24
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Економски факултет Семинарска задача Предмет : Тема : Економика на Асортиман на внатрешна трговија производство

Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Економски факултет

Семинарска задача

Предмет : Тема :

Економика на Асортиман на

внатрешна трговија производство

Ментор: Проф. д-р Митре Стојановски

Асистент: Николина Паламидовска

Изработил : Ирена Аговска 51533

Page 2: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

СОДРЖИНА

1. Вовед.........................................................................................................................3

2. Поим за асортиман на производство и линија

на производи................................................................................................................4

3. Димензии на производствен асортиман................................................................5

4. Комбинации на асортиман на производство.........................................................7

5. Фактори на политика на асортиман.......................................................................8

6. Измени во производствен асортиман....................................................................9

7. Асортиман на производство на “ ВИТАМИНКА ”............................................11

8. Анализа....................................................................................................................16

9. Заклучок..................................................................................................................17

10. Користена литература..........................................................................................18

2

Page 3: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

ВОВЕД

Во планирањето на производот, па и во вкупната политика на производот во стопанските субјекти во кои се произведуваат определени производи односно асортиман на производи, планирањето се остварува преку согледувањата на развојот на составните делови на асортиманот кои имаат специфична линија на развој, и нееднакво придонесуваат во остварување на целите во одделни временски периоди. Политиката на производот преку низа инструменти ги остварува своите задачи.

Основни инструменти на политиката на производ се :

1) развој и лансирање на нови производи ;

2) диференцирање на производите ;

3) асортиман на производство ( диверзификација и симплификација на производната програма) ;

4) усовршување на постојните производи ;

5) изнајдување нови пазари за определени производи ;

6) напуштање на производите .

Ние ке се задржиме на третиот инструмент, односно на Асортиманот на Производство

3

Page 4: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

ПОИМ ЗА АСОРТИМАН НА ПРОИЗВОДСТВО, И ЛИНИЈА НА ПРОИЗВОДИ

Под поимот асортиман на производство ( производен микс ) се подразбира “...разновидноста на произведените добра и услуги ( со оглед на составот, големината, видот, квалитетот и другите особини ) кои ги испорачува и ги продава некое претпријатие, индустриска гранка, трговска мрежа или вкупно стопанство...” 1

Во рамките на даден стопански субјект асортиманот може да се набљудува од следниве аспекти :

како асортиман на определен производ кој се појавува во определено производствено претпријатие , и

како асортиман на вкупно производство на определен стопански субјект со кој се искажуваат комплексноста и карактеристиките на производствената програма во целост.

За подобро разбирање на политиката на асортиманот, во претпријатието неопходно е да се разликуваат производ, линија на производство и роизводен микс.

Поимот производ се применува во случаите, во кои треба да се искаже определена специфична верзија со посебни белези во физичка смисла. За разлика од тоа, линијата на производите (или асортиман на производите – Product Line) ја сочинуваат групи производи кои се мегусебно тесно поврзани или од аспект на задоволување на еднакви потреби, кои се употребуваат заедно, се продаваат на ста група потрошувачи, по исти канали на продажба, или пак се наоѓаат во иста категорија на цени на пазарот.

Производниот микс ( Product Line ) кој уште се нарекува производствен асортиман , пак претставува збир на производите кои ги произведува и ги нуди на пазарот определено претпријатие.

1 Снежана д-р Р. Јовановска, Б. д-р Јаќовски : Стратегиски маркетинг, Економски факултет, Скопје, 2003,стр.125-130

4

Page 5: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

ДИМЕНЗИИ НА ПРОИЗВОДСТВЕН АСОРТИМАН

Разликуваме три димензии на производствен асортиман : широчина, длабочина и конзистентност.2

Димензијата широчина на асортиманот се однесува на бројот на различни видови производи кои се наоѓаат во производствената програма на определено претпријатие. Со други зборови, широчината на асортиманот покажува колку линии на производи се произведуваат : поголемиот број на линии значи поширок асортиман на производството, обратно – помалиот означува потесен асортиман . Секој потрошувач би бил задоволен кога би имало што повеќе различни видови производи, заради задоволување на неговите различни потреби.

