11
Глава I Пеколна казна Градот на ангелите наречен со едноставно име Парадајс, каде што добрите душите спокојно шетале во рајот, уживале во нивниот задгробен живот по нивните добри дела на земјата меѓу живите,а тоа е градот каде што секогаш лицата на добрите души се насмеани. Град во кој нема насилства и се е мирно. Таму растенијата секогаш се расцутени и даваат пријатна атмосфера,како и пријатен мирис на ова поле каде што душите го поминуваат нивното време. Климата е погодна секој ден. Таму не препознаваат лошо, затоа што таму не постои лоша душа. Избрани се сите што биле добри на земјата и што вршеле само добри дела, а не злосторства и убиства. Таквите не биле дозволени во градот, а воопшто и во пеколот. Градот отсекогаш ја имал природната убавина која ја негувале душите кои го населиле. Толку било совршено што никој не сакал да замине од него. Во тој град живеел Серафимот по име Абдил 1 . Серафимот со големи крилја, долга златна коса, висок кого сите го почитувале. Тој живеел сам во овој град затоа што неговите родители биле отстранети од злите сили по нападот на овој прекрасен град. Неговата судбина на земјата како човек била страшна. Во своето детство гледал многу грди и страшни работи, што го натерало да биде многу добар и рамнодушен спрема сите негови сограѓани, пријатели итн. Неговите родители исто така биле прекрасни луѓе. Неговиот горд татко Тармин работел во својата фарма каде 1 Абдил е ангелско име кое означува верба.

Solzite Od Rajot

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Roman od Dejan Stanojevic

Citation preview

Page 1: Solzite Od Rajot

Глава IПеколна казна

Градот на ангелите наречен со едноставно име Парадајс, каде што добрите душите

спокојно шетале во рајот, уживале во нивниот задгробен живот по нивните добри дела на

земјата меѓу живите,а тоа е градот каде што секогаш лицата на добрите души се насмеани.

Град во кој нема насилства и се е мирно. Таму растенијата секогаш се расцутени и даваат

пријатна атмосфера,како и пријатен мирис на ова поле каде што душите го поминуваат

нивното време. Климата е погодна секој ден. Таму не препознаваат лошо, затоа што таму

не постои лоша душа. Избрани се сите што биле добри на земјата и што вршеле само

добри дела, а не злосторства и убиства. Таквите не биле дозволени во градот, а воопшто и

во пеколот. Градот отсекогаш ја имал природната убавина која ја негувале душите кои го

населиле. Толку било совршено што никој не сакал да замине од него. Во тој град живеел

Серафимот по име Абдил1. Серафимот со големи крилја, долга златна коса, висок кого

сите го почитувале. Тој живеел сам во овој град затоа што неговите родители биле

отстранети од злите сили по нападот на овој прекрасен град. Неговата судбина на земјата

како човек била страшна. Во своето детство гледал многу грди и страшни работи, што го

натерало да биде многу добар и рамнодушен спрема сите негови сограѓани, пријатели итн.

Неговите родители исто така биле прекрасни луѓе. Неговиот горд татко Тармин работел во

својата фарма каде одгледувал домашни животни и прехрамбени растенија. Неговите

предци биле ангелите на небото, па затоа неговиот син го крстил Абдил. Мајка му на

Абдил, прекрасната млада убавица Катарина била просвветен работник т.е. учител во

градските училишта. Нејзините предци биле големите поети Тармин и Катарина, кои

живееле на тие простори. Тие се венчале во триесеттите години од своите животи, а

Абдил бил роден по една година од нивниот брак. Адбил учел просветителско училиште,

исто како неговата мајка и многу сакал да пишува поезија,бидејќи немал многу желба да

работи на татковата фарма, но сепак кога-тогаш му помагал. Абдил имал напишано многу

песни кои го претставувале неговиот живот,исполнет со страв, но и надеж дека некогаш се

тоа ќе помине, и се ќе биде во најдобар ред. Во неговата дваесетта година тој претрпел

страшен крај на неговиот живот, и смртта веднаш го зела во нејзините раце. 1 Абдил е ангелско име кое означува верба.

