68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 190 / ПЕТОК 07.09.2012 година VIII ГРАФИКА ВО АРХИТЕКТОНСКИ КОНТЕКСТ Ние инженерите сме цврсти и упорни во работењето блашко ДИМИтроВ: ДИСКОНТНИ АРХИТЕКТОНСКИ УСЛУГИ!

Porta3 190

  • Upload
    porta3

  • View
    251

  • Download
    10

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

Page 1: Porta3 190

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

90 /

ПЕТ

ОК

07.0

9.20

12 го

дина

VIII

ГРАФИКА ВО АРХИТЕКТОНСКИ КОНТЕКСТ

Ние инженерите сме цврсти

и упорни во работењето

блашко ДИМИтроВ:

ДИСКОНТНИ АРХИТЕКТОНСКИ

УСЛУГИ!

Page 2: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 201232

2

рубрика

Page 3: Porta3 190

3828

10 26

БРОЈ 190 ПЕТОК 07.09.2012 ГОДИНА VIII

Марк Хемел е уште еден од архитектите кој престојуваше во Белград за време на конференцијата Блок 2012. Архитектот, кој моментално работи на големи проекти во Кина, имал интересен пат. После завршените студии по архитектура во Делфт, стипендиското патување по Африка и Азија, заминува во Лондон каде ги завршува постдипломските студии на Architectural Association, а потоа работи во студиото на Заха Хадид. Заедно со својата сопруга го основал студиото ИБА (Information based architecture) што функционира на релација Лондон - Амстердам - Гуангџоу. Она што ја карактеризира наговата архитектура е „развојот на современата култура“, како што тоа го дефинира архитектот. Најпознатото негово дело е проектот на ТВ кулата во кинескиот град Гуангџоу. Градежниот инженер Блашко Димитров е новиот претседател на Комората на овластени архитекти и инженери. Тој вели дека инженерите се цврсти и упорни во работењето и додава дека само со дополнителна едукација, специјализирање на кадарот за одредени области, нивна кооперација и следење на светските искуства може да се

врати дигнитетот на инженерите. Веста дека шкотската фирма "Camerons Architects" со бироа во Галашиелс и Единбург е првото архитектонско проектантско биро во Обединетото Кралство, кое ги има понудено своите услуги преку ваучер на дисконтната веб страница www.groupon.com, која вообичано нуди одмори и козметички третмани по дисконтни цени, предизвика не само вистинска сензација, туку и бурни реакции во рамките на архитектонската професија во земјата. Се појавуваат ли дисконтни архитектонски услуги и дали се тие резултат на кризни состојби или станува збор за инвентивна промотивна стратегија? Во овој број ќе ја дополниме анализата на Мелбурн, започната во претходниот. Овој пат ја претставуваме преку неговата мостовска инфраструктура. Сите оние интересни комуникации, патеки и мостови кои се раздвижуваат по течението на реката Јара и го поврзуваат градот на најдобар можен начин.

оД реДакцИјата

ДраГИ чИтателИ,

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

90 /

ПЕТ

ОК

07.0

9.20

12 го

дина

VIII

ГРАФИКА ВО АРХИТЕКТОНСКИ КОНТЕКСТ

Ние инженерите сме цврсти

и упорни во работењето

БЛАШКО ДИМИТРОВ:

ДИСКОНТНИ АРХИТЕКТОНСКИ

УСЛУГИ!

Насловна страница: паВИлјон на знаеЊе CIÊnCIa VIVa,ЛИСАБОН, ПОРТУГАЛИЈА

Автор: жоао луИс карИЉо Да Грака

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБојана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Кате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг: Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.54

ИНТЕРВЈУ 10БЛАШКО ДИМИТРОВ -

НИЕ ИНЖЕНЕРИТЕ СМЕ ЦВРСТИ И УПОРНИ ВО РАБОТЕЊЕТО

ГРАДЕЖНИШТВО 18ВИСТИНСКИ ПРЕДИЗВИК

ЗА СЕКОЈ ПРОЕКТАНТ

ПРОЕКТИ 26ПРЕПОЗНАТЛИВАТА САЛА ВО

СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

ИНТЕРВЈУ 28МАРК ХЕМЕЛ -

АРХИТЕКТУРАТА - РАЗВОЈ НА СОВРЕМЕНА КУЛТУРА

АРХИТЕКТУРА 34ГРАФИКА ВО АРХИТЕКТОНСКИ

КОНТЕКСТ

ДРВНА ИНДУСТРИЈА 38ВИСОКИ ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ

ЕКСПЕРТ 50ДИСКОНТНИ АРХИТЕКТОНСКИ УСЛУГИ!

ЕКОЛОГИЈА 54ЕНЕРГИЈАТА ОД МЕКОНГ

ПРОТИВ ПРИРОДАТА?

`

Page 4: Porta3 190

IZIIS SAGA-BРешение за Европа

EUROCODE 2&8

Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба

IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради.

Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА

СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И

НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia

Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: [email protected]

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b

Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721

Факс 02 3112 163

Page 5: Porta3 190
Page 6: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 201236

6

инфо ИнтернацИонална Изложба на архИтектурата на престИжното ВенецИско бИенале

Златен лав за ЈапонијаМакедонија учествува по петти пат на оваа изложба. Македонскиот павилјон со проектот „Архитектурата во огледало - секојдневно и возвишено“ на „Метамак колектив“ е сместен во атрактивниот простор на венецискиот Арсенал. Изложени се 27 макети на проекти на „Метамак колектив“.

Јапонија го доби највисокото признание Златен лав за најдобар павилјон на 13. Интернационална изложба на архитектурата на престижното Венециско биенале. Златен лав за најдобар проект доби

Торе Давид/Гран Хоризонте на тимот од „Урбан тинк тенк“ од Венецуела и Иван Бан и Џастин Мекгирик. Сребрен лав беше доделен на „Графтон архитектс“, архитектките Ивон Фарел и Шели Макнамара за нивната презентација на Универзитетскиот кампус во Лима, Перу. Специјални награди добија проекти од Полска Русија, САД и Италија. Според образложението на жирито Јапонците за нивниот павилјон поставен под мотото „Архитектура. Можеби овде? Дом-за-сите“, го опфаќа духот на „Заедничкото тло“, што е темата на Биеналето. Јапонскиот тим, предводен од архитектот Тојо Ито, во соработка со млади архитекти и локалната заедница. Тие по практичен и имагинативен пат дизајнирале нов центар во регион уништен

во национална катастрофа. Жирито беше импресионирано од хуманоста на проектот. Авторите на венецуелскиот проект и луѓето од Каракас и нивните семејства креираа нова заедница и куќа надвор од напуштена и незавршена градбa - Торе Давид. Една неформална заедница креираше нов дом и нов идентитет преку окупирање на Торе Давид...Оваа иницијатива жирито ја гледа како инспиративен модел кој ја препознава силата на неформалната заедница. Венециското биенале на архитектурата трае до 25 ноември. Директор на Биеналето е Дејвид Чиперфилд, а тема на годинашното издание е „Заедничко тло“. На 13. Интернационална архитектонска изложба, во секцијата на национални презентации учествуваат 56 земји од светот, кои во деновите пред отворањето свечено ги промовираа своите павилјони, пред колегите-архитекти, новинари и посебни гости. Директорот на Биеналето, Дејвид Чиперфилд

Од врачувањето на наградата на јапонскиот архитект Тојо Ито

Детаљ од јапонскиот павиљон

Page 7: Porta3 190

3

7

77 септември 2012 ПОРТА

инфо

Списанието „Лице в лице“ на македонски јазик е независен медиум, член на меѓународната асоцијација на улични весници INSP (International News Street

Papers), што ќе се појавува еднаш на два месеца на улиците, а ќе го продаваат исклучиво најзагрозените, маргинализирани сограѓани, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Издавачи на ова списание се Центарот за медиумски активности (ЦМА) од Скопје во соработка со „Јустат центар“ од Белград и други организации од регионот, во рамките на регионалната платформа „Лице в лице“, која се спроведува во Србија, Босна, Косово и во Македонија.

Половина од сумата на списанието оди за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи. За купено поголемо количество списанија, продавачот за секој примерок се заблагодарува со посебно дизајнирана налепница/печат.

оДГоВорно реклаМИраЊеВо светот веќе надалеку е познат концептот на cause related и социјален маркетинг. Преку „Лице в лице“, компаниите добиваат можност да се претстават како општествено одговорни субјекти и да ја запознаат јавноста со нивните корисни иницијативи, како и со производите и услугите што ја унапредуваат одржливоста на планетата, штедат

енергија, придонесуваат за инклузијата на маргинализираните групи и слично.

„лИце В лИце“ на ГостИСпоред планот, продавачите организирано доаѓаат во компаниите, и им го продаваат на вработените најновото издание на списанието. Моделот на директна продажба е од големо значење за нашите продавачи, на кои гостопримството и пријателското опкружување ќе им претставува значаен мотивациски фактор во понатамошната социјализација и интеграција во општеството.

оД оВој Месец, спИсанИе кое Го проДаВаат најзаГрозенИте соГраѓанИ

Со „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ до поголема општествена одговорност www.liceulice.оrg

ја претстави изложбата со 69 проекти на архитекти, фотографи, уметници, критичари и научници. Многумина од нив одговориле на неговата покана со оригинални предлози, идеи и инсталации подготвени специјално за Биеналето. На манифестацијата ќе се претстават вкупно 119 учесници заедно со уште 55 национални претставувања. Четири земји првпат учествуваат на Биеналето за архитектура - Ангола, Kосово, Kувајт и Перу. Македонија учествува по петти пат на оваа изложба. Македонскиот павилјон со проектот „Архитектурата во огледало - секојдневно и возвишено“ на „Метамак колектив“ беше отворен во атрактивниот простор на венецискиот Арсенал. Изложени се 27 макети на проекти на „Метамак колектив“, поставени во просторот на огледала на постаменти. На проектот работеа архитектите: Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Виолета Бакалчев, Викторија Ставриќ, Бетим Зеќири, Никола Стрезовски, Дамјан Момировски, Kристина Тодиќ, Јана Витанова, Јана Kонстантинова, Стефанија Тодоровска, Славко Јосифоски, Јоне Јанкоски, Бесијан Мехмети, Беќир Адеми, Иван Белески, Михајло Зиноски, Александар Радевски и Саша Тасиќ. Kомесар на изложбата е Фросина Зафировска од Музејот на град Скопје, а куратори се Радевски и Тасиќ.

Детаљ од рускиот павиљон

Page 8: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 201238

8

региони

НОВ ПАВИЛЈОН НА АРХЕОЛОШ КИОТ ЛОКАЛИТЕТ БАРГАЛАИзградбата на павилјонот чинеше вкупно 110.000 евра, средства кои ги обезбеди Владата на Р. Македонија преку програмата за развој на планските региони во 2011 година. Носител на проектот беше Центарот за развој на источниот плански регион, а партнери беа општините Карбинци и Штип.

Драган РИСТОВ

Она што може да се види во општина Карбинци, на само седум-осум километри од Штип, е реткост. Археолошки рај кој, за жал, сè уште не блеснал

во своето вистинско светло. Иако неколку години се одвиваат археолошки активности и се врши реконструкција на дел од ѕидовите, античкиот локалитет Баргала, кој се смета за еден од поважните во Македонија, сè уште го нема вистинскиот туристички потенцијал. Впрочем, до пред некој месец локалитетот имаше само денски чувар, што беше и причина во вечерните часови да биде посетен од средношколски вандали, кои ги искршија сите питоси (огромни глинени садови за во земја). Дури потоа се постави прашањето за безбедноста на локалитетот, за негово осветлување, електрифицирање па и поставување на видео надзор. Да не зборуваме за дивите копачи кои децении наназад го сардисуваа локалитетот во надеж дека ќе најдат вредно камче за да го продадат на светските пазари за реликвии и старини. Таквите безаконија се намалени, но никогаш човек не може да биде сигурен. За интересот на оваа локација постојат и историски податоци. Во текот на Втората светска војна Германците му посветиле внимание, а во 50-тите години од минатиот век надвор од југозападниот ѕид бил

изграден конак од камења. Тој служел за истражувачки активности, кога започнал посериозен интерес за ископувања на локалитетот. По повеќе од 45 години, заради неупотребливоста од него не остана ништо, освен конструкцијата на камените ѕидови, додека внатрешноста не постоеше. Вистинска руина која се вклопуваше во „музејскиот“ амбиент, па многумина си помислуваа дека станува збор за римска воена зграда или административен обејкт. Изградбата на павилјонот чинеше вкупно 110.000 евра, средства кои ги обезбеди Владата на Р.Македонија преку програмата за развој на планските региони во 2011 година. Носител на проектот беше Центарот за развој на источниот плански регион, а партнери беа општините Карбинци и Штип. Проектот е изработен од „Слеме проект“ - Штип, а градежните зафати ги направи штипското ГП „Бетон“, додека надзорот е на студиото „Атриум“ исто така од Штип. Објектот беше изграден за шест месеци, откако завршија сите процедури околу подготовка на документацијата и избор на најповолниот понудувач. Следна фаза е поврзување на објектот со електрична енергија и водоводна мрежа, за што веќе е распишан и тендер за обезбедување на чиста вода за пиење. Средствата за електрификација на павилјонот и на целиот археолошки

локалитет ќе бидат обезбедени преку истата програма за 2012 година, повторно преку Центарот за развој на источниот плански регион. Со преземените градежни зафати комплетно се реконструирани старите конаци. Сега тие се модерен павилјон, кој ќе биде ставен во функција на туристите. При градежните зафати комплетно е реновиран објектот што сега доби трем со скали, претпростор со санитарен јазол и туш и бања, сала за проекции и состаноци, сала за музејска поставка (каде веќе во витрини се изложени одредени артефакти) и соби за престој и спиење. Собите сè уште не се опремени, но и тоа ќе биде завршено, со што веќе ќе биде можно туристите да преспиваат. За таа намена се користат конаците во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“, која е една од најстарите цркви во штипско. При реконструкцијата задниот дел на објектот го задржал каменот, со тоа што е надополнет, зацврстен и дополнет со бетон, додека предниот дел е реконструиран со трем-видик и метална ограда. Преостанува да се уреди и просторот пред самиот павилјон, бидејќи станува збор за локација која е далеку од локалниот пат и речиси низ целиот локалитет, заради заштита, нема ниту еден асфалтиран пат, освен оној што е поплочен со бехатон, а кој го поврзува локалниот пат со пристапот до Баргала.

Page 9: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 9

9

региони

НОВ ПАВИЛЈОН НА АРХЕОЛОШ КИОТ ЛОКАЛИТЕТ БАРГАЛАза археолошкИот локалИтет барГала

Античкиот град Баргала важи за еден од најважните античко-историски локалитети и бесконечна инспирација за археолозите од Македонија. Баргала и понатаму е главен извор на материјал од античкиот период. Се споменува и во актите на Халкедонскиот собор од 415 година. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 година, кој претставува спомен-плоча за подигање на градската порта. Старата античка населба со градски карактер со името Баргала се наоѓала кај Долни Козјак. Овој град при крајот на четвртиот век служел како воен камп на римските легии во поход на исток. Подоцна бил разурнат. Жителите подигнале нов град крај Козјачка Река кај Горни Козјак, што е потврдено со археолошки наоди. Овој град станал епископско седиште. Епископскиот град Баргала е разорен од аваро-словенските напади, но брзо потоа бил населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжило во словенскиот период на овој простор. Во поново време археолозите од Заводот и Музеј во Штип открија уште една базилика од ранохристијанскиот период што потекнува од шести век. Со тоа Баргала има три базилики. Освен тоа, откриена е и винарија во североисточниот дел на ископините, потоа мала фабрика за стакло и друго.

Page 10: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012310

10

интервју ИнтерВју со блашко ДИМИтроВ, ноВИот претсеДател на коМората на

оВластенИ архИтектИ И ИнженерИ

Ние инженерите сме цврсти и упорни во работењетоСметам дека само со дополнителна едукација, специјализирање на кадарот за одредени области, нивна кооперација и следење на светските искуства можеме да го вратиме дигнитетот на инженерите

На последното Собрание на Комората на овластени архитекти и овластени инженери за нов претседател беше избран градежниот инженер Блашко Димитров.

