48
Maj, број 78 Твој Клуб Цена 80 денари. Бесплатен примерок за членовите на Твој Клуб Раздвижување на градот Мирислива приказна во 5 чекори Телефони Нови технологии Инфо прозорец Каталог на подароци Твој Клуб – Сè за вас! Гости на Твој Клуб: Екипата на „Крвта не е вода“ „Ова не е пиеса за една ноќ!“

Tvoj Klub 78 Final Final

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Tvoj Klub 78 Final Final

Maj, број 78

Твој КлубЦ

ена

80 д

енар

и. Б

еспл

атен

при

мер

ок з

а чл

енов

ите

на Т

вој К

луб

Раздвижување на градотМирислива приказна во 5 чекориТелефониНови технологии Инфо прозорец

Каталог на подароциТвој Клуб – Сè за вас!

Гости на Твој Клуб:Екипата на „Крвта не е вода“

„Ова не е пиеса за една ноќ!“

Page 2: Tvoj Klub 78 Final Final

За сите кои не можат без интернет!

Понуда на која сурферите не можат да одолеат! Отсега во твојата омилена тарифа Relax, избери опција Surf и освен разговори добиј и интернет сообраќај вклучен во месечната претплата. На пример, ако си Relax Surf Medium тарифниот модел, за претплата од само 599 денари месечно, добиваш 400 денари што можеш да ги користиш по своја желба и 300 MB интернет секој месец.

И не само тоа, сега сo Relax Surf покрај супер поволниот интернет, секој може да дојде до посакуваниот смартфон по неверојатно поволна цена. Ако и ти не можеш без интернет, јави се бесплатно на 122 и избери Relax Surf.

Најбрзиот интернет, каде и да си!

Интернет вклучен во претплатата и смартфон за супер цена

3 940 ден.

LG Optimus One P500

во Доверба 24со Relax Surf Medium

Специјална

Surf цена Одбери Relax Surf

со повик на 122!

Page 3: Tvoj Klub 78 Final Final

3Твој Клуб

Списание за членовите на Твој Клуб; излегува секој втор месец; Тираж на бр. 78; 120 000 примероци;Одговорен уредник: Даниела Анѓелиќ (Менаџер за управување со маркетиншки канали); Уредник: Оливера Ќорвезироска; Редакција: Рашела Гинова, Марија Дејанова, Јордан Гиров; Дизајн: Издава: T-Mobile, одговорен сектор: Маркетинг; Извршен директор на Секторот за комуникација на пазарни информации: Тодор Димитровски.Контакт: „Орце Николов“ бб, Скопје; тел.: 02 3201 446.

со

др

жи

на

Гости на Твој Клуб:Екипата на „Крвта не е вода“

„Ова не е пиеса за една ноќ!“

5

3. Скопски моден викенд

Раздвижување на градот

10

Нови апликации

Форсквер: Забавата е таму каде што сум јас!

16

28

Забава:

Решете го крстозборот и добијте Nokia C5!

39

Каталог на подароци

Твој Клуб – Сè за вас! 42

Инфо прозорец

Електронска сметка – Полесен преглед на трошоците и поубава животна средина!

Драги пријатели,Мајското издание на Твој Клуб магазинот го подготвивме во знакот на интернетот, глобалната мрежа која нè поврзува приближувајќи ни го светот на само еден клик. Да се биде сегде и со сите, да се премостат разликите и да се избришат границите, тоа е најзначајната придобивка од интернетот кој трајно го промени пристапот кон информациите и го олесни поврзувањето на сите луѓе од планетава. Во таа насока е и нашата цел да ви овозможиме да бидете поврзани на еден клик и достапност на интернетот СЕКАДЕ,

Нашите актуелни понуди и деловни настојувања се на линијата на овој глобален интернет-тренд. Со Relax Surf понудата со која нудиме супер поволен интернет вклучен со претплатата и смартфон за супер цена ви овозможуваме да останете поврзани со најбрзиот мобилен интернет директно од вашиот телефон. Атрактивните пакети Call&Surf, 2Max и 3Max ви овозможуваат најбрз интернет пристап од дома. Дополнително, потребата за интернет достапност на отворено, ја покриваме со повеќе од 300 Telekom HotSpot локации со бесплатен WiFi интернет низ цела Македонија.

Со трендот на користење online услуги ја воведуваме можноста за Електронска сметка, ги отфрламе хартиените сметки, придонесувајќи за заштита на човековата околина, но исто така ја имате можноста сметката да се плати преку интернет.

Интернетот го смени начинот на комуникација со корисниците. Интеракцијата постепено се пренесува online, особено со развојот на социјалните мрежи. Во таа насока и T-Mobile ја води комуникацијата на Facebook профилот со повеќе од 100 000 пријатели, и во знак на благодарност за нив го организираше првиот „Лајк ден“.

Продолжуваме со исполнувањето на барањата и очекувањата на корисниците, продолжуваме со задоволување на вашите потреби. Нудиме нови можности, нови услуги и привилегии.

Потенцијалот на интернетот во маркетинг комуникациската стратегија е препознаен! Останува да ги доразвиваме сите можности и комуникациски канали, секако, не напуштајќи ги класичните форми на промоција.

Читајте нè! Да споделиме радост во најубавиот месец од годината!

Тодор Димитровски

Извршен директор на Секторот за комуникација на

пазарни информации

Page 4: Tvoj Klub 78 Final Final

ве поздравува....па, дојди ни некогаш дома, откако се отсели кај дечко ти, заборави на нас, се изнасмеа, ај, те бакнувам, подоцна ќе зборуваме“. „Кога се отселила?“, прашав, не знаев дека... „Скоро, баш денес сакав да ви ја соопштам новоста...“ Повторно списка маж низ хистерично ѕвонење. „Што не ја смениш свирката, зарем не те

нервира?“ се вдаде А. веќе вратена крај масата. „И тој ме нервира, затоа не ја менувам!“. „Што ќе нарачате?“ момчето ги покажа првите знаци на нетрпение, префрлајќи се од нога на нога. Лајонел, Елвис, Том и некои инструменталисти кои во меѓувреме им се придружија од разни страни, веќе опасно нè туркаа во ризик воопшто да не бидеме послужени. Момчето во меѓувреме попушти со нервите, го одложи бележничето и ги извади своите два мобилни од џебовите. Баталувајќи си ја службената должност, небаре вешт револвераш, почна да работи со двете раце истовремено, со десната пишувајќи SMS, а со левата пребарувајќи низ телефонското мени.„Донесете ни семејна пица, каква било, и пет големи пива“, ја изговори нарачката Г. со победнички глас. А. штракна неколку фотки со мобилниот. „За да им покажам на оние ‘таму’ како изгледа вистинска семејна пица, а не како нивните!“, рече потврдувајќи ни дека сè уште, и по триесет години, не си простила себеси што се омажила во туѓина. Потоа наваливме: ред тесто, ред пиво, ред мобил–муабет со вокално-инструментална придружба, и меѓу редовите по некоја реченица „во живо“.

4

Излеговме на пица со другарките. Радост невидена! Вистински подвиг е што се собравме на едно место во исто време. Оти животот растрчан, а ние низ него маратонци, спринтери, тркачи на патеки со пречки, скокачи во вис, во далечина... секоја на своја страна. А, од деца другаруваме. Од блиски, поблиски.Се изгушкавме, си изразменивме слатки зборови за сенешто, те оваа како „се стегнала“, онаа „се испеглала“ , те какви ни се фризурите, облеките... па испоседнавме. И ајдеее, јуриш на муабет! Ама, како што е редот, најпрво на масата ги распоредивме мобилните. Која колку има. А. истопори три. „До три стаса!?“ се измајтапивме. „Два службени и еден приватен“, рече, извлекувајќи го од чантата и четвртиот. „Овој е на маж ми, не туку се подбуцнувајте, си го заборавил во автомобилот, па морам да одговарам и на неговите повици“. Б. и В. поскромни: секоја по два мобилни. Г. најскромна. Само еден. Јас ни толку. Бидејќи знам дека ќе ми се втурат, превентивно се правдам, деновиве сум го изгубила полначот, велам, исклучена ми е батеријата, затоа... „Затоа си недостапна со векови“, се лутат, „аман од твојата мобилофобија, барем не кажувај дека имаш телефон!“. „Па, имам... апарат, ене ми го дома“, кревам раменици. Нејсе. Ни пријде едно од момчињата што послужуваат. „Што ќе нарачате?“ „Ве молам, за мене донесете...“ најбрза беше А. - странкињата... „Како се викаше онаа пица што ја бендисав оној пат“, побара помош од нас - овдешните, но не дорече. Списка еден од нејзините телефони. „Подоцна ќе нарачам, простете, итен повик од странство...“ и, некому во мобилниот: „Нели сум ти рекла кога сум надвор од земјата да ми ѕвониш само ако дуќанот гори?.. Гори!?“ ги ококори очите, срипувајќи. „Ќе нè изгори инспекцијата, тоа сакаш да кажеш?“, свика на српски. „Безмозочна продавачка, си промрморе за себе, од ум ме извади. Баш сега нашле да доаѓаат кога мене ме нема. Бизнисот ми тоне, а тие дерат, ли дерат, до гола кожа ќе ме соблечат... Дај ми го главниот“, се вдаде пак на српски и се оддалечи од масата. „Што ќе нарачате?“ демотивирано повтори момчето.„Hello, is it me you’re looking for?“, копнежливо пропеа Лајонел Ричи од мобилниот на В. Од соседниот на Г. му се придружи Елвис Присли, енергично и заводливо, со „We’re calling a tramp“. „Ооо, Delilah“, грмна миг подоцна робустниот, рударски глас на Том Џонс, и Б. не стаса ни да одговори, а веќе нејзиниот втор апарат фати хистерично да креска. „Маж ми, што сака сега пак тој?“, го прекина, па во другиот нежно изговори „Со другарките сме на пица, да, да, многу убаво си поминуваме, а ти мила?“ „Ќерка ми е, ни дошепна,

Твој Клуб

Раскази со телефон: Јагода Михајловска-Георгиева

„Hello, is it me you’re looking for?“

Фото: Е. Николова

Page 5: Tvoj Klub 78 Final Final

Гости на Твој Клуб: екипата на „Крвта не е вода“

„ОВА НЕ Е ПИЕСА за една ноќ!“

На репертоарот на Драмски театар од неодамна е и претставата „Крвта не е вода” по текст на Сашо Кокаланов, во режија на Сашо Миленковски. Освен што станува збор за актуелен дома-шен текст, претставата е необична барем уште по едно нешто: беше подготвена наменски, но само по 2 изведби го надживеа поводот, израснувајќи во атрактивен театарски настан кој пуб-ликата со задоволство го проследува.

Несомнено за ваков тек на нештата е неопхо-ден совршен баланс меѓу поттикот и резулта-тот, кој маестрално го постигнале Кокаланов и Миленковски заедно. Претставата за но-винарите и новинарството, за колпортерите, полицајците и проститутките од раскрсниците ноќе, зачинета со конкретна животна приказ-на, болест и љубов, со конкретни настани и

случувања од нашето поблиско минато (војна-та) и состојби од сегашноста (заминувањето од Македонија, каде и да е) е широко гледлива и за луѓето од фелата, но и за универзалниот љу-бител на театарската уметност. Подготвена за одбележување на 15-годишнината на „Днев-ник”, претставата одлично го одбележува и нашево заедничко македонско време, сега и

години наназад... Актерската петорка (Сашко Коцев, Билјана Беличанец-Алексиќ, Ванчо Петрушевски, Игор Стојчевски и Гораст Цвет-ковски) доловуваат толкав свет на сцената што кога ќе ги наброите нивните имиња, просто не ви се верува дека сте гледале само петмина актери! Интересен е односот на ликовите, како од аспект на нивно остварување (Белича-

5Твој Клуб

Page 6: Tvoj Klub 78 Final Final

нец ги игра и мајката и ќерката; Петрушевски и уличниот полицаец и неговиот шеф... ), така и од аспект на ликот-двојник кој е мошне впе-чатлив на сцената, а е реализиран со двајца актери со две навидум засебни улоги (Цвет-ковски и Стојчевски). Имено, оваа двојка која во сите ситуации се појавува заедно на сцена-та, всушност е подвоениот глас од скопските улици, нашата типична подвоеност на „лево” и „десно”, на богатство и сиромаштија, на моралното и прагматичното... Одлична идеја преку двајца од петтемина актери да се доло-ви „маса на сцената” или еден единствен лик во кој се слеваат редици и редици луѓе што ги (пре)познаваме...

САшО КОКАлАНОВ: „ОЗРАчЕН“ ОД МАГИЈАТА НА ТЕАТАРОТТвој Клуб: Ова не е ваш прв драмски текст, но е прв – поставен на „штиците”. Какво твореч-ко искуство донесе овој факт за вас? С. Кокаланов: Магијата на театарот, од аспект на автор на текстови, е во непосредноста што ја остварувате во контактот со публиката. Пи-шувајќи романи и други прозни текстови, вие допирате до извесна ваша публика, но немате јасна претстава за нејзината реакција на тоа што го чита. Можеби плаче, можеби се смее, можеби е задоволна, можеби е индолентна, а можеби ве пцуе за залудно потрошеното вре-ме со вашето дело. Реакциите во театарот се движат отприлика во истиот спектар, но гле-

дачите ви ги испорачуваат своите чувства веднаш и се беспоштедни во својата ис-креност. Нема глума, нема лажење! Тоа што го добивате како енергија од луѓето кои платиле влезница за да ја видат пиесата е единствената вистина за вашата пиеса. Втората причина зошто театарот е толку при-влечен за авторите е што ликовите оживуваат, добиваат тело, стануваат личности. Нивните

ведба. Нема однапред одреден век. Ќе трае додека гледачите сакаат да ја гледаат. Многу едноставно правило.Твој Клуб: Како романсиер, кога ќе ставите точка на последната реченица, ја затворате приказната засекогаш. Како стоеја работите со „Крвта не е вода”? Дали текстот за време на подготовката на претставата беше „отво-рен” сè до премиерата или, сепак, некаде мораше да се стави таа авторска точка? С. Кокаланов: Текстот е сè уште „отворен” и по неколку поставувања на сцената на Драмскиот театар. Нема последна точка во драматургијата. Приказната е препуштена на екипата што ја раскажува и на гледачите што ја примаат. Режисерот и актерите, кои се во вистинската смисла на зборот коавтори на приказната, имаат творечка слобода да допишуваат и да бришат, да создаваат и да

пресоздаваат. Тие најдобро го чувс-твуваат флуидот со публиката и благо-дарение на нивниот талент, поправки се можни во секој момент, дури и на сцената, при секоја следна изведба. Јас се трудев да присуствувам што почесто на пробите за да можам да ин-тервенирам секаде каде што режисерот Миленковски ќе почувствуваше дека

треба да се удри уште една рака на текстот.Твој Клуб: Земајќи го предвид вашето свежо искуство, кон што творечки ќе посегнете по „Крвта не е вода”? Ќе биде тоа роман, драмс-ки текст или...Колку трајно ве „озрачи” магија-

зборови се живи, нивните емоции се видливи, нивните згоди и незгоди зрачат со живост. Твој Клуб: „Крвта не е вода” е претстава со повод, која, за среќа, си доби свој независен театарски живот. Веројатно беше потребна голема мајсторија за творечкиот баланс помеѓу наменското и уметничкото воопшто? Генерално го третирате проблемот на нови-нарството, но претставата е речиси подеднак-во гледлива и за новинарската фела, но и за сите останати љубители на театарот воопшто, а тоа е повеќе од доказ дека сте успеале да го воспоставите тој баланс. С. Кокаланов: Целта беше уметничкото да го победи наменското и навистина се радувам

ако сме успеале во тоа. Ова не е пиеса за една ноќ! Бидејќи е ангажирана приказна,

која претендира без многу скрупули, на еден невулгарен, метафоричен начин да се зани-мава со нашата стварност, таа треба да живее сè додека метафорите во неа ја носат истата актуелност со онаа од времето на првата из-

Твој Клуб6

Гости на Твој Клуб: екипата на „Крвта не е вода“

Page 7: Tvoj Klub 78 Final Final

7Твој Клуб

та на театарот? С. Кокаланов: Па, ако постоеше Гајгеров бројач за озраченост од театар, мислам дека ќе постигнев резултати позагри-жувачи и од оние во реакторите на „Фу-кошима”. Не знам што ќе биде првото следно нешто што ќе го напишам (веројат-но ќе е новинарски текст, ха, ха, ха), но се надевам дека мојата приказна со театарот почна, а не заврши со „Крвта не е вода”.

САшО МИлЕНКОВСКИ: лИНКОВИ ДО РЕАлНОСТА Твој Клуб: Колку прецизноста на драмскиот текст ја олеснува/отежнува работата на режисерот? Каква врска со крај-ниот резултат имаат овие нешта?С. Миленковски: често велам дека една од намерите на уметникот е да го фати духот на времето во своето дело, кога тоа го има во драмскиот текст, тогаш режисерот по лесно ги подвлекува линковите до реалноста, актери-те цврсто стојат на својот квадратен метар на сцената, а последицата од тоа е моќна курен-тна претстава која директно комуницира со публиката. Токму тоа се случи со „Крвта не е вода” и затоа претставата е секогаш распро-дадена однапред.Твој Клуб: Бездруго, „Крвта не е вода” веќе го надживеа поводот на нејзиното создавање и поставување на сцена. Какви се вашите прогнози во врска со тоа колку долго ќе биде „наджи-вувањето на поводот”? Верувате ли во мигот кога сите ќе ја гледаме и гледаме претставата сосема надвор од наменската рамка?С. Миленковски: Старите театарџии велат: „Првите десет години на претставата се по-тешки, потоа е полесно”... Се шегувам. Ќе се игра долго, затоа што претставата е вивисек-ција на недостатоците во нашето општество за кои, за жал, не очекувам брзо да се променат. Мене ми значи и тоа што веднаш по премиера-та добивме покани од три града за гостување со претставата. Очекувам долго да се игра и надвор од Скопје.

БИлЈАНА БЕлИчАНЕЦ-АлЕКСИЌ: ЕКСПЕРИМЕНТАлНА лАБОРАТОРИЈАТвој Клуб: Воведувањето на Донка во текстот (еден од ликовите што ги толкувате во претс-тавата, ќерката) со рапување на текстот беше вистински незаборавна актерска изведба! Кој тоа бараше од вас да рапувате и како успеавте

до тој степен да ја завршите „задачата”? Пуб-ликата е фасцинирана, а вие уште посуверена во изведбата!Б. Беличанец-Алексиќ: Кога се работи со ре-жисер, каков што е Миленковски, актерските задачи се посебно предизвикувачки, оти слободата на креативност посебно се цени. И ако како актер пласирате или демонстри-рате нешто што посебно ве оцртува вас како личност, тоа секогаш спакувано од неговата режисерска вештина, ќе си го најде местото во неговите претстави. Целиот процес, од ова ќе насетите, е една отворена експери-ментална лабораторија, каде што посебно се ценат вештините кои излегуваат од вас по природен пат. Никој не го наметна решението за рапување, ами тоа просто само си дојде. Искористив текст од самиот автор, од еден од монолозите и го срочив самата. Го демонстри-рав на наредната проба пред режисерот, се усвои, и го „вдоми“, му го најде местото, стана дел од претставата. Кога градиш еден лик, гледаш со кои алатки би го градел-креирал, а да е соодветно на карактерот на ликот. Алат-

ките ги ископуваш од себе... И, секако, да се обидеш да направиш нешто што дотогаш и не си го сторил, е привилегија за актерот, задо-волство на публиката.

