28
Универзитет,,Гоце Делчев,, Штип Педагошки факултет Seminarski trud po predmetot:Istorija Тема:Strumica niz vekovite Ментор: Изработил: Проф.Д-р Kiril Cackov Наташа Костадинова Бр.инд.14107

Strumica Niv Vekovite

  • Upload
    3

  • View
    243

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Strumica Niv Vekovite

Универзитет,,Гоце Делчев,, Штип

Педагошки факултет

Seminarski trud po predmetot:Istorija

Тема:Strumica niz vekovite

Ментор: Изработил:Проф.Д-р Kiril Cackov Наташа Костадинова

Бр.инд.14107

[tip 2008

Page 2: Strumica Niv Vekovite

ВОВЕД:

Градот Струмица заедно со својата најблиска околина, поволните

географско-климатски карактеристики и богатото Струмичко поле,

одсекогаш представувал важен крстопат на патиштата на разни култури и

цивилизации кои го оставиле својот белег на оваа почва.

Следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи,

почнувајќи од праисторијата, преку антиката, византиско-словенската,

турскиот период, итн. Струмица е еден од ретките градови со напластено

богатство на споменици.

2

Page 3: Strumica Niv Vekovite

1.Антички период

Почетокот на континуираното живеење во Струмица и во непосредната околина

според археолошките истражувања, датира од VI милениум пр. н. е. (неолитска

населба "Страната" кај с.Ангелци), а во непосредната близина на Струмица,

поточно на Цареви Кули, е констатирана праисториска култура која егзистирала

од времето на доцниот енеолит до раната бронза (почеток на IV- до сред на III

милениум пр. н. е.).

Под името Астраион, градот за првпат во пишаните извори се среќава кај

римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 година пред новата ера, во врска со

убиството на Деметриј братот на македонскиот крал Персеј (179-168 пр.н.е.),

односно синот на Филип V (221-179). Името Астраион градот го добил по

3

Page 4: Strumica Niv Vekovite

пајонското племе, Астраи. Во 168 година пр.н.е. Македонија паднала под

римски протекторат и била поделена на четири мериди, а Астраион припаднал

на втората мерида. Во 148 година пр.н.е. Македонија станала римска

провинција.

Во римскиот период градот го променил своето име во Тивериопол, за што ни

сведочи мермерниот постамент, посветен на патронот Тибериј Клавдиј Менон ,

од крајот на II и почетокот на III век. Покрај името Астраион, извесни време

градот го носел и името Тивериопол, кое било повеќе официјално и се

употребувало во византиската администрација и особено во црковната

традиција. Меѓутоа, паралелно се употребувало и се повеќе се наложувало и

словенското име на градот Струмица, што го потврдуваат и средновековните

словенски писмени извори.

Градот Тивериопол во старохристијанскиот период имал важна улога во

покрстувањето на жителите во југоисточните територии на Македонија. Поради

тоа, градот претставувал еден мошне значаен црковен центар со епископско

седиште на истокот од реката Вардар. Во градот, заедно со предградијата и во

неговата блиска околија, биле изградени бројни црковни објекти посветени на

локалните маченици - мартири, како и на некои други позначајни светители од

тоа подрачје. Така, овој град, по углед на Константинополис и на бројни други

градови на малоазискиот и на африканскиот брег, станал град на мартирите -

мартирополис.

Според хагеографскиот ракопис на Теофилакт Охридски, во прогоните на

проповедачите на христијанската вера, во времето на Јулијан Апостата (361,

363) настрадала групата од 15 мартири. Тие биле закопани во доцноантичка

некропола, надвор од градот, кадешто се закопувале христијаните. Таа лежи врз

една постара археолошка структура, патосана со полихромен мозаик, чии

мотиви наведуваат на градителска техника од III и IV век. Меѓу овие мотиви се

појавува и крст, кој што укажува на култен христијански објект.

Во времето на римскиот цар, Јулијан Отпадник (361-363) во Тивериопол биле

убиени Св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Во 395 г. римската империја

се распаднала, а Македонија припаднала на Источното Римско Царство. Потоа

Тивериопол се наоѓал во составот на провинцијата Macedonia Salutaris (крај на

4

Page 5: Strumica Niv Vekovite

IV век) и провинцијата Macedonia Secunda (крај на V век). За постоењето на

градската населба од тој период сведочи доцноантичката урбана палата –

Мачук.