Димензијата длабочина на асортиманот се однесува на бројот на варијанти на производи во рамките на секоја линија на производи. При тоа може да постојат поголем или помал број на варијанти на производи кои се произведуваат во една линија. Постоењето поголем број варијанти покажува дека асортиманот на производство е подлабок, и обратно.

Конзистентност на асортиманот претставува меѓусебна поврзаност на производите, односно одделни асортимани од гледна точка на потрошувачката, производствените фактори, каналите на продажба и друго.

Димензиите на асортианот на производтсвото имаат значење за вкупното работење на стопанскиот субјект било да се работи за производствено претпријатие кога станува збор за асортиманот на производите , било пак, за трговско претпријатие, во кое се значајни димензиите на продажниот асортиман.

2 Д-р Снежана Ристевска-Јовановска, д-р Бошко Јаќовски : Маркетинг 8 издание, Скопје 2007

5

Page 6: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

Од аспект на маркетингот, асортиманот и неговите димензии се оценуваат според тоа колку истите се насочени во задоволувањето на потребите на потрочувачите. Во практиката, политиката на асортиманот е специфична за претпријатијата зависно од тоа за какви интервенции во производната програма се работи. Воведувањето нови варијанти на производи со кои не се зголемува широчината, туку само длабочината на асортиманот, не мора да бара едновремено и измена на капацитетите что најчесто е сврзано со поголеми инвестициони вложувања. Меѓутоа воведувањето нови производствени линии најчесто бара потемелна измена на вкупното работење бидејки производството на нова линија проиводи предизвикува менување не само во сферата на производство, туку и во дистрибуцијата, во политиката на цените и во промоцијата. Независно од карактерот, измените секогас треба да соодветствуваат со барањата кои се поставуваат пред политиката на асориманот :3

1. да се прилагоди асортиманот на пазарните можности

2. да се земат предвид барањата на потрошувачите

3. да се намалат пазарните ризици и да се спречат сезонските варирања, и

4. да се остваруваат поставените цели на развојот, учеството на пзарот и добивката.

КОМБИНАЦИИ НА АСОРИМАН НА ПРОИЗВОДСТВО

Во политиката на асортиманот постојат неколку основни комбинации :

3 Philip Kotler, Gary Amstrong, Principles of Marketing , 11th Edition , Prentice Hall ; New Jersey, 2005, str.487

6

Page 7: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

1. Политика на длабок и тесен асортиман . Оваа политика подразбира во претпријатијата од областа на производството, односно прометот, да има што помалку линии на производството, но затоа пак, во рамките на застапената линија да се произведуваат, односно да се нудат на пазарот поголем број варијанти на производот ;

2. Политика на длабок и на широк асортиман. Поголем број линии и во рамките на линиите на производството, поголем број на варијанти ;

3. Политика на плиток и тесен асортиман. Подразбира потесна специјализација на производството и во прометот, односно мал број производни линии , а исто така, и помал број на производни варијанти во рамките на линиите на производството ;

4. Политика на плиток и широк асортиман. Асортиман во кој има поголем број линии на производсвто со помала длабочина.

ФАКТОРИ НА ПОЛИТИКА НА АСОРТИМАН

Каква ке биде политиката на асортиманот зависи од поголем број фактори, особено од :4

4 Д-р Снежана Ристевска-Јовановска, д-р Бошко Јаќовски : Маркетинг 8 издание, Скопје 2007

7

Page 8: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

- степенот на инвестирањето во залихите , во права пропорција.Имено, поголемите инвестиции во залихите овозможуваат претпријатието да има поширок асортиман

- од купувачите, чие настојување е претпријатието да има што поширок асортиман, кој се судрува со тенденцијата на претпријатието да има што потесен асортиман

- од рентабилноста на вкупниот асортиман, при што можноста од потребата за ширење на асортиманот треба да се разгледува од аспектот на тоа колку новововеденоит производ во асортиманот ке влијае врз намалување на обемот на продажбата на другите производи, односно дали тој ке биде комплементарен или пак ке има улога на супститут

- конкуренцијата како еден од најзначајните фактори на политиката на асортиманот, има големо влијание врз донесувањето одлука за ширината и длабочината на асортиманот

- условите за стопанисување имаат доминантно значење за политиката на асортиманот, не само од аспект на можностите кои постојат во рамките на дадените услови, туку и во поглед на настојувањето да се остварат такви резултатикои со политиката и стопанскиот систем се уредуваат во подолг рок, во поглед на финансирањето, развојот на гранката, политиката на цените и сл.

