23
ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски Ул. ,,Ѓуро Салај” бр. 31 Ѓорче Петров – Скопје [email protected]

Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Vesnik na OU "Dimitar Berovski' Skopje

Citation preview

Page 1: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски

Ул. ,,Ѓуро Салај” бр. 31

Ѓорче Петров – Скопје

[email protected]

Page 2: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

СОДРЖИНА

МИСИЈА И ВИЗИЈА ...................................................................................................................................................3

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРОТ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ.............................................................................................4

ПРВ УЧИЛИШТЕН ДЕН ..............................................................................................................................................5

ДЕТСКА НЕДЕЛА .......................................................................................................................................................6

ДЕН НА ОПШТИНАТА ...............................................................................................................................................7

ДЕН НА ДРВОТО/ЕКО ФИЛМ...................................................................................................................................8

ЕКО КОДЕКС .................................................................................................... ........................................................10

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД .......................................................................................................................................11

ЕКСКУРЗИИ И ДРУГИ НАУЧНИ ПОСЕТИ ..................................................................................................................12

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ .................................................................................................... ..............................................13

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ .........................................................................................................................................15

БИБЛИОТЕКАРСКА СЕКЦИЈА ....................................................................................................................................16

ИНТЕРВЈУ СО ШЕНКА КОЛОЗОВА ............................................................................................................................17

ЕНИГМАТИКА .................................................................................................... ......................................................18

ВИЦОВИ .................................................................................................... ...............................................................20

ПОЕТКО КАТЧЕ ............................................................................................................. ...........................................21

МЛАДИ ПИСАТЕЛИ...................... ..................... ..................... ..................... ..................... ..................... ..............22

Page 3: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

3

Доброто училиште е пример

за праведност.

Можеби не си секогаш во

право сослушај го другиот.

Соработката, толеранцијата,

довербата и почитувањето се

услови за правилен развој и

функционирање на

училиштето.

Само со заедничко

решавање на проблемот ќе

ја оствариш целта.

Почитувај ги личните

вредности преку нив ќе

најдеш разбирање.

ОУ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

Page 4: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Бојана:Кажете ни збор,два за

историјатот на ова училиште?

Директор: Ова училиште е едно од

постарите училишта во Р.Македонија, а

најстаро во општина Ѓорче Петров.

Изградено е во 1959 година. Порано ова

училиште се викало Моша Пијаде, а

потоа ова име било променето и

училиштето го добило денешното име

Димитар Поп Георгиев-

Беровски.Овде,во ова училиште своето

основно образование го започнале

многу наши видни личности како што се

актуелниот премиер на Р.Македонија г.

Никола Груевски, градоначалникот на

општина Ѓорче Петров г. Сокол

Митровски, сегашниот амбасадор на

Р.Македонија во Н.Р.Кина г. Оливер

Шамбевски и многу други личности кои

денес се важни во општествениот живот

на нашата држава. Ние денешните

генерации од ова училиште ја

продолжуваме оваа историска

традиција.Настојуваме да бидеме

поуспешни од претходните, а на идните

генерации да им создадеме услови да

бидат поуспешни од нас.

Тијана: Во кои проекти е вклучено

нашето училиште?

Директор: Постојат повеќе проекти во

кои е вклучено нашето училиште. Во

оваа прилика можам да го споменам

проектот ‘‘Училиште по мерка на

детето‘‘ ,потоа ‘‘Чекор по чекор‘‘ ,

‘‘Описно оценување‘‘ , ‘‘Училиште без

насилство‘‘ , ‘‘Здрава храна за детство

без мана‘‘ , ‘‘Одржливо управување со

отпадот во општинта‘‘ и други проекти

поврзани со еколошката едукација.

Училиштето е опремено со компјутери

преку кои се работат програмите од

ИКТ, Toolkids, G-comprise итн Исто така

се применуваат стандардите за

формативно и сумативно

оценување,како и инклузијата на деца

со посебни потреби.

Во оваа прилика сакам да истакнам,

дека нашето училиште, е избрано како

пилот училиште за екстерно

проверување, кое ќе се одржи во месец

декември оваа година.

Бојана: Како сте задоволни од

соработката со родителите?

Директор: Како досега, така и оваа

година имаме многу добра соработка

со родителите т.е. со новиот совет на

родители кој се конституираше на

почетокот на учебната година. Можам

во оваа прилика да ги издвојам

родителите на нашите првачиња кои се

договорија тие да бидат униформирани.

