46
Вовед Техничко образование е наставен предмет во концептот за деветгодишно образование кој во Наставниот план за V одделение, е застапен како задолжителен, со 72 часа годишно или 2 часа неделно. Во време на брз развој и напредок на технологијата и процесите, се наметнува и потреба од постојанo иновирање на содржините и активностите во наставниот предмет Техничко образование. Со изучување на содржини и активности во техничкото образование, учениците стекнуваат знаења, умеења и вештини, развиваат техничка и работна култура/навиќи и се оспособуваат за успешно снаоѓање во секојдневните нови техничко – технолошки решенија и опкружувања. Имено, активностите даваат можност да се развијат когнитивните, афективните и моторичките способности на личноста на ученикот. Самата Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование, предвидува преку современа настава да се остваруваат основните воспитни и образовни цели. Секогаш да се поттикнува интересот на ученикот, или пак се планираат активности кои најмногу ќе го стимулираат неговиот развој. Наставата по техничко образование дава можност за примена на современи методи, облици и техники на учење, според развојните каректеристики на учениците, притоа со застапеност на научна и стручна заснованост. Наставниците треба да обезбедат сите ученици активно да учествуваат во активностите. Прку спроведување истражувачки проекти, да ги поучуват учениците во истражувачки активности, користат соодветни материјали, алатки, компјутери и други технологии и да развиваат вештини за критичко мислење, решавање проблеми и тимска работа. Учениците стекнуваат знаења од технологијата/техниката, а користат концепти и вештини од други дисциплини (информатика, природни науки, технологии) кое им помага да го применат сопстевното искуство, интересите, креативноста и талентот во реалните животни ситуации.

Priracnik konecen

Embed Size (px)

DESCRIPTION

tehnicko V

Citation preview

Page 1: Priracnik konecen

Вовед

Техничко образование е наставен предмет во концептот за деветгодишно

образование кој во Наставниот план за V одделение, е застапен како задолжителен,

со 72 часа годишно или 2 часа неделно.

Во време на брз развој и напредок на технологијата и процесите, се

наметнува и потреба од постојанo иновирање на содржините и активностите во

наставниот предмет Техничко образование.

Со изучување на содржини и активности во техничкото образование,

учениците стекнуваат знаења, умеења и вештини, развиваат техничка и работна

култура/навиќи и се оспособуваат за успешно снаоѓање во секојдневните нови

техничко – технолошки решенија и опкружувања.

Имено, активностите даваат можност да се развијат когнитивните,

афективните и моторичките способности на личноста на ученикот.

Самата Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование,

предвидува преку современа настава да се остваруваат основните воспитни и

образовни цели. Секогаш да се поттикнува интересот на ученикот, или пак се

планираат активности кои најмногу ќе го стимулираат неговиот развој.

Наставата по техничко образование дава можност за примена на современи

методи, облици и техники на учење, според развојните каректеристики на

учениците, притоа со застапеност на научна и стручна заснованост. Наставниците

треба да обезбедат сите ученици активно да учествуваат во активностите. Прку

спроведување истражувачки проекти, да ги поучуват учениците во истражувачки

активности, користат соодветни материјали, алатки, компјутери и други

технологии и да развиваат вештини за критичко мислење, решавање проблеми и

тимска работа.

Учениците стекнуваат знаења од технологијата/техниката, а користат

концепти и вештини од други дисциплини (информатика, природни науки,

технологии) кое им помага да го применат сопстевното искуство, интересите,

креативноста и талентот во реалните животни ситуации.

Page 2: Priracnik konecen

2

Во наставната програма по техничко образование опфатени се 4 тематски

целини: Графичко комуницирање-писменост, Материјали градба и обликување,

Конструкторско творештво и Сообраќај, со општи и оперативни-конкретни цели.

Клучните компетенции кои се остваруваат преку наставата по техничко

образование, треба да влијаат на три основни димензии на личноста:

- когнитивна (сознајна)

- афективна ( вредносна ) и

- социјална ( акциона ) компонента на личноста на ученикот/ученчката.

Целите овозможуваат приказ на когнитивни димензии на знаења,

способности и вештини, кои учениците треба да ги стекнат/развиват, како и

ментални навики, позитивен однос, ставови кон работата и творештвото, кон

техниката, технологијата, компјутерите и сл.

Преку совладување на поставените стандарди на постигања, од учениците се

очекува да владеат со стекнатите знаења, да развијат вештини , со кои ќе бидат

корисни и продуктивни членови во општестествената средина.

ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ

Тематските целини конкретизирани во оперативни цели, овозможуваат

флексибилно планирање и реализирање на содржините, согласно напредувањата и

потребите на учениците, како и почитување на принципите и актуелизација во

наставата по техничко образование.

Улогата на наставниците

Активностите кои наставникот ги планира треба да бидат организирани

така што ќе обезбедат стимулативна средина и позитивна социоемоционална клима

во училницата. Преку нив учениците ќе откријат и научат за основни концепти,

законитости и правила во техниката. Наставникот треба да овозможи активно да

учествуваат сите ученици, преку дидактичко - методско обликување на наставните

часови, преку примена на групната, индивидуалната форма на работа, а најмалку

да е застапена фронталната. Пожелно е да се пронајдат активности кои ќе го

стимулираат секој ученик да се мотивира, охрабрува и поддржува во неговите

креативни приоди и во соодветните работни творби.

Page 3: Priracnik konecen

3

Во текот на наставата по овој наставен предмет, наставникот ќе ги воведе и

запознае учениците со нови содржини и активности, а исто така ќе ги насочи како

да реализираат некои сопствените идеи, конструкторски творби: ракотворба,

маќета, модел, скица, нацрт, изнаогање на решенија со комбинирање на идеи и сл.

Наставниците реализираат активности со кои учениците можат да откријат и

научат основни концепти, преку техниките на истражување, испитување,

набљудување и правање експерименти.

Активностите и содржините по техничко образование, може да бидат во

корелација со целите и можност за интегрирање со предметите: вештини на

живеење, ликовно образование, творештво, како и истражувачките активности во

наставните предмети од природнонаучното програмско подрачје.

Значи, наставниците и учениците имаат комплементарни активности.

Наставниците се одговорни за развивање на соодветни наставни методологи-

техники, кои одговораат на различните потреби на учениците. Тие треба да внесат

ентузијазам низ различни наставни приоди на часот. Наставниците знаат дека треба

да се истрајни во напорите и принципите на современата настава, со што ќе

обезбедат секој ученик да има темелен процес во совладување на учењето и

вештините. Тие во наставата по техничко образование треба да изнајдат колку што

е можно повеќе практични манипулативни активности со оглед на тоа што

вештините за градба, испитување и дизајнирање кои се нагласени во наставната

програма, треба да се учат преку искуства со конкретни материјали и

техники/технологии.

Наставникот секогаш треба да ја поттикнува самостојната и групната

работа на учениците, да ја поддржува нивната креативност и инвентивност, преку

разни техники на изведба: бура на идеи, симулирање на ситуации, играње на улоги,

организирање работилници, ученички проекти, користење на детското животно

искуство и негова примена во решавање на проблеми од практичен карактер кои се

дел од програмата на предметот. Начинот на кој работи треба да овозможува

комуникација помеѓу учениците, соработка, заедничко истражување, создавање

услови за рамноправно учество и донесување одлуки. Тој организира практични

манипулативни и истражувачки активности на учениците: користење на

Page 4: Priracnik konecen

4

материјали, предмети, алатки, уреди, роботи, контролни кутии, едноставни

софтвери и програми, конструирање, истражување со сопствените творечко-

моторички и естетски способности-преку дизајнирање и остварување на свои идеи.

Наставниците се одговорни да обезбедат безбедност на учениците за

време на училишните активности, како и да ги мотивираат за превземање на

одговорност за лична безбедност. Тие, исто така, мора да ги научат, како и на кој

начин да работат и безбедно да учествуваат во бројните активности по техничко

образование, по другите предмети, во домот, училиштето и околината во која се

наоѓаат.