Според некои извори, токму од оваа “трагедија“ произлегла да градот биде

наречен Тивериопол.

2.СЛОВЕНСКИ ПЕРИОД

Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите

години на VI век до триесетите години на VII век, градот доживеал големи

разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое

го добило своето име по р. Стримон, која тие ја преименувале во Струма.

Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество

извесен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 г.

до 855 г. како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил

Методиј (825-885).

Струмичката област, потоа била завладеана од бугарскиот владетел Борис (852-

889). Во 893 г. Климент според Диканжовиот список (XII век) бил поставен за

"епископ на Тивериопол или Велика". Струмичкиот регион ќе остане во

бугарската држава се до 969 г. кога избило првото востание на комитопулите

(Самуил, Арон, Мојсеј и Давид) и ќе влезе во Самуиловата држава (976-1018).

5

Page 6: Strumica Niv Vekovite

На 29 јули 1014 година, на овие простори се одиграла Беласичката битка, во

која македонската војска предводена од цар Самуил (976-1014) била поразена од

Византијците на чие чело бил Василиј II (976-1025). По битката биле ослепени

15 000 македонски војници, како одмазда на Василиј II за смртта на својот

командант Теофилакт Вотанијат, кој бил убиен од синот на цар Самуил, Гаврил

Радомир (1014-1015).

Во 1018 г. Македонија била завладеана од Византија. Од XI век за првпат во

пишаните извори (Асеманово евангеление) почнува градот да се именува со

Струмица. Кон крајот на XII век, централната власт на Византија ослабела, па

како резултат на тоа ќе дојде до осамостојување на повеќе независни феудалци.

Во струмичкиот крај се осамостоиле Добромир Хрс (1185-1202), а потоа и

Добромир Стрез (1208-1214), но нивните владеења биле ликвидирани од

Византијците.

Кон крајот на XIII век започнале српските напади на Македонија. Извесен

период со Струмица и регионот ќе владее Хреља, за да во 1334 година српскиот

крал Стефан Душан (1331-1355) ја освои Струмица. По распаѓањето на

Душановото царство, струмичкиот регион ќе биде управуван првин од Угљеша,

братот на Волкашин, а по неговата смрт 1371 г. во битката кај Марица, со овој

регион ќе загосподарат браќата Дејановиќи. Нивното владеење бил со краток

век, бидејќи Турците во својот продор на Балканот ја завладеале и Струмица во

1382-1383 г. со што завршува средниот век во овие краишта.

3.ОСМАНЛИСКИ ПЕРИОД

Струмица во османлискиот период во турската администрација ќе биде

нарекувана Уструмџе. Таа ќе биде приклучена кон Ќустендилскиот санџак и во

неа ќе биде воспоставен спахиско-тимарски систем. Во градот било населено

номадско сточарско туркменско население, така што градот го сменил својот

лик и почнал да добива ориентален изглед. Струмица според пописот од 1519

година имала 2780 жители, од кои 1450 христијани, а 1330 муслимани. Во тој

период се одвивала и засилена исламизација на што се должи зголемениот број

6

Page 7: Strumica Niv Vekovite

на муслимани 2200 на пописот од 1570 година, наспроти 1230 христијани.

Во XVII век, Струмица станала седиште на кадилук. Во тоа време во Струмица

поминале и турските патеписци Хаџи Калфа (1665) и Евлија Челеби (1670), кои

даваат опис на градот со сите муслимански објекти, кои ги имало во Струмица

тогаш.

Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век струмичката каза била во состав на

Солунскиот санџак. Во XIX век зајакнало патријаршиското движење и

гркоманското население зело замав. Тоа довело до силно антипатријаршиско

движење во 60 – тите години на XIX век. Во 1860 година во Робово било

отворено првото училиште на македонски јазик, а прв учител бил Арсени

Костенцев од Штип. Во тој период твореле и големите струмички зографи

Васил Ѓорѓиев и Григориј Пецанов, кои работеле на живописот и иконостасите

на повеќе цркви, кои тогаш се отварале во струмичко.