Мене овој договор многу ми значи и се

надевам дека и останатите ќе го следат

овој позитивен пример. Успешната

соработка со родителите е на повеќе

полиња.Тие преку своите претставници

активно се вклучуваат во

функционирањето на сите комисии.

Тијана: Кажете ни за соработката со

локалната самоуправа?

Директор: Соработката со локалната

самоуправа исто така е на високо ниво.

За сите наши активности општината е

навремено информирана, а од нивна

страна добиваме упатство и подршка за

сите наши активности. Благодарение на

општината во последниве пет години,

училиштето е внатрешно комплетно

уредено.

Бојана: Кои се идните планови

за работата на нашето

училиште?

Директор: Имаме повеќе

планови за во наредниот

период. Во план е да се

промени кровната

конструкција која е дотраена.

Исто така во план е и промена

на фасадата која ќе даде еден

нов и поубав лик од

надворешна страна за разлика

од ентериерот кој е потполно

реновиран и уреден.За оваа

цел имаме развојни и

конкретни цели и се надеваме

дека со помош на МОН и

локалната самоуправа ќе го

оствариме замисленото. Главна

преокупација оваа година исто

така ќе ни биде и еколошкото

уредување,секако покрај

споменатите проекти,бидејќи

тоа е нашата визија.

ОУ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

4

Page 5: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Оваа учебна година започна

на 03.09.2012. Првачињата видно

возбудени, но и многу среќни дојдоа на

првиот час со своите родители. За нив

беше подготвена и организирана

свечена приредба од страна на

учениците од II-V одделение.

Учениците беа прочитани и

прифатени од страна на своите

наставнички Оливера, Живка и Сунчица

и на бината им беа поделени скромни

подароци и беџови со соодветното

име. По приредбата учениците влегоа

во своите училници за да се запознаат

со својот одделенски наставник и

другарчињата.

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com

5

Page 6: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Под мотото "Борете се за детските

права", од трети до деветти октомври

во Македонија, а со самото тоа и во

нашето училиште се одбележа Детската

недела.

Во нашето училиште "Димитар Поп

Георгиев- Беровски" беа доделени

маркички кои децата ги наплатуваа од

по само неколку денари.

За време на траењето на Детската

недела на секој продаден влезен билет

за театар, кино, изложба и други

културни настани, се плаќаше и

дополнителен симболичен износ од 2

или 5 денари. Парите коишто се собраа

во рамки на Детската недела ќе бидат

наменети за заштита на најранливите

групи на деца во земјава. Македонија е

потписник на Конвенцијата за правата

на детето на ОН од 1989 година.

ОУ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

6

Page 7: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Септември е еден од

најзначајните месеци за

оштината Ѓорче Петров. Со низа

активности се одбележува

‘‘Денот на општина Ѓорче

Петров‘‘ – 20 септември.

Свое учество во

прославата зема и основното

училиште ‘‘Димитар Поп

Георгиев - Беровски‘‘. Во пресрет

на празникот, на 19 септември

учениците со помош на

наставниците, подготвија

приредба со која училиштето му

оддаде почит на големиот

револуционер.

Наставниците Сашка

Новковска, Фиданка

Петрушавска, Анета Симиќ,

Благица Василевска и Игор

Митковски во соработка со

колегите и со помош на

учениците приредија одлична

празнична програма.

Приредбата ја отвори

драмата ‘‘Црнила ‘‘ на

легендарниот Коле Чашуле, во

која се опишува убиството на

Ѓорче Петров. Оваа драма ја

изведоа учениците: Стефани

Јосифовска, Александра

Велјановска,РадованСпиридонов

, Мурат Коца и Михајло Малцев

од VIIIа одд.

Следуваше автoрската

песна на наставничката Благица

Василевска посветена на

патронот на општината Ѓорче

Петров. Песната ја рецитираше

Анамариа Ѓурчиновска од VIIIa.

За крај Теона Костовска од VIIб ја

испеа песната која за оваа

прилика ја компонираше

наставникот Игор Митковски,

проследена со ритмичка точка

на нашите соученички.

Со оваа приредба,

учениците се запознаа со делото

на Ѓорче Петров и со историјата

на нашата општина .

