48
УЧЕНИЧКИ ЗБОР Училишен весник на учениците при ООУ Јонче Смугрески“, с.Обршани Број 2, Февруари 2015 Активности на учениците Проектни активности МИО—активности Детски афоризми Донации Интервју со педагогот при ООУ Јонче Смугрески г-ѓа Менче Петреска Млади поети: Андреј Грашкоски и Милена Тасевска Хороскоп

Ucenicki zbor 2015

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ucilisen vesnik pri OOU Jonce Smugreski, s. Obrsani, Krivogastani, Makedonija. училишен весник при ООУ Јонче Смугрески, с. Обршани, Кривогаштани, Македонија

Citation preview

Page 1: Ucenicki zbor 2015

УЧЕНИЧКИ ЗБОР

Училишен весник на учениците при ООУ „Јонче Смугрески“, с.Обршани Број 2, Февруари 2015

Активности на учениците

Проектни активности

МИО—активности

Детски афоризми

Донации

Интервју со педагогот при

ООУ Јонче Смугрески

г-ѓа Менче Петреска

Млади поети:

Андреј Грашкоски и

Милена Тасевска

Хороскоп

Page 2: Ucenicki zbor 2015

2

Page 3: Ucenicki zbor 2015

3

ВОВЕД

Драги читатели! На наше, а се надеваме и на Ваше огромно задоволство го

имаме вториот број на нашиот училишен весник. Тој е резултат на заедничкото залагање и соработка на наставниците и учениците од нашето училиште.

Овој број донесува избор на интересни написи од различни области, кој планираме да биде уште поразновиден и побогат.

Редакцијата на овој училишен весник секогаш е отворена за соработка, така да во иднина ги очекуваме Вашите трудови, предлози, сугестии кои ќе бидат добредојдени и корисни.

Во оваа прилика Ви го честитаме 26 Февруари—Патрониот празник на нашето училиште.

На учениците кои завршуваат 9-то одделение им посакуваме успех во понатамошното образование, здравје и среќен живот.

Од Редакцијата

Редакција: Милена Димитриеска, Марија Рајчиноска, Моника Ѓоргоска, Ленче Сркески, Марина Глушеска, ученици од VII, VIII и IX одделение

Page 4: Ucenicki zbor 2015

4

Ретроспектива на минатата учебна година

Не се задоволувај со приказните кои те допреле!

Напиши го сопствениот мит!

Една универзална мисла и вечна вистина. Луѓето кои го

направиле својот мит, остануваат вечно недопрени низ времето

и просторот, не потсетуваат на минатото, учевствуваат во

сегашноста, а тоа представува визија за иднината.

На ден 26 Февруари се потсетиме на името и делото на

Патронот на нашето училиште Јонче Смугрески.

Да се биде свој во овој свет, кој постојано се обидува да те

направи поинаков, тоа е вистинското достигнување.

Затоа се обидовме да бидеме свои и да му оддадовме почит на

начин на кој најдобро го знаеме: преку песна, стихови, за

моменти се претворивме во вистински актери и музичари,

водители .

Еве дел од од атмосферата тој ден.

Ден за паметење!

Page 5: Ucenicki zbor 2015

5

Ретроспектива на минатата учебна година

Нашите ученици, некои сега веќе средношколци

Прослава по повод патронатот на нашето училиште 26 февруари

Page 6: Ucenicki zbor 2015

6

Ретроспектива на минатата учебна година

Музичари, играорци, глумци

Page 7: Ucenicki zbor 2015

7

Ретроспектива на минатата учебна година

Прослава по повод 24 Мај денот на Македонските просветители

Моменти за паметење...

Page 8: Ucenicki zbor 2015

8

Интервју со...

Педагогот на ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани, Г-ѓа Менче Петреска

Дали сте задволни од местото педагог во нашето училиште?

да, ја сакам работата и си ја работам одговорно Кажете ни нешто повеќе за Вас, за Вашето образование?

Завршив VII степен Филозофски факултет, група педагогија, бидејќи отсекогаш сум сакала да бидам и да работам со деца

Како се одвиваше Вашиот досегашен професионален развој?