Page 2: Solzite Od Rajot

- „Среќен роденден Абдиле, стигна до дваесеттата година, треба да си најдеш

жена„ – му го честитала роденденот неговата мајка

- „Фала мајко! Да се надеваме.„ – и одговорил Абдил на мајка си

Абдил пошол до неговата соба да си земе некои негови работи кои му биле

потребни за патувањето во соседниот град.

- „Дали си спремен сине? – се слушнал гласот на неговата мајка

- „ Да, мајко, спремен сум, ќе тргнеме ли веќе?„ – одговорил Абдил

- „Ајде! Тармин, одиме.„ – го повикала нејзиниот маж, Тармин

Сите се спремиле и веднаш тргнале на пат со нивната прекрасна кочија, која била

украсена со разни миризливи цветови.

- „Се надевам дека ќе ти се допадне изненадувањето што ти го приредивме со

твојата мајка, многу вложивме во тоа„ – гордо му рекол Тармин на Абдил

- „Секако татко, се што е ваше ми е при срце, вие сте ми се.„ – му одговорил

Абдил

Пред да пристигнат во соседниот град неможеле да поминат преку патот на кој

имало многу дупки и тогаш се чул гласот на Тармин:

- „Сега ли најде да ми се скрши тркалото?!?„ – зачудено тој се прашал

Веднаш без напнатост и лутина го поправил тркалото, и тие продолжиле по

нивниот пат. Поради тоа што патот бил со дупки, белите коњи се мачеле додека ја влечеле

кочијата, и од преголемата брзина нагазиле на поголема дупка,така што кочијата летнала

од патот, и се распарчила по клисурата по која паѓала. Од кочијата не останало ништо,

само распарчени делови, а Абдил и неговите родители биле мртви. Тие на патот до

нивниот задгробен живот дошле до светиот ходник во кој се чекало редови и редови,каде

се определувало каде ќе одат душите: во пеколот или во рајот. Тие веднаш биле повикани

Page 3: Solzite Od Rajot

од страна на канцеларот, и биле испратени во рајскиот град Парадајс. Таму живееле многу

спокојно. Првите денови им биле тешки, затоа што им се навраќала помислата како

несреќно загинале,на роденденот на нивниот син,бидејќи не му го покажале

изненадувањето.

- „Сине, прости ни, не го доживеа изненадувањето„ – му се обратила Катарина на

Абдил

- „Простено мајко, не е ваша кривица што судбината не повлече за рака„ – и

одговорил Абдил

Се прилагодиле во првите пет години од нивниот живот и добро живееле во рајот.

Но, еден ден градот Парадајс го нашла лоша судбина. Тој бил нападнат од ангелот

предавник, кој сакал да го заземе тронот од царот кој владеел во тие простори. Ангелот

наречен Луцифер, бил прекрасен ангел, но поради неговата завист од кога бил во рајот тој

станал многу лош и злобен. а собрал и голема војска. Неговата војска се состоела од

паднатите ангели кои се бунтувале против царот, и сите биле истерани од рајот поради

нивните зли дела и работи. Луцифер го разрушил градот и погубил многу души, меѓу кои

и родителите на Абдил. Оваа војна завршила кога царот го пратил Луцифер длабоко во

земјата. Луцифер бил доживотно заробен во темна ладна пештера, од која неможел никако

да излезе. Така Абдил на својата дваесет и петта година останал потполно сам со камен

закачен на ременче околу неговиот врат. Некако Абдил се навикнал на ваквиот живот, но,

запознал многу пријатели кои биле секогаш покрај него и му помагале во се.

Еден ден, Абдил бил повикан кај царот. Тој бил зачуден зошто баш тој е повикан...