Ученици од нашето

училиште учествуваа на крос

натреварот кој се одржа на 20

септември. Ученикот Александар

Трајчевски VIIб oсвои трето

место. Секретарот на нашето

училиште Виктор Раниќ освои

прво место на шаховскиот

турнир.

ДЕН НА ОШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев-Беровски‘‘ www.oudimitarberovski.webs.com

7

Page 8: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

На 21 декември 2012 година се

одржа десетата јубилејна акција ‘‘Ден на

дрвото‘‘ под мотото ‘‘ Засади ја својата

иднина!‘‘. Како и секоја акција, така и овој пат

О.У. ‘‘Димитар Поп Георгиев-Беровски‘‘

активно учествуваше во реализирање на

сонот за пошумена и зелена Македонија.

На десетиот ‘‘Ден на дрвото‘‘,

активно учестуваа учениците од VIII a и VIII б

, како и наставниците Иван Дејаноски, Анета

Симиќ, Вера Петровска, Евгенија Илиевска,

Весна Малинова и Томо Томоски. Со

организиран превоз, учениците се упатија кон

селото Мршевци во близина на Скопје. За

кратко време се засадија голем број садници,

кои ќе израснат во нови шуми, околу нашиот

град.

Масовниот одзив на учениците, кои

со помош на наставниците, масовно излегоа

да ги исполнат браздите со дрвца, уште

еднаш докажа дека го заслужуваме епитетот

Еко-училиште.

Со учеството во сите досегашни

акции, ученците ја развиваат еколошката

свест и го разбираат значењето на шумите,

како бели дробови на нашата земја. Во

практика учат колку труд и време се потребни

за садниците да станат шума.

Сонот за пошумена Македонија,

преку засадување садници за иднината се

роди во август 2007 година, кога идејниот

татко на акцијата, амбасадорот на мирот на

UNESCO, светски познатиот баритон,

маестро Борис Трајанов, трогнат од

огромните катастрофални пожари, кои секоја

година ја пустошат Македонија, ја добива

оваа благородна идеја и поттикнува проект за

масовно засадување на голините и

опустошените планини. По секоја акција,

Македонија се буди озеленета,

облагородена, а секој граѓанин се вдахнува

себеси засадувајќи ја својата иднина некаде

во младите идни шуми. Акцијата е

организирана од граѓанското здружение ‘‘ДЕН

НА ДРВОТО‘‘, а е подржана од ЈП

‘‘МАКЕДОНСКИ ШУМИ‘‘, ЗЕЛС и ВЛАДАТА

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, како и од

голем број други владини и невладини

организации, општини и училишта .

ДЕН НА ДРВОТО –

ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА

ИДНИНА

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com

8

Page 9: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

По повод одбележувањето на Денот на

дрвото, учениците од нашето училиште

учествуваа во многу активности.

Учениците од осмите одделенија беа на

пошумување во Мршевци заедно со

дел од наставничкиот колектив.

Останатите садеа дрва во училишниот

двор. Дел од учениците од V и VIII

одделение под раководство на

наставничките Александра Климоска и

Елица Атанасовска цела недела снимаа

еко филм посветен на денот на дрвото и

на недела на екологијата. Во еко

филмот, учениците ги пренесоа своите

еколошки пораки на македонски и

англиски јазик, ги претставија своите

песнички и ги претставија активностите

на учениците од нашето училиште на

денот на дрвото. Еко филмот е дел од

интегрираните часови од одделенска

настава заедно со предметот англиски

јазик и примена на еко стандарди во

наставата. Овој еко филм заедно со

неколку презентации за екологија,

изработени на часовите по

информатика ќе бидат прикажани пред

учениците и наставниците кога ќе се

организира нова трибина на тема

екологија.

ЕКО-ФИЛМ

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

9

Page 10: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Еко училиште сме ние,

ете таков глас не бие.

Со дворот се гордееме,

во истиот си играме, си пееме.

Влезот чист го чуваме,

цвеќиња негуваме.

Со вода ги залеваме,

со љубов ги раснеме.

Еко кодекс имаме

од каде совети примаме.

Отпадоци да не внесуваме,

чиста околина да имаме

и чист воздух да примаме.

Во секција членуваме

пораки пишуваме,

како средината здрава да ја сочуваме.

Се што треба забележуваме

со проблемите се соочуваме

и во акција стапуваме.

Со договор се се прави

да сме среќни, да сме здрави,

еко ученици,

еко наставници.

