10
PRIMENA NA PROPOVI KARTI VO NASTAVATA PO MAKEDONSKI JAZIK PISATELOT XANI RODARI KAKO METODI^AR Италијанскиот писател за деца Џани Родари, автор на популарните ,,Приказни по телефон”, кој кај нас е речиси непознат како педагог, во својата студија Граматика на фантазијата (1, 231) презентира интересни методски постапки за анализа на сказна и предлага инвентивни вежбовни активности кои се резултат на неговата богата учителска практика. Анализирајќи дела од класиците како на пример: Колоди, Грим, Андерсен и други, тој го истакнува значењето на сказната како прва лектира и нејзиното естетско, психолошко и педагошко влијание врз детето кое како неопитен читател, од страна на наставникот токму преку овој жанр треба да биде воведено во светот на убавата литература. Некои од неговите методски постапки во анализата на сказна (расказ или друг краток наративен текст), како на пример: Да се погреши приказната, Црвенкапа во Хеликоптер, Измешана приказна, И што понатаму, Салата од приказна, Пречкртани приказни и други, се практикуваат во современата настава по предметот македонски јазик (програмски подрачја усно и писмено изразување и литература), без да се знае дека нивниот автор е токму познатиот писател. Но Проповите карти кои методолошки произлегуваат од теориските поставки на познатиот руски литературен теоретичар и се мошне погодни за примена во наставата како интересна игровна активност кај нас се речиси непознати 1

Rodari

Embed Size (px)

DESCRIPTION

rodari

Citation preview

Page 1: Rodari

PRIMENA NA PROPOVI KARTI VO NASTAVATA PO MAKEDONSKI JAZIK

PISATELOT XANI RODARI KAKO METODI^AR

Италијанскиот писател за деца Џани Родари, автор на

популарните ,,Приказни по телефон”, кој кај нас е речиси непознат како

педагог, во својата студија Граматика на фантазијата (1, 231)

презентира интересни методски постапки за анализа на сказна и

предлага инвентивни вежбовни активности кои се резултат на неговата

богата учителска практика. Анализирајќи дела од класиците како на

пример: Колоди, Грим, Андерсен и други, тој го истакнува значењето на

сказната како прва лектира и нејзиното естетско, психолошко и

педагошко влијание врз детето кое како неопитен читател, од страна

на наставникот токму преку овој жанр треба да биде воведено во светот

на убавата литература.

Некои од неговите методски постапки во анализата на сказна

(расказ или друг краток наративен текст), како на пример: Да се

погреши приказната, Црвенкапа во Хеликоптер, Измешана приказна, И

што понатаму, Салата од приказна, Пречкртани приказни и други, се

практикуваат во современата настава по предметот македонски јазик

(програмски подрачја усно и писмено изразување и литература), без да

се знае дека нивниот автор е токму познатиот писател. Но Проповите

карти кои методолошки произлегуваат од теориските поставки на

познатиот руски литературен теоретичар и се мошне погодни за

примена во наставата како интересна игровна активност кај нас се

речиси непознати

СКАЗНАТА КАКО ПОЈДОВНА ОСНОВА

Иако се различни творечките патишта на великаните на

сказната: Ш. Перо, Браќата Грим, Андерсен, Колоди, нашиот Цепенков и

други, тие создадоа монументални творби без кои денес тешко може да

1

Page 2: Rodari

се замисли не само литературата за деца, туку и светската литература

воопшто.

Нивното дело е и своевиден национален подвиг. Преку своето

творештво Браќата Грим свесноќе го градат споменикот на нивната

татковина, Андерсен ќе го трасира патот кон своето детство, Пинокио

на Колоди ќе се роди од длабоката структура на тосканската сказна,

Цепенков пак нам, на Македонците, во аманет ќе ни остави немерливо

културно национално богатство, кое преку народните приказни сведочи

дека и тогаш кога сме биле без држава и апатриди, јазикот ни бил наша

суверена татковина.

За среќа, овие генијални писатели, кон сказните не се

однесувале како нас, заразени од ,,копнежот по систем” и склони кон

педагогизација, психологизација и класификација, кон формалистичко,

структуралистичко или антропологистичко прифаќање, туку спонтано

создавале дела со универзални и трајни уметнички вредности. Колоди

е недостижен во дијалозите, Андерсен во персонификацијата на

предметите со ефекти на ,,оутуѓување” и ,,проширување.”