Со Берлинскиот конгрес од 1878 година, кога Турција изгубила голем дел од

своите владеења на Балканот (Босна, Србија, Црна Гора), а река од бегалци се

слеала кон Македонија, а дел од нив и во Струмица. Тоа население се нарекува

мухаџири.

7

Page 8: Strumica Niv Vekovite

Се потешката ситуација на македонското население под турската власт,

допринела да се формира Внатрешната македонска револуционерна

организација (ВМРО) на 23.10.1893 г. во Солун. Првиот човек кој ги прифатил

идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во

1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие

краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-

одрински револуционерен комитет. Еден од најистакнатите раководители на

револуционерната организација бил Христо Чернопеев, кој учествувал и во

Младотурската револуција (1908-1909), која не завршила со ослободување на

македонскиот народ и останал под турско владеење.

4.СТРУМИЦА ВО XX ВЕК

Со Првата балканска војна од 1912 година Турците биле победени и истерани

од Македонија, а со тоа и од Струмица од страна на балканските сојузници

(Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора). Со Струмица ќе завладее Бугарија.

8

Page 9: Strumica Niv Vekovite

Во Втората балканска војна (1913г.), која се водела меѓу балканските сојузници

за поделба на Македонија, Бугарија била поразена. Струмица со мировниот

договор од Букурешт (28.07.1913), сепак останала под власт на Бугарија.

Грчките војски, кои биле стационирани во Струмица, револтирани од одлуката

за повлекување, го запалиле градот и тој горел во периодот од 8 до 15 август

1913 година, при што биле изгорени повеќе од 1900 јавни згради, приватни куќи

и други објекти. Под бугарска власт Струмица ќе остане до 1919 година, кога со

мировниот договор од Версај, со кој е завршена Првата светска војна, ќе влезе

во составот на Кралството СХС ( од 1929 година Кралство Југославија). Во тоа

кралство, македонскиот народ бил без никакви права и бил подложен на

асимилација од Србија.

Во Втората светска војна, Струмица ќе биде завладеана од германската војска

на 6 април 1941 година. Германија, со договорот што го имале склучено за сојуз

со Бугарија, им ја предала Струмица под окупација на бугарските војски на 18

9

Page 10: Strumica Niv Vekovite

април 1941 година. Македонскиот народ, а со тоа и луѓето од Струмица

незадоволни од окупацијата на фашистичките земји, започнале воени дејствија

против нив. На 11 септември 1944 година бугарската војска била протерана од

Струмица, а на 5 ноември 1944 година градот го напуштила и германската

војска. За единствен народен херој од Струмица бил прогласен Благој Јанков -

Мучето.

По војната Македонија влегла во федерацијата Југославија, како рамноправен

народ. Со референдумот од 8 септември 1991 година, Македонија е независна

држава.

5.DЕЈЦИ НА ВМРО ВО СТРУМИЦА

5.1 Иван Илиев Ајдински

Иван Илиев Танев, познат како Ајдински, е роден на 23 septemvri 1885

година во Novo Selo , Струмичко. Во 1897 година се школувал во српско

училиште во Solun, а по тоа и во Солунската бугарска машка гимназија "Св.

Кирил и Методиј". Присоединува се кон ТМОРО. Заради револуционерна

дејност е избркан од гимназијата, а по солунските атентати е фатен и осуден на

10

Page 11: Strumica Niv Vekovite

смрт, но бидејќи не бил полнолетен казната е заменета со 101 години затвор.

Успеал да избега од затворот „Едикуле“ и пак да се приклучи на

револуционерните борби. За некое време бил учител во Ново Село, Штипско, а

потоа и во Ново Село, Струмичко. Бил инструктор во Петричко и Струмичко.

Учествува во Илинденското востание како секртар на четата на Христо

Чернопеев во Струмичкиот револуционерен округ. Делегат е на Рилскиот

конгрес на ВМОРО во 1905 година. Во 1906 година се дипломира во Софија. Од

1907 година е член на БРСДП. За времето 1906 - 1909 година е учител во село

Емине (денес Емона), Бургаско, село Заноге, Софииско, и директор на

училиштето во село Грамада. 1909 година се дипломира на Правниот факултет

на Загрепскиот университет. Учествува на првата балканска социалдемократска

конференција 1909 година во Белград. Од 1913 година живее во Струмица,

кадешто работи како адвокат. Со доаѓањето на српската власт бил прогонет во

Бугарија во 1919 година. Во Бугарија живее во Горна Џумаја. Бил главен

организатор на БКП во овој реон и член на нејзиното раководство (1920-1923).

