Upload
elenior-nikolov
View
201
Download
3
Embed Size (px)
DESCRIPTION
Predavanje za sistem za zapaluvanje kaj benzinskite motori
Citation preview
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
7. СИСТЕМ ЗА ПАЛЕЊЕ НА СМЕСАТА КАЈ ОТО МОТОРИТЕ
Системот за палење на смеса кај ОТО моторите ги има следниве задачи:
Да при сите режими на работа на моторот и при сите предвидени
температури на околната атмосфера, обезбеди сигурно запалување на
смесата од гориво и воздух во текот на секој работен циклус,
Смесата треба да се запали на одредено место во просторот за согорување
и во точно дефиниран момент во текот на тактот на компресија, т.е. во
одредена положба на клипот пред НКП,
Кај повеќецилиндричните мотори, палењето мора да се изврши според
одреден редослед и при еднакви услови,
Системот не смее со својата работа да ја спречува работата на другите
електрични уреди на моторот и во неговата поблиска околина
Под запалување на смесата од оксидант и гориво се подразбира иницирање на
хемиски реакции, кои треба да бидат во многу кратко време, забрзани до тој степен, за
да формираат видлив пламен, кој се протега низ птосторот. Механизмот на
запалување вклучува: термичка јонизација и дисоцијација на молекулите, при што се
формираат активни честички (радикали), кои доведуваат до еден синџир на хемиски
реакции и испуштање на топлина неопходни да се забрзаат предпламените реакции.
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ПОДЕЛБА НА СИСТЕМИТЕ ЗА ДОВОД НА ГОРИВО КАЈ ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ
При набљудување на комплексната проблематика на палење на смесата,
конструкцијата и работата на целиот систем и неговите елементи, од
посебен интерес се следните прашања:
Услови за палење: Избор на свеќичка со соодветна конструкција и
технички особини, земајќи во предвид минимално потребната енергија на
електричниот лак, нејзина положба и сместување;
Распоред и број на свеќички во однос на палењето, ширењето на пламенот
и нормалното согорување, цикличната варијација на палењето и
согорувањето (стабилност на запалувањето и согорувањето);
Избор на соодветен агол на предпалење и негова регулација во зависност
од режимот на работа на моторот (кружната брзина и оптоварувањето;
Сигурност на работата, трајност и пристапност на системот на моторот.
Електричната искра со доволен напон и енергија денес најчесто се користи
за палење на смесата во моторите СВС.
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ПОДЕЛБА НА СИСТЕМИТЕ ЗА ДОВОД НА ГОРИВО КАЈ ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ
Системот за палење на смесата се состои од следните основни компоненти:
Извори на нисконапонска електрична енергија (6, 12, 24 V)
Елементи за да се создаде пулс на висок напон (10 или повеќе kW)
Приклучници по цилиндар моторни напон,
Свеќички за реализација на електрични искри во работниот простор на цилиндарот и
Регулатор на аголот за почеток на јонизација - создавање на електрична искра
на свеќичка (агол на "Предпалење").
Според извори на електрична енергија системите за палење може да
се поделат на:
Батериски, каде што системот се снабдува со електрична енергија од батерија
или акумулатор, а при работа на моторот
со електричен генератор или алтернатор;
Транзисторски, каде што синхрониот прекинувач се заменува со транзистор.
магнетен, каде што во примарното коло, електричната енергија се
реализира со индукција.
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ПОДЕЛБА НА СИСТЕМИТЕ ЗА ДОВОД НА ГОРИВО КАЈ ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ
Системот за палење има задача, во точно одреден момент и во сите
погонски услови, да ја запали смесата гориво-воздух.
За да тоа го реализира треба:
напонот на акумулаторот од 12 V да го трансформира во напон на
палење од околу 24. 000 V;
да има на располање доволно енергија за палење со којашто може да
создаде долготрајна искра ;
моментот на палењето на смесата да го подеси според погонските
услови на моторот (бројот на вртежите, оптоварувањето, температурата на
моторот);
да е надежен во работењето - изостанување на палењето во кој било
цилиндар предизвикува оштетување на катализаторот.