Токму тоа беше повод во овој број на „Порта3“ да го претставиме него и неговите видувања за работата на Комората во мандатот што му претстои. Димитров дипломирал на Градежниот факултет во Скопје во 1978 година. Прво вработување му е во ГП „Пелагонија“. Во текот на својата работа е ангажиран на изведба на повеќе проекти, меѓу кои РОЦ „Тораница“,

ХС „Лисиче“, рестартот на „Фени“, РЕК „Битола“, ХЕЦ „Козјак“, ХЕЦ „Св.Петка“...

Неодамна станавте прв човек на Комората на овластени архитекти и инженери. Какви се вашите први впечатоци, и претпоставувате ли со што ќе се соочите во вашата идна работа во наредните години? Активностите на Комората ги следев од формирањето до денес, и нејзината работа се одвива во континуитет. Побитните активности на Комората ги соопштив на Собранието на Комората што се одржа во јуни и тие ќе бидат опфатени во програмата за работа во наредниот

Page 11: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 11

11

интервју

период, која е во фаза на изработка.

Според Вас, кои се приоритетни задачи со кои ќе се зафатите? Приоритетни задачи на Комората во наредниот период ќе бидат: комплетирање на сите акти на Комората и усогласување со останатите законски прописи во Република Македонија, ревизија на еврокодовите и обука на членството за нивна примена, потоа учество на Комората во постапката за усогласување на степенот на образование во Законот за градење и Законот за високо образование, па едукација и стручно усовршување на нејзините членови. Исто така и учество во изработка на стандарди за поединечни струки во Комората, соработка со коморите од регионот со цел овластувањата на членовите на Комората да важат во сите земји од регионот. Комората да биде отворена институција за сите овластени инженери и корисници на услуги на Комората, како и други активности кои произлегуваат од законот.

Од основањето до денес, може да се каже дека Комората не успеа да реши едно од горливите прашања со кое се зафати, а тоа е Тарифникот за регулирање на минималните цени на услугите. Истиот беше подготвен во некоја рана верзија и беше ставен на јавна

расправа. Но, до ден-денес нема резултат од него. Нема тарифник. Што мислите Вие за овој мошне важен документ за инженерите? Ова прашање е актуелно од пред неколку децении, но за жал до денес сè уште не е решено. Тоа во некои земји од блканскиот регион како Словенија, Хрватска и Бугарија е решено, а во други земји е во фаза на донесување. Во Комората се одвиваат активности за анализа на усогласеноста на одредени законски прописи кои се однесуваат на видовите на проектна документација, категоризација на објектите, еквивалентно вреднување на дипломите на инженерите и други елементи битни за оваа област, а сите работи за кои ќе оцениме дека треба да се променат или додефинираат ќе бидат доставени до надлежното министерство во предлог за измена или дополнување на законските решенија. Се надевам дека со заемна соработка, во текот на наредната година ценовникот за јавните услуги и тарифникот ќе биде дефинитивно усвоен како што се решени слични прашања кај другите струки, а инженерскиот труд почитуван и правилно вреднуван водејќи сметка дека работиме во услови на пазарно стопанство.

Во минатото, дел од членовите на Комората од внатрешноста имаа забелешки за неквалитетната соработка

со „центарот“, односно според нив, сè се решава без соодветно учество на членовите од внатрешноста. Како мислите да го надминете овој проблем? Ваквите забелешки можеби се реални за почетокот од формирањето на Комората и нејзино правилно функционирање. Во иднина дополнителната едукација на членовите на Комората ќе се врши по региони, а за сите членови ќе има можност за посета на референтни објекти, запознавање со нови стандарди, нови материјали, прописи, иновации и слично. Секој предлог од поединечни членови на Комората ќе биде разгледан со целосно внимание, а секој овластен инженер ќе биде вклучен во активностите на Комората согласно неговите желби, способности и афинитети.

Нашето искуство зборува дека Комората во последниве две години се затвори за јавноста. И тоа во време кога сите се залагаат за јавност во работата на еснафските организации, посебно нивното членство и секако пошироката јавност? Кој ќе биде вашиот одговор на ваквата состојба? Не би рекол дека Комората била затворена за јавноста, меѓутоа во Комората поголемо внимание се посветувало на издавање на овластувањата на инженерите за овозможување на нивниот работен

ХЕЦ „Козјак“

Page 12: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012312

12

интервју

ангажман. Во наредниот период овааактивност ќе се смалува, а поголемо внимание ќе биде посветено наактивностите што претходно ги наведов.

Изминативе години Комората, иако срамежливо, ги направи првите чекори во таканареченото „постојано учење“. Тоа е многу применувано во светот. Дали Комората е, и колку, вистински подготвена да се зафати со овој вид дообразување и стручно усовршување на членството? Постојаното учење ќе биде приоритет зашто без следење на иновации, нови технологии, нови знаења и искуства нема шанси за успех на кој било инженер. Веќе се започнати активностите за соработка и размена на искуства со Коморите од Словенија, Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора, а во септември неколку претставници на Комората, тројца млади истражувачи – овластени инженери и десетина претставници од фирми во Македонија ќе учествуваат на Светскиот форум за оддржливо градежништво во Љубљана.

Редовното плаќање членарина е еден од проблемите со кој се соочува Комората изминатиов период. Се разбира дека ова не е случај само со Комората. Редица професионални здруженија мака мачат со таа појава. Има ли општоприфатливо решение за неа? Ако има, што ќе преземете за да се надмине ова?

Регулирањето на членарината во Комората е законска обврска. Сметам дека со услугите што Комората во иднина ќе им ги дава на членовите, тие ќе бидат стимулирани да ја плаќаат членарината за да можат да бидат корисници на услугите.

Бидејќи сте човек кој доаѓа од струката, а не од административна канцеларија, сигурно имате визија за тоа како да се унапредат некои состојби во инженерската струка. Што треба да се направи за да се врати дигнитетот на инженерите, што за жал во изминативе дваесетина години опадна на многу ниско ниво? Проблемот со кадарот е евидентен. Како што тргнеле работите во Македонија за изведување на капитални работи се повеќе ќе ни треба кадар од странство. А не беше така во минатото. Точно е дека инженерските струки во Македонија не се на нивото што го имавме во минатото. Многу големи фирми кои постоеја порано сега ги нема или се со намален капацитет за работа. Но радува еден факт дека инженерите од Македонија лесно се вработуваат во странство и се успешни во други земји. Сметам дека само со дополнителна едукација, специјализирање на кадарот за одредени области, нивна кооперација и следење на светските искуства можеме да го вратиме дигнитетот на инженерите. Зарем најголемите досегашни објекти во Македонија не ги испроектираа и изведоа инженери од тука, а многу објекти реализираа и

преку странски фирми во други земји. Ние инженерите сме цврсти и упорни во работењето, а во последните неколку години виден е и напредок во обемот и квалитетот на услугите што ги даваме, во опременоста на фирмите и примената на нови материјали и искуства. Виден е и подемот на нови фирми кои набавуваат поквалитетна опрема и специјализираат кадри за одредени дејности.

На работна средба во Струга, посветена на Законот за градење, имавте свое искажување за некои недостатоци во него. Дали ќе ја актуелизирате, како Комора, неминовноста од измени и дополнувања или донесување на нов Закон за градење, со цел да се стави ред и поредок во областа на градежништвото и да се олесни работењето на компаниите? Моите согледувања за некои недостатоци во Законот за градење, ги дадов со желба да добиеме поквалитетен Закон за градење и усогласување на овој Закон со други законски прописи. Во соработка со надлежните институции сметам дека можеме да направиме подобро законско решение, со крајна цел да добиеме поквалитетно проектирање, поевтини објекти и јасни процедури во работењето. Особено ме радува фактот што во Комората почнуваат да доаѓаат предлози од овластени инженери за нови законски решенија, нови прописи за примена на нови материјали, информации за патенти и друго, што е за поздравување и поддршка.

Димитров: крајна цел е да добиеме поквалитетно проектирање, поевтини објекти и јасни процедури во работењето

Page 13: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3

13

13

градежништво

Градежниците добро функционираат на домашниот пазарВо првите шест месеци од годинава, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство е дури за 85 отсто помала во споредба со истиот период од претходната година, а работниците од најголемите македонски компании веќе ги напуштија светските градилишта Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

Градежниот сектор како најактуелен во последните години се повеќе го засилува своето место на домашниот пазар. Најголемите македонски компании ги освоија речиси

сите тендери и се главните изведувачи на проектите што ја брануваат јавноста. Градењето нема да запре, а борбата за

тендерите ќе се заострува пред локалните избори идната година. Но, домашниот пазар им ги поматува сметките на компаниите, затоа што нивната работна рака веќе ги напушти светските градилишта, каде што со години наназад беше призната и ценета. Едноставно, проектот „Скопје 2014“ стана поатрактивен од градилиштата во Русија, Украина, Романија, Хрватска, Алжир...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува околу 152 милиони денари (само 2,5 милиони евра) што е за 85 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во овој период, македонската градежна оператива во

Page 14: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012314

14

градежништво

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 275 милиони денари (4,5 милиони евра) што е за 83 отсто помалку во споредба со истиот период од лани. Сега како најактуелни се градежните работи во Холандија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем, а како понов пазар се јавува Италија. Падот во работата на нашите градежни компании во странство е почнат уште

минатата година. Лани вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 2,2 милијарди денари (речиси 36 милиони евра) што е за 11 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Тогаш македонските градежници договориле работа во вкупна вредност од 2,4 милијарди денари (40 милиони евра) што е за 39 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во тој период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Албанија, Словенија, Хрватска и Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари тогаш се појавиле Црна Гора и Франција.

ДоМаПоследниот пораст во работата компаниите го бележат во 2010 година кога вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3,7 милијарди денари (над 60 милиони евра) што е за 22 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2009 година. Но и покрај губењето на странските пазари, во првите шест месеци годинава градежните компании ги зголемија добивките. Поволни финансиски извештаи поврзани со обемот на работа и добивката пристигнуваат од двете најголеми македонски компании во градежниот сектор. „Гранит“ од Скопје ја зголеми нето добивката за 56 отсто во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани, при што за реализираните активности се наплатени 172 милиони денари или околу 2,8 милиони евра, наспроти минатогодишните 110 милиони денари. Оперативните приходи на претпријатието

бележат пад од 20 отсто и изнесуваат 2,52 милијарди денари, но намалување од 21 отсто е констатирано и кај оперативните расходи кои се наоѓаат на ниво од 2,42 милијарди денари во првата половина од тековната година. За одбележување е и забележаниот пад на добивката од странските пазари за дури 79 отсто во споредба со истиот период од 2011 година. Првите шест месеци од годинава носат позитивни резултати и за претпријатието „Бетон“ од Скопје. Нето добивката од извршените градежни работи изнесува 36,1 милиони денари или околу 590.000 евра, што подразбира раст од 11 отсто во однос на идентичниот период од минатата година. Оперативните приходи се зголемени за пет отсто и ја достигнаа вредноста од 1,02 милијарди денари, додека оперативните расходи пораснале за шест отсто и се наоѓаат на ниво од 980,3 милиони денари. Градежниците признаваат дека позитивниот финансиски резултат го остваруваат исклучиво од работењето на домашниот пазар. Објавените финансиски резултати покажуваат дека градежните компании ги имаат изгубено странските пазари. Причина за губењето на странските пазари, според градежниците, е неможноста да обезбедат банкарска гаранција од европските банки за да аплицираат на проектите надвор. Ваквата состојба е загрижувачка за градежниот сектор на подолг рок, бидејќи работењето исклучиво на домашен пазар е профитабилно само краткорочно. Според Никола Велковски од здружението за градежништво при СКМ, странскиот пазар малку е запоставен од градежните компании, прво заради кризата во Европа, но и заради напливот на евтина

Никола Велковски

Page 15: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 15

15

градежништво

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

работна сила од Истокот. Сепак, како најголема причина, Велковски ја посочува неможноста компаниите да обезбедат банкарски гаранции. „Со тоа што „Гранит“ и „Бетон“ го заземаа домашниот пазар и учествуваат во изградбата на сите големи проекти се губи можноста помалите компании да фатат некоја работа. Правевме напори некои помали фирми да се здружат и заеднички да конкурираат за работа на странскиот пазар, но не се најдоа сили за тоа да профункционира. Но, и ако фирмите се решија така да работат, сепак ќе се соочеа со проблемот околу банкарските гаранции“, констатира Велковски. Освен на „Скопје 2014“ и на новите проекти што ги најавуваат локалните власти, нашите компании ќе учествуваат и во изградбата на Коридор 10, но таму ќе бидат подизведувачи затоа што главни се странци. Што се однесува, пак, до повторното освојување на странскиот пазар, Велковски вели дека разговараат со компании од Хрватска и Србија за здружено настапување, но тоа останува сè уште во фаза на преговори без никакви конкретни решенија. И Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при Сојузот на

стопански комори, потврдува дека домашните градежни компании го имаат загубено странскиот пазар, но според него причината е во економската криза која ја има зафатено Европа. „Во последните две до три години македонските градежни компании го напуштија западно европскиот пазар, затоа што таму има економска криза и секоја држава ги ангажира домашните фирми за да можат да си ја спасат економијата“, нагласува Кочан. За ситуацијата кај нас, пак, Кочан вели дека целата македонска оператива е ангажирана и сите се активни за да си ги завршат обврските. „Кај нас ниту една фирма нема застанато со работа за разлика од ЕУ, каде што работите не се сјајни“, додава тој. За повторното освојување на странскиот пазар, Кочан вели дека веќе е тргнато во таа насока со потпишувањето на договорот на „Гранит“ за изградба на автопат во Република Српска. Помалите фирми нема да можат да влезат во странство за работа, но затоа треба да им дадеме поддршка на „Гранит“ и „Бетон“, а потоа тие може да ги повлечат останатите како подизведувачи. За тоа време на помалите градежни фирми ќе им остане да го задоволуваат македонскиот пазар“, додава Кочан.

Сеад Кочан

Page 16: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012316

16

градежништво

Интегрирање на ветерната енергија во електроенергетскиот систем на Република МакедонијаПојдовна точка во формулацијата на основниот принцип на одржливоста поврзан со енергетските сектори е дефиницијата за одржлив развој:„Развој кој ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја доведе во прашање можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“.

- Gro Harlem Brundtland, објавено во "Our Common Future"

Во последната деценија, индустријата за електрична енергија во Европа бележи силен развој на производство на електрична енергија од обновливи

извори на енергија, главно од ветерна енергија. Во Европската Унија денес

има вкупен производствен капацитет за ветерна електрична енергија од 84.278 MW. Германија останува земјата од ЕУ со најголем инсталиран капацитет, а веднаш по неа се Шпанија, Франција, Обединетото Кралство и Италија. Интегрирањето на ветерната енергија значително влијае врз конвенционалното

производство на енергија и предизвикува промени во вкупниот микс на производство на електрична енергија во енергетскиот систем. Таа е одговорна за делумната замена на некои извори за производство на енергија, како што се јаглен, лигнит или нуклеарна енергија. Во исто време, променливата природа

Page 17: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 17

17

градежништво

на енергијата произведена од ветерот наложи потреба од пофлексибилно производство на електрична енергија, како што е производството на електрична енергија од електраните на гас. Големите објекти за производство на електрична енергија од ветер станаа многу забележливи компоненти на меѓусебно поврзани енергетски мрежи во повеќе земји. Интеграцијата може да се случи на следниот начин: големи ветерни паркови да се поврзани со системот за пренос или неколку мали ветерни паркови да се приклучени на дистрибутивниот систем во еден дел на електроенергетскиот систем. Главните прашања поврзани со интеграцијата на ветерната енергија во електроенергетскиот систем на Македонија се поврзани со разните пристапи при оперирањето со системите и условите за приклучување на ветерните електрани во енергетскиот систем. Влијанијата на ветерната енергија врз енергетските системи во глобала може да се поделат на локални влијанија и на „системски“ поврзани влијанија, земјаќи ги предвид и електричните влијанија на турбината и карактеристиката на ветерот. Понатаму, поврзувањето на ветерните електрани доведува до предизвици во поглед на планирањето и оперирањето на енергетската мрежа. Друг аспект е формулирањето на мрежни правила за интегрирање на ветерната енергија во електроенергетскиот систем на Р. Македонија Аспектите што треба да се имаат предвид при интегрирањето на ветерните турбини во електроенергетскиот систем се следните:

локалнИ ВлИјанИјаЛокалните влијанија од ветерната енергија главно зависат од локалните услови на мрежата како и од типот на поврзаните ветерни турбини, а ефектите се помалку забележливи со растојанието на истите од изворот. Набљудуваните феномени вклучуваат променливи текови на можности, промени во напонските нивоа, поголеми струи на грешка и ризик од „островски енергии“, кои го комплицираат системот за заштита, а доведуваат и до проблеми со квалитетот на електричната енергија, како што се хармоници и „фликери“. Современите ветерни турбини се опремени со разновидна електроника и може да бидат дизајнирани за да се ублажат некои од овие проблеми. Останатите влијанија мора да бидат опфатени со строги мрежни барања и нови дизајни за дистрибутивните мрежи.