Со цел, на целокупната безбедност, наставниците своите ученици ги

поучуваат да стекнат знаења и вештини за :

• безбедно користење на материјалите, инструментите/алатките

и процедурите на часовите по природни науки и технологија;

• ефикасно и безбедно извршување на практичните задачи.

Добиените резултати на ученикот/ката никогаш не се критикуваат или

менуваат, туку се користат како мотивација за понатамошната работата. На тој

начин тие се охрабруват, јакне чувството за сигурност и самодоверба, кои се

битен фактор за развој на личноста.

Наставникот води портфолио/ученичко досие, кое ги одразува постигањата

на ученикот.

Учениците во наставата по техничко образование треба да се здобијат со

знаење и вештини, за основните поими и концепти од техниката/технологијата,

кои можат да ги применат во најразлични ситуации. Но исто така, треба да

развијат и општи животни вештини, кои се битни за комуникација и ефикасно

функционирање во светот на работата и своето опкружување.

Учениците треба да се оспособат и да истражуват: прибираат податоци,

средуваат информации, идентификуват и анализират проблеми, умеат да проценат

и донесат решенија, како и да умеат да вреднуваат квалитет. Преку истражување

и користење на материјалите, алатот, опремата, компјутерите и другите

технологии, можат да ги примената и интегрираат знаењата / вештините во

другите дисциплини/предмети сродни на овој, затоа што сите наставни содржини

Page 5: Priracnik konecen

5

даваат можност за корелација со: математика, информатика, природни науки,

ликовно образование, запознавање на околината, творештвои сл..

Учениците можат да пронаоѓаат нови начини за градба на направи и модели,

дизајнирање, истражување на одредени процеси, законитости, правила,

процедури. Така ќе развијат интерес, фантазија и креативност, или се облагородува

природната дарба и наклонетост кон техниките/технологиите.

Во развиените земји во наставните планови и програми за Техничко

образование се повеќе се промовира и претприемничкото учење, кое вклучува

стекнување знаење и разбирање за деловниот свет и кариерното планирање. Целта

е, од најмала возраст да им се даде можност да го искусат учењето за работа преку

претпремнички активности, а со тоа да го развијат нивниот интерес за техничките

науки и области.

ПРИМЕРИ НА АКТИВНОСТИ

Темите во наставната програма по техничко образование за 5-то одделение се :

o Графичко комуницирање-писменост – 12 часа

o Материјали градба и обликување – 26 часа

o Конструкторско творештво – 22 часа

o Сообраќај – 12 часа

Содржините и активностите кои произлегуваат од тематските целини, ги

претставуваат главните области на знаење и вештини во наставната програма, која

дава можност за иновативни и современи примери и активности во согласност со:

развојните можности, интереси на децата, брзиот техничко-технолошки развој,

како и постојните услови за работа.

Од посочените теми, во прирачникот обработени се по неколку примери на

активности од секоја тема, објаснети се основни поими и начини кои покажуваат

како се реализира наставата по техничко образование, преку одредени форми и

методи на работа. Наставата главно се изведува во училнички кабинет по техничко

образование, може да се посетат организирано, или самостојно различни објекти

или користат најразлични извори на учење.

Page 6: Priracnik konecen

6

Формите на организирање и реализирање на наставата, кои најчесто се

застапени по овој наставен предмет се: групна, индивидуална, работа во парови, по

потреба и фронтална/заедничка. Тие можат да се надоплнуваат, менуваат.

Методите на работа се однесуваат на активностите на наставникот и на

учениците и нивната постојана интерактивност.

Најчесто застапени методи во наставата се: наблудување, истражување,

дијалог-дискусија и монолог, покажување, демонстрација, илустрација, практична

работа.

Наставни средства и потребни материјали за ефикасна реализација на

наставата можат да бидат според потребите на содржината, проследена со примена

на аудио-визуелни средства.

Воведните активности треба да го отсликуваат повторувањето на

предзнаењата и искуства на учениците, потребни за поуспешно совладување на

новите знаења и умеења. Исто така, наставникот треба да обезбеди подготовка за

активно размислување и дијалог, организирање на работното место и припремни

активности за наредната фаза од часот.

На оваа фаза, ако има потреба, и претходат и подготвителни активности.

Учечко поучувачките активности се главниот дел од часот на кого учениците

усвојуваат нови знаења, умеења и вештини. Овде работат учениците во група, пар

или самостојно, разгледуваат, предлагаат, размислуваат, прават план за рабоните

задачи, избираат материјали за работа, прават свои скици или користат готови,

проверуваат што направил/остварила и сл. Наставникот постојано ги инструира,

насочува и охрабрува во работата.

Евалуативните активности се етапа од часот каде учениците ги искажуваат-

презентират своите творби/изработени трудови, ја искажуват својата идеја и

работа, размислувањата, пречките и потешкотиите на кои наидоа и секако

внимателно ги слушат и следат сите презентации или дискусии на соучениците.

Page 7: Priracnik konecen

7

ПРИМЕРИ НА АКТИВНОСТИ ПО ТЕМАТСКИ ЦЕЛИНИ

ТЕМА: ГРАФИЧКА ПИСМЕНОСТ

ПРИМЕР 1: Прибор и материјал за техничко цртање

Цели: Ученикот/ученичката

Да знае да ракува со приборот за техничко цртање;

Да се оспособи правилно да го употребува приборот за техничко цртање.

Наставни средства: Учебник, флипчарт, прибор за техничко цртање, тетратка без

линии, два триаголника, молив, гума.

Место на реализација: Училница по техничко образование

Тек на активностите:

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот започнува дискусија со насочени прашања поврзани со оваа

содржина, која се изучувше и минатата учебна година. Примената на овој прибор и

материјал се користи и во другите предмети: математика, ликовно, творештво и сл.

На пример:

Што спаѓа во прибор за техничко цртање?

Како го користеше приборот за цртање?

Што беа графички симболи?

Кои видови линии ги учевте и каде се применуваат?

Наставникот дискутира со учениците кои професии се занимаваат со цртање на

технички цртежи?

Page 8: Priracnik konecen

8

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Наставникот објаснува за приборот и материјалот што се користи за техничко

цртање. Тука спаѓаат: моливот, гумата, триаголниците и шестарот. Преку повеќе

примери наставникот демонстрира постапки и објаснува за правилната примена на

моливот и двата триаголника.

а) б) в)

Учениците ги следат инструкциите од наставникот за правилната примена на

моливот и ги применуваат во своите технички цртежи.

На пример:

а) аголот помеѓу моливот и линијата треба да биде

60 степени;

б) правилно поставување на моливот и линијарот;

в) неправилно потпирање на моливот на линијарот.

Тој објаснува што треба ученикот да знае за да нацрта правилен технички цртеж

Моливот треба да биде секогаш наострен

При цртање на технички цртеж, светлината треба да паѓа од левата страна

Линиите повлечени со молив треба да имаат иста дебелина, затоа моливот

при влечењето на линијата треба да се врти помеѓу прстите, а аголот помеѓу

моливот и линијата да биде околу 60 степени

Наставникот демонстрира примена на два триаголника и ги објаснува постапките:

Кога повлекуваш паралелни линии користи два триаголника

Page 9: Priracnik konecen

9

Со левата рака држи го триаголникот што мирува, а со десната триаголникот

што се двжи

Потоа учениците демонстрираат постапки пред наставникот:

- Наставникот на учениците им дава задача преку зададен технички цртеж да го

применат приборот за цртање.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот и учениците ги разгледуваат нацртаните цртежи, ги истакнуваат

важните елементи и дискутираат.

Наставникот на учениците им дава задача:

Преку одреден технички цртеж да го применат приборот за црање

Учениците прават презентација на своите цртежи, и ги објаснуваат

постапките на цртање

Наставникот и учениците даваат осврт и мислење на секој нацртан цртеж.

На крајот на учениците наставникот им поставува прашања, со кои ги

поттикнува да размислуваат за нови идеи и решенија.