Учениците од Vб раководени

од наставничката Јасмина Стојаноска

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

10

Page 11: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Македонија без отпад 2012

На 06.10.2012 година во

училиштето ,,Димитар Поп

Георгиев – Беровски” се одржа

настан во кој учествуваа сите

ученици. Наместо да седат во

училишните клупи, учениците

излегоа надвор за да дадат свој

придонес во чистењето на

училиштниот двор. Целта на

овој настан беше да се подигне

свеста на децата, односно тоа

што ќе го исчистат подоцна да

го одржуваат чисто. Резултатот

ги надмина очекувањата.

Учениците беа повредни и

поангажирани отколку што се

очекуваше, а и кај повеќето

ученици свеста се подигна на

повисоко ниво.

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

11

Page 12: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Екскурзии и други научни посети

Како што беше зацртано во годишната

програма така и се исполни - се

изведе излет во Сарај. На овој излет

заедно се дружеа учениците од второ

до осмо одделение. Максимално го

искористивме денот и прекрасно си

поминавме, на овој рекреативен

излет.

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

Учениците од второ до осмо

одделение присуствуваа на кино

претставата ,,Мадагаскар 3” во 3Д

проекција. Оваа реализација беше

дел од годишната програма на нашето

училиште.

На 9.10.2012год. учениците од VIодд.

од ОУ “Димитар Поп Георгиев

Беровски“ организирани од

наставничката Сузана Ристеска по

Природни науки и техника

реализираа посета на ПЛАНЕТАРИУМ

во Македонскиот Културен Центар.

Целта на оваа посета беше учениците

да се запознаат со планетите,

Вселената и Сончевиот систем.

вселенскиот простор, метеори,

12

Page 13: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

На ден 26.04.2012 г. во Домот на културата во општина Ѓорче Петров, учениците од нашето училиште го обележаа

Денот на планетата Земја со театарска претстава ,,Да ја заштитиме нашата планета‘‘. Оваа претстава беше завршен

дел од еко проектот кој траеше цела учебна година. Овој проект беше поддржан и од градоначалникот на нашата

општина, г. Сокол Митровски. Се започна од истражувањето на учениците од IV A одделение, кои заедно со

наставничката Елица Атанасовска го испитуваа нивото на загаденост во општината. Продолжи со презентирање на

резултатите и подготвување на брошури со пораки како да намалиме загадувањето. Овие брошури, учениците ги

делеа на граѓаните на нашата општина и ги покани да присуствуваат на завршната претстава. Во претставата

учениците преку примери од секојдневниот живот ни покажаа како да ја зачуваме нашата општина, нашиот град,

планетата Земја.

Ние сме мали деца, но големи екологисти

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

13

Page 14: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

По повод патрониот празник на училиштето, се

организираа спортско-едукативни игри. Игрите се одржаа

во спортската сала, во нив учествуваа ученици од 5то до

8мо одделение. Квиз прашањата за игрите ги подготвија

предметните наставници, од секое одделение се

натпреваруваа по двајца ученика. Тие освен што ги

покажаа вештините во одење по греда, водење топка, се

докажаа и во знаење, одговараа на квиз прашања од

предметите и логичи загатки. Сите ученици и наставници

одлично се забавуваа додека траеше овој квиз, на крајот

најдобрите беа наградени. Освен спортско- едукативните

игри, за патрониот празник беше прикажана еко

претставата за учениците од нижите одделенија, за

претставниците од општината, за почесните гости од

училиштето “Дедо Иљо Малешевски”од Берово. По

завршувањето на приредбата, нашето училиште потпиша

меморандум за соработка со основното училиште од

Берово. Во официјалниот дел се промовираше и првиот

број од училишниот весник “Огледало”, училишниот грб и

училишната химна. Исто така, беа пофалени учениците

кои го афирмирале нашето училиште на квизови,

натпревари на општинско, градско и државно ниво.

Одбележан денот на училиштето

14

http://www.oudimitarberovski.webs.com/ ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски”

Page 15: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Спортот и физичкото образование

се исклучително значајни во

животот на младите. Со

современиот начин на живеење,

немаме голема можност за

движење, затоа со физичката

активност се надоместува

потребата за движење. Кога сме

здрави и физички активни, може

полесно да ги исполниме

секојдневните обврски. Физичката

активност допринесува за

формирање на здрава и сестрана

личност.

