се соочуваат во своите земји. При крајот на сесијата, секој од архитектите доби можност во времетраење од 5 минути, да ја претстави работата на својата

Комора на архитекти и инженери, законските регулативи, како и проблемите што се јавуваат при работата со и во Коморите.Сесијата на оваа балканска конференција беше фокусирана кон актуелните случувања во архитектурата и урбанизмот на земјите од овој регион. Генералниот впечаток од целата конференција е дека „Балканските градови имаат акумулирано неколку нивоа

изградени во различни периоди во историјата до ден-денес. Како што постојат некои заеднички карактеристики на овие историски слоеви, така секој балкански град има своја единствена и неповторлива изградба, како во минатото така и сега. Балканските градови се во постојан процес на обнова, регенерација и урбана трансформација.„Најважен начин да се одржи

разновидноста, но и единството на балканските земји, е да се следи единствената перспектива во светот на демократијата. Да се извлече што поголема корист од оваа разновидност и вредностите што ги поседува регионот. Да се исчисти Балканот од национализмот и сите ние да тежнееме што повеќе да се разбираме и сите луѓе и култури на овие простори подеднакво да ги почитуваме“,

изјави Selma Harrington.Забележителен настап на конференцијата имаше нашиот претставник Емил Јегени, кој се осврна на развитокот на Скопје. Тој зборуваше за факторите што влијаат на урбаната структура на градот; економските, социјалните, културните и природните карактеристики на наследството, како и за барањата на инвеститорите, развивањето на

плански концепти, како и учеството во донесување одлуки кои влијаат во креирањето на новите форми на градот и дали таа нова форма е свртена кон корисниците, кон граѓаните. Посебно се осврна кон актуелниот проект „Скопје 2014”. Се разви дискусија, во која повеќето присутни го искажаа своето вчудоневидување од она што се случува во нашиот град! Конференцијата продолжи и

следниот ден, со дискусии, размена на идеи и дружења. Се зборуваше за актуелните збиднувања во вториот регион на UIA (United International Architects), за претстојниот конгрес на УИА што ќе се одржи во Токио во септември оваа година, како и за кандидатурите на следниот светски конгрес.

ангел СИТНовСКИ, дипл.инж.арx.

Page 22: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011322

22

архитектура

да се работи на проекти наменети за локација која претставува светско историско

културно наследство, е навистина реткост, посебно ако во таа област сè уште владее традиционалниот дух на живеење, и постојат старите обичаи, без допир со современата технологија. Таквата можност ја доби група студенти од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, по склучувањето на договор за соработка со Универзитетот „Гази“ од Анкара - еден од најголемите државни универзитети во Турција. Станува збор за создавање на заедничка работилница со наслов

„History & Space- Cappadocia“, која вклучува изработка на проекти наменети за ревитализација на Ортахисар - едно од седумте гратчиња од кои е составена областа Кападокија. Оваа област се наоѓа во централна Анадолија, и е специфична по структурата и топографијата на теренот. Имено, архитектурата е аплицирана на природна, неизменета подлога, составена од вулканска туф, како резултат на некогашните ерупции, и претставува едно од најпредизвикувачките природни терени за создавање архитектура, а воедно и туристичка дестинација. Задачата на студентите беше да ги снимаат своите конкретни локации,

да ја осознаат природата на теренот и духот на ова историско место. За време на престојот во Турција, студентите поминаа еден ден во Анкара и ги посетија маркантните точки на градот, а како водичи се појавија домашните студенти. Посебен восхит предизвика посетата на мавзолејот и музејот на Ататурк - таткото на турската нација. Ова импозантно здание во класичен стил и со особена чистина на архитектонскиот израз, ја изразува сета почит која ја чувствува турскиот народ кон овој значаен човек. Ова место не само што претставува споменик на Ататурк туку и секојдневна дестинација за културна прошетка. Почетокот на месец март

е совршен за патување низ азискиот дел на Турција, за посета на Ортахисар од аспект на временските погодности, и за сликите што се производ на комплементарноста на светлината на сонцето и бојата на вулканскиот камен. Совршено за очите за еден архитект, чиј ум е отворен за искрена, елементарна архитектура, а кога станува збор за цел автобус полн со архитекти, тогаш доживувањето претставува навистина нешто посебно и потребно е повеќе време за истото доживување. Стоејќи пред долина низ која се протегаат безбројни неправилни конусни структури, се наметнува помислата за чудесноста на природата и

студентсКа работилница од Меѓународен КараКтер

Група студенти од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, во соработка со Универзитетот „Гази“ од Анкара, учестуваа на заедничка работилница со наслов „History & Space-Cappadocia“, која вклучуваше изработка на проекти наменети за ревитализација на Ортахисар - едно од седумте гратчиња од кои е составена областа Кападокија

Кападокија - најпредизвикувачки природен терен за создавање архитектура

Page 23: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 23

23

архитектура

нејзиното создавање. Тоа се форми, кои самите од себе наликуваат на живеалишта, а мекоста на каменот овозможува лесно длабење и создавање на простори соодветни за одредена функција.

студентсКи МултиКултурализаМ Мултикултурализмот настанат со мешање на студентите од двата универзитети доведе со судир на идеи, мислења и констатации. Ноќта мината под камениот свод на традиционалниот хотел, веќе будеше инспирација за создавање решение на поставената проектна програма. Првата задача е проектирање на складиште за органска

храна и винарија, која всушност претставува пренамена на веќе постоечки подземен простор. На овој проект засебно работеа студентите Наџије Хамзаи, Живко Иванов и Марија Димитриевска. Тие се фокусираа на употреба на локални материјали во комбинација со модерен стил кој ја освежува традиционалната атмосфера. Вториот проект вклучува куќа на тамошен фармер - земјопоседник како и простор за домување на пет други семејства, на кој работат студентите Ана Куновска, Стефан Тодоровски и Елена Јовановска. При проектирањето на овие објекти студентите ја проучуваа културата на живеење и потребите на оваа

социјална структура, за конечно да создадат луксузен максимално функционален простор. Третиот проект се однесува на проектирање на бутик-хотели на кој одговорија студентите Ивана Дамеска, Тијана Каевска и Филип Кочевски. Инспирирани од органското разместување на структурите во Ортахисар, се создаде појдовната идеја за структурата на бутик-хотели, која органски се развива со мултипликација и комбинација на одредените форми. Калиопи Калапоцева, Катерина Цветковска, Мишко Самарџиев, Мартин Деловски и Теа Ичева се групата на студенти, кои работеа

на четвртиот проект- идеен проект за Музеј на Кападокија. Тие предвидоа простор за изложба на сите автентични предмети од оваа област, како и презентација на духот на Кападокија во облик на туристичка атракција. Студентите беа предводени од професорите на Факултетот за архитектура и дизајн - Викторија Еремеева, Кокан Грчев и Мишко Ралев. Сите студенти, главно, ја имаа истата дилема. Дали објектот со својот стил да се вклопи и камуфлира во околината, или комплетно да отскокнува од неа. Станува збор за прашање, кое вклучува почитување на постоечки вредности, но и внесување на

Page 24: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011324

24

архитектура

Page 25: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 25

рубрика

25

ЕКО ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото. Резиденцијата ПОД ВОДНО е ексклузивен објект под падините на Водно во самиот центар на Скопје изграден по сите европски стандарди за квалитетно домување и едниствен во Македонија со енергетска ефикасност : - Фотоволтажен систем за производство на струја за заедничкото осветлување - Сретификат за сите вградени матерјали- Темелна плоча од 95 см - асеизмички, армирано-бетонска конструкција со марка бетон минимум МБ30 и над МБ40- Термо фасада со графитен неопор, најнов тип фасади - Надворешна столарија со роТо оков и 4-сезонско стакло - видео надзор и електричен пристап- во секој влез има два лифта - Сопстевен паркинг на 2 нивоа - преградни ѕидови до 27 см (2/12 + 3 см изолација од трвдопресован тервол)- Блиндор врати- прва класа паркет - прва класа шпанска плочка - оптички интернет, Тв и кабелска инсталација во секој стан- Лист за предбележување и можност за кредитирање до 30 години - онлајн каталог на www.adora.com.mk Резиденцијалниот станбено - деловен комплекс ПОД ВОДНО е дизајниран за сите оние заинтересирани да живеат на мирна локација во центарот на Скопје. Урбан стил кој ги нуди сите придобивки на модерното живеење, функционалност, квалитет и сигурност, со целосен панорамски поглед на Скопје и Водно. Самата локација е ПОД ВОДНО.

Докажано најдобри!ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА 072 204 024 и 070 365 738

ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМЛЕКС ВО МАКЕДОНИЈА со СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАЖЕН СИСТЕМ

РЕЗИДЕНЦИЈА „ПОД ВОДНО“ АДОРА

„Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонијател. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908,

web: www.adora.com.mk, e-mail: [email protected]

ивана дамевска - студент од iii годинаоргансКо КреирањеОва патување за мене претставуваше важно искуство поради неговиот меѓународен карактер и разменета на искуства со студентите од Универзитетот „Гази“, и можноста да се работи на проект наменет за простор од светско, културно и историско значење. Инспирација за појдовната идеја, за мене претставуваше локалната архитектура со нејзиното органско развивање и креирање на специфична целина.

живко иванов - студент од ii годинанезаборавно исКуство Се надевам дека почесто ќе се случуваат работилници од овој вид, за да ние студентите се стекнуваме со поголеми искуства, кои ќе ни помогнат во понатамошниот процес на образование и кариера. Најдобриот момент е самиот производ од работилницата, кој претставува резултат на долготрајна анализа и работа на овој специфичен простор.

Мартин деловски - студент од iV годинаКореспонденција со просторот и природатаУчеството во оваа работилница придонесе да се стекнеме со меѓународни контакти, и да разменуваме идеи за самата методологија на проектирање, што за еден архитект е од особена важност. При изработката на мојот проект - Музеј за Кападокија, го зголемив своето познавање за развивањето на формата во просторот и кореспондирањето со природата на локацијата, како резултат на необичноста на самиот простор.

свежина и допир со нешто современо и различно. Тоа прашање всушност секогаш се наметнува кога се работи за проектирање на објект, кој треба да претставува не само решение на функција туку и симбол на духот на моменталната состојба - општествена, политичка, финансиска, ментална, физичка и секако духовната состојба на архитектот. Она што студентите го почувствуваа во текот на својата посета во Ортахисар беше длабока почит. Почит за посветеноста на зачувување на сè што е оставено во наследство и традиција, од времето кога првите христијани ги користеле просторите во карпите како скривници, до денешно време кога има обиди да се создаде нешто ново, но сето тоа суптилно, со локални материјали и неагресивен стил. Изборот беше оставен на студентите и резултираше со разноличност на стиловите и изборот на решение. Она со што тие немаа проблем, беше создавањето на посебна

атмосфера и емоција, затоа што самиот простор изобилува со поетичност и длабока историчност. Суштината на оваа работилница беше да се спојат двата поима - историја и простор. Како да се создаде историски простор во простор полн со историја? Со отелотворување на емоцијата на архитектот, со создавање на вистинскиот простор во вистинското време. Вистински предизвик за студентите на кој работеа во текот на изминатиот семестар. Резултатите од ова искуство и проектите на кои се работеше во текот на изминатиот семестар, се планира да бидат изложени во септември кога студентите и професорите од Универзитетот „Гази“ ќе гостуваат во Скопје на заедничката изложба. Дотогаш треба да биде спремен каталог, во кој ќе бидат објавени сите проекти и заедничките искуства поминати на ова едукативно патување.

Марија ДИМИТрИевСКа, студент на II година

на Американ колеџ

Page 26: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011326

26

дизајн

неодамна, во просториите на Машински факултет во Скопје - оддел за

индустриски дизајн, Марко Закара, член на познатото архитектонско студио 2012Architecten од Ротердам, одржа предавање на тема „Од суперупотреба до рециклираност". За оваа реномирана група дизајнери и архитекти од Ротердам, контекстуалниот потенцијал на дизајнот е базичната филозофија во нивното работење. Значи, дизајн кој се темели на континуирана размена на креација и рекреација, употреба и реупотреба. Отпочнувајќи го секој проект со употребени локални материјали, финалната креација на ова студио не е единствено самоодржлива архитектура

и дизајн, туку и забавен и возбудлив пример на урбана креативност со футуристички карактеристики. Изведба на еден објект со локален отпаден материјал, според Закара, бара иновативен и фундаментално различен дизајнерски пристап. Проектот е секогаш дефиниран од основниот програм и карактеристиките на расположливиот отпад кој се рециклира, во комбинација со употреба на минимална енергија: намалување на дистанцата за транспорт на материјалот и енергетската ефикасност на објектот. Отпадот во нивните објекти добива креативна реупотреба: сечила од ротор стануваат лизгалки за детско игралиште, машина за алишта е обвивка на кафуле, дрвена макара за

Предавање на Марко Закара од архитектонското студио 2012Architecten од Ротердам на тема „Од суперупотреба до рециклираност" на Машинскиот факултет во Скопје - оддел за индустриски дизајн.