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
КОНВЕНЦИОНАЛЕН (БАТЕРИСКИ) СИСТЕМ ЗА ПАЛЕЊЕ
Конвенционален систем за палење
1. Акумулатор; 2. Контакт за палење и
старту-вање; 3. Индуктивен калем (бобина);
4. Разво-дник на палењето; 5. Кондензатор; 6.
Преки-нувач на палењето (платинки); 7.
Свеќички; RY - дополнителен отпорник (не е
секогаш вграден)
Шема на конвенционален (батериски) систем
за палење.
1. Акумулатор; 2. Прекинувач за стар-тување и
палење; 3. Дополнителен отпорник; 4. Кон
релето иа прекинуаач за стартување и палење:
5. Индуктивен калем со примарна L^ и
секундарна L% намотка; 6. Кондензатор; 7.
Прекинувач на лалење; 8. Разводник на пале-
н>е: 9 .Свеќички
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
Конвенционален систем за палење
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
АКУМУЛАТОР (БАТЕРИЈА)
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
Индуктивен калем: 1. Куќиште; 2. Приклучок на примарната
намотка за акумулаторот; 3.
Високонапонски излез; 4. Покпопец; 5.
Приклучок на примарната намотка за
маса; 6. Метално јадро; 7. Лимена
обвивка; 8. Примарна намотка; 9.
Секундарна намотка; 10. Асфалт; 11.
Изолатор; 12. Керамика
ЕЛЕМЕНТИ И ПОИМИ НА СИСТЕМОТ ЗА ПАЛЕЊЕ
Разводник на палење: 1. Капа на разводникот; 2. Графитен прст; 3 .
Приклучоци на високонапонските водови; 4.
Електрода во капата; 5. Палец; 6. Спојка со
брегови; 7. Кондензатор; 8. Плоча; 9.
Центрифугален тег; 10. Вратило на
разводникот; 11. Куќиште; 12. Прекинувач на
палењето; 13. Тело на вакуум регулаторот
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
Центрифугален регулатор.
7. Плоча; 2. Брегови; 3. Контакт-
површина; 4. Центри-фугални тегови; 5.
Вратило на разводникот; 6. Спојка со
брегови
Вакуум регулатор:
1. Лост на прекинувачот за палење;
2. Вртлива плоча; 3. Вод за
потпритисок; 4. Стапче; 5.
Мембрана
ЕЛЕМЕНТИ И ПОИМИ НА СИСТЕМОТ ЗА ПАЛЕЊЕ
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ТРАНЗИСТОРСКИ СИСТЕМ ЗА
ПАЛЕЊЕ СО КОНТАКТИ
Шема на упростен транзисторски систем за палење
1. Акумулатор; 2. Прекинувач за стартување и палење; 3. Дополнителен отпорник; 4.
Прекинувач за стартување; 5. Индуктивен калем со примарна L1 и секундарна L2 намотка;
6. Прекинувач на палење; 7. Разводник на палење; 8. Свеќички; 9. Електронски склоп со
отпорници Rj, R2 и транзистор Т
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
МАГНЕТНО ПАЛЕЊЕ
Бесконтактни системи
за палење со импулсни
давачи:
1а - Индуктивен давач; 16
- Халов давач; 2 - Модул
Разводник на палење со Халов
давач:
1. Бленди; 2. Носач за давачот; 3. Во-
дилка; 4. Процеп; 5. Керамички носач
со залиено Халово интегрирано
коло; 6. Прово-дници; 7. Вратило на
разводникот; 8. Плочка на
разводникот; 9. Куќиште на
разводникот; 10. Разводен палец.
Халов давач во разводникот
за палење (принцип на
работа) Uc - трансформиран
Халов напон;
1. Бленда (крилце) со широчина
b; 2. Траен магнет; 3. Халово
интегрирано струјно коло; 4.