САшКО КОЦЕВ: ВРЕМЕ ЗА „ВРЕМЕ“ Твој Клуб не успеа да дознае колку време Коцев ја подготвувал точката со играњето, затоа што Коцев изгледа немаше време... Колку енергија (всушност, колку видови енергија одеднаш!) била потребна за повеќе од десетминутното играње онака како што се играло во македонските диска последните 20 години... Дали постојаниот аплауз за време на ова атрактивно сценско „парче“ му помагаше или му одмагаше на Коцев (му додаваше или му одземаше „време“), ни останува само да претпоставуваме или... да ја погледнеме по-веќе пати претставата (ако најдеме време), па да заклучиме самите...

ВАНчО ПЕТРушЕВСКИ: КОМПлЕКСНО И ВПЕчАТлИВОПетрушевски толку комплексно и впечатливо

ја одигра улогата на полицаецот, што и по тол-ку години актерство, го видовме некако нов, свеж, поинаков... Не знаеме на што конкретно се должеше видливата дополнителна енер-гија во неговата изведба и како му успеа да го надмине својот веќе поставен и признаен личен авторски стандард... Но, како и да е, публиката ја погоди во... ајфонот, пардон... во срцето со својата изведба!

ДВОЈНИОТ ГлАС: ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ И ИГОР СТОЈчЕВСКИТвој Клуб: Вие сте двојниот глас од скопските улици, од скопските кафулиња претпладне (преполни дури и во работно време),.. вие сте најпрепознатливата вистина во претставата, поделеноста на „лево” и „десно”, на морал-но и прагматично, на сиромашно и богато, на вистина и на лага... Беше ли тешко актерски да се биде како толку многу луѓе одеднаш коишто сите ги (пре)познаваме? Г. Цветковски: Сите можеме да играме било што. Сите можеме и ги знаеме и препознава-ме луѓето, но важното е тоа да се претстави

на приемчив, интересен начин за гледачите. Конкретно, во оваа претстава се опуштивме/впуштивме во правење работи и истражу-вање начини кои досега не сме ги пробале. Така ги направивме Антон и Павел. Мислам дека сите сме ги играле и двата лика во од-редени ситуации. И двајцата се победници и протагонисти, не гледам ниеден од нив како негативец.И. Стојчевски: Иако Гораст и јас толкуваме два различни лика, Павел и Антон, мислам дека тоа се, сепак, само два спротивставени аспекта во еден човек. Така сакам да ги гле-дам. Како што човек понекогаш е во дилема и кавга со себе, така и Антон и Павел, двајцата најдобри другари, постојано се расправаат, се тепаат за тоа кој е во право и секогаш едниот сака да го придобие другиот на своја страна. Не беше воопшто тешко да се оживеат овие ликови, особено кога работите со одлич-на екипа и кога за партнер го имате Гораст.

Фотографии: М. ЗлатевскаО. Ќорвезироска

Page 8: Tvoj Klub 78 Final Final

Екранот на HTC Desire S со големина од 3.7“ (9,4 cm) со резолуција од 480 x 800 има Gorilla Glass дисплеј кој е отпорен на секакви ме-ханички предизвици кои купчето клучеви може да ги предизвика во џебот. Фабрички, уредот доаѓа со најновата верзија на Android 2.3 (Gingerbread) оперативен систем кој со себе носи подобрувања како брзина и едноставност на интерфејсот, подобро управување и кон-трола врз апликациите кои работат во позадина (потрајна батерија), внесување текст и слично. Android 2.3 го олеснува внесувањето на текст со помош на маркери и multitouch гестови за полесно движење и уредување на текст, па така не се ни чувствува недостатокот на scroll. Секако големата новина за оние кои редовно кубурат со прос-тор за апликации и успеваат да ги искористат 1,1 GB интерна мемо-

рија за апликации, е дека Android 2.3 на HTC Desire S нуди можност да ги инсталирате и префрлите постојните апликации на SD картич-ката.

„ВОЗЕњЕ НА ТЕЛЕФОНОТ“Процесорите кои го „возат“ телефонот се 1 GHz Scorpion- централен процесор и Adreno 205 - графички процесор кој помага да се снима-ат и репродуцираат видео клипови со резолуција од 720 p и 30 fps. Одлична е и можноста за репродукција на DivX видео која доаѓа инс-талирана со самиот телефон.

Уште една новина на новите Android уреди е и можноста за користење на WiFi адапте-рот како интернет acess point за други без-жични корисници. DLNA опцијата, пак, ќе ви овозможи директно пуштање на клипо-ви, слики и музика од вашиот телефон на ва-шиот домашен телевизор без помош на каб-ли и дополнителни поврзувања. Дознајте го пасвордот на домашната мрежа на вашиот пријател (демек, да проверите нешто итно), и приклучете му се на телевизорот правејќи интервенции во неговата омилена здодевна турска серија, заради која ни пијачка уште не ве послужил. Клипчињата што ги прави HTC Desire S можно е да се и технички по-добри од серијата.

„ОГЛЕДАЛцЕ, ОГЛЕДАЛцЕ МОЕ“ Примарната камера има 5 MP за одлични фотографии со стабилизација на сликата, а за снимање во секакви услови постои мож-носта за вклучување LED блиц. Секундарна-та камера може да се користи за видео раз-говори, а за дамите, постои и опцијата да се користи како огледалце за да си ја проверат шминката. Во самиот уред е преинсталирана и аплика-ција за GPS авто-навигација која ги зачувува мапите на SD картичката (не е потребен по-даточен сообраќај во роаминг), но доколку сакате да ја користите треба да се плати вре-менски ограничена лиценца која може да се плати со картичка од самиот телефон и не е посебно скапа. Вградената апликација за читање е-книги ги препознава форматите на е-книги на вашата SD картичка и автоматски ги додава во листата. Читањето никогаш не било полесно.Bluetoooth, дигитален компас, акселероме-тар, канцелариски алатки, е-пошта, умно бирање (мојата омилена Android опција) се уште нешто што зеленото Android 2.3 робот-че може да ги среди за вас. Во моментов тоа страшно се досадува чекајќи на полица во T-Mobile продавница – дајте му работа, го бива!

Ј. Г.

Најновиот фејслифт на најдобрата Android серија од HTC го потврдува марке-тиншкиот слоган со кој се продава – „Земи го најдоброто – и подобри го!“

Телефони: HTC Desire S

8 Твој Клуб

ЖЕЛБА ЗА ПОВЕЌЕ

Page 9: Tvoj Klub 78 Final Final

ZTF e четвртиот најголем производител во светот според бројот на продадените уреди. Добро, и не е толку страшно - и HTC беше „не-којси кинески производител“ пред 3-4 годи-ни. Фокусирајќи се на она што се нуди (а не на логото на ZTE), „од прва“ може да се за-бележи дека се работи за производ сосема сличен на конкурентските - дисплеј од 7” (17,8 cm) дијагонала на екранот со резолуција од 800 x 480 и само 400 грама тежина. Мора да се признае дека карактеристикиве се идеал-ни за искрено дефинирање на уредот како мобилен. Денешните преносни компјутери – лаптопи, делуваат големи како фрижидери кога ќе се постават до ZTE Smartpad.

9

СИТЕ ЗА ТАБЛЕТ, таблет за секого!Не мина долго време од појавувањето на првиот таблет на македонскиот пазар, до појавувањето на верзијата која секој може да си ја дозволи. Се работи за таблет со Android 2.1 произведен од ZTE. што? Не сте чуле за ZTE?

Твој Клуб

ZTE V9 Smartpad

А ФУНКцИОНАЛНОСТА? Интернет, социјални мрежи, разговори, филмови, е-книги, e-пошта, SMS, канцелариски алатки и сите апликации што можат да се пре-земат од Android маркетот – ви треба ли нешто повеќе од мобилни-от уред? Можеби малку појак процесор од Qualcomm MSM7227 600 MHz, ама тоа речиси и не се чувствува. Интернет пристапот е овоз-можен преку 3G мрежата со помош на вградената SIM картичка која во T-Mobile може да се добие со некоја од податочните тарифи, купу-вајќи го и самиот уред по супер цена. Доколку, пак, имате безжична мрежа во вашиот дом, на работа, или во омиленото кафуле, можете да го користите и вградениот WiFi адаптер. Одлична играчка за пом-ладите членови на семејството кои ќе ве оставаат раат на вашиот „се-риозен“ таблет или лаптоп, додека не сфатите дека ги правите сосе-ма истите работи - Facebook и Angry Birds.

Фронталната камерата можете да ја користите за разговори преку видео повик или Skype, а заднинската од 3 MP, иако не е јака стра-на на уредот, ќе заврши работа... ZTE e идеален придружник за пату-вање – било да се работи за гледање филмови на задното седиште, читање е-книги, навигација до саканата дестинација со вградени-от GPS или за одговарање на службена е-пошта, а батеријата од 3400mAh сигурно ќе издржи 6-7 часа агресивно користење.Вградени се и FM радио, дигитален компас, акцелерометар и Bluetooth преку кој може да се приклучат слушалки со микрофон за да се користи уредот за разговори.

Ако по сето ова, сè уште ви пречи другите да го гледаат она ZTE лого и само затоа не би го купиле, имајте предвид дека шишенце ацетон чини само 50 денари... Ј. Г.

Page 10: Tvoj Klub 78 Final Final

3. Скопски моден викенд

10 Твој Клуб

Од 23 до 27 март се одржа третата сезона на Скопскиот моден викенд (по угледот на познатите светски модни недели, нарекувана и SFW – Skopje Fashion Weekend) која го раздвижи градот во вистинската смисла на зборот. Концепциски фино распоредена во три логични делови, од ексклузивното отворање со ревијата на Ристо Бимбилоски, преку свежата идеjа за тематска ревија на модните новинари, па сè до третиот официјален, ревијален дел кој, за среќа, прерасна во платформа за лансирање млади дизајнери, Скопскиот моден викенд ја заслужи определбата „значаен настан“, за среќа на македонската мода и во прилог на градењето на македонската модна сцена.

РИСТО БИМБИЛОСКИ: СВЕЖ СВЕТСКИ ЗДИВ И ГЛОБАЛЕН МОДЕН ПРИЗВУКРевијата на Бимбилоски со која се отвори СМВ донесе свеж бран од светот. Со

задоволство констатираме дека имавме ексклузивна можност да бидеме почестени со меѓуколекцијата есен 2011 на еден од најуспешните македонски дизајнери во Париз и њујорк. Бимбилоски се претстави во Скопје непосредно по презентацијата на неговата колекција есен-зима 2011/12 која во њујорк доби извонредно пофални критики од најрелевантни проследувачи кои генерално ја оценија како „едно од

Сите оние кои наложуваа дека градот не може да биде вис-тинска метропола без свој моден викенд, најпосле можат да бидат задоволни: Скопје го доби и го потврди она што заслужуваше да го има, она што му следуваше како на се-која метропола!

најголемите освежувања на последниот њујоршки моден викенд“.Неговото прво претставување во Скопје беше со колекцијата „oмаж на гранџ-стилот“. Како и во претходната линија есен-зима 2011, и моделите презентирани во Скопје се засновани на животински шари. Сите отпечатоци се со зголемени форми, зашто сака моделите да изгледаат како да се видени низ очи на дете, кога сè изгледа преувеличено - и во убавината и во стравот. Вели дека имал потреба да се врати на своите корени во Македонија, кога имал 17-18 години кога бeше актуелен гранџ-стилот. Објаснува дека за да се занимаваш со ваква применета уметност, треба да имаш љубопитност и потреба за искажување и дека со секоја колекција тргнува од она што не го сака, од конфликтот што го има во себе, како

ТРАдИЦИјА И НАСлЕдСТвОРисто Бимбилоски е источно-западна верзија на тоа како се комбинира авангардното кроење во пазарот на „реди ту вер“. Неговата интернационална успешност се должи на колекциите базирани на плетени и модели со геометриски и вселенски отпечатоци. Движејќи се постојано на релацијата Њујорк-Париз-Охрид, неговата биографија ја бележи работата на машката плетена колекција за светски познатиот бренд „луј Витон“, при што на самите почетоци добива поддршка од славниот дизајнер Марк Џејкобс. Ристо го сакаме не само поради неговата неодоливо издржана привлечност, туку и поради силната порака што ја праќа потпирајќи се на традицијата и наследството.

РАЗДВИЖУВАњЕ на градот

Page 11: Tvoj Klub 78 Final Final

11Твој Клуб

и секој човек. Интересно е што прв почна да ги употребува ѕвездените мотиви, но сведоци сме дека потоа Кристофер Кејн ја доби сета слава... Креациите на Бимбилоски ги носат музичарката Кортни Кокс, поп-ѕвездата Кети Пери и влијателната 13-годишна блогерка Тави Гевинсон. Неодамна во негов фустан се појави и Каролина Гочева.

„ЛУДУС“: МЛАДА ЕТИКЕТА СО ЈАСНА ПОРАКА Вториот дел од првата вечер на СМВ беше еден вид надоврзување, концепциски соодветно прикажано преку ревијата на брендот „Лудус“. Оваа млада етикета од тимот на истоимената концептуална продавница е производ на веќе препознатливиот стремеж кон модата и автентичниот дизајнерски израз, значи токму кон она што константно недостига на домашната сцена. Новопласираната модна етикета „Лудус лав фешн“ ја промовираше својата втора колекција на Скопскиот моден викенд. Таа се однесува на разновидните емоционални состојби на жената и токму затоа е и отворена за различни индивидуални интерпретации. Колекцијата е на линија на актуелните модни трендови, но оди и понатаму... Се реферира на изгледот типичен за 60-те, 70-те и раните 90-ти. Пред сè тоа се преземањата од машките кроеви, особено од долната облека (на пример, маицата) и нивна реинтерпретација во луксузни материјали, но и од класичното кроење типично за машката мода... Сè на сè - една игрива колекција податлива за облекување и носење.

ВИЗИИТЕ НА МЛАДИТЕ ДИЗАЈНЕРИМодата секогаш смета на етаблираните дизајнери, но нејзината движечка сила се

младите во подем. Затоа ниту еден моден викенд, па ни нашиот, скопскиот, не може да помине (дури и целосно да се потпре!) на нив. Двете ревијални вечери од СМВ беа пополнети со презентациите на млади македонски дизајнери што остави впечаток на компактност на идејната замисла. Со ова се отвори простор за струење на новата свежа модна идеја, за првиот чекор на младите дизајнери што понекогаш е и најтежок. Она што го видовме во „Пентхаус“, во Тц „Соравија“ беа колекциите на младите: „Кокев-Кадриу“, Олгица Ѓоргиева, Елена Спасовска, Емилија Тасевска и Роберт Ивановски. Генерално, венецијанските маски, патувањето во иднината, урбаното племе и барокните фустани се дел од визиите на младите македонски креатори и етикети за сезоната пролет-лето 2011.

„КОКЕВ-КАДРИУ“ Модниот тандем „Кокев- Кадриу“ понуди 30 изгледи од кои 15 фустани за свечености

и исто толку венчaлни - сите во знакот на пролетта и на цвеќињата. Првиот дел - коктел-моделите, содржат пастелни нијанси: корали-црвена, розова, виолетова, крем и сина. Тања Кокев и Мила Кадриу вметнале и елементи во потемни бои, за да ја засилат драматичноста. Моделите се најчесто корсетно конструирани со лелеавост во долниот дел, со цветови што се отпечатени или извезени врз ткаенината, а кај некои креации беа дошиени како платнен украс, но напати и несоодветно решени... Нивната посилна страна во која доминираат и на која и понатаму треба да се базираат се венчалните фустани.

ОЛГИцА ЃОРГИЕВА Ова беше 9. јавен настап на веќе препознатлива млада дизајнерка Олгица Ѓоргиева на кој таа ни ја претстави својата досега најзрела колекција, се чини директно надоврзувајќи се на својата прва колекција. Ова овозможи „од прва рака“ да ја видиме нејзината творечка еволуција. Линијата е

НОвИНА: „MuSt have. ТРЕНдОвИ пРОлЕТ- лЕТО 2011”Новина на манифестацијата СМВ беше фото изложбата подготвена од наши познати модни новинари и уредници, насловена „Must have. Трендови пролет- лето 2011”. Свежата идеја беше разложена и низ прикажување на тематски организираната истоимена модна ревија реализирана како дело повторно на најзначајните модни новинари: Бојана Максимовска - „Unique“, Катерина Трајановска – „1Е Магазин“, Небојша Толевски – „Теа Модерна“, Ана Несторовска - „Дневник“, Снежана Богдановска Јаначковска - ТВ Телма и лејла Сабит – „Вест“. Оваа новина ја прошири димензијата на професијата моден новинар, откривајќи дека трендовите никогаш не се изненадување за познавачите, зашто не се појавуват оддеднаш туку секогаш се дел од некаква тенденција која трае со сезони. Новинарското искуство е од помош во толкава мера што секогаш мора да сте упатени во нештата, но за моден новинар пред сè е императив да ги насети нештата пред да бидат официјално пласирани. Поентата на оваа несекојдневна фото-изложба и ревија беше да се покаже дека за секој од трендовите постојат соодветни алтернативи, дека дури и во услови на ограничена понуда, буквално секој може да оформи своја лична приказна.

Page 12: Tvoj Klub 78 Final Final

наречена „9“ и нејзината најсилна подлога за изразување е футуризмот, при што оди на сигурни, практични варијанти, кои како крајно решение изгледаат податливо за носење. Низ целата колекција се провлекуваат стилизирани елементи од машкиот костум и кошулата. Застапени се транспарентни материјали: свила, жоржет, памук, во бела, крем, црна, мастило-сина боја, со метални елементи и додатоци.