На почеток работев како наставник во одделенска настава (1 година), а потоа почнав да работам како педагог и тоа го работам веќе 16 години

Колку сте задоволни од сегашната ситуација во која се наоѓа училиштето?

Спрема постигнувањата на учениците сум задоволна, а тука влијае и соработката со наставниците, родителите

Каква е соработката со директорот на училиштето, секретарот, наставниците?

Одлична, без соработка нема напредок Како го користите Вашето слободно време?

Слободното време го користам за прошетки во природа, покрај домашните обврски сакам да се дружам со моите пријатели

Што би им порачале на нашите ученици?

Му посакувам многу здравје, многу успех, поголемо учество на натпревари бидејќи нивните успеси се воедно и успеси на целото училиште.

Page 9: Ucenicki zbor 2015

9

Почеток на учебната година

На 1-ви Септември одекна ѕвончето за првиот училишен час за првачињата од училштето во Обршани ООУ „Јонче Смугрески“. Со кратка програма на која настапија учениците од погорните одделенија беше одбележан првиот училишен ден. Освен родителите, учениците и наставниците, топло добредојде на првачињата им посакаа: градоначалникот на општина Кривогаштани, г-от Тони Заткоски, советникот за образование Владо Деспотоски, директорката на училиштето Благица Везенкоска и претставници од општина Кривогаштани. Пред да седнат во ученичките клупи, тие им посакаа среќни и весели денови, поминати на училиште, а ГРАДОНАЧАЛНИКОТ заедно со ДИРЕКТОРКАТА им подарија скромни подароци на најмалите и сите ученици добија распоред за часовите.

Најмалите со Градоначалникот за Нова Година

Page 10: Ucenicki zbor 2015

10

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Боротино

Еве еден мал допринес и од учениците од 1 до 5 одд од подрачното основно училиште Јонче Смугрески с.Боротино заедно со нашите наставници да го збогатиме овој училишен весник.

Во овој број се одлучивме да ви дадеме некои наши предлози кои доколку ви се допаднат би можеле да ги реализирате и вие. Ова се дел од нашите активности кои ги реализиравме во изминатиот период

За празникот на Мама 8 ми март Избор на најукрасено Велигденско јајце

Игри без граници

Page 11: Ucenicki zbor 2015

11

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Боротино

Родителите важна алка во нашиот училишен синџир

Page 12: Ucenicki zbor 2015

12

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Боротино

Песна за Гоце Делчев Пред многу зими и пред многу лета, јунакот Гоце се борел за слободна Македонија горел. Во него имало огромна сила, со сето срце ја бранел татковината му мила Неговото име нема никогаш да загине а сеќавањето за него нема никогаш да мине . Пред бистата негова свежо цвеќе оставаме, и голема почит на Гоце ние секогаш му даваме Теодора Илијоска 5 одд П.У.с.Боротино

Моето училиште Моето училиште Јонче Смугрески се вика, на старото место на дружење ме вика. Учење и смеа радост и тага, во него се делам вистина и лага Моето училиште има многу тајни за детските денови за приказни знајни Го чувам во себе тој спомен драг, училиште мое мој роден праг. Марија Кондоска 5 одд П.У.с.Боротино

ЕСЕНТА МИ Е НАЈУБАВА Есента ми е најубава зошто, зошто затоа што ќе почнам да одам на училиште. Есента ми е најубава зошто, зошто ќе одам во Небрегово да собирам печурки. Есента ми е најубава зошто, зошто ќе бериме пиперки,ќе правиме зимница. Есента ми е најубава зошто, зошто ќе печиме пиперки за ајвар и лутеница. И затоа што брат ми секогаш се лути е затоа мене есента ми е најубава. Габриела Најдоска 4 одд – П.У.с,Боротино

Page 13: Ucenicki zbor 2015

13

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

Ученикот Андреј Грашкоски од IV одд. Учествуваше на поетската манифестација „Ракатки“, што се одржа на 11 и 12 април 2014 год. во Скопје. На овој фестивал на убавиот пишан збор, Андреј освои трето место за песната „Книга“ и беше најмлад учесник. Претседателката на фестивалот му додели диплома и други скромни подароци.