ПРИМЕР 2: Скица, технички цртеж – цртање на едноставен предмет

Цели: Ученикот/ученичката

Да умее да ги применува правилата за техничко цртање;

Да пишува и црта едноставни скици и технички цртежи.

Наставни средства: Лцд-проектор, компјутер, примери на скици, технички

цртежи.

Потребни материјали: тетратка без линии, два триаголника, молив, гума.

Место на реализација: Училница по техничко образование

Тек на активностите:

Page 10: Priracnik konecen

10

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Пример 1:

Наставникот учениците ги дели во две групи:

Првата група има за задача, во својата тетратка да нацртаат клупа и столче

со слободна рака и молив, а

Втората група да нацрта цртеж со прибор за цртање ( два триаголника,

молив, гума), на пример шкафче од детската соба или сл.

Пример 2:

- Првата група има за задача , во својата тетратка да ја нацртаат училницата по

техничко образование со слободна рака и молив.

- Втората група истиот цртеж да го направи со прибор за цртање ( два триаголника,

молив, гума)

Page 11: Priracnik konecen

11

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Наставникот зема по еден пример од нацртаните цртежи на двете групи.

Ги покажува пред сите ученици и поставува прашања. Која е разликата помеѓу

двата цртежа? Учениците сами треба да дојдат до заклучок дека: Цртежот нацртан

со слободна рака се вика скица, а цртежот нацртан со помош на два триаголника се

вика технички цртеж.

Наставникот им објаснува на учениците дека:

Скицата е првата фаза при цртање на технички цртеж;

Тоа е постапка со која се соопштува идејата на хартија;

Скицата ги има сите елементи, димензии и графички симболи.

Техничките цртежи се изработуваат според однапред определени правила.

Кога тие правла се применуваат кај цртањето со слободна рака, се добива скица.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците цртаат по неколку примери на скици, а потоа од истите цртаат и

технички цртежи;

Ги презентираат сопствените идеи пред другите ученици;

Наставникот заедно со учениците прават критериуми за оценување на

изработките и ги рангираат по квалитет;

Некои ученици можат да направат презентација на изработката преку која ќе

ги објаснат постапките и фазите на работа;

Наставникот ги проверува постигањата на учениците, ги бележи во нивните

ученички досиеа.

Page 12: Priracnik konecen

12

ПРИМЕР 3: Читање на работилнички и монтажен цртеж

Цели: Ученикот/ученичката

Да знае да чита и применува едноставен работилнички и монтажен технички

цртеж.

Наставни средства: Примери на конструкции на модели и макети нацртани со

работилнички и монтажен цртеж, тетратка без линии, два триаголника, молив,

гума, флипчарт и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование

Тек на активностите:

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот презентира по еден работилнички и монтажен цртеж. Преку прашања

ги проверува предзнаењата , дискутираат за нивната примена и ги воведува

учениците во новите активности за читање на цртежите.

Поставува прашања со кои ја нагласува целта на часот:

Дали може да се изработи модел или макета без работилнички цртеж?

Дали може да конструираат Лего робот или возило без да користат монтажен

цртеж?

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТ

Наставникот демонстрира повеќе примери на технички цртежи. За тоа може да

користи: разни упатства, работни тетратки, во кои се објаснети фазите за изработка

на одредени модели и маќети. Наставникот треба да објасни дека за изработка на

работна задача: “Mакета на куќа ”учениците ќе треба да нацртаат работилнички

цртеж, а потоа маќетата ќе треба да ја состават со помош на монтажен цртеж.

Работилничкиот цртеж има котни броеви, помошни котни линии, котни стрелки и

изработен е во размер.

Монтажниот цртеж го покажува редоследот на монтирањето(составувањето) на

елементите на моделот.

Од тие примери учениците треба да ги воочат карактеристиќите на работилничкиот

и монтажниот цртеж и да ги препознаат разликите помеѓу нив. На тој начин треба

да знаат да читаат технички цртежи и истите да ги применуватво :

Page 13: Priracnik konecen

13

изработка на работните задачи ( модели и маќети);

`секојдневниот живот при користење на технички средства.

Наставникот им дава задача на учениците, одредени работилнички цртежи да ги

нацртаат во својата тетратка, на хамер, или листови. Притоа постојано ги

инструира, насочува и им ги нагласува правилата за изработка на квалитетен

технички цртеж.

Видови технички линии

Котирање и размер

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците ги прикажуваат пред наставникот нацртаните работилнички

цртежи;

Дискутираат со наставникот каде може да се применуваат истите;

Ги презентираат сопствените идеи пред другите ученици;

Наставникот им посочува на учениците за правилата и критериумите за

оценување на техничките цртежи и ги согледува нивните пистигања.

ПРИМЕР 4: Цртање на едноставен технички цртеж со компјутер

Цели: Ученикот/ученичката

Да знае да нацрта едноставни технички цртежи со користење на компјутер и

едноставен компјутерски програм.

Наставни средства: Kомпјутер, ЛЦД - проектор.

Место на реализација: Компјутерска училница

Тек на активностите:

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Учениците во IV-то одделение цртаа едноставни предмети во Paint. Графичкиот

програм на учениците им овозможи да се запознаат со алатките за цртање и боење.

За овој наставен час наставникот со учениците ќе треба да го посетат

информатичкиот кабинет, или да работат во својата училница доколку има

компјутери.

Page 14: Priracnik konecen

14

За мотивација наставникот може да објасни и покаже примери како денешните

технологии користат се повеке графичка комуникација со помош на компјутер.

Тој треба да им ги каже можностите на компјутерот при цртањето со него, а дека

тие во ова одделение ќе користат само еден дел од тие можности, односно еден

едноставен програм за цртање технички цртеж.

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Во програмата за обработка на текст, ќе ја користат лентата за цртање ( drawing

bar), која содржи алатки со кои учениците можат да цртаат едноставни технички

цртежи. Учениците овие алатки ќе ги изучуваат по предметот информатика.

На часот по техничко образование наставникот ги објаснува алатките за цртање:

Основни алатки за цртање:

Line – линија;

Arrow – линија со стрелка;

Rectangle – правоаголник и квадрат;

Oval – круг и елипса;

Text box – пишување на текст и броеви;

Line Style – дебелина и видови на линии;

Dash Style – видови на линии;

Arrow Style – линии со стрелки.

Откако ќе се совладаат алатките за цртање, учениците ќе можат да цртаат

едноставни технички цртежи. Наставникот преку ЛЦД- проектор презентира

пример, а учениците во исто време го цртаат на својот компјутер. Потоа

наставникот им дава задача на истиот начин самостојно да се обидат да нацртаат

работилнички технички цртеж.

Учениците може да работат индивидуално или во парови. Тие добиваат

инструкции за цртањето на техничкиот цртеж на компјутер од наставникот преку

прку ЛЦД- проектор. Ги следи учениците, ги поттикнува и мотивира во нивната

работа. На долната слика е даден еден пример нацртан на компјутер со едноставни

алатки за цртање.

Page 15: Priracnik konecen

15

Учениците можат да предлагаат нови идеи на технички цртежи кои може да се

нацртаат на компјутер.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците ги прикажуваат пред наставникот нацртаните работилнички

цртежи изработени на компјутер

Наставникот заедно со учениците прават критериуми за оценување на

изработките и ги рангираат по квалитет.

Некои ученици можат да направат презентација на изработката преку која ќе

ги објаснат постапките и фазите на работа.

На крајот на учениците добиваат прашања со кои се поттикнуват да

размислуваат за нови идеи и решенија .

ТЕМА: МАТЕРИЈАЛИ ГРАДБА И ОБЛИКУВАЊЕ

ПРИМЕР 1: Технолошки постапки при работа со хартија и картон

Цели: Ученикот/ученичката

Објаснува за видови материјали (хартија, картон, меко дрво);

Опишува технички својства на материјалите и ги применува технолошките

постапки на работа;

Наставни средства: Компјутери, лцд – проектор, модели и макети, картонски

кутии, слики, упатства, кутии со материјали, хартија и тенок картон, ножички,

прибор, пенкало и др.