аспектИ за поВрзуВаЊе на енерГетската МрежаПреносните системи кои се користат од страна на постојните производствени капацитети, често не се димензионирани да може да примат количества на ветерна енергија или едноставно не се на располагање во близина. Предизвиците поврзани со поврзувањето на мрежата не се само од технички аспект, туку вклучуваат и економски прашања (цена за ветерната енергија), аспекти за просторно планирање (процедури за добивање на дозволи), низок фактор на преносен капацитет за енергијата на ветерот, како и правни прашања.

МрежнИ праВИлаСо зголемување на нивото на пенетрација

на ветерната енергија, зголемен е бројот на земји кои прифаќаат мрежни правила со технички барања за турбини на ветер. Целта на ова е да се справиме со влијанијата што енергијата од ветрот, поради своите специфични карактеристики, може да ја има врз енергетскиот систем.

пазарИ на електрИчна енерГИјаОсвен техничките критериуми за интеграција на ветерните електрани, поврзани со варијабилноста и ограниченото предвидување на ветерната енергија, интеграцијата на ветерната енергија во енергетските системи исто така претставува предмет на интерес. Со оглед на тоа што грешките за предвидување на ветерната енергија се зголемуваат земајќи подолги периоди на предвидување на ветерниот потенцијал, ветерната енергија не може да се планира толку многу однапред како конвенцијалните извори на енергија. Затоа, одредени аспекти се важни за интеграцијата на ветерната енергија во енергетскиот систем како што се времето на реакција на енергетскиот систем, дизајнот и големината на системот за балансирање на количината на резерви и географската големина на системот во кој треба да се интегрира ветерната енергија. Последен аспект релевантен за ветерната енергија е предвидување на дополнителни конфигурации и опции, кои може да се искористат за да се приоритетизира ветерната енергија пред останатите конвенционални начини за производство на електрична енергија, сè со цел да се интегрира во електроенергетскиот систем на Р. Македонија.

Page 18: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012318

18

градежништво конзолнИ сИстеМИ

Вистински предизвик за секој проектантУпотребата на овој систем може да се гледа како револуција при проектирањето, каде просторот станува суштински дел од конструкцијата, моделиран како неразделив дел од неа. Во време каде секоја педа урбанизиран простор е од непроценливо значење, посебно во парична смисла, проектирањето на конструкции со конзолно испуштени катови има дури каква логика.

Биљана СТОјАНОВИќ, дипл.град.инж.

Конзолниот систем како архитектонско решение е интересен и во последно време доста применуван детаљ на новопроектираните конструкции. Иако и

самите висококатници претставуваат еден вид на конзола вклештена во почвата, сепак хоризонталниот тип на конзолен систем е оној што е вистински предизвик за секој проектант. Еден од првите архитекти кој во

своите проекти употребувал конзолни системи е Франк Лојд Врајт (Frank Lloyd Wright). Неговото портфолио го содржи и објектот со една од најпознатите конзоли во светот, иако можеби од оваа перспектива една од помалите. Долга

Приватна резиденција во Милран, Пенсилванија, САД

Page 19: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 19

19

градежништво

само 4,57 м, конзолата се вклопува во натуралното опкружување, надвисната над потокот и направениот водопад. Сепак, конзолата може да го прави или да го дави самиот проект. Употребата на овој систем може да се гледа како револуција при проектирањето, каде просторот станува суштински дел од конструкцијата, моделиран како неразделив дел од неа. Во време каде секоја педа урбанизиран простор е од непроценливо значење, посебно во парична смисла, проектирањето на конструкции со конзолно испуштени катови има дури каква логика. Освен како зголемување на функционалниот простор, проектирањето на конзолни конструкции некогаш е и најекономичен начин за справување со условите на терен. Таков пример е летната викендица во Торингтон, Англија. Објектот е со габарит од 7 х 30 метри, при што 50 % од должината на објектот е фундирана на класичен начин во почва, додека останатите 50 % се конзолен систем кој надвиснува над околниот пејзаж.

Јавна болница во Чикаго, Илиноис, САД

Летна викендица во Торингтон, Англија

Page 20: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012320

20

Од конструктивен аспект, овој тип на конзола од 15 м е добиен со изработка на крута конструкција, чие темелење е изведено земајќи ги предвид дополнителните моменти од висечката конзола. Сепак, најчесто, употребата на конзолниот систем се сведува на архитектонски детаљ, направен намерно или ненамерно, со цел нарушување на монотонијата на конструкцијата. Еден пример за тоа се висечките аголни делови на облакодерот Ситикорп во Њујорк (Citicorp Center in New York), конструкција без крајни столбови. При изведбата на мега проекти со мега буџети, поедноставно е постигнувањето на овие спектакуларни подвизи на инженерството. За потребите на градежната компанија „Ламар“ од Мичиген, изградена е двокатна зграда, каде вториот кат претставува 38 метри долга конзола, со ширина од 15,8 метри. Објектот се состои од два габарити, приземен дел кој служи како складиште и висечката конзола,

Административен центар во Њујорк, САД

Централното претставништво на градежната компанија Ламар во Мичиген, САД

градежништво

Page 21: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 21

21

надвисната над приземниот дел за 4,8 метри, наменета за канцелариски простор.Самата конструкција на конзолата е изработена од две челични решетки, поставени на меѓусебно растојание од 7,9 метри. Секоја од решетките е со висина од 4,8 метри, произведена во три дела, кои се склопувани на самото градилиште. Како нивно лежиште служи посебно изработена челична конструкција (вертикална кула), која е заробена во армирано-бетонски платна, од сите четири страни, изработени на самото место. Овој дел од конструкцијата ги содржи скалите и лифтот за вертикална комуникација во објектот. Анкерувањето на вака изведената потпорна кула е изведено во армирано-бетонска темелна конструкција со дебелина од 1,8 метри. За прифаќање на моментот од конзолата и обезбедување на конструкцијата од превртување, изведената темелна конструкција е со габарит 18,9 х 27,4 метри, позиционирана подземно, по хоризонталната оска на конзолата.При монтирањето на челичната конструкција на конзолата било изведено надвишување од 10 см, па со самата демонтажа на потпорното скеле, целата конструкција слегнала за 8 см. Дозволениот наклон при сите натоварувања за оваа конструкција изнесува 79 см. При пресметката на конзолата, најголемо влијание конструкцијата добива од натоварувањата од ветер кои се доста големи поради

близината на езерото Мичиген. Торзијата што се јавува во бетонските платна под влијание на ветерот успешно ги прифаќа челичната рамкова конструкција заробена во бетонските платна. За изработка на челичната конструкција за конзолата и нејзината потпора се потрошени вкупно 256 тони високо квалитетен челик. Самите канцеларии се океан систем, со неколку преградни ѕидови, застаклени со ниско емисионо рефлектрирачко стакло.

При проектирањето на објетот посебно внимание е посветено на одржливоста и енергетската ефикасност на самиот проект. По изградбата, верификациона комисија издала и зелен пасош за еколошка градба, со што квалитетот на градбата се подигнал на уште повисоко ниво. Изведбата на конзолни системи како детаљ на модерното време и оптимализација на функционалниот простор на објектите, сепак, противречи на основните принципи на проектирање на згради во сеизмички активни подрачја како што е и територијата на Република Македонија. Меѓу основните совети за асеизмичко проектирање се: намалување на вкупната маса на објектот со исфрлање на непотребни преградни ѕидови со лоцирање на поголемата маса на пониските етажи, избегнување на несиметрични објекти и на големи конзоли. За да не испадне креативноста жртва на овие препораки, секој проект мора да биде компромис меѓу идејата и реалноста.

Централното претставништво на градежната компанија Ламар во Мичиген, САД

градежништво

Page 22: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012322

22

градежништво Д-р бернарД аМаДеИ, осноВач на „ИнженерИ без ГранИцИ“ Во МакеДонИја

Се воведува категоријата - глобален инженер

д-р Бернард Амадеи со своите колеги од Градежниот факултет

Глобалниот инженер, покрај стручноста во својата област, треба да знае како да соработува со сите учесници на еден проект за да биде успешен. Современото ниво на достигнувања во сите области на инженерството овозможува решавање и на најсложените предизвици ширум светот.

На покана на здружението „Инженери без граници, Македонија“ во посета на нашата земја престојуваше основачот на меѓународното

здружение „Инженери без граници“, д-р Бернард Амадеи. Во текот на својот престој, д-р Амадеи се сретна со колегите од македонското здружение

на „Инженери без граници“ и со дел од раководството на Градежниот факултет. На свеченоста во просториите на Градежниот Факултет во Скопје, претседателот на ИБГ Македонија, Оливер Начевски му ја врачи Благодарницата за континуираната поддршка на д-р Амадеи на ИБГ Македонија и неговиот огромен придонес кон инженерската волонтерска работа

ширум светот. Заблагодарувајќи се на признанието, д-р Амадеи ја истакна големата важност и улога на инженерите што ја имаат во развојот на сите земји. Тој потенцираше дека современото ниво на достигнувања во сите области на инженерството овозможува решавање и на најсложените предизвици ширум светот. Тоа претпочита добро познавање на локалните

Page 23: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 23

23

градежништво

Лабораторија за геотехника

инженерски, но и социолошки услови. Се воведува категоријата - глобален инженер - кој покрај стручноста во својата област треба да знае како да соработува со сите учесници на еден проект за да биде успешен. Д-р Амадеи е редовен професор по геомеханика и геотехнички инженеринг на Градежниот факултет при Универзитетот на Колорадо во Болдер. Роден е во Рубе, Франција, во 1954 година. Дипломирал во 1977 година во областа на применета геологија во Нанси, Франција. Магистрирал во 1979 година на Универзитетот во Торонто, а докторирал во 1982 година на Универзитетот во Калифорнија во Беркли. Бил директор на центарот за инженеринг Мортенсон во Заедници во развој при Универзитетот на Колорадо во Болдер. Тој е претседател на здружението Инженери без граници САД, од неговото основање во 2000 година. Исто така тој е еден од основачите на меѓународното здружение

Инженери без граници во 2002 година. Д-р Амадеи е член на Националната академија за инженерство на САД. За својата долгогодишна активност во 2007 година го има добиено престижниот Медал на Хувер (највисоко одликување во инженерството во САД), наградата Човек на годината во 2009 година на неделниот магазин за градежна индустрија Engineering News Record (ENR) и наградата Heinz за заштита на животната средина во 2007 година. Д-р Амадеи поседува и три почесни докторски титули. Д-р Амадеи ја искористи можноста да се запознае подетално со организацијата и наставната програма на Градежниот факултет. Во разговорот со деканот проф. д-р Милорад Јовановски и продеканот за наука и меѓународна соработка д-р Дарко Мославац, се иницираше можноста за соработка помеѓу градежните факултети во Скопје и Болдер. Д-р Амадеи понуди одржување на заедничка

работилница на тема обновливи извори на енергија со студенти од Колорадо и од Македонија во текот на летото во 2013 година. Во нејзини рамки би се иницирале и неколку проекти низ Македонија кои би биле имплементирани од заедничкиот тим на студентите од двата универзитета. Тој ја посети и Лабораторијата за геотехника при Градежниот факултет и се запозна со тековните проекти и опремата што се користи за геомеханичките испитувања. Тој се увери за можностите со кои располага оваа лабораторија и успешните проекти кои таа ги има реализирано. Д-р Амадеи беше воодушен од природните убавини на Македонија, од гостопримливоста на своите домаќини, како и од богатата историја на земјата. Тоа е, како што истакна, уште поголем мотив да ја посети Македонија и следната година со студентите од Колорадо.

Page 24: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012324

24

градежништво Inter ConstruCtIon, ГеВГелИја

Револуција на полиетиленските и полипропиленски шахти

Бетонската шахта која со децении беше стандард, денес сè повеќе се заменува со полиетиленска шахта затоа што е во потполност водонепропустлива. На тој начин се задоволува и законската регулатива за заштита на околината т.е. првенствено заштита на подземните води.

Вики В. ХОел, проект менаџер

Долгогодишните проблеми со затнати шахти, поплавени улици, непријатни ослободени гасови во населените места, индустриските,

или туристички места, стануваат минато со примената на т.н ИНТЕРХОЛ шахти. Станува збор за шахти, производ на компанијата Inter Construction изработени со новата ротомоделинг технологија, со кои практично и кај нас се воведува економично, висококвалитетно и еколошко работење. Апликацијата на производот значи и нов стандард во осовременување и проширување на канализациската инфраструктура во Македонија. Со оваа нова револуционерна технологија се надминува и проблемот со поправките на веќе дотраените и испукани бетонски цевки и отварањето на тешки кородирани метални шахти. Од големо значење е и критериумот за екологија на отпадните води. Бетонската шахта која со децении беше стандард, денес се повеќе се заменува со полиетиленска шахта затоа што е во потполност водонепропусна. На тој начин се задоволува и законската регулатива за заштита на околината т.е првенствено заштита на подземните води. Полиетиленските ИНТЕРХОЛ шахти се направени согласно со стандардот EN 13598, со еколошки висококвалитетни материјали, производи кои лесно може да се рециклираат и термички обработат. Нивната примена е повеќенаменска и прилагодена за лесна и брза инсталација.

Покрај производство, Inter Construction дава воедно и стручна подршка на компаниите вклучени за поставување на санитарни канализациски системи, хемиски постројки и санитации на дотраените канализациски системи. Inter Construction е релативно нова компанија која во досегашното работење беше позиционирана на изведби и монтажа на водоводни и канализациски системи и беше основана како услужна компанија на Konti Hidroplast. Од своите почетоци во 2005 година до денес компанијата воедно, работи

и на развој и проширување на својата дејност преку следење на новите трендови и побарувачка на светските пазари. Inter Construction има поставено погон и линии за производстсво на полиетиленски шахти а наскоро ќе продолжат да се работат и дополнителни полиетиленски и полипропиленски производи за еколошко прилагодување на нови и застарени инфрастуктурните објекти, како на пример еколошки прочистителни станици. Со разновидните полиетиленски и полипропиленски производи и со својата услужна дејност компанијата има можност

Page 25: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 25

25

градежништво

да соработува и работат на монтажа и изведби со повеќе градежни, архитектонски и еколошки ориентирани компании. Нивните производи и полиетиленски дизајни може да се применат во следните индустрии:- Регионални градски одводи - Индустриски цевководи- Куќни водоводни инсталации- Примени во телекомуникациските системи- Системи за наводнување и одводнување- Фекална и атмосферска канализација

Брзо растечката побарувачка и пласман на Inter Construction се должи на квалитет и сигурност на нивните производи. Највисок процент од производството се пласира на Балканот и пошироките странските пазари, но се повеќе се насочува и кон домашниот пазар. Основна причина за фокусирање кон домашниот пазар не е само потребата за рекноструирање на целокупната канализациска инфраструктура кај нас, туку и на инвестирањето во државата.