Оваа 2015 год. на истиот фестивал Андреј Грашкоски како петтоодделенец освои втора награда со своја лична творба.

Page 14: Ucenicki zbor 2015

14

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

ПОСЕТА НА СПОМЕНИКОТ ВО БЕЛА ЦРКВА ПО ПОВОД 8-МИ СЕПТЕМВРИ

На ден 9 септември учениците од подрачното училиште од с. Бела Црква заедно со своите одделенски наставнички, го посетија селскиот споменик во близина на училиштето, во чест на паднатите борци од оваа околина кои ги дале своите животи за слободата и за подобра иднина. Одржавме краток историски час, положивме свежо цвеќе и им оддадовме почит и голема блгодарност.

Page 15: Ucenicki zbor 2015

15

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

Литературно читање во библиотеката Борка Талески, каде имавме награден ученик со своја лична творба—Николче Бозоски ученик во петто одделение.

На 28-11-2014 год. учениците од II до Vодд. од ПОУ во Бела Црква присуствуваа на фестивалот на детски песнички „Тралала“, што се оддржа во Битола. Поминаа прекрасен ден исполнет со смеа , забава, игра и дружење.

Page 16: Ucenicki zbor 2015

16

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

ВЕЛИГДЕНСКА ЗАКУСКА

На ден 17-04-2014 (четврток), тимот од наставници од прво до петто одделение, заедно

со учениците и во соработка со родителите, во просториите на подрачното училиште во с. Бела

Црква, организиравме Велигденска закуска. На настанот присуствуваа голем број на

родители, кои беа многу задоволни од добрата организација и од изборот на активности.

Ние, наставниците од ова училиште со оваа манифестација сакавме да им се заблагодариме

на родителите за прекрасната соработка, и поддршка што секогаш ја имаме од нив.

На учениците беа доделени награди - дипломи во три категории:

Награда за најдобро декорирано јајце, Награда за најдобар цртеж

Награда за најцврсто јајце - кршаче

Одделенски наставници: Злата Стефаноска Соња Бришкоска

Марина Глушеска Гордана Спиркоска

Page 17: Ucenicki zbor 2015

17

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

СООБРАЌАЕН БУКВАР На ден 16-09-2014 (вторник), учениците од прво до петто одделение при подрачното училиште во Бела Црква при ООУ „Јонче Смугрески“се вклучија во кампањата за поголема безбедност во сообрајќајот со презентација на материјал кој е добиен од полициската станица во општина Кривогаштани

Во тој контекст беше проследена презентацијата „Сообраќаен буквар“од која учениците уште еднаш се потсетија дека морат да се почитуваат сообраќајните правила, за поголема безбедност на сите

Одделенски наставници:

Злата Стефаноска Соња Бришкоска

Марина Глушеска

Page 18: Ucenicki zbor 2015

18

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

ЗООЛОШКА ГРАДИНА

На 6-12-2014 год. дел од учениците од четврто и петто одделение од ПОУ Бела Црква заедно со дел од поголемите ученици од централното училиште и врсниците од училиштето од Кривогаштани Манчу Матак, со организиран превоз од локалната самоуправа имаа можност да ја посетат реновираната Зоолошка градина во Битола , и да видат голем број на животни и да уживаат во забавата со голем број на реномирани македонски естрадни имиња.

Page 19: Ucenicki zbor 2015

19

Активности на учениците од V одделение

Евгенија Мискоска - МАСКА

Цртежи и лични творби од учениците од V одд.—ментор Билјана Наумоска

Елена Китаноска—МАСКА

Стефанија Чаушоска—ЛОЗА

Валентин Рувчески—ЛЕБЕДИ

Зима Снегулки снежни паѓаат И нови студови почнуваат да се раѓаат Зимата пристигна кај нас И сите од радост викаат на глас Ветрот надвор вее Секое дете се смее Насекаде изградени замоци снежни За игра во долгата зима Снегот во секоја куќа стои А едно дете само празниците ги брои Сите се радуваат бидејќи е зима И се е убаво и бело Дино Мискоски