Место на реализација: училница по техничко образование, или друг простор.

Page 16: Priracnik konecen

16

Претходни активности:

Наставникот може да им предложи на учениците за овој час да донесат разни

видови примероци на картонски кутии, а освен тоа и тој треба да обезбеди кутии

од разни производи. Може да посетат заедно со наставникот супер-маркет,

фабрика за производство на амбалажа, да направат истражување за производство

на картонски кутии и сл.

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот дискутира со учениците за значењето на картонот и неговата примена

во индустријата за изработка на амбалажни кутии. Тој им поставува прашања на

учениците дали забележале дека сите производи имаат различни пакувања,

различна форма и дизајн, графичко решение на изгледот на кутијата. Откако ќе се

добијат најразновидни одговори, треба да се дојде до заклучок дека најголем број

од производите се спакувани во картонски амбалажни кутии, па ќе наведат и

набројат повеќе примери на производи.

Наставникот може да им предложи на учениците секој од нив да донесе по неколку

разни видови примероци на картонски кутии и пакувања на разни производи, а

исто така и тој самиот може да обезбеди најразновидни примероци. Со испитување

и анализирање на изработката на примероците, учениците треба да дојдат до

заклучок дека за да се направи кутија од картон пред да се залепи картонот, треба

да се направат постапките: обележување-бигување и свиткување. Во изработката

учениците можат да ја покажат својата креативност со што ќе замислат многу идеи

за обликот на кутиите, а потоа и во завршниот дизајн на кутијата со обојување и

естетско обликување.

Page 17: Priracnik konecen

17

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Што е тоа, постапка на бигување-обележување на картонот?

Наставникот ги потсетува учениците за постапките на виткање на хартијата кога

тие во 4-то одд. ги применуваа при изработка на оригами. Тој потоа ги објаснува

постапките и начинот на превиткување на картонот. Демонстрира разни примери

на бигувани и превиткани елементи, ги потенцира техниките на рачно

обележување-бигување на картонот. Наставникот посочува дека некои од овие

примери учениците треба да ги направат, за да можат да ги применат во нивните

задачи-маќети.

Постапка за бигување-превиткување

За да се превитка картонот на одредено место, треба да се обележи со права линија

со помош на линиар и молив. Потоа по истата линија се превиткува и со слаб

притисок по работ на надворешната страна се притиска и порамнува со прстите или

некој друг лесен предмет. (на пр. линиар)

Наставникот објаснува дека картонот е неколку пати подебел од хартијата, па затоа

постапка на обележување и превиткување на картонот, учениците треба да ја

извежбаат добро за да можат понатаму правилно и полесно да ги совладуваат

фазите на работа со картон при реализација на практичните задачи.

На сликите се прикажани чекори на обележување-бигување на картонот

Обележување-бигување на картонот бигување на картонот со врвот

со врвот на пенкалото на ножичките

Page 18: Priracnik konecen

18

Превиткување со прстите на изглед на бигуван и свиткан

бигуваниот картон картон

Сите активности на учениците наставникот активно ги следи: ги инструира ги

охрабрува, мотивира во нивната работа и посочува дека оваа техника ќе ја

применуваат во рачната работа, на часовите и во секојдневното живеење.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците ги завршуваат активностите, а наставникот ги разгледува изработените

елементи, кој можат да бидат елементи од некоја фаза за изработка на некоја

маќета. Потоа заедно со наставникот ги дискутираат нивните идеи и понатамошни

решенија, како и дизајнот во изработката. На крај учениците во кратки црти даваат

објаснување за нивната работа и ги истакнуваат карактеристиките на материјалите

што ги воочиле во текот на работењето.

Сите активности, знаење, вештини за работа, меќи вештини, наставникот ги бележи

во ученичкото досие.

ПИМЕР 2: Постапка на лепење-каширање на хартија или картон

Цели: Ученикот/ученичката

да дефинира работни постапки при работа со прибор алат и материјал;

да знае за карактеристики на картон во примена при работа со него.

Наставни средства:

Различни видови хартија, картон, алуминиумска фолија, брановиден картон,

пластифициран тенок материјал, или друг вид фолија и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование

Page 19: Priracnik konecen

19

Претходни активности

За подготовка и поуспешна реализација и остварување на целите на часот во оваа

содржина можат да се предвидат и организираат одредени активности.

На пример: Посета на фабрика за производство на картон или презентација на

некој аудио-видео материјал. Учениците заедно со наставникот се договараат за

видот на потребните материјали што треба да ги обезбедат за часот.

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот им покажува на учениците разни кутии и пакувања од картон.

Разговара со учениците за карактеристиките на кутиите и нивната дебелина. Треба

да воочат дека картонот од кои се направени кутиите се разликува од картонот

спремен за производство и печатење.

Разговара со учениците, ги анализираат особините на картонот: цврстината,

тврдоста, отпорноста на влага и другите механички особини.

Алу – фолија Хатија или картон Брановиден картон Пластфицирани фолии

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Пред да ја започнат постапката на каширање на материјалите, учениците во

тетратката треба да направат испитување за материјалите што ќе ги лепат за да ги

забележат нивните карактеристики: дебелина, цврстина, еластичност, жилавост,

сјајност и сл.

Учениците започнуваат со работна постапка - каширање - лепење на два

материјала.

Како задача можат да земат некој рециклажен стар картон, а на него да кашираат-

залепат украсна хартија, обоен картон и сл. Тоа можат да бидат и елементи од

некоја задача што ќе се реализира на некој од наредните часови.

Наставникот ги следи и инструира учениците во постапките на работа за каширање

на определените парчиња.

Page 20: Priracnik konecen

20

За поуспешна работа ги посочува на културните навики во работењето и дава

соодветни препораки:

При работење учениците треба да стават подлошка на работната маса;

Да го премачкаат едното парче низ целата површина со тенок слој од лепак;

Да бидат внимателни при лепење-каширање на другото парче;

Со благ притисок, да го измазнат со рацете залепеното парче;

Да бидат прецизни и педантни во работата,

Да раководат со времето при работа.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

По завршената задача учениците ги испитуваат и анализираат кашираните парчиња

и нивните карактеристикити. Со ова наставникот ги наведува да извлечат заклучок

дека на овој начин се изработуваат разни кутии за амбалажа на разни производи.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги оценува резултатите.

На крајот учениците истражуваат и иновираат нови решенија за реализација на

проектни задачи со користење на постапка на каширање на картон.

Пример:

Да напарават модели на ликови или фаци од рециклажен материјал со постапка

на каширање.

Да направат амбалажна кутија по сопствена идеја за некој свој производ или

предмет.

Page 21: Priracnik konecen

21

ПРИМЕР 3: Изработка на модел на лик или омилена фаца

Цели: Ученикот/ученичката

Може да изработи модел или маќета по своја замисла, користерјќи постапки

соодветни на карактеристиките на материјалот.

Наставни средства: Можат да се користат разни рециклирани материјали. На пр:

различни видови хартија, весници, стара хартија, тоалетна, украсна хартија, памук,

пена и сл. Лепило за хартија, ножички и друго.

Место на реализација: Училница по техничко образование или друг простор за

работа

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот покажува одредени слики и модели на изработки со цел да ги

мотивира учениците да размислуваат за нивна идеја. Учениците треба својата идеа

да ја скицираат на хартија, или да копираат определен лик, кој го пронашле.

Учениците можат да користат интернет технологии, слики, каталози или работни

листови - со готови решенија.

Page 22: Priracnik konecen

22

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Наставникот посочува на значењето на одредени постапки и културни навики во

работата, од кои ќе зависи успешноста и резултатот во работата.

Наставникот треба да создаде работна атмосвера со натпреварувачки дух, низ која

учениците ќе можат да ја развиваат нивната фантазија, да ја истакнат својата

креативност и одговорност во работата.