- „Абдиле, влези не се плаши„ – се чул гласот на царот, кој веднаш продолжил да

зборува – „Те познавам тебе многу добро, водев битка со твојот татко против

царот на подземјето, тогаш го пративме право во центарот на земјата, се уште

сум му благодарен за неговата помош. Ти си серафим Абдиле„

- „Што? Серафим???„ – го прекинал Абдил

- „Да, добро ме слушна, Серафим! Ти си ангел од првата хиерархија, потомок на

ангелот Думах. Многу беше тивок, но кога ми беше потребна десна рака,

Page 4: Solzite Od Rajot

секогаш беше со мене. Ти сега ќе бидеш во мојата лична и персонална

хиерархија. Чувствувај се како дома„ – му рекол царот на Абдил

- „ Благодарам царе! Како да ви се оддолжам? – го потпрашал Абдил

- „Биди добар, искрен, верен према твојот близок. Никогаш не го потценувај и не

му се потсмевнувај на неговите недостатоци. Едноставно биди си свој„ – му

одговорил царот – „А сега, слободно дојди во моето царство„ – дополнил царот

Со своите осум крила тој бил најубавиот ангел во рајот кој блескала светлина и

верба. Царот на Абдил му понудил да биде заедно со другите Серафими во првата сфера

во хиерархијата на ангелите.

По нивната прва задача сите се покажале во добро светло. Најдобро се покажал

серафимот Абдил, кој со неговите способности бил помеѓу најдобрите. Тој континуирано

ја вршел својата работа како што е кажано и напишано. Секогаш помагал на послабите,

бил совршена десна рака на царот, уживале во се што се случувало таму. Дури и кога

немале што да прават, покрај радоста и смеењето, тие се дружеле како обични другари...

Абдил шетајќи на неговата пауза низ рајската градина оградена со многу шарени

цветови и облеана со хармонија на живот, сретнал заскитан старец кој всушност требало

да оди во пеколот заради неговите злодела, но некако го избегнал тоа страдање и дошол во

рајот. Абдил кога го погледнал веднаш го запрашал:

- „Дали ви треба помош? Ми изгледате изнемоштен„

Старецот си рекол во себе: „ова ќе биде првата моја рајска жртва”, и веднаш му

одговорил на Абдил со слаб глас:

- „Фала ти млад ангелу, твојата помош е добредојдена.„

Абдил наседнал на неговата итрина, и незнаејќи со кого си има работа го зел со

себе грдиот старец. Го однел во ходникот на големата палата во која имало премногу

врати кои само ангелите и царот знаеле што всушност тие кријат позади. Старецот му

Page 5: Solzite Od Rajot

побарал нешто за јадење на Абдил затоа што бил прегладнет. Абдил затоа што имал

преголемо добро срце, и добра душа веднаш пошол да му донесе нешто да касне.

Старецот кога останал сам во ходникот веднаш престанал со неговиот аматеризам (глума),

и се двоумел во која од вратите да влезе и што зло да направи. Ја избрал вратата на која

имало натпис: „Рајските остварувања ”, и си рекол:

- „...Овде можеби се крие царското богатство...”.

Таму ангелите оделе кога биле наградувани од царот за нивната работа, и нивните

добри дела. По влегувањето во собата тој видел многу скапоцени нешта од кои веднаш му

засветкале очите, и незнаел што попрво да зграби. Веднаш низ глава му поминала

неговата злобна помисла: “...богатсвто...”. Набрзина го зел скапоцениот камен кој царот го

имал добиено за неговото креирање на целиот тој свет во кој живееле ангелите и самиот

тој. Веднаш избегал од местото и тајно отишол во блиската шума. Таму застанал да се

одмори малку, и потоа да продолжи со пешачење. Додека одмарал му пришол некој

друид2, кој случајно си собирал состојки за неговиот портал3 до пеколот. Старецот веднаш

му се пожалил:

- “Добар човеку, многу сум заморен и гладен, би можел ли да ми погомнеш?”

-

Друидот на ова му одговорил:

- „Ова е последен пат да помагам некому, ајде со мене!”.