Теодора Бегалиноска—ЦВЕТ

Кога цвета цветот Утрово во пет, среде тревки ред, дојде на бел свет еден убав цвет! Сега нова боја око ќе ни смири, сега ново цветче сладок мирис шири. Сега една птица низ светот ќе гласи дека ново цветче полето го краси. Сега една пчела што собира мед, ќе кажува дека изникнал нов цвет. Сега цвета цветот, поубав е светот! Сара Ефтинџиоска

Page 20: Ucenicki zbor 2015

20

Активности на учениците од V одделение

Новогодишна работилница

Page 21: Ucenicki zbor 2015

21

Ученички активности

ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ

На собирното место, „Кај слонот на тронот “, на падините на Маркови кули во

Варош на 16.08.2014 во 19 часот се одржа овогодинешната манифестација Поетско

Маркукуле.

На овогодинешната манифестација

Поетско Маркукуле свое учество имаа над

50 поети од земјава и странство. Исто така

на оваа манифестација учествуваа шест

ученици од нашето училиште „Јонче

Смугрески “

Обршани кои достоинствено се

претставија со својата поезија и

уживаа во целата програма покрај

прекрасната природа и ѕвездениот

раскош. За се' да биде толку добро

организирано најзаслужни се

организаторите Градската

библиотека Борка Талески,

Локалната самоупрва и културното

друштво Пела од Словенија.

Page 22: Ucenicki zbor 2015

22

Ученички активности

Активности на учениците по историја

Изработени проекти под менторство на наставничката по историја Снежана Чапкуноска

Page 23: Ucenicki zbor 2015

23

Ученички активности

Активности на учениците по Техничко образование—ментор наставник Јова сребреноска

Page 24: Ucenicki zbor 2015

24

Ученички активности

И оваа учебна година учениците од второ одделение од централното училиште заедно со нивната наставничка Виолета Палеска доста активно и креативно ги реализираа наставните содржини. Активно беа вклучени во сите културни манифестации во училиштето, почнувајќи од пригодни програми, работилници, новогодишен базар како и учество во свечената програма за Патрониот ден на училиштето. Доста креативно се изразуваат во реализирањето на наставните содржини по Природни науки со новите адаптирани програми по CAMBRIDGE. Така тие замесија, испекоа и го вкусија лебот, направија чоколадни карпи и соѕидаа ѕид , направивме и вулкан. Го имплементиравме и проектот

"Заедничка грижа за правилно насочување на учениците" каде родителот беше во улога наставник и практично покажа како се мери маса во килограми.

Page 25: Ucenicki zbor 2015

25

Ученички активности

Активности на учениците од второ одделение

Page 26: Ucenicki zbor 2015

26

Млади поети — Андреј Грашкоски

АНДРЕЈ ГРАШКОСКИ е роден во Прилеп 2004 год., а живее во село Воѓани- општина Кривогаштани.

Учи во ООУ „Јонче Смугрески“ с. Обршани ПУ Бела Црква. Тој е ученик во петто одделение.

Има учествувано на конкурсите на „Колибри“ и „Матица “ „ Ракатки“ и „Мојот јазик -тоа сум јас“, на поетскиот фестивал „ Поетско маркукуле“.

Избран е за најдобар рецитатор од прво до петто одделение во неговото училиште.

„Сакам да творам“ е негова прва поетска книга.

Page 27: Ucenicki zbor 2015

27

Млади поети — Андреј Грашкоски

РЕЦЕНЗИЈА Од срамежливо и тивко момченце Андреј стана вреден и амбициозен ученик, кој

ги прифака сите предизвици и не застанува пред препреките што се испречуваат пред него.

Неговата љубов кон пишаниот збор и првите обиди за пишување, започнаа на часовите по македонски јазик.

Со учеството на фестивалот „Ракатки“ во четврто одделение на кој беше најмлад награден учесник , кај Андреј се повеке се распламтува страста за пишување поезија.

Од самиот наслов на книгата „Сакам да творам“ - се насетува големата желба за творење, а при читањето се гледа и огромниот талент на младиот автор.

Творбите од стихозбирката се со различни мотиви кои имаат една заедничка порака: Да се согледа поубавата и ведра страна на животот, да се радуваме и да ги сочуваме малите работи, кои навидум се ситни и безначајни, некогаш неважни за сите нас . Во своето изразување младиот поет најчесто користи паралелна рима, компарација и епитети, а стиховите изобилуваат со многу описи и контрасти.