Учествува во организирањето на Септемвриското востание, но поради тешко

заболување не можел да се приклучи кон Горноџумајскиот востанички одред,

што ошол во подкрепа на востаниците во Дупница. Од 23.09.1923 е под

домашен притвор сѐ до 9.10.1923. Преку ноќта „неизвесни“ лица (бандити на

ВМРО) ја разоружуваат стражата, навлегуваат во куќата и го убиваат Ајдински

пред неговиот дом.

5.1.. Следбеник на идеите на Гоце Делчев

Иван Илиев Ајдински уште како ученик во Солунската гимназија се запознава

со напредните идеи на Гоце Делчев и на Даме Груев и под нивно влијание и

пристапува на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО)

за организирана подготовка на македонскиот народ за ослободување од

турското ропство. Како ученик, поради неговата револуционерната активност, е

исклучен од гимназијата, а за активноста во групата на „гемиџиите“ е осуден на

смрт. Бидејќи Ајдински не бил полнолетен, казната му е заменета со 101 година

затвор. Тој бил затворен во затворот „Беаскуле“ во Солун, на брегот на Егејско

Море.

11

Page 12: Strumica Niv Vekovite

По бегањето на Иван од затвор, Гоце Делчев му помага да стане учител.

Најпрво учителствува во Ново Село, Штипско, а потоа и во Ново Село,

Струмичко. Делчев го поставил Ајдински за револуционерен инструктор во

струмичкиот и во петричкиот регион за да работи врз подготовката на народот и

за собирање оружје за оружено востание. Во извршувањето на овие задачи тој

покажал голема револуционерна активност, особено пред, за време на

Илинденското востание и потоа. Иван Илиев Ајдински бил секретар во четата

на Христо Чернопеев во Струмичкиот револуционерен округ на Внатрешната

македонска револуционерна организација. Неговите револуционерни

способности особено доаѓаат до израз на конгресот на Струмичкиот

револуционерен округ што се одржал во летото 1905 година во Црвено Поле на

планината Огражден, над селото Барбарево. Како секретар на конгресот, тој го

образложува дневниот ред и учествува во формулирањето и донесувањето на

заклучоците од конгресот.

  Иван Илиев Ајдински истата година учествувал и на рилскиот општ конгрес.

Тој и другите делегати од Струмичкиот округ, Христо Чернопеев, Стојо Хаџиев

и Мануш Георгиев Турновски дале голем придонес во донесувањето на

конгресните документи и одлуки.

Заедно со неговите другари, Иван Илиев Ајдински му бил верен на делото на

Гоце и Даме, кое никогаш не го напуштил. Треба да се истакне дека со Стојан

Георгиев, секретар на окружниот комитет во Струмица, остануваат доследни на

Гоцевото револуционерно дело и на напредните социјалистички идеи.  Инаку,

по Стојан Георгиев, Иван Илиев Ајдински станува секретар на Окружниот

комитет во Струмица. Бил социјалист и го организирал народот во борба против

сите пропаганди во Македонија. Работи на организирање комитети и се бори за

демократски права на занаетчиските работници.

Со формирањето на првите социјалистички групи во Струмица од работници и

занаетчии, како и во други краишта низ Македонија, Ајдински поведува упорна

борба за подобрување на животните услови. Многу од организираните

штрајкови успеале. Така, на пример, шивачките работници се избориле платите

да им се зголемат за 30 отсто.

12

Page 13: Strumica Niv Vekovite

 

5. 2.ZA MAKEDONSKA DR@AVNA SAMOSTOJNOST

Во неговите настапи и говори на собирите пред народните маси во Струмичко и

во Петричко, а подоцна и во Горноџумајско, тој секогаш поаѓа од начелата за

македонска државна самостојност, за самостојност на движењето, за потпирање

врз сопствените сили во ослободителната борба.

Сакајќи да го заврши прекинатото средно образование во Солун, Иван Илиев

Ајдински во 1906 година заминува во Софија. Откако со одличен успех ја

завршил гимназијата, во 1908 година се запишал на Правниот факултет во

Софија, во што му помогнал Павел Шатев, со кого одржувал блиско

пријателство уште од солунските настани.