СПАСОВСКА, ТАСЕВСКА И ИВАНОВСКИ Групната презентација на Спасовска, Тасевска и Ивановски, поддржана од „Лукс“, се наметна во знакот на театарот и костимографијата. Елена, инспирирана од венецијанските маски, дизајнирала практични креации, приспособени на актуелната мода и надоградени со интересно конструирани детали. Креаторката, која во своите досегашни колекции ја глорифицираше витешката страна на современите девојки, овој пат прави спој меѓу историскиот костум и трендовите, потенцирајќи ја при тоа романтичната страна на жените. Тасевска со колекцијата „Гардероберот на една актерка“ дебитираше пред македонската јавност, и таа како и Спасовска, се инспирирала од историски креации приспособени на потребите и стилот на современата жена. Роберт Ивановски, кој својот препознатлив белег го изгради врз својот готик-стил, со линијата Street Tribe („Улично племе“) внесе големо освежување на СМВ. Колекцијата, инспирирани од сликите и графитите на Кит Харинг, звукот на африканските тапани и уличната мода во њујорк, е успешно отстапување од доминантниот т.н. дарк стил на авангардниот автор. Посебен впечаток остави со презентацијата на која манекенките и манекените се појавија во форма на племе. Генерален заклучок е дека Ивановски акцентот го ставил повеќе на уметничкиот, отколку на дизајнерскиот исказ.

СТУДЕНТСКО И ДЕБИ ЗАОКРУЖУВАњЕ На СМВ се претставија и 14 студенти од Европскиот универзитет со по една своја креација. Ова беше една фина стилска вежба на повеќе или помалку талентирани модни дизајнери кои допрва ќе ја водат својата битка за место на модното небо. Со нивната ревија, со шоуто на талентираната креаторка Александра Митковска и со деби-презентациите на Љупка Арсова и на Нели Илиева во „Пентхаус“ во Тц „Соравија“ во неделата на 27 март се заокружи пролетното

издание на СМВ.Сепак, она по што ќе биде запомнет овој ревијален дел е настапот на веќе забележаната Александра Митковска. Нејзината авангардна колекција

„Acrylic“ остави најголем впечаток и најпрепознатлив ракопис. Колекцијата создадена и презентирана во еден здив е едно поинакво прикажување на платната на сликарот Александар Зафировски. Сликите, во чија основа има црна, црвена и бела

боја, се прeoбразени и трансформирани во корсети и фустани. Ова е очигледно добро едуцирана дизајнерка која сосем солидно ja оправдува својата диплома за моден дизајн на „Марангони“ во Италија. Накратко - автор од кој многу се очекува во иднина.

ПРИДОБИВКИ ОД СМВМодата е отворено поле на натпревар каде што силите може да ги одмери секој, зашто на крајот купувачот е тој кој го кажува завршниот збор. Токму затоа и продолжува да се води главната битка за едукација на тој истиот купувач – најважната задача на настаните од типот „Моден викенд“. Придобивката од ваквите настани е себеси да се етаблираме како авторитетен селектор на модната понуда, одвојувајќи го она што носи вистински прогрес од „наивците со желби и само желби“. И, секако, фактот што на едно место може да се види и да се спореди работата на повеќе автори.

Текст: Снежана Јанaчковска-Богдановска Фотографии: Евдокија Николова

3. Скопски моден викенд

12 Твој Клуб

Page 13: Tvoj Klub 78 Final Final

ЛАЈК ОД T-MoBILE ЗА СВОИТЕ ФАНОВИ! Ви благодариме 100 000 пати :)

13

лајк-ден

Фејсбук семејството на T-Mobile фанови ја надмина бројката од рекордни 100 000 членови! Оваа импресивна бројка e резултат на заложбите на T-Mobile да биде постојано во комуникација со своите корисници, да биде блиску до нив, да ги слушне нивните потреби, барања и желби и заедно со нив да ги сподели сите незаборавни моменти за паметење.

T-MoBILE КЛИКНА ГООООЛЕМ „LIkE“ НА СВОИТЕ ФАНОВИ!За да им ја возвратиме поддршката што континуирано ја добиваме во изминативе речиси две години на Фејсбук, организиравме ден посветен токму на нашите фанови, кој се одвиваше во четири града низ Македонија: Скопје, Велес, Прилеп и

Битола. За прв пат, нашите корисници имаа супер можност да бидат дел од големиот „Like day“ посетувајќи бесплатно повеќе културни настани: театар, кино, концерт и Зоолошка градина. Фановите билетите можеа да ги добијат со пополнување апликација поставена на нашата Фејсбук страница.

На репертоарот беа МНТ Театар „центар“, Театар за деца и младинци, кино „Милениум“ и Зоолошка градина, во Скопје; Народниот театар и кино проекциите во Домот на културата во Битола; театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и НУцК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Специјално за своите Фејсбук фанови, на 16 април, Т-Mobile го организираше првиот „Like day“ („Ми се допаѓа“ ден во Македонија), посветен на целодневно незаборавно дружење на кое корисниците добија бесплатни влезници за театар, кино и Зоолошка градина.

пРИдРужЕТЕ НИ СЕ! Фејсбук страницата на t-Mobile е креирана кон крајот на 2009 година и до сега, секојдневно го зголемува бројот на фанови, кои преку нивниот „лајк“ даваат поддршка на најголемата мобилна компанија во земјава. Оваа страница, покрај коментарите, пофалбите и критиките од фановите, постојано ги надополнува своите содржини со фотографии, видеа, линкови и информации за сите понуди и вести поврзани со t-Mobile, технологијата и телекомуникациите. Затоа, придружете се и споделувајте со најбројната Facebook дружина www.facebook.com/t.mobile.mk!

Твој Клуб

Page 14: Tvoj Klub 78 Final Final

Занимливост: Парфеми

Годинава „Шанел 5“ полни 90 години. Тој не е заборавена „старица“ потоната во своите спомени, туку вистински парфем над парфемите речиси подеднакво актуелен како и во времето на неговото создавање и појавување на полиците на... светот и на женственоста. Коко Шанел (1883-1971), една од првите професионални дизајнерки која направила сопствена револуција во модниот свет - воведувајќи ја лесната и смирена елеганција, знаела дека без парфем кој ќе го поддржува целиот нејзин моден концепт („Парфемот е подеднакво важен колку и облеката!“), „револуцијата“ нема да биде комплетна. Затоа го ангажирала Ернест Бо (1881–1961) да осмисли парфем за нејзиниот моден и животен стил. Бо понудил повеќе мирисни ноти, а таа го одбрала предлогот број 5, главно водејќи се според својот омилен број или, можеби дури и од суеверие... Како и да е, парфемот „Шанел 5“ бил роден. Неговите заштитни лица се менувале низ годините, од Мерлин Монро, Катрин Денев, Карол Букет, Ванеса Парадис, Никол Кидман, сè до Одри Тату - актуелното заштитно лице на легендарниот парфем, првиот на кој е втиснато името на моден креатор. И, како што сите успешни креации ги надживуваат своите создавачи, така и парфемот на првата дама на женската мода продолжил да живее и по физичкото

сепак се случува малку подоцна, во 19 век, кога младиот Пјер Франсоа Паскал Герлен ја отворил првата продавница на улицата „Риволи“ во Париз во којашто продавал помади, сапуни, пасти за заби и парфеми... Набрзо Герлен се збогатил и прославил, а ваквите продавници почнале да никнуваат во сите поголеми градови. Оттогаш наваму, главно сè ни е повеќе или помалку познато.

ВТОР ЧЕКОР: ТРИСТАТЕ „НОСОВИ“ НА СВЕТОТДа се биде креатор на парфеми, тогаш, сега, а веројатно и секогаш, е исклучителна професија која не може да се оствари спонтано и на ниво само на силна желба. Со оглед на фактот дека носот е најважната „алатка“ во оваа професија, сосем разбирливо е што и самите креатори на парфеми се нарекуваат со истото име, всушност – титула. Она што е „нос“ во парфемската индустрија е идентично со она што се нарекува „апсолутен слух“ во музиката. Денес на светот постојат најмногу 300 „носови“, т.е. 300 врвни креатори на парфеми. Оваа мала, исклучителна група стручњаци ја имаат поминато несекојдневната и мошне комплицирана обука во траење од 5 до 6 години на Високиот институт за парфеми во Париз. Научно е докажано дека просечниот човек

14 Твој Клуб

На секои 55 секунди во светот се продава по едно шишенце од парфемот „шанел 5“ кој прв пат се појавил на пазарот на 5.05.1921 година. Ова поигрување со „петката“ заедно со 90. роденден на еден од најпознатите парфеми на сите времиња го одбележуваме со пролетна, мирислива приказ-на во пет чекори токму во петтиот месец од годинава. :)

заминување на Коко, како олицетворение на нејзината толку цитирана реченица: „Модата избледува, само стилот останува ист.“

ПРВ ЧЕКОР: ИСТОРИЈА Месопотамците први почнале да произведуваат парфеми уште пред нашата ера. Тапути е првиот „парфемџија“ запишан на клинесто писмо. Иако причините поради кои се спалувале темјан и ароматични билки биле религиозни, сепак ваквите мириси per fumum (низ чад) се најстарите предци на парфемите. Оние, пак, кои први почнале секојдневно да ги користат парфемите, воведувајќи го стакленото шишенце (инаку, нивно откритие од порано) како вообичаен сад за чување се Египќаните. Парфемот, во вистинската смисла на зборот како што денес го употребуваме, се поврзува со средновековието и со познатиот арапски лекар и алхемичар Ибн Сина (прославен како Авицена). Тој користел алкохол за да ја издвои есенцијата од цветовите со што ги удрил темелите за масовно производство на парфемите во течна состојба. Значителен придонес за популаризирање на парфемите се припишува на Катарина Медичи

(1519-1589) која по мажењето за Анри II, заминувајќи во Париз од својата родна Италија со себе го зела и личниот креатор за парфеми. Златното доба на парфемите

МИРИСлИВА ПРИКАЗНА во 5 чекори

Page 15: Tvoj Klub 78 Final Final

15Твој Клуб

(www.farina.eu), заради толку славната „колонска вода“ чиешто име доаѓа од англиската и француската варијанта на името на градот – Колон/Колоњ, но и заради тоа што токму овој музеј е единствениот во светот кој нуди разгледување и за слепи лица. Имено, музејот обмислил интересна понуда со водич (исто така слеп) кој ги пречекува слепите туристи и на еден оригинален начин ги води низ музејот. И посетителите и водичот уживаат во она што го мирисаат, а останатите - и во тоа и во самата глетка на слепите групи, затоа што водичот е облечен како Фарина кој далечната 1709 ја измислил познатата „Колонска вода“, а музејот всушност е негова спомен-куќа, но истовремено и фабрика за парфеми со која раководи осмата генерација од семејството Фарина!

ЧЕТВРТИ ЧЕКОР: СЕКОЈ ПАРФЕМ ИМА... ... своја „глава“ (првичниот мирис што допира до нас непосредно по распрснувањето), „срце“ (тоа е втората, вистинската фаза од животот на мирисот која започнува откако ќе испари „главата“), зацврснувач (елемент што го намалува испарувањето) и база (последната фаза од животот на мирисот, она што останува на крајот, како мирислива трага или спомен)...

ПЕТТИ ЧЕКОР: СЕКОЈ НОС ЗНАЕ... Кога купувате парфем, направете го тоа наутро, зашто просечниот човеков нос во тој период од денот е најчувствителен и најнеоптоварен со меморирани мириси. И, не заборавајте, боите на парфемите и на нивните шишенца никогаш не се случајни! Ако сте тип што користи парфеми во проѕирни или светни шишенца, не прибегнувајте лесно кон црвените или темните! За која марка и да се работи, проѕирните шишенца „кријат“ класична елеганција, свежина и леснотија, нежнорозовите – цветни мирисливи ноти, црвените, виолетовите и темносините во основата секогаш ги имаат сензуалните ориентални мириси... Не мора да сте „нос“ за да го знаете ова, доволен ви е вашиот скромен и просечен орган за мирис.

О. Ќорвезироска

може да препознае 10 000 различни мириси, а за оваа способност заслужни се околу 350 рецептори на слузокожата на носот. Исто така, докажано е дека на светот доаѓаме без развиено сетило за мирис кое подоцна во животот се развива, созрева и се шири како заедничко сознание сè до староста, кога сетилото за мирис се враќа од каде што тргнало, во „бебешкиот период“ кога, всушност, и не постоело... Тоа е природниот пат на сетилото, иако, од случај до случај, од човек до човек, се среќаваат најразлични варијанти и способности за чувствување и препознавање на мирисите. Сепак, не треба да се пренебрегнува разликата помеѓу носови и „носови“. Едните се бројат во милијарди, другите се најмногу триста.

ТРЕТ ЧЕКОР: ГРАС, ГЛАВНИОТ ГРАД НА ПАРФЕМИТЕ Парфемската индустрија е посериозна и поважна во секоја смисла отколку што ни се чини додека се прскаме со својот омилен парфем на излегување. Сериозноста на овој значаен аспект на современото живеење се препознава и во повеќето музеи на парфемите низ Европа, на чиешто чело, секако, се наоѓа Музејот во Грас, француското гратче кое се смета за Главен град на парфемите во светот. Грас (www.ville-grasse.fr) се наоѓа на 15-тина километри северно од Кан, опкружен со најпознатите цветни плантажи на светот. Во него биле сместени 30-тина престижни лаборатории. На почетокот, во 16 век, градов бил познат по изработката на мирисливите ракавици, но кога ракавиците си заминале од модата, зад нив, сепак, останале мирисите. Туристите и ден денес во Грас задолжително прават обиколка на фабриките и го посетуваат Музејот на парфемите (www.museesdegrasse.com). Макотрпниот процес на добивање на цветниот концентрат овде е доведен до совршенство. Бидејќи дополнително е и долготраен и многу прецизен, сè што доаѓа од Грас е исклучително скапо и можат да си го дозволат само ексклузивните парфимерии. Инаку, музеи на парфеми постојат и во други градови во Европа и светот; ќе го издвоите само уште оној во Келн, Германија

Page 16: Tvoj Klub 78 Final Final

Нови апликации

Ако сте отвориле „Нова Македонија“ на 24 февруари ќе сте го прочитале следниов наслов: „Прв организиран Форсквер-собир во Македонија“. Во него се спомнуваат Твитер, хаштаг, #4sqmk,.. ништо не ви е јасно?

ИГРА НА ОТКРИВАњЕСекој корисник може да пријави ново место во мрежата на локации на Форсквер и да го смести во одредена категорија, и тука почнува битката за „градоначалници“. Ако се најдете во непознат дел од градот или

пример да препорачате нешто од менито или амбиентот и да ги видите сите tips кои се оставени од други корисници. Одлична занимација за урбаниот авантурист и мапа на популарноста на градот,

16 Твој Клуб

Колку пати ви се случило да го заборавите телефонот дома и да се вратите по него, затоа што е пов-реден и од паричник? Во постојано движење сме, секогаш со нашите мобилни електронски прија-телчиња. Вистинската забава започнува кога тие мали пријателчиња ќе нè спојат со нашите мили пријатели од вистинскиот живот, правејќи ни го животот поубав. Со потекло од Силиконската доли-на, најновиот хит во мобилните апликации ни го нуди Форсквер (Foursquare), апликацијата со која се „чекирате“ каде сте, станувате „градоначалник“ ако доволно често сте на едно место, а група на многу корисници на едно место прави „рој“. Забавата е таму каде што сте!

едноставно не знаете каде да излезете во среда навечер, можете да видите кои места се најпопуларни кај вашите пријатели, по категории. Освен тоа, можете да оставите tip за одреденото место, на

А шТО Е ТОА ФОРСКВЕР?Форсквер е гео-локациска апликација која се инсталира на вашиот телефон, се поврзува со GPS уредот на телефонoт, ги наоѓа местата околу вас и вие се „чекирате“ или „пријавувате“ дека сте во ноќен клуб „Сектор“, дека плаќате сметка во Т-Mobile во ГТЦ или сè уште сте на работното место...

ФОРСКВЕР: ЗАБАВАТА Е таму каде што сум јас!

Page 17: Tvoj Klub 78 Final Final

пак, за зајакнување на брендот со оставање tips. Кај нас, порталот 365.com.mk ја награди заедницата со огромен број на tips кои го збогатуваат искуството на урбано откривање, а брендови како Dormeo почнаа срамежливо да се појавуваат со свои понуди на пазарот. Во Скопје има 6 места кои нудат некаква награда за вас, откријте ги и забавувајте се во играта!

МАПА НА ВАШЕТО ЗАДОВОЛСТВОНе е доволно да го прочитате овој текст и да одлучите дали припаѓате во страстните обожаватели или во оние другите. Преземете ја соодветната апликација за вашиот телефон од App Store, Android Market или ovi Store, пробајте дали ви одговара модусот на урбано откривањe – и сами исцртајте ја мапата на вашето задоволство во градот!

Калина Зографска

17Твој Клуб

ИЗНЕНАДУВАњА, НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ ЗА БИЗНИСИТЕЕдна од најпривлечните придобивки од користењето на оваа апликација, освен виртуелните награди како „градоначалник“ или беџ е можноста за вистинска награда на одредени места. Значи, доколку сопственикот на одреден локал (кафуле, дискотека, кино, слаткарница...) одреди дека на „градоначалникот“ му следува одреден попуст, или дека ако се задоволи условот петмина да се пријават во исто време, им следува попуст – само треба да го покажете вашиот телефон на службеното лице и го добивате ветеното. Речено – сторено! Многу брендови го користат Форсквер за наградување на лојалноста на своите корисници, на пример Starbucks, други за промоција на своите производи – како билборд кој дава бесплатен примерок храна за кучиња со секое пријавување на него, или

изградена според критериумот на вашите пријатели. Пријатели, но во исто време и... конкуренција.

ТРКА (БИТКАТА Е ЛУТА, А ПОБЕДАТА – СЛАТКА)Ако доволно често се пријавувате на некое место, станувате „градоначалник“ или „mayor“, а верувајте на популарните места трката за „градоначалник“ бара многу шетање и пријавување! На пример, голема трка е да се биде „градоначалник“ на ГТц или на „Рамстор“, Плоштад Македонија, „Дал Мет Фу“ и слични многу прометни места. Станувате „градоначалник“ кога ќе се пријавите повеќе пати од претходниот „градоначалник“, па битката е лута, а победата - слатка. Освен тоа, собирате поени за секое пријавување, а добивате повеќе поени по различни основи – сте се пријавиле заедно со „градоначалникот“, се пријавувате на место каде вашиот пријател е „градоначалник“, првпат се пријавувате во место со одредена категорија итн. Освен тоа, посебно слатки подароци се т.н. беџови, кои ви се доделуваат (како на извидниците), кога ќе направите нешто со одреден услов – ако се „чекирате“ во место означено како Coffee Shop 10 пати, ќе го добиете Fresh Brew беџот, а ако се „чекирате“ 10 пати во место категоризирано како Yoga Studio, добивате беџ со име Downward Facing Dog. Дури има и едно „чекирање“ од вселената!