Со лесен стих на пишување и употреба на едноставни зборови, малечкиот автор Андреј Грашкоски, успева при творењето да создаде живи и прекрасни слики, и да пренесе силни пораки и емоции до љубителите на пишаниот збор.

Инспирацијата за да ги преточи своите емоции во зборови ја добива од детското секојдневие. Таа е насекаде околу него.Пишува за убавините на годишните времиња, за празниците што ги одбележуваат датумите од нашето славно минато ,љубовта и патриотизмот кон татковината.Пишува за лугето кои му се драги, за своето родно место,животните, инсектите ,птиците, другарството...

Во своите песни инспириран од големата љубов и загриженост кон природата ни

порачува:

Стоп!

силно викнете на глас.

Да не се фрла отпад,

веднаш престанете во овој час!

Да ја штедиме водата

да не користиме вода колку што ни душа сака,

зошто потоа ќе се каеме, ќе имаме мака.

Да го послушаме апелот на овој млад надежен поет и да се надеваме дека ова е првиот

бисер во низата од убав ѓердан на неговото творештво.

Page 28: Ucenicki zbor 2015

28

Млади поети — Милена Тасевска

Нејзината основна порака ја искажуваат стиховите за детството, родното место, пролетта, птиците, празниците, љубовта, книгата, зборовите. Весна Димовска Милена пишува од дното на својата душа, искрено ненаметливо, едноставно, а секој стих како бран Ве носи во далечини и ве прави жедни за уште повеќе!

Page 29: Ucenicki zbor 2015

29

Училишни активности

Проект „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО„ Активности со нашиот партнер училиште „Исмаил Ќемали“ с. Црнилиште, Општина Долнени. Прослава на Патрониот празник на ООУ „Исмаил Ќемали“

Page 30: Ucenicki zbor 2015

30

Училишни активности

Проект „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ Активности со нашиот партнер училиште „Исмаил Ќемали“ с. Црнилиште, Општина Долнени.

Нашето училиште ООУ „Јонче Смугрески“ организираше средба со Училиштето во с. Црнилиште. Јас и неколку мои соученици си поминавме прекрасно. Таму запознавме многу нови пријатели. Заедно со девојчињата од Црнилиште игравме ракомет. Во играта се се одвиваше забавно и сите се согласувавме. Исто така имавме можност меѓусебно да се запознаеме со нашите култури. Но во сето ова доживување најважно е дека ова беше еден начин да докажеме дека меѓусебно може добро да се согласуваме и да создаваме нови пријателства без разлика на нашата боја, вера или раса. Моника Тасевска VIII а одд.

Page 31: Ucenicki zbor 2015

31

Училишни активности

Проект „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“. Проект за МИО реализиран од учениците од прво до петто одделение заедно со своите одделенски наставници и со помош на наставниците по Техничко образование и Англиски јазик. Благодарност до нив.

Page 32: Ucenicki zbor 2015

32

Училишни активности

Ден на дрвото 03. 12. 2014 година По повод Денот на дрвото—Засади ја својата иднина, учениците заедно со

вработените од ООУ „Јонче Смугрески“ засадија убави садници со што се оплемени и уреди нашиот училишен двор. Акцијата се спроведе и во подрачните училишта с. Бела Црква и с. Боротино. Денот помина во прекрасна и весела атмосфера, додека учениците извлекоа воспитна поука дека сите заедно треба да се грижиме за природата и дека засадувањето дрвца значи живот. Низ слики Ви ја доловуваме атмосферата

Page 33: Ucenicki zbor 2015

33

Училишни активности

Ден на дрвото 03. 12. 2014 година Низ слики Ви ја доловуваме атмосферата

Page 34: Ucenicki zbor 2015

34

Наградени ученици...

Милена Тасевска ученичка во ООУ „Јонче Смугрески“ доби ДИПЛОМА ЗА ПРВО МЕСТО на

конкурсот за разгледници - за промоција на вредностите „ЕДНАКВОСТ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА“, а исто така учествуваше на литературно читање

во ООУ „Кочо Рацин“ по повод одбележување на шеесет години од постоењето и работа на училиштето, а таму доби диплома за освоено

ВТОРО МЕСТО. И посакуваме и во иднина да ја следат вакви успеси !