За време на студиите Иван Илиев Ајдински се разболел и се лекувал во

болницата на Црвениот крст во Софија. Тука се запознал со својата идна

сопруга Марија Казанџиева, медицинска сестра, ќерка на познатиот социјалист

од Казанлк, Георги Казанџиев, која го запознава со социјалдемократите тесни

социјалисти Димитар Благоев, Георги Кирков и други.

Впечатокот во разговорите што младиот студент по право го оставил на

Димитар Благоев-Дедото бил силен. Нивните гледишта во однос на социјалната

онеправданост на македонскиот народ и социјалистичките сфаќања биле

идентични и по негова препорака Иван е примен за член Бугарската работничка

социјалдемократска партија (тесни социјалисти). Тој се запознава со

социјалистичките идеи. Запознава нови патишта за ослободување на

Македонија од турското ропство и од другите балкански аспиратори.

Непосредно потоа, во 1909 година, Иван Илиев Ајдински учествува и на Првата

балканска социјалдемократска конференција во Белград. Се формира како

борец за правда и за слобода, живо учествувајќи во македонското

ослободително движење во соработка со Г. Делчев, Д. Хаџи Димов, Јане

Сандански и други.

5. 3 НАРОДОТ ВО СТРУМИЦА ИМАЛ ДОВЕРБА ВО АДВОКАТОТ

13

Page 14: Strumica Niv Vekovite

По војната во 1913 година, Струмица и Струмичко влегуваат во територијата на

Бугарија. Градот Струмица станува окружен центар, каде што Иван Илиев

Ајдински во 1914 година се враќа со својата сопруга Марија Казанџиева.

До доаѓањето на српските окупаторски власти, Иван Илиев Ајдински живеел во

Струмица и бил првиот адвокат со високо образование во целиот округ. Преку

адвокатската работа создава партиски организации во Струмица, Ново Село,

Босилово и на други места во околијата.

За Иван Илиев Ајдински се среќаваат голем број сведоштва и напишани

материјали, особено за неговата адвокатска практика и способност. Тој често

настапувал пред судовите и ги добивал речиси сите одбрани. Бил ангажиран да

дава соодветни мислења по одредени спорни правни прашања дури и од власта. 

Некогашниот апостол Иван Илиев Ајдински ги обиколувал струмичките и

петричките села пред Илинденското востание и ги проповедал идеите на Гоце и

на Даме. По враќањето во Струмица во 1914 година како социјалист  ги учел

луѓето дека не е доволно да се извојува национална слобода, туку дека треба да

се води борба за рамноправност меѓу сите, да нема сиромаси и богати. Се

стекнал со голема доверба кај народот.

Социјалистичките групи и движења, во кои заземал видно место, придонесуваат

во разјаснување на погрешната и окупаторска политика на бугарската

буржоаска влада. Се спротивставил на залагањето Македонците да го поддржат

исполнителниот комитет во неговото барање за присоединување на Македонија

кон Бугарија. Тој во говорите на собирите се залагал за автономна Македонија.

Ајдински бил првиот во тој крај што реално обелоденил зошто Македонците

треба да се борат за автономија, а не за присоединување. Бил убедлив, како што

била всушност и лозинката, „Автономна Македонија“.

Иван Илиев Ајдински водел неуморна борба против завојувачката политика на

царот Фердинанд и неговата дворска клика, ја жигосувал и разоткривал

предавничката дејност на бугарската буржоазија. Организирал протестни

собранија и митинзи под лозинката „Мир и леб“.

 

5. 4.ЗА БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЛОБОДНИ НАРОДИ

14

Page 15: Strumica Niv Vekovite

За Иван Илиев Ајдински често се вели дека бил македонски револуционер,

патриот, социјалист и активен член во бугарското работничко и

социјалдемократско движење од почетокот на 20 век, па до неговата смрт. Тој

бил од оние социјалисти што го поврзале револуционерното со социјалното во

Македонската револуционерна организација. Како социјалист и антивоено

расположен Македонец, тоа го искажувал во контактите со балканските

социјалисти, особено при конституирањето на балканската социјалистичка, а

потоа и комунистичка федерација. Меѓу балканските социјалисти важел за

противник на војните, како и на тоа проблемите да се решаваат со војна. И во

Белград во 1909 година, на Првата социјалдемократска конференција, Иван

Илиев Ајдински се изјаснил против војните. Значи, им припаѓал на оние

балкански социјалисти од тој период што го прифатиле заедништвото,

агитирале за решавање на проблемите по мирен пат, за соживот, за формирање

балканска федерација на слободни народи.