предавање

Отпадот како дизајнерска употреблива креација

Page 27: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 27

27

дизајнкабли е пренаменета во фасада на куќа или автомобилски стакла како полици за продавница.

ротор игралиШте2012Architecten редизајнираат детско игралиште за фондацијата Kinderparadijs Meidoorn, употребувајќи пет крила од ротор. Пред отпочнување со нов дизајн, архитектите го поставуваат стариот бетонски материјал од претходното игралиште. Рециклираните крила се основата на новиот проект - распределени како кули за да креираат просторна сложувалка околу централен подиум од кружни бетонски елементи. Металната мрежа се испреплетува помеѓу различните форми како структура за искачување или како мрежа за затворање на игралиштето.

суперупотребена МатеријализацијаВила Валпело во Еншеде е дизајнирана со мал број рециклирани материјали кои одговараат на оформување на програмските потреби на објектот. Нови форми и иновативни конструктивни методи се основата за аплицирање на употребените материјали, додека намената за изложување колекција на современа уметност го детерминира внатрешениот простор на куќата. Носечката конструкција и обвивка се пронајдени во локални стари фабрики. Текстурираната фасада е креирана од дрво од макари за кабли, додека челичната конструкција е рециклирана од напуштена фабрика за текстил од соседството. Внатрешниот мебел е вертикално приспособен за пофункционална и експресивна употреба во просторот. Лифтот што е вграден во објектот е всушност истиот лифт кој е употребуван во изведбата на челичната конструкција на објектот.

уМетност на привреМена уМетностПросторот пред старата административната зграда на општината во Ротердам, која сега е напуштена, во моментов е преуреден како нов урбан зелен парк. За да ја направи поатрактивна фасадата на овој монументален стар објект, 2012Аrchitecten дизајнира нејзино озеленување, со детална анализа за

влијанието на сонцето, популацијата и врнежите врз нејзиниот раст. Овој експериментален проект, според архитектот Закара, ќе биде реализиран во согласност со идната намена на овој објект. Вертикалната градина чија појава се менува во различните сезони, станува привремена цветна уметност која го збогатува отворениот урбан парк пред кој се издига. За нејзино одржување е конструиран посебен систем во внатрешноста на објектот, кој ја складира атмосферската вода и преку мрежа од цевки ја спроведува до фасадата на објектот.

вселенсКа бар станицаЕспресо бар ’К’ е еден од првите проекти на ова архитектонско студио, кој е конструиран од модуларно споени делови од перални. Петте засебни модули се склопуваат во капсула со мултифункционална употреба. Иако неговата прва намена е бар во просториите на Архитектонскиот факултет во Ротердам, структурата досега послужила и како канцеларија и како музичка продавница.

реструКтура и редизајнВо своето излагање Марко Закара го појасни начинот на пронаоѓање на отпадот, негов транспорт и поединечното интегрирање во различен индустриски дизајн и проекти со мултифункционална употреба. Како покреативни решенија Закара ги презентира продавницата за чевли во Хаг, во чиј ентериер се употребени стакла за автомобили и рециклиран материјал од фабрика за стакло: системот Сили составен од цилиндрични ПВЦ модули: павилјон затворен со ѕидови изведени од стари мијалници и флексибилниот Worm@Voc систем наменет за мултимедијалнен центар во Ротердам кој овозможува адаптирање на простор како концертна и кино сала. Дизајнот на 2012Architecten во целост развива нови дизајн стратегии за денешната транзиција кон посамоодржливо општество. Нивната работа покажува дека процесите на локална размена и производство, отпадниот материјал и ограничените ресурси, се всушност можност за материјализација на нови вредности и иновативен дизајн.

Бојана ФИЛИповИЌ

Дизајнот на 2012Architecten од Ротердам покажува дека процесите на локална размена и производство, отпадниот материјал и ограничените ресурси, се всушност можност за материјализација на нови вредности и иновативен дизајн.

Page 28: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011328

28

урбан дизајн

натпреварувањето за ЕКСПО 2015 започнува тука на плоштадот Дуомо, каде што

архитектот Ренцо Пиано предложи да посади неколку дрвца, со цел да се даде јасен знак дека нештата се менуваат, дека ни е потребен позелен живот и позелено место за живеење. Милано е град со многу лица: од една страна е главен град на модата и дизајнот што е рефлектирано во естетиката на зградите во центарот на градот, но од друга страна тој е индустриски центар за одличноста, град кој ги опишува годините на италијанскиот економски раст, и чија потреба за изградба на згради за домување го проширува од сите граници. Новите модерни маала се блиски до потребите на минатото и сега: повеќе јавни простори по глава на жител и многу позелени. Но, она што може да се види во Милано, како и во многу други градови

од полуостровот, е присуството на аморфни простори, домови на илјадници луѓе на кои им недостасува поврзаност, домови кои не можат да помогнат во социјализацијата, во запознавањето на луѓето едни со други. Морето од бетон ја поплави земјата, се здружи со индиферентноста и невидливото историско и изворно јадро, селата, руралните средини, селските куќи, инфраструктурата, природата и знаците на растечкиот раздвижен процес на населување во областа. Дури и нередот во градот се развива по одредена шема: историскиот центар на градот, во кој урбаните простори се дизајнирани да бидат архитектонски способни да го изразат чувството на „место“, прикладно за социјализација.

празнини Надворешноста на градот (Надвор од градот) се карактеризира со

отсуството на традиционални урбани средини во кои преовладуваат „празни“ површини: празнини кои искажуваат индивидуализам, а во вакви услови е тешко индивидуата да се социјализира поради отсуството на соодветни јавни простори, дури е уште потешко кога човекот нема пријатен поглед од малата површина на куќата, речиси секогаш поставена во кошници од кондоминиумски комплекси, и фактот што надворешните простори (дворовите) кои ја опколуваат куќата се тотално отсутни. Многу често, овие популарни маала биле предмет на внимателно планирање, но чисто идеолошки, и методолошки сиромашни, а тоа е причината за неуспехот на многу архитектонски достигнувања, затоа што не успеале да обрнат вистинско внимание на проблемите и потребите на домашната димензија на животот. Но, овие неуспеси се

поврзуваат со архитектонската криза и катастрофата создадена од неселктивниот раст на современиот град, по мое мислење, недостаток на идентитет. Тие се формирани како резидентни (домашни) области изградени како резултат на „екстензивно истражување“ кое ги зафати умовите на генерации архитекти, кои беа жестоко критикувани од корисниците, непризнаени од јавноста како соодветни модели за живеалишта. Никој не сака да живее во „кошница“. Овој концентричен и радијален град, кој е без форма и се шири постојано и недефинирано, води кон кризата на двете главни уредувања: градот и селото. Од една страна, оваа состојба ги зголемува трошоците што се поврзани со обезбедување на услуги на граѓаните, така што луѓето можат да стигнат до најдалечните работни места, задирајќи во џебовите

спроти еКспо 2015 - Милано

„Имаме многу бои, нè има многу, а нè спојуваат мноштво идеи. Освојувачи сме на просторот!“

МИ

ЛА

НО

, А

ЈДЕ

П

ОЗ

ЕЛ

ЕН

И!

(Специјално за Порта3 од Италија)

Франческо ЧИТро

Page 29: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 29

29

урбан дизајн

на даночните обврзници со цел да се обезбеди нивно поголемо задоволство. Од друга страна, личи на „рак рана“ која се стреми да ги измачува луѓето што со неа се соочени и влезени во забрзан процес, кој треба да го регулира дневното движење на масите кон центарот на градот. Значи, она што треба да се разбере е дека на човекот лошо делува да биде сместен во „фиока“: таа треба да се разбере како стан (кошници кои ги спомнавме претходно), како дел од глобалниот механизам... Лично, јас мислам дека сè што е спротивно на социјализацијата е против човековата природа. Многу дизајнери забораваат дека иако живееме во ерата на технологијата и машините, овие работи треба да ни служат како субјекти на нас, луѓето, да нè поддржуваат или да нè заменуваат во одредени работи, но никогаш не смее

ние да станеме машини. Да ги потврдиме овие хипотези, ајде да одиме на пат до Барона вечер.

баронаБарона е маало во предградието на Милано, и е карактеристично бидејќи претставува линија помеѓу селото и градот. Кога се шеташ во Барона, поминуваш по една голема авенија, каде можеш да видиш големи блокови на згради, типични за историскиот период на модерната архитектура. Тие згради мораат да гарантираат комфор, токму поради добрите патишта, паркинзите и другите услуги, но на крајот, барем оние што не живеат во оваа област, можат да ја забележат изолацијата и осаменоста. Сепак, постојат и други луѓе кои сакаат да се изразат себеси. Тука, младите умови се собираат да обезбедат алтернативи на големите имиња презентирани на новото ЕКСПО. Ние ги

предложуваме нивните идеи, откако добро ќе ја истражиме историјата на областа. Всушност, тие згради, посебно оние историски згради, кои биле дел од старото рурално село, се крвотокот. На овој аџилак ме придружуваа двајца млади дизајнери, Марта Гризо и Валерија Кодара. Тие покажаа како ова маало, како и многу други, има силна концентрација на човечка енергија. Се движиме по улиците со нивниот изум - „движечкото игло“, посебно интересен социолошки експеримент. Мобилно засолниште, шатор кој прераснува во навика: аџијска маска, симбол на идентитетот во истражување и трансформација, која се случува преку меѓусебен контакт, преку разменување на идеи… , која води до можно повторно раѓање на единката. Во „бетонската шума“ живеат поетски слики, прекумерни звуци и празен аудиториум. Иглото е

начин да се влезе во меѓусебна врска со територијата, медиум кој ќе ги поттикне социјалните контакти и новата визија на градот. Во талкањето по соседството, во потрага по „социјален контакт“, среќаваме друг млад дизајнер, Џулио Кросара, кој преку своите слики ми дава повеќе објаснувања во врска со можните решенија со кои како предизвик ќе се соочиме за идното Милано. Со понатамошно истражување тој се обидува да создаде нов вид на продуктивна размена со реалноста во соседството. Посебно ми е интересен проектот како што е Конзорциум „La Cordata” и оној за урбани зеленчукови градини. Наоѓам дека овие проекти предизвикуваат силен пресврт и за дизајнерите и за луѓето што живеат на тие места. Конзорциумот е општествена заедница која делува во градското подрачје на Милано,

„Имаме многу бои, нè има многу, а нè спојуваат мноштво идеи. Освојувачи сме на просторот!“

Page 30: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011330

30

која како најважна цел го има принципот на „добре дојдовте“. Градските зеленчукови градини, на иста линија со Конзорциумот, претставуваат најнов тренд во Милано, но исто така, и во останатите големи градови. Тоа е проект кој ги опфаќа сите потреби на луѓето. Градскиот живот заморува, делува на нас и не ни остава никаква можност да се запознаеме едни со други. Па, што беше измислено? Еден вид земјишен процеп помеѓу градбите. Луѓето одат таму после работа, а најголем број од нив се професионалци како лекари, банкарски менаџери, деловни луѓе и многу други. Благодарејќи им на овие успешни идеи и трендови, со последниот референдум одржан во средината на јуни оваа година, градот одлучи да продолжи два клучни проекти: Светска градина и Патот на земјата и водата.

разлиКиОваа операција е фокусирана на промоцијата на вреднувањето на разликите, формите и процесите на интеграција во логична супстанцијалност помеѓу различни учесници вклучени во насока на креирање на заедничко добро на овој град. Победничката идеја на ЕКСПО 2015 е голема градина со сите плодови на планетата, која симболично се стреми да ги нахрани сите жители. На Миланското ЕКСПО 2015 ќе има простор за целата планетарна биомаса (мешавина на билошки видови) низ која ќе поминуваат нови велосипедски патеки, каде што ќе можете да ги видите, помирисате и вкусите сите плодови од далечните земји. ЕКСПО ќе биде една огромна планетарна ботаничка градина отворена за граѓаните на Милано и од светот. Место за свеж состанок помеѓу земјоделството и градовите, кој буквално ќе го нахрани Милано, духовно и интелектуално. Ќе биде поставен голем производствен парк за преработка на храна, на ортогонална решетка, опкружен со водни канали и прошаран со бројни архитектонски пејзажи. Павилјонот ќе биде домаќин за експериментални земјоделски полиња, овоштарници, градини, стакленици, преработка на храна каде што посетителите

урбан дизајн

Page 31: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 31

31

ќе можат непосредно да го набљудуваат процесот (и да го пробаат финалниот продукт) на целиот животен циклус на прехрамбените производи. Многуте национални павилјони ќе бидат групирани според нивните гео-климатски услови. На крајот, покрај периметарот на просторот, големи биоклиматски стакленици, дизајнирани да ја обноват главната планетарна биомаса (тропска шума, тундра, медитерански пејзаж, екстремни клими од половите, пустина... ) ќе биде почетна точка, честичка култивирана од страна на различни земји, а секако и единствена атракција за посетителите во 2015 година во Милано, со цел да се покаже и почувствува природниот пејзаж и климатските услови на планетата, заедно со нејзината биолошка различност и растенија чија дивина во иднина би требало да се почитува. Овие промени не само што ќе влијаат на градините туку и на околината што ќе биде дел од останатите два проекти, Водниот пат и Патот на Земјата. Милано сака да ја обнови старата врска со водата, правејќи ги пловни каналите, каде што во минатото поминувале главните трговските рути. Овој проект треба да го обнови стариот начин на транспорт: од овие канали ќе произлезат нови транспортни системи, нови места за социјализација и „Нова Венеција“. Во текот на годините на експериметирање со социјално домување, можеби забораваме дека сè уште сме луѓе, дека мораме да создадеме услови за живеење во нашето опкружување, каде што има пристап до повеќето работи кои ни се потребни секој ден, со посилна врска со основните елементи на земјата, водата и зеленото. Тие создаваат внатрешно чувство на комфор, една идилична благосостојба која се одразува однадвор. Живеејќи во таква релаксирана средина, ќе бидеме отворени кон светот, спознавајќи се себеси, барајќи нови знаења и истите ќе ги пренесуваме и практикуваме. Од Милано-Експо се очекува многу, и веројатно со концептот „град - зеленчукова градина - градина“ ќе започне нова линија на дизајн во која ќе се инвестира во годините по 2015.