ЗАЕДНИцА Се разбира, да играте игра сам воопшто не е забавно, нели? Затоа велиме дека половина од играта се пријателите кои ги имате на Форсквер. Можете да ги поканите пријателите од Твитер и Фејсбук, или да поканите некого по електронска пошта. Во секое време можете да следите каде се пријавиле вашите пријатели и да оставите коментар или да закачите слика на некое пријавување. Галериите на слики остануваат врзани за тоа место, па случајни „поминувачи“ ќе можат да ги гледаат и во иднина. По желба, можете да ги поврзете вашите движења и по другите социјални мрежи и да правите broadcast насекаде.Создавачите на Форсквер бездруго насетувале дека заедницата е тајната состојка зад нивниот успех, па ги пресликале тркањето и играњето во групна активност; така ќе добиете специјален беџ т.н. „рој“ или „сворм“ ако се чекирате со 50, 250 или 500 луѓе истовремено. Тоа се случи во Македонија - тоа е веста во „Нова Македонија“ со која го започнавме овој текст. Во „Рамстор“, стотина луѓе се пријавија една сабота на крајот од февруари, и ги ставија Скопје и Македонија на картата :) Тоа е една од оние работи – или си страстен обожавател или те иритира. Во која група спаѓате вие?

ЕлЕНА ХРИСТОВ, МЕНАЏЕР НА КАФЕ-БАРОТ „ОПЕРА“ ЗА ВРЕДНОСТА НА ФОРСКВЕР„Како новоотворен кафе бар моравме да најдеме начин за да си го обезбедиме нашето место меѓу големиот број локали, па се обидовме да ги искористиме можностите што ги нуди интернетот. Покрај тоа што сме активни на веќе популарните социјални мрежи Фејсбук и Твитер, се решивме да се активираме и на Форсквер и да понудиме специјална понуда за 10% попуст за оној кој ќе ја заслужи титулата ‘градоначалник’ на кафе-бар ‘Опера’. Иако Форсквер не беше популарен на почетокот, во последно време се забележува зголемен број ‘чекирања’ најверојатно со порастот на понудата за паметни телефони од нашите оператори, поради што сме презадоволни. Форсквер е доста интересен, особено за новите бизниси, бидејќи преку корисниците многу брзо може да се рашири добриот збор, но мора и да се внимава затоа што лошиот се шири уште побрзо. Ги цениме и се радуваме на сите ‘совети’ и фотографии кои нашите гости ги споделуваат со нивните пријатели преку социјалните мрежи на нашите профили. Со новата верзија на мобилната апликација на Форсквер беа додадени нови можности за промоција на ‘специјални понуди’, па во план ни е наскоро преку нив да промовираме и понуда на летно мени со ладни кафиња и нови коктели.“

Page 18: Tvoj Klub 78 Final Final

18

сипедска кацига, додека денес се состои од мали веб камери и проектори со големина на кутија цигари кои

корисникот ги носи околу вратот. Со тоа доаѓа и смарт-фон кој го „врти“ SixthSence софтверот и овозможува поврзаност со интернет.

„ДИГИТАЛНО ОКО“Камерата служи како „дигитално око“, односно ги снима движењата на палците и пока-залците на корис-никот. Софтверот на смартфонот

ги бара информациите на интернет кои би можеле да бидат од корист во моментот и тогаш проекторот ја презема работата. Да речеме дека сте во книжарница и држите книга. SixhtSence ќе го препознае тоа и ќе се поврзе на Amazon.com. Потоа ќе ви ги

прикаже рецензиите и цените на самата обвивка на кни-гата. Исто така системот се приспособува кон корисникот,

така што можете да одберете некој друг сервис (наместо Amazon) за преземање податоци. Хардверот кој е користен за прототипот и не е толку скап, само 350 дола-ри, но софтверските барања е потешко да се исполнат, бидејќи системот сето време се обидува да открие каде се наоѓате и што сакате. Заради тоа е тешко да се прават апликации од едно место, па водителите на проектот решиле SixhtSence да биде отворена (open source) платформа, така што сите заинтересирани ќе можат да прават апликации за него.

Никој кој работи на развојот на SixthSence технологијата не верува дека во целост ќе бидат заменети лаптопите и смартфоните, туку дека во не-кои ситуации преку неа ќе биде поедноставно да се дојде до саканите ин-формации. Водителите на проектот на шега додаваат дека нивниот изум е барем социјално поприфатлив, од, да речеме, Bluetooth слушалките, чии сопственици на улица изгледаат како да зборуваат самите со себе.

Се сеќавате ли на сцените од филмот „Малцински извештај“ каде што Том Круз на работното место намес-то екран на компјутерот работи во воздух на проекција на слика која се појавува во воздухот!? Или кога инспекторот Хорацио од CSI Мајами решава некој случај со помош на слична компјутерска технологија и интерфејс, ефективно завршувајќи го со некоја „мудра“ реченица и драматично ставање на очилата за сонце!? Епа, верувале или не, оваа технологија од филм веќе се префрла во вистинската реалност.

Твој Клуб

Нови технологии

SIXTHSENSE: Иднината на преносните компјутери

Умните „чичковци и тетки“ од Институтот за тех-нологија на Масачусетс (Massachusetts Institute of Technology - MIT) решиле светот на преносните компјутери и смартфони да го „извадат“ од вообичаената форма и од сè што е околу нас. Всушност, решиле да направат компјутер, или поедноставно, револуција на сè што знаеме досега за компјутерите и за теле-фоните. На овогодишната Computer-Human Interaction (CHI) конференција во Бостон претставен е нај-новиот прототип SixhtSence, носечка платформа која го проширува физичкиот свет на дигитални информации, пре-ку управувањето со помош на гестикулации. Замислете си да можете да ја проверите вашата е-пошта на која било и каква било празна површина (ѕид, столче и слично), едноставно цртајќи го „мајмунчето @“ во воздухот со прст, или да проверите колку е часот со цртање круг во воздухот што ќе резултира со проекција на аналоген часовник. Сакате да фотографирате? Само спојте ги палците со показалците во облик на рамка и веќе сликате!

„ГЛУВИ И СЛЕПИ“ КОМПЈУТЕРИД-р Пати Мајс (Pattie Maes), водителот на проектот, вели дека денешните преносни компјутери се корисни, но се „глуви и слепи“, т.е. мораме да престанеме да го работиме она што го работиме за да можеме да ги побараме информациите што ни се потребни во моментот. „Сакаме да направиме систем кој донекаде ќе разбира каде се наоѓа корисникот, што работи и со кого е во интеракција. SixthSence тогаш активно може да му ги дава достапните информации на корисникот, во зависност од ситуацијата“, вели Maјс. SixthSence веќе доста се има променето откако идејата е зачната мината-та година. Во почетокот се состоел од веб камери прицврстени на вело-

Page 19: Tvoj Klub 78 Final Final

ВИСТИНСКИ ШТЕТИ И РЕШЕНИЈА ЗА НИВШтети направени од сончевите бури на 10 март 1989 година до земјата стигнале на 13 март при што цела една електро-централа во Канада останала без струја, а дефектот го поправале цели 9 часа. Низ многу американски држави истата бура предизвикала помали или поголеми избивања на трансформаторите за струја. Еден сензор на шатлот Дис-

кавери (Discovery) кој неодамна замина во заслужена пензија, пока-жувал ненормално голем притисок на резервоарот за гориво. Додека „долу“ на земјата се подготвувале и за најлошото, „горе“ поминала бурата и сензорот целосно се стабилизирал – „самиот од себе“. Оттогаш, компаниите, телекомуникациските оператори, енергетските компании,.. дури и НАСА, по секоја најава за сончева бура или ги исклучуваат апаратурите со нежна електроника или инсталираат апа-ратури за минимизирање на статистичкиот електрицитет секаде каде што е можно. Како и да е, бидејќи сме цивилизација која е целосно зависна од електронските комуникации, ќе трпиме некакви последици на секои 11 години кога се појавуваат сончевите бури...

З. цоцовски

19

Сте гледале сигурно некој филм во кој некое супер моќно тајно американско (секогаш е американско) оружје само со еден електромагнетен пулс (ЕМП) ги спржува сите електронски направи во радиус... во зависност од филмот. Епа, верувале или не, нешто такво (само во не толку холивудско драматични разме-ри!) ни прави нашето Сонце на секои 11 години!

Твој Клуб

ОПАСНОСТ ШТО ДОАЃА ОД НЕБОТОСонцето периодично ја засилува и ја намалува својата активност, во период од приближно 11 години. Кога тоа е најактивно, на неговата површина се случуваат гигантски бури кои ослободуваат огромни количества од сите можни видови јонизирани честици и силни елек-тромагнетни бранови. Од земјата овие бури се гледаат како потемни дамки на сончевата површина, затоа што тие површини се од две до три илјади Келвинови степени постудени од околината. Кога ослобо-дените честички и електромагнетни бранови ќе стигнат до Земјината атмосфера предизвикуваат многу проблеми какви што се пореме-тувања во комуникациите и системите за навигација, откажување на работата на сателитите, испаѓања на далеководите и централите од системите за електодистрибуција и др. Според најновиот компјутерски модел, почетокот на новиот циклус на сончеви дамки беше на крајот од 2007 година, а се очекува неговиот врв да биде следната - 2012 го-дина. Според научниците, уште една група луѓе со нетрпение го чека циклусот на сончеви дамки – радиоаматерите. Честичките кои ги еми-тува сонцето придонесуваат јоносферата многу подобро да ги одбива радиобрановите назад на земјата, овозможувајќи одлични краткобра-нови врски од едниот крај на земјата до другиот. Верувале или не – и покрај мобилните телефони и интернетот, огромен број ентузијасти сè уште сакаат да воспоставуваат контакт преку сопствени радиостаници.

„ГИГАНТСКИ БАЛОНИ“Сончевата експлозија е гигантски процес на Сонцето, кога наеднаш се ослободува енергија од резервата во искривени магнетни полиња (обично над сончевите дамки). За неколку минути сончевата материја во тој регион се загрева до повеќе од милион степени, доаѓа до ерупција на електромагнетно зрачење во широк спектар – од радио бранови до рентгенски и гама зраци. Денес, при активно користење на сателитските и мобилните врски, земајќи го предвид развојот на космичките технологии, последиците можат да бидат најнеочувани. Сепак, научниците се надеваат дека ќе успеат со голема прецизност да го претскажуваат периодот на наредните сончеви бури, неколку дена, па макар и неколку часа пред нивното избивање. Тоа ќе им овозможи на телекомуникациските и енергетските компании да преземат неопходни мерки со цел да ја заштитат својата опрема од соларната активност.

СОНцЕТО И КОМУНИКАцИИТЕ

Page 20: Tvoj Klub 78 Final Final

Ексклузивно: Концертот на „Џамироквај“ во Виена

КОИ СЕ, ВСУШНОСТ, „ЏАМИРОКВАЈ“?Со завиден ентузијазам, професионалност и музичка перфектност, „Џамироквај“ се извонредна британска џез-фанк и асид-џез формација, која својата кариера ја започна во 1992 година во Лондон, предводена од шармантниот Џеј Кеј. Оттогаш наваму, галопираат на топ листите со повеќе од 20 топ синглови, над 25 милиони продадени копии од своите 7 студиски албуми, Греми награди, платинести изданија, и еден куп признанија, отмено спакувани во неверојатната 19-годишна кариера. По неколку претрпени измени во составот, моменталната постава на бендот, која повеќе од очекуваното ја растресе и воодушеви публиката во „Штадхале“, Виена, е: Џеј Кеј (Jay kay) фронтмен и вокал, Дерик МекКензи (Derrick Mckenzie) тапани, Роб Херис (Rob Harris) гитара, Шола Акингбола (Sola

Akingbola) перкусии, Мет Џонсон (Matt Johnson) пијано и Пол Тарнер (Paul Turner) бас гитара.

„ОДИТЕ ДО ВИЕНА, САМО ЗА КОНцЕРТ?“ Изминатите 1 038 километри автопат на релацијата Скопје – Виена, веројатно не значат многу повеќе од бројка, особено кога знаете каде одите и што ве очекува таму. Кога сте запознаени со топлината и убавините на Виена во пролет, кога сте маѓепсани од гостоприемливоста и ведрите лица, сончевите градини и возвишените виенски градби. Но, пред сè... кога сте понесени од помислата за енергијата и моќните звуци што ве очекуваат... и настапот на составот што отсекогаш сте сакале да го слушнете на совршено место, во совршени услови, беспрекорно, баш како што доликува...А Виена сама по себе е бескрајна. Редум

МАЕСТРАЛНА ФАНК ОДИСЕЈАшто доаѓа кон вас со 36 000 милји на час

20 Твој Клуб

Веројатно малкумина сè уште останаа незапознаени со „Џамироквај“ (Jamiroquai) и со сензациите и фасцинациите што овој бенд ги предизвикува, подеднакво на своите студиски албуми, како и на живите сценски настапи. Она што можеби не го знае секој е дека името на бендот, всушност е игрива комбинација од поимите „Jam session“ (џем сесија) и „iroquai“, инспирирано од домородното американско племе Iroquois.

Page 21: Tvoj Klub 78 Final Final

3музеи, галерии, театри, изложби, концерти... Има толку што да се пишува, опишува и раскажува... нешта и случувања коишто веројатно ќе останат да бидат напишани во некоја следна прилика, бидејќи акцентот останува само на едно место и едно случување – „Џамироквај“ во виенската „Штадхале“.

ЏЕЈ КЕЈ: „АКО ГО ИСПОРАЧАШ СООДВЕТНО, ФУНКцИОНИРА. ЗЛАТНО ПРАВИЛО!“ За да се долови перфектноста на музиката и автентичноста во изведбата на состав како „Џамироквај“, неизбежна, а и повеќе од важна, е формата. А Виена, веројатно е совршениот избор за вакво комплетно доживување. Огромна концертна сала со совршена акустика, разбрана, културна и расположена публика, моќно, мегаломанско озвучување и студено австриско пиво, зачинето со фанки шизење и неуморна

вокална изведба од страна на харизматичниот Џеј, е секако најсоодветната испорака на пакетот од „камења, прав, светлина и ѕвезди“… И како недоброј пати досега, целта ги оправда средствата, а правилата на Џеј повторно се покажаа соодветни. „Оставете ја музиката да зборува“... да биде во центарот на вниманието... „Запрете со сè што правите и навлезете во грувот...“.

КОСМИЧКАТА ДЕВОЈКА ГО ПРЕСРЕТНА ДИСКО ИНДИЈАНЕцОТИзведбата ги надмина очекувањата … Како концертна промоција на новиот, последен студиски албум на „Џамироквај“, публиката беше подготвена да слушне поголем дел од новите хитови. Но, воодушевувањето за да биде уште поголемо, а импресиите пожестоки од кога и да е, бендот сервираше фантастична интерпретација на старите добри хитови, несебично збогатени со нови, подобри од кога и да е, џем-сесии, заводливи аранжмани, интригантни интроа и неверојатен баланс на фанки-грувот и музичката прецизност на

Британците. Извонредната сценографија збогатена со висечки планети и ѕвездени тела, пламна во мигот кога тие се појавија на сцената. Присутните „космички девојки“ испраќаа гласни воздишки и му дадоа на Џеј „нешто што никој друг не може да даде“. И како што им прилега на светските музичари, „Џамироквај“ несебично ја „употреби ја силата“ за публиката несомнено да се „почувствува токму како што треба“. Пријатно изненадена, цели два часа „едноставно танцуваше“ и неуморно ги пееше стиховите на своите омилени песни. И сосема очекувано, целата сала успеа да го почувствува слаткото „патување без движење“ кон една поинаква, музичка хармонија. Еуфорично патување низ музиката на Џеј, патување кон неповторливата фанк одисеја...

И секако, верувајќи во моќта на споделувањето, ова беше ретко фасцинантен настан којшто вредеше (и мораше) да се сподели.

Марија Старделова

НАјТОплА пРЕпОРАКА – НИКАКО НЕ пРОпушТАјТЕ ГИ!ВО РАМКИТЕ НА КОНЦЕРТНАТА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АлБуМ „ROCk DUST STAR LIGHT“, „ЏАМИРОКВАЈ“ ВО МОМЕНТОВ СЕ НА ЕВРОПСКА ТуРНЕЈА. НА НАшЕ ОГРОМНО ЗАДОВОлСТВО, ТуРНЕЈАТА ВКлучуВА КОНЦЕРТИ НА НЕКОлКу ДЕСТИНАЦИИ БлИЗу ДО НАС. ТОКМу НА 21 ЈуНИ ЌЕ НАСТАПуВААТ НА НАМ ВЕЌЕ ДОБРО ПОЗНАТИОТ T-MObILE InMUSIC FESTIVAL, А ДОКОлКу ЗАГРЕБ ВИ СЕ чИНИ ДАлЕКу, БЕЗ ГРИжИ, ЗАТОА шТО БРИТАНСКИОТ СОСТАВ ЌЕ ОДРжИ КОНЦЕРТ И НА СРПСКИОТ „ЕГЗИТ“ ФЕСТИВАл, НА ПЕТРОВАРАДИНСКАТА ТВРДИНА ВО НОВИ САД, НА ГлАВНИОТ СТЕЈЏ, ПРЕТПОСлЕДНАТА ВЕчЕР, НА 9 ЈулИ. ВО ЈулИ СЕ СПОМНуВА И СКОПЈЕ, ОСТАНуВА ДА ВИДИМЕ... ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА БЕНДОТ, НАСТАПИТЕ И АлБуМИТЕ, ПОБАРАЈТЕ НА ОФИЦИЈАлНИОТ САЈТ, КАКО И НА СОЦИЈАлНИТЕ МРЕжИ:http://www.jamiroquai.com; http://www.twitter.com/jamiroquai; http://www.myspace.com/jamiroquai; http://www.youtube.com/jamiroquaivideo https://www.facebook.com/pages/Jamiroquai/6220201117

21Твој Клуб

Page 22: Tvoj Klub 78 Final Final

22

Веб дестинации

Твој Клуб

Да не заборавиме дека интернетот нуди многу-многу повеќе од поставување фотографии од самите себе и коментирање на фотографиите на другите! Ајде да се обидеме со речникот на Facebook да постираме неколку интернет страници вредни за „сподели “ и „ми се допаѓа“ со другите „пријатели“.

е поврзано со паметни телефони, апликации, рецензии, информации, совети, идеи и сл... Де-финитивно, по ова вашиот паметен телефон ќе стане уште попаметен кога ќе ги откриете сите негови можности.

„Ми се допаѓа“: www.top-10-list.org

Сите уживаме читајќи стории од типот Топ 10 најдобро ова, најдобро она... Е, некој се сетил да направи страница на оваа тема каде во го-лем број категории се сместени текстови со Топ 10 работи. На пример, ние лично се заинтере-сиравме за Топ 10 најбрзи возови на светот, но можеби некого од вас ќе го интересира Топ 10 книги или Топ 10 производители на детски ра-боти во светот. Овде има Топ 10 нешта буквално за секого.