Се спомнува и тоа дека активноста на Ајдински при крајот на Првата светска

војна била многу изразена во Струмица. Овде во автономното биро на

привременото претставништво на бившата обединета ВМРО, на чело со Димо

Хаџи Димов и со Ѓорче Петров, „се барало од Мировната конференција во

Париз, Македонија да добие автономен независен статус како посебна државно-

политичка единица на Балканот“.

По доаѓањето на српските власти на Кралството Југославија (СХС) во Струмица

во 1918 година, Иван Илиев Ајдински ја продолжува својата општествено-

политичка активност во социјалистичкото напредно движење. Тој работи со

народот и ги шири социјалистичките идеи. Новодојдената власт во Струмица

знаела дека Иван Илиев Ајдински бил познат македонски револуционер,

комунист, адвокат при Окружниот суд во Струмица и заштитник на сиромасите

во судот и пред разни силници и дека имал голема доверба и поддршка од

населението. Поради тоа од српските власти бил прогонет во Бугарија во 1919

година. Иван Илиев Ајдински и во емиграција во Горна Џумаја продолжил со

својата раководна улога како комунист и Македонец.

5. 5Убиството на револуционерот беше голема загуба

15

Page 16: Strumica Niv Vekovite

Убиството на Иван Илиев-Ајдински во 1923 година беше голема загуба за

македонскиот народ, особено за народот во Пиринска Македонија. Долги

години се зборуваше и пишуваше за оваа загуба, особено во весниците:

„Пиринско дело“, „Работничко дело“, „Литературен фронт“ и во некои

публикации како: „Делбите на Македонија“, „Струмица и Струмичко низ

историјата“, „Македонското прашање во документите на Коментерната“, „Во

заштита на Македонија“, „Чужбина и фашистичка Бугарија“, „ВМРО 1918 -1934

- хронологија“, „Аспекти на македонското прашање“, „Пирински соколи“ и

други.

Во врска со убиствата на голем број учесници во Септемвриското востание, на

комунисти, земјоделци, работници и на други, „Пиринско дело“ од 20

септември 1948 година пишува:

„Македонскиот народ од пиринскиот дел, заедно со бугарскиот народ, зеде

активно учество во Септемвриското востание на чело со верните раководители

како Иван Илиев, Димитар Ацев, Никола Лисичев, Методи Алексиев, Владимир

Поптомов од Комунистичката партија, Јанчо Хајдуков од БЗНС и други.

Запаметени ќе останат борбите на горноџумајскиот одред против

Цанковистичките, Александровистичките и Михајловистичките банди“.

За убиствата што настанаа по деветојунскиот преврат и по Септемвриското

востание се осврнуваат Владо Поповски и Ленина Жила во книгата

„Македонското прашање во документите на Коментерната“: „Со помош на

македонската организација бугарската буржоазија го подготви државниот удар

од 9 јуни 1923 година против владата на Стамболиски. Узурпаторската влада на

професорот Цанков апелираше до македонската организација да го задуши

бунтот што самата го испровоцира во септември 1923 година“.

Во интервјуто на Георги Димитров со соработникот на „РОСТА“ од септември

1924 година, тој детално се задржува на овие настани:

„Вооружените сили на Организацијата, предводена од Тодор Александров,

зедоа активно учество во превратот извршен од буржоазијата на 9 јуни 1923

година. Тие, исто така, беа искористени за задушување на Септемвриското

16

Page 17: Strumica Niv Vekovite

народно востание против узурпаторската буржоаско-фашистичка влада на

Цанков.

Меѓутоа, таа предавничка улога предизвика длабоко разочарување и огорченост

меѓу македонските маси и вистинските македонски револуционери, кои уште

еднаш сфатија дека се подло измамени“.