урбан дизајн

Page 32: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011332

32

занимливости

најверојатно, најпознатиот графити уметник во светот Бенкси, конечно

доби сериозна конкуренција кога е во прашање уметноста на графитите.Евол е името или псевдонимот по кое е познат берлинскиот талентиран дизајнер и уличен уметник. Поаѓајќи од идејата дека има премногу банални и здодевни урбани површини по улиците на градовите, тој одлучил да се обиде да ги трансформира во креативни простори, во што несомнено и успеал. Евол печати на хартија комплицирани матрици со фасади на згради, и ги вметнува на трансформатори, жардиниери, поштенски сандачиња, климатизери, и друг вид на улична урбана опрема, со што на градот му дава неверојатен магичен ефект. Тој претвора секојдневен електричен трансформатор во убедлива репродукција на градски облакодер. Неговите дела се толку прецизно изработени, што навистина е тешко да се одвојат од вистинските, реални објекти во нивната околина, особено кога се гледаат на фотографија. Својата уметност ја изведува во различни градови, па да се надеваме дека можеби наскоро ќе ги посети и нашите простори.

александра пеТровСКадипл.инж.арх.

минијатурен град во град

Page 33: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 33

33

промоција

професоре Токарев, која беше идејата и целта за креирање на вашата веб страница?

Основната идеја беше да го претставам своето повеќезначно 40-годишно творештво како професор, истражувач, проектант и публицист, и на таков начин да докажам дека архитектурата со својата интердисциплинарност опфаќа повеќе области и има значајна општествена улога. Во таа насока е креиран и сајтот, кој на посетителот му нуди повеќеслојни нагледни информации за наведените области, при што истовремено може да даде коментар и да стапи во контакт со мене.

Кај нас се ретки официјалните сајтови посветени на автори од архитектурата. Според вас, зошто е тоа така?

Според мене, таквата состојба е резултат главно на следниве три причини. Прво, потребно е да се вложи голем труд за да се подготви и обработи соодветен материјал во електронска форма. Второ, не секој автор е согласен своето долгогодишно творештво да го претстави пред домашната и странската

стручно-научна и културна јавност, а со тоа да даде можност за критики и пофалби. И на крај, подготовката и одржувањето на квалитетен сајт за наши услови не е евтино.

Какви се реакциите од активирањето на сајтот и што најмногу ви остави впечаток?

Уште во првите неколку дена од активирањето на сајтот пријатно ме изненади неговата голема посетеност од страна на колегите, културната јавност, а особено од страна на студентите. Пофалбите пристигаа од сите страни, а струдентите се особено задоволни што им овозможив електронски пристап до моите книги, кои за нив претставуваат единствени лиценцирани учебници по историја на архитектурата и уметноста на македонски јазик. Од друга страна, колегите се благодарни што имаат пристап до научната и применетата методологија за заштита, реставрација и ревитализација на градителското наследство, претставени преку конкретни проекти и реализации. Му благодарам на Nextsense за вложената стручност и креативност во повеќеслојното, но едноставно структурирање и користење на сајтот.

авторот и делата пред поШироКата јавност

www.mihailtokarev.mk од неодамна е пуштена во упротеба

официјалната веб страница на нашиот архитект и проф. д-р Михаил Токарев. Се работи за реализација која е за поздравување, бидејќи кај нас бројот на сопствени веб страници, кои се однесуваат на луѓето од архитектонската и градежната фела, е сè уште занемарлив. На веб страницата на Токарев, се претставени сите најзначајни информации и материјали од творештвото на овој наш архитект и публицист. Покрај информациите поврзани со неговата долгодишна наставна дејност и неговото професионално ЦВ, на наговиот сајт луѓето можат да се запознаат и со неговите главни стручно-научни трудови, архитектонски проекти и урбанистички планови и реализации, за методологијата за реставрација и ревитализација на градителското наследство... Исто така, на веб страницата се објавени и наслови и содржини од неговата публицистичка дејност, а заинтересираните наведените книги можат да ги набават по дадените упатства.

Дејан БУѓеваЦ

Page 34: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011334

34

www.biroproekt.com.mkproektproekt

Aрена „Филип Втори“, 3 јули, е местото и датумот кога сите со нетрпение очекуваме во живо да ги чуеме: Space cowboy, Emergency on planet earth, Travelling without moving, Virtual insanity, Cosmic girl, Deeper underground, Love foolosophy… во изведба на „вечното дете” Jay Kay!!!

Во својата кариера, Jamiroquai има издадено седум студиски албуми и продадено повеќе од 25 милиони примероци. Имаат постигнато нешто неверојатно и единствено, сите албуми достигнуваат платинест тираж, а четири од нив биле број еден во Британија, два албуми стигнале до второ место, а последниот албум Rock Dust Light Star, за само неколку месеци веќе е стигнат до седмото место.

Тринаесет номинации на Brit awards, Gramy, десетина награди за најдобар сингл, видео, се само дел од наградите што Jay Kay (вокал), Мatt Johnson (клавијатури), Paul Turner (бас), Derrick McKenzie (тапани), Rob Harris (гитара) и Sola Akingbola (перкусии) ги имаат освоено во својата кариера.Веќе се познати деталите околу влезниците за концертот на Jamiroquai во Скопје, на 3 јули во арената "Филип II"!!!

Веќе се познати деталите околу влезниците за концертот на

Jamiroquai во Скопје, на 3 јули во арената "Филип II"!!! Иако по

објавувањето на концертот се ширеа гласини дека цените ќе

бидат астрономски, Авалон извести дека во договор со менаџментот на

Jamiroquai, цените ги приспособиле на условите во Македонија:

Партер – 1.000 ден. Fan-Pit – 1.500 ден.

Трибини – 1.200 ден. Golden Seats – 1.500 ден.

Ultra Vip – 2.000 ден.Влезниците ќе бидат во

продажба од четврток (02.06.2011) од 10

часот наутро, преку системот на ККЗС во

Македонија и регионот!

Page 35: PORTA3 160

архитектура

`

Page 36: PORTA3 160

36

36 ПОРТА 01 јули 20113

ентериер

Апсолутно бело Потреба за едноставностстрав од експериментирање со бои или мода?

Page 37: PORTA3 160

3

37

01 јули 2011 ПОРТА 37

многумина од нас се вљубуваат на прв поглед во белото. Има многу причини зошто

е тоа така, како на пример: потребата за едноставност или пак, страв од експериментирање со бои. Која и да е причината зошто нашиот денешен објект е во доминација на белото: бели ѕидови, бела кујна, бела трпезариска гарнитура, бели софи, бела маса крај нив, бели завеси... , тоа што е важно е дека таа му обезбедува на објектот една специфична елеганција и ексклузивност. Строгоста која се отсликува во доминацијата на чистите линии при пропорционирањето и дизајнот на мебелот во просторот, е секако добредојдена. Најверојатно дека во овие нешта многу се наоѓа и сопственикот на овој простор, која со својот специфичен само за жените сензибилитет, успеала да го уреди сопствениот простор со помош на стручен совет, на начин кој неа нешто и значи. Најдобро е доколку се тргне од добрата организација на просторот, односно од проектот, па потоа, второстепено да размислуваме за декорација на истиот. Добриот проект овозможил целиот простор на дневната со кујната успешно и функционално да се вклопи: значи кујната, трпезаријата и аголот за конверзација. Дневната е опремена со тросед, двосед и два преубави стола од пионерот на модерната Марсел Броер, изведени во инокс со седишта од крзно. Токму крзното поставено на овие седишта со својот силен контраст (црно-бело) е доминантен детаљ во просторот. Понатаму, на инокс ногарките од столовите се надоврзуваат разни инокс декоративни елементи на мебелот, како на пример ногарките на масата во дневната и некои украсни предмети. Украс на просторот е нашата денешна кујна, која едноставно изгледа светски. Затоа што е технички одлично опремена, функционално решена, и софистицирано дизајнирана. Таа е реализирана со потполно

пополнување на едниот ѕид од просторот, и со слободно поставување на еден остров мултифункционален пулт, кој ја опслужува куќата и семејството во текот на 24 часа. Елементите крај ѕидот се наполно високи, така што целата содржина на кујната е скриена зад високосјајната бела завршница на високите врати, кои се отвораат со диплење (како книга или кај нас популарно ,,како хармоника“). Сегментот за миење, и тој за готвење се наоѓаат на островот, и се изведени во бела техника и ултра софистициран аспиратор. Сиот мебел на кујната е изведен во медијапан со висок сјај, кој во „Дизајн фантазија“ вешто го изработуваат, бидејќи за таа намена имаат специјализирана комора со натпритисок, и користат репроматеријали од највисок ранг, како и италијански двокомпонентни бои. Резулататот е една површина идеално мазна и многу згодна за користење и одржување. Во овој стан не е посебно решаван преминот од кујна кон дневна или кон трпезарија. Едноставно станува збор за отворен простор оставен на расположба на семејството за секојдневно користење без прегради. Животот во просторите со отворен план каде има минимум прегради помеѓу зоните како тука, драматично ја зголемува перцепцијата на ентериерот. При ваквата постапка важно е да не се занемари приватноста и конзистентноста на другата зона во станот, а тоа е ноќната. Кон ноќната зона се движиме употребувајќи ги внатрешните скали изведени едноставно на централна тетива, но со специјално изработена ограда од инокс. Спалната е решена во доминација на белото, така што делува воздушесто како да си легнувате на ,,облакот на сонот“... едниот нејзин ѕид е наполно искористен за сместување на американски ормани со лизгачки врати од мат алуминиум конструкција и бело стакло како што се бели и сите ѕидови. А кога сме веќе кај белото, и кај чувството

за нежност и чистотија што неизбежно го буди, доволен е еден поглед на креветот и едноставните наткасни. Просторот е ослободен од секој детаљ или декорација, кои би ја нарушиле хармонијата на безбојноста и проѕирноста. Затоа делува топло и романтично. Интересни се двете бањи, едната долу во просторот што е решена во комбинација на мозаик црносјајни плочки, и таа горе која е толку класична, романтична и женствена, што ве остава без здив. Да го поставите комфорот и удобноста на врвот од листата на приоритетите за вашето домување, не е воопшто едноставно како што навидум се чини. Затоа што денес кога говориме за комфор, мислиме не само на неговата физичка појава, туку на едно многу пошироко скалило сензитивни сензорни задоволства. Бидејќи комфорот е повеќеслоен, тој денес подразбира: конвенционалност, ефикасност, лезет, задоволство, домаќинлук, интимност и приватност, како и најзначајното - искуството. Тешко е да се одреди што е тоа што ќе направи да се чувствувате комфорно во вашиот дом, особено откако можеби знаете што сакате, без да знаете зошто го посакувате. Како што гледате не е едноставно. Луѓето комфорот го препознаваат, кога го доживуваат. При препознавањето, повеќето од сензитивните доживувања се подсвесни - не само физички, туку во голем дел емотивни и интелектуални. Најдобро е да се востанови неговото физичко ниво затоа што е добра база врз која се надоградуваат останатите важни сензитивни појави на комфорот. Како на пример, топлината и светлината. Па подоцна на сцена да стапат мебелот и опремата.

доц. д-р елена НИКоЉСКИ паНевСКИ, дипл.инж.арх.

фото: владимир СеКУЛовСКИ

Во соработка со:

Page 38: PORTA3 160

тренд репорт

Најнови трендови без уникатни парчиња

50. Меѓународен саеМ за Мебел во Милано

како последна, трета категорија од Salone Internaziоnale del Mobile (делот наменет за

изложување на мебел и асесоари во домувањето) е категоријата МОДЕРНА. Изложувањето на мебелот од оваа категорија беше во состав на само еден павилјон, односно две хали. Беа прикажани

најновите трендови, материјали и механизми, а целиот изложен простор се одликуваше исто така, со голема посетеност. Уредувањето на штандовите (кои претставуваа дневни соби, спални соби, трпезарии, детски соби... ) беше обележано со модерен пристап, но она што е различно во однос на претходната

категорија Дизајн, е тоа што тука ги немаше оние невообичаени и уникатни парчиња мебел, кои едноставно нè оставаа без здив. Како што споменавме и минатиот број, се употребува белата или капучино бојата во комбинација со јаките бои: црвена, зелена, жолта и сина. Мебелот е изработен од

медијапан, со висок сјај или матиран. Воедно беа застапени и дрвените дезени во комбинација со еднобојни материјали. Механизмот на отворање речиси кај сите елементи беше на допир, а при нивното отворање не ретко се забележуваа лед светилки, кои овозможуваа поубава прегледност во самата внатрешност.