Inter Construction во партнерство и соработка со Konti Hidroplast, меѓусебно се надополнуваат во однос на развој на нови производи. Тоа се едни од поголемите и успешни компании во нашата земја кои во целост се движат кон задоволување на потребите на светските пазари во сите сфери на полиетиленската технологија.Производството и новата креативност на Inter Construction продолжува понатаму и постојано.

Page 26: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012326

26

проекти Ќе се реконструИра „унИВерзална сала“, скопје

Препознатливата сала во современ контекст

Со проектот, од стариот објект ќе се задржи само челичната конструкција, а се предвидува да се направи големо влезно фоаје, кое по потреба ќе служи и како изложбен простор, дополнителна сала за презентации на помали настапи, голема кафетерија на две нивоа, проект за акустика заедно со ентериерното решение, подземна гаража на две нивоа... Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

Владата на Република Македонија неодамна соопшти дека обезбедила 400 милиони денари за реконструкција на Универзалната сала.

Времето на најголеми кризи е можеби најидеално за градење на концертни сали и разни културни храмови. Тие се места кои пружаат можности за запознавање и за средби со она најдоброто што доаѓа од различните култури. Места на синтеза

и заедничко дејствување, точки околу кои уште од почетните моменти на планирање се собира многу позитивнa енергија, места за собирање на многу луѓе, на многу возбудувања кои ќе се случуваат во иднина, места на врвна забава.

Page 27: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 27

27

проекти

Како и сите народи и ние се гордееме со својата историја, со онаа постарата, но и со поновата. За нас, родените во средината на минатиот век, како вчера да беше кога се случи скопскиот земјотрес. После земјотресот се започна со изградбата на новото Скопје. Се изградија многу нови згради. Градот немаше концертна сала, и како подарок од повеќе земји од светот се изгради и „Универзалната сала“. Откако е изградена само еднаш, и тоа во текот на седумдесеттите години од минатиот век, бил реновиран ентериерот во салата, а оттогаш не е направено речиси ништо! Со години се зборуваше за нејзино реновирање, а пред неколку години се направи еден првичен идеен проект, кој подоцна послужи како појдовна база за изработка на проектите за реконструкција на „Универзалната сала“. Со проектот се направи нов прстен со нови содржини

и функции околу стариот објект. Со проектот, од стариот објект се задржа само челичната конструкција. Новопроектираните делови мораа соодветно да се вклопат во старата структура. Со новиот проект требаше да се нагласи функционалноста и убавината на овој препознатлив објект на нашиот град. Требаше да се покаже напредокот во градежништвото со примената на нови материјали и нови технологии. Со проектот, објектот е поделен во три функционални групации; групација на главни и придружни простории во функција на публиката, економски простории, пристапи за вработените и изведувачите, како и централна сала со гледалиште. Откако ги додадовме новите содржини кон стариот објект, се јави идеја да се проектира мала сала опремена со модерна техничка опрема за презентации и помали настапи. Со проектот е предвидено да се направи големо влезно фоаје, кое по потреба ќе служи и како изложбен простор, со голема кафетерија на две нивоа, како и потребни санитарии за публиката и вработените. Новите архитектонски средства на изразување и пристап кон просторот се втемелени на контрастот на постојаната и новата

градба со современи материјали. Има многу стаклени површини во комбинација со алуминиумска фасада, нешто што ќе потсетува на стариот објект, но сепак нешто сосема различно. Оригиналната челична структура на објектот е засилена со монолитна структура од армиран бетон. Сцената заедно со сите придружни простории кои припаѓаат кон неа, ќе бидат предмет на решавање во

проектот за сценска технологија, кој не е изработен во оваа фаза на изготвување на проектната документација. Групацијата на просториите за изведувачите се наоѓа во склоп на надворешниот прстен, проширена над доградените површини. Содржи гардероби, шминкерници, санитарни јазли, како и соби за одмор на изведувачите. Сите простории гравитираат кон интерните вертикални комуникации наменети за вработените и изведувачите, и се протегаат на три катни нивоа. Гледалиштето во салата е организирано во блокови на трибините и седење во партер. За салата ќе се изработи проект за акустика заедно со ентериерното решение. Се предвидува капацитет од

околу 1.400 седишта, затоа што постоечката конструкција не дозволува поставување на повеќе седишта. Како завршница на гледалиштето е предвидена галерија на најгорното ниво, и таа со нејзините димензии го зголемува волуменот на салата и го релаксира движењето на публиката по хоризонтала и по вертикала. Треба да се напомене дека заради неможност од интервенции на постоечката конструкција на објектот, сите катни височини и денивелации остануваат исти. Во салата се наоѓа и простор за режија и команда на ѕвук и светло, кој е поставен во осовина со сцената но физички е одвоена од просторот на салата, но визуелно е поврзан со стаклени портали, кои се со можност за отворање и директен контакт со ѕвукот и движењата на сцената. За паркирање на возилата покрај постоечкиот објект е направен проект за подземна гаража на две нивоа, која ќе ги задоволи потребите на посетителите и вработените. Направен е и проект за партерно уредување околу објектот, со што ќе се разубави целиот простор. Секако, вакви, барем за нас, големи проекти не се остваруваат преку ноќ. Проектите беа замислени и направени пред две-три години, финансиската криза нè зафати и нас, но сепак, планираните проекти еден ден треба да се изградат, за да можат во нив да продолжат големите приказни и соништа, заради кои ваквите објекти и се градат. Проектот е изработен во архитектонското студио „Архангел - Бојс“, односно од архитектите Ленка Маневска, Ангел Ситновски и Весна Кондева.

Page 28: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012328

28

интервју Марк хеМел (InformatIon based arChIteCture)

Архитектурата - развој на современа култура

Марк Хемел е уште еден од архитектите кој престојуваше во Белград за време на конференцијата Блок 2012. Во таа пригода, покрај претставувањето на својата архитектура пред посетителите, холандскиот архитект даде интервју за „Порта3“. Архитектот, кој моментално работи на големи проекти во Кина, имал интересен пат. После завршените студии по архитектура во Делфт, стипендиското патување по Африка и Азија, заминува во Лондон каде ги завршува постдипломските студии на Architectural Association, а потоа работи во студиото на Заха Хадид. Заедно со својата сопруга го основал студиото ИБА (Information based architecture) што функционира на релација Лондон - Амстердам - Гуангџоу. Она што ја карактеризира наговата архитектура е „развојот на современата култура“, како што тоа го дефинира архитектот. Најпознатото негово дело е проектот на ТВ кулата во кинескиот град Гуангџоу.

м-р Ѓорѓе јОКИќ, дипл.инж.арх. (Србија)

ТВ кулата во Гуангџоу

Page 29: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 29

29

интервју

За почеток, можете ли да им се претставите на читателите на „Порта3“? Јас сум Марк Хемел, соосновач на архитектонското студио ИБА (Information Based Architecture) од Амстердам. Студирав во Холандија на Техничкиот универзитет во Делфт, а потоа студирав и работев во Лондон. Таму работев во студиото на Заха Хадид, а после тоа искуство почнав да предавам и основав своја компанија, заедно со својата сопруга Барбара Куит. Таа исто така работеше во студиото на Заха Хадид. Во 2003 година, нашето студио го преселивме во Амстердам, а пред неколку години го отворивме и другото студио во Гуангџоу, кое на некој начин стана главно студио, имајќи предвид дека економските можности во Кина се наспоредливо поголеми отколку во Холандија.

На што моментално работи студиото ИБА? Главно работиме во Кина, имаме проект

во Пекинг, исто така Музејот на современа уметност во Шензен. Работиме на важна зграда за белгиска компанија која отвора претставништво во Кина. Освен тоа учествуваме на доста помали проекти.

Прочитав дека сте имале стипендија за патување по Африка и Азија, колку тоа искуство учествуваше во вашето формирање како архитект? Во моментот кога патувате тоа ви изгледа како еден голем одмор и тогаш не сфаќате колку е тоа големо и важно за вас, да пропатувате и да видите поинакви култури. Во тоа време посетив некои земји од Африка, Кенија, Танзанија, Сомалија, а бевме и во азиските земји Индија, Индонезија и Кина. Повеќе од една година патувавме по светот и тоа беше многу важно за нас.

Како одлучивте да одите во Кина? Кои беа

причините и како сфативте дека постои шанса да направите нешто големо и таму? Верувам дека таму отидов бидејќи ме интересира улогата во развојот на современата култура, и на некој начин гледам многу повеќе можности во земјите во развој, отколу во просторите што се веќе дефинирани, каде што се дефинирани таканаречените завршни работи, и затоа отидовме во Индија и Кина. Кога бевме таму прв пат, не се случуваа толкави промени, но можеше да се почувствува и да се предосети идниот развој, и тогаш сосема случајно учествувавме на конкурс во местото во кое веќе бевме, кое го познававме бидејќи бевме таму. Имавме некои референци, добивме можности кои или ќе ги фатите или не, едноставно, не можете такво нешто да планирате.

Дали сега живеете во Амстердам или во Кина? До септември или декември ќе

Марк Хемел со сопругата архитект Барбара Куит Детаљ од ТВ кулата во Гуангџоу

ТВ станица во Гуангџоу

Page 30: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012330

30

интервју

бидеме во Кина, а потоа се враќаме во Холандија.

Дали ви недостасува Холандија и нејзиниот начин на живот? Да, многу. Животот во Кина е сосем поинаков. Јас постојано патував и бев на таа релација, но животот е поинаков. Битно е да бидете таму каде што ви е фамилијата.

Знаете ли нешто за архитектурата на Балканот и за пазарот на овој простор? Да бидам искрен, не знам многу. Пред десетина години учествував на еден конкурс за концертна сала во Босна, Заха Хадид беше во жирито. Тогаш за прв пат ги посетив овие простори. Верувам дека денес има многу можности за развој.

Како гледате на работата на Заха Хадид? Колку искуството во нејзиното студио влијаеше на вашата работа? Имам големо почитување за Заха Хадид, не можам да кажам дека таа директно влијаеше на мене. Кога јас работев во нејзиното студио, тоа не беше така големо како денес, истражувавме можности на простор и форма. Јас главно работев на конкурси, и често работев макети, јас сум човек кој сака да работи макети, а сепак се трудам да имам свој архитектонски правец.

За крај, колку фактот што доаѓате од Холандија ви помогна да работите во Кина, имаат ли холандските архитекти добра репутација во таа земја? Верувам дека имаме добра репутација, дали е заради тоа полесно или потешко да се работи, тешко е да се каже. Јас верувам во една работа, а тоа е дека во Холандија сме отворени. Доаѓаме од култура каде секој може да каже што мисли и да учествува во дебати. Верувам дека од тој став доаѓа до тоа да бидете многу отворени кон другите луѓе, да можете лесно да соработувате и да направите сè што е можно. Ние сме доста практични, и верувам дека повеќе профитирав заради културното милје од кое доаѓам, отколку заради репутацијата што ја имаат архитектите од Холандија.

Археолошки музеј во Гуангџоу

Велодром во Гуангџоу

Велодром во Гуангџоу, ентериер

Page 31: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 31

31

архитектураархИтектура наспротИ ИнФраструктура

Хибридни инфраструктури за обединување на урбаната ткаенина

Новите хибридни мрежи можат значително да го подобрат квалитетот на урбаниот живот како и да понудат алтернативни решенија за многуте проблеми во земјите во развој. Создавањето на самодоволни градови е предизвик кој нуди различни интерпретации на темата хибридни инфраструктури, меѓутоа без нив планирањето на инфраструктурата на иднината се чини дека е безначајно.

Александра ШеКуТКОВСКА, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Швајцарија)

Во пресрет на големи историски настани, како што се Олимписките игри и Светскиот куп, многу светски земји се опремуваат за да можат да ги вдомат

во сопственото урбанистичко јадро сите мерки и потреби за да се поткрепи настан од вакви размери. Познанието за неефикасна инфраструктура изгледа како да е универзално кога се работи за земји во развој и неформални населби.

Во пресрет на два големи историски настани, ФИФА Светскиот куп 2014 и во продолжение Олимписките игри во 2016, Бразил ги насочува сопствените инвестиции за целосно умрежување на сопствената територија. Развојот на инфраструктурата и идните настани кои ќе ја обележат оваа земја се чини како да се директно пропорционални. Швајцарски инженери постојано се ангажираат во однос на прашањата како да се направат соодветни решенија, како и еден од најголемите

проблеми со кои се соочува Бразил во однос на сопствените ресурси на нафта. Резултатите од инфраструктурното планирање се чини дека се нееднакви, цели населби со луѓе се пресечени, раселени и популаризирани како туристичка атракција. На симпозиумот помеѓу Бразил и Швајцарија се дискутираше за предизвиците на метрополите во 21 век, со цел да се промовира размената на искуства помеѓу овие две земји. Како земја во развој можеме уште еднаш да си го поставиме

Page 32: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012332

32

архитектура

Page 33: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 33

33

прашањето за ре-размислување на врските помеѓу архитектурата и инфраструктурата, особено во урбанистичкото планирање. Едно од главните прашања, кое се провлекува помеѓу експертите, е дали иднината на инфраструктурата во неформалните населби укажува дека иднината на земјите во развој може да биде и фактот што веќе не треба да планираме архитектура туку само инфраструктура. Секоја дефиниција за соодветна инфраструктура е поткрепена од потребата за ефикасен транспорт, канализација и водовод, енергетски и комуникациски системи. Меѓутоа, кога треба да се земе превид планирањето во земјите во развој, треба да се прошири и дијапазонот на инфраструктурните аспекти. Неформалните населби имаат природна и спонтана еволуција која настанува во неможноста на општествениот систем да се справи и да воспостави урбанистичко планирање за овие локации во тој одреден момент. Овој урбан развој е една од најважните архитектонски лекции заради тоа што е природен, самоорганизиран, антропоморфен и е директно огледало на основните потреби на човековиот живот. Планирањето во самоорганизирано урбано ткиво мора да следи соодветна рамка која треба да биде сензитивна во однос на овие периодични процеси, особено кога се работи за социјалната структура на градот. Планирањето на современата нова инфраструктура мора во себе да обединува два принципи: од луѓето кон општеството и обратно. Заклучоците како да се развие нов пристап во инфраструктурата се стратегии кои можат да бидат применливи и за нашата земја. Карактеристично за Рио е дека градот во последниот век се развил седиментно во две подвоени зони, северна и јужна, кои денеска се симбол на неговата гентрификација. Северната зона е пештерата на работничката класа, додека јужната зона е земјата на песочни плажи, прекрасни планини и апартмани со погледи на океанот. Брзиот развој на јужната зона е заради масата на облакодери кои стануваат новиот посакуван симбол на сите Бразилци и одговор на фантазиите за нови станбени, шопинг и локации за забава. За време на воениот режим во 70-тите и 80-тите години се забележани најголемите инвестиции во инфраструктурата на Рио. Планот за новата инфраструктура бил план за национална интеграција, меѓутоа заради перцепирањето на инфраструктурата само преку превозните средства остава зад себе површини напуштени од луѓето, фрагментирани населби и

места без квалитет на урбан живот. Слично на овој план, новите патни артерии планирани за Олимписките игри ќе ги пресечат социјалните врски на веќе настанатите населби. Овие патишта носат голем интензитет на сообраќај и нови оптоварувања на мрежата, кои не се поткрепени со архитектура. Инвестициите во урбаните сервиси и подобрувањето на јавниот простор не треба да се само во релација со претстојните Олимписки игри во 2016. Периметарот на новата инфраструктура може да создаде нови поврзувања, социјална интеграција на поделеноста помеѓу овие две зони како и зони за ново населување и урбанизација на регионот. Швајцарските експерти

сметаат дека ова мора да се земе превид за да се создаде самодоволен регион и да се поткрепат секакви форми на социјална организација во просторот помеѓу двете зони. Ваквите поврзувања во светските градови се од особено значење заради тоа што имаат потенцијал да создадат точки во кои социо-економските разлики ќе бидат премостени. Социјалната интеграција помеѓу овие две зони може да значи нова иднина за урбанистичкото планирање на овој град. Самоорганизираните населби како фавелите имаат свои локални форми на организација. Главните варијабли, кои играат улога во урбанистичкиот развиток на градот, се пристапот кон објектите,

густината на населеност, транзицијата помеѓу јавен, полујавен, полуприватен и приватен простор. Новата внатрешна инфраструктура треба да биде палимпсест кој ја чита социјалната организација, не само иницијатива да се градат патишта. Во неформалните населби веќе не можеме да си дозволиме простор, инвестиција и време да се гради „само инфраструктура“. Планирањето на новата инфраструктура е испреплетено со јавниот простор, алтернативни мрежи, зелени површини, треба да ја земаме предвид секогаш и социјалната, едукативната, финансиската и здравствената инфраструктура. Низ историјата градовите секогаш биле сконцентрирани во близина на река, дури и денеска реката што поминува низ градот се смета како артерија која може да понуди различни можности за планирање на јавен простор. Луѓето ги населуваат реките дури и кога тие не се планирани. Во Бразил еден од главните аспекти е дека реките ги поврзуваат физички различните фрагменти од населби на богатите и сиромашните. Просторот помеѓу, односно кејот на реките станува интересно место каде што може да се размислува да се создаде симбиоза помеѓу различни типови на луѓе и да се создаде симбиоза во социјалното живеење. Надградувањето на инфраструктурата во неформалните населби не е сингуларен процес, тоа претставува синтеза на повразни системи на архитектура, урбанизам и социјално домување. Преживувањето на овие населби, нивните транзиторни и социајлни слоеви зависат од тоа колку е голема инфраструктурата за да ги обезбеди во себе и формалното и неформалното. На симпозиумот беа предложени хибридни инфраструктури за да се обедини еволуцијата на урбаната ткаенина. Можностите за создавање на поефикасна инфраструктура се најразновидни, од поврзување на поделените зони на градот до речната инфраструктура, како и внатрешната инфраструктура во населбите. Во процесот на борба против гентрификацијата и зголемување на јазот помеѓу општествените слоеви, конекцијата и мрежното планирање на градовите станува повеќе од значајно. Новите хибридни мрежи можат значително да го подобрат квалитетот на урбаниот живот, како и да понудат алтернативни решенија за многуте проблеми во земјите во развој. Создавањето на самодоволни градови е предизвик кој нуди различни интерпретации на темата хибридни инфраструктури, меѓутоа без нив планирањето на инфраструктурата на иднината се чини дека е безначајно.