Токму поради сите овие и уште

многу други благодети од спортот и

физичката активност, во нашето

училиште се посветува особено

внимание на часовите по физичко

образование, а исто така и на разни

спортски активности. Овие спортски

активности се предводени од

наставникот по физичко

образование проф. Зоран Наков.

Учениците од основното училиште

‘‘Димитар Поп Георгиев-Беровски‘‘

учествуваат во општинската

спортска лига во екипни и

индивидуални спортови, а исто така

успешно го претставуваат

училиштето на градските првенства.

Училишните спортски клубови за

одбојка (женски) и кошарка (машки)

како и фудбал (машки), во текот на

целата учебна година учествуваат

во натпреварите од општинската

лига и други првенства, па на крајот

на годината ќе ги знаеме конечните

пласмани.

Исто така учениците се натпреваруваат во индивидуалните спортови: атлетика, спортска гимнастика, карате, пинг-понг, тенис и шах. Значајни резултати постигнуваат во текот на целата година, а го претставуваат нашето училиште и на меѓународни натпревари.

Во првото тромесечие од учебната

2012/13 год. нашите ученици земаа

учество во следните

натпреварувања:

Крос натпревар по повод Празникот на општина Ѓорче Петров. Ученикот Александар Трајчевски од VIIб одд. го освои III-то место;

Учество на Градски натпревари во фудбал и одбојка;

Учество на Меморијален турнир во мал фудбал „Илија Стефановски“, на кој го освоивме II место;

Успешен старт во општинската училишна лига во мал фудбал, кошарка и одбојка со победи во првото коло од првенството.

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

‘‘ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ – БЕРОВСКИ‘‘

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

15

Page 16: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Во овој број ќе ја претставиме библиотекарската секција која функционира во нашето

училиште. Со оваа секција раководи библиотекарката Роза Стојанова. Како и минатата година, така и

оваа, учениците од оваа секција учествуваа на општинскиот натпревар на град Скопје „Млади

библиотекари“.Овој натпревар го организира градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во него

земаа учество вкупно педесет и седум ученика од дваесет основни училишта,меѓу кои и нашето

училиште. На големо задоволство на целото училиште, ученикот Радован Спиридонов го освои петтото

место и со тоа си овозможи учество на републичкиот натпревар.Ученичката Александра Велјановска на

овој натпревар го освои седумнаесетото место, а Анамариа Ѓурчиновска го освои солидното дваесет и

шесто место.На републичкиот натпревар кој се одржа во просториите на градската библиотека „Браќа

Миладиновци“ ученикот Радован Спиридонов го освои шеснаесетото место.

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com

/

16

Page 17: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Интервју со Шенка Колозова

Александра: Кој е вашиот идол?

Шенка: Jас и немам некој мој идол поради кој сум

започнала со актерството, но имав голема

поддршка од сите, иако моево излезе многу

случајно. Значи, јас не бев одлучна да бидам

актерка, ама тоа така случајно се случи и ете,

полека, полека самата глума ме привлекуваше

и јас постојано се надградував со повеќе знаење ,

и еве до каде сум денес.

Стефани: Какво детство имавте?

Шенка: Не сум сигурна дали ќе можете да ме

разберете. Јас сум растена во село, во мое време

немаше компјутери, Фејсбук. Денес е тоа многу

поразлично. Ние

по цели денови сме седеле надвор и сме се

дружеле. Посакувавме да има некои апчиња кои

би не заситувале и не би морале да одиме дома

на ручек. Се, само за да не ни се прекине

дружбата. Сепак, многу ни беше забавно и многу

поразлично од сега. Денес децата не излегуваат

надвор туку седат дома пред компјутер. Во моето

време, ние со душа

чекавме да излеземе од дома. Но тоа е,

времињата се менуваат.Во принцип имав многу

убаво детство.

Александра: Која била вашата прва улога?

Шенка: Па не се сеќавам што точно беше, но знам

дека правевме една интересна

детска претстава и јас имав една интересна

улога.

Стефани: Кога пак би се родиле, дали повторно би

се одлучиле да бидете актерка?

Шенка: Дефинитивно да. Сепак моето

актерство е случајно. Јас не бев одлучна да бидам

актерка. Случајно почнав да играм во

разни претстави и така љубовта се повеќе се

зголемуваше.

Александра: За вас актерството претставува љубов

или професија?