„Сподели“: www.fatcap.com

Додека голем дел од јавноста сè уште ги дожи-вува како вандализам, графитите во модерното општество стануваат дел од современата умет-ност, а прекрасно смислените слики ги разуба-вуваат и стануваат дел од урбаните заедници ширум светот. www.fatcap.com е веројатно нај-добра адреса на интернет за сите оние кои са-каат добри графити. А под добри графити не ги вбројуваме графитите од типот: „Љупка, ќе те сакам засекогаш. Зоран“.

З. цоцовски

„Сподели“: www.nasa.gov/centers/kennedy/shuttleoperations

Една епизода од човековите „Стар трек“ пред некој месец замина во историјата со заслужена пензија. Истражете малку, прочитајте ги инфор-мациите за шатлот Дискавери (Discovery), колку мисии имал во својот животен век, кои се поз-натите имиња кои тој ги кренал горе „кон ѕвез-дите“. Пронајдете како шатлот го добил името и други интересни детали за ова парче ѕвездена историја. Ова е официјалната страница на НА-СА посветена на шатлот Дискавери.

„Ми се допаѓа“: www.vimeo.comМинатата година речиси половината од приста-пувањата до интернет во светот биле од мобил-ни уреди како смартфони и таблет компјутери. Значи, интернетот станува „мобилен“, а предви-дувањата се дека до 2020 година речиси 80% од пристапувањата на интернет ќе бидат „вак-ви“. Затоа и сите сериозни играчи на тоа поле веќе прават уметност од своите мобилни интер-

нет страници. Рангирања се прават од познати блогови, весници, интернет страници и рено-мирани компании од таа област. Ако пристапу-вате до интернет преку iPhone, други смартфо-ни или iPad… рај за очитe ќе ви бидат секако: 0.Facebook.com, m.Flickr.com, Google.com, но овде ви го претставуваме Vimeo.com, страни-ца за споделување и „ембедување“ на видеа. Корисниците на iPhone знаат дека поради не-мањето соработка помеѓу Apple и Adobe и не-мањето поддршка на Flash за iPhone, читањето на многу веб страници и „ембедување“ видеа речиси беше невозможно. Токму овој проблем, целосно го решава Vimeo. Тој неодамна додаде HTML5 видео плеер, универзален за сите веб страници. Тоа значи дека го детектира начи-нот на кој влегувате во него и ви дава соодветно форматирано видео, она коешто го поддржува вашиот уред.

„Сподели“: www.intomobile.com Имате смартфон, iPhone, Android смартфон или Windows смартфон. Или можеби сакате да ку-пите… Intomobile како да работи 24/7 за сè што

МНОГУ-МНОГУповеќе!

Page 23: Tvoj Klub 78 Final Final

23Твој Клуб

Домашен филм: „ Панкот не е мртов“

Снимен со екстремно мал буџет за целовечерен филм, „Панкот не е мртов“ е слика и прилика на транзицијата која нè измачува веќе две декади. Блажевски својот филм го опишува на следниов начин: „Протаго-нисти во оваа црна комедија се бивши панкери кои намерно остану-ваат на маргините во матните времиња на македонската транзиција. Рутината на преживување на овие аутсајдери е нарушена со понуда од една локална НВО: да го реоформат нивниот некогашен култен панк бенд и да настапат на бизарен мулти-култи хепенинг. Целта на хепенингот е да се прикаже лажна слика за Македонија како земја со релаксирани меѓуетнички тензии. Филмот е црна комедија, нека-де во лимбо просторот меѓу road movie и драма. Документаристичен cinema verite пристап, екстремно нискобуџетен, не само продукцис-ки, туку и естетски“. За верно доловување на замислената филмска реалност на авторот се заслужни сите актери, а особено Јордан Симонов и Камка Тоци-новски, кои во филмот го играат парот Мирса и Нина. Оваа улога за Симонов не претставувала тешко искушение поради ролјите одигра-ни во неколку домашни остварувања, но и поради неговиот бекграунд со панк филозофијата во младоста, но за Тоциновски улогата во „Пан-

14. издание на Скопскиот филмски фестивал се отвори со премиерата на филмот „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, а веднаш потоа ова ново македонско остварување играше и во кината во неколку градови низ државата. Режисерот, кој дури 17 години нема раскажано приказна на големото платно, по прекрасниот „Хај-фај“ (1987), провокативниот „Булевар на револуцијата“ (1993) и десетината документарни филмови, конечно нè израдува со еден издржан проект кој доаѓа од македонски автор.

МАЛКУ РЕВОЛТ И ИНАЕТ – многу уметност

Page 24: Tvoj Klub 78 Final Final

24 Твој Клуб

кот не е мртов“ е неј-зин деби-излет на големото платно, факт кој особено добива на тежи-на со оглед и на специфичноста на улогата што таа ја игра. Сепак, на крајот од снимање-то, и обајцата, како и целата останата екипа на филмот, имаат само позитивни зборови за процесот низ кој поминале, надевајќи се де-ка домашната публика, а и онаа на фестива-лите, ќе ужива во филмот, но и ќе размисли за пораките што тој ги носи... За овие, но и за повеќе други нешта, поразговаравме токму со Јордан Симонов и Камка Тоциновски.

ЗА ЕНТуЗИЈАЗМОТ, ХОНОРАРИТЕ, уМЕТНОСТА, МуЗИКАТА...Твој Клуб: Филмот го снимивте многу повеќе со ентузијазам отколку бркајќи добар хоно-рар. Дали можеби тој момент беше пресуден да снимите квалитетен филм, преполн со крв, пот и музика? Јордан Симонов: Беше битен, но не беше и пресуден. Огромниот ентузијазам за мене дојде како последица на одличното сцена-рио, автентичните ликови и реално и сочно напишаните реплики и ситуации. Ако на тоа се додаде точниот кастинг и ненаметливи-от концепт на режисерот кој точно знаеше што сака, резултатот беше создавање на ед-на племенска свест и колективна енергија, што ја повлече целата екипа максимално да се вложи себеси, не размислувајќи за мате-ријалната страна.Камка Тоциновски: Да, уметноста може да биде скапа, но може да биде и евтина, тоа де факто има удел, ама не е пресудно и не влијае врз крајниот резултат. уметноста пред сè треба да е „жилава“. Филмот е скапа иг-рачка, но низ историјата на оваа уметност се

покажа дека многу култ-ни филмови се снимени со ниски буџети.

Можеби и со достоен буџет ќе го имавме она што сега го имаме. Сценариото ги освои сим-патиите на сите, оттука и ентузијазмот пот-крепен со малку револт и инает дека, и пок-рај речиси невозможните услови, нема да капитулираме. Си докажавме самите себеси дека сме жилави, а мене тоа ме бодри.Твој Клуб: Кои моменти и случувања во филмската приказна би ги издвоиле, со на-деж дека ќе погодат во центарот и ќе ја нате-раат публиката да размисли? Камка Тоциновски: Најсоодветен одговор на ова прашање веројатно е изјавата на Џи-ми Хендрикс: „ Да се биде дел од другите, тоа значи дека треба да носите кратка коса и вратоврска. Ние се обидуваме Третиот свет да го направиме возможен, знаете на што мислам, нели?“Јордан Симонов: Филмот носи многу пора-ки. Некои се скриени, некои јасно се гледаат. Некои се провлекуваат низ целата приказна, како на пример прашањата од типот: која е цената на слободата која ја плаќаме денес и

што сè човек е подготвен да направи за да ги оствари своите соништа? Елементарноста во изразот и искреноста на ликовите нè тера да се запрашаме под колку маски живееме и да-ли мора да биде така. Но, најдобро да остави-ме публиката самата да го доживее филмот.Твој Клуб: Колку љубовта, како дел од при-казната, знае да има разорна моќ и да влијае врз настаните во животот на поединците? Да-ли љубовта знае (и може) да биде анархична? Дали панкерот може да има нежно срце? Јордан Симонов: чистата љубов е силата што ја држи целата вселена заедно. Разорна е само моќта на омразата која доаѓа како пос-ледица на изгубените илузии. Мирса ја сака Нина безусловно, таква каква што е, без раз-лика на неговата идеологија или општестве-ните норми. Таквата љубов е една октава по-висока од секојдневните проблеми и дилеми во животот на главниот лик. Но, постои и љу-бовта кон музиката која го обединува целиот бенд и ги надминува сите разлики. Камка Тоциновски: Ако живееме од неа и жи-вееме за неа, љубовта секако дека има голем импакт врз секој сегмент од животот. Постои во различни облици и форми, се артикулира

„ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ“ (PuNk’S NoT DEAD)Сценарио и режија: Владимир Блажевскиулоги: Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев, Ратка Радмановиќ, Флора ДостовскаСоработници на сценариото: Вардан Тозија, Дарјан ПејовскиИзвршен продуцент: Дарко Попов; директор на фотографија: Димо ПоповМонтажер: Благоја Неделковски; Композитор: Александар ПејовскиФинансиери: Филмски фонд на РМ, Филмски Центар Србијепродуцент: Панк Филм, Скопје; Копродуцент: Витаграф, Белград

Домашен филм: „ Панкот не е мртов“

Page 25: Tvoj Klub 78 Final Final

25Твој Клуб

на различни начини, час е дива, час питома. Нејзе не се потребни дисциплина и авторитети. Таа никако не мо-же да биде ставена во рамките на некакви си закони. Твој Клуб: Низ каков процес на подготовки поминавте за да станете членови на бенд кој на платното ќе изгледа и ќе звучи автентично и уверливо? Јордан Симонов: Мене не ми требаше многу време за да „влезам во филмот“, затоа што веќе имав слично искуство во младоста, и веќе ми беше позната целата таа атмосфе-ра. Имав дилема околу панк пеењето кое е специфично и носи свои карактеристики, односно, треба да си точен. По првата проба со бендот „Новиот почеток“, во која уживав,

знаев дека откривам во себе нова енергија, жестока и бескомпромисна, еднаква на са-мата музика што ја изведувам. Тоа многу ми помогна автентично да ги изиграм музичките сцени во филмот, а му помогна и на самиот лик во целост.Камка Тоциновски: Мојот лик, Нина, е повеќе морална поддршка на бендот. Како девојка на Мирса, таа застанува цврсто зад неговата одлука да го обедини бендот и да имаат доб-ра забава, па макар и за последен пат.Твој Клуб: И на крајот, неизбежното – „Sex Pistols“ или „The Clash“ (и зошто)? Јордан Симонов: Дефинитивно „The Clash“. За разлика од „Sex Pistols“ кои беа манеке-ни на панкерската сцена, водени од сомни-

телни продуценти, „The Clash“ е бендот со порака, универзална и секо-гаш актуелна. Со повиците кон младите за поголемо политичко ангажирање, подигање на свеста кога е во прашање расизмот, на-цизмот и сиромаштијата, тие се обидоа да го променат светот. Камка Тоциновски: Не ми е важно дали „Sex Pistols“ или „The Clash“, само да не биде она што повеќето млади, за жал, овде го сакаат, звукот на турбо-фолкот и „останатото“...

Игор Анѓелков

промотивно

Call & Surf пакет по неверојатна цена!убави вести за сите нови корисници на Т-home!

Промотивно, сега имате можност да земете пакет Call & Surf по специјална цена од само 899 денари месечно со ДДВ. На овој начин можете да заштедите, користејќи една заедничка претплата за интернет и услуги од фиксната телефонија.

Во рамките на атрактивниот пакет Call & Surf basic, добивате интернет-сообраќај од 15 Gb, плус 100 бесплатни минути за

разговори во мрежата на Македонски Телеком, како и неограничени бесплатни разговори со 330 000 корисници на пакетите Optic, 3 Max, 2 Max и Call & Surf.

За повеќе информации околу новитетите, можете да се јавите на бесплатниот телефонски број 171, да дојдете во Телеком продавниците или, пак, да ја посетите веб страницата www.t-home.mk

Page 26: Tvoj Klub 78 Final Final

Најбрзиот интернет и смартфон само со Relax Surf

26 Твој Клуб

Инфо прозорец

Relax Surf опциите (Relax Surf Start, Relax Surf Medium, Relax Surf Comfort и Relax Surf Premium) ви ги овозможуваат истите супер придобивки како и редовните Relax тарифи, со дополнителна можност за безгрижно сурфање до дури 1 GB. Одберете една од интернет опциите и користете дел од месечната претплата за комуникација по ваш избор и добијте поволен интернет вклучен во претплатата.

А дООООлги муАбети?Разговорите со најблиските пријатели повторно се поволни, бидејќи Relax Surf е опција за сите вас кои не можете без интернет и имате подеднаква потреба од доооолги муабети. Разговарајте за само 1 ден./мин. со сите броеви во мојот круг, без разлика која Relax Surf опција ќе ја одберете. За целосно опуштена комуникација, ви го препорачуваме Relax Surf Premium,

тарифа која ви овозможува евтини разговори од 1 ден./мин, не само со пријателите, туку и со сите T-Mobile корисници и корисници на фиксните мрежи во текот на целиот ден!

бесплАтНА услугА ЗА кОНтРОлА со Relax Surf опциите ја претставуваме и бесплатната услуга за контрола на потрошениот интернет сообраќај вклучен во претплатата, без да треба постојано да мислите дали сте го надминале лимитот, колку интернет сте потрошиле и уште колку ви преостанува. Во моментот кога ќе искористите 90% и 100% од интернетот вклучен во претплата ќе ви пратиме SMS известување. доколку во текот на месецот го искористите целиот интернет доделен со месечната претплата, можете слободно да продолжите да сурфате без да активирате дополнителни опции или пакети, бидеjќи само Relax Surf опциите ви овозможуваат екстра цена од 3 ден. за 1 мB. интернет доживувањето за да да биде целосно, склучете Relax Surf договор и одберете еден од неверојатните смартфони од нашата понуда. со голем екран на допир и безброј интернет опции и апликации за специјална Surf цена, добивате сурферски пакет кој сите би го посакале!

Со новата опција за Relax корисниците - Relax Surf, добивате супер поволен интернет вклучен во претплатата и смартфон за супер цена. Одлична понуда за сите сурфери кои покрај брз интернет, сакаат и опуштени разговори со пријателите!

Вклучен интернет во претплатата

1 ден./мин. кон Мојот круг

1 ден./мин. кон Т-Mobile и фиксни мрежи навечер и цел ден за викенд

1 ден./мин. кон T-Mobile цел ден

Relax Surf Premium ü ü ü ü

Relax Surf Comfort ü ü ü

Relax Surf Medium ü ü ü

Relax Surf Start ü ü

Relax Surf

веќе од 279 ден.!

Page 27: Tvoj Klub 78 Final Final

27Твој Клуб

покрај супербрзиот MaxADSL интернет и Optic пакетите со брзина на светлината, како и најбрзиот 3G мобилен интернет, T-Home и T-Mobile за вас, нашите корисници, воведуваме новина на македонскиот пазар, обезбедувајќи повеќе од 300 Telekom HotSpot локации со бесплатeн WiFi интернет низ цела македонија! со оваа новина T-Home и T-Mobile ви овозможуваме пристап на интернет од својот мобилен телефон, лаптоп или таблет компјутер, каде било, кога било, секогаш кога ви е потребно, без разлика дали сте дома, на работа или надвор, во движење.

каде и да сте!Одлична новост за сите кои постојано работите и живеете на интернет! Отсега, сите вие, интернет корисниците, ќе можете бесплатно и неограничено да се поврзете со најдобриот и најбрзиот интернет на нашите HotSpot локации, и да бидете постојано онлајн каде и да сте!

На нашите нови Telekom HotSpot локации, со само еден клик, брзо и едноставно, можете да се поврзете на најдобриот WiFi интернет, и тоа од своето омилено кафуле, ресторан, хотел или трговски центар.

Не пропуштајте ни минута од случувањата на интернет, останете информирани за сите новости, проверувајте ја својата е-пошта, бидете постојано поврзани со вашите пријатели преку Facebook и Twitter или пак, прегледувајте видеа на YouTube. побарајте ги веднаш нашите Telekom HotSpot локациите најблиску до вас и сурфајте кога и да посакате!

повеќе информации побарајте на www.t-home.mk

НАјбРЗиОт иНтеРНет

Telekom HotSpot локации

Page 28: Tvoj Klub 78 Final Final

Имајте целосен преглед на вашите трошоци, заштедете време и зачувајте ја животната средина. Изберете Електронска сметка!

n Наместо да ги сортирате хартиените сметки кои зафаќаат простор во вашиот дом, имајте електронско досие од сите ваши е-сметки и плаќања преку интернет.

Сè што треба да направите за да користите е-сметка е да ја активирате услугата на начин што најмногу ви одговара: на порталот Мојот t-Mobile, да пратите бесплатна SMS со содржина „e-smetka StaRt” на бројот 1461, да повикате еден од бесплатните броеви 122 или 1235, или пак, Согласноста за користење електронска сметка да ја дадете во една од нашите Телеком продавници. По активирањето, е-сметката ви е секогаш достапна во менито Електронска сметка на порталот Мојот T-Mobile, а повеќе нема да добивате сметка во печатена форма. Активирајте е-сметка и помогнете да се намали побарувачката за хартија. Примајте ги и плаќајте ги вашите сметки на интернет за да заштедите време што ќе го искористите за нешто по мерка на вашето задоволство.

ЕЛЕКТРОНСКА СМЕТКА – ПОЛЕСЕН ПРЕГЛЕД НА ТРОШОцИТЕ И ПОУБАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА!

Инфо прозорец

28 Твој Клуб

Сè што ви треба е интернет пристап и да се најавите на порталот Мојот T-Mobile (www.my.t-mobile.mk), a доколку сте нов корисник на порталот треба претходно да се регистрирате. Услугата ви овозможува online пристап до сите информации поврзани за вашата сметка, во секое време. Електронската сметка ви е достапна во pdf формат за следење на трошоците од дома или работа, со можност веднаш да ја платите со платежна картичка.Имајте брз пристап до вашата сметка во секое време од денот и прегледајте ја веднаш штом ќе добиете е-пошта или SMS известување за достапноста на е-сметката на Мојот Т-Mobile. Со користење е-сметка давате личен придонес за заштита на животната околина преку едноставна замена на хартиената сметка со сметка во електронска форма.

Уживајте во бројните поволности од користењето е-сметка:

n Нема потреба веќе да чекате сметката да пристигне во вашето поштенско сандаче. Ние ќе ви пратиме електронска пошта со линк до нашата веб страница (порталот Мојот T-Mobile) за пристап до е-сметката во истиот момент кога таа е подготвена;

n Проверете ги сите детали поврзани со вашата месечна сметка додека сурфате на нашата веб страница;

Page 29: Tvoj Klub 78 Final Final

ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАњЕ СМЕТКИ – едноставно и ефикасно!