Им посочува внимание за важноста на некои критериуми и правила во работата

како: времето определено за изработка, педантноста и хигиената на просторот во

кој работат, прецизноста и дизајнот на моделите и сл.

Наставникот прикажува примери, слики од учебникот или друга литература, низ

кои се дадени примери и постапки како може да изгледа оваа проектна задача.

Дава практични примери што може да се користи како основа на која може да се

работи задачата, или ќе најде начини да ги мотивира учениците тие да направат

план за тоа. На пример: за да се добие основа во форма на топка, може да се

користи надуван балон, стуткана мека хартија. (тоалетна, весникарска, салветки)

Лепење - каширање на стара хартија Завршен дизајн и естетско обликување

на задачата

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

На крајот учениците треба да направат изложба на моделите. Да ги рангираат

изработените задачи, да ги одберат најдобрите според определени критериуми за

вреднување на квалитетот на работата и сл.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува резултатите.

Наставникот води евиденција -чек листа за постигањата на учениците.

Page 23: Priracnik konecen

23

ПРИМЕР 4: Проектна задача

Изработка на амбалажна кутија за паковање на омилен производ

Цели: Ученикот/ученичката

Да научат за истражувачки активности и прибирање информации;

Да развиват вештини за практична работа и култура во работата;

Да развие чувство за креативно изразување-дизајн и естетско

обликување.

Наставни средства: Слики, брошури, интернет, разни материјали, алат и прибор

за работа и сл.

Место на реализација: работилница по техничко образование, или друго место

Подготвителни активности

Наставникот ги воведува/запознава учениците како да направат истражување за

разни видови паковки и на различни производи.

На пример: часовник, телефон, ремен, светилка, бижутерија, некој уред или сл. За

оваа задача треба да бидат организирани во мали групи и да ги споделат обврските

и задачите за истражувањето. Треба да наоѓаат, да собираат информации, притоа

да носат судови за точноста и сигурноста. Да се подготват и за практичниот дел на

задачата. Со оваа задача се очекува остварување не само на знаења туку и на

други животни вештини.

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот го насочува вниманието на учениците со најава на интересна

содржина, со која ги мотивира и интересира до крајот на реализацијата. Треба да

предизвика љубопитност кај секој ученик, да ја поттикне нивната желба за активна

работа.

Групите се распоредуваат на своите работни места, ги разгледуваат сите извори на

информации, ги споредуваат, се договараат заеднички која маќета ке ја работат.

Учениците можат да користат разни рециклирани материјали, или соодветни

материјали за некое определено решение. Претходно можат да направат збирка на

материјали кои ќе ги користат за реализација на нивната идеја која треба да се

реализира преку оваа проектна задача.

Page 24: Priracnik konecen

24

Кутии со различен облик и дизајн за пакување на различни производи

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

АКТИВНОСТ 1. План за истражување и работа

Најнапред учениците учат да направат план на активностиите.

Заедно со наставникот (на табла пишуваат што содржи планот) го прават

планирањето: Што ќе работат. Како? Со кои материјали? Каде ќе најдат соодветни

потребни средства? Што ќе научат? Колку време им треба? Каде ќе ги

презентираат трудовите?

АКТИВНОСТ 2. Изработка маќета на кутија

За изработка на проектната задача може да се дојде до идеа преку различни извори,

интернет, слики, брошури, каталози или друга литература. Но, може да се добие

предлог и материјали од разни едукативни кутии каде постапките и фазите на

работа се добро осмислени. Преку нив учениците ќе можат да ги искажат своите

вештини за работа, креативност и дизајн. Наставникот постојано ги насочува и ги

следи нивните активности.

Примери на кутии за пакување на одреден производ

Page 25: Priracnik konecen

25

Чекори во работата:

1. Учениците се одговорни за реализација на својата идеја. Водат белешки,

запишуват настани, потешкотии, активно споделуват резултати и ги прошируваат

знаењата. Можат да користат збирка на материјали разни, рециклирани

материјали, или соодветни материјали за некое определено решение.

2. При работата користат различни материјали: хартија или тенок картон во боја,

фолија, украсна хартија, лепак за хартија, селотејп, изолир лента во боја,

фломастери и други боици, печатени решенија, слики и сл.

Активности на наставникот

Наставникот ги следи и инструира учениците во нивната работа, ги определува

фазите за контрола на работата. Учениците треба да ја обликуваат кутијата според

претходно изучени техники на работа: виткање, каширање, бигување и сл. Ги

поставува основните културни навики во работењето и дава препораки што ќе

допринесат за подобрување на квалитетот на работата

3. Откако ќе ја направат и обликуваат кутијата, учениците треба да размислат и

подготват идеја за завршниот дизајн и графичко решение на паковката.

Учениците треба:

Да ја искажат својата креативност преку реализирање на: ликовни решенија,

графика, форма и дизајн на кутијата

Решенијата можат да ги направат рачно или на компјутер со некој

едноставен програм

Пример на различни кутии по нивниот облик и графички решенија

Page 26: Priracnik konecen

26

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

АКТИВНОСТ 3. Презентација

Учениците треба да направат изложба на готовите производи во паралелката.

На тој начина ке го презентираат својот труд пред другите групи, да ги објаснат

техниките-постапките на изработка на моделот на кутијата. Можат да направат

ранг листа според квалитетот на изработките по однапред определени критериуми

за оценување. На пример: време за изработка, точност, прецизност, креативност и

дизајн на производот и сл.

Наставникот ги проценува постигањата, знаењата и вештините на учениците, кои

ги бележи во нивното портфолио.

Забелешка: Овој прикажан пример и начин на работа, можете да го применете и

во реализирање на други содржини/задачи. Бидејки истражувачките активности

помагаата учениците ментално и физички, да бидат активно вклучени во

процесот на учењето.

ПРИМЕР 5: Изработка на маќета на куќа или бунарче

Цели: Ученикот/ученичката

Да ги препознава материјалите и нивните карактеристики;

Правилно да ги применува при изработка на модели и маќети.

Наставни средства:

Макети, слики, рециклажни или подготвени материјали за работа, работни листови,

упатства, дидактички кутии со материјали и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

За реализирање на активностите наставникот може да има повеќе начини/методи на

работа. Секогаш зависи од условите, изворите на средства и материјали со кои

располага училиштето, работилницата и можностите на учениците.

Наставникот покажува повеќе решенија-маќети или слики со што ги поттикнува

нивните творечки идеи. Така ги мотивира да размислуваат за изворите што можат

да ги користат за пронаоѓање упатства и материјали за работа.

Page 27: Priracnik konecen

27

На пример:

Можат да направат бунарче од рециклажен материјал или да користат готов

технички цртеж.

Забележи го на сликата примерот 1

Пример 1

Материјал за работа:

Потребна е само една стара тетрапак кутија, цевче за осовинка, конец и капаче.

Треба да се користи лепило за хартија и картон, а од алат за работа: поцврсти

ножички.

Забележи го на сликата примерот 2

Пример 2

Page 28: Priracnik konecen

28

Материјал за работа:

Дрвени елементи од меко дрво во разни димензии и облик. Конец, лепило за дрво и

сл. Од алат може да се користи: турпија за стругање на дрвото или брусна хартија,

пиличка за засекување на краевите на летвичките.

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Наставникот секогаш треба да води сметка за пристапот, тежината и видот на

материјалите што треба да се користат за реализација на задачата.

Исто така треба да овозможи решавањето на проблемите и фазите на работа при

изработка на задачата да биде низ различни пристапи на работа од страна на

учениците при што мора да дојде до израз нивната креативност за работа,

дизајнирање и обликување на материјалите.

Наставникот ги следи и насочува учениците во нивната истражувачка работа за

избор на модел за работа. Ги воведува и инструира, ја следи нивната работа.

Постојано дава насоки за културни навики и препораки во работењето. Секогаш

води грижа за безбедност во работата.