Моника Тасеска од VIII а одд, доби I место на натпреварот по физика организиран од страна на наставникот по физика при ООУ Јонче Смугрески, Благоја Зојчески и наставничката Татјана Чируноска, наставник по физика при ООУ Манчу Матак Кривогаштани.

Градоначалникот на Општина Кривогаштани Г-дин Тони Заткоски и додели таблет како награда за освоеното прво место.

Page 35: Ucenicki zbor 2015

35

Наградени ученици...

Прво, второ и трето место—ликовна изложба Стефанија Сидороска, Милена Тасевска, Михаела Аџиоска

На љубовта и е доволна љубов Животот ни поставува граници кои не смееме да ги пречекориме. Тој е судбина која мора да ја живееме. А живееме зошто други така сакале. Сакаме, зошто тогаш кога сакаме немаме граници и живееме судбина која сакаме да ја живееме. Одам по еден пат кој ми носи среќа, задоволство, успех. На тој пат се наоѓаат моите родители, сестра ми, роднини, пријатили, ми даваат се она што ме прави среќна, задоволна, а со тоа и успешна. Наеднаш како во сон пред мене се појавува нешто што менува се. Се прашувам дали она за кое живееме, ми се случува и мене и тоа сега! Се уште одам по мојот пат, но не е се исто. Мојата душа е претворена во лавиринт низ кој минува само таа капка роса што ги освежува моите надежи, соништа, желби, се повеќе и повеќе. Никако да го најдам крајот на лавиринтот, никако да сфатам што ми се случува. Поминува покрај мене, ме здогледува со прекрасните очи и ме тера повторно да размислувам. Тоа што ми се случува е за прв пат во мојот живот. Се чувствувам исполнето, среќно, задоволно. Но, се плашам! Зошто? Затоа што сеуште не сум сигурна дали е она вистинското! Дали е тоа љубовта, таа, која не мечтае за ништо друго освен самата да се исполни. Ако на патот по кој сум тргнала, ја најдам правата љубов од која моето срце ќе затрепери, тогаш да го дадам она вистинското и најчистото од мене. „Љубовта не дава ништо освен себе и не зема ништо освен себе. На љубовта и е доволна љубов“. Стефанија Сидороска VIIa

Page 36: Ucenicki zbor 2015

36

Наградени ученици...

„Доделување на наградите за најдобра лична творба за 2014 год.“ каде

со дипломи „ се закитија “ученичката Елена Мискоска од VI/a одделение за

освоено I (прво) место , и ученичката Христина Стомнароска IX/a одделение

за освоено III (трето) место. Награден ученик исто така беше и Никола

Бозоски од подрачното училиште во Бела Црква за најдобра лична творба.

Честитки и уште многу успеси! Се гордееме со вас!

И секако да не заборавиме да им честитаме на организаторите на овој

конкурс, ни беше чест да бидеме дел од него.

Page 37: Ucenicki zbor 2015

37

Меѓуучилишни активности

Игра, дружење и забава—ученици од двете училишта ООУ Јонче Смугрески и ООУ Манчу Матак

Заедничка Новогодишна програма

Page 38: Ucenicki zbor 2015

38

Меѓуучилишни активности

Заедничка Новогодишна програма

Page 39: Ucenicki zbor 2015

39

Проектни активности

Проект „Разумно користење на електричната енергија“

Оваа учебна година во нашето училиште во тек е реализација на проектот „Разумно користење на електричната енергија“. Иницијатор и покровител на овој проект е ЕВН Македонија, истиот е подржан од Министерство за образование, а се релизира од страна на едукатори од партнер организации меѓу кои и „Жетва на знаење“ од Прилеп.

Во рамките на проектот формирана е секција „Зелен енергетски клуб“ во која членуваат ученици од четврто и петто одделение од подрачното училиште во Бела Црква. Нивна задача е развивање на конкретни мерки за енергетска ефикасност во училиштето, поттикнување на свеста за значењето на енергетската ефикасност во локалната средина односно развивање чувство на одговорност и поголема свест за енергетските ресурси.