ДОПОЛНУВАњЕ КРЕДИТ НА ПРИПЕЈД од фиксна сметка

Додека сурфате на интернет, додека пишувате е-пошта, само посетете го е-бизнисот портaлот (www.t-mobile.mk/e-biznis) или Мојот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk) на T-Mobile или порталот на T-Home (www.moj.telekom.mk) за да ги платите вашите постпејд сметки од T-Mobile или Телеком. На е-бизнис порталот можете да ја платите вашата или која било друга сметка со едноставно внесување на бројот на фактурата што сакате да ја платите, додека на личната страница од порталите Мојот T-Mobile или Мој Телеком, треба само да ја изберете фактурата што сакате да ја подмирите во менито Електронска сметка.Плаќањето е овозможено со MasterCard и Visa картички од која било банка во светот, како и со картичките од домашни банки кои се користат за електронски плаќања: ТТК Банка, централна Кооперативна Банка (Силекс Банка), Статер Банка, Стопанска Банка А.Д. Битола и Зираат Банка.

Израдувајте ги најблиските припејд членови на семејство кога им недостасува кредит на припејд сметката. Дополнете кредит на кој било припејд број, не напуштајќи ја удобноста на домот, едноставно и брзо преку интернет! Посетете го порталот Мојот Телеком на веб страницата www.t-home.mk или преку главното мени на MaxTV и одберете ја најновата услуга за дополнување припејд

Имате многу дневни обврски за кои понекогаш не наоѓате време? Сакате вашите задолженија да ги завршите брзо и од едно место? Со електронскиот систем за плаќање сметки на T-Mobile и Телеком, можете да ги платите сметките за телефон, интернет и телевизија на полесен начин, за само неколку минути! Сè што ви треба да ја почувствувате удобноста и ефикасноста на електронското плаќање е платежна картичка.

Пред вас е нов начин на дополнување припејд кредит на своите блиски пријатели или членови на семејството. Покрај можноста за дополнување од вашата мобилна постпејд сметка (преку говорниот автомат 122, порталите за е-бизнис и Мојот T-Mobile), сега можете да дополнувате кредит на припејд и преку вашата фиксна сметка.

на Стопанска банка. Откако ќе ја вметнете вашата платежна картичка, од менито за Дополнителни услуги одберете Плаќање сметки и само следете ги инструкциите на екранот.

Заштедете време, избегнете ги гужвите, платете повеќе сметки одеднаш и уживајте во едноставноста на електронското плаќање!

корисници кои често имаат потреба од денар плус на сметката. Во текот на месецот можете да дополните до 1 200 денари!За да ја користите оваа услуга, потребно е претходно да ја активирате на 171 или во најблиската Телеком продавница. Допол-нувањето кредит на овој начин е возможно само за припејд корисници на T-Mobile.

М. Дејанова

Сигурно и безбедно, во само неколку чекори, вашите плаќања ќе бидат реализирани во истиот момент додека се одвива onlile трансакцијата. На вашата електронска пошта или телефонски број ќе ви пратиме потврда за успешноста на плаќањето. Плаќањата можете да ги вршите од дома или од странство, освен вашата платежна картичка, потребен е само уште интернет пристап.Доколку пак, сте во движење, појдете до кој било банкомат на најраспространетата мрежа

кредит. Со едноставно внесување на припејд бројот и типот на ваучерот, можете да го дополните кредитот на саканиот број во секое време. Надополнетиот припејд кредит ќе биде наплатен на крајот од месецот преку вашата фиксна телефонска сметка. Имајте целосна контрола на месечните трошоци, дополнувајте припејд кредит и кога немате готовина и изненадете ги најблиските припејд

29Твој Клуб

Page 30: Tvoj Klub 78 Final Final

Несекојдневен настан

30 Твој Клуб

Букбокс, нашето омилено електронско „долап-че“ каде што се објавуваат книги, „цели или во делови, објавени или во ракопис, преведе-ни или оригинални, како поттик и како промо-ција на квалитетното, задлабочено читање“ со многу шарм и ентузијазам ги собра скопјани на „Ленинова“ со торти, слатки и други гастро-номски досетки во рацете. Настанот беше пе-дантно и навреме објавен, беа наведени пра-вилата за учество и... љубителите на книгите и на храната дојдоа, донесоа... Се чествуваа кни-жевноста и храната, а најмногу се чествуваше дружбата на луѓе со блиски интереси.

И ПИСАТЕЛИ И ЧИТАТЕЛИ... Во светот од поодамна се организираат вакви фестивали на први (или во почетните денови на) април, во чест на роденденот на Жан Ан-

телм Брија-Саварен, француски правник и по-литичар од 18 век кој е најпознат како гастро-ном и писател. Неговото дело „Психологија на вкусот“ е култна книга која не престанува да се преведува и ден денес. Илина Јакимовска за-едно со Бранка Јанковска од „Пепер“ без ни-каква финансиска поддршка, крајно ентузијас-тички, го организираа првиот фестивал што ги обединува книгите и храната. Дојдоа писатели и читатели, донесоа „јадачки“ асоцијации за книгите и книжевноста, а пријатната атмосфе-ра беше збогатена и со доделените награди за најдобар концепт, најдобар спој на идеја и ре-ализација и за генерален придонес. Првата ја доби писателката Лилјана Дирјан за нејзината книга „Тешка свила“ од кори, втората Марија Милошевска за 12 „тома“ на Џони Штулиќ од обланди, а третата – наградата за генерален придонес (заради „квантитативното“ учество) ја доби Марија Враживирска. Имаше одлични идеи, одлични реализации и концепти, од хот-дог со ориз како спој на Исток и Запад, преку две срценца во една кошничка прободени со чепкалка (Ромео и Јулија), „црното лале“, „аз-бука“ од ванилици, дрвото на гревот, книгички од крекери со „подврска“ од младо кромитче, стапчиња со овошје како „книшки црви“,.. сè до вкусниот Штулиќ на Милошевска и вчудови-дувачката, раскошна „Тешка свила“ на Дирјан! Човек да не може да реши дали попрво да ја чита или да ја јаде нејзината поезија!

Илина јакимовска: „Хедонистичката спрега храна-знаење-љубов, магично претставена преку буквалното консумирање книги, е ис-товремено и крајно концептуална, но и крај-но ‘обична’. Храната е и физички предмет, но и метафора која се срка, грицка и голта!“

лилјана дирјан: „Мојата книга ‘Тешка свила’ ја изведов за 2, 3 часа на 600 g кори за пита. Стиховите ги зачинив со ароматични билки од дворот, но и оние купувани од светот, со цветови на цреша, слива и вишна... Ги лепев со мед. Бев пресреќна што мојата поезија можеше да се проба на самото место!“

Скопје навистина станува метропола, барем според необичните настани преку кои почнуваме да го дишеме воздухот на светот. На почетокот од април, Букбокс (bookbox), популарната електронска рубрика за книги (и други „такви“ нешта) на Илина Јакимовска заедно со кафето „Пепер“ го организираа првиот локален Фестивал на јадење книги на кој многумина присуствуваа, а безброј наши сограѓани со денови не можат да си простат што не го сторија тоа... Но, „утре е нов ден“, читајте: „в година ќе има нов фестивал“!

ФЕСТИВАЛ НА јадење книги

Page 31: Tvoj Klub 78 Final Final

31Твој Клуб

Од 1999 година кога почна да се доделува оваа значајна книжевна награда на „Утринс-ки весник“ која првенствено го поттикна раз-војот на жанрот, беа наградени најразлични остварувања, во смисла на тематски интерес и наративна реализација. Добитниците, од годи-на в година ја градат своевидната антологија на најдобрите македонски романи, промови-рајќи нови писателски имиња или докажувајќи ги веќе афирмираните. Со оглед на фактот дека ова е награда за најдобар романесктен наслов, а не автор, наградените романи на „Ут-рински весник“ се најрепрезентативната еди-

ција во Македонија, најдобриот книжевен про-извод подготвен за пошироко претставување на македонските книжевни досези. Годинашниот победник, романот „Човекот што ги сакаше калинките“ зад својот поетичен наслов произлезен од една одлична, симбо-лична и повеќезначенска сцена во романот, донесува одмерена и книжевно издржана ис-ториографска приказна за Илинденскиот пе-риод, за војводата Асенов и неговата несреќ-на невеста – Ана Малешевска. Врз автентична историска предлошка, но поаѓајќи од еден ли-чен, психолошки ракурс, од навидум минорни-

от детаљ, миг, поглед, (по)мисла, Родев ја доцр-тува големата историска мапа на вистината, како што тоа веќе поодамна се прави и допрва во најрелевантната домашна и светска книжев-на продукција. Спокојно и раскажувачки мош-не искусно, Родев напишал роман скромен по обем, но суверен во дострелот и жанрот. „Чо-векот што ги сакаше калинките“ се чита брзо, се заборава бавно, тоа е роман за минатото, за вистината, љубовта, за недоразбирањето, за занесеност и заведеност од мигот, од чувство-то, од збудаленото лично што посегнало по заедничкото... Ваквото суптилно, високо лите-рарно доисцртување на беглите факти и состој-би од историското минато придонесува за што појасна претстава за денот денешен. Историо-графската фикција не е помодност, таа е еден вид глад на книжевната сегашност.

Сите досегашни добитници на Роман на годината1999 – „Куќата на Мазарена“, Слободан Мицковиќ2000 – „Папокот на светот“, Венко Андоновски 2001 – „Бунар“, Димитар Башевски2002 – „Разговор со Спиноза“, Гоце Смилевски 2003 – „Изгубениот жегол“, Милован Стефановски 2004 – „Куклите на Росица“, Оливера Николова2005 – „Џахиз и истребувачите на кучиња“, Пајо Авировиќ2006 – „Снегот во Казабланка“, Кица Колбе2007 – „Нишан“, Блаже Минески2008 – „Индиго Бомбај“, Јагода Михајловска-Георгиева2009 – „Дваесет и првиот“, Томислав Османли 2010 – „човекот што ги сакаше калинките“, Душко Родев

Книжевно пријателство

12. РОМАН НА ГОДИНАТА Најголемата книжевна награда во Македонија со Т поддршка се додели по 12. пат. Годинашен лауреат е романот „човекот што ги сакаше калинките“ од Душко Родев, а вредносниот ваучер од 150 000 денари го врачи Димитар Ковачевски, Извршен директор на Областа за комуникација на ниво на Групација.

ПрофИлДушко Родев е современ македонски писа-тел, книжевно активен половина век. Автор е на 6 романи, три збирки раскази и две дра-ми. По негово сценарио е снимен и ТВ-фил-мот „Дивеч за отстрел“. Добитник е на повеќе најугледни награди за расказ во Македонија, застапен во повеќе антологии. Романот „Чо-векот што ги сакаше калинките“ е издание од минатата година на „Македонска реч“.

Page 32: Tvoj Klub 78 Final Final

Пријателства

32 Твој Клуб

М2 продукција во соработка со T-Mobile во средината на март, ја заврши неколкумесечната потрага по нова музичка ѕвезда во Македонија. Од де-сетте кандидати кои стигнаа во финалето, најголема среќа имаше дваесет-годишниот Филип Божиновски од Скопје, кој стана ексклузивец на М2 про-дукција. Филип кој ја изведе песната „Само за тебе“, со својот впечатлив настап, интер-претација и енергија ги освои симпатиите на публиката и на жирито, и заслужено се искачи на победничкото место. Тој го реали-зираше својот сон да биде новата музичка ѕвезда, која допрва ќе се гради и докажува во наредниот период. Но, според она што го покажа во текот на аудициите, Филип сигур-но ќе има успешна кариера и ќе стане миле-ник на македонската публика.

ПОВЕЌЕ ОД 2 000 КАНДИДАТИ Потрагата по нова музичка ѕвезда, М2 продукција и T-Mobile ја започнаа во но-

ПОТРАГАТАзаврши!

ември минатата година. На аудициите кои што се одржаа во Охрид, Битола, Струмица, Штип, Тетово и во Скопје беа пријавени по-веќе од 2 000 кандидати кои се обидоа да ги

Новата М2 ѕвезда е Филип Божиновски!

Page 33: Tvoj Klub 78 Final Final

33Твој Клуб

покажат своите музички способности и да докажат дека се најдобри. Но, само десетмина од нив успеаја да влезат во големото финале што се оддржа на 20 март. На својот настап на последната вечер, учесници-те во финалето ги покажаа своите гласовни способности во живо, изве-дувајќи песни специјално компонирани за оваа прилика во продукција на Дарко Димитров. Жирито, составено од Елена Ристеска, Иво Јан-ковски од М2 продукција, Дарко Димитров, српската поп ѕвезда Алек-сандра Радовиќ и Димитар Ковачевски, претставник од T-Mobile, има-ше тешка задача од десетте финалисти да ја одбере новата М2 ѕвезда. Сепак, изборот падна на Филип. Но, останатите деветмина финалисти не си заминаа поразени и разочарани. Нивните песни, кои ги снимија специјално за финалната вечер, веќе се вртат по радиостаниците. До-полнително, М2 продукција одлучи да ги награди и да им подари уште една песна која што допрва ќе ја снимаат. На тој начин и тие ќе го ос-тварат својот сон за почеток на музичка кариера. T-Mobile пак, како до-кажан партнер на М2 во потрагата по музичка ѕвезда, е горд што има заслуга во сево ова.

Дента пред концертот, на 17 март, Тони се дружеше со своите фанови во Т про дав ни-цата во Градскиот трговски центар.

Т брендот секогаш знае да ги препознае и да ги поддржи вистинските настани, кои долго време ќе останат врежани во меморијата кај пошироката јавност. Дел од оваа приказна е и поддршката на Т брендот на големиот музички спектакл, кој

го приреди Тони Зен во салата „Борис Трајковски“ на 18 март. Во преполната сала Тони покажа дека не само што е рапер кој добро пее, туку и дека е вистински Суперзен, спуштајќи се на сцената од покривот на салата со помош на јажиња, во стилот на „Супермен“. Освен со својот одличен настап пред

ФИлИп БОжИНОвСКИ, СпЕЦИјАлНО ЗА „ТвОј КлуБ“:„КАКО НОВ ЧЛЕН ВО ГОЛЕМОТО СЕМЕЈ-СТВО НА M2 ПРОДУКцИЈА, ИСКРЕНО Сè УШТЕ СУМ ПОД ИМПРЕСИИ. МИ СЕ ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМИОТ СОН И СУМ МНОГУ СРЕЌЕН. ПОБЕДАТА МИ СЕ СЛУЧИ МНОГУ НЕОЧЕКУ-ВАНО. НАВИСТИНА НЕ НИ ПОМИСЛУВАВ ДЕКА ТОКМУ ЈАС ЌЕ БИДАМ ИЗБОРОТ НА ПУБЛИКАТА И ЖИРИТО. СЕКАКО ДЕКА ДЛАБОКО ВО СЕБЕ ЈА ПОСАКУВАВ ПОБЕДАТА, КАКО И СИТЕ ОСТАНАТИ ДЕСЕТМИНА ФИНАЛИСТИ, МЕЃУТОА СЕ ТРУДЕВ ДА ОСТАНАМ ПРИЗЕМЈЕН И МИСЛЕВ ДЕКА ШАНСИТЕ ЗА ТАКВО НЕ-ШТО СЕ МНОГУ МАЛИ. НО, ЕТЕ СЕ СЛУЧИ ШТО СЕ СЛУЧИ И ПОБЕ-ДИВ :). ПО ПОБЕДАТА, ЖИВОТОТ ПОЛЕКА ЗАПОЧНУВА ДА МИ СЕ МЕНУВА. Сè УШТЕ НЕ СЕ ТОА ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ, НО СЕ СЛУЧУВА НЕ-ШТО ШТО ПРЕТХОДНО НЕ БИЛО ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ, КАКО ШТО Е ЗГОЛЕМЕНАТА ПОПУЛАРНОСТ. НЕ САКАМ ДА ЗВУЧАМ НЕСКРОМ-НО, МЕЃУТОА ЛУЃЕТО ВЕЌЕ МЕ ПРЕПОЗНАВААТ НА УЛИцА. ТУКА СЕ МОИТЕ НАСТАПИ ВО МЕДИУМИТЕ, ИНТЕРВЈУА, РАЗГОВОРИ. СЕВО ОВА Е НОВО ЗА МЕНЕ, АМА ЈАС ВЕЌЕ УЖИВАМ РАБОТЕЈЌИ ГО СЕТО ОНА ШТО Е ПОВРЗАНО СО ОВАА РАБОТА И Сè ПОВЕЌЕ СЕ УВЕРУ-ВАМ ДЕКА МУЗИКАТА Е МОЈОТ ИЗБОР ВО ЖИВОТОТ. ВО ОВАА ПРИ-ЛИКА САКАМ ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ НА М2 ПРОДУКцИЈА ВО СО-РАБОТКА СО Т-MoBILE ЗА ДОВЕРБАТА И ПОДДРШКАТА. ВЕТУВАМ ДЕКА НАПОРНО ЌЕ РАБОТАМ И ЌЕ ГИ ОСТВАРАМ ОЧЕКУВАњАТА НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО МЕНЕ И МЕ ПОДДРЖУВААТ.

Она што е особено важно, не само за T-Mobile, туку и за Т брендот во-општо, е дека ние и во иднина ќе застануваме зад традиционалните вредности, ќе ја унапредуваме и збогатуваме културата, давајќи им шанса и на останатите млади и талентирани луѓе да ја остварат својата животна цел.

многубројната еуфорична публика, Тони Зен го крена адреналинот и со своите гости, неговите пријатели од „Преживеаните“. Тони Зен по „Surviver“ на Филипини го преживеа и извонредниот концерт во Скопје. Тој сигурно веќе се подготвува за својот следен музички или некаков друг подвиг, а Т брендот секогаш останува да биде дел од настаните вредни за паметење, како овој што ни го приреди Суперзен.

Концертот на Тони Зен - Суперзен

Page 34: Tvoj Klub 78 Final Final

Некаде: лофотски Oстрови, Норвешка

34 Твој Клуб

Лофотските oстрови се климатски благо-словено царство на волшебни пејзажи во со-седството составено од северни смрзнувачки кралства. Голфската струја таму е добрата ви-ла која направила мало чудо на норвешкиот север. Температурите во зима не паѓаат пре-многу и речиси секогаш заливот е без мраз. Ова ги направило привлечни за храбрите Ви-кинзи во далечното минато, но и за трупите од двете спротивставени страни во Втората светска војна. Оддалеченоста на овие остро-ви од јадрото на Европа придонела тие да би-дат и вистинско „пакетче изненадувања“ од преубави глетки во недоглед кои секогаш го наградуваат упорниот патник-намерник кој стигнал толку далеку на север.