(Специјално за Порта3 од Милано)Сандра ДоНЧева, дипл.инж.арх.

ПОРТА 01 јули 2011338

38

Page 39: PORTA3 160

тренд репорт

медијапан, со висок сјај или матиран. Воедно беа застапени и дрвените дезени во комбинација со еднобојни материјали. Механизмот на отворање речиси кај сите елементи беше на допир, а при нивното отворање не ретко се забележуваа лед светилки, кои овозможуваа поубава прегледност во самата внатрешност.

во наредниот број ќе ја претставиме категоријата Salone Satellite (делот наменет за изложување на парчиња мебел од млади дизајнери), како и категоријата Salone Ufficio (канцелариски мебел).

01 јули 2011 ПОРТА3 39

39

Page 40: PORTA3 160

наука

Карактеристично за италијанската архитектура е тоа што личниот творечки

придонес на домашните архитекти е поголем од странските влијанија. Сепак, од големо значење се увезените архитектонски облици и начинот на мислење. Големо влијание меѓу двете војни има фашистичкото движење Новеченто Италијано, кое се стреми кон реформа на тогашната архитектура, заснована врз класицизмот, при што извесна улога имаат кубизмот и футуризмот. 1927 година има посебна важност за италијанската архитектура, бидејќи тогаш младите образовани архитекти се свртуваат кон творештвото на големите мајстори на модерната: Ле Корбизје, Мис ван дер Рое и Валтер Гропиус. Значаен поттик за развојот на архитектурата во 1926 година претставува формирањето на Групата 7, по чија иницијатива е основано италијанското Движење за рационална архитектура. Набрзо

потоа, доаѓа до голема мешаница, бидејќи и двете движења (римско-античкото и рационалистичкото) се изјаснуваат за фашизмот. Џузепе Терањи (1904-1941) придонесува за ослободувањето на италијанската архитектура од провинцискиот неокласицизам и еклектицизам и за нејзино приклучување кон модерните европски движења. Како член на Движењето за рационална архитектура и на Групата 7, преку своите дела тој го обновува чувството за волумен и за пластични вредности, наспроти рамната површина на т.н. интернационален стил. Станбениот објект Новекомум во Комо (1927-29), со своите строги пропорции, Терањи го создава како типичен пример на Новеченто Италијано. Сепак, Каза дел Фашо (Народен дом) во Комо (1928-36) претставува најчист и најинтересен објект, обликуван во согласност со естетските сфаќања на Новеченто Италијано. Објектот наликува на монолитен кубус, во кој постои драматична борба на полното и празното, на светлоста и сенката. Оваа строга архитектура нема динамика ниту какви било орнаменти. Кај детската градинка во Комо (1937), се прифатени поставките на европ-скиот функционализам и се напушта шемата на Новеченто Италијано. Всушност, овој објект претставува најелегантно и најчисто дело на Џузепе Терањи.

италија (1)Михаил тоКарев: 100 години Модерна архитеКтура (112)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

Џ. Терањи. Станбениот објект Новекомум, Комо

Џ. Терањи. Каза дел Фашо. Комо. Основа и изглед

Џ. Терањи. Детската градинка, Комо. Изглед и атриум

ПОРТА 17 јуни 2011340

40

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

Page 41: PORTA3 160

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

Page 42: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011342

42

урбанизам

Б

Page 43: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 43

43

Б

спортски храмовиолиМписКи стадион - баКу, азербејџан

ФаКТИ за „ОЛИМПИСКИ СТАДИОН“ - Баку, АзербејџанСедишта: 65.000период на градба: 2011 - 2015површина: 32 хектариСоставни објекти: базен, хотел, административен центарИнвеститор: SOCARИзведувач: TOCA

новиот „џин“ од просторот на евроазијаКвалитетот на фудбалот во

Азербејџан од година в година оди нагоре, а државата

сè повеќе и повеќе наоѓа начини како да вложи дополнителни средства за подобрување на условите, во кои работат тамошните фудбалери и стручњаци. Еден од проектите на кој можат да му позавидат и високо развиените и моќни европски држави, е и изградбата на новиот Национален стадион во Баку, чие комплетирање се очекува во 2015 година. Олимпискиот стадион во Баку ќе биде со капацитет од 65.000 места, а тоа е потврда дека се гради здание кое ќе им конкурира на најголемите европски фудбалски стадиони.Најмоќната компанија во оваа поранешна Советска република, државната нафтена компанија SOCAR, е комплетен инвеститор

(спонзор) на државниот проект, зад кои стојат и Фудбалската федерација на Азербејџан и градот Баку. Сепак, парите за изградба на овој Олимписки стадион ги дава SOCAR, заедно со Владата на земјата. Тендерот за изградба на стадионот беше распишан минатата година во јануари, а кон летото почнаа и првите градежни работи во месноста Бојук Шор, на чија почва ќе се издигне новиот „спортски убавец“. Сепак, официјално, изградбата на стадионот во Баку започна пред неколку недели, поточно на 6 јуни оваа година, кога претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, со преставници на ФИФА и УЕФА учествуваа на церемонијата на отпочнување на изградбата на Арената. Проектот за Олимпискиот стадион

во Баку е потпишан од турската компанија TOCA. Стадионот ќе се протега на површина од 32 хектари, а ќе има покриена површина од 300.000 м². Компанијата TACA ќе ја има и контролата на градежните работи. Претставниците на оваа компанија се пофалија дека ова за нив е револуционерен потег, затоа што никогаш порано не работеле на стадион со толкав капацитет кој ќе биде лидер во регионот.Самото име Олимписки стадион, укажува на тоа дека стадионот ќе ги има сите потребни услови и за одржување на фудбалски и атлетски натпревари. Покрај големата зафатнина, во рамките на поттрибинскиот простор ќе има можност за оформување на големи административни капацитети. Планот на Владата на оваа земја и на инвеститорите, е стадионот да се искористи како еден вид трговски

центар, во кој ќе бидат сместени луксузни продавници, а истиот да живее 365 дена во годината. Покрај спортската намена, тој треба да прерасне и во вистински шопинг центар, но и простор во кој треба да се преселат повеќе администрации. Олимпискиот стадион во Баку ќе има 18 влеза, ќе биде изграден во модерен стил, и ќе ги исполнува ФИФА и УЕФА стандардите. На двете странични трибини зад головите ќе бидат монтирани видео-бимови, а целиот стадион ќе биде покриен со видео-обезбедување. Во состав на стадионот ќе се гради и голем паркинг со капацитет од 3.617 места за автомобили, голем базен на површина од 13.847 м², како и луксузен хотел со 5 ѕвезди. Зелениот појас околу стадионот ќе биде на површина од 81.574 м².

Сашо КУЗМаНовСКИ

Page 44: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011344

44

технологии

Финансиската катаклизма се чини е избегната. Грчкиот парламент изгласа доверба за новиот кабинет на премиерот Папандреу. И додека цел свет ја следеше седницата на грчкиот парламент во живо преку светските агенции, уште еднаш се покажа дека човекот нема верба во својата креација--информатичката технологија (ИТ). Додека технологијата ни овозможува пренос во живо насекаде на планетава, грчките пратеници ја понижија технологијата со тоа што гласаа јавно еден по еден, а двајцата најекспонирани во преносот беа

всушност лицата од техничка служба, кои на тефтер со пенкало ставаа „1“ за секој глас „За“. Откако гласањете заврши, целосен молк завладеа во парламентот, додека двајцата експонирани ги собираа единиците. Потоа ги споредија резултатите за финална проверка, и откако се покажа процесот успешен, спикерот ги објави резултатите. Заклучок: што и да правиме сè се сведува на бинарните „0“ и „1“, ставени во процес со контролен механизам. И да почнеме од почеток, се чини сè ќе биде исто.

На 21 мај 2011 година, крајот на

светот по Харолд Кампинг дојде и помина. Следниот е оној на Маите во 2012 година. Искрено верувам дека роботите ќе не истребат, и тоа ќе биде нашиот крај на светот. Впрочем, гледајте ги „Терминатор“ и „Одисеја 2001“. Кога хардверот и софтверот ќе се здружат, тешко дека некој ќе не спаси. Мој колега архитект вели: „Се плашам дека ќе дојде денот кога компјутерите сами ќе можат да проектираат. И наместо да седам на бирото со нозете кренати на маса и со коктел во рака додека компјутерот ја врши мојата работа, јас ќе бидам еден од многуте чекајќи ред пред Агенцијата за вработување“.

Иако се очекуваше дека ИТ ќе биде ничкосана со крахот на Јапонија во неодамнешната нуклеарно-земјотресно-цунамична катастрофа, сепак се покажа дека не е така. Цените останаа исти, понудата остана недопрена, односно богата како и секогаш. Светот продолжува понатаму со своите хедонистички ИТ потреби.

Дека ТВ и печатените медиуми се „аут“, а социјалните мрежи „ин“, покажа и последниот случај со младиот Нешковски. Без да навлегувам во случајот, ќе го разгледам единствено делот во сферата на ИТ. Прво, младите

наместо твитови...Мој колега архитект вели: „Се плашам дека ќе дојде денот кога компјутерите сами ќе можат да проектираат. И наместо да седам на бирото со нозете...

Page 45: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 45

45

технологии

се исклучително ИТ потковани или ако сакате ИТ достапни. Второ, младите повеќе веруваат во web 2.0 сервисите, отколку во официјалните известувања. Трето, младите успешно се носат со брзината на пренос на податоци. За потсетување, социјалните мрежи имаа огромно влијание при соборување на режимот на египетскиот претседател Хоснии Мубарак. Затоа не треба да се занемаруваат.

Во очекување сме на појава на компјутерска бактерија, по можност резистентна на сите антивирус програми. Зошто?

Вирусите се веќе демоде, а како ние луѓето сакаме возбуда, ни треба нешто посилно. Во изминатиов период не тресеше птичји грип, САРС, едно чудо болести, а сега уште и бактерија отпорна на сè. И се чини дека нема да запре тука. Во ИТ светот, хакери украдоа милиони лозинки од Сони Плејстејшн корисниците, го срушија Скајп на неколку пати, Гугл страда во неколку наврати, а меѓу понижените се и банки, владини институции и слично. Експертите велат, се и сешто хара по интернетот. Многу болештини има таму. А апчиња не помагаат.

Излезе новиот Архикад 15. Сите знаеме дека е топ. Претходно излезе цела легија на Аутодескови софтвери. Што е многу, многу е. Темпото на објавување на нови верзии на софтверите на годишно ниво е исцрпувачко и за самите корисници. Возбудливо дефинитивно, но и исцрпувачко.

Најавен е Windows 8. Зарем е можно Microsoft да направи нешто дури и пред истек на неофицијалните рокови за објавување. ИТ заедницата памти: Vista беше дебакл поради неколкугодишното развлекување на официјалното пуштање во

продажба. Windows 7 нешто спаси, но сите чувствуваме дека за периодот од Windows XP до Windows 7, имаше простор да се направи нешто драстично добро. Дали е тоа Windows 8?

Некако сите телефони станаа смарт. Имаат екран на допир или тастатура. Читаат меилови и офис документи. Го користат интернетот непречено. Имаат хардвер небаре се компјутери. Фотографираат како компактните дигиталци. Ни фали категорија на телефони кои ќе отскокнуваат. Дали оваа индустрија е во креативна криза?

Трајче СТоЈаНов, дипл.инж.арх.

...кренати на маса и со коктел во рака додека компјутерот ја врши мојата работа, јас ќе бидам еден од многуте чекајќи ред пред Агенцијата за вработување“.

Page 46: PORTA3 160

експерт

ПОРТА 01 јули 2011346

46

во минатиот број беа разгледани некои од можностите за стручно усовршување

во доменот на архитектурата и изградената средина преку образование на далечина, при што беа посочени одредени примери за тоа кои програми

постојат во рамките на одредени високообразовни институции во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.Со оглед на тоа што образованието на далечина станува се поприсутно на глобално ниво, пожелно е заинтересираните лица подетално

да се запознаат не само со институцијата во која би сакале стручно да се усовршуваат туку и со програмата што би сакале да ја посетуваат. Ова е од исклучително значење не само за оние што сакаат новостекнатото знаење и квалификациите да ги користат за

професионално надградување и напредување, туку и за сите оние што сакаат да го избегнат плаќањето на значителни финансиски средства за стекнување на сомнителни квалификации издадени од таканаречените „мелници на дипломи“ (diploma mills).