Воздушен простор
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
РАЗВОДНИК НА ПАЛЕЊЕ СО ИНДУКТИВЕН ДАВАЧ
Разводиик за палење со индуктивен
давач
Разводник на палење со индуктивен давач:
(ЛЕВО - принцип на работа, ДЕСНО -промена на
индуктивниот напон) 1. Траен магнет; 2. Индуктивна
намотка со јадро; 3. Растојание помеѓу роторот и
статорот; 4. Ротор со четири прста
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
МАГНЕТНО ПАЛЕЊЕ
1 – примарна намотка,
2 – секундарна намотка
(калем),
3 – синхрон прекинувач ,
4 – разводник,
5 – кондензатор,
6 – свеќички.
Шема на индуктивно магнетно палење
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ЕЛЕКТРОНСКО ПАЛЕЊЕ
Електронско палење: 1. Индуктивен калем со вграден модул; 2.
Механички разводник на високонапонската струја; 3. Свеќички; 4.
Електронска управувачка единица (ЕУЕ); 5. Сензор за
температура на моторот; 6. Шалтер на придушната
пеперутка; 7. Сензор за број на вртежи и основен агол на палење;
8. Запченик; 9. Акумулатор; 10. Шалтер за палење и стартување
Оптимална
карактеристична површина
на аголот на палењето
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ЕЛЕКТРОНСКО ПАЛЕЊЕ
Предностите на ваквиот систем на палење, во однос на транзисторскиот
систем се:
регулацијата на моментот на палењето, во зависност од основните параметри - бро-
јот на вртежите и оптоварувањето на моторот, се врши попрецизно;
освен основните погонски податоци може да се опфатат и други погоноки податоци
од моторот коишто се релевантни за регулација на моментот на палењето (на пр.
температурата на моторот, напонот на акумулаторот, појавата на детонација и др.);
поради покомплексната информираност за погонската состојба на моторот, подо-
брени се стартните својства, стабилноста на работа на празниот од на моторот и
помала е потрошувачката на горивото.
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРОНСКО ПАЛЕЊЕ
Систем со целосно електронско палење:
1. Свеќички; 2. Индуктивен калем со два излеза; 3. Сензор на придушната
пеперут-ка; 4. Управувачка единица со вградена излез-на транзисторска
единица; 5. Ламбда-сонда; 6. Сензор за температура, 7. Сензор за бро/ог
на вртежи и за резервната положба на колен-естото вратило; 8.
Запчест венец; 9. Акуму-латор; 10. Шалтер за палење и стартување
Давач за препознавање на
цилиндрите
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
Целосното електронско палење ги задржува функциите на електронското палење, а
наместо механичкиот ротирачки разводник се применува електронско разведување
на високонапонската струја, со што се постигнуваат следниве предности:
нивото на електромагнетните пречки е значително помало бидејќи не постои
отворено искрење;
нема ротирачки делови - не се создаваат шумови при работа;
редуциран е бројот на високонапонските споеви;
нема механички губитоци (отстранет е механичкиот разводникот за палење и
неговиот погон).
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРОНСКО ПАЛЕЊЕ
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ИНДУКТИВНИ КАЛЕМИ ЗА СИСТЕМ БЕЗ РАЗВОДНИК
Поединечен индуктивен
калем:
1. Надворешен прик-
лучок на нискиот напон;
2. Јадро од челични
ламели; 3. Примарна
намотка; 4. Секундарна
намо-тка; 5 . Приклучок
на висок напон преку
еластичен контакт; 6.
Свеќичка
Индуктивни калеми за систем
без разводник:
а) Калем со 2 искри; 6) Калем со
2x2 искри; б) Калем со 2x3 искри
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
КОНСТРУКЦИЈА НА СВЕЌИЧКА
Пресек на свеќичка:
1. Метален приклучок; 2. Изолатор од
керамика; 3. Тело; 4. Зона на топлотно
растоварување; 5. Проводно стакло; 6.
Затинка; 7. Централна електрода; 8.
Масена електрода
Патека на искрата
Создавање "дополнителен приклучок"
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ТОПЛОТНА ВРЕДНОСТ НА СВЕЌИЧКА
Однесување на свеќички со различна топлотна вредност (при целосно
оптоварување во ист мотор)
КАТЕДРА ЗА ВОЕНА ЛОГИСТИКА
ПРАШАЊА ?