Едно од главните прашања, кое се провлекува помеѓу експертите, е дали иднината на инфраструктурата во неформалните населби укажува дека иднината на земјите во развој може да биде и фактот што веќе не треба да планираме архитектура туку само инфраструктура

архитектура

Page 34: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012334

34

архитектура

ГРАФИКА ВО АРХИТЕКТОНСКИ КОНТЕКСТ

Бојана ФИлИПОВИќ, дипл.инж.арх.

Комуникација и порака, слика и информација; ова се само дел од карактеристиките на изгледот на градот на новиот милениум, манифестирани во саморепрезентативна

архитектура, во разновидни промотивни техники, или во спој од волуметриска композиција со натписи. Целта е поттикнување на импулси од различни дисциплини во архитектонскиот дизајн, постигнување на комплексни решенија во кои графиката има големо влијание, а не само за рекламирање. Репрезентацијата на архитектурата, исто

така го смени својот однос кон гледачот или корисникот. Распространувањето на фотографска слика ја поттикна размената помеѓу објектот (архитектурата) и неговата перцепција во медиумите. Репродукцијата на објектот ја менува автентичноста/постоењето на самиот објект. Дури во 20-тите и 30-тите години на минатиот век, со модернизмот и неговиот програм на единство помеѓу структурата, планот и јасниот израз на објектите, комуникативната ориентација на еклектицизмот е заменет во полза на систематска употреба на натписи како дел од дизајнот на фасади,

особено во комерцијалните објекти. Футуристот Фортунато Деперо, во 1927 година, го презентира рекламниот павилјон на триеналето на декоративни уметности во Монца, со фасада оформена од макро букви. Заедно со други европски примери на ваква синтеза, започнува „рекламната“ архитектура, каде маркетинг пораките, особено со распространување на неонските натписи, се претвора во нова форма на архитектонски елемент, чија експресивна и симболична сила е да биде апсорбирана и реинтерпретирана од историската авангарда. Оскар Нитчке, во 1935 година на

"Maison de la Publicite" во Париз, Оскар Нитчке

Page 35: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 35

35

архитектура

Шанзелизе во Париз го презентира она што може да се нарече манифест на спојот на архитектурата и маркетингот (неколку декади пред неговата појава во современиот Ориент): "Maison de la Publicite", со модуларна фасада, со натписи и реклами кои се заменуваат. Со овој тип на архитектура сè е детерминирано преку композиција на пораки и знаци како графички план на урбано ниво. Во примерот на „Тајмс Сквер“ во Њујорк, чинењето на изнајмување на рекламен простор на надворешноста на објектот е многу повисоко од изнајмувањето на иста површина на ентериерен простор.

Архитектура која, како што ја опишал Валтер Бенјамин, „секогаш задоволува со прототип на уметничко дело, чија перцепција се случува во одвлекување на вниманието на колективната публика“. Така добиваме архитектура и нова урбана слика која од поглед на „оптички прием кој се случува помалку преку внимателно набљудување отколку поединечен краток поглед“. Минувачите добиваат интензивирани сензорни искуства со поминување и доживување на локацијата. Но, вон темата на знакот поставен во традиција на Лас Вегас или рекламната архитектура со американските поп-наивни

гестови на икони, кои во исто време се и функционални структури, односот помеѓу графиката и архитектурата денеска станува покомплексна. Графиката го наоѓа својот пат во фасадни обрасци, креирајќи повеќебојни дизајнерски мотиви на кровот на маркетот „Санта Катерина“ во Барселона на Миралес, во фото-бетонска фасада на библиотеката Fachhochschule Eberswalde, или фасадата на библиотеката на техничкиот факултет во Котбус, на архитектите Херцог и де Мерон. Дводимензионална графика се трансформира во внатрешниот дизајн, во езотерични пораки како

„Тајмс Сквер“ во Њујорк

Page 36: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012336

36

архитектура

апстрактна комуникација, но и како начин на дизајнирање на архитектура, со елементи на фигуративна асонанца која нè потсетува на графичка практика.

МеДИуМска архИтектураЗголемената потреба за комуникација доведува до промена на погледите во полза на интервенции со употреба на фотографија, графика, текст, дигитални слики, проекции, илустрации, графити или инсталации. Новото сценарио на менување на комуникациските трендови, со динамика која е типична за интернет - културата е возможно и стимулирано токму од масивноста и брзината на информациите. Со тоа и привремените дигитални слики на фасадите и ентериерите се подложни на растечка манипулација и рециклирање. Трендот на оваа интерактивна архитектура е трансформирањето на градот во жив светлечки организам со нови интегрирани системи на комуникација. Во случајот на фасадната видео проекција „555 Кубик“ во Хамбург е искористена теоретската идеја и визуелниот образец на хамбуршкиот "Kunsthalle", и нарацијата што ја прекинува строгата форма на "Galerie der Gegenwart" на Унгерс. Даниел

Роса во соработка со "Urbanscreen" ја изведуваат и видео проекцијата на Музејот Леополд во Виена. Фасадата открива различни интерпретации на геометрија и естетика искажана преку графика и движење. Развојна рефлексивност ја опишува новата конституција и просторна перцепција на локацијата.

знак И просторВизуелниот простор се учи колку преку практика и реторика, толку и преку секојдневни означувачи. Ние знаеме да го читаме јазикот пред да научиме да читаме или знаеме што читаме. Архитектурата е нашиот прв медијатор. Прогресивната мешавина на влијанија и култури на современото корејско општество е основата за дизајнот на Корејскиот павилјон во Шангај од 2010 година. Употребувајќи конвергирање како главна тема, архитектонската фирма "Mass Studies" во објектот ги здружува знакот (симбол) и просторот – знаците стануваат простори и симултано просторите стануваат знаци. Целосниот волумен е креиран од корејската азбука 'han-geul', овозможувајќи знаците да го креираат изложбениот простор, а посетителите да ја доживеат

оваа геометрија преку различни движења. Примарните геометриски облици на буквите на 'han-geul' се универзални за сите култури, и затоа објектот ја манифестира својата отвореност кон посетителите. Фасадните панели рефлектираат светла палета на бои, кои проектираат различна атмосфера и тектура на просторот. Секундарното осветлување на овие пиксели ги нагласуваат индивидуално оформените букви на фасадата, кои го анимираат самиот павилјон како занак (како текстуална порака), на поголем размер. Оформените корејски карактери лесно нè навраќаат на идејата дека архитектурата е форма на пишување.

архИтектонска ГраФИкаЕден од проектите што го истражуваат вкрстувањето и балансот на информацијата и изнаоѓањето на графиката во рамки на архитектонскиот контекст е павилјонот на знаење Ciência Viva во Лисабон на архитектот Жоао Луис Кариљо да Грака. Негова цел, поради различна употреба на просторот, е да се креира текстура на перфориран ѕид со акустични и осветлувачки ефекти. Темата на дизајнираниот ентериер - информатички

Библиотека на техничкиот факултет во Котбус, Herzog & de Meuron

Page 37: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 37

37

архитектура

www.evonik.comTel: 02/3230 453; 02 3177 715Mob: 070/277 060; 070/399 [email protected]

код (CEI) е аналогија на намената на музејот Ciência Viva за размена на информации. Со креирање на ѕидни панели со различна густина и отворање се регулира акустичниот процент и балансот на вештачкото и природното осветлување. Употребената типографија (OCR-A) е еквивалентна на онаа што се користи кај компјутерите за размена на информации. Влезот на објектот креиран со ефект на виножито преку застаклените површини кои се обвиткани со транспарентен обоен филм и акрилни панели кои се основата за сигнални информации. Прашањето е дали архитектите треба да се фокусираат исклучиво на естетика или да пренесуваат идна порака. Денешната архитектурата е критикувана за оптовареност од симболични декорации и за нејзино прекумерно потпирање на асоцијации. "L’art pour l’art" е оправдано, и ако архитектурата станува премногу асоцијативна, естетиката и формата губат дел од своето значење. Но дали значењето преминува преку естетиката не е толку полемично, туку дали архитектурата како форма на уметност и медиум има свој јазик. Останува и прашањето како материјалниот простор се спојува и балансира со медиумскиот простор, и како влијае врз нашето доживување на истиот. Пренамената на архитектурата во „конзумирачки спектакл“ е интересен феномен за размислување, кога станува збор за новите димензии на хипер-реалниот простор.

Корејски павилјон во Шангај, "Mass Studies" Павилјон на знаење, Ciência Viva во Лисабон, Жоао Луис Кариљо да Грака

Page 38: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012338

38

дрвна индустрија

Високи дрвни конструкцииАлександар ЧеРеПНАлКОСКИ, дипл.инж. по дрвна индустрија

Замислете град во кој сè е изградено од дрво, па дури и висококатниците. Според најновите истражувања, кои се спроведуваат на

Северноамериканскиот континент, сега тоа е возможно. Последниот извештај од март оваа година на Канадскиот совет од областа на дрвната индустрија, сугерира дека со денешната технлогија

за производство на материјали од дрво, може да се произведе материјал кој нуди флексибилност во градењето, ги задоволува сите норми и законски регулативи во градежништвото, а сепак

Лепени фурнирски плочи

Модел на висококатница од дрво, Лондон

Page 39: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 39

39

дрвна индустрија

ценовно е конкурентен со другите градежни материјали. Овие атрибути комбинирани со совесно и одговорно сечење и засадување на нови плантажи, го прави дрвото рационален и практичен материјал за градење на средни и високи згради. Како избор на производ за изградба на

висококатници од дрво се препорачуваат лепените ламелирани носачи и вкрстено лепени плочи како основен конструктивен материјал со кој може да се достигне до 30 ката, и секако безброј можности за архитектонско креирање. Овие материјали се подобри од класичните

дрвни конструкции во повеќе технички карактеристики, како што се подобри огноотпорни, звучни и конструктивни карактеристики. Канадскиот совет покрај тоа што го препорачува дрвото како материјал за градба, огромно вниманиепосветува на планското сечење на

Висококатница од дрво

Page 40: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012340

40

шумите и засадување на нови. Секако, оваа стратегија е многу важна кога станува збор за климатските промени и квалитетот на воздухот, земјата и друго. Извештајот објаснува еден нов конструктивен систем кој е за прв пат сериозна конкуренција на бетонските и челичните конструкции, кои се прв избор на основен конструктивен материјал за висококатници веќе многу години. Архитектите и инженерите се повеќе ги откриваат квалитетите и можностите за конструирање од дрвни градежни материјали на градби со разни големини. Државите во северноамериканскиот континент ги усогласуваат своите законски регулативи за градење во исто време со развивањето на новите технологии за производство на дрвни материјали, а со тоа се овозможува достигнување на нови висини во градбите. Дрвото како природен материјал може да биде сечено и од локалните шуми, што ги намалува трошоците во однос на другите градежни материјали. Употребувајќи сертифицирани шуми за сеча на дрво, се намалува и ризикот од негативното влијание врз животната средина во однос на другите материјали. За разлика од други градежни материјали кои ги црпат ресурсите на земјата, дрвото е единствениот материјал кој е обновлив и расте природно.

ФФтт - пронаоѓаЊе на шуМата преку ДрВата(FFTT - Finding the Forest Through the Trees)ФФТТ е нов конструктивен концепт кој нуди изградба на висококатници од масивни вкрстено ламелиарни плочи (CLT – cross laminated timber) од дрво. Концептот се состои од уникатен систем на едноставно подигање на однапред готови

панелни конструкции. Ламелираните плочи се користат за меѓукатни конструкции и ѕидови, додека за конструкцијата се употребуваат лепени ламелирани носачи од дрво до висина од 12 ката. За згради повисоки од 12 ката се користат челични носачи. Овој начин на подигање е едноставен, се извршува за краток временски период што драстично ги намалува трошоците за градба. Дрвените плочи коишто се употребуваат во градбата имаат димензии од 3 метри ширина и 16 метри должина, додека дебелината на плочата може да биде од 50 до 300 мм, а за специјални потреби дебелината може да достигне и до 500 мм. Плочите се обработуваат во секакви форми, и на градежната локација се испорачуваат фабрички обработени со сите отвори

Лепени ламелирани носачи

дрвна индустрија

Page 41: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 41

41

и монтирана градежна столарија. Исто така, фабрички се изработуваат сите отвори за инсталации, кои се пропратни во градењето на една зграда. На овој начин квалитетот на панелните елементи

се зголемува бидејќи нивната изработка е во контролирани фабрички услови, а секако и времетраењето на подигнување на зградата е пократко. Дрвото како градежен материјал се користи со векови, но со нови

и иновативни решенија неговиот потенцијал како градежен материјал драстично расте. Во иднина можеме да очекуваме дека дрвните материјали се повеќе ќе се употребуваат во градежништвото.