Aлтернативни Можности за стручно усоврШување

Да се избере институција која е помеѓу првите 500 рангирани универзитети во светот

Магистратура по архитектура од

акредитиран универзитет во Велика Британија е

валидна за да се запишете на докторски студии,

но не секогаш е валидна за да се регистрирате како архитект во Комората на архитекти

(Специјално за Порта3 од Велика Британија) д-р владимир Б. ЛаДИНСКИ, дипл.инж.арх.

Page 47: PORTA3 160

експерт

01 јули 2011 ПОРТА3 47

47

На пример, во одредени правни подрачја постои можност кој било да регистрира фирма во чие име е содржан зборот „универзитет“ или „колеџ“, без истата да е призната од страна на институцијата задолжена за регулирање на образованието во истото правно подрачје. Квалификациите стекнати од вакви институции не само што се академски и професионално безвредни туку може и да го дискредитираат лицето што ги декларира истите. Ваквите „универзитети“ и „колеџи“ честопати нудат квалификации базирани на евалуација на претходното животно или професионално искуство на кандидатот преку анализа на биографијата на кандидатот при што лицето може да се „стекне“ со титула бечелор, магистер или доктор. Според промотивните материјали ваквите „дипломи“ се издаваат во рок од неколку недели, а на кандидатите им се нуди попуст доколку се решат да се пријават за повеќе „квалификации“ истовремено.

аКредитацииГоренаведениот пример не треба да ги обесхрабри оние што сакaат да се стекнат со валидни квалификации врз основа на претхдоно образование или искуство, со оглед на тоа што процесот на „Акредитација на претходното образование“ (Accreditation of Prior Learning – APL) е широкопризнат пристап кој може да биде базиран на „Акредитација на претходното сертифицирано образование“ (Accreditation of Prior Certified Learning – APCL) или пак на „Акредитација на претходното искуствено образование“ (Accreditation of Prior Experiential Learning – APEL). Во првиот случај станува збор за консолидација на стекнати кредити од разни образовни институции во квалификација, а во вториот за своевидна верификација на стекантото искуство во одредената област преку издавањето на академски кредити за ова претходно искуство. На пример, голем број универзитети и колеџи во Велика Британија овозможуваат „Акредитација на претходното образование“, но вообичаено за квалификација бечелор или магистер најмногу 2/3 од академските кредити потребни

за стекнувањето на истата можат да се стекнат на овој начин, додека преостанатата потребна 1/3 од академски кредити може да се стекне исклучиво преку дополнителни студии на дадената институција. Ова може да биде добра можност за оние што сакаат да се стекнат со квалификација базирана на делумно завршени претходни студии, претходно стекнати кредити од повеќе различни институции, или пак претходно искуство во струката.

ранг листиВеројатно добар начин да се избере институција во која дополнително би се образувале на далечина, е да се избере онаа што е помеѓу првите 500 рангирани универзитети во светот според една од трите меѓународно признати ранг листи, и тоа на:

• „Институт за високо образование при Шангајскиот џио Тонг Универзитет“, Кина (Institute of Higher Education of Shanghai Jiao Tong University, China) пристапна на: http://www.arwu.org/index.jsp• „Ју Ес њус анд ворлд репорт - ворлд јуниверсити ранкинг“ (US News and World Report - World University Ranking) пристапна на: http://www.usnews.com/education/worlds-best-universities• „Тајмс хајер едјукејшенал саплемент - ворлд јуниверсити ранкинг“ (The Times Higher Education Supplement - World University Ranking) пристапна на: http://www.timeshighereducation.co.uk/world-university-rankings/

Предноста на ваквиот избор е тоа што институциите што се наоѓаат на овие листи се најдобрите во светот, и веројатно би било наједноставно да се стекне признавање на квалификациите стекнати од овие универзитети во Република Македонија, бидејќи Министерството за образование и наука има поедноставна постапка за признавање на квалификации стекнати на еден од првите 500 универзитети во светот, според која било од трите горенаведени ранг листи. (http://www.mon.gov.mk).Со оглед на тоа што има многу повеќе високообразовни институции во светот, и не секогаш може да се најде соодветна програма за образование на далечина

помеѓу првите 500 универзитети, понатамошниот избор би требало да се направи врз основа на тоа дали институцијата е акредитирана во земјата во која е лоцирана и делува. Во оваа насока веројатно е добро да се провери дали универзитетот се наоѓа на листата на високообразовни институции на УНЕСКО (http://www.unesco.org/new/en/education/) или пак на „Меѓународната асоцијација на универзитети“ (International Association of Universities) (http://www.iau-aiu.net/index.html).

лажни листиАлтернативно, културниот центар или амбасадата на земјата во која се наоѓа универзитетот треба да посочи каде може да се провери дали институцијата е акредитирана во земјата во која е регистрирана или не. Во оваа смисла, вредно е да се напомене дека постојат и листи на наводно лажни високообразовни институции кои можат да бидат изготвени од страна на разни владини, невладини, профитни или непрофитни организации (http://www.transcriptresearch.com/bogus.pdf) или пак онаа достпана на „Вики“ (http://uk.ask.com/wiki/List_of_unaccredited_institutions_of_higher_education).Исто така е важно да се утврди дали во земјата во која е регистрирана институцијата, постои едно или повеќе организации задолжени за акредитација на образовните инстуции. Се разбира, во земјите во која постои само една организација проверката е многу поедноставна, во однос на земјите каде што постојат повеќе организации, а тогаш треба да се внимава и на тоа од која организација е акредитирана институцијата. Веројатно, добар начин да се „тестира“ акредитацијата е да се види преку која организација се акредитирани универзитетите што се наоѓаат на првите 500 места, според меѓународно признатите ранг листи.

КоМора на архитеКтиВо одредени земји, како на пример оние од англиското говорно подрачје, постои поделба на квалификациите на пример на академски, професионални и стручни, при што посебни акредитации постојат за секој вид. На пример, магистратура по архитектура од акредитиран

универзитет во Велика Британија е валидна за да се запишете на докторски студии, но не секогаш валидна за да се регистрирате како архитект во Комората на архитекти. Во ваквите случаи, програмата на магистерските студии треба да е или акредитирана, или пак валидирана од страна на Комората. Во спротивно, кандидатот треба индивидуално да полага нострификационен испит пред Комората. Значи, ако сакате да се стекнете и со академски и со професионално призната квалификација во овие земји, институцијата ќе треба да биде акредитирана и од академското и од професионалното акредитационо тело, или пак самата наставна програма да биде признаена од Комората.Во принцип, со акредитација се дава право на акредитираната институција да издава дипломи, додека со валидноста се признаваат само одредени студиски програми. Она што е веројатно пожелно да се знае, е дека одредени непрофитни добротворни образовни институции, како и комерцијални образовни институции, може да нудат квалификации кои се вреднувани и признаени од други универзитети, со оглед на тоа што самите како организации немаат право да издаваат сопствени додипломски и/или постдипломски квалификации. Така на пример, најпрестижната приватна архитектонска високообразовна организација во Белика Британија „Архитектурал асосиејшен скул оф архитекчер“ (Architectural Association School of Architecture) издава свои дипломи за додипломските студии, при што професионалните квалификации се валидни од страна на Комората на архитекти (Architects Registration Board), додека постдипломските квалификации се валидни од страна на „Опен јуниверзити“ (Open University), веројатно најпрестижниот универзитет за образование на далечина во Велика Британија.Сложеноста на процесот за најсоодветниот избор на институција во која може да се образува на далечина, не би требало да го намали ентузијазмот на оние што навистина сакаат понатамошно да се усовршуваат и дообразуваат.

Page 48: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011348

48

еко инфо

Каиро

во рок од 5 години европа ќе увезува струја од сахара"Во рок од 5 години Европа ќе почне да увезува струја произведена во фотоволтаичните системи во Северна Африка", изјави ЕУ повереникот за енергија Етингер, притоа дообјаснувајќи дека се работи за проекти кои „тежат“ неколку стотини мегавати. ЕУ ги поддржува проектите за инсталирање на фотоволтаични системи во Сахара, со цел да ја исполни обврската за обезбедување 20% од енергијата од обновливи извори до 2020 година. Кога ќе стартува мегапроектот Десертец, Африка би имала на располагање неколку илјади мегавати соларна енергија во наредните 20 до 40 години, кои би биле од огромно значење за Европа.

(Reuters)

стразбур

интегрирање на енергетскиот пазар во европската унија„Заедничкиот пазар на енергија ќе биде наредниот чекор во интеграцијата на 27-те земји членки на ЕУ“, истакна претседателот на европскиот парламент Јержи Бузек. Европската Унија се стреми кон единствен пазар на енергија, со цел да им се овозможи на компаниите полесен пристап до дистрибутивните мрежи за електрична енергија и гас, надевајќи се дека конкуренцијата ќе ги намали цените. Се повеќе политичари се убедени дека наредното поглавје во ЕУ интеграциите е неминовно поврзано со развивање на единствена политика за Европската енергетска заедница. Заедничкото користење на ресурсите и здруженото набавување на енергенси од трети земји, секако ќе ја подобри сигурноста во снабдувањето дури и во кризни ситуации.

(Reuters)

брисел

авион на соларен погон - остварување на европскиот сонПрвиот авион на соларен погон, по својот прв меѓународен лет беше изложен по повод Зелената недела во Брисел на 24 мај, најголемата конференција за животна средина во ЕУ. По претставувањето во Брисел, а потоа и во Париз, авионот наречен Соларен импулс ќе се подготвува за лет преку Атлантикот, а потоа и околу светот. Со распон на крилата како кај патнички авион од средна големина и тежина колку еден патнички автомобил, Соларниот импулс е најголемиот авион од овој тип кој е некогаш направен. Авионот не е замислен како прототип на патнички авион. Леталото е резултат на седумгодишна истражувачка работа, и достигнува височина од 3.600 метри, на која може да апсорбира оптимална количина сончева енергија. Соларните ќелии, вградени во крилата изработени од јаглеродни влакна, снабдуваат со енергија четири електрични мотори како и батерии од литиумски полимер, со што е можно и ноќно летање.

(energitika.ba)

Page 49: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 49

49

еко инфо

подготви: Даниела МЛаДеНовСКа

париз

рено инсталира соларни постројки во своите капацитетиСо цел да го намалат сопствениот карбон фоотпринт и да ја подигнат јавната свест дека се залагаат и на друг начин за заштита на животната средина, освен преку производството на електрични возила, францускиот автомобилски гигант одлучи да инсталира соларни панели во вредност од 60MW, на повеќе локации во Франција. Бидејќи електричните возила имаат ефикасност од 80% (бензиските само 20-25%), истите продуцираат 90% помалку стакленички гасови. Со придонесот за производство и на електричната енергија од обновлив извор со нула емисија на стакленички гасови, Рено ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 30.000 тони годишно. Се работи за најголем проект од ваков тип кај автомобилската индустрија.

(Green Optimistic)

аМстердаМ

раст на „зелените“ технологии во КинаЗастапеноста на „зелените“ технологии во Кина во рок од една година забележа пораст за 77%. Ова е презентирано од страна на Светскиот фонд за природата, на конференцијата за индустрија одржана на 9 мај годинава во Амстердам. До неодамна масовното производство на соларни колектори во Кина беше наменето за странскиот пазар. Но, сега фокусот е преместен на домашниот пазар, со што Кина се најде на второто место во светот по застапеноста на обновливите извори на енергија. На топ листата на петте најголеми светски производители на „чиста“ енергија се наоѓаат уште и Данска, Германија, Бразил и Литванија.

(energetika.ba)

париз

рекордни вредности на емисијата на Cо2 Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објави дека емисијата на стакленички гасови во атмосферата забележала рекорден пораст во 2010 година. Ова шокантно сознание укажува на фактот дека зацртаната цел за намалување на температурата за 20°C, во функција на намалување на климатските промени , ќе остане само „убава утопија“. Емисијата на јаглероден диоксид од енергетскиот сектор во 2010 постигнала највисоки вредности во историјата.

(energetika.net)

Page 50: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011350

50

екологија

ново истражување фокусирано на областа околу градот Хјустон во САД покажува дека забрзаниот урбан

развој ја менува микроклимата во градовите, и овозможува загадувачките материи полесно да се акумулираат во воздухот во текот на топлото лето, наместо да бидат однесени од ветерот. Научниот труд на Националниот центар за атмосферски истражувања (NCAR) само ги потврдува долгогодишните тврдења на екологистите дека големите површини под асфалт и плочки во градовите, значително ја зголемуваат температурата на воздухот и се причина за појава на застоен воздух. Новото истражување сега може да се примени и кај

други градови кои имаат големи поплочени или асфалтирани површини и да се вклучи во плановите на урбанистите кога му даваат содржина на просторот. Како што пренесува магазинот ScienceDaily, научниците ги комбинирале измерените атмосферски вредности со компјутерска симулација, за да го испитаат влијанието на плочниците врз ружата на ветрови во Хјустон. Бидејќи асфалтираната или поплочена површина апсорбира топлина, и ја зголемува температурата на воздухот во текот на ноќта, контрастот меѓу температурата на копното и на морето се намалува во текот на летото. Овој ефект, покажало истражувањето, предизвикува

намалување на ветровите што дуваат во текот на ноќта. Дополнително влијание тука имаат и високите згради, кои влијаат врз локалните ветрови и придонесуваат воздухот да застои во текот на попладневните часови во урбаните средини. Ако градот Хјустон продолжи да се проширува уште повеќе ќе ги намали ветровите што дуваат во текот на летото, а тоа ќе го влоши загадувањето на воздухот. Ова истражување ќе им помогне на метеоролозите да ги подобрат прогнозите на времето на пократок рок. Новиот пристап може да го земат предвид и урбанистите кога размислуваат за прочистување на загадениот воздух - ја пренесува ScienceDaily изјавата на Феи Чен, авторот на студијата од NCAR.