Page 40: Ucenicki zbor 2015

40

Обуки, предавања

Домашни работи

Борба против Семејно насилство

„Без толеранција за алкохолот и дрогата“

Прва ЕДУ конференција

Едукација за мерки за заштита

Page 41: Ucenicki zbor 2015

41

Донации

Збогатен фондот на книги во ООУ „ЈОНЧЕ СМУГРЕСКИ“

На 11.11.2014 год. во ООУ „ЈОНЧЕ СМУГРЕСКИ“ - Обршани се одржа кратка манифестација по повод донирање на книги од Градска библиотека Прилеп.На оваа манифестација беа присутни Директорот на Градската библиотека г-ин Петар Петрески и Градоначалникот на Општина Кривогаштани г-ин Тони Заткоски со нивни претставници, а од страна на директорката г-ѓа Благица Везенкоска им беа доделени благодарници од име на училиштето и библиотеката поради нивната несебична поддршка која во секој момент ја добива училиштето.

Донирани беа 350 книги и со тоа се збогати нашиот библиотечен фонд. Со оваа донација не само што се покажа хуманоста, ова претставува една голема мотивација за учениците се повеќе да читаат книги. Учениците имаа изработено пораки и слики во кои ја искажуваат важноста на книгата. Исто така имаше поставено хамер под мотото „Зошто да читаме?“ на кој учениците и присутните гости ги запишуваа своите мисли и пораки. Од денес учениците ќе бидат побогати, посреќни и помудри со најубавиот подарок за нив „книгата“.

Page 42: Ucenicki zbor 2015

42

Донации

Во ООУ „ Јонче Смугрески“ од УСАИД преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието беше доделена опрема и алати за заштита при работата и одржување на училишните објекти.

Монтирање лифт платформа за лица со хендикеп.

Поставена е ограда во ООУ Јонче Смугрески

Page 43: Ucenicki zbor 2015

43

Да се насмееме

ТЕПИСИ Во продавница за теписи: - Имате ли нешто за у детска, поиздржливо така? - Колку деца имате? - Пет! - Море поарно е да си асфалтирате...

АЈФОН Трпана му вика на Трпе: - Душо сакам да ми купиш ајфон. - А тој другиот шо го имаш? - Тој ќе ми купи лаптоп.

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ Трпе и Трпана гледаат телвизија. За некое време започнува документарен филм за глодари, па Трпе и вели: - Аман Трпано, нема валјда да ги гледаме овие глувци? - Глувци? Па тоа е документарен филм за глодари. - Глодари, глувци, стаорци, се е тоа исто, зарем не мислиш дека сите се подеднакво одвратни? - Секако дека мислам глувче мое.

ВИ – ФИ Влага Цветко во црква и му вика на попот:

- Попе, има ли овде ви-фи?

А попот се крсти и вика:

- Боже помогни!

А Цветко враќа:

- Што е тоа? Име на мрежата или

лозинката?

СОВРЕМЕН ДЕЧКО

Таа: Каде си?

Тој: Види на Fасеbооk.

Таа: Што јадеш?

Тој: Види на Instagrаm.

Таа: Што правиш?

Тој: Види на Twittеr

Таа: Добро, можам ли јас да те

прашам нешто?!

Тој: Прашај ме на Аsk.

Page 44: Ucenicki zbor 2015

44

Да се насмееме

Многу често она што ќе го кажат децата може да звучи многу мудро, некогаш ќе нè насмее, а понекогаш и ќе не изненади. Овие детски афоризми... ...дефинитивно ќе ви измамат насмевка.

Брат ми и јас денес изедовме цела тегла мармалад. Вечер ќе добиеме или пролив, или ќотек!

Не разбирам зошто е мама толку лута што ја скршив вазната. И онака беше кинеска, а не наша!

Во телевизорот работат мали луѓе, а во радио нивните деца!

Баба отиде на оној свет. Сега и ние имаме некој во странство!

Ја погодивме со топка жена му на соседот. Сега соседот ни е главен спонзор.

Сестра ми повторно го заврши одделението со одличен успех – сите петки. Сигурно намерно ми го прави ова!