Лепени ламелирани носачи

Градење со вкрстено лепени плочи

дрвна индустрија

Page 42: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012342

42

архитектура

Принстонска универзитетска библиотека Julian Street

Библиотеката Julian Street, нова реновирана библиотека која се наоѓа на Универзитетот Принстон, ја трансформира читалната голема 3.100 хектари

во државна уметничка мултимедија за учење. Сместена помеѓу станбениот објект на колеџот и главниот центар на кампусот, библиотеката изгледа како центар за студенти на нивниот пат кон централниот кампус. Признавајќи дека, со појавата на дигиталната технологија, библиотеките се повеќенаменски простори во кои се учи и се извршува социјална интеракција, проектот на обновената библиотека го дефинира опкружувањето каде студентите можат да работат, да го користат дневниот престој и да се дружат во текот на денот и ноќта. Проектот го решава двократниот предизвик за подобрување на циркулацијата помеѓу тремот и кампусот, како и просторот помеѓу тремот и библиотеката, дозволувајќи им на претсобјето и библиотеката да се

преклопат. Отстранет е постоечкиот ѕид, и на тој начин библиотеката се соединува со претсобјето по пат на динамична рампа која се излива во овој претходно недоволно искористен простор. Веќе не е само праг, претсобјето сега е простор во кој студентите учат, се опуштаат и се дружат. Серијата терасести клупи го активираат претсобјето и обезбедуваат пристап кон комуналната табела на библиотеката и комјутерските терминали. Рампата потоа ги воведува студентите во главниот простор на библиотеката, кој е поделен на две зони – според активноста, а се разликува по бојата и материјалот. Традиционално конципиран како поединечна намена на просторот, наменет само за проучување, библиотеката сега е повеќенаменски простор кој го поддржува учењето и дружењето. Како последица на ова, проектот се дели на две библиотеки кои се преклопуваат со активностите и се разликуваат по бојата и материјалот. Од една страна, ѕидовите и плафонот на помирната студиска

област каде што студентите работат исправени на комуналните столови и на вградените пресметковни станици. Од друга страна, тапацираниот банкет го дефинира соседниот дневен престој на студиото. Студентите лесно можат да се префрлат од една во друга зона бидејќи нивните потреби се менуваат во текот на денот, овозможувајќи им да работат поединечно или заеднички во 24-часовното опкружување. Полиците за книги вградени во ѕидовите ја прикажуваат оригиналната збирка книги на Julian Street , кои се подарени на Универзитетот Принстон во 1962 година. Вградени во оквирот на овие ормани за книги, се наоѓаат и кабинети на домашни сметала и опрема за снимање музика, така што студентите имаат пристап до старите и новите медиуми. Мобилниот намештај и лизгачките панели му овозможуваат на просторот да биде лесно реконфигуриран така што може да прими различни случувања – од студија до простор за оброци и простор за журки.

Page 43: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 43

43

спортски храмови

Сашо КуЗМАНОВСКИ

коМплекс „роланД Гарос“ - парИз

273 милиони евра за новиот тениски комплекс

Одложувањето на тениски натпревари поради лоши временски услови, се чини станува се поголем проблем. По примерот на Англичaните, кои

на Вимблдон веќе поставија покрив над централниот терен, Французите сега ќе градат сосема нов стадионски тениски комплекс за потребите на легендарниот „Роланд Гарос“.Француската тениска федерација уште минатата година донесе одлука да се реновира и прошири тенискиот комплекс на кој се играат средбите на турнирот од Гренд слем серијата. Оваа одлука се

чини беше и логична, затоа што терените изградени во 1920 година досега не беа посериозно реконструирани. Според планот, новиот дел од комплексот „Роланд Гарос“ ќе биде сместен на традиционалната локација, а се очекува да биде отворен во 2017 година. Новиот стадионски комплекс ќе исполни три важни критериуми кои пред себе ги постави француската тениска федерација. Прво, централниот терен ќе биде покриен за да овозможи играње и покрај неповолни временски услови. Второ, зголемување на нивото на удобност на трибините и повеќе простор за сите што се вклучени во настанот (и играчите

и гледачите), и трето, модерен стадион со комплетно нова инфраструктура. Новиот комплекс „Роланд Гарос“ ќе се протега на 12,8 хектари, што е доста повеќе за разлика од сегашните 8,5 хектари на кои се простираат терените во Париз. Покрај новиот централен терен кој е планирано да има 14.600 места за седење, ќе биде изграден уште еден терен со капацитет од 5.000 места, но и два помали терени со капацитет од 1.500 и 750 места за седење. Вкупната цена на изградбата е проценета на 273 милиони евра. Градот ќе влезе со инвестиција од 20 милиони, додека останатите средства ќе бидат директни инвестиции на концесионери.

ФАКТИ за КОМПЛЕКС „РОЛАНД ГАРОС“ - Париз, ФранцијаКапацитет на централен терен: 14.600 места Капацитет на терен 1: 5000 местаПериод на градба: 2013-2017Цена на градба: 273 милиони евра Површина на градба: 12,8 хектари

Page 44: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012344

44

рубрика

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Б

www.geze.com

Page 45: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 45

45

рубрика

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Б

www.geze.com

Page 46: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012346

46

репортажа МостоВИте на Мелбурн

Јара во изобилиеОд аспект на инфраструктурните елементи, се потешко ни претставува да разграничиме мост од скулптура, скулптура од структура, структура од звук, звук од движење. Овие новонастанати форми се поаморфни и помалку дефинирани, со што се менува класичната перцепција за нивната функција.

Во овој број ќе ја дополниме анализата на Мелбурн преку неговата инфраструктура. Сите оние интересни комуникации, патеки и мостови кои се раздвижуваат по течението на реката Јара и го поврзуваат градот на најдобар можен начин. Sandridge е првиот челичен мост над реката Јара, симбол кој на единствен начин физички не поврзува со минатото и сегашноста. Тој воедно претставува и прв железнички мост изграден во Австралија, кој за прв пат ги поврзувал илјадниците имигранти кои секојдневно се доселувале во тогашната штотуку откриена земја. Како железнички мост се употребува сѐ до 1987 година кога е затворен за употреба. Долг е 178 метри, со широчина од 17 метри и со носечки ѕидови на

секои 36 метри, а зазема косина од 33° со коритото од "Southbank". Во 2006 година општината го обновува и преобразува во пешачки мост. Проектиран е според победничкиот труд на тогашниот распишан конкурс од страна на либанскиот скулптор и архитект Надим Каран, со наслов "Travellers". Таа инсталација се состои од 10 скулптури високи по 7 метри кои се направени од неоксидиран челик. Тие го симболизираат патот на имигрантите што одлучуваат Mелбурн да стане нивен дом. Скулптурите на некој начин претставуваат ода на aвстралиската мултикултурологија. Секоја од скулптурите е со различна култура и различно место, а сите заедно се среќаваат на самиот мост. Девет од десете скулптури се движат по шина која ги раздвижува трипати дневно, во секвенца од по 15 минути, и ги претставува австралиските имигранти од времето на создавањето и златната треска, па се до денешните доселеници. Десетата скулптура е посветена на Абориџинската заедница и како таква е фиксирана на коритото на реката и не се движи. Долж мостот се поставени 128 стаклени табли кои се испишани со информации за сите имигранти од Авганистан па се до Зимбабве, по азбучен ред. Функционално е употребена само источната лента од мостот, додека западната е оставена да потсетува како меморија на неговата традиција.

Александар ПеТРОВ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

Federation bells

Page 47: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 47

47

репортажа

Во 90-тите години од минатиот век се гради по целото јужно корито наречено "Southbank", со што се менува целокупниот изглед на дотогашниот дел од South Melbourne, кој преставува индустриски кварт, и претходно бил населен од абориџинските староседелци. "Southbank" почнува да се развива како противтежа на CBD (Централен бизнис дистрикт), и прераснува во урбанизирана населба со вискокатници со најразлични содржини, а има и неколку со резиденцијален карактер. Новонастанатата променада по коритото на реката Јара го валоризира и подобрува целокупното движење и ја прераспределува и проширува густината од северниот дел на градот. Нејзиниот тек го подобрува и "Southgate Footbridge", кој го растеретува новонастанатиот флукс од движења. Мостот е проектиран од "'Cock and Carmitchel" во 1987 година, и е со должина од 78 метри, а неговата оригиналност се состои во неговото трипартитно прекршување. Средишниот дел е носен од таканаречена бела закачалка, која елегантно се вклопува со опкружувањето. Под мостот се наоѓа и комерцијален објект, каде директно може да се набљудува течението од средиштето на реката.

Со изградбата на "Southware promenade" се урбанизира и западниот дел и заедно со населбата "Dockland" ја прави уште покомпактна штотуку дополнетата метропола. Мостот "Seafarers" е лоциран токму на тоа место. Изработен од познатиот архитект Николас Гримшо во 2009 година, служи да ги поврзе "Dockland" со новонастанатата "Southware promenade" и претставува формален влез во "Melbourne convention centre". Испроектиран е со групирање на две групи од арки под компресија, три помали на северната страна и четири на јужната кои преку затезни сајли заедно се поврзани и го влечат назад кон копното, за да можат да ја носат тежината на неговата должина. Структурата го издржува мостот за да го прошири просторот за пешаците. Главниот труп се лизга преку држечката структура и на тој начин лебди како крило со стаклени парапети на неговите агли и е обложен со перфориран алуминиум од долната страна.

Sandridge bridge

Southgate footbridge

Page 48: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012348

48

Seafarers bridge

Seafarers bridge

репортажа

Од страната на "Dockland" се наѕира уште еден фантастичен мост. Создаден во соработка помеѓу "Denton Corker Marshall architects" и уметникот Роберт Овен, 'Webb bridge' (2005) е поставен веднаш до мостот "Charles Grimes" (важна сообраќајна артерија) и функционално го поврзува "Dockland" со јужниот агол на Јара, каде што се развива нова резиденциална населба со мала густина. Мостот е составен од два дела. Првиот дел е 145 метри долг веќе постоечки мост (стариот 'Web dock railway') и новиот кој се надополнува на него во вид на кривина со рампа од 80 метри. Рампата ги поврзува двете различни коти и создава лепење со "Southbank". Двата моста се поврзани без континуитет и го акцентираат волуменот што се надополнува во синусоидна форма која константно варира. Челичните обрачи варираат во ширина од 5 до 8,7 метри и од 4 до 8,9 метри во висина. Тие се виткаат во различни централни точки долж мостот, а меѓусебно се поврзани со челични ремени. Од северното корито почнуваат обични обрачи кои растат се повеќе движејќи се према средината на трупот. Додека пак од јужниот влез обрачите се враќаат со нивниот интензитет и еволуираат во вид на филигранска лушпа. Таа градација што се создава го симболизира животот, еден момент во времето и така постоечкиот остаток од бившиот железнички мост и новото поврзување претставуваат унифицирана скулптурна форма. Таа новонастаната структура претставува јазол помеѓу старото и новото, помеѓу минатото и иднината.

Page 49: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 49

49

репортажа

Битен сегмент е и источното течение на реката Јара. Тука се наоѓа големиот градски потфат од 50-тите години на минатиот век, кога Мелбурн ги организирал летните Олимписките игри, и каде што се наоѓа целокупната спортска и рекреативна зона. Целиот потег е поставен во зелен појас кој го сочинуваат 'Melbourne park' и 'Yarra park', а меѓусебно ги дели тангенцијален автопат. Овие два парка се поврзани со серија пешачки атипични мостови во неколку правци, а меѓу нив е поставено едно мало ремек-дело на урбана инсталација, која на некој начин им дава заедничко значење. Инсталацијата е наречена "Federation bell", и е проектирана од "Sally Drapper architects", во соработка со скулпторот Ентон Хасел и акустичниот дизајнер Нил Мак Лахлан. Составена е од 26 мали ѕвона, кои се поставени на тенки столбови во унифицирана решетка, а други 13 поголеми ѕвона се расфрлани на случаен начин, внатре во решетката и со нивната слободна поставеност и варијација на висини го рефлектираат нејзиниот скулптурен квалитет. Тие ѕвона создаваат звуци, кои се шират во својата непосредна околина. Нивниот главен импулс е да прикажат дека и ѕвоната се исто така форма која треба да се види и слушне. Камбаните звучат различно кога стоиме во средината на инсталацијата и кога сме на 100 метри оддалечени од аголот на паркот. Тие еволуираат специфична култура на форми и звуци на различни делови од Азија и Европа, кои како такви остануваат разделени скоро еден милениум. Па затоа со користење на најнова технологија на компјутерско моделирање на вибрациите успеваат на најдобар начин да ја доловат поврзаноста на тие две култури. Овој проект е единствен во тоа што преку поврзување помеѓу старите традиции и најновите акустички технички достигнувања, ни овозможуваат повторно да ги откриеме ѕвоната, кои преку австралиското општество заедно коегзистираат и спојуваат. Од аспект на инфраструктурните елементи, сѐ потешко ни претставува да разграничиме мост од скулптура, скулптура од структура, структура од звук, звук од движење. Овие новонастанати форми се поаморфни и помалку дефинирани, со што се менува класичната перцепција за нивната функција.

Webb bridge

Webb bridge

Page 50: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012350

50

експерт крИзнИ состојбИ ИлИ ИнВентИВна проМотИВна стратеГИја?

ДИСКОНТНИ АРХИТЕКТОНСКИ УСЛУГИ! д-р Владимир Б. лАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

На 22 август оваа година, Кралскиот институт на британските архитекти ги објави резултатите од месечната „Анкета за идните трендови“ (RIBA

Future Trends Survey) за месец јули 2012 година. Со оваа месечна анекета, почната во јануари 2009 година во партнерство со фирмата "Fees Bureau", институтот ги следи трендовите во рамките на архитектонската професија во земјата со фокус на деловните трендови и трендовите на вработеност преку анкетирање на избрани мали, средни и големи фирми, а со цел да се обезбеди географски репрезентативен примерок. Резултатите на новата анкета укажуваат на различни трендови во однос на вработувањето и на обемот

на работа помеѓу архитектите што работат во различни локации и сектори на професијата. Така, според анкетата, мнозинството архитекти во Обединетото Кралство не очекуваат наскоро да дојде до подобрување на нивниот обем на работа и „Индексот на обемот на работа“ за месец јули е нула. Сепак, со анкетата се идентификувани и локалните разлики, така што архитектите во Лондон се најоптимистични за нивниот иден обем на работа (Индекс: плус 10), за разлика од оние во Шкотска каде се очекува намалување (Индекс: минус 20), како и оние во Северна Ирска со најпесимистички очекувања (Индекс: минус 60). Кога станува збор за состојбата со вработените, истражувањето укажува на мало подобрување со „Индекс на вработеност“, кој се покачил од минус

два во месец јуни на нула во месец јули. И покрај тоа што архитектонските бироа очекуваат дека ќе бидат во состојба да ги зачуваат вработените, нема знаци дека наскоро ќе се отворат можности за зголемување на бројот на вработени во бироата. Во рамките на спроведената анкета, 26% од анкетираните во јули укажале дека лично имале помало работно оптоварување од она во текот на претходниот месец. Од друга страна, „Индексот на вработување“ ја покажува разликата помеѓу оние бироа коишто очекуваат да вработуваат повеќе постојано вработени во текот на следните три месеци, во однос на оние бироа коишто очекуваат да вработуваат помалку постојано вработени во наредните три месеци. Сумирајќи ги резултатите на месечната

Page 51: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 51

51

експерт

„Анкета за идните трендови“ за месец јули, директорот за архитектонска практика при Кралскиот институт на британските архитекти, Адриан Добсон констатира дека „членовите на Кралскиот институт на британските архитекти продолжуваат да известуваат за интензивна конкуренција во однос на цената за архитектонски услуги и отсуство на финансии за реализација на проектите. Иако ниту еден од индивидуалните сектори анализирани во Анкетата за идните трендови не предвидуваат зголемување на обемот на работа во текот на наредните три месеци, сегментот на пазарот што ги опфаќа најскапите приватни станбени објекти останува отпорен во однос на веќе отпочнатите проекти, како резултат на ниските каматни стапи и внатрешните инвестиции“. (RIBA News 22.08.12). Во рамките на една ваква комплексна ситуација за струката, веста дека шкотската фирма "Camerons Architects" со бироа во Галашиелс и Единбург е првото архитектонско проектантско биро во Обединетото Кралство, кое ги има понудено своите услуги преку ваучер на дисконтната веб страница www.groupon.com,која вообичано нуди одмори и козметички третмани по дисконтни цени, предизвика не само вистинска сензација, туку и бурни реакции во рамките на архитектонската професија во земјата. Во огласот бирото има понудено појдовна консултација за физички лица, кои имаат индивидуален станбен објект со најмногу пет спални соби во која е вклучена едночасовна консултација со регистриран (овластен) архитект, мерење на димензиите на објектот, електронско исцртување на плановите од постојната состојба на објектот и од предлог решението за адаптација и/или доградба на објектот, коишто

потоа по електронска пошта ќе бидат испратени во ПДФ формат на клиентот, а со 70 проценти попуст за услугата и тоа по цена од само 120 фунти (околу 150 евра). Според информациите објавени во британските медиуми (AJ, 05.07.12; Urban Realm 05.07.12), директорот на бирото во Единбург, Џули Слорач изјавила дека тие подготвиле доволно ресурси за да ја понудат дисконтната услуга на 50 клиенти, и тоа по 25 од секое биро. За споредба, 120 фунти (околу 150 евра) би покриле најмногу 30-минутна приватна консултација кај правник или адвокат, финансиски или даночен

советник, лекар - специјалист или дентист, но само кај оние што наплаќаат за своите услуги по потпросечни цени од оние на национално ниво. Реакциите за оваа дисконтна понуда се различни. Од една страна, се упатуваат сериозни критки на бирото

заради девалвација на вредноста на професионалните услуги преку понуда на 400 фунти (околу 500 евра) вредна услуга за само 125 фунти (околу 150 евра), и сериозната штета која ваквиот пристап го нанесува на професијата. Од друга страна, други се поумерени во своите коментари и посочуваат дека веројатно е подобро вработените во едно биро да бидат ангажирани дури и по дисконтни цени за своите услуги, отколку да се досадуваат во услови кога бирото можеби не е целосно ангажирано со работни задачи. Други, пак, посочуваат на годишната британска акција под мотото „Архитект во домот“ во рамките на која архитектите нудат едночасовна бесплатна консултација со клиентите во замена за минимална парична донација (се препорачува 40 фунти - приближно 50 евра) на добротворна организација за бездомници од страна на клиентот, а со цел да се создадат услови за поактивно изнаоѓање на работа. Исто така, не би требало да се заборави дека најголемиот број на архитектонски проектантски бироа вообичаено не наплаќаат за првата средба со клиентот. Без оглед на тоа дали сте застапници за или против пристапот на нудење на архитектонски проектантски услуги по дисконтни цени, едно е сигурно, дека барем во јули многумина слушнаа и разбраа за постоењето на ова, не многу познато, шкотско архитектонско проектантско биро. Дали повеќе архитекти или потенцијални клиенти разбраа за фирмата "Camerons Architects" како резултат на оваа акција е друго прашање на кое само времето ќе го даде својот одговор.