Новата студија ќе биде објавена во најновиот број на магазинот Journal of Geophysical Research-Atmospheres.

дајте повеќе парКови и езераХјустон е познат по миксот од петрохемиски фабрики, бројни предградија и метеж во сообраќајот што се манифестира со километарски колони возила. Во градот редовно се мерат многу високи вредности на озон во воздухот и други загадувачки материи. Државни претставници со години работат на регулирање на емисиите на загадувачките материи од фабриките и од возилата за да се подобри квалитетот на воздухот. Ако се направи градот позелен и се

голеМите поврШини под асфалт причина за застоен воздух

Урбаниот развој ја менува климата во градовите

Page 51: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 51

51

екологија

оформат повеќе езера или водни површини, загадувањето на воздухот ќе се намали дури и ако штетните емисии останат исти. Ноќната температура во градот ќе се намали, а ветровите ќе се засилат, и ќе ги оддуваат загадувачките материи кон Мексиканскиот Залив - вели Феи Чен. Мора да се нагласи дека големо влијание врз локалните временски шеми во градовите со големи површини под асфалт и плочници има и топографијата на теренот, па секој град ќе има отстапувања во примената на оваа теорија во зависност од теренот на кој е распослан. За студијата што се однесува на Хјустон, Чен и неговите колеги се фокусирале на деветдневен

невообичаено топол период, без ветер и големо аерозагадување во областа Хјустон - Галвестон во август 2000 година, а кое претходно било покриено со точни метеоролошки податоци. Чен и неговите колеги се фокусирале на ветровите, што се придвижуваат како резултат на температурните разлики меѓу копното и морето. Ако Хјустон е покриен со земјоделско земјиште и со житни култури наместо со асфалт, како во една од компјутерските симулации што биле употребени во истражувањето, тогаш воздухот на копното би се загревал побрзо од морскиот воздухот во текот на летото, и би предизвикал морско ветре што во попладневните часови би дувало на брегот. И

обратно, како што воздухот на копното би станувал поладен во текот на ноќта, тогаш ветре би дувало од копното кон морето, и би го однело загадувањето. Како контраст на оваа ситуација, постојните поплочени и асфалтирани површини во Хјустон апсорбираат поголемо количество топлина во текот на денот, и се потопли во текот на ноќта. Ова предизвикува стагнација на воздухот од три причини:

- во текот на ноќта, температурата на воздухот во градот е слична со онаа над морето. Недостигот од остра температурна разлика ги намалува ветровите;- во текот на денот, топлите урбани делови под асфалт го привлекуваат

воздухот од морето. Но, овој воздух е спречен од воспоставената ружа на ветрови кои дуваат кон водата и предизвикуваат многу мало движење во атмосферата над градот;- високите згради ги менуваат шемите на ветрови многу повеќе, отколку рамните површини под житни култури или ливади. ова уште повеќе го намалува ветерот.

Како надополнување, студијата посочува дека сушата го влошува аерозагадувањето. Сувата почва се загрева многу побрзо отколку влажната почва, го намалува контрастот меѓу земјата и водата, и ја намалува појавата на ветер во текот на ноќта.

Сашо КУЗМаНовСКИ

голеМите поврШини под асфалт причина за застоен воздух

Page 52: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011352

52

екологија

водата е живот, водата е здравје. Но, само доколку ја имаме!Полека, но сигурно, количините на вода за

пиење во светот се намалуваат. Нормално, главен виновник за целата оваа ситуација е факторот наречен - човек. Квалитетот на водата за пиење отсекогаш претставувал одлучувачки фактор во животот на луѓето. Без разлика од каков тип е загадувањето на водата, ќе се појават негативни последици и по здравјето на луѓето, а и на другите живи организми. За да се заштиме самите себе и другите живи организми, кои живеат заедно со нас во одреден екосистем, треба

да размислуваме за порационално искористување на водните ресурси, и воедно да ја намалиме количината на вода која ја користиме за секојдневните потреби. Водните ресурси на Земјата се обновуваат преку нивно постојано кружење. Проценето е дека вкупната количина вода на Земјата изнесува 1,386 x 109 km3. Од оваа количина 97,5% претставуваат океаните и морињата, а 2,5% слатките води. Од расположливата количина на слатки води 1,74% е замрзната, а другите 0,76% ги претставуваат сите протечни и непротечни слатки води, од кои само мал дел е економски и еколошки прифатлив за употреба. Додека водата кружи во

природата, таа го менува својот состав. Односот помеѓу водата и човековите активности е пресуден елемент, при што водата може да се карактеризира како основен елемент на социо-економскиот развој на секоја човекова заедница. Нормално, колку водата е позагадена, економијата на заедницата ќе тоне, од причина што ќе треба да се применуваат методи и процеси, средства за пречистување на загадените води кои се доста скапи, или пак да се избегнат методите на пречистување на водите, и цената да ја платат сите живи организми со живот. Потребно е правовремено спречување на загадувањето преку воведување на

процеси на почисто производство, или пак доколку тоа не е можно кај одредени процеси, да се изградат современи станици за пречистување на отпадни води, со што истите би влегле во средината како води со поволни физички и хемиски својства.

КаКва е ситуацијата во МаКедонија?Околу 2% од територијата на Македонија е под водна површина. Имаме околу 35 реки и над 50 природни и вештачки езера. Нашата земја, според количините на водните ресурси, спаѓа во типот на региони кои се карактеризираат како „подрачја со задоволителни водни ресурси“, иако тие се

да ја зачуваме водата во македонија!

Page 53: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 53

53

екологија

нерамномерно распоредени. За разлика од светот, во Македонија има доволни количества вода кои зависат од самите нас. Ситуацијата со водата за пиење (количински гледано) во нашата земја е на високо ниво, и за да остане така, мора да почнеме да се грижиме малку повеќе во поглед на нејзиното искористување. Доколку го разгледаме фактот што секој шести човек на нашата планета нема достапност до вода за пиење, и истовремено го разгледаме и фактот што ние Македонците се расфрламе со вода за пиење, повеќе од јасно е дека е време за промени. Промени кои ќе ни ја осигураат иднината. Македонија

е земја во развој, земја која има огромни количини на вода за пиење, земја која мора да размислува на одржлив начин во поглед на искористувањето на водите. Според некои црни пресметки од страна на светски реномирани експерти, до 2025 година половина од светската популација ќе остане без вода за пиење, теорија која треба да нè натера што побрзо да се освестиме. Исто така, се нагласува дека посебно во земјите во развој ситуацијата може да стане алармантна, нормално поради фактот што истите не знаат како да се справат со достапните количества на вода за пиење.Ова последново важи и за нашата

држава, нешто кое бара преземање на одредени мерки и активности.

Што треба да се направи?Треба да постои една основна класификација, која јасно ќе ни покаже (на сите нас) како правилно да ја употребуваме достапната вода. Секој тип на вода треба да има посебна намена. На пример, водата за пиење да се користи само за пиење и бањање, додека „техничката“ вода да се користи за миење садови, полевање цвеќиња, вода во тоалетите, во пералните... , а веќе загадената вода во зависност од степенот и типот на загадување соодветно да се третира, и потоа да се врати во првобитниот нејзин тек.

Исто така, треба да се посвети посебно внимание на прекумерното трошење на водата од страна на нас, луѓето. Сè на се, потребна е промена во поглед на нашите навики. Само на овој начин можеме да се надеваме на светла иднина, гледано од секој можен аспект. Водата претставува ресурс од витално значење за сите живи организми, нешто без кое не можеме да ги замислиме нашите животи. Нешто за кое вреди да се погрижиме, сите заедно.

Никола НеШКоСКИ, дипл.инж.на жив.средина

/еко-менаџер

да ја зачуваме водата во македонија!

Нашата земја, според количините на водните ресурси, спаѓа во типот на

региони кои се карактеризираат како „подрачја со задоволителни водни

ресурси“, иако тие се нерамномерно распоредени. За разлика од светот,

во Македонија има доволни количества вода, кои

зависат исклучиво од нас.

Page 54: PORTA3 160

54

54 ПОРТА 17 јуни 2011ПОРТА 3

хортикултура

Живите огради најчесто се

подигаат од дрвја и грмушки

во еден или повеќе редови.

Според висината, тие можат да се

поделат на ниски (до 0,5 м), средни

(0,5 до 2м) и високи

(повисоки од 2м). Во пракса, најчесто се

подигаат средните живи огради, додека

ниските најчесто служат како

прегради или бордури при зонирање на

градината.

во моментот кога треба да се огради просторот на градината, најпрво

што треба да размислиме е тоа каков материјал за ограда ќе одбереме. Оградата што ќе ја подигнеме може да биде жива ограда (од растителност) и ограда од градежни материјали (метал, камен, обработено дрво, пластика). Многумина сметаат дека доколку постават ограда од градежни материјали во голема мера би си ги намалиле обврските кон одржувањето. Во пракса тоа е така, но крајниот резултат и ефектот што може да се постигне со живите огради е неспоредлив. Живата ограда претставува составен дел на градината, која при проектирањето треба да задоволи две функции:

естетска и заштитна. Како ќе биде оформена живата ограда зависи од стилот на градината. Кастрењето и шишањето на оградата овозможуваат нејзино обликување. Според тоа, за подигање на живи огради се употребуваат исклучиво видови кои добро го поднесуваат кастрењето. Покрај тоа што со својата декоративност го разубавува пејзажот, живата ограда извршува и многубројни практични фунции. Таа претставува одличен ветробран, кој делумно го пропушта воздушното струење, во голема мера ја спречува бучавата, а исто така служи и како заштита од прав. До која мера ќе биде пропустлива кон овие несакани појави, зависи од видот на растението од кој е подигната,

како и од годишното време (зависно дали е подигната од листопадни или зимзелени видови). Друга функција која ја извршува, во зависност од нејзината височина, е тоа што ги спречува љубопитните погледи. Во Македонија видови кои најчесто се употребуваат за подигање на живи огради се традиционалната „жива ограда“ - Ligustrum ovalifolium, како и голем број на видови од родот туја - Thyja. Кога станува збор за видовите од родот туја што се поприлично евтини и лесни за одржување, сметам дека истите не треба да бидат употребувани во толкава мера. Со ова не мислам дека тие не се декоративни, бидејќи секое растение само по себе плени со специфична

жива ограда

Page 55: PORTA3 160

17 јуни 2011 ПОРТА3 55

55

хортикултура

убавина за својот вид, туку дека од нивната зачестеност нашиот регион е презаситен. Живите огради најчесто се подигаат од дрвја и грмушки во еден или повеќе редови. Според висината, тие можат да се поделат на: ниски (до 0,5м), средни (0,5 до 2м) и високи (повисоки од 2м). Во пракса најчесто се подигаат средните живи огради, додека ниските најчесто служат како прегради или бордури при зонирање на градината. Кога сакаме да подигнеме висока ограда за пократок временски период треба да избереме некој брзорастежен вид. Cupressocyparis leylandii претставува идеален вид за таа намена. Станува збор за иглолисен вид кој расте многу брзо и може да порасне и до 50 см во текот на една сезона. Кога имаме посушни услови се користат видови со помали барања во однос на влагата како што е Аризонскиот чемпрес - Cupressus Arizonica, кој исто како и Cupressocyparis leylandi претставува брзорастежен зимзелен вид. За оние што немаат доволно време да посветат за кастрење на живата ограда, се препорачува да подигнат жива ограда од спорорастежни видови. За оваа намена најпогодна е тисата - Taxus Baccata. Погодни видови за подигање на високи огради се и Carpinus betulus и Libocedrus decurrens. За ограда

со средна височина најдобро е да се користат Ligustrum japonicum “texanum”, Lonicera pileata, Lonicera nitida, Prunus laurocerasus, Photinia fraseri, Nandina domestica. Prunus laurocerasus е широколисен зимзелен вид. Поради големината на своите листови, најдобро е да му се поткаструваат само гранчињата што штрчат со ножици, а не со моторни пили за да не дојде до пресекување на лисјата, со што оградата би изгубила на убавина. Фотинијата е многу ценет вид со чудесен колорит.