Мама и тато денес слават годишнина од брак. Сите го знаеме тоа, освен тато.

Го прашав тато зошто тој ја бричи брадата, а мама нозете.

Ми рече дека секој се бричи онаму каде што го гледаат.

Page 45: Ucenicki zbor 2015

45

Забава

Page 46: Ucenicki zbor 2015

46

Хороскоп

Овен 21.3.-20.4 - Постојано се караат, желни се за командување и викање по цел ден. Секогаш нешто им смета, постојано бараат неправда за да ја исправат. Никогаш не им е доста храна, јадат како да стигнале од Африка.

Бик 21.4-21.5 - Спанковци и досадни, се изморуваат и од самите себе доколку не успеат да заспијат. Секогаш имаат креативни идеи, но тешко ги реализираат поради тоа што ужасно се мрзеливи и само размислуваат како да се збогатат за да може уште повеќе да се излежуваат.

Близнаци 22.5-21.6 – Први за зборување и озборување. Секогаш се однесуваат како деца од пет години. Бегаат од одговорности исто како да ги „брка“ некој со стап. Секогаш мислат дека се најпаметни и секогаш тие се во право. Преферираат да работат сами бидејќи живеат со идејата дека секој е господар на својата судбина и не сакаат нештата да им зависат од некого.

Рак 22.6-22.7 – Изгубени и во светот и во универзимот. Живеат во излузии, плачат и се навредуваат по цел ден. Изгледаат наивно, но всушност се себични кои сакаат да ви го „заврзат“ јажето околу вратот.

Лав 23.7-23.8 – Многу комплицираат. Довербата им зависи од пофалбите на другите. Мислат дека се многу важни, исто така се премногу енергични и ги „дават“ сите околу себе. Лесно им здодеваат нештата, па откако ќе западнат во рутина веднаш бараат начин како да ја избегнат.

Девица 24.08-23.09 - Никогаш ништо не им е погодено. Огледалото никогаш не го испуштаат од рака, дури и кога ја чистат куќата и целите се со прашина. Ако не критикуваат некого, тогаш нешто лажат и измислуваат. Целосно неопределени.

Page 47: Ucenicki zbor 2015

47

Хороскоп

Стрелец 23.11-21.12 Се замислуваат дека се паметни и филозофи, а глупоста која излегува од нивната уста нема граници. Цел живот бегаат од љубов, па не ни чудо што најмногу самци има од овој знак.

Вага 24.9-23.10 - Чуствителни личности, љубезни и дарежливи. Подготвени да дадат сè од себе за другите луѓе. Ужива во предизвиците , колку потешка е препреката, толку помотивирана е да ја надмине. Енергична личност која ретко е во лошо расположение. Ги мотивира другите луѓе и е инспирација за многумина.

Скорпија 24.10-22.11 - Замислуваат дека се многу паметни и премногу филозофираат. Природен водач, крстоносец и благородна личност. Држи до себе и е мошне горда. Има силна волја и најчесто знае како да ги донесе најдобрите одлуки. Не сака да прави компромиси, но кога ситуацијата налага знае да попушти во полза на друг.

Јарец 22.12-21.01 -Напатени души кои мислат дека секогаш нив им е најтешко. Тешко се справуваат со самите себе, а камоли со другите . Може да бидат тивки и интровертни, но кога нешто сакаат, ништо не може да им застане на патот. Потполно се фокусирани и самомотивирани. Целиот живот патат за титули.

Водолија 22.01.-19.02 - Тотално „неписмени“ кога се работи за мода и боја. „Летаат“ наоколу како папагали и постојано поставуваат бесконечен број на прашања. Секогаш има креативни идеи, но тешко ги реализира. Најверојатно тоа се случува затоа што наместо да се посвети на една работа, ја распрснува својата енергија во повеќе насоки.

Риби 20.02-20.03 - Плачковци, опседнати со тоа што мислат другите за нив. Живеат

во свој свет, но се вешти манипулатори ,мудри, досетливи и интелигентни. Во некои моменти

може да бидат дволични и лицемерни на кои им треба секогаш некој да ги води низ животот.

Page 48: Ucenicki zbor 2015

2015 година