- сезонскиот карактер на определен производ. Кај производите кои имаат сезонска потрошувачка (особено производи од мода), во почетната фаза може да се прифати политиката на широк и плиток асортиман, а потоа постепено да се намалува широчината со едновремено зголемување на длабочината на асортиманот

- еластичноста на побарувачката е исто така еден од позначајни фактори. Доколки еластичноста е поголема, дотолку потребата за зголемувањето на широчината и длабочината е поголема заради избегнување на појавата на супститутите

- врз политиката на асортиманот имаат влијание и низа други фактори, како квалитетот на производите, стандардизацијата и др

ИЗМЕНИ ВО ПРОИЗВОДСТВЕН АСОРТИМАН

8

Page 9: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

Измените во производствениот асортиман може да бидат со ширење или стеснување.

А) Ширењето на производствената програма односно диверзификација претставува освојување нови производи кои се разликуваат од постојните, при што е неопходно да се менува не само технологијата, туку и опремата, уредите, да се воведе нова организација на производството и друго.

Диверзификацијата може да биде:

● Верикална диверзификација всушност претставува воведување нови производи во производствената програма. Всушност вертикалната диверзификација претставува зголемување на длабочината на асортиманот.

● Хоризонтална диверзификација може да се дефинира како зголемување на широчината на асортиманот (зголемување на бројот на производни линии)

● Латерална диверзификација на производствената програма претставува освојување нови производи во производственото подрачје кое е ново за претпријатието во целина

Во претпријатието се јавуваат повеке причини за диверзификација кои произлегуваат од следниве мотиви:

Неискористените капацитети во организацијата можат да бидат последица на разни околности. Една од причините за постоење неискористени капацитети е сезонското осцилирање на проиводството и на продажбата. Во некои случаи сезонските циклуси во продажбата немаат одраз врз интезитетот на производството. Тоа е случај кај производите чие чување во текот на едне дел од годината не претставува проблем за одржување на потребните својства на производот . Меѓутоа, во оние случаи каде чувањето на производотите во определеи периоди не е можно или е економски неоправдано, сезонскиот циклус на продажбата наметнува потреба за постоење сезонско производство. Во вакви ситуации, за поцелосно користење на слободните капацитети, органиацијата е принудена да прифати производство и на други производи. Недоволно користење на капцитетот може да се јави и поради други причини како што се: предимензионираноста на капацитетот поради грешки во неговото планирање, измени во производствената програма во текот на работењето на организацијата, интеграција со други организации и многу други причини.

Можност за користење ист материјал е една од причините за прифаќање на производство на некои други производи, а тоа значи и диверзификација на производствената програма. При овој мотив за дивезификација треба да се има предвид дека набавката на материјали е поекономична доколку се врши во поголеми количества, поради што се овозможува набавка по пониски цени.

9

Page 10: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

Многу често, диверзификацијата на производствената програма се врши со прифаќање на производство на споредни производи од отпадните продукти што се јавуваат при производство на главните производи.

Комерцијалните причини што ја мотивираат диверзификацијата можат да бидат различни. Во многу случаи продажбата на еден производ е условена од продажбата на друг производ. Во практиката се среќаваат и организации кои за да одржат или да го зголемат пласманот на своите производи, прифаќаат и производство на некои производи кои треба да го привлечат вниманието на купувачите кон другите производи на организацијата. За зголемување на побарувачката своите производи, организацијата применува и диверзификација на своите производи, со која својствата на производите ги приближува до потребите на потрошувачите.

Б) Стеснувањето на асортиманот односно симплификација, (специјализација) всушност претставува таков процес при кој се елиминираат одделни производи, или пак се напушта производството на определен дел од производствената програма на претпријатието.