Литературните историчари кај Андерсен го препознаваат првиот творец

на современата сказна каде ,,појавите од минатото излегуваат од својот

лимб и вонвременски продолжуваат да дејствуваат во чистилиштето

или во пеколот на сегашноста.”(5, 19) Колоди оди уште понатаму,

давајќи му на ликот дете од неговите сказни актанцијално место на

активен субјект. Така малиот читател ќе се пронајде себе си во својот

литературен јунак онаков каков што е, а не каков што би сакале да биде

возрасните, учителите или родителите, кои преку него најчесто ги

проектираат своите неостварени желби.

Денес е веќе надминат негаторскиот однос на некои стручни

авторитети, воглавно од редот на педагозите, кои сметале дека

сказната негативно влијае врз психичкиот развиток на детето, со

аргументација дека содржела религиозни и мистички елементи кои ја

поттикнуваат неговата фантазија во несакан правец и го оддалечуваат

од реалноста. Познавачите на литературата за деца сметаат дека

добро канализираната фантазија е корисна, а не штетна, затоа што

2

Page 3: Rodari

претставува ,,синоном за толкување на животот”; и му дава можност на

детето преку имагинацијата да воспостави своевидна комуникација со

светот околу себе и да се учи на толеранција, сомилост, разбирање и

љубов за с# што е создадено.(5 ,24) Поттикнивајќи ја фантазијата,

сказната помага да се спознаат чувствата, детето да стане свесно за

проблемот на стравот, грижите и надежите, тагата и смртта да се соочи

со различни животни конфликти и да ја зацврсти самодовербата.

Сказната е колективна творба која во еден долг временски

период кристализирала во совршена уметничка форма (богат јазик,

едноставна композиција, јасен опис на ликовите) која, вертикално

прочитана, говори за исконската борба меѓу доброто и злото и открива

универзални пораки за човекот и неговата вечна потрага по смислата

на животот. Сказната прикажува универзални проблеми; се обраќа

непосредно до детската потсвест; го учи дека животните тешкотии се

неизбежни; искушенијата неправични; а проблемите совладливи.

Освен овие – психоаналитички, сказната на детето му отвора и

литературно -јазички хоризонти. Сказната за него е како игра: кога

слуша, тоа & се предава целосно. А за да учествува во таа ,,игра”. тоа

неусилено ќе го открива значењето на зборовите, нивните аналогни

односи, фината границата меѓу синонимите, спонтано ќе ги усвојува

нивните морфолошки одлики и сложени синтактички функции.

Сказната ќе му помогне да ги разбере просторните и временските

релации (близу – далеку; некогаш - сега – после/вчера – денес – утре),

да ја определи врската меѓу неговото јас и другите, да ја усвои

композицијата на текстот, да научи да прераскажува и да раскажува,

креативно дополнувајќи и измислувајќи нови проајретички решенија кои

се тесно поврзани со неговото скромно животно искуство.

Методичарите тврдат дека сето знаење по писмено изразување

со кое се здобива првачето, произлегува од сказната!

Токму затоа, за многу познати, светски писатели таа била

инспиративна лектира и врз нивното творештво извршила силно

влијание. Но сказната е и првиот литературен жанр со кој детето

3

Page 4: Rodari

спонтано и неусилено се соочува уште од најрана возраст, најпрвин во

кругот на семејството и во забавиште, за потоа долго да го следи во

училишната практика и во животот воопшто, оставајќи во неговата

свест длабоки и неизбришливи траги. Врската е впечатлива и поради

симболиката која има реална подлога: сказната е создадена во раното

детство на човечката историја, а детството, како што н# убедуваат

антрополозите, убрзано ја повторува таа долготрајна еволутивна фаза

во развитокот на човештвото.

Наставникот треба да го почитува и во својата воспитно –

образовна практика да го има предвид фактот дека децата многу ги

сакаат сказните и истите длабоко ги доживуваат.

Ова сознание е посебно важно ако ги имаме предвид

резултатите од нашата наставна практика кои упатуваат на

песимистичкиот заклучок дека младиот читател го оддалечуваме од

книгата не нудејќи му притоа алтернатива за многу пороци кои го

демнат. А преку сказната, методски инвентивно организирана, може

педагошки да се влијае врз децата, пред да бидат преземени други,

најчесто изнасилени мерки.(5, 21)

СТРУКТУРАЛИСТОТ АЛЕКСАНДАР ПРОП

Роман Осипович Јакобсон, еден од најистакнатите претставници

на рускиот формализам , почетната точка на поетиката ја формулира

како задача литературниот текст да се подели на мали смисловни

целини. Стремежот да се издвојат од текстот ,,прости и неделиви

единици” како основа за натамошна литерарна анализа ќе биде

истражувачка опсесија не само на припадниците на оваа позната

теориска школа, туку и на други научници чија појдовна заложба

е ,,копнежот по систем”.