Шенка: Јас почнав да глумам поради љубовта кон

актерството. Потоа почнав сериозно да се

занимавам со актерство, и така тоа прерасна во

професија. Тоа е една љубов која прераснала во

професија.

На 20.11.2012 год. во нашето

училиште се прикажа

театарската претстава ,,Али

баба и 40 разбојници.” Ние

ја искористивме приликата и

направивме интервју со

нашиот познат актер Шенка

Колозова.

http://www.ouditarberovski.webs.com/ ОУ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски”

17

Page 18: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

1

2

3

4

5

6

7 `

1) - Насочена сила

2) – Поголема водена површина

3) – Вид независносложени реченици

4) – Познато дело на Хомер

5) – Едно од најпознатите дела на Коста Солев – Рацин

6) – Основач на првата македонска азбука – ГЛАГОЛИЦА

7) – Една стилска фигура

- Со правилно решавање на крстозборот, во означените полиња ќе го добиете името

на едно познато дело од Блаже Конески.

- Мравките никогаш не спијат.

- Оригиналната боја на Coca-Cola била зелена.

- Невозможно е да кивнете со отворени очи.

- Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.

- Само слоновите не можат да скокаат.

- Мачките го чувствуваат слаткиот вкус.

- Абрахам Линколн имал протеза за заби направена од дрво.

- На планетата Уран летото и зимата траат 21 година.

- CD-то е создадено во 1980.

- Во Македонија се наоѓа единственото наоѓалиште на рубини.

- Пештерата Пешна во Македонски Брод во “New York Times” е опишана дека е

идентична како измислената пештера во ,, Господарот на прстените.”

- Првата зоолошка градина на Балканот е во Скопје.

- Еден од преживеаните во Титаник е Македонец.

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com

18

Page 19: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

На надгробната плоча на старогрчкиот математичар Диофант е запишано:

,,Патниче, овде се погребани посмртните останки на Диофант. Броевите ќе речат колку

бил долг неговиот живот. Прекрасното детство му одзеде шестина од животот, а кога помина

уште една дванаесетина од животот, неговото лице го покри брада. Откако помина уште една

седмина од животот, Диофант стапи во среќен брак. Кога поминаа пет години од бракот,

среќен го направи раѓањето на неговиот син првенец, на кого судбината му подари само

половина од годините на животот на татко му. Во длабока болка, старецот го дочека крајот на

земниот живот преживувајќи уште четири години по губењето на синот.”

Колку години живеел Диофант?

(Решение во следниот број)

8 7

6 8 7 3

2 8

5 6

3 8 5

5 3

6 8 9 4

8 1 3 7

4 2

2 6

4 1

7 8 4

7 8 3

2 9 1

9

5 8

3 2 4 7

7 6

Кодови за решенија:

19

ОУ,,Димитар оп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

Page 20: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

Оди Перо во болница и

гледа дваjца доктори

како тепаат пациент.

- Еј луѓе што правите?

- Ние пет години го

лечиме од жолтица, а

тој сега ни кажува дека

е Кинез.

Наставникот: Што заменуваат заменките?

Ученикот: Глаголите.

ОВ

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

20

Page 21: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

ТЕМЈАНУШКА

Темјанушка сина

во нашиот двор,

не мами со мирис

за восхит без збор.

Убавина нејна

нема да мине,

дури и кога

некој ја скине.

И кога вешто,

под тревата се крие

мирисот нејзин

најубав ми е.

Сандра Јосифовска

VIIа (8)

ПОЖАРОТ И ПОЖАРНИКАРИТЕ

Во шумата кога

дрвјата во пламен горат,

пожарникарите смели

со огнот се борат.

Храброста нивна

Марко ја виде.

Посака кога ќе порасне

пожарникар да биде.

Од дрво кога

маче да се симне се плаши,

на помош доаѓаат

пожарникарите наши.

Во градите нивни

срце јуначко бие,

но за да не ви затребаат

со огнот не си играјте вие.

Софија Михова

VIIб(9) одд.

УБАВА СИ МОЈА ТАТКОВИНО

Татковината моја драга, мила

на Балканот свое гнедо си свила.

Нејзината територија е доста мала,

но сите убавини во себе ги збрала.

Сјајот на прекрасните реки Вардар и

Треска

на човека директно в очи му блеска.

Најубаво нешто се нашите шуми,

кои одушевуваат во месецот јуни.