Page 52: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012352

52

бон

До 1900 година владеело глобално заладувањеНаучниците успеале да го реконструираат развојот на климата во последните 2000 години, при што е утврдено дека до 1900 година имало тренд на глобално заладување, односно до почетокот на индустриската револуција. Истражувањата се темелат на проучувањето на стеблата на дрвјата, и тоа не само на живите стебла. Како „архива” на податоци послужиле стеблата од езерата во Финска, кои во текот на стотици години останувале под водната површина. Секоја година во животот на дрвјата означува еден круг. Научниците нашле поврзаност помеѓу густината на годовите и влажноста на годината. Доколку годината била посува, тогаш годовите се позбиени. На овој начин не само што е утврден трендот на заладување во текот на долг историски период, туку точно се лоцирани и најстудените години.

(Deutsche Welle)

заГреб

електричните автомобили во кризаПред три години водечките производители на автомобили се колнеа во електричната револуција, но сега овие автомобили се целосно маргинализирани, а нивната иднина доведена во прашање. Причини има многу, од неизградената инфраструктура до економската криза. Во август, во Јапонија се затвори фабриката на групацијата PSA и Mitsubishi, досегашен лидер во оваа област, а стручњаците се сложуваат дека автомобилите на електричен погон повеќе не се приоритет. Во Португалија, иако се изградени 1300 станици за полнење, продадени се одвај 200 автомобили. По се изгледа, производителите кренаа рачна и се свртија кон штедливи модели на конвенционалните возила.

(Jutarnji List)

берн

поголемите ветерни турбини подобри за животната срединаНовото истражување кое го спроведе швајцарскиот институт за инженерство на животната средина, покажува дека ветерните турбини со поголема моќност се подобри за животната средина од оние со помала моќност. Во последните 30 години, развојот на ветерните турбини значително напредуваше. Во 1982 година во употреба беа турбини со моќност од 55 KW, а денес во употреба се ветерни турбини со моќност од 3 MW за копно и 7 MW за море. Индустријата на енергијата на ветерот се обидува уште повеќе да ја намали цената на турбините со изработка на полесни агрегати со што помалку делови.

(Vjetroelektrane)

еко инфо

Page 53: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 53

53

подготви: Даниела МлАДеНОВСКА

бон

нема веќе субвенции за обновливите извори?Германскиот министер за животна средина и безбедност на нуклеарните реактори, донесе иницијатива за ревидирање на системот за субвенционирање на енергијата од обновливи извори, бидејќи смета дека тоа е една од причините за високата цена на електричната енергија кај крајните корисници. За крајот на септември е планиран почетокот на реформите во германскиот закон за зелена енергија, при што се планира укинувањето на субвенциите да се одвива постепено во текот на наредните 10-15 години. Во втората половина на 2011 година цената на електричната енергија за домаќинствата во Германија беше највисока во Европа, при што субвенциите за зелената енергија учествуваат во крајната цена со над 10%.

(France press)

лонДон

паѓаат цените на соларните панелиЦените на фотоволтаичните модули забележаа пад за над 2% во текот на јули, односно дури 44% од почетокот на годината споредено со претходната година. Ова се последните податоци од истражувањето што го спроведе британската компанија IMS Research. Компанијата истакнува дека цените на модулите имале извесен период на стабилност во минатата година, пред сè поради големата побарувачка во Италија и Германија. Но, од почетокот на оваа година кинеските испорачатели на опрема ги придвижија цените во надолна линија. Понудата на фотоволтаични модули сè уште е под побарувачката, но ценовната конкуренција е жестока.

(GreenTech.bg)

сеул

Иницијатива за заштита на океанитеГенералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ја претстави во Јужна Кореја иницијативата за заштита на океаните од загадување, неконтролираниот риболов и зголемувањето на нивоата. Иницијативата е наречена Договор за океаните, и предвидува поставување повереници, главно научници и океанографи, но и политичари чија задача ќе биде подготовка на акционен план. Иницијативата ќе биде координирана од страна на ОН. До 2025 година сите држави треба да ги дефинираат своите цели на полето на намалување на загадувањето на океаните, а најмалку 10% од крајбрежните подрачја мора да воведат мерки за заштита.

(HRT)

еко инфо

Page 54: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012354

54

екологија растечката ИнДустрИјалИзацИја на ДалечнИот Исток ГИ засИлИ анГажМанИте за поеФИкасно

ИскорИстуВаЊе на хИДропотенцИјалот

Енергијата од Меконг против природата?

Можно ли е искористување на хидропотенцијалот на оваа река, со истовремено зачувување на изворите на храна? Во брзањето да се обезбеди енергија за овој дел од светот, кој интензивно се индустријализира, можеби најкритичната компонента до успехот се крие во само еден збор: стрпливост.

Даниела МлАДеНОВСКА

Една од најдолгите реки во светот – Меконг во Југоисточна Азија, со раскошноста на својот биодиверзитет обезбедува сигурност и напредок за овој дел од светот. Ако се

анализира нејзиниот хидропотенцијал, таа е една од најмалку искористените реки во светот во својот ранг. Се работи за 12-та најдолга река во светот, со втор по големина биодиверзитет веднаш зад Амазон. Растечката индустријализација на регионот, несомнено ги засили ангажманите

на државите за поефикасно искористување на хидропотенцијалот на Меконг. Токму затоа, околу 15 проекти за изградба на хидроцентрали на Меконг се во различна фаза, и тоа во Кина, Мијанмар, Лаос, Тајланд, Камбоџа и Виетнам. Само во Лаос се предложени осум проекти, кои треба да обезбедат вкупна моќност од 10.000 MW. Но, овие инвестиции се обвиткани со голема неизвесност и проблеми. Многумина се противат на изградбата на браните, кои би го нарушиле биодиверзитетот на реката – хранителка. Стравувањата се

дека низводно ќе се намали количината на вода за наводнување на фармите, а ќе се загрози и опстанокот на рибниот фонд. Оваа ситуација е алармантна и повикува на сериозно планирање и анализа на сите ризици. Наспроти неспорниот хидропотенцијал и огромниот бенефит од изграбдата на централите, многуте прашања во врска со заштитата на биодиверзитетот, во еден исклучително ранлив и сиромашен регион, заслужуваат комплетна посветеност. Единствениот начин е почитување на принципите на

Page 55: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 55

55

екологија

одржливиот развој, односно намалување или адекватно компензирање на негативното влијание врз локалната заедница и животната средина, велат од Меѓународната асоцијација за хидроенергија. Кина е лидер во регионот во развојот на своите хидро капацитети, при што само во 2011 година има инсталирано нови 12.250 MW, заокружувајќи со своето портфолио на хидроенергија со вкупно 230.000 MW. Значителен напредок се очекува и во наредниот период, при што од реката Меконг е планирано да се добијат уште 7.000 MW. (Во моментот во изградба се две централи на Меконг: Gonnuoqiao 750MW и Nuozhada 5850MW) Интересно е што една од најмалите и најсиромашните земји во регионот, Лаос, исто така има големи планови. Земјата сè повеќе се идентификува како „генератор на Југоисточна Азија“, бидејќи произведува и извезува електрична енергија за своите индустриски развиени и „гладни“ за енергија соседи. Во 2011 година Лаос го заврши огромниот проект Nam Thuen 2 со моќност од 1.070 MW, а во фаза на изградба е електраната Xayaburi со моќност од 1.260 MW. Голем број проекти се во фаза на физибилити студии. За сиромашната земја со население од 6,5 милиони, ова е извонреден потенцијал. Лаос полека но сигурно се наметнува како значен енергетски фактор во регионот. Но,

од друга страна, почетокот на изградбата на Xayaburi предизвика конфликт помеѓу инвеститорот, соседните земји и поборниците за одржлив развој, со што оваа централа го привлече интересот на медиумите. Раскошниот биодиверзитет долж течението на реката е причина за спорот, што резултираше со времено стопирање на работите на градилиштето. Официјален Виетнам предупреди дека централата ќе ја загрози делтата на Меконг каде живеат 20 милиони луѓе, и каде се произведуваат 50 отсто од потребите за ориз во земјата. Владата на Лаос е обврзана да направи дополнителни испитувања за влијанието на браната врз рибниот фонд и снабдувањето со вода. Но, за кратко време Лаос го прекрши мораториумот и продолжи да гради под силно вооружено обезбедување на градилиштето, на што реагираше и американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Несомнено, Лаос гледа во овој проект огромна пресвртница во својот развој, но одржливоста нема сериозна поткрепа. Населението покрај реката се прехранува со уловената риба, а користи и значителни количини вода за наводнување на оризовите полиња. Се стравува дека со изградбата на браната највеќе ќе бидат погодени 125-те видови риби кои ја населуваат реката и мигрираат во определени периоди. Минуваат дури и по 1.100 километри во

потрага по храна. Исклучително е тешко во напорите за заштита на рибниот фонд да бидат искористени искуствата од реката Колумбија во САД, меѓу другото и поради податокот дека во Колумбија се евидентирани само неколку десетици различни видови риби, за кои биолозите имаат подготвено обемна документација. Од друга страна пак, за однесувањето на рибите во Меконг се располага со многу штури информации. Се работи за огромен број видови кои мигрираат во различни периоди во различни локации од реката. Во секој случај предизвикот е огромен. Дизајнот на браната и турбините имаат критична улога, при што несомнено е неопходен интердисциплинарен пристап од страна на инженерите и биолозите, и тоа час поскоро. Американската национална академија на науките предупредува дека дури на една четвртина од рибната популација во долното течение на Меконг ѝ се заканува изумирање, во случај на реализација на сите зацртани проекти за хидроелектрани. На крајот повторно се наметнува прашањето: можно ли е искористување на хидропотенцијалот на оваа река, со истовремено зачувување на изворите на храна? Во брзањето да се обезбеди енергија за овој дел од светот, кој интензивно се индустријализира, можеби најкритичната компонента до успехот се крие во само еден збор: стрпливост.

Page 56: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012356

56

фитопатологија

МЕРКИ ПРОТИВ РАСТИТЕЛНИ ЗАБОЛУВАЊАВо изборот на мерките мора да бидат пресметани следните фактори: вредноста на чинење (економска оправданост), квантитетот и квалитетот, заедно со можниот исход со позититивни и негативни ефекти на преземената мерка врз третираното растение, човекот и животната средина

Михајло РИСТеСКИ, стручен соработник,

магистер на шумарски науки

Најважна задача на фитопатологијата од економска гледна точка е изнаоѓањето на ефикасни средства, мерки и методи за сузбивање на растителни

заболувања. Економскиот аспект е посебно изразен кај т.н. земјоделски култури, но не помалку изразен кај сите останати. Доколку некој штетник (инсект, габа, бактерија, вирус и др.) се етаблира на некое растение, и доколку навреме не се сузбие, постои можност тоа растение да биде уништено на помала или поголема површина. Последиците ќе бидат поголеми доколку се работи за растение кое е важно за исхраната, или пак станува збор за производи од тоа растение кои се користат во исхраната или индустријата. Денес сè повеќе се знае за причинителите на растителните заболувања, а тоа е основниот услов за

нивно сузбивање. Со текот на времето се пронајдени и усовршени голем број методи, техники и средства со кои успешно може да се сузбиваат голем број штетни видови габи, бактерии и други микроорганизми. Најнапред на ум ни доаѓа употребата на хемиски средства, но постојат и други начини на сузбивање кои исто така се успешни, а од друга страна помалку штетни од хемиските средства. Мерките за сузбивање на растителните болести, грубо но најпрактично може да се поделат на: превентивни и репресивни мерки. Превентивни се сите оние мерки кои се преземаат со цел да не дојде до појава на некое заболување (или причинител на заболување), додека репресивни се сите оние мерки кои се преземаат откако ќе биде регистрирана појавата на одредено заболување или штетник, со цел негова супресија. Во изборот на мерките, што ќе бидат

преземени за превентива или супресија на одредено растително заболување или штетник, мора да бидат пресметани следните фактори: вредноста на чинење (економска оправданост), квантитетот и квалитетот, заедно со можниот исход со позититивни и негативни ефекти на преземената мерка врз третираното растение, човекот и животната средина. Генерално, мерките за заштита и сузбивање на растителни болести и штетници може да се групираат на следниов начин: законски (административни) мерки, одгледувачки мерки, механички мерки, хемиски мерки и биолошки мерки. Законските (административни) мерки се пропишани од државата, а со нив се регулираат обврските на одредени субјекти (производител, купувач, државни органи) при производство и промет на растенија и растителен материјал. Одгледувачките мерки се применуваат за време на одгледувањето, и тие позитивно влијаат врз здравствената состојба на растителниот вид, а се познати и како силвикултурни или стопански. Тука спаѓаат: одржување на хигиена во расадниците или насадите, што подразбира отстранување (спалување, закопување) на непотребниот растителен материјал. Сувите или болните растенија, или делови од растенија, гранки, садници, листови и др., не само што се сечат, корнат или собираат, туку целосно треба да се остранат; користење на типови сеча и режење кои го фаворизираат побрзото обновување на растенијата, а истовремено влијаат и на постигнување на поквалитетни и повитални растенија; употреба на органски или минерални ѓубрива, со тоа се подобрува здравствената состојба на растенијата, а особено на сиромашни почви, и со ова се намалува подложноста

Модел на поврзаност на главните фактори за растително заболување или штета

Page 57: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 57

57

фитопатологија

кон биотски заболувања (габи, бактерии, нематоди и др.); производство и користење на поотпорни видови, вариетети и клонови, при што насекаде во светот во подрачја каде некој растителен вид е постојано напаѓан и оштетен од растителни болести, се практикува истиот вид постепено да се замени со други сродни видови отпорни на растителни болести. Под механички мерки се подразбира фитосанитарната сеча со која се отстрануваат физиолошки заслабнати и суви делови на стебла или цели стебла, како и делови на стебла и стебла со симптоми на болест. Физикални мерки се оние кога се користат различни физички агенси при сузбивањето на растителните болести или штетници. Пример за вакви мерки се: чување на семиња на суви и темни места со ниски температури; примена на зрачење во случај на дрворез и уметнички дела со цел уништување на патогени организми (габа или инсект); изложување на дрвени материјали на високи температури при зголемен притисок заради уништување на присутните габи-разложувачи; и др. Примената на биолошките мерки во светот е позната како биолошка контрола или биолошка борба. Овие мерки подразбираат користење на одредени живи организми за сузбивање на други живи организми. Така, денес во светот постојат голем број на примери за примена на биолошки мерки, а само еден од нив е користењето на инсекти-предатори против други инсекти (штетни за човекот), а за тоа случај е користење на инсектот бубамара против растителни вошки. Хемиските мерки (пестициди), условите што треба да ги исполнуваат, начинот на употреба и апликација, како и последиците од употреба ќе бидат окарактеризирани во наредниот број.