СЕВЕРНА ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКАТалкајќи низ полупразниот град Нарвик тоа облачно свежо октомвриско утро, наидувам на голем жолт патоказ: „Нарвик – 2 407 km до Северен пол“! Ги читам и останатите таб-ли наредени под него: 3 957 km (земјен) пат до Белград! Значи, брзо заклучувам, над 4 000 km до Македонија? Се прашувам и нека-ко не ми се верува... Продолжувам: 1 245 km јужно до Хелсинки! Зарем е можно Хелсинки да е илјада километри „јужно“ од каде било, си помислив и речиси се вџашив! Оваа весе-ла математика ме збуни. Изгледа, сепак, Ев-

ропа и не е толку мал континент. Неодамна при едно мое ментално патување - навраќање на северот, прелистувајќи ги страниците на еден атлас, сфатив дека Лофотските Остро-ви во Норвешка се речиси исто толку оддале-чени од мојот дом колку и саваните на Масаи Мара во Кенија! Да, уште еднаш си потврдив, норвешкиот север е многу, многу далеку од Македонија. Глетките и атмосферата таму со-одветствуваа на тоа мое мало лично епохално откритие.

СВЕТИЛНИцИ ЗА СОВРШЕНА СЕВЕРНА ИДИЛАЖелезницата во овој дел од светот го завр-шува својот славен пат од илјадници кило-метри од својата најјужна точка во Сканди-навија, во градот Нарвик на север. Тој град е најсеверниот град во светот, поврзан со же-лезница. Оттука натаму царуваат автобуси-те и бродовите - замена за некогашните сан-ки и скии. Патот од Нарвик до неофицијалната престолнина на Лофотските Острови, големо-то село Сволвер, врви сигурно низ еден од нај -спектакуларните пејзажи во Европа. Високите планини воскреснуваат од модрото Северно Море формирајќи острови на кои како нацр-тани се расфрлените рибарски селца. По-ради Голфската струја климата е мошне ми-лостива кон овие селца над поларниот круг. Таму може да се насади нешто наесен и да успее да никне лете. Таквите плодови локал-но се поскапоцени и од најскапите риби и други суровини подарени од земјата и морето во Норвешка. Имаат димензија на гордост и пркос на човекот на оваа планета. Низ остро-вите плажите со бели песоци, тивките заливи и фјордови како од медитерански разгледни-

ци навистина збунуваат ако си неинформи-ран, или ако ти одлетаат мислите занесен во убавината. Првиот свеж воздух или надојден бран кој удира во карпите повторно те враќа во реалноста – над Арктикот нема потреба од костим за капење. Но, ова правило некои Норвежани лете, некој сончев ден, знаат и да го прекршат. Но, тие се потомци на Викинзи-те и може да им се прости. Елегантни мостови ги спојуваат островите и полуостровите, со-лидна инвестиција за мал број жители - знак на подобриот стандард на живот во од скоро богатата Норвешка. Островите се главно со-голени од постојаниот ветер, без дрвја и дру-га позначителна вегетација. Некои од нив се ненаселени од луѓе, но не се и без светилни-ци. Прекрасни романтични светилници се на-секаде низ северна Норвешка – речиси ста-

Ова е кратка приказна за лофотските Острови, но и за луѓето од тој крај, кои по којзнае кој пат го потврдуваат фактот дека сите сме, ако не исти, тогаш барем многу слични луѓе-суштества од крв и месо!

ПЛАЖА СО ПОГЛЕД НA Северниот пол

Page 35: Tvoj Klub 78 Final Final

вени таму не поради својата функција колку поради мизансценот – заокружувајќи ја совр-шената северна идила.

ЧАС ПО МАКЕДОНИЈА За да стигнете до срцето на луѓето од север (што не е неможно!), ми велеле, потребно е време. Или пак, вистинска искрена приказна која може да ги трогне. Во времето кога јас ги посетив овие острови, интернетот и плас-тичните платежни картички не беа најраспро-странетите модерни комодитети. Веќе поми-нав неколку дена талкање по островите без да воспоставам никаков контакт ниту со моја-та привремена база на југот во Шведска, ниту со Македонија. Решив да испратам по една порака преку интернет. Вистинското место за да се приклучам на интернет беше едно ново основно училиште на крајот од селото. Појдов во библиотеката, се насмевнав и се претста-вив на библиотекарката со нордиски шарен џемпер. И кажав дека би сакал, ако може, кратко да го искористам интернетот и да пра-там една порака дома. Таа ми дозволи, под еден услов: на час со децата собрани од сите одделенија, на англиски да раскажам нешто

за Македонија! Не ми беше тешко, напротив. Трампата се оствари, а јас запознав десети-на бели симпатични Норвежанчиња кои веќе зборуваа солидно англиски и ги голтаа збо-ровите на еден патник од една за нив далечна и чудесна земја. Задоволството од посетата беше заемно. На крајот од дружбата се по-здравивме и јас си заминав, среќен пред сè што можев да влезам на кратко во светот на децата од тој крај. Се чувствував како да стек-нав десетина нови пријателчиња од викингш-киот подмладок...

СЕВЕРНА „БЕСПАРИцА“Мојата готовина лесно се стопи во скапата Норвешка. Беше време за барање дотур од скапоцената „пластика“ што ја носев со себе скриена како азно наследено од предците. Лесно најдов банкомат, но не лесно можев и да извадам пари. Пробав сè, но картичката не профункционира. Не помогна ни добрата волја на убавата блондинка - банкарска служ-беничка. Во банките на островот таа пластика во мојот паричник беше само една безвред-

на дебела визит карта со мое име и презиме. Ситните круни што ми преостанаа по џебо-вите откако го платив хостелот каде што пре-стојував не што беа недоволни за храна, туку, што е уште пострашно, беа недоволни и за би-лет за назад кон Нарвик... Имав идеја да поба-рам помош од пријателите преку интернет, за

што или требаше да одам до училиштето или да побарам помош од службеничката...Сè на сè, се најдов во непријатна ситуација во едно далечно место на север.

ЈУЖНИ СОЛЗИ НА СЕВЕРВо малите места вестите брзо се шират. Дури и во не толку озборувачките општества како Норвешка. Воспоставив СОС повик кон при-јателите и сега чекав спас од ситуацијата, но и од срамот.Чекајќи абер или телефонски по-вик за помош од Шведска, седев на едно др-вено столпче на пристаништето меѓу убавите бротчиња, со ранец на грбот и конфузија во главата. Да заглавиш во вакво убаво место ве-ројатно и не изгледа лошо од сегашна перс-пектива, но во тие моменти се чувствував како дете кое родителите заборавиле да го земат од градинка. Моментите на барање решенија и средување на мислите ги прекина библио-текарката на училиштето која се појави од зад аголот. За рака држеше едно момче од група-та на која утрото им раскажував. Очигледно беше тргната да ме бара низ Сволвер. Мајка-

та на детето, банкарската службеничка која ја запознав, ја пренела веста до училиштето и таму сите решиле набрзина да дадат свој при-донес од по некоја круна. Своите џепарлаци собрани и ставени во едно бело плико на кое беше напишано „God vei hjem (Среќен пат до-ма)“ ми го предадоа в рака. Последниот авто-

бус кон Нарвик заминуваше за помалку од по-ловина час и немав време за повеќе освен да ги гушнам. Тие беа озарени од среќа што мо-желе да ми помогнат. Во очите им ги препоз-нав искрата жар и онаа човечност кои мислев дека се заштитен знак за нас, од југот. Им ре-ков дека ќе им пратам пари назад многу брзо, но тие замолија и инсистираа да пратам само една убава разгледница од Македонија. Ав-тобусот за Нарвик тргна сосе мене. Немаше многу патници. Брзо ме совлада уморот. Ме очекуваше долг пат. Надвор заврна дожд и последните глетки на незаборавните острови ги изгледав преку капките дожд кои правеа коси траектории на прозорецот. А можеби тоа беа солзи излеани од еден чувствителен човек од југот, вистински трогнат од своите северни „соседи“ – и тие луѓе како него...Се надевам дека разгледницата од Канео и синилото на Охридското Езеро висат закаче-ни на некој ѕид од училиштето...

Текст и фотографии: Роберт Смилески

35Твој Клуб

Page 36: Tvoj Klub 78 Final Final

причини да мине во Олимпијакос). Токму од тие причини квалитетот се концен-трираше главно во финансиски силните земји и секако кај бизнис талентираните газди. Сето тоа резултираше со одлуката на европските баскет челници некои држави да добијат по-веќе од еден претставник. Сепак, освен што концентрацијата на капиталот создаде еден сеопшт спортски канибализам во кој бескрупулозно големите ги јадат помалите, постои уште една вистина. Имено, и оние клу-бови кои произведуваа играчи почитувајќи ја притоа специфичноста на транзицискиот капи-тализам и кошаркарската традиција почнаа да си ја јадат сопствената супстанција, баш како што револуцијата ги јаде сопствените деца, и престанаа да бидат фабрики (сетете се само на доминацијата на „цибона“ и „Југопластика“).

36 Твој Клуб

ПАПОЧНАТА ВРВцА СО

Евролигата во кошарка

Барселона, градот гордост на Кaталонија, е годинашниот домаќин на европскиот кошаркарски крем. На Фајнл-форот по четврти пат за трофејот ќе се бори италијанскиот „Монтепаски“. Како и на претходните три завршници во составот на Италијанците ќе има македонски репрезентативец. Пред неколку години во улога на организатори на играта беа Стефанов и Илиевски, сега е Бо лестер Мекејлеб.

Евролигата (www.euroleague.net) е најзначај-ното кошаркарско клупско натпреварување во Европа формирано во 1957 година. Во него партиципираат најдобрите клубови од сите членки на ФИБА Европа. Со натпреварувањето управува УЛЕБ, Здружението на професионал-ните лиги, а право на учество имаат и клубовите од Израел, чија цела територија е во Азија. Во досегашната историја, Евролигата смени многу нешта во концептот и во системот на натпреварување. На почетокот учествуваа нај-добрите тимови од повеќе земји. Во тоа време на шампионите на државите им беше загаран-тирано местото. Меѓутоа, од подоцнежната финансиска перверзија во спортот не можеше да се одбрани ниту кошарката. И во неа еврата заземаат битно место (членот на НБА тимот - Атланта Хоукс Чилдерс имаше 20 милиони

Page 37: Tvoj Klub 78 Final Final

Освен некои исклучоци, кои само го потврду-ваат правилото, како да речеме, белградски „Партизан“, каде исто така не работат сите погони и ленти. Ете затоа и годинава на Фајнл форот во Барсе-лона ќе ги гледаме богатите „Макаби“, „Панати-наикос“, „Монтепаски“ и „Реал“ (или „Памеса“). Сите тие го минаа целосниот систем на натпре-варување. Најпрвин лигашкиот дел во групи, па потоа и елиминациските фази. Токму „Панате-наикос“ со тренерскиот гуру, најтрофејниот со седум европски круни - Жељко Обрадовиќ, им ја расипа забавата на Каталонците. Ја остави Барселона без „Барселона“.

ПРАНГИТЕ НА ПЕСИМИЗМОТ? Кога станува збор за милионските буџети тешко е худиновски да се ослободиме од прангите на песимизмот и да очекуваме дека во скоро време ќе видиме некој македонски клуб меѓу европската елита. Оптимизмот во тој контекст дефинитивно вбризгува маснотии во крвта. За-тоа единствено како здрава спортска храна ни останаа само неколкуте репрезентативци кои играат на достојно ниво во европските клубови.Така ќе биде и овој пат, иако станува збор за натурализираниот Македонец, Бо Лестер Мекејлеб, кој европскиот врв ќе го нападне со „Монтепаски“, клубот кој практично со папочна врвца е врзан за македонските кошаркари. Кога веќе зборуваме на таа тема, ајде малку да си поиграме со судбината. Му се допаднало тоа некому или не, верувањето во неа ја одразува реалната слика на нашето еволутивно ниво, односно нивото на сознанието!Да бидеме попрецизни. Она што во случајов е судбина е што и сега како и во минатите три настапи на „Монтепаски“ на Фајнл-форот во тимот ќе игра македонски репрезентативец. Во првите два обида во улога на организатор на играта беше легендата на македонската кошарка Врбица Стефанов (2003 и 2004 годи-на), а во третиот актуелниот член на „Олимпија“ Владо Илиевски (2008 година). Сега, како што кажавме, дел од италијанскиот состав е Бо Лестер Мекејлеб, Американецот со македонски пасош, кој треба да биде еден од нашите главни играчи на Европското првенство во Литванија годинава.

МЕКЕЈЛЕБ ПО СТАПКИТЕ НА СТЕФАНОВ И ИЛИЕВСКИСтефанов и Илиевски не успеаја да ја освојат титулата, па сега на ред е Мекејлеб (многу од вас ќе го читаат текстов откако сè ќе заврши во градот, гордост на Каталонија) кој се врати на паркетот во четвртфиналната серија про-тив „Олимпијакос“. Тој успешно закрепна од

тешката повреда на стапалото со што ги олади сите загрижени фанови. Како што нè олади и нас на „инаугуративната“ прес-конференција во „Борис Трајковски“ пред неполна година. Искрено, не очекувавме средба од трет вид, ама очекувавме некаков „јо мен“ став од кошар-карот кој пред да дојде во Македонија беше дел од втората најдобра петорка во Евролигата. Наместо тоа видовме скромно, повлечено момче, без мастика во устата, кое седна во пос-ледните редови од салата. Мораше да стане па да седне на истурената главна маса и да каже нешто за македонската јавност. „Не доаѓам како турист. Сакам да помогнам на Македонија да се пласира на ЕП, а потоа и таму да направи што поголем успех“, кажа Мекејлеб чесно додавајќи дека личната афирмација никогаш не може да се исклучи. Со македонскиот пасош тој не се смета за не-Европеец, што е многу битно за трансфер пазарот.

ГО ПРЕСПАЛ УРАГАНОТ КАТРИНА...Мекејлеб потекнува од њу Орлеанс. Таму играл за Универзитетот пред да дојде во Европа, по-точно во Мерсин Турција. Неговото семејство сè уште живее во њу Орлеанс, градот кој во 2005 година беше погоден од ураганот Катрина, нај-скапата хуманитарна катастрофа во историјата на САД. На теренот Мекејлеб секогаш е буден, но не бил во таква состојба за време на ураганот. „Верувале или не, ураганот го преспав во куќата на мојата мајка. Додека попуштаа браните кои го штитеа градот, јас бев во сон, за наредниот ден да сфатам дека 80 отсто од њу Орлеанс е буквално под вода“, открива Мекејлеб кој веќе има учествувано на Фајнл фор со „Партизан“, тимот во кој многу научил од маестро Душан Вујошевиќ кој и го извадил од давењето во его-измот и му ја засадил во главата битната теза: „Ќе ја организираш играта како што тренерот сака“. Импресиониран е од страста со која тука на Балканот луѓето гледаат на спортот. „Им раскажувам на моите другари од САД како се навива на Балканот. Но тоа знам дека не може да се опише. Барем мајка ми знае, бидејќи ги гледа моите натпревари“

РЕАЛ - НАЈТРОФЕЕН КЛУБКако и во фудбалот, најтрофеен и во кошарката е „Реал“ со осум титули, а зад него се наоѓаат „Панатинаикос“ и „Макаби“ со по пет титули. Вкупно со најмногу титули може да се пофали Италија. Имено, клубовите што доаѓаат од оваа држава имаат освоено 13 титули, втори се Шпанците со 11, а на делба на третото место се Грција и Русија со по шест европски круни.

Наум Котевски

37Твој Клуб

Најмногу спорт, на најдобрата телевизија!

Гледај најмногу спорт, на совршена HD-слика, само со MaxTV!

Со пакетот Max Sport гледај ги најдобрите спортски канали за само 99 ден. месечно!

Активирај веднаш на 171, во Телеком продавниците или директно преку MaxTV и без обврски уживај во многу спорт 1 месец бесплатно!

Page 38: Tvoj Klub 78 Final Final

АЈДЕ ДА ПОМОГНЕМЕ

Фондација Т-Mobile за Македонија

Бидете хумани, донирајте 100 денари и внесете радост во животите на другите.(Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Цената на јавувањето со ДДВ е 118 ден.) Активни броеви за донација:

38 Твој Клуб

Број Корисник Отворен до: причина

143103Јована Станковска

10.06.2011јована има 8 годинки и боледува од церебрална парализа. По неуспешна операција се упатува на лекување во болницата за ортопедија во Израел каде е извршена операција, но потребен е и постоперативен третман.

143105 Елена Тренеска 09.07.2011Елена има пет годинки и е неподвижна, кај неа е дијагностицирано пасивно движење на сите четири екстремитети, како и деформитет на левото стапало. Поради ваквата состојба кај малата Елена потребно е лекување со АБР терапија во Белгија.

143111Евгенија Јовановска

02.06.2011Евгенија има тешка срцева мана и потребната интервенција за нејзино лекување е закажана за во Националната кардиохируршка педијатриска болница во Софија, Бугарија, за што се потребни 17 000 евра, од кои семејтвото треба да покрие 20%.

143112Оливера Димовска

28.06.2011Оливера има 7 годинки и кај неа е пронајден тумор на мозокот. Направени се веќе две операции, но потребно е да се направи дополнителна интервенција... Семејството не е во можност да одвои средства за повторна операција.

143113Маријана Петровска

28.06.2011Маријана има вроден деформитет - блокада при пренесување на звукот. За да може нормално да слуша потребна е операција која е закажана во Клиниката за уво, нос и грло во Келн, Германија и би чинела околу 2 300 евра.

143116Јован Бранковски

09.07.2011јован има една годинка и кај него е откриена вродена срцева мана поради што треба под итно да се прати на операција во Софија, Бугарија.

143131Владимир Петровски

02.06.2011владимир има 27 години и боледува од Morbus Hodkin. Хадаса Еин Карем Болницата во Израел му нуди можност за целосно излекување со трансплантација на коскена срцевина и имунотерапија која би чинела од 130 000 од 150 000 евра.

143133 Маја Велкова 28.06.2011Маја не може да се движи поради оштетување на колената. Потребено е оперативно лекување со имплантација на тотални ендопротези. Операцијата е закажана во Систина и чини 7 000 евра.

143173Мартина Милошеска

09.07.2011 Мартина има 6 години и боледува од церебрална парализа. По неколку третмани во Бугарија и Белгија, сега е потребно да замине на третман со матични клетки во Кина. Со вашите 100 денари помагате Мартина да се радува на детството како и сите други деца.

143183Стефанија Петрова

09.07.2011Стефанија има една годинка и кај неа е откриена срцева мана поради што досега ѝ се направени три операции. Следува и четврта операција на Клиниката за детски болести и детска кардиологија во Софија, Бугарија.

143191 Силвана Идризи 12.07.2011Кај Силвана веќе еднаш е извршена операција на главата поради тумор на мозокот. Поради компликации потребна е итна втора интервенција.

143333Магдалена Кекеновска

31.05.2011На 7-месечната Магдалена треба да се изврши итна трансплантација на црн дроб во Универзитетската детска Клиника Хајделберг во Германија, зашто во Македонија ваков тип операции сè уште не се извршуваат. Од Фондот за здравство покриваат 80% од трошоците кои изнесуваат 60 илјади евра.