За разлика од повеќето видови кај кои лисјата поцрвенуваат во текот на есента, кај фотинијата тоа се случува пред пролетта. Кога сакаме да подигнеме жива ограда која би ја ограничила достапноста кон дворот, тогаш употребуваме видови како Gleditsia triacanthos, Berberis thunbergii 'atropurpurea', Berberis Julianae, Pyracantha coccinea и многу

други видови кои имаат трње. За ниски огради (бордури) се користат видови како : Rosmarinus officinalis, Lavandula angustifolia, Santolina chamaecyparissus, Euonymus microphylla, Buxus sempervirens. За цветни живи огради се користат Rosa spp. (трендафили), Fuchsia magellanica, Spiraea vanhouttei и други слични видови. Живата ограда може да биде

подигната и од ползечки растенија, но за таа цел потребно е да се направи стабилна конструкција по која би се развивале. За подигање на таков вид ограда се користат видови како : Parthenocissus quinquefolia., Clematis spp., Passiflora spp, Wisteria sinensi, голем број вариетети на видот Hedera helix...

предлог за жива ограда

ESpAliEr техниКаЗборот espalier е француски, а потекнува од италијанскиот splliera, што во буквален превод значи нешто на што можеш да ги потпреш рамењата, да се одмориш. Тоа е хортикултурна и древна земјоделска техника на контролирање на растот на дрвенестите растенија преку кроење и врзување на гранчињата, така што истите растат релативно рамномерно. Овој вид на техника на одгледување на растенијата најчесто се прави на структури како ѕид, ограда или специјално подготвени конструкции. Espalier формиран во рамни дведимензионални форми, покрај декоративното својство има многу практична примена, особено во градини во кои просторот е ограничен.

Филип ФИЛИпоСКИ, дипл.шум.инж.

Page 56: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011356

56

хортикултура

Каменестите градини се едни од поретко подигнуваните зелени површини на територијата

на Република Македонија. Меѓутоа, во светски рамки, овие градини може да се сретнат како камењари и чакалести површини, односно алпинетуми (најчесто со блага падина), камени ѕидови (вертикални), поплочени површини и чакалишта/песочници (хоризонтални површини). Кај алпинетумите и камените ѕидови е особено важно соодветно да се долови природниот амбиент, односно колку што е можно поточно да се отслика планинскиот или полскиот пејзаж. Се разбира, за изборот на тип на каменеста градина, покрај големиот број еколошки фактори во однос на употребата на видовите за озеленување на такви површини, треба да се земе

предвид и големината на дворното место, поточно подигнувањето на каменеста градина да соодветствува на вкупната дворна површина.За сите каменести градини, покрај потребата од одлична дренажа на почвата, особено е важно да се познава екологијата на употребените видови за озеленување, конкретно нивните еколошки особености - директно сончево зрачење, подносливост на засена, тип на коренов систем, влажност во почвата и воздухот, киселост на супстратот, отпорност на аерозагадување и времетраење на мразишта или суша и слично.

алпинетуМОвие каменести градини се првенствено карпести, со помали камени блокови кои треба да асоцираат на типичен планински

предел. Најголемата наука и уметност во создавање на таков тип каменеста градина е доловување на алпскиот пејзаж. Убавината на алпинетумот станува уште поголема, доколку се комбинира со имитација на речен тек. Колку е поголем наклонот, односно создадената падина, што најчесто се прави со подигнување на алпинетумот, толку е и дренажата поголема, но и брзината на течење на водната површина. Тоа буди чувство на свежина, а доколку станува збор за мал пад со заезерување, тогаш со употреба на џуџести дрвја со надвиснати форми - бреза (Betula pendula ‘nana’), врба (Salix babylonica), црница (Morus alba ‘pendula’), албиција (Albizia julibrissin) се постигнува отсликување на околната вегетација во водната површина - ефект на водно огледало.

Наместо вода, имитација на речна површина може да претставува песокот (како во зен градини).Покрај овие мали декоративни дрвни вариетети и форми, може да се засадат и грмушести видови: алпски врби, борот кривуљ (Pinus mugo), тиса (Taxus baccata ‘fastigiata’), топчеста смрча (Picea abies ‘conica’), зеленика (Buxus sempervirens), огнен трн (Pyracantha coccinea), жолтика (Berberis spp.), заечка (Coronilla emerus ssp. emeroides) и други.Во карпестите делови и близу подножјето на алпинетумот, просторот може да се озелени со следните видови: глобуларија (Globularia cordifolia), акантолимон (Acantholimon androsaceum), чубрика (Satureja montana), дафне (Daphne alpina ssp. oleoides), боровинки (Vaccinium spp.), планинска смрека (Juniperus nana) и други.

Каменестите градини, поради нивната едноставност и

скромност кон еколошките услови, а едновремено и

поради големото богатство од различни видови и колорит преку

целата година, претставуваат вистински градинарски украс во светската хортикултура

КаМенести градини

различни видови и колорит преку целата година, претставуваат вистински

градинарски украс во светската хортикултура

избор на видови за озеленување на КаМенести градини

Мовеста вегетација врз песочници

Page 57: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 57

57

хортикултура

Во приземниот (тревест) дел на алпинетумот, може да се засадат шумска јаготка (Fragaria vesca), хризантеми (Chrysanthemum spp.), диво нане (Mentha spp.), чавкина уста (Antirrhinum spp.), млечки (Euphorbia spp.) и други.Доколку алпинетумот е поголем, може да се употребат одредени ползавци кои ќе прекријат дел од карпестата површина, како што се бршленот со неговите многубројни вариетети (Hedera helix) - зимзелена ползавица или партеноцизусот (Parthenocissus spp.) - листопадна ползавица.

видови погодни за озеленување на КаМени ЅидовиКамените ѕидови првенствено се подигнуваат на места каде што има издиференцирана разлика во падот

на теренот, но и онаму каде што еден обичен ѕид за меѓа со соседот може да прерасне во вистинско цветно доживување. Овие ѕидови се градат суви, односно камен - почва - камен (претежно со плочеста

форма), а фугите претставуваат почвен супстрат за минијатурните видови што ќе ја красат оваа вертикална ѕидна градина. Имено, по изборот на камењата и нивната

форма, како и составувањето на ѕидот, следува вкоренување на одбраните видови, поточно нивно вметнување во пукнатините. Најсоодветен избор на видови за озеленување на камени ѕидови

е оној со употреба на еколошки најскромните растенија, особено поради развивање на специфичен коренов систем со оскудното количество почва во пукнатините на

камењата. Такви видови се чувар-куќа (Sempervivum spp.), македонска синоличка (Viola kosaninii), рамонда (Ramonda spp.), здравец (Geranium sanguineum) и други.Поголем дел од овие видови може да се искористат и за озеленување на поплочени површини. Деталите околу каменестите делови стануваат уште подекоративни доколку се збогатат со мов (особено околу влажните делови - рабови на водната површина) и се појават лишаи. За озеленување на чакалишта/песочници, покрај дел од погореспоменатите видови, може да се употребат сукулентите, односно во најголема мера, кактусите.

текст и фото: м-р Бојан СИМовСКИКатедра за ботаника и дендрологијаУКИМ Шумарски факултет во Скопје

Изборот на видови за озеленување на каменести градини во овој прилог е направен врз основа на најсоодветни или најчесто употребувани растителни видови кај нас и во светски рамки. Голем дел од овие растенија се македонски, меѓутоа некои се балкански и македонски реликтни и ендемски видови и како такви се заштитени според домашните законски регулативи. Прикажаната вегетација е претежно економична во поглед на одгледувањето и одржувањето, но за дел од видовите се потребни специфични месторастежни, односно еколошки услови, за што е потребна консултација со стручно лице од оваа област.

Боровинка и мајчина душичка - месторастежни услови

Daphne alpina ssp. oleoides - месторастежни услови

Македонска синоличка - месторастежни услови

Македонска синоличка

Чувар-куќа - во цвет

Чувар-куќа

Page 58: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011358

58

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

www.gim.com.mk

Page 59: PORTA3 160

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

06 мај 2011 ПОРТА3 59

59

екологија

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

Page 60: PORTA3 160

ПОРТА 01 јули 2011360

60

сКопје

петре николоски во МсуПознатиот македонски уметник Петре Николоски, кој повеќе од две децении живее и работи во Велика Британија, има своја изложба во Музејот на современа уметност насловена „Амнезија“. Петре Николоски, заедно со Глигор Стефанов во 1993 година беа првите претставници на Македонија по осамостојувањето на Венециското биенале, кои во своите амбиенатални дела употребуваа разновидни

природни материјали, разни локации, видеа, фотографија и класични перформанси. Проектот „Амнезија“ е составен од амбиентална инсталација од дрвена конструкција со конци, звучна маса испрскана со зачини, специјални светла, како и видео со интервју со архитектот Славе Вренцоски. Според Николоски, овој проект е продолжение на делото што било изложено во МСУ во 2004 година, а основната идеја на изложбата Амнезија" е да се навратиме на заборавените вредности на минатото.

париз

необјавени цртежи на Шагал

Аукциската куќа „Сотебис“ соопшти дека на 17 јуни планира аукција за досега необјавени цртежи на познатиот сликар Марк Шагал. Имено, се работи за тетратка исполнета со голем број цртежи работени со водени боици, кои се посветени на Бела, сопругата на Марк Шагал, која починала во 1944 година. Во тетратката има вкупно 85 страници. Вредноста на цртежите е проценета на сума помеѓу 600.000 и 800.000 долари, а оваа тетратка во моментов е дел од приватна колекција и се наоѓа во Европа. Инаку, тетратката прво и припаѓала на Бела Шагал. Првите осум страници таа ги искористила за превод на француска поезија на еврејски јазик. По нејзината смрт Шагал ја користел за цртање. Од „Сотебис“ во описот е соопштено дека станува збор за виртуелен каталог на Шагалова иконографија, која е разнобојна и со истакната емотивна нота, и дека досега ниту една од Шагаловите тетратки не се појавила на аукција.

лондон

цртеж на Микеланџело од осум милиони долариНикогаш недовршениот цртеж на славниот Микеланџело Буонароти за фреската „Битка кај Кашина“, би можела да достигне цена меѓу пет и осум милиони долари, на лицитација на 5 јули во лондонската аукциска куќа „Кристи“. Подготвителниот цртеж на гол маж настанал во 1504 година, веднаш откако Микеланџело од властите во Фиренца добил порачка за фреска која требало да го краси еден од ѕидовите на Големата советничка сала во „Палацо Векијо“. Исто така, на ѕидот наспроти делото на Микеланџело било предвидено да се постави и „Битката кај Ангијаријо“, фреска која требало да ја наслика големиот ренесансен мајстор Леонардо да Винчи. Ниту фреската на Микелаџело, ниту на Да Винчи никогаш не се завршени, а на двете им е изгубена секаква трага. Јавноста и луѓето од професијата овие дела ги познава по пат на цртежи и гравури.

арт инфо

Page 61: PORTA3 160

01 јули 2011 ПОРТА3 61

61

берлин

спорно реновирање на берлинскиот ѕидРеновирањето на уметничките дела од преостанатиот дел на Берлинскиот ѕид, познат како

галерија „Истсајд“, доведе до правен спор меѓу авторите на оригиналот и градот. Имено, градот Берлин го тужат една група уметници заради начинот на кој градското собрание

го договорило реновирањето. Уредувањето на повеќе од 1,3 километар долгиот ѕид, предизвика неочекуван спор околу создавањето неовластени копии на оригиналните дела.

Во тужбата уметниците наведуваат дека им бил понуден хонорар од 3.000 евра за креирање оригинални мурали какви што насликале во 1989 година, по повод обележувањето на 20 години од падот на ѕидот во 2010 година. На уметниците им било кажано дека ако

одбијат, обновата ќе ја направи посебна фирма која ќе ја ангажира градот. На многумина од нив понудениот хонорар им бил пренизок, особено земајќи предвид дека за работните

реновирања е издвоен висок буџет од 2,2 милиони евра. Еден од основачите на галеријата „Истасајд“, Бодо Стерлинг, бара оштета од најмалку 25.000 евра, а Дмитри Врубел,

автор на прочуениот „Бакнеж на Брежњев и Хонекер“ го прифатил понудениот износ.

венеција

германскиот павилјон најдобар на биеналетоЗа најдобар национален павилјон на 54. Биенале на современа уметност во Венеција е прогласен германскиот, во кој е претставен филмскиот и театарски режисер Кристоф Шлингензиф, кој почина минатата година, додека пак Златниот лав за најдобар уметник на меѓународната изложба „Илуминации“ го доби американскиот уметник Кристијан Марклеј за делото „Саат“. Германскиот павилјон е прогласен за најдобар во конкуренција на 88 павилјони, а преку инсталации, филмови и проекти претставува мултидисциплинарен приказ на делото на Шлингензиф. Според жирито на 54. венециско Биенале, делото „Саат“ на Марклеј претставува мајсторско дело кое ги поместува границите на уметноста. Сребрениот лав за најдобар млад уметник го доби Харон Мирца, роден во 1977 година во Лондон. Специјалното признание на жирито отиде за павилјонот од Латвија и уметницата Клара Лиден од Шведска, кој се претстави со инсталација составена од канти за ѓубре со отпадоци собирани од повеќе градови низ светот.