Поставува правила и критериуми за подобрување квалитетот и оценување на

работата:

Да бидат прецизни и педантни,

Да раководат со работата и времето;

Да бидат креативни со што ќе допринесат и во дизајнот при обликување на

естетскиот изглед на моделот.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците: го презентираат својот труд пред другите и објаснуваат постапките на

изработка на маќетата. Можат да направат ранг листа по која ќе го споредат

квалитетот на изработките според претходно определените критериуми за

оценување.

Наставникот ги следи и бележи сите активности на учениците, води чек листа за

евиденција на активностите, постапките на работа и ги вреднува постигањата.

Page 29: Priracnik konecen

29

ТЕМА: КОНСТРУКТОРСКО ТВОРЕШТВО

ПРИМЕР 1: Елементи за пренос на сила и движење

Цели: Ученикот/ученичката

Да знае што е лост и која е неговата улога;

Да дава примери за елементи што ја пренесуваат силата и движењето;

Да ги препознава едноставните машини и нивната примена.

Наставни средства:

Компјутери, лцд – проектор, модели, предмети и механизми, слики, интернет,

материјали, конструкторски кутии со материјали и сл.

Место на рњеализација: Работилница по техничко образование

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

На почетокот на оваа содржина наставникот и учениците повторуваат за

претходната содржина од оваа тема. Во таа лекција учениците научија за силата,

разбраа за применетата сила и нејзиното дејствувањето, за извршената работа од

дејствувањето на силата. Наставникот со слики на разни модели и предмети како:

хевталката, оревокршачот и ножичките покажува и демонстрира за да објасни за

силата. Со тоа во оваа содржина треба да постигне мотивација со која учениците

полесно ќе се воведат во оваа содржина.

Дејствување на работата и силата со: ножичките, хефталката и оревокршачот

Page 30: Priracnik konecen

30

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Учениците во оваа содржина треба да разберат за основните елементи за пренос на

силата. Наставникот треба да направи демонстрирање со одредени предмети и

едноставни машинки. Да покаже што ќе се случи кога ќе дејствува применетата

сила, како таа преку овие механизми дејствува врз предметот и ја извршува

работата. Треба да користи едноставни машинки и механизми со кои ќе покаже

повеќе примери за да го објасни зголемувањето на силата и нејзиниот пренос од

едно место на друго. За да го објасни дејствувањето на лостот како основен и

важен едноставен механизам може да ги користи клештата и пинцетата, со кои ќе ја

спореди нивната функција и со кои прецизно ќе покаже каде дејствува применетата

сила, каде е потпорната точка и каква може да биде извршената работа.

применета сила

отпор - товар потпорна точка-

тежиште

Пример 1

отпор-товар потпорна точка

применета сила

Пример 2

Наставникот треба да објасни што е тоа осовина, користејќи пример на движењето

на тркалата од сите возила, работата на осовината на велосипедот, а може да го

земе и примерот за осовината на цилиндричното тркало кај бунарот, кој учениците

како модел најчесто го прават на самите часови. Многу е важно при објаснувањето,

наставникот да демонстрира и примери на пренос на сила и движења на некои

Page 31: Priracnik konecen

31

механизми како што се: запчестите парови, макарите, косата рамнина и завртката.

За ова може да се искористат и разни слики со истражување на интернет, како и

разни конструкторски кути со пластични елементи за кои денешните технологии

ни даваат многу можности, како и да ни бидат попристапни и од аспект на пазарот

и цената.

Оска

Осо

вина

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Со реализација на овие содржини треба од учениците да очекуваме да создадат

вештини сами да истражуваат и испитуваат за силата и движењето. Ова ќе се

продлабочи кога сите овие примери и објаснувања за силата ученикот ќе може и

практично самиот низ разни примери и со разни материјали да го направи, да ја

испита функционалноста и потврди наученото. Наставникот во оваа содржина

треба да ги забележува активностите, знаењата и објаснувања на учениците.

ПРИМЕР 2: Едноставни механизми и машини

Цели: Ученикот/Ученичката

организира и истражува идеи за нови задачи и проекти;

истражува карактеристики и функционалност на моделите;

дава идеи за изработка на проекти и задачи од конструкторство.

Наставни средства:

Компјутери, лцд – проектор, модели, предмети и механизми, слики, интернет,

материјали, конструкторски кутии со материјали и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование

Page 32: Priracnik konecen

32

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Од претходните содржини учениците веќе знаат да набројат основни механизми и

едноставни машини, да објаснат за нивната работа и функција. Наставникот

покажува примери и демонстрира со едноставни машинки, за да покаже што ќе се

случи кога ќе дејствува применетата сила. Целта е да покаже како таа преку овие

механизми дејствува врз предметот и ја извршува работата. Со примерите ги

потсека учениците, ги предизвикува да размислуват.

Може да ги воведе и насочи во: планирање за извршување на активности -

изработка на проектна задача.

УЧЕЧКО ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Задачите може да бидат практични, преку кои се очекува потврдување на знаењата

со откривање и испитување на функционалноста на моделите што ќе ги прават.

Учениците во групи, треба да направат планирање на работата :

- да определат цел и време на работата,

- да истражуваат на интернет, или низ друга литература и слични извори, од кои

ќе приберат најразновидни информации.

- да соберат слики на модели со разни функции и дејства за силата и движењето со

кои ќе можат наједноставно да ја објаснат нивната работа и функционалност.

- да подготвата плакат или на таблата можат да залепат и примероци на елементи

од некои механизми како запчести парови, ременици, лостови и сл.

Запчести тркалца Конструкторски кутии

Можат да се користат и стари модели на возила конструкции, дигалки и сл., како и

од некои дидактички конструкторски кутии.

Page 33: Priracnik konecen

33

Оваа задача не бара многу материјални средства, туку бара добра организација на

наставникот и тимовите, а секако и нивна креативност, со која може добро да се

осмисли изгледот и дизајнот на проектната задача.

Во зависност од можностите и условите како материјал за основа на задача можат

да се искористат разни видови картонски или дрвени подлоги (лесонит, шпер плоча

и сл.), и да се залепат сите набавени средства.

Секако дека умешноста и знаењата ќе бидат поголеми доколку учениците

осмислено ги залепат и класифицираат набавените материјали, за кои потоа треба

да дадат објаснување во својата презентација.

Поделбата или класификацијата на механизмите и елементите во проектната

задача можат да бидат на следниот начин:

според начинот на извршување на работата;

нивната градба и констуктивност;

материјалите од кои се направени;

сложеноста на конструкцијата и работата;

видот на преносните елементи.

Наставникот тековно ги следи и инструира учениците. Дава препораки, конкретни

насоки во работењето и активностите, со цел целосно ангажирање и ефикасно

работење.

Преку проектна задача учениците треба да го потврдат своето знаење, да покажат

дека можат да ги поделат елементите по видови во зависност од нивните

карактеристики, функционалност конструктивност, материјали и сл.

Со тие знаења, умеења и вештини, се потврдува остварување на целите на часот.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Преку презентацијата на проктна задача од учениците се очекува да покажата

вештини сами да истражуваат, да ја испитуваат силата и движењето и сл.

Ова ќе се продлабочи кога сите овие информации и примери собрани низ оваа

проектна истржувачака работа, ученикот ќе може и практично низ разни примери и

со разни материјали да го направи-покаже, да умее да го прикаже наученото.

Наставникот во оваа содржина треба да ги забележува сите активностите на

Page 34: Priracnik konecen

34

учениците од знаења, умеења и животни вештини (комуникација, соработка во

групите, почит на другите мислења, ставови, одлуки и сл)

Сите групи по завршување на задачите треба да ги презентираат, во некоја форма,

на пр:

Која била идејата на тимот за работа;

Каков бил текот на истражувањето, прибирањето на материјали и информации;

Дали е добро/квалитетно изработена (проектната) задача;

Техники на презентација на проектот/задачата ( на кои наставникотсекогаш ги

поучува) .

На крајот учениците можат да донесат заклучоци, да дадат нови сознанија и идеи

за нови истражувања и проектни задачи.