143402 Игор Петрески 12.05.2011 20-годишниот Игор остана парализиран во долниот дел од телото поради тешка несреќа на вратот при работа во САД. По неколку операции е нужно да продолжи со рехабилитација, а неговото семејство не може да ги покрие трошоците.

Page 39: Tvoj Klub 78 Final Final

Американс-ка пејачка,

Танита

Знак за ванадиум

Автознак за Орегон

Закрилник на ајдутите

Кју Клукс Клан

Знак за литиум

Вид ноќна птица

Мусли-мански

празникЗамбија

Поени во џудото

Золтан Илин

Јапонски остров

Вид салата Гнездо за

осиНачин на претплата

Програма за лојалност од

Т-Мобилеи Телеком

Позната рок група

Сосед

Италија

Место со ракити

Слуш. дел од програма

3 Сликарот Пабло

Автознак за Тетово

„Кило-ампер“

„Тениски клуб“

Гео метрис -ка слика

Град воЈапонија

Брат (наг.)

Вид цвеќеИталијанс-ка актерка, Роселини

Нимбус Ореол

Келнери во бар

Река во Франција

6 Жен. пејач-ки глас

Ото Пре-мингер

8

Вид трупкаАугуст ШеноаКонак

Ел. со раз л. ат. масаДрвени влечки

Лукав човек (тур.)

Материјал за постава

Италија

1 „Акад. за прим. умет.“

Метар килопонд

ЕлектронПрогонство

Во движење

Друштвена игра

Кошаркарот Ален

Прилог, пред себе

Пронаоѓачот Џејмс

Ју пејачка Неда

ЧифтКубански

политичар, Фидел

Ацикличен јагле-

водород

4 Знак за го-долиниум

Радиоакти-вен метал

Модел, калап

Игра само за еден

Роман од Славко

Јаневски

Ракоплес-кање

Родосквер-нување

Вид козметичко

средство

Комачи Оно

Вид ос и гу-рување

Соперник, конкурент

4Река во

Австрија

Пролетен месец

Кисела зелка

5

Романија

Расто ва рање на стоки

Висинска точка

Острови во Аласка

2 Вид земј.алатка

Ит. тренер, Марчело

Дрво за брод о-градба

Пејач на тенор

Пејачката Ленокс

Јаглерод

Актерот Делон

„Југ. народна армија“

7 Знак за сулфур

Швајц. нов. агенција

Верба, верување во некого

5Позната

рок група

Состојка на алкохолот

Студенина Знак за

азотВрзоп

Германско машко име

Знак за сулфур

Нели (дијал.)

Главен град на Турција

Амајлија

3 наградиприпејд пакети со Nokia C5

Решението на наградниот крстозбор од минатиот број беше: пЕТКА.

Им честитаме на добитниците: душко Михов (ул. „Слога“ бр.12, Кавадарци), Билјанка Ѓошевска (ул. „3 Април“ бр. 37, Пробиштип) и душко Секуловски (ул. „Жан Жорест“ бр. 127/2-3, Скопје) кои беа најсреќни на компјутерското извлекување одржано на 18 април во просториите на T-Mobile и добија припејд пакети со Nokia C5. **

Решението пратете го по SMS на 070 144 777 најдоцна до 19.06.2011 (цена на пораката е 5 денари плус ДДВ). Бројот на пораките е неограничен.* Извлекувањето на тројцата наградени е на 20 јуни 2011, а имињата и адресите на добитниците ќе бидат објавени во наредниот број на Твој Клуб магазинот и на www.t-mobile.mk.

1 2 3 4 5 6 7 8Т-Mobile ве наградува!пратете точен одговорна наградното прашањена 070 144 777 и освојтеприпејд пакет со Nokia C5.

Награден крстозбор „Како се вика јавно достапниот систем на меѓусебно поврзаните компјутерски мрежи од целиот свет?“

*Вработените во T-Mobile и нивните тандеми немаат право на учество во наградната игра.** Рок за подигнување на наградите е 60 дена.

Забава

39Твој Клуб

Page 40: Tvoj Klub 78 Final Final

Нови содржини за повеќе забава... Прати SMS на 14 14 со текст FUn kOD (на местото kOD го внесуваш кодот на содржината што сакаш да ја нарачаш). А за да ги расположиш другарите, подари им некоја од ведриве содржини, уште веднаш! Прати SMS на 14 14 со текст: FUn kOD 3897XXXXXXX и уживај во сончевата есен.

код: FuN PWaJP

код: FuN WJJJG

код: FuN tWDJt

код: FuN WJJJW

код: FuN tJMGM

код: FuN WJJJJ

код: FuN tWPtG

код: FuN WJJMG

код: FuN PaJWG код: FuN WMDWa код: FuN WMDWD код: FuN WMDWG код: FuN WMDWP

код: FuN WMGPD код: FuN WMJMG код: FuN WMJMM код: FuN WtaWW код: FuN WWtPt

СлИКИ

MуЗИКА АНИМАЦИИ

Пример: за мелодијата Слаткаристика - Да полетам прати SMS на 070 1414 со текст FuN WPJJMНарачувањето и подарувањето се овозможени во мрежата на T-Mobile.Слики и анимации 41,3 ден.; Mp3 70,8 ден. Цените се со вклучен ДДВ.

40

t-zones

Твој Клуб

ПРАЗНИчНА ЗАБАВА

Велигденски SMSВелигденска мелодијаПетелова узбунаХип Хоп Велигден

mp3WМАТАWMAPWWJWTDWJWPW

велигденски

РингтоновиАлександар Митевски -223 305Слаткаристика - Да полетамZeljko Joksimovic - LjubaviAna Nikolic - Mafia caffe Зијан - Пушти косиDarko Filipovic - Trebas mi Breakfast at Tiffany's - ThemeBlues Brothers - Everybody needs SomebodyПопај морнаротVratice se rode - temaEl condor pasaCeca - Lepi Grome MojColonia - Lagao si me

mp3

WGMDGWPJJMWJJAWWWPDGTMMATWWJMGTPWMDMPWMJJPDGMJTGADGPDGJJPGTJDTWGWG

Page 41: Tvoj Klub 78 Final Final

Sherlock holmesShrek Forever after

Iron ManPetz

high Schoolhero od Sparta

Пролетна гејмерска офанзиваНови игри + пролет = 100% забаваЈави се на бесплатниот број 140525 и од добиениот линк пристапи во светот на t-zones!

CSI Miami the Mobile Game episode 2

Dunegon hunteraliance

41Твој Клуб

Page 42: Tvoj Klub 78 Final Final

42

Твој Клуб – Сè за вас!

Твој Клуб

Каталог на подароци

Драги пријатели, Добредојдовте во Твој Клуб – Најголемата програма за лојалност

Изминатиов период воведовме многу новини во вашата програма за лојалност - сè со цел да им излеземе во пресрет на вашите очекувања, да ја наградиме вашата доверба, овозможувајќи ви што повеќе поволности како на наши членови.

За да ви овозможиме поголем избор на подароци ги споивме добропознатите Клуб 360 на T-Mobile и Клуб на пријатели на T-Home во една заедничка програма – Твој Клуб. Сега можете побрзо и полесно да дојдете до вредни подароци од заедничкото портфолио на програмата Твој Клуб , бидејќи заедничката програма овозможува и заеднички да ги користите поените добиени од T-Home и Т-Mobile.

Покрај спојувањето во заедничка програма и комбинирањето на поените од T-Home и T-Mobile, овозможивме уште една придобивка за вас: можност да одберете телефон или друг уред од понудата на T-Mobile во Доверба и тој да стане ваш со комбинирање на

Поголем избор на припејд ваучери за повеќе разговориИзненадете ги вашите пријатели – подарете кредит на нивната припејд сметка!

Понудата на припејд ваучери од Твој Клуб отсега е збогатена со електронски ваучери. Одберете ваучер во износ од 300, 590, 900 или 2 000 денари и надополнете ја припејд сметката на вашите блиски користејќи ги Твој Клуб поените. Притоа можете да нарачате повеќе ваучери за различни припејд броеви. Вредноста на ваучерите е со вклучен ДДВ. Изборот е ваш. Јавете се на 122 или појдете во најблиската продавница и приредете некому убаво припејд изненадување.

поените од Твој Клуб добиени од користење на услугите на T-Mobile и T-Home и одредена поволна доплата. Притоа, сами одлучувате колку поени сакате да потрошите, а ние ќе ви го кажеме износот што треба да го доплатите за да го земете омилениот телефон во Доверба.

Членовите на Твој Клуб програмата за лојалност сега имаат можност да ги активираат своите омилени услуги за бесплатни разговори и да зборуваат опуштено, користејќи ги своите Твој Клуб поени од T-Mobile и T-Home. Притоа не заборавајте дека услугите можете да ги активирате на сопствениот број доколку сте постпејд приватен корисник или пак да ги подарите на друг постпејд број по ваш избор.

Твој Клуб Бесплатни викенд разговори (добивате 500 бесплатни викенд минути кон Т-Mobile и фиксните мрежи секој месец, во период од 3 месеци).Твој Клуб Бесплатни разговори во Мојот круг (добивате 500 бесплатни минути кон броевите од Мојот круг секој месец, во период од 3 месеци).

Но, тоа не е сè! Понудивме и:

Твој Клуб е заедничка програма на добропознатите Клуб 360 на t-Mobile и Клуб на пријатели на t-home!

Комбинирајте ги Твој Клуб поените со поволна доплата и земете го мобилниот телефон што најмногу ви се допаѓа во доверба! посетете нè во најблиската Телеком продавница.

Одберете Твој Клуб Бесплатни викенд разговори или Твој Клуб Бесплатни разговори во Мојот круг и активирајте веднаш со јавување на 122 или во нај-блиската продавница!

Page 43: Tvoj Klub 78 Final Final

43

доколку сте Т-Mobile корисник

Kритериуми за добивање поени Број на поени

За секој месец како корисник на T-Mobile 50

За секои 500 денари на Вашата сметка 25

Навремено плаќање на сметката (без траен налог)

90

Навремено плаќање на сметката со траен налог 120

Користење на дополнителни услуги со претплата 36

доколку сте и t-home корисник:

производ/услуга поени

За секои 500 денари вкупна месечна сметка без ДДВ 25

За сите MaxADSL пакети и MaxADSL optic пакети 50 За сите Call & Surf пакети и Call & Surf optic пакети 75 За сите 3 Max пакети и 3 Max optic пакети 125 За сите 2 Max пакети и 2 Max optic пакети 100 Навремено плаќање (18-ти во месецот) / плаќање со траен налог 50

Твој Клуб

Како до подароците?Како и досега, поените и понатаму се добиваат со секоја месечна сметка, во зависност од нејзиниот износ, навременото плаќање, дополнителните услуги итн. За нивниот износ ве известуваме како и досега, преку вашата T-Mobile месечна сметка и сметката од Македонски Телеком. Одберете подарок од каталогот на Твој Клуб и нарачајте го преку Контакт центарот на T-Mobile за T-Mobile корисниците, или, пак појдете директно во најблиската Телеком продавница каде што ќе се договорите за комбинирање на поените и за евентуална доплата, доколку сакате да одберете телефон или друг уред од понудата на T-Mobile во Доверба.

eхо анкета

Затоа што сте ни навистина важни...

КАТАлОГОТ НА пОдАРОЦИ, ОСвЕН НА СТРАНИЦИТЕ НА ТвОј КлуБ МАГАЗИ-НОТ, МОжЕТЕ дА ГО пОГлЕдНЕТЕ И НА WWW.tvoJKlub.Mk . пОдАРОКОТ пО вАшА жЕлБА МОжЕТЕ дА ГО НАРА-чАТЕ И oN lINe, вО СЕКОЕ вРЕМЕ Од дОМА ИлИ Од КАНЦЕлАРИјА, пРЕКу МОјОТ Т-MobIle пОРТАл Нa My.t-MobIle.Mk

... прашавме неколкумина корисници колку се задоволни од нашата Твој Клуб програма за лојалност, од новите привилегии и можности што постојано се зголемуваат приближувајќи ви го сè повеќе она што го сакате.

Филип Стоевски, правник „Моето пролетно Твој Клуб откритие се електронските ваучери! Собраните Твој Клуб поени што досега не сум ги искористил ми дојдоа како вистински подарок. Имено, можноста со нив да надополнувам припејд сметки на блиските

е токму тоа што вистински ми требаше. Не сум ограничен на само еден ваучер, туку можам да нарачувам повеќе ваучери за различни припејд броеви и тоа ми дава голема слобода да почестам, да изненадам свои блиски и важни луѓе.“

Ана Тодоркова, студентка „Самата да ја смислував оваа можност, немаше да ја смислам олку да ми биде по мерка! Со собраните Твој Клуб поени (и тоа релативно малку!) да можам да дојдам до мојата омилена услуга Бесплатни викенд разговори и да добијам

500 бесплатни викенд минути во период од 3 месеци, за мене претставува подобрување на квалитетот на моите претстојни, пролетни викенди! Можам да зборувам, да се договарам и предоговарам со пријателките колку што сакам!“

Стојна велевска, пензионерка „Многу сум среќна што можев да ги искомбинирам Твој Клуб поените добиени од користење на услугите на T-Mobile и Т-Home и со одредена доплата си одбрав телефон што многу го посакуваше мојот внук. Јас си го продолжив договорот за Доверба, а на внук ми му го подарив телефонот

што одамна го меркаше. Сега сме задоволни и двајцата, јас затоа што подарив, тој затоа што доби подарок каков што посакуваше.“

Page 44: Tvoj Klub 78 Final Final

Каталог на подароци

Шифра: 10414"Le Mans" ранец 30x45x16 cm

1 625 поени

шифра: 10465 Спортска торба Relax1 675 поени

шифра: 90087Машки паричник "Socrates" 11x9,2x1,5 cm

3 909 поени

шифра: 10468 Електрична мелница за бибер2 195 поени

Шифра: 10428 Priska детски ранец725 поени

Шифра: 10436Verenа женска патна чанта 40x28x26 cm

2 179 поени

шифра: 10469 Сет од 4 чаши за ликер со футрола675 поени

Шифра: 10438Otis торба2 122 поени

шифра: 10470 Несесер740 поени

шифра: 10472Сет од 6 шолји за еспресо3 295 поени

шифра: 10463 Торба за пазарење Carry985 поени

шифра: 40471 Ќебе за патување4 000 поени

шифра: 10461 шолја "Herry" 9x11 cm 313 поени

Шифра: 90086 Машки паричник "bent" 11,5x9,7x1cm

3 654 поени

шифра: 10464 Ранец Relax 2 089 поени

шифра: 10431 "Dulcea" комплет за чај 10 283 поен

44

Добиј го подарокот што го посакуваш

Количините на подароците се ограничени.

Твој Клуб

Page 45: Tvoj Klub 78 Final Final

шифра: 40067 Телефон Panasonic kX - TG 801113 645 поени

шифра: 10425 Торби за велосипед6 410 поени

шифра: 10451 Комплет за пица 9 081 поени

Шифра: 90071 koжена деловна чанта75 092 поени

шифра: 40068 Телефон Panasonic kX - TG 13116 495 поени

Шифра: 10443 "ROOMSTER" ранец 40x29x10,5 cm

6 609 поени

шифра: 40062 IT сет 11 595 поени

шифра: 90072 Држач за вински шишиња10 792 поени

шифра: 10446 Порцелански сет за фондирање 15 109 поени

шифра: 60130 лежалка 80x206 cm 9 609 поени

Шифра: 90075 Delux чанта за лап-топ со тркалца 16 930 поени

шифра: 40069 USb HUb 2.0 4-port Apacer PH150 2 495 поени

шифра: 10448 Prema ламба за на глава 3 622 поени

Шифра: 90039 Ноже за сечење пури1 919 поени

шифра: 90082 Плоска за пијалак 10x13x20 cm

6 880 поени

45

Вашата нарачка можете да ја направите: 1. Со јавување на 070122. Повикот е бесплатен за постпејд корисниците на T-Mobile за јавување од МК;2. Преку T-Mobile порталот (www.my.t-mobile.mk); 3. Во нашите продажни места. Важи за T-Mobile корисници. Доколку сте T-Home корисник, вашата нарачка можете да ја направите на продажните места на Телеком.

Твој Клуб

шифра: 40071 Телефон Panasonic kX - TG 25119 595 поени

Page 46: Tvoj Klub 78 Final Final

46

Каталог на подароци

Количините на подароците се ограничени.

Твој Клуб

Дојди до посакуваниот телефон со поените од Твој Клуб

Одбери ваучер и бесплатни разговори со Твој Клуб поени

шифра: 70005 Вредносна картичка 5903 000 поени

шифра: 70007 Вредносна картичка 2000 8 000 поени

Твој клуб - Бесплатни викендразговори

Твој клуб - Бесплатни разговори во Мојот круг

1 800 поени 2 700 поени500 500кон T-Mobile и фикснитемрежи - 3 месеци

минути минути

кон броевите во Мојоткруг - 3 месеци

шифра: 130 001 шифра: 130 002

шифра: 20338 nokia X6 16 Gb99 950 поени

Шифра: 20326 HTC Wildfire62 250 поени

Шифра: 20325 HTC Desire104 950 поени

Шифра: 20337 LG P500 Optimus One54 950 поени

шифра: 120001 Е-ваучер 3001 500 поени

шифра: 120004 Е-ваучер 2000 8 000 поени

шифра: 120003 Е-ваучер 900 4 500 поени

шифра: 120002 Е-ваучер 590 3 000 поени

300 ден. 900 ден.590 ден. 2000 ден.

Page 47: Tvoj Klub 78 Final Final

47Твој Клуб

Шифра: 20327 LG A133 7 250 поени

Шифра: 20328Samsung Galaxy Tab P1000204 950 поени

Шифра: 20308 Samsung S707039 950 поени

Шифра: 20298 LG GU23012 250 поени

Поголем избор на подароци можете да погледнете на www.tvojklub.mk

Шифра: 20309 nokia 6303i32 250 поени

шифра: 20343 Huawei E173 USb модем7 250 поени

Шифра: 20340 nokia C1-0112 250 поени

Шифра: 20339 nokia X229 950 поени

Шифра: 20310 SonyEricsson J10i2 34 950 поени

Шифра: 20317 SonyEricssonW100 20 965 поени

шифра: 20329 SonyEricssonCedar J108i13 750 поени

шифра: 20311SonyEricsson X10i mini59 950 поени

шифра: 20332 Samsung S3350 19 950 поени

Шифра: 20342 ZTE V9 79 950 поени

Шифра: 20341 HTC Mozart 114 950 поени

шифра: 20334 Samsung E1170 3 750 поени

Page 48: Tvoj Klub 78 Final Final