сКопје

ретроспектива на боро МитриќескиРетроспективна изложба на доајенот на македонската современа скулптура, академик Боро Митриќески, е поставена во просториите на Даут-пашин амам. „Академик Митриќески (1927) прославува 60 години творештво, а неговиот придонес во формирањето на правецот на движење и модернизацијата на македонската современа пластика, како и неговиот придонес во монументалната споменична скулптура е од несомнено значење за уметноста и културата на македонска територија“, велат организаторите на изложбата од Националната галерија на Македонија. Поставката се планира да трае до 30 август, а во план е да се издаде и луксузна монографија посветена на животот и делото на Боро Митриќески, која ќе се публикува пред затворањето на изложбата.

подготви: Дејан БУѓеваЦ

арт инфо

Page 62: PORTA3 160

совети

ПОРТА 01 јули 2011362

62

два стана во еден

- Нашите моментални потреби налагаат двата стана што ги поседуваме да ги споиме во еден поголем стан. Од конструктивна гледна точка, проблем ни беше носечкиот ѕид, во кој сакавме да направиме отвор со полукружен свод. По консултација со статичар, направивме отвор од 1,2 м во должина, но сега би барале ваш совет како да го организираме живеењето во големиот стан.

геометрискиот облик на кутија и крутата форма на

типски станови како да бара внесување на филозофијата на едноставност и хармонија во ентериерното уредување. Вашиот стан така ќе стане уточиште од хаосот на секојдневието. Во десниот дел од станот нека останат дневната, работната и спалната соба, додека во левиот дел, кујната, трпезаријата и детската соба. Реинтерпретирајте го наследството при употребата на материјали и вклопете

ја природата со нејзината симетрија и едноставност. Филозофијата на складот и хармонијата ќе ги нагласите и со употреба на природните материјали, пред сè, со дрвото. Од него можат да бидат изработени ниски комоди со полици над нив, лево и десно од отворот во ѕидот меѓу двата стана. Од другата страна, на ѕидот поставете слични витрини со стакло. Трпезариската маса, комодата во дневната, како и клупската масичка нека бидат од истиот дабов масив. За да се избегне чувството на тесен, а долг простор во дневната

соба и трпезаријата, долгите паралелни ѕидови бојадисајте ги во бела, а напречните во боја на теракота. Динамика внесете во таваниците со спуштање во вид на рабни греди, со што централниот кружен отвор ќе даде впечаток на повисок простор. Во ентериерот нека доминираат неутралните, природни бои, кои создаваат едноставна, ненаметлива заднина за оние што живеат во станот.

Билјана СТевКовСКа-СавИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

пред

потоа

Page 63: PORTA3 160

најчудни градби

01 јули 2011 ПОРТА3 63

63

библиотеката Александрија во Египет, или оригинално на арапски позната како

Мактабат Ал Александрија е главен културолошки центар на брегот на медитеранот во египетскиот град Александрија. Таа има двојна намена: комеморативен објект во чест на големата Александриска библиотека која е уништена во античко време, и од друга страна обид да се ре-креира брилијантноста на градбата што некогаш постоела.Идејата да се обнови Александриската библиотека датира уште од 1974 година. Но, за да се дојде до конечниот конкурс за идејно решение се чекало уште

десетина години, сè до 1988 година кога победил норвешкиот концепт на студиото Снохета, од вкупни 1.400 пристигнати решенија.За изградба на библиотеката биле обезбедени 65 милиони долари, но кога во 1995 година била комплетно завршена, вкупната сметка покажала трошок од 220 милиони долари. Новата Александриска библиотека била свечено инаугурирана на 16 октомври 2002 година. Библиотеката е трилингвална бидејќи содржи книги на француски, англиски и арапски јазик. Само во 2010 година добила донација од над 500.000 книги.Наспроти ваквите книжевни

факти, архитектонските податоци се исто така, интересни и важни. Објектот е толку голем, што има капацитет за осум милиони книги. Главната читална има површина од рекордни 70.000 м² распоредени на 11 зонски катови. Исто така, објектот има конференциски центри, библиотека на мапи, мултимедијални центри, четири музеи, четири уметнички галерии, 15 постојани изложби, планетариум и друго. Главната читална се наоѓа зад 32 метри висок стаклен покрив, кој е насочен кон морето, со дијаметар од 160 метри. Ѕидовите се направени од сив Асван гранит.Низ самиот комплекс егзистираат неколку мини езерца, кои совршено

се вклопуваат со медитеранскиот комплекс. Многумина сметале дека ваква импозантна градба не може да биде одржувана од Египет, бидејќи во основа, со оглед на цензурата, голем број актулени наслови не можат да се најдат. Иако има капацитет за милиони книги, таа во 2002 година со фонд од 500.000 наслови е многу сиромашна, а за да се наполни сета ќе бидат потребни над 80 години. Но како градба, многу светски архитекти симнуваат капа, и велат дека Египет успеал да долови дел од славата на некогашната Александриска библиотека.

Драган рИСТов

220 милиони долари за новата александриска библиотека во египет

Page 64: PORTA3 160

Масичка за списанија направена од ласерски исечен лим, инспирирана од предмет од секојдневниот живот - картонска кутија. Дизајнот е нa Lana и Savettiere.

Комода со вградени звучници која може да се поврзе со ТВ, компјутер или iPOD. Големината е 195х46х61см, а дизајнот на Paolo Capello.

Груп

а св

етил

ки с

о ед

ност

авна

коц

кест

а ф

орма

во

разл

ични

бои

од

Dane

se M

ilano

.

ПОРТА 01 јули 2011364

64

Page 65: PORTA3 160

излогизлог

Клуб-масички од дрво во комбинација со

сјаен медијапан од Giorgio Saporiti.

подготви:Сандра ДоНЧевадипл.инж.арх.

Група светилки со едноставна коцкеста форма во различни

бои од Danese Milano.

01 јули 2011 ПОРТА3 65

65

Page 66: PORTA3 160

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 78/2011

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА НИВОАТА НА СОДРЖИНАТА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ

ВО ПАКУВАЊАТА, КАКО И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА И ИЗВЕШТАЈОТ

ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ

ОТВОРЕН ПОВИК 02/2011ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА

АДМИНИСТРАТИВНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

Назив на договорниот орган: Општина Крива Паланка, ул. “Св. Јоаким Осоговски“, бр. 175, Република Македонија.ПРЕДМЕТ:Уредување на меѓусебните права и обврски на Јавниот партнер и Приватен партнер во врска со изградба на административно – деловен објект “Мала зграда“ Су+Пр+2 со корисна површина во објект од 857,91 м2 и корисна површина од проодни тераси од 154,09м2 каде вкупната корисна површина изнесува 1.012 м2, а вкупната габаритна површина на објект од 934,83 м2 на градежна парцела која претставува дел од КП 805 КО Крива Паланка – Лев брег.Контакт тел/факс: 031 375-020, лице за контакт: Биљана Тасевска. Краен рок за доставувавање на понудите е 12.07.2011 година до 13.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 86/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на основни проекти од областа на градежништвото.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 01.08.2011 год.

БРОЈ: 09-458/3/2011Назив на договорниот орган:Општина Липково, Липково, 1300, Куманово.ПРЕДМЕТ:Изградба на дел од фекална канализација.Контакт тел/факс: 031 463-180, 031 463-179, лице за контакт: Џезми Муслиу.Јавно отворање на понудите на ден 11.07.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 79/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАСЦИТЕ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ЕМИСИИТЕ ВО АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ОД СТАЦИОНАРНИ ИЗВОРИ, НАЧИНОТ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ДОСТАВУВАЊЕ СОГЛАСНО КАПАЦИТЕТОТ

НА ИНСТАЛАЦИЈАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ДНЕВНИКОТ НА

ЕМИСИИ ВО АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 15/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на декоративни елементи на фасадата (скулптури, релјефи и останати орнаменти) на новиот објект на Министерството за надворешни работи. Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Јавно отворање на понудите на ден 07.07.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 80/2011

ТАРИФНИКЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА

НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНА ОЦЕНА (РЕВИЗИЈА) НА ГЕОЛОШКАТА

ДОКУМЕНТАЦИЈА И РУДАРСКИ ПРОЕКТИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 81/2011

ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА 2011 ГОДИНА

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ГРАНИЧНИТЕ

ВРЕДНОСТИ НА ЕМИСИЈА ЗА ИСПУШТАЊЕТО НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ ПО НИВНОТО ПРОЧИСТУВАЊЕ,

НАЧИНОТ НА НИВНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ, ИМАЈЌИ ГИ ВО ПРЕДВИД ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА

ЗА ЗАШТИТА НА ЗАШТИТНИТЕ ЗОНИ

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 2/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на Идејно архитектонско решение за партерно уредување на потегот од мостот Гоце Делчев до мост кај нов објект на МНР, од левата страна на реката Вардар во Скопје.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 21.07.2011 год.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 10/2011Назив на договорниот орган:Општина Струга, ул. “Маршал Тито“ бб, 6330, Струга.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање во Општина Струга.Контакт тел/факс: 046 782-015, 046 781-434, лице за контакт: Уријан Рахмани. Јавно отворање на понудите на ден 11.07.2011 год.

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган: ЕЛС Кратово, Плоштад “Маршал Тито“ бб, 1360, Кратово.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на улици во град Кратово.Контакт тел/факс: 00389 031 481-202, 00389 031 481-134, лице за контакт: Радмила Стојкова Китанова. Јавно отворање на понудите на ден 11.07.2011 год.

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган:Градежен факултет – Скопје, бул. “Партизански одреди“ бр. 24, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкции (Градежно – занаетчиски работи).Контакт тел/факс: 070 236-962, 3118-834, лице за контакт: Милорад Јовановски. Јавно отворање на понудите на ден 12.07.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 82/2011

СТАТУТНА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И

СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 82/2011Назив на договорниот орган:Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на завршни градежни и градежно – занатски работи на објект Музеј на македонската борба за државност и самостојност – “Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“.Контакт тел/факс: 02 3240-519, 02 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриноска.Јавно отворање на понудите на ден 18.07.2011 год.

БРОЈ: 02/2011Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за водоснабдување “Студенчица“ – Другово, ул. “Магистрален пат“ бб, 6261, Другово.ПРЕДМЕТ:Изградба на помошен објект: магацински простор со работилница за поправка на оштетена хидромеханичка опрема, надстрешница за складирање на хидромеханичка опрема со поголем габарит и гаражен простор за теренски возила, според основен проект. (“Клуч на рака“).Контакт тел/факс: 045 266-842, 045 266-154, лице за контакт: Игор Лазаровски.Јавно отворање на понудите на ден 14.07.2011 год.

БРОЈ: 06/2011Назив на договорниот орган:Општина Гостивар, бул. “Браќа Ѓиноски“ бр. 61, 1230, Гостивар.

ПРЕДМЕТ:Изградба на резервоар за снабдување со вода за пиење во с. Дебреше.Контакт тел/факс: 042 213-511, 042 214-406, лице за контакт: Дитмире Селмани.Јавно отворање на понудите на ден 07.07.2011 год.

БРОЈ: 17/2011Назив на договорниот орган:Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Изградба на атмосферска канализација на дел од улица “Кирил и Методиј“, санирање на асфалтниот коловоз и изградба на тротоар.Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева Коцева.Јавно отворање на понудите на ден 15.07.2011 год.

БРОЈ: 18/2011Назив на договорниот орган:Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Поставување на бетонски рабници и изградба на тротоар во село Ораовица. Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева Коцева.Јавно отворање на понудите на ден 15.07.2011 год.

БРОЈ: 19/2011Назив на договорниот орган:Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Изградба на две повеќенаменски спортски игралишта во с. Ораовица и с. Јаргулица, Општина Радовиш.Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева Коцева.Јавно отворање на понудите на ден 15.07.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 83/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 05-2588/2011Назив на договорниот орган:Општина Илинден, ул. “9“ бб, 1041, Илинден. ПРЕДМЕТ:Вршење на стручен надзор при изградба и реконструкција на локални улици и патишта и други градежни објекти на територија на Општина Илинден. Контакт тел/факс: 2571-703, лице за контакт: Весна Стојановска. Јавно отворање на понудите на ден 18.07.2011 год.

БРОЈ: 14-1310/2011Назив на договорниот орган:Општина Битола, Булевар “1 Мај“ 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на објект во кругот на административна зграда на Општина Битола.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 12.07.2011 год.

БРОЈ: 14-1338/2011Назив на договорниот орган: Општина Битола, бул. “1-ви Мај“ бр. 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Реконструкција со доградба на Црн Мост со санација на обемните ѕидови.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 13.07.2011 год.

БРОЈ: 20/2011Назив на договорниот орган:Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Изградба на парапетни ѕидови на кеј “8 Септември“ во Радовиш.Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева Коцева.Јавно отворање на понудите на ден 18.07.2011 год.

Page 67: PORTA3 160

рубрика

67

Page 68: PORTA3 160

состојка на секоја градбасостојка на секоја градба

Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: 02 2034 840, 2034 820, Факс: 02 2034 821,

[email protected]

Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија,

www.ading.com.mk

ЕПОКСИДНИ ПОДОВИ ВО КАТНИ ГАРАЖИ

Аутомобиле СК, Скопје

Илинден, Скопје

Импексел 2, Скопје (во изведба)

ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ • ОТПОРНИ НА МАСЛА, АБРАЗИВИ И МЕХАНИЧКИ ВЛИЈАНИЈА • ЕДНОСТАВНИ ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