Кога симплификацијата претставува производство на одделни производи во поголеми количини, предностите кои произлегуваат од неа можеме да ги групираме во следниве групи:

Техничките предности од симлификацијата се огледаат во намалувањето на трошоците и тоа од следниве причини:

1. Производството во големи количества овозможува користење специјализирана производствена опрема, која обезбедува поголема продуктивност во однос на универзалната производтсвена опрема, како и подобар квалитет на производите.

2. Симплификацијата на производството доведува до зголемување на степенот на специјализација на работната сила и до зголемување на продуктивноста на тридот.

3. Со симплификацијата на производството се остварува заштеда на трудот на индиректните работници.

Предностите на сиплификацијата при снабдување на организацијата со материјали се огледа во следново:

1. Симплификацијата создава можности за набавка на материјали во поголеми количини и по пониски цени.

2. Поради помалата разновидност на материјалите, лицата кои ја вршат набавката се во ситуација подобро да ги запознаат својствата на

10

Page 11: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

материјалите и положбата на пазарот на набавката, односно да направата избор на поквалитетни материјали во по поволни услови.

3. Симплификацијата на производствената програма овозможува да се намалат залихите на материјалите, а оттаму и трошоците за нивното одржување.

Симплификацијата доведува до упростување на работат на продажниот персонал. На продавачот му е многу полесно да продава помал број производи, затоа што е во можност подобро да го запознае пазарот на продажбата и карактеристиките на производите со кои работи.

Симплификацијата на производствената програма има бројни позитивни ефекти и врз управувањето на организацијата.

1. Симплификацијата на производтсвото го олеснува програмирањето на производтсвото и продажбата, а особено оперативното планирање на производтсвото.

2. Залихите на производите, а со тоа и трошоците за нивно чување, симлификацијата ги сведува на помала мера.

3. Симплификацијата ја олеснува евиденцијата во организацијата, го намалува бројот на документите и го олеснува нивното циркулирање и чување.

4. Симлификацијата на производствената програма му овозможува на раковоството подобро запознавање со проблематиката на организацијата.

Симплификацијата на производството има низа предности

♣ врзува помалку средтсва во поглед на употребата на суровините, полупроизводите и готовите производи

♣ врзува помалку средства во машините, алатите, залихите

♣ овозможува да се остварат поголеми зачтеди во трошоците на производството, дистрибуцијата, економската пропаганда, се намалува шкартот

♣ претпријатието станува поефикасно во поглед на роковите на испорака

11

Page 12: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

♣ заштедите овозможуваат да се постигне поголема маневарска способност на претпријатието на пазарот, особено во продажните цени.

Симплификацијата има низа недостатоци.

Пред се таквото настојување на претпријатието има спротивен ефект кај потрошувачот и трговијата кои вршат притисок за ширење на асортиманот. Затоа и симплифицираното производство носи постојан ризик за тоа каков ке биде резултатот на пазарот.

Како пример за длабок и широк асортиман ќе го наведеме асортиманот на производство на компанијата

“ВИТАМИНКА ” – Прилеп

Производни линии:

12

Page 13: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

● Флипс производи

- Стоби Флипс,

- Стоби Флипс со вкус на пица,

- Стоби Флипс со вкус на сирење,

- Корнфлекс

● Чоколаден програм

- Чоколадни морски школки “Атлантис”,

- Чоколадни јајца “Весели јајца”

- Чоколадо “Чоко-кидс”

- Чоколадирани производи

- Витакрем

- Чоколадо “Сириус”

- Бомбоњера “Диона”

- Млечно чоколадо “Синтагма”

- Twister – чоколаден прелив

- “Дарк” темно чоколадо

- “Диет” темно чоколадо со инулин и фруктоза

- “Витакрем” какао крем со сусам

- Чоко Стоби Флипс

- Чоко-кекс

- Луна крем и Луна Сложувалка

13

Page 14: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

● Кечапи и Мајонез

- кечап

- “Витанез”

● Супи и додатоци на јадења

- супи

- зачин “Дафинка” – додаток на јадења

● Зачини и прашкасти производи

- прашкасти производи

- Куглов

● Бомбони Компримати

- пепрминт и млечни бомбони “Милко”