Друидот го одвел старецот со себе дома и добро го нагостил.

- Знаеш ли добар пријателу, јас го зграбив скапоцениот камен на царот, и никој не

забележа дека јас го сторив тоа – во смеа му рекол на друидот.

Друидот на ова му вратил:

2 Свештенички член од селтичкиот политеизам.3 Порта за во друга димензија.

Page 6: Solzite Od Rajot

- „Не е ништо тоа, јас спремам портал низ кој ќе може да се патува до пеколот,

тоа е нешто генијално!”.

Старецот останал на спиење кај друидот, и така тие двајцата се здружиле и со

заеднички сили биле против царот...

Кога Абдил се вратил на местото каде што го оставил старецот видел дека вратата

од која ангелите добивале награди била отворена. Влегол внатре, и неможел да се

изначуди на нередот кој го видел. Најмногу го заболело кога видел дека го нема

скапоцениот камен на царот. Отишол кај царот и веднаш му се исповедал:

-„Царе, царе! Еден старец ви го украде скапоцениот камен додека му носев нешто

да касне!”

Царот на ова многу се налутил, и нервозно му одговорил:

-Лажго! Како можеше вакво нешто да направиш?!? Имав потполна доверба во тебе,

а сега заради ова ќе бидеш вечно проколнат да бидеш во пеколот! ГАРДО!!!

Царот ги повикал неговите лични чувари, и тие веднаш го пратиле Абдил на пат до

пеколот. Абдил неможел да поверува што всушност му се случило, и зошто царот не му

верува. Се што му останало во него бил сафирот4, од неговиот покоен татко како свето

оружје против злото. Сафирот имал неверојатно голема моќ на кој неможела никаква сила,

па ни царевата да го спречи. Но, Абдил го чувал само како артефакт 5, кој му носел среќа

поради тоа што само татко му знаел како да го користи. На патот тој бил во една кочија

која ја влечеле таканаречените “ноќни мори6” кои блуеле оган додека трчале, а кочијата ја

водел камшикарот од пеколот кој бил малку пивнат и само зборувал. Му се обратил на

Абдил со циничка насмевка:

4 Син скапоцен камен.5 Скапоцен предмет.6 Во случајов е назив на црн коњ што гори.

Page 7: Solzite Od Rajot

- „Некогаш го имав местото на генерал на армијата на пеколот, но поради

проблемите кои настанаја во текот на многу борби јас остарев и ослабев, и сега

само ги пренесувам душите до пеколот. Царот на подземјето има голема џумка

на неговата глава (хихи). Секако дека има, кога неможе ништо друго да прави

освен да спие и несвесно да паѓа од тронот (хих). Ќе ги запознаеш сите од

пеколот, ќе ти биде згодно (хих). Немој да се одречеш од животот, бидејќи кога

ќе осетиш поголема болка, ќе сакаш да се вратиш назад (хих). Епа нема да се

случи такво нешто затоа што нема излез од пеколот (хих)„

Одејќи по патот Абдил многу го заболела главата, и наеднаш се нашол во

некоја шума со виножито каде што го видел таткото како ранет и паднат на земјата

му зборува со слаб глас:

- „Сине, одмазди ме...искористи го сафирот кој го имаш со себе... Синеее!!!“

Абдил го загубил здивот после оваа визија и веднаш почнал да размислува за

сафирот, што всушност би можел да биде, оружје или само скапоцен камен. Патот бил

мрачен и слегувале само надолу. Се чудел како можеле коњите да одат толку длабоко,

поради тоа што станувало се потопло и потопло. Додека оделе камшикарот подготвил

напивка која имала дејство да ја намалува силата, и брзо заспивала. Му ја подарил на

Абдил на кој му рекол:

- „Ајде Абдиле, пивни, ова ќе ти даде сила за ова патување. Ќе ти треба, верувај

ми (хих)„

Абдил се напил и по некое време паднал...