13
NO. 23

S - Work Magazine No.23

  • Upload
    trajan3

  • View
    221

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: S - Work Magazine No.23

NO. 23

Page 2: S - Work Magazine No.23

@RiseUpToHIVОд август 2010 година на Твитер се појави заедница која споделува приказни на ХИВ позитивни луѓе со единствена цел - редуцирање на стигмата која владее за лицата кои живеат со ХИВ.Секојдневно преку @RiseUpToHIV профилите на Твитер и на Фејсбук се споделуваат лични приказни на луѓе кои живеат со ХИВ.Приказните за студенти, мајки, кариеристи, спортисти, брачни другари и партнери од кои едниот е ХИВ позитивен се само дел од многуте животни приказни кои посочуваат на главната порака на оваа заедница : Нема срам од тоа да се биде ХИВ позитивен.Дадете подршка на овие храбри луѓе и на нивните силни приказни!

Page 3: S - Work Magazine No.23
Page 4: S - Work Magazine No.23

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ПРВАТА ТРАНСРОДОВА ВОДИТЕЛКА НА ВЕСТИ ВО ТУРЦИЈА

Запознајте ја Мишел Демишивич, истакната ЛГБТ активистка и првата трансродова водителка на вести во Турција. Во споредба со другите муслимански земји, Турција е потолерантна кон геј и трансродовите индивидуи. Турција е домаќин на најголемата ЛГБТ парада на гордоста во целиот муслимански свет уште од осумдесетите години на дваесетиот век, а промената на родот е правно овозможена. Но, и покрај законските промени, турското општество се менува многу бавно во однос на прифќањето на ЛГБТ луѓето.

Page 5: S - Work Magazine No.23

Според интервјуто со Демишивич направено од страна на АФП, сè уште постои екстремно насилство врз транс жените. Самата Демишивич била нападна во парк од страна на напаѓач кој од неодмана е уапсен и осуден на затворска казна. Исто така постојат голем број муслимански свештеници кои не дозволуваат трансродовите ликови да бидат погребани на муслимански гробишта.„Дури по смртта ние сме оттурнати на маргините на општеството“ – вели таа.Додека на западот, трансродовите ѕвезди како Лаверн Кокс и други стануваат дел од мејнстримот, во Турција, земја која се наоѓа на границита помеѓу Истокот и Западот, позицијата на Демишивич е крајно уникатна.

Page 6: S - Work Magazine No.23

ДОКТОР ЗА СЕКСВо животот за сè постои првпат. А за познатиот американски биолог Алфред Кинси секој првпат бил катастрофален. Се мачел на факултет, притиснат од желбата на родителите да стане инжинер; првото сексуално искуство на медениот месец било далеку под очекуваното; па и првиот пат кога се обидел да им зборува на Американците за секс, се соочил со големо негодување.Две книги на тема секс – тоа е причината зошто низ изминативе педесет години Алфред Кинси е во центарот на вниманието. Некои го слават како херој, други го отфрлаат како манијак, но никој не останал рамнодушен на она што има да го каже. Денешниот читател во првата книга на Кинси нема да најде ништо згрозувачко, станува збор за повоено истражување на американското општество, но со наслов кој привлекува внимание: „Сексуалното однесување на човечкиот мажјак“. Пет години подоцна следи и продолжението: „Сексуалното однесување на човековата женка“. Двете книги се продадени во 750.000 примероци, преведени на тринаесет јазици и се вбројуваат меѓу најзначајните научни книги на дваесеттиот век.

Page 7: S - Work Magazine No.23

Родителите на Алфред Кинси биле мошне посветени христијани. Речиси сите социјални врски кои ги имал во младоста биле со другите членови на месната методистичка црква. Таткото на Кинси бил многу строг и на своите деца им забранил да се дружат со спротивниот пол. Како дете, идниот доктор за секс не смеел да научи ништо за темата која подоцна ќе му стане животна определба. Кинси според желбата на татка си, се запишал на Стивенсовиот технолошки институт. По две години студии кои воопшто не го интересирале, успеал да му се спротивстави на татка си и се свртел кон науката на која отсекогаш и се воодушевувал – биологијата. Односите со таткото се засекогаш нарушени, но на Кинси му се остварил сонот.Завршил биологија, а подоцна добил и докторска диплома на Харвард. Областа во која истражувал Кинси немала никаква врска со сексот. Ги изучувал осите сисаруши (cynipidae) и го сметале за најголем светски експерт за овие инсекти. Од осумнаесет милиони инсекти во Музејот на природните науки во Њујорк, пет милиони собрал Кинси. Всушност, никогаш не ја чепнал темата за сексот. Алфред Кинси ќе остане запаметен како голем биолог. Зошто тогаш почнал да се занимава со сексуалните навики на своите сонародници?Студентската феминистичка организација при Универзитетот во Индијана, одржала низа предавања на тема брак и семејство. Како доктор по биологија, среќно оженет човек и татко на три деца, 44 годишниот Кинси бил идеален кандидат за местото на предавач. Набрзо сфатил дека младите не знаат речиси ништо за сексот и дека, генерално, во Америка, малку се знае на оваа тема. Воден од инстинктот на научник, решил да ја пополни таа дупка во знаењето. Почнал да спроведува научни истражувања врз искуствата на своите студенти, исто како што правел и со инсектите. Потоа, за да собере повеќе информации, го продолжил истражувањето и на други фокус групи. Прашалникот составен од триста прашања барал целосни и искрени одговори од испитаниците. Секако, секој кој пишувал за брачно неверство или за сексуални односи со припадници на истиот пол, сакал тие информации да останат тајни. За да ја заштити приватноста на своите 18.000 испитаници собрани од сите делови на Америка, Кинси самиот ги спровел сите разговори, само со помош на три соработници, а за одговорите користел шифри. Докторот многу брзо преминал од теорија во пракса:

Page 8: S - Work Magazine No.23

набљудувал, снимал и фотографирал сексуални односи на доброволци. Во работата му помагале психологот Вардел Померој, антропологот Пол Гебхард и докторот по економија, Клајд Мартин кој статистички ги обработувал податоците. Заедно со нив, Кинси го објавил првото истражување за сексуалните навики на мажјаците.Книгата веднаш го привлекла вниманието на јавноста и била окарактеризирана како сензационално и контроверзно дело. Резултатите од истражувањето предизвикале шок и неверување, бидејќи се спротивставувале на вообичаените претстави за сексуалноста и обработувале теми кои тогаш биле забранети: хомосексуалност, брачно неверство, мастурбација, садомазохизам, педофилија – сè било наброено и објаснето. Втората книга, посветена на жените, предизвикала уште побурни реакции. Луѓето тешко ги прифаќале фактите дека нивните мајки и сестри имаат сексуални нагони, а објавувањето податоци за женската хомосексуалност или мастурбација се чинело неприфатливо, односно понеприфатливо од истражувањето каде тема биле машките. Кинси изгубил многу од репутацијата на познат научник и мирен семеен човек, дури се нашол и пред судско обвинение дека го поткопува моралот кај Американците и така им помага на комунистите.Фондацијата на Рокфелер го укинала финансирањето на институтот на Кинси. Научниците не можеле да продолжат со третата планирана книга, овојпат за сексуалните престапи.Алфред Кинси отпатувал за Европа, кадешто држел предавања на разни теми и ги проучувал сексуалните обичаи. По враќањето во Америка, здравјето наеднаш му се влошило. Починал на 62 годишна возраст во својата куќа од срцев удар.Во почетокот беше Чарстон

Борбата за правото на слобода почнала многу порано од сексуалната револуција во шеесеттите години на минатиот век. Четири децении претходно, жените се избориле за правото на глас, а госпоѓите почнале послободно да се однесуваат во јавност. Изведувачките на провокативниот танц, чарлстон, настапувале полуголи, дури и на големото платно се појавиле првите женски облини.Актерката Ме Вест со леснотија зборувала за сексот и се опишала себеси како „симбол на сексуалната слобода, без оглед на цензурата која владееше во мое време“. За Кинси рекла: „Ја работиме истата работа, само што јас работев пред него“. Била уапсена поради неморал во 1926 година, по претставата наречена „Секс“ која била нејзино авторско дело. Правото на сексуална слобода морало уште малку да почека: контрацепцијата и прељубништвото сè уште биле казниви со закон.Извор: Политикин забавник

Page 9: S - Work Magazine No.23

ДЕВОЈКИТЕ ОД PLACE BLANCHE: ЖИВОТОТ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО ПАРИЗ

Кристер Стромхолм е шведски фотограф кој во 1950-те и 1960-те години се нашол во Париз, во времето кога претседателот Шарл де Гол повторно го вовел законот стар 300 години со кој сопствениците на јавните куќи кои им дозволувале на проститутките да работат во нивните простории биле казнувани така што им биле одземани имотите.Овој речиси непознат шведски фотограф започнал да експериментира со еден аспект на уличната фотографија, прикажувајќи го она што само малкумина се осмелувале да го направат. Стромхолм не бил само пасивен набљудувач, наскоро

Page 10: S - Work Magazine No.23

тој му се приклучил на овој „забранет свет“, а проститутките, транссексуалците и трансвеститите кои ги фотографирал на Place Blanche станале негови пријатели. Родени како мажи или како жени, овие „дами на ноќта“ се прекрасно претставени низ неговите фотографии, речиси како филмските ѕвезди на големите екрани.Во тоа време животот на транссексуалците во Париз не им било многу полесен во однос на оној кој биле принудени да го водат во малите места од кои многумина побегнале. Не можеле да добијат социјално осигурување или нормална работа бидејќи нивниот изглед не одговарал на описот во документите за идентификација.Откако општеството им го свртило грбот, тие започнале да ги продаваат своите тела. Оние кои заработувале доволно пари често пати се упатувале кон Казабланка, каде што биле изведувани легални операции за промена на полот.Во 1983 година, Стромхолм ја објавил книгата „Les Amies de Place Blanche“, составена од неговите фотографии, како и неколку есеи.

Page 11: S - Work Magazine No.23

„Ова е книга за несигурноста. Портрет на оние кои во Париз живеат поинаков живот, на луѓето кои ја издржуваат грубоста на улицата. Ова е книга за понижувањето, за мирисот на курвите и за ноќниот живот во кафулињата. Ова е книга за потрагата по сопствениот идентитет, за правото на живот, за правото на контрола врз сопственото тело. Ова е и книга за пријателството, приказна за животот кој го живеевме во Place Blanche, за пазарите, улиците и малите хотели во кои престојувавме. Ова се слики од едно друго време - епохата во која Де Гол беше претседател и Франција војуваше со Алжир. Ова се слики од жените родени како биолошки мажи кои ги нарекуваме транссексуалци. Но јас, јас ги нарекувам „моите пријатели од Place Blanche“. Ова пријателство започна овде во раните 60-ти и трае и денес“, вели авторот.

Page 12: S - Work Magazine No.23
Page 13: S - Work Magazine No.23