Сончевиот зрак в очи ни блесна,

а од шумата се слушна една прекрасна

песна.

Сонцето зад планината полека зајдуваше,

а вечерта полека ни се најавуваше.

Утрото тивко, убаво и мило

во ноќта се беше скрило.

Но, и тоа заедно со својата роса

нежно ја милуваше нашата коса.

Мурат Коца

VIIIа одд.

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitrbeovski.webs.com/

21

Page 22: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

СРЕДБА СО СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Летото помина, остана далеку зад нас, првите искри на студот будат во мене носталгични

чувства. Учебната година длабоко навлезе во нашиот живот, но сеќавањата од летниот одмор се

сеуште свежи.

Ова лето со моите родители и мојата помала сестра престојувавме во Охрид, езерскиот бисер

на Балканот. Капењето во езерото, прошетките покрај него проткаени со водени лудории го

направија овој одмор незаборавен. Охрид во лето е прекрасен, езерото, чаршијата, Самоиловата

тврдина, Плаошник, црквите и останатите знаменитости Ве оставаат буквално без здив. Една вечерна

прошетка, една случајна средба во близината на пристаништето за мене ќе остане запаметена

засекогаш. Шетајќи по кејот, во близина на пристаништето застанавме пред еден споменик на кој

пишуваше Св. Климент Охридски. Го запрашав татко ми кој бил тој, по што е познат, од каде

потекнува и слично!? И пред тој да ми одговори слушнав милозвучен, но далечен глас кој плени со

својата топлина и чистота:

,,Девојче, јас сум Св. Климент Охридски, тука сум во својот град, во своето гнездо и меѓу својот народ.

Ученик сум на славните браќа Кирил и Методиј, нивен верен следбеник и пријател. Тие ми ја дарија

писменоста, образованието, но и ми оставија аманет да го ширам христијанството и да го

описменувам својот народ. Малечка, со моја помош се отвори првиот универзитет на Балканот и

пошироко, кој го носеше моето име –“ Климентов Охридски Универзитет”. Многу од моите ученици

подоцна станаа свештеници, просветители, учители. Одеа по словенските земји, го проповедаа и

ширеа христијанството и го описменуваа својот народ, и се со една цел, посветла иднина за

генерациите кои доаѓаат.

Имав многу пријатели, но и многу непријатели кои на секаков начин се обидуваа да ме

запрат на мојот пат. И кога станав епископ, тие истите и понатаму плукаа по мене, но мене совеста и

душата ми е чиста, мојот народ и неговиот просперитет, светлата иднина ми беа над се. Никогаш не

застанав, постојано пишував, преведував свети книги, секој слободен момент го ставав во служба на

просветителството, христијанството. Секогаш пред мене , во моите мисли беа моите учители Кирил и

Методиј кои ги почитував и сакав како свои најблиски. Направив дури и неколку исправки во

азбуката, истата ја нареков кирилица во чест на Св. Кирил. Можеби можев и повеќе, но времето во

кое живеев и творев го сторија своето и јас сум задоволен и среќен со се она што го сторив за време

на своето живеење. И секогаш кога ќе дојдеш во Охрид, дојди тука да се видиме.”

Гласот наеднаш исчезна, ги погледнав татко ми и мајка ми кои беа стаписани, изненадени од

сето ова. Останавме без зборови, но некогаш и ,,молчењето кажува се”.

Моника Димитриевска

ОУ ,,Димитар Поп Георгиев –

Беровски” – VIIб(8) одд.

ментор Вера Петровска

Овој состав освои второ место на ниво на град Скопје. Конкурсот беше

организиран од страна на библиотеката ,,Другарче”.

ОУ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” http://www.oudimitarberovski.webs.com/

МЛАДИ ПИСАТЕЛИ

22

Page 23: Ucilisten vesnik Ogledalo broj 2

РЕДАКЦИЈА

Уредува и издава: О.У. ‘‘Димитар Поп Георгиев – Беровски‘‘

Скопје

Директор: Ѓурчин Ѓурчиноски

Главен и одговорен уредник: Анета Симиќ

Дизајн: Стефани Јосифовска

Соработници: Радован Спиридонов, Ана Ажиеска, Мурат Коца,

Марија Николовска, Александра Велјановска, Стефани

Радинска, Александра Климоска, Борка Б. Јурукова и

наставничкиот колегиум

Лектура: Анета Симиќ