Така, Томашевски оди до пропозицијата и според него мотивот

(идентичен со пропозицијата) е најмалата единица на тематскиот

материјал. Р. Барт (8, 138) се надоврзува на неговите теориски

поставки, натаму диференцирајќи ги мотивите на јадра, катализи и

4

Page 5: Rodari

индиции, а А. Проп оди подалеку, сметајќи дека секој збор во

пропозицијата одговара на различен мотив.

Проп го следи советот на големиот ренесансен уметник

Леонардо да Винчи, кој сакаше машината да не се сфати како една

неделива целина, туку да се расчлени на повеќе делови - ,,едноставни

машини”. Студиозно анализирајќи ги сказните , тој во нивната

структурата издвојува одредени составни делови кои се константни и

се повторуваат по ист редослед. Овие делови чиј број е ограничен на

31, Проп ги нарекува функции.

Пред да ги објасниме функциите врз чијашто основа Родари ги

конципира Проповите карти, ќе укажема на уште една голема заслуга

која му припаѓа на големиот руски теоретичар, а тоа е дефинирање на

не многу јасната литературна категорија лик. Во својата славна

Морфологија на сказната (1928) тој ќе утврди дека за овој жанр е

специфичен мал број улоги, токму каков што е и бројот на улогите на

зборовите во реченицата. Во таа смисла Проп предлага инвентар од

седум драматис персонае кои се дефинирани со ,,сферата на

дејството”: противник, дарител, помошник, принцеза (барано лице),

испраќач, јунак, лажен јунак. Таа ,,сфера на дејството” е непроменлива,

се менуваат само неговите извршители – учесници. Самото дејство е

сведено на оската: јунак – баран лик, онака како што е во структурата

на реченицата (каде субјектот и објектот поврзани со предикатот го

чинат семантичкото јадро на исказот) .

Александар Проп постанокот на сказната го поврзува со

ритуалот на иницијацијата. Кај примитивните народи зрелоста на

детето се потврдувала низ неколку фази: на одредена возраст детето

го одвојуваат од родителите и го одведуваат во некоја шума, каде од

страна на племенските старешини кои биле застрашувачки маскирани

го подложуале на разни тешки, а често и на смртоносни искушенија, по

што, како знак на зрелост и припадност во светот/средината на

возрасните, добивале оружје, потоа се враќале дома (често со друго

име) и се женеле.

5

Page 6: Rodari

Во структурата на сказната се повторува структурата на

обредот.

Сказната жанровски се реализира штом се изгубил ритуалот,

кој с# повеќе се изневерувал за сметка на новите елементи кои ги

изразувале општествените промени и трансформации. Така, со тек на

време, долго патувајќи од еден свет кон друг, лаички простор, сказната

станала независна од својот корен, но во своите наративни јадра ја

зачувала структурата на древниот ритуал. Проп убедливо ги споредува

јадрата на сказните со фазите на древната иницијација. Често во

сказните јунакот го напушта домот (Снежана оди на посета кај бабата);

потоа, обично во некоја шума се соочува со вештици, волшебници,

змејови, и други грди и крволочни ѕверови; по заплетот, од одреден

адресант (самовила) , јунакот добива магиска способност (немушт јазик,

,,чизми од седум милји”, способност за трансформација итн.), среќно се

враќа дома и на крај се жени.

Проп во структурата на сказните издвоил и опишал триесет и

една функција по овој редослед: оддалечување, забрана, прекршок,

истрага, потскажување, замка, договор, штета, посредување,

согласност на јунакот, заминување на јунакот, искушение на дарувачот,

реакција на јунакот, доделување на магиска способност, преместување

на јунакот, борба меѓу јунакот и противникот, јунакот е

жигосан/бележан, победа над противникот, ослободување од првичната

сиромаштија/маките, враќање на јунакот, прогонство на јунакот, јунакот

се спасува, јунакот пристигнува дома преправен, мешање со лажниот

јунак, јунакот пред тешка задача, извршување на задачата,

препознавање на јунакот, разоткривање на лажниот јунак/противник,

трансформација на јунакот, казнување на противникот, венчање на

јунакот.