- бомбони комприманти FRESH

● Филтер чаеви

14

Page 15: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

● Кекси

- frutti jaffa soft cake, кекс со овошно желе

- Melodi, чајно пециво прелиено со вистинско чоколадо

● Пудинзи, Шлагови и Сладолед во прав

- шлаг пена и шлаг крем

● Пастеризирани производи

- Лутеница

- Ајвар и Екстра Ајвар

- Корнишони

- Пастеризирани производи

- Таско

● Супи Сафари

- “Сафари”

● Инстант витамински производи

- “Цевитана”

- “Милко Експрес”

● Останати производи

- Диетски засладувач: “Диетал”

15

Page 16: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

- Сосеви: “Талијано” и пикантно лут “Мексикано”

● Кафе

- “Самба-премиум”

Анализа

Од претходно наведеното можеме да забележиме дека претпријатието ВИТАМИНКА – Прилеп, располага со широк и длабок асортиман .Имено се разликуваат 14 производни линиии, со различна длабочина односно различни варијанти на производи. Производната линија на Флипс Производи се состои од 4 варијанти на тие производи, потоа производната линија на Чоколадниот програм се состои од доста голема длабочина, односно 15 варијанти на чоколадни производи. Во производната линија на кечап и мајонез имаме повеќе видови на кечап, како што е љут, благ и кечап за пица. Во производната линија

16

Page 17: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

на супи и додатоци за јадења, имаме исто така различни варијанти на супи, односно говедска супа, пилешка супа итн. Производната линија на Чаеви има доста голема длабочина, разликуваме чај од нане, хибискус, шипка, овошни чаеви, планински итн. Линијата на пастеризирани производи исто така нуди широк избор на љутеница и љут и благ ајвар, корнишони сецкани или цели итн. Во линијата на инстант витамински производи имаме повеќе видови на цевитана, од лимон, портокал, мандарина, големо пакување или мало пакување. Се произведува и кафе самба и останати производи како што се сосеви Талијано и Мексикано, како и диетски засладувачи. Од сето ова можеме да заклучиме дека претпријатието ВИТАМИНКА располага со солиден асортиман на производи со што овозможува задоволување на различните желби и потреби на потрошувачите.

Заклучок

Производниот асортиманот на производите има огромно значење за претпријатието, како и во поглед на внатрешните компоненти на работење така и во поглед на настапот на пазарот. Исто така треба да се има во предвид дека асортиманот на производството (производствената програма) е динамична категорија која се менува зависно од конкретните услови и стратегија на пласман. Од аспект на претпријатието, асортиманот треба да овозможи добар пласман на пазарот, успешно работење и привлекување на потрошувачи. Додека пак оа аспект на потрошувачите, асортиманот треба да биде поширок и

17

Page 18: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

подлабок, односно да понуди што е можно повеќе разновидни и квалитетни производи кои ги задоволат потребите на купувачите. Успехот на секое претпријатие во многу голема мера зависи од тоа колку тоа претпријатие успеало да ги осознае потребите и желбите на потрошувачите и во колкав степен успеало тие желби да ги вгради во особините (белезите) на производите што соодветното претпријатие ги нуди. За таа цел се спроведуваат најразлични комуницирања со потрошувачите со цел да се осознаат во моментот или наслутат во иднина нивните интереси и желби како појдовна основа во конципирањето на асортиманот а со тоа и на маркетинг стратегијата за настап на пазарот.

Користена литература

- Снежана д-р Р. Јовановска, Б. д-р Јаќовски : Стратегиски маркетинг, Скопје, 2003

- Philip Kotler, Gary Amstrong, Principles of Marketing , 11th Edition , Prentice Hall ; New Jersey, 2005

18

Page 19: Seminarska-Asortiman Na Proizvodstvo

- Д-р Снежана Ристевска-Јовановска , д-р Бошко Јаќовски : Маркетинг , осмо издание, Скопје, 2007

- Д-р Синиша Спасов , Производствен менаџмент , второ дополнето и изменето издание, Скопје, 1998

- www.vitaminka.com.mk/mak/default.asp

19