ПРИМЕР 3: Изработка на конструкција од конструкторски

материјали по сопствена идеја

Цел: Ученикот/ученичката

применува едноставни елементи и материјали за градба на модели;

конструира и правилно ги составува елементите за градба;

логички ги испитува елементите за пренос на сила и движење;

експериментира со моделите и макетите;

Наставни средства:

Компјутери, лцд – проектор, модели, предмети и механизми, слики, интернет,

материјали, конструкторски кутии со материјали и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ

Од претходните содржини и активности од оваа тема, учениците низ различни

примери научија за преносните механизми, преносот на силата, за конструкциите и

нивната функција.

Page 35: Priracnik konecen

35

Наставникот покажаи демонстрираше разни примери како да се изработаат

конструкции на некои модели и маќети, кои треба да поттикнат соодветно

размислување и идеи кај учениците, за да се определат за тоа што ќе го работат.

За реализација на оваа практична задача најважно е да се направат збирка на

материјали, со кои ќе се градат конструкциите што се определени.

Секако дека овие содржини нудат можност за изработка на конструкции за кои

веќе се подготвени упатства со цртежи и материјали за работа (конструкторски

кутии, кутии со материјали). Целта на оваа содржина е учениците да ја разберат

функционалноста на работењето на моделот што ќе го направат, а со неговите

елементи за движење да можат да истражуваат и прават испитување на одредени

функции. Работата е во друпи или парови.

УЧЕЧКО - ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Откако се определиле за идеите/задачите кои ке ги работат, треба да се

организира работното место и подготват материјалите.

Може да се направи едноставна вртелешка, рингишпил, едноставен кран,

воденичко тркало, ветерница и сл.

Како елементи за пренос на силата можат да се користат и рецилажни тркалезни

елементи со кои учениците сами ќе направат ременични тркала низ кои ќе

поминува ластик-ремник, преку кој ќе се пренесува силата на движењето.

Дрвени тркалца Дрвени освинки Гумени ластичиња

Page 36: Priracnik konecen

36

Наставникот ги следи учениците во нивната организација, во правилна примена на

алатот и приборот за работа. Тој дава насоки ги следи активностите на учениците и

им дава препораки во работата: да бидат трпеливи, да внимаваат да не се повредат,

да бидат педантни, да внимаваат на времето за работа и сл. Наставникот треба да ги

следи фазите на работа на секоја група или ученик, да анализираат со учениците за

некои забелешки, да иновираат со нови идеи во решавање на проблемите и сл.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Со реализација на овие практични задачи, од учениците очекуваме да можат сами

да ја испитуваат и мерат функционалноста на моделите.

Сите групи по завршувањето на задачите треба да ја презентираат изработката со:

идејата на тимот за работа;

објаснување за нивната работа и функционалност;

текот на истражувањето и прибирањето на материјали;

квалитетот на изработка и сложеноста на проектната задача;

На крајот учениците можат да дадат нови идеи за нови истражувања и проектни

задачи.

Page 37: Priracnik konecen

37

ТЕМА: СООБРАЌАЈ

ПРИМЕР 1: Елементи и објекти на патот

Цели: Ученикот/ученичката

Знае да набројува елементи и објекти на патот;

Ги применува елементите преку изработка на практична задача-маќета;

Наставни средства: Хартија, картон, меко дрво, ножици, лепак, фломастери,

селотејп и сл.

Место на реализација: Училница или реален објект

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот разговара со учениците за објектите на патот, нивната функција и

намена. Потоа формира две групи. Групите треба да најдат извори на информации

што ќе им помогнат да ја реализираат задачата.

Како на пример: слики, каталози, списанија, учебници, интернет технологии и сл.

Откако ќе ги соберат потребните информации учениците своите идеи може да ги

скицираат на хартија.

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Учениците го консултираат наставникот кој материјал ќе го користат за изработка

на работната задача: ”Маќета на семафор или бензинска пумпа”. Учениците можат

да користат: хартија и картон, или меки дрвени летвички, лепак за дрво или

хартија, ножици за дрво, фломастери, боички и сл.

Page 38: Priracnik konecen

38

Семафор бензинска пумпа

Натавникот постојано ги следи учениците во нивната работа, ги охрабрува и ги

мотивира да бидат креативни, прецизни, педантни во работата и да внимават на

безбедносните мерки.

Ги поставува на основните културни навики во работењето:

Да се организира работното место пред да почне со градба;

Да се внимава на хигиената на работното место;

Да бидат педантни при работењето со лепак и другите материјали;

Рационално да се однесуваат кон работата и материјалите;

Дава препораки за подобрување на квалитетот на работата:

Да бидат прецизни и педантни,

Да раководат со работата и времето;

Да го почитуваат мислењето на другите;

Да бидат креативни со што ќе допринесат во дизајнот при обликување

на естетскиот изглед на работната задача.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

По завршување на работната задача наставникот заедно со учениците, прават

критериуми за оценување на изработките и ги рангираат по квалитет.

Ученици можат да направат и презентација на задачата преку која ќе ги

објаснат постапките и фазите на работа.

Учениците водат дискусија од која треба да произлезат прашања со кои ќе

се поттикнат да размислуваат за нови идеи и решенија при работата.

Page 39: Priracnik konecen

39

ПРИМЕР 2: Правила и прописи за учество на велосипедист во

јавниот сообраќај

Цели: Ученикот/ученичката

Знае за последиците од непочитување на правилата и прописите во

сообраќајот;

Применува знаење за решавање сообраќајни правила и прописи.

Наставни средства: Лцд-проектор, компјутер, модели и слики на сообраќајни

знаци, крстосници, дидактичка табла со семафори и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование, или друго место

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот со ученците дискутираат за условите за учество на велосипедистот во

јавниот сообраќај. Потоа повторуваат за начините на регулирање на сообраќајот на

крстосница.

Потоа учениците се делат во четири групи. Секоја група треба да направи плакат-

хамер за еден од начините на регулирање на крстосница. Секоја група треба да

пронајде извори на информации: слики од интернет, или цртежи што сами ќе ги

нацртаат, брошури, друга литература.

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Наставникот треба да ги следи учениците дали тие ги применуваат основните

културни навики во работењето. Учениците треба добро да го организираат

работното место. За користење на пронајдените извори, информации и материјали

Page 40: Priracnik konecen

40

треба да ги консултираат наставникот. Учениците меѓусебно треба да се

почитуваат, да бидат педантни во работата, рационално да се однесуваат кон

работата и материјалот.

Наставникот ги инструира учениците, ги насочува во планирањето, и изработка на

задачата.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Секоја од групите ја презентира својата изработка;

Останатите ученици и наставникот дискутираат за секоја презентација;

Наставникот и учениците определуваат критериуми за оценување;

Потоа учениците ги рангираат изработките;

Наставникот ги следи и ги кординира овие активности на учениците;

Води чек листа за евиденција на активностите, ги оценува нивните

напредувања и постигања.

ПРИМЕР 3: Мојот велосипед – технички карактеристики и

одржување

Цели: Ученикот/ученичката

дискутира за значењето на одржување на велосипедот од безбедносни

причини;

објаснува за технички карактеристики на велосипед;

знае за значењето на одржувањето на велосипедот.

Наставни средства: Лцд-проектор, компјутер, велосипед, слики на сообраќајни

крстосници, и сл.

Место на реализација: Училница, училишен полигон. или друг објект/место

Page 41: Priracnik konecen

41

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот започнува дискусија со учениците за правилата и прописите што

треба да ги знае секој учесник како велосипедист во сообраќајот. Дискутираат и за

значењето на исправноста на велосипедот и неговото одржување заради безбедност

во сообраќајот. На часот може да се донесе велосипед, во училишниот двор да се

организира работилница. Водата разговор со прашања и одговори, околу следните

работи:

Учениците треба да знаат да ги набројат основните елементи на

велосипедот;

Да ги препознаваат уредите и да дадат основен опис на нивните

карактеристики;

Практично да ракуваат со уредите, да ја разберат нивната функција за да

можат и практично да ги одржуваат и отстрануваат техничките грашки.