ПРОПОВИ КАРТИ

Картите треба да имаат димензии погодни за практична

употреба – на пример погоден е стандардниот формат А6 или форматот

6

Page 7: Rodari

на обичниот шпил. На горниот дел од картата читко (на компјутер или

рачно) испишани се генеричките називи на функциите со еден збор или

со кратка синтагма. Секоја карта е илустрирана (но не обврзно) со

соодветна слика или карикатурален цртеж кој може да биде креација

на часовите по ликовна култура.

Родари експериментирал со дваесетина карти. Бројот не е

одреден, наставникот може да ги селектира оние функции од

Проповиот список кои смета дека се значенски богати и нудат мноштво

асоцијации од искуството на децата, на пример: забрана, прекршок,

штета, заминување, појава на противникот, средба со дарителот,

магични способности, ѓаволска моќ на противникот, двобој, тешки

искушенија, препознавање на јунакот, лажен јунак, разоткривање на

лажниот јунак, казнување на противникот и др. Учениците можат да

извлечат една, две или неколку карти, во зависност од претходно

импровизираните правила. Се работи индивидуално или по групи.

Иако учениците веќе имаат прочитано (и слушано) повеќе

сказни, добро е, непосредно пред вежбата, наставникот да ги потсети

на некои композициски делови во врска со функциите застапени во

картите, да посочи на слични ситуации од прочитани текстови (од

читанките, лектирите и др.) или од нивното искуство. Учениците треба

да бидат психолошки добро подготвени и самата вежба да ја доживеат

како релаксирачка и инвентивна игра, а не како стереотипна и досадна

училишна задача.

Функциите се интересни затоа што со нив може да се состават

безброј многу приказни. Секоја Пропова карта, ни докажува Родари со

факти од неговата богата педагошка практика, повикува настани од

личниот свет на детето. Тоа уште од најрана возраст се соочува, на

пример, со забраната (да не гиба електрични апарати, да не пие кафе,

да не оди бос, да не трча преку улица, да не разговара со непознати и

стотици други не; потоа наредбата како забрана искажана во инверзија:

внимавај, слушај ја учителката, ,,учи, учи и само учи”!), со заминувањето

од еден во друг простор (одвојување од прегратката на мајката, првите

чекори во куќата/станот, ,,освојување” на дворот, улицата,

7

Page 8: Rodari

селото/градот, напуштање на семејството…), со потребата од магични

дарови итн. Проповите карти го усмеруваат детето да се соочи со

реални искушенија и внатрешни конфликти, да ги спознае моќните

сојузниците но и дијаболичките непријатели, рационално да ја открива

пројавата на сопственото битие.

И на крај – зошто ги препорачуваме Проповите карти? Не може

ли место генеричка ознака за функција да се земе било кој збор од

речникот?

Родари е категоричен: Проповите карти не се обична

сложувалка на слики кои заедно сочинуваат некаква механичка

композиција, затоа што тие не се претставуваат само себе си, туку се

одглас на фантастичниот свет на сказната која живее длабоко во

потсвеста на детето. Јадрата на тие древни сказни се содржани во

Проповите карти кои, пак, методски се подготвени, проверени и

употребливи.

Rezime:

Literatura:

1. Gianni Rodari: Gramatika ma{te.- Zagreb,TEKA 1955 br.8

2. Vladimir Prop: Fol’klor i deistvitel’nost.-Moskva 1976.

3. Vladimir Prop: Morfologija bajki.- Beograd 1982

4. Vladimir Prop: Ritualni smeh u foolkloru (povodom bajke o

Nesmejanki).- Beograd, Kwi`evna kritika 1986 br. 6

5. M. Crnkovi}: Crnkovi} Milan: Kni`evnost za deca, [kolska kniga, Zagreb, 1967 god.

6. Osvald Dikro, Cvetan Todorov: Enciklopediski re~nik na naukite za jazikot.- Skopje, Detska radost 1994/

7. M. Wambach, B. Wambach: Druga~na {ola.- Ljubljana DZS 1999

8. Maks Litl: Prou~avanje bajki.- Beograd, Savremenost 86/7-8

8

Page 9: Rodari

9. M. Mekdonald - @. Koen – A. Greimas – R. Bart – C. Todorov – F. Amon: Teorija na prozata (Izbor na tekstovite, prevod i predgovor Atanas Vangelov).- Skopje, Detska radost 1996.

Jordan Stojanoski

Pedago{ki fakultet

Bitola

Pedago{ki fakultet - Skopje

9