По превратот и убиството на Стамболиски и за време на Септемвриското

востание во 1923 година, како и по атентатот во катедралата во Софија 1924

година, убиени се илјадници земјоделци, комунисти и други граѓани од

фашистичката влада на Цанков и нивните помагачи-врховистите. Тоа е добро

прикажано во книгата на Анри Барбис под наслов: „Чужбина и фашистичка

Бугарија“.

На 23 септември 1923 година, како што е познато, работниците и земјоделците

под раководство на Комунистичката партија и Георги Димитров, во Бугарија се

дигнаа на вооружена борба против деветојунската фашистичка влада на

професорот Цанков, за создавање на работничко-селска власт во земјата.

Востанието не успеа.

Тоа беше задушено со голем број жртви и порои крв. По повод прославата на

25-годишнината од Септемвриското востание Георги Димитров рече:

„...Септемвриското востание претрпе неуспех. Тоа не можеше да ја собори

воспоставената воено-фашистичка диктатура... Но, тоа остави длабоки,

неизлекувани траги во општествениот и политичкиот живот на нашата земја“.

Во сите написи за Иван Илиев-Ајдински се истакнува неговата револуционерна

дејност, неговата улога во подготовките и учеството во Илинденското и

Септемвриското востание, социјалистичките и комунистичките идеи и

формулирањето на социјалистички комунистички групи и организации во

Струмичко и во Пиринскиот дел на Македонија.

Голема е неговата активност за Автономна Македонија и за Балканска

федерација, за меѓусебно разбирање и соработка меѓу народите и за неговите

определби против војните. Во сето тоа, тој не беше заобиколен и како

17

Page 18: Strumica Niv Vekovite

интелектуалец, примерен адвокат и голем хуманист кој ги помага сиромашните,

а посебно повратниците и бегалците од војните.

Малку се оние што знаат каква голема загуба претрпе Македонија со

предвремената смрт на овој македонски син. Можеби неговата голема

скромност попречи блиската и далечната јавност да го видат и оценат големиот

интелект, бистриот ум и револуционерниот дар на бескрајно чесниот Иван

Илиев-Ајдински.

Книгата што се подготвува за печат за овој македонски деец ќе помогне да се

запознае пошироката јавност, особено младата генерација. За историчарите, пак,

револуционерното дело на Иван Илиев-Ајдински нека биде предизвик за

натамошно истражување, пишување и расветлување на ликот и делото на овој

македонски великан. Тие нека се ангажираат тој да го добие своето место во

нашата историографија и во програмите за одбележување на познати и

заслужни историски личности во Република Македонија. Исто така, на

соодветен начин да се одбележат историските места, како на пример местото на

одржувањето на Конгресот на Струмичкиот револуционерен округ точно пред

100 години во „Црвено Поле“ на планината Огражден, над селото Барбарево,

Струмичко. Овој наш револуционерен деец заслужува неговото име да го носат

некои културни, историски или правни институции. Засега неговиот лик и дело

не потсетува преку една мала уличка што го носи името во неговото родно Ново

Село, Струмичко.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

18

Page 19: Strumica Niv Vekovite

WWW.STRUMICA.GOV.MK

,,МОЈОТ РОДЕН КРАЈ СТРУМИЦА,, ОД ДРАГАН УСТАПЕТРОВ

КРАТКА СОДРЖИНА:

19

Page 20: Strumica Niv Vekovite

ВОВЕД.................................................................................................2

1.Антички период..............................................................3

2.СЛОВЕНСКИ ПЕРИОД..............................................................5

3.ОСМАНЛИСКИ ПЕРИОД..........................................................6

4.СТРУМИЦА ВО XX ВЕК............................................................8

5.DЕЈЦИ НА ВМРО ВО СТРУМИЦА........................................10

5.1.. Следбеник на идеите на Гоце Делчев...................................11

5. 2.ZA MAKEDONSKA DR@AVNA SAMOSTOJNOST..............13

5. 3 НАРОДОТ ВО СТРУМИЦА ИМАЛ ДОВЕРБА ВО

АДВОКАТОТ...............................................................................................14

5. 4.ЗА БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЛОБОДНИ НАРОДИ...15

5. 5Убиството на револуционерот беше голема

загуба ....16

6.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.................................................19

20