Бубамара јаде лисна вошка (мерка - биолошка контрола над лисни вошки)

Одгледувачка мерка - чиста сеча на дрвја

Штети од инсекти и габи-разложувачи на неимпрегнирано дрво

Page 58: Porta3 190

58

58

ПОРТА 7 септември 20123

Најшарени градови во светотНа некои градови не им се потребни неонски светла за да го оживеат пејзажот. Од пастелните кули на италијанскиот брег до силно обоените уметнички колонии во Аргентина, еве 10 градови на кои разнобојноста им е главна карактеристика.

занимливости

Бо Кап, Кејптаун, Јужноафричка Република

Манарола, ИталИја

Манарола е најстара во групата гратчиња позната како Cinque Terre долж севернозападниот брег над Лигурското Море. Сите пет локации - Риомаџоре, Манарола, Корниља, Варнаца и Монтеросо ал Маре, се дел на Унесковата листа на светското наследство заради „хармоничната врска помеѓу луѓето и природата“.Длабоката сина вода на морето совршено се вклопува со продавничките обоени со сончеви бои и кулата во џеновјански стил, па градбите наликуваат на цвеќе изникнато од карпестите тераси.

Page 59: Porta3 190

3

59

597 септември 2012 ПОРТА

занимливости

ЏоДпур, ИнДИја Кога ќе ја погледнете фотографијата на ова место ќе ви биде јасно зошто го викаат „Син град“. Сината боја на покривите првобитно имала општествено и културно значење, означувајќи куќи на повисоката класа. Над овој комплекс се наоѓа тврдината Mehrangarh подигната во 1459 година, од која можете да фрлите поглед кон небесниот дел на градот.

ла бока, буенос аИрес, арГентИна Од своите скромни почетоци во 16 век, кога била кварт за робови, Ла Бока станала еден од најразноврсните културни окрузи на Буенос Аирес – и секако најразнобојна. Сликари и вајари на фелата го претвориле квартот во уметничко пристаниште.

ИтокарДорМИт, ГренланД Раштркани како шарени бонбони, куќите, што по изгледот потсеќаат на штали, даваат впечаток на домаќинска атмосфера во еден од најизолираните делови од светот.Дури и ентериерот на црквата од 1928 година е живописен како и фасадата. Градот се наоѓа на влезот во Националниот парк во североисточен Гренланд, најсеверниот и најпространиот национален парк на светот (голем е како сто Jeloustouna). Седумдесет колонисти кои се доселиле во 1925 година, го прошарале брегот со куќите обоени во сино и окер. Со вечна зима - морето овде е заледено седум месеци во годината - па топлите бои не се убави само за око, тие се неопходни за менталното здравје.

Page 60: Porta3 190

60

60 ПОРТА 7 септември 20123

занимливости

сан ФранцИско, саД Разнолик и ексцентричен, овој заливски град со понос ги носи своите бои, од Кинеската четврт до викторијанските куќи на плоштадот Аламо. Муралите во сокакот Клерион одразуваат многубројни уметнички стилови.

ВИлеМстаД, курасао Оддалеку доковите на Вилемстад изгледаат нестварно, како да сте залепиле град за кукли на Карипското Море.Најстариот дел на островот Курасао потекнува уште од 1634 година, а мешањето на холандската архитектура и карипската палета даде живописен градски пејзаж кој ни карневалот не може да го засени.

ИтокарДорМИт, ГренланД На оваа географска ширина – 12 степени северно од арктичкиот круг – единствена топла работа се топлите нијански на рударските куќи. Низа идентични градби во живи портокалови, сини и црвени бои се истакнуваат на снежните брда.

Page 61: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 61

61

занимливости

берлИн, ГерМанИја Некогаш поделениот град Берлин има репутација на идеална европска дестинација за млади уметници. Движечката сила на креативниот дух е галеријата East Side направена од остатоците на Берлинскиот ѕид.Освен тоа, градот има уште 180 музеи, но правиот шарм за зависниците од бои е јавната уметничка сцена.Скулптурите како што се Цветниот балон на Џеф Кунс ги населуваат плоштадите, додека неавторизираните уметнички дела ги красат градските површини секаде наоколу.

тенбИ, Велс Градските ѕидини на Тенби можеби чувале од напади во средниот век, но денес не можат да ги задржат пастелните џорџијански градби да не се „излеат“ по песокот.

Page 62: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012362

62

совети

СТАН ЗА ДВАЈЦА

Вашиот стан содржи соба за дневен престој со кујна и трпезарија, две спални соби, бања и влезен хол. Просторот овозможува во него да организирате функционален и пријатен дом за живеење. Дневната соба како централна зона на домот навистина треба да е комотна и пријатна во секој нејзин дел.

За таа да се прошири, кујната може да се премести во просторот на детската соба која не е веќе потребна, а со поместување на преградниот ѕид од спалната соба за 60 см, бањата се зголемува и може да се претвори во оаза за релаксација и мир. Зголемувањето на дневната соба е нагласено со формирање на јасни целини од мебел кои го делат просторот според намената. Десно од влезот е поставена удобна аголна гарнитура, а во продолжение комода. Блиску до прозорецот и кујната се сместува кружна трпезариска маса. Во кујната има простор за уште една помала маса. Наспроти влезот, закачалката со огледало и елемент за кондури го преградува

просторот и во дневната соба формира дел за работна маса.Не заборавајте дека и боите, материјалите, убавиот дизајн и адекватното осветлување се важни работи кои гарантираат пријатно домување. Меките нијанси во боја на песок со темнокафеави и црни акценти секогаш создаваат чувство на мир и пријатност.

Билјана СТеВКОВСКА-САВИќ, дипл.инж.арх.,

[email protected]

Сопругот и јас живееме во стан од 56 м2. Сакаме да го реновираме станот и да направиме некои промени. За сметка на детската соба, која не ни е потребна, би го прошириле дневниот престој, а ако е можно би ја зголемиле и бањата. Ве молиме да ни предложите решение.

Славка Попова, Скопје

пред

потоа

Page 63: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

БИОМУЗЕЈОТ ВО ПАНАМА Е СПОЈ НА МОДЕРНОТО СО ИСТОРИСКОТО Драган Ристов

Биомузејот во Панама Сити го дизајнирал големиот архитект Френк Гери. Тој ќе ги отвори своите врати во 2013 година, нудејќи уникатно искуство кое комбинира

научни сознанија и уметничко творештво, со цел да се подигне свеста за значењето на биодиверзитетот во Панама. Самиот музеј ќе го зајакне значењето на биодиверзитетот преку конзервација на 43.000 квадратни метри простор, со осум изложбени сали. Биомузејот има различни форми на објектите како еден вид на преносно значење за различните биоформи, но и за тоа како геолошките настани ја менувале климата на планетата, па дури и биодиверзитетот. Ова ќе биде прво дело на архитектот Гери во Латинска Америка, и ќе има уникатен архитектонски стил, односно вклучува дизајн со светли бои и алуминиумски покриви. Во музејот има и насип, кој се

наоѓа на само неколку блока од главното пристаниште во Панама, односно на само неколку минути од националниот парк, на влезот на каналот Панама. Оваа област е меѓународно позната како масивна тропска шума, богата со флора и фауна, со повеќе од 1.300 растенија и 100 животински видови, најчесто птици. Биомузејот почнал да се гради во почетокот на 2009 година, а во рок од три години сите градежни зафати биле завршени. Неговата надворешна форма воопшто не оддава впечаток дека се работи за биомузеј или воопшто за каков и да е музејски комплекс. Повеќе наликува на детска градинка, со оглед на миксот од железни арматури и бетонски комплекси во различна боја. Но заради ваквиот дизајн, љубопитноста кај луѓето е голема, а со оглед на прекрасната внатрешност, ефектот е двоен. Тој ќе се состои од осум галерии: „Биодиверзитет“ (истакнување на важноста на биолошката разновидност и ефектите

до денес), „Панарама“ (проекционен простор на три нивоа со 14 екрани), „Мост Елевација“ (илустрирано со геолошки процес на формирање на Истмусот), „Голема берза“ (97 скулптури во природна скала за транзицијата на фауната низ три милиони години), „Човечкото стапало“ (кое е илустрација на 15.000 години од постоењето на човековата култура), „Поделени океани“ (двa аквариуми, претставувајќи ги Карибите и Тихиот Океан), „Мрежа на животот“ и конечно, „Панама“ како музеј галерија.Една од работите нагласени во Биомузејот на Панама е импозантната скулптура со чудна мешавина на растенија, животни, инсекти и микроорганизми, давајќи им на посетителите ефект или димензија во која сите суштества се подеднакво важни. Биомузејот е управуван од страна на фондацијата „Амадор“, поврзани со институтот Смитсонијан од Вашингтон, а ја има поддршката од Универзитетот во Панама.

Page 64: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012364

64

1

излог

2

5

Page 65: Porta3 190

7 септември 2012 ПОРТА3 65

65

излог

подготви: Сандра ДОНЧеВА ТеОХАРОВА, дипл.инж.арх.

1. Португалскиот индустриски дизајнер rui alves ја претвора својата пасија кон велосипедизмот во три парчиња мебел кои се именувани според велосипедските тури: „tour“ (d’france) столица, „vuelta“ (a espana) масичка и „giro“(d’italia) чадор за сонце.

2. Столици во комбинација на плетен текстил и метал од бразилскиот дизајнер nicole tomazi.

3. „Повелете во џунглата“, колекција мебел од rui alves претставена како слон, жирафа, нилски коњ и крокодил. Можат да се користат како масички, столици, полици па дури и закачалки. Изработени се од обоен медијапан.

3

Page 66: Porta3 190

ПОРТА 7 септември 2012366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК ВР. 101/2012

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 26-8400/3/2012Назив на договорниот орган:Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. “Ленинова“ бр. 2, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Идејно решение за ентериер и опремување на специјализирани продавници за продажба на македонски вина.Контакт тел/факс: 02 3134-477, 02 3230-429, лице за контакт: Драгана Загрова.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 10.09.2012 во 12.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 101/2012Назив на договорниот орган:АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на физибилити студија и мастер план за развој и изградба на скијачки центар во Националниот парк Галичица.Контакт тел/факс: 3149-085, 3111-160, лице за контакт: Јовица Саздовски.Јавно отворање на понудите на ден 21.09.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 103/2012

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А1-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ

КУЌИ

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

ОДЛУКАЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА

ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И НА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА ДОВОДНИТЕ

ЦЕВКОВОДИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 104/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ ПРАВО НА ТРАЈНО

КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОПШТИНА ШТИП

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО

КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА ВЕРСКИ

ОБЈЕКТ СО ХОТЕЛСКО-УГОСТИТЕЛСКИ КОМПЛЕКС, КО БОГДАНЦИ, ОПШТИНА

БОГДАНЦИ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА

ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС-

МАГАЦИН ЗА СТОЧНА ХРАНА, ВЕШТАЧКИ ЃУБРИВА И ЗЕМЈОДЕЛСКА

МЕХАНИЗАЦИЈА КО СТАМЕР, ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА

НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА

“ОТКУПЕН ПУНКТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ“ КО ПЕХЧЕВО, ОПШТИНА

ПЕХЧЕВО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ

НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО МЕРОВО, ОПШТИНА ЖЕЛИНО

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ВИНИЦА

ОБЈАВА 5ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ

ЕДИНИЦИ Б2, ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС Б5, КАТНИ ГАРАЖИ Е2, ДОМУВАЊЕ ВО

СТАНБЕНИ ЗГРАДИ А2 И ДОМУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН РЕЖИМ А0 СОГЛАСНО ДУП ЗА “АРМ ЧЕТВРТ 1, АРМ ЧЕТВРТ 2 И АРМ ЧЕТВРТ

3“ БИТОЛА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 106/2012

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 53/2012Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб., 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на градежни и градежно-занатски работи во аула на ДУФК “Методија Митевски Брицо“ – Скопје.Контакт тел/факс:02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 12.09.2012 год.

БРОЈ: 13/2012Назив на договорниот орган:Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, бул. “Партизански одреди“ бр. 2, П.Фах 311, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изготвување на проектна документација за ТИРЗ Струмица во и надвор од зоната.Контакт тел/факс: 02 3111-166, 02 3104-642, лице за контакт: Александра Николоска.Јавно отворање на понудите на ден 13.09.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 107/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА

НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС СО НАМЕНА ЛЕСНА И

НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ, СТОВАРИШТА (Г2, Г3 И Г4) ВО КО

ВРАНИШТА ВОН-ГРАД, ОПШТИНА СТРУГА

ПРОГРАМАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА,

РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ,

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ,

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Е-2

ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ

ОБЈАВА БРОЈ 06/2012ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ

КУЌИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 15/2012Назив на договорниот орган:Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, бул. “Партизански одреди“ бр. 2, П.Фах 311, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на основна внатрешна сообраќајна инфраструктура и атмосферска канализација за ТИРЗ Гевгелија.Контакт тел/факс: 02 3104-641, 3104-642, лице за контакт: Татјана Динушева.Јавно отворање на понудите на ден 14.09.2012 год.

БРОЈ: 05/2012Назив на договорниот орган:Општина Сарај, ул. “Рекреативен центар“ бб, Сарај, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на секундарни канализациони мрежи.Контакт тел/факс: 02 2057-996, 2057-990, лице за контакт: Арсим Рустеми.Јавно отворање на понудите на ден 13.09.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 108/2012

ОБЈАВА БРОЈ 10ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 34/2012Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Репбулика Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Стручен надзор над изведувањето на работите за изградба на подземното паркиралиште МОБ на локалитет Мал ринг, кеј “Димитар Влахов“ бб – Скопје.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Јавно отворање на понудите на ден 13.09.2012 год.

БРОЈ: 14/2012Назив на договорниот орган:Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, бул. “Партизански одреди“ бр. 2, П.Фах 311, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на надзорен орган за вршење на стручен технички, квалитативен и квантитативен надзор на извршување на работите – изведба на дел од основна внатрешна сообраќајна инфраструктура и атмосферска канализација за ТИРЗ Прилеп.Контакт тел/факс: 02 3104-641, 02 3104-642, лице за контакт: Татјана Динушева.Јавно отворање на понудите на ден 19.09.2012 год.

БРОЈ: 14-154/2012Назив на договорниот орган:Општина Битола, бул. “1-ви Мај“ 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Санација на коловози со тампон од дробен камен.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 17.09.2012 год.

БРОЈ: 14-155/2012Назив на договорниот орган:Општина Битола, бул. “1-ви Мај“, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на коловоз на ул. “Буковски мост“.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 17.09.2012 год.

БРОЈ: 69/2012Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на систем за фекална канализација на општина Василево – Главен колектор (Секција КО), КО Василево, КО Градошорци и КО Ангелци во општина Василево и изградба на фекален канализационен систем за населено место Ангелци – Секција: К3, К36, К37, К38, К39, К40 и К41, КО Ангелци во општина Василево, по принзипот “клуч во раце“.Контакт тел/факс: 02 3145-437, 02 3226-392, лице за контакт: Мимица Томовска.Јавно отворање на понудите на ден 21.09.2012 год.

БРОЈ: 19/2012Назив на договорниот орган:Општина Тетово, ул. “Дервиш Цара“ бр. 68, 1200, Тетово.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за објекти од високоградба.Контакт тел/факс: 044 335-499, 044 339-420, лице за контакт: Аднан Незири.Јавно отворање на понудите на ден 17.09.2012 год.

Page 67: Porta3 190
Page 68: Porta3 190