Сето тоа практично да се демонстрира е најдобро!

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Во оваа фаза од часот треба да се усвојата знаења и умеења за: Како се движи

безбедно учесник во сообраќајот со велосипед, сите делови на велосипедот треба

да бидат во исправна состојба, сите имаат подеднаква важност.

Учениците се поделени во 4 групи. Секоја група треба да напише по некоја

карактеристика за сите делови на велосипедот. Тие меѓусебно се договараат и се

консултираат со наставникот. Групите ги презентираат напишаните

карактеристики на велосипедот, а наставникот а другите следат и надополнуваат.

Наставникот ги следи и ги кординира активностите на учениците.

Page 42: Priracnik konecen

42

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Секоја од групите ја презентира целокупната задача.

Останатите ученици и наставникот дискутираат за секоја презентација;

Проценуваат опасности во дадени сообраќајни ситуации заради

неисправност на велосипедот;

Наставникот води чек листа за активностите на учениците и евиденција на

изработките, ги вреднува напредувањата и постигањата.

ПРИМЕР 4: Полгонско возење на велосипед

Цели: Ученикот/ученичката

демонстрира вештини и техники на возење со велосипед;

проценува вештини при возење со велосипед.

Наставни средства: велосипед, реквизити за училишен полигон и сл.

Место на реализација: Училишен полигон

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот преку насочени прашања дискутира со учениците за сообраќајните

правила и прописи. Се потсетуваат на правилата на движење со велосипед, на

одредени правила за давање сигнализација при движење, како и други неопходни

информации поврзани со практичното возење.

Page 43: Priracnik konecen

43

УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Наставникот може да презентира преку компјутер одредени движења и вештини на

возење на полигон, или практично да демонстрира движења со велосипед,

користејќи ги своите искуства или на ученик. Наставникот со учениците го

подготвуваат училишниот полигон, каде ги обележуваат основните патеки и

поставуваат реквизити.

На полигонот учениците ќе можат да ги научат основните сообраќајни правила, да

ги совладаат препреките и да ги стекнат вештините кои се неопходни за безбедно и

самостојно учество во сообраќајот како велосипедист.

Наставникот организира натпревари за вешто возење помеѓу учениците

во повеќе нивоа;

Со секоја паралелка го посетува полигонот, теоретски ги објаснува

патеките кои треба да се совладаат, а потоа и практично го вежбаат вештото

возење со велосипед;

Останатите ученици и наставникот дискутираат за возењето на секој

ученик.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот ги презентира стандардите и критериумите за оценување.

Наставникот ги охрабрува учениците, да бидат упорни, да вежбаат за да ги стекнат

вештините за да можат да се снаоѓаат во најразлични ситуации на полигонот и во

сообраќајот.

Учениците треба да дават проценка за квалитетот на своето вешто возење и сами да

прават ранг листа на учесниците. Наставникот ги бележи резултатите според

критериумите и ја објавува листата.

Page 44: Priracnik konecen

44

СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Постигањата и напредувањата на учениците се следат во текот на целата

учебна година, притоа наставниците можат да користат комбинација на описно и

бројчано оценување. При следењето и оценувањето на учениците се земаат во

предвид развојните цели и знаењата, способностите и вештините што се

расчленети по тематски целини. Описното оценување во текот на годината им

помага на учениците во мотивирањето за постигање на поголем успех, а

истовремено ги запознава родителите со процесот на учењето, напредувањето и

оценувањето на знаењата на нивните деца. Бројчаното оценување наставникот го

прави/констатира преку состојбата на напредувањето и постигањата на секој

ученик, разговара со него и ја формира неговата оценка.

Следењето и оценувањето на постигањата на учениците е многу

комплексен и интегрален дел на воспитно образовниот процес кој треба да

обезбеди висока објективност. Затоа овој процес се изведува во текот на целата

година, континуирано, преку белешки, средување и обработка на податоци за

реализирани активности и многу индикатори за постигање на знаења,

способности, вештини и социјални компетенции.

На пример: усвоени поими, работа во група, кретивност, прецизности

точност, комуникациски вештини, соработка, редовност, навремено извршување

на задачите, способност за истражување, експеримент, да направи извештај-

информација од некое истражување, соодветно користење на алат и прибор за

работа, примена на безбедносни процедури во работата и тн.

Истражувачките активности се оценуваат преку периодични-извештаи

додека трае истражувањето, или по теметски целини/ како мини проект и како

извештаи од наблудување. Преку овие задачи и активности наставникот може да

следи и оценува многу показатели за постигањата и комплетирање на оценката во

портфолиото на ученикот како на пример: прибирање на информации или

податоци, нивно подредување, донесување одлуки, толеранција, почитување на

туѓи мислења, градење ставови, подготовка на приказ-презентација и сл.

Самовреднувањето на учениците е исто така битен сегмент во овој процес

и може да се организира и реализира на разни начини: во вид на интервју помеѓу

самите ученици, листа за самоевалвација, преку поставување на меѓусебни

прашања на крајот на активностите и сл.

Page 45: Priracnik konecen

45

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

ТЕМА: Графичка писменост

Ученикот/ученичката:

Да знае да ракува со приборот за техничко цртање;

Да знае да ги применува правилата за техничко цртање;

Да знае да црта, чита и применува едноставен работилнички и монтажен

технички цртеж;

Да знае да нацрта едноставни технички цртежи со користење на компјутер

и едноставен компјутерски програм.

ТЕМА: Материјали, градба и обликување

Ученикот/ученичката

Објаснува за видови материјали (хартија, картон, меко дрво);

Опишува технички својства на материјалите и ги применува технолошките

постапки на работа;

Проценува како да изработи модел или макета по своја замисла;

користерјќи постапки соодветни на карактеристиките на материјалот;

Да развие чувство за креативно изразување-дизајн и естетско обликување;

Истражува идеи за реализација на нови задачи и проекти.

ТЕМА : Конструкторско творештво

Ученикот/ученичката:

Дава примери за елементи што ја пренесуваат силата и движењето;

Ги препознава едноставните машини и нивната примена;

Организира и истражува идеи за нови задачи и проекти;

Истражува карактеристики и функционалност на моделите.

ТЕМА: Сообраќај

Ученикот/ученичката

Знае за последиците од непочитување на правила и прописи во

сообраќајот;

Дискутира за значењето на одржување на велосипедот од безбедносни

причини;

Користи правила и прописи за пешаци и велосипедисти во сообраќајот;

демонстрира вештини и техники на возење со велосипед.

Page 46: Priracnik konecen

46

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Стојановски, Т. И Чешларов, М. (2007). Концепција за деветгодишно

основно воспитание и образование. Скопје: Биро за развој на

образованието

2. Прирачници за наставата за четврто одделение во деветгодишното

основно образование, Скопје, Биро за развој на образованието, 2009 година

3. Прирачници за наставата по изборните предмети во основното

училиште,(2008), Биро за развој на образованието, Скопје

4. Адамчевска С.(1996) Активна настава, Легис: Скопје

5. Богнар Л., Матијевич М.(2002) Дидактика, Школска кнјига, Загреб

6. Лекиќ Д.(1991) методика разредне наставе, Нова просвета , Београд

7. Никша Н.Шолјан, ( 1976)Образованја технологија, Школска Кнјига, загреб

8. Петковски К., Коцева С. и др. (2005). Прирачника за Проектни активности

НУБ

9. Канадска наставна програма за приподни науки и технологија, УСАИД

10. Митовска, М., Николовски, Б. и др.(2001) Техничко образование за V одд.

Просветно дело, Скопје

http://www.euro.who.int/Document/e87579.pdf

http://www.schoolfoodtrust.org.uk/casestudy-search-results.asp

http://ec.europa.eu/health/ph_projects/2004/action3/docs/2004_3_7_2_en.pdf

http://www.naplesnews.com/news/2008/Apr/10/life-skills-exceed-sewing-cooking/

http://www.scientificsonline.com/product